Бугарски националисти излегоа на протест барајќи оставка од премиерот
Весник - пред 12 дена
Бугарски националисти синоќа излегоа на антивладин протест во центарот на Софија, барајќи оставка од премиерот Кирил Петков,пренесуваат бугарските медиуми. Протестот е за „одбрана на националниот интерес на Бугарија во Македонија и беше најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО. – Ова е предупредување за протест. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на кирил петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава – рече Александар Сиди од ВМРО. – Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава – додаде Каракачанов....
Бугарски националисти излегоа на протест барајќи оставка од премиерот
Вечер - пред 12 дена
Бугарски националисти синоќа излегоа на антивладин протест во центарот на Софија, барајќи оставка од премиерот Кирил Петков,пренесуваат бугарските медиуми. Протестот е за „одбрана на националниот интерес на Бугарија во Македонија и беше најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО. – Ова е предупредување за протест. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на кирил петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава – рече Александар Сиди од ВМРО. – Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава – додаде Каракачанов....
Каракачанов: Петков подготвува национално предавство околу 24 мај
Република - пред 10 дена
Околу 24 мај дел од владата на чело со премиерот Кирил Петков и партијата „Продолжува промената“ се подготвува за национално предавствo, рече синоќа на БНТ почесниот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија. Имате одлука на бугарската влада од 2019 година, одлука на парламентот од 2019 година, одлука на Советот за национална безбедност под претседателот од 2020 година, имаше и одлука на Советот во јануари оваа година. Бугарскиот став е јасен: компромиси за темата Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија, категоричен е Каракачанов. Тој нагласи дека за целото бугарско општество веќе е јасно дека „Кирил Петков не само што не разбира за што се работи, туку има преземено обврски“. Во моментов се обидува да направи национално предавство за да го одработи тоа што некој го извади од никаде и го направи премиер на Бугарија. Тоа веќе им е јасно на сите, рече Каракачанов. Почесниот претседател на ВМРО очекува бугарското општество да биде критично, бидејќи во текот на сите овие години меѓу 75-84 отсто од бугарските граѓани биле категорично против компромиси на тема ПКМ. Тврдењата дека наш национален интерес е да бидеме опкружени со земји-членки на ЕУ поради војната во Украина, се целосна глупост и зборува за наивност. Македонија и Албанија се членки на НАТО. Ова им дава гаранција за безбедноста, а не членство во ЕУ, рече поранешниот воен министер. Каракачанов додаде и дека „сите сакаме да имаме партнери од ЕУ на Балканот, но членството во ЕУ значи исполнување на критериумите“. Дефинитивно немаме интерес земја како Македонија, која води антибугарска политика, да стане членка на ЕУ. Затоа што сите овие практики на фалсификување на бугарската историја, прогон на Бугарите, претензии кон националните малцинства во Бугарија ќе станат многу посериозен проблем кога оваа земја ќе стане членка на ЕУ, рече Каракачанов. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Бугарски националисти излегоа на протест барајќи оставка од премиерот
Канал 5 - пред 12 дена
Бугарски националисти синоќа излегоа на антивладин протест во центарот на Софија, барајќи оставка од премиерот Кирил Петков,пренесуваат бугарските медиуми. Протестот е за „одбрана на националниот интерес на Бугарија во Македонија и беше најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО. – Ова е предупредување за протест. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на кирил петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава – рече Александар Сиди од ВМРО. – Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава – додаде Каракачанов....
Со македонски песни против стравувањата за „предавство“ на Петков за бугарското вето
Нова Македонија - пред 12 дена
Фото: Принт-скрин Антивладин протест против наводното планирано предавство на бугарските национални интереси од страна на бугарската власт, вчера во Софија организираше ВМРО – Бугарско национално движење. ВМРО-БНД побара оставка од премиерот Кирил Петков, за кој тврди дека бил подготвен да го укине ветото за пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ, објави „БГНЕС“. – Имаме информации дека владата на Кирил Петков се подготвува на 24 мај да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава. Ова е предупредување – истакна Александар Сиди од ВМРО-БНД на протестот насловен „Одбрана на националниот интерес на Бугарија во Република Северна Македонија“. Почесниот претседател на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов упати критики кон Петков. – Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но и оној што најдобро ја користи ситуацијата. Како што Коминтерната ја предаде Бугарија по 9 септември, така се подготвува слично повлекување. Радикални мерки – порача Каракачанов, без да навлегува во детали. Бугарски „Њуз“ пренесува дека на протестот се слушале и традиционални македонски песни, при што биле присутни и неколкумина бугарски пејачи. Освен за македонскиот случај, поранешните партнери на ГЕРБ во кабинетот Бојко Борисов се незадоволни и од непостапувањето на државата по барањата на превозниците. Според најавите, предвидените идни протести ќе опфатат блокирање на граничните премини....
Приврзаниците на Каракачанов протестираа поради страв дека Петков ќе го тргне ветото за Македонија
Фактор - пред 12 дена
Во бугарската престолнина Софија се одржа протест, поради страв дека Бугарија може да го тргне ветото и да доволи Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ). Антивладин протест против наводното планирано предавство на бугарските национални интереси од страна на бугарската власт, вчера во Софија организираше ВМРО – Бугарско национално движење. ВМРО-БНД побара оставка од премиерот Кирил Петков, за кој тврди дека бил подготвен да го укине ветото за пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ, објави „БГНЕС“Почесниот претседател на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов упати критики кон Петков.„Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но и оној што најдобро ја користи ситуацијата. Како што Коминтерната ја предаде Бугарија по 9 септември, така се подготвува слично повлекување. Радикални мерки“, порача Каракачанов. Бугарски „Њуз“ пренесува дека на протестот се слушале и традиционални македонски песни. Инаку, бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Македонија и Албанија мора да имаат иднина во ЕУ. Според него, ако падн Владата, тоа не е негова одговорност. Фото: Принт-скрин...
Националистичките духови во Бугарија на нозе, можно ли е кревање на ветото?
24 вести - пред 12 дена
Во организација на партијата ВМРО-БНД бугарски националисти излегоа на антивладин протест во центарот на Софија, барајќи оставка од премиерот Кирил Петков поради како што велат подготвување на предавство на бугарските интереси во Македонија. Тие велат дека Петков на 24 Мај ќе го крене ветото за Македонија и доколку тоа се случи се заканија дека ќе ја блокираат целата држава. - Овие што се поставени на власт за да направат некаква промена се подготвуваат да го извршат најголемото предавство, предавајќи ги бугарските интереси во Македонија. Бугарскиот парламент, бугарската влада донесоа јасни позиции за македонското прашање, и Македонија може да ги почне преговорите само кога ќе ги исполни тие услови.- изјави Красимир Каракачанов, Претседател на ВМРО-БНД. И Советот на општина Софија донесе декларација со која општинските советници ја повикаа Владата да не го крева ветото за Македонија и ги повикаа министрите и пратениците строго да се придржуваат до бугарските позиции. Во Софија инаку денеска и утре заседава Комисијата за образовни, историски и културни прашања, Пред почетокот на преговорите во интервју за Фокус, претседателот на македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев вели дека бугарскиот пристап во работата не дава многу надеж за договор. - За жал, сегашниот пристап на дел од интелектуалната и политичката елита во Софија и на некои од колегите во Комисијата од Република Бугарија е заложник на минатите времиња и води кон консолидирање на старите наративи оформени во времето на Тодор Живков за целосно негирање на идентитетот и културата на Македонците. - изјави Драги Ѓоргиев, копретседавач на историската комисија меѓу Македонија и Бугарија. Националистичките духови ви Бугарија се разбудија после последните изјави на премиерот Петков во кои тој најави можно кревање на ветото кон Македонија, а угледниот весник Економист во последната анализа вели дека покрај големиот притисок врз неговата влада, изгледно е дека сегашната коалиција околу Кирил Петков ќе успее да опстане....
Каракачанов: Петков ќе направи национално предавство околу 24 мај
Прес 24 - пред 10 дена
Почениот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, кој е поранешен вицепремиер на Бугарија за „Тајмс.бг“ кажа дека премиерот Кирил Петков ќе изврши национално предавство на 24 мај. „Бугарскиот став е јасен: Компромиси за темата С. Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија“, кажа Каракачанов. Каракачанов вели дека Петков во моментов се обидува да изврши национално предавство. „Петков сака да направи национално предавство за да го одработи тоа што некој го извад од никаде и го направи премиер на Бугарија. Тоа ни е јасно на сите“, вели Каракачанов....
НМ: „Противвладин протест на ВМРО БНД, и со македонски песни, поради ‘предавството на бугарските интереси“
Express - пред 12 дена
„Противвладин протест против наводното планирано предавство на бугарските национални интереси од страна на бугарската власт вчера во Софија организираше ВМРО – Бугарско национално движење. ВМРО-БНД побара оставка од премиерот Кирил Петков, за кој тврди дека бил подготвен да го укине ветото за пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ, објави ‘БГНЕС’.“ – јави весникот „Нова Македонија“ во својата информација со наслов „Со македонски песни против стравувањата за ‘предавство’ на Петков за бугарското вето“.„Нова Македонија“ пишува: „Имаме информации дека владата на Кирил Петков се подготвува на 24 мај да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Ако се случи тоа, ќе ја блокираме целата држава. Ова е предупредување.’ – истакна Александар Сиди од ВМРО-БНД на протестот насловен ‘Одбрана на националниот интерес на Бугарија во Република с.Македонија“.„Почесниот претседател на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов упати критики кон Петков. ‘Петков е можеби најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но и оној што најдобро ја користи ситуацијата. Како што Коминтерната ја предаде Бугарија по 9 септември, така се подготвува слично повлекување. Радикални мерки.’ – порача Каракачанов, без да навлегува во детали.“„Бугарски ‘Њуз’ пренесува дека на протестот се слушале и традиционални македонски песни. Биле присутни и неколкумина бугарски пејачи. Според најавите, предвидените идни протести ќе опфатат блокирање на граничните премини.“...