Вардар го победи вториот тим на Пелистер и се пласира во финалето од купот
Мкд.мк - пред 11 дена
Вториот битолски тим по квалитет не се даде лесно, добро се држеше во текот на целиот меч, на крајот загуби, но не разочара. Вардар водеше во текот на целиот меч, но Еурофарм Пелистер 2 се враќаше. На полувремето беше само два разлика 13-11. Црвено-црните ја дуплираа предноста во вториот дел и мечот го завршија со победа од 28-24. Дибиров беше најдобар стрелец со десет постигнати голови, одлична партија имаше Талески кој даде девет гола. Во составот на Пелистер Петровиќ и Ѓукиќ постигнаа по шест. Во неделното финале Вардар ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел....
Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 очекувано во ракометното куп финале
Република - пред 11 дена
Ракометарите на битолски „Еурофарм Пелистер“ и скопски „Вардар 1961“ ја оправдаа фаворитската улога во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Македонскиот куп што се одржа во Кавадарци и ќе играат за трофејот во неделното финале. Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување и со 26-21 (16-9) го совлада Бутел во полуфиналето. Пласман во финалето обезбеди и бранителот на трофејот Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 28-24. На програмата денеска се двете полуфинални пресметки во женскиот ракометен куп меѓу ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14 часот) и Ѓорче Петров ЖРК – ЖРК Чаир (17 часот). Машкото финале ќе се игра в недела со почеток во 19:30 часот, а претходно од 17 часот е натпреварот за трофејот во женска конкуренција. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
„Вечно дерби“ и во финалето на машкиот ракометен Куп
Курир - пред 11 дена
Скопски Вардар и Еурофарм Пелистер без проблеми се изборија за нова пресметка во битката за трофеј. Откако првично Вардар победи во првото полуфинале против вториот тим на Еурофарм Пелистер, првиот тим на битолчани вечерва ја оправда фаворитската улога против Бутел и со сигурна победа закажа финална пресметка против вечниот ривал. Пелистер победи со 25:21 и се чекираше како втор патник во финалето во Купот, во кое за противник ќе го има Вардар во битката за титулата. Павлетиќ со шест гола беше најефикасен во победничкиот тим, еден помалку постигна Мандалиниќ, а по пет реализации имаа и Митев и Мајиќ во противничкиот табор....
Томовски: Нашата желба е јасна, нов куп-трофеј во витрините на Вардар
Екипа - пред 11 дена
Мартин Томовски имаше уште еден одличен меч на голот на Вардар, откако македонскиот репрезентативец со десет успешни интервенции даде значаен придонес во победата над Еурофарм Пелистер 2 и пласманот во финалето од Купот на Македонија. Вардар ја имаше улогата на голем фаворит, потешко од очекувањата стигна до победата, но според Томовски најважно од се е што е забележан триумф за пласман во големото финале. „Дефинитивно дека фаворитската улога тежи, но ние одговоривме на предизвикот и успеавме да славиме. Среќни сме, посакувавме финале и го остваривме тоа. Го чекаме ривалот во финалето, дали тоа ќе биде Еурофарм Пелистер или Бутел, но нашата желба е јасна – да се закитиме со трофејот во Купот на Македонија. Остануваме фокусирани и на ова натпреварување како и на плејофот, каде ни преостануваат уште две кола во трката за титулата. Честитки до ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 за фер и коректниот натпревар“, истакна Томовски. Во вториот полуфинален меч во Кавадарци во 20 часот ќе се сретнат екипите на Еурофарм Пелистер и Бутел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Гол-шоу на Талески и Дибиров: Вардар прв до билет за куп-финале
Екипа - пред 11 дена
Вардар е првиот финалист во завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија што се одржува во Кавадарци, откако „црвено-црните“ славеа над Еурофарм Пелистер 2 со резултат 28-24. Младите битолчани се покажаа во сосема солидно светло, на периоди целосно му парираа на големиот фаворит, но квалитетотот и искуството на „вардарци“ сепак се покажа пресудно за бранителот на трофејот да стигне до ново куп-финале. Во главна улога беа Филип Талески и Тимур Дибиров, кои заедно постигнаа 19 од вкупно 28-те погодоци за Вардар. Филип Талески го отвори мечот со прецизен проектил од десет метри, за почетно водство на Вардар од 1-0 и најава за одличното издание на македонскиот репрезентативец во ова полуфинале. Битолчани за момент поведоа со 1-3, но „вардарци“ предводени од Талески и од Дибиров го свртеа резултатот во своја полза. „Црвено-црните“ имаа водство од 9-6 и 10-7, но по неколкуте одбрани на голманот Трајковски, вториот тим на Пелистер успеа да се врати во мечот. Избраниците на Јовиќ намалија на 10-9, при овој резултат не искористија и неколку напади за израмнување, а по тајмаутот на нивниот тренер блесна противничкиот голман Мартин Томовски, кој со неколку извонредни интервенции (еден одбранет пенал) овозможи Вардар повторно да се „одлепи“, за на одмор да се замине со предност на бранителот на трофејот од 13-11. Ракометарите на Вардар добро го отворија вториот дел, набрзина поведоа со 16-12, не реализирајќи и напад за „плус пет“. Младиот состав на Еурофарм Пелистер повторно покажа карактер и со неколку брзи гола успеа да се врати, стигнувајќи до само еден гол негатива (16-15). Резултатот беше „тесен“ до 19-18, кога Вардар влезе во нова гол-серија, па „црвено-црните“ во 48. минута за првпат поведоа и со пет погодоци позитива (24-19). Битолчани не се предадоа, но успеаја само да стигнат до „минус два“,по што Вардар рутински го приведе мечот до крај и конечните 28-24. Филип Талески беше главна фигура на ова полуфинале со девет гола и неколку асистенции до Дибиров, кој со 10 погодоци беше прв стрелец на средбата. Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Петровиќ и Ѓукиќ со по шест постигнати погодоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 очекувано во ракометното куп финале
Кајгана - пред 11 дена
РФМ КУП НА МАКЕДОНИЈА 2021/22 Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 очекувано во ракометното куп финале Ракомет МИА / 14.05.2022 / 10:26 Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер и скопски Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Купот на Македонија што се одржа во Кавадарци и ќе играат за трофејот во неделното финале. Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување и со 26:21 (16:9) го совлада Бутел во полуфиналето. Пласман во финалето обезбеди и бранителот на трофејот Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 28:24. На програмата денеска се двете полуфинални пресметки во женскиот ракометен куп меѓу Куманово - Металург (14 часот) и Ѓорче Петров - Чаир (17 часот). Машкото финале ќе се игра в недела со почеток во 19:30 часот, а претходно од 17 часот е натпреварот за трофејот во женска конкуренција. Тагови РФМ куп...
Никола Маркоски: Ја оправдавме фаворитската улога, сега против Вардар да дојдеме до трофејот
Екипа - пред 11 дена
Никола Маркоски не го криеше задоволството од триумфот на Еурофарм Пелистер над Бутел од 25-21 во вториот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. Со оваа победа битолчани си обезбедија финале против лутиот ривал Вардар 1961 кое ќе се игра во недела во Кавадарци. „Може да се каже дека Бутел покажа дека е цврста екипа на денешниот натпревар, но ние ја оправдавме фаворитската улога и заслужено дојдовме до финале“ – истакна по мечот Марковски, притоа дополнувајќи: „Сега не чека големото финале против Вардар. Ќе биде тоа навистина тежок натпревар, но ние ќе направиме се за да однесеме еден трофеј оваа сезона во Битола, и да ги израдуваме нашите навивачи“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Еурофарм Пелистер рутински преку Бутел до финале со Вардар во Купот на Македонија
Екипа - пред 11 дена
Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до рутински триумф од 25-21 против Бутел во вториот полуфинален натпревар од Ф4 турнирот во Купот на Македонија кој се игра во Кавадарци. Битолчани уште од самиот почеток максимално сериозно му пристапија на натпреварот, па по првите 30 минути обезбедија предност од седум гола разлика (16-9) која веќе ја навести победата. Во второто полувреме бутелци се обидоа да дојдат до изненадување, но успеаја единствено да се изборат за чесен пораз. Божиќ Павлетиќ заврши со шест погодоци, а Мандалиниќ постигна пет гола во победничкиот тим. Кај Бутел се издвои Митев со шест гола. Еурофарм Пелистер, на тој начин, сега го чека финалето против Вардар 1961. Против лутиот ривал „пелистерци“ ќе се обидат да дојдат до трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Дибиров и Талески несопирливи, Вардар прв финалист во Купот
Дерби - пред 11 дена
Ф4 турнирот во Куп завршницата започна со дуелот меѓу Вардар и вториот тим на Еурофарм Пелистер, па иако на моменти беше навистина изедначено, на крајот до израз дојде квалитетот на фаворитот. Македонскиот првак и лидер на табелата во домашното првенство покажа класа и искуство кога беше најпотребно и на тој начин оствари победа со која го завери местото на завршниот меч. Вардар е првиот патник во финалето во Купот, натпреварување кое оваа година се игра во Кавадарци во познатата сала „Јасмин“ која е домаќин на возбудливите случувања. Младите играчи од Битола во неколку наврати дојдоа на само минус еден и не користеа напади за израмнување, па така Вардар завршниот удар го зададе на десетина минути пред крајот кога поведе со највисоки плус пет (24:19). Ова беше најава дека Вардар оди во финалето, а на крајот конечниот резултат гласеше 28:24. Најзаслужни за славјето на „црвено-црните“ беа Дибиров и Талески кои беа креатори на дури 19 од 28 гола за Вардар, односно Русинот постигна десет, а македонскиот бек девет. На спротивната страна, Ѓукиќ и Петровиќ постигнаа по шест гола....
Вардар против Е. Пелистер во финалето за куп трофејот
Слободен Печат - пред 11 дена
Битолски Е. Пелистер лесно ја скокна првата пречка во Купот на Македонија кој се одржува во Кавадарци. Денеска на Ф4-турнирот во спортската сала „Јасмин“ „зелените“ славеа над Бутел Скопје со резултат 26:21. Најефикасен во редовите на Е. Пелистер беше крилото Јосип Божиќ Павлетиќ со шест гола ,а на спротивната страна, по пет погодоци имаа Марко Митев и Мирко Мајиќ. Играчите предводени од тренерот Жељко Бабиќ во финалниот натпревар (15 мај, недела, 19.30 часот) одат против вечниот ривал Вардар 1961 кој е бранител на тронот. Претходно во првото полуфинале скопските „црвено-црни“ го елиминираа вториот тим на Е. Пелистер. За в сабота се закажани полуфиналните куп двојки во женска конкуренција: ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14.00 часот) и ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Чаир (17.00 часот)....
Вардар 1961 е првиот финалист во Купот на Македонија
Слободен Печат - пред 11 дена
Вардар 1961 ќе игра во финалето на ракометниот Куп на Македонија, во првото полуфинале одиграно во Кавадарци го победи тимот на Е. Пелистер 2 со 28:24 (13:11). Борбата за куп трофејот кој го брани Вардар ќе биде в недела исто така во Кавадарци, а скопските „црвено-црни“ ќе играат против првиот тим Е. Пелистер или Бутел. Во денешниот меч ниту една од екипите на стартот не се одвои со поголема разлика, па така во 10 минута Вардар имаше само гол предност од 6:5. После 20 минути игра ракометарите на Давид Дејвис стекнаа „плус три“ позитива, а имаше и четири, највисоки во еден момент од дуелот. Вториот тим на Е. Пелистер од Битола се врати резултатски, па на пауза скопскиот тим на семафорот имаше само „плус два“ (13:11). После 10 минути игра во второто полувреме, Вардарци повторно имаа три голови разлика, 18:15. Како наближуваше крајот на натпреварот, така и Вардар ја зголемуваше предноста. До крајот се играше гол за гол на двете страни, па актуелниот шампион запиша победа од 28:24. Најдобар стрелец во победничките редови беше Тимур Дибиров со 10 голови, еден помалку имаше Филип Талески. На спротивната страна Милан Ѓукиќ и Павле Петровиќ имаа по шест гола....
Пелистер 2 го помачи Вардар, но бранителот на пехарот оди во финале
Спорт 1 - пред 11 дена
Вардар ќе игра во финалето на 29. ракометен Куп на Македонија, откако во денешниот полуфинален меч го совлада вториот тим на Пелистер со 28-24. Аутсајдерската улога не му пречеше на помладиот тим од Битола да му опонира на Вардар достоинствено и константно во натпреварот, без да му дозволи да одлепи позначајно. Уште во првото полувреме се виде дека вардарци нема да имаат рутинско попладне, па дури и кога резултатски ќе побегнеа, како во 19. минута, на 9-5, Пелистер 2 успеваше да се врати. Грешките во нападот и загубените топки беа причина што немаше постојаност во играта, па Вардар го контролираше водството, кое застана на 13-11 на паузата. Второто полувреме не беше ништо полесно и во 37. минута младите пелистерци се доближија на 15-16. Сепак, повторно, искуството на Вардар, подолгата клупа и повисокиот квалитет придонесоа без кризи и падови во играта да го држи водството, па двапати да го доведе и до плус пет (24-19, 25-20). Столбови на успехот беа Тимур Дибиров со 10 (три од пенал) и Филип Талески со девет гола сите од игра, додека кај Пелистер 2 најефикасни беа Павле Петровиќ и Милан Ѓукиќ со по шест погодоци. Во финалето, в недела од 19.30 часот, Вардар ќе игра за 15. пехар, против победникот од второто полуфинале, Пелистер - Бутел. Тој меч почнува вечерва од 20 часот....
Вардар завери билет за финалето од купот: Талески и Дибиров предводници на „црвено-црните“
Спорт Клуб - пред 11 дена
Вардар оствари победа на првиот натпревар од „фајнал-фор“ турнирот во Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер 2 (24:28), во мечот одигран во салата „Јасмин“ во Кавадарци. На оваа средба Филип Талески и Тимур Дибиров беа главни актери со по девет голови, кои ја диригираа играта и победата на Вардар на оваа средба, каде заверија место во финалето, каде ќе играат против подобриот од натпреварот против Еурофарм Пелистер и Бутел од Скопје. Иако Еурофарм Пелистер 2 има доста млада екипа, сепак немаат доволно искуство за да му парираат на еден Вардар, па победата за тимот од Скопје беше само рутинска работа. Во редовите на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен ракометар беше Петровиќ со 6 постигнати голови....
Вардар игра за 15. пехар и уште една двојна круна, Пелистер за прекин на сушата
Спорт 1 - пред 11 дена
Викендов ќе бидат поделени првите пехари за тековната сезона во македонскиот ракомет, а посебна атракција ќе биде потенцијалниот нов дуел меѓу Вардар и Пелистер во финалето од 29. издание на Купот на Македонија. Завршниот турнир почнува денеска, во Кавадарци со двете машки полуфиналиња, утре на програмата се женските, а недела ќе биде ден за финалиња. Ждрепката се смилува на ракометните љубители, па Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналната фаза, што значи денешните дуели би требало да им бидат само подготовка за вистинската фојна, в недела. Не е дека Пелистер 2 и Бутел не се без шанси, особено во натпреварување какво што е Купот, кое сведочело на многу сензации, сепак моментниите квалитативни разлики меѓу екипите не дозволуваат да очекуваме изненадување. Прв ќе треба да си ја заврши полуфиналната задча Вардар, против вториот тим на Пелистер, од 17 часот. Не може овде да не се спомне поразот од истите млади момци, предводени од тренерот Александар Јовиќ, но тоа беше минатата есен, кога Вардар беше далеку од оваа константност што ја прикажува во продолжение на сезоната, а и натпреварот се играше пред битолска публика. Овој дуел ќе биде прв услов за 15. пехар во Купот за вардарци, па нивото сериозноста и пристапот неминовно, ќе биде на највисоко ниво. Двата тима се сретнаа пред пет дена во Скопје и фаворитот славеше убедливо, со 34-23. Во второто полуфинале, од 20 часот, Бутел ќе има невозможна мисија против Пелистер. Досега оваа сезона битолчани трипати го совладаа третиот тим во Супер лигата, а најтесно беше на февруарското гостување во Бутел, кога победија со 23-21. Сепак, притисокот да се освои титула по пауза од 17 години (во 2005 двојна круна) е огромен и не станува збор Пелистер да се сопне во оваа фаза. Откако киксна со Вардар и загуби дома во Супер лигата, се освен пехар в недела ќе може да значи излезен билет за тренерот Жељко Бабиќ. Вардар досега има 14 пехари во Купот, а ако освои викендов, најверојатно ќе стигне до втората двојна круна едноподруго. Пелистер, пак, пет пати го освојуваше Купот и првиот пехар по 2005 година би значел изедначување со Металург на листата со освојувачи....
Пелистер го совлада Бутел во првото полувреме и почна да мисли на финалето
Спорт 1 - пред 11 дена
Пелистер и Вардар ќе играат во финалето на ракометниот Куп на Македонија, откако и фаворитот од Битола ја исполни својата задача во денешниот прв ден од заврѓниот турнир во Кавадарци. Пелистер го совлада Бутел со 25-21 остварувајќи ја зацртаната цел, без разлика што тренерот Жељко Бабиќ има што да замери на изданието на своите избраници. Неговите насоки беа почитувани во првото полувреме, кога Пелистер го доминираше ривалот, играше организирана и тешко пробојна одбрана. Иако му требаа пет минути за да го постигне првиот гол, потоа одигра течно и цврсто, па дозволи да прими само девет гола,а постигна 16. Во вториот дел не падна мотивацијата кај играчите на Бутел, па тргнаа да се враќаат и успеаја да дојдат до минус три, 18-21 во 46. минута. Причина за тоа, веројатно, беа и ротациите во составот кои ги направи Жељко Бабиќ, па кога беше потребно ги врати најрасположените за игра и Пелистер без проблеми го сочува водството. Јосип Божиќ-Павлетиќ со шест и Стипе Мандалиниќ со пет гола беа најефикасни, додека кај Бутел, Марко Митев броеше до шест, а Мирко Мајиќ до пет. Претходно, Вардар го победи вториот тим на Пелистер со 28-24. Финалето меѓу Вардар и Пелистер се игра в недела од 19.30, Вардар ќе го брани пехарот и ќе се обиде да го освои 15-от во своето постоење, додека Пелистер нишани на шестиот, прв по 2005 година....
„Вечно дерби“ и во финалето на Купот: Еурофарм Пелистер закажа нов ракометен спектакл во Кавадарци
Дерби - пред 11 дена
Според сите очекувања и прогнози, во недела во Кавадарци ќе бидеме сведоци на нов ракометен спектакл во Македонија, бидејќи Вардар и Еурофарм Пелистер без проблеми се изборија за нова пресметка во битката за трофеј. Откако првично Вардар победи во првото полуфинале против вториот тим на Еурофарм Пелистер, првиот тим на битолчани вечерва ја оправда фаворитската улога против Бутел и со сигурна победа закажа финална пресметка против вечниот ривал. Еурофарм Пелистер брзо го наметна својот посакуван ритам и во првиот дел од првото полувреме одржаваше предност од четири разлика, а до заминување на паузата направи огромна предност од плус седум гола (16:9). Ова беше добра најава дека Бутел нема што да бара против далеку подобриот и поквалитетен противник, па иако се обиде да се врати, тоа беше безуспешно и само успеа да го ублажи поразот. На крајот, Пелистер победи со 25:21 и се чекираше како втор патник во финалето во Купот, во кое за противник ќе го има Вардар во битката за титулата. Павлетиќ со шест гола беше најефикасен во победничкиот тим, еден помалку постигна Мандалиниќ, а по пет реализации имаа и Митев и Мајиќ во противничкиот табор....
Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 очекувано во ракометното куп финале
Опсервер - пред 11 дена
– Ракометарите на битолски „Еурофарм Пелистер“ и скопски „Вардар 1961“ ја оправдаа фаворитската улога во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Македонскиот куп што се одржа во Кавадарци и ќе играат за трофејот во неделното финале. Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување и со 26-21 (16-9) го совлада Бутел во полуфиналето. Пласман во финалето обезбеди и бранителот на трофејот Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 28-24. На програмата денеска се двете полуфинални пресметки во женскиот ракометен куп меѓу ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14 часот) и Ѓорче Петров ЖРК – ЖРК Чаир (17 часот). Машкото финале ќе се игра в недела со почеток во 19:30 часот, а претходно од 17 часот е натпреварот за трофејот во женска конкуренција....
Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 очекувано во ракометното куп финале
Макпрес - пред 11 дена
Ракометарите на битолски „Еурофарм Пелистер“ и скопски „Вардар 1961“ ја оправдаа фаворитската улога во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Македонскиот куп што се одржа во Кавадарци и ќе играат за трофејот во неделното финале. Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување и со 26-21 (16-9) го совлада Бутел во полуфиналето. Пласман во финалето обезбеди и бранителот на трофејот Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 28-24. На програмата денеска се двете полуфинални пресметки во женскиот ракометен куп меѓу ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14 часот) и Ѓорче Петров ЖРК – ЖРК Чаир (17 часот). Машкото финале ќе се игра в недела со почеток во 19:30 часот, а претходно од 17 часот е натпреварот за трофејот во женска конкуренција....
И Еурофарм Пелистер без проблеми стаса до финалето во Купот
24 Инфо - пред 11 дена
Во финалето на ракометниот Куп на Македонија ќе играат фавортите за трофејот скопски Вардар и битолски Еурофарм Пелистер. Битолчани лесно во полуфиналето на завршниот турнир кој се одржува во Кавадарци го совладаа Бутел Скопје со 26:21. Најефикасен во редовите на Е. Пелистер беше крилото Јосип Божиќ Павлетиќ со шест гола ,а на спротивната страна, по пет погодоци имаа Марко Митев и Мирко Мајиќ. Претходно бранителот на трофејнот Вардар го совлада вториот тим на „фармацевтите“ од Битола. Финалниот натпревар се игра в недела (15 мај, 19.30 часот). За в сабота се закажани полуфиналните двојки од Купот во женска конкуренција: ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14.00 часот) и ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Чаир (17.00 часот)....
Вардар избори финале да го брани трофејот во ракометниот куп
24 Инфо - пред 11 дена
Актуелниот бранител на трофејот Вардар 1961 обезбеди пласман во финалето на Македонскиот ракометен куп, откако попладнево во Кавадарци го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 28-24 (13-11). Вардар резултатски го контролираше натпреварот во салата „Јасмин” и заслужено се пласираше во финалето во кое ќе се обиде да ја освои 15. куп титула во клупската историја. Најефикасни во редовите на Вардар беа Тимур Дибиров со десет и Филип Талески со девет голови. Противник на „црвено – црните” во битката за трофејот ќе им биде победникот од второто полуфинале меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел. Ракометното финале во машка конкуренција е на програмата в недела во салата „Јасмин” во Кавадарци....