На 91 година, американски милијардер се разведува од поранешната жена на Мик Џегер
Канал 5 - пред 14 дена
Тие се венчале во 2016 година, две години откако Мардок се разведе од бизнисменката Венди Денг. Мардок потоа на Твитер напиша дека е „најсреќниот човек на светот“. View this post on Instagram A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe) Веста за разводот шокира многумина, бидејќи парот разменувал нежности пред камерите минатата година, на прославата на 90-тиот роденден на Мардок. Хол е 26 години помлада од Мардок. Портпаролот на Мардок одбил да ги коментира наводите, додека соработниците на Џери Хол биле недостапни. Двојката се венчала во Лондон во март 2016 година, по пет месеци во врска. Тие организираа, како што тогаш го опишаа британските медиуми, скромна церемонија во Спенсер Хаус. За Мардок тоа беше четврти брак (а сега четврти развод), додека Хол претходно не била во брак. Таа беше во 22-годишна врска со Мик Џегер со кого има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца. Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се развела во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се оженил со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која бил во брак 32 години и имал три деца. Тие се развеле во 1999 година. По разводот на Ана ѝ биле дадени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се оженил со претприемачката Венди Денг со која бил до 2014 година и со неа има две деца. Мардок имал 68 години за време на нивната венчавка, додека Венди само 30....
Се разведуваат Руперт Мардок и Џери Хол
Нетпрес - пред 14 дена
Се разведуваат медиумскиот могул Руперт Мардок и актерката Џери Хол, извести во средата весникот The New York Times повикувајќи се на два извора блиска на двојката. Мардок и Хол се венчаа на церемонија во центарот на Лондон во март2016 година. Мардок, кој има австралиско потекло, претходно трипати беше во брак. Хол, пак, во 1990 година се омажи за Мик Џегер, но двојката се разиде девет години подоцна. Челникот на „Fox Corp“ и неговата поранешна сопруга супермодел често ги полнеа страниците на таблоидите, кои ја следеа нивната венчавка во лондонски „Spencer House“ и свеченоста по повод на ланскиот 90-ти роденден на Мардок во ресторанот „Tavern on the Green“ во Њујорк. Четвртиот развод на Мардок веројатно нема да влијае врз сопственичката структура на компаниите во коишто тој има удели, меѓу кои се „Fox Corp“, матичната медиумска компанија за телевизијата „Fox News“ и на компанијата „News Corp“ која е издавач на The Wall Street Journala, се наведува во извештајот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Популарната двојка-Руперт Мардок (91) и Џери Хол (66) се разведува
Нетпрес - пред 13 дена
Медиумскиот магнат Руперт Мардок и неговата сопруга, актерката и поранешен модел Џери Хол, се разведуваат по шест години брак, пишува „Њујорк тајмс“. Тие се венчаа во 2016 година, две години откако Мардок се разведе од бизнисменката Венди Денг, кога Мардок на Твитер напиша дека е „најсреќниот човек на светот“. Веста за разводот шокираше многумина, откако парот размени нежности пред камерите минатата година, на прославата на 90-тиот роденден на Мардок. Хол е 26 години помлада од Мардок. Претставникот за медиумите на Мардок одби да ги коментира наводите, додека соработниците на Џери Хол беа недостапни. Двојката се венча во Лондон во март 2016 година, по пет месеци во врска. Тие организираа, како што тогаш опишаа британските медиуми, скромна церемонија во Спенсер Хаус. Тоа беше четвртиот брак на Мардок (а сега четврти развод), додека Хол претходно не беше во брак. Таа имаше 22-годишна врска со Мик Џегер, со кој има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца. Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разведе во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година Мардок се ожени со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која беше во брак 32 години и имаше три деца. Тие се разведоа во 1999 година. Ани доби 1,7 милијарди долари по разводот, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по овој разводот, Мардок се ожени со претприемачката Венди Денг, со која беше во брак до 2014 година и имаа две деца. Мардок имал 68 години за време на нивната венчавка, додека Венди само 30. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Се разведуваат Руперт Мардок и Џери Хол
Кајгана - пред 13 дена
Се разведуваат Руперт Мардок и Џери Хол Живот А.С. / 23.06.2022 / 13:52 Милијардерот и медиумски магнат Руперт Мардок и Џери Хол, поранешен топ модел, наводно се пред развод. The New York Times ја објави веста повикувајќи се на два анонимни извора, додека портпаролот на Мардок не коментирал, а не можело да се стапи во контакт со претставниците на Хол. Мардок (91) беше во брак три пати претходно. Хол се омажи за Мик Џегер во 1990 година, но заедницата беше поништена девет години подоцна. The New York Times објави дека луѓето блиски до Мардок биле „изненадени“ кога слушнале за крајот на бракот, што му овозможило на Лахлан Мардок, најстариот син на Руперт, да преземе позначајна улога во водењето на бизнисите, вклучувајќи ги Fox News и Wall Street Journal. Но, Руперт Мардок останува неизмерно моќен како обликувач на десничарско мислење и културен феномен сам по себе. Логан Рој, безмилосниот медиумски барон кој го игра Брајан Кокс во хитот на HBO, Succession, главно се базира на Мардок. Според една неодамнешна книга на двајца новинари на The New York Times, тоа што Fox News, главниот медиум за големата лага на Доналд Трамп за изборна измама, за негирање на климатската криза и други десничарски собирни извици, е во сопственост на Мардок, значи дека американскиот претседател Џо Бајден го гледа него како „најопасниот човек во светот“. Разделбата од Хол (65), вели весникот, може сепак „да одекне низ деловната империја [на Мардок], која одржува моќно влијание во Америка и во странство преку нејзините десничарски новински брендови, вклучувајќи ги… The Sun во Британија и Sky News во Австралија“. Мардок и Хол се венчаа во 2016 година. На денот на неговата венчавка, Мардок напиша на Twitter: „Нема да твитам најмалку десет дена. Се чувствувам како најсреќниот и најрадосниот човек во светот“. Оттогаш тој не твитна оригинални пораки, а само три криптични одговори на други твитови. Во 2019 година, парот потроши 13,8 милиони долари на куќа во близина на Хенли-на-Темза, во близина на Лондон. Минатата година тие заедно го прославија 90-тиот роденден на Мардок во Њујорк, во Tavern on the Green. Тагови Руперт Мардок...
Медиумскиот магнат Руперт Мурдок и Џери Хол се разделуваат
Слободен Печат - пред 13 дена
Медиумскиот магнат Руперт Мурдок и неговата сопруга, инаку актерка и поранешен модел, Џери Хол, се разведуваат по шест години брак, пишува „Њујорк Тајмс“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Тие се венчаа во 2016 година, две години откако Мардок се разведе од претприемачката Венди Денг. Мардок потоа на „Твитер“ напиша дека е „најсреќниот човек на светот“. Руперт Мурдок и Џери Хол / Фото: EPA/ANDY RAIN Веста за разводот шокираше многумина бидејќи парот минатата година изгледаа многу вљубени пред камерите на прославата на 90-тиот роденден на Мардок. Хол е 26 години помлада од Мардок. Портпаролот на Мардок одби да ги коментира наводите, додека соработниците на Џери Хол не беа достапни. Ова е четврти развод на Мардок Двојката се венчаше во Лондон во март 2016 година, по пет месеци љубовна врска. Тие организираа, како што тогаш го опишаа британските медиуми, скромна церемонија во „Спенсер Хаус“. За Мардок тоа беше четврти брак (а сега четврти развод), додека Хол претходно не била во брак. Таа беше 22 години во врска со Мик Џегер со кој има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца. Руперт Мурдок и Џери Хол / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA Руперт Мардок се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разведе во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се ожени со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која беше во брак 32 години и имаше три деца. Тие се разведоа во 1999 година. По разводот на Ана ѝ припаднаа 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се ожени со претприемачката Венди Денг со која беше до 2014 година и со која имаше две деца. Мардок имал 68 години за време на нивната венчавка, додека Венди само 30....
Кога се омажила за стар милијардер, не се надевала дека толку ќе живее: Таа има 66, тој 91-на година и сега се разведуваат (фото)
Вистина - пред 13 дена
Поранешната манекенка Џери Хол (66) се разведува од милијардерот и медиумскиот магнат Руперт Мардок (91)! Оваа вест изненади многумина, со оглед на тоа дека парот често се гледа на плажите како ужива во друштво. Последен пат кога беа видени заедно, го прославуваа деведесеттиот роденден на Руперт, а во таа прилика Џери беше многу внимателна со својот сопруг. Медиумите најмногу ги загрижува фактот дека тоа ќе влијае на поделбата на имотот, но богатството на семејството Мардок беше внимателно заштитено, имајќи предвид дека Руперт ги обожаваше жените па од брак до брак влегувал само со „преварантки“. Се вели дека компанијата „Fox News“ и „Wall Street Journal“ се под строго управување на фондацијата Мардок, која ја водат неговите најстари деца. Џери Хол сигурно ќе добие повеќе пари отколку што треба, но не е јасно зошто парот се разведува. Самиот Руперт неколку пати изјави дека е многу среќен со бракот со Џери, а кога се венчаа во 2016 година, на Твитер напиша дека е „најсреќниот човек на светот! Сепак, корисниците на Твитер се сурови за разводот на оваа двојка. Многумина наведуваат дека Џери не сметала дека Руперт Мардок ќе живее толку долго, додека други велат дека и е досадно со старецот … Фото:Притскрин/Профимедиа...
Еден од најмоќните медиумски тајкуни се разведува од сопругата на 91-годишна возраст
Точка - пред 13 дена
Ова е воедно најкраткиот брак и 4-ти развод за 91-годишниот Австралијанец чие богатство се проценува на 17,7 милијарди долари, што не е случај со актерката и модел за кого ова било првпат официјално да стапи во брачна заедница.Иако деталите за разводот се уште не се познати, „New York Times“ известува дека го потврдиле две личности блиски до парот. Мурдок и Хол по 5-месечна врска се венчаа во март 2016 година, а пригодата ја одбележаа на скромен начин со церемонија во Спенсер Хаус во Лондон. Едно од најмоќните имиња во светот на медиумите тогаш не ја криеше среќата поради својата врска, а на публиката ѝ соопшти и дека се повлекува на некое време од социјалните мрежи за да може да ужива во „новопечениот живот“.Мурдок има 6 деца, ќерката Пруденс МекЛеод со првата сопруга Патриција Букер, ќерката Елизабет и синовите Лаклан и Џејмс со втората сопруга Ен Ман и ќерките Клои и Грејс кои ги дели со третата сопруга Венди Денг. Од друга страна, Хол беше во долгогодишна врска со Мик Џегер, легендарниот рокер на „Rolling Stones“ со кој има 4 деца. По 22 години врска имаа неофицијална свадбена церемонија на Бали, меѓутоа високиот суд на Обединетото Кралство ја сметала за неважечка по нивната разделба....