Играч на Дерби го откачи Јунајтед – потпишува за Кристал Палас
Весник - пред 13 дена
Уште еден трансфер удар за Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се најдоа во лоша ситуација откако останаа без неколку фудбалери, посебно го ослабнаа средниот ред но не им оди донесувањето на нови играчи. Се поврзуваа со трансфери на Витиња и на Дарвин Нуњез, а првиот заврши во ПСЖ, а вториот во Ливерпул. Потоа се обиделе да го ангажираат Кристијан Ериксен, но Данецот ги одбил. Новиот тренер Тен Хаг сака да го ангажира Френки Де Јонг од Барселона, но засега нема напредок во преговорите меѓу двата клуба. А сега од Англија пристигнува информација која вели дека и крилниот фудбалер на Дерби Каунти Малколм Ебиовеи нема да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“ туку во Кристал Палас, клуб со кого си подал рака за соработка до 2027 година. 18-годишниот фудбалер се сели во Палас како слободен играч. sportmedia.mk...
Играч на Дерби го откачи Јунајтед – потпишува за Кристал Палас
Вечер - пред 13 дена
Уште еден трансфер удар за Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се најдоа во лоша ситуација откако останаа без неколку фудбалери, посебно го ослабнаа средниот ред но не им оди донесувањето на нови играчи. Се поврзуваа со трансфери на Витиња и на Дарвин Нуњез, а првиот заврши во ПСЖ, а вториот во Ливерпул. Потоа се обиделе да го ангажираат Кристијан Ериксен, но Данецот ги одбил. Новиот тренер Тен Хаг сака да го ангажира Френки Де Јонг од Барселона, но засега нема напредок во преговорите меѓу двата клуба. А сега од Англија пристигнува информација која вели дека и крилниот фудбалер на Дерби Каунти Малколм Ебиовеи нема да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“ туку во Кристал Палас, клуб со кого си подал рака за соработка до 2027 година. 18-годишниот фудбалер се сели во Палас како слободен играч. sportmedia.mk...
Палистер за двете трансфер мети на Јунајтед: Дали тоа би функционирало? Тоа е прашање за Тен Хаг
Точка - пред 14 дена
„Црвените ѓаволи“ се уште се мирни иако веќе има две трансфер цели за кои доста се зборува-тоа се Кристијан Ериксен и Френки Де Јонг. Тоа се играчи од средината на теренот кои би донеле квалитет, креативност, опасност при прекините, меѓутоа засега нема ништо официјално и тоа носи фрустрација кај навивачите. Гери Палистер десет години го носеше дресот на Јунајтед и многу добро го знае клубот, па од свој агол даде коментар за Данецот и Холанѓанецот. - Не треба да сте паметни за да го ангажирате. Се надеваме дека сите медицински проблеми се решени, во неговата улога за Брентфорд минатата сезона видовме дека тој сè уште има неверојатни способности и кога е слободен трансфер, тоа треба да се реализира без размислување. Се прашувате како би функционирало со Бруно Фернандеш во клубот, но тоа е за Ерик тен Хаг. Мислам дека некогаш не може да имате премногу квалитетни играчи во тимот. - Ќе имате опции помага при повреди ако тоа стане проблем и кога имате некој од класата на Ериксен… Би сакал да го видам и тој договор да биде комплетиран, - рече Гери и потоа говореше за Де Јонг од Барселона. - Барселона знае колку Јунајтед е очаен да донесе играчи. Тие ќе притискаат до тој степен за да добијат колку што можат повеќе пари и тоа е случај секогаш кога Јунајтед ќе тропне. Тие сè уште се сметаат за еден од најбогатите клубови во светот. Се надевам дека ќе го постигнат договор, Де Јонг е на вистинската возраст, има многу искуство и е тип на играч кој навистина може да се изрази на место како Јунајтед. - Тој е навикнат на притисокот, да биде центарот на вниманието во Барселона, па сигурно ќе биде добро решение. Средината на Јунајтед е пробем и тоа е загрижувачки, - истакна Англичанецот....
Ако Барселона си игра топло-ладно, Јунајтед со еден потег ќе стави точка на целата приказна со Де Јонг
Спорт Клуб - пред 14 дена
Барселона на крајот може да остане со празни раце, односно да го задржат Френки де Јонг. По серијата преговори со Манчестер Јунајтед, тие за холандскиот фудбалер побарале 73 милиони фунти, сума која на Олд Трафорд одбиваат да ја исплатат. „Црвените ѓаволи“ по доаѓањето на Ерик Тен Хаг, го ставија фокусот на Де Јонг, за кого сите мислеа дека ќе биде прв трансфер, па и се уште може да биде, но времето за нив одминува, а трансфер никако да се случи. Барањата на Барселона се јасни, а тие не соодвествуваат со понудата на Јунајтед (околу 55 милиони фунти), па останува да се види дали на последната средба меѓу претставниците на двата клуба, ќе има начелен или конкретен договор за сумата и трансферот. Според она што е кредибилна информација, Јунајтед размислува доколку уште еднаш понудата им биде одбиена, да се повлечат од оваа зделка и да бараат играч на друго место за позицијата на Де Јонг....
Неуспешен и вториот обид на Јунајтед за да го купи Френки Де Јонг од Барса!
Спорт 1 - пред 14 дена
Манчестер јунајтед кој инсистира да го купи Холанѓанецот Френки Де Јонг во Барселона имал втор неуспешен обид за договор со Каталонците, кои инсистираат да добијат 86 милиони евра за трансферот. Првиот обид со 60 милиони евра плус 10 милиони во бонуси Барселона експресно го одби, а според последните информации вчера имало втор обид и директни разговори на „црвените ѓаволи“ со Барселона, но без поголем напредок, зашто од „Камп Ноу“ останале на ставот дека сакаат 86 милиони евра комплетно обесштетување. Барселона бара комплетна сума за трансфер без бонуси за да го исполни финансискиот фер-плеј и да прикаже приходи од трансфери, а потоа поради беспарицата да може со тие пари да купи фудбалери со кои ќе ја продолжи реконструкцијата на тимот, пред сѐ да го ангажира Роберт Левандовски од Баерн Минхен, кој има нескриена желба да дојде во Каталонија....
Палистер за двете трансфер мети на Јунајтед: Дали тоа би функционирало? Тоа е прашање за Тен Хаг
Дерби - пред 14 дена
Манчестер Јунајтед го назначи Ерик Тен Хаг за нов тренер, но засега му нема исполнета ниту една трансфер желба што секако може да биде проблематично ако се земе во предвид дека конкурентите веќе работат на големо, па така видовме како Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем…веќе претставија по неколку нови играчи. „Црвените ѓаволи“ се уште се мирни иако веќе има две трансфер цели за кои доста се зборува-тоа се Кристијан Ериксен и Френки Де Јонг. Тоа се играчи од средината на теренот кои би донеле квалитет, креативност, опасност при прекините, меѓутоа засега нема ништо официјално и тоа носи фрустрација кај навивачите. Гери Палистер десет години го носеше дресот на Јунајтед и многу добро го знае клубот, па од свој агол даде коментар за Данецот и Холанѓанецот. -Не треба да сте паметни за да го ангажирате. Се надеваме дека сите медицински проблеми се решени, во неговата улога за Брентфорд минатата сезона видовме дека тој сè уште има неверојатни способности и кога е слободен трансфер, тоа треба да се реализира без размислување. Се прашувате како би функционирало со Бруно Фернандеш во клубот, но тоа е за Ерик тен Хаг. Мислам дека некогаш не може да имате премногу квалитетни играчи во тимот. -Ќе имате опции помага при повреди ако тоа стане проблем и кога имате некој од класата на Ериксен… Би сакал да го видам и тој договор да биде комплетиран, -рече Гери и потоа говореше за Де Јонг од Барселона. -Барселона знае колку Јунајтед е очаен да донесе играчи. Тие ќе притискаат до тој степен за да добијат колку што можат повеќе пари и тоа е случај секогаш кога Јунајтед ќе тропне. Тие сè уште се сметаат за еден од најбогатите клубови во светот. Се надевам дека ќе го постигнат договор, Де Јонг е на вистинската возраст, има многу искуство и е тип на играч кој навистина може да се изрази на место како Јунајтед. -Тој е навикнат на притисокот, да биде центарот на вниманието во Барселона, па сигурно ќе биде добро решение. Средината на Јунајтед е пробем и тоа е загрижувачки, -истакна Англичанецот....
Марфи за засилувањето со кое се поврзува Јунајтед: Ќе бидат уште полоши од минатата сезона!
Дерби - пред 15 дена
Манчестер Јунајтед треба да добие сосема нов и поинаков изглед со Ерик Тен Хаг, но клубот од „Олд Трафорд“ веќе испушти да му исполни една желба на новиот менаџер. Дарвин Нуњез заврши во Ливерпул и фановите на клубот се надеваат дека оперативците ќе завршат подобра работа со Френки Де Јонг, но во моменти на многу шпекулации, се потесно со Јунајтед се поврзува и Кристијан Ериксен кој имаше извонредно враќање во Премиер лигата. Јунајтед може да го добие Данецот како слободен агент и тоа ги олеснува преговорите, но доста зачудувачки став за оваа интересна операција има легендарниот Дени Марфи. Поранешниот играч за врска на Ливерпул смета дека Ериксен нема да го донесе потребниот баланс во средниот ред, па дури и прогнозира дека тимот ќе биде уште полош од минатата сезона доколку се реши за реализацијата на трансферот. – Ако Тен Хаг мисли да игра со Ериксен и Бруно во средниот ред со само еден со дефанзивни задачи, тогаш Јунајтед ќе заврши уште полошо од минатата сезона. Не гледам некоја логика, дури и да дојде Френки Де Јонг. Нема да има играч кој ќе прави валкани работи со стартови на средниот ред. – Навистина ова е чудно за мене, не знам зошто го сакаат Ериксен, тие имаат доволно креативни играчи во средниот ред. Јунајтед сака да се засили со играч кој играше во Брентфорд, а претходно беше во Тотенхем? И тоа после ера во која не освоија ништо, јас тука не гледам логика, – вели Дени Марфи за „Ток Спорт“....
Манчестер Јунајтед со нов „трансфер удар“: Не може да договори ни фудбалер на Дерби Каунти
Дерби - пред 14 дена
Иако се споменуваше дека Манчестер Јунајтед е во напредни преговори и е пред ангажман на фудбалерот на Дерби Каунти, Малком Ебиовеи, сепак тоа нема да се случи. Талентираниот напаѓач кариерата и дефинитивно ќе ја продолжи во Кристал Палас, клуб со кој си поддал рака за соработка. Напаѓачот веќе ги поминал медицинските прегледи и сега треба само да се официјализира неговиот трансфер. Ебиовеи веднаш ќе се приклучи на Кристал Палас со кого веќе потпишал договор до 2027 година. Манчестер Јунајтед се поврзуваше и со трансферот на Витиња, фудбалер кој е пред потпис со тимот на ПСЖ, а претходно ја загуби битката и за ангажманот на Дарвин Нуњез кој заврши во Ливерпул. Приоритет за Тен Хаг е ангажман на Френки Де Јонг, но барем засега нема напредок во преговорите меѓу Јунајтед и Барселона за овој трансфер....
Нема напредок во преговорите за трансферот на Де Јонг
Спортски - пред 14 дена
Претставници на Манчестер Јунајтед и Барселона вчера имале нова рунда преговори околу евентуалниот трансфер на Френки де Јонг. Меѓутоа, овие разговори не довеле до никаков напредок, бидејќи двата клуба не можат да се договорат за трансферната сума.Новинарот Фабицио Романо информира дека Каталонците бараат најмалку 86 милиони евра за Холанѓанецот, притоа инсистираат да се плати целата сума одеднаш. Причината за тоа е што поради финансиските ограничувања, Барселона може да инвестира во тимот само една третина од она што ќе го добие од продажба на играчите. Манчестер Јунајтед во моментов е спремен да плати 70 милио евра плус 5 милиони како бонуси, па се уште нема напредок во преговорите. Коментари...