Џони Деп на концерт изненади со изгледот, ги избричил брадата и мустаќите (ВИДЕО)
Канал 5 - пред 15 дена
Актерот и пејач се појави целосно свежо избричен, без брада и мустаќи, пред два дена на блуз фестивалот во Хелсинки, каде што настапува со гитаристот Џеф Бек. Деп на настапот носеше бела кошула со кренати ракави, за да се видат тетоважите на неговите раце. На кошулата носел црн елек, а носел и очила за сонце и сива капа. По завршувањето на судскиот спор, Деп се фрли на свирење. Бек и Деп се пријатели од 2016. На албумот „18“ работат од 2019 година, а треба да излезе летово. Албумот ќе содржи преработки од различни изведувачи, од Beach Boys до Velvet Underground, но и неколку оригинални песни на Деп како This is a Song for Miss Hedy Lamarr, која неодамна беше објавена како сингл. Да потсетиме, Џони Деп ја доби тужбата против неговата поранешна сопруга Амбер Херд пред три недели, а актерката беше прогласена за виновна за клевета. Поротата одлучи дека Херд мора да плати отштета од 15 милиони долари за клевета во напис објавен во Вашингтон пост....
Амбер Херд ќе напише книга и ќе открие сè за бракот со Џони Деп
Репортер - пред 13 дена
Амбер Херд ќе напише книга и ќе открие сè за бракот со Џони Деп By Љубисав Владимиров on Јун 23, 2022 facebook twitter Глумицата Амбер Херд е наводно во преговори да напише книга во која ќе ја раскаже целата приказна за бракот со Џони Деп. Таа сака да ја напише книгата сега кога повеќе нема што да изгуби по тужбата за клевета од поранешниот сопруг. Глумицата е подготвена да му се одмазди на бившиот по излегувањето губитник по долгиот судски процес. „Амбер кариерата во Холивуд ја смета веќе за завршена. Таа е веќе во разговори и е возбудена поради тоа. Во овој момент нема што да загуби и сака да каже сè“, рече извор за OK! Časopis. Дрор Бикел, бракоразводен адвокат и автор на книгата The 1 % Divorce, When Titans Clash, смета дека Амбер има што да изгуби затоа што може да предизвика нова потенцијална тужба. „Деп и неговите адвокати ќе читаат и слушаат сè што Херд ќе напише. Ако ја премине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе биде погодена со уште една тужба за клевета и ќе веднаш заврши на суд“, рече Бикел. Застапниците на Амбер не ги демантираа шпекулациите, но во вторникот одбија да ја коментираат ситуацијата за медиумите, иако сега се зборува дека ќе ја каже целата вистина во книгата. Амбер неодамна во интервју за NBC Dateline рече дека е исплашена оти Деп би можел повторно да ја тужи. „Претпоставувам дека тоа е она што тужбата за клевета треба да го направи, а тоа е да ве замолчат“, тврдеше таа во интервјуто. ТАГОВИ: Амбер Херд,џони деп facebook twitter...
„Нема што повеќе да изгуби“: Се шпекулира дека Амбер Херд ќе пишува книга
Слободен Печат - пред 14 дена
Актерката Амбер Херд е во преговори да напише книга за зголемување на нејзиниот приход, откако загуби милиони долари на суд во случајот против поранешниот сопруг Џони Деп. Извор близок до актерката тврди дека таа е скршена и дека не е во позиција да одбие некаков прилив на средства. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Амбер смета дека нејзината кариера во Холивуд е завршена. Веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Во моментов нема што да загуби и сака да раскаже сè“, за „OK! Magazine“ изјавил извор близок на актерката. View this post on Instagram A post shared by Amber Heard (@amberheard) Дрор Бикел, адвокат за разводи и автор на книгата „The 1% Divorce, When Titans Clash“, рече дека актерката може да се соочи со потенцијални тужби што книгата може да ги предизвика. „Колку што Херд сака да раскажува за овој случај и за нејзината врска со Деп во книгата во која ќе зборува за сè, таа мора да биде крајно внимателна кога зборува за него“, рече Бикел, велејќи дека Деп и неговите адвокати ќе се фокусираат на сè што ќе каже Херд. View this post on Instagram A post shared by Amber Heard (@amberheard) „Ако ја премине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе се соочи со уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд“, додаде адвокатот. Инаку, претставниците на Амбер Херд не ги потврдија ниту негираа написите за книгата. Амбер неодамна даде големо интервју за „NBC“ во кое рече дека е повредена од количината на омраза и гнев насочени кон неа, но дека не се покајала што го однела случајот на суд и покрај нејзината загуба и големиот публицитет. Повеќе написи на темата: ВИДЕО | Прво интервју на огорчената Амбер Херд по судењето: Не ја обвинувам поротата, Џони е одличен актер Амбер Херд ја повтори клеветата во едно интервју: Ова е основа за нова тужба Амбер Херд: Го сакав Џони Деп со целото мое срце Поротник од судењето на Херд и Деп: Нејзиниот плач, изразите на лицето… Ни беше многу непријатно Амбер Херд тврди дека записите на терапевтот ѝ ја потврдуваат невиноста, твитерџиите: Ова е твој ракопис...
Џони Деп издаде предупредување до фановите по судењето – еве што започнало сè почесто да се случува
Точка - пред 13 дена
Судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд привлече големо внимание во јавноста, а и по завршувањето на истото луѓето сè повеќе зборуваат за тоа. Џони Деп сега издаде предупредување до фановите поради тоа што по судењето направени се многу лажни профили на социјалните мрежи кои се претставуваат како познатиот актер. Актерот предупредувањето го објавил на Инстаграм каде објаснил што се случува со лажните профили кои се преправаат дека се тој, а кои сега го користат зголеменото интересирање на јавноста по судењето. Во известувањето актерот напишал: „Ве известувам дека постојат лажни профили кои се преправаат дека сум јас или луѓе кои работат со мене. Немам приватни или споредни профили ниту на една платформа. Ова се единствените страници кои ги водам јас и мојот тим на кои споделуваме ажурирања и комуницираме“, изјавил Деп, пренесува британски „Hello“. Да ве потсетиме, кон крајот на месец мај, Џони ја доби тужбата против Амбер по шестнеделното судење кое се пренесуваше во живо на Јутјуб. Тој доби 15 милиони долари како компензација, а Амбер доби 2 милиони долари....
Без брада и мустаќи: Џони Деп изненади со нов изглед на настапот со гитаристот Џеф Бек
Точка - пред 15 дена
Деп носел бела кошула со подигнати ракави, црн елек и сива капа, како и очила за сонце. Бек и Деп се пријатели од 2016 година, а на албумот „18“ кој треба да излезе ова лето работат уште од 2019 година. Албумот ќе содржи обработки од различни изведувачи, од „Beach Boys“ до „Velvet Underground“, но и неколку оригинални песни на Деп како „This is a Song for Miss Hedy Lamarr“ која неодамна беше објавена како сингл. За потсетување, Џони Деп пред 3 недели го доби судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд, а актерката беше прогласена за виновна за клевета. Поротата пресуди дека Херд мора да исплати отштета од 15 милиони долари поради клеветење во текст кој беше објавен во „The Washington Post“....
Амбер Херд ќе напише книга и ќе открие сè за бракот со Џони Деп
M Express - пред 13 дена
Глумицата Амбер Херд е наводно во преговори да напише книга во која ќе ја раскаже целата приказна за бракот со Џони Деп. Таа сака да ја напише книгата сега, кога повеќе нема што да изгуби по тужбата за клевета од поранешниот сопруг. Глумицата е подготвена да му се одмазди на бившиот откако излезе како губитник … Continue reading Амбер Херд ќе напише книга и ќе открие сè за бракот со Џони Деп Текстот Амбер Херд ќе напише книга и ќе открие сè за бракот со Џони Деп е превземен од Reporter.mk....
Според науката, Амбер Херд го има најубавото лице на светот, математички пресметано со формулата за убавина: Овие познати дами се веднаш после неа (ФОТО)
Женски магазин - пред 14 дена
tweet Научниците го кажаа својот збор, актерката Амбер Херд го има најубавото лице на светотХоливудската актерка Амбер Херд е прогласена за жена со најубаво лице на светот!Според Indz100.com, д-р Џулијан де Силва од Центарот за козметика за лице и пластична хирургија во Лондон користел техника на мапирање на лицето за да открие која жена има најубави црти на лицето.Во истражувањето е користен грчкиот сооднос на златна убавина од 1.618, инаку познат како „фи“, т.е. формула која одредува што се смета за совршен однос на цртите на лицето.Според оваа теорија, поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд исполнувала неверојатни 91,85 проценти.Де Силва посочува дека Грците откриле дека оваа врска се појавува насекаде во природата и со илјадници години се сметало дека ја содржи тајната формула на најубавите лица на светот.Така Амбер Херд го зазеде првото место по убавина, со лице кое има најкоректни црти според формулата за убавина.Користејќи ги истите техники, научниците откриле дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан ги има најубавите веѓи.Актерката Скарлет Јохансон е прогласена за жена со најубави очи.Додека според старата грчка формула, најубавите усни ги има атрактивната манекенка Емили Ратајковски.Де Силва создаде „совршено“ лице користејќи го носот на Амбер Херд, веѓите на Ким Кардашијан, очите на Скарлет Џонсон, обликот на лицето на Ријана, усните на Емили Ратајковски и челото на Кејт Мос.Дали се согласувате со науката и дали Амбер Херд навистина го има најубавото лице на светот?извор:ona.telegraf...