Застрашувачки старт на новата сезона за Баерн Минхен!
Макфакс - пред 4 дена
Баерн Минхен уште еднаш покажа дека е „крал“ на германската Бундеслига, откако на отварањето на новата сезона, на гости кај шампионите од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт стигнаа до застрашувачка 1:6 победа. Фановите на Ајнтрахт, кои се подготвуваат за европскиот Суперкуп против Реал Мадрид, направија шоу на стартот на мечот со факли, поради кои се спушти густ чад на теренот, но кога започна акцијата, само Баварците беа на висина на задачата. Џошуа Кимих по само 5. минути игра со итро изведување на слободен удар донесе водство за гостите, за веќе во 11. минута, Бенжамин Павар да ја казни лошата реакција на одбраната за 0:2. Тимот на Јулијан Нагелсман, како само да се загреваше, откако Садио Мане, скапото засилување од Ливерпул, во 28. минута да зголеми на 0:3, по што Томас Милер со две асистенции – до Џамал Мусијала во 38. минута и до Серж Гнабри во 43. минута да обезбеди 0:5 водство на полувреме. Рандал Коло Муани во 64. минута даде надеж на домашните навивачи за малку отпор, пред во 83. минута, Мусијала со својот втор гол да ги постави конечните 1:6. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно „Топчиите“ ја отворија сезоната со победа кај Кристал палас Претходно По поразот од Исланд, Македонија остана без четврт-финале на СП до 18 години Би можело да ве интересира и... „Топчиите“ ја отворија сезоната со победа кај Кристал палас По поразот од Исланд, Македонија остана без четврт-финале на СП до 18 години Ла лига не дозволува Барса да ги регистрира новите засилувања! Балак со емотивна порака на годишнината од смртта на својот син Рома го потврди заемот на Вајналдум Леброн и Лејкерси преговараат за двегодишен договор тежок 98 милиони долари...
Баерн го „растури“ Ајнтрахт на отворањето на новата сезона во Бундес
Вечер - пред 4 дена
Бранителот на титулата Баерн Минхен со убедлива победа во Франкфурт ја стартуваше новата сезона во најсилната германска лига. Избраниците на Јулијан Нагелсман ја наполнија мрежата на противникот и тоа на гостински терен, а по првите 45 минути имаа предност од 5:0! Џошуа Кимих во 5-тата минута го постигна првиот гол во сезоната 2022/23, а по него стрелаа уште Павар, Мане, Мусиала и Гнабри. Во второто полувреме тренерот Гласнер направи тројна измена, отиде со нова формација со која успеа достојно да му парира на противникот. Прво Јакиќ постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а осум минути подоцна погоди Коло Муани. А Баерн не остана само на тие пет гола. Во 83 минута Мусиала со својот втор гол ја запечати убедливата победа. Утре играат: Аугзбург – Фрајбург, Менхенгладбах – Хофенхајм, Бохум – Мајнц, Унион – Херта, Волфсбург – Вердер, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен. sportmedia.mk...
Баерн Минхен му даде шест гола на Ајнтрахт во Франкфурт на стартот од новата сезона (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 4 дена
Потопот на Ајнтрахт беше најавен уште во петтата минута кога Кимих со прекрасен гол од слободен удар му донесе водство на Баерн Минхен од 1-0. Само шест минути Павар постигна гол за предност од 2-0. Веќе беше јасно дека домаќините ги очекува убедлив пораз. Во 29. минута Садио Мане го постигна својот деби гол за Баерн Минхен во Бундеслигата за водство од 3-0. До крајот на првото полувреме погодоци постигнаа и Мусиала и Гнабри за 5-0 по само 45 минути игра. По одморот во собелкувалната, Баерн Минхен ја тргна ногата од педалата за гас и престана да го полни противникот. Во 64. минута Коло Муани постигна почесен гол за Ајнтрахт, а конечните 6-1 ги постави Мусиала со својот втор гол на мечот, овојпат погоди во 83. минута....
Баерн го „растури“ Ајнтрахт на отворањето на новата сезона во Бундес
Весник - пред 4 дена
Бранителот на титулата Баерн Минхен со убедлива победа во Франкфурт ја стартуваше новата сезона во најсилната германска лига. Избраниците на Јулијан Нагелсман ја наполнија мрежата на противникот и тоа на гостински терен, а по првите 45 минути имаа предност од 5:0! Џошуа Кимих во 5-тата минута го постигна првиот гол во сезоната 2022/23, а по него стрелаа уште Павар, Мане, Мусиала и Гнабри. Во второто полувреме тренерот Гласнер направи тројна измена, отиде со нова формација со која успеа достојно да му парира на противникот. Прво Јакиќ постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а осум минути подоцна погоди Коло Муани. А Баерн не остана само на тие пет гола. Во 83 минута Мусиала со својот втор гол ја запечати убедливата победа. Утре играат: Аугзбург – Фрајбург, Менхенгладбах – Хофенхајм, Бохум – Мајнц, Унион – Херта, Волфсбург – Вердер, Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен. sportmedia.mk...
Кимих со итар гол ја отвори новата бундеслигашка сезона, Баерн води со 0:2 по 11 минути!
Топ Спорт - пред 4 дена
Густиот чад кој го предизвика факлите на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт беше добредојден за Џошуа Кимих, кој на отварањето на новата бундеслигашка сезона, веќе во 5. минута ги донесе актуелните шампиони Баерн Минхен до водство. Добивај вести на вибер> Во петтата минута од мечот, Кимих успеа со убав гол од далечина да го измами голманот Кевин Трап за совршен старт на мечот на гостите. Фуриозниот старт на Баварците продолжи откако во 11. минута, Бенжмин Павар ја искористи грешката на домаќините за втор гол. Joshua Kimmich abre la temporada con un golazo de tiro libre. Visión para detectar el espacio y talento para colocarla lejos del guardameta.pic.twitter.com/V06UR1emn8 — Charla Táctica (@CharlaTactica_) August 5, 2022 Ben Pavard haciendo gala de su soberbio remate cruzado, le rompe el arco a Trapp. pic.twitter.com/FmUlJB69sH — Fútbol Vertical (@futbol_vertical) August 5, 2022...
Застрашувачки старт на новата сезона за Баерн Минхен!
Топ Спорт - пред 4 дена
Баерн Минхен уште еднаш покажа дека е „крал“ на германската Бундеслига, откако на отварањето на новата сезона, на гости кај шампионите од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт стигнаа до застрашувачка 1:6 победа. Добивај вести на вибер> Фановите на Ајнтрахт, кои се подготвуваат за европскиот Суперкуп против Реал Мадрид, направија шоу на стартот на мечот со факли, поради кои се спушти густ чад на теренот, но кога започна акцијата, само Баварците беа на висина на задачата. Џошуа Кимих по само 5. минути игра со итро изведување на слободен удар донесе водство за гостите, за веќе во 11. минута, Бенжамин Павар да ја казни лошата реакција на одбраната за 0:2. Тимот на Јулијан Нагелсман, како само да се загреваше, откако Садио Мане, скапото засилување од Ливерпул, во 28. минута да зголеми на 0:3, по што Томас Милер со две асистенции – до Џамал Мусијала во 38. минута и до Серж Гнабри во 43. минута да обезбеди 0:5 водство на полувреме. Рандал Коло Муани во 64. минута даде надеж на домашните навивачи за малку отпор, пред во 83. минута, Мусијала со својот втор гол да ги постави конечните 1:6....
Садио Мане со деби гол во Бундеслигата, Баерн води со 0:5 на полувреме кај Ајнтрахт
Топ Спорт - пред 4 дена
На Садио Мане му беа потребни помалку од половина час за да го постигне својот бундеслигашки гол, откако во 28. минута го постигна третиот гол за Баерн Минхен, кои по првите 45 минути од гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт на отварањето на сезоната имаат фантастична предност од 0:5. Добивај вести на вибер> Џошуа Кимих и Бенжамин Павар донесоа 0:2 водство за тимот на Јулијан Нагелсман по само 11 минути игра, пред Мане по убавата асистенција на Серж Гнабри да зголеми на 0:3. До крајот на полувремето, Џамал Мусијала во 35. минута даде гол за 0:4, пред Гнабри да се запише во листата на стрелците во 43. минута. GOOAL !! pic.twitter.com/xGCBv282Db — Marto (@Marto67050612) August 5, 2022 Bayern Münih gol olup yağıyor Musiala'dan boş kale golü #Musiala #BayernMunich #BayernMünih pic.twitter.com/2TJu09ssEx — Futbol Rüzgarı (@mackeyfi22) August 5, 2022 Le Bayern est incroyable dans cette première période. Francfort 0-5 Bayern Munich . But de serge Gnabry pic.twitter.com/bAKbnwB1Nv — senegal champion d’afrique (@labakay) August 5, 2022...
Баерн на почетокот на првенството го потопи Ајнтрахт
Нетпрес - пред 4 дена
Фудбалерите на актуелниот германски првак минхенски Баерн одбраната на титулата ја започнаа со убедливата победа од 6:1 на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахт, актуелниот победник во Лига Европа. Судејќи според премиерниот настап, тимот на Јулија Нагелсман нема да го почувствува во доменот на ефикасноста заминувањето на еден од најдобрите стрелци во историјата на Баерн, Полјакот Роберт Левандовски во Барселона. Веќе во 5 минута Џошуа Кимих од слободен удар од 25 метри го изненади домашниот голман Кевин Трао кој очекуваше нафрлување, но универзалецот на Баварците се реши директно да шутира на голот покрај единствениот играч во живиот ѕид и идеално погоди крај левата статива. По само половина час игра Баерн имаше сигурно водство од 3:0. Прво водството го удвои во 11 минута Бенјамин Павард, а својот првиот гол во Бундеслигата во 29 минута го постигна Садио Мане. Гостите на полувремето заминаа со убедливи 5:0. Џамал Мусиала беше стрелец во 35 минута, а во 43 минута стрелец беше Серж Гнабри. За двата погодока асистираше Томас Милер кој со тоа се извади за колосалното промашување во 23 минута, кога од само неколку метри ја погоди стативата. Во 56 минута Ајнтрахт го намали водството на гостите преку штотуку влезениот во игра хрватски интернационалец Кристијан Јакиќ, но по прегледувањето на снимката погодокот беше поништен. Сепак, во 64 минута домашните успеаја да дојдат до погодок, како што се покажа само почесниот на овој меч, преди Коло Муаини кој го совлада Мануел Ноер. Мусиала во 83 минута се погрижи Баерн да не остане без погодок и во второто полувреме за конечните 6:1. Во саботата ќе бидат одиграна уште шест натпревари на отворањето на новата сезона во Бундеслигата: Аугбург – Фрајбург, Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм, Бохум – Мајнц, Унион Берлин – Херта, Волфсбург – Вердер, натпревари кои почнуваат во 15,30 часот, а дербито меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен почнува во 18,30 часот. Во недела од 15,30 часот ќе започне дуелот Штутгарт – РБ Лајпциг, а за 17,30 часот е закажан мечот Келн – Шалке. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Стартува Бундеслигата: Баерн Минхен и без Левандовски главен фаворит за „салатарата“
Екипа - пред 4 дена
Вечерва во 20:30 часот со натпреварот Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен, стартува германската Бундеслига. Германците почнуваат порано од предвиденото, поради Мундијалот во Катар. Кога ќе се спомене титулата во ова натпреварување, само еден тим се споменува. „Вечниот шампион“ Баерн Минхен одново е фаворит за освојување на „салатарата“, и покрај тоа што остана без својот најдобар стрелец во историјата Роберт Левандовски. Полјакот се реши да го напушти тимот после седум години, и да се приклучи на Барселона. Замената за Левандовски треба да биде Садио Мане, од кого многу се очекува во таборот на „Баварците“. Не беше донесен класичен шпиц, но тимот на Нагелсман се чини дека има премногу квалитет во своите редови да дојде до нов трофеј. Беше подмладена екипата до носењето на Гравенберх, Мазрауи и пред се на Де Лихт, со кого се очекува да бидат решени проблемите во одбраната кои се појавија минатата сезона. Тие заедно со искусните Нојер, Милер, Гнабри, Сане, Горецка… треба да го трасираат патот до нова, 11-та титула по ред. Втор фаворит за титулата е Борусија Дортмунд. Тимот на „милионерите“ се реши ова лето да поработи на одбраната на екипата, па за таа цел беа доведени Никлас Зиле од Баерн Минхен, и Марсел Шлотербек од Фрајбург, кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во изминатата сезона. Дортмунд го засили и средниот ред со Озчан. Сепак, се чини најголемата загуба на Борусија е во нападот, каде што си замина Ерлинг Халанд. Беше доведен на негово место Себастијан Халер, меѓутоа следуваше шокатна информација дека боледува од канцер на тестисите, и поради тоа ќе мора да паузира неколку месеци. Борусија во моментов бара негова замена, барем во овие шест месеци, а се споменуваат имиња како Кавани, Депај, Џовани Симеоне… После овие два тима, следува тимот на Лајпциг, а тука е и Баер Леверкузен. Лајпциг се засили со Раум од Хофенајм и со Шлагер од Волфсбург, а се споменува и враќање на Вернер. Со Нкукву, Собослаи, Силва, Лајмер, Олмо со задржувањето на Гвардиол и Орбан, се очекува Лајпциг да биде во топ 3 екипи сезонава. „Фармацевтите“ од Леверкузен, пак, од звучните имиња го донесоа само талентираниот Адам Хложек. Имаат млада екипа, која сака да се докажува, а сигурно нивен најсилен адут е Флоријан Вирц кој го продолжи договорот пред завршувањето на минатата сезона. Како актуелен освојувач на Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт сезонава се очекува да се вмеша во битката за првите четири места кои носат во Лигата на шампионите. Но, токму нивниот настап во ЛШ сезонава може да ги расипе плановите, со оглед дека Ајнтрахт и нема широк квалитетен ростер да атакува на успех во двете конкуренции. Беа доведени звучни имиња како Марио Геце, Јенс Петер ХАуге, а дојде и Лукас Аралио од Леверкузен како и некои млади играчи од Салзбург, Хамбургер, младинскиот тим на Баерн… Ајнтрахт речиси го заврши костурот на тимот од лани. Шокантно за нив беше пензионирањето на Хинтерегер на 29 години, меѓутоа Оливер Гласнер има квалитет со кој може да ја потполни празнината. Фрајбург повторно ќе биде еден од конкурентите за излез во Европа. Долго време овој тим беше меѓу топ 4 екипи минатата сезона, но во финишот потфрли и на крајот обезбеди само шесто место. Тимот го загуби Шлотербек, но беше вратен репрезентативецот Матијас Гинтер. Хофенхајм, Борусија Менхенгладбах, Волфсбург се екипите кои треба да атакуваат на излез во Европа, додека останатите ќе се борат за да го избегнат најлошото – испаѓањето од Лигата. Унион Берлин иако заврши на високото пето место, се чини дека сезонава по загубата на Авонији ќе нема сила да се носи со конкурентите. Интересни дуели се очекуваат, особено помеѓу Баерн и Борусија Дортмунд, но и оние на „милионерите“ со повратникот Шалке во рурското дерби. Сезонава Бундеслигата ќе има претставник од Македонија во името на Дарко Чурлинов, репрезентативецот кој игра за Штутгарт, тим кој што ќе треба да биде еден од кандидатите за средината на табелата, односно да го избори директниот опстанок во Бундес друштвото. КОЛО ПЕТОК, 20:30 Ч. Ајнтрахт Ф. – Баерн Минхен САБОТА, 15:30 Ч. Аугсбург – Фрајбург Б. Менхенгладбах – Хофенхајм Бохум – Мајнц Унион Берлин – Херта Волфсбург – Вердер САБОТА, 18:30 Ч. Борусија Д. – Б. Леверкузен НЕДЕЛА, 15:30 Ч. Штутгарт – Лајпциг НЕДЕЛА, 17:30 Ч. Келн – Шалке Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Моќен Баерн и без Левандовски: Шест „парчиња“ во мрежата на Ајнтрахт за почеток на сезоната (ВИДЕО)
Екипа - пред 4 дена
Баерн Минхен ја покажа сета своја моќ на стартот од новата бундеслигашка сезона, триумфирајќи убедливо со 1-6 на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт на отворањето на новата сезона во Германија. Освојувачот на Лигата на Европа се надеваше дека на домашен терен би можел да го изненади бранителот на германската круна, но не само што тоа не се случи, туку Баерн по само едно полувреме стигна до предност од огромни 0-5. Кимих од слободен удар од триесетина метри го отвори резултатот и го најави гол-шоуто во Франкфурт, а по капитенот на Баерн меѓу стрелците се запишаа и Павар, Мане, Мусиала и Гнабри, сето тоа до 43. минута од средбата. Ниту во најмал момент Баерн Минхен на стартот од сезоната не дозволи да се почувствува отсуството на Роберт Левандовски. Во второто полувреме домашните успеаја да постигнат почесен гол преку Коло Муани во 64. минута, а Баерн во 83. минута со вториот гол на Мусиала ги постави конечните 1-6. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Бундес-лигата почна со еврогол: Кимих маестрално го измами голманот Трап (видео)
Екипа - пред 4 дена
Џошуа Кимих е стрелец на првиот гол во новата сезона од Бундес-лигата, откако капитенот на Баерн Минхен постигна фантастичен погодок на гостувањето против Ајнтрахт. Беше досуден слободен удар од над триесет метри за Баерн, сите очекуваа центаршут во шеснаесетникпт, но Кимих го изненади голманот Трап сместувајќи ја топката во неговата мрежа. Мајсторијата на германскиот репрезентативец во дресот на Баерн можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Баерн е страв и трепет во Германија: „Петарда“ за едно полувреме во Франкфурт
Екипа - пред 4 дена
Баерн Минхен делува супериорно на стартот од новата бундеслигашка сезона, а моќта на актуелниот првак на најдобар начин ја почувствуваа фудбалерите на Ајнтрахт. Освојувачот на Лигата на Европа се надеваше дека на домашен терен би можел да го изненади бранителот на германската круна, но не само што тоа не се случи, туку Баерн по само едно полувреме стигна до предност од огромни 0-5. Кимих од слободен удар од триесетина метри го отвори резултатот и го најави гол-шоуто во Франкфурт, а по капитенот на Баерн меѓу стрелците се запишаа и Павар, Мане, Мусиала и Гнабри. Ако некој се прашуваше како ќе му оди на Баерн без Роберт Левандовски, одговорот е повеќе од јасен… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Застрашувачки старт на новата сезона за Баерн Минхен!
Инфо - пред 4 дена
Баерн Минхен уште еднаш покажа дека е „крал“ на германската Бундеслига, откако на отварањето на новата сезона, на гости кај шампионите од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт стигнаа до застрашувачка 1:6 победа. Добивај вести на вибер> Фановите на Ајнтрахт, кои се подготвуваат за европскиот Суперкуп против Реал Мадрид, направија шоу на стартот на мечот со факли, поради кои се спушти густ чад на теренот, но кога започна акцијата, само Баварците беа на висина на задачата. Џошуа Кимих по само 5. минути игра со итро изведување на слободен удар донесе водство за гостите, за веќе во 11. минута, Бенжамин Павар да ја казни лошата реакција на одбраната за 0:2. Тимот на Јулијан Нагелсман, како само да се загреваше, откако Садио Мане, скапото засилување од Ливерпул, во 28. минута да зголеми на 0:3, по што Томас Милер со две асистенции – до Џамал Мусијала во 38. минута и до Серж Гнабри во 43. минута да обезбеди 0:5 водство на полувреме. Рандал Коло Муани во 64. минута даде надеж на домашните навивачи за малку отпор, пред во 83. минута, Мусијала со својот втор гол да ги постави конечните 1:6. Би можело да ве интересира Лудо дерби – Победа на Борусија во Леверкузен ТОП 20 најчудни случки во мотоспортот Баерн го декласира Штутгарт, Халанд ја спаси Борусија од пораз Можен дуел на Србија и Хрватска во Токио Лука Дончиќ е прв фаворит за МВП во НБА лигата Леверкузен се искачија на четвртото место на табелата...
ВИДЕО: Баерн „гази“ и без Левандовски, шампионски старт на баварскиот гигант
Слободен Печат - пред 4 дена
Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа убедлива победа на стартот од новата натпреварувачка сезона во Бундеслигата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Баварскиот гигант како гостин го декласираше ланскиот шампион во Лигата на Европа, Ајнтрахт во Франкфурт со резултат 1:6. Играчите на тренерот Јулијан Нагелсман водеа со 2:0 веќе во 11 минута од натпреварот, откако во листата на стрелците се запишаа Џошуа Кимих и Бенџамин Павар, а до полувремето мрежата на Кевин Трап ја наполнија Садио Мане, Џамал Мусијала и Серж Гнабри, додека во вториот дел Мусијала постигна повеќе еден гол, за Коло Муани донекаде да го спаси образот на домашните. Актуелниот шампион на Германија покажа зошто и оваа сезона е прв фаворит за титулата во првенството на Германија. По заминувањето на првиот напаѓач на тимот Роберт Левандовски во Барселона, Нагелсман кажа дека неговата екипа ќе биде уште посилна од него и се чини дека е во право. Разиграниот Баерн лесно правеше акции, а можеше да оствари и поубедлива победа. Бундеслига 2022/2023 1. коло Петок: Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен 1:6 Сабота: Аугсбург – Фрајбург 15.30 ч Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 15.30 ч Бохум – Мајнц 15.30 ч Унион Берлин – Херта 15.30 ч Волфсбург – Вердер Бремен 15.30 ч Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 18.30 ч Недела: Штутгарт – Лајпциг 15.30 ч Келн – Шалке 17.30 ч...
Еден Македонец во Бундеслигата – може ли некој да ја запре доминацијата на Баерн?
Слободен Печат - пред 4 дена
Најсилната германска лига започнува вечерва од 20 часот и 30 минути, а први на терен ќе излезат Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Баварците во преодниот рок беа без Роберт Левандовски, по вистинска трансфер сага, одлучи Полјакот да се пресели во Барселона. Сега прва ѕвезда на актуелниот бундеслигашки шампион е Садио Мане, кој веќе во контролните натпревари летово покажа зошто припаѓа на врвната класа на играчи. Последните 10 титули во Германија ги освои Баерн, па малкумина веруваат дека нешто ќе се промени во следната сезона. Но, пред тимот од Минхен претстои многу воигрување, со оглед на тоа што во преодниот рок пристигнаа Матијас де Лихт, Рајан Гравенберх и Нусаир Мазрауи кои сè уште не ја доживеале Бундеслигата. Баерн за време на преодниот рок потроши 137.000.000 евра, што е вториот најсилен преоден рок во историјата на клубот. #BundesligaIsBack❗ 😍🤩#SGEFCB #MiaSanMia #Packmas pic.twitter.com/wnuXqbfDdi — FC Bayern München (@FCBayern) August 5, 2022 Не треба да се заборави дека Баерн го освои Суперкупот на Германија со победата над Лајпциг од 5:3. Главен конкурент на Баварците за титулата повторно ќе биде Борусија Дортмунд, која во првото коло ќе се сретне со Баер Леверкузен, уште еден претендент за „европските места“. „Милионерите“ во преодниот рок останаа без Ерлинг Халанд (кој се пресели во Манчестер сити) за кого добија 60 милиони евра, а имаа и пех со Себастијан Але кој дојде како негова замена. Еден од најдобрите стрелци во Европа дозна дека има тумор на тестисите, мора да оди на операција, а ќе биде надвор од терените неколку месеци. ⏰ It's #Bundesliga time… ⌚ pic.twitter.com/L32fQymkiR — Bundesliga English (@Bundesliga_EN) August 5, 2022 Место во нападот на Борусија е резервирано за Карим Адејеми, кој има само 20 години, а настапуваше за Ред Бул Салцбург и Лиферинг. Покрај него, погледите ќе бидат вперени и кон Марко Ројс, еден од најверните фудбалери на денешницата, како и Џуд Белингем, кој блесна минатата сезона. Повторно имаме Македонец во Бундеслигата, Дарко Чурлинов ги брани боите на Штутгарт. А според најавите неизвесен е неговиот настап во првото коло в недела дома против Лајпциг поради проблеми со грбот. The #BundesligaIsBack today! Which star will shine brightest on the opening weekend of #Bundesliga action? ⭐✨ pic.twitter.com/mktZw27Ecw — Bundesliga English (@Bundesliga_EN) August 5, 2022 Бундеслига 2022/2023 1. коло, двојки – Петок: Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен 20.30 часот Сабота: Аугсбург – Фрајбург 15.30 ч Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 15.30 ч Бохум – Мајнц 15.30 ч Унион Берлин – Херта 15.30 ч Волфсбург – Вердер Бремен 15.30 ч Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 18.30 ч Недела: Штутгарт – Лајпциг 15.30 ч Келн – Шалке 17.30 ч...
Баерн му даде четири гола за 35 минути на Франкфурт (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 4 дена
Актуелниот германски шампион Баерн Минхен игра одлично против Ајнтрахт Франкфурт и води со 4-0 по 35 минути игра, а со ова најави уште една добра сезона за Баварците. Џошуа Кимих во петтата минута го отвори резултатот, а потоа во листата на стрелци се запиша и Бенџамин Павар. KIMMICH OPENS THE SCORING THROUGH THE SMOKE 😤 pic.twitter.com/stCuASiEfB — ESPN FC (@ESPNFC) August 5, 2022 TWO IN TEN MINUTES FOR BAYERN 😨 pic.twitter.com/qIaeQeVwAO — ESPN FC (@ESPNFC) August 5, 2022 По голот на Павар следеше пауза од 18 минути, по што Садио Мане го постигна првиот гол во првенството во дресот на Баерн, а Џамал Мусиала во 35. минута стрелаше за 4-0. SAIDO MANE!!! His first goal in the Bundesliga for Bayern 🔥 pic.twitter.com/MjNj6wi5A5 — ESPN FC (@ESPNFC) August 5, 2022 Bayern are unstoppable right now 😲 pic.twitter.com/z5aJAWl1Bk— ESPN+ (@ESPNPlus) August 5, 2022...
Баерн Минхен го демолира Франкфурт на стартот на сезоната (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 4 дена
Германскиот шампион Баерн Минхен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со 6-1 во првото коло од Бундеслигата, а уште во првото полувреме паднаа пет гола во мрежата на поразениот тим. Џошуа Кимих во петтата минута ја најави големата победа со гол од слободен удар, по што Бенџамин Павар погоди за 2-0. Мане потоа го постигна првиот гол во Бундеслигата, односно трет за Баерн на мечот, додека Џамал Мусиала стрелаше за 4-0, а Серж Гнабри за 5-0 во првото полувреме. Франкфурт во продолжение погоди за 1-5 преку Коло Муани, а конечните 6-1 ги постави Мусиала со неговиот втор гол вечерва....
Баерн ја потврди својата моќ и го прегази Ајнтрахт во Франкфурт (Видео)
Дерби - пред 4 дена
Баерн Минхен е голем фаворит за титулата во новата сезона од германското првенство, а тоа го потврди и со првиот настап во Франкфурт. Избраниците на Јулијан Нагелсман славеа со 1:6 на вообичаено незгодното гостување, а пет гола постигнаа уште во првиот дел. Серијата ја отвори Кимих во 5. минута, зголеми Павар, а до крајот на полувремето во листата на стрелци се запишаа и Мане, Мусиала и Гнабри. Киксот на Нојер му овозможи на Ајнтрахт да постигне утешен гол, а до крајот Мусиала со вториот гол ги постави конечните 1:6. За Ајнтрахт ова беше катастрофална генералка во пресрет на Европскиот Супер куп дуел со Реал Мадрид....
Шампионски старт на сезоната за Баерн среде Франкфурт
24 Инфо - пред 4 дена
Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен имаше убедлив старт во новата сезоната, декласирајќи го како гостин победникот во последното издание од Лига Европа, Ајнтрахт во Франкфурт (1:6). Играчите на тренерот Јулијан Нагелсман водеа со 2:0 веќе по само 11 минути игра со погодоците на Џошуа Кимих и Бенџамин Павар, а до полувремето мрежата на Кевин Трап ја наполнија Садио Мане, Џамал Мусијала и Серж Гнабри, додека во вториот дел Мусијала постигна уште еден гол, а Коло Муани беше стрелец на почесниот гол з домаќинот. Актуелниот шампион на Германија покажа зошто и оваа сезона е прв фаворит за титулата во првенството на Германија....