ВИДЕО: Почна војна, летнаа над 100 ракети
А1он - пред 4 дена
Сирените се огласија во сите израелските градови. Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти. „Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети“, се вели во соопштението на оруженото крило на групата. Нивниот портпарол рече дека организацијата ја презела одговорноста за вечерашниот ракетен истрел врз градовите во јужен и централен Израел и предупреди дека тоа е „само почеток на одговорот“ на убиството на командантот на групата, Тајсер Џабари. The moment when Israeli occupation airstrikes targeted Palestine Tower in Gaza pic.twitter.com/UzTVC8wxrv — PALESTINE ONLINE 🇵🇸 (@OnlinePalEng) August 5, 2022 Во текот на денот, се огласија сирените во централните и јужните региони на земјата, пренесува Ројтерс. Египет посредува меѓу Израел и Палестинците за да се спречи ескалација по израелскиот напад врз Појасот Газа, јави денеска државната телевизија. Израелската армија денеска нападна цели во Газа, се наведува во соопштението кое денеска го пренесоа медиумите, јавува Си-Ен-Ен. Во соопштението се вели дека целите му припаѓале на Исламскиот џихад, помалата од двете главни милитантни групи во Газа. Операцијата го доби името „Зора“. Продуцент на Си-Ен-Ен во Газа видел медицински лица како носат две тела од зградата наречена Палестинска кула, која беше погодена во еден од нападите. Болницата Шифа во Газа потврди дека се испорачани телата на двајца убиени, а има околу 20 ранети. Палестинските власти објавија дека најмалку осум лица се убиени, а 40 се ранети во нападите, јави АП, додека израелската армија соопшти дека целела цели во Газа, по неколкудневната тензија предизвикана од апсењето на палестинскиот милитантен водач Басам ал Саади....
Израелците го бомбардираат појасот Газа, Исламски џихад се закани со одмазда
Вечер - пред 4 дена
Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку осум лица, вклучително и едно петгодишно дете, а 44 се повредени. „ИД во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата. Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населена област. Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела. Последователно, сите премини во Газа и околните патишта се затворени поради страв од репресалии од групата со седиште во Газа. Во изјавата емитувана на ТВ Ал Мајадин, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти Зиад ал Нахала вети одмазда за нападите. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе падне под гранатите на отпорот, како и сите израелски градови“, рече тој. Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиони луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година. Израел водеше пет конфликти со Газа од 2009 година, а последниот конфликт беше во мај 2021 година, кога Хамас истрела илјадници ракети врз Израел, а Израел одговори со воздушни напади врз Појасот....
Израелците ја бомбардираа Газа, убиен командант на Исламскиот џихад
Макфакс - пред 4 дена
Израелските сили (ИДФ) бомбардираа цели во Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламскиот џихад и го убиле командантот на тоа исламистичко милитантно движење кој најави одмазда тврдејќи дека може да го погоди и Тел Авив. Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку 10 лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а 44 се ранети. Нападот уследи по неколкудневните ескалации на тензиите по апсењето на палестинскиот милитантен водач во текот на неделата. „ ИДФ во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата. Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населената област. Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела. Последователно, сите премини во Газа и околните патишта беа затворени поради страв од репресалии од група со седиште во Газа. Во изјавата емитувана на ТВ Ал Мајадин, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти Зиад ал Нахала вети одмазда за нападите. Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиони луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно (Видео) Снимен удар на гром во близина на Белата куќа, загинаа маж и жена Би можело да ве интересира и... (Видео) Снимен удар на гром во близина на Белата куќа, загинаа маж и жена Балак со емотивна порака на годишнината од смртта на својот син Несреќа во Унгарија: возило полно со мигранти се судри со друго и се запали – има загинати и повредени Рома го потврди заемот на Вајналдум Гутереш: Невозможно е да се решат светските проблеми без дијалог меѓу САД и Кина Леброн и Лејкерси преговараат за двегодишен договор тежок 98 милиони долари...
Израелците ја бомбардираат Газа, Исламски џихад вети одмазда (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 4 дена
Локалните здравствени власти кажаа дека во нападот се убиени најмалку осум лица, вклучувајќи петгодишно дете, а ранети се 44. Нападот следи по неколкудневните тензии по апсењето на палестински милитантен лидер во текот на неделата.„ИДФ во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е специјална ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти војската.The moment when Israeli occupation airstrikes targeted Palestine Tower in Gaza pic.twitter.com/UzTVC8wxrv— PALESTINE ONLINE 🇵🇸 (@OnlinePalEng) August 5, 2022Палестински џихадистички функционер кажа дека Тајср ал Џабари, висок командант на движењето Исламски џихад, е убиен во нападите, кои погодија повеќе цели во густо населено подрачје.Нападите се случија откако Израел го уапси Басам ал Сади, висок лидер на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот Џенин на Западниот брег претходно неделава.Потоа без затворени сите премини во Газа и на околните патишта поради страв од одмазда на групата со упориште во Газа.Во соопштение објавено на телевизијата Ал Мајадин, на проиранскиот либански канал, исламистичкиот џихадистички лидер Зијад ал Нахала вети одмазда за нападите. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе биде цел на гранатите на отпорот, како и други израелски градови“, кажа тој.Газа, тесен појас копно на кој на 365 квадратни километри живеат 2,3 милиони луѓе, е постојана точка на судири уште откако Хамас ја презема контролата во 2007 година.Израел води пет војни со Хамас во Газа од 2009 година, а последната беше во мај 2021, кога Хамас испука илјадници ракети врз Израел, а Израел одговори со воздушни напади на Газа....
Израел продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа
А1он - пред 4 дена
Израел продолжи со воздушни напади врз Појасот Газа денеска само неколку ч аса по бранот напади во кои загинаа повеќе од 15 луѓе, вклучително и висок милитант, соопштија војската и палестинските очевидци. „Израелската војска продолжува да ги гаѓа воените цели на палестински Исламски џихад низ Појасот Газа“, се вели во соопштението. Палестински сведоци изјавија дека биле извршени повеќе напади, вклучително и еден источно од градот Газа. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска нареди распоредување до 25.000 резервисти поради тековната воена операција во Појасот Газа, соопшти прес-службата на министерот. „Врз основа на проценката на безбедносната ситуација, одлучено е да се ангажираат до 25.000 резервни борци за засилување на силите на Јужната команда, воздушната одбрана, борбените единици и командно-контролниот штаб“, се вели во соопштението. Претходно израелската армија објави дека ја спроведува операцијата „Зора“ против групата Исламски џихад во Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство претходно информираше дека во денешниот напад бил убиен и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари....
Израелците го бомбардираат појасот Газа, Исламски џихад се закани со одмазда
Весник - пред 4 дена
Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку осум лица, вклучително и едно петгодишно дете, а 44 се повредени. „ИД во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата. Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населена област. Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела. Последователно, сите премини во Газа и околните патишта се затворени поради страв од репресалии од групата со седиште во Газа. Во изјавата емитувана на ТВ Ал Мајадин, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти Зиад ал Нахала вети одмазда за нападите. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе падне под гранатите на отпорот, како и сите израелски градови“, рече тој. Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиони луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година. Израел водеше пет конфликти со Газа од 2009 година, а последниот конфликт беше во мај 2021 година, кога Хамас истрела илјадници ракети врз Израел, а Израел одговори со воздушни напади врз Појасот....
Израелците го бомбардираат појасот Газа, Исламски џихад се закани со одмазда
Република - пред 4 дена
Израелските сили (ИДФ) бомбардираа цели во Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламскиот џихад и го убиле командантот на тоа исламистичко милитантно движење кој најави одмазда тврдејќи дека може да го погоди и Тел Авив. Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку осум лица, вклучително и едно петгодишно дете, а 44 се повредени. „ИД во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата. Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населена област. Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела. Последователно, сите премини во Газа и околните патишта се затворени поради страв од репресалии од групата со седиште во Газа. Во изјавата емитувана на ТВ Ал Мајадин, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти Зиад ал Нахала вети одмазда за нападите. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе падне под гранатите на отпорот, како и сите израелски градови“, рече тој. Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиони луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година. Израел водеше пет конфликти со Газа од 2009 година, а последниот конфликт беше во мај 2021 година, кога Хамас истрела илјадници ракети врз Израел, а Израел одговори со воздушни напади врз Појасот. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Израелците го бомбардираат појасот Газа, Исламски џихад се закани со одмазда
Канал 5 - пред 4 дена
Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку осум лица, вклучително и едно петгодишно дете, а 44 се повредени. „ИД во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата. Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населена област. Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела. Последователно, сите премини во Газа и околните патишта се затворени поради страв од репресалии од групата со седиште во Газа. Во изјавата емитувана на ТВ Ал Мајадин, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти Зиад ал Нахала вети одмазда за нападите. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе падне под гранатите на отпорот, како и сите израелски градови“, рече тој. Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиони луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година. Израел водеше пет конфликти со Газа од 2009 година, а последниот конфликт беше во мај 2021 година, кога Хамас истрела илјадници ракети врз Израел, а Израел одговори со воздушни напади врз Појасот....
Исламски џихад тврди дека испукале повеќе од 100 проектили кон израелска територија
Курир - пред 4 дена
Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти. „Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети“, се вели во соопштението на оруженото крило на групата. (МИА)...
Лапид: Израелската војска води операција против „непосредна закана“
Нетпрес - пред 4 дена
Израелскиот премиер Јаир Лапиод изјави дека израелската операција спровела во петокот операција „против непосредна закана“, по нападите врз цели на палестинската радикална организација Исламски џихад во Појасот Газа. „Израел спроведе прецизна антитерористичка акција против непосредна закана. Исламскиот џихад е продолжена рака на Иран кој сака да ја уништи Државата Израел и да убива невини Израелци… Ќе сториме сѐ што е потребно за да го одбраниме нашиот народ“, изјави премиерот Лапид за државната телевизија. Израелската војска претходно во петокот потврди дека извела воздушни напади врз цели во палестинската енклава Газа во кои е убиен виш командант на Исламски џихад, Тајсир ал-Џабари. Во овој „превентивен напад“ загинале 15 борци на Исламски џихад, изјави по првата серија напади портпаролот на израелската војска Ричард Хешт. Додал дека се очекуваат ракетни напади од Газа кон централните области на Израел. Израелските власти издадоа предупредување за можни ракетни палестински ракетирања врз израелските градови. Поради тоа во текот на денот повеќепати се огласуваа сирените во централните и јужните делови на земјата. Израелската војска вечерта објави дека продолжува со нападите, особено врз цели на истокот од градот Газа. „Повеќе од сто ракети“ истрелале Бригадите на Ал Кудс кон израелската територија, што ова милитнатно крило на Исламски џихад го нарече „првичен одговор“ на израелските напади во кои се убиени уште 12 цивили, меѓу кои и петгодишно дете, а ранети се над 80 лица. Египет ќе посредува меѓу Израелците и палестинските движење Исламски џихад, кој Израел, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, како и со Хамас кој од 2007 година управува со Газа, објави во петокот вечерта египетската државна телевизија, повикувајќи се на официјални извори. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Израел ја гранатираше Газа, Исламски џихад вети одмазда
Нетпрес - пред 4 дена
Израелските сили за одбрана (IDF) бомбардираа цели во палестинската енклава Појасот Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламски џихад и усмртиле командант на ова исламистичко милитантно движење кое најави одмазда тврдејќи дека може да го погоди и Тел Авив. Локални медицински извори во Газа соопштија дека се убиени најмалку осум лица, вклучително и петгодишно дете, како и дека се ранети уште 44 други лица. Израелскиот напад следи неколку дена по ескалацијата на тензиите по апсењето на палестински борбен лидер оваа седмица. „Израелските сили за одбрана моментално изведува напади во Појасот Газа. Прогласена е специјална состојба на израелскиот домашен фронт“, соопшти израелската војска. Палестински исламистички функционер изјави дека Тајсер ал-Џабари, висок командант на движењето е убиен во нападите кои погодиле неколку цели во густо населена област во Газа. Нападите доаѓаат по израелското апсење претходно седмицава на Басам ал-Сауди, висок лидер на палестинското исламистичко движење Исламски џихад, во текот на рација во градот Џенин, во другата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел по војната од 1967 година. Дополнително, израелските сили ги затворија сите премини во Газа и на блиските патни правци поради страв од одмазда од милитантните групации кои имаат упоришта во Газа. Во соопштението објавено на телевизискиот проирански канал Al Mayadeen, Зијад ал-Накала еде од лидерите на Исламски џихад вети одмазда на израелските напади. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе падне под гранатите на отпорот, како и сите израелски градови“, се закани ал-Накала. Газа, тесен појас земја каде на 365 квадратни километри живеат 2,3 милини жители, е константна точка на судири откако движењето Хамас ја презема контролата над оваа енклава во 2007 година. Од 2009 година Израел водеше пет судири со Хамас, а во последниот судир од мај 2021 година, кога палестинските движење истрелаа повеќе илјади ракети врз Израел кој одговори со воздушни напади врз Газа. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Израелците го бомбардираат појасот Газа, Исламски џихад се закани со одмазда
Курир - пред 4 дена
Израелските сили (ИДФ) бомбардираа цели во Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламскиот џихад и го убиле командантот на тоа исламистичко милитантно движење кој најави одмазда тврдејќи дека може да го погоди и Тел Авив. Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку осум лица, вклучително и едно петгодишно дете, а 44 се повредени. „ИД во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата. Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населена област. Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела. Последователно, сите премини во Газа и околните патишта се затворени поради страв од репресалии од групата со седиште во Газа. Во изјавата емитувана на ТВ Ал Мајадин, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти Зиад ал Нахала вети одмазда за нападите. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе падне под гранатите на отпорот, како и сите израелски градови“, рече тој. Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиони луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година. Израел водеше пет конфликти со Газа од 2009 година, а последниот конфликт беше во мај 2021 година, кога Хамас истрела илјадници ракети врз Израел, а Израел одговори со воздушни напади врз Појасот....
Убиен командантот на Исламскиот џихад во израелски напад во Газа
Телма - пред 4 дена
Израел денеска соопшти дека неговата војска го нападнала Појасот Газа и прогласи „специјална ситуација“ по неколкудневната тензија поради апсењето на екстремист на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег.Палестинското Министерство за здравство информира дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои и едно петгодишно девојче, а најмалку 15 се ранети. Убиен е и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари. Во градот Газа се слушнала експлозија, а на седмиот кат од висока зграда е забележан чад.Израелската армија претходно оваа недела ги затвори патиштата околу Газа и испрати засилување на границата во очекување на напад по апсењето на истакнат член на Исламскиот џихад на Западниот Брег. Денеска училиштата се затворени, а другите активности се ограничени во местата до 80 километри од границата.Војската објави дека нејзина цел е Исламски џихад во рамките на операцијата „Зора“.Израел и Хамас, кој е на власт со Појасот Газа, војуваа четири пати, а помали судири избувнаа неколку пати во последните 15 години откако Хамас ја презеде власта од силите лојални на ривалот, поумерениот Фатах.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ПОЈАСОТ ГАЗА, НАЈМАЛКУ ОСУММИНА ЗАГИНАТИ
Сакам да кажам - пред 4 дена
Израелската војска објави дека почнала напади на појасот Газа како одговор на заканите од тамошната група Палестински исламски џикад (ПИЈ). Министерството за здравство на Газа кажа дека се убиени најмалку осуммина Палестинци, меѓу кои и дете и командир на ПИЈ. Ова следува по неколку дена тензии откако Израел уапси член на ПИЈ на окупираниот Западен Брег. Од ПИЈ се заканија дека ќе го бомбардираат централниот Израел. „Израел нема да дозволи терористички организации да поставуваат своја агенда. Секој што сака да му наштети на Израел ќе плати цена. Нашите безбедносни сили ќе дејствуваат против терористите на Исламски џихад за да ја отстранат заканата кон нашите граѓани“, изјави израелскиот премиер Јаир Лапид. Израелските одбранбени сили кажаа дека гаѓаат цели поврзани со ПИЈ, меѓу кои е и кулата „Палестина“ во градот Газа. Меѓу загинатите се четворица припадници на ПИЈ, вклучувајќи го командирот Тајсер Џабари, но и петгодишно девојче. „Не знаеме како ќе се одвива ова, но можеби нè очекува подолга и тешка рунда на конфликтот“, изјави израелскиот министер за внатрешни работи Ајелет Шакед....
Исламски џихад тврди дека испукале повеќе од 100 проектили кон израелска територија
Слободен Печат - пред 4 дена
Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети“, се вели во соопштението на оруженото крило на групата....
Израел продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа
Слободен Печат - пред 4 дена
Израел продолжи со воздушни напади врз Појасот Газа денеска само неколку часа по бранот напади во кои загинаа повеќе од 15 луѓе, вклучително и висок милитант, соопштија војската и палестинските очевидци. „Израелската војска продолжува да ги гаѓа воените цели на палестински Исламски џихад низ Појасот Газа“, се вели во соопштението. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Палестински сведоци изјавија дека биле извршени повеќе напади, вклучително и еден источно од градот Газа. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска нареди распоредување до 25 000 резервисти поради тековната воена операција во Појасот Газа, соопшти прес-службата на министерот. „Врз основа на проценката на безбедносната ситуација, одлучено е да се ангажираат до 25 000 резервни борци за засилување на силите на Јужната команда, воздушната одбрана, борбените единици и командно-контролниот штаб”, се вели во соопштението. Претходно израелската армија објави дека ја спроведува операцијата „Зора“ против групата Исламски џихад во Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство претходно информираше дека во денешниот напад бил убиен и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари....
Израелската војска изврши напад во Појасот Газа, убиен е командантот на Исламскиот џихад
Слободен Печат - пред 4 дена
Израел денеска соопшти дека неговата војска го нападнала Појасот Газа и прогласи „специјална ситуација“ по неколкудневната тензија поради апсењето на екстремист на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Палестинското Министерство за здравство информира дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои и едно петгодишно девојче, а најмалку 15 се ранети. Убиен е и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари. Во градот Газа се слушнала експлозија, а на седмиот кат од висока зграда е забележан чад. Израелската армија претходно оваа недела ги затвори патиштата околу Газа и испрати засилување на границата во очекување на напад по апсењето на истакнат член на Исламскиот џихад на Западниот Брег. Денеска училиштата се затворени, а другите активности се ограничени во местата до 80 километри од границата. Војската објави дека нејзина цел е Исламски џихад во рамките на операцијата „Зора“. Израел и Хамас, кој е на власт со Појасот Газа, војуваа четири пати, а помали судири избувнаа неколку пати во последните 15 години откако Хамас ја презеде власта од силите лојални на ривалот, поумерениот Фатах....
Израелците ја бомбардираа Газа, убиен командант на Исламскиот џихад
Точка - пред 4 дена
Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку 10 лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а 44 се ранети. Нападот следуваше по неколкудневните ескалации на тензиите по апсењето на палестинскиот милитантен водач во текот на неделата. „ИДФ во моментот напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата. Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал-Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населената област. Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал-Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела. Последователно, сите премини во Газа и околните патишта беа затворени поради страв од репресии од група со седиште во Газа. Во изјавата емитувана на ТВ „Ал Мајадин“, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти, Зиад ал-Нахала, вети одмазда за нападите. Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиона луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година....
(ВИДЕО) Воздушни напади на Појасот Газа, во Тел Авив отворени две засолништа
Прес 24 - пред 4 дена
Ракетите кои вечерва беа лансирани од Гаса не биле насочени кон Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“, а исламскиот џихад презема одговорност за вечерашното ракетирање на јужниот и централниот дел на Израел. Израелската војска претходно ја почна воената операција „Зора“ во која беа убиени најмалку 10 луѓе, меѓу кои и еден командант на палестинската организација. Исламскиот џихад објави дека испалил повеќе од 100 ракети. Iron Dome Tamir interceptors launched tonight. pic.twitter.com/3ZpbDPSNCJ — Joe Truzman (@JoeTruzman) August 5, 2022...
Израел почна со гранатирање на појасот Газа
Прес 24 - пред 4 дена
Израел почна да гаѓа воени цели во Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламскиот џихад и го ликвидирале командантот на тоа исламистичко милитантно движење. Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале над осум лица, меѓу кои и едно петгодишно дете. „ИД во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата....
Во израелски напад на Газа убиен палестински командант
Независен - пред 4 дена
Во израелски напад на Газа убиен палестински командант Израелската војска соопшти дека напаѓа цели во Појасот Газа како одговор на заканите од тамошната палестинска милитантна група 05/08/2022 19:43 Најмалку 10 Палестинци, меѓу кои едно дете и командант на палестинскиот Исламски џихад (ПИЏ), се убиени, соопшти Министерството за здравство на Газа. Тоа уследи по неколкудневните тензии откако Израел уапси висок член на ПИЏ на окупираниот Западен Брег. ПИЏ со седиште во Газа се закани дека ќе возврати со бомбардирање на централен Израел. Израелскиот премиер Јаир Лапид рече дека Израел нема да дозволи „терористичките организации да ја поставуваат агендата“. „Секој кој ќе се крене да му наштети на Израел нека знае дека ќе дојдеме до нив. Нашите безбедносни сили ќе дејствуваат против терористите на Исламскиот џихад за да ја отстранат заканата од граѓаните на Израел“, рече тој. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека напаѓаат локации поврзани со ПИЏ. Тие ја вклучуваат и високата Палестинска кула во градот Газа, погодена во силна експлозија која остави чад од зградата. Четворица милитанти на ПИЈ – вклучително и командантот Тајсир Џабари – и едно петгодишно девојче се меѓу убиените од почетокот на нападите, велат локалните здравствени власти. Тие велат дека се повредени уште 55 лица. Портпаролот на израелската војска рече дека ИДФ „претпоставува дека се убиени околу 15“ милитанти. Израелскиот министер за внатрешни работи Ајелет Шакед изјави за Канал 12: „Не знаеме како ќе се одвива ова… но за ова може да биде потребно време… Ова може да биде долг конфликт и тежок“, објави „Тајмс оф Израел“. Говорејќи за време на посетата на иранскиот главен град Техеран, генералниот секретар на ПИЏ Зијад ал-Нахала рече „ние ќе одговориме силно на оваа агресија и ќе има борба во која нашиот народ ќе победи“. „Нема црвени линии за оваа битка… и Тел Авив ќе биде под ракетите на отпорот“. Во понеделникот вечерта, Израел го уапси Басем Саади, за кој се наведува дека е шеф на ШИЏ на Западниот Брег. Тој беше задржан во областа Џенин како дел од тековната серија операции за апсење по бранот напади на израелските Арапи и Палестинци во кои загинаа 17 Израелци и двајца Украинци. Двајца од напаѓачите дошле од областа Џенин. По апсењето на Басем Саади, Израел ги засили безбедносните мерки за заедниците во близина на нејзината граница со Газа, предупредувајќи дека ПИЏ има намера да нападне цивили и војници. Затворањето на патиштата ги блокираше градовите и селата во јужен Израел. ПИЏ, кој е поддржан од Иран, има седиште во Дамаск, Сирија и е една од најсилните милитантни групи во Газа. Таа е одговорна за многу напади, вклучително и ракетирање и пукање против Израел. (Би-Би-Си) Поврзани содржини Алекс Џоунс тврдеше дека во напад во училиште никој не умрел, сега треба да плати 50 милиони долари отштета 06/08/2022 10:08 Сенатот на Индијана ја одобри првата државна забрана на абортусот 06/08/2022 09:08 Врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети, тврди армијата 06/08/2022 09:08 Десет лица, меѓу кои и три мали деца, загинаа во пожар во куќа во Пенсилванија 06/08/2022 08:08 Зеленски: Русија сноси одговорност за теророт во нуклеарката „Запорожје“ 06/08/2022 08:08 Путин размислува да побара помош од 100.000 војници од Северна Кореја 05/08/2022 19:08 Уапсен и обвинет за велепредавство водечкиот руски експерт за хиперсонични проектили 05/08/2022 17:08 Земјите-членки на ЕУ евакуираа 1.000 пациенти од Украина 05/08/2022 16:08 Најчитани Поевтинуваат бензините и дизелот 04/08/2022 13:42 Општина Аеродром заедно со „Лајка“ ќе го сопрат истоварањето кучиња 01/08/2022 09:54 Ќе го послуша ли Мицкоски бувот 01/08/2022 08:40 Четири хороскопски знаци наесен ги очекува судбоносна љубов 04/08/2022 12:28 Зошто Елон Маск лансира илјадници сателити во орбитата? 01/08/2022 12:55 Хирургот Тодор Ношпал почина на 60 години 02/08/2022 22:17...
Израелската војска изврши напад во Појасот Газа, убиен е командантот на Исламскиот џихад
Макпрес - пред 4 дена
Израел денеска соопшти дека неговата војска го нападнала Појасот Газа и прогласи „специјална ситуација“ по неколкудневната тензија поради апсењето на екстремист на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег. Палестинското Министерство за здравство информира дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои и едно петгодишно девојче, а најмалку 15 се ранети. Убиен е и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари. Во градот Газа се слушнала експлозија, а на седмиот кат од висока зграда е забележан чад. Израелската армија претходно оваа недела ги затвори патиштата околу Газа и испрати засилување на границата во очекување на напад по апсењето на истакнат член на Исламскиот џихад на Западниот Брег. Денеска училиштата се затворени, а другите активности се ограничени во местата до 80 километри од границата. Војската објави дека нејзина цел е Исламски џихад во рамките на операцијата „Зора“. Израел и Хамас, кој е на власт со Појасот Газа, војуваа четири пати, а помали судири избувнаа неколку пати во последните 15 години откако Хамас ја презеде власта од силите лојални на ривалот, поумерениот Фатах....
Исламски џихад тврди дека испукале повеќе од 100 проектили кон израелска територија
Макпрес - пред 4 дена
Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти. „Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети“, се вели во соопштението на оруженото крило на групата....
Исламски џихад тврди дека испукале повеќе од 100 проектили кон израелска територија
Опсервер - пред 4 дена
Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти. „Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети“, се вели во соопштението на оруженото крило на групата....
Израелската војска изврши напад во Појасот Газа, убиен командантот на Исламски џихад
Express - пред 4 дена
Израел денеска соопшти дека неговата војска го нападнала Појасот Газа и прогласи „специјална ситуација“ по неколкудневната тензија поради апсењето на екстремист на другата палестинска територија, окупираниот Западен Брег. Палестинското Министерство за здравство информира дека во нападот загинале осум лица, меѓу кои и едно петгодишно девојче, а најмалку 15 се ранети. Убиен е и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари. Во градот Газа се слушнала експлозија, а на седмиот кат од висока зграда е забележан чад. Израелската армија претходно оваа недела ги затвори патиштата околу Газа и испрати засилување на границата во очекување на напад по апсењето на истакнат член на Исламскиот џихад на Западниот Брег. Денеска училиштата се затворени, а другите активности се ограничени во местата до 80 километри од границата. Израел и Хамас, кој е на власт со Појасот Газа, војуваа четири пати, а помали судири избувнаа неколку пати во последните 15 години откако Хамас ја презеде власта од силите лојални на ривалот, поумерениот Фатах....
Исламски џихад тврди дека испукале повеќе од 100 проектили кон израелска територија
24 Инфо - пред 4 дена
Палестинската група Исламски џихад денеска соопшти дека испукала повеќе од 100 ракети кон Израел како одмазда за воздушните напади во кои загина еден од нејзините високи команданти. „Како првичен одговор на атентатот врз водачот Тејзир ал Џабари, Ерусалимските бригади испукаа кон Тел Авив и градови околу Газа повеќе од 100 ракети”, се вели во соопштението на оруженото крило на групата....
Израелската војска во Појасот Газа го уби командантот на Исламскиот џихад
24 Инфо - пред 4 дена
Израел денеска соопшти дека неговата војска го нападнала Појасот Газа и прогласи „специјална ситуација” по неколкудневната тензија поради апсењето на екстремист на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег. Палестинското Министерство за здравство информира дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои и едно петгодишно девојче, а најмалку 15 се ранети. Убиен е и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари. Во градот Газа се слушнала експлозија, а на седмиот кат од висока зграда е забележан чад. Израелската армија претходно оваа недела ги затвори патиштата околу Газа и испрати засилување на границата во очекување на напад по апсењето на истакнат член на Исламскиот џихад на Западниот Брег. Денеска училиштата се затворени, а другите активности се ограничени во местата до 80 километри од границата. Војската објави дека нејзина цел е Исламски џихад во рамките на операцијата „Зора”. Израел и Хамас, кој е на власт со Појасот Газа, војуваа четири пати, а помали судири избувнаа неколку пати во последните 15 години откако Хамас ја презеде власта од силите лојални на ривалот, поумерениот Фатах....