ВИДЕО: Објавени снимки од апсењето на напаѓачот кој уби шестмина на празничната парадата во Чикаго
А1он - ново
Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. Video of Robert Crimo III arrest. "Do me a favor, get on your knees, get on your knees lay down flat on your stomach." https://t.co/mrVLkv6AEg pic.twitter.com/VtWBXFZbWN — John Dodge (@dodgerman) July 5, 2022 Снимките од апсењето се направени од граќани кои биле сведоци, а кои исто така го препознале видеото кое полицијата објави дека го бара. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк....
СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции
А1он - пред 9 часа
Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред беше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ. Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донесе повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство, се вели во денешното соопштение за јавноста од СДСМ. Од партијата додаваат дека предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. „Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање, а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки“, велат од СДСМ....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
А1он - пред 9 часа
Францускиот предлог денеска беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил. Како што напиша Османи, консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
ДУИ го осудува антиевропското насилство на проруските елементи
А1он - пред 9 часа
Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието. „Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните.Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас“, велат од партијата....
Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки
А1он - пред 10 часа
Бесните навивачи на Олимпија Љубљана не дозволија нивниот нов тренер, поранешниот шпански фудбалер Алберт Риера, да ја одржи првата прес-конференција лути на одлуката на клубот да го избрка Роберт Просинечки. Популарните Greenn Dragons претходно присуствуваа на прес-конференцијата на поранешниот хрватски репрезентативец, кој ја обвини управата на клубот за скандалозно однесување. „Можеа да кажат дека не знам да работам, но не и дека не сум чесен. Со поголеми лажговци и преваранти никогаш не сум работел, а сум работел со многумина. Апсурден е начинот на кој се води клубот, тоа не би го режирал ниту Алфред Хичкок“, изјави Просинечки по добирањето отказ по само три месеци, а од клубот објавија дека речиси секој ден останувал до 4 часот наутро пиејќи алкохол и играјќи карти. Извор: Топспорт...
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
А1он - пред 10 часа
Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, се вели во писмената реакција од владејачката партија. „Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“ нагласуваат од СДСМ....
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
А1он - пред 10 часа
Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер. Извор: МИА...
(ФОТО) Протест и пред Собранието, летаат јајца кон законодавниот дом
А1он - пред 11 часа
Дел од граѓаните кои протестираа пред зградата на Владата на Македонија, својот револт против францускиот предлог продолжија да го изразуваат пред Собранието. Кон законодавниот дом тие фрлаа јајца и ја тргнат заштитната ограда поставена во паркот пред македонскиот Парламент. Околу Собранието има бројни полициски сили. Денешниот масовен протест, трет по ред, започна во тензична атмосфера, откако денеска опозицискиот лидер Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на најмасовно учество, поради тоа што имал информации дека властите утре ќе го прифатат францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ....
(ВИДЕО) Ламбе Алабаковски го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
А1он - пред 11 часа
„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“ им порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и го запали листот на кој беа испишани овие договори....
(ВИДЕО): Демонстрантите влегоа во Владата на Македонија
А1он - пред 12 часа
Група граѓани влегоа во дворот на зградата на Владата на Македонија. Тие се дел од насобраните сограѓани кои трет ден по ред протестираат против францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Граѓаните скандираат дека бараат оставка од целата Влада. Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на Владата. Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии од петарди. Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна, порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“....
(ВИДЕО) Пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот е во бегство
А1он - пред 12 часа
Празничката парада во САД на четврти јули се претвори во хаос, врескање и паника кога се случи пукање за време на настанот во Хајленд Парк во Илиноис. На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели, проследени со паника. 🚨|BREAKING NEWS: Multiple people shot at July 4th parade in Highland Park, Illinois pic.twitter.com/QImMHHU2Lc — News For All (@NewsForAlI) July 4, 2022 Најмалку шест лица загинале, а 25 се ранети, информираа од полицијата. Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земја. Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-Ен-Ен дека слушнал 20-25 истрели. My video.. I was at #Highland Park parade.. Terrified people fleeing July 4th parade when shooting started. pic.twitter.com/DSe0NJOuem — Lynn Sweet (@lynnsweet) July 4, 2022 Напаѓачот пукал од врвот на една од околните згради и се уште не е уапсен....
Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран
А1он - пред 12 часа
Шефот на Ферари, Матија Биното тврди дека неговиот тим ги направил вистинските одлуки на Британското ГП, и покрај тоа што Шарл Леклер призна дека е разочаран откако загуби шанса за подиум и можна победа бидејќи не го повикаа во бокс при излегувањето на безбедносното возило во финишот на трката. Возачот од Монако беше лидер кога на патеката излезе безбедносното возило по сопирањето боидот на Алпине на Естебан Окон, и при излегувањето на безбедносното возило, Карлос Саинс влезе во боксот, како и другите болиди во топ 4. Леклер, пак, не беше повикан во боксот и потоа при рестартот беше претекнат од Серхио Перез и Луис Хамилтон и заврши на четвртото место. Биното тврди дека Ферари биле загрижени дека ќе загубат премногу време со ве влегувања во боксот, и дека решиле да одат со Саинс. „Двата болиди, според нас, беа преблиску да влезат во боксот одеднаш, така што моравме да направиме одлука. Ние бевме единствени со два болиди во добра позиција, а другите тимови имаа по еден и за нив одлуката беше полесна. Немаше доволно разлика да ги внесеме двајцата, бидејќи вториот ќе загубеше премногу време. Бидејќи гумите на Шарл беа посвежи од тие на Карлос, за шест или седум круга, решивме да сопреме со Карлос, кој исто така ќе можеше да не штити во првите неколку кривини“, вели Биното....
(Видео) Маричиќ: Со францускиот предлог го добивме она за кое се бориме со години
А1он - пред 12 часа
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Берн, рече дека сега имаме шанса за судбоносното „да“ за европска иднина на земјата бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години – чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, што за нас беше најважно во зачувување на нашите национални интереси. „Тоа е она за што се боревме, што го посакувавме, тоа се нашите црвени линии, кои успеавме да ги зачуваме. И тоа треба да го вреднуваме и да го цениме. Покажавме дека имаме одговорност и стратегија во целиот процес“, рече на прес-конференцијата Маричиќ. Министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, рече дека гледа позитивни чекори и дека ги поддржуваат сите напори да се најдат заемно прифатливи решенија бидејќи почетокот на преговорите е од суштинска важност не само за Северна Македонија туку за целиот регион и ЕУ. „Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира, ова е и прашање на мир и стабилност на Западен Балкан и според тоа претставува европско прашање за нас. Северна Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница“, истакна Тупураинен изразувајќи благодарност за нашата добра соработка и нејзиното присуство во Северна Македонија во овој историски момент. Вицепремиерот ја поздрави одлуката на Финска за зачленување во НАТО и ја потврди политиката на Северна Македонија на отворени врати за членство во НАТО изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи што е можно побргу. Ирскиот министер за Европа, пак, рече дека во моментот се соочуваме со важна одлука за зајакнување на нашиот идентитет. „Јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на ЕУ и од тоа што имав можност да го слушам македонскиот јазик во европското семејство затоа што јас доаѓам од земја во која не ни беше дозволено да зборуваме на ирски со години и со членството во ЕУ сега нашиот јазик има еден навистина извонреден статус и сигурен сум тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик“, истакна Томас Бирн. Бирн потенцира дека и Ирска морала да направи навистина тежок компромис, но сепак го направиле тоа и дека во ирскиот случај сите лоши работи престанле со нивното членство во ЕУ пред речи си 50 години. „Ние кога се приклучивме кон економската заедница пред 50 години имаше еден милион вработени во Ирска. Минатата година нашата статистичка служба извести дека таа бројка денеска, 2,5 милиона, е една изворна разлика, јас немам никаков сомнеж дека и вашата земја ќе просперира и ќе успее и економски и општествено штом ќе седнеме на европската маса. Ние ќе бидеме со вас, сакаме да бидеме со вас во секој чекор од процесот“, посочил министерот Бирн. Маричиќ изрази и благодарност за принципиелната поддршка на нашиот реформскиот и евроинтеграциски процес и што го препознаваат напредокот на општеството во сите аспекти како резултат на европеизацијата, особено оние во областа на политичките критериуми и владеењето на правото, одржливиот економски развој и зелената агенда. „И со двете земји Северна Македонија има добар потенцијал за соработка во рамките на ИПА-инструментите TWINNING и TAIEX, во чии рамки досега успешно реализиравме проекти во областа на зајакнување на менаџерските капацитети на државната администрација. Дополнително, искуствата на Финска и Ирска и тоа како ќе бидат од наша корист со почнувањето на процесот на преговори кога ќе треба да направиме голем и значителен исчекор во реформските процеси“, потенцира Маричиќ....
Алтернатива го поддржува францускиот предлог
А1он - пред 13 часа
Политичката партија Алтернатива го поздравува и го поддржува вториот француски предлог, кој претставува поволна рамка, со која за Република Северна Македонија се отвора можноста за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и, притоа, повикува за општествена и државна кохезија околу овој предлог. „Всушност, ние сме убедени дека овој предлог е најдобриот досега, со кој Северна Македонија добива европска перспектива без никаква опасност кон етничкиот идентитет на Македонците и на македонскиот јазик. Затоа ние ги повикуваме сите политички партии во нашата земја да го сфатат најсериозно овој предлог и да не дозволат за скромни политички поени да загрозат историска шанса која е цел на повеќе генерации. Освен политичкиот спектар, овој предлог треба да ужива поддршка и од другите структури на општеството, бидејќи ваквото решение придонесува за посветла иднина на целото општество“, се вели во соопштението од Алтернатива. Алтернатива смета дека сега и најголемите скептици и критичари треба да сфатат дека сме ја донеле најдобрата одлука, со што и дадовме шанса на европската перспектива на земјата, истовремено помогнавме, и како држава и како народ да влеземе во европскиот колосек. „Понекогаш не е важно колку си голем, туку какви големи одлуки носиш. Алтернатива во тоа време направи голем подвиг, а тоа денес е реалност, која со својот чекор овозможи да се отвори европскиот пат за две држави и за повеќе народи на Западен Балкан“, додаваат од Алтернатива....
Косово воведе нови санкции кон Русија
А1он - пред 13 часа
Косовската влада денеска одучи да воведе нови санкции кон Русија, поради агресијата на таа држава врз Украина, јави дописникот на МИА од Приштина. Образложувајќи го предлогот за новите мерки на владината седница што се одржа попладнево, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово, Доника Грвала рече дека на овој начин Косово ќе придонесе „за продолжување на тесната соработка со Соединетите Америккански Држави и Европската унија”. Новите санкции, информира шефицата на косовската дипломатија, опфаќаат „ограничување на извозот со стоки и технологија со двојна примена, како и на стоки и технологија кои можат да послужат за технолошко подобрување на одбранбениот и безбедносниот систем на Русија”. – Со санкциите се забрануваат новите инвестиции во рускиот енергетски сектор… ограничени се сите трансакции со одредени државни руски компании, кои се сега објект на ограничувањата на рефинансирањето, а се усвојуваат и мерки со кои се забранува нудењето на услуги за вреднување на кредитите, информира Грвала. Извор: МИА...
Во Германија регистриран прв извозен дефицит по повеќе од 30 години
А1он - пред 13 часа
Германија забележа трговски дефицит на месечна основа за првпат од 1991 година, поради повисоките увозни цени. Германскиот сојузен завод за статистика денеска објави дека во мај вредноста на извозот изнесува 125,8 милијарди евра, додека вредноста на увозот 126,7 милијарди евра. Тоа значи дека евидентираниот трговски дефицит на Германија изнесува една милијарда евра. Аналитичарите порастот на увозот го припишуваат на инфлацијата. Во текот на мај извозот од Германија во Русија е зголемен за 30 отсто во однос на април, кога поради нападот на Русија врз Украина и западните санкции падна за 60 отсто. Сепак, обемот на германскиот извоз во Русија во мај остана на помалку од 50 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Извор: МИА...
Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша
А1он - пред 13 часа
Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на големата суша што зафати делови од земјата, соопшти кабинетот на премиерот Марио Драги. Владата ќе се состане денеска за да ги објави мерките што ги засегаат најтешко погодените региони. Северот на земјата е особено тешко погоден, со големи езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое содржи многу помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Пo, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж своето течение е на најниско ниво во последните 70 години. Градовите Пиза и Верона воведоа ограничувања за вода, а Венеција и Милано исклучија некои од нивните фонтани. Зачестеноста на сувите периоди во медитеранскиот регион во голема мера се припишуваат на климатските промени. Во делови од Португалија и Шпанија има суша најинтезивна во изминатите илјада години поради атмосферскиот висок притисок поттикнат од климатските промени, според истражувањето објавено денеска, во кое се предупредува на сериозни последици за производството на вино и маслинки. Во новата студија за моделирање објавена во списанието Nature Geoscience, истражувачите од САД открија дека овој систем под висок притисок „драматично се променил во изминатиот век и дека овие промени во северноатлантската клима се без преседан во изминатиот милениум“. Користејќи симулации на климатски модели во последните 1.200 години, студијата покажа дека овој систем под висок притисок почнал да расте и да покрива поголема површина пред околу 200 години, бидејќи загадувањето со стакленички гасови почнало да се зголемува. Извор: МИА...
Претседателот Пендаровски со лидерите на ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП
А1он - пред 13 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот....
Голем број пабови во Англија и Велс се затворени
А1он - пред 13 часа
Во Англија и Велс има помалку пабови од кога било досега, покажа истражувањето кое фрла светлина врз разорните ефекти од пандемијата и наглото зголемување на трошоците за водење бизнис. Вкупниот број на пабови падна под 40.000 во првата половина од годината, што значи дека во Англија и Велс има седум илјади помалку пабови од пред десет години. Пабовите кои исчезнале од заедниците се урнати или претворени во станбен и деловен простор. Угостителскиот сектор се соочи со огромни предизвици во годините на пандемијата бидејќи заклучувањето нанесе тежок удар на побарувачката. Пабовите некако успеаја да се извлечат од кризата предизвикана од коронавирусот, а потоа се најдоа под товарот на рекордно високата инфлација и енергетската криза. Помеѓу крајот на 2021 година и крајот на јуни, 200 пабови се затворени во Англија и Велс....
Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата
А1он - пред 13 часа
Македонско-бугарските преговори и договори не смеат повеќе да бидат тајни. Ова е клучен документ за Македонија и владата не смее да брза да го потпише, алармираат експерти, правници, познавачи на Европската Унија, историчари со кои разговараше „А1он“. Неколку организации во чиј фокус е Европа и нејзините политики денес се огласија преку соопштение во кое велат дека решението за македонскиот јазик не е чисто, историските теми остануваат на маса, аргументите „сега или никогаш“, „земи или остави“ не се оправдани. Првиот човек на Институтот за демократија, кој важи за експерт за овие теми, вели македонскиот јазик воопшто го нема во предлогот за кој Владата вели дека треба да се прифати. „Македонскиот јазик не е чист! Официјалниот јазик на земјата кандидат ЕУ го признава во поглавје 34. Него го нема во предлогот што го фали владата. Кога ќе дојде време да се отвори/затвори, немаме гаранција- ќе биде многу гнасно и далеку од чисто”, вели за „А1он“ Трошановски и додава: „Мислам дека за ваков документ, кој е еден од најважните во историјата на нашата независност, апсолутно дека Собранието мора да го има последниот збор, дури мислам дека може да се земе в предвид и референдум за него. Морам да потенцирам дека поради тоа што во ризиците од имплементација на ваквиот предлог најмногу се прекршуваат на грбот на македонскиот народ, апсолутно не смее да се заобиколи мнозинската волја изразена во парламентот на доминантната етничка заедница во земјата“, вели Трошановски. Договорот не смее да се прифати е став и на историчарот професор Тодор Чепреганов, кој за „А1он“ вели „ Апсурдно е! Срам и арам и нецивилизациски е ова што се прави, ајде Бугарија да ја оставиме настрана, тие не биле цивилизирани никогаш, меѓутоа нецивилизациски од страна на Европа! Затоа што Европа си ги покажува сите свои принципи. Слобода на мислење, демократија…, сетоа тоа го погазува! „ „ Овој француски предлог е во основа бугарски предлог со француски целофан завиткан и го ништи сетоа она што до сега го постигнала Македонија – идентитет, јазик и култура. И тоа нема да се случи одеднаш туку агонијата долго ќе трае, полека полека за 20 години, со сите овие работи кои ги предвидуваат да ги направат со Договорот, Македонија ќе се бугаризира!“ „Договорот со Бугарија каде што се зборува за заедничка историја, за ист народ, за воспоставување заеднички херои… сето тоа го направивме ние самите. И за тоа треба да си одговараат сите македонски политичари кои учествуваа во тоа“ За него единственото решение е прекинување на Договорот и здравје кога ќе бидат подобри условите ќе можеме да продолжиме да работиме. Целосните интервјуа со Трошановски и Чепреганов погледнете ги во видеото ....
Ник Кирјос се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон
А1он - пред 13 часа
Контроверзниот Австралиец, Ник Кирјос се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон, по тешката 4:6/6:4/7:6(2)/3:6/6:2 победа над Американецот Брендон Накашима. Ова е прво четврт-финале на гренд слем турнир за Кирјос од 2015 година. Еден ден откако беше казнет, заедно со грчкиот тенисер Стефанос Циципас по нивниот бурен меч во третото коло, Кирјос имаше лош почеток на мечот со Накашима, губејќи го првиот сет со 6:4. Но, потоа, неговата игра се стабилизираше и тој беше супериорен со својот сервис за да поведе со 21 во сетови, пред Накашима да обезбеди одлучувачки сет, во кој два брејка беа доволни за голема победа. Кирјос го заврши мечот со 78 директни победнички топки и дури 34 аса за свое второ четврт-финале на Ол Ингланд клубот по тоа од 2014 година....
Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата
А1он - пред 13 часа
Денес започнува транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис. По добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022 започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција. Вкупно 477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и натоварени во 7 контејнери и 126,37 тони HCH загадена почва ископана и соодветно спакувана, со товарни возила ќе бидат транспортирани до солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH отпадот ќе биде транспортиран за Франција, а контамираната почва за АТМ Холандија. Со тоа комплетно завршуваат договорните активности со УНИДО, а по извршеното примопредавање на 03.06.2022г. за продолжување на ископот одговорноста ја презема UNOPS со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. Во тек е ископот на вториот лот за чиј надзор е одговорна компанијата HPC во соработка со локалниот партнер Екомозаик....
Изгоре камион натоварен со слама
А1он - пред 14 часа
Изгореа слама и камион на скопјанец додека се превезувал со него. – На 03.07.2022 во 14.42 часот во СВР Скопје, Р.С.(33) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, настанал пожар, при што изгореле сламата и возилото. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопштија од МВР. Увид бил извршен....
Омаж на филмови на Јане Алтипармаков на „Скопје синема сити“
А1он - пред 14 часа
Со ретроспективата на музички документарни филмови на македонскиот режисер Јане Алтипармаков на 4 јули и со филмовите „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок“ на 5 јули ќе се затвори осмото издание на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“. Фестивалот, кој почна со изложба на фотографии од Ник Кејв на Немања Ѓорѓевиќ и филмот „Ник Кејв: 20.000 дена на земјата“, му оддаде почит на Кејв, кој е артист во фокус на фестивалот. На 4 јули, во рамките на програмата на македонски автори и филмови, фестивалот ќе прикаже ретроспектива на филмовите на Алтипармаков – „Гето 103,“ „Фолтин се јави,“ „Бадмингтонс“ и The Hip Overdrive. Повеќето од овие филмови се исчезнати од архивата на МРТ и ова е последна можност да се видат од личната архива на Алтипармаков. Фестивалот се затвора со двата филма за електронска музика на 5 јули. „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика, но преку жените композиторки, чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби, каде што на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите подеми и падови во една богата кариера. Фестивалот е во организација на здружението „Номад-арт Скопје“. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје синема сити“ е поддржана од Агенцијата за филм, Министерството за култура, КинотекаТА на Северна Македонија, Културно-информативниот Центар, ПР-агенцијата „Навигаторс“ и „Спона“, центарот за култура на Србите во Македонија....
Изгоре камион натоварен со слама
А1он - пред 14 часа
Изгореа слама и камион на скопјанец додека се превезувал со него. – На 03.07.2022 во 14.42 часот во СВР Скопје, Р.С.(33) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, настанал пожар, при што изгореле сламата и возилото. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопштија од МВР. Увид бил извршен....
Маричиќ: Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени
А1он - пред 14 часа
Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ. Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој....
Во Грција се згрижени 2.010 деца бегалци без придружба
А1он - пред 14 часа
Процените на Министерството за миграција и азил на Грција се дека во земјата живеат 2.010 деца бегалци без придружба од кои мнозинството се момчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци, 1.737 се сместени во простори за долгорочен престој, а за останатите 273 е обезбедено привремено сместување. Речиси девет од десет деца бегалци без придружба, односно 88 отсто се момчиња, 12 проценти се девојчиња, а шест отсто од вкупниот број се помали од 14 години. Во вкупниот број се вклучени 32 деца кои имаат придружба од возрасно лице, но не е нивниот законски старател, како и 13 деца од Украина кои се во придружба на три лица. Извор: МИА...
Новиот газда на Челси го сака Роналдо во својот тим
А1он - пред 14 часа
Новиот газда на Челси, Американецот Тод Бели е „заинтригиран“ од идејата да го донесе Кристијано Роналдо на „Стемфорд Бриџ“ и веќе преговарал со неговиот агент, Жорге Мендеш, тврди англискиот „Атлетик“, откако Португалецот им соопшти на шефовите на Манчестер јунајтед дека сака „брз“ трансфер од клубот. Роналдо бара „прифатлива“ понуда за Јунајтед поради загриженоста од слабата активност на „ѓаволите“ на преоднниот рок, а иако се веруваше дека Баерн Минхен и Рома се први фаворити за неговиот потпис, сега доаѓа можноста да остане во Премиерлигата. Јунајтед инсистираат дека тој не е на продажба. Останува да се види како Роналдо би се вклопил во Челси, бидејќи менаџерот Томас Тухел преферира помлади и поподвижни напаѓачи кои можат да играат пресинг. Сепак, вербата е дека американските газди сакаат да направат „блокбастер“ трансфер ова лето, посебно по неславното заминување на Ромелу Лукаку во Интер. Роналдо не се појави на стартот на тренинзите на Јунајтед денеска, откако клубот му дозволи да отсуствува поради „семејни причини“, но англиските медиуми додаваат дека Португалецот наскоро ќе се сретне со новиот менаџер Ерик Тен Хаг за да се разговара за иднината....
ВИДЕО : Средба на претседателот Пендаровски со министрите за европски прашања на Ирска и Финска
А1он - пред 14 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија. На средбата беа потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка. Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Oд стрaна на министрите беше истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата. Соговорниците разменија мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, беше констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, беше поздравена одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид....
Лавров: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално
А1он - пред 14 часа
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија. – Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги, изјави Лавров на прес-конференција во Москва. На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија. Извор: МИА...
Тепачка во кафеана во Аеродром, уапсени неколку лица
А1он - пред 15 часа
На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот....
Градоначалникот на Центар подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик
А1он - пред 15 часа
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Лиридон Бафтији, и претставници од невладината „Банка за храна Македонија“ во дворот на Општина Центар поделија социјални пакети. Пакетите со основни прехранбени и хигиенски производи ги добиваат 150 жители од семејства со висок социјален ризик, врз основа на претходно доставен список од Министерството за труд и социјална политика. „Хуманоста и добрите дела не признаваат вери, етнички припадности и граници. Секој месец заедно со нашите партнери од Банка за храна Македонија, во континуитет го спроведуваме проектот ‘Нула глад’. Се грижиме за сите и секој еден жител во општината ни е подеднакво важен. Затоа, со овие пакети на нашите сограѓани им помагаме полесно да го поминат месецот“, изјави градоначалникот Герасимовски. Во текот на викендот градоначалникот Герасимовски и директорот Бафтији им поделија социјални пакети и на седумте згрижувачки семејства во општината кои згрижуваат 25 деца. Денешната акција се спроведува во рамките на проектот „Нула глад“ кој општината го реализира во соработка со невладината организација „Банка за храна“. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства, а преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот....
Кавга меѓу браќа кој да стопанисува со плажа причина за пукотниците кај Валона
А1он - пред 15 часа
Кавга меѓу двајца браќа кој да стопанисува со плажа земена на користење е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона во 12:30 часот. Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот уапсен е Едисон Конди (34) жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45). Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија, и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но според последната информација што ја пренесуваат медиумите не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа. Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу нив и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно. – Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника, велат тие. Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, возила за итна помош а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување. Сеуште во тек е увидот, по што ќе има официјално соопштение....
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
А1он - пред 15 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада. ИЗВОР: МИА...
Несторовски го продолжи договорот со Удинезе
А1он - пред 15 часа
Илија Несторовски (32) и следната сезона ќе го носи дресот на Удинезе. Поранешниот македонски репрезентативец попладнево го продолжил договорот со клубот од Удине. Клубот потврди дека Несторовски го продолжил договорот до 30.јуни 2023 година. Напаѓачот е играч на Удинезе од 2019 година. Популарниот Несто-гол досега има одиграно 57 средби за Удинезе има постигнато шест погодоци. Во кариерата Несторовски има играно за Победа, Словачко, Викторија Жижков, Металург, Интер Запрешиќ и Палермо....
Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик
А1он - пред 15 часа
Владата на својата официјална веб страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Францускиот предлог и можете да го преземе на следните линкови: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог-заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ...
Зеленски со повик до државите за обнова на Украина
А1он - пред 15 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер. „Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки”, рече Зеленски. Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната. „Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа”, рече украинскиот претседател. Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија. Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси. Извор: МИА...
Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата
А1он - пред 15 часа
Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. „Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. „Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ. Извор: МИА...
Владата го објави преведениот француски предлог
А1он - пред 15 часа
Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог кој можете да го преземете на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите....
20 отсто за нов објект, останатото за опрема, ТИРЗ не кажува во што конкретно се стои инвестицијата од 126 милиони евра на „Гересхајмер“
А1он - пред 15 часа
До крајот на септември треба да почне изградбата на новата фабрика на германската компанија „Гересхајмер“ која најави досега најголема инвестиција, 126 милиони евра, во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2, во Бунарџик. И во новата фабрика, според најавите, ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и комплетни шприцеви за вакцини, какви што беше најавено дека ќе се произведуваат и во веќе отворената фабрика во Бунарџик која лани го почна производството. „А1он“ побара објаснување од ТИРЗ во што конкретно се состои најавената инвестиција од 126 милиони евра, но од таму не дадоа прецизни одговори туку само објаснија дека 20 отсто ќе бидат вложени во нов објект, а останатите во опрема. „Предвидените средства, во најголем дел се наменети за набавка и инсталирање на нови автоматизирани производствени линии. С. Македонија ќе биде втора земја, по СР Германија, каде овие најсовремени линии ќе бидат инсталирани и ставени во функција на производство. Во новата фабрика на фармацевскиот гигант ‘Гересхајмер’ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и комплетни шприцеви за вакцини за големите фармацевтски концерни ‘Санофи’, ‘Новонордиск’ , ‘Фајзер’, и други фармацевтски компании. Помал дел од средствата се наменети за просторните услови (нов објект), системи за одржување на потребно ниво на заштита на производите, како и системи за управување со процесот на производство, контрола на квалитет итн.“, велат од ТИРЗ за „А1он“. Почетокот на градбата на новата фабрика се планира во третиот квартал од 2022 година. Дирекцијата за ТИРЗ минатиот месец веќе го издала и Одобрението за градба, врз основа на проект изготвен од компанијата. Сериското производство е предвидено да започне во 2024 година. „Договорот за реализација на инвестицијата предвидува максимален рок од 5 години. Во динамичкиот план доставен од компанијата, инвестицијата се реализира заклучно до 2025 година, со најголем интензитет на вложување на средства во 2023 и 2024“, велат од ТИРЗ. Во новата фабрика, се планира да бидат вработени помалку луѓе во споредба со онаа која е веќе во функција и покрај тоа што инвестицијата е далеку поголема. „Само во овој капацитет е планирано отворање на над 180 нови работни места со просечна плата двојно над државниот просек. Се работи за напреден технолошки процес за кој се потребни специјализирани кадри, а не за трудоинтензивна дејност. Најголем дел од овие луѓе е предвидено да се ангажираат до 2024 година. Дополнително во првата фабрика на ‘Гересхајмер’ отворена во 2021 година веќе работат над 120 луѓе, а согласно проширениот бизнис план предвидена е бројка од над 400 вработени. Просечната бруто плата во 2021 година изнесуваше 67.000 денари“, објаснуваат од ТИРЗ. Оваа инвестиција на „Гересхајмер“, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, ја најави како најголема откако се формирани зоните. Зад неа се „Џонсон мети“ со 73 милиони евра со договор од 2008 година, а следна по големина е повторно инвестицијата на „Гересхајмер“ од 62 милиони евра, договорени во 2019 година....
Хакиран фејсбукот на УКИМ, се споделуваат кинески видеа
А1он - пред 15 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот....
Холандските власти уапсија осомничен за убиството на новинарот Де Врис
А1он - пред 15 часа
Холандските власти денеска уапсија 27-годишен полски државјанин, осомничен дека го организирал убиството на познатиот новинар Питер де Врис, речиси точно една година по вооружениот напад врз него. Уапсеното лице, чиј идентитет не е соопштен, е осомничено дека „ги наредил оние што го убиле Де Врис“, соопшти холандското обвинителство. Тие не соопштуваат други детали, но нагласија дека ја продолжуваат истрагата за да откријат кој го нарачал убиството и мотивот. За убиството на Де Врис им се суди на 21-годишниот Холанѓанец Делан Г. и на полскиот државјанин Камил Е., а нивните пресуди судот треба да ги изрече на 14 јули. Обвинителите побараа доживотна казна затвор за двајцата. На 6 јули 2021 година, Де Врис беше застрелан од непосредна близина во центарот на Амстердам, им подлегна на повредите девет дена подоцна, на 64-годишна возраст....
СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев
А1он - пред 15 часа
Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна, модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка, се посочува во соопштението од СДСМ. Понудата на Мицкоски, додаваат од таму е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија. „Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, потенцираат од СДСМ....
Османи вети, но не го објави протоколот преку кој Македонија ќе исполнува бугарски желби
А1он - пред 16 часа
Додека опозицијата гласно вели дека утре Владата ќе го прифати францускиот предлог, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не го дава протоколот на увид. И по низа инсистирања и укажувања, ниту една од засегнатите институции не го објавуваат официјалниот текст од протоколот. „А1он“ четврти ден инсистира да го добие протоколот со кој Македонија зема десетици обврски наложени од Бугарија, притоа се регулираат и важни историски прашања, дефинирањето на говорот на омраза. Иако добивме ветување дека најдоцна до денеска протоколот ќе е јавен, тој остана таен. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, повеќе не одговара ниту на пораките од „А1он“. И денеска го прашавме кога ќе биде објавен, бидејќи тоа е негово ветување, но тој не најде простор за да објасни зошто овој документ се крие. Во јавноста се коментира протоколот ќе биде објавен, во моментот кога нема да има повеќе простор за негово дискутирање туку само прифаќање. „А1он“ веќе објави дека Владата посочува дека протоколот не е дел од преговарачката рамка бидејќи во нејзе не е експлицитно наведен со името „протокол“. Но, доколку се види позицијата на ЕУ, изразена преку документот објавен од Владата, јасно стои дека протоколот е вклучен преку членот 12 од Договорот за добрососедство. Ова би значело дека тој формално е билатерален документ, но е дел од преговарачката рамка, што за Владата беше неприфатливно и поради неговото вклучување кажа „не“ на т.н. прв француски предлог. Преку протоколот и било какво негово вклучување во преговарачката рамка, од решавањето на историските прашања ќе зависи македонската интеграција во ЕУ. Протоколот денеска требаше да биде усогласен со Генчовска. Според неофицијални информации, преку него, Македонија ќе ги исполнува желбите на Бугарија. Но, нема никаква гаранција дека Македонија нема да биде повторно блокирана во патот за пристап кон ЕУ. Вчера, став побаравме и од претседателот Стево Пендаровски за тоа зошто протоколот не се објавува јавно, а тој не одговори на прашањето и само искоментира: „Јас го знам, само не е усогласен, не е потпишан“....
Тешко повреден возач во сообраќајка во Гостивар
А1он - пред 16 часа
На 03.07.2022 во 21:15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(47) од с.Желино, тетовско, товарно возило „пежо“, управувано од А.У.(46) од с.Здуње, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, управувано од В.С.(34) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата, возачот А.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар....
Тупанчевски: Имаме план како да ги пополниме места на судиите и обвинителите кои заминуваат во пензија
А1он - пред 16 часа
Eдинственото решение кое што ни останува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, затоа што во нашата држава има судови и јавни обвинителства коишто се преоптоварени и има судови и јавни обвинителства коишто практично имаат судии и обвинители коишто работат и под норма. Во таа насока, значи, тоа е единственото решение во моментот кое што би можело да има практичен контекст затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени правни импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна организација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број би можеле ако не друго барем приближно да го надоместиме она што ќе ни недостасува, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски денеска во Струмица. -Да не заборавиме дека до крајот на годината ќе имаме 59 нови академци коишто ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители и на секој начин тоа ќе значи некој тип на инфузија на судството и јавното обвинителство. Да не заборавиме дека има уште 96-97 нови кандидати коишто за година и половина, односно за две години повторно ќе бидат интегрален дел од македонското судство и обвинителство, така што ако ги земеме тие 97 и овие 50, значи околу 150 луѓе ќе претставува надополнување или ајде да речам освежување на судско обвинителскиот систем во нашата држава – додаде Тупанчевски....
Инфлацијата во Турција се искачи на речиси 79 отсто
А1он - пред 16 часа
Годишната инфлација во Турција во јуни достигна 78,62 отсто, што е највисока од 1998 година. Ова го објави Националното биро за статистика на Анкара, каде беше посочено дека цената на стоките за широка потрошувачка пораснала за 4,95 отсто. Претходниот месец стапката на инфлација беше околу 74 отсто. Податоците покажуваат дека транспортот и намирниците особено пораснаа значително во јуни на годишна основа. Трошоците за производство, исто така, продолжија да растат. – Според податоците на Заводот за статистика, цените што ги добиваат производителите за својата стока во јуни се зголемени за околу 138 отсто во споредба со цените пред една година! Во однос на претходниот месец, има зголемување за околу 6,8 отсто. Производните цени обично течат со временско задоцнување и делумно се вклучени во потрошувачките цени – се наведува во соопштението. Опозицијата ја обвинува владата дека ги крие бројките за инфлација и претпоставува значително повисока стапка. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, тврди дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација. Централната банка ја следи линијата на Ердоган и досега се воздржуваше од зголемување на каматните стапки. Од јануари досега ги задржа каматните стапки на 14 отсто....
Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог
А1он - пред 16 часа
Лидерот на Либерално демократската партија и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски се уште не го дал своето мислење за модифицираниот француски предлог за преговарачката рамка иако гласно го одби првичниот предлог кој стигна пред десетина дена. Горан Милевски не присуствуваше на првата консултативна средба во Владата со малите коалициски партии затоа што се наоѓаше во Софија на Конгресот на Либералната интернационала, но оттаму напиша дека го разгледал модифицираниот француски предлог и вметнатите барања на македонската Влада во истиот. Милевски присуствувал синоќа на средбата во Владата со премиерот Ковачевски заедно со лидерите на ДОМ и на Демократски сојуз, Маја Морачанин и Павле Трајанов. Тие денес јавно ги искажаа своите ставови, а Милевски молчи. „А1он“ го праша Милевски дали неговиот став како претседател на ЛДП е ист со нивните ставови во однос на забелешките. Но, тој кусо одговори да „одат само нивните изјави“. Запрашан дали имал притисок од некоја амбасада во врска со ставовите, Милевски рече дека нема такво нешто. Тој беше првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата. „Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата“, објави Милевски. Помалите коалициски партнери во Владата на премиерот Димитар Ковачевски не му дале бланко поддршка за францускиот предлог на синоќешниот состанок. Претседателите на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз побарале од премиерот да го видат фамозниот билатерален протокол, за кој повторно беше најавено дека денеска или утре ќе биде објавен од МНР. Тие бараат да биде преведен на македонски јазик и достапен на јавноста за да се отвори поширока дебата. Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин за „А1он“ рече дека за нејзината партија е неприфатлива ваквата верзија на францускиот предлог и дека се зависи од содржината на билатералниот протокол. „Најважно е да го видиме билатералниот протокол и дали оние годишни извештаи за прогресот се всушност напредок во разговорите за историските и образовните прашања. Ако се, тогаш нема што да прифаќаме и да преговараме со ЕУ за нешто што е билатерален проблем. Но, протоколот се уште се подготвува и нема готова верзија. Побаравме од премиерот протоколот да се преведе на македонски јазик и потоа ЕУ да гарантира за преводот. Потоа уште еднаш ќе го разгледаме и ќе донесеме заклучоци“, истакна Морачанин....
Отворање на групната изложба „Проект 4“ во КИЦ
А1он - пред 16 часа
Утре со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар, Салон Империјал 1 и 2, се очекува отворањето на групната изложба насловена „Проект 4“ од ликовните уметници од Србија Татјана Армуш, Данијела Тасиќ-Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ. „Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од сето тоа, ништо не постои“, соопшти организаторот. Со оваа поставка во новиот простор, со димензија на времето кое во себе ги содржи сите потенцијални енергии за реализација на скоковите, преку и покрај наметнатите пониски енергетски битисувања, Проектот 4 не постои како фиксна, непроменлива детерминанта, туку го започнува својот пат на излез од зададените ни форми. Татјана Армуш Родена 1986 година во Сомбор (Србија) каде завршува основно и средно училиште. Дипломирала 2009. година на Факултетот на уметности во Приштина (со седиште во Звечани) на насоката ликовна графика во класата на професорот Зоран Јовановиќ – Добротина. Реализирала три самостојни изложби и изложувала на повеќе колективни во Сомбор, Нови Сад, Белград, Косовска Митровица и Грачаница. Данијела Тасиќ-Цветковиќ Родена 1974 година во Оџаци. Завршила гимназија „Вељко Петровиќ“ во Сомбор. По завршувањето на ВШЛИПУ во Белград, запишува Факултет за ликовна уметност, насока сликарство. Дипломирала 2003 година, а магистрирала 2007 на истиот факултет во класата на професорот Јован Сивачки. Член е на УЛУС од 2003 Добитничка е на неколку награди за сликарство во текот на студиите и награда на Сомборскиот ликовен салон 2017 година. Често учествувала на групни изложби, а излага и самостојно. Мила Алексиќ Живее и работи во Сомбор, учествувала на повеќе заеднички изложби и реализирала една самостојна. Се занимава со самоистражување низ концептот на монохромни инсталации и записи. Татјана Димитријевиќ Родена 1965 година во Сомбор, Србија. Дипломирала 1988 на Академијата на ликовна уметност во Нови Сад, на насоката за сликарство, во класата на професорот Душан Тодоровиќ. Изложувала самостојно и на бројни колективни изложби во земјата и странство (Италија, Норвешка, Француска, Швајцарија), учествувала и на повеќе собири на ликовни колонии. Од 2009 до 2018 година ја реализирала Street art акцијата на плоштадот Св. Тројство во Сомбор. Изложбата ќе биде отворена до 23.7. 2022 година....
Реконструкција на француската Влада
А1он - пред 16 часа
Во Франција денеска беше реконструирана владата, што се очекуваше откако претседателската коалиција на Емануел Макрон, по парламентарните избори во јуни, го загуби апсолутното мнозинство. Клучните позиции останаа непроменети, па премиерката Елизабет Борн и министерот за финансии Бруно Ле Мер ќе останат на своите позиции, што е сигнал дека нема да има пресврт во политиката. За нов владин портпарол беше назначен Оливие Веран, кој беше во поголемиот дел од пандемијата на коронавирусот министер за здравство. Веран, кој ќе биде задолжен за презентирање на владината политика, разви репутација на смиреност и присебност кога ја бранеше владината политика во времето на Ковид во парламентот и медиумите. Министерот за солидарност Демиен Абад, кој е под истрага за наводен обид да силува две жени, ја напушти владата. Абад ги оспори наводите за сексуално насилство и, во коментари на неговите обвинувачи, рече дека длабоко жали што ја напуштил својата работа, но дека тоа е најдобро затоа што може да се брани без да и наштети на владата. Владата ја напуштија и Брижит Бургињон, поранешна министерка за здравство, Жастин Бенин задолжена за морето и Амели де Моншалин, поранешна министерка за транзиција во животната средина и кохезија на заедницата. Меѓу новите владини избраници е Лоренс Бун, заменик-генерален секретар на ОЕЦД и главен економист, кој го замени Клемон Бун како министер за европски прашања, додека Бун стана нов министер за транспорт. Првата седница на Советот на министри на новата влада е закажана за 16 часот. Предизвиците за новата влада ќе започнат веќе оваа недела со предлог-законот за трошоците за живот што треба да го усвои Владата и кој треба да стигне до парламентот, како и владиното експозе што ќе го изнесе премиерот. Борн би можела да побара гласање за доверба по говорот, а левичарската опозиција соопшти дека ќе свика гласање доверба доколку премиерот не го направи тоа. Макрон не објави никаков коалициски пакт со други партии за изградба на функционално мнозинство во парламентот, ниту, пак, освои некои големи имиња од опозицијата во оваа последна реконструкција на владата. Извор: МИА...
Путин нареди продолжување на руската офанзива по заземањето на регионот Луганск
А1он - пред 16 часа
Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на своите сили да ја продолжат офанзивата во источна Украина по заземањето на целиот регион Луганск. Руските сили „треба да ја извршат својата мисија до крај според веќе одобрените планови“, рече Путин во телевизиски разговор со неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. „Се надевам дека сè ќе се случи во нивните сектори како што се случи во Луганск“, додаде Путин. Тие изјави тој ги даде еден ден по најавата за повлекување на украинските сили од стратешкиот град Лисичанск, со чие заземање руските и проруските сепаратистички сили ја презедоа контролата врз целата територија на Луганск. Регионот Луганск и соседниот Доњецк го формираат Донбас, индустриски басен во источна Украина, што руските сили имаат намера да го освојат во целост. Министерот за одбрана Шојгу денеска изјави дека руските сили го деминираат градот Лисичанск. Извор: МИА...
Тренчевска: Ги унапредуваме законските решенија за жените земјоделки
А1он - пред 16 часа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. „На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини,“ рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. „Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра,“ рече Бачовски....
Илон Маск со семејството го посети папата Франциско
А1он - пред 16 часа
Милијардерот и најбогат човек на светот, Илон Маск, објави фотографија на Твитер дека се сретнал со папата Франциско. Тој на средбата беше со своите деца. „Чест ми е што вчера се сретнав со папата Франциско“, напиша Илон Маск на Твитер....
Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед
А1он - пред 16 часа
Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен е на прагот да потпише за Манчестер јунајтед, пренесува „Атлетик“. Двете страни договориле тригодишна соработка. Поранешниот играч на Ајакс, Тотенхем и Интер имаше понуда од Брентфорд да остане во тој тим, каде се пресели во јануари и играше пола сезона, но реши да биде дел од еден од најголемите европски клубови. Како слободен играч, Ериксен ќе ја задолжи опремата на Манчестер јунајтед. Со него Јунајтед ќе добие повеќе креација во нападот....
Сталоне го прослави својот 75. роденден
А1он - пред 17 часа
Силвестер Сталоне малку рано го прослави својот 75. роденден со гламурозната сопруга Џенифер Флавин и нивните три ќерки. Холивудската легенда беше забележана во саботата како пристигнува во „Виа Алоро“ во Беверли Хилс, облечен во бела кошула и фармерки....
Мицкоски: Владината седница за францускиот предлог ќе биде утре, да се излезе масовно на протести
А1он - пред 17 часа
Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за францускиот предлог. „Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе видиме што понатаму“, посочи Мицкоски. „Тоа беше првата понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука“, вели ледрот на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија“, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На новинарско прашање дали предлогот треба да помине во Собрание, Мицкоски одговара: „Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине“. За средбата на Ковачевски со Села, Мицкоски одговара: „Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера“....
(ВИДЕО) Рашковски добил понуда за бугарска помош, па бил пуштен од затвор: Премиерот помага, ќе биде добро
А1он - пред 17 часа
Драги Рашковски е пуштен од затворот „Скопје“ во Шутка во домашен притвор, откако помош за неговиот случај била понудена од Бугарија. За да му се помогне на Рашковски, разговарал Игор Христов, осомничен во случајот „Софтвери“ каде се гони ексгенералниот секретар. Обвинителката Ивана Трајчева презентираше пораки разменети 16 дена откако Кривичниот совет реши дека Рашковски може да влијае на сведоци, па затоа го смести во ефективен притвор. Во нив соговорникот на Христов од Бугарија најпрво прашува кој го води случајот, нуди помош и разговори на разни нивоа. Во оваа комуникација вели „Премиерот не може да помогне“. Следниот пат, кога тие разменуваат нови пораки, Рашковски веќе добива решение од Апелација и судијката Тања Милева, за да оди повторно во куќен притвор наместо да биде во затворот во Шутка. Во оваа комуникација се вели: „Премиерот помага, ќе биде добро“. Името на соговорникот е непознато, а во телефонот од кои е извлечена комуникацијата е запишан како „БМВ М-Пакет Бугарија“. Следнава комуникација е водена на 07.мај лани, кога Рашковски беше во притвор во затворот „Скопје“. „Како сте? Како е Драги? Му пишав за роденден но не одговори. Добро ли е?“, стои во првата порака пратена од Бугарија, на што обвинетиот Христов враќа: „Па не знам. Не сум го слушнал. Викаат бил добро“. „Во затвор ли, зошто? Јави ми се утре да разговараме. Игор многу ми е жал. Ако можам од Бугарија да помогнам, на било кое ниво“, се вели во втората презентирана порака, а Христов враќа: „Тешко е, сепак фала. Политичари“. Соговорникот од Бугарија додава: „Кажи ми и ќе прашам“, а Христов враќа: „Нема како да помогнеш“. „И кај нас не е добро ама можам да прашам. Тој е добар човек“, стои во следната порака која се испраќа до Христов, а на која одговара: „Освен да го тргнете ветото и да го пуштат“. Од бугарскиот број се враќа: „Остави го ветото“. Христов му посочува на соговорникот: „Нема како да помогнеш. Премиерот не може“, а во следна порака додава: „Го наместија“. Соговорникот од Бугарија му посочува: „Многу ми е жал. Но вистината ќе излезе, секој си ги сноси последиците. Јас знам дека тој е добар човек. Бугарскиот соговорник повторно нуди помош за Рашковски: „Види што му треба да знам каде да зборувам“, а Христов враќа: „Епа истражителите“, по што соговорникот прашува: „Тој човек ми влеа голема доверба. Од кого се водени?“, Христов одговара: „Обвинител…. “, па соговорникот вели: „Ужас… Кај нас е хаос, но можам да притиснам. Има некој“, на што Христов враќа: „Пробај иако е тешко“. Од бугарскиот број, Христов добива порака: „Посочи ми каде точно“, на која одговара: „Е па како да те насочам кај Вилма треба“. По ова, имало договор да се слушнат и телефонски. Во меѓу периодот, до вториот презентиран разговор, Рашковски добива поблага мерка за обезбедување присуство односно е пуштен од затворот во куќен притвор. Решението беше донесено од Апелација, а потпишано од судијката Тања Милевска. „Здраво Игор. Што се случува со Драги? Добар ли е?“, прашува соговорникот од Бугарија, на што Христов одговара: „Да. Добро е“. Следува и ново прашање: „Излезе ли?“, а Христов одговара: „Во домашен притвор е“. Соговорникот констатира: „А тоа добро е“, на што Христов враќа: „Па подобро е. Му кажав дека праша“. Лицето од Бугарија сака и да исконтактира со Рашковски: „Како може да го слушнам? Може ли?“, а Христов му одговара: „Не може. Рече ќе ти се јави да помине ова“. На ова, тој возвраќа: „Не разбрав“, а Христов повторува: „Тој ќе ти се јави кога ќе може“. По ова, Христов го запознава соговорникот дека и тој е осомничен во случајот. „Ти како си?“, прашува лицето со бугарски број, а Христов одговара: „Добро“. Соговорникот додава: „Се ли е во ред?“, а Христов враќа: „И јас сум под мерки“. Соговорникот вели: „Оффф“, а Христов дообјаснува: „Осомничен“. На ова, бугарскиот соговорник му посочува на Христов: „Премиерот не може да помогне“, а обвинетиот враќа: „Помага. Ќе биде добро“, Од бугарскиот број добива нова порака: „Да јасно. Ќе ми биде драго да се видиме. Тоа сега и никој не може да оди во нив“, а Христов кажува дека нема пасош, на што од бугарскиот број добива нова порака: „Да, разбрав. Ви посакувам наскоро да заврши се тоа и секој да си го добие заслуженото“. Христов враќа: „Ти благодарам пријател“, а од бугарскиот број добива нова порака: „Се ќе биде во ред“. Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка. „Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18% ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена“, велат од Обвинителството за постапката....
290 нови случаи на Ковид-19 во последните три дена, нема починати
А1он - пред 17 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 01.07 до 03.07.2022) направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 148549, Активни 536 Куманово 16770, Активни 42 Битола 15835, Активни 59 Прилеп 14277, Активни 33 Тетово 13533, Активни 20 Кавадарци 10760, Активни 34 Велес 9848, Активни 30 Гостивар 9634, Активни 15 Охрид 9030, Активни 58 Штип 8119, Активни 18 Струмица 8110, Активни 15 Кичево 5673, Активни 11 Кочани 5125, Активни 17 Струга 4744, Активни 9 Гевгелија 4431, Активни 4 Неготино 3714, Активни 5 Ресен 2760, Активни 1 Свети Николе 2641, Активни 1 Радовиш 2537, Активни 5 Крива Паланка 2421, Активни 2 Делчево 1991, Активни 5 Берово 1693, Активни 1 Дебар 1684, Активни 3 Валандово 1488, Активни 0 Виница 1398, Активни 2 Пробиштип 1271, Активни 3 Богданци 1025, Активни 2 Кратово 969, Активни 0 Крушево 933, Активни 2 Демир Хисар 837, Активни 1 Македонски Брод 744, Активни 1 Демир Капија 594, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 352, Активни 0...
Финска и Ирска ја поддржуваат визната либерализација и членството на Косово во Советот на Европа
А1он - пред 18 часа
Министерката за европски прашања на Финска, Тити Тупураинен и нејзиниот ирски колега, Томас Бирн, кои ги предводат соодветните државни делегации кои се во посета на Косово, изјавија денеска дека нивните земји ја поддржуваат визната либерализација и зачленувањето на Косово во Советот на Европа (СЕ), јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција по денешната средба со нивниот домаќин, косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими, Тупураинен изјави дека се надева оти оваа есен ЕУ ќе се донесе одлука за укинување на визите за косовските граѓани. – Косово е единствената земја од Западен Балкан за која сé уште има визи и наш став е дека треба да одиме напред. Јас сум отимистка дека во наредните месеци, можеби веќе наесен, ќе имаме резултати. Исто така го поддржуваме и зачленувањето на Косово во СЕ, како посебен проект, изјави Тупураинен. Финската министерка му изрази поддршка и на посредникот на ЕУ во косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, а во однос на воведувањето реципроцитет од страна на Приштина за регистерските таблички, рече дека нејзината држава разбира оти „Косово има законско право да ги презема своите дејствија“. Поддршка за визната либералзиација и зачленувањето на Косово во меѓународни организации изрази и ирскиот државен министер, Бирн, оценувајќи дека косовското барање за членство во СЕ „е добар сигнал за граѓаните дека Владата е сериозна во однос на заштитата на човековите права“. – Ви посакуваме успех и ќе работиме многу во рамки на меѓународните организации за да изнајдеме пат кој ќе биде прифатлив од другите. Во ЕУ работиме многу со Косово како партнер, за да обезбедиме мир и стабилност, посебно во овој дел од континентот, каде што сé уште постојат конфликти или знаци за конфликти, изјави Бирн. Косовскиот вицепремиер, Бислими се заблагодари за поддршката од двете земји и изрази надеж дека Финска наскоро ќе биде примена во НАТО, „по што ќе уследи и зачленувањето на Косово“ во Алијансата. – Високо ја цениме постојната и несебична поддршка на двете пријателски земји за патот на Косово кон визната либерализација, европските интеграции, зачленувањето во СЕ и НАТО, но и во други меѓународни организации. Неоправданата руска агресија врз Украина не постави пред нови заеднички предизвици. Се надевам дека брзото зачленување на Финска во НАТО ќе заврши успешно, по што ќе уследи и зачленувањето на Косово, рече Бислими. Извор: МИА...
Центите на горивата се намалуваат за половина и за еден денар
А1он - пред 18 часа
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 1.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860%, кај дизелот за 1,390%, кај екстра лесното масло за 1,407% и кај мазутот има зголемување е за 0,959%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг. Од 5.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,5(денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 110,5(денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,5(денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,0(денари/литар) Мазут М-1 НС 53,727(денари/килограм)...
Зеленски: Украина ќе ги врати загубените територии
А1он - пред 18 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање наведе дека Киев ќе ги врати загубените територии. Тој ја предупреди Русија дека Украина „ќе стигне до ниво кога воената надмоќ на окупаторот ќе биде поништена“. Според Зеленски со се поголемите резерви западно оружје, Украина ќе ги врати загубените територии, вклучително Лисичанск и другите градови во Донбас. Ќе ги вратиме благодарение на нашата тактика, благодарение на зголемената понуда на модерно оружје. Постепено одиме напред во Харковската Област. Ќе дојде денот кога ќе го кажеме истото за Донбас, посочи Зеленски....
Пукотници на плажа кај Валона, има повредени
А1он - пред 18 часа
Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона. Како што пренесуваат албанските медиуми има повреди, а туристите во паника го напуштиле местото. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување. Пристигнуваат и возила за брза помош. Се врши увид, засега не е познат мотивот. Извор: МИА...
ВИДЕО: Приведен дилер од Скопје, продавал кокаин и марихуана
А1он - пред 18 часа
На 03.07.2022 полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје. По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги. Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин. На 03.07.2022 по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Во текот на денешниот ден (04.07.2022) од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик....
ВИДЕО: Прведен дилер, продавал кокаин и марихуана на улица во Скопје
А1он - пред 18 часа
На 03.07.2022 полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје. По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги. Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин. На 03.07.2022 по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Во текот на денешниот ден (04.07.2022) од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик....
Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција
А1он - пред 18 часа
Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис Параскевис денеска одржаа вонредна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција и истакнаа дека најголемо зголемување на случаи на Ковид-19 има на туристичките дестинации, како што се областа Атика, поширокиот регион на Атина, на островите во Јонското море и јужниот дел на Егејското море, како и на Крит. За бројот на активни случаи во Грција, потпретседателот и професор по епидемиологија Параскевис рече дека немаат конкретна бројка, но процените се дека се околу 150.000 до 200.000. Објасни дека во изминатите три седмици има континуирано зголемување на заразени на возраст од 18 до 24 години, но и зголемен бројот на реинфекции, нагорен тренд има и во однос на лицата кои се лекуваат на Ковид клиниките, нешто што сепак не се пренесува на зголемување на хоспитализациите на одделите за интензивна нега во грчките болници. Извор: МИА...
Дачиќ: Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули
А1он - пред 18 часа
Досегашниот претседател на српското Собрание и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека очекува до крајот на јули да се конституира новото свикување на српското Собрание и релативно брзо да се формира новата Влада на Србија, а кога е во прашање формирање нова владејачка коалиција, тој оцени дека тоа е одлука на најголемата партија –СНС (Српска напредна странка), која ги диктира темпото и условите и дека СПС (Социјалистичката партија на Србија) е подготвена „да можат да постојат и други решенија“, јави дописникот на МИА од Белград. -Мислам дека е практично невозможно да се формира нова влада до крајот на јули. Бидејќи до крајот на изборниот процес ќе ни требаат уште најмалку седум дена. Реално е до крајот на јули да одиме на конституирање на парламентот, изјави Дачиќ кој додаде дека „кога ќе го добие конечниот извештај од РИК, обврска му е да ја одржи конститутивната седница на Народното собрание во рок од 30 дена“. „Оттогаш тече рокот од 90 дена за формирање влада и дури тогаш претседателот Александар Вучиќ може да почне консултации со пратеничките групи и да именува нов владин мандатар“, кажа Дачиќ. Што се однесува до улогата на СПС во новата влада, Дачиќ кажа дека за ова не разговарал со Вучиќ, и дека СПС и СНС имаат коректни односи, дека нивните заеднички резултати се добри и дека СПС е подготвена за продолжување на соработката. -Тоа ќе биде одлука на најголемата партија – СНС, и нивно е да го диктираат темпото и условите за формирање на нова владина коалиција. Сепак, ние сме апсолутно подготвени да можат да постојат и други решенија, изјави Дачиќ. За тоа каква функција очекува, Дачиќ кажа дека тоа е неважно и дека никогаш немал никакви барања за себе. -Треба да го искористиме овој период на стабилност за натамошен развој на Србија. Владата треба да даде позитивен импулс за развојот на Србија, а патот по кој ќе оди Србија е веќе одреден – тоа е патот на евроинтеграциите, притоа штитејќи ги нашите државни и национални интереси, рече Дачиќ. Коментирајќи го развојот на ситуацијата во Косово, каде Приштина им наложи на Србите да ги земат регистарските таблички на Приштина, Дачиќ кажа дека тоа е уште еден показател дека Албин Курти не сака никакви компромиси и договори, туку исклучиво политика на сила. Извор: МИА...
Документ на експертската јавност: Преговорите и договорите со Бугарија не смеат повеќе да бидат тајни
А1он - пред 18 часа
Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и на дебатата која ја отвори Владата по добивањето на модификациите од Брисел. Тие сметаат дека преку отфрлањето на предлогот мора да се изгради нов став со широк општествен консензус заснован на темелни дискусии. „Во тековниот предлог, преговорите вистински би започнале по внесувањето на етничките Бугари во преамбулата на Уставот – ветување за коешто Владата нема мандат и ќе нè остави уште долго во чекалната, но сега, со целиот притисок врз нас. Протоколот кој сè уште не е достапен за јавноста, останува дел од преговарачката рамка. Историските теми остануваат на маса, а мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања добива многу поголем притисок за резултати. Но овој пат, притисокот ќе биде европски, а не бугарски. Решението за македонскиот јазик не е чисто. Со изоставувањето на поглавјето 34 од преговарачката рамка и со внесувањето на унилатералните ноти за македонскиот јазик, Бугарија си остава простор во подоцнежната фаза на преговорите да го блокира затворањето на ова поглавје (кое сe носи со едногласност), доколку нејзините барања не се исполнети, а се дел од нотата за македонскиот јазик. Потпишувањето на договорот за Фронтекс не е правна гаранција за непризнавање на јазикот во ова поглавје. Аргументите „сега или никогаш“, „земи или остави“ не се оправдани во ситуација кога идниот изглед на ЕУ не е познат и кога војната во Украина налага потреба од итен успех во проширувањето што треба да се направи по секоја цена. Сега тоа е на штета на Северна Македонија, но и на самата ЕУ. Штетата од овој присилен „успех“ ќе ја направи земјата уште поранлива на подривачки влијанија од трети страни и е далеку поголема по безбедноста и стабилноста на регионот. Процесот на градење општествен консензус за една од најважните одлуки кои Македонија треба да ги донесе, треба да биде инклузивен и да не се вградува во нереална временска рамка. Владата еднострано информира отколку што дебатира и се труди да изгради заеднички став. Оваа стратегија не само што создава дополнителна несигурност и фрустрација кај граѓаните, туку ја зголемува и поларизацијата во општеството и нетрпеливоста кон неистомислениците. Можеби, за политичкиот естаблишмент прифаќањето нема да биде „ни триумф, ни дебакл“, но за нашето општество се создава ризик дека пристапниот процес ќе биде јамка околу вратот што ќе се затега во следните децении. Со наведувањето можни етнички тензии како последица од неприфаќањето на предлогот (кој има јасен бугарски печат: „Раздели, па владеј“), се внесува дополнителна несигурност. Дали во Македонија ќе има етнички тензии зависи најмногу од македонските политички субјекти. Одговорноста е на Владата да обезбеди меѓуетничка трпеливост и толеранција во најосетливи моменти. Инсистираме сите понатамошни чекори и документи, вклучително и Протоколот, коишто би ги презела македонската влада за решавање на македонско-бугарскиот спор, да бидат презентирани во јавноста за да се обезбеди широка општествена поддршка. Собранието не смее да биде заобиколено. Оттука, во интерес на вистински и целосни информации и во интерес на иднината, Владата мора да одговори на следните прашања/барања: Владата веднаш да го објави Протоколот кој треба да се потпише меѓу ресорните министерства. Како во модифицираниот предлог е заштитен македонскиот идентитет? Зошто пред една седмица за решението за јазикот со унилатерлани декларации сметавте дека е неприфатливо, а сега е прифатливо? Какви гаранции Владата обезбедила за да го заштити македонскиот јазик, особено во однос на идна злоупотреба на унилатералната изјава на Бугарија во поглавјето 34? Кога и со кои политички субјекти Владата постигнала согласност за промена на Уставот? Каков реципроцитет е обезбеден во обврските за спроведување на Протоколот (изјава на министерот Османи за ТВ емисијата „Топ тема“)? Зошто Владата смета дека ова е „последна шанса“ за евроинтегративниот пат? Владата да го објави претходниот предлог – “работна верзија“. Последно, нагласуваме да се преиспита пристапот на забрзани консултации и да се остави време за суштествена дискусија, анализи и проценки“, стои во документот кој го поддржаа и Македонски Центар за меѓународна соработка, Институт за комуникациски студии, Центарот за управување со знаење, Центар за истражување и креирање политики, Центар за правни истражувања и анализи, Зелен институт ЕКОВИТА и Рурална коалиција РАДАР....
За Села францускиот предлог е прифатлив
А1он - пред 19 часа
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „ Не се работи само за прифаќање или неприфаќање на францускиот предлог, туку за продолжување или непродолжување на патот кон ЕУ. Мислам дека Северна Македонија треба да продолжи кон евроинтеграциите, другa опција за нас не треба да постои. Нашиот став е дека не треба да се создаваат алтернативи, туку само ЕУ. Македонија треба да биде членка на ЕУ, а тоа нормално оди преку преговори. Нема двоумење, јасни сме, би го прифатиле овој предлог“ рече Села....
Скен : Ќе ѕвечат нуклеарки во Европа – ни тропа ли трета светска војна на врата?
А1он - пред 19 часа
Нема греење, нема гас, нема храна, криза е – но за оружје има пари. Нова студена војна ни тропа на врата. НАТО во Мадрид донесе три клучни одлуки, Шведска и Финска влегуваат во НАТО, се зголемува војската околу Русија, Русија означена како најголема директна закана за НАТО, а ја поткачија и Кина. Русија и Кина на една, НАТО на друга страна – светот стравува од ескалации, а со оглед на трупањето оружје од сите страни – експертите стравуваат дека ќе ѕвечат повторно и нуклеарните боеви глави – и тоа овој пат на границите на Европа....
Германија минатиот месец со негатива во трговскиот биланс, првпат по две децении
А1он - пред 19 часа
Германија изминатиот месец за првпат по 20 години забележа дефицит во тргувањето со светот, последица на високите трошоци за увоз на енергија и благиот пад на извозот. Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика посочуваат дека извозот во мај е намален за 0,5 отсто во однос на април кога пораснал за 4,4 отсто. Увозот, пак, бележи пораст од 2,7 отсто, забавувајќи се во однос на април кога бележеше пораст од 3,5 отсто. Дефицитот во трговскиот биланс регистриран првпат од почетокот на 2000 година, според достапните податоци на „Дестатис“ изнесува милијарда евра. Во април суфицитот изнесуваше 3,1 милијарда евра. Извозот во Русија минатиот месец се зголеми за 29,4 отсто споредбено со април, на една милијарда евра, стабилизирајќи се по остриот пад предизвикан од западните санкции против Москва. Истовремено увозот од Русија е намален за 9,8 отсто, на 3,3 милијарди евра. Во февруари извозот во Русија надминуваше десет милијарди евра. Најмногу пратки германска стока се испратени во САД, во вредност од 13,4 милијарди евра, 5,7 отсто повеќе отколку во април. Увозот од САД е зголемен за 9,7 отсто, на 7,4 милијарди евра. Најмногу стоки Германија во мај увезла од Кина, во вредност од 18 милијарди евра, но за 1,6 отсто помалку отколку во април. Извозот во Кина благо се зголемил за 0,5 отсто, на 8,7 милијарди евра. На годишно ниво, германскиот извоз бележи пораст од 19 отсто во мај, а увозот за 33,6 отсто, откривајќи скок на цените на енергенсите, поттикнат од бранот зголемена побарувачка како последица на економско закрепнување од корона-кризата и санкциите воведени кон Русија. Извор: МИА...