НЕМА ДОГОВОР МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА За динарите на Косово ќе се преговара на 13 мај
+Инфо - пред 1 час
По речиси шест часа разговори, и денеска нема договор меѓу делегациите на Белград и Приштина за користење на динарите на Косово, јави Н1. Денеска се разговарало за идеите на ЕУ за решавање на проблемите предизвикани од укинувањето на динарот на Косово. Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, тврди дека тие ги дале своите коментари за предлогот на ЕУ и дека тие коментари биле оценети како конструктивни, додека приштинскиот преговарач зборувал дека не го интересираат Србите кои сакаат да си заминат од Косово. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Бесник Бислими вели дека средбата била загрижувачка, бидејќи се испоставило дека Србија сака да ги финансира сите нелегални институции на Косово до формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО). Можеби ќе ве интересира ЦЕЛТА НА КОСОВО Е ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО Курти испрати… плусинфо 25/04/2024 ИСПРАШУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА НА ПСИХИЈАТРИЈА Осомничените во… плусинфо 25/04/2024 Петковиќ рече дека следната рунда од дијалогот ќе се одржи на 13 мај. – Разговорите беа тешки и напнати, но беа директни, што е добро. И јас и експертите имавме можност да ги претставиме нашите предлози за идеите на ЕУ и за решавање на проблемот со динарот, бидејќи Курти со таа одлука го загрози опстанокот на српскиот народ. Ова мора под итно да се реши – рече Петковиќ. Тој изрази надеж дека ќе има напредок на 13 мај, но рече дека тоа не зависи од Белград....
📽️ Ѝ ЗДОДЕАЛО ДА ГО ЧУВА, ПА РЕШИЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ! Еве колку пари побарала 19-годишната мајка во замена за детето
+Инфо - пред 1 час
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна жена се обидела да го продаде својот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми. Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. Наводно, 19-годишната му го понудила детето на свој познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација. Можеби ќе ве интересира ТРГНА НОВИОТ ПАКЕТ ВОЕНА ПОМОШ Вашингтон испрати нов… плусинфо 25/04/2024 ЛИТВАНИЈА ЈА НАПАДНА БЕЛОРУСИЈА? Минск вели дека спречил… плусинфо 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Од парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис. Детето било преземено од полицијата и предадено на надлежните. Неговата мајка беше обвинета за трговија со луѓе....
📽️ Ѝ ЗДОСАДИЛО ДА ГО ЧУВА, ПА РЕШИЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ! Еве колку пари побарала 19-годишната мајка во замена за детето
+Инфо - пред 1 час
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна жена се обидела да го продаде својот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми. Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. Наводно, 19-годишната му го понудила детето на свој познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација. Можеби ќе ве интересира ТРГНА НОВИОТ ПАКЕТ ВОЕНА ПОМОШ Вашингтон испрати нов… плусинфо 25/04/2024 ЛИТВАНИЈА ЈА НАПАДНА БЕЛОРУСИЈА? Минск вели дека спречил… плусинфо 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Од парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис. Детето било преземено од полицијата и предадено на надлежните. Неговата мајка беше обвинета за трговија со луѓе....
ПОЛЈАЦИТЕ СЕ ОГОРЧЕНИ КОГА ГЛЕДААТ МЛАДИ УКРАИНЦИ ВО КАФУЛИЊАТА Полска ќе ги враќа военоспособните во Украина
+Инфо - пред 1 час
Полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, во интервју за Полсат њуз изјави дека Полска е подготвена да и помогне на Украина да ги врати военоспособните мажи за „да ја исполнат својата граѓанска обврска“. – Мислам дека многу Полјаци се огорчени кога гледаат млади Украинци во хотели и кафулиња, а слушаат колку труд треба да вложиме за да и помогнеме на Украина – рече Косињак-Камиш. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Полскиот министер потврди дека Варшава веќе и понудила помош на Украина во минатото за да можат регрутите да се вратат во својата земја. Можеби ќе ве интересира ТРГНА НОВИОТ ПАКЕТ ВОЕНА ПОМОШ Вашингтон испрати нов… плусинфо 25/04/2024 УКРАИНА ЈА ОЧЕКУВА КРИТИЧЕН ПЕРИОД Ќе биде тешка ситуација,… плусинфо 22/04/2024 – Секаква поддршка е можна“, одговори Косињак-Камиш на прашањето како ќе се постави Полска доколку Киев побара мажите кои ќе го изгубат правото да останат во Полска, да се вратат дома. Ројтерс, повикувајќи се на Евростат, пишува дека во земјите на Европската унија живеат околу 4,3 милиони Украинци. Полска им додели статус на привремена заштита на 950.000 Украинци, втор најголем број по Германија. Инаку, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави дека се сопрени конзуларните услуги за украинските мажи кои се воени обврзници. Украинската влада им забрани на конзулатите да издаваат украински пасоши, за домашни или за меѓународни патувања, на украински мажи на возраст меѓу 18 и 60 години. Отсега овие документи ќе бидат достапни само во Државната служба за миграција....
ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ СЕ КРЕНА ПРОТИВ РУСИЈА Повик до земјите членки на ЕУ итно да се спротивстават на руско мешање
+Инфо - пред 2 часа
Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која се повикуваат лидерите на ЕУ и земјите членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање. Во Резолуцијата, усвоена со 429 гласа „за“, 27 „против“ и 48 „воздржани“, европратениците бараат преземање мерки за справување со „обидите за мешање на Русија, не само во институциите на ЕУ, туку и низ целата Унијата“. Во документот се посочува дека „постои чувство на итност и решителност“ за преземање мерки, особено во пресрет на европските избори што ќе се одржат од 6 до 9 јуни годинава. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Како што јави дописникот на МИА од Брисел, усвојувањето на Резолуцијата следи по неодамнешни откритија за обиди на Кремљ да се меша и да ги поткопува европските демократски процеси преку поткуп на европратеници. „Парламентот е згрозен од веродостојните наводи дека некои европратеници биле платени да шират руска пропаганда и дека неколкумина учествувале во активностите на прорускиот медиум „Гласот на Европа“ во време на илегалната агресивна војна на Русија против Украина“ – се наведува во Резолуцијата, во која се додава дека секој таков обид за влијание и мешање мора да има последици. Покрај сомнителните случаи на руско мешање низ цела Европа, пред се во Бугарија, Германија и Словачка, во документот се посочува и примерот со неодамнешното сослушување на еден од водечките европратеници на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), Максимилијан Крах од страна на американското Федерално истражно биро (ФБИ) поради сомнежи дека добил пари од агенти на Кремљ, како и со апсењето на неговиот асистент пред два дена под обвинение дека е кинески шпион. Можеби ќе ве интересира ПУТИН ТРИЕ РАЦЕ! Руските приходи од нафта и плин двојно… плусинфо 25/04/2024 ТЕРОРИСТИТЕ ВО МОСКВА БИЛЕ ПЛАТЕНИ СО КРИПТОВАЛУТИ… МИА 25/04/2024 „Парламентот ја повикува АФД без одлагање јавно да ги објави своите финансиски трансакции, пред сè со Кремљ, и јавно да го открие целиот и точен износ на сите средства кои ги добила од извори поврзани со Кремљ“ – се додава во Резолуцијата. Натаму во текстот се посочува дека иако и други земји се исто така активни на тоа поле, Русија останува главен извор на странско мешање и ширење дезинформации во ЕУ. „Одговорот на ЕУ на овие закани може да биде ефикасен само ако се заснова на заеднички, холистички и долгорочен политички пристап на ЕУ и на земјите членки“ – се наведува во Резолуцијата усвоена од Европскиот парламент. Со Резолуцијата се бара подобрување на „внатрешната безбедносна култура“ на Европскиот парламент, вклучително и на темелните внатрешни истраги за да се проценат можните случаи на странско мешање и целосното спроведување на рамката за внатрешни санкции, како и задолжителна безбедносна обука за европратениците и вработените, издавање соодветни безбедносни сертификати и засилен скрининг на персоналот. Натаму, во Резолуцијата се повикува Советот на ЕУ со следниот пакет санкции поврзан со Русија да бидат опфатени и медиуми поддржани од Кремљ, како и други радиодифузери и медиумски организации и поединци „одговорни за ширење пропагандни и дезинформациски кампањи во ЕУ“....
ПУТИН ТРИЕ РАЦЕ! Руските приходи од нафта и плин двојно повисоки во однос на лани
+Инфо - пред 4 часа
Руските приходи од нафта и гас ќе достигнат 1,29 трилиони рубљи (14 милијарди долари) во април, што е речиси двојно повеќе од истиот месец минатата година благодарение на зголемените цени, покажуваат пресметките на Ројтерс. Проценките се засновани на податоците од индустриските извори и официјалната статистика за производство, преработка и снабдување со нафта и гас на рускиот и меѓународниот пазар. Руското Министерство за финансии на почетокот на мај ќе ги објави податоците за април. За цела 2024 година, владата во буџетот предвиде приходи од продажба на нафта и гас од 11,5 трилиони рубљи, за 30% повисоки од 2023 година, кога се намалија за 24% поради пониските цени на нафтата и намалениот извоз на гас под притисок на санкциите. Можеби ќе ве интересира ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ СЕ КРЕНА ПРОТИВ РУСИЈА Повик до… плусинфо 25/04/2024 „УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се… плусинфо 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Благодарение на закрепнувањето на приходите од продажбата на енергетски производи, рускиот буџетски дефицит се намали во првите три месеци од оваа година на 607 милијарди рубљи, што одговара на 0,3% од бруто домашниот производ (БДП), наведува Ројтерс. Западните земји воведоа бројни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, настојувајќи да ги намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и гас, кои сочинуваат околу една третина од федералниот буџет. Казнените мерки вклучуваат забрана за водење бизнис со руски финансиски институции....
ЦЕЛТА НА КОСОВО Е ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО Курти испрати порака од Берлин
+Инфо - пред 4 часа
Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин изјави дека целта на Косово е членство во меѓународните организации, ЕУ и НАТО. Тој при посетата на „Фондацијата Бертелсман“ рече дека целта е да се подобрат односите на Косово со Германија и европските демократски држави. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Курти, потсетувајќи на историјата на 90-тите години на минатиот век и на патот на многу земји кон евроатлантските интеграции и проширувањето на ЕУ, НАТО и Советот на Европа (СЕ), подвлече дека целта на Косово е членство во овие организации. Тој укажа и на историската важност и „динамиката на односите“ на Косово со Германија и европските демократски држави. – Првиот чекор го направивме во 2008 година, кога Косово прогласи независност и кога бевме признати од мнозинството демократии во Европа. Вториот чекор се однесува на обединување со институциите кои се столбови на демократска Европа. Сакаме да се приклучиме на НАТО како безбедносен чадор за нашиот континент. Сакаме да се приклучиме на ЕУ како најважен проект и процес на мир и просперитет – потенцираше премиерот на Косово. Можеби ќе ве интересира КОЈ СТАВИ ДРОГА ВО БАНАНИТЕ? Германците откриле повеќе од… МИА 25/04/2024 СЛУЧАЈОТ КОЈ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ ДОБИ… плусинфо 23/04/2024 Тој ја нагласи важноста на членството на Косово во Советот на ЕУ. – Првиот чекор што треба да го направиме сега е да се приклучиме на првиот клуб на европските демократии, создаден токму овој месец пред 75 години во Лондон – Советот на Европа – рече Курти. Тој додаде дека Владата на Косово е посветена на почитување на заедничките вредности, човековите права, владеењето на правото и демократијата. Курти ги повика германските власти да продолжат да го поддржуваат Косово во последната фаза од гласањето и постигнувањето полноправно членство во таа организација, соопшти Владата на Косово. Тој рече дека прифаќањето на Косово како 47-ма членка на Советот на Европа на неговата 75-годишнина е „историски напредок, за Косово и неговите граѓани, за регионот и за целиот Совет“. Како што наведе, корист од тоа ќе имаат сите граѓани, особено малцинствата во Косово....
ПРОТЕСТИ ВО ВЕНЕЦИЈА ПРОТИВ ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА Судир на полицијата со демонстрантите
+Инфо - пред 4 часа
Во Венеција денеска дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се против воведувањето туристичка такса за влез во италијанскиот град, јави Си-Ен-Би-Си. Некои од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во областа на плоштадот Пиаца де Рома и да влезат во историскиот дел на Венеција. Други носеа плакати на кои пишуваше „Венеција не е на продажба, таа е заштитена“ и „Не за данокот, Да за домовите и услугите за сите“. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Венеција стана првиот град во светот кој воведе такса за туристите кои го посетуваат. Од денеска тие плаќаат такса од 5 евра за посета на градот од 08:30 до 16:00 часот. Таксата не важи за жителите на регионот Венето, за луѓето кои работат, студираат или се родени во Венеција, како и за туристите кои резервирале ноќевања во градот. Деца до 14 години исто така не плаќаат туристичка такса. Туристите со резервации за ноќевање во Венеција ќе треба да им прикажат специјален QR код преку нивните паметни телефони на службениците кои ги наплатуваат влезниците. За оние кои немаат паметни телефони, има посебни штандови со претставници на општинските власти, на кои може да им докажат дека имаат право на бесплатен пристап до градот. Можеби ќе ве интересира 📽️ 📷 СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ ДУИ СЛАВИ ВО ТЕТОВО Османи убедливо… плусинфо 24/04/2024 ПОЛИЦИЈАТА ЛАЖЕЛА ДЕКА Е ЖИВ?! Братот на осомничениот за… плусинфо 24/04/2024 Туристите кои нема да ја платат таксата може да бидат казнети од 50 до 300 евра. Влезот првично ќе се наплатува пробно до 5 мај, а потоа во повеќето викенди до средината на јули. До крајот на годинава ќе се донесе одлука дали новата мерка ќе стане трајна. Иницијативата е обид да се обесхрабрат туристите кои го посетуваат градот само на еден ден во време на најголемиот метеж. Според проценките, градот минатата година го посетиле околу 15 милиони луѓе....
ТРГНА НОВИОТ ПАКЕТ ВОЕНА ПОМОШ Вашингтон испрати нов ракетен систем во Украина
+Инфо - пред 4 часа
САД испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина, потврди Пентагон. Ова оружје со висока прецизност е дел од итниот воен пакет за Украина што САД го најавија пред шест месеци. „Претседателот Џо Бајден му наложи на својот тим да испорача ракетни системи со долг дострел откако Русија набави балистички ракети од Северна Кореја и ги употреби против Украина“ – соопшти Пентагон. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Тактичките ракетни системи на војската, познати како АТАЦМС, ќе и помогнат на Украина да им се закани на руските сили во кој било дел од окупираната украинска територија, се додава во соопштението. Можеби ќе ве интересира 📽️ Ѝ ЗДОДЕАЛО ДА ГО ЧУВА, ПА РЕШИЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ!… плусинфо 25/04/2024 ПОЛЈАЦИТЕ СЕ ОГОРЧЕНИ КОГА ГЛЕДААТ МЛАДИ УКРАИНЦИ ВО… Панорама 25/04/2024 АТАЦМС е ракетен систем за наведување балистички ракети со долг дострел, со висока прецизност, со дострел од 300 километри, кој може да се лансира од мобилни платформи како што се ракетни лансери ХИМАРС. – Ќе се погрижам испораките да започнат веднаш. Во следните неколку часа, буквално за неколку часа ќе започнеме да испраќаме опрема за противвоздушна одбрана, артилериска муниција за ракетни системи и оклопни возила во Украина – рече Бајден во Белата куќа. Американскиот претседател нагласи дека обновувањето на залихите на американско оружје на Украина е инвестиција „не само во безбедноста на Украина, туку и во безбедноста на Европа и сопствената безбедност“. Минатиот октомври Украина распореди американски ракети АТАЦМС. Тогаш тоа беа модели со помал домет од околу 165 километри. Украинската влада бара ракети кои можат да погодат многу подалечни цели....
ПОСКАПЕ РЕГИСТРАЦИЈАТА НА ВОЗИЛА Погледнете колку ќе ве чини осигурувањето според новиот ценовник
+Инфо - пред 5 часа
Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6.292 денари или 893 денари повеќе. 6.166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7.115 денари. 8.233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7.134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9.820, а досега чинеше 8.510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11.878 денари. За возилата до 44 киловати цените на полисите за автоодговорност остануваат исти. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Со ваквите промени на цените се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата. Можеби ќе ве интересира „НЕ СЕ ЧУДЕТЕ ШТО ВЕ СНАЈДЕ, ВЕ СНАЈДЕ НАРОД“ Мицкоски со… плусинфо 25/04/2024 АРТАН, ТЕРАПИЈА ЌЕ ТИ ПРЕПИШЕ Д-Р ТАРАВАРИ, ДА СИ ЈА ЗЕМЕШ… плусинфо 25/04/2024 Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток, случајно или не, ден после изборите. Од Осигурителните компании велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени. Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија....
ИЗРАЕЛ ГО БОМБАРДИРАШЕ РАФАХ Во воздушниот напад убиени се и две деца
+Инфо - пред 6 часа
Здравствените власти денеска соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа. Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Во централниот дел на Газа во израелско гранатирање загинаа четири лица, а нивните тела се префрлени во локална болница. Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови. Можеби ќе ве интересира ХАМАС ПРЕДЛАГА ЕДНОГОДИШЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА… плусинфо 25/04/2024 ХАМАС Е СПРЕМЕН ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ „Решението е договор,… МИА 25/04/2024 Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз Рафах, дом на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои побараа засолниште од борбите на друго место. Израелските сили ја реализираа својата закана дека ќе ја проширират својата копнена офанзива против милитантната група Хамас до египетскиот пограничен град и покрај повиците за воздржаност, вклучително и од САД. Војната меѓу Израел и Хамас изби по нападот на палестинската милитантна група врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, при што загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа киднапирани уште 250. Повеќе од 34.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас, според Министерството за здравство на Газа. Во извештајот, Министерството не прави разлика меѓу цивили и борци, но се истакнува дека околу две третини од убиените се жени и деца....
ИЗРАЕЛ ГО БОМБАРДИРА РАФАХ Во воздушниот напад убиени и две деца
+Инфо - пред 6 часа
Здравствените власти денеска соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа. Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Во централниот дел на Газа во израелско гранатирање загинаа четири лица, а нивните тела се префрлени во локална болница. Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови. Можеби ќе ве интересира ХАМАС ПРЕДЛАГА ЕДНОГОДИШЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА… плусинфо 25/04/2024 ХАМАС Е СПРЕМЕН ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ „Решението е договор,… МИА 25/04/2024 Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз Рафах, дом на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои побараа засолниште од борбите на друго место. Израелските сили ја реализираа својата закана дека ќе ја проширират својата копнена офанзива против милитантната група Хамас до египетскиот пограничен град и покрај повиците за воздржаност, вклучително и од САД. Војната меѓу Израел и Хамас изби по нападот на палестинската милитантна група врз јужен Израел на 7 октомври минатата година, при што загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа киднапирани уште 250. Повеќе од 34.000 Палестинци се убиени во војната меѓу Израел и Хамас, според Министерството за здравство на Газа. Во извештајот, Министерството не прави разлика меѓу цивили и борци, но се истакнува дека околу две третини од убиените се жени и деца....
ХАМАС ПРЕДЛАГА ЕДНОГОДИШЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА Решението „две држави“ повторно на маса
+Инфо - пред 6 часа
Египетските власти му доставија на Израел предлог подготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи. Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Египет изнесе и сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС. За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 На 1 декември 2023 година, израелската војска го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбите во Појасот Газа. Претходно денеска, заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се воспостави палестинската држава со границите од 1976 година што претставува познато „решение со две земји“. Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, изјави дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции. ” Можеби ќе ве интересира ИЗРАЕЛ ГО БОМБАРДИРАШЕ РАФАХ Во воздушниот напад убиени се… плусинфо 25/04/2024 ХАМАС Е СПРЕМЕН ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ „Решението е договор,… МИА 25/04/2024 Во интервју за Асошиетед прес, тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено. – Што покажуваат искуствата на народите кои се бореле против окупатори? Кога станаа независни и ги остварија своите права и својата земја, што направија? Во што се претворија нивните сили? Тие се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија – рече Ал Хаја. Тој оцени дека долгонајавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафах нема да го победи Хамас. – Израелските сили не уништија повеќе од 20% од силите на Хамас. Ако не можат да го уништат Хамас, кое е решението? Решението е договор – рече Ал-Хаја. Хамас, како што наведе, направи отстапки за време на преговорите со Израел, но нема да се откаже од барањето за траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници. – Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?- истакна Ал-Хаја....
„МИРНОТО РАЗДВОЈУВАЊЕ Е ФАКТ“ Додик вели дека се отвораат нови перспективи за Република Српска
+Инфо - пред 7 часа
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска повика на, како што рече, „разговори на институционално ниво за одвојување“. – Отпадничките структури на босанските муслимани одамна ја напуштија уставната рамка и отстапуваат од сè што претставува Дејтонската Босна и Херцеговина. Можеби Комшиќ мисли дека успеал да направи нешто затоа што останал воздржан, но тоа суштински не менува ништо, освен што ни е јасна пораката за нас во Република Српска дека јавно покажаа дека сè што правиме за да ја зачуваме нашата уставна позиција е правилно и единствено можно во услови на постојано подметнување и обиди за уривање на Република Српска и заобиколување на процесот на одлучување со еднострано дејствување – рече Додик. Можеби ќе ве интересира „ПУТИН ЌЕ МАРШИРА НА БАЛКАНОТ“ Претставник на американскиот… плусинфо 18/04/2024 ЕУ И САД ГО ПРЕДУПРЕДИЈА ДОДИК Република Српска обвинета за… плусинфо 18/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Тој додаде дека тоа „отвора нови перспективи за Република Српска“. – Па, веќе не е толку невообичаено да се каже и да се очекува Република Српска да го стори истото. Има механизми за тоа. Потребно е да го официјализираме нашето мирно одвојување кое босанските муслимани го иницираа со своите еднострани потези и уривање на уставниот поредок. Би било најдобро за сите кои живеат во Босна и Херцеговина да започнеме дискусии за одвојување на институционално ниво, бидејќи мирното раздвојување е факт и треба да се направи сè за да се обезбеди стабилност и соработка на начин кој е можен – додаде Додик....
КОЈ СТАВИ ДРОГА ВО БАНАНИТЕ? Германците откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакети со овошје
+Инфо - пред 7 часа
Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин и во Бранденбург, Германија, откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакетите со банани. Можеби ќе ве интересира ЦЕЛТА НА КОСОВО Е ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО Курти испрати… плусинфо 25/04/2024 ГЕРМАНЦИ СО РУСКИ ПАСОШИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ И САБОТАЖИ Во… плусинфо 18/04/2024 Полицијата почна истрага и се вршат проверки во маркетите бидејќи не е познато колку дрога има во пакетите со банани, како и во колку продавници се дистрибуирани такви пратки. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Во Бранденбург во најмалку 4 продавници се пронајдени од 20 до 100 килограми кокаин скриен во пакетите со банани....
ЛИТВАНИЈА ЈА НАПАДНА БЕЛОРУСИЈА? Минск вели дека спречил офанзива со беспилотни летала
+Инфо - пред 7 часа
Шефот на белоруската безбедносна служба Иван Тертел изјави дека службата спречила напад со дронови врз Минск, лансиран од Литванија. Можеби ќе ве интересира ТРГНА НОВИОТ ПАКЕТ ВОЕНА ПОМОШ Вашингтон испрати нов… плусинфо 25/04/2024 „УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се… плусинфо 25/04/2024 – Комитетот за државна безбедност, во соработка со колегите од другите агенции за спроведување на законот, неодамна спроведе серија акутни безбедносни мерки, кои овозможија да се спречи нападот на борбени беспилотни летала од територијата на Литванија врз објекти во Минск и неговите предградија – истакна Тертел. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Во врска со овие обвинувања, веднаш реагираше и армијата на Литванија, која во соопштение наведе дека не презела никакви непријателски дејствија против други земји....
ЌЕ ИМА ПОЛИТИЧКА ПРОМЕНА, АМА НЕ И ЦЕНОВЕН ШОК Бизнисмените очекуваат да видат како се реализира договореното
+Инфо - пред 7 часа
Бизнисот е уверен дека земјава е пред политичка промена. Очекува поголема излезност на 8 мај, за време на парламентарните и вториот круг претседателски избори, а на новата влада и порачува – она што е договорено со стопанството пред изборите, доследно да се спроведе за да можат компаниите да го прилагодат своето функционирање на новите услови. Како што изјави денеска извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, во овој момент нема индикатори кои укажуваат на евентуален нов ценовен бран. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 – Се наоѓаме пред политичка промена во управувањето со државата. Сигурно ќе има промени. Се радувам на тоа да видам какви ќе бидат првите потези на некоја нова влада, ако се формира. Треба да не радува дека имавме мирен изборен ден. Излезноста не беше огромна, но, сепак, се работеше само за претседателски избори. Очекувам излезноста на 8 мај да биде поголема. Важно е дека сите позначајни политички партии беа во Стопанската комора, добро подготвени, со економски програми, некои подобри. Ги искомунициравме пред да дојдат на власт. За нас беше пријатно сознание дека сакаат да слушаат тоа што имаме да кажеме. Она што не сакаме да се повтори е – ништо да не видиме од тоа што сме го договориле, на пример, каде треба да биде упатен фокусот или што треба да се направи. Овој пат се надевам дека ќе биде таква добитната комбинација која ќе излезе од парламентарните избори особено, зашто таа ни е посебно битна – она што сме го договориле, па макар и не било 100% во интересите на економијата, да се спроведе доследно и да биде предвидливо за да можат компаниите да го прилагодат своето функционирање на новите услови – истакна Пешев, одговорајќи на новинарски прашања во врска со вчерашниот изборен ден. Можеби ќе ве интересира ЦЕЛА НЕДЕЛА НИ ЈА УПРОПАСТИЈА Бизнисмени се жалат на… МИА 23/04/2024 848 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БУЏЕТОТ СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА ДВА МЕСЕЦА… плусинфо 09/04/2024 За промените на цените на нафтата во светски рамки и можноста тие да повлечат евентуални нови поскапувања, Пешев смета дека засега нема индикатори кои говорат во тој правец. Тој и во оваа прилика напомена дека е многу побитно тоа што земјава се помалку произведува храна, а увозот се зголемува. -Во овој момент нема индикатори кои говорат во тој правец. Битно е дека за разлика од минатите бранови, државните резерви на САД се на највисоки ниво. Македонија одмана го следи ритамот на пазарите во светот, но е небитен играч, а ионака објективно храната во изминатиот период се повеќе доаѓа од надвор и тоа е поклучно прашање. Македонија има се помалку производство, а се повеќе увоз на храна. Во тој сегмент, цената на нафтата би имала значење. Ако се работи за увоз на храна, тогаш ја делиме судбуната на регионот. Обично храната, дури лани доаѓаше од Египет, не верувам дека и оваа година, а се дистрибуираше низ целиот Балкан што е апсолутно генерален принцип на снабдување во регионот и мислам дека за ова новата влада ќе треба да направи доста – објасни Пешев. Минатиот месец, пред почетокот на изборниот процес, Стопанската комора имаше средби со лидерите на најголемите партии. Ги слушна нивните економски програми и ветувања, но и уште еднаш ги повтори своите барања – отчет за секој потрошен денар, максимална реализација на капиталните инвестиции без пренамена на планираните средства, постигнување општ консензус за враќање на правната држава, за почитување на пазарните механизми, за борба против корупцијата и за намалување на администрацијата....
„ЕВРОПА МОЖЕ ДА УМРЕ“ Макрон шокираше зборувајќи за воената одбрана на ЕУ
+Инфо - пред 8 часа
Постои ризик дека нашата Европа може да умре, а ние не сме опремени да се соочиме со ризиците, рече Макрон во својот говор на универзитетот Сорбона во Париз, предупредувајќи дека воените, економските, трговските и другите притисоци можат да ја ослабат и расцепкаат 27-члената ЕУ. Ројтерс пишува дека 46-годишниот Макрон во својот говор сакал да им покаже на критичарите дека не станал лидер во заминување и дека сѐ уште ги има енергијата и свежото размислување што му помогнаа да дојде на претседателската функција во 2017 година. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Макрон има уште три преостанати години од неговиот втор и последен мандат како претседател. Претставувајќи ја својата идеја за посилна одбрана на ЕУ, тој рече дека не смее да ѝ се дозволи на Русија да победи во Украина и повика на зајакнување на европскиот сајбер-безбедносен капацитет, поблиски одбранбени врски со Британија по брегзитот и создавање европска академија за обука на висок воен персонал. Можеби ќе ве интересира СПРЕЧЕНИ НАЈМАЛКУ 10 ЏИХАДИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ЕВРОПА… плусинфо 23/04/2024 📷 СЕ ПРОДАВА НАЈСКАПАТА КУЌА ВО СВЕТОТ Замокот во кој… Панорама 23/04/2024 – Нема одбрана без одбранбена индустрија… ние со децении не инвестираме доволно – рече тој, додавајќи дека Европејците треба да му дадат предност на купувањето европска воена опрема. – Мораме да произведуваме повеќе, мора да произведуваме побрзо и мора да произведуваме како Европејци – рече тој. Макрон рече дека Европа ризикува да заостане економски, во контекст кога глобалните правила за слободна трговија се оспорувани од големите конкуренти, и повика на намалување на бирократијата за малите и средни бизниси. Францускиот лидер се надева дека неговиот говор ќе го има истото влијание како сличното обраќање во Сорбона што го одржа пред седум години, а кое предочи на некои значајни промени во политиката на ЕУ....
ИСПРАШУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА НА ПСИХИЈАТРИЈА Осомничените во случајот со Данка пренесени во Специјалната болница во Белград
+Инфо - пред 8 часа
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, објави српски Мондо. Можеби ќе ве интересира МОЖАТ ДА ГО ПОВЛЕЧАТ ПРИЗНАНИЕТО ДЕКА СЕ УБИЈЦИТЕ… плусинфо 25/04/2024 ПОЛИЦИЈАТА ЛАЖЕЛА ДЕКА Е ЖИВ?! Братот на осомничениот за… плусинфо 24/04/2024 Кон средината на април беше најавено дека осомничените за убиството на Данка ќе бидат испратени на психијатриско вештачење веднаш штом ќе се исполнат условите. Вишото јавно обвинителство во Заечар тогаш нареди осомничените да бидат доведени во Специјалната затворска болница на психијатриско вештачење. Покрај психијатриското вештачење на осомничените, обвинителството презема уште најмалку 5 доказни дејствија. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Двајцата се осомничени дека првин го удриле девојчето со службено возило, а потоа го задавиле и го сокриле нејзиното тело кое до ден денеска не е пронајдено. Вишото јавно обвинителство во Заечар работи на истовремено сослушување на неколку сведоци....
КАМИОНИ СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ЧЕКААТ НА РЕД НА СРПСКАТА ГРАНИЦА Српската царина привремено го стопира приоритетниот превоз
+Инфо - пред 8 часа
Царинската управа на Србија одлучи привремено да го запре преминот на границата со приоритет, откако одредени превозници се пожалија дека се злоупотребува статусот на приоритетен граничен премин и дека вон сезона за свежо овошје и зеленчук во ладилници се превезува друга стока, а се користи приоритетното преминување на границата. Забраната, како што соопшти српската Царинска управа ќе важи до конечен договор со превозниците како да се регулира оваа област. Можеби ќе ве интересира И 17-ГОДИШНИЦИ ЌЕ ВОЗАТ КАМИОНИ И АВТОБУСИ? Европа бара… плусинфо 26/02/2024 КАМИОНЏИИТЕ ДА ИМААТ ПРЕДНОСТ ПРИ ВАДЕЊЕ ДОКУМЕНТИ Барање… плусинфо 14/02/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Здруженијата на превозници ќе треба до крајот на неделава да дадат предлози како да се реши прашањето со режимот на приоритетното поминување на границата за превозниците кои превезуваат лесно расиплива стока. „Договорениот начин на поминување на границата веднаш ќе почне да се применува“, соопштија од Царината. Во соопштението не се наведува дали ова запирање на приоритетниот превоз ќе важи и за превозниците од другите земји, но факт е дека извозот на овошје и зеленчук од нашата земја се одвива главно преку граничните премини во Србија....
ТЕРОРИСТИТЕ ВО МОСКВА БИЛЕ ПЛАТЕНИ СО КРИПТОВАЛУТИ Државјани на неколку земји биле вмешани во нападот
+Инфо - пред 9 часа
Државјани на неколку земји биле вклучени во организирањето на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, особено преку финансирање на тој напад со криптовалути, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за финансиски надзор, Јуриј Чиханчин. Чиханчин, на меѓународниот форум за борба против перење пари и финансирање тероризам во Нижни Новгород, рече дека истрагата за нападот е во тек, но дека прелиминарните резултати јасно покажуваат дека државјани на неколку земји учествувале во организацијата на терористичкиот напад. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 – Нападот беше финансиран преку бројни финансиски организации и вклучуваше различни инструменти, вклучително и криптовалути – рече Чиханчин. Можеби ќе ве интересира „УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се… плусинфо 25/04/2024 „СИТЕ ЖРТВИ СЕ ОФИЦЕРИ, ТАМУ НЕМА ВОЈНИЦИ“ Седуммина руски… плусинфо 24/04/2024 Според него, меѓународниот тероризам останува главен предизвик за внатрешната безбедност на земјите, за што сведочат трагичните настани на 22 март во концертната сала „Крокус“. – Терористичкиот напад во Крокус уште еднаш покажа дека тероризмот е транснационален феномен и дека тероризмот не треба да биде проблем само на една земја – додава шефот на руската Федерална служба за финансиски надзор. Тој им се заблагодари на финансиските организации кои одиграа голема улога во истрагата за настаните поврзани со нападот во концертната сала „Крокус“. Според последните податоци, 145 лица загинаа во терористичкиот напад....
ПРЕТСТОИ ЛИ ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИНДИКАТИТЕ ПО ПОВИКОТ НА РАБОТНИЦИТЕ? Заеднички протест на ССМ и КСОМ за Денот на трудот
+Инфо - пред 9 часа
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“. Можеби ќе ве интересира ЛЕСНО Е ДА СЕ ВОДИ ПОЛИТИКА СО 2.500 ЕВРА, А КАКО ЛИ Е ДА… МИА 23/04/2024 СИНДИКАТИТЕ ИМ ДАДОА ЖОЛТ КАРТОН НА СУДИИТЕ, НАЈАВИЈА И… МИА 02/04/2024 Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 – ССМ и КСОМ ги слушнаа барањата на работниците за потребата од обединување на синдикатите и оваа години заедно го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија заедно излегуваат на работничкиот протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“ – велат од ССМ...
„УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се согласи на преговори, смета Лукашенко
+Инфо - пред 10 часа
Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија. Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори. Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори. Можеби ќе ве интересира ЛИТВАНИЈА ЈА НАПАДНА БЕЛОРУСИЈА? Минск вели дека спречил… плусинфо 25/04/2024 ТЕРОРИСТИТЕ ВО МОСКВА БИЛЕ ПЛАТЕНИ СО КРИПТОВАЛУТИ… МИА 25/04/2024 Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата. – Западот го претвори Киев во зависник од дрога, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање – посочи Лукашенко. Според него, на вооружените сили на Украина им недостасува не само муниција, туку и луѓе. Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск. – Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостигаат луѓе. Луѓето бегаат од војна – нагласи белорускиот лидер....
ЌЕ СЕ ОТВОРАТ 25.000 РАБОТНИ МЕСТА ЗА ПАЛЕСТИНЦИТЕ ВО ЗАПАДНИОТ БРЕГ Германија планира да вложи 25 милиони евра во Палестина
+Инфо - пред 10 часа
Германија ќе инвестира 25 милиони евра во отворање нови работни места за Палестинците во Западниот Брег, вклучувајќи го и источниот дел на Ерусалим. Планот е за 3 години да се 25.000 нови работни места. Можеби ќе ве интересира ВО ГЕРМАНИЈА СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИ МЕСТА Компаниите… плусинфо 28/02/2024 ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЗА 17,5% ПОМАЛКУ ПЛАТЕНИ ОД МАЖИТЕ… плусинфо 23/11/2023 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Ова го договорија германската министерка за развој Свења Шулце и новиот палестински премиер Мухамед Мустафа. – Невработеноста на Западниот Брег практично се зголеми тројно и сега изнесува 40% – изјави рече Шулце. Според неа, иницијативата треба да придонесе и за зачувување на постоечките работни места за Палестинците....
400.000 ЕВРА ПЛУС БОНУС ОД 50.000 ЕВРА ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ГО НАПУШТАТ ФОЛКСВАГЕН Компанијата се обидува да ја зголеми профитабилноста
+Инфо - пред 11 часа
Германскиот производител на автомобили Фолксваген започнува тригодишна програма за штедење која треба да ја зголеми нејзината профитабилност. Во неа се предвидува да се намали бројот на работници со високи отпремнини кои можат да изнесуваат повеќе од 400.000 евра, со дополнителен бонус од 50.000 евра, за оние кои ќе прифатат веднаш да заминат од компанијата. Најниската можна отпремнина е 17.700 евра и важи за сите кои биле вработени во Фолксваген до 5 години, а највисока можна отпремнина од 404.700 евра се нуди за работниците кои биле вработени во Фолксваген најмалку 20 години и кои се на највисоко ниво на плата, пишува германскиот економски неделник Wirschaftswohe. Можеби ќе ве интересира ВО ГЕРМАНИЈА СЕ КРАТАТ РАБОТНИТЕ МЕСТА „Тесла“ отпушта 400… плусинфо 23/04/2024 ДРЖАВАТА НЕ МРДА СО МАЛ ПРСТ ПРЕД ЕГЗОДУСОТ НА КАДАРОТ… Рада Исовска Маневска 16/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Дополнително, компанијата нуди дополнителен бонус од 50.000 евра, кој важи за сите кои се во Фолксваген повеќе од 5 години и ја прифаќаат понудата за отпремнина во рок од 2 недели. На отпремнината се применува принципот на двојна согласност, што значи дека и компанијата и вработениот мора да се согласат со тоа. Непознато е какви услови ќе важат за менаџерите, но германскиот весник наведува дека отпремнината во овој случај ќе биде уште поголема....
ОД КИМ ЗА ПУТИН ВИА ЏИНПИНГ Кина е вмешана во пратките оружје од Северна Кореја за Русија?
+Инфо - пред 11 часа
Кина обезбедува пристаниште за руски товарен брод кој е вмешан во пратките оружје од Северна Кореја за Русија, пишува Ројтерс повикувајќи се на сателитски снимки од американската компанија „Планет лабс“. Рускиот брод е под американски санкции. Британскиот институт за Обединети услуги (РУСИ) соопшти дека рускиот брод Ангара, кој од август 2023 година префрлил во руските пристаништа илјадници контејнери за кои се верува дека содржат муниција од Северна Кореја, е закотвен во кинеско бродоградилиште во источната провинција Жеџијанг од февруари. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Плусинфо веќе пишуваше за пратката оружје која во јануари Ким Јонг Ун му ја доставил на Владимир Путин. Овие наводи ги зголемуваат грижите на САД дека расте поддршката на Пекинг за Москва во војната во Украина. Вториот рангиран дипломат на Стејт департментот, Курт Кембел, овој месец рече дека Вашингтон нема да „седи“ доколку Пекинг ја зголеми својата поддршка за Москва. Можеби ќе ве интересира „УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се… плусинфо 25/04/2024 БАЈДЕН ПОТПИША, ТИК-ТОК Е НА ЧЕКОР ОД ЗАБРАНА ВО САД „Бајт… Панорама 24/04/2024 Портпаролот на американскиот Стејт департмент рече дека е свесен за „веродостојни извештаи“ дека бродот Ангара моментално е закотвен во кинеско пристаниште. Тој вели и дека Американците разговарале за ова со кинеските власти. На веб-страницата на бродоградилиштето Zhoushan Xinya пишува дека компанијата има клиенти кои доаѓаат од цела Азија, Европа и САД и дека има „стратешка соработка“ со глобалните бродски компании, вклучувајќи ги „Maersk“ и тајванската „Evergreen Marine Corp“, како и партнерства со европски технолошки компании. И Русија и Северна Кореја постојано ги отфрлаа критиките за наводните испораки на оружје. Москва вели дека ќе развие врски со кои земји сака и дека нејзината соработка со Пјонгјанг не е во спротивност со меѓународните договори. БАНКАРСКИ СМЕТКИ ОТКРИВААТ ДОГОВОР МЕЃУ ПУТИН И КИМ Што добива Северна Кореја за оружјето што ѝ го праќа на Москва?...
АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ ВО САД Четвртина од Американците постари од 50 години не веруваат дека некогаш ќе се пензионираат
+Инфо - пред 11 часа
Околу една четвртина од возрасните во САД постари од 50 години, кои се уште не се пензионирани, очекуваат никогаш да не се пензионираат, а 70% од нив се загрижени дека цените растат побрзо од нивните приходи, покажа истражувањето на Американската асоцијација на пензионери, пренесува АП. Речиси секој четврти испитаник нема заштеди за пензионирање. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Истражувањето покажува дека Американците се повеќе се загрижени за тоа како да врзат крај со крај, иако економистите и креаторите на политиката велат дека американската економија достигнала „меко слетување по две години рекордна инфлација“. Можеби ќе ве интересира СКАНДАЛ ВО АМЕРИКАНСКОТО БИРО ЗА СТАТИСТИКА Фирми „супер… плусинфо 12/04/2024 КОМПАНИИТЕ „NVIDIA“ И AMD СЕ НАЈПОГОДЕНИ Америка го… плусинфо 01/04/2024 Секојдневните трошоци и трошоците за домување, вклучувајќи ги плаќањата за кирија и хипотека, се најголемите причини зошто луѓето не можат да штедат за пензионирање. Податоците ќе бидат важни во оваа изборна година, бидејќи претседателот Џозеф Бајден и неговиот речиси сигурен противник Доналд Трамп се обидуваат да ја добијат поддршката од постарите Американци, кои традиционално гласаат во голем број. -Премногу луѓе немаат пристап до опциите за пензиско штедење, а тоа, заедно со повисоките цени, им отежнува на луѓето да изберат кога да се пензионираат – изјави потпретседателката на истражувањето, Индира Венкатесваран. Уделот на луѓе на возраст од 50 и повеќе години кои велат дека не очекуваат да се пензионираат остана стабилен....
МОЖАТ ДА ГО ПОВЛЕЧАТ ПРИЗНАНИЕТО ДЕКА СЕ УБИЈЦИТЕ Осомничените во случајот со Данка со нова стратегија?
+Инфо - пред 11 часа
Адвокатот Радомир Мунижаба објаснил дека осомничените за убиството на Данка Илиќ ги смениле адвокатите за да ја сменат стратегијата, објави српски Б92. – Со ангажирање нов адвокат може да дојде до промена на одбраната на осомничениот, односно дали осомничениот ќе молчи во текот на постапката, дали ќе изнесе одбрана, како и дали во некоја фаза ќе ја дополни својата одбрана или ќе ја промени – објаснува Мунижаба. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Се поставува прашањето зошто осомничените не ангажирале друг адвокат, туку и понатаму ќе ги брани адвокат по службена должност? – Кога на избраниот адвокат ќе му се одземе полномошното, а осомничениот нема да ангажира нов адвокат, тогаш обвинителството или судот му определуваат адвокат по службена должност. Ова правило важи во случаи кога се применува начелото на задолжителна одбрана, а задолжителна одбрана е пропишана кога се заканува поголема затворска казна и кога осомничениот е лишен од слобода. Во конкретниот случај не знаеме зошто осомничениот не ангажирал нов адвокат, па затоа истражниот орган му постави нов адвокат по службена должност – вели адвокатот. Тој посочува дека е важно да се најде телото на Данка Илиќ и посочува дека клучен доказ против осомничените би биле наодите за повреди на телото на жртвата. Можеби ќе ве интересира ИСПРАШУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА НА ПСИХИЈАТРИЈА Осомничените во… плусинфо 25/04/2024 ПОЛИЦИЈАТА ЛАЖЕЛА ДЕКА Е ЖИВ?! Братот на осомничениот за… плусинфо 24/04/2024 – Доколку станува збор за кривично дело против безбедноста во сообраќајот, тогаш трагите или оштетувањата на асфалтот, како и на автомобилот, се најважниот доказ. А во конкретниот случај, најзначајни повреди се повредите на телото на жртвата. Исто така, сите споменати траги, штети и повреди на жртвата би биле опфатени во судското медицинско вештчење. Во конкретниот случај би биле земени предвид трагите на автомобилот и од автомобилот – објасни адвокатот. Има само претпоставки зошто телото не е пронајдено, но она што е специфично за овој случај е дека не е пронајдена трага која покажува дека телото на жртвата е на местата каде што осомничените рекле дека го однеле. Ни парче облека ни коса ни некој друг предмет со потекло од Данка Илиќ, тврди Мунижаба. Се поставува прашањето што ќе се случи во самата истрага доколку осомничените ги сменат исказите во кои го признале делото и детално го опишале. – Осомничените имаат право да се бранат како што сакаат, што значи дека доколку во првата фаза при давање изјава признале дека сториле кривично дело, подоцна можат да го сменат исказот и да кажат дека поради некоја причина не се држат до признанието. Тогаш се земаат предвид нивните изменети изјави, како и сите други материјални докази, а по изведувањето на доказите на главниот претрес, судот решава дали има основа за пресуда дека се виновни или ќе добијат ослободителна пресуда- вели Мунижаба. СРЃАН ЌЕ КАЖЕ СЀ ЗА ДАНКА? Осомничениот сака да си го смени адвокатот...
АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ ВО САД Четвртина од Американците постари од 50 години не верува дека некогаш ќе се пензионира
+Инфо - пред 11 часа
Околу една четвртина од возрасните во САД постари од 50 години, кои се уште не се пензионирани, очекуваат никогаш да не се пензионираат, а 70% од нив се загрижени дека цените растат побрзо од нивните приходи, покажа истражувањето на Американската асоцијација на пензионери, пренесува АП. Речиси секој четврти испитаник нема заштеди за пензионирање. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Истражувањето покажува дека Американците се повеќе се загрижени за тоа како да врзат крај со крај, иако економистите и креаторите на политиката велат дека американската економија достигнала „меко слетување по две години рекордна инфлација“. Можеби ќе ве интересира СКАНДАЛ ВО АМЕРИКАНСКОТО БИРО ЗА СТАТИСТИКА Фирми „супер… плусинфо 12/04/2024 КОМПАНИИТЕ „NVIDIA“ И AMD СЕ НАЈПОГОДЕНИ Америка го… плусинфо 01/04/2024 Секојдневните трошоци и трошоците за домување, вклучувајќи ги плаќањата за кирија и хипотека, се најголемите причини зошто луѓето не можат да штедат за пензионирање. Податоците ќе бидат важни во оваа изборна година, бидејќи претседателот Џозеф Бајден и неговиот речиси сигурен противник Доналд Трамп се обидуваат да ја добијат поддршката од постарите Американци, кои традиционално гласаат во голем број. -Премногу луѓе немаат пристап до опциите за пензиско штедење, а тоа, заедно со повисоките цени, им отежнува на луѓето да изберат кога да се пензионираат – изјави потпретседателката на истражувањето, Индира Венкатесваран. Уделот на луѓе на возраст од 50 и повеќе години кои велат дека не очекуваат да се пензионираат остана стабилен....
📽 ПАДНА СИМБОЛОТ НА ЉУБОВТА ВО ПАРИЗ Се откачија крилата на црвената ветерница
+Инфо - пред 12 часа
Крилата на црвената ветерница на врвот на Мулен Руж, најпознатиот париски кабаре клуб, паднаа на земја во текот на ноќта. – Не знаеме што точно се случи. Крилата паднаа помеѓу 2 и 3 часот наутро. Никој не е повреден – изјави портпаролот на клубот. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Според француските медиуми, ова е прв пат ветерницата да се откачи и покрај тоа што механизмот се проверува секоја недела. Можеби ќе ве интересира УТРЕ ПОРОЕН ДОЖД И ВЕТРИШТА Пролетта ќе ни се врати дури в… плусинфо 22/04/2024 🎥 ДРАМА ВО ИРАНСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ПАРИЗ Француската полиција… плусинфо 19/04/2024 🇫🇷 FLASH – Les ailes du Moulin Rouge, dans le quartier de Pigalle, se sont effondrées cette nuit. Aucun blessé n’est à déplorer. (Le Parisien) pic.twitter.com/aS8zEHCuk6 — AlertesInfos (@AlertesInfos) April 25, 2024 Tout fout le camp: à Pigalle, les ailes du célèbre Moulin Rouge et les trois premières lettres de l’enseigne se sont effondrées. Heureusement sans faire de victimes ! pic.twitter.com/qNxeBJYll1 — FrançoisLabrouillère (@flabrouillere) April 25, 2024...
ИНЦИДЕНТИТЕ СО АВИОНИТЕ ДОНЕСОА НЕОЧЕКУВАНА МАЛА ЗАГУБА „Боинг“ оствари загуба од 355 милиони долари во првиот квартал
+Инфо - пред 12 часа
Американската авиокомпанија „Боинг“ соопшти дека загубила 355 милиони долари во првиот квартал, или 56 центи по акција, што е намалување од загубата од 425 милиони долари или 69 отсто по акција една година претходно. Со исклучок на еднократните ставки, вклучувајќи ги и трошоците за пензија, компанијата загуби 388 милиони долари или 1,13 долари по акција. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Приходите паднале за осум проценти на 16,57 милиони долари, малку повеќе од процените на аналитичарите. Можеби ќе ве интересира АМЕРИКАНСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ЗАБЕЛЕЖА ЗАГУБА Кусокот е… плусинфо 27/03/2024 ПОВЕЌЕ ОБВИНЕНИЈА НА СМЕТКА НА БОИНГ Истрагата откри лоша… МИА 27/02/2024 Резултатите не се охрабрувачки, но сепак се малку подобри во споредба со прогнозата на агенцијата LSEG, која предвиде приход од 16,23 милијарди долари и прилагодена загуба од 1,76 долари по акција. Извршниот директор на Боинг, Дејвид Калхун, рече дека компанијата е во „тешко време“ бидејќи мораше да го намали производството и испораките по серијата инциденти кои открија сериозни проблеми со авионите на „Боинг“. Според него, компанијата сега е фокусирана пред се на безбедноста и подобрување на синџирот на производство. Калхун претходно најави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на компанијата до крајот на годината. Боинг има проблеми со своите авиони повеќе од пет години, вклучително и две фатални несреќи на Боинг 737 Макс во 2018 и 2019 година во кои загинаа 346 луѓе....
ХАОС ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ КАМПУСИ ВО САД Полицијата апси студенти на пропалестински протести
+Инфо - пред 12 часа
Американската полиција уапси повеќе десетици студенти во Тексас и Калифорнија, кои протестираа против војната меѓу Израел и Хамас во Газа. Во Тексас вчера се уапсени 34 лица, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и полициската коњаница, а меѓу уапсените е и новинар на американската ТВ станица Фокс, јавија американските медиуми. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Студенти од Тексас побарале нивниот универзитет да прекине секаква соработка со компаниите што произведуваат и продаваат оружје на Израел, пишува Индипендент. Апсењата минаа помирно во Калифорнија, каде што беа уапсени околу 20 студенти кои претходно три дена беа забарикадирани во зградата на универзитетот, на што универзитетот одговори со организирање онлајн часови. Претходно, на почетокот на неделата, полицијата соопшти за 133 приведени демонстранти на Универзитетот Колумбија во Њујорк и околу 40 на Универзитетот Јејл. Вчера пропалестинските протести во САД се проширија на повеќе универзитетски кампуси, што предизвика реакција од Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом. Можеби ќе ве интересира ПЕНТАГОН ПОТВРДИ ДЕКА НА УКРАИНА Ѝ СЕ ИСПРАТЕНИ МОЌНИ… плусинфо 25/04/2024 БАЈДЕН ПОТПИША, ТИК-ТОК Е НА ЧЕКОР ОД ЗАБРАНА ВО САД „Бајт… Панорама 24/04/2024 Тој вчера го посети Универзитетот Колумбија во Њујорк и рече дека „ако не се спречат демонстрациите, наскоро ќе биде добро време за Националната гарда“. Движењето започна на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде минатата недела беа извршени десетици апсења откако универзитетските службеници, по повеќекратните предупредувања и наводи за прекршување на политиката на институцијата, ја повикаа полицијата да интервенира. Еврејските студенти на неколку кампуси ги обвинија демонстрантите за закани со насилство, антисемитизам и поддршка за Хамас, организација која САД, ЕУ и Велика Британија ја сметаат за терористичка организација. Демонстрантите ги негираат овие обвинувања. Посетата на Џонсон на Колумбија дојде кога властите распоредија полиција во опрема за немири на Универзитетот во Тексас во Остин, каде стотици демонстранти одржаа бурен марш, извикувајќи „Долу окупацијата“. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“, како и контроверзниот слоган „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“, што некои го протолкуваа како повик за уништување на државата Израел, која се наоѓа помеѓу реката Јордан и Средоземното Море. Универзитетот соопшти дека го затвора кампусот за надворешни посетители, иако часовите и другите активности ќе продолжат. Студентите исто така започнаа протести во училиштата, вклучувајќи ги Јеил, МИТ, УК Беркли, Универзитетот во Мичиген, Браун и Харвард. Телевизијата Ен-Би-Си објави дека ФБИ координира со универзитетите за антисемитските закани и можното насилство поврзано со тековниот бран протести....
ХАМАС Е СПРЕМЕН ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ „Решението е договор, но под еден услов“
+Инфо - пред 12 часа
Потпретседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја, изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспоставена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познато „решение со две држави“. Ал Хаја нагласи дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот Брег и на Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено и оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас. Можеби ќе ве интересира ИЗРАЕЛСКО-АМЕРИКАНСКИ ЗАЛОЖНИК БЕЗ ЕДНА РАКА МОЛИ ЗА СПАС… плусинфо 24/04/2024 БАЈДЕН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ Вашингтон ќе почне да испраќа… плусинфо 24/04/2024 – Израелските сили не уништија повеќе од 20% од силите на Хамас. Ако не можат да го докрајчат Хамас, кое е решението? Решението е договор – изјави Ал Хаја. Хамас, како што наведе тој, направи отстапки за време на преговорите со Израел, но нема да се откаже од барањето за траен прекин на огнот и за целосно повлекување на израелските војници. – Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците – праша Ал Хаја....
ПЕНТАГОН ПОТВРДИ ДЕКА НА УКРАИНА Ѝ СЕ ИСПРАТЕНИ МОЌНИ РАКЕТИ Веќе се употребени во неколку напади на руска територија
+Инфо - пред 13 часа
Украина почна да користи балистички ракети со долг дострел тајно обезбедени од САД против инвазијата на руските сили, потврдија американски официјални лица. Оружјето беше дел од пакетот помош од 300 милиони долари одобрен од американскиот претседател Џо Бајден во март и пристигна овој месец. Тие веќе се користени барем еднаш за цел на руски цели во окупираниот Крим, наведуваат американските медиуми. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Бајден сега потпиша нов пакет помош за Украина од 61 милијарда долари. САД претходно и доставија на Украина верзија на армискиот тактички ракетен систем со среден дострел (ATACMS), но не сакаа да испратат нешто помоќно, делумно поради загриженоста за загрозување на американската воена готовност. Сепак, Бајден во февруари тајно дал зелено светло да го испрати системот со долг дострел – кој може да истрела проектили до 300 километри. – Можам да потврдам дека Соединетите Држави и дадоа ATACMS на Украина со долг дострел по директна наредба на претседателот – рече портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Тој рече и дека САД „не го објавија тоа на самиот почеток за да ја одржат оперативната безбедност на Украина на нивно барање“. Не е јасно колку оружје е веќе испратено, но американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Вашингтон планира да испрати уште. – Тие ќе направат разлика. Но, како што реков претходно на овој подиум… нема сребрен куршум“ – рече тој. Можеби ќе ве интересира „УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се… плусинфо 25/04/2024 ХАОС ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ КАМПУСИ ВО САД Полицијата апси… МИА 25/04/2024 Ракети со поголем дострел беа употребени за прв пат минатата недела за да го погодат рускиот аеродром во окупираниот Крим, Ројтерс цитираше неименуван американски претставник. Новите проектили биле користени и во нападот врз руските војници во окупираниот пристанишен град Бердјанск во текот на ноќта во вторникот, според Њујорк Тајмс. Во последниве месеци, Киев ги засили своите повици за помош од Западот, бидејќи неговиот залихи на муниција истекува, а Русија постојано расте. Новиот пакет помош следи по неколкумесечниот застој поради противењето на помошта од некои во Конгресот. -Тоа ќе ја направи Америка побезбедна, ќе го направи светот побезбеден – рече Бајден по потпишувањето на законот. Реагирајќи на пакетот, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече: – Сега ќе направиме се за да надоместиме половина година помината во дискусии и сомнежи. Она што рускиот окупатор можеше да го направи во ова време, што Путин го планира сега, мора да го свртиме против него. Зеленски неодамна предупреди дека се очекува руска офанзива во наредните недели откако Украина го загуби градот Авдијевка во текот на зимата....
ИСПОРАКИТЕ ЌЕ ЗАПОЧНАТ ВО НАРЕДНИТЕ ЧАСОВИ Што содржи американската помош за Украина, Израел и за Тајван?
+Инфо - пред 1 ден
Претседателот на САД Џо Бајден денеска експресно го потпиша нацрт-законот за странска помош што синоќа лесно помина во Сенатот по повеќемесечни партиски натегања во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Парите од пакетот вреден 95,3 милијарди долари ќе одат во три региони – Украина, Израел и индотихоокеански регион. Ќе бидат трошени во неколку субкатегории, наведува денеска весникот Волстрит журнал давајќи мала анализа за трошоците. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Парите за Украина се во висона 60 милијарди долари. Од тие, 20,5 милијарди се за операциите на Европската команда, 15,8 се за безбедносна помош, 13,4 милијарди се за обнова на американските резерви и 9,5 се економски заеми со можност да бидат отпишани. Околу една милијард долари се општи трошоци. Можеби ќе ве интересира ТЕРОРИСТИТЕ ВО МОСКВА БИЛЕ ПЛАТЕНИ СО КРИПТОВАЛУТИ… МИА 25/04/2024 „УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се… плусинфо 25/04/2024 Израел ќе добие 26,3 милијарди долари од кои 13 милијарди се за одбранбени активности, 9,2 милијарди се хуманитарна помош за Газа и Западниот брег, додека 3,6 милијарди се безбедносна помош. Шестотитни милиони се општи за трошоци. За регионот на Тихиот Океан во кој спаѓа Тајван, се даваат пари во вредност од 8.1 милијарда долари. Од тие, 5,6 се за одвраќање (на Кина), две милијарди се за армиско финансирање и 300 милиони се за бродоградилишта. Уште 300 милиони се за општи трошоци. Веднаш по потпишувањето на законот Бајден рече дека испораките на оружје ќе почнат „во наредните часови“. Тој истакна дека пакетот покажува дека САД и сојузниците целосно ја поддржуваат Украина во нејзината борба против руската инвазија и дека одобрението за помош е важно да покаже дека „ние се спротивставуваме на Путин“....
ТАЈНА ПРАТКА ОД САД Украина веќе добила проектили со голем дострел
+Инфо - пред 1 ден
САД испратија проектили со голем дострел АТАКМС во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигна во земјата овој месец, соопшти денеска Стејт департментот. – Можам да потврдам дека САД ѝ дадоа на Украина АТАКМС со голем дострел по директна наредба на претседателот – изјави на брифинг портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Можеби ќе ве интересира „УКРАИНА НАСКОРО ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПОСТОИ“ Киев мора да се… плусинфо 25/04/2024 ПЕНТАГОН ПОТВРДИ ДЕКА НА УКРАИНА Ѝ СЕ ИСПРАТЕНИ МОЌНИ… плусинфо 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Оружјето беше дел од мартовскиот пакет помош за Украина, а не од штотуку одобрено од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден, но „не го објавивме ова на почетокот за да ја одржиме оперативната безбедност за Украина на нивно барање“, нагласи Пател додавајќи дека „ракетите пристигнале во Украина овој месец“. Белата куќа претходно потврди дека САД испратиле варијанта на АТАКМС со помал дострел во Украина, што може да помине 165 километри, но типот со најголем дострел може да погоди цели до 300 километри....
ПОЛИЦИЈАТА ЛАЖЕЛА ДЕКА Е ЖИВ?! Братот на осомничениот за убиството на Данка бил убиен во затворот, новите детали отвораат нови сомнежи
+Инфо - пред 1 ден
Далибор Драгијевиќ (40), помладиот брат на осомничената за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ во Бор кое исчезна на 26 март, починал во полициска станица од насилна смрт. Српската полиција тврдеше дека на 6 април ненадејно му се слошило и дека починал од природна смрт. Како што неофицијално дознава Нова.рс од истрагата, инспекторите го излажале дури и адвокатот на Драгијевиќ кога требало да биде сослушан, а тој ден само му кажале дека Далибор бил сослушан ден претходно. Му рекле дека ќе се сретнат во обвинителството, а знаеле дека не е жив. Како што пишуваат српските медиуми, кога адвокатот дошол на рочиштето на Радослав и Далибор Драгијевиќ во неделата на 7 април, донел полномошно за двајцата осомничени. 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 – По распитот на таткото, бранителот прашал каде е Далибор, а потоа инспекторите му рекле дека бил сослушан ден претходно, иако според соопштението на полицијата, тој починал во три часот по полноќ меѓу сабота и недела, неколку часа пред да дојде адвокатот на рочиштето. Исто така, кога прашал како е тоа можно без негово присуство, инспекторите му рекле дека Далибор Драгијевиќ истиот ден во 17 часот ќе биде сослушан кај обвинителот – изјавил извор од истрагата за Нова.рс. Соговорникот на српскиот портал наведува и дека Драгијевиќ, според неговите сознанија, имал повреди по телото, што подоцна било потврдено со обдукцијата. Како што откри неделникот „Радар“, сега починатиот Драгијевиќ не умрел од природна смрт, како што тврдеше полицијата, туку од насилство. – Имаше видливи повреди и модринки, не умре од срцев удар. Затоа беше доставен во метален сандак, односно никој не му го виде телото – додава изворот за Нова.рс. Српскиот неделник открива дека Далибор Драгијевиќ, братот на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче, починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, што е утврдено со обдукција на Институтот за судска медицина во Белград. Можеби ќе ве интересира МОЖАТ ДА ГО ПОВЛЕЧАТ ПРИЗНАНИЕТО ДЕКА СЕ УБИЈЦИТЕ… плусинфо 25/04/2024 📽️ 📷 СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ ДУИ СЛАВИ ВО ТЕТОВО Османи убедливо… плусинфо 24/04/2024 Во судско-медицинскиот извештај на телото на Драгијевиќ биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Вештачењето е проследено до надлежното Вишо јавно обвинителство воЗаечар на понатамошна обработка. Новите сознанија изнесени во српските медиуми отвораат многу прашања и внесуваат нови сомнежи во истрагата за исчезнатото девојче. Имајќи ги предвид наодите од Институтот за судска медицина, се поставува прашањето кој му нанел смртоносни повреди на осомничениот Драгијевиќ во полициската станица во Бор каде што кобната вечер кога починал бил на распит, но и зошто полицијата лажела и ја довела во заблуда јавноста дека се работи за природна смрт. Покрај неговиот брат, приведен е и таткото на осомничениот Драгијевиќ, Радослав. Тој сè уште е во притвор. Потрагата по девојчето Данка Илиќ е започната на 26 март откако нејзината мајка го пријавила нејзиното исчезнување од имотот во Бањско Поље во близина на Бор. Телото на девојчето до денес не е пронајдено....
ИЗРАЕЛСКО-АМЕРИКАНСКИ ЗАЛОЖНИК БЕЗ ЕДНА РАКА МОЛИ ЗА СПАС Хамас објави видео од еден од киднапираните во нападот на 7 октомври
+Инфо - пред 1 ден
Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин, пренесува Јерусалем пост. На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома. На младото момче му недостасува се гледа дел од левата рака поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Можеби ќе ве интересира ХАМАС Е СПРЕМЕН ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ „Решението е договор,… МИА 25/04/2024 ПРОПАЛЕСТИНСКИ ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ… плусинфо 23/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 – Во заробеништво сум речиси 200 дена – вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесуваат израелските медиуми. Голдберг-Полин беше киднапиран во нападот на Хамас на забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа....
ИЗРАЕЛСКО – АМЕРИКАНСКИ ЗАЛОЖНИК БЕЗ ЕДНА РАКА МОЛИ ЗА СПАС Хамас објави видео од еден киднапираните во нападот на 7 октомври
+Инфо - пред 1 ден
Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин, пренесува Јерусалем пост. На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома. На младото момче му недостасува се гледа дел од левата рака поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Можеби ќе ве интересира ПРОПАЛЕСТИНСКИ ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ… плусинфо 23/04/2024 ДЕСЕТ КЛУЧНИ МОМЕНТИ ВО КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС 200… Панорама 22/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 – Во заробеништво сум речиси 200 дена – вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесуваат израелските медиуми. Голдберг-Полин беше киднапиран во нападот на Хамас на забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа....
ХОРОР ВО ЦЕНТАРОТ НА ЛОНДОН Маж киднапирал 9-годишно девојче и сексуално го злоставувал
+Инфо - пред 1 ден
56-годишен маж е обвинет за киднапирање и сексуално злоставување на 9-годишно девојче во Најтсбриџ во централен Лондон, пишува Скај њуз. Исчезнувањето на 9-годишното девојче било пријавено завчера, а мажот бил уапсен откако полицијата го запрела во западниот дел на градот. Во тој момент со него било и малото девојче. Можеби ќе ве интересира 🎥 КОЊИ НА КРАЛСКАТА КОЊИЦА ИСПАНИЧЕНИ И КРВАВИ ТРЧАЛЕ НИЗ… плусинфо 24/04/2024 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 Според првичните сознанија постои сомнение дека мажот се обидел да ја зашемети за да може сексуално да ја злоупотребува. Тој се наоѓа во притвор и се очекува да се појави на суд на 22 мај....
ГРАД ГО УБИ БЕЛГРАД! Силно невреме ја погоди српската метропола
+Инфо - пред 1 ден
Силно невреме го зафати попладнево Белград. На социјалните мрежи се појавија видеа од невремето. На профилот на Инстаграм „Хаилц Србија“ објавено е видео од околината на Белград. За неколку минути, силниот град ги побеле покривите на куќите. Во центарот на градот имаше пороен дожд проследен со грмежи. Претходно денеска метеоролошкиот систем „Хаилц Србија“ соопшти дека во Србија во попладневните часови се очекува невреме. Црвената линија го означува секторот со најизвесна појава на суперќелии во периодот од 13:00 до 18:00 часот. Можеби ќе ве интересира КУЧЕ МУ ОДГРИЗА ПРСТ НА ДЕТЕ Ужас во Белград среде бел ден плусинфо 23/04/2024 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 View this post on Instagram A post shared by 𝗛 𝗔 𝗜 𝗟 𝗭 | SRB |® (@hailz_srbija)...
„СИТЕ ЖРТВИ СЕ ОФИЦЕРИ, ТАМУ НЕМА ВОЈНИЦИ“ Седуммина руски старешини загинале од украински напад
+Инфо - пред 1 ден
Најмалку седуммина руски офицери се убиени во ракетен напад блиску до окупираниот украински град Мариупол, објави британски Телеграф. Петро Андриушченко, поранешен советник на протераниот украински градоначалник на Мариупол, рече дека најмалку 6 проектили погодиле камп што го користела руската војска во Бабах-Тарама, во источниот украински регион Доњецк. Можеби ќе ве интересира ПОВЕЌЕМИНА ИЗБОДЕНИ СО НОЖ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА… плусинфо 24/04/2024 ОПАСНО БЛИСКУ ДО ДИРЕКТЕН ВОЕН КОНФЛИКТ НА ДВЕ НУКЛЕАРНИ… плусинфо 23/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Најмалку седуммина загинале од нападот, а повеќе од десетмина биле повредени. „Сите жртви се офицери, таму не живеат војници“, објавил на Телеграм Андриушченко. Украинските сили постојано ги гаѓале клучните руски бази длабоко зад непријателските линии, користејќи ракети со долг дострел и дронови....
БАЈДЕН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ Вашингтон ќе почне да испраќа нова воена помош за Киев за неколку часа
+Инфо - пред 1 ден
Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша новиот пакет воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и другите сојузници на САД, нагласувајќи дека Вашингтон ќе започне да испраќа нова помош за Киев за неколку часа. – Штотуку го потпишав пакетот за национална безбедност што беше усвоен од Претставничкиот дом овој викенд, а вчера од Сенатот – објави Бајден. Тој додаде дека ќе се „погрижи испораките да започнат веднаш, во следните неколку часа”, јавија американските медиуми. Можеби ќе ве интересира ХАОС ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ КАМПУСИ ВО САД Полицијата апси… МИА 25/04/2024 ХАМАС Е СПРЕМЕН ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ „Решението е договор,… МИА 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 25/04/2024 – Ова е голем ден за светскиот мир. Овој закон ќе ги направи Америка и светот побезбедни – рече американскиот претседателот по потпишувањето на законот. Бајден изрази увереност и во победата на Украина во војната со Русија. – Украина е способна да победи – додаде Бајден....
ДОЛГА Е РАКАТА НА ПУТИН! Суспендиран рускиот свештеник што одржа опело за Навални
+Инфо - пред 1 ден
Рускиот православен свештеник Дмитриј Сафронов кој во март одржа опело во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми. Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година. Можеби ќе ве интересира СОПРУГАТА НА НАВАЛНИ НА ВРВОТ Мегазинот Тајм ја објави… плусинфо 18/04/2024 „ДА СЕ ОБЕДИНИ ИСЛАМСКИОТ СВЕТ И ДА ГО КАЗНИ ИЗРАЕЛ“… МИА 15/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник. По истекот на периодот на покајание, врз основа на повратните информации, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата. На 26 март, Сафронов одржа опело на кое присуствуваа илјадници луѓе кои му оддадоа последна почит на Навални. Рускиот опозициски лидер кој беше најжесток критичар на претседателот Владимир Путин, почина на 14 февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот каде ја извршуваше затворската казна....
СРБИЈА И СЛОВЕНИЈА ВО ЗАЛАДЕНИ ОДНОСИ Словенците бараат извинување за навредите од Вучиќ
+Инфо - пред 1 ден
Словенечкото Министерство за надворешни работи го повика на разговор в.д. амбасадорот на Србија во Љубљана поради изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ против Словенија по седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово. Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјавите на Вучиќ ги оцени како навредливи и неприфатливи. Можеби ќе ве интересира ТАТКОТО НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОДБИ ДА… плусинфо 24/04/2024 СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот… плусинфо 23/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 – Бараме објаснување, извинување, тоа не е во духот на добрососедските или пријателските односи. Очекуваме Србија да дејствува во духот на европските вредности што ги брани – наведе Фајон, додавајќи дека изјавите на Вучиќ се невистинити. Вучиќ вчера изјави дека Србија паднала во замка што и ја поставиле САД, Швајцарија и Словенија. – Кога се одложи седницата на СБ, се прашував за што се работи, но потоа сфативме дека се договориле со Американците, Словенците и Швајцарците. Не се знае кој е поодвратен, Словенците или некој друг – истакна вчера Вучиќ....
СРБИЈА И СЛОВЕНИЈА ВО ЗАЛАДЕНИ ОДНОСИ Словенците бара извинување за навредите од Вучиќ
+Инфо - пред 1 ден
Словенечкото Министерство за надворешни работи го повика на разговор в.д. амбасадорот на Србија во Љубљана поради изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ против Словенија по седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово. Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјавите на Вучиќ ги оцени како навредливи и неприфатливи. Можеби ќе ве интересира ТАТКОТО НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОДБИ ДА… плусинфо 24/04/2024 СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот… плусинфо 23/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 – Бараме објаснување, извинување, тоа не е во духот на добрососедските или пријателските односи. Очекуваме Србија да дејствува во духот на европските вредности што ги брани – наведе Фајон, додавајќи дека изјавите на Вучиќ се невистинити. Вучиќ вчера изјави дека Србија паднала во замка што и ја поставиле САД, Швајцарија и Словенија. – Кога се одложи седницата на СБ, се прашував за што се работи, но потоа сфативме дека се договориле со Американците, Словенците и Швајцарците. Не се знае кој е поодвратен, Словенците или некој друг – истакна вчера Вучиќ....
ПОВЕЌЕМИНА ИЗБОДЕНИ СО НОЖ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Децата се внатре, а хеликоптери кружат околу школото
+Инфо - пред 1 ден
Затворено е средно училиште во Велс, Велика Британија, а хеликоптери кружат околу зградата откако таму се случил напад, при што повеќе луѓе се прободени со нож, јавува британски Мирор. – На сите студенти и вработени им беше кажано да останат мирни и да ги исклучат телефоните. Наводно, неколку лица биле избодени со нож – велат од училиштето. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Станува збор за училиштето „Исгол Дифрин Аман“. Можеби ќе ве интересира КУЧЕ МУ ОДГРИЗА ПРСТ НА ДЕТЕ Ужас во Белград среде бел ден плусинфо 23/04/2024 ДРАМА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ХРВАТСКА 14-годишен ученик се… плусинфо 23/04/2024 Се наведува и дека надвор од училиштето пристигнуваат родителите на децата кои останале внатре во училиштето во кое околу 1.000 ученици посетуваат настава. Според некои извори, повеќе лица се прободени со нож, а според неофицијални информации, нападот се случил во училишниот двор. Родителите за британските медиуми изјавија дека околу училиштето има силно полициско присуство, а очевидци пријавиле дека виделе хеликоптери на брза помош како слетуваат во близина. Пријавено е дека околу училиштето кружат два хеликоптера, а на местото на настанот има и неколку екипи на брзата помош. Има извештаи дека на студентите им било кажано да не ги користат своите телефони за време на заклучувањето....
ПЛАНИРАЛ ДА ЈА УБИЕ ХОЛАНДСКАТА ПРИНЦЕЗА Шпанија по грешка ослободи озлогласен нарко-бос
+Инфо - пред 1 ден
Озлогласениот шеф на нарко-картелот, кој наводно планирал да ги убие холандската престолонаследничка принцеза Амелија и премиерот Марк Руте, избегна затворска казна во правен спор во Шпанија. Нарко-босот Карим Бујахричан, лидерот на „Влажната мафија“, бил уапсен во јануари минатата година во шпанското одморалиште Марбела по голема операција со која завршила петгодишната истрага за перење пари. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Откако дознале дека Бујахрикан е во притвор, холандските власти го испратиле барањето за екстрадиција на нарко- босот до Националниот суд на Шпанија и побарале тој да биде испратен во Холандија за да се соочи со обвиненијата поврзани со неговата империја за шверц на дрога. Можеби ќе ве интересира 🎥 АДРЕНАЛИНОТ ЌЕ ГО ЧИНИ Погледнете што доживеа турист во… плусинфо 18/04/2024 ШПАНИЈА ГИ УКИНУВА „ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ“ Странските инвеститори… плусинфо 08/04/2024 Иако Националниот суд на Шпанија даде зелено светло, провинцискиот суд во Малага, кој има надлежност за областа каде што беше уапсен Бујаричан, ја одби екстрадицијата, тврдејќи дека шефот на нарко картелот прво треба да се соочи со обвиненијата за перење пари во Шпанија пред да може да биде екстрадиран. Холандските власти поднесоа жалба и поднесоа ново барање за итна екстрадиција, наведувајќи дека Бујаричан е еден од најопасните луѓе на листата на најбарани криминалци на Интерпол и дека тој се бара поради неговата вмешаност во децениска, пан-континентална војна на нарко картел. во кој се убиени десетици луѓе во Белгија, Холандија, Шпанија и Мароко. Во 2022 година, холандската принцеза Амалија мораше да се исели од својот студентски дом и да се врати во кралската палата откако полицијата доби веродостојни докази кои укажуваат дека Бујакричан планирал или да ја киднапира или убие....
ВЕРУВАЛЕ ВО НАСИЛНА ЕКСТРЕМИСТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј
+Инфо - пред 1 ден
Австралискиот антитерористички тим денеска уапси 7 тинејџери поврзани со момчето обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција. Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба што е пренесувала во живо на 15 април. Можеби ќе ве интересира „ТОЈ Е АРОГАНТЕН МИЛИЈАРДЕР“ Маск одбива да ги тргне од Икс… плусинфо 23/04/2024 „ДА НЕ ГО НАВРЕДУВАШЕ ПРОРОКОТ НЕМАШЕ ДА ДОЈДАМ ОВДЕ“… МИА 16/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија....
🎥 КОЊИ НА КРАЛСКАТА КОЊИЦА ИСПАНИЧЕНИ И КРВАВИ ТРЧАЛЕ НИЗ ЛОНДОН Повредени се еден војник и неколку минувачи
+Инфо - пред 1 ден
Четири лица се повредени откако неколку коњи на Кралската коњица ги исфрлиле јавачите од седлото и почнале да бегаат низ центарот на Лондон, објави британски Телеграф. Животните ги исфрлиле своите јавачи, членови на Спасувачката гарда, додека војниците ја напуштале касарната „Хајд парк“ за да ја изведат секојдневната утринска вежба. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Најмалку еден војник е повреден откако преплашен коњ се удирал во автомобили надвор од хотелот „Клермонт“ на улицата Бекингемска палата, Викторија. Можеби ќе ве интересира 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 📽📷 ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ? Со автомобил удриле три… плусинфо 22/04/2024 Пет коњи на Коњаницата, вклучително и еден облеан во крв, биле видени додека галопирале низ други области на Лондон, вклучувајќи ги и Тауер Бриџ и Странд. Сите коњи сега се вратени. Лондонската служба за брза помош соопшти дека четири лица се повредени на три различни локации. ...
ТАТКОТО НА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОДБИ ДА СВЕДОЧИ Душан е привилегиран сведок
+Инфо - пред 1 ден
Во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Заечар, денеска продолжи сослушувањето на сведоците во истрагата за убиството на Данка Илиќ, меѓу кои бил и Душан Јанковиќ, таткото на осомничениот Срѓан Јанковиќ. Душан го искористил законското право да не сведочи во постапката против неговиот син и против Дејан Драгијевиќ, објави српски Б92. Душан, како и мајката на осомничениот Дејан, е привилегиран сведок и може да одбие да сведочи во постапката против близок роднина, односно неговиот син. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиство на 2-годишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага 20 дена, а откако ќе бидат испрашани сите сведоци, осомничените ќе бидат испратени на психијатриско вештачење. Можеби ќе ве интересира СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот… плусинфо 23/04/2024 КОСТА К. САКА ДА ГО ВИДИ ДРУГАРОТ ВО КОГО ПУКАШЕ Момчето… плусинфо 23/04/2024 На 26 март во Бањско Поље, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја удриле Данка со службено возило „фиат панда“, ја задавиле и ја фрлиле на дива депонија на Старобањски пат, според признанието на Дејан на 4 април. Телото на девојчето, по кое се трага, сѐ уште не е пронајдено. СЕ ЈАВИЈА НОВИ СВЕДОЦИ ВО СЛУЧАЈОТ СО ДАНКА Новото сослушување треба да ги расветли работите...
🎥 КОЊИ НА КРАЛСКАТА КОЊИЦА ИСПАНИЧЕНИ И КРВАВИ ТРЧАЛЕ НИЗ ЛОНДОН Повредени се неколкумина и еден војник
+Инфо - пред 1 ден
Четири лица се повредени откако неколку коњи на Кралската коњица ги исфрлиле јавачите од седлото и почнале да бегаат низ центарот на Лондон, објави британски Телеграф. Животните ги исфрлиле своите јавачи, членови на Спасувачката гарда, додека војниците ја напуштале касарната „Хајд парк“ за да ја изведат секојдневната утринска вежба. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Најмалку еден војник е повреден откако преплашен коњ се удирал во автомобили надвор од хотелот „Клермонт“ на улицата Бекингемска палата, Викторија. Можеби ќе ве интересира 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 📽📷 ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ? Со автомобил удриле три… плусинфо 22/04/2024 Пет коњи на Коњаницата, вклучително и еден облеан во крв, биле видени додека галопирале низ други области на Лондон, вклучувајќи ги и Тауер Бриџ и Странд. Сите коњи сега се вратени. Лондонската служба за брза помош соопшти дека четири лица се повредени на три различни локации. ...
КОЊИ НА КРАЛСКАТА КОЊИЦА ИСПАНИЧЕНИ И КРВАВИ ТРЧАЛЕ НИЗ ЛОНДОН Повредени се неколкумина и еден војник
+Инфо - пред 1 ден
Четири лица се повредени откако неколку коњи на Кралската коњица ги исфрлиле јавачите од седлото и почнале да бегаат низ центарот на Лондон, објави британски Телеграф. Животните ги исфрлиле своите јавачи, членови на Спасувачката гарда, додека војниците ја напуштале касарната „Хајд парк“ за да ја изведат секојдневната утринска вежба. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Најмалку еден војник е повреден откако преплашен коњ се удирал во автомобили надвор од хотелот „Клермонт“ на улицата Бекингемска палата, Викторија. Можеби ќе ве интересира 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 📽📷 ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ? Со автомобил удриле три… плусинфо 22/04/2024 Пет коњи на Коњаницата, вклучително и еден облеан во крв, биле видени додека галопирале низ други области на Лондон, вклучувајќи ги и Тауер Бриџ и Странд. Сите коњи сега се вратени. Лондонската служба за брза помош соопшти дека четири лица се повредени на три различни локации. ...
ЛЕТАЛЕ ТУПАНИЦИ ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ Двајца пратеници се истепале пред пленарна седница
+Инфо - пред 1 ден
Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од партијата Грчко решение, Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина. На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот. Можеби ќе ве интересира ДРАМА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ХРВАТСКА 14-годишен ученик се… плусинфо 23/04/2024 📷 ХАОС ВО БЕЛГРАД Крвава тепачка меѓу навивачките групи… плусинфо 20/04/2024 Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот. Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара. Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник. Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна....
НА СЕМЕЈСТВОТО МУ ИСПРАТИЛЕ МРТОВ РУСИН Канаѓанец починал додека бил на одмор во Куба
+Инфо - пред 1 ден
Жител на Канада доживеал срцев удар и починал на 22 март годинава, додека бил на одмор со своето семејство во Варадеро, Куба. Но, еден месец подоцна, неговото тело сѐ уште го нема… Семејството тврди дека им било испратено погрешно тело од Куба. Семејството на покојниот Фараж Џарџур, кое живее во Лавал, Квебек, Канада, било на плажа кога на 68-годишникот му се случил срцев удар. Во близина немало лекар и морале да чекаат час и половина за брзата помош да дојде. Потоа им требале уште седум часа за да се договорат телото да биде пренесено во Хавана, каде се наоѓала најблиската мртовечница. Службеници од Канадската амбасада ги упатиле веднаш да отпатуваат назад во Канада и да организираат пренесување на телото дома. Кога пристигнале во Канада, властите им рекле дека за превоз на тело ќе треба да платат 10.000 канадски долари (6.800 евра). 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Семејството ја платило наведената сума, но канадските власти не контактирале со нив неколку седмици. Потоа биле известени дека посмртните останки ќе пристигнат на 18 април. Но, телото што било донесено во Квебек, заедно со изводот на смртта и патните документи, не било она на Џарџур. Телото на маж со бушава коса, тетоважи и многу помлад од Џарџур – подоцна било идентификувано како починат руски државјанин. Семејството сега тврди дека телото на Русинот сѐ уште е во Канада, а од Џарџур нема трага. Таа ги обвини канадските власти за невнимание бидејќи конзуларните служби не им дошле веднаш на помош. Канадските власти наведуваат дека во случај на смрт на канадски државјанин на Куба, амбасадата помага во преносот на парите на тамошните погребни служби, поточно „Асистур“ – кубанска компанија за медицинско осигурување, одговорна за превоз на телото. Но, семејството никогаш не било во директен контакт со „Асистур“, бидејќи целата логистика околу преносот била организирана од канадските власти. Потрагата по посмртните останки на Фарај Џарџур продолжува....
ПРОНАЈДЕНИ СЕ 5 МРТВИ ТЕЛА Американец ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
+Инфо - пред 1 ден
Пет мртви тела, меѓу кои и на три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил. Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати. Можеби ќе ве интересира ПРИНЦЕЗАТА ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД КРАЛОТ Кејт Мидлтон е прва во… плусинфо 24/04/2024 МОРАВ ДА БАКНАМ ДЕСЕТ МОМЧИЊА Хатавеј раскажува како се… плусинфо 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 -Потоа, тој ја обиколил куќата, барајќи ги децата и пукал во нив. Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и 12-годишниот Лукас. Ги бркал децата низ куќата, соопшти полицијата, пренесе Еј-би-си Њуз. Целиот страшен настан го преживеал само десетгодишниот син, кој спиел за време на пукањето. Десет-годишното момче се јавило на 911 во понеделникот наутро и кажало дека сите во куќата се мртви. Засега не е познато зошто 10-годишното момче не е повредено....
ТИКТОК ЈА ЗАГРОЗУВА БЕЗБЕДНОСТА НА САД Директорот на ФБИ најави забрана на апликацијата
+Инфо - пред 1 ден
Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација ТикТок е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА. Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата. Можеби ќе ве интересира 📽️ „ИЗНЕНАДЕНИ СМЕ ИСТО КАКО И ВИЕ!“ Шолц се придружи на… плусинфо 09/04/2024 📽 ПРОНАШЛА ТАЈНА СОБА ВО ТОАЛЕТОТ На агентката за… Панорама 28/03/2024 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 – Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“. Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби – посочува директорот на ФБИ. Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот. Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави....
НАСТАВНИЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА НОСАТ ПИШТОЛ ВО УЧИЛИШТЕ Епилог од жестоката дебата во Тенеси за оружјето
+Инфо - пред 1 ден
Пратениците во американската сојузна држава Тенеси вчера усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште, додека демонстранти од галеријата гласно протестираа против тоа. Нацрт-законот беше одобрен со 68 гласа „за“ наспроти 28 гласови против во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и тројца возрасни членови на персоналот. Можеби ќе ве интересира ОДБИВАЛЕ МАСКИ И ТЕСТИРАЊА Во Австрија биле отпуштени 25… плусинфо 27/09/2021 ВО ИЗРАЕЛ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ НАСТАВНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ПЛАТА… МИА 23/09/2021 Некои од демократите во Претставничкиот дом помогнаа во организацијата на протестите во главниот град, што доведе до нивно кратко протерување од законодавниот дом минатата година. Околу половина од сите американски држави им дозволуваат на наставниците или другите вработени во училиштата да носат огнено оружје во просторот на училиштето, наведува Правниот центар Гифордс, група за безбедност на оружје. Според законот на Тенеси, секое лице кое сака да носи скриен пиштол на училиште мора да заврши најмалку 40 часа обука во училишната полиција. Трошоците за обуката заедно со огненото оружје се на товар на поединецот. Според предлог-законот, идентитетот на наставникот или членот на персоналот што носи оружје нема да биде јавен. Директорите на училиштата мора да дадат одобрение за лицето да носи оружје, а началниците на локалната полиција мора да бидат информирани за идентитетот на носителот....
ЌЕ ИЗГРАДИМЕ НАЈМОЌНА ВОЕНА СИЛА Сестрата на севернокорејскиот лидер упати порака до САД
+Инфо - пред 1 ден
Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг рече дека земјата ќе продолжи да гради супериорна и најсилна воена сила за да го заштити својот суверенитет и регионалниот мир, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА. Ким Јо Џонг истакна дека серијата воени вежби на американската војска во регионот оваа година, почнувајќи со вежби спроведени со „јужнокорејски марионетски воени гангстери“, опасно ја нарушуваат регионалната безбедносна средина. 24/04/2024 24/04/2024 24/04/2024 – Ќе продолжиме да градиме огромна и најмоќна воена сила со цел да го заштитиме нашиот суверенитет, безбедност и регионален мир – ја пренесе КЦНА нејзината изјава. Војските на САД и Јужна Кореја изведоа серија вежби со поголем обем и интензитет во последните месеци, а лидерите на двете земји ветија дека ќе ја подобрат борбената готовност против воените закани на Северна Кореја. Околу 100 воени авиони извршија двонеделни воздушни вежби овој месец, соопшти јужнокорејската војска. Северна Кореја вели дека американските воени вежби се подготовки за нуклеарна војна против неа. Вашингтон и Сеул тврдат дека вежбите имаат одбранбен карактер и се спроведуваат редовно за да се одржи подготвеноста....
ОПАСНО БЛИСКУ ДО ДИРЕКТЕН ВОЕН КОНФЛИКТ НА ДВЕ НУКЛЕАРНИ СИЛИ Русија со сериозно предупредување до Западот да не ризикува
+Инфо - пред 1 ден
Русија го предупреди Западот дека ризикува да започне „директен воен конфликт“ со Русија и со други нуклеарни сили, пишува „Експрес“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака преку видео врска на конференција во Москва, каде предупреди дека рамнотежата на односите може опасно да биде загрозена. 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 – Западњаците опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што би имало катастрофални последици – рече Лавров. Реакцијата доаѓа откако американскиот Претставнички дом конечно го усвои долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што предизвика лут одговор од Русија. Во саботата, американските пратеници го одобрија пакетот, кој сега ќе оди на гласање во Сенатот во кој доминираат демократите, откако се соочија со жестоко противење од тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом. – Одлуката ќе ги направи Соединетите држави побогати, дополнително ќе ја уништи Украина и ќе резултира со смрт на уште повеќе Украинци, за што се виновни режимот во Киев – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во изјавата што ја пренесоа руските државни новински агенции. Можеби ќе ве интересира ПРОПАЛЕСТИНСКИ ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ… плусинфо 23/04/2024 „УБАВИЦА!“ Русите ја фалат републиканката што гласаше… плусинфо 23/04/2024 Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го повтори истото мислење на Телеграм. – Доделувањето на воена помош од САД за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши глобалната криза – истакна Захарова. Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека одобрувањето на новата помош за Украина е „русофобично“ и дека ќе го зголеми бројот на жртвите од војната. – Не можам со сета искреност да не посакам САД да се втурнат во уште една граѓанска војна што е можно поскоро – изјави Медведев на Телеграм. Предлог-законот се очекува да биде одобрен кон крајот на оваа недела, по што се очекува да го потпише и претседателот Џо Бајден....
АПСЕЊА ВО РУСКИОТ ВОЕН ВРВ ПОРАДИ МИТО! Најблискиот соработник на министерот Шојгу заврши со лисици на рацете
+Инфо - пред 1 ден
Рускиот заменик-министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение за примање мито. – Заменик министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп – објави Истражниот комитет на својот канал Телеграм. Можеби ќе ве интересира 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 📽️ 📷 ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЊУЈОРК За влакно избегнат судар… плусинфо 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московската област, додека подоцна беше генерален директор на државното претпријатие Оборонстрој. Во 2016 година, со претседателски указ, Иванов беше назначен за заменик началник на Министерството за одбрана....
КУЧЕ МУ ОДГРИЗА ПРСТ НА ДЕТЕ Ужас во Белград среде бел ден
+Инфо - пред 1 ден
Момче (12) утрово е тешко повредено во близина на ресторан во белградската населба Вождовац, кога било нападнато од куче, пренесува Блиц. Можеби ќе ве интересира 📽️ ГО ОСТАВИЈА МРТОВЕЦОТ ОТКАКО МЕЧКА ЈА ПРЕКИНА ПОВОРКАТА!… плусинфо 22/04/2024 ДВА ПИТБУЛА УБИЈА 13-МЕСЕЧНО ДЕТЕ Трагедија во провинцијата… плусинфо 22/04/2024 Момчето е тешко повредено и со брза помош е пренесено во Заводот за мајка и дете во Белград. Според неофицијални информации, кучето му го одгризало прстот....
📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните наеднаш почнале да горат додека се движеле низ градот
+Инфо - пред 2 дена
Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот минал низ центарот на канадскиот град Лондон, пренесува Дејли Мејл. На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека запалениот воз минувал покрај нив, но за среќа никој не бил повреден. 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот. Можеби ќе ве интересира 📽️ 📷 ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЊУЈОРК За влакно избегнат судар… плусинфо 23/04/2024 📽️ ЛИДЕРОТ НА ЧЕЧЕНЦИТЕ НЕ СЕ ПРЕДАВА! Путин веќе најде… плусинфо 23/04/2024 На противпожарните екипи им беа потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат. – Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу вредни – соопштија од противпожарната служба....
ПРОПАЛЕСТИНСКИ ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ Уапсени стотици студенти што протестираат
+Инфо - пред 2 дена
Во универзитетските кампуси во САД деновиве е тензична атмосфера по прославата на еврејскиот празник Пасха во саботата, а во време кога универзитетските власти и полицијата се обидуваат да спречат шовинизам и насилство, поврзано со војната на Израел против Хамас. Универзитетот Колумбија денеска не одржува предавања, додека десетмина кои протестираа на универзитетите Њујорк и Јејл беа уапсени. 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 Минатата недела беа уапсени повеќе од 100 пропалестински демонстранти кои започнаа да логоруваат на тревникот пред универзитетот Колумбија, додека слични кампови се појавија по колеџите низ земјата. Високообразовните институции во САД се пред испит за тоа како да овозможат слобода на говорот и истовремено да се одржи безбедноста и вклученоста во универзитетските програми и предавања. Вчера, стотици студенти протестираа во кампусот на универзитетот Њујорк. Од универзиетската управа ја повикаа толпата да се разотиде по што дојде полиција откако сцената станала хаотична. Оттаму укажаа дека се слушнале „заканувачки скандирања и неколку антисемитски инциденти“. Полицијата започнала да врши апсења доцна синоќа. – Навистина е репресивно кога универзитетот дозволува полицијата да врши апсења во нашиот кампус – изјави Бјул Јон, студент во универзитет Њујорк, за дел од американските медиуми. Можеби ќе ве интересира ОПАСНО БЛИСКУ ДО ДИРЕКТЕН ВОЕН КОНФЛИКТ НА ДВЕ НУКЛЕАРНИ… плусинфо 23/04/2024 „УБАВИЦА!“ Русите ја фалат републиканката што гласаше… плусинфо 23/04/2024 – Антисемитизмот не е во ред. Апсолутно, тоа не е за тоа што ние се бориме и затоа има толку многу еврејски другари кои се тука со нас денеска – изјави Јон. Заканата од насилство постои бидејќи на протестите се појавуваат две спротивставени групи – пропалестински студенти кои бараат нивните колеџи да го осудат нападот на Израел врз Газа и да престанат да соработуваат со компаниите кои продаваат оружје на Израел. Во меѓувреме, некои еврејски студенти изјавуваат дека голем дел од критиките на адреса на Израел се пренасочиле кон антисемтизам, а тоа направило тие да се чувствуваат небезбедно. Истакнуват дека Хамас сè уште држи заложници киднапирани за време на инвазијата на оваа организација на Израел што се случи на 7 октомври 2023 година. САД ја прогласија Хамас за терористичка организација. Кејти Манинг, демократска членка на Претставничкиот дом од Северна Каролина заедно со тројца членови на Конгресот кои се Евреи, синоќа го посети кампусот на Универзитетот Колумбија и изјави дека постои огромен камп од луѓе кои зазеле третина од зелената површина на универзитетот. – Видовме плакати со пораки дека Израел треба да биде уништен, изјави таа....
📽️ 📷 ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЊУЈОРК За влакно избегнат судар на 5 авиони на пистата, за сѐ виновни се контролорите
+Инфо - пред 2 дена
На меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк за влакно била избегната голема трагедија. Имено авион на „Swiss Air“ ќе се судрел со 4 други авиони поради грешка во комуникацијата бидејќи леталата во исто време биле на пистата. Имено, инцидентот се случил минатата недела, а набргу потоа Федералната управа за авијација покренала истрага за целиот случај. 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 Според соопштението на „Swiss Air“, леталото веќе достигнало брзина малку над максималната брзина за полетување, кога пилотот решил ненадејно да закочи и го свртил леталото. BREAKING ALERT 🚨 Huge Swiss Air jet nearly collides with four other planes on JFK runway after being cleared for takeoff – a day after DC air traffic controllers sent JetBlue plane into path of Southwest flight The incident happened last week and is now being investigated by… pic.twitter.com/AVJjaEnGsp — SANTINO (@MichaelSCollura) April 23, 2024 Можеби ќе ве интересира АПСЕЊА ВО РУСКИОТ ВОЕН ВРВ ПОРАДИ МИТО! Најблискиот… плусинфо 23/04/2024 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 Се огласи менаџментот на компанијата. Авиокомпанијата соопшти дека навремената акција обезбедила да се избегне потенцијална катастрофа. – Поради високото ниво на свесност за ситуацијата и брзата реакција на нашиот екипаж, брзо беше избегната потенцијално опасна ситуација – се наведува во соопштението на компанијата. По инцидентот, зборуваше Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на „ABC News“, кој објасни дека преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајцата контролори....
📽️ ЛИДЕРОТ НА ЧЕЧЕНЦИТЕ НЕ СЕ ПРЕДАВА! Путин веќе најде замена за Кадиров, а тој објави хит видео
+Инфо - пред 2 дена
Откако Новаја газета ја објави веста дека се рускиот претседател Владимир Путин подготвува да го замени Рамзан Кадиров поради некроза на панкреасот, чеченскиот лидер на социјалните мрежи објави видео од теретана. Видеото тој го објави само неколку часа по првичната вест. „Ден исполнет со многу настани заврши со вежби и позитивни чувства. Физичките вежби не само што го подобруваат телото, туку и расположението. Вечерниот тренинг е одличен начин да се опуштите и да ги наполните батериите”, напишал Кадиров на својот профил на руската социјална мрежа ВКонтакте. 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 pic.twitter.com/Q9RlwTxsj1 — Pluton (@Pluton45873221) April 23, 2024 Можеби ќе ве интересира АПСЕЊА ВО РУСКИОТ ВОЕН ВРВ ПОРАДИ МИТО! Најблискиот… плусинфо 23/04/2024 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 Да потсетиме дека денеска беше објавена веста дека здравјето на Рамзан Кадиров е во опасност и дека Москва планира да го замени. Беше наведено дека изборот паднал на генерал-мајор Апти Алаудинов, кој во март го „префрлил“ јадрото на „Вагнер“ во единицата „Ахмат“, по што рускиот претседател Владимир Путин потпишал указ за назначување на младиот командант на функцијата заменик-шеф на Главниот директорат за воено-политичка работа на Министерството за одбрана на Русија. 📷 КАДИРОВ ИМА НЕКРОЗА НА ПАНКРЕАС, НЕМА НАДЕЖ ДА ОЗДРАВИ?! На површина излегоа нови детали за болеста, еве кој ќе биде новиот лидер на Чеченија...
„УБАВИЦА!“ Русите ја фалат републиканката што гласаше против американската помош за Украина
+Инфо - пред 2 дена
Американската републиканска претставничка Мерџори Тејлор Грин стана популарен лик во Русија откако гласаше против испораката на нов пакет американска помош од 60 милијарди евра за Украина, објави Њусвик. Една од главните протагонисти на Кремљ, главната уредничка на рускиот медиум РТ, Маргарита Симонјан ја пофали Тејлор Грин додека зборуваше на телевизија заедно со водителот Владимир Соловјов, една од најистакнатите фигури во медиумите поддржани од Кремљ. Можеби ќе ве интересира ПРОПАЛЕСТИНСКИ ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ… плусинфо 23/04/2024 МЕСТО НА ИДНИОТ КОНФЛИКТ НА РУСИЈА И НАТО! Активирана… плусинфо 22/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 Маргарита Симонјан исто така ја нарече Грин „убавица“. Грин е една од водечките републиканки кои го поддржуваат Трамп и е позната по тоа што застапува бројни теории на заговор и силно се спротивставува на американската помош за Украина....
СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба
+Инфо - пред 2 дена
До крајот на овој месец до врховниот командант на српската армија ќе биде доставена оценката и предлогот за враќање на обврската за воен рок, со предлог за модел на задолжителен воен рок и планови за создавање услови за активирање на обврската, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ. Можеби ќе ве интересира АПСЕЊА ВО РУСКИОТ ВОЕН ВРВ ПОРАДИ МИТО! Најблискиот… плусинфо 23/04/2024 📽️ ЛИДЕРОТ НА ЧЕЧЕНЦИТЕ НЕ СЕ ПРЕДАВА! Путин веќе најде… плусинфо 23/04/2024 Тој во интервју за денешната „Политика“ посочи дека ГШ на српските вооружени сили има развиено неколку можни модели на воена служба, со јасно утврдени позитивни и негативни ефекти, со компаративна анализа според претходно дефинирани критериуми. 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 „Бидејќи ја добивме задачата од врховниот командант, не би било коректно јавно да зборувам за нејзината содржина пред да го поднесам бараниот предлог“, изјави Мојсиловиќ....
КОСТА К. САКА ДА ГО ВИДИ ДРУГАРОТ ВО КОГО ПУКАШЕ Момчето убиец од масакарот во Рибникар не престанува да шокира
+Инфо - пред 2 дена
Десеткратниот убиец Коста Кецмановиќ побарал да го посети во болница тинејџерот во кого пукаше на 3 мај во масакрот во училиштето Рибникар, иако му бил најдобар пријател, пренесува српска Република. Лекарите и другите вработени во болницата, но и полицијата која деноноќно го обезбедува Коста, зачудено слушаа што зборува младиот масовен убиец, а тој ги доведе во голема заблуда која и сега ги прогонува. 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 Подоцна разговарале меѓу себе како ги шокирал и не се сетиле да го прашаат зошто сака да се види со својот пријател и како мисли дека сепак тој би сакал да го посети. Можеби ќе ве интересира 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 📽️ 📷 ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЊУЈОРК За влакно избегнат судар… плусинфо 23/04/2024 „Што навистина сака од тоа дете?“ – се прашувале тие. – Коста рече едно попладне дека е крајно време да види некој од своите врсници. Праша зошто, кога не го пуштаат да излезе и го држат во болница спротивно на законот, не може да му се јави на пријател да дојде кај него. Го нарече со целото име. Кога го слушнав тоа, се исплашив. Рече дека тоа е негов пријател, но не кажа дека пукал во него на 3 мај, иако пред тоа поминале многу време заедно. Неговото семејство добро го знаело Коста – изјавил изворот за српска Република. Инаку, ова е само едно од низата шокантни барања кои Коста ги искажал во болницата, на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци. Тој е во таа институција од масакрот во кој уби девет деца и еден училишен чувар. Во истиот крвав поход ранил наставничка и пет други деца. Бидејќи тој имал 13 години за време на злосторството, Коста законски не е одговорен. На неговите родители им се суди во кривична постапка, како и на двете одговорни лица од стрелиштето каде Коста научил да пука....
📽️ ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТА ВО ВОЗДУХ! Вознемирувачко видео, стапица бомба го измами израелскиот резервист!
+Инфо - пред 2 дена
Резервист на израелската армија (ИД) е повреден кога се обидел да го отстрани палестинското знаме, пишува „Дејли мејл“. Под знамето била поставена бомба. Видеото е снимено во близина на Кочав Хашахар кога маж идентификуван како Леви (25) се приближил до палестинското знаме за да го отстрани. Под знамето била поставена бомба, која експлодирала веднаш штом тој со ногата го клоцнал знамето. Можеби ќе ве интересира 📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните… плусинфо 23/04/2024 ПРОПАЛЕСТИНСКИ ПРОТЕСТИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ… плусинфо 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 23/04/2024 Моментот на експлозијата го снимила жена од совозачкото седиште на автомобилот која не го напуштила возилото. Мажот се здобил со полесни повреди и одбил да биде пренесен во болница. Погледнете го видеото од експлозијата:...