БОРБА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА СВЕДЕТЕЛСТВАТА: Тендерот е закочен, втора година по ред учениците се без сведетелства
Фактор - ново
Добивај вести на Viber Втора година по ред учениците во Македонија не ги добиваат сведетелствата веднаш по завршување на училишната година. До редакцијата на Фактор стигнаа голем број коментари од родители и наставници кои посочуваат дека најрадосниот момент за учениците, посебно за оние најмладите, доделувањето на сведетелствата, е оневозможен заради проблемот со печатење. -Мојата ќерка сега заврши петто шесто одделение, но ниту лани, ниту оваа одина не го зема сведетелството веднаш по завршување на училишната година. Изминатата година и не ни обрнавме некое поголемо внимание на ова, бидејќи беше се уште пандемија, па самата организација околу доделувањето на сведетелствата беше покомплицирана. Оваа година требаше да се земат на 25 јуни и знаете како е кога е прва година во вишите одделенија, повеќе предмети, повеќе оценки, прва година со класен раководител и тоа е навистина свечен момент за децата. Но за жал бевме информирани дека доделувањето на сведетелствата ќе доцни, и при тоа дознавме дека станува збор за проблем кој се однесува на печатење на сведетелствата, посочува Даниела Т. од Скопје, мајка на шестоодделенка. Истовремено за овој проблем проговорија и неколку одделенски наставници од прво до петто одделение, како и класни раководители, кои потврдуваат дека станува збор за проблем околу изборот на печатница. Во разговорот за Фактор нагласија дека сведетелства добиле само деветооддлеленците и матурантите заради тоа што станува збор за заокружување на основното или средното образование. -Освен учениците кои завршија деветто одделение и кои мораа да достават документи во средните училишта за упис во прва година ги добија сведетелствата, сведетелства добија и матурантите, како и учениците кои менуваат училиште или се селат во странство. За сите останати треба да се чека да заврши тендерот околу изборот на печатница, па дури тогаш ќе добијат сведетелства. Лани учениците ги земаа сведетелствата на почетокот на новата учебна година. Она што посебно би сакала да го истакнам дека е добиваме онолку сведетелства колку што има ученици, ниту едно повеќе. А секако може да се згреши при пишувањето, особено што станува збор за многу податоци кои ги внесуваме. Доколку направиме грешка, самите одиме да купиме сведетелство од една книжарница во Автокоманда кое чини 40 денари. Тоа е на наш трошок. Има уште еден проблем. На секое дете му дававме и додаток на сведетелство во кое се внесуваат достигнувањата за активности надвор од наставата, но лани и годината пертходно не го пополнувавме, бидејќи некој член од Законот за основно и средно образование не го поддржува. Кај нас челновите од закон се бришат преку ноќ. Навистина има многу голема некоординираност, контрадикторност и владее невиден хаос во образованието како никогаш досега, велат за Фактор одделенските наставници и класните раководители во повеќе скопски училишта. Дека проблемот е закочен во тендерот за избор на печатница за Фактор потврдија извори од Министерството за образование и наука. Велат дека печатницата „Киро Дандаро“ која до преклани ги печатела сведетелствата сега го пожалила тендерот и се чека да се произнесе второстепената комисија. -Проблемот е околу изборот на печатница, обжален е тендерот. Секој има право што конкурирал на тендерот да даде приговор. „Киро Дандаро“ достави приговор, оваа печатница ги печатеше сведетелствата до пред две години. Лани прв пат ги печатеше Арбериа Десигн ДООЕЛ, Тетово. Сега не се знае што задача ќе добие второ степената комисија во Бирото за развој на образованието, дали ќе го повторат тендерот, дали ќе го поништат, не се знае. Затоа се одолговлекува доделувањето на сведетелствата, но законски ништо не е прекршено. Училишната година трае до 31. Август. Никаде не пишува во законот дека мора да се дадат веднаш по 10 јуни, велат извори од МОН за Фактор. Анита Буховски...
БАЛКАНЦИТЕ СО НАЈМАЛ РАСПОЛОЖЛИВ ПРИХОД, Скандинавците со најголем, Евростат анализира кој има најмногу пари за трошење
Фактор - пред 56 минути
Добивај вести на Viber Начинот на кој доходот и богатството се распределуваат низ општеството го одредува степенот до кој поединците имаат еднаков пристап до стоките и услугите произведени во рамките на националната економија. Многу важна мерка за распределба на доходот, според „Евростат“ е просечниот еквивалентен расположлив доход (натамошен расположлив приход) изразен во стандардот за куповна моќ (ППС- purchasing power standard - PPS) по жител.Европскиот статистички центар, „Евростат“ во анализа објавена на својата веб страна, прави споредба меѓу стандарот за куповна моќ кај граѓаните во Европа, одделно во секоја земја. Податоците кои ги објави „Евростат“, покажуваат дека соседна Бугарија, како членка на Европската унија има меѓу најмалите расположливи приходи по глава на жител од источните земји членки. Од земјите на Балканот, најниска куповна моќ имаат жителите на соседна Албанија, а Македонците се малку подобри од нив. - Во 2020 година, просечниот расположлив приход беше во просек 17.871 ППС - стандардот за куповна моќ по жител во ЕУ. Сепак, тој значително се разликува низ земјите-членки на ЕУ и се движеше од 28.675 ППС во Луксембург до 7.724 ППС во Романија - се наведува во анализата на „Евростат“. Податоците покажуваат дека највисоки нивоа на просечен расположлив приход се забележани во западните и нордиските земји-членки на ЕУ, како што се Луксембург, земја која е на врвот согласно расположливот приход, потоа следува Германија, па Австрија и Белгија. Како што се наведува во анализата на „Евроостат“ од другата страна, или најдолу на листата со најмал просечен расположлив приход се повеќето јужни и источни земји-членки, како што се Романија, која е на самиот крај на лисатата, а едно ниво погоре е соседна Бугарија, па Унгарија и Словачка.Согласно податоците кои ги има поставено овој статистички центар на својата веб страна, од земји од Западен Балкан кои се уште не се членки на унијата, најнизок стандард на куповна моќ имаат жителите на Албанија, а нешто поголем имаат Македонците, па Црногорците, и најдобар Србите. Уште една земја кандидат за член во унијата со слични бројки кога станува збор за стандардот на куповна моќ е Турција каде распределбата е минимално поголема од Србија....
Дали Македонците ќе ги откажуваат одморите во Египет откако туристки починаа по напад од ајкула?
Фактор - пред 1 час
Добивај вести на Viber Од туристичките агенции во земјава се плашат дека во наредните денови ќе има откажување на одмори во Египет, затоа што таму починаа туристки откако ги нападнала ајкула. Сметаат дека за неколку дека ќе имаат попрецизна слика за состојбата. Иако Египет е популарен за македонските граѓани, сепак стравот и паниката си го прават своето. Доколку дојде до откажување на аранжмани, агенциите ќе трпат загуби. Во регионот, веќе паднаа цените за одмори во Египет, односно има попусти за 15 отсто, баш поради најновите случувања. „Туризмот е многу чувствителна гранка, и таквите агресивни медиумски објави влијаат на психата на луѓето. Кога одиме некаде, треба да ги почитуваме правилата каде и кога смееме да се капеме, а во овие случаеви имало непочитување. Инаку, јас сум човек кој посветува внимание детално да им објасни на луѓето сè што ги интересира, така што кога ќе бидат информирани ќе имаат пореална слика“, раскажува Даниела Трифуновска, сопственичка на агенцијата „We travel” од Струмица. Некои туристички работници велат дека за 30 години работа не сретнале ваков случај. „Сигурно дека тие настани ќе влијаат за туристите, секогаш е така. Кога ќе ја слушнат веста на македонски медиум, ја примаат со резерва, но откако истото ќе го објават српските, хрватските, и другите странски медиуми, веќе граѓаните сфаќаат дека е сериозно и дека има одредена опасност. За оваа тема се говори и во српските медиуми“, велат од прилепска туристичка агенција. Некои сопственици на туристички агенции објаснуваат дека граѓаните едвај чекаат да заминат на море, и желбата за посета на Египет ќе надвладее. „Веќе 15 години Египет е многу популарна дестинација за македонските граѓани. Го бираат Египет поради убавото море, добрата услуга, и пристапните цени. Интерес има и за одмори во Турција, Тунис“, додаваат од битолска агенција. Две жени викендов загинаа во напад на ајкула во местото Сал Хашиш во близина на Хургада, соопшти египетското Министерствоза животна средина. По немилите настани дел од плажите се затворени. Прво настрада Австријка, а потоа и романска туристка. Двата напади се случиле на 600 метри еден од друг. Ајкулите во Црвеното Море многу ретко напаѓаат луѓе кои не пливаат надвор од дозволените области, објави АФП. Агенцијата потсетува на вакви смртоносни инциденти со чешки турист во 2018 година, со Германец три години претходно и со негов сонародник во 2010 година.Туризмот е главен извор на приход за Египет, чија економија е во тешка состојба, заглавена помеѓу високата инфлација и девалвацијата на националната валута. Одморалиштата на брегот на Црвеното Море примаат речиси две третини од туристите кои ја посетуваат земјата, забележува АФП. Во добрите години, Египет имал над 13 милиони туристи. Во 2019 година имале најмногу посетители од Германија, Украина, Саудиска Арбија и Либија. Сања Атанасовскаfoto freepik.com...
Славчо Попоски најавува освежување на времето и влажен бран
Фактор - пред 10 часа
Добивај вести на Viber Meтеорологот Славчо Попоски најавува освежување на времето, засилен северен ветер, како и нов влажен бран кој ќе услови врнежи и нестабилност во петок. Исто така од петок температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.„Локални врнежи и нестабилност ќе има и за време на викендот. И во Скопскиот регион од петок па натаму температурите позначително ќе опаднат. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, а и понатаму ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, вели Попоски. Деновиве во попладневните часови ќе има услови за невреме....
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тензични протести пред Владата и Собранието, демонстрантите маваа со јајца
Фактор - пред 10 часа
Добивај вести на Viber ТЕНЗИЧНИ ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕEскалира протестот пред Владата. Дел од демонстрантите влегоа во дворот на Владата. Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда. Викаат „Оставка“ и „Станете Македонци“. Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камењ.Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.Демонстрантите ја пробија оградата пред Собранието и сега протестираат во дворот. Тие образложуваат зошто власта треба да го отфрли францускиот предлог. НА ПРОТЕСТОТ СЕ ПОЈАВИ И ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИПејачот Ламбе Алабаковски пееше и се обрати на протестот пред Владата. Тој запали лист хартија на кој пишуваше Преспански договор, Договор со Бугарија, француски предлог. Вели дека она што сега се случува со Македонија е фашизам. „Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка“, рече пејачот. MИЦКОСКИ СМЕТА ДЕКА УТРЕ ВЛАДАТА ЌЕ ГО ПРИФАТИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог. Од свои извори ја дознал оваа информација. Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.„Утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата“, рече Мицкоски.Тој ќе се откаже од предвремени избори доколку премиерот Димитар Ковачевски не го прифати модифицираниот француски предлог.ЧИТАЈТЕ УШТЕЦентралното градско подрачје од главниот град од околу 14.30 минути остана без електрична енергија. Одлуката за рационализација на паушалите на менаџерите не треба да изненадува особено ако се знае актуелниот економски амбиент и непредвидливите и растечки цени на сите продукти, а особено на енергенсите.Емисиите на јаглерод диоксид и други стакленички гасови паднаа за 4,6 отсто во 2020 година како резултат на „заклучувањета“ во првата половина од годината што ја ограничи глобалната мобилност и ја попречи економската активност. Многумина се надеваа дека ова ќе го означи почетокот на потрајно поместување на емисиите на јаглероден диоксид надолу, сепак, илузиите за кратко се струшени. Засега е многу тешко да се даде одговор на прашањето колку време ќе биде потребно за економско закрепнување на Украина откако војната ќе заврши....
Kaква порака испрати Апасиев од протестот?
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Претседателот на Левица, Димитар Апасиев излезе на протестот против францускиот предлог пред Собранието.„Од Влада до Собрание - против врховистите на власт!“, напиша Апасиев.Демонстрантите прво беа пред Владата, а потоа се преселија пред Собранието. Протестите беа тензични. фото Фејсбук...
Револтираните демонстранти се префрлија пред Собранието, маваат со јајца
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Протестот од пред Владата продолжи пред Собранието.Демонстрантите ја пробија оградата пред Собранието и сега протестираат во дворот. Тие образложуваат зошто власта треба да го отфрли францускиот предлог. Граѓаните пеат патриотски песни и бараат оставка. Претходно, имаше судири пред Владата. фото Принтскрин...
(ВИДЕО) УЧЕСНИЧКА НА ПРОТЕСТОТ: Јас искрено не гледам зошто во ЕУ би одела „гола“
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Учесничка на протестот пред Влада вечерва анкетирана одговори дека излегла за своите деца, и за својата земја. Таа вели дека не гледа зошто би одела во Европа „гола“, затоа што како што рече не оставија без ништо. Додава дека 30 години се занимаваме со пропаганда, за да луѓето се срамат да кажат дека се патриоти. „Ние сме тие кои ја создале и кои оваа држава ја држат во живот. Зошто ние толку слепо се држиме за таа ЕУ и ни се дава како единствена опција“, вели Елена. Таа прашува зошто властите употребуваат назив „чист јазик“ и прашува дали тој до вчера бил валкан. видео Мотика...
Дел од демонстрантите влегоа во дворот на Владата
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Дел од демонстрантите вечерва влегоа во дворот на зградата на Владата. Бараат оставка од Владата, но и отфрлање на францускиот предлог. Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Владата. Трет ден по ред има протести против францускиот предлог, со кој би се надминале несогласувањата со источниот сосед. Павле Трајанов од Демократски сојуз кажа дека нема суштинска разлика помеѓу ревидираниот и претходниот предлог кој го даде Франција....
Eскалира протестот пред Владата, има судири со полицијата, извикуваат „Станете Македонци“
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Eскалира протестот пред Владата. Дел од демонстрантите влегоа во дворот на Владата. Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда. Викаат „Оставка“ и „Станете Македонци“. Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на владата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камењ.Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство.foto Telma...
Алабаковски: Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Пејачот Ламбе Алабаковски пееше и се обрати на протестот пред Владата. Тој запали лист хартија на кој пишуваше Преспански договор, Договор со Бугарија, француски предлог. Вели дека она што сега се случува со Македонија е фашизам. „Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка“, рече пејачот. Веќе трет ден има протести и граѓаните бараат власта да го отфрли францускиот предлог, кој за нив е уцена од Бугарија. Против пејачот во тек е постапка поради палење на влезната врата на бугарскиот клуб во Битола. Алабаковски беше притворен, но потоа му го одземаа пасошот. Тој на протестот му се заблагодари на народот за поддршката....
Новинарка која ја критикувала руската војска заврши во психијатриска болница
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Руска новинарка е однесена во психијатриска болница бидејќи ја дискредитирала руската војска. Новинарката Марија Пономаренко која во април е приведена во рускиот град Санкт Петербург под обвинение за дискредитација на руските вооружени сили во објавите на социјалните мрежи, е префрлена во сибирска психијатриска болница. Веста ја потврди нејзиниот адвокат Сергеј Подолски. Тој изјави дека Марија Пономаренко 28 дена ќе биде под опсервација во Клиничката психолошка болница Алтај, пренесе Радио Слободна Европа.Пономаренко, која живее и работи во градот Барнаул во регионот Алтај и е мајка на две мали деца, е префрлена од Санкт Петербург во Барнаул на крајот на минатиот месец. Пономаренко се соочува со 10 години затвор за објава на Телеграм за руското бомбардирање на театар во украинскиот град Мариупол. Рускиот закон усвоен во март го криминализира ширењето на „лажни“ извештаи кои „ги дискредитираат вооружените сили“. Откако почна војната во Украина, во Русија имаше случаи новинари да си дадат отказ и да заминат од Русија. Дел од европските земји се понудија да им дадат азил. фото Твитер...
Во скопско изгоре возило натоварено со бали слама
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Изгоре возило натоварено со слама. Товарно возило натоварено со бали слама вчера изгорело помеѓу селата Средно и Долно Коњари. Во 14.42 часот, во СВР Скопје, Р. С. (33) од селото Света Петка, скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, избувнал пожар, при што изгореле сламата и возилото. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид....
(ВИДЕО) Со симболи на Голема Албанија дефилирале низ Гостивар
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Група Албанци, качени на коњи, носејќи албански знамиња и други симболи кои можат да се поврзат со идејата за Голема Албанија, дефилирале низ Гостивар. Преку социјалните мрежи се појави видео од оваа случка. Од СВР Тетово за МКД.мк велат дека настанот e поврзан со семејна веселба, но дека во координација со јавен обвинител ќе следуваат адекватни поднесоци.foto printsksinВидеото можете да го видите тука....
Прванов вели дека Бугарија ја загуби битката за историјата
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Со ветото Бугарија ја загуби битката за историјата, вели екс бугарскиот претседател Георги Прванов. Тој денеска повика на конструктивен пристап во односите меѓу Софија и Скопје. Прванов вели дека колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан, дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. „Така што, да се надеваме дека ќе се направи потег и оваа сага ќе заврши“, рече Прванов. Вели дека од најблиски народи станавме најнепријателски. Бугарските власти рекоа дека се работи за истиот предлог, кој претходно Македонија го отфрли, додека кај нас е соопштено дека се работи за ревидиран француски предлог. Во Македонија два дена имаше протести и барање власта да го отфрли овој предлог....
Што се случува во Узбекистан каде на протести загинаа 18 луѓе?
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Во Узбекистан загинаа 18 луѓе на протести против уставни измени. Безбедносните сили привеле 516 демонстранти. Многу од нив сега се ослободени, објави Националната гарда, пренесува РСЕ.Протести избија во регионалниот главен град Нукус и други градови по предложените измени на Уставот на Узбекистан, иницирани од претседателот Шавкат Мирзијоев на 27 јуни, вклучително и отстранување на јазикот. Со предложените измени на Уставот се укинува загарантираното право на Каракалпакстан да бара независност ако граѓаните одлучат да го сторат тоа на референдум. Во соопштението објавено на интернет, Мирзијоев рече дека демонстрантите презеле „деструктивни акции“ во Нукус, главниот град на регионот, фрлајќи камења, предизвикувајќи пожари и напаѓајќи ги безбедносните служби.Во соопштението објавено од неговата канцеларија на 3 јули, Мирзијоев призна дека имало жртви меѓу безбедносните сили и меѓу цивилите на масовните протести во регионот, а во друг извештај стои дека над 1.000 луѓе се повредени. Локалните жители велат дека интернетот и телефонските услуги се строго ограничени, а вонредната состојба го ограничува движењето.Узбекистан има територија од 448,978 km² на која живее население од 35.300.000 од кои дури 84.4 отсто се етнички Узбеци. Но, западниот дел на земјата, односно нешто над една третина од вкупната површина (37,1 отсто), ѝ припаѓа на автономната република Каракалпакстан....
На Змискиот Остров повторно се вее украинското знаме, ова е голема победа за Украина
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Украина го подигнала своето знаме на Змискиот Остров. Информацијата ја објави украинската војска, откако руските сили минатата недела објавија дека се повлекле од островот. „Воената операција заврши и територијата (Змискиот Остров) е вратена во јурисдикција на Украина“, изјави Наталија Хумениук, портпаролка на јужната воена команда на Украина.Русија во четвртокот објави дека се повлекла од Змискиот Остров како „знак на добра волја“ за да покаже дека не се меша во напорите на Обединетите нации за отворање хуманитарен коридор што дозволува испорака на жито. Украина тврдеше дека ги истерала руските сили по артилериски и ракетен напад. Контролата на островот, кој се наоѓа на околу 40 километри од брегот на Украина, ѝ дозволи на Русија да ги загрози поморските патеки што водат до и од Одеса. Островот стана симбол на украинскиот отпор на почетокот на војната кога граничарите стационирани таму ги одбија руските барања да се предадат или да загинат. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека ќе ја вратат контролата на украинските градови кои сега се под руска окупација. фото МВС Украина...
Ванхојте: ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата и иднината на вашите деца
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно, порачува Питер Ванхојте, експертот за демократија од Белгија кој ги олеснуваше политичките процеси во Македонија. Тој ги повика македонските граѓани да не се плашат од францускиот предлог и преговорите со Европската Унија (ЕУ). Вели дека ја следи дискусијата меѓу Македонија и Бугарија. „Денес, благодарение на францускиот предлог, можен е сериозен напредок. Да, Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ. Ја почитувам храброста на вашата Влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно. ЕУ е вашата иднина. ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување“, додава Ванхојте. За опозицијата вели дека ја разбира, затоа што нивна работа е да се спротивставуваат и полесно е да се игра со емоции. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог. Од свои извори ја дознал оваа информација. Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот....
БЕСНЕАТ ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА: Гори кај Атина и на Пелопонез, се евакуираат цели населени места
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Шумски пожари има во близина на грчката престолнина Атина, а еден град е евакуиран. Силниот ветер го разгорува пожарот во областа Шхиматари, на околу 50 километри од Aтина. Локалните власти ги повикаа жителите да го напуштат градот Дилеси и го запреа локалниот железнички сообраќај, затоа што повеќе од сто пожарникари, поддржани од четири авиони и два хеликоптери, се борат со пожарот. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот и на јужниот полуостров Пелопонез, каде се евакуирани четири села. Викендов во Грција пристигнаа пожарникари од Романија и Бугарија за да помогнат. За 24 часа, се регистрирани 53 шумски пожари.Лани шумските пожари опустошија околу 300.000 хектари шума....
Иднината на роботиката денес беше претставена во Скопје
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Денес претставниците на медиумите имаа можност одблизу да го запознаат CyberDog, четвороножниот робот кој е воедно и пионер на роботиката на компанијата Xiaomi. На присутните им беа презентирани бројните команди и напредни функции кои овој робот ги поседува, а се реткост за јавноста на нашите простори. Дел од функциите што ги фасцинираа присутните беа гласовните команди кои на сопственикот на CyberDog му овозможуваат да постави зборови за будење или едноставно да ја користи неговата апликација за далечински управувач и паметен телефон. Токму заради овие функции Xiaomi CyberDog е еден вид домашен миленик од нова генерација. Сопственикот може да го повика за различни задачи, но и да ги користи многубројните можности за комуникација. Екстерниот интерфејс на CyberDog е исто така богато развиен. Поседува 3 приклучни порта тип C и еден HDMI порт, што на корисниците им овозможува слобода да истражуваат и интегрираат широк спектар на иновативни и креативни хардверски додатоци или софтверски системи, како светло за пребарување, панорамска камера, камера за движење, LiDAR и многу други. Овој храбар чекор на Xiaomi кон истражување на технологијата на иднината е инспириран од живите суштества, а е резултат на посветената работа и експертизата на инженерите на компанијата. CyberDog е калибриран со интерно развиени серво мотори кои на роботот му даваат голема брзина и широк спектар на движења. Со максимален излезен вртежен момент и брзина на ротација до 32 N•m/220 вртежи во минута, CyberDog може да изведува серија движења со голема брзина до 3,2 m/s и комплицирани дејства, како што се превртувањa наназад. Мозокот на роботот го води суперкомпјутер со вештачка интелигенција на NVIDIA Jetson Xavier NX платформа. За своите сопственици, CyberDog беспрекорно ги обработува масивните податоци што ги складира во својот сензорски систем. За да може целосно да ги имитира живите организми, CyberDog е опремен со 11 сензори со висока прецизност кои обезбедуваат моментална повратна информација што му помага да се движи. Ова вклучува сензори за допир, камери, ултразвучни сензори, GPS модули и многу други, кои му даваат на CyberDog зголемена способност да ја почувствува, анализира и да комуницира со околината. За компанијата Xiaomi: Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010 година и котирана на Главниот одбор на берзата во Хонг Конг на 9 јули 2018 година (1810.HK). Xiaomi е интернет компанија со фокус на паметни телефони и паметен хардвер, поврзани со платформата за Интернет на нештата (IoT). Со еднаков акцент на иновации и квалитет, Xiaomi континуирано цели кон висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради врвни производи со реални цени, за да им овозможи на сите во светот да уживаат во подобар живот преку користење на иновативна технологија. Од вториот квартал на 2021 година, Xiaomi е на второ место како бренд за паметни телефони на глобалниот пазар, со светски водечката IoT платформа со повеќе од 351,1 милиони паметни уреди поврзани на нејзината платформа, не вклучувајќи ги паметните телефони и лаптопи. Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2021 година, компанијата по трет пат се најде на листата на Fortune Global 500, рангирајќи на 338-то место, што е раст од 84 места во споредба со 2020 година. Компанијата исто така го зема 7-то место меѓу интернет компаниите на листата. Xiaomi е составен дел на Hang Seng индексот, Hang Seng China Enterprises индексот и Hang Seng TECH индексот. За повеќе информации за компанијата посетете го линкот https://blog.mi.com/en/...
Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог и можете да го преземете на следниот линк:• Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија - Општ став на ЕУ• Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазикПредлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите....
Мицкоски вели дека утре Владата ќе го прифати францускиот предлог
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог. Од свои извори ја дознал оваа информација. Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.„Утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата“, рече Мицкоски.Тој ќе се откаже од предвремени избори доколку премиерот Димитар Ковачевски не го прифати модифицираниот француски предлог.ДОМ е против, билатералните прашања со Бугарија да се дел од преговарачкиот процес. Албанија за Албанците и БЕСА го поддржуваат францускиот предлог. Два дена по ред граѓаните излегуваат на протести со барање власта да го отфрли францускиот предлог....
Зеленски: Се движиме напред во регионот Харков, а ќе дојде ден кога истото ќе го кажеме и за Донбас
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Колку и да ни е тешко денес, мора да запомниме дека ќе има утре, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој бара помош за обнова на земјата. Тој не губи надеж дека Украина ќе ги врати изгубените територии. Кажа дека Русија има доволно ракетни системи за уништување град по град, но Украина сепак ќе ги врати изгубените територии. Зеленски вели дека се движат напред во регионот Харков, а ќе дојде ден кога ќе го кажат истото и за Донбас. „Потребно е не само да се поправи сето она што го уништија окупаторите, туку и да се создадат нови основи за нашите животи: безбедни, модерни, удобно, достапни“, рече Зеленски. Зеленски ги потсетил Украинците дека војната е далеку од завршена.„Неговата суровост се зголемува на некои места и тоа не може да се заборави“, додал претседателот. Украинските медиуми јавуваат дека е уништен магацин за муниција во окупираната Сњежне во источниот регион на Доњецк....
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, секогаш ги препознава можностите и иницијативите за негување на спортскиот дух. Во таа насока е и најновата спортска соработка со македонскиот фудбалски шампион Шкупи. Видеолотарија во своите заложби за поддршка на спортска култура, продолжува со својата агенда за активна вклученост во развојот на бројни активности и настани, кои ќе го слават спортскиот напредок и успех. Нашата компанија е нов пријател- поддржувач на македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкупи, во нивните настапи во квалификациите за ЛШ и следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тимот на Шкупи кој утре има ново спортско патешествие со Линколн Ред Импс во рамки на квалификациите од Лигата на шампиони, изрази благодарност до Видеолотарија за препознавањето и поддршката во нивните спортски амбиции. Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија веќе сигурно станува силен поддржувач на македонскиот фудбал. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно...
Рама: Продолживме да организираме свадби, ja чекавме невестата од Брисел, но таа не дојде
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Со години ја чекаме „невестата” од Брисел, но, таа никогаш не дојде, вели албанскиот премиер Еди Рама. Рече дека не е Бугарија во прашање, туку начинот како ЕУ функционира, тој модел е застарен и треба да се смени. Рама кажа дека една земја држи во заложништво две други земји и тоа е грешка. Албанскиот премиер вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но таа никогаш не дошла.„Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две , не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува“, рекол Рама според Ора њуз.Вели дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”. Рама неодамна ја критикуваше ЕУ затоа што не отвори преговори со Македонија и Албанија....
Има 290 нови случаи на Ковид-19 во последните три дена
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Има 290 нови случаи на Ковид-19 во последните три дена, а нема починати лица. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022):Направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции.Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1.Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698.Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 148549, Активни 536Куманово 16770, Активни 42Битола 15835, Активни 59Прилеп 14277, Активни 33Тетово 13533, Активни 20Кавадарци 10760, Активни 34Велес 9848, Активни 30Гостивар 9634, Активни 15Охрид 9030, Активни 58Штип 8119, Активни 18Струмица 8110, Активни 15Кичево 5673, Активни 11Кочани 5125, Активни 17Струга 4744, Активни 9Гевгелија 4431, Активни 4Неготино 3714, Активни 5Ресен 2760, Активни 1Свети Николе 2641, Активни 1Радовиш 2537, Активни 5Крива Паланка 2421, Активни 2Делчево 1991, Активни 5Берово 1693, Активни 1Дебар 1684, Активни 3Валандово 1488, Активни 0Виница 1398, Активни 2Пробиштип 1271, Активни 3Богданци 1025, Активни 2Кратово 969, Активни 0Крушево 933, Активни 2Демир Хисар 837, Активни 1Македонски Брод 744, Активни 1Демир Капија 594, Активни 0Македонска Каменица 525, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 352, Активни 0foto freepik.com...
ГОЛЕМ ДЕФЕКТ НА 10 КИЛОВОЛТЕН ДАЛЕКУВОД - центарот на Скопје без струја
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Централното градско подрачје од главниот град од околу 14.30 минути остана без електрична енергија. Од ЕВН Македонија за Фактор потврдија дека станува збор за голем дефект на 10 киловолтен далекувод. - Станува збор за покомплексен дефект. Екипите на ЕВН веќе се на терен. Временска рамка не можеме да определиме кога би бил отстранет дефектот, што значи дека санирањето би можело да трае и половина час, но и подолго. Струја немаат корисниците во Дебар мало, потегот околу Универзална сала, делот околу Нова Македонија. Што значи станува збор за најстрогиот центар на градот - објаснуваат од ЕВН за Фактор. А.Б....
ПО КАНАДА ПАПАТА САКА ДА ОДИ ВО МОСКВА - Оставка не ми падна на ум
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Папата Франциско (85) денеска ги отфрли обвинувањата дека планира да ја напушти функцијата поглавар на Римокатоличката црква и рече дека овој месец ќе оди во Канада и се надева дека наскоро ќе може да замине во Москва и Киев.– Нема да поднесам оставка во скоро време – рече папата Франциско во ексклузивно интервју за Ројтерс и најави дека сака да оди во Русија и да разговара со Владимир Путин.- Лекарите не ми кажаа ништо за оставката – рече на шега папата и детално ги опиша здравствените проблеми што ги има со коленото.Оставка не ми поминала на памет, не во моментов. Навистина - но не исклучи дека ако му се влоши здравствената состојба ќе ја разгледа и таа опција. На прашањето кога би можело да биде тоа, папата одговори: „Не знаеме, Бог ќе каже“.Папата ќе биде во Канада од 24 до 30 јули, а веднаш потоа сака да замине во Москва.- Тој би сакал да одам во Украина, но пред тоа во Москва. Разменивме пораки за тоа бидејќи мислев дека рускиот претседател ќе ми отвори мал прозорец за да му служам на мирот.Досега ниту еден папа не ја посетил Русија, па аналитичарите во Ватикан тврдат дека мали се шансите оваа посета да се случи....
Првпат во земјава, во „Аџибадем Систина“ на ЕКМО-апарат приклучено новороденче старо 10 дена по операција на срце
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Новороденче старо само десет дена со тежина од 2,7 килограми е во стабилна состојба во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, откако по една од најтешките операции во детската кардиохирургија било поставено на ЕКМО-апаратот. Ова е првпат толку мал пациент да биде вклучен на ЕКМО во земјава, што е навистина голем успех за детската кардиoхирургија. Операцијата во која била направена транспозиција на големи крвни садови ја изведе доц.д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург. Тој вели дека станува збор за еден од најголемите успеси досега во земјава. „Првпат почнавме со ЕКМО кај деца во ‘Аџибадем Систина’. Се работи за бебе од 2,7 килограми кое е новороденче, односно старо само 10 дена. По тешка операција, која е всушност и најтешката во детската кардиохирургија – транспозиција на големи крвни садови, имаше потреба од ЕКМО. Го вклучивме детето и по пет дена успешно се врати во стабилна состојба. Ова е голем успех за болницата, но и за државата и нова страница во детската кардиохирургија и воопшто за сите состојби на деца што имаат нарушувања со белите дробови и срцето од различни причини, постоперативни, од ковид, до сепси, сите видови труења и други вродени мани кај децата. Навистина ми е драго што успеавме“, вели доц. д-р Чадиковски. Изведувањето на оваа процедура кај мали деца е доста комплицирано и д-р Чадиковски вели дека тоа бара голема подготвеност, но и сериозен тим и познавања. И во овој случај, како и за сите болнички лекувања во „Аџибадем Систина“ се применува мултидисциплинарен пристап, а се обезбедува и 24-часовен мониторинг од сите аспекти. Додека пациентот е приклучен на ЕКМО, практично на срцето и на белите дробови им се остава простор да мируваат, односно им се дава можност да се регенерираат, додека машината ја извршува нивната работа за телото. Кога процесот ќе заврши, се оставаат неколку дена за организмот повторно целосно самостојно да функционира.„Целата постапка со ЕКМО-апаратот кај децата е многу комплексна, за разлика од возрасните, многу поспецифична, затоа сакам да му се заблагодарам на целиот тим и се гордеам за овој заеднички успех“, вели доц. д-р Чадиковски. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ е единствената во земјава во која функционира приватна детска кардиохирургија. Во одделот се изведуваат најсериозни операции на новороденчиња....
ИНЦИДЕНТ НА ПЛАЖА ВО АЛБАНИЈА - Пукотници кај Валона, има повредени
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона.Како што пренесуваат албанските медиуми има повреди, а туристите во паника го напуштиле местото.Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување.Пристигнуваат и возила за брза помош. Се врши увид, засега не е познат мотивот....
ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Европската Комисија го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.- Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање - изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар.- Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува - изјави портпаролката Ана Писонеро.Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“.-Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро....
ГОРИВАТА ПО ПОЛНОЌ СО НОВИ ЦЕНИ - Регулаторна направи надолни корекции
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на претходната одлука.Со оваа одлука, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,422 денари за килограм.- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860 проценти, кај дизелот за 1,390 отсто, кај екстра лесното масло за 1,407 проценти и кај мазутот има зголемување е за 0,959 отсто - наведуваат од РКЕ во соопштението.Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Еуросупер БС - 95 108,50 (денари/литар)Еуросупер БС - 98 110,50 (денари/литар)Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)...
ГОРИВАТА ОД ВЕЧЕРВА СО НОВИ ЦЕНИ - Регулаторна направи надолни корекции
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на претходната одлука.Со оваа одлука, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,422 денари за килограм.- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860 проценти, кај дизелот за 1,390 отсто, кај екстра лесното масло за 1,407 проценти и кај мазутот има зголемување е за 0,959 отсто - наведуваат од РКЕ во соопштението.Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Еуросупер БС - 95 108,50 (денари/литар)Еуросупер БС - 98 110,50 (денари/литар)Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)...
ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИ ЛИ ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА - Расте бројот на заболени со Ковид-19 во туристичките делови на Грција
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис Параскевис денеска одржаа вонредна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција и истакнаа дека најголемо зголемување на случаи на Ковид-19 има на туристичките дестинации, како што се областа Атика, поширокиот регион на Атина, на островите во Јонското море и јужниот дел на Егејското море, како и на Крит.За бројот на активни случаи во Грција, потпретседателот и професор по епидемиологија Параскевис рече дека немаат конкретна бројка, но процените се дека се околу 150.000 до 200.000.Објасни дека во изминатите три седмици има континуирано зголемување на заразени на возраст од 18 до 24 години, но и зголемен бројот на реинфекции, нагорен тренд има и во однос на лицата кои се лекуваат на Ковид клиниките, нешто што сепак не се пренесува на зголемување на хоспитализациите на одделите за интензивна нега во грчките болници....
ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЌЕ РАСПРАВА СОБРАНИЕТО: Ковачевски се согласил, малите партии бараат прво сите документи да бидат преведени на македонски јазик
Фактор - пред 19 часа
Добивај вести на Viber Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во разговорите со помалите коалициски партии – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП дал согласност модифицираниот француски предлог да биде ставен на пленарна седница, за него да расправаат пратениците и да бидат изгласани заклучоци. Како што изјави Маја Морачанин од ДОМ за МИА на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата, на што Ковачевски се согласил, но кога би се одржала таа седница засега не е прецизирано, со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната. На средбата трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност. Трите коалициски партнери на Ковачевски му порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образовнието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., нагласи Морачанин за МИА. ФОТО: Влада на РСМ...
ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА Е НЕВЕРОЈАТНИ 78 ОСТО! Новите податоци ги уриваат сите рекорди, лирата постојано паѓа, а потрошувачките и производствените цени растат
Фактор - пред 19 часа
Добивај вести на Viber Годишната инфлација во Турција во јуни достигна 78,62 отсто, што е највисока од 1998 година. Ова го објави Националното биро за статистика на Анкара, каде беше посочено дека цената на стоките за широка потрошувачка пораснала за 4,95 отсто. Претходниот месец стапката на инфлација беше околу 74 отсто.Податоците покажуваат дека транспортот и намирниците особено пораснаа значително во јуни на годишна основа. Трошоците за производство, исто така, продолжија да растат.- Според податоците на Заводот за статистика, цените што ги добиваат производителите за својата стока во јуни се зголемени за околу 138 отсто во споредба со цените пред една година! Во однос на претходниот месец, има зголемување за околу 6,8 отсто. Производните цени обично течат со временско задоцнување и делумно се вклучени во потрошувачките цени - се наведува во соопштението.Опозицијата ја обвинува владата дека ги крие бројките за инфлација и претпоставува значително повисока стапка.Како што пишуваат тамошните медиуми, стапката на инфлација во Турција е поттикната од неколку фактори, како штос е се: слабата национална валута, лирата, која доведе до значителни зголемувања на цените, бидејќи стоките увезени во Турција стануваат поскапи како резултат на тоа. Според многу економисти, пишува „Блиц.рс“ турската централна банка не се бори доволно решително со високата инфлација. Всушност, монетарните чувари ја олабавија својата монетарна политика од минатото лето. Според сегашната економска теорија, зголемувањето на каматните стапки може да се спротивстави на инфлацијата.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, тврди дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација. Централната банка ја следи линијата на Ердоган и досега се воздржуваше од зголемување на каматните стапки. Од јануари досега ги задржа каматните стапки на 14 отсто....
Со Mastercard од Комерцијална банка „Три пати плати и освој“ поврат на средства
Фактор - пред 19 часа
Добивај вести на Viber Mastercard дебитните и кредитните картички од Комерцијална банка ова лето ве носат во светот на забавата и наградите. „Трипати плати и освој“! Со минимум 3 трансакции од по најмалку 2.000 денари во ресторани, хотели или бензински пумпи со Вашата Debit Mastercard, Debit Mastercard World, Mastercard Standard, Mastercard Revolving, Mastercard Skopje City Mall или Mastercard Platinum, каде било во земјава, станувате потенцијален добитник на награда од 600 денари исплатени на Вашата сметка. Наградите ќе ги добијат првите 500 корисници на Mastercard картички од Комерцијална банка кои ќе ги исполнат условите за поврат на средства. Наградната игра трае од 1 јули до 15 август 2022 година, а сите детали за истата се достапни на следниот линк.ПР објава...
Апасиев: Денес и утре се клучните денови!
Фактор - пред 19 часа
Добивај вести на Viber По објавувањето на т.н. модификуван француски предлог за преговарачката рамка на Македонија во ЕУ, согласно која „се интегрирани сите бугарски барања кои го негираат македонскиот јазик, култура, историја и севкупно постоење во Скопје овие неколку дена по ред се одржуваат протести“, пишува порталот „Антропол“. Како што нагласуваат, меѓу многубројните граѓани секојдневно е и Димитар Апасиев, претседател на „Левица“.Апасиев потенцира дека денес и утре се клучните денови, и ги повика сите на протест....
Бектеши: Дополнителни мерки по усвојување на ребалансот на Буџетот
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber Во моментот кога ќе се усвои ребалансот на Буџетот, кога ќе имаме можност да креираме мерки и да ги редизјанираме постоечките, ќе ги викнеме сите стопански комори, сите засегнати страни и синдикатите и ќе излеземе со дополнителни мерки, рече министерот за економија Крешник Бектеши.Бектеши информира дека секојдневно добива писма од различни здруженија и од стопанските комори, напоменувајќи дека Министерството е подготвено за состаноци и за разговор во детали.- Во однос на антикризните мерки, чекаме да биде усвоен ребалансот на Буџетот. Институциите се подготвени да се соочат со кризата. Секој ден добивам писма од стопанските комори и од различни здруженија. Сите што се заинтересирани да дадат придонес, тоа може да го направат јавно, а секако дека ние сме секогаш подготвени за состаноци и за разговари во детали - изјави министерот, одговорајќи на новинарски прашања по врачувањето на договорите за „Субвенционирање плати“ во Тетово.Вчера, дополни, имаше и изјава од страна на претседател на опозициска партија.-Тој кажа дека сакале да се вклучат и да придонесат во делот на справување со кризата со што индиректно признава дека намерно претходните мерки биле блокирани. Тие имаа можност да бидат вклучени и тогаш, а сега за политички интерес даваат таков предлог. Не, институциите се подготвени да се соочуваат со секаква криза, за храна, за струја или за топлинска енергија, нагласи Бектеши....
ВИДЕО ОД ЗАХАРОВА ПРЕГЛЕДАНО ОД СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ: Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи јаде јагоди
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber Откако виде видео од Марија Захарова на Телеграм, новинарот Кевин Ротрок го сподели видеото на Твитер, предизвикувајќи бројни реакции. На тоа видео портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова јаде јагоди, а видеото за еден ден го погледнале стотици илјади луѓе. Така, дел од нејзиниот приватен живот е изложен на коментари во јавноста. „Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи го сподели ова видео од нејзината градина на Телеграм.„Мојата жетва“, напиша таа. Само ако конфискациите на земјоделските култури во Русија во 2022 година беа ограничени на овие јагоди“, искоментира Кевин Ротрок под видеото.Мария #Захарова и клубничка. Полное видеоMaria #Zakharova erotically ate #strawberries. Full video #russia #war https://t.co/na19wkPwGU pic.twitter.com/FJ0paE5OXF— Drag Drop TV (@DragDropTV) July 2, 2022...
Со правилни консултантски услуги до поголем раст на компаниите и креирање нови работни места
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber Во периодот 2020-2021 година, со помош на консултантските услуги обезбедени преку ИМЕ програмата за плаќање по учинок, 40-тина македонски компании обезбедија банкарски кредити во износ од околу 5 милиони CHF.Компании чијашто дејност е земјоделство, туризам и информатичка технологија искористија консултантски услуги во нивниот процес на аплицирање за финансиски средства од банки или нефинансиски институции и програми.Со добиените дополнителни финансиски средства, компаниите овозможија континуитет на своето работење и истовремено подобрување на нивните перформанси. „Консултантот помогна во подготовка на документите за аплицирање за кредитот и овозможи соодветни услови за негово одобрување. Тој овозможи брз и квалитетен пристап до корисни информации за финансиската подршка на инвестицијата“. “од компаниите-корисници на програмата”„Консултантите помагаат на компаниите да донесат најдобра одлука во искористување на сопствените и средствата добиени од кредит, а со тоа оптимално да ги планираат обртните средства и димензионираат инвестициите што ќе им овозможи брз раст и развој“. – изјави Тања Георгиевска, заменик тим лидер на ИМЕ Програмата. Со цел подетално да се согледа влијанието на програмата за плаќање по учинок врз работењето на компаниите, ги прикажуваме остварувањата на девет компании, селектирани според секторската и регионалната припадност. Имено, овие компании се наоѓаат во југоисточниот дел од нашата земја, и главната дејност им е откуп и продажба на овошје и зеленчук на големо. Во втората половина на 2021 година, со помош на консултантските услуги овозможени од ИМЕ, овие девет земјоделски компании искористија кредити од комерцијалните банки во износ од 860.061 CHF. Обезбедените финансиски средства, помогнаа компаниите да остварат дополнителна продажба од околу 2 милиона CHF, што преставува скоро една третина од нивната вкупна продажба. Со помош на средствата добиени од кредит, дел од компаниите ја подобрија својата ликвидност која беше намалена како резултат на претходно реализирани инвестиции. Останатите компании пак успеаа да ја реализираат редовната сезонска набавка на суровини и тоа во поголем обем од претходно. „Набавката на поголеми количини на суровини на зеленчук во пресрет на сезоната беше неопходна за нормално функционирање на бизнисот. Поради, претходно инвестираните сопствени средства во изградба на откупен центар не бевме во можност самостојнода обезбедиме финансиски средства за набавка и имавме неопходна потреба од кредит “- велат од една од компаниите, корисник на програмата за Плаќање по учинок.Во услови на зголемена продажба, деветте земјоделски компании во втората половина на 2021 остварија вкупен нето-приход од околу 1 милион CHF, што е значителен придонес во нивното тековно работење, имајќи во предвид дека станува збор за мали компании со 3-5 вработени.Истовремено, овие компании остварија вкупно 11 нови вработувања и дополнителни 32 сезонски вработувања, главно како резултат на зголемување на нивните активности. Обезбедените финансиски средства помогнаа на земјоделските компании да ги подобрат релациите со тековните клиенти, пристап до нови пазари како и соработка со нови странски купувачи. Следствено, вкуниот извоз на овие компаниите во 2021 година на годишно ниво се зголеми за 16%, при што една третина од ова зголемување е помогнато од обезбедените дополнителни финансиски средства од банките. Во втората половина на 2021 година, деветте земјоделски компании остварија вкупна набавка од околу 6,7 милиони CHF, при што околу 12% од набавката е со помош на средствата од добиениот кредит. Компаниите склучиле и договори со нови добавувачи, при што во зависност од нивната потреба бројката се движела од 3 до 10 нови добавувачи по компанија. Дополнителните финансиски средства како и добиената консултантска помош, придонесе кон долгорочни промени кај компаниите-корисници. Зголемениот обем на работење и пристапот на нови пазари, создадоа услови компаниите да размислуваат за проширување на своите капацитети и нови инвестиции. „Набавката на поголеми количини на суровини на зеленчук, непосредно во почетокот на сезоната на берба допринесе да одговориме на зголемената побарувачка на домашните и странски купувачи. Расположливите финансиски средства од одобрениот кредит ни овозможија реализирање на поголеми сезонски набавки “.- велат компаниите. Една од нив, средствата од кредитот ги искористи за проширување на капацитетите и инвестирање во изградба на нов објект од 450м2 во склоп на кој ќе има и разладни комори од 80м2 за чување на овошје и зеленчук. Дополнително се размислува и за линија за конзервирање и пакување на зеленчук што дополнително ќе допринесе за производство на финален производ со поголема додадена вредност. ИМЕ програмата ќе продолжи да го унапредуваеко системот од консултанти кои даваат услуги за развој на бизнисот (BDSPs) преку поддршка за пристап до финансиски средства и фондови, аплицирање за различни заеми и можности за аплицирање за грантови. Оваа техничка поддршка за компаниите преку инструментот “Плаќање по учинок” овозможува подобрување на квалитетот на производите и услугите, можности за настап на нови пазари и креира предуслови за создавање нови одржливи работни места за високо квалификуваниот кадар во Северна Македонија, особено за жени и млади....
ПУШКАТА ЈА НОСИ ПРЕКУ РАМЕНАТА И МИРНО ШЕТА НИЗ ТРГОВСКИОТ: Ова е напаѓачот во Копенхаген
Фактор - пред 21 часа
Добивај вести на Viber Веднаш по пукањето, на социјалните мрежи се појавија слики и видеа од моментот кога вооружен маж минува низ трговски центар во Данска со пушка преку рамо пред да отвори оган врз невините случајни минувачи, пишува Дејли Меил. Меѓу загинатите има 47-годишен маж и двајца малолетници, 17-годишно момче и девојка, соопшти полицијата, додека 22-годишен маж, етнички Данец, е уапсен. Инспекторите велат дека човекот работел сам, а не е исклучен тероризмот како мотив. Полицијата одби да го открие идентитетот на напаѓачот, само ја потврди неговата националност, етничка припадност и возраст во согласност со данските закони за приватност, но постојат сомневања дека сторителот неодамна објавил повеќе видеа на Јутјуб со наслов „Не ми е гајле“, пишува Дејли Мејл. Во меѓувреме, снимката од мобилниот телефон од трговскиот центар го покажува осомничениот како држи скандинавска пушка, оружје што го користат нордиските спортски стрелци и наводно истото оружје што се појавило на неговите видеа на YouTube. Според полицијата, убиецот е белец кој ја поддржувал данската екстремно десничарска, антиисламска партија позната како Тврда линија....
Потрошувачки Еко-кредит на Халкбанк за енергетски ефикасни производи и проекти
Фактор - пред 21 часа
Добивај вести на Viber Новиот потрошувачки Еко-кредит на Халкбанк е наменет за физички лица и овозможува финансирање на проектите за енергетска ефикасност (ЕЕ), какви што се замената на енергетски неефикасните системи за снабдување со топлина и надградувањето на надворешната ѕидна и покривна инсталација, системите за греење и осветлување, како и поставувањефотоволтаици на покривотза производство на струја. Во повеќето земји низ светот, теми за дискусија се енергетската политика и растечките цени за енергија. Дури и ако тековните цени на електрична енергија во Македонија се релативно ниски денес, тоа може да се промени во иднина, бидејќи енергијата станува се поредок ресурс и владите вообичаено плаќаат големи суми за да ги одржат цените ниски за потрошувачите. Инвестициите во модерни, енергетски ефикасни технологии и системи за управување со енергија во принцип имаат голема економска смисла. И покрај повисоките почетни трошоци, купувањето на ефикасни технологии во најголемиот број случаи ќе се исплати, бидејќи ќе користите помалку енергија од претходно и поради тоа што ќе ви бидат пониски трошоците за поправка и одржување. Како позитивна мерка во соочување со ваквите времиња е тоа што од сега секое домаќинство или компанија ќе може да ставифотоволтаик на покривотза производство на струја. Со новите законски решенија ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија. А се подготвува и закон со кој ќе се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти. Во поддршка на оваа новина, Халкбанк го понуди Еко потрошувачкиот кредит со максимален износ до 600.000 денари, а рокот на отплата изнесува до 95 месеци со вклучен грејс период во траење до 3 месеци. Варијабилната каматна стапка е дефинирана како: 3,75 процентни поени + референтната стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 2%(5.75% номинална годишна). Провизијата за обработка на кредит изнесува 0,5 %, додека надоместот за предвремена отплата на кредит е 0%. Кредитот треба да се искористи наменски врз основа на доставена фактура/про-фактура од трговецот.ПР објава...
Голманот Никола Митревски нѐ води во Порто: Градот е убав, секој кој има можност би му препорачал да го посети
Фактор - пред 21 часа
Добивај вести на Viber На голот е вистински „ѕвер“. Со неговите одбрани во македонската ракометна репрезентација и во клубот Порто, понекогаш ве остава без здив, а во воздухот постојано ви лебди прашањето „ дали е можно“. Но, со Никола Митревски на голот, се е можно, особено во клучните мигови на најзначајните натпревари. Важи за еден од најдобрите голмани во Европа.Приватно, ќе ве освои со својата смиреност и скромност.Беше дел од тимот на Металург, Бенфика, и ХЦД СУД Констанца. Сега ги брани боите на Порто.* Португалија како егзотоична земја е една од најпосакуваните дестинации за туристите. Како ја доживевте кога првпат ја посетивте и по кој повод?- Португалија од секогаш ми била интересна земја, пред сѐ поради нивниот фудбал и големите фудбалски ѕвезди.Но, првпат во Португалија и во Порто, бев на ракометен натпревар, во сезоната 2010/2011, со екипата на Металург, игравме квалификации за пласман во Лигата на шампиони и тоа против сегашниот мој клуб Порто.И уште еден куриозитет, тогаш бевме сместени во хотел кој се наоѓа на истата улица, каде што сум сега.* Кога игравте за Бенфика две години живеевте во Лисабон. Сега, како дел од ракометниот клуб Порто, живеете во градот со истото име. Колку се разликува животот во двата најголеми градови во земјата?- За мене, како некој којшто е со фамилија, немам некој впечаток дека се многу различни, туку напротив многу ми се идентични. Луѓето се опуштени, сакаат добра храна и вино, сакаат и знаат да уживаат во животот. Инаку Лисабон е поголем, зафаќа поголема ареа и треба повеќе време за да се стигне од едно на друго место, има повеќе метеж, па сега ми е полесно за функционирање во Порто.* Каде е посебноста на Порто, кои се неговите убавини?- Порто како град има долга историја, многу катедрали, архитектура, секоја поврзана со некој период од историјата. Потоа реката Доуро, која ги дели Порто и Вила Нова де Гаиа, низ чија должина се распоредени виновите лози, од кои се прави познатото Вињо де Порто. Исто така може да се крстари по реката, да се посетат некои од винариите, да се проба свежа морска риба.* Како би ги опишале луѓето, начинот на живот, традицијата? Се навикнавте ли брзо на новата средина?- Луѓето се доста гостопримливи, сакаат да помогнат на странци и туристи. Велат дека луѓето од северот на Португалија се потопли отколку тие на југот. Иако пристигнавме во екот на Короната, не ни требаше воопшто време за навикнување на новата средина, бидејќи јазикот и културата веќе ги познававме.Градот е убав,секој кој има можност би му препорачал да го посети, па едноставно уживавме во неговите убавини уште од првиот ден кога пристигнавме* Кога сфативте дека одлуката да дојдете во ракометниот клуб Порто е најдобриот чекор во кариерата и зошто? - Одлучив да дојдам тука и се воспостави дека воопшто не погрешив, туку излезе дека сум го направил најдобриот избор, бидејќи имам можност да уживам и на теренот и надвор од него. Резултатски имам добри настапи, индивидуално и тимски, освоивме две првенства со ред, а и добро играме во Лигата на шампиони.Повеќе детали читајте на Женски магазин...
Голманот Никола Митревски нѐ води во Порто: Градот е убав, секој кој има можност би му препорачал да го посети
Фактор - пред 22 часа
Фактор Портал 04 Јули, 20220.0177 Маркетинг | Импресум | Контакт КоронаВирус Економија Финансии Македонија Агробизнис Анализа Мои пари Балкан Свет Стил Колумни Интервјуа Search Најчитани вести Пендаровски му порача на Апасиев дека би добил ќотек: Ми пцуеше родител кој е 10 години починат Пендаровски му порача на Апасиев дека би добил ќотек: Ми пцуеше родител кој е 10 години починат Данела Арсовска ги повика скопјани да го отфрлат предлогот Данела Арсовска ги повика скопјани да го отфрлат предлогот Бугарите протестираа пред француската амбасада против предлогот Бугарите протестираа пред француската амбасада против предлогот Димитар Ковачевски пронајде Македонец вработен на американски носач на авиони Димитар Ковачевски пронајде Македонец вработен на американски носач на авиони Премиерот Ковачевски одлета на американски носач на авиони Премиерот Ковачевски одлета на американски носач на авиони Одлична вест за туристите: Патувањето од Тирана до Саранда скратено за три часа Одлична вест за туристите: Патувањето од Тирана до Саранда скратено за три часа Партијата на пензионери: предлогот да се прифати, ќе и се спротивставуваме на Бугарија откако ќе започне процесот Партијата на пензионери: предлогот да се прифати, ќе и се спротивставуваме на Бугарија откако ќе започне процесот Млад сопатник од Кичево почина во приватна болница по сообраќајна несреќа Млад сопатник од Кичево почина во приватна болница по сообраќајна несреќа Се огласи Ковачевски: Се појавија многу лаги Се огласи Ковачевски: Се појавија многу лаги Колумни По Казахстан, немири и в Узбекистан – Централна Азија слатко парче По Казахстан, немири и в Узбекистан – Централна Азија слатко парче Бугарија и Русија браќа по оружје Бугарија и Русија браќа по оружје Казахстан ја има прочитано украинската лекција Казахстан ја има прочитано украинската лекција Останати линкови RSS Вести Политика за приватност Сите написи се користат само за лично информирање. Преземање, нивно користење и реемитување се можни само со посебен договор со основачот на порталот. © 2022 FAKTOR...
ОВА Е СЛЕДНАТА ЦЕЛ НА РУСИЈА - Фокусот се префрла на југоисточниот дел на Украина
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас, но најави дека армиските тактики и новото оружје ќе ја вратат контролата врз областа.Украинските медиуми јавуваат дека е уништен магацин за муниција во окупираната Сњежне во источниот регион на Доњецк. ТВ Некта објави видео од настанот, но засега нема независна потврда.Британското Министерство за одбрана ги објави најновите разузнавачки информации поврзани со војната во Украина.„Украинските сили се повлекоа од Лисичанск, веројатно се вратија на подготвените одбранбени позиции. Руското Министерство за одбрана претходно тврдеше дека го завршило опкружувањето на Лисичанск и обезбедило целосна контрола врз градот. Борбите во и околу градот во областа Луганск се интензивираат изминативе седмици, а руските сили постојано напредуваат. Градот беше последниот преостанат главен центар на населението во регионот на Луганск кој е под контрола на Украина. Рускиот фокус сега речиси сигурно ќе се префрли на освојување на регионот Доњецк, главно контролиран од Украина“, велат Британците. Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine - 4 July 2022 Find out more about the UK government's response: https://t.co/rihoxEds3Z#StandWithUkraine pic.twitter.com/qH7DudnPCh— Ministry of Defence (@DefenceHQ) July 4, 2022...
ДОСТА НИ Е, НАВИСТИНА ДОСТА! Поплавени предградија на Сиднеј, илјадници луѓе евакуирани! Метеоролозите најавуваат нови обилни дождови
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Десетици илјади жители на Сиднеј се евакуирани откако обилните дождови поплавија неколку предградија на најголемиот град во Австралија, а властите предупредија дека може да се очекуваат нови обилни дождови.Синоптичарите велат дека интензивен систем со низок притисок во близина на источниот брег на Австралија ќе донесе обилни врнежи од дожд во Нов Јужен Велс, откако обилен дожд падна во неколку делови на државата во текот на викендот.Околу 30.000 жители на Нов Зеланд мораа да се евакуираат, а фрустрацијата се зголеми во неколку западни предградија на Сиднеј, каде што домовите, фармите и мостовите беа поплавени по трет пат оваа година.- Ова е поразително. Ние сме во неверување. Повеќето од нив штотуку излегоа од последната поплава, ги вратија своите домови и бизниси на своето место и за жал тоа се повторува - рече градоначалничката на Камден, Тереза Федели.Спасувачките служби работат на ослободување на 21 член на екипажот од товарен брод кој остана без струја јужно од Сиднеј.- Беше многу тешко да се излезе од поплавите со месеци, па поради тоа е уште поголем предизвик - рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет.Нема извештаи за жртви, а властите го повикаа населението да ги напушти своите домови кога ќе им биде наложено да го стори тоа и да избегнува возење по поплавените патишта.Трејси, жителка на Виндзор погоден од поплавите, вели дека и е доста.- Доста ни е. Навистина ни е доста. (Ова) е малку премногу за нас - изјави таа за телевизијата ABC откако се врати дома за да спаси некои животни.Наврнаа повеќе од 200 мм дожд во многу области, а некои области наврнаа и до 350 мм од саботата.Absolutely insane flooding on Cowpasture Road heading to Horsley Drive in Sydney's southwest. Lived there for 20 years and have never seen anything like this. #sydneyfloods pic.twitter.com/bPLYUV0St6— Paul Brescia (@pwbrescia) July 4, 2022 Се верува дека климатските промени се фактор што придонесува за честите тешки временски услови, соопшти Советот за климатски промени, додавајќи дека Австралија е „неподготвена“.Федералниот министер за управување со кризи, Мареј Ват, во понеделникот рече дека владата активирала сателитски систем за управување со вонредни состојби за да помогне во помошта од поплавите.Влажното време може да предизвика поројни поплави и лизгање на земјиштето, при што речните сливови се веќе блиску до полн капацитет откако феноменот Ла Нина доминираше на источниот брег на Австралија во последните две години.A man has died after being pulled unresponsive from the Parramatta River, as residents across large swathes of greater Sydney are ordered to leave their homes amid worsening flooding. #7NEWS https://t.co/EaazOH5cJV— 7NEWS Sydney (@7NewsSydney) July 3, 2022 Лошото време го одложи планираното лансирање на ракета на НАСА од вселенскиот центар Арнем во северна Австралија.Фото: Принскрин/ 7NEWS...
Данска: Пукање во Копенхаген - тројца мртви, осомничен за нападот „етнички Данец“, соопшти полицијата
Фактор - пред 23 часа
Добивај вести на Viber Најмалку три лица загинаа, а неколку други се ранети во престрелка во трговскиот центар Филдс во Копенхаген, соопшти данската полиција.Тројца од ранетите се во критична состојба, а полицијата уапсила 22-годишен маж осомничен за нападот.Сорен Томасен, началникот на полицијата, изјави дека мотивот за нападот е нејасен, но не исклучува тероризам.Мете Фредериксен, премиерката на Данска, изјави дека земјата претрпела брутален напад.Таа изрази сочувство до семејствата на жртвите и изјави дека сака да ги охрабри луѓето од Данска да застанат еден до друг и да се поддржуваат во тешки моменти за целата земја.„Данска беше цел на брутален напад во неделата вечерта. Неколку луѓе загинаа, многумина беа ранети.„Невини семејства беа цел на напади додека беа на шопинг или на ручек, вклучително и деца, адолесценти и возрасни“, рече Фредериксен.Данското кралско семејство, исто така, изрази сочувство „до семејствата на жртвите и до сите погодени од трагедијата“.„Сè уште не го знаеме целосниот обем на трагедијата, но веќе е јасно дека повеќе луѓе ги загубија животите и дека уште повеќе се повредени“, се вели во заедничката изјава на кралицата Маргрете, престолонаследникот Фредерик и принцезата Мери.Осомничениот за нападот во трговскиот центар имал пушка и муниција кога бил уапсен, соопшти полицијата.Осомничениот, опишан од полицијата како „етнички Данец“, ќе биде сослушан од судија во понеделник.Полицијата соопшти дека нема индикации дека некој друг бил вклучен во нападот и ги повика сопствениците на продавниците да ги зачуваат сите снимки од видео надзор.Очевидци опишаа како панично бегале додека се слушале истрели во трговскиот центар Филдс на југот на градот.Еден од нив, Махди Ал-Вазни, за данската телевизија изјави дека напаѓачот имал „ловечка пушка“.Филдс е најголемиот трговски центар во Данска, со повеќе од 140 продавници и ресторани.Сите патишта кои водат до тој дел на данската престолнина и линијата на метрото што ја поврзува продавницата со центарот на градот се блокирани, а на терен се екипи на итната помош и пожарникари.Емили Џепесен била сведок на инцидентот.„Не знаев што се случува. Одеднаш насекаде настана хаос“, изјави таа за весникот Jylland Posten.Очевидци зборуваа и за паника меѓу клиентите кога почнало пукањето.Една од нив, Изабел, за данските медиуми изјави:„Одеднаш слушнавме истрели. Мислам дека беа десет од нив. После тоа трчавме низ трговскиот центар и завршивме во тоалетот, 11-мина“....
Пад на цената на нафтата на лондонскиот пазар минатата недела. се книжат првите загуби
Фактор - пред 23 часа
Добивај вести на Viber На лондонскиот пазар минатата недела цената на нафтата благо падна, а во јуни ја забележа првата месечна загуба годинава, бидејќи трговците стравуваат дека зголемувањето на каматите поради високата инфлација ќе предизвика забавување на растот на светската економија , а со тоа и побарувачката на нафта.Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 1,3 отсто, на 111,63 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,8 отсто, на 108,43 долари.Во јуни цените на двата пазари го забележаа првиот месечен пад од ноември минатата година.Во поголемиот дел од изминатата недела, цените на нафтата беа под притисок бидејќи трговците стравуваат дека зголемувањето на клучните каматни стапки од страна на американската централна банка би можело да ја турне најголемата светска економија во рецесија и да ја ослаби побарувачката за гориво.ФЕД нагло ги зголеми каматните стапки од март за да ја спушти инфлацијата од највисоките нивоа во последните 40 години, а се очекуваат дополнителни зголемувања.И сите најнови податоци покажуваат дека растот на американската економија забавува. Забавува и растот на другите најголеми светски економии, Јапонија и еврозоната.Само растот на кинеската економија, која со месеци е под притисок поради строгите рестриктивни мерки насочени кон сузбивање на ковид-19, се забрзува.Нарушувања во производствотоИ додека забавувањето на растот на глобалната економија негативно влијае на цената на нафтата, тие се поддржани од нарушувања во производството, на пример, во Либија и Норвешка.Либиската Национална нафтена корпорација (НОК) во четвртокот прогласи виша сила во пристаништата Ес Сидер и Рас Лануф и во нафтеното поле Ел Феел. Во пристаништата Брега и Зуеитина веќе е на сила вишата сила.Виша сила се однесува на настан кој не можел да се предвиди во моментот на склучувањето на договорот и на кој договорните страни не можат објективно да влијаат, како што се војна, протести и природни катастрофи.Производството нагло опадна, а сега се извезува меѓу 365 и 409 илјади барели нафта дневно, во споредба со вообичаените 865 илјади барели дневно, објави либиската компанија.Штрајк во НорвешкаВо Норвешка, пак, синдикатот Ледерна во четвртокот објави дека на 5 јули штрајкуваат 74 работници на платформите Гудрун на Еквинор, Осеберг Југ и Озеберг Исток. Тоа би можело да затвори околу 8 отсто од производството на нафта во Норвешка.Во такви околности, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, го потврдија планот, според кој во јули и август треба да ја зголемат понудата за 648 илјади барели дневно, околу 210 илјади барели повеќе од претходно планирано.Зголемувањето е скромно, а некои членови на картелот имаат проблеми со реализација на квотите поради слабите инвестиции и доцнењето во одржувањето на инфраструктурата поради пандемијата.Истражувањето на Ројтерс покажа дека ОПЕК во јуни произведувал 28,52 милиони барели дневно, околу 100 илјади барели помалку отколку во мај.Откако минатата година пораснаа за повеќе од 50 отсто, благодарение на закрепнувањето на светската економија од корона кризата, од почетокот на оваа година, цените на нафтата скокнаа за речиси 50 отсто, најмногу поради војната во Украина....
Денес екстремно жешко, попладне нестабилно
Фактор - пред 23 часа
Добивај вести на Viber Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Метеоролозите од УХМР најавуваат нестабилност попладнето која ќе биде проследена со поројни дождови и грмежи, како и силен ветер.Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.Топлото време на територија на државата ќе се задржи во четврток, а попладневните и вечерни часови ќе бидат нестабилни со локални невремиња и град.Веќе за време на викендот се очекуваат и пад на температурите....
Поголеми износи на кредит за остварување на поголеми желби и потреби
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Летото е оној период во годината кога сигурно имате огромен број планови кои чекаат на реализација. Незаборавен одмор со своето семејство, патување кон нова дестинација, реновирање на домот, планови за планинарење, кампување или пак музички концерт... Листата на планови и желби може да биде долга, а вашите финансиски можности ограничени. Затоа ИутеКредит Македонија нуди најдобра финансиска поддршка во секое време и ви помага во реализација на вашите планови. Одберете го својот потрошувачки кредит на рати, сега и со износи до 240.000 денари и рок на отплата до 48 рати. Сé што треба да направите за да бидете чекор поблиску до остварување на вашите планови и желби е да аплицирате за потрошувачкиот кеш кредит на ИутеКредит онлајн IuteCredit Macedonia | најбрзо и најкомфорно!, преку мобилната апликација MyIute која е достапна на Google Play или App Store. Можете да се јавите и на 13 333 директно за разговор со нашиот тим на кредитни консултанти или да ја погледнете мрежата на експозитури Контакт | IuteCredit Macedonia во поголемите градови во земјава. За да аплицирате за кредит потребна ви е минимална документација, односно само лична карта, а одобрувањето е за 10 минути. Одобрените средства стануваат веднаш достапни за користење. Дополнително, можете да подигнете и ИутеКредит Mastercard картичка за средства достапни 24/7. Потрошувачкиот кеш кредит е достапен и за нови и за постоечки корисници. Многу едноставно, лесно и брзо - изберете износ на кредит со посакуваниот број на рати и кликнете за апликација. Тимот на ИутеКредит ве очекува! ПР-Објава...
Со правилни консултантски услуги до поголем раст на компаниите и креирање нови работни места
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Во периодот 2020-2021 година, со помош на консултантските услуги обезбедени преку ИМЕ програмата за плаќање по учинок, 40-тина македонски компании обезбедија банкарски кредити во износ од околу 5 милиони CHF.Компании чијашто дејност е земјоделство, туризам и информатичка технологија искористија консултантски услуги во нивниот процес на аплицирање за финансиски средства од банки или нефинансиски институции и програми.Со добиените дополнителни финансиски средства, компаниите овозможија континуитет на своето работење и истовремено подобрување на нивните перформанси. „Консултантите помагаат на компаниите да донесат најдобра одлука во искористување на сопствените и средствата добиени од кредит, а со тоа оптимално да ги планираат обртните средства и димензионираат инвестициите што ќе им овозможи брз раст и развој“. – изјави Тања Георгиевска, заменик тим лидер на ИМЕ Програмата. Со цел подетално да се согледа влијанието на програмата за плаќање по учинок врз работењето на компаниите, ги прикажуваме остварувањата на девет компании, селектирани според секторската и регионалната припадност. Имено, овие компании се наоѓаат во југоисточниот дел од нашата земја, и главната дејност им е откуп и продажба на овошје и зеленчук на големо. Во втората половина на 2021 година, со помош на консултантските услуги овозможени од ИМЕ, овие девет земјоделски компании искористија кредити од комерцијалните банки во износ од 860.061 CHF. Обезбедените финансиски средства, помогнаа компаниите да остварат дополнителна продажба од околу 2 милиона CHF, што преставува скоро една третина од нивната вкупна продажба. Со помош на средствата добиени од кредит, дел од компаниите ја подобрија својата ликвидност која беше намалена како резултат на претходно реализирани инвестиции. Останатите компании пак успеаа да ја реализираат редовната сезонска набавка на суровини и тоа во поголем обем од претходно. „Набавката на поголеми количини на суровини на зеленчук во пресрет на сезоната беше неопходна за нормално функционирање на бизнисот. Поради, претходно инвестираните сопствени средства во изградба на откупен центар не бевме во можност самостојнода обезбедиме финансиски средства за набавка и имавме неопходна потреба од кредит “- велат од една од компаниите, корисник на програмата за Плаќање по учинок. Во услови на зголемена продажба, деветте земјоделски компании во втората половина на 2021 остварија вкупен нето-приход од околу 1 милион CHF, што е значителен придонес во нивното тековно работење, имајќи во предвид дека станува збор за мали компании со 3-5 вработени.Истовремено, овие компании остварија вкупно 11 нови вработувања и дополнителни 32 сезонски вработувања, главно како резултат на зголемување на нивните активности. Обезбедените финансиски средства помогнаа на земјоделските компании да ги подобрат релациите со тековните клиенти, пристап до нови пазари како и соработка со нови странски купувачи. Следствено, вкуниот извоз на овие компаниите во 2021 година на годишно ниво се зголеми за 16%, при што една третина од ова зголемување е помогнато од обезбедените дополнителни финансиски средства од банките. Во втората половина на 2021 година, деветте земјоделски компании остварија вкупна набавка од околу 6,7 милиони CHF, при што околу 12% од набавката е со помош на средствата од добиениот кредит. Компаниите склучиле и договори со нови добавувачи, при што во зависност од нивната потреба бројката се движела од 3 до 10 нови добавувачи по компанија. Дополнителните финансиски средства како и добиената консултантска помош, придонесе кон долгорочни промени кај компаниите-корисници. Зголемениот обем на работење и пристапот на нови пазари, создадоа услови компаниите да размислуваат за проширување на своите капацитети и нови инвестиции. „Набавката на поголеми количини на суровини на зеленчук, непосредно во почетокот на сезоната на берба допринесе да одговориме на зголемената побарувачка на домашните и странски купувачи. Расположливите финансиски средства од одобрениот кредит ни овозможија реализирање на поголеми сезонски набавки “.- велат компаниите. Една од нив, средствата од кредитот ги искористи за проширување на капацитетите и инвестирање во изградба на нов објект од 450м2 во склоп на кој ќе има и разладни комори од 80м2 за чување на овошје и зеленчук. Дополнително се размислува и за линија за конзервирање и пакување на зеленчук што дополнително ќе допринесе за производство на финален производ со поголема додадена вредност. ИМЕ програмата ќе продолжи да го унапредуваеко системот од консултанти кои даваат услуги за развој на бизнисот (BDSPs) преку поддршка за пристап до финансиски средства и фондови, аплицирање за различни заеми и можности за аплицирање за грантови. Оваа техничка поддршка за компаниите преку инструментот “Плаќање по учинок” овозможува подобрување на квалитетот на производите и услугите, можности за настап на нови пазари и креира предуслови за создавање нови одржливи работни места за високо квалификуваниот кадар во Северна Македонија, особено за жени и млади....
Кои се новите директори на „Пелистерка“? Ќе работат за паушал од 10 илјадарки месечно!
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Одлуката за рационализација на паушалите на менаџерите не треба да изненадува особено ако се знае актуелниот економски амбиент и непредвидливите и растечки цени на сите продукти, а особено на енергенсите. Решението на акционерите и на менаџерите кои ја прифатиле одлуката е за поздравување особено ако се гледа низ призмата на тоа што сега е најважно да се обезбеди континуитет во работењето и со тоа да се зголемува пазарното учество на оваа компанија која е македонски бренд и лидер за производство на природна газирана минерална вода и во последните петнаесетина години освежителни пијалоци - соковиСедум членови на Одборот на директори на позната македонска компанија за безалкохолни пијалоци „Пелистерка“ прифатија и ќе работат за месечен паушал од 10.000 денари. Износот на месечниот надоместок е дел од одлуката со која се назначени новите членови на раководното тело на оваа успешна домашно поседувана компанија. Изборот на новите членови е извршен на 30 јуни годинава, а одлуката е усвоена откако ја одобриле 87 отсто од акционерите на „Пелистерка“.Од почетокот на овој месец седуммината членови на одборот на директори ќе добиваат месечен паушал во нето износ од 10.000 денари, а компанијата ќе им ги покрие и сите други трошоци како и другите права кои произлегуваат од вршењето на функциите, а се однесуваат на користење работни простории, возила и други потребни средства за работа. Мандатот на членовите на Одборот на директори е шест години.Од почетокот на овој месец „Пелистерка“ ќе ја води Дејан Панделески со својство на извршен член на Одборот на директори, а другите неизвршни членови се: Зоран Илоски, управител на една од најголемите млекарници „Здравје Радово“, Димитар Митревски, вработен во компанијата повеќе од 16 години и истакнат ракометен судија, Андон Симуноски, сопственик на компанијата БАС Комерц од Гостивар, Снежана Ѓоргиева директорка за маркетинг и продажба во „Пелистерка“ осум години наназад, Габриела Петреска, која меѓудругото била и поранешна новинарка во МИА и Катерина Ѓорѓиевска.„Пелистерка“ АД Скопје постои повеќе од 60 години и е основана како претпријатие за лозарство и производство на вино порано позната како „Лозар Битола“. Од 1968 година компанија започнува да произведува и амбалажира газирана вода од изворите на Баба Планина, а брендот се нарекува „Пелистерка“. И после шесет години брендот „Пелистерка“ е број еден македонска т.е. домашно произведена газирана минерална вода, артикал што секојдневно е на трпезите на бројни македонски семејства. Палетата на производи на „Пелистерка“ од 2008 година е проширена со газирани и негазирани пијалоци – сокови, а компанијата произведува и вино, а има и сопствена винарска визба.Најголем акционер е ЦИП Продукт од Скопје компанија што контролира 87 отсто од акциите со право на глас. Околу 130 домашни физички лица поседуваат околу 12 отсто од акциите со право на глас.Минатата година за „Пелистерка“ беше исклучително добра од аспект на остварениот приход од продажба кој достигна околу 7 милиони евра што е за 30 отсто подобар резултат од коронарната 2020 година. Добивката на „Пелистерка“ лани надмина 310.000 евра.Р.Ф....
ДВЕТЕ ВЕСНИ ГЛАСНО РЕКОА „НЕ“: Бендевска и Јаневска заедно на протестот против францускиот предлог
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Заедно за Македонија против уцените од Бугарија. Едната од СДСМ, другата од ВМРО-ДПМНЕ, двете Весни-Бендевска и Јаневска заедно протестираа протв францускиот предлог. Нивната заедничка фотографија брзо се рашири на социјалните мрежи. Претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, и поранешната пратеничка на СДСМ во три мандати, Весна Бендевска, синоќа гласно рекоа „НЕ“.Пред да оди на протестот, Бендевска објави дека тоа е нејзина лична борба:-За пред себе да сум си чиста дека направив обид и не молчев, напиша таа.Весна од ВМРО и Весна од СДСМ...заедно ЗА... против уцените од pic.twitter.com/x2AlHpcdbG— AnaStevano (@StevanoAna) July 2, 2022 ФОТО: ТВИТЕР...
УНИШТЕНИ ПАТИШТА, ФАБРИКИ, ПОЛИЊА ПОЛНИ МИНИ: Украински економист за Фактор открива колку време ќе биде потребно за обнова на Украина
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Засега е многу тешко да се даде одговор на прашањето колку време ќе биде потребно за економско закрепнување на Украина откако војната ќе заврши. Но, она што е сигурно е дека тоа ќе биде макотрпен процес, затоа што во земјата се уништени патиштата, мостовите, фабриките, полињата се полни со мини. На Украина ќе ѝ требаат донации и помош од надвор по војната за да може да се стабилизира. „Дури и да го отфрлиме прашањето кога ќе заврши војната, на оваа тема е многу тешко да се одговори. Општо земено, зависи од тоа колку ќе бидат уништени или оштетени, колку ресурси ќе бидат достапни за реконструкција и обновување. Последново зависи од економскиот статус на крајот на војната и од тоа како многу средства би биле обезбедени од донатори и повратени од замрзнатите руски средства во странство. Но, имајте в предвид дека јас правам разлика помеѓу реконструкција (на физички средства) и обновување (мислам на активности), а тоа не е исто. Може да има претпријатија кои се физички недопрени, но не работат, бидејќи им недостигаат побарувачка, персонал или инпути. Исто така, може да сносиме дополнителни трошоци за да го компензираме отсуството на некои објекти (на пример да изнајмуваат нови наместо уништените), а висината на средствата зависи од времетраењето на војната, спротивно на цената за реконструкција“, вели Дмитро Гориунов, виш економист во Центарот за економска стратегија. Објаснува дека според пресметките што ги направиле заедно со Киевското економско училиште, физичките штети чинат 95 милијарди долари, а вкупниот износ за реконструкцијата и обновувањето се проценуваат на 165 милијарди долари. Овие бројки се заклучно со 13 јуни. Неколку сектори се најпогодени од војната. „Металургијата ги загуби Азовстал и ММК Илича, второто и третото по големина претпријатије во секторот, соодветно, тие се и меѓу најголемите претпријатија во Украина воопшто. Други индустрии кои многу претрпеа се и транспортната инфраструктура (патишта, железници, крстосници, мостови, поморски пристаништа и аеродроми), земјоделство (најмногу поради нагазни мини), енергија (на пример, уништена е најголемата нафтена рафинерија) и хемиската индустрија“, додава економистот. Гориунов рече дека сега е многу тешко да се изготват економски прогнози. Но, војната ќе донесе поголема сиромаштија во Украина. „Економистите очекуваат дека на тој начин економијата ќе се намали за 30-45 отсто во реални услови. Светска банка очекува дека стапката на сиромаштија може да се зголеми десеткратно, од 2 отсто дури до 20 отсто од населението“, вели Гориунов. Пред неколку години Украинскиот аналитички центар објави дека Украина е меѓу десетте држави со најниски плати во Европа. Статистичките податоци покажуваат дека ако во 2010 година Украинците имале просечна плата од 171.1 евро, во 2022 година просекот изнесувал 455.1 евро. Лани стапката на невработеност била над 10 отсто. Ако се вратиме назад и ако ги погледнеме податоците, низ годините процентот на невработени варирал. Во 2000 година Украина имала стапка на невработеност од 12,4 отсто. Како што пишуваа украинските медиуми, откако почна војната, во вкупниот број регистрирани невработени има повеќе жени – 61 отсто. Најголем дел од невработените се регистрирани на возраст од 34-44 и 45-55 години. Сања Атанасовска...
Свето Пивара, Нако Кожара, Страшо Гранит, Штерјо, Минчо, Симе Пашата, Туџар, Џобе ....
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Во монографијата на Стопанската комора на Македонија се опфатени околу 500 личности кои биле или се`уште се значајни за коморското организирање и работење. Од нив, околу 270 личности се наведени со име, презиме и компанија, а околу 230 личности и со фотографија на 209 страни. Стопанската комора на Северна Македонија оваа година слави 100 години од своето постоење. По тој повод, подготвивме Монографија за личностите и настаните кои ги одбележаа последните 25 години. Монографијата содржи интересни податоци за сите најзначајни активности кои го одбележале опстојувањето на Стопанската комора на Македонија низ годините (со назив Стопанска комора на Северна Македонија од март 2021 година), а посебен фокус е ставен врз личностите значајни за бизнисот во Македонија, компаниите кои биле или сеуште се дел од најголемата и најбројната бизнис-асоцијација, низ призмата на добиените коморски награди во последните 25 години, од кога последен пат била издадена коморска монографија. Овој дел, којшто е суштински за монографијата, претставува извонредна можност да се пристетиме на сите личности кои вградиле дел од својот живот во развојот на македонската економија. Во монографијата ќе прочитате за Шутурко, Гоце Кам, Самарџија, Драги Милошевски, Петар Спасески, Кутревски Пекабеско, Хари и Бишев, Нанчо, Зарче, Јаким и Најденко, Клубот 100 – Живко Алкалоид, Андреја Макпетрол, Гечев ИГМ, Кочо, Доне, Петер Штефан, Шевки Ренова, Даути, Мизо, Аргир и уште многу други бизнис-лидери, препознатливи, како на домашниот, така и на светскиот пазар, кои оставиле силен белег во стопанството и истовремено биле активно вклучени во коморското секојдневие, затоа што биле свесни за улогата на Комората, како сплотувач на бизнисите. Во монографијата на Стопанската комора на Македонија се опфатени околу 500 личности кои биле или сеуште се значајни за коморското организирање и работење. Од нив, околу 270 личности се наведени со име, презиме и компанија, а околу 230 личности и со фотографија на 209 страни. Kоморскиот систем е една голема разгранета мрежа низ целата земјина топка. Нема земја или поголем град каде што нема стопанска комора, затоа што бизнисот и капиталот се присутни насекаде, а како резултат на тоа, потребна е бизнис асоцијација која ќе ги сполотува бизнисите, ќе ги штити бизнис интересите и ќе се залага во име на бизнис заедницата. За сите интересни моменти од коморското битисување ќе прочитате во Монографијата на Стопанската комора на Македонија, којашто ќе биде официјално претставена на јавноста на денот на Комората - 14 јули 2022 година, на прес-конференција на Комората....
Емисиите на јаглерод диоксид се зголемуваат, бришејќи го падот за време на пандемијата
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Емисиите на јаглерод диоксид и други стакленички гасови паднаа за 4,6 отсто во 2020 година како резултат на „заклучувањета“ во првата половина од годината што ја ограничи глобалната мобилност и ја попречи економската активност. Многумина се надеваа дека ова ќе го означи почетокот на потрајно поместување на емисиите на јаглероден диоксид надолу, сепак, илузиите за кратко се струшени. Анализа изработена од соработници на Меѓународниот монетарен фонд, П. Бханумати, Марк де Хан и Џејмс Вилјам Тебраке, покажува оти податоците за испуштањето на јаглероден диоксид во воздухот е значително зголемено, во некои сегменти дури ги надминува и нивоата пред пандемијата. - Последните податоци, сепак, ги срушија тие надежи. Како што покажува графиконот на неделата, годишните глобални емисии на стакленички гасови се зголемија за 6,4 отсто минатата година до нов рекорд, засенувајќи го врвот пред пандемијата со обновувањето на глобалната економска активност - наведуваат авторите на анализата.Емисиите од производствениот и енергетскиот сектор најмногу придонесоа за неодамнешните глобални зголемувања врз основа на ажурирани информации од контролната табла за индикатори за климатски промени на ММФ. Податоците се обезбедуваат со заеднички напор меѓу националните и меѓународните статистички организации да обезбедат навремени податоци за да помогнат во следењето на транзицијата кон помала употреба на јаглерод.- Додека вкупните емисии значително се искачија над нивоата пред пандемијата, зголемувањата од транспортот и домаќинствата беа повеќе пригушени минатата година бидејќи пандемијата влијаеше на глобалната мобилност. Ова беше особено видливо со појавата на варијантата омикрон во четвртиот квартал од минатата година. Мерките на јавната здравствена политика во многу земји ги намалија емисиите на домаќинствата и во електроенергетскиот сектор - се потенцира во анализата.Авторите истакнуваат дека ќе биде важно да се следат емисиите на двата од овие сектори, домаќинства и електроенергетскиот, бидејќи економиите целосно се отвораат, а особено загрижуваат плановите за ориентирање кон добивање енергија од фосилни горива поради историски високите цени на електричната енергија.На меѓувладиниот панел за климатски промени беше посочено дека, во сценаријата со кои се планира ограничувањето на атмосферското затоплување на клучното ниво од околу 1,5 степени Целзиусови бара глобалните емисии на стакленички гасови да го достигнат зацртаните цели најдоцна до 2025 година.Новите податоци од контролната табла за климата го нагласуваат она што некои научници го предупредија, времето истекува.П.О....
ПАДНА ЛИСИЧАНСК-ПОТВРДИ КИЕВ: Украинската армија се повлече од последниот најважен град за Русите
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Украинската армија потврди дека градот Лисичанск паднал во рацете на руските сили, откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го известил Путин дека со воспоставување целосна контрола врз тој град „Луганската Народна Република (ЛНР) е ослободена. И украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа потврди дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас, но најави и дека ќе ја вратат контролата врз таа област со армиска тактика и ново оружје. „Ако командантите на нашата армија ги повлечат луѓето од одредени точки на фронтот каде што непријателот има вооружена супериорност, а тоа важи и за Лисичанск, тоа значи само едно“, рече Зеленски во вечерното обраќање. „Ќе се вратиме благодарение на нашата тактика и ако ја забрзаме испораката на модерно оружје“, додаде тој. Според наводите на Ројтерс, украинската воена команда синоќа соопшти дека нејзините сили под силен налет на руската армија биле принудени да се повлечат од источниот град Лисичанск, последното упориште на Киев во областа Луганск. „Продолжувањето на одбраната на градот би довело до фатални последици. Со цел да се зачуваат животите на украинските бранители, донесена е одлука за повлекување“, се вели во соопштението на воената команда на Украина.ФОТО: EPA/IVAN BOBERSKYY...
По Казахстан, немири и в Узбекистан – Централна Азија слатко парче
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Во првата половина на јануари годинава Казахстан беше зафатен од протести кои прераснаа во немири во кои имаше и жртви. Кулминација беше повикот на казхстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев до ОДКБ(Организацијата за колективна безбедност) за помош поради инфилтрирањето на странски терористички групи на територијата на Казахстан, кои учествуваале во немирите. Русија и другите членки на ОДКБ веднаш пратија свои сили таму, а по брзо време, откако ја завршија работата тие беа повлечени. Тогаш настаните во Украина само се навестуваа. Но Запад, САД и ЕУ, иако на почетокот молчеа, кога Казахстан побара воена поддршка од сојузниците тие веднаш реагираа. Де се сомневаа во законитоста на праќањето сојузнички, мировни сили во Казахстан, де бараа почитување на човековите права и нудеа соработка со власта и населението во решавањето на проблемите. Парафразираниот одговор на казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев беше: „Ни викаат да водиме преговори. Со убијци и терористи нема да водиме преговори“. Во Нукус, автономна република во Узбекистан, на 1 јули илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат против промените во уставот на земјата. Тие протестираа против промените со кои ќе му се овозможи на сегашниот претседател Шавкат Мирзијоев да му се „избрише“ досегашниот претседателски мандат, по примерот со рускиот претседател Владимир Путин. И да му е овозможат нови мандати. Освен тоа со најавените промени се ликвидира широката автономија на најголемиот регион во државата Каракалпакстан, автономна република која зафаќа околу 40-тина проценти од површината на Узбекистан. Во неа има околу два милиони жители, покрај една третина Каракалпакчани, има и една третина Узбеци и малку помалку Казахстанци. А целиот Узбекистан има околу 35 милиони население. Со сегашниот Устав Каракалпакстан е суверена република во составот на Република Узбекистан. Таа има право со референдумско изјаснување на населението да излезе од составот на Узбекистан. Во предлогот на Уставот, според демонстрантите, се предлага суверенитетот и правото на отцепување да се избришат. Демонстрантите, не се за отцепување, но не ги даваат овие права. За утре водачите на демонстрантите договорија со властите голем мирен протест, но само по малку време еден од нив е уапсен заедно со семејството. Тоа уште повеќе ги натерало демонстрантите да излезат на улици да бараат негова слобода. Инаку Каракалпакстан во 1993 година има потпишано договор за влез во Узбекистан, кој трае 20 години. Но 20-те години поминаа, а Узбекистан воопшто не спомнува продолжување или применување на договорот. Сите молчат како тој да не постои. А догодина ќе бидат поминати 10 години од неговото истекување. Претседателот Шавкат Мирзијоев е на чело на државата од 2016 година. Сега му тече вториот мандат, кој треба да заврши во 2026 година. Но доколку се усвојат промените и му се „поништуваат сегашните мандати, тогаш тој би можел да претседателствува уште 14 години, бидејќи сега се предлага и продолжување на мандатот од пет на седум години. Во 2021 година кога Мирзоев го доби првиот мандат освои над 80 проценти од гласовите на избирачите. Најмногу поради тоа што на народот му беше преку глава од авторитарното владеење на неговиот претходник, Ислам Каримов. Мирзијоев не ги остави работите до крај да ги решава полицијата. Тој веднаш на 2 јули се упати во Нукус. Пред Каракалпакстанските пратеници и општественици изјави дека нема да се чепка во членовите кои го одредуваат политичкиот и правниот статус на Каракалпакстан. Дека промените ќе одат на рферендум. Но ни збор за мандатот. На 3 јули тој повторно допатува во Нукус. Во реони во градот зборуваше со локално население. Некои од локалните жители, според медиумите, признаа дека „некои млади луѓе залутале и направиле незаконски дејствија, паднале под влијание на надворешни зли сили и станале емотивни. Соговорниците истакнаа дека узбекистанскиот и каракалпачкиот народ се двојазични народи и дека е неопходно да се вреднува единството и мирот во земјата“. Истиот ден Шавкат Мирзијоев повторно одржа состанок со пратеници, ветерани и активисти во Врховниот совет на Каракалпакстан, каде што го повика народот да се обедини и обедини. Па се пофали за успеси околу спасот на Аралското море.„Во сувиот дел на морето се создадени зелени површини на површина од 1.733.000 хектари. Се развива петгодишна национална програма за обнова на флората и фауната на архипелагот. Развојот на регионот на Аралското Море стана приоритет на државната политика, ние секогаш го привлекувавме вниманието на светската заедница кон проблемот на регионот од сите меѓународни арени“, рече Мирзијоев. Тој е искусен политичар и знае што сака да чуе народот и тоа му го кажува. Па малку додворување на домаќините:„Со целосна доверба велам дека позитивните трансформации што се спроведуваат во Каракалпакстан сигурно ќе продолжат со постојано темпо. Бидејќи судбината на Каракалпакстан е судбина на Узбекистан, среќата и благосостојбата на народот Каракалпакчански е среќа и благосостојба на целиот узбекистански народ“. Но, веднаш потоа додава дека верува во мудроста на Каракалпакчаните кои доживеале перипетии во животот, па ги повика:„ да се однесуваат мудро, да не подлегнуваат на разни, вклучително и злонамерни дејствија однадвор и да не станат нивни жртви“. Зашто „Секое дејствие што поттикнува сепаратизам, граѓански немири и насилен отпор кон властите ќе бидат строго потиснати со сегашната легислатива, а сторителите ќе претрпат неизбежна казна, се закани Мирзијоев. И капак, воведена е вонредна состојба на територијата на Каракалпакстан од 3 јули до 2 август. Со полициски час од 21 часот навечер до 7 наутро. Така што нема ништо од договорениот митинг за утре. Во Каракалпакстан има опозиција кој може да му наштети на Мирзијоев. Уште во 2014 година на интернет се појави опозициско движење „Алга, Каракалпакстан“ со повик за демократски промени на регионот како независна република или припојување кон Русија или Казхстан. Тие движења тогаш го покренуваа прашањето за одржување референдум кој ќе одлучува за судбината на регионот. Но до ден денес нема ништо од тоа и покрај истечениот договор со кој Каракалпакстан е дел од Узбекистан. Во Ташкент тој се“ повеќе се перципира како обична формалност. Каракалпакстан, веќе рековме е околу 40 проценти од територијата на Узбекистан, со малубројно население, тој е стратешки регион во однос на транспортните комуникации, гасоводите, има резерви на нафта, гас и други природни ресурси. „Оваа република има ресурси да обезбеди независно постоење, дури и со тешкотиите што објективно постојат. Но, локалниот буџет добива малку од нивното присуство, профитот оди во Ташкент“, забележува Виталиј Пономарјев, активистот за човекови права и директор на централноазиските програми во центарот за човекови права „Меморијал“(сега избришан од регистарот и укинат) од Москва. Според Пономарјев: „Дискусијата за референдум во Каракалпакстан оживеа по признавањето на независноста на Косово во 2008 година. Тогаш првиот апел се појави на Интернет и имаше забележителен ефект во земјата. Но, до летото 2014 година, узбекистанските власти избегнуваа јавно да признаат дека движењето за независност воопшто постои“. А врз активистите биле вршени притисоци, обвиненијата биле фабрикувани со кривични дела. Еден од лидерите на „ Алга, Каракалпакстан“, од тоа време, Аман Сагидулаев, кој во меѓувреме бараше политички азил во Киргистан, во интервју за „Дојче веле“ пред десетина години изјави дека тие се за независност и демократски промени. И додава:„А тајните служби на Узбекистан не прогонуваат дури и во странство, иако ние не сме сепаратисти..“ „Ние сме противници на насилството, а не исламисти и не националисти. Не соработуваме со официјалните власти на Русија, Казахстан или западните земји. Нашите напори ќе ги насочиме кон тоа, на овој проблем да му се обрати внимание во ОН, чиј член имаме право да бидеме, и ОБСЕ. Под нивен надзор може да се спроведе референдум, дури и под Ислам Каримов“, изјави тогаш Садулаев. Оттогаш изминаа десетина години. Еве сега повторно протести и немири. Никој не спомнува сепаратизам. Но се споменуваат „злонамерни дејствија однадвор“. Кое и каде е тоа однадвор, знае само Мирзијоев. А може да е и за внатрешна употреба. Западот, САД и ЕУ, засега не се јавиле. Ниту Русија. Казахстанското МНР даде изјава во која се нагласува дека Узбекистан е братска држава, надежен сојузник, и стратешки партнер на Казахстан. И ги поздравува и поддржува решенијата на највисокото раководство на Узбекистан за стабилизација на Република Каракалпакстан. Отскокна со својата изјава белорускиот претседател, Александар Лукашенко.Тој нагласи дека после настаните во Казахстан на почетокот на годинава, предупредувал на опасност од дестабилизација на Узбекистан. Според него следната битка во борбата за повторна поделба на светот ќе биде во Централна Азија, а симптомите за тоа веќе се појавија. „„Американците сакаат да доминираат, тие сакаат униполарен свет, а кој ќе крене глава е бомбардиран. Причината е појавата на нови односи во светот, мултиполарноста. Денес се води борба не само за нашиот постсоветски простор, неговиот европски дел, денес се разви борба за Централна Азија, каде што се нашите (поранешни советски) републики“, рече Лукашенко. Според него, не е безбеден ниту Казахстан. „Централна Азија, како и ние, се најде меѓу два пожари: од една страна Европејците и Американците, од друга страна Кина, која во голема мера и помага на Централна Азија да преживее. Оваа борба ќе биде во Централна Азија во блиска иднина, симптомите на тоа веќе се појавија“, изјави белорускиот претседател. И така. Кина од една САД и Европа од друга. Сите притискаат за слаткото парче – Централна Азија. Но не е јасно како ќе се однесува Русија. Или таа веќе е избришале од тимот на големите играчи. А може да се каже дека таа има најголем интерес во тој дел од светот. Да не е избришале предвреме? Мирче Адамчевски...
Денеска продолжува широката консултација за францускиот предлог
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Денеска продолжува широката консултација за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. За денес е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, а без потврден термин преостануваат уште и консултации со Собранието.Средбата со Села ќе се одржи во Клубот на пратениците од 11 часот. Премиерот Ковачевски вчера потврди дека имал телефонски разговор со Села и дека најверојатно денес ќе му биде презентиран францускиот предлог.– Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави Ковачевски по денешната средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кого ваквиот предлог е неприфатлив.Преостануваат и консултациите со Собранието, но до вчера немаше потврда кога тие би се одржале.- Претседателот на Собранието е дел од Советот за безбедност и дискусијата во Собранието ќе се одвива согласно процедурите на Собранието на РСМ, бидејќи Владата не може да му наложува на кој начин Собранието ќе ја води расправата, додаде вчера премиерот.Консултативниот процес за европскиот предлог се уште не е завршен и со коалициските партнери и разговорите продолжуваат понатаму, иако првата средба од агендата беше одржана со нив.- Во однос на консултациите ние имавме веќе првична средба со коалиционите партнери, на кои што им беше презентирано, дел од тие коалициони партнери веќе изразија позитивни ставови во однос на предлогот кој што го имаме добиено, дел тоа ќе го направат своите ставови ќе ги кажат во идниот период, ние нормално дека имаме комуникација со нашите коалициони партнери, наведе Ковачевски.Францускиот предлог вчера беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свикува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој по седницата изјави дека францускиот предлог е прифатлив. Истовремено Ковачевски имаше и средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој потоа рече дека нема да бара предвремени парламентарни избори доколку францускиот предлог биде отфрлен....
Втора жена од Европа убиена од ајкула во Хургада
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Втора жена убиена во напад на ајкула кај брегот на Црвеното Море во Египет Телото на романска туристка во доцните четириесетти години беше откриено во близина на одморалиштето Хургада, само неколку часа по одвоен фатален напад врз 68-годишна Австријка.Двата напади се случија на 600 метри еден од друг, во близина на брегот на Сахл Хашиш, а видеото објавено на интернет сугерира дека мако ајкула била вмешана во најмалку еден инцидент.Гувернерот на гувернерот на Црвеното Море, генерал-мајор Амр Ханафи, издаде наредба да се прекинат сите активности во областа.Сите „морски активности“ се забранети, вклучувајќи нуркање, сурфање на ветер, едрење со змејови и рибарски чамци.Нападите од ајкула се ретки во областа, а последните инциденти се верува дека се први од 2020 година.Австријката пливала кога била нападната, при што останала без нога и рака....
Димитар Ковачевски пронајде Македонец вработен на американски носач на авиони
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Премиерот Димитар Ковачевски објави фотографии од американскиот воен брод „Хари Труман“ кој има капацитет да носи 90 авиони или хеликоптери, има носивост од 100,000 тони ѝ е дел од генерацијата на најголемите бродови-носачи на Соединетите Американски Држави.„Вчера за време на посетата на носачот на авиони „Хари С. Труман“ го запознав Стефан, Македонец од Битола кој повеќе од три години е дел од американската Армија. Убав беше моментот кога прозборе на македонски јазик и кажа дека му е чест што има македонско потекло“, напиша Ковачевски.Премиерот на „Хари труман“ е заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз.Носачот на авиони е дел од НАТО флотата на Медитеранот....
Рама: Бујар Османи беше неверојатен во Мадрид со упорноста и тврдоглавоста
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за Канал 5 денеска упати пофални зборови за министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој според шефот на албанската влада, бил неверојатен на Самитот на НАТО во Мадрид во постигнувањето на францускиот предлог.- Видете, јас ја следев целосно тешката работа која беше направена, особено во Мадрид за да се задоволат грижите на македонската страна и можам да ви кажам дека Претседателот Макрон ја стави цела своја тежина во 48 часа, дење – ноќе и благодарение на мојата добра врска со него, но и благодарение на Бујар Османи, кој беше неверојатен во неговото трпение, издржливост, и тврдоглавост, новиот предлог кој е финален, морате да разберете дека е финален излезе и јас силно верувам дека тоа е вистинскиот момент и е апсолутно во ред да се прифати и да се отвори оваа врата, вели Рама.За Рама, францускиот предлог е финален и ќе нема друг за Македонија доколку сака да продолжи на патот кон ЕУ.– Ви велам, прифатетет го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега, порача Рама во интервју за Канал 5....
Гир на Твитер: Нема „дообјаснувања“ за македонскиот јазик
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Aмбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир , испрати поддршка за Северна Македонија за побрзо отпочнување на пристапните преговори. Во објава на „Твитер“ , Гир напиша дека македонскиот јазик во преговарачката рамка е без фуснота.„Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, дека ќе се зацрта патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања“ напиша Гир на Твитер....
Груби: Никој не успеал да ги асимилира Македонците, ниту ќе успее во 21 век
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Првиот заменик премиер, Артан Груби на Фејсбук напиша дека ако некој е несигурен во својот идентитет и стравува за себеси, тоа зборува за личноста и силата на неговиот карактер и како и колку го вреднува својот народ, а никако не може да се однесува на цел еден народ кој што не се асимилирал со векови.– Никој никого не може, под било кои околности, да го асимилира во 21 век, во 2022 година, во денешниов свет.Абсурден и навредлив е напорот за наметнување на страв. Денес се се знае, ништо не може да се скрие!Воени окупации, масовни злочини, не успеаја во минатото да асимилираат народи, а денес тоа било наводно “можно” преку билатерален договор.Тој договор има јасни взаемни обврски и двострани можности да се одбие, да не се прифати или да се стави вето, во било кое време, на било кој елемент, кој што може да спори идентитет, јазичен, културен, историски или е едноставно неприфатлив.Ако некој е несигурен во својот идентитет и стравува за себеси, тоа зборува за личноста и силата на неговиот карактер и како и колку го вреднува својот народ, а никако не може да се однесува на цел еден народ кој што не се асимилирал со векови.Наметнување на хистерија за асимилација е навреда, зарем толку ги потценувате луѓето дека така лесно преку ноќ ќе станат нешто друго?Истото го велеа и за Преспански, ќе изчезне Македонија. Сонцето изгреа и утредента и секој ден, но сега како членка на НАТО!Да ве потсетам што велеа за Албанскиот јазик, Тиранската платформа, ќе ве казнуваат ако не знаете Албански, македонскиот јазик ќе изчезне, државата ќе ја снема. И што се случи? НИШТО! Напротив, државата наша стана посилна со еднакви граѓани.Јас сум Европјанин и сакам да сум дел од Унијата со сите мои, но и со сите особености на моите сограѓани македонци, етнички, јазични, културни, идентитетски, духовни особености.Утре пак ќе треба да се видиме, да се поздравиме, ниту вие ја сакате државата повеќе од нас, ниту ние повеќе од вас, разликата е во храброста за да донесеш правилна одлука која што ќе и ја донесе тапијата на државата преку нула отворени прашања со соседите.Внатрешно ги уредивме прашањата со Охридскиот договор, со Грција преку Преспанскиот, со Србија преку аутокефалноста, остана уште спорот со Бугарија за да се заокружи и затвори вековното спорење кое потфрли да ги асимилира народите на овие предели.Не успеаја ниту римјаните, ниту византијците, ниту отоманите, ниту србите и бугарите, не успеа никој, и нема да успее никој.Затоа, не лажете, не ги плашете луѓето, читајте и надминете се себеси, мислете и делувајте за утрешна европска Македонија! – пишува Груби....
Ковачевски: За консултации останува уште Собранието
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со Христијан Мицкоски рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ барал услови за прифаќање на францускиот предлог кои немаат поврзаност со идентитетот и јазикот.- Нашиот Устав предвидува граѓани кои се самоопределуваат на друг начин и може да побараат да ги има во Уставот. Тука се Бугарите, Црногорците и Хрватите, а и египќанската заедница е значајна заедница. Тоа е прашање кое треба сите 120 пратеници да го поддржат, рече Ковачевски по консултациите со претседателот на најголемата опозициска партија.Тој не очекува дека опозицијата нема да гласа кога за отпочнување на преговорите со ЕУ ќе треба двотретинско мнозинство за отворање на Уставот и внесување на Бугарите во истиот.- Во моментот кога ќе дојде да се одлучува за вклучување на овие граѓани во преамбулата на Уставот, очекувам дека сите ќе бидат на висината на задачата, подвлече шефот на Владата.Од агендата на широката консултација, преостанале уште некои други опозициски партии и дискусија во Собранието.- Сите тие услови што ги наметнува Мицкоски се однесуваат на работи кои не задираат во чистиот македонски јазик, во идентитетот , ниту во самобитноста од било кој аспект, одговори Ковачевски на прашањето дали за него условите од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка се прифатливи.По консултативниот процес, сите мислења ќе бидат доставени до Владата, по што Владата ќе ја донесе одлуката и како извештај ќе ја испрати до Собранието за прифаќање на францускиот предлог....
Мицкоски по средбата со Ковачевски: Неприфатливо е влегувањето на Бугарите во Уставот
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека еден од условите за прифаќањето на францускиот предлог е да се отстрани заклучокот со кој се бара Бугарите да влезат во Уставот пред непосредниот почеток на преговорите со ЕУ.Доколку Ковачевски се повлече, Мицкопски ветува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени парламентарни избори.„Ниту за мене ниту за ВМРО-ДПМНЕ ваквите документи се неприфатливи. Тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски, туку и на Извршниот комитетМу понудив на Ковачевски да го одбие ова што е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барањето за предвремени парламентарни избори и да ги ставиме сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на кризата која ќе следува оваа зима.Ива е преговарачка рамка со која не се обезбедува европска иднина, туку со која се бугаризираме. Ако е обезбеден идентитетот, во делот на заклучоците да бидат изброшани членовите 11 и 14“, рече Мицкоски и додаде дека протестите пред Владата продолжуваат.Двата споменати членови се влегувањето на Бугарите во Уставот и решавањето на историските прашањаМицкоски побара и да се избрише делот во преговарачката рамка каде што еднаш годишно ќе се прават прегледи од Европската комисија за тоа што е сработено од решавањето на билатерланиот спор....
Пендаровски: Протоколот уште не е усогласен и потпишан
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на Советот за национална безбедност рече дека го прифаќа новиот француски предлог, но дека треба и да се стави анекс на истиот дека во иднина Бугарија нема да ја уценува Македонија со нови барања.„Откако овој предлог ќе стане европскат рамка, ќе бидат редуцирани националните блокади од Бугарија.Ако се протне некое барање, уште денес Владата да додаде еден пасус - се согласуваме, но до крајот ќе одбиеме било какви преговори ако доаѓаат и од кого било да доаѓаат нови барања. Тоа би било еден вид на анекс на резолуцијата која ја усвоивме минатата година во парламентот. Да не дојдат нови барања од некоја идна бугарска влада или од некоја од другите земји-членки на ЕУ.Очекувам како заклучок на Влада да има една реченица и во извештајот до Парламентот - од денот на отворање до завршување на преговорите ако има дополнително обиди на бугарската страна за влез во дискусиите за македонски јазик и идентитет, ние самите да се повлечеме од тие преговори“, рече ПендаровскиШто се однесува на протоколот, тој рече дека го видел, но дека не е финализиран за да може да биде објавен пред јавноста.- Не е усогласен и не е потпишан протоколот, инаку јас го знам, рече шефот на државата.Тој наведе дека за промена на учебниците, прво треба да се согласат членовите на мешовитата историска комисија.- И ние ќе ги добиеме нивните наставни програми и курикулум. Не постои таква точка во која тие ќе ги проценуваат нашите учебници. Тоа е двострана обврска. Комисијата од историчари, наши 7 и нивни 7, прво тие треба да се согласат. Нема теоретска шанса нашите да се согласат дека нешто што не повредува дека тоа ќе помине. Потоа и нивните препораки одат до Владите и таму се одлучува на паритетна основа. А дури потоа фазата е во Министерството за образование, тврди Пендаровски.За санкциите за говор на омраза кон Бугаријте, Пендаровски додаде дека Европската комисија ќе одлучува за тоа „што е говор на омраза“.Претседателот на државата наведе и дека не се работи за нов француски предлок, туку за одредени модификации.- Разликата е во модификации, не е комплетно нов документ, но треба да му се верува на францускиот претседател Емануел Макро, смета Пендаровски.За средбите еднаш годишно помеѓу владите, тој истакна дека Европската комисијја ќе прави евалуација што е направено а што не.- Подобро е Брисел да не проценува, отколку Софија, односно само Софија, кажа Пендаровски....
Мицкоски дојде на средба со Ковачевски
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Ковачевски претходно најави дека средбата со Мицкоски е дел од широката консултација за францускиот предлог.Се очекува, по завршувањето на денешната средба, Ковачевски и Мицкоски да дадат изјави за медиумите....
Пендаровски му порача на Апасиев дека би добил ќотек: Ми пцуеше родител кој е 10 години починат
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Претседателот Стево Пендаровски му порача на лидерот на ЛЕвица дека неговата мајка е почината веќе 10 години и дека физички би се пресметал со него доколку тоа му го кажел во очи.- Тој тип минатата година ја пцуеше јавно Радмила Шекеринска, и знам за каква креатура се работи, но да ми пцуе починат родител не можам да разберам. Мојата мајка е почината пред 10 години, но не се простува пцуење на гроб на родена мајка. Тој е психопат кој е или луд или нашмркан. Избран пратеник во парламент никаде не пцуе родител на колега политичар. На Балканот тие работи ако имаш нешто меѓу нозе се кажуваат во очи, па ќе знаеше што ќе му следува. Но што да очекувате од такво големо македонско маже кое не турка далеку од фундаменталните вредности, рече денеска Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност.Пратеникот Апациев доцна во петокот му упати пцовка на шефот на државата преку социјалните мрежи затоа што Пендаровски не се огласи дали го подржува францускиот предлог....