Електричниот Škoda Enyaq пристигна во Македонија!
Car Club - пред 6 часа
ShareTweetShare0 SharesГолемиот електричен SUV на Škoda пристигна во Македонија! Škoda Enyaq веќе одлично се продава ширум Европа – и има зошто е тоа така. Комбинацијата од врвните практичност и просторност кои веќе сме навикнати да ги очекуваме од чешкиот бренд, заедно со моќниот и ефикасен електричен погон и големата батерија ветува одлични електрични перформанси. Enyaq се нуди со четири различни нивоа на опрема – Clever, Plus, Advanced и Maxx, како и со четири различни дизајн пакети – од комфорниот Lodge, па понатаму Lounge, Suite и Eco Suite. Сите нудат различен амбиент во кабината па сигурни сме дека секој купувач ќе успее да најде комбинација која му одговара. Секако, за оние кои сакаат нешто поспортско тука е Enyaq Sportline – како на фотографиите! Инаку, за новата моделска година Enyaq добива и нова, поефикасна батерија која сега ја носи ознаката 85 (во однос на досегашната ознака 80). Батеријата е со капацитет од 82 kWh, односно достапни 77 kWh и според WLTP мерењата овозможува досег од 565 километри. Enyaq стандардно доаѓа со погон на задните тркала, а по потреба може да се добие во комбинација 85x која e со погон на сите четири тркала. Забрзувањето до 100 километри на час трае само 6.7 секунди, односно 6.6 секунди со погон на задните тркала. Секако, вреди да се напомене дека дури и во основното ниво на опрема, Enyaq доаѓа со сета потребна опрема – LED предни и задни светла, сите системи за безбедност, автоматски клима уред, 13-инчен централен Amundsen мултимедијален дисплеј со сите опции за поврзување, панорамски сончев стаклен кров, паркинг камера и сензори, 19-инчни тркала, и многу, многу повеќе. Цените започнуваат од 53.490 Евра за Enyaq, односно 55.620 Евра за Enyaq Coupe. За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница на Škoda, или пак салонот во Скопје или некој од салоните ширум Македонија. ShareTweetShare0 Shares...
Новиот Alpine A110 R Turini ја предводи линијата на францускиот спортски автомобил
Car Club - пред 8 часа
ShareTweetShare0 SharesA110 се издвојува од толпата благодарение на неговата едноставна формула за лесен спортски автомобил, а со последниот апдејт тој станува уште подобар. Палетата започнува со стандардниот A110, кој има помека поставеност на шасијата во споредба со остатокот од гамата и го задржува својот 2.0-литарски мотор со турбо полнач. Сега стандардно доаѓа со Serac тркала од 18 инчи, предни дискови од 320 mm и алуминиумски педали. Над тоа се наоѓа A110 GT кој доаѓа со кожни седишта, 18-инчни тркала со црни полирани краци и надграден звучен систем. Следува A110 S кој е опремен со спортска шасија, засилен ролбар и поголеми Brembo сопирачки. Визуелниот каросериски сет го сочинуваат предниот и задниот спојлер, црните бумеранг фарови и 18-инчните Fuchs тркала. Како одговор на популарноста на A110 R (за кој нарачките се затворени до крајот 2024), има нов A110 R Turini. Тој се карактеризира со 18-инчни GT Race тркала во мат црна боја, како и каросериски делови изработени од карбонски влакна. Тука спаѓаат предниот спојлер, страничните прегради, дифузерот, капакот на моторот и задното крило. Alpine вели дека нарачките за асортиманот A110 за 2024 година се веќе отворени, а производството ќе започне во март следната година. ShareTweetShare0 Shares...
Вечерно кино: Koenigsegg Jesko постави нов рекорд на една од најдолгите патеки во Европа
Car Club - пред 3 дена
Share6TweetShare6 SharesРекордот го постави тест возачот Никлас Лилја на стазата Готланд Ринг во Шведска, а на снимката е прикажано како автомобилот го комплетира кругот за време од 2:56,97. Со должина од 7,3км Готланд Ринг на возачите им го нуди еден од најдолгите кругови во Европа. Иако не е долга како најпознатата тркачка патека во Европа, Нирбургринг, прстенот Готланд има голем број на брановодни свиоци и претставува вистински предизвик за многу возачи. Од Коенигсег тврдат дека возењето на Готланд Ринг не претсавувало обид за поставување нов рекорд, туку било наменето за маркетинг активности. Тоа само го прави постигнатото време уште поимпресивно. Лилја вели дека го користел Jesko Attack со околу 90 проценти од неговата моќност кога го надминал поранешниот рекорд (поставен од Porsche 911 GT3 RS Manthey-Racing) за седум секунди. Сепак, не треба да изненадува овој резултат на Jesko. Неговиот 5,1-литарски V8 мотор со двоен турбополнач е способен да испорача до 1.600 КС кога работи на E85 гориво, иако за ова возење било кристено гориво од 98 октани, односно биле користени „само“ 1.280 коњски сили. И покрај огромната моќност на Jesko, Никлас Лилја успева да го држи под контрола, а резултатот може да го погледате подолу: Share6TweetShare6 Shares...
Утринска Гимнастика: Амбициозниот Rodin FZero го направи првиот тест
Car Club - пред 3 дена
Share3TweetShare3 SharesПрвиот тест на FZero се одржа на сопствената тест патека на Rodin, во близина на планината Лифорд на Јужниот остров во Нов Зеланд. Хиперавтомобилот беше управуван од страна на основачот на Rodin – страствениот тркач и технолошки милијардер Дејвид Дикер. Излегувајќи од пилотската кабина, тој изјави: „Тестот помина многу добро и возбудени сме бидејќи проектот FZero влегува во својата следна фаза. Навистина е автомобил како ниеден друг“ Тркачкиот FZERO има 4-литарски твин-турбо V10 мотор кој развива 1013 коњски сили, вртежен момент од 700 Nm и максимална брзина од 360 km/h. Целта на Дикер отсекогаш била Rodin да го изгради ултимативниот автомобил на патеката. FZero е констриуран за да биде побрз на патека од Формула 1 болид, бидејќи истиот е развиен без било какви правила и регулативи од мотоспортот. Откако ќе бидат произведени 30 возила, ќе следува и верзија наменета за легално користење на патиштата, а компанијата исто така работи и на целосно електричен модел. Share3TweetShare3 Shares...
ПРЕМИЕРА: Новиот Suzuki Swift пристигнува со лајт-хибридна технологија и нов ентериер
Car Club - пред 4 дена
Share13TweetShare13 SharesПомина помалку од еден месец откако најновата верзија на јапонскиот мал хечбек го имаше своето деби на саемот за автомобили во Токио. Иако на прв поглед делува како фејслифтирана верзија, сепак се работи за целосно нов модел. Toj се карактеризира со понежен дизајн и помеки рабови во споредба со претходникот. Предницата сега има поголема решетка, нови фарови а традиционалниот знак на Suzuki овој пат е поставен веднаш под хаубата. Измените во задниот дел вклучуваат нов сет на задни светла, поагресивен заден браник и конвенционални рачки на вратите. Внатрешноста добива позначајни измени, главно со 9-инчниот централен екран на допир и со новиот дизајн на воланот, кој и успева да ги задржи физичките контроли. Безбедносните карактеристики на новиот Swift вклучуваат систем кој препознава возила, велосипедисти и пешаци, помош за задржување во лента, предупредување за напуштање лента, следење на мртва точка и следење на поспаност кај возачот. Погонската единица е 1.2-литарски три-цилиндерски бензински мотор, директно поврзан со автоматски CVT менувач, а на фотографијатазабележуваме и опција со три педали и мануелен менувач. Како и досега, моторот на Swift добива блага хибридна помош со чија помош се зголемува неговата ефикасност. Стандардниот модел доаѓа со погон на две тркала, додека AllGrip верзијата ќе биде достапна како опција. Сè уште не се објавени податоци за моќноста, перформансите и цените за новиот Swift, но очекуваме дека тие ќе бидат многу слични на постојниот лајт-хибриден модел. Share13TweetShare13 Shares...
Во салонот на Mercedes-Benz пристигна новиот CLE Coupé
Car Club - пред 5 дена
Share21TweetShare21 SharesВерувале или не, CLE Coupe е сосем нов модел во понудата на Mercedes-Benz – но всушност заменува два постоечки модели. Новиот CLE е всушност нов модел на Mercedes-Benz, замислен да ги замени C-Class Coupe и E-Class Coupe, но и нивните соодветни кабриолет изведби. Кај CLE доминираат визуелни детали кои директно асоцираат и на C-Class и на E-Class, но несомнено повеќе наликува на помалиот автомобил – и тоа воопшто не е лоша работа. Едно купе треба да биде покомпактно и подинамично, а асоцијацијата со C-Class се должи највеќе на поострата предница и потесната предна решетка. Профилот е динамичен и чист, со остри карактерни линии. На задниот дел светлосните елементи се спојуваат во една целина. Секако, бидејќи зборуваме за купе, вратите се без рамки а целата силуета е ниска и динамична. Како што треба! Кабината е помалку или повеќе идентична како онаа во C-Class – а тоа значи голем 12.3-инчен дисплеј наменет за инструментите пред возачот, како и 11.9-инчен централно-поставен екран за мултимедијалните функционалности. Она кое CLE го добива од поголемата E-Class е најновиот MBUX кој доаѓа со можност за инсталирање дополнителни апликации. Од E-Class доаѓа и палетата на мотори – која вклучува и турбодизел. Сите мотори се со лајт-хибридна компонента, а понудата започнува со CLE 220d кој испорачува 200 дизелски коњски сили. Маааалку над него е 204-коњскиот CLE 200 турбо-бензинец. Двата мотори стандардно доаѓаат со погон на задните тркала, но може да се комбинираат и со 4Matic погон на сите четири тркала. За оние кои сакаат повеќе моќ, тука се CLE 300 со 258 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, додека на самиот врв е шест-цилиндерскиот CLE 450 кој располага со 381 коњска сила и 500 Nm вртежен момент, кои пак овозможуваат забрзување до 100 километри на час за само 4.4 секунди. За и самите да го погледнете CLE, посетете го салонот на Мак Аутостар. Share21TweetShare21 Shares...
Porsche ја достигна бројката од два милиони произведени возила во Лајпциг
Car Club - пред 5 дена
Share2TweetShare2 SharesПоминаа помалку од две недели по дебито на новата Porsche Panamera, а производителот веќе има дополнителна причина за славење. Од производната линија во Лајпциг, излезе два-милионитиот Porsche автомобил, прекрасната Panamera Turbo E-Hybrid во Madeira Gold металик боја. Ние имавме можност да ја посетиме фабриката на Porsche во Лајпциг кога го возевме новиот Porsche Cayenne. Откако дебитираше во Лајпциг во 2009 година, линијата Panamera одигра клучна улога во успешната приказна на производствената локација. Со производството на втората генерација во 2016 година, фабриката за склопување беше проширена во целосна фабрика, со продавница за бои и изработка на каросериски делови. „Ние ги произведуваме моделите во целост, од конструкцијата на каросеријата до конечното склопување. Со тоа ги поставивме темелите за нови проекти и континуиран раст”, изјави претседателот на управниот одбор на фабриката Герд Руп. Објектот на Порше во Лајпциг, исто така прерасна во важен работодавач во централниот германски регион, со работна сила од над 4.400 работници. Низ годините фабриката се трансформираше неколку пати, а наскоро во неа ќе се произведуваат три типа погонски единици: електрични, хибридни и со внатрешно согорување, сите на една линија. Share2TweetShare2 Shares...
ТЕСТ: Peugeot 408 1.2 PureTech 130 GT – Драма!
Car Club - пред 6 дена
Share92TweetShare92 SharesКога пред неколку години францускиот бренд ја започна својата трансформација, не можевме ниту да сонуваме колку тој подвиг на Peugeot ќе биде темелен и радикален. Сега, неколку години подоцна трансформацијата на Peugeot кулминира токму со 408! Верувале или не, помина точно една година од нашето запознавање со радикалниот 408. Новата, несекојдневна форма која францускиот бренд ја претстави со 408 е можеби логична кулминација на дизајнерскиот јазик на Peugeot, отелотворена во автомобил кој истовремено не наликува на ниту еден друг автомобил а се обидува да го извлече најдоброто од сите. Првиот (добро де, не баш првиот) контакт со 408 нè тера да размислуваме. Кога прв пат го видовме 408 во Шпанија, атмосферата и околината беше една. Сега, една година подоцна – времето е врнежливо, нашите улици не се најчисите на светот, а францускиот фастбек изгледа треба да се бори со атмосфера и асфалт кои не се толку идеални како шпанските. И покрај кросоверската основа, 408 е изненадувачки низок автомобил. Но вистината е дека 408 изгледа (и тука со задоволство ќе ги искористиме зборовите на Peugeot) неочекувано од секој агол. Формата на францускиот фастбек комбинира ниска, купеовска силуета со повисока суспензија која наметнува повисок, кросоверски став но без непотребно-високата кровна линија. Всушност, гледан отстрана – 408 е изненадувачки низок автомобил. Предницата е дефинирана од големите светлосни елементи и острите вертикални дневни светла кои се препознатливи за Peugeot. Формата на предниот поклопец, предните светла и браникот дополнително ја истакнува должината на 408, а предната маска храбро сугерира огромна доза на самоувереност. 408 многу добро знае каде припаѓа во хиерархијата на автомобилскиот животински свет! Профилот е низок и купеовски, со многу прекршени линии и конфликтни-но-некако-погодени рамнини и површини. Во комбинација со висока карактерна линија и релативно ниски стаклени површини, профилот на 408 изгледа низок и динамичен, и конечно кулминира во дискретниот но дрзок заден спојлер. На задниот дел вниманието од кон широките и тенки задни светла како и агресивниот заден дифузер. Кога прв пат го возевме 408 рековме дека задниот дел прави 408 да изгледа како да се движи дури и кога е во мирување – и тој став не е променет. 408 ја има една од најсамоуверените, најдинамичните форми на пазарот! Дигитализирана кабина, одлична завршна обработка, многу простор Ја отвораме вратата на 408 и нè пречекува амбиент кој веќе го познаваме. Да, 408 наликува на 308 и ја носи истата генерација на i-Cockpit, но во кабината на 408 е посветено уште повеќе внимание на деталите и на целосната интеграција на дигиталните технологии. Првиот впечаток е дека многу, многу внимание и љубов е посветено на изборот на материјалите и врвната завршна обработка. Скоро сè што можеме да допреме е меко, квалитетно и со фина текстура. Скоро и да не забележуваме детали кои не ни се допаѓаат. Во ред, никогаш не сме биле најголемите фанови на пијано-црниот финиш на пластиките кој е вистински магнет за прав и отпечатоци од прсти – но за среќа па ваквата пластика и ја нема премногу во 408. Возачката позиција е ниска а малиот управувач од i-Cockpit кокпитот на Peugeot „седи“ ниско за да можеме подобро да ги видиме 3D дигиталните инструменти. За многумина оваа конфигурација е несекојдневна – но Peugeot стои зад своите одлуки и низ годините навистина го има усовршено ваквиот „распоред на часови“. Всушност, кога од било кој автомобил на Peugeot ќе седнеме во некој друг со секојдневно-димензиониран управувач – се чуствуваме како во рацете да држиме кормило од прекуокеански брод. Пред возачот се поставени дигиталните инструменти, додека на средишниот дел на конзолата се новиот дигитален екран и дигиталните i-Shortcuts кратенки кон вашите омилени функции. И верувале или не – сето тоа функционира. Да – „на прва“ софтверот е малку конфузен и некои од функционалностите како да се скриени во некое мени (на пример, ни требаше малку време и чепкање да откриеме дека тест-возилото имаше и систем за масажа на предните седишта), но по само неколку часа користење „кликнува“ логиката позади мултимедијалниот уред во 408 и сè станува полесно и поразбирливо. Секако, тука е и неизбежниот безжичен полнач за мобилен телефон како и безжичното поврзување со Apple CarPlay и Android Auto. Инаку, во кабината на 408 е просторно и комфорно. Возачот и совозачот седат како во кокпит, додека на задната клупа има навистина многу простор – да потсетиме дека меѓуоскиното растојание на 408 е цели 12 сантиметри подолго од меѓуоскиното растојание на 308. Сето тоа овозможува многу простор и на задната клупа каде комфорно ќе се сместат дури и повисоки патници на кои нема да им недостасува простор. Интересна улога тука играат и задните „мачкини уши“ кои од една страна функционираат како надворешен спојлер, а од друга страна овозможуваат механизмот за петтата врата да не го намалува просторот во кабината. Кога сме кај петтата врата – да, Peugeot 408 има петта врата, а тоа пак значително го олеснува пристапот до багажниот простор и го прави внесувањет и поголеми предмети поедноставно. Багажникот е достапен преку огромен отвор и тој нуди капацитет од одлични 536 литри, односно дури 1611 литри со преклопена задна клупа. Ефикасен и сосем доволно моќен турбо-бензинец Во ред, сето тоа звучи одлично – но каков е 408 зад управувачот? Кога пред една година го возевме плаг-ин хибридниот 408 со 225 коњски сили и голема и тешка батерија во задниот дел кажавме дека французинот се однесува достоинствено и динамично, но и дека се чувствува масата на батериите и дека поради неа 408 знае да понуди и надуправување. Сега, без таа голема и тешка батерија, со задоволство можеме да кажеме дека 408 е значително понеутрален и дека значително посмирено ја менува насоката на движење. Истовремено, ја препознаваме мајсторијата на инженерите на Peugeot – 408 е на големи тркала, но суспензијата и подвозјето идеално ги филтрираат нерамнините па во кабината не се пренесуваат речиси никакви несакани вибрации од подлогата. Да, во предниот дел се крие 1.2-литарски турбо-бензинец за кој многумина би рекле дека е мал, но вистината е дека во комбинација со одличниот EAT8 автоматски менувач со 8 брзини сосем лесно го задвижува 1393 килограми тешкиот 408 и забрзува до 100 километри на час за 11.5 секунди, сè до максималната брзина од 210 километри на час. Инаку, 1.2-литарскиот турбо-бензинец испорачува 130 коњски сили при 5500 вртежи во минута и 230 Nm вртежен момент од 1750 вртежи во минута. Како што рековме, во комбинација со 8-брзинскиот автоматкси менувач сосем самоуверено го задвижува 408, а уште поуверливи се меѓузабрзувањата – да, сигурни сме дека работите би биле подобри со дополнителни „два-триесет“ коњски сили, но за оние кои сакаат повеќе моќ тука е плаг-ин хибридниот 408 кој се нуди со 180 или 225 коњски сили. Потрошувачката е сосем респектабилна – со нормално, цивилизирано возење таа нема да надмине повеќе од 9.5-10 литри на 100 изминати километри во градски услови, односно одлични 6.7 литри на 100 километри на отворено при крстосување со брзина од 120 километри на час. Немаме забелешки ниту на опремата – врвната GT верзија на 408 доаѓа со навистина многу опрема. Помалку мастило и хартија ќе ни бидат потребни да напишеме што нема во однос на тоа што има – но ќе ги напоменеме одличните спортски седишта обвиени во кожа и алкантара, сите можни системи за асистенција, огромниот панорамски стаклен кров, мултимедијалниот систем со сите можности за поврзување… И заклучокот е? Ајде да донесеме заклучок. Вистината е дека 408 е драматичен. Зошто драматичен? Затоа што е несекојдневен, самоуверен и гласен. Со полни гради кажува – погледнете ме, тука сум! А тоа е бидејќи Peugeot е самоуверен бренд – француските брендови во рамките на Stellantis одлично се прилагодија кон новите трендови на пазарот, односно дури би рекле дека тие всушност ги поставуваат новите трендови во автомобилската индустрија. Дали со 408 Peugeot одговори прашање кое најверојатно никој не го постави? Можеби, но тоа навистина не е толку важно кога одговорот е толку, толку уверлив. Спецификации Модел: Peugeot 408 1.2 PureTech 130 S&S EAT8 GT Мотор: 1.2-литарски турбо-бензинец, три цилиндри Моќност: 130 коњски сили / 5500 вртежи во минута Вртежен Момент: 230 Nm / 1750 вртежи во минута Менувач: автоматски, 8 брзини 0-100 км/ч: 11.5 секунди Максимална Брзина: 210 километри на час Должина: 4687 mm Ширина: 2062 mm (со странични ретровизори) Висина: 1478 mm Тежина: 1393 килограми Меѓуоскино Растојание: 2787 mm Багажен Простор: 535 – 1611 литри Потрошувачка: 9.7 литри на 100 километри (измерена, градска) Цена на основиот модел: Peugeot 408 1.2 PureTech 130 S&S EAT8 Allure – 35.190 Евра Цена на тестираниот модел: Peugeot 408 1.2 PureTech 130 S&S EAT8 GT – 44.800 Евра Повеќе Информации: Peugeot.mk Фотографии Share92TweetShare92 Shares...
GT4 e специјално издание на Toyota Supra наменето за стариот континент
Car Club - пред 6 дена
Share1TweetShare1 SharesНајновата специјална верзија на Supra е моделирана по GR Supra GT4 Evo. Резултатот е легален тркачки автомобил со регистарска табличка. Петтата генерација на Supra излезе пред скоро пет години. Од тогаш беа претставени неколку специјални изданија, вклучувајќи го и неодамнешниот модел со мануелен менувач. До пристигнувањето на очекуванииот GRMN модел догодина, Toyota ни претставува уште една лимитирана верзија. Таа ќе биде достапна само во Европа и се заснова на опцијата со 3.0-литарски мотор и шестстепен мануелен менувач. Моделот може да се пофали со бројни додатоци на Gazoo Racing за да се издвои од стандардната Supra. Во списокот се најдоа: задни карбонски крила, AC Schnitzer преден сплитер, Bilstein Evo T1 суспензија со опција за подесување, ултра-лесни тркала Protrack One и спортски издувен систем Milltek. Supra GT4 100th Edition Tribute ќе биде изложена до 10ти декември на саемот за автомобили во Есен, Германија, а бројот на примероци што ќе бидат пуштени во продажба е лимитиран на 100. Share1TweetShare1 Shares...
Тркачкиот Bugatti Bolide од 4 милиони евра стана реалност!
Car Club - пред 6 дена
Share2TweetShare2 SharesПрвиот тркачки хиперавтомобил на Bugatti е придвижуван од квад-турбо W16 со 1.578 коњски сили и тежи само 1.450 килограми. Точно пред три години објавивме дека Bugatti работи на експериментален хиперавтомобил, а денес дознавме дека истиот е веќе произведен во лимитирано издание од 40 примероци и сите се продадени по цена од 4 милиони евра по парче! Дизајнот на каросеријата од композитни јаглеродни влакна е скоро идентичен со оној на концептот а целокупната тежина е намалена за половина тон во однос на Chiron, што значи дека Bolide има застрашувачки сооднос сила-тежина од 1.088 коњски сили по тон! Bugatti вели дека хиперавтомобилот може да генерира речиси 3.000 kg надолна сила и до 2,5 G странична сила што е само 0,5 G помалку од онаа што астронаутите ја искусуваат при полетување на вселенскиот шатл. И покрај фактот дека ова е хардкор тркачки автомобил, внатрешноста се карактеризира со класичната луксузна изработка по која е познат Bugatti. Купувачите можат да изберат од бројните опции за тапацир, вклучувајќи кожа, велур и алкантара. Сепак, највпечатлив елемент тука е икс-тематскиот волан кој сега има дополнителни копчиња и прекинувачи кои беа отсутни кај концептот. Возачот и совозачот добиваат систем за прицврстување со шест точки одобрен од FIA а за уште поголема безбедност, кокпитот на Bolide е компатибилен со системот HANS (поддршка на глава и врат) кој е веќе докажан во мотоспортот. Првите испораки на Bolide кон купците ќе започнат во 2024 година, а со оглед на неговата ексклузивност, веројатноста дека ќе го забележите на некоја патека е скоро непостоечка. Share2TweetShare2 Shares...
Утринска Гимнастика: Првиот трејлер за Grand Theft Auto 6!
Car Club - пред 6 дена
Share9TweetShare9 SharesRockstar Games го објавија првиот трејлер за GTA VI порано од најавеното и потврдија дека најновата игра во серијалот пристигнува во 2025! Grand Theft Auto VI ветува дека ќе биде визуелно-спектакуларна игра, но не смееме да заборавиме дека ќе треба да го наследи гигантот наречен GTAV – а тоа е многу, многу, многу тешка задача. Rockstar Games потврдија дека GTA VI ќе пристигне за Playstation 5 и Xbox Series X и S во 2025. Секако, очекуваме верзија и за PC – но околу 12 месеци подоцна. Сепак, да не објаснуваме многу-многу, погледнете го трејлерот! Share9TweetShare9 Shares...
ПРЕМИЕРА: Новиот Dacia Duster добива посамоуверен изглед и хибриден погон!
Car Club - пред 11 дена
ShareTweetShare0 SharesТретата генерација на најпродаваниот SUV во Европа пристигнува со нов дизајн и надградена технологија Откако оригиналниот Duster беше лансиран пред 13 години, Dacia успеа да продаде повеќе од 2,2 милиони примероци. Од 2018 година, Duster се здоби со титулата најпродаван SUV во Европа со речиси 1.000 произведени единици дневно во фабриката во Питешт, Романија. Новиот Duster го прецртува дизајнот на концептот Bigster на Dacia, претставен на почетокот на 2021 година. Иако е речиси со иста должина како и неговиот претходник, сепак се работи за модел од следната генерација со елементи од платформата CMF-B. Покрај поголемиот простор за патниците на задната клупа, зголемен е и багажниот простор на повеќе од солидни 472 литри. Намерата на Dacia како и до сега е да испорача издржлива кабина со минимални трошоци. Внатрешноста е едноставна и генерално изработена од тврда пластика. Вградените технологии сепак не се за потценување. Меѓу другите, на списокот се најдоа: 7,0-инчна дигитална инстумент табла, 10,1-инчен екран на допир, четири осветлени USB приклучоци, безжично полнење на телефони и поддршка за Android Auto и Apple CarPlay. За поздрав е користењето на конвенционални копчиња на воланот и клима уредот како и стандардниот потпис на Dacia – држачот за мобилен телефон. За новиот Duster, Dacia реши да го пензионира докажаниот 1,5-литарски dCi на Renault. Од моторите со внатрешно согорување, тој ќе се нуди со 1,2-литарски TCe со 130 коњски сили со шестстепен мануелен менувач, со погон на предни или на сите тркала. Најважната новина во однос на погонските единици е усвојувањето на хибридната опција наследена од караванот Jogger. Таа комбинира атмосферски 1,6-литарски мотор со два електрични мотори, батерија од 1,2 киловат-часови и автоматски менувач. Duster Hybrid 140 поддржува регенеративно сопирање и неговиот погон секогаш започнува во електричен режим. Dacia тврди дека потрошувачката на гориво просечно е намалена за 20 проценти, односно 40 проценти при возење во градски услови. Моделот од третата генерација треба да се појави во продажба следната година а цените допрва треба да бидат објавени. На таа тема Dacia вети дека како и досега, Duster ќе ги има „најпристапните цени во својот сегмент“. ShareTweetShare0 Shares...
Концептот GAC ERA е футуристички теренец со погон на водород и опсег до 800 километри!
Car Club - пред 12 дена
ShareTweetShare0 SharesGAC ERA е елегантен SUV концепт со водородна погонска единица, кој ја претставува визијата на кинескиот производител за автомобилската иднина. Стајлингот на возилото е резултат на заедничката работа на глобалните дизајнерски тимови на GAC, вклучувајќи ги студијата во Лос Анџелес и Милано. Надворешноста се карактеризира со едноставни линии, комбинирајќи засечена предница, аеродинамичен покрив и лизгачка задница. Од GAC велат дека каросериските аеро-компоненти се направени од одржливи материјали, вклучувајќи морска рециклирана пластика и био-базирани материјали од алги. Внатрешноста е дизајнирана да потсеќа на дневна соба, вклучувајќи ротирачки седишта и централна конзола која се трансформира во маса. Кабината е обложена со био-базирана мицелиумска кожа во комбинација со велурни површини и бела емулирана дрвна текстура. Контролната табла е покриена со голем централен дисплеј и помал екран поставен до возачот. Теренецот се заснова на „мулти-енергетската“ архитектура на GAC, но за разлика од повеќето концепти тој не претставува конвенционално електрично возило. ERA користи водородни горивни ќелии (FCEV), поврзани со два електромотори кои заедно произведуваат 540 коњски сили. Според производителот, опсегот на возење достигнува до 800 км а полнењето трае само неколку минути. ERA е всушност продолжение на претходните концепти на GAC, вклучувајќи го целосно електричниот седан TIME од 2021 година, миниванот SPACE од 2022 година и целосно електричниот автономен кампер за сите терени Van Life од годинава. ShareTweetShare0 Shares...
Pagani Imola Roadster добива твин-турбо AMG V12 со 850 коњски сили!
Car Club - пред 13 дена
ShareTweetShare0 SharesПоминаа повеќе од четири години откако за првпат беше прикажана Huarya Imola, а сега Pagani конечно воведува и роудстер варијанта. Иако Codalunga е најновиот автомобил на компанијата, егзотичната италијанска марка сè уште не е подготвена да се откаже од Huayra. Со оглед на тоа дека се појавуваа специјални верзии на Zonda дури и неколку години после лансирањето на Huayra, овој потег и не е толку чуден. Опремен со твин-турбо, 6-литарски V12 развиен од AMG, Imola со отворен покрив нуди 850 коњски сили и вртежен момент од 1.100 Nm. Моќта се насочува до задните тркала преку седумстепен Xtrac секвенцијален менувач, развиен специјално за Pagani. Со тежина од само 1.260 килограми, хиперавтомобилот лесно постигнува брзина до 350 км/ч пред да се активира електронскиот ограничувач. Бидејќи е легален за користење на јавните патишта, Imola Roadster е опремен со Pirelli P Zero Trofeo R гуми со димензии 265/30R20 на предната оска и 355/25R21 на задната страна, па истите може да ги користи како на стазата, така и на патот до неа. Само осум примероци на Imola Roadster ќе бидат направени – и иако од Pagani не кажаа колку чини секој, можеме да претпоставиме дека веќе сите се продадени. ShareTweetShare0 Shares...
BYD го произведе шест-милионитиот новo-енергетски автомобил!
Car Club - пред 13 дена
ShareTweetShare0 SharesБрендот ја задржа својата позиција како најголем кинески производител на возила придвижувани од нови енергии и истовремено е првиот во светот кој го достигна овој успех. BYD го запре производството и продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување лани во март, пренасочувајќи се кон ново-енергетски возила (NEV), вклучувајќи електрични возила со батерии (BEV) и plug-in хибридни возила (PHEV). На BYD му требаа 13 години производство за да ги достигне првите милион NEV единици. После тој период стапката на производство значително се забрза, достигнувајќи рекордни бројки. За шест месеци бројката се искачи од два на три милиони, а беа потребни само три месеци за пораснат од пет на шест милиони. Од јануари до октомври, BYD продаде 2.381.471 NEV, од кои 176.041 возило се продадени преку океанот. Досега, новите електрични возила на BYD влегоа на 58 странски пазари, вклучувајќи ги Германија, Јапонија, Франција, Бразил, Австралија и Обединетите Арапски Емирати, со вкупна продажба од 200.000 единици. ShareTweetShare0 Shares...
Новиот Jeep Avenger пристигна во Македонија!
Car Club - пред 14 дена
Share11TweetShare11 SharesНајновиот и најмал член на Jeep семејството од денес е официјално достапен и во Македонија! Малиот Jeep Avenger е поставен на e-CMP платформата на Stellantis која веќе се користи за неколку различни електрични возила кај неколку различни брендови од групацијата и новиот урбан SUV веќе се закити со неколку светски признанија – Avenger беше изгласан за Европски Автомобил на Годината на јубилејното, 60-то издание на изборот. Инаку, Avenger настапува со нова и современа интерпретација на дизајнерскиот јазик на Jeep и мораме да кажеме дека во живо изгледа едноставно фантастично! Малата, робустна форма му дава доза на самоувереност која се истакнува меѓу директните и индиректни конкуренти. На нашиот пазар Jeep Avenger може да се добие со современ и ефикасен турбо-бензинец или како целосно-електричен модел. Оние кои сакаат бензински мотор ќе можат да го добијат Avenger со 1.2-литарски турбо-бензинец кој кон предните тркала преку 6-степен мануелен менувач испорачува 100 коњски сили и 205 Nm вртежен момент. Кабината на Avenger е современа и дигитализирана – со големи дигитални инструменти и централно-поставен мултимедијален уред. Секако, мулимедијалниот систем доаѓа најновата генерација на UConnect софтверот со можност за безжично Apple CarPlay и Android Auto поврзување. Дополнително, купувачите ќе добијат и автоматски клима-уред, автоматски предни светла, грст сензори и камери за паркирање и многу, многу повеќе. Не смееме да заборавиме ниту дека сепак тука зборуваме за Jeep, па Avenger најавува и импресивни теренски таленти. Аглите на пристапување и прекршување се 20 степени, додека аголот на отстапување е 32 степени. Avenger е оддалечен цели 20 сантиметри од подлогата и доаѓа со неколку различни режими на возење како и со Hill Descent Control за автономно симнување по надолнини. Новиот Avenger веќе можете да го видите во салонот на Jeep, а повеќе информации можете да најдете на официјалната веб-страница. Share11TweetShare11 Shares...
Утринска Гимнастика: Porsche 911 GT1 сонува да биде возен на алпски премин
Car Club - пред 14 дена
ShareTweetShare0 SharesГерманскиот производител на суперавтомобили објави интересно видео во кое прикажува како иконскиот 911 GT1 “сонува” дека вози на прекрасен планински пат додека “спие” изложен во нивниот музеј. Porsche 911 GT1 беше создаден со цел да се натпреварува во GT1 класата на 24 часа ЛеМан – а еден од условите за ова беше да произведе ограничен број на цивилни изведби. Наречен Strassenversion (Улична Верзија), 911 GT1 е произведен во само 20 примероци, а секој од нив е погонуван од 3.2 литарски твин-турбо боксер мотор со шест цилиндри и над 700 коњски сили. Бидејќи се работи за екстремно редок и возбудлив модел, еден ваков примерок беше продаден за 5.6 милиони долари на аукција во 2017, а се претпоставува дека некои можат да достигнат и 10 милиони долари. Иако повеќето цивилни 911 GT1 се наоѓаат во приватни колекции, постои еден кој е изложен во музејот на Porsche во Штутгарт. За голема среќа, германскиот бренд не го чува примерокот само како фиксно изложено музејско дело, туку неодамна го изнесе да ги ослободи своите перформанси на баварскиот дел од Алпите и да биде возен како што е замислен. Погледнете го видеото и уживајте! ShareTweetShare0 Shares...
ПРЕМИЕРА: Porsche ја претстави новата, трета генерација на Panamera!
Car Club - пред 17 дена
ShareTweetShare0 SharesПред само неколку моменти Porsche ја откри најновата, трета генерација на Panamera – која покрај новиот дизајн и високо-технолошката кабина има и проширена понуда на E-Hybrid хибридни погони и врвен нов систем за активна воздушна суспензија. Новата Panamera добива нов лик, со редизајнирани предни светла, нов, подинамичен браник и агресивни отвори за воздух. Matrix LED предните светла сега се стандарден дел од опремата, а нивната форма убаво прилега на исфрлените странични крила. Забележуваме и нови странични отвори за воздух, заострени стаклени површини и редизајниран заден дел со едноделен светлосен елемент и нагласен заден браник со интегриран дифузер. Сè на сè, новата Panamera влече директно од минатата генерација – но дизајнот е заострен, модернизиран и некако… Сајберпанк! Важен новитет кај новата Panamera е новата Active Ride суспензија достапна кај E-Hybrid моделите. Овој иновативен нов систем вклучува активни амортизери, електрично-контролирана хидраулична пумпа и еднокоморна воздушна суспензија која цело време го „порамнува“ автомобилот додека истовремено ги впива сите нерамнини од патот. Според Porsche, токму овој систем овозможува распон на прилагодување меѓу комфорот и динамичното возење. Истовремено, системот автоматски ја прилагодува и дистанцата од подлогата во зависност од режимот на возење додека новиот Comfort Access систем ја подигнува панамера за цели 5.5 сантиметри за полесно влегување во и излегување од кабината. Кога сме кај кабината – веќе знаеме дека Panamera добива кабина која е инсприрана од Taycan и може да има три екрани. Пред возачот е псотавен 12.6-инчен дигитален инструмент панел, на централната конзола има уште еден екран наменет за мултимедијалните контроли и функционалностите во автомобилот, додека пред совозачот е поставен 10.9-инчен екран. Контролерот за менувачот е поставен до управувачот, со што на централната конзола се ослободува повеќе простор. Сега можеме да зборуваме малку и за погоните. Новата Panamera е достапна со четири електрифицирани E-Hybrid погони – сите нудат зголемена моќност и подобрена ефикасност, како и уште поголема автономија на електрична енергија. Panamera Turbo E-hybrid има преработен твин-турбо V8 кој во соработка со електромотор (со моќност од 190 коњски сили) и батерија со капацитет од 25.9 kWh нуди системски 680 коњски сили и 930 Nm вртежен момент и овозможува спринт до 100 километри на час за само 3.2 секунди, како и максимална брзина од 315 километри на час. Оваа комбинација овозможува и автономија на електрична енергија до 91 километар. Сега за сега, Porsche објави детали само за оваа електрифицирана погонска опција – најавува повеќе детали наскоро. Истовремено, Porsche ги најави и новите Panamera и Panamera 4 кои користат 2.9-литарски турбо V6 кој испорачува одлични 353 коњски сили и 500 Nm вртежен момент – ова овозможува спринт до 100 километри на час за 5.2 секунди кај Panamera, односно 4.8 секунди кај Panamera 4 и максимална брзина од 272 односно 270 километри на час. Новата Panamera ќе се произведува во фабриката на Porsche во Лајпциг (која ние ја посетивме на почетокот на оваа година кога го посетивме Porsche центарот во Лајпциг за да го возиме новиот Cayenne). Нарачките се веќе отворени, а првите примероци се очекуваат веќе во првата половина од следната година. ShareTweetShare0 Shares...
Утринска гимнастика: Тркачкиот тим ABT DTM го доведе Audi R8 до лимитот!
Car Club - пред 17 дена
ShareTweetShare0 SharesИако суперавтомобилот на Audi престана со сериско производство, неговата приказната сè уште не е завршена. ABT XGT е чудовиште за уличните патеки, заснованo на тркачкиот Audi R8 LMS GT2, со ограничено производство од 99 единици и цена од 600 илјади евра. Надворешноста на XGT е идентична со онаа на тркачкиот автомобил. Има значителен број на аеродинамичен редизајн од патниот R8 со додавање на преден сплитер, странични екстензии, голем дифузер и се разбира, масивно задно крило. Она што ќе го најдете во внатрешноста на R8 ABT XGT се удобности и функции што ќе го направат суперавтомобилот легален и лесен за „секојдневно“ користење. На списокот се најдоа клима уредот, централната брава, па дури и камерата за возење наназад. XGT е 170 килограми полесен од стандардниот R8 со погон на задните тркала а во комбинација со намалувањето на тежината, зголемена е и моќта од 615 на 640 коњски сили. Таа се испраќа преку седумстепен автоматски менувач до задните тркала, а двојната прилагодлива суспензија со модифицирани пружини им овозможува на сопствениците да го прилагодат поставувањето врз основа на специфичните барања на секоја патека. ABT вели дека двегодишниот процес на развој на суперавтомобилот вклучувал обемни тестови на патиштата, но и стотици извозени кругови околу Нирбургринг, Заксенринг и Хокенхајмринг. ShareTweetShare0 Shares...
Toyota Yaris Cross добива надградена технологија и зголемување на моќноста
Car Club - пред 18 дена
ShareTweetShare0 SharesДотеран во современа SUV форма, со истата кабина и возни својства на малиот Yaris, лесно е да се види зошто Yaris Cross важи за еден од најпродаваните модели на Toyota во Европа. Иако се уште претставува релативно нов модел, Yaris Cross доби освежување за 2024 година. Новото ниво на опременост „Premiere Edition“ доаѓа со ексклузивна боја Urban Khaki, 18-инчни алуминиумски тркала и украсни парчиња во внатрешноста. Останува спортската варијанта GR Sport што беше претставена лани, додека нивоата Icon, Design и Grade го сочинуваат остатокот од гамата. Yaris Cross ги доби истите подобрувања на технологијата во кабината како неговиот понизок брат. Ова е видливо со големиот 10,5-инчен централен екран на допир и 12,3-инчниот дисплеј на возачот во опциите со повеќе опрема. Тука е и дигиталниот клуч кој овозможува да се контролираат базичните функции на автомобилот преку апликацијата MyToyota. Производителот тврди дека системот за препознавање глас е значително подобрен а софтверот сега работи со поголема оптимизација. Нивото на безбедноста е исто така зголемено со новата камера и радарски систем кој има можност да скенира поголема површина на патот. Надградбите продолжуваат и со зголемените опции на мотори. Покрај самополначкиот хибриден 1,5-литарски трицилиндарец, сега има и помоќна варијанта на истиот со 129 коњски сили и вртежен момент од 185 Nm. Рафинираноста на Yaris Cross е исто така подобрена. Еден од држачите на моторот има динамичен амортизер а прозорците користат подебело стакло со што приметливо се намалува надворешната бучава. Цената на освежениот модел за сега останува непозната, но ќе биде објавена веќе во Декември заедно со останатаите детали. ShareTweetShare0 Shares...
ТЕСТ: DFSK Forthing T5 Evo 1.5 197 DCT7 Exclusive – Забележлив, динамичен, привлечен!
Car Club - пред 19 дена
Share313TweetShare313 SharesНовиот T5 EVO на DFSK се наметнува не само со богатата опрема и моќниот мотор, туку и со привлечниот дизајн! Третиот модел на DFSK кој оваа година се најде на нашите страници е целосно-новиот Forthing T5 Evо. По достапниот Glory 500 и големиот, супер-практичен Glory 580, време е да зборуваме за нешто сосем поинакво од кинескиот производител. Зошто поинакво? Одговорот на тоа прашање можеме да го одговориме на неколу различни начини, но ќе се задржиме на оној најзабележливиот – а тоа е дизајнот. Ако останатите модели се можеби малку конзервативни и служат кон една сосем поинаква цел, тогаш дизајнот на T5 Evo е современ, динамичен, наметлив и забележлив. Едноставно, нема шанси да не го забележите T5 Evо – особено во оваа привлечна црвена боја! Остар, агресивен и забележлив дизајн! Предниот дел е остар и агресивен, со шииирока и длабока предна маска која изгледа како голема челуст. На двете страни околу маската се поставени вертикалните светлосни елементи, додека над нив се тенките, хоризонтални двевни светла. Нагласената агресивност на предниот дел му дава на Т5 Evo несомнено динамичен лик и јасно и гласно кажува дека ова не е уште-еден-секојдневен-SUV, туку дека се работи за модел со повисоки амбиции. Профилот е флуиден, со растечка карактерна линија и површини кои се прекршуваат во несекојдневни форми. Забележуваме и нагласен кровен спојлер, како и вградени кровни носачи. Крилата кријат 19-инчни тркала кои изгледаат како да би можеле да бидат барем уште еден број поголеми, но тоа најверојатно се должи на нивната трендовска црна боја. Профилот го комплетира декоративниот хромиран елемент околу стаклените површини. На задниот дел вниманието веднаш оди кон едноделниот светлосен елемент, како и големиот заден браник со интегриран дифузер и четири завршетоци на издувниот систем. Особено ни се допаѓа и третото стоп светло кое е поставено високо во задниот спојлер, како и светлото за магла кое е поставено ниско во дифузерот. Сè на сè – T5 Evo изгледа несекојдневно! Додека го возевме бевме честа мета на прашања за брендот, моделот и за потеклото и интересно беше да се види дека колку што „прашувачите“ беа изненадени од одговорите, толку и не беа. Секако, можете да кажете дека препознавате дизајнерски детали од овој или оној автомобил – но во реалноста, новиот SUV на DFSK изгледа самоуверено, современо и… како да е од друга планета! Современа, комфорна и просторна кабина. Кога ја отворивме вратата на T5 Evo нè пречека навистина модерна кабина. На конзолата пред возачот се поставени два екрани од по 10.25 инчи интегрирани во еден елемент. Пред возачот се прикажуваат инструментите, додека на централната конзола се поставени мултимедијалните функционалности, итн. Имаме забелешка дека двата екрани се со различен квалитет и дека возачкиот е нијанса темен на силна дневна светлина, но затоа фукционираат прилично брзо и респонзивно. Моменталната верзија има можност за конектирање со паметен телефон преку Bluetooth или преку вградена апликација за реплицирање на екранот на телефонот на централниот дисплеј, а за понатаму се најавени и Android Auto и Apple CarPlay поврзување. Инаку, спортските седишта се исклучително комфорни и нудат одлична поддршка и лесно се наоѓа комфорна возачка позиција. Управувачот се нагодува по височина и по длабочина, а возачкото седиште има и систем за греење како и систем за масажа. Некои од пластиките се малку цврсти, но не се груби – и тоа нè носи до следниот заклучок. Во кабината преовладуваат амбициите на DFSK да ги издигне Forthing моделите кон едно повисоко, полуксузно ниво. Седиштата се обвиени во кожа и имаат контрастни црвени шевови и многу внимание е посветено на деталите – ситниците како карбонските детали на централната конзола, но и поважните работи како завршната обработка која е на навистина повисоко ниво. Ни се допаднаа и рачката од менувачот, како и конвенционалните контроли за клима-уредот. На задните седишта има повеќе простор од очекуваното. Релативно долгото меѓуоскино растојание дозволува патниците на задната клупа да уживаат во навистина многу простор. Сосем комфорно ќе се возат двајца, а по потреба и тројца патници – а сите ќе уживаат во огромниот стаклен панорамски кров. Низ кабината има и практични детали – како на пример држачот за мобилен телефон поставен меѓу предните отвори за вентилација и малата кукичка за торба од супермаркет поставена пред совозачот. Дискусијата за практичноста ќе ја завршиме со багажникот – преку големата петта врата е достапен голем багажен простор со капацитет од 480 литри кои растат на одлични 1480 литри со преклопена задна клупа. Моќен турбо-бензинец со 197 коњски сили. Ајде малку да зборуваме за моторот. Forthing T5 Evo е придвижуван од 1.5-литарски турбо-бензинец со потекло од Mitsubishi кој испорачува одлични 197 коњски сили при 5600 вртежи во минута и 285 Nm вртежен момент при 4000 вртежи во минута. Силата ја пренесува кон предните тркала преку 7-брзински DCT менувач изработен од Magna Steyr, а резултат на сето тоа е спринт до 100 километри на час кој трае 9.5 секунди и максимални 195 километри на час. За време на неколкудневното тестирање измеривме потрошувачка од нешто под 10 литри на 100 километри – со умерено возење, секако. Префрлете во Sport режим и извлечете го максимумот од тие безмалку 200 коњски сили и потрошувачката расте, но во некои разумни граници. Од друга страна, турбо-бензинецот работи прилично мирно и рафинирано, без разлика на режимот на возење. Менувачот ги менува брзините мазно и неосетно, па целата комбинација резултира со опуштено, смирено возење. Од друга страна, кога ќе побарате, T5 Evo успева да се трансформира во подинамичен SUV – ова се должи и на мултилинк задната оска и суспензијата која успева да ја постигне рамнотежата меѓу спортска цврстина и секојдневен комфор – иако би рекле дека работите дефинитивно се понаклонети кон спортскиот карактер. Од свиок во свиок, T5 Evo самоуверено ја менува насоката без поголем приговор. Во оној момент кога ќе го достигнете лимтот на пневматиците, шасијата сервира безбедно и предвидливо подуправување. Секако, ова не е најспортскиот SUV на планетата, но обидот на T5 Evo да понуди динамичност е прилично уверлив. Заклучок: T5 Evo многу добро објаснува зошто и како кинеските производители се етаблираа на пазарот И всушност, тука некаде ќе ја завршиме дискусијата за T5 Evo. DongFeng е кинески гигант кој продава на многу пазари ширум светот и во моментов ја поставува својата европска инфраструктура. T5 Evo има многу аргументи во својот агол – од привлечниот дизајн, преку богатата опрема па сè до моќниот турбо-бензинец – има тука многу нешта кои разбирливо ги привлекуваат купувачите. Кога на сето тоа ќе ја додадеме стандардната гаранција од 3 години и 100.000 километри, односно можноста да се доплати за гаранција од 7 години и 160.000 километри, доаѓаме до навистина интересна понуда. Ако пред неколку години со скепса гледавме кон кинеските производители – денес тие се веќе етаблирани на пазарот, а моделите како T5 Evo многу добро објаснуваат зошто и како. Спецификации Модел: DFSK Forthing T5 Evo 1.5 197 DCT7 Exclusive Мотор: 1.5-литарски турбо-бензинец Моќност: 197 коњски сили / 5600 вртежи во минута Вртежен Момент: 285 Nm / 4000 вртежи во минута Менувач: DCT автоматски менувач со двојна спојка, 7 брзини 0-100 км/ч: 9.5 секунди Максимална Брзина: 195 километри на час Должина: 4565 mm Ширина: 1860 mm (без странични ретровизори) Висина: 1690 mm Тежина: 1500 килограми Меѓуоскино Растојание: 2715 mm Багажен Простор: 480 – 1480 литри Потрошувачка: 9.2 литри на 100 километри (измерена, градска) Цена на тестираниот модел: DFSK Forthing T5 Evo 1.5 197 DCT7 Exclusive – 27.490 Евра Повеќе Информации: DFSK.mk Фотографии Share313TweetShare313 Shares...
Новиот Renault Master има цел да го освои сегментот на големите комбиња
Car Club - пред 19 дена
Share2TweetShare2 SharesОткриен на саемот за комерцијални возила Solutrans во Франција, новиот Renault Master е најголемиот модел во комби сегментот на компанијата, позиционирајќи се над средниот Trafic и малиот Kangoo. Од првите надворешни впечатоци ќе ги спомнеме: новото Renault лого, големите LED фарови и хоризонталната лента која се протега низ решетката. Во задницата има нов сет на задни светла, но како и кај повеќето комбиња, тука поголема важност игра функцијата наспроти формата. Аеродинамиката е подобрена во споредба со стариот модел за 20 проценти благодарение на пократката хауба, намалениот агол на шофершајбната и заострениот заден дел. Овие подобрувања носат придобивки за намалување на бучавата, потрошувачката и штетните емисии кои сега се спуштени под 200 g/km. Постојат две верзии на 2.0-литарски дизел мотор (128 и 169 коњски сили) и два менувачи (шест-брзински мануелен и девет-брзински автоматски). Максималната носивост од 2396 килограми е конкурентна, но треба да се напомене дека има верзии на Ford Transit што можат да носат и до 2800 килограми. Renault исто така објави дека доаѓа и верзија на водород, како и целосно електричен E-Tech. Поголема батериска опција кај втората верзија ќе има моќност од 87 kWh и електричен мотор од 141 коњска сила. Во внатрешноста се забележува голема ергономска поставеност кон возачот со постоечкиот 10-инчен Renault OpenR Link екран на допир, а не е штедено ни на просторот за складирање кој е зголемен за 25 проценти и сега изнесува 135 литри. Деталите за цените и опциите се уште не се објавени, но она што е познато е дека новиот Master ќе биде достапен за нарачка од почетокот на 2024 година, а првите испораки ќе бидат од септември истата година. Share2TweetShare2 Shares...
Pogea Racing го претворија Ferrari Purosangue во спуштено хечбек чудовиште!
Car Club - пред 19 дена
Share2TweetShare2 SharesИ покрај ограничената достапност и долгото време на чекање за Ferrari Purosangue, тјунинг компаниите не престануваат со претставуање на своите нови пакети за луксузниот супертеренец. Почнувајќи од надворешноста, Purosangue добива редизајниран преден браник со дополнителни странични отвори со кои се истакнува неговиот поширок изглед. Профилот се одликува со продолжетоци на браникот со неколку дополнителни отвори и перки. На задната страна акцентот е ставен на четирите централни издувни цевки на кои се надоврзува големиот дифузер. Ferrari Purosangue е значително спуштен со помош на KW Suspensions, притоа обезбедувајќи изглед на низок спортски суперхечбек. Моќноста на 6,5-литарскиот V12 е сега качена на 820 коњски сили што е значително зголемување во однос на стандардните 715 на фабричкиот модел. Pogea Racing моментално е во процес на добивање одобрение за производство и се уште уште нема објавено цена за горенаведените модификации. Други тјунери, како DMC и Carlex Design исто така ги открија своите планови за тјунинг пакети за Ferrari Purosangue, секој фокусирајќи се на различни аспекти на возилото. Share2TweetShare2 Shares...
Hyundai ги објави првите детали за освежениот Tucson
Car Club - пред 20 дена
Share12TweetShare12 SharesОсвежениот Tucson ја задржува Parametric Dynamics дизајнерската насока, но добива еволуирана и порафинирана надворешност, како и технолошки-надграден ентериер. Од Hyundai кажуваат дека предниот дел на освежениот Tucson добива храбра комбинација од тенки, аглести линии кои се надополнети со скриените Parametric Jewel дневни светла. Дополнително, забележуваме и редизајниран заден браник со нов заштитен панел кои на корејскиот SUV му даваат поширок и подинамичен став. Добиваме и нови, редизајнирани алуминиумски тркала кои ја нагласуваат динамичноста, додека на задниот дел Tucson добива нови заштитни панели интегрирани во задниот браник кои ја нагласуваат големината на освежениот SUV. Значителни надградби препознавме во кабината – покрај нов управувач, забележуваме и нов распоред на дигиталните инструменти и инфозабавниот уред. Наместо два одделни панели како досега, сега двата 12.3-инчни екрани се интегрирани во еден заеднички панел. Првиот кој е поставен директно пред возачот е задолжен за дигиталните инструменти, додека вториот е наменет за инфозабавните функционалности и други системи во автомобилот. Забележуваме уште една интересна измена – контролерот за менувачот е преместен на управувачкиот столб, а тоа пак ослободува повеќе простор во редизајнираната централна конзола. Истовремено, ќе ги пофалиме дизајнерите и инженерите на Hyundai кои одлучиле да ги задржат физичките контроли за клима-уредот. Сега за сега нема информации околу погонските опции кои Hyundai ќе гу нуди за освежениот Tucson – но очекуваме тие да бидат воглавно непроменети. Наскоро ќе имаме повеќе информации, а освежениот Tucson се очекува да пристигне во првата половина од следната година. Share12TweetShare12 Shares...
Lamborghini Huracan STO добива лимитирано тркачко издание
Car Club - пред 20 дена
Share2TweetShare2 SharesСоздаден за да одбележи една деценија на одделот за моторспорт Squadra Corse, Huracan STO SC 10° претставува еднократна верзија дизајнирана од одделот за персонализација Ad Personam. Lamborghini повеќе не прима нарачки за Huracan бидејќи планираниот производствен циклус е веќе распродаден. Сепак, тоа не го спречи италијанскиот бренд да ни претстави единствено специјално издание кое воопшто нема да се појави на пазарот. Huracan STO SC 10° е облечен во варијанта со зелена (Verde Mantis) и црна (Nero Noctis) боја, двобојна шема која е инспирација од тркачкиот хиперавтомобил SC63 на Lamborghini и Ligier. Впечатливиот финиш е надополнет со логоа на вратите и мотив на тркачкиот оддел Squadra Corse над капакот на моторот. Црно-зелената тема продолжува и внатре, каде што седиштата се обвиени во црна алакантра со контрастни зелени шевови. Заокружувајќи ги измените е плочата од јаглеродни влакна поставена на задниот ѕид со која се нагласува ексклузивноста на возилото. Иако сите овие промени се чисто козметички, сепак присутни се и мали хардверски модификации. Напред, хаубата има нови линии со кои се зголемува надолната сила, а назад, големиот спојлер сега е поставен три степени повисоко за да го држи STO уште позалепен на патот. Покрај овие измени, автомобилот дополнително има четиринасочни прилагодливи амортизери, специјални Bridgestone гуми и титаниумски издув со кој V10 моторот со неговите 631 коњски сили добива уште попривлечен саундтрак. Share2TweetShare2 Shares...
Фејслифтираниот Kia Sorento дебитираше на саемот во Лос Анџелес
Car Club - пред 21 дена
Share5TweetShare5 SharesОсвежениот теренец со седум седишта добива современ изглед и подобрена технологија. Надворешните промени на новиот Sorento се главно акцентирани на модерниот третман на светлосните групи, преземајќи го дизајн јазикот од новиот EV9. Дневните LED светла се сега значително подоминантни a фаровите се потенки и помалку наметливи. Предната решетка делува подинамично, додека профилот на браникот е видливо зголемен. Задните промени се посуптилни, со доминација на минималистичките стоп светла. Во внатрешноста повторно се приметува мотивот на големиот EV9, но и на помалиот Sportage. Лесно впечатлив е панорамскиот 12.3-инчен дисплеј кој го содржи најновиот оперативен систем на Kia. Распоредот со три реда и со седум седишта внатре останува ист како претходно. Гамата на хибридни мотори продолжува со 1,6-литарскиот стандарден хибрид (226 КС) и плагин хибрид (261 КС) со батерија од 13,8 kWh. Единствено е непознато дали во Европа ќе опстои дизел опцијата на претходникот. Новиот модел се очекува да пристигне во продажните салони кон средината на следната година, а почетните цени во Европа се очекува да започнуваат околу 45.000 евра, во зависност од локалните давачки. Share5TweetShare5 Shares...
Opel го претстави освежениот Combo со погонски опции на бензин, дизел и струја
Car Club - пред 24 дена
Share1TweetShare1 SharesНовиот Opel Combo е меѓу првите лесно комерцијални возила што доаѓа со редизајниран лик и подобрена технологија во кабината. За разлика од електричната патничка верзија, LCV Combo е дополнително достапен и со бензински и дизел погонски единици. Новото лице на Opel Combo има потенки фарови во форма на Vizor платформата, опционално достапни со Intelli-Lux LED Matrix, технологија која е за прв пат достапна во сегментот. Како и со сите понуди на Stellantis во сегментот на компактните комбиња, Opel Combo е достапен во стандардна и изведба со долга каросерија. Од внатрешноста како врвно издвојување вреди да се спомнат редизајнираниот волан и новата 10-инчна дигитална група инструменти. Дигиталниот кокпит работи на Snapdragon Cockpit платформата на Qualcomm Technologies и ги поддржува најновите функции за поврзување со мобилните уреди. Безбедноста е исто така надградена со Dynamic Surround Vision со двојна камера и опционална адаптивна контрола на патувањето. Opel Combo Electric доаѓа со единечен електричен мотор кој произведува 134 коњски сили, 270 Nm вртежен момент и батерии со моќност од 50 kWh. Покрај електричниот мотор, во изборот се и бензински и дизел верзии, со погонските 1.2 PureTech и 1.5 BlueHDi единици. Во зависност од каросеријата, комбето нуди до 4.400 литри товарен простор. Во целосно електричен облик, тоа има носивост од 780 кг и капацитет на влечење од 750 кг. Пазарното лансирање на фејслифтираните Opel Combo и Combo Electric е закажано да се случи пред крајот на тековната година. Share1TweetShare1 Shares...
ПРЕМИЕРА: HiPhi А – Кинески електричен хиперавтомобил со четири врати и 1.287 коњски сили!
Car Club - пред 24 дена
Share4TweetShare4 SharesХиперавтомобилот од следната генерација е доволно простран да собере 4 патници и доволно брз да достигне 100 км на час за само две секунди. Последниве неколку години, кинеските производители на електрични автомобили стекнаа репутација на брендови кои имаат релативно ниски цени со кои ги рушат добро етаблираните конкуренти од Европа и Јапонија. Сепак, брендот HiPhi од Шангај со моделот А цели многу повисоко, директно кон врвот! HiPhi A е придвижуван од три електрични мотори (еден на предната и два на задната оска) кои произведуват колосални 1.287 кс и го движат хиперавтомобилот до максимална брзина од 300 км/час. Моторите, направени од карбонски влакна се лесни, компактни и ултра тивки, но сепак способни да вртат со 22.000 вртежи во минута. Точната големина на батерискиот пакет и опсегот на возење засега не се познати, но она што е познато е дека HiPhi А е базиран на платформата 800 V, исто како и Rimac Nevera. Од надворешноста не може а да не се забележи огромното задно крило, подеднакво големиот преден сплитер и генералното влијание на дизајнот од веќе постоечките модели Z и Y на брендот. Во внатрешноста, кабината е главно акцентирана кон возачот, но истата е дизајнирана да биде пространа и удобна и за патниците во задниот дел. Материјалите што се користат ги следат луксузните трендови поставени од претходниците на брендот. HiPhi A е планиран да се произведе во ограничен број, а првите примероци да пристигнат во Кина на почетокот на 2025 година. Share4TweetShare4 Shares...
Renault Twingo се враќа со мисија да ги направи електричните автомобили достапни
Car Club - пред 25 дена
Share7TweetShare7 SharesБуџетниот електричен градски автомобил со четири врати ќе започнува со цена под досега непробиената ценовна бариера од 20.000 евра на европаскиот пазар. Необичното Renault Twingo повторно се роди, овој пат како прифатлив електричен градски автомобил чија цел ќе биде да ја постигне најдобрата ефикасност во класата. Ќе оди од концепт до производство за само две години, односно планот е веќе во 2026 година да биде достапен во салоните. Новото Twingo ќе нуди извонредни бројки на ефикасност со потрошувачка од еден киловат-час на изминати 10 километри. Во својот животен век ќе достигне намалување на 75 проценти емисии на јаглерод диоксид од просечниот автомобил со внатрешно согорување продаден во Европа во 2023 година. За новиот дизајн, конструкција и производство ќе бидат задолжени Ampere – посебен оддел во рамките на групацијата Renault кој се фокусира на електрични возила во сегментите Б и Ц. Сè уште не се откриени технички детали, но Ampere веќе работи на платформа за електрични автомобили за новите Renault 4 и 5. Се чини логично дека Twingo ќе ја користи истата технологија. Покрај тоа што ќе го направи целосно електричниот Renault Twingo, заедно со претстојните Renault 4, Renault 5 и новата Nissan Micra, Ampere ќе произведува и модели за брендот Alpine а ќе помогне и во електрификацијата на Dacia. Share7TweetShare7 Shares...
Новиот Peugeot E-Traveller добива нова технологија и визуелно освежување
Car Club - пред 26 дена
Share5TweetShare5 SharesPeugeot ја претстави ажурираната верзија на своето целосно електрично комбе E-Traveller, сега со зголемен опсег на возење и нови стилски елементи. Достапен во кратка и долга каросериски опција, E-Traveller се придружува на низата EV патнички комбиња во палетата на Peugeot, заедно со новиот E-Rifter. Клучните подобрувања во однос на претходниот модел вклучуваат 50% поголем пакет на батерии кои што сега имаат моќност од 75 kWh. Со тоа опсегот значително се зголемува на 350 километри во однос на 230 километри кај претходниот модел. Поголемата батерија го напојува електричниот мотор со 136 коњски сили и вртежен момент од 260 Nm а истиот го пренесува погонот на предните тркала. Времето на полнење на батериите варира од 11 часа и 20 минути на најслабиот полнач (7.4kW), 7 часа и 30 минути на средниот полнач (11 kW) и 45 минути за полнење помеѓу 10 и 80 проценти на брзиот полнач од 100 kW. E-Traveller ќе биде достапен во стандардна форма со 5 и во долга форма со 9 седишта, со должина од 4,98 и 5,33 метри соодветно. Ширината останува на 1,9 метри за да се задржи успешното маневрирање низ тесните градски улици. Однадвор, новиот E-Traveller ги содржи најновите дизајнерски елементи на Peugeot, вклучувајќи го тројниот потпис на предните LED фарови, новата значка како и целосно рестилизираниот преден браник. Share5TweetShare5 Shares...
Македонска гала-премиера на новата E-Class на Mercedes-Benz
Car Club - пред 26 дена
Share36TweetShare36 SharesСо мало навраќање низ историјата и луксуз карактеристичен за Mercedes-Benz, вчеравечер во Скопје се одржа гала-премиерата на новата E-Class на германскиот производител. На луксузен, гала-настан – каков што и му доликува на Mercedes-Benz – вчеравечер во Скопје, во салонот на Мак Аутостар своја македонска премиера имаше новата E-Class. Со мала прошетка низ историјата на брендот и навраќање на успешните минати модели се потсетивме какво е всушност наследството на E-Class и каде овој модел на Mercedes-Benz припаѓа. Инаку, веднаш коа се тргна прекривката ни стана јасно дека новата E-Class е уверлив Mercedes-Benz. На новиот E-Class репознаваме дизајнерски елементи кои влечат инспирација директно од знаменосецот (S-Class) но и од електричните модели на Mercedes-Benz кои ја носат ознаката EQ. За среќа, E-Class и понатаму е седан, но успева (иако е долг безмалку 5 метри) истовремено да ги истане атлетските пропорции на C-Class и достоинствените, државнички карактеристики на големиот S-Class. Предните светла имаат поедноставена форма и целата маска малку наликува на супер-аеродинамичните EQ модели, a маската на ладилникот ќе биде достапна во три конфигурации – во зависност од избраната изведба. Вистинскиот технолошки напредок е во кабината – пред возачот има независен екран кој како да „изникнува“ од огромниот MBUX панел. Сите верзии на E-Class ќе го добијат овој дисплеј, како и големиот MBUX екран на централната конзола, а дополнително ќе биде достапен уште еден дисплеј поставен пред совозачот. Секако, тука можеме да зборуваме и за многу луксуз, многу опрема, врвни (и скапи) материјали и беспрекорна завршна обработка. Во однос на погонските единици – сите погони во Европа ќе бидат електрифицирани. Основна верзија ќе биде E200 бензинецот со 204 коњски сили и погон на задните тркала. Mercedes-Benz останува верен и на дизелските мотори, па основниот дизел доаѓа во форма на Е220d кој се нуди со погон на задните или на сите четири тркала. Овој (лајт-хибриден) мотор испорачува 197 коњски сили и 440 Nm вртежен момент, плус има уште 23 коњски сили и 205 Nm од лајт-хибридната компонента. Сето ова му овозможува да забрза до 100 километри на час за 8.1 секунда, како и да достигне 227 километри на час – и секако, очекуваме дека токму оваа изведба ќе биде најпопуларна на нашиот пазар. За повеќе информации посетете го салонот на Мак Аутостар. Share36TweetShare36 Shares...
Citroën за CARclub.mk – C3 е многу важен автомобил за нас, не смееме да не успееме!
Car Club - пред 27 дена
Share70TweetShare70 SharesНа неодамнешната премиера на новиот ë-C3 имавме можност да разговараме со луѓето кои се на самиот врв на францускиот бренд и да дознаеме повеќе за новиот автомобил, но и за плановите и амбициите на Citroën. Можностите да седнеме „на маса“ со луѓе кои се на самиот врв на еден производител на автомобили се навистина ретки – но на неодамнешната премиера на електричниот e-C3 ја имавме токму таа можност. Ја искористивме шансата да разговараме со Federico Goyret кој сега е на чело на одделот за маркетинг и односи со јавност во Citroën, Laurence Hansen која е на чело на одделот за стратегии и планирање, Pierre Leclercq кој е главен дизајнер во Citroën, но и со новиот главен извршен директор на Citroën – Thierry Koskas. CARclub: Каков е предизвикот да претставите достапно електрично возило, без луѓето да претпостават дека е евтино? Federico Goyret: Поставувате навистина важно прашање. Автомобилот не е евтин. Евтин значи дека нема функционалности, или пак да се прифати такво позиционирање. Но не го правиме тоа. Погледнете ја Европа и позиционирањето на автомобилот – автомобилот не е евтин, но автомобилот е достапен. Кога кажуваме дека автомобилот е направен да трае – тој едноставно не е евтин. CARclub: И самите рековте дека има конкуренција која доаѓа од далечниот исток која е поевтина и како да има натпревар да се понуди што е можно подостапно возило. Го гледаме тоа во вестите периодов – одредени Кинески производители добиваат локални субвенции, па тука е предизвикот да се произведе достапно возило без да се чувствува дека е евтино – ви требаат добри материјали, треба звукот при затворање на вратата да е добар. Дали тука има предизвик? Federico Goyret: Секако – и еве го примерот. Едно е кога нешто е со ниска цена, но друго е кога нешто е паметно. Ние не седнавме со тимот да ги бараме најниските цени од добавувачите. Ова почна пред четири години – паметниот инженеринг, добрите преговори, наоѓање нови добавувачи и нови решенија. На пример, хед-ап дисплејот – обично, ваквото решение дуплира информации, а тука ги прикажуваме само еднаш. На такви работи штедиме, без да тргнеме функционалности кои купувачот ги сака, без да биде евтино. Или поврзувањето со вашиот мобилен телефон – со самото поврзување, на пример, веќе работат контролите на управувачот. Не е само место за телефонот – туку навистина го користиме. CARclub: Беше навистина одлично изненадување дека се обидовте да го скриете C3 со конвенционален мотор тука пред објектот. Ви благодариме! Но нашето прашање е – кои се главните конкуренти со кои го споредувавте E-C3? Laurence Hansen: Вашето прашање е интересно – но работата е дека планирањето продукт е долг процес, трае 5-6-7 години. Ако само ја гледаме конкуренцијата, не можеме да направиме нов автомобил. Конкурент се мејнстрим брендовите, но како што гледате – во изминатите неколку години пазарот се смени. Имаме брендови кои го потресоа пазарот – прво од Кина, но и локални брендови. Нашата задача е да го увериме сопственикот на тековниот C3 дека имаме нешто ново, но исто така дека имаме и оружје да се бориме со конкуренцијата кои агресивно настапуваат со цени. Понатаму, имаме одлично мејнстрим возило наменето за мејнстрим пазарот, со вистинските функционалности и можности, со вистинскиот комфор и дизајн – и тоа и во двете верзии. Имаме возило кое ќе ги задоволи купувачите. На пример, верзијата со автономија од 200 километри може да биде совршената алатка за транспорт до и од работа за многумина. Додека возилото со поголема автономија може да биде идеалното за семејства со едно или две деца, кои сакаат да преминат на електрично возило, но по истата цена на нивното моментално возило со мотор на внатрешно согорување. Всушност, тука веќе не зборуваме само за возилото, туку зборуваме за купувачите. Во Citroën кога препознаваме проблем, бараме да најдеме ново решение. Не зборуваме за конвенционалните работи, туку сакаме нетрадиционално да ги решиме проблемите. Не е само ние да понудиме нешто, туку гледаме што купувачот бара. Особено во контекст на новите цени и кога луѓето имаат сè помал буџет за нивната мобилност. Во Европа лимитот е околу 25.000 Евра. Порано се гледаше само на месечните рати, но сега кога каматите се повисоки – повисоки се и месечните рати, па нашата цел беше 25.000 Евра. Сега предизвикот е да се препознае што навистина му треба на купувачот. Многу од купувачите прашуваат – „Зошто ми е толкав екран? Имам телефон, таму ми е навигацијата, музиката… Ако можам, нема да платам за 2-3-4 исти работи.“ Затоа ги слушавме купувачите за нивните потреби и навики на користење – купувачите на Citroën кажуваат дека сакаат партнер во животот. Затоа и инспирацијата за ентериерот е да се чувствувате како дома. Истовремено, сакаме да ги едуцираме нашите купувачи – да им кажеме дека не е само автомобилот туку и целата лепеза на сервиси околу него. Планирањето рути, планирањето полнење, итн – сето тоа е дел од искуството. CARclub: Индустријата бутка кон поголеми батерии поради страв од кратката автономија. Колку беше лесно или тешко да се одбере полесна батерија која ја подобрува ефикасноста? Laurence Hansen: Тоа беше лично убедување, но и убедување на компанијата. Го видовте Oli? Тоа беше концептен автомобил, водечка светлина. Не е нешто што ќе стигне во вистинскиот свет, но одлучивме дека ќе го искористиме Oli како изјава за нас како бренд, против светот. Не можете да ги замислите перформансите кои ги добивме со овој автомобил. Истовремено, луѓето беа заинтересирани и подготвени да слушаат. Да, ќе биде потребно време тоа да се случи и ќе се навратам дека се потребни 5-6-7 години продукт да стане реалност – но луѓето се сега подготвени да направат компромис, прво поради тоа што нема големи финански ограничувања, а истовремено ги гледаат ефектите на климатските промени. Сите имаме деца или ќе имаме деца и не можеме да кажеме дека климатските промени не постојат. Луѓето се позрели на таа тема и поподготвени да слушнат друг, поинаков глас кој ќе ги предизвика постоечките стандарди. CARclub: Добро е да ве видиме пак, минатиот пат се видовме на лансирањето на C4 X во Истанбул. Многу слушаме за цената и правење на електричната мобилност да биде достапна. Бидејќи вие сте одговорни за дизајнот – како достапноста влијае на дизајнот или како дизајнот влијае на достапноста? Pierre Leclercq: Тоа е навистина тежок процес, бидејќи многумина ќе прашаат зошто ни треба ова или зошто ни треба она – но на крајот на денот, не сакаме автомобил кој изгледа евтино. Одличен пример е хед-ап дисплејот за кој веќе зборувавме. Сакавме да ги напуштиме класичните инструменти и да проектираме на стакло, но постојат регулативи кои кажуваат дека доколку возите позади бел камион, не ги гледате информациите – па затоа имаме информации како на ветробранското стакло, така и на инструментите. Затоа автомобилите кои имаат хед-ап дисплеј имаат два екрани на кои ги прикажуваат информациите. Малку е глупаво кога ќе помислите – па ако немате доволно пари за двата екрани, морате да размислувате поинаку. Затоа баравме начин како да ги прикажеме информациите – и успеавме да го развиеме овој хед-ап дисплеј. CARclub: Сите автомобили ќе имаат само еден екран, нели? Pierre Leclercq: Да, да! И убавината е дека технологијата дозволува незабележлива интеграција на површината на која се проектираат и не се забележува никаква разлика. Сè е навистина убаво интегрирано, и ова е навистина одличен пример за нашиот пристап. CARclub: Со новиот Е-C3 откривте нов дизајнерски јазик кој е целосно нов – C3 не изгледа како ништо друго во вашето портфолио. Најверојатно можеме да претпоставиме дека идните автомобили ќе го прифатат овој дизајнерски јазик и кој е вашиот омилен дел од дизајнот, на што се гордеете највеќе? Pierre Leclercq: Одлични прашања! Да, идните автомобили ќе бидат лесно-поврзливи со дизајнот на E-C3. Не само логото, туку и формите, ентериерот, седиштата – сето тоа ќе еволуира и ќе создаде едно цело семејство на модели. Мојот омилен детал? Најверојатно предните светла. Зошто? Затоа што сакавме светла кои се целосно-вертикални, не динамични. Сакавме да се издвоиме од другите брендови во рамките на Stellantis и беше тешко да „се убедиме“ во рамките на групата. Но кога го видовме финалниот продукт во сериско производство, бидејќи не изгледа како никој друг светлосен потпис – навистина е препознатливо за автомобилот. Ако искористевме нешто друго, немаше да биде толку иконско и препознатливо. CARclub: Како дизајнер, дали уживате во слободата која Ви ја даваат електричните автомобили? Не само за овој автомобил, туку за дизајнот општо. Pierre Leclercq: Има толку многу работи кои се случуваат во автомобилската индустрија. Регулативите, стандардите, енергиите… Сето ова ги комплицира работите – пред 10 години беше полесно да се дизајнираат автомобили. Но таква е реалноста денес и јас личн ова го гледам како огромна шанса. Кога правиме автомобил кој е исклучиво електричен, тогаш имаме повеќе слобода. Кога дизајнираме автомобил кој работи на повеќе различни погони – тогаш имате неколку фиксни цврсти точки, но тоа е во ред. Ако сите работиме само на електрична архитектура, тогаш ќе го искористиме просторот кој се користи за мотори и дополнителни компоненти и ќе понудиме нешто сосем различно. CARclub: C3 е првиот автомобил кој го лансирате како Главен Извршен Директор на Citroën, нели? Thierry Koskas: Да, верувам дека е така. Тоа е првото претставување. CARclub: Тоа е навистина важен автомобил и доаѓа со многу одговорности. Кои се предизвиците позади лансирањто толку важен автомобил? Thierry Koskas: C3 е 40% од продажбата на патничките возила – и очигледно кога обновувате блокбастер има многу одговорност. Кога ќе лансирате ваков автомобил првата година продажбата е одлична, па потоа постепено се намалува. Ќе го освежите дизајнот и продолжува продажбата. Интересно со тековниот C3 е дека продажбата не се намали низ годините бидејќи автомобилот е толку добро дизајниран и после 6 години има уште сексапил. Кога обновувате блокбастер како C3 не смеете да не успеете, очигледно. Мораме да бидеме сигурни дека сè е „погодено“. Но самоуверени сме бидејќи дизајнот е одличен, пакувањето е одлично – опремата и слично – и цената е одлична. На крајот на денот, кога зборуваме со продавачите – тоа само ни дава самодоверба бидејќи тие контактираат со купувачите и тие знаат што ќе се продава најдобро. Одговорноста е голема и се надевам дека нема да биде последен автомобил кој ќе го претставам. Одговорноста е огромна! Share70TweetShare70 Shares...
Европскиот Jeep Avenger добива лајт-хибридна опција
Car Club - пред 27 дена
Share4TweetShare4 SharesМалиот Avenger дебитираше минатата година како прво сериско произведено електрично возило на Jeep, но сега изборот на погонските единици е зголемен и вклучува повеќе опции. Avenger e-Hybrid ја содржи најновата технологија на благ хибрид на групацијата Stellantis која веќе се користи во моделите на Peugeot, Citroen и Opel. Погонската група се состои од 1.2-литарски трицилиндричен бензинец со турбо полнач, мала батерија и електричен мотор интегриран во новиот 6-брзински автоматски менувач. Бензинскиот мотор има моќност од 99 коњски сили и 205 Nm вртежен момент, додека електричниот мотор асистира со дополнителни 28 КС и 55 Nm. Хибридниот Avenger може да помине еден километар исклучиво во електричен режим, сè додека брзината не надмине над 30 км/ч. Тоа значи дека паркирањето може да го прави без помош од моторот со внатрешно согорување. Севкупно, од Jeep тврдат дека возилото има комбинирана потрошувачка на гориво од 5.1 литри на 100 км и дека во исто време јаглеродните емисии се намалени до 15% во споредба со неелектрифицираниот еквивалент. Визуелно, благиот хибрид се разликува од електричната верзија со присуството на издувната цевка како и со зелената буква „e“ на задната врата. Водечкиот модел доаѓа со 18-инчни алуминиумски тркала, целосни LED светла, амбиентално осветлување, дигитална инструмент група, безжично полнење и можност за автономно возење на ниво 2. Jeep Avenger e-Hybrid ќе биде достапен за нарачка на сите европски пазари почнувајќи од крајот на ноември а цената ќе биде објавена пред лансирањето. Во секој случај очекувањата се дека цената ќе биде значително пониска во однос на целосно-електричниот еквивалент. Share4TweetShare4 Shares...
Мотоцентар стартуваше кампања против сообраќајната некултура
Car Club - пред 28 дена
Share8TweetShare8 SharesИзминатиов викенд Мотоцентар заедно со Порше Клуб Македонија, Continental, РСБСП, МВР и East Gate Mall стартуваше кампања против сообраќајната некултура. Кампањата има благородна цел – да ја подигне свесноста околу сообраќајната некултура и преку организирани настани и медиумска активност континуирано да се работи кон постигнување на таа цел. Како иницијатор на кампањата се јавуваат нашите пријатели од Мотоцентар, додека во поддршка на кампањата доаѓаат Porsche Club Македонија, производителот на пневматици Continental, Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата (РСБСП), Министерството за Внатрешни Работи (МВР) и East Gate Mall. Во рамките на настанот кон публиката се обратија г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на „Мотоцентар“, г-ѓа Гордана Кожуваровска, Претседател на Републички Совет за Безбедност на Сообраќај на Патишта (РСБСП), г-дин Љупчо Грујовски, Претседател на „Порше Клуб Македонија“ и г-дин Ристо Вуков – Рико, македонски спортски автомобилист. Говорниците повикаа на свест, совест и внимателност во сообраќајот, апелирајќи за важноста на примената на повисоко ниво сообраќајна култура, почнувајќи секој од себе лично. Со оглед на сообраќајната култура на нашите улици (односно, би додале – недостатокот на истата) ваквите иницијативи се потребни и со задоволство и безрезервно ги поддржуваме. Сите заеднички да работиме на зачувување и подобрување на сообраќајната култура! Share8TweetShare8 Shares...
ПРЕМИЕРА: Новиот MINI Countryman JCW има 300 коњски сили и погон на четири тркала
Car Club - пред 28 дена
Share7TweetShare7 SharesMINI го оживеа Countryman во 2010 година, а за третата генерација ја враќа и спортската ознака John Cooper Works. Како и претходните модели, се одликува со надградени перформанси и козметички измени внатре и надвор. Новиот MINI ја дели платформата UKL2 со актуелниот BMW X1, a добитната формула останува иста како и со претходниот автомобил: турбо бензинскиот мотор со четири цилиндри ја испраќа моќноста до системот ALL4 за погон на сите четири тркала. Countryman JCW е поблиску до подлогата за 16 mm во однос на стандардниот модел а моќноста се зголемува на 300 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm. Перформансите на моторот и седумстепениот автоматски менувач се доволни да го забрзаат автомобилот до 100 км/ч за 5.4 секунди, односно истиот да ја достигне максималната брзина од 250 км/ч. Визуелните промени се во новиот дизајн на решетката во предницата која сега е обложена во сјајна црна боја, контрастниот покрив и новите линии на хаубата. Моделот стандардно доаѓа со 19-инчи тркала, а како опција се достапни и поголемите 20-инчи. Од позади доминира издувниот систем со четири цевки, завршен во сјајно црна боја. Внатрешноста исто така покажува неколку знаци на понудените дополнителни перформанси. Спортските седишта се обложени во црна боја, со црвени шевови и JCW амблеми. Countryman JCW добива централен екран на допир од 9,4 инчи, надграден звучен систем, адаптивна контрола на возење и нов сет на режими на возење вклучувајќи го спортскиот „GO-KART“. Share7TweetShare7 Shares...
Maserati го претстави MC20 Notte – првото ограничено издание на новиот суперавтомобил
Car Club - пред 31 дена
Share5TweetShare5 SharesКога производителот лансира нов суперавтомобил, обичајот после одреден период е да се надоврзе со специјално издание. MC20 Notte Edition е токму тоа. Ова е првото специјално издание на MC20 и истото го слави „храбриот дух“ на италијанската компанија. Ексклузивноста е посебно нагласена бидејќи бројот на произведени возила е ограничен на само 50 на глобално ниво. Измени во перформансите во однос на стандардната верзија нема, но тоа и не е толку важно доколку се потсетиме на официјалните бројки. MC20 доаѓа со 3-литарски V6 со две турбини, 621 коњскa силa и 730 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 2.9 секунди а максималната брзина достигнува 328 км/ч. Тогаш што додава Notte Edition? Највпечатлива е новата „nero essenza“ мат боја, а останатите разлики се во деталите како што се значката на Maserati, страничните логоа и амблемот кои сега се во мат бела и златна боја. Од надворешниот изглед се истакнуваат 20-инчни тркала обоени во мат црна боја со бели и златни акценти. Зад нив се приметуваат и црните клешти на сопирачките. Во кабината најзабележливи се спортските алакантра седишта опшиени со жолти шевови, воланот со јаглеродни влакна како и металната плоча измеѓу седиштата на која е изгравиран редниот број на автомобилот (еден од педесет). Од Maserati сеуште нема информација колку ќе чини MC20 Notte Edition, но секако се очекува бројката да биде повисока од онаа на стандардниот модел. Share5TweetShare5 Shares...
ВЕЧЕРНО КИНО: Rimac Nevera постави гинисов рекорд за највисока брзина – во рикверц!
Car Club - пред 32 дена
Share13TweetShare13 SharesСо едностепениот менувач и погонската единица со 1888 коњски сили на сите четири тркала, Nevera може да постигне огромни брзини дури и кога се движи наназад. Nevera има поставено над 20 рекорди за забрзување и сопирање кои изгледа според тимот сепак не беа доволни за да се заокружи успешно годината. Со одредена доза на забава, Хрватите решија да почнат со уривање рекорди во возење наназад. Сведочена од Гинисовата книга на рекорди и потврдена со помош на податоците измерени од Dewesoft, Nevera сега официјално ја држи титулата Гинисов светски рекорд за постигната најголема брзина во возење наназад. За разлика од автомобил со мотор со внатрешно согорување, па дури и од некои електрични автомобили, погонот на Nevera нема брзини, односно четирите поединечни мотори вртат напред или назад, и секогаш со немилосрден момент на инстантно забрзување. Погонскиот агрегат е способен да го забрза возилото од нула до 161 км/час за 3.2 секунди, односно до 321 км/час на час за нешто помалку од 11 секунди нанапред, но исто така, може да испорача слични перформанси и при возење наназад. Во последниот случај, преведени во брзина, тие изнесуваа 275,74 км/час. Share13TweetShare13 Shares...
Шест брендови, една сила – Stellantis Pro One воведува целосно-обновена гама на комерцијални возила
Car Club - пред 33 дена
Share2TweetShare2 SharesСо целосното обновување на понудата, Stellantis прави нешто кое нема преседан – шест брендови и дванаесет имиња добиваат свои нови, надградени верзии. Шест брендови, една сила – Stellantis воведува нови комерцијални возила во сите сегменти (Compact, Mid-Size и Large). Брендовите кои добиваат нови модели се Citroen, Fiat Professional, Opel, Vauxhall, Peugeot и Ram. Францускиот Citroen добива освежени Berlingo, Jumpy и Jumper, FIAT Professional добива нови Doblo, Scudo и Ducato, Opel и Vauxhall добиваат освежени Combo, Vivaro и Movano, Peugeot се освежува со Partner, Expert и Boxer и американскиот Ram добива нов ProMaster EV до крајот на оваа година. Со фокус на ненадминати способности, безбедност и разноврсност за професионалните купувачи, Stellantis денес откри цела гама на обновени и електрифицирани комерцијални возила – и тоа вкупно 12 – за Citroën, FIAT Professional, Opel, Peugeot and Vauxhall како дел од Pro One стратешката офанзива. Покрај европските брендови, нов модел добива и американскиот Ram. Глобалниот гигант се потпира на широка гама на електрифицирани погони, како и системи за безбедност, асистенција и поврзување кои треба да понудат покомфорна околина за возачите, како и доверливи партнери за комерцијалните купувачи. Интересно е што секој бренд под закрилата на Stellantis се потпира на сопствените сили и ќе се обиде на различен начин да ги придобие купувачите. Инаку, Stellantis ќе понуди три различни димензии од сите електрични комерцијални возила. Најмалите возила ќе понудат „најдобра во класата“ автономија од околу 330 километри, додека возилата од средната димензија ќе можат да поминат до околу 350 километри. Најголемите ќе можат да поминат до 420 километри со полни батерии. Во зависност од големината, ќе нудат батерии со капацитет од 50, 65 или 110 kWh, додека најголемите комерцијални возила ќе можат да се полнат со максимална моќност од 150 kW. Истовремено, Stellantis најави и две големини на комерцијални возила придвижувани од водород. Возилото од средна големина ќе може да помине 400 километри со полна горивна ќелија, додека големото комерцијално возило ќе има автономија од 500 километри. Секако, надградбите одат подалеку од само електрични погони – кај сите брендови на Stellantis ќе бидат претставени надградени кабини со 10-инчен мултимедијален уред, напредни системи за асистенција, безжични надградби и многу други додатоци. Комерцијалните возила ќе добијат и специјални технологии кои се особено корисни за доставните копании – нови инструменти и дисплеи, 360-степенски камери, системи за поврзување со диспеч-центар и системи за планирање на најефикасните рути. Share2TweetShare2 Shares...
Citroen Ami Pop добива визуелно освежување и нова графика
Car Club - пред 33 дена
Share3TweetShare3 SharesИако навидум изгледа како „спортска” верзија нa Ami, всушност се работи за дискретни естетски корекции на предницата и внатрешноста. Citroën го ажурираше My Ami Pop со нов дизајн кој го подобрува неговиот разигран и младешки карактер. Станува збор за редизајниран преден дел, засилени браници, заден спојлер и нови налепници на панелите и вратите, како и нова шема на бои. Од неговото лансирање во 2020 година, малиот Ами на Citroën може да се пофали со импресивна бројка од 43.000 продажби (од кои 80% се Ami Pop верзија), докажувајќи дека пазарот дефинитивно има потреба од градски микро-возила. Во внатрешноста новите контроли на My Ami Pop се повидливи и полесни за користење од претходно, а најприметлива промена се забележува во сега поергономски дизајнираниот избирач на режим на возење на централната конзола. Новиот Ami Pop првенствено ќе биде достапен во во првиот квартал на 2024 година во Обидинетото Кралство, додека другите поголеми држави во Европа ќе го добијат неколку месеци подоцна. Share3TweetShare3 Shares...
ТЕСТ: Chery Tiggo 8 Pro – Нов и сериозен (и голем!) натпреварувач
Car Club - пред 34 дена
Share297TweetShare297 SharesГолемиот Tiggo 8 Pro е моментален предводник на понудата на Chery на нашиот пазар – па откако поминавме малку повеќе време со големиот SUV, дали ни ги потврди првите впечатоци? Пред само неколку седмици бевме на регионалната презентација на Chery во Белград, каде го имавме првиот контакт со целосната понуда на Chery на нашиот пазар. Сега, на домашен терен поминавме неколку дена со големиот Tiggo 8 Pro и можеме да пренесеме подетални впечатоци од големиот кинески SUV. Да, ова е кинески SUV – но вистината е дека кинеските автомобили одамна ја надминаа стигмата за „кинески автомобили“ и веќе лесно се носат рамо до рамо со европските, јапонските и корејските конкуренти. Не ни верувате? Па токму Tiggo 8 Pro е најуверливиот доказ за тоа. Tiggo 8 Pro е гордо позициониран на самиот врв на понудата на Chery на нашиот пазар – и големиот SUV воопшто не го крие тоа. Chery има јасни премиум амбиции од Tiggo 8 Pro – и товарот кој доаѓа со тие амбиции не е за потценување – па токму затоа очекувањата се прилично високи. Конзервативен, но достоинствен и горд дизајн. Првиот контакт е секако со дизајнот – и тука Tiggo 8 Prо воопшто не разочарува. Дизајнот е можеби малку конзервативен, но затоа е достоинствен и горд. Дизајнерскиот јазик на Chery се вика Movement Design, а интерпретацијата кај Tiggo 8 Pro цели кон чисти и јасни линии, со едноставни и привлечни форми и дизајнерски решенија кои и по неколку години нема да изгледаат застарени. На предниот дел вниманието го привлекуваат едноставните предни светлосни елементи и големата предна решетка на ладилникот. Големата решетка индиректно ги нагласува димензиите на Tiggo 8 Pro – ова е голем, голем SUV. Чистите линии продолжуваат и низ профилот на Tiggo 8 Pro. Нема непотребни детали и дизајнерите се задржале кон конвенционалната SUV форма. Сепак, бидејќи се работи за SUV кој цели кон попремиум конкуренцијата, забележуваме и фини детали – како на пример хромирани декоративни елементи околу прозорците и во долниот дел на вратите. На задниот дел вниманието оди највеќе кон задните светла кои имаат интересна, комплексна и нагласено-тродимензионална графика. Во долниот дел од браникот е поставен заштитен панел во кој се поставени и декоративните хромирани завршетоци од издувниот систем. Сè на сè – Tiggo 8 Pro изгледа ненаметливо но гордо. Резервираноста на дизајнерите резултира со дизајн кој е чист и привлечен, без прибегнување кон „евтини финти“ и непотребни детали. Комфорна, просторна и практична кабина која цели кон премиум сегментот Одиме внатре! Кабината на Tiggo 8 Pro е вистинско изненадување. Уште на „прво влегување“ се забележува дека инженерите на Chery посветиле многу внимание на ситните детали – па скоро сè што ќе допрете е израоботено од фина и мека пластика или обвиено во квалитетни материјали. Секако, први се забележуваат седиштата кои се исклучително меки и комфорни. Лесно се наоѓа комфорна возачка позиција, а прилагодливите „перничиња“ на наслоните за глава се одличен и супер-практичен додаток. Всушност, зошто сите возила немаат нешто вакво? Возачкото и совозачкото седиште се нагодуваат во мал милион насоки и доаѓаат со системи за загревање и вентилација. Задните седишта се поместуваат нанапред и наназад, а прилагодлив е и наслонот. На задните седишта има навистина многу простор – како во луксузна лимузина, а дури и во третиот ред седишта ќе се сместат патници. Реално, третиот ред е наменет за деца и на возрасни патници не би им било најкомфорно на светот, но има практични детали – на пример, дури и патниците на третиот ред ќе добијат свои контроли за вентилацијата, како и свои држачи за чаши. Ситници, но практични! Инаку, лесно се наоѓа комфорна и прегледна возачка позиција – како што рековме, возачкото седиште се нагодува во сите насоки, а управувачот се прилагодува по височина и длабочина. Контролите се прилично јасни и лесни за користење а во кабината забележуваме тренд кон дигитализација. Пред возачот се поставени дигитални инструменти, на централната конзола е поставен еден екран за мултимедијалниот уред и приказот од камерите, додека под него има уште еден наменет за контролите за клима уредот. Се забележува разлика во квалитетот на панелот во сите екрани – но тоа и не е некоја преголема забелешка. Од друга страна, централниот уред е навистина брз и респонзивен, со вградена Android Auto и Apple Carplay интеграција. Мултимедијалниот уред препознава и гласовни команди кои – верувале или не – работат! Секако, тука се и другите практични елементи – безжичниот полнач за мобилен телефон, многуте места за одлагање дребулии, итн, итн. Кога сме кај „одлагањето дребулии“ – во зависност од распоредот на седиштата можете да очекувате багажен простор со капацитет од 205 литри (со исправен трет ред седишта), па потоа со 1179 литри (со преклопен трет ред седишта) па сè до пештерски 2100 литри со преклопен втор ред седишта. Tiggo 8 Pro е комфорен SUV Какво е искуството зад управувачот? Неизбежна е вистината дека Tiggo 8 Pro е голем автомобил – но за среќа, тука се системите за асистенција и многуте камери и сензори кои го олеснуваат маневрирањето низ тесните улички и паркинг места. Управувањето е лесно и прецизно, но SUV-овски изолирано. Суспензијата успева без поголем проблем да ги филтрира несовршеностите од нашите улици и само остри нерамнини се пренесуваат во кабината. Секако, суспензијата е несомнено ориентирана кон комфор – како што и треба да биде – но и покрај тоа успева да го одржи Tiggo 8 Pro стабилен и кога се „бркаат свиоци“. Инаку, големиот SUV лесно се движи во градскиот сообраќај и во ниту еден момент не му „снемува“ сила. На отворено при легални автопатски брзини во кабината е прилично тивко, но при повисоки брзини забележуваме нијанса повеќе бучавост од големите странични ретровизори и од пневматиците. Ќе ги пофалиме системите за безбедност и асистенција – адаптивниот темпомат, системот за следење коловозна лента и сличните си работат без воопшто да ги забележите. Само една погонска опција – моќен турбо-бензинец! Задолжен за за задвижување на Tiggo 8 Pro е 1.6-литарски турбо-бензинец со директно вбризгување кој испорачува 186 коњски сили при 5500 вртежи во минута и 275 Nm вртежен момент од 2000 до 4400 вртежи во минута. Силата ја пренесува кон предните тркала преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а резултат на сето тоа е забрзување до 100 километри на час за 9.1 секунда како и максимална брзина од 200 километри на час. Немаме особена забелешка ниту околу потрошувачката – изминавме неколку стотици километри и евидентиравме просечна потрошувачка од рамно 10 литри на 100 изминати километри. Сосем респектабилно со оглед на димензиите и перформансите. Кога пробивањето на пазарот се прави со уверливи модели, тогаш работата е полесна. И сега ајде да одговориме на прашањето кое го поставивме на почетокот – дали Tiggo 8 Pro ги потврди првичните впечатоци? Апсолутно! Големиот SUV е нов и сериозен натпреварувач и одлично игра на картата вложено-добиено. Привлечниот дизајн, моќниот мотор и екстензивната листа на опрема се силни адути, а кога на тоа ќе се додаде и 5-годишната гаранција, тогаш работите стануваат уште поинтересни. Секако, пробивањето на нов бренд на пазарот е секогаш тешка работа – но кога пробивањето се прави со толку уверлив модел како Tiggo 8 Pro, тогаш задачата е значително полесна. Спецификации Модел: Chery Tiggo 8 Pro Мотор: 1.6-литарски турбо-бензинец, 4 цилиндри во линија Моќност: 186 коњски сили / 5500 вртежи во минута Вртежен Момент: 275 Nm / 2000-4400 вртежи во минута Менувач: Автоматски со двојна спојка, 7 брзини Забрзување 0-100 км/ч: 9.1 секунда Максимална Брзина: 200 километри на час Должина: 4722 mm Ширина: 1860 mm (без странични ретровизори) Висина: 1745 mm Тежина: 1587 килограми Меѓуоскино Растојание: 2710 mm Багажен Простор: 205 – 1179 – 2100 литри Потрошувачка: 10 литри на 100 километри (измерена, градска) Цена на тестираниот модел: Chery Tiggo 8 Pro – 36.990 Евра Повеќе Информации: Гранд Ауто – (02) 3073 103 Фотографии Share297TweetShare297 Shares...
Toyota произведе 300 милиони автомобили!
Car Club - пред 34 дена
Share8TweetShare8 SharesЈапонскиот гигант се пофали дека го произведе 300-милионитиот автомобил – подвиг за кој беа потребни 88 години и 2 месеци! Првиот автомобил кој излегол од производните линии на Toyota е камионот со ознаката G1, кој бил произведен во Август во сега веќе навистина далечната 1935-та година. Компанијата која го произвела го носела името Toyoda Automatic Loom Works Ltd, која понатаму се преименувала во Toyota Industries Corporation. Инаку, од тие 300 милиони, 180.52 милиони возила се произведени во Јапонија, додека останатите 119.6 милиони возила се произведени во други земји ширум светот каде Toyota има производни погони. Како што и можевме да очекуваме, најпродаван модел во историјата на Toyota е токму Corolla, со повече од 53 милиони продадени возила ширум светот. Свое задоволство изразија Akio Toyoda кој е на претседател на одборот на Toyota (и ја носи фантастичната титула Master Driver) како и Koji Sato кој сега е претседател на Toyota. Во своите изјави тие изразија особена гордост за успехот и изјавија благодарност до вработените, добавувачите, дилерите и купувачите за нивниот придонес и нивната лојалност. Се навратија и на тешките времиња низ кои поминала компанијата и лекциите кои се научени од секоја криза благодарение на љубовта на купувачите и посветеноста на вработените. Share8TweetShare8 Shares...
Porsche ни ја открива кабината на новата Panamera
Car Club - пред 34 дена
Share9TweetShare9 SharesPorsche се подготвува да ја претстави новата Panamera и на само две седмици пред официјалната премиера ни го открива новиот кокпит на луксузниот спортски седан. Од Porsche кажуваат дека во новата Panamera се применува Porsche Driver Experience пристапот кој му овозможува на возачот максимално да ужива во возењето. Пристапот влече очигледна инспирација од електричниот Porsche Taycan, но сличен пристап видовме и во неодамна освежениот голем SUV Cayenne (кој го возевме на официјалното претставување во Лајпциг). Пред возачот се поставени целосно-дигитални инструменти кои се прикажуваат на 12.6-инчен дисплеј со висока резолуција. На централно-поставениот дисплеј наменет за мултимедијалните функционалности и контролите функционалности се дефинирани нови групирања за полесно да се дојде до важните параметри и нагодувања, а за прв пат е поставен и дисплеј пред совозачот преку кој има пристап до дигитални сервиси и услуги. Дополнително, кабината добива и нови, редизајнирани отвори за вентилација кои се прилагодуваат електронски, а околу целата конзола има ново амбиентално осветлување. Од Porsche напоменуваат дека внимание е посветено и на практичноста – бидејќи селекторот за менувачот е поместен горе зад управувачот (повторно, како кај Taycan и Cayenne), директно е ослободено повеќе простор во централната конзола. Секако, тука се и новите врвни материјали и многуте други луксузни детали и додатоци. Инаку, Porsche веќе објави детали околу погонските единици на новата Panamera, a со објавување на детали од кабината германскиот луксузен спортски бренд нè носи чекор поблиску до официјалната премиера. Новата генерација на Panamera ќе биде претставена на 24-ти Ноември. Share9TweetShare9 Shares...
Toyota започна со производство на целосно новиот C-HR
Car Club - пред 34 дена
Share48TweetShare48 SharesВо фабриката на Tојота во Сакарија, Турција започна производството на целосно новиот C-HR. Во истата фабрика за прв пат во Европа ќе се склопуваат и батерии за plug-in возила. Моделот оригинално на пазарот се појави во 2016 година како дизајнерски спој од спортско купе и компактен СУВ. Новиот C-HR го заострува смелиот дизајн на претходникот и притоа внесува дополнителен спортки шмек во сегментот. Целосно новата Toyota C-HR доаѓа со четири погонски единици: 1.8 и 2-литарски хибридни модели, 2-литарски хибрид со интелигентен погон на сите тркала и 2-литарски Plug-in хибрид. Со истите се зголемува понудата на мотори кои ги задоволуваат строгите европски норми за намалување на штетните јаглеродни емисии. Тојота инвестираше 308 милиони евра за модернизирање на производните линии а вкупната инвестиција во фабриката во Сакарија сега достигна 2,5 милијарди евра. Покрај Corolla Sedan и целосно новата Toyota C-HR, за прв пат во Европа ќе се склопуваат и plug-in батерии. Новата линија има производствен капацитет од 75.000 батерии на годишно ниво. Share48TweetShare48 Shares...
Батери Еволушн го прослави својот 15-ти роденден
Car Club - пред 36 дена
ShareTweetShare0 SharesBattery Evolution, истакнатиот лидер во обезбедување на батериски решенија за сите индустрии преку големпродажба го прослави својот 15-ти јубилеј од формирањето, но и од официјалното претставување на брендот Exide во Македонија. Настанот се одржа на 28-ми Октомври во Скопје, каде што претставниците на компанијата ги пречекаа своите партнери, дистрибутери и соработници за да го споделат заедничкиот успех од изминатите години. Главни моменти на настанот беа: Нов визуелен идентитет на брендот: Повеќе од 200 дистрибутери од Македонија и Регионот беа почeстени со корпоративно рекламно видео кое го прикажа развојот и еволуцијата на Battery Evolution во изминатите 15 години. Новиот идентитет на брендот беше откриен, кој го одразува обврзувањето на компанијата за напредок, одржливост и иновација. Обраќање на основачката: Сузана Василевска, основачот на Battery Evolution, ја испрати искрената порака за почетоците, визијата на компанијата во изминатите 15 години и изрази искрена благодарност до сите кои придонесоа кон успехот. Презентација на менаџерот на Exide: Giuseppe Bordini, Експорт менаџер и координатор за Европа, Африка и Блискиот Исток, беше почесен гостин и го истакна долготрајниот успешен однос и голема посветеност помеѓу Exide Technologies и Battery Evolution. Оваа партнерска соработка беше од суштинско значење за растот и успехот на Battery Evolution низ годините и за позиционирањето на брендот Exide. Визија на извршното раководство: Анџело Василевски, извршен директор на Battery Evolution, го награди г-дин Џузепе од Exide Technologies за долгогодишниот партнерски однос, ги поздрави своите дистрибутери, како и партнерите од Rombat, Jyc, Landport, Intact, Felicity, Byd и продолжи да ги образложува плановите на компанијата за иднина. Тој ги откри восхитувачките нови производи и стратегии кои ќе ја засилат позицијата на Battery Evolution како лидер во индустријата. Претставување на новите решенија за складирање на енергија од обновливи извори: Александаро Василевски, менаџерот за индустриски батерии и обновливи извори, ја претстави најновата иновација во областа на системите за складирање енергија, нудејќи поглед во идните производи и одржливи решенија кои Battery Evolution ќе ги донесе на пазарот. По официјалниот дел, присутните имаа можност да се вмрежат, дружат и заеднички да прослават со добра македонска музика. Беше ноќ исполнета со возбуда, забава и заедничка визија за иднината. Battery Evolution продолжува да се обврзува за обезбедување на производи од врвен квалитет за сите примени и да ја продолжи својата мисија за обезбедување на одржливи решенија за складирање на енергија. Компанијата изразува благодарност кон сите партнери, дистрибутери, медиуми и соработници кои беа дел од нејзиниот успешен пат досега. ShareTweetShare0 Shares...
ПРЕМИЕРА: Škoda го претстави целосно-новиот Superb!
Car Club - пред 38 дена
Share167TweetShare167 SharesПред само неколку моменти, чешкиот производител ја претстави најновата генерација на својот знаменосец – ова е целосно-новиот Škoda Superb! Претставен во седанска и караванска изведба, новиот Superb ќе се нуди со грст различни погонски опции – од лајт-хибридни, па сè до плаг-ин хибридни, турбо-бензински и турбодизел погони. Достапни ќе бидат вкупно шест погонски опции, а најмоќните дизелски и бензински мотори ќе се нудат и со погон на сите четири тркала. Бензинските мотори нудат 150, 204 и 265 коњски сили, додека дизелите ќе нудат 150 или 193 коњски сили. Во портфолиото е вклучен и нов плаг-ин хибриден погон кој ќе се нуди само кај караванската Combi изведба, како и нов лајт-хибриден погон. Плаг-ин хибридниот Superb (исто како и штотуку-претставениот Kodiaq) ќе може да помине 100 километри со полни батерии, пред воопшто да треба да се вклучи бензинскиот мотор. Плаг-ин хибридниот мотор ќе располага со системски 204 коњски сили. Новиот Superb ќе може да се добие само со 7-брзински DSG менувач со двојна спојка, односно 6-брзински DSG кај плаг-ин хибридната изведба. Веднаш се забележува остриот дизајн на екстериерот на новата, четврта генерација на Superb. Секако, пристапот на дизајнерите на Škoda и понатаму е еволутивен, но сепак новиот Superb изгледа современо и модерно. На предниот дел забележуваме нова, осмоаголна предна маска и широки LED Matrix светлосни елементи, додека профилот е уште понагласено купеовски – нешто налик на сегашаната Octavia, но во уште поголеми димензии. На задниот дел вниманието оди кон кристалните задни светла и името Skoda кое гордо стои на средината на петтата врата. Интересен детал на предниот дел ни е широката предна решетка во браникот која се провлекува низ целиот браник. Достапни ќе бидат 11 нови дизајни на тркала во димензии од 16 до 19 инчи. Веќе зборувавме за новиот ентериер на Superb – новиот самостоечки 13-инчен централно-поставен дисплеј го има главниот збор, додека рачката од менувачот е поставена на управувачкиот столб. Ваквите решенија овозможуваат уште повеќе простор во кабината и попрактична централна конзола. За прв пат Superb добива и хед-ап дисплеј, а интересен и практичен новитет се Škoda Smart Dials кои овозможуваат лесен пристап до повеќето функционалности во ентериерот. Достапни се нови материјали и грст нови технологии – меѓу другото купувачите ќе добијат и нов безжичен полнач за мобилен телефон со вградено ладење, а ќе ги истакнеме и комфорните Ergo седишта со вградена масажа. Од Škoda гордо кажуваат дека новиот Superb има дури 28 различни Simply Clever додатоци и функционалности. И секако – Superb и понатаму е рекордер кога станува збор за просторноста на задната клупа и во багажникот. Од Škoda кажуваат дека седанот ќе има багажник со капацитет од импресивни 645 литри, додека кај караванот багажникот нуди неверојатни 690 литри капацитет. Новиот Superb ќе се произведува покрај новиот Passat во фабриката на Škoda во Братислава, Словачка. Првите примероци се очекуваат да пристигнат на пазарот на почетокот на следната година. Share167TweetShare167 Shares...
ВОЗЕВМЕ: BMW Серија 5 и електричниот i5 – Баварски технолошки бенчмарк!
Car Club - пред 39 дена
Share373TweetShare373 SharesБаварците вложуваат многу во електрификацијата и целосно-електричниот погон, а новата Серија 5 е моделот кој треба да ги приближи овие технологии во бизнис седан сегментот – па какви се првите впечатоци од големиот баварски седан? Верувале или не, зад нас се дури седум генерации од незапирливата Серија 5. Изминативе 50 (да, и со зборови – педесет) години, германскиот бренд контиуиран работи на усовршување и подобрување на својот голем бизнис седан и со секоја нова генерација поставува нови стандарди во класата. Всушност, без никакво двоумење би рекле дека токму Серијата 5 е моделот со кој се споредуваат сите други директни конкуренти. Серијата 5 е бенчмаркот, а BMW едноставно не смее да ја прокоцка таа позиција. Кога сме веќе тука, дали знаете дека токму Серијата 5 е првиот модел на BMW кој го добил зборчето „Серија“ во името? И еве нè – зад управувачот на новата Серија 5. Германскиот производител одлучи регионалната презентација на Петката да ја направи во Белград и да ни овозможи „полокално“ да се запознаеме со најновата генерација. Уште на самиот старт ќе ја истакнеме технолошката офанзива која баварците ја прават во овој сегмент – за прв пат новата Серија 5 е достапна и како целосно-електричен автомобил (и ја носи ознаката i5) а кога ги прашавме нашите домаќини зошто електричната верзија не се издвојува повеќе визуелно од својот конвенционален партнер, ни кажаа дека едноставно нема потреба – електричните возила се реалност и секојдневие и веќе нема потреба да се „двојат“. Храбар избор – но би рекле, правилен! Првиот контакт е секако визуелен – а новата Серија 5 успешно ги комбинира традиционалните дизајнерски елементи на седаните на BMW со модерни, современи детали и линии. На предниот дел се истакнуваат хоризонталните бубрези кои се достапни во неколку различни конфигурации, со вертикални или хоризонтални елементи во зависност од моделската изведба. Околу решетката се поставени хоризонталните, тенки светла, додека во браникот се нагласени големите отвори за воздух. Предните светла се дискретно закосени нагоре и тука препознаваме дизајнерска инспирација од контроверзната Е60 генерација која толку мајсторски ја дизајнираше Крис Бенгл. Вертикалните контури на предниот поклопец директно го носат погледот кон знакчето на BMW, но нивната форма дополнително ја нагласува моќта со која располагаат сите изведби на новиот баварски седан – без разлика на погонскиот избор. Профилот е интересен и несекојдневен за седан – да, традиционалната форма од „три кутии“ е тука, но задниот дел е дискретно закосен надоле и со ова е подобрена аеродинамиката (и ефикасноста) но истовремено новата Серија 5 добива засебна, препознатлива и поатлетска форма. Крилата ги пополнуваат големи, големи тркала зад кои се кријат моќни сопирачки. Задниот дел е широк и мускулест, со нагласени крила кои се забележуваат најдобро кога ќе го погледнете автомобилот директно одзади. Тенките, широки светлосни групи ја истакнуваат „хоризонталноста“ на новата Серија 5 и дополнително го зајакнуваат мускулестиот, подготвен-да-скокне став на автомобилот. Ја отвораме возачката врата и нè пречекува супер-модерна кабина. На конзолата пред возачот и пред централниот гребен се поставени два огромни екрани споени во еден заеднички панел, на кој се прикажува најновата генерација на BMW iDrive опeративниот систем. Пред возачот е поставен 12.3-инчен дигитален дисплеј со наградена реалност, додека на средината над централниот гребен е поставен огромен 14.9-инчен дисплеј наменет за мултимедијалните функционалности, навигацијата, клима-уредот и сите други „играчки“. Технолошкиот шоукејс продолжува со најновата генерација на iDrive која овозможува лесно пристапување до сите функционалности – сакате преку ротирачкиот контролер поставен на конзолата меѓу возачот и совозачот, сакате преку директно допирање на екранот. Секако, тука се и неизбежните гласовни команди, како и контролите со гестикулации. Тука се и системите за надградена реалност – па на дисплејот пред возачот во реално време се проектираат насоките за навигацијата – ова за прв пат го видовме кај електричниот iX, а тука системот е уште поусовршен. Интересен и важен новитет е и новиот систем за автоматско паркирање кој може самиот да го внесе големиот седан на претходно-дефинирано паркинг место – а вие можете да бидете внатре во автомобилот или надвор од него и да го контролирате со вашиот мобилен телефон. Ако ве праша соседот што правите? „Еве комшија, да си ја прошетам колата!“ Инаку, седиштата се спортски и комфорни. Многу лесно се наоѓа кофморна, ниска, динамична возачка позиција – токму онаква каква што му прилега на еден спортски седан. Скоро сите површини се обвиени во фини, меки материјали – а за прв пат сите ентериери на BMW 5 се целосно-вегански. Дури и „кожните“ седишта се обвиени во иновативна имитиација на кожа која ги нуди истите параметери на квалитет, мекост и издржливост. Секако, за оние кои сепак сакаат вистинска кожа – тука е Мерино опцијата. Инаку – за сите патници има навистина многу простор, како на предните седишта така и на задната клупа. Всушност, дури и (навистина) повисоки патници ќе патуваат комфорно на задните седишта. А какво е патувањето? Првото искуство зад управувачот ни е во електричниот i5 eDrive40 – електричниот i5 кој комбинира батерија со капацитет од 81.2 kWh и електромотор кој кон задните тркала испорачува 340 коњски сили и 430 Nm вртежен момент – кои пак на седанот тежок 2.2 тони му овозможуваат забрзување до 100 километри на час за само 6 секунди, како и максимални 193 километри на час. Автономијата според WLTP мерењата е до 580 километри – повеќе од доволно. На автопатски брзини, електричниот i5 е суверено тивок и комфорен – и изненадувачки ефикасен. Баварците кажуваат дека просечната потрошувачка на електрична енергија е околу 16 kWh на 100 изминати километри – ние измеривме нешто повисока, околу 18 kWh. Доколку имате пристап до доволно брз полнач, благодарение на 400-волтната архитектура електричниот i5 се полни со максимална моќност од 205 kW и ги полни батериите од 10% до 80% за нешто помалку од половина час. Но вистинскиот карактер на електричната Петка се покажа кога стигнавме до кривулест пат со не-баш-идеален асфалт – тука шасијата и суспензијата доаѓаат до вистински израз. Ниско-поставената батерија гарантира ниско тежиште, а суспензијата успешно ја сокрива масата на големата Петка и баварскиот седан без приговор ја менува насоката. Управувањето е директно, прецизно и брзо, а Петката инстнатно и експлозивно реагира на секое притискање на педалата за… гас? Не, не е гас. Струја е! Забрзувањето е инстантно, неуморно и моќно, а од свиок во свиок сме сè поубедени дека нема сомнеж, а хејтерите можат да хејтаат – ова е вистинско BMW! Ниското седење и одличната тракција влеваат доверба во можностите на Петката, а истовремено кога тоа ќе го побарате добивате и контролирано пролизгување на задните тркала карактеристично за баварските седани. Од електричниот i5 одиме во конвенционалниот, дизелски 520d. Ако мислите дека конвенционалната Петка е скалило подоле од електричната – не е. Во кабината не се чувствуваат никакви вибрации од дизелскиот мотор – всушност, тој не се ни слуша. Добро-познатиот 2-литарски турбодизел испорачува 197 коњски сили при 4000 вртежи во минута и 400 Nm од 1500 до 2750 вртежи во минута. Силата ја пренесува кон задните тркала преку 8-брзински steptronic автоматски менувач во кој е интегрирана и лајт-хибридната компонента. Резултат на сето ова? Со оглед на тоа дека дизелската Петка тежи нешто повеќе од 350 килограми помалку од електричната – дизелскиот седан има одлични перформанси. „Стотка“ пристигнува за уверливи 7.3 секунди додека максималната брзина е 233 километри на час. Но благодарение на тие 355 килограми помалку, 1775 килограми тешкиот 520d се чувствува уште подинамичен, уште поподготвен да ја менува насоката на движење со прецизоност и грациозност која како да не припаѓа кај толку голем автомобил. И значи, какви се нашите први впечатоци од новата BMW Серија 5? Со ситно над 10 милион продадени примероци во изминатите 7 генерации, инженерите и дизајнерите на BMW едноставно не смеат да ја испуштат топката. Како што рековме на самиот почеток – Серијата 5 е бенчмаркот, автомобилот со кој се споредуваат сите други во сегментот. Автомобилот кој неуморно веќе пет декади ги поставува правилата и ги наметнува очекувањата. И со задоволство можеме да кажеме дека ништо не е сменето. Новата Серија 5 е сè што очекувавме да биде – а и нешто повеќе. Share373TweetShare373 Shares...
Расте продажбата на Alfa Romeo – италијанскиот бренд пријавува одлични резултати за првите 9 месеци од 2023
Car Club - пред 39 дена
Share59TweetShare59 SharesГлавниот извршен директор на Alfa Romeo гордо објави дека продажбата на италијанскиот бренд бележи глобален раст од 39% во однос на истиот период минатата година. Откако 2022 веќе беше одлична година за Alfa Romeo, трендот на раст на продажбата на италијанскиот бренд продолжува. Jean-Philippe Imparato кој е на чело на Alfa Romeo, гордо објави дека глобалната продажба во првите три четвртини од годинава е порасната за скоро неверојатни 39% во однос на истиот период минатата година. Продажбата во Европа е зголемена за 66%, односно 15% во третата четвртина од годинава, додека растот во Средниот Исток и Африка е пораснат за 128% во однос на минатата година, односно 66% во третата четвртина. Истовремено, стартот на продажбата на Tonale (кој Jean-Philippe Imparato го нарекува Tonale-Effect) помогна за раст од 23% во Индија и Азиско-пацифичкиот регион. Во Сингапур е отворено ново официјално претставништво на брендот, а Tonale е лансиран и во Кина. Истовремено, хибридната верзија на Tonale е лансирана во Јапонија. Во САД, каде штотуку започна продажбата на Tonale, Alfa Romeo бележи раст од 7%. Share59TweetShare59 Shares...
Сакате вистински тркачки автомобил? Ferrari ќе ви продаде 499P Modificata од Le Mans!
Car Club - пред 40 дена
Share1TweetShare1 SharesБидејќи не е ограничен од „смешните тркачки правила“, тркачкиот автомобил кој можете да го купите од Ferrari е помоќен од тркачкиот автомобил со кој Ferrari победи на Le Mans! 499P Modificata не е наменет за трки, но е наменет за возење на тркачките патеки – па токму затоа инженерите на Ferrari можат да го нагодат автомобилот поинаку во однос на тркачкиот автомобил ограничен од правилата на Le Mans. Пример? Електричните мотори работат и на пониски брзини а не само над 190 километри на час како што е според FIA регулативите – а тоа значи дека ќе можете почесто да го користите погонот на сите четири тркала и целата моќност со која автомобилот располага. Кога сме кај моќноста, инженерите додале и Push to Pass систем со копче позади управувачот кое ослободува дополнителни 161 коњска сила во времетраење од 7 секунди – и со тоа автомобилот сега има максимални 858 коњски силиаместо 697-те коњски сили на Le Mans автомобилот. Ревидиран е и софтверот како и мапите на моторот, а ревидиран е и системот за контрола на тракцијата како и логиката која автомобилот ја користи при тргнување. Инаку, погонот користи 3-литарски V6 базиран на моторот кој се користи во 296 GT3, а силата ја испорачува кон 7-брзински секвенцијален менувач. Кабината е директно преземена од победничкиот автомобил од Le Mans – има само едно седиште. 499P Modificata е своевидна инаугурација на Sport Prototipi Clienti програмата на Ferrari преку која италијанскиот бренд се грижи за лоигистиката за транспорт на возилата и целата поддршка која е потребна на самата тркачка патека – а на клиентите им останува само да возат и да уживаат во своите многу, многу, екстремно многу скапи играчки. Share1TweetShare1 Shares...
Во салонот на Мак Аутостар пристигна целосно-електричниот Mercedes-Benz EQE SUV
Car Club - пред 41 дена
Share14TweetShare14 SharesПрвиот целосно-електричен модел на Mercedes-Benz кој официјално пристигна во Македонија и во салонот на Мак Аутостар е токму големиот EQE SUV. Електричниот SUV на Mercedes-Benz се нуди во неколку различни конфигурации и со неколку различни погонски опции. Во зависност од погонската конфигурација која ќе ја одберете, ќе добиете погон на задните или на сите четири тркала, моќност од 288 до 402 коњски сили и автономија до (импресивни) 590 километри. Пристигнатиот примерок е EQE SUV 350 кој има батерија со капацитет од 90.6 kWh и електромотор кој испорачува 292 коњски сили и 765 Nm вртежен момент, кои пак ги испорачува кон сите четири тркала. Според официјалните податоци, оваа конфигурација може да помине до околу 550 километри со полни батерии. Стигнува до 100 километри на час за 6.6 секунди и достигнува максимални 210 километри на час. Секако, кабината ги нуди сите нови технологии кои Mercedes-Benz ги има во своето портфолио, вклучувајќи го и монументалниот Hyperscreen поставен пред возачот и совозачот. Важни новитети кои ги истакнуваа инженерите од Mercedes-Benz при преставувањето се аудио уредот со Dolby Atmos кој дебитира кај EQE SUV (и кој понатаму ќе се нуди и кај останатите модели на германскиот бренд), како и систем за филтрирање на воздухот со HEPA филтер – одлично за македонскиот зимски воздух. EQE SUV може да се полни со максимална моќност до 170 kW и инженерите напоменуваат дека со само 15 минути полнење ќе се дополни доволно „сок“ во батериите за да се поминат 220 километри. Истовремено, Mercedes-Benz дава гаранција од 10 години или 250.000 километри за батериите. Големиот EQE SUV веќе можете да го погледнете во салонот на Мак Аутостар во Скопје., Share14TweetShare14 Shares...
Škoda се подготвува да го претстави новиот Superb
Car Club - пред 42 дена
Share46TweetShare46 SharesНа само три дена пред официјалната премиера чешкиот бренд го објави последниот тизер за големиот Superb, но ги објави и официјалните скици од големиот седан. Светската премиера е закажана за 2-ри Ноември, а Škoda денес ни го покажа последниот тизер пред официјалното деби на Superb. Преку тизерот, Škoda ги открива пропорциите на Superb, но и новите LED Matrix предни светла и LED задни светла со кристални елементи. Истовремено, Škoda ги објави и официјалните скици од дизајнот на екстериерот на Superb – и тоа и во конвенционална изведба и во караванска форма. Со новиот Superb, Škoda во ниска и динамична силуета го пресликува Modern Solid дизајнерскиот јазик и најавува дека ќе постави нови стандарди во сегментот во кој се натпреварува Superb. Останува да имаме уште само малку трпение – во четврток ќе го видиме новиот Superb! Share46TweetShare46 Shares...
Некои од челниците на автомобилските брендови признаваат дека има проблем со продажбата на електричните возила
Car Club - пред 45 дена
Share17TweetShare17 SharesСо успорувањето на продажбата на електрични возила ширум светот, некои од директорите на големите производители признаваат дека нивните амбициозни планови се загрозени. Меѓу најгласните е Mary Barra која е на чело на GM. Иако таа е еден од најгласните поборници на електричните возила, на неодамнешна дискусија по повод резултатите од третата четвртина од оваа година на GM, компанијата објави дека ќе ги напушти плановите да произведе 100.000 електрични возила во втората половина од оваа година и дополнителн 400.000 во првите шест месеци од следната. Всушност, од GM кажаа дека воопшто не знаат кога ќе ги постинат тие таргети. „Како што влегуваме подлабоко во трансформацијата кон електрични возила, работите стануваат потешки.“ – изјави Mary Barra. Важно е да се напомене дека Mary Barra не е единствената која го има овој став. Неодамна и Elon Musk предупреди дека економски фактори ќе влијаат на побарувачката на возила. Истовремено, дури и Mercedes-Benz има грижи. Главниот финансиски директор на Mercedes-Benz – Harald Wilhelm на разговор со аналитирачи ијави дека „Не можам да замислам дека тековното статус кво е одржливо за било кој.“ Ситуацијата на пазарот е интересна, особено во САД каде повеќето производители даваат големи попусти на електричните возила, а некои од производителите ги намалуваат цените и до 10%. Продавачите на возила кажуваат дека повеќе време е потребно да се продаде електрично возило отколку конвенционално бидејќи купувачите се фокусираат на цената, предизвиците со инфраструктурата и измени во животниот стил кои се потребни за да се поседува и вози електрично возило. Производителите веќе започнуваат да ги менуваат плановите и проекциите – Ford го продолжи само-наметнатиот рок да произведува 600.000 електрични возила годишно. GM неодамна објави дека веќе нема да работи на развој на подостапно електрично возило кое ќе чини помалку од 30.000 долари. Сличен став неодамна објави и главниот извршен директор на Honda – Toshibiro Mibe кој во интервју за Bloomberg изјави дека „Откако го проучувавме проблемот цела година, одлучивме дека тоа е навистина тешко и го прекинуваме развојот на достапно електрично возило.“ Единствено Akio Toyoda кој е на чело на Toyota Motor Corporation не е изненаден – „Луѓето конечно ја согледуваат реалноста“ – изјави тој. Извор: Business Insider via Autoblog Фотографија: Fortune Live Media / Flickr Share17TweetShare17 Shares...
Mercedes-AMG подготви плаг-ин хибридна варијанта за големиот GLE
Car Club - пред 46 дена
Share10TweetShare10 SharesMercedes-AMG GLE 53 Hybrid добива плаг-ин хибриден погон кој испорачува моќни 544 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Плаг-ин хибридниот погон кај моќниот SUV (и SUV Coupe) комбинира 3-литарски турбо-бензинец кој има шест цилиндри во линија, со батерија со капацитет од 31.2 kWh и електромотор кој испорачува дополнителни 136 коњски сили. Комбинацијата од 449 коњски сили од турбо-бензинецот и 136 коњски сили од електромоторот му даваат на спортскиот SUV комбинирана моќност од 544 коњски сили и моќни 750 Nm вртежен момент. Преведено во перформанси, тоа значи забрзување до 100 километри на час за 4.7 секунди и (електронски-ограничена) максимална брзина од 250 километри на час. Истовремено, батеријата и електромоторот овозможуваат автономија на електрична енергија меѓу 80 и 87 километри според WLTP. Ова можеби не делува како многу, но сепак треба да имаме предвид дека зборуваме за голем и тежок SUV со високи перформанси каде електрификацијата е повеќе во насока токму на перформансите. Инаку, плаг-ин хибридниот GLE 53 Hybrid добива и дискретно редизајнирана предна маска која насочува воздух кон дополнителен ладилник. Секако, тука се и неизбежните значки и уште неколку други ситни детали – но во суштина, визуелните измени се релативно незабележливи. Вреди да се напомене дека поради зголемената тежина инженерите на Mercedes-Benz ја ревидирале и рекалибрирале AMG Ride Control+ воздушната суспензија. Со воведувањето на плаг-ин хибридниот GLE, Mercedes-AMG ја проширува понудата на приклучни хибридни модели – потег кој воопшто не нè изненадува со оглед на пазарните трендови и барањата на купувачите. Комбинацијата од огромна моќност и врвна ефикасност не е воопшто лоша. Share10TweetShare10 Shares...
Иднината на GT-R е електрична – Nissan го претстави електричниот HyperForce!
Car Club - пред 47 дена
Share4TweetShare4 SharesHyper Force е целосно-електричен концепт кој располага со 1000 kW, односно 1360 коњски сили! Концептот е сега за сега само концепт, но колку и да сака Nissan да ја скрие асоцијацијата со GT-R – генерациската врска со GT-R е едноставно неизбежна и избива од сите агли на футуристичкиот електричен спортски автомобил. Покрај неверојатните 1360 коњски сили, концептот ја добива и е-4ORCE технологија за контрола и пренос на сила на сите четири тркала. Дополнително, многу внимание е посветено на лесните материјали и лесната конструкција – па сакале фановите да признаат или не – ова е најверојатно иднината на Nissan GT-R. Според Nissan, концептот сака да им биде привлечен како на автомобилските ентузијасти, така и на гејмерите. Јапонскиот бренд не објавува детали околу перформансите на Hyper Force, но нагласува дека е постигнат идеален баланс на тежината и дека е користено многу, многу карбон – дури и тркалата се карбонски. Но една интересна нескриена врска со GT-R се двата различни режими на работа на овој концепт – GT за Grand Touring и R за Racing. Па тоа е GT-R, нели? Радикално е и во кабината – адаптивниот дисплеј е развиен заедно со Polyphony Digital (компанијата која го прави Gran Turismo серијалот) и во R режим на возење амбиенталното осветлување е црвено додека панелите се приближуваат кон возачот за директно да му ги покажат најважните информации. Во GT режим панелите се вовлекуваат наназад, кабината станува сина и пред возачот се поставени поедноставни инструменти. Но вистинското изненадување за гејмерите е можноста кога автомобилот е паркиран, со користење на специјална кацига и управувачот и педалите од автомобилот да се вози во виртуелни трки! Комплетно гејмерско искуство! И сега, дали е ова наследникот на GT-R? Најверојатно – ги препознаваме дизајнерските детали од минатите генерации на Godzilla, но и поврзувањето со Gran Turismo и Playstation – нераскинливи врски кои јапонските технолошки гиганти ги зајакнуваат со години. Дали сето ова значи дека следниот GT-R ќе биде електричен и ќе има повеќе од 1000 коњски сили? Не би биле воошто изненадени… Share4TweetShare4 Shares...
Mazda Iconic SP е најава за електричен спортски автомобил во духот на MX-5
Car Club - пред 47 дена
Share9TweetShare9 SharesКонцептот кој Mazda го покажа во Токио користи иновативен погонски систем кој може да работи на водород, но и да работи целосно-електрично и да испорача 370 коњски сили! Трансформацијата е неизбежна, а Mazda кажува дека Iconic SP користи „дво-роторен EV систем“ (што и да значи тоа) кој може да работи на карбон-неутрални горива (меѓу кои е и водородот) или пак да работи во целосно-електричен режим и да испорача 370 коњски сили. Сега за сега немаме информации колкава ќе биде батеријата ниту колку електромотори ќе користи системот, но сето ова навистина ветува. Инаку, екстериерот на концептот можеме наједноставно да го опишеме како секси. Обвиен во Viola Red црвена боја, на екстериерот доминираат нежни површини и едноставни линии – и со задоволство го поздравуваме ваквкиот пристап. Чистиот, едноставено дизајн совршено му прилега на спортскиот автомобил на Mazda и навистина ни се допаѓа како е изведен предниот дел кој толку очигледно оддава почит на „поп-ап“ светлата на MX-5! „Mazda секогаш ќе испорачува возила кои ќе ги потсетат луѓето дека автомобилите се чисто уживање и важен дел од нивните животи“ – изјави главниот директор на Mazda, Masahiro Moro, и додаде – „Како компанија која ги сака автомобилите и која масовно произведува инспиративно искуство, посветени сме кон оформување на иднината со нашите партнери кои ја делат истата цел, но и со нашите фанови и сите гордо можеме да кажеме дека ги сакаме автомобилите!“ Секако – ова е само концепт, но Mazda има историја на преточување на концептните возила во возбудливи сериски автомобили. Ваквиот концепт на Mazda ни влева ентузијазам за иднината на возењето. Дали Mazda ќе биде првиот производител кој ќе направи достапен електричен спортски автомобил? Share9TweetShare9 Shares...
Шефот на Alfa Romeo не се откажува од наследник на Giulietta
Car Club - пред 48 дена
Share42TweetShare42 SharesJean-Philippe Imparato кој е на чело на Alfa Romeo смета дека секој модел може да биде профитабилен и во изјава за Autocar не ја негираше можноста италијанскиот бренд повторно да се врати во овој многу важен сегмент. Alfa Romeo неодамна ја „пензионираше“ Giulietta и одличниот Tonale е нејзин не-баш-толку-директен наследник. Сепак, главниот извршен директор на Alfa Romeo – Jean-Philippe Imparato – навести дека оваа празнина во понудата на италијанскиот бренд можеби ќе биде пополнета. Во дискусија со Autocar, Imparato изјави дека „не верувам дека нема бидеме профитабили, дури и со хечбек“ – и со тоа навести директна можност Alfa Romeo да се врати во овој сегмент. За жал, тој не откри повеќе, но дури и ваквото навестување кажува дека наследник на Giulietta е можеби во некаква фаза на развој. Со оглед на насоката во која се движат Alfa Romeo и автомобилската индустрија во целост, не би биле изненадени доколку наследникот на Giulietta е во форма на целосно-електричен премиум спортски хечбек, најверојатно поставен на STLA Medium платформата на Stellantis која дозволува и вградување на електрифицирани мотори со внатрешно согорување. Во моментов понудата на Alfa Romeo ја сочинуваат одличната Giulia, како и трендовските SUV модели Stelvio и Tonale – па еден спортски хечбек одлично би се вклопил во приказната, нели? Share42TweetShare42 Shares...
Дали електричниот Land Cruiser Se е иднината на Toyota?
Car Club - пред 49 дена
Share4TweetShare4 SharesЈапонскиот гигант на домашен терен претстави нешто неочекувано – Land Cruiser EV кој можеби е најдиректна најава за електричната иднина на Toyota. Глобално Toyota е дефинирана од два модели – едниот модел е бест-селерот Corolla, додека другиот модел е незаменливиот, сè-теренски (и голем) Land Cruiser. Но онаму каде досегашните бензински и дизелски варијанти на Land Cruiser биле високи, големи и наметливи возила, електричниот Land Cruiser Se е понизок, поаеродинамичен и подинамичен. Интересно, тркалата се огромни, но се обвиени во нископрофилни гуми – нешто што не очекуваме за теренец кој би требало да вози по секаков терен. Всушност, електричниот Land Cruiser Se изгледа како повеќе да припаѓа на урбаниот асфалт отколку на недостапен терен. Но сепак – ова е концептно возило и најверојатно не најавува замена за досегашниот Land Cruiser (ниту пак замена за неговите легендарни теренски таленти) туку најавува покомпактен, електричен урбан Land Cruiser (и кога сме веќе таму, се сеќавате на Urban Cruiser од пред 15-тина години?) кој во хиерархијата на Toyota ќе биде поробустна (и целосно-електрична) алтернатива на Rav4, или пак можеби би бил замена за bZ4X – можеме само да шпекулираме. Концептот е интересен – и да, сега за сега е само концепт. Toyota не потврдува дали Land Cruiser Se би одел во сериско производство но сепак ќе признаеме дека изгледа навистина интересно. Повторно, сигурни сме дека нема да биде целосна замена за постоечкиот Land Crusier – но самиот факт декa Toyota одбра на концептот да му го даде токму тоа легендарно име зборува многу за сериозноста со која јапонскиот гигант пристапува кон него. Доаѓаат интересни времиња. Share4TweetShare4 Shares...
ПРЕМИЕРА: CARclub на премиерата на новиот Citroën ë-C3 – Заборавете сè што знаете за електричните автомобили!
Car Club - пред 54 дена
Share217TweetShare217 SharesСо новиот електричен ë-C3, францускиот производител поставува нови правила во сегментот и поставува нови стандарди за комфор, лесно електрично живеење и добиена вредност. Новиот целосно-електричен ë-C3 гордо ја предводи четвртата генерација на бест-селерот на Citroën. Досега се продадени повеќе од 5.6 милиони примероци па францускиот бренд вложи многу ресурси и многу внимание во автомобилот кој треба да биде најдобар претставник на брендот во годините кои доаѓаат. Всушност, безмалку третина од продадените возила на Citroën во Европа се C3! Со новиот е-C3, францускиот бренд одново се открива себеси за да може да го исполни и надмине предизвикот да испорача електрична мобилност и да ја направи достапна за сите. Тоа најдобро го опиша Thierry Koskas, новиот Главен Извршен Директор на Citroen, кој кажа дека „Очекувањата на купувачите во Б-сегментот се сменија, особено со растечката популарност на SUV моделите и зголемената желба да се вози на струја во и околу нашите градови. Истовремено, станува сè потешко европските производители да ги исполнат тие очекувања а Citroën се охрабрува да го направи токму тоа со новиот, целосно-електричен e-C3 за европските купувачи. Новиот e-C3 е дизајниран за и направен во Европа.“ Како што и можевме да очекуваме, комфорот го има примарниот збор. Новиот e-C3 за прв пат ги добива прогресивните хидраулични перничиња кои толку успешно нудат идеален комфор кај другите модели на францускиот бренд. Комфорот е клучен за карактерот на еден Citroën и комфорот е клучен за Citroën бидејќи е клучен за купувачите. Citroën сака новиот е-C3 да биде најкомфорен во сегментот па покрај тоа добива и нова верзија на врвните Citroën Advanced Comfort седишта. Кога сме кај комфорот – од Citroën кажуваат дека во новиот e-C3 ќе се чувствувате како дома. Ентериерот е изграден околу едноставни но рафинирани површини за да се добие амбиент како во светла просторија со авторитативна возачка позиција и нагласено чувство на контрола и безбедност. Благодарение на зголемените димензии и кабината добива повеќе простор – како на предните, така и на задните седишта. Всушност, од Citroën кажуваат дека просторот за нозе на задната клупа е цели 20 милиметри поголем од просекот во класата. Задните седишта се модуларни, а багажникот нуди капацитет од одлични 310 литри. e-C3 е придвижуван од нов електромотор со моќност од 113 коњски сили кој се напојува од батерија со капацитет од 44 kWh. Според WLTP мерењата, оваа комбинација може да испорача автономија до 320 километри. Истовремено, можноста за полнење на брз DC полнач со максимална моќност од 100 kW овозможува полнење од 20 до 80% за само 26 минути. Забрзувањето до 100 километри на час трае 11 секунди, додека максималната брзина е 135 километри на час. Автономијата и моќноста се повеќе од доволни за секојдневно возење во градот и околу него. Во Франција оваа конфигурација ќе чини од 23.300 Евра, додека понатаму ќе биде понудена уште една опција со помала батерија и автономија до 200 километри која во Франција ќе чини од 19.990 Евра. Всушност – Citroën „во центар“ го препознава вистинскиот рецепт за компактно, практично електрично возило – не се потребни огромни, тешки батерии кои само ќе ја зголемат цената и негативно ќе влијаат на ефикасноста и перформансите. Вистинската тајна е во препознавање на вистинските потреби (французите кажуваат дека просечниот возач дневно минува помалку од 80 километри) и соодветно димензионирање на компонентите – а според нас, кај е-C3 е постигнато токму ова. Возачите на e-C3 ќе можат да го планираат патувањето со новата E-Routes апликација која е специјално дизајнирана за моделите на Citroën и е дел од Connect Plus услугата која францускиот производител ја нуди. Преку оваа апликација возачот ќе може да го планира патувањето и полнењето, како и да го подготви возилото за патување пред патување и да го провери статусот на батеријата. Дигиталниот пристап продолжува со кабината која Citroën ја нарекува C-Zen Lounge. Овој пристап одново ја обмислува традиционалната кабина и ветува многу комфор и простор. Пред возачот и совозачот е поставен чист елемент на кој нема традиционални инструменти – e-C3 добива нов иновативен хед-ап дисплеј кој на црна површина меѓу ветробранското стакло и конзолата ги проектира сите податоци. Ова гарантира дека нема да има дуплирање на информации (и дуплирање на трошоци за производство), но и дека возачот ќе може лесно да пристапи до сите потребни податоци. На центарот на конзолата е поставен нов, 10.25-инчен мултимедијален дисплеј кој ветува лесно поврзување, а за моделите кои нема да го добијат овој дисплеј подготвен е нов систем за целосна интеграција на мобилен телефон. Секако, тука е и неизбежното интегрирање со Android Auto и Apple CarPlay. Од Citroën гордо ги истакнуваат и системите за активна и пасивна безбедност, како и системите за асистенција во возењето – Active Safety Brake, Active Lane Departure Warning System, Driver Attention Alert, итн. Инаку, дизајнот на e-C3 е храбар и самоуверен. Од Citroën воопшто не кријат дека новиот е-C3 е директно инспириран од Citroen Oli концептот кој беше прикажан минатата година и кој беше одлично прифатен од јавноста и автомобилските медиуми. Интересниот пристап на овој дизајн е пренесен и кај e-C3, каде вертикалноста е во директен контраст со хоризонталните површини и форми. e-C3 е првиот автомобил кој го добива новото овално лого на Citroen. Еден од носечките елементи на дизајнот е новиот трослоен светлосен потпис кој комбинира еден вертикален и два хоризонтални елементи, додека краткиот преден поклопец е директен контраст на вертикалната предна маска и исправеното предно ветробранско стакло. На задниот дел вниманието оди кон задните светла и декоративниот панел меѓу нив, како и острите форми во долниот дел. Исто како и предните, и задните светла имаат троделен потпис со два хоризонтални и еден вертикален елемент, додека на средината на задниот дел гордо стои логото на францускиот бренд. Сега за сега од Citroën не откриваат со какви конвенционални мотори ќе се нуди новиот C3, но очекуваме дека на некои пазари (вклучувајќи го и нашиот) ќе се нуди со 1.2-литарскиот бензинец кој веќе добро го познаваме. Но уште на првиот контакт, неизбежен е впечатокот дека со новиот е-C3, францускиот бренд навистина започнува ново поглавје и ќе биде првиот европски бренд кој ќе успее да испорача навистина достапна електрична мобилност, а притоа нема да направи компромис во однос на практичноста, комфорот и оној необјаснивиот француски je ne sais quoi. Продажбата се очекува да започне во првата четвртина од следната година и со нетрпение очекуваме да седнеме зад управувачот. Share217TweetShare217 Shares...
Mercedes-Benz го направи првиот краш-тест меѓу два електрични автомобили
Car Club - пред 56 дена
Share7TweetShare7 SharesMercedes-Benz направи краш тест меѓу EQA и EQS SUV за да види што ќе се случи кога ќе се судрат два тешки електрични автомобили. EuroNCAP тестира удари при брзина од 50 километри на час, но Mercedes-Benz одлучи да отиде чекор понатаму па го направи тестот при брзина од 56 километри на час (односно 35 милји на час). Краш-тестот беше изведен со два електрични автомобили – компактниот EQA и големиот EQS SUV, а самиот тест е со 50% преклопување меѓу автомобилите. Според Mercedes-Benz, ваквиот тест бил одбран бидејќи отсликува реални ситуации кои би можеле да се случат, особено при претекнување а брзината била одбрана бидејќи двата автомобили најверојатно би кочеле како вовед во сударот. Колку за напомена – ако двата автомобили се движеле со 56 километри на час, релативната брзина на двете возила при ударот е не баш незначителни 112 километри на час. Резултатите се интересни а инженерите кажуваат дека контролираното уништување на автомобилите е намерно – со контролираното деформирање на автомобилите и ослободувањето на енергијата се штитат патниците но и батериските модули на двата автомобили. Според резултатите, куклите кои се користеле во тестот покажале дека ризикот од сериозни повреди е мал. Дополнително, од Mercedes-Benz напоменуваат дека и системот за заштита на батериите успешно ја завршил работата и спречил несакана реакција кај модулите. Share7TweetShare7 Shares...
ПРЕМИЕРА: Освежување за моќниот Mercedes-AMG GT 63 E Performance
Car Club - пред 59 дена
Share8TweetShare8 SharesMercedes-AMG одлучи да извлече инспирација од новото AMG GT Coupe и да го освежи моќниот плаг-ин хибриден седан. Инспирацијата од новото Mercedes-AMG GT Coupe ќе ја препознаете во новата предна маска со нагласени вертикални столбови, како и во подискретните отвори за воздух во браникот – германскиот бренд одлучи да ги замени огромните предни отвори за воздух со подискрени, вертикални насочувачи кои на предниот дел му даваат почист, поаеродинамичен лик. Истовремено, воведени се и нови предни светла, како и нова боја – Opalite White. Дискретни измени добива и кабината – дел од стандардната опрема се стаклениот кров и безжичниот полнач за мобилни уреди меѓу задните седишта, како и моќниот Burmester аудио уред со Dolby Atmos поддршка. Истовремено, надграден е и MBUX мултимедијалниот систем кој добива нови AMG-ексклузивни графички елементи и нуди уште повеќе можности за конфигурација. Плаг-ин хибридниот погон е неизменет – а тоа значид дека моќниот Mercedes-AMG GT S E PERFORMANCE 4-Door Coupé и понатаму комбинира 4-литарски твин-турбо V8 со хибриден систем за вкупно 843 коњски сили и 1400 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку AMG Speedshift MCT автоматски менувач со девет степени на пренос. Сето тоа значи 100 километри на час за 2.9 секунди, 200 километри на час за помалку од 10 секунди и максимални 316 километри на час. А да, и според официјалните мерења, ова чудовиште може да троши само 8.6 литри бензин на 100 изминати километри, како и да помине до 12 километри на електрична енергија. Достапни се и грст дополнитени пакети – тука е AMG Aerodynamics Package, AMG Carbon Exterior Package, AMG Chrome Exterior Package (кој едноставно не разбираме зошто некој би го нарачал) и AMG Night Package 2. Оние кои сакаат уште поспортски седишта можат да ги нарачаат AMG Performance Седиштата, а оние кои сакаат луксуз во вториот ред можат да го нарачаат High Class Rear Seat пакетот. Share8TweetShare8 Shares...
Kia станува сериозен електричен играч – претстави еден нов електричен модел и два концепти на првиот EV Day
Car Club - пред 59 дена
Share4TweetShare4 SharesKia го искористи својот прв EV Day за да претстави еден целосно-нов електричен автомобил, но и два концепти кои се блиску до сериско производство. Со EV Day – кој во иднина ќе се одржува секоја година – Kia планира да ја доближи својата електрична стратегија до глобалните купувачи. Kia планира значително и брзо да ја зголеми својата понуда на електрични возила. Визијата која Kia ја нарекува EVs for All (Електрични возила за сите) ќе му помогне на јужнокорејскиот бренд да продолжи да расте во сегментот на електрични возила и откако се постави како електричен бренд со одличните EV6 (кој веќе пристигна и во Македонија) и EV9 , сега ја зголемува својата понуда со три нови електрични модели. На првиот EV Day дебитираше новиот EV5 – компактен електричен SUV наменет за модерните фамилии. Истовремено, Kia ја искористи можноста да претстави два нови концептни м одели – Concept EV3 кој има за цел да ги пренесе талентите на големиот EV9 во значително помал, компактен SUV, како и Concept EV4 кој одново дефинира што може да понуди електричен седан со супер-напреден визуелен идентитет. Истовремено, преку својата стратегија, Kia сака да ги подобри задоволството на купувачите и доверливоста на автомобилите, но и да помогне да се надминат одредени предрасуди и грижи – како на пример инфраструктурата за полнење. Инаку, стратегијата на Kia се концентрира на зголемување на електричната понуда и подобрување на инфраструктурата за полнење со цел електричните возила да станат достапни и корисни за што е можно повеќе купувачи. Според најавеното, електричните возила на Kia ќе чинат меѓу 30.000 и 80.000 Долари. Kia планира да ја зголеми понудата во Б и Ц сегментите и да воведе и помали електрични возила со цена од 35.000 до 50.000 Долари. На пазари каде подемот на електрични возила е сè уште во тек на почетокот ќе се концентрираат на EV6 и EV9 за понатаму да ги воведат и другите модели. EV5 би требало да биде новиот бест-селер од електричната понуда на Kia. Димензиониран да биде помал од EV6, но со дизајнерски линии од големиот EV9, новиот компактен SUV ќе се нуди со неколку погонски опции и неколку различни конфигурации за седење. Ќе може да се добие во Standard, Long Range и Long Range AWD погонски конфигурации. Иако е поставен на E-GMP платформата, EV5 е примарно со погон на предните тркала. Стандардната конфигурација доаѓа со батерија од 65 kWh, додека Long Range опциите добиваат батерија со капацитет од 84 kWh. Во зависност од конфигурацијата, се очекува автономија меѓу 530 и 720 километри со полни батерии. Со претставувањето на EV4 Concept, Kia ја пренесува својата визија за електричен наследник на Stinger и Stinger GT. Според главниот дизајнер на Kia – Karim Habib – EV4 Concept има храбар, неочекуван дизајн кој е фокусиран на перформансите и визуелниот импакт. Сепак, EV4 не е конвенционален седан – растојанието од подлогата е поблиско до кросовер отколку до конвенционален седан, но дизајнот е нагласено динамичен со силни пропорции, нагласени агли и LED елементи. Интересно, задниот дел е дизјаниран да биде со петта врата (како Stinger) – со што значително се подобрува практичноста. Во кабината многу внимание е посветено на подобрување на просторната понуда и фокусирање кон возачот – дури и контролите за клима уредот се кријат кога не се потребни. Конечно, Kia го претстави и EV3 Concept за кој најавуваат дека е „решение за електрична микро-мобилност“. Малиот електричен автомобил добива V2L (Vehicle-To-Load) систем кој овозможува и други уреди да се напојуваат од него – и во суштина се трансформира во огромна мобилна батерија. EV3 Concept – исто како и EV5 – влече инспирација од EV9, но повторно – во уште помало пакување. Според најавеното, би требало да биде со слични димензии како Niro, но нема да биде замена за него. Сега за сега нема информации ниту за батериите ниту за погонот, но очекуваме серискиот EV3 да ги искористи сите придобивки од E-GMP платформата. Kia станува сериозен играч на електричниот пазар. Јужнокорејскиот гигант го користи сето искуство кое го изгради со своите постоечки електрични модели за со еден огромен чекор неколкукратно да ја зголеми својата електрична понуда – а тоа зборува многу за храброста и самодовербата на Kia, но и за вербата која ја имаат во новите модели. Со нетрпение ги очекуваме! Share4TweetShare4 Shares...
Објавени финалистите за AUTOBEST 2024!
Car Club - пред 60 дена
Share2TweetShare2 SharesОрганизацијата AUTOBEST ги објави финалистите кои ќе се борат за титулата Best Buy Car of Europe за 2024! BYD Dolphin, Fiat 600e, Hyundai Kona и Jeep Avenger се четирите финалисти кои ќе се борат за титулата AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2024. Жирито кое го сочинуваат 31 членови од исто толку земји ќе ги анализира и тестира финалистите во следните неколку седмици, а победникот ќе биде објавен кон средината на Декември. Финалните тестирања ќе се одвиваат во Teesdorf, Австрија на 21-ви и 22-ри Ноември на полигонот Fahrtechnik. Интересно е да се напомене дека од сите финалисти, BYD Dolphin е единствениот модел кој се нуди исклучиво како електричен автомобил, додека Fiat 600e, Hyundai Kona и Jeep Avenger имаат изведби и со мотори со внатрешно согорување кои се достапни на одредени пазари. Новата Kona веќе пристигна во Македонија, додека Jeep Avenger и Fiat 600e ги очекуваме наскоро. BYD сега за сега не се продава на нашиот пазар. Со објавувањето на финалистите, AUTOBEST организацијата ги објави првите награди за 2024. Добитник на признанието COMPANYBEST е Porsche, додека Denis Le Vot, извршниот директор на Dacia е најновиот член на MANBEST Hall of Fame. Најновиот член на DESIGNBEST Hall of Fame е Gilles Vidal кој сега е на чело на дизајнерската дивизија во Renault Group. Извор: Autobest Share2TweetShare2 Shares...
ПРЕМИЕРА: BMW ги претстави новиот X2 и електричниот iX2
Car Club - пред 61 дена
Share9TweetShare9 SharesКако и својот претходник, и новиот X2 е поставен врз платформата на X1 и повторно добива подинамична, купеовска каросерија која ги нагласува динамичните квалитети на новиот SUV. Иако X2 е базиран врз X1, нема шанси да ги помешате двата модели на BMW. X1 има поконвенционална SUV форма (и нашиот тест на новиот X1 можете да го видите тука), додека X2 е со пониски стакла и понакосено предно ветробранско стакло, со купеовски заден дел и остро задно стакло. Дополнително, X2 добива и понагласени крила кои кријат поголеми тркала (со максимален дијаметар до 21 инч) а предните светла се позакосени и поагресивни во поставеноста. Всушност, од секој агол X2 изгледа подинамично и посамоуверено од конвенционалниот X1. На самиот старт на европските купувачи ќе им бидат достапни три мотори со внатрешно согорување – два турбо-бензинци и еден турбодизел. Бензинците доаѓаат во форма на X2 sDrive20i и X2 M35i xDrive. Основниот бензинец користи лајт-хибриден 1.5-литарски турбо-бензински мотор кој испорачува вкупно 170 коњски сили и 280 Nm вртежен момент и забрзува до 100 километри на час за 8.3 секунди. Моќниот M35i xDrive носи 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Турбодизелот е во форма на X2 sDrive18d кој носи 2-литарски турбо-бензинец со надградени компоненти кој испорачува 150 коњски сили и 360 Nm вртежен момент – доволни за спринт до 100 километри начас за 8.9 секунди, а BMW ветува потрошувачка од 5.1 до 5.5 литри на 100 километри. На европските купувачи ќе им биде достапен и целосно-електричниот iX2. На самиот старт ќе се нуди само во една конфигурација – iX2 xDrive30. Оваа конфигурација комбинира два електромотори (еден на предната оска, еден на задната) за да испорача вкупно 313 коњски сили и одлични 494 Nm вртеженм момент, а струјата ќе доаѓа од батериски модул со капацитет од 64.8 kWh. Според официјалните податоци електричниот iX2 ќе забрзува до 100 километри на час за 5.6 секунди, ќе достигнува максимални 180 километри на час и ќе може да помине меѓу 417 и 449 километри со едно полнење на батериите. Инаку, кабината е навистина налик на онаа кај новиот X1 – но тоа не е критика, навистина ни се допадна ентериерот на X1 кога неодамна го возевме. Пред возачот е поставен закривен мултимедијален дисплеј базиран на новиот BMW OS9 и секако, тука е целосната интеграција со Android Auto и Apple CarPlay. Сепак, ќе истакнеме дека X2 добива засебни седишта кои се дизајнирани да понудат повеќе комфор при подалечни патувања, а достапни се и спортски седишта со упте повеќе точки на нагодување. Првите примероци се очекуваат да пристигнат во првата половина од следната година. Share9TweetShare9 Shares...
Healthy Seas во соработка со Хидробиолошкиот Завод од Охрид и Hyundai го чистеше Охридското Езеро
Car Club - пред 62 дена
Share11TweetShare11 SharesHealthy Seas иницијативата работи ширум светот за да отстрани заборавени и напуштени мрежи за ловење риби, кои потоа во соработка со автомобилскиот гигант Hyundai ги рециклира и трансформира во обновливи материјали кои се користат во автомобилската индустрија. Минатата седмица иницијативата Healthy Seas во соработка со Хидробиолошкиот Завод Охрид, Нуркачкиот Центар Амфора и автомобилскиот гигант Hyundai работеа на чистење на охридското езеро од таканаречени Ghost Nets, односно „Мрежи Духови“. Овие мрежи се напуштени, заборавени или фрлени мрежи за ловење риба кои се наоѓаат низ водните тела низ целата планета – како што за жал ги има и во Охридското Езеро. Healthy Seas иницијативата ги чисти водните тела од овие мрежи кои потоа ги чисти, преработува и рециклира. Од нив се добива ситентички најлон кој потоа се преработува во материјали кои е користат во автомобилската индустрија. Hyundai е глобален партнер на оваа иницијатива и ги користи рециклираните материјали за да изработи патосници за своите автомобили. Според нуркачкиот центар Амфора кој беше локален партнер на Healthy Seas, за време на чистењето на четири локации беа идентификувани и отстранети преку 200 „мрежи духови“ со вкупна должина од повеќе од 12 километри! Од Хидробиолошкиот Завод Охрид напоменуваат дека ваквите мрежи претставуваат вистинска закана за фауната и ендемските видови во Охридското Езеро бидејќи директно влијаат на животните услови на сите овие видови, особено на Охридската Пастрмка. Ваквите иницијативи ја заслужуваат секоја поддршка и промоција и иако поврзувањето со автомобилската индустрија е индиректно, убаво е да се види како автомобилската индустрија работи на подобрување на животната околина, но и како „ѓубрето“ извадено од наше, македонско езеро се трансформира во рециклирани, повторно корисни материјали кои можеби ќе се најдат во вашиот следен нов автомобил. Share11TweetShare11 Shares...
Регулаторна: Се намалуваат цените на горивата и до три денари!
Car Club - пред 63 дена
Share65TweetShare65 SharesСо најновата одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика се намалуваат цените на горивата – бензините поевтинуваат по 2.5, дизелот три денари! РКЕ ги објави новите цени на горивата. Во согласност со најновата одлука и методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.97%. Преведено, тоа значи дека цените на бензините се намалуваат по 2.5 денари па еден литар 95-октански бензин ќе чини 81.00 денари додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 83.00 денари. Цената на дизелот се намалува за 3.00 денари за литар и еден литар Еуродизел ќе чини 83.00 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ. Share65TweetShare65 Shares...
Двоен роденден – 75 години Citroën 2CV и 25 години 2CV Клуб Скопје!
Car Club - пред 63 дена
Share117TweetShare117 SharesВикендов прославивме два интересни и поврзани родендени – не само што го прославивме 75-тиот роденден на незаменливиот Citroën 2CV, туку го прославивме и 25-тиот роденден на Клуб Спачек од Скопје! Верувале или не, легендарниот Citroën 2CV постои веќе 75 години. Пред 75 години Citroën го претстави својот легендарен 2CV – кај нас во регионот познат како Спачек. Името 2CV означува дека моделот имал (дури) две коњски сили. За време на втората светска војнa TPV проектот врз кој бил изграден оригиналниот 2CV бил скриен од Нацистите поради страв дека може да биде искоритен во воени цели, но затоа по крајот на втората светска војна го добиваме незаменливиот, препознатлив 2CV. Инаку, дел од дизајн-брифот за 2CV била инструкцијата дека автомобилот мора да има комфорна суспензија која ќе успее да ги следи контурите на подлогата и да го изолира возилото од нерамнините. Всушност, 2CV требало да може да пренесе корпа со свежи јајца преку изорано поле без да се скрши ниту едно јајце – и тоа при прилично висока (за тие времиња) брзина. Сето ова дозволило 2CV да може комфорно и безбедно да вози преку уништените патишта во пост-воена Франција. Се надеваме дека сега е јасно зошто токму комфорот е една од дефинирачките карактеристики на секој Citroën. И токму во чест на 2CV викендов го прославивме 75-тиот роденден на малиот легендарен француски автомобил, но и 25 години од основањето на скопскиот клуб на пријатели на 2CV. Се дружевме во рамките на македонскиот импортер на францускиот бренд – Автонова – каде фановите имаа можност да ги изложат своите автомобили, но и да ги погледнат новите возила кои Citroën ги нуди, а потоа заминавме во Паркот на Франкофонијата каде скопјани имаа можност одблиску да ги погледнат возилата кои и покрај забот на времето сè уште се движат по нашите улици. За време на прославата, претседателот на клубот, Љупчо Унковски им се обрати на сите присутни и на сите учесници на изложбата и нагласи дека љубовта кон Спачекот ги соединува сите бидејќи ваквите автомобили покажуваат дека и старите автомобили имаат да понудат нешто интересно, магично и незаменливо. Среќен роденден 2CV, среќен роденден Клуб Спачек! Share117TweetShare117 Shares...
Новата Hyundai Kona пристигна во Македонија!
Car Club - пред 67 дена
Share58TweetShare58 SharesВо салонот Hyundai во рамките на Гранд Ауто пристигна новата Kona. Новиот кросовер на Hyundai веќе пристигна во Македонија! Новата Kona може да се добие со конвенционални мотори со внатрешно согорување, но и со моќен хибриден погон, а ќе биде понудена и целосно-електрична верзија. Kona добива храбар и наметлив нов дизајн, со комплексен и футуристички преден дел со светлосен елемент кој Hyundai го нарекува Seamless Horizon Lamp. Кабината на новата Kona влече дизајнерски насоки директно од електричниот Ioniq 5 и добива дигитални инструменти и нов инфозабавен систем. Уште кога за прв пат ни ја покажаа Kona, од Hyundai напоменува дека целта била во кабината да се ослободи што е можно повеќе простор, па затоа и менувачот е посавен на управувачкиот столб. Во кабината преовладува чувство на светлина и опуштеност – како што и прилега на еден современ и технолошки-напреден SUV. На нашиот пазар во моментов Kona може да се добие со 1-литарски T-GDI со 120 коњски сили или пак со 1.6-литарски T-GDI со 198 коњски сили, како и во хибридна изведба со 141 коњска сила. Основниот бензинец може да се добие само со погон на предните тркала и да се комбинира со 6-степен мануелен или 7-степен DCT автоматски менувач со двојна спојка. Помоќниот бензинец доаѓа само со автоматски менувач а може да се добие со погон на предните или на сите четири тркала. Хибридната Kona е со погон на предните тркала и 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Цените започнуваат од 29.900 Евра за Kona 1.0 T-GDI во Style ниво на опрема со 6-степен мануелен менувач. Share58TweetShare58 Shares...
Land Rover Defender Hard Top N1 на помош во Центарот за Управување со Кризи
Car Club - пред 67 дена
Share15TweetShare15 SharesЦентарот за Управување со Кризи доби нов, специјално подготвен Land Rover Defender Hard Top N1 од регионалниот увозник Ауто Валис Дистрибјушн и македонската компанија Аутомобили Гроуп! Позади отстапувањето на специјалниот Land Rover Defender Hard Top N1 е мотивацијата да се реализираат и имплементираат дејности од јавен интерес. Целта е да се помогнат теренските активности на ЦУК во случаи на справување со природни непогоди како што се пожарите и поплавите. Центарот за Управување со Кризи е институција надлежна за превенција, рано предупредување и справување со кризи меѓу кои и спасување на загрозени лица од непристапни терени и во тешки временски услови – предизвици за кои Defender е уникатно подготвен и ќе биде еден од најспособните сојузници на вработените во ЦУК. Вработените на ЦУК годишно имаат над 100 интервенции низ Републиката. За полесно да одговорат на сите предизвици тие ќе имаат на располагање Land Rover Defender Hard Top N1 – убедлива комбинација на теренски способности, практичност и товарен простор, импресивна носивост до 800 kg кај верзијата 110 и можност за влечење приколка до 3.500 kg со опција за прилагодување на внатрешноста. Без вториот или третиот ред седишта, Defender 110 Hard Top нуди товарен простор до 2.059 литри. Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов оваа соработка им значи многу – „Мило ни е е што компаниите Ауто Валис Дистрибјушн и Аутомобили Гроуп ја препознаа улогата која ја има ЦУК за навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на итна или кризна состојба и предложија ваков вид на соработка. Ова возило ќе овозможи да им се помогне на сите граѓани на кои им е потребна помош на непристапен терен и тешки околности, но и да се поддржат проектите за заштита на животната средина.“ – нагласи Стојанче Ангелов. Директорот на Ауто Валис Дистрибјушн за регионот на Адриа, Милош Стефановиќ, со задоволство истакна дека оваа соработка е дел од еден поширок регионален и долгорочен проект. Land Rover Defender е возило кое може да стигне до сите терени, па во рамките на проектот веќе е отстапен за помош и користење на служби и организации за спасување во регионот, а отсега и во Северна Македонија. Од Аутомобили Гроуп наведуваат дека како општествено одговорна компанија големо е задоволството да се поддржи ЦУК во нивната мисија – „Неспоредлив, несопирлив, Land Rover Defender Defender ја има способноста која е потребна да се биде помеѓу оние кои имаат храброст да пружат помош, онаму каде другите не се осмелуваат, или не можат да одат.“ – изјави Љупчо Георгиевски, бренд менаџер во Аутомобили Гроуп. Share15TweetShare15 Shares...
ПРЕМИЕРА: Škoda го претстави својот нов SUV знаменосец – новиот Kodiaq!
Car Club - пред 67 дена
Share37TweetShare37 SharesНовиот Kodiaq пристигнува со подобрена просторна понуда, нови и ефикасни погонски единици, еволутивен дизајн и многу практични Simply Clever детали. По долга кампања за најавување на новиот Kodiaq, Škoda конечно ни го претстави знаменосецот на својата SUV гама. Новиот Kodiaq е веднаш препознатлив како SUV на Škoda бидејќи пристапот кон дизајнот е еволуција наместо револуција, но сепак Kodiaq е темелно модернизиран од секој аспект. Еден од деталите кој навистина ни се допаѓа е хоризонталниот светлосен елемент кој поминува низ предната маска, но е „исечен“ со секој вертикален столб од решетката – интересно и несекојдневно решение, очигледно инспирирано од светлечката предна маска на електричниот Enyaq iV. Дополнително, во ниту една изведба на Kodiaq нема хромирани детали – хромот е толку демоде. На задниот дел вниманието оди кон задните светла кои се споени со транспарентен елемент, но не се едноделни како кај многу други производители. На купувачите ќе им бидат достапни тркала со димензии од 17 до 20 инчи, како и нови бои меѓу кои и интересната Bronx Bronze. Новиот Kodiaq е 61 милиметар подолг од досегашниот модел (за вкупно 4758 милиметри), но истовремено е 18 милиметри потесен без тоа негативно да влијае на просторот во кабината. Истовремено е и 17 милиметри понизок, што пак се одразува позитивно на аеродинамиката и ефикасноста. Во однос на погонските единици – Škoda ќе успее да ги задоволи сите вкусови преку широката гама на разни бензински, дизелски и плаг-ин хибридни погони. Основниот бензинец е 1.5-литарски TSI кој испорачува 150 коњски сили и доаѓа со систем за деактивација на цилиндри. Доколку сакате повеќе моќ, тука е 2-литарскиот TSI со 204 коњски сили и погон на сите четири тркала. Љубителите на незаменливиот 2-литарски TDI нема да бидат разочарани – популарниот турбодизел ќе биде достапен во конфигурација со 150 или 193 коњски сили. Без разлика на моторот кој ќе го одберете, Kodiaq ќе може да се добие само со DSG автоматски менувач со двојна спојка. За прв пат Kodiaq ќе може да се добие и со плаг-ин хибриден погон. Плаг-ин хибридниот Kodiaq комбинира 1.5-литарски TSI со 150 коњски сили и електромотор за вкупно 204 коњски сили. Силата се пренесува кон предните тркала преку 6-степен DSG менувач, а благодарение на батеријата со капацитет од 25.7 kWh, Škoda ветува автономија на струја од повеќе од 100 километри пред да биде потребно да се активира бензинскиот мотор. Секако – бидејќи сепак зборуваме за Kodiaq – кабината ќе биде просторна, комфорна и практична. Škoda веќе ни ја претстави кабината на Kodiaq и потври дека физичките контроли и понатаму ќе бидат дел од решението во ентериерот. Сепак, на централната конзола доминира огромниот 13-инчен дисплеј а под него се интересните Smart Dials. Како што и очекуваме од еден практичен семеен SUV – тука се и практичните додатоци. Купувачите ќе можат да добијат четири USB-C приклучоци, вграден USB-C приклучок во централниот ретровизор, Canton премиум аудио уред со 14 звучници, безжично полнење за мобилен телефон, панорамски кров, ергономски седишта и многу, многу, многу повеќе. Истовремено, кабината ветува навистина многу простор – како за возачот и совозачот и патниците на задната клупа, така и во багажникот. Верзијата со пет седишта ќе нуди багажен простор од скоро неверојатни 910 литри! Доколку користите седум седишта ќе имате на располагање 340 литри ако третиот ред е исправен, односно 845 литри ако треиот ред седишта е преклопен. Плаг-ин хибридниот Kodiaq има нијанса помал багажник поради батеријата, но и тој има багажник со капацитет од импресивни 745 литри! Škoda потврди дека Kodiaq ќе биде достапен и во нијанса поспортска Sportline верзија која ќе добие големи тркала, спортски детали на екстериерот, црни декоративни елементи околу целиот SUV како и спортски детали во кабината – спортски седишта, контрастни декоративни елементи и други интересни детали. Стартот на продажбата на новиот Kodiaq е најавен за почетокот на следната година. Share37TweetShare37 Shares...
Порше Македонија го организираше најголемото тест-возење на електрични возила
Car Club - пред 69 дена
Share9TweetShare9 SharesНасловено како Електрично Тест Возење на Volkswagen ID, викендов во рамките на Порше Македонија се одржа досега најголемиот тест-драјв ден на електрични возила во Македонија. Посетителите кои ги препознаваат квалитетите на електричните автомбили и вљубениците во автомобилизмот имаа можност неколку часа да се дружат со неколкуте различни електрични модели на ID-гамата на Volkswagen. Од Порше Македонија со задоволство информираат дека беа направени преку 100 тест возења на седумте возила кои се само дел од ID-гамата – ID.3, ID.4 и спортскиот ID.4 GTX. Настанот беше дел од интересната кампања стартувана од Volkswagen која прашува дали сакате да поминете 400 километри за само 300 денари, чија цел е да ги запознае купувачите со електричните возила и да им овозможи да поминат повеќе време со ID електричните автомобили на Volkswagen. На настанот беа презентирани најважните особни на електричните возила, како и преглед на трошоците за возење на струја наспроти возење на конвенционални фосилни горива. Aко го земеме сето тоа предвид, повторно се наметнува вистината дека возење електрично возило е неколкукратно поевтино во однос на возење возило со конвенционален мотор со внатрешно согорување. Истовремено, Volkswagen го искористи настанот да го презентира и новиот ID.7 кој започнува со пред-продажба и веќе може да се нарача во Pro спецификација со автономија до максимални 621 километар според WLTP. Напоменуваат дека ID.7 е удобен и високо-технолошки автомобил со многу опрема и врвни современи технологии. Повеќе за ID.7 можете да дознаете од нашата објава, но и на официјалната веб-страница. Share9TweetShare9 Shares...
ВОЗЕВМЕ: Прв контакт со европското портфолио на Chery
Car Club - пред 70 дена
Share263TweetShare263 SharesКинеските производители брзо учат и уште побрзо носат нови производи на пазарот – па какви впечатоци ни остави целосно-новата гама на Chery? Да се седне зад управувачот на возило на безмалку нов бренд секогаш е интересен предизвик. Да се седне зад управувачите на три различни модели во еден ден е сосем поинакво искуство и одличен начин да се дознае за стратегијата на еден бренд. Таква можност ни се случи минатата седмица кога на покана на Гранд Ауто (кои се застапници и импортери за возилата на Ford, Hyundai и MG за Македонија) отидовме во Белград да се запознаеме со кинескиот бренд Chery и неговата комплетна понуда. Chery е интересен и релативно „млад“ бренд – но бренд кој бележи неуморен и препознатлив раст. Компанијата е основана во не-толку-далечната 1997-ма година, првите автомобили ги произвела само две години подоцна во 1999, а веќе во 2001 започнува да извезува автомобили надвор од Кина. Квалитетот и потенцијалот на Chery брзо го препознаваат и европските брендови, па JLR во 2012 стартуваше соработка со кинескиот бренд за локално да произведува неколку модели на британскиот бренд. И всушност, токму тука стануваат јасни квалитетите на кинескиот бренд. Секако – како и секој бренд – Chery имал свои успешни и не толку успешни модели, но само минатата година на глобалниот пазар испратиле над 450.000 возила а најуспешен месец во историјата на компанијата е Мај годинава кога од фабриките на Chery кон глобалниот пазар се испратени безмалку 75.000 возила. Истовремено, Chery не е целосно непознат на нашиот пазар. Пред нешто повеќе од 10-тина години кинескиот бренд имаше обид за пенетрација на нашиот регион, но со незабележителен успех. Сега како застапник на Chery во регионот е компанијата Grand Motors, односно Гранд Ауто во Македонија – а тоа значи дека зад Chery застанува компанија со повеќедецениско искуство и огромни ресурси, што пак директно наговестува дека компанијата има огромна доверба во брендот и неговите продукти. А што ќе нуди Chery? На самиот старт портфолиото на Chery во Европа ќе го сочинуваат три модели – сите кросовери, сите опремени со врвни нови технологии. Понудата започнува со семејниот Tiggo 7 Pro, продолжува со големиот и луксузен Tiggo 8 Pro и конечно се заокружува со футуристичкиот Chery FX кој е наменет да ги привлече помладите купувачи. Tiggo 7 Pro цели кон семејните купувачи Ајде да започнеме со Chery Tiggo 7 Pro. „Помалиот“ од двата конвенционални кросовери на Chery привлекува со својот современ, ненеметлив дизајн каде многу внимание е посветено на пропорциите и на чистите површини. На предниот дел забележуваме голема предна маска на ладилникот како и широки хоризонтални светлосни елементи. Во комбинација со конвенционалната SUV форма и чистиот заден дел каде вниманието оди кон светлосните елементи кои трендовски се споени во една светлосна група, Tiggo 7 Pro изгледа современо и привлечно. Слично е и во кабината каде се истакнува вниманието посветено кон деталите – од изборот на материјали, преку дигиталните инструменти па сè до просторната понуда. Очигледно е дека Tiggo 7 Pro е замислен да биде „семејниот суперхерој“. Зошто? Затоа што покрај долгата листа на опрема и одличната просторна понуда, добиваме и многу практични додатоци и технологии – од одличниот мултимедијален уред, па сè до бежичниот полнач за мобилен телефон и целата гама на системи за активна безбедност и асистенција. Меѓуоскиното растојание е меѓу најдолгите во класата, а ниту багажниот простор со капацитет од 475 литри не е за потценување. На асфалт, Tiggo 7 Pro се однесува како што би очекувале од еден ваков SUV – а тоа значи дека е комфорен, тивок и прилично рафиниран. Управувањето не би го нарекле возбудливо, но не ни треба да биде – ова е сепак семеен SUV. Премиум амбиции – Tiggo 8 Pro Преминуваме во големиот Tiggo 8 Pro. Од Chery кажуваат дека од самиот старт, Tiggo 8 Pro е развиен да биде премиум производ со сите обврски кои ги носи тој атрибут. И веднаш, Tiggo 8 Pro гордо ја кажува својата позиција во хиерархијата на брендот. На предниот дел доминира огромната дијамантска маска која во комбинација со Matrix LED предните светла и страничните отвори за воздух му даваат на големиот SUV достоинствен, самоуверен лик. На профилот доминираат чистите површини и дискретно исфрлените крила, како и декоративната лајсна околу прозорците, но вистинската импозантност се препознава преку неговата големина – Tiggo 8 Pro е долг 4.8 метри и се носи рамо-до-рамо со многу од етаблираните европски, корејски и јапонски конкуренти. На задниот дел вниманието оди кон задните светла кои се привлечно дизајнирани, а севкупниот впечаток за Tiggo 8 Pro е дека ова е резервиран и достоинствен автомобил кој освојува со неговата рафинираност. Tiggo 8 Pro стандардно доаѓа со 7 седиша, а кабината лесно може „да се мери“ со директните конкуренти. Добивме седишта обвиени во кожа (предните со греење и вентилација), панорамски сончев кров, целосно-дигитализирана кабина и многу, многу други „играчки“. Дури би рекле дека со оглед на очекуваната цена – кабината на Tiggo 8 Pro е опулентна. На задната клупа има повеќе од доволно простор и најверојатно комфорно би се патувало и кон подалечни дестинации, додека третиот ред е резервиран исклучиво за деца. Претставниците на Chery повторно гордо истакнуваат дека многу внимание е посветено и на безбедноста – па тука се дури 12 системи за асистенција и безбедност. За време на краткото возење, Tiggo 8 Pro успеа да нè изненади со комфорот – иако возевме на патеката НАВАК каде асфалтот е идеален, сепак суспензијата успеа без приговор да ја контролира каросеријата на големиот SUV и да не дозволи преголемо навалување во свиоци. FX ги таргетира помладите купувачи со несекојдневен дизајн и хај-тек кабина Конечно, да зборуваме малку и за FX. Намерно го оставивме за последен затоа што можеби не е најголем ниту најлуксузен во гамата на Chery, но дефинитивно е најинтересен за гледање. Во димензии е сличен на Tiggo 7 Pro, но дизајнот е супер-футуристички. На предниот дел се протега широка маска на ладилникот над која се поставени тенките LED дневни светла. „Регуларните“ светлосни елементи се поставени вертикално во самите краеви на предниот браник. Силуетата е нагласено купеовска со опаѓачка кровна линија која го носи погледот кон задниот дел и острите задни светла. Тука забележуваме и нагласен заден спојлер како и релативно голем заден дифузер. Црвените детали во тркалата и страничните ретровизори кажуваат дека ова е малку поинаков модел. Во кабината продолжува истата драматична приказна. Ако Tiggo 7 Pro и Tiggo 8 Pro се поконвенционални, FX е храбар и технолошки-напреден. Во едноделниот панел поставен на централната конзола се поставени два 10.25-инчни екрани, под кој се поставени дигиталните кратенки до многу од функционалностите. Секако, тука се и комфорните спортски кожни седишта, двата полначи за мобилни телефони, амбиенталното осветлување… Сите модели го користат истиот турбо-бензинец Интересно, сите три автомобили ја делат истата погонска единица – а тоа е 1.6-литарски T-GDI турбо-бензински мотор кој испорачува 186 коњски сили при 5500 вртежи во минута и 274 Nm вртежен момент од 2000 до 4000 вртежи во минута. Кај сите три модели ја испорачува силата кон предените тркала преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка од Getrag. Моторот му овозможува на Tiggo 7 Pro да забрза до 100 километри на час за 8.3 секунди, додека Tiggo 8 Pro ја достигнува таа брзина за 9.1 секунда. Очекувано, најбрз е FX кој достигнува 100 километри на час за 7.8 секунди. Секако, тука е и неизбежното прашање околу цените. За жал, во моментов немаме конкретни податоци освен информацијата дека цените се во процес на оформување и дека се очекува да бидат компетитивни во однос на директните очекувани (и неочекувани) конкуренти. Chery навистина верува во своите автомобили, а веруваат и локалните застапници – за тоа говори и гаранцијата од 7 години или 150.000 километри која ќе биде дел од понудатa. Пробивањето на нов бренд на пазарот не воопшто лесна работа, но Chery има навистина силни арументи и нема да ги привлекува купувачите само со цени кои ќе бидат пониски од оние на конкуренцијата, туку и со современ дизајн, моќни погонски единици и многу, многу опрема. Кинеските производители пристигнаа! Share263TweetShare263 Shares...