Фудбалерот кој го испровоцира црвениот картон на Нуњез добивал закани по живот
Спортски - пред 3 часа
Дарвин Нуњез нема по добро да го памети мечот против Кристал Палас, откако доби црвен картон, а неговиот тим Ливерпул одигра 1-1. Нуњез заработи исклучување, откако беше испровоциран од Јоаким Андерсен, но дефанзивецот на Кристал Палас сега не може да спие мирно поради тоа.Засилувањето на Ливерпул доби црвен картон, откако го удри Андерсен со глава поради провокација, асега дефанзивецот објави на социјалните мрежи дека добива закани по неговиот живот. „Добив околу 300-400 пораки минатата ноќ. Разбирам дека го поддржувате вашиот тим, но не би било лошо да покажете почит кон другите, наместо да глумите опасни преку социјални мрежи“, напиша Андерсен. Коментари...
Би-Би-Си тврди: Јунајтед конечно му дал дозвола на Роналдо да замине
Спортски - пред 3 часа
Манчестер јунајтед има лош почеток на новата сезона, откако избраниците на тренерот Ерик Тен Хаг запишаа два порази во воведните две кола. Главна тема повторно е Кристијано Роналдо и неговата желба да замине, иако клубот претходно инсистираше дека Португалецот не е на продажба.„Би-Би-Си“ објави дека извори од клубот откриваат дека односот на Роналдо прави проблеми во соблекувалната и затоа раководството му дало дозвола да замине. „Во Јунајтед е уништена позитивната атмосфера, Роналдо прави проблеми и не комуницира со неговите соиграчи“, пишува медиумот.Тен Хаг претходно кажа дека Роналдо сакал да остане, но тоа не го потврдува неговиот агент Жорж Мендеш кој бара нов тим за фудбалерот. Коментари...
Еден од најголемите македонски голмански таленти е пред трансфер во Порто
Спортски - пред 4 часа
Васко Василев е еден од најголемите македонски голмански таленти и сега е пред трансфер во Академијата на португалскиот гигант Порто. Василев веќе три недели е во Португалија каде што тренира со Порто и според информациите кои пристигнуваат од медиумите во оваа земја ги собрал симпатиите на луѓето во клубот.Станува збор за голман кој е „дете на Вардар“ и секако тоа би бил огромен чекор напред во неговата кариера. Во случај Василев да потпише за славниот протугалски клбу ќе биде втор Македонец во Порто затоа што за ракометниот клуб веќе три години голот го чува Никола Митревски. Коментари...
Се појавил проблем во трансферот на Чурлинов во Барнли
Спортски - пред 4 часа
Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов има договорен трансфер од Штутгарт во Барнли и вечерва требаше да го комплетира трансферот. Најавите беа дека Чурлинов вечерва ќе ги помине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договор до 2026 година, но се појави бирократски проблеми. Германските медиуми објавија дека имало проблем со визата на Чурлинов.Поради тој „бирократски прблем“ Чурлинов во четврток ќе ги помине лекарските прегледи во Париз пред да го потпише договорот со Барнли. За услугите на Чурлинов Штутгарт ќе добие 3.5 милиони евра веднаш за трансферот и уште 1.5 милион евра во разни бонуси. Македонецот е голема желба на стратегот на Барнли, Винсент Компани. Коментари...
Струга 2022: Домаќинот покажа „заби“, Еурофарм Пелистер се мачеше за да победи
Спортски - пред 4 часа
Стартуваше ракометниот турнир во Струга, а на првиот натпревар домаќинот му зададе сериозни маки на фаворитот Еурофарм Пелистер во овој дуел. Струга беше поразена со 27:23 (13:12), битолскиот состав отпорот го скрши во последните десетина минути од натпреварот. Домашниот тим покажа квалитет. Натпреварот место на отвореното игралиште поради најавите за дожд се одигра во салата „Нико Нестор“.До 47. минута од мечот Струга имаше активен резултат, на моменти и водеше, но тогаш фаворитот направи разлика од три гола предност и поведе со 22:19. Тука практично и беше решен победникот. Во 53 минута видовме и по некој црвен картон. После една мешаница пред голот на Еурофарм Пелистер црвен картон доби Кукоски, а двете клупи по две минути исклучување.Еурофарм Пелистер во следното коло ќе се сретне со Татран, додека Струга ќе игра против АЕК. Коментари...
Играч на Бока претепал соиграч на полувремето, интервенирала и полицијата
Спортски - пред 5 часа
Аргентинецот Дарио Бенедето направи скандал во својот клуб Бока Јуниорс со тоа што го претепал соиграчот Карлос Замбрано на полувремето од мечот со Расинг. Мечот заврши без голови, а на полувремето тој го претапл соиграчот. Двјацата прво влегле во расправија, а потоа Бенедето го удри Замбрано со тупаница.Брзо реагирале и соиграчите, интервенирала и полицијата. Откако ситуацијата се смирала двајцата излегле во второто полувреме да го доиграат натпреварот. Бенедето бил заменет во 67. минута, а од таму заминал на сослушување во полиција. Коментари...
Некогаш вредеше 100 милиони евра, сега оди на позајмица во Бешикташ
Спортски - пред 5 часа
Aнглискиот фудбалер Деле Али некогаш важеше за еден од најголемите таленти на Островот и Тотенхем за него бараше сума од 100 милиони евра. Деле Али во тие најдобри денови не го напушти Тотенхем и остана во Лондон. Потоа следуваше вртолгав пад во кариерата. По доаѓањето на Жозе Мурињо во Тотенхем се загуби, беше отпишан и подоцна кај Конте, одигра на позајмица во Евертон кој не сакаше да го откупи.Сега според најавите ќе оди на нова позајмица во тимот на Бешкиташ. Информациите се дека од трансферот двете страни ги делат само детали. Бешикташ ќе има можност и да го откупи на крајот од сезоната. Ќе потсетиме со Бешикташ денес професионален договор до 2027 година потпиша 18-годишниот македонски талент Бесар Гуџуфи. Коментари...
Дејвид Мојс во Вест Хем добива засилување од ПСЖ
Спортски - пред 6 часа
Eкипата на Вест Хем го договорила трансферот на Тил Керер од ПСЖ. Поразот од Нотингем Форест беше причина Вест Хем да побара засилувања. Дејвид Мојс од управата побара стопер и бек, па интерес имаше за неколку фудбалери.Претходно се споменуваше Емерсон Палмери од Челзи, но сепак сега „сините“ се насочија во друг правец. На вчерашниот состанок, Керер и Вест Хем брзо ги договориле личните услови и сега останува уште да се усогласат деталите со ПСЖ. Кристоф Галтие нема ништо против Керер да се пресели во Лондон затоа што не смета него. Од друга страна Мојс ќе добие одлично засилување и играч кој може да ги покрива стоперските и бековските позиции.Очекувањата се трансферот да изнесува околу 19 милиони евра, а Керер ќе потпише договор на пет години. Коментари...
Не стивнува бурата околу Тетекс: Со ваква управа не чека Трета лига или „клуч на врата“!
Спортски - пред 6 часа
Не стивнува бурата околу еден од најголемите македонски фудбалски брендови, ФК Тетекс. Навивачите на поранешниот освојувач на Купот на Македонија се бесни на хаосот што се случува откако имаше промени во управата по завршувањето на ланската сезона.Минатата сезона Тетекс го водеа Славчо Герогиевск ии Дејан Цветковски и тимот имаше добар настап во Втората лига – Запад. Сепак, во новата со променето раководство на клупата седеше Бојан Захариев. Со него Тетекс одработи катастрофални подготовки и на стартот од оваа сезона се едни од кандидатите за испаѓање.„Поминаа два месеци од кога официјално со фудбалскиот клуб Тетекс раководат лица кој се нарекуваат ,,реформатори”, а немаат ни Р од истото, туку тука се од личен интерес мислејќи ќе тече мед и млеко во Тетекс. Бидејќи управата и претседателот спијат и не ја информираат македонската јавност односно своите верни фанови и симпатизери дека по нивна иницијатива го поставија за шеф на стручен штаб ,,сомнителниот” Бојан Захариев, а првично во одборот преставија спонзор од Турција кој има агенција за фудбалери, за сега да се воспостави дека тоа било само мачкање очи.Сега истите немаат ниту пари ниту за плати, дел од фудбалерите одбиваат да тренираат, а некој веќе си најдоја и нов клуб. Мора да потсетиме дека пред стартот профилот Тетекс Тетово на фејсбук кој се нарекува единствен медиум на клубот најавуваше целокупно реновирање на соблекувалните и нови проекти во блиска иднина. Освен PVC прозор од донација, клинче не зачукаја!За жал со оваа неспособна управа и вештачкиот претседател Тетекс го очекува најлошото сценаријо – трета лига или клуч!ps: Донесете пари како што сте ветиле, ако немате, подигнете Кредит!!! Немојте да си играте со светото име – ТЕТЕКС!!Инаку неславно ќе завршите !!!ТИКА-ТАКА“, објавија навивачите на Тетекс. Коментари...
Лекција од Ван Дајк за Нуњез
Спортски - пред 6 часа
Новиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез немаше добро деби на „Енфилд“ бидејќи заработи црвен картон против Кристал Палас (1-1). Нуњез одговори агресивно на провокациите на Андерсен и го удри со глава в лице, по што доби директен црвен картон и тоа му направи проблем на тренерот Јирген Клоп.Ливерпул по воведните две кола сè уште не знае за победа, а дефанзивецот Вирџил Ван Дајк му испрати порака на Нуњез. „Во иднина ќе мора повеќе да се контролира. Вакви грешки не смеат да се повторат. Треба да знае дека вакви работи и провокации се случуваат често. Сега ќе добие поддршка од нас, но во иднина мора да реагира мирно“, кажа Ван Дајк. Коментари...
Оскар и се фотографираше во дресот на новиот клуб, но ќе мора да се врати во Кина
Спортски - пред 7 часа
Бразилецот Оскар сакаше да ја напушти Кина каде што замина поради богатата понуда, но тоа нема да се случи тој ќе мора да остане уште една година во оваа земја. Големо изненадување беше кога на 25 години Оскар од Челзи се реши да ја напушти Европа и да продолжи во Кина. Сепак, понудата од 20 милиони евра по сезона не можеше да ја доби. Оскар совевремено беше еден од најдобрите офанзивци во светот и во Челзи играше одлично.Од потписот на договорот до денес од Шангај заработи 100 милиони евра. Кога одлично заработи сакаше да ја напушти Кина и да се врати во Бразил. Преговараше со Фламенго и договорот беше постигнат, дури и се фотографираше во дресот на овој клуб, но Кинезите му го стопираа трансферот.„Го ценам интересот од Фламенго, но во овој момент трансферот не е можен. Му посакувам на клубот и пријателите кои ги имам таму многу среќа. Ви благодарам“.Шангај Порт од некоја причина не сакал да ги потпише финалните документи за трансфер и Оскар ќе треба уште една година да помине во Кина. Fala galera! Queria agradecer a todos pelo carinho e mensagens recebidas nesse último mês, principalmente de todos os torcedores do Flamengo.— Oscar (@oscar8) August 16, 2022 Коментари...
Официјално: Македонскиот талент Гуџуфи потпиша професионален договор со Бешикташ
Спортски - пред 7 часа
Maкедонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од оваа сезона и официјално ќе има право да игра за турскиот гигант Бешикташ во турското првенство и еврокуповите. Гуџуфи поради правилата затоа што уште немаше наполнето 18 години не можеше да потпише професионален договор со екипата, слично како што и Елмас беше со Фенербахче, така и Гуџуфи одреден период играше за У-19 тимот на Бешикташ.Бешикташ вака покажа дека сериозно смета на македонскиот фудбалски талент и следната сезона ќе биде со првиот тим. Професионалниот договор кој го потпиша со турскиот гигант има важност до 2027 година. Турската Суперлига сезонава ќе биде посебно интересна за македонската јавноста со оглед на тоа дека претходно трансфери таму направија, Езгјан Алиоски (Фенербахче) и Енис Барди (Трабзонспор). Коментари...
Играч на Верона нокаутираше соиграч додека го славеше голот 🎥
Спортски - пред 8 часа
Играчот на Верона, Томас Анри несекајќи направи глупост. Во вчерашниот натпревар против Наполи тој постигна гол, а при прославата го повреди својот соиграчи. Ненамерно во еуфоричната прослава тој го удри во лицето и му го скрши забот. Докторскиот тим веднаш реагираше и мораше да ја санира повредата.pic.twitter.com/w69E8IqatT— Rando sport clips (@RandoClips) August 15, 2022 Коментари...
Ако не може Де Јонг, Јунајтед ќе се обиде со Касемиро?
Спортски - пред 8 часа
Maнчестер Јунајтед не може да пронајде адекватно засилување во финишот од преодниот рок, а сега ќе се обиде да го убеди Касемиро. Френки Де Јонг неколку пати одби да премине во Јунајтед, Адриен Рабио е по реална опција и тој е навистина блиску до потпис, но не е доволен. Ерик Тен Хаг сака да го засили средниот ред, а „Марка“ пренесува дека Јунајтед е заинтересиран за Касемиро.Бразилецот е незаменлив во Реал од 2015 година кога го презема местото на Чаби Алонсо. Во Јунајтед се надеваат дека 100 милиони платениот Чуамени ќе се прикаже во добро светло, па Реал ќе му дозвол ида ја промени средината. Конкуренцијата во средниот ред во Рал Мадрид е исклучително силна, тука се уште Камвинга, Валверде, Крос и Модриќ.Тешко е да се верува дека Реал Мадрид ќе се откаже од Касемиро, но да го почекаме одговорот. Коментари...
Постигнат договор: Севиља добива засилување од Баерн
Спортски - пред 8 часа
Летниот преоден рок влегува во завршницата и сигурно дека ќе не очекуваат возбудувања до самиот крај. На фудбалскиот трансфер пазар и денес е интересно, а во големиот број шпекулации се појави информација дека Севиља договорила засилување од Баерн Минхен. Шпанскиот клуб постигнал договор со гигантот од Минхен за трансфер на младиот дефанзивец Тангу Нианзоу кој својата кариера ќе ја продолжи во Севиља.Фабрицио Романо објави дека трансферот е веќе договорен и дека сега се чека само официјална потврда од клубовите. Лекарските прегледи се закажани и веќе во наредните денови Нианзоу официјално ќе биде претставен во Севиља. Овој 20-годишен дефанзивец со Севиља ќе потпише договор до летото 2027 година, а од оваа продажба Баерн ќе заработи околу 20 милиони евра.Tanguy Nianzou to Sevilla, done deal confirmed and here we go! Bayern will receive €20m fee and buy-back clause will also be included. Medical already booked 🚨⚪️🔴 #SevillaContract will be valid until 2027. Exclusive news confirmed.Kehrer to West Ham, Nianzou to Sevilla. pic.twitter.com/PZvXxxPt6h— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 16, 2022 Коментари...
ФИФА ја суспендираше 104. репрезентација во светот
Спортски - пред 8 часа
Втората најбројна држава во светот се соочи со голем спортски срам. Имено, Индија не успеа да избере нови управни тела за фудбалскиот сојуз па ФИФА ја суспендираше земјата и го одзема домаќинството на Светското првенство за играчи до 17 години.Во образложението на одлуката се наведува дека оваа одлука на ФИФА е донесена поради „преголемото влијание на трети личности“ во работата на сојузот. Досегашниот претседател на синдикатот Прафул Пател после 12 години заврши со водењето на ова институација. Новиот не можеше да биде избран поради административни потешкотии. „Ова е сериозно кршење на статусот на ФИФА. Суспензијата ќе биде укината кога наредбата за основање на Администратоскиот одбор и АИФФ администрацијата повторно ќе ја преземе целосната контрола над секојдневните активности на работата на АИФФ“, објави ФИФА. Коментари...
Левандовски избра четири омилени играчи, голманската позиција е големо изненадување
Спортски - пред 8 часа
Роберт Левандовски го напушти Баерн после осум години и премина во Барселона. Минатиот викенд тој дебитираше во ремито против Рајо Ваљекано 0:0. Сега Барселона објави видео во кое полскиот напаѓач ги избира најомилените играчи според позициите.Најизненадувачка е голманската позиција каде што Левандовски го избра Французинот Фабијан Бартез. Левандовски објасни дека како дете многу ја следел репрезентацијата на Франција и му се допаѓал неговиот стил. За дефанзивец го избра Пујол, во средината неговиот поранешен соиграч од Баерн, Бастијан Швајнштајгер и во нападот легендарниот Тиери Анри. Коментари...
Ди Марија е повреден, Јувентус потврди колку ќе паузира
Спортски - пред 9 часа
Јувентус во вчерашниот прв натпревар во Серија А на свој терен го победи Сасуоло со 3:0. „Старата дама“ на одличен начин ја отвори новата сезона, а блесна Анхел Ди Марија кој ова лето пристигна од ПСЖ во Торино како слободен играч. Ди Марија на теренот беше од првата минута и во 26. минута постигна гол за 1:0.Освен тоа Аргентинецот запиша и асистенција во второто полувреме кога Влаховиќ ги постави конечните 3:0. Меѓутоа во 66. минута Ди Марија побара измена затоа што се пожали на повреда. Утрово во просториите на Јувентус на Ди Марија му беа направени детални прегледи. Навивачите стравуваа дека се работи за посериозна повреда, меѓутоа Аргентинецот ќе паузира само десетина дена, потврдија од клубот. Коментари...
Еве зошто Нуњез ги загуби нервите – вака Андерсен го провоцираше цел натпревар 🎥
Спортски - пред 9 часа
Новото засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњез заработи црвен картон во вчерашниот натпревар против Кристал Палас и така ги остави своите соиграчи на цедило. После натпреварот стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Нуњез цел натпревар бил провоциран од Адерсен, но сепак додаде дека тоа не е оправдување и дека вакво однесување на Уругваецот не треба да се му се повтори.Денес на социјалните мрежи беше објавено и видео на кое може да се види како Андерсен констатно во текот на целиот меч го провоцира Нуњез. Anderson provoking Nunez throughout the gamePerhaps got an info Nunez is Suarez’s countryman and got temper issues….LOL pic.twitter.com/UEhko6JQvZ— Frank Darkwah (@Blaqqkoffi) August 16, 2022 Коментари...
Сити го објави трансферот на новиот лев бек
Спортски - пред 9 часа
Манчестер Сити и официјално го потврди трансферот на левиот бек Серхио Гомез, кој доаѓа од Андерлехт за 11 милиони фунти. 21-годишниот Шпанец потпиша четиригодишен договор и стана петтото ново засилување на „граѓаните“ ова лето, по Ерлинг Халанд, Калвин Филипс, Стефан Ортега и Хулијан Алварез.Минатата сезона, Гомез, кој потекнува од академијата на Барселона, забележа 49 настапи во сите натпреварувања за белгискиот тим и го привлече вниманието на Гвардиола. „Исклучително сум горд и среќен што доаѓам во Манчестер Сити. Ова е најдобриот тим во Англија и имам шанса да учам и да се развивам под водство на најдобриот менаџер на целиот свет, Пеп Гвардиола. Да бидам дел од овој клуб е остварување на сонот за мене“, изјави Гомез.We are delighted to announce the signing of @sergiogm_10 on a four-year deal ✍️Read more ⤵️— Manchester City (@ManCity) August 16, 2022 Коментари...
Невил: Јунајтед се претвори во гробница за фудбалери
Спортски - пред 9 часа
Манчестер Јунајтед потроши повеќе од една милијарда евра на трансфери во последните 9 години, но клубот не направи никаков значителен напредок во тој период. Легендата на клубот, Гери Невил е крајно разочаран од она што се случува во Манчестер Јунајтед и упати жестоки критики кон луѓето кои го водат клубот.„Манчестер Јунајтед стана гробница за фудбалери. Тимот ризикува да ја заврши оваа сезона во втората половина на табелата доколку не ги реши главните проблеми“, смета Невил. „Регрутирањето на играчи е ужасно од семејството Глејзер и тоа е еден од најголемите проблеми на Манчестер во изминатите 10 години. Менуваа менаџери и дозволуваа менаџерите да имаат влијание во регрутирањето и тоа се покажа како голем проблем. Гледаме во последните 10 години дека биле потрошени 1,25 милијарди фунти на големи засилувања. Само две засилување имале добри перформанси и се покажале како добри. Тоа се Бруно Фернандеш и Златан Ибрахимовиќ“, заклучи Невил. Коментари...
РФМ ќе ги награди кадетите за златото во Летонија
Спортски - пред 10 часа
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на денешната средба со кадетите кои на ЕХФ шампионат во Летонија го освоија златниот медал им вети парична награда од 700.000 денари. Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.Мукаетов им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб, и на сите што дадоа придонес за овој резултат. Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор. Фото: РФМ Коментари...
Барселона бара наследник на Бускетс
Спортски - пред 10 часа
Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми. Бускетс е на залез на кариера и не е повеќе незаменлив, па Чави сака да донесе долгорочна замена на таа позиција.Најголема желба е Рубен Невеш кој сигурно ќе го напушти Вулверхемптон ова лето, а неговата цена е 30 милиони евра. „Волците“ откако го доведоа Матеус Нунес на таа позиција спремни се да го пуштат Невеш во Барселона.Каталонскиот клуб веќе има договор со неговиот агент, но сака дополнително да ја намали цената преку преговори. Коментари...
Арсенал почна преговори со ѕвездата на Лестер
Спортски - пред 11 часа
Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал е во напредни преговори со Лестер за трансфер на Јури Тилеманс. Приоритет на Арсенал до крајот на преодниот рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Артета е токму Тилеманс.25-годишниот Белгиец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, но и тој самиот изразл желба да ја промени средината. Арсенал веќе започнал преговори со Лестер, но тоа нема да биде воопшто лесно, бидејќи „лисиците“ за Тилеманс бараат 40 милиони фунти за неговата слобода. Коментари...
Паредес и Депај пред трансфер во Јувентус
Спортски - пред 11 часа
Јувентус синоќа на одличен начин со победа против Сасуоло ја отвори сезоната, а до крајот на преодниот рок сака да доведе уште две ѕвезди. Италијанските медиуми пренесуваат дека до крајот на неделата Јувентус треба да ги комплетира трансферите на Депај и Паредес.Депај има комплетен договор со Јувентус и се чека само да го раскине договорот со Барселона, па како слободен играч да потпише за „старата дама“. Преговорите околку трансферот на Паредес со ПСЖ се во завршна фаза и се очекува до крајот на неделата да биде комплетиран и тој трансфер. Коментари...
Асенсио разочаран, го напушта Реал Мадрид
Спортски - пред 11 часа
Шпанските медиуми пренесуваат дека е нарушен односот помеѓу Асенсио и Реал Мадрид и фудбалерот најверојатно ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок. Проблемот наводно е што на Реал Мадрид не му се допаднал потегот на Асенсио да го ангажира Жорге Мендеш.Асенсио не одигра ниту една минута против Алмерија и против Ајнтрахт Франкфурт, а Реал сака да го продаде бидејќи влегува во последната година од договорот. Тој сака да оди на Светско првенство, само што ја врати довербата на Луис Енрике, а ваквиот третман во Реал Мадрид само му го отежнува репрезентативниот статус.Милан и Ливерпул беа заинтересирани, но веќе се свртеа кон други цели, а Мендеш сака Асенсио да остане уште една година и следното лето да замине како слободен агент. Коментари...
Видете што му претходеше на црвениот картон на Нуњез 🎥
Спортски - пред 12 часа
Скапото засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњез имаше ноќ за заборав против Кристал Палас. Тој промаши неколку добри шанси, а потоа во 57-та минута доби директен црвен картон и го остави тимот на „цедило“.Испровоцираниот Нуњез намерно со глава го удри противникот Андерсен којшто го оттурна со грбот. Сега се појави видео на кое се гледа како почна целата расправија помеѓу двајцата фудбалери и што доведе до таква реакција на Нуњез.Highlight Darwin Nunez vs Joachim Andersen.Source: ESPN/PremierLeague pic.twitter.com/yrCOGVJr2y— Berita Sepakbola Dunia (@gilabola_ina) August 16, 2022 Коментари...
На Тен Хаг му е преку глава, не го сака Роналдо во тимот
Спортски - пред 13 часа
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег му е преку глава од однесувањето на Кристиано Роналдо, кој не прави ништо за да се извлече од тешката ситуација во која се наоѓа тимот, пишува „Атлетик“. Роналдо прво ги пропушти предсезонските подготовки на „црвените ѓаволи“ поради „лични причини“. Тој потоа се појави во базата со својот агент и побара трансфер.Тен Хаг во меѓувреме постојано правеше напори да го убеди Португалецот да остане и се надеваше дека ќе може да смета на него како лидер кој ќе го води тимот во вистинската насока. Сепак, тоа не се одразува баш најдобро на ситуацијата во соблекувалната. Се вели дека често седи сам за време на ручекот и подалеку од соиграчите. Покрај тоа, тој постојано се жали на тренинзите и се расправа со тренерот поради високиот пресинг што сака да го наметне.Сето ова предизвика Тен Хаг нагло да го смени ставот за Роналдо и повеќе не го сака во својот тим. Директорите исто така се подготвени да го пуштат да си оди, но прво сакаат да се уверат дека можат да најдат замена за него. Коментари...
Вулверхемптон купи Португалец од 50 милиони
Спортски - пред 13 часа
Вулверхемптон ќе ја зголеми португалската колонија бидејќи е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Матеус Нунес. Нунес беше мета на многу европски гиганти, но „волците“ ја победија конкуренцијата и за неговиот потпис ќе платат 50 милиони евра.Менаџерот на Вулверхемптон Бруно Лаж, кој добро ги знае квалитетите на овој фудбалер уште од времето кога работеше во Бенфика. Станува збор за талентиран плејмејкер, кој е роден во Бразил, но веќе има девет настапи за португалската репрезентација. Коментари...
Манчестер Јунајтед го купува напаѓачот на Атлетико за 50 милиони
Спортски - пред 13 часа
Манчестер Јунајтед е на добар пат да го комплетира трансферот на бразилскиот напаѓач, Маркус Куња за 50 милиони евра, пренесуваат медиумите на Островот. Минатото лето „јорганџиите“ за Куња на Херта и платија 26.000.000 евра, а Бразилецот не се вклопи најдобро во тимот на Симеоне.„Црвените ѓаволи“ се во потрага по напаѓач, па се спремни да платат 50 милиони евра за Бразилецот и веќе постигнале договор со Атлетико. Овој 23-годишен напаѓач пристигна во Европа на само 18 години, во швајцарски Сион, а по само една сезона замина во РБ Лајпциг за 15.000.000 евра. Две години подоцна Херта за него издвои 18.000.000 евра.Тен Хаг верува дека Куња идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра и ќе ги реши проблемите во нападот. Коментари...
Совет до Челзи: Купете го Роналдо, тој е она што ви недостасува
Спортски - пред 14 часа
Ова лето Челзи го напуштија Лукаку и Вернер, па клубот во финишот е во потрага по засилување во нападот. Местото во нападот на Челзи го пополнува Каи Хаверц, но може да се забележи дека недостасува класична деветка. Легендарниот Пол Мерсон смета дека Кристијано Роналдо би можел да ги реши проблемите во офанзивата на „сините“.„Челзи беше фантастичен против Тотенхем минатата недела, доминираа од почеток до крајот., Но тоа што немаа класичен голгетер или центарфор ги чинеше три бода. Покрај нивната доминација, Лорис имаше само една одбрана, тоа е доволно да го знаете за нивниот напад“. „Чудно ми е зошто не тргнуваат по Роналдо, токму тој е она што им недостасува. Играта на Челзи во овој момент многу му одговара на Роналдо и ќе ги реши сите проблеми во нападот. Тухел располага со одлични крилни бекови кои доминираат и можам само да замислам колку гола би постигнал Роналдо по нивните нафрлувања“, изјави Мерсон. Коментари...
Клоп: Не знам што се случуваше оваа недела, како некоја вештерка да ни дојде
Спортски - пред 14 часа
Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се пожали дека неговиот тим се соочил со проблеми пред натпреварот против Кристал Палас. Во почетниот состав на Ливерпул имаше дури четири промени, место добија Нејт Филипс, Харви Елиот, Џејмс Милнер и Дарвин Нуњез. Отпаднаа: Џоел Матип, Џордан Хендерсон, Тиаго Алкантара и Роберто Фирмино.Засилувањето Нуњез нема да биде во комбинација за следниот натпревар во кој Ливерпул ќе игра против Манчестер Јунајтед затоа што вчера заработи црвен картон. „Ова беше луда недела. Сме се соочувале со проблеми во минатото, но ова беше како некоја вештерка да ни дојде на гости. Секој ден некој се повлекуваше поради повреда, не знам што се случуваше“, се пожали германскиот стратег. Коментари...
Eлмас: Многу играчи си заминаа, но очекувам одлична сезона
Спортски - пред 14 часа
Наполи одлично ја започна новата сезона во Серија А со победа од 5:2 во Серија А. Летово Наполи го напуштија важни играчи како Инсиње, Мертенс, Кулибали…Во ПСЖ може да замине и Фабијан Руиз.Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас против Верона минутажа доби во второто полувреме. „Нормално да има промени, многу играчи кои беа долго тука си заминаа. Но тука се новите засилувања кои ќе помогнат да имаме добра сезона. Минатата беше одлична се надевам дека и оваа ќе биде таква“, изјави Елмас по натпреварот. Коментари...
Тикет на денот (вторник, 16.08.2022)
Спортски - пред 15 часа
Во наредните три дена, љубителите на фудбалот ќе може да уживаат во квалификациите за европските купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес. Ренџерс – ПСВ – ГГ3+ @ 2.21 во MozzartРенџерс да имаше малку среќа во финалето на Лига Европа и да успееше на пенали да слави против Ајнтрахт, сега би биле директни учесници во ЛШ. Вака ќе мораат преку квалификациите до елитата, а тој пат повеќе е од тежок. Се вклучија во минатото коло и успеаа да надоместат два гола негатива. ПСВ од друга страна ги помина сите „кругови на пеколот“ во двомечот со Монако. Ако важеше гол во гости, досега тимот од Ајндховен ќе беше елиминиран од квалификациите. Како и да е, на овој натпревар очекуваме ефикасен дуел и типуваме ГГ3+ со квота 2.21 во Mozzart.Копенхаген – Трабзон – Х2&2+ @ 2.38 во Bet365Прваците на Данска и Турска немаат директен пласман во ЛШ и тоа покажува дека овие шампионати доста паднаа на УЕФА листата. Причина е слабите резултати на данските и турските клубови во последно време. Се уште имаат два претставиници во квалификациите и веруваме дека нема лесно да се предадат. Трабзон ја започна добро сезоната во Турција каде што се изиграни две кола, а на тие натпревари Трабзон запиша победа. Копенхаген изгуби три натпревари, додека во 32 натпревари во минатата сезона запиша само 4 порази. Овде веруваме дека Трабзон ќе останат непоразени и типуваме Х2&2+ со квота 2.38 во Bet365. ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.26Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk Коментари...
Вакво нешто во Серија А не се случило 50 години
Спортски - пред 15 часа
Во викендот кој е зад нас стартуваше италијанската Серија А и веднаш беше забележана една интересна ситуација. Имено, од десетте натпревари кои се одиграа ниту еден натпревар не заврши нерешено, исто така немаше натпревар без голови. Вакво нешто не е се случило од сезоната 1971/1972 или цели 50 години. Тогаш последен пат во првото коло на Серија А немало нерешен резултат.Низ историјата само три пати се случило да нема реми во првото коло. Покрај споменатата 1971/1972 така беше во сезоните 1933/1934 и 1934/1935. Ова коло во Италија донесе 34 гола или 3.4 во просек по меч.0 – For the fourth time in the Serie A history, the first matchday of a season has ended without even a draw; previously in 1933/34, in 1934/35 and in 1971/72. Unbalanced. pic.twitter.com/ZtiraBGKnO— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) August 15, 2022 Коментари...
Мурињо носи засилување од Олд Трафорд
Спортски - пред 1 ден
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Ерик Баи порабал трансфер од раководството во летниот преоден рок. 28-годишниот фудбалер не е прв избор кај Тен Хаг и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.За него најсилен интерес покажуваат италијанските клубови Милан и Рома, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Јунајтед е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара 15 милиони евра, бидејќи дефанзивецот има договор со „црвените ѓаволи“ до 2024 година.Мурињо одлично го познава и веќе имал разговор, па го убедил да се пресели во Рома, но останува двата клуба да најдат заеднички јазик. Коментари...
Неколку ѕвезди на Јунајтед бараат засилувања од раководството
Спортски - пред 1 ден
Манчестер Јунајтед на катастрофален начин ја започна сезоната во Премиер лигата, па очигледно дека на тимот му се потребни засилувања. Раководството нема голем успех ова лето кога се трансферите во прашање и не успеа да доведе некои фудбалери кои силно ги посакуваше.Тоа, како и случајот со Роналдо се одрази на атмосферата во тимот, па лошоте резултати ја прелеаа чашата. По убедливиот пораз од Брентфорд, Кристиано Роналдо, Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд отишле директно кај раководството на клубот и побарале да донесат нови засилувања.🚨 Senior Manchester United players including Cristiano Ronaldo, Bruno Fernandes and Marcus Rashford have gone DIRECTLY to the board requesting they bring in new players.(Source: @AnilKandola)— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 15, 2022 Коментари...
Клоп за Барселона: Ако немаш пари, тогаш не трошиш
Спортски - пред 1 ден
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не ја разбира трансфер политиката на Барселона. Каталонскиот клуб е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, иако има огромни финансиски проблеми.Барселона ги доведе Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси и Андреас Кристенсен продавајќи дел од ТВ-правата и придружните компании на клубот за да може да бидат регистрирани. „Прво, јас не сум финансиски експерт. Но, од друга страна, ако ми кажете дека немам пари, тогаш нема да трошам повеќе. Во минатото и мојата кредитна картичка беше исечена двапати, за среќа, пред повеќе години. Ја следам ситуацијата како фудбалски навивач и не ги сфаќам. Последните неколку децении во кои гледам фудбал тој клуб бил фантастичен и се надевам дека ќе им успее ова што го прават“, вели Клоп. Коментари...
Наполи и Елмас со „петарда“ против Верона🎥
Спортски - пред 1 ден
Наполи ја запиша најубедливата победа ова коло во Серија А и со 5:2 славеше на гостувањето кај Верона. Мечот не почна добро за наполитанците и Верона прва дојде до водство со голот на Лазања, но до крајот на полувремето Кварацхелија и Осимен направија целосен пресврт.По само три минути игра во вториот дел Анри израмни на 2:2, но потоа следуваа три гола на Наполи преку Лоботка, Зиелински и Политано. Нашиот репрезентативец Елмас мечот го почна од клупата и ги одигра последните 25 минути. Коментари...
Белоти нема уште долго да ја чека Рома
Спортски - пред 1 ден
Италијанскиот напаѓач, Андреа Белоти, кој после 7 години го напушти Торино, се уште е без клуб. Белоти е слободен агент и е најблиску до трансфер во Рома, но интерес за него покажуваат уште Галатасарај, Монако и Ница.Белоти веќе имал разговор со Жозе Мурињо и тој преферира преселба во Рома. Меѓутоа, напаѓачот го губи трпението и не сака уште долго да виде без клуб. Тој сака да остане во Италија и и дал рок на Рома до крајот на неделата да го комплетира трансферот.Во спротивно Белоти ќе прифати некоја од другите понуди кои пристигнаа на негова адреса.Andrea Belotti's future to be determined this week https://t.co/bT7aW9QfvA— RomaPress (@ASRomaPress) August 15, 2022 Коментари...
Само детали го делат Депај од Јувентус
Спортски - пред 1 ден
Италијанските медиуми пренесуваат дека само детали го делат Мемфис Депај од трансфер во Јувентус. Проблем беше што Јувентус го сака Холанѓанецот само на позајмица, додека Барселона сака да го продаде и да заработи на неговото заминување.Со оглед на фактот дека Депај има само уште една година договор, сепак Барселона се согласи да го раскине договорот и да го пушти без обештетување. Јувентус веќе има договор со неговиот агент и се очекува да го комплетира трансферот во наредните денови.Депај во Јувентус ќе заработува 5 милиони евра плус 2 милиони како бонуси и ќе потпише 3-годишен договор.Memphis #Depay to #Juventus from #Barça is at the final stage. Ready a salary of €5M/year + 2M as bonuses. #transfers #FCB https://t.co/w5UOdnZbJy— Nicolò Schira (@NicoSchira) August 15, 2022 Коментари...
Икарди е се пореална опција за Манчестер Јунајтед
Спортски - пред 1 ден
Аргентинскиот напаѓач на ПСЖ, Мауро Икарди може кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Тен Хаг продолжува со напорите да донесе нов напаѓач на „Олд Трафорд“ ова лето, а „црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со агентот на Икарди.Новиот тренер на ПСЖ, Галтие јасно му порача на Икарди дека не влегува во неговите планови и слободно може да си бара нов клуб. Сопругата на Икарди, која е негов менаџер, започнала преговори со Манчестер Јунајтед, а наводно и Икарди е спремен да се пресели во Премиер лигата.Аргентинецот е на маргините во ПСЖ и потребен му е нов предизвик во кариерата. Коментари...
Пулишиќ прави изненадувачки трансфер
Спортски - пред 1 ден
Њукасл е силно заинтересирани за крилниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ, тврдат медиумите на Островот. 23-годишниот офанзивен фудбалер не е стартер во тимот на Тухел и не е задоволен од својата улога во тимот.Поради тоа побарал состанок со тренерот и е спремен ова лето да ја промени средината, а Њукасл сака да ја искористи ситуацијата и спремил богата понуда. Неговиот договор со Челзи истекува во 2024 година, па „сините“ веруваат дека сега е идеален момент за продажба, а за неговата слобода бараат 40 милиони фунти.Њукасл е спремен да ја плати таа сума и веќе стапил во контакт со агентот на американскиот репрезентативец. „Чавките“ за да го убедат да се пресели кај нив му нудат многу повисока плата. Коментари...
Евертон одби 40 милиони од Челзи за својот талент
Спортски - пред 1 ден
Евертон ја одби понудата вредна 40 милиони фунти од Челзи за младиот напаѓач Ентони Гордон, пренесуваат медиумите на Островот. Томас Тухел продолжува да бара решение за нападот, после заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер и се насочи кон 21-годишниот Гордон.Евертон ја одби првата понуда од 40 милиони фунти, но е спремен да го продаде својот талент доколку Челзи ја подобри понудата. Се шпекулира дека трансферот може да биде комплетиран во наредните денови доколку Челзи понуди 50 милиони фунти, бидејќи самиот фудбалер притиска за трансфер на „Стенфорд Бриџ“. Коментари...
Навивачите на Челзи покренаа петиција против судијата Тејлор
Спортски - пред 1 ден
Навивачите на Челзи покренаа петиција со која бараат да му биде забрането на судијата Ентони Тејлор во иднина да му суди на „сините“. Петицијата е веќе потпишана од илјадници фанови, наводно до недела во 21 часот, ја потпишале повеќе од 16.000 фанови.На страницата „change.org“ се потпишува петиција во која се вели дека „Ентони Тејлор само што продолжи да носи одлуки против Челзи, како што тоа го правеше во изминатите години на големите натпревари. Тејлор има план против Челзи и не треба да ќе му биде дозволено повторно да суди натпревар на Челзи“. И тренерот Томас Тухел после мечот со Тотенхем јавно го искритикува Тејлор.„Можеби ќе биде најдобро Ентони Тејлор повеќе да не ни суди. Искрено, имаме и ВАР за да помогне судиите да донесат права одлука. Од кога играч може да повлече друг играч за коса? Ајде еве и да речеме дека не го видел тоа, имаме ВАР и како тоа никој не виде дека има слободен удар или црвен картон? Како?“, коментираше Германецот. Коментари...
Манчестер Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Роналдо
Спортски - пред 1 ден
Манчестер Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Кристиано Роналдо, како што се шпекулира во англиските медиуми. Според медиумите, во клубот се многу загрижени поради однесувањето на Португалецот, кое го погодува моралот на целиот тим и поради оваа причина размислувале за раскин на неговиот договор доколку тој не го промени ставот.За време на мечот со Брентфорд, Роналдо во неколку наврати ја покажуваше својата фрустрација од играта на соиграчите, дури и отворено гестикулираше кон чуварот на мрежата Давид де Геа, кој направи две грешки од кои противникот потигна два гола. Роналдо и понатаму се надева дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се приклучи на клуб кој игра во Лигата на шампионите. Сепак, неговиот агент Жорге Мендеш не успеа да најде таков заинтересиран клуб, бидејќи сите одбија да го ангажираат Роналдо.Официјалниот став на Манчестер Јунајтед досега беше дека Португалецот не е на продажба, особено што Ерик тен Хаг е многу ограничен во изборот на офанзивни играчи. Коментари...
Вардар ги пушти во продажба билетите за четвртфиналето во СЕХА против Нексе
Спортски - пред 1 ден
Од денес почнува продажбата на билетите за четвр-финалето од СЕХА лигата меѓу Вардар и Нексе. Се игра само еден меч, во Скопје на 23 август и победникот ќе патува на Ф4 турнирот во Задар закажан за почетокот на септември.Во Вардар очекуваат максимална поддршка за пласман на завршниот турнир. Продажбата на билети ќе се врши Онлајн и преку продажната мрежа на MkTickets.Билети може да купите – ТУКА. Коментари...
Милан оптимист за трансферот на Зијех
Спортски - пред 1 ден
Италијанскиот шампион Милан ги обнови преговорите и прави уште еден обид да го ангажира Хаким Зијех. 29-годишниот Мароканец очигледно не е дел од плановите на менаџерот на Челзи и сака да ја промени средината ова лето.Најсилен интерес за него покажува италијанскиот шампион Милан, а Зијех веќе има договор со „росонерите“. Милан сака да го донесе на позајмица со право на откуп и е оптимист дека во следните денови ќе постигне конечен договор со Челзи.🚨 AC Milan remains optimistic that a deal to sign Chelsea winger Hakim Ziyech will be completed this summer. #ACMilanNew contact has been made between the two clubs with Milan keen to make their fifth addition to this season squad. United was interested but no talks was held. pic.twitter.com/8RVbh0brh2— Topskills Sports UK (@topskillssports) August 15, 2022 Коментари...
Два дена пред дебаклот против Брентфорд се случил хаос во соблекувалната на Јунајтед
Спортски - пред 1 ден
Манчестер јунајтед повторно одигра ужасен меч во Премиерлигата и загуби со 0-4 од Брентфорд, а проблем не е само играта, туку и атмосферата во кллубот. „Манчестер Ивнинг Њуз“ објави дека два дена пред мечот со Брентфорд се случил хаос во соблекувалната по тренингот.Фудбалерите се карале меѓусебе и очигледно тоа ја уништило атмосферата пред мечот во второто коло во кој Јунајтед беше посрамотен. Не е познато колку лица учествувале во караницата, но пред три месеци за малку ќе имаше тепачка исто така во соблекувалната, па очигледно нешто не е како што треба во клубот.Тренерот Ерик Тен Хаг побара итни промени и нови засилувања, а претходно и други тренери, како Жозе Мурињо и Ралф Рангник предупредуваа дека во клубот има проблем и мора да се реши во најбрз можен рок. Коментари...
Барди спремен за деби: Отпатува со Трабзонспор на плеј-оф за ЛШ во Данска!
Спортски - пред 1 ден
Eнис Барди се уште не дебитирал за тимот на Трабзонспор, а неговото деби би можело да биде во плеј-офот за лигата на шампионите. Денес турскиот шампион го објави списокот на фудбалери со кои отпатува за Копенхаген, а помеѓу 23 играчи е и македонскиот репрезентативец. Ова значи дека сите формалности се поминати и Барди повеќе нема пречки да дебитира за Трабзон.Натпреварот помеѓу Копенхаген и Трабзонспор во Данска се игра утре од 21:00 часот. 🛫 UEFA Şampiyonlar Ligi play-off turunda FC Kopenhag ile karşılaşacak olan takımımız bugün saat 12.00’de Türk Hava Yolları’na (@TK_TR) ait özel bir uçakla Trabzon’dan Kopenhag’a gitti. #UCL pic.twitter.com/gy0D761Hpe— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 15, 2022 Коментари...
Челзи започна преговори за Обамејанг
Спортски - пред 1 ден
Приоритет на Челзи во до крајот на преодниот рок ќе биде доведување на напаѓач, а најголема желба е Пјер Емерик Обамејанг. После доаѓањето на Левандовски, Барселона сака да се ослободи од еден напаѓач и е спремна да слушне понуди за Обамејанг.Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи веќе ги започнал преговорите со Барселона и спрема понуда за Габонецот, кој во јануари како слободен агент се пресели на „Камп Ноу“. Томас Тухел има позитивен однос со 33-годишниот поранешен напаѓач на Борусија Дортмунд и верува дека идеално ќе се вклопи во Челзи.Обамејанг има големо искуство во Премиер лигата и е спремен да се врати на Островот. Коментари...
Анчелоти за клучната одлука: Не беше лесно да им кажам на Бензема и Крос дека нема да шутираат
Спортски - пред 1 ден
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека е задоволен со победата од 2-1 против Алмерија на стартот на Ла Лига. Голот за победа го постигна Давид Алаба од слободен удар во 75. минута, и тоа од првиот контакт со топката.„Тие кои изведуваат слободни удари се Бензема или Крос, но влезе Алаба кој исто така е добар. Не беше лесно да им се каже на Бензема и Тони дека нема да изведуваат слободни удари, но во тој момент донесовме таква одлука. Тие се професионалци и секако дека не правеа проблем.“, вели Анчелоти. Италијанецот призна дека лошо го почнале натпреварот, по што имаа и негатива од 0-1, но сепак во второто полувреме успеаа да ја свртат ситуацијата и да победат на стартот на Ла Лига.WHAT A GOAL! 😲 @David_Alaba #RealMadrid #LaLiga pic.twitter.com/XOqLwYSQnW— FUT (@Futboleer) August 14, 2022 Коментари...
Постигнат договор: Рабио пред трансфер на „Олд Трафорд“
Спортски - пред 1 ден
Манчестер Јунајтед е блиску до комплетирање на Адриен Рабио од Јувентус. „Газета дело Спорт“ пренесува дека вчера мајката на фудбалерот, која е негов менаџер – Вероник имала позитивен разговор со претставници на „црвените ѓаволи“ и двете страни речиси ги испеглале сите разлики од претходните преговори.Манчестер Јунајтед веќе има договор со Јувентус, но не можеше да постигне догор со играчот бидејќи имаше несогласувања со неговиот менаџер. Според информациите на италијанските медиуми, моментално се договараат последните детали од трансферот според која Јунајтед ќе плати 17,5 милиони евра.Рабио ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ до 2026 година и ќе заработува 8,5 миилиони евра по сезона. Коментари...
Мила Рељиќ освои златен медал на Израел Г2 Опен во таеквондо
Спортски - пред 1 ден
Мила Рељиќ од Таеквондо Клубот Тигри Скопје викендов освои златен медал во конкуренција сениорки -62кг на меѓународниот таекводно натпревар Винер Израел Опен од Г2 серијата на меѓународните светски натпревари. На натпреварот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија итн.Во својата категорија, сениорки -62кг, Мила во борбата за златениот медал ги победи и репрезатативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина. Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа.Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, претстојат Европското Клубско првенство од 22-26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21г кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, а се надеваме на успех и на светското првенство во ноември месец во Мексико. Коментари...
Дарио Ивановски не ја заврши трката, Рингер е најдобриот маратонец во Европа
Спортски - пред 1 ден
Германскиот атлетичар Ричард Рингер стана новиот европски шампион во маратон на шампионатот што денеска започна во Минхен. На трката од 42 километри учествуваше и македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, но тој не успеа да ја заврши трката и остана без пласман.За 33-годишниот маратонец ова е најголемиот успех во кариерата откако претходно неколку пати завршуваше како трет на различни натпреварување. Делницата од 42 километри ја истрча за време од 2:10:21 што за него е личен рекорд. Три секунди зад него остана Мару Тафери од Израел, а бронзата ја освои неговиот сонародник Гашау Ајале. Покрај Ивановски уште 16 други маратонци не успеаа да ја завршат трката.Помеѓу дамите европска шампионка стана Александра Лисовска од Полска. Коментари...
Репрезентативец на Тунис е новото засилување за Еурофарм Пелистер
Спортски - пред 1 ден
Битолски Еурофарм Пелистер денес потврди дека екипата постигнала договор со репрезентативецот на Тунис, Мохамед Соси. До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија.Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член. Коментари...
Интер ја најде замената за Скриниар
Спортски - пред 1 ден
Италијанскиот гигант Интер е во потрага по дефанзивец откако ја загуби битлата за Глеисон Бремер од Торино. „Нероаѕурите“ спремаат понуда за 26-годишниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.Во Интер сметаат дека Аканџи ќе биде идеална замена за Скриниар, кој е трансфер желба на ПСЖ и може да се пресели во Париз за 60 милиони евра. Швајцарецот за германскиот клуб одигра 5 сезони откако беше привлечен од Базел во 2017 година и сега сака да ја промени средината.Интер ќе се обиде да го договори трансферот за 20 милиони евра плус бонуси, бидејќи Аканџи инсистира да замине од Дортмунд. Коментари...
Изненадување: Варди е опција за Манчестер Јунајтед!?
Спортски - пред 1 ден
Реномираниот „Атлетик“ денес пренес вест која звучи изненадувачки, Џејми Варди би можел да го засили Манчестер Јунајтед! Не е тајна дека Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач, Кристијано Роналдо е блиску до заминување, а Варди е новото име со „црвените ѓаволи“ се поврзуваат. Сепак, навистина звучи изненандувачки после толку години во Лестер и голем број понуди Варди сега како 36-годишник да прифати понуда од „Олд Трафорд“.Во игра е Мауро Икарди, претходно се споменуваше и репрезентативецот на Австрија Саша Калајџиќ, а ќе видиме до крајот од преодниот рок дали во Јунајтед ќе ги реализираат плановите. Варди играјќи за Лестер стана легенда на Премиер лигата и со 24 гола беше еден од најзаслужните за сензационалната титула на Лестер во сезоната 2015/2016. За Лестер одигра 387 натпревари, постигна 164 гола и подели 64 гола. Коментари...
Мурињо по победата против Салернитана купил 60 пици
Спортски - пред 1 ден
Вчера Рома со 1:0 победи на гости против Салернитана во првото коло од Серија А. Резултатот е минимален, но Рома одигра натпревар во кој ја контролираше играта и создаде многу прилики за поубедлив триумф. Пред се одлични шанси имаа Заниоло и Дибала, но не ги реазлираа.Мурињо по натпреварот истакна дека бил задоволен од своите фудбалери, а „Кориере дело Спорт“ откри дека Португалецот купи 60 пици за фудбалерите и вработените во тимот. Бидејќи следниот натпревар на Рома е во понеделник Мурињо им дал и два слободни дена на фудбалерите, тренингот е закажан за в среда. Коментари...
Најдобриот македонски судија ќе дели правда на натпреварот Јанг Бојс – Андерлехт
Спортски - пред 1 ден
Најдобриот македонски судија Александар Ставрев доби нова европска задача. Ставрев ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Јанг Бојс и Андерлехт во плеј-офот за Конференциската лига на УЕФА.Него ќе му помагаат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, за четврти судија одреден е Александар Грујоски. Мечот помеѓу Јанг Бојс и Андерлехт се игра в четврток од (18. август), а домаќин е Јанг Бојс во Берн. Коментари...
Македонски тренер ќе води клуб во Монголија
Спортски - пред 1 ден
Поранешниот фудбалер, а денес тренер Вангел Алтипармаковски доби интересен предизвик и ќе води тим во Монголија. Алтипармаковски е назначен за тренер на тимот Ховд Вестер Монголија. Станува збор за клуб кој се натпреварува во првата лига на оваа земја.Тој ќе биде првиот македонски тренер кој ќе работи во оваа земја. Претходно во тренерската кариера Алтипармаковски работеше во младинските категории на Работнички и како асистент тренер. За него е прва улога на главен тренер. Коментари...
Гвардиола за Бернардо Силва: Сакам да остане, но не се прашувам јас
Спортски - пред 1 ден
Бернардо Силва во финишот од преодниот рок се поврзува со заминување од Манчестер Сити, Барселона се споменува како опција. Пеп Гвардиола призна дека не сака да се раздели со одличниот фудбалер. Португалецот по пристигнувањето на „Етихад“ се промовираше како еден од најважните фудбалери на Сити, па затоа и Гвардиола сака да го задржил. Сепак Шпанецот е свесен дека не ја носи одлуката само тој.„Сакаме да остане со нас, навистина е посебењн играч. Но, не зависи од мене, не се прашувам јас. Ќе видиме каков ќе биде крајниот исход“, изјави Гвардиола. Манчестер Сити одлично ја стартуваше сезоната во Премиер лигата и веќе има две победи во првите два натпревари. Коментари...
Модриќ го прескокна Роналдо на вечната листа на Реал Мадрид
Спортски - пред 1 ден
Реал Мадрид вчера славеше на гости кај Алмерија во новата сезона од Ла Лига. До победата „кралевите“ стигнаа со пресврт откако губеа на полувреме, во второто полувреме погодуваа Лукас и Алаба за првите три бода во сезоната.Репрезентативецот на Хрватска од редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ покрај победата имаше дополнителен мотив за слајве. Со вчерашниот натпревар тој го надмина Кристијано Роналдо на вечната листа по бројот на настапи во гиганатот од Мадрид. За Модриќ тоа беше 436 натпревар со кои стигна до 17. место на вечната листа. Сега пред Модриќ е Емилио Бутрагуено со 450 натпревари. Коментари...
Официјално: Барселона испрати уште еден играч на позајмица
Спортски - пред 1 ден
Чави Ернандез пред почетокот на сезоната порача дека Алекс Коладо ќе добие вистинска шанса во првата екипа на каталонскиот гигант. Коладо ова лето се врати на позајмица од Гранада и Чави одлучи првобитно да му даде шанса во првата екипа и се очекуваше дека овој играч за врска ќе остане. 23-годишникот остави добар впечаток на припремите, но изгледа Чави го променил мислењето па ќе го испрати да собира искуство.Одличниот играч добил неколку понуди, но на крајот се одлучил да ја прифати онаа од Елче. Барселона денес потврди дека Коладо го напуштил клубот и дека до крајот на сезоната ќе игра во Елче. Исто така постои можност Коладо да не се врати во Барселона идното лето затоа што му истекува договорот и засега не добил понуда да го продолжи.BREAKING NEWS ❗ Álex Collado loaned to Elche until 30 June 2023— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 15, 2022 Коментари...
Лоши вести за Астон Вила: Крај на сезоната за едно од најголемите засилувања
Спортски - пред 1 ден
Oва лето Диего Карлос пристигна од Севиља во Астон Вила како големо засилување, но се повреди уште на стартот од сезоната. Во натпреварот против Евертон, Карлос ја скина ахиловата тетива и ќе мора да паузира. Од клубот информираа дека тој ќе мора да оди на операција поради која може да отсуства од терените и девет месеци.Ова значи дека за него веројатно сезоната е завршена, па Астон Вила иако очекуваше тој да биде големо засилување можеби ќе побара ново решение во финишот од преодниот рок. Коментари...
ФА отвори постапка: Тухел може да заработи суспензија
Спортски - пред 1 ден
Toмас Тухел заработи црвен картон во дербито против Тотенхем, причина беше жестокиот судир кој го имаше со неговиот колега на спротивната страна Антонио Конте. Сепак, поголем проблем за Тухел со водењето на тимот може да биде изјавата која ја даде после натпреварот. Германецот не беше задоволен од судењето и го критикуваше судијата Ентони Тејлор, дури порача дека повеќе не треба да суди на натпреварите на Челзи.„Денес имам повеќе проблеми со судијата. Мислам дека овој судија повеќе не треба да суди на натпреварите на Челзи. Верувам дека и оние кои не се навивачи на Челзи сметаат дека донесе ужасни одлуки на наша штета. Играчите се на теренот и знаат што се случува, а целата соблекувална го дели моето мислење и знам дека ќе бидат загрижени кога тој ќе биде делегиран на нашите мечеви во иднина“, изјави Тухел. Поради оваа изјава Фудбалската асоцијација на Англија отвори постапка против стратегот на „сините“ и таа може да резултира со дополнителна суспензија и парична казна. Од ситуациите во минатото познато е дека ФА нема милост кога се зборува за судиите, без разлика дали критиките се оправдани или не. Коментари...
Проблеми во Париз: Мбапе не е во добри односи со Меси и Нејмар? 🎥
Спортски - пред 1 ден
Во Париз започнуваат да се појавуваат проблемо помеѓу најголемите ѕвезди барем според она што може да се види на теренот. ПСЖ во саботата го победи Монпелје со 5:2, а на овој натпревар беа досудени и два пенали за домаќините. Првиот пенал го изведе Мбапе и не го реализираше.При вториот пенал кога тргна да ја земе топката од Нејмар со рамото се удри со Меси. Погледот на Аргентинецот зборува дека тоа баш и не му се допадна. Quem é Mbappé pra ficar esbarrando desse jeito em Messi?Filho da puta pic.twitter.com/GpepdauJDy— Messimaniacas (@Messimaniacas_) August 14, 2022 Потоа Мбапе се објаснуваше со Мбапе дека тој повторно треба да шутира, но тој удар од белата точка го изведе Нејмар и беше прецизен. Дефинитивно во ПСЖ ќе има проблеми ако односот на овие тројца не биде во ред.Mbappe’s ego is getting way too annoying. Man pushed Messi then went to argue for the penalty, right after he missed one. Needs to get humbled pic.twitter.com/xFh5U9E6o5— Ziad is NOT in pain (@Ziad_EJ) August 14, 2022 Коментари...
Судиска анализа на ФФМ: Работнички не добил два пенали против Академија Пандев
Спортски - пред 1 ден
Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 2 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк.Шкупи- Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 13.08.2022 година, анализиранисе ситуациите од 61 и 70 минута.“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески. 61 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)Во 16 – сетникот на Македонија, играч од нападот на Шкупи беше во посед на топка странично од голот на Македонија исакаше да додаде топката до свој соиграч, меѓутоа играч од одбраната на Македонија ја изби топката во телото на свој соиграч кој беше во лизгачки старт,близу соиграчот и со рака подигнато високо.Многу добра поставеност на судијата во оваа ситуација и имаше комплетна прегледност.Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри. 70минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( НЕ досудено офсајд позиција)Центрирана топка странично од голот на Македонија, еден играч од нападот на Шкупи се наоѓаше во недозволена офсајд позиција, меѓутоа топката дојде до друг играч од нападот на Шкупи кој беше во дозволена позиција( влезе од втор план) и постигна гол.Исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи, бидејки играчот што се наоѓаше во офсајд позиција не влијаеше на играта.Голот е регуларен. На натпреварот Фк.Брегалница-Фк. Струга трим Лум одигран на 14.08.2022 година, анализирана е ситуацијата 55 минута.“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.55 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри) Играч од нападот на Брегалница беше во посед на топката странично во 16- сетникот на Струга и ја центрираше топката, при центрирањето топката го удри играчот од одбраната на Струга во рака која му беше во природна положба (спуштена и доближена до телото), исто така беше и кратко рестојание помеѓу играчите за да мозже одбранбениот играч да реагира 9да ја тргне раката).Исправна одлука на главниот судија да дозволи играта да продолжи. Оваа ситуација е класичен пример за правилна одлука за удар во рака, каде што не треба да се досуди удар од 11 метри.Судиската комисија на овој натпревар не е во целост задоволна од критериумите на досудување и не досудување на слободните удари на главниот судија. На натпреварот Фк.Работнички -Фк.Академија Пандев одигран на 14.08.2022 година, анализирани се ситуациитеод 38, 39и 51 минута.“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Кристијан Џонов.38 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри) Играч од нападот на Работнички беше во посед на топката во 16 сетникотна Академија, при центаршутот топката го удри играчот од одбраната на Академија во рака, која му беше високо подигната и во неприродна положба.Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, иако беше многу добро поставен.Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички.39 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри) Играч на Работнички упати топка во 16 сетникот на Академија, на неа стартуваа играч од нападот на Работнички и играч од одбраната на Академија, играчот на Работнички прв стигна до топката, сакајки да ја избие топката играчот на Академија го удри во долниот дел од стапалото (закаснет старт) играчот на Работнички кој веке беше во посед на топката.Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи. Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички за закаснет старт на нога со интензитет.51 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА (НЕ досудена офсајд позиција) Играч на Академија додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со претпоследниот одбранбен играч на екипата на Работнички, ја прими топката и постигна гол.Исправна одлука на вториот асистент што дозволи играта да продолжи, нема офсајд позиција и голот е регуларен.На натпреварот Фк.Победа -Фк.Тиквеш одигран на 14.08.2022 година, анализирана е ситуацијатаод 27 минута. “Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски.27 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)Играч на екипата на Победа беше во посед на топка во 16 сетникот на Тиквеш, дојде до минимален контакт со одбранбениот играч од екипата на Тиквеш, тој контакт играчот на Победа го искористи за да изнуди удар од 11 метри. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, многу добра поставеност и прегледност на судијата, стартот е без интензитет и недоволен за да се досуди удар од 11 метри.На натпреварот Фк.Шкендија-Фк.Силекс немаше спорни ситуации за судиска анализа.Фото: ФК Работнички Коментари...
Трагичарот на Интер од минатата сезона повторно се посрамоти 🎥
Спортски - пред 1 ден
Фиорентина во првото коло од Серија А го победи Кремонезе со 3:2, а до оваа победа стигнаа со автоголот на голманот Јонус Раду кој во Кременозе брани како позајмен играч од Интер. Раду кој на јавноста најмногу и стана познат по киксот во финишот на минатата сезона кога Интер остана без титулата сега направи уште една голема грешка и тоа во 95. минута.По една нафрлена топка место едноставна интервенција Раду ја испушти од раце, па заедно со неа влезе во мрежата. Dopo la papera di #InterBologna dello scorso campionato, un altro svarione di #Radu, che questa volta condanna la #Cremonese a Firenze. Tanti interventi prodigiosi, poi l’errore… ⚽️ #FiorentinaCremonese #SerieA #Fiorentina pic.twitter.com/jIZq45b3hK— Antonello Perillo (@anperillo) August 14, 2022 Коментари...
Жиру е фудбалски мајстор: Погледнете го овој прием на топка 🎥
Спортски - пред 1 ден
Екипата на Милан со победа ја започна новата сезона во Серија А откако со 4:2 славеше над Удинезе. Францускиот напаѓач не се запиша во листата на стрелци и ги одигра последните 20 минути кога се истакна со еден мајсторски потег.Откако топката високо одеше кон него Жиру ја прими со маестрален допир и ја продолжи акцијата. What is this touch from Giroud?! pic.twitter.com/xQmbcM3Trx— Marco Messina (@IFTVMarco) August 14, 2022 Коментари...