Лесни победи на Бутел и Голден Арт во Купот на Македонија
Екипа - пред 24 минути
Ракометарите на Бутел без проблеми ја поминаа првата пречка во Купот на Македонија откако вечерва на убедлив начин на домашен терен славеа против Ѓорче Петров со 49-26 Дилемите околу победникот бутелчани ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 25-10, а до крајот само рутински го приведоа мечо за конечни 49-26. Илија Пејковски со 11 гола беше најдобар поединец кај бутелчани, додека кај поразените Лука Трифуновски постигна девет гола. Во единствениот дуел на два суперлигаши во првата рунда од Купот изненадувачки Голден Арт без проблеми славеше против Аеродром со убедливи 37-27. Домаќините уште од самиот старт го контролираа мечот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на поволен резултат. Дејан Гошевски со осум гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа 16 погодоци на Наум Костов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Манев: Македонија ЃП оди во Гостивар по поволен резултат
Екипа - пред 55 минути
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров утре ќе му гостуваат на Гостивар во последниот натпревар од зимскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска игра. Еден од најискусните во таборот на „лавовите“ Коста Манев вели дека тој и неговите соиграчи одат на победа на гостувањето кај одличниот тим на Гостивар. „Играме против добар противник кој знае што сака, но ние имаме цел која треба да ја постигнеме со борбена игра и силен напор за да се вратиме од Гостивар со позитивен резултат“, вели Манев. Натпреварот е со почеток во 13 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Белгија, Германија и Холандија ќе се кандидираат за женскиот Мундијал во 2027 година
Екипа - пред 55 минути
Белгија, Германија и Холандија поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство за жени во 2027 година.Нивни конкуренти ќе бидат Бразил, кој ја поднесе својата кандидатура минатиот месец, а веројатно и Соединетите Американски Држави и Мексико, кои изразија интерес за заедничка организација на турнирот. Јужна Африка поднесе, а потоа ја повлече кандидатурата, а од Фудбалската федерација на оваа земја изјавија дека повторно ќе се пријават за турнирот во 2031 година „кога ќе бидат подготвени“. Фудбалскиот сојуз на Холандија потврди дека трите асоцијации преговараат за заедничка понуда од 2021 година. Крајниот рок за поднесување апликации е петок. Финалните проверки ФИФА ќе ги изврши во февруари, а во мај ќе објави кој ќе биде домаќин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Руските спортисти ќе може да учествуваат на ЛОИ во Париз
Екипа - пред 55 минути
Руските и белоруските спортисти ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција како неутрални на Олимписките игри во Париз, соопшти Меѓународниот олимписки комитет. Тие ќе се натпреваруваат како неутрални, без знамиња, национални амблеми и химни. Светлосините униформи се задолжителни според правилата на Меѓународната гимнастичка федерација. Русија и Белорусија нема да се натпреваруваат во екипни спортови во Париз. ИОК посочи дека дозволата за учество на поединци на Игрите е „почитување на човековите права“. Досега на Игрите во Париз се пласираа осум руски и тројца белоруски спортисти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Јувентус донесе одлука – отказ за Пол Погба
Екипа - пред 1 час
Пол Погба неодамна повторно се најде во центарот на скандал откако беше позитивен на допинг тест. Французинот беше тестиран по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе, а откако падна на првиот тест, не го помина ниту второто тестирање. На фудбалерот на „старата дама“ му беше пронајден тестостерон што е повод за застапниците на антидопинг агенцијата да бараат најстрога можна казна за Погба со четиригодишна суспензија. Скандалот од голем размер ќе го примора и Јувентус да му врачи отказ на 30-годишникот веднаш штом ја добие конечната одлука, без разлика на долготрајноста на суспензијата, пренесуваат италијанските медиуми. Претходно, Јувентус му забрани на Погба да тренира и да има било каков контакт со соиграчите и управата на клубот, а го казни и со минимална плата од две илјади евра месечно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Митровиќ му донесе нова победа на Ал Хилал (ВИДЕО)
Екипа - пред 1 час
Фудбалерите на Ал Хилал стигнаа до нова победа во шампионатот на Саудиска Арабија откако вечерва славеа на гостувањето кај Ал Тае со 1-2 во натпревар од 16. коло. Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Ал Давсари во 20. минута, а само десет минути подоцна беше и 0-2 откако прецизно стрелаше од пенал српскиот интернационалец, Александар Митровиќ. Конечните 1-2 беа дело на Абдула во петтата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Al Tai 0-[2]Al-Hilal Aleksandar Mitrović 28’ byu/Guraba00 insoccer Standings provided by Sofascore Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Бербатов се кандидираше за претседател на Фудбалската федерација на Бугарија
Екипа - пред 1 час
Легендарниот бугарски репрезентативец, поранешниот играч на Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов се кандидираше за претседател на Бугарската фудбалска федерација. Тоа ќе биде негов нов обид да ја преземе лидерската позиција во бугарскиот фудбал по серијата претходни кои досега наидоа на отпор од неодамнешното раководство. Местото претседател на ФФ на Бугарија остана празно откако неодамна поднесе оставка Борислав Михаилов – по 18 години на таа функција. Репрезентацијата забележа најлош биланс во еден квалификациски циклус во последните 60 години (без победа во евроквалификациите), а мечот со Унгарците во Софија (2-2) се одвиваше во сенка на нереди и тепачки меѓу навивачите и полицијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Црвена Звезда во проблем: Без повредениот Нејпир против Басконија
Екипа - пред 2 часа
Двојното коло во Евролигата донесе два натпревари за Црвена Звезда во Шпанија. „Црвено-белите“ го загубија првиот натпревар против Валенсија, а денеска од 20 часот и 30 минути ги очекува гостување кај доскорешниот тренер Душко Ивановиќ и Басконија и тоа со сериозен проблем во ростерот. Дел од истиот нема да биде Шабаз Нејпир, откриваат српските медиуми. 32-годишникот се мачи со повреда стекната на средбата против Валенсија на која се пожали во првото полувреме, а и покрај тоа што „стисна заби“ и го одигра целиот натпревар денеска падна од конкуренција за настап поради болки. Сериозноста на повредата и дали големото летно засилување на беглрадскиот гигант ќе отстуства од теренот на подолги стази засега останува непознато. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Кристијано Роналдо денеска ќе го одигра својот 1200 натпревар
Екипа - пред 3 часа
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо денеска ќе го одигра 1.200 натпревар во неговата професионална кариера, а по тој повод неговиот клуб Ал-Наср ќе одржи забава на стадионот. Ал-Наср ќе биде домаќин на Ал-Ријад, а 25.000 луѓе ќе бидат сведоци на ново историско достигнување на еден од најдобрите играчи на сите времиња. Доколку постигне четири гола, Роналдо ќе го заокружи својот голгетерски опус на 900 гола, иако, се разбира, пореално е тој рекорд да го постигне на некои од следните натпревари. Роналдо дебитираше во сениорска конкуренција за Спортинг во 2002 година (против Брага). Во текот на кариерата, Роналдо играше за Спортинг 31 натпревар (5 гола), Манчестер Јунајтед 346 натпревари (145), Реал Мадрид 438 натпревари (450), Јувентус 134 натпревари (101) и Ал Наср 45 натпревари (38). За португалската репрезентација одигра 205 натпревари и постигна 129 голови. Пред Роналдо по бројот на натпревари во кариерата се само англискиот голман Питер Шилтон (1.375), уште еден Англичанец Пол Бесток (1.286) и Бразилците Рожерио Сени (1.237) и Фабио (1.212). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Инфантино: Сакам Меси да игра на Светското првенство во 2034 година
Екипа - пред 3 часа
Легендарниот Аргентинец Лионел Меси и на 36-годишна возраст игра фудбал на највисоко ниво за што докажува и осмата награда за најдобар фудбалер на светот која ја освои неодамна пред далеку помладите Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. Еден од најдобрите фудбалери во историјата не размислува за пензија, а и наговести дека може да биде дел од својата репрезентација и на Светското првенство во 2026 година. Многумина сакаат да го гледаат асот и по 2026 година. Еден од нив е и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. „Се надевам дека ќе биде на следното Светско првенство, но и на тоа по него, па и на тоа во 2034 година“, изјави Инфантино за Меси кој во 2034 година ќе има 47 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Струга без проблеми против Астраион во ракометниот куп
Екипа - пред 3 часа
Ракометарите на Струга се пласираа во следната фаза во националниот Куп на Македонија откако денеска во првото коло од ова натпреварување без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај струмички Астраион со 18-25. Гостите уште од самиот старт беа подобар противник па на полувреме заминаа со позитива од три гола 11-14. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 18-25. Ненад Костоски со девет погодоци беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 10 гола на Васе Наков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Црна Гора остана без селектор
Екипа - пред 3 часа
Миодраг Радуловиќ не е повеќе селектор на репрезентацијата на Црна Гора. После разговорот со претседателот Дејан Савичевиќ, одлучено е Радуловиќ да не продолжи на клупата на оваа селекција. Нему му истече договорот по завршувањето на квалификациите за пласман на ЕП. Радуловиќ беше назначен за селектор во јануари 2021 година, и го предводеше националниот тим на Црна Гора во 30 натпревари. Фудбалската федерација на Црна Гора му се заблагодари на Радуловиќ и неговиот стручен штаб, кој исто така ја напушта селекцијата. Засега нема најави кој ќе биде неговиот наследник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Александар Стојанов повторно тренер на Беласица
Екипа - пред 4 часа
После 1,5 година, Алекасндар Стојанов повторно се врати како шеф на стручниот штаб на Беласица, потврдија од струмичкиот клуб. Стојанов ја водеше екипата во сезоната 21/22 кога тимот беше на чекор до пласман во Првата лига, каде што струмичани загубија од Скопје. Стојанов досега ја извршуваше функцијата координатор на младинската школа, а останува да ја извршува и таа задача во иднина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Левандовски: Подготвен сум да играм на високо ниво 3-4 години
Екипа - пред 4 часа
Напаѓачот на Барселона и на полската репрезентација Роберт Левандовски, изјави дека би можел да игра фудбал до својата 40-та година. Тој кажа дека и натаму има желба, страст и дека е способен да игра на врвно ниво и во следните 3-4 години. Исто така кажа дека не планира да стане тренер во иднина. „Имам чувство и имам страст во мене, и мислам дека сум целосно способен физички да играм уште три или четири години“, рече 35-годишниот Полјак. Оваа сезона напаѓачот не блеска, и има само седум гола во 13 натпревари во Ла Лига. „Не сум загрижен. Чувствувам дека сум на вистинско место во вистинско време“, рече Левандовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКА – Вест Хем Јунајтед има напаѓач од врвна класа
Екипа - пред 4 часа
Лондонското дерби во 15. коло на Премиерлигата помеѓу Тотенхем и Вест Хем Јунајтед заврши со гостинска победа од 1-2 благодарение на целосниот пресврт на „чекичарите“ во второто полувреме. Еден од стрелците на головите за Вест Хем Јунајтед беше Џерод Боувен кој тргна по стапките на легендарните Робин ван Перси и Серхио Агуеро. За 26-годишниот напаѓач тоа беше седми последователен гол на гостински натпревар со што се изедначи со поранешниот ас на Манчестер Сити, но и понатаму останува два гола покус од поранешниот репрезентативец на Холандија (9). 7 – Jarrod Bowen is the third player in Premier League history to score in seven consecutive away games, after Robin van Persie (9) and Sergio Agüero (7). Bowen didn’t score away from home in the competition last season. Switch-up. pic.twitter.com/mQVhZ6ZCxD — OptaJoe (@OptaJoe) December 7, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
НБА Топ 10: Вечер во знакот на Леброн Џејмс (ВИДЕО)
Екипа - пред 5 часа
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни два полуфинални натпревари од НБА Купот по кои во големото финале се пласираа Лос Анџелес Лејкерс и Индијана победувајќи ги Њу Орлеанс и Милвоки. Најубавите потези на вечерта ги одбележаа атрактивни забивања, додавања и потешки обиди, а меѓу нив се најде и Леброн Џејмс.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
„Кец“ по географија: Ѕвездата на Баер Леверкузен се посрамоти за македонското знаме
Екипа - пред 5 часа
Баер Леверкузен е лидер на табелата во Бундеслигата, фудбалерите играат одлично, но дел од нивните ѕвезди се слаби по географија. Тимот објви видео на социјалните мрежи на кои знамињата на земјите требаше да ги погодуваат ѕвездите Жереми Фримпонг и Натан Тела. На Фримпонг му падна македонското знаме. Најпрво кажа дека го знае точниот одговор, но потоа кажа дека е Гибралтар. За разлика од него, Тела го знаеше точниот одговор. “Geography is my thing bro!” – proceeds to getting them all wrong 🤣🤣#Bayer04 | @JeremieFrimpong @NathanTella_11 pic.twitter.com/MJcuZSbnWT — Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) December 8, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Челниците на Манчестер Ј. и на Борусија Д. на средба за Санчо
Екипа - пред 5 часа
Џејдон Санчо во зимскиот преоден рок би можел да се врати во Борусија Дортмунд. Ова е најавата во сите германски медиуми, а според информациите денеска во Дортмунд ќе пристигнат челници на Манчестер Јунајтед каде што ќе се преговара за овој трансфер во јануарскиот преоден рок. Голема е веројатноста англискиот фудбалер да се врати во Дортмунд, онаму каде што ги доживеа најславните денови, а потоа замина во Манчестер, каде што едноставно згасна. Во моментов Санчо е суспендиран, и не му е дозволено ниту да тренира со првиот тим. Менаџерот Ерик Тен Хаг сака да се ослободи од него, и затоа засега не прифаќа позајмица, туку перманентен трансфер. Борусија Дортмунд најверојатно ќе мора да испрати еден свој играч во Манчестер, како дел од трансферот на Санчо. Тоа ќе биде крилниот фудбалер Донјел Мален кој би требало да замине во Јунајтед, а Санчо да се врати во таборот на „милионерите“. Санчо замина во Јунајтед во 2021 година за 85 милиони евра, откако беше купен за само пет од Манчестер Сити во 2017 година. Во меѓувреме стана и англиски репрезентативец, и му се предвидуваше голема иднина. Но, неговата цена од 100 милиони, сега е некаде околу 35 милиони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Елиф Елмас и натаму го држи првото место за најпрофитабилен трансфер во турската Суперлига
Екипа - пред 6 часа
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас со трансферот од Фенербахче во Наполи, и натаму го држи првото место на најпрофитабилен трансфер во турската Супер-лига. Елмас замина во Фенербахче од Работнички, во трансфер кој чинел 180.000 евра, а потоа продаден на Наполи за 16,2 милиони евра, што е за 90 пати повеќе од она што Фенербахче го плати за неговите услуги. „Дијамантот“ во 2019 година го направи својот трансфер од соништата и замина во Италија, а со Наполи лани го направи најголемиот успех, освојувајќи го Скудетото. Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Елмас би можел на зима да се врати во Турција и да го облече дресот на најомразениот ривал на Фенербахче, екипата на Галатасарај која го сака македонскиот фудбалер во своите редови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Слика која ретко се гледа: Мегваер со наградата „играч на месецот“
Екипа - пред 6 часа
Играч на месецот ноември во Премиерлигата е Хари Мегваер. Колку и да звучи чудно и нереално, сепак, стоперот оваа сезона може да се пофали со добри настапи за својот тим. Мегваер во изминатите месеци беше мета на многу критики, не само на навивачите на Јунајтед, туку служеше за потсмев и кај сите фудбалски фанови со неговите потези. Меѓутоа, конечно, стигна и сликата која ретко се гледа, а таа е дека Мегваер е најдобриот за месец ноември 2023 година. Three matches, three wins, three clean sheets 🪄@HarryMaguire93 is November’s @EASPORTSFC Player of the Month 🏆@ManUtd | #PLAwards pic.twitter.com/y6AxRrgGLW — Premier League (@premierleague) December 8, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Женската репрезентација У-19 против Велс, Молдавија и Литванија во Лигата на Нации
Екипа - пред 6 часа
Македонската женска репрезентација до 19 години, ги доби противниците за новата сезона во Б – дивизијата во Лигата на нации. Жрепката одлучи македонските фудбалерки да бидат дел од групата Б1 заедно со Велс, Молдавија и Литванија. Домаќин на идното ЕП ќе биде токму Литванија. Според пропозициите, првопласираните репрезентации во шесте групи, како и најдобро рангираната второпласирана селекција во квалификациите, ќе се преселат во А – дивизијата за сезоната 2024/25. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Валенсија сериозно се вклучува во трката за Столе Димитриевски
Екипа - пред 6 часа
Речиси е сигурно дека идното лето Столе Димитриевски ќе го напушти тимот на Рајо Валјекано, и ќе замине во некој друг клуб. Голема е веројатноста „единицата“ на македонскиот национален тим да остане во Шпанија, откако за него има интерес од неколку клубови. Виљареал и Севиља се клубовите кои што го сакаат потписот на Димитриевски, но во трката сега сериозно се вклучува за потписот на македонскиот голман. За Валенсија во моментов во голема форма брани Георги Мамардашвили. Меѓутоа Грузиецот веќе долго време е на „мета“ на големите клубови од Англија, па така веројатно ова ќе биде негова последна сезона на „Местаља“. Токму од тука Валенсија уште од сега почнува да ја бара неговата замена. Валенсија во Димитриевски гледа идеална замена за Мамардашвили. Се очекува овој тим, како и Виљареал и Севиља да почнат официјални преговори со чуварот на мрежата во јануари, со оглед дека во јуни ќе биде слободен агент, и шест месеци претходно веќе ќе може да почне преговори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
„Бомба“ од Англија: Мурињо се враќа на клупата на Челси?
Екипа - пред 6 часа
Откако Челси сезонава не игра како што посакува и не бележи резултати согласно вложувањата, од лондонските сини веќе сериозно размислуваат за смена на Маурисио Покетино од тренерското место. Во Англија се се погласни шпекулациите за враќање на добро познато лице на „Стемфорд Бриџ“. Станува збор за актуелниот менаџер на Рома, Жозе Мурињо. Сосема е извесно дека за Мурињо оваа сесзона ќе биде последна на клупата на „волчицата“ поради се поголемиот интерес од големите клубови кон него, но и поради истекот на договорот кој му е до јуни 2024 година. Мурињо во два наврати беше тренер на Челси. Првиот пат од 2004 до 2007 година, а потоа од 2013 година до 2015. Во меѓувреме работеше во Интер. Реал Мадрид, а по вториот мандат ги водеше и Манчестер Јунајтед, Тотенхем, а сега Рома. 🚨 Foi dito que José Mourinho gostaria da chance de trabalhar no Chelsea novamente, e os proprietários estão cientes disso e mantiveram discussões quando assumiram o clube pela primeira vez, há 18 meses. (Via @Darko_DarkerGst) pic.twitter.com/s9yUlBe09t — Nação Blue 🦁💙 (@nacaoblue_) December 8, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот
Екипа - пред 7 часа
Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден… СИНГЛ НА ДЕНОТ Јувентус – Наполи 1 и 2+ Наполи не е во најпосакуваната форма и по назначувањето на Мацари на клупата на тимот. Неубедливи изданија на претходните натпревари, и покрај онаа гостинска победа над Аталанта. Јувентус, пак, од друга страна, и тоа како води битка со Интер за врвот на табелата па силно ќе атакува на трите бода на денешниот дуел пред своите навивачи. ТИКЕТ НА ДЕНОТ Монпеље – Ленс 2 Басконија – Ц. Звезда 1 Олимпијакос – Баерн 1 Гетафе – Валенсија 0-2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
„Златна Олимпија“ за Божидар Маљковиќ, Дики Бојаџи со награда за заслуги во спортот
Екипа - пред 7 часа
Во свечената сала во Собранието на Република С. Македонија се оддржа годишниот Самит на спортските новинари на југоисточна Европа. На самитот беа опфатени повеќе теми за дискусија меѓу кои како поважни би ги издвоиле за безбедноста на спортските натпревари, новиот закон за спорт, работа со младите категории, странските искустви и др. Собирот започна со свечено доделување на наградата за заслуги во спортот на Дики Бојаџи. Наградата ја врачи Министерот за внатрешни работи на Република С. Македонија, г-динот Оливер Спасовски. По оваа свеченост, Претседателот на МОК, Даниел Димевски му го додели високото признание на МОК, “Златна Олимпија” на претседателот на Олимпискиот комитет на Србија (ОКС), Божидар Маљковиќ за неговиот придонес во развојот на Олимпизмот и спортот. МОК и ОКС имаат долгогодишна блиска соработка, која е интензивирана во пресрет на ОИ Париз 2024. Инаку, Претседателот на ОКС Божидар Маљковиќ минатата недела влезе во Куќата на славните на шпанската кошарка. Тој има освоено четири титули Европски клупски првак, два пати е прогласен за тренер на годината во Европа (натпреварувачка сезона 1988–89 и 1989–90), два пати е прогласен за Европски тренер на годината доделен од ФИБА Баскет (1993, 1996) и добитник е на многу други национални и Меѓународни награди. Неговата ќерка Марина Маљковиќ е српски професионален кошаркарски тренер, а моментално е тренер на женската репрезентација на Србија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Македонските фудбалерки до 17 години против Полска, Данска и Шкотска за пласман на ЕП
Екипа - пред 7 часа
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години ги дозна противниците за завршната рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство чиј домаќин идниот мај ќе биде Шведска. Македонија се најде во групата 7 во А дивизијата заедно со репрезентациите на Полска, Данска и Шкотска. Македонската женска кадетска репрезентација се врати во А-дивизијата, откако првата фаза од есенските квалификации ги заврши како најдобро второпласирана репрезентација во Б-сегментот. На квалификацискиот турнир што во октомври се одигра во Косово, избраничките на Милеска извојуваа убедливи победи над Грузија (5-0) и Ерменија (4-0), а загубија минимално (1-2) од домаќинот. Пласман на Европското првенство во Шведска ќе обезбедат првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Ловрен со една изјава предизвика хаос: „Ова е најлошиот тим во кој сум играл во кариерата“
Екипа - пред 8 часа
Лион ги доживува најтешките денови во својата историја во францускиот шампионат. Зацврстен на последната позиција во првенството со тешка резултатска криза од која се чини нема излез. Во 14 кола имаат само седум освоени бод, поради што веќе не можеше да премолчи и хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен кој се врати во Лион, но дефинитивно не се надеваше на ваква ситуација. Но, се чини, избра претешки зборови кои предизвикаа дополнителен хаос во Лион, па место да ја смири атмосферата дополнително ја подгреа и во соблекувалната и меѓу навивачите. „Ова е најлошата екипа на Лион во која сум играл. Мора да се запрашаме затоа што вака повеќе не може. Си изнакажавме едни на други многу нешта по последниот пораз, но нема да ви кажам што“ – изјави Ловрен за француските медиуми. Дел од соиграчите ги разбраа неговите зборови, но дел му замерија што одбрал така јавно да зборува за оваа екипа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Сон го откри најголемиот проблем на Тотенхем: Ние напаѓачите сме виновни за поразите!
Екипа - пред 8 часа
И покрај водството по првото полувреме, Тотенхем доживеа неочекуван пораз од 1-2 синоќа од Вест Хем, за продолжување на негативната серија во Премиерлигата. Тотенхем на последните пет натпревари е со четири пораз и освоен само еден бод на дербито со Манчестер Сити. Капитенот Хеунг-мин Сон вели дека овие порази се крајно неприфатливи. „Загубивме и тоа е неприфатливо. Мора веќе еднаш како фудбалери да преземеме одговорност. Мислам дека главниот проблем е кај нас офанзивните фудбалери, бидејќи испуштивме многу шанси да го решиме победникот уште пред да се случи пресвртот“ – вели корејскиот репрезентативец. Интересно, Тотенхем беше на водечката позиција по првите десет кола во Премиерлигата, а сега е со дури девет бода заостанување зад лидерот Арсенал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Ангеловски: Сами сме виновни, само поради две причини…
Екипа - пред 8 часа
Македонскиот шампион Е. Пелистер никако да освои барем еден бод низ настапите во Лигата на шампионите сезонава. Еурофарм е најслабата екипа по десет одиграни натпревари во ЛШ, единствена заедно со Целје без ниту еден бод низ досегашниот тек на елитното натпреварување. „Пелистерци“ синоќа против Загреб во Битола беа најблиску до првиот бод, но загубија во неизвесен меч со 22-23. Тренерот Бранислав Ангеловски посочи два моменти кои донеле до поразот. „Натпреварот го загубивме поради две причини. Најпрво реализацијата во првото полувреме која беше на ниско ниво, а потоа во второто полувреме враќањето во одбрана иако знаевме дека Тимур Дибиров ќе оди на брз центар и ќе напаѓа. И вториот тајм-аут не го потрошив за напад, туку за одбрана, токму за тоа враќање. На секој наш постигнат гол, примавме брз гол… Тактиката ја доби противничкиот тренер и јас му честитам за тоа“ – изјави Ангеловски на синоќешната прес-конференција по мечот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Илиоски по освоената светска титула, од денеска по трофеј и на Европското маитаи првенство во Анталија (ФОТО)
Екипа - пред 8 часа
Македонската кикбокс репрезентација замина на Европското сениорско маитаи првенство во Анталија, Турција, кое ќе се одржува до 15. декември. Нашата репрезентација во состав Дејан Митровски – Урко претседател на КМФМ, Драган Атанасовски тренер и Бобан Илиоски натпреварувач, по светското злато во кикбокс ќе се обидат да атакуваат и на европското маитаи злато. „Илиоски ќе има шест противници, но тој е искусен борец и ова е само уште еден предизвик за него“ – ни изјави Митровски пред заминувањето за Анталија. Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание на Европската маитаи федерација на кое дел ќе бидат и македонските челници Митровски и Атанасовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Познати групите и за Копа Америка 2024: Ждрепката спои извонредно возбудливи натпревари
Екипа - пред 9 часа
Од 20. јуни до 14. јули следната година САД ќе биде домаќин на новото издание на популарната Копа Америка. Покрај десет селекции од Јужна Америка, овој пат дел од спектакуларното натпреварување ќе бидат и шест репрезентации од Северна и од Централна Америка. Синоќешната ждрепка одлучи во Групата А да бидат Аргентина, Перу, Чиле и победникот од дуелот меѓу Канада и Тринидад и Тобаго. Во Групата Б ќе бидат Мексико, Еквадор, Венецуела и Јамајка, а домаќинот САД ќе биде во Групата Ц заедно со Уругвај, Панама и Боливија. И конечно во Групата Д ќе играат Бразил, Колумбија, Парагвај и подобриот од бараж-пресметката меѓу Хондурас и Костарика. 🚨🏆 Official Copa América 2024 groups. Argentina and Brazil can only face each other in the final, as part of potential combinations. pic.twitter.com/eZGUC7w0sS — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 8, 2023 Двете првопласирани селекции од секоја група ќе изборат пласман во четвртфиналето, по што следи класичниот нокаут систем се до финалната пресметка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Кузмановски: Жал ми е за битолчани, никако да им возвратиме на најдобар начин
Екипа - пред 10 часа
Македонскиот шампион Е. Пелистер никако да освои барем еден бод низ настапите во Лигата на шампионите сезонава. Еурофарм е најслабата екипа по десет одиграни натпревари во ЛШ, единствена заедно со Целје без ниту еден бод низ досегашниот тек на елитното натпреварување. Репрезентативецот Филип Кузмановски со осум гола беше најдобриот во вчерашниот пораз на тимот од ППД Загреб во Битола, но останува разочаран што никако не успеваат да ја израдуваат битолската публика. „Сакам да се заблагодарам на публиката што секогаш не бодри максимално. Многу ми е криво за нив затоа што ние не успеваме да им возвратиме на најдобар начин. Мене ми е жал што од стартот на сезоната на бев со оваа екипа затоа што има потенцијал за многу повеќе од досега прикажаното. Ова е млада екипа со неколку искусни имиња која напредува во континуитет“ – вели Кузмановски, и дополнува: „Бевме навистина добро подготвени за натпреварот со Загреб, имавме многу анализи, знаевме дека тие се голема екипа. Дадовме се од себе, но на крај одлучуваа нијансите. Верувам дека ќе бидеме подобри понатаму“. Е. Пелистер сега го чека пауза а следниот натпревар во Лигата на шампионите е во февруари следната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ВИДЕО: Сензација каква ретко се гледа – Јапонките со спектакуларен гол во последната секунда ја победија Данска!
Екипа - пред 10 часа
Синоќа беше заокружена првата рунда од втората фаза на Светското првенство за ракометарки, на кое како коорганизатор е и Данска, еден од најголемите фаворити за освојување и на светската титула. Но, токму Данките беа дел од мечот на кој беше приредена една од најголемите сензации во женскиот ракомет последниве години. Во Групата 3, Јапонија ја победи Данска со 27-26 и тоа со спектакуларен гол со цепелин во последните секунди од натпреварот. На тој начин Јапонките внесоа неизвесност во групата во битката за место во полуфиналните пресметки на шампионатот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Силјановски: Да дадеме максимум за позитивен резултат од Струга, а потоа да се направи анализа што и како понатаму
Екипа - пред 10 часа
Брегалница во недела гостува на шампионот Струга ТЛ во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипските „сини“ имаат три едноподруго натпревари без пораз, со три ремија со Шкендија, Воска Спорт и АП Брера, па сигурно посакуваат со позитивен резултат да ја завршат оваа есен. „Играме добро последните неколку натпревари, но никако да дојдеме до трите бода, а во фудбалот се памети само резултатот. За нас секој бод е важен и потребен, па така во недела сите на терен со максимална ангажираност да се вратиме од Струга со позитивен резултат“ – вели капитенот Горан Силјановски, и дополнува: „Мометално сме фокусирани само на натпреварот што не очекува во недела во Струга. Тоа е последен натпревар од есенската полусезона, па после него треба стручниот штаб и управата да направат длабинска анализа што и како понатаму“. Изгледот на табелата не е во прилог на Брегалница. Но, првенството е прилично изедначено. Дали според играта Брегалница заслужи да биде при дното на табелата, и какви се очекувањета и плановите за пролетниот дел од шампионатот? „Како што кажав, играме добро, но се памети резултатот, а ние есенва изгубивме премногу бодови од ситници кои ни се повторуваат. Мораме да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме и во недела сите да дадеме максимум на терен, а после тоа ќе имаме доста време да ги санираме грешките кои ни се повторуваа, се со цел да влеземе подготвени и да бидеме многу подобри во вториот дел од првенството“ – вели Силјановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Тензии во Реал: Први несогласувања меѓу Перез и Анчелоти
Екипа - пред 10 часа
Како се наближува јанурскиот трансфер период очигледно на површина избиваат и првите несогласувања во Реал Мадрид меѓу претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти. И тоа поради Ферландо Менди. Реал и натаму планира да го продаде Менди. Перез е одлучен да се реши од левиот бек кој никако не успеа да ги оправда вложените средства. Раководството на Реал смета дека најдобрите години на Французинот се веќе зад него, не се задоволни и од неговата историја на повреда па се одлучни да го продадат и веќе во јануари веруваат дека ќе добијат соодветна понуда ако се знае дека има интерес од Саудиска Арабија. Но, од друга страна, Карло Анчелоти не сака да се откаже од 28-годишниот фудбалер и токму поради тоа на последните пет меча во првенството и во Лигата на шампионите се најде меѓу стартерите. Анчелоти веќе отворено му кажал на Перез дека не сака Менди да биде продаден, но од друга страна неизвесно е дали и Анчелоти следната сезона ќе биде на клупата на Реал Мадрид. Менди на неделно ниво ги чини „кралевите“ по 200.000 евра бруто плата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ЛА Лејкерс и Индијана ќе играат во финалето на НБА Купот – Леброн за историја! (ВИДЕО)
Екипа - пред 11 часа
ЛА Лејкерс и Индијана ќе играат за трофејот во НБА Купот во првата сезона на ова натпреварување, по победите над Њу Орлеанс односно Милвоки. „Езерџиите“ во Лас Вегас славеа против Њу Орлеанс со 133-89, а Индијана во далеку поинтересен дуел го победија Милвоки со 128-119. Мечот меѓу Лејкерс и Њу Орлеанс комплетно го одбележа еден од најголемите играчи на сите времиња, Леброн Џејмс кој за само 22 минути имаше импресивен ефект од 30 поени, 8 асистенции и пет скока. Неверојатниот Џејмс кој на 30. декември ќе наполни 39 години, на тој начин стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој за помалку од 23 минути на паркетот постигнал повеќе од 30 поени, и повеќе од пет скока и пет асистенции. Straight chills 🥶 pic.twitter.com/CS6NgVDywV — LeBron History 🏀 (@bronhistory) December 8, 2023 Во второто полуфинале, Индијана избори победа на крилјата на Тајрис Халибартон кој беше феноменален со 27 поени, 15 асистенции и 7 скока. Кај Милвок не помогнаа ниту одличните Јанис Адетукомбо со 37 поени како и Лилард со 24 поени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Партизан скапо ја плати победата над Милано – Алекса Аврамовиќ со тешка повреда!
Екипа - пред 11 часа
Партизан скапо ја плати синоќешната победа над Милано во Евролигата. Црно-белите би можеле долго време да останат без услугите на српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ, кој заработи тешка повреда уште кон средината на првата четвртина од натпреварот. Доцна синоќа и тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ потврди дека се работи за сериозна повреда на Аврамовиќ. „Се работи навистина за тешка повреда. Алекса има прелом на ногата. Колку ќе паузира ќе видиме, но сигурно ќе биде долго. Толку многу несреќни нешта ми се случија оваа година, тоа е нешто неверојатно“ – истакна Обрадовиќ. Се работи за тешка повреда на подколеницата, коската кај листот на ногата и тоа што е сигурно дека го чека навистина долга пауза. Aleksa Avramović got injured. 🤕 pic.twitter.com/qHswVs1D94 — Basketball Sphere (EN) (@BSphere_) December 7, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Тотенхем со аматерски грешки му подари пресврт-победа на Вест Хем… (ВИДЕО)
Екипа - пред 20 часа
Тотенхем имаше победа во своите раце во 15. коло од Премиерлигата против Вест Хем, но со аматерски грешки во одбраната дозволи гостите да заминат со триумф од 1-2. Домашните имаа предност од 1-0 по првото полувреме со голот на Ромеро уште во 11. минута од натпреварот. Но, во вториот дел најпрво Бовен во 52. минута израмни на 1-1, а потоа по катастрофалната грешка на дефанзивците на Тотенхем, Ворд успеа да погоди во 74. минута за 1-2. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Партизан со неверојатна серија од 31-4, од -15 до супер-триумф над Милано
Екипа - пред 21 часа
Кошаркарите на Партизан дојдоа и до седмата победа во Евролигата сезонава, триумфирајќи во нов драматичен натпревар пред своите навивачи со 82-69 против екипа на Милано. Партизан првото полувреме го заврши со негатива од 39-44, а потоа и во третата четвртина дојде до негатива од 15 поени. Но, клучно за триумфот на црно-белите беше неверојатната серија од 31-4 која започна во последните четири минути од третата четвртина и продолжи низ последниот период од играта. Па, Партизан од негатива од 15 минути, со таа серија успеа да дојде до +12 поени (76-64), што ја најави и конечната победа на крај од 82-69. Најдобар кај Партизан беше Кевин Пантер со 19 поени, а Зак Ледеј заврши со 15 поени. Кај Милан, Шејвон Шилдс заврши со 19 постигнати поени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Митревски и Порто немоќни пред Магдебург, Висла Плок го шокираше Веспрем
Екипа - пред 21 часа
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговиот Порто немаа моќ за изненадување против Магдебург во 10. коло од Групата Б во Лигата на шампионите. Порто пред своите навивачи загуби убедливо со 31-40. Митревски мечот го заврши со седум одбрани од 30 шут и 23,3% на успешност. Најефикасен во победата на гостите беше Магнусон со осум постигнат гола. Барселона без никакви проблеми славеше против Целје со 39-30, а Висла Плок, пак, запиша изненадувачка победа над фаворитот Веспрем од 37-30. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
„Кралевите“ во два дена го решија и вториот грчки тим во Евролигата
Екипа - пред 21 часа
Откако пред два дена славеше над Олимпијакос со 71-77, вечерва во 13. коло од Евролигата, Реал Мадрид го реши во Атина и вториот грчки тим во Евролигата. „Кралевите“ денеска во Атина славеа над Панатинаикос со 78-90, запишувајќи ја својата 12-та победа во најквалитетното европско клупско натпреварување, наспроти и само еден пораз низ досегашниот тек. Реал Мадрид клучот до победата го откри во третата четвртина која ја доби со 10-26, откако првото полувреме помина максимално израмнето. Но, со предноста на гостите од третата четвртина, Панатинаикос веќе не можеше да се врати во игра во последниот период, за конечна победа на Реал од 78-90. Марио Хезоња со 19 поени беше најефикасен кај Реал, а Габриел Дек мечот го заврши со 16 поени. Кај Грците, Кендрик Нан постигна 24 поени. Анадолу Ефес триумфираше на гостувањето против Алба Берлин со 89-97. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Хрватите се жалат: „Принудени да слушаме тешки навреди во Битола од Македонците, но ги замолкнавме…“
Екипа - пред 22 часа
Хрватските медиуми во своите извештаи за натпреварот од 10. коло во Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб во Битола, кој на крај му припадна на хрватскиот шампион со 22-23, во голем дел се осврнуваат на навивањето на мечот и ‘бројните навреди од навивачите на македонскиот шампион’. Хрватите се „жалат“ дека под постојан напад биле поранешните ракометари на Вардар, Дибиров, но и Чупиќ и Моралес, но и генерално Загреб. „Од самиот старт ‘Чкембари’ кои натпреварот го гледаат на нозе, ги почестија со навреди Дибиров, кој од вардаровите денови им е лут непријател, како и Чупиќ и Моралес. Но, и на тројцата, пред се Моралес, очигледно токму тоа им беше добра инспирација“ – пишува „24 часа“ во текстот со наслов: „Загребашите слушаа тешки навреди од Македонците и ги замолкнаа во драмата“. „Лутите Чкембари ги честеа и судиите со ‘ЕХФ мафија’ затоа што не ја заборавија претходната домашна средба и тоа што француските судии им украдоа гол против ПИК Сегед кој славеше токму за еден гол разлика“ – дополнува „24 часа“. Сепак, Хрватите наведуваат дека најважно за нив е што е извојувана важна победа која го носи ППД Загреб кон можноста за место во следната фаза натпревари, наспроти Еурофарм Пелистер кој го запиша и десеттиот пораз од исто толку натпревари на европската сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Страшни сцени: Тешка повреда на Црногорката Батиновиќ на Светското првенство (ВИДЕО)
Екипа - пред 22 часа
Одличната црногорска голманка Марта Батиновиќ ги минува дефинитивно најтешките денови во својата кариера, по тешката повреда на натпреварот меѓу Црна Гора и Хрватска на Светското првенство за ракометарки. Батиновиќ се повреди во 18. минута од средбата, која со силни врисоци и солзи на очите побара лекарска интервенција, но вистинскиот шок за неа следеше по влегувањето во соблекувалната и деталниот преглед на повредата. Констатирано е дека настрадале лигаментите на коленото што значеше не само крај за неа на Светското првенство, но и повеќемесечна пауза од исклучително тешката повреда. Tungt avbräck för Montenegro inför mötet med Sverige ❌ Målvakten Marta Batinovic blev utburen skadad i förlusten mot Kroatien pic.twitter.com/1XPyfJiWSt — Viaplay Sport SE (@ViaplaySportSE) December 7, 2023 Сето ова навестува дека Батиновиќ сигурно ќе ги пропушти и олимписките квалификации следната година, но можно е да не биде подготвена и за настап на ЛОИ 2024 во Париз ако Црна Гора успее да се пласира на турнирот. И покрај поразот од Хрватска, Црногорките се уште имаат шанса да се пласираат во четвртфиналето на СП ако во следното коло во групната фаза слават над Сенегал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
МЗТ Скопје во последната минута спречи сензација: Едвај-победа над ФМП Академија
Екипа - пред 23 часа
МЗТ Скопје во драматична завршница во последната минута едвај дојде до триумф од 79-72 против претпоследнопласираната екипа на ФМП Академија, спречувајќи сензација во првиот натпревар од 11. коло во Првата македонска кошаркарска лига. „Металците“ одлично го почнаа мечот. Првата четвртина ја добија со 19-10 и ништо не навестуваше дека натпреварот ќе има неизвесна завршница. Но, откако МЗТ на полувреме замина со предност од 35-26, извонредно одиграна трета четвртина на ФМП Академија која ја доби со 23-32, за да во последниот период од играта се влезе со израмнети 58-58. И низ игра поен за поен во последната четвртина, во последните две минути од средбата повторно се влезе со еднакви 72-72. За да конечно шампионот со две едноподруго тројки, на Војдан Стојановски и на Баковиќ дојде до водство од 78-72 на една минута до крајот, со што и дефинитивно го скрши отпорот на гостите за конечни на крај 79-72. Војдан Стојановски беше најдобар кај „аеродромци“ со 21 поен, а Баковиќ заврши со 15 постигнати поени. Ворку запиша 13 поени, а Танасковиќ заврши со 7 поени и 10 скока. Кај ФМП извонреден беше Омутао Огундиран со 29 поени, седум асистенции и шест скока. За МЗТ Скопје ова е десетта победа сезонава, наспроти и еден пораз, дополнително зацврстувајќи се на врвот од табелата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Десетта „нула“ на Еурофарм во ЛШ: Пораз и на домашен терен од Загреб
Екипа - пред 23 часа
Еурофарм Пелистер ја продолжи губитничката серија во Лигата на Шампионите со десеттиот пораз во низа во групната фаза, со минимални 22-23 на домашен терен од Загреб. Во дуелот на двете последни екипи на табелата, македонскиот првак не успеа да најде начин да го совлада хрватскиот шампион, Загреб заслужено победи ако се знае дека водеше од почеток па се до самиот крај, а битолчани ќе мора да почекаат за прва европска радост. Цврстата одбранбена зона им создаваше огромни проблеми на „пелистерци“ на самиот почеток, па во почетните шест минути игра македонскиот првак постигна само еден гол (1-3). Кризата во нападот продолжи, па Радивојевиќ не реализираше пенал при 2-4 на почетокот од 11. минута. Срна во 12. минута го имаше и второто исклучување на натпреварот, но Пелистер не ја искористи предноста од играч повеќе, прими два гола во овие две минути и се најде во негатива од 3-7, резултат при кој тренерот Ангеловски побара тајмаут. Хрваскиот првак поведе и со 3-8, но потоа блесна Гедбан на голот на „пелистерци“, запирајќи зицер на Дибиров и овозможувајќи битолчани со два гола во низа да се приближат на 5-8. Кузмановски не реализираше шут за „минус два“, а веќе во следниот напад на Загреб домашниот состав доби две исклучувања, за Кузмановски и за Тајник, по што гостите експресно се вратија на „плус пет“ (5-10). Мандиќ беше неверојатен на голот на Загреб, со двојната одбрана во 23. минута стигнувајќи до 12 усшени интервенции на натпреварот. Нападот на Пелистер конечно профункционира пред крајот на полувремето, два прекрасни погодоци постигна Петровиќ и предноста на гостите беше намалена на само два гола (9-11). Хратскиот шампион одговори со два гола во низа, пред Пешевски да реализира против одличниот Мандиќ, за конечни по првото полувреме 10-13. Проблемите во нападот продолжија и во второто полувреме, Еурофарм беше без одговор во првите три минути, па голманот Мандиќ со гол од својата половина ја зголеми предноста на Загреб на 10-14. Веќе во следниот напад следеше нова загубена топка и нов гол во празна мрежа, овојпат преку Моралес за 10-15. Македонскиот првак успеа да се врати пред се благодарение на добрата позициона одбрана и голманот Гедбан, па преку Петровиќ намали на 15-17, веднаш потоа следеше и гол на Тајник за 16-17, по што гостинскиот тренер беше принуден да побара тајмаут. „Зелено-белите“ стигнаа и до израмнување од 18-18, но во најлош момент за Пелистер повторно се разбуди Мандиќ, кој помогна гостите да поведат со 18-20. Ангеловски го побара последниот тајмаут на помалку од три минути до крајот при 19-21, битолчани во три наврати дојдоа на „минус еден“, но немаа сили за целосен камбек, претрпувајќи нов европски пораз. Гедбан беше одличен на голот со 13 одбрани, во нападот најдобри поединци кај Е. Пелистер беа Кузмановски со осум и Петровиќ со четири погодоци. Најдобар поединец на мечот беше гостинскиот голман Мандиќ со 20 интервенции, додека најефикасни кај Загреб беа Кларица со пет и Кавчиќ со четири постигнати голови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Лајпциг го „откачи“ Вернер, му порача да си бара нов клуб
Екипа - пред 23 часа
Тимо Вернер е клупска легенда на Лајпциг. Овој играч даде многу за клубот, а потоа замина во Челси, но по само две сецони одново се врати во тимот каде што го мина најголемиот дел од кариерата. Меѓутоа по враќањето, не се прослави. Германскиот репрезентативец мина надвор од терените цели 112 дена, или третина од годината. Оваа сезона одигра само 370 минути во сите натпреварувања, и постигна само два гола. Како што пишува „Билд“, напаѓачот бил на разговор со челниците на клубот во измиантите неколку дена, и соопштено му е дека ќе се разгледаат опциите во јануари да биде позајмен на друг клуб, или да биде прораден, што наишло на одобрување и на самиот играч. Вернер малку игра, Розе ги форсира Опенда, Пулсен и Шешка, а Вернер има амбиција да се најде на списокот на Германија на ЕВРО 2024, и затоа ќе му треба поголема минутажа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Борусија Дортмунд елиминацијата од Купот ја „плати“ и со многу повреди
Екипа - пред 1 ден
Борусија Дортмунд е елиминирана од Купот на Германија, откако вчера загуби на гостувањето кај Штутгарт со 2-0. „Милионерите“ имаа големи шанси да го освојат ова натпреварување, со оглед на фактот дека ниту Лајпциг, ниту Баерн Минхен не се повеќе во битка за овој трофеј, но сега испаднаа и ќе мора целосно да се фокусираат кон Бундеслигата и кон Лигата на шампионите. Но, покрај поразот, на мечот со Штутгарт, „милионерите“ останаа и без неколку играчи. Јулијан Рајарсон го повреди коленото, а по натпреварот беше виден на патерици. Се препоставува дека десниот бек е загубен до крајот на годината. Напаѓачот Јусуфа Мукоко беше заменет по само 24 минути, додека Волф беше заменет на полувремето поради проблемите со зглобот. На повреда се пожалил и Марсел Сабицер. За следниот меч со Лајпциг, Дортмунд нема да може да смета на Зиле, Реина и Алер, кои не се во комбинација поради повреди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Брозовиќ по шест месеци се враќа во Европа?
Екипа - пред 1 ден
Многумина играчи изминатото лето се решија да заминат во Саудиска Арабија. Особено оние кои се пред крајот на кариерата, а на таков чекор се реши и хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ. Меѓутоа после само шест месеци, можно е да се откаже од милионите во Ал Наср, и да се врати во Европа. Турски Галатасарај покажува интерес за него, и би можел да го ангажира ако пропадне можноста Матео Ковачиќ да дојде како позајмен во Истанбул. Варијантата за Ковачиќ е малку веројатна, со оглед дека ќе му треба на Пеп Гвардиола во тешките битки во Англија и во Лигата на шампионите, па затоа Галата ќе се сврти кон Брозовиќ. Турскиот гигант ќе се обиде да го ангажира како позајмен до крајот на сезоната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Стоилковска елиминирана во второто коло на фјучрсот во Египет
Екипа - пред 1 ден
Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Таа денеска загуби од четвртата носителка Карола Патриција Беженару од Романија (26 год. 609 место ВТА) со 2-0 во сетови (62 62) за 1 час и 6 минути игра. За пласманот во второто коло Стоилковска ќе освои еден поен. Во првиот сет поведе македонската тенисерка со 1:0, но потоа противничката имаше серија од пет гема за водство од 5:1, кое Стоилковска успеа да го ублажи и сетот заврши со скор 6:2 во гемови. Во вториот сет Стоилковска водеше со 1:0 и 2:1 во гемови, но Беженару имаше серија од четири гема за 6:2 во сетот. Во текот на мечот романската тенисерка имаше 4 брејка од 9 можности, а македонската тенисерка ниту една брејка шанса. Магдалена Стоилковска ќе има настап на уште еден турнир во Египет (W25 Шарм Ел Шеик), а според пријавите на тенисерките најверојатно ќе треба да игра и во квалификациите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Пролет и со „деца“ го декласираше Борец Велес во Купот на Македонија
Екипа - пред 1 ден
Пролет успеа да ја мине првата пречка во ракометниот Куп на Македонија откако скопскиот суперлигаш лесно и преубедливо го совлада Борец Велес со резултат 49-11. Велешани требаше да бидат домаќини на натпреварот, тој сепак се одигра во салата на Пролет во Скопје, каде тренерот Јовиќ ги одмори сите поискусни играчи, но скопјани и со „деца“ стигнаа до преубедлива победа. Борец допатува со само десет играчи, клубот цела сезона се мачи со огромни проблеми и денешниот убедлив пораз од подмладокот на Пролет е само уште еден загрижувачки знак, дека е допрено дното во велешкиот ракомет, а поранешниот првак на Македонија едвај наоѓа начин да функционира. По пет минути ига резултатот беше 3-0, а домашните ракометари продолжија со доминацијата поведувајќи со 9-2 во 12. минута. Како што одминуваше времето играчите на Борец немаа сила за одигрување на конкретни акции во нападот, следеа серија промашувања што Пролет ги претвораше во лесни голови од контри и полуконтри. На одмор се замина со „плус 20“ за скопскиот клуб (24-4), позитива што дополнително се зголеми во вториот период, до конечните 49-11. Георгиј Спасовски беше најефикасен во победничкиот тим со 11 гола, еден помалку постигна Давид Младеновски, додека Дамјан Димитриевски го заврши мечот со осум погодоци. Душан Крстевски со пет гола беше прв стрелец на Борец Велес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ЕХФ му се поклони на Митев: Марко е „ѕвер“, иднина на македонскиот ракомет (видео)
Екипа - пред 1 ден
Марко Митев одигра извонреден натпревар за Алкалоид против Ла Риоха, предводејќи го македонскиот вицепрвак до историски прв триумф во европските натпреварувања. Митев постигна неколку неверојатни погодоци против шпанскиот состав, а ЕХФ денеска го потенцираше ремек-делото на македонскиот репрезентативец од првото полувреме, кога тој влезе низ зоната, а потоа со шут зад грбот велемајсторски го матираше противничкиот голман. „Иднината на македонскиот ракомет се вика Марко Митев. И тој е ѕвер“, се вели во описот на ЕХФ за мајсторскиот погодок на ракометарот на Алкалоид. View this post on Instagram A post shared by EHF European League (@ehfel_official) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
„Бомба“ од Париз: Американски инвеститор купи дел од ПСЖ за 530 милиони евра
Екипа - пред 1 ден
Фудбалската бомба која е најавувана со месеци е активирана. Сопствениците на ПСЖ продадоа малцински пакет на акциите на американски инвеститори за повеќе од пола милијарда евра. Катар Спортс Инвестмент кој во своја сопственост го држи парискиот клуб, се одлучи после 10 години самоуверено владеење, да отвори врата на потенцијални партнери. Одлуката паднала на американските бизнисмени собрани околу платформата за приватен капитен Арктос Партнерс. ПСЖ потврди дека американските инвеститори купија 12,5% од акциите. Иако финансиските детали официјално не се откриени, „Л’Екип“ пренесува дека пакетот изнесувал нешто повеќе од 530 милиони евра. Вредноста на клубот е проценета на 4,3 милијарди евра. „Партнерството е формирано на база на планот на ПСЖ кој глобален раст, што со собе носи фудбалски и комерцијален успех“, рече првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи. Од клубот објаснето е дека влезот на американски капитал треба да го однесе функционирањето на клубот на повисоко ниво, капитален развој, но и доажање на финансиски, економски и спортски експерти. Порано Келаифи најави дека е во преговори со неколку заинтересирани страни за продажба на пакет акции за околу 15%. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Јужна Кореја ќе ги праѓа своите спортисти на воена обука пред ОИ 2024
Екипа - пред 1 ден
Олимпискиот одбор на Јужна Кореја, настојува да испрати стотини спортисти во воен центар за обука во градот Поханг, за подобро психолошки да се подготват за ОИ во Париз 2024. Околу 320 спортисти, вклучувајќи и жени, се очекува да бидат дел од тренинг кампот, се наведува во соопштението на олимпискиот одбор. Спортските сојузи од своите спортисти барале да се подготвуваат на ваква обука воочи големите настани, но ова е првпат да биде препорачано од Олимпискиот одбор. На ваков чекор се одлучиле после Азиските игри годинава, кога Јужна Кореја заврши како третопласирана по бројот на медалите после Кина и Јапонија. После тоа натпреварување претседателот на одборот, Ли Ки-Хјеон ја изнел идејата за воен камп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ФФМ: Активно работиме на воведување на ВАР во нашите лиги
Екипа - пред 1 ден
После „војната“ со соопштенија меѓу Шкупи и Струга ТЛ, на кој предмет беше вчерашниот меч помеѓу Воска Спорт и Струга ТЛ, по кој судиската анализа покажа дека не бил досуден пенал за Воска, додека бил неоправдано досуден за Струга ТЛ, се огласи и ФФМ. Од Федерацијата истакнаа дека работат активно на воведувње на ВАР технологијата во нашите лиги, со цел да се елиминираат судиските грешки. „Вчерашниот натпревар Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашиот фудбал. Сериозните судиски грешки доведоа до значителна неправда за тимовите во МФЛ и не само што предизвика разочарување и гнев, туку ја потенцираше потребата за брзи дејствија во насока на подобрување на судењето и спроведување на праведноста. Во текот на сезоната, се соочивме со судиски грешки кои директно влијаеа на интегритетот на фудбалската играта. Последните судиски грешки, но и грешките во изминатите кола од МФЛ, не принудуваат да се движиме побрзо кон подобрување и праведност во македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената. Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги. Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологијата тоа да не се оствари, бидејќи овој чекор е критичен за ефективното воведување и функционирање на ВАР технологијата. Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме. Фудбалот не е само игра, туку симбол на спортска правда и рамноправност. Во срцето на секој натпревар е желбата за фер-плеј, каде секој тим има еднакви шанси за успех. Паралелно со овие напори, ФФМ континуирано инвестира во професионалниот развој на нашите судии. Редовно ги испраќаме на обуки и семинари во рамките на УЕФА со цел подобрување на нивните вештини и способности за правилно судење. Ние сме посветени на обезбедување на највисоки стандарди во нашиот фудбал и веруваме дека овие чекори ќе придонесат кон правичен и квалитетен фудбалски исход.“, стои во соопштението на ФФМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Смолинг нема да се враќа до крајот на февруари
Екипа - пред 1 ден
Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг и натаму не е опоравен од повредата која го оддалечи од терените уште од септември, а последните информации се дека Мурињо ќе остане без искусниот дефанзивец до крајот на февруари. Англичанецот има повреда на коленото која е хронична, и се очекуваше да продолжи со тренинзите после само неколку години, меѓутоа неговиот „кам-бек“ ќе биде одложен. Централниот стопер не е опериран, и засега нема намера да прави зафат. Стравува дека компликациите би можеле предвреме да ја завршат неговата кариера. Поради тоа што не сака операција, рехабилитацијата би можела да трае подолго. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Жалгирис остана без уште еден кошаркар
Екипа - пред 1 ден
Литванскиот претставник во Евролигата, Жалгирис се соочува со огромен проблем откако остана без услугите на уште еден кошаркар. Станува збор за искусниот Лукас Лекавичиус кој ќе биде надвор од теренот во следниот месец поради повреда. Дваесетидеветгодишниот репрезентативец на Литванија на средбата против Алба Берлин се пожалил на болки во стомакот по што е утврдено дека станува збор за апендицит, воспаление на апендиксот поради кое мора да помине низ оперативен зафат. Жалгирис веќе ги загуби на подолго време Брејди Манек и Арнас Буткевичиус, а тимот претрпе и големо ослабување по заминувањата на Игнас Браздеикис и Наз Митру-Лонг кои преминаа во Олимпијакос. Another piece of bad news… 🤕 pic.twitter.com/ppX4EkF9Wm — BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) December 7, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Шампионката на УС опен од 2021 се враќа на тениските терени
Екипа - пред 1 ден
Шампионката на УС Опен од 2021 година, се враќа на тениските терени откако немаше играно од април и падна на 296. место на ВТА ранг-листата по три операции. За учество на турнирот во Нов Зеланд, кој се одржува од 1. до 7. јануари, Радукану доби специјална покана од организаторите, јави Би-Би-Си. Најавени се и Американката Коко Гоф и Данката Каролин Вознијацки. Радукану годинава одигра само девет натпревари, а во мај ги оперираше двете раце и левиот зглоб. Болката во коските во близина на зглобовите ја мачеше од крајот на минатата година па поради тоа мораше да замине на оперативен зафат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Надал го најави крајот: 2024 ќе ми биде последна година во тенисот
Екипа - пред 1 ден
Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, најави дека 2024 година ќе му биде последната во која ќе се занимава со професионално играње на тенис, и потоа веројатно ќе следува крај на кариерата. Шпанецот после една година се враќа на терените, откако паузираше поради повреда на колкот, и неговиот прв настап ќе биде во Австралија на почетокот на идната година. „Често мислев дека нема смисла повторно да се натпреварувам. Се борев и ја одржував илузијата цело време. Имав вистински луѓе околу себе, како и секогаш во текот на мојата кариера. Луѓето кои сакаат да ме видат како играм, имаа влијание“, рече Надал и потоа кажа дека идната година ќе му биде последната. „Постојат добри шанси 2024 да ми биде последна година, без сомневање“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Струга ТЛ со реакција: На ФК Шкупи не му доликуваат такви коментари и реакции
Екипа - пред 1 ден
Од таборот на ФК Струга ТЛ се јавија со реакција по повод обвинувањата од страна на ФК Шкупи, кој реагираше за судиските грешки на натпреварот Воска – Струга ТЛ. Шампионот ги нарече коментарите на друг клуб невиден преседан и опасен за фудбалот. Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Нашиот клуб е запознаен со коментарите и обвинувањата кои неодамна ги упати клубот од ФК Шкупи во врска со нашиот последен натпревар за одлуките на судиите и нивната „грижа“ за екипата на ФК Воска. Тоа е право на мислење од секој актер, но она што не изненади е тоа што раководството на ФК Шкупи ги изјавува тие обвинувања против нас, знаејќи дека ФК Шкупи е веќе толку сериозен клуб. ФК Струга отсекогаш ги одржувала највисоките стандарди на спортски дух и фер-плеј. Нашиот фокус останува да ја играме играта што ја сакаме со страст и почитување што ја заслужува. Да ги земеме за возврат; Реакцијата на ФК Шкупи има многу сериозни проблеми за фудбалската јавност воопшто и го нарушува балансот во комуникацијата. 1. Реакцијата како трета странка на натпревар е невиден преседан, која ризикува да стане неетичка практика во односите меѓу клубовите. 2. Како таква, тоа воопшто не е реципрочно кон ФК Струга. Никогаш не сме реагирале ниту официјално, ниту медиумски на недиректни натпревари. 3. Реакциите што ги направивме беа за директните натпревари и против Судиските одлуки во одредените епизоди не на соодветните клубови. 4. Не реагиравме на епизода која може да предизвика губење на Првенството во директен натпревар со ФК Шкупи во сезоната 2022-2023. 5. Етикетирањето на ФК Струга директно во реакцијата на официјалната страница на трет клуб е неетичко и опасно не само за нашиот клуб туку и за угледот на фудбалот. Но, никогаш нема да паднеме во стапицата на етикетирање на клубови, немајќи силни и директни причини, па макар тоа е и против ФК Шкупи, кој направи невидена реакција. Како што одиме напред, нашата посветеност да придонесеме позитивно за фудбалот – и на теренот и надвор од него – останува непоколеблива. Со нетрпение ги очекуваме нашите претстојни натпревари и можноста да продолжиме да носиме возбуда и радост за струшките навивачи“, стои во соопштението на ФК Струга ТЛ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Дарко Калин и Дејан Трајковски ке возат Мерцедеси од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk
Екипа - пред 1 ден
Во саботата, на 02.12.2023 во одлична атмосфера, беше реализирана дополнителната игра „СРЕЌНО ТРКАЛО“ која ги донесе најсреќните добитници од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk. Дарко Калин и Дејан Трајкоски, ја освоија најпосакуваната награда, и двајцата добија Мерцедес Benz E220D, секој во својата категорија. Бренд амбасадорите на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе и Кире Лазаров, им ги доделија клучевите на најсреќните играчи од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk. Наградите Мерцедес Benz E220D, Дарко Калин и Дејан Трајкоски ги освоија во сабота, на 02.12.2023 во последната фаза- дополнителната игра „СРЕЌНО ТРКАЛО“, од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ на 2win.mk. Со ова е комплетиран списокот на наградените од третото коло од наградната игра, како и на добитниците на главните награди. Дарко Калин го освои автомобилот Мерцедес во категоријата Видеолотарија, а Дејан Трајковски во категоријата во спортско обложување. Наградната игра беше со богат фонд на награди, парични и стокови во збирен износ од фантастични 15 049 739 денари. Во рамките на наградната игра, се доделија вкупно 230 награди, од нив, 26 се стокови, а 204 се парични награди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Обвинителството бара максимална суспензија од 4 години за Погба
Екипа - пред 1 ден
Италијанските спортски обвинители побарале четиригодишна забрана за играње на играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба кој е обвинет за допинг, пишуваат италијанските медиуми. Погба е суспендиран од октомври оваа година, откако тестот на националната антидопинг организација откри тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста на спортистот тестиран на 20. август на дуелот против Удинезе во првиот меч од Серија „А“. Французинот беше позитивен и на вториот направен тест, со што беше јасно дека му следува долга пауза. Ако добие четиригодишна суспензија, тоа веројатно ќе значи и крај на кариерата на екс играчот на Манчестер Јунајтед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Покрај Санчо уште две ѕвезди си заминуваат од Јунајтед во јануари
Екипа - пред 1 ден
Откако сигурно е дека Џејдо Санчо оваа зима ќе го напушти Манчестер јунајтед, на излезна врата од клубот се и двете поранешни ѕвезди на Реал Мадрид, Рафаел Варан и Кашемиро. Иако и двајцата беа доведени како големи засилувања, а Кашемиро беше еден од најдобрите фудбалери на „црвените-ѓаволи“ минатата сезона, сепак расипувањето на односот со менаџерот Ерик тен Хаг ќе доведе до нивно заминување уште во јануари. За Санчо веќе се заинтересирани Јувентус и Борусија Дортмунд, додека за двоецот Варан/Кашемиро се уште нема потенцијални кандидати за нивниот потпис. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Навивачите на Арсенал собираат средства за ривалот: Им плативме само 115 милиони евра, тоа е грабеж
Екипа - пред 1 ден
Арсенал стигна до огромни три бода во Премиерлигата откако во 15. коло славеше со 3-4 на гостински терен против Лутон во натпревар во кој победоносниот гол за „топџиите“ го постигна Деклан Рајс во седмата минута од судиското продолжение. Тоа е втор гол од огромна важност на 115 милионското засилување откако претходно на сличен начин го „сруши“ и Манчестер Јунајтед. Рајс е веќе миленик на навивачите на Арсенал, кои интересно неговата непроценлива вредност ја одбележаа започнувајќи петиција на страната „GoFundMe“ со цел да соберат дополнителни средства за обесштета кон доскорешниот клуб на Англичанецот, Вест Хем Јунајтед. „По повод грабежот над Вест Хем Јунајтед, ги молиме навивачите на Арсенал да се здружат за собирање на средства за надокнада на недоволната обесштета за Деклан Рајс. Во последните 15 дена стана очигледно дека Еду и Арсенал профитираа од прениската цена платена за него“, пишува во објавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Санчез прекина неверојатна низа
Екипа - пред 1 ден
Дерби натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челси на „Олд Трафорд“ заврши со победа на „црвените ѓаволи“ од 2-1 во меч во кој видовме бројни атракции, а меѓу нив се најде и голманот на „сините“ Роберт Санчез кој беше на врв на својата задача и покрај поразот. Санчез го заврши натпреварот со седум одбрани, а една од нив беше и пеналот на Бруно Фернандеш. Шпанецот добро го процени обидот на Португалецот, а со одбраната стави крај на серија од 32 последователни реализирани пенали во Премиерлигата. Последен кој промаши обид од белата точка беше Ерлинг Халанд на средбата против Шефилд Јунајтед во месец август. 32 – Robert Sánchez’s save from a Bruno Fernandes penalty last night ended a run in which 32 consecutive Premier League penalties had been scored; the previous miss was Erling Haaland against Sheffield United in August. Spotted. pic.twitter.com/z4JfdMNsnL — OptaJoe (@OptaJoe) December 7, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Јувентус ги купува сите отпишани фудбалери од Премиер-лигата
Екипа - пред 1 ден
Италијанскиот великан Јувентус и дефинитивно е дека уште во јануари ќе ги засили своите редови како би можел на вистински начин да го предизвика Интер во борбата за титулата во Серија А. Откако веќе некое време со трансфер во клубот од Торино се поврзува Џејдон Санчо, на мета на Масимилијано Алегри е уште еден отпишан фудбалер од Премиер-лигата. Се работи за Калвин Филипс кој иако беше најавен како големо засилување за Манчестер сити по неговото доаѓање од Лидс јунајтед, едноставно не се снајде на „Етихад“, што доведе до тоа да го изгуби и статусот на англиски репрезентативец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Тен Хаг купува уште еден голман од Милано
Екипа - пред 1 ден
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг сепак на крајот ќе се откаже од својот миленик Андре Онана, кој годинава беше виновен за голем дел од поразите на клубот од „Олд трафорд“. Холандскиот стратег веќе ја бара замената за Камерунецот, а тоа најверојатно ќе биде голманот на Милан, Мајк Мењан. Францускиот чувар на мрежата не сака да го продолжи договорот со клубот од „Сан сиро“ па се очекува следната сезона тој да се најде меѓу стативите на „црвените-ѓаволи“. Интересно е тоа што откако минатата година Тен Хаг го купи Онана од Интер, сега го посакува првиот голман на неговиот градски ривал Милан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Пантер станува репрезентативец на Босна и Херцеговина?
Екипа - пред 1 ден
Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина сака да го засили ростерот со натурализиран кошаркар, а највисоко на листата нa желби е капитенот на евролигашот Партизан, Кевин Пантер, пренесуваат медиумте во оваа поранешна југословенска држава. Последниот настап на натурализиран кошаркар Босна и Херцеговина го имаше во Лука Гарза, Американецот кој по потекло на неговата мајка е од оваа држава, но тој наскоро добива и босанско државјанство па се отвара можност за нова аквизиција. Покрај Пантер на листата на желби е и кошаркарот на Макаби Тел Авив, Вејд Болдвин, а кој и да биде конечниот избор јасно е дека покрај Џанан Муса и Јусуф Нуркиќ ќе има големо значење за оваа кошаркарска репрезентација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
НБА Топ 10: Брутален „постер“ на соиграч на Лука Дончиќ (ВИДЕО)
Екипа - пред 1 ден
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни 11 натпревари по кои на победи се радуваа Кливленд, Мемфис, Филаделфија, Бруклин, Минесота, Мајами, Чикаго, Хјустон, Далас, Голден Стејт и Лос Анџелес Клиперс. Најубавите потези на вечерта ги одбележаа и значајни поени при самиот истек на нападот, но најубавиот потег му припадна на Кеслер кој имаше „постер“ забивање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Трајковски се најде на новогодишниот календар на Хајдук (ФОТО)
Екипа - пред 1 ден
Во Сплит, претставници на тимот на Хајдук го претставија календарот за новата 2024 година. Идејата на новогодишниот калентар на сплитските „бели“ е да се промовира важноста на жената не само во фудбалот, туку и во спортот во целина. За прв пат во историјата на клубот машкиот и женскиот тим се заедно, а дел од него е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Што се треба да знаете за официјалниот избор на „Мажи на Годината 2023“
Екипа - пред 1 ден
Додека со нетрпение го очекуваме настанот што свечено и со заслужени признанија ќе ја заокружи 2023 година, ве запознаваме со некои информции за традиционалниот избор „Мажи на годината 2023“. „Мажи на годината, по успешните претходни пет изданија, годинава ќе се одржи по 6-ти пат, и уште еднаш ќе се погрижиме да организираме една незаборавна вечер посветена на славење на успехот, софистицираноста, стилот и сè што е гламурозно“ – порачуваат организаторите. И оваа година ќе бидат доделени 13 награди во различни категории, меѓу кои и главната награда МАЖ НА ГОДИНАТА. Во однос на тоа кои се критериумите според кои жирито на манифестацијата одлучува кој ќе биде добитник во одредена категорија, издвоени се неколку критериуми: Глобално влијание: Некој кој има значајно влијание на глобално ниво, без разлика дали е во политика, наука, хуманитарни напори или други области. Позитивно влијание: Поединци кои позитивно придонеле за општеството, ги инспирирале другите или направиле значителен напредок во нивните области. Надминати предизвици: Луѓе кои се соочиле со неволји и ги надминале предизвиците, демонстрирајќи издржливост и решителност. Иновации и лидерство: Оние кои покажаа иновативно размислување, лидерски квалитети и беа во првите редови на позитивните промени. Културно влијание: Поединци кои имале длабоко влијание врз културата, без разлика дали преку уметноста, забавата или други креативни потфати Официјален поддржувач и генерален спонзор на настанот е AДМИРАЛ која како општествено одговорна компанија е активно вклучена во сите сегменти на општествениот живот преку спонзорства и донации во повеќе области и има за цел да промовира успешни приказни, па така ја препозна и поддржа нашата идеја заедно да ја продолжиме традицијата на наградување на поединците кои имаат значајни придонеси во нашата држава. Како и претходната година, така и оваа Бадел и натаму се верни пријатели и поддржувачи на Мажи на годината, и повторно ќе овозможат да уживаме во нивниот премиум хербален ликер, Antique Pelinkovac. Останати спонзори кои го поддржуваат настанот се: Империал Тобако и Хечо а Мано, специјализирана продавница за пури и аксесоари. „За гламурот да биде целосен, оваа гала вечер ќе се одржи во хотел Хилтон во Скопје. Ноќ на сјај, гламур и величественост. Тоа не е само настан; тоа е искуство. Се гледаме на 20. декември, заедно да посведочиме на уште една вечер за паметење“ – велат организаторите на „Мажи на годината“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...