Касемиро го откачил Јунајтед – извинете, погрешен број и им спуштил!
Супер спорт - пред 1 час
Манчестер јунајтед не може да најде добри засилувања за следната сезона, откако веќе беа одбиени од неколку врвни фудбалери, а во медиумите се појави шпекулација дека се обиделе да го купат и Касемиро од Реал Мадрид.Тренерот Ерик Тен Хаг бара засилувања, но раководството не може никого да го ангажира, па останале со празни раце и кога го побарале Бразилецот Касемиро.„Марка“ објави дека „ѓаволите“ му се јавиле на Касемиро, но тој веднаш ги откачил откако им кажал дека бројот е погрешен и им спуштил. Касемиро е еден од најважните фудбалери во екипата на тренерот Карло Анчелоти и заедно со Лука Модриќ и Тони Крос освоија по пет европски титули во последните осум години....
Нуњез испрати порака по глупоста која ја направи против Кристал Палас
Супер спорт - пред 1 час
Ливерпул вчера одигра 1-1 против Кристал Палас во второто коло од англиската Премиерлига, а резултатот можеби ќе беше поинаков, ако Дарвин Нуњез не добиеше црвен картон.Нуњез доби големи критики откако падна на провокацијата на Јоахим Андерсен и го удри со глава, па затоа е суспендиран на три меча.Талентираниот фудбалер и големо засилување на Ливерпул се јави на социјалните мрежи и испрати порака по глупоста која ја направи против Кристал Палас. „Свесен сум каков лош став имав. Овде сум да учам од грешките и да не се повтори истото“, напиша Нуњез на Твитер.Soy consciente de la fea actitud que tuve. Estoy para aprender de mis errores y no volverá a pasar más. 🫡🙏— Darwin Núñez (@Darwinn99) August 16, 2022...
Најзгодната атлетичарка во свет мамеше воздишки во Минхен (Фото)
Супер спорт - пред 7 часа
Една од најубавите атлетичарки, а според многумина и најзгодна, Алиса Шмит се пласираше во полуфинале на трката на 400 метри во Минхен.Иако не беше меѓу главните фаворити на трката, Алиса привлече големо внимание на камерите поради нејзиниот атрактивен изглед.И таа се потруди да биде главна тема, откако се појави во провокативно издание, кое ги истакна нејзините облини....
„Би-Би-Си“: Манчестер јунајтед му даде дозвола на Роналдо да замине
Супер спорт - пред 7 часа
Манчестер јунајтед има лош почеток на новата сезона, откако избраниците на тренерот Ерик Тен Хаг запишаа два порази во воведните две кола.Главна тема повторно е Кристијано Роналдо и неговата желба да замине, иако клубот претходно инсистираше дека Португалецот не е на продажба.„Би-Би-Си“ објави дека извори од клубот откриваат дека односот на Роналдо прави проблеми во соблекувалната и затоа раководството му дало дозвола да замине. „Во Јунајтед е уништена позитивната атмосфера, Роналдо прави проблеми и не комуницира со неговите соиграчи“, пишува медиумот.Тен Хаг претходно кажа дека Роналдо сакал да остане, но тоа не го потврдува неговиот агент Жорж Мендеш кој бара нов тим за фудбалерот....
Го изнервира Нуњез да добие црвен картон, па сега не може да спие мирно од закани!
Супер спорт - пред 7 часа
Дарвин Нуњез нема по добро да го памети мечот против Кристал Палас, откако доби црвен картон, а неговиот тим Ливерпул одигра 1-1.Нуњез заработи исклучување, откако беше испровоциран од Јоаким Андерсен, но дефанзивецот на Кристал Палас сега не може да спие мирно поради тоа.Засилувањето на Ливерпул доби црвен картон, откако го удри Андерсен со глава поради провокација, асега дефанзивецот објави на социјалните мрежи дека добива закани по неговиот живот. „Добив околу 300-400 пораки минатата ноќ. Разбирам дека го поддржувате вашиот тим, но не би било лошо да покажете почит кон другите, наместо да глумите опасни преку социјални мрежи“, напиша Андерсен....
Јувентус колку долга пауза го чека Ди Марија
Супер спорт - пред 8 часа
Поранешниот шампион Јувентус почна со победа во новата сезона во Серија А, но сепак едно од засилувањата, Анхел Ди Марија се повреди.Ди Марија го постигна првиот гол за Јувентус, но предвреме го заврши мечот против Сасуоло поради повреда на адукторот.Аргентинецот беше на медицински прегледи, по што дозна дека ќе мора да паузира најмалку 10 дена, кога го чекаат нови прегледи. Ди Марија ќе го пропушти мечот против Сампдорија, а најверојатно нема да биде дел ниту од дербито против Рома, кое се игра на 27 август.Претходно се повреди и Пол Погба, кој летово се врати во тимот на „бјанконерите“....
Ван Дајк му одржа лекција на Нуњез по црвениот картон
Супер спорт - пред 9 часа
Новиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез немаше добро деби на „Енфилд“ бидејќи заработи црвен картон против Кристал Палас (1-1).Нуњез одговори агресивно на провокациите на Андерсен и го удри со глава в лице, по што доби директен црвен картон и тоа му направи проблем на тренерот Јирген Клоп.Ливерпул по воведните две кола сè уште не знае за победа, а дефанзивецот Вирџил Ван Дајк му испрати порака на Нуњез. „Во иднина ќе мора повеќе да се контролира. Вакви грешки не смеат да се повторат. Треба да знае дека вакви работи и провокации се случуваат често. Сега ќе добие поддршка од нас, но во иднина мора да реагира мирно“, кажа Ван Дајк....
На „тивката војна“ ѝ доаѓа крајот: Асенсио ептен се разочара од Реал Мадрид
Супер спорт - пред 9 часа
Шпанските медиуми пишуваат дека Марко Асенсио воопшто не е во добри односи со раководството на Реал Мадрид и планира да го напушти клубот до крајот на летниот преоден рок.Во тимот не се среќни затоа што Асенсио го ангажирал супер-менаџерот Жорж Мендеш, а Шпанецот ги пропушти последните два меча на клубот, и тоа против Алмерија во Ла Лига и Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот.Асенсио има уште една година од договорот и Реал мора да го продаде летово ако сака да заработи нешто од неговиот трансфер. Милан и Ливерпул претходно беа заинтересирани, но се насочија кон други фудбалери, а Мендеш сака Асенсио да остане во клубот до крајот на договорот, па потоа да си замине како слободен агент....
Познат списокот на тимови кои го одбиле Роналдо
Супер спорт - пред 10 часа
Кристијано Роналдо не се откажува од неговата намера да си замине од Манчестер јунајтед, а целта му е да потпише за тим кој игра во Лигата на шампиони (ЛШ).Колку е решителен да замине покажа и на почетокот на подготовките, кога не се појави и пропушти дел од подготвителните натпревари.Во Манчестер се свесни за желбите на Роналдо, па најверојатно ќе го пуштат да замине, иако досега не добиле ниту една понуда за него. Неговиот менаџер Жорж Мендеш разговараше со многу тимови ширум Европа, но сè уште не може да се договори.Клубовите кои ја одбија можноста да го ангажираат Роналдо летово се Милан, Интер, Баерн Минхен, Челси, Реал Мадрид, ПСЖ и Атлетико Мадрид.🚨 Clubs that have so far rejected the chance to sign Cristiano Ronaldo this summer:❌ AC Milan❌ Inter Milan❌ Bayern Munich❌ Chelsea❌ Real Madrid❌ PSG❌ Atlético Madrid(🗞️ @CorSport) pic.twitter.com/tKxY2r1JLg— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 16, 2022...
На „Итихад“ дојде голем шпански талент: Пеп доби ново засилување! (Фото)
Супер спорт - пред 10 часа
Манчестер сити летово ангажира неколку засилувања, но преодниот рок сè уште за премиерлигашот не е завршен и тимот денеска претстави уште еден фудбалер, а тоа е Серхио Гомез, кој пристигна од Андерлехт.Овој 21-годишен лев бек ги воодушеви сите со настапите во дресот на белгискиот клуб, но сепак „граѓаните“ беа најупорни да го добијат неговиот потпис.Гомез ја почна кариерата во Барселона, но како тинејџер замина во Борусија Дортмунд, каде што не доби многу шанса, па две сезони бееш на позајмица во Хуеска, по што потпиша за Андерлехт. Младиот дефанзивец потпиша четиригодишен договор со актуелниот англиски првак и кажа дека е среќен што доаѓа во екипа чиј тренер е Пеп Гвардиола.We are delighted to announce the signing of @sergiogm_10 on a four-year deal ✍️Read more ⤵️— Manchester City (@ManCity) August 16, 2022...
Тикет на денот (вторник, 16.08.2022)
Супер спорт - пред 12 часа
Во наредните три дена, љубителите на фудбалот ќе може да уживаат во квалификациите за европските купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.Ренџерс – ПСВ – ГГ3+ @ 2.21 во MozzartРенџерс да имаше малку среќа во финалето на Лига Европа и да успееше на пенали да слави против Ајнтрахт, сега би биле директни учесници во ЛШ. Вака ќе мораат преку квалификациите до елитата, а тој пат повеќе е од тежок. Се вклучија во минатото коло и успеаа да надоместат два гола негатива. ПСВ од друга страна ги помина сите „кругови на пеколот“ во двомечот со Монако. Ако важеше гол во гости, досега тимот од Ајндховен ќе беше елиминиран од квалификациите. Како и да е, на овој натпревар очекуваме ефикасен дуел и типуваме ГГ3+ со квота 2.21 во Mozzart.Копенхаген – Трабзон – Х2&2+ @ 2.38 во Bet365Прваците на Данска и Турска немаат директен пласман во ЛШ и тоа покажува дека овие шампионати доста паднаа на УЕФА листата. Причина е слабите резултати на данските и турските клубови во последно време. Се уште имаат два претставиници во квалификациите и веруваме дека нема лесно да се предадат. Трабзон ја започна добро сезоната во Турција каде што се изиграни две кола, а на тие натпревари Трабзон запиша победа. Копенхаген изгуби три натпревари, додека во 32 натпревари во минатата сезона запиша само 4 порази. Овде веруваме дека Трабзон ќе останат непоразени и типуваме Х2&2+ со квота 2.38 во Bet365. ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.26Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk...
Челси не се предава: Тухел сака да го урне рекордот на Мегваер
Супер спорт - пред 1 ден
Хари Мегваер е најскап дефанзивец во историјата, но тоа наскоро би можело да се промени затоа што Челси планира до крајот на летово да ја засили одбраната.Мегваер пристигна во Јунајтед за 87 милиони евра, а тоа не беше најдобар потег на „ѓаволите“ бидејќи Англичанецот не ги оправда очекувањата.Челси планира да го урне рекордот на Мегваер со понуда за Весли Фофана, која ќе биде вредна 95 милиони евра. Клубот на Томас Тухел веќе испрати две понуди, кои беа одбиени од Лестер, но сепак третата понуда која ја подготвува новиот газда на тимот најверојатно ќе биде прифатена.Фофана од 2020 година е во Англија, каде што стигна до Сент Етјен, а веќе ги договорил личните услови со Челси....
Ивановски не ја заврши трката на 42 км во Минхен
Супер спорт - пред 1 ден
Македонскиот атлетичар Дарио ивановски за жал не успеа да ја заврши трката на европскиот шампионат во Минхен и остана без пласман, додека германскиот атлетичар Ричард Рингер стана првак.Рингер стигна до најголемиот успех во кариерата, откако претходно неколку пати завршуваше на третата позиција во различни натпреварувања, а овој пат мина низ целта за 2:10.21.Три секунди зад него остана Израелецот Мару Тафери, додека бронзениот медал му припадна на Гашау Ајале....
Модриќ го урна Роналдо на вечната листа во Реал Мадрид
Супер спорт - пред 1 ден
Хрватскиот репрезенативец Лука Модриќ пред 10 години пристигна во Реал Мадрид, а вчера заигра на дуелот против Алмерија (2-1) и така го урна Кристијано Роналдо.Модриќ стигна до неговиот 436. меч за Реал Мадрид, па така се искачи на 17. место на вечната листа со најмногу настапи за тимот и го надмина Роналдо.На Роналдо за 435 настапи за Реал му требаше една година помалку отколку на Модриќ, но Португалецот си замина од Мадрид пред четири години. Модриќ сега го брка Емилио Бутрагуено, уште една легенда на Реал, кој одигра 450 натпревари, односно 14 повеќе од Модриќ.Од актуелните фудбалери на Реал само Карим Бензема има повеќе настапи од Модриќ, односно 605, додека Раул е рекордер со 737 настапи....
Барди со колегите од Трабзонспор замина за Копенхаген (Фото)
Супер спорт - пред 1 ден
Македонскиот репрезентативец Енис Барди пред неколку дена потпиша за Трабзонспор, па сè уште го чека официјалното деби во новиот тим.Турскиот гигант го соопшти списокот со фудбалери на кои ќе смета за мечот против Копенхаген во плејофот за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).Тренерот на Трабзонспор избра 23 фудбалери, меѓу кои се најде и македонскиот фудбалер, кој претходно кажа дека се надева на место во ЛШ со неговиот тим. Натпреварот меѓу Копенхаген и Трабзонспор се игра утревечер од 21 часот.🛫 UEFA Şampiyonlar Ligi play-off turunda FC Kopenhag ile karşılaşacak olan takımımız bugün saat 12.00’de Türk Hava Yolları’na (@TK_TR) ait özel bir uçakla Trabzon’dan Kopenhag’a gitti. #UCL pic.twitter.com/gy0D761Hpe— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 15, 2022...
Мурињо им купил 60 пици на ѕвездите на Рома!
Супер спорт - пред 1 ден
Жозе Мурињо знае да биде голем шмекер, а тоа го покажа по победничкиот старт во Серија А, откако Рома славеше со 1-0 против Салернитана.Мурињо купи 60 пици за стручниот штаб и фудбалерите, па така покажа дека е задоволен со успешниот старт на сезоната.Брајан Кристанте беше човекот кој го постигна единствениот гол на мечот за победа на Рома од 1-0. La #Roma vince a Salerno, #Mourinho replica: 60 pizze per giocatori e staff #ASRoma #SalernitanaRoma #SerieA #CorrieredelloSporthttps://t.co/upTwdNVQuV— pagineromaniste.com (@PagineRomaniste) August 15, 2022...
Катастрофата на Јунајтед против Брентфорд била „најавена“ два дена претходно!
Супер спорт - пред 1 ден
Манчестер јунајтед повторно одигра ужасен меч во Премиерлигата и загуби со 0-4 од Брентфорд, а проблем не е само играта, туку и атмосферата во кллубот.„Манчестер Ивнинг Њуз“ објави дека два дена пред мечот со Брентфорд се случил хаос во соблекувалната по тренингот.Фудбалерите се карале меѓусебе и очигледно тоа ја уништило атмосферата пред мечот во второто коло во кој Јунајтед беше посрамотен. Не е познато колку лица учествувале во караницата, но пред три месеци за малку ќе имаше тепачка исто така во соблекувалната, па очигледно нешто не е како што треба во клубот.Тренерот Ерик Тен Хаг побара итни промени и нови засилувања, а претходно и други тренери, како Жозе Мурињо и Ралф Рангник предупредуваа дека во клубот има проблем и мора да се реши во најбрз можен рок....
ФА почна истрага: Тухел го чека долга суспензија поради инцидентот со Конте
Супер спорт - пред 1 ден
Тренерот на Челси, Томас Тухел вчера имаше физичка пресметка со Антонио Конте по мечот меѓу лондонските гиганти (2-2), по што двајцата заработија црвени картони.Тоа значи дека нема да бидат на клупата за следните натпревари на своите тимови, а Тухел би можел да добие поголема казна поради коментарите кон судијата Ентони Тејлор, кој го оштети Челси.Германецот не беше среќен поради Тејлор и го критикуваше поради двата примени гола, а очигледно на Фудбалска асоцијација на Англија (ФА) не ѝ се допаѓа вистината, па реши да го казни Тухел. ФА почна истрага против тренерот на Челси, кој би можел да добие продолжена суспензија и парична казна зашто не се дозволува коментирање на судењето, дури и кога судиите не се во право, како што во случајот со Тејлор....
Ѓоковиќ чека одлука за настап на Ју-Ес опен, а Надал има отворен пат до тронот!
Супер спорт - пред 1 ден
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал има одлична шанса во Америка да го нападне првото место на АТП-листата.Надал не брани бодови во Синсинати, ниту на Ју-Ес опен, па има отворен пат кон тронот, зашто Данил Медведев по турнирот во Монтреал остана без многу бодови.Медведев на Ју-Ес опен ќе брани дури 2.000 бодови, па тоа е дополнителен удар за него, но и предност за Надал кој без притисок ќе го нападне тронот. Мастерсот во Монтреал донесе големи промени, а најмногу профитираше Каспер Руд, кој напредуваше за две места и така ги скокна Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ.Ѓоковиќ остана на шестата позиција, додека Циципас поради лошите резултати падна дури до седмото место....
Пулишиќ си оди од Челси и се сели во најбогатиот тим во светот!?
Супер спорт - пред 1 ден
Кристијан Пулишиќ наскоро би можел да си замине од Челси, а како негов следен тим се споменува Њукасл, кој неодамна беше купен од саудискиот принц и стана најбогат тим во светот.„Атлетик“ објави дека Пулишиќ е во лоши односи со тренерот Томас Тухел, кој без објаснување го стави во втор план.Њукасл има пари, па така нема да биде проблем, само Американецот треба да прифати преселба во тимот на Еди Хау. Екипата на Хау ја почна сезоната со четири освоени бодови по две одиграни кола, по победата против Нотингем форест и ремито со Брајтон.Пулишиќ без сомнеж би бил големо засилување за Њукасл, кој сезонава ќе се бори за излез во Европа....
Роналдо ќе го добие најболниот удар во кариерата од „ѓаволите“
Супер спорт - пред 1 ден
Манчестер јунајтед сериозно планира да го продаде Кристијано Роналдо, иако претходно имаше шпекулации дека ќе биде важен дел од проектот на премиерлигашот.„Црвените ѓаволи“ ја почнаа сезоната на ужасен начин и имат два порази во воведните две кола, а голем дел од членовите на Јунајтед сметаат дека Роналдо е виновен за лошата атмосфера во тимот.Неговото однесување во претходните денови е главна тема во медиумите. Тој во првиот меч правеше гримаси од клупата затоа што не беше стартер, а против Брентфорд за 90 минути не покажа ништо посебно на теренот. За да биде уште полошо, Роналдо по мечот си замина без да се поздрави со тренерот Ерик Тен Хаг со кого очигледно не се во добри односи, иако Холанѓанецот тоа го демантираше.Не е тајна дека Роналдо сака да си замине од екипата, па наскоро би можела да му се оствари желбата, а се споменува дури дека „ѓаволите“ би можеле да го избркаат без да го продадат....
Анчелоти: Не беше лесно да им кажам на Бензема и Тони…
Супер спорт - пред 1 ден
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека е задоволен со победата од 2-1 против Алмерија на стартот на Ла Лига.Голот за победа го постигна Давид Алаба од слободен удар во 75. минута, и тоа од првиот контакт со топката.„Тие кои изведуваат слободни удари се Бензема или Крос, но влезе Алаба кој исто така е добар. Не беше лесно да им се каже на Бензема и Тони дека нема да изведуваат слободни удари, но…“, вели Анчелоти. Италијанецот призна дека лошо го почнале натпреварот, по што имаа и негатива од 0-1, но сепак во второто полувреме успеаа да ја свртат ситуацијата и да победат на стартот на Ла Лига.WHAT A GOAL! 😲 @David_Alaba #RealMadrid #LaLiga pic.twitter.com/XOqLwYSQnW— FUT (@Futboleer) August 14, 2022...
Конте по пресметката со Тухел: Среќа имаш што не те видов… (Видео)
Супер спорт - пред 1 ден
Челси одигра 2-2 против Тотенхем, иако заслужи да победи, но поради судиските грешки гигантот од синиот дел на Лондон остана оштетен.По мечот се случи и инцидент на теренот, кога тренерите Томас Тухел и Антонио Конте имаа вербална, па физичка пресметка која за малку можеше да се претвори во тепачка.Драмата почна при 1-1, кога Конте славеше бурно и го изнервира Тухел, а набрзо потоа Челси погоди за 2-1, по што Германецот трчаше и славеше покрај клупата на Тотенхем. Конте по мечот реши да го искоментира моментот.„Имаш среќа што не те видов…“, напиша Конте на неговиот профил на Инстаграм....
Тикет на денот (понеделник, 15.08.2022)
Супер спорт - пред 1 ден
Иако е понеделник, понудата за обложување е сосема добра. Ние се потрудивме да издвоиме супер дабл и да ви го претставиме во форма на тикет на денот.Хетафе – Атлетико Мадрид – 2 @ 2.15 во MozzartАтлетико минатата сезона многу рано ја предаде круната на градскиот ривал Реал, а сега се надеваат дека повторно може да ја земат. Нема да биде лесно со оглед на тоа што се појача и Барселона која во минтата сезона беше надвор од случувањаата. Хетафе имаше доста тешка сезона и со доаѓањето на Кике Санчез се си дојде на свое место. Двете екипи имаат добри односи, а искрено овде очекуваме Атлетико Мадрид да ги земе првите три бода во новата сезона. Типуваме 2 со квота 2.15 во Mozzart.Хакен – Мјалби – 1Х&4+ @ 2.80 во Bet365Мјалби овде последен пат во првенството изгуби пред девет години, но еден период беа и дел од втората лига, па може да констатираме дека се непоразени на последните три гостувања во Готенбург. Хакен на последните два натпревари постигна девет гола, а повторно не го освои максималниот број на бодови. Против Елфсборг на гости изиграа 4-4, а потоа на домашен терен со 5-0 го декласираа Хелсингборг. И Мјалби е во добра форма, односно се без пораз на претходните четири дуели, а на гости на последните три натпревари зедоа седум бода. Фаворит е домаќинот, а ние очекуваме и ефикасен натпревар со голови. Типуваме 1X&4+ со квота 2.80 во Bet365. ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.02Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk...
Тухел го обвини Конте за тепачката, а овој вели – да се фокусираме на фудбал!
Супер спорт - пред 2 дена
Голем инцидент го одбележа мечот меѓу Челси и Тотенхем (2-2), откако тренерите Томас Тухел и Антонио Конте се пресметаа физички по средбата.Двајцата добија црвени картони, откако за малку ќе се степаа по последниот судиски свиреж, а секој од нив има своја страна на приказната.Тухел по мечот кажа дека Конте го предизвикал инцидентот и кажа дека Италијанецот не го погледнал во очи додека се поздравува, но стратегот на Тотенхем не сакаше да зборува за пресметката. „Проблемот останува меѓу нас двајца. Треба да зборуваме за натпреварот и за фудбалот, а не за тоа што се случи по мечот“, кажа Конте....
Тен Хаг го откажа слободниот ден и ги натера фудбалерите да трчаат 13,6 км!
Супер спорт - пред 2 дена
Тренерот Ерик Тен Хаг воопшто не е задоволен со почетокот на сезоната бидејќи Манчестер јунајтед запиша два порази по две кола.Тен Хаг не им дозволи на фудбалерите денеска да имаат слободен ден по убедливиот пораз од 0-4 против Брентфорд во второто коло, па им нареди на играчите да истрчаат 13,6 км.Причина за тоа е статистиката која покажа дека фудбалерите на Брентфорд за 90 минути истрчале повеќе од неговите играчи. Јунајтед во третото коло го пречекува најжестокиот ривал, а тоа е поранешниот европски и англиски шампион Ливерпул....
Македонските кадети го освоија ЕХФ-шампионатот!
Супер спорт - пред 2 дена
Македонската ракометна репрезентација го освои ЕХФ-шампионатот со победата од 24-22 против Швајцарија во Рига, Летонија.Кадетите во финишот се соочија со негатива од два гола (20-22), но потоа влегоа во ритам и со четири гола во серија успеаа да го обезбедат триумфот и титулата.Македонија ја помина групната фаза со три победи, по што славеа и во полуфиналето, а вечерва и во финалето и така со перфектна игра обезбедија место на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, како и Светското кадетско првенство следната година....
Судијата го „изгоре“ Челси, Тухел и Конте сакаа да се тепаат (Видео)
Супер спорт - пред 2 дена
Дербито во Лондон заврши 2-2, откако Челси имаше водство до 96. минута, но Тотенхем во последната минута стигна до реми, откако претходно имаше неколку контроверзни одлуки на судијата.Најпрво при првиот гол на Тотенхем не беше досуден прекршок врз Каи Хаверц, иако беше очигледно дека го има, по што следеше вербална пресметка меѓу тренерите Томас Тухел и Антонио Конте.Германецот и Италијанецот продолжија со караницата и по мечот, а паднаа тешки зборови на двете страни, по што редарите и останатите членови на екипите се обидоа да ги раздвојат и да спречат тепачка. Челси во следното коло гостува кај Лидс, додека Тотенхем го пречекува Вулверхемптон.Things got HEATED between Thomas Tuchel and Antonio Conte after a dramatic 2-2 draw between Chelsea and Tottenham. 👀pic.twitter.com/qmKs1cUfpk— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 14, 2022...
Тен Хаг: Потребни ни се нови засилувања!
Супер спорт - пред 2 дена
Манчестер јунајтед доживеа два порази во воведните две кола во Премиерлигата, и тоа од Брајтон со 1-2 и од Брентфорд со убедливи 0-4.Тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг е разочаран од стартот, по што побара од раководството нови и квалитетни засилувања до крајот на летниот преоден рок.„Ние сме во процес на транзиција. Очекувавме поразличен старт на сезоната. Потребни ни се нови фудбалери, односно квалитетни засилувања. Работиме на тоа и се надеваме дека ќе ги ангажираме до крајот на летото“, кажа Тен Хаг. „Ѓаволите“ ова лето ги ангажираа Кристијан Ериксен, Тајрел Маласија и Лисандро Мартинез, а тимот се наоѓа и во преговори со Адриен Рабио....
Дориев: Шкендија сака да ја врати титулата!
Супер спорт - пред 2 дена
Шкендија загуби на пенали од шведски АИК во Конференциската лига, па тетовци сега се посветуваат на предизвиците во домашниот шампионат и сакаат победа против Силекс.Љупче Дориев вели дека Шкендија оди на победа против Силекс и кажа дека нивна цел оваа сезона е освојување на титулата.„Новата сезона ја почнуваме мотивирано, а целта ни е да ја вратиме титулата. Играме против Силекс и имаме почит за ривалот, но одиме на победа. Верувам дека ќе одиграме добро, како што игравме во дуелите од Конференциската лига“, кажа Дориев....
Ѓоковиќ доби охрабрувачка вест: Не ми бараа доказ за вакцинација во Америка
Супер спорт - пред 2 дена
Францускиот новинар Квентан Мојне стигна во Америка и објави дека на влез во САД никој не му барал доказ дека е вакциниран.Ова е охрабрувачка вест за најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој сепак би можел да заигра на Ју-Ес Опен.„Влегов во САД без да ми бараат доказ за вакцинација. Ова не беше случај во март. Дали веќе се променети правилата? Тоа би можеле да бидат добри вести за Ѓоковиќ“, кажа Мојне. Центарот за контрола и превенција на болести на САД донесе нови мерки за невакцинираните лица, но сепак тие не важеа за странци.Ју-Ес опен почнува на 29 август, па останува да видиме дали Ѓоковиќ ќе настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната....
Тен Хаг по поразот: Имавме план, но фудбалерите не го почитуваа!
Супер спорт - пред 2 дена
Тренерот Ерик Тен Хаг презема дел од вината за поразот од Брентфорд, но ги обвини и неговите фудбалери дека не го почитувале планот.Тен Хаг им се извини на навивачите поради поразот од 0-4 од Брентфорд во саботата, при што кажа дека фудбалерите не играле како што се договориле, а тоа може да предизвика нови проблеми на „Олд Трафорд“.„Примивме голови поради индивидуални грешки. Имавме план, но потоа го фрливме во канта за отпадоци“, кажа Холанѓанецот. Јунајтед последен пат ја освои Премиерлигата пред девет години во последната сезона на Сер Алекс Фергусон на клупата, по што почна долгиот пост кој навивачите се надеваат дека ќе биде прекинат од Тен Хаг....
Атанасов постигна спектакуларен гол против Динамо (Видео)
Супер спорт - пред 2 дена
Динамо Загреб славеше во вечното дерби против Хајдук Сплит со 4-1, а единствениот гол за гостинскиот тим го постигна македонскиот фудбалер Јани Атанасов.Атанасов постигна спектакуларен гол, но така само го налути ривалот, кој ја наполни мрежата на Хајдук и запиша убедлива победа во шампионатот.По мечот Атанасов кажа дека е среќен за голот, но поради поразот не му значи ништо посебно. „Игравме добро и постигнавме гол. Среќен сум поради тоа, но сепак загубивме со 1-4 и овој гол не ми значи ништо. Мораме да го заборавиме поразот и да работиме на грешките“, кажа Атанасов....
Чави го испофали Димитриевски: Столе беше одличен!
Супер спорт - пред 2 дена
Рајо Валјекано одигра 0-0 против Барселона на „Камп Ноу“, откако македонскиот голман Столе Димитриевски запиша шест интервенции и трет меч по ред остана без примен гол против каталонскиот тим.Тренерот на Барселона, Чави Ернандез немаше друг избор, освен да му честита на Димитриевски за одличниот меч на „Камп Ноу“.„Рајо одигра одличен натпревар и ни го затворија патот кон голот. Имавме проблеми, а нивниот голман беше одличен со неколку интервенции“, кажа Чави. Барселона летово се засили со неколку звучни имиња, како Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Жил Кунде, а се планираат и други, но сепак имаше лош старт....
Мбапе е како мало дете: Не доби топка, па се налути и престана да трча (Видео)
Супер спорт - пред 2 дена
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се однесува како мало дете на одредени моменти и тоа го покажа на вчерашниот натпревар меѓу ПСЖ и Монпелје.ПСЖ тргна во напад по десната страна, додека Мбапе се ослободи на левата и бараше топка, а откако не ја доби, се налути и престана да трча.Мбапе имаше можност и да продолжи напред и да учествува во акцијата, но очигледно се навреди затоа што не доби топка и така ги налути навивачите на ПСЖ. Mbappe needs top pip down his ego… He legit walked away from a counter because he didn't receive a pass and funny enough if he had made the run in the box he would have scored the goal but he wasn't there. pic.twitter.com/Rucas9RD5n— 𝕻𝖆𝖚𝖑'𝖘 𝕻𝖗𝖎𝖓𝖙 (@OAP_LFC) August 13, 2022...
Де Хеа по дебаклот на Јунајтед: Јас сум виновен!
Супер спорт - пред 2 дена
Давид Де Хеа имаше кошмарен настап против Брентфорд, кој го декласираше Манчестер јунајтед со убедливи 4-0 во второто коло од англиската Премиерлига.Шпанскиот голман направи две големи грешки за водство на Брентфорд од 2-0, по што домаќините продолжија да ја полнат неговата мрежа и стигнаа до триумф од 4-0.Де Хеа по натпреварот собра храброст и призна дека дебаклот е негова вина поради лошите интервенции во неколку ситуации. „Јас сум виновен за поразот. По првите две грешки беше многу тешко. Мојата прва грешка придонесе натпреварот да тргне во надолна линија. Требаше да играме подобро, а ако не беа моите грешки резултатот сигурно ќе беше поразличен“, вели Де Хеа....
Барселона може да жали: Го имаше договорено Димитриевски, но остана без него поради – Нето!
Супер спорт - пред 2 дена
Македонскиот голман Столе Димитриевски веќе три меча по ред нема примено гол против Барселона, а такво нешто последен пат се случило пред 50 години.Каталонскиот гигант може само да жали што меѓу неговите стативи не е Димитриевски со кого се договори за трансфер минатата зима, но сепак не успеа да го ангажира поради Нето.„Сè беше готово со Барселона и чекав само да замине Нето, но од некоја причина тој не го напушти клубот и затоа не се комплетира трансферот“, кажа Димитриевски за српски „Моцартспорт“ пред четири месеци. Димитриевски вчера имаше дури шест одбрани против големите ѕвезди на Барселона и уште еднаш успеа да ги запре....
Димириевски: Среќен сум, но сакавме победа против Барселона!
Супер спорт - пред 2 дена
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски уште еднаш ја запре Барселона, и тоа по третпат во последните три меча.Димитриевски три меча по ред нема примено гол против каталонскиот гигант и тоа е успех каков што последен пат е забележан пред 50 години во Шпанија.„Не победивме, но среќни сме. Минатата сезона славевме против Барселона и сакавме да го направиме тоа повторно. Нашата одбрана одигра на врвно ниво“, кажа Димитриевски. За Димитриевски пристигнаа пофалби и од редовите на Барселона.„Голманот на Рајо (Димитриевски) имаше три одлични одбрани. Не смееме да бидеме задоволни со ова реми, потребни ни беа трите бода“, вели Гарсија....
Енигма за Барселона: Димитриевски повтори нешто што се случило пред пола век!
Супер спорт - пред 2 дена
Македонскиот голман Столе Димитриевски беше најзаслужен за тоа што Рајо Валјекано остана непоразен кај Барселона, а притоа успеа да се запише во историјата.Димитриевски минатата сезона двапати ја зачува мрежата против каталонскиот гигант, при што одбрани и пенал на Мемфис Депај, а вчера имаше шест одбрани во ремито (0-0) на „Камп Ноу“.Македонецот стана четврти голман во историјата кој успеал да не прими гол на две гостувања на „Камп Ноу“, а такво нешто последен пат се случило пред 50 години. Пред Димитриевски двапати по ред успеале да останат непоразени само Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73.100% – Stole Dimitrievski 🇲🇰 has saved all 10 shots on goal he has faced in his three LaLiga games against Barcelona since last season. Wall. pic.twitter.com/0kXVVLlWcW— OptaJose (@OptaJose) August 13, 2022...
Тикет на денот (недела, 14.08.2022)
Супер спорт - пред 2 дена
Уште една одлична недела е пред нас. Понудата е фантастична, а започнаа и останатите лиги во Европа. Ние се потрудивме да издвоиме супер комбинација и да ви ја претставиме како тикет на денот. Ова е нашиот предлог.Баерн – Волфсбург – ГГ @ 1.80 во MozzartБаерн на самиот почеток докажа дека и покрај заминувањето на Левандовски тие се уште оправдано го носат епитетот „Баварска Машина“. Во првото коло запишаа убедлива победа против Ајнтрахт Франкфурт и успеаа да ги победат на гостински терен со резултат од 6-1. Волфсбург од друга страна силата ја мереа со Вердер Бремен, а тие два тима ни прикажаа ефикасен натпревар без победник кој заврши со резултат 2-2. Овде очекуваме најмалку по еден погодок на двете страни и типуваме ГГ со квота 1.80 во Mozzart.Тромсо – Кристиансунд – 1 @ 1.55 во 20BetOвде имаме дуел на две очајни екипи. Домаќините имаат се уште надеж за спас и покрај лошите игрии знаат да запишат и по некоја победа, но тоа не им гарантира сигурен опстанок бидејќи во моментов се дел од црвената зона. Кристиансунд од друга страна е најголемиот фаворит за елиминација со оглед на тоа што во изиграни 17 натпревари запиша само една победа, три пати ремизираше и останатите 13 дуели ги запиша како пораз. Ова изгледа како идеална шанса за Тромсо да земе три бода, па типуваме 1 со квота 1.55 во 20Bet. Фиорентина – Кремонезе – 1 @ 1.55 во Bet365Фиорентина во контролниот период изигра доста натпревари, но не успеа да ги победи сите. Последниот дуел им беше против Бетис, а таму доживеаа тежок пораз од 3-1, па веруваме дека од тоа ќе извлечат заклучок за грешките и дека ќе ги отстранат. Кремнозе многу оддамна не биле дел од италијанската елита, па сега откако успеаа да се вратат веруваме дека единствена цел ќе им биде да се задржат повеќе од една сезона. Сепак, Фиорентина е огромен фаворит на овој натпревар и очекуваме лесна победа за нив. Наш предлог е 1 со квота 1.55 во Bet365.ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.32...
Баерн Минхен тргна по потписот на Хаверц
Супер спорт - пред 3 дена
Германски „Спорт1“ објави дека Баерн Минхен планира бомба за крајот на преодниот рок, а тоа е ѕвездата на Челси, Каи Хаверц.Челси го купи Хаверц за 80 милииони евра од Баер Леверкузен пред две години, а Германецот настапи на 93 меча и постигна 23 гола и 14 асистенции.Хаверц е еден од најважните фудбалери на тренерот Томас Тухел, па речиси невозможно е да се замисли дека Германецот ќе си замине, иако Баерн ќе испрати понуда. Баварскиот гигант многупати досега крадеше ѕвезди од останатите тимови, а сигурно ќе се обиде тоа да му го направи и на Челси, иако шансите за реализација на ваков трансфер се ептен мали....
Кошмар за „ѓаволите“: Јунајтед по 35 минути губи 0-4 од Брентфорд (Видео)
Супер спорт - пред 3 дена
Манчестер јунајтед има уште еден ужасен натпревар во Премиерлигата, па така губи со 0-4 од Брентфорд по половина час игра.Дасилва го отвори резултатот во 10. минута, по што Јенсен зголеми на 2-0 во 18. минута, а целосниот потоп се случи во 30. минута, кога Ми стрелаше за 3-0.GOOOOOAL DasilvaDe Gea😬Brentford 1-0 Man UnitedWatch the game live on 👇🏻https://t.co/vFSreONlBz pic.twitter.com/4MZ5roSv14— PL Fans (@LIVMUN2) August 13, 2022 GOOOOOOAL, Mee!😰Brentford 3-0 Man United Watch the game live on 👇🏻https://t.co/vFSreP4Wt7 pic.twitter.com/mrOhGORhMy— PL Fans (@LIVMUN2) August 13, 2022 GOOOOOOAL, Mee!😰Brentford 3-0 Man United Watch the game live on 👇🏻https://t.co/vFSreONlBz pic.twitter.com/mrOhGOzGV0— PL Fans (@LIVMUN2) August 13, 2022 Четвртиот гол падна во 35. минута, кога Мбеумо во контра-напад успеа да го матира Де Хеа. GOOOOOOAL!😰Brentford 4-0 Man United Watch the game live on 👇🏻https://t.co/vFSreONlBz pic.twitter.com/lopxgzPhNg— PL Fans (@LIVMUN2) August 13, 2022...
Ѓоковиќ испрати порака до Црна Гора по инцидентот на Цетиње (Фото)
Супер спорт - пред 3 дена
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не остана мирен по вестите за трагедијата во Цетиње, откако вчера во Црна Гора загинаа 11 луѓе, а шест се повредени.Ѓоковиќ на социјалните мрежи испрати сочувство до Црногорците, кои ги загубија своите најблиски во инцидентот....
Анчелоти ја најави својата пензија!
Супер спорт - пред 3 дена
Еден од најтрофејните тренери во историјата, Карло Анчелоти донесе одлука кога ќе се пензионира.Во интервју за италијанските медиуми, Анчелоти кажа дека ќе ја заврши кариерата кога ќе реши да го напушти Реал Мадрид.„Оваа фаза во Реал ќе биде крај на мојата кариера. Ќе заминам во пензија по Реал. Ова е врвот на фудбалот, таму планирам да ја завршам кариерата“, кажа Анчелоти. Анчелоти повтори дека Карим Бензема треба да ја добие „Златната топка“ затоа што многупати постигна решавачки голови за тимот.Италијанецот, сепак, не откри кога планира да си оди од екипата на Реал, туку кажа дека ќе се фокусира на повторување на успеси од претходната сезона, односно освојување на што е можно повеќе трофеи....
Миовски со глава го врати Абердин во живот (Видео)
Супер спорт - пред 3 дена
Македонскиот репрзентативец Бојан Миовски продолжи да тресе мрежи за Абердин, па така денеска погоди против Мадервил.Абердин имаше негатива од 0-1 до 43. минута, кога Миовски успеа да ја затресе мрежата на противникот за 1-1.Ова е трет погодок за Миовски во шкотското првенство и така уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма. #Miovski 1-1 pic.twitter.com/wrE2sJZIos— Rustler (@RedRust01) August 13, 2022...
Јувентус добива нови засилувања: Паредес ги спакува куферите, се чека и Депај
Супер спорт - пред 3 дена
Поранешниот италијански шампион Јувентус е во завршни преговори со ПСЖ за трансферот на Леандро Паредес, а во тимот од Торино се очекува да пристигне и Мемфис Депај од Барселона.Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие кажа дека не му е потребен Паредес, кој ќе добие годишна плата од пет милиони евра во Јувентус, а парите од продажбата на Адриен Рабио ќе бидат искористени за купување на Аргентинецот.Долго време се шпекулира и за иднината на Депај, а Јувентус е сериозен кандидат за неговиот потпис, па се обидува да го договори одличниот фудбалер. Тренерот Масимилијано Алегри вчера доби уште едно засилување, откако пристигна Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт....
Тен Хаг: Јас сум тренерот кој ќе му го врати успехот на Јунајтед!
Супер спорт - пред 3 дена
Манчестер јунајтед загуби во првото коло од Брајтон со 1-2 на домашен терен, но тренерот Ерик Тен Хаг смета дека е вистински човек за да ја врати славата на поранешниот англиски шампион.Тен Хаг во разговор со „Скај Спортс“ зборуваше за можностите на екипата на Јунајтед и кажа дека ќе освојат барем една титула ако остане четири години во клубот.„Не можам да барам трпение од навивачите, но се надевам дека ќе имаат разбирање. Ако сакаат победнички тим, тогаш ќе го добијат. Ако бидам тренер четири години, сигурен сум дека ќе освоиме барем една титула“, вели тренерот. Јунајтед денеска од 18.30 часот гостува кај Брентфорд и Тен Хаг се надева дека ќе има повеќе среќа, па ќе ја запише првата победа во Премиерлигата....
Барди разговарал со Руни, но го одбил зашто сакал да игра во ЛШ!
Супер спорт - пред 3 дена
Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера го облече дресот на турскиот шампион Трабзонспор со кој ќе се обиде да избори место во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), но и да ја одбрани титулата во Турција.Барди имал понуда и од неколку други екипи, меѓу кои и од САД, па легендарниот Вејн Руни лично го убедувал да потпише за Ди-Си јунајтед, но македонскиот фудбалер не сакал ниту да чуе.Руни имал неколку средби со Барди, но тој го одбил и му кажал дека сака да игра во ЛШ следната сезона, па затоа Трабзонспор беше идеален избор за него. Македонскиот фудбалер имал понуда и од грчки Олимпијакос, но не сакал да потпише за нив, иако клубовите се договориле за трансферот.Да потсетиме, Трабзонспор ќе се бори против Копенхаген за место во групната фаза на ЛШ....
Лоши вести за Ѓоковиќ: Ништо од напредокот на АТП-листата!
Супер спорт - пред 3 дена
Новак Ѓоковиќ на следната АТП-листа ќе остане на шестата позиција, иако ќе го премине Стефанос Циципас, затоа што Каспер Руд се пласираше во полуфинале на Мастерсот во Монтреал и така ги премина двајцата.Руд го совлада Оже-Алиасим од Канада и закажа полуфинале со Хуркач, па така има обезбедено 95 бодови повеќе од Ѓоковиќ, а има можност и дополнително да напредува.Доколку слави против Хуркач, тогаш ќе го премине и Карлос Алкараз и од понеделник ќе биде четврти тенисер во светот, а ако слави и таму, тогаш ќе стигне на 115 бода од Рафаел Надал, кој е трет на ранг-листата. Во второто полуфинале на турнирот играат Даниел Еванс и Пабло Карено Буста....
Мбапе призна: Бензема одигра одлична сезона, треба да ја добие „Златната топка“
Супер спорт - пред 3 дена
„Франс Фудбал“ ги објави номинираните фудбалери за „Златната топка“, а најголем фаворит за престижната награда е францускиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема.Бензема има коефициент од 1.05 дека ќе ја осови наградата, по што следи Килијан Мбапе од ПСЖ со коефициент 15, а речиси без шанси се Мохамед Салах, Вирџил Ван Дајк и Садио Мане.Мбапе призна дека неговиот сонародник одиграл неверојатна сезона и заслужува да ја добие престижната награда. „Карим има 34 години, но ја одигра најдобрата сезона во кариерата. Тој ја освои Лигата на шампиони и реши многу натпревари со неговите голови. Ако сум на негово место и не ја освојам наградата, повеќе никогаш нема да ме интересира ‘Златната топка’“, кажа Мбапе....
Тикет на денот (сабота, 13.08.2022)
Супер спорт - пред 3 дена
И оваа сабота имаме одлична понуда, па искрено и немавме големи проблеми при изборот на натпревари за тикет на денот. Ова е нашиот предлог за денес.Шалке – Менхенгладбах – 2 @ 2.25 во MozzartШалке повторно ни се врати во Бундеслигата, но искрено во првото коло не се покажаа како доволно спремни за новата сезона. Имено, тие запишаа пораз од Келн со резултат од 1-3, а сега повторно се пред тежок испит бидејќи го пречекуваат тимот на Борусија Менхенгладбах. Гостите од друга страна започнаа со победа и нивната цел е јасна за оваа сезона, а тоа е да се обезбеди пласман во Европа. Менхенгладбах е поквалитетен тим и веруваме дека без поголеми проблеми ќе победи на овој натпревар. Типуваме 2 со квота 2.25 во Mozzart.Го Ахед – ПСВ – 2/2 @ 2.15 во Bet365Го Ахед минатата сезона ја заврши со катастрофални резултати и за малку успеа да го обезбеди опстанокот во холандската елитна фудбалска лига. Тие имаа доволно пауза за да ги воочат и елиминираат проблемите, но резултатот од првото коло во новата сезона не го докажа тоа со оглед што повторно беа поразени. ПСВ од друга страна повторно ќе цели кон лидерската позиција бидејќи лани за само три бода не успеа да ја земе титулата, па сега повторно како најголем предизвик ќе им биде тоа. Екипата од Ејндховен е апсолутен фаворит, па очекуваме да доминираат на овој натпревар. Наш предлог е 2/2 со квота 2.15 во Bet365. ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.84Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk...
Позната се номинираните за „Златната топка“, Меси го нема никаде!
Супер спорт - пред 4 дена
Денеска беше објавена листата од 30 кандидати за освојување на престижната награда која минатата година на изненадување на сите му припадна на Лионел Меси.Меси оваа сезона го нема меѓу 30-те номинирани фудбалери за наградата, па тоа е голема катастрофа за Аргентинецот.За разлика од досегашниот избор кога наградата се доделуваше на основа на успеси во текот на календарска година, од сега ќе се сметаат спортски успеси од почеток до крајот на сезоната. Најголем фаворит за „Златната топка“ е Карим Бензема, па не се очекуваат никакви изненадувања и напаѓачот сигурно ќе ја добие наградата на 25 август.Lionel Messi ❌Neymar Jr. ❌The 30 nominees for the Ballon d'Or by @francefootball are here and we have some surprise omissions. 😮 pic.twitter.com/O1YmjJT71g— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) August 12, 2022...
Чурлинов за пет милиони евра се сели во Барнли
Супер спорт - пред 4 дена
Германски „Скај“ објави дека македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе си замине од Штутгарт и ќе се пресели во Барнли, иако интерес постоеше и од Андерлехт.Чурлинов наскоро заминува на медицински прегледи во Англија, откако тимовите се договорија за трансфер вреден пет милиони евра.Македонскиот фудбалер се очекува да потпише четиригодишен договор со Барнли и ќе биде големо засилување за тимот кој се надева на враќање во Премиерлигата. „Чурлинов е блиску до Барнли. Штутгарт ќе добие пет милиони евра, а договорот на фудбалерот ќе биде потпишан до 2026 година. Уште утре би можел да замине на медицински прегледи“, кажа новинарот Патрик Бергер....
Барди се збогува со Леванте: Ти посакувам сè најдобро (Фото)
Супер спорт - пред 4 дена
Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска официјално беше промовиран како ново засилување на турскиот првак Трабзонспор, откако вчера ги помина успешно медицинските прегледи.Барди по пет години си замина од Леванте, па реши да испрати порака до неговите поранешен клуб и неговите навивачи.„После пет години минати во Леванте, денеска кажувам ‘чао’ на една од најубавите етапи во мојот живот како фудбалер, со надеж дека ова е само довидување. Си одам како ‘левантиста’, како валенсијанец плус, за сите ќе беше подобро ова „чао“ да дојде во поинакви услови. Имам само зборови за благодарност кон клубот за довербата која ја покажа во мене уште од самиот старт и секако за навивачите на Леванте со кои доживеав незаборавни моменти и кои ги чувствувам за блиски. Ти посакувам се најдобро Леванте. Каде и да одиш, имаш навивач плус и тоа од срце“, напиша Барди. View this post on InstagramA post shared by BARDHI (@enisbardhi10)...
Реал Мадрид го оштетил трофејот од Лига на шампиони (Фото)
Супер спорт - пред 4 дена
Шпанскиот гигант Реал Мадрид го освои трофејот во европскиот Суперкуп, а на почетокот на дуелот против Ајнтрахт Франкфурт беше забележано дека титулата од Лигата на шампиони е оштетена.Трофејот на „кралевите“ беше изложен, но истиот бил оштетен од засега непозната причина, додека немаат коментар ниту од самиот тим....
Тен Хаг ја затвори вратата: ПСЖ најави „бомба“, но остана со празни раце!
Супер спорт - пред 4 дена
Манчестер јунајтед ја почна сезоната на лош начин, откако загуби со 1-2 од Брајтон во првото коло во Премиерлигата, а тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека направил анализа и се надева дека грешките нема да се повторат во иднина.Тен Хаг се појави денеска на прес-конференција, каде што зборуваше за неколку важни прашања, меѓу кои и иднината на Маркус Рашфорд, кој беше најавен како засилување за ПСЖ.„Рашфорд е важен член на екипата и задоволен сум од него. Не сакам да го загубам и тој останува дел од моите планови во Јунајтед“, кажа Тен Хаг. Холандскиот тренер исто така кажа дека Роналдо тренирал добро, но не сакаше да открие дали ќе биде стартер на мечот против Брентфорд....
Ѓоковиќ се откажа од Синсинати, нема да игра ниту на Ју-Ес опен?
Супер спорт - пред 4 дена
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Синсинати, кој се игра следната недела, а тоа најверојатно значи дека ќе ја пропушти цела турнеја во САД.Шампионот нема да има шанси да брка трета титула на Синсинати поради правилата за влез во Америка, според кои невакцинираните странци не смеат да влезат во државата.Ѓоковиќ не играше ниту минатата година на овој Мастерс поради подготовките за Олимписките игри (ОИ) во Токио. Ова отсуство од турнирот најверојатно ќе значи дека Ѓоковиќ нема да игра на Ју-Ес опен и ќе остане без можност да се бори за неговата 22. гренслем-титула....
УЕФА бира играч на годината – Бензема е главен фаворит!
Супер спорт - пред 4 дена
Европската фудбалска унија (УЕФА) ги соопшти имињата на тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата играч на годината.Во изборот се наоѓаат Карим Бензема од Реал Мадрид, Тибо Куртоа исто така од шпанскиот гигант и Кевин Де Брајне од Манчестер сити.Во конкуренција на тренери во потесниот избор се Карло Анчелоти од Реал Мадрид, Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити. Добитниците ќе бидат прогласени на 25 август во Истанбул на ждрепката на групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).Реал Мадрид е последен освојувач на ЛШ, откако во Париз во мај славеше против Ливерпул со 1-0....
„Абердин ќе му помогне на Миовски да стане прв напаѓач на Македонија“
Супер спорт - пред 4 дена
Тренерот на Абердин, Џим Гудвин кажа дека македонскиот напаѓач Бојан Миовски покажал зошто шкотскиот тим платил пола милион фунти за неговите услуги.Гудвин смета дека Миовски може да се бори за „златната копачка“ во Шкотска ако продолжи во ваков ритам, откако постигна три гола во три меча.„Миовски е момче кое не поставува бројка за цел, а јас сакам да стане што е можно подобар и да постигне што е можно повеќе голови. Минатиот викенд имаше четири шанси, а постигна два гола, што е одлично. Тој сака да биде прв напаѓач на Македонија, а ние ќе му помогнеме во тоа“, кажа Гудвин. Македонскиот напаѓач го засили шкотскиот тим од МТК....
Икарди ќе го засили нападот на Манчестер јунајтед!?
Супер спорт - пред 4 дена
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди повеќе нема да добие шанса во ПСЖ, па поради тоа се шпекулира дека летово ќе замине од Париз, а како негова нова дестинација се споменува Манчестер јунајтед.Француските медиуми пишуваат дека интерес за Икарди покажале Монца, Галатасарај и Јунајтед, но најдобра понуда дефинитивно е поранешниот англиски гигант кој има сериозни проблеми во нападот.Ванда Нара, сопругата на Икарди, почнала преговори со два тима, а најблиску до потписот на Аргентинецот се „црвените ѓаволи“. Единствен проблем за „ѓаволите“ би можела да биде платата на Икарди, која изнесува неверојатни 11 милиони евра по сезона....
Официјално: Барди го облече дресот на Трабзонспор (Видео)
Супер спорт - пред 4 дена
Македонскиот репрезентативец Енис Барди по пет години го напушти Леванте и се пресели во турскиот првак Трабзонспор со кој потпиша тригодишен договор.Барди вчера ги помина медицинските прегледи, по што стави потпис на соработка според која ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона, а денеска Трабзонспор го промовираше преку социјалните мрежи.Турскиот гигант објави специјално видео на нивниот профил на Твитер, а може да се забележи дека Барди го избрал бројот 29 со кој ќе игра во следната сезона и ќе се обиде да му помогне на тимот да обезбеди место во групната фаза на Лига на шампиони (ЛШ), но и да ја одбрани титулата во Турција. Yeni yuvana hoş geldin Enis Bardhi. ♥️💙 pic.twitter.com/YyvhCrQM4u— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 12, 2022...
Ирвинг бара по новиот договор да игра најмногу 60 меча по сезона!
Супер спорт - пред 4 дена
Продолжува драмата во Бруклин нетс, а овој пат во центар на внимание е Кајри Ирвинг, кој пред неколку дена поставил неверојатни барања пред газдата на клубот.Човекот кој пропушти голем дел од минатата сезона затоа што не се вакцинираше овој пат има друг услов, а неговата идеја е да игра најмногу 60 меча во сезона.„Џо Цаи се покажа како тврд преговарач, зашто максималниот договор за Ирвинг не доаѓаше во предвид. Ми кажаа дека Кајри имал неверојатни барања за нов договор и не сакал да игра над 60 меча во сезона затоа што сметал дека тоа е премногу напорно“, открива новинарот Рик Бучер. Ирвинг минатата сезона одигра само 29 меча во НБА-лигата, но причина за тоа беше неговиот став да не се вакцинира....
Тајсон: Ѓоковиќ ми е омилен играч, а тенисот ми го промени животот!
Супер спорт - пред 4 дена
Еден од најдобрите боксери во историјата, Мајк Тајсон кажа дека Србинот Новак Ѓоковиќ е негов омилен тенисер.Тајсон во една емисија со поранешниот тренер на Патрик Муратоглу кажа дека неговата ќерка игра тенис.„Цел живот ни се промени поради тенисот. Мислев дека сè е супер затоа што заработуваме многу, но ништо не може да се мери со тоа што мојата ќерка игра тенис. Ја гледам како расте во нешто што никогаш не би станала да не почнеше да игра тенис. Има голема самодоверба, иако има само 12 години“, кажа Тајсон. Тајсон призна дека Ѓоковиќ имал голема улога во тоа, па затоа му е омилен тенисер....
Навивачи им ги запалиле автомобилите на фудбалерите зашто доживеале пораз! (Видео)
Супер спорт - пред 4 дена
Дури пет автомобили на стручниот штаб и фудбалери на аргентинскио тим Алдосиви биле запалени по поразот во домашниот шампионат од Годо Круз со 0-2.Ова беше деветти пораз за Алдосиви во 13 одиграни кола, а тоа повеќе не можеле да го поднесат навивачите кои решиле да им се „истурат“ на фудбалерите.По крајот на мечот биле запалени пет возила, по што морале да реагираат пожарникарите, но не успеале да ги спасат автомобилите. #Aldosivi | #AHORA | Incendiaron entre 4-5 autos en el predio tras otra derrota, esta vez ante #GodoyCruz. Literalmente ALDOSIVI ESTÁ EN LLAMAS pic.twitter.com/YFdLU6FbXG— Carlos Sommi (@carlossommiok) August 12, 2022...
ФИФА го помести почетокот на СП за еден ден порано!
Супер спорт - пред 4 дена
Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека Мундијалот во Катар ќе почне еден ден порано од предвиденото, односно на 20 ноември со мечот меѓу Катар и Еквадор.Од ФИФА решија да го поместат почетокот на Светското првенство (СП) затоа што сакаат церемонијата и воведниот меч да го направат како посебен настан.Средбата меѓу Катар и Еквадор ќе се игра в недела, 20 ноември со почеток од 19 часот по локално време, додека мечот меѓу Холандија и Сенегал ќе се одигра на 21 ноември од 19 часот. Оваа промена ќе обезбеди и продолжение на долгогодишната традиција според која првиот меч на Мундијалот го игра домаќинот....
Тикет на денот (петок, 12.08.2022)
Супер спорт - пред 4 дена
Денешниот ден е одличен. Понудата е фантастична и поголем дел од екипите кои играат наредната седмица плеј оф за ЛШ, првенствените натпревари ќе ги играат денес. Ова е нашиот предлог тикет за денес.Трабзон – Хатјаспор – 1/1 @ 2.15 во MozzartШампионот на Турција започна во одбрана на титулата со сигурна победа и тоа на гостувањето кај Истанбулспор. Нивниот ривал Хатјаспор беше слободен во првото коло, со оглед на тоа дека турската елита брои непарен број клубови. Тешко е да се процени во каква форма е Хатјаспор, но нас ни делува дека Трабзон е поквалтиетен. Покрај овој натпревар мора да размислуваат и за плеј оф натпреварот против Копенхаген, но сепак за нив е најважна оваа сезона која веќе започна. Наш предлог за овој натпревар 1/1 со квота 2.15 во Mozzart.Сарпсборг – Бодо Глимт – 2/2 @ 2.62 во Bet365За рпвакот во Норвешка, ова гостување доаѓа во доста незгоден момент. Не затоа што ривалот е од појака категорија, туку што овој меч го сместија помеѓу два европски дуели клучни за продолжение на сезоната. Во вторникот, Бодо гостуваше во Литванија каде што релативно лесно ја зачува огромната предност од првиот натпревар и изигра 1-1 со Жалгирис. Сарпсборг е во лоша серија и изгубија на последните пет натпревари, а токму таа црна серија е започнаа со пораз од Бодо. Овде очекуваме гостите да победат и типуваме 2/2 со квота 2.62 во Bet365. ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.63Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk...
Сестрата на Роналдо му објави „војна“ на Перез!
Супер спорт - пред 4 дена
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез доби барање од навивачите да го врати Кристијано Роналдо, кој не е задоволен во Манчестер јунајтед и сака да си замине, но сепак првиот човек на европскиот шампион нема таква намера.Перез ја одби идејата на навивачите и го објасни неговиот став за Роналдо.„Сега да го вратам во тимот? Тој има 38 години…“, кажа Перез. Ова предизвика реакција и од сестрата на Роналдо, Авеиро, која испрати кратка, но јасна порака до Перез.„Роналдо можеби има 38 години, но може да скокне 2 метри и да остане три минути. Исто така, во неговот тело нема маснотии. Покажи малку почит старецу“, напиша Авеиро....
Трабзонспор за трансферот на Барди ќе плати околу 10 милиони евра
Супер спорт - пред 5 дена
Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска пристигна во Трабзон каде што треба да има медицински прегледи, по што ќе потпише договор со турскиот шампион.Трабзонспор за услугите на Барди ќе потроши 10 милиони евра, односно три милиони евра ќе добие Леванте, додека остатокот ќе биде за македонскиот фудбалер.Барди по пет години си заминува од Шпанија, каде што пристигна во 2017 година од Ујпешт, па во изјава за медиумите кажа дека сака да си го оствари сонот со Трабзонспор и да заигра во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ). Претходно во турскиот шампионат пристигна уште еден македонски репрезентативец, а тоа е Езгјан Алиоски кој ќе игра за Фенербахче....
Кирјос: Ги победив Ѓоковиќ, Федерер, Надал, можам секого да го совладам!
Супер спорт - пред 5 дена
Австралискиот тенисер Ник Кирјос во Монтреал го елиминира првиот тенисер во светот, Данил Медведев со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-4 и 6-2.Кирјос покажа дека е сериозен кандидат за титулата, а веќе има 14 победи во последните 15 меча, при што загуби само еднаш, и тоа од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.По крајот на мечот против Медведев, новинарите го прашаа Кирјос што научи од победата, а тој им одговори во негов стил. „Вие момци се однесувате како да не сум победил ниту еден голем тенисер. Веќе ги совладав Федерер, Ѓоковиќ и Надал. Дури и да загубам пет меча по ред, секогаш ќе имам шанса против било кого. Не играм само за себе, туку и за прекрасната публика. Тоа му е потребно на спортот“, вели Кирјос....
Дефанзивец на Реал се сопна и падна, а потоа стана на неверојатен начин (Видео)
Супер спорт - пред 5 дена
Фудбалерите на Реал Мадрид освоија нов трофеј, откако на Олимпискиот стадион во Хелсинки беа подобри со 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот.Одбраната на Реал уште еднаш беше на висина на задачата, а притоа се случи една интересна ситуација кога Едер Милитао се сопна и падна.Меѓутоа, Милитао стана на неверојатен начин и така продолжи да го брка дефанзивецот како ништо да не се случи, а навивачите на Реал останаа воодушевени. View this post on InstagramA post shared by BT Sport (@btsport)...