Мирен протест на полицајците во Атина, бараат да останат вон спортските натпревари
Сител - пред 16 минути
Грчките полицајци бараат да останат надвор од стадионите и спортските натпревари откако нивен колега, во четвртокот, беше тешко повреден за време на одбојкарски натпревар, а поради што денеска одржаа мирен протест пред надлежното Министерство за заштита на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Со централниот слоган: „Животот на полицаецот не чини 30 евра“, полицајците порачаа дека нивната работа е да се справуваат со криминал, со крадци, убијци, да помогнат во безбедното секојдневие на граѓаните, а не да бидат на спортските терени. Паралелно, на собирот што беше особено масовен, изразија поддршка за 31-годишниот тешко повреден полицаец, кој од четвртокот е хоспитализиран, откако беше погоден во ногата со пиритехничко средство. Полицајците, кои беа организирани од нивните синдикати и здруженија порачаа дека нема да де откажат од нивните барања и, доколку е потребно, ќе продолжат со протестите. Министерот за заштита на граѓаните Јанис Иконому, кој е надлежен за полицијата, откако демонстрантите пристигнаа пред зградата на Министерството, излезе и поразговара со полицајците, рече дека е оправдана нивната реакција по нападот врз полицаецот, истакнувајќи дека треба да се изолираат и да се казнат сите оние кои се однесуваат на криминален начин. -Овде сме, за да најдеме решенија во две насоки. Решенија што ќе го ослободат грчкото општество од криминалните однесувања на хулиганите, решенија кои ќе ја исфрлат токсичноста од фудбалот, но во исто време и решенија кои нема да му дозволат на било кој со голема леснотија да се насочува кон грчката полиција, рече Иконому. По разговорот со министерот, со неговиот заменик и со началникот на полицијата, претставниците на полицајците истакнаа дека не се согласуваат со она што го најави Владата и веројатно ќе продолжат со протестите....
Израел со падобрани им подели вода на своите војници во Газа
Сител - пред 23 минути
Израел со падобрани им испратил седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ). Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат. „ На израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани им испорачавме околу седум тони вода. Системот ’наведувано снабдување’ е напреден оперативен систем што овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија“, напиша ИДФ на својот канал на мрежата Телеграм. „Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна а во испораката го користевме товарниот авион „Шимшон“ “, додадоа од ИДФ....
Над 55 отсто од Американците немаат позитивно мислење за претседателот Бајден, Трамп води во анкетите
Сител - пред 23 минути
Повеќе од 55 отсто од Американците немаат позитивно мислење за американскиот претседател Џо Бајден, покажуваат резултатите од истражувањето објавено од интернет порталот FiveThirtyEight. Бајден е фаворит на Демократската партија за кандидатот на претстојните претседателски избори, иако полека ја губи популарноста кај американската јавност, па анкетите покажуваат дека има слаби шанси да го победи кандидатот на Републиканската партија, без разлика кој ќе биде избран. Возраста на најстариот американски претседател во историјата не е единствениот извор на загриженост во јавноста, бидејќи анкетите покажуваат дека Бајден (81) ја губи популарноста поради начинот на кој управува со економијата, како и поради прашањата поврзани со границата меѓу САД и Мексико. Околу 40 отсто од анкетираните граѓани имаат позитивно мислење за Бајден и наведуваат дека го поддржуваат поради успехот што Демократската партија го постигна на изборите во 2022 година и на неодамнешните избори за конгресот. Истражувањето кое на барање на „Волстрит Џорнал“ беше спроведено од 29 ноември до 4 декември покажува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп го поддржуваат четири отсто повеќе испитаници од оние кои би сакале Бајден повторно да биде претседател. Резултатите од истражувањето, во кое биле анкетирани 1. 500 регистрирани гласачи, покажуваат дека Трамп го поддржуваат 47 отсто од испитаниците, а Бајден 43 отсто. И истражувањето на колеџот „Емерстон“, кое беше спроведено од 4 до 6 декември, ги даде истите резултати, според кои Трамп добил 47 отсто поддршка, а Бајден 43 отсто. Неделникот „Економист“, најрелевантниот во истражувањето на јавното мислење, објави слични резултати за популарноста на двајцата ривали, според кои Бајден го поддржуваат 42 отсто од гласачите, а Трамп 41 отсто. Политичките аналитичари и експерти посочуваат дека е рано со сигурност да се каже какви ќе бидат резултатите од претседателските избори во 2024 година, но посочуваат дека се чини дека Бајден и Трамп ќе влезат во вториот круг. Меѓутоа, Бајден е уверен дека ќе го победи Трамп, доколку и двајцата бидат номинирани од нивните партии. -Не сум единствениот што може да го победи, но ќе го победам, изјави Бајден пред новинарите во средата....
„Монд“: Израел правото на самоодбрана го претвори во право на уништување
Сител - пред 23 минути
Весникот „Монд“ наведува дека САД на 8 декември гарантирале продолжување на казната на која Израел осуди цела нација, откако ја отфрлиле нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „итен хуманитарен прекин на огнот“. Уредништвото на весникот укажува на фактот дека правото на самоодбрана стана право на уништување, во согласност со најавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека Израел се соочува со „човечки животни и како такви ќе ги третира“. Стратегијата насочена кон елиминирање на Движењето на исламскиот отпор (Хамас) сега, како што наведува весникот, се претвори во масовни убиства, бомбардирање болници, осиромашување и изгладнување стотици илјади луѓе. Во уводникот со наслов Израел изгубен во масакрот во Газа, беше наведено дека „Палестинците, по наредба на Израел, како говеда ги бркаат од еден во друг дел на Појасот Газа, а извиците на агенциите на ОН, кои прават импресивни напори, одекнуваат во празнината“. Ле Монд наведува дека овој невиден масакр не е оправдан бидејќи неговите досегашни резултати се уште се далеку од декларираната цел за елиминација на Хамас. Посочуваат дека поразот на Израел во оваа војна не е изненадување бидејќи повеќе од половина век, и пред 7 октомври, не се снаоѓа во борбата против ова движење. Израел отстапува од законот, со тоа уништувајќи се себеси, а САД не го спречуваат. Весникот во заклучокот го оправдува американскиот претставник во Обединетите нации да стави вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа бидејќи примирјето „ќе го посее семето на идната војна“, поставувајќи прашање „дали Вашингтон верува дека продолжувањето на израелското бомбардирање на Газа без заштита на цивилите може да резултира со нешто друго освен омраза, која не се гаси во оваа крвава земја“?...
Швајцарската полиција го уапси напаѓачот, кој уби две лица, а повреди едно лице
Сител - пред 23 минути
Швајцарската полиција соопшти дека го уапсила напаѓачот кој денеска уби две лица, а повреди едно лице во градот Сион. Полицијата соопшти дека напаѓачот испукал неколку истрели во два дела на градот, при што убил 34-годишна жена и 41-годишен маж, кои живееле во областа. Мотивот за нападот не е познат, а според првичните информации сторителот ги познавал жртвите, соопшти полицијата. По пукањето, полицајците го опколиле местото на настанот, поставиле контролен пункт, а на главниот пат надвор од кантонот Вала запреле и пребарувале автомобили. Истражувачката група „Small Arms Survey“, со седиште во Швајцарија, проценува дека во таа земја, која има околу девет милиони луѓе, цивилите поседуваат околу 2,3 милиони парчиња оружје....
Вашингтон Пост: Израел во Либан користел забранета муниција од бел фосфор
Сител - пред 23 минути
Анализата на „Вашингтон пост“ покажа дека Израел користел муниција од бел фосфор купена од САД во нападот во октомври во јужен Либан, кога девет цивили беа ранети во населбата Дејра. Новинар кој работи за тој американски весник пронашол остатоци од три артилериски гранати од 155 милиметри кои изгореле четири куќи во таа либанска населба во близина на границата со Израел. Чадот од запалива муниција од бел фосфор се користи за прикривање на движењата на војската. Сепак, зрната од овој вид фосфор може да предизвикаат потенцијално фатални изгореници и оштетување на белите дробови, а употребата на таква муниција е забранета со меѓународното хуманитарно право во цивилни области, наведува американскиот весник. Од деветмината ранети во израелскиот напад на либанската населба, најмалку тројца се хоспитализирани. Фотографиите и видеата потврдени од Амнести Интернешнал и прегледани од Вашингтон пост покажуваат карактеристични ленти од бел фосфорен чад што паѓаат на Деира на 16 октомври. Ознаките на остатоците од граната одговараат на номенклатурата што американската армија ја користи за домашно произведена муниција, а светло зелената боја и другите ознаки на остатоците од една граната одговараат на муниција од бела фосфорна муниција, велат воените експерти. Прекуграничните судири на јужната граница на Либан се секојдневни од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа. Во фокусот на конфликтот е населбата Дејра со околу 2.000 луѓе, бидејќи проиранскиот либански Хезболах оттаму ги напаѓа израелските воени пунктови. Во Либан до 5 декември загинаа 94 лица, од кои 82 членови на Хезболах, а во Израел 11 лица, главно војници....
Нападната американска воена база во близина на нафтено поле во Сирија
Сител - пред 23 минути
Американската воена база во Сирија денеска е нападната со проектили, јавија сириските медиуми. Базата се наоѓа во близина на нафтеното поле Ел Омар во источна Сирија. Според очевидци, неколку силни експлозии го потресоа американскиот воен објект, јавува радио станицата Шам. Претходно, друга американска воена база беше нападната во близина на нафтеното поле Ел Џабса во североисточна Сирија, а одговорноста за нападот ја презеде шиитската милитантна група Исламски отпор во Ирак, објави ТВ каналот Ал Мајадин....
ИДФ: Во џамија во Газа пронајдена просторија што Хамас ја користел за обука
Сител - пред 23 минути
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека нејзини припадници откриле место за обука на палестинската милитантна група Хамас во џамија во Џабалија на северот од Појасот Газа. ИД објави видео на кое се гледа како војник ја обиколува џамијата и открива соба на третиот кат што Хамас наводно ја користи за да симулира борби, пишува Тајмс оф Израел. Во соседната просторија, според израелската армија, била пронајдена опрема што се користела за изработка на експлозивни направи. „Покрај тоа, во џамијата се пронајдени неколку парчиња огнено оружје, гранати и воена опрема“, се вели во соопштението на ИД....
Ѓоковиќ: Не се гледам во политиката
Сител - пред 56 минути
Најдобриот светски тенисер, Србинот Новаќ Ѓоковиќ, изјави оти по завршување на професионалната кариера нема амбиции да влезе во светот на политиката. „Немам чувство дека тоа е свет или опкружување во кое јас би блескал. Сепак, мислам дека мојата популарност во Србија и регионот може да се искористи за некои други работи во кои би можел да придонесам за животот во општеството“, рече Ѓоковиќ во опширно интервју кое денеска го емитуваше американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес. Триесетишестгодишниот Ѓоковиќ најави дека сè уште е далеку да стави крај на својата импозантна кариера и порача оти е подготвен да продолжи со соборување на рекордите. Ѓоковиќ досега во својата кариера освои рекордни 24 грен – слем титули, а триумфираше на 39 мастерс турнири....
Австрискиот МНР им предложи на Бугарија и Романија условен „воздухопловен Шенген“
Сител - пред 3 часа
Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер го омекна својот став за прашањето за прием на Романија и Бугарија во Шенген зоната, велејќи дека ќе се согласи на отстранување на бариерите за воздушниот сообраќај, но под одредени услови. Австрија претходно ги блокираше двете земји да се приклучат на Шенгенскиот договор, а со новиот предлог треба да се укине пасошката контрола за патниците кои патуваат меѓу романските и бугарските аеродроми во Шенген зоната. – Бугарија и Романија ќе мора да исполнат некои услови за да влезат во „воздушниот шенген“, рече Карнер, нагласувајќи дека е неопходно да се подобри заштитата на надворешните граници на ЕУ. Некои од неговите барања се тројно да се зголеми бројот на припадниците на граничните полиции на тие две земји и да се подобри техничката опрема, особено на бугарско-турската и романско-српската граница. Карнер исто така бара Бугарија и Романија да ги прифатат барателите на азил, особено од Авганистан и Сирија, кои дошле во Австрија преку нивните територии. Како што пренесуваат агенциите, контролите на копнената граница би останале во сила, но тие се најголемиот проблем за патниците и транспортните компании поради долгото време на чекање. Се наведува дека треба да се зајакне и граничната контрола меѓу Бугарија и Романија и меѓу Романија и Унгарија. Австрискиот министер рече дека се уште е против полноправното членство на двете земји во Шенген зоната поради илегалната имиграција. Романскиот премиер Марсел Чолаку ја поздрави иницијативата, велејќи дека „мразот е скршен“, додека бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека условите поставени од австрискиот министер се „неприфатливи за Бугарија“. За ова прашање Карнер ќе разговара со колегите од Романија и Бугарија на „Салцбург форумот“, што почнува денеска во Словенија....
Албанија: По хаосот во Парламентот, ќе се менува Деловникот за работа и ќе се заоструваат казните
Сител - пред 3 часа
По хаосот што го предизвикува опозицијата во албанскиот Парламент, владејачките социјалисти побараа под итно донесување измени и дополнувањата на Деловникот за работа и заострување на казнените мерки. Во овој контекст, на денешната средба на парламентарната група со партискиот лидер и актуелен премиер, Еди Рама, социјалистите се договориле измените да бидат на дневен ред на седницата в четврток, на 14 декември. Тие и со барање од работата на собранието да се исклучат седум опозициски пратеници за хаосот што го предизвикаа на последната седница. Претходно, по извршениот увид од страна на екипа на Полициската станица бр. 1 во Тирана во соработка со агенти на Бирото за истраги, достави материјали до Специјалното обвинителство за насилните инциденти и хаосот што го предизвикаа пратениците на групата на Газменд Барди и на Сали Бериша. Тие ќе одговараат за уништување државен имот. Редовно, повеќе од два месеца опозициските пратеници на секоја пленарна седница предизвикуваат хаос во собраниската сала, со пуштање димни бомби, палење факели, физички напади врз обезбедувањето. На последната седница, во четвртокот, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи се обиде да потпали столче во салата. вт/ссм/Фото: Парламент на Република Албанија ....
Српското МВР ја информирало Брнабиќ за лажни дојави за бомби во училишта, идентификувани лица од Србија и странство
Сител - пред 3 часа
Припадниците на Министерството за внатрешни работи ја информирале претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, дека во тек е темелна истрага за откривање на испраќачот на дојавата за бомби во белградските училишта, и дека се идентификувани неколку државјани на Република Србија, како и лице од странство, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштенеито на српската Влада се наведува дека истрагата се врши по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград со цел прибирање материјални докази против сторителите за кои постојат основи на сомнение дека сториле кривични дела предизвикување паника и нереди. „Полицијата од првиот момент работи многу сериозно на овој случај и идентификувани се неколку државјани на Република Србија, како и лице од странство кои ги испраќаат овие дојави и малтретираа ученици, родители и вработени во изминатите недели“, се наведува во соопштенеито. Во него се додава да претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование ја информираа премиерката дека ги преземале сите мерки и активности за да се обезбеди степенот на безбедност и заштита на училиштата да биде на највисоко можно ниво, како и да се постапува по секој закана, која вклучува околу 2. 500 полицајци на терен дневно. Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование во следните два дена ќе предложат нов Протокол за справување со вакви состојби во образовните институции со цел да се обезбеди целосна безбедност на сите кои престојуваат во училиштето, како и континуитет на наставниот процес....
Ковачевски: Техничката влада е законска обврска
Сител - пред 3 часа
Embedded video for Ковачевски: Техничката влада е законска обврска...
Тешка сообраќајка кај Визбегово, повредени 4 лица
Сител - пред 3 часа
На 10.12.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат–обиколница на Град Скопје, кај с.Визбегово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(45) од с.Глумово, скопско и патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо“, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо“ Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје....
Пендаровски: Радикалните структури се активни
Сител - пред 3 часа
Embedded video for Пендаровски: Радикалните структури се активни...
Спасовски одби да открие нови детали за убиствата
Сител - пред 3 часа
Embedded video for Спасовски одби да открие нови детали за убиствата...
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски излажа – автомобилот бил регистриран на „Сејф сити“
Сител - пред 3 часа
Embedded video for ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски излажа – автомобилот бил регистриран на „Сејф сити“...
Бесими: Буџетот за наредната година е дел од поширока стратегија за заздравување и забрзување на растот
Сител - пред 3 часа
Буџетот за 2024 година, што се носи во услови на продолжена неизвесност и забавување на глобалната економија, е дел од поширока стратегија за заздравување, а понатаму и за забрзување на растот, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими. Во интервју за „Фактор“, како што денеска соопшти Министерството за финансии, посочува дека стратегијата се заснова на поттикнување на развојот преку силен инвестициски циклус и обезбедување фискална одржливост. Бесими посочува дека буџетот за 2024 година е конципиран врз основа на „златното правило“ во јавните финансии, односно капиталните инвестиции да се на повисоко ниво во однос на фискалниот дефицит. Истовремено, буџетот останува на зацртаниот пат на фискална консолидација, односно намалување на буџетскиот дефицит, а притоа да не се влијае негативно врз економскиот раст. -Структурата на буџетот се менува. Од минатата година нивото на капитални расходи е поставено на два пати повисоко ниво во однос на 2020 година, додека оваа тенденција продолжува и со Буџетот за 2024 година. Буџетскиот дефицит е намален за речиси една третина во однос на проектираното ниво за годинава, на 3,4 отсто од БДП, од што само половина е примарниот дефицит, односно 1,7 отсто од БДП, додека другата половина од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиран од минатото до сега, истакнува Бесими. Ова ниво, како што вели, соодветствува со среднорочните проекции опфатени во Фискалната стратегија до 2028 година, односно буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година да се сведе на 3 отсто или во согласност со Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3 отсто, односно на 2,8 отсто и 2,5 отсто, респективно. -Што се однесува за економската одржливост, во рамки на средствата издвоени за капитални расходи предвидена е поддршка во оваа насока. Преку носењето на новиот Закон за буџети, зајакната е и контролата за обезбедување на фискалната одржливост преку воведување Фискален совет, како и фискални правила, наведува министерот. Во интервјуто говори и за деветтиот пакет на антикризни мерки, со кој ќе се поддржат 120.000 млади лица, околу 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, 540.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600.000 домаќинства, како и 70.000 компании, додека, ако се земат предвид и системските мерки, станува збор за 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавниот сектор. -Деветтиот пакет на антикризни мерки беше најавен со Буџетот за 2023 година, кој беше усвоен минатата година. Оттаму тезите дека е предизборен, ненадеен, веднаш се побиваат. Фискалната политика и овој пакет антикризни мерки го насочивме кон поддршка на економскиот развој и поддршка на ранливите категории граѓани. Ќе се поддржат студентите, учениците од семејствата со ниски примања, пензионерите со ниски пензии преку додаток, компаниите, главно мали и средни компании, со ликвидносни инјекции, прецизира Бесими и додава дека станува збор за деветтиот пакет, поддршка која се дава кон граѓаните и стопанството во континуитет од пандемијата наваму, која се проценува на 2,66 милијарди евра....
Со нова опрема во МАНУ, резултати од истражувања готови за еден ден
Сител - пред 3 часа
Со помош на најмодерна и најсофистицирана опрема за генетско испитување, резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден, со што значително се подигнува квалитетот на работата на МАНУ. Ова беше истакнато денеска на презентацијата на новата апаратура за генетско испитување во МАНУ, како и на имплементацијата на проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика и протеомика“. Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека МАНУ и Министерството имаат тесна соработка во многу значајни области од медицината. - Од гoлема важност за нашите пациенти е и можноста за дијагноза со секвенционирање на гени на наследни и малигни болести, меѓу кои и ретки болести во лабораторијата на Македонската академија на науките и уметностите. Исто така, МАНУ секојдневно соработуваше со Министерството за здравство, со нашите здравствени установи и се вложи и научно и истражувачки, за време на кризата со Ковид-19, подвлече министерот. Академијата за здравствениот сектор, додаде тој, допринесува и помага во рана детекција на болестите, што за нив, лекарите, значи можност за побрза реакција во поглед на методите на лекување....
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон, секое импровизирање може да фрли дамка врз целиот изборен процес
Сител - пред 3 часа
Техничката влада е дефинирана согласно закон и точно се знае кој предлага министри. Законска обврска е и најголемата опозициска партија, ВМРО - ДПМНЕ да предложи министри и заменици во предвидените министерства, во спротивно, тоа ќе стави дамка на целиот изборен процес, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. По презентацијата на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ, прашан за можноста во техничката влада да има министри и од албанската опозиција, Ковачевски нагласи дека согласно законот точно се знае кои министерства ќе ги предводи парламентарното мнозинство, а кои од најголемата опозициска партија. Тоа, како што нагласи, значи дека од партијата ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, а власта да предложи дополнително заменици министри во овие министерства. - Од ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии, во Министерството за земјоделство и во Министерството за информатичко општество и администрација. Ова се работи коишто се дефинирани согласно со закон, подвлече Ковачевски. Во однос на тоа дали ВМРО - ДПМНЕ ќе предложи министри и заменици за техничката влада, тој повтори дека тоа е законска обврска исто како што е законска обврска и претседателот на Владата да поднесе оставка 100 дена пред одржување на изборите. - Тоа е законска обврска, како што е законска обврска на 100 дена пред одржување на изборите претседателот на Владата да поднесе оставка. Јас ќе ја исполнам мојата законска обврска исто како што и другите претседатели на влада пред тоа ја исполниле својата законска обврска, и како што другите политички партии пред тоа ја исполниле својата законска обврска. Сметам дека не постои причина во овој случај ВМРО-ДПМНЕ да не ја исполни својата законска обврска, бидејќи тоа предлагање произлегува од Закон за Влада и од Закон за избори, изјави Ковачевски. Доколку опозициската ВМРО - ДПМНЕ не учестува во техничката влада, според него, тоа става само една дамка на целиот изборен процес. - Ние од 2016 година наваму имаме изборни процеси коишто се од сите оценети како исклучително демократски и од ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународните партнери, од меѓународните организации, така што сметам дека не постои никаква пречка или причина тоа да не биде направено и Северна Македонија на 24 април и на 8 мај да има демократски избори на коишто граѓаните ќе ја изразат својата демократска волја, додаде претседателот на Владата. Секое импровизирање кога се реализираат законски одредби, нагласи, може да фрла дамка врз целиот процес . Сепак, се работи за влада која што треба технички да ги подготви изборите во 100 дена. Премиерот Ковачевски посочи и дека има координација со коалициските партнери, но и дека со сите останати политички партии во Собранието, како што рече, имале успешна лидерска средба на која со најширок консензус било договорено дека ќе има избори на 24 април и на 8 мај. -Ден пред одржување на седницата на Претседателството на ДУИ јас имав интервју за МРТВ во кое што кажав дека не сме разговарале, меѓутоа тоа не значи дека после моето интервју не сме разговарале и дента пред да се одржи седницата на претседателството на ДУИ. Што значи дека - да, јас со коалициските партнери имам координација исто како што имавме координација со сите останати политички партии во Собранието и имавме успешна лидерска средба на која што можевте да видите дека со најширок можен консензус беше договорено дека ќе имаме избори на 24 април и на 8 мај, дека Изборниот законик, координаторите на пратеничките групи ќе го поднесат во Собранието во којшто се имплементирани забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и дека воопшто не стана збор за укинување на техничката влада со оглед на тоа дека се работи за многу краток период пред изборите и доколку...
До четврток претежно стабилно време со магла по котлините
Сител - пред 3 часа
До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре претпладне во западните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од - 2 до 3 степени, а максималната од 6 до 15 степени. Од четврток попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурата насекаде ќе опадне....
Тренчевска: Работниците и нивните права за нас се на прво место
Сител - пред 3 часа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата од Република Северна Македонија се сретнаа со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти, на која е разговарано за соработката и придонесот на МОТ во работата на Министерството во делот на поголеми работнички права, подобри работни места и флуидноста на работници на пазарот на трудот во земјава, соопшти МТСП. Како што се наведува во соопштението Тренчевска на директорката и го објаснила новиот предлог Закон за работни односи и посочила дека во истиот се земени сите технички коментари на Меѓународната организација на трудот. Таа потсетила дека претставниците на МОТ во нашата држава активно учествувале на секоја од јавните расправи за законот, каде биле дадени конструктивни коментари од сите релевантни чинители. Министерката зборувала и за новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови. -Како држава ја применивме новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови и истата се покажа како ефикасен инструмент кој ни помогна да ги детектираме недостатоците на нашиот механизам, рече Тренчевска. Таа ја потенцирала плодната соработка на МТСП и МОТ во делот на безбедност и здравје при работа. -Подолго време се работи на нов Закон за безбедност и здравје при работа и кога ќе заврши неговата подготовка, од големо значење би ни било да добиеме технички коментари и за овој закон, со оглед на фактот дека Законот ќе треба да обединува голем дел од меѓународните трудови стандарди од областа на безбедност и здравје при работа, а кои се неопходни, доколку сакаме да ги унапредуваме работничките права во целина, посочила Тренчевска. Од МТСП соопштуваат дека на средбата била спомената и подготовката на новиот Закон за заштита од вознемирување на работното место, потенцирајќи дека истиот треба да биде усогласен со Конвенцијата за заштита од насилство и вознемирување бр. 190 која во Република Северна Македонија беше ратификувана оваа година. Како што се наведува во соопштението на МТСП, директорката Харасти ја покажала спремноста на МОТ да се приклучи во синхронизацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место со Конвенцијата бр. 190 и посочила дека и претставува вистинско задоволство што Владата има континуирана соработка со канцеларијата на МОТ во нашата земја. Таа посочила дека секоја помош која што е потребна на тимовите од Министерството за унапредување на прашањата за кои се залага МОТ ќе биде несебично укажана....
83 годишна кумановка измамена за 10.000 евра
Сител - пред 3 часа
Осумдесет и тригодишна кумановка е најнова жрвта во измамите со лажни сообраќајни незгоди, при што останала без 10.000 евра. – На 10.12.2023 во 18.30 часот во СВР Куманово, 83 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена за сума 10 000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи....
Нови дваесет интервентни комбиња доби Полицискиот центар Ѓорче Петров
Сител - пред 3 часа
Дваесет интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи беа промовирани денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров, соопшти МВР. Во соопштението се наведува дека комбињата се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во оваа прилика истакнал дека стратешката поставеност на МВР ги донела посакуваните резултати во делот на подобрување на техничко-материјалните капацитети на македонската полиција, за континуирано модернизирање и надградба на средствата и опремата коишто се неопходни за ефикасно и квалитетно извршување на работните задачи на полициските службеници....
Реорганизација на Клинички центар до крај на мај или почеток на јуни годинава
Сител - пред 3 часа
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Фатмир Меџити велат дека укинувањето на организациските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и тамошната реорганизација ќе остане за по изборите во мај. Во одговор на новинарско прашање Ковачевски денеска посочи дека процесот е почнат уште одамна, но биле спречени да го завршат поради, како што рече, повеќето кризи и предизвици. - Скоро четири години сме прво во ковид криза, енергетска криза, економска криза, меѓутоа кога првиот момент кога капацитетите на медицинскиот кадар и кога капацитетите на Министерството за здравство влегоа во понормални води, министерот веднаш поднесе информација што едногласно беше усвоена во Владата. Повторно спојување и да имаме еден клинички центар во којшто ќе се знае одговорноста, обврските и надлежностите, низ една хиерархија којашто ќе биде договорена низ процесот на имплементација на оваа информација и соодветните заклучоци коишто се донесени, рече Ковачевски, на новинарско прашање по промоцијата на нова апаратура во Македонската академија на науките и уметностите. Меџити рече дека останува посветен на ова прашања кое го смета за приоритет откако е поставен да го раководи ресорот здравство. - Навистина безрезервна поддршка имаше премиерот кон мене како министер и кон сите членови на Влада. За ова главните борци бевме да го тераме до крај јас и премиерот и ова ќе биде реалност некаде до крај на мај или почеток на јуни. Нормално, течат сите процедури, треба да се спојат, 33 управни одбори, 33 медицински, 33 организациски директори. Веќе нема да дозволиме рековме од првиот ден здравството да биде во ваква состојба, сите наши планови се реализираат со конкретната динамика што ја имавме досега, рече Меџити. На новинарско прашање што ако новиот состав на владата не го продолжи процесот премиерот Ковачевски кратко одговори дека ќе биде истата влада....
Од полноќ нови цени на горивата
Сител - пред 5 часа
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79% во однос на одлуката од 4.12.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,306%, кај дизелот за 5,591%, кај екстра лесното масло за 5,787% и кај мазутот намалувањето е за 5,969%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,153% Од 12.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 78,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 40,572 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 ден/кг и сега ќе изнесува 40,572 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија...
Ковачевски: Ќе нема ценовен шок со струјата ако се користи за основни потреби во домаќинствата
Сител - пред 5 часа
Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека ќе нема ценовен шок со струјата ако се користи за основните потреби во домаќинствата и оти ќе плаќаат повеќе оние кои имаат можност да ја користат за полуксузни намени. Истакнувајќи дека цената на струјата во државата ја определува Регулаторната комисија за енергетика, Ковачевски посочи дека првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98 проценти од домаќинствата во државава и за нив, како што рече, „ќе нема никаква промена на цената како што и немаше бидејќи ценовен шок не дозволивме за граѓаните“. -Третиот и четвртиот блок се помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи, согласно своите можности загреваат поголеми простории, базени итн. Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија бидејќи, да не заборавиме, ние ја субвенционираме до 90 проценти за да немаме ценовен шок, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата апаратура за генетика во МАНУ. Евтината тарифа преку ден, според него, е направена врз основа на пресметка што ја определува просечната потрошувачка на електрична енергија во текот на 24 часа и врз основа на претпоставено зголемување на потрошувачката од 13 д 15 часот на нешто што се правело подоцна или порано. -Голем број на домаќинства во државата имаат пензионери, меѓутоа имаат и лица кои се дома и имаат активности кои побаруваат поголема потрошувачка на електрична енергија како што е готвење, перење, пеглање итн. и ги извршуваат во тие два часа. Такви искуства сме имале и во минатото кога имало евтина тарифа, рече Ковачевски. Според Ковачевски, нема промена во однос на одлуката за проектот Чебрен. Одлуката, појасни, е донесена од страна на Владата, спроведена од Секторот за законодавство и направена согласно со Законот за концесии и Законот за води. - До овој момент јас во систем не сум видел промена на одлуката, наведе Ковачевски...
ФИФА ја претстави официјалната топка за Светското клупско првенство
Сител - пред 6 часа
ФИФА ја претстави официјалната топка со која ќе се игра на Светското клупско првенство оваа година. Клупскиот фудбалски шампионат 2023 ќе се одржи во Саудиска Арабија од 12 до 22 декември На турнирот ќе настапат Флуминенсе, Манчестер сити, Урава Ред Дајмондс, Леон, Ал Ахли, Окленд Сити и Ал Итихад. Актуелен победник на Светското клупско првенство е Реал Мадрид. Мината сезона „кралевите“ во финалето го победија Ал-Хилал...
Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо
Сител - пред 6 часа
Триесет навивачи на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина. Грчкиот истражен судија одлуката ја образложи со „непостоење докази дека овие луѓе извршиле убиство“, а на депортираните им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра. Иако со истрагата во меѓувреме се дојде до докази кои упатуваат дека 29-годипниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина, околу 70 навивачи од Хрватска и натаму се во истражен затвор и чекаат следна можност да бидат ослободени. Против нив е подигнато обвинение за предизвикување насилство и нанесување телесни повреди. Хрватската јавност ја поздрави одлуката на грчките власти, но бара и другите членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ неодложно да бидат пуштени од затвор. Хрватскиот премиер Иван Пленковиќ изјави денеска дека хрватската Амбасада во Атина добила задолжение целосно да ги покрие финансиските трошоци за депортацијата за оние навивачи кои немаат пари, додавајќи оти тие во Хрватска се враќаат индивидуално....
Од следната година во Србија нови услови за пензионирање
Сител - пред 6 часа
Во Србија од следната година ќе важат нови услови за пензионирање, соопшти Државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување. За жените, старосната граница за пензионирање е поместена за два месеци од јануари – возраст од 63 години и осум месеци живот и најмалку 15 години стаж на осигурување. За мажите се уште важат истите услови – 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување. Поместувањето на условот за возраст за жените е до 2032 година, кога условите за двата пола ќе бидат еднакви, 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување. Осигурениците од двата пола можат да го остварат правото на пензија и доколку имаат наполнето 45 години стаж на осигурување, без разлика на нивната возраст....
Околу 70 затвореници во затворот на грчкиот остров Крф започнале штрајк со глад
Сител - пред 6 часа
Група од околу 70 затвореници, мнозинството од нив со потекло од Албанија, започнале штрајк со глад во затворот на грчкиот остров Крф, во знак на протест поради строгите критериуми за добивање дозвола за излез, но и поради условите во затворот, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната телевизија ЕРТ, затворениците поднеле низа барања, меѓу кои и ублажување на строгите критериумите според кои се одлучува за дозволите и за условното пуштање, но и за прашања поврзани со вработување медицински персонал и социјален работник. ЕРТ објави и дека затвореник кој телефонски говорел за албанските медиуми, побарал да интервенира и амбасадата на Албанија до грчките власти за да ги задоволат нивните барања....
Дојави за бомби во основни и средни училишта во Белград
Сител - пред 6 часа
Утрово околу 8 часот и 20 минути во основни и средни училишта во Белград пристигнале дојави за подметнати бомби, јавија белградските медиуми. Полицијата е на тие локации и е во процес на проверка на тврдењата за поставени бомби. Децата и вработените се евакуирани од училиштата....
Во железничка несреќа во Италија повредени најмалку 17 лица
Сител - пред 6 часа
Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот. Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска област Емилија Ромања. Причината за судирот засега не е јасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција АНСА. Едениот воз удрил во другиот одзади....
Променливо облачно со слаб јужен ветер
Сител - пред 7 часа
Времето денеска претпладне во западните делови ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе биде со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток времето ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот и во сабота врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места....
Состојба на патиштата
Сител - пред 7 часа
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година....
Две седници на собраниската Комисија за одбрана и безбедност
Сител - пред 7 часа
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи две седници. Членовите на Комисијата ќе имаат средба со слушателите со чин потполковник/полковник на Сениорскиот курс на НАТО Одбранбениот колеџ во Рим, Република Италија. Потоа на 55. седница на Комисијата, пратениците треба да ја разгледаат Информацијата за потребата на доделување на договор влада со влада за обезбедување на резервни делови по програмата Cooperative Logisitic Supply Support (CLLSA), помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави со склучување на договор влада со влада....
Битиќи: Очекуваме следната година инфлацијата да биде од 2 до 2,5 отсто исто како и растот на БДП
Сител - пред 7 часа
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека земјава во текот на наредната година ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што, како што вели, ќе биде година на закрепнување од сите економски неприлики што се случија или што се случуваат веќе четири години од 2020 година. -Последниот податок укажува дека тенденцијата и трендот на намалување на инфлацијата веќе не носи таму кај што сме биле. Очекуваме следната година да бидеме на нивото од 2 – 2,5 отсто на инфлација и толкав ист годишен раст на БДП, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Кочани каде е заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Kaja Шукова и заменик министерката за здравство, Маја Манолева. Нагласи дека и покрај тоа што наредната година има два изборни циклуси – претседателски и парламентарни избори, треба да се направи се за да не направат негативно влијание врз економијата. -Сметам дека треба умешно да ги искористиме месеците што ги имаме на располагање за да не направиме негативно влијание на економијата и со тоа да го вратиме реалниот живот на граѓаните во реалните стапки на раст, потенцира Битиќи....
Спасовски на средба со раководствата на СВР Куманово и Тетово и Регионалниот центар Север
Сител - пред 7 часа
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР ќе оствари работна средба со раководствата на секторите за внатрешни работи Куманово, Тетово и Регионалниот центар Север. Работната средба ќе се одржи во просториите на СВР Куманово....
Битиќи: Идната година ќе имаме стабилна економија
Сител - пред 7 часа
Embedded video for Битиќи: Идната година ќе имаме стабилна економија...
Продолжува амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година
Сител - пред 7 часа
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година. За Предлог-буџетот поднесени се вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември. Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година....
Седница на ИО на СДСМ: Митрески претседател на Собрание, Зечевиќ шеф на Изборниот штаб
Сител - пред 7 часа
Извршниот одбор на СДСМ вчера вечер со акламација го избрал Јован Митрески за кандидат за претседател на Собранието, а претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада. Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски ќе биде шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ. -Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов претседател на Собранието го избра со акламација Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ. Митрески е долгогодишен пратеник, со големо искуство, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните и на државата докажан во целиот негов досегашен ангажман во Собранието. Сигурни сме Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните, изјави портпаролот на партијата Дарко Каевски. Претседателот на СДСМ Ковачевски, како што рече Каевски, добил овластувања за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка влада, која е законска обврска. -СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска влада, рече Каевски. Извршниот одбор го задолжил генералниот секретар Зечевиќ да спроведе подготовка на роковник за постапка, начин и критериуми за избор на кандидат за претседател на претседателските избори согласно статутот на партијата. Каевски посочи дека во наредниот период овие одлуки се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата што ќе се одржи до крајот на овој месец. Пред седницата на Извршниот одбор изјава за медиумите даде премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски....
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Сител - пред 7 часа
Во Берово и на Попова Шапка утрово е најстудено, минус четири степени, а најтопло е во Дојран, пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус три степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус еден во Штип, Крива Паланка, Кавадарци. Нула степени се измерени во Велес, Претор, Виница, еден во Дебар и два степени во Гевгелија. Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Попова Шапка, шест сантиметри, а во Крушево, три сантиметри. Според УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Дебар - шест литри на квадратен метар, три во Охрид и Претор, два во Крушево и еден литар на квадратен метар во Битола и во Маврови Анови. Во првата половина од ноќта беше променливо облачно, во западните и југозападните делови со локални слаби врнежи од дожд, а на планините со слаб локален снег. Во втората половина од ноќта облачноста се намали и дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утрово преовладува сончево време, а по одделни котлини има појава на магла. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени. Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Во ноќните часови ќе биде значително облачно со услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени....
Казнети 267 возачи во Скопје, 128 за брзо возење
Сител - пред 7 часа
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 267 мерки во контролите во областа на сообраќајот што го спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје. Како што соопшти МВР, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 128 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 31 меркa за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол... - Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР....
Презентација на нова апаратура за генетско испитување во МАНУ
Сител - пред 7 часа
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ. Како што соопштија од Владата, на настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ - МАНУ во областа на персонализираната медицина“....
Спасовски: Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор за 2023 година
Сител - пред 7 часа
Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари. Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, напиша министерот Спасовски на социјалните мрежи....
Спасовски: Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство, споделувањето повеќе информации не е добро за истрагата
Сител - пред 7 часа
Во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој одговараше на новинарски прашања по посетата на СВР-Куманово. -Сите тие информации, како и вештачењата ќе бидат доставени до јавното обвинителство, во моментот кога ќе бидат завршени, изјави Спасовски. Прашан дали може попрецизно да се лоцира и да се дадат детали каде било возилото на убиениот Панче Жежовски, а потоа со него е и извршено грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Спасовски со одговор дека со поднесувањето на кривичните пријави целосната истрага оди во ОЈО. -Сите овие детали се разгледуваат во Основното јавно обвинителство на основа на приберените податоци или на податоци, коишто ќе ги прибере јавното обвинителство. Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата, зошто не можеме да ја водиме во медиумите. Таа мора да се води во јавното обвинителство, вели Спасовски. Што се однесува за информацијата дека инспектор кој е поврзан со истрагата за двојното убиство дал информации и фотографии, кои се шират низ Скопје, а истите можат и да и попречат на истрагата, Спасовски рече дека во овој период јавноста се изнаслуша на многу информации, шпекулации, политиканства. -Затоа уште повеќе го потврдувам дека тоа не е добро, за било каква активност којашто е нелегална и од било кого, дали е инспектор или било кој друг, секако дека ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто. Меѓутоа не би сакал на ниво на шпекулации, посебно за еден ваков случај да зборувам, рече Спасовски. Прашан за информациите за случајот со двојното убиство коишто можат да бидат во полза на првоосомничениот Љупчо Палевски да не се екстрадира од Турција, Спасовски вели дека токму и претходното го кажал во оваа насока и какошто вели, кога е во истрага сите шпекулации и се што ќе се изнесе во јавноста само може да штети на истрагата. Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тој нема да има мир, додека е жив Мицкоски. Спасовски кусо одговори дека му посакува долг живот на Мицкоски....
Министерски совет во Скопје за европските коридори и транспортните политики
Сител - пред 7 часа
Министерски совет со учество на министрите за транспорт на земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина ќе се одржи утре во Скопје, во организација на Министерството за транспорт и врски и Секретаријатот на Транспортната заедница. Ќе се дебатира за напредокот на земјите во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти на главните коридори од ТЕН-Т мрежата (европски коридори), како и за напредокот на усогласување на транспортната политика со законодавството на Европската Унија. Најавено е присуство и на делегација од Европската Комисија предводена од Магда Копчинска, директор на Директоратот за транспорт на ЕК, како и на директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек. Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, се очекува да се обратат и министрите за транспорт на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Молдавија, како и претставници од Албанија, Србија и Грузија, а се предвидува онлајн вклучување на министерот за инфраструктура и на Украина. Ќе присуствуваат и претставници од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција. Во рамки на Министерскиот совет, Бочварски ќе оствари билатерални средби со министрите од Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и со претставници од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција....
Спасовски за можноста да се кандидира за претседател: Тоа се партиски работи, кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став
Сител - пред 7 часа
Прашањето за претседателски кандидат на СДСМ на претстојните избори за претседател на државата, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е партиска работа, за кое, вели дека ќе го каже својот став кога ќе дојде моментот за тоа. Прашан дали ќе се кандидира за претседател, Спасовски, по денешната работната средба со раководствата на СВР Куманово, СВР Тетово и РЦ Север, рече дека тоа „не се теми отворени, ниту пак теми за јавност и тука“. - Тоа се партиски работи за кои што, кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став, рече Спасовски. Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, пред почетокот на вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, рече дека претседателскиот кандидат на СДСМ нема да биде на дневен ред, но нагласи дека претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ. - Сите политички партии имаат свои амбиции, но претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ, како што беше и на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и така натаму, и тоа ќе биде претседателот на државата и во следниот мандат, рече Ковачевски....
СДСМ: Што договарал Мицкоски на средбите со Палевски?
Сител - пред 7 часа
„Цела недела нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски. Што разговарал и договарал Мицкоски на средбите со Палевски, што крие“, прашува СДСМ. „Познато е дека Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, а неговите радикалните ставови беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити. Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО. Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог. Обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба за злоупотреба на случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните, отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ....
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
Сител - пред 7 часа
Вчера (10.12.2023) во 22 часот на ул.„Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево го лишија од слобода Љ.С.(48) од Куманово. Тој бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна, а бил осуден на 2 години 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа....
Производителите на органска храна се жалат на нелојална конкуренција
Сител - пред 7 часа
Embedded video for Производителите на органска храна се жалат на нелојална конкуренција...
Храм со можна поврзаност со Александар Македонски откриен во Ирак
Сител - пред 9 часа
Археолози од Британскиот музеј во Лондон откриле два храма, едниот изграден врз другиот, во антички град во Ирак. Поновиот храм, се чини, датира од четвртиот век п.н.е. и има можна поврзаност со култот кон древниот бог Херакле и со Александар Македонски, иако неговото име не е спомнато. Постариот храм е пронајден при ископувања кај древниот сумерски град Гирсу, близу денешната населба Тело во југоисточен Ирак. Ископувањата се дел од тековниот потфат именуван „Проект Гирсу“. Остатоците од постариот сумерски храм биле пронајдени на истото место, под поновата градба којашто била посветена на Херакле и неговиот сумерски еквивалент, богот-херој Нингирсу – Фактот дека (поновиот, з.п.) храм бил подигнат на истото место каде што 1.500 години претходно се наоѓал другиот храм, не е случајно, а местото морало да има одредено значење за луѓето од Месопотамија. Тоа покажува дека жителите на Вавилонија во (четвртиот, з.п.) век п.н.е. имале огромно познавање за нивната историја. Наследството на Сумерите сè уште било многу живописно, појасни Себастијен Реј, археолог и куратор за Месопотамија во Британскиот музеј кој го предводи ископувањето, во изјава за „Лајв сајенс“ (Live Science). Кај поновиот храм е пронајдена и плочка од печена глина со зачуван натпис на арамејски и хеленски-коине јазик, што се однесува на „дарителот на двајца браќа“ – можна алузија на македонскиот владетел кој освоил голем дел од тогаш познатиот свет за време на неговото 13-годишно владеење од 336 година до 323 г. п.н.е. – Тој натпис е многу занимлив, бидејќи се споменува енигматично вавилонско име напишано на грчки и арамејски јазик. Поимот „Ададнадинаке“, што значи – „Адад, дарителот на браќата“, е јасно избрано како свечена титула поради неговиот архаичен тон и симболичните конотации. Сите докази укажуваат на фактот дека името било извонредно ретко, додава истражувачот. На наоѓалиштето, археолозите откриле сребрена паричка драхма, закопана под некаков олтар или светилиште, како и плочката со натписот. – Самиот натпис е поздрав до Зевс, грчкиот врховен бог, кој честопати е прикажан со гром и орел. И двата симболи може да се најдат на монетата, којашто веројатно била искована во Вавилон под власта на Александар Велики. Го прикажува и Херакле во младешка возраст, изјави Реј. Богот Зевс (инаку еквивалент на древномакедонското божество Дион), бил замислен предок на Александар, слично како и египетскиот бог Амон. Сè ова укажува дека Александар Македонски можеби директно и активно бил вклучен во обновувањето на светилиштето и оти можеби бил предвиден и споменик со ликот на Македонецот за во храмот по неговата смрт, велат археолозите. – Тој можеби имал можност да оди таму – или за време на неговиот престој во Вавилон, или по патот кон (градот) Суза. Значајно е тоа што тој можел да ги плати своите војници откако го зазел Вавилон, бидејќи градскиот ковчег му бил предаден. Ова значело дека Александар и неговите војсководци имале контрола врз богатството на тоа подрачје и веројатно го користеле вавилонското сребро за изработка на многуте монети што биле ковани во градот. Пронајдените фигурини, што потекнуваат од низа места во хеленистичкиот свет, во многу случаи морало да бидат носени во храмот од посетителите. Меѓу нив се и македонските коњаници кои имале силна приврзаност со Александар Македонски. Така, тие можеле да се поврзат и со култот на воинственото херојство, објасни Реј. Сепак, научниците сè уште не можат со сигурност да потврдат дали македонскиот владетел навистина го посетил ова место. Инаку, името на Александар Македонски го има на други пронајдени вавилонски записи од тоа време. На почетокот на овој 21. век се пронајдени и преведени тн. „Астрономски дневници“ од 4. век п.н.е. Во еден напис, како што пренесува и холандскиот професор Јона Лендеринг, се чита: А-лек-са-ан-дар, како што биле испишани слоговите со клинесто писмо. Историчарите ги искористиле астрономските податоци од овие записи за да го одредат времето на смртта на македонскиот освојувач, а тоа бил денот меѓу вечерните часови на 10 јуни и 11 јуни 323 година п.н.е....
Министрите на ЕУ ќе ги разгледаат следните чекори како одговор на војната меѓу Израел и Хамас
Сител - пред 9 часа
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за можните следни чекори како одговор на кризата на Блискиот Исток, вклучително и прекин на финансиите на Хамас и забрана за патување на израелските доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег. На состанокот во Брисел, министрите од 27-те земји од блокот ќе разговараат и за идната безбедносна помош за Киев со нивниот украински колега Дмитро Кулеб. Хамас веќе е на списокот на Европската Унија како терористичка организација, што значи дека сите средства или средства што ги има во ЕУ треба да се замрзнат. ЕУ во петокот објави дека го додала Мохамед Деиф, главниот командант на военото крило на Хамас и неговиот заменик, Марван Иса, на листата на терористи под санкции. Документот за дискусија во кој имаа увид западни агенции сугерира дека ЕУ би можела да оди подалеку со таргетирање на финансиите и дезинформациите на Хамас. Земјите од ЕУ, вклучително и Франција и Германија, нагласија дека веќе работат заедно за да промовираат такви предлози. Високи претставници на ЕУ, како што е шефот за надворешна политика Жозеп Борел, исто така изразија загриженост поради порастот на насилството од страна на израелските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег. Предложениот документ сугерира дека одговорот на ЕУ може да вклучи забрана за патување во ЕУ за одговорните за насилството, како и други санкции за кршење на човековите права. Франција минатиот месец објави дека ЕУ треба да ги разгледа таквите мерки. И белгискиот премиер Александар Де Кро минатата недела рече дека на „екстремните доселеници на Западниот Брег“ ќе им биде забранет влезот во неговата земја. Дипломатите рекоа дека ќе биде тешко да се постигне едногласност потребна за забраните ширум ЕУ, бидејќи земји како Австрија, Чешка и Унгарија се цврсти сојузници на Израел. Но, некои сугерираа дека минатонеделната одлука на САД, најголемиот поддржувач на Израел, да почне со воведување визна забрана за луѓето вклучени во насилството на Западниот Брег може да ги поттикне земјите од ЕУ да преземат слични чекори....
Републиканци и сојузници на Орбан ќе разговараат во Вашингтон за прекин на помошта за Украина
Сител - пред 9 часа
Сојузници на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе одржат состанок зад затворени врати со републиканци во Вашингтон за да извршат притисок за прекин на американската воена помош за Украина, пишува британски Гардијан, повикувајќи се на свои извори. Членовите на Унгарскиот институт за меѓународни односи и претставници на унгарската амбасада во Вашингтон ќе ја започнат дводневната конференција чиј домаќин е конзервативната фондација Херитиџ. Првиот ден од состанокот вклучува панел-разговори за војната во Украина. Според извор од американската Републиканска партија, некои од учесниците, вклучително и републикански членови на Конгресот, биле поканети да учествуваат на разговори зад затворени врати следниот ден. Средбата се организирана во време на интензивни дебати во Вашингтон за иднината на Украина. Во средата, републиканците во Сенатот го блокираа итното финансирање за војната во Украина. Дипломатски извор близок до унгарската амбасада во САД рече: „Орбан е уверен дека помошта за Украина нема да помине низ Конгресот. Затоа се обидува да ја блокира поддршката и од Европската Унија“....
Бајден утре ќе го пречека Зеленски за разговори во Белата куќа
Сител - пред 9 часа
Претседателот на СAД Џо Бајден утре ќе биде домаќин на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе има средба во Белата куќа. Бајден го повика Зеленски за „да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД да го поддржат народот на Украина додека тие се бранат од бруталната руска инвазија“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер. „Додека Русија ги засилува нападите со ракетни и беспилотни летала против Украина, лидерите ќе разговараат за итните потреби на Украина и за виталната важност од континуираната поддршка од САД во овој критичен момент“, додаде таа во изјавата. Кабинетот на Зеленски на Телеграм објави дека украинскиот претседател ќе пристигне во Вашингтон на 11 декември и ќе се сретне со Бајден за време на работната посета која ќе опфати „низа состаноци и разговори“. Клучни теми на посетата ќе бидат одбранбената соработка меѓу САД и Украина, „особено преку заеднички проекти за производство на оружје и системи за противвоздушна одбрана, како и координација на напорите на нашите земји во наредната година“, објави кабинетот на Зеленски....
Американски Ф-16 се урна над Жолтото Море
Сител - пред 9 часа
Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија денеска американските сили во Кореја (USFK). Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК. Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува. Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја....
Декемвриско заседание на Европскиот парламент во Стразбур
Сител - пред 9 часа
Од денеска до четврток во Стразбур ќе се одржи пленарна седница на Европскиот парламент, во чии рамки ќе биде организирана и церемонија на врачување на овогодишната Награда за слободата на мислата „Сахаров“, јави дописникот на МИА од Брисел. Заседанието почнува попладнево со дебата за предложените измени на правилата на ЕУ за попрецизно означување на карактеристиките на земјоделско-прехранбени производи, како мед, овошни сокови и џемови, со цел да им се овозможи на потрошувачите при купувањето на овие продукти да бидат подобро информирани за нивните состојки. Во продолжение европратениците ќе расправаат за нивните предлози за изборите за членови на Европскиот парламент предвидени за јуни идната година, поврзани со начините за поттикнување на поголема излезноста и за зајакнување на демократските процеси, како и за механизмот за избор на идниот претседател на Европската комисија. Гласањето по овие предлози е закажано за утре. За утре е предвидена и церемонијата на доделување на наградата „Сахаров“ на овогодишните лауреати, покојната иранска активистка за женски права Џина Махса Амини и движењето „Жена, живот, слобода“ во Иран. Џина Махса Амини беше 22-годишна Иранка со курдски потекло, која почина во септември минатата година во притвор во Техеран од последици од физичкото малтретирање од страна на припадници на иранските безбедносни служби. Нејзината смрт предизвика масовни протести во Иран против законите со кои се дискриминираат жените во земјата. На дневниот ред на утрешното продолжение на парламентарното заседание е дебатата и гласањето за усвојување на Законот за критични суровини, кој има за цел да го зајакне снабдувањето со стратешки суровини и да ја зголеми конкурентноста и суверенитетот на ЕУ во овој сектор. За утре попладне е закажана и расправата посветена на состојбата во Газа, во чии рамки европратениците ќе дебатираат со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за потребата од ослободување на сите заложници од страна на Хамас, за постигнување хуманитарен прекин на огнот во актуелниот конфликт и за изгледите за мировно решение за израелско-палестинскиот спор според моделот за постоење на две држави – Израел и Палестина. Во текот на утрешниот ден европратениците ќе расправат за измените во правилникот на Европскиот систем за здравствени податоци, со кои би се овозможило полесен електронски пристап до информациите за здравствената состојба на пациентите, вклучително и кога тие се наоѓаат во друга земји членка на ЕУ. Изјаснувањето на пратениците за олеснувањето на пристапот до здравствените податоци е превидено за в среда. В среда на дневен ред на седницата е дебата посветена на декемврискиот Самит на ЕУ, што ќе се одржи в четврток и петок. На дебатата со претставници на шпанското претседателство со ЕУ и на Европската комисијата, се очекува европратениците да ги изнесат своите барања и очекувања од Самитот. Истиот ден е предвидена и дебата на европратениците со шпанскиот премиер Педро Санчез, кој пред Европарламентот ќе ги презентира резултатите од претседавањето на Шпанија со Советот на ЕУ во периодот јули-декември 2023 година. Во пресрет на дебатата, предвидена е и билатерална средба на Санчез со претседателката на ЕП, Роберта Мецола....
Зеленчук делотворен при слебеење
Сител - пред 10 часа
Зеленчукот е богат со витамини и минерали, а obi;no содржи и влакна што помагаат човекот подолго да се чувствува сит. Дополнително, зелениот зеленчук е нискокалоричен, што го прави и делотворен при слабеење. Следат шест од најпогодните зеленчукови плодови коишто стручњаците ги препорачуваат во исхраната кога главната цел е губење тежина. Спанаќ Ова е зеленчук во којшто се ужива на повеќе различни начини. Спанаќот има поблаг вкус и затоа може да се комбинира во различни оброци, а покрај тоа, доста е и хранлив, со 23 калории на 100 грама. Брокула И таа помага за подолга ситост. Се додава во чорби, а одлично оди и со ориз и тестенини. Свежата брокула има околу 35 калории на 100 грама. Карфиол Поради својот вкус, карфиолот е секогаш присутен во традиционалната здрава исхрана. Може да се додаде и на пица, а според готварските стручњаци - и како состојка во некои колачи. Карфиолот има 25 калории на 100 грама. Грашок Најчесто се наоѓа во разни манџи или чорби, а го има и во оброци со тестенини или ориз. Содржи околу 85 калории на 100 грама, а има и повеќе од пет грама растителни протеини, корисни за органите за варење. Протеините се корисни за слабеење бидејќи бараат и црпат повеќе енергија од метаболизмот и ги покачуваат хормоните за ситост. Прокељ Иако ова зелје обично не е меѓу омилените видови зеленчук, доколку се зготви правилно може да биде вкусен додаток во многу различни јадења. Содржи 43 калории и околу четири грама влакна на 100 грама прокељ....
Безбол играчот Отани стана најплатен спортист во светот
Сител - пред 10 часа
Јапонската безбол ѕвезда Шохеј Отани потпиша договор со МЛБ лигашот Лос Анџелес доџерс и стана најплатен спортист во светски рамки. Иако детали од договорот не се познати, американските медиуми наведуваат дека станува збор за сума од 700 милиони долари за десетгодишна верност со Лос Анџелес доџерс, што е рекорден износ во историјата на безболот и спортот воопшто. „Одлучив да го изберам Доџерс за свој следен тим“, напиша на Инстаграм, Отани, кој првите шест сезони од својата кариерата во американската професионална безбол Лига МЛБ ги мина во редовите на Лос Анџелес енџелс. Отани минатиот месец беше прогласен за најкорисен играч во МБЛ лигата и покрај повредите кои му ја прекинаа сезоната во 2023. Отани, воедно, е првиот играч во историјата кој два пати едногласно ја освоил титулата, откако беше избран за МВП и во 2021 година....
ВМРО-ДПМНЕ: Возилото било во Скопје - СДСМ: Ковачки е познат манипулатор
Сител - пред 21 часа
Embedded video for ВМРО-ДПМНЕ: Возилото било во Скопје - СДСМ: Ковачки е познат манипулатор...
Османи на одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права на OН во Женева
Сител - пред 21 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на настанот на високо ниво за Одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, организиран од Обединетите Нации во Женева. Преку неговото обраќање, Османи ќе ги презентира заложбите на Северна Македонија во овој важен домен. За време на престојот во Женева, Османи ќе оствари низа билатерални средби со високиот комесар за човекови права Волкер Турк и високиот комесар за бегалци Филипо Гранди, како и генералните директори на Светската здравствена организација и Меѓународната организација за миграции Тедрос Аданом и Ејми Поуп....
ОН ја повика Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница
Сител - пред 21 часа
Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија препорачува таа да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката, и да ги имплементира релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на правото на слобода на изразување и на здружување. – Комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација, вклучително и за Македонците и за Помаците. Сепак, Комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слобода на собирање и слобода на здружување. Комитетот изразува жалење за постојаните пречки и отежнувачките услови за регистрација на граѓански организации и пријавеното одбивање на регистрација на македонските здруженија од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите, врз основа на нивното македонско самоопределување, наведуваат од Комисијата. Во извештајот кој излезе во пресрет на одбележувањето на 75 години од Декларацијата за човекови права на ОН, Комитетот, исто така, препорачува државата-членка да ги отстрани сите бариери за регистрација на малцинските здруженија и да преземе мерки за да ги поттикне нивните активности и да соработува со нив....
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за сите партии
Сител - пред 21 часа
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на Извршниот одбор на партијата ќе биде потврдена одлуката координаторот на пратеничката група Јован Митрески да биде претседател на Собранието, откако Талат Џафери беше предложен од ДУИ да биде технички премиер. -Ќе се разговара за претседател на Собранието со оглед дека сегашниот претседател на Собранието е предложен за претседател на техничката Влада, и нормално дека организацискиот и генералниот секретар ќе поднесат извештај за сите оперативни активности што се направени во текот на минатата недела, после последниот Извршен одбор што го имавме, изјави вечерва Ковачевски пред состанокот. За најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе размисли дали ќе учествува во техничката влада, Ковачевски вели тоа е законска обврска. -Таа е наведена во Законот за влада, во законот за избори и сметам дека сите политички партии треба да ја испочитуваат својата законска обврска, исто како што е моја законска обврска на сто дена пред изборите да поднесам оставка, што ќе го направам. Исто така е и обврска на сите политички партии да учествуваат во изборниот процес, во спротивно се става една дамка во изборниот процес, без никаква потреба, рече Ковачевски. Потсети дека неодамна, како што кажа, имало успешна лидерска средба на која со исклучително широк консензус беше договорен датумот за претседателски избори и датумот за парламентарните избори во редовен термин, а беше поддржано дека ќе имаме техничка влада. - Значи дека толку краток период пред изборите нема да има промена на Изборниот законик во тој дел и на Законот за Влада, што значи дека сите политички партии треба да учествуваат во изборниот процес така како што е предвиден согласно закон и на крајот да имаме демократски избори, како што имавме во изминатиот период после 2016 година и да добиеме и претседател на држава, и Парламент и се разбира и Влада и Северна Македонија да продолжи во своите евроинтеграции, рече Ковачевски. На вечерашнава седница нема да биде на дневен ред претседателскиот кандидат на СДСМ, но Ковачевски потсети дека на минатата седница е донесена одлука за почнување на постапка и процедура за избор на претседателски кандидат на партијата. За тоа дали би поддржале претседателски кандидат на ДУИ, од каде вчера соопштија дека тоа им е следна цел, тој рече дека претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ како што беше и на минатите избори. - Сите политички партии имаат свои амбиции, но претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ како што беше и на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и така натаму, и тоа ќе биде претседателот на државата и во следниот мандат, рече Ковачевски....
Граѓаните и локалните политики
Сител - пред 21 часа
Embedded video for Граѓаните и локалните политики...
Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
Сител - пред 21 часа
Embedded video for Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор...
Вечерва Извршен одбор на СДСМ
Сител - пред 21 часа
Embedded video for Вечерва Извршен одбор на СДСМ...
Вечерва Извршен одбор на СДСМ
Сител - пред 21 часа
Embedded video for Вечерва Извршен одбор на СДСМ...