Мицкоски за ТВ 24: Ние не го користиме имотот на партијата веќе 4 години, ние само го одржуваме тој имот и сме гости дома
24 вести - пред 14 дена
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа потенцираше дека ќе се борат против пресудата од „Талир 2“. - Ќе се бориме против таа пресуда со сите демократски алатки. Ова е политички процес како од времето на Политбирото. Ние не го користиме имотот на партијата веќе 4 години, ова не е нова состојба за нас, тој е замрзнат. Ние сме гости дома, ние го одрржуваме тој имот, не е важно дали е под хипотека. - рече Мицкоски....
Мицкоски за ТВ 24: Во францускиот предлог никаде не се споменува почеток на преговорите
24 вести - пред 14 дена
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа рече дека последниот предлог од Франција не ветува почетокот на преговори, тоа е само фотосесија во Брисел. Не се вели никаде отпочнување на преговори, туку дополнително уставни промени кои треба да ги вклучат бугарските барања. - Нема шанси никогаш додека јас сум претседател, ако сум претседател со оваа преговарачка рамка да дозволам, тие да бидат вклучени и уставот да претрпи промени. Во оваа рамка, втората работа што треба да се каже е дека Договорот за добрососедство станува дел од преговарачкиот процес заедно со протокол кој никој жив не го знае. Ако ние не ги смениме учебниците утре, тогаш ќе речат дека го прекршуваат Договорот и тоа е тој протокол за да стават вето. Главниот играч е претседателот на Бугарија, Трифонов е политички играч. Радев е главен креатор на политиката и неприкосновен и сега го споредуваме со шоумен. Ако тој вели дека тој предлог е добар, зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој? Ајде да зборуваме за португалскиот предлог, што нашата влада го прифати, нели велеа го прифаќаме. Ајде да зборуваме за се што било порано. Зошто сега сето ова не чинело за Радев, и наеднаш ова е добар предлог, најдобар. Сега ние треба како сериозни луѓе да си го ставиме прстот на чело и да размислиме што правиме и каде одиме? И дали треба воопшто треба да размислуваме и да губиме време или треба одма да го отфрлиме. Затоа што секој ден тактизирање на Владата значи дека овој предлог е следната преговарачка позиција и одиме нагоре што се однесува до бугарските барања. Ова не е одговорно од Владата што молчи. - рече Мицкоски....
Мицкоски за ТВ 24: Ветувам голема борба и голем триумф, ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинство во Парламентот
24 вести - пред 14 дена
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа истакна дека опозицијата продолжува со активизмот и со блокадите. Ќе имаме протесно лето, рече Мицкоски и наесен. - Во периодот кој следи, активната блокада ќе трае се додека тие се оперативни, наесен имаме нов сет на чекор.Одговорноста за сето ова ја има владата, од самиот почеток наметнавме темпо на соработка, на разговор, на помош, но таа фрустрација од локалните избор трае. Се што кажа Ковачевски прави спротивно од тоа. Во период кој што следи ќе имаме протестно лето. Тоа протесно лето и оваа активна блокада во парламентот ќе траат се додека тие се оперативни, нормално во рамките на парламентот. Потоа на есен имаме предвидено нов сет на чекори, така што ќе биде динамично и рековме дека одговорноста за сето ова ја има владата и Ковачевски, затоа што од самиот почеток ние се обидуваме да им наметнеме темпо на соработка, на разговор, на помош. Таа фрустрација нивна трае од локалните избори, после дебаклот и поразот на СДСМ. Инстант успеци нема, ветувам голема борба и голем триумф. ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинството во Парламентот. Блокадата ќе оди не на сметка на партијата, туку на сметка на оваа неодговорна влада. - рече Мицкоски....
Мицкоски за ТВ 24: Ветувам голема борба и голем триумф, ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинствот во Парламентот
24 вести - пред 14 дена
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа истакна дека опозицијата продолжува со активизмот и со блокадите. Ќе имаме протесно лето, рече Мицкоски и наесен. - Во периодот кој следи, активната блокада ќе трае се додека тие се оперативни, наесен имаме нов сет на чекор.Одговорноста за сето ова ја има владата, од самиот почеток наметнавме темпо на соработка, на разговор, на помош, но таа фрустрација од локалните избор трае. Се што кажа Ковачевски прави спротивно од тоа. Ќе имаме протесно лето и активна блокада, ќе протестираме низ улиците и таму каде што цениме дека треба да се изрази револтот, особено кај оние институции каде граѓаните најмногу имаат потреба. Важно е да се знае дека владата е ближи кон крајот. Инстант успеци нема, ветувам голема борба и голем триумф. ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинствот во Парламентот. - рече Мицкоски....
Ковачевски останува без став за францускиот предлог
24 вести - пред 14 дена
Македонската влада останува на ставот, нема официјален коментар на францускиот предлог за македонско-бугарскиот спор. Чекаат усогласување од сите земји-членки на ЕУ. Она што е порака од македонската влада, македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка. Нашиот став како Влада е дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ што содржи рамка за преговарање во однос на пристапување кон ЕУ како организација на држави членки, додека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво со државите со коишто тие постојат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали земјава го има променето ставот дека нема да прифати билатералните прашања да влезат во преговарчаката рамка....
Низ Европа сè побрзо се шират новите две субваријанти на омикрон
24 вести - пред 14 дена
Низ Европа сè побрзо се шират новите две субваријанти на омикрон, Ба.4 и Ба.5, во однос на другите варијанти на ковид-19, што значи дека како што стануваат подоминантни, така може и да го зголемат бројот на хоспитализации. Во последните десетина дена се зголемува бројот на инфекциите со ковид-19 во соседна Грција, со 6.374 нови инфекции пријавени во просек секој ден. Европските земји доживуваат пораст на приеми во болниците заради овие подваријанти на високо заразниот вид омикрон, со што се заканува нов глобален бран на болеста, бидејќи ограничувањата за пандемијата се речиси укинати. - Се уште ни треба заштита од оваа болест, се уште има луѓе кои не се векцинирани, затоа апелирам оние кои ја немаат примено првата доза да го направат тоа, болеста повторно се шири, вакцинирајте се, Ковидот очиглендо нема намера да си оди лесно. - вели професорот Маргарет Хелард. Ковид бројките се зголемени во неколку земји, меѓу кои Франција и Англија. Во Германија, каде што приемите се зголемуваат повеќе од една недела, уделот на инфекции со ковид-19 е припишан на Ба.5 варијантата. Она што дава надеж е дека ковид вирусот ќе стане ендемичен и ќе биде и во иднина со полесни симптоми отколку минатата есен. Од СЗО велат дека специјална вакцина против коронавирус, адаптирана за варијантата омикрон, може да се користи како бустер доза за зајакнување на имунитетот. Според достапните податоци, таквата вакцина може да биде од корист за оние кои веќе се целосно вакцинирани....
Грижа за светското наследство Охрид: Излевање на фекалиите во езерото
24 вести - пред 14 дена
Охридското езеро трпи голем притисок и загадување последните две три децении и затоа е потребна итна акција смета Даниел Богнер експерт за заштитени подрачја. Според истражувањата на Богнер загадувањето во Охридското езеро доаѓа од повеќе страни но излевањето на фекалиите е најзагрижувачки момент. „Не ме чуди што Унеско реагира и сака да го стави регионот на листа загрозени подрачја. Има прогрес тоа е евидентно но има и големо загадување. Можеби не е толку алармантно но го има. Видов излевање на фекалии, нарушен биодиверзитет, многу пловила и туристи. Сето тоа го загрозува живиот свет во него и затоа мора да има итна акција за да се заштити езерото." - вели Богнер. Загадувањето прави притисок врз живиот свет во него.Опстанокот на рибите и другите ендемски видови доведен во прашање споделуваат од Хидробиолошкиот завод. Експертите се едногласни дека мора итно да се преземат мерки и во однос на загадувањето од пловните објекти кои се се побројни во езерото. Во пресрет на денот на Охридското езеро 21 јуни секогаш во фокусот се проблемите со кои се соочува овој природен басен кои наместо да се решаваат од година во година се повеќе се зголемуваат....
Украинско-руска војна: Убиени македонски платеници во инвазијата на лажни вести
24 вести - пред 14 дена
Украинско-руската војна отвори нова пандорина кутија-онаа на лажни вести. Дали се вклучени платеници од други земји меѓу кои и Македонија и колку од нив се починати. Министерство за одбрана на Русија Учествувале – 79 Македонци Загинати – 21 Македонец Активни – 39 Македонци Со тврдења дека имаат заминато над 79 Македонци да се борат на боиштата во Украина, а 21 од нив се починати излезе руското Министерство за одбрана. Руските власти тврдат дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, а се активни уште 39 лица. македонското МНР и Министерство за Одбрана - со став- днема наши државјани кои учествуваат во борбата во Украина. „Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзани со евентуално учество на наши државјани во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војната. МНР постојано и внимателно ја следи ситуацијата преку амбасадата во Украина. Штом ке има нови информации јавноста ке биде информирана.“ - велат од МНР. Според руското Министерството за одбрана, досега во Украина влегле 6.956 платеници од странство, а по тврдењата на руските власти дека биле убиле и 74 платеници од Хрватска, хрватските власти го негираат ова и велат дека се работи за руска пропаганда....
Француски предлог: Жестоки критики од екс македонски политичари, но и интелектуалци
24 вести - пред 14 дена
Францускиот предлог е најлош досега, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на панел дискусијата „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“ организирана од Институтот за демократија и Институтот за европска политика. Според него, не може да се внесе бугарската заедница во Уставот, а Бугарија да не го почитува македонскиот јазик и се уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Димитров вели, државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснување и самоопределување, нешто што Грција го направила со Преспанскиот договор. Институтите за демократија и европска политика пак, побараа Собранието веднаш да заседава по однос на францускиот предлог и испратија порака до Владата дека не смее да остане нема. Според директорот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, раното внесување на бугарската заедница во Уставот би можело да се искомплицира во текот на преговорите. Директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска пак, вели – Овој предлог задира во области каде што не би требало и креира преседани, а доколку Историската комисија и малцинските прашања влезат во рамката, би било многу ризично за проширувањето на ЕУ во иднина. Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија пак, Марјан Ѓорчев вели, земјава е во подредена состојба. Ја повика Владата веднаш да го одбие предлогот, кој според него е непристоен и недостоинствен, но значи и промена на европскиот систем....
На потег е бугарскиот парламент за францускиот предлог
24 вести - пред 14 дена
Протоколот за спроведување на билатералниот Договор за пријателство со Македонија денеска е доставен до Комисијата за надворешни работи во бугарското Собрание која ќе треба да се прозинесе по текстот, а потоа тој да се најде пред пратениците на гласање. Не е познато што содржи оваа драфт верзија на протоколот, ниту се знае за кога е закажана собраниската седница на Комисијата. После одредени информации дека протоколот е пратен и до македонското МНР, од таму велат дека не добиле ништо такво од бугарските колеги. Димитар Гочев од бугарската владејачка партија „Продолжуваме со промените“ за „БНТ“ вели дека во Бугарија ќе има јавна дебата за францускиот предлог но тврди дека текстот не го видел. Гочев не отсапува ниту од бугарската позиција за македонскиот јазик. „Ставот на Бугарија е јасен, македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира членството на Република Северна Македонија во Европската Унија“ - изјави Димитар Гочев „Продолжуваме со промените“. Софиски „Стандард“ пак пишува дека доколку Бугарија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство уште утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите. Но, од друга страна во Среда ќе се гласа за доверба на владата на Кирил Петков и речиси е извесно дека неговиот кабинет ќе ја изгуби довербата на пратениците. А македонските партии и организации во Бугарија потпишаа заедничка платформа за обединување на тамошното македонско движење, со што, како што истакнуваат го завршија процесот на надминување на последните внатрешни поделби и противречности што траше во изминатите две години. Една од главните цели на македонските организации во Бугарија ќе биде запирање на негирањето на македонското национално малцинство во Бугарија преку негово официјално признавање....
Извори од ВМРО-ДПМНЕ: Се разгледуваaт сите опции за граѓанска непослушност
24 вести - пред 14 дена
Сите опции на граѓанска непослушност - ова е една од опциите за кои Христијан Мицксооки размислува како клучна за целосната блокада на системот, која ја најави како чекор кон предизвикување на предвремени избори, брифираат за ТВ 24 високи партиски извори. Освен граѓанска непослушност, во планот на првиот опозиционер според истите извори се и селекктивна соработка на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со централната власт, надградена и проширена блокада во собранието, протести во градовите, како и блокада на патишта. - Целосната блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот. На тој начин нема да легитимираме систем. Се разгледуваат сите опции на граѓанска непослушност, вели за ТВ 24 функционер на ВМРО -ДПМНЕ. - вели Функционер на ВМРО ДПМНЕ. Официјално од партијата на Мицкоски и денеска со повик до премирот Ковачевски да прифати избори, бидејќи велат без избори само ќе се продлабочува кризата. Предвремените парламентарни избори се нужни и мора да се случат што побрзо. Секој ден, ама буквално секој еден ден поминат со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е нова катастрофа и нов пораз и за државата и за граѓаните. Тоа мора да прекине и не смее да ни се случува повеќе како држава. Ковачевски и Ахмети треба јасно да знаат дека граѓаните бараат промена на оваа криминална власт и дека единствено, ама единствено решение се само предвремени парламентарни избори. И нема друго решение. Тоа е единственото решение. И додека опозицијата не се откажува од избори од Бихажка и денеска ја повторуваат вчерашнат порака на нивниот лидер дека избори нема да има. Од Бихаќка ја повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадата, бидејќи била на штета на државата, но сепак нема одговор како планира владата да се справи со блокадата на опозиционерите, а без конкретени детали остана и вчера премниерот Ковачевски, и покрај помошта од коелицискиот партнер Али Ахмети. Колку жешкото политичко лето што го палнира опозицијата, може да испровоцира предвремени избори и покрај фактот што коалициските партнери на СДСМ, на чело со Али Ахмети му се заколнаа на верност до 2024, засегане извесно, бидејќи барем декларативно и официјално и владејачкиот и опозицискиот фронт стои на своето кога би требала Македонија да трча нов парламентарен маратон....
Протест на судската полиција
24 вести - пред 14 дена
Судската полиција бара поголема плата а министерот за правда ветува дека ќе има ама ако министерот за финансии даде повеќе пари. На денешниот простест на Независниот синдикат на судската полиција членовите упатија апел дека нема да дозволат да бидат оставени на маргините на системот. Бараат измени во Законот за судски службеници и зголемување на платата за 15 отсто но и исплата на додатоците за ризик при работа и за доверливост за чување на лични податоци. Иако од Судската полиција се чудат но сепак веруваат дека министерот за правда Никола Тупанчески не знаел како е можно судските полицајци да бидат изземени од другите две катергории судски службеници од законот кој ги регулира нивните права и обврски. И додека траеше протестот, а непосредно пред почетокот на прес-конференцијата, од судската полиција добија повик од министерот за итна средба. „На средбата беше договорено најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства. Министерството ќе стори се' што е во негова надлежност за подобрување на материјалната состојба на вработените во судската полиција.“ - изјави Министерство за правда. Од потребните 250 првично планирани судски полицајци во време кога не беа формирани Управниот и Вишиот управен суд како и Апелацискиот суд Гостивар во моментов судовите ги обезбедуваат скоро 180 полицајци. Доколку до петок не биде најдено решение од Независниот синдикат на судската полиција најавија радикализирање на протестот. Ќе постават шатори спроти министерството за правда се' до исполнување на нивните барања....
Регулаторната комисија за енергетика ја одзеде лиценцата на БЕГ
24 вести - пред 14 дена
БЕГ остана без лиценца, ќе се бара чаре за парно греење во Скопје. Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за што Бислимовски очекува роковите да бидат куси за да може брзо да се организира топлинското загревање на становите и фирмите во Скопје. Ваквата одлука се донесе откако беше побарано престанок на важење на лиценцата поради неможноста за понатамошно нормално функционирање, кредитната неспособност на БЕГ и неможноста да ги обезбеди потребните финансиски средства за продолжување на работата во новата грејна сезона. Во случај да снема природен гас од Русија, Македонија е способна да најде природен гас од други места, како на пример од Грција преку Бугарија, но и да се користат алтернативни горива како мазут или дизел, рече Бислимовски. Одземањето на лиценцата доаѓа откако БЕГ пријави сериозни трошоци за изминатата година, па на почетокот на 2022 година, државната ЕСМ го презеде управувањето и со парното во Скопје....
По Израел и Емиратите, првиот случај на мајмунски сипаници откриен во Либан
24 вести - пред 14 дена
Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека првиот случај на мајмунски сипаници во таа земја е откриен кај лице кое се вратило од странство и сега е во изолација дома во стабилна состојба. Како што се наведува, во моментов се истражува со кој било во контакт заразеното лице, но други детали не се соопштуваат. Пред Либан, во мај случаи на болеста беа идентификувани во Израел и Обединетите Арапски Емирати. Во Либан се откриени мајмунски сипаници во време кога стотици илјади иселеници и туристи се подготвуваат да одат на одмор. Оваа година, сепак, се пријавени 1.880 инфекции во повеќе од 30 земји каде што мајмунските сипаници вообичаено не се присутни. Околу 85 отсто од ваквите случаи се откриени во Европа, а смртни случаи нема. Светската здравствена организација објави дека луѓето со мајмунски сипаници може да се заразат до четири недели и препорача да се изолираат додека целосно не закрепнат....
ЗНМ: Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни говори
24 вести - пред 14 дена
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на непримерната комуникација на Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија. Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата истакна: „Нè лажеа дека не преговараат за јазикот, дека не преговараат за идентитетот, а денес оние платени, за волја на вистината, малкумина владини пера, преку мали колумнички, нè убедуваат дека триумфирале по којзнае кој пат“. Укажуваме дека јавното етикетирање на новинарите и на медиумите, посебно од страна на претседатели на политички партии, негативно се одразува на слободата на медиумите и придонесува за цензура и самоцензура. Вакви јавни наративи директно ги поттикнуваат партиските симпатизери да повикуваат на говор на омраза кон новинари и медиумски работници на социјалните мрежи. Агресивниот говор на омраза и заканите кон новинари може да резултираат и со дела од омраза, со што дополнително може да се загрози безбедноста на новинарите, а со тоа и правото на информирање на граѓаните да примаат информации за важни општествени процеси. Потсетуваме дека уредничката и новинарската независност е неприкосновена и таа не смее да биде под притисок на политичарите бидејќи на тој начин се влијае јавниот интерес да се претвори во партиски, а тоа да биде на штета на граѓаните и на нивното право на информирање....
Премиерот Ковачевски ја пречека финската премиерка Марин, на првата посета на Финска во Северна Македонија
24 вести - пред 14 дена
Претседателката на Владата на Република Финска Сана Марин пристигна во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.Премиерката Марин во Владата на Република Северна Македонија ја пречека премиерот Ковачевски, кој со претседателката на Владата на Република Финска, согласно агендата, ќе имаат тет-а-тет средба.Премиерот Ковачевски и премиерката Марин потоа ќе им се придружат на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна ќе присуствуваат Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска....
ПОВЕЌЕ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЗА ДВАЈЦА НОВИ СОПСТВЕНИЦИ НА МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ
24 вести - пред 14 дена
МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ продолжува да ги радува играчите на Видеолотарија Касинос Австрија, во последнава недела со двајца добитници и со вкупна сума од над три милини денари. Овој пат среќата посака да ги згрее срцата на двајца играчи од внатрешноста на Македонија, демонстрирајќи уште еднаш дека МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е за секого и за секаде. На 15 јуни среќниот сигнал за добивка се појави во село Мислешево, во струшко, означувајќи МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.535.306 денари. Не требаше да помине долго за добитниот фонд уште повеќе да наближи до максималните 1.800.000 денари и повторно да изненади пријатно, сега во Кавадарци. Овој МИЛИОНЕР се случи на 18 јуни, во саботата и достигна износ од 1.606.546 денари. Јуни има уште десет дена, а дотогаш сигурно ќе се случат уште многу добивки МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, со вредност од 1.200.000 до 1.800.000 денари, како и СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, вреден до максимални 12.000.000 денари. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИГРАЈСОБИРАЈИОСВОИ...
Рамадани: Мора да бидеме внимателни што добиваме, а што губиме со новиот предлог
24 вести - пред 14 дена
Францускиот предлог на еден начин сака да ја извлече бугарија од ситуацијата во која беше досега, но ние мора да бидеме внимателни што добиваме и што губиме. - вели аналитичарот Исмет Рамадани за Студио 10. Според него самиот факт што германскиот канцелар шолц беше во Македонија и во Бугарија, става на знаење дека регионот е под лупа и под една опсервација....
Макрон не доби апсолутно мнозинство, Франција влегува во политичка неизвесност
24 вести - пред 14 дена
Емануел Макрон не доби апсолутно мнозинство во францускиот парламент. Центристичката коалиција предводена од францускиот претседател го загуби мнозинство во законодавниот дом на вториот круг од парламентарните избори. Првичните резултати покажуваат дека центристичката алијанса „Заедно! “ освои 245 од 577 места. Но, иако освои најголем број на пратенички места, Макрон сепак ќе мора да формира сојузи со други партии за да се изгласаат неговите законски предлози. „Никогаш досега Француското собрание немало ваков распоред на силите. Оваа ситуација преставува ризик за нашата држава во однос на ризиците со кои се соочуваме како внатре така и надвор од државата.“ - изјави Елизабет Борн премиер на Франција. На второ место е сојузот „Нупес“, предводен од левичарскиот Жан-Лук Меланшон кои според проценките освои 131-но пратеничко место или 31,76 отсто од гласовите. За време на кампањата, коалицијата се залагаше за замрзнување на цените на основните намирници и намалување на старосната граница за пензионирање а Меланшон повика и на непослушност кон Европската Унија. Сојузот на левицата претходно не успеаа да го донесе Меланшон во Елисејската палата, но сега се појавува како првата опозициска сила на извршната власт. „Ова е комплетен пораз на политиката на Макрон. Ја исполнивме нашата политичка цел која ја поставивме пред еден месец, да го симнеме од власт човекот кој работи против интересите на државата.“ - изјави Жан Лук Меланшон лидер на Нупес. Десничарското Национално собрание предводено од Марин Ле Пен освои 89 пратенички места и сега се трета сила во парламентот. „Французите ја зедоа судбината во свои раце и го претворија Емануел Макрон во малцински претседател.“ - изјави Марин Ле Пен претседател на Национално собрание. Останатите 48 пратенички места одат за различни политички струи кои не беа дел од ниту една поголема коалиција. 22 пратеници има левицата, кои не се приклучија кон Нупес, Регионалистите добиваат 10 пратеници, Различните пратеници од десницата освоија 10 места во Националното собрание....
ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е Ковачевски и Османи да молчат за францускиот предлог
24 вести - пред 14 дена
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека е недозволиво власта да молчи за францускиот предлог за решавање на бугарскиот спор со Македонија. Обвинуваа дека со таканаречениот француски предлог не се решаваат проблемите на државата. Не се почнуваат преговори, туку се дава услов доколку сакаме да ги почнеме преговорите....
Експерти анализираат: „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: Какво јаболко може да загризе Македонија?“
24 вести - пред 14 дена
Францускиот предлог е лош за Македонија и владата не смее да го прифати. Институциите треба веднаш да реагираат, а во Собранието веднаш да почне разгледување на францускиот предлог - велат дел од експертите на денешниот панел посветен на бугарско-македонскиот спор и францускиот предлог. Според нив овој предлог е најлош досега, децидни се, македонскиот јазик мора да биде почитуван од страна на Бугарија ако сакаат вметнување на Бугарите во уставот....
РКЕ донесе одлука за престанок на важноста на лиценцата на БЕГ
24 вести - пред 14 дена
Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски денеска на прес-конференција за медиумите потврди дека денес на главната седница РКЕ донела одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство. -Веднаш по завршувањето на оваа главна седница РКЕ ќе ја информира Владата и владата понатаму во соработка со минуистерството за економија е должна да организира тендер, односно јавен повик со кој што ќе биде избран нов вршител за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија, рече Бислимовски. Бислимовски напомена дека очекува во наредниот период сите овие рокови за организирање на јавниот повик да бидат кратки се со цел да завршат навремено и да се избере нов вршител на енергетската дејност производство на топлинска енергија....
Бензинот ќе поевтини, а дизелот ќе поскапи од полноќ
24 вести - пред 14 дена
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Како што истакна тој, цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар, додека пак бензините ќе поевтинат за 1,50 денари. Во текот на денот се очекува да излезе официјалното соопштение со ценит...
Манчестер сити одби да го продаде Стерлинг на Челзи за 25 милиони евра
24 вести - пред 14 дена
Управата на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити одби да го продаде напаѓачот Рахим Стерлинг на Челзи. Според новинарот Фабрицио Романо, Сити не бил задоволен од сумата понудена за 27-годишниот Англичанец. Лондонскиот клуб понудил 25 милиони евра, додека Манчестер сити сака да добие 55-60 милиони евра за играчот. Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 17 гола и пет асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра....
Верстапен по победата на канадското ГП: Побрзи сме на право оваа сезона и тоа помага
24 вести - пред 14 дена
Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ја коментираше победата на трката од Формула 1 шампионатот возена синоќа за Големата награда на Канада. Возачот на Ферари, Карлос Саинц го освои второто место. Трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес. На крајот на трката, Верстапен беше пред Саинц за 0,9 секунди. – Генерално, тимот на Ферари беше многу брз во трката, па ми беше многу тешко да се одлепам, дури и со нови гуми. Крајот беше навистина возбудлив. Дадов сЕ од себе, а истото го направи и Карлос. Последните неколку круга беа многу забавни. За среќа, оваа сезона сме побрзи на правците и тоа многу помага, изјави Верстапен за „Скај спорт“. За 24-годишниот пилот оваа победа беше деби во кариерата во Монтреал (Канада), шеста сезонска и вкупно 26 во кариерата....
Циндриќ по освојувањето на ЛШ: Испишавме историја
24 вести - пред 14 дена
Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, вчеравечер уште еднаш стигна до европскиот трон, овој пат со Барселона. Каталонците во финалето на завршниот турнир во Келн го победија полски Келце со 37:35 по изведување пенали. Резултатот по основните 60 и дополнителните десет минути беше нерешен 28:28, па 32:32. – Горд сум на целиот тим. Испишавме историја. Долго ја чекавме нашата шанса и ја дочекавме по изведувањето на пеналите. Одигравме финале во кое секој можеше да ужива, изјави Циндриќ. Барселона е првата екипа која успеала да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите. Шпанскиот ракометен великан има вкупно 11 трофеи европски првак....
Донарума: Многу луѓе мислат дека е лесно да се освои Лига 1, но апсолутно не е така
24 вести - пред 14 дена
Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, смета дека не е така лесно да се стане француски шампион. – Многу луѓе мислат дека е лесно да се освои Лига 1. Но, јас знам дека тоа апсолутно не е така. Има одлични тимови во лигата. Некои стадиони се навистина тешки за играње, навивачите се непријателски расположени, а тимовите се многу конкурентни. Значи ова е тешко. Ако не одиграме 100 проценти, тешко е да се победи. Неопходно е секој пат да ја демонстрирате вашата најдобра игра, изјави Донарума за клупскиот сајт на парижаните. ПСЖ го освои францускиот шампионат во сезоната 2021/22, пред Марсеј со 15 бодови разлика. Тимот го освои првенството по десетти пат. Донарума минатата сезона забележа 23 настапи за парижаните во сите натпреварувања и прими 23 гола....
Рамадани: Мора да бидеме претпазливи што добиваме, а што губиме со новиот предлог
24 вести - пред 14 дена
„Бугарија е членка на ЕУ, по некоја логика тие повеќе се грижат едни за други меѓусебно, затоа припаѓаат на истиот сојуз. Мислам дека францускиот предлог на еден начин сака да ја извлече Бугарија од ситуацијата во која беше досега. Ние тука треба добро да ги видиме работите, да согледаме што добиваме и што губиме. Самиот факт што Шолц беше тука и во Бугарија, става на знаење дека регионот е под лупа и под една опсервација и во тој контекст можеби ќе се пробиеме, рече Рамадани во емисијата“ - вели Рамадани за Студио 10....
Спасовски ќе учествува на состанок на Одборот на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност – ИИСГ
24 вести - пред 14 дена
Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски денеска ќе учествува на шестиот состанок на Одборот на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИСГ). Како што информираат од Министерството, состанокот се одржува во Сараево во хибриден формат, а Спасовски ќе земе учество онлајн преку платформата Зум....
Украина ќе ја забрани музиката на некои Руси во медиумите и јавните простори
24 вести - пред 14 дена
Украинскиот парламент гласаше за забрана на дел од руската музика во медиумите и јавните простори. Забраната нема да важи за целата руска музика, туку се однесува на музиката создадена или изведена од оние кои се или биле руски државјани по 1991 година. Уметниците кои ја осудија војната на Русија во Украина можат да поднесат барање за изземање од забраната. Според законската регулатива ќе биде забранет и увоз на книги од Русија и Белорусија. Многу од оние што живеат во областите на источна и јужна Украина историски чувствуваат силна поврзаност со Русија, често зборувајќи руски како свој прв јазик. Но, руската инвазија на Украина доведе до тоа многу Украинци да сакаат да се одвојат од руската култура....
Собранието во Србија избира градоначалник на Белград
24 вести - пред 15 дена
Собранието на град Белград на денешната седница ќе избира нов градоначалник. Кандидат за таа функција е Александар Шапиќ, прв на листата „Александар Вучиќ - Заедно можеме се“ на изборите во април. На дневен ред на седницата, покрај изборот на градоначалник, е и изборот на неговиот заменик, како и на членовите на Градскиот совет. Претседателството на СНС во четвртокот со мнозинство гласови го усвои предлогот на Градскиот одбор на партијата во Белград Шапиќ да биде кандидат за градоначалник. Предлог за заменик градоначалник е Весна Видовиќ, исто така од СНС. „Добивме мнозинска поддршка од граѓаните на Белград на изборите, добивме доверба за следниот мандат да го водиме Белград понатаму. Веруваме дека тие двајца ќе функционираат како добар тим“, објасни заменик-претседателката на партијата СНС, Ана Брнабиќ. Таа најави и дека има одредени промени во Градскиот совет и секретаријатите. На утрешната седница ќе бидат констатирани оставките на дел од советниците, како и констатирање на мандатот на новите членови на градското собрание. Седницата на белградскиот Парламент е свикана во понеделник во 10 часот, во зградата на Градското собрание....
Албанија - земја од регионот со најбрзо закрепнат туризам
24 вести - пред 15 дена
Европските земји почнуваат брзо да закрепнуваат од лошите последици од пандемијата, што најдобро може да се види во туристичкиот сектор. Прашање на време е кога ќе биде надмината рекордната година за туризам во 2019 година. Најбрзо закрепнување на туризмот меѓу европските земји е забележано во Албанија. Оваа земја е на листата од 10 земји во кои туризмот се враќа на нивото пред пандемијата. Врз основа на истражувањето на интернет порталот money.co.uk, спореден е бројот на туристи пред пандемијата во 2019 година со податоците од 2021 година. На самиот врв на листата е Албанија. Закрепнувањето на туризмот беше најбрзо во оваа земја, со стапка на закрепнување од речиси 90 проценти. На второ место е Луксембург, каде туризмот закрепна за 70 отсто во однос на минатата добра година. На трето место е Исланд, а на четврто е Црна Гора, со закрепнување на туризмот од 64 отсто во однос на 2019 година. Од земјите во регионот, треба да се истакне дека Хрватска е на шестото место, додека Србија е на деветтото место. Австрија е на десеттото место, а најбавно закрепнување на туристичкиот сектор во Европа е забележано во Естонија, Финска, Холандија, Германија и Малта....
Становите во ЕУ се пренаселени и скапи
24 вести - пред 15 дена
Во Европската унија, во 2020 година, 17,5 отсто од населението живеело во пренаселени домаќинства. Тоа значи дека немале доволно простор за сите членови на домаќинството во согласност со нивната семејна состојба и нивната возраст, покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ, Евростат. „Недостигот од простор во пренаселените домаќинства беше засилен со тоа што децата си играа во соби каде родителите се обидуваа да работат од далечина за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот. Исто така, пренаселените средини претставуваат потенцијално поголем ризик од ширење на инфекцијата“, се проценува во извештајот на Евростат. Меѓу земјите-членки на ЕУ, речиси половина од населението на Романија (45,1 отсто) живеело во пренаселени домаќинства во 2020 година. Ова беше случај и со околу две од пет лица во Летонија (42,5 отсто), Бугарија (39,5 отсто), Полска (36,9 отсто) и Хрватска (36,2 отсто). Од друга страна, најниска стапка на пренаселеност е забележана во Кипар (2,5 отсто), Ирска (3,2 отсто), Малта (4,2 отсто) и Холандија (4,8 отсто). Кога станува збор за стапката на преоптоварување со трошоците за домување, во 2020 година таа беше највисока во Грција, Бугарија и Данска....
Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот
24 вести - пред 15 дена
Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето напредок и за државите од југоисточна Европа, што добија ветување од Унијата во Солун, пред 19 години. Тој зборуваше и за давањето статус на кандидат на Босна и Херцеговина и на Косово. – Имам чувство дека го губиме Балканот, појасни министерот. Шаленберг истака дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно. – Тоа не е дворот во задниот дел на Европа, туку во центарот. Затоа мора да дејствуваме. Тоа е нашата најважна стратешка задача што е пред нас, предупреди министерот. Со учество на земјите од Балканот на советите на ЕУ и во фондовите, тој смета оти може јасно да се покаже дека тие се пред влез во Унијата. – Не разбирам зошто Кина купува автопати во регионот, а ние тоа го набљудуваме. Понекогаш не ја разбирам нашата логика, подвлече Шаленберг. Тој додаде дека „ако делуваме силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мораме да го направиме и на Западен Балкан“....
Макрон не доби апсолутно мнозинство во францускиот Парламент - владеењето станува невозможно
24 вести - пред 15 дена
Поразен на парламентарните избори, претседателот на Франција се најде без мнозинство во собранието. Радикалната левица станува една од главните сили во Собранието. Со 89 избрани пратеници, Националниот собир предизвика изненадување. Макронистите ќе треба да бараат мнозинство кај другите парламентарни групи во Собранието за да ги гласаат предвидените реформи, јави дописникот на МИА. Вечерта по вториот круг од парламентарните избори, претседателот на Франција не го најде „цврстото“ мнозинство во парламентот како што го бараше од Французите. Уште полошо, макронистичките сили дури се многу подалеку од 289 пратеници неопходни за донесување закони, бидејќи, според конечните резултати, Заедно! има само 245 пратеници или 38,48 отсто од гласовите. Отфрлање на шефот на државата, сега принуден да најде сојузници, а со тоа и да направи компромиси, за да може да ја спроведи неговата програма, која веќе е застарена од новата рамнотежа на моќ во Националното собрание. „Ситуација без преседан“ која „претставува ризик за Франција“, коментираше синоќа премиерката Елизабет Борн. Отфрлањето на Макрон и неговата политика, кој ги концентрира нападите меѓу двата круга врз крајната левица, иако беше избран за претседател на два пати со гласови од левицата, е видливо со неизборот на водечките лидери на Републиката во Марш. Ако премиерката Елизбет Борн е избрана , досегашниот претседател на националното собрание Ришар Феран и претсеателот на пратеничката група на Републиката во Марш Кристоф Кастанер не се избрани за пратеници. Нупес-сојузот на левицата не успеаа да го донесе Жан-Лук Меланшон во Матињон за премиер, но сега се појавува како првата опозициска сила на извршната власт. Со 131 пратенички места или 31,76 отсто од гласовите. Обединетата левица – акумулација на бунтовници, социјалисти, комунисти и екологисти досега имаше само околу педесет пратеници во претходниот законодавен дом,. Двојниот претседателски финалист, во 2017 година, потоа во 2022 година, Марин Ле Пен ќе го преземе водството на моќна група во Палатата Бурбон. Традиционално обесправен од системот за гласање, Националниот собир освои 89 пратенички места или 17,20 отсто од гласовите. Конечно, Републиканците остануваат во заседа, и покрај помалку добрите резултати од пред пет години. Десницата, со 64 пратенички места или 7,25 отсто од гласовите, спаси само две третини од стотината што ги имаше досега, таа смета на отсуството на апсолутно мнозинство за да се надева дека ќе одигра клучна улога во петте години што доаѓаат. И тие стануваат неизбежни при усвојувањето на одредени текстови, како што бара релативното мнозинство. Останатите 48 пратенички места одат за различни политички струи или избрани пратеници кои не настапуваа под боите на класичните политички партии. Така 22 се од левицата, кои не се приклучија кон Нупес, Регионалистите добиваат 10 пратеници, Различните пратеници од десницата се 10 во Националното собрание, четири се од центарот и три се од УДИ. Стапката на апстиненција во вториот круг изнесуваше 53,77 отсто, во однос на првиот круг (52,49 отсто), покажуваат бројките на МВР. Стапката на излезност е 46,23 отсто наспроти 42,64 отсто во 2017 година и 55,4 отсто во 2012 година. За лидерот на коалицијата Нупес Жан Лук Меланшон, „неуспехот на претседателската партија е целосен“. Поранешниот претседателски кандидат е „воодушевен од доаѓањето на десетици“ пратеници од Нупес во Собранието. „Народот проговори“, рече поранешната претседателска кандидатка Марин Ле Пен „Тој одлучи да испрати многу моќна пратеничка група пратеници од Националниот собир во Собранието, кое станува малку понационално“. Марин Ле Пен беше задоволна што постигна три цели поставени од нејзината партија за време на овие законодавни избори: да го направи Емануел Макрон „претседател на малцинството“, „да продолжи со политичката реорганизација од суштинско значење за демократската обнова“ и на тој начин да го преземе „триумфот на спасителот на идејата за нацијата“. И на крај, „да се конституира одлучувачка опозициска група“. Опозиција, која како што рече таа, „ќе биде цврста“. „Тоа значи без дослух“, но „одговорна“ и „со почит кон институциите“. Кристијан Жакоб лидерот на Републиканците ја затвора вратата за секој „владин пакт“ со Емануел Макрон, иако некои други политички лидери од редовите на голистите повикуваат на сојуз со Макрон, кој веќе црпеше изминатите пет години од нивните редови, не само политичари, туку и идеи. Во првата реакција, премиерката Елизабет Борн, нагласи дека „оваа ситуација претставува ризик за Франција, со оглед на ризиците со кои треба да се соочи и на национално и на меѓународно ниво“. -Мора да го почитуваме ова гласање и да ги повлечеме последиците, мора да преземеме одредена одговорност. Ќе работиме утре за да изградиме мнозинство на акции. Нема друга алтернатива за да се води државата и да се направат потребните реформи“, рече таа. Престедателот Емануел Макрон, не успеаа да ги мобилизра Французите и сега за него се најавува нејасна иднина за владеењето на Франција, наскоро се очекува негово обраќање до нацијата....
Британските железничари за неделава го најавуваат најголемиот штрајк во последните три децении
24 вести - пред 15 дена
Британската железничка мрежа неделава се соочува со најголемиот штрајк на вработените во последните повеќе од три децении. Спорот е за барањата за повисоки плати во моменти кога зголемената инфлација ги намалува приходите. Синдикатот на железницата RMT соопшти дека повеќе од 50.000 работници ќе учествуваат во тридневниот национален штрајк што ќе се совпадне со големите настани, вклучувајќи го и музичкиот фестивал Гластонбери. Училиштата предупредуваат дека ќе бидат погодени и илјадници тинејџери кои полагаат државни испити. РМТ наведува дека штрајковите се неопходни бидејќи платите не успеваат да го одржат чекорот со инфлацијата, која го достигна својот врв по 40 години. Според RMT, штрајковите се планирани за вторник, четврток и сабота како дел од најголемиот спор во британскиот железнички систем од 1989 година наваму. Синдикатот најави и 24-часовен штрајк на членовите на лондонското метро, закажан за утре. Министерот за транспорт Грант Шапс го отфрли повикот на RMT да интервенира за да се реши проблемот. Опозициската Лабуристичка партија исто така се залага за владина интервенција во разговорите....
Зеленски: Русија неделава најверојатно ќе ги интензивира нападите
24 вести - пред 15 дена
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз Украина, додека Киев неделава ја очекува одлуката на Европска Унија за доделување на статус земја кандидат за членство. – Очигледно е дека оваа недела Русија ќе ги интензивира непријателските. И не само против Украина, туку и против другите европски земји, истакна Зеленски во своето вечерно видео обраќање. На 23 и 24 јуни се одржува редовен самит на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за мислењата на Европска Комисија објавени минатата недела за апликациите на трите земји – Украина, Молдавија и Грузија....
Заедничка седница на владите на Косово и Албанија во Приштина
24 вести - пред 15 дена
Владите на Косово и Албанија денеска ќе одржат заедничка седница, на која се очекува потпишување на нови меѓудржавни договори и разгледување на можностите за унапредување на оние кои веќе се постигнати, јави дописникот на МИА од Приштина. Оваа, осма по ред заедничка седница на двете влади, овој пат ќе се одржи во косовската престолнина, а пред нејзиниот почеток, закажан за во 11.15 часот во хотелот „Гарден“, ќе има кратка средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и неговиот албански колега, Еди Рама. Според агендата што ја објави вчера кабинетот на Курти, по завршувањето на седницата, која ќе биде директно пренесувана, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција. Првата заедничка седница се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“. Последната беше одржана во ноември минатата година во албанскиот град Елбасан....
Скопје го анализира францускиот предлог, бара чист македонски јазик во преговарачката рамка
24 вести - пред 15 дена
Владата останува на ставот за официјален коментар на францускиот предлог за надминување на македонско-бугарскиот спор по неговото усогласување од сите земји членки на ЕУ, но порачува дека македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка. Во Софија, пак, се очекува информација кога за предлогот ќе се изјасни Народното собрание, а чија волја најави дека ќе ја почитува тамошниот премиер Кирил Петков. Во меѓувреме, во домашната јавност, оптимизам и очекување за решавање на спорот до крајот на месецов пристигна од Демокрстаката унија за интеграции, коалицискиот партнер од албанскиот политички блок во власта, а по опозициската ВМРО-ДПМНЕ која побара предлогот да се отфрли, резерва за предлогот вчера изнесе и Демократскиот сојуз, исто така од владејачката коалиција. Премиерот Димитар Ковачевски, исто како и министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера порача дека нема да го коментира францускиот предлог и истакна дека тој нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ. МНР има увид во предлогот и најискусните дипломати, како што информира премиерот, прават анализи, а се следи и развојот на настаните во Собранието на Република Бугарија. – Доколку таму овој предлог биде усвоен, и кога ќе биде усвоен и кога ќе биде доставен официјално до Република Северна Македонија, тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно со нашите одредби во законското уредување, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, по средбата со коалициските партнери. Прашан дали за државава независно дали тоа е во делот на францускиот предлог или не, е прифатливо јазикот да се дефинира по пат на еднострани декларации од двете страни Ковачевски со одговор дека македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка. Од Министерството за надворешни работи на Бугарија, пак, вчера во соопштение за францускиот предлог побараа парламентарната Комисија за надвореша политика веднаш да свика состанок со учество на ова министерство на кој ќе се разговара за сите достапни документи за Северна Македонија за да се формулира заедничка бугарска позиција со цел да се утврдат следните дејствија на бугарската дипломатија. -Во документот се прецизира дека доколку тоа не се случи што е можно поскоро, бугарското Министерство за надворешни работи ќе има мандат само да се придржува до Рамковниот став, Декларацијата на Парламентот од 2019 година и до заклучоците на Советодавниот совет за национална безбедност од 2022 година. Во документот се забележува дека нивната содржина не соодветствува целосно со „францускиот предлог“, јави дописникот на МИА од Софија. Од Министерството за надворешни работи на Бугарија појаснуваат дека врз основа на документите предложени од француското претседателство и извештајот на Министерството за напредокот на преговорите и фазата постигната во нив, нацрт-билатералниот протокол е испратен до Комисијата за надворешна политика, заедно со писмо во кое се објаснува неговата содржина, но оти по 19 часот во петокот немаше кој да ги однесе овие документи во канцеларијата на Народното собрание на Бугарија. Нацрт-протоколот, како што појаснија од Министерството можеше да се достави и вчера. Од бугарското МНР, укажуваат и дека во оваа фаза повеќе не постои објективна можност да се исполнат краткорочните критериуми утврдени во Рамковната позиција до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, кое истекува на 30 јуни. Претходно бугарскиот премиер Кирил Петков, најави нема да донесе никаква одлука без таа да биде поддржана од Народното собрание, додека претседателот Румен Радев оцени дека францускиот предлог е чекор во правилна насока, но, според него, остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, вчера изјави дека тој не е во кампусот на песимистите и истакнувајќи до крајот на месецот ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ќе има епилог во прилог на мирот, стабилноста и иднината. – Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас верувам многу во иднината и затоа и верувам во решение на крај на јуни, затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден, помирен, бидејќи доволно е да оставиме вакум или отворени и нерешливи теми или пак да ги одолговлекуваме проблемите за да имаме секакви искри тука, рече Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање по објавата на резултатите од изборите во партиските ограноци. Според Демократскиот сојуз, францускиот предлог во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Северна Македонија и Европската Унија. -Според документите кои досега ги објавија медиумите, Предлог-преговарачката рамка за почеток на евроинтеграцискиот процес и предлог-заклучоците на Советот на Европската Унија, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евроинтеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат, соопштија од ДС. Очигледно е, посочија од партијата, дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија. -Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади, наведоа од ДС од каде најавија дека конечниот став ќе го изградат по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа, смета ДС. Од најголемата опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ завчера побараа од Владата да го отфрли францускиот предлог, оценувајќи го како капитулација и бугаризација на земјата на рати. Лидерот Христијан Мицкоски завчера на партискиот протест порача дека нема да дозволи да се смени Уставот за да бидат дел од него бугарските барања. Австрискиот социолог и претседател на влијателната тинк-тенк организација Европска иницијатива за стабилност Гералд Кнаус, пак, не е оптимист дека Северна Македонија, и покрај напорите на Париз и Берлин да помогнат за тргање на ветото, може да ги почне преговорите со ЕУ на крајот од француското претседателство поради внатрешната ситуација во Бугарија, но и затоа што нема промена во дебатата кај домашната јавност во Бугарија. – Бугарија мора да сфати дека прашањето на бугарското малцинство не е проблем. Вистинскиот проблем е дека вие немате гаранции дури и да постигнете договор за ова, поголемиот проблем е дека Бугарија, односно некои во Бугарија го проблематизираат македонскиот идентитет. Ќе дојде моментот кога Бугарија ќе сфати дека не може да победи. Проблемот е што за ова треба време, а времето е единственото што Македонија го нема, Кнаус бо интервју за МИА прашан за стартот на нашите преговори со ЕУ до крајот на француското претседателство. Кнаус смета дека ќе биде лош и опасен преседан за ЕУ ако бугарските барања поврзани со идентитетските одредници влезат во преговарачката рамка за земјава. Северна Македонија дури и да сака да направи некакви отстапки, Кнаус сугерира тоа да го направи билатерално, и да не се дозволи да се стават во преговарачката рамка....
Финската премиерка Сана Марин во посета на Северна Македонија
24 вести - пред 15 дена
Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија. Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот. Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери....
РКЕ неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија
24 вести - пред 15 дена
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија со кои се воведуваат четири блок тарифи за високата дневна тарифа, односно за скапата струја. Блоковите ќе важат само за скапата струја и предвидено е во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420, во третиот блок од 421 до 630 и во третиот блок над 630 киловат часови електрична енергија. Блоковите ќе важат за сите граѓани. -За тој што троши многу има гарантирана цена и за прв блок, гарантирана цена и за втор блок, гарантирана цена и за трет блок. Доколку во скапа тарифа сте потрошиле 650 киловат часови, 210 киловат часови ви се гарантирани по цена од прв блок, од 210 до 420 по цена од втор блок, од 420 до 630 по цена од трет блок и само 20 киловат часови, односно разликата од 630 до 650 киловат часови ќе платите по цена за четврт блок, појасни неодамна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Најдоцна до петок, 24 јуни, ЕСМ треба да достави понуда на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар. Се очекува ЕСМ да достави и понуда за загубите на електрична енергија во мрежата што ги имаат МЕПСО и Електродистрибуција. МЕПСО и Електродистрибуција веќе доставија барање до РКЕ за зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија за 60 до 80 отсто. Од цената која ќе ја понуди ЕСМ ќе зависи колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, а токму делот на универзалниот снабдувач најмногу влијае на цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава. ЕСМ лани понуди цена по 41 евро за мегават час за 100 отсто од потребите на ЕВН хоум и целосно покривање на загубите во мрежата што ги имаат МЕПСО и Електродистрибуција....
Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот
24 вести - пред 15 дена
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. За говор по општата расправа се пријавени уште двајца пратенци по што треба да почне амандманската расправа во која треба да се разгледаат повеќе од 200 амандмани поднесени претежно од опозицијата. Во претходните три дена од комисиската расправа за ребалансот пратениците од опозицијата и од власта имаа спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари....
Презентација на документ „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“
24 вести - пред 15 дена
Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентираат документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“. Како што информираат од ИДСЦС, документот има за цел да ја информира општата и политичка јавноста и да го изостри нејзиниот фокус за суптилностите кои евентуалниот компромис со Бугарија мора да ги земе предвид. – Во контекст на засилениот дијалог меѓу владите на двете земји, се наметнува потреба да и ги воочиме на јавноста црвените линии преточени низ конкретни, а не декларативни принципи и решенија кои политиката мора да ги испочитува за да обезбеди трајно, вистинско и одржливо решение на проблемот со Бугарија. Обврските кои ќе ги преземе македонската држава неповратно ќе ја определат нашата иднина и улога во ЕУ. Треба да сме свесни дека со прифаќањето на бугарските барања, тие стануваат дел од пристапниот договор на државата со ЕУ, ако и кога ќе дојде тој момент, информираат од Институтот за демократија. Како што најавуваат, воведни обраќања на настанот ќе дадат директорката на ЕПИ Симонида Кацарска и претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски. На панел дискусијата ќе се обратат Катерина Колозова, директорка на Институтот за општествени хуманистички науки, Никола Димитров, поранешен вицепремиер задолжен за европски прашања, поранешен министер за надворешни работи и нерезидентен фелоу на IWM во Виена и Марјан Ѓорчев, претседател на Македонското Пан-европско граѓанско движење....
Сончево и топло до 34 степени
24 вести - пред 15 дена
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 32 степена. Во следните денови во земјава ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата....
Франција: Премиерката Елизабет Борн е избрана, претседателот на собранието Ришар Феран е поразен
24 вести - пред 15 дена
Претседателот на Националното собрание Ришард Феран го призна неговиот пораз. Тој беше поразен во шестата изборна единица во Финистер, со 49,33 отсто од гласовите, според делумните резултати пресметани врз основа на 96 отсто од регистрираните гласачи. Претседателот на Националното собрание се соочи со кандидатот на Нупес Мелани Томин (50,67 отсто) од гласовите. Премиерката на Франција Елизабет Борн е избрана за првпат за пратеник во шестата изборна единица во Калвадос, со 52,3 отсто од гласовите, според првите проценки на ИФОП. Таа го победи кандидатот на Нупес, Ное Гошар (47,7 отсто), јави дописникот на МИА. Жералд Дарманин, министерот за внатрешни работи на својот Твитер профил објави дека е реизбран во 10-та изборна единица на Север, со 57,52 отсто од гласовите против Нупес, Лесли Мортре. Оспоруваниот министер за солидарност, Дамиан Абад е реизбран за пратеник во 5-та изборна единица Ен, со 57,86 отсто од гласовите. Тој на тој начин ја победи кандидатката на Нупес, Флоренс Писани (42,14 отсто). Така, новиот министер за солидарност, автономија и инвалиди треба да остане во владата. Тој беше уште позагрозен бидејќи се соочува со неколку обвиненија за силување. Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на пратеничката група на Републиката во Маарш Кристоф Кастанер е поразен во втората изборна единица Алпи-Горна Прованса, со 48,51 отсто од гласовите, покажуваат конечните резултати на МВР. Тој се соочи со кандидатот на Нупес, Лео Валтер (51,49 отсто). Министерката за здравство, Брижит Бургуњон, беше поразена во шестата изборна единица Па-де-Кале. Таа се соочи со Кристин Енгранд, кандидатка на Националниот собир. Избрана за пратеник во оваа изборна единица од 2012 година, новата министерка за здравство и превенција се уште е малку позната на пошироката јавност и затоа не треба да ја задржи функцијата....
ДУИ избра претседатели и членови на локалните совети во 10 ограноци
24 вести - пред 15 дена
Демократската унија за интеграција денеска организираше директни партиски избори во 10 партиски ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети. Претседателот да ДУИ Али Ахмето на прес-конференција од партиското седиште во Тетово информираше дела се избрани претседатели и членови на локалните совети во ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино. На изборите биле пријавени 10 423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75 отсто. – Овој ден е многу важен за ДУИ. Следните две децении ДУИ ги започнавме со водење на целосно демократски процес со непосредни избори и овој процес нема да застане тука, туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ и нејзините граѓани уште посилни и подемократски, поодговорни со единствена цел за да бидеме на граѓаните, за граѓаните и со граѓаните, рече Ахмети. Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу, во Брвеница – Еркин Јахи, Чашка – Нафи Дурмиши, Долнени – Џемил Ќамили, Гостивар- валдет Џафери, Студеничани – Ејуп Абази, Теарце Нухи Незири, Тетово – Фатон Ахмети, Врапчиште – Неби Реџепи и во Желино е избран Емир Сулејмани....
Неизвесност околу грејната сезона
24 вести - пред 15 дена
Ова ќе биде тешка зима. Цените експлодираат, а неизвесност има и околу грејната сезона. Кои се опциите? Во емисијата 25 минути говорат експерти по енергетика....
Бугарското МНР бара парламентарната комисија да се изјасни за Северна Македонија
24 вести - пред 15 дена
Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение за предлогот на француското претседателство со ЕУ, бара парламентарната Комисија за надворешнма политика веднаш да свика состанок со учество на ова министерство на кој ќе се разговара за сите достапни документи за Северна Македонија за да се формулира заедничка бугарска позиција со цел да се утврдат следните дејствија на бугарската дипломатија. Во документот се прецизира дека доколку тоа не се случи што е можно поскоро, бугарското Министерство за надворешни работи ќе има мандат само да се придржува до Рамковниот став, Декларацијата на Парламентот од 2019 година и до заклучоците на Советодавниот совет за национална безбедност од 2022 година. Во документот се забележува дека нивната содржина не соодветствува целосно со „францускиот предлог“. Од Министерството за надворешни работи на Бугарија појаснуваат дека врз основа на документите предложени од француското претседателство и извештајот на Министерството за напредокот на преговорите и фазата постигната во нив, нацрт-билатералниот протокол е испратен до Комисијата за надворешна политика, заедно со писмо во кое се објаснува неговата содржина, но оти по 19 часот во петокот немаше кој да ги однесе овие документи во канцеларијата на Народното собрание на Бугарија. Од Министерството појаснуваат дека бараниот нацрт-протокол може да го достават и денеска, недела. Во соопштението за медиумите се вели и дека во оваа фаза повеќе не постои објективна можност да се исполнат краткорочните критериуми утврдени во Рамковната позиција до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, кое истекува на 30 јуни....
Муслиу: Како е можно македонската власт да тврди дека не го видела францускиот предлог?
24 вести - пред 15 дена
Како е можно македонската власт да тврди дека не го видела францускиот предлог, кога тој со денови се анализира и дебатира во македонските и бугарските медиуми? Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу отфрла ваква можност....
Пост-ковид последици
24 вести - пред 15 дена
Оттуѓувањето од средината, недовербата и стравот се едни од траумите кои ги остави зад себе ковид пандемијата. Социолозите велат после две години живот во виртуелен свет на граѓаните сега дури и допирот со блиските им е несекојдневен чин. Истражувањата покажале фрапантни податоци и кај децата. Се поретко ја има детската игра, заменета е со еден поинаков виртуелен свет кој е нереален. Ваквите пост-ковид состојби се случуваат насекаде во светот. Според Научниците од Центарот за биомедицинско истражување на Оксфорд открија дека секој петти пациент може да развие проблеми со менталното здравје како последица на болеста. Особено изолацијата доведе до нарушувања како анксиозност, депресии и несоница....
Премиерот Ковачевски не го соопштува ставот за францускиот предлог
24 вести - пред 15 дена
Премиерот Димитар Ковачевски не го соопштува личниот став за францускиот предлог. Вели, кога документот ќе стигне во Македонија и владата ќе оформи мислење, тоа ќе биде и неговиот став, а во моментов, единствено Министерството за надворешни работи врши анализа за тоа што содржи предлогот. Оваа негова изјава ја поддржува и владината коалиција, која денеска час и половина разговараше во Владата за предлогот на Париз, но и за изборите и антикризните мерки. Избори, вели премиерот, ќе има, но не предвремени, туку редовни, во 2024 година, заедно со претседателските. До тогаш, вели тој, граѓаните очекуваат помош од државата, а со избори само би се продлабочила кризата. Ја повика и опозицијата да ја прекине блокадата во Собранието и да се откаже од блокада на институциите која вчера на протест ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи според него, местото за разговори е внатре во државните институции, а не на улица и повторно посочи дека уцени не прифаќа. Коалицијата ги разгледувала и антикризните мерки, кои сега се составен дел на потпишаната декларација од сите чинители во владата. Според Ковачевски, следува период кога владата ќе се фокусира на економијата и надминување на последиците од кризата преку испорачување нов пакет антикризни мерки, а во најава се и системски реформи и неселективна борба против високата корупција. Оваа коалициона средба доаѓа еден ден по протестот на опозицијата, на кој Мицкоски побара премиерот да не го прифати францускиот предлог, но и да испорача датум за избори. Во спротивно, опозицијата најави целосна блокада на институциите....
Францускиот предлог е во комисијата за надворешни работи на Бугарија
24 вести - пред 15 дена
И додека Скопје тактизира, во Софија францускиот предлог и натаму е во Комисијата за надворешни работи, за идни чекори бугарската Влада чека зелено светло од Народното собрание. Дел од коалициските партнери на бугарскиот премиер, Кирил Петков со поддршка на францускиот предлог. За лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов предлогот на Макрон е многу добар. „Конечно го добивме резултатот од посредничкиот напор што го правеше Франција. Многу внимателно го прочитав предлогот. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општо мислење е дека ова е многу добар предлог за Бугарија. Сакам сите да ме слушнат, ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој ние сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал.“ - изјави Христо Иванов – Демократска Бугарија. Но и покрај поддршката, бугарскиот премиер вчера најави дека следната недела на Самитот во Брисел нема да оди со став на Владата, туку со одлука на Народното собрание. В.Д претседателот на бугарското Народно Собрание Мирослав Иванов најави отчет за сработеното од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска. Според Иванов која е договорната рамка и самата комисија може да испита и ќе излезе со извештај што и како се случува. Предлог одлука или декларација може да се достави до Народното собрание, кое веќе, самиот бугарски парламент според Иванов, може и не смее да му даде зелено светло на премиерот Кирил Петков за да потпише официјален документ за укинување на ветото. „Најлогично што треба да направи е да го повика министерот за надворешни работи, Теодора Генчовска, која треба да поднесе извештај до Народното Собрание за сработеното во овие шест и пол месеци во преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.“ - изјави Мирослав Иванов в.д. претседател на Народното Собрание на Бугарија. Париз и натаму ниту потврдува ниту одрекува дека деталите кои се објавија и во Софија и во Скопје, од дипломатски извори се формулациите кои Емануел Макрон, ги подготвил во соработка со Македонија и Бугарија. Задоволен од формулациите на Макрон, беше и бугарскиот претседател Румен Радев. Францускиот предлог за македонска деблокада предвидува кревање на бугарското вето, но и влегување на 4+1 бугарските барања во европската преговарачка рамка. Барања 4+1: - Македонската делегација да потврди пред ОН дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“ (нема територијални претензии). - Република Северна Македонија конечно да ги повлече своите малцински побарувања кон Бугарија. - РСМ да започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија поради нивната бугарска самосвест. - Северна Македонија да ја прилагоди со Бугарија содржината на наставни програми и работата на заедничката историска Комисија. - Отстранување на таблите и натписите на територијата на С. Македонија кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите, и говорот на омраза. Дополнително според предлогот, Македонија и Бугарија ќе достават две еднострани изјави за нивните позиции за македонскиот јазик, иако јазикот во ЕУ ќе се именува како македонски. Според документот политичка меѓувладина би се одржала уште во четврток, но реалната тогаш кога Македонија ќе го смени Уставот и ќе ги стави бугарите во преамбулата. Дополнително со тоа ќе треба да се достави и акциски план за оставрувањето на нивните права. Усвојувањето и имплементацијата на овој Акциски план понатаму е додаден и како услов за отворање на првиот кластер со ЕУ наречен „Темели"....
25 минути: Тешка зима, цените експлодираат, а неизвесност има и околу грејната сезона
24 вести - пред 15 дена
Ова ќе биде тешка зима. Цените експлодираат, а неизвесност има и околу грејната сезона. Кои се опциите? Во емисијата 25 минути говорат експерти по енергетика....
Лозово ќе биде последната општина што ќе добие вода од хидросистемот „Злетовица“
24 вести - пред 15 дена
Лозово уште една година ќе чека на водата од „Злетовица“. Изградбата на филтер станица ставен на чекање. По дестина години на стенд бај проектот застарел, па мора да се прави нов. Според информациите од општина Лозово нови проекти ќе се прават од септември, а на старт на работите поради ограничените буџетски средства може да се надеваат најрано од догодина. „Изградбата на цевководите само ќе се усогласи со постојната законска регулатива, но за Филтер станицата мора да се направи целосно нов проект бидејќи со сегашниот се предвидува контејнерски систем што не одговара со современиот скада систем на хидросистемот „Злетовица“, вели Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово Додека чекаат постојан квалитет на водата за пиење жителите на општина Лозово зависат од временските прилики, бидејќи при секој поголем дожд доаѓа до мешање на површинските води со онаа од бунарскиот систем. Тоа значи дека водата во тој период не смее да се користи за пиење. Дополнителен проблем се и цените на струјата потребна за работа на пумпите. Лозово ќе остане последната општина што ќе почне да користи вода од „Злетовица“. Во Карбинци е завршена изградбата на филтер станицата, а до есенва ќе бидат готови цевководот и пристапниот пат. Тоа може да ја спаси „Злетовица“ од нови долгови што во првиот квартал од годината се 35, 7 милиони денари. Подлого време во тек се и преговори за нов кредит од Европската инвестициска банка со што треба да се заокружи фазата за наводнување на околу 3500 хектари, а подоцна да се изградат и шест мали хидроцентрали, без кои „Злетовица“ нема да биде рентабилна. И првата фаза се реализираше со кредит од јапонска „Џајка“. Него до 2028 ќе го плаќа државата, по тоа од овој хидросистем во наредните десет години треба да вратат во буџетот 81,5 милиони евра....
Втор круг од парламентарните избори во Франција
24 вести - пред 15 дена
Во вториот круг од парламентарните избори во Франција, со речиси ист број освоени гласови од првиот круг влегоа коалицијата на претседателот Емануел Макрон и лидерот на левицата Жан-Лук Меланшон. Водечките агенции за истражување на јавното мислење наведуваат дека не е сигурно дека коалицијата на Макрон „Заедно“ ќе обезбеди мнозинство од 289 пратеници, што би довело до кохабитација и многу би го отежнало спроведувањето на најавените реформи на претседателот Макрон. На претходните избори владејачката коалиција имаше убедливо мнозинство од 350 пратеници, но сега тоа нема да биде случај, според проекциите таа би можела да има меѓу 255 и 295 места во парламентот. Се очекува Меланшон да има меѓу 150 и 200 пратеници, што е огромен скок во однос на претходните избори, додека Националниот фронт на Марин Ле Пен би можело да има меѓу 55 и 75 места во идното Собрание. Пред вториот круг, Макрон апелираше до гласачите дека е во интерес на нацијата да му се даде „цврсто мнозинство“ во овие тешки времиња. „Нема да има ништо полошо од додавање француски неред на глобалниот неред.“ - изјави Емануел Макрон претседател на Франција. Првиот круг го одбележа рекордно низок одѕив од само 47,7 отсто, што е во корист на Макрон. Минатата недела највисока апстиненција, од дури 75 отсто, е забележана во возрасната група од 18 до 24 години, а слично беше и во групата од 24 до 35 години, во која воздржани беа 65 отсто од гласачите. Актуелниот претседател има најголема поддршка кај гласачите постари од 64 години, кои беа најревносните во првиот круг - излегоа 66 отсто. Доколку се остварат предвидувањата за излезноста и старосната структура на гласачите кои ќе гласаат, Макрон најверојатно ќе успее да ја надмине бројката од 289 пратеници....
ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во влада и ја партизираат
24 вести - пред 15 дена
- Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во влада и ја партизираат. Лидерите на политичките партии дел од Коалицијата на власта не се владини функционери, ниту министри за да се среќаваат во влада и да држат Коалициони состаноци. Владата е за владини состаноци, на премиерот и министрите, а не за претседателот на СДСМ, Ахмети и нивните Коалициони партнери.Ковачевски покажа дека нема капацитет да води во кризни моменти, и иако знае дека нема знаење да ја извади државата од криза од себични причини не сака избори, само за да остане на власт и да може да краде. Ковачевски не кажа ниту што мисли за Францускиот предлог. Дали Ковачевски мисли дека некој му верува кога вели дека не знае кој е Францускиот предлог или дека не го видел. - реагираа од ВМРО-ДПМНЕ....
Францускиот предлог нема да биде предмет на дискусија сè додека не биде усогласен од сите земји членки, порача Ковачевски
24 вести - пред 15 дена
Нема да го коментираме францускиот предлог и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлог кој што е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ и вклучително Франција, која што практично го дава предлогот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со францускиот предлог, по завршувањето на средбата со коалициските партнери во Владата, Ковачевски најпрво се надоврза на изјавата која што ја даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи. - Нормално е дека Министерството за надворешни работи, согласно со своите надлежности, согласно со пристап до информации, има увид во предлогот и најискусните дипломати, експерти во МНР прават анализи на овие предлог документи. Меѓутоа, нема да го коментираме и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлог кој што е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ и вклучително Франција која што практично го дава предлогот, рече премиерот. Го следат, како што рече, развојот на настаните во Собранието на Република Бугарија. - Доколку таму овој предлог биде усвоен, и кога ќе биде усвоен и кога ќе биде доставен официјално до Република Северна Македонија, тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно со нашите одредби во законското уредување, посочи Ковачевски. Во однос на прашањето дали за РСМ, независно дали тоа е во делот на францускиот предлог или не, е прифатливо јазикот да се дефинира по пат на еднострани декларации на Македонија и Бугарија, Ковачевски одговори дека македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка....
Ковачевски: Владината коалиција е стабилна, посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните
24 вести - пред 15 дена
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска одржа средба со владината коалиција на која што уште еднаш беа потврдени и реафирмирани стратешките приоритети на Владата за справување со последиците од глобалната криза и концептот за политичка стабилност на државата. „Повод за денешната средба на владините коалициони партнери беше реафирмација на стратешките приоритети за справување со последиците од глобалната криза. Граѓаните се под постојан притисок од неизвесноста која произлегува од растот на цените на енергенсите и на основните производи на светските пазари. Затоа во овој период тие очекуваат од партиите да им испорачаат стабилност на политички план, да понудат јасен концепт за справување со проблемите и целосна посветеност и одговорност во тој процес. Одговорни политички субјекти се водат исклучиво од интересите на граѓаните и во мирнодопски и во кризни околности. Денес, усвоивме и потпишавме Декларација за обезбедување стабилност за граѓаните, домашната економија и бизнис секторот во услови на глобална криза. Целта на оваа Декларација е да даде дополнителна и цврста гаранција, но и јасна политичка посветеност за прилагодување на политиките на неопходноста од справување со негативните последици од најголемата криза после Втората светска војна. Оттука, сите заеднички заклучивме дека предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат. Затоа, го затвораме ова прашање. Следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Во наредниот период продолжуваме со одговорот на кризата, преку испорачување нов пакет антикризни мерки, системски реформи, неселективна борба против високата корупција и усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. За нашиот евроинтеграциски процес ги реафирмиравме позициите дефинирани во резолуцијата усвоена во македонскиот парламент. Ja реафирмиравме и нашата посветеност во почитувањето и реализирањето на одредбите од Охридскиот Рамковен Договор, Преспанскиот Договор, Договорот за добрососедство со Република Бугарија како и државниот стратегиски концепт за еднакво општество за сите. Конечно, целосно ги отфрламе деструктивните политики на дел од опозицијата за блокади на институциите и ги повикуваме да ги преиспитаат и променат досегашните позиции за блокада на законодавниот дом. Политичкиот дијалог со опозицијата треба да се одвива на конструктивно ниво, во рамки на демократски избраните институции околу прашањата од највисок национален интерес. Легитимно право е на опозицијата да ги користи сите демократски методи за политичка борба со власта, меѓутоа уцените за предвремени избори и обидите за блокада на законодавната власт ги оценуваме како неразумни и во најлош можен тајминг и целосно против интересите на македонските граѓани и држава. Граѓаните во оваа владина коалиција имаат стабилен партнер кој им служи на нивните потреби. Заеднички поминавме низ многу премрежја, ќе ги пребродиме и следните предизвици, бидејќи имаме план, знаење и силна волја. - рече Ковачевски....
Средбата на коалициските партнери од власта
24 вести - пред 15 дена
Во Владата во тек е средбата на коалициските партнери од власта на која ќе се разговара за се она што е направено изминатите месеци од формирањето на новата Влада. Се очекува да се реафимира и ставот за одржување на редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските. По завршување на средбата, како што најави владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција. Вчера, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа протест пред Владата барајќи предвремени парламентарни избори. Доколку ова лето не се постигне договор за избори, најавија блокада на институциите и протести....
Лефков: Целосна блокада доколку нема договор за избори ова лето
24 вести - пред 15 дена
- Народот не може веќе да чека нешто да се подобри. 5 години државата стагнира, народот осиромашува, криминалот царува. Премногу е. Активната блокада вроди со плод. Ја изнесовме целата корумпираност и лицемерие на власта на површина. Беше потребно Ковачевски и целото СДСМ да глумат дека не го слушнале Талат Џафери како ги пцуе вработените во Собранието и им врши мобинг за да не падне владата. Ниту еден штетен закон не успеаја да протуркаат. Доколку нема договор за избори оваа лето, активната блокада ќе премине во целосна блокада. Тоа ќе биде целосна блокада на Собранието, на институциите, на патиштата, протести низ градовите. Нема време за чекање, зошто ако се чека кризата ќе биде уште поголема. - изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ....
Струмичките градинари се уште чекаат средства од интервентниот фонд за ниската цена за зелката
24 вести - пред 15 дена
Нема одговор дали ќе има субвенции од интервентниот фонд за ниската цена на зелката ова пролет заради што струмичките земјоделци излегоа на протест. На разговорите со преставниците на министерството земјодоелците даобиле ветување дека ќе дополнителни 5 денари за килограм предадена зелка кај регистрирани купувачи но требало да се дефинира од кој до кој термин на предадено производство. Памуков вели дека два месеци ке поминат од тогашните средби нема никаков абер од испалта на средства од интервентниот фонд за раноградинарите од струмичко. Од минситерството за земјоделство најавија дека со земјоделцит еке иам уште еден состанок. Се анализираатподатоците за откупените количини и просечната откупна цена. Интервентната мерка ке се дефинира заеднички со производителите, информираа од Минситерството од каде соопштија дека со ребалансот Интервентнито фонд ке се зголеми за дополнителни 500 милиони денари . Памуков вели дека ке мора ови есредства да се слеат час поскоро кај земјоделците оти откупние цени се ниски. Речиси секој агодина откупните цени се рак рана за раноградинарите од струмичко. Доброупатните бараат договорнео и планско производство за да се избегнат ценовните осцилации со кои се соочуваат и откупувачите бидејки макеоднскито зеленчук станува се понеконкурнентен на европските пазари....
Стојкоски: Има жито, но недоволно за да се ослободиме од увозната зависнот
24 вести - пред 15 дена
Приносите на пченица и јачмен се задоволителни, но нема да бидат доволни за да се се прехраниме цела година, предупредува првиот човек на Асоцијацијата на земјоделци Петар Стојкоски во интервју за радио Слободна Европа. Апелира до владата да ги зголеми субвенциите за есенската сеидба поради растот на репроматеријалите за производство....
Шолц планира да ги поттикне другите членки на ЕУ да го олеснат проширувањето
24 вести - пред 15 дена
Европската унија треба да го олесни пристапувањето на новите членки, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германската новинска агенција ДПА и ги изложи своите планови за убедување Унијата да ги „модернизира“ своите процеси. „Време е не само земјите кандидати, туку и самата Европска унија да се подготви за проширување на клубот“, изјави тој за ДПА. „За да се случи тоа, мора да ги модернизира своите структури и процесите на одлучување. Нема да биде можно да се одлучува за се што е решено со едногласно гласање денес со едногласно гласање во иднина“. Тој додаде дека се надева дека ќе ги изнесе своите предлози на самитот на ЕУ закажан за четврток и петок. Шефовите на 27-те земји-членки на состанокот треба да ги разгледаат апликациите за членство во ЕУ од Грузија, Молдавија и Украина. Ова ќе дојде само една недела откако Европската комисија препорача Молдавија и Украина да станат официјални кандидати за членство, мислење поддржано од Шолц. Во моментов, прашањата за кандидатскиот статус мора да бидат едногласно договорени од сите 27 земји-членки, но во ЕУ долго време се расправа за ублажување на ова правило. Сепак, какви било реформи во процесот може да се спроведат само доколку има едногласна поддршка за таквите промени, наведува ДПА....
СЗО ја укинува поделбата на ендемични и не-ендемични земји во случаите со мајмунски сипаници
24 вести - пред 15 дена
Светската здравствена организација ја укина, во својата статистика за мајмунски сипаници, поделбата на ендемични и неендемични земји, со цел подобро да го „унифицира“ одговорот на вирусот. Вирусот, кој обично циркулира во Централна и Западна Африка, сега е присутен на неколку континенти. „Ја укинуваме разликата помеѓу ендемични и неендемични земји и ги прикажуваме земјите заедно кога е можно за да го покажат единствениот одговор што е потребен“, се вели во соопштението за печатот на СЗО. Од почетокот на годината до 15 јуни, во Светската здравствена организација биле пријавени вкупно 2.103 случаи, еден веројатен случај и еден смртен случај (во Нигерија) во 42 земји, се вели во соопштението. На 23 јуни, СЗО ќе процени дали сегашната епидемија е итност за јавното здравје, што е највисоко ниво на тревога за СЗО. Европскиот регион е во центарот на ширењето на вирусот со 1.773 потврдени случаи или 84 отсто од вкупниот број во светот. Следи американскиот континент со 245 случаи или 12 отсто од вкупниот број случаи, Африка со 64 случаи и три отсто и источниот Медитеран со 14 случаи и западниот Пацифик седум случаи....
Опожарено поранешното училиште во кумановското село Винце
24 вести - пред 15 дена
Објектот на поранешното училиште во кумановското село Винце вчера е опожарен. Од Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираа дека пожарот избувнал во 18 часот во училиштето кое не функционира 40 години. Според податоците на РЦУК Куманово, пожарот првин го гаселе четворица пожарникари со едно возило, а дополнително во 20:40 часот е пратено уште едно возило. Пожарот целосно е изгаснат 45 минути по полноќ....