Од почетокот на годината издадени 2.267 дозволи за работа на странци, најголем дел од Турција
Работник - пред 15 часа
Економија Македонија Новости Светот на работникот Од почетокот на годината издадени 2.267 дозволи за работа на странци, најголем дел од Турција понеделник, 4 јули 2022, 18:00понеделник, 4 јули 2022, 16:41 Редакција Работник, работници, Турција Најголем дел на работнитиците кои доаѓаат да работат во земјава се општи работници со средно и со основно образование. Во 2021 година издадени се вкупно 4.548 дозволи за работа на странци. Од почетокот на 2022 година издадени се 2.267 дозволи за работа на странци во Северна Македонија. Речиси 50% се од Турција. Post Views: 2...
ТВ24: Се полни јавната администрација, нови 2500 вработувања во последниве 5 години
Работник - пред 16 часа
Новости Правда Светот на работникот ТВ24: Се полни јавната администрација, нови 2500 вработувања во последниве 5 години понеделник, 4 јули 2022, 17:30понеделник, 4 јули 2022, 16:50 Редакција јавна администрација, Работник 2.500 нови вработени во јавниот сектор, отворени 55 нови институции под државна капа и над 110 милиони евра поголем трошок за плати на административците. Ова е епилогот од реформата и кратењето на гломазниот државен апарат, која со децении е заложба на секоја влада до сега, но само пред избори. Анализата на Телевизија 24 покажува дека се останува на ветувања и стратегии на хартија – додека администрацијата како моќна гласачка машинерија само се полни. Бројките од Регистарот на вработени во јавниот сектор покажуваат дека во 2016 година, од кога за прв пат јавниот сектор почна да се брои – таму работеле 129.653 лица. Последниот извештај пак за 2021 година покажува дека во јавниот сектор плата од буџетот земаат 132.088 лица. Повеќе на ТВ24 Post Views: 68...
Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари
Работник - пред 16 часа
Економија Македонија Новости Светот на работникот Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари понеделник, 4 јули 2022, 17:10понеделник, 4 јули 2022, 16:48 Редакција Вработени, Општина Тетово, Плати, Работник Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска информираше дека ќе се зголемат платите на вработените во општината за 2800 денари. Во моментот со постојан работен однос се 340 луѓе, а дополнителен товар на општинскиот буџет ќе биде околу еден милион и 200 илјади денари. Општина Тетово во интерес на унапредување на работничките права поголема мотивација за работа на вработените особено сега во услови на економска криза и постојан раст на трошоците за живот потпиша измени на колективниот договор во кој се врши лиенарно зголемување на платите од 2800 денари. Усогласувањето се врши за сите вработени во општината освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минималната плата. Им излегуваме во пресрет на вработените и нивните барања за подостоинствен живот во ова кризно време со кое сите се соочуваме. Со мотивирани и вреднувани вработени создаваме еден работен процес кој резултира со ефикасни, подобри и поквалитетни услуги за сите граѓани, изјави Касами на прес-конференција. Според него, Општината иако има големи долгови ќе може да исплаќа зголемени плати затоа што има повеќе наплата на даноци. -Сме во фаза на реконструирање на општинската администарција, преку која ќе обезбедиме поквалитетни улсуги за граѓани. Ќе имаме помотивирани граѓани кои ќе бидат поспремни да ги реализираат своите обврските кон градот. Рековме дека општинскиот долг е голем но и истотака и побарувањата по основ на разни даноците во општината не беа реализирани. Затоа веќе сме во фаза во која граѓаните се поефикасни во делот на плаќање на обврските кон општината и преку тоа ќе обезбедиме средства за плаќање на платите на вработените и на зголемување на платите, изјави Касами. Вработените во Општина Тетово деновиве се приклучија на штрајкот организиран од ССМ барајќи зголемување на платите од 2806 денари. Post Views: 66...
Жените земјоделки ќе земаат надоместок за мајчинство и боледување
Работник - пред 16 часа
Новости Правда Светот на работникот Жените земјоделки ќе земаат надоместок за мајчинство и боледување понеделник, 4 јули 2022, 16:40 Редакција боледување, земјоделки, мајчинство, надоместок, Работник Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Министерката Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. „На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини,“ рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. „Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра,“ рече Бачовски. Извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ, изрази огромно задоволство од одзивот и учеството на институциите за решавање на толку важно прашање, како правото на надомест за мајчинство на жените земјоделки и изрази уверување за изнаоѓање на најсоодветно решение. Тој се заблагодари и на поддршката на шведската организација за развој, We Effect, за реализација на процесот. Во овој период Министерството за труд и социјална политика, подготвува и нов Закон за родова еднаквост со цел усогласување на македонското законодавство односно Закон за еднакви можности на жените и мажите (2012) со меѓународните стандарди. Овој закон ќе овозможи зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и поефикасно и ефективно меинстримирање на родовата еднаквост. Исто така се подготвува и нов Закон за работни односи, кој предвидува промени во родителското отсуство со што се унапредува родовата еднаквост. Post Views: 67...
„Работодавачот по ниеден основ не може да ве условува да останете на работното место одреден временски период“
Работник - пред 17 часа
Новости Правда Светот на работникот „Работодавачот по ниеден основ не може да ве условува да останете на работното место одреден временски период“ понеделник, 4 јули 2022, 15:37понеделник, 4 јули 2022, 15:47 Бобан Илијевски Договор за вработување, Работник, работодавач Бобан Илијевски Со оглед на тоа дека има случаи каде што работодавачите ги обврзуваат работниците да останат неколку години во работен однос со Договорот за вработување, порталот Работник се обрати до адвокатот Александар Димитријевиќ за да дознае дали тоа е согласно со трудовата регулатива. Работодавачот по ниеден основ со Договорот за вработување не може да го задолжи работникот да мора да остане одредено време кај него и во случај да зел субвенции од Агенцијата за вработување за да вработи работник. Ова го истакна адвокатот Александар Димитријевиќ во изјава за порталот Работник. Според него, доколку постои член во Договорот за вработување кој нагласува дека работникот е задолжен да остане да работи кај работодавачот одреден период, истиот член е ништовен, односно не важи. Тој рече дека во членот 28 од Законот за работни односи е предвидено кои ставки треба да бидат вклучени во договорот за вработување, нагласувајќи дека во истиот не треба да има ништо повеќе и ништо помалку. Димитријевиќ појасни дека Агенцијата за вработување на работодавачот му дава време да најде нов работник доколку претходниот дал отказ од работа или пак работодавачот му дал нему отказ. Субвенцијата не е за работниците, туку за работодавачите. Таа субвенција ја зема работодавачот. Има опција ако прекине договорот за вработување за еден месец да си најде нов работник. Тоа е обврска на работодавачот, а не на работникот. Работодавачот земал субвенции за да вработи работник, а не за да вработи одреден човек и да го условува. Тие се ништовни одредби. Тоа е само еден начин на заплашување, рече Димитријевиќ. Тој посочи дека Законот предвидува и дека доколку работникот или работодавачот го откаже работодавачот дека отказниот рок е еден месец, а во одредени случаи и до три месеци, потенцирајќи дека работодавачот треба да докаже зошто отказниот рок треба да трае три месеци бидејќи не може ако нему му текне, толку да изнесува отказниот рок. За да биде појасно, еве што предвидува членот 28 од Законот за работни односи, каде што се наведуваат ставките кои треба да ги содржи еден договор за вработување: Содржина на договорот за вработување Член 28 (1) Договорот за вработување особено содржи: 1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште; 2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот склучува договор за вработување, со краток опис на работата што ќе ја врши според договорот за вработување; 4) одредби за обврската на работодавачот да го информира работникот за ризичните работни места и посебни стручни квалификации или познавања или неопходен посебен медицински надзор, во согласност со закон, со наведување на посебните ризици кои според законските прописи можат да бидат последица од работата; 5) место на вршење на работата. Ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот; 6) време на траење на работниот однос, кога е склучен договор за определено време; 7) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време; 8) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време; 9) одредба за висината на основната плата која се изразува во паричен износ, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување; 10) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор; 11) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и 12) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот. (2) Договорот за вработување може да содржи и други права и обврски определени со овој и друг закон и колективен договор. ( 3) Во договорот за вработување во однос на одделни прашања, страните треба, каде што е соодветно да се повикаат на закони, колективни договори и акти на работодавачот. Post Views: 707...
Кога на работодавачот ќе „му падне круната“: 27 години работи за оваа империја, а еве што добил на подарок
Работник - пред 20 часа
Новости Свет Светот на работникот Кога на работодавачот ќе „му падне круната“: 27 години работи за оваа империја, а еве што добил на подарок понеделник, 4 јули 2022, 13:16 Редакција Бургер Кинг, Работник, работодавач Кралот на бурегерот“ дефинитивно потфрил на тестот за одавање на признание, во знак на благодарност, на своите лојални работници. Исповедта на еден работник вработен во „Бургер Кинг“, во еден момент станала вирална на социјалните мрежи. Имено, луѓето на интернет активно го коментираат тоа што работникот на познатиот ланец за брза храна, Кевин Форд, од својот работодавач, како признание за 27 години работен стаж, на подарок добил само gift bag. Поточно, ќерката на Кевин на GoFundMe покренала кампања, која досега собрала повеќе од 320,000 долари. Видеото станало вирално, бидејќи Американецот во него ја покажува својата покарок – кеса, во која имало само Старбакс чаша, еден билет за во кино и кесичка благо од Reese’s Pieces. Форд работи во истиот ресторан на „Бургер Кинг“, на меѓународниот аеродром „McCarran“ во Лас Вегас, во последните 27 години. За сите тие години, никогаш не пријавил дека е болен, односно не изостанал од работа поради таа причина, а неговото семејство вели дека е благодарен за сета поддршка која сега ја добива. „Сите ја срушивте првобитната цел, па ја зголемив! Ви благодарам! Ви благодарам! Ви благодарам многу. Постојано добивам пораки од вас да ја зголемам целта, слушам, само сум малку зафатен со трчање наоколу! Здраво, моето име е Серина. Човекот на снимката е мојот татко. Тој работи на своето работно место 27 години и да, никогаш досега не пропуштил ниеден работен ден. Првобитно започнал да работи на ова работно место како самохран родител кога добил старателство над мене и мојата постара сестра пред 27 години. Потоа, како што нашето семејство растеше и тој повторно се ожени, продолжи да работи таму поради здравственото осигурување кое е обезбедено преку овој работодавач бидејќи беше синдикално. Ова овозможило неговите четири ќерки да завршат средно училиште и факултет со полна здравствена заштита. Мојот татко продолжи да работи таму, бидејќи иако излгеда млади, се прибилижува до години за пензионирање и заминувањето би го чинела пензијата“, напишала ќерката на овој вреден работник. Според оваа платформа, органиацијата на Серина за собирање на пари во име на Кевин Форд, иако назначила дека не барат пари, ниту тоа го очекуваат, но дека сака да ги посети внучињата. Извор: Telegraf.rs Фото: Shutterstock Post Views: 152...
74 % од албанските компании планираат да вработат странци, што е највисоко ниво во регионот
Работник - пред 20 часа
Економија Новости Свет Светот на работникот 74 % од албанските компании планираат да вработат странци, што е највисоко ниво во регионот понеделник, 4 јули 2022, 13:00понеделник, 4 јули 2022, 12:24 Редакција Албанија, компании, Работник Околу 74 отсто од албанските претприемачи се изјасниле дека планираат да вработуваат луѓе од странство, што е највисоко ниво во споредба со другите земји во регионот, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. -Балканскиот барометар 2022 во истражувањето со бизнисите во регионот покажа дека албанските компании имаат најголем процент на позитивни одговори за ангажирање работници од странство. На прашањето „Колкава е веројатноста да вработите луѓе од странство“, околу 74 отсто од албанските компании одговориле „да“, додека во просек во целиот регион 47 отсто од компаниите тврделе дека најверојатно ќе вработат странци, стои во анализата на весникот „Монитор“. Споредено со минатата година, кога само 32 отсто од албанските компании се изјасниле дека ќе вработат странци, годинава тој процент е повисок за 42 отсто, што е условено од недостиг на домашна работна сила поради иселувањето на младите, појава присутна на целиот Балкан. -Овој тренд е во пораст, поради фактот што Албанија има највисоки стапки на иселување во однос на населението. Официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека во 2021 година нето имиграцијата достигнала 32 илјади лица, при што 80 отсто се на возраст под 34 години. Од друга страна, побарувачката за работна сила во некои сектори, како, туризмот, градежништвото и текстилната индустрија рапидно расте, поради проширувањето на дејноста, наведува весникот. Исто така, се оценува, дека невработеноста од една страна и побарувачката за вработени од друга страна, во сите земји на Балканот, упатуваат и на „недостаток на визија за интегрирање на потребите на пазарот на труд со образованието“. -Барањата за вработување од бизнисите обично се за позиции без квалификации, особено во Албанија, додека евидентираните невработени се во голема мера квалификувани, констатира Монитор во анализата. Post Views: 123...
Бектеши: Не може да биде ист товарот и за домаќинства со минимални примања и за некои што имаат милионски суми приход
Работник - пред 20 часа
Економија Македонија Новости Бектеши: Не може да биде ист товарот и за домаќинства со минимални примања и за некои што имаат милионски суми приход понеделник, 4 јули 2022, 12:45понеделник, 4 јули 2022, 12:32 Редакција домаќинства, електрична енергија, Работник Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, коментирајќи го воведувањето на блок тарифите за електрична енергија, уште еднаш повтори дека солидарност мора да постои, како и дека во време на криза, како оваа, треба да им се помогне, посебно на најранливите домаќинства. -Не може да биде ист товарот на некое домаќинство кое зема минимална плата и на некои што имаат милионски суми. Домаќинствата кои имаат доволно приходи и можност да ги плаќаат сметките, не треба да бидат субвенционирани. Не може да бидат субвенционирани домаќинства со приходи од 10 000 евра, 5 000 евра, 3 000 евра па и 2 000 евра месечно, а некои со приходи не повеќе од 600 евра да не бидат субвенционирани. Ова е ставот на Владата и на Министерството за економија. Ни претстои тешка зима, но на дневна база ние секогаш ќе излеземе во пресрет, подвлече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по врачувањето на договорите за „Субвенционирање плати“ во Тетово. Тој повторно укажа и на злоупотребите направени, како што рече, од страна на некои бизнисмени и фирми. – Јавно кажав и дадов примери на бизнисмени и компании кои го злоупотребиле Законот за енергетика зашто е наведено дека тие компании, микро и мали, со под 50 вработени и приходи под два милиона евра може да бидат на регулиран пазар. Што направиле некои компании во првите шест месеци? Отвориле други фирми кои немале никакви приходи, немале вработени, вработиле еден или двајца за да преминат од слободен на регулиран пазар и обврската за плаќање струја да и ја префрлат на новата фирма како подружница што ја формирале, а тоа прави штета на цената и на грбот на граѓаните кои се на регулираниот пазар. Тоа за нас е недозволиво, треба да бидеме солидарни и во вакви времиња да ги штитиме домаќинствата, посебно тие со ниски приходи. Обврска на секоја држава е да премине кон либерализација на пазарот на електрична енергија, но мора да бидеме солидарни, да ги заштитиме најранливите категории граѓани во вакви кризи. Целта на Владата, посебно во овие кризни времиња, е да им излезе во пресрет на најранливите категории домаќинства и наместо директно да бидат субвенционирани и преку блок тарифите може да им се излезе во пресрет, рече Бектеши. Тој посочи и ситуации во некои општини во однос на јавното осветлување. -Направете истражување како се плаќа јавното осветлување каде што градоначалници се од опозицијата? Дали некој граѓанин во државата не плаќа 184 денари за јавно осветлување? Не верувам дека има такви домаќинства, а јавното осветлување се префрла на други јавни претпријатија формирани од страна на општината за да преминат на регулиран пазар и да им останат средства од тоа што го плаќаат граѓаните за други проекти, рече Бектеши. На прашањето за поддршка на бизнис секторот, министерот е дециден дека државна помош во континуитет има и за компаниите. -Сите мерки кои и претходно беа реализирани, се донесени по нивна препорака и во целосна соработка со компаниите, а и ниедна мерка не е стопирана, сите продолжуваат, нагласи Бектеши. Post Views: 159...
Најлуксузните хотели низ Европа останаа без персонал
Работник - пред 20 часа
Економија Новости Свет Светот на работникот Најлуксузните хотели низ Европа останаа без персонал понеделник, 4 јули 2022, 12:40понеделник, 4 јули 2022, 12:21 Редакција Европа, Работник, хотели Најголемите европски синџири на хотели вработуваат работници без искуство, па дури и резиме, откако директорите признаа дека поради недоволно платениот персонал, се намалил бројот на работници, оставајќи ги неспособни да ја задоволат побарувачката за патување по пандемијата, пишува Ројтерс. Илјадници работници ја напуштија туристичката индустрија кога меѓународните патувања беа скратени поради ковид пандемијата. Многумина избраа да не се вратат, наоѓајќи подобро платено вработување на друго место, оставајќи ги хотелиерите соочени со очаен недостиг. Најголемиот европски хотелиер Акор води пробни иницијативи за регрутирање луѓе кои претходно не работеле во индустријата, рече главниот извршен директор Себастиен Базин во интервју за Ројтерс на Катарскиот економски форум минатиот месец. На Акор, кој управува со брендови како Меркјур, Ибис и Фермонт во над 110 земји, има потреба од 35.000 работници на глобално ниво, рече тој. „Се обидовме во Лион и Бордо пред десет дена и овој викенд имаме интервјуирани луѓе без резиме, без претходно работно искуство и тие се ангажирани во рок од 24 часа“, рече Базин. На краток рок, Акор ги исполнува улогите во Франција со млади луѓе и мигранти, а истовремено ги ограничува услугите. „Тоа се студенти, луѓе кои доаѓаат од Северна Африка“, рече Базин. „Нема друго решение“. На новите регрути им се дава шест часа обука и учат на работното место, рече тој. Најголема потреба во Шпанија и Португалија Недостигот на персонал е особено итен во Шпанија и Португалија, каде туризмот сочинуваше 13% и 15% од економското производство, соодветно пред пандемијата. Тамошните хотелиери нудат повисоки плати, бесплатно сместување и поволности како бонуси и здравствено осигурување. „Многу вработени решија да се преселат во други сектори, па затоа започнуваме индустрија од нула и мораме да се бориме за таленти“, изјави Габриел Ескарер, извршен директор на шпанскиот хотелиер Мелиа на новинарите во Мадрид. За да привлече персонал, неговата компанија неодамна реши да обезбеди сместување за персоналот, понекогаш и во хотелските соби, поради недостаток на станови за изнајмување во близина на нејзините одморалишта. Помалите хотелиери се соочуваат со слични предизвици со персоналот. Оперативниот директор на Хотел Мундиал, еден од најпознатите хотели во Лисабон, рече дека во моментов се обидува да регрутира 59 работници. Без доволно персонал, тој стравува дека некои хотели ќе го намалат бројот на гости и опсегот на удобности што можат да ги обезбедат. „Ако не можеме да регрутираме, ќе мора да ги намалиме услугите“, рече тој. „Ова е жално и драматично за индустријата која нема приходи во последните две години. „Бевме слепи“ Низ Шпанија и Португалија, две од најдобрите туристички дестинации во Европа, сценариото се повторува и во баровите, рестораните и хотелите – резервациите по кои копнееја ги добија, но сега проблемот е друг. Хозе Карлос Сако (52) може да го отвори својот бар во Мадрид, Табанко де Херез, само за време на викендот кога студентите на кои им треба дополнителна готовина немаат часови и се достапни за работа. „Во текот на неделата не можеме да отвориме затоа што немаме луѓе, тие учат“, рече тој. Во мадридскиот кварт Ла Латина, сопственикот на таверната Ангоста, Маривени Родригез, ангажираше мигранти за екот на сезоната. „Им даваме можност на мигрантите кои доаѓаат со желба да работат бидејќи немаат семејна или институционална поддршка“, рече таа. Угостителската индустрија во Шпанија има 200.000 работници, а на португалските хотели им требаат уште најмалку 15.000 луѓе за да ја задоволат растечката побарувачка, според националните угостителски здруженија. „Решението сигурно ќе биде да платите повеќе“, рече Хозе Луис Изуел, од здружението на секторот за угостителски услуги. Се прават обиди да се привлечат работниците назад. Во Шпанија, баровите и рестораните ги зголемија платите на работниците за речиси 60 отсто во првиот квартал во споредба со претходната година, покажуваат официјалните податоци. Но, туристичката индустрија е сè уште секторот што ги плаќа вработените најмалку, околу 1.150 евра месечно. Во соседна Португалија, платите за угостителските работници се очекува да се зголемат за 7% оваа година, според истражувањето на централната банка и Националниот институт за статистика, но просечната плата во секторот е 881 евро месечно, над минималната плата од 705 евра. Базин рече дека иако хотелите се само 60% или 70% окупирани, тие можат да се справат со недостигот на персонал, но кризата ќе дојде кога тие ќе бидат целосно резервирани. „Проблемот што го имам е, кога ќе знам од почетокот на јули до крајот на август дека ќе бидеме 100% окупирани, дали можам да ги услужам сите луѓе?“ се прашува тој. Во минатото, индустријата ниту плаќаше доволно ниту се фокусираше на развој на кадар, рече Базин. „Половина од тоа е дека сме биле слепи, не обрнувавме внимание на многу луѓе и веројатно премногу долго им плаќавме на некои луѓе“, рече тој. „Значи, тоа е повик за будење“. Post Views: 108...
Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита
Работник - пред 21 часа
Економија Македонија Новости Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита понеделник, 4 јули 2022, 12:30 Редакција детска, заштита, исплата, права, социјална Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2022 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јули 2022 година. -Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 04 јули: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и 05 јули:М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, информира Министерството. Post Views: 102...
Бектеши: Консултации и дополнителни антикризни мерки по усвојување на ребалансот на Буџетот
Работник - пред 21 часа
Економија Македонија Новости Бектеши: Консултации и дополнителни антикризни мерки по усвојување на ребалансот на Буџетот понеделник, 4 јули 2022, 12:29 Редакција Антикризни мерки, буџет, Работник, ребаланс Во моментот кога ќе се усвои ребалансот на Буџетот, кога ќе имаме можност да креираме мерки и да ги редизјанираме постоечките, ќе ги викнеме сите стопански комори, сите засегнати страни и синдикатите и ќе излеземе со дополнителни мерки, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши информира дека секојдневно добива писма од различни здруженија и од стопанските комори, напоменувајќи дека Министерството е подготвено за состаноци и за разговор во детали. -Во однос на антикризните мерки, чекаме да биде усвоен ребалансот на Буџетот. Институциите се подготвени да се соочат со кризата. Секој ден добивам писма од стопанските комори и од различни здруженија. Сите што се заинтересирани да дадат придонес, тоа може да го направат јавно, а секако дека ние сме секогаш подготвени за состаноци и за разговари во детали, изјави министерот, одговорајќи на новинарски прашања по врачувањето на договорите за „Субвенционирање плати” во Тетово. Вчера, дополни, имаше и изјава од страна на претседател на опозициска партија. -Тој кажа дека сакале да се вклучат и да придонесат во делот на справување со кризата со што индиректно признава дека намерно претходните мерки биле блокирани. Тие имаа можност да бидат вклучени и тогаш, а сега за политички интерес даваат таков предлог. Не, институциите се подготвени да се соочуваат со секаква криза, за храна, за струја или за топлинска енергија, нагласи Бектеши. Post Views: 101...
Дизелот ќе поевтини дури пола денар, бензинот еден денар
Работник - пред 21 часа
Економија Македонија Новости Дизелот ќе поевтини дури пола денар, бензинот еден денар понеделник, 4 јули 2022, 12:27 Редакција бензин, дизел, Работник Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. – Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24. Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари. Post Views: 147...
Германија „плаче” по работници од Балканот
Работник - пред 21 часа
Економија Новости Свет Светот на работникот Германија „плаче” по работници од Балканот понеделник, 4 јули 2022, 12:18 Редакција Германија, Работник, работници Доселувањето и вработувањето во Германија наскоро може да бидат олеснети. Во земјата недостасуваат милиони работници, кои може да се најдат на Западен Балкан. Ова го диктира демографијата и на Германија и на Балканот. Секој што знае да работи нека дојде! Вака накратко може да се опише апелот на Кристијан Дир, шеф на пратеничката група на либералите во германскиот парламент. „По фазата на гастарбајтери од шеесеттите и седумдесеттите, пазарот на трудот се затвораше. Сега мора да биде обратно”, изјави Дир за Велт. Денеска мотото мора да биде: секој што може да заработува со ‘свои раце,’ веднаш мора да добие работна дозвола“. Во суштина ова би бил вообичаен говор на економски либерал, ако не се овие две работи: Либералите сега се на власт, заедно со Социјалдемократите и Зелените. Уште поважно – на изјавата на Кристијан Дир ѝ претходеа драматични апели од голем број индустрии кои едноставно не можат да најдат доволно работна сила во Германија. Се бараат и келнери Сликите од хаос и метеж на германските аеродроми и илјадници откажани летови на почетокот на туристичката сезона, ја принудија владата да интервенира и да вети експресно издавање на работни дозволи. Затоа што за време на пандемијата, аеродромите и авиокомпаниите отпуштаа луѓе, а денес им недостасуваат повеќе од седум илјади вработени. Сите погледи се вперени кон Турција и Западниот Балкан од каде треба да се регрутираат сезонски работници за најмногу три месеца. „Ќе се потрудиме да им се обезбедат соодветни плати и да бидат добро сместени”, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. Сѐ уште не стивнаа драматичните барања од авиосообраќајот, а веќе се јавија и угостителите кои експлицитно бараат од властите да им го олеснат приемот на работници од Западен Балкан. Релативно новиот германски закон за доселување дозволува работа за секој што ќе најде работодавач – под услов да е вешт во нешто. Може да бидат и сметководители или возачи, важно е да имаат диплома. Исклучок е таканареченото „правило за Западен Балкан“, усвоено во екот на бегалската криза, кога на мигрантите од Сирија и од Далечниот Исток масовно им се придружија баратели на азил од Србија, Македонија или Косово. Тогаш беше одлучено дека годишно од Западниот Балкан работни дозволи може да добијат 25.000 луѓе, дури и неквалификувана работна сила. Но, сега угостителското здружение „Дехога“ бара повеќе. „Во земјите од Западен Балкан има многу работна сила која би работела во хотелите и рестораните во Германија“, тврди првиот човек на здружението Гидо Челик. Слично како и на аеродромите, во периодот на пандемијата и рестораните речиси и да немаа работа, поради што сега немаат работна сила. Челик вели дека околу 60 отсто од хотелите и рестораните бараат келнери, готвачи и собарки. Затоа бараат Владата да го продолжи „правилото за Западен Балкан” кое истекува на крајот од 2023 година како и да го забрза издавањето на визи и работни дозволи. Челик вели дека платите во гастрономијата растат со двоцифрен процент – додуша ни инфлацијата во последниве месеци не е далеку од таков раст. Пазарот на труд на Балканот наскоро ќе пресуши? Жедта на германскиот пазар на труд за занаетчии од секаков вид, возачи или медицински персонал кои масовно доаѓаат од Србија и околината е веќе огромна. За второто, според претходното истражување на ДВ, клиниките и домовите за стари лица им плаќаат на посредниците и по 15.000 евра за да им донесат само една негувателка. Како што пишува неделникот „Цајт”, недостигот на работна сила е таков што не може да се покрие со брзи мерки како доведување гастарбајтери на аеродромите за да им ги спасат летните одмори на Германците. „Во првиот квартал биле испразнети 1,74 милиони работни места, а стапката на невработеност е веќе под 5%. Илузорно е дека дупката може да се пополни само со зголемување на платите и подобрување на работните услови, иако тие чекори се секако исправни“, пишува весникот. Недостигот ќе биде уште поголем и нема да биде ограничен на поединечни бранши. Во услужните дејности е само највидлив, бидејќи тука пандемјата на коронавирус остави најголеми последици”, се додава во текстот. Според проценките на експертите, недостигот на работници би можел да надмине три милиони до 2030 година. Т.н. генерација на бејби-бумери заминува во пензија меѓу 2025 и 2035 година. Не само што нема да работат, туку некои од нив ќе имаат и потреба од нега, што значи уште поголем недостиг. Неодамна министерот за труд, Хубертус Хајл, најави за наесен „модерен закон за доселување”. Шансите се дека доаѓањето во Германија ќе биде олеснето. Од друга страна прашање е колку луѓе воопшто се останати во Србија и регионот, а да се подготвени да заминат оттаму. Сѐ почесто се слуша дека пазарот на труд е пресушен и дека регионот се соочува со демографска катаклизма. Извор: Дојче Веле Post Views: 119...
Свето Пивара, Нако Кожара, Страшо Гранит, Штерјо, Минчо, Симе Пашата, Туџар, Џобе ….
Работник - пред 21 часа
Економија Македонија Новости Свето Пивара, Нако Кожара, Страшо Гранит, Штерјо, Минчо, Симе Пашата, Туџар, Џобе …. понеделник, 4 јули 2022, 12:15 Редакција Работник, стопанска комора Стопанската комора на Северна Македонија оваа година слави 100 години од своето постоење. По тој повод, подготвивме Монографија за личностите и настаните кои ги одбележаа последните 25 години. Монографијата содржи интересни податоци за сите најзначајни активности кои го одбележале опстојувањето на Стопанската комора на Македонија низ годините (со назив Стопанска комора на Северна Македонија од март 2021 година), а посебен фокус е ставен врз личностите значајни за бизнисот во Македонија, компаниите кои биле или сеуште се дел од најголемата и најбројната бизнис-асоцијација, низ призмата на добиените коморски награди во последните 25 години, од кога последен пат била издадена коморска монографија. Овој дел, којшто е суштински за монографијата, претставува извонредна можност да се пристетиме на сите личности кои вградиле дел од својот живот во развојот на македонската економија. Во монографијата ќе прочитате за Шутурко, Гоце Кам, Самарџија, Драги Милошевски, Петар Спасески, Кутревски Пекабеско, Хари и Бишев, Нанчо, Зарче, Јаким и Најденко, Клубот 100 – Живко Алкалоид, Андреја Макпетрол, Гечев ИГМ, Кочо, Доне, Петер Штефан, Шевки Ренова, Даути, Мизо, Аргир и уште многу други бизнис-лидери, препознатливи, како на домашниот, така и на светскиот пазар, кои оставиле силен белег во стопанството и истовремено биле активно вклучени во коморското секојдневие, затоа што биле свесни за улогата на Комората, како сплотувач на бизнисите. Во монографијата на Стопанската комора на Македонија се опфатени околу 500 личности кои биле или сеуште се значајни за коморското организирање и работење. Од нив, околу 270 личности се наведени со име, презиме и компанија, а околу 230 личности и со фотографија на 209 страни. Kоморскиот систем е една голема разгранета мрежа низ целата земјина топка. Нема земја или поголем град каде што нема стопанска комора, затоа што бизнисот и капиталот се присутни насекаде, а како резултат на тоа, потребна е бизнис асоцијација која ќе ги сполотува бизнисите, ќе ги штити бизнис интересите и ќе се залага во име на бизнис заедницата. За сите интересни моменти од коморското битисување ќе прочитате во Монографијата на Стопанската комора на Македонија, којашто ќе биде официјално претставена на јавноста на денот на Комората – 14 јули 2022 година, на прес-конференција на Комората. Post Views: 153...
КАМ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 денaри за годишен одмор
Работник - пред 21 часа
Економија Македонија Новости Светот на работникот КАМ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 денaри за годишен одмор понеделник, 4 јули 2022, 12:12 Редакција Вработени, Кам, Плати, Работник Независно од комплексните економски услови „КАМ маркет”, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените. Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ” веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%. Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари. Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет”, покрај планираното зголемување на платите, на задоволство на вработените, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари. Post Views: 756...
СПМ: И полицискиот службеник заслужува ДОСТОИНСТВО, немојте повеќе да го газите!
Работник - пред 21 часа
Македонија Новости Правда Светот на работникот Синдикат СПМ: И полицискиот службеник заслужува ДОСТОИНСТВО, немојте повеќе да го газите! понеделник, 4 јули 2022, 12:10 Редакција МВР, Работник, СПМ И полицискиот службеник заслужува ДОСТОИНСТВО, немојте повеќе да го газите! Од страна на наши членови побарано е како Синдикат заштита на нивниот пред се живот и нивното здравје. Имено како што е наведено во пријавата честопати а последен пат при обезбедување на вчерашниот јавен собир пред Владата на Република Македонија УПС кои учествуваа при обезбедување на собирот беа опремени со „Европски“ панцири стари и над 30 години, плочи исто и „Убави и нови“ шлемови стари и тие над 30 години. За да стане јасно која е поентата, панцирот, заштитната плоча и заштитниот шлем од производителот имаат гарантен рок од само 5 години. Ова значи дека опремата што ја носат полициските службеници при обезбедување на јавните собири е стара и дотраена односно поминат и е гарантниот рок над 25 и повеќе години. Сега ќе го прашаме ОНОЈ кој ги изготвува плановите за обезбедување (најверојатно некој началник во климатизирана канцеларија и сок и кафе на масата и чиста и неиспотена кошула), оној кој ја врши проценката за ризик и ги пушта колегите на „милост и немилост“ неколку часови на овие пеколни температури да ја носат на себе со опрема со поминат рок: Дали во конкретниот случај е постапено согласно правилата и прописите на Министерството? Дали воопшто знае кога последен пат е извршено контрола на средствата за работа? Дали воопшто и кога последен пат писмено е пријавено за недостатокот на опрема и застареност на опремата? Ова подоле се дел од фотографии кои до нашиот Синдикат ги доставија наши членови со цел да бидат потврдени наводите во оваа наша пријава. Ја повикуваме внатрешната контрола веднаш после оваа пријава да изврши контрола и да утврди дали во конкретниот случај наводите наведени од наша страна се вистинити или не и за тоа да изготви извештај и да го достави до Министерот. Го повикуваме Народниот правобранител веднаш после оваа пријава да излезе на лице место и да го констатира наведеното. Го повикуваме Државниот инспекторат за труд да изврши вонреден инспекциски надзор над наведеното. Оваа прилика СПM ќе ја искористи да потсети дека Полицијата била и ќе остане темел на безбедноста почнувајќи од поединецот, семејството а се разбира и безбедноста на државата. Во таа смисла го изразуваме нашето цврсто убедување дека, најсигурна инвестиција за безбедност е враќањето на професионализмот на полицискиот службеник, правејќи максимални напори за подигнување на статусот на Полицискиот службеник по сите основи, а од синдикален аспект посебно на статусот на вработените на оваа исклучително важна област за секое општество. Сликите кои ги презентираме веднаш може да проверите дали се вистинити или не и доволно е да побарате увид во најблиската полициска станица за да стане јасно дека нашата цел не е да штетиме туку да помогнеме на институцијата која основна цел и е „Задоволна полиција безбедни граѓани“. За овие слики во МВР треба да се засрамат сите досегашни раководства кои со ова не ја почитувале ниту основната вредност за заштита на животот на вработените во МВР. Професионализмот ќе го вратиме тоа го чуствуваат и колегите, бројот на оние кои деновиве пристапуваат и ни даваат јавна подршка расте од час во час и всушност тие се токму таа сила која вие за жал се обидовте за кратко да ја растурите #синдикатнаполицијавомакедонија #силанановотовреме линк со фотографии : https://www.facebook.com/527157524133835/posts/pfbid037n8RjSk524H9hAWTjiuBehLtRDuoaSrEDaSjP4gJRdKbzVVfVmgWyBYkMs4XPchfl/ Post Views: 54...
Дел од пратениците уште еднаш покажаа дека работниците се на дното на општествната пирамида
Работник - пред 2 дена
Колумни Новости Дел од пратениците уште еднаш покажаа дека работниците се на дното на општествната пирамида сабота, 2 јули 2022, 16:40 Бобан Илијевски Македонија, пратеници, Работник, работници Автор: Бобан Илијевски Дел од пратениците уште еднаш покажаа дека работниците се на дното на општеството со тоа што не ги изгласаа амандманите коишто ги поднесоа ССМ и КСС. Амандманот којшто го поднесе ССМ се однесуваше на линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2,806 денари, додека амандманот на КСС се однесуваше на исплата на финансиска помош на вработените во приватниот сектор. Истиот предвидуваше на оние работници коишто земаат од 18 до 21,000 денари плата да им се исплати тримесечен надоместок од по 3,000 денари, а на оние кои земаат плата од 21,000 до 24,000 денари да им се исплати надоместок од по 2,000 денари. Самиот потег на дел од пратениците уште еднаш покажа дека работниците не се ништо друго освен средства за остварување на профит или давање на услуги. Воедно им испратија порака дека што е можно поскоро треба да си ги пакуваат куферите и да си заминат од државата. Слушнавме дека ќе се изготвува и некаков Закон за плати, но со оглед на тоа дека во државава речиси се останува на „ќе“, не верувам дека вакво нешто ќе биде во брзо време. Гледајќи го одвивањето на ситуацијата во Македонија, не можам да имам никакво друго мислење, освен сомнежи во намерите на власта. Нема смисла да се вели дека немало пари во буџетот, а во меѓувреме да се троши на непродуктивни трошоци. Работниците треба да бидат на пиедесталот на ова општество, бидејќи тие се двигателот на истото. Без работници, нема да има ниту економија, но очигледно дека тоа некој не го знае или пак се прави дека не го знае. Како и да е, бројот на работна сила во Македонија се намалува од ден на ден, се повеќе и повеќе. Ќе дојде време кога и оние што се вработуваат по партиски клуч да си заминат, па политичките партии да не можат да си најдат партиски војници за да вработат. Толку од колумната. Post Views: 477...
Не поминаа амандамните на ССМ и КСС на амандамнската расправа
Работник - пред 2 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот Не поминаа амандамните на ССМ и КСС на амандамнската расправа сабота, 2 јули 2022, 16:25 Редакција амандамни, КСС, Работник, ССМ Заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година на Комисијата за финансирање и буџет. Од поднесени 204 амандмани, од кои над 170 на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на СДСМ, беа прифатени околу десет. На десеттиот, последен ден од расправата беа прифатени двата амандмана на СДСМ, кои се однесуваат за набавка на опрема и машини за јавно здравствените установи. На крајот од расправата не помина амандманот на ССМ, предложен како комисиски, со кој вработените во јавниот сектор требаше да добијат зголемување на платите за 2.806 денари. Не помина и амандманот за парична помош за приватниот сектор кој беше предложен од КСС. Заменик-министерот за финансии Филип Николоски рече дека веќе е договорено зголемување на платите за околу 90.000 лица во јавниот сектор од вкупно 130.000. – На 17.000 вработени во јавниот сектор им се зголеми минималната плата од 15.200 на 18.000 денари, во образованието на 37.000 лица се договори зголемување на плата за 15 отсто, кое ќе почне од септември. Во МВР 12.000 ќе имаат поголема плата за пет проценти, во култура 3.500 лица ќе имаат зголемена плата за 30 отсто, во судство и обвинителство 2.600 лица ќе имаат зголемена плата од 15 проценти, во здравство над 20.000 лица ќе добијат зголемување од пет отсто, рече заменик-министерот Николоски. Другите одбиените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, за кои се расправаше денеска, најмногу се однесуваа за изградба на дневни центри за деца со посебни потреби и за стари лица, за зголемување на платите во образованието, зголемување на фондот за талентирани деца и друго. Образложението на заменик-министерот за финансии беше дека за тоа ќе одлучат надлежните или пак, дека веќе се обезбедени средства за таа намена. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари. По завршувањето на амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет, Буџетот се враќа во Владата, која треба како дополнет предлог да го достави во Собранието, каде во рок од пет дена треба да биде разгледан на пленарна седница. Post Views: 339...
Германците се загрижени за својот стандард
Работник - пред 2 дена
Економија Новости Свет Германците се загрижени за својот стандард сабота, 2 јули 2022, 15:21 Редакција Германци, Работник, стандард Ако прошетате низ омилените туристички населби во Берлин, веројатно нема да забележите дека инфлацијата расте, трошоците се зголемуваат, а најголемата војна во Европа по Втората светска војна е на само неколку стотици километри оддалеченост. Баровите и рестораните се преполни, пред ноќните клубови има долги редици бидејќи локалното население и туристите до максимум ги користат летните месеци. Цените за слободните активности и производите се зголемени, но нарачките за авокадо-тост или домашен леб се чини не се намалени. Ова делумно се должи на висината на приходите, бидејќи оние кои заработуваат подобро и кои најчесто ги конзумираат овие производи, можат да поднесат да платат некое евро плус во однос на порано. „Цените на сите производи се зголемени“, вели за ДВ Штефани Линч, бариста во позната кафетерија во популарната берлинска населба Фридрихсхајн. „Буквално сè што користиме овде е поскапено: хартиените чаши, картончињата, кесите во кои го пакуваме кафето… Буквално сè.” Линч вели дека по неколку години на стабилни цени, еднаш веќе ги покачиле цените за да ги надоместат претходните дисторзии во системот на ланците на снабдување поради пандемиските рестрикции, лошиот род на кафе во Бразил и минатогодишната блокада на Суецкиот канал. Наскоро веројатно ќе има потреба за нова рунда покачување, како резултат на загрижувачките економски податоци, додава таа, иако, како што вели, многу клиенти се чини се подготвени да издвојат повеќе пари за истото добро кафе. Инфлацијата гризе Инфлацијата е повисока за околу 8% споредено со истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Цените на енергијата и на храната се зголемени за 38%, односно за 11%. Тоа веројатно е сѐ уште подносливо за оние кои пијат по некое еспресо, но колку се пониски примањата, толку е потешко да се справат со последиците од инфлацијата. „Секако последиците од актуелната криза се чувствуваат директно“, вели за ДВ Маркус Грабка, виш истражувач во германскиот Институт за економски истражувања. „Семејствата со помали примања, на пример, се многу потешко погодени од зголемените трошоци за енергенси споредено со оние со средни или повисоки примања.“ Севкупно трошоците за храна годинава се очекува да бидат повисоки за 250 евра по човек, покажува студија на осигурителната куќа „Алијанц трејд”. Со овој дополнителен товар нормално потешко ќе се носат оние кои и онака одвај врзуваат крај со крај. Над 560 илјади пензионери во Германија имаат потреба од дополнителна државна помош, бидејќи нивните пензии се под прагот на сиромаштија. Зголемените цени за храна и енергенси уште повеќе им ги „нагризуваат“ и онака ниските примања. Повеќе на Дојче Веле Post Views: 354...
Патувањето од Тирана до Саранда скратено за три часа
Работник - пред 2 дена
Магазин Новости Патувањето од Тирана до Саранда скратено за три часа сабота, 2 јули 2022, 15:18 Редакција Албанија, Саранда, Тирана Новиот пат Кардик-Делвина во Албанија, кој го скратува времето на патување до Саранда, денеска е пуштен во употреба. Министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро, денеска објави фотографии од оваа патна делница, за која најави дека од денеска ќе биде отворена за сите граѓани, со што крајбрежјето ќе биде многу блиску. Патувањето од Ѓирокастро до Делвина, па потоа до Саранда со новиот пат од денеска ќе биде отворено за сите граѓани, со што крајбрежјето ќе биде многу блиску“, напиша Кумбаро на социјалните мрежи. Дел од овој пат е и тунелот Скерфица. Post Views: 779...
Намален бројот на работници во индустријата
Работник - пред 2 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот Намален бројот на работници во индустријата сабота, 2 јули 2022, 15:19 Редакција индустрија, Работник, работници Бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај лани е намален за 1.7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со првите пет месеци од минатата година бројот на работници е помал за два отсто. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи опаѓање од 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.2 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, има опаѓање кај Енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.5 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %, Капитални производи за 2.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 % Post Views: 333...
ССМ и денеска на протест пред Собранието
Работник - пред 2 дена
Македонија Новости Правда Светот на работникот Синдикат ССМ и денеска на протест пред Собранието сабота, 2 јули 2022, 15:15 Редакција протест, Работник, собрание, ССМ Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2.806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор. Пред Собранието ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 13:30 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин. -Собранието и Владата најважно е да го решат проблемот на работниците и да немаат работници кои не можат да си дозволат да си купат леб и да си платат сметки за струја, велат од ССМ. Оттаму посочуваат дека покачувањата на цените лесно ги прават од денеска за утре на штета на рабониците и граѓаните, а за покачување на платите им е потребно време и методологија повторно на штета на работниците и граѓаните. – Жолтите картони денеска за пратениците кои еднаш гласаа против работниците, ќе станат црвен картон од работниците за пратениците кои се против нивните плати, велат од ССМ. Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда. Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија. Post Views: 159...
Ампева: Работниците да внимаваат какви решенија потпишуваат за годишен одмор
Работник - пред 3 дена
Новости Правда Светот на работникот Ампева: Работниците да внимаваат какви решенија потпишуваат за годишен одмор петок, 1 јули 2022, 19:00петок, 1 јули 2022, 17:32 Редакција годишен одмор, работници, решенија Работниците да внимаваат какви решенија за годишен одмор потпишуваат за да не дојде до злоупотреби, апелира претседателката на „Гласен текстилец“, Кристина Ампева. Таа посочува на законските обврски кои ги има работодавачот, а апелира работникот секогаш да потпишува решенија пред годишен одмор и да внимава на тоа за колку денови потпишува. Во текстилниот сектор работодавците вообичаено во август, околу Илинден го запираат производството и и работниците заминуваат на колективен годишен одмор. -Вообичаено одморите ги даваат некаде од први август, затоа е важно да се напомене дека Законот утврдува можност за користење на годишниот одмор во повеќе делови и првиот дел од годишниот одмор треба да биде две непрекинати работни седмици. До крајот на календарската година работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување од 12 работни дена годишен одмор, а останатиот дел смее да го искористи до 30 јуни идната година. Важно е да се напомене дека работниците треба да се потпишат на решенија за годишен одмор пред да одат на тој одмор. Вообичаено, знаеме дека во текстилната индустрија се користи колективен одмор, така што треба да внимаваат за колку дена се потпишуваат дека го искористиле, бидејќи потоа ќе биде проблематично да се утврди дали искористиле толку за колку што се потпишале, рече Ампева. Ампева вели дека позитивно е што работниците од текстилниот и кожарскиот сектор сѐ повеќе бараат да го искористат остатокот од одморот или да им се плати. Во секој случај, работникот не може да се откаже од правото на одмор и со никаква спогодба не може да се случи тоа. -Меѓутоа, имаме сега некоја позитива, за мене, да речам дека работниците се свесни веќе дека тие минимум 20 дена од годишниот одмор им следуваат и сакаат да ги искористат максимално. Од страна на правничката во канцеларијата се направени барања за да ги искористат и тие денови согласно со законскиот рок, вели Ампева. Потпишувањето на решение за годишен одмор е важно, потсетува Ампева, бидејќи може да се добие и отказ доколку три дена последователно не сте се појавиле на работа. Боледувања, оправдани отсуства, празници, сабота и недела не се дел од годишниот одмор. Post Views: 796...
ФОТО-ВЕСТ: Роденденската концертна манифестација на Општина Кисела Вода стартуваше со весела публика и големи музички ѕвезди
Работник - пред 3 дена
Магазин Новости ФОТО-ВЕСТ: Роденденската концертна манифестација на Општина Кисела Вода стартуваше со весела публика и големи музички ѕвезди петок, 1 јули 2022, 18:08 Редакција манифестација, Општина Кисела Вода, Работник Годинешното издание на „Културно лето 2022“, во склоп на роденденската кампања на Општина Кисела Вода, – „67 години Моја Кисела Вода“, во првите два дена ги надмина очекувањата на жителите на општината и сите други посетители, кои дојдени од различни страни, уживаа во Парк Македонија во богатата забавна програма. Роденденската манифестација започна на 29ти јуни, со Хуманитарна Коријада во организација на Здружение на Пензионери – Кисела Вода, а Црвен Крст – Кисела Вода, имаше организирано лекарски тим за проверка на притисок и шеќер во крв за посетителите. По истото следеа концертите на Филип Шурбевски Езгија Квартет, како и на македонскиот великан на народната музика, Ефто Пупиноски, кои како и секогаш ја доловија убавината на македонскиот мелос преку своите уникатни музички изведби. Несомнено големо внимание привлече и концертот на познатата поп ѕвезда Влатко Лозаноски-Лозано, кој со своите најпознати хитови во еден глас пееше со присутните фанови и посетители. Втората вечер од оваа манифестација беше наменета за младите музички артисти и фаворити кај помладата публика, – ДиЏеј Оги и Теа Трајковска, а крајот на вечерта свој концерт имаа и познатите ДНК, кои годинава слават и 20 години откако се на македонската музичка сцена. Но забавната програма од Културното лето 2022, ветува голема забава и во преостанатите два дена. Вечерва, 01.07.2022 (петок), со почеток во 20 часот во Три Круши во Драчево, ќе настапат талентираните КУД Китка од Драчево, чии настапи секогаш наидуваат на голем одзив и голем број на пофалби. За збогатување на роденденската атмосфера ќе бидат задолжени и маестрата на македонската фолк музика, – Миле Кузмановски, по чиј концертен настап ќе настапат и Наум Петрески, Зуица Лазова, и Владимир Поповски со бенд. Утре, на последниот ден од забавната програма на роденденот на општината, 02.07.2022 (сабота) во Расадник, денот ќе го разиграат настапите на Златно Славејче и танцовото студио Данса Латина Стефи, по која ќе следи премиерата на првото издание на „Битка на бендови“ во организација на Општина Кисела Вода. Бендовите учесници ќе се натпреваруваат за главната награда, – бесплатно организиран концерт од страна на Општина Кисела Вода. Во летната саботна вечер на истата локација ќе настапи и еден од омилените на публиката, познатиот Боби Павловски, а роденденската манифестација и официјално ќе ја затвори познатата балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ. Сите настапи и концерти се отворени за сите и влезот за секој настап е бесплатен. На првите два дена од манифестацијата имаше над 7500 посетители, а оваа бројка се очекува да биде уште поголема во пресрет на концертите планирани за петок и сабота. Post Views: 293...
Чкламовска: Само работодавачите кои ќе ги применат овие алатки ќе можат да најдат и ги задржат квалификуваните работници
Работник - пред 3 дена
Интервјуа Новости Светот на работникот Чкламовска: Само работодавачите кои ќе ги применат овие алатки ќе можат да најдат и ги задржат квалификуваните работници петок, 1 јули 2022, 17:09 Бобан Илијевски Вработени, Квалификувани работници, компании, менаџери, Работник Бобан Илијевски Најголемиот дел од компаниите во Македонија како алатка за мотивација единствено сметаат дека е платата. Модерните светски компании, но и мал дел од компаниите кај нас, постојано покажуваат дека тоа не е така и дека постојат низа на алатки кои може да се употребат за да се зголеми мотивацијата, а со тоа и продуктивноста на вработените. Ова го потврдува и Legal/HR Manager Билјана Чкламовска во разговор со редакцијата на порталот Работник. На прашањето на Работник, колку кај нас се користат алатки за вклучување на вработените од страна на компаниите, Чкламовска констатира дека кај нас менаџерите на компаниите сѐ уште не ја препознаваат доволно потребата од вклучување на вработените во процесот на одлучување. Според неа, македонските менаџери сѐ уште го сметаат работникот само за извршител, должен да ги спроведува нивните бизнис одлуки. Работниците се важен сегмент во работниот процес и клучен ресурс за постигнување на целите на компанијата, но во нашите компании работниците се запознаени само со продуктите или услугите што компанијата ги испорачува, но не и со нејзините цели, вели Чкламовска и додава: Не разбирам зошто, но многу работници што ќе се осмелат да дадат некаква сугестија за подобрување на процесот на работа или работната средина, добиваат одговор како на пр. „Не си тука да мислиш, туку да работиш, има кој да мисли за тебе“. Откако го посочи овој цитат, таа го постави прашањето – Зошто многу менаџери сѐ уште не разбираат дека ништо нема да изгубат ако ги прашуваат своите вработени, а ќе добијат многу? Чкламовска потсети на старите поговорки како: „Целата мудрост не е во еден човек“ и „Повеќе глави подобро мислат“ и посочи дека доколку му се даде можност на секој вработен да биде вклучен во процесот на донесување одлуки, да предложи идеја за подобрување на работата, менаџерите можеби ќе добијат одлични предлози и идеи, на кои никогаш не помислиле, бидејќи секој може со својот интелектуален потенцијал да придонесе за развој и унапредување на работата. Таа објасни дека со тоа и работниците ќе бидат среќни што се прашани за нивно мислење, што ќе им даде едно чувство дека се ценети и доверливи, а со тоа ќе им се засили чувството на припадност кон компанијата, бидејќи таа искажува грижа за искуството и задоволството на секој од нив. Фото: Freepik Доколку менаџментот му дава значење на секој човек во компанијата, давајќи му право да донесува самостојни одлуки, на тој начин ја стимулира креативноста и иновативноста на работниците, што ќе биде од неизмерна корист за просперитетот на компанијата. Давањето на тежина на нивните мислења, значи давање почит, давање доверба, а тие нема да се чувствуваат како работна сила, како потрошен материјал, туку ќе се почувствуваат важни и тоа ќе ги поттикне „да ги вклучат своите мозоци“ и да размислуваат глобално, а не локално. Тогаш успехот на компанијата ќе го сметаат и за нивен успех. За среќа кај нас, вели Чкламовска, се појавуваат едуцирани менаџери со развиени лидерски вештини кои знаат дека успехот на организацијата зависи од успехот на секој поединец во неа. Доколку една компанија има успешни вработени кои заедно размислуваат и работат за да ги постигнат организациските цели, тогаш нејзиниот успех е неизбежен, посочи таа. Следно за што разговаравме беше какви алатки треба да се користат за поголема мотивација на вработените. Чкламовска е на ставот дека во Македонија сѐ уште мислењето е дека платата претставува единствен мотиватор поради економската состојба во земјата. Таа се согласува со тоа дека плата е еден нужен, основен мотиватор, но посочува дека многу истражувања покажуваат дека таа не е доволен фактор за мотивираноста на вработените. Вработените, особено новите генерации, бараат многу повеќе од плата на своите работни места. Тие бараат: прилагодливи работни места, флексибилно работно време, флексибилни часови, пријатни работни простории, шанса да градат кариера и слобода сами да си го организираат работниот простор онака како што сакаат, катчиња за креативни паузи, тим билдинзи и многу други поволности, вели таа. Чкламовска наброи и четири позначајни мотивациски алатки кои се користат од страна на модерните компании: Корпоративна култура Компанијата која сака да привлече и задржи таленти ќе создаде работна атмосфера со воспоставена добра корпоративна култура, ќе негува меѓучовечки односи со висок степен на взаемна почит, разбирање и соработка, како на вертикално така и на хоризонтално ниво, достоинствена работа без мобинг и дискриминација и почитување на човековите и работничките права. Културата треба да биде обединувачка, силна, инклузивна и приспособлива, изградена околу заедничка цел, заеднички вредности и однесувања. Фото: Freepik Оддавање признание за сработеното Секој сака почит и признание, секој сака да биде чуен виден и разбран, затоа е потребно на вработените да им се даде ,, фидбек”, што ќе им помогне да разберат дали добро ја извршуваат својата работа и каде треба да се направи подобрување, за да бидат попродуктивни. Давањето признание за сработеното ја зајакнува самодовербата и моралот на вработените и обезбедува поголемо задоволство и подобра работна атмосфера. Давањето на признание може да биде во паричен или непаричен облик. Менаџерите треба добро да ги познаваат своите вработени и да знаат што нив ги прави среќни. Паричните бонуси се мотивирачки, но постојат и други мотивирачки алатки. Фото: Freepik Обуки и кариерен развој Ниеден вработен нема да биде ефективен и продуктивен, ако долго време е ,,заглавен на една иста работна позиција” и ако не гледа изгледи за напредок. Така, вработените го губат својот ентузијазам и влегуваат во ,,комфор зона”, во апатија што го блокира нивниот раст, нивниот личен развој а со тоа и растот и развојот на компанијата. Јасно дефинирана кариерна патека, секако е мотивирачка за вработените и е еден од начините како ова да се избегне, секако поткрепена со континуирано учење, заради што работодавачот треба да обезбеди колку што е можно повеќе курсеви, обуки и можности за понатамошен развој. Вработените сакаат можност да учат, да развиваат нови вештини и знаења и да ги употребат и тренираат своите вештини на работното место и да си го развиваат чувство на корисност, достигнување и самодоверба. Компаниите кои имаат програми за обуки и развој, се наградени со висок ангажман и лојалност од страна на своите вработени. Фото: Freepik Тим билдинзи Тим билдинзите се иновативна и корисна алатка, и треба да претставуваат еден или повеќе забавни денови исполнети со интересни активности, што даваат можност тимот да се консолидира преку игри и забава, и да се зајакне кохезијата и општествените врски помеѓу вработените, но никако не треба вработените да се почувствуваат обврзани да присуствуваат и учествуват во тие активности, туку тоа да им претставува задоволство. Фото: Freepik Пред да го завршиме разговорот, ја прашавме колку овие алатки можат да ја зголемат продуктивноста на работниците. Чкламовска објасни дека во овој милениум, само компаниите што ќе го сменат пристапот кон вработените, што ќе ги применат алатките коишто ги спомена погоре за да ја зголемат нивната благосостојба, ангажман и поврзаноста која ја чувствуваат кон компанијата, ќе растат и ќе ја зголемуваат својата продуктивност. Само тие ќе бидат посакувани работодавачи, што нема да имаат проблем да пронајдат квалитетни работници и истите да ги задржат. Лојалноста е двонасочна улица. Почитта се стекнува со почит. Градењето на лојални вработени бара создавање и одржување силна врска со нив, почитување на нивниот интегритет, вложување во нивното знаење, градење на капацитети и адекватно вреднување на нивниот труд и искуство, вели Чкламовска. Менаџментот кој ќе умее да управува со лидерски стил и ќе воспостави рамнотежа помеѓу индивидуалните и организациските цели, стекнува доверба кај работникот до тој степен што секој од нив ќе се идентификува со целите на компанијата, неговиот успех е загарантиран. Нашата соговорничка заврши со мислата на пасторот Енди Стенли: „Лидерите кои не сакаат да слушаат, на крајот ќе бидат опкружени со луѓе што немаат што да кажат“. Post Views: 890...
Пивара Скопје инвестираше дополнителни 10,7 милиони евра во модернизација на производството и одржлив развој
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот Пивара Скопје инвестираше дополнителни 10,7 милиони евра во модернизација на производството и одржлив развој петок, 1 јули 2022, 15:47 Редакција Вработени, компанија, Пивара Скопје, Работник Во чест на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија, кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој. Најновите инвестиции во модернизација на компанијата, вредни 10,7 милиони евра, се во напредна опрема и технологии кои се инсталирани во различни операции и процеси, вклучувајќи и нова линија за производство на безалкохолни пијалаци. На овој начин, Пивара Скопје ги подобрува услугите кон купувачите и ги зголемува производствените капацитети, следејќи ја големата побарувачка за безалкохолни пијалаци и пиво на домашниот, но и на другите пазари во регионот. „Покрај тоа што ги зајакнуваат нашите производни капацитети, овие проекти ни помагаат за натамошно унапредување на вештините и способностите на нашите луѓе во производството, ја зголемуваат нашата брзина и флексибилност за следење на трендовите на пазарот и ни овозможуваат брзо и ефикасно да ги задоволиме потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Истовремено, тие ја зголемуват атрактивноста на нашата компанија за талентирани млади луѓе и ја прават посакувано место за работа и кариерен развој. Со нивната реализација ја продолжуваме традицијата на иновации и инвестиции, кои се заштитен знак на Пивара Скоpје веќе 100 години и влегуваме во нова, модерна ера на дигитализација и напредни технологии кои ја олеснуваат нашата секојдневна работа и ја зголемуваат нашата севкупна ефикасност и продуктивност“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ. Новите инвестиции во производството се според највисоките стандарди за квалитет и безбедност на храната, како и за здравје и безбедност при работа, што е многу важно за потрошувачите и вработените во Пивара Скопје. Во исто време, тие се во согласност со долгорочната стратегија на компанијата за одржливост што придонесува за намалување на емисиите на CO2, енергетска ефикасност, управување со водата и намалување на тежината и рециклирање на материјалите за пакување. „Ние во Пивара Скопје сме особено горди што со секоја нова инвестиција како што е оваа, се трудиме да дадеме уште поголем придонес кон одржливоста и заштитата на природните ресурси, со што ја покажуваме нашата грижа и одговорност за развојот и просперитетот на земјата и на целата заедница“, потенцираше Сладиќ. Освен во модернизацијата на производниот процес, веќе се направени значителни подобрувања во дигитализацијата и автоматизацијата на другите клучни операции во компанијата. Ова вклучува иновативна технологија за управување со визуелни и гласовни команди воведена во складирањето на производите, како и технологија за препознавање слики што го поддржува нашиот комерцијален тим на пазарот. За иновативното решение пак, кое овозможува онлајн комуникација, нарачки на производи од страна на купувачите и следење на нивната реализација во реално време – 24/7, Пивара Скопје неодамна доби признание за најдобро имплементиран проект за е-трговија во рамки на целата Coca-Cola HBC Групација. Дополнително, започнато е воведувањето и на најновата генерација роботизирани технологии со кои ќе се автоматизираат сите повторливи работни операции во компанијата, со што се олеснува работата на вработените, а истовремено се зголемува и вкупна ефикасност и продуктивност. Post Views: 223...
„Еуроникел“: „Фени“ не се затвора, ниту работниците ќе останат без работа, почнува планиран ремонт
Работник - пред 3 дена
Новости Правда Светот на работникот „Еуроникел“: „Фени“ не се затвора, ниту работниците ќе останат без работа, почнува планиран ремонт петок, 1 јули 2022, 15:32 Редакција Еуроникел, Работник, работници Нема отпуштања од работа ниту затворање на фабриката за преработка на руда, „Фени“ со која од 2018 година стопанисува „Еуроникел“, домашен претставник на швајцарскиот фонд „ГСОЛ“. На социјалните мрежи, но и во неколку медиуми, од синоќа се шират вести дека е сопрено производството, дека печките се ставени на неопходниот минимум, фабриката ќе се затвори поради продажба на Бугари, и работниците ќе останат на улица, а како една од причините се наведува поскапувањето на струјата. Од „Еуроникел“ за „А1он“ објаснуваат дека почнуваат планиран ремонт кој некој го искористил за ширење лаги за да наштети на фабриката и на вработените. „Лажни се наводите дека се затвора ‘Еуроникел’. Напротив, влегуваме во плански ремонт во периодот што следи со цел да се надмине временската рамка на диспаритет меѓу цената на електрична енергија која е огромна и цената на никелот која е во надолна линија. Сите вработени се на работа, ниту некој останува без работа, ниту пак фабриката се продава. Ваквите малициозни дезинформации имаат намера само да наштетат на фабриката, вработените, а со тоа и на домашната економија во која ‘Еуроникел’ има огромен удел и за жал не е прв пат да се соочуваме со вакви клевети“, велат од „Еуроникел“. Швајцарскиот фонд „ГСОЛ“ ги презема сите долгови на фабриката „Фени“ која имаше активен стечај и од март 2018 година го рестартираше производството, а главната битка за преземање на „Фени“ ја водеше со бугарската компанија „Енекод“ која доби можност да ја преземе, но не ги уплати бараните средства и фабриката отиде во стечај. Post Views: 311...
Блумберг Адриа официјално почнува со работа денеска
Работник - пред 3 дена
Магазин Новости Блумберг Адриа официјално почнува со работа денеска петок, 1 јули 2022, 15:30 Редакција Блумберг Адриа, Работник Блумберг Адриа, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа официјално стартува денеска, 1. јули 2022 година. Содржината најпрво ќе биде достапна на дигиталната платформа, додека телевизијата ќе почне со со работа наредната недела. Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија. Повеќе од 130 локални новинари, коментатори, аналитичари и финансиски професионалци ќе создаваат оригинална содржина на сите пет регионални јазици. Преку својата соработка со Bloomberg Media, Bloomberg Adria ќе го искористи известувањето на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg во 120 земји. Ќе ги комбинира преведените содржини на Bloomberg News со оригиналните извештаи од целиот регион за да создаде врвна дестинација за вести за бизнис лидерите во Југоисточна Европа. Bloomberg Adria ќе обезбеди стручен увид во причините, контекстот и последиците од факторите кои ја обликуваат глобалната и регионалната економија. Новата платформа ќе ѝ служи на растечката заедница на носители на одлуки и деловни лидери во регионот користејќи телевизија, печатени и дигитални медиуми, мобилни и социјални мрежи – преку непристрасно новинарство засновано на факти. Блумберг Адриа ќе работи како сервис за нон-стоп вести, продуцирајќи телевизиска програма во живо по осум часа дневно од своите студија во Белград, Љубљана, Сараево, Скопје и Загреб. Преку договор за лиценцирана содржина со Bloomberg Media, новата информативна мрежа ќе има пристап до обемните финансиски и економски содржини, анализи и пазарни податоци на Bloomberg, дозволувајќи им на локалните тимови да развиваат преведени стории низ платформите на Bloomberg Adria. Bloomberg Adria е производ на регионалната соработка помеѓу Bloomberg Media и Mtel Swiss – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија. „Возбудени сме што Bloomberg Adria стартува овој месец за да донесе врвни деловни вести до публиката во Југоисточна Европа,“ рече Soo Kang, Глобален Директор на Bloomberg Media Distribution. „Преку овој нов локален потфат, Bloomberg Adria на растечката деловна заедница во регионот ќе ѝ обезбедува доверлива содржина заснована на податоци и анализи“. Владимир Лучиќ, Главен извршен директор на Телеком Србија, изјави: „Телеком Србија е посветена на обезбедување премиум содржина, информации и новости за над 11 милиони претплатници. Блумберг е глобално познат по веродостојни деловни информации и експертски анализи, на кои деловните лидери им веруваат насекаде. Додека ја славиме нашата 25-годишнина, многу сме горди што соработуваме со Bloomberg Media и Bloomberg Adriа со цел на нашата ценета публика низ Југоисточна Европа да ѝ обезбедиме веродостојни деловни информации, увиди и новости од нашиот регион и од целиот свет“. „Блумберг Адриа е пред сè услуга за деловната заедница. Тоа е, исто така, повеќе од деловен медиум – тоа е деловна мрежа и платформа за навремени и релевантни разговори на теми од регионалниот бизнис и финансиите. Нашата комуникација со деловната заедница во последниве месеци го поддржуваат нашето верување дека ваква платформа недостасуваше во Адриа регионот. Добивме силна поддршка за нашиот проект меѓу регионалните бизнис лидери, носителите на одлуки и од пошироката деловна заедница. Она што го нудиме е уникатно и има додадена вредност за заедниците кои ја обликуваат економијата во регионот“, рече Само Ошина, Главен оперативен директор на Bloomberg Adria. За повеќе информации за Bloomberg Adria, неговата програма, регионалните редакции и други информации, посетете ја https://bloombergadria.com/. Следете го Bloomberg Adria на социјалните медиуми Facebook и LinkedIn. ### За Bloomberg Adria Bloomberg Adria е првата регионална мултимедијална платформа за деловни и финансиски вести во Југоисточна Европа. Со уредувачки центри во Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Србија и Словенија, Bloomberg Adria е посветен на највисоките уредувачки и деловни стандарди и е специјализиран за сеопфатно известување за глобалната економија и пазари преку телевизија, печатени и дигитална медиуми, мобилни и социјални медиуми и настани. Повеќе од 130 новинари, аналитичари и други професионалци секојдневно создаваат вести и анализи засновани на доверливи податоци за да им ја дадат моќта на носителите на одлуки и идните лидери во регионот на Југоисточна Европа и пошироко. Bloomberg Adria е производ на регионалната соработка помеѓу Bloomberg Media и Mtel Swiss. Посетете ја BloombergAdria.com за повеќе информации. За Bloomberg Media Bloomberg Media е водечки глобален бренд достапен на повеќе платформи кој на носителите на одлуки им обезбедува навремени вести, анализи и деликатни информации за бизнисот, финансиите, технологијата, климатските промени, политиката и многу повеќе. Овозможен од редакција од над 2.700 новинари и аналитичари, тој допира до влијателна публика низ целиот свет преку сите платформи, вклучувајќи дигитални, социјални, ТВ, радио, печатени медиуми и настани во живо. Bloomberg Media е оддел на Bloomberg LP. Посетете ја BloombergMedia.com за повеќе информации. За Mtel Swiss Мтел Свис е дел од групацијата Телеком Србија. Mtel Swiss соработува со светски медиумски компании и ја дистрибуира нивната содржина до големите радиодифузери, канали и платформи. За Телеком Србија Телеком Србија е лидер на телекомуникацискиот пазар во Србија и обезбедува уникатно и интегрирано корисничко искуство. Со разновидно портфолио на телекомуникациски услуги и директни операции во неколку земји во регионот, опслужува повеќе од 10 милиони корисници, додека глобално е присутен преку продажба на телевизиски услуги ширум светот. Компанијата изгради сопствен капацитет во областа на производство и дистрибуција на ексклузивни ТВ серии, филмови и врвни спортски содржини. Преку ексклузивно партнерство со Euronews, Телеком Србија неодамна го лансираше информативниот канал Euronews Србија. Телеком Србија е партнер и емитувач на Лигата на шампионите, Лига Европа, италијанската Серија А и шпанската Ла Лига, НБА и, од 2022 година, англиската Премиер лига. Post Views: 117...
Цената на дизелот намалена, на бензините останува иста
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Цената на дизелот намалена, на бензините останува иста петок, 1 јули 2022, 15:20петок, 1 јули 2022, 14:50 Редакција Бензини, дизел, Работник Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 29.06.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,573%, кај дизелот за 3,326%, кај екстра лесното масло за 3,241% и кај мазутот има зголемување е за 1,197%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит. Од 2.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 103,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм) Post Views: 126...
Објавени се резултатите од државната матура за учебната 2021-2022 година, просечната оценка подобра од лани
Работник - пред 3 дена
Магазин Новости Објавени се резултатите од државната матура за учебната 2021-2022 година, просечната оценка подобра од лани петок, 1 јули 2022, 15:00петок, 1 јули 2022, 14:48 Редакција државна матура, Работник Министерството за образование и наука информира дека резултатите од државната матура за учебната 2021-2022 година се веќе објавени и учениците можат да ги погледнат на огласните табли во училиштата, како и електронски преку најава на порталот rezultati.dic.edu.mk. Резултатите се објавени 12 дена порано од законски предвидениот рок. Согласно информациите од Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот кој се реализира од 2007 година, средната оценка на екстерните испити е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61. Одделно по предмети, средна оценка од 4,00 е постигната по мајчин јазик, 3,48 по англиски, 4,79 по француски, 4,70 по германски и 5,00 по руски јазик, 4,18 по математика, 3,93 по филозофија и 4,54 по естетика. Следува период на приговори, кои учениците може да ги поднесуваат до училиштата заклучно со 5 јули 2022 година. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по претходна најава и телефонско закажување термин на 12 јули 2022 година. Годинава за државна матура се пријавија 15.899 ученици, а полагањето се спроведуваше по идентичен концепт како и минатата учебна година, кој беше утврден во договор со средношколците, според кој тие полагаат два екстерни, два интерни предмети и проектна задача со скратени испитни програми. Во процесот беа ангажирани околу 2000 наставници како тестатори и околу 300 набљудувачи. Post Views: 190...
За мај плата не добиле над 16 илјади вработени, за други 10 илјади не се поднесени ниту пресметки
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот За мај плата не добиле над 16 илјади вработени, за други 10 илјади не се поднесени ниту пресметки петок, 1 јули 2022, 14:46 Редакција Вработени, Плата, Работник Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, изјави денеска дека за мај годинава, 6.250 работодавачи за 16.722 работници поднеселе МП пресметки, но немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5.211 работодавачи за 10.390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок. „Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференција посеветена на три години „Мој ДДВ“. Таа оцени дека е жално што секој месец мора да се објавуваат вакви податоци, наместо да се има почиста слика. Post Views: 308...
Започнува Европското првенство во танци 2022 – Скопје домаќин на 1800 танчери од 21 земја од Европа!
Работник - пред 3 дена
Магазин Новости Започнува Европското првенство во танци 2022 – Скопје домаќин на 1800 танчери од 21 земја од Европа! петок, 1 јули 2022, 14:40 Редакција Европско првенство, танци „По толку години и по короната конечно успеавме да донесеме еден огромен настан во Македонија. Ние едвај чекаме да почнеме со натпреварот. Европско првенство во хип-хоп значи дека најдобрите од најдобрите хип-хопери ќе се натпреваруваат за титулата Европски Шампион. Процесот за да се учествува на едно европско првенство е преку национални квалификации, а потоа најдобрите три од секоја земја доаѓаат во Македонија и се натпреваруваат за титулата Европски Шампион. Организатори на Европското првенство се танцовите клубови „Eat the Beat“ и „Break-A-Leg“ од Скопје, односно јас, Трајче Петковски и Илија Карадакоски од „Eat the Beat“. Позади нас стојат стотина луѓе, кои се вклучени во организацијата. Навистина се работи за една сериозна организација на првенство, на коешто за 1.800 натпреварувачи, во тие четири натпреварувачки денови, до минута е одредена една саатница во којашто се натпреваруваат. Ова ќе биде една ексклузивна можност за сите од Македонија да уживаат во натпреварувањето и да гледаат едни врвни кореографи. И ако ние не можеме да патуваме надвор во Европа, Европа конечно може да дојде кај нас и Македонците да уживаат во одличните танцови перформанси,“ изјави Трајче Петковски, на денешната прес конференција по повод Европското првенство во танци 2022 (IDO European Hip-Hop & Boogie Championships), кој воедно е и организатор на првенството. Во наредните неколку дена, започнувајќи од 02.07.2022 (сабота), па сѐ до 05.07.2022 (вторник), Европското првенство во танци 2022, со добра причина ќе ги обедини најдобрите танчери од Европа во пријателска атмосфера, каде што секој може да дојде и да ужива во магијата на хип-хоп танците, како и да се восхитува на спектакуларните изведби на талентираните танчери. „По толку долго време со пандемијата и без танцување, танчерите со нетрпение го очекуваат она кое следи тука во Скопје, а имаме навистина многу натпреварувачи кои доаѓаат од многу земји од цела Европа, со цел да бидат дел и да учествуваат во овој натпревар. Ова е прво големо првенство кое се оддржува по пандемијата, и навистина едвај чекаме првенството да започне. Имам дојдено претходно тука, и сум била и сум сведок на одличната организација,“ изјави Кирстен Дан Јенсен, Генерален секретар на IDO. На првенството кое ќе се оддржи во Ист Гејт Мол и СЦ Јане Сандански, голем број танчери од 21 држава во Европа, ќе ја претстават својата земја на сцената во склоп на натпреварувањето, трудејќи се да се рангираат што подобро. „Многу е едноставно, – имате национални IDO членови, ги прават квалификациите дома, потоа ги селектираат најдобрите можни танчери во соло и дуо формации и групи, – и ги праќаат на Европското првенство во танци. Секако, ги нема сите земји и места, доста е лимитирано, па затоа е голем престиж да се дојде во Скопје во Македонија и да се биде дел од ова прекрасно Европско првенство, бидејќи само најдобрите танчери од европските земји можат да бидат дел од сето ова. Како претставници на IDO, многу ни е драго што конечно сме тука и што Скопје е гостин на ова првенство, бидејќи отсекогаш имало супер танчери кои носеле европски и светски титули дома. Затоа, чест ни е што сме тука, а вие имате сѐ како земја. За нас ова претставува нов дел од светот којшто треба да го видиме, да уживаме во него и сигурна сум дека ќе се вратиме повторно овде,“ изјави Фиона Џонсон, Спортски директор на IDO. Скопје, како домаќин на Европското првенство во танци 2022, ќе го спои талентот на бројни танцови уметници и кореографи од цела Европа, со цел споделување на најдоброто од хип-хип културата со публиката на најдобриот можен начин, – танцувањето. „Би сакал да ги поздравам моите драги Македонци и пред сѐ Трајче Петковски и да им честитам што донесоа ваков феноменален настан овде во Скопје во Македонија, како и што му направија една голема услуга на целиот регион, бидејќи по правило навикнавме да патуваме и во Австрија и во Данска и во Шведска и на други места. Сега овде во центарот на Источна Европа е донесен еден одличен натпревар со скоро 2000 натпреварувачи од 21 земја, кое е нешто најдобро кога се работи за хип-хоп, буги, попинг, ќе бидат токму овде во Скопје и треба да сте горди на овие прекрасни луѓе. Ние ќе уживаме во феноменалното добредојде кое се чувствува на секој чекор. Големо е задоволството да се биде тука и се надевам дека ќе дојдете во голем број во халата во СЦ Јане Сандански со цел заедно да го проследиме ова натпреварување,“ изјави Предраг Катаниќ, Модератор на првенството. „Прв пат сум во Скопје, и веќе ги посетивме локациите кадешто ќе се оддржи првенството и навистина сме среќни што бевме сведоци на како сѐ е организирано. Морам да напоменам дека најважното нешто за нас, официјалните судии и целиот тим, е што организацијата пред самото првенство е на навистина високо ниво,“ изјави Крис Петељак, Официјален судија на IDO / Германија. Европското првенство во танци 2022 има за цел да понуди препознатливи настани како места за меѓусебно запознавање и поврзување на уметниците, како и да се воспостават корените на модерна платформа, којашто би ги поддржала младите, кои сакаат да се изразат на поинаков начин, но и да се едуцираат користејќи свој личен потпис и танцови движења, славејќи го танцот како најуниверзалниот јазик во светот за споделување на културите од целиот свет. Post Views: 73...
(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Се гаси производството во „ФЕНИ“, работниците ќе одат дома – ќе се продава на бугари?
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот (ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Се гаси производството во „ФЕНИ“, работниците ќе одат дома – ќе се продава на бугари? петок, 1 јули 2022, 14:32 Редакција Еуроникел, Работник, работници Синоќа целосно било изгасено производството во фабриката „Еуроникел“ претходно позната како Фени Индустри во Кавадарци – дознава Радио Лидер од извори во компанијата. Во печките повеќе не се топи руда, а ставени се на нивната минимум топлина, за да не станат неупоитребливи во иднина. Се очекува во наредните денови работниците на Еуроникел да бидат пуштени на принуден одмор. Скандалозно е што топилницата го прекинува произвоството во ситуација кога има огромни профити, затоа што во моментов цената на никелот на светските има висока цена која во изминатите месеци ги рушеше рекордите. Оттаму, останува непознато како е можно да се гаси производството, кога очигледно има огромен ќар? Еден од изговорите за кои се шпекулира е цената на електричната енергија, но и ова е сомнително затоа што при ваква цена на никелот анализите покажуваат дека има огромни профити и со скапа струја. Еден од сомнежите е дека Фени отишол како дел од пазарот во најновиот договор со Бугарија, имено, претходно топилницата се обидуваше да ја преземе бугарската Минстрој на олигархот Николај Волканов, но победи групата на Кочо Анѓшев кое преку интернационален фонд ја презема компанијата. Сега, како што дознаваме, како дел од договорот со Бугарија нашите власти на бугарите им ветиле дека ќе му му ја предадат фабриката на бугарскиот олигарх кој во Македонија е влезен во бизнисот со рудници. Post Views: 182...
КСС: Пратениците што нема да ги усвојат амандманите на синдикатите ќе бидат непријатели на работниците
Работник - пред 3 дена
Македонија Новости Правда Светот на работникот Синдикат КСС: Пратениците што нема да ги усвојат амандманите на синдикатите ќе бидат непријатели на работниците петок, 1 јули 2022, 14:05петок, 1 јули 2022, 14:06 Редакција КСС, пратеници, синдикати Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија уште еднаш јавно се обраќа до сите пратеници и членови на Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница да се охрабрат и да ги усвојат амандманите на синдикатите и оној за линеарно покачување на платите на вработените во јавниот сектор како и амандманот на КСС за парична помош на сите вработени во приватниот сектор. Ги повикуваме да ја согледаат состојбата во која што се наоѓа работникот во моментот неможејќи да ги сервисира своите основни животни трошоци кои поради двоцифрената инфлација, драстично поскапените нафтени деривати и од денес големото поскапување на електричната енергија нивните плати се обезвреднија. Иако премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања експлицитно одби да се прифтат амандманите на синдикатите, а од друга страна при носењето на минимална плата и нашето барање низ годините за усогласување на платите ветуваше дека пари ќе има за работниците, па затоа тргајќи од суштинската потреба на работникот што поспремно да ја пречека тешката зима што следи ги повикуваме сите пратеници во комисијата денес да размислат и одлучат со чиста совест и рационално да му помогнат на осиромашениот работник. Во спротивно оној пратеник кој ќе гласа за отфрлање на овие амандмани КСС ќе го прогласи за непријател на работниците и ќе бидат запаметен во историјата како човек кој не се грижи и ги урнисува работничките права. Post Views: 212...
Сертификат за деловна успешност добија 30 реномирани компании
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Сертификат за деловна успешност добија 30 реномирани компании петок, 1 јули 2022, 13:40 Редакција деловна успешност, Работник, сертификат, Сојуз на стопнаски комори Триесет претпријатија од различни дејности го активираат Сертификатот за деловна успешност со што се потврдува дека имаат достигнато висока бонитетна оцена А и Б за 2021 година. Подигнувањето на официјалниот документ беше организирано на настан во Сојузот на стопански комори на Македонија, а сертификатите ги врачија претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и косопственик на „Таргет Груп“ Огнен Огненовски. Бонитетната агенција „Таргет груп“ ги направи потребните анализи за проверка на ликвидност и солвентност на компаниите, нивните извори на средства, начинот на управување како и поединечните карактеристики на компаниите и нивното опстојување на пазарот. Сојузот е вклучен во афирмација, надзор и контрола на процесот. „Радува фактот што преку промоцијата која ја прави Сојузот, претпријатијата реагираат проактивно и ја прифаќаат важноста на поседување на овој сертификат кој е потврда за квалитетот на нивното работење, но и зелена карта за пристап до нови деловни можности особено на меѓународните пазари, што е клучно за нивниот раст и развој. Поседувањето на овој сертификат обезбедува безбедност на комерцијалното и финансиско работење, избегнување на непријатни состојби кои продуцираат ненаплатени побарувања, намалување на можностите за продуцирање на дополнителни трошоци кои произлегуваат од водење на судски постапки и процедури за присилна наплата“, истакна Ангелоски. Сертификатот за деловна успешност во деловното опкружување го потврдува и успехот на финансиските резултати, одржливоста и стабилноста, бидејќи покажува континуиран и беспрекорен бизнис, примерен и доверлив поради добрата дисциплина во плаќањето. „Добитниците на Сертификати за деловна успешност пред се треба да ја имаат во предвид најголемата предност, а тоа е дека се компании кои имаат успешно менаџирање на своите деловни процеси, успеваат да го задржат или подобрат своето работење и успеваат најголем дел од закани во нивното работењето да ги претворат во можности со цел постигнување на најдобри можни резултати“, истакна Огненовски. Класификацијата на бонитетната оцена подразбира претходна длабинска и сеопфатна финансиска анализа на трговските друштва за нивното работење во изминатата година како и споредба на нивното работење со индустријата односно стопанството. Компаниите носители на Сертификатот за деловна успешност работат многу успешно, а веројатноста за влез во еден од негативните настани во следните 12 месеци е исклучително мала. Носителите на Сертификатот за деловна успешност имаат веројатност помала од 1% да отпочнат стечај, претстечајна постапка или ликвидација и носителите на сертификатот имаат помала веројатност од 0,81% да бидат избришани од трговскиот регистар. Меѓу компаниите кои го подигнаа сертификатот од секторот Маркетинг и истражување на пазар се „БТС Арт Фактори“, „Маратон Гроуп“ и „Скрин-Медиа“. Најголем број на компаниите се од секторот Трговија, и тоа „Пеко“, „Екотип“, „Фрукта-Фрута“, „Тојота Авто Центар“ и „Техно-ауто“. Во секторите Архитектонски дејности и Градежништво, потврда за бонитет имаат „Гоинвест“, „Итек системс“, „Контрол Церт“ и „Евро Консалтинг“. Од другите сектори сертификатот го активираат „Палма траде“, „Вивитех“, „Б-Тецхнолоџи“, „Кара 5 Ентертејмент“, „Ки-пар“, „Агро-калем“, „Семос компјутерски образовен центар“, „Старкон шипинг“. Post Views: 89...
Лимитот за поврат на ДДВ за тримесечје ќе се зголеми од 1.800 на 2.100 денари
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Лимитот за поврат на ДДВ за тримесечје ќе се зголеми од 1.800 на 2.100 денари петок, 1 јули 2022, 12:52 Редакција МојДДВ, Работник Во координација со министерот за финансии во наредниот период ќе поднесеме предлог за измена на Законот за поврат на ДДВ за физички лица, најави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција. -Мерката „Мој ДДВ“ го слави третиот роденден. Со повратот на дел од данокот на додадена вредност, кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари. Измената на Законот е со цел од 1 јануари во 2023 година, да се зголеми лимитот на поврат на ДДВ. Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, објасни Лукаревска. Post Views: 246...
Синдикатот на клинички центар ги охрабрува здравствените работници чие барање за продолжување на работата до 67 години е одбиено, да поднесат тужба
Работник - пред 3 дена
Македонија Новости Правда Светот на работникот Синдикат Синдикатот на клинички центар ги охрабрува здравствените работници чие барање за продолжување на работата до 67 години е одбиено, да поднесат тужба петок, 1 јули 2022, 12:50 Редакција Работник, синдикат на клинички центар, тужба Директорите на јавните здравствени установи во Клинички центар и Министерот за здравство спротивно на законот, донесоа одлуки за прекин на договорот за вработување на поголемиот број здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж. Директорите на здравствените установи и Министерот за здравство немаат законски основ за донесување одлука за прекин на работен однос на здравствен работник, односно здравствен соработник кој дал согласност за продолжување на договорот за вработување, најмногу до 67 години возраст. Законот не им дава право на директорите на здравствените установи и Министерот за здравство со подзаконски акт, односно со формирање Комисија за анализа на податоците од Мој термин да донесат одлука за прекин на работен однос на оваа категорија работници најмногу до 67 години возраст, доколку тие дале согласност. Покрај тоа, ваквиот пристап без законски и јасно утврдени критериуми остава простор за селективни и дискриминаторски одлуки. Во завземање на ваквиот јасен и дециден став на Синдикатот на Клинички центар консултирани се врвни експерти од областа на работните односи. Синдикатот на клинички центар ја поддржува заложбата на Министерот за здравство за вработување млади доктори и друг здравствен персонал, но во услови на недостиг и одлив на здравствен персонал од јавното здравство, сметаме дека тоа треба да биде дел од системско решение, а не на сметка на високостручен кадар неопходен за едукација на овие млади доктори. Најмалку треба да е причина и основ за донесување на одлуки спротивни на законот. Синдикатот на Клинички центар ги охрабрува сите здравствени работници и здравствени соработници кои дале согласност за продолжување на работниот однос најмногу до 67 години, и на кои им е врачена одлука за престанок на работен однос поради наполнување 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, во законски предвиден рок ДА ПОДНЕСАТ ТУЖБА до судот при што во постапката по тужбите Синдикатот на Клинички центар ќе им даде заштита во остварување на нивните права. Post Views: 117...
АЗЕСКИ: ЕУ И НИЕ, БУГАРИЈА И ТИЕ … (бриселски бирократи)
Работник - пред 3 дена
Економија Новости АЗЕСКИ: ЕУ И НИЕ, БУГАРИЈА И ТИЕ … (бриселски бирократи) петок, 1 јули 2022, 12:17 Редакција Бранко Азески, стопанска комора Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Објавено во мојата најнова книгата „Што ни се случува“, јануари 2022 г. Насоките на ЕУ се, создавање регионален пазар на Западен Балкан, кој ИНТЕГРИРАНО треба да се поврзе со Европската унија преку Европската Економска Заедница – ЕЕЗ (инструмент за економско поврзување на земји од интерес на ЕУ кои не се, и веројатно нема да бидат нејзини членки). Иако ние, како држава, ги имаме исполнето минималните копенхашки критериуми кои се основ за било каков почеток на преговорите ЕУ, очигледно се плаши да не интегрира (внимавајте), поради слабите капацитети на бриселската администрација во која е заглавена, што значи не блокира поради капацитетите на нашата администрација, а признава дека е заглавена од нејзината администрација. Весела математика, пар екселанс „par ekselans“. А зошто навистина заглави бриселската администрација? Блокиран е буџетот за финансирање на рамковните програми за иновации и конкурентност. Доцнат програмите „ХОРИЗОНТ“, „ИПА 3“ и пограничните програми кои требаше да почнат во 2021 година. Унитарното владеење во одредени сегменти на ЕУ создаде отпор кај поедини земји, како што се Полска и Чешка. Сѐ потешко се носат одлуки со консензус. Сѐ на сѐ, причините дека ние треба да ги решиме најпрво билатералните спорови се само изговор за пролонгирање на процесите. Она што ние треба да направиме е, највнимателно да ги прочитаме пораките и ги прифатиме забелешките забрзувајќи ги процесите посочени во извештајот, затоа што е очигледно дека сами не можеме да се справиме со овие предизвици и тој дел од патот мора да го поминеме под менторство на Европската комисија, без разлика дали ќе станеме нивна членка или не. Изјава во емисијата ТОП ТЕМА на ТВ Телма, 3 ноември 2021 г. Јас со целата моја интелигенција, со целиот мој бекграунд и багаж не знам што е проблемот со Бугарија. Не знам што е ниту со Грција. Но се крена цел свет, сите знаеме дека е непринципиелно но ете им направивме ќеиф. Дали треба да им правиме ќеиф на сите на Балканот како мечката Божана. Јас не знам што проблем има Бугарија со нас, за бизнисот да решава некакво прашање. Во социјализмот се имаше перцепција дека не сме ја сакале Бугарија па затоа пруга не сме правеле. Но фактот е дека не сме правеле пруга од економски причини. Параметрите покажуваат дека таа пруга до пристаништето нивно до Бургас 90% поминува на бугарска територија, а 10% на македонска. Значи утре од приходот за транспортот 90% ќе одат кај нив, 10% ќе доаѓаат кај нас. Е затоа не се правела пругата. Не затоа што некој имал политика кон Бугарија. Во меѓувреме, македонските и бугарските граѓани ја минуваат границата и комуницираат, јас кога поминувам граница кон Бугарија не сум оптоварен, се чувствувам како да сум во својата земја. Не знам што е проблемот за да губи бизнисот време и тоа да биде услов за влез во Европската Унија. Не знам што бараат тие и меѓународната заедница од нас. Мислам дека таа работа треба веднаш да престане и да се реши. Нека расчисти Европската унија што не и функционира администрацијата и програмите од кои ние се финансираме и што добиваме помош на лажиче. Нека ги расчисти состојбите во нејзината гломазна администрација. Јас не гледам никаков проблем во односите со Бугарија. П.С. Двете мои изјави за односите со Бугарија и членството во Европската Унија дадени во изминатиот период, јасно и недвосмислено укажуваат каде лежат проблемите. Прво, кај нас во земјите од Западен Балкан. Ние мора како ТОП ПРИОРИТЕТ да ја поставиме економската интеграција и да покажеме и докажеме дека имаме капацитет да настапиме обединето, како и сите други региони во Европа. Второ, во редовите на Европската Унија која упорно го блокира процесот на отпочнување преговори затоа што е жртва на својата неконтролирана бирократија. Post Views: 89...
Денеска ќе се објават резултатите од државната матура
Работник - пред 3 дена
Магазин Новости Денеска ќе се објават резултатите од државната матура петок, 1 јули 2022, 12:13 Редакција државна матура, Работник Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите. Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61. Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година. За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk. На сите матуранти им посакуваме успеси понатаму во животот! Post Views: 80...
На малата Бела Кузев потребна ѝ е голема помош: СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ОВОЈ МАЛ БОРЕЦ
Работник - пред 3 дена
Магазин Новости На малата Бела Кузев потребна ѝ е голема помош: СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ОВОЈ МАЛ БОРЕЦ петок, 1 јули 2022, 12:09 Редакција Бела Кузев, помош, Работник Скопје, 01.07.2022– Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малата Бела Кузев уште од најрана возраст се соочува со висок ризик за настанување на една од најстрашните непријатели во денешно време- церебрална парализа. На малата Бела потребна ѝ е голема помош, затоа секоја донација е добредојдена, без разлика колку е голема, тоа е чекор напред во борбата со оваа болест. Со напредокот на технологија во медицината и за среќа постои надеж со рана интервенција Бела да се развива како здраво дете, а за тоа е потребна долготрајна и интезивна рехабилитација во поликлиниката во Загреб. Пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби, како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Бела да продолжи да го живее животот како и секое друго дете. Да ја покажеме хуманоста и човечноста уште денес за овој мал борец, и заеднички да помогнеме и придонесеме со донирање за лекувањето на Бела. Кај заболените од церебрална парализа и оние кои се под голем ризик за развој на оваа болест, од огромна важност е со рехабилитацијата да се започне што порано со цел да се подобри состојбата и да се овозможи нормален живот. Секој може да донира преку повик на мобилен телефон или преку уплата на банкарска сметка. Броевите и трансакциската сметка за донации се следните: А1- 143 476 Телеком- 143 142 Трансакциска: 270 7000655378 05 Халк Банка Бела Кузев #ГолемаПомошЗаМалатаБела Post Views: 90...
Сиромаштијата ќе расте – МТСП најавува пакет мерки за граѓаните во социјален ризик
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Сиромаштијата ќе расте – МТСП најавува пакет мерки за граѓаните во социјален ризик петок, 1 јули 2022, 11:40 Редакција МТСП, Работник, Сиромаштија Ќе расте сиромаштијата во земјава. Зголемувањето на трошоците за живот, поради секојдневниот пораст на цените на храната, нафтата, поскапата струја и најавата за раст на цената на парното, ќе го големи бројот на лица кои ќе бараат помош од државата. Од министертвото за труд веќе кројат мерки за да им помогнат. Во моментов 36,000 домаќинства живеат од социјална помош, од кои 6.000 се новозапишани од минатата година, кои ја изгубиле работата поради пандемијата. Од министерството сега не очекуаат толкави бројки, затоа што не с е очекува затврорање на фирмите, туку граѓаните , поради високите цени за живот, ќе немаат пари да го преживеат месецот. Навистина претстои тешка зима. Затоа заедно со министерот за финансии Бесими планираме пакет мерки кои од септември ќе ги понудиме, за полесно да се справат сите граѓани, посебно оние со социјален ризик., А со министерстовто за економија имаме посебна мерка за енергетската сирошматија, каде се плаќат дел од сметката за струја. Системот на министерството се покажа ефикасен и може да ги апсорбира сите материјално непбезбедени граѓани, изјави Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика. Според последните податоци на статистиката, во 2020та година четвртина од граѓаните, однсоно 452 илјади живееле под прагот на сиромаштија. Месецот го туркале со 5,600 денари. Сиромаштијата ја чувствуаат најмногу четиричлените семејства но и младите до д 17 години. Инаку, за да се задоволат основните месечни потреби, на едно домаќинство месечно му се потребни речиси над 38, 800 денари. Post Views: 138...
Работа, тренинг, балансирана исхрана … сигурно можете се да постигнете, еве и како
Работник - пред 3 дена
Магазин Новости Работа, тренинг, балансирана исхрана … сигурно можете се да постигнете, еве и како петок, 1 јули 2022, 11:37 Редакција работа, Работник, тренинг За многумина летото е време кога се носат одлуки за промена на начинот на живот, дневната рутина и секојдневието. Овие одлуки најчесто вклучуваат планови за подобра организација на дневното темпо, така што би одвоиле време за редовно вежбање, за воведување здрав режим на исхрана и активен социјален живот, а сето тоа заедно со исполнување на секојдневните обврски. Според дневната рутина што сите вообичаено ја имаме, за спроведување на ваквиот план потребно е да се има многу енергија за да се исполнат сите обврски а притоа да не го исцрпиме организмот. Иако сето тоа изгледа тешко да се спроведе, сепак не е невозможно и доколку промените ги воведете правилно, ќе го постигнете саканиот ефект. Запомнете, целта е со ваквите промени да се чувствувате повитално, поактивно и полни со енергија. Промената најлесна ќе биде доколку започнете со нова, квалитетна и здрава исхрана што ќе ве снабди со енергија за полесно справување со психичките и физичките напори во текот на денот. Со новиот начин на исхрана, во дневното мени, посебно наутро задолжително внесете протеини. Протеините се главен извор на енергија и тие се задржуваат во организмот повеќе отколку јаглехидратите и шеќерите и затоа се препорачуваат наутро, особено кога станува збор за појадок на работа или пред напорна работа. Кога веќе го започнувате денот со протеини, изберете здрави производи и такви што содржат и други корисни за здравјето состојки, како што е Баланс+ функционалниот јогурт. Со Баланс+ покрај многу потребните хранливи материи, во вашето тело внесувате и исклучително корисни влакна, како и пробиотските култури LA5 и BB12, посебно корисни и потребни за одржување рамнотежа на цревната флора и со така превенираат населување или развивање на лошите бактерии. Внесувањето на Баланс+ јогуртот помага при воспоставување на нормално функционирање на дигестивниот тракт. Добрите бактериски култури од Баланс+ уште и го поттикнуваат потребниот баланс во организмот, доброто расположение и ја обезбедуваат многу потребната енергија за успешен работен ден. Исхраната треба да биде распределена во редовни оброци, во точно одредено време, со цел да се следи природниот ритам што го диктира телото. На овој начин се создава чувство на ситост, го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат гладот во текот на денот. Освен тоа, не заборавајте на свежото овошје, зеленчук и многу вода. Со примена на ваква исхрана, започнете и рутина на едночасовни тренинзи три до четири пати неделно. Правилната исхрана и доволната физичка активност ќе создадат поголема енергија за организмот а истовремено ќе го поттикне чувството на задоволство и среќа. Започнувањето на ваквиот начин на живот, значи воведување баланс во секојдневието и тоа меѓу исполнувањето на дневните обврски и активности и потребите на организмот за да се чувствува здраво и витално. Post Views: 80...
Бислимоски: Инвестирањето во енергетски капацитети ја зголемува енергетската независност на државата
Работник - пред 3 дена
Економија Македонија Новости Бислимоски: Инвестирањето во енергетски капацитети ја зголемува енергетската независност на државата петок, 1 јули 2022, 11:34 Редакција енергетска криза, енергетски капацитети, Работник Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во осум месеци има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, стопанството за нешто повеќе од една година ќе успее да изгради централи со инсталирана моќност како ХЕЦ Козјак, истакна претседател на Комисијата, Марко Бислимоски на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум. Според него, како што соопшти РКЕ, соочени со високи цени на берзите, компаниите станале проактивни и започнале да инвестираат во обновливи извори на енергија, особено во фотоволтаични електроцентрали. – Само за период од осум месеци РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање ќе имаме 80 до 90 MW до крајот на годинава, истакнал Бислимоски. Со инвестирањето во енергетски капацитети, додаде, се зголемува енергетската независност на секоја држава. – Енергетската криза им покажа на сите земји дека мора да се забрзаат инвестициите во енергетскиот сектор посебно во обновливите извори. Паралелно неопходно е да се реализираат и инвестиции кои ќе обезбедат базна енергија. Станува збор за инвестиции во когенеративни постројки. Поради зголемениот интерес, но и можностите кои се нудат, сигурен сум дека во нашиот регион ќе имаме удвојување на вкупниот инсталиран капацитет од овој што е сега и тоа ќе биде исклучиво во обновливи извори на енергија. Оваа криза ќе ни биде поука дека само инвестициите се решение за надминување на енергетската несигурност, изјавил Бислимовски. Post Views: 65...
Денеска сите оние кои имаат наполнето 64 години мора да одат во пензија
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот Денеска сите оние кои имаат наполнето 64 години мора да одат во пензија четврток, 30 јуни 2022, 17:00четврток, 30 јуни 2022, 16:30 Редакција пензија, Работник Сите работнци кои поднесоа изјави за продолжување на работниот век, согласно старата законска регулатива, според која можеше да се оди во пензија и со наполнети 67 години, денеска им е крајниот рок за прекинување на продолжените договори за вработување поради возраст. Повеќе на Слободен Печат Post Views: 1.752...
Тренчевска: Развојот на локалните социјални услуги ги обединува сите чинители во градењето на заедницата
Работник - пред 4 дена
Новости Правда Тренчевска: Развојот на локалните социјални услуги ги обединува сите чинители во градењето на заедницата четврток, 30 јуни 2022, 16:23 Редакција Министерка за труд и социјална политика, Работник, социјални услуги Поддршка за развој на одржливи и квалитетни социјални услуги во локалните заедници според потребите на граѓаните и размена на искуства и практики меѓу општините, како даватели на социјални услуги, беше главна тема на настанот „Инвестирање во локални социјални услуги” , на кој покрај министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, учествуваа и претставникот на Делегацијата на ЕУ во земјава , Нафи Сарачини, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, претставници на општините и ЗЕЛС, експерти од областа на социјална заштита и граѓански организации. Децентрализацијата и модернизацијата на социјалните услуги во заедницата е во срцето на Законот за социјална заштита (ЗСЛ), кој веќе се применува три години. Воспоставени се многу нови социјални услуги на локално ниво, посебно во сферата на услуги во домот, кои е неопходно рамномерно да се воспостават во сите општини на ниво на држава. Министарката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во своето обраќање нагласи дека развојот на локалните социјални услуги е модел кој ги обединува сите чинители на локално ниво да се вклучат во градењето на заедницата. Затоа, локалните самоуправи како први меѓу еднаквите на подрачјето на кое делуваат заедно со своите партнери од граѓанските организации се исправени пред обврската да обезбедат социјални услуги за своите граѓани. „Како поддршка на овој процес Министерството за труд и социјална политика во изминатиот период спроведе активности за поддршка на општините во изработка на Локалните социјални планови, а дополнително се изготвени и Прирачник за зајакнување на капацитетите за социјална заштита на локално ниво, Упатство за функционирање на општинските совети за социјална заштита, Прирачници и Упатство за функционирање на советите за социјална заштита на планските региони како и Водичот за лиценцирање на даватели на социјални услуги во заедницата. Сите овие документи се изготвени да го олеснат и подобрат процесот на развојот на социјални услуги во заедницата и се достапни на веб страната на Министерството за труд и социјална политика,” рече Тренчевска. Преку донаторска помош, осумнаесет општини развија, или се во фаза на развивање, Локални социјални планови, а дополнителни 24 општини поддржаа развој на нови даватели на социјални услуги, од кои 15 даватели на услугата за помош и нега во домот и еден Центар за дневен престој на деца со попреченост, а развиени се и 10 нови даватели на услуги во делот на помош и нега и одмена на семејна грижа. Министерката ја потенцираше двојната придобивка во испораката на социјалните услуги на локално ниво, а тоа ангажирање на тешко вработливите лица од заедницата како даватели на услуги и помошта која ја добиваат корисниците на социјални услуги. Претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Нафи Сарачини, нагласи дека поддршката на ЕУ за МТСП е голема и ќе остане така и во иднина. Тој истакна дека во Унијата постојат различни методи на координација во сферата на социјалните услуги, но политиките на членките се индивидуални, а се водат според заеднички принципи. Еден од тие принципи е и принципот на недискриминирачка социјалната асистенција, а тоа значи да е пристапна таму каде што е најпотребно, т.е. на локано ниво. Според него деинституционализацијата и децентрализацијата се главни принципи за успешни реформи и воведување социјални услуги во заедницата. Тој потсети дека Унијата ги поддржува и политиките за младинско вработување и социјалениот дијалог на локално ниво, а исто така ЕУ обезбеди и директна поддршка на физичките капацитети на центрите за социјална работа. Сарачини најави дека во ИПА 3 е предвидена поддршка за развивање и воспоставување успешен систем на мониторинг и известување во спроведувањето на социјалните услуги. „Од аспект на европската помош, најголем напредок се гледа во социјалната сфера. Се надевам дека интересот за унапредување и подобрување на социјалните политики ќе остане и понатаму, со поддршка од ЕУ.” рече Сарачини. Градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров, истакна дека Општина Демир Капија останува силен поддржувач на процесите на деинституционализација и децентрализација. „Лицата од ранливите категории се во центарот на нашето вниманието и оттука мапирањето на нивните потреби е наша цел на која посветено работиме. Продолжуваме и понатаму да работиме на уште поголема инклузија и интеграција на сите граѓани без разлика на пол, вероисповест, националност, со цел остварување на нивните човекови права,” рече Петров. Вториот дел од настанот, со учество на шеесетина претставници од општините и даватели на социјални услуги, беше посветен на размена на искуства меѓу претставници од 22 општини, според методологијата „World Café”. Ова е првиот, од планираните три настани, кои ќе ги поддржат локалните самоуправи да ги мапираат локалните потреби и постоечките социјални услуги, да развијат локални социјални планови и нови услуги во заедницата, да ги идентификуваат давателите на социјални услуги и да понудат одржливост и понатамошен развој на веќе воспоставени услуги кои во моментов се финансираат преку грантови. Настанот го организираше проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги” финансиран од ЕУ, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Европската делегација, во соработка со ЗЕЛС. Проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги” го спроведува ЕПТИСА во конзорциум со CARE. Post Views: 168...
Мицкоски: Власта лаже кога зборува за струјата, покачувањето ќе биде над 18%, потребни се избори за што побргу потоа да се реструктурира ЕЛЕМ и да произведува доволно струја
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Мицкоски: Власта лаже кога зборува за струјата, покачувањето ќе биде над 18%, потребни се избори за што побргу потоа да се реструктурира ЕЛЕМ и да произведува доволно струја четврток, 30 јуни 2022, 16:20 Редакција ВМРО - ДПМНЕ, Работник, струја Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета во општина Гази Баба одговараше на новинарско прашање кое се однесуваше на вчерашното негово тврдење дека струјата ќе постапи за над 18%, а за кое власта велеше дека е лажно и рече дека од власта која толку пати го лажела својот народ, не очекува да ја кажат вистината после илјада кажани лаги. – Се обидуваат да го амортизираат незадоволството помеѓу граѓаните со што ќе кажат процент кој не е реален. Тоа ќе мора да се компензира со трансфери на пари од буџетот до поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, затоа што ЕСМ не е подготвено да ги произведе сите количини на струја која ги бара ЕВМ Хоум за да ги испорача до граѓаните и индустријата, што значи дека ќе мора да увезува скапа струја и таа скапа струја ќе чини помеѓу 150 и 200 милиони евра според некои проценки на годишно ниво. Имајте предвид дека кон крајот на оваа година повторно таму некаде на 30-31 декември ќе имаме уште една ревизија на цената на електричната енергија, така да од први јануари ќе биде можеби уште еден шок ако овие останат до тогаш. Затоа се потребни предвремени избори за да може ЕЛЕМ да се реструктуира за да го може да го произведе тоа што им е потребно на граѓаните и да немаме дополнително покачување на цената на струјата – рече Мицкоски. Мицкоски додаде дека ова што го кажуваат од 7,5% е голема лага, тоа ќе се случува во оние преодни месеци како април и мај и можеби и септември и октомври а зимата и летото поскапувањето ќе биде од 20 до 50% во зависност од тоа каква изолација имаат нашите домови. – Тука веќе немојте да зборувате за екологија затоа што граѓаните ќе горат сѐ за да можат да ги затоплат домовите во текот на зимата. Ова ќе биде исклучително тешка зима со исклучително загаден воздух во сите градови на Македонија. Имајте го ова во предвид уште од сега го најавувам за да не биде дека не сме го кажале. И второ, преку трансферот од буџетот од 150 до 200 милиони евра, тоа се пари на граѓаните кои што ова расипништво и лоповлук на владата ќе ги плаќаат преку своите даноци така што, треба да дојде крајот на овие криминалци во политиката а лекот за тоа нормално се предвремените парламентарни избори, тоа што го бара ВМРО-ДПМНЕ, да дојдат луѓе кои што знаат како треба да се работи за да не трпи стандардот на граѓаните – додаде Мицкоски. Post Views: 165...
Се зголемуваат платите за администрацијата на општина Гостивар и за вработените во јавните претпријатија
Работник - пред 4 дена
Македонија Новости Правда Светот на работникот Синдикат Се зголемуваат платите за администрацијата на општина Гостивар и за вработените во јавните претпријатија четврток, 30 јуни 2022, 15:20четврток, 30 јуни 2022, 16:15 Редакција администрација, општина Гостивар На денешната средба на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари со претседателот на Македонската конфедерација на синдикати, Дарко Димовски и претседателот на Синдикатот на правосудните органи и граѓанските здруженија, Трпе Деаноски, линеарно беа усогласени последните детали за зголемувањето на платите. во износ од 2.806 ден. “Сакам да истакнам дека како локална самоуправа, бевме први кои ги зголемивме платите во градските јавни претпријатија минатиот мандат. Во тоа време, кога минималната плата во земјава беше 15.000 денари, вработените во нашите претпријатија земаа плата од 18.000 денари, колку што е минималната плата денес во Македонија. Посакувам зголемувањето на платите, покрај достоинството на вработените, да влијае и на ефикасноста на услугите кон граѓаните”, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Колективниот договор меѓу општина Гостивар и синдикатите се очекува да биде потпишан следната недела. Post Views: 145...
За десет проценти зголемени платите на вработените во Рудник САСА во 2022 година
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот За десет проценти зголемени платите на вработените во Рудник САСА во 2022 година четврток, 30 јуни 2022, 16:12 Редакција Вработени, Работник, рудник, САСА Просечната плата што ја обезбедува Рудник САСА е до 80 проценти повисока од просечната плата во земјава. Овој процент е резултат на новото зголемување од 4300 денари, кое почнувајќи од утре ќе им биде исплатено на вработените, по претходна одлуката на менаџерскиот тим на САСА за ново зголемување на платите на сите вработени. -Почитувајќи ја напорната работа и посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, менаџерскиот тим на САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени. Почнувајќи од утре, 1 јули 2022 година, сите вработени во Рудник САСА ќе добијат зголемување на вкупно исплатената плата од дополнителни најмалку 4.300 денари. Со тоа, просечната плата што ја обезбедува САСА ќе биде до 80 отсто повисока од просечната плата во земјава, се вели во информацијата од Рудник САСА. Ова зголемување на платите го надополнува зголемувањето на нето платата од три проценти што САСА го исплатува од јануари годинава, а претходно трипроцентно дополнително зголемување годинава добија работниците преку прилагодување на неделните часови во смени. Со најновото покачување, платата на секој вработен во Рудник САСА, како што додаде генералниот директор на САСА, Скот Јеланд, само во текот на 2022 година е зголемена за најмалку 10 проценти. -Овие зголемувања на платите се дел од нашата трајна определба за обезбедување благосостојба и социјална сигурност на сите наши вработени, со тоа што тие ќе бидат соодветно наградени за нивните напори и постигнувања. Истовремено на овој начин сакаме дополнително да ги мотивираме нашите вработени со цел да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во работењето, изјави Јеланд. Со цел натамошен одржлив развој на САСА, паралелно, како што додаде тој, продолжуваат инвестициите за модернизација на производството, во безбедноста, во заштитата на животната средина и во проекти што се значајни за локалната заедница. Post Views: 211...
Голема побарувачка за стоматолози: Оваа професија успеала да се најде на трето место на листата на најбарани професии
Работник - пред 4 дена
Економија Новости Светот на работникот Голема побарувачка за стоматолози: Оваа професија успеала да се најде на трето место на листата на најбарани професии четврток, 30 јуни 2022, 16:00четврток, 30 јуни 2022, 15:33 Редакција професија, Работник, стоматолози Стоматологијата е традиционално медицинска наука која „лесно“ се вклопува во модерните текови, бидејќи изворедно ги усвојува сите иновации од 21 век. Колку и да ни е важна како здравствена гранка, таа е популарна и меѓу младите. Во последните неколку години владее огромна побарувачка за оваа струка, а според актуелните податоци, севкупното бработување во стоматологијата има тенденција за раст од 8 % од 2020 до 2030 година. Притоа, минатото лето се зборувало за тоа дека на САД им недостасуваат стоматолози, така што хроничниот недостиг на работна сила е еден од предусловите за просперитетот на оваа професија. Општо е познато дека добро е развиен и денталниот туризам, пред се во нашиот регион, бидејќи стоматолошките услуги на Запад се многу ценети и скапи. Поради тоа, секоја година, барем еднаш или двапати, луѓето од дијаспората доаѓаат тука на „ремонт“. Потребно е да се спомене дека и приватната пракса е доста исплатлива, бидејќи и кај нас може добро да се наплати. Фото: Shutterstock Telegraf Biznis. rs потсетува дека во морето на нови и атрактивни професии поврзани со ИТ, инженерство и дигитализацијата, стоматологијата успеала да се „пробие“ на 3 -то место меѓу најбараните професии. Фото: Shutterstock Post Views: 185...
Министерството за образование и наука објави Јавен повик за финансирање на проекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта
Работник - пред 4 дена
Магазин Новости Министерството за образование и наука објави Јавен повик за финансирање на проекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта четврток, 30 јуни 2022, 15:56 Редакција Министерство за Образование и Наука, Работник Во насока на подобрување на инфраструктурните услови во училиштата, како еден од основните фактори од кои зависи квалитетот на воспитно – образовниот процес, Министерството за образование и наука објави јавен повик за доставување на Барања за финансирање на проекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на училишни објекти на основни и средни државни, општински и училишта под надлежност на Градот Скопје, со средства од буџетот на Министерството. Пријавувањето од страна на Училиштето, Општината и Градот Скопје се врши со доставување на пополнет образец на Барање, имотен лист за училишниот објект кој е предмет на барањето и основен проект. Секоја Општина, односно Градот Скопје може да поднесат повеќе барања до МОН за реализација на проекти. Барањата во понатамошната постапка ќе бидат оценувани и соодветно рангирани од страна на Комисија формирана со одлука на Министерот за образование и наука, а врз однапред утврдени критериуми. Одбраните пректи ќе бидат дел од Програмата за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука за 2023 година. Јавниот повик ќе трае до 10 август 2022 година до 16:00 часот, и истиот е објавен на огицијалната страна на Министерството за образование и наука. За сите дополнителни прашања, субјектите за кои се однесува повикот можат да се обратат писмено до Одделението за капитални инвестиции, преку архивата на МОН (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, 1000 Скопје). Министерството упатува апел до Училишта, Општини и до Градот Скопје да ја искористат можноста и во интерес на учениците и на вработените во училиштата да аплицираат на повикот, со што стануваат потенцијални корисници на средствата кои Министерството за образование и наука ги обезбеди за подобрување на условите за следење и реализација на наставата. Post Views: 186...
ССНМ оствари средба со Министерката за труд Јована Тренчевска
Работник - пред 4 дена
Македонија Новости Правда Светот на работникот Синдикат ССНМ оствари средба со Министерката за труд Јована Тренчевска четврток, 30 јуни 2022, 15:39 Редакција Министерка, социјална политика, ССНМ, труд Фејсбук статус на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници: ССНМ оствари средба со министерската за труд и социјална политика Јована Тренчевска на која се дискутираше за потребата од унапредување на социјалната и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и заштита на нивните работнички права Посебен акцент се стави на работата во смени и прекувремена работа, работа во недела-ден на неделен одмор, исполнителноста на обврските од страна на работодавачите на договорите за вработување и потребата од предвремено пензионирање односно од бенефициран стаж. #LaborRights #MediaFreedom European Federation of Journalists – EFJ Post Views: 127...
Бектеши: Рестрикции ќе нема, иако не очекува тешка зима
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Бектеши: Рестрикции ќе нема, иако не очекува тешка зима четврток, 30 јуни 2022, 14:50четврток, 30 јуни 2022, 14:37 Редакција ЕСМ, Работник, рестрикции, струја Рестрикции на струја ќе нема, иако ќе биде тешка зима не само за Северна Македонија туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид. – Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството и согласно нивниот доставен план веќе е зголемено производството. Во однос на цените најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, што трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во делот на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако дека сите треба да бидеме свесни и посветени да се обидеме да заштедиме што повеќе елетрична енергија зашто ова не е криза само на Северна Македонија, ова е глобална криза, истакна Бектеши. Post Views: 111...
Ако ЕСМ ја продаваше струјата за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150 отсто, вели Ковачевски
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Ако ЕСМ ја продаваше струјата за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150 отсто, вели Ковачевски четврток, 30 јуни 2022, 14:35 Редакција АД ЕСМ, Работник, струја Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 отсто, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на прашања на новинарите во врска со цената на струјата. Во изјава на конференцијата за енергетика МЕФ 2022, Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста. -Треба да заземат став: дали ЕСМ треба да работи пазарно и да ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме по пазарна цена, значи по 300e/MWh, и во 2022 да има профит од 190 милиони евра, а поскапувањето за граѓаните да биде 150 отсто, или треба да ја продава по 48 e/MWh, поскапувањето да биде минимално, 7-8 отсто, а државата да му помогне на ЕСМ со прераспределба на средства од буџетот да може да ги покрие трошоците за работа? Се создава конфузија, различни субјекти се обидуваа да најават големи поскапувања, сега критикуваат што нема поскапување, едноставно е неодговорно и несериозно да бидеме сведоци на тоа- изјави директорот на ЕСМ, Ковачевски. Post Views: 115...
Доколку работодавачот не им исплати плати и придонеси 3 месеци последователно, работниците имаат право да покренат иницијатива за стечај
Работник - пред 4 дена
Новости Правда Светот на работникот Доколку работодавачот не им исплати плати и придонеси 3 месеци последователно, работниците имаат право да покренат иницијатива за стечај четврток, 30 јуни 2022, 14:07 Бобан Илијевски Македонско здружение на млади правници, Работник, работници, работодавач Бобан Илијевски Македонското здружение на млади правници одговора на неколку прашања поврзани со членот 67 од Законот за работни односи, кој предвидува дека работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и придонеси три месеци последователно, имаат право да поднесат иницијатива за стечај на работодавачот. Што во суштина значи став 1 од членот 67 од Законот за работни односи? Од Македонското здружение на млади правници велат дека членот 67 од Законот за работните односи им дава овластување на работниците доколку не им се исплатат три последователни плати, да поведат постапка за стечај над нивниот работодавач, која се уредува со Законот за стечај. Како оди постапката за покренување на иницијатива? Колку работници од одредена компанија се потребни за да се покрене инцијатива? Од МЗМП објаснија дека согласно членот 5 од Законот за стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога истиот е неспособен за плаќање, односно му претстои идна неспособност за плаќање. Ќе се смета дека должникот е неспособен за плаќање ако во период од 45 дена од која било негова сметка, кај кој било носител на платниот промет, не е исплатен износот што требало да биде исплатен врз основа на важечките основи за плаќање. Во случај на поднесување на предлог за отворање на стечајна постапка заради неисплатени плати или придонси, условот кој треба да се исполни а доаѓа од Законот за работни односи изнесува 3 последователни неисплатени плати и придонеси, велат од МЗМП. Од таму велат дека согласно членот 51, ст.1 од Законот за стечај, Стечајната постапка се поведува на предлог на доверителот, должникот или друго лице овластено со закон. Оттука, секој работник има право да поднесе предлог за отворање на стечајна постапка над работодавач кој не му исплатил три последователни плати или придонеси, но законот не ограничува и секако дека можат да се јават и повеќе предлагачи на истиот предлог. Истакнаа дека доколку стечаен судија дозволи отворање на стечајна постапка, тогаш сите доверители, вклучително и сите работници на кои работодавачот им нема исплатено макар и една плата или придонес, имаат право да ги пријават своите парични побарувања во стечајната маса. Додадоа дека работниците го имаат истото право и доколку над работодавачот е отворена стечајна постапка по пријава од страна на друг доверител или до страна на самиот работодавач. Колку овој механизам се практикува кај нас? Од МЗПМ рекоа дека иако има доста случаи во кои работниците ги пријавиле своите неисплатени плати и побарувања во стечајна постапка, не се директно запознаени дали некоја постапка е иницирана на предлог на работници по овој основ. Post Views: 583...
Дали би се менувале со нив? На овие работници им треба јакна, иако надвор пеколно жешко
Работник - пред 4 дена
Новости Светот на работникот Дали би се менувале со нив? На овие работници им треба јакна, иако надвор пеколно жешко четврток, 30 јуни 2022, 13:40 Редакција Работник, работници, Фрижидер Постои место кое повремено, во вакви денови пропратени со високи температури, на сите ни изгледа како идеално. Редакцијата на РТС проверила како изгледа кога на 35 степени, работното место е во фрижидер. Од 33 степени надвор, екипата влегла во фрижидер каде е четири степени. Таму биле 20 минути. Првите 10 минути, како што велат, навистина им пријало разладувањето, но тоа станало студено. Додека поголемиот дел на жителите на Белград се „топат“ на тропските температури, вработените во фрижидерот работат на температура од 4 степени. На прашањето како се чувствува кога ќе излезе надвор, Александар Кузмановиќ рекол: „никако, пот, жештина“. Не смееме веднаш на сонце, бидејќи можеме да паднеме во несвест, поради разликите овде и надвор. Чекаме да поминат неки пет, десет минути и потоа одиме, раскажала Санела Симониќ. Работниците во комората не би требало да бидат повеќе од два часа. Затоа се прават паузи од пола час, па потоа повторно влегуваат внатре. „Само јакни се потребни, никаква друга опрема“, додала работничката. Сепак, велат, може да се издржи на работа на толку ниски температури. Во фрижидерот е најубаво на лето, макар што и на зима им одговора, бидејќи често е потопло до надвор. Извор: Telegraf Biznis Фото: Shutterstock Post Views: 146...
Компанија по грешка му исплатила 330 пати поголема плата на вработен, па го молела да ги врати парите – еве што направил тој
Работник - пред 4 дена
Магазин Новости Светот на работникот Компанија по грешка му исплатила 330 пати поголема плата на вработен, па го молела да ги врати парите – еве што направил тој четврток, 30 јуни 2022, 13:20четврток, 30 јуни 2022, 13:00 Редакција вработен, Плата, Работник Еден вработен во компанија останал шокиран кога на својата банкарска сметка здогледал огромна сума на пари. Во процесот на депонирање плати на работниците за месец мај се случило нешто што завршило со милионска исплата на еден вработен. Кога компанијата ја воочила грешката, го известила работникот и барала од него да ги врати парите. Но, откако на сметката му „легнале“ 165.398.851 чилеански пезоси наместо 500.000, вработениот преку адвокат го раскинал договорот за работа и исчезнал. Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos“ од Чиле ја забележал секторот за човечки ресурси на 30-ти мај 2022 година и го известил работникот дека на неговата сметка е исплатен повеќемилионски износ, по што побарал од него да оди во банка и да го врати преплатениот износ. Работникот ветил дека тоа ќе го стори веднаш следното утро, но по повеќекратни повици и пораки од страна на компанијата за да дознае каква е ситуацијата со враќањето на парите, тој повеќе не бил достапен. Неговиот адвокат на 2-ри јуни ја известил компанијата дека го раскинува договорот за работа, а подоцна компанијата подигнала тужба против работникот. Post Views: 146...
Деспотовски: Носиме инвеститори кои ќе создаваат поголема вредност и можности за исплаќање поголеми плати
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот Деспотовски: Носиме инвеститори кои ќе создаваат поголема вредност и можности за исплаќање поголеми плати четврток, 30 јуни 2022, 12:58 Редакција Работник, фабрика, фармацевтски гиганти Фабриката на „Гересхајмер“, која соработува со фармацевтски гиганти како Фајзер, отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ), вели Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ, за Утрински брифинг. Директорот на ТИРЗ вели дека со ова Германија станува најголем инвеститор во индустриските зони во Македонија. -Ова е развоен правец каков што не се практикуваше досега. Ние сега носиме инвеститори кои ќе создаваат поголема вредност па оттука ќе имаат можности и да исплаќаат поголеми плати за вработените. Освен тоа, станува збор за инвеститори кои ќе вршат голем број вработувања, вели Деспотовски. Post Views: 90...
Влада: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку ќе плаќаат помалку
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Влада: Со новото праведно тарифирање, оние кои трошат помалку ќе плаќаат помалку четврток, 30 јуни 2022, 12:17 Редакција Влада, електрична енергија, ЕСМ, Работник Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата, соопштија денеска од владината прес-служба. Тоа значи, како што посочуваат, еден вид на праведен данок – оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе. -Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија. Новото праведно тарифирање е резултат на широка транспарентна и јавна експертска дебата со вклучени чинители во енергетскиот сектор, се наведува во владиното соопштение. Оттаму информираат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. -Ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. Евтината тарифа останува од 22 часот до 7 часот наутро, а блок тарифите важат само за скапата струја. Тарифниот систем е правопропорционално димензиониран во корист на потрошувачите, соопштија од Владата. Како што посочуваат, и во изминатиот период поддршката на Вадата кон ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават час за универзалниот снабдувач за 100 проценти задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, овозможи цената на струјата за домаќинствата да не се покачи за 145 проценти, а тоа значи поддршка за секое домаќинство во просек по 3.500 денари на месечно ниво, односно 42.000 денари на годишно ниво. -Доколку ЕСМ ги обезбедуваше законските 60 проценти електричната енергија, другите 40 проценти на слободен пазар, како и загубите на енергетските компании да се на слободен пазар тогаш цената ќе се зголемеше за 153 проценти. Но ЕСМ поради сложената енергетска состојба со која се соочува цела Европа обезбеди 100 проценти струја за домаќинствата. Истата е субвенционирана и е наменета за граѓаните со цел да се заштити стандардот. Државната политика е поставена да се грижи за граѓаните, а не за профит во време на енергетска криза. Наместо ЕСМ да го продава овој вишок на електрична енергија и да книжи профит, ќе биде насочен кон домаќинствата. Ангажирани се сите енергетски капацитети на максимум, се потенцира во соопштението. Владата и институциите во услови на светска енергетска криза ја нагласуваат неопходноста од рационално користење електрична енергија и штедење. Од Владата посочуваат дека мерките за граѓаните во услови на најголема криза, продолжуваат. Post Views: 130...
Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена четврток, 30 јуни 2022, 11:56 Редакција Бензини, дизел, Работник, цена Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/литар Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 109,00 (денари/литар) – Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 111,50 (денари/литар) – Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 106,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 105,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 53,305 (денари/килограм) Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Post Views: 220...
БЕЗ РАБОТНИЦИ НЕМА КОМПАНИИ, НО БЕЗ КОМПАНИИ НЕМА НИТУ РАБОТНИЦИ
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот БЕЗ РАБОТНИЦИ НЕМА КОМПАНИИ, НО БЕЗ КОМПАНИИ НЕМА НИТУ РАБОТНИЦИ четврток, 30 јуни 2022, 11:55 Редакција Работник, работници, стопанска комора Стопанската комора во континуитет покренува разни иницијативи и доставува барања до надлежните институции, се’ со цел да се им се помогне на компаниите во нивното работење. Од почетокот на годинава се доставени повеќе иницијативи, на пример, инцијатива поврзана со Законот за извршување, друга иницијатива поврзана со Законот за работни односи во неколку сегменти, вклучително и за недела неработен ден итн. Притоа, важно е да се истакне дека иницијативите и барањата на Стопанската комора се насочени кон обезбедување опстанок и зголемување на успешноста на компаниите набљудувани во целина. Стопанската комора не е организација само на работодавачите, за тоа постои друга посебна институција што така се вика. Значи Стопанската комора е комора за компаниите во целина, и за сопствениците и за работниците, а помеѓу нив и за менаџерите. Тоа се три групи на играчи на една иста екипа која не може да се натпреварува на пазарот доколку не е комплетна со сите три групи. Сите тие се меѓусебно нераскинливо поврзани и во тој контекст никој не ги сака повеќе работниците од оние што им даваат плата за вложениот труд и придонес. Имајќи го ова предвид, важно е да се разбере дека кога се носи правна регулатива за работењето на компаниите таа мора да биде избалансирана за целината на работењето на компаниите и да биде во линија со пазарните законитости за да можат компаниите да опстанат и да бидат успешни на долг рок. Ако законските одлуки не се такви, имаат само парцијален фокус и носат бенефиции само за една група играчи во тимот, на пример работниците, а со таквите одлуки се зголемуваат финансиските обврски за компаниите, не се овозможува работење на компаниите, на пример во недела и не се води сметка за законитостите на пазарната економија, тогаш таквите законски решенија на долг рок не се добри ниту за самите работници. Да не заборавиме дека компаниите се борат на пазар кој сега е глобален и мора да бидат конкурентни со цената на своите производи и услуги за да опстанат на пазарот. Ако компаниите не се конкурентни заради законски решенија со парцијален фокус, тогаш компаниите мораат соодветно да го прилагодат своето работење за да опстанат и за да ги сочуваат оние работни места што пазарот им дозволува да ги сочуваат. Накусо кажано, без работници нема компании, но и без компании нема работници. Линк од видеоизјавата (30.6.2022 година) на потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, м-р Зоран Јовановски – https://youtu.be/GbN_k1NkdqE Post Views: 150...
Македонија едно место погоре во Глобалниот индекс за почитување на работничките права на ИТУК
Работник - пред 4 дена
Новости Правда Светот на работникот Синдикат Македонија едно место погоре во Глобалниот индекс за почитување на работничките права на ИТУК четврток, 30 јуни 2022, 11:21четврток, 30 јуни 2022, 11:22 Редакција индекс, ИТУК, Македонија, работници, работнички права Македонија напредува во почитувањето на работничките права. Според Индексот за глобални права на Светската Конфедерација на синдикати, државава е на листата на земји каде регуларно се прекршуваат работничките права, во 2022 година, за разлика од претходната кога беше на листата на држави каде системски се прекршуваат работничките права. Во истата листа со Македонија се: Непал, Нигер, Руанда, Габон Маурициус и други. На истата листа е и Обединетото Кралство, Полска и Белгија. Од регионот на листата се: Албанија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Деветото издание на овој Индекс рангира 148 земји според степенот на почитување на работничките права. Како едене сеопфатен преглед на работничките права, Индексот претставува една база на податоци од таков вид. Во ова девето издание забележени се рекорди во неколку области: 113 држави ги исклучуваат работниците од правото на основање или здружување во синдикат. Истиот тој бро во 2021 бил 106, што значи дека е зголемен во 2022 година. Работниците се исклучени од застапувањето на своите работни места во Авганистан, Буркина Фасо, Мјанмар, Сирија и Тунис. 77 % од државите го ускратиле правото на основање и здржување во синдикат. Властите во 74 % од државите го попречувале регистрирањето на синдикати, што претставува зголемување од претходните 59 %, со државна репресија на активностите на независните синдикати во Афганистан, Белорусија, Египет, Јордан, Хонконг, Мјанмар и Судан. Во 50 држави, работниците биле изложени на физичко насилство, што е зголемување од 45 во 2021 година, вклучувајќи и пораст од 35 % на 43 % во државите од азиско – пацифичкиот регион и од 12 % на 26 % во Европа. Во 87 % од државите забележани се прекршувања на правото на штрајк. Штрајковите во Белорусија, Египет, Индија, Мјанмар, Филипни и Судан се пропратени со апсења на синдикалнте лидери и насилни репресии. Четири од пет држави го блокирале процесот на колективно преговарање. Во секој од регионот ова право било прекршувано како во јавниот, така и во приватниот сектор. Во Тунис не можат да се одржуваат никакви преговори без одобрение од шефот на Владата. Генералниот секретар на ИТУК, Шаран Бароу рекла оти знаат дека работниците се на самата линија на фронотот кога станува збор за повеќекратни и вонредни кризи како што се: невидени нивоа на нееднаквост, проблеми поврзани со климатските промерни, пандемија која уништува животи и егзистенцијата на луѓето, како и конфликти со разорувачки влијанија на домашен и глобален план. Индексот на глобални права на ИТУК покажува дека овие нестабилности се искористуваат од страна на бројни влади и работодавачи во смисла на напади на работничките права. „Ние мораме да ги објавиме негативните пракси за да ги натераме владите да сфатат дека мораат со новиот социјален договор да ги инапредат областите како: вработување, плати, права, социјална заштита, еднаквост и инклузија“, рече Бароу. Според индексот убиени се синдикални лидери во 13 земји, 41 % од државите го ускратиле правото на слобода на говор и собирање, работниците биле поизложени на апсења и притворања во 69 држави, додека 66 % од државите на работниците им го ускратиле пристапот до правосудството, вклучувајќи го тука зголемувањето од 76 % на 95 % во државите од Африка. Post Views: 93...
СТОЈАНОСКИ: МАКЕДОНСКИОТ РАБОТНИК ВРЗУВА ЕДВАЈ КРАЈ СО КРАЈ, A ВЛАСТА ГО ОДБИВА БАРАЊЕТО НА ССМ ЗА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот СТОЈАНОСКИ: МАКЕДОНСКИОТ РАБОТНИК ВРЗУВА ЕДВАЈ КРАЈ СО КРАЈ, A ВЛАСТА ГО ОДБИВА БАРАЊЕТО НА ССМ ЗА ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ четврток, 30 јуни 2022, 9:39 Редакција Владата, ВМРО - ДПМНЕ, Работник, ССМ Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања упати пратеничко прашање до Претседателот на Владата Димитар Ковачевски за тоа Дали ќе биде прифатен предлогот на ССМ за линеарно покачување на плата и линеарно зголемување од 2,806 денари, бидејќи во моментов е навистина тешко да се сврзе крај со крај за македонскиот работник. Стојаноски рече дека овие прашања се директно произлезени од синдикатите и се нивна желба. ССМ и КСС како најголеми синдикални организации во државата се обратија до сите политички партии во Парламентот и до сите координатори со испратени писмени барања со барање за изнаоѓање на пратеничка група со која таа тие нивни барања ќе ги преточи во амандман за тие да бидат расправани и усвоени. „Имаме секојдневни штрајкови од различни синдикални организации, можеме да просведочиме дека во моментов е навистина тешко да се сврзе крај со крај за македонскиот работник затоа што имаме историски највисока инфлација, сиромаштијата галопирачки расте, цената на горивата никогаш не била повисока, цената на храната исто така не била никогаш повисока и не престанува да расте а цената на енергенсите галопирачки исто така се вивнува во облаците и не престанува да расте таа цена“, потенцираше Стојаноски. Стојаноски посочи дека власта не се прави ништо за да се сопре и така разгорената инфлација која се случува во моментов Стојаноски заклучи дека потрошувачката кошничка секојдневно се зголемува, платите во Република Македонија ја губат трката со зголемените цени. Додека пак трите главни контибутори за една обична нормална живеачка, горивата, храната и цената на струјата не престануваат да растат. Затоа сосема е логично барањето на работниците за повисоки плати. Post Views: 160...
НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПОДОЦНА, КОВАЧЕВСКИ ПОВТОРНО НАЈАВУВА МЕТОДОЛГИЈА ЗА ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ И ЗАКОН ЗА ПЛАТИ
Работник - пред 4 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПОДОЦНА, КОВАЧЕВСКИ ПОВТОРНО НАЈАВУВА МЕТОДОЛГИЈА ЗА ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ И ЗАКОН ЗА ПЛАТИ четврток, 30 јуни 2022, 9:38 Редакција Плати, Работник, работници Премиерот Димитар Ковачевски од Собранието најави дека ќе има зголемување на платите, воведување методолгија за пораст на платите која ќе зависи од порастот на трошоците на живот, од зголемувањето на просечната плата и од зголемување на перформансите на работниците. Ковачевски најави воведување закон за плати во кој ќе се знае која ќе биде конзистентноста и структурата на платите во државата. Ковачевски во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање од Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, наведе дека таков закон веќе има во Белгија, Косово.. Такви закони се болни зошто голем дел од државна управа не сакаат да ги прифатат бидејќи, како што рече, во секоја институција има вработени кои имаат и натпросечни плати, но има и вработени во институции кои имаат помали плати, потпросечни плати, а врз кои паѓа добар товар од работата, но заради хронолошки, системски и нерешени прашања тоа останало така. Премиерот иформира дека им дал задача на вицепремиерот за економски работи, на министерот за финансии и на министерката за труд и социјална политика да изготват такво законско решение, а социјалниот дијалог со Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) да се води во насока на воспоставување методологија која ќе обезбеди поголеми плати. Ковачевски информира дека оваа Влада води дијалог со Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за сите прашања кои ги засегаат работниците, а претходно одлуки се носеле само во Владата без да бидат консултирани синдикатите. Потсети дека беше зголемена минималната плата на највисоко ниво досега или на 18.000 денари Post Views: 174...
Ни за дневница од 2.400 денари никој не сака да бере грозје, јаболка, праски…
Работник - пред 5 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот Ни за дневница од 2.400 денари никој не сака да бере грозје, јаболка, праски… среда, 29 јуни 2022, 17:00среда, 29 јуни 2022, 15:12 Редакција дневница, земјоделци, Работник, сезонски работнци Потребата за ангажирање сезонски работници во летните месеци е голема, но интерес за сезонска работа нема. Сезонски работници нема ни за лек, а сè помалку луѓе се одлучуваат за дневници да работат на нивите низ Македонија. И покрај тоа што дневниците не се воопшто ниски и изнесуваат од 1.200 до 2.400 денари, берачи тешко се наоѓаат. Нашите не сакаат да работат за овие пари, а албанските сè помалку ги има. Оние земјоделци кои имаат помали површини сами си го берат грозјето со роднини, пријатели, но тие што имаат поголеми површини и повеќе хектари со лозје, јаболка мораат да ангажираат берачи. Повеќе на Вечер.прес Post Views: 482...
Ампева до газда Никоб: Дали им исплативте плата на вработените и дали им исплаќате законски гарантирана минимална плата?
Работник - пред 5 дена
Новости Светот на работникот Ампева до газда Никоб: Дали им исплативте плата на вработените и дали им исплаќате законски гарантирана минимална плата? среда, 29 јуни 2022, 16:21 Редакција Никоб, Работник Фејсбук статус на Кристина Ампева: До газда никоб. Прашања од мене. 1. Денеска е 29ти јуни, а платата на вработените ваши требаше да ја исплатите до 15ти јуни за мај? Дали е исплатена и зошто не е? 2. Дали им се исплаќа на вработените законски гарантираната плата минимална со соодветно исплаќање на додатоци и надоместоци на плата како што се минат труд, прекувремена работа, сменска работа и слично? И зошто не? 3. Дали им се даваат откази на вработените поради јавни коментари на социјалните мрежи каде си прашуваат за својата плата? Воедно испратено е барање до надлежни институции за да проверат. Post Views: 1.379...
Инвестиција од 1,3 милиони евра на Алкалоид пуштена во употреба
Работник - пред 5 дена
Економија Македонија Новости Светот на работникот Инвестиција од 1,3 милиони евра на Алкалоид пуштена во употреба среда, 29 јуни 2022, 16:00среда, 29 јуни 2022, 15:26 Редакција Алаклоид, инвестиција, Работник Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза, велат од „Алкалоид АД“. Најновата инвестиција на „Алкалоид АД“ Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописи за чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет. Новиот објект се простира на површина од вкупно 1,620 м2 и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини; подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага; административни простории и технички кат. За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосно приспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацин со производствените објекти. Со реализацијата на оваа инвестиција во ПЦ Фармација, целосно е осигурено најсовремено управување со суровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници. Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт. Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милиони евра беше извршено од страна на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата. Во складишните капацитети на „Алкалоид АД“ Скопје вработени се вкупно 120 извршители. Post Views: 180...
Од петок поскапа струја! Просечно за 7,4% за трите блок тарифи
Работник - пред 5 дена
Економија Македонија Новости Од петок поскапа струја! Просечно за 7,4% за трите блок тарифи среда, 29 јуни 2022, 15:24 Редакција Работник, струја Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика се дека доколку не беше воведен новиот систем на блок тарифи, струјата ќе поскапеше за повеќе од 17 проценти. Струјата од петок поскапува во просек за 7,4% за трите блок тарифи. За четвртиот блок во кој се најголемите потрошувачи ќе има и најголемо зголемување на цената на електричната енергија, коешто ќе се движи од 11,4% до речиси 100 проценти за оние коишто енормно трошат струја. Тоа значи дека просечната цена за електричната енергија за 98,8 проценти од домаќинствата ќе се зголеми за 7,4проценти. „Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика се дека доколку не беше воведен новиот систем на блок тарифи, струјата ќе поскапеше за 17,74% проценти“, вели првиот човек на регулаторното тело, Марко Бислимоски. Регулаторната комисија за енергетика денеска одржа подготвителна седница, по која и официјално соопшти колку ќе поскапи струјата од 1 јули, во зависност од понудените тарифи на ЕВН Хоме, АД ЕСМ, АД МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција. Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемен трошок за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%. Post Views: 223...
Регулаторна објави за колку поскапува струјата за домаќинствата
Работник - пред 5 дена
Економија Македонија Новости Регулаторна објави за колку поскапува струјата за домаќинствата среда, 29 јуни 2022, 14:28среда, 29 јуни 2022, 14:29 Редакција Работник, струја За 98,8 проценти од домаќинствата цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 проценти. -Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории, изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Бислимоски. Post Views: 304...
Шаќири на подготвителен министерски состанок во Париз пред одржувањето на Самитот за трансформација на образованието во организација на УНЕСКО
Работник - пред 5 дена
Магазин Новости Шаќири на подготвителен министерски состанок во Париз пред одржувањето на Самитот за трансформација на образованието во организација на УНЕСКО среда, 29 јуни 2022, 14:24 Редакција Работник, унеско Како да се забрза прогресот на образованието до 2030 година е главна тема на министерскиот состанок кој денес и утре во организација на УНЕСКО се одржува во Париз, а на кој учествува и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Станува збор за подготвителна активност која претходи на Самитот за трансформација на образованието што ќе се одржи во септември годинава во седиштето на УНЕСКО во Њу Јорк, а кој треба да ги мобилизира главните општествени чинители во секоја земја со цел утврдување на нов правец за развој на образованието. На подготвителниот министерски состанок во Париз е предвидено министрите за образование и наука од повеќе земји од Европа да ги презентираат првичните исходи од националните консултации кои се спроведуваа во изминатиот период, да дискутираат за клучните препораки од активностите за иницијативите за глобална соработка и да ги утврдат најзначаните практики за интензивирање на развојот на образованието. Свое излагање во текот на денот ќе има и министерот Шаќири, а ќе се осврне на активностите кои Владата на Северна Македонија ги презеде во насока на обезбедување континутет на воспитно – образовниот процес за време на пандемијата, за промените кои се започнати токму во периодот на здравствената криза со цел унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и за идните планови врзани токму за остварувањето на оваа цел. Post Views: 109...
Како да го избегнете бранот на откази во вашата компанија?
Работник - пред 5 дена
Новости Светот на работникот Како да го избегнете бранот на откази во вашата компанија? среда, 29 јуни 2022, 14:19среда, 29 јуни 2022, 14:25 Бобан Илијевски Вработени, компанија, менаџмент, Работник, работодаач, човечки ресурси Подготвил: Бобан Илијевски Целиот свет се соочува со трендот на „Големиот отказ“, познат и како The Big Quit. Тој подразбира бран на откази од страна на работниците, односно заминување од работните места во многу поголем број од претходно. Degordian неодамна на пазарот го пуштил Stethoscope, решение преку кои компаниите можат да го ублажат или да го избегнат овој негативен тренд. Зошто луѓето даваат отказ? Секако, и пред целиот свет да го зафати криза со давање на откази, постоеле оправдани причини за заминувањето од компаниите и генерално менување на работа. Сепак, сега, кога на тоа се одлучуваат се поголем број на луѓе, бројни компании имаат проблем со недостиг на работна сила и неразбирање зошто дошло до незадоволство кое ги поттикнало луѓето дадат отказ од работа. Истрражувањата покажале дека се поголем број на луѓе даваат откз најмногу поради незадоволството со меѓучовечките односи, како и поради тоа што нивниот работодавач не ги цени. По овие две водечки причини, на листата на причини за заминување од компаниите се нашле и малата плата, лошиот однос кон сопственото здравје поради големата количина на работа, како и недостигот на можности за напредување, учење и развивање на вештините. Поради тоа, како исклучително важна ставка се покажала и способноста на работодавачот на своите вработени навремено и транспарентно да им ја предочи визијата на компаниите, работните процеси, организациската структура и насоката во која сакаат да се развиваат, па како последица се појавува незадоволството со сегшната работа и желба за промена. Што можат да направат работодавачите? Во интерес на секој работодавач е да ги задржи работниците, да привлече нови и да го бие добар глас како работодавач. Достигнувањето на ова, секако, е комплексен процес кој бара детални анализи и планови. Degordian, кој инаку има канцеларии во четири градови – Загреб, Белград, Мостар и Њујорк, а во Хрватска дури шест пати освоил награда за најдобар работодавач, осмислил алатка која го овозможува токму тоа, истражување на задоволството на вработените како и подетални резултати на основа на кои понатаму се прават акциски планови за задржување на вработените. Алатката на Degordian, Stethoscope замислена е како решение за предизвиците со коишто се соочуваат одделите за човечки ресурси. Stethoscope е алатка за истражување на задоволството и ангажираноста на вработените која се состои од два прашалника. Првиот е голем прашалник со истоимен назив „Stethoscope“. Се спроведува еднаш годишно и се состои од повеќе од 100 прашања кои ги пополнуваат вработените. Резултатите се испраќаат во секторот за човечки ресурси и менаџментот. Собраните податоци алатката автоматски ги обработува и дава детален увид во состојбата на компанијата. Можат да се филтрираат и сегментираат низ 20 различни категории. На основа на добиените податоци, ЧР и менаџментот можат да направат детални акциски планови за воочување на проблемите, но и одржување на задоволството на оние подрачја кои се покажале како предност на компанијата. Освен големиот прашалник, алатката Stethoscope овозможува и спроведување на краток месечен прашалник под назив Pulse. Овој прашалник служи за испитување на успешноста на имплементираните мерки и воочување на подрачјата кои бараат дополнително внимание и активност на ЧР и менаџментот. Сето што е наведено му овозможува на работодавачот да на време ги воочи потенцијалните предизвици и незадоволства внатре во компанијата, реагира и долгорочно го спречи бранот на откази од страна на своите вработени. Што ова значи за иднината на работењето? Прашалнците за (не)задоволство обично се многу комплицирани, а толкувањето на податоците се сложен процес кој дополнително ги троши ресурсите на компаниите. Со Stethoscope тој процес е максимално поедноставен, истовремено задржувајќи ја темелноста и јасните показатели на потенцјални и моментални предизвици за секоја компанија. Еден од најголемите бенефити на самата алатка е токму автоматизацијата на анализирањето на податоците. Резултатите се достапни веднаш, со тоа носителите на одлуки ќе можат многу брзо да се насочат кон осмислување на акциски планови. Тоа значи дека реакцијата на компаниите може да биде брза и ефикасна. Меѓутоа, со оглед на тоа дека заедно со Stethoscope, кој се спроведува еднаш годишно, постои и помал прашалник, Pulse, компанијата може да ја следи успешноста на акциските планови на месечно ниво и со тоа повремено да реагира. Долгорочно, за работењето, тоа значи она кон што секој работодавач треба да тежи – унапредување на задоволството на вработените, кое последично носи и намалување на флуктуацијата. Stethoscope Извор: BIZLife Фото: Degordian Post Views: 194...