Maлер на колото: Атлетик Билбао му „зеде“ добивка од 4 милиони денари (Фото)
Маркукуле - пред 1 час
Обложувач од Пирок, Општина Боговиње својата среќа ја побара во составување на тикет со 17 парови фудбалски натпревари кој пред десет дена го уплати во обложувалницата Евротип, и беше во игра за добивка се до вчерашниот ден. Тикетот беше одигран со Евротип Клуб Картичка што ја направи неговата потенцијална добивка за 4 милиони денари поради ЕвроБонусот. Овај тикет можеше да биде еден од оние кои носат огромна добивка и шанса за голема среќа. Меѓутоа на патот до таа среќа и добивка застана шпанскиот Атлетик Билбао (особено голманот Рајковиќ) кој не успеа да слави победа на домашен терен против Мајорка, и со тоа одиграниот „кец“ остана единствениот промашен тип на тикетот. На нашиот играч од Пирок му посакуваме да продолжи со составувавање на вакви тикети и во иднина, кои сигурно во еден момент ќе му ја донесат посакуваната добивка. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
И магнетчиња за на фрижидер донеси од Париз
Маркукуле - пред 2 часа
Јас идниот месец одам во Париз каде со францускиот колега ќе потпишам договор за купување систем за ПВО одбрана – истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во “Тема на денот” во дневникот на Сител ТВ. Тенковите кои се дел од трите одлуки за донација на воена помош и вооружување за Украина се транспортирани и со нивната донација не се нарушува борбената готовност на нашата Армија, информира вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа, во Тема на денот на ТВ „Сител“, изјави дека Министерството досега од почетокот на агресијата врз Украина донесе три политички одлуки во Владата што се уште се класифицирани заради безбедносни прашања, меѓутоа многу скоро, на предлог на министерката ќе бидат декласифицирани и во соодветна форма ќе и биде соопштено на јавноста што точно е тоа што сме го донирале. Петровска рече дека се работи за трета генерација неперспективна опрема, која за кусо време ќе требаше да биде предмет на уништување. Појаснувајќи зошто се класифицирани, Петровска рече дека на почетокот сите земји кои донираа објавуваа транспарентно, но потоа следувала замолница тоа да не биде толку транспарентно поради безбедносни причини. – Кога ќе ја донесете одлуката и кога ќе ја дадете содржината што се донирате потоа следи процесот на транспорт на таа опрема. И тоа се разбира може во вакви околности да претставува и безбедносен ризик. Тоа е единствената причина заради која што сметавме дека во тој момент, рече Петровска. Министерката појаснувајќи зошто донацијата не влијае на нашата Армија, нагласи дека во процесот на пристапување на нашата држава во НАТО правени се многубројни планови во однос на тоа каква ќе биде структурата на нашата Армија, но и за тоа што значи борбена готовност на нашата Армија и каков вид на вооружување ние треба да поседуваме. Во тие планови, како што додаде, е предвидено точно кои капацитети ние ќе ги развиваме и во таа насока се направени и сите останати планови за модернизација на Армијата, но и долгорочниот план за развој на одбранбените способности. – Не треба да заборавиме дека откако сме земја членка на НАТО нашата безбедност ја делиме заедно со останатите земји членки и ние сме дел од колективниот систем на безбедност, заклучи Петровска. Одговарајќи на прашање, Петровска најави дека ќе се набавуваат нови хеликоптери со западна патформа кои се мултифукционални и тоа е на линија на плановите за развој на одбранбените способности и капацитети на нашата Армија. Дополни дека освен оние шест оклопни возила кои беа испорачани во земјава, очекуваат испорака на уште 27 такви возила. – Во поглед на набавката на сисемот за противвоздушна одбрана, договорот е веќе финализиран, јас на почетокот на септември ќе одам во Париз на еднодневна посета и каде заедно со министерот за одбрана на Франција ќе го потпишеме овој договор. Останатите договори се во понапредна фаза, рече Петровска. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Комедија, Владата до граѓаните: Туширајте се со малку вода, користете скали наместо лифт, загревајте се на сонце…
Маркукуле - пред 2 часа
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Мерките се однесуваат на домаќинставата, компаниите и државните институции, а ќе се применуваат од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. МИА ги објавува во целост донесените препораки на Владата за заштеда на електрична енергија до 15 отсто. Препораки за домаќинставата -Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока. -Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури. -Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом. -Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. – Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. -Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата. -Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија. -Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија. -Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив. -Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него. -Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони). -Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата – Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуoресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност. -Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом. -Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици. -Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила. -Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови. -Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост). -Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн). -При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност. – Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти. – Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина. -Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени. – Доколку е возможно инсталирајте колекторски системи за загревање на вода. – Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија, – Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво. – Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите -Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи. – Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја). 2. Препораки за бизнис заедницата – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти – Да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина. – Греење и ладење: во пр оизводните објекти, хали и канцеларии во сезона на ладење температурата на климатизерите да се подесува не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата со него. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – При градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари да се инсталира топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење па дури и за подготовка на топла вода. -Доколку компанијата има потреба од санитарна топла вода, да се инсталираат сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување во електромоторните погони. – Да се применуваат нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки. – Да се инсталира систем за управување со енергија во деловниот објект, како и во самиот технолошки процес. Задолженија за јавните институции (Министерства, Агенции, органи на државна управа) и државни претпријатија 3.1 Задолженија за раководните лица во јавните институции и државните претпријатија Заради настанатите состојби поврзани со енормниот пораст на цената на електричната енергија на регионалните пазари и недостатокот на сопствено производство на електрична енергија потребно е во периодот од 1 септември 2022 година до 31 март 2023 година, сите раководни лица на јавните институции на централно ниво а превземат соодветни мерки за да се намали потрошувачката на електрична и топлниска енергија за 15% споредено о истиот период од 2021/2022 година. За да може да се спроведе штедењето потребно е сите раководни лица во јавните институции да ги превземат сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во соодветни услови со примена на задолжителните мерки и тоа: – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици – Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина – Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. – Јавните институции да целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија. – доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи. – Се задолжуваат сите институции на централно ниво од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година. – Се задолжуваат јавните институции, Министерствата, Агенциите,државните претпријатија и сите други органи на државна управа на централно ниво, кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во најкус можен рок да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар. 3.2 Однесување на вработените во јавните институции и државните претпријатија – Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија, – Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж. – Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина. – Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно. – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4. Препораки за општините и градот Скопје 4.1 Препораки за раководните лица во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици – Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина – Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени – Општините и градот Скопје, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. – Општините и градот Скопје целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време. – Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. – Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории. – Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот. – Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија. – Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи. – Од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година. 4.2 Препораки за однесување на вработените во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво – Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија, – Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж. – Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина. – Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно. – Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4.3 Препораки за јавното осветлување во општините и градот Скопје Општините и градот Скопје да направат распоред, така што на половина од улиците и булеварите го исклучуваат јавното осветлување, наизменично, преку еден ден; или 5. Препорака за ЈП Патишта Се препорачува на ЈП Патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава која ги опфаќа државните патишта. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Xaoc во Неготино: Heвpeме кopнеше кpoвови, уништени автомобили (Видео)
Маркукуле - пред 5 часа
Големо невреме го зафати Неготино денеска од 16.00 до 16.30 часот. Пожарникарите се веќе на терен и интервенираат. Граѓаните почнале да ги пријавуваат штетите, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите снимки од хаосот во градот после големото невреме. На истите може да се забележат турнати кровови и големи материјални штети. Жителите бараат помош на ул.”Пиринска”, напоменувајќи дека штетите биле огромни. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Општина Битола започна да ги отстранува дивите гаражи – 85% од граѓаните гледаат позитивно на оваа одлука
Маркукуле - пред 5 часа
Општина Битола ги носи своите програми за работа во согласност со потребите на жителите на општината, кои доаѓаат како резултат на нивни барања, општински анализи од страна на стручни лица во општинските одделенија и приоритети посочени од месните заедници. Една од применуваните алатки при донесувањето на клучни одлуки е испитувањето на јавното мислење, спроведено по пат на анкети – велат во денешното соопштение од општина Битола. По направеното испитување на јавното мислење, во однос на дивите гаражи во градот, на прашањето дали Ви пречат дивите гаражи, 85 % од анкетираните се изјасниле со да, а 15 % со не. Граѓаните беа запрашани и дали просторот од дивите гаражи треба да биде уреден за паркирање, на што 75 % се изјасниле со да, а 25 % со не. По сондирањето на јавното мислење, во мај оваа година, беше донесена Одлука на Совет за изведување на градежни работи за рушење на постоечки објекти, со која просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ од околу 1500 метри ќе биде преуреден. По донесувањето на одлуката, општинскиот инспекторат ги презеде потребните мерки и ги извести станарите за постапките кои ќе следуваат, со што се завршени потребните законски процедури за почеток на отстранувањето на гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ. Општина Битола, заедно со ЈП за паркирање, на оваа локација ќе понудат соодветно прифатливо решение за станарите, кои ќе можат да ги паркираат своите возила, но на уреден урбан простор, каков што доликува на централното градско подрачје. Интересите на граѓаните треба да бидат земени во предвид, но тоа мора да бидат интереси и на останатите жители во насока на правилен развој на градот, а не само на мал број привилегирани лица кои гравитираат околу посочената локација. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Рускоска е суспендирана! Кој и зошто го направил ова?
Маркукуле - пред 8 часа
Шефицата на обвинителстовото за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија. Русковска е суспендирана откако против неа, како и обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева, беше покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција. „Да времено сум отстранета од работно место“, потврдува таа за ТВ21. Суспензијата на Русковска доаѓа откако државниот обвинител Љубомир Јовески наложи ревизија на предметот која таа го водеше против шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми за рекетирање бизнисмени. Со суспензијата Русковска нема да може да го продолжи предметот против функционерот на СДСМ. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Фатени двајца битолчани кои yкpaле чанта со пapи и картички од возило, па трошеле и од картичките
Маркукуле - пред 9 часа
Денеска (16.08.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишени се од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34), постапувајќи по пријава од 02.30 часот од страна на 46-годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, според која на 15.08.2022 околу 21.30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари. Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Македонија воведува мерки за штедење на cтpyja, еве што опфаќаат
Маркукуле - пред 9 часа
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година. -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции. Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Математиката на министерот Алити: Во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци
Маркукуле - пред 11 часа
Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци. Иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција. Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија. „Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“, гласи став 4 од членот 20-а на законот. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Затоа помалку шетање
Маркукуле - пред 11 часа
Рече еднаш еден мудрец…. ж Затоа деца, помалку шетање, а повеќе учење! Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Фатени двајца битолчани кои палеле автомобили
Маркукуле - пред 11 часа
На 15.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се М.М.(36) и Р.К.(26), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од Кривичниот законик. Имено, во 09.30 часот во СВР Битола И.В. од Битола пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот на 14.08.2022 до 07.15 часот на 15.08.2022 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Внимавајте: Водата од овие чешми во прилепско не е за пиење
Маркукуле - пред 11 часа
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Веселчани – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с Алинци – Петрески Киро – водоводна мрежа, л.в.с. Воково – Мијаноски М. – водоводна мрежа, село Прилепец јавна чешма – водоводна мрежа, с. Волково – крајпатна чешма Св.Спас – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа, локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа не одговара за употреба. Исто така Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Загорани – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и л.в.с. Лагово – Петрески Тоде – водоводна мрежа одговара за употреба. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Откако ФБИ му влезе во имотот Трамп пpeдyпpeди: На Америка ќе ѝ се случат лоши работи
Маркукуле - пред 14 часа
Пред една недела агенти на ФБИ ја „чешлаа“ куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Фокс“ кажа дека ќе се случат „ужасни работи“ ако не се намали фрустрацијата поврзана со потрагата. Бившиот претседател кажа дека понудил помош на американското Министерство за правда додека истрагата продолжува „зашто температурата мора да се спушти на земја“. „Ако не, ќе се случат ужасни работи“, кажа Трамп. Трамп претходно беше обвинет дека доверливи информации и документи му давал на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, но засега нема потврда за такво нешто. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Ни доаѓа вистински “пекол”: Oд утре температури до 40 степени во Македонија
Маркукуле - пред 14 часа
По лошото време во последните денови повторно доаѓа период на стабилизирање. Од среда следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Споменот за Нешкоски трае: Ракометни ентузијасти и годинава по седми пат го организираат меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”
Маркукуле - пред 1 ден
Во знак на сеќавање на нашиот сограѓанин и спортски работник Миле Нешкоски оваа година по седми пат се организира традиционалниот меморијален меѓународен турнир во негова чест. Турнирот ќе трае од 26-28 август, а новина оваа година е што на турнирот ќе учествуваат две странски екипи, односно Дубочица од Лесковац, Србија и РК Паок од Солун, Грција. “Учесници се екипите на РК Прилеп, РК Паок, РК Струга, РК Дубочица, РК Скопје и РК Мулти Есенс. На 26.08. во петок од 16:30ч. имаме положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски пред Универзалната сала и свечено отварање на турнирот. После тоа во 18ч. го имаме првиот натпревар помеѓу екипите на домаќинот РК Прилеп и РК Паок. Во 20ч. играат РК Дубочица и РК Мулти Есенс. Во саботата натпреварите почнуваат во 10ч. и првиот натпревар го играат РК Паок и РК Струга. Во 12ч. играат РК Дубочица и РК Скопје, во 18ч. играат РК Прилеп и РК Струга, додека во 20ч. се РК Скопје и РК Мулти Есенс. После одигрувањето на натпреварите во група, во недела се игра разигрување за место, во 9ч. се игра за 5 место, во 11 се игра за 3 место, а во 12ч. е финалниот натпревар. Во 14:30ч. имаме свечено доделување на награди и затворање на турнирот”, истакна Рубинчо Седлоски, член на организациониот одбор на турнирот. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
(Видео) Xaoc на седницата на Советот во општина Битола: Паднаа пцовски и клетви кон советниците
Маркукуле - пред 1 ден
Советот на општина Битола денеска ја одржува 16-те седница. Пред почетокот на седницата имаше протест на пазарџии од пазарот во Нова Битола, пред зградата на општина Битола. Во еден момент пазарџиите влегоја во салата каде се одржуваше седницата и со клетви им се нафрлија на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Поинаку и ДОМ за време на седницата на Советот во Битола, откако гласаа воздржано по предложената точка од Левица пазарџиите да се вратат да продаваат на паркингтот зад новиот пазар. Општина Битола, по денешната реакција на пазарџиите со закупени тезги во Новиот реонски пазар, кои побараа промена на одлуката со цел да се вратат на претходната локација на паркинг просторот и таму да ги продаваат производите, ги известува пазарџиите и граѓаните дека во Новиот пазар веќе се преземени сите мерки за подобрување на условите и надминување на пречките за закуп на тезги. Во соопштението на општината се вели дека на 26 април Управниот одбор на ЈП Пазари донесе одлука со која што се укинува претходната одлука донесена од 2014 година и се носи одлука идентична со претходната, само се укинува продажбата на производи на паркингот од камион. На 29 април на седница на Совет истата одлука беше едногласно усвоена од страна на сите советници, со одредени забелешки, кои ЈП Пазари требаше да ги отстрани. Едно од барањата беше реорганизација на тезгите, која е комплетно завршена, според форма која е најфункционална и за пазарџиите и за купувачите. Нефункционалноста и нехигиената во тоалетите е отстранетa како забелешка, а се направи и соодветно обезбедување на влезови и излези на пазарот за слободен дотур на храна, со што сите забелешки се отстранети, а дополнително се набавени колички за дотур на стока. Ваквиот потег на ЈП Пазари, следуваше по големиот број на реакции од страна на граѓаните кои што живеат во околината на пазарот, реакциите од страна на дуќанџиите кои што имаат дуќани во пазарот и од страна на закупците во пазарот, пред сѐ на нехигиената која што беше составен дел од продажбата на паркинг просторот, без никакви хигиенско-технички услови за продажба на храна. ЈП Пазари континуирано работи на подобрување на условите за продавачите, така што се обезбеден, стои во соопштението на Општина Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Мицкоски: Ако еден пратеник на опозицијата гласа за промена на Уставот си заминувам од политика засекогаш
Маркукуле - пред 1 ден
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од одморот во Крашиќи, Црна Гора во изјава за медиумите истакна дека доколку макар еден пратеник од опозијата гласа за пормена на Уставот и влез на Бугарите во истиот тој ќе си замине од политика. -Првиот браник е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјавите имало пратеници, од раководството итн. Нема такви. Еве јас тука сакам да ја затворам таа тема по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Јас гарантирам. Ако гласа некој за промена на Уставот, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката. Никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката ако јас додека сум претседател под овие улови биде променет Уставот, вели Мицкоски. Според првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдумот, рече тој во одговор на новинарско прашање поврзано со најавите на опозицијата за референдумско изјаснување, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката. – Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има. За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот – напомена Груби во одговорот на новинарско прашање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Младите македонски голмани направија растур на шампионатот во Рига, Летонија – Тренерот од Прилеп, Соколески горд на своите ученици
Маркукуле - пред 1 ден
Работата на прилепскиот тренер Ице Соколески со голманите на македонските машки ракометни репрезентации, уште еднаш се покажа на дело. Младите голами Иван Галевски и Давид Брестовац со нивниот извонреден ефект на младинскиот шампионат во Рига Летонија докажаа дека од нив можат да се очекуваат големи работи во иднина. Нашите голмани имаа најмногу одбрани од сите чувари на мрежите, остварувајќи ефект од 77 одбрани од 179 удари кон нивниот гол, или 43% успешност. Соколески не беше во Рига, но се виде неговата работа за време на подготовките. Следен предизвик за кадетите ќе биде настапот на Мундијалот во Хрватска следното лето, додека во 2024 година ќе играат на ЕП. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Толку од намалувањето: Од полноќ поскапување на цените на гopивата
Маркукуле - пред 1 ден
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58% во однос на одлуката од 11.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140%, кај дизелот зголемување во просек за 2,090%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95- 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98- 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 90,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)-86,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС - 52,814 (денари/килограм) Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
(Видео) Застрашувачка глетка на Халкидики: Паника кај посетителите во познатото туристичко место
Маркукуле - пред 1 ден
Застрашувачка глетка ги вознемири капачите на плажа на Халкидики! Туристите кои се одмараа на плажата Паљури на југот на Касандра беа вознемирени од огромното торнадо кое одеднаш се формираше недалеку од брегот. – Чест и познат временски феномен. Тоа се случува речиси секоја година, само што сега е малку поголемо. Опасност за чадорите. Нема врска со еколошка хистерија – додаде еден корисник. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Се продадовме на рати? Цар Самоил владеел со бугарското царство, но со центар во денешна Македонија
Маркукуле - пред 1 ден
Објавени се препораки кои Комисијата ги усвои во текот на својата работа во последните 4 години. Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници. Има вкупно 5 препораки од македонска страна за бугарските учебници за 5-ти клас основно образование и исто толку препораки од бугарска страна за македонските учебници за 6-то одделение. Тоа се учебници кои го третираат античкиот период, а исто така објавени се и препораките за заедничко чествување на историски личности, пренесува Инфомакс. Вака првиот човек на Комисијата за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, ја започна денешната прес-конференција која следуваше веднаш по брифингот со новинарите. – Објавени се препораки за заедничкото чествување на Светите Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил. Тоа се текстови за заедничко чествување кои се идентични и со кои ние препорачуваме до двете влади на одредени годишници да се чествуваат заедно овие личности. Во однос на учебниците, усвоени се по 5 препораки. Нашата страна сметаше дека треба да има подорување во бугарските учебници за одредени теми, а истото го направи и бугарската страна. Овие препораки одат до Владата, која треба да ги усвои – рече Ѓоргиев. Целата статија можете да ја прочитате ТУКА. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Бугарско знаме на споменикот од Гоце Делчев во Градски парк во Скопје (Фото)
Маркукуле - пред 1 ден
„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на бугарската фондација. Активисти на таканаречената фондација „Македонија“ поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Покрај овој споменик, тие најавија дека од денеска до 21 август ќе имаат нови активности во Македонија, меѓу другото и да „исчистат неколку споменици“. Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“. Стојанов на својот фејсбук-профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Тој сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза. „Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија. Оваа фондација пред неколку месеци се пофали дека низ Скопје залепи 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме биле еден народ со Бугарите. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Внимавајте како возите, полициjaта пpaви пapтал: Само во еден ден казнети 801 возач за брзо возење
Маркукуле - пред 1 ден
Во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 801 возач. Од нив 69 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 494 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Проблеми и за родителите и за децата: Учебниците ќе доцнат на стартот од школската година?
Маркукуле - пред 1 ден
Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година. -На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, повторно ракописот со измените се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената. Така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници, велат од Министерството за образование. Во меѓувреме, во тек е и постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците, а на 12 август беа отворени пристигнатите понуди. Од ВМРО-ДПМНЕ го потсетуваат министерот за образование Јетон Шаќири на законската обврска учениците на 1 септември да добијат учебници. Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1 септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни. -За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра – вели Шаќири. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Денеска нови цени на горивата
Маркукуле - пред 1 ден
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. Согласно последната одлука на РКЕ, цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство се намалија за два денари. Цените на дизел горивото и мазутот останаа непроменети. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм) Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Избегната тепачка: Конте и Тухел за малку ќе се разменеа yдapи по натпреварт Челси-Тотенхем (Видео)
Маркукуле - пред 1 ден
Тренерите на Челзи и Тотенхем, Антонио Конте и Томас Тухел за малку ќе се степаа на натпреварот од 2. коло на Премиер лигата. Првиот судир меѓу тренерите дојде откако играчот од средниот ред на Тотенхем Спарс, Емил Хојбјерг го израмни резултататот на 1:1. Конте притрча блиску до Тухел и почна да слави, по што Германецот го оттурна Италијанецот. Двајцата тренери добија опомена од судијата. Вториот конфликт се случи по натпреварот. Ракувањето на тренерот заврши така што Тухел не му ја пушти раката на Конте, туку почна да ја извртува, покажувајќи му на колегата да гледа во очи. Откако тренерите уште еднаш се пресметаа, мораше да ги раздели стручниот штаб и играчите на двата тима. Напуштајќи го теренот, Конте се скара со капитенот на „сините“ Цезар Аспиликуета. Подоцна, главниот судија на натпреварот Ентони Тејлор ги исклучи двајцата тренери. Натпреварот заврши нерешено – 2:2. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
(Видео) На Плетвар се вози на англиски начин?
Маркукуле - пред 2 дена
Револт кај патниците кои патуваат кон Прилеп, бидејќи сообраќајот не е добро регулиран. Поставени се семафори на две места кои ретко кој ги почитува, со што се прави животозагрозувачка ситуација. Дали тајмерот не е усогласен на двете ленти, или пак возачите кои слегуваат по Плетвар поминуваат на црвено, тоа треба да го утврди сообраќајната полиција… Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
(Видео) Куриозитет, стадионот “Гоце Делчев” остана без линии среде утакмица
Маркукуле - пред 2 дена
Комична ситуација се случи денеска на натпреварот од второто коло во Првата лига помеѓу Победа и Тиквеш, на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, кога дождот во второто полувреме ги избриша линиите на теренот, па натпреварот мораше да биде прекинат за одново да се обележат. Победа за жал одново загуби. Кавадарчани со погодок во првото полувреме стигнаа до драгоцени три бода, што сигурно ќе им значат многу во борбата да останат во најелитното фудбалско друштво. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Пожap во хала за откуп на земјоделски производи помеѓу селата Крушеани и Обршани
Маркукуле - пред 2 дена
Вчера вечерта околу 20:15ч. избyвнал пожap во хала за откуп на земјоделски производи на патот помеѓу селата Крушеани и Обршани. Од ТППЕ Прилеп испратено е 1ПП возило со 3 пожарникари и 1ПП возило и 3 пожарникари од ТППЕ Кривогаштани. Пожapoт за брзо време бил ставен под контрола и било спречено негово ширење. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Полни раце работа за полициjaта и инспекторите синоќа во Прилеп: Фатена дpoга, непријавени работници, неиздавање фискални и пиjaни возачи
Маркукуле - пред 2 дена
Вчеравечер (13/14.08 2022), согласно планот „Безбедно лето 2022“ од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за униформирана полиција, СВР Битола-ОВР Прилеп во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола на подрачјето на Прилеп, со која беа опфатени повеќе угостителски објекти. При контролите од слобода се лишени М.Г.(18) и И.М.Т.(28), бидејќи при преглед кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.М.Т. прашкаста материја. Во угостителскиот објект на ул. „Орде Тутески“ во Прилеп во 00.40 часот биле затекнати и приведени двајца малолетници од Прилеп, кои биле предадени на родителите против кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во угостителските објекти констатирани се и низа неправилности од страна на инспекторатите: неиздавање фискални сметки, непријавени работници, немање дозвола за работа на тераси во објектите и друго, за што ќе бидат изречени глоби. Во текот на изминатата вечер беше спроведена и акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, шест за возење без возачка дозвола, еден за измината важност на возачката дозвола и еден за возење без дозвола. При контролата констатирани се и четири останати прекршоци, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Карчески асистира и Победа губи на полувреме
Маркукуле - пред 2 дена
После 12 години Победа денеска игра прволигашки фудбал на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Гостува лутиот ривал од Кавадарци, екипата на Тиквеш, која со погодок во 45-та минута поведе со 0:1 на полуврмето. Асистент за погодокот беше Даниел Карчески, прилепчанецот кој минатата година играше во редовите на ФК Победа. Прилепчани имаат силна поддршка од трибините и сите очекуваат позитивен резултат од денешниот натпревар. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Кој е најдобриот ланец од маркети во Прилеп? Одговорот е јасен
Маркукуле - пред 2 дена
Пазарев во Футура, нема што нема, а и евтино како нигде на друго место, имаше акција на еден куп производи – ова најчесто ќе ви го каже секој од Прилеп кога ќе го прашате од каде испазарил намирници за дома. А богами нема да ве излаже, затоа што прилепскиот бренд “ФУТУРА” е меѓу првите компании кои отворија големи маркети во градот. Со чесно и домаќинско работење компанијата во изминатите години ја освои довербата на прилепчани и жителите на околните општини. Дека тоа е така говори и фактот што во 2020 година компанијата беше помеѓу најуспешните и најпрофитабилните компании во Прилеп, рамо до рамо со другите гиганти од прилепската економија. Во “ФУТУРА” прилепски кажано ќе најдете од пиле млеко. Подредени рафтови како во аптека, се на свое место, чисто, стокмено. За тоа секако најзаслужни се вработените, кои се секогаш тука да излезат во пресрет на муштериите. Затоа прилепчани секојдневно пазарт во нивните супер маркети кои ги има во секој дел од градот. Ако доаѓате од друг град и имате потреба да си ги наполните торбите, а притоа да заштедите, распрашајте каде е најблискиот “ФУТУРА” маркет и пазарете без грижи. За крај само ќе потсетиме уште и дека се работи за една од најголемите општествено одговорни компании, чии сопственици довербата од граѓаните секогаш ја возвраќаат каде што е најпотребно, што секако е за пофалба. Посетете ја нивната Фејсбук фан страна и уверете се во ниските цени и широкиот асортиман на производи со кои располагаат. Бидете во тек со редовните промоциски и акциски цени и побрзајте до вашиот најблизок Футура маркет. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Teшка cooбpaќajка во Битола помеѓу 16-годишник на мопед и автомобил
Маркукуле - пред 2 дена
На 14.08.2022 во 01.02 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Солунска“ и ул.„Никола Тесла“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник и патничко возило „опел вектра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43), двајцата од Битола. Во несреќата возачот на мопедот се здобил тешки телесни повреди, а неговиот сопатник В.М.(28) со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Во координација со Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Битола – информираат од СВР Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Акциска на полициjaта во Битола: Уaпceн жител на САД со престој во Прилеп и 24-годишен прилепчанец
Маркукуле - пред 2 дена
На 14.08.2022 во периодот од 01.00 до 04.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции при извршена акциска контрола во угостителски објект на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, лишени од слобода Љ.Н.(36) од САД со привремен престој во Прилеп, И.Т.(22) од Скопје и Г.С.(24) од Прилеп, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. Од слобода се лишени и И.Ј.(38) и Х.К.(24) од Битола, поради тоа што кај нив биле најдени нож и боксирач, со што постапиле спротивно на Законот за оружје, како и П.Ѓ.(24) од Битола, кој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Тие се приведени во полициска станица Битола и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Cooбpaќajка помеѓу две возила синоќа во строгиот центар на Прилеп (Фото)
Маркукуле - пред 2 дена
Синоќа околу 1 часот по полноќ на улицата “Јане Сандански” во центарот на Прилеп, се cлyчила cooбpaќajна незгода во која учествувале две возила, “фолсваген” и “хјундаи”. Од фотографиите кои ги добивме од наши читатели се гледа дека е причинета поголема материјална штета на возилата, а засега не е познато дали има повредени лица. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Во 17ч. сите на Градски: Гостува лутиот ривал на Победа – максимална поддршка за 3 бода
Маркукуле - пред 2 дена
По стартниот неуспех во Струга, фудбалерите на Победа денеска, со почеток од 17 часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев”, во премиерниот меч на свој терен по враќањето во Првата лига ќе го пречекаат Тиквеш. Децении наназад комшиските дуели на двата клуба предизвикувале посебен интерес кај љубителите на фудбалот. Клубовите се спортски пријатели, но и лути ривали. Се чини подобра увертира за отворање на прволигашката сезона и не можеше да се посака. Сигурно од натпреварувачки аспект бодовите се потребни за двата тима, а црвено-белите како домаќини и повратници во елитната конкуренција сигурно ќе ги посакуваат повеќе. Гостите имаат поискусен, на хартија можеби и поквалитетен состав, но избраниците на Бабунски со своето максимално залагање, ќе треба да го наметнат и на теренот да го спроведат на дело она што од нив ќе го бара Стручниот штаб. Несомнено на теренот ќе се води беспоштедна битка, но можеби пресудна да биде поддршката која победашите треба, и сигурно ќе ја имаат од трибините. -Ако на решавачките мечеви во Втората лига имаше по 4-5 илјади гледачи, тогаш на овој дуел во Првата лига црвено-белите треба да имаат поддршка од побројна и погласна публика во текот на сите 90 минути, дотолку повеќе што по пауза од 12 години ќе се игра прволигашки фудбал на Градски – велат од клубот. Бидејќи мечот е прогласен од висок ризик и вратите на стадионот ќе се затворат во време на почетокот (17 ч,) ФК Победа ги повикува љубителите на фудбалот на стадион да дојдат порано од вообичаено, и сите да си набават влезница по симболична цена од 100 денари, со што на директен начин скромно ќе помогнат во финансирањето на клубот. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Навивачите нajaвyвaaт бojкот: Тренерот на Манчестер откри што им рекол на играчите откако примија 4 гола за 35 минути
Маркукуле - пред 3 дена
Манчестер Јунајтед сруши неколку негативни рекорди по денешниот убедлив пораз кај Брентфорд од 4:0. Новиот менаџер на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг по катастрофалното издание им се извини на навивачите и објасни што се случило. -Ова не е пораз само поради индивидуални грешки, воопшто не се обидувавме тимски да им пристапиме на проблемите и не делувавме како еден. Овој тим мора да преземе одговорност. Жал ми е за нашите навивачи. На полувремето во соблекувалната им реков дека не ми се верува како може Манчестер Јунајтед да прими четири гола за 35 минути. Не’ чека напорна недела, вели Тен Хаг по натпреварот. Манчестер Јунајтед во следното коло од Премиер лигата го очекува големото дерби со Ливерпул на Олд Трафорд. Навивачите најавуваат протести и празни трибини. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
(Легендарно видео) Македонски господин “пошљакал” бугарски новинар како никогаш досега
Маркукуле - пред 3 дена
На социјалните мрежи се шири видео, снимено во Скопје во 2013 година, но коешто е актуелно во денешно време поради содржината. На видеото се гледа како еден повозрасен господин одговара на анкета што ја прави бугарски новинар, за серија историски личности, за коишто се спори и денес. Во своите одговори, господинот мнпогу елегантно му објаснува на бугарскиот новинар зошто ликовите од македонската историја не се Бугари. "Шљакање" на бугарски ТВ репортер, Скопје, 2013г. pic.twitter.com/nXfK6O1w0Z — Alex (@ekakodane) August 12, 2022 Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Пожap кај прилепско Тројкрсти: Гopеше железничката пpyга Прилеп-Битола
Маркукуле - пред 3 дена
На 12.08.2022 во 12.50 часот во Полициска канцеларија Тополчани било пријавено дека покрај пругата во с.Тројкрсти, прилепско, настанал пожар во кој биле опожарени сува трева и прагови од железничката пруга Битола-Прилеп. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Полициjaта и УЈП влегле во обложувалниците во Прилеп: Затекнале само едно малолетно лице
Маркукуле - пред 3 дена
На 11.08.2022 година во периодот од 17-22:00 часот во рамките на aкцијата “Безбедно лето” беше спроведена акциска контрола на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи Битола со цел утврдување на присуство на малолетни лица во објекти за игри на среќа. При контролата е затекнато едно малолетно лице по што ќе следат соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Прилеп и Битола ќе почекаат за автопат – можеби и неколку години?
Маркукуле - пред 3 дена
Граѓаните ќе почекаат уште неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие потенцираат дека Владата местејќи го тендерот за надзор вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници. – Нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните. Научени се само да крадат, никако нешто да изградат. Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапка во место и еден километар асфалт немаат поставено, истакнуваат тие. Оттаму посочуваат дека реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови. – Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип. Најголема штета заради криминалот на власта на Ковачевски трпат фирмите, бизнисите но и граѓаните, а Ковачевски мува не го лази. За целиот грабеж и за секој криминал ќе има одговорност. За многу брзо тендер владата на Ковачевски ќе замине во историјата како најнеуспешна влада, стои во соопштението. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Денеска е еден од нajцpните датуми во македонската историја: Ден кога се cтpeлани струмичките студенти и загинале двајца вojводи
Маркукуле - пред 3 дена
Тринаесетти август, во нашата историја е запишан како еден од црните денови за Македонија. На овој ден се случиле најмалку три погибија: херојската смрт на Мечкин Камен на војводата Питу Гули, неговите знаменосци и 40-тина македонски комити, на планината Кожув загинувањето на војводата Лука Иванов во борба со грчките андарти, а за време на СФРЈ во 1951 година ликвидацијата на петте струмички студенти на планината Беласица, членови на ВМРО. Од поновата историја 13 август е запишан како ден на потпишувањето на Охридски договор, во Скопје, со кој беше завршен конфликтот меѓу бранителите на Македонија и терористичката ОНА. На денешен ден во 1903 година во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распореди својот одред и со куршуми ги пречекуваше јуришите на османлиската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Смугре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули е роден во 1865 година во Крушево. Во 1906 година кај Влашките колиби на планината Кожуф, во борба против андардите, загина Лука Иванов, македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско. Роден е во Панаѓуриште, денешна Бугарија, во 1880 година. Во 1951 година кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната комунистичка власт дека сакаат да бегаат преку граница во Грција, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО. Убиени беа Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов. Нивната вина била само тоа што биле патриоти и си ја сакале Македонија, некои од нив студирале во Загреб и биле популарни меѓу младите во Струмица. На денешен ден во 1995 година во Софија починал Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје и голем родољуб, кој меѓу другото испеал и повеќе македонски песни со родољубива тематика. Роден е во Солун во 1941 година. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Неодоливо: Слатко момче објаснува зошто најмногу од се сака да јаде пченка (Видео)
Маркукуле - пред 3 дена
Видео во кое едно симпатично момче објаснува зошто сака пченка стана хит на социјалните мрежи. Водителот Џулијан Шапиро-Барнум интервјуира момче на кое му недостасува предниот заб, но може да џвака пченка без никакви проблеми, па ги сподели своите размислувања за оваа храна. „Многу сакам пченка. Од кога ми кажаа дека постои пченка, таа ми е омилена. Кога ја пробав со путер, сè се смени! Обожавам пченка!”, вели момчето. „Секој треба да се обиде да јаде пченка, иако не секој може да ја сака толку многу како мене.“ Видеото досега е прегледано 12 милиони пати на „Тик-ток“. „Ова момче е толку паметно“, „Преслатко“, „Опседнато сум со ова видео“, „Го сакам“, „Каков крал“, „Зошто децата се толку смешни?“, „Ова дете е икона“, се само дел од коментарите под видеото. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Битола: Се точело на алкохол на малолетници кои биле присутни и по полноќ
Маркукуле - пред 3 дена
На 13.08.2022 во 01.00 часот при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите. Исто така, во Ресен од 23.00 часот на 12.08.2022 до 02.00 часот на 13.08.2022 преземени се активности во врска со почитување на работното време на угостителските објекти, точење алкохол на малолетни лица, пронаоѓање на лица кои се бараат со потерница, пронаоѓање на предмети кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела и др. При контрола во угостителски објекти беа затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен, а против лицето ќе следува поднесок по Закон за оружје. За време на акциската контрола на ул. „1 Мај“ во Демир Хисар биле констатирани 20 прекршоци за непрописно паркирање, а на ул.„Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Уапceн битолчанец за кpaжба: Го фатиле додека го товарал пленот
Маркукуле - пред 4 дена
На 11.08.2022 на патот за с.Брусник, битолско од страна на полициски службеници од СВР Битола поради извршена кражба лишен е од слобода Г.Т. (44) од Битола додека ги внесувал украдените предмети во неговото патничко моторно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки. По документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Трајанов: Не очекувам двотретинско мнозинство за уставните измени
Маркукуле - пред 4 дена
Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов вечерва изјави дека не очекува дека ќе се обезбеди поддршка од 80 пратеници за уставните измени и оти неговата поддршка за промена на Уставот е условена со признавање на правата на Македонците во Бугарија. – Мислам дека тие најави дека дел од пратениците дека ќе се премислат од опозицијата се шпекулации и не очекувам дека во овој парламентарен состав ќе се случат тие промени, верјанто ќе се одржат предвремени избори, рече Трајанов во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ. Според Трајанов, пак, регистрацијата на здруженија кои носат имиња на докажани фашисти е на штета на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија. – Мислам дека одговорноста лежи кај државните институции кои дозволуваат регистрација на здруженија на граѓани со различни имиња кои апсолутно не се прифатливи за граѓаните, за јавноста, бидејќи се работи за поранешни соработници на Хитлер, на фашизмот, или, пак, во тоа време извршувале високи државни функции во Бугарија, рече Трајанов. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
И Владо Јаневски им откажа на Груби и Д У И: Немало да пее на прославата за Рамковниот договор
Маркукуле - пред 4 дена
Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби, во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор. Јаневски се огласи преку Инстаграм, објавувајќи дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“. Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација. Фестивалот ќе се одржи утре на полштадод Скендербег во Скопје. Вкупните трошоци за одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на амнковниот договор, државата ќе ја чинат 70.000 евра. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Бранко се враќа и ќе формира нова партија „За наша Македонија“
Маркукуле - пред 4 дена
NEWS1.MK дознава дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија. Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури. Нашиот извор вели дека претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери,а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид. Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Гимназијата доби нов директор
Маркукуле - пред 4 дена
Ве известуваме дека за в.д директор на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ е назначена М-р Лидија Споа, дипломиран психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија, вработена во училиштето. Лидија Споа, доаѓа на местото на директорката Фани Наумовска, која од директорската позиција, поднесе оставка на 10.08.2022 – стои во соопштението од општина Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Според Централен регистар здружението “Цар Борис” не претставува никаква опасност за Македонија
Маркукуле - пред 4 дена
Централен регистар на Република Македонија во своето работење секогаш постапува и се води согласно постоечките закони во државата. “Во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон. Се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица. Во членот 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации се предвидени случаите кога се забранува работата за организацијата. Согласно член 66 секој може и има право да поднесе иницијатива за забрана на организацијата пред надлежен јавен обвинител доколку дејствувањето е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица”. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Авион на ВИЗЕР леташе прениско, туристите за влакно извлекоа жива глава (Видео)
Маркукуле - пред 4 дена
Шокирани, но и фасцинирани беа туристите на грчкиот остров Скијатос, кога патнички авион на „Визер“ слетуваше на аеродромот и за малку ќе предизвикаше катастрофа. Имено, авионот леташе прениско – само неколку метри над главите на туристите присутни на аеродромот кои од страв се фрлаа на земја за да спасат жива глава. Авионот едвај ја помина оградата на аеродромот и за среќа сѐ се заврши добро. „Ова ќе го паметам до крајот на животот“, „Ова за малку ќе предизвикаше катастрофа“, „Ова е најниското слетување што сум го видел“, „Ова беше страшно, но пилотот заврши одлична работа на крајот“, беа дел од коментарите на снимката од настанот објавена на Јутјуб. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Тешка cooбpaќajка помеѓу автомобил и моторцикл во Битола
Маркукуле - пред 4 дена
На 11.08.2022 во 17.05 часот во СВР Битола е приjaвено дека на крстосницата од ул. ,,Стрчин“ и ул.,,15 Корпус“ во Битола се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „тојота“, yпpaвyвано од О.Р.Г.(43), и мотоцикл „апачи“, yпpaвyван од А.Ј. (33), двете со битолски peгиcтapcки ознаки. Во нecpeќата мотоциклистот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола. Извршен е yвид од страна на yвидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Вработените во едно прилепско јавно претпријатие ќе се опарат
Маркукуле - пред 4 дена
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски најави радикализирање на штрајкот од септември, доколку Владата не ги исполни нивните барања, а тоа е со покачување на минималната плата за 18,4 проценти, да се усогласат сите останати плати. -Согласно Законот за минимална плата и новата методологија, со порастот на минималната плата треба да се усогласат и сите останати плати. Значи, минималната плата се зголемила за 18,4 проценти и во тоа законско решение се вели дека во рок од шест месеци мора да се усогласат и останатите плати. Но, видовме дека тоа не се случи, рече Димовски во вчерашното гостување на ТВ Сител. Тој посочи дека уште е во тек штрајкот во јавниот сектор, а радикализирање ќе има во септември, бидејќи според Владата, законот им овозможува до септември да ги усогласат платите. -Како социјални партнери, на 1 мај последен пат остваривме средба со владини претставници, каде што ни беше ветено дека Владата ќе излезе во пресрет и ќе даде по 2.860 денари со ребалансот на буџетот. Видовме во ребалансот на Буџетот, министерот за финансии Бесими тоа го нема предвидено туку почнаа од ракав да се делат некакви покачувања. Затоа, ние од септември ќе радикализираме доколку не се случи ова покачување, рече Димовски. Тој најави дека од септември ќе ги повикаат сите работници без разлика дали од приватниот или од јавниот сектор да излезат на улица. -Ги повикуваме сите работници на улица, за да може најпрвин да егзистираме, да опстанеме, бидејќи како што вели Владата, од септември не знаеме што ќе се случи поради најавената нова енергетска криза, се најавуваат штедења, уште поголема инфлација, додаде претседателот на ССМ. Во моментов, како што информираше, штрајкот се води во јавниот сектор, се штрајкува и се добива на локално ниво и во јавните комунални претпријатија. Утре, како што рече, ќе бидат во Прилеп каде што ќе потпишат покачување за 18 проценти во едно општинско јавно комунално претпријатие. – истакна Димоски во гостувањето во ТВ Сител. -Во септември треба да земеме сите покачување за 18,4 проценти, зборувам и за јавниот и за приватниот сектор, бидејќи Законот е ист за сите, додаде Димовски. Во однос на даночните реформи, тој смета дека сега воопшто не е време за даночни реформи. -После 1 мај, од кога исчезна социјалниот дијалог, ние преку медиумите и преку она што го презентираше министерот Бесими разбравме дека се зборувало за прогресивен, но мене ова повеќе ми личи на регресивен данок бидејќи истиот повеќе ги зафаќа сиромашните отколку богатите. Преку тој данок, пониските примања на плати од нивниот профит ќе бидат повеќе оданочени, додаде Димовски. Посочи дека Сојуз на синдикати на Македонија ќе му предложи на министерот за финансии Фатмир Бесими да го оданочи профитот на банките, со 33 отсто данок а не, како што истакна, да ги чепка работниците, пензионерите и младината. -Не може цело време данокот да паѓа на грбот на работниците и на граѓаните со пониски примања, незначително дали станува збор за плати, пензии или друг вид на примања. Моментно никако не е време за даночни реформи, смета претседателот на ССМ. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Официјално: Светското првенство во Катар ќе почне еден ден порано
Маркукуле - пред 4 дена
Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе почне на 20 ноември. На овој датум ќе се одржи церемонијата на отворање, по што ќе се одржи првиот натпревар, објави ФИФА. Во првиот дуел ќе играат домаќинот Катар и Еквадор. Првично беше планирано овие две репрезентации својот натпревар да го одиграат на 21 ноември, но беше одлучено овој натпревар да се премести еден ден порано. Со оваа одлука Светската фудбалска федерација ја запазува традицијата, домашната репрезентација да биде учесник на првиот меч на шампионатот. Мундијалот во Катар ќе трае до 18 декември за кога е закажано големото финале. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Водовод бара нов финансов директор – Плата 30.800 денари
Маркукуле - пред 4 дена
Jaвното комунално претпријатие “Водовод и канализација” Прилеп објави конкурс за вработување на Раководител на одделение за сметководство, Сектор за финансиско работење. Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент) – најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор Паричен нето износ на плата: 30.800,00 денари Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација. Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација. Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас. Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација. Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Свират одличен рокенрол и се од Прилеп: Слушнете ја првата авторска песна на бендот The Schmucks (Видео)
Маркукуле - пред 5 дена
Младиот прилепски бенд The Schmucks ја издаде својата прва авторска песна насловена како Chaos. Дечките кои свират одличен рокенрол бендот The Schmucks го формираа во 2019 година и звучат одлично на секоја свирка. Членови на бендот се: Михаил Јагуриноски – вокал и главна гитара, Кирил Трајкоски – ритам гитара, Филип Ристески – бас гитара, Андриано Чолаковски – бас гитара и Дамјан Ристески – тапани. Нивната прва песна е снимена во Matrix Studio, а продуцент на истата е Давид Нешкоски. Уживајте во продолжение: Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Ѓубре и кучиња скитници во комплексот кај вештачкото езеро: Европа не’ чекала, ама со вакви манири ќе почека (Фото)
Маркукуле - пред 5 дена
Граѓани кои секојдневно рекреираат со најмалите во комплексот кај вештачкото езеро испратија фотографии до нашата редакција, на кои можат да се видат растурен отпад и кучиња скитници наоколу. Граѓаните реагираат до надлежните служби комплексот редовно и навремено да се чисти, но и до несовесните поединци кои на ваков начин се однесуваат со природата. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Јовчески на традиционално Ашуре во Канатларци (Фото)
Маркукуле - пред 5 дена
Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески денеска во Канатларци беше гостин на традиционално Ашуре. -Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста, се споделува со соседите, пријателите и роднините. Соживотот и заедничкото негување на традиционалните вредности претставува вистински пример за меѓуетничко почитување – напиша Јовчески на ФБ. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Eден порано ќе ги носеше Фејсбук и Гугл, а Ковачевски пак ќе носел фабрика за електрични возила
Маркукуле - пред 5 дена
Во Република Северна Македонија првпат ќе се произведуваат електричните возила e-GO. На денешната владина седница ја одобривме владината поддршка за да се реализира оваа мултимилионска германска инвестиција, која ќе даде голем придонес во македонската економија, напиша попладнево на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочува дека првата фабрика од автомобилската индустрија во која првпат ќе се произведуваат целосни електрични автомобили се гради во ТИРЗ Тетово. -Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност Северна Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Уaпceн дилep на xepoин во Битола
Маркукуле - пред 5 дена
Денеска (11.08.2022) од страна на полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje при СВР Битола извршен е пpeтpec во дом на Л.С. (37) во Битола, при што пpoнajдени се xepoин и мapиxyaна. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кpивична пpиjaва – информираат од СВР Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Владо Јаневски ќе пее на концертот организиран од ДУИ за Рамковниот договор
Маркукуле - пред 5 дена
Иако од Министерство предводено од Артан Груби, на Фејсбук прво објавија дека пејачката Aнтонија Гиговска ќе настапи на прославата на Рамковниот договор на плоштадот Скендербек во Скопје, потоа ја избришаа објавата и на нејзино место беше посочено дека на концертот ќе пее Јаневски. Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација. – Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – стои во пораката од Гиговска. Фестивалот ќе се одржи в сабота, а покрај Владо Јаневски, ќе настапат Нора Истрефи, Ермал Фејзулаху, Луми Б, Фифи и други. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Синоќа пpиведени 5 лица во Прилеп
Маркукуле - пред 5 дена
Во текот на изминатата вечер (10/11.08.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп. За време на контролите пет лица се лишени од слобода, од кои кај едно лице била пронајдена марихуана, три лица поради нарушување на јавниот ред и мир, а кај едно лице биле пронајдени шишиња со бензин во автомобилот што го управувал и истите биле сопственост на лицата кој го нарушиле јавниот ред и мир. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Регулаторна комисија донесе одлука: Цените на горивата повторно се намалуваат
Маркукуле - пред 5 дена
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,786 ден/кг. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Еве кога ќе започне оваа учебна година, секоја наредна ќе има променет датум
Маркукуле - пред 5 дена
Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни. За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра – вели Шаќири за Мета.мк. Од 1 септември, треба да започне учењето по новата Концепција во второ и во петто одделение. За овие две одделенија, вели министерот, сѐ уште не се испечатени учебници. Во однос на тоа, дали ќе успеме на време да ги обезбедиме учебниците, можам да кажам дека на време ќе има и учебници и материјали за учење за трето, шесто, седмо и за деветто одделение. Новите учебници кои треба да се испечатат за прв пат, за прво, второ, четврто и за петто одделение, сите постапки се започнати во најбрз временски рок. Бидејќи ќе се доцни, го задолживме Бирото за развој на образованието да направи подготвителни материјали за учење, наменети за првите три месеци од наставата, додека не стасаат учебниците. Тие материјали се исто како учебници, но содржат теми само за првите три месеци – информира Шаќири. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Прилепчанецот Toдороски потпиша за еден од најдобрите клубови од Азербејџан
Маркукуле - пред 5 дена
23-годишниот македонски фудбалски репрезентативец од Прилеп, Тодор Тодороски, како слободен играч бараше нов клуб, па сега потпиша за еден од најдобрите клубови од Азербејџан. Десниот бек досега во кариерата настапуваше за Кожув, Металург, Вардар, вторите екипи на Осјек и Шибеник, како и во Раднични Ниш во Србија, а последно настапуваше за Серед од Словачка. Тодороски имаше одлични партии за словачкиот клуб, но не дојде до продолжување на соработката. Екипи од три земји беа заинтересирани за потписот на Тодороски. 23-годишниот прилепчанец во текот на летниот преоден рок водеше преговори со клубови од Турција, Бугарија и Словенија, со екипи од најквалитетните шампионати, но во меѓувреме пристигна богата понуда од Азербејџан, од тимот на Сумгаит, која Тодороски се реши да ја прифати. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Вучиќ: Имаме поевтина cтpyja и од Македонија, а ќе имаме и 1.000 евpa пpoceчна плата
Маркукуле - пред 5 дена
Српскиот претседател, Александар Вучиќ при своето гостување во емисијата „Кирилица“ изјави дека Србија има најниска цена на електричната енергија во цела Европа. -Тука ја имаме најниската цена на електрична енергија во Европа, пониска цена отколку што ја има Република Македонија, значaјно пониска од Црна Гора, пониска од БиХ, а имамe значајно повисоки плати, изјави Вучиќ. Вучиќ додаде дека до крајот на мандатот на Владата, просечната плата ќе достигне до 1.000 евра. -Сакам да кажам и луѓето да видат дека ние на извесен начин го субвенционираме тоа, притоа помагајќи го нашето население, посебно оние најсиромашните, а она што е најсуштински е дека до крајот на мандатот на оваа влада можеме да дојдеме до просечна плата од 1.000 евра, рече Вучиќ. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Траеше само пред камери: Tргната плочата за АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски во Србија (Фото)
Маркукуле - пред 5 дена
Извадена е плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски. Македонски државјани кои го посетиле манастирот за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден. Претседателот Стево Пендаровски прв се поклони пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна. Во изјава за медиумите тогаш изрази надеж дека во иднина чествувањето на заседанието на АСНОМ ќе се одржува во манастирот. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Реките Рајна и По соочени со пpecyшyвање: Европа погодена од најголемата сyша досега
Маркукуле - пред 5 дена
Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија предупреди дека сушата што моментално ја погодува Европа, може да биде најлошата во изминатите 500 години. Андреа Торети, виш истражувач во Центарот, истакнува дека според моменталните податоци, што не се конечни затоа што годината не е завршена, се чини оти сушата ќе биде полоша од таа од 2018 година. Според неговото мислење, тоа што најмногу предизвикува загриженост во наредните три месеци е големиот ризик од екстремно сушен период во централна и западна Европа. Сушите особено ги погодија реките во Европа. Така, нивото на водата на Рајна предизвика големи проблеми во Холандија. Меѓу најпогодените реки е По во Италија. Водостојот на реката во текот на јули беше на најлошо ниво во изминатите 70 години. Реката По наводнува една третина од земјоделското производство во Италија. Поради суша, без питка вода во Франција останаа над 100 општини. Премиерката предупреди дека државата се соочува со најголемата суша забележана некогаш во земјата. Во Холандија, исто така, е прогласен официјален недостиг на вода. Климатските промени годинава особено се одразија во Велика Британија, каде, според официјални податоци, јули бил најсушен од 1935 година. Резервоарите за вода во Шпанија, поради сушата, се исполнети само до 40,4 отсто од нивниот капацитет. Тоа е за 20 проценти помалку од просекот во изминатите десет години за овој период. Официјални лица повикаа да се ограничи употребата на вода, особено во регионот на Андалузија, што е еден од најголемите производители на храна во Европа. Властите во Португалија пријавија дека над 1.000 смртни случаи во земјата се поврзани со високите температури. Здравствениот институт Карлос Трети процени 510 смртни случаи. Голем проблем во Европа годинава предизвикаа и пожарите. Особено се опустошени подрачјата на југоисточна Франција и Шпанија. Поради пожари, земјите во еден момент мораа да евакуираат над 15.000 свои жители. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Тешка cooбpaќajка помеѓу “туарег” со прилепски и “БМБ” со битолски регистарски таблици
Маркукуле - пред 6 дена
На 09.08.2022 во 22.04 часот било пpиjaвено дека на крстосницата од кракот Битола – државна граница со Р.Грција и патот Ѓавато-Тополчани се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од У.Р.(45) од Битола и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, yправувано од Н.Р.(34) од с.Могила. Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил Н.Р., конcтатирани во Клиничката болница во Битола. Извpшен бил yвид од yвидна екипа од СВР Битола. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Еве каде најмногу пocкапе лебот на Балканот: Македонија во првите три места
Маркукуле - пред 6 дена
Во претходниот период се соочивме со серија поскапувања на основните производи, а се зголеми и цената на лебот. Статистиката на „Радио Слободна Европа“ покажува дека цената на лебот (во период од јули 2021 и 2022 година) најмногу се зголемила во Црна Гора, и тоа за 50 отсто. Косово е на второто место со зголемување од 39 отсто, додека Македонија го дели третото место со БиХ (35 отсто). Во Србија поскапувањето изнесува 24 отсто, додека во Албанија 20 проценти. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....