Мицкоски одби да учествува во работните групи за спорот со Бугарија
24 Инфо - ново
Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија. Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана, шират лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси. Така е и сега кога имаме предлог за почнување преговори со ЕУ со кој добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашање веќе не се дел од преговарачкиот процес. Кога во тек е широк и инклузивен процес на консултации, Мицкоски дава задоцнети предлози и организира насилни протести. Одново на дело докажува дека за него воопшто не се битни интересите на државата и граѓаните, туку тој свесно дејствува за нечии туѓи интереси. Граѓаните го гледаат и ќе го ценат таквото неодговорно антидржавничко однесување на Мицкоски....
Почнува конференцијата на „Економист” во Атина, Битиќи и Заев меѓу учесниците
24 Инфо - пред 16 минути
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и поранешниот премиер Зоран Заев, според официјалната агенда, ќе бидат дел од конференцијата на „Економист”, односно 26-та тркалезна маса со грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Тридневната конференција што традиционално секоја година се одржува во Атина започнува утрово со обраќања на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, претседателот на Украина Володимир Зеленски и претседателката на Молдавија Маја Санду. Поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев, заедно со премиерите на Црна Гора и Косово Дритан Абазовиќ и Албин Курти, како и специјалниот претставник на Велика Британија за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич и поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, денеска ќе дискутираат за Југоисточна Европа и дали може да постои стабилност и просперитет во регионот. Енергетиката ќе биде главната тема на дискусијата насловена „Декарбонизирање на Југоисточна Европа и Источниот Медитеран”, на која утре, според официјалната агенда, ќе учествува заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Заедно со Битиќи ќе биде и министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, како и бизнис лидери. На годишната конференција на Економист, што започнува утрово и ќе трае до четврток, ќе учествуваат министри, поранешни премиери и претседатели, академци, како и претставници на бизнис заедницата....
Експерт на ОН: Во Либија има помалку странски платеници заради војната во Украина
24 Инфо - пред 16 минути
Бројот на странски платеници во Либија делумно е намален поради војната во Украина, наведува експертот на ОН, Чалока Бејани, цитиран од ДПА. Бејани изјави дека „на друго место се отвори нов пазар “. Британскиот правен експерт, кој е со потекло од Замбија, собира докази за кршење на човековите права во Либија и е дел од комисијата експерти назначена од Советот за човекови права на ОН. Според Бејани, во Либија е видливо намален и бројот на платеници од руската група Вагнер. Приватната воена компанија се смета за армија во сенка на рускиот претседател Владимир Путин, кој негира каква било вмешаност во неа. Според британските разузнавачи, Москва најверојатно била принудена да и даде приоритет на инвазијата на Украина со персоналот на Вагнер на сметка на операциите во Африка и Сирија. Меѓутоа, не сите странски борци се повлечени од Либија, се наведува во извештајот презентиран од Бејани и неговиот тим. „Платениците го продолжуваат конфликтот во земјата и можеби ги игнорираа меѓународните правила за заштита на цивилите”, наведуваат експертите. Либија од 2011 година е зафатена со граѓанска војна, откако со револуција беше соборен долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи. Бројни милиции сè уште се борат за влијание во регионите од земјата, а во конфликтот се вклучени и други земји, вклучувајќи ги Русија и Турција. Проценките на ОН се дека до крајот на 2020 година во Либија се бореле околу 20.000 странски платеници....
Бугарската трговско-индустриска комора ја цени позитивната улога на маледонската комора
24 Инфо - пред 36 минути
За Азески 100 годишнината од Комората претставува мост на две генерации, мост каде завршува ерата на една поискусна генерација и започнува ерата на новата генерација. Во периодот на заедничкото функционирање на органите на Комората, младата генерација имаше можност да учи од искуството на постарата, која помина низ транзицискиот период и многу премрежја кога се поставуваа правилата на игра во македонскиот бизнис и економија. Слободно можам да кажам дека во тој период постарата генерација успеа да ја наметне и да ја поттикне соработката меѓу јавниот и приватниот сектор во креирањето на макроекономската политика и економскиот систем. Во периодот што следува, младата генерација ќе внесе нови стандарди и правила во функционирањето на приватниот сектор и Комората. Четиринаесетти јули (14 јули) е посебен ден затоа што тогаш се слави француската буржуаска револуција. Тој датум, означува една голема битка за демократијата, слободата и човековите права. Не било ни случајно, што токму на тој ден,14 јули,во 1922 година, се поставени темелите на коморскиот систем на овие простори. Симболики има на секој чекор, но овде е толку видлива, што не треба да се додаде ниту еден збор. „Што би била културата без нејзините поддржувачи? Дали без мецените низ вековите не би биле осиромашени за голем број уметнички ремек дела?“ се зборовите на светски познатиот пијанист Симон Трпчевски, зборувајќи за поддршката на Стопанската комора на Северна Македонија. За актерот Сашко Коцев, соработката со Комората е откривање на еден сосема нов свет, и дел од живеењето, нему непознат дотогаш, но сепак многу присутен и важен за општеството. На 95-годишнината, вели, не изджал да не праша дали има некој кој присуствувал на нејзиното основање. Претседателите на стопанските комори од регионот неизмерно ја ценат нашата комора, што покажува дека коморите дејствуваат и кога политичките елити ставаат кочници…Таков е примерот со Унијата на коморите на Република Грција, со која СКСМ Комората имаше одлични односи за време на решавањето на 30 годишниот спор. Но, тука е и нашата улога во воспоставуавњето на дијалог помеѓу српската и косовската комора. „Бугарската стопанска комора мошне ја цени конструктивната и позитивна улога на Стопанската комора на Северна Македонија во основањето на Ассоцијацијата на балкански комори (АБК), како и при соработката меѓу нашите Комори во рамки на АБК, на полето на трговска арбитража и на бројни заеднички проекти. Би сакал исто така да ја искористам пригодата да им честитам на Управниот одбор и лично на г. Бранко Азески за развојот на организацијата и постигнувањето на овие одлични резултати.“, наведува Цветан Симеонов, претседател на Бугарската трговско-индустриска комора. Г-дин МихајДарабан, претседател на Стопанската комора на Романија пак нагласува дека Стопанската комора на Романија и Стопанската комора на Северна Македонија имаат долга и успешна приказна којашто имаат намера и понатаму заедно да ја пишуваат и создаваат. На истата линија околу соработката со Комората е и г-дин Александар Влаховиќ, основачот на балканскиот Давос – Копаоник бизнис форумот, како и Горан Свилановиќ, специјален советник на претседателот на СКСМ за регионална соработка и поранешен министер за надворешни работи во Владата на СР Југославија. Секогаш пофални збороти за соработката со Комората има и големиот коморски лидер од Турција, Рифат Хисарчиклиоглу, кој е и потпретседател на европската коморска асоцијација Eurochambres. Во Монографијата ќе прочитате и што рекоа за Комората и личности кои се далеку од бизнисот, но имаат своја тежина и улога во општествениот и јавниот живот, со кои СКСМ секогаш има одлични релации, како Неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, скопскиот бискуп и струмичко-скопски егзарх Монс. д-р Киро Стојанов, струмичкиот митрополит г-дин Наум, претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев, д-р Владимир Глигоров и др. Тука се и најпознатите регионални бизнисмени Бранко Роглиќ, Дејан Јовановиќ и уште многу други. Не изостануваат честитките и признанијата за Комората како сериозен партнер во многу проекти и иницијативи и со најзначајните наши соработници – директората на УЈП, Сања Лукаревска, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска- Бежоска, министрите од економските ресори Крешник Бектеши и д-р Фатмир Бесими, вицепремиерот Фатмир Битиќи, премиерот Димитар Ковачевски, поранешниот премиер Зоран Заев, како и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Ако се набројат сите личности и институции кои се пријатели на Комората, ќе треба да испечатиме уште едно издание, но сигурно сите знаат дека со тоа не се докажува позицијата и затоа во утрешниот прилог ќе го претставиме делот за Комората на иднината, од кој ќе се види дека ние совршено добро знаеме дека треба позицијата да ја докажуваме секој ден, секој момент, а за тоа имаме и стратегија, и човечки ресурси и мрежа со која гарантираме дека ќе бидеме во функција на компаниите....
Маричиќ и Османи: Сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот
24 Инфо - пред 36 минути
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија истакнаа дека сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот. Министерот Османи истакна дека е добро што почнавме да ја рационализираме дебатата и да зборуваме за конкретни забелешки. „До пред некој ден се зборуваше со емоции, што е можеби легитимно и не треба да критикуваме. Јас ги видов овие четири забелешки и можам да кажам дека ако навистина овие се забелешките треба да се прифати тој предлог затоа што сите тие забелешки се инкорпорирани во тој предлог. Преговарачката рамка со утврден македонски јазик, со затворен македонски јазик се усвојува веднаш сега, откако ние ќе кажеме да, на пакетот. Штом се затвори тоа прашање, најважното се затвора. Ние можеме истиот ден ако сме спремни тоа логистички да го организираме, да се одржува првата меѓувладина конференција, се чита изјавата и почнува веднаш скринингот. На овој начин веднаш почнува да се мобилизира целата администрација, со експерти од Брисел кои веднаш почнуваат да прават проценки”, рече Османи....
Украинските сили на нови позиции во Доњецк, се чека помош во оружје за контраофанзива на југот од земјата
24 Инфо - пред 44 минути
По падот на регионот Луганск украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата. Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск, градот со чие заземање Русија ја презеде контролата врз Луганск, изјави дека битката им овозможила на украинските сили да воспостават позиции во Доњецк со цел „да ја отежнат ситуацијата за Русите таму”. Хајдај уште еднаш побара од сојузниците на Украина на Запад да испратат повеќе оружје, тврдејќи дека украинската армија ќе започне контраофанзива штом ќе има доволно оружје со долг дострел. „Руската тактика ќе биде иста. Прво со артилерија ќе пукаат на се, но тешко ќе освојуваат територија, изјави Хајдај. Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина се надева дека ќе покрене контраофанзива на југот на земјата. Според него, заземањето на Лисичанск е последна победа на Русите на украинска територија. „Тоа беа градови со средна големина (Северодоњек и Лисичанск), а за нив им требаше време од 4 април до 4 јули, тоа се 90 дена. Толку многу загуби…”, рече Арестович. „Заземањето на градовите на исток значи дека 60 отсто од руските сили сега се концентрирани таму и ќе им биде тешко да ги пренасочат кон југ, а нема повеќе сили што можат да ги донесат од Русија. Тие платија висока цена за Северодонецк и Лисичанск”, рече советникот на Зеленски. Самиот претседател Зеленски синоќа изјави дека украинските сили продолжуваат да се борат и покрај повлекувањето од Лисичанск. „Нашите оружени сили одговараат, возвраќаат и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Мораме да ги скршиме. Тоа ќе биде тешка задача која бара време и натчовечки напори, но немаме алтернативи”, рече Зеленски....
Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси
24 Инфо - пред 52 минути
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси. „Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи. Османи истакна дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ....
Агентот на Роналдо се сретна со претседателот на Барселона Лапорта
24 Инфо - пред 56 минути
Агентот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се сретнал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, тврди „АС”. Според шпанскиот весник, страните разговарале за иднината на напаѓачот, кој ова лето сака да го напушти англискиот клуб. Постои можност Каталонците да се обидат да го купат Португалецот во случај на неуспех со трансферот на Роберт Левандовски од Баерн. Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и направи три асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања. Договорот на португалскиот фудбалер со клубот од „Олд Трафорд” е до 30 јуни 2023 година....
Повредени полицајци на вчерашните протести, тоа го носи деструкцијата на ВМРО ДПМНЕ и Левица
24 Инфо - пред 56 минути
Најмалку четворица полицајци се повредени по синоќешните протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси. СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби....
Прогласена вонредна ситуација во Австралија, наредена евакуација на 50 илјади жители од поплавните подрачја
24 Инфо - пред 1 час
Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс. Одлуката донесена синоќа треба да го олесни начинот како во најбрз можен рок да се активираат фондовите за помош при елементарни непогоди и помошта да стигне до настраданите подрачја. Инаку, обилните врнежи уште од петокот зафатија поголем дел од најбројниот град на континентот. Во одредени делови на Сиднеј како и на други места за четири дена наврнал дожд колку што е просекот на Лондон за цела година. Од рано изутринава се спроведува евакуација на околу 50 илјади жители, додека стотици луѓе побарале медицинска помош во текот на ноќта. Телефонските линии на Службите за итна помош се усвитиле од бројните повици за помош од стихијата што остави 20 илјади станбени објекти без напојување со електрична енергија, додека цели станбени области се неколку метри под вода. Некои од областите зафатени со невремето се уште не ги имаат санирано штетите настанати од поплавите од февруари и март годинава. Советот за климатски промени смета дека токму промените во климата се фактор што придонесува за интензивните врнежи и екстремно високите температури во Австралија забележани последните години. Во средината на јануари големи делови на Австралија беа зафатени од топлотен бран со температури од над 50 степени Целзиусови измерени во западните делови на земјата....
Во вооружениот инцидент во Чикаго загинаа шест, а повредени се 36 луѓе
24 Инфо - пред 1 час
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго. Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк. Тој од покривот на зграда отворил оган врз луѓето што ја следеа парадата по повод Денот на независноста на САД. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет”, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк....
Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска
24 Инфо - пред 1 час
Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО. Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци. Потпишувањето на протоколите за покана беа пролонгирани поради спротивставувањето на Турција и обвинувањето на Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи. Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје....
Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго
24 Инфо - пред 1 час
Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет”, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк....
Шарл Мишел во посета на Скопје
24 Инфо - пред 1 час
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции....
Стевановиќ: Пораст на КОВИД случаите поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани
24 Инфо - пред 2 часа
Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика. -Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ. Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186. Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице. Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз....
Дискусија за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност
24 Инфо - пред 2 часа
Во рамки на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес” денеска во Јавна соба ќе се одржи јавен настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни. -Во рамки на настанот ќе дебатираат младински, како и претставници на бизнис секторот, а настанот има за цел да даде придонес и поддршка преку јавна дискусија и заклучоци на темите какви младински профили му се потребни на пазарот на труд, но и како компаниите се очекува да инвестираат во прилагодување на новите работни места, односно во развој на соодветните вештини и знаења кои првенствено се однесуваат на младите луѓе и професиите на иднината, информираат организаторите на настанот. Главен предизвик на настанот е идентификување на потребите и ставовите на младите луѓе, односно нивните очекувања од работодавачите, а со цел поголем интерес за нивно аплицирање и вклучување на македонскиот, наместо само на пазарите на труд на земјите од светот. -Во оваа смисла, сметаме дека е особено важно кај директните корисници, но и помеѓу општата јавност да се разговара за барањата и потребите на младите да ги креираат условите и начините на работа и работните место со крајна цел поврзување и задоволство кај двете страни на пазарот на трудот, се вели во соопштението. Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини денес” се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Овој проект е финансиран од Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац”, Младинскиот сојуз Крушево и три други партнерски организации од регионот....
Захарова: Москва би можела да и врати на цела ЕУ поради протерувањето на дипломатите од Бугарија
24 Инфо - пред 2 часа
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва би можела да и врати на цела Европска Унија поради протерувањето на 70 руски дипломати. Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор, посочи Захарова. Таа ги повика Софија и ЕУ „да размислат за принципот на реципроцитет што е основа на дипломатските односи”. – Европската дипломатија треба да разбере дека непромислената поддршка на антируските акции од различни земји-членки ја принудува ЕУ да преземе одговорност за последиците, вклучително и кога станува збор за одмазднички мерки од наша страна, наведе Захарова. Седумдесет вработени во руските дипломатските претставништва пред два дена ја напуштија Бугарија поради обвинувања за шпионажа. Со нив заминаа и нивните семејства, а вкупниот број луѓе кои ја напуштија земјата изнесува околу 200. Тоа е досега најголем број протерани дипломати од Бугарија, членка на ЕУ и на НАТО, но традиционално блиска до Русија. ЕУ го изрази своето жалење за „неоправданата закана на Русија да ги прекине дипломатските врски со Бугарија”. Голем број европски земји протераа руски дипломати по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, а Москва возврати со слични мерки....
За францускиот предлог дебата и во Собранието, продолжуваат реакциите за и против
24 Инфо - пред 2 часа
Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија. Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. -Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци. Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната, изјави вчера за МИА Маја Морачанин од ДОМ, пренесувајќи дека на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата. Трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., рече Морачанин за МИА. Од Демократскиот сојуз, во соопштение по седница на партиското претседателство, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. -Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл, стои во заклучоците од ДС, од каде нагласуваат дека не смеат да се прифатат разговори за македонските ревулуционери. Бараат и да се се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонските национални празници. Од ДС порачуваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Според ДС, во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. За предложената Преговарачка рамка, велат од ДС, да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Лидерите на ДОМ, Маја Морачанин, на Демократски сојуз, Павле Трајанов и на Либерално-демократската партија Горан Милевски, вчера имаа средба и со претседателот Пендаровски пред кого ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, кој по седницата на Советот за безбедност објави дека предлогот е прифатлив. Во рамки на широките консултации за предлогот Ковачевски вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои. Најави дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став како партија. -Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии. Јасни сме биле и кога сме давале поддршка и за членување на државата во НАТО. Мислам дека АА е главниот чинител кој ги почна овие промени за да денеска ние бидеме дел од НАТО-Алијансата и граѓаните да се чувствуваат посигурни побезбедни во време на оваа воена криза која се случува помеѓу Русија и Украина, изјави Села. Тој информираше дека дел од дебатата со премиерот била и во врска со македонскиот јазик. Посочи дека имаат разбирање за емоционалното чувство на секој граѓанин, но и дека, како што рече, дефиницијата за јазикот којшто го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик, е омаловажувачка за Албанците и дека во ситуација кога ќе се отворат уставните измени, треба да се има предвид тоа и во Уставот да стои албански јазик. – Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова како политичка партија. И сакам да ја искористам можноста да и пратам апел на ДУИ и тие да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција, рече Села. И од движењето БЕСА, од каде веќе се изјаснија дека за нив е прифатлив францускиот предлог, исто така бараат за време на уставните измени да се отстрани делот 20 проценти и да пишува албански јазик. -Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението” да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик”, наведоа од БЕСА од каде го повторија барањето за предвремени парламентарни избори бидејќи сметаат дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вчера побара Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот. Предлогот, како што рече, „не треба да помине во Собранието, а и да помине тоа ќе биде на сила”. Извршниот одбор на владејачката СДСМ, пак, вчера оцени дека предлогот е добра основа и, како што информираа од партијата, целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. -Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена, наведоа од СДСМ. Во меѓувреме, пораки и поддршка за прифаќање на предлогот упатија министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен во рамки на нивната заедничка посета на државата. -Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави Бирн на заедничка прес-конференција со Маричиќ и Тупураинен. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. И според финската министерка за европски прашања со преговарачката рамка целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, рече Тупураинен. Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак оцени дека би била вистинска штета и за државата и за идните генерации да го пропуштиме овој момент сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. -Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече Маричиќ пораќувајќи дека не момент за непотребно одлагање, туку за разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. -Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, во одговор на прашање од МИА Од генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, пак, одговорија, дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо”. Во Скопје во изминатите три дена се одржаа протести за отфрлање на францускиот предлог, а учесниците кои официјално немаат организатор но се поддржани од политички партии и граѓански организации, сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на Богородица околу 15 минути
24 Инфо - пред 2 часа
Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Табановце за влез во земјава е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез околу 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Претпладне сончево, попладне можна појава на краткотрајно невреме
24 Инфо - пред 2 часа
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот....
Тачи: Со овој договор дефинитивно ставаме крај на влијанието на Русија во Македонија
24 Инфо - пред 9 часа
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во вечерерашното гостување на ТВ 21 за францускиот предлог рече дека од времето на претседателот Киро Глигоров, до денес, ова е најлош предлог, но и дека следниот предлог ќе биде уште полош. -Имам 30 годишна политичка кариера. Ќе кажам дека ова е најлошиот предлог до сега, од времето на Киро Глигоров до денес. Наредниот ќе биде уште полош предлог, рече тој. За тоа зошто го вели тоа, Тачи вели дека нема шега со меѓународниот фактор. -Тие ти нудат компромис. Треба компромис за подобра иднина. Ова не е француски предлог, ова е предлог на ЕУ. Со овој договор дефинитивно ставаме крај на влијанието на Русија во Македонија. Никој не вели дека е дискутабилен македонскиот јазик и идентитетот на Македонците. Албанците имаат разбирање и се на страната на нивните сограѓани Македонци, рече Тачи....
Четворица полицајци повредени од денешните протести
24 Инфо - пред 9 часа
Четворица полицајци повредени од денешното дивеење. Најмалку четворица полицајци се повредени од дивеењето на протестантите водени од Димитар Апасиев пред зградата на Владата. Повредите се од удари со камења и други предмети. Македонската полиција успеа да ја задржи ситуацијата под контрола и да ги спречи намерите на оние кои безмилосно нападнаа врз македонските полицајци....
Полициски синдикат: Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија
24 Инфо - пред 9 часа
Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција со обраќање до своето членство!! Почитувани членови, секојдневно покажувате на дело како се сака татковината и како се извршува службата што Ви ја доверила истата. Исправени гордо пред браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочувате, во минатото но и денес. Токму од таа причина, како единствен репрезентативен синдикат кој се грижи за своето членство сакаме да Ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија. Да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии. Само со професионален пристап и професионално работење ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните која тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција. Само така граѓаните ќе прифатат дека нашите активности на теренот се во нивни интерес, во интерес на безбедноста и стабилноста на нашата земја. Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите. Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби. На крајот ги охрабруваме сите наши членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од било кого. Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање. Со почит, Македонски полициски синдикат Претседател Д-р Марјан Кицев...
ДУИ ги осуди протестите пред Владата и Собранието
24 Инфо - пред 10 часа
Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието. Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните. Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас....
Заклучоци на Извршниот одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции и почеток на преговори за полноправно членство
24 Инфо - пред 10 часа
Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред беше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ. Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донесе повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство. 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки....
Нема начин да се наметне решение по кое било прашање од историјата, вели Маричиќ
24 Инфо - пред 10 часа
Од 2017 година па досега нашата борба беше да ја оставиме историјата на теренот на историчарите и токму тоа е целта и на билатералниот Протокол, меѓутоа и на целиот процес, историјата да се остави на историчарите каде што на паритетна основа со разумни аргументи, со научни аргументи и нормално во една разумна динамика ќе постигнат или нема да постигнат некаков договор во однос на одредени прашања, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вечерашниот брифинг со уредниците. Доколку историските прашања би биле репер или беа репер, Маричиќ појасни дека тогаш тие би биле дел од процесот на „бенч маркинг” или креирање на конкретни задачи и додаде дека нема основа, нема ниту правна, ниту политичка основа такво нешто да влијае формално како критериум за напредок во разговорите. – Не постои основа во оваа преговарачка рамка изнаоѓање на решение за кој било историски лик да биде критериум за тоа дали можеме да одиме напред или не. Затоа постои преговарачката рамка која е основа на која се цени нашиот напредок. На ниту еден начин не може да ни се наметне решение, по кое било прашање од историјата, посочи вицепремиерот Маричиќ. Во оваа насока, Маричиќ рече дека Бугарија имала поразлична позиција во првичната рамковна позиција од оваа денес, а дека ние имавме проблем повеќе години како да се дојде до оваа точка на рационализација. -Ние кога го почнавме овој процес рековме сакаме достоинствено решение, сакаме решение кое ќе се базира на балансиран компромис и решение кое ќе се втемели и заснова на Европските вредности. Сè она што го имаме во овој пакет ги исполнува овие услови, заклучи Маричиќ....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
24 Инфо - пред 11 часа
Францускиот предлог денеска беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил. Како што напиша Османи, консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
Костадинов: Имаме чиста формулација на македонскиот јазик, потребна е конструктивност и внимателност од сите
24 Инфо - пред 11 часа
Со предлогот од француското претседателсто конечно добиваме чиста формулација на нашиот македонски јазик, кое едно од нашите клучни идентитетски прашања, порача вечерва потпретседателот на СДСМ во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24. – Конечно имаме чиста формулација на македонскиот јазик без фусноти без задршки, што беше и едно од клучните наши барања, порача Костадинов додавајќи дека со внесувањето на припадниците на бугарскиот народ во Уставот, конечно ставаме крај на митот „за еден народ, две држави”. Костадинов повика на мудрост, конструктивност од сите општествени политички чинители кои треба да се воздржат од пласирање на дезинформации. – Правото на протест е гарантирано за сите граѓани и секој може да го искаже своето мислење на различен начин. Сега сме во клучен процес за нашата иднина и сите заедно мора да покажеме мудрост и конструктивност, да ја заборавиме веќе поделбата на патриоти и предавници, да размислуваме и делуваме со ладни глави особено ние политичарите. Членството во ЕУ е стратешка цел за сите нас и затоа во овој процес мора бидеме максмално внимателни и конструктивни, заклучи Костадинов....
Филипс потпиша за Манчестер сити
24 Инфо - пред 11 часа
Англискиот фудбалски репрезентативец Калвин Филипс (26) ги напушти редовите на Лидс и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити, објави денеска англискиот шампион. Филипс со Сити потпиша договор на шест години, а британските медиуми наведуваат дека Лидс ќе добие 50 милиони евра обесштетување. – Сити повторно докажа дека е најдобра екипа во земјата со неверојатен тим и менаџер. Пресреќен сум што ќе имам можност да играм и учам под водство на Пеп Гвардиола и неговиот стручен штаб, и воедно да бидам дел од една фантастична екипа, изјави Филипс, кој за Лидс одигра 234 натпревари и постигна 4 голови. Филипс е трето засилување во редовите на англискиот шампион ова лето по напаѓачот Ерлинг Халанд и голманот Стефан Ортега....
Маричиќ: Кога имаме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, вреди да се разгледа сериозно
24 Инфо - пред 11 часа
Разговорите и консултациите за францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ ќе продолжат на повеќе нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на брифинг со уредници. Тој ја најави и утрешната официјална посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. – Сè уште трае фазата на консултации. Работиме интензивно на разгледување и на консултации на овој предлог за донесување на соодветна одлука во наредните денови. На седница на Влада ќе видиме и ќе разгледуваме во која форма и како ќе се дејствува понатаму. Ние не се обврзавме со конкретни временски рокови, но секој ден некој, ми замерија и јавно дека премногу сум форсирал да побрзаме, но ние чекаме веќе 17 години. И во ситуација кога имаме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, мислам дека е пакет кој вреди да се разгледа сериозно, рече Маричиќ. На прашањето кога и како ќе започне процесот тој одговори дека секои преговори почнуваат со прва меѓувладина конференција на којашто се усвојува преговарачката рамка, се чита „опенинг стејтмент” или онаа формална изјава за отворање на преговорите од двете страни и се носи одлука за почеток на скринингот. – Скринингот е почетна фаза на преговорите, тоа не е надвор од преговорите, во таа почетна фаза на преговорите имаме задача ние со Европската Комисија и државите членки на ЕУ да го прегледаме нашето законодавство колку е усогласено, но и практиките колку се усогласени со европските. Врз основа на тој скрининг се прават извештаи коишто го даваат патот за како се отвораат и како се движат и затвораат Поглавјата и Кластерите, објасни Маричиќ, додавајќи дека со овој предлог го добиваме она што сметавме дека ни припаѓа, а тоа е почеток на преговорите на оваа првична фаза, на скринингот....
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
24 Инфо - пред 11 часа
Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени....
Русија го прати хокеарот кој избегнуваше војска на Арктикот, федерацијата бара објаснување
24 Инфо - пред 11 часа
Руската хокеарска федерација официјално побара објаснување од властите околу ситуацијата во која се најде голманот Иван Федотов, кој беше приведен во петокот во Санкт Петерсбург со обвинение дека се обидува да избегне воена служба, откако руските медиуми објавија дека тој е пратен на Арктикот. „Руската хокеарска федерација ја следи ситуацијата со голманот на руската репрезентација, Иван Федотов и неговиот воен рок. Федерацијата побара од владините служби да ги разјаснат околностите околу случајот“, вели претседателот на федерацијата, поранешниот трикратен олимписки шампион, Владислав Третјак. Според новинската агенција „ТАСС“, хокеарот се наоѓа во Северморск, во областа Мурманск во арктичкиот регион, и дека може да биде пратен уште по на север, на островот Нова Земја. Другите руски медиуми тврдат дека тој ќе остане во пристаништето Северморск до септември, по што ќе биде одлучено кае ќе биде пратен. Ситуацијата може да го чини Федотов НХЛ-кариера, откако во мај тој потпиша договор со Филаделфија флаерс по крајот на договорот со ЦСКА Москва, со која ја освои титулата од Гагарин купот во КХЛ лигата и беше прогласен за најдобар голман. Федотов беше на голот на руската репрезентација која освои сребро на Олимпијадата во Пекинг во февруари. Други руски медиуми шпекулираат дека проблемот е направен поради неговиот конфликт со ЦСКА Москва, спортскиот клуб кој е традиционално поврзан со руската војска. Во Русија, воената служба е задолжителна за сите од 18 до 27 години....
Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки
24 Инфо - пред 12 часа
Бесните навивачи на Олимпија Љубљана не дозволија нивниот нов тренер, поранешниот шпански фудбалер Алберт Риера да ја оддржи првата прес-конференција, лути на одлуката на клубот да го избрка Роберт Просинечки. Популарните „Greenn Dragons“, претходно присуствуваа на прес-конференцијата на поранешниот хрватски репрезентативец, кој ја обвини управата на клубот за „скандалозно“ однесување. „Можеа да кажат дека не знам да работам, но не и дека не сум чесен. Со поголеми лажговци и преваранти никогаш не сум работел, а сум работел со многумина. Апсурден е начинот на кој се води клубот, тоа не би го режирал ниту Алфред Хичкок“, изјави Просинечки откако доби отказ по само три месеци, а од клубот објавија дека речиси секој ден останувал до 4 часот наутро, пиејќи алкохол и играјќи карти. 😡 ¡¡¡LAMENTABLE!!! 😱 Los ultras del Olimpija Ljubiljana expulsan a Albert Riera en su presentación como nuevo entrenador del club 📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/hbpNG2cO5Q — El Partidazo de COPE (@partidazocope) July 4, 2022...
Дрво падна врз паркирани коли во Тафталиџе
24 Инфо - пред 12 часа
Краткотрајниот пороен дожд што го зафати попледнево Скопје направи низа проблеми во градот. Големо, старо дрво попладнево падна врз паркирани автомобили во Тафталиџе. Спорд информациите, оштетени се две коли, а во инцидентот нема повредени....
Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слуша што вели македонскиот народ
24 Инфо - пред 12 часа
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина” која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести. Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност. Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска....
Калеска Ванчева: Исправени сме пред клучни моменти, ова е предлог со чист македонски јазик без фусноти и одредници
24 Инфо - пред 12 часа
Ова се историски моменти, кога никој не може нешто анблок да прифати, ниту може анблок нешто да отфрли, факт е дека сме исправени пред клучни моменти, пресвтрница во нашиот 30-годишен живот како самостојна држава, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија. Калеска Ванчева нагласи дека францускиот предлог, кој е објавен, заслужува општа консултација и вистино внимание и ни случајно не треба да се отфрли и да се даваат квалификации коишто не се содржани. Ова е прв предлог кој има суштествена разлика најмногу во македонскиот јазик, без фусноти и задршки, тоа беше клучно, тоа е многу јака основа да разгоравараме, истакна Калеска Ванчева, додавајќи дека овој процес треба да продолжи и тоа транспарентнио како што го прави владата. Но, за жал ние се соочувме со реакции поттикнати од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Левица и тоа многу повеќе личи на одбвивање заради одбивање и заради некои други интереси, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека лажниот патриотизам не нé води никаде. Таа потсети дека ваквиот наратив се слушаше и кога се потпишуваше договорот со Грција, дека ќе не снема како држава, дека идентитетот е загрозен, дека сме предавници, но сите видоа дека ништо не се случи. Сега повторно го слушаме истиот наратив дека македонскиот јазик ќе стане дијалект на бугарскиот јазик, дека се врши асимилација, бугаризација, но ништо од тоа не е вистина, а уште еден доказ дека македонскиот јазик, а со тоа идентитетот не е загрозен, e ако го прифатиме овој предлог, веднаш го потпишуваме договорот за Фронтекс на македонски јазик, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија....
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
24 Инфо - пред 12 часа
Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер....
Протестот се префрли пред Собрание, тензиите не стивнуваат
24 Инфо - пред 12 часа
Дел од граѓаните кои протестираа пред зградата на Владата на Македонија, својот револт против францускиот предлог продолжија да го изразуваат пред Собранието. Кон законодавниот дом тие фрлаа јајца и ја тргнат заштитната огрдата поставена во паркот пред македонскиот Парламент. Околу Собранието има бројни полициски сили....
(фото) Лица со качулки, слики како на 27 ми април пред Влада
24 Инфо - пред 13 часа
Денеска на протестот пред Владата се случи инцидент, кога дел од групата се обиде насила да ја пробие заштитната ограда и да влезе во Владата. Групата беше попречена од полицијата. Неколку фотографии покажуваат лица со качулки и прекриени лица, кои многумина ги потсети на тензиите од 27 април. Кој посакува инциденти и тензии во Македонија? Останува организаторите на протестот, ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се произнесат....
Демонстранти се судрија со полицијата пред Владата
24 Инфо - пред 13 часа
Група граѓани влегоа во дворот на зградата на Владата, каде трет ден по ред се протестира против францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“. Дел од нив се судрија со полицијата која постави коридон пред зградата на Владата, откако ја пробија заштитната ограда. Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна, порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“....
Трајанов: Да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна
24 Инфо - пред 13 часа
Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог, рече Трајанов во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа. -Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност, посочи Трајанов. Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. – Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка, рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем....
Ламбе Алабаковски ја пееше химната пред Владата и запали хартија на која пишуваше „француски предлог“
24 Инфо - пред 13 часа
Трета вечер по ред пред владината зградата во центарот на Скопје започнаа протести против францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и започнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Под мотото „Ултиматум – не благодарам“ граѓани се собраа да го изразат својот револт, а на протестот се појави и пејачот Ламбе Алабаковски кој е обвинет за палење на влезот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Алабаковски на почетокот на протестот ја отпеа државната химната, а потоа се слушаше и неговата песна „Земјо моја“. Тој на бината покажа и парче хартија на кое пишуваше „преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“, кое Алабаковски го запали. „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка. Затоа ова парче хартија треба да гори денес“, рече пејачот во краткото обраќање....
Пет загинати и 16 ранети во инцидент на прославата на 4 Јули во Чикаго
24 Инфо - пред 13 часа
Пет лица се убиени, а 16 други ранети кога вооружен маж почна да пука 10 минути по почетокот на парадата по повоид Четврти јули во преградието на Чикаго, Хајленд Парк , соопштија властите. Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека и понатаму е „активен инцидент” и ги повика луѓето да се држат настрана....
Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023
24 Инфо - пред 13 часа
Македонската кошаркарска репрезентација со домашен пораз Украина од 68:73 (21:35, 16:12, 16:10, 15:16) ги заврши квалификациите за Светското првенство во 2023 година, што претставуваше шести пораз во шесте меча од групата Г, каде што Грузија е прва пред Шпанија и Украина. Македонските кошаркари лошо влегоа во мечот, и дозволија Украина да постигне дури 35 поени во првата четвртина и а направи предност од 14 поени, кои подоцна се покажаа како недостижни и покрај подобриот квалитет во втората и посебно третата четвртина. Македонија успеа да дојде на достижни четири поени пред последната четвртина, но потоа повторно дојде лоша серија и Украинците се одвоија на 57:69. Момците не се откажаа и на три минути до крајот имавме четири негатива (65:69), но Украинците успеаја да изддржат и да си заминат со победа од Скопје. Андреј Јакимовски беше најефикасен за Македонија со 17 поени и 9 скока, додека немавме одговор за Свјатослав Михајлук, кој имаше 23 поени за Украина....
„Билд“: Де Лихт го избра Баерн, преговорите се веќе започнати
24 Инфо - пред 13 часа
Баерн Минхен неочекувано стана фаворит за потписот на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесува „Билд“ Веста ја потврди и „Скај Спорт“ кој тврди дека Баварците веќе започнале преговори со Јувентус, бидејќи Де Лихт е прецизно барање на тренерот Нагелсман.Самиот Де Лихт, за кого интерес покажува и Челзи, истанал импресиониран од разговорот со Нагелсман и поради тоа избрал да се пресели во Баерн Минхен. Меѓутоа, високата цена може да се покаже како проблем, бидејќи Баерн во моментов е спремен да понуди 60 милиони евра, а Јувентус не сака да го пушти за помалку од 80 милиониЧелзи исто така се уште е во трката за потписот на дефанзивецот, но самиот Де Лихт преферира трансфер во Баерн Минхен....
Биљали-Зендели: ДУИ не сака загрозување на вредностите на нашите сограѓани Македонци
24 Инфо - пред 13 часа
Ги слушаме пораките од граѓаните околу францускиот предлог, но и пораките од меѓународниот фактор. Американската амбасада и ЕУ јасно истакнаа дека овој предлог треба да се прифати. Не знаеме се уште што има во протоколот. Ова покажува дека што и да понуди францускиот предлог, одредени партии ќе го одбијат, што не е во согласност со нашата цел за тргнување на бугарската блокада. Ние сега одбиваме нешто што не знаеме што содржи, вели пратеничката на ДУИ, Арта Биљали-Зендели. Според неа, министерот Бујар Османи е „стабилен“ во врска со ситуцијата. -Тој од почетокот се занимаваме со прашањата кои се важни. Тој сакаше да оди пополека, а не да се брза. По ниту една цена не сме за загрозување на вредностите на нашите сограѓани Македонци. Ставот на ДУИ е дека треба да се прифати. Протоколот не може бланко да го игнорираме или прифаќаме, додаде Зендели....
Нападната скопјанка поради недоразбирање во сообраќајот
24 Инфо - пред 13 часа
Во скопски Аеродром физички била нападната четириесет и осумгодишна жена од нејзиниот сосед. Полицијата известува дека на 03.07.2022 во 17.42 часот во Полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје....
МЖСПП: Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од државава
24 Инфо - пред 14 часа
Започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант ОХИС, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција. Вкупно 477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и натоварени во 7 контејнери и 126,37 тони HCH загадена почва ископана и соодветно спакувана, со товарни возила ќе бидат транспортирани до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH отпадот ќе биде транспортиран за Франција, а контамираната почва за АТМ Холандија, соопштија од МЖСПП. Со тоа, посочуват од Министертсвото, комплетно завршуваат договорните активности со УНИДО, а по извршеното примопредавање на 03 јуни 2022 година за продолжување на ископот одговорноста ја презема UNOPS со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. – Во меѓувреме, се продолжи со ископ на останатиот материјал од малата депонија која е поделена во уште четири лота. Во тек е ископот на вториот лот за чиј надзор е одговорна компанијата HPC во соработка со локалниот партнер Екомозаик, се наведува во соопштението на МЖСПП....
Во Германија регистриран прв извозен дефицит по повеќе од 30 години
24 Инфо - пред 14 часа
Германија забележа трговски дефицит на месечна основа за првпат од 1991 година, поради повисоките увозни цени. Германскиот сојузен завод за статистика денеска објави дека во мај вредноста на извозот изнесува 125,8 милијарди евра, додека вредноста на увозот 126,7 милијарди евра. Тоа значи дека евидентираниот трговски дефицит на Германија изнесува една милијарда евра. Аналитичарите порастот на увозот го припишуваат на инфлацијата. Во текот на мај извозот од Германија во Русија е зголемен за 30 отсто во однос на април, кога поради нападот на Русија врз Украина и западните санкции падна за 60 отсто. Сепак, обемот на германскиот извоз во Русија во мај остана на помалку од 50 отсто во споредба со истиот месец минатата година....
Кирјос посилен од повредата и Накашима, се пласира во четвртфиналето на Вимблдон
24 Инфо - пред 14 часа
Австралискиот тенисер Ник Кирјос обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон со победата над Американецот Брендон Накашима по три часа и 10 минути игра со 3:2 во сетови и тоа со 4:6,6:4,7:6,3:6,6:2. Кирјос повторно одигра меч во негов стил, брзо и атрактивно, но повредата на рамото го натера да побара лекарски тајм-аут во еден момент од вториот сет. Говорот на телото и лицето укажуваа дека повредата не е обична, но сепак Кирјос успеа да го добие третиот сет во неизвесен тај-брејк. Во четвртиот сет, Кирјос „се откажа“ од борба откако го загуби седмиот гем на свој сервис, а потоа дозволи уште еден брејк за 3:6 и израмнување на 2:2 во сетови. Сепак, во одлучувачкиот петти сет, Австралијанецот успеа да ги надмине проблемите со повредата, направи два брејка и славеше со убедливи 6:2 за пласман во четвртфиналето каде ќе игра со Кристијан Гарин. Чилеанецот Гарин исто така во пет сета го елиминира Алекс Де Минор со резултат 3:2 (2:6,5:7,7:6,6:47:6). Де Минор имаше водство 0:2 во сетови, но Гарин успеа да направи пресврт и го доби „супер тај-брејкот“ од петтиот сет со резултат 10:6 што значеше пласман во четвртфинале. Тејлор Фриц од САД беше најубедлив, за два часа и една минута со 6:3,6:1,6:4 го елиминира Џејсон Кублер. Во женска конкуренција, прва четвртфиналистка е Елена Рибакина од Казахстан која со 7:5,6:3 ја победи Хрватката Петра Мартиќ....
Прванов: Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан
24 Инфо - пред 14 часа
Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата. -Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што не прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски, коментира Прванов. Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции. Тој го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати”, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции....
Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша
24 Инфо - пред 14 часа
Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на големата суша што зафати делови од земјата, соопшти кабинетот на премиерот Марио Драги. Владата ќе се состане денеска за да ги објави мерките што ги засегаат најтешко погодените региони. Северот на земјата е особено тешко погоден, со големи езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое содржи многу помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Пo, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж своето течение е на најниско ниво во последните 70 години. Градовите Пиза и Верона воведоа ограничувања за вода, а Венеција и Милано исклучија некои од нивните фонтани. Зачестеноста на сувите периоди во медитеранскиот регион во голема мера се припишуваат на климатските промени. Во делови од Португалија и Шпанија има суша најинтезивна во изминатите илјада години поради атмосферскиот висок притисок поттикнат од климатските промени, според истражувањето објавено денеска, во кое се предупредува на сериозни последици за производството на вино и маслинки. Во новата студија за моделирање објавена во списанието Nature Geoscience, истражувачите од САД открија дека овој систем под висок притисок „драматично се променил во изминатиот век и дека овие промени во северноатлантската клима се без преседан во изминатиот милениум”. Користејќи симулации на климатски модели во последните 1.200 години, студијата покажа дека овој систем под висок притисок почнал да расте и да покрива поголема површина пред околу 200 години, бидејќи загадувањето со стакленички гасови почнало да се зголемува....
Никола Димитров призна дека е чиста формулацијата за македонски јазик во предлогот
24 Инфо - пред 14 часа
За темите од францускиот предлог околу кои се крена најмногу тензијата во јавноста – македонскиот јазик и вметнувањето на историските прашања во преговорите со ЕУ, Димитров ги објаснува стапиците во документот. Иако јазикот е запишан со чиста формулација во документот како „македонски јазик“ земјава, како што вели Димитров За историските прашања Димитров е дециден, дека со францускиот предлог тие се инкорпорирани во преговарачката рамка за кои ќе известува Европската комисија, поточно, дека тие стануваат европски услови за прогресот на земјава во пристапните преговори со Унијата....
АлтернАтивА: Го подржуваме францускиот предлог за отворање на преговорите и повикуваме за општествена и државна кохезија
24 Инфо - пред 14 часа
АлтернАтивА го поздравува и го подржува вториот француски предлог, кој претставува поволна рамка, со која и за Република Северна Македонија се отвора можноста за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и, притоа, повикува за општествена и државна кохезија околу овој предлог. Всушност, ние сме убедени дека овој предлог е најдобриот досега, со кој Северна Македонија добива европска перспектива без никаква опасност кон етничкиот идентитет на Македонците и на македонскиот јазик. Затоа ние ги повикуваме сите политички партии во нашата земја да го сфатат најсериозно овој предлог и да не дозволат за скромни политички поени да загрозат историска шанса која е цел на повеќе генерации. Освен политичкиот спектар, овој предлог треба да ужива поддршка и од другите структури на општеството, бидејќи ваквото решение придонесува за посветла иднина на целото општество. Како партија која пред шест месеци се приклучи кон ова мнозинство и на оваа влада со политички договор, во кој прва точка беше европската интеграција, АлтернАтивА смета дека сега и најголемите скептици и критичари треба да сфатат дека сме ја донеле најдобрата одлука, со што му дадовме шанса на европската перспектива на земјата, истовремено помогнавме, и како држава и како народ да влеземе во европскиот колосек. Понекогаш не е важно колку си голем, туку какви големи одлуки носиш. АлтернАтивА во тоа време направи голем подвиг, а тоа денес е реалност, која со својот чекор овозможи да се отвори европскиот пат за две држави и за повеќе народи на Западен Балкан....
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со претседателот Пендаровски за францускиот предлог
24 Инфо - пред 14 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
Започнува караванот за презентација на вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво во осумте плански региони за проекти за социјално ранливите категории
24 Инфо - пред 14 часа
Со јавна презентација пред општините од Североисточниот плански регион во Куманово започна караванот за презентирање на вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, што го организира Министерството за труд и социјална политика. Преку караванот општините, невладините и граѓанските организации ќе бидат запознаени со роковите, постапката за аплицирање и условите на јавниот повик. Целта на презентациите што во текот на оваа седмица ќе се одржат во сите осум плански региони во државата е општините и организациите да се мотивираат да аплицираат на повикот и да предложат што поквалитетни проекти за социјални услуги на локално ниво. Општините ќе бидат носители на идните проекти за социјални услуги во своите средини, заедно со локални граѓански и невладини организации како даватели на услугите. По оваа во Куманово, јавните презентации ќе продолжат на 5 јули 2022 година во Гевгелија за Југоисточниот и во Прилеп за Пелагонискиот плански регион. Во Велес и во Штип за Вардарскиот и за Источниот плански регион презентациите ќе се одржат на 6 јули, а на 7 јули во Гостивар за Полошкиот и во Охрид за Југоисточниот плански регион. Презентацијата за Скопскиот регион ќе се одржи во главниот град на 8 јули 2022 година. Минатата недела, вториот јавен повик за финансирање на развој на социјални услуги на локално ниво беше презентиран пред претставници на Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Општините треба да изразат интерес за учество на јавниот повик, почнувајќи од 1 јули 2022 година. По завршувањето на овој процес ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините. Заинтересираните Општини за учество ќе добијат и бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози. Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Преку овој проект со доделување на грантови ќе се придонесе за проширување на понудата на социјалните услуги. Идејата е преку овој проект во рамки на севкупната социјална реформа да се креираат нови социјални услуги, да се подобри нивниот квалитет и да се зголеми опфатот на корисници. Досега, преку првиот јавен повик за доделување на грантови се реализираа 22 проекти во 27 општини . Од нив 16 се за помош на нега во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект е наменет за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 546 корисници, а дополнителен бенефит е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки. Социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика се темели на четири постулати – плурализација, преку која покрај државата, се овозможува вклучување и на други субјекти во давањето на услугата со што се збогатува понудата; инклузија – преку што се менува традиционалниот пасивен, во активен пристап; деинституционализација, која е еден од главните столбови на Законот за социјална заштита; и децентрализација, со што во процесот на социјални услуги се вклучуваат и општините....
(Видео) Запалено знамето на Европската унија пред Влада
24 Инфо - пред 15 часа
Приврзаниците кој протестираат денеска пред Владата против Францускиот предлог го запалија знамето на Европската Унија....
Шарл Мишел утре во посета Скопје
24 Инфо - пред 15 часа
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија....
САД: Убиството на новинарот Ширен Абу Аклех е ненамерно и резултат на трагични околности
24 Инфо - пред 15 часа
Од Стејт департментот денеска изјавија дека не можат да го утврдиат потеклотото на куршумот што го уби американско-палестинскиот новинар Ширен Абу Аклех, во Западниот Брег во мај, но заклучува дека смртта најверојатно потекнува од оган од израелски воени позиции. Експертите утврдија дека куршумот е оштетен што е пречка за да се донесе јасен заклучок, се вели во соопштението од портпаролот Нед Прајс. -Во заклучок од истрагите на одбранбените сили на Израел и на палестинската власт, безбедносниот координатор на САД (УССЦ) заклучи дека оганот од изреалски одбранбени позиции е најверојатно одговорен за смртта на Ширен Абу Аклех, се вели во соопштението. УССЦ не најде причина да верува дека ова е намерно, најверојатно е резултат на трагични околности во текот на воена акција на израелските одбранбени сили против фракции на палестинскиот исламски Џихад на 11 мај 2022 година во Џенин, а по серија терористички напади во Израел, се вели во соопштението....
Роналдо не се појави на првиот тренинг на Манчестер јунајтед
24 Инфо - пред 15 часа
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, не се појави на првиот тренинг на Манчестер Јунјатед, засилувајќи ги со тоа шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд”. Португалскиот 37-годишен напаѓач требаше заедно со своите соиграчи, кои имаат репрезентативни обврски во јуни, да ги стартуваат денеска подготовките за новата сезона. Сепак, Роналдо испрати „извинување” до клубот, наведувајќи дека поради семејни причини е принуден да го пропушти првиот тренинг. Речиси сите британски медиуми пренесуваат денеска дека Роналдо нема намера да ја продолжи кариерата во Јунјатед, додавајќи оти петкратниот освојувач на Златната топка веќе му порачал на клупското раководство дека заминува. Роналдо го врзува уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, но лошата резултатска сезона 2021/22 во која клубот остана без пласман во Лигата на шампиони, како и несогласувањата во соблекувалната, но и доаѓањето на новиот тренер, наводно се причините поради кои Португалецот по втор пат во кариерата ќе ги напушти „црвените ѓаволи”....
Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени, порача Маричиќ
24 Инфо - пред 15 часа
Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ. Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки. Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој. Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ. – Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови, посочи вицепремиерот. Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања. – Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме, истака вицепремиерот Маричиќ....
Средба на претседателот Пендаровски со министрите за европски прашања на Ирска и Финска
24 Инфо - пред 16 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија. На средбата беа потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка. Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Oд стрaна на министрите беше истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата. Соговорниците разменија мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, беше констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, беше поздравена одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид....
Лавров: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално
24 Инфо - пред 16 часа
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија. – Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги, изјави Лавров на прес-конференција во Москва. На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија....
Маричиќ: Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг
24 Инфо - пред 16 часа
Би била вистинска штета и за државата и за идните генерации овој момент да го пропуштиме сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со неговите колеги од Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Бирн. -Не е момент за непотребно одлагање, момент е за трезвена дискусија, разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, толку ќе биде потежок за решавање. Без разлика на одлуката која ќе ја донесе Владата во врска со францускиот предлог, полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел и остануваме целосно посветени на реформскиот процес, посочи Маричиќ. Порача дека во следните денови преку инклузивен општествен проце имаме задача заеднички да одлучиме дали ќе ставиме крај на лавиринтот во кој сме заглавени скоро две децении и ќе покажеме мудрост со разгледување и соодветно поставување кон овој предлог, предлог кој, нагласи, е чувар на националните интереси и на нашите црвени линии, или, пак, ќе влеземе во долгогодишен застој којшто секогаш по правило ни носел нови предизвици и нови проблеми. -Од моите колеги очекувам да продолжат да ни помагаат и да се залагаат за политиката на проширување на ЕУ на начин што ќе овозможи таа да биде покредибилна, попредвидлива и подинамичка како што впрочем и најавува новата методологија усвоена 2020 година. Северна Македонија со Финска и Ирска после оваа посета продолжуваат да го зацврстуваат пријателството и да бараат можности за зголемување на билатералната соработка за што веќе постои интерес од деловната заедница. Имаме заедничка евроатлантска иднина за која меѓусебно и понатаму силно ќе се залагаме, рече Маричиќ. Нагласи дека верува оти, како што рече, разумните и одговорните државнички политики ќе надвладеат над деструкциите, дезинформациите, надворешните влијанија. -Верувам дека набрзо ќе ја запечатиме европската судбина на државата со одлука која ќе значи просперитет, развој, напредок, трансформација, реформа и европеизација на државата во која живеат Македонци кои говорат македонски јазик. Нашата иднина е сега само во наши раце, рече Маричиќ. Денеска, додаде, после 18-годишен маратон за почеток на преговорите со ЕУ, земјава има историска можност за почнување на преговорите без дополнителни одлагања со заштитен македонски јазик и македонски идентитет. -Имаме предлог на маса со кој конечно имаме вистинска можност да станеме полноправна членка на европското семејство како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Аргументираната реакција на премиерот Ковачевски на самитот во Брисел сега дава шанса за судбоносно да за европската иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое што се залагавме подолго време, а тоа чиста формулација на македонскиот јазик без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања што за нас беше најважно за зачувување на нашите национални интереси. Тоа е она за што се боревме, тоа е она што го посакувавме, тоа се нашите национални позиции и црвени линии кои успеавме да ги зачуваме и тоа треба навистина да го вреднуваме и да го цениме, потенцира Маричиќ. Во овие турбулентни времиња на нови геополитички настани, како што кажа, од исклучителна важност е и зачувување на безбедноста и стабилноста во Европа. -Токму затоа Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Искрено се надевам дека членството на Република Финска и на Кралството Шведска ќе се реализира за што од наша страна имате целосна поддршка. За почит и поздравување е ваквата одлука за членство во НАТО која значи зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа особено во овие моменти на воена инвазија врз Украина што несомнено ја погоди европската безбедносна политика и слика, рече Маричиќ....
Холандските власти уапсија осомничен за убиството на новинарот Де Врис
24 Инфо - пред 16 часа
Холандските власти денеска уапсија 27-годишен полски државјанин, осомничен дека го организирал убиството на познатиот новинар Питер де Врис, речиси точно една година по вооружениот напад врз него. Уапсеното лице, чиј идентитет не е соопштен, е осомничено дека „ги наредил оние што го убиле Де Врис”, соопшти холандското обвинителство. Тие не соопштуваат други детали, но нагласија дека ја продолжуваат истрагата за да откријат кој го нарачал убиството и мотивот. За убиството на Де Врис им се суди на 21-годишниот Холанѓанец Делан Г. и на полскиот државјанин Камил Е., а нивните пресуди судот треба да ги изрече на 14 јули. Обвинителите побараа доживотна казна затвор за двајцата. На 6 јули 2021 година, Де Врис беше застрелан од непосредна близина во центарот на Амстердам, им подлегна на повредите девет дена подоцна, на 64-годишна возраст....
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
24 Инфо - пред 16 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада....
Ковачевски: Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години се наш стратешки партнер
24 Инфо - пред 16 часа
САД веќе 30 години се наш долгогодишен стратешки партнер со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. -Честит 4 Јули, Ден на независноста на Соединетите Американски Држави! Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години во текот на нашата независност се наш долгогодишен стратешки партнер и со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја. Партнерството со САД беше силна поддршка во остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО. Остануваме на позициите и јасните определби, за јакнење на заедничките вредности, на демократијата и на слободата, кои се единствен темел за создавање вистински вредности и прогресивно општество, за просперитет на нашите народи, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук....
Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата
24 Инфо - пред 16 часа
Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот може да се преземе на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста. – Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите, информираат од владината прес-служба....
Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ
24 Инфо - пред 17 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот....
Македонските ракометари останаа без финале на Медитеранските игри
24 Инфо - пред 17 часа
Македонската машка ракометна репрезентација загуби попладнево од Египет со високи 34-20 (16-10) во рамки на првото полуфинале на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа немоќни против египетскиот противник и во текот на целиот натпревар беа во резултатски подредена положба. Египет, кој до полуфиналето имаше стопроцентен ефект од четири победи, замина на полувреме со предност од шест голови разлика, која во продолжението само ја зголеми и обезбеди пласман во финалето. Македонските ракометари во натпреварот за бронзениот медал ќе играат против поразениот од вториот полуфинален натпревар во кој вечерва се среќаваат Шпанија и Србија....