Есенски ХОРОСКОП: Што ви носи оваа есен?
За Се - пред 23 минути
Овен Есента ќе ви ја донесе долгоочекуваната стабилност. Така, астролозите ви препорачуваат да уживате во новиот статус и да бидете подготвени за позитивни промени. Бик За вас есента ќе биде поделена на неколку сегменти. Астролозите ве советуваат да се концентрирате исклучиво на она што го работите и да не се грижите за иднината. Многумина од претставниците на овој знак ќе мора да се преселат, но тоа ќе биде доста успешно. Совет плус: планирајте однапред доколку станува збор за патување. Близнаци Есента ќе ви го разубави животот, а единственото нешто што може да ја засени сликата е недостатокот на време. Затоа, добро испланирајте го вашето време и организирајте се – само на тој начин сè ќе се вклопи во вашиот распоред. Рак Есента ќе биде идеално време за анализа на вашата ментална состојба. Така, ќе имате можност да му се посветите на вашето внатрешно „јас“ и ќе научите дека емоциите треба да се искажат, а не да се акумулираат внатре во себе. Освен тоа, искреноста ќе ви помогне да изградите врска каква што сте секогаш сте посакувале. Лав Конечно ќе ви се укаже можност за одмор од секојдневните работни обврски. Есента ќе биде вашето идеално време за дигитална детоксикација и ослободување од стресот. Уживајте во секој момент, но и не споредувајте се со никого. Девица Есенските месеци ќе ви донесат безброј можности, особено на личен план. Дозволете да ве води срцето, а не умот. Со текот на времето ќе сфатите дека покажувањето емоции е искрен начин да се поврзете со другите и заедно да растете. Вага Ќе можете да го продолжите сето она што претходно сте го започнале. Сепак, главната работа ќе биде да останете смирени и да не подлегнете на негативните импулси. Ѕвездите ве советуваат да не се плашите да ги покажете вашите силни квалитети – светот тоа ќе го забележи со задоволство. Скорпија Наесен ќе научите како поинаку да комуницирате со другите. Освен тоа, ќе успеете да го најдете мирот онаму каде што најмалку очекувате. Доволно е да се поврзете со своето внатрешно „јас“ и да се прифатите такви какви што сте. Ве очекува и подобрување на односите со вашите најблиски. Стрелец Посветете го овој период на учење и проширување на вашите знаења бидејќи само така ќе можете да ги постигнете вашите цели. Сепак, не занемарувајте ја потребата и за одмор кој ќе ви ја даде неопходната енергија за да продолжите понатаму. Освен тоа, имајте доверба во вашите одлуки. Јарец Ве очекува голема среќа во секој аспект од животот. Сепак, астролозите ви препорачуваат да не ги занемарите важните работи и внимателно и промислено да носите одлуки. Водолија Ова ќе биде добар момент да ги завршите обврските кои сте ги оставиле да се трупаат досега. Меѓу другото, ве очекуваат добри вести на љубовен план: некои од вас ќе добијат понуда за брак, некои ќе започнат нова љубовна врска, а некои ќе ѝ стават крај на токсичната врска која повеќе не им носи позитивни емоции. Риби Ќе добиете многу нови можности, но ќе наидете и на пречки. Ќе бидете успешни во она што го работите и полни со нови искуства. Сепак, не плашете се да правите грешки бидејќи можете да научите многу работи од нив....
Деп ќе го режира својот прв филм по 25 години
За Се - пред 55 минути
Деп заедно со Ал Пачино ќе снима филм за познатиот италијански сликар и скулптор Амедео Модиљани. Деп , исто така, и ќе го продуцира филмот за уметникот кој починал осиромашен во 1920 година на млада возраст, но стана познат по своите ремек-дела на актови со издолжени лица и екстремитети. Модиљани починал во 1920 година од туберколоза. Имал само 35 години. Според „Холивуд репортер“, Деп (59) веќе го ангажирал својот пријател Ал Пачино (82), откако ѕвездата на „Кум“ не успеа да издејствува биографски филм за Модиљани во режија на Мартин Скорсезе во 1980-тите.Не се објавени други детали за кастингот, но бидејќи Модилјани почина на 35-годишна возраст, мала е веројатноста некој од овие двајца актери да го глуми уметникот, освен ако немаат намера да користат CGI за намалување на стареењето како во „Ирецот“ на Мартин Скорсезе. Филмот всушност е адаптација на драмата „Модилјани“ на Денис Мекинтајр од 1979 година, чие дејствие е сместено во 1916 година за време на кризен период од животот на уметникот. Вториот обид на Деп како режисер доаѓа 25 години по неговиот вестерн The Brave („Храбриот“) од 1995 година, во кој глумеше заедно со Марлон Брандо.Џони Деп ќе ја земе режисерската палка во свои раце првпат по 25 години, и планира да застане на чело на тимот на биографски филм за познат сликар....
ФОТО: Фудбалерот не може да ги тргне рацете од најубавата жена во светот
За Се - пред 1 час
Освен што ја сметаат за една од најсексапилните жени на светот, Оливија Кулпо за многумина претставува и модна икона. Некогашната Мис Универзум и модна инфлуенсерка не ја следат без причина над 5 милиони луѓе на Инстаграм. Таа неодамна ги израдува фановите со серија фотографии на кои ужива во љубовта со нејзиното момче, рагбистот на „Carolina Panthers“, Кристијан Мекафри. На фотографиите парот делува среќно и заљубено, а фановите им порачуваат конечно да се венчаат и дека спортистот досега веќе требало да ја ожени убавата Оливија. За потсетување, 30-годишната Кулпо беше прогласена за Мис Америка во 2012 година, а истата година ја понесе и титулата Мис Универзум. Во 2019 година, списанието „Maxim“ ја прогласи за најсексапилна жена на светот....
4 знаци дека покрај вас имате вистински џентлмен
За Се - пред 1 час
Како што на мажите им е важно жената да ги почитува во врската, на дамите им е важно и како се однесува нивниот партнер.Повеќето жени сакаат вистински џентлмен покрај себе, иако многумина тврдат дека тие се изумрен вид, но дека не е баш така. Малите гестови како отворање на вратата и држење на палтото значат многу за жената и таа никогаш нема да го заборави тој гест. Доколку ве интересира дали имате џентлмен до вас, погледнете ги показателите во однесувањето на мажот кои се доказ дека тој е вистински џентлмен: 1. Никогаш нема да биде заплашен од вашата мотивација Мажот кој има цели во животот ќе сака покрај себе жена која исто така ги има. Никогаш нема да биде исплашен или загрозен од жена која тргнува по она што го сака. Бидете внимателни, бидејќи вистинскиот маж нема да ве спречи да ги следите вашите соништа. 2. Тој е љубезен кон сите Дури и кога некој се однесува грубо со него, тој не се откажува. Вистинскиот џентлмен секогаш ќе остане достоинствен. Свесен е дека нема ништо од тоа и не ги спушта стандардите на однесување на пониско ниво, без разлика на провокациите. 3. Љубовните врски ги чува за себе Никогаш не би понижил жена споделувајќи ги своите приватни моменти и подвизи со пријателите или со некој друг. Тој не мора да го прави тоа. Тој се почитува себеси и ја почитува жената со која ќе избере да биде интимен. 4. Знае да ве стави на прво место Вие сте на неговата приоритетна листа заедно со семејството и пријателите, но тој секогаш знае кога е вистинското време вие да бидете први меѓу неговите важни. Ако пријателите го поканат на игра кога е годишнина од вашата врска, тој ќе ги одбие бидејќи сака тој ден да го помине со вас, целосно посветен на вас, а друг пат ќе има можности да се дружите со пријателите....
ФОТО: Поради фотографиите на наследничката на Драгана Мирковиќ настана „хаос“ на социјалните мрежите
За Се - пред 2 часа
Наследниците на Драгана Мирковиќ со години избегнуваа да се појавуваат во медиумите и да бидат на мета на јавноста, но последниве месеци станаа интересни поради нивните профили на социјалните мрежи каде објавуваат фотографии. Посебно внимание привлекува наследничката на Драгана, Мануела, која израсна во вистинска убавица. Имено, таа објави неколку фотографии од својот одмор со кои ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм. Таа позираше во тесни комбинации и ги покажа своите облини, поради што имаше голем број комплименти за нејзиниот изглед. Инаку, Манула ужива на морето во Хрватска каде престојува со своите пријатели. Многумина напишаа дека ќерката на Драгана неодоливо ја потсетува. - Мануела работеше во хотелот „Риц“, тоа траеше три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики. Најважно ми е што и двајцата изразија желба за работа, не ги теравме на тоа – изјави пејачката во една прилика за медиумите....
Ова треба да го правите секоја ноќ, почнете од вечерва
За Се - пред 2 часа
Иако е најлесно да се истегнете во кревет, кога се враќате дома исцрпени, по напорен ден, тоа не е најдобро решение за вас. Во моментите на најголем замор треба да сториме нешто што ќе нè опушти, ќе ни го исчисти умот и ќе нè подготви за следниот ден на најдобар можен начин. Ако сакате да го промените квалитетот на вашиот живот, сега е вистинското време да ја воведете оваа вечерна рутина која ќе ве натера да станувате со насмевка секое утро. Изберете книга наместо телевизија. Вечерајте лесна храна. Опуштете се. Ставете си маска на лицето, на косата, едноставно негувајте се. Направете си план за следниот ден. Напијте се шолја чај пред да си легнете....
ФОТО: Весна позираше во костим за капење, облините во преден план
За Се - пред 3 часа
За бракот на пејачката со Јован редовно се пишува, но во јавноста малку е познато дека бившата на пејачот е вистинска убавица на чиј физички изглед би ѝ позавиделе многу млади девојки. Жељко Јоксимовиќ на 23 години првпат се ожени со Весна Јоксимовиќ со која ја има ќерката Мина, а нејзините фотографии во костим за капење ги запалија социјалните мрежи. Весна никогаш не сакала да се експонира пред медиумите, па се претпоставува дека тоа е причината поради која нејзината и ќерката на Жељко ретко објавува нивни заеднички фотографии. Мина повремено ги израдува своите следбеници со некои слики на кои позира со нејзината мајка, а многумина заклучија дека наследничката на пејачот ја наследил убавината од Весна. На социјалните мрежи се појавија фотографии од Весна како ужива на плажа во црн костим за капење, а во прв план беше нејзиното бујно деколте. Таа позира насмеана, со долгата црна коса фрлена преку рамениците....
Органите на актерката Ен Хеч беа донирани
За Се - пред 3 часа
Американската актерка Ен Хеч го загуби животот, откако претходно со нејзининот автомобил удри во куќа во Лос Анџелес. Поранешната актерска ѕвезда вчера беше исклучена од апаратите за одржување во живот, откако бил пронајден соодветен примател на органите. Не е познато колку или кои органи биле донирани, но, според американските медиуми, хирурзите биле подготвени да ја направат процедурата....
Топол бран во четврток и петок, температури и над 40 степени
За Се - пред 4 часа
Целата територија на државава во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурите во повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С. Од петок од крајот на денот, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно. -Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи, посочуваат од УХМР. Дождот од петочното попладне, за време на викендот може да прерасне во невреме што потрае во следните 5 ден, вели прогнозата на Weather.com, како што можете да видите на фотографијата....
Трикови за убавина кои секоја жена треба да ги знае
За Се - пред 4 часа
Содата, освен што има широка употреба во домаќинствата, може да биде и одлична состојка за убавина. Достапна е, не е опасна по здравје, а воедно е многу евтина. Еве неколку едноставни трикови кои можат да ѝ помогнат на секоја жена да си ја зачува и да ја одржи убавината. МАСКА ЗА ЛИЦЕ Во блендер измешајте една лажица сода бикарбона, две лажици овесни снегулки и малку мед. Додадете онолку вода колку што е потребно за да добиете густа смеса. Маската нанесете ја на лицето, оставете да делува 10 минути и потоа исплакнете. ПРОТИВ ЦРНКИ На црнките можете да им ставите крај со овој природен лек. Во малку гел за миење лице додадете една лажица сода бикарбона, лажица сол, и измешајте. Нанесете на сува кожа, почекајте 5 минути и потоа исплакнете. ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО Ставете малку сода бикарбона на вашата дланка, додадете неколку капки вода и потоа тријте го лицето. Вака ќе направите нежен пилинг, но притоа внимавајте смесата да не дојде во допир со очите, па убаво исплакнете. ПЕДИКИР Во топла вода ставете една или две лажици сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло (можете да одберете лаванда, бидејќи е добра за опуштање или пак масло од чајно дрво кое делува антибактериски). Држете ги стапалата околу 15 минути, а потоа почнете со нежен пилинг. ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЛАЖНИОТ ТЕН Кремите за самопотемнување често знаат да остават флеки по телото, особено ако не ги користите правилно. Содата е добро решение против овој проблем. Исцедете сок од лимон и додадете му неколку лажици сода бикарбона, така што ќе добиете густа паста. Користете ја како пилинг, тријте сè додека флеките не исчезнат....
(Видео+Фото) Невреме во Неготино: Откорнати кровови од куќи и паднати дрвја
За Се - пред 5 часа
Невремето од дожд и ветер што попладнево го зафати Неготинско, однесе повеќе покриви од куќи во Неготино, а паднати дрвја го блокираа патот Дуброво-Војшанци. Ова го потврди за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. -Точно е, според првичните информации, без покрив останаа неколку куќи во населбата Саат кула и неколку во селото Тимјаник. Неготинските пожарникари и комунални работници, заедно со кавадаречки пожарникари кои ќе дојдат на помош, ќе ги сечат паднатите дрвја на неколку локации во општината, појасни Стојанов. Тој рече дека заедно со претставници на стручни служби е на терен и се врши увид на местото....
Во државно ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци
За Се - пред 5 часа
Според методологијата која си ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население. До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција. Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението на територијата на Републиката Македонија. „Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“, гласи став 4 од членот 20-а на законот....
Ова овошје им е омилено на многумина, но има најмногу пестициди
За Се - пред 5 часа
Јагодите се омилено овошје на многумина, но има најмногу пестициди од сите други овошја. Пестицидите се хемикалии кои ги убиваат инсектите, коровот, а конзумирањето на овошје и зеленчук кое содржи голем број пестициди е погубно за човечкиот организам. Истажувачите го миеле овошјето на начин на кој го прави секој просечен купувач, но утврдено е дека на јагодите остануваат околу 20 пестициди што е многу повеќе од другите пестициди. На второ место е спанаќот, а голем број пестициди имаат и нектарините, јаболките, грозјето, кајсиите, црешите, крушките, доматите, целерот, компирот и пиперките....
Вилма Русковска е суспендирана
За Се - пред 6 часа
Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за МИА потврди дека е суспендирана од функцијата. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што претходно денеска информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Републичкиот јавен обвинител, се вели во соопштението од ЈОРМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство....
Муареми: Сам се повлекувам, за јавноста да нема сомнеж дека вршам притисоци
За Се - пред 6 часа
В.д. директорот на Управата за винансиска полиција Арафат Муареми се повлекува од функцијата. Директорот на Управата информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување. -Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување, по своја сопствена волја се повлекувам од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција. Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Денешната одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија даде јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и дека злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви, вели Муареми....
Овие невидливи тоскини ве трујат во домот
За Се - пред 6 часа
Дали некогаш сте мислиле дека сте повеќе заштитени дома од штетна токсична изложеност отколку кога сте надвор? Всушност, воздухот во затворените простории обично содржи повисоки концентрации на токсини од надворешниот воздух. Така, нашето здравје и безбедност зависат од изборот на производите што ги бираме. Повеќето конвенционални производи содржат добар дел од штетните хемикалии кои влијаат на вашето здравје. Подолу се наведени најчестите отрови кои царуваат во затворените простории: Пестициди Што се пестицидите? Ова се хемикалии кои се користат за контрола на различни штетници кои штетат на земјоделските култури. Повеќе од 1 милијарда пестициди се користат во САД секоја година. Пестицидите можат да направат многу штета на вашето здравје. Пестицидите се поврзани со зголемен ризик од дијабетес, рак, аутизам, дебелина, автоимуни болести како проблеми со тироидната жлезда и Паркинсонова болест. Изложеноста на пестициди може дури да доведе до неплодност и вродени дефекти кај децата. Каде се наоѓаат пестицидите? Еден од најраспространетите начини на кои сме изложени на пестициди е преку овошјето и зеленчукот што го купуваме. Работната група за животна средина објавува годишна листа на овошје и зеленчук со највисоки нивоа на остатоци од пестициди. Сегашните врвни 12 се јаболка, целер, спанаќ, праски, кајсии, грозје, зелена салата, сладок пипер, краставици, компири, јагоди и боровинки. Бидете сигурни да купите органско овошје и зеленчук. Органската храна се одгледува без употреба на пестициди. Ако не можете да си дозволите органски, мора да преземете неколку чекори за да се заштитите од експозицијата кога јадете конвенционална храна. Еден начин е да се мијат зеленчукот и овошјето колку што е можно поцелосно. Ова ќе помогне да се ослободиме од некои остатоци од пестициди. Поефикасен начин би бил да го олупиме надворешниот слој. Фaталати и поливинил хлорид Kаде се наоѓаат? Фaталатите најчесто се наоѓаат во играчките, средства за чистење во домаќинството, козметика, производи за лична нега, пакување на храна, мебел, тепих, завеси за туширање, пластична медицинска опрема, па дури и детска формула и храна за бебиња. Фталатите исто така се користат како растворувачи во многу видови козметика, спрејови за коса, дезодоранси, лакови за нокти и парфеми. Фаталите се поврзани со голем број сериозни здравствени проблеми, како што се неплодност, дебелина, астма и алергии, како и леомиоми и рак на дојка. Тие се исто така познати како ендокрини нарушувања, кои влијаат на хормонските системи. Најочигледен начин е да се купат производи без ПВЦ содржина. Многу компании, исто така, воведоа играчки без фетлат и други производи за бебиња. Дополнително, ако купите козметика, внимавајте да ја проверите етикетата на состојката. Списокот на состојки може да ги вклучи или само да спомене само мирис, кој веројатно ги содржи. Алтернативите на ПВЦ дома ќе вклучуваат природни материјали како што се дрво, бамбус и метал. Тешки метали Тешките метали вклучуваат секој метален хемиски елемент кој има релативно висока густина и е токсичен или отровен при ниски концентрации. Најчестите тешки метали за кои сме изложени се жива, олово и арсен. Тешките метали може да се најдат во вода за пиење, бои, пестициди, дезодоранси и градежни материјали. Изворите на храна како што се зеленчук, зрна, овошје, риба и школки може да се загадат со тешки метали преку нивната околина и / или вода. Изложеноста на овие метали може да доведе до сериозни здравствени последици како што се рак, оштетувањето на органите, оштетувањето на нервниот систем и автоимуните болести. Дополнително, тоа доведува до заболувања на бубрезите, циркулаторниот систем и може да предизвика проблеми со плодноста. Најважниот начин е да се инсталираат филтри за вода. Избегнувајте производи направени со ПВЦ, како што се тефлонски садови. Користете ладна вода за готвење и правење кафе или чај. Овие најчести токсини кои се наоѓаат дома се огромна закана за вашето здравје и здравјето на вашето семејство. Избегнувајте да бидете изложени на кој било начин....
Кошаркарка пронајдена мртва на својот 18 роденден
За Се - пред 7 часа
Младата надеж на романската кошарка Алесија Марија Рајку беше пронајдена мртва во својот дом на денот кога наполни 18 години. Според информациите на локалните медиуми, Алесија била пронајдена во неделата наутро без знаци на живот, а на телото не биле пронајдени траги на насилство. Телото на младата девојка е предадено на Националниот институт за судска медицина (ИНМЛ), каде што ќе биде извршена обдукција за да ги покаже причините за смртта. Романските медиуми пишуваат дека Алесија немала никакви болести кои би можеле толку брзо да ѝ го завршат животот. Канцеларијата за сомнителни смртни случаи на локалната полиција отвори досие за расветлување на околностите под кои настапила смртта. – Животот на кошаркарката со голема перспектива заврши прерано… Една од најталентираните спортистки од генерацијата 2004 повеќе не е меѓу нас. Алесија Марија Рајку почина на денот кога наполни 18 години. Освои бројни медали на државните младински првенства со КС Олимпија Букурешт. Романскиот кошаркарски сојуз упатува искрено сочувство до семејството на загинатата! Почивај во мир Алесија! – објави романскиот кошаркарски сојуз на Фејсбук....
Јовески ја суспендира Русковска
За Се - пред 8 часа
Државниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендира шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, а за двете колешки Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева поведе дисциплинска постапка. Како причина за суспендирањето се наведува „тешка дисциплинска повреда“, а поводот е претресот во Финансиската полиција. Русковска ја потврди информацијата за БИРН. „Го добив решението, но засега нема да коментирам“, вели таа. Информацијата ја објави Државното обвинителство. „Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда“, пишува во соопштението. Русковска е оддалечена од обвинителската функција. На сето ова му претходеше вербална „војна“, меѓу директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми и Русковска, која, во една од последните реакции, ја повика на помош меѓународната заедница за да го спроведе претресот во институцијата. Сега Русковска во рок од осум дена од приемот на решението за дисциплинска повреда може да се жали до Советот на јавните обвинители. Доколку Советот не ѝ ја усвои жалбата, таа ќе биде разрешена од функцијата....
Џенифер Анистон позираше без грам шминка на неа
За Се - пред 8 часа
Популарната актерка Џенифер Анистон објави фотографии од летен одмор. Имено, таа позирала на плажа, без шминка на неа, истакнувајќи ја својата фигура во костим за капење. На објавените фотографии, Џенифер добила само комплименти. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)...
Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто
За Се - пред 9 часа
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година. -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции. Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски....
2 лица починати и 590 нови случаи на Ковид-19 во земјава
За Се - пред 10 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен , Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции. Регистрирани сe 583 оздравени пациенти од: Скопје – 241, Битола – 44, Кавадарци – 43, Куманово – 40, Штип – 26, Велес – 24, Прилеп – 23, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 18, Радовиш – 16, Струмица и Неготино – по 15, Делчево – 10, Кичево – 5, Валандово – 4, Ресен, Свети Николе, Кратово и Демир Капија – по 3, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Кочани, Пробиштип и Богданци – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (72г) и Охрид(82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.593 теста преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-42, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–132, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-49, Биотек-52, Систина-50, лабораторија Лаор-10, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-6, Генеа-13, Никоб Лаб-52, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 728. Досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564 Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 158210, Активни 1458 Куманово 17858, Активни 149 Битола 17422, Активни 243 Прилеп 15188, Активни 148 Тетово 14311, Активни 128 Кавадарци 11776, Активни 138 Велес 10606, Активни 114 Гостивар 10177, Активни 100 Охрид 9976, Активни 229 Струмица 8654, Активни 92 Штип 8610, Активни 87 Кичево 5998, Активни 62 Кочани 5406, Активни 68 Струга 5106, Активни 78 Гевгелија 4734, Активни 55 Неготино 4061, Активни 73 Ресен 2969, Активни 28 Радовиш 2781, Активни 54 Свети Николе 2755, Активни 12 Крива Паланка 2584, Активни 23 Делчево 2087, Активни 53 Берово 1791, Активни 30 Дебар 1785, Активни 20 Валандово 1581, Активни 7 Виница 1451, Активни 21 Пробиштип 1294, Активни 5 Богданци 1075, Активни 15 Кратово 1077, Активни 17 Крушево 1008, Активни 22 Демир Хисар 908, Активни 11 Македонски Брод 782, Активни 8 Демир Капија 621, Активни 7 Македонска Каменица 533, Активни 4 Пехчево 501, Активни 5 Дојран 365, Активни 0 Со почит, Одделение за односи со јавност Министерство за здравство...
Истражување: Вегетаријанките имаат поголеми шанси да скршат колк
За Се - пред 10 часа
Жените кои претпочитаат вегетаријанска исхрана имаат поголеми шанси и опасност да го скршат колкот во подоцнежна возраст во животот, покажува ново истражување. Според научниците, вегетаријанската исхрана е „често поврзувана со помал внес на хранливи материи погодни за здравјето на коските и мускулите“, откако нивните испитувања покажаа дека вегетаријанките имаат 33 отсто поголем ризик од фрактура на колкот во споредба, со жените кои редовно јадат месо. Се истакнува дека се потребни дополнителни истражувања за да се процени дали слични резултати може да се потврдат и кај мажите. Трудот којшто опфатил повеќе од 26.000 жени на возраст од 35 до 69 години од цела Велика Британија, ја проценува опасноста од фрактура на колкот кај вегетаријанките оние кои јадат риба, но не и месо и оние кои повремено јадат месо во споредба со редовните потрошувачи. По 20 години, истражувачите забележале 822 фрактури на колкот кај жените – околу 3 отсто од оние вклучени во истражувањето, кое инаку, е објавено во списанието „БМЦ Медисин“. Истражувачите од Универзитетот на Лидс откриле дека зголемената опасност од фрактура на колкот е откриена само кај вегетаријанките, во споредба со жените кои редовно внесуваат месо....
Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19
За Се - пред 11 часа
Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населението од 10 до 19 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.750 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 16,9 отсто помалку во споредба со претходните седум дена. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување од 10,8 проценти. Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица. Сите се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети. Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 лица, а моментално во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во спроедба со претходната недела. Од нив 55 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација Заклучно со 14 август, во земјава се пријавени вкупно 335.451 случаи на Ковид-19. COVID-19. Оздравеле 322.468, а починале 9.424 лица. Активни во моментов се 3.559. Досега се направени вкупно 2.136.393 ковид тестови....
Дневен Хороскоп
За Се - пред 12 часа
ОВЕН Собирате се што сте направиле во претходниот период, резултатите ве прават горди. Сè што треба да направите е да го презентирате сето тоа пред членовите на вашето семејство, за среќата да биде целосна. Не барајте дополнителна поддршка затоа што ќе ви го расипе скапоценото чувство на задоволство. БИК Расположението расте. Свесни сте дека можете да сметате на голема поддршка од вашите пријатели, затоа што во изминатиот период, со вашата посветеност и пожртвуваност, го заслуживте тоа од нив. Ве очекуваат пријатни моменти и мало изненадување подготвено од вашиот партнер. БЛИЗНАЦИ Ве очекува пад на енергијата и промени на расположението. Тоа е она што ве мачи денес. Непријатната атмосфера ја сфаќате премногу лично, имате впечаток дека сите завериле против вас. Обидете се да ги видите работите на реален начин, можеби вашите очекувања се преценети. РАК Настанот на денот може да биде конструктивна дискусија во која сте вовлечени во соработници за кои не сте знаеле дека се на ваша страна. Во исто време, поддршката доаѓа од некој близок, затоа нема крај на вашиот оптимизам и добро расположение. ЛАВ Лажното чувство на среќа и задоволство може да ве натера да потрошите денес повеќе отколку што сте во позиција да заработите. Не го удавувајте вашиот ненадеен оптимизам во неконтролирано трошење. Поминете повеќе време дружејќи се со пријателите. ДЕВИЦА Се потпирате на ветувањата што ви ги дадоа пријателите. Чекањето за исполнување може да ве доведе во позиција да се оправдате пред другите луѓе, иако не сте заглавени. За да го избегнете ова, завршете ги вашите обврски лично и самостојно. ВАГА Наизглед тивок ден може да се претвори во фијаско, особено ако се обидете да импровизирате нешто што не треба да правите. Моќта на справување во нови ситуации е одраз на паметните луѓе, но не е крај на светот дури и ако понекогаш се откажувате. ШКОРПИЈА Вие сте во променливо расположение и склони кон нервоза, особено во однос на вашето семејство. Бидете внимателни какви обврски прифаќате затоа што не сте во состојба да ги почитувате сите договори. Не играјте воопшто или ништо, ќе бидете дисквалификувани во клучен момент. СТРЕЛЕЦ Почетокот на новата фаза се ближи во вашиот љубовен живот. Малку здив од нова енергија ќе биде доволно за да ги подобрите односите помеѓу вас и вашата сакана. Слободните имаат шанса да започнат романса која може да биде долготрајна. ЈАРЕЦ Самодовербата е нагорна траекторија, па затоа не им е лесно на соработниците да бидат во чекор со вас. Вашата директност не е пријатна за околината, но е корисна за вас. Слушајте ја вашата интуиција, една навидум банална идеја може да биде победа за вас. ВОДОЛИЈА Денот е обележан со напнати транзити кои укажуваат на стресни ситуации од кои нема лесно да излезете. Минимизирајте ја вашата нетрпеливост за да избегнете поголеми неволји, особено кога станува збор за партнерства и љубов. РИБИ Не сте доволно упорни. Кога ќе наидете на прв отпор, ги прогласувате работите за неважни за да ја прикриете вашата ранливост. Пред да го сторите тоа повторно, прегледајте што ви е поважно, сопствената гордост и суета или крајната цел откако сте се откажале....
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека до 40 минути
За Се - пред 13 часа
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути. На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Го молев да не купува пиштол, да не му го дава
За Се - пред 14 часа
Љубовта меѓу мисицата Анита Батурина и Мишо Ковач започнала кога таа имала само 18 години, а тој бил во брак со Љубица Ковач. По две години парот застанал на „лудиот камен“, а набрзо го добиле и синот Еди, а потоа и ќерката Ивана. Живееле во Загреб, во луксузен стан во Горњи град, го пропатувале речиси целиот свет, а медиумите се „хранеле“ со приказните за мирен семеен живот без конфликти и афери. Сликата на идеално семејство траела до почетокот на 90-тите, кога нивниот син Еди настрадал во војната. Приказна за тоа што точно се случило и како едно семејство се распаднало. Анита сега во голема исповед за хрватските медиуми, ги раскажала деталите од трагичната ноќ кога го загубиле синот. „Мишо и јас ги воспитавме да бидат секогаш добри кон другите деца и да им помагаат, па секогаш беа опкружени со своите врсници. Потоа дојдоа 90-тите и Еди стана Bad Blue Boy. Му реков на Мишо дека тоа воопшто не ми се допаѓа и дека мораме да направиме нешто за да го фокусираме на училиштето, но Еди не се даваше“, се сеќава Анита на настаните пред трагедијата. „Мишо тогаш направи една глупост. Купи пиштол и му го даде на Еди. Го молев да не го прави тоа, на детето да му даде оружје во рацете, но Мишо имаше огромна доверба во Еди и ми тврдеше дека нашиот син е доволно одговорен и дека знае што има во рацете. А, Еди повеќе не се одвојуваше од пиштолот. Го носеше дури и на излегувања. Се до таа кобна вечер во април 1992.. Еди секогаш се јавуваше ако останеше подолго и секогаш знаевме каде беше и што правеше. Но, таа вечер не се јави, а не дојде ниту дома до 22 часот. Ниту до 23:00 часот. Одев по станот полудена од загриженост, со некое лошо претчувство. Го молев Мишо да направи нешто, да оди да го бара. И тој беше надвор од себе од грижи, но не знаеше кому да се јави, каде да оди. Јас излегував пред куќата, гледав по улицата, чекајќи Еди да се појави од некаде. Околу три и пол по полноќ ни заѕвони телефонот. Се јави Мишо и занеме. Полицијата му јави дека Еди е во Драшковиќева, во Болницата за трауматологија и дека му рекле дека Еди „има полесна повреда на мозокот“. Веднаш отишле во болницата и Анита вели дека тогаш последен пат го видела својот син. „Тој имаше завој околу челото, а лекарите беа многу оптимисти околу неговото закрепнување. Ни рекоа дека куршумот поминал покрај фронталниот дел од мозокот и дека Еди ќе се извлече, но дека најверојатно ќе има проблеми со моторика на десната рака. Ништо не укажуваше на лош исход“, се сеќава Анита на ноќта во која Еди настрадал, по што поминал уште неколку дена закрепнувајќи во Драшковиќева. „Како што ми рекоа подоцна, еден од лекарите дошол во визита и ја тргнал прекривката од Еди. Се шокирал кога видел дека стомакот му е отечен и полн со течност. Итно го префрлиле во КБЦ Ребро и откриле дека е полн со бактерии. Еди поради нечија намерна или ненамерна грешка почина од сепса во најголеми маки и тоа ми е и денес најтешко да го прифатам. Нашиот син не требаше да умре“, раскажала Анита Батурина. Смртта на детето е сигурно најлошото нешто што може да им се случи на родителите. Дотолку повеќе што првичните прогнози биле охрабрувачки и ништо не навестувало таков крај. Мишо бил целосно скршен човек и, како што вели Анита, веднаш видела дека нема да може да се справи со тагата поради губењето на синот. „И јас се распаѓав, но му реков на Мишо дека мораме да се собереме поради Ивана. Таа беше во чувствителни годиниимаше 14, остана без саканиот постар брат, а потоа гледаше и како ние двајца само плачеме и молчиме. Нашето девојче страдаше само“, ги опишува Анита најтешките денови во животот кој го воделе до целосен распад на некогаш среќното семејство. Потоа Ковач го напуштил семејството поради многу помлада жена, а неговата ќерка се оддала на наркотици, па дури и се обидела да си го одземе животот земајќи преголема доза лекови. Сите тие потреси биле тешки за пејачот, кој веќе бил на работ од нервите....
Младоженецот отишол до тоалет, а таа избегала со куферите и парите!
За Се - пред 14 часа
Идна невеста го оставила својот вереник на аеродром – и побегнала со неговите торби и 5.000 фунти во кеш (околу 6.000 евра). Навидум вљубената двојка, во нивните 40-ти, се верила еден ден претходно и, како што кажала на персоналот за пријавување на аеродромот Хитроу, сакале да летаат за Рим за да се венчаат. Меѓутоа, кога мажот, за кој се вели дека е Британец, ја оставил својата свршеница да ги чува нивните торби и отишол во тоалет, таа исчезнала, земајќи сè со себе. Вознемирениот младоженец им кажал на вработените дека таа ги зела 5.000 фунти што и ги дал за венчавката. Еден очевидец рекол: „Беше со скршено срце и целосно неутешен. Очигледно, тие се запознале неодамна и тој се вљубил во неа. Ја запросил еден ден претходно и таа прифатила“. „Планирале да се венчаат во Рим и требало да летаат таму. Тогаш таа побегнала и исчезнала со сите работи додека тој бил во тоалетот. Персоналот ја барал насекаде, но никаде ја немало. Не било ни јасно дали го напуштила аеродромот или заминала во друга земја. На крајот била повикана полиција. Дури и нејзиното име било доведено во прашање. време“, ја пренесува Сан оваа бизарна приказна. Портпаролката на полицијата на Метроплотен потврдила дека биле повикани да го истражат целиот случај. Таа додала: „Истрагата продолжува. Во овој момент никој не е уапсен.“...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност
За Се - пред 14 часа
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени....
Пет начини за што може да користите сода бикарбона
За Се - пред 1 ден
Сода бикарбоната е ефикасна за многу работи, но често може да помогне и здравствено. За заштита на кожата Ефикасна е при лекување на осипи бидејќи има изразени антибактериски својства. Алкалните особини влијаат поволно на отоците и чешањето. Додадете кокосово масло и направете смеса. Намачкајте на местот, држете пет минути и че почувствувате исклучително смирувачки ефект. Помага при намалување на лузни од акни Истражувања покажале дека оваа е многу ефикасно. Мрсната кожа е склона на акни особено во летниот период кога поради високите температури има зголемено потење. Густа паста од сода бикарбона и вода нанесете на кожата. Пастата може да ја користите два пати дневно. Изгореници од сонце За оваа намена содата има ефект на ладење. Измешајте сода бикарбона со вода за да добиете густа паста и нанесете на кожата. Ќе ја смири иритацијата, а кожата полесно ќе се обнови. Стомачни проблеми Проблемите кои се јавуваат со варење на храната, киселини во желудникот, гасови не се последица од зголемена количина на желудочна киселина, туку од намалена. Растворете малку вода во вода и испијте за да ви олесни. Направете природен дезодоранс Потта на човекот нема мирис, а тој се формира по разградувањето на бактериите под пазувите, па оттука се создава и непријатен мирис. Сода бикарбоната тоа го намалува. Натапкајте под пазувите сода разблажена со малку топла вода и ќе имате ефикасен, природен дезодоранс....
„Патка не ми е рамна“!
За Се - пред 1 ден
Даниела од Шведска сподели видео на Tик Ток во кое признава дека горко жали што ѝ вбризгале филер во усните. Иако отишла кај проверен лекар, не била задоволна од резултатите. - Сакав да ги имам усни од соништата и ми вбризгаа само 0,5 мл филер, но моите усни изгледаат одвратно. Изгледам како патка – низ солзи изјавува во видеото кое стана вирално со 1,4 милиони прегледи. Нејзините усни веднаш по интервенцијата изгледале модро и отечено. Биле тврди и едвај успевала да ги мрда. И по неколку дена од интервенцијата таа воопшто не е задоволна, па на девојките им порачува: „Ако не сте 100% сигурни дека сакате вакви усни, немојте да вбризгувате филери“! Нејзините придружници се обиделе да ја утешат велејќи и дека не е толку страшно како што ѝ се чини. - Дајте им на усните 2 недели да закрепнат од инјекцијата. Верувај ми, ќе ги сакаш твоите усни – ѝ порачува една девојка. - Една недела не е доволно време да оздрават, потребно е повеќе време. Потребни се неколку недели за да се врати осетот на вашите усни. Ставив 1 мл и сега сум презадоволна – ја советува друга. Сепак, од друга страна, како што забележаа некои нејзини придружнички, Даниела можеби сепак била иронична и на тој начин всушност им одговорила на сите душогрижници кои жените кои ставаат филери во усните ги нарекуваат патки....
ФОТО: Ким Кардашијан „вежба“ во теретана облечена во бикини и чизми над колена
За Се - пред 1 ден
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан отиде чекор понатаму, објавувајќи серија фотографии на својот инстаграм – профил направени во теретана. Ким ја искористи својата приватна теретаната како совршена сценографија, позирајќи во бикини кои се во иста боја како и нејзиниот тен. За да биде уште поизненадувачки, таа за „тренинг“ облекла чизми над колена. Да потсетиме, за појавувањето на Мет Гала во мај годинава, старлетата го облече фустанот на славната Мерлин Монро, а тогаш сите забележаа дека таа многу ослабе. За многу кратко време ослабела речиси 10 килограми, а потоа консумирала само зеленчук и протеини, ги елиминирала јаглехидратите и шеќерот и секој ден трчала на лента за трчање....
Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат
За Се - пред 1 ден
Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само двата народа, порача вечерва Драги Ѓоргиев, копретседателот од македонска страна на заедничката Мешовита историска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија. -Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања, рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител и додаде дека е нелогично да се поврзува денешен идентитет со идентитетот во антиката на народите кои живееле тука. Во текстовите за заедничко чествување, додаде, нема никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници со што го постигнавме она за што се залагавме – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата. -Двете држави се обврзуваат за многу работи во протоколот, па и во однос на промените во учебниците. Мора да има реципрочност во обврските. Она што го има преземено како обврска Македонија е 99 отсто поклопено со она што мора да го направи Бугарија во однос на учебници и во однос на заеднички чествувања, посочи Ѓоргиев...
Овие женски имиња привлекуваат богатство и среќа
За Се - пред 1 ден
Експертите за биоенергија велат дека името, благодарение на неговата вродена енергија, може да влијае на судбината на неговиот сопственик. Излегува дека носителите на тие имиња никогаш не се откажуваат, секогаш се среќни и насмеани. Првата група вклучува жени чии имиња привлекоа богатство и просперитет. Ова се трите имиња: Ана, Викторија и Марина. Жените со името Ана имаат поголема сила од другите, вредни се и упорни. Во принцип, Викторија е секогаш победник во сè. Способноста да ја анализира ситуацијата и дарот на убедување и помагаат да ги постигне своите цели. Марина се смета за природен лидер. Не се плаши од голем тим – одлично се справува со нив. Стилот на управување на Марина е вистинскиот. Во втората група спаѓаат жени кои имаат моќ да привлечат богати мажи во својот живот. Во оваа група спаѓаат имињата: Анастасија, Злата и Софија. Анастасија се речиси секогаш оние жени кои не се стремат кон богатство, но сепак се мажат за успешни и богати луѓе. Судбината ги фаворизира и тие секогаш живеат добро. Името Злата привлекува пари како магнет. Жената што го носи ова име е секогаш успешна кога се во прашање финансиите. Софија ја краси животна мудрост. Судбината ја фаворизира жената што го носи ова име. Софија мудро ќе избере личност која е стабилна, па секогаш ќе има убав проток на пари во куќата, додека самата ќе работи на одржување и проширување на тоа богатство....
(Фото) Разочарувачка фотографија од најубавата плажа во Грција
За Се - пред 1 ден
На социјалните мрежи се шири фотографија од една од најубавите плажи во светот – заливот Навагио во Грција, а многумина се разочараа откако го видоа количеството отпад што го оставија туристите. Камчестата плажа Навагио се наоѓа во истоимениот залив, кој е украсен со бели карпи и тиркизни нијанси на синото Јонско Море, а до него може да се стигне само со брод. Се наоѓа на островот Закинтос, а важи за „заштитно лице“ на разгледниците и привлекува огромен број туристи. Но, туристите и гужвите кои таму преовладуваат во текот на летото имаат негативна страна. Неодамнешната фотографија од оваа идилична локација ги разочара корисниците на социјалните мрежи поради количината на ѓубре најдено на неа. Екологот Михалис Бакас ја објави фотографијата на својот Фејсбук профил и се запраша како може туристите да бидат толку несовесни. „Грчко лето 2022. Не можам да разберам како можеш да платиш за да одиш на една од најубавите плажи во светот на неколку часа и да го оставиш ѓубрето таму“, напиша тој. Шефот на островот Никитас Аретакис за локалните медиуми објасни дека до неодамна плажата била во надлежност на општината и дека тие го отстранувале ѓубрето, но тоа веќе не е така и дека тоа не е нивна одговорност....
(Фото) Ќерката на познатата актерка се појави во безобразно бикини
За Се - пред 1 ден
Актерката и пејачка Рејни Квали, инаку ќерка на холивудската актерка Енди Мекдауел, моментално ужива на одмор со момчето Луис Пулман во заливот Параџи. Папарацо фотографите го „уловиле“ младиот пар додека разменувал нежност покрај базен во хотел во кој уживале, а на јавноста особено ѝ го привлече вниманието на атрактивното и особено заводливо бикини на оваа 33-годишна бринета. Убавата Американка ја покажала својата завидна фигура на тело во минијатурното, црно бикини, а акцентот бил на горниот дел. Имено, Рејни избрала прилично смел горен дел, со асиметричен крој со корпи и проѕирна ткаенина и одвај ги покрива градите. Инаку, станува збор за бикини од познат полски бренд и неговата цена изнесува 105 фунти, а нивните провокативни костими за капење со задоволство ги носат и убавиците како Бела Торн, Кајли Џенер, Холзи… Инаку, иако на фотографиите не се гледа и долниот дел од ова бикини, сепак и тоа е еднакво безобразно во пределот на интимната зона, со накрсна проѕирна ткаенина. Па, Рејни – секоја чест, за ова бикини секако треба да се има самодоверба....
Не е доволно само да ги измиете забите, исчистете го и јазикот
За Се - пред 1 ден
Додека спиеме, нашето тело работи на исфрлување на токсините од организмот. Еден од органите преку кои телото ги елиминира токсините и каде се манифестираат бели наслаги е јазикот. Но доколку секое утро нежно го стругаме јазикот, ќе успееме да ги отстраните токсините и на тој начин се ослободиме од лошиот здив. Користење на чистач за јазик Чистачите за јазик може да се направени од злато, сребро, бакар, месинг и нерѓосувачки челик, но може да се најдат и пластични чистачи. Јазикот може да се чисти и со лажица. Испружете го јазикот кон надвор. Фатете го чистачот за двата краја и стружете го јазикот 4-5 пати од назад кон напред. При секој пат исчистете ги белите наслаги од чистачот и на крај исплакнете ја устата и измијте и исушете го чистачот. Тоа е постапката за чистење на јазик....
Запалете го овој лист, ќе се ослободите од замор и напнатост
За Се - пред 1 ден
Рускиот научник Генадиј Малахов има откриено дека ловоровиот лист делува против уморот и стресот кај луѓето. Ловорот уште од античко време е многу ценет како свето дрво чии гранчиња се подарувале на победниците и поетите во знак на чест и слава. Денес ловоровиот лист се користи во холтикултурата како стебло или како обликована жива ограда, во кулинарството како зачин (вообичаено се става како додаток во супи и чорби но не се јаде туку се отстранува по готвењето) и во народната медицина како лековита билка. Ловорот ја збогатува храната со антиоксиданси, помага во заздравување на раните и штити од вируси. Чај направен од ловоров лист го зголемува апетитот и варењето на храната, го ублажува чирот, болките и надуеноста. Етеричното масло од ловор помага во лечењето од артритис, болки во мускулите, бронхитис и грип. Бидејќи содржи фитохемикалии кои имаат анти-канцер својства, има потенцијал да го намали ризикот од рак. Доколку сакате да го искористите ловорот за опуштање, се што треба да направите е да земете сушен ловоров лист, ставете го во сад каде што може да изгори, запалете го и излезете од просторијата каде е запален. По десет минути ловоровиот лист ќе изгори, а собата ќе добие мирисен чад кој ќе создаде посебна атмосфера....
(Фото) Старлетата Ива толку ослабе што нема понатаму
За Се - пред 1 ден
Старлетата и „ријалити“ победничка се разголе на социјалните мрежи, но многумина забележаа дека многу ослабела. Ива Гргуриќ позираше во портокалов костим за капење, а луѓето почнаа да ѝ оставаат коментари за линијата. – Не кажувај на луѓето дека сонуваш, тие ќе те разбудат…, напиша Ива. – Секоја чест за линијата ако тоа е она што го сакаш, но не е здраво да се биде толку слаб, беше само еден од коментарите. Да потсетиме дека Ива еднаш зборуваше за диета која вклучува гладување во поголемиот дел од денот. – План за диета: Секој ден започнува со млака вода и сок од лимон. Во текот на денот можете да пиете кафе, најдобро еспресо, исто така постојано пијам газирана вода со сок од лимон (многу течност). Храна не внесувајте до 20 часот, ако не можете да издржите до 20 часот, изедете јаболко. Во 20 часот можете да јадете што сакате до 21 или 22 часот, можете да пиете што сакате, можете да внесувате леб, но не премногу, не препорачувам слатки, освен темно чоколадо, напиша неодамна на социјалните мрежи Ива и додаде дека ослабела осум килограми за 12 дена....
(Фото) Љубовта на Роналдо прошета по улиците на Манчестер во модна комбинација вредна вртоглави 2 милиони евра
За Се - пред 1 ден
Георгина Родригез со своите модни комбинации неретко привлекува внимание, а последното издание во фокусот на јавноста било поради цената. Манекенката во Манчестер прошетала во модна комбинација која вкупно вреди два милиони евра, а најскапи во неа биле модните додатоци. Благодарение на својот стил и начин на облекување, но и фактот што е девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина неретко е во центарот на вниманието. Објавувајќи фотографии на својот Инстаграм профил, таа покажала модна комбинација чија вредност достигнува вртоглави два милиони евра, благодарение на модните додатоци кои ги носела. Шпанката на улиците на Манчестер прошетала во син фустан oд модната дизајнерка Стела Макартни вреден 1.900 евра кој ја истакнал нејзината неверојатна фигура на тело. Таа носела високи потпетици од брендот „LeSilla“ вредни 765 евра, а „Hermes“ чантата која ја држи во рацете чини 94.000 евра. Модните додатоци кои ги носела заедно со оваа модна комбинација, двата прстени и скапиот часовник, значајно ја зголемиле цената на оваа нејзина модна комбинација. Првиот прстен со дијамант и сафири вреден е 800.000 евра, а вториот е „Cartier“ и вреди 700.000 евра. Модната комбинација ја надополнила со „Rolex“ часовник вреден 550.000 евра. Што мислите вие за оваа модна комбинација?...
10 лица починати и 889 нови случаи на КОВИД-19
За Се - пред 1 ден
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022): Направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40, Охрид – 37, Куманово – 34, Гостивар – 29, Велес и Неготино – по 24, Кичево – 23, Тетово и Штип – по 22, Гевгелија – 17, Струмица – 16, Струга и Делчево – по 15, Кочани – 12, Радовиш – 7, Крива Паланка, Берово и Виница – по 6, Ресен – 5, Дебар, Кратово и Крушево – по 3, Свети Николе, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2. Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции. Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од: Скопје – 499, Битола – 98, Охрид – 71, Кавадраци – 69, Тетово – 56, Куманово – 53, Гостивар – 46, Струга – 44, Прилеп – 40, Струмица – 33, Кочани – 23, Велес и Гевгелија – по 20, Неготино – 19, Штип – 18, Ресен и Дебар – по 16, Радовиш – 13, Кратово – 12, Берово – 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Кичево – 8, Свети Николе – 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Делчево, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (12.08 - 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година. Направени се 2.095 тестови преку: ИЈЗ-214, ЦЈЗ Скопје-115, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-30, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–131, Жан Митрев (Филип Втори)-42, Авицена-40, Биотек-77, Систина-62, лабораторија Лаор-13, Синлаб-15, Ремедика-5, Плодност-17, Генеа-11, Никоб Лаб-77, ВФВ Медикал-9, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.027. Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559 Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 157955, Активни 1445 Куманово 17836, Активни 167 Битола 17386, Активни 251 Прилеп 15169, Активни 152 Тетово 14288, Активни 124 Кавадарци 11745, Активни 150 Велес 10586, Активни 118 Гостивар 10167, Активни 108 Охрид 9948, Активни 204 Струмица 8642, Активни 95 Штип 8594, Активни 97 Кичево 5994, Активни 63 Кочани 5395, Активни 58 Струга 5094, Активни 68 Гевгелија 4722, Активни 62 Неготино 4053, Активни 80 Ресен 2966, Активни 28 Радовиш 2773, Активни 62 Свети Николе 2753, Активни 13 Крива Паланка 2579, Активни 20 Делчево 2070, Активни 46 Берово 1785, Активни 24 Дебар 1784, Активни 19 Валандово 1577, Активни 7 Виница 1444, Активни 14 Пробиштип 1292, Активни 4 Богданци 1075, Активни 16 Кратово 1072, Активни 15 Крушево 1006, Активни 20 Демир Хисар 907, Активни 10 Македонски Брод 780, Активни 6 Демир Капија 618, Активни 7 Македонска Каменица 531, Активни 2 Пехчево 500, Активни 4 Дојран 365, Активни 0...
ЈП „Паркови и зеленило“: Остро го осудуваме вандализмот во паркот „Македонија“
За Се - пред 1 ден
Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија“. Оттаму реагираат дека за жал, вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот. – Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, наведуваат од претпријатието....
НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА – дознајте ја последната одлука на РКЕ
За Се - пред 1 ден
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58% во однос на одлуката од 11.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140%, кај дизелот зголемување во просек за 2,090%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм) Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 %. -Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна....
Бугарска фондација постави бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Парк
За Се - пред 1 ден
Пред три дена активисти на бугарската Фондација Македонија поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Тие најавија дека доаѓаат во Македонија за да исчистат неколку споменици во Македонија. Од 15-ти до 21-ви август најавуваат нови активности. „Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата. Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11-ти август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“. Стојанов на својот фејсбук профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза. „Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија....
Златен медал за македонската таеквондистка Мила Рељиќ на меѓународен натпревар во Израел
За Се - пред 1 ден
Македонската таеквондистка Мила Рељиќ од клубот Тигри Скопје, викендот освои златен медал во конкуренција сениорки -62 кг на меѓународниот натпревар „Винер Израел Опен“ од Г2 серијата. На натпреварот турнирот учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи од 25 земји во светот меѓу кои и САД, Кореа, Индија, Бразил, Шпанија, Германија, Велика Британија… Во својата категорија Рељиќ на патот до златото ги победи и репрезентативката на Израел, Наама Биненсток а во финалната борба со доминација ја победи и бронзената од последните Панамерикански Игри, претставничката од Еквадор Мел Мина. Ова е прв златен медал за 19 годишната Мила, која по освоениот бронзен медал во Загреб во јуни месец годинава ја докажа својата светска класа. Тренерот на Мила, Александар Ефтимов најавува и нови успеси, на претстојното Европското клупско првенство од 22 – 26 август во Талин, Естонија, Европското првенство за млади до 21 година кое ќе биде крајот на месец септември во Албанија, како и на Светското првенство во ноември во Мексико....
Возачот немал ниту алкохол, ниту други наркотични средстваво крвта
За Се - пред 1 ден
Возачот на автобусот Д.К. од Србија, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија, му е одредена мерка задржување од 24 часа, соопшти утрово бугарската полиција. Иако синоќа се појави информација дека на возачот му е ампутирана ногата, министерот за здравство Златибор Лончар денеска демантираше и појасни дека се работи за еден од родителите на децата. Како што дознава Курир.рс, семејството на возачот Д.К. се уште нема точни детали како дошло до несреќата, се уште се во шок од целата ситуација, но она што можеа да ни го потврдат е дека ногата не му е ампутирана како што првично беше соопштено. Возачот наводно се здобил со полесни повреди и според се уште неофицијални информации има скршеница на раката. Синоќа му биле тестирани алкохол и дрога, но двата резултати биле негативни. МВР соопшти дека причина за несреќата е или човечка грешка или технички проблем. Истражителите сметаат дека возачот на автобусот поради некоја причина изгубил концентрација, поради што автобусот излетал од патот и завршил во канал. Осум деца и четворица возрасни се повредени кога српски автобус падна во канал и се преврте на автопатот кон Софија во Бугарија. Најголем дел од повредените се деца, кои, како што потврди, претежно се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Батајница. Децата се враќаа од фестивалот во Несебар, а со нив беа и нивните родители. Причината за несреќата се уште не е позната, но според сведочењето на патничка, автобусот го напуштил патот во моментот кога возачот се наведнал да го спушти совозачкото седиште, за да може родител со болно дете да седне на тоа....
Дневен Хороскоп
За Се - пред 1 ден
ОВЕН Постојат информации што ви се потребни и нема да ги добиете лесно, затоа имајте на ум дека ништо нема да оди толку брзо како што се надевате и дека има мали шанси дури и најблиските да ви ја откријат вистинската состојба. Не се потпирајте премногу на другите денес или не нудете ја вашата помош без некој јасно да ви каже што ќе дадат за возврат. БИК Ќе бидете многу енергични и добро расположени, па сигурно ќе ја изненадите конкуренцијата со вашиот став. Имајте на ум што треба да направите за да не губите премногу време на непотребни дискусии или помали задачи што можете да ги оставите на другите. Ставете ги вашите таленти денес во преден план, бидејќи на тој начин ќе создадете моменти за паметење. БЛИЗНАЦИ Колку и да се мали проблемите што ќе се појават денеска, не ги игнорирајте туку веднаш решете ги за да можете без прекин да правите што сакате. Ќе бидете задоволни од секоја промена на животната средина, не двоумете се кога станува збор за патувања, посети или дури и преселба. Ако сакате некој да го промени мислењето за вас, прилагодете се што е можно поскоро. РАК Кога станува збор за меѓучовечки односи, можете да очекувате живи дискусии, но со малку добра волја и напор, всушност би можеле да дојдете до профитабилна и иновативна идеја на крајот од денот. Слушајте што ви велат другите и не бидете ексклузивни. Денот е идеален за промени во животниот стил, како и за правење на она што го сакате. ЛАВ Не дозволувајте да ви пречат емоционалните проблеми. Кога станува збор за работа, бидете ментално силни и подготвени да размислувате брзо. Фокусирајте се каде се парите, кој одлучува за тоа и како можете да ги добиете. Многумина ќе бидат изненадени од ненадејна промена во односот со некои од пријателите, но резултатот ќе биде одличен на крајот. ДЕВИЦА Не можете да изгубите ниту пак може да се случи нешто лошо ако едноставно продолжите со реализација на старите планови. Наскоро ќе добиете многу солидна деловна понуда. Покажете колку страсно можете да бидете затоа што ќе ја импресионирате токму личноста која може да ви ја осветли иднината. Вклучете повеќе емоции во секојдневниот живот. ВАГА Нема да имате премногу време за размислување и борба против дилемите. Подгответе се со забрзано темпо бидејќи денот ќе биде полн со нови искуства, странци и разни можности, од кои некои нема да бидат добри. Ако навистина сакате нешто, тогаш притиснете го уште денес. Ќе можете да завршите се што започнавте, и сигурно ќе се појави нова опција на патот. СКОРПИЈА Потрудете се да постигнете барем одреден напредок. Денот ќе биде доста тежок, колку и да имате добивки толку ќе имате загуби, но не смеете да дозволите фрустрациите да ве обземат. Искористете ја својата уникатност кога преговарате за бизнис и слободно дојдете до идеи кои се сосема различни од она што другите го сугерираат. СТРЕЛЕЦ Ќе се случат многу работи за кои нема да бидете свесни. Не дозволувајте некој што е љубоморен или се чувствува загрозен од вас да ве доведе до реакција што ќе испадне да биде личност на која и недостасува самодоверба во очите на другите луѓе. Ако се обидувате да постигнете нешто, не двоумете се и не дозволувајте другите да ви ги диктираат правилата, поставете ги сами. ЈАРЕЦ Пред вас е многу социјален ден. Многумина ќе го побараат вашето внимание, ќе уживаат во вашето друштво, но и ќе ве молат за помош и услуги. Не се залажувајте мислејќи дека успехот ќе ве следи цело време, заштедете пари за полоши денови, не позајмувајте ги и не трошете ги за пороци. Време е да започнете со подобра заштита на вашата финансиска иднина. ВОДОЛИЈА Влегувате во голема фаза од животот, особено кога станува збор за работата и парите. Многумина од вас ќе се најдат денес со интересна можност да купат нешто за што не сте размислувале. Не дозволувајте другите да ве одвлекуваат од идејата што ја имате бидејќи овој пат не можете да губите ниту време, ниту пари. Очекувајте многу убави моменти во љубовта. РИБИ Тоа е ветувачка можност да ви помогне да создадете нешто со личноста за која навистина се грижите. Денес ќе бидете одлични во однос на комуникацијата и така многу убедливи, слободно побарајте помош од личноста која предизвикува стравопочит кај вас. Саканиот денес ќе се покаже во прекрасно светло, смета на разум и целосна поддршка....
На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 30 минути
За Се - пред 1 ден
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, а на ГП „Табановце“ се чека околу еден час за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност
За Се - пред 1 ден
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти УХМР. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен. Во следните денови ќе има стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер....
ВИДЕО: Ново игралиште и турнир во мал фудбал - Љубанци
За Се - пред 1 ден
Љубанци конечно доби ново игралиште по сите стандарди. Општина Бутел постави вештачка трева, трибина со над 200 столчиња, а игралиштето е осветлено и може да се користи и ноќно време. Истовремено беше отворен и меморијалниот турнир Љубанци 2022 во чест на загинатите бранители од 2001 со потекло од од оваа скопска населба. Љубанци е дел од општина Бутел и се наоѓа на скопска Црна Гора. Вреди да се посети....
ВИДЕО: Ракометните кадети ан Македонија самите ја испеаја целата химна
За Се - пред 1 ден
Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на следното младинско ЕП 2024 година и на следното кадетско СП 2023 година, откако оваа генерација победи на Б европското првенство што се играше во Рига, Летонија. Во финалето нашите ракометари ја победија Швајцарија со 24-22, а дури четворица играчи од нашата репрезентација се најдоа во идеалниот состав. Организаторот при интонирање на химната ја пушти само првата строфа, а кадетите заедно во еден глас ја довршија целата химна на Македонија. БРАВО....
Познатата манекенка Алесандра Амбросио на настап на Сека Алексиќ во Будва!
За Се - пред 2 дена
Познатата бразилска манекенка Алесандра Амбросио (41) веќе неколлку дена летува во Црна Гора. Она што е интересно е тоа што, таа и нејзините пријатели присуствувале на концертот на познатата српска пејачка Сека Алексиќ во дискотека во Будва. Сите биле изненадени кога во клубот се појавила Алесандра, па дури и самата Сека. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio)...
Шакира пред голема животна одлука- засекогаш да се пресели во Мајами
За Се - пред 2 дена
Латино дивата Шакира моментално е среде битка за старателство со таткото на нејзините деца и познатиот фудбалер Жерар Пике, а исто така се соочува со затворска казна до осум години откако шпанските власти ја обвинија за даночна измама. Сопственичката на хитовите „Whenever, Wherever“ и „Waka Waka (This Time for Africa)“ сега наводно интензивно размислува за трајно преселување во САД. Имено, пејачката има блиско семејство и пријатели во Мајами и многу луксузен замок на брегот, а семејната пријателка и агент за недвижности Ана Лурд Мартинез градот го нарекува „прибежиште“ на Шакира. - Мајами е нејзиниот дом - изјави таа за The New York Post. -Тука живеат нејзините родители, брат, внука и внук. Таа нема семејство во Шпанија. Тоа е поинакво опкружување од Барселона - додаде Мартинез, која работи со братот на Шакира, Антонио на нејзиниот локален имот за недвижнини. Да потсетиме дека Шакира беше во врска со Пике 11 години, со кого ги доби синовите Милан (9) и Саша (7), а раскинаа во јуни откако тој наводно испраќал пораки до други жени, меѓу кои и бразилската манекенка Сузи Кортез и тајно бил во врска со 23-годишната студентка за односи со јавноста Клара Чиа Марта. Сега, додека битката за старателство меѓу Шакира и Пике ескалира, децата се враќаат во Барселона и остануваат во домот на нивниот татко. Што се однесува до нејзината наводна даночна измама, таа наводно не платила данок од 14,7 милиони долари во периодот од 2012 до 2014 година. Покрај затворската казна, доколку биде осудена, се соочува и со парична казна од 23,5 милиони долари. Извори велат дека пејачката е убедена во својата невиност. - Шакира отсекогаш соработувала и го почитувала законот - изјавил за The Post нејзиниот претставник за односи со јавноста. - Таа демонстрираше беспрекорно однесување како поединец и даночен обврзник и верно ги следеше советите на PriceWaterhouse Coopers, престижна и глобално призната ревизорска куќа - продолжи тој. - За жал, шпанската даночна служба, која го губи секој друг спор со своите даночни обврзници, продолжува да ги крши нејзините права и води уште еден неоснован случај. Шакира е убедена дека нејзината невиност ќе се докаже до крајот на судскиот процес – заклучил тој. Пејачката веќе платила 17,5 милиони долари на шпанските даночни власти за подмирување на нејзината обврска. Извори за The Post изјавиле дека таа не е загрижена дека ќе оди во затвор. - Ова е нешто што шпанските даночни власти им го прават на богатите луѓе. Тоа повеќе го одвлекува вниманието отколку било што друго - заклучил информиран извор....
Видео: Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, најмалку 10 повредени
За Се - пред 2 дена
Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца,излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што има повредени. На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила. Според првичните информации најмалку десет лица се повредени. Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар, јавија српски медиуми....
(Видео)ФБИ: Алек Болдвин сепак го повлекол чкрапалото на сетот, кога загина снимателката
За Се - пред 2 дена
Истрагата на ФБИ открила дека Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот по што загина камерманка на сетот на филмот „Раст“. Болдвин случајно ја застрелал Халина Хачинс за време на снимањето на филмот во октомври 2021 година, но тврдел дека тој всушност не го повлекол чкрапалото. Сепак, новата форензичка истрага на ФБИ вели дека куршумите не можеле да бидат испукани од оружје без физичко повлекување на чкрапалото, пишува Sky News. „Пиштолот не можеше да пука без тој да го повлече чкрапалото“, се вели во извештајот. Во извештајот смртта на камерманката е окарактеризирана како „несреќен случај“. „Смртта произлезе од прострелна рана во градниот кош. Прегледот на достапните извештаи за спроведување на законот не покажа убедливи докази дека огненото оружје намерно било наполнето со муниција во моментот на пукањето“, се вели во извештајот. „Врз основа на сите достапни информации, вклучително и отсуството на очигледна намера да се предизвика повреда или смрт, начинот на смрт најдобро се класифицира како несреќа“, се заклучува. Да потсетиме, Болдвин во октомври минатата година ја застрела камерманката Хачинс (42) додека, како што рече, вежбал со пиштолот за кој верувал дека е безбеден. Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека нема поим како вистинскиот куршум завршил на снимањето. Властите, исто така, ги обвинија продуцентите на филмот за кршење на безбедносните протоколи и ги казнија со 136.793 долари. Истрагата на Одделот за животна средина во Ново Мексико покажа дека режисерите „покажале рамнодушност кон опасностите поврзани со употребата на огнено оружје на снимањето“. Police interview footage shows the moment Alec Baldwin put his hand over his mouth and sat in silence after being told Halyna Hutchins had died after being shot on the set of Rust. Read more: https://t.co/eFt5dOtD1l pic.twitter.com/WfwF3VZlCo — Sky News (@SkyNews) April 27, 2022...
ВИДЕО: Ограбувачи на банка сами си викнале полиција!
За Се - пред 2 дена
Банда ограбувачи на банки била принудена да ја повика римската полиција на помош, за да ги извлече од тунелот кој самите го ископале, но пропаднал при грабежот, кој очигледно лошо го испланирале, објавија денеска италијанските медиуми. Припадниците на спасувачката служба вчера вечер околу 20 часот од урнатиот тунел извлекле повреден маж и го пренеле во болница, додека полицијата привела тројца негови соучесници во грабежот. Се претпоставува дека повикот за помош го испратил еден од разбојниците. Членовите на бандата, двајца Римјани и двајца Наполитанци, го искористиле долгиот викенд среде Ферагосто, кога повеќето италијански бизниси се затворени, за да упаднат во банката и во околните бизниси. Но, нивниот план не се исполнил откако го ископале тунелот до банката, кој се урнал, па биле принудени да повикаат полиција на помош. „Помогнете, ве молам, дојдете да не ослободите“, бил повикот на човек до спасувачката служба откако се урнал тунелот што го ископал заедно со колегите. Припадниците на спасувачката служба, вклучително и експерти обучени за помош по земјотреси, морале да ископаат втор, паралелен тунел за да им помогнат. Медиумите јавуваат дека за време на спасувањето на заробените им биле дадени течности и кислород кои ги одржувале во живот....
ВИДЕО: Торнадо утрово ги разбуди туристите во познатото грчко летувалиште
За Се - пред 2 дена
Чуден временски феномен ги разбуди утринава туристите во познатото летувалиште во Грција во Паљури. Имено утринава торнадо се појави на заливот на крајот од третиот крак во близина на самата плажа. Туристите вознемирени, од дистанца со мобилните во рака го следеа феноменот. Дел од нив се решија да не си ја пробуваат среќата па експресно ја напуштија плажата....
50 семејства пријавиле штети од невремето во Кавадарци
За Се - пред 2 дена
Педесетина пријави имало од кавадарчани за последици од синоќешното невреме во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. -Продолжува миењето на улиците на територијата на Општината Кавадарци по интензивниот дожд и невремето кое го зафати градот и околните населени места. Во изминатата ноќ наврна околу 40 литри на метар квадратен за околу половина час, имаше педесетина пријави од граѓаните за интервенција и санирање на одводи, подрумски простории, наноси. Интензивно се работеше на терен цела вечер со служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, а веќе утре градоначалникот Митко Јанчев ќе формира и Комисија за процена на штети од елементарни непогоди, соопштија од кабинетот на градоначалникот. Оттаму апелираат до граѓаните ако имаат било каква потреба или штета да се јават на телефонскиот број 13-300 во Кол центарот на Општината Кавадарци....
ВИДЕО: Ќерката на Тамара Ѓуриќ (1) ги зема парите и вели дека „сака пари“
За Се - пред 2 дена
Видеото на кое сестрата на Тамара и дава пари на девојката и ја прашува дали го сака, предизвика бројни коментари Старлетата Тамара Ѓуриќ постојано добива критики за снимките на нејзината ќерка Тамара, а новото видео го објави нејзината сестра Александра. Имено, Александра е на видеото со малата Тамара (1) во автомобилот. Девојчето ги зема парите од рацете на тетка Александра и ги става во ранец велејќи: „Сакам пари“. Малата Тамара неодамна наполни една година, а иако на многумина ова видео им се допадна и коментираа дека ќерката на Ѓуриќ е преслатка и паметна, имаше и такви кои жестоко ја критикуваа старлетата: „Што ја учиш, тоа не се вистински вредности“, е нехигиенски“, „подобро е да се игра со играчки, а не со пари“... Да потсетиме, старлетата неодамна призна како нејзиниот сопруг Никола се снашол во улогата на татко, но и за што најчесто се расправаат кога е нивната ќерка во прашање. -Не можам да ги оставам на мира, бидејќи Никола го користи секој момент да и подари по киндер јајце или палачинка, не можам да му објаснам дека не и е добро во тие количини, навистина сум исплашена, но Никола ме ослободува малку. Кога ја гледам намачкана, тој јаде сладолед, се врти кон Тамара, а таа се лигави со чоколадо! Велам: „Ти си и дал сладолед“, тој ми вели дека не и дал, јас велам: „Како не, види каква е“ – рече Тамара....
Пронајдено богатство вредно стотици милиони евра!
За Се - пред 2 дена
Ловците на богатство кои пронашле 10 тони нацистичко злато во темелите на палатата од 18 век во Полска, велат дека добиле дозвола да откопаат затрупан сандак во кој го нашле богатсвото. Според написите во „Дејли мејл“ се верува дека украденото богатство, кое требало да се искористи за основање на Четвртиот Рајх, било закопано таму по наредба на началникот на Хајнрих Химлер. Во мај оваа година, трагачите откриле метален сандак закопан три метри под површината. Објавувајќи видео на „Јутјуб“ на 31 јули, Роман Фурманиак од фондацијата Шлезиски мост изјавил: „Возбудени сме што можеме да ја споделиме со вас веста дека е добиена дозволата потребна за последното ископување. Зачувајте го датумот – 1 септември! Голем датум за голем ден! Тоа се случува, е на пат, би сакале да побрзаме колку што можеме, но ја разбираме вашата нетрпеливост и правиме се што можеме со она што го имаме!“ Во богатството е и таканареченото Вроцлавско злато, кое исчезнало од полициската управа во истоимениот близок полски град. Се верува дека сандакот содржи накит и скапоцености од приватните колекции на богатите Германци кои живееле во областа. Со цел да го заштитат својот вреден имот од напредувањето на Црвената армија, богатите Германци ги предавале своите богатства. Локацијата била откриена со тајни документи, преку дневник на еден офицер и мапа која им ја дале на ловците на богатство од потомци на офицери кои припаѓале на тајна ложа стара повеќе од 1.000 години. Овој дневник, воден од висок офицер, наводно ја открива локацијата на друга палата во истиот регион. Таму на дното на бунарот наводно се складирани 28 тони богатство, пренесуваат медиумите....
Три ХОРОСКОПСКИ знаци кои лесно доаѓаат до пари
За Се - пред 2 дена
Некои хороскопски знаци имаат повеќе среќа со пари од другите. Во продолжение проверете дали сте меѓу оние на кои им „лепат“ парите. Скорпија Водењето приватен бизнис не им е туѓо, а за нив важи правилото дека целта ги оправдува средствата. Тие се вредни, сакаат пари и не им е тешко да ги заработат. Скорпиите имаат добро развиена интуиција, па кога е работата во прашање, веруваат само на себе. Јарец Јарците знаат да бидат сурови и ладни, што се добри квалитети во деловната сфера. Тие се систематски и ќе направат детален план пред да се впуштат во претприемачките води. Целта им се парите и знаат немилосрдно да бркаат. Девица Таа е прецизна и детална и лесно ги пренесува своите способности кога се во прашање финансиите. Си игра на сигурно, не влегува во ризична работа. Посебно ги цени трудот и енергијата што ги вложила за да ја достигне целта, па ист однос има и кон парите....
Мицкоски: Заминувам од политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни промени
За Се - пред 2 дена
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе ја напушти политиката доколку некој од партијата гласа за промени Уставот, под овие услови. „Тогаш јас ќе си заминам и ќе ја напуштам политиката“, изјави денеска Христијан Мицкоски. „Иако од власта ќе продолжат со притисоците и со изјавите дека имало пратеници од раководството. Нема такви. Тука сакам да ја затворам таа тема – по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема, јас гарантирам. Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот“, подвлече Мицкоски. За новиот документ што го изнесе бугарскиот технички министер за надвореши работи и за текот на разговорите меѓу Македонија и Бугарија, Мицкоски вели дека целокупниот процес е предаванички и калкулантски, а македонската дипломатија капитулираше. „Тоа е нок-даун за македонската дипломатија. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија. Тука ќе предупредам на еден процес што се обидува да го води власта – „што да правиме, Европа така не тера“. Тоа не е точно. Европа не не тера. Не смееме да потпаднеме на таа провокација. Европа има чесни намери, ги отворила вратите за Македонија, јас верувам во тие чесни намери, но знам кој има нечесни намери – Владата во Софија и оваа наша некреидбилна и корумпирана власт, а единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација. Тоа не е европеизација“, рече Мицкоски....
Видео: Внукот на Цеца ги обожава песните на Лепа Брена
За Се - пред 2 дена
Внукот на Цеца Ражнатовиќ, Жељко, обожава да пее, а особено му се допаѓаат песните од Лепа Брена. Тетка му Наташа го сними како го пее нејзиниот хит „Миле воли диско“, а видеото ги насмеа сите. Цеца рече дека Жељко од ден во ден расте и напредува и дека обожава кога е со него. „Очигледно е дека љубовта кон музиката ја наследи од мене и ќерка ми Анастасија. Дали ќе се занимава со музика во иднина ќе остане да видиме“, рече пејачката....
Новата девојка на Пике многу личи на Шакира
За Се - пред 2 дена
По 12 години совршена врска, колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике, од која им се родија двата сина - Мила и Саша, светот остана шокиран од фактот дека познатата двојка се разделува. Тогаш се пишуваше дека Пике својата позната девојка ја изневерил со помлада девојка, а сега се појави веста дека фудбалерот е во врска со студентката Клара Киом Марти, која е 12 години помлада од него. Нејзините фотографии се појавија на социјалните мрежи, а ако може да се суди по нив, Шакира оставила неверојатна трага на фудбалерот, со оглед на тоа што неговата нова девојка е копија на неговата девојка, што предизвика голем број коментари. „Медиумите не сакаат да ги објават нејзините фотографии дека луѓето не би ги споредиле со Шакира“ - коментираат на Твитер, каде го истакнуваат и следното: „Клара не требало да почне врска со Жерар ако знаела дека тој има семејство“. Имено, 23-годишната Клара е многу слично градена како Шакира, а нејзината бујна руса коса неодоливо потсетува на препознатливата фризура на музичката ѕвезда. Гледате ли и вие сличност помеѓи овие две девојки на Пике?...
Прекината е истрагата за сообраќајната несреќа, во која загина Ен Хеч
За Се - пред 2 дена
Полицискиот оддел во Лос Анџелес откри дека истрагата за несреќата нема да продолжи: – Истрагата за сообраќајната несреќа што се случи на 5 август во Калифорнија, во која актерката Ен Хеч се здоби со смртни повреди, ќе биде завршена по вчерашната вест дека актерката починала. Од денеска нема да има дополнителни истражни активности за овој случај. Сите информации или записи побарани од властите пред овој пресврт ќе продолжат да се собираат и формално да се додаваат во случајот.“ Да потсетиме, актерката под дејство на психоактивни супстанци со својот автомобил влетала во гаража на двокатна куќа, која и припаѓала на Џенифер Дуранд, но била изнајмена од жена по име Мишел. По судирот избувнал пожар што ги зафатил куќата и возилото во кое била актерката, а во кој што биле уништени предметите на споменатата жена....
Гола жена извикувала „Алаху Акбар“ трчајќи кон пилотската кабина во авион
За Се - пред 2 дена
Вистински хаос се случил на авионски лет од Кипар кон Велика Британија, кога гола жена трчала кон пилотската кабина извикувајќи „Алаху Акбар“, пренесува Дејли Мејл. Татко на три деца е тој што успеал да ја задржи жената која останала во долна облека во авион за Манчестер и двапати се обидела да упадне во пилотската кабина извикувајќи „Алаху Акбар“. Филип О’Брајан (35) бил патник на летот Jet2 од Ларнака (Кипар) за Манчестер во вторникот на 9 август, кога една жена, на возраст од околу 30 години, предизвикала паника веднаш по полетувањето. Според Дејли Мејл, жената имплицирала дека имала експлозив со себе и прашувала „дали сте подготвени да умрете“. Таа, исто така, на преплашените патници и персонал им кажала дека нејзините родители се членови на терористичката организација ИСИС. О’Брајан бил во авионот со уште шест членови на семејството, вклучувајќи ја неговата сопруга и трите деца на возраст од осум до 14 години. 35-годишникот, за Мирор раскажал за инцидентот: „Кога жената се упати назад кон пилотската кабина, ја презедов контролата, ја приковав на земја и во тој момент пилотот направи итно слетување во Париз“. О’Брајан ја прашал жената зошто кажува такви работи, а таа одговорила: „Да не го направев, ќе имаше експлозија и сите ќе умреа“. Во извештајот се вели дека летот се упатил кон парискиот аеродром Шарл де Гол рано наутро во вторникот за да го симнат „вознемирувачкиот патник“. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа сцена на хаос во која се појавија најмалку двајца француски полицајци и уапсија или задржаа жена, која носеше црна капа и црвена блуза, додека авиокомпанијата Jet2 сè уште не се огласи за инцидентот. V Hero British father-of-three, 35, restrains woman claiming to have explosives after she stripped to her underwear and tried to storm plane cockpit shouting 'Allahu Akbar' on Jet2 flight from Cyprus to Manchester ======https://t.co/APpizpcSfh pic.twitter.com/L3J0lQf9sI — Επικαιρότητα - V - News (@triantafyllidi2) August 14, 2022...
8 годишно девојче се заглавило во автомобил додека си играло, починало од топлотен удар
За Се - пред 2 дена
Осум годишно девојче почина во напуштен автомобил на нејзиниот дедо во местото Чаландри кај Атина, откако доживеала топлотен удар. Девојчето било пронајдено без свест од жителите на ромскиот камп, кој се наоѓал во близина. Малото девојче си играло кога од засега непознати причини се заглавило во автомобилот и доживеало топлотен удар. Девојчето било пренесено во болницата „Гениматас“, каде била констатирана смрт. Полициските службеници од Одделението за обезбедување кои го истражуваат случајот ги привеле таткото и мајката на девојчето на возраст од 29 и 27 години поради „смртоносно изложување на малолетник“. Лекарите проценуваат дека 8-годишното девојче починало од топлотен удар, а дополнително е побарана и обдукција...
Армијата одбележува 30-годишен јубилеј
За Се - пред 2 дена
Под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ в среда, на 17 август, Армијата на Република Македонија ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј. Манифестацијата по повод јубилејот ќе се одржи на Воениот стадион со почеток во 18:30 часот. На настанот кој ќе биде целовечерен, посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од најновата воена опрема и со новите оклопни возила на Армијата, ќе бидат сведоци на вештините на специјалните сили, а ќе биде изведена и показна вежба со армиските кучиња. По презентацијата на воената опрема и воените вештини, ќе биде организиран и богат музички дел на кој ќе настапат Воениот оркестар, како и поголем број изведувачи како: Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио. -Ги повикуваме граѓаните да присуствуваат на овој уникатен настан и сите заедно да го прославиме Денот на Армијата и 30-годишниот јубилеј, наведува Министерството за одбрана во соопштението по повод јубилејот....
Училишниот прибор поскап за 50 отсто, за прваче во просек потребни до 100 евра
За Се - пред 2 дена
Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти. Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари....
Дневен Хороскоп
За Се - пред 2 дена
ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава атмосфера. Романтиката денес ви е силна страна. Уживате со саканата личност. Водете сметка за бубрезите. БИК Ве очекува напорен ден во кој ќе имате многу обврски. Потрудете се да бидете посветени на работата и ништо да не пропуштите. Немате драстични промени на љубовно поле. Болки во желудникот. БЛИЗНАЦИ Може да очекувате позитивна атмосфера кога станува збор за работата. Потрудете се да се посветите на некои проблеми од претходно. Зрачите со позитивна енергија, па лесно склопувате нови познанства. Избегнувајте алкохол. РАК Ве очекуваат помали компликации кога станува збор за работата. Потрудете се да бидете доволно смирени во нивното решавање. Нова љубов е пред вратите, а вие сте подготвени да и дозволите да влезе. Проверете крвна слика. ЛАВ Може да очекувате дека ќе успеете денес да разграничите некои рабори и да донесете нови одлуки. Саканата личност се обидува да ви покаже колку се грижи за вас. Водете сметка за хормоните. ДЕВИЦА Можеби не сте сосема задоволни од резултатите кои ги постигнавте на работното место и сметате дека можете многу подобро од тоа. Уживате во незадолжителни авантури и флерт, сериозна врска не ви е во план. Помал пад на имунитетот. ВАГА Пред вас е поволен период во кој ќе може да очекувате решавање на деловните проблеми. Саканата личност покажа неискреност и се чувствувате изневерено на некој начин. Потребно ви е време. Чувствителен урогенитален тракт. ШКОРПИЈА Конечно ќе успеете да дојдете до важни информации на кои долго чекавте. Може да се надевате на поволни околности. Доколку сте слободни, ве очекува среќен период и нови личности во вашиот живот. Замор и ненаспаност. СТРЕЛЕЦ Финансиите сега ви се слаба точка и сакате да промените нешто по тоа прашање. Ќе имате шанса за некоја дополнителна работа. Саканата личност ќе ви покаже дека искрено и значите. Ве очекуваат проблеми со тироидната жлезда. ЈАРЕЦ Реагирате брзоплето и тоа може да донесе проблеми на работа. Потрудете се да бидете малку поприбрани. Подготвени сте да прекинете врска со личност која беше неискрена кон вас. Патите одд главоболка. ВОДОЛИЈА Чувстввате дека во вашето деловно опкружување има некои ситуации кои се одигруваат позади ваш грб. Новото познанство внесува мистерија кај вас. Личноста која ја запознавте ви носи возбуда. Проблеми со несоница. РИБИ Ве очекуваат помали промени во деловното опкружување. Ќе ви биде потребно одредено време за да се навикнете на нив. Ви се додворува личност во која немате доволно доверба. Чувствителен нервен систем....
Почнува Богородичниот пост
За Се - пред 2 дена
За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август). Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица. И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо. Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите. Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава...