Џенифер Лоренс му даде оскаровски гламур на фустанот со точки
fashionel - пред 43 дена
Оскаровката Џенифер Лоренс е долгогодишен амбасадор на Диор и токму затоа беше и очекувано таа да се појави во креација од француската модна куќа.Годинава нејзиниот избор беше мало изненадување, фустан на точки, дезен што не се очекува да се види на манифестација како Оскарите.Сепак Лорен успеа на овој игрив дизајн да му даде холивудски гламур. Актерката изгледаше прекрасно во креацијата што ги откриваше нејзините раменици.Фустанот на точки беше надополнет со марама во ист дезен и блескав накит од Сваровски.Џенифер на одличен начин покажа како едноставноста знае да биде полн погодок и да привлече вистинско внимание на една гламурозна оскаровска ноќ.Уште неколку познати дами кои се појавиле во овој дезен.Фото: Facebook, Instagram, Pinterest...
Што носеа познатите на пост-оскаровската забава на Vanity Fair
fashionel - пред 44 дена
Оскаровската ноќ е една од највозбудливите во Холивуд. Спојот на врвни дизајнерски парчиња и маестрална филмска уметност никој не остава рамнодушен.Исто толку возбудливо, ако не и повеќе, е забавата по оскарите, којашто секоја година ја организира магазинот Vanity Fair.Од софистицираност и елеганција, стајлинзите на познатите добиваат посмел лик, шик и провокативни елементи, а освен луѓе од филмската индустрија доаѓаат и други познати ликови од шоу бизнисот, како и нивни следбеници.Еве што се носеше на забавата и кој ја дополни листата на гости. View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag) View this post on InstagramA post shared by Check the Tag (checkthetag)...
Вторник во риги
fashionel - пред 44 дена
Овој вторник носиме широк џемпер на риги, дезен со којшто нема утка.Во џемперите секогаш се чувствуваме комотно, а ако ги стилизираме со вистинските парчиња добиваме и одличен деловен стајлинг.За денес имаме комбинација со црни панталони и блејзер, а како обувки предложуваме балетанки во црна и кремава боја.Финишираме со црна чанта.Имајте убав вторникФото: Pinterest...
Оскари 2024 - совршен спој на мода и филмска уметност
fashionel - пред 44 дена
Големиот победник на 96-те Оскари по ред е Oppenheimer за којшто и се претпоставуваше дека ќе собере најголем број на награди.Од вкупно 13 номинации филмот за закити со седум оскари, меѓу кои најдобар актер во главна улога (Килијан Марфи), најдобар филм, најдобар актер во споредна улога (Роберт Дауни Џуниор) и најдобар режисер (Кристофер Нолан).Ема Стоун која воодушеви и со изборот на фустан, освои награда за најдобра актерка во главна улога за маестралната изведба во Poor Things.Филмот имаше вкупно 11 номинации, а освои три меѓу кои за најдобра костимографија и шминка.The Zone of Interest се закити со оскар за најдобар интеренационален филм, додека песната на Били Ајлиш и Финеас Оконел "What Was I Made For?" од филмот Barbie освои оскар за најдобра песна.Џими Кими се појави во улога на водител по четврти пат, а еден од најемотивните говори и припадна на Ема Стоун чија што победа беше и изненадувањето на вечерта.А не смееме да го изоставиме и црвениот тепих на којшто доминираа црно бели комбинации, монохроматски или во спојка.Низ класичните нијасни свое место најдоа и светкавите сребрени креации и по некоја пастелно розова тоалета.Сепак, она што беше интересно за годинава е присуството на таканаречениот mermaidcore, или фустани инспирирани од силуетата на сирената.Така видовме доста форми на школка, перки и слични контури во поголем број од дизајнерските креации.Уште еден блескав тепих и уште една оскаровска ноќ за паметење, а еве како сето тоа изгледаше вчера во Долби театарот во Холивуд,Фото:Getty, Reuters...
Пролет во џинс...
fashionel - пред 45 дена
Џинсот е безвременски, прилагодлив на секаква прилика, одличен во комбинација со сите бои и парчиња облека.Го носиме во сите годишни времиња, а особено добро изгледа во пролет.Блејзер и фармерки се можеби една од најчестите комбинации кога станува збор за урбан изглед, а типот на обувки ја менува дневната во вечерна варијанта.Потпетици и џинс се совршен спој за забава, додека патиките се изборот за опуштено попладне.Кошулата ќе им даде помалку деловен, а секој дополнителен детаљ само ќе ја потенција женственоста.Имајте убава пролет во џинс.Фото: Pinterest...
Понеделник во кожна јакна и фустан
fashionel - пред 45 дена
За старт на работната недела имаме фустан со флорален дизајн што одлично се совпаѓа пролетта која ни доаѓа.Макси фустаните добро одат со црна, кожна јакна, а овие две парчиња ќе ги комплетираме со црни чизми на тенка потпетица.Недостасува уште макси црна чанта и подготвени сме за обврските.Имајте убав понеделник.Фото: Pinterest...
Осум познати дами добија своја Барби верзија по повод Осми март
fashionel - пред 47 дена
По повод денешниот празник на жените Осми март, компанијата којашто стои зад популарните Barbie кукли, Mattel, создаде нови барбики во чест на неколку познати дами.На овој ден се прославува и 65 годишнината од производителот на играчки на којшто овојпат, како инспирација му послужија осум успешни жени во шоубизнисот. Минатата година темата беше STEM, односно се оддаде почит на неколку дами од науката, технологијата, математиката и инженерингот.Новите барбики не се достапни за продажба, односно се создадени специјално за дамите кои се инспирација за нивната креација.Помеѓу нив се наоѓаат актерките Хелен Мирен, Виола Дејвис, кантри-поп пејачката Шанаја Твејн, поп ѕвездата Кајли Миног, комичарката Ениса Амани, моделот Никол Фуџита, инфлуенсерката Мајра Гомез и режисерката Лила Авијес.За оваа прилика оскаровката Милер изјави дека тоа што има Барби верзија од себе си е посебно емотивно за неа, а особено добар детаљ била креацијата што куклата ја носи, која и е омилената на актерката.Еве како изгледаат верзиите на познатите дами. View this post on InstagramA post shared by Shania Twain (shaniatwain) View this post on InstagramA post shared by Kylie Minogue (kylieminogue) View this post on InstagramA post shared by Maira Gomez (cunhaporanga_oficial)...
Петок во црно и беж
fashionel - пред 48 дена
Петок како ден пред викенд, го резервираме за една од омилените комбинации - црно и беж.Предложуваме широки беж панталони со висок струк, коишто ќе ги споиме со црна блуза и црн струкиран блејзер. Вака стилизирани ќе додадеме и бели патики, а ауфитот ќе го дополниме со црн ремен и чанта.Имајте убав викенд.Фото: Pinterest...
Есктравагатна, уникатна и моќна - новото уметничко дело со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА
fashionel - пред 48 дена
ЕЛЕНА ЛУКА со гордост го претставува своето ново уметничко дело.Екстравагантната креација е инспирирана од фантастичниот ефект на огнениот Феникс и маѓепсува со својата убавина.ЕЛЕНА ЛУКА овој пат ја одбра актуелната црвена боја, онаа силна нијанса на љубовта, женственоста и моќта и ја преточи во уметност пред која што е невозможно да останете рамнодушни.Оваа преубава тоалета која ја следи линијата на телото низ многубројните пердуви обоени во црвена, црна и маслинеста боја е дефиниција за екстравагантност и уметнички финиш.Бисерниот ремен како додаток само става завршен печат на уникатноста со потпис на нашиот етаблиран брен.Фантастична во секој поглед, неверојатно силна, а истовремено и нежна – ЕЛЕНА ЛУКА знае како да создаде уникатност која плени на прв поглед.Посетете нè во нашите продажни салони во Скопје, Струмица и Тетово или посетете ја нашата веб-страница www.elenaluka.com. View this post on InstagramA post shared by (elenaluka_official)...
Како се спојуваат кафе и колаген?
fashionel - пред 49 дена
Иако можеби кафето и колегенот се чинат како невозможна спојка, сепак едно кафуле во Париз, 48 Collagen Café, најде начин како да направи интересен микс.Станува збор за ново место кое нуди досега невидено искуство преку несекојдневен футуристички концепт.За колагенот знаеме дека е од исклучително значење за коските, кожата, ноктите и косата, а тоа беше и причината што Амандин Форно се реши да го основа 48 Collagen Café.Тука на оригинален начин се спојуваат убавината, здравјето и благосостојбата. На менито можете да најдете latte кафе, како и различни smoothie пијалоци, а секое од нив има специфично име - Earth Latte, Love Latte, Full Moon Latte, Joy Happiness, Pure Élixir Aphrodisaque.Во речиси секој од нив доминантни состојки се спирулина, активен јаглен, куркума како и различни млека од растително потекло.Освен напитоците во кафулето можете и да испробате специјален третман на лицето со црвено светло.Се работи за маска којашто се користи за подобрување на изгледот на кожата, со тоа што се стимулира циркулацијата и производството на колаген.Па доколку патот ве однесе во Париз, ставете го ова кафуле на вашата листа. View this post on InstagramA post shared by 48 Collagen Caf (48collagencafe) View this post on InstagramA post shared by Oh My Cream (ohmycream) View this post on InstagramA post shared by 48 Collagen Caf (48collagencafe) View this post on InstagramA post shared by 48 Collagen Caf (48collagencafe) View this post on InstagramA post shared by 48 Collagen Caf (48collagencafe)...
Четврток во пастелни нијанси
fashionel - пред 49 дена
Денешниот четврток ќе го обоиме во пастелни тонови. Затоа одбираме пастелно розов, елегантен блејзер којшто го спојуваме со бела кошула.На овие парчиња додаваме џинс и пастелно розови патики.За да ја зачиниме малку комбинацијата имаме марама во иста нијанса, а финишираме со светло розова чанта.Ви посакуваме убав четврток.Фото: Pinterest...
Макси фустани во пролет
fashionel - пред 49 дена
Пролетта само што не пристигнала, а сончевите зраци веќе нè мамат да ги облечеме фустаните.Оваа сезона ќе им дадеме предност на макси фустаните, кои слободно паѓаат и ни овозможуваат комоција во секоја прилика.Ги сакаме на секаков начин, во дневна или ноќна варијатна, со патики, мартинки, балетанки... Најдобро одат со кожна јакна во бојата што ќе ја одбереме, а подеднавко добро се сложуваат со блејзер или тексас јакна.Пролетта е како создадена за цветните дезени, а за оние кои не сакаат шарено тука се секогаш еднобојните модели.Женственост и елеганција, убавина која ја носи едноставноста - еве како ги носиме макси фустаните во пролет. Фото: Pinterest...
Шанел во чест на Довил и Коко
fashionel - пред 50 дена
Со новата есен-зима колекција на Шанел, креaтивната директорка Вирџинија Вард се враќа на традиционалните вредности.Овој пат модната куќа го рекреираше шеталиштето во малиот француски град Довил каде што започна неверојатната приказна на Коко Шанел.Целото шоу беше еден вид на испреплетено враќање во модната идеологија на 20-те и 70-те години кога сè беше поедноставно.Она што ја каректеризира оваа ready-to-wear колекција се пастелните бои, како бледата розова, виолетова, портокалова и сина боја коишто потсетуваат на небото што се протега над Довил.Освен боите тука се и чантите, големите шапки и свилените марами, како и високите чизми на потпетица, и оние изработени од овча кожа.Целата есен зима колекција е топла, со слоеви од различни материјали, бои и волумен, а секој детаљ оддава чест на легендарното место каде што засекогаш се промени судбината на Коко.Фото: Getty...
Среда во плисирано здолниште и кожна јакна
fashionel - пред 50 дена
Оваа среда ја резервираме за безвременската црно бела комбинација.Плисирано црно миди здолниште, бела блуза со тричетврт ракави и црна кожна јакна се парчињата за денешниот аутфит.Нив ќе ги дополниме со бели патики за лесен чекор кон дневните обврски.Финишираме со мала бела чанта и ви посакуваме среќна среда.Фото: Pinterest...
Ајрис Апфел(102) замина во легендите
fashionel - пред 52 дена
Легендарната и неповторлива Ајрис Апфел на 102 годишна возраст замина во легендите.Ајрис ќе остане запаметена како една од најголемите модни бунтовнички и една од навлијателните икони на стилот.До крајот на својот живот, таа остана доследна на живописните бои и предимензионираните очила по коишто целиот свет ја препознаваше.Нејзината уникатност и донесе многу соработки со модниот свет, а нејзиното мислење за модата беше едно од највреднуваните.Апфел, родена во Њујорк на 29 август 1921-ва, беше сведок на радикални трансформации на метрополата во секој сегмент, па и во модата.Ајрис во третата доба од својот живот стана особено популарна кај дизајнерите. Сними бројни кампањи и реклами за повеќе луксузни брендови.Модниот свет беше и ќе остане фасциниран од страста за животот што ја имаше, а за многумина и понатаму ќе биде голема стилска инспирација.Во една прилика Ајрис изјави:Стилот не се учи. Според мене, стилот е во нашата ДНК. Може да научите како да бидете модерни, како да се облекувате подобро, но стилот не се учи. Тоа е нешто внатрешно.Почивај во мир легендо.Фото: Pinterest...
Понеделник во карирано и точки
fashionel - пред 52 дена
Денешниов понеделник е за кариран блејзер со сива основа.Блејзерот ќе го споиме со црна кошула на точки, со што ќе си поиграме со различни дезени.За да дадеме рамнотежа на стајлингот додаваме панталони во кафена боја и црни чевли на потпетица.Финишираме со светло сива чанта и ви посакуваме убав почеток на работната недела.Фото: Pinterest...
Андријана Петрушовска стилизирана во ЕЛЕНА ЛУКА ќе настапи на шестиот круг од Ѕвездите на Гранд
fashionel - пред 54 дена
Андријана Петрушовска од Скопје јавноста ја запозна во втората сезона на регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд.Таа лани беше финалистка, на чекор до триумф, а годинава стаса до шестиот круг на шоуто кој што допрва ќе се емитува.Младата девојка плени со својот глас и убавина, а на својот инстаграм профил ни го откри стајлингот за нејзиното следно појавување на сцената.Заслужен за беспрекорниот изглед на Андријана е нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА.Задоволството и самодовербата уште посилни заедно со ЕЛЕНА ЛУКА тимот на професионалци со кои започнуваме една нова и успешна приказна! Рефлексијата е очигледно блескава, кога си опкружен со професионалци!Со ова таа ја најави соработката со модната куќа која безрезервно им дава поддршка на младите музички уметници и голем дел од познатите во шоубизнисот.Андријана јавноста ќе може да ја види во дводелен сет во впечатлива црвена боја, составен од свилено макси здолниште и топ со долги ракави украсен со златни детали под градите.Овие две уникатни парчиња со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА ќе бидат надополнети со раскошна црвена наметка и круна со којашто таа ќе изгледа како вистинска божица.И ја посакуваме сета среќа....
Незаборавна оскаровска ноќ во МОБ: Филмска музика, овации и холивудски креации на ЕЛЕНА ЛУКА
fashionel - пред 54 дена
Магична Оскаровска ноќ за прв пат на сцената на МОБ, во пресрет на 96-то издание на Оскарите.Настан кој на гламурозен начин ја донесе филмската музика и хитовите кои освоиле Оскар низ годините или биле номинирани, а маестрално ги изведоа наши познати музички ѕвезди.Вистински гламур и оскаровски дух се преслика и во модните уникатни дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА, која ги стилизираше дамите кои вечерта блескаа на сцената на МОБ, во духот на Холивуд: Наде Талевска, Весна Гиновска Илкова, Андријана Јаневска, Ана Петановска, Маја Гроздановска – Панчева и водителката на настанот, Миланка Рашиќ.„И овојпат ни припадна честа да бидеме носители на еден ваков уникатен проект со оскаровски гламур, што за прв пат се одржува на сцената на МОБ, во пресрет на 96-то издание на Оскарите.Навистина една извонредна организација, врвен оскаровски настан на кој ЕЛЕНА ЛУКА го прикажа својот комплетен сјај на сцена, благодарение на сите прекрасни дами што вечерва настапија со фантастични оскаровски хитови, а беа стилизирани во наши уникатни креации, секоја со свој посебен печат и посебна вредност затоа што на секоја од нив е посветено исклучително внимание за да се постигне перфектна целина. Би кажала дека оваа вечер се разликува најмногу во работењето на ЕЛЕНА ЛУКА, не во однос на тоа што создадовме специјални сценски креации затоа што од секогаш сме го работеле и тоа е наш уметнички израз, туку затоа што имавме чест да бидеме повикани од организаторот и водителката Миланка Рашиќ на оваа прекрасна оскаровска вечер што за прва пат се одржува годинава, а се надевам ќе прерасне и во традиција според прекрасните рекации од публиката. Навистина уживавме во целата оскаровска магија што имавме можност вечерва да ја доживееме на сцената на МОБ, во одличните перформанси на нашите големи музички ѕвезди на сцена стилизирани во уникатни оскаровски тоалети со препознатливиот визуелен печат на ЕЛЕНА ЛУКА. Ова е еден настан за паметење затоа што модата, убавината, оскаровската музика и раскошните вокали на нашите маестрални таленти се споија. Честитки на сите вклучени во овој проект и навистина ни е чест што сме дел од првото издание на Оскаровската гала вечер", изјави Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.Низ ова незаборавна филмска – музичка ноќ присутните ги водеше токму Рашиќ, која е одличен познавач на историјата на Оскарите.Секоја од овие дами изгледаше беспрекорно, филмски, гламурозно како што и доликува на настан на вакво ниво и вечерта барем на момент вистински ни го донесоа духот на Холивуд на сцената на МОБ.Миланка Рашиќ како вистинска холивудска ѕвезда, пленеше во раскошен оскаровски фустан специјално дизајниран за оваа прилика, а ЕЛЕНА ЛУКА и овојпат покажа зошто е на врвот.„Многу сум задоволна од тоа како реагираше публиката. Луѓето беа пресреќни, имаше овации, аплаузи. Голем дел од животот имам посветено на Оскаровските преноси и затоа овој настан многу ми значи.Пресреќна сум што на овој гламурозен настан соработувавме со ЕЛЕНА ЛУКА. Јас и порано сум носела нивни креации на фестивали и други важни настани, но морам да кажам дека вечерва беше врвот. Оваа креација изгледа оскаровски, гламурозно, што впрочем и беше наша цел.Огромна благодарност до целиот тим на ЕЛЕНА ЛУКА, за инспирацијата, за креативноста... За краток период се оствари тоа што го посакував – тоалета каква што замислував. Благодарение на ЕЛ оваа вечер личеше на вистинско оскаровско шоу", изјави Миланка Рашиќ.Андријана Јаневска ја воодушеви публиката во елегантна црна тоалета комбинирана со црни ракавици во стилот на стариот Холивуд, прикажувајќи една безвременска грациозност на сцена.„Ми претставуваше чест и задоволство да бидам на ваков настан, а благодарение на костимот на ЕЛЕНА ЛУКА се чувствував навистина гламурозно. Ние претходно соработувавме и за Бубамарата и морам да кажам дека сите беа воодушевени и од таа креација", го пренесе својот впечаток Андријана.Маја Гроздановска Панчева покрај тоа што имаше фантастичен перформанс на сцена награден со овации во публиката, изгледаше исто толку беспрекорно и впечатливо во уникатна дизајнерска креација на ЕЛЕНА ЛУКА во пастелни розово-виолетови тонови, акцентирана со рачно изработени детали што и даваа посебна магија и убавина.„Лично мислам дека без овие прекрасни креации, оскаровската гала вечер немаше да биде како што изгледаше. Ова беше дефиниција за гламур, во вистинско време, на вистинско место и се чувствував како да сум на доделување на Оскари", додаде Маја.Оперската дива Весна Гиновска Илкова изгледаше гламурозно во врвна тоалета во загасити сини тонови, што совршено ја заокружи нејзината маестрална изведба на сцената на МОБ.„Многу сум задоволна од целата организација и ми беше задоволство да учествувам. Немам прилика да се најдам надвор од рамките на операта и затоа ова искуство беше навистина прекрасно за мене, едноставно уживав во концертот и во оваа гламурозна тоалета што ја носам. Голема благодарност до ЕЛЕНА ЛУКА за нивната флексибилност и професионалност", изјави оперската дива.Младата Ана Петановска, која веќе важи за миленичка на нашата публика воодушеви со изведбата на Purple Rain од Принц, истовремено носејќи го на сцена холивудскиот глмур во авангардна тоалета на ЕЛЕНА ЛУКА во нежна розова нијанса.„Кога имаш толку добар тим зад себе, такви професионалци, излегуваш на сцена како вистинска дива. Чувството не може да се опише, и во секоја креација што досега сум ја носела од ЕЛЕНА ЛУКА сум изгледала како да сум на црвен тепих. Сум кажала неколку пати и пак ќе кажам дека задоволството е големо да се соработува со нив", сподели Ана.Прекрасната Наде Талевска со својот врвен вокал донесе вистинска магија на сцената, стилизирана во авангардна црно-жолта сценска комбинација, која му даде вистински оскаровски сјај на нејзиниот настап.„Целата организација беше прекрасна, како и оваа креација што ја носам и сè изгледаше како да се наоѓаме на црвен оскаровски тепих", ги сподели своите импресии Наде.Присутните имаа можност и да ја погледнат екслузивната модна изложба на ЕЛЕНА ЛУКА во фоајето на МОБ, каде што нашиот познат бренд се претстави со уникатни свечени тоалети што ни го донеса вистинскиот холивудски сјај и гламур. Диригент на оркестарот беше Бисера Чадловска, а како режисер на настанот се потпиша Дејан Прошев.Со оглед на реакциите и воодушевувањето на публиката, голема е веројатноста дека оваа прва Оскаровска гала вечер ќе стане традиција.Скопје докажа дека може да изгледа холивудски кога зад одличен настан ќе застанат врвни професионалци....
Незаборавна оскаровска ноќ во МОБ: Фимска музика, овации и холивудски креации на ЕЛЕНА ЛУКА
fashionel - пред 54 дена
Магична Оскаровска ноќ за прв пат на сцената на МОБ, во пресрет на 96-то издание на Оскарите.Настан кој на гламурозен начин ја донесе филмската музика и хитовите кои освоиле Оскар низ годините или биле номинирани, а маестрално ги изведоа наши познати музички ѕвезди.Вистински гламур и оскаровски дух се преслика и во модните уникатни дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА, која ги стилизираше дамите кои вечерта блескаа на сцената на МОБ, во духот на Холивуд: Наде Талевска, Весна Гиновска Илкова, Андријана Јаневска, Ана Петановска, Маја Гроздановска – Панчева и домаќинката на настанот, Миланка Рашиќ.„И овојпат ни припадна честа да бидеме носители на еден ваков уникатен проект со оскаровски гламур, што за прв пат се одржува на сцената на МОБ, во пресрет на 96-то издание на Оскарите.Навистина една извонредна организација, врвен оскаровски настан на кој ЕЛЕНА ЛУКА го прикажа својот комплетен сјај на сцена, благодарение на сите прекрасни дами што вечерва настапија со фантастични оскаровски хитови, а беа стилизирани во наши уникатни креации, секоја со свој посебен печат и посебна вредност затоа што на секоја од нив е посветено исклучително внимание за да се постигне перфектна целина. Би кажала дека оваа вечер се разликува најмногу во работењето на ЕЛЕНА ЛУКА, не во однос на тоа што создадовме специјални сценски креации затоа што од секогаш сме го работеле и тоа е наш уметнички израз, туку затоа што имавме чест да бидеме повикани од организаторот и домаќинката Миланка Рашиќ на оваа прекрасна оскаровска вечер што за прва пат се одржува годинава, а се надевам ќе прерасне и во традиција според прекрасните рекации од публиката. Навистина уживавме во целата оскаровска магија што имавме можност вечерва да ја доживееме на сцената на МОБ, во одличните перформанси на нашите големи музички ѕвезди на сцена стилизирани во уникатни оскаровски тоалети со препознатливиот визуелен печат на ЕЛЕНА ЛУКА. Ова е еден настан за паметење затоа што модата, убавината, оскаровската музика и раскошните вокали на нашите маестрални таленти се споија. Честитки на сите вклучени во овој проект и навистина ни е чест што сме дел од првото издание на Оскаровската гала вечер", изјави Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.Низ ова незаборавна филмска – музичка ноќ присутните ги водеше токму Рашиќ, која е одличен познавач на историјата на Оскарите.Секоја од овие дами изгледаше беспрекорно, филмски, гламурозно како што и доликува на настан на вакво ниво и вечерта барем на момент вистински ни го донесоа духот на Холивуд на сцената на МОБ.Миланка Рашиќ како вистинска холивудска ѕвезда, пленеше во раскошен оскаровски фустан специјално дизајниран за оваа прилика, а ЕЛЕНА ЛУКА и овојпат покажа зошто е на врвот.„Многу сум задоволна од тоа како реагираше публиката. Луѓето беа пресреќни, имаше овации, аплаузи. Голем дел од живтотот имам посветено на Оскаровските преноси и затоа овој настан многу ми значи.Пресреќна сум што на овој гламурозен настан соработувавме со ЕЛЕНА ЛУКА. Јас и порано сум носела нивни креации на фестивали и други важни настани, но морам да кажам дека вечерва беше врвот. Оваа креација изгледа оскаровски, гламурозно, што впрочем и беше наша цел.Огромна благодарност до целиот тим на ЕЛЕНА ЛУКА, за инспирацијата, за креативноста... За кратко период се оствари тоа што го посакував – тоалета каква што замислував. Благодарение на ЕЛ оваа вечер личеше на вистинско оскаровско шоу", изјави Миланка Рашиќ.Андријана Јаневска ја воодушеви публиката во елегантна црна тоалета комбинирана со црни ракавици во стилот на стариот Холивуд, прикажувајќи една безвременска грациозност на сцена.„Ми претставуваше чест и задоволство на бидам на ваков настан, а благодарение на костимот на ЕЛЕНА ЛУКА се чувствував навистина гламурозно. Ние претходно соработувавме и за Бубамарата и морам да кажам дека сите беа воодушевени и од таа креација", го пренесе својот впечаток Андријана.Маја Гроздановска Панчева покрај тоа што имаше фантастичен перформанс на сцена награден со овации во публиката, изгледаше исто толку беспрекорно и впечатливо во уникатна дизајнерска креација на ЕЛЕНА ЛУКА во пастелни розово-виолетови тонови, акцентирана со рачно изработени детали што и даваа посебна магија и убавина.„Лично мислам дека без овие прекрасни креации, оскаровската гала вечер немаше да биде како што изгледаше. Ова беше дефиниција за гламур, во вистинско време, на вистинско место и се чувствував како да сум на доделување на Оскари", додаде Маја.Оперската дива Весна Гиновска Илкова изгледаше гламурозно во врвна тоалета во загасити сини тонови, што совршено ја заокружи нејзината маестрална изведба на сцената на МОБ.„Многу сум задоволна од целата организација и ми беше задоволство да учествувам. Немам прилика да се најдам надво од рамките на операта и затоа ова искуство беше навистина прекрасно за мене, едноставно уживав во концертот и во оваа гламурозна тоалета што ја носам. Голема благодарност до ЕЛЕНА ЛУКА за нивната флексибилност и професионалност", изјави оперската дива.Младата Ана Петан, која веќе важи за миленичка на нашата публика воодушеви со изведбата на Purple Rain од Принц, истовремено носејќи го на сцена холивудскиот глмур во авангардна тоалета на ЕЛЕНА ЛУКА во нежна розова нијанса.„Кога имаш толку добар тим зад себе, такви професионалци излегуваш на сцена како вистинска дива. Чувството не може да се опише, и во секоја креација што досега сум ја носела од ЕЛЕНА ЛУКА сум изгледала како да сум на црвен тепих. Сум кажала неколку пати и пак ќе кажам дека задоволството е големо да се соработува со нив", сподели Ана.Прекрасната Наде Талевска со својот врвен вокал донесе вистинска магија на сцената, стилизирана во авангардна црно-жолта сценска комбинација, која му даде вистински оскаровски сјај на нејзиниот настап.„Целата организација беше прекрасна, како и оваа креација што ја носам и се изгледаше како да се наоѓаме на црвен оскаровски тепих", ги сподели своите импресии Наде.Присутните имаа можност и да ја погледнат и екслузивната модна изложба на ЕЛЕНА ЛУКА во фоајето на МОБ, каде што нашиот познат бренд се претстави со уникатни свечени тоалети што ни го донеса вистинскиот холивудски сјај и гламур. Диригент на оркестарот беше Бисера Чадловска, а како режисер на настанот се потпиша Дејан Прошев.Со оглед на реакциите и воодушевувањето на публиката, голема е веројатноста дека оваа прва Оскаровска гала вечер ќе стане традиција.Скопје докажа дека може да изгледа холивудски кога зад одличен настан ќе застанат врвни професионалци....
Петок во окер мантил и сина ролка
fashionel - пред 55 дена
За овој последен ден од работната недела имаме интересна, нетипична спојка на окер капут и светло сина ролка. Земјениот тон прави уникатна симбиоза со небесното синило и ја прави оваа комбинација уникатна. Како трето парче додаваме класичен џинс, а стајлинго го финишираме со црни чевли над глужд и црна чанта.Ви посакуваме убав викенд.Фото: Pinterest...
Најскапото кафе во Европа се служи во Виена и се пие од корнет
fashionel - пред 56 дена
Fenster Café е едно малечко кафуле,(ако воопшто може да се нарече така), сместено во една мала улица во срцето на Виена.Кафето тука се послужува од малечко прозорче, а внатре има доволно место само за еден бариста.Овој прозорец се наоѓа во куќа стара 600 години, што го прави Fenster Café уште поуникатно.Гостите можат да порачаат еспресо, капучино, лате, но сепак најголем хит е корнеточино (cornettoccino) односно фенстерчино (fensterccino) според името на кафулето.Познатиот веб сајт Big 7 Travel го рангираше ова место на листата 50 најдобри кафулиња во светот, токму поради креативниот начин на послужување на кафето во корнет.Тука се продаваат околу 1.000 кафиња дневно, работното време е од 8 до 19 часот, а цената на популарното фенстерчино е 11 евра, што го прави едно од најскапите кафиња во Европа. View this post on InstagramA post shared by Fenster Cafe (fenstercafe) View this post on InstagramA post shared by Fenster Cafe (fenstercafe) View this post on InstagramA post shared by Fenster Cafe (fenstercafe) View this post on InstagramA post shared by Fenster Cafe (fenstercafe) View this post on InstagramA post shared by Helene Sula - Travel and Lifestyle Blogger (heleneinbetween)...
Четврток e за елеганција во здолниште и блејзер
fashionel - пред 56 дена
Овој четврток ќе го започнеме со елегантна комбинација. Предложуваме црн класичен блејзер со впечатливи копчиња во златна боја.Стајлингот го дополнуваме со црна блуза и миди, плисирано здолниште со ремен.Како за крај одбираме елегантни потпетици со бел детаљ и црна чанта.Имајте убав ден.Фото: Pinterest...
Среда во беж мантил и џинс
fashionel - пред 57 дена
Среда е ден кога носиме мантил во беж нијанса, едно од парчињата што се најзастапени во преодната сезона. Заедно со мантилот предложуваме класичен џинс, бела блуза и црни балетанки. Финишираме со кафена чанта и подготвени сме за секоја обврска што денот ја носи.Имајте среќна среда!Фото: Pinterest...
Прославете го Осми март со извонредната Александра Радовиќ во совршениот амбиент на ЦАР САМУИЛ
fashionel - пред 57 дена
По повод празникот на жената, Осми март, ЦАР САМУИЛ организира голем спектакуларен концерт со балканската музичка ѕвезда Александра Радовиќ.Во чест на сите дами нашиот бисер на бањскиот туризам ќе приреди одлична забава во совршен амбинет, низ хитовите на еден од најдобрите гласови во регионот.Јавноста ја знае Радовиќ како вистинска дама која што својата успешна кариера ја постигна благодарение на своите вокални способности, моќниот перформанс и големиот број на хитови.Покрај огромниот успех и 20 години долгата кариера, таа важи за скромна и својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, но со драго срце и силни емоции на фановите им ја подарува нејзината музика.Бидете и вие дел од оваа забава на која заедно ќе ги запееме Ljubavi moja, Ziveo kraj, Proslo me je, Ne hvala, Beskrajno и многу други.Нека овој Осми март биде повод за едно незаборавно дружење и уживање во екслузивниот амбиент во свечената сала во ЦАР САМУИЛ заедно со маестралниот глас на Александра Радовиќ.За сите информации и резервации, контактирајте нè на:070 312 561...
Прославете го Осми март со извонредната Александра Радовиќ во совршениот амбиент на ЦАР САМУИЛ
fashionel - пред 57 дена
По повод празникот на жената, Осми март, ЦАР САМУИЛ организира голем спектакуларен концерт со балканската музичка ѕвезда Александра Радовиќ.Во чест на сите дами нашиот бисер на бањскиот туризам ќе приреди одлична забава во совршен амбинет, низ хитовите на еден од најдобрите гласови во регионот.Јавноста ја знае Радовиќ како вистинска дама која што својата успешна кариера ја постигна благодарение на своите вокални способности, моќниот перформанс и големиот број на хитови.Покрај огромниот успех и 20 години долгата кариера, таа важи за скромна и својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, но со драго срце и силни емоции на фановите им ја подарува нејзината музика.Бидете и вие дел од оваа забава на која заедно ќе ги запееме Ljubavi moja, Ziveo kraj, Proslo me je, Ne hvala, Beskrajno и многу други.Нека овој Осми март биде повод за едно незаборавно дружење и уживање во екслузивниот амбиент во свечената сала во ЦАР САМУИЛ заедно со маестралниот глас на Александра Радовиќ.За сите информации и резервации, контактирајте нè на:070 312 561...
Прославете го Осми март со извонредната Александра Радовиќ во совршениот амбиент на ЦАР САМУИЛ
fashionel - пред 57 дена
По повод празникот на жената, Осми март, ЦАР САМУИЛ организира голем спектакуларен концерт со балканската музичка ѕвезда Александра Радовиќ.Во чест на сите дами нашиот бисер на бањскиот туризам ќе приреди одлична забава во совршен амбинет, низ хитовите на еден од најдобрите гласови во регионот.Јавноста ја знае Радовиќ како вистинска дама која што својата успешна кариера ја постигна благодарение на своите вокални способности, моќниот перформанс и големиот број на хитови.Покрај огромниот успех и 20 години долгата кариера, таа важи за скромна и својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, но со драго срце и силни емоции на фановите им ја подарува нејзината музика.Бидете и вие дел од оваа забава на која заедно ќе ги запееме Ljubavi moja, Ziveo kraj, Proslo me je, Ne hvala, Beskrajno и многу други.Нека овој Осми март биде повод за едно незаборавно дружење и уживање во екслузивниот амбиент во свечената сала во ЦАР САМУИЛ заедно со маестралниот глас на Александра Радовиќ.За сите информации и резервации, контактирајте нè на:070 312 561...
Како изгледаа улиците во Милано за време на модната недела
fashionel - пред 58 дена
Модната недела во Милано е официјално завршена. Познатите модни куќи имаа прилика да ги покажат своите најнови колекции за сезоната есен/зима 2024.Дизајнерите на Prada, Bottega Veneta и Gucci заедно со уште ред други познати имиња ни презентираа што ќе биде ин и како ја замислуваат модната игра за крајот на годината.А она што е секогаш интересно покрај случувањата на модната писта е уличната мода.Во свои креативни стајлинзи прошетаа дел од познатите ликови, инфлуенсерите и модните ентузијасти кои едвај чекаат прилика да го истакнат својот моден сенс.Еве како сето тоа изгледаше на италијански начин. View this post on InstagramA post shared by (noorunisa) View this post on InstagramA post shared by (noorunisa) View this post on InstagramA post shared by (noorunisa) View this post on InstagramA post shared by Scott Schuman (thesartorialist) View this post on InstagramA post shared by Claire Guillon (claireguillon) View this post on InstagramA post shared by Claire Guillon (claireguillon) View this post on InstagramA post shared by Claire Guillon (claireguillon) View this post on InstagramA post shared by alexandraguerain View this post on InstagramA post shared by The Style Stalker (thestylestalkercom) View this post on InstagramA post shared by Dspi Naka (despi_naka) View this post on InstagramA post shared by Déspi Naka (despi_naka) View this post on InstagramA post shared by Déspi Naka (despi_naka) View this post on InstagramA post shared by Déspi Naka (despi_naka) View this post on InstagramA post shared by Déspi Naka (despi_naka) View this post on InstagramA post shared by Déspi Naka (despi_naka) View this post on InstagramA post shared by DFG (dilfashiongroup) View this post on InstagramA post shared by (0smoods) View this post on InstagramA post shared by Francesca Babbi | streetstyle & fashion photographer (francescababbi) View this post on InstagramA post shared by Crumbs & Crumble (crumbs_crumble) View this post on InstagramA post shared by Jimin Jeon (jiminphoto) View this post on InstagramA post shared by The Fashion Counselor (the_fashion_counselor) View this post on InstagramA post shared by Street Style SPY - Raimonda K. (@streetstylespy.dk)...
Вторник во сиви и жолти тонови
fashionel - пред 58 дена
Вторнички започнуваме со панталони во пастелно жолта нијанса којашто одлично ќе одговара со сив џемпер.На овие две парчиња додаваме кариран блејзер во сиво-жолт дезен и бели патики за лесен чекор преку целиот ден.Финишираме со кафена чанта и ви посакуваме убав вторник.Фото: Pinterest...
Промоција на два нови романи - писателката Кристина Краличин во елегантен бел сет на ЕЛЕНА ЛУКА
fashionel - пред 58 дена
Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со почеток од 19 часот се одржа промоција на двата нови романи „Денот пред да се стемни" и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок" од авторката Кристина Краличин пред стотина гости кои присуствуваа на овој настан.Писателката беше облечена во елегантна бела комбинација со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. Уникатниот костум е спој на модерна естетика и безвременска елеганција, со асиметричен украс на едното рамо што му дава дополнителна нота на автентичност. Модерната линија на горниот делсо специфична должина, дизајниран во глок од половината надолу и елегантните панталони го изразуваат креативниот стил на ЕЛЕНА ЛУКА.Краличин остави силен впечаток кај присутните, како со својот јавен настап, богат речник и промотивниот говор за своите романи, така и со својот надворешен изглед.Во една пријатна и релаксирана атмосфера промоторите проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска, имаа свое излагање при што се говореше за структурата и содржината на самите романи, но и за едицијата од која тие се дел и којашто ќе следи во следниот неколкугодишен период. Делови од романите читаше актерката Дарја Ризова....
Викторија Бекам испишува нова страница со новата колекција пролет/лето
fashionel - пред 59 дена
Новата пролет/лето колекција на Викторија Бекам излегува од рамките на веќе виденото, како во однос на моделите, така и во однос на кампањата и креативноста.Зад објективот на извонредните уметнички фотографии стои германскиот фотограф Јирген Телер којшто својата визија ја пренесува на оригинален начин.Главна улога, покрај колекцијата, во кампањата има топ моделот Вилма Сјоберг која позира во симбиоза со ладната природа потенцирајќи го контрастот помеѓу пејсажот и леснотијата на креациите.Оваа соработка не е прва за Викторија и Телер коишто исто така ги здружија силите и за потребите на Vogue во 1998, непосредно по нејзината веридба со Дејвид.Прилично се истакнуваат и огромните торби за коишто претпоставуваме дека ќе бидат доминантни на сцената за сезоната што следи. View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham) View this post on InstagramA post shared by Victoria Beckham (victoriabeckham)...
Уште еден гламурозен холивудски тепих - SAG Awards
fashionel - пред 59 дена
Сезоната на награди во Холивуд се повеќе се загрeва пред да ја достигне кулминацијата со јаготката на шлагот - Оскарите.Во таа насока вчеравечер во Лос Анџелес, Калифорнија, се одржаа SAG наградите (Screen Actors Guild Awards) коишто им оддаваат признанија на најголемите постигнувања во филмот и телевизијата.Хитовите на големиот екран како "Barbie," "Oppenheimer" и "Killers of the Flower Moon" беа доминантни и понесоа повеќе награди, а во однос на модата се истакнаа неколку моменти.Особено интересно беше заедничкото појавување на актерките од филмот Devil Wears Prada - Ен Хатавеј, Мерил Стрип и Емили Блант на сцената за да доделат награда.Во голема мера тоалеитите ги красеа скулптурални детали, цветни детали и наметки, а Марго Роби не беше единствената што облече розово.Еве како сето тоа изгледаше на црвениот тепих.Фото: Getty...
Понеделник е за капут во пепито дезен
fashionel - пред 59 дена
Работната недела ја започнуваме со капут во пепито дезен којшто секогаш е добар избор кога ни треба доза на софистицираност. Неговиот црно бел дизајн одлично се сложува со црната боја, па затоа одбираме црни панталони, блуза и чизми, на коишто додаваме црни чизми над глужд. Финишираме со црна чанта и ремен за дополнителна елеганција и ви посакуваме убав понеделники.Фото: Pinterest...
Четири грации во четири извонредни креации на ЕЛЕНА ЛУКА
fashionel - пред 61 дена
ЕЛЕНА ЛУКА за оваа 27-ма Златна Бубамара, се погрижи за изгледот на четири наши познати дами Вера Мештеровиќ, Андријана Јаневска, Миланка Рашиќ и Ленче Дедејска.Секоја од нив изгледаше светски, гламурозно, онака како како што и прилега за свечен настан како вчерашната Бубамара.Вера беше поим за впечатливост во асиметричен, фустан со набори и долги ракави, во силна црвена нијанса.Андријана, која што прими награда за најдобра пејачка, донесе гламур во раскошна црвена тоалета, со пуфкасти ракави и отвори во горниот и долниот дел којшто и ги нагласуваа рамената, грбот и нозете.Пејачката Ленче Дедејска, ја видовме во смарагдно зелена макси тоалета со долги пуфкасти ракави. Таа на бубамарската сцена маестрално ја изведе евергрин мелодијата Галебе мој тажен.Четвртата дама која носеше креација од ЕЛЕНА ЛУКА беше водителка Миланка Рашиќ која ја додели наградата за Трајни вредности за афирмација на танцот на Тодор Миладинов.Рашиќ беше поим за елеганција во класичен црн фустан од нашиот познат бренд, збогатен со карнери.Овие величенствени модни изданија со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА совршено прилегаа на нашите познати дами, изразувајќи го на најдобар можен начин нивниот сензибилитет....
Златна бубамара на популарноста по 27-ми пат
fashionel - пред 61 дена
Во салата Борис Трајковски вчеравечер се одржа 27-то по ред издание на Златна Бубамара на популарноста.Манифестацијата која веќе стана традиција уште еднаш ја собра македонската публика на неколку часовно дружење и забава.Музички спектакл, ред награди, ред шеги, вечер за паметење, потсетување на тие што ги нема, понекоја солза и сеќавање на незаборавените.Златната бубамара како и секоја година е момент да се заблеска, па така и овој пат дел од присутните, особен дамите се појавија во прекрасни креации.Вера Мештеровиќ во светло црвена креација на ЕЛЕНА ЛУКА и Андријана Јаневска во раскошна црвена тоалета со потпис на нашиот познат бренд, доминираа со својот беспрекорен стајлинг.Јаневска имаше и моќен настап на сцената откако ја прими наградата за пејачка на годината.Минатата година не се појави во очекуваната улога на водител, но затоа вчера Сашко Коцев беше дочекан со овации од страна на публиката.Наградените си ги однесоа своите статуетки, а присутните своите импресии од уште една ѕвездена Бубамара за која долго ќе се зборува.Ви пренесуваме дел од атмосферата...Листата на наградените во продолжение:Тинејџерска ТВ серија 2023 Тин-КампБалетска претстава за деца 2023 Петар ПанТрајни вредности за афирмација на танцот Тодор МиладиновТрајни вредности во народната музика Нино ВеличковскиТрајни вредности Д-р Миодраг Врчаковски – текстописецПосхумна награда за животно дело Кире КостовСпортист на годината 2023 Игор Стефановски-ИџеСпортски успех 2023 Одбојкарска РепрезентацијаНајпопуларен спортист 2023 Никола ЃоргиевКонцерт на годината 2023 Владо ЈаневскиЖивотно дело Драган МијалковскиТрајни музички вредности Жељко СамарџиќАктерка на годината 2023 Наталија ТеoдосиеваНајпопуларен млад актер 2023 Сергеј ДимовскиТеатарска претстава 2023 Ало Ало – Театар комедијаСпортска легенда Кире ЛазаровЕтно песна на годината Давид Темелков – Моја МакедонијаПроект на годината 2023 СИМБИОЗА-Танец и НОБТипографија-дизајнирање македонски Ласко Џуровскикирилични фонтовиДуо на годината 2023 Александар и ДацПејачка на годината 2023 Андријана ЈаневскаАлбум на годината 2023 Македонијо во срце те носимеНајпопуларна нова институција Национален џез оркестарНаграда за уникатни музички вредности Рамбо АмадеусПесна на годината 2023 ДНК & Врчак – Посреќна...
Време е за свежина, време е за пролет, време е за... зелено
fashionel - пред 62 дена
Додека нетрпеливо ја чекаме пролетта да не прегрне со сета своја убавина, во потрага сме по свежи идеи кои ќе го отсликаат годишното време кога сè се буди и раззеленува.И токму затоа ја одбравме бојата која одговара - зелената. Раскошната зелена во сите свои нијанси, онаа зелена која потсетува на кокиче, на живот кој се раѓа под заспаното зимско сивило. Може да дојде во секаква форма, од здолниште и панталони, до мантил и зелени детали. Треба само да ѝ дадете шанса, а таа ќе ви возврати со посебен шарм.Нека биде пролет, нека биде зелено......
Петок во кариран капут и жолти патики
fashionel - пред 62 дена
Петок го сакаме како ден пред викенд и затоа сме смели со стајлингот.Сакаме да се опуштиме, па затоа предлагаме кариран капут, широки, црни панталони и бела блуза.Урбана и шик комбинација која што ќе ја зачиниме со жолти патики.За крај црна чанта и насмевка за убав ден.Фото: Pinterest...
Конечно легендарните Битлси добиваат биографски филм
fashionel - пред 63 дена
Животните приказни на четворицата легендарни членови на Битлси ќе добијат филмско остварување.Поточно, планирани се вкупно четири, биографски филмови, за секој член одделно.Според прогнозите филмовите ќе бидат готови во 2027- ма година, а јавноста ќе има одлична можност да погледне одблизу како секој член на бендот ја доживувал големата популарност.Режисер на овој амбициозен проект е Сем Мендес, а зад продукцијата стои студиото Sony Pictures Entertainment, коешто ќе ги финансира и дистрибуира сите четири филма.Бендот Битлси низ историјата беше дел од различни документарци, но ова ќе биде прва прилика да ги видиме нивните животни приказни во форма на игран филм.Ринго Стар и Пол Мекартни, двајцата живи членови на групата, го поддржуваат проектот во целост, што е од големо значење за целата продукција, но и за фановите.Фото: Pinterest...
Жизел Бундшен подобра од било кога во пролетната кампања на Балман
fashionel - пред 63 дена
Ќе се согласиме сите дека Жизел Бундшен изгледа подобро од било кога во новата кампања на Балман за колекцијата пролет/лето 2024-та.Печатот што го остави во моделингот уште со своето прво појавување е еднакво свеж и ден денес, токму како што е и самата колекција со потпис на уметничкиот директор Оливие Рустенг.Новата колекција е ода на безвременскиот стил на Пјер Балман којшто ја основаше француската модна куќа во 1945-та со цел да даде форма на поствоениот стил.Бразилската убавица има неверојатна моќ да ја заведе камерата и да ја пренесе својата самоувереност со говорот на телото.Нејзиниот безвременски шарм совршено се совпаѓа со колоритната пролетна колекција која ја слави љубовта, радоста и убавината.Жизел на фотографиите ја гледаме во креации на Балман налик на дизајните од 80-те, украсени со цветови, интересни форми и нагласени рамена.Фото: Instagram...
Четврток во кожна јакна и здолниште
fashionel - пред 63 дена
За овој четврток имаме рокерска комбинација со кожна јакна.Женственост со доза на бунтовност преточена во карирано асиметрично здолниште, црни чизми на платформа и бела полуролка.На ова додаваме кожна јакна, која е одлично решение за преодниот период.Финишираме со светло кафена чанта и ви посакуваме убав ден.Фото: Pinterest...
Ентериери: Дом во којшто царуваат цвеќињата
fashionel - пред 64 дена
Зимата знае да биде малку проблематична за цвеќињата, но љубителите на флората знаат како да постапат со нив.Од Инстаграм ентериери никогаш не се заситуваме, а за денес имаме еден каде што царуваат цвеќињата.Профилот orlandoplantlady зад којшто стои една голема љубителка на саксиско цвеќе изгледа како мал зелен рај.Целиот простор во домот е опсипан со цвеќе, совршено го надополнува и му дава живот и енергија.Најмногу застапени се ползечките видови коишто можат да се постават секаде, на полица, на под, на ѕид...Одлична инспирација за сите оние кои обожуваат растенија и билки во својот дом... View this post on InstagramA post shared by Orlando Plant Lady (orlandoplantlady) View this post on InstagramA post shared by Orlando Plant Lady (orlandoplantlady) View this post on InstagramA post shared by Orlando Plant Lady (orlandoplantlady) View this post on InstagramA post shared by Orlando Plant Lady (orlandoplantlady) View this post on InstagramA post shared by Orlando Plant Lady (orlandoplantlady) View this post on Instagram A post shared by Orlando Plant Lady (orlandoplantlady)...
Зошто ова волнено парче го "преплави" Инстаграм?
fashionel - пред 64 дена
Модните блогерки имаат ново омилено парче за преодната сезона. Станува збор за блејзер (џемпер, капут) изработен од мохер волна, која што со себе носи елеганција и отменост.Освен тоа овој материјал е толку мек, топли, не се гужва и е погоден за оние со осетлива кожа. Инстаграм е преплавен со ова волнено парче коешто поради својата текстура има таканаречен brushed изглед, којшто ги привлече модните ентузијасти.Мохер е вид на волна којашто се добива од крзното на козата Ангора. Нејзиното потекло е од Тибет, каде што и живее овој вид на животно.Во 16-от век префинетиот материјал стигнува во Турција, од каде, со текот на времето, се проширува во целиот свет.Сјајниот изглед, издржливоста на волнените влакна, мекоста, леснотијата и топлината се само некои од карактеристиките на мохер волната.Специфичната текстура додава димензија во секоја комбинација, а подеднакво добро можат да се спојат со класична, но и со поалтернативна облека.Ваше е само да се одлучите дали сакате струкиран блејзер, oversized џемпер или мохер brushed капут. View this post on InstagramA post shared by Julie Lellouche (le.petit.colette) View this post on InstagramA post shared by Valeria Fashion Consultant (sobalera) View this post on InstagramA post shared by Valeria Fashion Consultant (sobalera) View this post on InstagramA post shared by Valeria Fashion Consultant (sobalera) View this post on InstagramA post shared by Julie Lellouche (le.petit.colette) View this post on InstagramA post shared by (haaannajohansson) View this post on InstagramA post shared by Irma Oganova (hey_irma) View this post on InstagramA post shared by Nelife (nelifer_nelifer)...
Среда во карирано и црвено
fashionel - пред 64 дена
Среда е ден кога сакаме да внесеме малку црвена боја во стајлингот. Денес носиме кариран фустан над колена и краток капут со ист дезен. Ја разигруваме комбинација со црвени хулахопки и црвена мини чанта.Заокружуваме со чевли на потпетица и ремче, коишто се совпаѓаат со аутфитот, и очила за сонце.Имајте среќна среда.Фото: Pinterest...
Снежна бајка на фински начин
fashionel - пред 65 дена
Додека зимата официјално не ја испратиме, расположени сме за прекрасни зимски пејсажи и авантури во кои можеме барем на кратко да уживаме.Една од земјите која е идеална за посета во зима е Финска, а од сите природни убавини, феноменот Аурора Бореалис е една од најмагичните и најпосакуваните глетки.Бројни езера, шуми, недопрена снежна природа се она што ќе ве пречека во една од најсреќните земји во светот.Финска е местото каде е сместен комплексот Aurora Collection Saariselkä којшто се состои од неколку луксузни куќарки како Sky View Suite, Arctic Spa Suite, Aurora Studio, Signature Suite и Grand Aurora Suite.Секоја опремена со се што е потребно за релаксирачки одмор со неверојатно добра глетка на зимзелената шума и планините, како и на поларната светлина Аурора Бореалис.Најголем од нив и најлуксузен е Grand Aurora Suite којшто се состои од три спални соби, пространа кујна и дневна соба, како и надворешно џакузи.Еве како изгледа снежна бајка на фински начин... View this post on InstagramA post shared by Aurora Collection Saariselk (auroracollectionresort) View this post on InstagramA post shared by Aurora Collection Saariselk (auroracollectionresort) View this post on InstagramA post shared by (laureenzi92) View this post on InstagramA post shared by Maggy & Uli | Golf (puttsnpenalties) View this post on InstagramA post shared by Edin Cavalic (edinhiose) View this post on InstagramA post shared by Edin Cavalic (edinhiose)...
Софистицираност и гламур на БАФТА наградите во Лондон
fashionel - пред 65 дена
Во Лондон вчеравечер се одржаа престижните BAFTA награди коишто важат за Британски Оскари.Кралската свечена сала беше местото каде се собра дел од Холивудскиот крем и европските филмски ѕвезди да им оддадат почит на најдобрите национални и странски филмови за годината што измина."Oppenheimer" доминираше со вкупно девет победи, а на црвениот тепих доминираа софистицирани и гламурозни изданија.Од светкави тоалети до фустани што го отсликуваат сјајот на стариот Холивуд, низ класичната црна и коралните нијанси, црвениот тепих на БАФТА наградите си раскажа уште една модна приказна.Фото Getty...
Вторник во црна комбинација со беж елементи
fashionel - пред 65 дена
Вторник е ден за црна и беж боја, една од омилените комбинации на многумина.Затоа, денес предложуваме црн џинс и црн џемпер, коишто ќе ги споиме со беж мантил.На овие парчиња додаваме темно кафени чевли над глужд и црн шал како дополнување.Ви посакуваме убав ден.Фото: Pinterest...
Блејзери што одговараат на секоја фигура
fashionel - пред 66 дена
Широките блејзери доминираа повеќе сезони наназад, но се чини дека оваа пролет повторно ќе ги гледаме струкираните модели кои одговараат на секоја фигура.Тие се истовремено удобни, ја потенцираат женственоста и се одличен избор за формални, но и секојдневни прилики.Кога се мислите што да облечете блејзерот е секогаш одлично решение.Особено е интересен струкираниот модел со нагласени рамена, којшто е шик и делува навистина моќно. Во него секоја силуета се оцртува на најдобар можен начин.Неутралните нијанси се доминантни особено кремавите тонови, а можеме да ги комбинираме во зависност од приликата.Најчесто одбираме блејзер и слип здолниште за формални, а широки панталони за кежуал варијанта.Секогаш можете да внесете и моден додаток како ремен или марама и го имате совршениот аутфит за пролетната сезона. View this post on InstagramA post shared by Mary (maryljean) View this post on InstagramA post shared by Mary (maryljean) View this post on InstagramA post shared by Mary (maryljean) View this post on InstagramA post shared by Elies (elisehoogerdijk)...
Клаудија Шифер и Версаче - моќна, модна комбинација
fashionel - пред 66 дена
Модната куќа Версаче и легендарната Клаудија Шифер имаат силна врска.Нејзиниот основач, назаборавниот Џани Версаче беше тој што најмногу ѝ помогна на Шифер кога ги правеше првите чекори на модната сцена.Заедно со оваа модна куќа таа стана и една од оригиналните супермодели, кои сеуште го носат тој статус.И денес Донатела ја нарекува легендарна и затоа ја ангажираше за нејзината кампања пролет/лето 2024-та..На фотографиите ја гледаме Шифер како држи чанта од новиот Medusa '95 модел, на која што има металик детаљ којшто ја претставува Медузата, препознатливиот знак за Версаче.Медузата за прв пат беше претставена како заштитен симбол на модната куќа во 1995-та.Шифер изгледа прекрасно во пастелно розово, карирано здолниште и елегантен блејзер, а мами воздишки и во зелен фустан со кој што го затвори модното шоу на Версаче минатиот септември.Таа позира и во моќно, топлес издание држејќи само Medusa '95 чанта докажувајќи дека и на 53 гордо го носи статусот легендарен супермодел. View this post on InstagramA post shared by Versace (versace) View this post on InstagramA post shared by Versace (versace)...
Понеделник во неутрални бои и шарен шал
fashionel - пред 66 дена
Оваа работна недела ќе ја започнеме во интересна комбинација со шал. Понеделнички одбираме бели панталони, блуза на црно бели риги и капут во кафена нијанса. Додаваме патики во окер и бела боја за удобен чекот преку целиот ден, а за да ја финишираме комбинацијата имаме разнобоен широк шал.Ви посакуваме убав старт на неделата.Фото: Pinterest...
Моќта на црвената боја во ентериерот
fashionel - пред 69 дена
Иако можеби на прв поглед ќе ви се чини премногу смело да ја внесете црвената боја во ентериерот, следниве неколку примери ќе ве убедат во спротивното.Црвената боја се поврзува со енергија и страст, со себе го носи ефектот на возбудливост и е одлична да ја разбуди атмосферата ако е премногу еднолична.Од модата сега оваа боја се сели во домовите, но со добро осмислено комбинирање на нијанси и количини. Кога имаме светли ѕидови и мебел во ист тон, црвената боја во облик на интересни детали ќе биде добредојдена.Перничиња, ламбички, вазни, мини ќебенца, рамки и слично ќе ја овозможат совршената рамнотежа во просторот.Светлите нијанси ќе донесат доза на топлина и ведрина, додека оние темните, како бордо, ќе го направат просторот елегантен и луксузен.За да ја пронајдете вистинската нијанса на црвената боја, советуваме прво да испробате на некоја мала површина, за да видите како истата се вклопува со вашиот ентериер. View this post on InstagramA post shared by Emma Lee (emma27lee) View this post on InstagramA post shared by Alicia Martinez (alichuree) View this post on InstagramA post shared by Sally Denning (sallydenningstylist) View this post on InstagramA post shared by Adam Spychala (didyouseeadam) View this post on InstagramA post shared by Neptune (neptunehomeofficial) View this post on InstagramA post shared by Yunji (yunji_yi) View this post on InstagramA post shared by Neptune (neptunehomeofficial) View this post on InstagramA post shared by Sally Denning (sallydenningstylist) View this post on InstagramA post shared by Zebra | Rachel McKenna and Tom Hinz (zebrahomeware) View this post on InstagramA post shared by Mareike (purbeck.stone) View this post on InstagramA post shared by Harvey Maria (harveymaria) View this post on InstagramA post shared by frauke | home & living (pippilottaaushamburg)...
Петок во неутрални тонови
fashionel - пред 69 дена
Петок е идеален за мало опуштање пред викенд. Затоа за денес имаме урбана и комфорна комбинација во која ќе можете да го поминете целиот ден.Сив капут, црни спортски панталони и бела блуза е тоа што нè инспирираше како за петок.За лесен чекор имаме патики во бела боја, а на ветрот ќе му прокосиме со црно плетено капче.Стајлингот го финишираме со црн ранец и ви посакуваме убав викенд.Фото: Pinterest...
Четврток во црн капут и кожни панталони
fashionel - пред 70 дена
Овој четврток го резервираме за елегантна и моќна комбинација во црни и сиви тонови.Ја одбираме безвременската црна долчевита во широко издание и ја спојуваме со сиви кожни панталони.Овие две парчиња ќе го дополниме со црн капут и чизми на потпетица, а ќе финишираме со ремен и црна чанта.Ви посакуваме убав ден.Фото: Pinterest...
Фустанот на преклоп на Дајан фон Фурстенберг "наполни" 50 години
fashionel - пред 70 дена
Пред точно 50 години белгиската дизајнерка Дајан фон Фурстенберг го креираше легендарниот фустан на преклоп.Дајан која тогаш имаше само 27 години создаде парче облека кое доживеа голема слава и стана дел од стајлингот на многу познати сами како Мишел Обама, Мадона и други.По повод големиот јубилеј дизајнерката претстави капсулна колекција наречена Wrap50, којашто следеше по промоцијата на нејзината книга 'Woman Before Fashion'.Интересен е фактот дека Дајан многу ретко ја носеше својата креација, а како причина го наведуваше нејзиниот "непостоечки" струк."Да бидам искрена, овој фустан ме измисли мене, а не обратно", рече таа своевремено за Vogue. "Поради него добив поголема самодоверба и независност.""Тој ми ја даде можноста да бидам жената која што посакував и ми овозможи да ја споделам таа самодоверба со другите жени."Под палката на Дајан, на почетокот, беа креирани 25.000 фустани неделно, а за париод од две години се продадоа милион парчиња.Денес Фурстенберг која има 77 години, се уште не може да објасни кој беше клучниот фактор за големата популарност на фустанот на преклоп.Од 1974 година па наваму тој доживеа вистинска еволуција – од секојдневен фустан прерасна во гламурозна верзија достојна за црвениот тепих.Ова сензуално, а сепак моќно парче облека зрачи со самодоверба исто како и неговиот креатор Дајан која за себе вели дека е феминистка и пионерка во своето поле.За својата успешна работа таа во 2005-та доби и награда за животно дело од Советот на модни дизајнери на САД. За неколку години стана и негов член за на крај да биде прогласена и за претседател.Фото: AP images, Getty, Pinterest...
Среда во крем нијанси
fashionel - пред 71 дена
За оваа среда предложуваме нежна кремава комбинација - широки панталони и широк капут за модерен и урбан изглед.На овие две парчиња ќе додадеме сив џемпер-ролка којшто одлично ќе оди со сивата чанта.Стајлингот ќе го заокружиме со крем чизми со ниска потпетица и ќе ви посакаме убав ден.Фото: Pinterest...
Десет деловни комбинации по примерот на модните блогерки
fashionel - пред 71 дена
Деловните комбинации се секогаш добредојдени како идеја, па затоа неретко се потпираме на модните блогерки на Инстаграм, кога ни е потребна инспирација.Во зимата како и во секое годишно време ни треба доза креативност за да ги споиме вистинските парчиња на начин што ќе привлече внимание и позитивни критики.Деловниот стил подразбира и елеганција која што може да биде зачинета со кежуал елементи.Широки панталони, или оние класичните со раб се секогаш сигурен избор, како и миди здолништата, но и тие со макси дизајн.Мокасинки или чизми со различна висина ќе бидат одлично дополнување, заедно со ремен или накит.Зимно време ги вклучуваме и хулахопките во комбинација, а плетенините се речиси и задолжителни.Во продолжение 10 опуштени деловни комбинации за остатокот од февруари.Црн кардиган + макси волнено здолниште View this post on InstagramA post shared by Valeria (valerie.kei)Блејзер + широки фармерки View this post on InstagramA post shared by Signe Emilie Olesen (signeemilieolesen)Кожен капут со дезен + црн аутфит View this post on InstagramA post shared by Claire Rose Cliteur (clairerose)Плетен сет + мокасинки View this post on InstagramA post shared by Polina Podpletennaya (pollyhey)Широк џемпер + бел џинс+ бајкерски чизми View this post on InstagramA post shared by Julie Lellouche (le.petit.colette)Ролка + макси здолниште View this post on InstagramA post shared by Valeria (valerie.kei)Елегантен блејзер + џинс + мокасинки View this post on InstagramA post shared by Valeria (valerie.kei)Капут + кожни панталони View this post on InstagramA post shared by Valeria (valerie.kei)Макси здолниште + блејзер + балетанки View this post on InstagramA post shared by (haaannajohansson)Фустан + ролка View this post on InstagramA post shared by Anna Katinka von der Fehr (annakatinkafehr)...
Златна бубамара за животно дело за легендата Драган Мијалковски
fashionel - пред 71 дена
Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста" го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски.Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти" во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената.Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со врвните екс-ју композитори како Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на бројните музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје....Отпеа многу хитови, меѓу кои се и неколку класици во антологијата на македонската забавна музика. Неговата голема популарност во 70-ите и 80-ите може слободно да се оцени како далечен предок на современата многу раширена „селебрити култура" со с.Добитникот на наградата за животно дело ќе настапи на 27. „Златна бубамара на популарноста" со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Во топ-пејачка форма на своите 74 години, Мијалковски со настапот на „Златна бубамара на популарноста" се претставува како своевиден Синатра на домашната музика.27-то издание на „Златната бубамара на популарноста" ќе се одржи на 22.02. со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски".Бубамара најавува дека за сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта , што е причина повеќе добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија.Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2"....
Вторник во црно бела класика
fashionel - пред 72 дена
Вторник е убав ден за црно бела комбинација, класика со која секогаш можеме да играме на сигурно.Предложуваме црно бел миди фустан со дезен, со детаљ во форма на марама.Ова парче ќе го комплетираме со црн капут со отвори во форма на шлиц и црни, кожни чизми под колена.Ви посакуваме убав ден.Фото: Pinterest...
Poetry Pharmacy - место каде што книгите "лекуваат"
fashionel - пред 72 дена
Во питорескното англиско гратче Бишоп Касл се наоѓа една интересна книжарница наречена Poetry Pharmacy.Оваа книжарница-аптека работи на интересен концепт – наместо лекови тука ќе ви "препишат" книги.Целта на ова место е да пружа одмор на душата и телото, на секој оној кој ќе дојде.Посетителите си ја кажуваат својата мака и вработените препорачуваат соодветна книга поезија, за која веруваат дека е "потребниот лек".Овој визионерски проект е дело на Дебора Алма, позната како Emergency Poet, која во последните шест години работи како "аптекарка" препишувајќи лекови во вид на поезија од своето старо амбулантно возило.Poetry Pharmacy се состои од разни секции наменети за различни емотивни проблеми од љубовни, па сè до справување со стресни ситуации.Освен тоа во оваа книжарница се одржуваат и разни мотивациски говори и инспиративни перформанси. View this post on InstagramA post shared by Poetry Pharmacy (poetry_pharmacy_) View this post on InstagramA post shared by Poetry Pharmacy (poetry_pharmacy_) View this post on InstagramA post shared by Poetry Pharmacy (poetry_pharmacy_) View this post on InstagramA post shared by Poetry Pharmacy (poetry_pharmacy_) View this post on InstagramA post shared by Poetry Pharmacy (poetry_pharmacy_) View this post on InstagramA post shared by Poetry Pharmacy (poetry_pharmacy_)...
Направете место за мантилите...
fashionel - пред 73 дена
Преодната сезона меѓу другото е резервирана за мантилите. Кога зимските температури попуштаат на ред доаѓаат токму овие парчиња облека коишто му даваат посебен шик шмек на секој аутфит.Бојата во која што најчесто ги гледаме е беж, но ги има и во зелени, кремави, окер и слични земјени нијанси.Мантилите се составен дел од деловниот стил, а се исто така и практични со оглед на тоа што ги носиме и напролет и наесен.Можеме да ги комбинираме со чизми, патики, мокасинки во зависност од желбите и приликата. Ги носиме во опуштена, но и во посвечена варијанта.За нив можеме да кажеме дека имаат епитет на безвременски класик, па затоа подгответе се со неколку свежи идеи.Фото: Pinterest...
Марго Роби блескава во светкав фустан на Вивиен Вествуд
fashionel - пред 73 дена
Mарго Роби ја продолжува својата "модна турнеја" во извонредни парчиња облека.Актерката од популарниот Barbie филм, викендов беше во својата родна Австралија каде што се доделуваа 13те по ред AACTA награди.За оваа свечена пригода, каде што меѓу другото ѝ беше врачена Trailblazer награда за посебен придонес во филмската индустрија, Роби облече фустан со потпис на Вивиен Вествуд.Актерката изгледаше како вистинска принцеза во тоалетата со корсет и истакното деколте, којашто лесно се спушташе по нејзината сензуална силуета.Фустанот беше обложен со кристали кои светкаа во нијанси на виолетова, зелена и сребрена боја под рефлекторите.Марго го дополни својот блескав изглед, со прекрасната руса коса и нежна шминка во розови и nude тонови.Фустанот во којшто Роби се појави на церемонијата во Голд Коуст е инспириран од слична тоалета којашто за прв пат беше прикажана во пролетната колекцијата на Вествуд од 1998 година.Фото: Getty...
Понеделник во моќна комбинација со шешир
fashionel - пред 73 дена
Оваа работна недела ќе ја стартуваме со моќна комбинација.Понекогаш сакаме да оставиме впечаток со стајлингот, а токму таков имаме за овој понеделник.Плетен фустан во темно зелена нијанса заедно со окер кожен мантил и кожни чизми на потпетица.На овој аутфит, со каубојски елементи, додаваме црн ремен и шешир во иста боја.Вака стилизирани зачекоруваме кон уште една успешна работна недела.Имајте убав понеделник.Фото: Pinterest...
Кели Радерфорд е модна икона за 2024-та
fashionel - пред 75 дена
Актерката Кели Радерфорд, која за запознавме од нејзината улога во серијата Gossip Girl, е прогласена за модна икона за 2024-та.Кели која во популарната серија ја глумеше мајката на главната протагонистка Блејк Лајвли, кон крајот на минатата година го привлече внимание на социјалните мрежи со стајлингот.Со своите модни изданија Кели успеа одлично да го дефинира тивкиот луксуз, постирајќи комбинации најчесто од лифтот во својата зграда.Ако треба да го дефинираме овој поим можеме да кажеме дека тивкиот луксуз не се ненаметнува со дизајнот, дезенот или со впечатливи детали коишто укажуваат на етикетата, односно брендот.Наместо тоа со него се става акцент на квалитетот на изработката и кројот, но и на статусот на личноста.Најчесто се одликува со монохроматски комбинации, коишто Кели одлично ги комбинира дефинирајќи ја оваа естетика на најдобар начин.Ја гледаме во неколку нејзини најдобри изданија. View this post on InstagramA post shared by (powhermag) View this post on InstagramA post shared by (graziausa_) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford) View this post on InstagramA post shared by Kelly Rutherford (kellyrutherford)...
Путер жолта - новата хит боја за сезоната што следи
fashionel - пред 76 дена
Од мноштвото нијанси што владееле и ќе владеат од сезона во сезона, на ред дојде една интересна боја - путер-жолта.Суптилна, нежна и како создадена за денови кога ја сакаме сончевината поблиску до нас.Токму затоа се претпоставува дека оваа нијанса ќе биде хит за пролетта. На облеката ѝ дава свежина, разиграност и по малку детски шарм. Создадена е за опуштен, кежуал стајлинг кога сакаме да избегаме од конвенционалното.Дозволува да ја комбинираме со различни бои, од слични на неа па сè до целосно спротивни тонови.Мала путер-жолта доза на инспирација во продолжение....
Петок во ролка и панталони на риги
fashionel - пред 76 дена
Оваа работна недела ќе ја завршиме со стил.Петочки сме расположени за широки панталони на црно бели риги коишто ќе ги споиме со црна ролка.Невообичаено топлото време за овој период дозволи капутите да ги замениме со мантили, па затоа одбираме мантил во светло кафена нијанса.Стајлингот го заокружуваме со црни чевли и чанта и ви посакуваме убав викенд.Фото: Pinterest...
Приватен авион претворен во луксузна вила
fashionel - пред 77 дена
Летото е уште далеку, но желбата за патување е секогаш тука. Овој пат накратко ве водиме во Бали, Индонезија, поточно во едно необично одморалиште.На Airbnb пред некое време, како опција за изнајмување, се најде приватен авион претворен во луксузна вила.Бали е една од егзотичните дестинации кои секоја година мамат посетители, а ова необично сместување со својот неверојатен поглед, никој нема да остави рамнодушен.Ентериерот на Боингот 737 е претворен во вила на крајот на 2023-та, а зад целиот концепт стои претприемачот Феликс Демин.Авионот се наоѓа на 150 метри надморска височина, а до него се доаѓа само со приватен хелокоптер.Се состои од два апартмани од прва класа и може да смести најмногу четворица. Просторот е поделен на дневна, два спални соби, бања, кујна и прекрасен двор.Еве како сето тоа изгледа.Фото: Airbnb...
Деловен стил: Миди здолништа
fashionel - пред 77 дена
Здолништето е едно од класичните парчиња што долго време опстојува како такво, најчесто дефинирајќи елемент од деловниот стил.Сепак за него можеме да кажеме дека еволуираше заедно со модните тенденции и денес го носиме на многу различни начини во зависност од нашиот стил и трендовите.Порано деловниот стил значеше комбинација на миди здолниште и кошула, но модерното време дозволи и експериментирање, а со тоа и можност секоја дама да го прикаже својот сензибилитет.Модните блогерки често ја одбираат кожната варијанта во комбинација со оversized џемпер со што се добива изненадувачки софистициран изглед.Тренди живописната црвена ќе даде доза на енергија, додека широкиот блејзер и понатаму ја задржува улогата на клучен елемент на современиот израз.Деловниот стајлинг е често и предизвик па затоа во продолжение неколку совети како да играте на сигурно со миди здолништето. View this post on InstagramA post shared by Emili Sindlev (emilisindlev) View this post on InstagramA post shared by (austulyys) View this post on InstagramA post shared by Anouk Yve (anoukyve) View this post on InstagramA post shared by Valeria Fashion Consultant (sobalera) View this post on InstagramA post shared by Alice Perrella (aliceperrella) View this post on InstagramA post shared by Giada Albani (elenagiadaa) View this post on InstagramA post shared by Tamara Kalinic (tamara) View this post on InstagramA post shared by Livia Auer (livia_auer) View this post on InstagramA post shared by Olivia Palermo (oliviapalermo) View this post on InstagramA post shared by Alex Rivière-Sieber (ariviere)...
Четврток во џинс и земјени бои
fashionel - пред 77 дена
Четврток е ден за светол џинс и џемпер во песоклива нијанса којшто ќе го споиме со плетено капче во ист тон.На овие парчиња додаваме капут во земјена нијанса и чизми над глужд со дезен.Стајлингот го заокружуваме со ремен во кафена боја и црна чанта.Имајте убав ден.Фото: Pinterest...
Зима во патики...
fashionel - пред 78 дена
Кога температурите растат во зима, време е за патики, а временските прилики надвор ни дозволуваат малку повеќе да си поиграме со облеката.Можеме да носиме јакни и капути од различен материјал, да одбереме што сакаме од високи чизми па сè до лесни патики.И токму патиките даоѓаа на ред кога зимата полека се движи кон пролет, а нив ги имаме во секакви варијанти.Она што е најважно е нивната удобност и леснотијата која што ни овозможува да се чувствуваме комфорно преку целиот ден.Со патиките секој стајлинг ќе добие лежерна нота, а дозволено е да ги комбинирате со што сакате.Во продолжение неколку Инстаграм идеи. View this post on InstagramA post shared by Marine Diet (marine_diet) View this post on InstagramA post shared by Marine Diet (marine_diet) View this post on InstagramA post shared by Taïna Cassagnes (taina.csg) View this post on InstagramA post shared by Anouk Yve (anoukyve) View this post on InstagramA post shared by Capucine (capucinerqllrt) View this post on InstagramA post shared by Capucine (capucinerqllrt)...
Среда е за капут во пепито дезен
fashionel - пред 78 дена
Денешната среда ја резервираме за капут во пепито дезен којшто дава софистицираност на секој аутфит.Оваа препознатлива црно-бела шара ја комбинираме со црна туника и хулахопки со дезен, коишто ќе ги споиме со црни мокасинки и чанта.Шик комбинација за убав ден.Фото: Pinterest...
Синди Крафорд - прекрасна, безвременска, совршена
fashionel - пред 78 дена
Ако за некого треба да кажеме дека е дефиниција за безвременски супермодел тоа сигурно би била Синди Крафорд.Супермоделот, 57, овој пат се најде на насловната на магазинот Flaunt за неговата 25 годишнина.И како времето да застанало Синди сè уште изгледа неверојатно добро, со својот продорен поглед, бујна коса, неверојатно тело и она заводливо позирање на коешто никој не може да одолее.За потребите на фотосесијата ја гледаме во здолниште со висок шлиц, сив oversized блејзер, фармерки со принт и бела кошула, како и волуменозна црна наметка.Во интервју за магазинот вели дека успеала да "преживее" во светот на модата благодарение на тоа што превземала ризици и останала во чекор со времето.Зад нејзината мега успешна кариера, покрај низата паметни одлуки, стои и одличната работна етика.Од модните писти па сè до нејзините сопствени бизниси, Крафорд секогаш умеела да се редефинира себе си, а сепак да остане автентична на она што е. View this post on InstagramA post shared by Greg Swales (gregswalesart) View this post on InstagramA post shared by Flaunt Magazine (flauntmagazine) View this post on InstagramA post shared by Flaunt Magazine (flauntmagazine) View this post on InstagramA post shared by Flaunt Magazine (flauntmagazine) View this post on InstagramA post shared by Greg Swales (gregswalesart) View this post on InstagramA post shared by Cindy Crawford (cindycrawford)...
Ентериери: Кога светлината ја има во изобилие
fashionel - пред 79 дена
Една од најважните работи кога станува збор за ентериер е истиот да има изобилство на светлина. Тогаш се изгледа поубаво, потопло и едноставно не мами да се опуштиме.Еден таков стан има Елиза Дек која се занимава со уредување на ентериери.Домот се наоѓа во Берлин, а она што прво ни паѓа во очи е неговата прозрачност и нежната палета на светли бои.Низ целиот стан светлината ја има во изобилие, а дополнителен шарм му даваат елементите од светло дрво и цвеќето со кое Елиза го надополнува секое катче.Највпечатлива просторија е спалната со прозорецот којшто се наоѓа над креветот.Одлично е сместена и работната соба, а прекрасно изгледа и големиот балкон којшто повикува на уживање во топлите денови. View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home) View this post on InstagramA post shared by Elisa (drellsky.home)...