Осуда за инцидентите од пред Влада и Собрание од СДСМ и ДУИ
еМагазин - пред 1 час
СДСМ го осуди насилството и инцидентите што синоќа се случија на протестот, како што велат од владејачката партија „организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица“ пред објектите на Владата и Собранието. -Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, велат од партијата. И Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го „осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието“. -Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните. Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас, велат од ДУИ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Во живо) Протест против „францускиот предлог“ и пред Собрание (Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Извршниот одбор на СДСМ го прифати „францускиот предлог“
еМагазин - пред 1 час
Извршниот одбор на СДСМ вчера на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци, информираат од партијата. „Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање, а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки“, велат од партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Лидерот на ЛДП, Милевски: Ако денеска се одлучува на Влада за францускиот предлог, ќе гласам против Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Ферид Мухиќ: За евтиниот трик на ЕУ и Бугарија, Владата не може да донесе одлука без референдум
еМагазин - пред 1 час
За Нова Македонија, универзитетскиот професор по филозофија Ферид Мухиќ ги коментира актуелните случувања со „францускиот предлог“. -Кога Владата веќе ја „голтнала јадицата“ на ЕУ, сега останува тој предлог да се стави на плебисцитарно разгледување и одлучување. Претходно, предлогот во целост треба да ѝ биде достапен на јавноста и да се овозможи дискусија во јавноста на сите нивоа. Кога работите со предлогот на преговарачката рамка за ЕУ се дојдени до оваа фаза, при донесена Резолуција во Парламентот, Владата не може да донесе одлука за нејзино прифаќање. Само непосредното изјаснување на граѓаните е демократски инструмент што е врвот на демократијата и најсилна алатка. Но, при евентуалното плебисцитарно изјаснување, референдумот не смее да биде изманипулиран со трик-прашања, ниту резултатот да биде игнориран во понатамошните процедури за негово прифаќање или отфрлање. Инаку, целата претстава со ветата и наводно усогласување на македонската преговарачка рамка е „евтин трик“ на ЕУ и Бугарија, со кој сакаат одговорноста да ја префрлат на Македонија, вели Мухиќ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Фото: Фејсбук/Мухиќ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Лидерот на ЛДП, Милевски: Ако денеска се одлучува на Влада за францускиот предлог, ќе гласам против
еМагазин - пред 2 часа
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски синоќа за ТВ 24 изјави дека доколку денеска се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука. „Ние уште немаме одлука на партиските органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава“, изјави Милевски за ТВ24 по средбата со претседателот Стево Пендаровски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП кај Пендаровски за „францускиот предлог“ ДОМ: Ако во преговорите има прашања од историја и образование, „францускиот предлог“ не е прифатлив Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“ Фото: Милевски/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Во живо) Протест против „францускиот предлог“ и пред Собрание
еМагазин - пред 11 часа
Дел од демонстрантите кои вечерва протестираат против „францускиот предлог„ се упатија пред Собрание, пренесува Радио Слободна Европа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Ламбе го запали „францускиот предлог„ пред Влада: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка (Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата Пренос во живо преку линк на Радио Слободна Европа: Видео: Радио Слободна Европа Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП кај Пендаровски за „францускиот предлог“
еМагазин - пред 11 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Владата конечно го објави „францускиот предлог“ и на македонски јазик Фото: Кабинет на претседателот Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата
еМагазин - пред 11 часа
Група граѓани од демонстрантите кои протестираат трет ден против „францускиот предлог“ влегоа во дворот на Владата, пренесува А1.он.мк. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Во живо) Протест против „францускиот предлог“ и пред Собрание (Видео) Ламбе го запали „францускиот предлог„ пред Влада: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка Следете во живо: Видео: А1он Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) Ламбе го запали „францускиот предлог“ пред Влада: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
еМагазин - пред 11 часа
На вечерашниот протест, трет по ред, пред Владата против „францускиот предлог„ настапи и пејачот Ламбе Алабаковски, кој ја испеа македонската химна. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Во живо) Протест против „францускиот предлог“ и пред Собрание (Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата Тој на сцената запали парче хартија на кое пишуваше: „преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“. „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка. Затоа ова парче хартија треба да гори денес“, рече Алабаковски во краткото обраќање. Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Во живо) Илјадници граѓани пред Влада: Трет ден протест против „францускиот предлог“
еМагазин - пред 12 часа
Денеска пред Владата, трет ден по ред, граѓаните протестираат против т.н. француски предлог. За протестот граѓаните се самоорганизираат на социјалните мрежи, а подршка дадоа и ВМРО-ДПМНЕ и Левица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Владата конечно го објави „францускиот предлог“ и на македонски јазик Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) Мицкоски: “Францускиот предлог“ утре на седница на Влада, да излеземе масовно на протест
еМагазин - пред 13 часа
Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. “Изгледите се јасни. Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму. Тоа беше едната понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука. Но, треба народот во Македонија да знае дека ние со ова не почнуваме преговори, Еди Рама и Албанија почнуваат, не ние. Тоа треба на сите да им е јасно, на цела Македонија да и е јасно“, рече тој. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Владата конечно го објави „францускиот предлог“ и на македонски јазик Фото: ВМРО-ДПМНЕ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Апасиев: Денес и утре се клучни денови
еМагазин - пред 13 часа
Лидерот на Левица, Димитар Апасев, на својот Фејсбук профил вели дека денеска и утре се клучните денови за т.н. француски предлог. “Не е време за дебати, туку за протести“„, пишува тој. Од Левица велат дека Владата утре ќе го усвои предлогот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Мицкоски: “Францускиот предлог“ утре на седница на Влада, да излеземе масовно на протест Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Фото: Апасиев/Фејсбук/Левица Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Европската комисија уверува оти „францускиот предлог“ бил најдоброто можно решение
еМагазин - пред 14 часа
Европската комисија (ЕК) го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. -Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и С. Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел. ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар. -Од блиску ги следиме настаните во С. Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува, изјави портпаролката Ана Писонеро. Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“. -Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Хакерски напад на Фејсбук страницата на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
еМагазин - пред 14 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната Фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот. Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Владата конечно го објави „францускиот предлог“ и на македонски јазик
еМагазин - пред 14 часа
Владата по неколку дена, откако претходно го објави само на англиски, денеска на официјалната веб страна го објави францускиот предлог, интегрално преведен и на македонски јазик. Предлогот може да го видите на: Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ Предлог заклучоци на ЕУ Заеднички став на ЕУ Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Поевтинуваат горивата
еМагазин - пред 16 часа
Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар Еуросупер БС-95 и Еуродизелот. Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 108,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 110,5 денари за литар, а дизелот по цена од 103,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 102 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг. Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
За три дена 290 нови случаи на Ковид-19, 250 оздравени, нема починати
еМагазин - пред 16 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 01.07 до 03.07.2022) направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи со Ковид-19 и 250 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 49 реинфекции. Во текот на изминатите три дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство. Од 290 новозаболени од Скопје се 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од 250 оздравени пациенти од Скопје се 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 935. Дистрибуција по градови: Скопје 48.549, Активни 536 Куманово 16.770, Активни 42 Битола 15.835, Активни 59 Прилеп 14.277, Активни 33 Тетово 13.533, Активни 20 Кавадарци 10.760, Активни 34 Велес 9.848, Активни 30 Гостивар 9.634, Активни 15 Охрид 9.030, Активни 58 Штип 8.119, Активни 18 Струмица 8.110, Активни 15 Кичево 5.673, Активни 11 Кочани 5.125, Активни 17 Струга 4.744, Активни 9 Гевгелија 4.431, Активни 4 Неготино 3.714, Активни 5 Ресен 2.760, Активни 1 Свети Николе 2.641, Активни 1 Радовиш 2.537, Активни 5 Крива Паланка 2.421, Активни 2 Делчево 1.991, Активни 5 Берово 1.693, Активни 1 Дебар 1.684, Активни 3 Валандово 1.488, Активни 0 Виница 1.398, Активни 2 Пробиштип 1.271, Активни 3 Богданци 1.025, Активни 2 Кратово 969, Активни 0 Крушево 933, Активни 2 Демир Хисар 837, Активни 1 Македонски Брод 744, Активни 1 Демир Капија 594, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 352, Активни 0. Фото: МЗ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Села се сретна со Ковачевски и даде подршка за „францускиот предлог“
еМагазин - пред 18 часа
Сметам дека Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и друга опција за нас како држава не треба да постои. Нема двоумење и мислам дека Алијанса за Албанците (АА) е јасна во овие линии, изјави лидерот на АА, Зијадин Села по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став. Села, нагласи дека Алијанса за Албанците и пред овој предлог да биде конечен, имале став во врска за спорот со Бугарија. – Јасен е нашиот став дека тој спор треба да се реши почнувајќи од најосновното, ако веќе има проблем меѓу соседи, соседите треба да почнат да се признаваат меѓу себе. Од друга страна, јас пред Самитот на ЕУ, се изјаснив како претседател на партијата дека не се работи само за прифаќање или не на францускиот предлог, туку се работи за продолжување или не по патот на евроинтеграциите и мислам дека тоа треба да биде пристапот на политичките чинители, изјави Села. Во врска со ова, нагласи Села е и ставот на АА за „Отворен Балкан“ односно дека не треба да создаваме алтернативи за ЕУ и единствен пат на Македонија треба да биде членство во ЕУ. – Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави Села. Зачленувањето на Македонија во ЕУ, според Села, има геополитичко значење и политичарите треба повеќе да размислуваат за стабилноста на регионот, а помалку за добивање на политички поени. – Немаме никакво двоумење, ние би прифатиле таков предлог како политичка партија и тоа е ставот на Алијанса за Албанците, изјави Села. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ДОМ: Ако во преговорите има прашања од историја и образование, „францускиот предлог“ не е прифатлив Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“ МИА/Фото: Села/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
ДОМ: Ако во преговорите има прашања од историја и образование, „францускиот предлог“ не е прифатлив
еМагазин - пред 18 часа
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во разговорите со помалите коалициски партии – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП дал согласност модифицираниот француски предлог да биде ставен на пленарна седница, за него да расправаат пратениците и да бидат изгласани заклучоци. Како што изјави Маја Морачанин од ДОМ за МИА на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата, на што Ковачевски се согласил, но кога би се одржала таа седница засега не е прецизирано, со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната. На средбата трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност. Трите коалициски партнери на Ковачевски му порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образовнието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., нагласи Морачанин за МИА. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив МИА/Фото: МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
За Беса „францускиот предлог“ е прифатлив, бараат и да се отстрани „20%“ од Уставот
еМагазин - пред 18 часа
Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог, велат од партијата. “Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето Беса дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија. Движењето Беса е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето Беса уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на Уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“. Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, велат од партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство Фото: Касами/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Од Демократскиот сојуз бараат да се промени преговарачка рамка или да се отфрли “францускиот предлог“
еМагазин - пред 19 часа
Од Демократскиот сојуз информираат дека претседателството на партијата го разгледало модифицираниот француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, при што ги донело следните заклучоци: Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. „Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Трето, уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец, како што се Гоце Делчев, Јане Сандански, Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на македонските национални празници, Илинден, итн.. Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. Петто, за предложената Преговарачка рамка да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во Парламентот. Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. Доколку Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог“, велат од партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Фото: ДС Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Димитров: Евтино заплашување е тезата дека „францускиот предлог“ е последен
еМагазин - пред 21 часа
Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на Фејсбук, ја коментира тезата дека „францускиот предлог“ бил последен. “Краток коментар за тезите “ова е последен предлог” и “секој следен предлог ќе биде само полош” кои инаку се заемно исклучиви. Ако е последен, не може да има следен предлог нели? Со политика на очај, паника и успех-по-секоја-цена сигурно ќе биде полош, иако искрено за тоа ќе треба голема креативност, бидејќи сегашниов не е компромис, туку целосен пораз. Тешко е да се замисли полош предлог. Дека бил последен е евтино заплашување, бидејќи сосема е легитимно да кажеме: Драги европски пријатели, три години ве слушаме дека и вашата црвена линија е да не се дозволи билатерализација на пристапниот процес. Таков став имаа и нашите американски пријатели. Во новата методологија напишавте “сите да се воздржат од злоупотреба на нерешени прашања во пристапниот процес.” Од една заедница на вредности, која во Лисабонскиот договор се заложила дека ќе ја негува културната и јазична разноликост на континентот, очекуваме да не’ разбере и да не толерира негирање на македонскиот јазик од една своја земја членка и да не одобрува наметнување на историски наратив со присила. Како што беа можни претходните балансирани предлози, германскиот и португалскиот, за некое време, ќе бидат можни и други балансирани предлози. Се разбира, Бугарија ќе продолжи да биде клучен фактор и затоа ни треба целосна ревизија на билатералните односи. Ветото не може да се наградува со постојани концесии. Ова сегашново “решение”, иако на прв поглед победничко за Софија, всушност ја засилува уцената и навредата, што ќе продуцира само антагонизам, гнев и омраза, а тоа нема да може да се спречи преку “дисциплински мерки”. Наместо пријателство и блискост, ќе носи отпор и се’ поголемо оддалечување. За вистинско зближување меѓу двете држави и меѓу македонскиот и бугарскиот народ, ќе треба заемна почит и прифаќање. Со сила убавина не бидува, туку со препознавање и разбирање на клучните грижи на соседот. Ниту еден договор што не стои на овие нозе, што не е вистински компромис, не може да продуцира ништо добро, ниту пак ќе заживее“, пишува тој. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Фото: МНР Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Груби: Не го плашете народот, во 21. век никој никого не асимилира
еМагазин - пред 21 часа
Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на Фејсбук коментира за актуелните случувања за т.н. француски предлог. „Никој никого не може, под било кои околности, да го асимилира во 21 век, во 2022 година, во денешниов свет. Абсурден и навредлив е напорот за наметнување на страв. Денес се се знае, ништо не може да се скрие! Воени окупации, масовни злочини, не успеаја во минатото да асимилираат народи, а денес тоа било наводно “можно” преку билатерален договор. Тој договор има јасни взаемни обврски и двострани можности да се одбие, да не се прифати или да се стави вето, во било кое време, на било кој елемент, кој што може да спори идентитет, јазичен, културен, историски или е едноставно неприфатлив. Ако некој е несигурен во својот идентитет и стравува за себе си, тоа зборува за личноста и силата на неговиот карактер и како и колку го вреднува својот народ, а никако не може да се однесува на цел еден народ кој што не се асимилирал со векови. Наметнување на хистерија за асимилација е навреда, зарем толку ги потценувате луѓето дека така лесно преку ноќ ќе станат нешто друго? Истото го велеа и за Преспански, ќе изчезне Македонија. Сонцето изгреа и утредента и секој ден, но сега како членка на НАТО! Да ве потсетам што велеа за албанскиот јазик, Тиранската платформа, ќе ве казнуваат ако не знаете албански, македонскиот јазик ќе изчезне, државата ќе ја снема. И што се случи? НИШТО! Напротив, државата наша стана посилна со еднакви граѓани. Јас сум Европјанин и сакам да сум дел од Унијата со сите мои, но и со сите особености на моите сограѓани Македонци, етнички, јазични, културни, идентитетски, духовни особености. Утре пак ќе треба да се видиме, да се поздравиме, ниту вие ја сакате државата повеќе од нас, ниту ние повеќе од вас, разликата е во храброста за да донесеш правилна одлука која што ќе и ја донесе тапијата на државата преку нула отворени прашања со соседите. Внатрешно ги уредивме прашањата со Охридскиот договор, со Грција преку Преспанскиот, со Србија преку аутокефалноста, остана уште спорот со Бугарија за да се заокружи и затвори вековното спорење кое потфрли да ги асимилира народите на овие предели. Не успеаја ниту римјаните, ниту византијците, ниту отоманите, ниту Србите и Бугарите, не успеа никој, и нема да успее никој. Затоа, не лажете, не ги плашете луѓето, читајте и надминете се себе си, мислете и делувајте за утрешна европска Македонија!“, пишува тој. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Фото: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство
еМагазин - пред 22 часа
Актерката и поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска, на Фејсбук коментира за т.н. француски предлог. “Апсурди. Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство од тие што може да и ги обезбеди самата унија?! Колку ли е пак загубена на својот пат ЕУ ако Бугарија може да си игра со ветото со сите останати членки на унијата, прикажувајќи се како потенцијална жртва на малечката Македонија?!“, пишува таа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат Фото: Фејсбук/Куновска Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто
еМагазин - пред 23 часа
Претседателот на институтот за демократија „Социетас цивилис“, Марко Трошановски, кој важи за добар познавач на евроинтеграциите, на Твитер коментира за т.н. француски предлог. МАКЕДОНСКИОТ Јазик не е чист!!! Официјалниот јазик на земјата кандидат ЕУ го признава во поглавје 34. Него го нема во предлогот што го фали владата. Кога ќе дојде време да се отвори/затвори, немаме гаранција- ќе биде многу гнасно и далеку од чисто. — Марко Трошановски (@MarkoTroshan) July 3, 2022 “Македонскиот јазик не е чист!!! Официјалниот јазик на земјата кандидат ЕУ го признава во поглавје 34. Него го нема во предлогот што го фали владата. Кога ќе дојде време да се отвори/затвори, немаме гаранција- ќе биде многу гнасно и далеку од чисто“, пишува тој на Твитер. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Фото: ТВ 24 Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
„Францускиот предлог“ прифатлив и за Заев
еМагазин - пред 23 часа
Најважното прашање, македонскиот јазик и македонскиот иденититет се осигурани во преговарачката рамка и со тоа признаени и прифатени од ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно, пишува на Фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев. -Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за надминување на отворените прашања кои се решливи. Градењето добри и пријателски односи со соседите е суштински важно за мирот, стабилноста и просперитетот на еден регион како што е Западен Балкан. Затоа, и ние од македонската страна и колегите од бугарската страна, заедно мораме да работиме да ги затвориме отворените прашања, пишува Заев. Поранешниот премиер нагласува дека притоа многу е важно целосно да се сочува националното достоинство на двете страни во разговорите. -Пријателството се создава и гради кога две страни водат меѓусебно грижа еден за друг при решавање на отворените прашања. Македонската страна има политичари за кои сум сигурен дека ќе преземат гаранции и обврски низ тие разговори во иднина целосно достоинствено и конструктивно да ги застапуваат нашите национални интереси. Добрите односи со сите наши соседи го јакнат Западен Балкан, а соработката нѐ прави сериозен фактор како регион пред цела Европа и пред светот. Видовме дека низ пријателство и добрососедство се решаваат и прашања кои со децении, но и векови биле отворени и нерешени како што е напредокот што го постигнавме со Договорот од Преспа, членството во НАТО, но и остварувањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија. И во трите случаи имаме директна потврда на автохтониот наш македонски идентитет, вели Заев. Тој додава дека со почнувањето преговори со верификуван и неоспорен македонски јазик во рамки на Европската Унија ќе добиеме уште една идентитетска победа на Македонизмот. -Кога се во прашање темите поврзани со недискриминација и отстранување говор на омраза, важно е да знаеме дека тие се однесуваат на сите заедници во нашето мултикултурно општество и во тоа воопшто не гледам проблем, напротив сметам дека можеме уште многу да подобруваме и без ЕУ тоа да го бара од нас, за да тежнееме кон поуспешно едно и еднакво општество за сите. На тоа поле и до сега многу постигнавме и без ЕУ тоа да го бара од нас. За мултикултурниот соживот и за градењето едно и еднакво општество за сите ние сме веќе пример и во регионот и во Европа и треба да продолжиме да ги развиваме таквите политики, да останеме лидери во тоа поле, бидејќи тоа носи само добро за нашиот народ и за сите народи на Балканот, пишува Заев. Тој во врска со исполнувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција изразува уверување дека „за нас е многу подобро да седиме на маса во европските институции и ние да бидеме тие кои на својот македонски јазик ќе бараме целосно исполнување на двата договори во кои никако не се спори, туку се потврдува и македонскиот јазик и македонскиот народ“. -Сведоци сме дека Европа покажува разбирање за Македонизмот и за историското наше право на самоопределување. Имајќи предвид дека ова не е последниот предизвик пред нашето зачленување во ЕУ и дека не чекаат затворања на многу преговарачки поглавја, сметам дека за нас е многу важно во овој момент што Бугарија потврдува дека нови билатерални проблеми нема да отвора во иднина и што прифаќа да биде посветена заедно да градиме пријателство и добрососедство. Преку пријателство и добрососедство и најсложените проблеми полесно се решаваа. Спротивно, кога има непријателска атмосфера бројот на проблемите само се зголемува, вели Заев. Тој додава дека друг суштински дел од францускиот предлог е внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. Тоа, како што истакнува, е чекор кој треба да го направиме и со кој никако нема да се наштети ниту на државата, ниту на општеството ниту на било која од заедниците во нашата земја. -Ние во нашиот Устав веќе имаме седум етнички заедници. Со уставни измени ќе бидат 10 етнички заедници. Само од инает, заради лоша намера или заради личен политички профит некој може да биде против внесувањето три нови етнички заедници во Уставот. Противењето на мултикултурализмот е противење на европската интеграција на нашата татковина. Припадниците на трите етнички заедници, иако се значително помалубројни, сепак се еднакви граѓани на Северна Македонија кои се родени и живеат тука заедно со сите нас и имаат право на самоопределување, нешто на што се гордееме како држава која го почитува тоа право. Тој предизвик треба да се прифати и да го продолжиме патот кон полноправно членство во ЕУ, пишува поранешниот премиер. Нагласува дека очекува конструктивни консултации и поддршка на овој предлог од секој еден одговорен политичар и граѓанин во земјава. -Овој предлог веќе е поддржан од цела Европа, а нам искуството не учи дека секој нов предлог веројатно ќе биде потежок за прифаќање. Ако сме искрено за членство во ЕУ, тогаш мегданот е сега, сега тоа треба да го покажеме на дело и час поскоро да го завршиме овој процес. А, знаат ама баш сите, нашиот македонски народ никогаш не добил ништо со лесно, за својата државна и духовна независност се борел и се изборил со паметни и мудри одлуки. Да бидеме паметни и мудри и да продолжиме да чекориме напред како Македонци со признаен македонски јазик и идентитет, со своја македонска држава интегрирана во евроатлантските сојузи како стратешка определба на целиот наш народ, на сите етнички заедници, пишува поранешниот премиер. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат Фото: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив
еМагазин - пред 23 часа
Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто. Ова е време невреме за Македонија. Не е време за калкулации и молк. Затоа после долго молчење, чувствувам потреба да го искажам својот став за ова историско и суштинско прашање за македонскиот народ, вели во колумна за Плусинфо, поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, Горан Минчев. “Јасно и гласно сакам да го искажам мојот став во врска со овој предлог. За мене предложениот француски предлог е крајно понижувачки и неприфатлив. Прифаќањето на овој договор претставува самоукинување на македонската нација, поништување на македонската историја, откажување од македонскиот јазик, со еден збор велепредавство на македонската држава. Ова не е договор за почеток на преговори за влез во ЕУ, ова е договор за долгогодишна стагнација и блокада на нашата стратешка цел да се приклучиме кон евроското семејство таму каде што ни е местото и каде што географски и цивилизациски припаѓаме. Се сметам за прозападно ориентиран човек, подржувач на социјалдемократска идеологија и европските вредности. Во текот на мојата политичка кариера искрено, ревносно и силно се залагав за влез во ЕУ и за сите придобивки кои таа ги нуди. Но, не можам да прифатам како Македонец, таму да влезам без свој идентитет, без свој јазик, без право на своја историја и култура и без свое достоинство. Потврда за овој мој став е и експресното прифаќање на овој предлог од двоецот Радев-Петков (кои имаа екстремно асимилаторски став кон македонската нација), изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Генчовска, дека овој предлог ги задоволува сите бугарски барања и изјавата на францускиот амбасадор во Софија (кој е официјално лице и ги изнесува француските ставови) кој потврди дека се работи за истиот предлог кој е малку рафиниран и изрази чудење зошто владата во Скопје го претставува како нов“, пишува тој меѓудругото во колумната. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Весна од СДСМ и Весна од ВМРО-ДПМНЕ рекоа НЕ за „францускиот предлог“ пред Влада Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Фото: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) Илјадници граѓани и на вториот протест против “францускиот предлог“ пред Владата
еМагазин - пред 1 ден
Пред Владата синоќа продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ, ниту правило меѓу државите членки. Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија. И синоќа учесниците упатуваа пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува. Се интонираѓе националната химна, а преку разглас се пуштаа патриотски песни. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје МИА/Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) Ковачевски одбегна да одговори дали ги прифаќа условите на Мицкоски
еМагазин - пред 1 ден
Премиерот Димитар Ковачевски во однос на ставовите изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по нивната средба изјави дека сите тие прашања не задираат во прашањето за македонски јазик кое што е чисто во преговарачката рамка и во сите документи на ЕУ, не задираат во идентитетот на македонскиот народ и во самобитноста од кој било аспект на македонскиот народ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Мицкоски му предложил решенија на Ковачевски за „францускиот предлог“, премиерот не му одговорил -Тоа е мултилатерален документ кој на Република Северна Македонија и е испратен официјално од претседателството на ЕУ, Франција, кој е преземен од новото претседателство Чешка. Во моето воведно обраќање кажав дека ова е предлог кој ги опфаќа нашите црвени линии дефинирани во резолуцијата која ја има донесено Собранието на Република Северна Македонија, рече Ковачевски по средбата со Мицкоски во Клубот на пратениците. За тоа кога ќе се случат уставните измени и тврдењата на Мицкоски, премиерот кажа дека сите партии имаа свои изјави во изминатиот период, некои се држат до своите изјави, како тој, некои ги менуваат тие изјави. -Нашиот Устав предвидува дека граѓани кои се самоопределуваат на друг начин од македонскиот народ можат да бидат дел од Уставот. Тоа го побараа граѓаните кои се самоопределуваат како Црногорци, како Бугари и како Хрвати. Можеби ќе го побараат и други. Еѓипјанската заедница во земјава е многу значајна заедница. Поддржувањето на такво влегување во Преамбулата на Уставот е таква одговорност затоа што ние претставваме пример во Европа за најдобра уреденост на односите помеѓу сите граѓани по сите основи. Затоа сметам дека сите 120 пратеници во Собранието да го поддржат, рече Ковачевски. Не одговори кога ќе биде отворен Уставот, туку рече дека смета оти во моментот кога ќе дојде да се одлучува за вклучување на овие граѓани во Преамбулата на Уставот дека сите ќе бидат на висина на својата задача и побара сите да го поддржат. Според Ковачевски, позициите на Владата ќе бидат изградени врз основа на мислењата од консултираните страни што ќе бидат доставени. -Откако ќе завршиме со консултативниот процес овие мислења ќе бидат доставени до Владата и врз основа на образложенијата Владата ќе ја достави одлуката и ќе ја испрати до ЕУ. За предлогот на претседателот Стево Пендаровски искажан по денешниот состанок на Советот за безбедност, Ковачевски рече дека го поддржува и Владата ќе побара од преговарачите и нашите институциите да се придржуваат до донесените резолуции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) За Пендаровски „францускиот предлог“ е прифатлив МИА/Фото/видео: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Во живо) Втор ден протест против “францускиот предлог“ пред Влада
еМагазин - пред 1 ден
И денеска пред Владата се протестира против „францускиот предлог“. Граѓаните се саморганизираат на социјалните мрежи, а подршка на протестот дадоа и ВМРО-ДПМНе и Левица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Никола Димитров: Пендаровски греши во клучен историски момент!
еМагазин - пред 1 ден
Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на Фејсбук реагира на денешната изјава на претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност, во која посочи дека за него францускиот предлог е прифатлив. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) За Пендаровски „францускиот предлог“ е прифатлив “Пендаровски греши! Греши во клучен историски момент! Еве зошто: Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира Едвард Џозев: “Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани. Со францускиот предлог – тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен.” Немам што да додадам на одговорот на Едвард. Да донесеме дома документ каде ќе се обврземе дека ако Бугарија или било која друга земја членка повторно го оспорува македонскиот јазик и идентитет ќе ги прекинеме преговорите Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.” Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Северна Македонија за македонскиот јазик.” Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик? Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови. Предлогот е нов бидејќи така кажал Макрон Ова беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме. Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно), 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки). Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада, но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на Уставот Дали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка? Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот. Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор. Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО: “ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договори и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација. Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“ Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите. Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи? Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Северна Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние). Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска? Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји. И конечно: Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции“, пишува Димитров Фото: МНР Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) Четврти подвиг летово: Младиот Марко Пејчиновски преплива 30 км од Струга до Св. Наум
еМагазин - пред 1 ден
Младиот Марко Пејчиновски денеска преплива 30 километри од Струга до Св. Наум. Дестинацијата ја исплива за 9 часа и 26 минути. Оваа е четврти пливачки подвиг на Пејчиновски оваа лето, а има планирано уште шест препливувања. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Трет подвиг летово: Марко Пејчиновски исплива 20 км од Радожда до Трпејца Фото/видео: Фејсбук/Пејчиновски Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) Мицкоски му предложил решенија на Ковачевски за „францускиот предлог“, премиерот не му одговорил
еМагазин - пред 1 ден
Ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, овие два документи вакви какви што се прифатливи. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. И трета работа, му понудив, ако толку верува дека е обезбеден идентитет, тогаш најпрвин во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани члениот 11 и членот 14. Ова се трите заклучоци на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои тој ги соопшти по средбата со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. – Само треба да го одбијат предлогот, да речат не. Бидејќи ова не се преговори, и ова не е преговарачка рамка со којашто ние обезбедуваме европска иднина. Ова е преговарачка рамка со којашто или се асимилираме и бугаризираме па така да бидеме дел од ЕУ или нема да бидеме дел од ЕУ, потенцираше Мицкоски. Мицкоски рече дека средбата со Ковачевски повеќе била од информативен карактер на којашто премиерот го презентирал сето она коешто изминативе денови го слушаме во јавноста. – Даде свое гледање на документите коишто треба да ја дефинираат преговарачката рамка и записникот од Меѓувладината конференција којашто евентуално би требало да се одржи. На сметка на тоа јас дадов свое гледиште на текстот и врз основа на тоа би извлеков следните три заклучоци. Прво, ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи вакви какви што се прифатливи и ВМРО-ДПМНЕ и ниту јас лично имаме намера истите документи да ги прифатиме, рече Мицкоски. Тој потенцира дека тоа не е одлука само на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – Второ, му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ институционални и да и помогнеме на Владата во надминување на предизвиците коишто оваа зима ќе се појават пред нас. Тука пред сè мислам на безбедносни, енергетски, предизвици со храна, финансиски и друго. И на пролет кога ќе ја поминеме сите заедно, според мене, оваа можеби а и според многумина најтешка зима да седнеме и да направиме реевалуација, репроценка на реалната состојба, изјави Мицкоски. И третата работа која Мицкоски му ја понудил на Ковачевски е во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членовите 11 и 14. – Членот 11 од записникот е член којшто детерминира дека Македонија нема да отпочне преговори сè додека не го промени Уставот и нема да има преговарачка рамка, а членот 14 се повикува на протоколот којшто е дел од втората Меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија. Конференција и протокол во којшто се наоѓаат историските, образовните прашања, културните прашања и промена на учебниците и се она коешто изминативе денови како бугарска верзија јавноста можеше да го види. Тоа е тој протокол, тоа е членот 14, потенцира Мицкоски. Тој рече доколу Брисел ги избрише тие делови, тогаш може веднаш да се седне и да се разговара. – Ако е така како што не убедуваат дека ова обезбедува европска иднина, а не асимилација на Македонија и уништување на македонскиот идентитет, рече Мицкоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) За Пендаровски „францускиот предлог“ е прифатлив МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ/видео: МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Последното барање е Бугарите да бидат само во Преамбулата на Уставот, тврди Пендаровски
еМагазин - пред 1 ден
Експлицитно барање на нивниот амбасадор во Брисел, пред сите други амбасадори на земјите членки, е Бугарите да бидат насекаде во Уставот. Последното нивно барање, ми тврдат од нашата Влада и Министерството дека е тоа веќе усогласено, е Бугарите да бидат само во Преамбулата, одговори претседателот на државата Стево Пендаровски на прашањето во кој дел од Уставот би биле застапени Бугарите. Како секој друг, рече шефот на државата, не може да се прави преседан и не може во Уставот да бидат ставени Бугарите таму каде што не се и другите делови од народ. -Но, последно е и бараат да бидат само дел од Преамбулата. Инаку тоа, и за сите други делови од народ, е конститутивен елемент и нема дилема. Значи не во нормативниот… Ако се прифати ова се, веројатно ќе има уште една измена во нормативниот дел на Уставот, кој се вика Комитет на заедници, во кој претпоставувам ќе има место и за Бугарите. Само таму ќе се спомнуваат во нормативниот дел, како и сите други што ги имаме во Преамбулата на Уставот, рече Пендаровски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) За Пендаровски „францускиот предлог“ е прифатлив МИА/Фото: Кабинет на претседателот Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Османи му одговори на Димовски: Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш
еМагазин - пред 1 ден
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук одговори на отвореното писмо од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. “Илија, не сум имал никогаш проблем да те разберам, иако ретко сум се согласувал со твоите ставови и мислења. Така е и овој пат – те разбирам ама не се согласувам ниту со начинот на кој ги делиш прашањата на „албански“ и „македонски“, наместо како што доликува, да ги третираме како заеднички предизвик на кој заеднички му пристапуваме. За жал морам да почнам со деманти: ниту сме прифатиле со договорот од Преспа, ниту било кој може да прифати кои Македонци, каде и да живеат, какво им е етничкото потекло. Фактот што сме прифатиле во името на добрососедските односи, да не се мешаме во уредувањето на колективните права кај нашите соседи, не го менува фактот за тоа како се чувствува или како се изјаснува било кој Македонец на планетата земја. Напротив, еднаш засекогаш ја затворивме дилемата што значи зборот Македонец, и тоа веќе никој никогаш не може да го смени. Неправедно е да ја вмешуваме историјата како да е дел од современите политички текови, наместо да им ја оставиме на историчарите да нѐ ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината. Тоа е добар начин да се ослободиме од овие стеги, за да ја затвориме расправата кој и што е Илија, кој и што е Бујар и каков јазик зборуваат. Јас Илија, постојано барам дијалог затоа што имам потреба да разговараме за важни прашања: За тоа како ќе обезбедиме заедно никогаш повеќе никој да не го спори македонскиот јазик, и како тој да стане официјален и службен јазик на Европската Унија, на Обединетите нации, на оваа организацијата со која од следната година претседаваме – ОБСЕ итн.. За тоа како ќе обезбедиме зборот Македонец да ја означува етничката припадност на нашите сограѓани Македонци, и никогаш повеќе никој, никаде да не може да го спори тоа За тоа како ќе обезбедиме македонските ора, македонските села, македонскиот фолклор, македонската песна, македонскиот еп, да бидат дел од македонската етничка посебност, и никој никогаш никаде да не може да го спори тоа. За тоа како ќе обезбедиме сето ова да не остане само во нашите глави, ами да стане дел од светската номенклатура и комуникација. За тоа како ќе им обезбедиме на нашите сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, европска иднина, и зошто тоа да не го направиме на ист начин и за оние наши сограѓани кои себе си се сметаат за Црногорци, Бугари и Хрвати. За тоа како ќе го зачуваме, негуваме и промовираме нашиот автентичен модел на успешна мултиетничка демократија За тоа како ќе обезбедиме европска перспектива, европски стандард и европски вредности овде дома, за сите нас. Ова треба на маса да го зборуваме, но еве и пред да седнеме, да расчистиме со митовите и невистините кои за жал доминираат во јавниот дискурс а се поврзани со предлогот кој треба да го прифатиме. Правата е за јазикот. Се тврди дека со предложената рамка, заклучоци, итн…, македонскиот јазик на различни начини ќе биде загрозен. А фактите се токму спротивното: И во рамката, и во предлог заклучоците и во сите документи, во моментот на старт на преговорите – македонскиот јазик станува официјален јазик на кој Европската Унија ќе комуницира, и тоа без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, астерикси, без било што. Овој официјален јазик подоцна, со нашето членство во Унијата, станува чист службен јазик на Унијата, на ист начин како што се и германскиот, францускиот, па и бугарскиот и сите други јазици. Значи Унијата ја усвојува рамката каде стои дека европското Аки (Acquis), европското законодавство, ќе се преведе на македонски јазик без никаква додавка – и тоа станува затворено прашање за Унијата. Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш, или ќе го оставиме на менито на бугарските партии кои после следните избори ќе ни ги дефинираат правилата за влез во ЕУ Втората е за рамката, и за некакво нејасно објаснување дека во оваа рамка се внесени билатералните прашања, билатералните договори, историските прашања, итн.. Прво околу фамата за „билатерализација“. Добрососедските односи претставуваат еден од фундаментите на Унијата, и оттука не треба да нѐ чуди фактот што се тие дел од постулатите во голем број документи, извештаи, рамки кои Унијата ги изготвува. Како што во секој извештај на Европската комисија, секоја земја се оценува и по напредокот кој го остварува во добрососедските односи, исто така, повторно секоја земја која преговара, во преговарачката рамка има посебен дел каде на различен начин се спомнуваат добрососедските односи. Не во оваа рамка, туку во секоја предлог рамка која било кога сме ја добиле како драфт – и оние кои сме ги прифаќале како добри, и они кои сме ги отфрлале како несоодветни – секогаш стоеле и Договорот од Преспа со Грција, и Договорот за пријателство со Бугарија, како репери по кои ќе се следи дали земјата остварува опипливи резултати. Нема ништо различно и овојпат, и сѐ што се шири по ова прашање претставува лага. Нема дополнителни услови, нема дополнителни обврски, нема нови документи како Протоколи, туку само цитирање на Двата договори како што тоа отсекогаш било така. Трето е самиот почеток на преговорите и лагите дека се одложува стартот на преговорите, се одложува усвојувањето на рамката, сѐ се одложува за кога ќе се извршат промените во Уставот. А фактичката состојба е следна: Со усвојување на заклучоците, се усвојува и содржината на рамката, пред почетокот на преговорите и одржување на Првата меѓувладина седница – и тоа се случува сега и веднаш! Преговарачката рамка се дефинира сега, се усвојува сега – и тоа е завршен процес! По одржувањето на Првата меѓувладина седница, во полн капацитет го почнуваме процесот на скрининг, задолжителен процес кој го минуваат сите земји, и кој во просек трае една година. Нема одложување, нема застој, нема поместување, нема ништо – ги почнуваме преговорите онака како што сите претходно тоа го правеле, исто како што тоа ќе го направи и Албанија. Тоа е сосема доволен период ние да ги завршиме и нашите уставни промени, обврски кои секако ги преземаме. Ако сме искрени дека немаме проблем да ги внесеме Хрватите, Бугарите и Црногорците како прифатени етнички заедници во земјава, тогаш не треба тоа да го одложуваме до бескрај. Имаме доволно време во овој период да си ги завршиме обврските и потоа, онака како што е предвидено за секоја земја, по завршувањето на скринигот да почнеме со отворање на кластерите и поглавјата“, пишува Османи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Димовски до Османи: Замисли, Бујар, некој да те притиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина Турчин Фото: МНР Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) За Пендаровски „францускиот предлог“ е прифатлив
еМагазин - пред 1 ден
Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност. – Со тоа ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и дозволува формално отворање на преговорите. Остануваме на европскиот колосек, кој е долг, а до овој момент не губиме ништо и сега е време да го отвориме стратешкиот дијалог овде, рече шефот на државата. Пендаровски смета дека со прифаќањето на модификуваниот француски предлог би се донела одлука само да ги отвориме преговорите со ЕУ. Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог нема да биде ниту историски триумф, ниту историски неуспех или дебакл. Според Пендаровски, целата ситуација е со исклучително високи политички тензии во земјава, но не верува, како што рече, дека ова е судбинска дилема да се биде или не и за нацијата и за државата, ниту одлука која ќе дефинира идните генерации Македонци и македонски граѓани. Овој предлог со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, затоа што, вели, за македонскиот јазик има чиста формулација. Нагласи дека очекува откако предлогот ќе влезе во Владата, да се донесат владини заклучоци во случај да се прифати модифицираниот француски предлог со една реченица плус, да се повтори во извештајот на Владата до Парламентот, а тоа е дека, како што рече, од денот кога ќе почнат преговорите па се до нивното завршување, кога и да е тоа, ако има какви било дополнителни обиди од бугарска или чија било страна повторно да се спомнува македонски идентитет, историја, јазик, во истиот момент самите да се повлечеме од тие преговори. Тој изрази уверување дека во неговите разговори со високи европски и светски претставници нема добиено впечаток дека сакаат да го разнебитат македонскиот народ и држава. Со францускиот предлог, рече Пендарвски, историјата не е услов и има само една една реченица и во предлогот и во протоколите. Има сугестија почесто да се среќаваат историчарите. – Убеден сум дека не сме можеле да постигнеме повеќе од позиција на кандидат на членство, рече по завршувањето на седницата на Советот за безбедност шефот на државата, појаснувајќи ги неговите ставови во однос на модифицираниот француски предлог. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не МИА/Фото/видео: Кабинет на претседателот Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Димовски до Османи: Замисли, Бујар, некој да те притиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина Турчин
еМагазин - пред 1 ден
Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил објави отворено писмо до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кое Ви го пренесуваме во целост: “Ги следам твоите настапи и одлучив да ти се обратам лично, не како на министер, туку како Илија на Бујар. Во минатото сме разговарале многу пати, знам дека нема да ме разбереш единствено само ако немаш желба да ме разбереш. Ве познавам лично и тебе и повеќето твои соработници од ДУИ и знам дека не можете воопшто да кажете дека не ги разбирате процесите, барем не на мене, но дозволи искрено и директно и заради тебе и заради јавноста да разговараме со суштински, а не со површни маркетиншки флоскули и аргументи. Дозволи низ еден пластичен пример на аналогија да ти објаснам какви се овие времиња за Македонците. Ќе употребам примери со Албанците како народ и нација, не за да навредам или се согласам со тие примери, туку да ти покажа и тебе и на твоите колеги што е тоа што се обидувате, заедно со СДСМ, да го покажете како нормално, а не е. Замисли Бујар некој да ти предложи и да те пристиска, а ти, уште повеќе, да потпишеш и прифатиш дека: Прво, Албанците во Македонија не се ист народ со Албанците во Албанија, исто како што во “Преспа” пишува дека Македонците од Македонија и Македонците од Грција немаат ништо заедничко и не се исти. Второ, замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин, онака како што бугарското Собрание со својата Декларација од 2019 година тврди за Тито и Македонците. Трето, еве помисли Бујар, како би ти било да треба да потпишеш и прифатиш дека Албанците во Македонија не смеат да го користат албанското знаме, исто онака како што со Времената спогодба, а потоа и со “Преспа” забранувате и брусите онаму каде што има македонско шеснаесеткрако сонце. Четврто, би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија. Петто, би се согласил ли Бујар да ставиш во меѓународен правен договор дека Албанците немаат никакво илирско потекло, ниту културолошко наследство од Илирите и дека на пример Илирите се Словени, а не Албанци, исто онака како што со Преспа прифативте дека ние Македонците немаме никакво македонско потекло и дека Македонците биле Грци (види “Преспа”, член 7). Шесто, како би ти било да правиш “мали” компромиси за албанската нација и историја со оние што секојдневно и со години наназад тврдат дека албанската нација е вештачка и создадена со албанизирање на Турци, Словени, Власи и Роми, исто онака како што секојдневно преговарате “мали” компромиси за историјата со оние кои имаат ваков однос и тврдење кон нас Македонците. Еве вака изгледаат работите низ призмата на Македонците, доколку сакаш да погледнеш и знаеш. Ова што го напишав не го посакувам на никому, ама не сакам ниту да дозволам некој да ме убедува дека ова што им се случува на Македонците е базирано на нормални европски вредности, затоа што не е. Застани и размисли. Затоа Бујар, Албанците во Македонија во овој случај мора да останат рамо до рамо со нас Македонците, затоа што ние Македонците сме најмал народ на Балканот, но Албанците се втор, а сите околу нас исто или слично се однесувале во историјата и кон нас и кон вас. На еден ден престани да бидеш политичар и ќе разбереш колку многу грешиш. Застани. Се надевам дека ќе ме разбереш во добра намера и дека ќе размислиш длабоко за твоите постапки и чекори. Застанете. Прифаќањето на францускиот предлог е навреда за Македонците, но и ќе го одложи, а никако нема да го забрза евроинтегративниот процес. Ако вашата Влада со СДСМ го прифати овој предлог ќе не навредите нас Македонците, но и ќе ја запечати секогаш шансата на Македонија да стане членка на Европската Унија“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Фото: Фејсбук/Димовски Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Во Беровско Езеро се удави 14 годишно момче од Берово
еМагазин - пред 1 ден
Пронајдено е телото на 14 годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА информираше дека нуркачите го извадија телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8:50 часот. Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје. МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Весна од СДСМ и Весна од ВМРО-ДПМНЕ рекоа НЕ за „францускиот предлог“ пред Влада
еМагазин - пред 1 ден
На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска, сега претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација и претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, кои синоќа присуствуваа на масовниот протест во Скопје против „францускиот предлог“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје Весна од ВМРО и Весна од СДСМ…заедно ЗА 🇲🇰… против уцените од 🇧🇬👍✌️👏👇 pic.twitter.com/x2AlHpcdbG — AnaStevano (@StevanoAna) July 2, 2022 ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Фото: Твитер/AnaStevano Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Синоличка Трпкова: Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти да клекнат на колена пред народот и јавно да се извинат
еМагазин - пред 1 ден
Актерката Синоличка Трпкова на својот Фејсбук профил ги коментира актуелните случувања со спорот со Бугарија. “30 години борба за самостојна и суверена држава – 30 години осиромашување и самодеградирање. 30 години внатрешни конфликти, без можност за помирување. 30 години без стратегија и визија на МРТВ. 30 години ширум отворени врати за кич и популизам. 30 години немање достоинство, интегритет и капацитет за постигнување единство. 30 години олигархија, неписменост, непотизам, корупција, нефункционална администрација. 30 години самоуништување на колевката на културата. 30 години оставање некој друг да ја заврши мојата работа, ама само јас да ги земам парите. Пред да се каже НЕ на Бугарија и ЕУ, треба сите до еден, од сите власти сегашни и идни да клекнат на колена пред народот, јавно да се извинат, и да се заколнат дека од сега натаму животот ќе го дадат за доброто на секој поединец во земјата. После таквиот чин кажувањето НЕ ќе дојде како катарза за сите нас. Ова е единствен начин за да станеме држава!“, пишува таа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Весна од СДСМ и Весна од ВМРО-ДПМНЕ рекоа НЕ за „францускиот предлог“ пред Влада (Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Фото: Фејсбук/Трпкова Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Советот за безбедност денеска ќе расправа за францускиот предлог
еМагазин - пред 1 ден
Претседателот Стево Пендаровски за денеска напладне во неговиот кабинет свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ. По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, предвидено е изјава да даде претседателот Стево Пендаровски, соопшти прес-служабата на шефот на државата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Фото: МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Денеска средба на Ковачевски со Мицкоски за францускиот предлог
еМагазин - пред 1 ден
Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ќе одржи средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. -Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, соопшти Владата. Во соопштението се потсетува дека по добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржал консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. -Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението. Средбата, како што потврдија владини извори за МИА ќе се одржи во 15:00 часот во Клуб на пратеници. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не МИА/Фото: Кабинет на претседателот Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје
еМагазин - пред 1 ден
Пораки против францускиот предлог, апел да не се потпишува и барања за оставки се слушаа на синоќешниот протест пред Владата под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“. Официјално немаше организатор, но беше поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот од Франција е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Говорниците – јавни личности, новинари, професори и претставници на здруженија ја повикаа Владата да не го потпишува предлогот со порака „Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме“. -Вечерва велиме „но пасаран“. Подадовме рака, ни ја бараат душата, а има ли цена душата… Отпорот ќе биде секогаш, а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина, беше порачано на протестот. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ, ниту правило меѓу државите членки. -Да живее Македонија и никако капитулација… беа дел од пораките на протестот кој траеше час и половина и заврши без инциденти. Учесниците најавија дека против прифаќање на францускиот предлог ќе излезат и денеска на исто место и во исто време. Протестот го поддржа и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски пред почетокот изјави за медиумите дека „нам не ни треба Европа ако треба да се асимилираме“. – Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец, кој говори на македонски јазик и кој се бори за својата Македонија, за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство, рече Мицкоски. Владата завчера го објави модифицираниот предлог од Франција, кој треба да се прифати како услов Бугарија да го тргне ветото и да се отворат преговорите за членство на Македонија во Европската Унија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Весна од СДСМ и Весна од ВМРО-ДПМНЕ рекоа НЕ за „францускиот предлог“ пред Влада Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не Најчевска: На крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век МИА/Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не
еМагазин - пред 1 ден
Ви го пренесуваме ставот на Малинка Ристевска Јорданова за respublica.edu.mk. Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено). На 23 јуни премиерот Ковачевски во Брисел го кажа историското „не“ на тогашниот (необјавен) француски предлог, наведувајќи пет црвени линии. По точно една седмица, објавен е „компромисниот француски предлог“ за кој Владата најави позитивен став. На конференциите за печатот, премиерот, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски интеграции изнесоа неколку тези во прилог на „да“. Што се смени во оваа една седмица? Да појасниме: новиот француски предлог се состои од пакет од три документи: Предлог на заклучоци на Советот на ЕУ за општи работи. Заеднички став на ЕУ за политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. Општ став на ЕУ за Министерскиот состанок на Меѓувладината конференција со која се окончува отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено). Најголемата, но сепак целосно формална промена е направена со механичката поделба на првата меѓувладина конференција на две дела – политички состанок и министерски состанок – а двете заедно ја сочинуваат „фазата на отворање на преговорите“ (предлог заклучоците на Советот). Накусо се осврнуваме на тезите презентирани од македонските официјални претставници во однос на новиот односно „модифицираниот“ предлог. „Преговорите (не) се отвораат веднаш“ Преговорите се отвораат по министерската конференција и по измената на Уставот, со што е задоволено бугарското барање. Политичкиот состанок е измислен како увертира за Владата на Македонија да може да го прикаже ова како отворање на преговорите. Сепак, ова не е клучното прашање. Клучното е дека Владата се фокусираше само на отворањето на преговорите, но не и на нивниот тек и завршување. Македонија не обезбедува никакви гаранции за завршувањето на преговорите. „Гаранции дека (нема да) има натамошни условувања од Бугарија“ Нема никакви гаранции во предложените документи дека нема да има натамошни бугарски условувања. Наспроти тоа, Бугарија со овој пакет си ги обезбеди гаранциите однапред – нејзините барања стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легална основа во пакетот на документи на ЕУ. Според предложените заклучоци, во кои инаку не се ни споменуваат Копенхагенските критериуми, главно значење им е дадено на „постигнувањето конкретни резултати и спроведувањето во добра волја на билатералните спогодби – Преспанската и онаа со Бугарија“. Заклучоците веднаш потоа се повикуваат на Протоколот од вториот состанок, оценувајќи го како „значаен чекор за добрососедските односи и регионалната соработка“, кои остануваат „суштествени елементи на процесот на проширување…“. Со тоа спроведувањето на Договорот со Бугарија, како што е дефинирано во Протоколот, станува клучен услов во процесот. Оттаму, Владата, не само што мора да го објави текстот на Протоколот, туку треба да оствари и аргументирана расправа по него. „Протоколот (не) е дел од Преговарачката рамка“ Во Општиот став (кој ја вклучува Преговарачката рамка) јасно е упатувањето на член 12 од Договорот со Бугарија – преку “годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување….” во согласност со низа документи, меѓу кои и „други заклучоци на Советот“. Обидот да се скрие протоколот во Преговарачката рамка е провиден. „Историјата (не) e дел од преговарачката рамка“ Историјата станува дел од преговарачката рамка преку внесувањето на упатување на член 12 од Договорот за пријателство и содржината на Протоколот, кој Владата не го објавила (затоа се повикуваме на текстот објавен од македонската редакција на Дојче Веле). Историјата во Протоколот не е застапена само во одредбите кои се однесуваат на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, туку и во одредбите кои се однесуваат, на пример, на говорот на омраза (вклучувајќи ги спомениците и учебниците), и рехабилитација на жртвите на комунизмот. Дополнително, се внесуваат и низа ограничувачки елементи во работата на Комисијата (иако терминот е „охрабрување“), но и оценка дека таа досега дала „незадоволителни резултати“. „Македонскиот јазик (не) е чист во преговарачката рамка“ Во предлогот стои формулација дека во поглед на преводите на acquis на македонски јазик, ЕУ „ги зела предвид“ унилатералните декларации за македонскиот јазик. Бугарија со ова суштествено става „резерва“, на која ќе може да се повика во натамошниот тек на преговорите. Во новите документи, како ни во претходните, нема ниеден друг елемент на заштита на македонскиот идентитет. Бугарија со внесот на Бугарите во нашиот Устав и на Бугарите во Законот за малцинства во Албанија си ја проширува својата „етничка територија“. Наспроти тоа, според и онака асиметричниот билатерален договор со Бугарија, ние во Протоколот го потврдуваме ставот дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, вклучувајќи и во правата на граѓаните кои не се наши државјани, иако во меѓународното право остварувањето на човековите права е над мешањето во внатрешните работи. „Нема посебно поглавје за односите со Бугарија“ (но има други посилни механизми) Нема посебно поглавје, но суштината на бугарските барања е обезбедена преку два влеза и повеќе дополнителни механизми: Воведувањето механизам за следење на спроведувањето на Договорот за пријателство – член 12 (што веќе го елабориравме). Вградувањето на бугарските барања во кластерот Tемели, преку промената на Уставот, чие спроведување ќе стане клучна одредница (одредници) за напредокот во целиот процес, имајќи ја предвид и содржината на Протоколот во однос на позицијата на бугарската заедница. „Преговарачката рамка (не) е слична како кај другите земји“ Не е. Ние имаме дополнителен акциски план за малцинствата и дополнителен механизам за следење на спроведувањето на билатералните договори. Во нашиот акциски план ќе треба да влезе спроведувањето на новите одредби на Уставот за заедниците. Ниедна од државите во процесот не го смени уставот за да внесе малцинство по барање на (земја членка на) ЕУ. Ова беше возможно само со согласност на македонската влада. „Европски предлог“ (само со наша согласност) Ова е предлог на француското претседателство, кој се заснова на наша согласност во преговорите што сме ги воделе во Бугарија, односно на нашите досега направени отстапки кои ќе станат „свршен чин“ за другите држави членки, кои допрва треба да ги усвојат. За нив тоа ќе биде тргнување, (засега) на едно непријатно прашање од агендата. „Последна шанса“ (?) Владините претставници го гледаат овој предлог како „последна шанса“, повикувајќи се на новите околности – новата политичка заедница, без никаква проценка како тие нови околности ќе влијаат на нашиот процес на пристапување. Во секој случај, новите документи на ЕУ, во услови на зголемен број кандидати, ставаат акцент на интеграцискиот капацитет на Унијата и не даваат гаранција за пристапување на ниеден од кандидатите. „Сеопфатна расправа“ наспроти еднодневен ПР Нема никаква потреба од брзање. Брзањето на Владата е само со цел да оневозможи аргументирана расправа и набрзина да го усвои предлогот, кој ќе има решавачко влијание врз нашата иднина. Крајно неодговорно и крајно штетно! Петте црвени линии на кои Ковачевски кажа „не“ Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка. Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија. Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Весна од СДСМ и Весна од ВМРО-ДПМНЕ рекоа НЕ за „францускиот предлог“ пред Влада Најчевска: На крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век Павле Трајанов: Протоколот со Бугарија е контроверзен, да не се потпишува Фото: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Павле Трајанов: Протоколот со Бугарија е контроверзен, да не се потпишува
еМагазин - пред 2 дена
Протоколот усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и и овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања, смета лидерот на владејачката Демократска партија (ДС), Павле Трајанов. -Протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат. Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акционен план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот. Во текот на оваа расправа, министрите да се воздржат од закани со кривичен прогон на тие што имаат поинакви ставови, потоа со меѓуетнички тензии и сл. Договорената стратегија за широки консултации треба да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно, велат од ДС. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Најчевска: На крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век Димитриевски: Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка Фото: ДС Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Најчевска: На крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век
еМагазин - пред 2 дена
За последните случувања околу т.н. француски предлог, на Фејсбук коментира професорката Мирјана Најчевска. “Бугарија нема еден услов за влегување на Македонија во ЕУ. Бугарија сака да го контролира целиот процес и на крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век“, пишува таа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Владимир Четкар: Ако се уште молчите вие сте само обични соучесници во геноцидот на македонскиот народ и држава! Димитриевски: Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Фото: МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Владимир Четкар: Ако се уште молчите вие сте само обични соучесници во геноцидот на македонскиот народ и држава!
еМагазин - пред 2 дена
За најновите случувања во врска со т.н. француски предлог на Фејсбук реагираше и музичарот и пејач Владимир Четкар. “Ако се уште молчите пред ова злосторничко бришење на македонскиот народ и држава, ниту сте космополити, ниту сте духовно просветлени, ниту сте политични ниту аполитични, ниту сте мудри ниту имате визија, ниту сте бизнисмени, ниту сте уметници. Ако се уште молчите вие сте само обични соучесници во геноцидот на македонскиот народ и држава!“, пишува Четкар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Димитриевски: Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“ Фото: Четкар/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Димитриевски: Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка
еМагазин - пред 2 дена
За финалниот „француски предлог“, на Фејсбук реагира и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. „Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка. Од билатерален дозволувате да се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци, а дополнително се обидувате да ја релативизирате тежината на предлогот. Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државни интереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле. Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата и втората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не го застапува нашиот национален и државен интерес. Македонскиот народ и сите граѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе го надминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни и пообединети за наша Македонија. Македонецот опевал и ќе опејува многупати за јунаштво и подвиг, но исто така и за предавство и самопонижување… Вие самите од власта изберете си ја песната, јас мојата многу одамна ја избрав. Македонија ќе победи!“, пишува тој. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“ Фото: Фејсбук/Димитриевски Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ, тврди Османи
еМагазин - пред 2 дена
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг со новинари изјави дека прашањето на македонскиот јазик е решено и дека треба да се „демонтираат“ сите лаги поврзани со него. Османи тврди дека во рамката што треба да биде потпишана со Европската унија ќе стои дека С. Македонија ќе го преведе законодавството на македонски јазик исто како и во рамките на други земји. Својот став Бугарија ќе го искаже во изјава која ќе влезе во записникот, а според него, таа ќе биде изјавата што беше срочена во рамки на Португалскиот предлог. -Ги убедивме 26-земји членки да ја прифатат нашата верзија со дозвола на Бугарија, рече Османи. Бугарија, како што тврди, ќе го искаже во изјава согласно Португалскиот предлог односно дека македонскиот јазик не постоел до 1945 година и дека бил еден од нивните дијалекти. Северна Македонија, вели Османи, во записникот ќе има исто така изјава. Министерот за надворешни работи вели дека и вчера, но и денеска сака да ја демонтира „логиката дека треба да останеме блокирани за да не не блокираат во иднина, која што е на некој начин нелогична фраза сама по себе и граматички, но и суштински. Бидејќи од стравот да не не блокираат да останеме блокирани, тоа е за мене ирационално и штетно“. Ирационално и штетно е да се тврди и дека ќе има смена на идентитет, бугаризација… Напротив, вели шефот на дипломатијата, се затвора еднаш засекогаш прашањето за јазикот, кој беше оспруван од некои во ЕУ. Османи на брифингот со новинарите објасни како се одвивале разговорите односно што и зошто така стои во рамката, појаснувајќи дека таа се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме „да“ за пакетот. -И тука се затвора Уставот на преговарачкиот процес. Тоа е документот којшто нас не врзува веќе со ЕУ. Во таа рамка пишува чист македонски јазик без никакви додавки и од тој момент станува официјален јазик на ЕУ во преговарачкиот процес, а потоа со членството во ЕУ, потенцира Османи. Наведе дека Бугарија сакала да го нема тој параграф воопшто и оти се повикувле на црногорскиот модел. -Во овој устав вели: „Северна Македонија ќе обезбеди превод на европското законодавство на македонски во текот на преговарачкиот процес“. Земете ја српската рамка – е истиот параграф. Сега Република Србија ќе обезбеди превод на европското законодавство на српски јазик. Земете ја албанската, земете ја црногорската, апсолутно иста формулација за јазикот. Ако ова не е најголемата победа во процесот, ако ова некој го смета како еден спореден ефект затворање засекогаш на прашањето на јазикот после ОН сега и ЕУ никогаш, никаде нема да има спор по однос на јазикот. И сега со завршените други прашања тука се завршува прашањата на јазички, идентитетски – се завршува во рамката, рече Османи. Министерот потенцира дека за јазикот сите шпекулации дека има фуснота, сите шпекулации дека има какви било квалификации во рамката, се неточни и лажни. -Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Сметајте како ова да е состанок во којшто ја усвојуваме рамката, некој тука ќе каже да, ама јас имам мислење. Записничарот вика кажа вакво мислење, но тоа не влегува во документот, не влегува во заклучоците. Едноставно записничарот пишува дека некој кажал нешто и тоа еднаш и никогаш повеќе. Тоа е португалскиот предлог – нема никакви правни импликации по употребата на јазикот, кон интерпретација на јазикот. Можам најодговорно под целосна одговорност да кажам дека ова е чисто прашање и сите коментари по однос на јазикот се лажни, манипулативни од суета, од непознавање и сите други можни аргументи, но вистината е ова – во рамката се официјализира македонскиот јазик како таков и влегува дел од 25-те европски јазици, рече Османи. Според него, лага е исто така дека билатералните прашања односно дека историските прашања влегуваат сега во рамката, зашто тие биле секогаш дел од рамката. Тој ги спореди германскиот и сегашниот предлог. Османи вели дека Уставот ќе биде отворен, но откако ќе помине првата меѓународна конференција и оти во него ќе влезат Црногорците, Хрватите и Бугарите. -Добиваме историска рамка да ги почнеме преговорите утре, задутре кога сакаме ние, да почнат да доаѓаат фондови, да смениме курс на државата, рече Османи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“ Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“ МИА/Фото: МНР Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Советот за македонски јазик: Во предлогот се испочитувани самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик
еМагазин - пред 2 дена
Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија, констатира Советот за македонски јазик (СМЈ), кој денеска на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог кој Владата го објави вчера на својата веб-страница. -СМЈ смета дека нашата држава и сите високообразовни и научни установи во овие нови околности треба да се залагаат и да работат врз натамошната афирмација и еманципација на македонскиот јазик во европски и во светски рамки. Ова значи дека како државна политика треба да се залагаме за максимално можно отворање лекторати по македонски јазик на универзитетите во странство и во културните центри при амбасадите на Република Северна Македонија, соопшти Советот при Владата на РСМ. Во соопштението од Советот е наведено и дека на домашен план многу поголемо внимание и грижа треба да се посветат на создавање и вработување подмладок во научната и образовната област македонски јазик, но и да се обрне особено внимание на негување на јазичниот израз во писмена и во усна форма на сите рамништа во нашата држава и надвор од неа. Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Голем успех за македонистиката – гарантирана нејзината заштита и самостојност на реномираниот ИНАЛКО во Франција
еМагазин - пред 2 дена
Во изминатите години се постигнати значајни резултати во зајакнувањето и афирмацијата на македонистиката во Франција, на реномираниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, во чии рамки функционира лекторатот по македонски јазик, информираат од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК). “Но, сега се создаваат и нови перспективи за изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура – исклучително голем успех е вклучувањето на македонистиката меѓу ретките научни дисциплини во Франција! Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја поздравува одлуката за прифаќање на иницијативата за вклучување на македонистиката во француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија. Со ова, на реномираниот ИНАЛКО во Париз, македонистиката доби статус со којшто е гарантирана нејзината заштита и зачувување, но и нејзината самостојност – со неможност да се спои со други студии. Едновремено, ова подразбира и можно проширување на студиите по македонистика, со обезбедена финансиска помош. МСМЈЛК при УКИМ, како и досега, постојано, преку лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО ќе го остварува својот максимум за изучувањето на македонистиката во Франција, како и за вложување во сите можности коишто ќе претставуваат нови перспективи за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура“, велат од МСМЈЛК. „Во период кога веќе ги планираме активностите за одбележување половина век изучување на македонистиката на ИНАЛКО во текот на следната година, од Париз пристигна оваа значајна вест, којашто радува, но и обврзува на уште поинтензивни натамошни активности. На ИНАЛКО, македонистиката се изучува во рамките на сите циклуси академски студии – од лиценца до докторат. Веќе неколку години функционира и одделна професорска катедра за македонистички студии – првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја. Но, вклучувањето на македонистиката во олку важен проект и добивањето статус којшто дава гаранции и за нејзината иднина на ИНАЛКО е посебен успех – уште еден показател и на поддршката којашто македонистиката ја добива на оваа врвна образовна и научна институција во Франција“, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Едновремено, таа упатува и одделна благодарност. „Од името на МСМЈЛК при УКИМ, одделно упатувам голема благодарност и изразувам голема почит до проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро од ИНАЛКО, којашто ја покрена и се залагаше за прифаќање на иницијативата македонистиката да биде препознаена како ретка дисциплина од страна на француското Министерство за високо образование и истражување и да биде вклучена во овој голем проект со одлука на научна комисија. Но и не само за тоа, туку и за сите нејзини загалагања години наназад, со коишто се остварија низата успеси за македонистиката на ИНАЛКО, како и за севкупната поддршка за лекторатот по македонски јазик во остварувањето на неговата мисија. Соработката со проф. д-р Пејоска-Бушро и нејзините залагања се еден од примерите коишто покажуваат дека содејството со поддржувачите и посветениците на македонистиката коишто се дел од академската средина на големите образовни и научни центри ширум Европа и светот е гаранцијата за перспективите на македонистиката на меѓународен план“, посочува директорката на МСМЈЛК при УКИМ. Инаку, на ИНАЛКО, македонскиот јазик се изучува како главен предмет – три години додипломска настава, две години на вториот циклус студии, како и на школата за докторски студии. Лекторатот по македонски јазик работи од 1973 година, а во моментот лекторската настава ја изведува м-р Ѓоко Здравески. Од париската Катедра за македонистика, МСМЈЛК при УКИМ очекува и тројца учесници на претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. “Според досега достапните информации, француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија се очекува да се прошири во сите европски земји, со што можностите за зајакнување и афирмација на македонистиката на универзитетските центри ширум Европа преку овој проект ќе бидат и поголеми“, велат од МСМЈЛК. Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Османи вели оти неприфаќањето на “францускиот предлогот“ носело ризици за бесперспективност, кризи и меѓуетнички тензии
еМагазин - пред 2 дена
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ. Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии, и заглавување во балканската кал. –Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите кризи можни коишто ќе се појават од немањето перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат конечно да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои се уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши. Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР. Османи смета дека во тој случај кај нас ќе има меѓуетнички тензии, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани, ќе ја имаме најтешката година оваа зима со енергијата, со храната позади глобалната криза… -И во услови кога светот е во војна ние да зборуваме за лажни интерпретации дека некој ќе не бугаризира, кога од нас зависи. Никој не може нас да не натера да прифатиме нешто, во никоја форма за што било. Мислам дека ќе биде неодговорно и е срамно за вакви прашања да се води пак иста политика за некој да стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политички партии. Но, ова се времиња во кои државници одлучуваат, истакна Османи. Неприфаќањето на овој предлог, според него, значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во балканската кал со сите можни последици овде и губење засекогаш перспективата на ЕУ. -Така што, јас затоа со сите овие аргументи, не само мои, со експерти од МНР коишто беа дел од овој дел, коишто никогаш не биле партиски ориентирани биле блиски со министри од сите влади, шефови на кабинети од министри на влади на ВМРО, никогаш не сум видел кој, што, каков е. Сите едногласно велат – ова мора да се прифати затоа што ги имаме нашите позиции овде, затоа што ако го одбиеме тогаш ние мора да ставиме црта на нашите европски перспективи засекогаш. А нема овде ризик којшто може да не натера да направиме нешто. И да ја завршам тука реченицата – логиката од страв да не не блокираат да останеме блокирани во наредните децении е патолошка, потенцира Османи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“ МИА/Фото: МНР Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Ѓорге Иванов повикува на отфрлање на „францускиот предлог“
еМагазин - пред 2 дена
Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов повика да се отфрли „францускиот предлог“. “Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!“, пишува тој на Фејсбук. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“ Од партијата на Љубчо Георгиевски велат дека “францускиот предлог“ со ништо не го загрозува македонскиот јазик и идентитет Фото: Иванов/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Од партијата на Љубчо Георгиевски велат дека “францускиот предлог“ со ништо не го загрозува македонскиот јазик и идентитет
еМагазин - пред 2 дена
ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет, велат од партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. “Секој договор е своевиден компромис, но факт е дека бугарската страна има повеќе отстапено од нејзината последна позиција, т.н. рамковна позиција со која Македонија требаше самата да прифати и објави дека македонскиот јазик и нација се настанати од 1945 година. Затоа ВМРО-Народна партија го прифаќа смета дека не смееме да го испуштиме овој најнов предлог со кој се отвораат македонските евроинтеграци. ВМРО-Народна партија ги повикува сите критичари на „францускиот предлог“ да не го прават тоа со кампањско отфрлање на целиот предлог, туку да ја конкретизираат својата критика, кој член или кој став од предлогот сметаат дека го нарушува македонскиот идентитет. Доколку, отсуствуа таквата критика ќе сметаме дека кампањски пристапуваат кон текстот, а немаат никаква суштинска забелешка. ВМРО-Народна партија не може, а да не го коментира однесувањето на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој директно учествуваше во потпишувањето на договорот со соседна Бугарија и состави недоречен договор кој до ден денеска ни прави проблеми. Исто така комплетно го преспа периодот пред донесувањето на „рамковната позиција“ во бугарскиот парламент, а само една негова посета на соседна Софија ќе беше доволна таа рамковна позиција да не биде воопшто ни усвоена. Затоа сметаме дека во овој момент имаме најмалку потреба од квазипатриотско однесување, туку имаме потреба од државнички однос на сите оние кои се повикани да бидат одговорни за иднината на македонската држава“, велат од партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“ Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Фото: ВМРО-НП Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“
еМагазин - пред 2 дена
Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски смета дека со т.н. француски предлог ќе биде прекршена македонската Резолуција, изгласана во македонското Собрание. “Сите 7 нормативни точки на Резолуцијата на Собранието на Република Македонија ќе бидат прекршени доколку Владата донесе одлука за прифаќање на францускиот предлог… Непочитување на одлука на Собранието е безвластие и рушење на уставен поредок… Да потсетам, резолуција е, а не декларација… Обврзувачка е…“, пишува тој. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Денеска протест за неприфаќање на „францускиот предлог“ Ќе го прифати ли Владата „францускиот предлог“ без Собранието: Детали од брифингот на Ковачевски, Османи и Маричиќ со новинарите Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Фото: Фејсбук/Димовски Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Во мај индустриското производство зголемено за 2,9%
еМагазин - пред 2 дена
Индустриското производство во мај 2022 година, во однос на мај лани е поголомо за 8.5 отсто. Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со првите пет месеци од минатата година е зголемено за 2.9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст од 5.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 66%. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, производството во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 58.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3%, Капитални производи за 8.7%, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9%. Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Денеска протест за неприфаќање на „францускиот предлог“
еМагазин - пред 2 дена
Вечерва во 19 часот пред Владата ќе се одржи протест за неприфаќање на т.н. француски предлог за решавање на спорот со Бугарија. И финалната верзија на „францускиот предлог“ предизвика лавина од реакции во јавноста, а подршка за денешниот протест дадоа ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а и граѓаните се самоорганизираат на социјалните мрежи. Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на сенароден протест. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МНР официјално и препорача на Владата да го прифати „францускиот предлог“ Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Катица Ќулавкова за „францускиот предлог“: Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување
еМагазин - пред 2 дена
Со реакција за финалниот “француски предлог“, на Фејсбук реагира академик Катица Ќулавкова. -Имало само една фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Па колку пати треба да повторат за да биде уверливо дека според Бугарија, а сега и според ЕУ, македонскиот јазик не е природојазичен систем, туку дијалект на друг јазик, бугарскиот јазик? Од 2017 го пишуваат истото во сите официјални документи, но вие се правите дека не е напишано, не читате, не реплицирате, не осудувате, не се повикувате на наука, не се повикувате на меѓународни конвенции. Штама. Тврдат дека цела македонска средновековна историја е бугарска, пак ги затворате очите, ушите и устата. Тврдат дека сме вештачка творба, вие пак се правите недугави. Последиците ќе бидат огромни, спротивни на поимот цивилизација, придобивките никакви, вие го уверувате народот и светот дека предлогот е одличен, подобар не може да биде! Има ли крај агонијава? Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување. Ред вето, ред лага, ред вето, ред лага и така до бескрај, етноцидна, културоцидна стратегија против македонскиот народ!“, пишува таа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски, сите наши идентитетски прашања се заштитени, тврди Ковачевски Фото: Ќулавкова/Фејсбук Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Калина Гривчева Старделова реизбрана за претседател на Лекарската комора
еМагазин - пред 2 дена
Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора на вчерашната конститутивна седница на Собранието на Комората која се одржа во просториите на Градската општа болница „8ми Септември“. Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на проф. д-р Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска гласаа 24 делегати, се наведува во соопштението од Лекарската комора. Собранието ги избра и членовите на другите органи и тела кои ќе ја водат Лекарската комора во следните четири години. За заменик-претседател е избран д-р Беким Исмаили, додека за потпретседатели се избрани д-р Љупчо Стефановски, д-р Маја Манолева и д-р Алберт Леши. За нов претседател на Собранието е избран д-р Висар Муча, а за потпретседатели на Собранието на Комората д-р Александар Димовски и д-р Берат Лена. Нови членови на Извршниот одбор се д-р Лилија Чолакова Дервишова, д-р Дафина Караџова, д-р Кадри Хаџихамза, д-р Тодор Кичуков, д-р Мевлудин Куч, д-р Илбер Бесими, д-р Дениел Поповски, д-р Илир Шурлани и д-р Џабир Бајрами. Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
МНР официјално и препорача на Владата да го прифати „францускиот предлог“
еМагазин - пред 3 дена
Министерството за надворешни работи официјално и препорача на Владата дека треба да се прифати предлогот на Европската Унија, вклучувајќи го ставот на експертите, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Мислам дека разговорите денеска беа отворени транспарентни, се надеваме ќе го заокружиме брзо овој процес, истакна Османи во емисијата Топ Тема на Телма ТВ. Додаде дека не смета оти овој предлог е идеален, но, како што рече, ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ. – Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни. И за овој предлог мислам дека не е идеален, но дека ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ, рече Османи. Министерот потсети оти бугарските позиции беа дека не треба да има македонски јазик во ЕУ и дека треба да има поглавје 35 во кое сите барања на Бугарија ќе бидат таму. – Ние сега имаме рамка во која има чист македонски јазик кој станува официјален јазик на ЕУ без никакви додавки, квалификации. И со тоа после децении се завршува прашањето на македонскиот јазик. Мислам тоа е најголемата добивка, најголемиот успех. Најголемата победа на овој предлог е што засекогаш се затвори меѓународното оспорување на јазикот, рече Османи, додавајќи дека ова е можеби последниот воз за членство во ЕУ. Османи посочи дека во делот на фундаменталните прашања во последниот предлог каде се патоказите по кои мора да одиме, единствено имало акциски план за човекови права кој, според него, апсолутно не е спорен и во кој С. Македонија ќе дозволи почитување човекови права на сите етнички заедници, не само Бугарите. – Нема ништо спорно во тој дел, рече Османи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе го прифати ли Владата „францускиот предлог“ без Собранието: Детали од брифингот на Ковачевски, Османи и Маричиќ со новинарите Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Мицкоски повика на сенароден протест, ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа „францускиот предлог“ МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Денеска во Дојран почнува Д Фестивал: Доаѓа и Констракта
еМагазин - пред 3 дена
Од денеска до 3 јули во Дојран се одржува 12. издание на Д Фестивал на кој ќе настапат повеќе од 150 музички изведувачи и уметници Програмата ќе се одвива на 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за фестивалските посетители. Првите посетители на Д Фестивал вчера пристигнале во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма. Официјално почна музичката програма во чии рамки ќе настапат повеќе од 50 музички артистикои пристигнуваат во Дојран од целиот свет, а секако најмногу од државава. Програмата на фестивалот денеска ќе ја предводат изведувачите чии настапи се закажани на Главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли, Кошин, Рундек и Екипа зад аголот. Утревечер ќе настапат Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и група Филм, Буч Кесиди, Култур шок и Чиста околина, додека пак во финалната вечер пристигнуваат ЗУ, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон… МИА/Фото: Промо Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Левица бара да се отфрли „францускиот предлог“: Ги содржи сите негаторски бугарски барања
еМагазин - пред 3 дена
Францускиот предлог, којшто Владата првично го одби, за сега да биде прифатлив, ги содржи сите негаторски бугарски барања, регираат од Левица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ “Прво, двете страни ќе се произнесат за македонскиот јазик по нивно видување – само за нас јазикот ќе биде македонски, додека Бугарија ќе ја афирмира својата позиција за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик! Второ, сите барања поврзани со историските прашања кои се содржат во Договорот за добрососедство од 2017 година, стануваат дел од преговарачката рамка – Бугарија ќе ја пишува македонската историја! Трето, по заслуга на европските партнери, за прв пат се предвидува Бугарија, и другите земји-членки, да можат да ставаат вето на веќе затворени поглавја – ЕУ не става во лавиринт до конечно удоволување на сите апетити на соседите! Бугарија преку ЕУ наметнува ултиматум за ништење на македонскиот идентитет! Француската амбасадорка во Бугарија и министерката Генчовска денес со официјални изјави потврдија дека се работи за истиот предлог и дека нема никакви суштински измени во однос на бугарските барања. Алармантна е и денешната изјава на министерот Бујар Османи, кој изјави дека, доколку Владата донесе одлука за одобрување на пакетот, тогаш тој можел веднаш да пристапи кон потпишување на протоколот со Република Бугарија. Ова укажува дека Владата на СДС и ДУИ, во духот на своето владеење на хибриден режим, целосно ќе го заобиколат Собранието и насилнички ќе ја спроведат бугараризацијата по сценариото за Преспанскиот договор! Не може ништо добро да произлезе од преговори со земја која не признава македонски народ, македонски јазик и македонско малцинство. Не може ништо добро да произлезе од нерамноправни преговори во кои едната страна има можност да ја уценува другата. Ова го покажаа преговорите со Грција и Преспански договор. Република Македонија, под уцена и заплашување неколку пати го менуваше Уставот, се откажа од малцинството во Грција, прифати референца и го смени државното знаме. Тоа сепак не беше доволно, па и покрај добиениот спор пред Меѓународниот суд на правдата, повторно бевме блокирани и уценувани, што доведе до прифаќање на Преспанскиот договор, со кој Македонија, менувајќи го Уставот го смени и уставното име и драстично ги загрози националните интереси и идентитетот на македонскиот народ. Сепак, според грчкото МНР, македонската нација и понатаму е „измислица на Тито“ – што значи нови блокади во идните преговори со ЕУ. Идентичен е спорот со Бугарија. Со прифаќање на овој нацрт-Предлог, и со евентуалниот старт на преговорите, ние не добиваме ништо друго освен еден бесконечен пат до членство во ЕУ, во кој Бугарија има безброј можности повторно да нè блокира и уценува, дури не ги прифатиме сите неприфатливи услови и гледишта во однос на македонскиот народ, јазик и историја. Затоа и првото барање е да биде променет Уставот. Со прифаќање на овој нацрт-Предлог се стимулират Бугарија и регионалните држави, да продолжат со нецивилизациски барања и напади на правото на македонскиот народ да ја одбере својата судбина! Идеите за создавање на големи балкански држави на сметка на територијалниот интегритет на Македонија, се остаток од минатиот век – тие ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на регионот, иако владините чиновници велат дека ова е во насока на нивно подобрување. Натаму води и прифаќањето на шовинистичките уцени содржани во овој нацрт-Предлог, замаскирани во прогрес, кој ни се претставува како „неопходен“, за евроатлански интеграции на Македонија, и тоа мора веднаш да запре! Затоа, потребно е категорично отфрлање на предлогот и итен прекин на преговорите со Бугарија веднаш!Го повикуваме македонскиот народ да се приклучи на сенародниот отпор против оваа анти-народна и анти-државна власт!“, велат од Левица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За ДУИ “францускиот предлог“ е прифатлив Мицкоски повика на сенароден протест, ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа „францускиот предлог“ Фото: Левица Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Ќе го прифати ли Владата „францускиот предлог“ без Собранието: Детали од брифингот на Ковачевски, Османи и Маричиќ со новинарите
еМагазин - пред 3 дена
Пред нас имаме европски предлог за деблокада на нашите евроинтеграции и од нас зависи каква одлука ќе донесеме за иднината на нашите деца и за европеизација на нашата држава, порача премиерот Димитар Ковачевски. Според него, новиот модификуван предлог сега веќе не е само француски, туку е европски предлог, во кој се вклучени сите наши барања и забелешки што беа изложени на претходната верзија на предложениот текст. – Со ладни глави, одговорно да ја поведеме државата на вистинскиот пат и да направиме исчекор, порача премиерот Ковачевски, додавајќи дека треба да тргнеме по патот што го имаме зацртано или во спротивно ќе останеме да талкаме на Балканот. Од тој пат нема отстапување ни лево, ни десно и сега е време да донесеме одлука, потенцира Ковачевски на денешниот брифинг со новинарите. Тој додаде дека му е драго што на Самитот ЕУ – Западен Балкан минатата недела не го прифативме првичниот предложен текст и покажавме што точно бараме и што сакаме. – Сега имаме предлог што ги вклучува сите наши барања, додаде премиерот, најавувајќи дека Владата пред да го даде конечниот одговор дали ќе го прифати предлогот, ќе спроведе консултации со сите институции во државата, претседателот на Републиката, Собранието, политичките партии, невладиниот сектор и стручната јавност. Иако, Владата може сама да донесе одлука по однос на предлогот, сепак ќе биде побарано мислење и од Собранието, кое самото треба да реши дали тоа ќе го стори на пленарна седница или за документот ќе се произнесат надлежните собраниски комисии. Земјава нема временски рок до кога треба да даде одговор и од нас зависи дали ќе го почнеме нашиот пат за неколку дена или недели или ќе одолговлекуваме. Измените во новиот европски предлог во однос на претходната верзија се однесуваат на тоа што е прифатено нашето барање во преговарачката рамка да не се внесува протоколот што произлегува од член 12 од билатералниот Договор со добрососедство со Бугарија и спроведувањето на обврските што произлегуваат од него, односно во преговарачката рамка не се вклучени историските прашања. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Втората измена се однесува на тајмингот на стартот на преговорите. Со првиот предлог се предвидуваше со негово прифаќање формално да се одржи првата меѓувладина конференција, но дури откако ќе го промениме Уставот за „вклучување на Бугарите“, да се одржи втора меѓувладина конференција и тогаш да започнат преговорите со сите предвидени процеси. Со новиот предлог, преговорите почнуваат со одржувањето на првата меѓувладина конференција кога ќе стартува и процесот на скрининг и во кој период треба да извршиме промена на Уставот со која во Преамбулата и во Амандманот 12, во делот каде покрај македонскиот народ се наведени припадниците на останатите народи што живеат во земјава би се додале и Хрватите, Црногорците и Бугарите. Со завршување на овие процеси по автоматизам ќе се одржи втората меѓувладина конференција и почнуваат преговорите по кластери. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски, сите наши идентитетски прашања се заштитени, тврди Ковачевски Во рамката се наведува и дека таа ќе биде преведена на македонски јазик, без никакви додавки, дообјаснувања или фусноти, туку само е оставен простор во Записникот од заседанието на Советот на ЕУ, на која ќе биде усвоена рамката, Бугарија да внесе унилатерални изјави во кое би го објаснила својот став за јазикот, но таа не станува дел од преговарачката рамка. Исто такво право да додаде унилатерална изјава во Записникот по ова прашање има и нашата земја. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати „францускиот предлог“ Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ МИА/Фото: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати „францускиот предлог“
еМагазин - пред 3 дена
Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. Бројните денешни консултации, според министерот, минуваат во позитивна атмосфера, во кој, како што посочува, францускиот предлог детално се анализира. – Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка, протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка, oдобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!, пишува Османи на неговиот Фејсбук-профил. Процесот на консултации, додава, продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
За ДУИ “францускиот предлог“ е прифатлив
еМагазин - пред 3 дена
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање прифатливо решение за спорот на нашата земја со соседна Бугарија и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за завршување на спорот и за одблокирање на нашиот европски пат. – Нашата земја е пред историска одлука, онаа на отворање на преговорите со Европската унија и затворање на сите спорни прашања со соседите, затоа цениме дека ваквите шанси за компромис кои не го загрозуваат идентитетот, јазикот и националното достоинство на нашите македонски сограѓани не треба да се пропуштаат, заради сигурната и прогресивната иднина на државата и регионот, соопштија од ДУИ. Од ДУИ апелираат до сите страни вклучени во овој, како што се наведува во соопштението, историски процес рационално да пристапат кон содржината на предлогот и заедно да ја донесеме долгоочекуваната одлука за одблокирање на интегративниот пат на земјата. Заедно со партнерите од владината коалиција, опозицијата, Собранието, Претседателството, државните институции, како и медиумите, граѓанското општество, академскиот свет, врз принципите на транспарентност, велат од ДУИ, го започнуваме процесот на консултации во кои како никогаш досега се бара зрелост и рационалност, а не субјективен протагонизам за тесни интереси. – Демократската Унија за Интеграција останува доследна на своите позиции за решавање на спорот со Бугарија и поради оваа причина цениме дека францускиот предлог е во дозволените рамки на рационален компромис, се подвлекува во соопштението од партијата. Овој предлог, овој пат, сметаат од ДУИ, оваа европска иднина ја има поддршката од Вашингтон, Брисел, Париз, Лондон, Рим, другите западни престолнини, а сите достигнувања ги имаме постигнато заедно со евро-американската заедница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мицкоски повика на сенароден протест, ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа „францускиот предлог“ Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ Фото: МИА Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ
еМагазин - пред 3 дена
Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција на новинарски прашања каква е процедурата за усвојувањето на преговарачката рамка кај нас во домашните институции и во кој дел од овој предлог имаме гаранција дека ова се последните барања од Софија. Се она што е во преговарачката рамка, нагласи тој, е во најголем дел нешто што е вообичаено во процесот на преговори. Она што е битно до првата Меѓувладина конференција, истакна вицепремиерот, е дека преговарачкиот процес го води Владата, а за Европската комисија и државите членки од ЕУ најважно е Владата да ја прифати преговарачката рамка и да започне со преговори. Во моментот кога ние ќе се согласиме со преговарачката рамка и сите останати држави членки на ЕУ, рече Маричиќ, ќе биде свикана првата Меѓувладина конференција на која ќе се разговара понатаму за наредните чекори и за официјалното усвојување на преговарачката рамка, бидејќи тоа е многу важен документ што ги утврдува правилата и основите на преговорите со ЕУ и практично претставува основа за понатамошно драфтирање или креирање на договорот за наше пристапување кон ЕУ. – Во рамки на овој документ, така како што е предложен, не постои, не е ставен протоколот што значи дека е исполнето нашето очекување да ги немаме историските прашања, кои би го оптовариле овој процес, потврди вицепремиерот Маричиќ. Во однос на прашањето дали и кога може некој да не блокира, тој посочи дека досега го имаме искуството во регионот, а Европската Комисија уште во 2009 година ги воведе добрососедските односи како еден од постојаните критериумите во воведниот политички дел на критериумите и сите оние договори што се наоѓаат таму како услов за нивно исполнување без навлегување во детали. Во нашата рамка уште при првиот предлог во 2020 година што не беше усвоен, истакна Маричиќ, беа ставени и договорот од Преспа и договорот со Бугарија и тоа, според него, не е ништо невообичаено. Го посочи случајот со Србија и со Косово, кои имаат цело посебно поглавје, а тоа во нашиот случај го нема. – Ние имаме гаранција тоа што сме го прифатиле и ратификувале во нашето Собрание ќе го исполниме, ништо повеќе од тоа. Другите прашања ќе ги решаваме во билатерален формат со Бугарија. Секако дека било која држава членка на ЕУ, во било кој момент од процесот доколку одлучи може да блокира. Тоа се покажало на други држави повеќепати, но ние имаме гаранција дека имаме напишано на хартија сите наредни чекори и сите формати и механизми на решавање на разликите. Тоа ни е гаранција дека нема да може своеволно било која држава, во случајот и Бугарија да се повикува на ветото доколку ние си ги исполнуваме обврските и преговараме така како што ни е одредено во преговарачката рамка, појасни вицепремиерот Бојан Маричиќ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски, сите наши идентитетски прашања се заштитени, тврди Ковачевски Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ МИА/Фото: Фејсбук/Маричиќ Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски, сите наши идентитетски прашања се заштитени, тврди Ковачевски
еМагазин - пред 3 дена
Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите наши идентитетски прашања се заштитени, бидејќи тоа беа нашите елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со коалициските партнери во врска со францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија и отворање на пристапните преговори со ЕУ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ковачевски: Францускиот предлог е солидна основа за градење став, инкорпорирани се нашите забелешки -Ова е предлог којшто ќе оди во Собранието согласно со уставното уредување на нашата држава, односно го одобрува Владата, го разгледува Собранието. Ние како држава сме се определиле дека стратешка цел на сите нас е членство во ЕУ, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање. Не сакаше да ги коментира пишувањата на бугарските медиуми, но рече дека „суштината е дека бугарското Собрание во изминатиот период донесе нова Резолуција со која што практично ја анулираше резолуцијата која беше исклучително рестриктивна во однос на кревањето на ветото и тоа е нешто што овозможи да дојдеме до овој предлог“. За тоа дали ќе се стаса до консезус или некоја од партиите нема да го прифати овој предлог, Ковачевски смета дека обврска на секој политичар во државата е да мисли за генерациите напред, не да мисли само на својата политичка кариера и на својот изборен резултат. -Јас во неколку наврати сум кажал дека лидерски концепт во политика значи кога треба да кажете не, како што јас кога отидов во Брисел поддржан од целата коалиција и од претседателот на државата и од граѓаните кажав „не“ за нешто што сметавме дека не е добро. Продолживме со разговорот. Дојдовме до решение кое што денеска го разговараме, рече премиерот. Сите политички партии, според Ковачевски, треба консензуално да се борат за подобра иднина на државата. -Ние не смееме да бидеме држава која што не сака да се интегрира. Може човек да одлучи сам да биде изолиран, да остане сам за себе изолиран, може да одлучи политичка партија сама за себе да остане изолирана, меѓутоа не смее да дозволи државата и граѓаните да бидат изолирани. Оваа држава Република Северна Македонија со сите свои граѓани се наоѓа во срцето на ЕУ. Ние станавме членка на НАТО благодарение на мнозинството на граѓани и на мнозинството на политички партии коишто и денес се тука – истите политички партии, истакна Ковачевски. Тој ги повика партиите вклучувајќи ги оние кои беа против влез во НАТО да разговараат, да се погледне предлогот и заедно да биде донесена одлуката дека државата ќе оди во насока на влегување во ЕУ, бидејќи со носење на правилна одлука ние започнуваме со првата меѓувладина конференција со ЕУ. Во однос на т.н. првичен предлог којшто практично беа идеи и нацрти во однос на тоа како би изгледал, забелешки како што рече имал и тој. – Ама еден мораше да отиде во Брисел и во име на граѓаните на маса со 27 лидери на ЕУ јасно и гласно да го каже ставот од името на коалицијата, од името на претседателот на државата и од името на граѓаните, рече Ковачевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ МИА/Фото: Влада Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
(Видео) Пивара Скопје инвестираше дополнителни 10,7 милиони евра во модернизација на производството и одржлив развој
еМагазин - пред 3 дена
Во чест на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија, кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој, информираат од компанијата. Најновите инвестиции во модернизација на компанијата, вредни 10,7 милиони евра, се во напредна опрема и технологии кои се инсталирани во различни операции и процеси, вклучувајќи и нова линија за производство на безалкохолни пијалаци. На овој начин, Пивара Скопје ги подобрува услугите кон купувачите и ги зголемува производствените капацитети, следејќи ја големата побарувачка за безалкохолни пијалаци и пиво на домашниот, но и на другите пазари во регионот. „Покрај тоа што ги зајакнуваат нашите производни капацитети, овие проекти ни помагаат за натамошно унапредување на вештините и способностите на нашите луѓе во производството, ја зголемуваат нашата брзина и флексибилност за следење на трендовите на пазарот и ни овозможуваат брзо и ефикасно да ги задоволиме потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Истовремено, тие ја зголемуват атрактивноста на нашата компанија за талентирани млади луѓе и ја прават посакувано место за работа и кариерен развој. Со нивната реализација ја продолжуваме традицијата на иновации и инвестиции, кои се заштитен знак на Пивара Скоpје веќе 100 години и влегуваме во нова, модерна ера на дигитализација и напредни технологии кои ја олеснуваат нашата секојдневна работа и ја зголемуваат нашата севкупна ефикасност и продуктивност“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ. Новите инвестиции во производството се според највисоките стандарди за квалитет и безбедност на храната, како и за здравје и безбедност при работа, што е многу важно за потрошувачите и вработените во Пивара Скопје. Во исто време, тие се во согласност со долгорочната стратегија на компанијата за одржливост што придонесува за намалување на емисиите на CO2, енергетска ефикасност, управување со водата и намалување на тежината и рециклирање на материјалите за пакување. „Ние во Пивара Скопје сме особено горди што со секоја нова инвестиција како што е оваа, се трудиме да дадеме уште поголем придонес кон одржливоста и заштитата на природните ресурси, со што ја покажуваме нашата грижа и одговорност за развојот и просперитетот на земјата и на целата заедница“, потенцираше Сладиќ. Освен во модернизацијата на производниот процес, веќе се направени значителни подобрувања во дигитализацијата и автоматизацијата на другите клучни операции во компанијата. Ова вклучува иновативна технологија за управување со визуелни и гласовни команди воведена во складирањето на производите, како и технологија за препознавање слики што го поддржува нашиот комерцијален тим на пазарот. За иновативното решение пак, кое овозможува онлајн комуникација, нарачки на производи од страна на купувачите и следење на нивната реализација во реално време – 24/7, Пивара Скопје неодамна доби признание за најдобро имплементиран проект за е-трговија во рамки на целата Coca-Cola HBC Групација. Дополнително, започнато е воведувањето и на најновата генерација роботизирани технологии со кои ќе се автоматизираат сите повторливи работни операции во компанијата, со што се олеснува работата на вработените, а истовремено се зголемува и вкупна ефикасност и продуктивност. Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Мицкоски повика на сенароден протест, ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа „францускиот предлог“
еМагазин - пред 3 дена
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од партиското седиште повика на сенароден протест кој ќе се случи утре во 19 часот на платото пред Владата, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија. – ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на иницијативата за протести. Повикувам на сенароден протест. Го повикувам цел народ од цела Македонија, но и однадвор, да се приклучи и да застане до нас и да го одбраниме она што се вика европска вредност и да го спасиме процесот на преговори, рече Мицкоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ Коментирајќи го модификуваниот француски предлог, Мицкоски рече дека според предлогот, земјава нема да го отвори првиот кластер „фундаменталс“ се додека не се случат уставните измени на кои се повикуваат заклучоците од Европскиот совет. – Нема да имаме почеток и отворање на кластерот се додека не се случат уставните измени. На страна 8, пак, од предлогот, е избришан делот каде во првиот дел стоеше делот за јазикот ама јасно стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори се додека не биде поптишан протоколот од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која е основана врз основа на чл. 12 од Договорот за добрососедство што го има нашата Влада потпишано со нашиот источни сосед. Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата ,културата, се што треба да се направи како измена во нашите учебници, појасни Мицкоски. Сето она што го вели Ковачевски, додава тој, „не е визија, не е стратегија, ниту битка за идните генерација, туку срам, пораз и капитулација што идните генерации ќе ја имаат како грутка во својата душа“. – Ваков ултимат за Макакедонија – не благодарам. Сега е моментот кога треба да се биде глаен, јасен, да се заземе вистинска страна. Страната на Македонија и страната на народот. Оваа Влада прави огромна штета, бидејќи одобрување на ваква рамка значи или во ЕУ асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ. Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и никогаш нема да се согласам на тоа, рече Мицкоски. Со жалење морам да констатирам, истакна тој, дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот и во делот на идентитетот. – Прифаќањто на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот дикатат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата, како Ковачевкси, Османи и Маричиќ, ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име, не ја говори вистината или да бидам подиректен ве лаже. Затоа, имаме два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија, кои Владата ни ги кажува како успех, изјави Мицкоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Османи: Доколку Владата одлучи да го одобри пакетот, може веднаш да се потпише протоколот со Бугарија
еМагазин - пред 3 дена
Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес. Ова е одговорот од шефот на дипломатијата Бујар Османи на новинарско прашање доколку овој предлог биде усвоен, кога би го потпишале билатералниот договор. На денешната прес-конференција Османи нагласи дека протоколот е усогласен во МНР, но, како што рече, треба да го одобри Владата, а Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет. – Пакетот има европска и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот и тој веќе не е во еворпскиот пакет, туку е билатерален со Република Бугарија, но е дел од овој процес за Бугарија да даде согласност за пакетот, изјави Османи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ МИА/Фото: МНР Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....
Димитров: Владата го лаже народот – лага е дека историските прашања не се внесени во новиот предлог
еМагазин - пред 3 дена
Поранешниот вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи Никола Димитров, на Фејсбук изнесе свој став за францускиот предлог. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали: Објавен “францускиот предлог“ Ви го пренесуваме во целост: „Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој можеби ќе ги отвориме преговорите со ЕУ ако го смениме Уставот, ама никогаш нема да ги завршиме. Дури ни во пакувањето на „измените“ не се потрудиле многу. Прво, ако во претходното пакување, преговорите ќе се отвореа по измените на Уставот, сега отворањето ќе почне веднаш, штом се потпише протоколот, ама пак условено оти пишува дека преговорите ќе се до-отворат по внесувањето на Бугарите во Уставот. Значи нашиот почеток е на две рати. Две рати само за да почнеме. А вистински почеток секако нема додека не се направат уставните измени, бидејќи преговарачката рамка ќе се презентира дури тогаш. Втората „измена“ пак е целосна измама. Ако во претходното пакување историјата, говорот на омраза по бугарски терк, спомениците, итн., ќе се внесуваа во пристапниот процес преку „билатералните протоколи” по член 12 од договорот за пријателство, сега историјата, говорот на омраза по бугарски терк, спомениците, итн., ќе се внесуваат преку „годишните прегледи и ефективните мерки за имплементација по член 12 од договорот.” Се работи за апсолутно истите документи, само називот е сменет – сега не се протоколи туку прегледи и мерки, но црно на бело стои член 12 со што НЕМА дилема на што се однесува. Тоа е членот каде се вели дека македонско-бугарската меѓувладина комисија еднаш годишно ќе се состанува, ќе врши преглед на направеното и примена на мерки, донесувајќи документ што досега го викавме протокол. Ова е еден срамен обид и од дома, ама и од ЕУ, можеби на сугестија од дома, да се замачкаат очите на македонските граѓани нарекувајќи ги со друг назив истите обврски што мораме да ги преземеме и што сега стануваат обврски спрема ЕУ и за што ќе известува европската комисија. Ама замислете, дури и ова не било доволно, па вториот протокол, овој што треба да го потпишат денес утре или задутре Османи и Генчовска, што го содржи договорот по точките 4+1, тој си останува и со истиот назив – протокол. Овде не сме успеале ни називот да го смениме. И прегледот и мерките наведени во овој протокол, заедно со историските прашања, ќе бидат апсолутно дел од пристапниот процес. Значи да нема никаква дилема, бугарските барања за историјата и за многу други теми, целосно си остануваат во рамката и стануваат европски барања, како што си беа и во претходното пакување. Нашиот пат кон ЕУ ќе зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од нашето исполнување на нивните желби. И токму затоа, одговорно тврдам дека овој пат е слепа улица, што никогаш нема да не’ донесе до посакуваното членство. Тоа е пат кон вечна агонија и измачување. Преседан што ќе го осетат на своја кожа и други земји кандидати по нас. Околу македонскиот јазик, и во ова пакување како и во претходното, ЕУ ќе констатира дека Бугарија ќе си достави (или сега си доставила) своја позиција за НАШИОТ јазик. Софија преамбулата ќе ја чита со Бугарите и сите други, но ќе го прескокнува делот со македонскиот народ. Ценам дека деновиве живееме едни од најцрните денови во македонската историја по независноста. И додека Софија си ги бетонираше бугарските услови преку Собранието, ние се препелкавме во калта со владини лаги, цртајќи си се себе си како голема мета за европски притисок да попуштиме и да го прифатиме тоа што за сите земји членки освен Бугарија беше неприфатливо – целосна билатерализација на пристапниот процес измешан со агресија врз македонскиот идентитет и наметнување на бугарскиот наратив за историјата. Владиниот тим не добил никакви подобрувања на предлогот, туку малку помош во обидот да си го измами сопствениот народ и граѓанство. И од вчера, тоа сесрдно го прави. Лага е дека историските прашања не се во рамката. Новото пакување, внимавајте, е изготвено на 23 јуни, ден пред усвојувањето на предлогот во бугарското собрание. Дали „нашите” го добиле навистина вчера како што рекоа, или пак си го чувале за јуриш во пет до дванаесет е прашање што може овој историски срам само да го зголеми. Впрочем, Генчовска беше единствената што вчера ја кажа вистината – нема нов предлог. Таа не можеше да издржи ни три саата со тезата дека „нема историја во рамката”. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Француската амбасадорка во Софија потврди дека „францускиот предлог“ е истиот што го усвои бугарското Собрание Нема нов француски предлог кој се разликува од тој што бугарското Собрание веќе го одобри, вели бугарската министерка Генчовска Како тоа и би било можно, кога во Бугарија нема услови за нова одлука на Собранието. Вистината денес ја кажа и француската амбасадорка во Софија Флоренс Робин: „Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот Парламент.” На Владата и’ се брза, за да не му текне на народот. Сакаат „широките консултации” да ги завршат што побрзо, за некако да не се дознае вистината. Затоа апелот на премиерот да се верува на „официјалните информации од институциите” всушност порачува да им веруваме на лагите. Ние нема да кренеме раце од стратешкиот интерес за членство во ЕУ. Но, патот што води кон членство не е оваа слепа улица што ни се нуди. Заслужуваме европски пат поплочен со реформи. На влада што за вакво историски важно прашање го лаже сопствениот народ гледам како на туѓа влада. Не знам дали сум повеќе згрозен од предлогот што не’ носи во бескрајно измачување во рацете на Бугарија, или од овој обид за измама од епски размери. Сме имале ние многу грешки во минатото. Ама ваков кукавичлук и бегање од соочување и искрен приод кон граѓанството за вака суштинско прашање не паметам. Оваа влада мора да сноси политичка одговорност за овој срам. Оваа влада, почитувани сограѓани, ако веднаш категорично и конечно не го одбие предлогот што веќе два пати го одби, и не се извини длабоко за лагата, треба веднаш да падне! ПС. Сликите подолу се од оригиналниот предлог. Владата објави пречистен текст без датумот. Меѓу другото, можеби за толку очигледната “измена” да биде помалку очигледна. Датумот пак ќе бара дополнително објаснување. Дури и да е заборавен и останат од некоја друга верзија, тоа речиси ништо не менува. Фото: МНР Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ....