Манчестер се откажа од Арнаутовиќ, а Македонец му пиша на клубот алудирајќи на расистичкиот испад со Алиоски
off.net - пред 15 часа
На Твитер профилот „utdreport“ кој го следат скоро милион луѓе, се појави информација дека извезен Дамевски од Македонија, претпоставуваме навивач на Манчестер Јунајтед, му пишал на клубот во врска со евентуалниот трансфер на Марко Арнаутовиќ од Болоња. Прашањето се однесувало на тоа како ќе им одговара овој играч со оглед на тоа што клубот има нулта толеранцијата кон расизмот. Добил одговор дека постоела загриженост за тоа. Michael Damevski, who is of North Macedonian descent, wrote to #mufc to question how signing Marko Arnautović would correspond to the club’s zero tolerance approach to racism. A club staff member replied to say Damevski’s concerns had been noted #mulive [@lauriewhitwell] — utdreport (@utdreport) August 9, 2022 Дамевски се осврнува на мечот од ЕП 2020 меѓу Македонија и Австрија, кога Арнаутовиќ вербално го нападна Алиоски. за што потоа јавно се извини со тврдење дека не е расист и доби суспензија од УЕФА од еден натпревар. Навивачите и не се нешто воодушевени од идејата да го имаат австрискиот напаѓач со српски корени. We do not want a racist at our football club @ManUtd #allredequal#ArnautovicNotWelcome pic.twitter.com/YNlqCIprgI — Breezy (@BreezyUTD) August 9, 2022 Someone buy that man a beer. — Mark Callaghan (@markadamcal) August 9, 2022 Познатиот инсајдер Фабрицио Романо твитна дека нема ништо од трансферот. Manchester United won’t sign Marko Arnautović this summer. Deal off and talks will not continue after opening bid turned down by Bologna. ⛔️🔴 #MUFC Arnautović wanted the move but Man Utd decided internally against the deal. First call, @lauriewhitwell - it’s confirmed. pic.twitter.com/WVyb143znZ — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 9, 2022 Навивачите на Јунајтед се спремаат за бојкот против управата и тоа на дербито против Ливерпул. Ете кај лежи зајакот на „Олд Трафорд“ Нова сезона, нов гаф на Мегваер и тоа уште непочнат натпреварот...
Измамата со „воскреснатиот“ смрзнат човек што ја инспирирала авторката на „Франкештајн“
off.net - пред 16 часа
Зошто луѓето паѓаат на измами, и што е тоа во врска со конкретни лажни приказни што продолжуваат да ја поттикнуваат јавната имагинација, дури и откако измамата е разоткриена? Случајот со Роџер Додворт од 1826 успеал да измами толку многу луѓе што еден краток расказ, објавен речиси четириесет години подоцна, се уште звучел вистинито. Велика Британија минувала низ необично жешко лето таа година, а медиумите го искористиле овој факт за да профитираат од необичната и морничава приказна за таканаречениот Роџер Додсворт. Според весници во Лион, Руен и Париз, тој бил 31-годишен син на антиквар од 16 век со истото име. Синот бил замрзнат цели 166 години, откако бил заробен под лавина која го проголтала додека бил на експедиција на Алпите во 1660. Приказната била преземена во Лондон, а тогаш најпопуларните медиуми додале уште повеќе оган на маслото на веќе сензационалната приказна. Дури и конзервативното неделно списание „Џон Бул“ објавило писма кои наводно биле напишани од преживеаниот. Јавноста, под наплив на имагинација и емоции кои го моделирале добата на романтизмот, била заведена од сторијата. По некое време здравиот разум надвладеал, па читателите прифатиле дека целиот случај е лажен. Неговата популарност не траела ни една година. Сепак, тој оставил траен белег како инспирација на една од најголемите писателки на тоа време - Мери Волстонкрафт Годвин Шели. Откако мажот ѝ починал во 1822, таа била самохрана мајка која пишувала приказни за да се прехрани себеси и синот. Постојано барала нов материјал, па ова со Додсворт сигурно ѝ се видело како наративно „само месо дома дошло“. Врз основа на лажните писма објавени во печатот од наводниот преживеан, таа напишала есеј и го испратила до уредникот на Њу Мантли магазин. На тој уредник му биле потребни 37 години (!) да го отпечати есејот. Во 1863 тој се појавил под наслов „Реанимираниот Англичанец“. Напишан е во форма на писмо, слично како и неговиот претходник, многу пославниот „Франкештајн“ и ја раскажува „вистинската“ приказна на кутриот замрзнат Роџер Додсворт, преку мешавина на научна и историска фикција. Тој се вклопува во најголемата фасцинација на авторката - како да се прелаже смртта, или преку научни, или преку алхемиски средства. Така, „Франкештајн“ е за луд гениј кој конструира свесно суштество со делови од мртво тело. А нејзината помалку позната приказна „Смртниот бесмртник“ е за асистент на професор кој голта еликсир кој му овозможува да живее повеќе од 300 години....
Западна „листа за отстрел“ на украински предавници
off.net - пред 16 часа
Компанијата Молфар работи во зграда во близина на Хајд Парк, вработува 35 „високо квалификувани аналитичари“ и до 200 волонтери. Се сметаат за опен-сорс разузнавачи а основани се од извршниот директор Артем Старосјек. Велат дека нивна главна цел е да собираат детали за руските војници и другите за кои сметаат дека мора да бидат казнети за воени злосторства. Нивната „Книга на орките“ (погрден термин за руските војници) охрабрува да се испраќаат информации за се идентификува „секој руски окупатор“. Молфар е партнер со Министерството за дигитална трансформација на Украина и со американската УСАИД и досега има објавено лични податоци на 1.391 „руски воен злосторник“. Но, не се фокусираат само на руските војници. Во една статија, насловена како „Колаборационисти од градот Купјанск“ се нудат фотографии, имиња, адреси и телефонски броеви на млади Украинци кои „јавно уништуваат симболи на украинската државност“. Признаваат дека добар дел од нив само што наполниле 18 години но велат дека „се доволно возрасни да знаат дека нивната одлука да станат сепаратисти повлекува последици“. Написот на Гриша Мисиљук завршува со: „Молфар потсетува дека сите соработници ќе бидат казнети. Тоа е само прашање на време.” Една друга нивна, за модниот дизајнер Артемиј Лебедев, ги објавува не само неговите лични податоци, туку и сите членови на неговото семејство, заедно со фотографии и интересите на неговите мали деца. Ги охрабруваат читателите да му одат на посета и им нудат да им ги платат сметките за превоз до кај него. Новинарката Ева Бартлет вели дека ова е вознемирувачки слично со списокот на „непожелни“ објавен на веб-страницата Myrotvorets (Миротворци) по бунтот на Мајдан во 2014 година. Тој масивен список се опишуваше како листа за отстрел во која ја имало и неа, зашто известувала за Донбас и се појавила на трибуналот за воени злосторства во Русија. Голем број луѓе од таа листа завршија мртви, вклучувајќи го и италијанскиот фоторепортер Андреа Рочели, кој беше застрелан од украинските вооружени сили во Донбас во 2014 година....
ФБИ упадна кај Трамп, овации меѓу хејтерите
off.net - пред 17 часа
„Ова се мрачни времиња за нашиот народ. Мојот прекрасен дом Мар-А-Лаго во Палм бич, Калифорнија, во моментов е под опсада и окупација на голема група ФБИ агенти. Нiшто слично му се нема случено на ниеден претстедател на САД,“ соопшти Трамп. Еве ја приказната за акцијата со која ФБИ проверува да не носел Трамп дома доверливи материјали: Приврзаниците на Трамп се шокирани како нема крај на политичкиот прогон кон него, и покрај тоа што досега пропаднаа сите обиди за негова девалвација, како што беше Русијагејт, импичментите и слично. Потсетуваат дека „апсолутно ништо не ѝ се случи на Хилари Клинтон“ која избриша 330.000 меилови кои требаше да дојдат до Конгресот. Ама па затоа радосни (и хистерични) има многу: FBI raids Mar-a-Lago. Game on!!!— Rob Reiner (@robreiner) August 8, 2022 *********...
Карло Анчелоти ги нарече Крос-Каземиро-Модриќ Бермудски триаголник, што точно е тајната на тоа место?
off.net - пред 18 часа
Споредбата на Карло Анчелоти е интересна и нетипична. Обично фудбалерите се споредуваат со некои вистински ѕвезди (нов Пеле, новиот Марадона, индиски Меси, норвешки Роналдо итн.) или се прават паралели како Нејмар фудбалски Џастин Бибер и слично. Но ако во Бермудскиот триаголник на Реал Мадрид исчезнува топката, што исчезнува во правиот, вистински Бермудски триаголник. Изјавата на Анчелоти е прав повод да се раскаже за овој интересен, научен феномен од минатиот век, магнет за теоретичари на заговор. КАДЕ СЕ НАОЃА БЕРМУДСКИ ТРИАГНОЛНИК? Називот Бермудски триаголник прв го користел американскиот писател Винсент Гедис во магазинот Argosy во 1964 година за да ги опише областите надвор од брегот на Флорида. Загадочниот мистериозен триаголник е реон во Атлантски океан и е составен од Мајами, Бермудски острови и Сан Хуан (Порторико). Вкупната површина наводно му била 700.000 квадратни метри. Дури и геологијата наведува понекогаш на верување во мистицизам. И покрај малата површина (0,6% од Атлантски океан), во Бермудскиот триаголник наводно постои цела серија релјефни облици: маргинални и средни висорамнини, плитки брегови, длабок теснец како и длабока дупка (длабочина од 8.742 метри, најдлабока точка во Атлантскиот океан). Истото може да се каже и за флората и фауната на Бермуд: таму има единствен екосистем кој постои поради изолацијата на островите од копното на Северна Америка. Постојат 360 различни видови птици и 1.100 разни инсекти. МИСТИЧЕН ОБЛИК НА ТРИАГОЛНИКОТ МУ ДАЛ ЕКИПАЖОТ НА ХРИСТОФОР КОЛУМБУ, А ВРВОТ НА ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР БИЛ ВО СРЕДИНАТА НА ХХ ВЕК Феноменот на Бермудски триаголник бил прав хит на конспирологија во ХХ век иако чудни исчезнувања во тој триаголник имало порано. Еден од творците на мистичната слика на Бермудскиот триаголник е екипажот на Христофор Колумбо. Неговите морелопловци пишувале во дневници за мистерозни алги, за вжарена вода и за тоа како компасот „скренувал од памет“. Теориите на заговор ги засилиле и неколку мистериозни случаи од крајот на XIX век: 1872. година. Бродот „Марија Селеста“ без екипаж го нашле на брег во Португалија. Бродот изгледал како да е спремен за пловидба, но од некоја причина посадата го напуштиле. Залихите и товарот храна биле уредно на свое место, а исчезнувањето на луѓето во тоа време е припишано на рутата која поминувала низ Бермудски триаголник. 1881. година. Бродот „Елен Остин“ пловел од Лондон во Њујорк кога посадата забележила едрилица без посада како плови по Бермудски триаголник. 1918. година. Американски танкер „Циклоп“ исчезнал во Бермудски триаголник на пат кон Бразил од САД. Наводно 309 членови на екипажот и илјадници тони руда манган пропаднале. Овој транспортен брод после тргнување на пат никогаш никаде не го виделе. Најпознатиот случај за кој дознал светот било исчезнување на пет бомбардери-торпедоносци од класата „Авенџер“ на 5 декември 1945 година. Тие полетале од базата на американските поморски сили во Форт Лодердејл и никогаш не се вратиле. Остатоци од авионите никогаш не се пронајдени. Исчезнал и хидроавионот PBM „Мартин Маринер“ кој бил пратен во потрага по бомбардерите. Официјалната верзија на инцидентот е човечки фактор: наводно водачот на групата, поручникот Тејлор не ја познавал добро областа, направил грешка со навигација и интуитивно ја водел врската. Истрагата докажала дека групата се изгубила, го потрошила горивото и паднала во океанот. Но верзијата не објаснува зошто ниту еден авион не контактирал преку радио-врските. Исчезнувањето на спасувачкиот пловечки авион „Мартин Маринер“ се припишува на експлозија. Подоцна формулацијата на американската морнарица дека капетан Тејлор бил одговорен за инцидентот, под притисок на неговата мајка која верувала дека истрагата нема доволно докази за да го обвини нејзиниот син, била земената со „непознати причини“. Ова звучело како неверојатен магнет за уфолозите, јасновидците и разните теоретичари на заговор. Но да се вратиме во реалноста, која има објаснување за „најтаинствената мистерија на воздухопловството од ХХ век“. Навигацискиот состав бил слаб: тројца навигатори биле кадети и поминале само почетна обука, а уште еден бил водник. Некои извори тврдат дека се спремал да положи квалификациски испит за навигатор на поморска авијација. Прашања за квалификациите имало и за начелник Тејлор. Додека служел во Тихи Океан за време на Втора Светска војна, тој два пати итно слетал авиони на вода зошто во целост го потрошил горивото до последна капка. Во 2020-та година австралискиот научник Шејн Сатерли, откако ги собрал сите достапни податоци за инцидентот, заклучил дека причина за инцидентот биле погрешни постапки на екипажот. Главна грешка наводно била што не се движеле по инструменти, туку по она што ќе се случува на бродот откако ќе се стемни и времето ќе се промени. Според извештајот кој во 2013-та година го подготвил Светскиот фонд за природа, најмногу во светот големи инциденти со бродови се случуваат во Јужно-Кинеското море, а бродови потонуваат и во Средоземното и Северното море. Покрај тоа, бродски несрежи има и во Источниот Медитеран, во близина на Панамскиот канал, во Црното море и близу Британските острови....
Најголемите трансфери во Серија А, лето 1998
off.net - пред 18 часа
И да си генерациски од 2000-та, не можеш да не слушнеш за овие имиња со кои италијанско имаше посебен шмек на времето. Не зборуваме за црно бели преноси, туку за пред 24 години, кои не ни изгледа дека поминале во таа бројка. Сезона 1998/1999 која не се играше со 20, туку со 18 екипи. Сезона во која една Салернитана, која се врати во прва лига после половина век и имаше во просек по 32.218 навивачи на натпревар, го купува Џенаро Гатузо од Глазгов Ренџерс за 9 милијарди лири. Замислете, на Меаца за Интер доаѓале во просек по 68.459 гледачи по натпревар или 21.000 повеќе од Јувентус. Токму во оваа сезона стартува правилото за директен црвен картон за лизгачки старт од зад грб. Интер под водство на Масимо Морати го напаѓа првото Скудето со Роналдо и Роберто Баџо, кој доаѓа после една година мината во Болоња и им дава доверба на две деца од Италија У-21, кои се викаат Андреа Пирло и Никола Вентола. Култната Парма, во тоа време силна на хартија и трофејна, го ангажираше Алберто Малезани кој за засилувања доби имиња како Хуан Себастијан Верон од Сампдорија и Диего Фузер од Лацио, како и тазе светскиот првак со Франција, Ален Богосиан. Актуелниот шампион Јувентус се потпра на шампионскиот костур на екипата и се одлучи за секундарни операции. Го имаа маестралниот Зидан, кој потоа ја освои Златната топка и кој во офанзива соработуваше со тандемот Дел Пјеро - Инѕаги. Постојано растечкиот Лацио, во одбрана се засили со Коуто и Михајловиќ, во средина со Станковиќ и Консеисао, а во напад со Салас и Виери. Нивните градски ривали Рома тивки, го ангажираа само рускиот плејмејкер Аленичев. Милан, кој во преодната фаза после две разочарувачки години, премина во рацете на Алберто Ѕакерони, кој пристигна од Удине со бекот Томаш Хелвег и Оливер Биров, како најдобар стрелец изминатата сезона. Фиорентина го потврди јужноамериканскиот офанзивен тандем Батистута - Едмундо, која од Германија го ангажираше славниот Џовани Трапатони. Каква конкуренција сочинета од „Седумте сестри“ (Le Sette sorelle), назив со кои беа крстени Интер, Милан, Јувентус, Лацио, Рома, Фиорентина и Парма, сите со високи амбиции. Ако треба да продолжиме на тема трансфери, тогаш не би било фер да ги игнорираме и следниве факти. Сампдорија за тренер го ангажираше Лучано Спалети од Емполи, кој во напад располагаше со Винченцо Монтела и Ариел Ортега. Болоња од Лацио го донесе Џузепе Сињори, Пјаченца дебитираше во Серија А со Симоне Ингаѕи, а Перуџа за 4 милиони долари го направи славен Хидетоши Наката, инаку втор Јапонец кој заигра во Италија, кој потоа го облече дресот на Рома. На крај, Милан му избега на Лацио само еден бод и стигна до титулата број 16, а Удинезе и Јувентус кои имаа ист број на бодови мораа да играа мајсторка со два меча за да се одреди кој каде ќе продолжи во Европа. Удинезе се избори за Куп на УЕФА, а Јуве играше во Интертото Купот. Бразилецот Аморозо беше најдобар стрелец во конкуренција на славната и многу силна банда напаѓачи. Тв прилог на Газета со суми за најзвучните трансфери, изразени во фунти....
Во одбрана на Лијам Нисон
off.net - пред 18 часа
Дали сликата на татковството која ја гледаме во филмот “Taken” веќе е аут од модерниот концепт на машкост? се прашува Ендрју Аојама од Атлантик па ќе го понуди овој поглед на работите: „Ако денес е тешко да се гледа „Taken“ без барем да се згрозиш од глорификацијата на крвопролевањето на Нисон, можеби е затоа што традиционалната концепција за татковството што ја отелотворува неговиот лик почнува да губи чекор со променливите сфаќања за мажественоста... Дисциплината беше со генерации домен на таткото а праведниот гнев му дадоа значење на татковството. Бес како оној на Нисон може да се оправда како дефинирање на некогашното прифатливо однесување“. Треба да си дрво да не ја забележиш привлечноста на Taken или John Q или Commando или кој било од илјадниците „не бројам колку треба да потепам за да си ја спасам фамилијата“ филмови, реплицира Мат Таиби. На секој родител му е познато чувството на неограничена ранливост што те погодува кога ти се раѓа дете. Не можеш да веруваш колку ги сакаш, но никогаш не престануваш да бидеш свесен за тоа колку комплетно би се срушил твојот свет доколку некогаш нешто им се случи. И мајки и татковци, сите ние стануваме машини за секирање, обземени од мисли како да ја заштитиме таа прекрасна и беспомошна работа што ни се случи. Сиот тој стрес се таложи додека не станеш бел во косите а во кино ќе дојде некој филм како Taken, кој душа дал да се олабавиш. Повторно, треба да си дрво да не го сфатиш блесавиот заплет на Taken како метафора. Татко не може да биде некој сметководител чиј главен дострел е прв да зaбележи мувла во некој ќош од куќата а деновите му минуваат додека пази неговата мала ќерка да не голтне џамлија. Со Taken и слични филмови човек може секако да се зеза, но да го разгледуваш во контекст на „грозење“, па „губењето чекор“ па „променливи сфаќања на мажественоста“ е баш претенциозна утка. Тоа не е филм за мажи кои сонуваат да ги истепаат дечковците на ќерка им. Не станува збор ниту за „дисциплина“! „Тоа е само ескапистичка фантазија за сите кои некогаш ја почувствувале беспомошноста што стануваат стари за да ги заштитат своите од од сè“. ******* Ова е феноменално парче на Џервеис, Кога Лијам Нисон решава да се проба како комичар....
Даночни „реформи“: Пари ќе се вадат од банки, фирми ќе се селат во странство
off.net - пред 18 часа
Даночни „реформи“: Пари ќе се вадат од банки, фирми ќе се селат во странство 9 август 2022 ShareTweetСподели Владата не нуди даночни реформи туку дополнително оптоварување на бизнисите и граѓаните за да собере повеќе пари во буџетот и да има за отплата на долговите, реагираат стопанственици и економисти на најавите за воведување нови даноци преку кои владата очекува годишно да собере дополнители 54 милиони евра почнувајќи од следната година. Меѓу другото, предвидено е да се плаќаат придонеси за договорите на дело, да се оданочат каматите на штедните влогови и да се воведе некаков „зелен данок“. Со ваков потег државата признава дека лошо управува со финансиите и не успева да ги собере веќе воведените даноци а по нови давачки се посегнува во најлош момент за бизнисите и граѓаните. Пред некој ден пренесовме дека само за провизии и камати за проекти кои не одат никаде, државата има дадено 58 милиони евра извор...
Компјутерите се магија
off.net - пред 19 часа
За да не биде досадно и само раскажување, сервисот ви дозволува да пробувате и ваши фотки за рестраврирање, само имајте предвид дека технологијата најмногу работи на ликови, а не на околина или цели луѓе. Сега клик тука....
Каде исчезна документарецот на Си-би-ес за Украина?
off.net - пред 19 часа
Изјавата за 30-те проценти е на литвански воен експерт кој во тоа време меѓу другото на терен работи на дистрибуција на воената помош за украинските сили. Без разлика на останатата содржина на 23-минутниот документарец, Си-би-ес само заради оваа изјава решава да го избрише документарецот од својот сајт, главно по лавината критики што доаѓа украинската влада која го негира сето ова. Аргумент на украинската влада е и дека разговорите се од април (кога се случуваат некои од најголемите битки и промени на фронтот), а дека денес ситуацијата е сменета. Тоа што е симптоматично околу повлекувањето на документарецот е и дека тоа речиси не се споменува, а не па критикува, во меинстрим медиумите. Забелешката на Кристал Бол од Брејкинг поинтс е дали светските медиуми ги повлекоа и своите вести и репортажи за „духот на Киев“, за кои самата украинска влада призна дека никогаш не постоел и е измислен во пропагандни цели. Некој го сочувал документарецот:...
RIP Оливија
off.net - пред 20 часа
View this post on Instagram A post shared by John Travolta (@johntravolta) Оливија Њутн-Џон почина на 73 години од рак на дојка...
Кога сме овци, секој ќе ти се прави волк
off.net - пред 20 часа
Кога сме овци, секој ќе ти се прави волк 9 август 2022 ShareTweetСподели Абдул Селами, заменик-директорот на УЈП, со закани до градоначалничката Арсовска за избрканите лица од Комунална хигиена. „Данела, немој да мислиш дека си нашла ‘планина без волк’, па ќе можеш да правиш што сакаш“, порача Абдул Селам Селами. 33 лица од Комунална хигиена добија отказ затоа што со месеци и години не оделе на работа, а земале плата. извор...
Сонот на ЕУ за азербејџански гас ќе се прекршува во Нагорно-Карабах
off.net - пред 20 часа
На крајот од јули властите на отцепениот регион Нагорно-Карабах, чие население доминантното е со ерменско потекло, објавија дека азербејџански сили почнале напад на регионот. Подоцна Азербејџан објави дека извршил „анти-терористичка операција против нелегални ерменски вооружени групи на азербејџанска територија.“ Само неколку недели пред оваа операција, во Баку доаѓа премиерката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и потпишува договор со кој испораката на азербејџански гас во ЕУ ќе порасне од 8,1 милијарда кубни метри во 2021 на 20 милијарди кубни метри во 2027. Иако не може да ги покрие потребите за гас на Европа на ист начин како Русија, Азербејџан е најдобрата алтернатива што Унијата ја има во моментов и е клучен на нивните планови за прекинување на зависноста од Русија. На терен, еден проблем е што и покрај волјата на Азербејџан да наплаќа ЕУ пари за својот гас, моментално нема слободен не-руски гасовод за испорака на овие количества. Друг проблем е што освен договорот за гас со Азербејџан, ЕУ не контролира ништо во регионот и главниот збор таму и понатаму го има Русија. Војната во септември 2020 кога Азербејџан со помош на Турција освои делови од ерменски контролираниот Нагорно-Карабах, заврши 24 часа откако Путин во Москва ги свика претседателите на Ерменија и Азербејџан. ЕУ во овој конфликт ниту можеше, ниту знаеше како да реагира, и не направи ништо повеќе од бенигни соопштенија на осуда и слично. Јазолот кој треба ЕУ да го разврзе околу својот нов сојузник, Азербејџан, и неговиот главен душман, Ерменија, е и тврдењето на Баку дека Ерменија е поданик на Русија, додека во исто време Илам Алиев ја поддржува Русија. Па така, и покрај про-руските етикети Ерменија задржа неутралност околу војната во Украина, а Илам Алиев, претседателот на Азербејџан потпиша договор за сојузничка соработка со Москва на 22 февруари, еден ден откако Русија ги призна Донецк и Луганск. Експертите за енергетика потсетуваат на Набуко гасоводот кој предвидуваше масовен капацитет за извоз, меѓутоа Европа во 2013 се одлучи со Азербејџан да се поврзе со два помали гасоводи ТАНАП и ТАП. „Изминатиов период енергетските гиганти всушност гледаат да излезат од Азербејџан. Шеврон во 2020 продаде тоа што имаше, а во ист правец размислува и Ексонмобил. Минатиот септември Бритиш петрол (компанијата што го поврза Азербејџан со Европа) му го продаде својот удел во клучно ново наоѓалиште на нафта на руски Лукоил. Во јули годинава беше објавено дека БП ќе се откаже од својот преостанат удел откако не успева да открие комерцијални резерви на гас. Азербејџан денес се соочува со ограничување на домашното снабдување со гас. Во изминатите години, гасењето струја кое не беше видено од 1990-те станува се почесто. Бидејќи 90% од производството на струја на земјата е на гас, тоа не е во прилог на плановите за извоз на гас. За Азербејџан да стане алтернативен извор на енергија за Европа, мора да се започне со рапидна работа и инвестиции во енергетскиот сектор. Тоа ги вклучува и заложбите на ЕУ за обновлива енергија, кои се неопходни за да се ослободи уште повеќе азербејџански гас за извоз,“ пишува Максимилијан Хес во текстот за Политико. Дури и да се остварат ветувањата за пари од фондови на Г-7 и Брисел, клучно за Западот ќе биде да спречи трета војна во Нагорно-Карабах, и да инсистира на нов формат на преговори, во кој него ќе го има многу повеќе, а Русија многу помалку. Тука Западот мора да пази да не му го подари Нагорно-Карабах на Баку, како во Ерменија не би се вратиле на власт про-руските сили, кои поддржани од контингентите руски мировници во регионот би можеле да извршат притисок врз Алиев, „со што би се ставило крај на надежите за дополнително снабдување со енергија на Европа.“ Сепак Хес има оптимистички исход од целата ситуација кој бара баланс меѓу желбата на Баку за чисти пари, макар и во форма на инвестициски фондови од Западот, и спречувањето на посериозен конфликт во регионот до 2025 кога завршува рускиот мандат во Нагорно-Карабах. „Анти-клептократската агенда на администрацијата на Бајден може да помогне да се држи под контрола режимот на Алиев, со тоа што заедно со наградите ќе бидат спакувани и некои казни. Како што пукотниците почнаа да се обновуваат, овие напори треба веднаш да почнат,“ порачува Хес....
Уште двајца од затворскиот башибозук на Илинден
off.net - пред 20 часа
Уште двајца од затворскиот башибозук на Илинден 9 август 2022 ShareTweetСподели Левица денес објави уште двајца припадници на затворска полиција од КПУ Идризово, кои надвор од законските овластувања, даваа насоки на полицајците при инцидентите на илинденската манифестација. Се работи за Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски, кои се заеднички сликани со директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов, за кого Левица претходно побара одговорност. Ваквото координирано и заедничко делување на затворската полиција укажува на тоа дека се работи за организирана акција од директорите на казнено-поправните установи, а по директива на окупационата влада на СДС. Скандалозен е молкот и немањето реакција на министерот за правда, Никола Тупанчески, за насилничкото и противуставно организирање на затворската полиција, заради штитење на врхушката на СДС. извор...
Бојан Миовски во тимот на колото во шкотска Премиерлига
off.net - пред 20 часа
Македонскиот репрезентативен центарфор Бојан Миовски одлично ја стартуваше авантурта во шкотската Премиерлига и со два гола беше главен играч во триумфот на неговиот нов клуб Абердин од 4-1 против Сент Мирен. Миовски стрелаше од пенал и од игра, а учествуваше и во акцијата која му претходеше на прекрасниот еврогол на соиграчот Кларксон. Реномираниот сајт Whoscored.com во тимот на колото го стави и Штипјанецот кој доби сигурно место во нападот заедно со Жота од Селтик и Тилман од Ренџерс. Миовски шанса за нов погодок ќе има викендов кога во третото коло од шкотската Премиер лига Абердин ќе го пречека Мадервил на свој терен. Навивачите на популарните „донси“ веруваат дека Миовски и другарите можат да одиграат одлична сезона и да се изборат за место во некој еврокуп за следната сезона....
Пешиќ го прецрта Тео во пресрет на Европското првенство и крена лавина реакции
off.net - пред 20 часа
Пешиќ го прецрта Тео во пресрет на Европското првенство и крена лавина реакции 9 август 2022 ShareTweetСподели Српската јавност е шокирана откако селекторот на кошаркарската репрезентација, легендарниот Светислав Кари Пешиќ се реши на само неколку дена по стартот на подготовките за Европско првенство да го прецрта Милош Теодосиќ. Најдобриот играч во Еврокупот за изминатите две сезони кој освои две МВП награди по ред, веќе 10-ина години беше лидер на репрезентацијата на Србија која се надеваше дека конечно ќе има полн состав откако дојде и Никола Јокиќ од НБА. извор...
Обложувачка мафија префрлила 55 милиони евра во Македонија
off.net - пред 20 часа
Обложувачка мафија извадила 55 милиони евра во Македонија кои биле во криптовалути 9 август 2022 ShareTweetСподели Полицијата од Истанбул уапсила 59 луѓе кои заработувале грдни пари од нелегално кладење во Турција, Германија и Македонија. Според турската полиција која извршила апсења во осум градови, се работи за една од најголемите операции за сузбивање на нелегално кладење. Освен во Македонија, постојат сомнежи дека дел од парите завршувале и кај членови на терористичка организација. извор...
Духот на Џамбо: слонот што бил прегазен од воз
off.net - пред 21 часа
Во книгата од 1886, „Кралот на слоновата коска“, американскиот природонаучник Чарлс Фредрик Холдер го опишува статусот на слоновите низ призмата на оние кои се занимаваат со конзервација на животната средина. Иако признава дека слонот е „вистински крал на ѕверовите, најголемото и најмоќното од постоечките земни животни“, тој сепак го смета за „проколнат“. Причина за тоа се ловците на кои тој им е привлечен уште од предисториски времиња, како и современите трговци со слонова коска. Како главна причина за уништувањето на слоновите тој го наведува рапидното напредување на Британците на Истокот, воведувањето на железницата и генералниот напредок на Индија, каде слонот претходно имал огромна стопанска и симболичка улога. Иако е „крал“, слонот сепак не може да се натпреварува со парната локомотива и другите западни технологии. Споредбата на животните со машините е стара колку и технологијата. Пронаоѓањето на парната локомотива коинцидирала со проширувањето на европскиот империјализам во делови од светот (Африка, јужна и југо-источна Азија) кои се дом на слоновите. Од западна перспектива, тие биле моќни и импресивни животни кои вршеле голем дел од работата која ја вршеле машините во Европа и Северна Америка. Но истовремено, постоела свест дека модерната технологија не само што е супериорна во однос на физичката работа на слоновите, туку дека таа на крај ќе ги замени, што може да значи и нивно истребување. Во романот „Тешки времиња“ на Дикенс од 1854, тој ја опишува сличноста помеѓу „клипот на парната машина кој монотоно оди нагоре-надолу“ и „главата на слонот во состојба на меланхолично лудило“ - слика која ја повторува дури четири пати во релативно краток роман. Слонот е технологија на колонијалната другост, и оттаму предмет на фантазии за западна доминација. Истовремено, мешавината на меланхолија и лудило зборува за културолошката анксиозност поврзана со исто така моќната и непредвидлива индустриска машинерија на викторијанската ера. Симболичниот судир помеѓу железницата и слоновите често пати резултирал со буквални судири. Најдобро познатиот е оној поврзан со смртта на слонот Џамбо во 1885. Спомнатиот Холдер му посветува цело поглавје, опишувајќи ја приказната за неговото фаќање во Африка, долгиот период во Лондонската зооолошка градина, како бил продаден на П. Т. Барнум (за него претходно види тука), што предизвикало скандал помеѓу британската јавност, и сцената на смртта на Џамбо во Онтарио. По последната изведба во циркусот на Барнум, Џамбо бил донесен до неговиот вагон, кога товарен воз кој во тоа време не требало да минува тука удрил во вагонот. Телото на Џамбо тешко 6000 килограми успеало да ги извади од шините и возот и два други вагона, но не оддолеало на ударот. Во својата автобиографија Барнум ја опишува неговата смрт како „универзално прокламирана и жална трагедија“, велејќи дека добил стотици телеграми и писма со сочувство. И ова не било претерување. При комеморација на трагедијата, сто години подоцна, градот Ст. Томас кадешто таа се случила поставил статуа во природна големина на слон. По смртта на Џамбо, неговиот труп бил препариран, и продолжил да патува со Барнум, кој подоцна го донирал на универзитетот Тафтс, каде слонот станал маскота на училиштето. Препарираниот Џамбо бил уништен од пожар во 1975. Сè што останува од него е опашката и мал куп пепел, која се чува во тегла од путер од кикирики, во канцеларијата на спортскиот директор на Тафтс. извор...
Старците се ужас
off.net - пред 22 часа
Во анкетата на Југов се опфатени само регистрирани гласачи од двете партии и независни, а според нив втор мандат на Трамп би бил катастрофа за 37% од гласачите, а втор мандат на Бајден за 35. Со овие бројки опцијата „најлошото нешто“ собрала најголем процент на анкетата која имала уште 4 други опции: најдобро нешто што може да се случи, главно добро, мешавина од добро и лошо, главно лошо. Против кандидатурата на Трамп биле 85% од гласачите демократи и 25% од гласачите републиканци, додека против Бајден 2024 биле дури 43% од гласачите демократи и 84% од гласачите републиканци. Сепак ако денес се одржи реприза на изборите 2020, 41% од гласачите изјавиле дека ќе го поддржат Бајден, а 39% ќе го поддржат Трамп. Хипотетички доколку Бајден се тргне на страна и демократите ја изберат Камала Харис за претседателските избори, нејзината кандидатура во 2024 би добила само 30% од гласовите на демократите или независните, додека 52% се за некој друг кандидат. Од друга страна, потенцијалната замена на Трамп на гласачкото ливче со Рон Десантис (гувернерот на Флорида) би била поддржана од 44% од републиканците....
Ете кај лежи зајакот на „Олд Трафорд“
off.net - пред 22 часа
Од првично силно финансирање и „да му даваат на клубот“, Глејзери стигнуваат до „да му земат на клубот“ што веќе 10-ина години предизвикува силен гнев и револт кај навивачите на Јунајтед кои сакаат Глејзери да го продадат клубот што е можно поскоро....
Прва победа на Серена после 430 дена, најави крај на кариерата
off.net - пред 22 часа
Прва победа на Серена после 430 дена, најави крај на кариерата 9 август 2022 ShareTweetСподели Една од најголемите тенисерки на сите времиња, освојувач на 23 Гренд Слем турнири, Американката Серена Вилијамс (40) успешно се врати на терените откако на турнирот во Торонто победи првпат после 14 месеци. На стартот од турнирот во Канада победи 6:3, 6:4 против Нурија Паризас Дијаз. „Изгледа дека гледам светло на крајот од тунелот и се поблиску сум до таа светлост, така што... Во последвно време тоа е тоа за мене. Некако не можам да дочекам да стигнам до тоа светло“, најави Серена крај на богатата кариера. извор...
На 73 почина Оливија Њутн-Џон
off.net - пред 23 часа
На 73 почина Оливија Њутн-Џон 9 август 2022 ShareTweetСподели Најпозната по својата улога во „Брилијантин“, Оливија Њутн-Џон, која носеше и благородничка титула „дама“, почина на 73 години по долга борба со рак на дојка. Прв пат од него заболела во 1992, но во 2017 објави дека тој повторно се појавил. Таа со години беше посветена на ширењето на свесноста за оваа болест, како и на истражувањето на корисноста на лековитите билки. Ја повикуваше својата родна Австралија да ги прифати законите на Калифорнија, каде што долго време живееше, и да овозможи медицинска употреба на марихуаната. Оливија стана најпозната по својата улога на Сенди во „Брилијантин“покрај Џон Траволта, култен мјузикл за генерациите кои растеа при крајо на 1970-тите. Во него глумеше средношколка, и покрај тоа што тогаш имала 29 години. извор...
ЕУ има построги санкции за Полска отколку за Русија
off.net - пред 23 часа
Процената на Полјаците е дека штетата што Русија ќе ја претрпи од санкциите од ЕУ нема да биде повеќе од 35 милијарди евра, колку што изнесува сумата на фондови за Полска што ЕУ ги има блокирано. Спорот меѓу ЕУ и Полска се тегне со години многу пред војната во Украина, и во конкретниов случај се работи за судските реформи што ги спроведе Полска а не се по мерак на Унијата. На почетокот од војната кога уште се коваше ЕУ единството против Русија овие проблеми беа ставени на страна, делумно и затоа што Полска е една од државите која најмногу и помага на Украина и прими најмногу бегалци од таму. Неколку месеци подоцна, ЕУ машинеријата одлучи дека треба да продолжи онаму каде што застанале пред инвазијата и да се врати на воспитување на своите членки. Полските аналитичари го толкуваат блокирањето на фондовите како дел од обидите на Брисел да ја смени владата во Полска по која било цена, бидејќи сегашната владејачка партија (Партијата на Законот и Правдата) ја смета за непријател на актуелниот европски естаблишмент....
Среќа што е пријателска мајсторе, па нема да ти замерат многу
off.net - пред 23 часа
🤦🏽🤦🏽🤦🏽 Menos mal que es pretemporada. pic.twitter.com/fKsA0C0lDF — Fernando Ciordia (@fernandociordia) August 5, 2022...
Сасуоло елиминиран во Куп од второлигаш, Берарди тргна да се тепа со навивач
off.net - пред 23 часа
Еден од навивачите му дофрли: Професионалец си, цела Италија те гледа, треба да бидеш над ситуацијата. Плус промаши чиста шанса и против Македонија по ѓаволите. In this video you can hear one fan bringing up his miss vs Macedonia 😬 pic.twitter.com/58vgeTuvbf — Italian Football TV (@IFTVofficial) August 8, 2022 Италијанскиот репрезентативец се извини за потегот и објасни дека реакцијата му била таква, поради тоа што му го навредиле семејство....
Нова сезона, нов гаф на Мегваер и тоа уште непочнат натпреварот
off.net - пред 23 часа
Па уште пазете каков шмек има клипов со текстот и музичето....
Џорџо, ти за одбојкар да не отиде во Америка?
off.net - пред 1 ден
Chiellini così nella notte 🙌 Giallo inevitabile 🟨pic.twitter.com/CHi0A8twXP — GOAL Italia (@GoalItalia) August 7, 2022...
Што сум го седнуел Роџер Вотерс
off.net - пред 1 ден
Делот за Украина во кој Вотерс му вика на соговорникот да земе да чита малку и патем да размисли што ќе се случeше ако Кина реши да постави нуклаерни проектили во Мексико и Канада: Поголемото парче:...
21 година Карпалак: Хероите не се забораваат, злосторствата не застаруваат
off.net - пред 1 ден
Преживеаниот возач на автобусот Ацо Јованоски секоја година се сеќава и го посетува местото Карпалак на патот Скопје – Тетово. Најголема болка му е што нема спомен обележје. „Јас 20 години одам на Карпалак и 20 години е истата тема – секогаш барав барем едно обично камче да постават. Да има каде да се положи цвеќето. Но, го положуваме на банкината. Првотто возило што ќе помине по нас, го оддувува, како да не било", вели Јованоски кој веќе е со нарушено здравје....
Украинците преку ноќ осиромашија за 20%
off.net - пред 1 ден
1. На 22.07.2022 Банката на Украина ја девалвира националната валута, украинската гривна, за 20% во однос на американскиот долар (на сликата). Може да се каже и обратно, американскиот долар поскапел за 25% во однос на гривната. Нормално, таквиот чекор го оправдуваат со поткревање на конкурентноста на украинскиот извоз, но никој не ја кажува другата, поважната и потемната страна на девалвацијата - украинскиот увоз (меѓу кои е најважна нафтата) поскапува за 25%. Трговците верижно ги креваат цените, при непроменети плати на граѓаните, буџетарите се исплатуваат со обезвредени пари, па така со еднократна одлука на централната банка сите тие преку ноќ осиромашија за 20%. Едноставно војната повеќе не може да се финансира од реални извори, па населението мора да ја плати со своето осиромашување. Ова е само почеток. Во иднина се очекуваат нови девалвации, што ќе доведе најпрво до галопирачка инфлација, а во терминалната фаза на распадот и до хиперинфлација. Познат феномен во сите војни. Хиперинфлацијата целосно го разорува здравото економско ткиво на една држава. 2. Истиот ден, на 22.07.2022 агенцијата за кредитен рејтинг Фич го намалува кредитниот рејтинг за надворешниот долг на Украина за два степени, од CCC на C, што е последното скалило пред RD или D за ограничен или целосен банкрот по обврзниците. Неколку дена подоцна рејтингот го намалува и агенцијата Стандард и Пурс, од CCC на CC. Намалувањето на рејтингот е директна последица на барањето на Украина да се одложи исплатата на купонската камата, којашто редовно треба да се исплатува два пати годишно. Тоа го оправдуваат со потребата за пари за набавка на оружје, но всушност - немаат пари. Следен критичен датум е 09.08.2022, кога собранието на доверителите на обврзниците, разните инвестициски фондови, треба да се произнесат по барањето за одложување на исплатата. Немаат многу избор, па најверојатно ќе го прифатат неплаќањето на купонската камата. Од агенцијата Фич веќе најавија дека со тоа автоматски рејтингот го спуштаат на RD (ограничен банкрот). Но, тоа ќе биде вистински банкрот, поради немање пари, а не како вештачкиот и невистинитиот банкрот на Русија, којшто САД сака да го прикаже така што и ги блокира сметките и не и дава можност да ги уплати доларите, коишто ги има во доволни количества. Да се потсетиме, сите доларски трансфери на светот мораат да поминат преку американски банки-посредници. За разлчика од кредитите, обврзниците немаат никакво обезбедување, па кај нив довербата и рејтингот на издавачот на обврзницата претставуваат сé. Со D рејтинг, популарно наречен „ѓубре“ (junk), шансите на Украина да се задолжи со нови обврзници се намалуваат на нула. Значи, со малата заштеда за неисплатување на каматите за наводно купување оружје, се лишуваат од извор на свежи пари за понатамошно функционирање на државата. 3. Како единствен извор на пари на Украина сега и остануваат само донациите, односно милостината од западните влади. На Украина месечно и недостигаат од 5 до 7 милијарди долари, зависно од изворот на информации. Иако ЕУ во мај и вети 9 милијарди долари, досега и додели само една милијарда, а Германија најверојатно ќе го блокира доделувањето на останатите пари. Но, дури и да ги добијат, тие пари стигаат одвај за еден месец. Едноставно, никој не сака да вложува пари во држава-лузер. 4. Можеби најкатастрофалниот податок се однесува на падот на БДП на Украина. Зависно од изворот, тој на годишно ниво изнесува 35% - 45%. Во САД алармот се вклучува при пад од 10%, којшто ако потрае два квартали едноподруго значи влез во зоната на рецесија. Патем, таму тоа и се случува деновиве. Пад од 20% значи депресија, додека пад од 35% - 45% до денеска не е виден во современиот свет. Зошто се случува толкав пад, ако се знае дека во војната не се бомбардирани цивилни фабрики, освен во неколкуте градови на истокот (Северск, Лисичанск и Мариупољ)? Повеќето големи градови, меѓу кои и Херсон, беа предадени без борба и разурнување. Причини има неколку. Најпрво, загубата на 21% територија на државата и тоа од економски највиталниот дел. Второ, масовното исселување од земјата. До денес Украина ја напуштиле околу 10 милиони жители, вклучувајќи ги и 1,6 милиони пребегани во Русија (оние за кои Украина вели дека биле насилно депортирани, но секој нека процени дали може Русија да храни 1,6 милиони непријателски настроени луѓе без никаква потреба). Конечно тука се и еден милион мобилизирани, коишто не само што не создаваат БДП, туку само трошат. Едноставно, нема кој да произведува и да го полни буџетот. Кога сме кај исселените, тие не се исселени од зоната на воените дејствија, туку од останатиот, мирен дел на Украина. Таквото однесување не е типично за народ којшто и верува на сопствената власт. На пример, за време на бомбардирањето на СР Југославија, поточно Србија, населението никаде не бегаше, па дури доброволно, со жив штит ги бранеше мостовите од злосторничкото НАТО бомбардирање. Такво нешто не гледаме во Украина. Доколку не беа затворските казни, лишувањето од имот и таканаречените заградителни одреди (на пример „Кракен“), коишто им стрелаат во грбот на присилно мобилизираните резервисти коишто ќе се решат да ја напуштат првата борбена линија (типични фашистички методи), досега никој не би останал во државата. Конечно, прекинати се многу синџири на снабдување и отежнат е извозот на пченица, главниот украински извозен производ. Со пад на производството на пченица за околу 50% во годинешнава реколта на териториите под контрола на Киев, ќе има доволно храна за намаленото украинско население, но не се знае колку ќе преостане за извоз. Значи, останува да видиме што ќе се случи на 09.08.2022 на собранието на доверителите на обврзниците, но во секој случај рејтингот се намалува на RD или D, што ќе покрене бран од други настани, кои ќе ја втурнат државата во уште поголема беспарица. Гледаме дека моментално се води војна на исцрпување, а финансиското исцрпување не може а да не се одрази и на военото исцрпување. За една година од денес нема ништо да биде како што е сега. Ќе биде многу полошо. проф. Дејан Трајковски...
A видовте ли каков корнер изведе Дибала?
off.net - пред 1 ден
Dybala🔥🔥🔥 pic.twitter.com/TFSNnHcQOv — CIRO Luis Diciannovesimo BORINI (@ciroaleroby4) August 7, 2022 Слушнете само како го пречекаа на Олимпико пред пријателската против Шахтјор на кој славеа со 5:0, а тој не беше меѓу стрелците. 🟨🏟️💎🟥 Il primo abbraccio dell'Olimpico a @PauDybala_JR #ASRoma pic.twitter.com/VfgxTPfgI5 — AS Roma (@OfficialASRoma) August 7, 2022 Со Миле беше најјако...
Левандовски се најави на Камп Ноу со гол и две асистенции за 19 минути
off.net - пред 1 ден
Како загревање за Рајо Ваљекано против кој ќе ја отворат новата сезона во Ла Лига следната сабота, Каталонците славеа со висок триумф од 6:0. Повод беше трофејот „Жоан Гампер“, а демолираниот противник, мексиканскиот тим Пумас. Навивачите на Барселона уживаа во воведните 20 минути од мечот во кои паднаа четири гола, а главни во шоуто беа Педри и Левандовски. Пољакот го отвори резултатот уште по 3 минути игра, а за прекрасната асистенција му возврати на 19 годишниот шпански репрезентативец со две убави додавања во 5-та и 19-та минута. Меѓу двата гола на Педри стрелаше Дембеле, а во вториот дел конечните 6:0 ги остварија Обамејанг и Френки де Јонг. The definition of class 👏 pic.twitter.com/tK7VsQacvf — FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2022 🎩 Lewandowski + Pedri 🎯 A perfect flick and finish 🤩 pic.twitter.com/VCbVTbmxOr — FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2022 Левандовски суптилно го испоштува Роналдињо на промоција во Барселона...
Уште едно јако галопирање на Бејл, овојпат во САД
off.net - пред 1 ден
Во последниот триумф на Лос Анџелес ФЦ над Солт Лејк од 1-4, Бејл даде гол кој потсети на неговиот легендарен од големото дерби на финалето на шпански Куп меѓу Реал Мадрид и Барселона кога го прешиша Марк Бартра како брз воз:...
Калин Ивановски со огромен скок на АТП
off.net - пред 1 ден
Калин Ивановски со огромен скок на АТП 8 август 2022 ShareTweetСподели Најталентираниот македонски тенисер кој летово одигра одличен турнир на Вимблдон, бележи историски напредот на АТП листата. На најновото рангирање, Ивановски скокна дури 344 места и од 1.404-та стигна до рекордната 1.070-та позиција. Оваа година тој ќе ја памети по историскиот пласман во топ 8 на Вимблдон во јуниорска конкуренција. На ИТФ турнирот во Австрија пред 10 дена, стигна до полуфинале. Калин елегантно го корегираше новинарот на Вимблдон. извор...
Монблан бара депозит за погреб и спасување
off.net - пред 1 ден
Тарифата од 15.000 евра ќе биде поделена на 10.000 трошоци за спасување и 5.000 трошоци за погреб, ако и тоа затреба. Се работи за искачувањето преку Гуте рутата од француска страна, која локалните водичи престанаа да ја работат откако кон средината на јули по неа се случи сериозна лавина на камења. Веднаш потоа локалните власти објавија предупредувања да се престане со искачувањето по оваа рута, која е достапна за планинари со секакво ниво на искуство. Локалните власти на Твитер објавија дека десетици „псевдо-планинари“ ги игнорирале овие предупредувања, наведувајќи и 5 романски посетители кои се обиделе да го искачат Монблан во „шорцеви, патики за трчање и сламени капи“ па морале да бидат вратени назад од планинската полиција. „Луѓето сакаат да се искачат, а смртта им е во ранците. Па ајде да ги пресметаме трошоците за нивно спасување, и цената за нивниот погреб, затоа што е неприфатливо француските даночни обврзници да мора да ја платат сметката,“ изјавил градоначалникот на Сен Жерве ле Бен, гратчето од каде тргаат турите. Врвот е достапен и од италијанска страна преку патеката Рати, која тргнува од Курмајор, меѓутоа ова е далеку помалку користена рута. Италијанската страна не планира барање депозит од планинарите. Безбедноста на западноевропските планини летово е проблематична заради високите температури што ги зафатија и предизвикаа лавини на мраз од тамошните глечери од кои на почетокот на јули загинаа 11 лица. На затворената Гуте рута, локалните водичи предупредија дека „дење и ноќе гледаат лавини од камења“ заради што се до 15 август нема да ја качуваат....
Вашингтон пост ја сска Америка
off.net - пред 1 ден
Ова треба да ги стиши двата актуелни но погрешни ставови: сфаќањето кај десницата дека мора да попуштиме кај Русија за да се спротивставиме на Кина, и сфаќањето меѓу левицата дека мора да попуштиме кај Кина за да и се спротивставиме на Русија. Ова е лажен избор - бидејќи сето тоа е еден судир. И покрај длабоката скептичност меѓу американскиот народ за интервенција во странство, лидерите на двете партии изгледа разбираат дека САД има должност и интерес да практикува активно лидерство и да притисне против американските противници и во Европа и во Азија. „Нема да ја победиме Кина со тоа што ќе се повлечеме од остатокот од светот. Ќе ја победиме Кина со тоа што ќе застанеме со нашите сојузници против нашите непријатели,“ порача сенаторот Тед Круз пред да гласа за проширување на НАТО. Круз одговараше на аргументите од сопартиецот Џош Ховли, единствениот сенатор кој гласаше против проширување на НАТО. Во колумна во Нешнл интрест, Ховли напиша: „Мораме помалку да правиме во Европа (и на други места) за да ги приоретизираме Кина и Азија.“ Тој изјави дека САД мораат да донесат тешки одлуки затоа што „не можат да ги поразат Кина и Русија во две големи војни во исто време.“ Ховли е дел од растечки тренд во надворешната политика кој сака да го оправда намалувањето на притисокот врз Москва. Конференцијата за конзервативна политичка акција, по пречека руски-наклонетиот унгарски премиер Виктор Орбан на настанот што го организираше. Херитиџ фондацијата, некогаш бастион на традиционално агресивната републиканска надворешна политика, во мај се спротивстави на американското финансирање за Украина, главно заради тоа кој таму ќе полага одговорност. Меѓутоа гласањето за НАТО покажува дека најголемиот дел од раководството на републиканците разбира дека помека позиција околу Русија ниту е добра пракса ниту е добра политика. Шест од 10 Американци го поддржуваат давањето оружје и помош за Украина, а 7 од 10 републиканци го поддржуваат НАТО. Спротивно на аргументите на Ховли, засилувањето на НАТО го намалува американскиот товар во Европа. Уште поважно, идејата дека зголемувањето на капацитетите за одвраќање на Русија ќе доведат до војна е измислен аргумент. НАТО е одбранбена алијанса, направена за спречување на поголема војна. Во меѓувреме, кај левицата, повеќе високи функционери деновиве предупредија дека посетата на Пелоси на Тајван ќе предизвика голема војна против Кина во најлошото можно време, што е уште еден измислен аргумент. Томас Фридман во Њујорк тајмс тврди дека посетата на Пелоси е „невнимателна“ затоа што Украина го бара целото наше внимание. „Основите на геополитика се дека не почнуваш војна на два фронта со други две суперсили во исто време,“ пишува Фридман. Прво, Фридман погрешно ја користи етикетата „невнимателна“. Таа и припаѓа чисто на Кинеската комунистичка партија, која одлучи да се закани на безбедноста на Пелоси. Кина лансира проектили во правец на Тајван и спроведува воени вежби околу островот. Тоа е невнимателно. Посета на Тајван за состаноци, не е. Уште поважно, таа анализа целосно погрешно ја толкува ситуацијата во Кина - претстојното крунисување на Ши Џинпинг со трет претседателски мандат значи дека тој не може да си дозволи да изгледа слаб, но исто така и дека во моментот не може да си дозволи голем конфликт. Ограничената помош што Кина и ја овозможува на Русија се должи на кинеската желба да избегне американски санкции, и тоа се нема променето. По значително туркање на рака, администрацијата на Бајден ја поддржа посетата на Пеолси, користејќи разумни чекори и дипломатија за да го менаџира гневот на Пекинг. Небото не ни падна на глава. Не почна Трета светска војна. Патувањето на Пелоси не го промени фактот дека Кина, а не САД, е агресивната страна која го нарушува статус-квото во Тајванскиот теснец. Ставот дека САД може да бира меѓу спротивставување на руска агресија или кинеска агресија е привлечен се додека не се соочи со реалноста. Вистината е дека овие две експанзионистички диктатури работат заедно за да ја поткопаат нашата безбедност, просперитет и слобода. Москва и Пекинг ја гледаат својата борба против Западот како преплетена, па и ние мора да ја признаеме таа врска. Добрите вести се дека САД имаат голем број силни партнери кои исто така разбираат дека ова е двојна закана, а не избор меѓу два одделни предизвици. Лидерите на двете страни на политичкиот спектар треба да престанат да го залажуваат американскиот народ со лажна комфорност дека можеме да си го дозволиме луксузот да избереме да конфронтираме едно зло, а другото не. Џош Рогин, Вашингтон пост...
Два збора за рускиот рулет на Барса
off.net - пред 1 ден
Ама она што цел фудбалски свет го мисли а Нагелсман јавно го кажа, сега го потврди и првиот човек, газдата на англиски Лидс Јунајтед, Италијанецот Андреа Радрицани. Барселона летово пазареше сјајни фудбалери, доведе врвни играчи. Некои како слободни агенти но за огромни плати, а некои преку трансфер. На „Камп Ноу“ дојдоа: Роберт Левандовски, Франк Кеси, Рафиња (бразилски репрезентативен шпиц), Жил Кунде (француски репрезентативен стопер за кого Челси даваше 75 сигурни милиони фунти), Андреас Кристенсен, Пабло Торе Карал и др. Е сега како ќе плаќаат за тоа: Дали сте уверени дека Барселона ќе му плати на Лидс за Рафиња? „Ќе ви кажам на 2. септември. Ако не, тогаш ќе имаме глобален случај, сите светски медиуми ќе пишуваат за Барселона... Така што не знам“. Од раководството на шпанска Ла Лига претходните денови стигнуваа информации дека Барселона треба прво да подмири претходни долгови за да може да ги регистрира новите засилувања. Новата сезона во шпанска Примера почнува следниот викенд....
„Малиот Худини“: затвореникот со најголем број бегства
off.net - пред 1 ден
Кристофер Даниел Геј имал тешко детство, поминато во сиромаштија со насилен татко. Во еден момент тој и неговиот брат дури сакале да извршат заедничко самоубиство - едниот да пука во другиот, а потоа во себе. Но останале живи бидејќи никој не собрал сила да пука во брата си. Уште од мали се занимавале со ситен криминал, кој постепено почнал да станува голем. Специјалност на Кристофер станале кражбите на возила - речиси и да нема моторно возило коешто тој го нема украдено, од автомобили до булдожери. Ова колку што било потреба (возилата ги препродавал), толку станало и предизвик. Но уште поголем предизвик претставувало бегањето од затвор откако ќе бил фатен. Наједноставни за „Малиот Худини“, како што почнале да го нарекуваат, биле лисиците, а научил да ги отвора дури и со патент од фармерки. Има бегано низ прозорци, преку ѕидови, под ѕидови, симулирајќи самоубиство. Научил да ги збунува полициските кучиња со тоа што си ја посипувал облеката со бибер или со смрдлива течност од јазовец. Еднаш се скрил во плиток гроб, покрај мртов труп. При сето ова, никогаш не повредил никого, а принцип му бил да не влегува во нечија куќа, дури ни по гаражи. Едно од неговите легендарни бегства се должело на информација дека мајка му е на умирање од рак. Избегал од затворот, украл трактор и додека зад него имало потера од десетина полицајци успеал некако да стигне до приколката во која живеела мајка му, но наместо да влезе во неа и да го фатат одлучил да избега во блиската шума. Мајка му умрела по дванаесет дена, а нему не му било дозволено да присуствува на погребот. Уште една голема потера се случила кога тој го украл автобусот за турнеи на кантри пејачката Кристал Гејл (со која Том Вејтс го сними саундтракот што доби Оскар, One from the Heart). Некои велат дека токму со него, а не со тракторот, тој се обидел да стигне до мајка си и дека било коинциденција што таа многу ја сакала пејачката. Како и да е, настанот инспирирала друг „блуграс“ пејач, Тим о’Браен, да сними песна под наслов „Балада за Кристофер Даниел Геј“, а откупени се и правата за филм, базиран врз биографијата на човекот кој последниот пат кога бил фатен, во 2009, ветил дека ќе помине низ програма за рехабилитација и дека до нејзиното завршување нема веќе да бега, а во име на обновување на неговата врска со ќерка си. Колку што знаеме до сега го има одржано зборот....
Вашиот мобилен го помага вработувањето на деца во Африка
off.net - пред 1 ден
Можеби е платено неполни 2 долари на ден, и е сигурно дека ако едно дете загине во рудникот секогаш ќе има потреба од ново, но и понатаму останува дека е сигурно и платено. Малку ли правите за нив?...
А да видите Миле со која песна излезе на промоција во Рома
off.net - пред 1 ден
Уште појако е што спикерот го најавува Миле како Мајл:...