Путин со претседателот на Иран: „Се формира нов светски поредок“ (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 1 час
Путин со претседателот на Иран: „Се формира нов светски поредок“ (ВИДЕО) Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес во Туркменистан, при што двајцата лидери ги поздравија сè посилните врски меѓу своите земји и сличните погледи на настаните во светот, во сојузот кој Вашингтон го гледа со сè поголема загриженост. Во конфликт со Соединетите Американски Држави и Европската Унија поради војната во Украина, што се смета за дел од пошироката егзистенцијална борба против арогантниот и себичен Запад, Путин сака да ги продлабочи врските со глобалниот Исток и глобалниот Југ. Путин, чија земја е домаќин на самитот на земјите од БРИКС во Казањ од 22 до 24 октомври, ги покани Пезешкијан да дојде во официјална посета на Русија. Иранскиот лидер ја прифатил поканата, пренесува државната новинска агенција РИА. „Економски и културно, нашите комуникации јакнат од ден во ден и стануваат сè посилни“, му кажа Пезешкијан на Путин. Пезешкијан во септември ја обврза својата земја на подлабоки врски со Русија за да им се спротивстави на западните санкции. Техеран и Москва тврдат дека се блиску до потпишување договор за партнерство, а Пезешкијан денес кажа дека тоа прашање би можело да се финализира на самитот на БРИКС во Русија. САД загрижено го набљудуваат односот на Москва со Техеран, а Вашингтон го обвини Иран дека ѝ испорачува на Русија балистички проектили за конфликтот во Украина, што Техеран го негира. Иранскиот претседател претходно изјави дека Израел „треба да престане да убива невини луѓе“ и дека израелските акции на Блискиот Исток ги поддржуваат САД и ЕУ. И Русија го критикува Израел за бомбардирањето цивили. Кремљ претходно денес соопшти дека Путин, на конференцијата во централноазиската земја, кажа дека се формира нов светски поредок и дека се појавуваат нови центри на глобалниот раст и финансиско и политичкото влијание. Русија поддржува „најширока можна меѓународна расправа“ за мултиполарниот свет во создавање и е отворена за расправа за тоа на разни форуми, вклучувајќи ги Заедницата на независни држави, Евроазискиот економски сојуз, Шангајската организација за соработка и БРИКС, кажа Путин. Advertisement Post Views: 5 Русија 2024-10-11 Весник Илинден...
Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор
Македонски весник Илинден - пред 4 часа
Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката. Денеска, како што е наведено во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам. До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата татковина Македонија, порачува Македонското друштво “Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Advertisement Post Views: 82 Македонско друштво “Илинден“-Тирана 2024-10-11 Весник Илинден...
Најмалку 10 мртви, над три милиони луѓе без струја првичен биланс од ураганот Милтон
Македонски весник Илинден - пред 1 ден
Најмалку 10 мртви, над три милиони луѓе без струја првичен биланс од ураганот Милтон Најмалку 10 луѓе загинаа, а над три милиони останаа без електрична енергија при ударот на ураганот Милтон врз делови од американската сојузна држава Флорида. Секретарот за национална безбедност на САД, Алехандро Мајоркас на брифинг во Белата куќа соопшти дека владата има извештаи за најмалку 10 смртни случаи. Пет од нив се пријавени во округот Сент Луис на источниот брег на Флорида. До 19 часот на Флорида беа потврдени 19 торнада, вчера беа регистрирани околу 45, информира Националната метеоролошка служба. Гувернерот Рон Десантис рече дека државата го избегнала „најлошото сценарио“, но причинета е голема материјална штета. Advertisement Post Views: 94 Сад 2024-10-10 Весник Илинден...
Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права
Македонски весник Илинден - пред 1 ден
Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на заштитата на правата на малцинствата во Бугарија, пренесува Дојче веле. „Со оглед на тоа што Бугарија има сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат во земјата. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел на човековите права“, се наведува во извештајот. Не се спроведуваат препораките Во него се критикува дека не се направени напори за спроведување на голем број долгогодишни препораки во врска со ваквите прашања како принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на малцинските права, вклучително и јазичните права, како и потребата да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија, како и општествена интеграција. „Лицата кои се идентификуваат како Македонци продолжуваат да бараат заштита според Рамковната конвенција, но властите не признаваат постоење на објективни критериуми, што им отежнува остварување на индивидуалните права. Нивните обиди за регистрација на здруженија не успеаја. Исто така, Помаците изразија желба за заштита, но властите не ги признаваат нивните самоидентификациони критериуми“, се наведува во извештајот, а пренсува ДВ. Во документот се упатуваат препораки до бугарските власти да ги усогласат своите активности со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Притоа се нотира дека се потребни повеќе активности од властите во голем број сфери поврзани со правата на потребни се лица кои припаѓаат на националните малцинства. Принцип на еднаквост Комитетот порачува дека правата на малцинствата и нивната ефективна реализација мора да бидат приоритет за властите. Тој укажува дека е важно да се следи практичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци и Помаци и да се примени принципот на еднаквост и еднаков пристап до правата, како и на промовирање на меѓусебно почитување и разбирање, особено во образованието, културата и медиумите. Во извештајот се наведува дека според пописот од 2021 година, Турците претставуваат најголемо малцинство во Бугарија со 8,4% од населението, по што следуваат Ромите (4,4%). Според резултатите, 14.870 лица се самоидентификувале како Помаци, 14.218 како Руси, 5.306 како Ерменци, 2.071 лице како Каракачијани, 1.643 како Власи, 1.625 како Грци, 1.153 како Евреи и 1.143 како Македонци. Претставниците на одредени национални малцинства ги оспоруваат резултатите од пописот од 2021 година и сметаат дека реалните бројки на нивното соодветно малцинство се значително повисоки од прикажаните во резултатите од пописот. „Лицата кои се идентификуваат како Македонци известиле за обиди од властите да ги обесхрабрат во нивната самоидентификација. Пријавени се и инциденти за време на јавни настани и пречки во организирање протести. Учесниците во истражувањето забележуваат дека свеста за малцинските права во бугарското општество е на ниско ниво“, се вели во извештајот. Во извештајот се нотира и дека Европскиот суд за човекови права во 12 случаи против Бугарија утврдил повреди на член 11 во однос на слободата на собирање и слобода на здружување на организациите на Македонците во Бугарија. Advertisement Post Views: 106 Советот на Европа 2024-10-10 Весник Илинден...
Николов и Стерјовски се сретнале со Хеди Фрај, шеф на делегацијата на Канада во Парламентарното собрание на ОБСЕ
Македонски весник Илинден - пред 2 дена
Николов и Стерјовски се сретнале со Хеди Фрај, шеф на делегацијата на Канада во Парламентарното собрание на ОБСЕ Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, активист за човекови права на Македонците од Албанија, прв Македонец избран во Собранието на таа земја и претседател на Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) продолжија со нивните средби со канадски владини и надворешно-политички претставници. Николов и Стерјовски се сретнаа со доктор Хејди Фрај, директорка на делегацијата на Канада во Парламентарното Собрание на Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа (ОБСЕ ПС) и специјална претставничка на ОБСЕ ПС за родови прашања, како и пратеничка со најдолг стаж во канадскиот Парламент, каде е актуелна претставничка на владејачката Либерална Партија. Николов повика Канада да ја смени својата анти-македонска политика, спроведувана од Либералната Партија на Канада, а делегацијата на ПС на ОБСЕ на Канада да ги спроведе своите цели за „почитување на човековите права и основните слободи“ на Македонците. Николов истакна дека македонски жени, особено пратенички од опозициските партии и критичари на претходната власт, беа на удар на режимот на Зоран Заев, кој беше инсталиран од страна на САД. На средбата, Николов објасни дека сме сведоци на драматичен пораст на анти-македонски постапки на Балканот, кои произлегуваат од принудното менување на името од страна на Грција, кое ни беше илегално наметнато од страна на Соединетите Држави и режимот на Заев кој САД го инсталираа во Македонија. Се вршеше масовно кршење на меѓународното право и македонските закони и човековите и граѓанските права и слободи со цел илегално да се наметне крајно навредливото име „Северна Македонија“, кое беше измислено да се избрише македонскиот идентитет, култура и историја, во замена за кревање на грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО, кој ни беше наметнат од САД. Западните земји, вклучително и Канада, ги поддржуваа грчките барања и им дадоа слобода на Грција Грција, Бугарија и Албанија да ги спроведат своите политики на негирање на македонскиот идентитет, и експоненцијално да го засилат кршењето на човековите права на Македонците. Бугарија ги интензивираше своите напади врз Македонците во Бугарија, вклучително, меѓу другото, со напад врз културниот центар во Горна Џумаја, активности на тајната полиција и апсење на учесници на македонски собири и со експлозијата на анти-македонски говор на омраза од страна на бугарските политичари и медиуми. Понатаму, како што објасни Стерјовски, Бугарија ги проширува своите анти-македонски активности и во Албанија, каде бара – и добива – поддршка од албанската Влада во своето тврдење дека македонското малцинство во Албанија одеднаш станало „бугарско“. Ова се прави во замена за бугарска поддршка за приемот на Албанија во Европската Унија. Како што истакна Стерјовски, Бугарија го злоупотребува своето членство во Европската Унија, и користи разни методи за да ги асимилира Македонците и да произведе „бугарско“ малцинство во Албанија. Таа поттикнува албански граѓани да извадат бугарски пасоши – за кои им наплаќа иљадници евра – со што ќе ги добијат привилегиите на државјанство во Европската Унија. Бугарија потоа овие луѓе ги прогласува за „етнички Бугари“. Бугарија неодамна испрати високи претставници во Албанија кои отворено се мешаа и провоцираа со своите анти-македонски постапки, и извршија масовно мешање во пописот што Албанија го спроведе во 2023 година. При овој попис, двете земји се здружија со цел, за првпат во албанската историја, на еден попис Бугарите да се појават како малцинство. Сите малцинства во Албанија здружено го осудија пописот и побараа да се спроведе нов попис, со меѓународни набљудувачи. Николов ги осуди двојните стандарди на Западот кој селективно ги применува мерките за заштита на човековите права и не само што ги изоставува Македонците, туку и намерно ги крши човековите права на Македонците. ММДЧП и МАЕИ ја повикаа Канада да ги осуди Бугарија, Албанија и Грција за нивните анти-македонски постапки, да побара итно враќање на името на Македонија и да загарантира еднаков третман и заштита на човековите права на сите Македонци. Advertisement Post Views: 80 Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов 2024-10-09 Весник Илинден...
Со усвојување заедничка Декларација, заврши Самитот Брдо-Бриони
Македонски весник Илинден - пред 2 дена
Со усвојување заедничка Декларација, заврши Самитот Брдо-Бриони Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата во Тиват рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка Декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан. Самитот беше уште една можност да ја повториме единствената порака, заедничка за сите нас, дека нашиот простор е простор на заеднички вредности, мир и просперитет, и дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан, истакна Милатовиќ на заедничката прес-конференција со претседателите на Словенија и Хрватска. Тој додаде дека мирот и безбедноста никогаш не можат да се земат здраво за готово и дека самитот е секогаш добра прилика да се разговара и за оние прашања околу кои не секој има исто мислење. Долгорочната стабилност подразбира добрососедски односи, рече Милатовиќ, додавајќи дека „Црна Гора е и секогаш ќе биде земја посветена на регионалната соработка и добрососедските односи.“ Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, рече дека процесот Брдо-Бриони трае со години како форма на комуникација меѓу државите, од кои некои меѓусебно не се признаваат, што, како што наведе, само по себе е вредно за напор. Милановиќ оцени дека ЕУ е голем и многу инертен систем и дека идните членки „ако се чека толку долго колку што се чека сега, ќе го изгубат трпението“. – Наша задача е да ги охрабруваме, додаде тој. Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, истакна дека Црна Гора има најголем потенцијал за прием во ЕУ, а според неа, Косово има најмали шанси за тоа. На пленарната седница на самитот Брдо-Бриони, се разговараше за унапредување на соработката меѓу Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Покрај домаќинот, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, учествуваа и претседателите на Албанија и Хрватска, Бајрам Бегај и Зоран Милановиќ, претседателките на Косово, Словенија и Македонија, Вјоса Османи, Наташа Пирц Мусар и Гордана Силјановска Давкова. Присуствуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им се придружи на учесниците на самитот подоцна, за време на работниот ручек. Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, со цел зајакнување на меѓусебната доверба и помош на Западен Балкан на патот кон ЕУ. Членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Advertisement Post Views: 70 Самитот Брдо-Бриони 2024-10-09 Весник Илинден...
Албанската опозиција протестираше во Тирана, бара владата да ја замени технократски преоден кабинет
Македонски весник Илинден - пред 2 дена
Албанската опозиција протестираше во Тирана, бара владата да ја замени технократски преоден кабинет Конзервативната опозиција ја обвинува левичарската влада дека манипулира со предвремените избори и ја узурпира власта, вклучувајќи го правосудството. Демократската партија на поранешниот премиер Сали Бериша во последната недела одржува протести и во парламентот откако нивниот колега Ервин Салијањи беше осуден за клевета, а партијата на бериша кажа дека случајот е политички мотивиран. Салијаеи во 2018 побара оставка на тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувања за незаконски активности на неговиот брат за кои подоцна се покажа дека се измислени. Салијањи кој од пред повеќе од една недела издржува едногодишна казна затвор, поднесе жалба на пресудата до Врховниот суд. Демократите бараат кабинет составен од технократи, обвинувајќи го премиерот Еди Рама од владејачката левичарска Социјалистичка партија дека манипулирал со свикувањето предвремени избори. Тие долго ги обвинуваат социјалистите на Рама за узурпација на власта, вклучувајќи го правосудството, и организираат насилни протести против владата уште од 2013 година. Десничарите бараат Бериша да биде пуштен од домашен притвор во кој е ставен поради истрага за наводна корупција. Опозицијата повика на граѓанска непослушност, почнувајќи ги протестите со собир пред главната зграда на владата. Европската Унија и Соединетите Американски Држави ја повикаа опозицијата да го продолжи дијалогот со власта, кажувајќи дека насилството нема да ѝ помогне на земјата да се интегрира во Европската Унија. ЕУ во 2020 реши да ги почне преговорите за прием на Албанија, и овој месец Тирана ќе ги почне преговорите за усогласување со владеењето на правото, функционирањето на институциите и борбата против корупцијата. Advertisement Post Views: 121 Албанија 2024-10-09 Весник Илинден...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Ѓурѓај оствари средба со потпретседател на Собранието на Македонија, Милошоски
Македонски весник Илинден - пред 3 дена
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Ѓурѓај оствари средба со потпретседател на Собранието на Македонија, Милошоски Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Собрание на Република Македонија оствари работна средба со потпретседател на Собранието, г-дин Антонио Милошоски. На работната средба го информирав г-дин Антонио Милошоски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Република Албанија, секако беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Република Албанија. На средбата г-дин Антонио Милошоски покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија, и многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите на Македонците. Секако, во опсегот на неговите надлежности, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Република Албанија. За непосредната и срдечна средба, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло му се заблагодарува на потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-дин Антонио Милошоски. Advertisement Post Views: 126 г-дин Антонио Милошоски Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај Потпретседател на Собранието на Република Македонија 2024-10-07 Весник Илинден...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска
Македонски весник Илинден - пред 3 дена
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) оствари работна средба со, директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Република Албанија, секако беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Република Албанија. Директорката Трајковска изрази подготвеност за идна соработка со здружението во интерес на македонската заедница во Албанија. Advertisement Post Views: 74 Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Никола Ѓурѓај Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана 2024-10-07 Весник Илинден...
Ѓурѓај: Резолуцијата усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции
Македонски весник Илинден - пред 3 дена
Ѓурѓај: Резолуцијата усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности, ФУЕН а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за МИА го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции. Со Резолуција, од име на Македонско друштвото “Илинден“ и македонско национално малцинство во Република Албанија, меѓу другото, се бара од Владата на оваа земја, досегашното тело Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија, рече Ѓурѓај. Потсетува дека Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата, но додава, како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е „подложна на политичко влијание, што резултира со негова целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно за дијалогот меѓу Владата и малцинствата“. Затоа, сметаме дека Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалог со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Република Албанија, а неговата работа да биде јавна и присутна во медиумите во државата, нагласува тој. Резолуцијата едногласно беше усвоена на 68-от Конгрес што се одржа во Хусум, Германија, кон крајот на минатиот месец, на кој учествува претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа. Advertisement Post Views: 151 Македонско друштво “Илинден“-Тирана Македонци во Албанија федералната унија на европските националности Фуен 2024-10-08 Весник Илинден...
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај
Македонски весник Илинден - пред 3 дена
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во Тиват, Црна Гора каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. На средбата беше изразено задоволство од тековниот политички дијалог меѓу двете земји, како и од билатералната вклученост во различни регионални и мултилатерални иницијативи што помага во постигнувањето на заедничката цел – јакнење на регионалните врски, градење на просперитетна иднина за граѓаните и унапредување на визијата за меѓусебно поврзан регион. Претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до албанскиот претседател за успешното отворање на Кластерот 1 во преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ и оцени дека тоа е значајно достигнување не само за Албанија, туку и за целиот регион и дека напредокот постигнат од секоја земја-кандидат од Западен Балкан позитивно влијае на заедничката регионална динамика. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека остануваме силно посветени на нашиот сопствен пат кон ЕУ и продолжуваме да ги спроведуваме неопходните реформи, истовремено активно работејќи со нашите партнери од ЕУ на обезбедување одржлив и предвидлив аранжман со цел придвижување на процесот напред. Соговорниците ја истакнаа и одличната соработка во рамките на НАТО, каде двете земји редовно се координираат и дејствуваат заедно за прашања од заеднички интерес, при што посочија дека партнерството во НАТО е клучен аспект на заедничката безбедност. На средбата беше разговарано и за малцинските права во двете земји. Advertisement Post Views: 148 Бајрам Бегај Гордана Сиљановска Давкова Претседателката на Македонија Претседателот на Албанија 2024-10-08 Весник Илинден...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова
Македонски весник Илинден - пред 3 дена
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари работна средба со Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Државниот архив на Република Македонија оствари работна средба со Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова. На средбата беше разговарано за намерите за потпишување Меморандум меѓу Државниот архив и Македонско друштво ”Илинден”-Тирана кој би опфатил повеќе проекти кои ќе се реализираат во иднина. Двајцата соговорници заклучија дека е потребно да се формира архивски фонд како посебен вид на соработка кој би ја опфаќал историјата на македонските организации и дејноста на видни македонски активисти од Република Албанија. Државниот архив како институција ги поддржува сите активности на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Advertisement Post Views: 144 Државниот архив на Република Македонија Македонско друштво “Илинден“-Тирана 2024-10-07 Весник Илинден...
Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан
Македонски весник Илинден - пред 5 дена
Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот на Светска банка за Македонија, денеска го означија почетокот на модернизација на граничниот премин Деве Баир. Инвестицијата е 1, 6 милиони евра, а реконструкцијата се реализира во сорабтока меѓу Министерството за транспорт и Царинската управа. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски: Благодарам за поддршката на Светска банка што ја дава за овој и многу други бројни проекти. Со целосна подршка на Владата и премиерот Мицкоски работиме многу инфраструктурни проекти во ист временски период. Почнуваме и многу е важно да ги завршуваме проектите. Овој проект го започнуваме денеска а треба да биде завршен до мај 2025 година и да имаме прва фаза завршена од реконструкција на граничниот премин Деве Баир. Во моментов работиме на нов детален урбанистички план од А категорија кој што треба да не однесе до втората фаза на реализација на граничниот премин, така што во текот на следната година ќе почнеме, а во текот на 2026 година ќе го завршиме целосен овој граничен премин и во делот на граничната управа и во делот на фитосанитарната управа и во делот на граничната полиција и секако со повеќе сообраќајни ленти. До овој граничен премин веќе од Нова година ќе води еден убав експресен пат. Веќе сме во завршна фаза на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и исто така да најавам дека почнуваме проектирање нова траса со цел поврзување од Куманово со новиот експресн пат до Ранковце, така што од Скопје до граничниот премин да се стигнува во едно пријатно возење од час/час и десетина минути. Се надевам дека и нашите соседи ќе посветуваат исто или слично внимание како што ние посветуваме на Коридор 8, тука мислам на Бугарија и Албанија како дел од Коридор 8. Можам да најавам дека деновиве започнуваме и со реконструкција и на граничниот премин Ќафасан, слични вакви активности и очекувам до мај следната година и тој да биде ставен во функција, изјави заменик претседателот Николоски. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека модернизацијата на овој граничен премин е силна политичка порака. Со самата оваа реконструкција и со реконструкција на ГП Клепало, покажуваме дека секоја точка на Македонија ни е важна. Македонските граѓани кои што ќе го отплаќаат овој кредит земен од Светска банка, ќе добијат модерни гранични премини а Царинската управа поефикасни услови за работа. Преку модернизација на граничните премини ќе создадеме подобри услови и ќе се избегнат оние гужви и турканици, додаде премиерот Мицкоски. Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, истакна дека инвестирањето и подобрувањето на граничните премини е дел од заложбите за побрза интеграција во ЕУ. Изградбата на нов современ објект за стоково царинење, на нова управна зграда ќе ги подобри условите за работа на царинските и полициските службеници и сите инспекциски служби на граничните премини, потенцираше директорот на Царинската управа, Николовски. Advertisement Post Views: 99 Граничен премини Ќафасан 2024-10-06 Весник Илинден...
Страшното невреме ја „парализира” Албанија
Македонски весник Илинден - пред 5 дена
Страшното невреме ја „парализира” Албанија Невремето, проследено со обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира” Албанија. Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат од домовите. Во случај на птреба да се јават на телефонскиот број 112 или на апликацијат „МојаТирана”. Поради невремето приморскиот град Валона е без електрична енергија, како и други делови во земјата. Поради големите бранови забрането е испловување на сите видови пловни објекти долж целото крајбрежје. Државната полиција и Агенцијата за државни патишта апелираат на посебна внимателност, по патиштата, пред се во планинските подрачја поради одрони и ерозии. Посебна внимателност, со строго почитување на патната сигнализација, се препорачува и на автопатот Патот на Арбр (Руга е Арбрит), кој Тирана ја поврзува со преминот Блато на албанско-македонската граница кај Дебар, кого на големо го користат и македонски граѓани. Advertisement Post Views: 128 Албанија Тирана 2024-10-05 Весник Илинден...
ММДЧП и МАЕИ остварија средба во Министерството за Надворешни Работи на Канада, каде побараа осуда на анти-македонските постапки на Бугарија
Македонски весник Илинден - пред 5 дена
ММДЧП и МАЕИ остварија средба во Министерството за Надворешни Работи на Канада, каде побараа осуда на анти-македонските постапки на Бугарија На 2 октовмри, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, македонски активист за заштита на човековите права од Албанија и претседател на Македонската Алијанса за Европска Интеграција, се сретнаа со Џули Клотие, заменик директорка на европски и евро-азиски прашања на Министерството за Надворешни Работи на Канада. Стерјовски воедно е првиот Македонец избран за пратеник во Албанија. На средбата, Николов објасни дека сме сведоци на драматичен пораст на анти-македонски постапки на Балканот, кои произлегуваат од принудното менување на името од страна на Грција, кое ни беше илегално наметнато од страна на Соединетите Држави и режимот на Заев кој САД го инсталираа во Македонија. Се вршеше масовно кршење на меѓународното право и македонските закони и човековите и граѓанските права и слободи со цел илегално да се наметне крајно навредливото име „Северна Македонија“, кое беше измислено да се избрише македонскиот идентитет, култура и историја, во замена за кревање на грчкото вето за приемот на Македонија во НАТО, кој ни беше наметнат од САД. Западните земји, вклучително и Канада, ги поддржуваа грчките барања и им дадоа слобода на Грција Грција, Бугарија и Албанија да ги спроведат своите политики на негирање на македонскиот идентитет, и експоненцијално да го засилат кршењето на човековите права на Македонците. Бугарија ги интензивираше своите напади врз Македонците во Бугарија, вклучително, меѓу другото, со напад врз културниот центар во Горна Џумаја, активности на тајната полиција и апсење на учесници на македонски собири и со експлозијата на анти-македонски говор на омраза од страна на бугарските политичари и медиуми. Понатаму, како што објасни Стерјовски, Бугарија ги проширува своите анти-македонски активности и во Албанија, каде бара – и добива – поддршка од албанската Влада во своето тврдење дека македонското малцинство во Албанија одеднаш станало „бугарско“. Ова се прави во замена за бугарска поддршка за приемот на Албанија во Европската Унија. Како што истакна Стерјовски, Бугарија го злоупотребува своето членство во Европската Унија, и користи разни методи за да ги асимилира Македонците и да произведе „бугарско“ малцинство во Албанија. Таа поттикнува албански граѓани да извадат бугарски пасоши – за кои им наплаќа илјадници евра – со што ќе ги добијат привилегиите на државјанство во Европската Унија. Бугарија потоа овие луѓе ги прогласува за „етнички Бугари“. Бугарија неодамна испрати високи претставници во Албанија кои отворено се мешаа и провоцираа со своите анти-македонски постапки, и извршија масовно мешање во пописот што Албанија го спроведе во 2023 година. При овој попис, двете земји се здружија со цел, за првпат во албанската историја, на еден попис Бугарите да се појават како малцинство. Сите малцинства во Албанија здружено го осудија пописот и побараа да се спроведе нов попис, со меѓународни набљудувачи. Николов ги осуди двојните стандарди на Западот кој селективно ги применува мерките за заштита на човековите права и не само што ги изоставува Македонците, туку и намерно ги крши човековите права на Македонците. ММДЧП и МАЕИ ја повикаа Канада да ги осуди Бугарија, Албанија и Грција за нивните анти-македонски постапки, да побара итно враќање на името на Македонија и да загарантира еднаков третман и заштита на човековите права на сите Македонци. Advertisement Post Views: 144 Македонското меѓународно движење за човекови права 2024-10-06 Весник Илинден...
Министерот за внатрешни работи Тошковски разговараше за решавање на проблемот со граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со министерот за внатрешни работи на Албанија, Хоџа
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Министерот за внатрешни работи Тошковски разговараше за решавање на проблемот со граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со министерот за внатрешни работи на Албанија, Хоџа Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. Разговаравме за чекорите за зајакнување на билатералните односи во областите од заеднички интерес, а особено за: Спроведување на заедничка гранична контрола и олеснување на режимот на преминување на заедничкиот граничен премин Ќафасан, Рехабилитацијата и реконструкцијата на Блате/Спас и примената на „Едношалтерство“ и измена и довршување на договорот и инфраструктурни проекти за заеднички граничен премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со цел зголемување на бројот на корисници заради олеснување на жителите на Голо Брдо. Advertisement Post Views: 224 Граничен премин Џепиште - Требиште областа Голо Брдо Министерот за внатрешни работи на Албанија Ервин Хоџа Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски 2024-10-04 Весник Илинден...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски разговараше за решавање за проблемот со граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски разговараше за решавање за проблемот со граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. Разговаравме за чекорите за зајакнување на билатералните односи во областите од заеднички интерес, а особено за: Спроведување на заедничка гранична контрола и олеснување на режимот на преминување на заедничкиот граничен премин Ќафасан, Рехабилитацијата и реконструкцијата на Блате/Спас и примената на „Едношалтерство“ и измена и довршување на договорот и инфраструктурни проекти за заеднички граничен премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со цел зголемување на бројот на корисници заради олеснување на жителите на Голо Брдо. Advertisement Post Views: 4 Граничен премин Џепиште - Требиште областа Голо Брдо Министерот за внатрешни работи на Албанија Ервин Хоџа Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски 2024-10-04 Весник Илинден...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски освари средба со Македонци кои живеат во Албанија
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски освари средба со Македонци кои живеат во Албанија Престојот во Тирана го искористив и за срдечна средба во просториите на македонската амбасада со дел од Македонците кои живеат во Албанија. Имав можност непосредно да се запознам со нивниот начин на живот тука, како и предизвиците и проблемите со кои се соочени. Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет. Силно верувам дека македонските заедници во странство се важен дел од нашиот национален идентитет. Нивната љубов кон татковината е евидентна. Овие луѓе беа заборавени и затоа одржувањето на блиски контакти со нив е од исклучителна важност, а јас секогаш сум подготвен за соработка и поддршка во рамките на моите можности. Мојата врата е секогаш отворена за комуникација и заедничко делување, сè со цел да ги зајакнеме врските помеѓу татковината и нашите граѓани во дијаспората. Advertisement Post Views: 105 Македонци кои живеат во Албанија Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски 2024-10-04 Весник Илинден...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Ѓурѓај оствари работна средба со Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Димитровски
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Ѓурѓај оствари работна средба со Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Димитровски Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија оствари средба со г-дин Зоран Димитровски, Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Зоран Димитровски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Република Албанија. Секако, г-дин Зоран Димитровски беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Република Албанија. Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија г-дин Зоран Димитровски покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија, и многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во Албанија. Секако, во опсегот на неговите надлежности, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Република Албанија. За непосредната и срдечна средба, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло му се заблагодарува на г-дин Зоран Димитровски, Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија. Advertisement Post Views: 185 Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски Никола Ѓурѓај Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана 2024-10-04 Весник Илинден...
Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денeска во Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Низ дискусијата, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија, Билјана Стефаноска, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците во Република Албанија на повеќе полиња. Advertisement Post Views: 185 Билјана Стефаноска Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија Никола Ѓурѓај Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана 2024-10-04 Весник Илинден...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Албанија
Македонски весник Илинден - пред 7 дена
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Албанија Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. „Со министерот Хоџа разговаравме на теми коишто се од заеднички интерес за нашите граѓани. Прва тема беше воспоставување на „One Stop Shop“ систем којшто ќе овозможи побрз трансфер на патници во рамки на граничните премини коишто ги имаме со Република Албанија. Тој систем веќе е во напредна фаза на имплементација со Република Србија, така и со Република Косово се со цел да го забрзаме протокот на патници на овие гранични премини, со максимално намалување на времето на трансферирање на патниците од овие држави. Разговаравме и за можноста нашите полициски служби да продолжат со континуирани посети коишто ги имаме во рамки на летната сезона и албански полициски службеници патролираат во рамки на туристичките зони коишто ги имаме во Македонија, а македонски полициски службеници патролираат во туристичките зони во Албанија, со цел подобрување на условите за нашите граѓани. Секако, фокус на средбата ставивме и на оперативните аспекти на двете министерства во борбата против транснационалниот организиран криминал, илегална миграција и криумчарењето на лица“, потенцираше министерот Тошковски. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа го потенцираше заедничкиот проект за рехабилитација и реконструкција на граничниот премин Блато-Спас и управување на границите на двете земји со финализирање на веќе дискутираниот и изготвен договор за одржување на граничните ознаки со нашата земја. Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за продлабочување на билатералната и оперативна соработка помеѓу двете министерства, како и заложбите за унапредување на традиционално добрите добрососедски односи и регионалната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа и заедничкото учество во регионалните иницијативи. Advertisement Post Views: 122 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Тирана 2024-10-04 Весник Илинден...
Пратениците насилници исклучени од парламентот од 10 дена до два месеца
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Пратениците насилници исклучени од парламентот од 10 дена до два месеца Секретаријатот за етика при албанскиот парламент донесе одлука, со која, пратениците кои предизвикаа хаос во салата и запалија столици пред собраниската зграда, ги исклучи од работата од 10 дена до два месеца. Два месеца вон Собранието ќе бидат Фламур Нока, Газмент Барди и Бледион Налбати. За пратеникот Еди Палока оваа казнена мерка е 10 дена, додека други 20 се исклучени на 40 дена. За тој период тие нема да добијат плата. Одлуката е донесена денеска, по барање на пратеничката група на социјалистите да се преземат дисциплински мерки против нив, поради тензиите и насилството создадено на собраниската седница во понеделникот од страна на демократските пратеници, во знак на незадоволство од едногодишната затворска казна за нивниот сопартиец, пратеникот Ервин Салиањи, чиј адвокат денеска поднесе жалба до Врховниот суд. И денешниот состанок на Советот за етика беше проследен со хаос и тензии предизвикани од опозициските пратеници. Генералниот секретар на ДП Фламур Нока во изјава за медиумите потврди дека граѓанската непослушност ќе продолжи. Advertisement Post Views: 215 Албанија 2024-10-02 Весник Илинден...
28 години од членството на Албанија во Европската конвенција за човекови права
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
28 години од членството на Албанија во Европската конвенција за човекови права Албанија денеска ја одбележува 28-годишнината од стапувањето во сила на Европската конвенција за човекови права (Конвенција) и Протоколот бр. 1 од неа. По нејзиното членство во Советот на Европа, на 13 јули 1995 година, Албанија ја ратификуваше Конвенцијата набргу потоа, која стапи на сила на 2 октомври 1996 година. Овој историски чекор ја означи интеграцијата на земјата во европскиот систем за човекови права, значително ја зајакна заштитата на основните права, вклучително и правото на сопственост, според член 1 од Протоколот бр. 1. Оттогаш, Европскиот суд за човекови права (Судот) служеше како витална заштита за албанските граѓани, овозможувајќи им да ги бараат своите права кога домашните правни лекови не функционираат. Конвенцијата одигра клучна улога во реформирањето на правниот систем на Албанија, зајакнувањето на европските стандарди во демократијата, владеењето на правото и човековите права. Од ратификацијата на Конвенцијата од Албанија, Судот во текот на годините регистрирал над 1300 барања од албански државјани. Од нив, Судот донел околу 204 одлуки против Албанија, кои се занимаваат со различни прекршувања на човековите права, вклучително и прашања кои ги засегаат правата на сопственост според член 1 од Протоколот бр. 1. Некои историски случаи, како што се „Манушаќе Путо и други против Албанија“ (2012) и „Бешири и други против Албанија“ (2012), значително влијаеја врз домашните реформи, особено во однос на враќањето на имотот и компензацијата. Албанија останува меѓу земјите со висок број на нерешени случаи пред Судот, со околу 38 случаи кои чекаат судење за 2024 година.[1] Влијанието на Конвенцијата е видливо во реформите кои се однесуваат на прашања како што се независноста на судството, правото на правично судење и забраната за нечовечко постапување. Оваа годишнина ја истакнува континуираната посветеност на Албанија да ги поддржува принципите содржани во Конвенцијата додека напредува кон понатамошна европска интеграција. Во тесно партнерство со Европската унија, Советот на Европа ја продолжува својата поддршка на јавните власти и локалните актери за ефективно спроведување на одлуките на Судот преку проектот „Заштита на правото на сопственост и олеснување на извршувањето на одлуките на ЕКЧП во Албанија“ (D-REXIII ). Со посебен фокус на барањата за правата на сопственост, прашање од значајно историско и општествено значење, проектот го поддржува решавањето на системските предизвици и зајакнувањето на владеењето на правото во Албанија. Advertisement Post Views: 150 Европската конвенција за човекови права 2024-10-02 Весник Илинден...
Николоски и Визер во преговори за нови авио-рути: Унапредување на авиосообраќајот и проширување на досегашната соработка
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Николоски и Визер во преговори за нови авио-рути: Унапредување на авиосообраќајот и проширување на досегашната соработка Заменикот на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски се сретна со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади, за да дискутираат за нови можности во авиосообраќајот. Преку новиот јавен повик за финансиска поддршка, се очекува воведување на нови авио-линиии од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што ќе го поттикне развојот на патничкиот сообраќај. Заменикот на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна средба со извршниот директор на авиокомпанијата Визер, Јозеф Варади. На оваа средба се разгледуваа можностите за унапредување на авиосообраќајот и проширување на досегашната соработка. Финансиска поддршка за авио-компании На средбата, една од клучните теми беше финансиската поддршка што ја обезбедува Владата на Република Македонија за стимулирање на нови авио-рути. Оваа мерка има за цел да го поттикне зголемувањето на бројот на патници и да го прошири авиосообраќајот преку овозможување на поддршка за авиокомпании кои воведуваат нови линии. Министерот Николоски ја истакна важноста на соработката со Визер и потенцираше дека оваа авиокомпанија значително придонела за развојот на патничкиот авиосообраќај во Македонија. Исто така, се нагласи важноста на поддршката за идни проекти кои ќе го зголемат капацитетот на постоечките дестинации. Јавен повик за нови авио-дестинации На средбата беше презентиран новиот јавен повик за финансиска поддршка кој е отворен за сите авиокомпании заинтересирани за воведување на нови линии од и кон Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Министерот детално објасни дека условите и критериумите за повикот се транспарентни и однапред дефинирани, со цел да се обезбеди еднаков пристап за сите учесници. Јавниот повик ќе трае до 7 октомври, а за трите години што следат (2025-2027), ќе се доделат средства во висина од 360 милиони денари. Според предвидените услови, секоја авиокомпанија што ќе учествува ќе добие финансиска поддршка од 9 евра по патник што ќе пристигне на скопскиот аеродром, и 12 евра по патник што ќе пристигне во Охрид. Детални услови за јавниот повик Министерот Николоски детално ги презентираше условите на јавниот повик, нагласувајќи ги клучните барања. Финансиската поддршка ќе биде распределена во зависност од бројот на патници, со што авиокомпаниите ќе бидат мотивирани да воведат линии со поголем капацитет. Дополнително, повикот се однесува и на евентуалните нови авиокомпании, кои ќе имаат можност да се позиционираат на македонскиот пазар под исти услови. За секоја нова линија, авиокомпаниите ќе мораат да ги исполнат минималните технички и оперативни критериуми кои се пропишани од страна на Министерството за транспорт. Условите вклучуваат и одржливост на линиите, како и задолжителна фреквенција на летовите. На средбата се дискутираше за досегашната соработка меѓу Визер, како примател на финансиската поддршка за воведување нови авиолинии, и Владата на Република Македонија, која ја спроведува оваа мерка со цел да го поттикне и подобри авиосообраќајот во земјата. Исто така, министерот Николоски го покрена прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од и кон Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Тој детално ги претстави условите и критериумите на повикот, нагласувајќи го значајниот придонес на Визер во развојот на патничкиот авио-транспорт во изминатите години. Дополнително, истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании заинтересирани за работа на македонскиот пазар според предвидените услови, велат во соопштени од кабинетот на министерот Николоски Долгорочен развој на авиосообраќајот Министерот Николоски ја потенцираше важноста на оваа мерка за продолжување на развојот на авиосообраќајот во Македонија, нагласувајќи дека овој јавен повик претставува можност за сите авиокомпании кои сакаат да се позиционираат на македонскиот пазар. Средствата што се доделуваат преку повикот имаат за цел не само да го зголемат бројот на патници, туку и да го зголемат економскиот придонес од авио-индустријата. Визер е една од најголемите нискобуџетни авиокомпании која веќе е присутна во Македонија, и нејзината соработка со Владата обезбедува значаен економски придонес, што ќе продолжи и во иднина со воведување на нови авио-линиии. Придобивки од новиот јавен повик Министерството за транспорт и врски смета дека новите авио-рути ќе имаат долгорочен позитивен ефект врз патничкиот сообраќај, но и врз туризмот во земјата. Со јавниот повик, авиокомпаниите добиваат поддршка за воведување линии кон различни дестинации, што ќе го зголеми бројот на туристи и економските придобивки за локалната економија. Исто така, Визер ја потврди својата подготвеност да ги разгледа можностите за учество во јавниот повик, со цел да продолжи да ја зголемува својата мрежа на дестинации и да ги подобри услугите за патниците кои патуваат од Македонија./lider.mk Advertisement Post Views: 157 Александар Николоски 2024-10-02 Весник Илинден...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со амбасадорот на Албанија Денион Мејдани
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со амбасадорот на Албанија Денион Мејдани Денеска министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани. На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста. Посебен акцент на средбата беше ставено на целосното профункционирање на заедничката контрола на граничниот премин Ќафасан. Advertisement Post Views: 162 Денион Мејдани Панче Тошковски 2024-10-02 Весник Илинден...
Мицкоски: Постигнавме договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Мицкоски: Постигнавме договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно За нас претставува големо задоволство што можеме денеска да кажеме дека во Владата, компанијата „РСД“ од Германија којашто овдека преку својот сопственик, г. Кристијан којшто пред мене зборуваше и даде краток вовед за тоа што тие планираат да направат тука кај нас во периодот којшто следи. Имавме можност да разговараме и како Влада да ги поддржиме нивните планови, бидејќи ние секако како Влада имавме главна стратешка цел да го подржуваме туризмот и тоа беше еден од причините да туризмот го поврземе со министерството за култура, тоа што го кажа и претходниот говорник дека практично тие имаат намера, а добрата вест е што таа намера е веќе потврдена и во реалност и туристите почнуваат да доаѓаат од овој февруари, околу 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Македонија како реализација, односно како организација на оваа туристичка агенција. Тие имаат намера да развиваат културен туризам и да ние ги покажеме нашите културни капацитети коишто ги имаме како што е Градот Охрид, потоа Скопје како главен град, потоа меморијалниот центар „Мајка Тереза“ и останати културни знаменитости коишто претставуваат наша карактерна особина како држава, бидејќи Македонија има многу такви места со коишто може да се гордее, но она што е важно да се напомене е дека самата агенција „РСД“ има повеќе од 1 милијарда евра годишен обрт и таа покрај туризмот се занимава со други области како што се маркетингот, телекомуникациите, енергетиката, хотелиерството итн., значи претставува една голема сложена групација. Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело дополнително околу 30 милиони евра директни трошења овде кај нас од страна на овие гости коишто ќе не посетат или заедно ако тука го вкалкулираме и сместувањето и останатите трошоци, превозот и слично, можеме дури и да дојдеме и до бројката од 50 милиони евра. Овие 35 илјади гости практично ќе бидат на балканска тура, таа балканска тура започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија или вкупниот број на ноќевања на овие 35 илјади гости коишто ќе доаѓаат годишно на почеток, планот е да ги дуплираме тие чартер летови, да бидат два и три но тоа ќе зависи од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети, треба и ние како држава да подржиме таков тип на сместувачки капацитети коишто ќе бидат атрактивни за овој тип на гости, коишто би биле во поголем број односно би ги дуплираме, па и ги триплирале во годините коишто следат, но овие 35 илјади гости бројот на ноќевања коишто ќе ги имаат претставува практично од 10 до 15 проценти од вкупниот број на ноќевања коишто ги остваруваат странските гости во овој момент кај нас. Што значи ние ќе имаме додадена вредност од само една туристичка агенција од 10 до 15 проценти повеќе споредено со тоа што е состојбата во овој момент. Јас навистина можам да го кажам задоволството од страна на Владата, бидејќи сепак да имате директна кеш ликвидност во економијата од околу 30 милиони или вкупно заедно со сместувачките капацитети, со транспортот, од 50 милиони годишно и да имате 140 илјади нови ноќевања тоа навистина претставува значителен успех и ние како држава преку програмите коишто веќе ги имаме воспоставено планираме ова сериозно да го поддржиме и во периодот којшто следи да го зголемиме, зошто да не го дуплираме или триплираме. Така што уште еднаш сакам да го изразам моето големо задоволство и ова кореспондира со нашата цел да ги споиме секторите туризам и култура, бидејќи според анализите коишто ние ги имаме направено, претходно додека бевме во опозиција и сега како Влада, можам да кажам дека огромен број од туристите коишто доаѓаат од надвор и коишто ја посетуваат Македонија се практично туристи коишто сакаат да ги видат културните знаменитости на државата. Така што еве тука би завршил. Од февруари да им посакаме добредојде на овие по еден авион секој ден, односно отприлика 190 гости секој ден, а понатаму да работиме овој број да го дуплираме, триплираме овие 50 милиони да станат 100, 150 милиони евра што значително ќе претставува додадена вредност во нашиот туристички сектор, но и во економијата во целина. Advertisement Post Views: 98 Македонија 2024-10-02 Весник Илинден...
Николовски Ќафасан добива нов изглед: Модернизација за поефикасна контрола
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Николовски Ќафасан добива нов изглед: Модернизација за поефикасна контрола Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан. Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка. Advertisement Post Views: 174 Граничен премин Ќафасан 2024-10-02 Весник Илинден...
Претседателот Иванов и Бан Ки-мун ја отворија јубилејната 15-та Школа за млади лидери
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Претседателот Иванов и Бан Ки-мун ја отворија јубилејната 15-та Школа за млади лидери Вчера започна јубилејната 15-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов која што ќе се одржува во следните две недели. Во периодот од 1-13 октомври 2024 година школата ќе се одвива комбинирано, онлајн и во Охрид. Оваа година, под темата „Лидерство за мир“, младите учесници ќе имаат извонредна можност да ги надградат своите вештини и визии за постигнување на траен и одржлив мир во светот. 15-тото јубилејно издание на Школата за млади лидери традиционално ја отвори покровителот и иницијатор на овој проект, поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, кој го истакна значењето на оваа иницијатива која низ годините ги инспирираше, подготвуваше и охрабруваше новите лидери да одговорат на предизвиците на модерното време преку заедничка работа и креирање на позитивни промени. Претседателот Иванов се осврна на карактеристиките на успешните лидери во денешниот свет, на лидери кои работат на воспоставување, негување и одржување на мирот. Изразувајќи загриженост за глобалната нестабилност и конфликтите што се појавуваат во различни региони, истакна дека мирот и дијалогот се клучни за решавање на меѓународните тензии и за изградба на траен мир. Тој повика на поголема соработка меѓу државите и ја истакна важноста на дипломатските напори за спречување на војните и за промовирање на човековите права и безбедноста на сите граѓани. Во контекст на актуелните глобални настани, Иванов нагласи дека иако многу се зборува за војни и конфликти, малку внимание се посветува на прашањето за постигнување на мир. Тој повикува на потребата за интензивирање на разговорите за мир и за создавање на платформи за соработка, наместо да се фокусираме на воените стратегии и оружје. Мировните иницијативи, според него, мора да бидат во центарот на нашите напори, бидејќи само преку разбирање и компромис можеме да изградиме стабилна и безбедна иднина. Потенцираше дека мирот е премногу комплексна и скапа работа, но неопходна да опстанеме како човечка цивилизација. Учесниците на 15-тата Школа беа поздравени и од поранешниот Генерален Секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, кој поздравувајќи ја иницијативата на претседателот Иванов, ја честиташе 15-годишнината на Школата за млади лидери. Искажа посебнo признание за забележителните достигнувања на претседателот Ѓорге Иванов со Школата за млади лидери. Тој потсети и на своето претходно предавање пред третата генерација на Школата за време на неговата официјална посета на Република Македонија во јули 2012 година. Им посака на младите учесници успеси и големи достигнувања, потенцирајќи дека неопходно е да го научат и применуваат концептот на глобално државјанство. Господинот Бан потенцираше дека глобалното државјанство може да се карактеризира како толеранција, добронамерност, сочувство и пожртвуваност. Ако лидерството на младите ги има овие карактеристики, тогаш како глобални граѓани ќе имаат можност да постигнат многу повеќе и подобра иднина за сите. Нагласи дека младите мора да го научат и прифатат концептот на глобално државјанство и само така ќе бидат вистински успешни лидери кои ќе придонесуваат за решавање на предизвиците со кои се соочува човештвото. Школата за млади лидери претставува уникатна платформа за талентирани млади луѓе кои доаѓаат од различни делови на општеството, секој од нив носејќи богато искуство и идеи. Учесниците се внимателно одбрани врз основа на нивните академски достигнувања, лидерски потенцијал и посветеност кон социјалните и општествените промени. Тие се идентификувани како идни лидери кои ќе играат важна улога во создавањето на мирна и просперитетна иднина. На овогодинешната школа учествуваат околу 40-тина учесници и поради нејзиниот меѓународен карактер, покрај учесниците од Република Македонија, една третина од учесниците се странци. Програмата на Школата е осмислена така што им овозможува на учесниците да ги подобрат своите лидерски вештини, критичкото размислување, капацитетот за соработка, како и да ги надградат способностите за иницирање и спроведување позитивни промени. Преку предавањата, работилниците, посебните сесии, панел дискусиите и практичните проекти, млади учесници ќе имаат можност да научат како да го искористат својот потенцијал за градење на мирот и заеднички да создаваат решенија за глобалните предизвици. 20-тина предавачи и повеќе од 30 панелисти и говорници од Македонија и од странство ќе споделат дел од своето искуство и знаење со учесниците. Школата е организирана од Кабинетот на поранешниот Претседател Иванов во партнерство со Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Алумни Асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“. Со крајна цел инвестиција во идните и потенцијални лидери, овој проект е целосно поддржан од бизнис секторот во земјата. Спонзори и поддржувачи се повеќе општествено одговорни компании од Република Македонија, некои од самиот почеток на школата. Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов која започна на почетокот на неговиот прв мандат. Првата Меѓународна обука за млади лидери се одржа во 2010 година. Оттогаш, во текот на досегашните 14 школи, учествуваа околу 550 млади луѓе од земјата и од странство, со различна академска и професионална позадина. Во рамки на Школата за млади лидери, низ годините до сега предавања одржаа над 350 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. Advertisement Post Views: 101 15-та Школа за млади лидери 2024-10-02 Весник Илинден...
Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили. Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја. Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум. Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување. Advertisement Post Views: 139 Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија 2024-10-02 Весник Илинден...
Хасани: Посветени за еден посилен и постабилен регион
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Хасани: Посветени за еден посилен и постабилен регион Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, учествуваше на самитот на Берлинскиот процес, иницијатива која одбележува 10 години од своето постоење. Хасани, на социјалните мрежи сподели моменти од учеството на самитот, оценувајќи дека Берлинскиот процес е „главен двигател на регионалната соработка, економскиот раст и интеграцијата во Европската унија за Западен Балкан“. Албанија останува посветена на унапредување на договорите за мобилност и зајакнување на посилен и постабилен регион. Овој момент треба да се искористи за приближување на Западен Балкан до ЕУ, наведува албанскиот прв дипломат. Берлинскиот процес е иницијатива од 2014 година за поддршка на ЕУ интеграцијата на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Четирите цели на Берлинскиот процес, декларирани од самиот почеток, остануваат непроменети: решавање на внатрешни, отворени билатерални проблеми меѓу земјите на Западен Балкан, помирување меѓу општествата во регионот, подобрување на регионалната економска соработка и, конечно, создавање на основа за одржлив раст на регионот. Advertisement Post Views: 146 Берлинскиот процес Игли Хасани Министерот за Европа и надворешни работи 2024-10-02 Весник Илинден...
Делегацијата на Собранието на Македонија на Есенската сесија на ЦЕИ во Тирана
Македонски весник Илинден - пред 9 дена
Делегацијата на Собранието на Македонија на Есенската сесија на ЦЕИ во Тирана Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), учествуваше на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ЦЕИ, што се одржа во Тирана, Албанија. Есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ЦЕИ беше посветен на темата „Зајакнување на регионалната соработка како фундаментален фактор на европската интеграција“. Македонската делегацијата ја предводеше пратеничката Рина Ајдари, а нејзини членови се пратеничките Рашела Мизрахи и Калтрина Беќири. Воведно обраќање имаше претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, која изрази уверување дека и Албанија, но и сите земји членки на ЦЕИ ќе останат посветени на своите приоритети и определби, во насока на промоција на вредности кои целат кон побезбедна, просперитетна и стабилна Европа. Пратеничката Ајдари во своето обраќање нагласи дека заедничка цел е пристапување кон Европската Унија, но пред сѐ спроведување на еден сериозен реформски процес во сите области, кои ќе овозможат професионални, ефикасни, отчетни и одговорни институции кои ќе работат во интерес на граѓаните. „Сакам да изразам задоволство што унапредување на меѓусебната соработка, како и унапредување на соработката на ниво на Централноевропската иницијатива, е дел од приоритетите на оваа организација, кои беа утврдени на последните состаноци на ЦЕИ. Дотолку повеќе што ако се имаат предвид сите предизвици, со кои и како Регион, но и пошироко се соочуваме, заканите по светскиот мир, енергетските предизвици, брзиот технолошки напредок, како и глобализација, сето тоа бара заедничка, координирана и усогласена акција“, истакна пратеничката Ајдари. Пратеничката Калтрина Беќири потенцираше дека посебно внимание треба да се посвети на младите, за преку заеднички проекти и иницијативи да ги зближиме младите од Регионот. „Само на тој начин ќе ја пренесеме пораката дека само со дијалог и соработка може да се создаде просперитетна и подобра иднина. Дополнително, нашата соработка треба да ја унапредиме и во делот на културата, да се запознаеме меѓусебно, да изградиме мостови на соработка и на толеранција, а секако и во тој дел можеме да работиме на размена на искуства и на унапредување на соработката“, додаде пратеничката Беќири. Сите делегации се согласија дека само заеднички може да се спротивставиме на сите предизвици со кои се соочуваме, нагласувајќи дека само силна, обединета и интегрирана Европа може да ги надмине кризите и да обезбеди развој. На крајот на парламентарната сесија на ЦЕИ беше усвоена Декларација со која се нагласува посветеноста на ЦЕИ на промоцијата на стабилноста и развојот на централна Европа, имајќи го предвид зајакнувањето на регионалната соработка како важен фактор во европската интеграција. Иницијативата за регионална соработка во регионот на Централна и Југоисточна Европа е формирана под името “Quadragonale“ во ноември 1989 година од страна на четири држави, во моментот на уривањето на Берлинскиот ѕид. Иницијативата претставуваше форма на соработка помеѓу држави кои припаѓаа на различни блокови и движења: Италија членка на НАТО, Унгарија – членка на Варшавскиот пакт, Австрија – неутрална држава и СФРЈ – членка на Движењето на неврзаните.. Со текот на времето кон ЦЕИ пристапуваа повеќе држави, при што таа го менуваше името и во сегашниот формат брои 18 држави, 10 членки на ЕУ и 8 држави со различен статус кон ЕУ, и тоа: Албанија, Македонија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Чешката Република. Приоритетна цел на ЦЕИ е да им помогне на земјите членки во интензивирањето на нивната меѓусебна соработка и во остварувањето на интегративните процеси кон ЕУ и НАТО. Притоа, државите кои се истовремено членки на ЕУ пружаат помош на останатите во нивното приближување кон ЕУ, а зависно од рамката во којашто таа интеграција се остварува: Процес за стабилизација и асоцијација или соседска политика. Advertisement Post Views: 113 Албанија Собранието на Република Македонија Тирана Централноевропската иницијатива 2024-10-01 Весник Илинден...
Во терористичкиот напад во Teл Авив загинаа шест лица напаѓачите ликвидирани
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
Во терористичкиот напад во Teл Авив загинаа шест лица напаѓачите ликвидирани Шестмина беа убиени, а девет беа ранети, двајцата терористи беа застрелани од безбедносните сили пишува Ерусалим пост. Во јужниот дел на Тел Авив, во Јафа во близина на железничка станица загинаа шест лица, а најмалку девет лица и едно куче се ранети. Ерусалим пост пишува дека двајцата терористи Мухамед Чалаф Сахар Раџаб и Хасан Мухамед Хасан Тамими, од Хеброн, биле забележани како излегуваат од возот кога отвориле оган кон случајните минувачи, по што биле застрелани од инспекторите на општина „Села“. Веднаш по нападот, Иран истрела голем број проектили кон централен Израел, фокусирајќи се на областа Тел Авив. Advertisement Post Views: 118 Тел Авив 2024-10-01 Весник Илинден...
Поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад откри шефот на единицата на иранската тајна служба бил агент на Мосад
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
Поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад откри шефот на единицата на иранската тајна служба бил агент на Мосад Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад откри шокантна информација во јавноста – шефот на единицата на иранската тајна служба формирана поради агентите на Мосад кои оперираат во Иран всушност бил израелски агент. Во интервју за Си-Ен-Ен Турк, Ахмадинеџад тврди дека уште 20 агенти во иранскиот разузнавачки тим, задолжени за следење на активностите на израелската разузнавачка служба, се исто така свртени против Техеран, односно дека тие биле израелски тајни агенти. Наводните двојни агенти му обезбедувале на Израел чувствителни информации за иранската нуклеарна програма, според Ахмадинеџад, што тогаш беше на големо објавено од меѓународните медиуми. „Тајмс оф Израел“ потсетува дека официјален Техеран често тврди дека ги спречил операциите на Мосад во земјата, но вистинитоста на таквите тврдења е нејасна. Минатиот месец, се вели, иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда тврдеше дека 12 лица биле уапсени под сомнение дека служеле како оперативци кои соработувале со Израел и планирале акти против иранската безбедност. Advertisement Post Views: 190 МОСАД 2024-10-01 Весник Илинден...
Иран изврши ракетен напад врз Израел (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
Иран изврши ракетен напад врз Израел (ВИДЕО) Низ Израел се вклучија сирените за опасност, а експлозии се слушаа во Ерусалим и во долината на реката Јордан, додека граѓаните бегаа во засолништа. Новинарите на терен јавуваат дека виделе пресретнати ракети од израелската противвоздушна одбрана. Израелските медиуми тврдат дека биле испукани над 100 ракети во правец на земјата. Претходно, израелската армија соопшти дека очекува балистички ракетни напади од Иран кои ќе бидат масовни и широко распространети, и ги повикаа граѓаните да одат во засолништа. Иран се закани дека ќе се одмазди поради неодамнешните израелски напади во кои загина речиси целата команда на милитантниот Хезболах во Либан. Американскиот претседател Џо Бајден порача дека САД се подготвени да го бранат Израел од иранските воздушни напади. Иранските напади следуваат откако Израел соопшти дека започнал ограничена копнена офанзива во јужен Либан, додека неговите авиони со денови ги бомбардираат градовите. Иран, кој е спонзор на Хезболах, се закани дека ќе му се одмазди на Израел, зголемувајќи ги стравувањата од поширок конфликт во регионот. Advertisement Post Views: 148 Izrael иран 2024-10-01 Весник Илинден...
75 години Федерална унија на европските националности и 68-от Конгрес во Хусум, Нордфрисланд, Германија (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
75 години Федерална унија на европските националности и 68-от Конгрес во Хусум, Нордфрисланд, Германија (ВИДЕО) Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. На Конгресот присуствувале претставници од 105 организации членки од 36 земји во Европа. Advertisement Post Views: 134 68-от Конгрес во Хусум 75 години Федерална унија на европските националности Германија Македонско друштво “Илинден“-Тирана 2024-10-01 Весник Илинден...
Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте
Македонски весник Илинден - пред 10 дена
Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте Еден од најдолгите генерални секретари на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја. Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на НАТО. Воениот комитет на НАТО вчера официјално се прости од Столтенберг, а заменик-претседателот на Воениот комитет, генерал-полковник Ендрју М. Роулинг го пофали неговото „демократско лидерство и духот на сила и единство што им го донесе на сојузничките сили“. Во својот говор, Столтенберг се заблагодари за „напорот и соработката во изминатите 10 години“ и истакна дека „НАТО сега е поголем, посилен и поподготвен од кога било да се соочи со каков било предизвик“, како и дека „отпорноста и силата на НАТО тие не зависат од поединци туку од колективот“. Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржат низа настани за примопредавање. Руте ќе стане 14-ти генерален секретар во историјата на НАТО. Advertisement Post Views: 70 Нато 2024-10-01 Весник Илинден...
Хаос во албанскиот парламент: Навреди, турканици, запалени столчиња
Македонски весник Илинден - пред 11 дена
Хаос во албанскиот парламент: Навреди, турканици, запалени столчиња Денешната попладневна седница на албанскиот парламент траеше само 15 минути поради хаосот предизвикан од опозициските демократски пратеници, што ја принуди претседателката Елиса Спиропали да ја прекине. Напнатата ситуација започна веднаш штом Спиропали предложи да му се одземе мандатот на пратеникот Ервин Салињани и да се побара замена од Централната изборна комисија, бидејќи тој во моментот служи затворска казна. Демократските пратеници веднаш ја блокираа говорницата, фрлаа различни предмети кон Спиропали и упатуваа навреди, вклучувајќи и напади кон обезбедувањето. Во хаосот, Фљамур Нока, генерален секретар на партијата, се обиде да се пресмета со социјалистот Петро Кочи. Демократите ги извадоа своите столчиња, ги полеаја со бензин и ги запалија пред собраниската зграда. „Сцената од денешната пленарна седница, со блокирана говорница и запалени столчиња, ќе стане секојдневие за Собранието. Техничката влада е решението за напредок на Албанија и спроведување на слободни избори“, изјави Нока по седницата. Ваква тензична атмосфера во албанскиот законодавен дом не е новина; претходно, речиси цела година седниците беа прекинувани по само десетина минути, со хаос при изгласувањето документи само со гласовите на владејачкото мнозинство. Advertisement Post Views: 217 Албанија 2024-09-30 Весник Илинден...
Партијата на Ѓукановиќ доби најмногу гласови на локалните избори во Црна Гора
Македонски весник Илинден - пред 11 дена
Партијата на Ѓукановиќ доби најмногу гласови на локалните избори во Црна Гора Демократската партија на социјалистите (ДПС) на локалните избори во Подгорица освои 29,9 отсто од гласовите или 19 советнички мандати и уверливо е најсилната политичка партија во парламентот на главниот град на Црна Гора, но нема да може сама да формира локална власт. Од друга страна коалицијата на Движењето Европа сега на премиерот Милојко Спајиќ и на Демократска Црна Гора на Алекса Бечиќ со освоени 21,8 отсто од гласовите има 14 мандати, просрпската коалиција За иднината на Подгорица на Андрија Мандиќ освои 20,2 отсто од гласовите или 13 мандати, додека коалицијата на претседателот Јаков Милатовиќ и некогашниот премиер Дритан Абазовиќ За подобра Подгорица освои 10,5 отсто, односно шест мандати. На вонредните избори во Подгорица гласале 56,4 отсто од гласачите, значително помалку од 2022 кога на гласачките места излегоа речиси 70 отсто од гласачите. За власт во Подгорица е потребно мнозинство од 30-те советници во парламентот на главниот град. Аналитичарите укажуваат дека во Подгорица партиите кои на државно ниво ја имаат власта освоиле само 43 отсто поддршка, што може да води кон вонредни избори. „Владата ноќеска падна, го повикуваме Милојко Спајиќ наутро да поднесе оставка. Време е за враќање на ДПС на власт“, порача претседателот на ДПС Даниел Живковиќ. Вонредните избори во Подгорица беа распишани на крајот на јули, откако претходно му беше скратен мандатот на локалниот парламент. Advertisement Post Views: 82 Црна Гора 2024-09-30 Весник Илинден...
МНР: До овој момент нема наши државјани што се обратиле за помош од Либан
Македонски весник Илинден - пред 11 дена
МНР: До овој момент нема наши државјани што се обратиле за помош од Либан До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни“, посочуваат од Министерството. Оттаму додаваат дека Министерството ги ставило сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани преку 24 часовниот СОС дежурен телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл адреса: [email protected]). „До овој момент нема наши државјани кои се обратиле до Министерството за помош или евакуација, ниту е пристигнато известување дека има наши државјани кои се наоѓаат во земјата“, наведуваат од Министерството. Во меѓувреме, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за попладнево закажа вонреден онлајн состанок на шефовите за дипломатии на членките на Унијата со единствена точка на дневниот ред – актуелната состојба во Либан. Нашата порака е многу јасна, изразуваме жалење за цивилните жртви и бараме итен прекин на огнот – истакна портпаролот за надворешни работи и безбедносна политика на ЕК, Петер Стано, додавајќи дека ЕУ својот став за случувањата во Либан го искажа во минатонеделната изјава на Борел. Повеќе од 100.000 луѓе од Либан преминале во Сирија по ескалацијата на конфликтот меѓу израелските сили и либанската група Хезболах овој месец, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Либанската новинска агенција (ННА) јави дека израелската армија изутрината извршила нов воздушен напад во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут. Претходно, израелската армија (ИДФ) соопшти дека во текот на ноќта извршила воздушни напади во регионот Бека, источен Либан. Според ИДФ, нападите биле насочени кон десетици ракетни фрлачи и магацин за оружје на Хезболах. При нападите врз јужниот дел на Либан елиминиран е лидерот на Хамас, Фатех Шериф Абу ел Амин. Во нападот врз палестинскиот бегалски камп во Тир загинаа и сопругата, жерката и синот на Амин. Според либанското Министерство за здравство во последните израелски напади загинале повеќе од 100 луѓе, додека бројот на жртвите во изминатите две недели се искачи на над 1.000, а околу 600 се повредени. Advertisement Post Views: 123 Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија 2024-09-30 Весник Илинден...
Преспанското Езеро кај Пустец порибено со над 620 илјади парчиња подмладок на автохтон крап
Македонски весник Илинден - пред 12 дена
Преспанското Езеро кај Пустец порибено со над 620 илјади парчиња подмладок на автохтон крап Преспанско Езеро кај Пустец, порибено е со над 620 илјади единки подмладок од автохтон крап, објави министерката за земјоделство и рурален развој Анила Денај. Реализирана е уште една многу значајна активност со цел збогатување на езерото со крап кој се смета за природно богатство. Порибувањето кореспондира и со периодот на природен прираст и е во рамки на спроведувањето на одржливото управување со риболовот и на програмата за повторно населување со автохтони видови риба, објави Денај на Фејсбук. Според неа подмладокот од крап е од мрестилиштето во близина на Корча а “збогатувањето на езерото со автохтон крап е додадена вредност во зголемувањето на рибниот фонд во езерото”. Во средината на овој месец водите на Охридско Езеро кај селото Лин, општина Подградец, беа збогатени со околу два милиони парчиња подмладок охридска пастрмка-коран. -За првпат по три децении вакво рекордно количество се фрла во езерото што го делат Албанија и Македонија, по истражувањето направено пред неколку години, со кое овој редок вид риба беше класифициран како вид во опасност од исчезнување, изјави Олси Чекичи, специјалист од мрестилиштето во Лин. Во последните четири години Охридско Езеро е порибено со над 5 милиони парчиња подмладок. Advertisement Post Views: 208 општина пустец 2024-09-29 Весник Илинден...
Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Македонија?
Македонски весник Илинден - пред 13 дена
Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Македонија? Автор: Марјана Дода уредничка на портал Аргументум.ал Албанската новинарка, Марјана Дода, основач и главен и одговорен уредник на порталот „Аргументум“, кој третира прашања од геополитиката, во колумна „Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Македонија? оценува дека „ одлуката да се одвои Албанија од Македонија на заедничкото европско патување го враќа вниманието кон сите жртви и отстапки што ги направи Македонија во името на Европа и за Европа, жртви кои денес очигледно не се доволни“. Одлуката да се одвои Албанија од Македонија на заедничкото европско патување ги враќа на внимание сите жртви и отстапки што ги направи Македонија во името на Европа и за Европа. Жртви кои денес очигледно не се доволни. Амбасадорите на ЕУ на последниот состанок во Брисел одлучија да го унапредат процесот на прием на Албанија, со што се одвојуваше од Македонија, која досега се движеше паралелно со Албанија. Соопштено е дека на 15 октомври се очекува официјално да бидат отворени првите групи преговори, со што ќе биде важен чекор за Албанија, но не и за Македонија. Иако Албанија е земја кандидат од 2014 година, Македонија со статус од 2005 година се чини дека се соочува со покомплицирана ситуација, која може да доведе до стагнација или дополнително влошување. Иако оваа одлука бара одобрување на највисоките нивоа на ЕУ, оваа промена на ориентацијата создаде разочарување и недоверба во однос на ЕУ, оставајќи сомнеж за нејзината вистинска посветеност на политиката на проширување. Ништо ново од европскиот хоризонт. Македонија се уште е под притисок за самото нејзино постоење (!). Прашањата поврзани со идентитетот на Македонија веќе се познати како главни пречки за напредување во процесот на интеграција, прво од Грција, а сега и од Бугарија. Одвојувањето на двете земји во ова патување јасно покажува знак на слабост од страна на ЕУ, која наместо да понуди поддршка, ја остава Македонија да се соочи со нови пречки. Ваквата состојба носи само зголемување на скептицизмот кај граѓаните кон европските институции, зголемување на националистичкиот дух итн. Повторно, Европската Унија покажува дискриминаторски пристап кон Македонија и нејзиниот народ. Европското семејство уште еднаш ја затвора вратата на оваа земја која толку многу се жртвуваше, сериозно ризикувајќи ја нестабилноста во земјата и регионот. Па, жртвите и напорите што ги прави оваа земја да ги достигне европските стандарди, често придружени со политички и општествени тензии, се чини дека не се соодветно ценети. Но, иако некои аналитичари го гледаат овој чекор како неуспех на Македонија, според мене, ова е крајниот неуспех на Европа. Да, Европа покажува дека потфрлила во однос на Македонија, освен геополитичките вонредни околности. Не успеа и поради плебисцитарната загуба на двојните избори во Македонија. Пораз кој ја донесе вистинската партија ВМРО-ДПМНЕ на власт, покажувајќи дека граѓаните на Македонија веќе немаат верба во СДСМ. Иако СДСМ понуди многу, во името на Европа не успеа да го исполни ветувањето за евроинтеграции. Затоа овој силен „шамар“ од македонскиот гласач дојде и до самата Европа за неисполнување на ветувањата. Поразот на СДСМ во Македонија, предизвикан токму од блокирањето на евроинтегративните процеси и разочарувањето од работата на владата, покажува колку неизвесноста и фрустрацијата можат да влијаат врз политичката стабилност на земјите кои се на пат кон интеграција, уште повеќе тешко за зајакнување на демократијата и доброто владеење. Европа го прави истото со новата влада во Скопје. Како резултат на оваа поделена одлука, сега опозицијата, аналитичарите итн., кои се во врвот на времето, се обидуваат да ѝ стават одговорност на владата на Мицковски што таа ја нема. Донесувањето на одлуката од Европа за одвојување на оваа земја од Албанија ја изложува новата влада на нова политичка криза. Ако Европа мисли дека со изолација на Македонија и десничарската партија што е веќе на власт поради растот на десничарските партии во Европа, не е во ред. Тоа всушност ја изолира и нарушува довербата на македонските граѓани во европските институции. Друг неуспех се однесува на геополитичкиот пејзаж: Европа го загуби импулсот за проширување, иако геополитичките ситуации, како што е руската војна во Украина, ја нагласија потребата за стабилност и кохезија во регионот. Иако оваа опасност на меѓународните форуми беше трубена како егзистенцијална закана за Европа и светскиот поредок, активностите на самата Европска унија не секогаш го одразуваа она што го кажуваат. По руската агресија во Украина, главна тема беше солидарноста и соработката, а не поделбата. Во овој контекст, неправедно и нелогично е ова патување кон европските интеграции на Македонија да застане овде и сега. Но, зошто Албанија да не го прифати одвојувањето од Македонија? Прво, тоа влијае на билатералните односи меѓу Тирана и Скопје. Со политичките промени во Македонија и јакнењето на десничарските партии, истовремено со појавувањето на ДУИ во опозиција, за која силно лобираше премиерот на Албанија Еди Рама на последните избори, чувството на тензија меѓу Тирана и Скопје станаа повидливи. Сепак, премиерот Рама има важна улога да се осигура дека Албанците во Македонија се чувствуваат вклучени и поддржани во нивните аспирации. Значи, ако не Македонците и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Албанија и премиерот Рама не треба да ја напуштат Македонија за Албанците кои се нејзиниот државотворен фактор. Албанците преку граница да не бидат на милост и немилост на судбината, туку сопатници на нивната мајка Албанија на европското патување! Албанија и Македонија имаат заедничка историја и многу отворени прашања поврзани со идентитетот, културата и малцинствата. Бидејќи двете земји се вклучени во сличен процес на интеграција, разделбата може да доведе до продлабочување на историските и културните тензии, што потенцијално би ја поткопало стабилноста во регионот. На Албанија всушност и е потребна Македонија. Ако Македонија биде изолирана, Албанија исто така ќе се соочи со предизвици. Стабилноста на една земја е тесно поврзана со онаа на нејзините соседи, а секоја криза во Македонија ќе има влијание врз Албанија. Исто така, Албанија, како и Македонија, може да се соочи со слични ризици од Грција, иако ситуациите се различни. Настаните од минатата година во Химара со прашањето „Белери“ нè тераат да размислуваме дека Грција е секогаш закана и може да донесе пречки во процесот на интеграција. Можеби утре друга директна закана за Албанија би можела да биде Бугарија. Ова е многу важен момент што покажува дека Албанија има потреба од Македонија, затоа Албанија мора да остане обединета со Македонија за да испрати силна порака до Грција и Бугарија, нагласувајќи дека секое ново барање ќе се соочи со унифициран став од соседните земји. Со застанување заедно, Албанија и Македонија можат да спречат нови ставови, особено од Бугарија. Затоа, разделбата не само што би била загуба за Македонија, туку несомнено и за Албанија. Одвојувањето на интеграциските патишта за Македонија испраќа порака спротивна на она што Западот сака да го пренесе. Наместо да покаже поддршка за интеграција и стабилност, оваа одлука би можела да поттикне чувство на страв и несигурност, охрабрувајќи ги земјите да бараат поддршка од странство. Така, наративот за страв од влијанието на големите сили како Русија, Иран, Кина, но и Турција, кој гласно го артикулира Западот, се чини дека исчезнува пред таквите одлуки, оставајќи простор за сомневања дали Западот е навистина посветена на стабилноста и интеграцијата на оваа земја. Амбасадите на европските земји мора да се повлечат, нагласувајќи ја важноста од континуирана и сигурна поддршка за Македонија, во спротивно, постои ризик земјата да забележи зголемување на влијанието на другите актери, во период кога стабилноста и интеграцијата се повеќе потребни од кога било. Дали Албанија треба да ја прифати одлуката за одвојување од Македонија? Според мене, особено во контекст на кревката ситуација во регионот и брзите и опасни случувања во светот, таквата поделба ќе ги продлабочи регионалните поделби и ќе создаде атмосфера на тензија, загрозувајќи ја севкупната стабилност. Затоа, Албанија мора да дејствува внимателно и да промовира единство со Македонија за да обезбеди мир, просперитет и, пред сè, заедничка интеграција во Европската унија. Advertisement Post Views: 224 Албанија Еу Македонија 2024-09-28 Весник Илинден...
Интервју на Никола Ѓурај, претседател на Македонското друштво “Илинден“ Тирана за порталот Македонија Денес
Македонски весник Илинден - пред 13 дена
Интервју на Никола Ѓурај, претседател на Македонското друштво “Илинден“ Тирана за порталот Македонија Денес 1. Изминатите години, бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Албанија. Сметате ли дека Бугарија со овие активности значително ќе успее да ги асимилира Македонците во Албанија? Македонско друштво “Илинден”-Тирана во контунитет последните години ги информираше албанските инситуци како и институциите во Македонија исто време и јавноста дека бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Република Албанија. Во време на пописот целата влада на Бугарија беше активна и се мешаше во пописот во Република Албанија. Тоа е факт. Иако на последниве 11 пописи ниту еден жител не се декларирал како дел од бугарско малцинство, државниот врв на Бугарија ја принуди Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство. Бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Република Албанија и во моментот за тоа Македонско друштво “Илинден”-Тирана, ги повикува инситуците на Република Албанија да преземат мерки за заштита на Македонците во Република Албанија како лојални граѓани. Ризикот е голем за асимилирање на Македонците во Република Албанија па затоа повикуваме да се преземат мерки. 2. Очекувате ли Владата на Албанија да ги забрани бугарските здруженија во Албанија кои дефакто служат за пропаганда и проширување на бугарскиот шовинизам на албанска територија? Македонско друштво “Илинден”-Тирана, ги има информирано сите албански институции за пропагандата на здруженијата од Бугарија. Нормално, очекуваме да се преземат мерки во тој правец. 3. Каква е социо-економската положба на Македонците во Албанија? Слободно можеме да кажеме дека за Македонците во Република Албанија најголем проблем е немањето прво на образование на македонски мајчин јазик во областите Голо Брдо и Гора, како и во поголемите градови, како Тирана, Елбасан, Корча, Билиште, Поградец. За жал, само во Мала Преспа македонските деца учат на мајчин јазик, и тоа само во основно и средно образование. Воочувајќи го ова како голем проблем за Македонците во Албанија, поднесовме иницијатива за реактивирање на лекторатот по македонски јазик во Тирана. Сме многу среќни што во Тирана има Лекторат по македонски јазик, и се надеваме дека ќе се подигне иницијатива за претворање на лекторатот во катедра по македонски јазик. Друг голем проблем за Македонците во Голо Брдо е работното време на граничниот премин Џепиште – Требиште, кој беше отворен во мај 2013 година. Владите на Република Македонија и на Република Албанија, на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесоа одлука граничниот премин Џепиште – Требиште да работи 24 часа. И покрај тоа, оттогаш до денес преминот не работи 24 часа, туку со редуцирано работно време. Во неколку наврати, ние како друштво баравме овој граничен премин да работи постојано, поради потребите на граѓаните од двете страни на границата, но досега нема позитивно решение за проблемот. Друг голем проблем за Македонците во областите Голо Брдо, Гора и Мала Преспа претставува патната инфраструктура, која е главна причина за слабиот економски развој на овие области, населени со македонско население. Во катастрофална состојба е и здравствената заштита во населените места, бидејќи или нема објекти за таа намена или се во исклучително лоша состојба. Македонците од областа Голо Брдо имаат големи проблеми поради тоа што во 2014 година Владата на Република Албанија ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево, за првите две да ги приклучи кон општината Булќиза. Укинати се и општините Шиштевац и Запот во областа Гора, кои сега се приклучени кон општината Кукс. На тој начин, единствена македонска општина во Република Албанија остана општина Пустец во областа Преспа. И покрај сите барања и аргументи на претставниците на македонската заедница во укинатите општини во 2014 година, индивидуално или преку македонското друштво “Илинден”-Тирана и македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора сè уште не добија одговор. 4. По изборите во Македонија, очекувате ли Владата на Македонија да даде социо-економска помош и политичка поддршка на Македонците во Албанија? Македонско друштво “Илинден”-Тирана, е во конткат со новата Влада и секако дека очекуваме Владата на Македонија да ни даде социо-економска помош и политичка поддршка бидејќи во овој перид ни е најпотребна. 5. Како здружение „Илинден“ кои активности ги преземавте, ги преземате и ќе ги преземете во наредниот период, како за спречување на бугарската пропаганда така и за институционална борба за подобрување на животот на Македонците? Македонско друштво “Илинден”-Тирана, има 15 години од формирањето и се бори за заштита на правата на Македонците во Република Албанија, но и за афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе продолжи да биде во контакт со институциите во Република Албанија како и во Република Македонија исто време ќе ги информираме и меѓународните инситуции за притисоците што ги прават бугарските владини преставници. Очекуваме Владата на Македонија да ни даде социо-економска помош и политичка поддршка Advertisement Post Views: 254 Никола Ѓурај Претседател на Македонското друштво “Илинден”-Тиранa 2024-09-28 Весник Илинден...
Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш
Македонски весник Илинден - пред 13 дена
Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. На средбата претседателката Сиљановска Давкова ги потенцираше принципите на светската организација како основа на којашто мора да функционира меѓународниот поредок, без разлика дали се работи за мали или големи држави. Таа на својот соговорник му посочи дека во случајот со македонската евроинтеграција не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската Унија, која е настаната како мировен процес. Генералниот секретар на ОН, Гутереш, на средбата искажа лутина поради пречките коишто Македонија ги има на патот кон Европската Унија. Порачувајќи дека е голем почитувач на македонската евроинтеграција, во разговорот тој ја потенцираше својата лична солидарност за напорите на земјата да биде дел од ЕУ. Генералниот секретар како добар познавач на процесите на евроинтеграција и состојбата во регионот на Западен Балкан, нагласи дека македонската евроинтеграција, целосно заслужено, треба да се случи колку што е можно побрзо. Advertisement Post Views: 89 Гордана Сиљановска Давкова енерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк Претседателката на Македонија 2024-09-28 Весник Илинден...
Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на Советот за безбедност на Обединетите Нации
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на Советот за безбедност на Обединетите Нации Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк се обрати на Советот за безбедност на отворена дебата на високо ниво на тема „Лидерство за мир: обединети по однос на Повелбата на Обединетите нации, во потрага по сигурна иднина“. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи дека сè уште се соочуваме со многу конфликти, но и со уште поголема неспособност да ги решиме и навремено да ги адресираме, истакна дека сега, повеќе од било кога, ни треба лидерство за мир. „Во овие сегашни времиња на војна и остра поларизација, заедничката потрага по мир зависи од нашиот колективен ангажман и лидерство. Колку повеќе го одложуваме наоѓањето решение, последиците стануваат пошироки и повеќе не засегаат, со закана да станат не само регионални, туку и глобални. Незамисливо, но сепак многу реално сценарио е заканата од употреба дури и на нуклеарно оружје“, рече претседателката Сиљановска Давкова. „Единственото оружје што треба да го користиме се колективните напори за заштита на меѓународниот поредок за идните генерации. Сите наши напори треба да бидат насочени кон создавање услови за одржлив мир и развој, каде што нашите вредности и принципи треба целосно да се почитуваат“, рече претседателката Давкова. Таа посочи дека со нашиот заеднички придонес за глобалниот мир и безбедност треба да им овозможиме на Обединетите Нации да ја извршуваат својата водечка улога и во таа насока истакна дека Македонија останува посветена на Повелбата на ОН во целост и на реформиран Совет за безбедност на ОН, способен подобро да го исполнува својот мандат. Advertisement Post Views: 98 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации Гордана Сиљановска Давкова Претседателката на Македонија 2024-09-27 Весник Илинден...
Израелската војска објави дека нападнала штаб на Хезболах во предградиe на Бејрут
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Израелската војска објави дека нападнала штаб на Хезболах во предградиe на Бејрут Израелската војска објави дека на 27 септември го нападнала штабот на либанската милитантна група Хезболах во јужното предградие на Бејрут. „ИДФ(војската) изврши прецизен напад врз централниот штаб на терористичката организација Хезболах“, рече портпаролот на армијата, Даниел Хагари во телевизиска изјава. Штабот, рече тој, „служел како епицентар на теророт на Хезболах“ и „се наоѓа под станбени згради во Бејрут“. Хезболах е милитантна група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан. Соединетите Американски Држави (САД) ја прогласија за терористичка организација, додека Европската унија го стави на црната листа нејзиното вооружено крило, но не и политичката партија. Политичката партија на Хезболах има места во либанскиот парламент. Advertisement Post Views: 78 Израелската војска 2024-09-27 Весник Илинден...
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна официјална посета на нашата земја. Оваа посета е доказ за одличните пријателски односи и соработката помеѓу двете земји, кои се продлабочуваат со секој изминат ден. Македонскиот и унгарскиот народ, македонските и унгарските граѓани ги врзува длабоко вкоренето пријателство и заемна почит. Низ годините, нашите народи покажаа дека и покрај географската оддалеченост, заедничките вредности и визии се, исто така, клучни за градење на силни односи. Унгарија секогаш нè поддржувала, како во тешките времиња, така и во напорите за нашата европска интеграција. Денес, преку конкретни иницијативи и договори, тоа пријателство продолжува да се зацврстува, создавајќи солидни основи за идната наша заедничка соработка. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу двете земји се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија е не само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција. Унгарија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и на нашите аспирации за полноправно членство. Ние ја делиме заедничката визија со нашите унгарски пријатели за интегриран Балкан, каде сите земји од регионот ќе бидат дел од големото европско семејство. Оваа визија не се однесува само на политичките и економските интеграции, туку и на нашата заедничка културна и историска врска која е клучна за стабилноста на целиот Балкански Полуостров. Верувам дека со поддршката на Унгарија и другите наши сојузници, Балканот ќе го заземе своето заслужено место во Европската Унија. Денес имавме конструктивна тет-а-тет средба, на која разговаравме за широк спектар на теми од билатерално и регионално значење. Споделуваме заедничка визија за регионалната стабилност и економскиот просперитет, а денешните разговори беа фокусирани на конкретни проекти кои ќе го поттикнат развојот на нашите општини и бизниси. Покрај тоа, дискутиравме за стратешки проекти како Север-Југ транспортниот и енергетскиот коридор, којшто го поврзува Балканот со Унгарија, кој е од огромно значење за енергетската сигурност и економскиот раст на целиот регион, а нашата соработка со Унгарија ќе биде клучна за успешна имплементација на овие иницијативи. Во име на Владата и во мое лично име, сакам да му се заблагодарам на премиерот Орбан за неговата поддршка и пријателство. Унгарија е пример за тоа како силните билатерални односи и заедничката визија можат да донесат конкретни резултати. Верувам дека оваа посета ќе придонесе за уште посилно партнерство и за нови можности за соработка, кои ќе ги оствариме во интерес на граѓаните. Уште еднашка ви благодарам на вашето присуство. Advertisement Post Views: 140 Македонија унгарија 2024-09-27 Весник Илинден...
Почина професор Нестор Огинар македонски активист, иселеник во Соединетите Американски Држави 1947-2024
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Почина професор Нестор Огинар македонски активист, иселеник во Соединетите Американски Држави 1947-2024 По кусо боледување, денес почина професор Нестор Огинар, Македонец, професор по англиски јазик и долгогодишен македонски активист, иселеник во Соединетите Американски Држави. Нестор Огинар е роден на 3 февруари 1947 година во Скопје, во семејство на трговци и земјопоседници со потекло од тетовското село Волковија. Детството и раната младост ја поминал во Гостивар, Тетово и Битола каде што го завршил средното образование. Во 1968 година служел воен рок во тогашната ЈНА. Во 1969 година поради идеолошки несогласувања со КПЈ, односно КПМ, преку Виена заминал за Њујорк, САД каде завршил факултет за англиски јазик и книжевност со драма на Хантер Колеџот на Градскиот Универзитет во Њујорк. Во 1973 година се вратил во Македонија и работел како професор по англиски во Тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ“. Во 1976 година се оженил со Милица, а потоа заедно се преселиле во Њујорк. На Хантер Колеџот завршил магистратура по англиски јазик и книжевност и потоа се префрлил на приватниот “Њујорк Универзитет” каде се стекнал со диплома магистер по Филозофија и продолжил со докторските студии по англиски јазик и книжевност. Од 1988 до пензионирањето во 2010 година, работел како професор по англиски јазик и литература во Њујорк. Со д-р Милица Огинар, професор по француски јазик и литература имаат три деца – два сина и ќерка и неколку внуци. Како патриот е активен за македонската кауза уште од најраното детство и младост. Нестор Огинар е еден од основачите на Светскиот Македонски Конгрес и негов долгогодишен потпретседател и сенатор. Бил шеф на Постојаната мисија на Светскиот Македонски Конгрес при Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк. Нестор Огинар е прв претседател на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Северна Америка и член на Советот на интелектуалците на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2002 година, како претседател на партијата Преродба и обединување на македонските национални идеали (ПОМНИ) учествувал на парламентарните избори во сите 6 изборни единици. Работел како асоцијативен член на меѓународниот институт на Шилер. Автор е на повеќе статии, есеи, трактати и дела печатени и во САД и во Македонија. Организатор и учесник на повеќе меѓународни конгреси. Организатор и учесник во повеќе протести, митинзи, собири ширум САД, Канада и Македонија за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ. Во последниот пост на неговиот ФБ-профил од 7 септември годинава, Нестор вели: “Овој пост го пишувам како Македонец, и роден и растен и воспитан во Македонија, со македонски дух и свест. Кога некои утре таму, ќе го “слават Денот на независноста“, да ги потсетам дека, се’ уште живеат под анамнеза што трае веќе 33 години! “Слават“ една окупирана, незаконска и вештачка држава без име, без знаме, без идентитет, без јазик, без историја, без минато и без црква, понижена и исмеана од целиот свет… Тие се реалноста и вистината што јас ги гледам! Но, секому по своето… Посакувам да Ве закрепнат светлината и топлината на Сонцето на Македон!“ И после се’, Боже на духовите и на секое тело, успокој ја душата на починатото твое чедо и наш брат во Господа Нестор Огинар, прости му ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ја неговата душа во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен… Неговото дело и мисла ќе не прогонуваат: Борете се за Македонците и за Македонија! Вечнаја памјат и Бог да го прости, почивај во мир брате во Господа. Твојата душа засекогаш со нас бесмртно останува. Твојот лик и спомените за тебе вечно ќе ги паметиме… Светскиот Македонски Конргес упатува искрено сочувство до сопругата Милица и неговите деца, до неговите роднини и пријатели во светот. Вечнаја му памјат. Advertisement Post Views: 511 Нестор Огинар 2024-09-27 Весник Илинден...
Прес-конференција на претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Прес-конференција на претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан (ВИДЕО) Advertisement Post Views: 209 Виктор Орбан Христијан Мицкоски 2024-09-27 Весник Илинден...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, имаше средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид (ФОТО+ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, имаше средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид (ФОТО+ВИДЕО) Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово имаше куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид. Тој објави фотографии на Фејсбук и напиша дека имал плодна и пријателска средба со унгарскиот колега. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на Фејсбук. Орбан е во официјална посета на Македонија, а денеска ќе има и обраќање пред новинарите. Advertisement Post Views: 159 Македонскиот премиер Христијан Мицкоски Унгарскиот премиер Виктор Орбан 2024-09-27 Весник Илинден...
Македонското меѓународно движење за човекови права од Канадабара итно апсење на Зоран Заев
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Македонското меѓународно движење за човекови права од Канадабара итно апсење на Зоран Заев Македонското меѓународно движење за човекови права бара итно апсење на Зоран Заев, „премиерот“ на поранешниот режим во Република Македонија инсталиран од САД, и апсење на сите одговорните режимски функционери. Заев беше инсталиран од страна на САД со цел со сила да го протурка крајно навредливото име „Северна Македонија“, во спротивност на македонскиот Устав, собранискиот деловник, македонското и меѓународното право, и бројни меѓународни конвенции за заштита на човековите права. Деталите за овој процес ги имате тука. ММДЧП ќе се фокусира на законите кои Заев ги прекрши (видете подолу) за кои, согласно македонскиот Кривичен Законик, е потребно негово итно апсење, кое требаше да се случи многу одамна. Соединетите Држави и режимот целосно го контролираа судството во Македонија додека режимот беше на сила – видете го нашиот извештај на таа тема. Сепак, јавниот обвинител треба – во согласност со македонскиот закон – да го уапси Зоран Заев и другите околу него. По отстранувањето на режимот, како резултат на изборите што се одржаа годинава, во теорија се отстрани и притисокот на режимот/САД, но јавниот обвинител се уште не преземал чекори. Дополнително, ММДЧП бара од Министерството за Внатрешни Работи да поднесе повеќекратни јавни извештаи за прекршоците на режимот до јавниот обвинител, со што ќе ја поттикне неговата работа. Промената на името и беше наметната на Македонија од страна на Соединетите Држави, за да и се помогне на Грција во нејзината цел да го избрише постоењето на македонското име, етнички идентитет, култура и историја (тоа е целта на „Договорот од Преспа“) и особено да се прикрие масовното кршење на човековите права кое Грција го врши врз домородното етничко македонско население откако ја анектираше Егејска Македонија во 1913 година. Соединетите Држави и помагаат на Грција, а во замена за тоа, Грција го крена ветото врз членството во НАТО кое САД и го наметнаа на Македонија, за да ја зацементираат својата хегемонија во регионот. САД го инсталираа режимот на Зоран Заев во 2016/2017 година и со тоа го почнаа процесот на принудно менување на името и брутално задушување на сите изрази на несогласување додека се вршеше масовно кршење на човековите права на Македонците. Во продолжение се наведени законите кои ги прекршија Заев и неговите соработници, додека кривичните пријави кои против нив во 2018 година ги поднесоа Македонското Движење за Човекови Права и Светскиот Македонски Конгрес се достапни тука. Македонски Кривичен Законик Член 178 – Повреда на угледот на Република Македонија: Тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна. Член 179 – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците: Тој што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Република Македонија, ќе се казни со парична казна. Член 305 – Велепредавство: Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалху пет години. Член 308 – Загрозување на независноста: Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години. Член 313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста:Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години. Член 315 – Саботажа: Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години. Член 324 – Здружување заради непријателска дејност: (1) Тој што создава заговор, банда, група или друго здружение на лица или организација заради вршење на кривичните дела од членовите 305 до 311, 313, 314, 315, 321 и 322 став 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години. Член 353 – Злоуотреба на службената положба и овластување: (1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. Член 403 – Геноцид: Тој што со намера наполно или делумно да уништи некоја национална, етничка, расна или верска група, ќе нареди да се вршат убиства или тешки повреди на телото или тешко нарушување на физичкото или душевното здравје на членовите на групата или присилно раселување на населението или групата да се стави во такви животни услови што доведуваат до наполно или делумно истребување на групата или да се применат мерки со кои се спречува раѓање меѓу припадниците на групата или да се врши присилно преселување на деца во друга група или тој што со иста намера ќе изврши некое од наведените дела, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор. Член 403-а – Злосторство против човечноста: Тој што со намера за систематско уништување на цивилно население, ќе нареди да се вршат убиства, тешки телесни повреди, физичко истребување, поробување, депортација или присилно раселување на население, затворање или друг вид лишување од слобода спротивни на меѓународното право, мачење, силување, сексуална експлоатација или ропство, присилна проСтитуција, присилна бременост, присилна стерилизација или кој било друг вид тешко сексуално насилство, гонење на која било група или заедница врз политичка, расна, национална, етничка, културна, верска или полова основа, присилно одведување и исчезнување на лица, дискриминација и подвојување врз расна, национална, етничка, политичка, културна или друга основа и други нехумани постапки со кои намерно се предизвикува физичко или психичко страдање, или тој што со иста намера ќе изврши некое од наведените дела, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор. Овие јасни прекршувања на македонскиот кривичен законик од страна на Заев и неговите соработници се суштински дел од „Договорот од Преспа“, со кој се наложува Македонија да биде послушна и потчинета во однос на Грција. Дополнително, масовното кршење на човековите права се случуваше и продолжува да се случува како резултат на наметнатиот „Договор од Преспа“ и на постапките на Заев и неговите соработници. Непостапување од страна на јавното обвинителство и Министерството за Внатрешни Работи ќе укажат дека и тие се соучесници. Advertisement Post Views: 121 Македонското меѓународно движење за човекови права 2024-09-27 Весник Илинден...
Мицкоски: И посакувам на Албанија многу успех и брзо да го заврши преговарачкиот процес
Македонски весник Илинден - пред 14 дена
Мицкоски: И посакувам на Албанија многу успех и брзо да го заврши преговарачкиот процес Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и посака многу успех на Република Албанија во преговарачкиот процес во ЕУ, откако денеска нашиот западен сосед се оддели од заедничкиот пат на Македонија кон пристап во Унијата. „Сакам да им посакам успех на нашите соседи, брзо да го завршат преговарачкиот процес, и се надевам дека еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат кон ЕУ“, изјави Мицкоски. Advertisement Post Views: 98 Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски 2024-09-27 Весник Илинден...
Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашната и за идните генерации“. Почитуван претседателe на Генералното собрание на Обединетите нации, Ценети екселенции, Дами и господа, Поупатените во македонскиот случај знаат за сцилите и харибдите низ кои помина и сè уште минува мојата татковина, малата балканска држава, којашто иако индиректно, како една од шесте конститутивни југословенски републики учествуваше во создавањето на Обединетите нации, при приемот во ОН во 1993 година, се соочи со голема неправда. Имено, таа беше примена под привремената референца, поранешна југословенска Република Македонија, но и со дополнителен услов да преговара за изнаоѓање конечно решение за спорот за името. Во 2018 година беше потпишан и ратификуван Преспанскиот договор, по што следуваа неуспешен референдум и уставни измени со кои Република Македонија формално правно стана Република Македонија. Како професорка по уставно право и како поранешна членка на Венецијанската комисија, знам дека она што е легално не секогаш е праведно и легитимно, оти во случајот на мојата држава, не се постапуваше во согласност со меѓународното и националното право, односно „се заборави“ правото на самоопределување на секој народ, загарантирано со Повелбата на ООН и уставот на СФРЈ од 1974 година. Линијата којашто го двои легалното од праведното, понекогаш е само пукнатина, но друг пат е длабок јаз, па дури и бездна. Тој јаз, таа бездна најчесто и најтешко ги погодува малите народи и држави коишто се први жртви на судирот меѓу силата и правдата, оти може да биде непремостлива препрека за остварување на правото на прогрес. Се разбира, новото име е формално-правна реалност и мојата држава Република Македонија, како одговорна земја членка на Обединетите нации и на НАТО, ги исполнува меѓународните обврски. Но, членството во ЕУ, заради кое го прави тоа, не само што не се оствари, туку македонските граѓани сега се пред нов, повторно „последен услов“ за уште една уставна измена, но, не за членство, туку за почеток на преговорите и тоа по втор пат! За нас, членството во ЕУ, по 20 години преговори и дури 16 позитивни извештаи од Европската комисија, наликува на господинот Годо, оти го чекаме од 2005 година, охрабрувани од меѓународните претставници со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, „уште само оваа уставна измена“. Така, станавме „sui generis” држава, со 36 уставни измени за 30 години, закотвена во геополитичкиот регион наречен „Западен Балкан“! Како мирољубива држава, посветена на добрососедството и на регионалната соработка, очекуваме разбирање и соработка со нашите соседи, без закана со вето, зошто каде што има вето, честопати, нема правда. Ветото стана инструмент за билатерализација на евроинтеграцијата, односно нејзина стагнација. Во услови на конфликт на европското тло, стагнацијата на евроинтеграцијата не само што ги демотивира македонските граѓани и ги забавува реформите, туку и го дестабилизира регионот на Југоисточна Европа, оставајќи простор за продор на малигни империјални и великодржавни влијанија. Проширувањето мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет. Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи. Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас. Европската Унија не е само политички систем, туку и политичка филозофија во која веруваат најголемиот број македонски и балкански политички актери и граѓани. Интеграцијата е моќен мотив и клучна сила за демократскиот развој. Целосната интеграција на Балканот во ЕУ ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите и на балканизацијата како феномен. Но, се разбира, балканските држави мора да се однесуваат според европските стандарди, регионално поврзувајќи се и соработувајќи. Драгоцено е искуството и очекувана е помошта на земјите од регионот кои станаа дел од ЕУ, но и на оние коишто се на трасираниот европски пат. Мора да научиме да се поддржуваме едни со други, како во случајот со ковидот, поплавите и пожарите, наместо да се блокираме на европскиот пат. Homo Balkanicus може да биде Homo Europicus, кога сака! Ценети екселенции, Линијата којашто го двои легалното од праведното се провлекува не само во македонскиот случај, туку и низ речиси сите прашања што се на агендата на Обединетите нации, вклучително и оние опфатени во темата на годинашнава генерална дебата: „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашната и за идните генерации“. Соочени сме со големи прашања: 1. Да почнам од најважното: Мирот. Можен ли е праведен мир кога се соочуваме со сè повеќе војни и со флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации? Можен ли е праведен мир со сè подлабоката милитаризација на политиката и со новата трка во вооружувањето? 2. Можно ли е човечко достоинство во амбиент на двојни стандарди, кога човечкиот живот не е еднакво вреднуван и кога страдањата на невините жртви во конфликтите не се еднакво третирани? 3. Како да постигнеме праведен развој, втурнати во трката за профит на сметка на народите на планетата, кога глобалните ресурси се жртвувани, маргинализирани, фрлени на периферијата, заборавени во националните и корпоративните политики и акции? 4. Како да се постигне социјална правда во услови на растечка економска, образовна, родова и дигитална нееднаквост меѓу државите и во самите држави, со сè помалубројни победници и сè побројни губитници на глобализацијата и дигитализацијата, првиве потонати во декаденција, а вториве во пауперизација? 5. Како ќе обезбедиме генерациска правда ако продолжиме со неодговорната и неконтролирана експлоатација на ограничените ресурси? Како ќе се создаде безбедна и одржлива иднина за нашите потомци, ако се продолжи со екоцидните производствени практики и конзумерски навики што оставаат свет задушен од аерозагадувањето, затруен со пестицидите и затрупан со пластика? 6. Со алармантното ниво на емисии на стакленички гасови што забрзано водат до климатски промени со катастрофални последици, дали ние воопшто можеме да зборуваме за одржливост или, пак, треба да почнеме да размислуваме за преживување/способност за живеење? (sustainability vs. habitability). Главниот проблем е што сите овие неправди се системски, што значи, дека ако не се легализирани, тогаш се премолчено толерирани. Она што е легално, за жал, не секогаш е праведно и морално, да повторам уште еднаш. Зошто е тоа така? Во најпознатиот дијалог за моќта и за правдата, Тукидит потсетува дека „правдата е збор кој има вредност во расправиите меѓу луѓето само кога двете страни имаат подеднаква сила; во останатите случаи силните го прават тоа што можат, а слабите она што мораат“. Но, Обединетите нации постојат за да го облагородат суровиот тукидитов свет, со тоа што, обезбедувајќи правна еднаквост меѓу нациите, ќе ја скротат моќта на големите и ќе ги заштитат малите народи. Токму таа правна еднаквост е предуслов за постигнување на врвните цели на Обединетите нации – мирот и безбедноста, човековите права и одржливиот развој. Обединетите нации постојат за да го надминат или барем да го намалат јазот меѓу легалното и праведното. Пред голем предизвик сме: како правното да стане и праведно, односно праведното легално? И, како, она што е легално и праведно да се имплементира? Почитувани присутни, Нема едноставни, евтини и безболни решенија за овој двоен предизвик. Тука, во оваа свечена сала на Генералното собрание, со години лидерите на светот ги споделуваат своите очекувања и разочарувања од Обединетите нации што, не ретко, осцилира помеѓу две вредности – утопискиот оптимизам, од една страна, и нихилистичкиот песимизам, од друга страна. Но, реалноста е комплексна и содржи и успеси и неуспеси. Обединетите нации превенираа нова Светска војна, но не успеаја да ги превенираат и спречат регионалните конфликти, вклучително и војната во Украина и крвопролевањето на Блискиот Исток, чии сцени наликуваат на „Герника“ од Пикасо. Светската организација крена милиони луѓе од сиромаштијата, но сè уште не успева да ја искорени гладта. Со правото на самоопределување, го забрза процесот на деколонизацијата, но не успева да го надмине јазот меѓу богатиот Север и сиромашниот Југ. Обединетите нации се главниот двигател за решавањето на глобалните безбедносни, мигрантски, здравствени, еколошки, енергетски и климатски кризи, но, ретко која од нив е потполно и праведно разрешена. Резолуциите на ова генерално собрание ја одразуваат волјата на мнозинството нации, но не секогаш се доследно почитувани. Меѓународниот суд на правдата е крајната инстанца на правда меѓу државите, а сепак неговите пресуди не секогаш се спроведувани, па дури и се третираат како совети. Светот минува низ бурна геополитичка, економска, научна, технолошка и индустриска трансформација во која човекот има огромно влијание врз планетата. Се плашам дека ја уништува Еденската градина и дека повторно ќе биде избркан од неа, ако не му помогнат Обединетите нации . Но, надлежностите, структурите и процедурите на Обединетите нации како да се замрзнати во времето на нивното основање, во 1945. Наместо зголемена соработка и акција за горливите прашања, се интензивира геополитичкото ривалство и новата трка во вооружување што забрзано нѐ турка кон состојба што наликува на нова, втора студена војна и на Орвеловиот свет! Ретко кога Обединетите нации ни биле толку потребни како денес. А сепак, ретко кога, Обединетите нации биле толку политички маргинализирани како што се денес. Дами и господа, почитувани колеги, За да се надмине оваа политичка маргинализација, потребен е нов дух на мултилатерализам што ќе ги ублажи геополитичките ривалства и ќе ја зголеми довербата и соработката меѓу државите околу споделените предизвици. Тој мултилатерализам се потпира врз три столба. 1. Првиот е доследното почитување на Повелбата на Обединетите нации и на меѓународното право коешто постои за да ги заштити послабите од предаторските инстинкти на посилните. Во овој контекст, македонската држава цврсто стои на ставот дека територијалните претензии и обидот да се стекне територија со сила се флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, тие се трансформираат во толерирани практики што ги загрозуваат светскиот мир и безбедноста. Затоа, ние ги поддржуваме заложбите за одржлив, праведен и траен мир во Украина, втемелен врз меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации. На тој план, целосно се усогласивме со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Ова е важно за нас, бидејќи војните и конфликтите се одразуваат и на мирот и стабилноста на Југоисточна Европа и Западниот Балкан. Мултилатерализмот зависи и од почитувањето на меѓународните договори. Како држава посветена на добрососедството и регионалната соработка, ние ги почитуваме билатералните договори со нашите соседи и очекуваме и нашите соседи да ги почитуваат договорите без да го злоупотребуваат правото на вето. 2. Вториот столб на мултилатерализмот е доследното спроведување на Целите за одржлив развој и на сродниот Париски договор и Рамката од Сендаи за намалување на ризиците од катастрофи. На национален план, со поддршка од Обединетите нации и од нивните агенции, ние ја вклучуваме Агендата 2030 во нашите долгорочни развојни стратегии, политики и закони. Високо на нашата агенда се климатската акција и зелената и праведна транзиција, родовата еднаквост и борбата против дискриминацијата на жените и девојките, како и вклучувањето на младите во процесите на одлучување. Две третини од Целите за одржлив развој се директно поврзани со европското законодавство, па Обединетите нации ни помагаат во спроведувањето на европските реформи. И за тоа сме им благодарни. 3. Третиот столб на новиот мултилатерализам го гледам во поголемата посветеност кон реформа на Обединетите нации, што ќе биде суштинска, а не козметичка и корективна, реформи, што ќе го отклучат потенцијалот на Обединетите нации и ќе овозможат гласот на секоја држава, голема или мала, да биде еднакво слушнат и вреднуван. Првата група реформи треба да помогнат во усогласување на Обединетите нации со новите предизвици и новите развојни приоритети. Сè почестите екстремни временски појави предизвикани од климатските промени се само предигра на тоа каква иднина нè очекува нас и нашите потомци, доколку од корен не се промени односот на човештвото кон природата и планетата. Потребен ни е нов општествен договор, како што вели Жан Жак Русо, но и нов природен договор (Natural Contract), како што вели Мишел Сера, со кој природата ќе ја третираме како партнер! Втората група реформи би ги опфаќала структурите и процедурите на Обединетите нации, почнувајќи од правилата за гласање, преку финансирањето, до автономијата на генералниот секретар. Како што реков, каде што има вето, нема правда. Неспорен факт е дека правото на вето е легално, но, прашање е колку е праведно, кога се користи за да се парализираат процеси од коишто зависи исполнувањето на целите на Повелбата и очекувањата на народите во светот? Неопходно е Генералното собрание да добие поголема улога во одлучувањето, како претставничко тело на народите, во духот на: We, the Peoples, We, the Nations! Легитимитетот на Советот за безбедност извира од Генералното собрание, па тој треба да функционира како своевидна коалициона влада на народите! Третата група на реформи би ги зајакнала механизмите на Обединетите нации за заштита на ранливите популации и групи, што е особено важно денес, кога бројот на жртвите и бегалците е на највисоко ниво од Втората светска војна. Ценети присутни, Наредната 2025 година ќе славиме 80 години од основањето на Обединетите нации. Оваа година е последниот повик. Обединетите нации или ќе станат мотор којшто ќе го движи светот кон похуман, поправеден и поодржлив поредок, втемелен врз инклузивно и одговорно владеење, или ќе се сведат на пасивна бирократизирана структура целосно зависна од главните актери во геополитичките процеси и односи. Само суштински реформирани, Обединетите нации можат да го надминат јазот меѓу легалното и праведното и да придонесат кон вистински трансформиран свет во кој никој нема да биде оставен и заборавен. Like in the song of John Lennon “Imagine”. Ви благодарам. Advertisement Post Views: 121 Генералното собрание на Обединетите нации Гордана Сиљановска Давкова Претседателката на Македонија 2024-09-26 Весник Илинден...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Македонија пречекан од премиерот Христијан Мицкоски и министрите (ФОТО)
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Македонија пречекан од премиерот Христијан Мицкоски и министрите (ФОТО) Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Македонија. Тој беше пречекан на аеродромот во Охрид од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министрите од македонската влада.Како што информира владината прес-служба, Мицкоски утре (петок) ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.Утре ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери. Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид. Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, рече Мицкоски по повод посетата. Advertisement Post Views: 178 Македонија Унгарскиот премиер Виктор Орбан 2024-09-26 Весник Илинден...
Општина Пустец доби ново багер од јапонската амбасада
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Општина Пустец доби ново багер од јапонската амбасада Општина Пустец, денеска доби донација од амбасадата на Јапонија во Тирана, која денеска на градоначалникот Пали Колефски му ја предаде амбасадорката Като Кикуко. Станува збор за ново багер, кое ни беше повеќе од неопходно. Доделено ни е врз основа на нашата апликација на повикот на Амбасадата за учество на соодветниот проект. Искажав голема благодарност за јапонскиот народ за поддршката на општината и нашата заедница и посебно на амбасадорката Кикуко, која не почести со нејзината посета, изјави Колефски. Во знак на благодарност на амбасадорката и била врачена благодарница а на средбата двајцата соговорници разговарале и за можностите Амбасадата да ја помогне општината и со други донации. Јапонската дипломатска, придружувана од Колефски, со кајче прошетала по Преспанскиот Езеро а ја посетила и пештерската црква Света Богородица” на островот Мал Град, која е целосно реставрирана. Advertisement Post Views: 76 Амбасадата на Јапонија во Тирана општина пустец 2024-09-26 Весник Илинден...
Врховниот водач на Бекташите, Баба Монди, го назначи првиот амбасадор на „новата држава“ во Албанија
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Врховниот водач на Бекташите, Баба Монди, го назначи првиот амбасадор на „новата држава“ во Албанија Додека дискусиите за новата бекташка држава и понатаму се тема на денот, врховниот водач на Бекташите, Баба Монди, не губи време, туку почна со нејзината организација, објавија албанските медиуми. Суверената држава на редот Бекташи преку соопштение објавила дека назначила „специјален амбасадор кој ќе биде задолжен за секое дипломатско претставништво, прашање или барање за новата држава во Албанија“. Сакаме да ве информираме дека отсега сите соопштенија и прашања во врска со суверената држава на редот Бекташи треба да се упатуваат до соодветниот претставник. Особено, за секое дипломатско претставништво, прашање или барање за организирање состаноци или дискусии во врска со суверената држава на редот на Бекташите. За специјален амбасадор на суверената држава е назначен Ник Грезда, стои во соопштението. Се додава дека „амбасадорот Грезда е назначен да ги реши сите овие прашања и е најсоодветен за решавање на кое било прашање поврзано со суверената држава на редот Бекташи“. Идејата за трансформација на Центарот за светски поредок на Бекташите во „суверена држава во Тирана, која ќе функционира по примерот на Ватикан“, ја објави албанскиот премиер Еди Рама, во говорот на 79-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, откако тоа претходно го направи во интервју за „Њујорк тајмс“. По лавината реакции во земјата, чиј заеднички именител е „несогласување“, со образложение дека ќе ја наруши верската и меѓуверската хармонија, Рама вчера преку објава на социјалнте мрежи порача дека е „ дојдено време оваа идеја да се спроведе“. Advertisement Post Views: 69 Албанија Бектешите верници 2024-09-26 Весник Илинден...
Советот на Европа: Јазици за мир, Европскиот ден на јазиците 2024 година ја нагласува лингвистичката и културната разновидност на Европа
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Советот на Европа: Јазици за мир, Европскиот ден на јазиците 2024 година ја нагласува лингвистичката и културната разновидност на Европа Секоја година од 2001 година, Европскиот ден на јазиците, кој се одбележува на 26 септември, го слави богатството на јазиците кои коегзистираат во Европа и пошироко. Над 225 јазици се мајчин само во Европа, не вклучувајќи ги јазиците кои пристигнале на континентот преку миграција. Мотото на овогодинешниот ден е „Јазици за мир“. „Јазичната разновидност, од која потекнува извонредна културна разновидност, е основата на денешна Европа. Ние сме единствени затоа што внимаваме на секој јазик, неговото зачувување, неговото ширење во јавната сфера. Почитувањето на сите јазици, дури и на најмалите, го обезбедува нашето единство и го одржува во живот проектот за европско единство, како што покажуваат денешните настани низ Европа“, рече Гитанас Науседа, претседател на Република Литванија, кој моментално претседава со Комитетот на министри. на Советот на Европа. „Европскиот ден на јазиците е и прослава на демократијата, слободата и солидарноста. Со подобро разбирање едни со други, ние сме поспособни да најдеме заеднички решенија и да изградиме заедничка иднина во која сите се важни, бидејќи сите ја збогатуваат оваа Европа каде што сме родени. Да го негуваме овој дар на јазична и културна разновидност, не само со вреднување на нашиот мајчин јазик, туку и со учење на други јазици!“ Европскиот ден на јазиците има за цел: Подигнете ја свеста за важноста на учењето јазик за зголемување на плурилингвизмот и меѓукултурното разбирање. Промовирање на богатата лингвистичка и културна разновидност на Европа. Поттикнете го доживотното учење јазик во и надвор од училиштето. Канцелариите на Советот на Европа се вклучени во координацијата на неколку саеми за јазици, меѓу кои и во Грац (Австрија), каде што Европскиот центар за современи јазици ја прославува својата 30-годишнина, во Белград (Србија) заедно со културните институти и Европската комисија и до далечниот Тунис (Тунис) каде што се планира разновидна програма на активности инспирирани од јазикот. Европската комисија, долгогодишен партнер на Советот на Европа, годинава е вклучена и во организирање на околу 70 активности околу овој ден. Advertisement Post Views: 111 Советот на Европа 2024-09-26 Весник Илинден...
Бајден: Меѓународна средба за Украина во Германија
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Бајден: Меѓународна средба за Украина во Германија Американскиот претседател, кој денеска го прима украинскиот колега Зеленски во Белата куќа, најави меѓународна конференција за Украина што ќе се одржи во октомври во Германија. Американскиот претседател Џо Бајден најави одржување состанок на високо ниво за Украина, кој ќе се одржи во Германија во октомври. На состанокот на Контакт групата предводена од САД за поддршка на Украина, Бајден сака да ги координира напорите на повеќе од 50 земји кои го поддржаа Киев во неговата одбранбена борба против Русија, соопшти Белата куќа. Бајден патува во Германија во средината на октомври. Се очекува Бајден во Берлин да се сретне со канцеларот Олаф Шолц и со сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа да ја посети американската воздухопловна база Рамштајн. Иако Белата куќа не соопшти детали за локацијата на средбата за Украина, се смета дека таа ќе биде одржана во базата Рамштајн. Форматот се нарекува и Рамштајн-група и по правило е раководен од американскиот министер за одбрана Лојд Остин. САД и Германија се најголемите испорачувачи на оружје за Украина. Една од главните теми на посетата на Бајден ќе биде поддршката на Украина. Ова е прва билатерална посета на Бајден на Германија во неговиот четиригодишен мандат и прва посета на американски претседател во Берлин откако во ноември 2016 година тогашниот претседател Барак Обама на својата проштална турнеја се сретна со тогашната германска канцеларка Ангела Меркел. Бајден денеска во Белата куќа ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој треба да ги претстави деталите за неговиот „план за победа“. Бајден пред средбата најави нова поддршка за Украина во висина од повеќе од седум милијарди евра. Во пакетот се содржани и дополнителни системи за воздушна одбрана Патриот, ракети со долг дострел и дронови. Зеленски се заблагодари за помошта: „Оваа поддршка ќе ја користиме на што е можно поефикасен и потранспарентен начин“, напиша тој на платформата Телеграм, споменувајќи ја поддршката и на Републиканците и на Демократите. Украина веќе две и пол години се брани против руската инвазија, а Зеленски при посетата на САД се ангажира за добивање поголема поддршка на својата земја. Киев со недели инсистира на дозвола за користење на оружјето со долг дострел против цели длабоко на руска територија. Доколку се случи тоа, Москва се закани со употреба на атомско оружје. Advertisement Post Views: 69 Сад 2024-09-26 Весник Илинден...
Телата за еднаквост, јавните власти и граѓанските организации во Албанија ги здружуваат силите во борбата против дискриминацијата и омразата
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Телата за еднаквост, јавните власти и граѓанските организации во Албанија ги здружуваат силите во борбата против дискриминацијата и омразата Партнерите и корисниците на проектот Зајакнување на заштитата од дискриминација во Албанија го ценеа придонесот на оваа иницијатива за соработка на Европската Унија и Советот на Европа, која има за цел да ги унапреди ефектите од реформите на полето на антидискриминација и борба против говорот на омраза во Албанија. За време на состанокот на Управниот комитет, претставници од телата за еднаквост, јавните власти и граѓанските организации имаа можност да се запознаат со постигнатиот напредок и разговараа за клучните чекори што треба да се преземат заедно во напорите за подобрување на заштитата на малцинствата и другите ранливи групи во Албанија, од дискриминација и говор на омраза/злосторства од омраза, во согласност со европските стандарди. Ефикасната поддршка обезбедена од проектот, особено преку иницијативи за подигање на свеста кои се фокусираат на борбата против дискриминацијата и промовирањето на различностите, како што е поддршката за неделата IDAHOT во Албанија организирана во тесна соработка со телата за еднаквост и граѓанските организации, беше истакнато од учесниците . Исто така, на средбата беше истакната како многу ефикасна помошта понудена на Комитетот за национални малцинства во размената на најдобрите европски практики во областа на заштитата на малцинствата. Претставниците на албанската државна полиција и на Факултетот за магистрации ги истакнаа придобивките од курсот за злосторства од омраза што беше организиран со поддршка на проектот за 20 претставници, кои се на првата линија на заштита од омраза во Република Албанија. За време на средбата, учесниците се вклучија во интересни дискусии за конкретни начини за зајакнување на ефективноста на иницијативите за антидискриминација преку меѓуинституционална соработка и тематски иницијативи за подигање на свеста кои ќе бидат лансирани во рамките на проектот. Во овој контекст, состанокот послужи како платформа за размена на предизвици и најдобри практики помеѓу јавните институции, телата за еднаквост и граѓанските организации со цел да се идентификуваат и координираат помеѓу главните актери на теренот, заедничките и индивидуалните иницијативи засновани на приоритетите на теренот. и против дискриминацијата. Advertisement Post Views: 69 Комитетот за национални малцинства Советот на Европа 2024-09-26 Весник Илинден...
Албанија на 15 октомври на Втората меѓувладина конференција се отвораат преговорите за основните поглавја
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Албанија на 15 октомври на Втората меѓувладина конференција се отвораат преговорите за основните поглавја На 15 октомври Република Албанија ќе ги отвори преговорите со ЕУ за основните поглавја. Се дознава дека сите земји членки на Европската унија, вклучително и Грција, се договориле втората меѓувладина конференција да се одржи кон средината на октомври. Извори блиски до парламентот информираат дека на 2 октомври албанската влада го доставува својот преговарачки став до Брисел, а на 15 октомври ќе се организира втората меѓувладина конференција. Во процесот на преговори за прв пат беше вклучен и парламентот, а претседателката на комисијата за интеграции, Јорида Табаку, ги информираше членовите на оваа комисија дека преговорите за основните поглавја ќе се одржат кон средината на октомври. Во меѓувреме, Табаку ги потсети сите членови на комисијата дека документот за преговарачкиот став на албанската влада е доверлив и секој од нив се потпишал на изјавата со која се обврзува дека нема да го објави. Албанија официјално ги отвори преговорите за членство во ЕУ во јули 2022 година. Од тој момент, целата албанска држава беше вклучена во процесот на аналитички преглед на законската регулатива инаку позната како Скрининг. После тоа, нашата земја беше подготвена да започне разговори за првиот кластер или на друг начин за основните поглавја, кои така се нарекуваат затоа што ги опфаќаат најважните прашања од владеењето на правото и реформите во правдата, до изборите, демократијата и економијата. И бидејќи Република Албанија беше подготвена да влезе во оваа нова фаза на преговори, патот стана тежок поради ветото на Грција и ќор-сокакот создаден поради апсењето на Алфред Белери, малцинството кое ја освои општина Химара, но беше осудено за изборна корупција. Очигледно овој ќорсокак е надминат и кон средината на октомври Република Албанија ќе седне на преговарачка маса со Европската унија. Advertisement Post Views: 56 Еу Република Албанија 2024-09-26 Весник Илинден...
Книжевна вечер за Шопов и во Друштвото на словенечките писатели
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Книжевна вечер за Шопов и во Друштвото на словенечките писатели По повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“ „Златен круг на времето“ продолжува да го привклекува интересот на словенечката културна јавност. Обемниот избор од поетското творештво на Ацо Шопов што неодамна беше објавен во Словенија и што веќе беше промовиран во Љубљана беше повод и за книжевна вечер посветена на македонскиот класик и на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ во Друштвото на словенечките писатели. Како што беше посочено на настанот, по објавувањето на вакво значајно издание, ова е и долг кон Шопов затоа што тој, преку книжевниот превод е најзаслужниот од првата генерација македонски повоени писатели за афирмација на словенечката книжевност во Македонија, но и македонски поет за чиешто творештво има исклучително голем интерес во словенечката културна средина децении наназад. Организацијата на собирот инициран од Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана беше и во содејство со Друштвото на словенечките книжевни преведувачи коешто го чува споменот за Шопов не само како поет, туку и како еден од најголемите не само македонски, туку и југословенски книжевни преведувачи – прв од поранешната Југославија што ја има добиено највисоката државна награда за превод и тоа за Шекспировиот „Хамлет“, за што во 1970 година словенечките медиуми известуваат како голема гордост за Македонија. Дел од најзначајните словенечки писатели, универзитетски професори по книжевност и по лингвистика, книжевни преведувачи и музичари ја исполнија со убава енергија салата на Друштвото на словенечките писатели на собирот одржан во понеделник, 23 септември, по повод објавувањето на „Златен круг на времето“ – издание што го претставува и дијалогот на книжевноста со ликовната уметност преку делата на академскиот сликар Боге Димовски. Притоа се забележа колку поезијата на Шопов, и преку преводот на словенечки јазик е инспирација и поттик за дијалогот со другите уметности – на собирот, антологиската, позната „Очи“ на Шопов, во препев на словенечкиот поет и преведувач Иван Минати доживеа и музичка изведба од словенечкиот поет, писател, музичар и публицист Матеј Крајнц. Шопов важи за еден од македонските книжевници чиешто творештво децении наназад е инспирација за другите форми на уметнички израз, првенствено за ликовната и за музичката уметност, но се потврдува дека тој дијалог продолжува и преку новите генерации и нема само национален, туку и меѓународен карактер, преку препевот на антологиското творештво на Шопов. Во централниот дел на собирот се одржа разговор меѓу универзитетската професорка, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана, Намита Субиото, којашто е и еден од словенечките препејувачи на поезијта на Шопов и иницијатор на објавувањето на обемниот двојазичен избор и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, којшто во Љубљана престојуваше како претставник на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ во својство на нејзин прв стипендист докторант. Во разговорот, покрај што се опфати историската димензија на значењето на творештвото на Шопов колку за македонската, толку и за јужнословенската книжевна стварност, се отворија и прашања за предизвиците при препејувањето на песни од Шопов, при што во дискусијата се вклучи и Роли Грау, којшто заедно со Кристина Крамер го подготви и препеја обемниот двојазичен (македонски-англиски) избор објавен минатата година во САД под наслов „Долго доаѓање на огнот = The Long Coming of the Fire“, Deep Vellum Publishing, 2023. Се говореше и за значајноста на објавувањето на прво издание на творештво на македонски класик од ваков формат што ги обединува препејувачите од различни генерации. Имено, во „Златен круг на времето“ денешните препеви на Намита Субиото, Соња Цекова Стојаноска и Маја Ковач ги дополнуваат и се надоврзуваат на препевите што во втората половина на дваесеттиот век ги објавувале Северин Шали (1911-1992), Богомил Фатур (1914-1990), Јоже Шмит (1922-2004), Иван Минати (1924-2012) и Цирил Злобец (1925-2018). Не остана незабележан пиететот што го изразија кон Шопов потомците на неговите најстари препејувачи, кои беа присутни на настаните во Љубљана. Од петмината поети кои во минатото го препејувале Шопов, тројца беа претставени од нивните деца: Матеј Минати, Жига Шмит, Цвето Шали и сестра му Мојца Папич. На собирот во Друштвото на словенечките писатели, за Шопов се говореше и како за обединувач на енергиите, имајќи предвид дека и преку изданието на „Златен круг на времето“ се обединија силите на повеќемина ентузијасти што работејќи без надоместок или финансиски поддржувајќи го изданието овозможија по половина век, дел од творештвото на Шопов, преку ново издание да е подостапен за словенечката читателска публика, при што веќе се случуват и првите критички одгласи за изданието. Шопов како обединувач на позитивни енергии веќе ѝ е познат на нашата публика, особено преку одбележувањето на 100 години од неговото раѓање во УНЕСКО и во ИНАЛКО, во Париз, каде што околу неговиот лик се собраа триесетмина претставници на писателската, уметничката и универзитетската фела од целиот свет. На „Деновите на поезијата“ во Сити Мол Скопје, организирани годината по повод Светскиот ден на поезијата, 21 март, преку неговиот лик се соединија десетина историски ликови и голем број најмлади имиња од македонската поезија. Слична синергија се случи и во Друштвото на словенечките писатели, каде што беше остварена и средба со Лидија Аризанковска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, којашто е гостинка на резиденцијалната програма на Друштвото на словенечките писатели. Фокусот беше ставен на рецепцијата и интересот за словенечката книжевност во Македонија, а одделно на нејзините преведувачки искуства со творештвото на современите словенечки писатели. Меѓу нив, Андреј Блатник, словенечки писател и универзитетски професор, уредник во Цанкарјева Заложба, прочита инсерт од неговиот последен роман објавен минатата година во македонски превод на Аризанковска, „Плоштад на ослободувањето“. Во Друштвото на словенечките писатели стана збор и за мисијата и целите на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и за можностите за натамошно содејствување не само во афирмацијата на делото на Шопов, туку и воопшто на вредностите што ја дефинираат естетската вертикала на македонската поезија, го поттикнуваат дијалогот со другите уметности и се поддршка за младите творци и истражувачи. Како единствен ваков електронски ресурс во овој дел на Европа, а и пошироко, беше презентирана и електронската повеќејазична платформа „Лирскиот дом на Ацо Шопов“, за којашто од словенечка страна беше посочено дека и во тамошната академска средина овозможува продлабочени истражувања и од новите генерации истражувачи, имајќи предвид дека во Словенија, творештвото на Шопов е предизвик и за најновите сериозни словенечки македонисти и јужнослависти. Покрај подадената рака за натамошна соработка со словенечките институции, Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ донираше и значајни монографски публикации со кои се афирмира македонскиот збор, и тоа за библиотеката на Филозофскиот факултет во Љубљана, како и за Друштвото на словенечките писатели. Во рамките на работната посета во Словенија, Иван Антоновски и како претставник на Фондацијата оддржа и консултативни средби со студентите на Филозофскиот факултет во Љубљана коишто веќе работат на нови истражувања за Шопов, а се очекува до крајот на годината, во препев на словенечки јазик да биде објавен и избор од антологијата на младата македонска поезија „Ново раѓање на зборот“ што беше објавен во 2023., – годината во чест на Ацо Шопов. Во рамките на соработката на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ со словенечките институции, до крајот на годината се очекуваат уште неколку настани коишто ќе ги зајакнат македонско-словенечките книжевни и културни врски. Advertisement Post Views: 122 Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ во Друштвото на словенечките писатели 2024-09-26 Весник Илинден...
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици
Македонски весник Илинден - пред 15 дена
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет. Важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, со иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Советот на Европа, со 800 милиони Европејци претставени од 47 земји, ги повикува сите Европејци да научат повеќе јазици на која било возраст, во училиште или надвор од училиште. Јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент, ја охрабрува повеќејазичноста низ цела Европа, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Advertisement Post Views: 51 26 Септември денот на европските јазици Македонско друштво “Илинден“-Тирана 2024-09-26 Весник Илинден...
Откриени гробишта од хеленистичкиот и средновековниотс во село Света Марија во Административната единица Свети Ѓорѓија во општина Тирана
Македонски весник Илинден - пред 16 дена
Откриени гробишта од хеленистичкиот и средновековниотс во село Света Марија во Административната единица Свети Ѓорѓија во општина Тирана Археолозите на Управата за археолошка служба успешно извршија спасувачко ископување во селото село Света Марија во Административната единица Свети Ѓорѓија во општина Тирана, каде што беа откриени гробишта кои потекнуваат од два значајни историски периоди, хеленистичкиот и средновековниот. Веста ја објави премиерот Еди Рама кој пишува дека на виделина излезе несекојдневно археолошко откритие. „Ова откритие, доказ за историјата и животот на древните жители на овој крај, за првпат ги означува наодите на арбореалната култура во областа Тирана, додавајќи извонредни вредности на културното наследство на главниот град. но во исто време и на историскиот и културниот туризам на нашата земја“. Орнаментите откриени во средновековните гробови наликуваат на оние од културата арброре, претходно пронајдени во Коман, Круја Лежа и Пермет, што укажува на широка културна распространетост во Албанија. Advertisement Post Views: 175 Албанија Откриени гробишта од хеленистичкиот и средновековниотс Тирана 2024-09-25 Весник Илинден...
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место (ФОТО)
Македонски весник Илинден - пред 16 дена
Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место (ФОТО) „Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов низ компаниската историја, втемелена врз многу труд, знаење, искуство и квалитет. Иницијалната колекција на Музејот вклучува опипливи сведоштва од скромните почетоци на компанијата, низ хронолошки, декаден след на постепениот деветдецениски раст и развој, како и на глобализацијата и модернизацијата на денешниот „Алкалоид“, бренд зад кој стојат илјадници исполнителни вработени и милиони задоволни корисници. На површина од над 300 м², Музејот на „Алкалоид“ АД Скопје вклучува внимателно колекционирани сегменти од богатата компаниска историја и од работниот век на генерации алкалоидовци. Музејските експонати на компанијата го вклучуваат првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „Кафетин“ од 1957 година, првите пакувања на култниот „Бекутан“ од 1978 година, историјата на Билка со брендот Good Nature од 1966 година, најстарите индустриски машини, ретроспектива на компанискиот логотип низ децениите, примероци од првите изданија на т.н. фабрички весници на „Алкалоид“ од 1971 година и друго. Колекцијата содржи и експонати од поновите производи и брендови на „Алкалоид“, како што се брендот „БлокМакс“ од 2012 година, екстензиите на „Прокулин“ од 2017 година, „Бекутан Кидс Витс“ од 2019, портфолиото на „Мулти Есенс“ од 2020, како и водечкото портфолио на цефалоспорини во компанијата. „Овој простор содржи бројни драги спомени и значајни моменти од работниот век на генерации алкалоидовци, кои сведочат за етапниот развој на една успешна македонска приказна, која денес нови генерации ја раскажуваат надвор од македонските граници, со пласмани во над 50 земји во светот. На едно место собравме поставки од скромните почетоци во два погона, во кои 15 работници произведувале 350 кг фармацевтски суровини, до денес, кога во зенитот на деветтата деценија од нашето постоење имаме над 80.000 м2 производствени капацитети, илјадници исполнителни вработени и милиони задоволни корисници“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Во својата долга историја „Алкалоид“ секогаш покажувал резилиентност и брза приспособливост на промените. Во контекст на успешниот развој, клучни одлики се континуираните инвестиции, квалитетот на производите и на стручниот кадар кој управува со процесите. Основна константа за компанијата претставува вложувањето во заедницата во која дејствува, а колективната општествена одговорност е врвен императив и влог за поттик кон пошироко општествено дејствување. Advertisement Post Views: 46 Алкалоид АД Скопје 2024-09-25 Весник Илинден...
МНР со апел до граѓаните на Македонија кои се во Израел
Македонски весник Илинден - пред 16 дена
МНР со апел до граѓаните на Македонија кои се во Израел Министерството за надворешни работи и трговија на Македонија упати јавен апел до граѓаните на Македонија кои се во Израел. Се повикуваат да го следат националниот портал за итни случаи – Команда на домашен фронт www.oref.org.il специјализирана за цивилна заштита, која издаде нови препораки до населението: да се почитуваат другите упатства од надлежните институции во Израел. Министерството дополнително во мејлот вели дека достапни се два СОС контакт телефони – 075/273-732 и 075/268-736, како и бројот за притвор во Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378. Advertisement Post Views: 73 Министерството за надворешни работи и трговија на Македонија 2024-09-25 Весник Илинден...
Во Корча изложба на познатиот Македонски зограф „Иконите на Дичо Зограф, збирка на Националниот историски музеј“
Македонски весник Илинден - пред 16 дена
Во Корча изложба на познатиот Македонски зограф „Иконите на Дичо Зограф, збирка на Националниот историски музеј“ Во неделата на Европските денови на културното наследство, темата за 2024 година „Патишта, мрежи и врски“ е најдобро претставена во активноста организирана помеѓу Националниот историски музеј и Националниот музеј на средновековна уметност од Корча каде културно наследство ја покажува длабоката поврзаност меѓу народите, културите и правилно промовира мрежи и заеднички патувања на заеднички вредности низ вековите, како што се оние меѓу Албанија и Македонија. Изложбата со наслов „Иконите на Дичо Зограф, збирка на Националниот историски музеј“ во Националниот музеј на средновековна уметност во Корча на 27 септември 18:00 часот во соработка со Министерство за економија, култура и иновации, Музејот на средновековна уметност, Националниот историски музеј. Дичо Зограф, уметник, чудотворец, најпознат македонски зограф и претставници на Мијачката школа мајстор на иконописот, автор чии импресивни дела ќе станат парадигма за генерации зографи на пошироките балкански простори. Веројатно и ова не е доволно за да се искаже големината на Димитрија Крстев(ич), познат како Дичо Зографот, човекот кој направи пресврт на еден илјадагодишен период и означи почеток на сосема нов правец во историјата на македонската црковна уметност. Дичо е роден во Тресонче, 1819 година. Во маалото Лековци. Таму и пораснал. Се оженил на дваесет години, на 1 јули 1839 година, како што самиот забележал во стариот зографски прирачник т.н. ерминија. Имал седум синови и една ќерка. Малку пишани белешки има за неговата биографија. Се знае дека бил исклучително образован и дел од од тогашната интелектуална елита. Добро ги владеел книжевниот грчки и старословенски црковен јазик, како и духовните прашања. Интересот за користење книги од богословската литература, на графички изданија и на старите ракописи само ја заокружува неговата комплексна личност, наведува академик Грозданов. Таткото на Дичо, Крсте Перков, бил зограф, но повеќе резбар и копаничар. Се смета дека тој го вовлекол синот во занаетот. Веднаш откако потпораснал, Крсте го земал Дичо во својата копаничарска група, но тој, сепак, поголем интерес покажал за зографството. Според писанијата и она што го знаат потомците, основите на зографскиот занает Дичо ги совладал во манастирот „Св Јован Бигорски“. Најмногу научил од мајсторот Михаил кој со својот син Димитрија (подоцна замонашен како Даниил) дошол од Самарина (Епир). Стекнатото искуство кај овие двајца зографи, Дичо го надградил, а потоа и го развил својот препознатлив стил. Дела на Дичо Зограф има и во областа Голо Брдо, од 1853 година се двете скоро идентификувани Дичови дела: иконата со Богородица од црквата Св. Ѓорѓија во с. Врница, областа Голо Брдо. Advertisement Post Views: 123 Иконите на Дичо Зограф 2024-09-25 Весник Илинден...
Училиштето во село Смолик областа Голо Брдо во катастрофална состојба (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 17 дена
Училиштето во село Смолик областа Голо Брдо во катастрофална состојба (ВИДЕО) Училиштето во селото Смолик областа Голо Брдо во катастрофална состојба во Административна единица Зерќан во општина Булќиза нема соодветна образовна зграда. Учениците од ова село учат во куќа оставена на користење од жител на селото. Иако бројот на ученици е мал, тие немаат реална средина за развој на процесот на учење. Куќата каде што предаваат се наоѓа на работ на селото и е среде вегетацијата. Учениците велат дека се плашат да одат на училиште бидејќи им се закануваат диви животни. Бараат училиштето да се одржи внатре во селото за барем тие да бидат безбедни. Во меѓувреме, раководителите на образованието во општина Булќиза рекоа дека се бара решение за ова село, каде за неколку дена, средина во селото ќе биде достапна за учениците и наставниците. Поради географската положба, учениците не можат да се префрлат во други училишта, па единствено решение е да ги има во рамките на селото Смолик. Advertisement Post Views: 160 Македонци во Албанија Село Смолник областа Голо Брдо 2024-09-24 Весник Илинден...
Тел Авив: Израелската влада прогласи вонредна состојба во целата земја
Македонски весник Илинден - пред 17 дена
Тел Авив: Израелската влада прогласи вонредна состојба во целата земја Израелската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја денеска по драматичното интензивирање на борбите меѓу израелската војска и Хезболах во јужен Либан, Израелските медиуми соопштија дека декларацијата ќе трае до 30 септември и значи, меѓу другото, дека големината на собирите може да биде ограничена. Сепак, досега армијата сè уште нема објавено нови инструкции. Advertisement Post Views: 94 Израелската влада 2024-09-24 Весник Илинден...
Стојков: Извештајот на Советот на Европа за Бугарија, голем чекор за македонското малцинство (ВИДЕО)
Македонски весник Илинден - пред 17 дена
Стојков: Извештајот на Советот на Европа за Бугарија, голем чекор за македонското малцинство (ВИДЕО) Advertisement Post Views: 212 македонци во бугарија Советот на Европа 2024-09-24 Весник Илинден...
Претседателот на Владата на Македонија, Мицкоски оствари средба со Претседателката на албанскиот парламент, Спиропали
Македонски весник Илинден - пред 17 дена
Претседателот на Владата на Македонија, Мицкоски оствари средба со Претседателката на албанскиот парламент, Спиропали Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали. Соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми при што премиерот Мицкоски истакна дека граѓаните на двете држави очекуваат подобар живот и ангажман на политичарите за решавање на реалните проблеми врзани со стандардот и економската моќ. Активностите треба да се насочат кон создавање на мостови и решенија, наместо вештачки теми на раздор и недоразбирања. Advertisement Post Views: 54 Претседателката на албанскиот парламент Претседателот на Владата на Македонија 2024-09-23 Весник Илинден...
Собрание на делегати ФУЕН 2024: Повик за европска правна рамка за заштита и промоција на малцинствата
Македонски весник Илинден - пред 18 дена
Собрание на делегати ФУЕН 2024: Повик за европска правна рамка за заштита и промоција на малцинствата Третиот ден од Конгресот на ФУЕН е традиционално посветен на нашите повеќе од 100 организации членки: За време на Собранието на делегати, размислуваме за изминатата година и донесуваме важни одлуки за иднината. Оваа година, ФУЕН уште еднаш усвои сеопфатна главна резолуција на своето собрание на делегати, што се одржа на 21 септември во Хусум Германија. Ова бара развој на европска правна рамка за заштита и промоција на автохтоните национални малцинства. Во резолуцијата се наведува: „ Ситуацијата на неколку автохтони национални и јазични малцинства во светот, а особено во Европа, се влошува, со загрижувачки пад на заштитата на малцинствата. на 3-4 март во Брисел Конференцијата препорача ФУЕН да се залага за сеопфатна правна рамка на ЕУ со јасни стандарди за заштита за ефективно да се заштитат и промовираат правата на националните и јазичните малцинства, вклучително и нивната култура, јазик и идентитет, и да започне нов форум за соработка на граѓанските организации фокусиран на малцинските права“. Во однос на содржината, резолуцијата е поделена на четири централни области: Европска Унија: ФУЕН повикува на создавање на сеопфатна правна рамка на ЕУ за заштита и промоција на автохтоните национални малцинства. Ова треба да воспостави хармонизиран европски стандард кој ги штити и колективните и индивидуалните права на малцинствата, особено во однос на нивната култура, јазик и идентитет. Малцинствата треба да бидат способни да дејствуваат како еднакви граѓани во сите области од животот. Културната и јазичната разновидност на овие малцинства се истакнува како суштински дел од европскиот начин на живот кој мора активно да се поддржува. ФУЕН, исто така, бара од Европската комисија да ја преиспита иницијативата за малцински SafePack. Комисијата е повикана да развие европска стратегија и правни мерки врз основа на МСПИ. Дополнително, ЕК треба да формира советодавно тело кое ќе обезбедува стручни совети за креирање политики и спроведување на законодавството на ЕУ што се однесува на автохтоните национални малцинства во ЕУ и нејзиното соседство. Совет на Европа: Советот на Европа треба да даде приоритет на заштитата на малцинствата и да ја зајакне соработката со граѓанското општество активно на полето на заштитата на малцинствата. Дополнително, се препорачува формирање на парламентарно тело за автохтони национални малцинства во рамките на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Обединети нации (ОН): ФУЕН препорачува формирање постојан форум за малцинските прашања во ОН и ги поддржува напорите на специјалниот известувач на ОН за малцински прашања да води активен дијалог со граѓанското општество активно на полето на заштитата на малцинствата. Граѓанско општество: ФУЕН би сакал да ја подобри соработката помеѓу европските граѓански организации кои ги претставуваат автохтоните национални малцинства преку формирање на Европскиот совет за малцинства. Дополнително, беа усвоени уште осум резолуции: за вербалните напади врз Турците на Родос, Кос и додеканеските острови во грчкиот парламент до загрозените бретонски имиња на места во Бретања (Франција) до Комитетот за национални малцинства во Албанија за откажување на регистрацијата на Здружението за култура и спорт на Западна Тракија Фенербахче за каталонскиот како официјален јазик на ЕУ за извонредниот образовен систем во Каталонија за регистрација на генерички термини на регионалните и малцинските јазици како заштитени трговски марки за заштита на домородното население на Кримските Татари и националните малцинства во Украина Донесени се и следните одлуки Беа направени измени на четири члена од статутот на ФУЕН. Една од овие измени се однесува на членот 24, со цел да се осигура дека јазичната и географската разновидност на организациите членки на ФУЕН подобро се одразуваат во Президиумот. EUROPEADA 2028 ќе се организира во Фриули-Венеција-Џулија, на северо-источниот дел на Италија. Домаќини ќе бидат словенечките и фрилијанските организации членки на ФУЕН од Италија (Совет на словенечки организации; Словенечко културно-економско здружение; фрилијанско филолошко друштво). Конгресот ФУЕН 2025 ќе се организира во Јужен Тирол (Италија). Домаќин ќе биде нашата организација членка, Јужнотиролската народна партија (СВП), која ги претставува германските и ладинските јужнотиролци. Конгресот најверојатно повторно ќе се одржи во септември. Собранието на делегати прифати две организации како здружени членки на ФУЕН: Централна асоцијација на словенечки организации во Корушка, Австрија Германска заедница во Клаипеда, Литванија Дополнително, Собранието на делегати назначи четири организации како организации-членки за поддршка на ФУЕН: Ромски образовен центар за возрасни – Австрија Шведското собрание на Финска – Финска НВО „Дуслик“ – Украина Унгарска граѓанска моќ – Романија Собранието на делегати, исто така, одлучи да го промени статусот на членство на организациите членки на ФУЕН „Plataforma per la Llengua“ и Црногорската заедница во Албанија – Елбасан од придружно во обично членство. Президиумот на ФУЕН, исто така, го прифати професорот Бенгт-Арне Викстром како индивидуален член на ФУЕН. Добредојдовте во семејството ФУЕН! Advertisement Post Views: 28 Собрание на делегати ФУЕН 2024 2024-09-21 Весник Илинден...