ТИНЕЈЏЕР Е ПРИВЕДЕН ПОРАДИ ОБИД ЗА УБИСТВО Повредил тројца во училиште во Шефилд
+Инфо - пред 7 часа
Седумнаесетгодишно момче е уапсено денеска за обид за убиство, откако три лица се повредени во инцидент што го предизвикал во училиште во градот Шефилд во британската област Јоркшир, пренесоа британските медиуми. Полициските службеници утринава во 08:50 часот биле повикани на колеџот Бирли да интервенираат поради инцидент со употреба на остар предмет, а по пристигнувањето на местото било констатирано дека три лица се повредени, по што 17-годишниот тинејџер е уапсен за обид за убиство, пренесува ДПА. Можеби ќе ве интересира 📽 ВЛЕГЛЕ РАСКРВАВЕНИ ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА Тинејџер во… плусинфо 12/04/2024 🎥 „ТЕ МОЛАМ, ЈАС СУМ ДОБРО ДЕТЕ!“ Полицаец во САД застрелал… плусинфо 11/04/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Според информациите, лекарска помош е укажана на едно дете, а двајца возрасни се полесно повредени. Според полицијата, уапсениот млад човек е во притвор, каде ќе остане до понатамошно известување, поради сомнение за убиство во обид. Во објава на платформата X, колеџот Бирли рече дека е во притвор....
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ФАЛС ЕВРО МОНЕТИ? Народна банка ја посочи разликата
+Инфо - пред 10 часа
Народна банка на Македонија посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра. „Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови“, се вели во соопштението. Можеби ќе ве интересира ДЕНАРОТ НАПОЛНИ 32 ГОДИНИ Се одбележува годишнината од… плусинфо 26/04/2024 ПОДДРШКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕТО ВО СЕПА Забрзување на процесот… плусинфо 21/04/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Преку употреба на магнет, наведуваат од Народна банка, може релативно лесно и едноставно да се утврди фалсификувана кована пара. „Централниот дел на монетите е изработен од посебен безбедносен материјал кој е поседува слаби магнетни својства, додека надворешниот прстен не поседува магнетни својства. За разлика од оригиналните, фалсификуваните монети имаат изразено силни магнетни својства или пак воопшто ги немаат“, се наведува во соопштението од Народна банка....
СЕ РАЗЕДИНИЈА НА ДЕНОТ НА ТРУДОТ 11 грански синдикати нема да протестираат
+Инфо - пред 12 часа
Ние денеска нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада, ќе имаме нова влада во текот на следниот месец. Бараме од сите тие што претендираат да бидат носители на таа влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас, изјави денеска претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски. Одговорајќи на новинарско прашање дали ќе се придружат на денешниот најавен протест, Ралповски рече дека тие имаат направено стотици протести во државата во изминатите шест-седум години. Можеби ќе ве интересира ПЕТ НЕРАБОТНИ ДЕНА ВО МАЈ Еве како можете со само 6 денови… плусинфо 29/04/2024 ДЕНЕСКА И УТРЕ ЌЕ „ПУКА“ СОНЦЕ Први мај ќе биде дождлив плусинфо 29/04/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 – Добро е што конечно им текна дека треба да излегуваат на улиците и да си ги бараат соите права. Но, мислам дека во иднина ако имаме коректни односи меѓу двете синдикални организации дека да, за некој е вистинско право, а не изнудено право дека можеме заедно да излеземе низ улиците и да си ги бараме своите права – нагласи Ралповски. Тој појасни дека на денешниот протестот организиран од Сојузот на синдикати по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај нема да излезат 11 грански синдикати – Самостојниот сидникат на образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации на Република Македонија… Ралповски додаде дека на денешната свечена првомајска академија, што се одржува во просториите на СОНК, биле поканети сите политички партии за да ги презентираат своите економски програми. Поканата ја прифатиле само ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија!....
🎥 СЕ УРНА АВТОПАТ ВО КИНА Дупката „проголта“ луѓе и возила
+Инфо - пред 14 часа
Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV. Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 „Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата. Можеби ќе ве интересира 🎥 НЕКОЈ ПО ГРЕШКА ГО СТИСНАЛ КОПЧЕТО „СТАРТ“ Електричен… Панорама 29/04/2024 🎥КАТАКЛИЗМА ВО САД Десетици торнда однеса 5 животи и… плусинфо 29/04/2024 Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови. May 1: a section of the Meilong Expressway (梅龙高速公路) in Guangdong province collapsed at around 2:10am, and 18 vehicles fell into the sinkhole. 31 people were rescued and sent to the hospital. One of them died afterwards…https://t.co/X6QY2zwKdshttps://t.co/cKcJF8YwLB pic.twitter.com/8cUgXonCGR — Byron Wan (@Byron_Wan) May 1, 2024...
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА Се стресоа и Загреб и Лика
+Инфо - пред 14 часа
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Можеби ќе ве интересира СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Нема информации за повредени и за… МИА 30/04/2024 ХРВАТСКА Е НА ДНОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Бугарија е… плусинфо 27/04/2024 Граѓаните од подрачјето во близина на епицентарот велат дека се се тресело. Земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска. Земјотресот е почувствуван и во Загреб. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија....
ТРАМП ДА СИ КАЖЕ, ПА АКО ТРЕБА, И ЌЕ СИ ПЛАТИ Ако Доналд не замолкне, судијата му се закани и со затвор
+Инфо - пред 1 ден
Судијата Хуан Мерчан, денеска на судењето во Њујорк, пресуди дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, направил престап бидејќи како обвинет го нарушил молкот во тој процес. Според наредбата, Трамп до крајот на оваа недела треба да плати 9.000 долари казна бидејќи именувал и критикувал сведоци низ социјалните мрежи и на неговата кампањска страница. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Судијата му се закани и со затворска казна ако Трамп повторно го наруши правилото. Можеби ќе ве интересира ВОЈНАТА НА УКРАИНА ПРОТИВ РУСИЈА БИЛА ПЛАНИРАНА 20 ГОДИНИ!… плусинфо 30/04/2024 🎥КАТАКЛИЗМА ВО САД Десетици торнда однеса 5 животи и… плусинфо 29/04/2024 Судењето на Доналд Трамп е поврзано со исплатата на порно актерката Сторми Дениелс, изршена пред изборите во 2016 година, за нераспространување компромитирачки информации од приватниот живот на поранешниот претседател. Денеска беа слушнати изјавите на повеќе сведоци, вклучувајќи го и Гери Фаро кој е банкарот на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Фаро даде детали за документацијата поврзана со исплатата на 130.000 долари на Дениелс. Сведочеше и Роберт Браунинг, извршен директор на архивите на јавната медиумска куќа „Си-спан“, при што обвинителите прегледаа неколку видео снимки со Трамп како доказ. Понатаму, сведочеше и Кит Дејвидсон, поранешен адвокат на Дениелс и на Карен Мекдугал, поранешна манекенка која исто така е дел од процесот, за преговорите меѓу изданието „Нејшнл енквајерер“ и Коен за откуп и необјавување на сторијата на Мекдугал околу личната врска што ја имала со Трамп....
НОВА ТУРА НАПАДИ ВРЗ ХАРКОВ, РУСИТЕ НЕ СЕ МАЈТАПАТ Има мртви, има и повредени
+Инфо - пред 1 ден
Најмалку две лица се убиени во серија напади што руските сили ги започнаа рано утринава врз украинскиот град Харков, според прелиминарниот биланс објавен од локалните власти кои го осудија гранатирањето врз цивилни цели, објави Си-ен-би-си. Гувернерот на регионот, Олег Синегубов, и градоначалникот, Игор Терехов, на социјалните мрежи го потврдија овој биланс, во кој има и најмалку 6 ранети. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Само во областа Харков во источна Украина, украинските власти забележаа околу 20 бомбашки напади во последните 24 часа. Руските акции изминатиот период се шират и надвор од линијата на фронтот, а во напад врз украинскиот град Одеса загинаа најмалку пет лица. Можеби ќе ве интересира „ЌЕ БИДЕМЕ ВО НАТО КОГА ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ РУСИЈА“ Зеленски на… плусинфо 30/04/2024 НЕТАНЈАХУ НЕ ЗАПИРА Најави напад на Рафах со или без… плусинфо 30/04/2024 Во Одеса беше погоден историски објект кој и припаѓаше на судската академија, а според надлежните, објектот бил погоден со проектил „Искандер“ со касетна муниција. Овие проектили, со оружјето кое Украина го има на располагање, се тешки за пресретнување. 📽 ГОРИ „ЗАМОКОТ НА ХАРИ ПОТЕР“ ВО ОДЕСА Русите ракетираа само неколку часа откако Зеленски побара оружје од Западот...
ЌЕ ГО ЗАБРАНИМЕ УВОЗОТ НА ТУТУН Ние го вреднуваме трудот на тутунарите, порача Николоски
+Инфо - пред 1 ден
Зборувавме со земјоделците и она што е најголема грижа, секако е главниот извор на егзистенција на жителите на општина Конче, а тоа е производството на тутун. Зборувавме за маките на тутунарите, за тоа како е потценет нивниот труд, како цените за откуп не се тие кои што би требало да бидат, како се доцни со исплатата, како се доцни со субвенциите и како сѐ помалку се произведува, рече од митингот во општина Конче, потпретседателот и носител на листата за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски. Тој истакна дека тоа е жалната слика за македонското земјоделие каде што се помалку се произведува, за што се свесни и самите земјоделци и дека производството за тутун скоро за половина е намалено, што е трагично за државата имајќи предвид дека се работи за една стратешка гранка, гранка која што носи егзистенција на десетици илјади жители на Македонија. Можеби ќе ве интересира 🎥 ЌЕ ИМАМЕ ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ НА ОТКУП НА ГРОЗЈЕТО Николоски… плусинфо 29/04/2024 СЕКОЈА ГОДИНА ПРИЛЕП ЌЕ ДОБИВА ОКОЛУ 8 МИЛИОНИ ЕВРА Ќе го… плусинфо 28/04/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 – Во таа насока, една од првите работи кои што ќе ја направиме е усвојување на измените на Законот за тутун, со којшто ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да се откупи целокупниот домашен тутун, по пристојни цени и да се произведува повеќе од она што се произведува до сега. Ние како пратеници, два пати тој закон го поднесувавме во Собранието, но за жал немавме мнозинство за да го изгласаме, пратениците на СДСМ и на ДУИ овој закон не го гласаа од чисто бизнис интереси, затоа што главен увозник на тутун во моментов во Македонија е братот на министерот за земјоделие, Љупчо Николоски – рече Николоски. Така што, посочи дека од чисто лични бизнис интереси, досегашното парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ не го поддржаа тој закон, но затоа пак ВМРО-ДПМНЕ измените на Законот за тутун ќе ги донесе во првите 100 дена од формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. – Но, ние апсолутно, планираме тој закон да го изгласаме уште во првите 100 дена после формирањето на Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со цел вашиот труд биде почитуван, да можете да заработувате добра и да можете чесно да живеете тука – истакна Николоски....
📷 БАТЕРИЈАТА СЕ ПОЛНИ ЗА 30-40 МИНУТИ Макпетрол и ЕВН ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила ширум Македонија
+Инфо - пред 1 ден
На бензинската станица на Макпетрол во Визбегово од денес е во употреба брз полнач за електрични возила. Овој уред е прв од десетте нови брзи полначи што во партнерство со ЕВН ќе бидат поставени на фреквентни локации ширум Македонија. – ЕВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните 7 години поставивме околу 40 полначи за електрични возила на јавни површини во 17 градови низ земјата. Нашите напори продолжуваат со силен фокус на брзото полнење, како главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Соработката со Макпетрол ни е многу важна – споделуваме сродни вредности, а преку нивната широко распространета мрежа на пумпи низ државата успеваме да се приближиме поблиску до корисниците – изјави Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Во 2022 година, на бензинската станица на Макпетрол близу граничниот премин „Богородица“ беше поставен полнач за електрични возила, исто така, во соработка со ЕВН. На оваа локација веќе е поставена и фотонапонска централа што произведува електрична енергија од обновливи извори. – Грижата за животната средина е меѓу стратешките цели на Макпетрол и е вклучена во нашиот годишен план преку „Зелената агенда“. Во рамки на овие активности, друштвото на различни начини ќе инвестира во заштита на околината. Поставувањето 10 брзи полначи ќе придонесе во развојот на електромобилноста во земјава и ќе нè приближи до модерните форми на транспорт. Особено е значајно што овој проект го реализираме партнерски, заедно со ЕВН. Ваквите соработки се исклучително значајни, ако не и пресудни, за реализирање на зелената иднина на Македонија – вели Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор на Макпетрол. Можеби ќе ве интересира ВЛАДАТА ИЗБРА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ СО СТРУЈА Најповолна… плусинфо 16/04/2024 АВСТРИСКИ ВАЛЦЕР ИЛИ ГРЧКО СИРТАКИ Се „штима“ ли изборот за… плусинфо 03/04/2024 Полначите се со DC конектори од типот CCS со моќност од 150kW и се наменети за брзо полнење на едно или две електрични возила. Моделот е меѓу најефикасните во својата класа, овозможува брзо и лесно полнење со времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото. ЕВН и Макпетрол својата грижа за животната околина ја демонстрираат во конкретни инвестиции во доменот на „зелената“ енергија. И двете компании, покрај проектите за електромобилност, поставуваат и фотоволтаични централи за потребите на сопствените објекти. ЕВН ја надградува флотата со електрични возила и инвестира во производство на обновлива енергија, а Макпетрол ќе продолжи да ја проширува мрежата за автоплин и метан (КПГ) преку вложување во малопродажни објекти....
„ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО ГОСПОД?“ Почина 14-годишното момче прободено со мачета во Лондон
+Инфо - пред 1 ден
Во болница во Лондон почина 14-годишното момче кое беше меѓу петмината повредени кои изутрината беа нападнати од маж со мачета во источниот дел на градот, објави Би-би-си. Ова го соопшти полицијата која го уапсила напаѓачот и засега ја отфрли можноста да станува збор за терористички чин. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Еден сведок изјави дека напаѓачот неколкупати ја прашувал полицијата: „Верувате ли во Господ?“ Останатите четворица повредени, од кои двајца полицајци, не се во животна опасност, а во болница останале само двајца. Можеби ќе ве интересира 🎥 ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во… плусинфо 30/04/2024 🎥 СТЕФАН РИСТОВСКИ СПАСИ МОМЧЕ ОД СТРОГОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ… плусинфо 28/04/2024 Полицијата била повикана во североисточниот дел на Лондон околу 7.00 часот, каде што граѓаните пријавиле напад и набргу уапсила 36-годишен маж со мачета, кој очигледно дејствувал сам. Британскиот премиер, Риши Сунак, го осуди нападот. 🎥 ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во Лондон...
ДРАМАТИЧЕН ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО За една година е намалено за 10,4%
+Инфо - пред 1 ден
Индустриското производство во март годинава во однос на март лани е намалено за 10,4%, а за 3,1% споредено по квартали, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 1,9%, а опаѓање има во „преработувачка индустрија“ за 7,6% и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 38,6%. Можеби ќе ве интересира ЗГОЛЕМЕН Е БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ Кој сектор најмногу… плусинфо 01/04/2024 СЕ ОСТВАРИЈА ЗАКАНИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И СТОЧАРИТЕ… плусинфо 29/03/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Намалување на производството има во 10 преработувачки гранки: прехранбената индустрија, тутунската, текстилната, во индустријата за производство на хартија и производи од хартија, печатење и продукција на снимени медиуми (записи), потоа во индустријата за хемикалии и хемиски производи, производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, металната индустрија и индустријата за производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, производството во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи опаѓање кај енергија за 34,9%, интермедијарни производи, освен енергија за 3,4%, капитални производи за 5% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,8%, додека пораст бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 3,5%....
📽️ ПРИСТИГНАЛЕ НА СВАДБА, ПОТОА СЕ ОТРУЛЕ! Морничави сцени од забавата, над 100 немоќни гости побарале помош
+Инфо - пред 1 ден
Најмалку 100 луѓе, меѓу кои и деца, се отруеле со храна за време на свадбена прослава во Мексико. На социјалните мрежи се појавија видеа од градот Куернавака каде во неделата нешто по полноќ се одвивала вистинска драма. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 На снимките може да се видат екипите на итната помош кои пристигнале на местото на настанот и им помогнаат на преплашените гости. Постои сомнеж дека на присутните им се слошило откако го изеле десертот. Можеби ќе ве интересира 🎥 СЕ ЛЕПАТ СО МАГНЕТ, НЕМААТ ДЕТАЛИ НА РАБОВИТЕ Еве како да… плусинфо 29/04/2024 🎥 РУСКИ ВОЈНИК СРУШИ УКРАИНСКИ ДРОН НА МНОГУ НЕОБИЧЕН НАЧИН… плусинфо 28/04/2024 Во салата владееше голема паника, многумина седеа на столчиња и се обидуваа да се вразумат. Локалните медиуми објавија дека неколку лица се задржани во болницата, а храната за венчавката ја обезбедила локална компанија. Не е познато каков десерт им бил послужен на гостите, ниту дали властите покренале истрага....
ПО ПУТИН, КАРЛСОН ГО ИСПРАША И ДУГИН „Западот го мрази Путин затоа што…“
+Инфо - пред 1 ден
Западниот свет го напушти класичниот либерализам и вреднување на поединецот во корист на нова верзија дефинирана со владеењето на малцинствата и филозивијата „wokenss“, објасни контроверзниот руски филозоф и идеолог на путинизмот, Александар Дугин, во интервју со познатиот американски новинар Такер Карлсон. – Постојано растечкото антируско расположение на Запад произлегува од фактот дека Русија се придржува до традиционалните вредности кои западните „прогресивци“ се обидуваат да ги уништат – вели Дугин. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Карлсон го праша Дугин зошто многу луѓе од Западот, дури и оние кои претходно го поддржуваа Советскиот Сојуз, се свртеа против Русија кога претседателот Владимир Путин дојде на власт во раните 2000-ти и почна да исповеда русофобични идеи. Можеби ќе ве интересира РУСИТЕ ИЗГУБИЈА ТАКТИЧКИ ОСТРОВ КАЈ ХЕРСОН „Од ова место… плусинфо 30/04/2024 ПУТИН СПРЕМА ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО КРЕМЉ Ќе лета Шојгу, ама и… плусинфо 29/04/2024 Дугин одговори: – Кога (Путин) дојде на власт, од самиот почеток, тој почна да ја извлекува Русија од глобалното влијание. Тој почна да противречи на глобалната прогресивна агенда… се обиде со успех да ги врати традиционалните вредности – суверенитетот на државата, христијанството, традиционалното семејство – рече тој објаснувајќи дека западните прогресивци гледаат на овие случувања како спротивставени на нивните вредности. – Оваа омраза не е нешто случајно… таа е метафизичка. Ако вашата главна задача и главна цел е да ги уништите традиционалните вредности – традиционалното семејство, традиционалната држава, традиционалните односи, традиционалните верувања – и некој со нуклеарно оружје… цврсто ги брани традиционалните вредности што ќе ги укинете – тие имаат некаква основа за оваа русофобија и омраза кон Путин. Во 2022 година, ќерката на Дугин, Дарја, беше убиена во бомбашки напад со автомобил во Москва, за кој руските власти тврдат дека бил оркестриран од украински агенти, верзија што ја изрази и американската влада. Дарја, сама по себе новинарка и политички активист, беше гласен поддржувач на руската окупација на Украина....
📽️ ПРИСТИГНАЛЕ НА СВАДБА, ПОТОА СЕ ОТРУЕЛЕ! Морничави сцени од забавата, над 100 немоќни гости побарале помош
+Инфо - пред 1 ден
Најмалку 100 луѓе, меѓу кои и деца, се отруеле со храна за време на свадбена прослава во Мексико. На социјалните мрежи се појавија видеа од градот Куернавака каде во неделата нешто по полноќ се одвивала вистинска драма. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 На снимките може да се видат екипите на итната помош кои пристигнале на местото на настанот и им помогнаат на преплашените гости. Постои сомнеж дека на присутните им се слошило откако го изеле десертот. Можеби ќе ве интересира 🎥 СЕ ЛЕПАТ СО МАГНЕТ, НЕМААТ ДЕТАЛИ НА РАБОВИТЕ Еве како да… плусинфо 29/04/2024 🎥 РУСКИ ВОЈНИК СРУШИ УКРАИНСКИ ДРОН НА МНОГУ НЕОБИЧЕН НАЧИН… плусинфо 28/04/2024 Во салата владееше голема паника, многумина седеа на столчиња и се обидуваа да се вразумат. Локалните медиуми објавија дека неколку лица се задржани во болницата, а храната за венчавката ја обезбедила локална компанија. Не е познато каков десерт им бил послужен на гостите, ниту дали властите покренале истрага....
„ЌЕ БИДЕМЕ ВО НАТО КОГА ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ РУСИЈА“ Зеленски на средба со Столтенберг
+Инфо - пред 1 ден
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија. Можеби ќе ве интересира НОВА ТУРА НАПАДИ ВРЗ ХАРКОВ, РУСИТЕ НЕ СЕ МАЈТАПАТ Има… плусинфо 30/04/2024 📽 ГОРИ „ЗАМОКОТ НА ХАРИ ПОТЕР“ ВО ОДЕСА Русите ракетираа… плусинфо 30/04/2024 Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 – Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме – нагласи Зеленски....
НЕТАНЈАХУ НЕ ЗАПИРА Најави напад на Рафах со или без договор за прекин на огнот
+Инфо - пред 1 ден
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафах, јужниот град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци. Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафах за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор за прекин на огнот“. Можеби ќе ве интересира НОВА ТУРА НАПАДИ ВРЗ ХАРКОВ, РУСИТЕ НЕ СЕ МАЈТАПАТ Има… плусинфо 30/04/2024 📽 ГОРИ „ЗАМОКОТ НА ХАРИ ПОТЕР“ ВО ОДЕСА Русите ракетираа… плусинфо 30/04/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на огнот, како и ослободување на последните заложници од Газа. Нетанјаху вети дека ќе постигне „тотална победа“ во војната што започна на 7 октомври минатата година кога Хамас изврши напад на територија на Израел, но се соочува со притисок да не започннува офанзива во Рафах. Израел смета дека тој град е последното големо упориште на Хамас....
СЕ СТОПИ УВОЗОТ НА СТРУЈА Лани увезени се само 2,7% од потребите на електрична енергија
+Инфо - пред 1 ден
Само 2,75% од потребите за електрична енергија е обезбедена од увоз изминатата година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2023 година што Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го достави до Собранието. -По 32 години независна република, конечно можеме да соопштиме дека сме на праг до енергетски независна држава кога е во прашање електричната енергија. Податоците покажуваат дека елдорадото на инвестиции во фотонапонски централи, каде што има пораст во инсталираниот капацитет за 251% во споредба со 2022 година, го стопи увозот од 30% на 2,75 %. Овој успех има сеопфатно влијание, како кон енергетска транзиција, така и кон финансиските текови преку намалувањето на дефицитот – изјави посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ. Можеби ќе ве интересира КРИЗАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЌЕ ГИ ВИВНЕ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА… МИА 17/04/2024 СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ КЛУЧНА Ескалацијата на конфликтот… плусинфо 15/04/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Во 2023 година се регистрира раст на извоз на нафтените деривати при што кај бензините има забележителен раст на извезените количества за 139,53% во однос на 2022 година, кај млазното гориво извозот е зголемен за 38,41% и кај дизел горивата извозот има раст од 2,31%, што е потврда дека во земјава има горива со најниска цена. Останува високо нивото на неприходуваната вода од 62,29%, процент поради кој РКЕ инсистира да и се даде во целост надлежноста за регулирање на крајната цена на вода....
ТАТКОТО НА КОСТА К. ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР Одлуката на судот соопштена три дена пред годишнината од маскрот во белградското училиште
+Инфо - пред 1 ден
Можеби ќе ве интересира 🎥 ЈА ПОМИНА ЦЕЛТА И СЕ СРУШИ НА ЗЕМЈА Драма на Белградскиот… плусинфо 28/04/2024 ДРАГАНА МИРКОВИЌ СО КУФЕРОТ ВО РАЦЕ ДОПАТУВА ВО БЕЛГРАД Се… плусинфо 26/04/2024 Владимир Кецмановиќ, таткото на Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое лани на 3 мај уби 9 ученици и училишниот чувар во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Одлуката на Вишиот суд во Белград беше соопштена денеска, три дена пред годишнината од страшниот масакр. Таткото на момчето убиец се товари за тешко кривично дело против општата безбедност. Во меѓувреме, Коста К., кој во моментот на извршување на масовното убиство имаше 13 години и законски не одговара за делото, останува под медицински и полициски надзор на Психијатриската клиника во Белград....
ИМАВМЕ КВАЛИТЕТЕН СОСТАНОК, ДЕЛ ОД БАРАЊАТА ГИ ИМА ВО ПРОГРАМАТА 1198 Мицкоски посочи дека заедно со бизнис заедницата Македонија ќе биде подобра за сите
+Инфо - пред 1 ден
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше средба во Стопанската комора на Северо-Западна Македонија. – Навистина еден квалитетен состанок. Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прв состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората. Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата – истакна Мицкоски. Можеби ќе ве интересира 📷 „МИРИСА НА ПРОМЕНИ“ Мицкоски со семејството на 1 Мај во… плусинфо 01/05/2024 КАМНАР РАМО ДО РАМО СО МИЦКОСКИ Ортопедот се приклучи на… плусинфо 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Тој посочи дека советите од бизнис заедницата се добредојдени. – Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добредојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат. Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни. Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме – порача Мицкоски....
📽 ГОРИ „ЗАМОКОТ НА ХАРИ ПОТЕР“ ВО ОДЕСА Русите ракетираа само неколку часа откако Зеленски побара оружје од Западот
+Инфо - пред 1 ден
Најмалку пет лица загинаа, 32 се ранети во руски ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на Црното Море, изјави регионалниот гувернер. Ракетниот напад се случи само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски повика на побрза испорака на очајно потребното оружје на украинските војници. Meѓу нападнатите згради гори и готски објект покрај морето кој некои го нарекуваат „замокот на Хари Потер“, а според објавите во медиумите, се работи за куќата на Серхиј Кивалов, директор на Академијата за право од Одеса. Дојче Веле пренесе дека Кивалов бил во објектот во моментот на нападот и дека е опериран. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Во вечерниот напад на Одеса загинаа три жени и еден маж, изјави гувернерот Олех Кипер на Телеграм. Подоцна додаде дека уште еден маж починал од мозочен удар, кој го доживеал како последица од нападот. Од 32 повредени лица, 25 се во болница, рече гувернерот. Меѓу нив има две деца на возраст од 16 и 5 години и една трудница. „Петгодишното дете е во исклучително тешка состојба“, изјави тој и додаде дека шест возрасни лица се во тешка состојба. In Odessa, the AFU air defense forces shot down an Iskander missile of the Russian Armed Forces, according to the Ukrainian Telegram channel Cartel According to Cartel, the house of ex-MP Kivalov on the coast burned down. He himself was taken in an ambulance. He has a thigh… pic.twitter.com/9FUuuEgKf1 — Emeka Gift Official (@EmekaGift100) April 30, 2024 Можеби ќе ве интересира НОВА ТУРА НАПАДИ ВРЗ ХАРКОВ, РУСИТЕ НЕ СЕ МАЈТАПАТ Има… плусинфо 30/04/2024 „ЌЕ БИДЕМЕ ВО НАТО КОГА ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ РУСИЈА“ Зеленски на… плусинфо 30/04/2024 Претходно во Киев, на заедничката прес-конференција со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, Зеленски рече дека мали количини оружје и муниција почнале да пристигнуваат во Украина, но повика да се забрзаат испораките. – Потребна ни е навремена поддршка за нашата армија. И денеска не гледам ништо позитивно во ова. Има залихи, почнаа полека, но овој процес треба да се забрза – изјави Зеленски. Протокот на оружје се очекува да се зголеми откако американскиот претседател Џо Бајден минатата недела го потпиша долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари. Бајден рече дека пакетот ќе вклучува муниција за противвоздушна одбрана за да и помогне на Украина да ги заштити своите градови и инфраструктура, артилериски гранати и ракетни системи со долг дострел. Столтенберг, кој беше во посета на украинскиот главен град по трет пат откако Русија започна општа инвазија во февруари 2022 година, призна дека „сериозните одложувања на поддршката значеле сериозни последици на бојното поле“. – САД не можеа да се договорат за пакетот со месеци, а европските сојузници не беа во можност да ја испорачаат муницијата во обемот што го ветивме – додаде тој, но исто така рече дека „на повидок е поголема поддршка“. На 29 април руското Министерство за одбрана објави дека го зазело селото Семенивка во областа Доњецк во источна Украина и дека напредува кон запад. Украина не го коментираше тврдењето, кое не може да се потврди независно. Највисокиот воен командант на Украина, генерал-полковник Олександр Сирски, во неделата предупреди дека ситуацијата на истокот на земјата е влошена и дека Русија напаѓа „по целата линија на фронтот“....
🎥 ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во Лондон
+Инфо - пред 1 ден
36-годишен маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа. Инцидентот се случил утрово во североисточниот дел на градот. Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Horrific scenes from #Hainault this morning. Yet again a blade causes carnage on our streets destroying lives. We need: – More proactive policing – More police on the streets – Mandatory sentences for carrying a blade – Life inside for using one of somebody – increased stop and… pic.twitter.com/kZdNulMeoc — DavidUKPulse 🏴 🇬🇧 🇮🇱 🇺🇦 ⚛️ (@DavidUKPulse) April 30, 2024 Можеби ќе ве интересира НОВА ТУРА НАПАДИ ВРЗ ХАРКОВ, РУСИТЕ НЕ СЕ МАЈТАПАТ Има… плусинфо 30/04/2024 „ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО ГОСПОД?“ Почина 14-годишното момче… плусинфо 30/04/2024 „Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци“ – соопштија од полицијата. 36-годишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек....
ВО ЃУБРЕ ПРОНАЈДЕНА ОМИЛЕНАТА ИГРАЧКА НА ДАНКА Девојчето ја носело со себе денот кога исчезнало
+Инфо - пред 1 ден
Помина повеќе од еден месец од исчезнувањето на Данка Илиќ. Српска „Република“ влезе во куќата каде исчезна девојчето и пронајде неколку нејзини работи. Можеби ќе ве интересира НОВА ТУРА НАПАДИ ВРЗ ХАРКОВ, РУСИТЕ НЕ СЕ МАЈТАПАТ Има… плусинфо 30/04/2024 ЌЕ ГО ЗАБРАНИМЕ УВОЗОТ НА ТУТУН Ние го вреднуваме трудот на… плусинфо 30/04/2024 Па така, меѓу ѓубрето во старата напуштена куќа е пронајдена играчката на Данка. Станува збор за фискална каса која била едно од омилените играчки на малото девојче. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Се претпоставува дека Данка ја носела со себе играчката на денот на исчезнувањето и оти истражителите и полицијата не ја забележале....
ДАЛИ Е ДОБРО ДА СЕ ЗЕМААТ КРЕДИТИ? Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50%
+Инфо - пред 1 ден
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во март се намали за 0,02 процентни поени и изнесуваше 5,50%, додека на годишно ниво е забележано зголемување од 0,02 процентни поени. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80% и забележа месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., информира Народната банка. Податоците покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во март, изнесувала 4,98% и била пониска на месечно и годишно ниво. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, е зголемена на 2,46%. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Можеби ќе ве интересира ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СТОПЕНИ СЕ 61 МИЛИОН ЕВРА Девизните резерви… плусинфо 09/04/2024 НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ СЕ ИСКАЧИ НА 4,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Вкупно… плусинфо 29/03/2024 Во март, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор се намалила на 5,35%. На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор забележа раст од 0,65 п.п. Кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, е забележано месечно зголемување од 0,04 п.п. на 2,12%. Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,33 п.п. на 2,52%. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 1,42 п.п....
📷 ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ ОСАМНА НА ПРЕСТИЖНИОТ ЊУЈОРШКИ УНИВЕРЗИТЕТ Студентите ја окупираа зградата на Универзитетот Колумбија
+Инфо - пред 1 ден
Десетици демонстранти ја окупираа зградата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, ги забарикадираа влезовите и го истакнаа палестинското знаме низ прозорецот, во најновата ескалација на демонстрациите против војната меѓу Израел и Хамас кои се проширија на универзитетските кампуси низ САД, пренесува Асошиејтед Прес (АП). Според АП, на видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат демонстранти во кампусот на Менхетен како поставуваат мебел и метални барикади пред Хамилтон Хол, една од неколкуте згради што беа „окупирани“ и за време на протестите за граѓански права и против војната во Виетнам во 1968 година. Можеби ќе ве интересира СТУДЕНТИТЕ ГО БЛОКИРАА ПАРИСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Протестираат… плусинфо 26/04/2024 📽 „ИЗРАЕЛСКАТА ВЛАДА Е РАСИСТИЧКА“ Сандерс му објасни на… плусинфо 26/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 hamilton hall occupied by columbia students, renamed Hind’s Hall in honor of our martyr Hind Rajab. pic.twitter.com/Rwlu9mSwYn — maryam مريم🇵🇸🍁 (@bluepashminas) April 30, 2024 Организаторите на протестот имаа објава на Инстаграм веднаш по полноќ по локално време, во која ги повикуваат луѓето да го заштитат кампот и да им се придружат во Хамилтон Хол....
ЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕН РАСТ НА ПРИХОДИТЕ И ИНВЕСТИЦИИТЕ НА РЕПЛЕК Во првиот квартал доминираше извозот од кој се остварени 80% од приходите
+Инфо - пред 1 ден
Со раст на оперативните приходи од 25%, на обемот на инвестиции и на добивката во првото тримесечје споредено со истиот период минатата година, „Реплек“ продолжи со успех да го реализира бизнис планот за 2024 година и својата долгорочна развојна стратегија која се темели на зголемување на продажбата на странските и на домашниот пазар, на иновациите во портфолиото на производи, како и на значителни вложувања во технолошкиот напредок и во развојот и добросостојбата на своите вработени. Неревидираниот консолидиран финансиски извештај за работењето на „Реплек“ во првиот квартал од 2024 година покажува дека во секторот фармација компанијата остварила раст на приходите од 26,9% во однос на истиот период минатата година. Во најголем дел ваквиот раст се должи на растот на приходите од продажба на странските пазари, каде се генерираат дури 80% од вкупните приходи и кои во овој временски период се зголемени за 23%, надминувајќи вредност од над 5 милиони евра. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Позитивно влијание на ваквиот раст на приходите од извоз има отворањето на новиот пазар за производите на „Реплек “ во Туркменистан, што се очекува да придонесе за натамошно зголемување на извозните перформанси и резултати на компанијата. Можеби ќе ве интересира ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА ОД 2.967 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Македонски… плусинфо 30/04/2024 АЛКАЛОИД ЗАБЕЛЕЖА РАСТ НА ПРОДАЖБАТА ОД 13% Компанијата во… плусинфо 29/04/2024 Истовремено со растот на извозот, „Реплек“ продолжи да ја јакне и својата позиција на домашниот пазар, каде во првиот квартал е остварен раст на приходите од продажба од 50%, во споредба со истиот период лани. Значителен раст во овој период од годината е забележан и кај инвестициите кои се зголемени приближно за 5,5 пати во однос на првите 3 месеци од 2023 година. – Позитивните резултати на стартот на оваа година ни влеваат дополнителна енергија и мотив да продолжиме уште посилно во остварување на целите дефинирани во деловниот план за оваа година и во нашата стратегија за долгорочен одржлив развој. Остануваме посветени на инвестирањето во натамошна технолошка модернизација, како и на иновациите кои треба дополнително да збогатат нашето портфолио на производи, коишто веруваме дека ќе ни овозможат натамошно зајакнување на нашите позиции на домашниот пазар и ќе ни отворат нови можности и перспективи на странските пазари. Паралелно продолжуваме и со вложувањата кои треба да ја гарантираат натамошната добросостојба на нашите вработени. Веруваме дека ваквите напори ќе вродат со плод, ќе придонесат за натамошен раст на компанијата и ќе донесат дополнителна вредност за сите – изјави главниот извршен директор на „Реплек“ Душан Пецовски. Инаку, растот на приходите од продажба се одрази и на растот на консолидираната добивка пред оданочување на „Реплек“, која за првите три месеци од оваа година бележи зголемување за 24% во однос на истиот период од минатата година....
ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА ОД 2.967 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Македонски телеком оствари импресивни резултати од првиот квартал
+Инфо - пред 1 ден
Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Можеби ќе ве интересира ИМАВМЕ КВАЛИТЕТЕН СОСТАНОК, ДЕЛ ОД БАРАЊАТА ГИ ИМА ВО… плусинфо 30/04/2024 САМО НИЕ ГО ИСПРАВАМЕ КОРМИЛОТО НА БРОДОТ И покрај грешките… плусинфо 30/04/2024 Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 „Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари“, велат од компанијата....
КОЈ МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИ ЧЕСТИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ? Работниците се помалку ги знаат своите права, а газдите често ги кршат
+Инфо - пред 1 ден
Работничките права се кршат, не се почитуваат докрај. Работниците не ги знаат доволно своите права од причина што често се менува Законот за работни односи и тука е улогата на синдикатот. Синдикалното движење на некој начин е ослабнато, синдикатите не се само еден вид на поддржувачи, туку и контролори на тоа како се почитуваат законите во сферата на трудовата легислатива, вели за МИА Андон Мајхошев, универзитетски професор по трудово право на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Мајхошев вели дека работничките права се кршат во приватниот сектор, но и во јавниот сектор каде што државата се јавува како работодавач. 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 – Не се почитуваат докрај правата од работен однос и мислам дека е потребно тука синдикатите да зајакнат повеќе и да бидат поборбени во смисла на заштита на правата од работен однос – вели Мајхошев. Според него, работниците без разлика дали се во реалниот или јавниот сектор не ги знаат доволно своите работнички права, од причина што често има измени на Законот за работни односи. Можеби ќе ве интересира СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ ЗА 1.214 ДЕНАРИ Априлската… МИА 23/04/2024 „ДИРЕКТОРИТЕ И ВЛАДАТА НЕ МОЖАТ, ТОГАШ НИЕ ЌЕ ИМ… МИА 16/04/2024 – И ние што ги следиме перманентно законите понекогаш не затекнуваат. Имаме ситуаиција во која за еден месец одреден закон се менува двапати. Ние ги следиме таквите процеси, па наидуваме на одредени проблеми, а не пак вработените во јавниот и во приватниот сектор, кои ја немаат таа можност и немаат професионална обврска да ги следат тие процеси. Значи не можат и нормално е да не си ги знаат докрај своите права. Затоа тука е синдикатот – вели Мајхошев. Тој смета дека треба да се донесе нов закон за работни односи, бидејќи стариот веќе е надминат и бара негово прилагодување кон новите услови на стопанисување. Мајхошев се залага за изземање на синдикатите од законот за работни односи бидејќи според него оваа област треба да се регулира со посебен закон. – Во Законот за работни односи, делот што се однесува за синдикатите, делот којшто се однесува за Економско-социјалниот совет, се делови кои е непотребно да се наоѓаат во Законот. Тие треба да се отстранат и таа материја да се уреди во посебен закон. Инаку има дискусија и се размислува да се донесе, а тоа е и мој став посебен закон за синдикатите и таму да се утврди положбата на синдикатите, начинот на добивање на репрезентативност, да се утврди кој орган ќе ја дава репрезентативноста, кои критериуми ќе бидат воспоставени, кои проценти. Мислам дека процентите што се дадени во моментов за репрезентативен статус на синдикатите се премногу високи. Тој цензус треба да се симне, да се даде можност и шанса на помалите синдикати, борбени синдикати, но помали по бројност да влезат и во Економско-социјалниот совет, да добијат репрезентативен статус и да дадат нов квалитет на синдикалниот живот и на синдикалната борба во Република Македонија – вели тој....
ВОЈНАТА НА УКРАИНА ПРОТИВ РУСИЈА БИЛА ПЛАНИРАНА 20 ГОДИНИ! Мадуро ги разоткрива плановите на САД
+Инфо - пред 1 ден
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро посочи дека САД планираат и иницираат воени конфликти ширум светот: против Русија, Палестина, Кина и дека конфликтот во Украина бил планиран со децении. – САД планираа серија воени конфликти, а за тоа сведочи издвојувањето на 95 милијарди долари за овие цели. Војната на Украина против Русија беше планирана најмалку 20 години за да ја уништи моќта на Русија, но САД не успеаја да го направат тоа. Денес Русија е посилна економски, политички, социјално, технолошки и воено – изјави венецуелскиот лидер во авторската емисија „Со Мадуро плус“. Можеби ќе ве интересира „ЌЕ БИДЕМЕ ВО НАТО КОГА ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ РУСИЈА“ Зеленски на… плусинфо 30/04/2024 ИМИГРАНТ ОД ЛАОС БОЛЕН ОД РАК ДОБИ ИСТОРИСКИ ЏЕК ПОТ ОД 1,3… Панорама 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Војната во Палестина се води за да се „консолидира моќта на ционизмот на Блискиот Исток“, истакна Мадуро и посочи дека САД „денес се обидуваат да започнат војна во Тајван против братската Кина“. Тој, исто така, истакна дека САД формирале база за ЦИА и Јужната команда на американските вооружени сили на територијата на Гвајана Есекибо, која Венецуела ја смета за дел од својата земја. -Тие планираат да започнат воен конфликт овде – изјави претседателот на Венецуела и заклучи дека за САД војната е политичка и економска работа....
РУСИТЕ ИЗГУБИЈА ТАКТИЧКИ ОСТРОВ КАЈ ХЕРСОН „Од ова место зависат операциите на Крим“
+Инфо - пред 1 ден
Украина во неделата објави дека ја вратила контролата врз тактички важниот остров Нестрихa на реката Дњепар во близина на Херсон. Капетанот Дмитро Плетенчук, портпарол на Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили, изјави за украинската радио станица „Хромадске радио“ дека контролата на островот во реката Днепар во регионот Херсон значително ќе ги зголеми контрадиверзантските мерки на Киев, пренесува Индекс. – Со оглед на тоа што непријателот вообичаено користи слични локации (всушност има многу такви острови на реката Днепар) за да се доближи и да постави минофрлачи, тогаш ова е првенствено важно за квалитетот на антидиверзантските мерки – рече Плетенчук. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Опишувајќи ја стратешката важност на островот, „Киев пост“ објави дека Нестрихa е „клучен за идните украински копнени операции за ослободување на окупираниот Крим“. Нестрихa се наоѓа 20 километри југозападно од градот Херсон. Бидејќи украинските и руските трупи се потпираат на бродови за снабдување во областа, заземањето на островот ќе ѝ овозможи на Украина подобро покривање на областа и ќе го ограничи бројот на достапни рути за московските трупи, пишува „Киев пост“. Можеби ќе ве интересира 📽 ГОРИ „ЗАМОКОТ НА ХАРИ ПОТЕР“ ВО ОДЕСА Русите ракетираа… плусинфо 30/04/2024 ГО НАПАДНАЛЕ КРИМ СО ТАЈНО ДОБИЕНИТЕ РАКЕТИ ОД САД?… МИА 29/04/2024 Во статијата се вели и дека островот „ѝ обезбедува на Украина повеќе опции за снабдување“. Во својата објава на социјалната мрежа Телеграм во неделата, генерал-полковник Олександр Сириски, врховен командант на вооружените сили на Украина, рече дека неговата војска напредувала и во близина на селото Велетенске во јужен Херсон. Тој смета дека „ситуацијата е сè уште напната“ во регионите Hерсон и Запорожје, при што трупите на Путин се обидуваат да напредуваат во повеќе сектори. Сè на сè, напиша Сириски, условите на линијата на фронтот се „влошуваат“ поради „значајната предност на Русија во сили и средства“. Откако рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во февруари 2022 година, неговите сили брзо зазедоа големи делови од Херсон. Сепак, Украина започна контраофанзива во регионот подоцна истата година во која нејзината армија го ослободи северен Херсон на десниот брег на Днепар. Оттогаш, украинските сили започнаа редовни напади преку реката, вклучително и воспоставување на повеќе мостови на источниот брег во есента 2023 година....
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Се тресеше од Кладово до Ниш, луѓето во паника
+Инфо - пред 1 ден
Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово окол во 7.42 минути е регистриран во регионот на Кладово во Србија, соопшти српскиот хидрометереолошки завод. Интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Сѐ уште нема извештаи за евентуална штета. Земјотресот што го погоди Кладово е почувствуван и во околните градови во Србија, како и во Романија и предизвика паника меѓу населението. Можеби ќе ве интересира СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Нема информации за повредени и за… МИА 30/04/2024 ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОСТАНУВААТ ЗАД РЕШЕТКИ… плусинфо 29/04/2024 На веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC) граѓаните на Кладово изјавија дека почувствувале краток но силе потрес. „За кратко време се почувствува земјотрес, се тресеа прозорците и мебелот во куќата“, гласи еден од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ, испратен од корисник од погоденото подрачје. Дека земјотресот кратко време го почувствувале потврдуваат и граѓаните на Ниш, Бор, Зајечар и Неготин. „Кратко, но прилично силно“ – напиша жител на Ниш. Земјотресот бил почувствуван и во Романија. Според сведочењето на жителите од околината на Крајова и Дробета-Турну Северин во Романија, потресот околу 4 секунди....
📷 ПОРАНЕШНА РУСКА ШПИОНКА ОТКРИВА КАКО ГИ ЗАВЕДУВАЛА СВОИТЕ ЦЕЛИ! Овие работи се учат во тајната програма на КГБ!
+Инфо - пред 1 ден
Поранешна руска државјанка која тврди дека некогаш работела како шпион, откри како ги заведувала и манипулирала своите цели. Алија Роза зборуваше за нејзиниот наводен „тренинг, техники, цели и мисии“ во новиот подкаст „To Die For“ на Тендерфут Телевизија и „iHartPodkast“. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 – Повеќе од две децении молчам. Но, од повеќе причини не можев повеќе да молчам. Не можев повеќе да живеам со оваа болка, иако поминав низ сите овие трауми. Ако јас не зборувам, кој би? – изјави таа за „Fox News“, пренесе „Ndtv.com“. Во подкастот таа се присети како побегнала од Москва со својот син затоа што сакала да му даде подобар живот. – Најголемиот потфат во мојот живот беше да станам родител. Сакав да го доживеам тоа. Сакав да создадам семејство, да имам деца. И не ми беше дозволено да го направам тоа. Тогаш сфатив: „Чекај малку, го имам само овој живот. Не сакам да го трошам жртвувајќи се за нешто во што повеќе не верувам. Тоа беше моментот кога почнав да барам можности за бегство – изјави Алија. View this post on Instagram A post shared by ROZA (@aliiaroza) Поранешната шпионка зборувала и за своето семејство. Таа рече дека е родена во мешано казахстанско-татарско семејство на висок воен офицер на Советскиот Сојуз. Таа, како што вели, била вклучена во посебна државна програма за деца на високи офицери. Иако сакала да биде моден дизајнер, нејзиниот татко и рекол дека нема друг избор освен да присуствува на специјална владина програма. Од раното детство научила боречки вештини и се занимавала со други напорни физички активности, така што на 18 години станала дел од „секс програмата“. Таа беше избрана од група од 350 студенти да учествува во тајна програма развиена од поранешни психолози и високи офицери на КГБ. – Не е само секс – многу е далеку од секс. Се работи за уметноста на комуникацијата. Научивме како да се облекуваме, нашминкаме, да се претставуваме, како да разговараме со нашите цели и како да ги натераме да ни веруваат. Се работи за психологијата на луѓето, криминалците, мажите… За разбирањето на машката перспектива и што точно тие сакаат – изјави Алија. View this post on Instagram A post shared by ROZA (@aliiaroza) Можеби ќе ве интересира 📽 ГОРИ „ЗАМОКОТ НА ХАРИ ПОТЕР“ ВО ОДЕСА Русите ракетираа… плусинфо 30/04/2024 РУСИЈА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАПАДОТ За запленетите средства ќе… плусинфо 29/04/2024 – Кога заведуваш, тоа е како да… почнуваш со добар комплимент. Не е само да се каже, на пример, ми се допаѓа твојата јакна. Мора да биде нешто навистина специфично и соодветно во тој момент. Тоа ќе ги привлече луѓето кон вас. Ќе почнат да им се допаѓаш. И кога знаете како да одржите разговор, луѓето ќе станат многу отворени за вас. Тие ќе станат многу пријателски расположени. Учите како да бидете љубезни, пријателски расположени и почитувани во општеството. Постојат и сексуални техники. Тоа е екстремно, но ќе ја направи вашата цел опседната со вас. Тоа е сосема друга игра – вели Алија. И покрај ниските примања – 100 долари месечно за шестдневна работна недела – таа продолжила да го прави тоа од патриотизам и затоа што „се чувствувала како херој што спасува нечиј живот“. – На крајот на денот, кога спасив нечиј живот, се чувствував добро поради тоа. Но, никогаш не се запрашав како се чувствувам во тело кое постојано беше злоставувано и силувано од случајни мажи. Поранешен агент на ФБИ рече дека сум скршена играчка, дека и самиот сум бил предмет на сексуална трговија. Но, не сите мои соученици мислат така. Се чувствувавме како патриоти. Бевме подготвени да се жртвуваме и да направиме сѐ за нашата влада. Така се чувствував – вели Алија. View this post on Instagram A post shared by ROZA (@aliiaroza) Но, и таа се почувствувала „искористена“ од руската влада, а подоцна сфатила дека ѝ е „исперен мозокот“. – Сите тие други агентки ги видов на одредена возраст, на пример 56. Беа толку мизерни, осамени. Не смееле да имаат приватен живот. Тие не можеа да имаат семејство. Не можев да дозволам тоа да ми се случи – вели Алија. Наводниот поранешен шпион не се вратил во Русија повеќе од 10 години и сега користи ново име. Таа сега дава совети за заведување на жените кои треба да ја подигнат својата самодоверба и имаат над милион следбеници на Инстаграм, пишува Ndtv.com. View this post on Instagram A post shared by ROZA (@aliiaroza)...
ОДИ ЛИ АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО СТАГФЛАЦИЈА? Аналитичарите се загрижени од резултатите во првиот квартал
+Инфо - пред 1 ден
Високата инфлација и забавувањето на американската економија се повеќе ги загрижува аналитичарите од Волстрит дека се поизвесно станува сценариото на „стагфлација“ на економијата во стилот на 1970-тите. Извештаите за инфлацијата во првиот квартал во САД беа повисоки од процените, што говори дека ќе биде тешко да се задржи на очекуваното ниво како што се веруваше претходно. Можеби ќе ве интересира АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ ВО САД Четвртина од… плусинфо 25/04/2024 СКАНДАЛ ВО АМЕРИКАНСКОТО БИРО ЗА СТАТИСТИКА Фирми „супер… плусинфо 12/04/2024 01/05/2024 01/05/2024 01/05/2024 Песимистички се и извештаите за економскиот раст на американската економија во првиот квартал. економијата неочекувано ослабна, растејќи со годишна стапка од само 1,6 %, што е најниска стапка од 2022 година. – Ова беше најлошиот извештај во две области: побавен раст од очекуваниот, повисока од очекуваната инфлација. Најголемата пречка е забрзувањето на базичната инфлација, особено услужниот сектор, кој расте над пет проценти годишно – изјави Дејвид Донабедијан, главен инвестициски директор на американската консултантска компанија CIBC Private Wealth. Таа комбинација на економска стагнација и висока инфлација е она што е познато како „стагфлација“, што се смета за најлош исход за Федералните резерви, наведуваат американските медиуми....
📽️ЖЕШКА ЛАВА, ПЕПЕЛ И ЧАД ВО ВИСИНА ОД 2.000 МЕТРИ Еруптира вулканот Руанг во Индонезија
+Инфо - пред 1 ден
Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри. Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел. PVMBG kembali menaikkan status Gunungapi Ruang menjadi level IV atau ‘Awas’ per hari ini, Selasa (30/4) pukul 01.30 WITA. Peningkatan status tersebut dilakukan setelah gunungapi itu kembali meletus dan mengeluarkan kolom erupsi mencapai 2.000 meter dari atas puncak. pic.twitter.com/hDpFSSHlYH — BNPB Indonesia (@BNPB_Indonesia) April 30, 2024 Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април. Можеби ќе ве интересира 📽 ГОРИ „ЗАМОКОТ НА ХАРИ ПОТЕР“ ВО ОДЕСА Русите ракетираа… плусинфо 30/04/2024 🎥 ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во… плусинфо 30/04/2024 Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри. Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел. Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината. Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност. Erupsi Gunung ruang tgl.30.4.2024 pic.twitter.com/tmblhm3wCk — KLM (@SarjioS3) April 30, 2024...
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Нема информации за повредени и за материјална штета
+Инфо - пред 1 ден
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Србија. Потресот е регистриран во регионот на Кладово, а се тресело и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија. Некои граѓани го почувствуваа и во Ниш. Можеби ќе ве интересира СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Се тресеше од Кладово до Ниш,… плусинфо 30/04/2024 ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОСТАНУВААТ ЗАД РЕШЕТКИ… плусинфо 29/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Епицентарот на земјотресот бил кај Текија, а бил почувствуван на длабочина од 11 километри. Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми. Засега нема извештаи за евентуална штета....
📽️ ПРЕСТРЕЛКА ВО СЕВЕРНА КАРОЛИНА Убиени се тројца полицајци
+Инфо - пред 1 ден
Најмалку тројца полицајци се убиени, а неколку други се повредени во престрелка во американската сојузна држава Северна Каролина. Полицајците посетиле маж со криминално досие во градот Шарлот за да извршат налог за апсење за нелегално поседување огнено оружје, изјави на прес-конференција началникот на полицијата Џони Џенингс. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Кога стигнале во домот на бараниот, мажот во предниот двор отворил оган. Полицајците потоа пукале и го убиле напаѓачот. Но, од куќата биле испукани и дополнителни истрели. Можеби ќе ве интересира ПРЕСТРЕЛКА НА АВТОПАТ ВО ПРЕДГРАДИЕ НА ЕРУСАЛИМ Едно лице… плусинфо 22/02/2024 МИЛЕНИК МУ ПРЕСУДИ НА ЧОВЕК! Кучето ја згазило ловечката… плусинфо 24/01/2024 Полицијата потоа успеала да го обезбеди објектот и да уапси две лица во куќата. Тие сега се на распит и се сметаат за лица од интерес. За време на операцијата биле застрелани осум полицајци, рече Џенингс. Тројца им подлегнале на повредите, а еден е во критична состојба....
ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ОСТАНУВААТ ЗАД РЕШЕТКИ Постои можност да побегнат од државата!
+Инфо - пред 2 дена
Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Јанковиќ и на Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ, за уште 30 дена. Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и за уништување или за отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста. Можеби ќе ве интересира СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Се тресеше од Кладово до Ниш,… плусинфо 30/04/2024 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Нема информации за повредени и за… МИА 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Во притвор е и таткото на Дејан, под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето. Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите траги и информации, ги уапси Срѓан и Дејан за кои се сомнева дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го фрлиле на депонија. Телото на девојчето, кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, сѐ уште не е пронајдено....
🎥 ЌЕ ИМАМЕ ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ НА ОТКУП НА ГРОЗЈЕТО Николоски ги израдува лозарите во Кавадарци
+Инфо - пред 2 дена
„Ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра според сето она што можам да го прочитам, во форма на анализа и на податоци, производството е намалено и извозот е намален“. Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за време на неговата посета на Винскиот музеј во Кавадарци. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Николоски рече дека производството е намалено за околу 8 милиони литри, а извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно. Според него, тоа не се добри бројки, а споредбата меѓу 2023 година и 2016 година покажува дека политиката за производство на вино е лоша. Можеби ќе ве интересира ИМАВМЕ КВАЛИТЕТЕН СОСТАНОК, ДЕЛ ОД БАРАЊАТА ГИ ИМА ВО… плусинфо 30/04/2024 ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА ОД 2.967 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Македонски… плусинфо 30/04/2024 – Причини за тоа се лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите во секторот – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Александар Николоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ планира да има гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, а и да го промени системот на субвенции, што значи повеќе субвенции за производителите. Во планот е вклучено и возобновувањето на водоснабдителните системи, како и изградбата на нови. – И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие за да се зголеми конкуренцијата, а и да се подобрат цените и производството – додаде Николоски. Тој рече дека во однос на малите и на средните винарии, тие планираат целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнат винариите да растат, да извезуваат и да се борат на домашниот пазар, но и на меѓународниот пазар, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ смета дека малите и средни винарии, наречени и семејни винарии, се иднината на Македонија. ...
🎥 СЕ ЛЕПАТ СО МАГНЕТ, НЕМААТ ДЕТАЛИ НА РАБОВИТЕ Еве како да ги препознаете лажните монети од 2 евра
+Инфо - пред 2 дена
Шпанската полиција објави информации како да се препознаат лажните монети од 2 евра кои биле произведени од кинеска криминална група. Полицијата, со видео и со фотографии, објасни како да се препознаат лажните парички. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а најлесен начин за проверка е употребата на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и да се залепат на магнет, додека, пак, лажните раегираат на привлекувањето на магнетот. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Кинеската група имала посебни машини за правење фалсификувани монети кои шпанската полиција ги открила во градот Толедо. Таму се најдени над 400.000 фалсификувани монети од по 2 евра. Полицијата, која во соработка со Европол ја реализираше акцијата „Двојна ѕвезда“, уапси 10 кинески државјани и објави дека најмалку 100 илјади монети досега се употребени и се во оптек. Монетите биле уфрлани преку кинески работници и студенти во Шпанија кои разменувале банкноти за монети евра, а најчесто се употребувале за плаќање патарини, за купување во трафики и на туристички штандови, како и на отворени пазари. Можеби ќе ве интересира 🎥 ГО РЕНОВИРАЛЕ СТАНОТ И ОТКРИЛЕ ГОЛЕМА ТАЈНА Тиктокерка… Панорама 29/04/2024 🎥 НЕКОЈ ПО ГРЕШКА ГО СТИСНАЛ КОПЧЕТО „СТАРТ“ Електричен… Панорама 29/04/2024 Националната полиција на Шпанија соопшти дека го истражувала случајот 6 години и ги опишала истрагите како „исклучително тешки и извлечени, не само поради тајната природа на организацијата, а исто така и речиси неможноста да се следи трага. што е карактеристично за фалсификуваните монети“. ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ДОБИЕТЕ КУСУР ВО ЛАЖНИ МОНЕТИ ОД 2 ЕВРА! Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа...
📷 УСЈЕ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА „Ова е еден од основните принципи на компанијата“
+Инфо - пред 2 дена
Со специјален настан на кој присуствуваа околу 170 лица Цементарница УСЈЕ го обележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Компанијата посветува големо внимание за безбедноста и здравјето на своите вработени. Оваа областа е еден од основните принципи на секојдневното функционирање на УСЈЕ, на чија имплементација му се посветува огромно внимание преку континуираната едукација и подигнувањето на стандардите. На настанот во УСЈЕ, покрај вработените во компанијата, присуствуваа и претставници на институции, академската заедница и специјализирани организации и претставници на компанискиот синдикат. Во рамките на настанот презентации одржаа главниот извршен директор Константинос Николау, техничкиот директор Гоце Цветковски, како и менаџерот за безбедност и здравје при работа. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Можеби ќе ве интересира ГРК СО „ОПЕЛ“ УДРИЛ ВО ДВА АВТОМОБИЛИ ВО ДОЈРАН Се здобил… плусинфо 30/04/2024 🎥 ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во… плусинфо 30/04/2024 Директорот Николау, потенцирајќи ја важноста на оваа тема, истакна дека безбедноста и здравјето при работа е еден од основните принципи и цели на компанијата и е дел од компаниските вредности. Техничкиот директор Гоце Цветкоски ги презентираше достигнувања низ годините, додека менаџерот за безбедност и здравје при работа ги презентираше активностите кои ја потврдуваат посветеноста на компанијата во однос на безбедноста и здравјето при работа на вработените во УСЈЕ. На вработените кои дадоа особен придонес за подигнување на стандардите во оваа област им беа доделени награди, и тоа за индивидуален и за тимски придонес. На настанот гостин беше и директорот на регионот за Албанија, Косово и Северна Македонија Марио Браци. УСЈЕ во континуитет работи на подигнување на стандардите за здравје и безбедност при работа. Во текот на целата година се организираат обуки, тренинзи и други форми на едукација за вработените, а во оваа насока компанијата соработува со низа релевантни институции, специјализирани во оваа област....
УСЈЕ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА „Ова е еден од основните принципи на компанијата“
+Инфо - пред 2 дена
Со специјален настан на кој присуствуваа околу 170 лица Цементарница УСЈЕ го обележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Компанијата посветува големо внимание за безбедноста и здравјето на своите вработени. Оваа областа е еден од основните принципи на секојдневното функционирање на УСЈЕ, на чија имплементација му се посветува огромно внимание преку континуираната едукација и подигнувањето на стандардите. На настанот во УСЈЕ, покрај вработените во компанијата, присуствуваа и претставници на институции, академската заедница и специјализирани организации и претставници на компанискиот синдикат. Во рамките на настанот презентации одржаа главниот извршен директор Константинос Николау, техничкиот директор Гоце Цветковски, како и менаџерот за безбедност и здравје при работа. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Можеби ќе ве интересира УШТЕ ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌААТ ЦЕНИТЕ НА АВТО-ПОЛИСИТЕ НА НИВО ОД… плусинфо 29/04/2024 ВЛАДИНИТЕ ОДЛУКИ НÈ ПРИНУДИЈА НА МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖА… плусинфо 29/04/2024 Директорот Николау, потенцирајќи ја важноста на оваа тема, истакна дека безбедноста и здравјето при работа е еден од основните принципи и цели на компанијата и е дел од компаниските вредности. Техничкиот директор Гоце Цветкоски ги презентираше достигнувања низ годините, додека менаџерот за безбедност и здравје при работа ги презентираше активностите кои ја потврдуваат посветеноста на компанијата во однос на безбедноста и здравјето при работа на вработените во УСЈЕ. На вработените кои дадоа особен придонес за подигнување на стандардите во оваа област им беа доделени награди, и тоа за индивидуален и за тимски придонес. На настанот гостин беше и директорот на регионот за Албанија, Косово и Северна Македонија Марио Браци. УСЈЕ во континуитет работи на подигнување на стандардите за безбедност и здравје при работа. Во текот на целата година се организираат обуки, тренинзи и други форми на едукација за вработените, а во оваа насока компанијата соработува со низа релевантни институции, специјализирани во оваа област....
УШТЕ ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌААТ ЦЕНИТЕ НА АВТО-ПОЛИСИТЕ НА НИВО ОД 25 АПРИЛ Ќе се прави анализа дали е потребно зголемување на цените на полисите
+Инфо - пред 2 дена
Осигурителните друштва до крајот на денот да ги вратат цените на авто-полисите на ниво од 25 април кога ја зголемија цената за 15% и да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците. Дополнително Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе треба да направи анализа за потребата и оправданоста на зголемувањето на цената и трошоците. Ваква одлука денеска донесе Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на Министерството за финансии. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 „На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии. Можеби ќе ве интересира НЕМА ПРИЧИНА ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈАТА Агенцијата за… плусинфо 26/04/2024 Како што се наведува во соопштението, ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките. Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница исто така побарала од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да изготви анализа за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на друштвата за осигурување, во насока на заштита на крајните корисници, а со цел обезбедување сеопфатна информација за донесување објективна и транспарентна одлука. „Во правец на ова е укажувањето кон регулаторот за ставање во мирување на одлуката за зголемување на цената на трошоците од страна на друштвата за осигурување. Истовремено, побарано од друштвата за осигурување преку Националното биро да дадат свој придонес во изготвување на анализата и предлог-заклучоци за промена на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица3 се наведува во соопштението. На состанокот, се додава во соопштението, Комисијата одлучи во најскоро време по доставување на анализата од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да свика седница и да ја разгледа доставената Информација и да донесе соодветни заклучоци....
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АЛБАНЕЦ УБИ СРБИН ВО ДИЗЕЛДОРФ Излегле пред ресторан, а едниот почнал да мавта со пиштол
+Инфо - пред 2 дена
Тежок инцидент се случил вчера пред ресторан во центарот на градот во Дизелдорф. Албанецот Рустем Лапи (52) го убил, српскиот државјанин Александар М.(38), сопственик на ресторан и ММА борец. Според локалните медиуми, 38-годишниот сопственик на ресторан во Херцогштрасе во населбата Фридрихштат се скарал со 52-годишен Албанец од Косово. Тие излегле надвор од ресторанот за да ја решат расправијата, но тепачката ескалирала и 52-годишникот наеднаш извадил пиштол и неколкупати ја застрелал жртвата. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Малку подоцна полицијата без отпор пред шанкот успеала да го уапси 52-годишниот Лапи. Тој треба да се појави пред судија во понеделник. Можеби ќе ве интересира 📷 ПОРАНЕШНА РУСКА ШПИОНКА ОТКРИВА КАКО ГИ ЗАВЕДУВАЛА СВОИТЕ… плусинфо 30/04/2024 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО СРБИЈА Се тресеше од Кладово до Ниш,… плусинфо 30/04/2024 Според информациите на германски „Велт“, жртвата, Александар М.(38) е познат рапер во Дизелдорф и има прекар „Алекс М“. Ubistvo MMA borca pic.twitter.com/u2qjPpb6uQ — Mariel (@malasirena111) April 29, 2024...
ВЛАДИНИТЕ ОДЛУКИ НÈ ПРИНУДИЈА НА МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖА Извршниот директор на „Еуромакс ресоурцес“ зборуваше за случајот со Иловица
+Инфо - пред 2 дена
Премногу долго чекавме – порача извршниот директор на „Еуромакс ресоурцес“, Тимоти Морган Вин во гостувањето во емисијата „Трилинг“, осврнувајќи се на опцијата за покренување меѓународна арбитража против државата поради спорните одлуки на властите во врска со инвестицијата за рудник за бакар во Иловица. Тој не очекува Владата да го покрене прашањето пред да завршат парламентарните избори. – Бевме неверојатно трпеливи. Како што реков, не знаеме со каква влада ќе имаме работа, но важно е дека ова е проект што носи трансформациски придобивки и за локалната заедница и за целата земја, и тоа на многу нивоа. Можноста секој да има корист, не само ние, како сопственици и акционери, туку и локалната заедница, граѓаните, се одложува веќе со години наназад. Има патишта на разрешување – дали преку судовите или преку владата. И убеден сум дека законските основи зад сите наши постапки се апсолутно конкретни. Сепак, прашањето е колку долго да чекаме – вели Морган Вин. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Тој вели дека, според искуството на компанијата, на владините институции им треба многу време за нешто да спроведат и дополнително, носат чудни одлуки, спротивни на законот. – Видовме чудни одлуки и на судовите, но, сè на сè, судовите си го одработија својот дел во однос на проектот. Но, за жал, неодамна имавме судска одлука со која се потврди таа чудна одлука. Окружувањето во кое се наоѓаме е несигурно и не можеме секогаш да се потпреме на судскиот систем и на тоа дека владините институции ќе се придржуваат до законот. А само тоа и го бараме – владата да преземе одговорност и да ги почитува законските обврски. Ние очекуваме ова да се реши. Апсолутно – истакна директорот на компанијата „Морган Вин“. Можеби ќе ве интересира 🎥 ПОЛУДЕ СВЕТОТ! 36-годишен маж со мачета напаѓа луѓе во… плусинфо 30/04/2024 „ТЕ БАКНУВА ПРВИОТ И ПОСЛЕДЕН ГЕМИЏИЈА“ Орце Поп Јорданов… Панорама 30/04/2024 Тој додаде дека нивното трпение е при крај и повеќе немаат време да чекаат дали системите и правните структури ќе го испорачаат тоа што им е обврска. – Така што, интерно презедовме чекор кон… Секогаш сме имале опција да одиме на меѓународна арбитража, но секогаш сакавме да ги почитуваме системите и институциите во Р. С. Македонија, па продолживме да работиме во тој контекст. Меѓународната абритража цело ова време беше резервна опција, но, сè досега, прашањето беше „дали“, наместо „кога“. Сега, тоа се промени и во моментов се движиме повеќе кон „кога“, а не кон „дали“ арбитража. Единственото нешто што може да го промени тој став е следната одлука на институциите. Топката е сега кај нив. Им наложив на нашите адвокати да почнат со подготовки за арбитража – истакна Морган Вин. Според него, опцијата на меѓународна арбитража ја разгледувале како крајна нужда. Тој кажа дека чекале многу долго и биле крајно трпеливи, но последната одлука ги принудила на чекор во крајна нужда, односно да размислуваат за меѓународна арбитража како начин на заштита на инвестициите. – Потрошивме значителен капитал во земјата, над 50 милиони долари за да стигнеме дотука. Исто така, и придобивките за локалната заедница веќе предолго се одложуваат. Од сите тие причини, сега на преден план ја ставаме арбитражата како опција. Како што рекот, тоа е став поради крајна нужда. Не сме компанија на арбитражни адвокати. Практично нè обвинуваат дека тоа е нашата главна дејност. Не е. Ние сме група посветена на рударската индустрија, а придобивките што таа може да ги донесе во земјата се огромни – заклучи Морган Вин....
📽️ „САКАВ ДА СЕ УБИЈАМ СКОКАЈЌИ ОД МОСТОТ ВО ДЕЛАВЕР“ Бајден во изненадувачко интервју даде шокантна исповед
+Инфо - пред 2 дена
Американскиот претседател Џо Бајден му кажа на радио водителот Хауард Стерн за мрачните времиња кога неговата прва сопруга и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа, а тој откри дека размислувал и за самоубиство. Имено, Бајден за време на неговата посета на Њујорк и даде изненадувачко интервју на познат радио водител. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Во едно интервју, тој зборуваше за својот очај поради смртта на неговата сопруга Нели и нивната 13-месечна ќерка Наоми во декември 1972 година. – Не пијам. Тоа не е доблест, но никогаш не сум бил многу пијач. Постојано пиевме алкохолни пијалоци во куќата… Сакав само да пијам и да се напијам, но не можев да се натерам да го направам тоа. Не треба да си луд за да се самоубиеш. Откако си бил на врвот на планина, мислиш дека никогаш повеќе нема да бидеш таму, така се чувствував. И само за малку, мислев дека можеби еден ден ќе отидам до Меморијалниот мост во Делавер и ќе скокнам, но имав две деца и тоа ме спречи – рече тој во интервју во живо на радио кое ги изненади слушателите. Иако даде неколку интервјуа откако ја презеде функцијата претседател, ова појавување не влезе во неговиот јавен распоред, пишува Дејли мејл. Тој ја помина вечерта во четвртокот во Њујорк во домот на актерот Мајкл Даглас, а потоа, пред да одлета назад во Белата куќа, отиде во студиото на Менхетен за да разговара со легендарниот радио водител Сириус XM. Исто така, за време на интервјуто откри и некои новости – рече дека „би бил среќен да се сретне со Трамп на дебата“. Можеби ќе ве интересира 📽️ РУСКИОТ СИСТЕМ ВРЕДЕН 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ УНИШTEН ЗА… плусинфо 27/04/2024 ЛЕТОНЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ПОДРУМИТЕ Властите во Рига очекуваат… плусинфо 27/04/2024 Понатаму, Стерн и Бајден го допреа и периодот кога Бајден беше „мета“ на понежниот пол. Како што тврди актуелниот американски претседател, во тоа време како сенатор се наоѓал и на листата на десетте најпосакувани американски ергени. Во текот на интервјуто, Бајден раскажуваше како работел како спасител во претежно црнечки кварт во Делавер. Тој раскажа како извлекол шестмина од неволја. – Дали некогаш сте спасиле нечиј живот додека сте биле спасител? – го праша Стерн, на што Бајден одговори: – Да, дури и неколку пати! Стерн, кој го интервјуираше Трамп во минатото, не влезе во тековното судење на Сторми Даниелс, но го спомна злогласниот „Напад на Капитол“. – Што разговараме? Трамп го зеде телефонот и сакаше да ги намести изборите. Дајте ми 11.000 гласови, тоа беа неговите зборови. Не знам како секој Американец кој ја сака оваа земја може да гласа за него. Крај на дискусијата. Не можете да се кандидирате ако мислите дека ги местите изборите – заклучи Стерн....
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АЛБАНЕЦ УБИ СРБИН ВО ДИЗЕЛДОРФ Излегле пред ресторан, а едниот почнал да мафта со пиштол
+Инфо - пред 2 дена
Тежок инцидент се случил вчера пред ресторан во центарот на градот во Дизелдорф. Албанецот Рустем Лапи (52) го убил, српскиот државјанин Александар М.(38), сопственик на ресторан и ММА борец. Според локалните медиуми, 38-годишниот сопственик на ресторан во Херцогштрасе во населбата Фридрихштат се скарал со 52-годишен Албанец од Косово. Тие излегле надвор од ресторанот за да ја решат расправијата, но тепачката ескалирала и 52-годишникот наеднаш извадил пиштол и неколкупати ја застрелал жртвата. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Малку подоцна полицијата без отпор пред шанкот успеала да го уапси 52-годишниот Лапи. Тој треба да се појави пред судија во понеделник. Можеби ќе ве интересира ЦРНОГОРЦИТЕ ДОБИВААТ ЕДЕН ЧАС ПОВЕЌЕ ЗА ОДМОР Црна Гора до… плусинфо 29/04/2024 ЧАШАТА СЕ ПРЕЛЕА И ВО ФЗО Вработените утре на протест ќе… плусинфо 29/04/2024 Според информациите на германски „Велт“, жртвата, Александар М.(38) е познат рапер во Дизелдорф и има прекар „Алекс М“. Ubistvo MMA borca pic.twitter.com/u2qjPpb6uQ — Mariel (@malasirena111) April 29, 2024...
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АЛБАНЕЦ УБИ СРБИН ВО ДИЗЕЛДОРФ Изглегле пред ресторан, а едниот почнал да мафта со пиштол
+Инфо - пред 2 дена
Тежок инцидент се случил вчера пред ресторан во центарот на градот во Дизелдорф. Албанецот Рустем Лапи (52) го убил, српскиот државјанин Александар М.(38), сопственик на ресторан и ММА борец. Според локалните медиуми, 38-годишниот сопственик на ресторан во Херцогштрасе во населбата Фридрихштат се скарал со 52-годишен Албанец од Косово. Тие излегле надвор од ресторанот за да ја решат расправијата, но тепачката ескалирала и 52-годишникот наеднаш извадил пиштол и неколкупати ја застрелал жртвата. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Малку подоцна полицијата без отпор пред шанкот успеала да го уапси 52-годишниот Лапи. Тој треба да се појави пред судија во понеделник. Можеби ќе ве интересира ЦРНОГОРЦИТЕ ДОБИВААТ ЕДЕН ЧАС ПОВЕЌЕ ЗА ОДМОР Црна Гора до… плусинфо 29/04/2024 ЧАШАТА СЕ ПРЕЛЕА И ВО ФЗО Вработените утре на протест ќе… плусинфо 29/04/2024 Според информациите на германски „Велт“, жртвата, Александар М.(38) е познат рапер во Дизелдорф и има прекар „Алекс М“. Ubistvo MMA borca pic.twitter.com/u2qjPpb6uQ — Mariel (@malasirena111) April 29, 2024...
ЦРНОГОРЦИТЕ ДОБИВААТ ЕДЕН ЧАС ПОВЕЌЕ ЗА ОДМОР Црна Гора до крајот на годината воведува 7-часовно работно време
+Инфо - пред 2 дена
Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување 7-часовно работно време. Нишиќ за Радио Црна Гора изјави дека социјалните бенефиции во иднина ќе бидат поправедни, како и дека нема да има укинување на Фондот за пензиско осигурување, туку дека ќе се реформира, пренесува РТЦГ. Можеби ќе ве интересира НА СЕВЕР СЕ КРАТИ, НА ЈУГ СЕ ДОДАВА Грција воведува… плусинфо 26/04/2024 УАПСЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА… плусинфо 17/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Црногорската министерка рече дека сите анализи покажале дека најголемата неправда им е нанесена на пензионерите кои својот работен век го поминале во различни земји и дека околу 3.500 пензионери од земјите од поранешна Југославија добиваат пензии кои кога ќе се соберат се пониски од просекот. Доколку се усвои овој предлог, работната недела во Црна Гора ќе трае 35, наместо 40 часа. Инаку, 35 до 40 работни часа неделно или 7 до 8 часа дневно е стандард во повеќето европски земји....
„НЕМОЈ ДА ДОНЕСЕТЕ ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА!“ Предупредување на Бирото за осигурување до владината комисија во врска со поскапените авто-полиси
+Инфо - пред 2 дена
Од Националното биро за осигурување (НБО) во пресрет на денешната седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која треба да одлучува за поскапувањето на полисата за задолжителното авто осигурување соопшти дека „одлуката треба да ги земе предвид интересите на крајните потрошувачи, но и реалната пазарна состојба, како и условите под кои работат осигурителните компании“. Како што наведуваат во соопштение, се надеваат дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при донесувањето на соодветен заклучок поврзан со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании ќе направи детална и сеопфатна анализа, пред да донесе избрзана одлука и „нема да носи политичка одлука“. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 „Фактите велат дека Осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност (АО) во 2023 претрпела загуби во износ од 176 милиони денари, и дека веќе 15 години, во периодот од 2008 до 2024 цената на АО е непроменета, иако на тоа се укажувало веќе долг период. Во услови кога цените на автомобилите пораснале од 70% до 100%, на резервните делови за 100%, платите за 83%, индексот на трошоци на живот од 2008 до 2023 година за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, апсолутно реално е да се очекува промена на цените за автомобилското осигурување. Ниту еден од горенаведените трошоци не е регулиран од државата на начин на кој е регулирана цената на автоодговорноста и осигурителната индустрија нема контрола над овие трошоци“ се вели во соопштението. Според НБО, автомобилското осигурување е единствената категорија во нашата земја која 15 години не претрпела корекција, а за која, законски се предвидува годишна промена. – Ние сме ретка држава во која државата има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за прогресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. Меѓутоа оваа реформа не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите. Осигурителната индустрија годишно исплаќа над 38 милиони евра штети по автомобилско осигурување. Дополнително осигурителната индустрија ги покрива и штетите предизвикани од неосигурени возила, за што дополнително годишно исплаќа уште 1,5 милиони евра – наведува Националното биро за осигурување. Според НБО за да ја обавува својата функција – непречна исплата на штети и заштита на осигурениците осигурителната индустрија мора да е стабилна и да ги следи општите пазарни движења кои директно влијаат на висината на штетите и трошоците. „Имаме најниско задолжителното автомобилско осигурување во регионот. Од Националното биро за осигурување се надеваат дека денес комисијата нема да избрза, нема да носи политичка одлука, и дека ќе ги направи сите анализи со цел носење исправна и пазарно ориентирана одлука“, се наведува во соопштението. Според најавите, Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44% поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото. Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО)....
ГО НАПАДНАЛЕ КРИМ СО ТАЈНО ДОБИЕНИТЕ РАКЕТИ ОД САД? Украинците спремаат нешто за Денот на победата, тврдат Русите
+Инфо - пред 2 дена
Украинските сили наводно ги нападнале руските системи за воздушна одбрана на окупираниот полуостров Крим со ракети кои тајно ги добиле од САД, тврдат руски профили на Телеграм. Ова го пренесе профилот на „War Translate“ на социјалната мрежа Икс. „Во текот на ноќта непријателот ги нападна единиците на системот за противвоздушна одбрана на Кејп Тарханкут со ракети АТАКМС, најверојатно со касетна боева глава. Непријателот се обидува да уништи цели области за воздушна одбрана; Засилени напади се предвидуваат во обидот на Киев да организира информативни и борбени операции за Денот на победата и инаугурацијата на врховниот командант“, стои во преводот. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Извештаите од платформата Икс сугерираат дека Украина ја нападнала руската противвоздушна одбрана со тактички балистички ракети на Кејп Тарханкут, во западниот дел на Крим. Профилот на „War Translate“ објави скриншот од пораки од руски канали во кои панично се известува за нападот што наводно се случил во текот на ноќта во саботата. Ракети со долг дострел беа испратени во Украина на почетокот на оваа година на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател изјави дека испораката првично не била објавена „за да се одржи оперативната безбедност на Украина“. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, минатата недела им потврди на новинарите дека „значителен број“ проектили, кои можат да погодат цели до 450 километри, се испорачани на Украина. Можеби ќе ве интересира 🎥 РУСКИ ВОЈНИК СРУШИ УКРАИНСКИ ДРОН НА МНОГУ НЕОБИЧЕН НАЧИН… плусинфо 28/04/2024 📽️ РУСКИОТ СИСТЕМ ВРЕДЕН 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ УНИШTEН ЗА… плусинфо 27/04/2024 Пентагон првично долго ја одложуваше испораката на ракетите со долг дострел поради стравувањата дека Украина би можела да ги искористи за да нападне цели длабоко во руската територија, што потенцијално ќе ја ескалира војната. Во април годинава, Украина нападна голем руски аеродром во Џанкој, Крим. Тој напад беше првиот во кој украинските сили користеа од новите ракети АТАКМС кои тајно им ги испратил САД. Сè уште не е познато дали во нападот на Кејп Тарханкут било употребено оружје испратено од САД. Лани во август, Украина го уништи рускиот противвоздушен систем С-400 на Кејп Тарханкут. – Со оглед на ограничениот број на такви системи во арсеналот на непријателот, ова е болен удар за системот за воздушна одбрана на окупаторот – изјавија разузнавачи од Украина. ТАЈНА ПРАТКА ОД САД Украина веќе добила проектили со голем дострел...
РУСИЈА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАПАДОТ За запленетите средства ќе следува одмазда
+Инфо - пред 2 дена
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, му се закани на Западот со можна одмазда доколку се обиде да го заплени рускиот имот. Можноста за запленување руски имот се дебатира во САД, Обединетото Кралство и Европската унија, а некои бараат парите да се искористат за финансирање на помош – па дури и оружје – за Украина. Песков сугерираше дека Москва може да заплени странски средства во Русија доколку се преземат какви било потези за запленување на руски средства во странство. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 – Се разбира дека Русија ќе ги користи овие правни канали и целосно ќе ги брани своите интереси – рече Песков во интервју за руската телевизија. Тој, исто така, предупреди дека Западот би можел да ја изгуби довербата на другите странски инвеститори доколку се манипулираат руските средства. Можеби ќе ве интересира ДОДИК ДОБИВА ПОДДРШКА ОД ПУТИН Русија иницира итна седница… плусинфо 29/04/2024 ПУТИН СПРЕМА ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО КРЕМЉ Ќе лета Шојгу, ама и… плусинфо 29/04/2024 – Сигурноста исчезнува преку ноќ поради една глупава, непромислена одлука – рече Песков. Имот на Руската Народна банка вреден стотици милијарди долари замрзнат е во ЕУ и на други места по сеопфатната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година. Според сегашниот предлог на ЕУ, нема да има експропријација на основните средства, туку приходите од средствата би и биле дадени на Украина. „Не смее да се допира рускиот имот, во спротивно ќе има силен одговор на кражбата од Западот. Многумина на Запад веќе го сфатија тоа. За жал, не сите“ – напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во објавата на Телеграм....
УКРАИНЦИТЕ СИНОЌА ГО НАПАДНАЛЕ КРИМ? „Се спремаат за Денот на победата“
+Инфо - пред 2 дена
Украинските сили наводно ги нападнале руските системи за воздушна одбрана на окупираниот полуостров Крим со ракети кои тајно ги добиле од САД, тврдат руски профили на Телеграм. Ова го пренесе профилот на „War Translate“ на социјалната мрежа Икс. „Во текот на ноќта непријателот ги нападна единиците на системот за противвоздушна одбрана на Кејп Тарханкут со ракети АТАКМС, најверојатно со касетна боева глава. Непријателот се обидува да уништи цели области за воздушна одбрана; Засилени напади се предвидуваат во обидот на Киев да организира информативни и борбени операции за Денот на победата и инаугурацијата на врховниот командант“, стои во преводот. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Извештаите од платформата Икс сугерираат дека Украина ја нападнала руската противвоздушна одбрана со тактички балистички ракети на Кејп Тарханкут, во западниот дел на Крим. Профилот на „War Translate“ објави скриншот од пораки од руски канали во кои панично се известува за нападот што наводно се случил во текот на ноќта во саботата. Ракети со долг дострел беа испратени во Украина на почетокот на оваа година на барање на американскиот претседател Џо Бајден. Портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател изјави дека испораката првично не била објавена „за да се одржи оперативната безбедност на Украина“. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, минатата недела им потврди на новинарите дека „значителен број“ проектили, кои можат да погодат цели до 450 километри, се испорачани на Украина. Можеби ќе ве интересира 🎥 РУСКИ ВОЈНИК СРУШИ УКРАИНСКИ ДРОН НА МНОГУ НЕОБИЧЕН НАЧИН… плусинфо 28/04/2024 📽️ РУСКИОТ СИСТЕМ ВРЕДЕН 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ УНИШTEН ЗА… плусинфо 27/04/2024 Пентагон првично долго ја одложуваше испораката на ракетите со долг дострел поради стравувањата дека Украина би можела да ги искористи за да нападне цели длабоко во руската територија, што потенцијално ќе ја ескалира војната. Во април годинава, Украина нападна голем руски аеродром во Џанкој, Крим. Тој напад беше првиот во кој украинските сили користеа од новите ракети АТАКМС кои тајно им ги испратил САД. Сè уште не е познато дали во нападот на Кејп Тарханкут било употребено оружје испратено од САД. Лани во август, Украина го уништи рускиот противвоздушен систем С-400 на Кејп Тарханкут. – Со оглед на ограничениот број на такви системи во арсеналот на непријателот, ова е болен удар за системот за воздушна одбрана на окупаторот – изјавија разузнавачи од Украина. ТАЈНА ПРАТКА ОД САД Украина веќе добила проектили со голем дострел...
ПОЧЕКАЈТЕ ДО ПОЛНОЌ ДА НАПОЛНИТЕ ГОРИВО Поевтинија дизелот, бензинот од 98 октани и маслото за горење
+Инфо - пред 2 дена
Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57%. Според одлуката, малопродажните цени на бензинот „еуросупер-98“, на дизелот и масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари за литар, а малопродажната цена на бензинот „еуросупер-95“ не се менува. Можеби ќе ве интересира ЌЕ ДАВАМЕ 90 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР СУПЕР БЕНЗИН ОД ПОЛНОЌ Дизелот… плусинфо 22/04/2024 ПРЕД ПОЛНОЌ ТРКНЕТЕ ДО БЕНЗИНСКА Од утре нови повисоки цени… плусинфо 08/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Од полноќ цената на бензинот „еуросупер 953 останува 87,50 денари по литар, додека „еуросуперот“ од 98 октани ќе се продава по цена од 89,50 денари по литар. Дизелот поевтинува на 75,50 денари, додека новата пониска цена на маслото за горење е 75,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,107 ден/кг и сега ќе изнесува 46,661 денари по килограм....
ДОДИК ДОБИВА ПОДДРШКА ОД ПУТИН Русија иницира итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ
+Инфо - пред 2 дена
Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија. Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата сè уште не е утврден. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН. Од Бања Лука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД. Можеби ќе ве интересира РУСИЈА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАПАДОТ За запленетите средства ќе… плусинфо 29/04/2024 ПУТИН СПРЕМА ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО КРЕМЉ Ќе лета Шојгу, ама и… плусинфо 29/04/2024 Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина. Претходно, претседателот на Република Српска, Милорад Додик ијзваи дека бара одвојување од Босна и Херцеговина и во замена нуди две милијарди (не се знае во која валута) и дел од територијата. Воедно, Додик побара поддршка од Србија и помош од српскиот претседател Александар Вучиќ. ДАВА ДВЕ МИЛИЈАРДИ И ТЕРИТОРИЈА Додик се пазари за отцепување од БиХ, бара поддршка од Вучиќ...
АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ Глобалниот јавен долг денес е највисок од Наполеонoвите војни
+Инфо - пред 2 дена
Глобалниот јавен долг денес е највисок од Наполеоновите војни, односно од првата и втората деценија на 19 век, изјави претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде на конференција во Ријад. Бренде рече дека глобалниот јавен долг се приближува до границата од 100% од БДП, а напредните економии се соочуваат со закана од стагфлација, односно раст на цените со истовремен пад на производството. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Неговото предупредување се совпаѓа со неодамнешниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во кој се вели дека глобалниот јавен долг достигнал 93% од БДП минатата година, 9% повисок од нивото пред пандемијата. Можеби ќе ве интересира АЗЕСКИ ЗАСТАНУВА НА ЧЕЛО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА БАЛКАНСКИ… плусинфо 06/12/2023 СВЕТОТ Е ПРЕД УРАГАН ОД ПЕТТА КАТЕГОРИЈА! Драматично… МИА 18/01/2023 ММФ предвиде дека глобалниот јавен долг би можел да биде близу 100% од БДП до крајот на деценијата. Бренде истакна дека владите треба да размислат како да го намалат долгот и да ги преземат вистинските фискални мерки без да предизвикаат рецесија во исто време. Претседателот на Светскиот економски форум предупреди и на последиците од забавувањето на светскиот економски раст кој, според прогнозата, во 2024 година ќе изнесува 3,2%. – Светот ќе се соочи со една деценија слаб економски раст доколку не се спроведат вистинските мерки – заклучи Бренде....
АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ Глобалниот јавен долг денес е највисок од Наполеонските војни
+Инфо - пред 2 дена
Глобалниот јавен долг денес е највисок од Наполеонските војни, односно од првата и втората деценија на 19 век, изјави претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде на конференција во Ријад. Бренде рече дека глобалниот јавен долг се приближува до границата од 100% од БДП, а напредните економии се соочуваат со закана од стагфлација, односно раст на цените со истовремен пад на производството. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Неговото предупредување се совпаѓа со неодамнешниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во кој се вели дека глобалниот јавен долг достигнал 93% од БДП минатата година, 9% повисок од нивото пред пандемијата. Можеби ќе ве интересира АЗЕСКИ ЗАСТАНУВА НА ЧЕЛО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА БАЛКАНСКИ… плусинфо 06/12/2023 СВЕТОТ Е ПРЕД УРАГАН ОД ПЕТТА КАТЕГОРИЈА! Драматично… МИА 18/01/2023 ММФ предвиде дека глобалниот јавен долг би можел да биде близу 100% од БДП до крајот на деценијата. Бренде истакна дека владите треба да размислат како да го намалат долгот и да ги преземат вистинските фискални мерки без да предизвикаат рецесија во исто време. Претседателот на Светскиот економски форум предупреди и на последиците од забавувањето на светскиот економски раст кој, според прогнозата, во 2024 година ќе изнесува 3,2%. – Светот ќе се соочи со една деценија слаб економски раст доколку не се спроведат вистинските мерки – заклучи Бренде....
КOЛКАВИ НАДОМЕСТОЦИ ЗЕМААТ ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ТЕЛЕКОМ? Објавени се податоците за надоместоците на Милев, Дураки, Ангеловска…
+Инфо - пред 2 дена
Владините претставници во Одборот на директори во Македонски телеком кои се неизвршни членови лани зеле исти надоместоци како и во 2022 година, освен претседателот на Одборот на директори на кој со одлука на Собранието на акционери му е ннамален ннадоместокот. Ова го покажува извештајот за работа на компанијата објавен на сајтот на Македонска берза. Според податоците од Извештајот кој е на дневен ред на Собранието на акционери кое треба да се одржи на 29 мај, Игор Милев, која на местото претседател на Одбор на директори дојде по Зоран Китанов, првиот месец зел надоместок во износ од 372.000 денари колку што земаше неговиот претходник Китанов, а потоа до крајот на годината добивал нето надоместок од 155.000 денари. Тој пријавил и адвокатска плата од 50.000 денари. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Садула Дураки како заменик-претседател на Одбор на директори 93.000 денари нето. Тој не пријавил други приходи. Нина Ангеловска лани земала надоместок од 62.000 денари нето. Таа пријавила и плата која ја зема од Македонската асоцијација е – комерц од 98.000 денари и 30.035 денари плата. Бардул Насуфи исто така добивал надоместок од 62.000 денари. Тој ја пријавил и плата од 49.470 денари во општина Струга. Можеби ќе ве интересира ЖИВКО МУКАЕТОВ СТАНА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА… плусинфо 21/11/2023 МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ЗАДРЖУВА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА… плусинфо 31/10/2023 По 62.000 денари во Телеком зеле и Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу. Дарлишта пријавила и плата од 45.000 денари во јавна здравствена установа, а Медиу нема пријавено други примања. Иако се неизвршни членови на Одборот на директори, владините претставници биле редовни на седниците а Одборот на директори кои во 2023 година биле вкупно 8, од кои 4 редовни состаноци и 4 вонредни состаноци. Така Игор Милев како претседател на Одборот на директори присуствувал на 4 состаноци, бидејќи претходно на неговата позиција беше Зоран Китанов кој присуствувал на 4 состаноци. Садула Дураки и Нина Ангеловска и Аќиф Медиу присуствувале на 8 состаноци, додека Шкодране Дарлишта присуствувала на 7 средби на Одборот на директори. Владата кој поседува 34,81 отсто во компанијата и златна акција поставува 6 членови на Одборот на директори во Македонски телеком. Овој состав на Одборот на директори владата го назначи во 2020 година, освен Игор Милев кој е назначен во јуни 2023 година, по заминувањето на Зоран Китанов....
АЛКАЛОИД ЗАБЕЛЕЖА РАСТ НА ПРОДАЖБАТА ОД 13% Компанијата во првиот квартал оствари извоз од 58,1 милиони евра, а инвестираше 4,8 милиони евра
+Инфо - пред 2 дена
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ во првиот квартал од годинава оствари раст на консолидираните продажби од 13%, реализира извоз од 58,1 милиони евра и реализира инвестиции од 4,8 милиони евра. Приходи од продажби 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2024 година продажбите достигнуваат 3.419.742.486 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.925.260.049 денари, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 11%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 14%. Од вкупните консолидирани продажби 27% се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 73% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 26%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 24%, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР …) се остварени 22%, а на другите пазари е остварен 1% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај поголемите извозни пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Велика Британија, во износ од 119.813.384 денари, кои се зголемени за 4-пати; потоа во Грузија, каде што се зголемени за 3-пати, како и во Украина, каде што се зголемени за 2,5-пати. Потоа следуваат оние во Унгарија (раст од 65%), Романија (раст од 27%), Албанија (раст од 27%), во Полска (раст од 20%), Италија (раст од 12%), Хрватска (раст од 11%), во Ерменија (раст од 10%), Словенија (раст од 10%), Србија (раст од 10%), во Грција (раст од 10%) итн. Продажби според групи производи Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91%. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 31%, препаратите ОТЦ со 19%, кардиолошките препарати со 12%, невролошките препарати со 11% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2%, козметика со 6%, а билкарство учествува со 1%. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2023 година. Сегментот фармација бележи раст од 14%, хемија раст од 3%, козметика раст од 5% и билкарство раст од 8%. Инвестиции Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, АЛКАЛОИД АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него компннијата вложи вкупно 19,4 милиони евра. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 298.250.975 денари. Иновации „Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сè, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата, од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба. За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање. Резултати од работењето Можеби ќе ве интересира 📷 ЛЕКОТ НА „АЛКАЛОИД“ Е „ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА 2023“ Омепразол… плусинфо 26/04/2024 ЈУНАЈТЕД ГРУП БЕЛЕЖИ РЕКОРДНИ РЕЗУЛТАТИ Приходот на… плусинфо 26/04/2024 Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 659.500.874 денари, бележи зголемување од околу 10%, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 390.910.925 денари и е зголемена исто така за 10%. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 804.400.748 денари и бележи раст од 6%, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 479.529.291 денари е зголемена за 9%. При извршувањето на оперативните активности „Алкалоид“ ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи. Вработени Во периодот јануари – март 2024 година во „Алкалоид“ се реализирани 90 нови вработувања во земјава. Со одлука на Управниот одбор во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 40.500 денари. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.910 вработени, од кои 2.215 се во земјава, а 695 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство. Податоци за акциите Акциите на „Алкалоид“ котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2024 година се движеше од 18.151,00 до 20.900,00 денари или просечно 19.602,82 денари за една акција. На 31.03.2024 година акциите на „Алкалоид“ беа во сопственост на 5.596 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше над 29 милијарди денари. На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година, во износ од 772.931 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година ќе започне исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денар нето за една акција. Дивидендата по акција за 2023 година е поголема за 10,2% во однос на исплатената дивиденда по акција за 2022 година. Бизнис-план за 2024 година Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“, на Седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година. Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот. Очекувања за претстојниот период Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо опаѓање. Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на одредени материјали. Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и опреми и вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти....
КOЛКАВИ НАДОМЕСТОЦИ ЗЕМААТ ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ОДБОРОТ НА ДИТЕЛКТОРИ НА ТЕЛЕКОМ? Објавени се податоците за надоместоците на Милев, Дураки, Ангеловска…
+Инфо - пред 2 дена
Владините претставници во Одборот на директори во Македонски телеком кои се неизвршни членови лани зеле исти надоместоци како и во 2022 година, освен претседателот на Одборот на директори на кој со одлука на Собранието на акционери му е ннамален ннадоместокот. Ова го покажува извештајот за работа на компанијата објавен на сајтот на Македонска берза. Според податоците од Извештајот кој е на дневен ред на Собранието на акционери кое треба да се одржи на 29 мај, Игор Милев, која на местото претседател на Одбор на директори дојде по Зоран Китанов, првиот месец зел надоместок во износ од 372.000 денари колку што земаше неговиот претходник Китанов, а потоа до крајот на годината добивал нето надоместок од 155.000 денари. Тој пријавил и адвокатска плата од 50.000 денари. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Садула Дураки како заменик-претседател на Одбор на директори 93.000 денари нето. Тој не пријавил други приходи. Нина Ангеловска лани земала надоместок од 62.000 денари нето. Таа пријавила и плата која ја зема од Македонската асоцијација е – комерц од 98.000 денари и 30.035 денари плата. Бардул Насуфи исто така добивал надоместок од 62.000 денари. Тој ја пријавил и плата од 49.470 денари во општина Струга. Можеби ќе ве интересира ЖИВКО МУКАЕТОВ СТАНА ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА… плусинфо 21/11/2023 МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ЗАДРЖУВА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА… плусинфо 31/10/2023 По 62.000 денари во Телеком зеле и Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу. Дарлишта пријавила и плата од 45.000 денари во јавна здравствена установа, а Медиу нема пријавено други примања. Иако се неизвршни членови на Одборот на директори, владините претставници биле редовни на седниците а Одборот на директори кои во 2023 година биле вкупно 8, од кои 4 редовни состаноци и 4 вонредни состаноци. Така Игор Милев како претседател на Одборот на директори присуствувал на 4 состаноци, бидејќи претходно на неговата позиција беше Зоран Китанов кој присуствувал на 4 состаноци. Садула Дураки и Нина Ангеловска и Аќиф Медиу присуствувале на 8 состаноци, додека Шкодране Дарлишта присуствувала на 7 средби на Одборот на директори. Владата кој поседува 34,81 отсто во компанијата и златна акција поставува 6 членови на Одборот на директори во Македонски телеком. Овој состав на Одборот на директори владата го назначи во 2020 година, освен Игор Милев кој е назначен во јуни 2023 година, по заминувањето на Зоран Китанов....
ПУТИН СПРЕМА ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО КРЕМЉ Ќе лета Шојгу, ама и други функционери?
+Инфо - пред 2 дена
По победата на претседателските избори, по инаугурацијата во мај годинава, Путин подготвува големи политички промени во врвот на Руската Федерација, пишува „Фајненшл тајмс(ФТ)“. Минатата недела рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов беше уапсен под сомнение дека е вмешан во корупција и се соочува со повеќегодишна затворска казна. Иванов беше познат по својот раскошен живот и долго време го толерираа во Кремљ. Како што пишува „ФТ“, апсењето на Иванов може да му ги помати сметките на актуелниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 – Можеа да го отпуштат (Иванов) ако сакаа само да го ослабат Шојгу. Тоа ќе покажеше дека се ослободиле од корупцијата. Наместо тоа, го уапсија Иванов во неговата канцеларија, во униформа, веднаш по состанокот на одборот на Министерството за одбрана каде тој седеше на едно место од Шојгу. Сето тоа е театар – изјави извор близок до руското Министерство за одбрана. Иванов е највисокиот функционер уапсен од 2016 година и тоа беше сигнал за промена на статусот на Шојгу. Од друга страна, најгласниот критичар на Шојгу беше покојниот водач на „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Можеби ќе ве интересира РУСИЈА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАПАДОТ За запленетите средства ќе… плусинфо 29/04/2024 ДОДИК ДОБИВА ПОДДРШКА ОД ПУТИН Русија иницира итна седница… плусинфо 29/04/2024 „Тој (Шојгу) успеа да ги преживее острите критики на Пригожин, а Путин сега мора да биде внимателен бидејќи не сака ниту една фракција во врвот на Русија да добие преголема моќ“, пишува „ФТ“. Весникот анализира и дека поради големиот руски напредок во последно време се чини дека кабинетот на Шојгу е во подем. Но, прашање е каква ќе биде одлуката на Путин. Пораката на покојниот Пригожин беше дека „треба да се справиш со стаорците одзади кои крадат“. Путин мисли дека Пригожин „претерал, но мисли и дека не погрешил“…Треба да ги симнете со колче“, вели неименуван извор од Кремљ. Во врска, пак, со уапсениот Иванов, извор од елитните кругови на Москва изјавил дека функционерот водел раскошен живот што „го направил лесна мета на Путин“: – Екстравагантниот начин на живот на Иванов, очигледно надвор од неговите официјални можности, го направи лесна мета. Овој човек беше толку раскошен, а исто така и неговата сопруга. Путин не се грижи толку за корупцијата – потребна ви е одредена сума за да дозволите работите да се случат. Но, сè уште има граница – изјавил анонимниот извор....
ПЛАНИРАЛЕ ДА КУПАТ ОРУЖЈЕ И ДА НАПАЃААТ ЕВРЕИ Петмина тинејџери уапсени во Сиднеј
+Инфо - пред 2 дена
Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми. Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за учество или планирање терористички чин. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Полицијата соопшти дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 април. Можеби ќе ве интересира ЛИЧНИ КАРТИ, ВОЗАЧКИ, ДОЗВОЛИ ЗА ПРЕСТОЈ…Уапсени… плусинфо 29/04/2024 ПРЕГРНАВ НУКЛЕАРКА ПРЕД ДА НИ ГИ ЗЕМАТ Лукашенко жали по… плусинфо 26/04/2024 Според полициските информации доставени до Детскиот суд во Сиднеј, двајцата обвинети разговарале за купување оружје на 19 април, истиот ден кога е обвинет наводниот напаѓач на бискупот, објави весникот News Corp Australia. Одделот за односи со јавноста на полицијата на Нов Јужен Велс денеска за Асошиетед прес изјави дека не може да ја потврди точноста на извештајот. Родителите на момчето во интервју за австралиските медиуми изјавиле дека нивниот син бил насилен и дека се сомневаат дека има нарушување од спектарот на аутизам, но додале дека тој не е терорист. Еј-Би-Си објави дека на 16-годишниот напаѓач му се допаѓале онлајн видеата на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а на момчето на социјалните мрежи е слика на самиот Бин Ладен....
ДАВА ДВЕ МИЛИЈАРДИ И ТЕРИТОРИЈА Додик се пазари за отцепување од БиХ, бара поддршка од Вучиќ
+Инфо - пред 2 дена
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека неговата доверба во Сараево е грешка и дека ќе бара поддршка од Србија за отцепување од Босна и Херцеговина. Додик изјави дека е подготвен да плати 2 милијарди без да прецизира во која валута и дел од територијата. – Грешка. Целата моја доверба во Сараево беше грешка. Затоа треба да се разделиме на убав и мирен начин. Подготвен сум да ви платам 2 милијарди за 10 години, да ви дадам отштета, бидејќи нема шанси да живееме заедно. Подготвени сме Поточари територијално да ви го предадеме – изјави Милорад Додик. Лидерот на Република Српска вели дека тоа не е отцепување, туку раздружување. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 -Не се одвојуваме од Босна и Херцеговина. Немаме никаков план за отцепување. Планот е доколку со сите наши напори не се воспостави правилен систем на односи, да се разделиме со Федерацијата Босна и Херцеговина. Измама е приказната за отцепување – рече Додик и додаде: – Не ги мразам муслиманите. Никогаш не реков дека мразам муслимани. Не сакам да дишам воздух со политичка структура која ја наметнува етикетата на геноцид на мојот народ, не сакам да живееме заедно… Не се обидувајте да влезете на територијата на РС, ќе поминете како бос низ трње – изјави Додик. Милорад Додик изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница. Можеби ќе ве интересира ДОДИК ДОБИВА ПОДДРШКА ОД ПУТИН Русија иницира итна седница… плусинфо 29/04/2024 ОСМАНИ ГО НАРЕЧЕ ВУЧИЌ „ПОСТТРАУМАТИЧЕН“ Тенизично на… плусинфо 26/04/2024 Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина ја сметаат за политички мотивирана. – Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ – рече Додик. Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ, Република Српска и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата. Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција. – Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина – рече Додик....
ВНИМАВАЈТЕ ДА НЕ ДОБИЕТЕ КУСУР ВО ЛАЖНИ МОНЕТИ ОД 2 ЕВРА! Кинески фалсификатори пуштиле во оптек над 500.000 фалсификувани монети низ Европа
+Инфо - пред 2 дена
Националната полиција на Шпанија разбила синџир на фалсификатори на евра кои биле пуштени низ цела Европа. Работилницата за производство на фалсификувани пари е откриена во градот Толедо. Како што пишуваат медиумите работилницата ја користела кинеска банда која произвела околу 100.000 лажни монети од 2 евра низ земјата. Криминалците успеале да ги пуштат во оптек нивните фалсификувани монети со вметнување во автомати и со нивно продавање на кинески државјани. 30/04/2024 30/04/2024 30/04/2024 Синџирот донел речиси 500.000 монети „со висок квалитет“ на европскиот пазар. Полицијата Национал, Европол и каталонскиот Мосос д’Ескадра уапсија 10 лица, за кои се верува дека се членови на бандата, и запленија 2 автомата во Толедо. Националната полиција на Шпанија соопшти дека го истражувала случајот 6 години и ги опишала истрагите како „исклучително тешки и извлечени, не само поради тајната природа на организацијата, а исто така и речиси неможноста да се следи трага. што е карактеристично за фалсификуваните монети“. Можеби ќе ве интересира „МАКЕДОНИЈА ДА СЕ СПРЕМА КАКО ДА ЌЕ ИМА ВОЈНА ВО ЕВРОПА“… плусинфо 14/04/2024 🎥 ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА НЕ Е БИБЛИЈА ПА ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ… МИА 12/04/2024 Од работилницата во Толедо биле конфискувани слот-машини со кои можеле да се направат и до 1.000 лажни монети дневно. Најсигурниот тест за лажна монета е да се провери дали е магнетна. Оригиналните монети не се магнетни, па ако вашата паричка се залепи за магнет, веројатно е лажна. „Проверете ги и рабовите на паричката. Оригиналните монети од две евра може да се пофалат со сложена контура и врежани симболи. Фалсификуваните монети нема да го прикажуваат ова ниво на детали“, предупредува Европол. Во земјава лажни монети во оптек најчесто се пуштаат на патарините каде што странците плаќаат во евра....
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА Фрлена е експлозивна направа врз полицајци, има загинати и ранети
+Инфо - пред 2 дена
Во руската република Карачаево-Черкезија, на Кавказ, синоќа била нападната полицијата, јавува на Телеграм тамошното Министерството за внатрешни работи. „Напаѓачите со автомобил ВАЗ-2109 дошле до привремената (полициска) станица, фрлиле експлозивна направа кон полицијата и отвориле оган од автоматско оружје“, се вели во соопштението. Можеби ќе ве интересира РУСИЈА МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАПАДОТ За запленетите средства ќе… плусинфо 29/04/2024 ДОДИК ДОБИВА ПОДДРШКА ОД ПУТИН Русија иницира итна седница… плусинфо 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 На нападот и полицијата одговорила со огнено оружје и убила петмина напаѓачи. При судирот со напаѓачите животот го загубија двајца припадници на полицијата, а ранети се четворица претставници на органите на прогонот. Во меѓувреме, Истражниот комитет на Русија во Карачаево-Черкесија покрена кривична постапка за напади врз соработници на безбедносните органи и нелегално поседување оружје и муниција. Исто така, овој комитет соопшти дека ликвидираните борци се препознаени како најверојатни учесници во нападот врз полицијата на 22 април годинава во истата република Карачаево-Черкесија. По петмината осомничени е распишана потерница....
🎥КАТАКЛИЗМА ВО САД Десетици торнда однеса 5 животи и направија огромни штети
+Инфо - пред 2 дена
Најмалку пет лица од кои едно четиримесечно бебе, загинаа откако десетици торнада го зафатија централниот дел на САД, предизвикувајќи огромни штети. Десетици илјади жители останаа без струја по насилните штрајкови кои започнаа во петокот. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Четири смртни случаи се случија во Оклахома, каде што десетина окрузи прогласија вонредна состојба. Петто лице почина од повреди во Ајова, откако одвоен систем на бура го погоди Средниот Запад, објавија локалните медиуми. Националната метеоролошка служба (NWS) соопшти дека прелиминарната истрага потврдила дека некои од торнадата имале налети побрзи од 130 милји на час. Во невремето што беснееше од Тексас до Мисури, на некои места паднаа и до 18 сантиметри дожд за неколку часа, јавува новинската агенција АФП. Градот Сулфур во источна Оклахома беше особено погоден. Снимките од последиците покажуваат срамнети со земја куќи и превртени возила. Според официјалните податоци, во Оклахома биле пријавени околу 100 повредени. Голема штета беа и градовите Холденвил и Мариета. Sulphur, Oklahoma could probably use some of that money and resources Democrats and Republicans keep sending to Ukraine, Gaza, and Israel pic.twitter.com/ZvJZEmJEWu — Being Libertarian (@beinlibertarian) April 28, 2024 Можеби ќе ве интересира 🎥 ТОРНАДО ЈА ГОЛТНА АМЕРИКА И ОСТАВИ ПУСТОШ Уништени се… плусинфо 28/04/2024 СЕ НАТПРЕВАРУВАМ СО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Бајден го исмеа Трамп… МИА 28/04/2024 Гувернерот на Оклахома Кевин Стит го посети Сулфур и рече дека штетата е најлошата што ја видел во неговите шест години на функцијата. „Едноставно не можете да поверувате колкав е обемот на уништувањето. Се чини дека секоја фабрика во центарот на градот е уништена“, рече тој. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден разговарал со Стит и понудил целосна поддршка од федералната влада. Во градот Мариета, уништен е огромен магацин на синџирот продавници за дисконти Dollar Three, а се превртени десетици камиони. „Целосно уништување, само хаос. Населба се обидува да се здружи за да им помогне на луѓето, а вие имате некои луѓе заробени во куќите од кои се обидуваме да ги извадиме, а потоа има куќи кои се срамнети со земја“. ABSOLUTELY DEVASTATING Tornado Damage 🌪️ Downtown in Sulphur Oklahoma‼️ pic.twitter.com/u5CyaxlbST — SANTINO (@MichaelSCollura) April 29, 2024...
🎥 РУСКИ ВОЈНИК СРУШИ УКРАИНСКИ ДРОН НА МНОГУ НЕОБИЧЕН НАЧИН Замавна со чантата и „бум“!
+Инфо - пред 3 дена
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко на социјалната мрежа Х објави ново интересно видео од украинското бојно поле. На видеото наводно се гледа руски војник во борба со украински дрон. Можеби ќе ве интересира ГО НАПАДНАЛЕ КРИМ СО ТАЈНО ДОБИЕНИТЕ РАКЕТИ ОД САД?… МИА 29/04/2024 🎥 ГО МОЛАТ НЕТАНЈАХУ ДА ГИ СПАСИ Објавено видео на кое… МИА 28/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Кога дронот се приближувал до војникот, тој ја симна чантата од рамото и со неа го удрил дронот кој експлодирал. Војникот потоа побегна. Снимката сѐ уште не е проверена, а не се знае и каде и кога точно е снимена. A Russian soldier destroyed a Ukrainian kamikaze drone with a duffel bag, leaving only injuries. By the way, yesterday, the Russian media spread a video of a Russian soldier fighting off a Ukrainian drone with a shovel. These videos look funny, and yet, we must remember that… https://t.co/bAywQfhLHN pic.twitter.com/j7yp89Glri — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 27, 2024...
„НЀ ОЧЕКУВА ДОЛГА И КРВАВА ВОЈНА“ Изјавата на полскиот началник им ја заледи крвта на Полјаците
+Инфо - пред 3 дена
Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вислав Кукула, изјави дека во текот на следните две до три години, неговата земја ќе ја реформира и ќе ја зајакне својата војска, така што ќе биде подготвена за „крвава и долга војна“. – Денес сме убедени дека евентуалната војна би била долга и крвава, а мнозинството професионални војници не би издржале до крај. Резервистите ќе бидат главни и тие ќе ја завршат војната. Мораме да го промениме начинот на размислување, така што резервистите бројчано ќе влезат во вооружените сили, ќе бидат опремени како професионални војници и обучени на истите курсеви – рече генералот Кукула за јавното полско радио. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Полските генерали во реформата на војската се угледуваат на моделот на Финска, каде вооружените сили имаат само 31.500 професионални војници, но во секој момент нивните редови можат да ги пополнат 280.000 добро обучени резервисти. Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Армијата за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да брои 150.000. Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Војска за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да изнесуваат 150.000. Можеби ќе ве интересира НЕКОЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ, А ЕВЕ И КАДЕ Дали Катар ќе го… МИА 28/04/2024 ПОЛЈАЦИТЕ СЕ ОГОРЧЕНИ КОГА ГЛЕДААТ МЛАДИ УКРАИНЦИ ВО… Панорама 25/04/2024 – Доброволното служење воен рок и територијалната одбрана се покажаа како успех, не затоа што беа генијално замислени, туку затоа што едноставно ги погодивме очекувањата во општеството. Голем дел од нашето општество сака да биде подготвено и да научи професионално да се бори – рече началникот на Генералштабот. Полска почна брзо да ја модернизира армијата уште пред рускиот напад на Украина, а продолжува да купува оружје и новата проевропска влада, која се обврза да издвојува четири отсто од БДП годишно за одбрана, што е највисоко во НАТО. Стравот дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и официјалните лица и опозиција. Стравувањето дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и власта и опозиција. „Можете ли да ми гарантирате дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да нападне ниту една земја на НАТО“, го праша полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски новинарот во интервјуто за новиот број на германскиот весник „Билд“. Тој изјави дека „со оглед на тоа колку пати во историјата Русија ја нападнала Полска“, Полјаците ни сега не би биле изненадени од таков напад , а дека доколку Путин стигне до границите на Полска, ќе го направи истото што го направи Хитлер пред. Втората светска војна со Чешка....
🎥 ТОРНАДО ЈА ГОЛТНА АМЕРИКА И ОСТАВИ ПУСТОШ Уништени се домови, ветерот измести воз од пруга
+Инфо - пред 3 дена
Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и денеска се очекува невреме. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Националната метеоролошка служба доби повеќе од 90 извештаи за торнада во сојузните држави Тексас, Оклахома, Канзас, Небраска и Ајова. Едно од најсилните торнада го погоди градот Омаха во Небраска, каде живеат околу 485.000 луѓе. Локалните власти соопштија дека се оштетени куќи и деловни објекти, но нема информации за жртви. Можеби ќе ве интересира 🎥КАТАКЛИЗМА ВО САД Десетици торнда однеса 5 животи и… плусинфо 29/04/2024 СЕ НАТПРЕВАРУВАМ СО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Бајден го исмеа Трамп… МИА 28/04/2024 – Соборени се голем број дрвја. Невремето однесе покриви на многу куќи. Патот на невремето е јасно видлив – изјави началникот на локалната полиција Нил Боначи. Каунти Ланкастер, Небраска, објави дека најмалку 12 домови биле оштетени во областа Вејверли, каде воз со 31 вагон излета од шините поради торнадо и истиот систем на бура предизвика целосен колапс на индустриска зграда во која се сместени Гарнер индустрис. Footage from inside a train as a tornado hit near Omaha, Nebraska, United States 🇺🇸 ▪︎ 26 April 2024 ▪︎#tornado #NebraskaTornado #Nebraska 🎥 Eric Carlisle pic.twitter.com/z1U6bltYue — DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) April 28, 2024 🚨 BREAKING – TRAIN VS TORNADO – Footage of a Tornado ripping through and taking on a train while people inside of it in Omaha, Nebraska today is INSANE#NebraskaTornado #Nebraska #Minden #Iowa #MindenTornado #Harlan #HarlanTornado #Tornado #LincolnTornado #LincolnNebraska… pic.twitter.com/fyEJ79m5S0 — T R U T H P O L E (@Truthpolex) April 28, 2024...
🎥 ГО МОЛАТ НЕТАНЈАХУ ДА ГИ СПАСИ Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат помош
+Инфо - пред 3 дена
Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија видео на кое се гледаат двајца заложници заробени на 7 октомври, кои бараат од израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху да најде начин да ги ослободи. Видеото содржи разговор со Кит Сегал (64) и Омри Миран (47), кои зборуваат за тешките услови што ги доживеале при израелското бомбардирање во Појасот Газа, пренесува Анадолија. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 Објавена и изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху, кој рече: Само континуираниот воен притисок ќе доведе до ослободување на сите заложници. Можеби ќе ве интересира 🎥 РУСКИ ВОЈНИК СРУШИ УКРАИНСКИ ДРОН НА МНОГУ НЕОБИЧЕН НАЧИН… плусинфо 28/04/2024 НЕКОЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ, А ЕВЕ И КАДЕ Дали Катар ќе го… МИА 28/04/2024 Цитирана е и изјавата на министерот за одбрана Јоав Галант, кој изјави: Колку повеќе се зголемува воениот притисок, толку се поголеми шансите да дојдеме до вашите најблиски. Бригадите Ал-Касам во видеото велат дека воениот притисок што го изврши Израел доведе до смрт на десетици заложници во Газа, а останатите ги лиши од прославата на еврејската Пасха со нивните семејства. „Вашите нацистички водачи не се грижат за судбината на вашите заробени синови и нивните чувства. Сфатете го ова пред да биде предоцна“, се заканија припадниците на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ и во САД....
СЕ НАТПРЕВАРУВАМ СО 6-ГОДИШНО ДЕТЕ Бајден го исмеа Трамп пред новинарите
+Инфо - пред 3 дена
Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите за да го исмее Доналд Трамп за неговата незрелост, но се пошегува на сметка на својата поодмината возраст. Бајден (81) го опиша Доналд (77) како инфантилен. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 „Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж и се натпреварувам против шестгодишно дете“, рече синоќа Бајден, кој го нарече својот републикански ривал „поспан Дон“, пренесува Си-Ен-Ен. Зборувајќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден додаде дека единственото нешто што им е заедничко е нивната возраст. Можеби ќе ве интересира 🎥КАТАКЛИЗМА ВО САД Десетици торнда однеса 5 животи и… плусинфо 29/04/2024 🎥 ТОРНАДО ЈА ГОЛТНА АМЕРИКА И ОСТАВИ ПУСТОШ Уништени се… плусинфо 28/04/2024 „Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“, додаде Бајден. Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс претходно изјави дека нема да го поддржи Трамп во трката за освојување уште еден претседателски мандат. Претседателот на САД продолжи да укажува контрасти помеѓу неговата кампања за реизбор, која се засили по неговото обраќање за состојбата на нацијата минатиот месец, и онаа на Трамп, кој беше спречен активно да се посвети на неа, поради судењето во Њујорк под обвинение дека му наложил на неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен да и плати на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да ја спречи да излезе во јавноста за нивната наводна афера. Според обвинението, Трамп тие пари ги покажал во деловните книги како трошоци за адвокат, што е незаконски. – Направив голем напор уште од обраќањето за состојбата на нацијата, но Доналд имаше тешки неколку дена во последно време. Можете да ги наречете „бурни“, рече Бајден, алудирајќи на „сценското“ име на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс....
🎥 ПАЃАШЕ ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА КОКОС Страшно торнадо ја зафати Кина, има загинати
+Инфо - пред 3 дена
Пет лица загинаа во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа објави дека во невремето се повредени уште 33 лица. 29/04/2024 29/04/2024 29/04/2024 „Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Можеби ќе ве интересира 🎥КАТАКЛИЗМА ВО САД Десетици торнда однеса 5 животи и… плусинфо 29/04/2024 🎥 ТОРНАДО ЈА ГОЛТНА АМЕРИКА И ОСТАВИ ПУСТОШ Уништени се… плусинфо 28/04/2024 Имаше град со големина на кокос што ги проби покривите на објектите. The moment hail smashed through the iron roof in Guangzhou pic.twitter.com/y6InEXxGyI — Jim (@yangyubin1998) April 27, 2024...