ЕУ ДЕНЕС НЕМА РЕШИТЕЛНОСТ ДА НАПРАВИ НЕШТО ГОЛЕМО, ВЕЛИ ПОРАНЕШНИОТ КОМЕСАР ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ФЕРХОЈГЕН
Сакам да кажам - пред 1 час
ЕУ денес веројатно веќе го нема духот на заедницата кој беше толку силен во годините по 1999 година, решеноста да се направи нешто навистина големо. Единството е многу послабо, вели поранешниот комесар за проширувањето на ЕУ Гинтер Ферхојген во интервју за Дојче веле. „Но, тоа не е вина на новите членки. Имаме националистички, популистички бран кој исто така создава и искористува силни анти-ЕУ чувства. Тоа го имаме сега во речиси сите земји-членки и овој бран можеби сè уште не го достигнал врвот. Многу сум загрижен за внатрешната кохезија на нашата заедница.Многу е тешко да се предвиди што ќе се случи со политиката на проширување, не само во однос на Украина. Пред сѐ, тука е Западен Балкан, кој има ветување за пристап од 1999 година. Потоа ги имаме Кавказ, Грузија и еден ден можеби Ерменија како кандидати… Но, пред следниот голем круг на проширување, потребна ни е реформа на нашите институционални темели. Такви какви што се сега, не можат да функционираат со 37 или повеќе членови.Како замислувате Комисија со повеќе од 37 членови, од кои седум се од поранешна Југославија и еден од Франција? Дали би се прифатило – тоа е голем знак прашалник за мене“, вели 80-годишниот Ферхојген. Тој е поранешен политичар од СПД и беше одговорен за проширувањето на ЕУ како комесар во Европската комисија под Роман Проди од 1999, а потоа беше комесар на ЕУ за претпријатија и индустрија од 2004-2010. Ферхојген смета дека традиционалната германско-француска оска одамна не е доволна за одржување на стабилна ЕУ и нејзино унапредување. „Полска е апсолутно неопходна за тоа. Јас сум оптимист за Полска. Пред се, фактот дека со Доналд Туск сега на чело на владата е човек кој има исклучително искуство во европската политика и кој знае подобро од кој било како функционира интеракцијата меѓу владите и политичките сили во ЕУ. Меѓутоа, во Полска ќе треба да размислат – кој е поблиску до нив, ЕУ или САД. Помалку сум оптимист за германско-француските односи. Тука недостасува интензитетот и нивото на меѓусебно разбирање што е неопходно. Двоецот Шолц – Макрон очигледно не функционира. Но, ниту Макрон-Меркел не функционираа добро“, вели Ферхојген....
ОД НОВАТА ВЛАДА БАРАМЕ 450 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА, РЕЧЕ СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА ПРВОМАЈСКИОТ ПРОТЕСТ
Сакам да кажам - пред 2 часа
Од новата влада бараме 450 евра минимална плата и враќање на трошоците за храна и превоз, рекоа на денешниот Првомајски протест од Сојузот за синдикати на Македонија (ССМ). Протестот почна пред зградата на Работничкиот дом (ССМ) во Скопје од каде продолжи пред Собранието и Владата. „Нашите барања се зголемување на платите на работниците оти видовме дека функционерите не можат да преживеат со 78 отсто поголема плата. Бараме 450 минимална плата уште во првите 100 дена на новата влада, како и враќање на трошоците за храна и превоз. Ако знаеме дека функционерите со 2.500 евра тешко преживуваат денеска, ние работниците тешко преживуваме со 25.000 и 35.000 денари. Денеска работниците се излезени за да кажат дека не се задоволни со тоа што се случуваше изминатиот период. Прво треба да се задоволат работниците, а потоа самите себе“, кажа Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. На протестот работниците кажаа дека даваат црвен картон на судот поради тоа што направил обид да изврши притисок врз синдикатите за да ги уништи. „Судот дозволи функционерска чизма на вратот на работниците за да молчат, да бидат понизни, тоа што го направија денеска го гледаме на дело. Ние синдикатите, ние работниците, ние граѓаните, пензионерите сме сите тука денеска за да покажеме дека колку повеќе нè напаѓаат посилни нè прават и колку повеќе пробуваат да ги уништат синдикатите ние сè повеќе сме силни“, додаде Трендафилов. А. АНТЕВСКА...
МОЖЕБИ ПОДОЦНА ЈА ДОБИВ УЛОГАТА НА ТРУБАДУР, НО ЌЕ ДАДАМ СЀ ОД СЕБЕ, ВЕЛИ ТЕНОРОТ ЗОРАН СОТИРОВ КОЈ СЛАВИ 25 ГОДИНИ КАРИЕРА
Сакам да кажам - пред 3 часа
Tенорот од Националната опера и балет (НОБ) Зоран Сотиров ќе одбележи 25 години кариера со насловната улога од операта „Трубадур“, со која на 9 мај ќе се отвори 52. издание на Мајските оперски вечери (МОВ). Сотиров вели дека токму на овој фестивал, гледајќи претстава во 1984, донел одлука операта да биде негова професија, а на Мајските оперски вечери и дебитирал во 1999, во „Боеми“. „Секој тенор кога ќе почне да се занимава со опера сонува за оваа улога. А дали ќе се оствари зависи дали има зрела конструкција на гласот, каква што бара оваа улога, но и дали ќе има прилика да настапи во таа опера, дали таа ќе биде поставена на сцената. Можеби ја добив подоцна оваа улога, но сум среќен и ќе дадам сѐ од себе“, рече Сотиров. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија. Костимите се на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова. Улогата на Ацучена ќе ја пее мецосопранот Сања Анастасија од Србија, првенка во Народно позориште во Белград. Таа по третпат учествува на Мајските оперски вечери. „Ацучена е сериозна и комплексна улога, одговорна за заплетот во целата приказната во која се судираат две емоции – љубовта и омразата“, рече Анастасија, додавајќи дека оваа улога ја пеела над 200 пати. Во „Трубадур“ ќе учествуваат и Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски, Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Според уметничкиот директор на Операта, Орце Ицковски, премиерата е распродадена, а репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ и солисти од Канада и Чиле. Б. НЕСТОРОСКА...
ГАЈЛЕ МИ Е ШТО МИСЛЕЛЕ РАБОТНИЦИТЕ ВО ЧИКАГО, МОРА ДА СЕ РАБОТИ И ПОВЕЌЕ ОД 40 ЧАСА НЕДЕЛНО, КАЖА ВУЧИЌ
Сакам да кажам - пред 3 часа
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја отфрли можноста во Србија да се воведе седумчасовно работно време, откако вакво нешто беше најавено во Црна Гора. „Додека јас сум претседател и имам некакво влијание во Српската напредна партија можете да заборавите на тоа. Уште малку, па воопшто нема да се работи. Сите се доближивме до тоа. Видете колку одмор имаме“, кажа Вучиќ. Според него, луѓето треба да работат и повеќе од 40 часа неделно. „За среќа, мојот мандат набрзо истекува, па вие изберете ги тие паметни луѓе кои не сакаат ништо да работат, а сакаат земјата да оди напред. Како е можно за 35 часа да се одработи исто колку за 40 часа? Мислам дека работното време од 40 часа е малку и гајле ми е што мислеле работниците во Чикаго. Луѓето мора да работат повеќе“, кажа Вучиќ. Тој прогнозираше дека трендот на намалување на работното време ќе продолжи, па на крајот ќе се работи само 24 часа неделно. „Како можете за 24 часа да наберете исто јагоди како за 40? Јас нема да го поддржам тоа. Никој ништо не би работел, а сите сакаат да живеат убаво и да летуваат на Малдиви и Сејшели“, кажа Вучиќ....
ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ ПИСАТЕЛ ПОЛ ОСТЕР
Сакам да кажам - пред 4 часа
Наградуваниот американски романсиер Пол Остер почина на 77 години од компликации предизвикани од рак на белите дробови. Остер, кој е роден во САД, но прославен ширум светот, почина синоќа во својот дом во Бруклин, Њујорк. Остер, водечка фигура во неговата генерација постмодерни американски писатели, објави 34 книги во текот на својата кариера, кои привлекоа голема и посветена публика. Неговите романи се занимаваа со егзистенцијални прашања за идентитетот, јазикот и литературата и создаваа мистерии кои покренуваа повеќе прашања отколку што даваа одговори. Роден е на 3 февруари 1947 во Њуарк, Њу Џерси од родители со австриско еврејско потекло. Работел како преведувач во Париз неколку години, а за тоа време се запознал со ирскиот писател Семјуел Бекет, кој имал огромно влијание врз неговото пишување. Но, сопствената писателска кариера на Остер имаше нерамномерен почеток. По враќањето во САД во 1974, тој напиша драми и објави томови поезија кои не успеаја да најдат широка публика. Во најдобар случај, доби пофалби од критиката во 1982 за мемоарите „Изумот на осаменоста“. За да заработи за живот, Остер предаваше на Универзитетот Колумбија, а подоцна и на Универзитетот Принстон, а работеше и преведуваше и објавуваше француски автори, меѓу кои го и Жан Пол Сартр. Тој го испратил ракописот на романот „Град од стакло“ до 17 издавачи и сите го одбија исто како и следните два романа „Духови“ (1986) и „Заклучена соба“ (1986). Тие три книги ја формираат „Њујоршката трилогија“ на Остер, во која сите започнуваат како класични детективски приказни, но потоа развиваат заплети кои поставуваат егзистенцијални прашања. Тие му донесоа на Остер репутација на тешкаш во современата американска литература. Многу од книгите на Остер се случуваат во Њујорк каде што живеел и тие често се однесуваат на настани од реалниот живот, како што се војните во Виетнам или Ирак, или кризата со недвижности во 2007, што доведе до финансиска пропаст. Книгите на Остер се преведени на повеќе од 30 јазици и освоија бројни награди, меѓу кои и престижната шпанска награда Принцот од Астуриас во 2006. Неговите дела се многу попопуларни во Европа отколку во САД и често се шпекулираше дека може да добие Нобелова награда за литература. Остер го напиша и сценариото за филмот „Чад“ во режија на Вејн Ванг, кој ја освои Сребрената мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 1995, а режираше и неколку филмови меѓу кои и „Внатрешниот живот на Мартин Фрост“ во 2007....
НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР ВО ВЕЛЕС ИМА САМО ЖЕНИ РАКОТВОРЦИ, МАЖИТЕ СЕ СРАМАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ
Сакам да кажам - пред 4 часа
Во Младинскиот парк во Велес поставени се десетина тезги со рачни изработки од различни материјали, кои се дел од содржините на Велигденскиот базар. Тој е на оваа локација десетина дена. „Купувајќи ракотворби ги поддржуваме локалните ракотворци и нивните вредни раце кои изработуваат уникатни предмети“, велат од локалната власт која е организатор на базарот. „Предметите ги изработувам со голем мерак, со голема желба. Започнав со изработка на предмети од конец, волна за моето внуче. Имаше интерес за таа моја изработка, тоа беше кученце, и продолжив активно да се бавам. Потребни ми се час, час и половина за помалите изработки и повеќе за поголемите. Куклите ги работам по една седмица. Ги работам на делови, па ги составувам“, кажа Лидија Стојанова. За изминатите денови додека беа изложени ракотворбите, велешани покажаа голем интерес. „Ова го работам 15 години, изработувам накит од монисто. За оваа пригода и велигденски волшепства. Базарот е вистински погодок за Велес оти му е потребен, а и на нас ракотворците да покажеме што изработуваме и на граѓаните кои може да набават декорации, предмети, накит кои им е потребен“, ни рече Софија Лепојевиќ. Учесничките се задоволни од базарот, бидејќи излегоа пред јавноста, која може да ги запознае, да види што изработуваат. (Фото: СДК.МК) „Една година се занимавам со изработка на кукли. Бевме четири деца и како дете немав можност да имам кукла и затоа сега ги работам. Првата ја добив на седум-осум години и ја чував, не си играв со неа. Куклата ми е драг спомен од детството и тоа ме инспирира да ја изработувам“, вели Родна Тасевска. Имаше Новогодишен базар, па за 8 Март и сега за Велигден. Со секоја нова пригода, бројот на учеснички се зголемува. Сите што изложуваат се жени. Иако има и мажи кои изработуваат ракотворби, тие немаат храброст да се пријават. „Ова мое хоби беше одамна, но со професијата со која се бавев немав можност многу да се посветам. Сега откако сум во пензија, тоа ме исполнува, слободното време кое го имам сега е пополнето“, кажа Марина Бојаџиева, која целиот работен век го има како секратарка на сите велешки градоначалници. Таа изработува предмети од гипс, декорирани со различни други материјали. Базарот го организира локалната власт. (Фото: СДК.МК) На 26 април им се придружија учениците од училиштата и децата од градинките со нивните изработки. „Учениците работеа на слободна тема, беа изработени различни изработки. На вакви настани ученците можат да го искажат својот талент, да се афирмираат. Но можат да го видат повратниот одговор од граѓаните, како тие работат, колку се успешни и да се подобруват во нивната работа“, кажа Жанет Јанев-Сарагиновски од гимназијата „Кочо Рацин“. „Изработките се на децата во соработка со нивните родители. Тоа се најразлични експонати, пригодни за велигденските празници. Има зајачиња, кошнички, кокошки, венчиња, кои се дело на имагинацијата на децата, изработени од различен материјал. Тие имаа период од десетина дена да ги изработат овие ракотворби“, рече Катерина Вујиновиќ од градинката „Димче Мирчев“. П. ПЕЧКОВ...
АВСТРАЛИЈА ЌЕ ДАДЕ 600 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПОМОШ НА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Сакам да кажам - пред 4 часа
Австралија ќе потроши речиси 1 милијарда австралиски долари (600 милиони американски долари) за помош на жртви на семејно насилство и ќе воведе нови мерки за надзор на порнографија и насилството на интернет, како одговор на она што владата го нарекува „национална криза“ на родово насилство. Илјадници луѓе излегоа на улиците во саботата за да протестираат против насилството врз жените кое, како што вели владата, оваа година убива по една жена на секои четири дена. Пет жени беа убиени за време на масовно прободување со нож во април, а истиот месец во високопрофилен судски случај судот пресуди дека се случило силување во парламентот. Говорејќи по вонредниот состанок на државните и федералните лидери за решавање на ова прашање, премиерот Ентони Албанезе најави 925,2 милиони австралиски долари за да се направи постојана програма за финансиска поддршка за оние што ќе избегаат од семејно насилство. „Денес е за тоа кои сме ние како нација и како општество. Ова е прашање за целото општество, не само за владите. Тоа е прашање за граѓанското општество, тоа е прашање за медиумите, тоа е прашање за сите нас“, рече тој. Австралија ќе воведе и закон за забрана за создавање и неконсензуална дистрибуција на дипфејк порнографија, каде што луѓе дигитално менуваат порнографски слики за да личат на некој друг. Триесет и четири жени беа убиени од интимен партнер во Австралија во годината што завршува на 30 јуни, што е скок од 28 отсто во однос на претходната година, и покрај само 4 отсто пораст на вкупните убиства. Напаѓајќи ги „токсичните машки екстремистички“ ставови на интернет, премиерот Албанезе објави и низа мерки за надзор на порно на Интернет и за промовирање поздрави ставови кон жените. Пилот од 6,5 милиони австралиски долари ќе тестира начини да ги спречи децата да пристапуваат до несоодветна содржина на интернет, а од резултатите ќе произлезат новите правила за интернет компаниите што ги развива регулаторот за безбедност на интернет. Но, како знак за тоа колку тешка ќе биде имплементацијата, комесарот за е-безбедност веќе е вмешан во судска битка за платформата X да ги отстрани објавите на кои се гледа дека австралиски бискуп бил избоден за време на проповед. Сопственикот на Х Илон Маск најави дека ќе се бори против овој потег, кој тој го нарече цензура....
ОБРАЗОВАНИЕТО Е ВАЖНО КОЛКУ И ХРАНАТА, ВЕЛИ СОНИТА ФЕЈЗОВСКА, РОМКА КОЈА УСПЕА ДА ЗАВРШИ ФАКУЛТЕТ ИАКО РОДИТЕЛИТЕ ПРВО ЈА ИСПИШАА
Сакам да кажам - пред 4 часа
Сонита Фејзовска (23) од Битола е една од малкуте Ромки во земјава кои завршиле факултет и тоа со висок просек. На патот кон дипломата ѝ се испречиле беспарицата и верувањето на средината дека жените Ромки не треба да учат. Семејството ја испишало од факултет, но таа се вратила и го завршила Педагошкиот факултет во Битола со просек 9,8. Денес е социјален и рехабилитациски педагог со солидно искуство за работа со деца со попречености. Но, државата не успеа да ѝ најде работа овде, па работи во Дом за деца со попречености во Германија. „Мојата желба за студирање се роди уште како дете иако не знaев што точно значи зборот студент. Бев свесна за препреките што ме чекаат, но бев упорна затоа што не сакав да живам во сиромаштија. Тоа секогаш ме мотивираше да се борам за подобра иднина за мене и за моето идно семејство. За мене, образованието е важно колку и храната, облеката и засолништето. Сметам дека ниту едно човечко суштество не може да води достоен живот без образование“, вели Фејзовска. Таа кажува дека пораснала во семејство кое не е образовано, па нејзините потреби за учење не биле доволно сфатени. Во основно училиште била повлечена и тивка зашто условите дома не ѝ биле најдобри за учење. Дел од учебниците се купувале, а родителите не можеле да ѝ ги овозможат, па тоа бил тежок период. За среќа, соучениците ѝ помагале на секаков начин, ја делеле дури и облеката со неа. Во средно била одлична ученичка, а поголеми дел од времето го поминала во Градската библиотека учејќи таму за да не биде критикувана дома. Како средношколка работела како бебиситерка, за да може со парите да си дозволи изучување на нов странски јазик. Така, се појавила силната емпатија за работа со деца, па се запишала на Педагошкиот факултет. „Кога дојде време да се запишам на факултет, моето семејство не ми дозволи пред сé од финансиски причини и причини поврзани со традицијата. Јас се запишав и бев примена. Моите родители ме испишаа и ги зедоа докуметите, затоа што сметаа дека девојките Ромки не треба да се образоваат. Тоа беше навистина тежок период за мене како млад човек и се чувствував повредено“, вели Фејзовска. Фејзовска четири години помагала во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, три години била ангажирана како ромски образовен медијатор за ученици од основно и средно и преку медијаторството помогнала што повеќе ромски деца да седат на училишните клупи. (Фото: Приватна архива) Иако без поддршка од најблиските, не се откажала од сонот да студира. Ја поддржале здружението Сумнал и активистката за права на Ромите, Фатма Бајрам-Аземовска, другар ѝ Денис Арслановски, а добила и стипендија од РЕФ (Roma Education Fund). Оваа стипендија, за жал, денес повеќе ја нема како можност за студентите. „Никогаш не се откажувајте од вашите соништа без разлика колку ви било тешко и колку луѓе не ви дозволуваат да го правите тоа што го сакате“, апелира Фејзовска. Додека студирала таа и волонтирала, надоградувајќи го знаењето на неформален начин. Цели четири години помагала во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола. Три години била ангажирана како ромски образовен медијатор за ученици од основно и средно. Преку медијаторството помогнала што повеќе ромски деца да седат на училишните клупи. За време на ковид пандемијата работела хонорарно во Домот за доенчиња и мали деца. „Работата ме исполнуваше затоа што можев да им пружам љубов и грижа на дечињата кои имаа потреба од тоа. Поради тоа што не бев партиски определена не добив работен договор, за разлика од други ангажирани, но и луѓе без никакво претходно работно искуство. За мене беше големо разочарување од нашиот ‘функционален’ партиски вработувачки пат. Претходно, мислев дека во институциите се ценат и бара знаење и квалитет во работењето, но, за жал, увидов дека тоа не било така“, вели Фејзовска. По еден месец од дипломирањето во 2022, добила понуда за работа како социјален и рехабилитациски педагог во Дом за деца со попреченост во Германија. Прифатила затоа што сметала дека никогаш нема да биде вработена со професијата во Македонија. „Почетокот беше тежок, буквално сама во друга држава без никого да познавам, но денес сум среќна што донесов одлука да започнам одново. Таму сум почитувана пред сѐ како човек, а потоа и како квалитетен работник“, вели таа. Бројот на високообразовани Роми во земјава е многу мал, но од година во година, младите коишто завршуваат средно образование имат желба да продолжат понатаму со образованието. „Посебно ги мотивирам младите девојки да завршуваат средно образование, но исто така и да запишат студии за да можат да го гледат светот како едно подруго место за живеење и да не бидат зависни од никого. Да знаат да се борат за своите права, да не се плашат, да се силни и самоувееени. Преку образованието да си го изградат својот сопствен идентитет“, вели Фејсовска. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
СО ЗАЕМ ОД ГЕРМАНСКА БАНКА И ГРАНТ ОД ЕУ, ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ“ ВО СКОПЈЕ
Сакам да кажам - пред 6 часа
Со буџет од 25 милиони евра почна реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и треба да заврши за 18 месеци. Објектот во центарот на Скопје е изграден пред 66 години, според проектот на професорот Јован Ранковиќ. Како што велат од Министерството за образование и наука (МОН), проектот се реализира со заем од Германската развојна банка (KtW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија. Реконструкцијата ја врши австриската компанија „Штрабаг“. „Предвидена е промена на водоводната инсталација, отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни ЛЕД светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби“, велат од МОН. Оттаму додаваат дека ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во земјава. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. Б. НЕСТОРОСКА...
ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИ ВО ГРУЗИЈА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА СТРАНСКИ АГЕНТИ, ПОЛИЦИЈАТА ТЕПАШЕ ДЕМОНСТРАНТИ
Сакам да кажам - пред 7 часа
Грузиската полиција употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата која протестираше против нов закон за кој опозицијата вели дека е насочен против слободата на медиумите. Демонстрантите фрлаа јајца и шишиња кон полицијата пред зградата на парламентот во Тбилиси, а откако се повлекоа, судирите продолжија на главниот булевар во градот. Медиумите објавија дека има повредени и уапсени. Леван Хабеишвили, лидерот на главната опозициска партија Обединето национално движење, бил сериозно претепан и однесен во болница. Очевидци изјавија дека полицијата физички ги нападнала демонстрантите. На 17 април, пратениците дадоа првична поддршка за законот за странски агенти, предложен од владејачката партија Грузиски сон. Според овој закон, сите невладини организации и независни медиуми кои примаат повеќе од 20% од своите средства од странски донатори ќе бидат регистрирани како организации кои спроведуваат интереси на странски сили. Тие ќе бидат следени од министерството за правда и ќе мора да споделуваат чувствителни информации или ќе добијат парични казни до 9.400 долари. Опозицијата бара од владата да го повлече законот, тврдејќи дека е инспириран од авторитарното законодавство што Русија го користи за задушување на сите кои му се спротивставуваат на Кремљ....
ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ПРВОМАЈСКИ ПРОТЕСТИ НА БАЛКАНОТ ПРЕД 100 ГОДИНИ БИЛ ВО ШТИП, ИЗЛЕЗЕ КНИГА ЗА ЕДЕН ВЕК СИНДИКАЛНО ДВИЖЕЊЕ
Сакам да кажам - пред 9 часа
Во Штип пред 100 години се случил еден од првите првомајски протести на Балканот. Протестот бил 38 години по првиот првомајски бунт во светот што крваво бил задушен во Чикаго 1886 година. Режимите во тогашните балкански земји воопшто не дозволувале какво било работничко или интелектуално организирање. Кога на овие простори доаѓаат нови прогресивни сили заживува и народниот отпор и работничкиот бунт против неправди и борбата за човекови права. Работничките движења во Македонија почнуваат уште во 1923, но биле брзо задушени од тогашните власти. Сепак, наредната година во неколку поголеми градови во Македонија биле одржани првомајски протести Така, и таа 1924 година во Штип, првиот првомајски протест по главните штипски улици поминал без инцициденти и без некаква посебна интервенција на тогашните власти на Кралството на СХС. Според податоците од Штипскиот музеј, првата синдикална организација била формирана една година порано. Уште во 1923, синдикално-работничкото раководство во Штип веднаш се зафатило со организирање колективни акции против работодавачите и тогашниот систем на своински односи. Тогашната синдикална организација обединила повеќе подружници, па во синдикалните секции влегле шивачите, берберите, чевларите, столарите, пекарите и другите занатетчии. Прв претседател на синдикалната организација бил штипјанецот Тодор Аџи-Томов, а седиштето на организацијата била близу хотелот „Гранд “ во Штип. Еден век подоцна, на 16 април 2024, од печат излезе книгата „100 години синдикално движење во Штип“ од професорите Андон Мајхошев и Оливер Цацков. Мајхошев беше еден од последните синдикални водачи во Штип и Македонија во таканаречното социјалистичко време, пред неговата плуралистичка трансформација по која голем број компании и помали фирми пропаднаа или се приватизираа, а работниците останаа без своите фабрики што со години ги создавале. Во книгата, авторите истражуваат и констатираат дека напоредно со сеопштите промени, соодветни трансформации доживува и синдикалното движење. За илустрација е земено синдикалното живеење во Штип кое во неговите најдобри денови било организирано со 133 основни синдикални организации, во кои од вкупно 22.500 вработени во синдикатот членувале 22.000 работници или 95 проценти од вкупно вработените. Според стручните анализи на долгодишниот синдикален истражувач, Мајхошев заклучува дека денес синдикалното опстојување постои само на хартија. па така за неколку години синдикалното членство е сведено за десет пати помалку или само 2.200 членови. Но, во практиката работнички синдикат речиси и да нема, освен што во последно време некакво синдикално раздвижување организира невладината организација „Гласен текстилец“ која веќе ги добила сертификатите и дозволите за синдикално организирање, тврдат штипските професори. „Инаку, опостојните разни синдикални организации на ниво на држава испаѓа дека постојат само формално. Ниту една од нив не се сети да го одбележи со една минута или со една реченица јубилејот 100 години синдикално движење на овие македонски простори. Тие останаа неми“, констатира професосор Мајхошев. Тој и неговиот колега Цацков со повеќе конкретни примери, во книгата наведуваат голем број синдикални протести. Посебно се задржуваат на работничките штрајкови од 1960-тите до 1990-тите години. Акцент даваат на големите работнички штрајкови во тогашните водечки фабрики како што се „Македонка“, фабриката за светилки „Селена“ или во фабриката „Метална“ каде ден денеска стои работничката табла, но од фабриката нема ниту трага, целата е во руина. Велат дека и во трите компании на времето водачи на работничките штрајкови биле работничките, иако мажите биле и со 90 насто застапеност. „И од други фабрики во нашиот синдикат доѓаа жени кои најавуваа дека ќе штрајкуваат за поголеми плати и работнички права. Јавно образлагаа дека се приморани на ова затоа што нивните колеги мажи се пострашливи. Но, кога им укажавме дека во нивното синдикално движење треба да зачленат што повеќе мажи, дури тогаш нивните активности и штрајкови беа помасовни и со далеку поголемо предупредувачко ехо до директорите и работодвачите од тоа време“, вели Мајхошев. И двајцата универзитетски професори врз основа на нивното синдикално искуство денес ги предводат синдикалните асоцијации на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) како високообразовна институција во Штип, па по нивна иницијатива деновите се склучи моморандум за соработка со вработените на останатите државни универзитети за заедничко дејствување кога се во прашања платите на вработените и севкупните нивни права. Т. ЈОВАНОВСКИ...
МАНДАТАРОТ ВУЧЕВИЌ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ НА НОВАТА СРПСКА ВЛАДА, ВЛЕЗЕ И ВУЛИН КОЈ Е ПОД АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ
Сакам да кажам - пред 20 часа
Новата српска влада ќе го вклучи и поранешниот шеф на разузнавањето Александар Вулин, кој одржуваше блиски врски со Русија и се најде под американските санкции. Мандатарот Милош Вучевиќ, кој е претседател на Српската напредна партија, денеска ги објави предлозите за идните членови на владата и во неа се најде место и за Вулин, кој ќе биде еден од потпретседателите. Владата ќе брои 31 член и се очекува да биде изгласана во следните денови. „Србија веќе номинално не е на европскиот пат. Номинацијата на Вулин најавува меѓународна изолација на Србија, конфликти во регионот, врски со Русија и воведување забрани за граѓански слободи во нашата земја“, реагираше опозициското Движење на слободни граѓани. САД воведоа санкции против Вулин во јули минатата година, обвинувајќи го за вмешаност во шверц на оружје и за злоупотреба на јавна функција. Вулин потоа поднесе оставка на својата функција, а неодамна прими две одликувања од Русија. Идниот премиер Вучевиќ досега беше министер за одбрана, што сега ќе биде Братислав Гашиќ. Ивица Дачиќ останува на функцијата министер за надворешни работи....
ТУРЦИЈА ДОЗВОЛИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ
Сакам да кажам - пред 22 часа
Турција дозволи екстрадиција на осомничениот убиец Љупчо Палевски од Скопје, кој со пиштол во ноември 2023 ги уби 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, соопшти Министерството за правда. Сè уште нема датум за испорачувањето на Палевски од Турција. „Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку МВР“, соопшто Јавното обвинителство на Скопје. Палевски доби мерка притвор од 30 дена која ќе се спроведе веднаш по неговата екстрадиција од Турција во Македонија, а а осомничен е за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин. Палевски на 5 декември беше уапсен во Турција за убиството на Вања Ѓорчевска, и се наоѓа во екстрадиционен притвор во Беликесир. Љупчо Палевски со прекар Палчо, е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес. Тоа утро, Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата, ѝ биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек. Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе. Девојчето било киднапирано со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. За Палевски е побарана екстрадиција за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство. За двата свирепи случаја се осомничени уште 5 лица. Тројца од нив (В. М., В. К. и Б. В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С. Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски. Тројца од нив се во притвор. На 25 април, Врховниот суд му ја преиначи мерката притвор во куќен притвор на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски. Палевски има низа кривични пријави во периодот од 2000 до 2020 година. Меѓу другите пријави, против Палевски во 2019 е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а исто така има и кривични пројави за нелеално носење оружје, даночно затајување, лажно пријавување кривично дело и други. Во 2017 година беше уапсен поради сомнеж дека објавува нелегални прислушувани разговори, откако во 2016 на јутјуб-каналот „Никола Тесла“ почнаа да протекуваат прислушувани, главно приватни, разговори на високопрофилни лица. СЈО отвори предистражна постапка, но таа никогаш не беше завршена. Палевски во 1990-тите години со својата градежна фирма УПА Ентерпрајс ги изгради првите висококатници во скопско Дебар Маало, со што всушност почна напливот на дивоградбите во центарот, а најпозната е зградата Тифани во строгиот центар на градот. Пред повеќе од две децении беше претседател на градската организација на СДСМ, како и сопственик на неделникот „Старт“ и на телевизијата ТВ Скопје. Имаше и политичко движење Трета кое пред неколку години се спои со партијата Глас за Македонија на Солза Грчева откако таа го напушти СДСМ. С. К. ДЕЛЕВСКА...
НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ И УШТЕ 11 ЛИЦА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ И ОД МОК, ОБВИНЕТИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА НАД 5 МИЛИОНИ ЕВРА СО СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ
Сакам да кажам - пред 22 часа
По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, неофицијално на чело со Наумче Мојсовски, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење. Штетата на Буџетот, за која Обвинителството обезбедило докази, неофицијално, засега е околу 5 милиони евра. „За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерки на претпазливост“, соопшти кратко ОЈО Скопје. Се претпоставува дека меѓу обвинетите се и членовите на Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт. На трети февруари ДКСК соопшти дека се сомнева оти претседателот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Антикорупциска рече ќе достави и иницијатива до Владата за утврдување одговорност кај нив, а до Управата за јавни приходи (УЈП) ќе иницира да изврши надзор на сите спортски објекти од аспект на користење на средствата што им се доделени по пат на ваучер-системот во периодот од 2020, 2021 и 2022 година. Според анализите на ДКСК, годишно на овој начин се трошат околу една милијарда денари, кои се вложуваат во спортот по разни основи, но АМС нема никаква отчетност како ги доделува и како се трошат овие средства. ДКСК тогаш кажа дека не е против доделување средства на клубовите, туку нивно доделување според праведен систем и без фаворизирање. Комисијата исто така укажа и на тоа дека поради законските измени од јануари 2023 година, членовите на Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт се именуваат по предлог на Владата, без утврдени критериуми за нивниот избор. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ИМИГРАНТ ОД ЛАОС КОЈ СЕ ЛЕКУВА ОД РАК ОСВОИ 1,3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЛОТАРИЈА
Сакам да кажам - пред 22 часа
Имигрант од Лаос кој се бори со рак го освои џекпотот од 1,3 милијарди долари на американската лотарија Пауербол. Официјални лица кажаа дека 46-годишниот Ченг Сефан го купил во Портланд добитниот тикет за извлекувањето на 7 април. Тој избра да му бидат исплатени 422 милиони долари по одбиените даноци, што рамномерно ќе ги подели со сопругата и пријател. „Животот ми се промени. Сега можам да си го благословам семејството и да најдам добар лекар за мене“, изјави Сефан, додавајќи дека ќе продолжи да игра Пауербол. „Можеби повторно ќе имам среќа“, рече тој. Сефан, кој прима хемотерапија во последните осум години, кажа дека тој, неговата сопруга и еден пријател се здружиле за да купат повеќе од 20 тикети за 7 април. За тоа потрошиле 100 долари. Тие го освоија четвртиот најголем џекпот во историјата на Пауербол. Сефан е роден во Лаос, во 1987 се преселил во Тајланд, а во САД емигрирал во 1994 и оттогаш живее во Портланд....
ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НАЈАВИЈА ШТРАЈКОВИ АКО ДО 15 МАЈ НЕ ИМ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) денеска со предупредувачки протест бараа усогласување на платите со растот на минималната плата, и најавија дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк. Претседателот на Синдикалната организација на ФЗОМ, Бранко Аџигогов, кажа дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите градови од еден до два часа со предупредувачки протести. „На минатата седница од петокот нашата точка за усогласување на нашите плати согласно Законот за минимална плата беше одложена на неопределено време односно после изборите, како што знаете во изминатиот период, вработените штрајкуваа со цел да им остане иста платата, применетата одлука од Владата после штрајкот се однесува на тоа дека платите ни остануваат исти до 31 мај, времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме ние плата“, рече Аџигогов. Вработените во ФЗОМ, исто така бараат Управниот одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати. Во февруари, вработените во Фондот за здравство три дена штрајкуваа поради опасноста дека платите ќе им се намалат за 21 процент, меѓутоа владата донесе одлука тие да останат непроменети по што штрајкот беше прекинат. ВО МИРУВАЊЕ Е ШТРАЈКОТ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ЗЕМАААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ЗА 15 ОТСТО ДО 31 МАЈ...
МАЖ СО САМУРАЈСКИ МЕЧ НАПАДНА ЛУЃЕ ВО ЛОНДОН, ПОЧИНА 13-ГОДИШНИК
Сакам да кажам - пред 1 ден
Тринаесетгодишно момче почина, а уште четири лица се ранети во денешниот напад во североисточниот дел на Лондон, што го изврши 36-годишен маж кој носел меч. Полицијата кажа дека нападот не е поврзан со тероризам и дека напаѓачот е уапсен. Очевидците кажаа дека напаѓачот носел голем самурајски меч и дека слушнале вресоци. Петмина луѓе беа превезени во болница по нападот, а дополнително беше објавено дека 13-годишник им подлегнал на повредите. Во нападот се избодени и двајца полицајци, чии повреди се опишани како сериозни, но не и опасни по живот. „Напаѓачот беше онеспособен со електричен пиштол и уапсен 20 минути откако го добивме првиот повик. Веруваме дека жртвите биле случајно избрани“, изјави шефот на локалната полиција Стјуарт Бел....
НЕ МОЖЕ ЕДНО КОПИТО НА КОЊ ДА ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД МЕНЕ, ЗАТОА СЕ ОТКАЖАВ ОД „ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН“ ВО ОПЕРАТА ВО 2016, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ ИВАН ПОПОВСКИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Реномираниот театарски режисер со светска кариера Иван Поповски за првпат режира опера во Македонија, и вели не е дека не бил поканет досега, но оти еднаш се откажал поради хонорар. Поповски речиси 30 години живее во Русија, во врвот на културната елита и постави театарски и оперски претстави кои беа оценувани со најпозитивни рецензии. Режирал опери во Бољшој театарот во Москва, а гостувал и во Метрополитен во Њујорк. Претставите на Поповски, кои руската критика ги оценува како спектакли, ги имаат добиено престижните награди „Кристален турандот“, „Музичкото срце на Русија“ и „Златен витез“ и медалот „Пушкин“. Последниве години предава и оперска режија во Москва. На денешната прес-конференција за премиерата на „Трубадур“ од Верди за отворањето на 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ), Поповски кажа дека за првпат ја режира „Трубадур“. Ова е негова 11-та режија на опера. На новинарско прашање зошто за првпат режира во матичната земја, Поповски рече: „Требаше да ја поставам ‘Евгениј Онегин’, но се откажав поради хонорарот. Вторпат во животот. Никогаш не се откажувам за хонорар. И сега требаше, да не беа толку упорни Орце Ицковски ( уметнички раководител на Операта, н. з.) и Васо Ристов (генерален директор на НОБ, н. з.). Тогаш беше момент кога имаше толку многу коњи низ градот. И мислев дека не може мојот хонорар да биде помалку од едно копито на коњ. И затоа решив да се откажам. А многу сакав ‘Евгениј Онегин’ да ја работам и ќе ја работам. Не постои такво нешто дека не ме сакаат и дека не ме викаат. Сега бев фасициниран од упорноста на дирекцијата дека за таков краток период ќе успеам да ја поставам“, кажа Поповски. Со операта „Евгениј Онегин“ во 2016 беа отворени 44. Мајски оперски вечери, во режија на Дејан Пројковски. Директор на Македонската опера тогаш беше оперскиот пејач Игор Дурловски. За премиерата на „Трубадур“ на 9 мај диригент ќе биде Енрико Довико (Италија). Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимите Марија Пупучевска, а кореографијата Саша Евтимова. Во операта „Трубадур“ ќе учествуваат Зоран Сотиров, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Сања Анастасиа (Србија), Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски, Јане Дунимаглоски, како и Хорот и Оркестарот на НОБ. Репризата е на 11 мај, со диригентот Иван Еминовиќ. ИВАН ПОПОВСКИ ЈА РЕЖИРА „ТРУБАДУР“ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ Б. НЕСТОРОСКА...
ЌЕ МОЖЕ САМО ЕДНАШ ДА СЕ ГЛАСА НА ДВОЈНИТЕ ИЗБОРИ НА 8 МАЈ, ГЛАСАЧИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА КАЖАТ ДАЛИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ЗА ДА СЕ ИЗМЕРИ ЦЕНЗУСОТ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Државната изборна комисија донесе упатство со кое им кажа на гласачите дека на 8 мај, кога се гласа за претседателски (втор круг) и за парламентарни избори во ист ден, на гласање ќе може да излезат само еднаш. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски во интервју за МИА кажа дека граѓаните имаат право да гласаат за двата вида избори или пак само за парламентарни или само за претседателски избори, по желба. Тоа, вели, треба добро да се објасни бидејќи за претседателските избори има цензус од 40 отсто. „Упатството кажува дека фактички граѓанинот на 8 мај ќе може да дојде само еднаш да гласа за двата избора. Кога ќе дојде, прво ја дава личната карта да се види дека е тој, потоа оди на биометриска идентификација, па го бараат во списокот да го заокружат и му даваат ливчиња. И после оди гласа. Е сега кога ќе дојде и кога ќе го праша овој што е на уредот, ќе го праша дали сакате да гласате за едни, односно за првите за претседателските или за парламентарните или сакате да гласате за двата и за претседателските и за парламентарните, бидејќи тоа после нема да можете да го направите. И претпоставувам дека најмногу ќе гласаат за двата, а може да се случи и само за парламентарните бидејќи знаеме дека излезноста и интересот таму е многу поголем. Но не смее да се доведе гласачот во заблуда, бидејќи ако ве прашаат прво дали сте за едните па за другите вие може да кажете па јас сум за парламентарни, значи треба добро да се објасни за да има цензус нели, значи треба добро да се објасни дали сте за претседателски, дали сте за парламентарните и дали сте за двата, за човекот да не помисли дека поважни му се едните од другите туку да знае дека има право да гласа и за двата избори и така да направиме и цензус“, вели Даштевски во интервјуто. За гласањето за претседателските избори во дијаспората, каде имаше мал број пријавени, а гласаа уште помалку, претседателот на ДИК кажа дека тоа треба да се реши во согласност на најголемите политички партии и да се реши во органите каде што треба – во Министерството за правда и во Собранието....
ЗАТВОРЕТЕ ЈА БОЕМСКА УЛИЦА ЗА ВОЗИЛА, ДЕЦА ОДАТ МЕЃУ КОЛИ ОТИ ТРОТОАРИТЕ СЕ КАФЕАНИ, БАРААТ СКОПЈАНИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Секое попладне владее хаос на улицата Боемска 2 во Дебар Маало во центарот на Скопје. Бидејќи улицата не е затворена за возила, на сите страни не само што се движат коли туку и се паркираат кај ќе стасаат. Тротоарите од улицата се зафатени со масите и столиците од кафеаните, па пешаците немаат каде да се движат. Мора да одат по улицата, а низ неа возат коли. Екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК неколку дена по ред беше на Боемска улица и после 17 часот не само што е хаос, туку е и небезбедно движењето на пешаците. Деца со точаци и тротинети се движат на улицата по која се стигнува до Градскиот парк, а од друга страна коли возат покрај нив. Од кафеаните ечи музика, гости влегуваат и излегуваат, а дел од нив со своите коли се паркираат на самата улица. Забележавме и пајак возило, но наместо да крене и казни некоја од паркираните коли, тоа само си помина низ улицата. Колите не ги собира ниту пајакот. (Фото: СДК.МК) Вработените во околните кафеани ни рекоа дека летно време кога си доаѓаат иселениците на Боемска не може да се помине од коли. Со најнови коли вртат кругови низ Дебар Маало и без проблем ги оставаат на самата улица. Затворање на Боемска за коли се најавуваше уште во време на ексградоначалникот Саша Богдановиќ, но тоа не се случи. И актуелниот градоначалник Горан Герасимовски вели дека на улицата ќе се забрани движење на коли, но после две и пол години од неговиот мандат тоа не се случи. Од Општина Центар сега велат дека работат на проектот за затворање на возила на Боемска 2 и чекаат да ги добијат потребните дозволи за да се спроведе решението. „Општина Центар направи сообраќајно решение со цел затворање на Боемска 2. За реализација на оваa цел, потребно е дел од дворот на Градежниот факултет да се отстапи и пренамени во тротоар. Еден дел од улицата завршува слепо и треба да се изведе свртница. Во комуникација и средби сме со Градежниот и Архитектонски факултет за да се помести оградата и да се прошири улицата. Со овој зафат планираме да ја зголемиме безбедноста на учениците што одат во ‘Коле Неделковски’“, велат од Општина Центар. Од Општина Центар велат дека работат на сообраќајно решение за затворање на Боемска за коли. (Фото: СДК.МК) Од таму додаваат дека нивните инспекции се постојано на терен и казнуваат за узурпирање на јавна површина. „Спроведена е контрола на улиците Наум Наумовски-Борче, Михаил Цоков и Боемска 2, Ленинова, по пријави дека има поставена урбана опрема на јавна површина, со што е спречено движењето на граѓаните. Издадени се повеќе решенија, а казнети се околу 10 локали.Сумата за прекршокот изнесува од 1.000 до 2.000 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице“, велат од Општината. Изградбата на Боемската улица 2 чинеше 1.1 милион евра и беше направена во 2016 година во мандат на ексградоначалникот Андреј Жерновски. ДЕБАР МААЛО ПАК БЛОКИРАНО ОД ЛЕТНИ ТЕРАСИ, ГЕРАСИМОВСКИ ЌЕ ЈА ЗАТВОРА БОЕМСКА УЛИЦА И ЌЕ НОСИ НОВ ПРАВИЛНИК КАКОВ ШТО БАРААТ КАФЕАНЏИИТЕ ЏАБЕ И ЖАРДИНИЕРИТЕ НА ГЕРАСИМОВСКИ, БОЕМСКАТА УЛИЦА ВО ДЕБАР МААЛО ПАК ПОЛНА СО ПАРКИРАНИ КОЛИ ПАРКИНГ Е ЦЕЛА БОЕМСКА УЛИЦА ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО А. АНТЕВСКА...
И СТАНОТ СИ ГО ПРОДАДОВ ЗА ДА ГО НАПРАВАМ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН АНИМИРАН ФИЛМ – ПОДКАСТ СО РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Откако лани му излезе дебитантскиот игран филм „Бизнисот на задоволството“, режисерот и сценарист Гоце Цветановски оваа година вистински ќе се запише во историјата на домашната кинематографија како автор на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“. Подкастот со Гоце Цветановски можете да го гледате тука: Правењето на филмот беше патешествие, траеше девет години, иако Цветановски вели дека идејата се родила и порано, додека сѐ уште живееше во Париз. Ковид кризата, постојана потрага по финансии, немање доволно обучен кадар, сето ова влијаело работата да се одолжи подолго од сите очекувања и планови. Цветановски признава дека имало моменти кога бил на чекор да го стопира проектот. Една таква ситуација решил така што продал свој стан за да може да ја исплати екипата. Со буџет од над милион евра, „Јон Вардар“ ќе биде копродукција на Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска и додека чека одговор од некои големи фестивали за светска премиера, Цветановски најавува дека во македонските кина треба да игра наесен. Г. КОНЕВ...
АНДРЕЈ ВОЛКАШИН ПОЧНА ДА ГО СНИМА ДЕБИТАНТСКИОТ ФИЛМ „СЛАТКАТА ГОРЧИНА НА ЗРЕЛИТЕ КАЛИНКИ“
Сакам да кажам - пред 1 ден
Режисерот Андреј Волкашин почна да го снима дебитанскиот долгометражен игран филм „Слатката горчина на зрелите калинки”, соопшти продукцијата „Веда филм“ од Скопје. Филмот е копродукција на Македонија, Хрватска и Бугарија, со поддршка од Холандија и Еуримаж, а беше поддржан со 19 милиони денари (310 илјади евра) на конкурсот на Агенцијата за филм во првиот рок во 2020, како и од националните фондови на земјите-копродуценти. Снимањето ќе трае до крајот на мај на локации во општините Гевгелија и Демир Капија. „Филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството, обликувано од патријархалното и традиционалното. Улогите ги играат четири жени од различни генерации: Зорица Нушева, Долорес Поповиќ-Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска“, соопшти продуцентката Елена Станишева. Снимањето ќе трае до крајот на мај на локации во општините Гевгелија и Демир Капија (Фото: Веда филм) „Слатката горчина на зрелите калинки” е единствениот македонски филм развиван во рамките на европската програма „Торино филм лаб“. Сценариото го напиша Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата е на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф е Илина Чолак, маска и шминка се на Симона Ристевска, а кастинг директорка е Киријана А. Николовска. Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти се Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана....
ТРИ ЖЕНИ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО ХИВ ВО САД ДОДЕКА БИЛЕ НА „ВАМПИРСКИ“ КОЗМЕТИЧКИ ТРЕТМАН НА ЛИЦЕТО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Неодамнешен извештај за жени кои се заразиле со ХИВ додека примале козметички „вампирски“ третман на лицето го покрена прашањето за безбедноста на некои козметички процедури. Најмалку три жени се заразиле во бања во Ново Мексико во 2018, објави Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ), укажувајќи на нови начини на ширење на овој вирус. Ова се први документирани случаи на пренесување на ХИВ во САД поврзани со козметички третмани. При „вампирски третман“ се вади крв на пациентот и потоа со помош на центрифуга од неа се одвојува плазма богата со тромбоцити. Плазмата потоа се вбризгува во лицето со игла. Се вели дека оваа процедура помага да се поправи бариерата на кожата за да се стимулира производството на нов колаген и еластин, што може да ја намали појавата на брчки и лузни од акни. Третманот постои веќе некое време и чини меѓу 1.000 и 2.000 долари, а откако го проба во 2013, Ким Кардашијан изјави дека веќе не би го правела, опишувајќи го како груб и болен. Во лето 2018, ЦДЦ дознал дека жена на возраст меѓу 40 и 50 години имала позитивен тест за ХИВ додека била во странство. Таа рекла дека не користела дроги, не ѝ правеле трансфузија на крв во последно време и имала сексуални односи само со својот партнер. Истовремено пријавила дека таа година била на „вампирски третман“ во бања во Ново Мексико. ЦДЦ ја истражил бањата и открил дека не била лиценцирана и дека користела повеќе небезбедни методи и процедури на работа. Агенцијата во меѓувреме ја поврзала бањата со пет случаи на ХИВ, вклучувајќи три жени кои биле подложени на „вампирски третман“ меѓу мај и септември 2018. Бањата била затворена кон крајот на 2018, а 62-годишната сопственичка била осудена на три и пол години затвор. Американското здружение на дерматолози вели дека овој третман може да има позитивни ефекти и е безбеден ако се спроведува правилно. Најголемиот ризик е како се ракува со крвта за време на третманот....
ЕКСПЕРТИ НА ОН УТВРДИЛЕ ДЕКА ХАРКИВ БИЛ РАКЕТИРАН СО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ПРОЕКТИЛИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Остатоците од проектил кој паднал во Харкив на 2 јануари припаѓаат на севернокорејски балистички проектил „хвасонг-11“, објави комисијата на Обединетите нации која ги надгледува санкциите против Северна Кореја. Ова е наведено во извештај на 32 страници, додавајќи дека тоа претставува кршење на ембаргото за оружје воведено за Северна Кореја. Нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја се наоѓаат под санкции на Обединетите нации од 2006 година и овие мерки беа засилувани во меѓувреме. Тројца набљудувачи на санкциите ја посетија Украина овој месец за да ги испитаат остатоците од проектилот, при што не пронашле докази дека е произведен во Русија. „Не можевме независно да утврдиме од каде бил лансиран. Информациите за траекторијата обезбедени од украинските власти даваат назнаки дека лансирањето било изведено од руската територија“, стои во извештајот. САД и други држави ја обвинуваа Северна Кореја дека превезла оружје во Русија, што беше негирано од Москва и Пјонгјанг, иако тие лани ветија дека ќе ја продлабочат својата воена соработка. Балистичкиот проектил „хвасонг-11“ првпат беше јавно тестиран во 2019....
ЗАТВОРЕТЕ ЈА БОЕМСКА УЛИЦА ЗА ВОЗИЛА, ДЕЦА ОДАТ МЕЃУ КОЛИ ОТИ ТРОТОАРИТЕ СЕ КАФЕАНИ, БАРААТ СКОПЈАНИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Секое попладне владее хаос на улицата Боемска 2 во Дебар Маало во центарот на Скопје. Бидејќи улицата не е затворена за возила, на сите страни не само што се движат коли туку и се паркираат кај ќе стасаат. Тротоарите од улицата се зафатени со масите и столиците од кафеаните, па пешаците немаат каде да се движат. Мора да одат по улицата, а низ неа возат коли. Екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК неколку дена по ред беше на Боемска улица и после 17 часот не само што е хаос, туку е и небезбедно движењето на пешаците. Деца со точаци и тротинети се движат на улицата по која се стигнува до Градскиот парк, а од друга страна коли возат покрај нив. Од кафеаните ечи музика, гости влегуваат и излегуваат, а дел од нив со своите коли се паркираат на самата улица. Забележавме и пајак возило, но наместо да крене и казни некоја од паркираните коли, тоа само си помина низ улицата. Колите не ги собира ниту пајакот. (Фото: СДК.МК) Вработените во околните кафеани ни рекоа дека летно време кога си доаѓаат иселениците на Боемска не може да се помине од коли. Со најнови коли вртат кругови низ Дебар Маало и без проблем ги оставаат на самата улица. Затворање на Боемска за коли се најавуваше уште во време на ексградоначалникот Саша Богдановиќ, но тоа не се случи. И актуелниот градоначалник Горан Герасимовски вели дека на улицата ќе се забрани движење на коли, но после две и пол години од неговиот мандат тоа не се случи. Од Општина Центар сега велат дека работат на проектот за затворање на возила на Боемска 2 и чекаат да ги добијат потребните дозволи за да се спроведе решението. „Општина Центар направи сообраќајно решение со цел затворање на Боемска 2. За реализација на оваa цел, потребно е дел од дворот на Градежниот факултет да се отстапи и пренамени во тротоар. Еден дел од улицата завршува слепо и треба да се изведе свртница. Во комуникација и средби сме со Градежниот и Архитектонски факултет за да се помести оградата и да се прошири улицата. Со овој зафат планираме да ја зголемиме безбедноста на учениците што одат во ‘Коле Неделковски’“, велат од Општина Центар. Од Општина Центар велат дека работат на сообраќајно решение за затворање на Боемска за коли. (Фото: СДК.МК) Од таму додаваат дека нивните инспекции се постојано на терен и казнуваат за узурпирање на јавна површина. „Спроведена е контрола на улиците Наум Наумовски-Борче, Михаил Цоков и Боемска 2, Ленинова, по пријави дека има поставена урбана опрема на јавна површина, со што е спречено движењето на граѓаните. Издадени се повеќе решенија, а казнети се околу 10 локали.Сумата за прекршокот изнесува од 1.000 до 2.000 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице“, велат од Општината. Изградбата на Боемската улица 2 чинеше 1.1 милион евра и беше направена во 2016 година во мандат на ексградоначалникот Андреј Жерновски. ДЕБАР МААЛО ПАК БЛОКИРАНО ОД ЛЕТНИ ТЕРАСИ, ГЕРАСИМОВСКИ ЌЕ ЈА ЗАТВОРА БОЕМСКА УЛИЦА И ЌЕ НОСИ НОВ ПРАВИЛНИК КАКОВ ШТО БАРААТ КАФЕАНЏИИТЕ ЏАБЕ И ЖАРДИНИЕРИТЕ НА ГЕРАСИМОВСКИ, БОЕМСКАТА УЛИЦА ВО ДЕБАР МААЛО ПАК ПОЛНА СО ПАРКИРАНИ КОЛИ ПАРКИНГ Е ЦЕЛА БОЕМСКА УЛИЦА ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО А. АНТЕВСКА...
ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ УБИЕНИ ВО СЕВЕРНА КАРОЛИНА ДОДЕКА СПРОВЕДУВАЛЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Четворица полицајци се убиени, а уште четворица се ранети додека спроведувале налог за апсење во Шарлот, Северна Каролина. Еден од двајцата напаѓачи е пронајден мртов во дворот на куќата каде што биле забарикадирани, по опсадата која траела три часа, кажа полицијата. Ова е еден од најсмртоносните напади врз американските полицајци во последните децении. Полицајците биле дел од тим кој требало да приведе лице барано за илегално поседување огнено оружје. „Полицајците му возвратија на напаѓачот кој беше во предниот двор, а потоа кон нив беа испукани повеќе куршуми и од внатрешноста на куќата. Во куќата е пронајдено моќно автоматско оружје“, изјави шефот на полицијата на Шарлот, Џони Џенингс. Според очевидците, пукањето се слушало и повеќе од два часа откако почнал инцидентот во станбена област во источниот дел на градот. Во куќата се пронајдени жена и 17-годишно момче и се верува дека барем еден од нив учествувал во пукањето....
МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОСУДЕНИ НА ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ВО ГРЦИЈА ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ГИ ФАТИЛА СО СТОТИЦИ ФАЛСИФИКУВАНИ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Двајца македонски државјани се осудени на по 5 години затвор од судот во Кукуш откако претходно грчката полиција ги уапсила на граничниот премин Дојран. Како што јави дописничката на МИА од Атина, тие биле уапсени откако при претрес на граничниот премин кај нив биле пронајдени 599 фалсификувани бланко документи. При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени. Од грчката полиција кажаа дека кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи, како лични карти, возачки дозволии дозволи за престој од разни европски земји, кои биле одземени. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години. Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштето не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење....
ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД НА СУДСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ОДЕСА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Четири лица загинаа, а 29 се ранети во руски ракетен напад на образовна установа во Одеса. Регионалниот гувернер Олег Кипер изјави дека четворица од ранетите се во сериозна состојба. Снимки од нападот покажуваат како гори историска зграда сместена покрај морето. Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук изјави дека нападот бил изведен со балистички проектил „искандер“ со касетна муниција. Овие проектили тешко се пресретнуваат. Медиумите објавија дека покривот на зградата, опишана како судска академија, е речиси целосно уништен. Меѓу ранетите е претседателот на академијата Серхиј Кивалов, кој е поранешен пратеник....
ПЛАТФОРМАТА „ОДГОВОРНА ВЛАДА“ ЌЕ СЛЕДИ ДАЛИ ПАРТИИТЕ ЌЕ ГИ ОСТВАРАТ ИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА КОГА ЌЕ ДОЈДАТ НА ВЛАСТ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Новата платформа „Одговорна Влада“ на Центарот за управување со промени (ЦУП), на едно место ги собра изборните ветувања во програмите на партиите за престојните парламентарни избори, а по конституирање на новата Влада ќе следи што ќе влезе во нејзината програма и дали и колку ќе се оствари. Целта е пред изборите платформата да биде ресурс за информирање на граѓаните за изборните ветувања, а по изборите за тоа колку тие програми навистина ќе се остварат. Платформата за следење на предизборните ветувања е креирана врз основа на програмите на партиите/коалициите за Парламентарните избори 2024 и ги прикажува конкретните ветувања на пет поголеми политички партии/коалиции кои беа дел од последниот мандат во Собранието, и тоа Коалицијата за европска иднина на чело со СДСМ, Коалцијата Твоја Македонија на чело со ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Европски фронт на ДУИ, Левица и Коалицијата Вреди. Преставени се ветувањата во 11 општествени области и тоа дигитализација, добро управување, економија, енергетика, здравство, земјоделство, инфраструктура, образование, правда, пристапување кон ЕУ и политички систем, и труд и социјална политика. Сите содржини се на македонски, албански и англиски јазик. „Ветувањата се претставени во 11 различни општествени области, согласно истражувањата на Центарот за управување со промени за областите за кои граѓаните се најмногу заинтересирани. Ветувањата се преземени од програмите на партиите/коалициите и до нив може да се пристапи и од оваа платформа (копче Програма на пратијата/коалицијата). Согласно начелото за креирање политики врз основа на податоци, Центарот за управување со промени изработи приказ на основни моментални податоци во секоја област (копче Моментална состојба). По конституирањето на следната Влада, на оваа платформа ќе се следи реализацијата на целите и резултатите планирани во Програмата на Владата.“, велат од ЦУП. Платформата е дел од проектот „Преосмислување на управувањето“ на ЦУП, поддржан од програмата за меѓународен развој на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје...
„СИНГАПУР ЕРЛАЈНС“ ЌЕ ИМ ПЛАТИ НА ДВАЈЦА ИНДИЈЦИ 2.400 ДОЛАРИ ЗА МЕНТАЛНА АГОНИЈА ЗАШТО СЕДИШТАТА НЕ ИМ СЕ НАВАЛУВАЛЕ
Сакам да кажам - пред 1 ден
„Сингапур ерлајнс“ ќе мора да ѝ плати повеќе од 2.400 долари на индиска двојка за „ментална агонија“, зашто нивните седишта во бизнис класата не можеле да се навалат кога летале од Индија до Сингапур. Седиштата на Анџали и Рави Гупта не функционирале и не можеле да се навалат, поради што тие останале будни за време на четири и пол часовниот лет од Хидерабад до Сингапур, објави „Индија тајмс“. Тие платиле по 800 долари за летот од Индија до Австралија, со застанување во Сингапур. Тоа е околу 775 долари поскапо од билетот за економската класа. На нив прво им биле понудени по 10.000 поени за лојалност, што „Сингапур ерлајнс“ им ги дава на своите редовни муштерии, но тие го одбиле ова. Комисијата за потрошувачи на Хидерабад пресуди во полза на семејството Гупта, на кои ќе им бидат вратени парите за картите и ќе им бидат исплатени уште 1.200 долари за ментална агонија и физичко страдање. „Сингапур ерлајнс“ објави дека ја прифаќа казната....
АКТЕРОТ ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ПРИВЕДЕН ВО ПОЛИЦИЈА НА СОСЛУШУВАЊЕ, ОТКАКО ДВЕ ЖЕНИ ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД
Сакам да кажам - пред 2 дена
Францускиот актер Жерар Депардје е приведен во полиција во Париз за сослушување, изјави неговиот адвокат во понеделникот за Си-Ен-Ен. 75-годишниот актер се пријавил во полициска станица во Париз во понеделникот наутро, и е сослушан поради обвиненијата за сексуален напад на две жени за кои се тврди дека се случиле на филмски сетови. Депардје претходно беше ставен под официјална истрага за наводно силување и сексуален напад, откако голем број жени поднесоа жалби против него. Францускиот актер претходно ги негираше овие обвинувања против него. Депардје е познат по неговите улоги во филмови како „Зелена карта“, „Човекот со железна маска“ и „Животот на Пи“. Тој исто така беше номиниран за Оскар во 1991 година за неговата главна улога во „Сирано де Бержерак“. Во 2013 Депардје доби руско државјанство од Владимир Путин, откако изјави дека ќе се откаже од францускиот пасош во знак на протест против владините планови за зголемување на даноците за најбогатите....
ПРИ ОДЛУЧУВАЊЕТО ЗА ЦЕНАТА НА ПОЛИСИТЕ ЗА АВТОМОБИЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ ДА СЕ ЗЕМЕ ПРЕДВИД И РЕАЛНАТА ПАЗАРНА СОСТОЈБА, ВЕЛАТ ОД НАЦИОНАЛНОТО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Во пресрет на денешната седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која треба да одлучува за поскапувањето на полисата за задолжителното авто осигурување, од Националното биро за осигурување (НБО) велат дека одлуката треба да ги земе предвид интересите на крајните потрошувачи, но и реалната пазарна состојба, како и условите под кои работат осигурителните компании. Од НБО се надеваат дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при донесувањето на соодветен заклучок поврзан со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании ќе направи детална и сеопфатна анализа, пред да донесе избрзана одлука и дека нема да носи политичка одлука. Од НБО потсетуваат дека веќе 15 години цената авто осигурувањето е непроменета, а во тој период цените на новите автомобили пораснале за 70-100 отсто. „Фактите велат дека Осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност (АО) во 2023 претрпела загуби во износ од 176 милиони денари, и дека веќе 15 години, во периодот од 2008 до 2024 цената на АО е непроменета, иако на тоа се укажувало веќе долг период. Во услови кога цените на автомобилите пораснале од 70 проценти до 100 проценти, на резервните делови за 100 проценти, платите за 83 проценти, индексот на трошоци на живот од 2008 до 2023 година за 52,83 проценти, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215 проценти, апсолутно реално е да се очекува промена на цените за автомобилското осигурување. Ниту еден од горенаведените трошоци не е регулиран од државата на начин на кој е регулирана цената на автоодговорноста и осигурителната индустрија нема контрола над овие трошоци“, се вели во соопштението. НБО понатаму вели дека автомобилското осигурување е единствената категорија во нашата земја која 15 години не претрпела корекција, а за која, како што велат оттаму, одредбите од Законот јасно укажуваат дека е потребна годишна промена. „Република Северна Македонија е една од ретките држави каде државата се уште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. Меѓутоа оваа реформа сеуште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите. Осигурителната индустрија годишно исплаќа над 38 милиони евра штети по автомобилско осигурување. Дополнително осигурителната индустрија ги покрива и штетите предизвикани од неосигурени возила, за што дополнително годишно исплаќа уште 1,5 милиони евра“, велат од Националното биро за осигурување. За да ја извршува својата функција, непречена исплата на штети и заштита на осигурениците, велат од Бирото, осигурителната индустрија мора да е стабилна и да ги следи општите пазарни движења кои директно влијаат на висината на штетите и трошоците. „Имаме најниско задолжителното автомобилско осигурување во регионот. Од Националното биро за осигурување се надеваат дека денес комисијата нема да избрза, нема да носи политичка одлука, и дека ќе ги направи сите анализи со цел носење исправна и пазарно ориентирана одлука“, се вели во соопштението. Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО)....

ЗА КАМПАЊАТА, СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ СОБРА 2.400 ЕВРА ОД ТРОЈЦА ГРАЃАНИ И ЕДНА ФИРМА, А ДОНАЦИИТЕ ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ 325.000 ЕВРА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Актуелниот претседател Стево Пендаровски собра најмалку донации од седуммината претседателски кандидати, откако за него донирале тројца граѓани и една фирма. Вкупно, Пендаровски собра од донации околу 2.400 евра за изборната кампања. Тројцата граѓани донирале по 6.150, 22.687 и 3.075 денари, сите на 22 април, додека правното лице донирало 115.005 денари, според извештаите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања, поднесени на 11. и на 20. ден од изборната кампања до Државниот завод за ревизија (ДЗР). Најмногу донации во кампањата собра кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова, околу 325.000 евра. За Силјановска-Давкова донирале 526 физички и едно правно лице, според извештајот доставен до ДЗР. Кандидатот на ДУИ Бујар Османи собра 69.000 евра, а по него следуваат кандидатот на коалицијата „Вреди“ со 55.000 евра, кандидатката на Левица Билјана Ванковска со речиси 18 илјади евра, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски со 16 илјади евра и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски со 12 илјади евра. Во вториот круг од претседателските избори, на 8 мај ќе се соочат Пендаровски и Силјановска-Давкова. Тие освоија најмногу гласови во првиот круг – Силјановска-Давкова 362 илјади, а Пендаровски 180 илјади....
„АЛКАЛОИД“ ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ИМА ПРОДАЖБА ОД 79,9 МИЛИОНИ ЕВРА
Сакам да кажам - пред 2 дена
„Алкалоид“ АД Скопје во првите три месеци од година оствари продажби од 79,9 милиони евра и раст на извоз од 14 %, соопшти компанијата, Од јануари до март во фармацевтската компанија се вработени 90 нови лица. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2024 продажбите достигнуваат 3.419.742.486 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.925.260.049 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 11 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 14 %. Од вкупните консолидирани продажби 27 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 73 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 26 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 24 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 22 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните продажби. Најголем пораст кај поголемите извозни пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Велика Британија, во износ од 119.813.384 денари, кои се зголемени за 4-пати, потоа во Грузија, каде што се зголемени за 3-пати, како и во Украина, каде што се зголемени за 2,5-пати. Потоа следуваат оние во Унгарија (раст од 65 %), Романија (раст од 27 %), Албанија (раст од 27 %), во Полска (раст од 20 %), Италија (раст од 12 %), Хрватска (раст од 11 %), во Ерменија (раст од 10 %), Словенија (раст од 10 %), Србија (раст од 10 %), во Грција (раст од 10 %). Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 31 %, препаратите ОТЦ со 19 %, кардиолошките препарати со 12 %, невролошките препарати со 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2023 година. Сегментот фармација бележи раст од 14 %, хемија раст од 3 %, козметика раст од 5 % и билкарство раст од 8 %. Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид АД Скопје“ ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 метри квадратни, а за него се вложени 19,4 милиони евра. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 298.250.975 денари. „Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“ наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т. н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и „омепразолот“, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата, од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот „омепразол“, готов за употреба. За пероралниот раствор „омепразол“ „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање. Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 659.500.874 денари, бележи зголемување од околу 10 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 390.910.925 денари и е зголемена исто така за 10 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 804.400.748 денари и бележи раст од 6 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 479.529.291 денари е зголемена за 9 %. При извршувањето на оперативните активности „Алкалоид“ АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи. Во периодот јануари – март 2024 година вработени се 90 нови лица. Со одлука на Управниот одбор е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 40.500 денари. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.910 вработени, од кои 2.215 се во земјава, а 695 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство. Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2024 година се движеше од 18.151,00 до 20.900,00 денари или просечно 19.602,82 денари за една акција. На 31.03.2024 година акциите беа во сопственост на 5.596 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше над 29 милијарди денари. На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година, во износ од 772.931 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година ќе започне исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денар нето за една акција. Дивидендата по акција за 2023 година е поголема за 10,2% во однос на исплатената дивиденда по акција за 2022 година. Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година. Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот. „Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо опаѓање. Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на одредени материјали. Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и опреми и вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти“, велат од компанијата....
ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС НЕМА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈА ПРОТИВ НЕГОВАТА СОПРУГА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Шпанскиот премиер Педро Санчес објави дека нема да поднесе оставка по пет дена шпекулации за неговата иднина. Санчес минатата недела кажа дека се повлекува од јавните задолженија и дека ќе размисли дали ќе остане на функцијата откако против неговата сопруга беше покрената истрага за корупција. Тој изјави дека ваквите обвинувања претставуваат кампања на вознемирување водена од десничарските медиуми. Обвинувањата против Бегоња Гомес беа изнесени од организацијата „Чисти раце“, чиј водач се поврзува со крајната десница. Во четвртокот, јавниот обвинител на Мадрид побара истрагата да биде запрена поради недостиг на докази. „Чисти раце“ потоа призна дека обвинувањата можеби се неточни зашто биле засновани врз приказни од онлајн медиуми. За една од нив беше се докажа дека не е точна. Откако Санчес најави дека би можел да поднесе оставка, илјадници луѓе излегоа на протести во Шпанија за да му дадат поддршка....
ДЕСЕТИЦИ ТОРНАДА ПОМИНАА НИЗ ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА САД, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Десетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот. Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова. Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени. „Ќе се кренеме, ќе исчистиме и повторно ќе изградиме. Сепак, ова се најголемите штети кои ги имам видено откако сум гувернер. Уништувањето е неверојатно“, изјави гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, при посетата на Сулфур. Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија Небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха....
НЕЗАВИСНИТЕ ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ ИСПРАТИЈА 18 ПРАШАЊА ДО ПАРТИИТЕ, ОД ЗАГАДУВАЊЕТО, ПРЕКУ УРБАНИЗМОТ, ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО ПА ДО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ, БАРААТ КОНКРЕТНИ РОКОВИ, БУЏЕТ И ОДГОВОРНИ ЛИЦА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Граѓански и независни иницијативи кои учествуваа на локалните избори, заедно со еко-здруженијата, до политичките партии учесници на претстојните парламентарни изброи 18 прашања, за кои очекуваат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Станува збор за прашања поврзани со: загадувањето, урбанизмот, владеењето на правото и квалитетот на животот. На последните локални избори, листите на граѓанските иницијативи освоија над 65 илјади гласови, што ги прави четврта политичка сила во земјата. Само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ имаа повеќе гласови. Во заедничкото соопштение на овие граѓански иницијативи и здруженија се вели дека само на тој начин ќе бидат убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план. „Затоа до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план! Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на парламентарни избори, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво. Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме“, велат овие организации. Оттаму велат дека одговорите од партиите ги очекуваат до 2 мај, а потоа јавно и во целост ќе ги објават пред гласањата на 8 мај за да бидат патоказ, но и обврска за периодот кој следи. Зад прашањата стојат: Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Скопје, O2 Иницијатива, Граѓанска иницијатива Зелен хуман град – Скопје, Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба – Скопје, Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош- Скопје, Граѓанска иницијатива Заедно за промена – Скопје, Граѓанска иницијатива Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село, Граѓанска иницијатива За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода – Скопје, Граѓанската иницијатива Грин.Орг – Кочани, Граѓанска иницијатива . Охрид СОС. Прашањата до политичките партии се: Загадување: Што конкретно ќе преземете во текот на следната година, во следните 3 и 5 години за бројката од 5600 жртви од загадувањето да не расте, туку да се намалува и дали ги знаете економските последици од загадувањето и како ќе се справувате со нив? Загадување: Кога ќе почнете и во кој рок ќе го завршите префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање и така ќе го спречите континуираното труење на граѓаните? Загадување: Кои се вашите конкретни чекори за справување со отпадот во кој се гуши државата и како ќе се санкционираат општините коишто не се справуваат со отпадот? Загадување: Дали имате јасен план за организирање на незагадувачки јавен транспорт во Скопје и поголемите градови? Загадување: Дали ќе го „одмрзнете“ проектот за обележување на старите загадувачки автомобили , и нивно скалесто отстранување од сообраќај во денови на зголемено аерозагадување? Загадување: Како ќе овозможите конечно да се спроведува Законот за бучава кој предвидува и со него предвидената државна мониторинг мрежа за мерење на бучава и како ќе воспоставите ефикасен систем за контрола и санкционирање? Загадување: Кој е вашиот став за рудници во земјоделски региони, во близина на населени места и заштитени подрачја, како и за малите хидроцентрали по реките? Загадување: Каде и колку пречистителни станици за отпадни води ќе изградите во овој мандат? Загадување: Кога ќе направите фонд за животна средина од сите еколошки такси во државата? Урбанизам: Кога ќе го смените Законот за градежно земјиште со кој се дозволува оној кој има 30% да може да откупи 70% од градежна парцела со државно земјиште? Kако ќе спречите приватизација на атрактивно државно земјиште по багателни цени? Урбанизам: Кога и како ќе ја запрете легализацијата на дивоградбите и како ќе се справите со постоечките дивоградби и дивеењето на инвеститорскиот урбанизам? Урбанизам: Која е вашата стратегија во неколку конкретни чекори да ја прекинете финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи? Урбанизам: Што ќе правите со проектот Скопје 2014? Владеење на право: Како ќе овозможите полесно да се спроведуваат локални референдуми и облици на непосредно изјаснување на граѓаните и следење на политиките? Владеење на право: Дали ќе поддржите јавна расправа во Собранието за Изборниот законик по изборите? Сообраќај: Како ќе го намалите бројот на жртви во сообраќајот и сообраќајниот хаос? Како ќе го вратите комуналниот ред во општините? Дали имате јасен план за справување со кучињата скитници на национално ниво?...
ПОЛИЦИЈАТА ГИ ВИКА НАПАДНАТИТЕ ДЕЦА ДА СЕ СООЧАТ ЛИЧНО СО НАСИЛНИЦИТЕ И ГИ ИЗЛОЖУВА НА НОВА ТРАУМА, ИАКО ИМА И ДРУГИ МЕТОДИ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Полицијата кога апси малолетници и деца осомничени за кривични дела насилства, разбојништва, напад и ограбување, ги повикува жртвите на директно соочување со тие што ги натепале и ограбиле, а не на препознавање преку темно стакло. Проблемот е кога жртвите се малолетни лица или деца, како што е во неодамнешните случаи кога улични банди напаѓаа и малтретираа деца во скопската општина Центар. Речиси и да нема родители кои би го пуштиле своето дете по вторпат да се изложува на претрпената траума, или да го стави на тацна за да му се одмаздат во иднина зашто покажало, потврдило лице во лице со насилникот: „да, овој ме нападна, ме избоде, ме ограби“. Поради ова, голем дел од родителите се повлекуваат, истрагите им пропаѓаат, бандите малолетници се на слобода. На 22 април поставивме прашање до МВР како орган на откривање – зошто полицијата ги изложува децата – жртви уште еднаш на стрес и траума, соочувајќи ги со насилниците, во иста просторија? До објавување на текстот не добивме одговор. Кон крајот на јануари 19-годишно момче од Скопје беше нападнато и ограбено од помали деца кај „Школка“ во Градскиот парк. Родителите веднаш го пријавиле случајот во полиција, вечерта таткото потпишал записник. По еден месец, им се јавила полициска инспекторка дека го фатиле малолетниот насилник, ги поканила родителите да го донесат детето на соочување во иста просторија со него. „Кога прашавме зошто не применат процедура со препознавање преку темно стакло, со која мојот син нема да биде виден од сторителот, ни одговорија дека морало со соочување, бидејќи напаѓачот бил малолетно лице. Ни рекоа не можело со препознавање со смотра. Одбивме, нормално. Син ми и утре треба да оди во Градскиот парк. Зарем да трпи последици? Да му се одмаздат зашто сведочел лице в лице? Зошто всушност полицијата ги изложува повторно жртвите на траума?“, прашува Наташа К. , мајка на ограбеното дете. Таа вели дека нормално, случајот пропаднал, зашто одбиле да го однесат детето на соочување, како што верува би постапиле мнозинството родители. УЛИЧНИ БАНДИ МАЛТРЕТИРААТ ДЕЦА ВО ШКОЛСКИ ДВОР ДО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ОД БАНДАТА МАЛОЛЕТНИЦИ КОЈА СО МЕСЕЦИ НАПАЃА И ОГРАБУВА ВРСНИЦИ ВО ЦЕНТАР, А ГИ ТЕПА И ДЕЦАТА ВО ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Наташа К. на 9 април за ова поднесе претставка пред Народниот правобранител. Таа го оспорува начинот на работа на полицијата при утврдување на идентитетот на малолетен сторител, бидејќи Правилникот во МВР, како и во Обвинителството, е тоа да се врши со препознавање со смотра и со другите методи, и само во исклучителни ситуации со соочување жртва – сторител. Според обвинителите со кои разговаравме, полицијата по линија на помал отпор го применува овој метод зашто не може да најде деца и малолетници кои за препознавање со смотра треба да бидат статисти. На пример, кога се открива ваков сторител, треба за препознавање во хоризонтална линија во т.н. смотра, да се најдат уште 4-5 деца на негов раст и приближно сличен надворешен изглед. Порано полицијата за статисти повикувала деца од домовите за деца без родители, а сега најлесно им е со соочување, кое што треба да се применува само во краен случај. Правилникот за начинот на препознавање на осомничено лице е донесен во 2013 година и тој за жал не е сменет. Во членот 6 како методи на препознавање се наведени следниве: со смотра, со групна идентификација, со видеофилм и со соочување. Во правилникот доминантно место има смотрата (препознавање преку темно стакло), пропишани се детали дури и како да одат статистите. Дури на крајот сосема кусо има за методот со соочување и тоа е пропишано на следниот начин, во член 26: „Методот на препознавање со соочување се спроведува во случај кога не може да се примени друг метод на препознавање. Препознавањето со соочување се спроведува на начин што на сведокот му се покажува само осомниченото лице во врска со конкретното кривично дело. Пред да се пристапи кон препознавање со соочување, сведокот се известува дека ќе му биде покажано само едно лице и дека во присуство на тоа лице треба да каже дали е осомниченото лице“. Банда со 12-тина малолетници и деца, најверојатно составена и координирана од полнолетни лица во позадина, со месеци напаѓа и ограбува врсници, но и полнолетни лица низ Скопје. Родители и нападнати граѓани пријавуваа, но чудно беше што подолго време овие малолетни насилници, кои со себе имаа и т.н. ладно оружје, не беа фатени од полицијата. Во дворот на училиштето „Гоце Делчев“ во Центар во Скопје, на само 20-тина метри од полициската станица „Беко“, оваа банда 4 пати напаѓаше, бркаше, малтретираше врсници, ученици кои во попладневните и во вечерните часови доаѓаа во училишниот двор на дружба. Полицијата не ги фати додека упаѓаа во училишниот двор, туку по видео-снимките од безбедносните камери во Градскиот трговски центар, по пријава од две полнолетни минувачки дека биле нападнати и ограбени од деца. Меѓу приведените бил и малолетникот со ножот и боксирачот. С. К. ДЕЛЕВСКА...
УКРАИНСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОВЛЕКЛА ОД ТРИ СЕЛА ВО ДОЊЕЦК И ВЕЛИ ДЕКА СИТУАЦИЈАТА НА ФРОНТОТ Е ВЛОШЕНА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Шефот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека ситуацијата на фронтот е влошена и дека морале да се повлечат од три села во источниот регион Доњецк, каде што Русија концентрира значителни сили на неколку локации. Киев се надева дека ќе може да ја стабилизира својата позиција откако ќе почне да пристигнува одобрената помош од САД од 61 милијарда долари. „Ситуацијата е најтешка западно од окупираната Маринка и северозападно од Авдивка. Украинските сили зазедоа нови позиции западно од селата Бердичи, Семенивка и Новомихајливка. Непријателот постигна тактички успеси во овие сектори и напаѓа со четири бригади“, изјави Сирски. Руските трупи продолжија да напредуваат откако ја освоија Авдивка, искористувајќи го недостигот на муниција, војници и противвоздушна одбрана во украинските редови. Според некои анализи, тие напредувале повеќе од 15 километри во Доњецк. Сирски вели дека најголем дел од борбите сега се водат околу Часив Јар, стратешки важен ридски град од каде што се отвора пат кон последните големи украински упоришта во Доњецк, Краматорск и Славјанск. „Часив Јар и селото Иванивске се најжешките точки на североисточниот дел на фронтот“, кажа Сирски. Според него, загрижувачки развој на настаните е зголемувањето на бројот на руските трупи во областа на Харкив, кој со 1,3 милиони жители е вториот по големина град во Украина. Тој додава дека засега нема назнаки дека Русија спрема офанзива на северот на Украина....
АВИОКОМПАНИЈА МИСЛИ ДЕКА 101-ГОДИШНА ЖЕНА Е БЕБЕ
Сакам да кажам - пред 2 дена
101-годишна Американка постојано ја водат како бебе поради грешка во системот за резервации на авиокомпанија. Проблемот настанува бидејќи системот на „Американ Ерлајнс“ не може да пресмета дека Патриша е родена во 1922 година, место во 2022 година. На последниот лет, таа повторно мораше да му објаснува на екипажот за грешката. „Смешно е што мислеа дека јас сум мало дете, а јас сум стара дама“, кажа таа. Но, 101-годишничката сака грешката да биде поправена што е можно побрзо, бидејќи знае да ѝ предизвика проблеми. На пример, во една прилика, персоналот на аеродромот не подготвил превоз за неа во терминалот, бидејќи очекувале бебе кое може да биде носено во раце. Системот за резервации не може да процесира датум на раѓање толку далеку во минатото, па внесува датум на раѓање 100 години подоцна....
СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД СТРУМИЦА, ШТИП И ПРИЛЕП ГИ ТРГНАА ЗАБРАНИТЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА НОСАТ МИНИЧИ, ДОЛГИ НОКТИ, МАИЦИ НА ПРЕРАМКИ, БЕРМУДИ, БРАДИ И ПИРСЕВИ, ОТКАКО БЕШЕ УТВРДЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Кодексите за облекување и за надворешен изглед на учениците во трите школи: во Струмица, Прилеп и во Штип, кои беа истакнати како закана дека оние што носат, скинати фармерки, мини сукњи, кратки панталони, хеланки, пирсеви или се машки и имаат долга коса, нема да влезат на настава, се тргнати од таблите за куќен ред на училиштата. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која по претставки од родители и од ученици поведе постапка и донесе мислење дека се врши дискриминација врз учениците, бидејќи основното и средното образование се задолжителни за секое дете, ги пофали овие училишта. Во кварталниот извештај за работата на Комисијата, стои дека овие три школи постапиле по препораките и во законски рок ги тргнале закачените куќни редови и кодекси за облекување и однесување на учениците. СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И ШТИП ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА УЧЕНИЦИ ДА ВЛЕЗАТ НА ЧАСОВИ СО КРАТКИ СУКЊИ, СКИНАТИ ФАРМЕРКИ, ПИРСЕВИ ИЛИ БРАДА, УТВРДЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА Во тие „правилници“ беа забранети и големи нокти, маици на прерамки, бермуди, шорцеви, кратки маици, тренерки, итн. Дополнително, овие правила пропишуваа дека дозволена должина на сукњите е само до колена или под колена, а панталоните мора да бидат исклучиво долги. Воедно, овие правила пропишуваа и дека секој ученик треба да внимава на својата фризура за време на наставата. Женските треба да имаат уредна и прибрана коса, машките не смеат да имаат долга коса, репче или брада. Како мерка за непочитување овие училишта имаа предвидено казна – на учениците кои нема да изгледаат како описот на Куќниот ред и на Кодексот, нема да им биде дозволен пристап до училиштето, односно нема да бидат примени на настава. Сепак оваа тема остана дискутабилна, бидејќи многу родители, наставници и професори уште сметаат дека на учениците им требале такви забрани, зашто „кај и да е, со пижами и влечки ќе тргнат на школа“. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го донесе мислењето за средните училишта: „Мирче Ацев“ од Прилеп, „Јане Сандански“ од Штип и „Јане Сандански“ од Струмица, за кои сметаше дека вршеле повеќекратна индиректна дискриминација врз учениците, преку усвоени правила за надворешниот изглед на учениците. Смета дека не само што го прекршиле Законот за основно и средно образование, според кој образованието на децата е задолжително, под еднакви услови и без дискриминација, туку со забраната за пристап на „несоодветните“ ученици, го повредиле и член 44 од Уставот. Комисијата против дискриминација, ги упатува овие училишта на нивното законско „оружје“ за справување со неетички моменти од страна на учениците, а тоа е членот 57 од Законот за основно и средно образование, кој прецизно ги уредува педагошките мерки поради повреда и неисполнување на обврските на ученикот, како и постапката за нивно изрекување. С. К. ДЕЛЕВСКА...
НЕЗАВИСНИТЕ ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ ИСПРАТИЈА 18 ПРАШАЊА ДО ПАРТИИТЕ, ОД ЗАГАДУВАЊЕТО, ПРЕКУ УРБАНИЗМОТ, ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО ПА ДО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ, БАРААТ КОНКРЕТНИ РОКОВИ, БУЏЕТ И ОДГОВОРНИ ЛИЦА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Граѓански и независни иницијативи кои учествуваа на локалните избори, заедно со еко-здруженијата, до политичките партии учесници на претстојните парламентарни изброи 18 прашања, за кои очекуваат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Станува збор за прашања поврзани со: загадувањето, урбанизмот, владеењето на правото и квалитетот на животот. На последните локални избори, листите на граѓанските иницијативи освоија над 65 илјади гласови, што ги прави четврта политичка сила во земјата. Само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ имаа повеќе гласови. Во заедничкото соопштение на овие граѓански иницијативи и здруженија се вели дека само на тој начин ќе бидат убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план. „Затоа до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план! Скоро 70% од законите се спроведуваат на локално ниво, во нашите општини. На прагот сме на парламентарни избори, а одлуките кои следните парламентарци ќе ги носат, директно ќе влијаат и на политиката на локално ниво. Ние на овие избори не учествуваме директно, но и ние и останатите граѓани гласаме. И сакаме информирано да гласаме“, велат овие организации. Оттаму велат дека одговорите од партиите ги очекуваат до 2 мај, а потоа јавно и во целост ќе ги објават пред гласањата на 8 мај за да бидат патоказ, но и обврска за периодот кој следи. Зад прашањата стојат: Граѓанска иницијатива Шанса за Центар – Скопје, O2 Иницијатива, Граѓанска иницијатива Зелен хуман град – Скопје, Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба – Скопје, Граѓанска иницијатива Независни за Карпош – За заштита на Карпош- Скопје, Граѓанска иницијатива Заедно за промена – Скопје, Граѓанска иницијатива Стига е – Струмица, Босилово, Ново Село, Граѓанска иницијатива За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода – Скопје, Граѓанската иницијатива Грин.Орг – Кочани, Граѓанска иницијатива . Охрид СОС. Прашањата до политичките партии се: Загадување: Што конкретно ќе преземете во текот на следната година, во следните 3 и 5 години за бројката од 5600 жртви од загадувањето да не расте, туку да се намалува и дали ги знаете економските последици од загадувањето и како ќе се справувате со нив? Загадување: Кога ќе почнете и во кој рок ќе го завршите префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање и така ќе го спречите континуираното труење на граѓаните? Загадување: Кои се вашите конкретни чекори за справување со отпадот во кој се гуши државата и како ќе се санкционираат општините коишто не се справуваат со отпадот? Загадување: Дали имате јасен план за организирање на незагадувачки јавен транспорт во Скопје и поголемите градови? Загадување: Дали ќе го „одмрзнете“ проектот за обележување на старите загадувачки автомобили , и нивно скалесто отстранување од сообраќај во денови на зголемено аерозагадување? Загадување: Како ќе овозможите конечно да се спроведува Законот за бучава кој предвидува и со него предвидената државна мониторинг мрежа за мерење на бучава и како ќе воспоставите ефикасен систем за контрола и санкционирање? Загадување: Кој е вашиот став за рудници во земјоделски региони, во близина на населени места и заштитени подрачја, како и за малите хидроцентрали по реките? Загадување: Каде и колку пречистителни станици за отпадни води ќе изградите во овој мандат? Загадување: Кога ќе направите фонд за животна средина од сите еколошки такси во државата? Урбанизам: Кога ќе го смените Законот за градежно земјиште со кој се дозволува оној кој има 30% да може да откупи 70% од градежна парцела со државно земјиште? Kако ќе спречите приватизација на атрактивно државно земјиште по багателни цени? Урбанизам: Кога и како ќе ја запрете легализацијата на дивоградбите и како ќе се справите со постоечките дивоградби и дивеењето на инвеститорскиот урбанизам? Урбанизам: Која е вашата стратегија во неколку конкретни чекори да ја прекинете финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи? Урбанизам: Што ќе правите со проектот Скопје 2014? Владеење на право: Како ќе овозможите полесно да се спроведуваат локални референдуми и облици на непосредно изјаснување на граѓаните и следење на политиките? Владеење на право: Дали ќе поддржите јавна расправа во Собранието за Изборниот законик по изборите? Сообраќај: Како ќе го намалите бројот на жртви во сообраќајот и сообраќајниот хаос? Како ќе го вратите комуналниот ред во општините? Дали имате јасен план за справување со кучињата скитници на национално ниво?...
ПРЕСУШИЈА ТРИ ЧЕШМИ ВО ИСТОИМЕНАТА НАСЕЛБА КАЈ ШТИП, ИЗГРАДЕНА ЗА ЕГЕЈЦИТЕ, А НАСЕЛБАТА ОД 700 ДУШИ СЕ СВЕДЕ НА ДЕСЕТИНА ЖИВИ СВЕДОЦИ КОИ РАСКАЖУВААТ ЗА ЕГЗОДУСОТ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Само што почна присилното протерување на Македонците од Егејска Македонија по Втората светска војна среде овчеполието на седум километри од Штип започнала да се гради станбената населба Три Чешми, специјално наменета за луѓето жртви на големиот егзодус од Грција. Од година во година населбата се зголемувала со нови живеалишта па така во педесетите години од минатиот век населбата имала над 700 жители кои биле принудени да ги напуштат своите родни огништа во северниот дел од денешна Грција. Во почетокот имало многу повеќе, но голем број од нив преминале во други краишта, а најмногу во прекуокенските земји. За нивна егзистенција државата и околиската власт во тие повоени години исто така наменски го формирала и првото земјоделско стопанство чие седиште било на крајот од населбата кое долги години стопанисуваше како Основна организација на здружен труд ( ООЗТ Три Чешми ) Кога градежниците, а тоа биле самите жители почнала да ја градат населбата ја нарекле по трите чешми што ги имало околу населбата. Првата била на едниот крај од населбата, другата како што велат жителите покрај џадето каде сега поминува автопатот Штип- Миладиновци и на нивно место се изградени бензински пумпи, а третата на почетокот од населбата. Но, во последните десетина години сите три чешми пресушиле и останале само сувите елаци да сведочат за името на нивното, како што велат жителите ново и трајно живеалиште. Денес, населбата Три Чешми со своите 400 куќи и над 1.000 жители е приклучена кон градскиот водовод на Штип и се води како приградска населба. И канализационата мрежа е поврзана со главниот колектор на Штип. Од толку многу современици на егзодусот, населбата е сведена на само десетина жители, живи сведоци на протерувањето што го доживеале милиони македонци од Егејска Македонија. Еден од нив е и 86- годишниот Коле Аспарухов, кој живее во куќата што во тоа време почнал да ја гради неговиот татко. Семејството Теодосиевски од кочанското село Рајчани, кое не е егејско се доселило во населбата Три Чешми каде повеќе од 60 години си имаат убав соживот со егејците кои први ја населиле населбата. (Фото: СДК.МК ) „Само нашата фамилија броеше над 10 членови.Слично беше и со останатите семејства. Од 700 души ‘бежанци’ како што ние сами си се викаме, денес останавме нешто повеќе од десетина сведоци на времето на нашето насилно протерување од родните огништа,“ вели Аспарухов и се присетува на долгата животна голгота: „Кога на крајот од Втората светска војна тогашната грчка власт дојде по трети пат да го пали нашето село Ранци во околија Каљарска моравме да бегаме и преку Битола дојдовме до манастирот Зрзе каде имаше чести бомбардирања од Германците кои беа во заминување. Не качија во вагони и на однесоа во Беломорје во селото Неохор каде бевме една година“ вели Аспарухов кој иако имал само шест години добро му се врежани сеќавањата од тоа време на големиот егзодус . Во 1946 година кога Георги Димитров и Тито донеле проглас дека Македонците можат да си одат, тие од Плевен биле натоварени во вагони заедно со имотот што го имале, 30 овци, една крава и една мулка и пристигнале во битолското село Ново село. По една година имале уште една преселба во штипското село Врсково, а од таму во 1949 година во соседната населба Три Чешми која почнала интезивно да се гради. Тогаш, младинскиот активист Аспарухов работел како кондураџија, но истовремено како сестран спортист бил македонски репрезентативец во атлетика, а сè уште важи и за еден од најдобрите голмани што ракометен Штип воопшто ги имал во својата спортска историја. Посебно по изградбата на текстилната фабрика Македонка, населбата Три Чешми како мошне популарна меѓу народот, истовремено станала животно засолниште и на други семејства кои почнале да се доселуваат од другите напуштени краеви во Македонија. Така во 1957 година од кочанското село Рајчани за работа во земјоделското стопанство Три Чешми во истоимената населба се преселил и Крсто Теодосиев. „До ден денешен, цели 67 години во Три Чешми си живееме во голема слога и разбирање со сите соседи и со сите соселани. Ние, не сме егејци, ама со нив си поминуваме убави години. Исто како и тие, и ние си изградивме куќичка, имаме убаво уреден двор со зеленило, шупа, летниковец и фурна. Општина Штип инсталира водовод и сега имаме вода насекаде и во куќата и во дворот каде подигнавме чешма која се покажа дека е најмногу користена оти поголемиот дел од времето го поминуваме во дворот покрај чешмата“ велат 90 годишниот Крсто и неговата 5 години помлада сопруга Гроздана. Во близина на населбата се наоѓа спортскиот аеродром Сушево во атарот на истоименото сточарска соло, а во самата населба денес има Основно училиште кое наскоро ќе добие нова спортска сала, потоа располага со продавници, но нема амбуланта. Пред десетина години во населбата се изгради и црквата Св.Илија (под целосно ктиторство на бизнисменот Мите Николов). Населбата од три страни е опкружена со лозови насади и полиња за жито, низ неа минува гасоводот за Неготино, а на северната страна од населбата во последните неколку години на земјоделско вредните обработливи површини почнаа да никнуваат фотоволтаици. Т. ЈОВАНОВСКИ...
ЖИТЕЛИТЕ НА СИРКОВО БАРААТ ДА СЕ ИЗГРАДИ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО НОВИОТ МАГИСТРАЛЕН ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП, НО И ДА СЕ ОБНОВИ ПРИОДОТ УНИШТЕН ПРИ ИЗГРАДБАТА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Жителите на село Сирково, општина Росоман, се незадоволни што приодниот пат до селото е оштетен со изградбата на магистралниот пат од Градско до Прилеп. Но, новиот пат кој е во изградба од 2015 година создаде и други проблеми за ова земјоделско село. „Немаме приклучок од селото до магистралниот пат, широчината на приодниот пат до селото е претесен и нема можност да се разминат две земјоделски машини. Проблемот со кој се судруваме е од 2015 година, кога започнаа градежните активности на магистралниот пат и оттогаш асфалтниот пат до Сирково кој постоеше е уништен, сега е земјен“, кажа Веле Коцев претседател на месната заедница Сирково. Мештаните реагираат што патот во должина од стотина метри нема расположение да се прошири, сега е три метри, бараат да се врати на димензиите од пет метри од асфалтниот кој тука постоел сè до 2015 година, кога се започнале градбата на магистралниот пат Градско – Прилеп, па постојниот за Сирково е уништен. Додаваат дека кон соседното селото Крушевица, каде живеел само еден жител, се изградил приоден пат, а кон нив нема. „Имавме средба со надзорниот орган, со градоначалникот на Росоман, со министерот за транспорт и врски, сите ветија дека проблемот ќе се реши и надмине, но во пракса тоа не се случило досега. Немаме пристап ниту кон нашите обработливи површини, патиштата кон нив, со магистралниот пат се пресечени, уништени“, додава Коцев. За да дојдат до лозјата, овоштарниците, нивите се снаоѓаат индивидуално, како знаат и умеат. При неодамнешната посета на Велес, министерот за транспорт Благој Бочварски кажа дека по завршувањето на изградбата на магистралниот брз пат Градско – Прилеп сите приодни патишта кон селата ќе се обноват. Но не кажа дали за Сирков ќе има и пристапен до магистралниот пат. Сирково брои околу 700 жители, селото има амбуланта, основно училиште, пошта. П. ПЕЧКОВ...
ОБНОВЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА ГЕМИЏИИТЕ ВО ВЕЛЕС, ИСПРАВЕНА ДЕЦЕНИСКАТА ГРЕШКА ОТИ КИРКОВ ДВАПАТИ БЕШЕ ПИШАН НА НЕА
Сакам да кажам - пред 2 дена
За 121-годишнината од Солунските атентати, локалната власт од Велес ја промени спомен- плочата поставена пред споменикот, поставен кај Мало мовче. Ова доаѓа откако СДК.МК минатата година посочи дека името на еден од Гемиџиите, Костадин Кирков, два пати е запишано на мермерната плоча. Тогаш градоначалникот Марко Колев најави дека оваа грешка, која беше присутна 13 години, ќе ја исправи. ИМЕТО НА КОСТАДИН КИРКОВ ДВАПАТИ Е ПИШАНО НА СПОМЕН-ПЛОЧАТА ЗА ГЕМИЏИИТЕ ВО ВЕЛЕС, РЕАГИРААТ ОД СЕМЕЈСТВОТО „Во чест и спомен на Гемиџиите денес им оддаваме почит на храбрите велешани кои го дадоа животот за Македонија. За да ги помнат идните генерации, ја обновивме оваа спомен-плоча со нивните имиња“, кажа Колев. Ова е трета спомен-плоча, со имињата на Гемиџиите, поставена пред споменикот подигнат во нивна чест. Првата беше со букви од месинг кои често се крадеа. Таа беше поставена на откривањето на споменикот на Гемиџиите, дело на академскиот вајар Станко Павлевски август 2002 година. Досегашната мермерна спомен плоча беше поставена април 2011 година. На споменикот цвеќе положија и членови на семејствата на Јордан Поп Јорданов и Милан Арсов. Општина Велес секоја година оддава почит на Солунскитe атентатори, оти повеќето од нив се велешани – Јордан Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Милан Арсов, Георги Богданов, додека Павел Шатев е од Кратово , Марко Бошнаков од Охрид, Цветко Трајков од Ресен. Од нив Шатев, Бошнаков, Богданов и Милан Арсов кој имал само 19 години, ги преживеале атентатите. Од 28 април до 1 мај 1903 година со низа атентати изведени во Солун, група на млади, повеќето велешани сакале да го свртат вниманието на европската јавност за македонското прашање. Гемиџиите успеваат да ја извршат најголемата терористичка акција во Европа на нивното време. Во воздух бил дигнат бродот Гвадалкивир, Отоманската банка, Поштата, гасната централа за струја, на пругата Солун – Истанбул, театарот „Алхамбра“ … По реката Вардар беше пуштен венец во спомен на младите велешки Гемиџии. П. ПЕЧКОВ...
ОДБЕЛЕЖАНИ 23 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ ВЕЈЦE, НА ЧЕСТВУВАЊЕТО ВО БИТОЛА И ПОЛИТИЧАРИ КОИ СЕ НА ЛИСТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ
Сакам да кажам - пред 3 дена
„Политичките партии уште еднаш би ги повикал да ги намалат националните реторики бидејќи тоа не води никаде, 21 век сме, треба да се бориме со идеи и иновации за подобра живот на граѓаните во државата“, рече Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи кој денес во Битола положи цвеќе пред спомениците на бранителите загинати во конфликтот 2001 година. За претстојните избори, Бојмаџалиев рече дека МВР е спремно секој настан да го евидентира и санкционира со цел граѓаните да можат слободно и безбедно да гласаат, а одредените нерегуларности од првиот круг веќе се процесуирани до Обвинителството. За бранителите, како син на воено лице кое е во пензија, а учествувало во конфликтот во 2001 година, Бојмацалиев рече дека тие се великани кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации. Цвеќе на спомениците пред СВР и Ангелот во Битола, а по повод 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце, денес положија нивните семејства, претставници на министерства, здруженија, почитувачи. Забележливо беше и зголеменото присуство на претставници на политички партии кои се наоѓаат на кандидатските листи за пратеници на претстојните парламентарни избори. „Секоја година доаѓаме, до сега не сум забележал помало присуство иако сега имаше прилично, но според големината на градот треба уште повеќе почитувачи да има“, рече Владо Стојановски од здружението „Херои на Македонија 2001-2015 година“. Тој реагираше дека во јануари годинава на споменикот Ангел во Битола било поставено албанско знаме, што го оцени како вандалски чин и побара да се откријат сторителите. На денешен ден во конфликтот во 2001 година кај Вејце загинаа четворицата бранители од Битола Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
ОПЕРАЦИИ НА РАМО ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО ЖИВО БЕА ПРЕНЕСУВАНИ НА МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР КОЈ ВО СКОПЈЕ ГИ СОБРА НАЈЗВУЧНИТЕ ИМИЊА НА АРТРОСКОПСКАТА ХИРУРГИЈА ВО РЕГИОНОТ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје беше домаќин на меѓународен семинар за артроскопска хирургија кој ги собра најголемите имиња од оваа хирургија во регионот. „Скопје артро фест“ е прв интернационален семинар за артроскопска хирургија во Македонија со операции пренесувани во живо. Организатор на настанот е Артроскопската асоцијација на Македонија чиј претседател д-р Зоран Несторовски вели дека е голема чест што врвни експерти од регионот ја прифатија поканата да учествуваат со практична едукација во македонска државна болница со операции на рамен зглоб. Двете операции на рамо што од хирушките сали на ГОБ „8 Септември“, истовремено се пренесуваа на монитори во живо во хотелот „Александар Палас“ беа изведени со комбинирани медицински тимови од странските и нашите хирурзи. „На домашен терен покажавме дека не заостануваме ниту во стручноста, ниту во опременоста на салите за операција“, д-р Ненад Петков, дел од тимот што оперираше во „8 Септември“. (Фото: СДК.МК) „Голема чест е на едно место да собереш експерти за артроскопска хирургија како што се: професорот Никола Чичак – директор на најголемата приватна ортопедска болница во Хрватска ‘Акромион’ од Загреб, потоа др. Давид Мартинчич од Словенија, Кристос Кукос од Грција, Горан Вргоч од болницата ‘Свети дух’ од Загреб, професорот Срѓан Нинковиќ и колегата Новак Јовановиќ од Србија и многу други учесници експерти. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиција“, вели Зоран Несторовски, претседател на асоцијацијата. Дел од тимот што ги изведуваше операциите е д-р Ненад Петков, специјалист-ортопед во „8 Септември“. Тој вели дека со организацијата на овој семинар не само што помладите колеги имаа можност да учат од најпозантите имиња од ортопедската хирургија од регионот, туку „и ние покажавме дека не заостануваме ниту во стручноста, ниту во опременоста на салите за операција“. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ЗЛАТЕН ЧАСОВНИК ОД ТИТАНИК ПРОДАДЕН ЗА МИЛИОН ЕВРА НА АУКЦИЈА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Златен џебен часовник што го носел најбогатиот патник на Титаник беше продаден на аукција во Англија за еден милион евра, или шест пати повеќе од очекуваната цена. Часовникот му припаѓал на бизнисменот Џон Ејкоб Астор и се предвидуваше да биде продаден за 177 илјади евра кај аукционерот Ендрју Елдриџ. Претходно, најскапо продаден артефакт од Титаник беше виолина, исто така, продадена на аукција за еден милион евра, но со дополнителните давачки и даноци испадна нешто помалку од часовникот, кој по давачките и даноците, ќе го чини купувачот речиси 1,4 милиони евра. Бродот Титаник беше на пат од Саутемптон за Њујорк кога удри во санта мраз ноќта на 14 април 1912 година и потоа потона со над 1.500 жртви....
ВО ХРВАТСКА НЕМА НИЕДНО БЕЗДОМНО КУЧЕ ОТИ СЛЕДИ ЗАТВОР ЗА НАПУШТАЊЕ МИЛЕНИК, ТАКА ТРЕБА И КАЈ НАС, ВЕЛАТ ОХРИДСКИ АКТИВИСТКИ КОИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ВДОМИЛЕ 180 КУЧИЊА ВО СТРАНСТВО
Сакам да кажам - пред 3 дена
За нецели две години од спроведувањето на хуманиот третман на кучиња скитници во Охрид, сликата низ улиците е далеку подобра. Општината преку ЈП „Охридски комуналец“ успешно го спроведува проектот за заловување, кастрирање, чипирање и вакцинирање што го врши ветеринарна амбуланта избрана на тендер. Досега се третирани 183 кучиња. Низ градот можат да се видат мапирани неагресивни бездомни животни, но има и нетретирани оти, како што велат од Јавното претпријатие, кучиња се носат од други места. „Изминатите години се предвидуваше прифатилиште на локалитетот Мауцхер, но поради административни правни пречки не е возможно добивање дозвола од Агенција за храна и ветеринарство за отворање такво прифатилиште и затоа се објави тендер за хуман третман на кучињата кој подразбира ветеринарни услуги и хуман третман. Целта ни е да го решиме овој горлив проблем на охриѓани“, вели директорот на ЈП „Охридски комуналец“ Саше Најдески и додaва дека заедно со здруженијата и активистите кои се вклучени во процесот на мапирање на животните вдомиле над 30 кучиња. Од Општината велат дека ваквиот начин ќе продолжи до изградба на стационар со што трајно ќе се реши овој долгогодишен проблем. Бројот на уличните кучиња низ градот изминативе години постојано беше во пораст, а сè почести беа и нападите врз граѓаните. Годишно до ЈП „Охридски комуналец“ пристигнуваа околу 30 барања за надомест на штети од каснување на кучиња. Активистката Сузан Сулејман ја адаптирала нејзината куќакако мини-шелтер за кучиња. (Фото: СДК.МК) Граѓаните сега се задоволни, но велат дека за долгорочно решавање на проблемот потребно е изградба на згрижувалиште за бездомни животни. Со истиот став се и туристите кои најчесто ги хранат уличните животни. „За нас е несфатливо животните да се на улица без грижа. Секогаш кога шетаме земаме храна со нас за да ги нахраниме. Тие се само невини животинчиња кои се напуштени, оставени или фрлени на улица. Посакувам следното доаѓање во Охрид да ја нема оваа глетка“, вели турист кого го затекнавме како храни бездомно куче. Активистите од Охрид велат дека по улиците страдаат голем број животни, а секојдневно се носат и од други градови. Потребна е масовна стерилизација и кастрација, задолжително чипирање на домашните миленици и поголем број инспекциски контроли, но и казни за сопствениците кои од разни причини ги напуштаат милениците. Посакувам следното доаѓање во Охрид да ја нема оваа глетка, вели турист кого го затекнавме како храни бездомно куче. (Фото: СДК.МК) „Тие не се виновни што се нашле на улица. Тоа е глобален проблем што некогаш активистите не можат да го решат. Тоа е проблем што мора да се решава на повисоко ниво, на општинско, државно, за да се доближиме до другите држави каде овој проблем е решен. Најблиску ќе ја спомнам Хрватска каде нема бездомни животни по улиците. Да не зборуваме за Германија, Холандија, Англија… Не треба ништо да се измисли, доволно е да се ископира и да се примени кај нас”, вели активистката Маја Коваческа. Маја и Сузан Сулејман од Охрид изминативе две години самостојно успеале да вдомат околу 180 кучиња во странство, најголем дел од нив во Англија. „Сме зеле мајка што се породила кај нас, сме ги израснале бебињата па сме ги вдомиле и мајката и бебињата. Имаме и трета активистка, Александра, која работи со нас и ни помага. Сега со Комуналец почнавме со проектот за стерилизација и кастрација тоа ни олеснува, но од друга страна, знаете, кучиња со маркици ги трујат. Потребно е континуирано да се работи на подигнување на свеста кај населението, особено кај децата, потребна е едукација и кампањи за всадување љубов кон животните”, вели Сузан Сулејман, која нејзината куќа ја адаптирала како мини-шелтер за кучиња. Често и расните кучиња завршуваат на улица оти луѓето не се свесни при купување дека обврската е некаде 15 години, вели активистката Маја Коваческа. (Фото: СДК.МК) Маја и Сузан велат дека треба поголеми контроли оти има одгледувачници на кучиња кои не се регистрирани и не плаќаат данок на државата, а прават големи приходи од продажбата на кученцата. „Често и расните кучиња завршуваат на улица оти луѓето не се свесни при купување дека обврската е некаде 15 години. Оние поголемите за жал завршуваат во погрешни раце за борби“, кажуваат тие. Хрватските власти го сведоа на минимум бројот на напуштени животни низ улиците. Министерство за земјоделство на Хрватска со новиот закон од 2017 година предвиде забрана на убивање на напуштените животни и основање на најмалку едно „не убивај“ (no kill) засолниште на подрачјето на секоја единица на регионалната самоуправа, во кое има најмалку 50 места за животни, а сите единици на локалната самоуправа се обврзани да учествуваат во финансирање на основањето на работата на засолништето. Законот предвидува и контрола на популацијата на „несакани“ кучиња, како и подобар надзор над одгледувањето на кучиња. Од оваа година постои и затворска казна од 1 до 3 години за напуштање на миленик и за малтретирање на животни, а предвидени се и парични казни. Со овој закон Хрватска е една од високорангираните европски земји во грижата за животните. Проблемот со животните скитници во Македонија е присутен долги години и покрај тоа што има закон, но само на хартија. Повеќето Општини не прават сериозени чекори за негово решавање. Кичево е една од општините каде состојбата е загрижувачка. Граѓаните стравуваат за нивната безбедност оти бројот на кучиња по улиците постојано расте. Велат дека кучињата често се агресивни, најчесто во утринските и вечерните часови. „Овој проблем е наше секојдневие. Не можеш слободно да се движиш по улици. На работа ме носи сопругот или доколку тој не може викам такси. Никој не реагира, не презема ништо за да се реши ова. Цели глутници се по улиците, ни ти да поминиш ни дете да пуштиш само. Постојано има нови кучиња“, вели повозрасна жена која живее на периферијата на градот. Со истиот проблем се соочуваат и стружани. Таму Општината годишно издвојува 600.000 денари за хуман третман на животните, но пријавите за напад од куче скитник не се намалуваат, а граѓаните за отштетата ќе треба да причекаат оти ЈП „Комунално“ нема средства за исплата. „Мој став е дека Струга и Охрид треба да најдат заедничко решение со регионален стационар, со тоа што и двете Општини би партиципирале во неговата изградба и одржување. Менаџирањето со истото може да биде олеснето со барање меѓународни грантови и спонзорства така што, доколку се има добар план и визија, не е недостижно и неостварливо“, вели граѓанскиот активист Никола Кукунеш. Според статистиката на СВР Охрид, Кичево е рекордер според бројот на регистрирани напади од улични кучиња. Само во 2022 имало 258 пријави од нападнати граѓани. Исто толку имало и минатата година, а за само три месеци од годинава напад од куче пријавиле 64 лица. На територијата на Општина Струга од 2021 досега има регистрирано 86 пријави додека во Охрид има вкупно 62 нападнати граѓани. С. ВРЕНЦОВСКА...
СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД СТРУМИЦА, ШТИП И ПРИЛЕП ГИ ТРГНАА ЗАБРАНИТЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДА НОСАТ МИНИЧИ, ДОЛГИ НОКТИ, МАИЦИ НА ПРЕРАМКИ, БЕРМУДИ, БРАДИ И ПИРСЕВИ, ОТКАКО БЕШЕ УТВРДЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Кодексите за облекување и за надворешен изглед на учениците во трите школи: во Струмица, Прилеп и во Штип, кои беа истакнати како закана дека оние што носат, скинати фармерки, мини сукњи, кратки панталони, хеланки, пирсеви или се машки и имаат долга коса, нема да влезат на настава, се тргнати од таблите за куќен ред на училиштата. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која по претставки од родители и од ученици поведе постапка и донесе мислење дека се врши дискриминација врз учениците, бидејќи основното и средното образование се задолжителни за секое дете, ги пофали овие училишта. Во кварталниот извештај за работата на Комисијата, стои дека овие три школи постапиле по препораките и во законски рок ги тргнале закачените куќни редови и кодекси за облекување и однесување на учениците. СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОД ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И ШТИП ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА УЧЕНИЦИ ДА ВЛЕЗАТ НА ЧАСОВИ СО КРАТКИ СУКЊИ, СКИНАТИ ФАРМЕРКИ, ПИРСЕВИ ИЛИ БРАДА, УТВРДЕНА ДИСКРИМИНАЦИЈА Во тие „правилници“ беа забранети и големи нокти, маици на прерамки, бермуди, шорцеви, кратки маици, тренерки, итн. Дополнително, овие правила пропишуваа дека дозволена должина на сукњите е само до колена или под колена, а панталоните мора да бидат исклучиво долги. Воедно, овие правила пропишуваа и дека секој ученик треба да внимава на својата фризура за време на наставата. Женските треба да имаат уредна и прибрана коса, машките не смеат да имаат долга коса, репче или брада. Како мерка за непочитување овие училишта имаа предвидено казна – на учениците кои нема да изгледаат како описот на Куќниот ред и на Кодексот, нема да им биде дозволен пристап до училиштето, односно нема да бидат примени на настава. Сепак оваа тема остана дискутабилна, бидејќи многу родители, наставници и професори уште сметаат дека на учениците им требале такви забрани, зашто „кај и да е, со пижами и влечки ќе тргнат на школа“. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го донесе мислењето за средните училишта: „Мирче Ацев“ од Прилеп, „Јане Сандански“ од Штип и „Јане Сандански“ од Струмица, за кои сметаше дека вршеле повеќекратна индиректна дискриминација врз учениците, преку усвоени правила за надворешниот изглед на учениците. Смета дека не само што го прекршиле Законот за основно и средно образование, според кој образованието на децата е задолжително, под еднакви услови и без дискриминација, туку со забраната за пристап на „несоодветните“ ученици, го повредиле и член 44 од Уставот. Комисијата против дискриминација, ги упатува овие училишта на нивното законско „оружје“ за справување со неетички моменти од страна на учениците, а тоа е членот 57 од Законот за основно и средно образование, кој прецизно ги уредува педагошките мерки поради повреда и неисполнување на обврските на ученикот, како и постапката за нивно изрекување. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ПОРТУГАЛИЈА ГИ ОТФРЛИ СУГЕСТИИТЕ ДЕКА ТРЕБА ДА ПЛАЌА РЕПАРАЦИИ ЗА РОПСТВОТО ВО НЕЈЗИНИТЕ ПОРАНЕШНИ КОЛОНИИ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Португалската влада вели дека нема да почне каков било процес за плаќање репарации за злоделата направени за време на трансатланското ропство и колонијалната ера, спротивно на претходните коментари на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса. Од 15. до 19. век, 6 милиони африканци беа киднапирани и присилно транспортирани преку Атлантскиот океан со португалски бродови и продадени во ропство, најмногу во Бразил. Ребело де Соуса претходно во саботата кажа дека Португалија би можела да искористи неколку методи за плаќање репарации, вклучувајќи откажување на долгот на поранешните колонии и обезбедување финансии. Во соопштение, португалската влада кажа дека „сака да ги продлабочи заемните односи, почитта за историската вистина и растечката интензивна и блиска соработка, базирана на помирување на братски народи“. Но, понатаму во соопштението се вели дека „нема процес, ниту програма или конкретни дела“ за плаќање репарации. Португалската колонијална ера траеше над пет века, а под португалска власт беа Ангола, Мозамбик, Бразил, Сао Томе и Принципе, Источен Тимор и други територии во Азија....
БЕЗ ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ ЌЕ ПАДНЕМЕ ВО ИНФОРМАТИВНА ТЕМНИЦА – ПОРАКА ОД 60. РОДЕНДЕН НА НАЈСТАРОТО ЛОКАЛНО ГЛАСИЛО ВО МАКЕДОНИЈА „БИТОЛСКИ ВЕСНИК“
Сакам да кажам - пред 3 дена
Под мотото „Традицијата зборува за нас“ во Офицерскиот дом во Битола, најстариот локален медиум во земјава „Битолски весник“ прослави 60 години постоење. На свечената академија весникот беше спореден со пирејот зашто шест децении опстои на ветрометини, трчајќи по вистината, правдата и јавниот интерес, а притоа испишувајќи ја историјата на Битола. Првиот број беше издаден на 29 април 1964 година, под водство на првиот главен и одговорен уредник Владо Ласковски. На неговите страници написи објавувале врвни македонски новинари како Тоде Петревски, Томе Груевски, Димитар Димитровски-Такец, Христо Невеновски, Димче Миновски, Никола Тлевски, Кирил Добрушевски, Панде Манојлов, Пеце Стефановски, Марјан Танушевски и голем број на други професионалци и соработници. „Ако ги немаме локалните медиуми, ќе паднеме во информативна темница. Новинарството во Битола е на смртна постела. Најмладиот новинар во Битола има 41 години, а порано ние почнувавме да пишуваме на 15 години. Никој не сака да пишува, во новинарството има залутани луѓе, кои не го сакаат, но мислат дека со тоа што ќе купат апарат можат да бидат новинари. Нас ни треба новинарство, медиуми во кои има кодекс и правила во пишувањето“, рече Менде Младеновски, главен и одговорен уредник на весникот кој во него почнал да пишува од 1971 година, кога бил прва години во гимназија. „Битолски весник“ на своите соработници и поддржувачи им додели плакети. Меѓу нив и на уредникот на порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, Горан Михајловски, за успеси постигнати од областа на новинарството. Во отсуство на Лирим Дулови, тој ја подигна и плакетата за Асоцијацијата на печатени медиуми на Македонија. „Иако не сум веќе во печатен медиум, многу добро знам што значи да се прави весник и колку е тешко да се одржи печатен медиум. Во Македонија е многу тешко да се пофали некој дека опстоил 60 години, постари весници се само ‘Нова Македонија’ и ‘Вечер’. Да не излезе дека сум тука само по матичната книга на родени зашто сум роден во Битола и многу ми е драга, секогаш кога професионално настапувам се трудам да има посебно, привилегирано место во медиумите кои сум ги водел за битолското дописништво“, рече Михајловски. Во чест на јубилејот беше изведена и химна на „Битолски весник“ по текст на Валентин Соклевски, музика на Николче Мицевски, а интерпретатори се Сефејдин Бајрамов, Ирена Митревска, Тина Мицевска, Христијан Доневски и Трифун Костовски. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
МОНА ЛИЗА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕМЕСТЕНА ВО СОПСТВЕНА СОБА ВО ЛУВР
Сакам да кажам - пред 3 дена
Мона Лиза, најпознатиот портрет на светот, може да добие посебна соба во парискиот музеј Лувр, кажа претседателот на музејот Лоран де Кар. Таквиот потег би овозможил поубаво искуство за посетителите, многу од кои доаѓаат во Лувр само за да ја видат Мона Лиза, според претседателот на музејот. Лувр, најпопуларниот музеј во светот, имаше речиси 9 милиони посетители во 2023 година. Де Кар вели дека 80 отсто од нив, што е околу 20.000 луѓе дневно, ја виделе Мона Лиза, често правејќи селфија пред сликата на Леонардо да Винчи. Мона Лиза е закачена во најголемата соба во музејот, но таму има и други слики. Во јануари, Мона Лиза беше нападната од климатски активисти, кои фрлија супа врз ремек делото. Сликата е покриена со стакло отпорно на куршуми и помина без штета....
ТУРИСТ КАЗНЕТ СО НАД ИЛЈАДА ДОЛАРИ ЗАШТО СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДО МОРЖ ВО НОРВЕШКА
Сакам да кажам - пред 4 дена
Турист кој го посетил норвешкиот арктички архипелаг Свалбарг е казнет со 1.100 долари затоа што се доближил преблиску до морж. Граѓани го пријавиле туристот кај локалните власти откако го виделе како му се приближува на животното. Во Свалбард е забрането да се приближува до животните на каков било начин кој може да ги вознемири. Моржовите се заштитени во Свалбард од 1952 година кога стана јасно дека има останато само неколку стотини поради лов. Популацијата на моржови расте оттогаш, но видот останува на црвената листа. Од следната година, норвешката влада воведува забрана за приближување до моржовите на помалку од 150 метри, поради грижи за влијанието на туризмот и климатските промени....
ПЕНТАГОН БРЗА ДА ИСПОРАЧА „ПАТРИОТ“ РАКЕТИ ВО УКРАИНА, КАКО ДЕЛ ОД ПАКЕТОТ ВОЕНА ПОМОШ ВРЕДЕН 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ
Сакам да кажам - пред 4 дена
Пентагон вели дека брзо ќе испорача „Патриот“ противвоздушни ракети и артилериска муниција во Украина, како дел од новиот пакет воена помош. Сепак, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин кажа дека нема да бидат испорачани нови системи „Патриот“ за лансирање на ракетите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно кажа дека итно се потребни „Патриоти“ за да може земјата да се справи со руските воздушни напади. Остин, на прес-конференција во петокот, кажа дека САД го подготвува најголемиот пакет воена помош за Украина досега и ќе направи сè помошта веднаш да тргне. САД ќе искористи 6 милијарди долари за оваа намена, кажа тој. Шесте милијарди се дел од пакетот за помош на Украина вреден 60 милијарди долари, одобрен од Конгресот и Сенатот....
ДРАМСКИ ТЕАТАР ЌЕ ДОДЕЛУВА НАГРАДА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“ ЗА НАЈДОБАР ТЕКСТ ОД МЛАД АВТОР
Сакам да кажам - пред 4 дена
Драмски театар од Скопје, денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст, Од Драмски велат дека текстот ќе се избира преку јавен конкурс, а дополнително ќе информираат кога ќе биде објавен. „Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на Драмски за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо. Стефановски како млад драмски автор со драмските дела ‘Јане Задрогаз’ и ‘Диво месо’ во соработка со Драмски постигна успеси за паметење”, велат од Драмски. Драмски ќе учествува и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Горан Стефановски почина пред пет години на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар Маало“ и други и беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“....
И ПОКРАЈ ЗГОЛЕМЕНИОТ ИНТЕРЕС ПОРАДИ ЕПИДЕМИЈАТА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА, ОПФАТОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ВО ВЕЛЕШКО ОПАДНА БИДЕЈЌИ БОЛНИТЕ ДЕЦА НЕ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ
Сакам да кажам - пред 4 дена
Ако Велес со околните општини, Градско и Чашка беше со висок опфат на вакцинирани деца, бројката последните години е во опаѓање. Така, лани таа беше 80 отсто во претшколска возраст, 70 во градот и 90 во селата, додека во школска возраст опфатот е висок, 95 отсто. Поради епидемија на голема кашлица во некои општини зимава, имаше зголемена вакцинална кампања, во Велес иако имаше зголемен интерес и зголемен број вакцинирани деца, опфатот се намали. „Изминатиот период вакциниравме голем број деца, кои заостануваа посебно со ревакцина. Тоа беа деца над двегодишна возраст, имаше случаи и на деца од пет и шест години, кои ќе тргнуваат на училиште а не беа вакцинирани со потребните вакцини. Иако вакциниравме голем број деца, процентот не се покачи, дури е и понизок од ланскиот.За трета доза опфатот е 83% а за прва ревакцина 78%. Тоа е така со години, во првото тромесечие, бидејќи во овој период се бележат голем број настинки температури, респираторни инфекции, поради што децата не можат да примат вакцина. Затоа тие кои не биле вакцинирани во зимските месеци, се вакцинираат пролетва, кога ги примат потребните дози, па процентот во јули ќе скокне“, кажа д-р Марина Тодоровска од службата за превентива на деца од претшколска возраст при ЈЗУ Здравствен дом. Во Велес во март беа откриени два случаи на голема кашлица, кај пациенти на 6 и 32-годишна возраст, кои останаа како изолирани и бројката на заразени лица не се покачи „Во градинките се згрижуваат деца, кои скоро сите се вакцинирани. По проверката на нивните вакцинални картони, тие што не беа вакцинирани, се додека не ја примија, на се згрижуваа во градинка. Тоа е место за групен престој и голем ризик за пренос на инфекции“, вели д-р Тодорoвска. Оваа седмица во тек е Европската недела на имунизација, во кој е вклучен и Здравствениот дом од Велес. Од 24 април до 1 мај се работи на неколку активности, едукација на населението, вакцинација на деца кои не се вакцинирани, посета на реони во градот каде постојат индиции дека има деца кои не се имунизирани. „Се работи на теренска вакцинација на деца од школска и претшколска возраст, со регуларни дози на вакцинација, деца со пропуштени дози, како и пронаоѓање на досега невакцинирани неевидентирани деца. Во текот на посетите на селата од околината на градот, но и неколку реони од Велес, каде има Ромска популација, вакцинирани се повеќе дечиња. Пронајдовме една повеќедетна фамилија која во Велес се доселила од друго место, и децата воопшто досега не биле вакцинирани. Започнавме да ги вакцинираме по ‘кеч ап’ вакцинација, вакцинација на пропуштени дози“, вели д-р Тодоровска П. ПЕЧКОВ...
АРНЕ СЛОТ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЈИРГЕН КЛОП ОТКАКО ЛИВЕРПУЛ СЕ ДОГОВОРИ СО ФЕЕНОРД ЗА ОТШТЕТАТА
Сакам да кажам - пред 4 дена
Арне Слот ќе стане нов тренер на Ливерпул, откако англискиот фудбалски клуб ги договори условите за неговиот трансфер од Феенорд. Ливерпул и Феенорд преговараа околу компензацијата неделава и двете страни постигнаа вербален договор холандскиот клуб да добие 9 милиони евра за да го ослободи тренерот кој има уште две години од договорот. Холанѓанецот Слот јавно кажа дека сака да го замени Јирген Клоп пред натпреварот со Го Ахед Иглс во четвртокот. Во јануари, Јирген Клоп ги изненади Ливерпул и фудбалскиот свет со објавата дека ќе ја напушти клупата на „црвените“ на крајот на сезоната. Педесет и шестгодишниот германски стручњак изјави дека почнал да губи енергија....
ПОПЛАВЕНА ТОКСИКОЛОГИЈА ОД ПУКНАТА ЦЕВКА ОД ПАРНО, КЛИНИКАТА НЕ Е ОСИГУРАНА
Сакам да кажам - пред 4 дена
На Клиниката за токсикологија ноќеска во 1 часот биле поплавени скоро сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната сѐ до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории, изјави медицинскиот директор на Клиниката, д-р Данил Петровски за САКАМДАКАЖАМ.МК. Штетата дополнително ќе се утврдува, рече тој. „Пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните 40-тина минути. При што, повикано е лице од Клиниката кое помогнало да се сопре водата од главните вентили“, вели Петровски. На 21 април, вработени од Клиниката преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи, а кажаа и дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори, и оттогаш се случува дезорганизација, а не организација. „Поточно, од нејзиното назначување за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, стоеше во писмото. Штетата дополнително ќе се утврдува, вели Петровски. (Фото: К. Попов) Д-р Петровски и понатаму ја извршува функцијата, иако министерот за здравство Илир Демири на 22 април најави дека ќе го разреши, а за Иљази кажа дека не утврдил прекршок. На 22 април, доктори со долгодишно искуство од Клиниката на прес-конференција реагираа дека економската директорка Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно бутка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа. Демири после прес-конференциите на докторите од Токсикологија и на Иљази, рече дека пред три недели бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано, 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа. „Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите. За економската директорка Бесија Иљази немам сознанија за прекршок“, рече министерот Демири. Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновски ни рече дека извршиле вонреден инспекциски надзор по добиена анонимна претставка од група на вработени на Токсикологија, поднесена поради незадоволство од работењето на клиниката во врска со статусот на здравствените работници и соработници, односно бесправно вклучување во работниот процес на вкупно 11 здравствени работници и соработници без никаков договор за вработување после 31.12.2023 и тоа 5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози. „Лицата со истечен договор на дело, по насоки на организацискиот директор, сѐ уште доаѓаат на работа во работна облека, но не им се даваат работни задачи од 01.04.2024. По насока од медицинскиот директор, вработените со истечен договор не се ставени на распоред за работа по оддел од 01.04.2024 и кажано им е дека се ослободени од обврски“, вели Младеновска. Согласно извршениот вонреден инспекциски надзор, ДСЗИ донесе решение во кое се наведени 4 точки: здравствени услуги на клиниката да се укажуваат од страна на здравствени работници и здравствени соработници со важечки договори за вработување согласно закон, здравствени услуги на клиниката да се укажуваат од страна на здравствени работници со образование согласно закон, медицинскиот и организацискиот директор на клиниката да ги извршуваат непречено своите должности од самостојна и особено заедничка надлежност согласно закон. Управниот одбор на клиниката да одлучува во временски рокови согласно закон при непотпишување на акти од еден од двајцата директори кои се од заедничка надлежност на директорите. ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА ПЕТРОВСКИ УШТЕ НЕ ДОБИЛ РЕШЕНИЕ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ, ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСПЕКТОРИ УТВРДИЈА ДЕКА 11 ЛИЦА БЕСПРАВНО РАБОТЕЛЕ 4 МЕСЕЦИ Б. НЕСТОРОСКА...
ВО ХРВАТСКА НЕМА НИЕДНО БЕЗДОМНО КУЧЕ ОТИ СЛЕДИ ЗАТВОР ЗА НАПУШТАЊЕ МИЛЕНИК, ТАКА ТРЕБА И КАЈ НАС, ВЕЛАТ ОХРИДСКИ АКТИВИСТКИ КОИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ВДОМИЛЕ 180 КУЧИЊА ВО СТРАНСТВО
Сакам да кажам - пред 4 дена
За нецели две години од спроведувањето на хуманиот третман на кучиња скитници во Охрид, сликата низ улиците е далеку подобра. Општината преку ЈП „Охридски комуналец“ успешно го спроведува проектот за заловување, кастрирање, чипирање и вакцинирање што го врши ветеринарна амбуланта избрана на тендер. Досега се третирани 183 кучиња. Низ градот можат да се видат мапирани неагресивни бездомни животни, но има и нетретирани оти, како што велат од Јавното претпријатие, кучиња се носат од други места. „Изминатите години се предвидуваше прифатилиште на локалитетот Мауцхер, но поради административни правни пречки не е возможно добивање дозвола од Агенција за храна и ветеринарство за отворање такво прифатилиште и затоа се објави тендер за хуман третман на кучињата кој подразбира ветеринарни услуги и хуман третман. Целта ни е да го решиме овој горлив проблем на охриѓани“, вели директорот на ЈП „Охридски комуналец“ Саше Најдески и додaва дека заедно со здруженијата и активистите кои се вклучени во процесот на мапирање на животните вдомиле над 30 кучиња. Од Општината велат дека ваквиот начин ќе продолжи до изградба на стационар со што трајно ќе се реши овој долгогодишен проблем. Бројот на уличните кучиња низ градот изминативе години постојано беше во пораст, а сè почести беа и нападите врз граѓаните. Годишно до ЈП „Охридски комуналец“ пристигнуваа околу 30 барања за надомест на штети од каснување на кучиња. Активистката Сузан Сулејман ја адаптирала нејзината куќакако мини-шелтер за кучиња. (Фото: СДК.МК) Граѓаните сега се задоволни, но велат дека за долгорочно решавање на проблемот потребно е изградба на згрижувалиште за бездомни животни. Со истиот став се и туристите кои најчесто ги хранат уличните животни. „За нас е несфатливо животните да се на улица без грижа. Секогаш кога шетаме земаме храна со нас за да ги нахраниме. Тие се само невини животинчиња кои се напуштени, оставени или фрлени на улица. Посакувам следното доаѓање во Охрид да ја нема оваа глетка“, вели турист кого го затекнавме како храни бездомно куче. Активистите од Охрид велат дека по улиците страдаат голем број животни, а секојдневно се носат и од други градови. Потребна е масовна стерилизација и кастрација, задолжително чипирање на домашните миленици и поголем број инспекциски контроли, но и казни за сопствениците кои од разни причини ги напуштаат милениците. Посакувам следното доаѓање во Охрид да ја нема оваа глетка, вели турист кого го затекнавме како храни бездомно куче. (Фото: СДК.МК) „Тие не се виновни што се нашле на улица. Тоа е глобален проблем што некогаш активистите не можат да го решат. Тоа е проблем што мора да се решава на повисоко ниво, на општинско, државно, за да се доближиме до другите држави каде овој проблем е решен. Најблиску ќе ја спомнам Хрватска каде нема бездомни животни по улиците. Да не зборуваме за Германија, Холандија, Англија… Не треба ништо да се измисли, доволно е да се ископира и да се примени кај нас”, вели активистката Маја Коваческа. Маја и Сузан Сулејман од Охрид изминативе две години самостојно успеале да вдомат околу 180 кучиња во странство, најголем дел од нив во Англија. „Сме зеле мајка што се породила кај нас, сме ги израснале бебињата па сме ги вдомиле и мајката и бебињата. Имаме и трета активистка, Александра, која работи со нас и ни помага. Сега со Комуналец почнавме со проектот за стерилизација и кастрација тоа ни олеснува, но од друга страна, знаете, кучиња со маркици ги трујат. Потребно е континуирано да се работи на подигнување на свеста кај населението, особено кај децата, потребна е едукација и кампањи за всадување љубов кон животните”, вели Сузан Сулејман, која нејзината куќа ја адаптирала како мини-шелтер за кучиња. Често и расните кучиња завршуваат на улица оти луѓето не се свесни при купување дека обврската е некаде 15 години, вели активистката Маја Коваческа. (Фото: СДК.МК) Маја и Сузан велат дека треба поголеми контроли оти има одгледувачници на кучиња кои не се регистрирани и не плаќаат данок на државата, а прават големи приходи од продажбата на кученцата. „Често и расните кучиња завршуваат на улица оти луѓето не се свесни при купување дека обврската е некаде 15 години. Оние поголемите за жал завршуваат во погрешни раце за борби“, кажуваат тие. Хрватските власти го сведоа на минимум бројот на напуштени животни низ улиците. Министерство за земјоделство на Хрватска со новиот закон од 2017 година предвиде забрана на убивање на напуштените животни и основање на најмалку едно „не убивај“ (no kill) засолниште на подрачјето на секоја единица на регионалната самоуправа, во кое има најмалку 50 места за животни, а сите единици на локалната самоуправа се обврзани да учествуваат во финансирање на основањето на работата на засолништето. Законот предвидува и контрола на популацијата на „несакани“ кучиња, како и подобар надзор над одгледувањето на кучиња. Од оваа година постои и затворска казна од 1 до 3 години за напуштање на миленик и за малтретирање на животни, а предвидени се и парични казни. Со овој закон Хрватска е една од високорангираните европски земји во грижата за животните. Проблемот со животните скитници во Македонија е присутен долги години и покрај тоа што има закон, но само на хартија. Повеќето Општини не прават сериозени чекори за негово решавање. Кичево е една од општините каде состојбата е загрижувачка. Граѓаните стравуваат за нивната безбедност оти бројот на кучиња по улиците постојано расте. Велат дека кучињата често се агресивни, најчесто во утринските и вечерните часови. „Овој проблем е наше секојдневие. Не можеш слободно да се движиш по улици. На работа ме носи сопругот или доколку тој не може викам такси. Никој не реагира, не презема ништо за да се реши ова. Цели глутници се по улиците, ни ти да поминиш ни дете да пуштиш само. Постојано има нови кучиња“, вели повозрасна жена која живее на периферијата на градот. Со истиот проблем се соочуваат и стружани. Таму Општината годишно издвојува 600.000 денари за хуман третман на животните, но пријавите за напад од куче скитник не се намалуваат, а граѓаните за отштетата ќе треба да причекаат оти ЈП „Комунално“ нема средства за исплата. „Мој став е дека Струга и Охрид треба да најдат заедничко решение со регионален стационар, со тоа што и двете Општини би партиципирале во неговата изградба и одржување. Менаџирањето со истото може да биде олеснето со барање меѓународни грантови и спонзорства така што, доколку се има добар план и визија, не е недостижно и неостварливо“, вели граѓанскиот активист Никола Кукунеш. Според статистиката на СВР Охрид, Кичево е рекордер според бројот на регистрирани напади од улични кучиња. Само во 2022 имало 258 пријави од нападнати граѓани. Исто толку имало и минатата година, а за само три месеци од годинава напад од куче пријавиле 64 лица. На територијата на Општина Струга од 2021 досега има регистрирано 86 пријави додека во Охрид има вкупно 62 нападнати граѓани. С. ВРЕНЦОВСКА...
КРАЛОТ ЧАРЛС ИМ СЕ ВРАЌА НА ЈАВНИТЕ ОБВРСКИ, ЛЕКУВАЊЕТО ОД РАК ДАВА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ
Сакам да кажам - пред 4 дена
Британскиот крал Чарлс ќе им се врати на своите јавни задолженија следната недела откако лекувањето од рак покажало охрабрувачки резултати, објави Бакингамската палата. Тој нема целосно да продолжи со своите официјални обврски како крал, но палатата на овој начин испраќа позитивни сигнали. Во вторник, тој симболично ќе посети центар за лекување на рак, а за летово е планирана и државна посета, при што ќе им биде домаќин на јапонските цар и царица. „Кралот е многу охрабрен со тоа што се враќа на јавни настани“, соопшти Бакингамската палата, додавајќи дека Чарлс продолжува со лекувањето, за што засега нема краен термин. „Прерано е да се каже уште колку ќе трае лекувањето“, рекоа од кралското семејство. Чарлс во февруари објави дека има рак, без да се наведе каков и дека веќе почнал со лекувањето....
О, ДУШО МОЈА
Сакам да кажам - пред 4 дена
1 По катастрофалниот резултат на СДСМ во првиот круг на претседателските избори, каде што разликата меѓу Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски е 180.000 гласови, најдобро е СДСМ овие десетина дена до вториот круг и до парламентарните избори да прекине со муабетите за Европската унија. Оти, од муабети очигледно нема фајде. Требало да се фати работа… Што и да кажат за ЕУ е бесмислено и не ѝ помага на европската идеја. Дури ни предупредувањата на Димитар Ковачевски дека ако победи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде загрозена европската перспектива. Тоа што секој ден по сто пати ја споменуваат ЕУ не ги прави повеќе Европејци од оние што на овие избори не им дадоа глас. Не може европската перспектива што ни ја нуди СДСМ да се сведе само на внесување на Бугарите во Уставот. Кој ги спречуваше да спроведуваат европска практика на владеење и работа и без почнати преговори со ЕУ? Колку работи можеа да направат и без поддршка на ЕУ? Колку работи не смееја да направат и без почнати преговори со ЕУ? Тие барем знаат како функционира ЕУ. Шетани се. Секој ден се сликаат во Брисел. Ама, вака им беше најлесно. Ќе им ветиме на странците дека ќе смениме Устав и ќе ги решиме сите проблеми. ЕУ ќе ја заврши работата за нас. САД нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. А ние ќе си седиме по кафеани, кај другарчињата што го узурпираа јавниот простор со нелегалните тераси за пушење, и ќе се жалиме на глупавите граѓани што не сфаќаат геополитика, политичките противници ќе ги обвиниме дека се проруски антиевропејци, а тие што нѐ критикуваат ќе ги плашиме дека ќе им се врати ВМРО. Е па, не било баш така едноставно. 2 Македонците можеби и ќе ѝ го простеа на власта тој несреќен француски предлог што го прифати без да биде сигурна дека ќе го реализира, ако практикуваше европски вредности и европски начин на работа дома. Да беа успешни и чесно да владееја можеби ќе проголтавме и уште едно менување на Устав. Еве, да речеме и да не успеаја сосема да ја сузбијат корупцијата, ќе имавме разбирање. Ама, барем тие не мораше да бидат корумпирани. Требаше само да ги почитуваат законите, од кои голем број веќе ни се усогласени со европското законодавство. Да имаше малку повеќе ред во државните институции и да не царуваше неказнивоста, или селективната правда, прашањето дали една или друга етничка група од 3-4.000 луѓе ќе се споменат во Преамбулата на Уставот ќе беше маргинално. Ама, за кого збориме? Платите си ги зголемија за 70 отсто на помалку од година дена пред избори. Ги амнестираа криминалците. Си обезбедија и тие да бидат амнестирани во иднина, ако ги фатат дека краделе. И сето тоа го правеа во име на ЕУ со носење закони во Собранието по брза постапка, со европско знаменце. Во меѓувреме, пропаѓаат судски процеси за висока корупција и криминал, распродажбата на државното земјиште не прекинува, урбаниот хаос не само што не го средуваат, туку го прават уште поголем, местат тендери, вработуваат по партиска заслуга… И сега, што правиме? Е сега, проблем била европската перспектива. Не помага ни поезијата на Бојан Маричиќ: „Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа“. О, душо моја, црвена. Истрошија и европска идеја и вредности со глупостите што ги повторуваат божем во име на ЕУ. И – „ја примивме пораката, не се откажуваме од иднината“. Па од иднината не можеш да се откажеш. Иднината секако ќе дојде. Со тебе или без тебе. Прашање е само дали ќе биде добра или лоша, тука евентуално може да интервенираш. Ни нудат европска иднина, без ништо да сторат за европската сегашност. 3 Така што, Христијан Мицкоски може да намали со чаламот дека „цунамито се крена и на 8 мај ќе ги потопи целосно“. Барем во првиот круг од претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ горе-долу ги доби гласовите што редовно си ги добива. Не е ВМРО-ДПМНЕ толку заслужно за резултатите од овие избори, колку што е тоа заслуга на СДСМ. Не е цунами. Но, вистина е потоп на СДСМ, оти досега не им се случило да освојат помалку од 200.000 гласа. Ама, тој потоп не е предизвикан од цунамито на ВМРО-ДПМНЕ, туку од одлевањето на гласови од СДСМ. Тече на сите страни. Вечерта по првиот круг од претседателските избори, Мицкоски им се заблагодари на тие што гласаа за Сиљановска-Давкова, ги повика да гласаат тие што не гласале за никого, ама им се обрати и на „оние кои излегоа и гласаа за власта, сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој“. Сакам да верувам дека споменувањето на зборот „освета“ му се откачи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како последица на фројдовска грешка, што му излезе од потсвеста од 11-годишното црно време на владеењето на МВРО-ВМРО кога знаеја кој како гласал, инаку „пиштење, вриштење ќе има“. Навистина утешно за тие што гласале за Стево Пендаровски и за тие што ќе гласаат за власта на 8 мај. 4 И – како цреша на шлагот на тортата, за свечено одбележување на светлата европска перспектива се појави Али Ахмети на централниот митинг на Европскиот фронт на ДУИ за нивниот кандидат за претседател на државата Бујар Османи на Плоштадот Македонија во Скопје да извикува од говорница: „УЧК, УЧК“, а илјадници мажи во толпата да му скандираат, без ниту едно државно знаме, веејќи само албански знамиња и чат-пат по некое американско. Навистина, нема откажување од иднината. АУДИО ПОДКАСТ Sakam Da Kazam · О, ДУШО МОЈА (O, DUSO MOJA) – 26 04 2024 Добивајте ја колумната директно во Вашето сандаче Внесете ја Вашата е-маил адреса... * Се согласувам со политиката на приватност Внесете валидна е-маил адресаЕмаил адресата е веќе регистрирана!The security code entered was incorrectЛинкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса......
НЕ МОЖЕ ЦЕНАТА НА АВТО ОСИГУРУВАЊЕТО ДА ОСТАНЕ КАКО ПРЕД 15 ГОДИНИ ОТКАКО ПОСКАПЕА АВТОМОБИЛИТЕ, РЕЗЕРВНИТЕ ДЕЛОВИ И РЕОСИГУРУВАЊЕТО, ВЕЛАТ ОД НАЦИОНАЛНОТО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Сакам да кажам - пред 4 дена
Националното биро за осигурување (НБО) вели дека поскапувањето на цената на полисата за задолжителното авто осигурување за 15 отсто се должи на актуелните пазарни услови, или поконкретно: континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Истовремено, велат од НБО, цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во Македонија која не претрпела зголемување на цена, додавајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Македонија е најниска во регионот. Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска во реакција својата официјална Фејсбук страница ја осуди едностраната одлука на осигурителните компании за зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила и рече дека тарифникот со тие зголемувања двапати е доставен до Владата и двапати не е одобрен на владина седница. ДЛАБОКАТА ДРЖАВА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОЛИ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ ПОСКАПЕ ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА ЗА 15 ОТСТО Од НБО велат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат оттаму, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. „Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена“, велат од НБО. Од НБО сметаат дека претходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса. „Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, велат од НБО. Во Националното биро за осигурување членуваат единаесет осигурителни друштва....
СУДСКИОТ СОВЕТ ЈАВНО ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ОЦЕНКИТЕ И СПОСОБНОСТИТЕ НА СУДИИТЕ КОИ САКААТ ДА БИДАТ УНАПРЕДЕНИ, ЌЕ БИДЕ ЈАВНО И КОЈ ЧЛЕН НА СОВЕТОТ ЗА КОГО ГЛАСАЛ
Сакам да кажам - пред 5 дена
Препораките на оценската мисија од ЕУ која дојде во Судскиот совет по пучот врз претседателката Весна Дамева, почнаа да се спроведуваат. Како што кажа Дамева на денешниот брифинг со новинарите, се менува деловникот во мај, за да не се чуваат веќе по фиоки предмети за судиска одговорност. Рече дека за жал, има и такви постапки кои траат и по 2 години, зашто одредени членови тие предмети не ги вадат од шкаф. „Јавноста ќе знае кај кој член дошол предмет, кога дошол, колку останал кај него. Ова е и се види ажурноста на секој член на Судскиот овет”, кажа таа. Натаму, по новата методологија, за дополнителна работа на судиите ќе се даваат дополнителни бодови, а тоа што се делегираат судии во судови во други градови, отсега нема да биде казна, туку ќе се наградува. „Бодовите на судиите што се кандидирале за унапредување, ќе се објават јавно на веб-страната како ранг- листа пред седницата за избор и унапредување. Јавност сама ќе цени зошто некој член прескокнал повисокорангиран кандидат, па гласал на пример за 13. на листата. Ќе треба да објасни и зошто не гласал за високорангиран судија, а јавноста ќе цени дали причините се оправдани, или тоа членот на Судскиот совет го направил поради политички или поради бизнис врски, блискост со судијата, од одмазда што не прошол некој негов кандидат и слично”, рече Дамева. Ќе се скратуваат роковите за постапување по претставките, роковите за избор или унапредување на судии, за разрешување на судии, кои знаат да траат до бескрај. Отсега, дополни Дамева, кој член на Советот како гласал, ЗА или ПРОТИВ, ќе си се прочита на монитор, од каде ќе читаат, гледаат и новинарите, како и граѓаните. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ДЛАБОКАТА ДРЖАВА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОЛИ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ
Сакам да кажам - пред 5 дена
Вицепремиерто Фатмир Битиќи во реакција својата официјална Фејсбук страница ја осуди едностраната одлука на осигурителните компании за зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила и рече дека тарифникот со тие зголемувања двапати е доставен до Владата и двапати не е одобрен на владина седница. Од вчера, осигурителните компании ја покачија цената за 15 отсто. Новите повисоки цени се однесуваат за коли со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за колите со моќност до 44 киловати останува иста. Во реакцијата, Битиќи вели дека „ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени“. „Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања двапати е доставен до Владата и двапати не е одобрен на Владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните“, рече Битиќи. Тој го повика ресорното Министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените. Рече дека очекува на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени да им се компензираат средствата. ПОСКАПЕ ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА ЗА 15 ОТСТО Националното биро за осигурување (НБО), кое ја одредува цената за осигурување на возилата, соопшти дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Велат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. „Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопшти Националното биро за осигурување....
ПОСКАПЕ ОСИГУРУВАЊЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА ЗА 15 ОТСТО
Сакам да кажам - пред 5 дена
Од вчера за 15 отсто поскапе осигурувањето за регистрација на возилата. Новите повисоки цени се однесуваат за коли со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за колите со моќност до 44 киловати останува иста. Според новиот ценовник, сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ од 6.166 денари се зголемува на 7.116 денари, за колите со мотор од 66 до 84 КВ од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со мотор од 84 до 110 КВ. Осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе биде 11.879 денари, а досега беше 10.294. Голем број граѓани вчера биле изненадени од новите цени и прашувале зошто им поскапува регистрацијата, но и вработените не знаеле да им објаснат на што се должи поскапувањето. Од осигурителните компании им рекле дека во системот во кој се прават полисите има нови цени кои стапиле на сила на 25 април. Цената за осигурување на возилата ја одредува Националното биро за осигурување. А. АНТЕВСКА...
РЕЖИСЕРОТ СТОЛЕ ПОПОВ Е ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА НА НАГРАДАТА ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ НА КИНОТЕКАТА
Сакам да кажам - пред 5 дена
Режисерот, сценарист, продуцент и професор Столе Попов е годинашен добитник на наградата Златен објектив на Кинотеката на Македонија, која се доделува на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Наградата ќе му биде врачена на крајот на мај. Досегашни добитници на ова признание, досега биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач. Попов е роден 1950 во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Од 1981 Попов снима играни филмови и досега има реализирани пет долгометражни наслови кои постигнале врвни успеси на голем број меѓународни фестивали во светот, како : „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ‘ 49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“ и последниот во 2014, „До балчак“. Во 2011 неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание, што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од Кинотеката....
ИНОВАТИВНАТА ТЕЧНА ФОРМА НА ЛЕКОТ „ОМЕПРАЗОЛ“ НА „АЛКАЛОИД“ ПРОГЛАСЕНА ЗА ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА
Сакам да кажам - пред 5 дена
Иновативната формулација на „Алкалоид“ за течната форма на лекот „омепразол“, прва од ваков тип во светот, е прогласена за Патент на годината од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на одбележувањето на 26 април, Светски ден на интелектуалната сопственост. „Алкалоид“ ја поднесе меѓународната патентна пријава за „омепразол“ на 17 април 2020, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европска Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава беше одобрена од Европскиот завод за патенти на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија. Патентот на „Алкалоид“ ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „омепразол“, која се базира на два раствора содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива течен „омперазол“ готов за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето или неможност за голтање....