Ќофте во сос
Мои рецепти - пред 106 дена
1. Кромидот ,лукот и јајцето се блендираат да дојде една хомогена смеса. Потоа во него се додава меленото месо и сите други состојки и се прават округли кофтиња. 2. Така приготвените кофтиња се оставаат да одморат додека го приготвуваме сосот. 3. На масло се ставаат 2 лажици брашно и се запржува ,па се додава доматното пире водата и зачините. И кога ке зоврие се додаваат веке приготвените кофтиња(не се претходно запржуваат).Ова се вари 45мин со повремено промешување. Се сервира со пире,шпагети или така без ништо.Превкусно! Клучни зборовиручекмелено месоЛесно30 мин – 60 мин Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Домашен чипс
Мои рецепти - пред 106 дена
Се лупат компирите и се сечат на тенки тркалца. Се ставаат во студена вода да стојат 30мин.Потоа се плакнат со вода и се ставаат на кујнска крпа да се впие вишокот од вода. Кога ќе бидат суви плочките од компири се пржат во загреано масло.Се зачинуваат по желба. Клучни зборовикомпиридо 30 минЛеснопојадок Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Зелник со сирење
Мои рецепти - пред 106 дена
1.Се замесува убаво мазно тесто и се остава да одмори намрсено едно 10-15 мин,да се опушти малку .Потоа се мачка со 200 гр маргарин се дипли и се витка во ролат.Да покисни вака свиткан во фрижидер околу 20мин. 2.Потоа се сечи на пола се сука кора колку плехот,малку поголема .Се реди филот по желба со сирење,праз,спанак.... И одозгора се става другата кора .Се попрскува со масло и се печи на 250С-25мин. Клучни зборови1 час – 2 часаЛесновечеразелник Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Баклава
Мои рецепти - пред 106 дена
1. Фил-Се матат јајцата со шеќерот.Се додава брашното и оревите.Се реди на секој ролат по 3 полни лажици од филот. 2. Се земаат по 3 кори и на секоја кора се прска со масло. На третата кора се става фил и се витка во ролат. 3.Од сите кори излегуваат по 8 ролати-(зависи од корите колку ги има) кои се редат во голем плех од рерна. Се сечат по желба и се попрскува со масло. Се печи во загреана рерна на 220С/25мин. Кога ќе се олади се полива со топол шербет. Шербет 1 200гр шеќер, 750мл вода се вари до вриење.Така се вари 7мин.Се остава 3 мин да олади и потоа се попарува ладната баклава. Клучни зборовидо 30 минЛеснодесерт Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Куглоф
Мои рецепти - пред 106 дена
1.Јајцата ги матиме пенесто со постепено додавање на шеќерот и ванилата, потоа ѓи додаваме останатите состојќи(освен какаото и брашното). 2.Брашното се додава на крајот и се меша бавно со шпатула. 2.Смесата се дели на 2 еднакви дела и во едниот се става какаото(преку цедалка). 3.Во намрсен калап ја истураме прво светлата смеса, па потоа темната. 4.Печеме на 150 степени и проверуваме со чачкалица. 5.Врз испечениот куглов ставаме шеќер во прав(или нешто по желба). На здравје! (мојот прв рецепт) Клучни зборовидо 30 минЛеснопојадок Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови...
Проја со кисели краставички
Мои рецепти - пред 106 дена
Во длабок сад ги ставаме јајцата. Матиме со жица за матење. Ги додаваме јогуртот, киселата вода и малиновото масло. Промешуваме. Киселите краставички и пилешкото филе ги сецкаме на коцки. Сирењето го дробиме со виљушка на парченца. Во садот со јајцата ги додаваме солта, киселите краставички, пилешкото филе и сирењето. Промешуваме. Ги додаваме пченкарното брашно, овесното брашно и ржаното. Промешуваме и на крај го додаваме пецивото. Промешуваме. Смесата ја ставаме во правоаголен сад за печење обложен со хартија за печење. Одозгора ставаме сусам. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Клучни зборовипченкарно брашнодо 30 минЛеснопојадокпројаржано брашнокисели краставичкиовесно брашно Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Новогодишни колачи
Мои рецепти - пред 106 дена
1.Маргаринот, јајцето и шеќерот во прав се матат. 2.Потоа се додава брашното и се меси, се расукува и се прават форми со калапи. 3.Се редат на хартија и се печат на 200 степени во загреана рерна додека не заруменат. За декорација 1.Белките и шеќерот во прав се матат. 2.Се дели во повеќе чинии и се става боја по желба(колку бои сакате на толку поделете). 3.Се става во ќеса и се декорира по ваш избор. Клучни зборовиСредно30 мин – 60 минтопло предјадењеДекорации од храна Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови...
Ванилици
Мои рецепти - пред 106 дена
Ванилици - безвременски, колачиња кои се топат во уста, колачиња кои навраќаат во детство и будат убави спомени...)))) 1.Од сите наведени состојки се замесува средно меко, нелепливо тесто. 2.Се отвора кора од пола сантим, се вадат форми со ракиена чаша. 3.Се печат во загеана рерна на 180 околу 10 мин., т.о. додека порумени долниот раб. 4. Се слепуваат 2 по 2 и се валкаат во шеќер во прав.... На здравје! Клучни зборовишеќерЛеснобрашно30 мин – 60 минмармаладмаслодесертводаванилицисвинска маст Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Гурабии со орев
Мои рецепти - пред 106 дена
1. Од сите состојки се замесува тесто.Се остава да одмори и потоа се сучи кора со дебелина од 5мм.Со чашка ракиена се вадат месечинки.Се печат на 180С-10мин да останат бледи.Се увалкуваат топли во прав шеќер. Клучни зборовиЛесно30 мин – 60 миндесертгурабииорев Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Детски ножиња
Мои рецепти - пред 106 дена
1.Маргаринот, јајцето и шеќерот во прав се матат. 2.Потоа се додава брашното и се меси, се расукува и се прават форми со калап. 3.Се редат на хартија и се печат на 200 степени во загреана рерна додека не заруменат. За декорација 1.Белките и шеќерот во прав се матат. 2.Се дели во повеќе чинии и се става боја по желба(колку бои сакате на толку поделете). 4.Од црвената боја ставете малку и ќе добиете розева. 3.Се става во ќеса и се декорира по ваш избор и се оставаат да се зацврстат. Оставете чувствата да ве водат бидете креативни и правете со многу љубов. Клучни зборовидо 30 минЛеснопојадок Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови...
Ориз тавка со маслинки
Мои рецепти - пред 106 дена
1.Копаните се варат околу 1 ипол час и се става 1м.л сол во водата. 2.Се запржува на масло исецканиот кромидот малку па се додава исецканата пиперката и маслинките, потоа се додава оризот, 1м.л сол, 1м.л вегета и мелениот црн бибер(сето тоа убаво се запржува). 3.Се префрлаат во тава оризот и копаните и се додаваат 3 чаши(од 250м.л) вода(топла) во која беа варени копаните. 4.Се пече на 200 степени во загреана рерна. На здравје. Клучни зборовиручек1 час – 2 часаСредно Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови...
Зимско макало
Мои рецепти - пред 106 дена
1. Се варат сувите пиперки заедно со компирите околу 25мин. Се оставаат во врелата вода да омекнат пиперките ,а компирите се вадат да оладат. 2. Се гмечат компирите,се чистат пиперките од лушпата и се толчат заедно со празот. 3. Се мешаат со компирите се додава сол и доматно пире .На крајот се попарува со врело масло. Клучни зборовиручекЛесно30 мин – 60 минмакало Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Мафини со маскарпоне
Мои рецепти - пред 106 дена
Убаво измешајте ги омекнатиот путер и шеќерот, додадете едно по едно јајце и мешајте додека не се добие хомогена маса. Додадете уште маскарпоне и млеко и убаво измешајте. Брашното измешајте го со прашокот за пециво и сода бикарбоната и сè заедно измешајте со дрвена лажица. На крај додадете ги исечканите сливи, вишни.... и чоколадото. Наполнете корпи за мафини и печете 20 минути на 180 C. Направете нежна декорација со растопено чоколадо и послужете. Клучни зборовидо 30 минЛеснодесертмаскарпонемафини Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Бротчиња - тесто за пица
Мои рецепти - пред 106 дена
Кој може да им оддолее....)))) 1.Во просеаното брашно се активира квасецот со малку шеќер и топла вода, да запени, па се додаваат останатите состојки и се меси меко, еластично тесто. Се изработува убаво,се премачкува со масло, покрива и се остава да надојде додека дуплира волумен,околу 1,5-2 часа. 2.Се дели на 6 дела, се формираат топки, се премачкуваат со масло и се оставаат да надојдат 30 мин.. 3.Потоа со помош на дланките се обликуваат пиците. Се премачкуваат со доматен сос, зачинет со босилек и оригано, можи и малку лукче, па се додава сувомеснато по желба и на крај сиренце. 4.Се печи на најјако додека убаво порумени, јас печев на дрва. На здравје! Клучни зборовисирењетестоЛеснобрашно2 часа – 3 часапицапојадокСОЛводавкусносувомеснато Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови...
Монте колач
Мои рецепти - пред 106 дена
Превкусен колач, топла препорака...)))) 1.На хартија за печење се распоредуваат 250 гр. крупно сецкани, претходно потпечени ореви, па врз нив се излева изматената кора, која се поготвува стандардно. Се печи на 180 околу 20 мин.. Топла се премачкува со чоколаден крем, јас со Линолада со лешник, (повкусна ми е и од Нутела) .Од тегличката од 350 гр. малку ми остана, значи по потреба,околу 250гр.. 2.За филот се матат жолчките, им се додава брашното и пудинзите и млеко колку да се добие течна смеса.Остатокот од млекото се зоврива со шеќерите, па се додава течната смеса и се вари кремот. Се дели на два дела.Во едниот се додава чоколадото, се меша до растопување.Се ладат, во млаки по 100 гр. путер и се миксира убаво. 3.За чоколадниот преливсе соединуваат состојките, се растопуваат и изедначува на тивко, малку да олади, па се нанесува. 4.Шлагот се мати со млекото до потребната густина и цврстина. 5.Финална постапка На кората премачкана со чоколаден крем, се нанесува лажица жолт фил, па црн фил(така наизменично). Одозгора во споевите се нанесува од чоколадниот прелив и остатокот од преливот низ цела површина. Најгоре изматениот шлаг крем, после некои 2 часа, откако добро ќе се излади филот. Уживајте во секој залак од ова слатко задоволство! Клучни зборовијајцамлекошеќерСреднопутерколач2 часа – 3 часадесерторевиванилачоколадо за готвењечоколаден крем Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Јафа - Кекс
Мои рецепти - пред 106 дена
Овој сочен кекс е идеален за љубителите на јафа вкусот. Наведените состојки се за тавче со димензии 20х30цм, и во тој случај врз светлиот пандишпан го ставам целиот фил, па ганаж глазурата. Овојпат пандишпанот го печев во мал калап (10х20цм) и го пресеков на пола, истотака и филот го поделив на пола и на крај завршив со ганаж. Изборот е ваш. Подготовка Фил - Во длабок сад го миксираме јајцето со постепено додавање на шеќерот до згуснување. Потоа ги додаваме млекото и маслото. На крај се додаваат претходно соединети (брашно, пециво и какао). Печеме во загреана рерна на 180 степени, проверуваме со чачкалица. Јас го печев во тавче број 20. Изладениот кекс го рониме со раце, па во него се додава кората од портокалот (претходно одстоен во сад со вода и сода) сокот од портокал и ликерот. Миксираме до хомогенизирање. Пандишпан - Подготовката е потполно иста како за кафениот пандишпан, само тука не се додава какао. Врз пандишпанот премачкуваме мармалад од кајсии, па го нанесуваме филот и завршуваме со ганажот (слатката павлака ја загреваме...внимаваме да не зоврие) и го додаваме чоколадото, мешаме да се растопи. На здравје! Клучни зборовиЛесно30 мин – 60 минмармаладпортокалдесертјафајафа кексповеќе лица Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Колач со кисела вода
Мои рецепти - пред 106 дена
Загрејте ја рерната на 175 ° Ц. 1.Тесен долг плех за леб (големина 30 цм,) намачкајте со путер и посипете со презла. 2.Јајцата, шеќерот, и малку сол се матат со миксер околу 8 минути. 3,Сувите состојки се соединуваат. лешниците, брашното, прашокот за пециво и двата вида какао, измешајте ги и постепено додајте ги во масата со изматените јајца. 4,На крајот прво постепено додавајте масло, кога ќе се измати додадете минерална вода. 5,Сè лесно измешајте со миксер. Масата ќе биде течна и потенка, па мора да биде. Истурете ја смесата во плех, печете 10 мин на 180с,а потоа намалете ја рерната на 150 ° Цпечете околу 1 час додека да порумени 6,Веднаш превртете ја тортата на жица и оставете да се излади 20 минути. Чоколадото растопете го на пареа , додадете го стопениот путер, сè убаво измешајте и премачкајте го со глазурата колачот. На суво тавче потпечете ги сечканите лешници и по 10 минути посипете ја со глазурата, а нанесете ја на колачот. 7,Изладете ја тортата, исечете ја на парчиња и послужете Клучни зборовидо 30 минЛеснодесертлешницикисела водакекс Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Топено сирење на мој начин
Мои рецепти - пред 106 дена
Секогаш кога ќе ни се пријаде топено сирење си правиме во истиот момент и обично со тоа што имаме и дома нормално тоа користиме. Не е нешто многу сложен рецепт но ова е она како јас го правам дома. Мерките морам да кажам се од око, оти ретко кога мерам. Малечките земјени садови ги мачкам со ќечап , ја додавам изварката, малку фета и павлака да се соедини се тоа, ставам во загреана рерна да се печи, и по некое време го ставам ренданиот кашкавал и се печи додека не се растопи убаво кашкавалот и добие убава боја. Од горе ставам зачини во случајот е сушен домашен зачин ( магдонос, нане) ама можи да ставите тоа што вие имате дома. Клучни зборовиручекдо 30 минЛесно Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови...
Урнебес бомбици
Мои рецепти - пред 106 дена
Класика..... 1.Се соединуваат состојките, се меша убаво и се става во фрижидер во кутија со капак неколку часа,3-4, за да се спојат вкусовите. 2.Потоа со намрсени раце се обликуваат бомбици и валкаат во сусам. Може да се додаде и сувомеснато по вкус, како врат и итн.... На здравје! Клучни зборовидо 30 минЛесномаслосалатапојадоклуксусамвкуснокајмаккравјо сирењепипер буковска Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Сите права се задржани...
Лесен ролат со јаболка
Мои рецепти - пред 106 дена
1. Излупете ги јаболката, пресечете ги на половина или четвртинки и потоа исечкајте ги на тенки ливчиња од околу 2 мм. Измешајте ги во сокот од лимон за да не отемнат и тргнете ги на страна додека го работите тестото. 2. Изматете ги најпрво белките со малку сол во цврст снег и оставете ги на страна. Местото каде што ќе стојат се препорачува да не е многу топло. 3. Во друг сад за матење изматете ги жолчките со шеќерот до згуснување и побелување. Во меѓувреме можите да го додадете и ванила шеќерот. Сега додадете ја водата, лажица по лажица, при што за секоја ќе матите по околу 1 минута. 4. На крај додадете го просеано брашното и прашокот за печење. Соединете со најмала брзина на миксерот. Сега, со шпатула и внимателно кружно мешање од горе на долу вмешајте ги белките со додавање во неколку наврати. 5. Обложете го со пек-хартија плехот од шпоретот. Врз него наредете ги скалесто парчињата јаболка, само малку да се преклопуваат. Поросете ги со цимет по ваш вкус. Врз јаболката истурете ја смесата и израмнете насекаде. Печете во загреана рерна на 180С, 15-20 минути. 6. Печената кора покријте ја со пацета и оставете ја 10на минути. Потоа извадете ја од плехот превртена врз пацетата или ако сакате друга пек-хартија и внимателно завиткајте ја во ролат. Оставете барем еден час на ладно да се стегни пред да уживате во вкусните парчиња. Клучни зборовиЛесно30 мин – 60 минјаболкадесертбрзоролат Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови...