Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот
Бизнис вести - пред 13 часа
Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот 01/05/2024 СВЕТ Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“. Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени. Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот. Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава. Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42. 000 полицајци. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада
Бизнис вести - пред 13 часа
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, побара Сојузот на синдикати на денешниот протест организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Пред републичкото Собрание претседателот на Гранскиот Независен синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев порача дека е потребно враќање на работниците во земјава, ставајќи акцент на младите кои континуирано се иселуваат. Од друга страна, претседателот на Независниот синдикат за образование и науки, Томислав Гиевски истакна дека работниците не смеат во ниту еден момент да се откажат од своите барања. -Ние заслужуваме и мора да добиеме превоз, храна и почитување на колективните договори. Зарем работникот не заслужува да им биде платен превозот како на господата во Влада што седат, само нивните автомобили трошат гориво?!. Ќе продолжиме со истиот притисок и најважно не смееме да се откажеме затоа што ќе ја изгубиме битката, изјави Гиевски. Синдикатите побараа и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека работниците од новиот состав на власта очекуваат да ги почитуваат посочените барања. -Денеска сме тука да им кажеме на тие што ќе седнат во удобните фотељи дека не може да се одлучува за нас, без нас, дека ние работниците бираме и потоа очекуваме од нив да ги почитуваат нашите барања. Да им порачаме да не се грижат само за себе, да не го злоупотребуваат европското знаменце кога е на штета на работниците, а за 24 часа да се изгласаат 78 проценти зголемени плати, тие да уживаат, а ние да патиме, истакна Трендафилов. Пред Стопанска комора се обрати потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кој посочи дека секој час некој работник го губи животот на работното место, дека младите не можат да се одлучат на семејство со договорите на дело и дека платите на работниците не се доволни за пристоен живот. -Да знаат газдите и власта дека се лопови на сите наши браќа и сестри кои што не гледаат од странство, кои си заминаа поради егзистенцијални причини затоа што немаа леб на своите деца да им дадат, одете прошетајте слушнете ги реалните проблеми на овие луѓе, на оние кои ве ставија во вашите фотелји, и што треба да ве гласаат прашајте ги за проблемите, а не да кажувате кој што направил или не направил, посочи Пешевски. Протестот заврши пред пред Владата каде присутните претставници на синдикатите ги повторија барањата. свс/дма/Фото/видео: МИА и принтскин . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада
Бизнис вести - пред 13 часа
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, побара Сојузот на синдикати на денешниот протест организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Пред републичкото Собрание претседателот на Гранскиот Независен синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев порача дека е потребно враќање на работниците во земјава, ставајќи акцент на младите кои континуирано се иселуваат. Од друга страна, претседателот на Независниот синдикат за образование и науки, Томислав Гиевски истакна дека работниците не смеат во ниту еден момент да се откажат од своите барања. -Ние заслужуваме и мора да добиеме превоз, храна и почитување на колективните договори. Зарем работникот не заслужува да им биде платен превозот како на господата во Влада што седат, само нивните автомобили трошат гориво?!. Ќе продолжиме со истиот притисок и најважно не смееме да се откажеме затоа што ќе ја изгубиме битката, изјави Гиевски. Синдикатите побараа и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека работниците од новиот состав на власта очекуваат да ги почитуваат посочените барања. -Денеска сме тука да им кажеме на тие што ќе седнат во удобните фотељи дека не може да се одлучува за нас, без нас, дека ние работниците бираме и потоа очекуваме од нив да ги почитуваат нашите барања. Да им порачаме да не се грижат само за себе, да не го злоупотребуваат европското знаменце кога е на штета на работниците, а за 24 часа да се изгласаат 78 проценти зголемени плати, тие да уживаат, а ние да патиме, истакна Трендафилов. Пред Стопанска комора се обрати потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кој посочи дека секој час некој работник го губи животот на работното место, дека младите не можат да се одлучат на семејство со договорите на дело и дека платите на работниците не се доволни за пристоен живот. -Да знаат газдите и власта дека се лопови на сите наши браќа и сестри кои што не гледаат од странство, кои си заминаа поради егзистенцијални причини затоа што немаа леб на своите деца да им дадат, одете прошетајте слушнете ги реалните проблеми на овие луѓе, на оние кои ве ставија во вашите фотелји, и што треба да ве гласаат прашајте ги за проблемите, а не да кажувате кој што направил или не направил, посочи Пешевски. Протестот заврши пред пред Владата каде присутните претставници на синдикатите ги повторија барањата. свс/дма/Фото/видео: МИА и принтскин . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада
Бизнис вести - пред 13 часа
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, побара Сојузот на синдикати на денешниот протест организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Пред републичкото Собрание претседателот на Гранскиот Независен синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев порача дека е потребно враќање на работниците во земјава, ставајќи акцент на младите кои континуирано се иселуваат. Од друга страна, претседателот на Независниот синдикат за образование и науки, Томислав Гиевски истакна дека работниците не смеат во ниту еден момент да се откажат од своите барања. -Ние заслужуваме и мора да добиеме превоз, храна и почитување на колективните договори. Зарем работникот не заслужува да им биде платен превозот како на господата во Влада што седат, само нивните автомобили трошат гориво?!. Ќе продолжиме со истиот притисок и најважно не смееме да се откажеме затоа што ќе ја изгубиме битката, изјави Гиевски. Синдикатите побараа и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека работниците од новиот состав на власта очекуваат да ги почитуваат посочените барања. -Денеска сме тука да им кажеме на тие што ќе седнат во удобните фотељи дека не може да се одлучува за нас, без нас, дека ние работниците бираме и потоа очекуваме од нив да ги почитуваат нашите барања. Да им порачаме да не се грижат само за себе, да не го злоупотребуваат европското знаменце кога е на штета на работниците, а за 24 часа да се изгласаат 78 проценти зголемени плати, тие да уживаат, а ние да патиме, истакна Трендафилов. Пред Стопанска комора се обрати потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кој посочи дека секој час некој работник го губи животот на работното место, дека младите не можат да се одлучат на семејство со договорите на дело и дека платите на работниците не се доволни за пристоен живот. -Да знаат газдите и власта дека се лопови на сите наши браќа и сестри кои што не гледаат од странство, кои си заминаа поради егзистенцијални причини затоа што немаа леб на своите деца да им дадат, одете прошетајте слушнете ги реалните проблеми на овие луѓе, на оние кои ве ставија во вашите фотелји, и што треба да ве гласаат прашајте ги за проблемите, а не да кажувате кој што направил или не направил, посочи Пешевски. Протестот заврши пред пред Владата каде присутните претставници на синдикатите ги повторија барањата. свс/дма/Фото/видео: МИА и принтскин . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада
Бизнис вести - пред 13 часа
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, побара Сојузот на синдикати на денешниот протест организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Пред републичкото Собрание претседателот на Гранскиот Независен синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев порача дека е потребно враќање на работниците во земјава, ставајќи акцент на младите кои континуирано се иселуваат. Од друга страна, претседателот на Независниот синдикат за образование и науки, Томислав Гиевски истакна дека работниците не смеат во ниту еден момент да се откажат од своите барања. -Ние заслужуваме и мора да добиеме превоз, храна и почитување на колективните договори. Зарем работникот не заслужува да им биде платен превозот како на господата во Влада што седат, само нивните автомобили трошат гориво?!. Ќе продолжиме со истиот притисок и најважно не смееме да се откажеме затоа што ќе ја изгубиме битката, изјави Гиевски. Синдикатите побараа и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека работниците од новиот состав на власта очекуваат да ги почитуваат посочените барања. -Денеска сме тука да им кажеме на тие што ќе седнат во удобните фотељи дека не може да се одлучува за нас, без нас, дека ние работниците бираме и потоа очекуваме од нив да ги почитуваат нашите барања. Да им порачаме да не се грижат само за себе, да не го злоупотребуваат европското знаменце кога е на штета на работниците, а за 24 часа да се изгласаат 78 проценти зголемени плати, тие да уживаат, а ние да патиме, истакна Трендафилов. Пред Стопанска комора се обрати потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кој посочи дека секој час некој работник го губи животот на работното место, дека младите не можат да се одлучат на семејство со договорите на дело и дека платите на работниците не се доволни за пристоен живот. -Да знаат газдите и власта дека се лопови на сите наши браќа и сестри кои што не гледаат од странство, кои си заминаа поради егзистенцијални причини затоа што немаа леб на своите деца да им дадат, одете прошетајте слушнете ги реалните проблеми на овие луѓе, на оние кои ве ставија во вашите фотелји, и што треба да ве гласаат прашајте ги за проблемите, а не да кажувате кој што направил или не направил, посочи Пешевски. Протестот заврши пред пред Владата каде присутните претставници на синдикатите ги повторија барањата. свс/дма/Фото/видео: МИА и принтскин . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
Бизнис вести - пред 13 часа
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО СООПШТЕНИЕ: „СДСМ како единствена авентична социјалдемократска партија секогаш била на страната на работниците, а нашите социјалдемократските политики ги заштитија граѓаните и ја спасија земјата од колапс за време на кризите во изминатите години“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот Првомајски пикник што се одржа во Градскиот парк во Скопје. . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција
Бизнис вести - пред 13 часа
Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција 01/05/2024 СВЕТ Повеќе од 40 лица се приведени во Турција за време на операција против „Исламска држава“, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Акциите биле спроведени на територијата на 12 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Истанбул, Ескишехир, Каракале, Невшехир и Маниса. Тие биле извршени од страна на окружните полициски служби под координација на разузнавачките и антитерористичките сили на Генералниот директорат на полицијата. Како резултат на операциите уапсени се вкупно 41 осомничен, од кои 10 во Истанбул. Запленети се пиштоли во нелегална сопственост, бројни дигитални материјали и поголема количина девизи и турски лири. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Некои работи се случуваат само во Македонија
Бизнис вести - пред 14 часа
Некои работи се случуваат само во Македонија 01/05/2024 ВЕСТИ Во цивилизиран свет каде има функционален здравствен систем и правично судство, лекарите и здравствените работници се највредниот капитал на здравствениот систем. Заради ваквата вредност, освен што ја уживаат почитта од целото општество за својата улога, тие се и во извесна смисла заштитени со цел здравствениот систем да биде функционален а со тоа и да овозможува квалитетна здравствена заштита, пишува Нетпрес. Нивната заштита не е апсолутна, туку во мерењето на резултатите од нивната работа се пресметани и многу други фактори, како факторот на услови во кои се работи и општ здравствен амбиент, факторот достапност на практики, медицински средства, персонал, апаратура итн. А, ние остануваме парадигма за единствена земја каде се суди на доктор. Освен процесот за сторена измама, што се води против д-р Жан Митрев, можеме да се „пофалиме“ со уште еден пример за ставање на доктор во центарот на судски процес, д-р Бобан Вучевски. Но таа сага заврши со ослободителна пресуда, а процесот за д-р Митрев трае повеќе од една година и досега обвинителството ништо не успеа да докаже, напротив се поби самото себе. Ако сме постојано предводени како мерило од западните примери и напредните демократии, во овој случај само би го посочиле примерот во САД, земја каде се почитуваат закони, се брани слободата на говор и владее демократија. Во оваа земја за време на ковид-пандемијата имаше издадено уредба, со која се обезбедува заштита на здравствените работници во услови на пандемија, со која се обезбедувал имунитет од одговорност во случај на загуба на пациент во текот на медицинскиот третман. Исклучок, се разбира, како што се вели во овој документ, било „намерното недолично однесување“. За целиот текст на Нетпрес 2024-05-01 Toni Ivanoski...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство
Бизнис вести - пред 14 часа
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство 01/05/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на еднонеделни подготовки во Струга. Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од осми до 12 мај во Задар, Хрватска. – „Макпетрол“ е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, а тие ќе бидат и најбројни на ова европско првенство. Ќе учествуваме со осум спортисти од клубот и затоа и одговорноста за успешни резултатски постигнувања кај нас е огромна. Нема да оставиме ништо на случајноста, бидејќи нашиот пристап и однос кон спортот е професионален. Најстручно, со најмодерна тренерска методологија, ќе се подготвиме и ќе направиме сѐ што е потребно за да ги зголемиме шансите за успешен настап на ова првенство – изјави Бошко Заборски, тренер на „Макпетрол“. Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.) За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајовски и Стефан Стојановиќ. Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за тимот на Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар. Како спаринг-партнери на подготовките во организација на клубот „Макпетрол“, учествуваат и спортистите Димитар Лозановски, Јована Мицовска и Давид Петков. 2024-05-01 Toni Ivanoski...
Џафери: За нас, како идна земја членка на ЕУ, почитувањето и еднаквиот третман на работниците и работничките права е императив
Бизнис вести - пред 16 часа
Џафери: За нас, како идна земја членка на ЕУ, почитувањето и еднаквиот третман на работниците и работничките права е императив 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Денес е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, и, покрај честитките, дозволете да изразам и огромна благодарност до сите почитувани работници кои и во овие тешки околности на глобални кризи од здравствен, енергетски и економски аспект, посветено, одговорно и професионално придонесуваат во јакнењето на издржливоста, растот, развојот и конкурентноста на економијата во Република Северна Македонија, напиша техничкиот премиер Талат Џафери во честитката до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот, соопшти владината прес – служба. Како држава, посочува Џафери, треба секогаш да размислуваме во насока на понатамошно унапредување на работничките права, да го споделуваме товарот и да покажеме солидарност. Да ги заштитиме и работниците, и работодавачите. Затоа што, секогаш може да биде подобро. -Да се чувствуваат посреќни, еднакви и рамноправни. Затоа што, само задоволни работници претставуваат и верни и лојални чувари на јавното добро. Тогаш стануваат моќни двигатели на домашната економија а со тоа овозможуваат и обезбедување на поквалитетен семеен стандард и живот, истакнува тој. Како идна земја членка на Европската Унија, како што посочува Џафери, наша заложба е да ги штитиме работниците и да осигураме еднаков и фер третман за нив од работодавачите, бидејќи секој работник е пред сѐ, човечко битие кое заслужува почит и достоинствен живот. дма/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања
Бизнис вести - пред 16 часа
Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања 01/05/2024 СВЕТ Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања. Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони. Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата. Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
Бизнис вести - пред 16 часа
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска 01/05/2024 СВЕТ Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри. Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Граѓаните од подрачјето во близина на епицентарот велат дека се се тресело. Земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска. Земјотресот е почувствуван и во Загреб. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
Бизнис вести - пред 16 часа
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Мај, Денот на трудот. Според него, единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата. За таа цел, како што потенцира Пендаровски, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван. – Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план, нагласува шефот на државата. дма/Фото:МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Во Шпанија уапсени повеќе од 100 лица поради измама на корисниците на Воцап
Бизнис вести - пред 17 часа
Во Шпанија уапсени повеќе од 100 лица поради измама на корисниците на Воцап 01/05/2024 СВЕТ Повеќе од 100 лица се уапсени во Шпанија под обвинение дека со измама украле илјадници евра од корисници на апликацијата Воцап (WhatsApp), тврдејќи дека се роднини во неволја, објавија денеска шпанските медиуми. Полицијата соопшти дека уапсените биле дел од криминална група која преку оваа измама остварила нелегална добивка од речиси еден милион евра, јавува Би-Би-Си. Сите уапсени се обвинети за измама, перење пари и учество во криминална организација која, според шпанската полиција, ги измамила корисниците на Воцап и барала од 800 до 55. 000 евра. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина
Бизнис вести - пред 17 часа
Шојгу наложи да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина 01/05/2024 СВЕТ Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наложи денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина. „За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана. Како што е соопштено, за време на состанок, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од натамошно зголемување на набавката на оружје и воена опрема, пренесуваат руските медиуми. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
Бизнис вести - пред 17 часа
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески од име на пратениците и од негово лично име упати честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на државава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти собраниската прес-служба. – Денешниот датум е уште една можност да се потсетиме дека почитувањето и соодветното вреднување на трудот на работникот е темелот на изградбата на рамноправно, економски просперитетно и социјално праведно општество. Тоа се премисите до кои треба да се придржуваме секојдневно, креирајќи и реализирајќи политики кои обезбедуваат поддршка на домашните претпријатија, привлекување странски инвестиции, отворање нови работни места, раст на платите. И кои им овозможуваат на граѓаните да се чувствуваат достоинствено, валоризирани и продуктивни на своите работни места, придонесувајќи на тој начин и за развојот на државата, напиша Митрески во честитката. Тој потсети дека овој собраниски состав ги донесе измените на Законот за минимална плата, со кои се утврди методологија за постојан раст на платите и на стандардот на граѓаните, со што е постигнат значаен исчекор во унапредувањето на правата на работниците. -Сепак, во оваа прилика, сакам да го изразам моето убедување дека борбата за работничките права не престанува никогаш и дека, независно од моменталните политички или економски прилики, секогаш е неопходно да се развива социјалниот дијалог на различни нивоа, меѓу работниците, синдикатите, работодавачите, стопанските комори и властите, истакнува Митрески. Според него, постојаното унапредување на работничките права, на стандардот на работниците, на условите за работа, на безбедноста на работните места мора да биде приоритет за сите релевантни политички и општествени чинители. -Тие фактори ги мотивираа работниците да ги вложат сите знаења и потенцијали во исполнувањето на своите работни обврски, чувствувајќи дека не се оставени сами на себе да го носат товарот на економските предизвици. Нека ни е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Да продолжиме да бидеме трудољубиви, рамноправни, како и храбри и решителни во зачувувањето и унапредувањето на работничките права, напиша Митрески во честитката. дма/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Над 300 луѓе го загубија животот во поплави во Источна Африка
Бизнис вести - пред 17 часа
Над 300 луѓе го загубија животот во поплави во Источна Африка 01/05/2024 СВЕТ Повеќе од 300 луѓе го загубија животот во поплави во Кенија, Танзанија, Бурунди и Уганда, а поројните дождови кои ја зафатија Источна Африка не престануваат, јави ДПА. Само во Кенија животот го загубија 169 лица, соопшти денеска владиниот портпарол. Претходно, Кабинетот во Најроби одржа посебен состанок за да разговара за мерките за справување со поплавите и последиците. За време на посетата на Маи Махиу во источноафриканската долина Рифт, каде вчера загинаа речиси 50 луѓе по пукањето на браната, а 26 се уште се водат како исчезнати, кенискиот претседател Вилијам Руто рече дека жителите на областите загрозени од поплави или лизгање на земјиштето мора да бидат преместени на безбедно место во рок од 48 часа. Според метеоролошката служба на земјата, во следните седум дена се очекуваат пообилни врнежи во Кенија. Патиштата се блокирани, а мостовите станаа непроодни, што го отежнува движењето на стоки меѓу земјите во регионот, како меѓу Уганда, Руанда и Демократска Република Конго. Во Танзанија особено загрозени се крајбрежните области, кои се изложени не само на поројни врнежи, туку и на силни грмотевици и големи бранови. Во исто време, во последните денови имаше бројни одрони во регионите Аруша и Мањара, популарни туристички дестинации за сафари тури, забележува ДПА. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците
Бизнис вести - пред 17 часа
Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО СООПШТЕНИЕ – СДСМ како партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност како социјалдемократски вредности, секогаш е на страната на работниците. . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
Бизнис вести - пред 17 часа
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина 01/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години. Првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески забележа дека најголем дел од домашните гости, празниците ќе ги поминат надвор од државата, а гостите од соседството и пошироко ги исполниле хотелските легла за околу 60 отсто. – Немаме голема исполнетост од домашни гости. Тие отидоа надвор од државата, но тука се странските туристи иако не на очекуваното ниво. Не можеме да се пофалиме со исполнетост од 80 – 90 проценти. Бројката е значително помала од очекуваното, хотелите се исполнети околу 60 отсто, вели Блажески за МИА. Зголемување на бројот на туристи очекува во текот на мај, што според него, навестува богата туристичка сезона. – Бројките на сместување се зголемуваат после Велигден и очекуваме побогата туристичка сезона од лани. Од почетокот на годината до сега имаме многу повеќе ноќевања од минатата година. Очекуваме мај да биде еден од подобрите месеци, може да го споредиме со летите месеци во исполнетост, посочи Блажески. За летните месеци, нагласи, дека веќе работат на исполнетост од 90 отсто со организирани тури, а останатите легла очекува дека ќе ги исполнат индивидуалните гости. – Знаеме дека околу 2 август, една недела пред и една недела потоа, тешко е да се најде место. Ако некој планира во тој период да доаѓа во Охрид или Струга уште од сега треба да си резервира, напомена Блажески. Заклучи дека туристичкиот секотр, пред се хотелиерството заздраве од корона кризата, кога беше драстично погоден. – Го надминавме сето тоа и сме во една фаза во која треба да се работи на поголема стратегија и се враќаме на старите барања од 2017, 2018 и 2019 година, за зголемување на број на ноќевања, олеснувања на даночни обврски, намалување на ддв-то во однос на растот на секторот туризам кој носи полесни пари во државниот буџет, рече Блажески. И годинава на охридско-струшкото карајбрежје најбројни се очекува да бидат холандските туристи, а нема да изостанат ниту гостите од Полска, Турција, како и од соседството. Но, сепак најголем како најголем проблем го хотелиерите го посочуваат патот од Скопје до Охрид, што е и причина српските туристи да го избегнуваат брегот на Охридското Езеро и годишните одмори ги поминуваат во соседна Грција. сс/дма/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-01 Zoran Popov...
Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС
Бизнис вести - пред 17 часа
Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС 01/05/2024 СВЕТ Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС). „Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна изјави дека Бошњаците можат да имаат 25 отсто од територијата. Некои го сфатија ова како простор за етнички инциденти“, рече Шмит во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој посочи дека неговиот мандат е да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор и оти за тоа има поддршка од Советот за безбедност. „Советот за безбедност повеќе пати искажа поддршка за моето работење. Веќе со нетрпение го очекувам мојот извештај следниот месец“, додаде Шмит. Тој се осврна на излагањето на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која упати сериозни обвинувања против Шмит, наведувајќи дека во него „не се почитуваат фактите и правната рамка на БиХ“. „Се надевам дека разбирате дека ова не е место за разговор за навреди, ова е место за разговор едни со други. Повикувам на поголема точност, единственото нешто што го гледам е злонамерност“, рече Шмит. Тој посочи дека како висок претставник мора да биде гарант за постоењето на ентитети, кои се делови од БиХ, која има меѓународен субјективитет, додавајќи дека РС е составен дел на БиХ. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
Бизнис вести - пред 17 часа
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот 01/05/2024 СВЕТ Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден. На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права. На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени
Бизнис вести - пред 18 часа
Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени 01/05/2024 СВЕТ Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV. Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу. „Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата. Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови. рп/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил
Бизнис вести - пред 18 часа
Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил 01/05/2024 СВЕТ САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа. Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Њујоршката полиција упадна во кампусот на Колумбија и упаси десетици лица
Бизнис вести - пред 18 часа
Њујоршката полиција упадна во кампусот на Колумбија и упаси десетици лица 01/05/2024 СВЕТ Полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот Колумбија упадна синоќа во универзитетската зграда Хамилтон хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа. Универзитет е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на Универзитетот дојдоа неколку полициски автобуса да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Од Колумбиски универзитет изјавија „откако холот беше окупиран, вандализиран и блокиран, ние немавме друг избор“. -Некаде кај 9 часот вечерва полицискиот оддел на Њујорк пристигна во кампусот по барање на Унверзитетот. Одлуката е донесена да се обнови безбедноста и поредокот во нашата заедница, изјавија од Колумбија. „Си-ен-ен“ дозна дека администрацијата на универзитетот дозволила присуство на њујоршката полиција на кампусот до 17 мај, два дена по прославата со дипломирањето на студентите од четврта година. Во повеќе универзитети во САД се одвиваат студентски протести со барања да се бојкотираат компаниите и лицата поврзани со Израел и неговата војна во Газа. Колумбија ги предводи овие протести откако пред две недели постави камп со шатори во дворот на оваа престижна високообразовна институција. Раководството на Универзитетот по повеќедневни преговори побара растурање на кампот. Претседателот Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, а „насилно заземање на згради не е мирен протест, тоа е погрешно“. кб/рп/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Првомајска порака на еврокомесарот Шмит: Силна економија е можна само со социјална заштита и работнички права
Бизнис вести - пред 18 часа
Првомајска порака на еврокомесарот Шмит: Силна економија е можна само со социјална заштита и работнички права 01/05/2024 СВЕТ На 1 мај кога го славиме Меѓународниот ден на трудот, размислуваме за напредокот што ЕУ го постигна во текот на изминатата година во унапредувањето на правата и можностите на работниците во Европа, наведува еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит во пораката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. – Европската година на вештини поттикна револуција во вештините, привлекувајќи го вниманието на креаторите на политики, компаниите и поединците кон важноста од континуирана обука за да се задоволат потребите на пазарот на трудот во ЕУ кој е во развој. Преку иницијативи. како Пактот за вештини, кој обезбеди обука за 3,5 милиони работници само во 2022-2023 година, градиме партнерства за инвестирање во работната сила за иднината. Како што Европската година на вештини официјално го се приближува до својот крај, мораме да го задржиме вниманието на вештините, наведува Шмит. Еврокмесарот натаму се осврнува на новите правила на ЕУ со кои се отвора простор за подобрување на работните услови, заштита на работничките права, гарантирањето на социјалната заштита или можносите за стажирање на младите. – Земјите членки бележат напредок во спроведувањето на Директивата за соодветни минимални плати, чиј краен рок за имплементација е ноември оваа година, наведува Шмит, потсетувајќи дека ЕК започна и косултација со социјалните партнери за регулирање на онлајн работењето, со цел да се обезбеди рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и да се гарантира заштита на менталната и физичката благосостојба на работниците. Шмит натаму во пораката потенцира дека клучна карактеристика на европската социјална пазарна економија е социјалниот дијалог, во чии рамки е ревидирана директивата на Европскиот совет за работа со што се зголемува улогата на работниците во процесот на консултации за значајни одлуки и е изработен Акциски за справување со недостигот на работна сила и стручно оспособени работници. – Силна, флексибилна и конкурентна економија е можна само кога е придружена со силна социјална заштита и вклученост. Во текот на изминатите пет години, за време на мандатот на оваа Комисија, ние систематски ги вклучивме работничките права, правичноста и социјалната димензија во сите политики на ЕУ. Иако останува да се направи уште повеќе, можеме да бидеме горди на напредокот што го постигнавме. На сите Ви посакувам се најдобро на овој Ден на трудот, додава Шмит во пораката по повод 1 Мај. сп/рп/Фото: Конфедерација на европски синидкати (ЕТУЦ) . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
„Си-би-ес њуз“: САД планираат одреден број Палестинци од Газа да примат како бегалци
Бизнис вести - пред 18 часа
„Си-би-ес њуз“: САД планираат одреден број Палестинци од Газа да примат како бегалци 01/05/2024 СВЕТ Администрацијата на Бајден планира да прими голем број Палестинци како бегалци, со што може да спаси илјадници од војната во Газа, дознава „Си-би-ес њуз“. Според официјални документи до кои дошла оваа телевизија, повеќе американски агенции вршеле консултации и планирале различни опции да примат во САД Палестинци од Газа кои имаат блиски роднински врски со американски државјани или оние со легален престој во САД. Еден од предлозите е ова да се направи во рамките на децениски старата програма на САД за прием на бегалци, а ќе се однесува за оние Палестинци со врски во САД кои успеале да избегаат од Газа и да влезат во соседен Египет, наведува „Си-би-ес њуз“. Се планира и примање како бегалци на дополнителен број на Палестинци кои се во Газа кои имаат блиски роднини во САД. Плановите треба да се координираат со Египет кој досега одби да прими голем број луѓе од Газа. Се дознава дека тие кои треба да исполнат повеќе услови, медицински и безбедносни проверки за да се квалификуваат да летаат за САД со статус на бегалци. Со тоа би стекнале разни бенефиции како легален престој, помош за раселени лица како добивање стан и можност да станат американски државјани. Се смета дека оние што можат да се квалификуваат за оваа програма се очекува да бидат мал број. Сепак тие бе се спасиле од војната на Израел против Хамас, која според локалните здравствени власти досега ги одзеде животите на 34. 000 луѓе и расели стотици илјади цивили во Газа. кб/рп/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Првомајски штрајк и протести во Грција
Бизнис вести - пред 18 часа
Првомајски штрајк и протести во Грција 01/05/2024 СВЕТ Најголемите грчки синдикати денеска закажаа штрајк и протести за одбележување на Денот на трудот, иако официјално со министерска одлука првомајскиот празник е поместен за следниот вторник поради Велигден, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот штрајк го организираат синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, а учествуваат и Здруженијата на новинарите, со што Грција од пет часот утрово ќе биде без вести и информативни емисии. Штрајкот ќе создаде проблеми и во поморскиот сообраќај во земјата, со оглед на тоа што бродовите 24 часа ќе останат закотвени на пристаништата. Возовите ќе сообраќаат со намален возен ред, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, бидејќи автобусите, тролејбусите, трамвајот и метрото ќе имаат неколкучасовни прекини на работата. Паралелно, синдикатите закажаа и протести во Атина, традиционално, како и секоја година за одбележување на Денот на трудот. ср/рп/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Зградата на Еврокомисијата осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
Бизнис вести - пред 18 часа
Зградата на Еврокомисијата осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ 01/05/2024 СВЕТ – Палатата „Берлемон“ во Брисел во која се наоѓа седиштето на Европската комисија минатата ноќ беше осветлена во чест на 20-годишнината од т. н. големо проширување на ЕУ, кога на 1 мај 2004 година во членство во Унијата беа примени 10 земји од Источна Европа. – Со проширувањето во 2004 година, ЕУ стана поголем политички, економски и културен ентитет, создавајќи повеќе можности за граѓаните низ нашата Унија, наведе Европската комисија во објава на Икс. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, потенцира дека со одбележувањето на 20 години од зголемувањето на европското семејство, ЕУ слави и две децении единство и напредок. – Историското проширување во 2004 година донесе нови можности и поголем просперитет за граѓаните низ нашата Унија, објави Фон дер Лајен на Икс. Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел пак оцени дека со проширувањето во 2004 година го означи и повторното обединување на поделениот континент. На 1 мај 2004 година во членство во ЕУ беа примени Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка, со што Унијата од дотогашните 15 се зголеми на 25 члена, поради што приемот на овие 10 членки уште се нарекува и големо проширување. сп/рп/Фото: Икс . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-01 Zoran Popov...
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и барања упатени до новата влада
Бизнис вести - пред 18 часа
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и барања упатени до новата влада 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. – Неколку години наназад протестите станаа заштитен знак на ССМ како начин на изразување на работничкото незадоволство од продолжувањето на практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и претставниците на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот, туку единствено и исклучиво работат за своите интереси. Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ. Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери. Оттаму нагласуваат дека кај нив има над 10. 000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат. Атак на синдикализмот во државата, според ССМ, е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од 8 пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом. – На идната Влада, ние работниците и порачуваме дека партнерски треба да ги градиме меѓусебните односи со активно учество на синдикатите во креирањето на националните стратегии и политики и доследно почитување на работничките и граѓанските права, во спротивно ќе продолжи трендот на штрајкови и протести како единствен облик на синдикална борба за работничките права и интереси, се наведува во Промајскиот проглас на ССМ. Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала на Основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во државава има статус на државен празник и до 2006 година се празнуваше два дена, а од 2007 година се празнува само на 1 мај. бак/дма/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
Бизнис вести - пред 19 часа
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено 01/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. -За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако се пали оган на отворено при одењето на излет, таму каде што нема посебно направени огништа за правење скара, тоа да се прави внимателно и пред заминување од местото, обврзно да се изгасне жарта од огнот, велат од ЦУК. дма/бак/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-01 Zoran Popov...
ДКСК: Вишиот управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување
Бизнис вести - пред 1 ден
ДКСК: Вишиот управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека Вишиот управен суд ја потврдил одлуката во врска со приговорот од организатор на изборна кампања за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. – Вишиот Управен суд донесе пресуда со која се одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, со што ја потврди пресудата на Управниот суд, и постапката за прием на 130 нови слушатели во почетна обука ја стави во мирување, се до завршување на изборите. Жалбата е одбиена како неоснована, се наведува во соопштението од ДКСК. Од Државната комисија за спречување на корупцијата посочуваат дека за овој предмет и за сите наредни предмети, постапила и ќе постапува врз основа на пропишаните закони и прописи, во насока на зајакнување на владеење на правото, како врвен приоритет кон кој цели државата. -Оваа одлука на Вишиот Управен суд не охрабрува и ни дава поттик уште попосветено да ја вршиме работата за која ја добивме довербата, истакнуваат од ДКСК. Пресудата е достапна на следниот линкУправниот суд на 22 април ја отфрли како неоснована тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители против Државната комисија за спречување на корупцијата, откако претходно ДКСК расправаше по втор пат и одлучи да се стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели на Академијата до завршување на изборите. дма/бак/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата
Бизнис вести - пред 1 ден
Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата 30/04/2024 СВЕТ Украинската влада одвои уште 15,5 милијарди гривни (392 милиони долари) за купување дронови за армијата, соопшти денеска украинскиот премиер Денис Шмигал на каналот Телеграм. „Ова е дополнителен ресурс на буџетот од 43,3 милијарди гривни (околу 1,1 милијардa долари ), што веќе беше доделен за набавка на беспилотни летала во текот на оваа година. Средствата ќе и бидат доделени на Државната управа за посебни комуникации, која е надлежна за соодветните јавни набавки. Со денеска доделените средства, нашите безбедносни и одбранбени сили ќе добијат 300. 000 беспилотни летала “, се наведува во објавата на украинскиот премиер. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана
Бизнис вести - пред 1 ден
Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Советот на општина Тирана на денешната седница донесе одлука со која за почесен граѓанин го прогласи претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, јавија медиумите. – На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес кон албанската заедница во Северна Македонија, јавија медиумите. Титулата почесен граѓанин на Ахмети се очекува да му биде врачена на 2 мај, од страна на Велиај. Претходно за почесен граѓанин Ахмети беше прогласен во косовскиот град Призрен. вт/бт/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот
Бизнис вести - пред 1 ден
НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот 30/04/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Добриот појадок може да донесе повеќе здравствени придобивки, да ја подобри когнитивната способност, да го намали ризикот од срцеви болести, па дури и да го зголеми нивото на енергија. Тогаш, каков појадок да изберете за првиот оброк во денот? Постои изобилство од избор, од овесна каша, чаша јогурт со чиа семе или пак печено интегрално лепче со некој вкусен намаз, но ние сакаме да ви препорачаме нешто поразлично – крцкави и здрави мусли со двојно чоколадо. Новите кранчи мусли со двојно чоколадо на Виталиа се совршено крцкав и вкусен, а сепак целосно здрав појадок кој можете да го консумирате без да чувствувате грижа на совест. Со ваков избор на појадок, не можете да погрешите. Кранчи муслите со двојно чоколадо се богат извор на растителни влакна, што ги прави балансиран и хранлив оброк со кој ќе бидете сити подолго време. Притоа, темното чоколадо важи за ненадминлив антиоксидант, кој го подобрува расположението и дава енергија, а во комбинација со парчињата бело чоколадо отвора цела палета од вкусови создадени за љубителите на слатките задоволства. А пак, кој вели дека муслите мора да се јадат само за појадок, потопени во млеко? За да го интензивирате вкусот, потопете ги кранчи муслите во јогурт или додадете им сушено овошје по ваш вкус. Или пак, ако ги преферирате муслите помеки, потопете ги и оставете ги да стојат во текот на вечерта и да ги впијат сите нутриенти. Но, кранчи муслите на Виталиа не мора да се јадат само за појадок. Тие може да бидат и вкусен додаток на некој здрав десерт или пак закуска која ќе ве засити во текот на денот. Здравото тело и здравиот ум зависат од навиките кои самите ги воспоставуваме, а утрото го поставува патот на секој нов ден. Затоа, одберете вкусен и здрав појадок кој ќе ви даде енергија и соодветно ќе го подготви телото за секојдневните предизвици. Кранчи муслите со двојно чоколадо се само еден избор од широката палета на здрава храна на Виталиа, што можете да ги јадете безгрижно без да броите калории. Погледнете го целиот асортиман на: https://www.vitalia.com.mk/shop-mk/. 2024-04-30 Toni Ivanoski...
Лабиб: ЕУ не банкомат, туку Унија на вредности кои мора да ги почитуваат оние што сакаат да и се приклучат
Бизнис вести - пред 1 ден
Лабиб: ЕУ не банкомат, туку Унија на вредности кои мора да ги почитуваат оние што сакаат да и се приклучат 30/04/2024 СВЕТ Европската Унија не банкомат или организација за трансакции на пари, туку пред се е Унија базирана на основните вредности, како што се демократијата и владеењето на правото, кои мора да бидат прифатени, заштитени и зацврстени во сите општества кои сакаат да се приклучат кон европското семејство, изјави денеска белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија Хаџа Лабиб. – Војната во Украина даде нов импулс на проширувањето, а Декларација од Гранада на Европскиот совет од октомври минатата година јасно потенцира дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Но, Декларација од Гранада јасно ги постави и одредниците – и двете страни, и идните земји членки и самата ЕУ, мора да се подготват за проширувањето, истакна Лабиб на заедничката прес-конференција со потпретседателката на Европската комисија задолжена за вредности и транспарентност, Вера Јоурова по завршувањето на неформалното заседание Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Лабиб нагласи дека денешниот ГАК бил целосно посветен на утрешниот ден, кога, како што рече, не се одбележува само Празникот на трудот, туку и 20-годшнината од големото проширување на ЕУ на 1 мај 2004 година, кога беа примени 10 нови членки и таа од Унијата на 15 стана Унија на 25 земји. – Можеме да кажеме дека ова проширување беше успех, економски секако, но исто така претставуваше и триумф на европските вредност на слободата, демократијата и владеењето на правото, изјави Лабиб, додавајќи дека денес Унијата стои на нов крстопат кога милиони лица бараат пристап до неа. А за да се реализира тоа ново проширување, според неа, и земјите аспиранти за членство и ЕУ мора да спроведат реформи. – Проширувањето е долг и предизвикувачи процес кој бара значајни напори и неопходни реформи, но важно е дека тоа треба да го спроведеме заедно, додаде Лабиб. Во однос на кандидатите за членство, Лабиб смета дека тие реформи треба да се однесуваат на прифаќањето на стандардите на ЕУ, обезбедувањето стабилност и спремност за интегрирање во европското семејство. – Исто така, мора да ги зајакнеме и заштитиме нашите основни вредности, човечкото достоинство, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и секако човековите права. Кога зборуваме за проширувањето никогаш не смее да ги запоставиме овие права и да правиме компромиси со нив, туку треба да ги промовираме и зајакнеме, бидејќи тие се клучот на успехот, додаде Лабиб. Според белгиската министерка, без почитувањето на принципите на владеењето на правото ќе ја нема ЕУ и ќе нема единствен пазар кој би функционирал ефикасно. Во однос на реформите во самата ЕУ, според Лабиб, треба да му се даде нова динамика на заедничкиот европски пазар, да се зајакне самата Унија и да може да усвојуваат решенија побрзо и поедноставно, па затоа се потребни измени во начинот на носење одлуки и надминување проблемите со ветото. Лабиб нагласи ЕУ има доволно постоечки механизми за да изврши реформи и без да ги „отвори“ Договорите на Унијата, процес кој би можел да биде сложен и долг. Во делот на реформите во ЕУ, Јоурова оцени дека клучни ќе бидат три прашања и тоа она за ветото при носењето одлуки, за членот 7 од Договорот за ЕУ, кој се однесува на можноста за суспензија на првата од членство поради непочитување на принципите на Унијата, како и за буџетот на блокот. Осврнувајќи се на самото денешно заседание, Јоурова истакна дека тоа било една од најкорисните дискусии на кои присуствувала во нејзиното 10-годишно искуство како член на Европската комисија и на неа станало збор за параметрите на владеењето на правото и зошто ЕУ инсистира на овој принцип. – Ставаме акцент на работи кои не се лесно мерливо, но се основа на архитектурата на ЕУ и се неопходен услов за меѓусебната доверба меѓу земјите членки и луѓето што живеат во ЕУ, додаде Јоурова. Таа нагласи дека врз основа на дискусијата на денешниот Совет ќе подготви препораки за следната Комисија и за земјите членки за тоа како да се продолжи понатаму со проширувањето, бидејќи. како што рече, тоа е процес во кои сме сите заедно. Осврнувајќи се на 20-годишнината од проширувањето во 2004 година, Јоурова истакна дека како Чехинка е малку сентиментална и дека тогаш верувала оти како членка на ЕУ, Чешка ќе биде посилна, побезбедна и побогата и тоа се потврдило во пракса. – Да се поканат 10 земји одеднаш во членство се покажа како мудар потег и можеби можеме да имаме слична одлука. Повикот да станеме поголеми, посилни и побезбедни е можеби најважен, додаде Јоурова. На новинарско прашање дали во услови кога Украина спроведува мобилизација, ЕУ би одговорила позитивно на евентуално барање на Киев за депортирање на лицата кои како бегалци се под заштита во Унијата, а ги исполнуваат условите да бидат мобилизирани, Јоурова одговори дека блокот и помага на украинската држава на многу начини и ќе продолжат со тоа, но дека евентуална таква одлука не е во надлежност на ЕУ, тука на секоја земја членка одделно. Лабиб, од своја страна, изјави дека ако тие лица имаат право на престој во ЕУ, тогаш, според нејзино мислење, никој не може со сила да ги натера да се вратат во Украина. сп/Фото: ЕБС . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Бизнис вести - пред 1 ден
Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО СООПШТЕНИЕ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Стипендија за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025
Бизнис вести - пред 1 ден
Стипендија за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Северна Македонија за учество на 60. Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca). Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 28 јули до 17 август 2024 со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и од 29 јули до 9 август 2024 година со виртуелно присуство. Во објавата на МОН се наведени веб-страници на кои се достапни повеќе информации за Школата и за апликацијата со која кандидатите треба да конкурираат, најдоцна до 7 мај 2024. МОН, исто така, го објави и известувањето на Амбасадата на Индија во Софија дека Индискиот совет за културни односи (ICCR – Indian Consul for Cultural Relations) доделува една стипендија за студенти од Северна Македонија за индиските универзитети и институти за академската 2024-2025, која почнува во август 2024. Во објавата е достапна веб-страницата со информации за стипендијата за која аплицирањето ќе трае до 31 мај 2024. хс/лв/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот
Бизнис вести - пред 1 ден
Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, се трите клучни проблеми за чие решавање постои целосна, стопроцентна согласност меѓу бизнисот и ВМРО-ДПМНЕ, беше речено по денешната средба на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со партискиот лидер Христијан Мицкоски и неговиот економски тим. СКСЗМ ги оцени како конструктивни разговорите со Мицкоски и ги повтори барањата, како и очекувањата од идната влада. Мицкоски, пак, нагласи дека дел од проектите и предлозите што на СКСЗМ се веќе содржани во Платформата 1198. -Имавме конструктивен состанок со ВМРО-ДПМНЕ, разговаравме за идните четири години во стопанството. Ние и порано ја имаме предложено нашата Платформа со конкретни барања, а проблемите од пред четири години мислиме дека ќе ги решиме заедно, како партнери, со идната влада. Во некои точки се согласуваме и дел од нашата Програма ја има во партиската Програма на ВМРО-ДПМНЕ. Тука сме задоволни, веруваме дека нема да остане се тоа само во програмата, туку дека проблемите ќе се решаваат. Остануваме да бидеме глас на стопанството и ако не се реализираат нашите барања јавно ќе критикуваме и ќе бараме погласно да се реализираат. Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата се трите точки околу кои целосно се согласуваме со ВМРО-ДПМНЕ дека треба да се решат, веруваме дека идната влада ќе ги отстрани овие аномалии за да напредува стопанството, изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура. Според Мицкоски, се што е реално и може да се реализира, е опфатено во предизборната програма. -Имавме навистина еден квалитетен состанок на кој можевме да разговараме за економската програма што е составен дел од Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите што ги имаше СКСЗМ се содржани во Платформата 1198, бидејќи ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората. Мислам дека се што е реално и можеме да го оствариме, го опфативме во предизборната програма. Цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата, нагласи Мицкоски. мч/лв/фото/видео: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Решен проблемот со канализациската мрежа кај училиштето „Гоце Делчев“
Бизнис вести - пред 1 ден
Решен проблемот со канализациската мрежа кај училиштето „Гоце Делчев“ 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Решен е проблемот со фекалната канализација на домаќинствата кај Општинското основно училиште „Гоце Делчев“, по што од денеска започна уредувањето на просторот со павер елементи на платото кај училиштето. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека откако заврши првата фаза, односно решавање на проблемот со излевање на фекалната канлизација се пристапи кон втората фаза уредување на просторот со павер елементи. – Овде долги години се создаваше проблем со излевање на фекалната канализација. Во изминатиот месец екипите на ЈП „Исар“ работеа на санирање на овој долгогодишен проблем кој ги засегаше и станарите од станбените згради и самите ученици. Го решивме тој проблем и сега се навлегува во втората фаза, а тоа е уредување на самото плато, вели Јорданов. Во меѓувреме се работи и на неколку останати локации во Штип, уредување на улици, тротоари и влезови пред станбени згради, со што се подобруваат условите за живот на граѓаните. -Се заврши улицата „Милојкова“ во Ново Село која партерно се уредуваше. Наредните денови треба да се работи на улицата „Партизанска“, како и довршување на улиците„ „Енгелсова“ и „ЈНА“ во населбата Осми Ноември, изјави Јорданов. За завршување на инфраструктурните зафати кај училиштето „Гоце Делчев“ се издвоени половина милион денари од Буџетот на Општина Штип. вдј/мд/Фото: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Поради модернизација на патни премини ќе бидат исклучени од работа премини помеѓу станици од Куманово-Романовце
Бизнис вести - пред 1 ден
Поради модернизација на патни премини ќе бидат исклучени од работа премини помеѓу станици од Куманово-Романовце 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Поради модернизација, патните премини кај кумановските села Романовце-Брзак, кај Липково и кај Превој нема да работат од 7 до 27 мај годинава, соопштија денеска од јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура – Скопје. – Поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки односно реализација на проектот модернизација на АПБ,(автоматски пружен блок), (монтажа на бројачи на осовини), АПБ-то помеѓу станиците Куманово – Романовце, ќе биде исклучено од редовна работа на ден 7 мај до 27 мај годинава, информираа од претпријатието. Сообраќајот помеѓу двете станици ќе се одвива во станично растојание, патните премини ПББ-2 на км 417+ 295 (с. Превој), патни премин ПББ-3 на км 418+082 (с. Липково) и патниот премин ПББ-5 на км 419 + 403 (Романовце-Брзак) ќе бидат исклучени од работа. Сообраќајот на овие премини ќе се одвива согласно постоечките сообраќајни правила и прописи кога патните премини не работат. ам/лв/Фото: скриншот МИА Романовце железница . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија
Бизнис вести - пред 1 ден
ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија 30/04/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО На бензинската станица на „Макпетрол“ во Визбегово од денес е во употреба брз полнач за електрични возила. Овој уред е прв од десетте нови брзи полначи што во партнерство со ЕВН ќе бидат поставени на фреквентни локации ширум Македонија. – ЕВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните седум години поставивме околу 40 полначи за електрични возила на јавни површини во 17 градови низ земјата. Нашите напори продолжуваат со силен фокус на брзото полнење, како главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Соработката со „Макпетрол“ ни е многу важна – споделуваме сродни вредности, а преку нивната широко распространета мрежа на пумпи низ државата успеваме да се приближиме поблиску до корисниците – изјави Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Во 2022 година, на бензинската станица на „Макпетрол“ близу граничниот премин „Богородица“ беше поставен полнач за електрични возила, исто така, во соработка со ЕВН. На оваа локација веќе е поставена и фотонапонска централа што произведува електрична енергија од обновливи извори. – Грижата за животната средина е меѓу стратешките цели на „Макпетрол“ и е вклучена во нашиот годишен план преку „Зелената агенда“. Во рамки на овие активности, друштвото на различни начини ќе инвестира во заштита на околината. Поставувањето 10 брзи полначи ќе придонесе во развојот на електромобилноста во земјава и ќе нè приближи до модерните форми на транспорт. Особено е значајно што овој проект го реализираме партнерски, заедно со ЕВН. Ваквите соработки се исклучително значајни, ако не и пресудни, за реализирање на зелената иднина на Македонија – вели Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“. Полначите се со DC конектори од типот CCS со моќност од 150kW и се наменети за брзо полнење на едно или две електрични возила. Моделот е меѓу најефикасните во својата класа, овозможува брзо и лесно полнење со времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото. ЕВН и „Макпетрол“ својата грижа за животнта околина ја демонстрираат во конкретни инвестиции во доменот на „зелената“ енергија. И двете компании, покрај проектите за електромобилност, поставуваат и фотоволтаични централи за потребите на сопствените објекти. ЕВН ја надградува флотата со електрични возила и инвестира во производство на обновлива енергија, а „Макпетрол“ ќе продолжи да ја проширува мрежата за автоплин и метан (КПГ) преку вложување во малопродажни објекти. 2024-04-30 Toni Ivanoski...
Франција ги претстави предлозите за намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах
Бизнис вести - пред 1 ден
Франција ги претстави предлозите за намалување на тензиите меѓу Израел и Хезболах 30/04/2024 СВЕТ Француските власти денеска им презентираа предлози на либанските власти со цел да се намалат тензиите меѓу Израел и проиранската милитантна група Хезболах, изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне, додавајќи дека официјален Париз се обидува да посредува меѓу конфликтните страни. „Имавме неколку предлози до либанската страна. Имаме околу 20. 000 Французи во Либан за кои војната во 2006 година беше особено драматична, меѓу другото, и затоа соработуваме со Либан“, рече Сежурне во пресрет на состанокот во Ерусалим со израелскиот министерот за надворешни работи Израел Кац. Сежурне рече дека основата на францускиот предлог е да се обезбеди спроведување на резолуцијата 1701 на ОН. Хезболах рече дека нема да влезе во конкретни разговори додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа, каде што војната меѓу Израел и Хамас влезе во седмиот месец. Во изминатите шест месеци, напоредно со војната во Појасот Газа, Израел и либанскиот Хезболах секојдневно разменуваа оган од двете страни на границата. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Откриени над 200 килограми канабис на грчкото пристаниште Игуменица
Бизнис вести - пред 1 ден
Откриени над 200 килограми канабис на грчкото пристаниште Игуменица 30/04/2024 СВЕТ – Со помош на куче откривач на дрога, во камион што пристигнал од Италија на грчкото пристаниште Игуменица, крајбрежната служба на Грција открила речиси 210 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, кучето Влад ја открило дрогата спакувана во 193 најлонски кеси со вкупна тежина од 209 килограми и 820 грама. Возачот, 60-годишен грчки државјани бил уапсен и ќе биде изведен пред јавен обвинител. Камионот со траект, на Игуменица пристигнал од Италија. ср/рп/Фото: Крајбрежна служба на Грција . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
200 деца од градинката „Пролет“ на млечно патување во Бимилк
Бизнис вести - пред 1 ден
200 деца од градинката „Пролет“ на млечно патување во Бимилк 30/04/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Бимилк ги отвори вратите за 200 деца од градинката „Естреја Овадија Мара – Пролет“ од Битола, со цел да се запознаат и научат за патот на млекото и млечните производи. Патот на млекото од фарма до трпеза го следеа преку едукација каде Битолското чупе зеде главен збор заедно со витамините кои ја направија целата забава, а за процесот на производство задолжен беше нашиот стручен тим од технолози. Најмладите од најголемиот производител на млеко учеа од каде доаѓа млекото, што се добива од млеко, како се добива најквалитетното млеко и уште поквалитетни млечни производи. „Едукацијата уште од мали нозе е суштинска за развојот на децата и никој не е многу мал за да научи за големи работи. Можеби зборовите млечна индустрија, компанија, производство, се премногу големи за нашите денешни посетители, но секако тие знаат што е млеко и јогурт и денеска се запознаа како се добиваат нивните омилени производи. Нашата обврска како најголем производител, не застанува на создавањето производи со врвен квалитет соодветен за нивниот здрав раст и развој, туку треба да одиме и чекор понатаму и да придонесуваме за целосниот развој на децата. Затоа, кога зборуваме за општествена одговорност на компаниите, треба да ја земеме предвид и нашата улога во едукацијата и развојот на младите, во пренесување на вредни знаење и вредности и на тој начин активно да учествуваме во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Ова е само дел од програмата која Бимилк ја подготвува на оваа тема, во блиска иднина следуваат уште поголеми проекти“, изјави Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк. „Децата растат учејќи, она што за нас е учење, за нив е само запознавање на светот и на сето она што е важно за нив. И затоа процесот на учење или запознавање има поголем ефект кога е непосредно претставен, а ваквиот тип посети се од исклучително значење не само за образовниот процес на децата, туку и за создавање вредност и упатување на децата кон аспекти од општеството значајни за нивниот понатамошен развој. По денешната посета во Бимилк, се враќаме со нови знаења. Го научивме патот на млекото на еден забавен начин, заедно со Битолското чупе, која ни прераскажа зошто е добро да се пие млеко. Со возбуда, децата беа на млечно патување, откривајќи ги тајните на производството на млеко и сведочејќи од прва рака на прецизната изработка што е сѐ вклучено во секој производ на Бимилк, кои тие дневно ги консумираат во кругот на семејството“, изјави Мирјана Карангелевска од градинката „Естреја Овадија Мара“. Денот за најмладите во Бимилк продолжи со дружба во кругот на компанијата со вработените, Битолското чупе, витамините, со разни креативни и едукативни игри. Запознавањето со производниот процес и пренесувањето на знаењето и вештините изградени врз долгогодишна традиција, е нешто што Бимилк го практикува како за младите, така и за студенти, верни потрошувачи и за сите заинтересирани граѓани. 2024-04-30 Toni Ivanoski...
Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“
Бизнис вести - пред 1 ден
Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“ 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“. Филмот е меѓународна копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и ЕУРОИМАЖ, од каде и доаѓа креативната и техничката екипа на филмот. Филмот ќе се снима до крајот на мај 2024 година, на живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија,соопштија од продукцијата Веда Филм од Скопје. Сценариото е на Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф Илина Чолак, маска и шминка Симона Ристевска и кастинг директор Киријана А. Николовска. Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир МунивранаКако што соопштува продуцентот Елена Станишева, филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството обликувано од патријархалното и традиционалното. Улогите во филмот ги играат четири жени, сите од различни генерации, меѓусебно поврзани: Зорица Нушева во главата улога, Долорес Поповиќ – Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска. Ова е едниствениот македонски филм развиван во рамки на најпрестижната европска програма Torino Film Lab (Script Lab 2019). Филмот е награден со прва награда меѓу сите алумни на Torino Film Lab во период од 2018 до 2022 година, од најголемите Нетфликс студија во Холандија кои ќе ја работата пост-продукцијата на филмот. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и националните фондови на земјите копродуценти на филмот. ад/мд/ Фото: продукција Веда Филм од Скопје . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Баша останува лидер на Демократската партија
Бизнис вести - пред 1 ден
Баша останува лидер на Демократската партија 30/04/2024 СВЕТ – Основниот суд во Тирана одлучи дека лидер на албанската опозициска Демократска партија е Љуљзим Баша, кој на оваа функција е од 2013 година, откако се повлече Сали Бериша, по поразот на парламентарните избори. Со тоа, судот го отфрли барањето на Националниот совет на крилото на Бериша, кое сега го предводи пратеникот Газменд Барди, за бришење на Баша од судскиот регистар, каде стои неговото име како претседател на партијата. Во исто време судот го отфрлил барањето доставено од шест пратеници и за нелегитимен го прогласил Националниот совет свикан од Барди во јули 2023 година. На крилото на Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“ легитимност не му призна ни Централната изборна комисија, за локалните избори што се одржаа во мај минатата година. Право на учество со партиското лого и печатот имаше Баша, додека останатите демократи настапија под логото на Партијата на слободата на Илир Мета. Расколот во редовите на демократите почна во септември 2021 година, откако Баша од партијата го исклучи Бериша, кој во мај, истата година, САД го прогласи за непожелна личност. вт/ми/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС
Бизнис вести - пред 1 ден
АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС 30/04/2024 СВЕТ – Фармацевтската компанија АстраЗенека првпат во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца. – Причината за синдромот е непозната. Синдромот на тромбоцитопенија (ТТС) може да се појави и без вакцината на АстраЗенека или која било друга вакцина. Каузалноста ќе треба да се докаже професионално, се наведува во соопштението Фармацевтската компанија. Во Велика Британија е покрената колективна тужба против АстраЗенека, во која се тврди дека употребата на нивната вакцина „КовиШилд“ (CoviShield) довела до смрт и сериозни повреди и се бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви. Еден од тужителките тврдела дека вакцината и предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна за работа. „КовиШилд“ е развиена од британско-шведската компанија АстраЗенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Велика Британија, а ја произведуваше индиската компанија Серум институт од Индија, еден од најголемите производители на лекови во светот. Вакцината се користеше во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија. Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од Ковид-19. Сепак, истражувањето покажа дека вакцината „КовиШилд“може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот. Светската здравствена организација (СЗЗО) потврди дека „КовиШилд“ може да предизвика несакани ефекти опасни по живот. – По имунизацијата со таа вакцина пријавен е многу редок несакан ефект наречен Тромботски тромбоцитопениски синдром, кој вклучува ненадејни и сериозни случаи на згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити. Во земјите каде САРС-КоВ-2сè уште се пренесува, придобивките од вакцинацијата во заштитата од Ковид-19 ги надминуваат ризиците, се наведува во соопштението на СЗО. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ
Бизнис вести - пред 1 ден
Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ 30/04/2024 СВЕТ Обвинителството во Винковци денеска поднесе обвинителен акт против поранешниот хрватски министер, Марио Баножиќ (45), неполни пет месеци по покренувањето на истрагата и речиси половина година од сообраќајната несреќа во која животот го загуби Горан Шариќ на 11 ноември минатата година. Според Јутарњи лист, обвинетиот Баножиќ бил во близина на Винковци, а на пат кон ловиштето, возел автомобил Нисан по десната сообраќајна лента, надвор од населеното место од правец на Винковци кон Жупања и постапил спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, наведе обвинителството. -Обвинетиот се товари дека возел со несоодветна брзина и дека почнал да престигнува група возила, односно преминал на левата страна на улицата наменета за сообраќај од спротивен правец, иако поради маглата била намалена видливоста. Тој е обвинет дека почнал да престигнува иако сообраќајната лента не била слободна на доволно растојание за да може безбедно да претекнува, имајќи ја предвид брзината на неговото возило и возилото што го престигнувал, се вели во соопштението на обвинителството. Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десетина сведоци и извршени неколку вештачења. мс/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024
Бизнис вести - пред 1 ден
Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024 30/04/2024 МАРКЕТИНГ По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег”, кое години наназад го одбележува овој ден на спектакуларен начин. Вчерашниот Флеш моб настан предизвика позитивни реакции кај случајните минувачи, благодарение на неверојатната енергија што им ја пренесоа танчерите со настапот на песната „Can’t Touch This” од MC Hammer. Плоштадот беше разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот. На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква”, „Ит Да Бит” и „Брејк А Лег”.Исто така, вчера присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која низ насмевка изјави дека е неизмерно среќна и горда на сите 500 млади деца, кои вчера го разиграа центарот на градот и направија одлична, позитивна атмосфера. Исто така, Арсовска сподели дека и е чест и задоволство што го Град Скопје е поддршка за Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година и дека се радува што токму Скопје, ќе биде домаќин. Инаку, градот Скопје се подготвува да заземе централно место како горд домаќин на претстојниот Светски шампионат во хип хоп 2024. Овој настан се очекува со нетрпение и ветува дека ќе биде ексклузивна прослава на хип хоп танцот, културата и меѓународното другарство, ставајќи го Скопје во центарот на вниманието на глобално ниво. Светското првенство во хип хоп 2024 ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски”, во организација на клубот „Брејк А Лег”, од 8 до 17 октомври. Подготовките за овој грандиозен настан кои започнаа уште од минатата година се во полн ек, и токму затоа исчекувањето се зголемува, а Скопје е подготвено да ги пречека најталентираните и најстрасните танчери во светот. Изборот на Скопје за град домаќин не само што го нагласува неговото појавување на глобалната сцена, туку и ја потврдува неговата посветеност на негување на танцот како уметност. Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Токму поради овие фасцинантни бројки, овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот. Сето тоа, го препозна и Светската танцова организација и ја поддржа идејата Скопје да биде центар на хип хоп доживувањето. Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски. Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои ќе присуствуваат на Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година. Остануваат уште неколку месеци до Светскиот шампионат, а дотогаш, организаторите ќе продолжат позитивно да ја изненадуваат македонската јавност со интерактивни настани, концерти и активности во духот на хип хоп културата. 2024-04-30 Toni Ivanoski...
Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија
Бизнис вести - пред 1 ден
Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија 30/04/2024 СВЕТ Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија. Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот
Бизнис вести - пред 1 ден
Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот 30/04/2024 СВЕТ Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафа, град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци. Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафа за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор“. Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на огнот, како и ослободување на последните заложници од Газа. Нетанјаху вети дека ќе постигне „тотална победа“ во војната што започна на 7 октомври, но се соочува со притисок да не започне офанзива во Рафа. Израел смета дека тој град е последното големо упориште на Хамас. рп/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен
Бизнис вести - пред 1 ден
Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен 30/04/2024 СВЕТ Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија
Бизнис вести - пред 1 ден
Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во Белорусија 30/04/2024 СВЕТ Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека се уште ја поддржува изградбата на втора нуклеарна централа во земјата, но засега властите ја разгледуваат оваа одлука. „Засега размислуваме. Навистина сакам да изградам втора [нуклеарна] централа“, рече Лукашенко за време на работното патување во регионот Могилев, јавија белоруските медиуми. Лукашенко истакна дека белоруското општество „очигледно веќе го надмина пост-чернобилскиот синдром“ и нагласи дека бил многу загрижен кога ја донел одлуката за изградба на БелАЕЦ. Тој е сигурен дека постапил мудро со изградбата на БелАЕЦ и покрај сите критики и притисоци од Полска и Литванија. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
Бизнис вести - пред 1 ден
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе 30/04/2024 СВЕТ Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови лица, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до нацијата, цитирано од српската јавна телевизија РТС. Вучиќ изрази надеж дека владата ќе биде формирана во следните два дена и рече дека повеќе од 30 отсто од неа ќе бидат „целосно нови луѓе“. Останатите ќе бидат луѓе кои покажале резултати во претходниот период. На 17 декември 2023 година во Србија се одржаа предвремени парламентарни избори, а локални избори во Белград и во 64 други градови и општини. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија на Вучиќ освои 129 места, додека опозициската коалиција Србија против насилството стана втора сила во парламентот со 65 места. Српскиот претседател ја потврди и посетата на неговиот кинески колега Си Џинпинг на Белград, која ќе се одржи на 7 и 8 мај. Вучиќ посочи дека во Србија ќе се реализираат проекти за забрзан технолошки развој во области каде земјата нема доволно знаење, како роботика, сателитски технологии, летечки автомобили. мс/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
На семејниот фестивал во НОВА собрани средства за училиштето за деца со посебни потреби „Браќа Миладиновци“ во Куманово и други добротворни цели
Бизнис вести - пред 1 ден
На семејниот фестивал во НОВА собрани средства за училиштето за деца со посебни потреби „Браќа Миладиновци“ во Куманово и други добротворни цели 30/04/2024 НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Во меѓународната образовна институција НОВА во Скопје изминатата сабота по 17. пат се одржа хуманитарниот семеен фестивал на кој беа собрани над 330.000 денари. Поголемиот дел од овие средства ќе бидат донирани на oсновното училиште за деца со посебни потреби „Браќа Миладиновци“ во Куманово, а остатокот од сумата ќе биде искористена за различни добротворни иницијативи, кои се организираат како дел од програмите за општествена одговорност на училиштето. На отворениот настан дојдоа стотици граѓани кои вкусија автентична храна од повеќе од 10 земји и притоа имаа можност да се запознаат со различни кулинарски приказни и култури. Воедно, присутните уживаа во повеќе настапи од учениците од НОВА, во посета на мини зоо-градина и се забавуваа на лотаријата со различни производи. Овој хуманитарен настан е конципиран како семејна забава, а НОВА по втор пат го реализира во соработка со невладината организација Let’s Spread Love од Куманово која потоа ќе ги пренасочи средствата кон „Браќа Миладиновци“. Воедно, минатата година беа собрани и донирани 254.780 денари за учениците во интернатот на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане. Организатор на настанот е Асоцијацијата на родители и наставници при училиштето НОВА кои се грижат за севкупната програма. – Хуманитарните активности и иницијативи се приоритет во нашето училиште, кои како човечки вредности секојдневно ги пренесуваме на учениците. Силно веруваме дека, пред сè треба да ја негуваме емпатијата и секогаш да подадеме рака на оној што во тој момент му е потребна затоа што тоа нè прави луѓе во вистинска смисла на зборот. Како училиште отсекогаш сме биле интегрален дел од општеството и се трудиме да помогнеме во рамки на нашите капацитети, а фестивалот е настан кој од година во година, зема сè поголем замав со што и големината на собрани средства расте и тоа резултира со помош на повеќе институции и граѓани – велат од НОВА. Досега дел од собраните средства на семејниот фестивал биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника, Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“, Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари и други институции. 2024-04-30 Toni Ivanoski...
Реакција на Бошњачки демократски сојуз на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
Бизнис вести - пред 1 ден
Реакција на Бошњачки демократски сојуз на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО СООПШТЕНИЕ: Претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за емисија емитувана вчера на Македонската радио-телевизија коментирајќи ги актуелните политички состојби и предизборните коалции изнесе тврдења кои не ја одразуваат вистината и претставуваат класична манипулација со јавноста. . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата
Бизнис вести - пред 1 ден
Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк. Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите градови од еден до два часа со предупредувачки протести. -На минатата седница од петокот нашата точка за усогласување на нашите плати согласно Законот за минимална плата беше одложена на неопределено време односно после изборите, како што знаете во изминатиот период, вработените штрајкуваа со цел да им остане иста платата, применетата одлука од Владата после штрајкот се однесува на тоа дека платите ни остануваат исти до 31 мај, времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме ние плата, појасни Аџигогов. Додаде дека станува збор за усогласување од 2 392 денари по лице и дека иако навидум делуваат како малку пари, се работи за законска обврска која мора да биде исполнета. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите. -Ние сакаме да го предупредиме овој состав на управниот одбор да седне да си ја сработи својата работа и да ја донесе одлуката, да не не држи во неизвесност. Со оглед на тоа дека изјавиле дека немаат намера до формирање на нова влада да донесат одлука останува прашањето зошто управниот одбор воопшто постои, би било поетички да си дадат отказ и да дојдат лица кои ќе си ја сработат работата, посочи Аџигогов. Вработените во ФЗОМ, исто така бараат Управниот Одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати. Пред три месеци, Фондот за здравство стапи во штрајк поради опасноста дека платите ќе им се намалат за 21 процент, меѓутоа владата донесе одлука тие да останат непроменети по што штрајкот беше прекинат. свс/лв/Фото: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Продолжија апсењата на студентските протести во САД
Бизнис вести - пред 1 ден
Продолжија апсењата на студентските протести во САД 30/04/2024 СВЕТ Продолжија протестите на студентите на универзитетите во САД, чии барања се прекин на соработката на Универзитетот со Израел и компаниите кои соработуваат со таа земја, и поради, како што тврдат демонстрантите, геноцидот врз палестинскиот народ во Газа, а почнаа и суспензиите на студентите кои одбија да си одат од кампусот. Студентите денеска упаднаа во зградата на Хамилтон Хол на приватниот универзитет Колумбија, го забарикадираа влезот и го раширија палестинското знаме. Тие беа предупредени дека ќе бидат суспендирани доколку не го напуштат кампусот до понеделник до 14 часот. Портпаролот на Универзитетот, Бен Ченг, рече дека студентските суспензии започнале, но не даде детали. Хамилтон Хол е една од неколкуте згради блокирани од студенти за време на протестите за граѓански права и протестите против американската војна во Виетнам во 1968 година. Студентите кои одбија да ги отстранат своите шатори од кампусот беа уапсени на универзитет во Тексас, а универзитетот соопшти дека повеќето од демонстрантите „не се поврзани со универзитетот“. Исклучок од овие студентски протести е Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, кој постигна договор со студентите да дозволи мирни протести до 1 јуни, а студентите се согласија да ги отстранат сите шатори. Околу 1. 000 демонстранти беа уапсени на универзитетите низ САД, а протестите се проширија на неколку кампуси во Канада и Франција. мс/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Ранжел: Мораме да создадеме услови проширувањето на ЕУ да се случи што е можно побрзо
Бизнис вести - пред 1 ден
Ранжел: Мораме да создадеме услови проширувањето на ЕУ да се случи што е можно побрзо 30/04/2024 СВЕТ Европската Унија треба да даде многу јасен политички сигнал дека е за нејзино проширување, оцени новиот португалски министер за надворешни работи Пауло Ранжел. – Мораме да создадеме услови и во државите кои сакаат да станат членки на Европската Унија и во самата ЕУ, со цел проширувањето да може да се случи што е можно побрзо, заклучи Ранжел. Тој истакна дека има „многу позитивни очекувања“ од процесот на проширување на ЕУ, иако, како што рече, „тоа е тешко прашање кога станува збор за преговорите“. Според Ранжел, потребно е да се зголеми Повеќегодишната буџетска рамка на Европската Унија со цел да се обезбедат средства за покривање на трошоците за процесот на проширување, но и за зајакнување на одбраната. – Мислиме дека треба да има зголемување на Буџетот, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Европската Унија, за да можеме да одговориме на тројната транзиција – дигитална, еколошка и социјална, но и на прашањето за одбраната и прашањето за проширување и конкурентност, рече Ранжел по учеството на годишната конференција на Европската комисија во Брисел посветена на буџетот на ЕУ, насловена „Гледајќи напред: Буџет на ЕУ на иднината“. сп/Фото: Икс . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите
Бизнис вести - пред 1 ден
Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите 30/04/2024 СВЕТ – Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор. – Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи, напишала Чакна на Х. Тој додаде дека Естонија за овој проблем ќе разговара во рамките на НАТО и Европската унија, а веќе разговарала и со властите на Летонија, Литванија, Финска и Шведска. јт/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент
Бизнис вести - пред 1 ден
Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, продолжува со напорите во новиот изборен законик во оваа земја, да се предвидат гарантирани пратенички места за малцинствата. Во овие заложби им се придружија и партиите на други малцинства во земјата и заедно доставија барање до надлежните албански инститции но и претставниците на меѓународните организации и странски амбасади. -Нашата партија, МАЕИ, како и партиите на Власите, Ромите и Египќаните, обединети во заедничкиот стремеж за подобрување на демократијата и заштита на правата на малцинствата, поднесовме барање до групата за дијалог при албанското Собрание, која е надлежна за подготвување на новиот изборен законик, информираше Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ. Барањето, како што посочува, е да се вклучат гаранции за загарантирани места на малцинствата во парламентот во новиот изборен законик. -Сметаме дека малцинствата се богатство на една земја и заслужуваат почит и заштита на нивните права. Истото барање го поднесовме и до меѓународниот фактор во Албанија, бидејќи сметаме дека поддршката на малцинствата е важен дел од изградбата на посилна и поинклузивна заедница. Заедно се бориме за посилна и поинклузивна Албанија, вели Стерјовски. Според него, загарантирани пратенички места за малцинствата има во повеќе држави, меѓу кои и во Хрватска, Косово, Романија. вт/са/ Фото: МАЕИ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по лекувањето од рак
Бизнис вести - пред 1 ден
Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по лекувањето од рак 30/04/2024 СВЕТ – Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по позитивниот ефект од лекувањето од рак, пренесе ДПА. Кралот Чарлс од почетокот на февруари се лекува во дневна болница, а извори рекле дека и покрај добрите вести, кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува од болеста за која не се откриваат детали. Чарлс и кралицата консорт Камила денеска ќе посетат центар за лекување на рак за да се сретнат со медицински специјалисти и пациенти. Настанот има за цел да ја подигне свеста за важноста на раната дијагноза и да ги истакне иновативните истражувања, поддржани од Cancer Research UK, кои се спроведуваат во болницата. Британскиот крал Чарлс во јануари помина три ноќи во болница за операција на зголемена простата, при што му беше откриен рак, но не рак на простата. Откако неговата дијагноза беше објавена на 6 февруари, тој ги одложи сите јавни ангажмани, но продолжи со своите должности како шеф на државата во палатата, со аудиенции и состаноци. јт/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
Бизнис вести - пред 1 ден
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот за време на претстојните празници. Како што се наведува во соопштението оттаму во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите, затоа апелираме на -Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува на почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,користење сигурносен појас, возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации, не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол, возете со технички исправно возило, прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила, не зборувајте на мобилен телефон додека возите, внимавајте на секој учесник во сообраќајот. Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!, стои во соопштението од Советот за безбедност на сообраќајот и патиштата. свс/са/Фото:РСБСП . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Мециновиќ: Ги повикуваме гласачите на СДС да гласаат за Левица, за да се задржи левиот контингент
Бизнис вести - пред 1 ден
Мециновиќ: Ги повикуваме гласачите на СДС да гласаат за Левица, за да се задржи левиот контингент 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО За пасокизацијата на СДСМ што први ја најавија од Левица, во дебатата на ,,Канал 77″, отворено зборуваше носителот на ИЕ 2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ: ,,Честа е да се натпреваруваме против СДС во секој случај, затоа што СДС редно е да отиде во историја”. Со јавен апел до гласачите на СДСМ, Мециновиќ го истакна следново: ,,Ние дури и отворено се обраќаме до СДС – гласачите дека секој даден глас за СДС, во овој случај, е глас фрлен во бунар! Тоа е очигледно. Ги повикуваме да гласаат за нашата опција, за да се задржи тој лев контингент! Да не потпаѓаат, затоа што ние го носиме знамето на АСНОМ, ние го носиме знамето на партизаните! Да не учествуваат во уште еден проект како НСДП! Да не учествуваат во нешто што се нарекува повторно центар – лево! Центар – лево, всушност, значи: лево ветуваме, центар застануваме. Ние ги ветуваме правите левичарски вредности. Ги повикуваме сите СДС – гласачи да размислат мудро и својот глас да го дадат на левата опција – ЛЕВИЦА, за да се сконцентрираат овие гласови во еден ЛЕВ ПОЛИТИЧКИ ТАБОР”. Амар Мециновиќ уште говореше и за фактот дека на неколку месеци пред изборите, СДС ја остави пола држава без плата што е одраз на матрицата со која владее партијата во распад. Политичка партија Левица Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година
Бизнис вести - пред 1 ден
Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година 30/04/2024 ФИНАНСИИ Со раст на оперативните приходи од 25%, на обемот на инвестиции и на добивката во првото тримесечје споредено со истиот период минатата година, „Реплек АД“ продолжи со успех да го реализира бизнис планот за 2024 година и својата долгорочна развојна стратегија која се темели на зголемување на продажбата на странските и на домашниот пазар, на иновациите во портфолиото на производи, како и на значителни вложувања во технолошкиот напредок и во развојот и добросостојбата на своите вработени. Неревидираниот консолидиран финансиски извештај за работењето на Реплек АД во првиот квартал од 2024 година покажува дека во секторот фармација компанијата остварила раст на приходите од 26,9% во однос на истиот период минатата година. Во најголем дел ваквиот раст се должи на растот на приходите од продажба на странските пазари, каде се генерираат дури 80 % од вкупните приходи и кои во овој временски период се зголемени за 23 %, надминувајќи вредност од над пет (5) милиони евра. Позитивно влијание на ваквиот раст на приходите од извоз има отворањето на новиот пазар за производите на „Реплек АД“ во Туркменистан, што се очекува да придонесе за натамошно зголемување на извозните перформанси и резултати на компанијата. Истовремено со растот на извозот, „Реплек АД“ продолжи да ја јакне и својата позиција на домашниот пазар, каде во Q1 2024 е остварен раст на приходите од продажба од 50 %, во споредба со истиот период лани. Значителен раст во овој период од годината е забележан и кај инвестициите кои се зголемени приближно за пет и пол пати во однос на првите три месеци од 2023 година. „Позитивните резултати на стартот на оваа година ни влеваат дополнителна енергија и мотив да продолжиме уште посилно во остварување на целите дефинирани во деловниот план за оваа година и во нашата стратегија за долгорочен одржлив развој. Остануваме посветени на инвестирањето во натамошна технолошка модернизација, како и на иновациите кои треба дополнително да збогатат нашето портфолио на производи, коишто веруваме дека ќе ни овозможат натамошно зајакнување на нашите позиции на домашниот пазар и ќе ни отворат нови можности и перспективи на странските пазари. Паралелно продолжуваме и со вложувањата кои треба да ја гарантираат натамошната добросостојба на нашите вработени. Веруваме дека ваквите напори ќе вродат со плод, ќе придонесат за натамошен раст на компанијата и ќе донесат дополнителна вредност за сите“, изјави главниот извршен директор на „Реплек АД“, Душан Пецовски. Инаку, растот на приходите од продажба се одрази и на растот на консолидираната добивка пред оданочување на „Реплек АД“, која за првите три месеци од оваа година бележи зголемување за 24 % во однос на истиот период од минатата година. 2024-04-30 Toni Ivanoski...
Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата
Бизнис вести - пред 1 ден
Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата 30/04/2024 СВЕТ Претседателот на СНС и мандатар на новата српската Влада, Милош Вучевиќ по седницата на Претседателството на партијата ги презентираше кадровските решенија на новата Влада на Србија. Ивица Дачиќ пак ќе биде министер на полицијата, Вулин се враќа во Владата, нов шеф на дипломатијата е досегашниот српски амбасадор во САД Марко Ѓуриќ, додека Братислав Гашиќ од МВР се сели во министерството за одбрана, јави дописникот на МИА од Белград. . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Македонски Телеком со приходи од продажба од 2.967 милиони денари во првиот квартал
Бизнис вести - пред 1 ден
Македонски Телеком со приходи од продажба од 2.967 милиони денари во првиот квартал 30/04/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на Македонски Телеком во првиот квартал годинава е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од 15,2 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за три проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2. 967 милиони денари, соопшти денеска компанијата. Како што информираат, бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти. -И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници, информира Телеком и посочува дека со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнале 160 000 корисници. Од Македонски Телеком истакнуваат дека во однос на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа бележат 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. – Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, стои во соопштението. Со 151 илјада корисници на ТВ пазарот што е раст од 2,3 проценти, посочуваат дека остануваат на лидерската позиција во овој сегмент со удел од 34,4 проценти. лв/са/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-04-30 Zoran Popov...
Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј
Бизнис вести - пред 1 ден
Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј 30/04/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна. -Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените дадоа идеја една од тие акции да биде и крводарителската, што значи Судот ја покажува и својата хумана храна. Повеќе од половината вработени се пријавија за давање крв или од вкупно 60 повеќе од 30 се согласни да дадат крв, изјави Кацарска. Акцијата се одржува под мотото „Биди хуман – спаси живот”, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија. Почна во 9 и ќе трае до 14 часот. Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување. мч/лв/фото/видео: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-04-30 Zoran Popov...
Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево
Бизнис вести - пред 1 ден
Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево 30/04/2024 СВЕТ Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти. Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски. Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-04-30 Zoran Popov...
Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година
Бизнис вести - пред 1 ден
Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година 30/04/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари. Супериорно корисничко искуство и зголемување на базата на корисници Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто изнесува 94 поени. Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 160 000 корисници. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти. И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници. Лидерство на ТВ пазарот и нова ТВ платформа Остануваме на лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 34,4 проценти и раст од 2,3 проценти или 151 илјада корисници. Во март, воведовме нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците. Инвестиции и развој на најдобрата мрежа Остануваме доследни на нашиот фокус на ширење и инвестиции во оптичката мрежа и денес имаме 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3% повеќе споредено со истиот период од претходната година. Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85% од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги. 2024-04-30 Toni Ivanoski...