Села: Не ми се допаѓаат смелоста и полетот на ВМРО ДПМНЕ! – Стабилна Македонија не се прави со национализмот на Мицкоски!
Express - пред 2 часа
„Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвора националистички теми, кои не ѝ помагаат на стабилноста на државата.“ – изјави Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците, со кое раководи тој, во емисијата „Пресинг“ на ТВ Клан Македонија. ТВ Клан Македонија пишува: Села додаде дека во Македонија има 30 проценти Албанци и затоа, според него, ВМРО ДПМНЕ греши кога ги смета како национално малцинство. „Не ми се допаѓа речникот на Мицкоски, воопшто не ми се допаѓа таа нивна смелост и тој полет, кој го имаат. Не посакувам Мицкоски да биде во Владата, но ако биде, тогаш ќе мора да обрнува вминание на една стабилна Македонија! Стабилна држава не се прави со таквиот речник! Мицкоски отвора значително чувствителни теми, во оваа земја 30 проценти се Албанци и затоа ние не сме малцинство, како што не нарекува тој.“ – посочи Зијадин Села....
Силјановска: Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт
Express - пред 3 часа
Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната претседателска дебата на Телма истакна дека таа на граѓаните им вели да го искористат своето политичко право и да гласаат по сопствено политичко уверување. -Не можете да им оневозможите на коалициите и на лидерите на партиите меѓу себе да разговараат. Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт. Веројатно и совпаѓањето на изборите оневозможува да се постави една линија цврста, помеѓу она што, кој и како гласа за претседател и кој, како глса за пратеници. Значи, јас не ги повикувам партиите, јас ги повикувам граѓаните. Нема тука разлика меѓу мене и останатите, посочи таа. Додаде дека ако ги слушаме и лидерите на партиите, тие не само што повикуваат туку и поставуваат услови. -И не само за составувањето на владата и за настапот на парламентарните избори, туку и за самите кандидати. Само да потсетам, ние двајцата и на минатите избори излеговме заедно, тогаш имавме поддршка и од пратеници ама и од граѓаните. Јас добив повеќе потписи од граѓаните ама Изборниот законик е јасен дека можете да поднесете само една листа. И мојата дилема е како тогаш, ако можете да поднесете една листа, како ќе аплицирате и со потписите на граѓаните и со поддршката на пратениците? Инаку, логиката е во нешто друго. Ако господинот Пендаровски го поддржале граѓаните, тогаш се треба да оди, од договори со Вас до финансирањето, преку оние 10%. А, не 45 плус 45 како што тој и јас настапуваме. Сега ви е јасно кој кого изманипулирал. Само фрлете поглед на билбордите и ќе видите кој најзастапениот. Јас не сум видела толку варијации на билборди како овој пат. Навистина граѓаните се многу богати изгледа. Јас имам еден билборд, една слика. Инаку сум застапник на тоа во Изборниот законик да се регулира големината на билбордите така што апсолутно не гледам хипокризија. Јас кај вас гледам хипокризија и цинизам, посочи Силјановска Давкова....
Силјановска: ЕУ има закон кој гарантира немешање во внатрешните работи
Express - пред 3 часа
Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот. Како знаете, дека вие можете однапред да ветите нешто што не е ваша надлежност?, му порача кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на нејзиниот опонент Стево Пендаровски во телевизиско соочување вечерва. „Деновиве Макрон даде изјава дека ЕУ не е само територија, туку е концепција на човештвото и правото. Е, од тоа тргнувам и јас кога размилувам за ЕУ. За нејзините темелни вредности и принципи без кои таа не е политине заедница туку е само машинерија. Значи таа не е догма. Што ќе направам јас? Најпрво ќе направам регионални чекори. Штом ќе завршат изборите јас сакам да разговарам со моите соседи и заради регионалната политика и заради очекуваната поддршка од нив. Сакам да објаснам дека и кога има една преговарачка рамка не е логична заканата со вето. И дека може, дури и кога преговарачката рамка е ваква, низ интерпретација поинаква да се примени. Од типот, ако вие речете дека нема да употребувате вето за идентитески прашања, за историските дилеми и слично, протоколите, туку за Копенхагенските критериуми, јас ќе бидам сосема согласна. Значи, мислам дека е време кога ќе се смени власта, да чуе што мислиме и ние. Оти тоа е дијалогот што е нужен за добрососедски односи. Ако некој не го кажувал и ова досега, веројатно и тогаш било се во нивни раце“, рече Силјановска-Давкова. Понатаму, како што додаде, како никој не се сетил да им каже на оние од Советот и од Европската комисија и сите останати со тоа се рушат темелните вредности на ЕУ? Бидејќи ЕУ гарантира во членот 4 почитување на уставните и политичките структури, немешање во внатрешните работи, почитување на дигнитет и интегритет, различности, неставање на билатерални спорови во рамката. Ако тоа не го кажете, вие ќе останете на прагматичните решенија. Доаде и дека ниту еден од темелите на кои почивала програмата на Пендаровски во 2019 година не останале. Сите се урнале и ништо не е остварено....
Вучевиќ: Не постои ниту едно прашање кое би можело да направи раздор меѓу Србите и Македонците
Express - пред 3 часа
Мандатарот за состав на новата Влада на Србија, Милош Вучевиќ, во експозето се осврна и на односите со Македонија. „Северна Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа. Србите и Македонците повеќе немаат ниту една тема што ги оддалечува. Не постои ниту едно прашање околу кое може да се раздвоиме или околу кое би можело да се направи раздор. Проектот Отворен Балкан дополнително нè зближи, а разрешувањето на црковниот спор ја тргна и последната пречка на патот на изградбата на меѓусебната доверба и зедничката работа каква што не е видена од распадот на поранешна Југославија“, рече Вучевиќ од говорницата на српскиот парламент....
Албанците ќе гласаат за Пендаровски, очекува Ташев од БАН
Express - пред 3 часа
Историчарот Спас Ташев од Бугарската акдемија на науките (БАН) смета дека албанскиот глас ќе биде клучен при изборот на претседател на Македонија. „Претседателот на Северна Македонија никогаш не бил избиран без албанскиот глас, така што тоа ќе биде решавачки фактор за да се одреди кој ќе биде претседател. Главните албански политички формации се изјаснија дека нема да поддржат политичка сила која води антиевропска политика. Кога сме веќе кај европската политика, исто така е тешко да се каже која политичка сила таму е проевропска, но генерално власта беше поумерена во своите изјави, па затоа е сосема разумно да се претпостави дека албанскиот глас ќе биде насочен кон актуелниот претседател Стево Пендаровски“, изјави Ташев за бугарското радио Дарик. Тој направи паралела меѓу изборите во Македонија и тие во Русија, прецизирајќи дека нема разлика меѓу кандидатите: „Северна Македонија практично не е пред избор. Изборот, барем во моментов, е попрво пред Бугарија и Европската унија и целата евроатлантска област. Се надевам дека ќе ги сфатат овие тешки зависности меѓу Скопје и Белград“....
Дојде ли Велигден, во Бугарија алармираат за увоз на поевтино јагнешко од Македонија
Express - пред 4 часа
Како и секоја година во пресрет на Велигден, и годинава во Бугарија го вклучија алармот за увоз на јагнешко месо од Македонија по дампинг цени. Просечната цена на јагнешкото е 28 лева (околу 84 денари), а во земјата засилено се увезува замрзнато месо од јагне од Македонија со околу 20 проценти пониска цена од пазарната во членката на Европската унија, посочи Пејо Мајорски, претседател на Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. Тој ја повика Бугарската агенција за безбедност на храната да ги зајакне проверките и контролите за евтино увезено месо и јајца на границите....
Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика
Express - пред 4 часа
Во врска со надлежностите кои ги има Претседателот на државата, Силјановска Давкова и Пендаровски значително внимание посветија на судството, односно како да се подобри работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Додека Пендаровски оцени дека и двете институции изминатиот период не биле на ниво на задачата, решението го гледа не во нивно укинување како институции, туку во подобрување на кадарот кој влегува во нив преку ветинг. „Ние можеме да направиме нов судски совет, еве денеска ќе се решиме, и Совет на јавни обвинители, меѓутоа јас мислам дека без претходен длабок, прецизно направен ветинг, со странски експерти, со нивна асистенција и помош, ние џабе ќе правиме нови и нови судски совети ако сличен човечки материјал ни влегува во тие судски совети. Нашиот проблем во владеењето на правото не е проблем за еден или двајца кои се погрешно поставени овде или онде, ние имаме проблем со многу повеќе, со неквалитетен човечки материјал, да не кажувам почнувајќи од првичната правна едукација на тие луѓе, начинот како се влегува во судовите и обвинителствата, па се до испорачувањето на правдата, за жал често пати и неправдата. Значи не е само да ги смениме регулативите, туку треба да го смениме начинот како ги селектираме кадрите. не само најдобрите на факултет, туку и луѓето со интегритет“, рече Пендаровски. Претседателот за ветинг зборуваше и во 2016, и во 2020 и во 2024, му одговори Силјановска Давкова. Според неа, моменталната ситуација во судсвото е резултат на тоа што ветингот останал само како реторика, и не се спроведувал кога можело да биде спроведен. „Зависи на што мисли, и досега можеше да се спроведе ветингот како евалуација или ре-евалуација при секој избор, оти генерален ветинг, оној суштинскиот значи распуштање на сите и влегување во еден проблем. Можеше да се посегне по ветинг кога ги предлагаше претседателот весна дамева, Миљзим Мустафа итн. Стручни соработници, најслабата алка во судскиот совет. Можеше за директорите на агенцијата за разузнавање, можеше секаде каде што има можност да предлага да го предложеше и овој механизам. инаку, за сите сум, прво за политичарите, може да има таму и ретроактивно дејство, нема проблем никаков, и мислам дека она што се случува денеска е резултат на тоа што ветигнот беше само реторика и кога можеше да се примени не се применуваше“, рече Силјановска Давкова....
Грузискиот парламент на второ читање го усвои законот за „странски агенти“
Express - пред 4 часа
Грузискиот Парламент денеска, 1 мај, гласаше за усвојување на контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“, кој беше причината за неколкунеделните протести во главниот град Тбилси и предупредувањата од Брисел дека тој потег ќе ги наруши надежите Грузија да стане членка на Европската Унија, пренесе РСЕ. Со 83 гласа „за“ и 23 „против“, пратеницита гласаа за усвојување на нацрт-законот во второ читање по жестоката дебата која вклучуваше исклучување на четворица опозициски пратеници, а потоа дури и тепачка меѓу членовите кои ги претставуваат опозициските и мнозинските партии. Владејачката партија соопшти дека сакаат законот да биде потпишен до средината на мај. Гласањето во Парламентот следуваше набргу по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во текот на ноќта токму околу законот за „странски агенти“, кој пак многумина го сметаат како одраз на законот што го користи руската влада за да ги задуши неистомислениците во таа земја. Министерството за внатрешни работи на Грузија објави соопштение во кое ги повикува демонстрантите да не блокираат улици и да не се обидуваат да го окупираат Парламентот. Но, во соопштението, исто така, се вели дека луѓето ќе имаат можност да протестираат на улицата пред и зад зградата. Во исто време, полициски службеници од единиците на специјалните сили ја презедоа контролата врз улицата на задниот излез од Парламентот, каде што мала група луѓе протестираа. Полицијата употреби солзавец и водени топови во текот на ноќта за да ги растера нелегалните демонстрации и приведе 63 лица. Петмина демонстранти и шест полицајци се хоспитализирани со повреди. Целиот текст на РСЕ на следниот линк: https://www.slobodnaevropa.mk/a/32929459.html...
Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги послуша предупредувањата на Централна Европа за Русија
Express - пред 4 часа
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“. – Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20 години. Претседателката на Европската комисија истакна дека 20-годишнината од големото проширување на ЕУ бил одлучувачки момент и гледајќи од денешна перспектива, суштински ја промени Европа и ја направи посилна, пренесува полската телевизија TV World....
Анастасов: На 8.5 Македонскиот род ќе му каже на светот во каква Македонија сака да живее! – Истокот е во боите на ВМРО ДПМНЕ и Давкова!
Express - пред 4 часа
„Потребата од обединување на Македонскиот народ зад водството на своите првенци-водачи е од клучна улога во ова време-невреме, кога разни Алиевци, Борисовци и останати волчи злокоби демнат над Македонија и македонскиот народ. Насушна е потребата обединувањето на македонскиот народ да се случи уште посилно и уште помасовно на 8 мај. Тогаш целиот Македонски род ќе каже пред лицето на светот во каква Македонија сака да живее!“ – нагласува Кирчо Анастасов, главниот и одговорен уредник на информативниот „Брегалнички портал“, во својот уреднички коментар со наслов „Драган Ковачки во ‘тројката’ одејќи од место во место повторно го распламти духот на Делчев“. Покрај другото, Анастасов пишува: Источна Македонија од Бугарската граница над Пехчево и Берово, преку Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Чешиново- Облешево, Карбинци, па преку Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Свети Николе, Штип и Велес, се до скопското предградие… целата е во боите на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова. Во изборната единица 3 победата на Гордана Сиљановска Давкова во првиот круг од претседателските избори е толку голема, што сите изгледи за некаков поволен резултат на вториот круг за Стево Пендаровски и СДСМ се длабоко потонати во безнадежност. Ваквиот резултат во предност на бројот на гласови во корист на Гордана Силјановска-Давкова во голема мера се должи на темелната кампања, која што ја спроведува нејзиниот тим. Во тој тим еден од главните носители на кампањата беше и останува Драган Ковачки. Како еден од најдобрите воени кадри, кои што ги има Македонија со чин полковник и огромно теренско и оперативно искуство, Драган Ковачки стана препознатлив по својата интензивна теренска агенда на крстосување низ сите населени места во изминатите неколку години, не само во оваа предизборна кампања. Затоа и уследи масовната народна поддршка на првиот круг за изборите на 24 април. Преку директниот контакт со граѓаните од непокорното Русиново во Беровско, па се до клупите во Македонскиот Парламент, Драган Ковачки се претвори во бескомпромисен столб на македонскиот идентитет и вредности. Тој беше во изминатиот период еден од ретките поединци на политичката сцена во Македонија, кој што ги отвори и биеше бој со најсуровите и најскандалозните афери на власта на СДСМ и ДУИ. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ во него доби прекален борец за правда и заштитник на интересите на обичниот граѓанин и во најзафрлените села во периферијата на државата....
Турската партија ТХП го напушта Европскиот фронт на Ахмети
Express - пред 5 часа
Кандидатите Турци за пратеници кои се во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во рамките на Европскиот фронт не делат заеднички вредности, по изборите ќе ја напуштат оваа коалиција. Ова го изјави во интервју за порталот Пресонлајн.ал Енес Ибрахим претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП) и кандидат за пратеник на Коалиција за европска иднина во ИЕ Бр.5. „Коалициите треба да имаат одредени вредности, во овој случај, доколку се Европски фронт, треба навистина во таа коалиција да учествуваат политички партии кои веруваат во овој концепт, а не кои сакаат само да имаат пратеник, па потоа во 20 часот на 8 мај да избегаат во различни коалици. Изминативе години тоа се случуваше во рамки на другите коалиции, па така најголем дел од тие коалиционни партнери нема да останат со ДУИ бидејќи не ги имаат истите вредности со ДУИ. Коалицијата предводено од ДУИ, сметам дека не е принципиелна. Најголем дел од тие коалициони партнери, претходно биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, потоа биле со СДСМ, па откако им биле затворени вратите во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ, нашле една мала врата во ДУИ. Кога зборувам за непринципијална коалиција, зборувам за европските вредности. Во оваа коалиција имате политички партии и поединци кои секогаш биле анти НАТО, анти Европа. И затоа оваа коалиција е непринципиелна и нема да има успех“, смета Ибрахим. Тој смета дека турската заедница е маргинализирана и изолирана и дека за нив патот кон членството во ЕУ е најбитен елемент. Според него, помалку бројните етнички заедници, вклучително и турската заедница, немаат алтернатива, и затоа, смета тој, патот кон ЕУ мора продолжи....
Деспотовски најави ново партиско раководство на СДСМ по изборите
Express - пред 5 часа
Кандидатот за претседател на СДСМ на последните партиски избори Јован Деспотовски вчера во емисијата Дејли Клик на ТВ21 најави ново партиско раководство по изборите кое ќе треба да го мобилизира и поврати членството во своите редови. Актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони рече дека големиот број на гласачи за Максим Димитриевски ЗНАМ се разочарани членови или избирачи на СДСМ. – Според мене новото партиско раководство треба да подаде рака кон избирачите кои заокружиле за Максим, Станува збор за поранешни и сегашни партиски другари во битки кои сме ги воделе 20 години. Вратите за нив се секогаш отворени. Имавме во 2006 слично сценарио. Луѓето се тука, гравитираат околу тие централно левичарски опции и наш прв чекор ќе биде тоа гласачко тело да се консолидира. Новото партиско раководство треба да испрати порака за подавање рака кон тие луѓе, рече Деспотовски. Тој додаде дека не е важно колку пратенички места ќе освои СДСМ во новиот собраниски состав, туку дали ќе води исправни пшолитики, а пред се кадровски....
Тачи: Во РМ се одвива драма на изборите, која може да се лизне кон трагедија! – Ако не се избере стабилна Влада, ќе се вратиме во 2001-та!
Express - пред 5 часа
„Во * Македонија се одвива драма на изборите, која може да се лизне кон трагедија!“ – изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој учествуваше во првиот круг на претседателските избори како дел на „Европскиот фронт“ на ДУИ и Али Ахмети. Ова го јави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“. Порталот пишува: „Драмата во Македонија на изборите е многу тешка. Моето дејствување, моите контакти, претконтактите со ВМРО-ДПМНЕ се да не се лизне драмата кон трагедија, туку да остане драма! Речникот, што го користи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, може да го употребува против кого било, но не против Европскиот фронт и не против Али Ахмети и ДУИ.“ – нагласи Мендух Тачи. Тачи го спомена и „враќањето во ситуацијата од 2001 година“. „Ако не излеземе со стабилна Влада од оваа ситуација, тогаш ќе бидеме многу блиску до враќањето на ситуацијата од 2001 година! Ситуацијата е многу сериозна. Ситуацијата не е за да се прават шеги. Јас правам максимум да не дојде до ова. Во контактите, кои ги воспоставив, реков: мора да бидете многу внимателни, бидејќи изборната шега може да донесе многу тешки последици.“ – посочи лидерот на ДПА Мендух Тачи....
Димитриевски: Не ме изненадува ароганцијата на тие што ја згазија социјалдемократијата
Express - пред 5 часа
Максим Димитриевски, кој беше кандидатат за претседател на државата, но не го мина првиот круг од трката за шеф на државата одговори и на вчерашната порака на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој во врска со условувањата на лидерот на ЗНАМ од митингот во скопската општина Аеродром рече дека раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ, АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов. „Сакам да испратам порака до тие коишто обвинуваа за соработка со ванчомихајловисти, итстите тие коишто дозволија да се отвораат клубови на странски држави во текот на нивниот мандат и ја згазија само социјалдемократијата туку и Илиндеската и АСНОМ-ската идеја во целост во државата не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Со тоа навредија покрај мене уште 84 000 и повеќе граѓани на оваа држава. Но, како и да е ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце каде што се удрени темелите на современата македонска држава, на АСНОМ гледам голем број на мои поранешни соборци, сопартијци, социјалдемократи коишто се придружија на овој настан којшто го организира „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, рече Димитриевски. Лидерот на „Движењето ЗНАМ“ имаше и обраќање пред членството и симпатизерите на партијата, пред кои рече дека не е изненаден од ароганцијата на тие што ја погазиле социјалдемократската мисла и идеја. „За жал нивната ароганција како и секогаш е многу поголема од сите тие коишто навидум ги предводат. И да им кажам, не сум изненаден. Таа порака ја испратив по барање токму на тие луѓе од таму затоа што сметаат дека Илинденските и АСНОМ-ските вредности треба да се сочуваат, треба да се негуваат, треба да се обединуваат“, рече Димитриевски во неговото обраќање. Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, вчера на двете најголеми партии од македонскиот политички блок, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, им постави услови за можно коалицирање без чие исполнување, како што рече, нема да има почеток на разговорите за евентуална соработка со едните или со другите....
Анализа: Недозволиво е по 23 години ДУИ да нема што да понуди освен сеќавањата на УЧК
Express - пред 5 часа
Треба ли ДУИ да го смени својот пиар тим кој им се грижи за јавните настапи, изјави, прогами, реторики? Во 2024 година, се чини дека интегративиците кои сакаат да се претставуваат како европејци и државотворци, се уште се заглавени со замајување на јавноста со настаните од 2001 година. И во оваа преизборна кампања 23 години подоцна, партијата од Мала Речица сака да придобие гласови со нивното делување за време на немирите. Прават митинзи само со албански знамиња, скандирања УЧК и спобедуваат такви содржини на социјалните мрежи. За ДУИ секој кој што ќе го спомене конфилктот го етикетираат како антиалбанец, неодговорен, провокатор. Тоа го направи и министерот за политички систем Груби, кој ја нападна кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека била неодговорен политичар. Тој во статус на социјалните мрежи повика сите да гласаат за Европскиот фронт, и да ги спречеле интригите кои правеле поделби. „Ова го носат неодговорните политичари. Затоа, гласот на целиот албански народ, вклучително и оние кои гласаа за опозицијата, и заедниците, мора да се построи зад Али Ахмети и Европскиот фронт за ВМРО да нема никаква шанса да си игра со судбината на Албанците. ОВК, другите заедници, медиумите, граѓанското општество, администрацијата и земјата. Вашиот глас за Европскиот фронт го блокира ВМРО и го запира нејзиниот моментум. Ајде да ги спречиме овие пакосни работи кои предизвикуваат поделби, сите гласот да го дадат на Али Ахмети – Европскиот фронт со 30 пратеници, па потоа да видиме како ќе се однесуваат“, напиша Груби. Претходно и Али Ахмети со заканувачки тон и порача на Силјановска Давкова „да внимава што зборува околу војната во 2001“. Дел од аналитичарите велат дека овој изборен фолклор на ДУИ е застарена метода, мораат да одат напред со времето, а не да користат стари флоскули од други времиња. Аналитичарот Ристевски за Алфа вели, не може да се претставувате како европска партија, ако не ги почитувате европските вредности. Апсолутно сметам дека е недозволиво и неразбирливо да одреден политички субјет по повеќе од 22 години постоење и после толку време демократија и партиципирање како дел од власта да излегува со ваква реторика на избори. Сметам дека не и доликува на политичка партија како ДУИ да повторно се навраќа на некои стари милитантни форми и реторика со закани, со закани, притисоци, давање изјави и повикување на УЧК и на 2001,вели Александар Ритевски – аналаитичар. Според него, инагративиците треба да поработат на тоа какви пораки упатуваат и да направат промена во своето дејстуввање, односно да работата за народот, а не за одредена група на блиски привирзаници. Мислам дека ДУИ треба да поработи на својата идеолошка матрица, која не треба да биде милитантна туку како оној симпатичен обид кога се обидоа да станат зелена партија за да се вкучат во европските зелени партии, што беше неуспешно како идеја и концепт. Посакувам да поработата на каузата, идејата за посоење и на одредена програма која ќе таргетира население според одредени барања и потреби, а не само некој етнички предзнак кој одамна го изгубија, Повече делуваат како клиентелистичка партија на мала група луѓе кои застапуваат некои свои лични интереси, вели Александар Ритевски – аналаитичар. Додека ДУИ сеуште ги користат старите флоскули и тераат кампања на сеќавањата на 2001, токму тие ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот слоган Твоја Македонија дека биле шовинистички. Извор: Алфа ТВ...
Ковачевски го одби Димитриески: Раководството го бираат членовите на СДСМ
Express - пред 7 часа
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови, затоа што ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митингот во Драчево. „Да одговорам на она писание кое го има напишано субјектот ЗНАМ до јавноста. Прво, раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ, кои се наследници и на НОБ и на АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов. Второ, носителите на пратеничките листи и сите кандидати на пратеничките листи на СДСМ и на коалицијата се излезени на избори за да ја претстават програмата на СДСМ и на политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата и со таа програма, со тие луѓе, со тие претставници на социјалдемократската идеја ние го бараме гласот на граѓаните“, изјави Ковачевски. СДСМ, како што рече Ковачевски, била единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од својата инклузивност и која во континуитет придонесува за мултиетничкиот карактер на Македонија. Инаку, Димитриевски постави услов за коалицирање и до ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да не соработува со поранешниот премиер Зоран Заев....
Петрова: Прекршено е „златното буџетско правило“ – јавниот долг во 2023 е 62,1 %
Express - пред 7 часа
Заменик министерката за финансии во техничката Влада, вели дека Министерството за финансии конечно признало дека јавниот долг во 2023 год изнесува 62,1% од БДП и дека е прекршено “златното буџетско правило”! Според неа, тоа се препознава во вчерашното соопштение за медиумите од МФ. Што се однесува до објавениот податок дека јавниот долг на крајот на првиот квартал од оваа година изнесува 58,6% од проектираниот БДП, вреди да се напомене дека оваа проекција за номинален БДП во 2024 год. од 14,966 милиони евра е многу оптимистичка во однос на остварениот номинален БДП во претходните години (13,668 милиони евра во 2023 год., 13,059 милиони евра во 2022 год.). Но, свесни сме дека со вака проектираниот БДП се влијае на тоа колкав буџетски дефицит и јавен долг ќе искажува МФ во текот на годината, пишува Петрова. Новата Влада после изборите ќе има голем предизвик да го стабилизира јавниот долг и да го поттикне растот на економијата преку придвижување на јавните и приватните инвестиции и други мерки за поттикнување на економските активности и создавање нова додадена вредност, додава таа....
За Силјановска Струмица е последната „феудална енклава“, а Пендаровски „давеник за сламка“
Express - пред 9 часа
Претседателската канидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ја нарече Струмица феудална енклава од каде ќе тргнел политичкиот вулкан во остар напад против Зоран Заев. – Во Струмица се чувствувам особено добро бидејќи знам дека оттука ќе тргне тој политички вулкан што ќе стави крај на последната феудална енклава во Македонија. Таа енклава ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне! Замислете, заколнати самонаречени Европејци дека со рефеудализација ќе стигнат во ЕУ“. Во синоќешниот митинг таа се осврна и на претходно снимената дебата на ТВ21 со Стево Пендаровски што се емитуваше синоќа, нарекувајќи го актуелниот претседател „давеник за сламка“. – Денеска во една чудна дебата, квази дебата на давеник што се фаќа за сламка, бев прашана како може да не го употребувам името „северна“, сум го кршела Уставот. Му објаснив дека правото на самоопределување е колективно право и дека Македонија истото го искористи уште на АСНОМ. Но и дека секој од нас има право на индивидуално самоопределување и дека никој, никогаш ниту мене, ниту вам не може да ни забрани да го употребуваме името Македонија – рече Силјановска пред струмичани....
Прво ги правдаше, сега се жали дека играле фудбал во канцеларија
Express - пред 11 часа
„Ковачевски министрите на ДУИ еднаш ги правдаше дека во своите канцеларии можат да прават сè што сакаат, сега, откако сите заедно ги снајде тоа што го заслужија, се жали дека самиот работел ден и ноќ да ја намали инфлацијата, а тие играле футбол во канцеларија“. Коментар на Фејсбук на аналитичарот Џевдет Хајредини...
Мицкоски по повод Денот на трудот: Денес работничките права се погазени
Express - пред 11 часа
Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се ’рбетот на нашата економија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница. Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!, вели Мицкоски....
Протест: Ако има за функционерите, нека има и за работниците
Express - пред 11 часа
На денешниот протест во организација на ССМ беше побарано зголемување на платите на работниците. „Бараме 450 минимална плата уште во првите 100 дена на новата влада, како и враќање на трошоците за храна и превоз. Ако знаеме дека функционерите со 2.500 евра тешко преживуваат денеска, ние работниците тешко преживуваме со 25.000 и 35.000 денари. Денеска работниците се излезени за да кажат дека не се задоволни со тоа што се случуваше изминатиот период. Прво треба да се задоволат работниците, а потоа самите себе“, кажа Слободан Трендафилов, претседател на ССМ....
Бугарија навредена од изјавата на Милановиќ дека е „под дното“
Express - пред 12 часа
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пред неколку дена ја критикуваше владата на Андреј Пленковиќ, споредувајќи ја Хрватска со Бугарија. Милановиќ: Хрватска е „на дното“ во ЕУ, полочо е само во… „Хрватска е дното на Европската Унија, кога ќе ги погледнете поранешните социјалистички земји, Бугарија е единствена полоша и секој ден се молиме да остане за да можеме да кажеме дека сме претпоследни. Не можеме да бидеме задоволни со тоа мора да бидеме на средина, дека во конкуренција со Унгарија „Чешка, Романија, Бугарија… да бидат најдобри. Затоа ни треба децентрализација“, рече Милановиќ. Поради изјавата на Милановиќ, Бугарија ја повикала хрватската амбасадорка во таа земја Јасна Огњановац и изразила незадоволство, пишува Вечерњи лист. Амбасадорите од бугарското Министерство за надворешни работи го пренесоа „длабокото разочарување на Бугарија“ од изјавата на претседателот Милановиќ. Тие рекоа дека „таквата изјава е неприфатлива за Бугарија и не одговара на одличните билатерални односи меѓу Хрватска и Бугарија“ и изразија надеж „дека хрватската влада ќе се огради од таквите изјави“....
Коцарев: Време е „да кренеме рачна“ ние Македонците, не можеме подолу од тоа каде што сме денес
Express - пред 12 часа
„Откако сегашнава Влада и сегашниот Претседател на Македонија, кои се исклучиви виновници за безизлезната состојба во која се најдоа Македонците – ‘во ЕУ само како Бугари и никако поинаку’ – ќе заминат од политичката сцена на Македонија еднаш и засекогаш, време е да се крене рачна, за најпрвин да се прекине сегашнава надолна спирала…“ вели академик Љупчо Коцарев во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. „Што, според моето мислење, значи „да се крене рачна“?- вели Коцарев: Прво, раскинување на потпишаниот билатерален Договор со Бугарија. Второ, да почнеме и тоа да трае најмалку една година, едногласно, сите леви, десни, шарени, еднобојни, во центарот, на периферијата, да говориме за неправедните, понижувачките, нелогичните, бесмислените членови и ставови на договорот со Грција…Тоа треба да го направиме за да сите: и нашите поддржувачи и нашите опоненти да разберат за неправедниот, понижувачкиот, нелогичниот, и бесмислениот договорот со Грција. Трето, департизација на институциите, подобрување на внатрешната кохезија и градење на доверба кон Владата и кон ЕУ. Четврто, македонските претставници на билатералниот скрининг да се обврзат на транспарентност: да нема повторно изненадувачки „остварени факти“ и нови „преземени обврски“ за коишто јавноста се запознава откако обврските веќе се преземени. „Граѓаните на Македонија од другите етникуми треба да разберат дека ние – Македонците, не можеме подолу од тоа каде што сме денес, во спротивно, тие, всушност, не се за соживот, туку го подржуваат разнебитувањето на Македонија, па оттука, слоганот „Македонија – едно општество и едно семејство за сите, сите се граѓани од прв ред“ се трансформира во „Македонија – едно општество без Македонци“, предупредува Коцарев во разговорот со Цветановски на Алфа....
„Јас сум дама“ му врати Силјановска на Пендаровски кој ја прозва да биде „џентлмен“
Express - пред 13 часа
Во тек на синоќешната, на моменти, жестока дебата наТВ дуелот меѓу претседателските кандидати на ТВ 21, претседателот Стево Пендаровски побара од професорката, Гордана Силјановска Давкова, да биде „џентлмен“. „Не можам јас да бидеам џентлмен, јас сум и останувам дама“ му предочи Силјановска на соговорникот. Кратката реплика на Пендаровски, од вчера, е хит на социјалните мрежи. Видеото на ЛИНКОТ: https://fb.watch/rNNh3npfUT/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v...
Керќуки: Албанците од РМ „да ја спречат бурата на македонскиот фашизам“ и „да не дозволат ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт“!
Express - пред 13 часа
„Познатиот новинар Леонард Керќуки преку објава на фејсбук реагираше во врска со изјавата на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, која побара формирање Меѓународен трибунал, суд за албанските злосторства во војната во 2001 година. Керќуки пишува дека ВМРО ДПМНЕ докажува оти е засрпска и заруска партија и дека само силна албанска партија може да му се спротивстави на таквиот македонски фашизам!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата вест со наслов „Керќуки: Предавањето на ‘Вреди’ пред ВМРО ДПМНЕ го охрабри Мицкоски за фашистички и противалбански изјави!“. Инаку, Леонард Керќуки ги напаѓа не само Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, туку и македонскиот народ дека шират „бура на македонски фашизам насочен против албанскиот народ“. Тој ги повикува Албанците „да не ѝ дозволат на Македонија да го смени курсот на евроатлантските интеграции“, ниту „да му се дозволи и на ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт“, бидејќи „тоа не го сака и ниедна меѓународна инстанца“! Овој вџашувачки противмакедонски повик на Керќуки преку општествените мрежи е дотолку посериозен и поопасен, кога ќе се имаат предвид профилот и влијателноста на овој новинар. Тој е главен и одговорен уредник на весникот „Газета Експрес“ од Приштина и е автор и водител на многу гледаната емисија „Пресинг“ на косовската телевизија Т 7, во која во изминативе денови гостуваа редица главни и најпознати политичари од албанскиот етникум од Македонија, Косово и Албанија. „Инфошќип“ ја пренесува целосната објава на Керќуки со сите негови наводи за „македонскиот фашизам“: Изјавата на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ за создавање меѓународен трибунал за „злосторствата“ на Албанците во 2001 година, јасно говори за намерите на оваа засрпска и заруска партија. Оваа изјава уследи откако албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ се предаде без услови пред Мицкоски и ги охрабри него и сите оние Македонци, кои веруваат дека може да се врати некогашната ситуација во Македонија кога Албанците беа народ угнетен и земан низ нозе. Само силна албанска партија може да ѝ се спротивстави на оваа бура на македонските фашисти и на нивните слуги заради власт – безусловно. Не постои ниедна меѓународна инстанца, која посакува угнетување на Албанците во Македонија, ниту ВМРО ДПМНЕ на власт. Секој што го кажува ова, му станува аргат на Мицкоски. Албанците не треба да го дозволат засилувањето на ВМРО ДПМНЕ и да не дозволат Македонија да го смени курсот на евроатлантските интеграции!...
Цуцуловски: Некои работи, едноставно, не можат да бидат простени!
Express - пред 14 часа
„Сѐ што е свесно направено, со јасна и убиствена замисла, не ќе се заборави, ниту ќе може, кога и да било, да биде опростено, макар било направено и пред 23 години. Некои работи, едноставно, не можат да бидат простени“. Фејсбук статус на професорот Љубомир Цуцуловски...
Анкета: Бајден со 1% предност пред Трамп
Express - пред 15 часа
Американскиот претседател Џо Бајден има мала предност пред Доналд Трамп пред претседателските избори во ноември, покажа анкетата на Ројтерс/Ипсос Околу 40 отсто од регистрираните гласачи во дводневната анкета рекоа дека би гласале за демократскиот кандидат Бајден, доколку изборите се одржат денеска, во споредба со 39 отсто кои го избраа поранешниот претседател Трамп. Тоа водство од 1 поен е помало од 4 отсто што ги имаше Бајден во анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена од 4 до 8 април. Околу 28 отсто од регистрираните гласачи во анкетата рекле дека не избрале кандидат или можеби нема да гласаат воопшто....
Силјановска: Нелогичен е 40% цензус на вториот круг претседателски (ВИДЕО)
Express - пред 15 часа
Најавите за бојкот на вториот круг од претседателските избори не се во духот на парламентарната демократија, изјав кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова за време на дуелот на ТВ21 со актуелниотѕ пшретседател и кандидат за уште еден мандат Стево Пендаровски. „Тоа ќе биде уште еден антиевропски чекор бидејќи Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР во најмалку четири мислења велат дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да имате цензус од 40 посто бидејќи тоа е системот на балотажа, кога одат двајца, а еден треба да биде избран со релативно мнозинство“, рече Силјановска Давкова....
Во каква „мисија“ „влегол“ Ахмети и каква „Албанија“ да прави, која ги има како „цел Косово“ и „статусот на Албанците“ во РМ?!
Express - пред 15 часа
„Ве повикувам сите вас да ни се приближите, бидејќи нашата платформа не е обична, туку е мисија: јас влегов да ја правам Албанија! Првично нашата стремеж беше Косово, а потоа го променивме и правниот статус на Албанците во Македонија, бидејќи се променија и меѓународните околности.“ – кажа Али Ахмети, лидерот на ДУИ и на „Европскиот фронт“, синоќа на собирот во Сарај, Скопско. Ова го јави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“. Остана дилемата: која „Албанија“ тргнал да ја прави Ахмети?! Каква „Албанија“ да прави, по која во мисијата на Ахмети, цел му биле и Косово, а потоа и статусот на Албанците во Македонија?! Исто така, во Сарај Ахмети кажа: „На 8 мај ќе имаме Референдум, натпревар меѓу нашата програма, меѓу платформата на ‘Европскиот фронт’ за интегрирање во ЕУ и платформата на изолирање на нашиот противник ВМРО ДПМНЕ.“....
Хајредини: Али и Артан ги поделија Албанците, ги обединија Македонците
Express - пред 16 часа
„Најголем придонес за обединувањето на Македонците и поделбата на Албанците даде политиката на Али Амети и расипаното однесување на Артан Груби“. Оценка на политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини...
Меџити: ВРЕДИ ќе ги бара МВР, УЈП, БЈБ и Царина…
Express - пред 16 часа
Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вели дека коалицијата ВРЕДИ во разговорите за идна влада ќе ги бара секторите кои досега не биле во рацете на Албанците. Селмани: Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ е готова работа „…редно е сектори што досега не се водени од Албанци како Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност, Управата за јавни приходи и Царината да бидат раководени од Албанци. Тоа го бараме бидејќи сме силно фокусирани на борбата против корупцијата“, рече Изет Меџити чија партија е од коалицијата на опозициските поарии н а етнничките Албанци. Тој очекува на парламентарните избори да се намали разликата во гласови од првиот круг на претседателските избори помеѓу ДУИ и ВРЕДИ, затоа што, според него, гласовите на ДУИ не се само од Албанци, туку од девет политички партии. „Ахмети првпат беше во ситуација да се спасува со гласовите од другите помали заедници. Ако на тоа се додаде и поткупот на гласови и притисоците, полнење на кутии од шоферот на Садула Дураку… Сето тоа ќе се процесуира од новата власт. Ако се изземат тие гласови, тогаш нивниот резултат е под нашиот. ДУИ не е чист албански концепт и тоа е спротивно на Мајскиот договор“, рече Меџити. Тој најави дека луѓе од дијаспората ќе дојдат во државата за да гласаат на изборите на 8 мај со цел по 22 години да има промена во албанскиот политички блок....
Достоинствен живот и награда за трудот, бараат работниците на денешниот 1 Мај
Express - пред 16 часа
Сојузот на синдикати на денешниот протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај ќе ги испорача барањата зподостоинствен шивот и плати на работниците. Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. Во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот до 2006 година се празнувал 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден....
Николоски: Ќе испитаме се’ што правел Груби како врвен претставник на криминалот
Express - пред 16 часа
ДУИ ќе оди во опозиција и ќе одговараат за криминалот и за корупцијата кои што ги прават во Македонија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, Александар Николоски, на митингот во Струмица. Тој рече дека ќе биде испитано се’ што правел Артан Груби како врвен претставник на криминалот и на корупцијата во Македонија. „Сакам да го поздравам од овде, од Струмица, и да му кажам дека ќе му ја испитаме цела работа од точка до запирка, ќе биде испитано сѐ што правел. Но, и сите наводи за криминалот и за притисоците кои ги прави. Ќе испитаме и што прави другар му Перпарим во Лотарија на Македонија, што правеа со притисоците за Законот за игри на среќа, која е неговата улога во казината во Македонија, каква е неговата поврзаност со бројни градежни фирми во Македонија, а и каква е неговата поврзаност со спортските клубови кои што се сѐ освен спортски клубови. И да му кажам одовде дека нема да му дозволиме нему блиска фирма да копа во Беласица, тука да отворат рудник за да вртат нивните камиони и багери. ДУИ нема да работи во Струмица и во струмичко„, порача Николоски....
Ковачевски ги нарече „ЗНАМ“ вазали кои се предале
Express - пред 1 ден
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови, затоа што ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митингот во Драчево. -Да одговорам на она писание кое го има напишано субјектот ЗНАМ до јавноста. Прво, раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ, кои се наследници и на НОБ и на АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов. Второ, носителите на пратеничките листи и сите кандидати на пратеничките листи на СДСМ и на коалицијата се излезени на избори за да ја претстават програмата на СДСМ и на политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата и со таа програма, со тие луѓе, со тие претставници на социјалдемократската идеја ние го бараме гласот на граѓаните, изјави Ковачевски. Тој посочи дека не се излезени на избори за да враќаат стари долгови и да му помагаат на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Силјановска-Давкова. -Но, една работа ќе им порачам, на крајот на денот предавникот не го сакаат дома, меѓутоа уште помалку го сакаат надвор од дома. Затоа ве уверувам дека на крајот на денот, ќе ги гледате стуткани во некој ќош, во една клупа, таму во Собранието на Македонија, како седат во последна клупа со наведнати глави, изгубени од својата идеологија и застанати заедно со наследниците на Ванчо Михајлов, рече лидерот на СДСМ....
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
Express - пред 1 ден
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите. Препораката од Комисјата за автоодговорност, не ја прифатија и денеска продолжија да продаваат за 15% поскапо. Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето велат дека до нив не стигнала одлуката за замрзнувањето на цените, која вчера требаше да им ја достават осигурителните компании. Сега се чека деновиве да се одржи нов состанок, каде поприцизно ќе се дефинира по кои цени можат да се продават полисите. Ако повторно не ги поевтинат, Владата, која го има последниот збор, на седница ќе треба да донесе одлуката за ограничување на маржата, каде наместо сегашните не помалку од 15%, премијата треба да се ограничи да не надминува 30 отсто, со што индиректно ќе се вратат цените како пред поскапувањето. Граѓаните пак, кои очекуваа пониски цени при регистрација, денеска си платија дополнителни од 840, до 1,600 денари, зависно од моќноста на возилата Ако останат ваквите цени можно e поскапат и услугите на автошколите. Велат дека зголемените цени на полисите директно ќе им се одразат врз работењето, затоа што имаат повеќе возила Инаку од Агенцијата за супервизија на осигурувањето остануваат на ставот дека нема основ за зголемување на цените, бидејќи осигурителните компании и со старите билдаа високи профити. Само лани од задолжително автомобилско осигурување наплатиле 65 милиони вра. Од нив 11,5 милиони евра им дале на посредниците, односно брокерите кои ги продаваат полисите за нив. Провизиите за нив се движат од 10 до 35 отсто од вредноста на полисата. Извор: ТВ Сител...
Груби ја нападна Силјановска Давкова дека била неодговорен политичар
Express - пред 1 ден
По Али Ахмети, Силјановска Давкова ја нападна и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ја нападна дека била неодговорен политичар и дека требало да запрат пакосните игри кои правеле поделби. „Ова го носат неодговорните политичари. Затоа, гласот на целиот албански народ, вклучително и оние кои гласаа за опозицијата, и заедниците, мора да се построи зад Али Ахмети и Европскиот фронт за ВМРО да нема никаква шанса да си игра со судбината на Албанците. ОВК, другите заедници, медиумите, граѓанското општество, администрацијата и земјата. Вашиот глас за Европскиот фронт го блокира ВМРО и го запира нејзиниот моментум. Ајде да ги спречиме овие пакосни работи кои предизвикуваат поделби, сите гласот да го дадат на Али Ахмети – Европскиот фронт со 30 пратеници, па потоа да видиме како ќе се однесуваат“, напиша Груби....
Ахмети до Давкова: Јас и борците на УЧК бевме борци на слободата, а не платеници и дезертери! – Да внимава што зборува!
Express - пред 1 ден
„Во врска со изјавата на претседателскиот кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова дека ќе има меѓународен трибунал за војната во 2001 година, лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека, според неа ОВК треба да одговара затоа што ја добила слободата. Ахмети додаде дека тие биле борци на слободата, а не платеници и дезертери. Ахмети посочи дека треба да се биде внимателен со изјавите, кои гребат врз старите рани.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Али Ахмети ѝ одговори на Силјановска: Бев борец на на слободата, а не платеник и дезертер“. ТВ 21 ја наведува изјавата на Ахмети, дадена во овој контекст: „Минатото е болно, тоа не треба да се заборави, но не треба да ни се повторува. Секој треба да биде внимателен на таквите изјави. Тоа е настан, војна што се случи и која трае 25 години… Според кандидатот за претседател и како професор по меѓународно право, УЧК мора да одговара, бидејќи ја здобила војната, зашто борците на УЧК беа борци на слободата, а не беа платеници и дезертери.“ – рече Али Ахмети....
Селмани: Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ е завршена работа
Express - пред 1 ден
Аналитичарот Насер Селмани смета дека, врз основа на резултатите од првиот круг на претседателските избори, идната владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и здружената опозиција „Вреди“ на партиите на Албанците од Македонија е завршена работа. „Врз основа на изјавите по првиот круг, се чини дека коалицијата ВМРО-Влен е завршена работа“, нагласи тој во емисијата „Дебата плус“. „Очекувам да се одржи овој дијалог откако ќе завршат парламентарните и претседателските избори на 8 мај и ќе се соберат гласовите. Коалицијата е договорена и според нивните пресметки, објавувањето на овие договори за владеење по 8 мај, математиката е позитивна. Ако ВЛЕН има гаранција пред избори дека ќе биде дел од Владата, и овие 83.000 гласови што ги доби ќе се надополнат, а мандатите што ќе ги освојат на 8 мај во однос на ДУИ ќе ги има приближно. Силниот мандат на ВМРО им дава одврзани раце да постапат вака“, додаде тој. Според поранешниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ВМРО-ДПМНЕ докажува дека ќе ја испрати ДУИ во опозиција и оти може да ги убеди Македонците да излезат на избори. „ВМРО инсистира и докажува дека ќе ја испрати ДУИ во опозиција. Ова не само што ќе го ослабне, туку ќе го зајакне. Ветувањето на Македонците може да ги мотивира да излезат на избори доколку коалицираат со ВЛЕН. Кај гласачите на ВМРО постои аверзија кон начинот на кој ДУИ стигна до власта“, нагласи Селмани....
Меџити до ВМРО ДПМНЕ: УЧК е СВЕТА за сите нас и никој не смее да гиба таму! Албанците се заедно кога е националната кауза во прашање!
Express - пред 1 ден
„УЧК е СВЕТА за сите нас и никој не смее да гиба таму! Албанците се заедно кога е националната кауза во прашање!“ – со оваа порака до ВМРО ДПМНЕ се огласи Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, во име и на сета нивна албанска опозициска коалиција „Вреди“. Оваа изјава на Меџити, дадена во гостувањето на ТВ Сител, ја пренесува ТВ Алсат. ТВ Алсат пренесува: Лидерот на Демократското движење Изет Меџити вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува поларизацијата со ДУИ. „Жалиме што како што се приближуваат изборите ВМРО-ДПМНЕ им се враќа на старите практики, кои мислевме дека ги заборавиле. ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува поларизацијата со ДУИ и ова е застарена игра. Албанците се заедно кога е нивната национална кауза во прашање.“ – нагласи Изет Меџити....
Скокна цената на „велигденското“ јагне
Express - пред 1 ден
Со приближувањето на еден од најголемите христијански празници Велигден, цените на јагнињата на домашниот пазар значително пораснаа, достигнувајќи до 300 денари по килограм жива мера. Сопствениците на фарми за јагниња изразија оптимизам во однос на продажбата оваа сезона, иако потрошувачите се соочуваат со поголеми трошоци. „Оваа година нудиме јагниња со одличен квалитет, со тежина од 20 до 30 килограми, по цена од 300 денари за килограм“, ни изјави сопственикот на една локална фарма. За оние кои сакаат, додава тој, нудиме и дополнителна услуга – колење и чистење на јагнето, со мала доплата. Сепак, некои купувачи се сомневаат во исплатливоста на оваа инвестиција. Еден скопјанец кој неодамна купил јагне тешко 33 килограми за околу 10.000 денари, го сподели своето искуство: Линк до целиот текст: Скокна цената на „велигденското“ јагне – еве колку чини килограм жива мера...
Кампањата не е шовинистичка, туку Османи кој не ја чувствува Македонија како своја татковина – порача Мицкоски
Express - пред 1 ден
Мицкоски упати порака до Бујар дека слоганот не е шовинистички, туку слоганот Македонија повторно твоја означува дека Македонија ќе ја вратиме на народот, истиот тој кој власта безимислосно го краде и осиромашува. „Па така Бујар Османи ќе обвини дека слоганот Македонија повторно твоја бил шовинистички слоган. Тоа може само да го каже неук човек кој е вистинси шовинист и кој Македонија не ја чуствува за своја татковина, затоа што јас кога ќе кажам Македонија мислам на сите граѓани кои живеат во нејзе. На Македонците, но и на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњацитеи сите останати. Кога Бујар Османи ќе каже Македонија тој не ја чуствува за своја татковина иако бил министер во сите можни влади на Македонија. Иако црпи пари и плати од државата која не ја признава за своја татковина. Е тоа е шовинизам на дело. Да ги признаваш парите што ги земаш, но и државата која те плаќа. И лицемиерието е поголемо што токму Бујар е министер за надворешни работи и од него се очекува да ги брани интересите на Македонија пред светот. Македонија е и твоја држава, сакал или несакал да признаеш. Мојата борба е Македонија да ја вратиме на народот, истиот тој кој безимислосно го крадете и осиромашувате“, нагласи Мицкоски. Мицкоски истакна дека времето на Артан и Бујар помина а доаѓа ново време кога Македонија се враќа во рацете на народот. „Времето на Артан и Бујар престанува. Доаѓа ново време кога Македонија се враќа на народот. Ковачевски треба да престане да ја бара вината во сите други само не во себе. Доцна се сети дека ДУИ ќе биде јамката околу него која ќе му ја заврши и неговата кариера. Но си ја продаде душата за грст привилегии и тендери. Е сега го плаќа цехот. Ако нешто не му е јасно нека ја види разликата од над 180 илјади гласови. Тоа е кога народот на Македонија некому му вели доста е“, нагласи Мицкоски....
ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија
Express - пред 1 ден
На бензинската станица на Макпетрол во Визбегово од денес е во употреба брз полнач за електрични возила. Овој уред е прв од десетте нови брзи полначи што во партнерство со ЕВН ќе бидат поставени на фреквентни локации ширум Македонија. „ЕВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните 7 години поставивме околу 40 полначи за електрични возила на јавни површини во 17 градови низ земјата. Нашите напори продолжуваат со силен фокус на брзото полнење, како главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Соработката со Макпетрол ни е многу важна – споделуваме сродни вредности, а преку нивната широко распространета мрежа на пумпи низ државата успеваме да се приближиме поблиску до корисниците“ – изјави Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Во 2022 година, на бензинската станица на Макпетрол близу граничниот премин „Богородица“ беше поставен полнач за електрични возила, исто така, во соработка со ЕВН. На оваа локација веќе е поставена и фотонапонска централа што произведува електрична енергија од обновливи извори. „Грижата за животната средина е меѓу стратешките цели на Макпетрол и е вклучена во нашиот годишен план преку „Зелената агенда“. Во рамки на овие активности, друштвото на различни начини ќе инвестира во заштита на околината. Поставувањето 10 брзи полначи ќе придонесе во развојот на електромобилноста во земјава и ќе нè приближи до модерните форми на транспорт. Особено е значајно што овој проект го реализираме партнерски, заедно со ЕВН. Ваквите соработки се исклучително значајни, ако не и пресудни, за реализирање на зелената иднина на Македонија“ – вели Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор на Макпетрол. Полначите се со DC конектори од типот CCS со моќност од 150kW и се наменети за брзо полнење на едно или две електрични возила. Моделот е меѓу најефикасните во својата класа, овозможува брзо и лесно полнење со времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото. ЕВН и Макпетрол својата грижа за животната околина ја демонстрираат во конкретни инвестиции во доменот на „зелената“ енергија. И двете компании, покрај проектите за електромобилност, поставуваат и фотоволтаични централи за потребите на сопствените објекти. ЕВН ја надградува флотата со електрични возила и инвестира во производство на обновлива енергија, а Макпетрол ќе продолжи да ја проширува мрежата за автоплин и метан (КПГ) преку вложување во малопродажни објекти....
Руски ракети ја погодија железничката инфраструктура во Харков, има жртви
Express - пред 1 ден
Најмалку две лица се убиени во серија напади што руските сили ги започнаа рано утринава врз украинскиот град Харков, според прелиминарниот биланс објавен од локалните власти, кои го осудија гранатирањето врз цивилни цели. И гувернерот на регионот Олег Синегубов и градоначалникот Игор Терехов на социјалните мрежи го потврдија овој биланс, во кој има и најмалку шест ранети. Нападите се случија во две населби и, според гувернерот, руските сили користеле наведувани проектили. Само во областа Харков во источна Украина, украинските власти забележаа околу дваесет бомбашки напади во последните 24 часа. Руските акции, изминатиот период се шират и надвор од линијата на фронтот, а во напад врз украинскиот град Одеса загинаа најмалку пет лица. Во Одеса беше погоден историскиобјект кој и припаѓаше на судската академија, а според надлежните објектот бил погоден со проектил „Искандер“ со касетна муниција. Овие проектили со оружјето кое Украина го има на располагање се тешки за пресретнување....
Максим Димитриевски изнесе барања за постизборна соработка
Express - пред 1 ден
Максим Димитриевски, лидерот на опозициската партија ЗНАМ, изрази усогласување со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и несоработката со ДУИ. Сепак, тој тврди дека само оваа усогласеност нема да биде доволна за потенцијални дискусии за постизборна соработка. Димитриевски инсистира дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ги реши сомнежите на јавноста околу какви било наводни договори со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, пред да напредува понатаму. Димитриевски не исклучува соработка со СДСМ но потенцира дека не може да биде со актуелното раководство. Тој постави 24-часовен ултиматум за нивни оставки, заедно со отстранување на носителите на пратеничките листи, за да се обезбеди одговорност без штитот на имунитетот. И покрај повлекувањето на ЗНАМ од претседателската трка, Димитриевски повика на широко учество во вториот круг од претседателските избори за да се избегне ризикот од институционална криза. На прашањето за неговиот префериран кандидат, Димитриевски се воздржува од директен одговор. Сепак, тој изразува жалење што претходно го поддржувал актуелниот претседател Пендаровски. Накратко, Димитриевски наведува строги предуслови за потенцијална соработка, нагласувајќи ја потребата за транспарентност и отчетност во политичкиот терен на Македонија....
Мицкоски: Народот се обединува околу промените
Express - пред 1 ден
„На овие избори народот јасно кажа каква е политичката реалност во Македонија, а тоа е дека Владата односно двете партии од Владата треба да заминат во опозиција. Гордана Силјановска Давкова, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во однос на Стево Пендаровски и Коалицијата која што го подржа Стево Пендаровски во првиот круг имаат 183.000 гласа разлика. Нешто што досега во македонската историја, во демократска Македонија не се случило да кандидат од опозиција да има таков силен резултат, и тоа е јасна порака на народот дека се потребни промени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Конче. Мицкоски додаде дека народот се обединува околу промените. „Од друга страна ги слушате пораките од Мала Речица, од ДУИ, тие велат дека требало да се слуша народот. И да ние го слушаме народот, народот и во тој случај донесе правилна одлука и испрати јасна порака дека Гордана Силјановска Давкова, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за 20% повеќе гласови отколку што имаат двајцата провладини кандидати односно владини кандидати, а тоа се Бујар Османи и Стево Пендаровски заедно. Односно 363.000 наспроти 301-302.000 од прилика колку што имаат тие двајца“ рече Мицкоски. Тој посочи дека пораката од граѓаните е јасна, правецот по кој што треба да се движи Македонија е јасен. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата повикуваат на уште поголема поддршка од граѓаните во вториот круг. „Заедно да ја завршиме историјата која што ја започнавме уште пред неколку години односно пред 30-тина месеци за време на локалните избори кои што се случија во 2021 година“, порача тој. Мицкоски укажа дека на ВМРО-ДПМНЕ најважна е поддршката на народот. „Време е заедно со вас граѓаните да ставиме точка на оваа историја, бидејќи таа точка ќе ја определи траекторијата по која што ќе се движи Македонија – дали Македонија ќе биде горда, достојна, трансформирана, онака како што сите ние сакаме да ја видиме нашата држава, или ќе биде ограбена, обесправена, понижена, омаловажена како што беше досега изминативе 6 ипол години“, додаде тој. Тој посочи дека според резултатот од првиот круг на претседателски избори е јасно по кој пат граѓаните одлучија Македонија дека треба да се движи. „Мојата порака е до нашите сограѓани Турци, знам дека овде Бујар Османи освои 100 гласа и знам дека прилично беа активни некои од функционерите на турската партија овде во општина Конче, и ги бараа гласовите за Бујар Османи. Јас ќе споделам со вас нешто кое што не сум го зборувал досега но мислам дека треба да се знае, а тоа е следново, претседателот на турската партија кој што подоцна заврши во прегратките на Али Ахмети, пред да заврши таму беше кај мене. И кога дојде кај мене ми рече претседателе доаѓам од средба со Али Ахмети и сакам да знаете дека на тој човек му треба медицинска нега, тој е ваков, таков, почна да го навредува и да користи недолични зборови“, рече Мицкоски. Тој додаде дека му се заблагодарил на средбата и веќе никогаш му се нема јавено за да разговараат. „А, следниот ден од медиумите прочитав дека тој отишол во прегратките на овој за кој што велеше дека му е потребна медицинска нега. И таму потоа продолжи да функционира како политичар“, појасни Мицкоски....
Мисајловски: Предвидуваме 250 милиони евра директна помош и поддршка за сите општини
Express - пред 1 ден
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2, Владо Мисајловски продолжува со теренските активности во рамките на предизборната кампања за парламентарните и претседателски избори. -Изградба на спортско игралиште во населба Ченто, општина Гази Баба! Ветувањата се реализираат. Во Гази Баба се работи како никогаш досега, има многу проекти кои се од интересен на сите граѓани! Денеска сме на увид во градежните работи за изградба на мултифункционално спортско игралиште во Гази Баба. На територија на општина Гази Баба во последните две години се изградени околу 30 спортски објекти и игралишта и со истата динамика ќе се продолжи да се работи и во иднина. Во програмата Платформа #1198 предвидуваме: 50 милиони евра помош за спортот; 250 милиони евра директна помош и поддршка за сите општините за нови капитални проекти и инвестиции во многу спортски терени и игралишта! Бидете и вие дел од промените! Гласајте за број 2, за нови проекти и инвестиции! За Македонија повторно твоја!, пишува Мисајловски во својата објава на Фејсбук....
Жестоко: ТВ 21 објави дел од дебатата меѓу Силјановска Давкова и Пендаровски (ВИДЕО)
Express - пред 1 ден
Жестока дебата не очекува вечерва на ТВ21 – објави телевизијата. Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова се соочија во студиото, а како изгледаше тоа, погледнете во продолжение. Целата емисија можете да ја гледате во целост од 21:15 часот на ТВ21...
Дозволена екстрaдицијата на Љупчо Палевски – Палчо
Express - пред 1 ден
Министерството за Правда денеска добило изветување од турските власти дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо, објави Телма. Палевски е во екстрацидионен притвор во Турција. Тој е осомничен за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Тој е првоосомничен во истрагата за грабнување и убиство на свиреп начин на малолетната Вања и на Панче Жежовски. Нивните тела беа пронајдени во ист ден, на 3 декември лани – едното во близина на Скопје, а другото кај Велес. Палевски беше уапсен неколку денови подоцна во Турција....
Алфа ТВ: Првиот братучед на екс-премиерот Заев, со семејството заминува за Австрија
Express - пред 1 ден
Братучедот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Трајче Заев сосе семејството се иселиле од државата – објави Алфа ТВ. Неофицијално, како дестинација за почеток на новиот живот ја избрале Австрија и уште на стартот од оваа школска година децата биле испишани од училиште. Алфа, од родители на ученици кои учеле со едно од децата дознава дека деветодделенката ,при збогувањето со своите сокласници била тажна бидејќи ќе ја напушти родната Струмица. Директорката на основното училиште„Никола Вапцаров„ не сакаше да коментира, со образложение дека поради здравствени причини е отсутна од работа и не може да провери дали има и во кој месец е направен исписот. Трајче Заев, освен по тоа што е братучед на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, на јавноста е познат и по низата скандали кои се поврзуват со неговото име. Минатата година, фирма во негова сопственост поради неплатено ДДВ во висина од 2 милиони евра се најде на листата топ десет најголеми должници на Управата за јавни приходи. Пред три години пак името на Трајче Заев, се поврзуваше и со акцијата на ДЕА, во која беа запленети 200килограми канабис, вреден 800.000евра. Во акцијата беа уапсени командирот на прилепската полиција и личниот возач на Трајче Заев, Александар Ушликовски. Тогаш лидерот на СДСМ го правдаше својот братучед и демантираше било каква поврзаност со нивните фирми. Лани албанската телевизија “Ора“, објави дека Трајче Заев, со кодирани пораки се обидувал да спречи објавување на аудио разговори во кои имало докази дека државни функционери од СДСМ и ДУИ саботирале акции на странски агенции за сузбивање на шверц на марихуана. Единствена потврда за акција на странска агенција во нашата држава е онаа на ДЕА на Плетвар. Целата анализа на Алфа ТВ на следниот линк: Контроверзниот прв братучед на екс-премиерот Зоран Заев, милионерот Трајче со семејството заминува за Австрија...
Мицкоски: Соработник на Ахмети координира група на вооружени лица во Бутел и Чаир
Express - пред 1 ден
Али Ахмети точно знае што зборувам и точно знае неговиот соработник кој уживаше привилегии во претседателскиот апартман во луксузен хотел во Истанбул. Тој ја координира таа група што се движи на територија на општина Бутел и Чаир. Ги знаеме лицата и знаеме што прават, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводно вооружени лица што се собирале во Чаир. Вели дека тоа што имал да го каже во јавноста, го кажал. „Дали МВР ќе постапува или не, ќе се обратите таму“, рече Мицкоски на прашањето дали разговарал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за таа информација. Тврдењата на Мицкоски од ДУИ ги оценија како невистинити и намерно ширење на лажни вести со цел, како што велат, поттикнување на национализам во функција на прибирање на гласови и поделби во општеството....
Обвинителството бара мерки за претпазливост за Наумче Мојсовски и уште 11 лица од АМС
Express - пред 1 ден
Јавното обвинителство објави дека е поднесено барање за обезбедување мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт во врска со случајот со распределба на средства од ваучер системот. „Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, информира ОЈО. Државната комисија за спречување корупција пред повеќе од една година најави дека поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови до Јавното обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на директорот на АМС, Наумче Мојсовски, и членовите на Централната комисија на АМС. Антикорупциска освен иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење најави дека ќе достави и иницијатива до Владата за утврдување одговорност кај нив, а до Управата за јавни приходи (УЈП) ќе иницира да изврши надзор на сите спортски објекти од аспект на користење на средствата што им се доделени по пат на ваучер-системот во периодот од 2020, 2021 и 2022 година....
На двојните избори на 8 мај граѓаните ќе може само еднаш да дојдат на гласачкото место
Express - пред 1 ден
На двојните избори – парламентарните и вториот круг од претседателските што треба да се одржат на 8 мај -граѓаните ќе можат само еднаш да дојдат на гласачкото место и да го остварат своето право на глас. Ова е изборното правило што ќе важи на изборниот ден идната среда. Имено, Државната изборна комисија донесе упатство со кое на граѓаните со право на глас им се укажува дека ако гласаат само на едните избори, потоа во текот на денот доколку се премислат нема да можат да се вратат на гласачкото место и да гласаат на другите избори. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, во интервју за МИА детално ја објаснува постапката за гласање на двојните избори. Во овој контекст, тој потенцира дека на граѓаните треба да им се објасни дека имаат право да гласаат за двата вида избори, но и право да одлучат дали ќе гласаат само за парламентарните или само за претседателските избори. Ова, вели Дашевски, мора добро да се објасни бидејќи за претседателските избори има цензус, односно за да биде изберен претседател во вториот круг излезеноста треба да биде 40 отсто од вкупниот број запишани гласачи во единствениот избирачки список. Важно е, вели Даштевски, граѓаните кога на избирачкото место ќе бидат прашани дали сакаат да гласаат и за претседателските и за парламентарните избори или само за едните од нив, да дадат прецизен одговор бидејќи подоцна тоа нема да можат да го направат. Претседателот на ДИК вели дека резултатите од двојните избори би можеле да се знаат вечерта на 8 мај до полноќ, имајќи ги предвид промените што ДИК ги направила во изминатиот период, но и искуството од изминатите избори. Тој посочи и дека со цел да се забрза изборниот процес на избирачките места ќе има по седум наместо пет лица како претходно, а за броењето на резултатите да бидат присутни сите. Првиот човек на ДИК ги повика граѓаните и на 8 мај да излезат мирно и достоинствено без притисоци да го дадат својот глас за онаа партија за која се одлучиле....
Во скопската ЗОО се роди ново бебе алпака
Express - пред 1 ден
Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа Фејсбук. – Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки – пишува во објавата на социјалната мрежа. Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан....
Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија
Express - пред 1 ден
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија. Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски....
Силјановска Давкова и Пендаровски вечерва на предизборно соочување
Express - пред 1 ден
Кандидатите за претседатели на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, вечерва ќе имаат предизборно соочување. Со почеток во 21:15 часот на ТВ 21 ќе се емитува првата претседателска дебата пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори....
Мицкоски: Договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи
Express - пред 1 ден
„Жалам што се уште раководството на ДУИ живее во некои времиња кои се минато во Македонија. Македонија е држава на сите граѓани во неа, ниту е федерација, ниту е би, три, четири национална држава. Македонија според Уставот е држава на сите граѓани, според демократијата оној кој има 61 пратеник ја формира идната влада во Македонија или ја формира владата. Јас не знам како тие пресметале дека се претставници на мнозинското не македонско население во Македонија. Мислам дека сите ние сме граѓани на Македонија, Македонци и ценам дека политиката не треба да се гледа како условно кажано шведска маса, па ДУИ малце ќе земе сега од СДСМ, малку од ВМРО, малку од некоја друга политичка партија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија. Мицкоски додаде дека ДУИ беше шест и половина години со СДСМ во владата. -Тие се поразени во првиот круг претседателски избори. Очекувам да бидат поразени и после парламентарните избори и очекувам ДУИ да биде опозиција за неколку недели од денес, истакна Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш укажа на тоа дека демократијата се темели на принцип врз основа на тоа кој има мнозинство во парламентот ја прави владата. „Демократијата се темели на принципот кој има мнозинство во парламентот и ја прави владата, не знам за кој мајски договор зборува ДУИ, не знам за кое правило победник со победник. Имаше едно правило во минатото победник со победник кој е резултат од минатото, тој договор и тоа правило за жал самите тие го прекршија уште во 2017 година и повторно би потсетил дека политиката не треба да ја гледаме како шведска маса па малку со едните, другите, третите. Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство како што се очекува немаме ниту елементарна доверба да соработуваме со ДУИ, така што тие мора да одат во опозиција“, дециден е Мицкоски....
Најмалку пет лица загинаа во руски напад во Одеса
Express - пред 1 ден
Најмалку пет лица загинаа, 32 се ранети во руски ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на Црното Море, изјави регионалниот гувернер. Ракетниот напад се случи само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски повика на побрза испорака на очајно потребното оружје на украинските војници. Во вечерниот напад на Одеса загинаа три жени и еден маж, изјави гувернерот Олех Кипер на Телеграм. Подоцна додаде дека уште еден маж починал од мозочен удар, кој го доживеал како последица од нападот. Од 32 повредени лица, 25 се во болница, рече гувернерот. Меѓу нив има две деца на возраст од 16 и 5 години и една трудница. „Петгодишното дете е во исклучително тешка состојба“, изјави тој и додаде дека шест возрасни лица се во тешка состојба. Претходно во Киев, на заедничката прес-конференција со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, Зеленски рече дека мали количини оружје и муниција почнале да пристигнуваат во Украина, но повика да се забрзаат испораките. „Потребна ни е навремена поддршка за нашата армија. И денеска не гледам ништо позитивно во ова. Има залихи, почнаа полека, но овој процес треба да се забрза“, изјави Зеленски. Протокот на оружје се очекува да се зголеми откако американскиот претседател Џо Бајден минатата недела го потпиша долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари. Бајден рече дека пакетот ќе вклучува муниција за противвоздушна одбрана за да и помогне на Украина да ги заштити своите градови и инфраструктура, артилериски гранати и ракетни системи со долг дострел. Столтенберг, кој беше во посета на украинскиот главен град по трет пат откако Русија започна општа инвазија во февруари 2022 година, призна дека „сериозните одложувања на поддршката значеле сериозни последици на бојното поле“. „САД не можеа да се договорат за пакетот со месеци, а европските сојузници не беа во можност да ја испорачаат муницијата во обемот што го ветивме“, додаде тој, но исто така рече дека „на повидок е поголема поддршка“. На 29 април руското Министерство за одбрана објави дека го зазело селото Семенивка во областа Доњецк во источна Украина и дека напредува кон запад. Украина не го коментираше тврдењето, кое не може да се потврди независно. Највисокиот воен командант на Украина, генерал-полковник Олександр Сирски, во неделата предупреди дека ситуацијата на истокот на земјата е влошена и дека Русија напаѓа „по целата линија на фронтот“....
Мицкоски на средба со Комората на Северо-Западна Македонија: Заедно со бизнис заедницата Македонија ќе биде подобра
Express - пред 1 ден
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше средба во Стопанската комора на Северо-Западна Македонија. – Навистина еден квалитетен состанок. Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прв состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората. Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата – истакна Мицкоски....
Хајредини: ДУИ би разговарала и со „албанофобичната“ ВМРО-ДПМНЕ…
Express - пред 1 ден
Аналитичарот Џевдет Хајредини го коментира евидентнот безизлез во кој се најде ДУИ – партија која по две децении на власт – многу веројатно ќе мора да ја напушти по промената која ја најавауваат опозициските парии> „Али Амети и Бујар се подготвени да седнат и да разговараат и со ВМРО, до вчера „албанофобична“ и „проруска“, со единствена цел и барање – да се ослободат од одговорноста за досегашната корупција и криминал и да продолжат и понатаму со тендерите“- констатира Хајредини....
Ѓурѓај до Македонците во Албанија: Да дадеме масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
Express - пред 1 ден
Николај Ѓурѓај, претседател на Здружението Илинден во кое што членуваат најголем дел од Македонците кои што живеат во Албанија, со јавна поддршка за кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова. -Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија со право на глас во татковината Македонија, на 8 мај 2024 ве повикувам масовно да излезете да гласате за Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова број 2. Јас лично без никаква дилема целосно ја поддржувам Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, исто барам од Вас масовно да ја дадеме поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за една нова и поубава иднина и просперитетна татковина. Македонија повторно горда! Победата ќе биде историска, напиша Никола Ѓурѓај....
Се забил со автомобил во куќа, па со мачета почнал да коле луѓе (ВИДЕО)
Express - пред 1 ден
Утрово околу 7 часот наутро, маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон. Пред тој со автомобилот удрил во куќа. Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени и пренесени во болници. Меѓу нападнатите, наводно, имало и двајца полицајци. 36-годишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек. Засега се чини дека нападот не е поврзан со тероризам. „Мора да беше застрашувачко за оние кои го доживеаја. Знам дека пошироката заедница ќе биде шокирана и загрижена, но не мислиме дека постои непосредна закана за пошироката заедница“, рече заменик-началникот на лондонскиот констабл Аде Аделекан. Horrific scenes from #Hainault this morning. Yet again a blade causes carnage on our streets destroying lives. We need:– More proactive policing– More police on the streets– Mandatory sentences for carrying a blade– Life inside for using one of somebody– increased stop and… pic.twitter.com/kZdNulMeoc — DavidUKPulse 🏴 🇬🇧 🇮🇱 🇺🇦 ⚛️ (@DavidUKPulse) April 30, 2024...
ФЗО:Или усогласување на платите или генерален штрајк
Express - пред 1 ден
Ако до први јуни нема усогласување на платите, ФЗО влегува во генерален штрајк. Тие денеска излегоја на предупредувачки протест против Управниот одбор на ФЗО, бидејќи точката за усогласување на платите со Законот за минимална плата е одложена на неодредено време, за после изборите. Нивните барања покрај усогласување на платите со минималната, се носење на вредносен бод и разрешување на цел Управен одбор“. -Со оглед дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор, би било поетички да си отидат и да се изберат нов. Ако ова до 15 мај не се реши, ние ќе имаме предупредувачки протести во сите градови. Ако на 1.06 не се реши прашањето, тогаш, стапуваме во генерален штрајк“, рече Бранко Аџигогов, претседател на синдикална организација....
Стерјовски: Загарантирани места за Македонците и другите малцинства во албанскиот парламент
Express - пред 1 ден
Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, продолжува со напорите во новиот изборен законик во оваа земја, да се предвидат гарантирани пратенички места за малцинствата. Во овие заложби им се придружија и партиите на други малцинства во земјата и заедно доставија барање до надлежните албански инститции но и претставниците на меѓународните организации и странски амбасади. „Нашата партија, МАЕИ, како и партиите на Власите, Ромите и Египќаните, обединети во заедничкиот стремеж за подобрување на демократијата и заштита на правата на малцинствата, поднесовме барање до групата за дијалог при албанското Собрание, која е надлежна за подготвување на новиот изборен законик, информираше Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ, пренесе МИА. Барањето, како што посочува, е да се вклучат гаранции за загарантирани места на малцинствата во парламентот во новиот изборен законик. „Сметаме дека малцинствата се богатство на една земја и заслужуваат почит и заштита на нивните права. Истото барање го поднесовме и до меѓународниот фактор во Албанија, бидејќи сметаме дека поддршката на малцинствата е важен дел од изградбата на посилна и поинклузивна заедница. Заедно се бориме за посилна и поинклузивна Албанија“, вели Стерјовски кој потсетува дека загарантирани пратенички места за малцинствата има во повеќе држави, меѓу кои и во Хрватска, Косово, Романија“, велат од МАЕИ....
Тројна победа на Силјановска против правосудниот октопод на СДСМ и ДУИ
Express - пред 1 ден
Тројна победа на професорката Гордана Силјановска Давкова против правосудниот октопод на СДСМ и ДУИ кој на заминување сакаше да вработи 130 судии и јавни обвинители блиски на власта. Меѓу нив има и блиски роднини на Али Ахмети. Вишиот управен суд донесол одлука со која Силјановска го добива спорот со Академијата за судии и обвинители која ја води Наташа Габер Дамјановска, објави шефот на собраниската комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски. Со пресудата се запира постапката за вработување на голем број на партиски судии и обвинители на СДСМ и ДУИ. ,,Уште еден пораз за најслабиот двоец во ресорот правда, министерот Лога и заменичката Мадиќ, за омилената директорка на СДСМ Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, извршителот на ДУИ во јавното обвинителство. Истовремено ова е добра вест за сите квалитетни правници. Ова е победа на правото и заштита на изборниот законик од политичкиот инженеринг на овие четворица владини функционери, кои ќе мора да ја повторат римската правна лекција “Dura lex sed lex”❗️ 📌 Вишиот управен суд вчера ја отфрли како неоснована жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители и ја потврди одлуката на Антикорупциската комисија со која беше уважен приговорот на Проф.Силјаноска Давкова за прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии. Одлуката е конечна и извршна. ⚠️ Постапката за полагање испити во Академијата и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на изборниот законик од функционерите на оваа институција”, објави денеска Милошоски....
Грција парализирана за Денот на трудот: 1 Мај е за штрајкови, а не за празнување
Express - пред 1 ден
Јавниот превоз во Грција, особено во Атина, ќе престане на 1 мај бидејќи синдикатите и здруженијата организираат штрајкови за Денот на трудот. Штрајковите, организирани од големите работнички синдикати, се спротивставуваат на одлуката на владата да го помести Денот на трудот на 7 мај. Тие тврдат дека Денот на трудот е за штрајкови, а не за празнување нагласувајќи ги поплаките на работниците, пишува „Катимерини“. Патувањето до хотелите ќе биде тешко, особено до грчките острови. Туристите во континентална Грција утре нема да можат да ги користат возовите. Јавниот превоз исто така нема да работи. Некои продавници, исто така, ќе останат затворени утре, објавија локалните новински сајтови. Се подготвуваат масовни демонстрации за одбележување на 1 мај. Во Атина за утре се закажани три митинзи: на плоштадот Синтагма во 10:30 часот, на плоштадот Клафтмонос во 11 часот и на Националниот универзитет во Атина. Железничарите најавија 24-часовен штрајк, што влијае на услугите на метрото, трамвајот и на железницата. Автобусите ќе застанат наутро и нема да сообраќаат од 9 до 21 часот. Бродовите ќе останат закотвени поради штрајкот на Панеленската морнарска федерација, почнувајќи од 12:01 часот на 1 мај....
Шатев: Над останките на Гемиџиите-служители на Македонската идеја живеат духот за слободата и цврстината на македонските поколенија
Express - пред 1 ден
„Чувствував дека немам право да се врзувам со тебе. Јас не си припаѓам себеси, туку на делото, кое што беше цел и смисла на мојот живот. Да работам и да умрам за слободата на мојот народ, на мојата сакана Македонија. Да умрам е за мене врховна повелба на мојата совест. Со мојата смрт ќе им го фрлам на непријателите, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир. Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажаните.“ – овие возвишени зборови на гемиџијата Орце Поп Јорданов се дел од писмото, кое тој ѝ го испратил на неговата сакана Кате пред неговата смрт. „Сакам и со својата смрт да бидам во полза на делото – ослободувањето на нашата скапа и сакана Македонија“Орце Поп Јорданов е водачот на славната група на „Гемиџиите“, или „Солунските атентатори“, кој загинува херојски на 30 април 1903, во куќата во која живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници, кои го држеле под опсада. претходно тој ја минира Отоманската банка во Солун и на 29 април 1903 го ќе го активирал динамитот во прокопаниот тунел и ја кренал во воздух Отоманската банка. Потоа фрлал бомби пред хотелот „Салоник“.Орцето сакал и со својата смрт сакал да биде корисен за револуционерното дело и својата татковина Македонија. Непосредно пред Солунските атентати се осигурил во друштвото Њујорк на 10 илјади франци на име на Симеон Радев. Орцето го замолил Симеон Радев тие пари по неговата смрт да му ги предаде на Борис Сарафов, затоа што тој им дал 10.000 франци на гемиџиите и ги помагал на разни начини. Во писмото до Радев, тој истакнал: „Пред неколку месеци се осигурив на 10.000 франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде исплатена. Сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото за кое живеев, работев и ќе умрам – делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија.“Солунските атентати се низа бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група од Велес. Целта на овие напади била да се нападне најзначајниот европски град во Османлиското Царство, за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање. Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов и Цветко Трајков.Не можејќи да го поднесат страдањето на својот народ од турската тиранија, Гемиџиите решаваат да преземат дејства, преку кои ќе го актуелизираат македонското прашање во Европа. Со таа цел решаваат да извршат напади врз објекти на европскиот капитал во Турција, а по можност и да се всеат колку е можно повеќе хаос во Солун преку напади врз државни објекти. Гемиџиите сметале дека на таков начин ќе ја заинтересираат европската јавност за состојбата во Македонија и дека преку нивните поединечни акции ќе ги натераат големите сили да интервенираат во прилог на ослободувањето на нивната Гемиџиите се стремеле да извршат редица атентати врз железничките линии, турските достоинственици и европските банкарски институции. Преку овие терористички акции се надевале дека ќе предизвикаат интервенција на големите европски сили заради автономија за Македонија. АтентатитеНа 28 април во близина на солунското пристаниште Павел Шатев го потопува со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Бродот бил запален, а патниците сите до еден спасени. Истата вечер Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов поставуваат динамит на железничката пруга Истанбул-Солун и го онеспособуваат возот. И при оваа акција нема жртви, но е предизвикан хаос во железничкиот сообраќај. На 29 април вечерта и Константин Кирков поставува 2 кг динамит на цевките со гас за осветлување и на водоводните цевки на Солун. Целиот град е во темница и без вода. Во целиот град владее паника, хаос и страв. Десетина минути по изгаснувањето на осветлувањето, врз Отоманската банка се фрлени две бомби, по што Јордан Поп Јорданов – Орцето го активира експлозивот, кој уништува поголем дел од зградата на банката. Во истото време на повеќе локации во Солун гемиџиите фрлаат бомби: Милан Арсов фрла бомба во летниот театар Алхамбра, Илија Трчков фрла две бомби на главната улица, Димитар Мечев фрла две бомби пред хотелот Египет, Константин Кирков фрла бомба пред Гранд хотелот, а Георги Богданов пред кафеаната Ноја. Владимир Пингов предизвикува пожар кај „Бошњак-ан, а потоа фрла бомба пред вратата на Топхането (турската државна управа), каде што е застрелан од војници.По овие акции Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби, се самоубиле, за да не бидат фатени од турските власти. На 30 април во борба со турската војска и полиција загинува и Јордан Поп Јорданов. На 1 мај се извршуваат две неуспешни акции. Кирков прави обид да ја крене во воздух солунската телеграфско-поштенска станица, но е убиен од стражарот. Цветко Трајков прави обид да го убие солунскиот валија Хасан Фехми паша. Откако не успева, Трајков се самоубива, активирајќи бомба.Гемиџиите успеваат да ја извршат најголемата терористичка акција на своето време. Нивниот план бил успешно извршен. Сите дипломатски претставници во Солун ги известиле своите влади за солунските настани. Во битка со војската и полицијата се убиени шестмина од гемиџиите: Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Трајков. Уапсени се четворица: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие прво се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Фезан (Либија). „Тие скромни безумници се понесоа како симбол на македонскиот хероизам, за да станат првите светци на македонската револуција…“ Во 1923 година Павел Шатев во својот „Осврт по повод Солунските атентати“ запишал: „…великите македонски покојници во Солун беа се заколнале да не оставаат свои портрети, затоа што сакаа да бидат служители на Идејата, но не и на славата. Таму, во урнатините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да го збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи го да живее над нивните останки суштествениот македонски дух за слобода и благосостојба и копнежите за светли дни. … Од моментот кога Орце го запали фитиљот во Отоманската банка – од тој момент имињата на тие скромни безумници се понесоа како симбол на македонскиот хероизам, на македонската осветеност, одекнаа во сите потајни катчиња на македонската душа, за да станат првите светци на македонската револуција…“ „Македонскиот идеал во лицето на Солунските атентатори беше достигнал врвна кулминација, каква што ретко, дури и никако не се сретнува во историјата… Тешко ќе биде за историчарите да определи кое од двете собитија – Солунските атентати, или Илинденското востание – било позначајно, што било повеличествено: дали примерот на личната бестрашност, или системската подготовка на масите за револуцијата. И ако Илинденското востание донесе едно самоосознание на македонските маси, Солунските атентати се оној поттик, кој што го создава македонскиот идол на револуцијата, на кого ќе му се восхитуваат вековите… Солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, којшто ја крои судбината, но и цврстината на наредните македонски поколенија.“ – истакнува Павел Шатев во „Освртот по повод Солунските атентати“Извори: „Македонска поезија“, „Википедија“, „Македонска национална академија“...
Милошоски: Уште еден пораз на Академијата за судии и јавни обвинители
Express - пред 1 ден
Вишиот управен суд вчера ја отфрлил жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, а која се однесува на приговорот на претседателската кандидатка Гордана Давкова. Со тоа се запира постапката на полагање испити и засновање на работен однос на 130 судии и јавни обвинители. Ова на фејсбук го објави пратеникот Антонијо Милошоски кој потсетува дека постапката се запира „заради прекршување на изборниот законик од функционерите на оваа институцијa“....
Сиот товар ќе падне врз грбот на граѓаните – протест на вработените во Фондот за здравство
Express - пред 1 ден
Сиот товар ќе падне врз грбот на граѓаните, како по обичај. Услугите за граѓаните кои се здравствени осигуреници на Фондот за здравство, повторно се под знак прашалник, како и платите на вработените во јавното здравство, откако вработените најавија дека од 1 јуни влегуваат во штрајк, доколку не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата. Тие одржуваат предупредувачки протест пред нивните простории. Сите знаеме што се случуваше пред некое време, кога буквално се застана, не можеше да се извади ниту еден документ, иако ниту претходно тоа не одеше како што треба. Но, сега, со новите најави за блокада, ќе биде уште полопшо, оти како што велат вработените, пукнат им е филмот поради глувиот одност од менаџментот. Вработените во ФЗОМ исто така бараат Управниот Одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите. Додека траеше последниот штрајк на вработените во ФЗОМ во јануари, шалтерите на Фондот за здравство не работеа. Не се процесираа барањата на пациентите за рехабилитација, за исплата на породилно боледување, за заверка на ортопедски помагала, а не се пресметуваше ни платата за цело здравство, што придонесе платите во државното здравство да доцнат. Со такво исто блокирање на услугите се соочуваат граѓаните и овој пат, доколку до 1 јануари не им се исполнат барањата на вработените во ФЗОМ....
Мицковски: ДУИ ги сведе Албанците на партиски робови и клиенти
Express - пред 1 ден
Новинарот Ивор Мицковски реагира на упорните настојувања на интегративцитре за уставни измени со крајна цел внесување на Бугарите во Уставот… „Абе Бујарчо, ги исцедивте, пониживте, сведовте на најголеми партиски робови и клиенти Албанците, а сега ќе сте се бореле и за Турците, Ромите, Бошњаците, а утре и за Бугарите. Има ли малцинство кое нема да го исцедите, злоупотребите и потрошите ко предизборна карта за вашите криминогени интереси?! Вие сте криминална партија која нуди права само на хартија, за во реалноста да краде, јаде и да партизира. Така не се гради, уште помалку оддржува една мултиетничка држава“....
Поради огромниот криминал и корупција – нема соработка со ДУИ, рече Николовски
Express - пред 1 ден
После првиот круг сѐ појасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 во своето гостување во емисијата „Политиканти“. Тој во текот на своето гостување посочи дека предизвик број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се соберат луѓе кои ќе сакаат да направат нешто во државата. „Предизвик број еден е да се соберат квалитетни кадри кои што ќе сакаат да направат нешто во државата, особено во дел на проектен менаџмент. Еве тука ќе ги споменам две сериозни инфраструктурни делници, автопатот Охрид-Кичево и Прилеп-Градско, експресен пат. Моето мислење е дека двата не се реализираа поради лош проектен менаџмент“, рече Николоски. Ние велиме дека ова е последна шанса, затоа што навистина сме собрани една екипа на луѓе кои влегуваат со доста енергија во оваа работа и сакаме да оставиме нешто позади себе. Не влегуваме во оваа работа само да протуркаме 4 години, па што биде-биде, мислам дека тоа го чувствуваат нашите соработници и дека ќе се направи една добра екипа која ќе може да испорача, смета тој и на крај Николоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да соработува со ДУИ поради огромниот криминал и корупција кои го прават. Резултати ќе има особено во борба со организиран криминал и корупција, тоа ни е број 1, ние и во партијата покажавме дека сакаме да менува и сменивме. И овој судир кој што го имаме со ДУИ, е на таа линија, ако видиме зошто ние не сакаме да соработуваме со ДУИ, тоа е токму заради таа причина, заклучува тој....