Мирисот на морето! Miller Harris Hydra Figue
Убавина за сите - пред 70 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Тоа е како бегство на грчкиот остров Хидра! Hydra Figue мирисот на парфемската куќа Miller Harris нуди „нирвана за сетилата“. Морскиот, дрвенест, солен и освежителен мирис со акорд на узо ја отсликува атмосферата на островот, опкружувајќи нè со морско ветре и интензивен мирис на ароматични крајбрежни билки. Избалансиран, дрвенест, цитрусен и морски мирис! Hydra Figue е комплексен дрвенест, цитрусен и морски мирис кој го комбинира плодот на смоква со мирисот на морето. Комбинација на сол, грчки шафран и преработено дабово дрво го доловуваат мирисот на идилата на уметникот на истоимениот Медитерански остров. Свежа цитрусна нота во комбинација со извонреден зачинет допир! Воодушевувачката бела тубероза и Mirabilis Jalapa додаваат мирен карактер додека кадифениот мошус ги гали елегантните дрвенести ноти на сандалово дрво, амброксан и преработено дабово дрво, за богато и незаборавно патување. - Реклама - Дабовото дрво се извлекува од претходно искористени буриња со вино. Екстракцијата на масло од жалфија носи нежна ароматична свежина, оддавајќи почит на долго ценетите природни извори на островот....
Богат кадифен цут од бели цветови кои танцуваат во мракот! Miller Harris Black Datura
Убавина за сите - пред 71 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Носењето на парфемот Miller Harris Black Datura на себе е како танц во мракот на музика на Nina Simone, облечена во трошка огнена светлина од жар во мермерен камин. Второто име за Datura е и Месечево цвеќе, како сојузник во драмата на ноќта. Хипнотички татула цвеќиња, жестоки и нежни! Кадифен цут од бели цветови кои танцуваат во мракот. Мирисот започнува со свежи ноти на темјан и розов бибер и потоа ги открива заводливите бели цветови. Туберозата се поигрува со дуалноста на своите сензуални и опасни аспекти, додека софистицираните ноти на темно дрво оставаат интензивни траги. За парфемска куќа! Парфемската куќа Miller Harris е основана од Lyn Harris во 2000 година. Lyn Harris работи во индустријата за парфеми повеќе од 20 години и се едуцирала во најпрестижните парфемски куќи во Париз. - Реклама - Кога создава парфеми, Miller Harris не се плаши да ги помести границите и создава мириси кои се иновативни и безвременски. Првиот парфем на парфемската куќа Miller Harris беше претставен во 2000 година. Од понудата на парфеми можете да изберете мириси за секоја возраст, пригода и расположение. Тоа се уникатни мириси, кои ќе додадат оригиналност и шарм на вашиот стил....
Број еден меѓу маскарите – 2000 Calorie, сега во ново издание! 2000 Calorie Pro Stylist
Убавина за сите - пред 143 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Клучот е во специјалната четка! Затоа, ви ја откривам тајната на моите совршени трепки кои остануваат подигнати до 24 часа. За тоа заслужно е најновото издание на маскарата Max Factor 2000 Calorie Pro Stylist која го зголемува волуменот на трепките благодарение на закривената четка која се прилагодува на секој облик на очи и ги подигнува и задржува трепките до 24 часа. Оваа нова маскара на Max Factor е тајната за одличниот волумен на моите трепки кои остануваат обликувани цел ден. Женствени и заводливи трепки? Малку работи се толку женствени и заводливи како изгледот под долги и густи трепки. За многу жени маскарата е незаменлив дел од секојдневната рутина, но не е лесно да се постигне посакуваниот резултат со секоја маскара. Ако ме прашувате која е тајната на моите совршени трепки, ви ја откривам – тоа е маскарата Max Factor 2000 Calorie Pro Stylist. - Реклама - Сега е вистинско време и вие да ги стилизирате трепките! Маскарата Max Factor 2000 Calorie Pro Stylist не само што ќе го подигне волуменот на вашите трепки на ново ниво, туку ќе се погрижи трепките да останат подигнати до 24 часа. Едноставно, сега наутро само ја нанесувам оваа маскара и во текот на денот заборавам на трепките. Нејзината закривена четка овозможува подигнување до 25 степени, додека веганската, професионална формула збогатена со восок за обликување додава волумен за долготрајна постојаност. Ќе добиете професионален лифт на трепките кој не се размачкува, а во исто време ги негува трепките со својата збогатена формула од витамин Е и пантенол. Како се нанесува оваа маскара? Поставете ја четката во основата на горните трепки и движете ја нагоре по должината на трепките. За долги трепки, нанесете од средината на окото со движење надолу, а потоа користете ја четката вертикално на аглите. Маскарата е погодна и за чувствителни очи како и за луѓе кои носат контактни леќи, а достапна е во црна боја....
Откриј го максималниот интензитет! Boss Bottled Elixir
Убавина за сите - пред 147 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Boss Bottled Elixir, претставен оваа година е одличен пример за тоа како овој трендовски машки мирис продолжува да предизвикува голем интерес. Оригиналниот Boss Bottled се појави во 1998 година, но изгледа како да постои отсекогаш. „Bottled“ во името беше додадено подоцна за да се избегне забуна, бидејќи првично овој мирис немаше јасно име, само „Boss Hugo Boss“ напишано на шишето и кутијата. Ново поглавје! Софистицираната високо-концентрирана композиција на Boss Bottled Elixir ве охрабрува да го пронајдете својот внатрешен BOSS. Преку килибарно-дрвенестата композиција, овој рафиниран мирис за мажи содржи топол темјан и кардамом, срцевина од ветивер и пачули и основа од есенција од кедрово дрво. - Реклама - Експлозија од мажественост! Оригиналниот Boss Bottled е реинтерпретиран со енергична изјава, ветувачка длабочина и извонредно искуство при носење. Креиран од мастер парфимерката Annick Menardo, креаторка и на оригиналниот Boss Bottled, во блиска соработка со парфимерката Suzy le Helley, овој мирис ја слави реинвенцијата на современиот класик. Elixir мириса неверојатно и плени со богатите состојки, со есенциите кои емитуваат вибрантност и длабочина, додека срцевината од ветивер и пачули остава незаборавен земјен впечаток. Со есенција од кедрово дрво и апсолут од лабданум, Boss Bottled Elixir нуди силна дрвенеста харизма и експлозија од мажественост. Елегантна креација на Boss Bottled Elixir приказната! Стакленото Bottled шише е претставено во сјајна црна нијанса, која отстапува место на златен сјај во центарот, доловувајќи го духот на BOSS мажот кој ја бара својата внатрешна светлина. Сјајниот керамички завршеток и избрусеното капаче во ледено златна нијанса, придонесуваат за елеганцијата на оваа креација во Bottled приказната. Машкиот мирис е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Parfum Intense....
Моќ на серум покривност како пудра! Bourjois Healthy Mix Serum
Убавина за сите - пред 150 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Здрав сјај на лицето без напор во неколку капки? Ви ја откривам париската тајна за здрава кожа со новата Healthy Mix Serum Foundation, иновативна мешавина од совршен серум и пудра. Новата серумска пудра од Bourjois е со чиста и веганска формула, инспирирана од нега на кожата и составена од природни состојки. Пробајте ја моќта на серумот во комбинација со покривност како пудра! Beauty is in the mix! Сега, без напор ќе можете да го подобрете сјајот со Healthy Mix Serum пудрата. Верувам дека овој производ од Bourjois ќе биде вашиот нов ритуал за здрава и негувана кожа на лицето. Новиот мултинаменски производ ја комбинира моќта на серум со свиленкаста текстура, со покривност како пудра. Со нанесување на неколку обоени капки ќе ја зголемите хидратацијата за моментално блескава кожа, со здрав сјај. Покрај тоа што ќе обезбеди 24-часовна хидратација, серумската пудра Bourjois Healthy Mix Serum ќе ја зголеми хидратацијата на кожата за 50% само по неколку часа носење. Формулирана со 82% природни состојки, Bourjois Healthy Mix Serum Foundation е збогатена со екстракт од брусница, кој претставува природен пептид. Познат по своите својства против стареење, помага да се стимулира производството на колаген, враќајќи ја еластичноста на кожата со текот на времето и на тој начин ја спречува појавата на брчки. Формулата исто така има големи придобивки од легендарната антиоксидантна мешавина на Bourjois од витамини Ц, Е и Б5 за зајакнување на бариерата на кожата. - Реклама - Веднаш ќе го засакате вашиот здрав сјај на лицето! Можете да изберете од палета на нијанси што одговараат на вашата кожа. Серум-пудрата лесно се нанесува со помош на практичната капалка во шишето. Апликаторот ви дава целосна контрола врз количината на употребениот производ. Ќе добиете лесна до средна покривност што може да се надоградува, за изедначување на тонот на кожата и покривање на несовршеностите на лицето кое ќе трае преку целиот ден. Освен тоа, не е мрсна и не создава набори во фините линии. Напоменувам дека е исклучително удобна на кожата во текот на целиот ден....
Нов непогрешлив интензитет на Libre линијата! Libre L’Absolu Platine
Убавина за сите - пред 154 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Yves Saint Laurent го лансира Libre L’Absolu Platine, ново издание на Libre мирисот од 2019 година. Libre мирисната колекција ја претставува визијата на брендот за модерна женственост. Ги охрабрува жените да ја прифатат нивната индивидуалност. За силна, смела и слободна жена! Како продолжение на оригиналното издание, новиот Libre L’Absolu Platine мирис го слави концептот на слобода, нагласувајќи ја слободата да се биде свој. Да можете да ја бирате и да ја пронајдете својата рамнотежа. Од глава до пети, таа гори со незадоволива енергија на слобода, скапоцена, но и нескршлива. Новиот Libre е врвен платинумски мирис, инспириран од најскапоцениот платинум метал. Новиот Libre воведува акорд од бела лаванда во асортиманот, евоцирајќи освежителен и леден квалитет кој ја подобрува интеракцијата помеѓу лавандата и цветот на портокал, препознатливи есенции на Libre линијата. - Реклама - Непогрешлив интензитет! Мирисот се отвора со мешавина од алдехиди и освежувачки цитрусни ноти, како што се бергамот и мандарина, создавајќи жив и енергичен вовед. Срцето на мирисот открива кремаст цвет од портокал од Мароко, измешан со традиционално „машкиот“ карактер на diva лаванда од Франција и остра есенција на бела лаванда, слична на круша. Завршниот слој додава топлина и длабочина со килибарните и слатки балсамични нијанси на ванила. Libre L’Absolu Platine се нуди во три големини: 30, 50 и 90 мл, сите достапни во Eau de Parfum концентрација....
Долготрајна течна пудра што ја негува кожата! Teint Idole Ultra Wear Care & Glow
Убавина за сите - пред 157 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Новата Teint Idole Ultra Wear Care & Glow течна пудра од Lancôme со досега невидена технологија, наречена „neo-glow“ на тенот му обезбедува природен блескав изглед до 24 часа. Со целодневна свежина и природен сјај, оваа течна пудра со средна покривност е одлична подлога која ги истакнува цртите на лицето со природно привлекување на светлината. Течната пудра со голема леснотија обезбедува 24 часа природен здрав сјај на лицето. Обезбедува средна моќ на покривност, не остава дамки, не избледува и не се таложи во фините линии. Пудрата Teint Idole Ultra Wear Care & Glow е со 82% серумска основа за подобрување на сјајот на лицето, но содржи хијалуронска киселина и бадемова киселина. Што ја прави разликата? Целодневна хидратација и вистински сјај, активирани од 82% серумска основа за нега на кожата, заедно со хидрантната хијалуронска киселина и измазнувачката бадемова киселина. Пудрата испорачува инстант резултати и резултати со текот на времето. Од ден на ден, кожата е посветла, помазна и изедначена. - Реклама - Што друго треба да знаете? Teint Idole Ultra Wear Care & Glow течната пудра обезбедува природен сјај на лицето што пркоси на сите фактори: лицето останува свежо преку целиот ден, пудрата не остава дамки на облеката, нема избледување на нијансата во текот на денот и не се вовлекува во фините линии на лицето. Пудрата е достапна во повеќе нијанси и може да се надградува за постигнување на изедначен и здрав тен, без разлика на типот или нијансата на кожата. Пудрата е со заштитен фактор од сонце и без мирис. Поради тоа погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи сува и чувствителна кожа. Состојки! Течната пудра која дава природен сјај на кожата е надополнета со серум создаден од лабораторијата на Lancôme. 82% Серум – за целодневна хидратација, Хијалуронска киселина – ја задржува влагата на лицето до 1000 пати повеќе од својата тежина за да ја хидрира и пополни кожата. Бадемова киселина – со текот на времето, нежно ја прочистува и измазнува текстурата на кожата. Употреба! За лесна покривност, односно изедначување на тенот, се нанесува едно испумпување на целото лице. За поголема покривност треба да нанесете од течната пудра два слоја....
Опоен мирис обвиткан во магично златно шишенце! La Vie Est Belle L’Extrait
Убавина за сите - пред 158 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Овековечен во златно шишенце, новиот Lancôme La Vie Est Belle L’Extrait нуди моќен, но сепак нежен дует од роза и ирис, засилен во длабочината со дрвенести oud акорди. Ова досега е најинтензивниот парфем од колекцијата La Vie Est Belle. Прослави ја скапоценоста на животот! Верен на цветно-гурманскиот потпис на La Vie Est Belle, новиот L’Extrait е најраскошната реинтерпретација на препознатливото парфемско издание на оригиналниот La Vie Est Belle. Мирисот креира софистицирано и длабоко сензуално искуство со некои од најрафинираните состојки од палетата на скапоцени есенции. - Реклама - Исполнет со мистерија, зрачи со среќа! Во горните ноти, смола од olibanum цвет и акорд на темјан, додаваат зачинет пресврт на култното свежо и овошно отворање, помешувајќи бергамот и акорди од црвени овошја. Срцевината на композицијата содржи есенција од роза која го оживува букетот, додека путерот од ирис pallida ја заокружува неговата софистицираност. За прв пат во La Vie Est Belle, oud нотите носат дрвенест потпис на мирисот, но исто така и длабочина, богатство и мистерија на препознатливата трага која ја остава. Исклучително привлечен дрвенест Extrait de Parfum! Задржувајќи се како топла сензуална вибрација на кожата, оваа дрвенеста страна предизвикува волшебна зависност и дава невиден раскош на La Vie Est Belle. Новиот женски парфем е достапен во шишенца од 30 и 50 мл, во концентрација на Extrait de Parfum....
Светот на Ориенталните парфеми во Schatze парфимерии
Убавина за сите - пред 159 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Во средата, во парфимеријата Schatze во Куманово, се одржа промоција на Ориентални парфеми. Настанот ги собра ентузијастите и познавачите на мириси, ценетите претставници на медиумите, инфлуенсери и познати личности на едно извонредно искуство, покажувајќи ја уметноста и раскошот кои го нудат Ориенталните парфеми. Извонредно патување во срцето на Ориентот! Гостите беа почестени со извонредно сетилно патување, истражувајќи ја миризливата колекција на ориентални парфеми. Секој мирис, прецизно изработен со ретки и егзотични состојки, нуди уникатен израз на елеганција и традиција. Присутните се восхитуваа на хармоничниот спој на мириси што ги превезуваа во срцето на Ориентот. - Реклама - Богати состојки и одлични амбалажи! На гостите им се обрати бренд менаџерката на овие парфеми, Зорана Беатовиќ, која ги доближи овие брендови до гостите, запознавајќи ги со специфичноста на нивните состојки и одлични амбалажи. Парфимеријата Schatze беше претворена во ориентална оаза! Местото на настанот беше претворено во ориентална оаза, обвивајќи ги присутните во атмосфера на софистицираност и културно богатство. Спојот на музика, визуелност и мириси ги одведе гостите до Ориентот. Armaf, Lattafa, Rasasi, Swiss Arabian, Afnan, Al Harmain, Flavia… Нотите на извонредните мириси од брендовите: Armaf, Lattafa, Rasasi, Swiss Arabian, Afnan, Al Harmain и Flavia го претвори местото во вистинска ориентална оаза, обвивајќи ги присутните во атмосфера на софистицираност и културно богатство. Спојот на музика и визуелност за миг ги одведе гостите до Ориентот со мирисите што присутните ги истражуваа на својата кожа. Вие можете да го откриете светот на ориенталните парфеми во вашата Schatze парфимерија....
Мистична композиција која се врти околу три цветови! Alien Goddess Supra Florale
Убавина за сите - пред 160 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Во обид да ја освои помладата генерација, Mugler ја лансираше женската мирисна линија Alien Goddess како продолжување на култната Alien линија. Alien Goddess конкретно ja таргетира Gen-Z, популација која допрва треба да се запознае со брендот Mugler. Оваа мирисна линија е современа интерпретација на саканиот Alien универзум. Живописен, фасцинантен, расцветан! Сега, лансиран е Mugler Alien Goddess Supra Florale. Овој нов мирис е прослава на мистичната женска сензуалност, отелотворувајќи ја силата и дарежливиот дух. Неговиот состав се врти околу три цветови кои хармонично се испреплетуваат за да ја откријат иднината на цветните парфеми. Расцветува повторно и повторно! Најновиот талисман Alien Goddess Supra Florale од Mugler се отвора со излив на цитрусни ноти благодарение на акордот на цвет од кактус. Оживувачкото отворање на мирисот ја поставува сцената за цветна, богата и етерична арома на јасмин. Мирисот го достигнува своето крешендо во основата со пустински цвет, мешајќи зачинети и овошни акорди. - Реклама - Шише украсено со златни акценти! Мирисот Alien Goddess Supra Florale спакуван во шише украсено со златни акценти, дизајнот го црпи од полускапоцениот камен аметист. Мирисот е достапен во шишенца од 30, 60 и 90 мл, како Eau de Parfum....
MYSLF: Новиот YSL мирис предводен од Austin Butler
Убавина за сите - пред 161 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - По Lenny Kravitz за машкиот мирис Y и Dua Lipa за женскиот мирис Libre, холивудската филмска ѕвезда Austin Butler е именуван за нов светски амбасадор на брендот Yves Saint Laurent. Butler, актерот кој го инкарнира Елвис во биографскиот филм за животот на феноменалниот пејач, претстави нов мирис од YSL наречен MYSLF, кој е наменет за новата генерација. „Почестен сум што сум именуван за глобален амбасадор на MYSLF, новиот мирис на YSL Beauty“, изјави Butler. - Реклама - Мојот мирис, MYSLF MYSLF е израз на вашата личност со сите емоции и нијанси. Пресврт во традиционалното семејство на цветно-дрвенести мириси. Изјава за модерна машкост за да се прослави вистинското јас. На почетокот свеж, во срцето сензуален и на крај со текстуриран дрвенест акорд! Новиот мирис Yves Saint Laurent MYSLF ги спојува свежите ноти на бергамот и цвет од портокал со топли дрвенести ароми на пачули и мошусно-дрвенестата молекула Ambrofix за издржливост и дифузија. YSL силуета во шише! MYSLF доаѓа во елегантно црно шише направено од рециклирано стакло. Црн лакиран монолит во нијанси каде може се да се види. Во неговото срце, вградено во стакло е иконското лого на Yves Saint Laurent. Машкиот мирис Yves Saint Laurent MYSLF е достапен во шишиња од 40, 60 и 100 мл, како Eau de Parfum. Шишето за надополнување е достапно во количина од 150 мл Eau de Parfum....
Безвременски цветен букет доведен до крајност! Prada Paradoxe Intense
Убавина за сите - пред 162 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Paradoxe Intense е нов мирис кој го продолжува Prada Paradoxe столбот од 2022 година. Ова издание се опишува како извонреден цветен букет кој ја комбинира свежината на нероли пупките и суперинфузијата од јасмин со топли ноти на килибар и мошус. Мирисот постигнува совршена рамнотежа помеѓу силата и грациозната на нотите. Како и неговиот претходник, Paradoxe Intense е создаден од парфимерите Nadega Le Garlantezec, Shyamala Maisondieu и Antoine Maisondieu. Неочекуваниот збир на делови ја ублажуваат невозможната моќ со елегантна нежност! Prada Paradoxe Intense е име кое е деликатно во суштина и моќно на дело. Во него се содржи намерата повторно да се преиспитаат и реконструираат очекувањата за женственоста. Во природата на парадоксот е да се прашува, да се спои контрадикцијата на елементите за да открие длабоката вистина. Prada Paradoxe Intense е ентузијастичко прифаќање на неочекуваниот збир делови кои ја ублажуваат невозможната моќ со елегантна нежност. - Реклама - Цветна суперинфузија! Мирисот содржи безвременски цветен букет доведен до крајност. Во горниот дел, свежината на нероли пупките е проследена со бергамот и есенција од нероли. Оваа свежина е во контраст со цветната суперинфузија на акорди од јасмин и мов. Природниот мошус се испреплетува во позадина, додека серенолидот и моксалонот создаваат килибарен потпис. Биотехнолошки добиениот амброфикс ја зголемува живоста, додека инфузијата од ванила се меша со природна ванила. Парфемско шише дизајнирано да лежи на страна! Како и кај оригиналниот Prada Paradoxe мирис, обновеното шише е израз на реинвенцијата на модната куќа Prada: постојаност, дијалог и склоност кон контрасти. Значајна промена од традиционалната архитектура на парфемското шише, шишето на прв поглед е минималистичко и нежно, инспирирано од оригиналното и култно Prada триаголно лого, дизајнирано да лежи на страна. Мирисот е изграден околу одржливи состојки, а пакувањето може да се рециклира. Покрај тоа, асортиманот може да се надополнува. Prada Paradoxe Intense е достапен во големини од 30, 50 и 90 мл Eau de Parfum, како и опција за полнење од 100 мл....
Импресионирана сум од декорот на шишето на Armani Sì Intense
Убавина за сите - пред 164 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Не можам да не бидам импресионирана од тоа колку ми се допаѓа декорот на шишето на новата верзија на оригиналниот Si мирис, особено неговиот елегантен златен Si релјеф. Шишето е изработено со уникатна мајсторија, обликот на култното Sì шише е украсено со впечатливо Sì лого во златна боја, вметнато на самото стакло. Дизајнот на новото Armani Sì Intense скапоцено шишенце кое може повторно да се полни е направен да трае. Моќта да кажеш ДА – Sì Оддавање почит на моќта да кажеш ДА, претставува избор воден од причина, но и емоција. Да кажеш Sì е да кажеш ДА на страста, на слободата, на љубовта и на себеси и да го охрабриш изразувањето на модерната женственост. Мешавина од овошје, цвеќиња, дрвенести акорди и ванила! Si Eau de Parfum Intense започнува со бујниот потпис на природен нектар од црна рибизла, кој зрачи со овошна привлечност. Срцето ја открива раскошната есенција на розата од Дамаск, испреплетувајќи ги нејзините богати и волшебни ноти со другите ноти на мирисот. Овој современ тон на роза е зајакнат со етеричното масло од давана, познато по своите уникатни дрвенести, овошни и балсамички нијанси. - Реклама - Основата на Armani Sì Intense е хармонична мешавина од ванила и масло од пачули. Ванилата е изразена во две нијанси: инфузијата од ванила создава обвивка од chypre тонови, додека екстрактот од ванила на мирисот му дава топли и балсамични нијанси. Заедно со маслото од пачули и зачадените ноти на црн чај, резултатот е карактеристична дрвенеста арома со освежувачки акценти. Шише кое може повторно да се полни, направено да трае! Мирисот Si Eau de Parfum Intense е сместен во софистицирано шише кое може да се надополнува. Украсено со златни Si релјефи, дизајнот одекнува со сензуалност и одлучност, охрабрувајќи ја секоја жена да ја прифати нејзината женственост и самодоверба. Armani Sì Intense е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum Intense и Eau de Parfum Intense од 100 мл за полнење....
Lancôme Idôle Now за жените кои не се плашат од промени!
Убавина за сите - пред 165 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Lancome Idôle Now е мирис од линијата Idole наменет за жени. Оригиналниот Idole беше лансиран во 2019 година, следен од Idole L’Intense во 2020 година. Потоа, следува Idole Aura во 2021 година и Idole Nectar во 2022 година. Цветен мирис! Отворајќи нови хоризонти на модерните мириси, Idôle Now додава нов аспект на палетата на парфеми, преточен во моќен и беспрекорен мирис. Idole Now Eau De Parfum е цветен мирис кој според Lancôme е во интеракција со аурата на оној што го носи и станува одраз на нејзиното вистинско јас, претворајќи го во свој идол. Мирисот е наменет за храбри и самоуверени жени. - Реклама - Уникатна мирисна композиција! Инспириран од оригинална визија, Idôle Now ја изразува совршената симбиоза помеѓу висококвалитетните природни состојки и науката за создавање посмели и побогати мириси. Нов, свеж поглед на цветноста на оригиналниот Idôle, оваа верзија на мирис е побогата, посмела и попосветена од било кога, благодарение на три култни состојки. Роза, орхидеја и ванила! Композицијата содржи мешавина од три главни ноти, од кои секоја е засилена со „зелената наука“. Се отвора со возбудлив мирис на роза од Испарта, Турција, што доведува до пудрестото срце од орхидеја. Кремната основа од ванила дава нота на сладост и сензуалност на целокупната арома. Мирисот е развиен од парфимерите Shiamala Maisondieu, Nadege le Garlantezec и Adriana Medina. Препознатливата нота на Lancôme розата, заедно со пудрестите ноти на орхидеја и гурманска ванила, ја прават оваа верзија на Idôle мирисот – уникатна. Шише! Шишето и кутијата содржат градиент на боја инспирирана од топлата светлина на зората. На недвосмислен начин ја симболизира можноста за промена. Lancome Idole Now е достапен во шишенца од 25, 50 и 100 мл, во концентрација на Eau de Parfum....
DP Lux Belodore добитник на награда од Diplomacy&Commerce Croatia за најголемо пробивање во малопродажната индустрија
Убавина за сите - пред 203 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Во понеделникот, 09.10.2023 година, во познатиот загрепски хотел Еспланада, Diplomacy&Commerce Croatia одржа настан по повод шестиот роденден. Во таа прилика беа доделени награди на компаниите и институциите за извонреден придонес во своите индустрии и полињата на дејствување. На овој свечен настан, награда доби и Belodore – за најголемо пробивање во регионалната малопродажна индустрија. Од 2020 година досега остварен е неверојатен раст на Belodore парфимериите во регионот! На овој свечен настан, награда доби и Belodore – за најголем пробив во регионалната малопродажна индустрија. Изразувајќи благодарност на медиумската куќа Diplomacy&Commerce на тоа што ја препозна и награди Belodore за најголем пробив во регионалната малопродажна индустрија, Милош Милутиновиќ, генералниот директор на DP Lux групација, чиј член е Belodore, истакна дека за три години, од 2020 година досега остварен е неверојатен раст на Belodore парфимериите во регионот. Овој раст е постигнат благодарение на тимот на колегите од DP Lux групацијата, како и регионалните партнери како Diplomacy&Commerce, истакна Милутиновиќ. - Реклама - Што чувствувате во моментот кога ќе влезете во една од Belodore парфимериите! Уметноста да се создаде нешто толку неостварливо, интензивно, нешто што може да ги совлада сите ваши сетила и да ве пренесе во сосема поинакво време или место, навистина е уникатен подарок што се чувствува во моментот кога ќе влезете во една од Belodore парфимериите. Парфимериите Belodore се наоѓаат на 6 пазари (Хрватска, Србија, Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Македонија) со преку 30 милиони жители. Овој октомври, Belodore го слави својот трет роденден. Моментално функционираат 13 парфимерии во регионот, а до крајот на годината со новите отворања, Belodore ќе стане најголемиот ланец на niche парфимерии во Европа. Водечки европски дистрибутер на брендови на парфеми и козметика за нега на кожа! Belodore е член на DP Lux групацијата, водечки европски дистрибутер на брендови на парфеми и козметика за нега на кожа со присуство на 13 пазари. DP Lux мрежата брзо се развива благодарение на успешните соработки со престижни брендови, а со својот стручен тим и посветеност, станаа најголема дистрибутивна мрежа во овој дел на Европа. DP Lux групацијата е сопственик на три малопродажни ланци на парфимерии (Belodore, Plaza, L’Occitane), кои работат во 7 земји....
Мирис со богати црвени бои поврзани со високата мода! Creed Carmina
Убавина за сите - пред 215 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Creed со недели наназад, нè покануваше да го проследиме претставувањето на својот новитет во портфолиото мириси – Carmina, како „Стилско деби од House of Creed“. Модерен, волшебен и заводлив! Со име кое навестува длабоки, богати црвени бои кои долго се поврзани со високата мода, Carmina е прослава на женственоста со модерна наклонетост. Современ дрвенесто-цветен мирис за жени! Carmina Eau de Parfum е претставен како современ дрвенесто-цветен мирис наменет за жени. Carmina е храбар, пикантен мирис кој ќе ве одведе на мирисно патување низ сензитивните точки за кои не сте ни знаеле дека постојат. - Реклама - View this post on Instagram A post shared by Belodore | niche парфимерија (@belodore.makedonija) Инспирацијата доаѓа од модните скици на Henry Creed! Како омаж на кројачкото потекло на куќата Creed, инспирацијата за Carmina доаѓа од модните скици на Henry Creed. Модните цртежи со генерации се пренесуваат низ фамилијата, а неодамна повторно се откриени во приватните простории на Creed бутикот во Avenue Pierre 1er de Serbie во Париз. View this post on Instagram A post shared by Creed Fragrance (@creedfragrance) Фустаните се украсени со богати бои, луксузни ткаенини кои евоцираат гламур и богатство. Carmina претставува дух на смелите и страствени жени кои се наоѓаат на тие скици. Ултимативни хероини кои се подготвени да тргнат во својата следна авантура. Моќно полнење од црна цреша и розов бибер! Композицијата на мирисот се потпира на моќен сензибилитет. Моќното полнење од црна цреша и розов бибер, се оживува со богатиот сјај на егзотичниот шафран. Тоа дава модерност во срцето проткаено со љубичица и загасита роза. На тоа се додава мистерија олицетворена во заводливите ноти на смирна и темјан. На крајот, амбер и загасит мошус создаваат фузија од моќни, но етерични ноти. Carmina е фино изработена мешавина! Creed ветува дека Carmina е фино изработена мешавина со моќно празнење кое ја отелотворува суштината на женската привлечност проткаена со волшебна харизма. View this post on Instagram A post shared by Creed Fragrance (@creedfragrance)...
Откријте ги најдобрите Trussardi мириси!
Убавина за сите - пред 222 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Влезете во светот на неодоливите и вонвременски мириси на Trussardi. Донесете го мирисот на прекрасната Италија на вашата кожа! Trussardi Donna Нотите на лимон и пачули му даваат на Donna парфемот спој од свежина и острина, додека женственоста е осигурена преку комбинацијата на јасмин, лотос и цвет од портокал. Во 2011 година, Trussardi Donna заедно со својот машки пар Trussardi Uomo се претставени како круна на стогодишното постоење на брендот, со преформулиран состав во однос на истоимениот парфем од 1994 година. Софистициран, возбудлив и сензуален, Trussardi Donna EDP дава доза ненаметлива елеганција на секоја жена што го носи. - Реклама - Trussardi Uomo Нотите на лимон и бергамот му даваат доза свежина на тоалетната вода Trussardi Uomo. Гераниумот и жалфијата му даваат доза на острина, додека нотите на кожа и пачули ја носат топлината. Модната куќа Trussardi ја обележа стогодишнината од постоењето со претставување на два нови мириси, женскиот Donna и машкиот Uomo. Безвременската елеганција е синоним за овие два парфеми. Совршена рамнотежа помеѓу класичните и современи моменти, што ги прави соодветни за секоја прилика. Trussardi Feminine Денешната жена е храбра, еманципирана, слободна, самостојна и секогаш управува со својот живот. Инспириран од оваа суштинска вредност на современата женственост, Trussardi Parfums создаде нова класика во уметноста на парфемскиот свет и автентична одредница на идентитетот на брендот. Композицијата на Trussardi Feminine е претставена во 2021 година. Тоа е првиот парфем на модната куќа кој е дизајниран за новите, современи жени кои знаат како да ја комбинираат етиката и естетиката, посветени на правдата и убавината. Одлучни секогаш да бидат одговорни за својата судбина и способни да ги пренесат овие пораки на следните генерации. Оваа апсолутно италијанска мирисна композиција е формулирана од типично италијански состојки кои евоцираат елеганција, спокој, среќа и убавината на Италија. Креацијата на Feminine е настаната околу основните параметри на италијанскиот дух и женствената храброст. Trussardi Pure Jasmine Парфемската вода Trussardi Pure Jasmine припаѓа на chypre цветната фамилија – цвеќе во бела боја. Горните ноти се ф’стак, нероли и бергамот, а во средните ноти се јасмин, муган и шапака, додека базата ја чинат ванила, сандаловина и пачули. Pure Jasmine парфемската вода креирана од Violaine Collas и Julie Masse е претставена во 2022 година. Совршена, свежа, а топла мирисна композиција. Trussardi Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II е унисекс мирис, патување кое започнува и временски и просторно оддалечено како би се отсликала единствената атмосфера која се наоѓа на улиците во Милано. Елеганцијата на овој парфем се гледа во слатките топ ноти на лешник, кафе и цимет, кои лесно се мешаат во коктел од кокос и тубероза, а завршниот удар доаѓа од самбак јасмин. Во основните ноти доминира кедар, ванила и бел мошус. Trussardi Le Vie di Milano Via della Spiga Le Vie di Milano Via della Spiga го отсликува бескрајниот шопинг на улицата Via della Spiga. Се отвора со ноти на бергамот, јаболко и саќе. Потоа елегантно преоѓа низ нотите на јасмин и махони. Средните ноти доаѓаат од капка мед, кој го прави мирисот сензуален и заносен. Долните ноти се обележани од хелиотропин, глог и билка тонка низ единствениот допир на ориентален мошус. Trussardi Le Vie di Milano Porta Nuova Патувањето со Le Vie di Milano Porta Nuova започнува со лист од мандарина, италијански нероли и калабриски бергамот. Средните ноти имаат во себе амарето и ирис, кои во основата се мешаат со ноти на ванила и амбер....
Lust for Sun: Новиот Juliette has a gun парфем кој го „зароби“ летото во шише!
Убавина за сите - пред 229 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Скопје, Bloom Season прекрасната градина со базен, сега украсена со уникатен сетап. Претставувањето на новиот Lust for Sun парфем на niche брендот Juliette has a gun започна. Сонцето е високо на небото. Бојата во базенот е чиста азурна. Обожавателките на Juliette на своите потпетици зачекорија на сцената. Време е за забава! Базенот е нивниот театар каде денес тие ја имаат водечката улога. Нивната модна писта доминира со разиграност и софистицираност. Нивната самодоверба е беспрекорна. Дрски, женствени, провокативни, дури ни фламенгото не може да одолее. Ех, да можеше сонцето да се „зароби“ во шише, за да трае вечно овој безгрижен ден покрај базенот… Да се нурнеме во него секогаш кога ни треба малку енергија и оптимизам. И еве го! Стоечки овации до работ на базенот за LUST FOR SUN – нивниот препознатлив мирис. Сензуален парфем кој потсетува на сончеви зраци врз топла, златна кожа. - Реклама - Вооружени само со својот парфем! На презентацијата за најновата мирисна креација на брендот Juliette has a gun – Lust for sun, во Bloom Season во Скопје, се приклучија и многу обожавателки на брендот. Juliette has a gun е синоним за женственост – Шекспирова Јулија, на која се гледа како елегантна, модерна, понекогаш слободоумна и понекогаш шармантна жена која ја цени слободата над сè друго. Таа е вооружена само со својот парфем, а овој пат станува збор за мирис кој го „зароби“ летото во шише. Инспирација на креаторот Romano Ricci Lust for sun е ода на радоста на летото, парфем кој совршено ги евоцира сончевите зраци и топлината на кожата. Креаторот на мирисот Romano Ricci, овојпат инспирацијата ја најде во прекрасниот амбиент на азурен базен. „Замислив ново игралиште за нашата Juliette: нејзиниот базен. Магични декорации, каде нашата дива ги поставува правилата и очекува од нејзината придружба да ги исполни сите нејзини желби. Сите се соодветно облечени, дури и розовото фламинго носи шал додека заедно позираат за селфи. Разиграна слика за ерата во која живееме каде што социјалните мрежи и постојаното инсценирање на нашите животи нè поттикнуваат да бидеме уште поекстравагантни“ – Romano Ricci Соларен и цветен! По патеката на Juliette, блескајќи од светлина, милувањето на парфемот не е ништо помалку од галење. Цветен, со ноти , само едно прскање со Lust For Sun ќе ве потопи во летото со сензуален мирис кој потсетува на сончевите зраци на топла и бронзена кожа. Шишето е совршен одраз на самата Juliette! Шишето рефлектира жолти нијанси на топло сонце. Засилено со сјајното метално капаче, LUST FOR SUN шишенцето е блескав примерок, совршен одраз на самата Juliette. Обвиени со Lust for Sun собирате добра енергија околу себе! Обвиени со новиот мирис Lust for Sun е се што ви треба смело да уживате во фантастичното лето. А Juliette? Сега е екстравагантна дури и кога седи покрај базен со коктел во раката, со магнетна привлечност собирајќи околу себе добра енергија....
Серум со кој ќе заборавете на стареењето на кожата! Lancôme Absolue The Serum
Убавина за сите - пред 334 дена
- Реклама - - Реклама - - Реклама - - Реклама - Сега можете да ја третирајте кожата на лицето со серум создаден благодарение на богатите научни откритија на Lancôme лабораторијата. Нурнете во луксузот и разгалите се со Absolue The Serum – серумот за лице од Lancôme. Капка по капка, луксузниот серум ќе и помогне на кожата на лицето да го забрза процесот на обновување на клетките на површината на кожата, за да биде видливо помазна, пополна и сјајна. Кожата ќе изгледа помладо, поцврсто и сјајно со вечен златен сјај. Знаци на стареење! Како старееме, обновувањето на клетките на површината на кожата се забавува, а со тоа и нивото на антиоксиданси во кожата. Ова доведува до појава на знаци на стареење: кожата е погруба, тонот на кожата е нерамномерен, а со тоа се губи природниот сјај. - Реклама - Ревитализирајте ја кожата со милиони нови површински клетки! Absolue The Serum е концентриран серум кој помага да се забрза обновувањето на епидермалните клетки, за на крајот да се постигне резултат на помлада и посјајна кожа. Формулата е составена од ексклузивна мешавина од екстракт од роза, витамин Е и проксилан. Absolue The Serum ја ревитализира кожата со милиони нови површински клетки за сјаен, младешки изглед. Моќта на обновувачките молекули! Perpetual Rose – концентрат од обновувачки молекули кои го реактивираат активаторот за долговечност. Екстракт од дрво од роза – делува како антиоксиданс. Pro-Xylane – ги намалува видливите знаци на стареење и го спречува нивното појавување. Ефект! Серумот го враќа природниот сјај на кожата на лицето, ги обновува клетките и ја ревитализира кожата. 8 причини ЗА! #1 Ја враќа еластичноста на кожата и младешкиот изглед на лицето, #2 Го забавува стареењето на клетките и ја регенерира кожата, #3 Ги измазнува фините линии и брчките, #4 Ја ревитализира, пополнува и зајакнува кожата, #5 Ефикасно хидрира, храни и зајакнува, #6 Освежува, ја ублажува иритацијата и на лицето му дава блескав изглед, #7 Лесна и нежна текстура, #8 Стаклената амбалажа може да се рециклира и повторно да се полни. Како се користи? Нанесете едно испумпување од серумот на врвот на прстите и со рамномерно тапкање со прстите нанесете на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите. Златна рутина за златен тен! Можете да ги комбинирате Absolue The Serum и Absolue Soft Cream за да го максимизирате обновувањето и потхранувањето на кожата. Таргетирајте го подмладувањето на очите со Absolue Eye Cream – кремата за очи....