Дали имате вистински маж покрај себе?
iLike - пред 7 дена
24.04.2024 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Дали имате вистински маж покрај себе? Жените многу често се во дилема дали човекот со кој се во врска е токму тој, вистинскиот. Совршени луѓе не постојат, но сепак има неколку знаци кои јасно сигнализираат дека покрај себе имате маж кој е блиску до совршенство. • Обрнува внимание на ситниците. Колку и да се мали и безначајни тој ги цени. • Знае да ви подготви вечера. И тоа го прави од љубов. • Не се плаши од проблемите и бара решение, наместо виновник. • Ве поддржува! Дури и кога не знаете дали сте сигурни во своите одлуки. • Би го направил и невозможното за да ве види насмеана. • Не му е проблем да го слуша истиот муабет по десетти пат. • Важно му е вашето мислење дури и да е спротивно од неговото. • Подготвен е на компромис и жртви за вашата врска да успее. • Се гордее со вашите успеси. • Ви помага околу домашните обврски. • Ве бакнува по неколку пати на ден. • Се труди да ве направи среќна! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Нешта кои може да го зачуваат бракот од развод Клучни зборови: љубов/вистинскиот/врска/маж Поврзани содржини Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Дали пријателките се поважни од сопругот? Мали нешта во бракот кои значат многу Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Третман за подочници во домашни услови
iLike - пред 7 дена
24.04.2024 /Постирано во Убавина и нега /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Третман за подочници во домашни услови Зелениот чај е совршенo здрав производ заради неговите антиоксидативни состојки. Првично, зелениот чај беше многу популарен во Кина и до денес се користи за лекување на главоболки и депресија. Покрај здравствените придобивки, зелениот чај има голем број на позитивни ефекти поврзани со кожата и телото. Зелениот чај помага за подмладување на кожата и може да се користи и за лекување на рани и заболувања на кожата. Делува како природен тонер, помага да се отстранат нечистотиите, да се намалат порите и ѝ дава сјај на кожата. Третман за уморни очи и подочници Ставете две кесички зелен чај во фрижидер 30 минути. Ладните кесички чај ставете ги на затворени капаци. Седнете и опуштете се 15 минути. Користете го овој метод 2 пати на ден, сè додека не бидете задоволни со резултатите. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Грешки кои ја уништуваат кожата Клучни зборови: нега/подочници/убавина Поврзани содржини Грешки кои ја уништуваат кожата Бананата е најдобар пријател на вашата кожа Здрави и цврсти нокти на природен начин Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Вкусен десерт со авокадо
iLike - пред 7 дена
24.04.2024 /Постирано во Храна и пијалаци /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Вкусен десерт со авокадо Авокадото е многу корисно за нашето здравје, па затоа треба да го внесеме во исхраната често. Овој десерт е идеален за оние кои внимаваат на килограмите. Потребни состојки: 120g пире од јаболки 120g мед 1 лажичка ванила екстракт 3 јајца 50g кокосово брашно 1 големо авокадо (зрело) 40g какао 1 прашок за пециво Подготовка: Во голем сад измешајте ја содржината од авокадото, пирето од јаболка, медот и ванила екстрактот. Додадете ги јајцата едно по едно и матете со миксер додека смесата не стане хомогена. На крај додадете ги кокосовото брашно, какаото и прашокот за пециво. Промешајте добро и истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете го во веќе загреаната рерна 30 минути, на 180 степени. Оставете да се излади па исечете го на коцки. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Чоколадна торта без брашно Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска
iLike - пред 8 дена
23.04.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Секој од нас посакува да има до себе личност со оја ќе биде и во добро и во лошо. Но, ѕвездите не се кон сите подеднакво наклонети кога се работи за долгорочна љубовна врска. Овие три знаци се како тврд орев и со нив е многу тешко да се одржи долга и стабилна врска. Девица Луѓето родени во овој знак од самиот почеток немаат предиспозиции за поврзување, поради нивната многу критична природа. Тие се обидуваат да го променат секој човек и да го прилагодат на себе и своите убедувања. Девицата од вас ќе го очекува и невозможното и тајно ќе Ве тестира, бидејќи тие одбиваат да бидат со некој кој не ги исполнува сите нивни критериуми. Скорпија Тие имаат многу квалитети што едноставно привлекуваат. Поради нивната амбиција и жед за успех, тие нема да бидат задоволни да се прилагодат на никого и да ги исполнат желбите на партнерот. Би било вистинско чудо да се види личност родена во овој знак ги постави потребите и желбите на другите на прво место. Овен Иако ќе ве привлечат со самодоверба, едноставно овие луѓе мора да ја имаат секоја ситуација под контрола. Тие ќе ве излудат со нивното опсесивно планирање и желба секогаш да бидат во центарот на вниманието. Овенот не може да се носи со личност со подеднакво интензивен карактер, па ако забележите дека вашиот однос со личност родена во знакот Овен оди добро, бидете свесни за фактот дека тие доминираат и управуваат во вас. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Што треба да знаете за жена Водолија? Клучни зборови: врска/Девица/Овен/Скорпија/хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Дали имате вистински маж покрај себе? Што треба да знаете за жена Водолија? Трите најљубоморни хороскопски знаци Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за вторник (23.04.2024)
iLike - пред 8 дена
23.04.2024 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за вторник (23.04.2024) ОВЕН Искористете го позитивното расположение и позитивниот однос кон околината за некоја тимска работа. Вообичаено, вие не можете да функционирате како поединка, но истовремено сте и малку напорни за околината. Бидејќи денес не е така, дружете се, соработувајте и љубете. Сè ќе ви биде возвратено. Ќе имате успех и ќе бидете презадоволни. БИК Сите ваши мисли се насочени кон вредностите. Бидејќи вредоностите се широк поим, некои припадници од овој знак ќе бидат фокусирани кон парите, а други, кон пронаоѓање морални и интелектуални квалитети. Денес имате голем апетит, изразена склоност кон благи, а со тоа и зголемена можноста за висок шеќер во крвта – контролирајте се! БЛИЗНАЦИ Уметничкиот аспект од вашиот карактер е особено изразен, а со тоа и желбата за задоволување на креативните потреби. Но, како тоа ќе ви тргне од рака? Сè е индивидуално, па водејќи се од својата интуиција, ќе се обидете да реализирате дел од својот талент. Не постојат Близнаци без талент, само поради трка со времето дел од нив не се реализираат. Успорете го темпото! РАК Интелектуалниот аспект од вашиот карактер е најизразен, како и желбата што е можно повеќе да научите, осознаете и реализирате. Со самото тоа и ризикот од површност е зголемен. Не можете да функционирате беспрекорно и на квантитативен и на квалитативен сегмент. Фокусирајте се на квалитативните аспекти, и така не сте личност која е во постојана трка со времето. ЛАВ Денес уживајте во сопствениот сјај. Оптимиста сте и расположени за прифаќање на убави нешта. Можности за напредок на работното место постојат. Водете повеќе сметка за сопствената исхрана, како и законските прописи. Посветете поголено време и внимание на вашиот партнер. ДЕВИЦА Своето внимание посветете го на убавите нешта, пред сè на љубовта и уметноста. Па има ли нешто поубаво од тоа? Повеќето припадници на овој знак веќе уживаат во љубовта. Топол совет: не се оптеретувајте со прашања “што би било – ако би било”, туку целосно опуштете се и уживајте. Енергијата која ја трошите за анализи, насочете ја кон љубената личност. ВАГА Доколку ви се укаже можност да заминете на некое кусо патување, прифатете без двоумење. Токму тоа патување ќе ги задоволи вашите моментални потреби за промена. Со читање на адекватна литература обидете се да најдете одговор на проблемите кои ве мачат. Овој ден е погоден за секој сегмент од животот. Не пропуштајте ништо! СКОРПИЈА Изразено ниво на нервоза и немир. Доколку некој се обиде да го омаловажи вашиот труд и работа, вие ќе преќутите и ќе се нервирате во себе, бидејќи немате сила да му се спротивставите. Но, доколку тоа биде некоја ваша блиска личност – тешко неа. Сиот свој бес ќе го истурите врз таа личност. Можни се кавги со партнерот. СТРЕЛЕЦ Во прв план е оптимистичкиот пристап кон сите животни аспекти. Ова и не така често се случува, па затоа искористете го ова поволно влијание и максимално “профитирајте”. И конечно, елиминирајте го негативниот пристап на една дамнешна ситуација која ја третиравте како нерешлива. Сè можете да решите доколку сакате! ЈАРЕЦ Имајте на ум дека некои зборови можат да звучат убиствено, бидејќи можно е да се најдете во многу непријатна ситуација. Денес сте расположени за кавги и конфликти, буквално барате “влакно во јајце” за да избие проблем. Но, до кога? Веројатно додека не ги решите личните проблеми и незадоволства. Побарајте и стручна помош доколку не можете сами. ВОДОЛИЈА Хиперактивни сте и комуникативни, над сите очекувања. Некои одамна би се откажале да се на ваше место, но вие и понатаму си терате по свое. До израз доаѓаат сите ваши квалитети, особено организаторскиот талент. Доколку дојде до некои ситни препреки од страна, воопшто нема да им дадете на значење, бидејќи сте сигурни дека ситуацијата е под контрола. РИБИ Поминувате низ, за вас својствена, ментална, емотивна и физичка криза. Ситуацијата од вас бара одлучност, која за жал, ја немате. Од мал луѓе имате помош, но поддршка од никого. Најмногу ве боли што луѓето за кои несебично се дававте сега ви свртеа грб. Но, тоа е нормална работа која морате да ја прифатите. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за вторник (13.02.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Нешта кои може да го зачуваат бракот од развод
iLike - пред 78 дена
13.02.2024 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Нешта кои може да го зачуваат бракот од развод Секое утро кога ќе се разбудите, дури и пред да ја испиете првата шолја кафе, можеби имате навика да го местите креветот. Тоа е една од оние мали рутини што може многу да ви значат и да ви помогнат да се чувствувате организирано. На крајот на краиштата, ако ништо друго не правите совршено тој ден, барем совршено сте го наместиле креветот. Па, може да се разбудите едно утро и кога ќе дојдете од тоалетот, на големо изненадување, да сфатите дека вашиот сопруг го средил вашиот кревет, онака како што вие сакате. Ова изгледа како мала работа, но тоа е целиот концепт зад мантрата – правете мали работи често. Според креаторите на оваа мантра, која потекнува од Институтот Готман, таа може многу ефикасно да го заштити вашиот брак од развод. Имено, малите гестови се оние кои придонесуваат за долгорочен успех. Така, кога вашиот сопруг ви го намести креветот тоа утро, тоа не беше замена за задолженоста што вообичаено ги правите. Се работи за тоа тој да одвои време да забележи за каква рутина се грижите и да ја преземе на себе. Да, малите нешта значат многу. Добрата вест е дека има толку многу начини да му вратите на вашиот сопружник и да ја зачувате заедницата. Така, на пример, едноставното кажување „благодарам“ за работите што се случуваат секој ден, а кои обично ги земаме здраво за готово, може да направи голема разлика. Ова вклучува подготовка на вечера, изнесување ѓубре, носење на децата на училиште и назад. Покрај благодарноста, бакнежот и прегратката можат да бидат исто толку ефективни. Иако многумина тврдат дека треба почесто да поминувате време сами со саканата личност, далеку од обврските на децата и домот, реалноста е дека за ова имате време само два пати месечно, а овие мали работи можете да ги правите секој ден и дека можам да ја изградам вашата врска. Затоа, додека се обидувате да ги завршите сите важни работи во текот на денот, не заборавајте да застанете и да обрнете внимание на ситниците. Тоа е навистина малку труд, а наградата што следи е неверојатна. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Мали нешта во бракот кои значат многу Следно » Дали имате вистински маж покрај себе? Клучни зборови: брак/развод/среќа Поврзани содржини Мали нешта во бракот кои значат многу Најчести проблеми на паровите Вистинска приказна: Мојот живот после 1 година од разводот Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Седум вежби за секси задник и нозе без целулит
iLike - пред 78 дена
13.02.2024 /Постирано во Спорт /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Седум вежби за секси задник и нозе без целулит Во само 9 минути, без комплицирани движења или посебна опрема, овие вежби ќе ги зацврстат вашиот задник и нозете. Овој анти-целулит тренинг се состои од 7 вежби кои траат по 40 секунди. Важно е помеѓу нив да не правите паузи. Препорачливо е да ги изведувате 3-5 пати неделно, а ако сте почетник или почувствувате болки во мускулите направете пауза од 2 последователни дена. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Редовната физичка активност го продолжува животниот век Клучни зборови: вежби/задник/тренинг Поврзани содржини Редовната физичка активност го продолжува животниот век Машки атрибути на кои „паѓа“ секоја жена Дали се тренира со празен стомак? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Што треба да знаете за жена Водолија?
iLike - пред 78 дена
13.02.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Што треба да знаете за жена Водолија? Прекрасна, непредвидлива, слободоумна, мирна, чудна, ексцентрична, пријатна, искрена, квалитетна, иновативна, забавна, оптимистичка, оригинална, флатерична – со еден збор, жена Водолија. Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината неразбирливост и невоздржаност, често е тешко да се разбере и сфати, но тоа е затоа што жената Водолија е секогаш само своја. За неа не важат стереотипите и невозможно е „да ја ставите во фиока“ бидејќи е отворен неконформист и бега од општествените правила и норми. Секогаш работи сама и не сака кога другите и кажуваат што да прави. Од друга страна, хуманитарецот има големо срце и секогаш е подготвен да помогне, без разлика дали се работи за финансиска, емоционална или каква било помош. Сака напредок, но на личен план не сака промени. Таа е многу приврзана за своето минато и спомените кои ги чува како свое најголемо богатство, а лојалноста ја носи на едно ново, подлабоко ниво – не само што останува лојална на својот партнер, туку и на одреден бренд, продавница, ресторан, тим, пејачка. Секс и врски За жената Водолија, животот е игра во која секој игра според своите правила. Кога станува збор за љубовта, тие ќе се погрижат играта да биде особено забавна и никогаш досадна. Но, нејзиниот лесен поглед на животот и љубовта не значи дека таа лесно се заљубува. Напротив, ѝ треба време да се поврзе со некого емотивно и да и верува на друга личност. Кога е во врска, ја цени својата независност, слобода и „простор за дишење“ (што се совпаѓа со нејзината припадност во групата воздушни знаци), а тоа му го дава на партнерот. Водолијата секогаш ќе чува дел од себе што нема да им го открие на најблиските. Оригинална и непредвидлива, на својот партнер ќе му пружи задоволства за кои претходно не ни знаел дека постојат. За неа нема кочници во спалната соба, сака да експериментира и со задоволство ќе проба се, па дури и секс во јавност. Нејзини идеални партнери се Риба, Близнаци, Стрелец и Овен. Пријателство Додека оди по улицата, таа одвреме-навреме ќе паузира за да се поздравува со луѓето што ги познава. Поради тоа изгледа дека е пријателка со сите, но тоа се всушност познаници и драги луѓе кои ја сакаат бидејќи жената Водолија сака да биде во добри односи со сите и бега од конфликти и кавги. Што се однесува до пријателите што им дозволува целосно да и се зближат, може да ги изброи на прстите од едната рака. Таа лесно може да биде резервирана кога се во прашање нејзините вистински чувства, поради што нејзиниот круг на вистински пријатели е многу потесен од многу познаници. Таа е дарежлива и секогаш е тука кога му треба на пријател. Жената Водолија се дружи со луѓе со кои ја споделува љубовта кон независноста и интелектуалните определби и аспирации. Ова е жена која секогаш можете да ја побарате за искрен совет и која секогаш ќе ги има вистинските утешни зборови. Изглед Суптилна и шармантна насмевка, спуштени очи, привлечен нос, силна вилица, дупки на образите, мека кожа, темна, густа коса и грациозен став, се некои од карактеристиките на физичкиот изглед на жената Водолија. Тие не се олицетворение на врвна женственост и страв, тие уште почесто се приклонуваат кон момчешки изглед, но токму затоа се барани во светот на манекенството каде што владее андрогениот изглед. Тие се обично витки и високи, иако нивните вратови може да бидат пократки и пошироки. Блескавите очи даваат голема живост, но често имаат сериозен израз на лицето. Ги краси чист и артикулиран глас. Сепак, без разлика како изгледа однадвор, без разлика на најсериозниот израз на лицето, ведрата жена Водолија секогаш ќе ужива и ќе биде задоволна внатре. Стил Не ги следи трендовите, згора на тоа, сака да носи сосема спротивно од она што е „ин“, па во сезоната кога сите носат мини здолништа, жената Водолија ќе ја препознаете по тоа што носи макси здолниште. Смела и храбра, таа сака да привлекува внимание и шокира со својот еклектичен и разновиден моден стил. Еден ден ќе има светло розева коса и ќе носи ексцентричен накит како пирсинг на лицето, а следниот ден ќе биде облечена во сериозен деловен костум и косата повторно ќе и биде во нормална боја. На неа, дури и навидум некомпатибилните парчиња прават добра комбинација, како фина свилена блуза во комбинација со панталони. Во нејзината гардероба секогаш ќе има авангардна облека, а фризурите кои ги претпочита често се шик и неконвенционални – во однос на начинот на кој ја потстрижува косата. Најмногу и прилегаат светли и весели бои како тегет, тиркизна, светло розова и смарагдно зелена боја. Убавината без суровост и е мисла водилка при купувањето козметика, поради што избира брендови кои не тестираат на животни, а често знае да прави и природни козметички производи. Стил на шопинг Никогаш не оди во шопинг со список на работи што треба да ги купи, но со задоволство ќе купи нешто што ќе и привлече внимание. За неа тоа не се големи, „стерилни“ трговски центри, туку помалку популарни локални продавници во кои ќе најдат „винтиџ“ парчиња, кои ќе се впарат во уникатни комбинации. Со задоволство ќе оди на шопинг со пријателите, но повеќе за да помине време во добро друштво отколку да купи нешто. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Дали пријателките се поважни од сопругот? Следно » Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Клучни зборови: Водолија/жена/хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Дали пријателките се поважни од сопругот? Трите најљубоморни хороскопски знаци Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Храна која треба да се практикува за време на настинка
iLike - пред 79 дена
13.02.2024 /Постирано во Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Храна која треба да се практикува за време на настинка Храната игра важна улога во борбата против многу болести. Повеќето луѓе мислат дека знаат која храна која треба да се консумира кога организмот се бори против опасна болест, но малкумина знаат каква храна може да ја подобри здравствената состојба. Чај или топла лимонада Чајот помага при болки во грло и воспаленија. Зелениот чај е богат со антиоксиданти кои му помагаат на организмот во борбата против инфекции. Топла лимонада, исто така, може да помогне. Мекиот слој на портокалот, лимонот или грејпфрутот содржат флавоноиди кои го зајакнуваат имунитетот. Пилешка супа Пилешката супа не е само топол и хранлив оброк. Научниците тврдат дека супата помага да се намали активноста на белите крвни клетки. Токму тие се одговорни за респираторните проблеми кои често се јавуваат за време на настинка. Црно вино Содржи антиоксиданти кои му помагаат на телото да се бори против инфекции, особено на дишните патишта. Сепак, внимателно со вино. Никогаш не треба да мешате алкохол и апчиња. Ѓумбир Ѓумбирот е ефикасен при стомачните проблеми, како запек, надуеност и повраќање. Ѓумбирот е сојузник во борбата против настинки и грип, а комбинацијата на ѓумбир, лимон и мед ги победува сите инфекции. Сода бикарбона Сода бикарбоната создава неутрална pH вредност во желудникот. Мешавина од вода и сода бикарбона е практичен начин за смирување на желудникот. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Зошто да јадете чиа семе? Клучни зборови: настинка/храна Поврзани содржини Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот Салата со компири и туна Подгответе си здрави енергетски плочки Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за вторник (13.02.2024)
iLike - пред 79 дена
12.02.2024 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за вторник (13.02.2024) Овен Работата е во експанзија и тоа благодарение на вашата неуморна работа. Се грижите за болни лица, па тоа влијае и на вашето здравје. Почнете да внимавате на себе ако сакате да имате внатрешен мир. Не оптоварувајте се со другите, нема да најдете заеднички јазик. Бик Бидете реални во процената на моменталната состојба во која се наоѓате. Не сте во ситуација кога најдобро функционирате, а и не носите исправни одлуки. Организмот ви е слаб, па склони сте кон настинки. Работете толку колку можете. Близнаци Проблемите со нервниот систем ви укажуваат на тоа дека сте живееле во илузија. Потрудете се да ја совладате општата внатрешна збрка, иако ќе ви биде тешко. Во лоша состојба сте, но не барајте вина во другите. Рак Во љубовта се можни конфликти, а сето тоа е последица на вашата несигурност. Работете повеќе на себе на зајакнување на сопствените вредности. Ако успеете во тоа, ќе успеете и да ја избегнете љубомората и посесивноста. Искористете ги сопствените потенцијали на вистинско место. Лав Сакате да се изолирате, бидејќи во самотија тешко функционирате. Непријатно се чувствувате, а не знаете зошто. Нервозни сте и напнати, а причина за тоа се вашите амбиции. Потрудете се да извлечете поука од моменталната ситуација. Девица Послушајте ја интуицијата која е особено изразена. Таа ќе ви каже што да направите и како да се однесувате. Сакате некои работи да ги испланирате однапред. Се трудите да ги ублажите проблемите и тоа ви успева. Терезија Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Водете сметка за здравјето, опасноста од вирус не ви е непозната работа. Се трудите да му дадете совет на некој близок. Скорпија Ограничени сте на сите фронтови, а причина за тоа се хроничните болести. Склони сте кон ревматски проблеми, затоа работете умерено. Добивате помош од стари луѓе, но, сепак, сте задоволни. Стрелец Избегнувајте јавни излегувања и комуникацијата сведете ја минимум. Кога е станува збор за работата, бидете реални. Не дозволувајте повторно да бидете затекнати со непријатно искуство. Кога ќе размислите подобро, главата не служи само за чешлање на косата. Јарец Ако сакате да бидете задоволни, верувајте повеќе во себеси и во сопствените можности. Го добивате она што сте го заслужиле. Искористете ја позитивната енергија и постигнете професионален успех. Водолија Ова е напорен ден за вас и слабо постигнувате резултати. Тешко се помирувате со сознанието дека треба многу да работите. Пронајдете мир и тишина во сопствените мисли. Ако се потрудите да дојдете до невозможни работи, може само да се разболите. Риби Бидете внимателни кога станува збор за неверства. Не инвестирајте во работи кои не се проверени и не потпирајте се на некого што може погрешно да ве насочи. Чувајте ги парите и документите, лесно може да ги изгубите. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за вторник (30.01.2024) Следно » Хороскоп за вторник (23.04.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Дали пријателките се поважни од сопругот?
iLike - пред 92 дена
30.01.2024 /Постирано во Занимливости, Совети и живот /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Дали пријателките се поважни од сопругот? Кога ќе дојде викенд, многу мажени жени се свртуваат кон своите најблиски пријателки за да го поминуват времето на што попријатен начин. Од 3.000 анкетирани жени, секоја трета изјавила дека предност дава на друштвото. Кога е во прашање шопинг, две од три велат дека попрво ќе одат со пријателката отколу со сопругот, затоа што жената знае подобро да ги посоветува, а притоа не се жали поради цената на некои артикли. Одењето во салон за убавина, оброк или кафе испиено во друштво со пријателката се наоѓа веднаш зад шопингот, на списокот на најпопуларните женски активности за време на викендот. Речиси половина од испитаничките се пожалиле дека нивниот партнер не е лице во чие присуство можат слободно да разговараат, а десет проценти признаваат дека не можат да се однесуваат онака како што сакаат со партнерот близу до себе, како што може во друштво на пријателката. Своите женски пријателства ги сметаат за голем успех, а многу од нив траат и подолго од 35 години, кај некои дури од градинките. На многу претставнички од понежниот пол, пријателките им биле најголема поддршка во тешките животни моменти. Поголем број на жените своите проблеми попрво би ги споделиле со пријателките отколку со сопругот, што според зборовите на психологот, Џон Фостер, би требало да го загрижи посилниот пол. Речиси 90% од жените тврдат дека пријателките повеќе се заинтересирани за квалитетот на нивниот живот, отколку нивните брачни партнери, па не е чуден фактот, што дури половина од жените своите пријателки секогаш ги ставаат пред партнерот и неговите проблеми. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Трите најљубоморни хороскопски знаци Следно » Поучна приказна: “Безвредните навреди” Клучни зборови: жена/маж/сопруг/сопружници Поврзани содржини Дали имате вистински маж покрај себе? Што треба да знаете за жена Водолија? Како да препознаете вистинска дама? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Поучна приказна: “Безвредните навреди”
iLike - пред 92 дена
30.01.2024 /Постирано во Совети и живот /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Поучна приказна: “Безвредните навреди” Еден човек јавно навредувал некој мудрец: – Ти си безбожник! Пијаница! Крадец! На тие навреди мудрецот само се насмевнал. Ова го набљудувал некој друг човек, па му рекол: – Како можете да толерирате вакво нешто? Зар не ве болат овие зборови? Мудрецот повторно се насмевнал и рекол: – Ајде да одиме кај мене, имам нешто да ви подарам. Човекот кој бил добро облечен во нова облека тргнал кон него, па стигнале до една стара соба. Мудриот човек го вклучил светлото и почнал да пребарува во неговиот ормар, каде нашол еден целосно безвреден капут. Му го подал на човекот и му рекол: – Пробајте го, сигурно ќе ви одговара. Човекот го зел капутот, го погледнал подобро, па налутено рекол: – Што ќе ми е овој гнасен капут? Јас сум добро облечен, вие сте сигурно луди! Потоа му го фрлил капутот назад… Ете, гледаш – рекол мудрецот – вие не сакате да го прифатите овој гнасен капут. Слично на ова, ниту јас не сакав да ги прифатам оние гнасни зборови кои човекот ми ги упати мене. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Дали пријателките се поважни од сопругот? Клучни зборови: живот/навреди/поучна приказна/совети Поврзани содржини Што кажува за вас денот на раѓање? Што ги прави посебни родените во јануари? Смејте се: убаво и бесплатно е! Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за вторник (30.01.2024)
iLike - пред 92 дена
30.01.2024 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Хороскоп за вторник (30.01.2024) Овен Успеавте на начин својствен за вас, што значи упорно и немилосрдно, да постигнете успех. Уживајте во него додека можете и ќе се чувствувате сјајно. Кога ќе размислите подобро, потребен ви е одмор. Посветете му внимание на партнерот, одете во кино. Бик Што ви се случува? На сите им го свртевте грбот. Околината ќе ви го прости тоа, но не и партнерот. Тој смета дека вашиот однос е прилично проблематичен и размислува дефинитивно да го среди сето тоа. Доколку сакате да спасите нешто, тргнете во акција. Близнаци Емоциите се нагласени, но не претерувајте со нивно искажување во јавноста. Со партнерот ќе остварите одлична соработка и желба заедно да присуствувате на некое уметничко случување. Потрудете се да бидете креативни, сe е во знакот на комуникацијата и дружењето. Рак Имате време да размислувате и да сонувате. Се буди вашата интуиција, но и смислата за сите работи што немаат врска со реалноста. Пред вас е успешен ден, не дозволувајте некој да ви го упропасти. Партнерот се дистанцира од вас, потрудете се повторно да го придобиете. Лав Сознанието дека живеевте во илузии е болно, посебно за вас. Мислите дека никој и ништо не може да ве изненади, но, очигледно, не е така. Сфаќате дека лицето на кое му верувате ве злоупотребува и ве искористува. Девица Зголемената енергија и повеќето обврски што треба да ги извршите ве доведуваат до опасност да направите грешка. Повреди и сообраќајни несреќи може да се случат доколку сте замислени и невнимателни. Затоа однесувајте се внимателно и одговорно. Терезија Се наоѓате во добро расположение и исклучително добро комуницирате со околината. На момент заборавете ги проблемите ако сакате да бидете среќни. Здравствената состојба не е сјајна, имате проблеми со хормоните, поради што сте нервозни. Скорпија Имате проблеми со временските промени, а тоа влијае и на вашето расположение. Моментално сте окупирани со финансиите затоа што доцнат. Бидејќи станува збор за веќе заработени пари, бидете трпеливи, сигурно ќе стигнат. Обрнете внимание на консумирањето алкохол и цигари. Стрелец Ништо не може да се промени преку ноќ. Важно е да почнете правилно да размислувате за тоа како на најпаметен начин да го осмислите времето. Што се однесува до работата, ја извршувате сјајно. Единствено не ви оди од рака дружењето, трудете се повеќе. Јарец Најдобро би било некои работи да ги оставите да малку настрана, размислете добро пред да тргнете во конкретна акција. Дури и да сакате, моментално не сте во состојба да се изборите со проблемите. Можно е веќе утре да се чувствувате подобро и со леснотија да ги поминете сите препреки. Почнете да го планирате летниот одмор. Водолија Конечно ја сфативте пораката на околината, па така и се однесувате, смирено. Сите активности што би требало да ви донесат конкретни резултати денес се оневозможени, а тоа го зголемува незадоволството. Во наредниот период насочете го вниманието кон себе. Риби Се спуштивте на земја и реално ја согледувате ситуацијата, така што големи се шансите успешно да ги решите сите проблеми. Во спротивно, ако се дистанцирате, тие само ќе се таложат. Почнете да се дружите со книгата, можеби ќе се пронајдете во неа. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за четврток (18.01.2024) Следно » Хороскоп за вторник (13.02.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Трите најљубоморни хороскопски знаци
iLike - пред 92 дена
30.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Трите најљубоморни хороскопски знаци До некој степен нормално е и убаво е да постои поблага форма на љубомора, бидејќи таа е доказ дека постојат емоции. Сепак, постои и потежок облик на љубомора, а овие три хороскопски знаци и тоа како ја имаат. Скорпија Пример на екстремни љубоморни сцени. Не само што станува збор за љубомора која создава неподносливо печење во желудникот, тука е вклучена и игра на страст и возбуда. Љубомората на Скорпијата понекогаш, го признале ли тоа тие или не, им доаѓа како афродизијак. Бик Во овој случај станува збор за посесивност со примеси на љубомора. Бикот сака да ги присвојува нештата, но и луѓето и воопшто не го интересира конкуренцијата. Она што е негово, е само негово, нема делење, нема флертување. Лав Премногу горди со многу изразено его, Лавот води сметка да не биде измамен, понекогаш малку опсесивно. Доколку нешто почувствува дека му се случува зад грб, пред се не би можел себеси да си прости. Сето ова го доведува во прашање неговиот углед и чест. Понекогаш знае да реагира многу енергично и нетактично. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Што кажува за вас денот на раѓање? Следно » Дали пријателките се поважни од сопругот? Клучни зборови: љубомора/хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Што треба да знаете за жена Водолија? Какви се луѓето родени во знакот Јарец? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Мали нешта во бракот кои значат многу
iLike - пред 92 дена
30.01.2024 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Мали нешта во бракот кои значат многу Многу парови на почетокот на љубовната врска мислат дека ќе имаат само среќни моменти. Истото важи и за многумина кои стапуваат во брак. Порано или подоцна, повеќето од нив сфаќаат дека љубовните врски не се само мед и млеко, туку сериозна свршувачка. Всушност, кога ќе размислите за тоа, ништо вредно не доаѓа лесно и не останува со вас, а исто така и среќата во бракот. Ако сте сериозни во намерата вашиот брак да биде успешен, треба да знаете дека за тоа треба многу труд. Она што добро ќе ви дојде во целата приказна се мали корисни совети кои можат да ви помогнат да ја зајакнете вашата врска. Правете нешто забавно заедно Исклучително е важно како го поминувате времето со вашиот сопруг. Ако сте само случајни цимери кои живеат под ист покрив, така ќе биде и вашата врска. Покрај сите обврски кои ги имате во текот на денот, важно е да најдете време да направите нешто заедно. Тоа може да биде утринско трчање, заедничко туширање, одење во теретана, шопинг, подготовка на оброци или гледање филмови – што и да ве релаксира. Имајте на ум дека никој не е совршен Многу е лесно да се занемари фактот дека самите не сме совршени, ако се фокусираме само на мааните на партнерот. Значи, свесноста дека покрај доблестите имате и свои маани, ќе ви овозможи да ги прифатите оние аспекти на личноста на партнерот кои можеби не ви се особено допаѓаат. На овој начин, ќе создадете место за простување во вашето срце, пред да изберете да се навредите. Покажете му дека мислите на него и грижете се за работите што го засегаат. Зборувајте за сè Колку и да нагласуваат дека комуникацијата во бракот е важна, паровите се чини дека забораваат на тоа штом ќе се појави проблем. Брачната врска е изградена на цврсти основи на комуникација. Што и да ве мачи, нема подобра опција од разговор со партнерот. Не го задржувајте за себе и оставете го да зоврие во најлошиот можен момент. Покажете му љубов Покрај тоа што ќе му кажете на вашиот сопруг дека го сакате, треба да му го покажете тоа. Не, не ви требаат скапи подароци за такво нешто. Можете да му ја покажете вашата љубов со начинот на кој се однесувате кон него. Помогнете му да не заборави нешто важно додека се подготвува за работа, потсетете го на роденденот на добар пријател или годишнината од бракот на неговите родители. Покажете му дека мислите на него и грижете се за работите што го засегаат. Покажете му дека ја цените неговата работа Никогаш не дозволувајте вашиот сопружник да се чувствува како да го земате здраво за готово. Не прескокнувајте да му се заблагодарите што отиде во пекара рано наутро за да ви го донесе омиленото пециво. Посочете како ви го среди денот кога ви сварил кафе. Без разлика колку минијатурен е неговиот потфат, секогаш изразувајте благодарност. Тоа само ќе го поттикне да направи повеќе и да работи повеќе. Одржувајте романса Заборавете на митот дека држењето за рака, бакнувањето, гушкањето и гушкањето се само за нови парови. Одржувањето на романтиката во живот е клучно за опстанокот на бракот. Никогаш не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното. Најдете време за интимност, за водење љубов и за споделување страсти. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Најчести проблеми на паровите Следно » Нешта кои може да го зачуваат бракот од развод Клучни зборови: љубов/брак/врска Поврзани содржини Дали имате вистински маж покрај себе? Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Нешта кои може да го зачуваат бракот од развод Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Што кажува за вас денот на раѓање?
iLike - пред 92 дена
30.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Што кажува за вас денот на раѓање? Нумеролозите велат дека денот од седмицата во кој сте се родиле со себе носи одредени карактеристики кои ќе бидат универзални без разлика на самиот датум. • Понеделник: Родените во овој ден се несебични. Ќе дадат се од себе сите да живеат среќно и здраво. Тие секогаш знаат дека можат многу. • Вторник: Родените во вторник се ориентирани кон целта. Нема сила што може да ги спречи кога се работи за било што. Си поставуваат многу цели. Кога работите ќе тргнат наопаку и по планирањето, нивната нетрпеливост пука. • Среда: Луѓето родени во среда се љубопитни, познати по тоа што поставуваат многу прашања, затоа што само сакаат да знаат зошто сè е како што е. Не дозволуваат многумина да стигнат до нив, понекогаш дури и кога другите кои навистина им се восхитуваат сакаат да ги допрат. • Четврток: Луѓето родени во четврток се љубезни и грижливи. Тие ќе се однесуваат со луѓето онака како што сакаат да бидат третирани со нив, што доведува до тоа да стекнуваат многу пријатели. Сите едноставно ги сакаат. • Петок: Родени во петок, познати се по своите креативни способности. Само тие знаат како да се справат со тешките моменти, кога работите тргнуваат наопаку, тие добро знаат како да продолжат понатаму, наместо да ви дозволат да ја добиете предноста. • Сабота: Луѓето родени на овој ден имаат уникатни и ретки вештини за управување со времето. Тие многу добро знаат дека можат да сметаат на себе, но тоа не може да се каже за оние кои се во нивниот живот. • Недела: Луѓето родени во недела се дефинитивно интроверти кои претпочитаат да останат дома отколку да излегуваат надвор. Сакаат да бидат со себе, бидејќи се загрижени за луѓето кои ја користат нивната добра природа и тогаш се појавува нивната темна страна. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Какви се луѓето родени во знакот Јарец? Следно » Трите најљубоморни хороскопски знаци Клучни зборови: живот/нумерологија Поврзани содржини Поучна приказна: “Безвредните навреди” Што ги прави посебни родените во јануари? Смејте се: убаво и бесплатно е! Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Зошто да јадете чиа семе?
iLike - пред 92 дена
30.01.2024 /Постирано во Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Зошто да јадете чиа семе? Чиа семето е синоним за здрава исхрана. Покрај тоа што можете да го додадете во јадења и салати, чиа семето се додава и во разни рецепти за смути, овесна каша, а од него се прави и пудинг. Благодарение на хранливите материи, семките од чиа го добија епитетот суперхрана поради неколку причини: Богата со хранливи материи Две лажици чиа семе содржат 138 калории, 4,7 грама протеини, 9,8 грама влакна, 14% од дневните потреби за калциум, 12% од дневните потреби за железо, а исто така содржат магнезиум, фосфор, цинк, омега 3 масни киселини како и витамини од групата Б. Антиоксиданси Овие семиња се одличен извор на антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и го штитат нашиот имунолошки систем. Антиоксидансите во чиа семето имаат особено благотворно дејство на срцето и црниот дроб, го регулираат крвниот притисок и имаат антиканцерогени својства. Губење вишок килограми Благодарение на влакната и протеините, чиа семето се препорачува во секоја диета, особено за луѓето кои сакаат да ослабат. Диететските влакна поволно делуваат на согорувањето на калориите, а не прават сити долго време, па немаме напади на глад. Здравје на коските Овие семиња содржат и голем број хранливи материи кои ги одржуваат коските силни и здрави, вклучувајќи калциум, фосфор и магнезиум. Нивото на шеќер во крвта Истражувањата покажаа дека чиа семето го регулира нивото на шеќер во крвта, а се претпоставува дека тоа се должи на количината на влакна. Тие лесно се вклучуваат во исхраната Бидејќи вкусот е речиси незабележлив, овие семки можете лесно да ги додадете во секое јадење, почнувајќи од чорби, преку смути и колачи. Може да се јадат и сирови или натопени во вода, млеко или сок. Поради тоа што ослободуваат слуз што се згуснува, чиа семките се одлични и при подготовка на здрави сладоледи и пудинзи. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Чај кој го намалува стресот и нервозата Следно » Храна која треба да се практикува за време на настинка Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Зошто родените во знакот Јарец се подобри од сите останати?
iLike - пред 104 дена
04.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Зошто родените во знакот Јарец се подобри од сите останати? Јарец е десеттиот знак во Зодијакот. Тој е секогаш подготвен да се искачува повисоко до целта. Луѓето родени во овој знак се сигурни во себе, никогаш не потклекнуваат и знаат кон што се стремат. Себеси се ставаат на висока и недостижна позиција, бидејќи сакаат да ги гледаат нештата од сигурно место. Најчесто имаат прецизни цели за кои се подготвени да работат долго и напорно. Нивната самодисциплина им овозможува успех во она што го прават. Едно од најбитните нешта за Јарецот е постигнатата цел, а само врвот е нивниот лимит. Важно им е да поседуваат вештини во кои ќе бидат подобри од сите други. Тие се вредни, работливи, не ги плаши напорната работа, бидејќи знаат дека тоа ќе ги донесе до врвот, а нивната амбициозност, решителност и став со кој се решени да одат до крај им го олеснува патот до таму. Животот претставува голем проект за нив, а се прилагодуваат на него со помош на професионален пристап кон се што прават, со практичност, реалност и прагматичност. Посветеноста кон своите цели често оди до точка на тврдоглавост. Уживаат во победи, сакаат нивните квалитети да бидат препознаени од другите, како и да се во центарот на случувањата. Јарците како животни секогаш сакаат да се искачат на врвот на планината, каде што воздухот е чист и свеж. Родените во знакот на Јарец сакаат да стигнат до врвот во своето поле, така што ќе можат да ги користат придобивките на успехот и славата, престижот и парите. Можат навистина да се однесуваат надмоќно, понекогаш дури и егоистично, на нивниот пат кон врвот. Јарците се ефикасни и организирани и не креваат голема прашина околу работите. Тие се коректни со детали и имаат прилично конвенционални ставови во бизнисот и воопшто во животот. Се чувствуваат најдобро кога играат безбедно, бидејќи тоа е најсигурниот начин да се стигне до врвот. Имаат тенденција да бидат доста зрели и целосно се благословени со здрав разум, два квалитети кои им помагаат нивните потфати во животот да бидат успешни. Нивната амбиција е безгранична, но сепак тие се претпазливи, одговорни и секогаш играат фер. Затоа нивните успеси се се поголеми и побројни. Елемент: Земја Група: Теоретска Поларитет: Негативен Омилена боја: Кафеава Владеачка планета: Сатурн Куќа на владеење: Десетта Спротивен знак: Рак Среќен камен: Оникс Период: 22 декември – 19 јануари Силни страни: Одговорни, добри менаџери, дисциплинирани, способни за самоконтрола Слабости: Мислат дека знаат се, тешко простуваат, полни се со презир, го очекуваат најлошото Карактеристични белези: Можат да бидат во топ форма само со малку напор Сакаат: Семејство, традиција, квалитет на изработка, музика Не сакаат: Речиси се, во најразлична смисла Најдобра средина: Позитивни ситуации, урбани средини со културата и стил, секое место каде може да биде на чело. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Какви пријатели се хороскопските знаци? Следно » Заблуди за чоколадото кои треба да се надминат Клучни зборови: јарец/хороскоп Поврзани содржини Што треба да знаете за жена Водолија? Трите најљубоморни хороскопски знаци Какви се луѓето родени во знакот Јарец? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Што ги прави посебни родените во јануари?
iLike - пред 104 дена
05.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Што ги прави посебни родените во јануари? Родените во јануари се вредни и способни, ја ценат чесноста и добрината. По природа се лидери. Откријте што ги прави толку посебни. • Иако се родени во најстудениот дел од годината, тие се топли и грижливи луѓе. Тие се способни да го соблечат палтото за да му го дадат на оној кој му треба. Тие се многу сочувствителни. • Јануари означува нов календарски почеток, па не е ни чудо што луѓето родени во овој месец се природни лидери. Луѓето сакаат да се потпираат на нив во стресни ситуации. • Ги краси силна амбиција и сериозност. Тие си поставуваат високи цели и ретко ќе дозволат нешто или некој да им застане на патот. • Вредни се и способни, па успеваат да постигнат најголем дел од поставените цели. Секогаш се трудат да постигнат нешто повеќе во животот за себе и за своето семејство, а најсреќни се кога можат да научат нешто ново. • Тие се одлични организатори – и на нивната работа и во слободното време. Внимателни се, детални и снаодливи, а ретко ќе донесат лоша одлука. • Родените во јануари не очекуваат ништо да „падне од небо“. Тие не веруваат во брзи резултати и можат да чекаат. Знаат да бидат многу трпеливи. • Познати се по својата енергија со која ги извршуваат задачите. Некои може дури и да ги намалат нервите поради нивниот ентузијазам. • Иако многу се дружат, само неколку луѓе од најблискиот круг ги нарекуваат вистински пријатели. Пријателството им е многу важно, а оние кои не ги познаваат ги сметаат за малку резервирани. • Ја ценат искреноста и добрината кај другите, а самите се многу лојални и искрени. • Преферираат удобност, а не елеганција, но понекогаш не им е лесно да се опуштат. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Жените родени во овој знак најлесно менуваат партнери Следно » Какви се луѓето родени во знакот Јарец? Клучни зборови: јануари/живот Поврзани содржини Поучна приказна: “Безвредните навреди” Што кажува за вас денот на раѓање? Смејте се: убаво и бесплатно е! Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за четврток (18.01.2024)
iLike - пред 104 дена
18.01.2024 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за четврток (18.01.2024) Овен Денот е поволен за љубов. Сакајте и отворено искажете ги своите чувства. Стрелецот е лице на кое може да се потпрете целосно. Инспирацијата ви е особено изразена, па ова е вистински момент за создавање уметнички дела. Бидете креативни и уживајте во среќата. Бик Ви претстои исклучително успешен ден. Доколку не ја искористите шансата, не очајувајте, туку размислете зошто се случило тоа. Незадоволни сте од развојот на емотивната ситуација. Ви се чини дека не добивате доволно внимание од партнерот. Бидете заводливи, а не насилни. Избегнувајте расправии. Близнаци Разменувајте идеи со лице од женски пол. Ви се укажува одлична можност за патување. Бидејќи сте материјалистички настроени, пресметајте како ќе профитирате од тоа. Не грижете се, ќе успеете, иако ви се случува често да инвестирате во погрешни лица и работи. Нервозни сте поради преокупираноста на партнерот со работа. Помалку озборувајте. Рак Ќе бидете во ситуација во која ќе се двоумите околу нешто или некого. Треба да се одлучите за една варијанта и притоа нешто да изгубите. Сакате целосно да успеете во тоа, што е невозможно. Се тешите со помислата дека за што и да се одлучите, нема да изгубите, а и мала промена нема да ви наштети. Имате неочекувани случки. Лав Планирате нешта што се премногу убави за да станат реалност. Обидете се да го поправите незадоволството од актуелните случувања на вистинскиот начин. Поради недостиг од енергија и умор, исцрпени сте, па повеќе одморајте се и мирно чекајте ги вашите пет минути. Само со мудрост може да ја совладате кризата. Девица Очигледни се промашувањата на емотивен план како последица на погрешни процени, но затоа периодот ви е поволен за уметност. Доколку она што ви задава проблеми на материјален план го пренасочите на духовен и на филозофски план, ќе постигнете рамнотежа и ќе бидете задоволни. Инспирацијата ви е нагласена, па не дозволувајте да остане неискористена. Вага Периодот ви е поволен за работа, но не и за љубов. Бидете вредни и избегнувајте ги расправиите и ќе успеете. Ќе бидете задоволни со резултатите од вашата работа, но и од партнерот. Љубовта и парите за вас се нешта што се еднакво значајни. Скорпија Имате премногу работи што треба да ги завршите, па затоа се обидувате да не се преоптоварувате со неважни работи. Колку повеќе вложувате енергија, толку резултатите ќе бидат повидливи. Со колегите бидете на дистанција, бидејќи односите со нив само на прв поглед изгледаат задоволително. Стрелец Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се’, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки. Јарец Идеализмот и оптимизмот се клучни нешта за впуштање во некоја активност. Од извесна ситуација очекувате премногу, пред се’, промена во секојдневното живеење, бидејќи ви е смачено нештата да ви се одвиваат на спонтан и монотон начин. Сметате дека заслужувате повеќе, а и во право сте. Водолија Бидејќи ја остваривте финансиската добивка, пожелно е да застанете. Премногу сте свртени на материјалната страна на животот, уживањето во љубовта, храната и пиењето, па сте заборавиле на духовната компонента. Нема потреба од претерување, само најдете ја златната средина. Денешните активности ви се проследени со бурни емотивни реакции. Лесно ќе се најдете во ситуација да постапите нетактички, за што подоцна ќе се каете. Бидете внимателни. Риби Многу Риби ќе се најдат во ситуација премногу да зборуваат, а малку да работат. За тоа не сте виновни вие, туку околината што ве опкружува. Бидете објективни и не преценувајте се. Обидете се да донесете конкретна одлука, а тоа и се очекува од вас. Успешно! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за петок (05.01.2024) Следно » Хороскоп за вторник (30.01.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Убави пораки за Божиќ (2024)
iLike - пред 117 дена
05.01.2024 /Постирано во Совети и живот /Автор: Елизабета Илковска /5 коментари Убави пораки за Божиќ (2024) Божиќ е, а Вие немате идеја како да им го честитате овој убав христијански празник на Вашите блиски и сакани личности? Еве неколку убави божиќни пораки кои можете да ги пратите во облик на СМС, меил или класична честитка. Нека сребрените зраци од Божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди! Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ! Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари сè што немате и сочува сè што имате… Христос се роди! Нека Бадниковата вечер избрише сѐ што треба да се заборави, а Божиќното утро нека осветли подарок исплетен од здравје, среќа, мир и љубов… Нека целата година ве следи чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ! Како што на Бадник огнот се ложи, нека во вашиот дом богатство се множи, нека среќна ѕвезда во животот ве води, денес е Божиќ, Христос се роди! Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди! Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ – Христос се роди. Рана зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди. Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадникова вечер да ви е наздравје. Берикет и к’смет во куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува! Среќен Божиќ! Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ! Божјата милост насекаде нека ве прати, нека доброто со добро ви се врати. Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ – Христос се роди. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен. Божиќ вратата да ви ја злати, само среќа нека ве прати. Ангелот срцето кон љубов нека го води, мир Божји, Христос се роди! Среќен Божиќ! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Смејте се: убаво и бесплатно е! Следно » Дали пријателките се поважни од сопругот? Клучни зборови: Божиќ/Божиќни пораки/пораки за Божиќ Поврзани содржини Божиќна песна изведена од 4 момци на едно пијано Новогодишна декорација на домот на италијански начин 10 креативни предлози за пакување на божиќни подароци 5 Коментари ANETA вели: MNOGU DOBRI PORAKI ZA BOZIK! НА 05.01.2012 ВО 8:25 pm Реплика Anica Mirkovska вели: Kako sto e napisano vo porakite, da se ispolni vo zivotite na site hristijanski vernici.SREKEN BOZIK! HRISTOS SE RODI НА 07.01.2012 ВО 1:02 am Реплика Mona Liza вели: Вистина се роди! НА 07.01.2012 ВО 1:11 am Реплика monika вели: Ovie poraki se odlicni za bozik gi imam isprateno site tri!!!!!O:-)O:-) НА 07.01.2014 ВО 10:50 am Реплика Ivan Todevski вели: Ubavaa poraka sreken Badnik ,Bozik Xristos se rodi. НА 07.01.2016 ВО 12:13 am Реплика Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Какви се луѓето родени во знакот Јарец?
iLike - пред 117 дена
05.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Какви се луѓето родени во знакот Јарец? Личностите родени во знакот на Јарец имаат чувство за должност тие се родени лидери. Јарците почитуваат, но сакаат на тоа да им возвратите со трпение. Тие им приоѓаат на обрските и ќе направат сѐ што е во нивна моќ за навреме да ги завршат. Во животот можат да преживеат буквално сè. И кога ќе се соочат со тешки препреки на патот, тие на крајот се победници. За нив е познато дека работите се или бели или црни. Ако навредувате некој Јарец, тој ќе остне смирен, а потоа ќе направи да се покаете за секој понижувачки збор. Тие уживаат да ги прават другите луѓе среќни. Според годишниот хороскоп Јарците, треба да се подготват за неверојатна година и да го искористат максимумот, ви престои одлична година. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Што ги прави посебни родените во јануари? Следно » Што кажува за вас денот на раѓање? Клучни зборови: јарец/хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Што треба да знаете за жена Водолија? Трите најљубоморни хороскопски знаци Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Заблуди за чоколадото кои треба да се надминат
iLike - пред 117 дена
05.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Заблуди за чоколадото кои треба да се надминат Чоколадото со години беше на листата намирници кои треба да се избегнуваат, бидејќи е штетно по здравјето. Но, се испостави дека повеќето од нив немаат никаква допирна точка со вистината. Чоколадото како и сите слатки задоволства, е опкружено со многу митови кои имаат единствена цел – да нè спречат да го консумираме. Токму тие митови треба да се разрешат! Колку пати досега родителите ви рекле дека чоколадото ги расипува забите? Но, тоа е чиста заблуда. Имено, во 30 грама темно чоколадо има само 7 грама шеќер. Далеку помалку од едно мало јаболко. Уште повеќе, лажица какао во прав воопшто не содржи шеќери. Во тинејџерските години родителите ја променија приказната, па тогаш чоколадото стана причина за појава на акни. Но, не постои апсолутно ниту еден доказ за тоа тврдење, вели дерматологот Дијана Мек Шејн од реномираниот Универзитет Дјук. Со влезот во повозрасни години почнуваме да внимаваме на линијата и да слушаме дека чоколадото има висок процент на масти и дека затоа треба да се избегнува. Вистината е следна: во 30 грама темно чоколадо има 12 грама масти, а од нив 7 грама се заситени. Исто така, една лажица какао во прав има само 1 грам незаситени масти. Па, нејзина препорака би било какаото. Од друга страна, иста количина на темно чоколадо содржи 19% од вкупната дневна доза на железо, 2,2 грама протеини, како и бакар, фосфор, магнезиум, манган и 22,4 мг кофеин. Во споредба со ова, мал филџан кафе има четири пати поголема количина на кофеин. Доколку јадете чоколадо, јадете квалитетно чоколадо! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Зошто родените во знакот Јарец се подобри од сите останати? Следно » Жените родени во овој знак најлесно менуваат партнери Клучни зборови: заблуда/мит/чоколадо Поврзани содржини Како да ја намалите желбата за чоколадо? Домашно чоколадо со кршени лешници и суво грозје Зошто треба да јадеме чоколадо? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Жените родени во овој знак најлесно менуваат партнери
iLike - пред 117 дена
05.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Жените родени во овој знак најлесно менуваат партнери Жената родена во овој хороскопски знак лесно може да се засити и откаже од секој нејзин сексуален партнер. Аки не успее да го промени нејзиниот љубовник, таа измислува нови пози и техники, а партнерот токму тогаш ќе помисли за неа дека е “совршена жена”. Како сопруга, жената родена во овој знак е верна, но нејзиниот сопруг ќе мора во голема мера да ја знае нејзината психа. Тоа се жените кои се родени во знакот на Близнаци. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Заблуди за чоколадото кои треба да се надминат Следно » Што ги прави посебни родените во јануари? Клучни зборови: хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Хороскопски знаци со кои не можете да имате сериозна врска Што треба да знаете за жена Водолија? Трите најљубоморни хороскопски знаци Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за петок (05.01.2024)
iLike - пред 117 дена
05.01.2024 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Хороскоп за петок (05.01.2024) Овен Вредно работите за да ги остварите целите, било материјални, било духовни. Бидејќи сте многу друштвени и толерантни, ве очекува еден многу пријатен и комуникативен ден. Енормните количества вложени во креативни потфати-многу ќе ви се исплати. Бик Конфликтната ситуација е евидентна, а и фактот дека не ви е лесно. Благодарение на движечката сила, ќе остварите одличини резилтати, не им обрнувајте внимание на ситните препреки. Тие се нормален след на околностите, а Јарецот ги минира вашите активности, но не секирајте се. Близнаци Се чувствувате слободно, па покажувате заби на секој кој се обидува да ви го расипе расположението. Бидејќи постои опасност од сообраќајни незгоди, посебно врзани за странство, внимавајте. Пожелно е да избегнувате повеќе работи во исто време. Рак Успешен период за Раковите-политичари и оние што своите лични интереси ги потиснуваат во име на општествените. Доколку ви се укаже можност некој да ви даде пари на чување, не плашете се, бидејќи сте многу надарени за такви нешта. Лав Бидејќи сте многу тврдоглави, а со тоа имате силна личност, брачно-партнерските односи трпат. Некој мора да попушти, а вам ви здодеа тоа да бидете вие. Планирате како да го изненадите партнерот. Нема да ви успее, бидејќи постојано шокирате, дури се изненадувате самите себе. Девица Влеговте во одличен период за работа. Ако претерате можете да се разболите. Наредните денови од вас се очекува умереност во се, посебно во исполнување на работните задачи. Виталноста ве предупредува на тоа дека морате да се занимавате со спорт и да бидете во форма. Терезија Импулсивни сте и превртливи. Бидејќи тоа не е ваша особина, сами на себе си се чудите. Се обидувате нешто да промените, но целосно сте збунети. Занимавајте се со спорт, тоа ќе ви помогне да се консолдирате. И партнерот бара внимание. Ако е Лав, дополнително треба да му удоволите. Скорпија Чувствувате агресивна потреба да се обезбедите за црните денови. Тоа не е лоша особина, ако никого не загрозувате. Периодот пред вас е добар за занимавање со недвижнини, селидба и слично – тргнете во акција. Водолијата ве поддржува во многу нешта. Стрелец Успешен деловен ден следен со многу контакти и договори. Имате добра астролошка поддршка, па сте во елемент! Пожелно е да соработувате со личности од знакот Овен и Близнаци, но и Девиците би биле добро решение. Доколку внимавате, можете многу да успеете. Јарец Вие вредно работите, планетарните аспекти укажуваат на одрекувања. Сепак, се поднесувате во границите на нормалата, бидејќи сте многу мотивирани. Тоа се однесува на заработувачката. Кога тргнавте во акција, бидејќи сте практични, се добро проценивте. Водолија Со самоувереноста и брзите акции ќе го решите она што до вчера ви се чинеше невозможно. Постои опасност од повреди, чувајте се. Зрачите со енергија, но многу сте нестрпливи, што може да има лоши последици. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе трпи. Риби Се чувствувате лошо, имате впечаток дека не сте во состојба од себе да ја исфрлите негативната енергија. Што ли ве снајде? Како по обичај, ја преувеличувате ситуацијата. Морате да функционирате посилно и пооодлучно отколку што сте за тоа способни. Навикнете се! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за четврток (04.01.2024) Следно » Хороскоп за четврток (18.01.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за четврток (04.01.2024)
iLike - пред 118 дена
04.01.2024 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за четврток (04.01.2024) 04Овен Убавиот период за вас продолжува. Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енергија со која зрачите пред околината. Но, внимавајте да не претерате со искажувањето на чувствата, бидејќи веќе во наредниот момент може да се почувствувате емотивно слаби. Бик Идеален ден за подобрување на односите со партнерот и за склучување нови пријателства. На успех може да се надеваат сите претставници на овој знак кои се вклучени во трговски зделки. Без оглед на поволниот период, бидете подготвени на мали пречки кои може да ви ги променат плановите. Близнаци Спортувањето и физичката активност придонесуваат да се чувствувате одлично. И понатаму сте задоволни од развојот на настаните кога е во прашање љубовта, но треба да размислите колку сте подготвени да се жртвувате за да ги исполните целите на партнерот. Рак За вас разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите и се однесувате коректно со пријателите и околината. Работата од вас бара да бидете систематични, па затоа се’ ви поаѓа од рака. За доброто расположение бидете му благодарни на партнерот и на вистинските пријатели. Лав Многу припадници на овој знак денес ќе забележат успех доколку работното место е поврзано со јавниот живот. Иако успехот е загарантиран, тремата и постојаната тензичност се неминовни одлики кои може да ве следат до искачувањето на врвот. Решавањето на емотивните проблеми ќе почека некои подобри денови. Девица Се’ е во знакот на успешната соработка и подобрувањето на материјалната позиција. Имате поддршка од лица родени во знакот на Близнаци, кои можат навистина да ве насочат кон правилната цел. Бидејќи постојано имате некои нерешени проблеми, можеби е време да почнете со изнаоѓање излез. Терезија Вложувате огромен напор за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте ги судирите со околината, бидејќи нема ништо да добиете со арогантноста и цинизмот. Проблем на денот ќе бидат вашата мрзливост и чувството дека нештата не се под ваша контрола. Скорпија Изразената енергија ќе ја комбинирате со емотивни реакции кои ќе предизвикаат чудење кај околината. Ѕвездите ве советуваат да не го губите здравиот разум и да дејствувате моќно како што знаете и умеете. Емотивните проблеми постојат кај сите, затоа не треба да се чувствувате како исклучок од нештата. Стрелец Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците кои ќе бидат предизвикани поради вашето нетрпение и постојаната нервоза. Доколку не сакате некој да се шегува на ваша сметка, тогаш би било подобро да бидете потолерантни и да слушнете што кажуваат другите. Јарец Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Водолија Емотивната состојба ве загрижува, бидејќи подолго време се сомневате во довербата спрема партнерот. Љубоморната страна на вашиот знак е главен иницијатор за нестабилноста во вашиот емотивен и професионален живот. Кога малку би се олабавиле, би сфатиле дека нештата се онакви какви што посакувате вие. Риби Го избравте вистинскиот момент за акција. Никогаш не е доцна, но по правило донесувате вистински одлуки во погрешно време. Наредниот период е одличен за средување на емотивниот живот. Направете избор меѓу прекин на лошата врска или смирување со партнерот. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за среда (03.01.2024) Следно » Хороскоп за петок (05.01.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Импулсивните изневеруваат почесто
iLike - пред 118 дена
04.01.2024 /Постирано во Љубов и секс, Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Импулсивните изневеруваат почесто Научниците не престануваат да се занимаваат со прашањето зошто изневеруваме. До сега, во прашање биле различни теории, од оние дека попрво ќе изневерат луѓе кои рано започнале во брак, бидејќи се неизживеани, до теоријата дека веројатноста за неверство расте со бројот на години поминати во заедница и теории дека неверството се случува поради потреба од адреналин. Нова студија која е објавена во Британски магазин за психолигија вели дека почесто изневруваат импулсивни луѓе, бидејќи тие едноставно не размислуваат за ситуацијата, туку реагираат во согласност со моменталните мисли и чувства. Исто така, они кои во минатото имале повеќе сексуални партнери се склони на неверство, бидејќи имаат развиено вештина да препознаат можност за прељуба. Кога станува збор за причините за неверство, главна причина е неповрзаноста со партнерот и незадоволство во врската, додека долготрајноста на врската има минамално влијание. До овие заклучоци дошле научниците преку анализа на 123 парови, помеѓи 17-25 години. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Зошто ја снемува страста? Следно » Најчести проблеми на паровите Клучни зборови: истражување/неверство Поврзани содржини Позитивни промени кај партнерот кои може да значат неверство Како да препознаете дека ве изневерува? Како да ја намалите желбата за чоколадо? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Најчести проблеми на паровите
iLike - пред 118 дена
04.01.2024 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Најчести проблеми на паровите Понекогаш љубовните врски меѓу двајца луѓе можат да бидат доста предизвикувачки и бараат напор и работа за да се одржи врската здрава и искрена. Брачниот советник Рејчел Сасмантврди дека постојат три проблеми со кои повеќето парови се соочуваат, но кои се решаваат со взаемна соработка. • Сексуалните инстикти не се совпаѓаат • Страста во врската се намалила, или веќе ја нема • Сфаќате дека спротивностите баш и не се привлекуваат Таа тврди дека овие проблеми може да се надминат, но потребна е голема желба од двете страни. Внимание, квалитетно и забавно поминато време заедно, разбирање и труд се задолжителни. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Импулсивните изневеруваат почесто Следно » Мали нешта во бракот кои значат многу Клучни зборови: љубов/брак/врска/пар/проблеми Поврзани содржини Мали нешта во бракот кои значат многу Зошто ја снемува страста? Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Какви пријатели се хороскопските знаци?
iLike - пред 118 дена
04.01.2024 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Какви пријатели се хороскопските знаци? Какви се припадниците на одреден хорокопски знак во пријталеските односи, со сите свои маани и доблести? Овен Овенот е знак кој е лојален како пријател. Секогаш го кажува она што го мисли и чувствува и кај него никогаш нема лажни ветувања. Што се одннесува до пријателства, најдобро се сложува со оние кои се вредни и упорни, а ги избегнува оние кои постојано се жалат како не им е добро во животот. Бик Тој секогаш е тука за пријталите. Исклучително е верен како пријател, но и заштитнички настроен во смисла дека секогаш ќе биде до него, особено ако таа другата личност тој многу ја почитува. Близнаци Овој хороскопски знак има голем круг на пријатели. За секоја нивна потреба си имаат одреден круг на пријатели. Имаат пријатели кои им служат за работни соработки, друг кои служи за искачања, трет за пиење на утринското кафе итн. Рак Ракот е знак кој не може да се дружи со луѓе кои се ладни. Неговиот кург на пријатели се оние луѓе кои се емотивни, полни со љубов и сакаат да помагаат на другите и да ги сослушаат истите. Личности во знакот на Риба најмногу им одговараат за пријатели. Лав Тој е знак кој има голем број на пријатели, но е исклучително искрен само со мал број на луѓе. Ако вам ви се довераат припадниците на овој знак, да ви зборуваат на нивните животни проблеми или нешто што ги мачи, знајте дека тие пријатели искрено ве ценат и никогаш нема да ви завртат грбот. Девица Девицата е знак кој изгледа во првиот момент многу ладно, но кога некого ќе засака, тогаш е потполно иксрена. Не знаат да глумат почитување и многу брзо се приметува кога се обидуваат да го прават тоа. Маана им е што не знаат да го признаваат туѓиот успех, но и тоа дека на секоја ситница гледаат како на нешто огромно. Што и да им кажете секогаш тоа ќе го разгледаат подлабоко и никогаш не забораваат. Вага Таа е секогаш добар советник за пријателите. Не е секогаш 100% искрена кон пријателите, бидејќи ги има повеќе, па се доверува само на една личност и само на таа личност и верува безусловно. Скорпија Шкорпијата е знак кој има ладно однесување кон пријателите. Таков впечаток остава, но кога ќе успеете да го освоите нивното срце ќе се опушти максимално и тотално ќе ви се довери, а вие секако ќе уживате во нивното пријателство како и во ноќните излегувања. Стрелец Личностите во овој знак се многу друштвени и искрени. Луѓето многу ги сакаат, а стрелците пак не сакаат луѓе кои се агресивни и пасивни. Луѓето кои се агресивни не се наоѓаат во нивниот круг на пријатели и никоаш нема ни да им дадат шанса да се приближат. Јарец Јарецот е знак кои ја цени лојалноста. Нивниот круг на пријатели е исполнет со луѓе од кои добиле помош, а тие им ја возвратиле. Ако некому му помогнат, а таа личност не ги испочитува кога нив им е тоа потребно, тогаш потполно ладно се дистанцираат од нив. Водолија Овој знак често е на дистанца. Ретко кога го покажуваат вистинското пријателство, а тоа да биде топло однесување кон пријателите. Тие прво очекуваат тој да се потруди околу нив, па дури потоа они да возвратат. Риби Рибите се знак кој често знае да биде наивен и да подлежи на туѓи влијанија. Веруваат во приказни кога некој ќе им каже дека некој трет ги оговара или што и да е и поради тоа често знаат да се повлечат. Инаку имаат добра душа и сакаат личности со став и луѓе кои едноставно ќе ги водат кон животот. Најубаво им е со луѓето кои сакаат забава. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Импулсивните изневеруваат почесто Следно » Зошто родените во знакот Јарец се подобри од сите останати? Клучни зборови: пријатели/хороскоп Поврзани содржини Што треба да знаете за жена Водолија? Трите најљубоморни хороскопски знаци Какви се луѓето родени во знакот Јарец? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Зошто ја снемува страста?
iLike - пред 119 дена
03.01.2024 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Зошто ја снемува страста? Иако љубовта е најважната работа во животот, исто така и страста игра многу важна улога. Кога исчезнува страста, со текот на времето избледнува и љубовта, а никој од нас тоа не го посакува. Ако сте забележaле дека во вашата врска има сѐ помалку страст, можно е за тоа самите да сте виновни, односно некои ваши лоши навики и здравствени проблеми. Еве на кои начини можете да ја убиете страста во врската. Лоша исхрана Ако не јадете доволно, тоа може да ви го намали сексуалниот нагон. Тоа е и сосема логично, затоа што со малиот внес на калории, ќе имате помалку енергија која ќе ја трошите на секојдневните обврски. Помалку сон И ова е сосема логично. Ако спиете помалку од 6 часа дневно, вечерта најверојатно ќе бидете поспани и нема да ви биде дојдено до секс. Недостатокот на сон негативно влијае и на машкото либидо, затоа што доведува до успорено лечење на тестостерон, што ја намалува желбата за секс. Стрес Едно истражување покажало дека стресот и уморот се главни виновници за намалување на сексуалната желба дури и кај 60% од жените, но и кај мажите. Депресија Депресијата, исто како и стресот, негативно влијание на бројни аспекти во животот, па така и на либидото, а докажано е и дека некои антидепресиви се одговорни за сексуална дисфункција кај мажите. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска Следно » Импулсивните изневеруваат почесто Клучни зборови: љубов/секс/страст Поврзани содржини Мали нешта во бракот кои значат многу Најчести проблеми на паровите Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Ослободете се од лошите навики
iLike - пред 119 дена
03.01.2024 /Постирано во Занимливости, Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Ослободете се од лошите навики И покрај тоа што знаеме дека пушењето нема позитивни страни, сепак тешко се откажуваме од цигарите. Зошто е тоа така? Многу е тешко да се откажеме од навиките што ни даваат задоволство, а всушност тие се лоши за нас. Изборот да се однесуваме поинаку кога сте стресни е клучот за промена на лошите навики затоа што ова се ситуации кога автоматски се однесуваме – обидувајќи се да се смириме со палење друга цигара или достигнување на слатка, како што објаснува психологот Judудсон Бруер за психологијата денес. Нашите мозоци сакаат задоволство и награди и тоа е причината, но и решението за лошите навики. Механизмот работи во три чекори – активирач (чувство на глад), однесување (јадење храна) и награда (чувство на умор). Овие три компоненти – активирање, однесување и награда – се случуваат секој пат кога ќе запалиме цигара, јадеме торта или бесконечно ќе ги разгледуваме социјалните медиуми. Секојпат кога ќе постигнеме нешто за да се смириме и смириме, го повторуваме дејството што станува автоматско. Така се формираат навиките. Па, зошто не можеме да се контролираме и едноставно да одлучиме и да ги замениме лошите навики со добрите? Научниците од Јеил откриле дека област во мозокот која управува со самоконтролата е прва што „затворила“ кога се појавуваат предизвикувачи како што е стресот, според психологијата денес. Без оглед на постојаното враќање на лошите навики, постои решение од три чекори. Променете го фокусот Наместо да се фокусирате на самоконтрола, фокусот треба да биде на наградување. Имено, кога се обидуваме да се самоконтролираме, кога се бориме и се спротивставуваме, најмногу сме поразени или попуштини. Мозокот сака награди и ќе му биде полесно да се спротивстави ако знае дека ќе биде награден. Погледнете што добивате „Кога некој ќе дојде во мојата клиника која сака да престане да пуши, првото нешто што ја прашувам е како изгледа нејзиниот вкус и мирис на цигарата. Секојпат луѓето ќе сфатат дека цигарите не се пријатни за нивните сетила “, објаснува психологот Џудудсон Бруер. Ова знаење му дава нови информации на мозокот, а тоа е дека цигарите не му даваат задоволство и затоа нема награда. Љубопитност Конечниот чекор е да се создаде позитивна замена за лошата навика, да се најде награда која е многу подобра од претходната. Мозокот секогаш ја бара таа поголема и подобра опција. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскопски знак кој го гуши со внимание својот партнер Следно » Чај кој го намалува стресот и нервозата Клучни зборови: здравје/навики/цигари Поврзани содржини Чај кој го намалува стресот и нервозата Намалете ги менструалните болки по природен пат Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Чај кој го намалува стресот и нервозата
iLike - пред 119 дена
03.01.2024 /Постирано во Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Чај кој го намалува стресот и нервозата Чајот од маточина е вистински природен еликсир против нервоза. Кога сте напнати, под стрес или нервозни, обидете се да се опуштите по напорниот ден со чаша од овој магичен чај. Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и анксиозноста. Растението содржи гама-аминобутерна киселина (ГАБА) која влијае на мозокот и промовира намалување на стресот. Чајот од маточина може да помогне и во намалувањето на негативното расположение, да ја подобри добрата енергија, па дури и да влијае позитивно на сексуалната желба. Освен што брзо им помага на оние кои се нервозни, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекција. Полн е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на организмот од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Сепак, за целите на детоксикација, се препорачува да се користат свежи листови од маточина бидејќи готвењето го намалува нивото на антиоксиданси. Искуството покажува дека маточината може да помогне и при горушица. Важно е да се напомене дека не треба да претерувате со маточината, бидејќи може да предизвика контра ефект и да ја зголеми анксиозноста кога се користи во големи количини. Како да направите чај од маточина: Прелијте ја лажицата маточина со 200мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во напитокот. Маточината има благ и пријатен вкус. За здравје, маточината се користи и во форма на ароматерапија, а тинктура од ова растение се консумира и како додаток во исхраната. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Ослободете се од лошите навики Следно » Зошто да јадете чиа семе? Клучни зборови: здравје/нервоза/стрес/чај Поврзани содржини Ослободете се од лошите навики Намалете ги менструалните болки по природен пат Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за среда (03.01.2024)
iLike - пред 119 дена
03.01.2024 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Хороскоп за среда (03.01.2024) ОВЕН Деновиве целите ги остварувате многу тешко, па оттука потекнуваат вашите насилни реакции и желба за освета. Ситуацијата воопшто не е сјајна, а начинот на кој се обидувате да ја ублажите е сосема погрешен. Седнете, размислете и најдете некое попаметно решение. Ќе се најдете во ситуација на промени пропратена со низа добри и лоши аспекти. БИК Напорен ден полн со непријатни ситуации. Доколку успеете да се подготвите за овој ден, да се наоружате со трпение и упорност – многу полесно ќе го пребродите. Во спротивно, можни се кавги со партнерот и домашните, нервози и тешки зборови. Не ни помислувајте на инвестиции бидејќи ви претстои загуба. БЛИЗНАЦИ Сами сте виновни за тоа што имавте погрешно мислење за некои луѓе. Одлучувате да прометите од корен многу нешта и односот кон некои луѓе со цел да избегнете непријатни ситуации. Новото однесување ќе ви обезбеди терен за сосема нови контакти. Од денешното искуство извлечете поука. РАК Комунуикативни сте и пријателки расположени. Бидејќи функционирате со зголемено ниво на разум, за сè и секого имате објаснување и разбирање. Доколку секој ден би биле толку паметни и рационални, каде би ви бил крајот. Бидете претпазливи со припадници од знакот Риби бидејќи многу лесно можат да ве изнервираат. Рибите, едноставно, сакаат да трачаат. ЛАВ Среќни сте и расположени, бидејќи максимално прославивте сè што може да се прослави. Доколку не сте заљубени до партнерот до вас, во себе секако сте. Тоа е добар знак, бидејќи се опоравувате од некои минати стресови. ДЕВИЦА Некому придавате поголемо внимание отколку што заслужува, па ве поразува фактот дека сте биле на погрешен пат. Кој е виновен? Таа личност или вие? Вината треба да ја барате во себе бидејќи поради лоша проценка сте се нашле во незгодна ситуација. Тоа веќе нема да се повтори. Ви се советува посета на здравствена институција. ВАГА Сè што е убаво кратко трае, па горделивиот период е зад вас. Постои уште една работа која ќе се трудите да ја реализирате, а после неа ќе ставите крај на сè. Ќе одлучите повеќе внимание да посветите на својот изглед и здравје. Бидејќи денес не сте во најдобро расположение, обидете се барем малите слободни мигови да бидат убави. Излезете во најблиското кафуле со пријателите. СКОРПИЈА Се наоѓате во прекрасен љубовен амбиент кој овие денови ги прави мошне интересни. Сè е во знак на сексот и страста. Доколку ги реализирате намерите од овој тип, ќе бидете како преродени. Во спротивно, ви претстои кавга. Постојат попаметни начини да дојдете до она што навистина го сакате. Затоа бидете малку поитри. Вие и така го можете тоа. СТРЕЛЕЦ Успешниот период продолжува. Постигнувате добри духовни и материјални контакти, физички врски и стекнувате заеднички искуства. Радоста сакате да ја споделите со околината. Очекувате јавно признание за вашата работа, но и финансиски добиток. Сè на сè – одличен ден! ЈАРЕЦ Вашето расположение зависи од дадениот момент. Доколку некој успее да ве испровоцира, значително ќе ви го расипе денот. И спротивно, може да ви го направи денот мошне интересен доколку успее да ве израдува. Кога подобро ќе размислите, оставате другите да го командаат вашето расположение. Тоа не е добро, вложете сила и сами креирајте си го денот. ВОДОЛИЈА Со околината делите и добро и зло. Ова е еден шаренолик ден, па очекувајте сè и сешто. Важно е да сте во добро расположение, силни и друштвени, па со леснотија ќе ги пребродите вознемирувачките моменти. Вториот дел од денот ќе го поминете лудо и незаборавно. РИБИ Песимистичко расположение во комбинација со чувства на осаменост. Не ви е воопшто лесно. Но, за ова требаше да размислувате порано. Ова е поволен ден за ретроспектива и анализирање на некои сопствени недостатоци. Поведете сметка за тоа што зборувате наоколу бидејќи може да направите околината да ве избегнува. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за понеделник (25.12.2023) Следно » Хороскоп за четврток (04.01.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскопски знак кој го гуши со внимание својот партнер
iLike - пред 128 дена
25.12.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскопски знак кој го гуши со внимание својот партнер Овој хороскопски знак често го плаши својот партнер, бидејќи тој се обидува да го контролира дури и она кое не може да се контролира. Луѓето родени во овој знак имаат тенденција да веруваат дека сè е на нивниот грб, дека се најважни и дека секогаш можат да создадат нешто од ништо. Тешко им е да сфатат дека романтичната врска не функционира така што емоциите можат да се манипулираат со тактики и манипулации. Сепак, особено се фокусирани на партнерот, се грижат за него, но често и претеруваат со своето внимание па стануваат одбивни. Затоа партнерите често бегаат од нив, што подалеку. Сите овие карактеристики ги имаат луѓето родени во хороскопски знак Лав! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Како да препознаете вистинска дама? Следно » Ослободете се од лошите навики Клучни зборови: лав/хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Какви се луѓето родени во знакот Јарец? Жените родени во овој знак најлесно менуваат партнери Зошто родените во знакот Јарец се подобри од сите останати? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Грешки кои ја уништуваат кожата
iLike - пред 128 дена
25.12.2023 /Постирано во Убавина и нега /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Грешки кои ја уништуваат кожата Без оглед на тоа дали акните се појавуваат одеднаш, како резултат на стрес или пак се хронична состојба, овие мали точки не се лесни за искоренување. За да ви помогнеме малку, посочуваме девет грешки кои ја влошуваат состојбата со акните на нашата кожа: Не се миете доволно често Со оглед на тоа колку пати го допираме лицето во текот на денот, потта ги затвора порите и веројатно е кожата плус секојдневно со шминка, неопходно е да се измие двапати во текот на денот. Пречесто го миете лицето Премногу често миење го отстранува заштитниот слој на кожата, и затоа е иритирана и произведува повеќе масти, и на овој начин акните се појавуваат без оглед на вашата хигиена. Под туш прво го миете лицето Миењето на лицето под тушот оставете го за на крај. За да не останат остатоци од шампонот кои ќе ви ја изиритираат додатно кожата и ќе поредизвикаат црвенило. Користете премногу производи Сложените рутини со многу чекори се премногу груби за нашата кожа. Одлучете се за еден производ кој е квалитетен и пријатен о негувајте го вашето лице. Користете производи кои се премногу груби за вашата кожа Ако имате чувствителна кожа, избегнувајте груби производи базирани на алкохол, како и пилинзи кои можат да ја иритираат кожата. Не ја хидратирате вашата кожа доволно Добро нахранета и хидрирана кожа е помалку подложна на појава на акни. Ова исто така важи за луѓе со мрсна кожа тип! Третирајте ги акните само откако ќе избијат на површината Важно е дека елементите кои се блиску до кожата на лицето, како на пример мобилен телефон или навлака за перница, секогаш се чисти! Не јадете здраво Важно е да се јадеме здраво, бидејќи на овој начин им овозможуваме на сите органи да функционираат правилно. Избегнувајте масна храна и намалете го внесот на шеќер. Зелениот зеленчук и шумското овошје ќе ја направат вашата кожа сјајна и брилијантна. Не заборавајте го дерматологот Секој од нас има различна кожа, а најголемата грешка што ја правиме е тоа што се третираме себеси како мислиме и експериментираме. Потребно е да го посетите дерматологот и да советувате за соодветна терапија за кожата на вашето лице. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Бананата е најдобар пријател на вашата кожа Клучни зборови: кожа/нега/убавина Поврзани содржини Бананата е најдобар пријател на вашата кожа Здрави и цврсти нокти на природен начин Овес за прочистување на организмот и сјајна кожа Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Намалете ги менструалните болки по природен пат
iLike - пред 128 дена
25.12.2023 /Постирано во Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Намалете ги менструалните болки по природен пат Постојат многу начини како можете да ги намалите менструалните болки, но здравата и добро балансирана исхрана дефинитивно најдобро ќе ви помогне. Стручњаците препорачуваат пред да земете лекови за менструални болки, да пробате на природен начин да ги ублажите болките. Зголемете го внесувањето на вода Со зголеменото внесување на вода во организмот, ќе го спречите собирањето на водата во телото и ќе го намалите ризикот од надуеност. Топлата вода е најдобра за намалување на грчеви, бидејќи ги опушта мускулите. Исто така можете да го зголемите внесувањето на намирници кои содржат поголема количина вода, како: зелена салата, целер, краставица, лубеница,бобинки (јагода, боровница, малина). Зголемете го внесувањето на калциум Калциумот го поттикнува опуштањето на мускулите во текот на менструацијата. Препорачлива дневна доза на калциум за жени од 19-50год. е 1000 милиграма. Нaмирници богати со калциум се: млеко и млечни производи, сусам, бадеми, зелен лиснат зеленчук. Калциумот е достапен и во облик на суплементи, но пред почеток на земење на суплементи, прво посоветувајте се со лекар. Консумирајте цимет Циметот со векови се користи за ублажување на симптоми од грип и настинка и стимулирање на работата на дигестивниот систем. Овој зачин е многу добар извор на диетални влакна на калциум, железо и манган. Ова е комбинација која може да ги ублажи менструалните болките. Консумирајте ѓумбир Голем број на истражувања покажуваат дека ѓумбирот има позитивно влијание на здравјето. Може да ги намали симптомите на грип, настинка, главоболка и менструална болка. Изрендајте парче ѓумбир и додадете во топла вода, процедете го и испијте го добиениот чај. Јадете здрави намирници како: – кафеав ориз, бидејќи е одличен извор на витамин Б6, кој ја намалува надуеноста – бадеми, ореви, семки од тиква, бидејќи се одличен извор на манган, кој ги намалува грчевите – маслиново масло и брокула, бидејќи претставуваат одличен извор на витаминот Е – риба, пилешко и зелен лиснат зеленчук, бидејќи е одличен извор на железо кој се губи при менструација Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Зелен сок за губење на килограми Следно » Ослободете се од лошите навики Клучни зборови: жени/здравје/менструални болки Поврзани содржини Чај кој го намалува стресот и нервозата Ослободете се од лошите навики Како да препознаете вистинска дама? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Како да препознаете вистинска дама?
iLike - пред 128 дена
25.12.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Како да препознаете вистинска дама? Секоја жена не може да се нарече дама, а тоа најдобро го покажува нејзиниото однесување во друштво и воспитувањето. • Вистинските дами немаат тетоважи на видливи делови од телото. За нив тоа е интимна работа. • Вистинските дами не се расправаат. Имаат став и се држат до него, односно раасправијата не ги решава проблемите. • Вистинските дами не пушат цигари чекорејќи на улица. Пушењето е за во простории. • Вистинските дами велат “молам” наместо “што е”. Основната култура е многу важна. • Вистинските дами секогаш се пристојно облечени. Ниту премногу накитено, ниту премногу разголено. Едноставно добро изгледаат во сите прилики. • Вистинските дами не понижуваат и не озборуваат. • Вистинските дами помагаат секогаш кога ќе им се побара помош, секаде каде ќе видат дека е потребно нудат помош. • Вистинските дами не изневеруваат, ниту во врските ниту во пријателствата. • Вистинските дами немаат потреба да глумат и да се докажуваат пред луѓето, тие и онака се двојат од толпата и зрачат со однесувањето. • Вистинските дами сакаат со цело срце и чиста душа. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Карактеристики на жената Скорпија Следно » Хороскопски знак кој го гуши со внимание својот партнер Клучни зборови: дама/жена/жени Поврзани содржини Намалете ги менструалните болки по природен пат Карактеристики на жената Скорпија Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Божиќна песна изведена од 4 момци на едно пијано
iLike - пред 128 дена
25.12.2023 /Постирано во Музика /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Божиќна песна изведена од 4 момци на едно пијано „The Piano Guys“ е група составена од четири талентирани момчиња кои прават интересни преработки на големи светски хитови, а притоа користат само едно пијано. Во пресрет на претстојните празници, не изненадуваат со преработка на божиќниот хит „Angels We Have Heard on High“. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Лара со видео-запис за макфестовска балада „Душа“ Клучни зборови: The Piano Guys/Божиќ/пијано Поврзани содржини Убави пораки за Божиќ (2024) Новогодишна декорација на домот на италијански начин 10 креативни предлози за пакување на божиќни подароци Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за понеделник (25.12.2023)
iLike - пред 128 дена
25.12.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за понеделник (25.12.2023) Овен Сосема случајно може да запознаете интересна личност. Што се однесува до работата, можете да изберете подобар начин за докажување. Ви недостасува храброст. Здравјето во овој период е променливо. Бик Денеска во секој случај ќе ви биде полесно од вчера. На деловен план многу се потпирате на ветувањата на одредени луѓе чијашто позиција е на расклатени нозе. Во поглед на здравјето можете да се олабавите –добро е. Близнаци Идеализирањето на љубовта може да ве одведе во разочарување. На полето на кариерата ве очекуваат многу предизвици, но вие сте доволно талентирани да се носите со нив. Здравјето за сега е добро. Рак Кога се работи за љубовта, врската се уште опстанува, но незадоволството е се поголемо. За разлика од претходните денови, денеска на работа ќе бидете некако повлечени. Барем, здравјето е добро. Лав Еден ваш погрешен потег може се да расипе на планот на љубовта. Сепак, на деловен план почнавте да ги реализирате целите, но ве запираат финансиите. Внимавајте на здравјето, можна е аритмија. Девица Кога станува збор за љубовта, препорачливо е да направите пауза, пред да бидете сигурни што сакате. На работа ситуацијата е чудна, некои колеги ве озборуваат. Тоа ви се одразува и здравствено, па можна е расеаност и психичка пречувствителност. Терезија Треба да инсистирате на разговор, зашто партнерот ве напаѓа без причина. Денеска може да дојдете до решение за проблемот околу службеното патување. Треба да обратите повеќе внимание на здравјето и да избегнувате пороци. Скорпија Емотивните проблеми ќе бидат актуелни уште некое време за вас. Во меѓувреме внимавајте да не бидете погрешно сфатени на работа. Не е лошо и да обратите повеќе внимание на здравјето- имате чувствителен уринарен тракт. Стрелец Официјализирањето на врската нема да придонесе за нејзината стабилност. Во деловниот живот, секогаш треба да се избегнуваат нелегалните работи, но во овој период треба са бидете многу внимателни, особено ако имате приватен бизнис. Здравјето е добро. Јарец Мора да смислите подобри изговори кога сакате да се ослободите од некој што е наметлив во љубовта. На работа, треба да се навикнете на озборувањата и не се нервирајте. Внимавајте во сообраќајот. Водолија Ве очекува разочарување во љубовта. Некој кој многу ви значи, паѓа во вашите очи. На работа однесувајте се дисциплинирано и трпеливо. Некој не е задоволен од вас. Не земајте лекови самоиницијативно. Риби Кога е во прашање љубовта, како да ви годи да ве лажат. На работното место, помалку зборувајте за своите планови пред другите. На здравствен план, срцето и понатаму ви е слаба точка. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за четврток (14.12.2023) Следно » Хороскоп за среда (03.01.2024) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Бананата е најдобар пријател на вашата кожа
iLike - пред 139 дена
14.12.2023 /Постирано во Убавина и нега /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Бананата е најдобар пријател на вашата кожа Бананата е идеална за сите типови на кожа. Ова тропско овошје ја хидрира сувата кожа, ја негува уморната кожа, го враќа сјајот и енергијата. Бананата содржи витамини А, Ц, Б6, Б12, калиум, магнезиум и овошни киселини, кои помагаат во отстранување на мртвите клетки од кожата. Доволно е да истолчите една банана и кашата да ја нанесете на штотуку исчистена кожа. Потоа, оставете ја да делува 20 минути и исплакнете го лицето со млака вода. За третманот да биде уште поефикасен, на бананата додадете состојки како што маслиново масло или мед. Маслиновото масло е идеален додаток за сува кожа, додека медот е одличен додаток за проблематичната кожа и кожа склона кон иритација. Можете да додадете малку банана и во вашите омилени маска за лице, со цел да бидат поефикасни. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Здрави и цврсти нокти на природен начин Следно » Грешки кои ја уништуваат кожата Клучни зборови: банана/кожа/маска за лице/нега Поврзани содржини Грешки кои ја уништуваат кожата Здрави и цврсти нокти на природен начин Кокосово масло и банана за минус килограми Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Смејте се: убаво и бесплатно е!
iLike - пред 139 дена
14.12.2023 /Постирано во Совети и живот /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Смејте се: убаво и бесплатно е! Насмевката е еден од најстарите и најубавите облици на изразување и комуницирање. Паровите кои се смеат заедно – остануваат заедно! Оваа стара изрека е чиста вистина. Американските психолози преку серија на истражувања откриле дека паровите кои имаат смисла за хумор и често се смеаат најчесто стареат заедно. Смеата не може да се контролира! Ако видите други луѓе да се смеат, ќе се насмевнете и вие. Она што е најдобро кај насмевката е тоа што таа е заразна! Смеењето согорува калории! Според истражувањето на Универзитетот Вандербит за време на десет минути гласно смеење согорувате 50 калории. Насмевките го подобруваат нашето здравје Насмевките и смеењето позитивно влијаат врз нашиот имун систен, работата на срцето и мозокот, ослободуваат од стрес и ја подобруваат психо-физичката состојба на целиот организам. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Што е подобро: едно или повеќе деца? Клучни зборови: живот/насмевка Поврзани содржини Што ги прави посебни родените во јануари? Најважното нешто во животот на секој хороскопски знак Правила во воспитувањето деца Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска
iLike - пред 139 дена
14.12.2023 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска Без разлика колку една врска изгледа совршена, сепак може и само така да изгледа. Една студија открила која навика е најсилниот показател дека нешто не е во ред со врската. Студијата Personality and Social Psychology Bulletin докажала дека паровите што повеќе пати објавуваат нешта и моменти за нивната врска на социјалните мрежи, се обидуваат да ја маскираат несигурноста и недовербата во врската. Како што се наведува во студијата, таа е теорија на поврзаност која се занимава со тоа како паровите се врзуваат и ја зајакнуваат врската. Истражувачите велат дека луѓето кои не му веруваат доволно на својот партнер и на кои им е потребна дополнителна потврда за квалитетот на нивната врска, имаат тенденција често да објавуваат фотографии од себе и од партнерите, за да се докажат пред т.н. публика и да создадат идилична слика за нивната врска. Како што еден од истражувачите потврди за „Cosmopolitan“, луѓето кои се задоволни од својата љубовна врска, немаат потреба да ја изложуваат на јавноста затоа што немаат никаква желба за одобрување од другите и лажен перфекционизам. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана Следно » Зошто ја снемува страста? Клучни зборови: љубов/врска/пар Поврзани содржини Најчести проблеми на паровите Зошто ја снемува страста? Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Зелен сок за губење на килограми
iLike - пред 139 дена
14.12.2023 /Постирано во Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Зелен сок за губење на килограми Секој човек, а особено секоја жена сонува за намалување на телесната тежина додека спие. Експертите за здрава храна сметаат дека тоа е можно доколку пред спиење го консумирате популарниот зелен сок. За подготовка на овој сок потребни ви се: – сок од еден лимон – 1 ситно исецкана краставица – 1 лажица рендан ѓумбир – 1 лажица сок од алое вера – 1/2 чаша вода Сите состојки ставете ги во блендер, па испијте го сокот пред да легнете. Пијте го овој сок секоја вечер, а веќе за три недели салото околу стомакот ќе почне да го снемува. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Не пијте кафе на празен стомак! Следно » Намалете ги менструалните болки по природен пат Клучни зборови: ѓумбир/краставица/лимон/слабеење/сок Поврзани содржини Природен лек против маснотии Како наједноставно да ги намалите килограмите? Овошки кои имаат моќ да ги стопат масните наслаги Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за четврток (14.12.2023)
iLike - пред 139 дена
14.12.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за четврток (14.12.2023) Овен Прифатете корисна идеја и покажете спремност на заеднички договор. Вашите цели се достижни со правилно расудување и добра деловна тактика. Не дозволувајте да ви недостига фантазија или емотивна инспирација. Партнерот будно ве прати, посебно вашето однесување. Бик Некој ве наведува на погрешен избор или на прикривање на вистината. Постојат работи кои ги правите во тајност или без нечие знаење, непотребно го комплицирате деловниот дијалог. Важно е да преземете одговорност за некои одредени постапки. Понекогаш соочувањето со вистината бара дополнителна храброст. Близнаци Нема причина да ги обвинувате другите за погрешна проценка или за својот деловно-финансиски неуспех. Не бидете претерано неправедни посебно спрема личноста која не ја познавате доволно. Имате впечаток дека партнерот упорно ја прикрива вистината. Рак Во деловните преговори мора да постои минимум согласност во уважувањето на интересите и целите. Новите случувања прифатете ги со оптимизам и без критикување. Нема причина да се оптеретувате со непотребни прашања. Сакате нова средба или емотивно зближување. Лав Ве интересираат конкретни резултати, а не ветувања или приказни кои не носат позитивен ефект. Доколку сакате да ги решите дилемите бидете поактивни и поупорни во секој поглед. Пратете го вашиот внатрешен глас и покажете независност. Обрнете и внимание на личноста која ве набљудува со вљубен поглед. Девица Не можете да ставите знак на еднаквост меѓу деловно-финансискиот успех и некои приватни случувања. Ви импонираат различни пофалби кои ги добивате, но покрај себе немате блиски соработници со кои можете да ја поделите својата радост. Успехот во јавниот живот, не може во потполност да ви ја надополни емотивната потреба. Терезија Имате впечаток дека соработниците немаат доволно разбирање за вашите деловни идеи и интереси. Не судете по првиот впечаток. Почекајте некој да ви ја соопшти својата одлука во однос на деловната соработка. Меѓу вас и партнерот провејува меѓусебна недоверба. Скорпија На вас е да го оправдате својот деловен углед или довербата која ја уживате во друштво на соработници. Понекогаш различните обврски представуваат голем терет, но секогаш постои начин да ги остварите своите цели или ветувања. Упорно се обидувате да ја прикриете својата емотивна несигурност или тајните намери. Стрелец Некој го оспорува вашиот деловен углед, што дополнително го отежнува заедничкиот договор. Не дозволувајте недоразбирањето да влијае на вашето расположение и концентрација. Бидете упорни во своите намери. Планирајте средба со драга личност, за која ве врзуваат пријатни сеќавања и топли емоции. Опуштете се. Јарец Идејата или работата која сте ја одбрале претставува добар избор. Вашиот стил на изразување и преговарачките способности имаат влијание на завршните резултати. Важно е да делувате убедливо пред соработниците во одлучувачки ситуации. Ве радуваат новите случувања во приватниот живот. Водолија Имате интересни идеи, но за жал околината нема доволно слух да ве подржи. Поради различни интереси меѓу соработниците морате да прифатите деловен компромис или некоја утешна варијанта. Избегнувајте нова расправа во средба со саканата личност. Важно е да ја намалите напнатоста, да се опуштите и да уживате во љубовните игри. Риби Избегнувајте сомнителни околности и внимателно анализирајте ги вашите соработници. Понекогаш постојат скриени детали кои потешко се воочуваат. Не го разбирате ставот на партнерот за заедничкиот проблем, имате впечаток дека се инаетите. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за понеделник (27.11.2023) Следно » Хороскоп за понеделник (25.12.2023) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Што е подобро: едно или повеќе деца?
iLike - пред 156 дена
27.11.2023 /Постирано во Совети и живот /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Што е подобро: едно или повеќе деца? Децата единци секогаш се предмет на дискусија во општеството и неизговорените општествени норми за растење на деца и, генерално, функционирањето на семејството. Иако однесувањето на децата единци во голема мера зависи од односот на родителите кон децата и начинот на кој го воспитуваат, постојат различни стереотипи, митови, но се разбира на исклучоци, кои бараат да се категоризираат децата кои се единици. Ние ви спремивме неколку предности и недостатоци за децата кои немаат браќа и сестри. ПРЕДНОСТИ ФОКУС НА ДЕТЕТО Самохраните родители или родителите кои имаат едно дете се целосно фокусирани на нивното единствено дете. Од ова често следува дека тие станат подобри ученици, имаат развиено способност сами да учат, имаат повеќе развиен речник, интелигентни се и се стремат кон успех. Како производ што им дава повеќе време на своите родители, може да се случи децата да развијат подобри и поблиски односи со своите родители и да имаат поголема доверба. БЕЗ КОНКУРЕНЦИИ Често меѓу браќата и сестрите се случува да се однесуваат натпреварувачки, но исто така конфликтно едни со други. Ова е поради различни конфликтни предизвикувачи како што се меѓусебна провокација и фактот дека тие се принудени да споделуваат работи и простор со своите браќа. Единците се целосно опуштени, независни, не мислат дека се конкурентни. НЕДОСТАТОЦИ РАЗМЕНА И ДЕЛЕЊЕ Единците се помалку склони да споделуваат работи. Сè зависи од образованието и пристапот на родителот на детето, како и на личноста на детето, но факт е дека кога детето нема браќа и сестри му е потешко да ги научи правилата на споделување играчки, храна, облека и сите други нешта кои се дел од секојдневниот живот. Ако на оа не се работи и не е под контрола, детето ќе се развие во себична и неадаптирана личност. ПРИВАТНОСТ Децата единци често може да се чувствуваат осамени. Многу научни студии во текот на историјата покажале дека чувството на осаменост во повеќето случаи е присутно кај децата единци од рана возраст. НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА Негативно влијание во семејството, како што е кога родителите се расправаат или дури и на најосновните, високите очекувања на родителите кон децата директно се насочени кон детето. Во поголеми семејства, браќата и сестрите се едни со други за да се заштитат во такви случаи. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Како да бидете попродуктивни ако работите од дома? Следно » Смејте се: убаво и бесплатно е! Клучни зборови: деца/семејство Поврзани содржини Правила во воспитувањето деца Пред да почине, мајката напишала прекрасна животна лекција за своите деца Децата треба да чувствуваат дека се сакани Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Карактеристики на жената Скорпија
iLike - пред 157 дена
27.11.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Карактеристики на жената Скорпија Многумина се плашат од неа, бидејќи веруваат дека има неверојатна моќ. Но, кога ќе ја запознаете жената Скорпија, ќе сфатите колку е таа вредна и достојна за восхит. Жената Скорпија е верна и тоа е една од нејзините најдобри карактеристики. Ништо не може да ѝ застане на патот доколку станува збор за помагање на вистинските пријатели или човекот кој го сака. Таа е една од оние личности на кои слепо можете да ѝ верувате. Не дава лажни ветувања и лојална е до крајот на својот живот. Независна и не ѝ е потребна личност која постојано ќе внимава на неа. Иако на прв поглед изгледа мала, кревка и тивка, таа има сила и храброст како една лавица. Токму поради ова, способна е самата да се грижи за себе. Сака слобода и мрази кога ја ограничувате. Речиси секогаш е одлучна и без сомнежи. Таа длабоко размислува и си поставува свои цели кон кои храбро чекори. Сето друго е неважно додека не го оствари она што го има зацртано. На тој пат никој не може да ѝ го одземе вниманието, колку и да се труди да го направи тоа. Луѓето може да ѝ позавидуваат и на нејзината страст. Кога сака, таа ќе направи многу работи за саканата личност да биде среќна. Доколку не ве сака, подготвена е да направи многу работи за да ви го загорчи животот! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот Следно » Како да препознаете вистинска дама? Клучни зборови: жена/Скорпија/хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Хороскопски знак кој го гуши со внимание својот партнер Како да препознаете вистинска дама? Хороскопски знаци кои сакаат да се замешаат во сѐ Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Поткровје за студенти во Барселона
iLike - пред 157 дена
27.11.2023 /Постирано во Архитектура /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Поткровје за студенти во Барселона Архитектката Ева Котман имала навистина тешка задача при ентериерното решавање на овој простор. Таа морала да адаптира 130 метри квадратни тавански простор во пристојно катче за живот, а притоа располагала со мали средства. Работата на овој проект беше вистински предизвик за мене. Од стар и запуштен простор успеав да создадам минималистички уреден стан достоен за студентски живот. Станот е навистина длабок, а има мал број на прозори. Па поради тоа одлучив ѕидовите да ги бојадисам со бела боја. Всушност, белата боја доминира во поткровјето. Токму таа е извор на светлина. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Симпатична куќа направена од тули и дрво во предградието на Барселона Клучни зборови: ентериер Поврзани содржини Убаво осмислен ентериер во еден стан во Варшава Микро-стан од само 17,6 метри квадратни Убав мал стан за млад брачен пар Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Здрави и цврсти нокти на природен начин
iLike - пред 157 дена
23.11.2023 /Постирано во Убавина и нега /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Здрави и цврсти нокти на природен начин Здрави, силни и сјајни нокти се главната убава одлика на убавите раце. Сите ние, често ги оштетуваме ноктите со гел, лак за нокти и недоволна грижа. Ако забележите дека ноктите ви се пожолтени и се склони кон пукање, тоа е знак дека им е потребна поинтензивна нега. Ви презентираме рецепт за едноставен препарат што ќе ги направи вашите нокти поцврсти. Измешајте една лажица морска сол со една лажица сок од лимон и половина литар топла вода. Потопете ги ноктите во водата и држете ги околу 15 минути. Добро исплакнете ги само со вода, а потоа на рацете нанесете богат слој хидратантна крема. После туширање, можете ноктите да ги масирате со маслиново масло, што дополнително ќе ги хидрира. Повторувајте ја оваа постапка секој ден или секој втор ден две недели и наскоро вашите нокти ќе станат поздрави, посилни, посјајни и посветли. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Овес за прочистување на организмот и сјајна кожа Следно » Бананата е најдобар пријател на вашата кожа Клучни зборови: нега/нокти/убавина Поврзани содржини Грешки кои ја уништуваат кожата Бананата е најдобар пријател на вашата кожа Овес за прочистување на организмот и сјајна кожа Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за понеделник (27.11.2023)
iLike - пред 157 дена
27.11.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за понеделник (27.11.2023) Овен Малку сте нервозни поради натрупаните деловни обврски, а ве мачат и финансиите. Партнерот е многу подобро расположен, па денеска ќе ви биде од голема помош. Добри односи во семејството и со децата. Бик Мошне добро сте расположени, иако ви недостасува сталоженост. Односот со саканата личност не ви е идеален. Вниманието е свртено кон краткотрајните љубовни врски, а вам тоа денес ви оди од рака. Одлично здравје. Близнаци Партнерот покажува многу внимание кон вас, а тоа е нешто што вам исклучително ви годи. Се подготвувате за кус пат деновиве. Финансиите денес се незначително подобри од порано. Помали недоразбирања со пријателите. Рак Конечно еден ден во кој и вие можете да се опуштите. Претходните денови ви беа исклучително напорни, па денешната опуштена атмосфера добро ќе ви дојде. Клучниот проблем со партнерот не го решивте. Очекувајте добивка. Лав Работата ви тргна нешто подобро, иако се’ уште нема вистински финансиски резултат. Со партнерот одлично се согласувате во љубовта, но можни се помали проблеми на интелектуално ниво. Внимавајте на здравјето. Девица Минавте исклучително пријатна ноќ со саканата личност. Иако сте чувствителни, не дозволувате лесно да бидете повредени. Имате идеална шанса наскоро да одите на убаво патување. Внимавајте на грбот и водете сметка што пиете. Терезија Денеска ве очекува убаво и безгрижно дружење со пријателите. конечно и вие малку да се олабавите од напорните расправи и убедувања. Ситуацијата на работа е добра. Финансиската состојба се подобрува. Скорпија Работата ви тргна одлично, па денес конечно ќе бидете задоволни со својата финансиска состојба. Ситуацијата во љубовта ви е подобра од инаку. Подгответе за скорешно патување. Здравјето е одлично. Стрелец Ќе доживеете пријатно изненадување од саканата личност. На повидок се добри вести од странство, а можно е наскоро да одите и на подолго патување. Финансиите ви се нестабилни. Бидете внимателни во сообраќајот. Јарец Премногу сте таинствени, дури и за својот знак. Имате потреба да не зборувате многу, што е можеби и добро. Финансиите ви слабеат, но ви претстои добивка на игри на среќа. Наклонети сте кон тајни врски. Водолија Иако односите во семејството се стабилизираа, денеска ќе имате помал судир во домот. Со саканата личност имате сосема хармоничен однос. Здравствената и финансиската состојба ви се подобруваат. Риби Две нешта во кои денес уживате се љубовта и работата. На работа можеби ќе добиете и јавно признание или пофалба за постигнатиот успех. Љубовниот живот ви е исполнет, особено на еротски план. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за петок (10.11.2023) Следно » Хороскоп за четврток (14.12.2023) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот
iLike - пред 173 дена
10.11.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот Доцната вечера, односно внесувањето храна во организмот после 19 часот може да биде опасно по вашето здравје. Доколку сепак се одлучите да јадете после 19 часот, тогаш трудете се да ги избегнувате следниве намирници. Пржена храна Масната храна е богата со калории и маснотии, но и тешко се вари, поради што наутро можете да се чувствувате тешко и уморно. Црвено месо Како и масната храна, така и црвеното месо тешко се вари, поради што проблем би ви било да заспиете. Црвеното месо е најлош избор на храна после 19 часот, но и голема порција пилешко месо ќе има исто така лошо влијание. Зачинета храна Уживањето во лута и зачинета храна после 19 часот може да ве чини добар сон. Освен тоа, премногу зачинетата храна предизвикува надуеност и го попречува варењето, особено ако после консумирањето таква храна, веднаш отидете во кревет. Шеќери и кофеин Шеќерот и кофеинот може да предизвикаат немирен сон. На пример, чоколадата го содржи и едното и другото. Подобар избор би било топло чоколадно млеко со низок процент масти. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскопски знаци кои сакаат да се замешаат во сѐ Следно » Карактеристики на жената Скорпија Клучни зборови: занимливости/здравје/кафе/храна Поврзани содржини Чај кој го намалува стресот и нервозата Ослободете се од лошите навики Намалете ги менструалните болки по природен пат Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана
iLike - пред 173 дена
10.11.2023 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана Понекогаш, колку и да е силна и колку и вие да сте решени да опстанете како пар, постојат ситуации и околности кога мажите едноставно се повлекуваат. Можеби е заљубен повеќе отколку што можете да замислите, но некои работи можат да застанат на патот. И внимавајте, понекогаш е во вас проблемот. Сакате да го промените по секоја цена За жал мал број на жени разбираат дека маж не се воспитува, тоа се прави со децата и тинејџерите. Во зрелите години посилниот пол има веќе формирани навики и стил на однесување. За љубов е спремен да промени некои работи и да направи компромис, но ако се обидете во целост да го промените партнерот тоа нема да заврши добро. Дали сакате да бидете со човек кој не е истиот од првиот момент кога се заљубивте? За почеток ќе почне да се чувствува загрозенено и непријатно, ќе се прашува дали е добар и што се случува со него, а потоа без да ви каже ќе тргне во потрага по жена која ќе го сака таков каков што е. Постојано префрлате, вртите и му досаѓате Разбирливо е дека не треба да молчите и дека треба да го “искарате” ако направил нешто погрешно или ви наштететил. Сепак, не треба да претерате и без престан да го кажувате истото. Континуираните приговори и постојаното барање грешки може да бидат контрапродуктивни и да го направат човекот да се чувствува навреден и помалку важен. Пасивно-агресивен став секако не е добра основа за успешна и здрава врска. Мора да ве моли за секс Во секој здрав однос, сексот е една од основите на врската. Ако немате, или го имате со сила и без желба, тоа негативно ќе влијае на вашата блискост и приврзаност. Сексот е важен дел од животот на секој маж, и ако неговата партнерка одбива, тоа ќе го тргне пополека, но сигурно од неа. Го споредувате со бившиот Можеби нема да признае, но никој маж на светов, без разлика колку е успешен, не сака да го споредувате со другите, особено не со неговите претходници. Ако постојано го ставате на исто рамниште со вашите поранешни партнери и велите дека тие се подобри од него, сериозно може да ја разнишате врската. Тој сака да биде најважниот и најдобриот човек во вашиот живот, а не да ги слуша пофалбите на сметката на вашиот поранешен партнер. Само ставете се во негова кожа – би трпеле такво однесување? Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Женски реченици кои може да ја уништат врската Следно » Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска Клучни зборови: љубов/жени/мажи/напуштање/сакана Поврзани содржини Како да препознаете вистинска дама? Намалете ги менструалните болки по природен пат Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?
iLike - пред 173 дена
10.11.2023 /Постирано во Совети и живот /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Како да бидете попродуктивни ако работите од дома? Работата од дома на прв поглед изгледа како работа од соништата, покрај сите позитивни предности, има и некои недостатоци. Да работите удобно од дома, со паузи коа сакате, без одреден притисок кој го носи канцеларијата со себе, звучи феноменално! Сепак, сите погодности за работа од дома можат негативно да влијаат на продуктивноста. За да ја зголемите ефикасноста и продуктивноста практикувајте ги следниве три совети. Излезете од креветот Топол и удобен кревет е идеален за опуштање и уживање, но не и за работа. Работата во креветот не е добра за правилно држење на телото и позицијата на вашиот ‘рбетот, а наместо да се концентрирате и продуктивно да работите, ќе забележите дека ја губите енергијата почесто и почесто, бидејќи ви се спие. Најдобро би било да ја вршите работата на масата, за да имате чувство дека сте на работното место. Направете пауза Пауза од работа е неопходна дури и кога работите од дома. Направете пауза за ручек, и кога треба да си ги соберете мислите, напијте се кафе и одморете се 15 минути, но бидете дисциплинирани и не дозволувајте вашите одмори да станат почести. Не дозволувајте луѓето да ве деконцентрираат и спречат Повеќето луѓе, кои немаат среќа да работат од дома, не ја сфаќаат сериозно вашата работа и не ја разбираат потребата за мир која е неопходна за да ја завршите работата. Треба да пронајдете начин да им покажете дека вашата работа е толку важна како и нивната и дека имате потреба од мир, тишина и концентрација. На овој начин, успешно ќе ја зголеми вашата ефикасност а работата од дома ќе се претвори во совршена работа и ќе уживате во најдобро што можете! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Мојот татко ми го подари најубавиот подарок во животот Следно » Што е подобро: едно или повеќе деца? Клучни зборови: работа/работа од дома Поврзани содржини Како да го победите уморот? Физичката активност резултира со ефикасност на работното место 5 фактори кои влијаат на кариерата на секоја жена Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за петок (10.11.2023)
iLike - пред 173 дена
10.11.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Хороскоп за петок (10.11.2023) Овен Од работни проблеми преминувате на љубовни. Ви недостасува инспирација, но сакате да бидете смирени. Поминете ги слободните моменти со партнерот. Незадоволни сте постојано, но и тоа ќе ви помине. Бик Многу од припадниците на овој суетен знак ќе бидат изложени на погледи од јавноста. Не сомневајте се во себе, навистина блескате. Партнерот е заслужен за тоа што се чувствувате добро. Доколку сте осамени, потрудете се и во тоа да уживате. Близнаци Ова е идеален ден за да преминете од зборови на дела. Постигнувате успех на сите полиња, особено во склучувањето нови договори. Одлучени сте за здрав начин на живеење. Потрудете се да бидете љубезни спрема оние што не ги поднесувате. Рак Некои од блиските ќе ви помогнат да ја поминете кризата. Потрудете се да не ја изгубите смислата за хумор. Сакате да живеете во мир и се дистанцирате од сe. Патувањето што го планирате успешно ќе се реализира. Лав Го идеализирате партнерот и тоа сосема е погрешно. Занимавајте се со уметност, бидејќи имате нагласена фантазија и креативност. Ќе бидете среќни и задоволни. Некој ви помага да се искажете на вистински начин, не отфрлајте го тоа. Девица Сe што постигнувате во животот е благодарение на упорноста. Денешните активности ви одат во прилог. Размислувате за своите постапки и за желбата да бидете совршени. Работата се одвива според планот. Поделете ги желбите со партнерот. Терезија Во постојан конфликт сте со партнерот. Не дозволувајте да ве извади тоа од колосек и да ги запоставите работните обврски. Незадоволни сте, а за да се извлечете од тоа, морате да ги покажете уметничките квалитети. Размислувајте позитивно. Скорпија Опкружени сте со клевети и манипулации, но однапред се дистанцирате од негативности. Луѓето ги ставате на прво место, но морате да се насочите кон работата. Им давате предност на работите што носат видливи резултати. Стрелец Ако почнете да барате влакно во јајцето, ќе наидете на безброј проблеми. Потрудете се остатокот од денот да го поминете во друштво со саканото лице. Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Јарец Се буните против сe што ве ограничува. Не ви е лесно, упорно се трудите да ја пребродите кризата. Постојано ви се случува нешто неочекувано и ви создава незадоволство. Само партнерот ве разбира, потрудете се да бидете во негово друштво. Водолија Правите невозможни планови. Ве очекуваат изненадувања по кои треба да се ослободите од споредните работи. Насочете се кон покреативни идеи ако сакате да постигнете успех. Внимавајте на здравјето. Риби Љубовта ве грее, искористете го секој момент и уживајте. Не претерувајте со слатките работи. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем. Сето тоа не значи дека треба да се олабавите, потрудете се да се докажете. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за четврток (26.10.2023) Следно » Хороскоп за понеделник (27.11.2023) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскопски знаци кои сакаат да се замешаат во сѐ
iLike - пред 173 дена
10.11.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскопски знаци кои сакаат да се замешаат во сѐ Човечката љубопитност е бескрајна, но никогаш не е пријатно чувството да знаете дека некој сака да го пикне носот во вашите приватни работи. Сепак, се чини дека некои хороскопски знаци едноставно не можат да не се мешаат, бидејќи со големо задоволство се вовлечени во туѓите животи. Овие четири хороскопски знаци секогаш се мешаат во туѓите животи. Риби Некој би помислил дека овој емотивен и чувствителен знак последен се меша во туѓите работи. Сепак, тие сакаат да бидат дел од туѓите тајни и ги знаат сите озборувања. Така, можете да се потпрете на нив да се појават кога ви треба уво што е подготвено за слушање, но не сметајте дека ќе можат да чуваат тајна. Близнаци Не можете а да не ги сакате Близнаците и покрај нивното љубопитно однесување. Иако обично се одлични пријатели, тие секогаш го пикаат носот во туѓите животи, најмногу затоа што сакаат да се чувствуваат потребни на другите. Ништо не ги прави посреќни од тоа да помогнат некому, а потоа да им кажуваат на другите за тоа како му помогнале некому. Девица Овој знак е познат по тоа што сака да биде корисен за другите, главно затоа што верува дека ги има соодветните вештини за тоа. Може да сметате дека девицата лесно ќе ги критикува вашите постапки што се погрешни според нивните стандарди. Од друга страна, Девиците се првите кои ќе ви помогнат кога ви треба помош. Стрелец Ниту еден друг знак не е толку тврдоглав како Стрелецот. Иако добро размислуваат, ќе откриете дека често имаат цврсти мислења за работите што ги засегаат другите луѓе. Тие имаат тенденција да ги коментираат животите на другите со секого, иако тоа можеби не е добро прифатено од луѓе кои се вешти да ги решаваат сопствените работи со умешност. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Позитивни карактеристики на хороскопските знаци Следно » Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот Клучни зборови: хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Хороскопски знак кој го гуши со внимание својот партнер Карактеристики на жената Скорпија Позитивни карактеристики на хороскопските знаци Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за четврток (26.10.2023)
iLike - пред 188 дена
26.10.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Хороскоп за четврток (26.10.2023) Овен Прифатете корисна идеја и покажете спремност на заеднички договор. Вашите цели се достижни со правилно расудување и добра деловна тактика. Не дозволувајте да ви недостига фантазија или емотивна инспирација. Партнерот будно ве прати, посебно вашето однесување. Бик Некој ве наведува на погрешен избор или на прикривање на вистината. Постојат работи кои ги правите во тајност или без нечие знаење, непотребно го комплицирате деловниот дијалог. Важно е да преземете одговорност за некои одредени постапки. Понекогаш соочувањето со вистината бара дополнителна храброст. Близнаци Нема причина да ги обвинувате другите за погрешна проценка или за својот деловно-финансиски неуспех. Не бидете претерано неправедни посебно спрема личноста која не ја познавате доволно. Имате впечаток дека партнерот упорно ја прикрива вистината. Рак Во деловните преговори мора да постои минимум согласност во уважувањето на интересите и целите. Новите случувања прифатете ги со оптимизам и без критикување. Нема причина да се оптеретувате со непотребни прашања. Сакате нова средба или емотивно зближување. Лав Ве интересираат конкретни резултати, а не ветувања или приказни кои не носат позитивен ефект. Доколку сакате да ги решите дилемите бидете поактивни и поупорни во секој поглед. Пратете го вашиот внатрешен глас и покажете независност. Обрнете и внимание на личноста која ве набљудува со вљубен поглед. Девица Не можете да ставите знак на еднаквост меѓу деловно-финансискиот успех и некои приватни случувања. Ви импонираат различни пофалби кои ги добивате, но покрај себе немате блиски соработници со кои можете да ја поделите својата радост. Успехот во јавниот живот, не може во потполност да ви ја надополни емотивната потреба. Терезија Имате впечаток дека соработниците немаат доволно разбирање за вашите деловни идеи и интереси. Не судете по првиот впечаток. Почекајте некој да ви ја соопшти својата одлука во однос на деловната соработка. Меѓу вас и партнерот провејува меѓусебна недоверба. Скорпија На вас е да го оправдате својот деловен углед или довербата која ја уживате во друштво на соработници. Понекогаш различните обврски представуваат голем терет, но секогаш постои начин да ги остварите своите цели или ветувања. Упорно се обидувате да ја прикриете својата емотивна несигурност или тајните намери. Стрелец Некој го оспорува вашиот деловен углед, што дополнително го отежнува заедничкиот договор. Не дозволувајте недоразбирањето да влијае на вашето расположение и концентрација. Бидете упорни во своите намери. Планирајте средба со драга личност, за која ве врзуваат пријатни сеќавања и топли емоции. Опуштете се. Јарец Идејата или работата која сте ја одбрале претставува добар избор. Вашиот стил на изразување и преговарачките способности имаат влијание на завршните резултати. Важно е да делувате убедливо пред соработниците во одлучувачки ситуации. Ве радуваат новите случувања во приватниот живот. Водолија Имате интересни идеи, но за жал околината нема доволно слух да ве подржи. Поради различни интереси меѓу соработниците морате да прифатите деловен компромис или некоја утешна варијанта. Избегнувајте нова расправа во средба со саканата личност. Важно е да ја намалите напнатоста, да се опуштите и да уживате во љубовните игри. Риби Избегнувајте сомнителни околности и внимателно анализирајте ги вашите соработници. Понекогаш постојат скриени детали кои потешко се воочуваат. Не го разбирате ставот на партнерот за заедничкиот проблем, имате впечаток дека се инаетите. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за четврток (19.10.2023) Следно » Хороскоп за петок (10.11.2023) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Позитивни карактеристики на хороскопските знаци
iLike - пред 188 дена
26.10.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Позитивни карактеристики на хороскопските знаци Секој човек има свои предности и особини кои го прават специфичен. А кога станува збор за знаците во Зодијакот,во продолжение прочитајте ги нивните позитивни карактеристики. Овен Ќе се впушти во непознатото со следната изрека „Кој не ризикува, тој не профитира“. Желбата за победа му е во крвта. Сака да се натпреварува, а добрата конкуренција секогаш топло ја поздравува. Неговата вродена самодоверба му овозможува јасно да ги изговара своите ставови и да се бори за своите права. Не чека, бидејќи нема трпение за тоа. Прави сѐ што е потребно за да стигне со успехот. Бик Кога Бикот ветува, тоа и го исполнува. Нема да ве држи во неизвесност. Биковите знаат да ја препознаат вредноста на нештата и на личностите и секогаш го чуваат и го ценат тоа што им е важно. Стои позади своите одлуки и ставови. Ужива во добра храна, вино, комфор и секс. Близнаци Не постои нешто што тој не знае да го раскаже на интересен и духовит начин. Одлично се носи со промени, секогаш е подготвен да прифати различни ставови и мислења. Знаат од сѐ по нешто, со задоволство ќе сослуша и добар трач, но прибира и корисни информации. Тој не може да живее сам. Секогаш е опкружен со пријатели. Сака добар провод, патувања и интелигентни личности. Она што го мисли, тоа и го кажува. Лесно им дозволува на непознати личности да влезат во неговиот живот. Не му е проблем да зборува за себе и за своите слабости. Рак Кога ќе ве пушти блиску до своето срце, нежноста ќе ви ја покаже со топлиот поглед, прегратките и искрените зборови. Ќе ве утеши кога ви е тешко и ќе ве прегрне кога сте осамени. Неговата топлина е безгранична и длабока. Затоа и има оклоп со кој ја штити својата ранливост од предизвиците и надворешната опасност. Ракот ќе го почувствува и она што нема да го изговорите. Ги претчувствува промените кои доаѓаат, а препознава и лаги. Кога Ракот ви е достапен и секогаш на располагање, бидете сигурни дека ве сака. Попрво ќе ги скрати своите потреби, отколку вас да ви наштети. Лав Кога Лавот сака да постигне нешто, не губи време, туку храбро тргнува во акција и не се откажува додека не го добие тоа што го замислил. Наклоноста ќе ви ја покаже преку подароци. Со задоволство ќе ги почести пријателите и ќе го подели она што го има со другите. Полн е со воодушевувања и занес. Лесно ќе ве маѓепса со својот шарм. Ужива во вечерно излегување и дружење до пријателите. Духовит е и ако одлучи ќе ве насмее до солзи. Девица Делува плански, не поднесува хаос. Нејзината организираност е честопати клучот на деловните успеси. Во нејзиниот дом секој детал е на своето место. Сака точност, важни и се деталите, уредна е и сѐ завршува во предвидениот рок. Има посебен талент секоја ситуација да ја испланира до најситни детали. Многу е вредна и одговорна на работа и воопшто не поднесува површност. Понекогаш и треба малку повеќе време, но затоа резултатите од нејзината работа ќе добијат најдобра оценка. Вага Нема поголем шармер во Зодијакот од Вагата. Нејзината насмевка, гестикулации, допири се неодоливи. За дадената услуга ќе ви заблагодари со внимание и сама ќе ви возврати со помош. Голем борец за правда. Во овој знак има многу адвокати и правници. Никој нема толку истенчен вкус за убавина како неа. Секогаш е дотерана, а домот секогаш беспрекорно среден. Избегнува кавги, бара компромиси и мирни решенија. Скорпија Не само што е страствена во креветот, Скорпијата е страствена во сѐ што е во нејзин интерес. Страста е нејзин двигател. Никого не остава рамнодушен. Нејзината енергија мотивира и тешко е да и се каже не. Способна е да ги издржи и најголемите напори. Колку е поголем ризикот, толку и е поинтересно. Кај неа нема златна средина, или да или не. Стрелец Она што му е на ум ќе ви го каже. Воопшто не поднесува лаги, игри и тајни. Сака да патува, оди на места на кои никогаш претходно не бил, се впушта во ситуации кои се полни со возбуда и ризици. Ја цени својата слобода, но ја пружа и на другите. Не сака да зависи од друг. Многу вложува во своето образование и знаење. Лесно е да го сакате бидејќи има позитивен став кон животот. Јарец Тоа што ќе го преземе Јарецот како своја одговорност, тоа и ќе го заврши. Преку своите дела влева сигурност и доверба. Во работата и кариерата се стреми кон највисоките позиции. Се искачува полека, но сигурно. Сѐ сфаќа сериозно и нема време за површни разговори и неважни работи. Ги знае своите приоритети и посветен им е во потполност. Роден е за водечки улоги. Тој е глава на семејството, но и директор, менаџер, водител. Знае да ја организира и да ја води работата. Кога нешто го интересира, потполно се посветува. Негова цел е планот да го спроведе на дело. Водолија Со задоволство ги крши правилата и животна цел и е да биде слободна во секој поглед. Лесно се поврзува со луѓето со кои има слични или исти интереси. Сака да биде прва помеѓу еднаквите. Напредно размислува и верува во својата вистина и се бори за неа. Ги следи своите идеи и ги остварува своите соништа. Риби Доколку барате рамо за плачење, барајте хороскопски знак Риба. Нема да ви делат совети, ќе ве сослушаат и ќе бидат тука за вас. Многу се креативни, талентирани за уметност, од ништо создаваат нешто и пронаоѓаат необични решенија за проблемите. Имаат добро срце. Им помагаат на слабите и немоќните. Во луѓето секогаш го гледаат она најдоброто. Важна им е среќата на оние кои ги сакаат. Ќе се откажат од сопствените интереси, само за да им дадат на другите поддршка и помош. Никој буден не сонува толку романтични соништа како припадниците на овој знак. Сонуваат за идеална љубов во која се сакани и сакаат до крајот на животот. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Најважното нешто во животот на секој хороскопски знак Следно » Хороскопски знаци кои сакаат да се замешаат во сѐ Клучни зборови: хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Карактеристики на жената Скорпија Хороскопски знаци кои сакаат да се замешаат во сѐ Најважното нешто во животот на секој хороскопски знак Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Симпатична куќа направена од тули и дрво во предградието на Барселона
iLike - пред 188 дена
26.10.2023 /Постирано во Архитектура /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Симпатична куќа направена од тули и дрво во предградието на Барселона Креативниот тим на шпанското архитектонско биро „H Arquitectes“ концепирал убав семеен дом кој во целост ги задоволува потребите на едно 4-члено семејство. Куќата е во минималистички стил, а изработена од црвена тула, старо дрво и бетон. Работниот наслов на објектот бил „House 1101“, а истата е целосно реализирана во текот на 2013 година. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Привремена поделба на соба со пластични гајби Следно » Поткровје за студенти во Барселона Клучни зборови: архитектура/Барселона/бетон/дрво/куќа/тули Поврзани содржини Привремена поделба на соба со пластични гајби Скандинавски стил во летна куќа на шведскиот брег Дом од 1920-та освежен со топли нијанси на жолта боја Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Не пијте кафе на празен стомак!
iLike - пред 188 дена
26.10.2023 /Постирано во Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Не пијте кафе на празен стомак! Неспорно е дека кафето е добро за нашиот организам, но сепак наутро не треба да се пие на празен стомак. Aко испиете една шолја црно кафе на празен стомак тоа доведува до отпуштање на хидрохлоричната киселина внатре во дигестивниот систем. Ако веќе боледувате од гастритис, тогаш тоа сигурно сте го почувствувале. Кога ќе изедете нешто „тешко”, тоа може да предизвика проблеми со варењето на храната, бидејќи ќе дојде до потешкотии при разложувањето на протеините. Кога протеините не се потполно разложени, тоа може да доведе и до други проблеми како што е воспаление на цревата, надуеност, иритација, па дури и рак на дебелото црево. Токму од овие причини експертите предупредуваат дека кафето никогаш не треба да се пие наутро веднаш штом ќе се разбудите. Причината е таа што тоа ќе го подигне нивото на кортизол многу брзо и на телото ќе му биде потребно многу време за да се врати во нормала. Овој хормон го контролира нашиот биолошки часовник и способноста да останеме будни. Освен тоа, консумирањето на кафе на празен стомак ќе го подигне нивото на киселини во желудникот, што може да доведе до надуеност и повраќање. Затоа кафето треба да се пие час време после будењето. Тоа подразбира и дека нешто морате да изедете нешто пред тоа. Доколку сте тип на личност која не може да го започне својот ден без шолја кафе, има уште еден трик кој можете да го искористите за да ги намалите штетните ефекти, а тоа е да додадете малку млеко во кафето. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Зошто да се напиете чаша вода после кафето? Следно » Зелен сок за губење на килограми Клучни зборови: кафе/утро Поврзани содржини Нештa кои не смеете да ги внесувате после 19 часот Вашето омилено кафе зборува за Вашиот стил Пилинг од кафе за убава кожа Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Женски реченици кои може да ја уништат врската
iLike - пред 188 дена
26.10.2023 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Женски реченици кои може да ја уништат врската Секој од нас во текот на караница кажува многу работи кои навистина не ги мисли или пак нешто што го измачува подолго време. Дел од коментарите изговорени во афект ќе бидат брзо заборавени, но некои ниту најискреното и најдлабокото извинување не може да ги поправи. Затоа е важно да имате само-контрола и внимателно да ги избирате зборовите кои ги изговарате додека се карате. Доколку сакате да ја одржите својата врска, тогаш во текот на расправијата избегнувате ги следниве реченици. „Не ти верувам“ Овие зборови ги изговараат жените кои се сомничави по природа. Тие стануваат параноични и се сомневаат во секој збор на партнерот, за на крај да се испостави дека сето тоа било само резултат на нивната фантазија. Вреди ли да изгубите добар партнер само поради тоа? „Сите машки се исти“ Нека ви стане јасно еднаш засекогаш дека не се сите машки исти. Само бидејќи некој во минатото ви го скршил срцето, не значи дека не постои маж кој никогаш не би го направил истото. Ако тоа му го кажете на партнерот сред расправија, сигурно нема да остане рамнодушен и смирен. „Не си добар во кревет“ Без разлика дали е тоа вистина или не, изговарањето на ваквата реченица на толку груб начин ќе го расипе вашиот однос. Доколку навистина сметате дека е така, променете нешто или внесете некоја новост која ќе ја разгори страста. „Поранешниот никогаш не би направил така“ Споредбата на сегашниот и поранешниот партнер едноставно не смее да се случи. Пред да го кажете ова, сетете се дека постои многу јасна причина поради која повеќе не сте заедно со поранешниот партнер. Токму затоа, не може да биде толку совршен колку што го прикажувате во караниците. Прифатете го сегашниот партнер онаков каков што е, а не онаков каков би можел да биде. „Мајка ти мора баш во сè да се меша“ Мајките на момчињата секогаш се мешаат во изборот на партнерка и во животот на своите синови. Во некои случаи тоа се менува со текот на времето, но кај некои тоа трае засекогаш. Доколку му ја кажете оваа реченица на партнерот кој е многу поврзан и близок со својата мајка, да знаете дека никогаш нема да ви го прости тоа. Затоа внимавајте кои зборови ги користите кога ја спомнувате неговата мајка. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Грозни нешта кои ги прават само паровите кои се долго заедно Следно » Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана Клучни зборови: љубов/караница/партнер Поврзани содржини Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана Грозни нешта кои ги прават само паровите кои се долго заедно Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Чоколадна торта без брашно
iLike - пред 196 дена
19.10.2023 /Постирано во Храна и пијалаци /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Чоколадна торта без брашно Чоколадната торта е непогрешлив избор кога сакате да ги задоволите вкусовите на повеќе луѓе, бидејќи ретко кој може да му одолее на чоколадното задоволство. Убавиот вкус и топливоста во уста се главни адути на овој рецепт за чија подготовка се потребни само 3 состојки. Потребни состојки: – 175g темно чоколадо – 7 јајца – 140g путер Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 130 степени. Чоколадото искршете го на коцки и растопете го на пареа, а пред самиот крај додадете го и путерот кој претходно ќе го исецкате на парчиња. Жолчките одвојте ги од белките. Жолчките изматете ги пенесто и додадете го претходно стопеното и изладено чоколадо. Во друг сад изматете ги белките и лажица по лажица додавајте ги во претходно направената смеса, постепено мешајќи додека смесата не се соедини. Смесата истурете ја во калап обложен со хартија за печење и покријте со фолија за печење. Калапот ставете го во поголема тава за печење која ќе ја наполните со жешка вода на ниво до половина калап. Печете 25 минути, а потоа тортата оставете ја на собна температура и посипете ја со шеќер во прав. Можете да ускрасите со свежи јагоди или малини. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Миризлив пијалак кој го забрзува метаболизмот Клучни зборови: торта/чоколадна Поврзани содржини Чоколадна торта подготвена за 15 минути Павлова торта со јагоди Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за четврток (19.10.2023)
iLike - пред 196 дена
19.10.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за четврток (19.10.2023) Овен Убавиот период за вас продолжува. Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енергија со која зрачите пред околината. Но, внимавајте да не претерате со искажувањето на чувствата, бидејќи веќе во наредниот момент може да се почувствувате емотивно слаби. Бик Идеален ден за подобрување на односите со партнерот и за склучување нови пријателства. На успех може да се надеваат сите претставници на овој знак кои се вклучени во трговски зделки. Без оглед на поволниот период, бидете подготвени на мали пречки кои може да ви ги променат плановите. Близнаци Спортувањето и физичката активност придонесуваат да се чувствувате одлично. И понатаму сте задоволни од развојот на настаните кога е во прашање љубовта, но треба да размислите колку сте подготвени да се жртвувате за да ги исполните целите на партнерот. Рак За вас разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите и се однесувате коректно со пријателите и околината. Работата од вас бара да бидете систематични, па затоа се’ ви поаѓа од рака. За доброто расположение бидете му благодарни на партнерот и на вистинските пријатели. Лав Многу припадници на овој знак денес ќе забележат успех доколку работното место е поврзано со јавниот живот. Иако успехот е загарантиран, тремата и постојаната тензичност се неминовни одлики кои може да ве следат до искачувањето на врвот. Решавањето на емотивните проблеми ќе почека некои подобри денови. Девица Се’ е во знакот на успешната соработка и подобрувањето на материјалната позиција. Имате поддршка од лица родени во знакот на Близнаци, кои можат навистина да ве насочат кон правилната цел. Бидејќи постојано имате некои нерешени проблеми, можеби е време да почнете со изнаоѓање излез. Терезија Вложувате огромен напор за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте ги судирите со околината, бидејќи нема ништо да добиете со арогантноста и цинизмот. Проблем на денот ќе бидат вашата мрзливост и чувството дека нештата не се под ваша контрола. Скорпија Изразената енергија ќе ја комбинирате со емотивни реакции кои ќе предизвикаат чудење кај околината. Ѕвездите ве советуваат да не го губите здравиот разум и да дејствувате моќно како што знаете и умеете. Емотивните проблеми постојат кај сите, затоа не треба да се чувствувате како исклучок од нештата. Стрелец Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците кои ќе бидат предизвикани поради вашето нетрпение и постојаната нервоза. Доколку не сакате некој да се шегува на ваша сметка, тогаш би било подобро да бидете потолерантни и да слушнете што кажуваат другите. Јарец Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината. Водолија Емотивната состојба ве загрижува, бидејќи подолго време се сомневате во довербата спрема партнерот. Љубоморната страна на вашиот знак е главен иницијатор за нестабилноста во вашиот емотивен и професионален живот. Кога малку би се олабавиле, би сфатиле дека нештата се онакви какви што посакувате вие. Риби Го избравте вистинскиот момент за акција. Никогаш не е доцна, но по правило донесувате вистински одлуки во погрешно време. Наредниот период е одличен за средување на емотивниот живот. Направете избор меѓу прекин на лошата врска или смирување со партнерот. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за среда (18.10.2023) Следно » Хороскоп за четврток (26.10.2023) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Миризлив пијалак кој го забрзува метаболизмот
iLike - пред 196 дена
19.10.2023 /Постирано во Храна и пијалаци /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Миризлив пијалак кој го забрзува метаболизмот Еден од виновниците за вишокот килограми е бавниот метаболизам. За негово нормално функционирање е потребно внесување на здрава храна и пијалаци. Еден од таквите пијалаци има само 3 состојки кои не само што ќе ја забрзаат неговата работа, туку и ќе го исчистат телото од токсини. Зелениот чај има бројни предности за човечкиот организам, a една од нив е одржување на витка линија како резултат на неговото дејство врз метаболизмот и согорувањето на вишокот масти. Ако во него ги додадеме и чудотворните сојузници за забрзување на работата на метаболизмот и прочистување на телото од токсини, мента и цитрус, резултатот ќе биде вкусен и ефикасен пијалак. Состојки: – 1l вода – 5 филтер ќесички зелен чај – 1 портокал (може да го замените со цитрон или лимон) – малку свежо нане Подготовка: Најпрво направете го чајот и оставете го да се излади. Потоа излупете го портокалот и исечете го на мали парчиња. Во изладениот чај додадете ги парчињата портокал и мента. Пијалакот оставете го во ладилник во текот на ноќта за да можат сите состојки да се соединат. Пијалакот процедете го и консумирајте по една шолја пред појадок, ручек и вечера. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Салата со компири и туна Следно » Чоколадна торта без брашно Клучни зборови: зелен чај/метаболизам/нане/портокал Поврзани содржини Храна која го подобрува помнењето Чај кој топи килограми Зошто да јадете најмалку еден портокал секој ден? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Најважното нешто во животот на секој хороскопски знак
iLike - пред 196 дена
19.10.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Најважното нешто во животот на секој хороскопски знак Во животот на секој хороскопски знак постои по нешто што е најважно. Овен: Сакаат да бидат она што се, мразат преправање Овенот најмногу од сѐ ја цени индивидуалноста, независноста и потребата да биде она што е. Ниту шефот, ниту партнерот или кој било друг никогаш не смее да му каже што да прави или како да се однесува во одредена ситуација. Тие се најнезадоволни ако се присилени да се вклопат во некои норми. Сакаат луѓето да ги сакат онакви какви што се и не прифаќаат компромиси. Нивното мото е: Да се биде! Бик: Најважно е да го задржат она што им припаѓа Припадниците на овој знак напорно работат на која било работа што ќе ја започнат. Кога нешто ќе остварат и постигнат, тоа не сакаат со никого да го делат. Практични се, не се алчни, но се борат за своето право, за правото на своите колеги, но кога ќе стекнат нешто во материјална смисла сметаат дека имаат потполно право над тоа. Никогаш не се откажуваат од своите работи, дури ниту поради љубовта. Нивното мото е: Да се има! Близнаци: Најважна за нив е слободата на мислење Во своите мисли може да заминат каде што ќе посакаат, a идеите им се волшебни. Ако некој им каже дека премногу размислуваат и дека треба да бидат попрактични, смртно ќе се навредат. Нивното мото е: Да се мисли! Рак: Најважни им се чувствата Раковите се забавни и игриви однадвор, но нежни одвнатре. Најмногу сакаат да уживаат во своите чувства. Нивното мото е: Да се чувствува! Лав: Најважно им е да се покажат во вистинско светло Лавовите се најубави, најхрабри и најсилни суштества на земјата. Но, мора да имаат можност тоа да им го покажат и на другите. Важно е никој да не им го одземе нивниот луксуз. Секогаш мора да бидат во центарот на вниманието. Нивното мото е: Да се посакува! Девица: Најважно е да можат да донесуваат одлуки Девиците се аналитичари, способни се да ги забележат најситните детали, па затоа им е многу важно на нив да им се додели правото за да ја донесат конечната одлука. Се борат за слободата на мислење, но најважно им е да соберат многу податоци, по можност од различни извори. Нивното мото е: Да се анализира! Вага: Најважно е да ги задоволат другите, но и себе Рамнотежата на идеите за Вагите е идеална состојба. На нив им е нужно тие да одлучат што е најдобро. Но, никогаш не претеруваат. Колку се борат за себе, толку се борат и за другите. Секое поле од животот им е важно: работата, кариерата, семејството… Нивното мото е: Да се постигне рамнотежа! Скорпија: Најважно е да го добијат она што го сакаат и кога го сакаат Скорпиите се најиздржливиот знак во хороскопот. Тие точно знаат што сакаат и можат да издржат многу работи за да го добијат. Мислат дека потполно го заслужуваат тоа и ако не го добијат не можат да бидат среќни. Нивното мото е: Да се заслужи! Стрелец: Најважно им е да истражуваат и да ја видат целата слика Најчесто се спонтани и го прават она што го сакаат. На нив многу им е важно да се забавуваат. Не сакаат сериозни теми, па во секоја ситуација внесуваат хумор. Нивното мото е: Да се види! Јарец: Најважно за нив е од лимонот да направат лимонада Тие имаат моќ да искористат и да најдат намена за сè околу нив. Важно е да можат да го изберат она што мислат дека може да го изберат. Не им е секогаш лесно, но не се предаваат. Нивното мото е: Да се поправи! Водолија: Најважна им е слободата Тие се оригинални и прагматични, често знаат да шокираат, но и да расветлат, научат, објаснат и разберат. Се борат за сите видови слобода и никого не осудуваат. Нивното мото е: Да се знае! Риби: Најважно е следењето на своите соништа Рибите ја ценат и бараат слободата на мислите и говорот. Визионери се и многу им е важно да го следат она во кое веруваат. Ако им ја одземете вербата, тоа е исто како да оставите риба на суво. Рибите сакаат да веруваат дека сите се на иста страна. Нивното мото е: Да се верува! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Жените родени во овие хороскопски знаци ќе имаат долг живот Следно » Позитивни карактеристики на хороскопските знаци Клучни зборови: живот/најважно/хороскоп/хороскопски знак/хороскопски знаци Поврзани содржини Смејте се: убаво и бесплатно е! Карактеристики на жената Скорпија Хороскопски знаци кои сакаат да се замешаат во сѐ Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Жените родени во овие хороскопски знаци ќе имаат долг живот
iLike - пред 196 дена
18.10.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Жените родени во овие хороскопски знаци ќе имаат долг живот Астролозите велат дека жените родени некој од овие хороскопски знаци се посебни и ги очекува долг и среќен живот. Едниот од знаците е управуван од Јупитер, планетата на среќата и изобилството, а со другиот Плутон, планетата на мистеријата, темнината и потсвеста. Скорпија Овој хороскопски знак е невообичаено мудар, допадлив и има посебна енергија. Романтичната врска со Скорпија е одлична комбинација на страст и интелект, таа е секси, моќна и знае што точно сака. Тие ги привлекуваат луѓето кон себе, често се во центарот на вниманието и знаат како да го добијат тоа што го сакаат. Тие се нежни романтичари во душата, но тоа не го покажуваат на сите. Целата нивна романса и искрена љубов ќе ѝ припадне само на една личност, онаа која навистина го заслужува нивното срце. Потребна им е личност на која ќе се отворат и која ќе стане дел од нивното внатрешно јас, некој што ќе ја задржи сопствената индивидуалност и независност. Кога ќе ја најдат оваа среќа во љубовта, Скорпиите се неверојатно среќни и пред нив е светла иднина. Стрелец Жената родена во овој знак ја цени слободата и независноста пред сè друго. Таа е одговорна само за себе, за своите потреби и за својот живот. Иако не е склона кон флерт, многу и е тешко да се одлучи за сериозна врска. Идеален партнер за овој знак ќе биде некој кој ја разбира нејзината желба за слобода и нема да биде измачуван од љубомора или посесивност. Жената Стрелец ја цени слободата, ужива во авантурите, патувањата, лесно се прилагодува и прифаќа промени. Кога некој ќе се поврзе со неа на подлабоко ниво, ќе разбере колку е скапоцена оваа врска. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Дали и кој верува во љубов на прв поглед? Следно » Најважното нешто во животот на секој хороскопски знак Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Зошто да се напиете чаша вода после кафето?
iLike - пред 196 дена
18.10.2023 /Постирано во Здравје /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Зошто да се напиете чаша вода после кафето? Шолја топло кафе е првиот утрински избор за многу од нас. Поради високата содржина на кофеин, овој напиток ја зголемува ефикасноста и концентрацијата и помага подобро да се фокусирате на задачите. Но, кафето има и несакани ефекти: го дехидрира организмот, предизвикува дамки на забната глеѓ, а може да предизвика и нагло покачување на крвниот притисок. За да се заштитите од овие непријатни последици, доволно е да испиете чаша вода по кафето. Кафе и вода Традицијата на пиење кафе со ладна вода потекнува од земјите на Истокот, каде што постои со векови. Луѓето од дамнешни времиња пиеле вода, пред сè, за подобро да го почувствуваат вкусот на кафето: ако по секоја голтка од напивката се „прочистат“ рецепторите со вода, таа ќе добие поизразен вкус. Но секој нутриционист ќе ве советува да пиете вода со кафе од сосема други причини. Кофеинот има силен диуретички ефект, што во голема мера го дехидрира телото. Дехидратацијата може да доведе до многу непријатни последици, па потребно е многу внимателно да се следи нивото на течност во телото. Ако испиете чаша вода веднаш по кафето, ќе ја вратите водата во рамнотежа и ќе го намалите ризикот од дехидратација. Оваа чаша не би требало да биде дел од вашата дневна количина на течности. Односно, ако пиете две литри вода дневно, тогаш за секоја шолја кафе треба да додадете уште една чаша. Кафето е богато со растителни бои кои можат да ја променат бојата на забната глеѓ, особено со честа консумација. Тука може да помогне водата. Кога ги измивате остатоците од кафето со вода, ќе ја спречите реакцијата од интеракцијата помеѓу киселината од кафето и забната глеѓ. Истовремено, не би требало да ги миете забите веднаш по кафето – тоа може да биде штетно за здравјето на забите. Покрај тоа, кофеинот може драматично да го покачи крвниот притисок, што е непријатно, а за луѓето што страдаат од хипертензија може да биде дури и опасно. Водата го разредува кафето, поради што се намалува оптоварувањето на срцето и крвните садови, а ризикот од драматичен скок на притисокот се сведува на минимум. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Пијалоци за исфрлање на токсини Следно » Не пијте кафе на празен стомак! Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Грозни нешта кои ги прават само паровите кои се долго заедно
iLike - пред 196 дена
18.10.2023 /Постирано во Љубов и секс /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Грозни нешта кои ги прават само паровите кои се долго заедно Психолозите од еден американски универзитет спровеле студија во која учествувале 200 парови кои имале долги врски, со целда се утврди степенот до кој отпорноста кон одредени навики влијаела врз преживувањето на љубовта. Резултатите откриваат дека љубовните односи на оние поединци кои можат да ги прифатат “грозните” или “непријатни” навики на партнерите се многу поуспешни и веројатно нема да завршат со раскинување. Нашата способност да не се вознемируваме околу малите “мани” на партнерот е директно поврзана со чувството на среќа и задоволство во врската. Кои се овие “грозни” навики од кои повеќето луѓе се згадуваат, но среќните парови ги игнорираат и благодарение на тоа нивните врски созреваат и опстојуваат. ⦿ Чепкаат нос еден пред друг ⦿ Испуштаат гасови додека лежат гушнати во креветот ⦿ Си ги чепкаат мозолчињата ⦿ Јадат со отворена уста ⦿ Се бакнуваат со полна уста храна ⦿ Додека едниот се бања другиот врши нужда во истиот тоалет ⦿ Се мирисаат и проверуваат дали едниот замирисал лошо ⦿ Се тепаат со перници, носен долен веш и чорапи на креветот во спалната Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Дали и кој верува во љубов на прв поглед? Следно » Женски реченици кои може да ја уништат врската Клучни зборови: љубов/врска/пар Поврзани содржини Нешта поради кои мажите би ја напуштиле својата сакана Женски реченици кои може да ја уништат врската Дали и кој верува во љубов на прв поглед? Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за среда (18.10.2023)
iLike - пред 196 дена
18.10.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за среда (18.10.2023) Овен Доживувате фатални моменти со фатална личност. Овој ден ќе биде незаборавен за повеќето припадници на овој знак, секако, во позитивна смисла. Малку се оние кои имаат проблеми од здравствена природа или, пак, се жртви на злоупотребување. Максимално уживајте со саканата личност. Бик Исцрпеноста укажува на тоа дека сте се префорсирале или не сте го добиле она што ви е потребно. Доколку се свртите кон аскетското однесување и мистичните теми, имате шанса да ја избегнете болеста. Во спротивно, го комплицирате животот. Размислете околу саканата личност, зошто сте љубоморни? Близнаци Општата исцрпеност ве зафати неподготвени. Склоноста кон инфекции и вируси укажува на намален имунитет. Преземете нешто конкретно во врска со тоа. Практичната страна на личноста моментално е загрозена. Чувајте ги парите, документите и не планирајте ништо однапред. Рак Нервозата полека исчезнува. Се’ изгледа поедноставно и со успех го надоместувате пропуштеното. Важно е да посакате нешто и во таа насока да функционирате. Доколку сте биле внимателни во комуникацијата со Лавот, денеска прифатете го како неминовност. Ништо не ви може, посилни сте од него. Лав Љубовта е главна поттурнувачка сила на денот. Функционирате под нејзино силно влијание. Поседувате физичка сила и желба да разменувате нежност со саканата личност. Осамените припадници на овој знак имаат проблеми. Се советува да се занимаваат со спорт или да се дружат со внуците. Девица Штом лошо се чувствувате, станувате хипохондрични. Причини за такво однесување има, заморот е само една од нив. Главниот проблем е сознанието дека вложувавте во нешто што можеби не е вредно да се трудите. Не очајувајте, туку обидете се да се извлечете од нелагодното искуство со поука. Вага Тамам ќе се релаксирате и ќе почнете да уживате, кога настапуваат случувања кои не ви даваат мир. Некои работи не сте ги направиле како што треба и тоа се врзани за здравје. Исхраната е во прашање. Пожелно е да биде што поквалитетна, но и слатките да ги замените со овошје. Скорпија Имате обврски кои ги прифаќате одговорно. Додека сте концентрирани за решавање на деловните и другите проблеми, не чувствувате напнатост. Штом ќе настапи празен од, инхибицијата станува составен дел на вашиот животен став. Имате проблеми со забите и коските. Стрелец Додека летате во облаците и губите време, другите ја заземаат вашата позиција. Додека мудрите се надмудруваат, паметните се наживуваат. Вистински момент е да се опаметите, и да почнете да размислувате во врска со околностите. Ако се брчкате во море, имате оправдување за таквиот став. Јарец Чувствителни сте на се’ и на секого, па се советува дистанцирање од луѓе кои ве оптоваруваат, како и напорни случувања. Обидете се да си угодите себеси, кога тоа веќе не сакаат другите. Најдете внатрешен мир, другите само ви одмагаат. Свртете се кон семејството и спортот. Водолија Прифатете туѓи сугестии и ублажете го проблемот. Добро ви доаѓа дружењето со истомисленици, така што воспоставувате друштвени контакти. Желбата за љубов е силна, па партнерот ќе го повикате на состанок. Во вашиот живот се’ оди во крајност. Риби Се обидувате да го споите корисното и убавото. Работите со љубов, уживате, а истовремено сакате и да заработите пари. Доколку не добиете пари овие денови, наскоро сигурно ќе стигнат во огромно количество. Оние иновативни Риби ќе имаат среќа без труд да заработат. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за четврток (12.10.2023) Следно » Хороскоп за четврток (19.10.2023) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Мојот татко ми го подари најубавиот подарок во животот
iLike - пред 202 дена
12.10.2023 /Постирано во Совети и живот /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Мојот татко ми го подари најубавиот подарок во животот Мојот татко ми го подари најубавиот подарок, кој јас денес го подарувам на другите, а тоа е довербата. Во животот на девојките, татковците играат голема и клучна улога која се одразува врз нивниот натамошен живот. Односно кога веќе девојчето треба да порасне и да се судри директно со целиот тој свет надвор од заштитничките прегратки на својот татко. Татко ми навистина ме научи на најважните животни лекции и овие принципи треба да ги знаат сите девојки. Тој ме научи дека сум навистина посебна. Со денови ми раскажуваше дека секој човек носи нешто посебно и специјално во себе и дека со текот на годините успева да го искористи во добри цели. Ми говореше дека е најважно да сум среќна и тоа ми помогна во потрагата по мојата друга половина. Татко ми ме научи дека го заслужувам најдоброто од животот. На најразлични начини тој се трудеше да ме научи колку е важно да се има самодоверба и никогаш да не се откажувам од моите соништа. Ако сакате вашата ќерка да биде среќна, тогаш дајте ѝ до знаење дека не е важно што другите мислат за неа! Ме научи како покрај сите падови во животот да останам доволно силна и да се изборам со сите тешкотии. Колку и да сакаме, нашиот татко нема да остане покрај нас во секој миг од нашиот живот и тој тоа го знае, токму затоа својата ќерка ја учи на издржливост. Никогаш немојте да бидете престроги кон вашата ќерка, туку научете ја како таа самата да се контролира во одредени ситуации. Самодисциплината е клучна алка во животот на девојките, а таа лекција им ја овозможуваат токму татковците. Николас Спаркс вели: „Да се биде родител е најтешката животна работа која некогаш ќе ја правите, но таа ве учи што е безусловна љубов”. Токму тоа е она на што мојот татко ме научи. Обврската на таткото е да ѝ покаже на својата ќерка што е љубов. На тој начин девојката го развива својот внатрешен свет и таа знае што е потребно за безусловна љубов и како да ја пронајде истата во понатамошниот живот. Затоа сите татковци: Не заборавајте да им го подарите целото свое време и внимание на своите ќеркички! Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Правила во воспитувањето деца Следно » Како да бидете попродуктивни ако работите од дома? Клучни зборови: животна приказна/ќерка/приказна/татко Поврзани содржини Вистинска приказна: Мојот живот после 1 година од разводот Пред да почине, мајката напишала прекрасна животна лекција за своите деца Промени кај жените кои родиле ќерка Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Хороскоп за четврток (12.10.2023)
iLike - пред 202 дена
12.10.2023 /Постирано во Дневен хороскоп /Автор: Елизабета Илковска /Оставете коментар Хороскоп за четврток (12.10.2023) Овен Размислете на кој начин треба да ја подобрите својата работна положба. Немате потреба да ги обвинувате другите за своите неуспеси. Ќе имате чувство дека партнерот крие од вас многу работи. Бик Се обидувате да смислите нови и корисни решенија, но вашата средина нема доволно волја и трпение да ви се придружи. Избегнувајте семејни но и љубовни расправии. Тие најмалку ви се потребни. Близнаци Немате причина да се преценувате себе си. Потребно е реално и коректно да се претставитге пред вашите соработници. Понекогаш некои обврски претставуваат голем товар, но се е одлично кога на време ќе се заврши. Рак Некој го забавува вашето влијание и ги пореметува вашите работно- финансиски планови. Немате потреба работите да ги доживувате премногу трагично. Размислете за некое соодветно решение. Лав Имате лошо претчуство во исчекувањето на некој одговор за работна соработка. Доволно сте паметни па припремате и некои дополнителни решенија. Не дозволувајте другите да ве оптеретуваат со глупости. Девица Идејата или работата која ја избравте претставува вистински погодок. Обидете се да оставите добар впечаток на вашите соработници. Понекогаш некои мали работи можат да откријат нечија непрофесионалност. Терезија Некој во вас поттикнува креативна љубопитност и желба за нови сознанија. Прифатете некои корисни идеи кои можат да ја унапредат вашата работно-финансиската соработка. Скорпија Средината нема доволно разбирање за вашите креативни идеи и интереси. Сепак, не расудувајте на основа на првиот впечаток. Во љубовта затишје. Како совет – не зборувајте премногу. Стрелец Некој ве наведува на погрешен избор во работната ориентација. Постојат работи кои ги правите во тајност, што дополнително ги отежнува договорите со вашите соработници. Дали е тоа во ред ? Јарец Потребно е јасно да ги дефинирате своите работни цели и да се усогласите со соработниците околу вашите интереси. Тешко се согласуавте на компромис, но моменталните услови не дозволуваат да ја спроведете личната волја. Водолија Постојат некои тешки околности кои изненадно ги комплицираат вашите работни договори. Од вас се очекува разумно и ефикасно решение. Новите доживувања прифатете ги во оптимистички стил и превземете одговорност. Риби Ве интересираат конкретни резултати, но во средбите со соработниците секој заговара стил или тактика која најдобро ја познава. Доколку ви е да ги остварите своите приоритетни цели, превземете иницијатива во одлучувачки момент. Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскоп за вторник (03.10.2023) Следно » Хороскоп за среда (18.10.2023) Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...
Лошите девојки се попривлечни за посилниот пол
iLike - пред 202 дена
12.10.2023 /Постирано во Занимливости /Автор: iLike.mk /Оставете коментар Лошите девојки се попривлечни за посилниот пол Сигурно до сега сте слушнале дека добрите девојки одат во рајот, а лошите каде што сакаат. Епа не само што одат каде сакаат туку го имаат секој фраер кој ќе го посакаат. А, момците ги обожаваат лошите девојки! Изгледа тие навистина подобро поминуваат во животот од добрите девојки. Постојат многу причини, но всушност се работи за целата таа неизвесност која ги тера момците да се „лепат“ на нив како магнет. Што им е друго привлечно? Мислат дека се подобри во кревет Момците мислат дека лошите девојки често екпериментираат во кревет, што и не мора да биде вистина. Излегувањето е позабавно Момците ги сакаат дружењата со лошите девојки, бидејќи никогаш не знаат како ќе заврши пијачката со нив. Ова им е попривлечно, отколку гледање романтична комедија во сабота навечер. Имаат свои интереси Овие девојки не се зависни од момците. Не чекаат цел ден до телефон да им се јави тој што треба. Тие имаат свои интереси, став и пријателки. Ова многу им се допаѓа на момците. Имаат подобра смисла за хумор Момците не пазат што зборуваат пред лошите девојки, бидејќи тие секогаш се смеат па дури и на непримерните шали. Во такво друштво момците полесно се опуштаат и се чувствуваат подобро. Повеќе ги разбираат момците Баш поради тоа што се слични на нив, лошата девојка може да им биде и пријателка. Таа не ги сака романтичните вечери, туку повеќе би отишла на натпревар, пиво или било што друго. Обидете се да бидете добра девојка, но да ги разбирате момците, да се смеете на нивните шеги, но сепак да имате време за сите други интереси во вашиот живот. Автор: Ивана Витановска Станете наш facebook фан. Ви Благодариме! « Претходно Хороскопски знаци кои најмногу држат лутина Следно » Дали и кој верува во љубов на прв поглед? Клучни зборови: девојка/Ивана Витановска/совет Поврзани содржини Пред да почине, мајката напишала прекрасна животна лекција за своите деца Совети за порелаксирано секојдневие Што и да се случува, секогаш се случува во вистинското време! Оставете коментар Откажи одговор Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со * Име * Е-пошта * Веб страница Коментар Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>...