За седум дена се укинуваат мерките, а нови допрва ќе се креираат - дали ќе се вратат празните полици во маркетите?
Сител - пред 4 часа
Embedded video for За седум дена се укинуваат мерките, а нови допрва ќе се креираат - дали ќе се вратат празните полици во маркетите?
ММФ: Глобалната економија ја чека најголемиот тест од Втората светска војна
Мкд.мк - пред 7 часа
Меѓународниот монетарен фонд денес на Светскиот економски форум, кој се одржува во швајцарски Давос, соопшти дека глобалната економија ја чека „можеби најголемиот тест од Втората светска војна“.„Се соочивме со низа несреќни настани“, кажа извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.Предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцирала негативните ефекти на пандемијата на ковид-19 на економијата, отежнувајќи го економското заздравување и разгорувајќи ја инфлацијата со растечки цени на храната и горивата.Државите ги оптоваруваат и растечките каматни стапки, а компаниите и домаќинствата мораат да се носат со големи долгови. Ризик претставуваат и турбуленциите на пазарот и постојаните прекини на ланците на снабдување. Дополнително, проблеми создаваат и климатските промени.За да се намали стресот на економијата, ММФ повика на состаноци на шефовите на влади и бизнисмените во Давос за да разговараат за намалување на трговските бариери.Додека многу земји се борат со сè поголемите животни трошоци на своите граѓани, некои одат во спротивна насока и воведуваат ограничувања на трговијата со храна и земјоделските производи кои можат да предизвикаат недостиг и да ги зголемат цените на глобално ниво.Претходно месецов поради одлуката на Индија да го забрани извозот на пченицата дојде до пораст на цените на житарките, иако станува збор за релативно мал извозник. Индонезија го забрани поголемиот дел од извозот на палмино масло во април за да ги заштити домашните резерви, но неделава планира да ја укине забраната.
НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина
Вечер - пред 13 часа
НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра. Станува збор за кредити за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, кои ќе им помогнат на клиентите-физички лица да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење при изведба или реновирање на објекти. Како енергетски ефикасни технологии кои се прифатливи за кредитирање од оваа кредитна линија се сметаат инвестирања во топлинска изолација, топлински пумпи, енергетски ефикасни котли и печки за затоплување, клима уреди, како и сончеви колектори за топла вода, соларни фотоволтаични системи и бојлери и замена на прозорци и врати. Дополнително, преку овие кредитни продукти, кредитокорисникот има можност за поврат на грант до 20% од направената инвестиција кој е финансиран од Европската Унија. Како општествено одговорна компанија, НЛБ Банка е фокусирана на поддршка на еколошки одржлива економска активност, особено активност која го поддржува намалувањето на трошоците на своите клиенти, на проекти поврзани со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина, што во целост кореспондира со политиката на Банката за одговорно кредитирање и одржливост. Инаку, ова е втора кредитна линија на НЛБ Банка за Зелени кредити во соработка со ЕБОР. Во рамките на првата линија беа пласирани три (3) милиони евра до крајни корисници – физички лица. Досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации над 460 илјади евра за успешно завршени проекти, кои и натаму се исплаќаат. Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на интернет страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.
За лажна надеж не следува аплауз министере!
Вечер - пред 1 ден
Во продолжение став на Лидија Петкоска: ЗА ЛАЖНА НАДЕЖ НЕ СЛЕДУВА АПЛАУЗ МИНИСТЕРЕ! Читам најава „Министерот Kreshnik Bekteshi , во недела 22-ри мај 2022 година ќе биде во посета на Охрид. Ќе оствари средба со трговци од охридко-струшкиот регион и ќе ги информира за предложените измени и дополнувања на Законот за трговија за „Недела неработен ден“ во туристичките места“. Местото не е наведено – часот не е наведен! Значи…тие што сакаат да поразговараат со министерот ќе мора да крстарат цел ден низ Охрид во надеж дека ќе имаат среќа да го сретнат. За разлика од нив, оние што се подготвени за аплауз без да ја слушнат содржаната, сигурна сум дека точно знаат Кога и Каде треба да бидат. Бидејќи не сум дел од привилегираните, сакам јавно да му поставам на министерот неколку прашања: 1.Кој е предлагач на Законот што денес ќе го промовирате? Министерството за економија или група пратеници? 2.Како може министере, да промовирате закон кој сè уште не е доставен до Собранието и пратениците и кој не поминал на комисија на работното тело? 3.Ако сте толку загрижен за трговците во туристичките места, министере, зошто законот втора недела не е ставен за разгледување на комисијата за економија? 4.Како однапред знаете министере, како ќе изгледа финалната верзија на Законот што тргнавте да го промовирате? 5.Каде Ви е гласноговорничката Јагода Шахпаска, министере, за заедно да им објасните на работниците зошто им дадовте лажна надеж дека е возможно да не работат во недела во туристичко место како Охрид? 6.Колку викенди и празници поминаа додека се освестивте министере? 7.Колку вработени се испуштија токму заради избрзаното и непресметано носење на Законот за трговија? 8.Колкав промет на трговците во туристичките места им „изеде“ законот? 9.Колку туристи одвративте од намерата да го посетат Охрид за време на викенд и празник? И… 10.Што ќе си купите од Охрид денес и од каде, министере? Законот познат како Недела неработен ден почна да се применува од 1ви јануари, за после нецели 4 месеци да сфатите дека не чинел!? Денес ќе им кажете на трговците од Охрид дека законот ќе се врати по старо и со сиот ум очекувате БРАВО да ви речат!? ПРОМАШЕН ВИ Е ЗАКОНОТ И ЗАДОЦНЕТА ВИ Е СРЕДБАТА МИНИСТЕРЕ! Оваа средба требаше да се случи пред да се испофалите и да им дадете лажна надеж на работниците во туристичките места дека ќе бидат слободни во недела! А…ЗА ЛАЖНА НАДЕЖ НЕ СЕ ДОБИВА АПЛАУЗ МИНИСТЕРЕ! Залудно сте дошле во Охрид, освен секако, ако од свој џеб си го платите кафето и ручекот! За граѓаните, за моите охриѓани и за туристичкиот развој на нашиот Охрид одговорно тврдам не се виновни газдите, а уште помалку работниците! Виновна е оваа недоделкана власт која не е способна да осмисли бар едно законско решение, без да им наштети на граѓаните и државата! #Изборите_се_излезот, пишува Петкоска на својот фејсбук профил.
Македонија е под сериозен ризик од суша
Пари - пред 8 часа
Македонија е под сериозен ризик од суша - БанкоМетар Почетна Кредити Потрошувачки Станбени Автомобилски Хипотекарни Реновирање Рефинансирање Студентски Пензионерски Дозволено Пречекорување Картички Кредитни Дебитни Престижни Штедење Класично Скалесто Детско Новости Прашања За Нас Македонија е под сериозен ризик од суша 2022-05-23 22:00 Светската метеоролошка организација минатата година објави опсежно истражување под наслов Атлас на смртност и загуби во економијата од непогоди предизвикани од времето, климата и водите.Според овие податоци, помеѓу 1970 и 2019 година, во светот имало повеќе од 11 илјади непогоди поврзани со времето, климата и водите, со нешто повеќе од два милиони смртни случаи и материјални загуби во износ од 3,6 трилиони долари. Автор: Катерина Спасовска – Трпковска од Порта3 И нашата држава не е поштедена од последиците од екстремните временски услови. Сите се сеќаваме на екстремните врнежи и на поплавата во Скопската Котлина во 2016 година, кога покрај огромна материјална штета, беа загубени повеќе од 20-тина човечки животи. Во последните години, сè почесто сме изложени на интензивни и долготрајни топлотни бранови во летниот дел од годината, кога и максималните и минималните температури достигнуваат рекордни вредности, особено во урбаните средини. Од друга страна, недостатокот на врнежи ги иницира сушните услови и предизвикува огромна штета не само на земјоделскиот, туку и на енергетскиот економски сектор. Токму заради сето ова, Светската метеоролошка организација оваа година Светскиот метеоролошки ден го посветува на важноста на навремените предупредувања. Овие навремени предупредувања треба да водат кон рана акција од страна на институциите кои работат на намалување на ризикот од катастрофи. УХМР изработува прогнози и предупредувања во соработка со престижните светски и европски метеоцентри (како на пример Европскиот центар за среднорочна прогноза од Велика Британија), и ги доставува не само до јавноста, туку и до бројни институции за понатамошно постапување (ЦУК, Дирекција за заштита и спасување, министерства итн.). Успешноста на ваквите прогнози и предупредувања се во директна зависност од прецизните и континуирани метеоролошки мерења во мрежата на метеоролошките станици, но уште повеќе зависат од современите далечински (сателитски и радарски) информации. Токму затоа, УХМР во 2018 година изврши значителна надградба и осовременување на постоечките радарски системи. Понатаму, со учество во Европската програма на Еуметнет – Метеоаларм, УХМР на едноставен начин известува за можни екстремни временски непогоди (во летниот период ги вклучуваше жолта/портокалова/црвена фаза во случаите на топлотните бранови, а Министерството за здравство преземаше понатамошни мерки и препораки за граѓаните). Како регион кој е исклучително често погоден од олујно невреме, проследено со појава на град, УХМР не само што обезбедува навремени предупредувања, туку и учествува во експерименталната програма за заштита од град применувајќи најсовремена метода на авионско засејување на облаците. Последно, но исто така многу значајно е што УХМР во соработка со Светската метеоролошка организација, интензивно работи на прашањето на климатските промени. Во оваа насока, УХМР досега има изработено климатски сценарија за нашата држава, кои може да дадат корисни информации за разни сектори во поглед на нивната адаптација кон идните услови. Има ли национален систем за рано предупредување од природни катастрофи? Што се однесува до природните катастрофи поврзани со времето, УХМР спроведува протоколи за најава согласно стандардите на СМО, но за да се зборува за сеопфатен национален систем за рано предупредување од природни катастрофи потребно е уште многу работа. Во последниве години, УХМР учествува во Проект за целосно операционализирање на националниот систем за рано предупредување од природни катастрофи – МУЛТИХАЗАРД (South East Europe Multi Hazard Early Warning System (SEE-MHEWS), како дел од регионалниот систем на Југоисточна Европа, кој е пак дел од Глобалниот систем за предупредување од природни катастрофи на СМО. Што велат досегашните мерења која година имало најмногу врнежи, а кои денови биле најтопли и најстудени. Што е она што сè повеќе го имаме, сонцето или студот? И што да очекуваме во иднина? Честопати споменувана е поплавата во Скопје од 1962 година, а во август 2016 година интензивните врнежи го достигнаа својот максимум во Стајковци. Според податоците на 6 август 2016 регистрираниот рекорден интензитет е со веројатност за ваква појава еднаш во илјада години. (На Главната метеоролошката станица во Скопје на Зајчев Рид е забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи (од 17 до 22 h) 84,5 mm. Апсолутниот рекорд на дневно количество на врнежи во Републиката изнесува 201 мм, забележан во јуни 2004 година во Гевгелија. Според податоците на УХМР и сушата и долготрајните сушни периоди без врнежи не се непознати во нашата Република. Изразениот дефицит на врнежи во периодот 1984 – 1994 значително влијаеше на земјоделското производство и на водостојот во акумулациите и природните езера. Повеќегодишната анализа на временските и просторните карактеристики на сушите, потврдува дека Северна Македонија е под сериозен ризик. Од вкупниот број на анализирани години (околу 70), скоро во 30 отсто од годините е забележана појава на суша. Појавата на екстремно високи летни и екстремно ниски зимски температури е зачестена појава особено во последните години и се блиски до рекордните, eкстремно максималната температура на воздухот 45,7 степени Целзиусови измерена во Демир Капија во јули 2007 година или до апсолутно најниската -31,5 измерена во Берово во јануари 1954 година. Досегашните климатски сценарија укажуваат дека сосема сигурно ќе има постојано зголемување на температурата во периодот до 2100 година. Во споредба со периодот помеѓу 1961 и 1990, очекуваните промени во иднина ќе бидат најинтензивни во најтоплиот период од годината. За периoдoт пoмеѓу 2025 и 2100 година се очекува пад во врнежите, во сите годишни времиња и на годишно ниво, а најголемо намалување ќе има во текот на летото. Интензитетот на промените е најголем во најтоплиот дел од годината (во јули и август, можеби и воопшто нема да има врнежи), а во студениот период од годината се очекува намалување во врнежите од дури 40 отсто од просечните месечни количества. Која стопанска гранка е најпогодена од климатските промени? Дали е тоа земјоделството, енергетскиот сектор, сточарството? Во 2001 година се случи екстремна суша на целата територија на Републиката. Некои податоци покажуваат намалување на земјоделските производи во споредба со 1999 година. Ефектот на сушата, исто така, влијаеше на намалување на културите во 2002 година, како резултат на задоцнувањето на есенското засејување (во Југоисточниот Регион намалување на полињата за 43 отсто). Исто така, 2007 година почнала со неповолни хидролошки услови и се развила како година со јака и екстремна суша, особено во западниот дел на земјата. Во Пелагонискиот Регион, поради сушата биле под закана 8.500 хектари пченица, четири илјади хектари јачмен и 1.400 хектари ’рж. Загубите на пченица изнесувале 32 отсто. Валандовските плантажи (Вардарски Регион) биле загрозени од сушата, производството на цреши било намалено на половина во Источниот Регион, како и производството на пиперки во Југоисточниот Регион. Се намалило нивото на водата во Преспанското и Охридското Езеро, а хидроцентралата Дебар-Шпилје го намалила производството на енергија за 14 отсто. Сушата била индиректна причина за многу шумски пожари кои речиси секоја година уништуваат 3.200 хектари шума. Колку метеоролошки станици има во Македонија и што покажуваат тие, кои делови од државата се најпогодени од високи температури и од намалување на врнежите? Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) врши климатски и агрометеоролошки набљудувања. Располагаме со постојан класичен систем на метеоролошки мерења и со автоматски метеоролошки станици. Метеоролошките набљудувања се изведуваат на повеќе од 194 станици и тоа: 19 главни метеоролошки, 7 климатолошки, 24 фенолошки, 94 дождомерни станици и 65 автоматски метеоролошки станици (АМС). Од особено значење е одржувањето и постојаното осовременување на националниот набљудувачки систем. УХМР објавува хидролошки, метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки информации, дава анализа и прогноза на времето. Меѓутоа УХМР има и други сектори како што е Квалитет на води, каде се врши мониторинг и се испитува квалитетот. Може ли да ни кажете до какви податоци доаѓа УХМР во однос на квалитетот на водите во Македонија? Мониторингот на површинските води од реките, како дел од мониторингот на животната средина е законски регулиран и служи за следење на процесите што се одвиваат во водите на овие површински водни тела, за да се постигне и одржи добар еколошки статус. Квалитетот на водите се мери на 20 мерни места, на реките Вардар, Треска, Пчиња, Крива Река, Лепенец, Елешка, Црна Река, Брегалница, Струмица, Радика и Црн Дрим. Целта на мониторингот на површинските води е обезбедување информации за: биолошките, физичко-хемиските, морфолошките и еколошките карактеристики на водните тела; за поддршка и валидација на процедурите за проценка на влијанијата врз водните тела; за проценка на долгорочните измени на природните услови во водните екосистеми; за проценка на долгорочните измени на водните екосистеми кои потекнуваат од интензивните човекови активности; за дизајнирање ефикасни и ефектни мониторинг програми. Квалитетот на водните тела според биолошките параметри, на годишно ниво се определува преку пресметување на EQR (Ecological Quality Ratio) со математички пресметки според средната годишна вредност добиена од вредностите на избраниот индекс, кој се смета за најрепрезентативeн за мониторингот на површинските води во државата, за секое мерно место засебно. Кај нас, за фитобентос, за најпогоден е избран индексот IPS – Indice de polutio sensibilité (Cemagref 1982), коj е еден од најчесто употребуваните индекси во мониторингот на површинските води во Европската Унија. Колку државата ги задоволува барањата за инвестиции во осовременување на опремата? Колку вие како Управа барате, а колку добивате? Има ли разбирање дека инвестирањето во нова опрема нè спречува од идни катастрофи? Ние секако продолжуваме по планот и програмата кои претходно се усогласени со Светската метеоролошка организација. Осовременувањето и модернизирањето на метеоролошката мрежа секако ќе продолжи. Јакнењето на капацитетите на Управата е значајно со што би се подобрило обезбедувањето информации за состојбата на климатскиот систем. Осовременувањето на метеоролошката мрежа се одвива тековно, како би се вршело постојан мониторинг на климата и на климатските промени во Македонија. Според досегашните залагања на Управата, а благодарејќи на медиумите -пишани и електронски, јавноста секогаш е навремено информирана за тековните и за идните состојби на времето и климата. БИОГРАФИЈА М-р Ивица Тодоровски е директор на Управата за хидрометеоролошки работи од 3.8.2017 година. Роден е во Скопје на 13.6.1973 година. Средно образование завршил во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, а додипломски и постдипломски студии завршил на Машинскиот факултет во Скопје. Долги години работи во ЈП „Македонија пат“ од кои 12 години како раководител на механизација. Како овластен инспектор за животна средина во Општина Бутел работи во наредните пет години. Од 2013 до 2017 година е член на Советот во Општина Ѓорче Петров. СтатииАнализа – Нови факти за сивата економијаОбемот на сива економија е оценет на 23.2% од БДП …Oд покачувањето, ќе се спасат само тие со фиксни каматни стапкиПокачувањето од 0,5 % од Народна Банка не би требало …Најмногу онлајн купувања од странство кон Македонија се направени од САД и Обединетото КралствоВо текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале …СЕФФ: Преку регионално поврзување – зајакнување на отпорноста на економиите на идни шокови Преку регионална соработка и поттикнување на конкурентноста на економиите, …Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинаваРецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај … Популарна содржина X Почетна Услови за Користење За Нас Прашања Маркетинг и Огласување Контакт
Атлантик Група доби награда за најдобра ХР практика на годината
Бизнис вести - пред 8 часа
Атлантик Група доби награда за најдобра ХР практика на годината 23/05/2022 ПРЕТПРИЕМНИШТВО И покрај исклучително силната конкуренција, Атлантик Група оваа година доби признание за Најдобра ХР практика на годината, во изборот на Македонската Асоцијација на Човечки ресурси (МАЧР). Оваа награда ѝ се доделува на компанијата која е оценета како најдобра во полето на човечките ресурси, која негува позитивен и продуктивен пристап на работа. Ова е веќе вторпат како Атлантик Група е добитник на една од престижните 3 награди кои ги доделува Македонската Асоцијација на Човечки ресурси. За потсетување, во 2018 година Атлантик Група ја доби наградата за најдобар ХР Менаџер за 2017 година. Пошироката ХР заедница во Македонија ја препозна Атлантик Група како компанија со истакната и успешна ХР практика, во конкуренција од вкупно 17 домашни компании. Доделувањето на наградите за ХР заедницата го организираше Македонската Асоцијација на Човечки ресурсти, а истиот се одржа во пресрет на светскиот ден на Човечки ресурси, кој се одбележува на 20 мај. “Атлантик Група веќе долги години работи на стратегија на задржување на вработените, обезбедувајќи флексибилна работна средина во однос на местото, времето, и описот на работното место. Инвестира во грижа за своите вработени и нивните семејства, поттикнувајќи лојалност и наградување на најдобрите, преку имплементирање долгорочни програми наменети за задржување на вработените”, изјави Елизабета Мирчевска менаџер за човечки ресурси во Атлантик Група. 2022-05-23 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn
ЦЕНОВЕН ШОК, во најава! Престанува да важи мерката за замрзната маржа и за укинатото ДДВ?!
Вечер - пред 11 часа
Нема продолжување на владините мерки за замрзнување на маржата и ослободување од ДДВ-то на основните прехранбени производи, дознава Сител. Од наредната недела, кога завршува важноста на мерките, се очекува и нивно поскапување. За да се ублажи шокот од драститчното зголемување на цените кај лебот, брашното и маслото за јадење, Владата целосно го укина ДДВ од 5 %, а на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 %. Сега, извори за Сител, велат дека пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември , за кога се очекува зголемување на цената на струјата и евентулано обезбедување енергенси и основни прехранбени суровини. Владата, со ребалансот на буџетот, за нов пакет помош за граѓаните и стопанството издвои 76 милиони евра. Експертите неколку пати алармираа – вештачкото држење на замрзнати цени, не е добра мерка, затоа што суровините поскапуваат на светскиот пазар, па после одмзранувањето на цените ќе дојде до драстично поскапувањее на производите и кај нас. Владата сетот мерки го донесе од март до крајот на мај. Но, цените продолжија да растат и покрај ограничувањата. Според статистиката, во април производите на мало поскапеле за над 11 %, а инфлацијата достигна 10,5 %.
ССМ испрати барање за средба со Владата, бараат одговор дали се изиграни
Сител - пред 10 часа
Embedded video for ССМ испрати барање за средба со Владата, бараат одговор дали се изиграни
(ФОТО) Најмногу онлајн купувања од странство кон Македонија се направени од САД и Обединетото Кралство
Весник - пред 14 часа
Во текот на 2021 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра, покажува анализата на податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци изработена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Како што стои во соопштението од АЕТМ, ова претставува раст од од 58,4 отсто во бројот и 50,5 проценти во вредноста на трансакциите во однос на 2020 година кога имало 297.742 онлајн трансакции со вкупна вредност од 10,9 милиони евра. Од вкупниот износ во вредност од 16,4 милиони евра кои странците во текот на 2021 година го потрошиле онлајн за купување во Северна Македонија, повеќе од половината, односно 53 отсто од вредноста на трансакциите се реализирале од страна на ТОП 10 земјите со најголема потрошена вредност онлајн во земјава. Од ТОП 10 земјите по вредност на онлајн трансакции кои платиле со странски платежни картички во државава, соседни земји со најголем промет се Бугарија со потрошени 534 илјади евра и Косово со потрошени 302 илјади евра. – Најголем број на трансакции со странски платежни картички (60.949 трансакции) се реализирани со картички кои се издадени во САД, а потоа следи Обединетото Кралство со реализирани 40.704 онлајн трансакции. Дел од ова веројатно се должи на странски картичките од брендови како “Payoneer” и “Revolut” од САД, односно Обединето Кралство кои воедно се користат од лица од земјава, особено лица од ИТ секторот кои работат “freelance” за странски компании и претставништва и по тој основ остваруваат приходи кои им се исплаќаат на странски картички, кои може да ги користат за трансакции кон дома, стои во соопштението. Дополнуваат дека останатите земји од каде што има најголем број на онлајн трансакции доминантни се оние земји каде има голем број на иселеници, како Швајцарија, Германија и Шведска кои ги користат своите платежни картички за да купуваат онлајн од е-продавници од Северна Македонија. Од соседните земји, Бугарија и Србија се дел од ТОП 10 земји кои пазаруваат онлаjн во државава.
СЕФФ: Преку регионално поврзување – зајакнување на отпорноста на економиите на идни шокови
Бизнис вести - пред 16 часа
СЕФФ: Преку регионално поврзување – зајакнување на отпорноста на економиите на идни шокови 23/05/2022 ЕКОНОМИЈА Преку регионална соработка и поттикнување на конкурентноста на економиите, ќе се зголеми нивната отпорност на идните шокови, а воедно и ќе се забрза развојот на регионот и одделните национални економии. Ова е еден од столбовите на кои ќе се темели дискусијата на претстојниот Скопје економски финансиски форум – СЕФФ, кој во организација на Министерството за финансии, ќе се одржи на 30 и 31 мај во хотелот „Александар Палас“. На форумот се предвидени високи функционери од регионот и земјава и претставници на бизнис секторот и експертската јавност. Во изминатите неколку месеци се покажа дека меѓусебната поддршка помеѓу земјите во регионот значи многу во надминувањето на шоковите кои ги донесе ценовната криза. Исто така, на среден рок, поврзувањето на пазарите и намалувањето на трошоците за движењето на стоки и услуги во регионот, ќе придонесе за пристап до поголем број на потрошувачи од страна на компаниите. На тој начин полесно ќе можат да постигнат економија од обем и да ја зголемат конкурентноста. Во таа насока е и иницијативата „Отворен Балкан“, кон која се приклучивме заедно со Србија и Албанија, а која има за цел да ги опфати и останатите земји од регионот на Западен Балкан. Економските и трговските бариери го намалуваат капацитетот за раст на регионот. „Отворен Балкан“ води кон бришење на границите како административни бариери и ги овозможува четирите европски слободи за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Во рамки на иницијативата склучени се договори со кои се укинуваат граничните контроли за да може стоката да поминува речиси без доцнење и кои им овозможуваат на граѓаните слободно да работат во другите земји. Исто така, се преземаат и повеќе иницијативи за јакнењето на иновативноста и претприемништвото на компаниите, пред се преку олеснување на пристапот до капитал. Во таа насока, креирани се повеќе фондови и линии кои ги таргетираат претприемачите и развојот на малите и средни бизниси, како најголеми креатори на работни места. Преку Фондот за иновации и технолошки развој, како и формирањето на Гарантата шема, целта е да подобри пристапот до капитал за претприемачите, кои ќе креираат додадена вредност и ќе придонесат за раст на конкуретноста и економскиот перформанс. 2022-05-23 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn
На ТМФ отворена ИНО ФАБ ЛАБ – катче за младите иноватори
Канал 5 - пред 17 часа
Станува збор за ИНО ФАБ ЛАБ – катче во кое младите со помош на ментори ќе можат да крираат, иновираат и да се дружат, создавајќи продукт прототип како основа за почеток на некој нивен успешен бизнис. – Замислено е да има три повици на кои ќе се јават тимови водени од наши ментори. Првиот повик почнува денеска, со отворањето на лабораторијата, а вториот и третиот ќе бидат по три до четири месеци, изјави претседателот на Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ, Игор Јорданов. Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Фестим Халили, ваквите лаборатории на младите ќе им овозможат пристап до напредни технологии и материјали. -На овој начин им даваме шанса и можност на сите млади ентузијасти да ги унапредуваат своите знаења и вештини, како и да стекнат искуство. Но, без вклучување на прватниот сектор ова не би имало потенцијал за долгорочна одржливост, истакна Халили, дополнувајќи дека ова треба да биде поттик за нови иницијативи и соработки со цел создавање услови во кои факултетите ќе бидат еко системи за наука и истражување. В.д. деканот на ТМФ, Билјана Анѓушева изрази верување дека овој иновативен и најсовремно опремен простор ќе даде значаен импулс во поттикнувањето што повеќе млади луѓе да се заинтересираат за техничките науки, да станат инженери и да придонесат за развој на нашата економија. -На нашиот факултет едуцираме инженери од речиси сите индустрии, кои се почесто се дефицитарни, а се барани на пазарот на трдуот. Верувам дека креирањето нови можности за едукација и јакнење на практичните вештини ќе ги привлечат младите да градат кариери во овие области, напомена Анѓушева. Лабораторијата за производство ИНО ФАБ ЛАБ е основана со поддршка од ФИТР во рамки на „Предизвикот за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат", со поддршка од американската Амбасада и неколку домашни компании.
Бензините поскапуваат за половина денар, дизалот поевтин за 1 денар
Весник - пред 17 часа
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг. Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм) Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава
Весник - пред 17 часа
Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа”. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. Централната банка направи надолна ревизија на проекциите за економскиот раст на земјава за оваа и следната година, со коja за 2022 година се очекува економски раст од 2,9%, додека за 2023 година раст од 3,6%. Гувернерката посочува дека војната во Украина има ефекти врз глобалната економија преку повеќе канали. Првиот канал е високиот раст на цените на примарните производи, особено на храната и на енергијата, имајќи ја предвид улогата којашто Русија и Украина ја имаат на овие пазари. Друг значаен канал е намалувањето на трговијата, ММФ предвидува забавување на стапката на раст на глобалната трговија и од 10% минатата година таа би се свела на 5% оваа година. Значаен канал е и затегнувањето на финансиските услови на меѓународните финансиски пазари. Последниот, но многу значаен канал, е намалувањето на довербата кај инвеститорите и потрошувачите. Гувернерката истакнува дека за нашата економија е специфично дека нема позначајни директни финансиски и трговски врски со Русија и Украина. Трговијата со нив учествува со околу 2% во вкупната трговија. Финансиските врски се релативно слаби: странските директни инвестиции оттаму се помалку од 1%, приватните трансфери имаат незначително учество, а не се присутни руски и украински финансиски институции. „Кај нас ефектите повеќе ќе се почувствуваат преку индиректни канали, а тоа е степенот до којшто ќе биде погодена ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер и колку ќе се прелее тоа и кај нас. Исто така ќе се одрази и затегнувањето на финансиските услови на меѓународните пазари, како и зголемената неизвесност којашто може неповолно да се одрази врз одлуките за инвестиции и потрошувачка”, посочува гувернерката.
Ивановски: Потребно е поголемо штедење, а помало трошење
Телма - пред 14 часа
Потребно е поголемо штедење, а помало трошење. Универзитетскиот професор Зоран Ивановски за новото задолжување од една милијадра евра, кое се планира годинава, смета дека е превисока сума и на долг рок ваквиот долг ќе биде неодржлив.Очекува со новите мерки кои се планираат со ребаласот повеќе помош да добијат фирмите и оние кои придонесуваат за економијата, затоа што високата бројка на граѓани кои не зеле плата се аларм дека состојбата со компаниите е многу лоша.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
Град од 25 милиони НЕ ПРОДАДЕ НИЕДЕН АВТОМОБИЛ во април
Весник - пред 16 часа
Најголемата кинеска метрополитанска област, дом на 25 милиони луѓе, е под строги мерки за изолација веќе седум недели, додека Кина продолжува со своите строги мерки за контрола на пандемијата, кои имаа силно влијание врз економијата. Властите им наредија на луѓето да останат дома и да затворат многу компании додека се обидуваат да ја спречат најлошата епидемија на Ковид во градот до денес. Но, додека властите таму во понеделникот објавија дека ќе дозволат „ниски нивоа на активност“ во некои области, многу жители рекоа за Си-Ен-Ен дека не им е дозволено да одат надвор од нивните станбени населби, објави Си-Ен-Ен Ограничувањата поради Ковид сериозно се одразија на локалниот пазар на автомобили – речиси сите салони за автомобили се затворени, а продажба воопшто не е забележана, се вели во соопштението на Шангајската асоцијација на дилери на автомобили. Продажбата на автомобили во Кина падна за 46 отсто во април, во споредба со март 2022 година. Тоа беше најлошата продажба во април во последната деценија, објави кинеската асоцијација на производители на автомобили минатата недела. Кина воведе строги ограничувања додека се бори со најголемата епидемија на Ковид во повеќе од две години. Според проценките на Си-Ен-Ен, повеќе од 30 градови во Кина се целосно или делумно затворени, погодувајќи до 187 милиони луѓе ширум земјата. Шангај е исклучително важен за кинеската автомобилска индустрија. Градот е на прво место по вкупната продажба на автомобили – околу 736.700 нови возила се продадени во Шангај минатата година, најмногу меѓу сите кинески градови, според статистиката на главниот регулатор за осигурување во земјата. Тоа е исто така голем производствен центар, дом на производители на автомобили како што се Tesla и Volkswagen, како и големи добавувачи на делови како Bosch и ZF Group. Карантините во Шангај и другите кинески градови предизвикаа големи нарушувања во синџирот на снабдување и ја погодија потрошувачката во втората по големина економија во светот. Така, и покрај локалното производство, остар пад на продажбата бележат големите производители, од кои некои нудат комплетна онлајн услуга. Продажбата на Tesla во Кина во април паднала за цели 98 отсто во однос на претходниот месец, додека производството во фабриката во Шангај е помало за 81 отсто. Тоа е голем удар за американскиот производител на автомобили по добриот почеток на годината во Кина. Тојота минатата недела објави дека затворила 14 производни линии во осум фабрики во Јапонија, поради недостиг на делови како резултат на затворањето во Шангај. Nissan Motor исто така објави пад на продажбата од 46% во Кина во однос на претходната година.
Неколку фактори ја вивнаа цената на нафтата до 113 долари за барел
Фактор - пред 15 часа
Скокнаа цените на нафтата поради силната побарувачка за гориво во САД, оскудната понуда и слабеењето на доларот. Сега барел се продава за 113 долари. Европската нафта од типот брент поскапе за 72 центи на 113,27 долари за барел во азиската трговија, а американската сурова нафта WTI порасна за 53 центи, или 0,48 отсто, на 110,81 долари за барел. Има голема побарувачка за гориво во САД во пресрет на главната сезона на патувања, која традиционално започнува на викендот на Денот на сеќавањето на крајот на мај и завршува на Денот на трудот во септември. Цените на нафтата пораснаа и минатата недела. Во земјава од полноќ имаме нови цени на горивата.
Не се залажувајте со „солени“ понуди од „човек – агенции“ за сезонска работа, апелираат од СУТ
Нетпрес - пред 16 часа
Синдикатот за угостителство и туризам (СУТ) им порачува на сите оние работници кои имаат намера да заминат на сезонска работа надвор од државата, да бидат внимателни при изборот на агенции кои посредуваат при вработување. „Познато е дека по социјалните мрежи има еден куп на огласи кои најчесто се објавуваат од страна на т.н. „еден човек агенција”, кои навидум нудат „работа од соништата”, а во реалноста тоа воопшто не е така, за што потврдуваат и самите сезонски работници кои заминале на работа преку овие „агенции”. Истите намерно пишуваат огромни суми на плати, кои во реалност не изнесуваат толку. Наведуваат дека на работниците им се платени патот и сместувањето, за да испадне дека тоа воопшто не е така и работниците сами да ги плаќаат овие трошоци“, соопштија од овој синдикат. Додаваат дека- што е уште потрагично, тоа што со „огромните плати” што ги наведуваат, велат дека ќе работат од 8 до 10 часа, за што ќе им биде платено дополнително. Во реалноста, ова воопшто не е точно. Искуствата покажуваат дека наместо гореспоменатите часови, работниците работат од 12 до 14 часа секој ден, а дополнителните часови не им се надоместени. „Синдикатот за угостителство и туризам неодамна започна соработка со Синдикатот за туризам и услуги на Хрватска, преку кој, нашите членови кои ќе одат да работат таму добиваат синдикална заштита со тоа што се вработуваат во компании со кои тамошниот синдикат има склучено колективни договори. Така, работниците од Македонија ги уживаат истите права како и нивните колеги од Хрватска“, велат од СУТ. Според СУТ, се прават напори за соработка и со останатите синдикати од регионот, со цел македонските сезонски работници да имаат поголема заштита. „Уште еднаш апелираме до работниците да бидат крајно внимателни и добро да се информираат пред да заминат на сезонска работа. Ние секогаш сме тука да помогнеме и да укажеме на ваквите непосакувани појави кои можат работниците да ги стават во неповолна положба“, информираат од СУТ. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Пазарот за фалсификати е поголем од ирската економија (ИНФОГРАФИК)
Денар - пред 17 часа
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот за фалсификати е поголем од ирската економија (ИНФОГРАФИК) ЕКОНОМИЈАСВЕТ Пазарот за фалсификати е поголем од ирската економија (ИНФОГРАФИК) мај 23, 2022 707 FacebookTwitterLinkedinWhatsAppPinterestEmail Чевли, облека, чанти, електроника: трговијата со предмети што ги прекршуваат меѓународните закони за интелектуална сопственост може да биде нелегална, но пазарот за фалсификувани производи е доста активен во последниве години. Според извештајот за глобалната трговија со фалсификати на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), трговијата со фалсификувани производи во 2019-та година изнесува приближно 449 милијарди долари, пишува „Статиста“. Податоците покажуваат дека продажбата на лажни патики, часовници и облека е исто толку профитабилна како и водење на европска земја со средна големина. На пример, ирската економија генерира приближно 431 милијарди долари, според ОЕЦД, а Португалија е на седмото место меѓу земјите-членки на Организацијата со 372 милијарди долари. Големината на пазарот за фалсификат е исто така пропорционална со економијата на Хонг Конг од 466 милијарди долари. Во Хонг Конг во периодот 2017-2019 година запленети се околу 20% од вредноста на конфискуваната фалсификувана стока. Во истиот период, Кина и Хонг Конг учествуваа со речиси 80 отсто од обемот и околу 90 отсто од вредноста на трговијата со фалсификувани производи. Турција, Сингапур и Обединетите Арапски Емирати се на третото, четвртото и петтото место, соодветно. Турција се издвојува со придонес од околу 10 отсто во вкупниот обем на запленета стока. Авторите на извештајот забележуваат дека тоа не мора да значи дека фалсификатите потекнуваат од овие економии, туку дека овие земји служат како транзитна точка за овие артикли. Според публикацијата, трговијата со фалсификувани или пиратски стоки сочинува 2,5% од светската трговија и приближно 6% од увозот во Европската унија во 2019-та година. Иако извештајот не дава конкретни бројки, глобалната пандемија секако влијае на пазарот. Затворањето на границите и ограничениот производствен капацитет доведоа до зголемување на протокот на фалсификувани лекови и опрема за лична заштита. Таговивнесекономијаземјапроизводистокифалсификувани FacebookTwitterLinkedinWhatsAppPinterestEmail НАЈНОВИ ВЕСТИ Церемонија за отворање на летната сезона во Будва НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија... СЕФФ: Преку регионално поврзување – зајакнување на отпорноста на економиите... Отворен првиот Фаб Лаб во Македонија на Технолошко-металуршкиот факултет во... Тен Хаг: Не е добро ХОРОСКОП ХОРОСКОП Дневен хороскоп 23.05.2022мај 23, 2022прочитајте повеќе
“НАУКА ЗА ДЕЦА” ПРВА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА НАУКАТА
Бизнис вести - пред 17 часа
“НАУКА ЗА ДЕЦА” ПРВА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА НАУКАТА 23/05/2022 ЕКОНОМИЈА Во организација на Фондација “КАНТАРОТ” во сабота 21 мај, се одржа првата научната конференција “Наука за деца”, а тема на конференцијата беше популаризација на науката меѓу децата. Во претпладневниот дел на програмата стотина дечиња учествуваа во серија работилници водени од искусни македонски научници. Во прекрасна атмосфера, исполнета со возбуда и љубопитност, децата на интересен начин се запознаа со различни научни концепти, како Магијата на магнетите, изработуваа свои холограми, a во рамки на секцијата “Илјада Зошто, Илјада Затоа”, имаа можност да им поставуваат прашања на директно на научниците. Научниот дел од конференцијата опфати две панел дискусии кои што родителите, наставниците и пошироката јавност можеа да ги следат преку online stream во живо. На панелот “Учење низ игра”, д-р Тања Павлевска, д-р. Менка Стојанова, д-р Бојана Стојанова и м-р Маја Виденовиќ, дискутираа како користењето на концептот на “игра” може да го направи процесот на учењето интересен за децата. На втората панел дискусија на тема “Технологијата и иднината на учењето”, Д-р. Петар Поповски, Нина Геометриева и Д-р. Андреј Ристески, говореа за начините на кои новите технологии како 5Г и 6Г, виртуелната реалност и вештачката интелигенција, во иднина ќе влијаат на едукативниот процес. На коктел забавата по повод конференцијата донаторите, претставниците на медиумите и на научната заедница имаат можност да испробаат интересни “експериментални” коктели, десерти со течен азот, молекуларна кујна итн. По повод конференцијата, Проф. Никола Стиков, еден од основачите на фондација Кантарот, изјави – “Популаризацијата на науката меѓу децата е една од главните цели на нашата фондација, а освен конференцијата, фондацијата подолго време работи на оваа тема и преку креирање на едукативни видеа кои децата можат да ги гледаат на нашaта веб страна https://naukazadeca.mk/. Инаку, преку иницијативата С(ц)иеста, соработуваме со мрежа од преку 300 македонски научници од целиот свет и на овој начин фондацијата ги спојува капацитетите на нашата научна заедница, со нашата мисија љубовта кон науката да се пренесе на следните генерации. Самата конференција беше финансирана со crowdfunding модел т.е. со микро-донации од научната заедница и од јавноста, а комуникациски партнер на конференцијата беше Публицис Групацијата. По одличниот старт оваа година и исклучително позитивните реакции од јавноста, од децата и од родителите, имаме огромен ентузијазам да размислуваме како следното издание на конференцијата би го направиле уште поинтересно за сите“. 2022-05-23 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
Банкарство - пред 15 часа
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.Банката вработува РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:Учествува во развивање и имплементирање на годишниот маркетинг план за промоции / кампањи и соработува со маркетинг агенции за имплементација на медиа плановите.Управува со секојдневните активности поврзани со сите маркетиншки активности, вклучително и следење на кампањите и поднесување на извештаи.Учествува во процесите за рекламирање, промоција на производи, работа со трговци и и општествена одговорност и спонзорство.Предлага и учествува во создавањето на производите и услугите за население со цел исполнување на зададените цели на Банката.Ги развива и проширува продажните канали за производите и услугите за население преку активна соработка со експозитурите, клиентите и трети страни.Го води животниот процес на производите и услугите и се грижи за унапредување на продажбата на истите.Изработува извештаи поврзани со продажбата и состојбата на пазарот преку маркетинг истражувања за постојните производи во однос на конкуренцијата.Избраниот кандидат треба да поседува:Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарствоНајмалку 1 година искуство, пожелно во областа на маркетинг и алтернативни канали на продажбаОдлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)Одлично познавање на англиски јазикДобро познавање на локалниот пазарДобро познавање на банкарските производиДобри организациски и комуникациски вештиниСпособност за работа во диманична средина и одговорен пристап кон рализација на зададените целиСпособност за самостојна работаРаботното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “референт во Служба за производи и поддршка на продажбата”, најдоцна до 27.05.2022 година.Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Во 1918, болшевиците едноставно престанаа да го враќаат надворешниот долг на царска Русија – дали Русија повторно ќе банкротира 1 век подоцна
Весник - пред 1 ден
Во 1918, болшевиците едноставно престанаа да го враќаат надворешниот долг на царска Русија – дали Русија повторно ќе банкротира 1 век подоцна. Единствена шанса за Русија во моментов е Бајден да не повлече таков потег Русија може да избегне банкрот се додека САД не решат дека повеќе не може Банкротот на Русија ќе ги оневозможи многу дополнителни компании, како и земји, да тргуваат со Русија, бидејќи многу од нив имаат политика на нетргување со субјектите во банкрот По Октомвриската револуција, релативно брзо, веќе во февруари 1918 година, новите советски власти објавија дека едноставно немаат намера да ги вратат долговите на „старата“ Русија, Царска Русија. За нив тоа беше минато, како и царот Николај Втори. Финансискиот свет беше длабоко шокиран и новите советски власти беа остро повикани. Како да не – големите сили, како Британија, а уште повеќе Франција, изгубија многу пари од нивните инвестиции во Русија. Но, Москва едноставно престана да го плаќа надворешниот долг и се чини дека не се грижела премногу за пресудите. Затоа, не е изненадувачки што западните сили, колку што е можно, силно ја поддржаа Белата армија против Црвената армија. Граѓанската војна во Русија траеше до 1923 година, но ревизија на промената веќе не беше можна – болшевиците победија во војната, а доверителите останаа без своите пари. Се разбира, мора да се потсетиме на структурите што постоеја пред да дојде Ленин на власт. Царска Русија во 19 век позајми многу од странскиот пазар на капитал во обид да го стимулира растот на својата економија, но и трансформацијата. Да потсетиме, царска Русија сè уште беше главно феудална земја која имаше амбиција да стане капиталистичка, односно да помине низ транзиција низ која веќе поминаа другите сили. Но, за тоа им беа потребни странски инвестиции – и ги добија. На европските финансиски пазари им беше потребна Русија, а на Русија и беа потребни тие. Руските власти мораа да обезбедат финансии за дефицитот во нивниот буџет, но сето тоа прилично ги чинеше. Да ги погледнеме бројките Во 1913 година странските инвеститори имале вкупно 49,7% од долгот на Русија. Притоа, тие поседувале речиси 100% од сите руски гасни полиња, 90% од рудниците, 50% од хемиската и 40% од металуршката индустрија. Надворешниот долг на Русија бил најголемиот во светот во тоа време. Од кого позајмиле? Еден од главните руски доверители била Франција. Ова можеме да го видиме од бројките – дури 80% од надворешниот долг на Русија бил во Франција и уште 14% во Британија. Во интерес на овие западни сили бил Русија да се развива бидејќи знаеле дека ќе заработат многу добри пари од тоа уште многу години. Но, потоа се случи Првата светска војна, а со тоа и ширењето на некои „радикални идеи“ и сето тоа кулминираше со Октомвриската револуција од 1917 година која го „потресе светот“ на толку многу начини. Оттогаш помина повеќе од еден век, а обидот на Русија да го избегне капиталистичкиот систем заврши во раните 1990-ти кога Советскиот Сојуз се распадна и нови држави останаа на и нов неговата територија, веднаш тргнувајќи во транзиција од социјализам во капитализам. Се подразбира дека Западот беше пресреќен – конечно дојде време кога ќе може да профитира од Русија. Еве сме во 2022 Сега, за прв пат од 1918 година, повеќе од еден век подоцна, повторно се зборува дека Русија може да банкротира, но не како тогаш. Иако некои би можеле да кажат дека тоа би бил „вистински потег“, не треба да се очекува дека сегашната руска влада ќе следи „болшевичка тактика“ и ќе го прогласи меѓународниот финансиски систем за неважечки (такво нешто ќе бара нова револуција во Русија). Но, сè уште им се заканува банкрот. Да потсетиме, во март оваа година, околу еден месец по почетокот на руската инвазија на Украина, почна многу да се зборува за можниот неизбежен руски банкрот – и многу повеќе од тоа. Беше речено дека Русија за неколку дена/недели ќе доживее целосен економски колапс, дека нејзината валута ќе стане безвредна, дека „крајот“ е близу. Денеска сме во втората половина на мај и ништо од горенаведеното не се случило. Имаме дури и спротивни реалности од споменатите прогнози – пример е руската валута, која силно закрепна. Па, вредноста на руската валута ја „туркаат“ вонредните одредби на централната банка, но никаде не пишува дека „не треба“. Поентата е дека црните прогнози за Русија не се остваруваат, па најавениот банкрот не стигна бидејќи Русија посегна во куферите со девизните резерви и си ги исполни обврските. Владата на Кремљ нема никаква врска со владата од 1918 година, која верувала дека со отфрлањето на надворешниот долг храбро се движи кон нова голема транзиција за кратко време – Русија требало да премине од феудализам во капитализам, а потоа во социјализам за помалку од еден век. И успеала, донекаде. Денес прашањето е во што? Социјализам? Да речеме. Комунизам? Сигурно не. Државен капитализам? Веројатно. Како и да е, на сето тоа му дојде крајот пред 30-ина години и Русија реши да продолжи таму каде што болшевиците ја „запреа“. Москва денес нема намера да се изолира од светот, односно не би го сакала тоа. Болшевиците, од друга страна, сакаа и посакуваа. Советскиот Сојуз како што го паметиме е нешто друго, стана „дел од светот“ дури по Втората светска војна, претходно беше изолиран од него и чекаше светот да дојде до него во форма на глобална комунистичка револуција. И денешна Русија би војувала во Украина и би ги вратила своите долгови кон западните функционери соодветно, ако може Проблемот е што таа не може, исто како што демократскиот Запад, не може да ја спречи Русија да ги исполни своите финансиски обврски. За што? Па да банкротира, се разбира. Зошто им е толку важно Русија да банкротира? Не е дека со тоа Русија ќе престане да постои (или дека ќе стави крај на војната во Украина). Тие веруваат дека ако таа банкротира – тоа ќе го забрза нејзиниот внатрешен дефект, дека деновите што Путин има намера да ги помине во Кремљ ќе се бројат на две раце, ќе бидат драстично намалени. Банкрот на Русија би бил незамислив пред 24 февруари, треба веднаш да се каже. Русија не беше ни блиску до аргентинско сценарио, ниту можеше да биде со толку продадена нафта и гас. Дали рускиот народ требаше да живее подобро земајќи ги предвид сите тие приходи, да. Што конкретно би се случило ако Русија банкротира? Едноставно е – таа повеќе не би имала пристап до финансиските пазари на кои досега позајмувала. Дали тоа би било толку страшно за неа? На самиот почеток, се разбира да. Подоцна? Би се прилагодила на новата реалност и изолација, но не постои гаранција дека тоа ќе доведе до некоја голема промена. Избројани денови на Путин на власт Што добива Западот ако Русија банкротира? Слично на личен банкрот кога банките сакаат да ги подмират вашите средства. Западните доверители може да се обидат да го запленат рускиот имот. Не оној во Русија, се разбира, за кој би морале да се борат, но Русија има уште многу имот надвор од Русија (не сметајќи ги милијардите во евра и долари кои веќе се замрзнати преку санкции). На пример, руски Газпром има многу инфраструктура во Европа. Не би било чудно доколку овие средства брзо се присвојат во случај на руски банкрот. За време на аргентинскиот банкрот, тогашната претседателка Кристина Киршнер одеше низ светот на состаноци со изнајмен приватен авион, а не со претседателски, затоа што би го конфискувале доколку таа се појавила некаде со него. На Путин веќе му е забранет влез во многу западни земји, вклучително и Канада. Банкротот на Русија ќе ги оневозможи многу дополнителни компании, како и земји, да тргуваат со Русија, бидејќи многу од нив имаат политика на нетргување со субјектите во банкрот. Понатаму, предизвикувањето руски банкрот ќе биде казна што ќе се чувствува уште долго време и во Европа, но и пошироко. Да речеме дека има гигантска промена во Русија, дека Путин е соборен, дека армијата се повлекува од Украина, Русија сепак би била банкротирана и по силата на автоматизмот би и бил урнат кредитниот рејтинг, што значи дека би било тешко да се задолжува со години на странските финансиски пазари – во превод: долгорочно забавување на економскиот развој. Сето ова се причините зошто се воведуваат санкции за руски банкрот, предизвикан од руската инвазија на Украина, а Москва ќе се бори колку што може да го спречи тоа да се случи. Сепак, ова може да биде залудна борба бидејќи тие ја водат цело време на „туѓ терен“, за што можеби се свесни, а можеби и не. Бајден има нов план Имено, емриканскиот претседател Џо Бајден има нов план и – како што пишува Блумберг, повикувајќи се на свои извори – би можел многу брзо да го спроведе. Каков план? План со кој Русија речиси сигурно завршува со банкрот. Како? Со планирање да се одземе специјалната дозвола на Русија според која Русија може/смее да ги плаќа своите надворешни долгови во американски долари. Да, за тоа е потребна посебна дозвола, од Вашингтон, а руската дозвола истекува за неколку дена, на 25 мај. Што ако истече дозволата и нема обновување? Тогаш меѓународните банки повеќе не смеат да прифаќаат руски плаќања во долари. А што ако Русија сака да плаќа во друга валута, да речеме во рубљи, како што најави дека ќе направи? Ова, пак, исто така ќе им се забрани, со образложение дека во договорите јасно стои дека плаќањето мора да биде во американски долари (и пишува). Што би се случило на 25 мај во тој случај? Тој ден ништо, им истекува дозволата за плаќање на долгот во долари. Но, два дена подоцна, на 27 мај, почнуваат проблемите. Имено, тој ден е крајниот рок за редовно руско плаќање. А што ако не може да го плати? Постапката е следна – во тој случај се активира 30-дневен „грејс“ период во кој сè уште трае исплатата (која нема да дојде, бидејќи не може да се плати) а потоа по неговото истекување се прогласува банкрот. Значи, почетокот на летото. Значи Русија едноставно нема шанса овој пат? Така изгледа. Дури и ако има пари? Да. Дури и ако сака да плати? Да. Единствена шанса за Русија во моментов е Бајден да не повлече таков потег, односно да ја продолжи лиценцата на Русија за плаќање во УСД. Но, зошто американскиот претседател би го направил тоа, зарем не е во негов интерес Русија да банкротира? Зависи. Некои претставници на Министерството за финансии на САД веќе коментираа дека тоа не е добра идеја, барем засега. Зошто? Затоа што ако Русија банкротира, освен што американските и другите меѓународни доверители нема да ги добијат парите од Русија, Русија веќе нема да мора да ги троши сите тие пари за враќање на долгот… Значи ќе и останат повеќе пари на краток рок. За што? За војната против Украина, се разбира. Значи, за американската администрација сега важи – или да ја банкротира Русија сега или да чека да се потроши уште малку со враќање на долговите? На среден и долг рок, следува криза ако земјата остане изолирана од Запад, но и од Исток. Тој (Бајден) наскоро ќе треба да одлучи нешто, а Русија може да избегне банкрот се додека САД не решат дека повеќе не може. Се разбира, во овој случај, Москва може да се потсети дека еднаш пред сто години, нивните предци, од чии економски идеи се откажаа, банкротираа, преживеаја и напредуваа и покрај банкротот. Но, тоа се радикални исходи. Тогаш тоа е повторно враќање на некои нови револуционерни времиња, но и неопходен период на изолација, бидејќи остатокот од светот живее во овој финансиски поредок и засега сè уште не протестира, вклучително и оние кои ја сметаат Русија за непријател или за пријател. (Vecer.mk VIA)
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Банкарство - пред 17 часа
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часотНеделно работно време: понеделник – петокКандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:Најмалку високо образование од областа на економските науки;Солидно познавање на англиски јазик и албански јазик;Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.Избраниот кандидат треба да поседува:Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;Одлични комуникациски способности;Позитивен приод кон работата;Висок степен на прецизност.За овие работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]Огласот ќе биде активен заклучно со 31.05.2022 година.Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Дознаките ја одржуваат економијата во кондиција
Нова Македонија - пред 17 часа
Фото: Архива Девизните дознаки на нашите иселеници од странство се исклучително важна компонента во платниот биланс на земјата, го покриваат традиционално високиот дефицит во тековната сметка од платниот биланс. Ако ги нема нив, за соодветниот износ државата би требало да обезбеди девизни средства од други извори (странски директни инвестиции, донации или, најчесто, кредити од странство), а во споредба со тие други извори на средства, девизните дознаки се сметаат за најпродуктивни, затоа што се бескаматни и неповратни средства Иселениците во странство во 2021 година како дознаки испратиле 344,45 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Тоа е значителен прилив по официјалните канали како банки и брз трансфер на пари, според Централната банка, во споредба со деценискиот просек од 2010 до 2020, кој редовно беше околу 180 милиони евра. Отскокнување имаше и во 2020 година со прилив од 262,04 милиони евра. Податоците на Евростат објавени на крајот од минатата година покажаа дека во текот на 2020 година, од земјите на Европската Унија кон балканските земји се испратени над 8,5 милијарди евра. Од Народната банка често нагласуваат дека е тешко да се посочи на прецизен износ, поради застапеноста на дознаките и во готовина, колкава е вкупната и реална сума испратена од иселениците. Оттаму додаваат дека за Македонија дознаките се многу важни, бидејќи претставуваат битен дел од доходот на населението и значајна поддршка на потрошувачката и на билансот на плаќања. – Зголемениот износ на девизни дознаки во последните две-три години, во најголем дел е предизвикан од здравствената ковид-криза, која предизвика голем дел од македонското население да има намалени приходи, поради што им беа потребни дополнителни средства за нивна нормална егзистенција. Таа криза веќе е зад нас, но се појавува нова криза, со уште посилно негативно влијание врз животниот стандард на граѓаните, а тоа се растечката инфлација и опаѓачката економска активност, предизвикани од воените случувања во Украина. Реално е да се очекува дека таквата состојба ќе предизвика натамошен значаен прилив на девизни дознаки во земјата – укажува универзитетскиот професор Томе Неновски. Според него, девизните дознаки од странство се исклучително важна компонента во платниот биланс на земјата. Тие во голем дел го покриваат традиционално високиот дефицит во тековната сметка од платниот биланс. Ако нив го нема, како што вели тој, за соодветниот износ државата би требало да обезбеди девизни средства од други извори (странски директни инвестиции, донации или, најчесто, кредити од странство) и во споредба со тие други извори на средства, девизните дознаки се сметаат за најпродуктивни, затоа што се бескаматни и неповратни средства. – Покрај за санирање на платно-билансните дефицити на земјата, девизните дознаки имаат сериозно значење за развојот на економијата, затоа што се вклучуваат во процесот на репродукцијата (нејзино соодветно финансирање, преку инвестирање и вклучување во потрошувачката како главен креатор на големината на општествениот производ) – објаснува Неновски. Истовремено, како што додава тој, девизните дознаки се исклучително значаен извор на редовни и/или дополнителни средства на одредени делови од македонските граѓани, со тоа што им го олеснуваат товарот на секојдневната потрошувачка и животната егзистенција и дополнително им го подобруваат нивниот животен стандард преку користење на тие средства за изградба или купување домови и други недвижности, купување автомобили, машини, опрема и слично. Академикот и универзитетски професор Абдулменаф Беџети нагласува дека порастот над 30 отсто на приватните трансфери во 2021 година во однос на претходна година (2020) бил сосема очекуван. – Дури при дизајнирање на макроекономските и буџетските проекции некаде на почетокот на ноември 2020 година, како советнички тим на министерот за финансии, со голема веројатност го предвидовме ова движење. Причината беше едноставна, отсуство на доаѓање на дијаспората во летниот период на 2020 година поради високиот интензитет на инфекцијата со ковид-19. Сепак овие се официјални статистички податоци, но мислам дека реалната бројка е многу поголема – појаснува Беџети. Како што вели тој, овој извор е највисок износ на финансирање покрај привлекувањето, т.е. нето-странските инвестиции. – Инаку, во долгорочен тренд сметам дека износот ќе опаѓа и покрај растечката емиграција поради интегрирање на нашата дијаспора во странство и поради тамошните инвестиции во домување, па и бизниси – посочува академикот. Според него, сѐ уште во овие трансфери доминираат намените за семејна потрошувачка во однос на инвестиции, но и покрај тоа, придонесот е огромен, и не поради високото учество на потрошувачката во создавање на БДП туку, како што вели тој, и поради фискалниот придонес преку даноците на потрошувачка, кои претставуваат околу две третини од вкупните фискални приходи. – Единствена можност за попродуктивна употреба на дознаките преку инвестиции се макроекономските услови на екосистемот, пред сѐ во гарантирање на договорите и инвестициите, поефикасното судство и јавна администрација, па сѐ до намалување на корупцијата и зголемување на институционалниот капацитет на нашите доста слаби институции. Сѐ на сѐ, создавање стабилна и одржлива бизнис-клима во сите сегменти на економскиот и политичкоправниот систем во државата – укажува Беџети.
„Милионери патриоти“ бараат од владите да ги оданочуваат
Вечер - пред 1 ден
Група милионери се приклучија на протестите против собирот на деловната и политичката елита на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Група милионери ги повикува владите да ги оданочат со цел да се справат со растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Форумот ќе се одржува од денеска до 26 мај. Необичните демонстранти, кои се опишуваат себеси како „милионери патриоти“, ги повикаа светските лидери кои присуствуваа на годишната конференција веднаш да воведат нови даноци за богатите, со цел да се реши скандалот со трошоците на животот што се случува во неколку нации во светот, објави Британски Гардијан. Добротворната организација Оксфам неодамна објави дека растечката нееднаквост може да доведе до екстремна сиромаштија уште 263 милиони луѓе оваа година, што ќе доведе до поништување на децениски напредок. „Невидено е нашите политички лидери да ги слушаат оние кои имаат најмногу, најмалку знаат за економските последици од оваа криза, а многу од нив плаќаат исклучително ниски даноци“, посочуваат „милионерите патриоти“. Тие нагласуваат дека единствениот кредибилен исход од оваа конференција е да се оданочат најбогатите. „Оданочете ги делегатите кои присуствуваат на Давос 2022 година“, рекоа тие. Протестот беше организиран во моментот кога беше откриено дека во Велика Британија има рекордни 177 милијардери, со заедничко богатство од 653 милијарди фунти. Во исто време, се предвидува дека повеќе од 250.000 домаќинства во Велика Британија следната година ќе паднат во мизерија поради растечките сметки за храна и енергија. Тоа би го зголемило вкупниот број на екстремно сиромашни на околу 1,2 милиони, освен ако владата не им помогне на најсиромашните семејства, наведува Националниот институт за економски и социјални истражувања (NIESR). Фото: Илустрација
Градоначалникот на Општина Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од пролетниот мраз
Бизнис вести - пред 18 часа
Градоначалникот на Општина Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од пролетниот мраз 23/05/2022 ЛОКАЛНО Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов објави јавен повик, со кој се повикуваат земјоделците, да пријават штети од пролетниот мраз. Повикот е врз основа на законот за локална самоуправа и статутот на општината. Во него се појаснува дека можат да се пријават сите оние коишто имаат материјални штети на земјоделски насади, предизвикани од атмосферската непогода – мраз, којашто ја зафати територијата на општината, во деновите 12 и 13 март и 13 и 14 април 2022 година. -Во процената нема да се земат предвид насади што се помлади од три години, како и насади што не се обработуваат. Исто така нема да се врши процена на насади, кои се веќе осигурани за 2022 година, во осигурителни компании, стои во јавниот повик. Пријавувањето на штетите започнува денеска и ќе трае до крајот на мај. свд/ки/ Росоман, 23 мај 2022 (МИА) 2022-05-23 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn
Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник
Банкарство - пред 17 часа
Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк.Преземете ја апликацијата HalkPay, дигитализирајте ја вашата картичка и плаќајте со вашиот телефон било каде и било кога.Мобилната апликација HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard и Visa, издадена од Халкбанк АД Скопје.За да се запознаете подобро со HalkPay кликнете овде.
А, бе, ајде пули си ја работата
Мкд.мк - пред 22 часа
Најновата анкета на Стопанската комора за проблемите со кои се соочува бизнис-секторот во постапките пред администрацијата јасно потврдува дека ни се потребни сериозни реформи.Месеци наназад, во интензивна комуникација со компаниите, слушнав стотина предлози за надминување на актуелната мултикризна ситуација. Денеска ќе издвојам само еден, кој го слушнав во Битола, каде што, во контекст на средувањето на работите на пазарот на трудот, компаниите бараат да се иницира забрана за политичко дејствување на младите до 30 години, бидејќи нивните искуства зборуваат дека во Македонија вработувањето на младите во јавната администрација е во директна врска со нивниот партиски ангажман и со тоа тие млади луѓе не се мотивирани да одат во приватниот сектор, кој треба да е главниот генератор на нивниот напредок. Навидум необичен предлог, но интригантен, особено ако се погледнат фактите дека во јавниот сектор имаме дури 1.332 институции, во кои се вработени повеќе од фантастични 144.000 лица. Овие податоци ја отвораат Пандорината кутија во Македонија, од која излегува буџет од 4,4 милијарди евра, за кој сигурно натамошните анализи ќе покажат дека е клуч за „силување на приватниот сектор“ од политизираната држава, а за споредба погледнете ја изјавата на британскиот актуелен премиер, Борис Џонсон, од минатата недела. На враќање од Битола не можев да не се сетам на еден човек, банкар, политичар, ловец, критички расположен и духовит во коментарите. Се разбира, зборуваме за Хари Костов.Денеска ќе ги анализираме неговите јавни настапи, но првенствено од аспект на економските прилики во просторот помеѓу лесно изречените слободни кажувања и тешките ставови изнесени во јавните настапи, односно во просторот помеѓу „само бурек да се јадело“ и „не бидува ништо од ова“, па сѐ до проблемите со задолженоста на државата, целокупната јавна потрошувачка и јавните работи, неопходноста од рационализација на државната администрација, потребата од борба против корупцијата и потребата од промена на приоритетите на државата.Во исто време, додека приватно „јаде бурек“, а понекогаш јавно изнесува сериозни ставови за сериозни прашања, тој на своето работно место во банката, во меѓусебните комуникации, ги приближува ставовите со монетарната власт – НБРМ – но во јавноста нив никаде ги нема. За чудо, омилен е кај фирмите затоа што во пракса, за разлика од сите други банкари кои ги консултираат централите или, пак, чекаат од сложените компјутерски системи да го исфрлаат одговорот ДА или НЕ, тој бргу ги носи одлуките за кредитните барања од компаниите.Тоа ме поттикна да ги проанализирам неговите малубројни јавни настапи и тие ме доведоа до неколку интересни факти.1. Во оставката од позицијата претседател на Владата до Собранието на Република Македонија од 15.11.2004 година, Хари Костов истакнува декаво Владата не постои усогласеност и практично тимско работење за вистинско остварување на стратешката цел на Република Македонија и смета дека еден од коалициските партнери својата улога и местото во Владата ги разбира погрешно.Тој тогаш во својата оставка истакна дека не е подготвен за неефикасно работење на Владата, условување и за блокирање на реформските процеси во политичката и, пред сѐ, во економската сфера поради некои дневнополитички договарања. Во врска со оваа тема, во своето излагање на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор (лето, 2021 година, по 17 години) смета дека, ако е точна констатацијата дека ОРД е веќе исполнет, тогаш политичките партии во државава треба да склучат еден нов рамковен или само договор, а тоа е договор за економските реформи, политики и мерки кои треба да се спроведуваат во наредните најмалку 10-ина години, а тоа да биде остварено во соработка и со науката и со бизнисот. Во однос на ова прашање, постои во целост доследност во постапките и во јавно изнесените ставови. Хари и во 2004 година, а и во 2021 година упатува на неопходноста од консензус околу економските реформи. 2. Тој во интервјуто со наслов „Колку ќе трае кризата“ во „Утрински весник“ во април 2009 година истакна дека мора во целост да се премине кон преиспитување и кон драстично намалување на целокупната јавна потрошувачка, со рационализација и со елиминирање на сите трошоци и проекти кои не се неопходни, а јавните работи да се фокусираат на инвестирања во производствени капацитети, во енергетска и во патна инфраструктура, која овозможува подобри услови за стопанисување и која потоа самостојно ќе се финансира и ќе носи приходи. Ако се следи внимателно, иако се ретки настапите, јавно изнесените ставови на Хари Костов се постојани, односно неговите залагања се идентични од почетоците, па и во текот на сиот негов работен век. Поразително е тоа што темите околу кои тој ги гради ставовите се сѐ уште актуелни. Тогаш повикуваше на аранжман со ММФ и укажуваше на потребата од формирање фискален совет, па и валутен борд (јас мислам дека и самиот тој денес признава дека валутниот борд е погрешно протолкувана формулација) за да се намали експлозијата од задолженост на Македонија.3. Во излагањето по повод дваесетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, летото 2021 година, Хари Костов констатира дека „буџетот во 2004 година изнесуваше 1,6 милијарди евра, а оваа година тој изнесува над 4,4 милијарди евра. Во меѓувреме, ниту стопанството ниту стандардот на населението не се пораснати за трипати. Притоа, буџетот се финансира, во значаен дел, со задолжувања, а најголемиот дел оди за плати на администрацијата и за социјални трансфери, што остава многу мал дел за капитални инвестиции, а тие, пак, ниту една година досега не се реализирани во целосен износ“. Тој смета дека постои неопходност од драстична рационализација на државната администрација, со подобри плати за намалената администрација, и да престане да се користи за вработување на партиските припадници. Така, буџетите во континуитет растат, јавните работи заостануваат, расте администрацијата, која зема плата од буџетот, јавниот долг порасна над 60 % од БДП и сѐ уште политичките договори се пред економските прилики во државата.4. Поднасловот јасно кажува дека спрема вакви концизно изнесени ставови од компетентен човек мора да се има друг пристап, да се отвори дебата и да се сослушаат сите страни, сите институции и сите лица, затоа што никој не може да биде толку паметен да тврди дека неговите решенија се најдобри. Најлесниот начин е да се каже „абе, ајде, пули си ја работата“, но тој охридски жаргон во сериозните државни работи треба што побргу да исчезне.П.С. Најновото анкетно истражување на Комората за проблемите со кои се соочува бизнис-секторот во постапките пред администрацијата покажува дека:повеќе од 60 % од анкетираните компании се среќаваат со пречекорување на законските рокови, непрофесионалност, нестручност, со неажурност, непочитување на пропишаното работно време, со сложени и долги постапки за концесии, нефункционирање на едношалтерскиот систем, но и со отежната телефонска и електронска комуникација. Роковите најчесто ги пречекоруваат Министерството за транспорт и врски, Управата за јавни приходи, Управата за имотно-правни работи и Царинската управа; 40 % од анкетираните компании сметаат дека веднаш треба да се преземат дејства во процесот на дигитализација на административните услуги;45 % од анкетираните компании сметаат дека треба да се востанови стручна и ефикасна администрација;15 % од анкетираните компании сметаат дека треба да се примени систем на наградување и на казнување за да се подобри ситуацијата;светла точка во услугите компаниите гледаат во Централниот регистар на РСМ (43 %), Управата за јавни приходи (22 %) и во Царинската управа (16 %).П.С. 2 Господине Костов, јас Ве поттикнувам и натаму јавно да ги изнесувате своите ставови, но и јавно да одговорите на прашањето дали суштинските прашања од интерес на државата можат да се решат со оставка или со макотрпна работа во системот кој е единствено признат, а тоа е парламентарната демократија, или, пак, како што рекол поранешниот британскиот премиер Черчил, „парламентарната демократија е најлош облик на владеење, но подобар не познавам“. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија
ПАД НА ДОЛАРОТ! Зошто се случува тоа
Весник - пред 1 ден
Спротивно на очекувањата војната во Украина донесе засилување на руската рублја и кинескиот јуан а пад на доларот што е сериозен предизвик за американскиот финансиски систем, но и за политичката моќ. На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, по шест недели последователен раст, при што курсот на еврото во однос на американската валута се оддалечи од најниските нивоа во последните пет години. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, падна за 1,5 отсто минатата недела, на 102,96 поени. Доларот ослабе за 1,5 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото скокна на 1,0570 долари. Курсот на доларот падна и во однос на јапонската валута, втора недела по ред, за 1,1 отсто, на 127,85 јени. Пред десет дена индексот на доларот достигна 105,01 поен, највисоко ниво од 2002 година, додека еврото падна на 1,0348 долари, најниско ниво од почетокот на 2017 година. Причините за тоа се очекувањата во однос на зголемувањето на каматните стапки на Федералните резерви на САД. За да ја ограничи инфлацијата, која лебди на највисокото ниво во последните 40 години, над 8 отсто, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени од март, што се движи од 0,75 до 1 отсто. „На доларот му треба пауза“ Со оглед на тоа што се очекува раст на каматните стапки во наредните месеци, пазарот на пари проценува дека основната каматна стапка на ФЕД до јули ќе биде меѓу 1,75 и 2 отсто, а до крајот на годината околу 3 отсто. „По неодамнешниот силен раст на доларот, потребен е прекин“, пишува Јонас Голтерман, аналитичар во „Капитал економикс“, во преглед на состојбата на пазарот. За слабеењето на доларот придонесе и остриот пад на цените на акциите на Волстрит седма недела по ред, поради што инвеститорите засолниште за капитал побараа во валути кои се сметаат за побезбедни во неизвесни времиња. Како резултат на тоа, минатата недела јапонскиот јен и швајцарскиот франк зајакнаа во однос на доларот. И еврото минатата недела зајакна во однос на доларот, па неговиот курс се оддалечи од најниските нивоа во последните пет години. Еврото со месеци е под притисок поради руската инвазија на Украина, но и доцнењето на Европската централна банка (ЕЦБ) во заострувањето на монетарната политика. Сепак, поради рекордно високата инфлација во еврозоната, ЕЦБ неодамна објави дека би можела да ја заврши својата програма за откуп на стимуланси на почетокот на третиот квартал и да ги зголеми каматните стапки во јули.
Најмоќниот финансиер во ЕУ: „Луѓе, средете се итно, знаете ли што ни се заканува на сите?!“
Вечер - пред 1 ден
Најмоќниот финансиер во ЕУ: „Луѓе, средете се итно, знаете ли што ни се заканува на сите?!“ Линднер наведува дека во ситуација на растечка инфлација во водечките економии, потребна е брза акција со цел да се врати макроекономската стабилност. Во согласност со добро познатата љубов на Германија кон фискалното штедење, актуелниот германски министер за финансии Кристијан Линднер изјави во интервју за Фајненшл Тајмс оваа недела дека членките на ЕУ мора да се стремат да го намалат државниот долг и покрај моменталната економска ситуација, како што беше направено за да се опорават од кризата со корона. Европските ограничувања на дефицитот и јавниот долг се дел од Пактот за стабилност и раст, но беа суспендирани на почетокот на пандемијата во 2020 година за да се олесни економското закрепнување, а суспензијата сега е продолжена за една година поради војната во Украина и зголемените цени на енергијата. Сепак, германскиот министер смета дека овој факт не е изговор за земјите-членки да ја продолжат политиката на раст на трошоците, туку бара од нив да воведат малку повеќе дисциплина бидејќи некои членки акумулирале премногу долгови за време на кризата со корона. Во секој случај, рече тој, Германија ќе се врати на својата стара национална фискална политика, која е запишана во Уставот, и се противи на сите предлози за трајно менување на европските фискални правила. Згора на тоа, вели тој, крајната цел треба да биде ЕУ да стане построга, а не помека. Пактот за стабилност и раст на ЕУ вели дека јавниот долг не треба да надминува 60 отсто од БДП на една земја-членка, а буџетскиот дефицит три отсто од БДП. Линднер наведува дека, во ситуација на растечка инфлација во водечките светски економии, потребна е брза акција за враќање на макроекономската стабилност бидејќи постои реална опасност од стагфлација (економска стагнација со истовремена инфлација). Според него, мора да се запре експанзивната фискална политика како и да се запрат интервенциите на пазарот преку големи владини програми. Тој се осврна и на предлогот ЕУ повторно да се задолжува за покривање на финансиските потреби на Украина, по примерот на пакетот Нова генерација од 800 милијарди евра, велејќи дека тоа е еднократна одлука и дека Германија нема да поддржи таква идеја. Од друга страна, нема ништо против да и се обезбеди на Украина 9 милијарди евра финансиска помош, за која во моментов се разговара, но врз основа на национални гаранции кои потоа заеднички би се користеле за помош. Што се однесува до предлогот земјите од ЕУ да ги запленат замрзнатите руски девизни резерви и на тој начин да ја финансираат обновата на Украина по војната, тој рече дека Германија е „отворена“ за таква идеја, но се спротивставува на одземањето на приватниот имот на руските олигарси бидејќи тоа е во приватна сопственост загарантирана со закон и конфискација е проблематична. Линднер предлага олигарсите да бидат убедени да учествуваат во репарациите за Украина по своја слободна волја. Фото: Ina Fassbender
Помина времето кога велеа „Ако не сакаш ти да работиш, ќе работи друг“ – Келнери во Хрватска нема ни „за лек“
Работник - пред 18 часа
Економија Македонија Новости Светот на работникот Помина времето кога велеа „Ако не сакаш ти да работиш, ќе работи друг“ – Келнери во Хрватска нема ни „за лек“ понеделник, 23 мај 2022, 12:33 Редакција Работник, туризам, Хрватска Во хрватскиот туризам долго време важело правилото, ако ти не сакаш да работиш, има кој сака… Но сега веќе никој не сака. Пресушила и сезонската работна сила од Србија и Босна и Херцеговина. Непосредно пред да започне туристичката сезона во Хрватска повторно се гласни поплаките. Се проценува дека и ова лето ќе недостигаат околу 35,000 келнери, готвачи, собари, рецепционери… Овие вести доаѓаат со одредено изненадување, иако изненадувања не смее да има – ова е хроничен хрватски проблем, пишува DW. Енигма нема: Хрватите во најплодните години од работниот век масовно заминуваат на Запад каде работат за поголеми плати. Нема повеќе сиромашна работна сила во Славонија за да се пресели на Јадран, но нема ни доволно ни во БиХ, Србија, Македонија. Исцрпен е кадровскиот басен во непосредното соседство, па се повеќе се посегнува за дополнување од Азија, како претходно во градежниот сектор: Непал, Филипини, Индија… Секогаш истото чудење „Со години залудно предупредував на тој проблем во туризмот. Пристапот ни е стихиски, а чудењето секој пат е исто, а и проблемот е ист. Чудни се за работите за кои толку се чудиме“, вели за ДВ Дамир Крешиќ, директор на Инситутот за туризам во Загреб. Крешиќ можно решение гледа во посериозното дејстување од страна на државата, работодавачите и синдикатите – да се изработи нова стратегија за целата економија, па да се види колку работници од која струка и недостигаат на земјата. Бидејќи, вели, увозот на сезонски работници од Азија има недостатоци. „Се покажува дека не се добро решение за нашите угостители, но сега веќе немаме избор, барем не за оваа и следната сезона“, раскажува Крешиќ. Тој вели дека нема ништо против луѓето од други континенти. „Тие можат да бидат поработливи и почесни работници од нас самите, нема тука правила. Проблемот е услужната индустрија во која хрватскиот работник овде секогаш нуди автентично искуство на домаќинството“, вели Крешиќ. Иднината не се гради на увоз Притоа, Хрватска можела својата иднина да ја види во најблиското соседство. Имено, Владимир Благојевиќ, портпарол на Стопанската комора на Република Српска, изјавил дека нема гранка во која, во овој момент, не недостига работна сила. Многу од работнците биле привлечени од хрватскиот туристички пазар. Така од Требиња, град со околу 30,000 жители, на лето и по две илјади луѓе заминуваат на работа во блискиот град Дуброввник. Тој проблем на соседот не се видел од Хрватска, се додека хрватскиот пазар на труд не стагнирал поради истата неволја. „Иднината сепак не се гради на база на увоз на работна сила, а без домашни работници нема ни одржлив развој“, смета Горан Рихељ, уредник на туристичкиот портал hrTurizam.hr. „Со години се предупредувало за ниските плати во туризмот, како и многу лошите работни услови. Но владеела мантрата – ако не сакаш ти, има кој сака. Сега тоа се врати како бумеранг. Се отворија границите и балонот пукна, и сега сите се чудат“, додал тој за ДВ. Рихељ вели деа Хрватска не пристапила стратешки на овој длабок проблем. „Како постојаниот сезонец може да ја планира иднината, семејството, купувањето на стан, автомобил? Како некој може да работи седум дена неделно, без слободен ден, а зборуваме за туризмот каде услугата е императив? Според овој новинар, и нивото на услуга паѓа кога работниците не се обучени и немаат искуство, по што Рихељ се прашува: „Како да се оправда цената на сместувањето со лошата услуга и изведба?“ Hrvatska / Foto: Tanjug/AP/Darko Bandić Post Views: 1.319
Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството
Банкарство - пред 18 часа
Нови дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството се обезбедуваат со ребалансот на Буџетот, како средства за заштита или резерва и во случај на потреба ќе влезат во нов пакет мерки. Се обезбедуваат и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.Со ребалансот на Буџетот, што го усвои вчера Владата, се обезбедени и средства за покачување на пензиите на пензионерите, на платите за наставниците, за субвенции за покачување на минималната плата, и во јавниот и во приватниот сектор, како и повеќе средства за социјални надоместоци и субвенции за гарантиран минимален приход.„Овој ребаланс е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања. Ова е ребаланс за целосно заздравување на економијата од пандемијата. Ребаланс за поддршка на граѓаните и фирмите во екот на глобалната ценовната и енергетска криза”, рече Бесими.Економскиот раст за годинава е проектиран на 3,2 проценти, што е намалување за 1,4 п.п. во однос на макроекономските проекции кога се креираше Буџетот. Се очекува побарувачката да биде главен двигател на растот, при што приватната потрошувачка се проектира со раст од 3,3 проценти.„Влијанието на ценовните притисоци врз доходот на домаќинствата ќе биде неутрализирано преку зголемената минимална плата, зголемените пензии, но и преку други владини мерки за ублажување на ефектите од ценовниот шок”, најави Бесими.Стапката на инфлација е проектирана на 7,2 проценти, што е интензивирање на ценовниот пораст споредено со 2021 година. Меѓународните финансиски институции, укажа Бесими, очекуваат во втората половина од годината умерено и постепено да се стабилизираат ценовните притисоци, додека догодина да дојде до нивна целосна стабилизација.Според Бесими, годинава се очекува раст на побарувачката за работна сила, поттикната преку активните мерки и програми за вработување и поддршката на домашните и странските претпријатија за отворање нови работни места. Според основното макроекономско сценарио, растот на бројот на вработени е проектиран на 1,6 проценти, што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,9 проценти, додека стапката на невработеност да се намали на 14,5 проценти. Просечната нето-плата се очекува забрзано да расте со проекција од 11 проценти за 2022, во услови на покачување на минималната плата за 18,4% во март, зголемување на платите во секторот образование, како и пораст на платите во некои високо-продуктивни дејности, како што се информациско-комуникациската дејност, стручни, научни и технички дејности.
На работниците им дошло “преку глава“ – Во финансискиот сектор се случува егзодус на работна сила
Работник - пред 19 часа
Економија Новости Свет Светот на работникот На работниците им дошло “преку глава“ – Во финансискиот сектор се случува егзодус на работна сила понеделник, 23 мај 2022, 11:15 Редакција банки, Работник, работници Повеќе од 85 % од финансиските работници во Обединетото Кралство повеќе не ја доживуваат канцеларијата како главно место за работа, што претставува дополнителен предизвик за индустријата, која се обидува да ги убеди банкарите да се „вратат на работа“. Ова го покажува актуелното YouGov истражување кое го нарачал Блумберг, а е направено врз основа на резултатите од анкетата спроведена на повеќе од 500 финансиски раководители од цела Велика Британија. Само 14 % од нив, канцеларијата ја сметаат за свое главно работно место, во споредба со 42 % кои „гласале“ за својата куќа и 44 % кои го преферираат хибридниот модел на работа. Тоа значи, еден дел од неделата да работат од дома, а вториот дел од канцеларија. Порастот на работата на далечина е предизвик со кој се борат сите индустрии кои вработуваат висококвалификувани канцелариски работници, но претставува посебна сложувалка за финансискиот сектор, со оглед на тоа дека некои критични позиции – особено трговијата – бараат сите вработените да бидат во канцеларија. Како што попушта пандемијата, така многу компании, вклучувајќи ги престижните банки како што се Голдман Сакс и ЏП Морган Чејс, инсистираат вработените да се вратат на работа, но… Дури и тој компромис можеби нема да задоволи поголем број од вработените, додава Блумберг. За оние кои ги комбинираат канцеларијата и домот, посакувано е да работат на далечина. Само петина од испитаниците сакаат да поминуваат три или повеќе денови неделно во канцеларија. Инаку, банките веќе подолго време се борат да го запрат егзодусот на работници кои заминуваат во технолошките компании, во светот на криптовалутите или нешто слично. Меѓу оние коишто планираат да ја напуштат оваа индустрија, поголемиот дел велат дека заминуваат поради факторот квалитет на живот, покажува споменатото истражување. Post Views: 150
ВИДЕО | Станковиќ: Криптовалутите не гарантираат анонимност туку псевдонимност
Слободен Печат - пред 20 часа
Пропадна третиот најголем стејблкоин во крипто индустријата. Тоа е финансиско средство кое претендира да следи цена, во случајот на доларот. Стејбл-коин треба да има постајана еднаква вредност со доларот, изјави во Утрински брифинг Стефан Станковиќ, м-р по деловно право, специјалист за крипто/блокчеин валути. Во случајов постојат постојат различни случаи на стејблкоин, бидејќи целата индустрија е многу млада и уште се експериментира, додава Станковиќ. – Криптовалутите се регулирани во Америка, во Европа. Се знае што е кои регулаторни тела ги регулираат. Во САД имаме пандан на Комисија за хартии од вредност, како што е во Македонија. Секаде во Европа и Америка криптовалутите се регулирани, кај нас ќе треба да поминат 20 години за да се направи тоа. Криптовалутите не гарантираат анонимност, туку псевдинимност, се е транспарентно, се следат сите трансакции, вели Станковиќ. Целата анализа погледенте ја во видеото:
Германија претстави национален месечен билет од само 9 евра за сите автобуски, трамвај, метро и железнички линии
Весник - пред 1 ден
Горниот законодавен дом на Германија во петокот одобри план од 2,5 милијарди евра за понуда на билет за национален јавен превоз од само 9 евра месечно во текот на летните месеци. Одобрувањето значи дека тримесечниот план за субвенционирана пропусница ќе стапи на сила на 1-ви јуни. Секој месечен билет ќе обезбеди пристап до сите автобуси, трамваи, метро и други средства за локален транспорт, вклучително и регионални возови кои сообраќаат на меѓуградски линии. Тоа значи дека теоретски ќе може да се патува низ Германија со огромен попуст користејќи го оваа нова мерка. За споредба, моментално месечен билет кој важи само во двете централни зони на берлинскиот јавен превоз чини 86 евра месечно! Новата политика за јавен транспорт беше објавена по руската инвазија на Украина и е дел од мерките насочени кон намалување на зависноста од увоз на енергија и поттикнување на усвојување почисти форми на транспорт. Фото: Илустрација
Изгубија 4,8 милијарди долари резерви за седум дена
Вечер - пред 1 ден
Турција има најголема загуба во девизните резерви од почетокот на оваа година. За само една недела изгуби 4,8 милијарди долари. Ова се смета за голем трошок од обидот да се зачува вредноста на домашната валута. Централната банка на оваа држава соопшти дека загубата се случила за седум дена до 13 мај. Вкупните резерви на Турција, вклучувајќи ги и резервите на злато, се најниски во последните 10 месеци, од 61,2 милијарди долари. Кристијан Маџо од лондонската финансиска компанија TD Securities оваа загуба ја нарече шокантна, а тоа е показател дека економските мерки на оваа земја пропаднале, пренесува Кликс. И покрај тоа што државните банки повремено интервенираат на девизните пазари, лирата има најниска вредност во однос на доларот. Само од почетокот на годината загуби 16 отсто од вредноста во однос на вредноста на американската валута. Државните банки не ги коментираа нивните интервенции, но поранешниот гувернер на Централната банка во 2020 година изјави дека интервенциите биле во согласност со законот. Американскиот бизнис портал Блумберг пишува дека намалувањето на резервите е клучен извор на ранливост на турската економија. Претседателот на оваа земја Реџеп Таип Ердоган истакна дека во 2019 и 2020 година се потрошени 165 милијарди долари за да се стабилизира домашната валута. Според Блумберг, оваа мерка значително пропаднала и Централната банка на крајот била принудена да ги зголеми каматните стапки.
В.Британија се соочува со инфлација најголема во последните четири декади
Слободен Печат - пред 22 часа
Стапката на инфлација во Велика Британија, во април, достигна највисоко ниво во последните 40 години. Ваквата состојба, финансиски експерти ја објаснуваат со руската инвазија врз Украина и со војната која трае, безмалку, четири месеци, поради што силно се зголемени цените на сите горива, како и на храната, поради поскапувањето на житните и на маслодајните растенија. Според државното биро за статистика во Лондон, во изминатите 12 месеци инфлацијата била зголемена за девет отсто, а тоа е највисок раст во текот на една година, каков што не е забележан во последните 40 години. Уште од 1982 година и годините кога британската економија почна полека да излегува од кризата во која се најде земјата, во седумдесеттите години на 20 век. Само во еден месец – во март годинава, инфлацијата имала раст од осум отсто, што се означува како највисоко зголемување после 1992 година. Ваквото забрзано зголемување на инфлацијата предизвика, владата на премиерот Борис Џонсон да вкалкулира за оваа 2022 година планирана инфлација од осум отсто, што значи дека цените на разни производи и услуги веќе сега се многу повисоки од просекот кој го прикажува државната статистика. Тоа, од друга страна, се повеќе го зголемува притисокот врз Даунинг стрит 10, да обезбеди вонредни мерки за ублажување на состојбите и за заштита на стандардот на луѓето. Британските економисти предвидуваат дека ваквата ситуација, со висока инфлација над сите предвидувања и со економската криза, која почна да се создава уште во годините на глобалната пандемија, ќе предизвика силен пад на животниот стандард. Проценка е дека тој ќе биде најголем од времето на педесеттите години на 20 век, во годините по Втората светска војна. Лондонските медиуми пишуваат дека луѓето низ Британија се погодени од големиот скок на трошоците за гас – на кој луѓето ги загреваат своите домови и на кој најчесто приготвуваат храна, како и на струјата, кои минатиот месец беа поскапени за 54 отсто. Сето тоа во услови кога Британија има свои резерви на гас во Северно Море и е далеку помалку зависна од увозот, особено од рускиот гас, од сите други земји во Европа, а електрична енергија во поголем процент, добива од своите атомски централи. Во изјави за медиумите, граѓаните тврдат дека „вистинската инфлација“ е многу повисока од онаа која се прикажува во статистиката и дека скокот на цените на сите животни намирници, на храната, на разните услуги и на транспортот, пред се, се неколкупати повисоки и – како што велат – незапирливо продолжуваат да растат. Експерти во Лондон предвидуваат дека владата би можела да го намали данокот на доход, за да го олесни притисокот врз стандардот. Освен тоа можно е да се зголемат и субвенциите за луѓето со ниски примања, но засега не се предвидуваат мерки за интервенција на пазарот за смирување на цените, онака како што тоа го имаат направено низа земји во ЕУ и во Европа. Она што владата на Џонсон го разгледува е да го зголеми данокот на енергетските компании, за кои се знае дека бележат висок раст на профитот, поради високите цени на нафтата и на гасот.
ЗАРОБЕНО ЖИТО: Украина не може да извезува храна
Вечер - пред 1 ден
Украина е еден од најголемите производители на житни култури во светот. Но, житото и сончогледот се заробени во силоси бидејќи извозот преку пристаништата е невозможен. Тешко е по копно. Цените растат, а на Африка и се заканува глад, пишува DW. „Нема решение за кризата со храна без земјоделски производи од Украина“, предупреди неодамна генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој се надева на некаков договор со Русија и покрај војната. Шефот на Светската програма за храна на ОН, Дејвид Бисли, рече дека веќе не се работи само за Украина, туку и за најсиромашните земји во светот. „Го молам претседателот Путин, ако воопшто има срце, да ги отвори пристаништата.“ Досега таа организација на ОН има добиено половина од залихите на жито во Украина. Но, има силоси полни со никаков начин за извоз на жито од земјава. Море полно со мини Главното пристаниште Одеса е практично отсечено. „Некои товарни бродови беа погодени од Русите“, вели Петр Обучев од градскиот совет на Црното Море за Канал 24. „Има многу морски мини пред Одеса, преминот не е безбеден“. Обучов не верува во брзи решенија како што е формирање на морски коридор. „И за војната да заврши денес, ќе ни треба најмалку половина година да го исчистиме морето и повторно да го стартуваме пристаништето“, рече тој. Пред војната, Украина извезуваше шест милиони тони жито и семки од сончоглед месечно преку своите пристаништа. Сега, само во Одеса, има 57 бродови со околу милион тони жито кои би можеле да пропаднат. Сопственикот на едно пристаниште вели: „Апсолутно е мирно. Само галеби и гаврани. Пет илјади работници не се на работа“. „Во пристаништето Одеса видов силоси полни со пченица и пченка, подготвени за извоз“, го опиша претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел што видел за време на посетата. „Тоа има драматични последици за сиромашните нации. Ни треба глобален одговор.“ Помош од Романија Мала помош пристигнува преку блиската Констанца, романско пристаниште на Црното Море. Досега таму со бродови преку Дунав, возови и камиони се пренесени околу 240.000 тони украинско жито за да се извезе понатаму. „Ние некако успеваме со голема мака“, вели Виорел Панаит од компанијата што управува со пристаништето. Но, како што додаде, потребна е многу повеќе опрема и време за поголеми количини храна да се пренесат преку Констанца. Пристаништето веќе има многу работа, бидејќи извезува 25 милиони тони жито годишно од Унгарија, Србија и Австрија. Но, украинското производство е далеку поголемо од тоа. Земјата е еден од петте најголеми производители на житни култури во светот. Околу 400 милиони луѓе во светот јадат украински производи. Во наредните месеци треба да се пријават околу 20 милиони тони житни култури, за да има простор за следната сеидба – која во воени услови секако ќе биде помала. Проблем со железницата Брисел упати апел до сите членки на ЕУ да направат достапни камиони, вагони и дигалки за да може пченицата и сончогледот да се извезуваат по копнен пат. Но, тешкотиите започнуваат поради ширината на патеката. Во поранешниот Советски Сојуз, шините се оддалечени десет сантиметри од остатокот од Европа. Тоа значи дека стоката мора повторно да се вчита/претовари на граница. Се проценува дека европската железничка мрежа може да прифати само еден милион до два тони украински житарки месечно. Покрај тоа, во моментов има 16 до 30 дена чекање на границите на ЕУ за увоз, па Брисел апелира до членките да ги намалат бирократските пречки. Транспортот од Полска оди до Гдањск на Балтичкото Море. Литванија нуди да преговара за хуманитарен коридор за храна со Белорусија и да се вози до литванските балтички пристаништа. И Литванија и Белорусија имаат иста ширина на патеката како Украина. Одделот за карго на германските железници (Дојче Бан) вели дека ќе бидат потребни околу сто возови дневно до пристаништата на Северното, Балтичкото, Црното и Јадранското Море, за да се извезат украински житарки, а некои линии сè уште треба да бидат зајакнати. „Сето тоа ќе биде исклучително скапо. А дополнителните трошоци за земјите кои купуваат храна, особено во Северна Африка или за организациите на ОН, се уште не се споменати“, додаваат од германската компанија. Истовремено, Африка е зафатена од најголемата суша во последните четири децении. Се проценува дека најмногу загрозени се околу дваесет милиони луѓе во Рогот на Африка. Фото: Томас Питер
Балтичките земји престанаа да увезуваат струја од Русија
Фактор - пред 23 часа
По воведувањето меѓународни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, рускиот извозник на електрична енергија ИнтерРАО во неделата ја загуби можноста за продажба на струја на балтичките земји.„Ова е важен чекор на нашиот пат кон енергетска независност“, рече литванскиот министер за енергетика Даиниус Кревис за АФП.Енергетската берза „Норд пул“ во петокот испрати известување до ИнтерРАО, според кое тргувањето во балтичките земји е забрането по воведувањето меѓународни санкции.Со години, Летонија, Литванија и Естонија се стремат да постигнат енергетска независност од Москва преку зголемување на домашното производство на електрична енергија и градење мрежни интерконекции со Скандинавија и другите околни земји.Како резултат на тоа, увозот на струја од Русија во Летонија и Литванија, кој претходно изнесуваше 1.300 мегавати годишно, минатата година падна на 300 мегавати, а сега е целосно запрен.Латвија последен пат увезе руска струја на почетокот на мај, додека Литванија и Естонија престанаа да ја купуваат во неделата.„Со одбивањето да увеземе руска енергија, ние одбиваме да го финансираме агресорот“, рече литванскиот министер.Минатата година руската електрична енергија учествуваше со 17% од увозот на електрична енергија во Литванија.
Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?
Слободен Печат - пред 23 часа
Според средната курсна листа на НБРСМ, еврото денеска изнесува 61.6950 денари, а американскиот долар чини 58.3294 денари. Британската фунта изнесува 72.7364 денари. Курсна листа на НБРСМ за 23 мај 2022 година
Што е глобален долг и зошто е важен? „Моменталниот износ преставува опасност“
Вечер - пред 1 ден
Глобалниот долг значи долг на земјите, компаниите и секој поединец. Беше висок пред пандемијата на коронавирус, а дополнително се зголеми за време на пандемијата. Владините трошоци за заштита на работните места и јавното здравје придонесоа за растот на глобалниот долг. Светскиот економски форум (СЕФ) смета дека тоа е висината на долгот што претставува опасност, пренесува Кликс. Минатата година достигна 303 трилиони долари, од 226 трилиони долари една година порано. Ова е највисок раст од Втората светска војна. Нападот на Русија врз Украина поттикнува континуиран раст на глобалниот долг. Ако земјите не можат да ги платат своите долгови, тогаш тоа резултира со паника на финансискиот пазар и забавување на економскиот развој. Можна е и рецесија. Недостигот на пари за јавни услуги, како што се здравствената заштита и образованието, најмногу ги погодува сиромашните. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка веруваат дека 60 отсто од сиромашните земји се блиску до тоа да не можат да финансираат јавни услуги. За да се реши проблемот, ММФ повика на реструктуирање на државните долгови. Фото: Шутер
Женски магазин - пред 35 минути
Express - пред 1 час
Бриф - пред 1 час
Инфо - пред 3 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа
Макпрес - пред 4 часа