Седум причини зошто чувствувате болка за време на сексуален однос
Слободен Печат - ново
Болката за време на сексот е многу почеста појава одошто мислите. Според едно британско истражување во кое учествувале 7.000 жени на возраст од 16 до 74 години, по една на секои 10 жени чувствувала болка за време на сексуалните односи. Доколку и вие го имате истиот проблем, знајте дека не сте сами. Болниот секс подразбира намалено сексуално задоволство, анксиозност и вагинална сувост. Поради тоа, многу жени откриле дека одбегнуваат да имаат секс. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Експертите тврдат дека сите жени одвреме-навреме доживуваат болка за време на сексот и тоа е сосема нормално. Но, би требало да се загрижите доколку болката е постојана и не се повлекува. Ако е придружена со други симптоми како што се мачнина, повраќање, често мокрење, болки во уринарниот систем, крвавење, вагинален исцедок со непријатен мирис и слично, тоа можеби е знак дека се работи за нешто од патолошка природа. Во таков случај најдобро е да побарате стручна помош. И покрај тоа што станува збор за многу чест проблем, сепак многу малку жени се осмелуваат да зборуваат за проблемите поврзани со нивното сексуално здравје. Тоа би требало да се промени. Првиот чекор што можете да го направите е да се информирате. Ова се најчестите причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи: Сувост Најчестата причина што предизвикува болка за време на сексот е сувоста. Ако предиграта не трае доволно долго или имате природно сува вагина, сексот може да биде непријатен и болен. Во овој случај најдобро е да користите лубриканти на природна база. Инфекции и болести Инфекциите како генитален херпес, трихомонијаза и габична инфекција можат да предизвикаат многу непријатни проблеми во пределот на гениталиите. Тие се многу чести и затоа важно е да имате заштитени сексуални односи и редовно да одите на гинеколошки преглед. Ендометриоза Ендометриозата се јавува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови од телото, како што се јајчниците и јајцеводите. Многу е болна и голем број жени се соочуваат со овој проблем. Лековите против болка и хормонските терапии можат да помогнат во овој случај. Воспаление на карлицата Воспалението на карлицата лесно се лекува со антибиотици, но предизвикува големи проблеми. Се случува кога бактериите, кои најчесто се последица на сексуално преносливи болести, патуваат низ вагината до матката. Во таква ситуација, сексот воопшто не е забавен. Психички и емоционални проблеми Анксиозноста, депресијата и стравот не се физички болести, но можат да остават негативни последици на телото. Емоциите играат голема улога во сексуалните односи и можат да бидат причинители на сексуална болка. Интерстицијален цистит Станува збор за воспаление на мочниот меур кое предизвикува големи болки. Доколку некогаш сте имале проблем со вакво воспаление, сигурно знаете дека сексот е многу болен особено при подлабока пенетрација. Вагинализам Вагинализмот претставува посебна состојба на стегање на вагиналните мускули за време на пенетрација, што го прави сексот многу болен. Сепак, постојат одредени третмани кои можат да ви помогнат да се справите со овој проблем и конечно да искусите сексуален живот полн со возбуда и страст. Не мора повеќе да се мачите, оваа поза е направена за сите мрзливи парови кои сакаат секс „Сексот со нив е неверојатен“: Има 46 години, а заведува само помлади мажи Што вели медицината: Колку често треба да имате секс?...
Седум причини зошто чувствувате болка за време на сексуален односи
Слободен Печат - ново
Болката за време на сексот е многу почеста појава одошто мислите. Според едно британско истражување во кое учествувале 7.000 жени на возраст од 16 до 74 години, по една на секои 10 жени чувствувала болка за време на сексуалните односи. Доколку и вие го имате истиот проблем, знајте дека не сте сами. Болниот секс подразбира намалено сексуално задоволство, анксиозност и вагинална сувост. Поради тоа, многу жени откриле дека одбегнуваат да имаат секс. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Експертите тврдат дека сите жени одвреме-навреме доживуваат болка за време на сексот и тоа е сосема нормално. Но, би требало да се загрижите доколку болката е постојана и не се повлекува. Ако е придружена со други симптоми како што се мачнина, повраќање, често мокрење, болки во уринарниот систем, крвавење, вагинален исцедок со непријатен мирис и слично, тоа можеби е знак дека се работи за нешто од патолошка природа. Во таков случај најдобро е да побарате стручна помош. И покрај тоа што станува збор за многу чест проблем, сепак многу малку жени се осмелуваат да зборуваат за проблемите поврзани со нивното сексуално здравје. Тоа би требало да се промени. Првиот чекор што можете да го направите е да се информирате. Ова се најчестите причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи: Сувост Најчестата причина што предизвикува болка за време на сексот е сувоста. Ако предиграта не трае доволно долго или имате природно сува вагина, сексот може да биде непријатен и болен. Во овој случај најдобро е да користите лубриканти на природна база. Инфекции и болести Инфекциите како генитален херпес, трихомонијаза и габична инфекција можат да предизвикаат многу непријатни проблеми во пределот на гениталиите. Тие се многу чести и затоа важно е да имате заштитени сексуални односи и редовно да одите на гинеколошки преглед. Ендометриоза Ендометриозата се јавува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови од телото, како што се јајчниците и јајцеводите. Многу е болна и голем број жени се соочуваат со овој проблем. Лековите против болка и хормонските терапии можат да помогнат во овој случај. Воспаление на карлицата Воспалението на карлицата лесно се лекува со антибиотици, но предизвикува големи проблеми. Се случува кога бактериите, кои најчесто се последица на сексуално преносливи болести, патуваат низ вагината до матката. Во таква ситуација, сексот воопшто не е забавен. Психички и емоционални проблеми Анксиозноста, депресијата и стравот не се физички болести, но можат да остават негативни последици на телото. Емоциите играат голема улога во сексуалните односи и можат да бидат причинители на сексуална болка. Интерстицијален цистит Станува збор за воспаление на мочниот меур кое предизвикува големи болки. Доколку некогаш сте имале проблем со вакво воспаление, сигурно знаете дека сексот е многу болен особено при подлабока пенетрација. Вагинализам Вагинализмот претставува посебна состојба на стегање на вагиналните мускули за време на пенетрација, што го прави сексот многу болен. Сепак, постојат одредени третмани кои можат да ви помогнат да се справите со овој проблем и конечно да искусите сексуален живот полн со возбуда и страст. Не мора повеќе да се мачите, оваа поза е направена за сите мрзливи парови кои сакаат секс „Сексот со нив е неверојатен“: Има 46 години, а заведува само помлади мажи Што вели медицината: Колку често треба да имате секс?...
Реал подобар од Валенсија
Нетпрес - пред 18 минути
Во одложениот дуел од 17-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид ја победи Валенсија со 2:0. „Кралскиот клуб“ во првиот дел се мачеше против „Лилјците“, но во продолжението од натпреварот заигра многу подобро и сосема заслужено дојде до трите бода. Реал поведе во 52 минута со одличниот погодок на Марко Асенсио, а само три минути подоцна Винисиус Жиниор ги зголеми на 2:0. И при двата гола асистираше Карим Бензема. Гостите од 72 минута играа без исклучениот Габриел Паулиста кому му беше покажан црвен картон поради груб старт на Виносиус. Реал со ова победа го намали заостанувањето на пет бодови зад водечката Барселона која има 50 бодови. Валенсија, којашто во последните пет кола освои само еден бод, се наоѓа на 14-то место со 20 бодови, само еден повеќе од зоната на испаѓање. Реал во недела гостува кај Мајорка, а европскиот шампиони потоа патува во Мароко на Светското клупско првенство. На 8-ми февруари Реал во полуфиналето во Рабат ќе игра против победникот од дуелот меѓу американскиот Сиетл Соундерс и египетскиот првак Ал Ахли. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Мисајловски: Многу од албанските политичари кои во кампањата излегоа против власта, сега ќе бидат дел од неа
Нетпрес - пред 18 минути
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во неговото гостување во „Патот кон“ на ТВ Алсат, коментирајќи за евентуалното влегување на Алијансата за Албанците во Владата истакна дека многу е лошо што во Парламентот скоро и нема да не останува албанска опозиција, а најголем процент од албанските политичари кои во кампањата излегоа против ДУИ и против власта сега ќе бидат во власта. „Многу е лошо што скоро и нема да остане албанска опозиција во Собранието, но и во општеството. Ќе остане само БЕСА со 2 пратеници, бидејќи едниот од нив веќе замина. Такашто најголемиот процент на албански политичари што во кампањата излегоа и против ДУИ, но и против власта сега ќе бидат во власта“, истакна Мисајловски. Според него влегувањето на Алијансата за Албанците во владата е многу погрешна одлука бидејќи за време на предизборната кампања целата реторика им беше против ДУИ, а сега ја спасуваат. „Тоа е многу погрешна одлука. Не зборам дали како власт заедно ќе донесат подобри промени за сите граѓани во Мкаедонија, тоа е сосема различно, туку до вчера велеа во кампањата, зборам за Алијанса конкретно, дека најголем канцер и најголемо зло во власта е ДУИ. Тоа го кажуваа овде во емисии и јас сум учествувал тука на дебати, го кажуваа на секоја можна телевизија на своите изборни кампањи и целата реторика беше против ДУИ. И сега може да видиме дека еднаш се изгореа бидејќи беа дел од таа власт и кажуваа од лошо полошо за сега наеднаш се врти целата работа за да влезат во власта“, потенцираше Мисајловски и додаде: „Сега се поставуваат многу прашања. Дали се работи за влегување во власта за да им се допаднат на ДУИ или за да ги спасат ДУИ? Тоа е многу важно прашање бидејќи во овој момент кога во ДУИ нема кворум доволен, дел од тие пратеници не доаѓаат во Собранието, јас ова морам да го кажам заради граѓаните кои не следат Собрание и седници да знаат дека дел од пратениците на ДУИ не доаѓаат во Собранието и нема кворум. Дали во овој момент ДУИ и Али Ахмети, полека-полека откриваат дека дел од Алијанса веќе работат за нив или се тие скриена опозиција во овој период? Изгледа така ќе дојде. Јас го поставувам ова како прашање бидејќи долго време од кога Села веќе не е претседател на таа партија се прави кворум и сега наеднаш тоа барање е за да се задоволи ДУИ, бидејќи ако нема кворум, логично е да падне Собранието, односно да падне Владата“. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Што толку ги насмеа Бред Пит и Џорџ Клуни среде снимање?
Вечер - пред 18 минути
Папараците ги уловија додека снимаа акциони сцени со колегата Остин Греам, кого го бркаше автомобил. Греам ја снимил сцената само во долна облека, а урнебесната сцена ги насмеа актерите. Изгледа дека Пит и Клуни одлично се забавуваат дури и за време на паузите од снимањето, бидејќи на камерата беа фатени како се смеат заедно. Пред снимањето на „Волци“, Клуни се пошегува за магазинот „Пипл“ дека Пит е ангажиран затоа што „очигледно е најевтин од достапните актери“, а потоа додаде: „Тој е мој пријател и одлично си поминуваме заедно. Навистина се радувам на тоа.” Да потсетиме, Пит и Клуни се долги години пријатели, а досега заедно глумеа во филмот Ocean’s 11 и неговите продолженија и во филмските хитови Confessions of a Dangerous Mind и Burn After Reading. Инаку, Пит и Клуни се копродуценти на трилерот Wolves, кој ќе биде објавен на Apple TV+, но датумот на излегување се уште не е познат....
Ќе поскапат ли чоколадите – суша го погоди какаовецот во западна Африка
Весник - пред 18 минути
На почетокот на 2023 година, во пристаништата Абиџан и Сан Педро пристигнувале само 70.000 тони какао неделно, споредено со 115.000 тони неделно во ноември и декември, според проценките на извозниците. „Падот е драстичен и неочекуван. Бевме на високо ниво во декември, а во јануари сè одеднаш пропадна“, рече директорот на компанија за извоз на какао со седиште во Абиџан и Сан Педро. Од почетокот на сезоната на 1 октомври до 29 јануари пристигнаа вкупно 1.540 милиони тони зрна какао. Се очекува испораките да се намалат до крајот на главната жетва во февруари и март, а можеби и на втората берба, во април и мај, доколку врнежите не станат поредовни, изјавиле извозниците, земјоделците и откупувачите. Главната жетва на какао во Брегот на Слоновата Коска трае од октомври до март, а втората берба од април до септември. Одгледувањето на какаото бара обилни врнежи, со сончеви периоди, за да може зрната да се исушат. Западна и Централна Африка моментално се среде сушна сезона, која трае од средината на ноември. „Навистина немаме многу дожд од септември. Во октомври и декември падна само еднаш или двапати, недоволно за навистина да му помогне на какаото да расте “, рече одгледувачот Едуард Куаме Куадио, сопственик на плантажа за какао во селото Габеаџи во близина на Сан Педро. Единаесет други одгледувачи се пожалиле на временските услови, додавајќи дека ситуацијата дополнително се влошува поради недостигот на ѓубрива чии цени се удвоиле од 2021 година. „Без ѓубрива, производството не е добро“, рече Салиф Кујате, кој одгледува какао на површина од пет хектари во Соубре. Некои одгледувачи успеале да соберат само половина од 80 килограми вреќа јута за две недели. Во периодот од октомври до декември береле по осум вреќи неделно. Купувачите и посредниците во трговијата со какао велат дека одлучиле привремено да ги затворат продавниците за да ги намалат трошоците. „Не мислиме дека ситуацијата ќе се промени пред втората жетва. Не очекуваме дожд бидејќи не е време за тоа, така што нема да има многу какао пред мај“, рече Дејвид Куаси, купувач во Сан Педро....
Што толку ги насмеа Бред Пит и Џорџ Клуни среде снимање?
Весник - пред 18 минути
Папараците ги уловија додека снимаа акциони сцени со колегата Остин Греам, кого го бркаше автомобил. Греам ја снимил сцената само во долна облека, а урнебесната сцена ги насмеа актерите. Изгледа дека Пит и Клуни одлично се забавуваат дури и за време на паузите од снимањето, бидејќи на камерата беа фатени како се смеат заедно. Пред снимањето на „Волци“, Клуни се пошегува за магазинот „Пипл“ дека Пит е ангажиран затоа што „очигледно е најевтин од достапните актери“, а потоа додаде: „Тој е мој пријател и одлично си поминуваме заедно. Навистина се радувам на тоа.” Да потсетиме, Пит и Клуни се долги години пријатели, а досега заедно глумеа во филмот Ocean’s 11 и неговите продолженија и во филмските хитови Confessions of a Dangerous Mind и Burn After Reading. Инаку, Пит и Клуни се копродуценти на трилерот Wolves, кој ќе биде објавен на Apple TV+, но датумот на излегување се уште не е познат....
Дневен хороскоп за 3 февруари: За крај на неделава прекрасен петок за овие знаци
Женски магазин - пред 19 минути
tweet ОВЕНВе чека среќен период. Одмори се можни. Ако работите, немате грижи за овој план. Вашето време на работа минува некако брзо и опуштено. Вашата страст и импулсивност сега доаѓа до израз, но на позитивен начин. Можно е вашиот партнер да ве обожава уште повеќе поради тоа. Ќе уживате!БИКИмате многу деловни обврски пред вас и свесни сте дека треба да се посветите максимално на работата. На крајот на денот, ќе бидете задоволни затоа што заработката ќе биде поголема од очекуваната. Вашето секојдневие е исполнето со љубов и внимание од саканата личност. Уживате да бидете во нејзино друштво. Среќни сте затоа што мислите дека сте ја одбрале вистинската личност за вас.БЛИЗНАЦИПоволен ден е, ќе се ослободите и нема да имате некои поголеми обврски или грижи поврзани со работата. Може да се каже дека претстои прилично релаксиран период. Вие сте многу посветени на анализата на личноста што ја сакате. Можно е малку да претерате. Препуштете се на своите чувства и не оптеретувајте се со никакви грижи.РАКПодготвени сте да започнете големи инвестиции затоа што верувате дека само така може да се постигне успех во областа на приватниот бизнис. Може да очекувате дека ризикот ќе се исплати. Ве очекува значаен разговор со сакана личност за време на кој ќе одлучите за заедничка иднина. Ако планирате брак и живеете заедно - тоа е поволен период.ЛАВПолни сте со енергија и се чувствувате некако насилно, како ништо да не може да ви застане на патот. Користете го овој позитивен моментум за да бидете што е можно попродуктивни. Подготвени сте да започнете со конкретна акција без многу размислување. Страстите донекаде ви го заматија умот. Вие само сакате да ја придобиете личноста што ја сакате.ДЕВИЦАЗначителна финансиска добивка дефинитивно ќе го подобри вашето расположение. Одличен ден е за работа! Може да очекувате да бидете многу задоволни од ситуацијата. Размислувате трезвено и знаете што сакате во љубовта. Можно е веќе да сте ја стекнале безбедноста за која се стремите досега. Во овој план, сè постигнувате на планиран начин, иако емоциите се во прашање.ВАГАИмате големи очекувања и сакате да постигнете забележителен успех на ова поле. Вие се грижите за градење на добра слика во деловниот свет и проширување на контактите. Дарежливи сте кон саканата личност. Кога станува збор за љубовта, не жалите што дадовте се од себе. Можете да очекувате дека вашиот партнер ќе ви возврати со емоциите.ШКОРПИЈАСе обидувате да покажете колку сте амбициозни и да докажете дека вашите идеи не треба да имаат конкуренција. Ако сте упорни, сите ќе ги слушаат вашите совети. Ви се допаѓа личност што сте ја запознале на јавно место и со која можете да имате интересен флерт. Имате шанса да имате нови љубовни искуства.СТРЕЛЕЦМожно е да добиете помош во врска со работата од пријател. Се препорачува соработка со воздушни знаци. Вагата ви одговара особено. Вие сте опуштени и имате искрен, пријателски однос со вашиот сакан. Нема што да криете од него затоа што сметате дека треба да бидете тука едни за други и во добро и во зло.ЈАРЕЦМожно е сега да сте во улога на шеф, авторитет и да ви се допаѓа многу. Отсекогаш сте се гледале во ваква улога и сте задоволни затоа што амбициите конечно се остварија. Како да сте му наметнале збир на правила на вашиот партнер што тој треба да ги следи. Обидете се да се опуштите барем малку до него. Љубовта е прашање на емоции, а не прашање на план и програма.ВОДОЛИЈАПомош од личност од странство повторно ви приоѓа и знаете дека тоа е некој на кој можете да се потпрете. Може да очекувате и помал прилив на пари што ќе ве „турка“. Ви се допаѓа слободата, но исто така го сакате и вниманието што го добивате од една личност. Не сте сигурни по која насока да се движите. Не размислувајте премногу однапред, бидете спонтани.РИБИЗадоволни сте од ситуацијата во оваа област и сметате дека сте постигнале многу за многу краток временски период. Пред вас е уште многу работа, но ништо не ви е тешко. Ако ви се допаѓа личност родена во знакот на Вага, можете да очекувате добра врска со него. Двајцата сте одлични романтичари и се стремите кон некои слични идеали, вие сте интересна мешавина....
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобен Максим Исповедник
Денешен - пред 19 минути
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јануари. Денеска е Преподобен Максим Исповедник. Преподобен Максим се роди околу 580 година во Цариград. Имаше високо потекло. Во младоста се здоби со врвно образование, беше најголемиот философски ум на своето време. Едно време служеше како императорски секретар, а потоа ја напушти службата и се повлече во Хризополскиот манастир до Халкидон. Наскоро, неговото име неоделиво ќе се врзе за православната борба против монотелитската ерес. Заради своето тврдо исповедништво ќе биде осакатен и ќе умре в затвор, во 662 година. Неговото дело правилно го оцени шестиот вселенски собор, одржан во 680 година. Од него ни останаа многу значајни дела. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Блаж. На денешен ден секоја година во сите цркви се дели благослов на грлото по заговор на свети Блаж, бискуп и маченик. Свештеникот со две свеќи му пристапува на верникот и се моли: „Според заговорот на свети Блаж, Господ да те ослободи од болести на грлото и од секое друго зло!” Овој благослов се темели на старото предание според кое свети Блаж со својот благослов ги спасил децата на кои во грлото им застанала коска од риба. Свети Блаж бил еден од оние јунаци кои за својата вера, го давале животот. За време на владеењето на царот Луциниј, тој бил измачуван и му била отсечена главата во 317 година....
ДЕНЕСКА Е СВ. МАКСИМ ИСПОВЕДНИК: Прогонуван, измамуван од судии, тепан и затворан, но до гроба верен на Исус Христос
Денешен - пред 19 минути
Денеска е 21 јануари (според стар стил) и се слави Преподобен Максим Исповедник. Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и патријархот. Но, не се исплаши, туку до крај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји, соодветно на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затворан, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во мистериозен лов загина народниот херој генерал Васко Карангелевски, но останаа сомнежи дека бил ликвидиран
Денешен - пред 19 минути
Македонскиот генерал Васко Карангелевски е уште една личност од нашата историја, кој го загубил животот во слобода и во неразјаснет мистериозен лов. Загина на денешен ден во 1977 година, а роден е на денешен ден 7 јули 1921 година во битолското село Брусник. Потекнува од печалбарско сиромашно семејство, а во НОБ е учесник од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Карангелевски станал скоевец во 1941 година, а од 1943 година и член на КПМ. Во текот на НОБ со одредот дејствувале на потегот по планините Пелистер, Баба и Вич. На почетокот бил командир на чета, потоа командант на баталјон, заменик- командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија. Во текот на декември 1943 година, кога Германците подготвувале офанзива против бригадата, Васко Карангелевски учествувал во борба гради в гради во која загинале педесетина Германци, 42 биле заробени, како и пушки, митралези, минофрлачи и муниција. Карангелевски со баталјонот „Стив Наумов“ учествувал во Февруарскиот поход, а кога била формирана Третата македонска ударна бригада, тој станал командант на баталјон со кој учествувал во многу борби во Македонија: кај Ново Село, кај Пробиштип, во офанзивата на Герман Планина, на Плачковица, Огражден и други места. По ослободувањето дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на тогашната ЈНА. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. За народен херој бил прогласен на 29 ноември 1953 година. Карангелевски според официјалната верзија загинал во несреќен случај, за време на лов на терените на планината Караџица кај Македонски Брод. Но, до ден-денес остана мистерија, како е можно борец во НОБ, школуван војник, генерал и пасиониран љубител на лов, да загине така што „се лизнал и пушката сама пукнала“, како што беше објаснуван „несреќниот случај“ во кој е загинат уште еден Македонец. Загинал на 3 февруари 1977 година кај Македонски Брод, според официјално известување во несреќен случај, но останаа сомнежите кои се проширија дека генералот Карангелевски бил ликвидиран од безбедносните служби на тогашна СФРЈ заради „национализам“ затоа што барал во Територијалната одбрана на Македонија да службуваат само Македонци. Трагичната смрт се случи кога Карангелевски беше командант на Скопската воена област со чин генерал-полковник. (Подготви: Д. Г.)...
Барселона дојде до 15. евролигашка победа, Звезда е во криза (ВИДЕО)
Дерби - пред 22 минути
Барселона ја прослави 15. победа во Евролигата која дојде во пресметката со Баерн Минхен која ја реализираше со резултат 72:70. Голема борба се водеше во „Палау Блауграна“, а во истата последниот збор го имаа домаќините кои прво преку Хигинс постигнаа кош за водство на 21 секунда до крајот по што потоа успешно се одбранија и дојдоа до значаен триумф со кој се израмнија соо Олимпијакос и Реал Мадрид на врвот на табелата. Миротиќ уфрли 12, Шанли и Весели по 10 кошеви, Валер Баб кај поразените беше автор на 15 поени. Црвена Звезда влезе во криза во ова натпреварување и најдобар доказ е четвртиот последователен пораз кој го претрпе против Олимпија во Милано. „Манекените“ ги имаа Берон и Хал кои искомбинираа 29 поени, додека кај „црвено-белите“ Бентил беше прво име со 17 кошеви. Најголемо разочарување беше Недовиќ кој уфрли скромни за него 4 кошеви. На последниот натпревар Валенсија загуби од Макаби Тел Авив со 93:94....
Најталентирани знаци во хороскопот – Reporter.mk
Инфо - пред 22 минути
БлизнациБлизнаците учат многу брзо и лесно се прилагодуваат на речиси сè. Па, кога станува збор за талент, можат да бидат добри во многу работи – пеење, спорт, глума, свирење инструмент… Без разлика дали се доволно упорни за да развијат една вештина или таа им доаѓа природно, Близнаците се неверојатно талентирани. Покрај ова, тие се и навистина љубопитни. Можеби нема активно да бараат нешто ново, но сакаат да пробуваат разни нешта. Тие сакаат да го прошират своето знаење и да научат нешто повеќе. ДевицаДевиците се убедени дека сите други знаци работат навистина напорно. Без разлика како им пристапуваат на своите таленти, тие се едни од најталентираните знаци. Исто така тие се и многу вредни, па ако не успеат од прва, не се откажуваат. Девиците сакаат да бидат најдобри во она што го прават, без разлика што е тоа. Би направиле навистина многу за да си докажат дека напорната работа и посветеноста се исплатат. Дури и ако учењето нов талент треба да биде забавно искуство, тие го сфаќаат навистина сериозно. СкорпијаСкорпиите се родени изведувачи. Тие сакаат внимание кое обично го добиваат, а ова ги прави одлични на сцена. Не само што се талентирани, туку изгледаат навистина забавно и мистериозно. Дури и кога не ги покажуваат нивните таленти, Скорпиите знаат како да ја забавуваат публиката. Исто така тие прават сè со емоции. Може да се каже дека тие би биле одлични актери, пејачи или музичари само по начинот на кој разговараат со другите. ВодолијаВодолиите имаат вистински талент да го гледаат светот поразлично од другите. Тие можат да измислат нешто ново, да создадат уметност која само тие ја разбираат и без разлика како ќе го направат тоа, ќе морате да признаете дека се навистина талентирани. Нивната отвореност кон нови нешта им олеснува да ги прошират своите интереси и да откријат во што се добри. Водолиите знаат дека талентот не е нешто за коешто се потребни правила, па често ги надминуваат своите граници за да научат нешто ново. Ако сакате да научите нешто ново, огледајте се на некоја Водолија за инспирација. РибиМузиката и фантазијата се важни нешта во животот на Рибите. Кога надворешниот свет станува премногу напорен, музиката, уметноста и сонувањето секогаш им помагаат. За Рибите талентот не значи ништо ако не уживаат во тоа. Никогаш нема да ги видите овие луѓе како го користат својот талент за нешта кои им се здодевни. Покрај тоа, она што ги прави Рибите навистина талентирани е тоа што не им е страв навистина да ги покажат своите емоции. Можат да свират инструмент, да сликаат или да пишуваат поезија, но ќе забележите дека го користат целото свое срце во тоа. Тие навистина ги поместуваат своите граници кога станува збор за уметност и креативност. Би можело да ве интересира Аријана Михајловиќ: Кога веќе нема да си дел од мене, ќе симнам многу ѕвезди од сеќавањето, па цел свет ќе се заљуби во ноќта Тридневна диета со портокал, слабеете секој ден по еден килограм Запечени макарони со спанаќ – Reporter.mk Сладолед колач со кафе – Reporter.mk Хороскоп за 28 април: ракот да не ги слуша критиките на околината, вагите да не бидат импулсивни Мусака со шунка и кашкавал...
Samsung ја претстави серијата S23 со акцент на процесорот и понапредниот систем на камера
Инфо - пред 22 минути
Компанијата Samsung на настанот Unpacked претстави нова серија на мобилни телефони, како и бројни други новитети. Добивај вести на вибер Новата серија мобилни уреди S23, која ги вклучува стандардните верзии Galaxy S23, Galaxy S23 Plus и Galaxy S23 Ultra, кои се единствени по многу нешта, а како што можеше да се претпостави од најавите, најголем акцент е ставен на камерите на овие уреди. И оваа серија на мобилни уреди е направена со помош на концептот за заштита на животната средина, па така уредот е составен од 22 отсто рециклирано стакло, 80 отсто рециклирана пластика и 20 отсто рециклирана пластика од океанот, која се користела за S Pen. Стандардните серии S23 и S23 Plus доаѓаат со повеќе или помалку слични спецификации, а разликите се огледуваат во големината на уредот, дисплејот, меморијата и батеријата. Двата уреди доаѓаат со три камери, ултра-широка од 12 мегапиксели, широка 50 мегапиксели со решетка од 1,8 и телефото (3x) камера од 10 мегапиксели. Посебен акцент е ставен на ноќното фотографирање, така што корисниците ќе имаат режими за ноќно селфи и ноќен портрет. Подобрен е и квалитетот на снимањето видео во ноќни услови, како и стабилизацијата, а камерата од 50 мегапиксели дава одлични резултати благодарение на опцијата Super HDR и подобрувањето на деталите за фотографиите. Двата уреди се напојувани од Snapdragon 8 Gen 2, кој е направен за Galaxy уреди и воедно е најмоќниот процесор досега во сферата на мобилните уреди Galaxy. S23 доаѓа со 6,1-инчен FHD+ дисплеј со резолуција од 2340×1080, додека серијата S23 Plus доаѓа со 6,6-инчен FHD+ дисплеј. Двата уреди имаат стапка на освежување на екранот од 120 Hz и режими за прилагодување на временските услови и заштита на видот на корисникот. S23 доаѓа во верзии со 8 GB RAM и 128, 256, 9.512 GB меморија, додека S23 Plus доаѓа во две верзии со 8 GB RAM и 256 и 512 GB меморија за складирање. Капацитетот на батеријата на стандардната верзија на уредот S23 е 3.900 mAh со супер брзо полнење, додека S23 Plus доаѓа со батерија од 4.700 mAh и Super fast charging 2.0, можност за безжично полнење и безжично полнење на други уреди преку мобилен уред. Уредите доаѓаат во четири бои Phantom црна, зелена, беж и светло розова. Galaxy S23 Ultra стандардно е најмоќната верзија на серијата паметни телефони Galaxy. Акцентот, како и кај претходните две верзии, е ставен на камерите и тие се најдобро поставени во овој уред. На задната страна има четири камери, имено телефото камера од 10 мегапиксели (3x), ултра широка камера од 12 мегапиксели, широка камера од 200 мегапиксели со технологија Super Quad Pixel и перископска камера – телефото (10x) со 10- сензор за мегапиксели и технологија Dual Pixela. Димензиите на мобилниот уред S23 Ultra што доаѓа со S Pen се 78,1 x 163,4 x 8,9 mm, тежи 234 грама, а предната и задната страна на уредот се заштитени со технологијата Corning Gorilla Glass Victus 2. Дисплејот Dynamic Amoled 2x е 6,8 инчи QHD+ со резолуција од 3088×1440 мегапиксели и доаѓа со супер мазно освежување на екранот од 120 херци. Благодарение на најсилниот процесор направен за мобилни телефони Galaxy, Snapdragon 8 Gen 2, кој е за 40 проценти побрз и пооптимизиран за серијата Galaxy, извршувањето на секојдневните, но и посложените задачи и играњето игри нема да биде проблем за корисниците, сето тоа благодарам на системот за ладење и проток на информации. Galaxy S23 Ultra работи со оперативен систем Android 13, One UI 5.1. Доаѓа во две варијанти: 8 GB RAM и 256 MB простор за складирање и 12 GB RAM и 256, 512 GB и 1 TB меморија. Кога зборуваме за батеријата, капацитетот е 5.000 mAh со супер брзо полнење 2.0 како и 2.0 брзо безжично полнење, а доаѓа со S Pen во четири бои и тоа црна, зелена, беж и светло розова. Како дел од настанот, Samsung претстави и четири нови лаптопи Galaxy Book. Би можело да ве интересира Нова апликација контролирана со вештачка интелигенција може да го подобри животниот век на батеријата Deezer излегува на берзата, со проценета вредност од над милијарда долари Oppo, Vodafone, Qualcomm и Ericsson ја овозможуваат првата 5G SA мрежа во Европа Nvidia RTX 30 серијата пристигнува на лаптопите од 26. јануари (ВИДЕО) Саботажа на вакцините на Модерна против Ковид-19 Елон Маск: Tesla планира да се прошири во Европа...
Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот
Инфо - пред 22 минути
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Велс, Герет Бејл, играше на својот прв голф турнир, откако се повлече од фудбалот на 33-годишна возраст. Добивај вести на вибер Учествуваше на „AT&T Pebble Beach Pro-Am“ турнирот во Калифорнија, во Соединетите Американски Држави. Пред да го изведе првиот удар, Бејл доби прашање зошто го напушти фудбалот и што ќе прави со својот живот, бидејќи има само 33 години. „Нема да правам ништо, ха-ха. Го гледав овој турнир секоја година. За мене е остварување на сонот да дојдам овде. Но, исто така сум и малку нервозен”, изјави Бејл. Некогаш Бејл беше најскапиот фудбалер во светот. Тој е првиот во историјата чиј трансфер надмина 100 милиони евра, кога од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид. Gareth Bale, a menace to defenders and par 3’s. pic.twitter.com/T3ezy24Ubu — Maximiliano Bretos (@MaxBretosSports) February 2, 2023 Би можело да ве интересира Вечното дерби без победник, драмата пред 16.000 гледачи заврши 1:1 Реал несакајќи открија дека Иско го напушта Мадрид Тотенхем сака да го врати Почетино! Покетино: Головите случајни, поразот заслужен Вучевиќ ги растури Чикаго, Репторс победија во Бруклин Продадени 15 отсто од акциите на Мекларен...
Што толку ги насмеа Бред Пит и Џорџ Клуни среде снимање?
Канал 5 - пред 22 минути
Папараците ги уловија додека снимаа акциони сцени со колегата Остин Греам, кого го бркаше автомобил. Греам ја снимил сцената само во долна облека, а урнебесната сцена ги насмеа актерите. Изгледа дека Пит и Клуни одлично се забавуваат дури и за време на паузите од снимањето, бидејќи на камерата беа фатени како се смеат заедно. Пред снимањето на „Волци“, Клуни се пошегува за магазинот „Пипл“ дека Пит е ангажиран затоа што „очигледно е најевтин од достапните актери“, а потоа додаде: „Тој е мој пријател и одлично си поминуваме заедно. Навистина се радувам на тоа." Да потсетиме, Пит и Клуни се долги години пријатели, а досега заедно глумеа во филмот Ocean's 11 и неговите продолженија и во филмските хитови Confessions of a Dangerous Mind и Burn After Reading. Инаку, Пит и Клуни се копродуценти на трилерот Wolves, кој ќе биде објавен на Apple TV+, но датумот на излегување се уште не е познат....
Ќе поскапат ли чоколадите – суша го погоди какаовецот во западна Африка
Вечер - пред 22 минути
На почетокот на 2023 година, во пристаништата Абиџан и Сан Педро пристигнувале само 70.000 тони какао неделно, споредено со 115.000 тони неделно во ноември и декември, според проценките на извозниците. „Падот е драстичен и неочекуван. Бевме на високо ниво во декември, а во јануари сè одеднаш пропадна“, рече директорот на компанија за извоз на какао со седиште во Абиџан и Сан Педро. Од почетокот на сезоната на 1 октомври до 29 јануари пристигнаа вкупно 1.540 милиони тони зрна какао. Се очекува испораките да се намалат до крајот на главната жетва во февруари и март, а можеби и на втората берба, во април и мај, доколку врнежите не станат поредовни, изјавиле извозниците, земјоделците и откупувачите. Главната жетва на какао во Брегот на Слоновата Коска трае од октомври до март, а втората берба од април до септември. Одгледувањето на какаото бара обилни врнежи, со сончеви периоди, за да може зрната да се исушат. Западна и Централна Африка моментално се среде сушна сезона, која трае од средината на ноември. „Навистина немаме многу дожд од септември. Во октомври и декември падна само еднаш или двапати, недоволно за навистина да му помогне на какаото да расте “, рече одгледувачот Едуард Куаме Куадио, сопственик на плантажа за какао во селото Габеаџи во близина на Сан Педро. Единаесет други одгледувачи се пожалиле на временските услови, додавајќи дека ситуацијата дополнително се влошува поради недостигот на ѓубрива чии цени се удвоиле од 2021 година. „Без ѓубрива, производството не е добро“, рече Салиф Кујате, кој одгледува какао на површина од пет хектари во Соубре. Некои одгледувачи успеале да соберат само половина од 80 килограми вреќа јута за две недели. Во периодот од октомври до декември береле по осум вреќи неделно. Купувачите и посредниците во трговијата со какао велат дека одлучиле привремено да ги затворат продавниците за да ги намалат трошоците. „Не мислиме дека ситуацијата ќе се промени пред втората жетва. Не очекуваме дожд бидејќи не е време за тоа, така што нема да има многу какао пред мај“, рече Дејвид Куаси, купувач во Сан Педро....
Ахмети: Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти
24 Инфо - пред 23 минути
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат со жителите на општина Желино. Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните имаа и првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бедри Фазлиу и претседателот на огранокот на ДУИ во Желино, Емир Сулејмани.Ајде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат. Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред. Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди. ДУИ е добро организирана и етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и ефикасната администрација. Албанеците денес се одлучувачки фактор во државата. Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан… колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат. Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори. Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение. Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти. Градејќи го проеропскиот фронт се приклучуваме кон прогресивни процеси, кон нови стандарди, така што ниту Мицкоски ниту Албанците кои работат покрај Мицкоски не можат да го спречат ова затоа што ние сме за напредок, а не за уназадување. Членството во ЕУ ја запира имиграцијата, ја зајакнува економијата, платите и животниот стандард, така што членството во ЕУ дефинитивно мора да се случи, бидејќи ова е наша заедничка жртва за да постигнеме успех, изјави Ахмети....
Ахмети вели дека не го пратиле во Хаг затоа што „неговата војна била праведна“
Слободен Печат - пред 23 минути
„Албанецот е тој што донесува одлуки и тој е факторот во оваа земја“, изјави вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на партиски собир во тетовското село Желино, според ТВ „Клан“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Ахмети пред присутните рекол дека во разговорите на политичарите-Македонци, им кажал дека „Македонците му биле вазали на Белград до 1990 година“. Тој додал дека сега „Албанецот е тој што е фактор и што ги носи одлуките во државата, алудирајќи на големиот број Албанци на високи државни функции. – Албанецот е оној што донесува одлуки и тој е факторот во оваа земја: Бујар Османи нè претставува во ОБСЕ, министерот за финансии нè прави горди во Свеската банка, исто така и министрите Насер Нуредини, Крешник Бектеши или Артан Груби… Колку повеќе вредности инсталираме, толку повеќе непријатели си создаваме. На Мицкоски ова не му се допаѓа и јас знам зошт – јас не отидов во Хаг, бидејќи мојата војна беше праведна, затоа Мицкоски нека не ми одговара мене со калашников! Тој ја гледал војната само на телевизор, а јас имам потпишано меѓународен договор со НАТО, Америка и со Европа“, изјавил Ахмети пред жителите на Желино. Наспроти тврдењето на Али Ахмети за „праведната војна“, единствената причина поради која тој и соработниците не одговараа во Хаг беше политичкиот пазар со владата на Никола Груевски, кога тој и други членови на раководството на ДУИ, беа обвинети за воени злосторства во конфликтот во 2001 година, но т.н. „хашки случаи“ беа вратени од Хаг, за по нив да одлучува домашното правосудство. Случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“ беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови. Беше процесуиран само случајот „Мавровски работници“ (во кој припадници на тогашната Ослободителна народна армија (ОНА/УЧК) киднапираа и измачуваа работници на градежното претпријатие „Маврово“, врежувајќи им со ножеви букви од имињата на телата), но во септември 2009 година Кривичниот суд ги ослободи сите обвинети за малтретирањето на мавровските работници од конфликтот во 2001 година, откако Обвинителството се откажа од гонење. Во 2011 година се донесе автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија, со кое сторителите на воени злосторства за четирите хашки случаи беа амнестирани, и покрај тоа што според меѓународното право, случаите на злосторства против човештвото не застаруваат и сторителите не можат да бидат амнестирани. Според објавените снимки од прислушувани разговори меѓу тогашните функционери, нелегалната амнестија била изведена од власта на Груевски поради опстанокот на неговата коалиција со ДУИ, односно практично поради останување на власт....
Ќе поскапат ли чоколадите - суша го погоди какаовецот во западна Африка
Канал 5 - пред 29 минути
На почетокот на 2023 година, во пристаништата Абиџан и Сан Педро пристигнувале само 70.000 тони какао неделно, споредено со 115.000 тони неделно во ноември и декември, според проценките на извозниците. „Падот е драстичен и неочекуван. Бевме на високо ниво во декември, а во јануари сè одеднаш пропадна“, рече директорот на компанија за извоз на какао со седиште во Абиџан и Сан Педро. Од почетокот на сезоната на 1 октомври до 29 јануари пристигнаа вкупно 1.540 милиони тони зрна какао. Се очекува испораките да се намалат до крајот на главната жетва во февруари и март, а можеби и на втората берба, во април и мај, доколку врнежите не станат поредовни, изјавиле извозниците, земјоделците и откупувачите. Главната жетва на какао во Брегот на Слоновата Коска трае од октомври до март, а втората берба од април до септември. Одгледувањето на какаото бара обилни врнежи, со сончеви периоди, за да може зрната да се исушат. Западна и Централна Африка моментално се среде сушна сезона, која трае од средината на ноември. „Навистина немаме многу дожд од септември. Во октомври и декември падна само еднаш или двапати, недоволно за навистина да му помогне на какаото да расте “, рече одгледувачот Едуард Куаме Куадио, сопственик на плантажа за какао во селото Габеаџи во близина на Сан Педро. Единаесет други одгледувачи се пожалиле на временските услови, додавајќи дека ситуацијата дополнително се влошува поради недостигот на ѓубрива чии цени се удвоиле од 2021 година. „Без ѓубрива, производството не е добро“, рече Салиф Кујате, кој одгледува какао на површина од пет хектари во Соубре. Некои одгледувачи успеале да соберат само половина од 80 килограми вреќа јута за две недели. Во периодот од октомври до декември береле по осум вреќи неделно. Купувачите и посредниците во трговијата со какао велат дека одлучиле привремено да ги затворат продавниците за да ги намалат трошоците. „Не мислиме дека ситуацијата ќе се промени пред втората жетва. Не очекуваме дожд бидејќи не е време за тоа, така што нема да има многу какао пред мај“, рече Дејвид Куаси, купувач во Сан Педро....
Samsung ја претстави серијата S23 со акцент на процесорот и понапредниот систем на камера
USB - пред 32 минути
Компанијата Samsung на настанот Unpacked претстави нова серија на мобилни телефони, како и бројни други новитети. Добивај вести на вибер Новата серија мобилни уреди S23, која ги вклучува стандардните верзии Galaxy S23, Galaxy S23 Plus и Galaxy S23 Ultra, кои се единствени по многу нешта, а како што можеше да се претпостави од најавите, најголем акцент е ставен на камерите на овие уреди. И оваа серија на мобилни уреди е направена со помош на концептот за заштита на животната средина, па така уредот е составен од 22 отсто рециклирано стакло, 80 отсто рециклирана пластика и 20 отсто рециклирана пластика од океанот, која се користела за S Pen. Стандардните серии S23 и S23 Plus доаѓаат со повеќе или помалку слични спецификации, а разликите се огледуваат во големината на уредот, дисплејот, меморијата и батеријата. Двата уреди доаѓаат со три камери, ултра-широка од 12 мегапиксели, широка 50 мегапиксели со решетка од 1,8 и телефото (3x) камера од 10 мегапиксели. Посебен акцент е ставен на ноќното фотографирање, така што корисниците ќе имаат режими за ноќно селфи и ноќен портрет. Подобрен е и квалитетот на снимањето видео во ноќни услови, како и стабилизацијата, а камерата од 50 мегапиксели дава одлични резултати благодарение на опцијата Super HDR и подобрувањето на деталите за фотографиите. Двата уреди се напојувани од Snapdragon 8 Gen 2, кој е направен за Galaxy уреди и воедно е најмоќниот процесор досега во сферата на мобилните уреди Galaxy. S23 доаѓа со 6,1-инчен FHD+ дисплеј со резолуција од 2340×1080, додека серијата S23 Plus доаѓа со 6,6-инчен FHD+ дисплеј. Двата уреди имаат стапка на освежување на екранот од 120 Hz и режими за прилагодување на временските услови и заштита на видот на корисникот. S23 доаѓа во верзии со 8 GB RAM и 128, 256, 9.512 GB меморија, додека S23 Plus доаѓа во две верзии со 8 GB RAM и 256 и 512 GB меморија за складирање. Капацитетот на батеријата на стандардната верзија на уредот S23 е 3.900 mAh со супер брзо полнење, додека S23 Plus доаѓа со батерија од 4.700 mAh и Super fast charging 2.0, можност за безжично полнење и безжично полнење на други уреди преку мобилен уред. Уредите доаѓаат во четири бои Phantom црна, зелена, беж и светло розова. Galaxy S23 Ultra стандардно е најмоќната верзија на серијата паметни телефони Galaxy. Акцентот, како и кај претходните две верзии, е ставен на камерите и тие се најдобро поставени во овој уред. На задната страна има четири камери, имено телефото камера од 10 мегапиксели (3x), ултра широка камера од 12 мегапиксели, широка камера од 200 мегапиксели со технологија Super Quad Pixel и перископска камера – телефото (10x) со 10- сензор за мегапиксели и технологија Dual Pixela. Димензиите на мобилниот уред S23 Ultra што доаѓа со S Pen се 78,1 x 163,4 x 8,9 mm, тежи 234 грама, а предната и задната страна на уредот се заштитени со технологијата Corning Gorilla Glass Victus 2. Дисплејот Dynamic Amoled 2x е 6,8 инчи QHD+ со резолуција од 3088×1440 мегапиксели и доаѓа со супер мазно освежување на екранот од 120 херци. Благодарение на најсилниот процесор направен за мобилни телефони Galaxy, Snapdragon 8 Gen 2, кој е за 40 проценти побрз и пооптимизиран за серијата Galaxy, извршувањето на секојдневните, но и посложените задачи и играњето игри нема да биде проблем за корисниците, сето тоа благодарам на системот за ладење и проток на информации. Galaxy S23 Ultra работи со оперативен систем Android 13, One UI 5.1. Доаѓа во две варијанти: 8 GB RAM и 256 MB простор за складирање и 12 GB RAM и 256, 512 GB и 1 TB меморија. Кога зборуваме за батеријата, капацитетот е 5.000 mAh со супер брзо полнење 2.0 како и 2.0 брзо безжично полнење, а доаѓа со S Pen во четири бои и тоа црна, зелена, беж и светло розова. Како дел од настанот, Samsung претстави и четири нови лаптопи Galaxy Book....
Победете ги паничните напади
За Се - пред 32 минути
За жал, анксиозноста денеска практично е составен дел од животот на речиси секој човек. Некои лесно се справуваат со неа, но други ги „држи“ многу долго. Општото анксиозно нарушување најчесто оди „под рака“ со паничните напади. Поради неможноста да се контролираат чувствата, личноста чувствува страв, паника и е спречена нормално да функционира. Во тој момент во телото се случува и физички и ментален стрес, а некогаш е потребна дури и лекарска помош за да се интервенира. Паничните напади може да се јават кога нивото на серотонин во организмот е многу ниско, па личноста не чувствува никаква среќа. Доколку оваа состојба потрае, доаѓа до анксиозност и депресија. Серотонинот се синтетизира од аминокиселината триптофан, а процесот го потпомагаат витаминот Б6 и железото. Откритието дека овој витамин може да влијае врз расположението, паничните напади и анксиозноста дава надеж дека може да се најде брзо и лесно решение кога тие состојби стануваат неподносливи....
Мисајловски: Најголем процент од албанските политичари кои во кампањата излегоа против власта, сега ќе бидат дел од истата
Прес 24 - пред 36 минути
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во неговото гостување во „Патот кон“ на ТВ Алсат, коментирајќи за евентуалното влегување на Алијансата за Албанците во Владата истакна дека многу е лошо што во Парламентот скоро и нема да не останува албанска опозиција, а најголем процент од албанските политичари кои во кампањата излегоа против ДУИ и против власта сега ќе бидат во власта. „ Многу е лошо што скоро и нема да остане албанска опозиција во Собранието, но и во општеството. Ќе остане само БЕСА со 2 пратеници, бидејќи едниот од нив веќе замина Такашто најголемиот процент на албански политичари што во кампањата излегоа и против ДУИ, но и против власта сега ќе бидат во власта“, истакна Мисајловски. Според него влегувањето на Алијансата за Албанците во владата е многу погрешна одлука бидејќи за време на предизборната кампања целата реторика им беше против ДУИ, а сега ја спасуваат. „Тоа е многу погрешна одлука. Не зборам дали како власт заедно ќе донесат подобри промени за сите граѓани во Мкаедонија, тоа е сосема различно, туку до вчера велеа во кампањата, зборам за Алијанса конкретно, дека најголем канцер и најголемо зло во власта е ДУИ. Тоа го кажуваа овде во емисии и јас сум учествувал тука на дебати, го кажуваа на секоја можна телевизија на своите изборни кампањи и целата реторика беше против ДУИ. И сега може да видиме дека еднаш се изгореа бидејќи беа дел од таа власт и кажуваа од лошо полошо за сега наеднаш се врти целата работа за да влезат во власта“, потенцираше Мисајловски и додаде: „Сега се поставуваат многу прашања. Дали се работи за влегување во власта за да им се допаднат на ДУИ или за да ги спасат ДУИ? Тоа е многу важно прашање бидејќи во овој момент кога во ДУИ нема кворум доволен, дел од тие пратеници не доаѓаат во Собранието, јас ова морам да го кажам заради граѓаните кои не следат Собрание и седници да знаат дека дел од пратениците на ДУИ не доаѓаат во Собранието и нема кворум. Дали во овој момент ДУИ и Али Ахмети, полека-полека откриваат дека дел од Алијанса веќе работат за нив или се тие скриена опозиција во овој период? Изгледа така ќе дојде. Јас го поставувам ова како прашање бидејќи долго време од кога Села веќе не е претседател на таа партија се прави кворум и сега наеднаш тоа барање е за да се задоволи ДУИ, бидејќи ако нема кворум, логично е да падне Собранието, односно да падне Владата“....
Мисајловски им порача на граѓаните да не подлегнуваат под влијание на бугарски политичари
Нетпрес - пред 37 минути
Ова што го прави Бугарија и политичари од Бугарија, што предизвикуваат гнев кај многу граѓани од Република Македонија, кај многу Македонци е системски и намерно направено само за да предизвикуваат гнев, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, на Алсат телевизија. „Затоа ги замолувам сите граѓани: На едни обични марионети, на луѓе кои не заслужуваат ни да им се даде третман во вести, да не подлегнуваат под влијание. Зборувам за бугарски политичари кои нè навредуваат, што сакаат да присвојат сè дека е нивно, а немаат гласови да бидат во власта, па сакаат со навредување на Македонци да добијат плус поени во сопствената држава. Ние сме многу попаметни од тоа, рече тој. Мисајловски потсети дека не е прв пат да бидеме сведоци на вакви провокации. „Во минатото еден друг политичар ова го правеше. Зборувам за Каракачанов. Јас тогаш ги замолив медиумите да не го пренесуваат, дека не вреди тој човек, тоа што го збори е срамно. МНР треба да ги прогласи тие луѓе за непожелни, да реагира со ноти и да не им се дозволи такво однесување. Кога ќе реагирате до друга држава да си ги смири своите луѓе, тоа е политички добар чекор“, порача Мисајловски. Додаде дека кој и да е, од која и да е држава, доколку влегува во Македонија да ја понижува државата и народот, треба да добие забрана за влез и прогласен за персона нон грата. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Руи Кошта: Фернандез не сакаше да остане во Бенфика
Дерби - пред 37 минути
Португалскиот гигант Бенфика не успеа да го задржи Енцо Фернандез кој по една вистинска драма воо јануарскиот преоден рок заврши во премиерлигашот Челси. Бенфика сакаше да го има на располагање Аргентинецот барем до крајот на актуелнава сезона, меѓутоа „сините“ притискаа, притискаа и на крајот го добија тоа што го сакаа, ама во исто време и ја наполнија касата на составот од Лисабон. Челси плати 106,8 милиони фунти, сума која е нов британски рекорд. -Енцо не сакаше да остане во Бенфика. Тој не ни даде никакви шанси. Направив се што можев. Тажен сум, но не сакам да плачам за играч кој не сакаше да остане. Кога Челси дојде со понудата, немаше шанси да го смени размислувањето, -истакна легендарниот Руи Кошта кој сега е претседател на Бенфика. Руи исто така откри дека се обидел овој трансфер да го одложи на лето при што Челси ќе платал помала сума, ама Енцо не сакал да се согласи со ваков договор....
Осудените млади Французи дел од затворската казна ќе може да ја отслужат во војска
Вечер - пред 38 минути
Соопштението дојде по успешен пилот проект. Младите престапници осудени на воспитно-поправен дом ќе можат да посетуваат петдневен курс што го спроведуваат војниците. Целта е да се олесни патот кон вработување или доброволно служење воен рок за младите на возраст меѓу 13 и 25 години кои се во неволја со законот, велат властите. Министрите планираат да вработат пензиониран воен персонал за да ги надгледуваат младите, потпирајќи се на нивното искуство, за да дизајнираат како ќе изгледаат доброволните воени курсеви. Од декември 2021 година, има четиринеделни курсеви кои вклучуваат воени вежби, каде што учесниците учат воени и цивилни вештини под водство на поранешните членови на воената академија Сен-Сир Кетеквидан. Морнарицата организира еднонеделни курсеви насочени кон развивање чувство на одговорност, тимски дух и почит кон авторитетот....
Џенифер Лопез ја продава својата куќа за 42,5 милиони долари (ВИДЕО)
Вечер - пред 38 минути
Луксузно уредената куќа на пејачката и актерка се продава за 42,5 милиони долари, пишува магазинот People. Парот сакал да ја реновира вилата, но се предомислиле и ја ставиле на продажба. Имотот зафаќа речиси осум хектари, а површината на куќата е повеќе од илјада квадратни метри. Има девет спални соби и 13 бањи. Вилата има и домашно кино со 30 седишта, теретана, бесконечен базен, гостинска куќа и амфитеатар со сто седишта. Џеј Ло ја купила куќата во 2016 година за 28 милиони долари. Имотот првично бил дизајниран од архитектот Семјуел Маркс, но оттогаш е преуреден. Сега, таа го најмила добро познатиот агент, Брет Лојер, кој работи во агенцијата Carolwood Estates, за да го продаде имотот....
Осудените млади Французи дел од затворската казна ќе може да ја отслужат во војска
Весник - пред 38 минути
Соопштението дојде по успешен пилот проект. Младите престапници осудени на воспитно-поправен дом ќе можат да посетуваат петдневен курс што го спроведуваат војниците. Целта е да се олесни патот кон вработување или доброволно служење воен рок за младите на возраст меѓу 13 и 25 години кои се во неволја со законот, велат властите. Министрите планираат да вработат пензиониран воен персонал за да ги надгледуваат младите, потпирајќи се на нивното искуство, за да дизајнираат како ќе изгледаат доброволните воени курсеви. Од декември 2021 година, има четиринеделни курсеви кои вклучуваат воени вежби, каде што учесниците учат воени и цивилни вештини под водство на поранешните членови на воената академија Сен-Сир Кетеквидан. Морнарицата организира еднонеделни курсеви насочени кон развивање чувство на одговорност, тимски дух и почит кон авторитетот....
Џенифер Лопез ја продава својата куќа за 42,5 милиони долари (ВИДЕО)
Весник - пред 38 минути
Луксузно уредената куќа на пејачката и актерка се продава за 42,5 милиони долари, пишува магазинот People. Парот сакал да ја реновира вилата, но се предомислиле и ја ставиле на продажба. Имотот зафаќа речиси осум хектари, а површината на куќата е повеќе од илјада квадратни метри. Има девет спални соби и 13 бањи. Вилата има и домашно кино со 30 седишта, теретана, бесконечен базен, гостинска куќа и амфитеатар со сто седишта. Џеј Ло ја купила куќата во 2016 година за 28 милиони долари. Имотот првично бил дизајниран од архитектот Семјуел Маркс, но оттогаш е преуреден. Сега, таа го најмила добро познатиот агент, Брет Лојер, кој работи во агенцијата Carolwood Estates, за да го продаде имотот....
Режисерот Зафировски со коментар за сторијата за Манчевски: Се толерира грабеж, а се брукаат другите филмски автори!
Бриф - пред 39 минути
Голем број уметници реагираа по објавената сторија на ЦивилМедиа со наслов: „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“. Режисерот Борко Зафировски, во коментар на фејсбук, напиша: „Од „Мусака“ до помија. Хохштаплер, манипулатор со можна дијагноза- 40 години доаѓа да собере пари и да рашири интриги, па со пленот се враќа од кај што манипулира со неупатена и инфериорна политикантска средина, овде. Сега „само“ со пола милион, а ќе се дуплира, ќе приреди „премиера“ во платена кино сала, можеби отаде Јужно кинеско море. Какви понижувања и грабеж се толерираат, а се брукаат другите филмски автори.“ Претходно ЦивилМедиа објави дека пред повеќе од две години, Агенцијата за филм, преку соопштение „Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти“ ги повикаа институциите да ги истражат постапките и да се позанимаваат „со хонорарите на режисерот“, ставајќи ја на располагање на институциите целокупната документација. Сепак, ниту Антикорупциска, ниту, пак, од Агенцијата за филм, не одговориле на прашањата зошто не е спроведена никаква постапка досега. „Манчевски не е печалбар во вистинска смисла, а Њујорк не е само негов дом, туку и седиште на компанијата „Милкман Продакшн“ која е во негова сопственост.Според документите кои ги поседува ЦИВИЛ Медиа, оваа компанија е основана на 20.12.1996 година, а согласно договорот кој е склучен со „Банана филм“ ДООЕЛ, треба да го менаџира проектот за филмот „Врба“. За овој филм конкретно, од Буџетот на проектот за режисерот (Милчо Манчевски) се издвоени 10.080.174 денари / 163.905 евра, а неговиот личен асистент и консултантот по историја чинат вкупно 516.850 денари / 8.404 евра. За развој на сценариото Манчевски е платен 3.843.750 / околу 62.000 евра, а вкупниот развој на филмот чини 13.501.434 денари / 219.535 евра. Сепак и покрај овие суми планирани во буџетот за филмот „Врба“, преку компанијата „Банана филм“ ДООЕЛ, на два пати се исплатени суми од 48,272,30 и 41,308 долари, или вкупно 85.000 евра, што според заедничкиот договор се префрлени за развој на филмот кој својата премиера ја доживеа во октомври 2019 година, а сумите се исплаќани на 24.09.2018 година и 17.05.2019 година, од каде не се гледа што точно развивал Манчевски. И од „Банана продукција“ не добивме одговор во оваа фаза што точно режисерот развивал во Њујорк“, пишува Цивил....
Мис Русија: Сите ме избегнуваа поради мојата националност
24 Инфо - пред 43 минути
Мис Русија вели дека натпреварувачите на годинешниот „Избор на мис универзум“, другите натпреварувачки ја избегнувале и оти изборот бил наместен. Во Њу Орлеанс, САД, пред неколку дена се одржа 71. натпревар, а победничка е Американката Р’Бони Габриел. Русинката Ана Линикова и мис Украина, Викторија Апанасенко, исто така, беа меѓу натпреварувачките. Претставничката на Русија вели дека се соочила со постојани напади, навреди и закани од украинските интернет-корисници, па дури и негативни коментари од познаници. Таа не сакаше да коментира за војната, иако Викторија ја прашала за мислење и став. Ана вели дека таа е тука за натпреварот. – Многумина ме избегнуваа и се оттргнуваа кога ќе чуеја за моето потекло. Девојки од Украина и Швајцарија бегаа од мене „како од оган“. Покрај тоа, сè околу изборот на првите 16 девојки беше „чиста политика“, изјави Ана за „Вечернаја Москва“. Таа вели и дека тоа што не се пласирала во финалето на натпреварувањето нема никаква врска со квалитетот на нејзиниот настап. – Се обидов да стапам во контакт (со Украинката Апанасенко), но сите напори беа залудни. Сите го видоа демонстративното однесување на Викторија – тоа е нејзин избор, а јас не држам лутина, изјави Ана. Украинската мис пак, рече дека организаторите „очигледно не размислиле доволно“ за тоа како ќе се чувствува кога ќе се соочи со Русинката во натпреварувањето. – Повеќе од благодарна сум на „Мис универзум“ за нивната поддршка, но не сум сигурна дека организаторите разбираат какво е чувството за мене да стојам насмеана на иста сцена со мис Русија, а таа облечена во црвен фустан – бојата на крвта, изјави Викторија за „Дејли бист“. Снимките од групното фотографирање што кружат на интернет покажуваат интеракција меѓу Русинката и Украинката на настанот, при што многумина посочуваат дека Линикова се обидувала да застане веднаш до нејзината „соперничка“. Апанасенко притоа барала од мис Колумбија да си ги заменат местата....
Јувентус го елиминира Лацио и закажа полуфинале со Интер во Купот
Спортмедиа - пред 43 минути
Меѓународен фудбалИталијаТОП Јувентус го елиминира Лацио и закажа полуфинале со Интер во Купот 02.02.2023 23:06 34 Екипата на Јувентус се пласираше во полуфиналето на италијанскиот Куп по вечерашната победа над Лацио со 1:0 во Торино. „Старата дама“ славеше минимално, па така влезе меѓу четирите најдобри во Купот и за место во финалето ќе се бори со Интер. „Старата дама“ која се најде во проблеми поради истрагата за лажни финансии и одземање на бодови, успеа малку да светне во овие сиви денови и да ги израдува навивачите. Голот вреден пласман во полуфинале го постигна Бремер во првото полувреме. Во другото полуфинале ќе играат Фиорентина и Кремонезе, а истите се закажани за 25 и 26 април. Финалето е на 24 мај. GOAL! Gleison Bremer scores his first goal for Juventus to put us ahead against Lazio.pic.twitter.com/7RIqDRz1kw — Max Statman (@emaxstatman) February 2, 2023 Facebook Twitter WhatsApp Email Print Претходно„Кралевите“ не се даваат – ја „распарчија“ Валенсија на свој терен (видео) Marjan Boshev...
Мисајловски: Најголем процент од албанските политичари кои во кампањата излегоа против власта, сега ќе бидат дел од истата
Курир - пред 46 минути
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во неговото гостување во „Патот кон“ на ТВ Алсат, коментирајќи за евентуалното влегување на Алијансата за Албанците во Владата истакна дека многу е лошо што во Парламентот скоро и нема да не останува албанска опозиција, а најголем процент од албанските политичари кои во кампањата излегоа против ДУИ и против власта сега ќе бидат во власта. „Многу е лошо што скоро и нема да остане албанска опозиција во Собранието, но и во општеството. Ќе остане само БЕСА со 2 пратеници, бидејќи едниот од нив веќе замина. Такашто најголемиот процент на албански политичари што во кампањата излегоа и против ДУИ, но и против власта сега ќе бидат во власта“, истакна Мисајловски. Според него влегувањето на Алијансата за Албанците во владата е многу погрешна одлука бидејќи за време на предизборната кампања целата реторика им беше против ДУИ, а сега ја спасуваат. „Тоа е многу погрешна одлука. Не зборам дали како власт заедно ќе донесат подобри промени за сите граѓани во Мкаедонија, тоа е сосема различно, туку до вчера велеа во кампањата, зборам за Алијанса конкретно, дека најголем канцер и најголемо зло во власта е ДУИ. Тоа го кажуваа овде во емисии и јас сум учествувал тука на дебати, го кажуваа на секоја можна телевизија на своите изборни кампањи и целата реторика беше против ДУИ. И сега може да видиме дека еднаш се изгореа бидејќи беа дел од таа власт и кажуваа од лошо полошо за сега наеднаш се врти целата работа за да влезат во власта“, потенцираше Мисајловски и додаде: „Сега се поставуваат многу прашања. Дали се работи за влегување во власта за да им се допаднат на ДУИ или за да ги спасат ДУИ? Тоа е многу важно прашање бидејќи во овој момент кога во ДУИ нема кворум доволен, дел од тие пратеници не доаѓаат во Собранието, јас ова морам да го кажам заради граѓаните кои не следат Собрание и седници да знаат дека дел од пратениците на ДУИ не доаѓаат во Собранието и нема кворум. Дали во овој момент ДУИ и Али Ахмети, полека-полека откриваат дека дел од Алијанса веќе работат за нив или се тие скриена опозиција во овој период? Изгледа така ќе дојде. Јас го поставувам ова како прашање бидејќи долго време од кога Села веќе не е претседател на таа партија се прави кворум и сега наеднаш тоа барање е за да се задоволи ДУИ, бидејќи ако нема кворум, логично е да падне Собранието, односно да падне Владата“....
Јувентус избори полуфинале во Купот
Нетпрес - пред 46 минути
Coppa Italia quarter finals soccer match Juventus FC vs SS Lazio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 2 february 2023 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO Фудбалерите на Јувентус изборија пласман во полуфиналето на италијанскиот куп откако на својот стадион во Торино со 1:0 го совлада Лацио. Решавачкиот погодок во четвртокот го постигна Бразилецот Бремер во 44 минута. Торинската „Стара дама“, така во полуфиналето ќе игра против Интер кој во четвртфиналето во вторникот исто така со 1:0 ја победи дома Аталанта. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Кремонезе и Фиорентина. „Фенерџијата“ во Серија А во средата на римски „Олимпико“ со 2:1 ја победи домашната Рома, а Фиорентина дома со истиот резултат го совлада Торино. Првите полуфинални дуели меѓу Интер и Јувентус, како и меѓу Кремонезе и Фиорентина се играат на 4-ти и 5-ти април, додека реваншите се закажани за 25-ти и 26-ти април. Финалето ќе се игра на 24-ти мај. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Џенифер Лопез ја продава својата куќа за 42,5 милиони долари (ВИДЕО)
Канал 5 - пред 46 минути
Луксузно уредената куќа на пејачката и актерка се продава за 42,5 милиони долари, пишува магазинот People. Парот сакал да ја реновира вилата, но се предомислиле и ја ставиле на продажба. Имотот зафаќа речиси осум хектари, а површината на куќата е повеќе од илјада квадратни метри. Има девет спални соби и 13 бањи. Вилата има и домашно кино со 30 седишта, теретана, бесконечен базен, гостинска куќа и амфитеатар со сто седишта. Џеј Ло ја купила куќата во 2016 година за 28 милиони долари. Имотот првично бил дизајниран од архитектот Семјуел Маркс, но оттогаш е преуреден. Сега, таа го најмила добро познатиот агент, Брет Лојер, кој работи во агенцијата Carolwood Estates, за да го продаде имотот....
Раул Гонзалез останува тренер на ПСЖ до 2025 година
24 Инфо - пред 47 минути
Тренерот кој му ја донесе првата европска титула на Вардар, Раул Гонзалес ја продолжи соработката со ПСЖ откако стави потпис на договор со трајност до јуни 2025 година. Раул Гонзалес во ПСЖ се пресели во јуни 2018 година, а доколку до крај го одработи новиот договор, таму ќе биде цели седум години. „Гордост ми е што можам да ја продолжам рабоатата што ја почнав во 2018 година и што ќе можам да имам влијание на иднината на клубот уште две сезони. Мојата амбиција е нашиот тим да настапува на највисоко национално и континентално ниво, да имаме одлични моменти со навивачите и да го збогатам нашиот рекорд на достигнувања“, изјави Раул Гонзалес откако го потпиша новиот договор. До сега со екипата на ПСЖ четири пати се закити со титулата шампион на Франција од 2019 до 2022 година. ПСЖ и сезонава е меѓу кандидатите за пехарот во ЛШ, моментно по 10 кола во групата „А“ се наоѓа на првото место со 16 бодови, колку што има и второпласираниот Веспрем. ✍️2️⃣0️⃣2️⃣5️⃣ Notre coach 𝐑𝐚𝐮𝐥 𝐆𝐨𝐧𝐳𝐚𝐥𝐞𝐳 prolonge l'aventure ! 🔴🔵 pic.twitter.com/bZY7sGaEUz — PSG Handball (@psghand) February 2, 2023...
АХМЕТИ ОД ЖЕЛИНО: Албанецот е тој што донесува одлуки во оваа земја, водев праведна војна и потпишав договор со НАТО, САД и ЕУ
Денешен - пред 48 минути
Албанецот е тој што донесува одлуки и тој е факторот во оваа земја, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ и коалиционен партнер на СДСМ и Димитар Ковачевски. Ова, како што пренесе ТВ Клан Македонија, Ахмети го кажал на партискиот собир во тетовско Желино. – Цитирајќи стихови од исламската света книга Куранот, лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во тетовското село Желино кажа дека во разговорите на македонските политичари им рекол дека Македонците му биле вазали на Белград до 1990 година, објави ТВ Клан Македонија. Ахмети на партиската собиранка удрил по опозицијата: – Јас знам каде е болката на Мицковски: ние тргнавме кон ЕУ и не може никој да не запре!- рекол Ахмети, пренесува телевизијата. Командантот, како што Ахмети го викаат неговите во неговата партија, додал дека „Албанецот командува во оваа држава“: – Албанецот е оној што донесува одлуки и тој е факторот во оваа земја: Бујар Османи нè претставува во ОБСЕ, министерот за финансии нè прави горди во Свеската банка, исто така и министрите Насер Нуредини, Крешник Бектеши или Артан Груби… Колку повеќе вредности инсталираме, толку повеќе непријатели си создаваме. На Мицкоски ова не му се допаѓа и јас знам зошто, јас не отидов во Хаг, бидејќи мојата војна беше праведна, затоа Мицковски нека не ми одговара на мене со калашников! Тој ја видел војната само на телевизор, а јас имам потпишано меѓународен договор со НАТО, Америка и со Европа, изјавил Ахмети, пренесе ТВ Клан Македонија. Текстот и видеото на ТВ Клан Македонија може да го отворите ТУКА....
Нема да има бугарска полиција на чествувањето на Гоце Делчев
Точка - пред 50 минути
„Македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, во било какви услови – да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните“, велат од МВР. Претходно од бугарското Министерство за внатрешни работи објавија дека се подготвени да испратат свои полицајци во Скопје за в сабота, ако добијат за тоа барање од македонското МВР. Претседателот Стево Пендаровски ја оцени свеченоста в сабота како настан со висок ризик. Ова не е првпат политичарите од двете земји да го чествуваат Гоце Делчев. Во 2017 година и во 2019 година поранешните премиери на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов положија цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас....
Реал Мадрид ја доби Валенсија, но го загуби Бензема (ВИДЕО)
Екипа - пред 50 минути
Фудбалерите на Реал Мадрид им се вратија на победите во домашниот шампионат откако славеа со 2-0 на домашен терен против Валенсија во натпревар од 17. коло во Ла лига. Откако првото полувреме заврши без голови 0-0, домаќините до водство од 1-0 стигнаа во 52. минута со голот на Асенсио. Само три минути подоцна беше 2-0 со погодокот на Винициус Жуниор на асистенција на Карим Бензема. До крајот за издвојување е директниот црвен картон на Габриел Паулиста во 72. минута. Лоша вест за Карло Анчелоти е тоа што најдобриот фудбалер на „кралевите“ Карим Бензема поради повреда мораше да го напушти натпреварот во 60. минута. Real Madrid [1] – 0 Valencia – Marco Asensio 52′ great goal from soccer Real Madrid [2] – 0 Valencia – Vini Jr 55’ from soccer Standings provided by Sofascore Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
(Видео) Ахмети: Сега сме одлучувачки фактор во Македонија, ДУИ е крвта на мртвите Албанци
Макфакс - пред 51 минути
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и вечерва имаше средби со граѓаните. Меѓу присутните беа и потпретседателот на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бедри Фазлиу и претседателот на огранокот на ДУИ во Желино, Емир Сулејмани. Ахмети пред присутните, ДУИ ја претстави како „крвта на затворените, мртвите Албанци“. „Ајде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат. Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред. Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди. ДУИ е добро организирана и етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и ефикасната администрација. Албанците денес се одлучувачки фактор во државата. Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан… колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат“, вели Ахмети. Тој во говорот го спомена и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори. Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение. Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти. Градејќи го проеропскиот фронт се приклучуваме кон прогресивни процеси, кон нови стандарди, така што ниту Мицкоски ниту Албанците кои работат покрај Мицкоски не можат да го спречат ова затоа што ние сме за напредок, а не за уназадување. Членството во ЕУ ја запира имиграцијата, ја зајакнува економијата, платите и животниот стандард, така што членството во ЕУ дефинитивно мора да се случи, бидејќи ова е наша заедничка жртва за да постигнеме успех“, изјави Ахмети. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:АхметиДУИтоп-тема Претходно Нема да има бугарска полиција на чествувањето на Гоце Делчев Би можело да ве интересира и... Ахмети: Декларацијата нема целосно да биде вклучена во владината програма Ахмети: Нема никакви пречки за да се формира нова влада Билд: почитување на демократијата е клучот за македонската иднина – мојата мисија е извидничка ДУИ го повикува Иванов да ја промени одлуката, албанската декларација не го загрозува уставниот поредок Ахмети: Изборот на новата влада според Уставот и Деловникот на Собранието ДУИ денеска со Централно претседателство во Мала Речица...