„Кралевите“ не се даваат – ја „распарчија“ Валенсија на свој терен (видео)
Вечер - пред 1 час
Екипата на Реал Мадрид не и дозволува на Барселона лесно да дише на врвот на табелата. Во меч од Ла Лига, „кралевите“ забележаа победа со 2:0 над Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“. Тотална доминација, огромен број на шанси и заслужена победа на Реал на овој меч против екипата која неодамна го смени Џенаро Гатузо, па вечерва на клупата седеше Воро. Валенсија тотално се растури, имаше едвај 30% посед на топка и ниту еден директен удар на противничкиот гол. Ридигер во првото полувреме постигна гол кој беше поништен поради офсајд. Претходно Реал остана без бекот Едер Милитао кој поради повреда мораше да го напушти теренот. Сепак, головите паднаа во второто полувреме и тоа во интервал од две минути. И во двете акции учествуваше Карим Бензема. Во првата Марко Асенсио се најде во одлична можност за удар, па од 16 метри ја погоди мрежата. Gol text-book MAW! pic.twitter.com/fwWUSw6UDB — Seputar Real Madrid (@SeputarMadrid) February 2, 2023 GOL DE MUNDUT! ASSIS BENZI! pic.twitter.com/o7uZ8htWnv — Seputar Real Madrid (@SeputarMadrid) February 2, 2023 А домашните уште еднаш ги удрија неосвестените гости. Две минути подоцна Винисиус прими долга топка на десната страна истрча напред и рутински го совлада голманот. Имаше Реал уште неколку шанси преку Модриќ, Бензема, Валверде… Во 72 минута Габриел Паулиста доби директен црвен картон поради остар старт врз противнички играч па на Валенсија задачата и стана уште потешка. ANJIR MASIH KESEL LIAT INI SAMA PAULISTA BLOOOKKKK pic.twitter.com/zdFDFuwccA — Seputar Real Madrid (@SeputarMadrid) February 2, 2023 На крајот 2:0 за Реал кој сега има 45 бода, пет помалку од лидерот Барселона после 19 кола. sportmedia.mk
Јувентус го елиминира Лацио и закажа полуфинале со Интер во Купот
Вечер - пред 1 час
Екипата на Јувентус се пласираше во полуфиналето на италијанскиот Куп по вечерашната победа над Лацио со 1:0 во Торино. „Старата дама“ славеше минимално, па така влезе меѓу четирите најдобри во Купот и за место во финалето ќе се бори со Интер. „Старата дама“ која се најде во проблеми поради истрагата за лажни финансии и одземање на бодови, успеа малку да светне во овие сиви денови и да ги израдува навивачите. Голот вреден пласман во полуфинале го постигна Бремер во првото полувреме. Во другото полуфинале ќе играат Фиорентина и Кремонезе, а истите се закажани за 25 и 26 април. Финалето е на 24 мај. GOAL! Gleison Bremer scores his first goal for Juventus to put us ahead against Lazio.pic.twitter.com/7RIqDRz1kw — Max Statman (@emaxstatman) February 2, 2023 sportmedia.mk
„Кралевите“ ја надиграа Валенсија
Макфакс - пред 1 час
Реал Мадрид ја победи Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 и се врати во трката со Барселона за шампионската титула. Сега „кралевите“ повторно имаат пет бода негатива во однос на лидерот Барселона. Сепак, има грижи за Анчелоти затоа што на повреди се пожалија Бензема и Милитао. Валенсија се држеше едно полувреме, а Реал постигна гол во последните мигови од првиот дел, но не беше признат поради фаул што го направи Карим Бензема. Но, на почетокот на вториот дел тимот на Анчелоти тргна многу поофанзивно, а Марко Асенсио донесе водство со прекрасен погодок во 52.минута. Само две минути подоцна, Винисиус Жуниор зголеми на 2:0 откако им побегна на гостинските дефанзивци. Валенсија во 72.минута остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Габриел Паулиста. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Драматични победи за Барселона и Макаби, пораз за Црвена Звезда Претходно Јувентус закажа полуфинален дуел со Интер во Купот на Италија Би можело да ве интересира и... Драматични победи за Барселона и Макаби, пораз за Црвена Звезда Јувентус закажа полуфинален дуел со Интер во Купот на Италија Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата
Драматични победи за Барселона и Макаби, пораз за Црвена Звезда
Макфакс - пред 1 час
Кошаркарите на Барселона го совладаа Баерн со 72:70, кој пристигна без тренерот Андреа Тринкиери. Најефикасен кај Барселона беше Миротиќ со 12 поени, Весели постигна 10 поени со девет скока. Кај Баерн, Вајлер-Буб постигна 15, додека Јарамаз стигна до 12 поени. Макаби на гости ја победи Валенсија со 94:93. Макаби во четвртиот период имаше водство од седум поени, но Валенсија успеа да стигне со две тројки. Сепак, Болдвин го реши прашањето за победникот. Најдобар во домашниот тим беше Харпер со 20 поени, а Препелиќ постигна 15. Макаби го предводеше Болдвин со 19 поени. Олимпија Милано ја совлада Црвена Звезда со 74:68. Берон со 14 и Хал со 14 поени беа најдобри кај Милано, додека кај српскиот шампион Бентил постигна 17. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно „Кралевите“ ја надиграа Валенсија Би можело да ве интересира и... „Кралевите“ ја надиграа Валенсија Јувентус закажа полуфинален дуел со Интер во Купот на Италија Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата
Сведоците се повлекле – Гринвуд ослободен од сите обвиненија за бруталност
Вечер - пред 2 часа
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд кој долго време беше под истрага поради брутални напади на својата девојка, денеска е ослободен од сите обвинувања. Како што пренесува Manchester Evening News, сите обвиненија против англискиот играч се отфрлени – кривичната постапка е прекината. Инаку младиот играч на Јунајтед последниот меч го одигра на 22 јануари 2022 година и неколку денови подоцна беше уапсен. Манчестер Јунајтед веднаш го исфрли од тимот, а потоа, кога Гринвуд беше пуштен со кауција, одби да му ја даде својата тренинг база. Од официјалните информации на полицијата денеска стана јасно дека клучните сведоци во случајот ги повлекле изјавите. По најновите случувања се огласи и Манчестер Јунајтед. “Манчестер Јунајтед е свесен за одлуката на обвинителството дека сите обвиненија против Мејсон Гринвуд се отфрлени. Клубот сега ќе направи своја анализа пред да одлучи за следните чекори. Нема да има дополнителни коментари од наша страна додека не заврши овој процес“, стои во соопштението. I’ve seen the pictures and heard the recording. The CPS dropping the charges against Mason Greenwood doesn’t mean he’s innocent. It’s just further evidence that our so called justice system exists to protects rapists and abusers and constantly, horrifically fails women. pic.twitter.com/jGGpEhxIwC — Supertanskiii (@supertanskiii) February 2, 2023 sportmedia.mk
Андре Ајев е 30-тиот нов играч во Нотингем Форест сезонава
Вечер - пред 2 часа
Англискиот премиерлигаш го донесе ганскиот напаѓач Андре Ајев на позајмица до крајот на сезоната. Тој доаѓа од Ал Сад од Катар во редовите на „шумарите“ и е 30-тото нивно засилување, ако се бројат и играчите кои беа ангажирани пред почетокот на сезоната. Ајев е добро познато име, играше и во Премиер лигата и тоа во Свонси и Вест Хем. Играше и за Фенербахче, а на почетокот на кариерата и за Олимпик Марсеј. За Гана има 113 настапи. И покрај големиот број на засилувања Нотингем Форест е на 13-тата позиција на табелата со 21 бод, четири повеќе од опасната зона. Andre Ayew becomes Nottingham Forest’s 30th signing this season! ✍️ Yes, 30th 🤯 pic.twitter.com/HFxxT2o6UL — ESPN UK (@ESPNUK) February 2, 2023 sportmedia.mk
Чави: Одигравме брилијантен натпревар
Вечер - пред 12 часа
Тренерот на Барселона Чави Ернандез е воодушевен од настапот на неговиот тим на синоќешниот меч против тимот на Бетис и победата од 2:1. Каталонците сега имаат точно 50 бода на половина од сезоната, а досега примија само седум гола. Тренерот беше полн со пофалби за своите играчи и рече дека одиграле брилијантен натпревар. “Многу сум задоволен од натпреварот. Многу го подобривме нашиот настап во однос на средбата со Гирона. Одигравме брилијантен натпревар. Денеска најважно беше да не ја загубиме топката и завршивме одлична работа со тоа. Доминиравме од почеток до крај“, изјави Чави. Тој го пофали и настапот на Рафиња за кој се шпекулираше дека ќе си замине летото. „Рафиња се снајде добро, не само поради постигнатиот гол, туку и поради работата што ја заврши во одбраната. Во последно време е многу критикуван, но тој всушност многу работи за тимот и ние многу го цениме. “ – , истакна стратегот на Барса. sportmedia.mk
Руи Кошта: Фернандез не сакаше да остане во Бенфика
Дерби - пред 1 час
Португалскиот гигант Бенфика не успеа да го задржи Енцо Фернандез кој по една вистинска драма воо јануарскиот преоден рок заврши во премиерлигашот Челси. Бенфика сакаше да го има на располагање Аргентинецот барем до крајот на актуелнава сезона, меѓутоа „сините“ притискаа, притискаа и на крајот го добија тоа што го сакаа, ама во исто време и ја наполнија касата на составот од Лисабон. Челси плати 106,8 милиони фунти, сума која е нов британски рекорд. -Енцо не сакаше да остане во Бенфика. Тој не ни даде никакви шанси. Направив се што можев. Тажен сум, но не сакам да плачам за играч кој не сакаше да остане. Кога Челси дојде со понудата, немаше шанси да го смени размислувањето, -истакна легендарниот Руи Кошта кој сега е претседател на Бенфика. Руи исто така откри дека се обидел овој трансфер да го одложи на лето при што Челси ќе платал помала сума, ама Енцо не сакал да се согласи со ваков договор.
Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година
Макфакс - пред 2 часа
Поранешниот тренер на РК Вардар, Шпанецот Раул Гонзалес, ја продолжи соработката со ПСЖ. Тој стави потпис на нов договор до јуни 2025 година. „Гордост ми е што можам да ја продолжам рабоатата што ја почнав во 2018 година и што ќе можам да имам влијание на иднината на клубот уште две сезони. Мојата амбиција е нашиот тим да настапува на највисоко национално и континентално ниво, да имаме одлични моменти со навивачите и да го збогатам нашиот рекорд на достигнувања“, изјави Раул Гонзалес на презентацијата за новата соработка. Шпанскиот стратег дојде во ПСЖ во 2018 година. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул Претходно Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата Би можело да ве интересира и... Драматични победи за Барселона и Макаби, пораз за Црвена Звезда „Кралевите“ ја надиграа Валенсија Јувентус закажа полуфинален дуел со Интер во Купот на Италија Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата
Нексе подобар од Еурофарм Пелистер во СЕХА
Макфакс - пред 5 часа
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Нексе со 29:25 во вториот меч од групата А во СЕХА лигата. Битолскиот тим со неколку повредени играчи не можеше да му се спротистави на разиграниот состав од Нашице, кој на полувремето обезбеди водство од 15:12. Иван Сршен со шест гола беше најефикасен во тимот на Нексе, а го следеа Лука Мославац и Фахрудин Мелиќ со по четири гола. Мирко Радовиќ со пет гола се истакна во тимот на Еурофарм Пелистер, а Ненад Костески постигна четири гола. Фото: СЕХА Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Македонија е 24. ракометна сила во светот Претходно Дали Мејсон Гринвуд ќе се врати во тимот на Манчестер Јунајтед? Би можело да ве интересира и... Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата Македонија е 24. ракометна сила во светот Дали Мејсон Гринвуд ќе се врати во тимот на Манчестер Јунајтед? Младите фудбалери стартуваат со Шведска на гости, а потоа доаѓа Холандија Арменд Алими го продолжи договорот со Работнички
Откриено е како и зошто газдата на Челзи се одлучил да го купи Енцо Фернандез!
Вечер - пред 2 часа
Лесно е кога имаш пари, а уште полесно е кога имаш мноооогу пари, како на пример Тод Боли, газдата на Челзи. Овој Американец само во зимскиот преоден рок „лупна“ 323 милиони футнти за нови играчи, од кои 121 милиони евра даде за Енцо Фернандез, со што го урна британскиот рекорд во висина на трансферите кога станува збор за парите. Овој Боли во последните 6-7 месеци, откако е газда на Челзи, за нови играчи вкупно потрошил неверојатни 660 милиони фунти, во двата преодни рока, во летниот (2022) и зимскиот (2023). Секако дека Челзи се “прослави“ со ангажманот на Енцо, на Аргентинецот кој беше еден од клучните играчи на СП во Катар, каде “гаучосите“ дојдоа до златото. Да потсетиме дека Енцо беше прогласен за најдобар млад играч на Мундијалот. И сега, конечно, да дојдеме до тоа зошто Енцо, а не некој друг, бил трансферна цел на пребогатиот газда на Челзи. Па, Тод Боли го следел финалето во Катар на СП меѓу Аргентина и Франција, и откако финалето завршило тој веднаш им се јавил на своите соработници во Челзи и им рекол дека по секоја цена во јануари мора да го купат тој “малиот“, Аргентинецот. И дека парите не биле проблем, и дека мора да го ангажираат, по секоја цена, им повторил, додека тие се фаќале за глава со оглед на тоа дека Енцо воопшто не бил во нивните планови до тој момент додека газдата не им се јавел да им каже што да прават. Ете, така Енцо Фернандез стана член на Челзи… sportmedia.mk
Трибината на стадионот на Црвена Звезда, „Маракана“ ќе го носи името на Синиша Михајловиќ
Канал 5 - пред 1 час
Поранешниот феноменален лев бек на црвено-белите ја загуби битката со леукемијата на 54-годишна возраст кон крајот на минатата година во Рим. Звезда в сабота игра против Војводина, која беше првиот клуб во кариерата на Михајловиќ, а по тој повод ВИП трибината на Маракана свечено ќе биде преименувана по покојниот Миха. Во Црвена звезда пристигна во 1991 година откако беше шампион на Југославија со Војводина, во која дојде од Борово во Вуковар. Во првата сезона во Белград ја освои Лигата на шампионите, а потоа продолжи да гради успешна кариера во Италија. Тој го носеше дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и Интер. Ја освои титулата со Лацио во 2000 година, а се уште е рекордер во Серија А по бројот на постигнати голови од слободни удари.
Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул
Макфакс - пред 2 часа
Фудбалерите на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк и Роберто Фирмино, се вратија на тренинзите по повредите. Тоа се добри вести за менаџерот Јирген Клоп, откако оваа недела дозна дека нема да може да смета на Ибрахима Конате во следните неколку седмици. Ван Дајк се опорави од повредата на тетивата која ја доби против Брентфорд минатиот месец, додека Фирмино беше надвор од теренот по паузата од Светското првенство кога заработи повреда на тренинг кампот во Дубаи. Ливерпул в сабота ќе игра против Вулверхемптон, но тешко дека повратниците веднаш ќе се најдат во составот на Клоп. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот Претходно Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Би можело да ве интересира и... Драматични победи за Барселона и Макаби, пораз за Црвена Звезда „Кралевите“ ја надиграа Валенсија Јувентус закажа полуфинален дуел со Интер во Купот на Италија Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата
Јувентус последен полуфиналист во Копа Италија (ВИДЕО)
Екипа - пред 2 часа
Јувентус е последниот патник во полуфиналето на најмасовното италијанско фудбалско натпреварување Копа Италија, откако во четвртфиналниот дуел вечерва на домашен терен славеше над Лацио со минимални 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 44. минута кога победничкиот погодок за „старата дама“ го постигна Бремер. Избраниците на Масимилијано Алегри во полуфиналето ќе се сретнат со големиот ривал Интер. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Кремонезе и Фиорентина. Juventus [1] – 0 Lazio – Gleison Bremer 44’ from soccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Пумас го тужи Дани Алвеш
Макфакс - пред 11 часа
Бразилскиот фудбалер Даниел Алвеш (39) минува низ најтешката фаза во животот. Тој обвинет за силување и е во затвор, а нова неволја го стигна денеска, откако УНАМ Пумас го тужи за четири и пол милиони евра. Челниците на овој фудбалски клуб сметаат дека Алвеш ги прекршил правилата на договорот. Мексиканците тврдат дека Алвеш ги прекршил правилата од договорот во кои јасно било наведено дека ќе биде казнет во случај на проблеми со законот. Раководството на овој клуб експресно му врачија отказ на Алвеш, кога тој беше обвинет за силување. „Поради грубо прекршување на договорот, клубот експресно бара исплата на обесштетување од пет милиони долари без никаков данок или плаќање на рати. УНАМ Пумас ги задржува сите права да и се обрати на ФИФА и преку неа да бара исплата поради прекршување на клаузулата во договорот“, пишува во мејлот што мексиканскиот клуб му го испратил на Дани Алвеш. Дани Алвеш минатата година стана член на Пумас. Во Мексико замина откако Барселона не му понуди продолжување на соработката, а во овој тим одигра само 13 натпревари. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Ла Лига: Англичаните го допингуваат и уништуваат фудбалот Претходно Урнебесна реакција на Јокиќ на веста дека има трипл-дабл просек Би можело да ве интересира и... Опстанокот е се подалеку – Сампдорија се соочува со жестока казна Лига куп: Ќе има сектор за стоење во финалето Дешан шокиран – Варан повеќе нема да игра за Франција Ла Лига: Англичаните го допингуваат и уништуваат фудбалот Урнебесна реакција на Јокиќ на веста дека има трипл-дабл просек Бисерот на Арсенал најдобар стрелец во Франција
Ако учествуваат Русите, Летонија нема да праќа спортисти на Олимпијадата во Париз ако трае инвазијата
Мкд.мк - пред 1 ден
Меѓународниот олимписки комитет минатата недела објави дека е спремен да ја отвори вратата за руските и белоруските спортисти, кои во 2024 година ќе се натпреваруваат под неутрално знаме.„Да требаше сега да донесеме одлука за тоа, се разбира дека немаше да одиме на ваков натпревар“, рекол портпаролот за Ројтерс.„Но Игрите во Париз се за година и пол. Ќе видиме што ќе се случи во Украина. Се надеваме дека украинскиот народ ќе ја добие војната и дека ќе бидеме во нова ситуација“, додава тој.Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика МОК да им забрани да учествуваат на спортските игри, но сè уште има мала јавна поддршка од другите нации за целосна забрана на Русите во Париз.Олимпијадата во Париз 2024 година ќе се одржи од 26 јули до 11 август, а Параолимпијадата од 28 август до 8 септември.Летонија, која граничи со Русија, беше еден од најсилните поддржувачи за влез на Украина во Европската Унија и НАТО, заедно со нејзините балтички соседи Естонија и Литванија.Ниту литванскиот ниту естонскиот национален олимписки комитет не размислуваат за бојкот на Олимписките игри во Париз, изјавија нивните претседавачи за домашните медиуми во вторникот.Министрите за надворешни работи на трите земји и на Полска во вторникот се согласија дека руските и белоруските спортисти на Олимпијадата се „неприфатливи“ сѐ додека трае инвазијата, рече летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.Балтичките министри за спорт ќе се состанат утре за да разговараат за заедничкиот апел до МОК за забрана на руските и белоруските спортисти од сите меѓународни натпреварувања, изјави во средата литванскиот министер за образование, наука и спорт.
Агентот на Кивиор објаснува како Арсенал ги победи Јуве, Милан и Наполи во трката по неговиот клиент
365.mk - пред 2 часа
77СподелувањаShareTweet Агентот на Јакуб Кивиор, Саша Баранов објаснува како Арсенал ги победи Јувентус, Милан и Наполи во трката по потписот на неговиот клиент. Во јануарскиот преоден рок полскиот дефанзивец, Јакуб Кивиор од Специја се пресели во Арсенал за сума од 25 милиони евра плус бонуси. Покрај Арсенал, интерес за него имало и од Јуве, Милан и Наполи. „Сите големи италијански клубови, со исклучок на Интер, покажаа интерес. Тука се Наполи, Милан и Јувентус“, вели агентот Баранов. - Реклама -
Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата
Макфакс - пред 4 часа
Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата. „Армејците“ триумфираа на гости кај Нижни Новгород со 70:89 и ја продолжија неверојатната серија. Домашниот тим имаше сила да му парира на тимот на Рајковиќ три четвртини, но потоа ЦСКА Москва го доби последниот период со 15 поени разлика и го реши мечот во своја корист. Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ беше декласиран на домашен терен од Локомотив Кубан со 70:103. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Претходно Македонија е 24. ракометна сила во светот Би можело да ве интересира и... Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Македонија е 24. ракометна сила во светот Нексе подобар од Еурофарм Пелистер во СЕХА Дали Мејсон Гринвуд ќе се врати во тимот на Манчестер Јунајтед?
Македонија е 24. ракометна сила во светот
Макфакс - пред 4 часа
Македонија е 24. ракометна сила во светот, според специјализираната интернет страница „HandballRanking“. Тоа е за три позиции подобар ранкинг од последниот пласман на националниот тим на Светското првенство. На првото место е актуелниот светски првак Данска, а следуваат Шпанија, Франција, Норвешка и Шведска. Македонија се наоѓа веднаш зад Бахреин, а пред Црна Гора, Австрија, Швајцарија, Чиле… Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата Претходно Нексе подобар од Еурофарм Пелистер во СЕХА Би можело да ве интересира и... Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул Раул Гонзалес останува во ПСЖ до 2025 година Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата Нексе подобар од Еурофарм Пелистер во СЕХА Дали Мејсон Гринвуд ќе се врати во тимот на Манчестер Јунајтед?
Саха со совет до ѕвездата на „црвените ѓаволи“: Остани и освои премиерлигашка титула со Јунајтед
Дерби - пред 1 час
Манчестер Јунајтед се обидува да се врати на победнички патеки, односно желбата е да се врати старата слава од времето на легендарниот сер Алекс Фергусон. Тоа е мисија која воопшто не е лесна, но засега менаџерот Ерик Тен Хаг одлично се снаоѓа во својата прва сезона на „Олд Трафорд“ каде вади максмумот од играчите од кои еден дефинитивно се издвојува-тоа е Маркус Рашфорд. Холанѓанецот успеа да го препороди Рашфорд кој игра на извонредно ниво, тој е најголема опасност за противничките екипи и затоа клубот сака да го врзи со долгорочен договор. Останува да се види во која насоко ќе се движат преговорите со тоа што во меѓувреме Луис Саха како поранешен играч на „црвените ѓаволи“ муу даде јасен совет нна англискиот репрезентативец. Според Саха најдобро за Маркус е да остане, да освои премиерлигашка титула, па дури потоа да размислува за заминување. -Тој е многу паметно момче и во исто време е многу лојален. Многу страдаше во последните две години од лошите настапи и лошиот пристап во натпреварите, ама закрепна од тоа. Какво закрепнување!!! Тој е брилијантен и не сакам да застане. Можам да видам како му враќа на клубот за сè што му даде и како му возвраќа на менаџерот за довербата што ја имаше вонего. Не можам да го видам како го напушта клубот кога е во толку добра форма и верувам дека Јунајтед е најдобро место за него затоа што постигнува голови, тој може да достигне ниво на признание и да биде меѓу десетте најдобри играчи во светскиот фудбал. -Заминувањето во друг клуб може да биде за две-три години. Зошто да не? Ако ја освои Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, го врати трофејот на „Олд Трафорд“, тогаш можам да го видам како заминува, -порача Саха.
Повторно лоши вести за Пол Погба
Макфакс - пред 13 часа
Пол Погба се уште не одиграл натпревар за Јувентус откако минатото лето се врати во клубот од Манчестер јунајтед. Поради повредата тој го пропушти и Светското првенство во Катар. Французинот, кој во неделата беше беше резерва против Монца нема да конкурира за место во тимот за натпреварот против Лацио во Купот на Италија. Погба се повреди уште во јули, беше опериран на почетокот на септември, а сега повторно чувствува „болки во флексорните мускули“, откри Масимилијано Алегри на прес-конференцијата, пред натпреварот со Лацио. „За жал, кога играчот е неактивен со месеци, се јавува болка кога се зголемува интензитетот на тренинзите“, изјави тренерот на Јувентус. Погба, кој има 29 години, нема одиграно официјален натпревар од април кога беше во Манчестер јунајтед. Откако се врати во Јувентус, Французинот го повреди десното колено во јули, по првиот претсезонски пријателски натпревар. По операцијата во септември, тој го пропушти Светското првенство во 2022 година во Катар каде неговата Франција заврши на второто место. Тренерот Алегри не откри дали играчот од средниот ред ќе биде подготвен за следното коло од Серија А, против Салернитана на 7. февруари. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Практична примена на промената на правилата на ВАР технологијата – Судијата ја објасни промената на одлуката Би можело да ве интересира и... Практична примена на промената на правилата на ВАР технологијата – Судијата ја објасни промената на одлуката У21-репрезентацијата ги дозна противниците во квалификациите за Евро 2025 17 години ја чекаше правдата – Падовано не е дилер Трошењето заврши, време е да се состави трансфер-листата ПСЖ на Баерн без Килијан Мбапе Лилард го поништи трипл-даблот на Морент, убедливи победи на Атланта и Бостон
РК Пролет ги задржа младинските репрезентативци, Димковски, Стојановски и Тотиќ
Макфакс - пред 1 ден
Ракометниот прволигаш Тинекс Пролет постигна договор за продолжување на соработката со тројцата најперспективни ракометари во клубот, кадетските и младински репрезентативци на Македонија, Томислав Димковски, Андреј Стојановски и Михаел Тотиќ. Станува збор за ракометари кои имаа значајна улога во триумфот на кадетската репрезентација на ЕХФ шампионатот во Рига, на кој Димковски беше избран и за МВП на првенството. Тие добиваа шанса во првиот тим на Тинекс Пролет во првиот дел од сезоната, а сигурно ќе имаат уште позначајна минутажа во плејофот, каде се дел од плановите на тренерот Лембанов. Димковски и Стојановски настапуваат на бековската позиција, додека Тотиќ одлично се снаоѓа на позицијата лево крило. „Тинекс Пролет останува максимално доследен на клупскиот концепт на кој инсистира со години наназад, најдобрите членови на младинската школа да добијат шанси за докажување и во првата екипа. Остануваме проект што ќе создава квалитетни домашни играчи, го потврдуваме тоа и со новите договори на Димковски, Тотиќ и на Стојановски, тројца извонредно перспективни ракометари со кои потпишавме долгогодишни договори и за кои не се сомневаме дека ќе донесат бројни победи на тимот во иднина“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Калин Ивановски со успешен старт на новиот турнир во Тунис Претходно Шпански фудбалер дознал дека e принц – Добил остров и милиони Би можело да ве интересира и... Хрватите го сменија селекторот Хорват, но го „избркаа“ и Лино Червар Калин Ивановски со успешен старт на новиот турнир во Тунис Шпански фудбалер дознал дека e принц – Добил остров и милиони Том Брејди (повторно) замина во пензија Том Брејд (повторно) замина во пензија Парондо повеќе не е селектор на Египет
НБА Топ 10: Најубавите потези на вечерта (ВИДЕО)
Екипа - пред 11 часа
Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни осум натпревари по кои на победи се радуваа Портланд, Филаделфија, Бостон, Хјустон, Минесота, Сакраменто, Јута и Атланта. Најубавите потези на вечерта ги отсликаа атрактивни забивања… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Арменд Алими го продолжи договорот со Работнички
Макфакс - пред 6 часа
Искусниот фудбалер за врска Арменд Алими и во вториот дел од сезоната останува дел од Работнички, објави македонскиот прволигаш. По денешната средба со раководството на клубот тој го продолжи договорот до крајот на шампионатот. Алими од утре ќе се приклучи на подготовките на „романтичарите“ во Охрид. Работнички утре го очекува пријателски натпревар со второлигашот Охрид, а на 6.февруари ќе има тест и против Воска Спорт. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Младите фудбалери стартуваат со Шведска на гости, а потоа доаѓа Холандија Претходно Калин Ивановски експресно се пласира во четврт-финалето на турнирот во Тунис Би можело да ве интересира и... Македонија е 24. ракометна сила во светот Нексе подобар од Еурофарм Пелистер во СЕХА Дали Мејсон Гринвуд ќе се врати во тимот на Манчестер Јунајтед? Младите фудбалери стартуваат со Шведска на гости, а потоа доаѓа Холандија Калин Ивановски експресно се пласира во четврт-финалето на турнирот во Тунис Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија
Илчо Ѓорѓиоски ќе биде тренер на грчкиот клуб Каламата
Топ Спорт - пред 3 часа
Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот тренер на Вардар, Брегалница и на Македонија ЃП, кој шест години беше и претседател на Фудбалската федерација на Македонија, ќе биде нов тренер на грчкиот второлигаш Каламата. Тој во текот на утрешниот ден треба да го преземе тимот, а прв соработник ќе му биде Владимир Димитровски, поранешниот репрезентативец и играч на Вардар и на Работнички, кој сега живее во Грција и неодамна ја заврши кариерата. Добивај вести на вибер Илчо Ѓорѓиоски оваа сезона ја почна како тренер на Брегалница, но потоа дојде до разделба со раководството на штипскиот клуб. Каламата е член на Втората лига југ во Грција и во моментот се наоѓа на седмата позиција со пет победи, четири ремија и три порази.
Урнебесно: Чистач на паркет, а Бостон оди во контранапад (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 11 часа
Бостон селтикс славеше со 139-96 против Бруклин нетс, а во последната четвртина беше забележана урнебесна сцена на паркетот. Кошаркарите на Бостон тргнаа во контранапад, и тоа во момент додека на паркетот беше еден чистач, кој мораше да бега за да не им попречи на играчите. Ball boy has to run for dear life during the fast break at the Celtics vs Nets game pic.twitter.com/WxYOgMvFb6 — hoops bot (@hoops_bot) February 2, 2023
Кака: Ако Леао сака да си оди, сега е вистинското време да го направи тоа
365.mk - пред 3 часа
68СподелувањаShareTweet Легендарниот бразилски фудбалер, Кака вели дека ако Леао сака да си оди од Милан, сега му е вистинско време, но го советува да остане на Сан Сиро. Милан и Леао водат преговори за продолжување на договорот кој му истекува во јуни 2024 година. Двете страни се уште не постигнале договор иако се оптимисти дека тоа ќе се случи. Со свое мислење се јави и легендарниот Кака. - Реклама -
Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн, но не сега, објасни директорот на Австралија Опен
Канал 5 - пред 3 часа
По огромниот подвиг, навивачите ширум светот се прашуваат дали српскиот ас ќе ја добие статуата на терените на Австралија опен. За ова зборуваше директорот на познатиот турнир, Крег Тајли, кој истакна дека статуите се доделуваат исклучиво на тенисери кои ја завршиле кариерата. - Тоа што го направи никогаш повеќе нема да се повтори. Неверојатно достигнување. Се доделуваат статуи на играчи кои веќе не играат, а тој се уште е активен. Но, навистина, Новак има важно место во историјата на нашиот турнир - изјави Тајли за радиото „Спортсдеј“.
ТОП фудбалски моменти кои нема да се повторат
Топ Спорт - пред 1 ден
Нешто невообичаено! Добивај вести на вибер
Првиот човек на Ла Лига: Барса нема пари да го купи Халанд или Мбапе, тие можат да завршат само во Реал
Мкд.мк - пред 10 часа
„Каталонците“ минатото лето продаваа имот за да ја подобрат финансиската состојба и да донесат засилувања како Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде.Но се верува дека летоска Барселона повторно ќе биде во голем минус и Жоан Лапорта и неговите соработници ќе мора да обезбедат нови приходи или да ја кратат сметката за плати.Дека финансиската ситуација на Камп Ноу е лоша уште еднаш потсети првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој беше запрашан за можноста Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе да се преселат во Шпанија.„Се надевам дека ќе пристигнат но овие двајца играчи може да направат трансфер само Реал Мадрид. Во моментов, економската ситуација на Барселона не дозволува ангажман на ваков тип на фудбалери“ – вели Хавиер Тебас.„Ниту пак следната сезона, треба да се случат драстични промени. Според мене тоа е невозможно“.Се верува дека во договорот на Ерлинг Халанд има откупна клаузула која се активира летото во 2024 година и со која Норвежанецот може да го напушти Манчестер Сити за 200 милиони евра.Исто така се шпекулира дека Килијан Мбапе на блиски пријатели им се доверил дека летото во 2024 ќе може да го напушти ПСЖ.
Ливерпул ќе го продава Салах, а веќе ја одреди и цената
Супер спорт - пред 3 часа
Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Англискиот гигант Ливерпул планира да го продаде Мохамед Салах на крајот на сезоната, а веќе е позната и неговата цена.Салах со години беше лидер на Ливерпул, но екипата игра ужасно, а многумина го критикуваат Египќанецот поради лошите резултати.„Калчомеркато“ објави дека Ливерпул е подготвен да го продаде Салах за 80 милиони евра, а за неговите услуги е заинтересиран ПСЖ. Салах потпиша за Ливерпул во 2017 година, а притоа одигра 284 меча за премиерлигашот и постигна 173 голови, но и 70 асистенции.
Матеј Цветаноски ја засилува Академија Пандев
Екипа - пред 1 ден
Повремениот македонски репрезентативец Матеј Цветаноски ја засилува Академија Пандев за пролетниот дел од шампионатот. Крилниот офанзивец, по настапите за Партизани во Албанија и Ѓирмот во Унгарија, повторно се враќа во македонскиот фудбал сега засилувајќи ги „пандевци“. 25-годишниот фудбалер претходно во македонскиот шампионат има настапувано за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар и Шкупи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Следните два гола на Левандовски скапо ќе ја чинат Барселона
Супер спорт - пред 3 часа
Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Барселона го ангажира Роберт Левандовски од Баерн Минхен и тој се покажа како одлично засилување бидејќи постигна 14 гола на 16 натпревари во Ла Лига.Каталонскиот гигант ќе мора да плати 1,25 милиони евра за следните два гола на Левандовски во дресот на Барселона.Овој 34-годишен полски репрезентативец се врати по суспензијата од три натпревари.
Заниоло: Напишани се многу лаги за мене
Екипа - пред 3 часа
Фудбалерот на Рома и италијански репрезентативец Николо Заниоло изјави дека се става на располагање на римскиот клуб, пренесуваат медиумите во Италија. Заниоло напиша отворено писмо до Рома, откако не успеа да го напушти римскиот клуб во зимскиот преоден рок. Тој одби да се пресели во Бормаут, а Рома потоа го блокираше трансферот на Заниоло во Лидс, бидејќи не можеше да се договорат со премиерлигашот околу обештетувањето. „Иднината е во наши раце. Апсолутно го задржувам своето и се ставам на располагање на Рома. Во последните недели се пишуваа многу работи кои не се вистинити. Во Рома пристигнав како непознат играч, а навивачите ме прифатија. Ми дадоа самодоверба, ме бодреа во тешките и мрачни моменти кога се мачев со повредите“, изјави Заниоло. Тој истакна дека добил закани од навивачите по изјавите на тренерот Жозе Мурињо и директорот на клубот Тиаго Пинто дека Заниоло повеќе нема да игра за Рома. „За прв пат се плашев за себе и за моето семејство. Се чувствував напуштено. Тоа никогаш порано не ми се случило. Бев исплашен“, објасни Заниоло. Заниоло за Рома досега одигра 128 натпревари и постигна 24 гола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Јувентус се соочува со нова казна – Ќе му бидат одземени уште 20 бода
Макфакс - пред 8 часа
Фудбалскиот клуб Јувентус се соочува со нова казна, поради која може да заврши во Серија Б. Пред две недели, поради финансиски малверзации, на Јувентус му беа одземени 15 бода. „Обвинителот на Фудбалскиот сојуз на Италија ќе побара Јувентус да биде казнет со одземање на најмалку 20 поени за измама околу исплата на плати на играчите за време на пандемијата на коронавирус, случај кој се смета за многу посериозно прекршување на правилата од користење на лажен капитал во финансиските книги. Доколку се случи ова и на Јувентус покрај веќе одземените 15 бода, му бидат одземени уште 20, клубот ќе падне на последното место во Серија А“, пишува „Кориере дело Спорт“. Јувентус до пред две недели се бореше за Скудетото, а како сега стојат работите ќе се бори за опстанок. Доколку Јувентус биде казнет со одземање 20 бода, по 20. коло би имал само три бода и би паднал на последното место на табелата, би бил 10 бода оддалечен од безбедната зона. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија Претходно Три недели пауза за Килијан Мбапе Би можело да ве интересира и... Калин Ивановски експресно се пласира во четврт-финалето на турнирот во Тунис Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија Три недели пауза за Килијан Мбапе Ауар се договорил со Бетис Опстанокот е се подалеку – Сампдорија се соочува со жестока казна Лига куп: Ќе има сектор за стоење во финалето
Дешан шокиран – Варан повеќе нема да игра за Франција
Макфакс - пред 10 часа
Рафаел Варан во четвртокот го шокираше селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешам, откако објави дека повеќе нема да игра за „триколорите“. Стоперот на Манчестер јунајтед има само 29 години, со години игра на највисоко ниво, а само што влегува во зенитот на кариерата, но повеќе не сака да игра за „триколорите“. Варан беше незаменлив во тимот на селекторот Дидие Дешам на претходните две светски првенства каде Французите стигнаа до финалето. Во Русија во 2018 година, Варан ја командуваше одбраната на светските шампиони, додека во Катар минатата година, Франција загуби во финалето од Аргентина. Одличниот дефанзивец за Франција дебитираше во 2013 година во квалификациите за Светското првенство во Бразил против Грузија кога неговата репрезентација победи со 3:1. На Мундијалот во Бразил, Франција испадна во четвртфиналето од Германија, која подоцна ја освои титулата. Две години подоцна, Франција беше домаќин на Европското првенство и стигна до финалето каде Португалија беше подобра. Со националниот тим ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Варан одигра 93 натпревари за Франција, постигна пет гола. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Лига куп: Ќе има сектор за стоење во финалето Претходно Ла Лига: Англичаните го допингуваат и уништуваат фудбалот Би можело да ве интересира и... Ауар се договорил со Бетис Опстанокот е се подалеку – Сампдорија се соочува со жестока казна Лига куп: Ќе има сектор за стоење во финалето Ла Лига: Англичаните го допингуваат и уништуваат фудбалот Пумас го тужи Дани Алвеш Урнебесна реакција на Јокиќ на веста дека има трипл-дабл просек
Пропадна трансферот на Зијеш во ПСЖ
Макфакс - пред 1 ден
Хаким Зијеш е најголемиот губитник во зимскиот преоден рок. Мароканецот договори личните услови со ПСЖ, во Париз чекаше Челзи да ги испрати потпишаните сите потребни документи, на крајот по серија бизарни настани, трансферот му пропадна во последните минути. Клубовите сè уште преговараа кога Зиех ги помина медицинските тестови во Париз и чекаше документација со која ќе биде потврдена неговата позајмица од Челзи до крајот на сезоната. По интензивните преговори дали ПСЖ ќе го купи мароканскиот репрезентативец, на што инсистираше Челзи, или само ќе го позајми до крајот на сезоната, што беше желба на парискиот клуб, конечно беше постигнат договор за позајмица. . Потоа сето тоа пропадна поради неверојатните пропусти што ги направија на Стемфорд Бриџ. Француските новинари дознаа дека Челзи најпрвин испратиле погрешно потпишан документ, откако во ПСЖ ја воочиле грешката и реагирале, уште еднаш од Лондон биле испратени документите, но на погрешна адреса. Во Париз наводно се бесни и подготвуваат жалба до здружението на француски прволигаши. Токму на таа адреса, наместо на ПСЖ, според француските медиуми, Челзи ја испратил потребната документација. Кога пристигна во парискиот клуб, преодниот рок бил завршен. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно МВП изведби на Јокиќ и Леброн Претходно Челси го сруши рекордот и плати 105 милиони фунти за Енцо Фернандез Би можело да ве интересира и... МВП изведби на Јокиќ и Леброн Челси го сруши рекордот и плати 105 милиони фунти за Енцо Фернандез Партизан му се одмазди на Асвел, Олимпијакос го „здроби“ Фенер Њукасл во финалето на Лига купот – ќе играат за прва титула од 1955 година! Дармијан ги однесе Интер во полуфиналето на Копа Италија Официјално: Жоржињо е „топчија“
Ѓоковиќ го обвинуваа дека ја лажирал повредата – шефот на Австралија опен ги откри медицинските наоди
Макфакс - пред 1 ден
Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен. Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП-листата. Ѓоковиќ во Мелбурн допатува со сериозна повреда, со која се здоби во полуфиналето против Данил Медведев, на турнирот во Аделаида. Повредата му правеше проблеми во првите три кола. Повредата како да исчезна кога Ѓоковиќ во лекарскиот тим ја ангажираше докторката Маријана Ковачевиќ. Поради тоа се ојавија сомнежи дека ја лажирал повредата, па Ѓоковиќ изјавил дека е особено навреден поради тоа и дека ќе ја покаже снимката која ја потврдува неговата приказна. На страната на Ѓоковиќ застана директорот на Австралија опен, Крег Тајли, кој за медиумите објасни дека Ѓоковиќ има пукнатина од три сантиметри во задната ложа: „Многу предизвици се околу Новак бидејќи добива лоша репутација. Но, на крајот, мислам дека никој не може да го доведе во прашање неговиот атлетизам“, рече Тајли. „Имаше пукнатина од три сантиметри. Апсолутно, ја видов снимката, лекарите ќе ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации за тоа дали е вистина или не. Тешко е да се поверува дека некој може да го направи ова со таква повреда Тој е неверојатен, се справи со тоа исклучително професионално. Тој е толку фокусиран на она што го прави. Секоја минута од секој ден. Што јаде, пие, што прави и како го прави тоа. Без дефекти, ниту ментално, ниту во било што што прави. Помина низ многу нешта за да ја освои 10. титула на Австралија Опен и мислам дека тоа никогаш нема да се повтори“, заклучи тој. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Ривер заработи 30 милиони евра од трансферот на Фернадез Претходно Конте заврши на операција Би можело да ве интересира и... Две причини зошто Халанд решил да стане „граѓанин“ Ривер заработи 30 милиони евра од трансферот на Фернадез Конте заврши на операција Стопанскиот суд во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата Челси ќе може да регистрира само тројца од новите за ЛШ Клубот го блокирал трансферот на Павар
Македонија со 36 претставници ќе атакува на медали
Нова Македонија - пред 14 часа
Репрезентацијата е комплетна и застапена во сите категории. Како селектор на кадетите очекувам барем еден медал, вели селекторот Ристески КАРАТЕ – ЕП ЗА КАДЕТИ И ЗА ЈУНИОРИ ВО ЛАРНАКА Македонија на Европското првенство (ЕП) за кадети, јуниори и за постари јуниори (до 21 година) во борби и кати, во кипарскиот град Ларнака викендов, ќе ја презентираат вкупно 36 каратисти, во конкуренција на 1.136 каратисти/ки од 41 држава. Селектор на кадетите е Дејан Ристески, на јуниорите Берат Јакупи, на постарите јуниори Мартин Несторовски, каташите кадети ќе ги предводи Неџби Дервиши, а постарите јуниори Александар Фери Исиќ. – Репрезентацијата е комплетна, застапена во сите категории. Како селектор на кадетите очекувам барем еден медал, а најмногу од Андреј Стојчевски и од Филип Стојанов, кои во континуитет учествуваат на големи настани, како што беа Европското првенство во Прага и Светското првенство во Коња, одржани минатата година. Но се надевам дека некој и од помладите може пријатно да изненади – вели селекторот Ристески. На претходното Европско првенство во Прага, во 2022 година, бронзен медал освои јуниорот Љупчо Михајлов (до 68 кг), а го предводеше селекторот Александар Кузмановски. Г.И.
Опстанокот е се подалеку – Сампдорија се соочува со жестока казна
Макфакс - пред 10 часа
Поранешниот шампион на Италија, Сампдорија, незадржливо се движи кон Серија Б. Клубот освои само девет бода во одиграните 20 натпревари. На „Мараси“ се надеваат дека ќе опстанат, но таа задача може дополнително да им биде отежната доколку Лигата реши да ги казни. Сампдорија се соочува со одземање бодови доколку до 16. февруари не им ги исплати заостанатите плати на играчите и вработените во клубот, пишува „Газета дело Спорт“. Како што се наведува, Сампдорија нема исплатено плати за последните три месеци од 2022 година. За да ги подмири долговите кон играчите и вработените во клубот, Сампдорија треба да обезбеди 11 милиони евра. „Газета дело Спорт“, наведува дека е тешко да се очекува дека Масимо Фереро, кој се уште е сопственик на поголемиот дел од акциите, ќе инвестира пари во клубот за навреме да го реши овој проблем бидејќи тоа би значело дека тој му дал на клубот финансиска „инјекција“ вредна меѓу 35 и 50 милиони евра. Доколку платите не бидат исплатени до 16.февруари, на Сампдорија ќе и бидат одземени бодови. Овој извор не наведува колку бодови можат да му бидат одземени на клубот. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Ауар се договорил со Бетис Претходно Лига куп: Ќе има сектор за стоење во финалето Би можело да ве интересира и... Три недели пауза за Килијан Мбапе Ауар се договорил со Бетис Лига куп: Ќе има сектор за стоење во финалето Дешан шокиран – Варан повеќе нема да игра за Франција Ла Лига: Англичаните го допингуваат и уништуваат фудбалот Пумас го тужи Дани Алвеш
Женски магазин - пред 31 минути
Слободен Печат - пред 40 минути
Слободен Печат - пред 48 минути
Нетпрес - пред 51 минути
Вечер - пред 52 минути
Весник - пред 52 минути
Весник - пред 52 минути
Женски магазин - пред 52 минути
Денешен - пред 53 минути
Дерби - пред 55 минути
Инфо - пред 56 минути
Инфо - пред 56 минути
Канал 5 - пред 56 минути
Вечер - пред 56 минути
Слободен Печат - пред 57 минути
Канал 5 - пред 1 час
За Се - пред 1 час
Дерби - пред 1 час
Вечер - пред 1 час