ВИДЕО: Објавени снимки од апсењето на напаѓачот кој уби шестмина на празничната парадата во Чикаго
А1он - ново
Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. Video of Robert Crimo III arrest. "Do me a favor, get on your knees, get on your knees lay down flat on your stomach." https://t.co/mrVLkv6AEg pic.twitter.com/VtWBXFZbWN — John Dodge (@dodgerman) July 5, 2022 Снимките од апсењето се направени од граќани кои биле сведоци, а кои исто така го препознале видеото кое полицијата објави дека го бара. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк.
НАТО утре ќе потпише пристапни протоколи со Финска и Шведска
Весник - пред 17 часа
На претстојното потпишување утре се очекува да бидат вклучени министрите за надворешни работи на двете земји кои аплицираа за пристапување во Алијансата на почетокот од оваа година. Нивното барање беше потврдено на самитот на НАТО на крајот на минатиот месец во Мадрид. По потпишувањето на протоколите следи процес на ратификација од сите 30 земји на НАТО. Утрешното потпишување на протоколите е откако Турција се согласи да не го блокира членството на овие две земји во НАТО. Шведска и Финска имаат долга историја на неутралност, но по руската инвазија на Украина, Москва се закани дека тие ќе бидат цел, ако се приклучат на НАТО, поради што овие две земји поднесоа апликација.
Захарова: Москва може да ѝ се одмазди на целата ЕУ за бугарското протерување 70 руски дипломати
Мкд.мк - пред 9 часа
„Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор“, рече Марија Захарова во соопштението на Министерството.Оценувајќи дека бугарското протерување оди многу подалеку од дипломатската практика, таа ги повика Софија и ЕУ „да размислат за принципот на реципроцитет, кој е основа на дипломатските односи“.Европската дипломатија „треба да разбере дека непромислената поддршка на антируските акции од различни земји-членки ја принудува ЕУ да преземе одговорност за последиците, вклучително и кога станува збор за одмазднички мерки од наша страна“, рече Захарова.Во петокот руската амбасадорка во Софија предвиде затворање на руската амбасада во земјата по одбивањето на Бугарија да ја промени одлуката за протерување на 70 руски дипломати.Станува збор за досега невиден број луѓе протерани од Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, но традиционално блиска до Русија.ЕУ го изрази своето жалење поради „неоправданата закана на Русија да ги прекине дипломатските врски со Бугарија“, опишувајќи ја таа мерка како „несразмерна“.
БАЈДЕН ШОКИРАН ПО ПУКАЊЕТО ВО ЧИКАГО: „Нема да се откажам од борбата…“
Вечер - пред 8 часа
Најмалку шест лица загинаа Американскиот претседател Џо Бајден го изрази својот шок од вооружениот напад на парадата на 4 јули во Хајленд Парк, Илиноис. – Има уште многу работа и нема да се откажам од борбата против епидемија на вооружено насилство – рече тој. Да потсетиме дека најмалку шест лица загинаа, а 24 се ранети во пукотницата за време на парадата по повод Денот на независноста на САД во предградието на Чикаго, Хајленд Парк, соопштија официјални лица.
СИТУАЦИЈАТА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА: Италија воведува ВОНРЕДНА СОСТОЈБА?! И не, НЕ Е ПОРАДИ КОРОНА
Вечер - пред 9 часа
Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на силната суша која која ги погодила овие делови на земјата, соопштено е од кабинетот на премиерот Марио Драги. Северот на земјата е доста тешко погоден, со големите езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое задржува многу помалку вода кое е невообичаено во овој период од годината. Падот, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж нејзиниот тек е на најниското ниво во последните 70 години, испраќајќи солена вода со миљи нагоре. Градовите Пиза и Верона вовеле рестрикција на вода, а Венеција и Милано ги исклучиле некои од своите фонтани. Се поголема сериозност и зачестеност на сушни периоди во медитеранскиот регион воглавно се препишува на климатските промени.
Шведската премиерка Андерсон вети поддршка за Киев и нови санкции кон Русија
Бизнис вести - пред 43 минути
epa09846277 Sweden's Prime Minister Magdalena Andersson arrives for the European Council Summit in Brussels, Belgium, 24 March 2022. The European Council summit starts with the participation of US President Joe Biden to address Russia's ongoing military aggression against Ukraine. After that, Head of States will continue discussions on how best to support Ukraine in these dramatic circumstances. EPA-EFE/JULIEN WARNAND Шведската премиерка Андерсон вети поддршка за Киев и нови санкции кон Русија 05/07/2022 СВЕТ Шведската премиерка Магдалена Андерсон вчера беше во посета на Киев и едно од неговите разурнати предградија од каде повика на засилување на европската поддршка за Украина и воведување нови санкции кон Русија, чија војска напредува на истокот од Украина. -Не треба да дозволиме Русија да оствари напредок благодарение на кршењето на меѓународото право и другите основни принципи, рече Андерсон на заедничката прес конференција со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Таа додаде дека најдобар начин да се добие војната е засилување на поддршката за Украина и зголемување на притисокот врз Русија преку нови саниции. „Нашите напори треба да продолжат колку што ќе биде потребно”, рече таа, оценувајќи дека Украина ги брани заедничките европски вредности. По посетата на разурнари места во предградие на Киев таа кажа дека ја осудува „безумната и свирепа руска агресија, убивањето цивили, меѓу кои има и многу деца. Шведската премиерка кажа дека нејзината земја исто така ќе учесртвува во идната реконструкација на Украина. сд/ 2022-07-05 avtorot23 Сподели Facebook Twitter LinkedIn
„Путин одамна одлучил да ја нападне Украина...Се подготвувал една година“
Точка - пред 23 минути
„Според тоа, ќе може уште долго да ја води војната“, рекол Шолц за американски "CBS".Кацнеларот во разговорот, снимен во четвртокот по самитот на НАТО во Мадрид, а објавен во неделата, признал дека врзувањето со руските енергенти било погрешно. „Требаше во ЕУ да развиеме енергетска инфраструктура која овозможува брза промена на изворот“, додал тој. Според неговите зборови, тоа е лекцијата која Европа ја научила. На прашањето колку Германија плаќа за руски енергенти, ,одговорил само дека сумата се намалува. Покрај тоа, Путин поради санкциите не може ни да ги троши тие пари, на пример со купување на европска технологија. Според проценките на финскиот институт "CREA" од средината на јуни, Русија само во текот на првите 100 дена од украинскаа војска од извоз на фосилни горива наплатила 93 милијарди евра.
Претпладне сончево, попладне можна појава на краткотрајно невреме
Независен - пред 1 час
Претпладне сончево, попладне можна појава на краткотрајно невреме 05/07/2022 07:05 Фото: Б. Грданоски Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот. Поврзани содржини Зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани, што придонесува за пораст на КОВИД случаите 05/07/2022 07:07 Амбасадата на Шведска организира настан „Шведска во Градскиот парк“ 05/07/2022 07:07 На местото на паднатото дрво на плоштад „Македонија“ ќе се засади исто такво дрво 04/07/2022 18:07 МЖСПП: Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од државава 04/07/2022 18:07 На Табановце за влез во земјава се чека околу час, а на Богородица за излез околу 30 минути 04/07/2022 18:07 ДЗС е подготвена за евентуални пожари, „ер тракторите“ ќе бидат во функција 04/07/2022 16:07 Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ 04/07/2022 16:07 Тупанчевски: Имаме план како да ги пополниме места на судиите и обвинителите кои заминуваат во пензија 04/07/2022 15:07 Најчитани Голем месечен хороскоп за јули: Возбудлив месец за Близнаците, на Рибите им треба одмор, а вам? 28/06/2022 10:52 Четири хороскопски знаци ќе доживеат драстични промени во јули: Животот им се менува на подобро 02/07/2022 13:00 Франција нуди македонски јазик, безусловен почеток на преговорите и историјата надвор од рамката 01/07/2022 18:10 „КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 денари за годишен одмор за вработените 04/07/2022 09:58 (Галерија) Погледнете како беше на концертот на Каролина во Скопје 02/07/2022 08:44 Кој трепна прв во спорот меѓу Софија и Скопје 30/06/2022 12:16
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Вечер - пред 10 часа
Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер. /МИА
Судански генерал: Армијата ќе ги напушти политичките преговори
Курир - пред 9 часа
Водечкиот судански генерал денеска изјави дека армијата на земјата ќе се повлече од преговорите за решавање на тековната политичка криза по минатогодишниот државен удар и ќе им дозволи на претставниците на граѓанското општество да го заземат нејзиното место. Генералот Абдел Фатах Бурхан, исто така, вети дека ќе го распушти суверениот совет што го води кога ќе се формира новата преодна влада. Советот управува со земјата откако војската ја презеде власта со државен удар минатата година. По тој удар, политичката мисија на ОН во Судан, Африканската унија и Меѓувладината управа за развој, составена од осум источноафрикански земји, се обидуваат да најдат начин земјата да излезе од политичката блокада. Но, преговорите досега не дадоа резултати. Продемократските групи постојано наведоа дека нема да преговараат со војската и ја повикаа војската веднаш да ја предаде власта на цивилна влада. Бурхан не ги прецизираше датумите ниту кој ќе ја замени армијата на преговарачката маса.
САД: Убиството на новинарот Ширен Абу Аклех е ненамерно и резултат на трагични околности
Вечер - пред 13 часа
Од Стејт департментот денеска изјавија дека не можат да го утврдиат потеклотото на куршумот што го уби американско-палестинскиот новинар Ширен Абу Аклех, во Западниот Брег во мај, но заклучува дека смртта најверојатно потекнува од оган од израелски воени позиции. Експертите утврдија дека куршумот е оштетен што е пречка за да се донесе јасен заклучок, се вели во соопштението од портпаролот Нед Прајс. -Во заклучок од истрагите на одбранбените сили на Израел и на палестинската власт, безбедносниот координатор на САД (УССЦ) заклучи дека оганот од изреалски одбранбени позиции е најверојатно одговорен за смртта на Ширен Абу Аклех, се вели во соопштението. УССЦ не најде причина да верува дека ова е намерно, најверојатно е резултат на трагични околности во текот на воена акција на израелските одбранбени сили против фракции на палестинскиот исламски Џихад на 11 мај 2022 година во Џенин, а по серија терористички напади во Израел, се вели во соопштението./МИА
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Вечер - пред 15 часа
Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада. /МИА
Во Германија регистриран прв извозен дефицит по повеќе од 30 години
А1он - пред 13 часа
Германија забележа трговски дефицит на месечна основа за првпат од 1991 година, поради повисоките увозни цени. Германскиот сојузен завод за статистика денеска објави дека во мај вредноста на извозот изнесува 125,8 милијарди евра, додека вредноста на увозот 126,7 милијарди евра. Тоа значи дека евидентираниот трговски дефицит на Германија изнесува една милијарда евра. Аналитичарите порастот на увозот го припишуваат на инфлацијата. Во текот на мај извозот од Германија во Русија е зголемен за 30 отсто во однос на април, кога поради нападот на Русија врз Украина и западните санкции падна за 60 отсто. Сепак, обемот на германскиот извоз во Русија во мај остана на помалку од 50 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Извор: МИА
Велика Британија воведува нови санкции кон Белорусија
Вечер - пред 13 часа
Лондон — Велика Британија најави дека утре ќе воведе нови економски, трговски и транспортни санкции против Белорусија поради поддршката на земјата за рускиот напад врз Украина. Новиот пакет санкции ќе опфати забрана за увоз и извоз на стоки во вредност од околу 60 милиони фунти, вклучувајќи извоз на нафтени деривати, продажба на напредни технолошки компоненти, извоз на луксузни стоки, како и увоз на белоруско железо и челик, пренесува Ројтерс. Британската влада ќе забрани и на голем број белоруски компании да влезат на должничкиот пазар и да ги издаваат нивните хартии од вредност на лондонската берза. „Белорускиот режим активно ја олесни инвазијата на (рускиот претседател Владимир) Путин, дозволувајќи и на Русија да ја користи нејзината територија за да ја притисне Украина – со трупи и лансирање на проектили од белоруската граница и со летање руски авиони над нејзиниот воздушен простор“, се вели во соопштението на британската влада. . Велика Британија веќе ги зголеми увозните тарифи за низа производи од Белорусија за 35 процентни поени и го санкционираше белорускиот претседател Александар Лукашенко и високи владини претставници. Обединетото Кралство, заедно со своите западни сојузници, воведува санкции против руските елити, банки и стратешки индустрии од почетокот на воената акција на Москва во Украина во февруари, додаде Ројтерс.
Бугарскиот народен правобранител побара државата да ги компензира сметките за гас и парно на домаќинствата
Макпрес - пред 6 часа
Народниот правобранител на Бугарија Дијана Ковачева упати препорака до премиерот во оставка Кирил Петков, во која бара државата да се заложи за изработка на програма за компензација на дел од зголемените трошоци за енергија на бугарските домаќинства во следните 12 месеци. Ова го соопшти прес-центарот на Народниот правобранител. Причина се бројните поплаки и аларми до институцијата јавен бранител, во кои граѓаните се загрижени дека нема да можат да ги покријат основните енергетски потреби поради премногу високите трошоци, вклучително и наглото поскапување на огревното дрво, пелети и течни горива на слободниот пазар . „Мое категорично мислење е дека сите бугарски граѓани треба да добијат поддршка од државата за да ги задоволат основните потреби за енергија и гориво, имајќи предвид дека зголемувањето на приходите на населението во Бугарија заостанува зад ескалацијата на повеќекратните кризи“, напиша Ковачева во својата препорака. Таа нагласува дека е неопходно искуството од мораториумот на регулираните цени на струјата, топлинската енергија и водата за пиење, што го воведе 47. Народно собрание, да се оцени и да се искористи на најдобар начин. Наспроти ова, Комисијата за регулирање на енергетиката и води (КЕВР) ја објави својата одлука за зголемување на регулираните цени на електричната енергија и топлинската енергија за домаќинствата за периодот од 1 јули 2022 година до 30 јуни 2023 година. „Без оглед на образложените негативни мислења доставени во рамките на јавната дискусија, вклучително и од институцијата Народен правобранител, КЕВР потврди нагло зголемување на цената на топла вода и пареа за корисниците на топлификатори во просек за 30% ( без ДДВ), како на пример за „Топлификација Софија“ ЕАД зголемувањето е 39,99%“, нагласува јавниот бранител. Дијана Ковачева го аргументира својот став со тоа што од денеска нема јасност колкави ќе бидат цените на природниот гас за корисниците од домаќинствата во јули годинава. „Рекордно високите цени на горивата на европските берзи не даваат причини за оптимизам во наредните месеци“, посочува народниот правобранител и додава дека на крајот на мај 2022 година владината програма за обештетување на домаќинствата во врска со високиот цените на природниот гас заврши гасот. Ковачева е категорична дека новото поскапување на топлинската енергија што го воведе КЕВР и неизвесноста околу цените на природниот гас се случуваат во услови на стрмно растечка општа инфлација – покажуваат податоците на Националниот статистички институт во мај годинава. Годишната инфлација во Бугарија достигнува 15,6%. Според информациите на Евростат за животниот стандард на европските граѓани во последниот квартал од минатата година, 37 отсто од Бугарите тешко врзуваат крај со крај, се наведува и во соопштението.
Европската унија ќе воспостави платформа за обнова на Украина
Вечер - пред 9 часа
Платформата ќе се користи за да се идентификуваат потребите за инвестиции, да се координираат акциите и да се насочат ресурсите, рече Фон дер Лејен на Конференцијата за обновување на Украина во Лугано, Швајцарија. „Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. Ќе дојдат уште повеќе. Ние значително ќе се вклучиме во среднорочна и долгорочна реконструкција“, рече шефицата на ЕК. Платформата ќе ги обедини земјите, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество. Во неа ќе бидат вклучени и меѓународни организации како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). ЕИБ предлага финансиска структура што беше искористена за време на пандемијата „Ковид-19“ за да помогне во обновата на Украина со инвестиции до 100 милијарди евра. Фон дер Лајен рече дека Европа има посебна одговорност и стратешки интерес да биде на страната на Украина. Исто така, тврди дека Комисијата има експертиза за водење на програми кои комбинираат реформи и инвестиции. Откако Украина и официјално стана кандидат за членство во ЕУ, соработката со Киев само ќе се интензивира, изјави Фон дер Лајен. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за трифазен план за обновување по руската инвазија, изјави нејзиниот премиер на конференција. Денис Шмигал исто така рече дека руската инвазија на инфраструктурата на Украина предизвикала директна штета од над 100 милијарди долари. „Денес директните загуби на Украина во инфраструктурата се над 100 милијарди долари“, рече тој. Во видео обраќањето на конференцијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обновата на Украина ќе биде „заедничка задача на целиот демократски свет“, пренесе Индекс.хр.
Зеленски призна: „Украинските сили се повлекуваат“
Вечер - пред 1 ден
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас. Тој вети дека ќе ја врати контролата врз областа, „благодарение на тактиката на армијата и изгледите за пристигнување на ново, подобрено оружје“. „Ако командантите на нашата армија ги повлечат луѓето од одредени точки на фронтот, каде што непријателот има најголема предност, а тоа важи и за Лисичанск, тоа значи само една работа“, рече Зеленски во видео-обраќањето вечерва, пренесе Ројтерс. Како што рече украинскиот лидер, украинските сили ќе се вратат благодарение на зголемувањето на снабдувањето со модерно оружје. Украинската воена команда претходно денеска објави дека украинските сили биле принудени да се повлечат од источниот град Лисичанск, последното упориште на Киев во областа Луганск. „Продолжувањето на одбраната на градот би довело до фатални последици. За да се спасат животите на бранителите на Украина, донесена е одлука за повлекување“, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи. Русите претходно денеска објавија дека ја презеле контролата над Лисичанск. Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информираше рускиот претседател Владимир Путин за наводното ослободување на самопрогласената Луганска народна република (ЛПР) и воспоставувањето целосна контрола над Лисичанск. Фото: Профи
ОН: Во Либија има и до 100 масовни гробници
Весник - пред 18 часа
Мисијата на Обединетите нации во Либија денеска соопшти дека „веројатно има масовни гробници“ кои допрва треба да се истражат, дека можеби има и до 100 од нив, во градот каде што се откриени стотици тела, а во исто време апелира до Триполи да ја продолжи потрагата. Извештајот ќе биде доставен оваа недела до Високиот комесаријат за човекови права на ОН, во кој детално ќе биде опишано како милицијата, предводена од седумте браќа, егзекутирала и затворила стотици луѓе меѓу 2016 и 2020 година, понекогаш држејќи ги во мали објекти скако пешки, наречени „кутии“, кои биле запалени при тестирањето. Доказите на независната комисија за киднапирање, убиства и тортура претставуваат еден од „најневеројатните“ примери за кршење на човековите права во турбулентниот период од соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година. Меѓу жртвите има и инвалиди, како и жени и деца, според извештајот на 51 страница. Врз основа на сведочењето и двете посети на Либија, мисијата оцени дека има „разумни основи“ да се каже дека милицијата Канијат извршила злосторства против човештвото. Идентификувани се четворица команданти кои директно учествувале во злосторствата. Либиските власти веќе пронајдоа 247 тела во масовни и индивидуални гробници во областа Тархун во западна Либија, многумина сè уште со лисици и врзани очи.
Експертите со предупредување! Еве колку може да достигне цената на нафтата за барел
Курир - пред 21 часа
Светските медиуми пишуваат дека цената на нафтата би можела да порасне уште повеќе во иднина, а некои прогнозираат и до трипати повисока цена. Аналитичари од „ЈП Морган Чејс“ предупредија дека цената на барел нафта може да достигне и до 380 долари за барел. Тоа би се случи само ако Русија одговори на американските и европските санкции со намалување на производството, а исто така ќе предизвика дополнителен економски удар.
Шолц: Путин е во можност да ја продолжи војната уште долго време
А1он - пред 22 часа
Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин, да изврши инвазија врз соседната Украина, е донесена однапред, смета германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесе ДПА. – Јас мислам дека одлуката да се почне војната е донесена една година претходно или можеби уште порано, затоа што тој се подготвуваше за тоа. Па затоа тој ќе биде во можност да продолжи со војната уште долго време, изјави Шолц во интервју за Си-би-ес. Шолц призна дека било грешка што европски земји станале зависни од руската енергија. – Ние требаше да инвестираме во инфраструктурата низ Европа што ќе ни дава можост да смениме набавка, од ден за ден. Ова е лекција научена во Европа и на многу други места, дека треба да се биде подготвен – подготвен за ситуација како оваа, појасни германскиот канцелар. На прашањето колку Германија троши за руски увоз на енергија, тој само одговори дека сумата се намалува. Извор: МИА
Чикаго: Шестмина убиени во пукање на парада на Денот на независноста (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 10 часа
Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника.Официјални лица на прес-конференција соопштија дека шест лица загинале, а 24 се пренесени во болница, а на местото на настанот била пронајдена пушка.Полицијата ѝ порача на толпата да се разотиде и дека локацијата не е безбедна. Новинар на Чикаго Сан тајмс тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети луѓе на местото на настанот.Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не може да биде пиштол или пушка“. На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила.Локалната полиција соопшти дека подоцна ќе даде повеќе информации.
Нов биланс на трагедијата во Италија: Настрадале седум алпинисти при уривањето на глечер, 13 лица се водат како исчезнати
Точка - пред 8 часа
Се проценува дека се урнале околу 300.000 кубни метри материјал кој се урнал достигнувајќи брзина до 300 километри на час, а блокот кој се урнал бил со големина од околу 200 метри, ширина од 60 и дебелина од дури 30 метри, како две фудбалски игралишта.Од висина од околу 3.200 метри се урнал на висина од 2.500 метри, каде направил масакр меѓу туристите алпинисти. Од седум извлечени тела идентификувани се само тројца со големи потешкотии поради состојбата во која се наоѓаат, идентификацијата се уште трае за четворица,а вкупно 13 се водат како исчезнати по пријава на роднини. Потсетуваме, високите температури во Италија придонеле за уривањето на глечерот. Експертите предупредуваат дека слични трагедии ќе се случуваат и во иднина.
Најмалку шест лица загинаа во пукање на парада за 4 јули во Чикаго
Вечер - пред 11 часа
Полицијата изјави дека најмалку 25 лица се повредени и однесени во болница. Осомничениот пукал во посетитете на парада од покривот на околните згради. Истражителите го пронашле оружјето со кое бил изведен нападот. Сцените од немилиот настан покажуаат крв на тротороат и полицајци кои говорат со минувачи. Од видео од посетители се гледа како луѓето бегаат во паника. Според полицијата, властите во околните места треба да оценат дали да ги откажат прославите планирани за денешниот ден. Во САД денеска низ земјата се оддржуваат бројни паради а по повод Денот на независноста. Настаните лани и во 2020 година беа откажани поради пандемијата на Ковид-19. /МИА
Експлозија на гас во Англија; Пожар зафатил 20 стана, има жртви ВИДЕО
Вечер - пред 11 часа
Најмалку едно лице загина, а три се повредени во силна експлозија на гас и голем пожар што избувна во станбен блок во англискиот град Бедфорд. Според Би-Би-Си, тројца повредени се пренесени во болница. Меѓу нив е и пожарникар, кој се наголтал чад по експлозија на гас. Локалната полиција потврди дека едно лице е убиено. Според официјален претставник на локалната полиција, бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми во наредните денови бидејќи службите за итни случаи го пребаруваат местото на настанот. Пожарот зафатил 20 станови, јавува Би-би-си. Сведокот Алекс Фелтам рече дека слушнал „силен тресок“ и дека покривот на станбениот блок бил уништен. Пожарот, како што наведе, брзо се проширил. Firefighters are tackling a “major gas explosion” in Bedford which is sending plumes of smoke over the town https://t.co/QHKTpNEnwR — Sky News (@SkyNews) July 4, 2022
Сиднеј под вода, наредена евакуација: Доаѓа уште полошо време
Весник - пред 21 часа
Локалните власти предупредија дека се очекува уште „ по диво време“ во следните 12 часа. Се предвидува нискиот притисок на источниот брег на Австралија да донесе пообилни врнежи од дожд во јужните региони на Нов Јужен Велс, јавува Си-Ен-Ен. Дождот во некои делови од земјата паѓа веќе еден месец, а во следните 24 часа би можеле да паднат уште 100 милиметри во широка област од Њукасл до јужниот дел на Сиднеј, на растојание од повеќе од 300 километри, јавува локалната метеоролошка служба. – Ако бевте безбедни во 2021 година, не претпоставувајте дека ќе бидете безбедни вечерва. Станува збор за ситуација која брзо се развива и би можеле да бидеме сведоци на поплави во области кои никогаш досега не ги доживеале – велат од итната помош. Тие ги повикаа луѓето да размислат за одложување на патувањето за одмор. – Ова е вонредна состојба опасна по живот – им рекоа на граѓаните од итната помош. Издадени се предупредувања поради опасност од поплави долж реките Непеан и Хокенсбери. Југозападниот Сиднеј е под вода, а метеоролошката служба предвидува дека нивото на водата во областите Северен Ричмонд и Виндзор, северозападно од Сиднеј, ќе достигне уште повисоки нивоа од претходните три големи поплави во периодот од март 2021 година.
Холандските власти уапсија осомничен за убиството на новинарот Де Врис
А1он - пред 16 часа
Холандските власти денеска уапсија 27-годишен полски државјанин, осомничен дека го организирал убиството на познатиот новинар Питер де Врис, речиси точно една година по вооружениот напад врз него. Уапсеното лице, чиј идентитет не е соопштен, е осомничено дека „ги наредил оние што го убиле Де Врис“, соопшти холандското обвинителство. Тие не соопштуваат други детали, но нагласија дека ја продолжуваат истрагата за да откријат кој го нарачал убиството и мотивот. За убиството на Де Врис им се суди на 21-годишниот Холанѓанец Делан Г. и на полскиот државјанин Камил Е., а нивните пресуди судот треба да ги изрече на 14 јули. Обвинителите побараа доживотна казна затвор за двајцата. На 6 јули 2021 година, Де Врис беше застрелан од непосредна близина во центарот на Амстердам, им подлегна на повредите девет дена подоцна, на 64-годишна возраст.
Во Вашингтон нa Денот на независноста ќе прозвучи „1812 година“ од Чајковски
Вечер - пред 14 часа
Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил денеска на најважниот празник во САД, Четврти јули, се домаќини во Белата куќа каде што спремаат скара за воените семејства. На Капитол хил на концертот вечерва, не е откажана изведбата на „1812 година“ од Чајковски и покрај руската агресија на Украина Четврти јули се смета за најпатриотскиот ден во САД кога Американците се собираат кај роднини и пријатели да прослават со скара или одат на пикник. Во заедниците, градовите и окрузите денот започнува со паради а завршува со огномети. Во Вашингтон синоќа се одржа пробата за главниот настан денеска за одбележување на Денот на независноста на САД, отворена за јавноста првпат по две години пауза поради пандемијата. На прославата, која ќе биде емитивана во живо од Пи-би-ес, ќе настапат низа познати американски актерски, кантри и блуз изведувачи. Се предидува да дојдат стотици илјади од цела Америка – сите го исчекуваат спектакуланиот огнометот над Националната алеја кој според властите на градот ќе трае речиси цел час. Обезбедувањето е на највисоко ниво, полицијата е распоредена низ централните улици од споменикот на Вашингтон до Капитол хил. Дописникот на МИА од Вашингтон синоќа имаше можност да ја проследи пробата за вечерашниот концерт и да го слушне звукот на хаубиците на Националната гарда што пред зајдисонце се очекува да дадат сигнал за огнометот. Топовите всушност се дел од изведбата на Симфонискиот оркестар на Вашингтон на „1812 година“ – свечена увертира, концерт од Чајковски посветен на победата на Русија во војната против Наполеон во 19 век, важен настан за Европа и Америка. Овој концерт традиционално се изведува на Денот на независноста, како во Вашингтон така и во многу други главни градови на сојузните држави. Поради инвазијата на Русија на Украина многу од државите протестираа и го откажаа концертот со назнака дека е дел од руската култура, но властите во Вашингтон сепак одлучија да не ја менуваат традицијата, па топовите ќе одекнат. На подиумот поставен на западниот тревник на Капитол хил, ќе настапат кантри ѕвездите и изведувачи Дарен Крис, Јоланда Адамс, Глорија Гејнор, Кеб мо, Емили Беар и Енди Грамер. Многумина со нетрпение ја очекуваат и кратката бродвејска изведба на „Вест сајд стори“, класична љубовна приказна со ликови од њујоршката работничка класа, a по повод 65 годишнина од првото бродвејско шоу, најавена синоќа на пробата од оригиналната актерка на оваа претстава, Чита Ривера. Денот на независноста ја слави одлуката на 13. првични колонии да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите Американски Држави. Ропството врз Афроамериканците тогаш било широко практикувано во колониите додека основачите работеле на стекнување на сопствена независност од Британија. Она што колонистите го сакале само за себе и очигледно не верувале дека и нивните робови имаат право, иако Декларацијата го вклучува овој пасус: -Ние сметаме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви, дека нивниот Создател им дал одредени неотуѓиви права, дека меѓу нив се животот, слободата и потрагата по среќа, се вели во Декларацијата. /МИА
Пукање во трговски центар во Копенхаген, неколкумина мртви
Мкд.мк - пред 1 ден
Полицијата во Копенхаген претходно објави дека пристигнала во трговскиот центар Филдс по дојава за пукање. Таа ги советувала оние што се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.Засега се чини дека нема повеќе напаѓачи во трговскиот центар, соопшти полицијата.Главната болница во Копенхаген, Ригшоспиталитет, примила на лекување „мала група пациенти“, објави нејзиниот портпарол. Тој додаде дека болницата повикала дополнителен персонал, вклучувајќи хирурзи и медицински сестри.„Има неколку повредени и знаеме дека неколку луѓе загинале“, изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен, додавајќи дека полицијата почнала масовна потера на островот Зеланд за да утврди дали има уште напаѓачи.
Во немирите во Узбекистан загинаа 18 луѓе
Весник - пред 19 часа
Узбекистанската национална гарда денеска соопшти дека 243 луѓе побарале медицинска помош по немирите во Каракалпакстан, што избија минатата недела по најавата дека ќе се намали автономијата на покраината. По немирите приведени се 516 демонстранти. Поради немирите узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијојев вчера воведе вонредна состојба во покраината, што е во сила до 2 август и го отфрли усвојувањето на уставните измени. Како што е наведено во документот, неопходно е да се формира команда на територијата на Каракалпакстан, на чело со командантот на Националната гарда Рустам Џајев. За периодот на вонредната состојба, претседателот, исто така, нареди да се зајакне заштитата на јавниот ред во Каракалпакстан, особено важните и категоризирани објекти, да се воведат ограничувања на слободата на движење, вклучително и на возилата, да се обезбеди проверка на документите, лични претреси, како и да се ограничи влез и излез од Каракалпакстан. Забрането е организирање и одржување мирни собири, забавни, спортски и други јавни настани, како и продажба на оружје и муниција. Истовремено, наредил привремено одземање на оружје и муниција од физички лица. Каракалпакстан е широк, доминантно пустински регион во северозападниот дел на Узбекистан и е дом на Каракалпаците, посебна етничка малцинска група со свој јазик. Според актуелниот Устав на Узбекистан, Каракалпакстан е суверена република со право на отцепување преку одржување референдум. Но, според новата верзија на уставот, за што Узбекистанците ќе се изјаснат на референдум, не се споменува суверенитетот на Каракалпакстан или неговото право на отцепување.
(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници
Макфакс - пред 15 часа
Во неделата борбени авиони ФА-18 на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион EasyJet кој летал кон шпанскиот град Махон. Патничкиот авион полетал од Англија. На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „Ербас“. An easyJet flight En-route to Mahon today was intercepted by fighter jets, thankfully it was a false alarm 🙌 pic.twitter.com/UT1JkkzLhH — Flight Emergency (@FlightEmergency) July 3, 2022 Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач. Авионот, како што се наведува, по слетувањето веднаш бил отстранет од главниот терминал. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Европската Унија покренува платформа за обнова на Украина Би можело да ве интересира и...
Награди до 100.000 долари за информации за оружје и дрога на Блискиот Исток
Весник - пред 15 часа
Петтата флота на американската морнарица базирана на Блискиот Исток почна да нуди награди за информации што би можеле да им помогнат на морнарите да пресретнат оружје, дрога и други недозволени пратки во регионот во услови на тензии околу иранската нуклеарна програма и вооружувањето на Техеран на јеменските бунтовници Хути. Иако се избегнува директно спомнување на Иран, одлуката на Петтата флота на САД да понуди готовина и други бенефиции за корисни информации во Персискиот Залив и другите стратешки водни патишта може да го зголеми притисокот врз протокот на оружје кон Хутите додека Јемен е сè уште под несигурно примирје. Петтата флота тврди дека таа и нејзините партнери заплениле дрога во вредност од 500 милиони долари само во 2021 година – повеќе од претходните четири години заедно. Тие исто така пресретнале 9.000 парчиња оружје во истиот период, трипати повеќе од запленетиот број во 2020 година. Портпаролот на Петтата флота на САД, Тимоти Хокинс, рече дека операторите кои течно зборуваат арапски, англиски и фарси ќе ја управуваат телефонската линија, а морнарицата исто така ќе прифаќа информации на интернет на персиски и пушту јазик. Плаќањата може да достигнат до 100.000 долари или еквивалент во возила, чамци или храна за информации што вклучуваат детали за планираните напади врз Американците, рече Хокинс. Новата иницијатива на Петтата флота на САД беше покрената преку Програмата за награди на Министерството за одбрана, во која членовите на службата нудат пари и бенефиции за информации на боиштата во Авганистан, Ирак и на други места по нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година. /МИА
Зеленски: Украина ќе ги врати загубените територии
А1он - пред 18 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање наведе дека Киев ќе ги врати загубените територии. Тој ја предупреди Русија дека Украина „ќе стигне до ниво кога воената надмоќ на окупаторот ќе биде поништена“. Според Зеленски со се поголемите резерви западно оружје, Украина ќе ги врати загубените територии, вклучително Лисичанск и другите градови во Донбас. Ќе ги вратиме благодарение на нашата тактика, благодарение на зголемената понуда на модерно оружје. Постепено одиме напред во Харковската Област. Ќе дојде денот кога ќе го кажеме истото за Донбас, посочи Зеленски.
Криза и Европа: Германија алармира, ОВИЕ 3 НАСТАНИ ГО „ТРЕСАТ“ КОНТИНЕНТОТ
Весник - пред 18 часа
Можеби најзборувани деновиве се протестите во воздухопловната индустрија, бидејќи и угледниот Гардијан пишува дека јули ќе биде одбележан со работнички бунтови низ Европа, но тоа не е единственото нешто што го тресе Стариот континент. Додека персоналот на летови преговара за подобри работни услови и плати, а во екот на недостигот на работна сила, европските економии стануваат сè помалку отпорни на кризните моменти: светот сè уште не закрепнал од Ковид-19, а веќе пристигна нов удар – руската инвазија на Украина, проследена со енергетска, прехранбена и воопшто економска криза. Сè на сè, на почетокот на оваа работна недела има 3 работи за кои најмногу се дискутира: Австријците сметаат дека пакетот што го усвои владата на таа земја со цел да ги растерети граѓаните – не е доволен. Донесен е пакет мерки во вкупна вредност од 28 милијарди евра, со кој се предвидува финансиска помош за граѓаните, меѓутоа, истражувањето на јавното мислење на институтот „Лакарсфелд“ покажува дека 58 отсто од Австријците сметаат дека сегашниот пакет не може значително да им помогне поради до пораст на цените Две третини од нив или 64 отсто велат дека силно ги чувствуваат последиците од поскапувањето и сега се помалку купуваат. Запрашани за конкретни мерки, 68 отсто бараат Владата да ги замрзне цените на гасот, струјата и другите енергенси. Инаку, Австрија од почетокот на 2022 година бележи рекордни нивоа на инфлација, која во јуни достигна 8,7 отсто, што е највисока вредност од 1975 година. Експертите посочуваат дека се уште не му се гледа крајот на бранот поскапувања. И најсилната европска сила не може да остане имуна на актуелните настани. Германскиот канцелар Олаф Шолц им порача на сите граѓани дека мора „да се држат заедно“, а за енергетската криза зборуваше и Клаус Милер, првиот човек на германскиот енергетски регулатор Бундеснекагентура. Имено, тој предупреди дека кредитните линии од 15 милијарди евра – кои Владата ги обезбеди за набавка на гас – можеби нема да бидат доволни за да се наполнат магацините до зима. Германија алармираше за потенцијален недостиг на гас, реагирајќи на намалените испораки од Русија, поради ескалацијата на енергетскиот конфликт меѓу Западот и Москва. Милер во интервјуто, објавено денеска, изјави дека поради намаленото снабдување, во меѓувреме може да поскапат бензинот, поради што 15 милијарди евра би можеле да бидат недоволни за полнење на магацините до зима. На федерално ниво, Германија воведе обврска да ги наполни магацините со гас 80 отсто до октомври и до 90 отсто до ноември. Сепак, сегашните нивоа на залихи во магацините се на околу 61 процент. – Колку повеќе расте цената на гасот, толку поскапо е достигнувањето на законските цели за полнење магацини предвидени за октомври и ноември – рече Милер, а пренесува Ројтерс. Според него, најголемата европска економија би можела да се соочи и со недостиг на гас во наредните месеци, доколку не продолжи протокот на руски гас преку гасоводот Северен тек 1 – кој треба да биде суспендиран во јули поради редовно одржување. Повисоките цени, заедно со тешкиот бизнис, ја погодуваат и Холандија, особено земјоделците. Гневни од владините планови кои можеби ќе бараат од нив да користат помалку ѓубрива и да го намалат добитокот, холандските фармери денеска почнаа со протести блокирајќи ги дистрибутивните центри на супермаркети во неколку градови. Амстердамскиот аеродром Шипхол и КЛМ, холандскиот огранок на Ер Франс, ги советуваа патниците да користат јавен превоз, а не автомобили за да стигнат до аеродромот, бидејќи активистички групи фармери на социјалните мрежи објавија дека планираат да ги блокираат патиштата со трактори, пишува британскиот агенција. Мал сообраќаен метеж е регистриран на автопатите на истокот од земјава и на траектите на северот, но кај Шипфол немаше метеж. Во срцето на протестите се целите донесени минатиот месец за намалување на штетните азотни соединенија до 2030 година, последниот обид за справување со проблемот што ја мачи земјата со години. Владата наведе дека е неопходно да се намали емисијата на азотни оксиди од ѓубривата на земјоделските фарми и употребата на амонијак во вештачките ѓубрива, како и да се намали сточниот фонд за 30 отсто. Одгледувањето крави, свињи и други животни ја направи Холандија водечки емитер на штетни материи во Европа. Градежните згради и сообраќајот исто така придонесуваат за емисија на штетни материи, а холандските и европските судови и наложија на холандската влада да го реши проблемот. Значи, можеме да заклучиме дека климатската криза е само дополнителен притисок што го чувствуваат владите и граѓаните и во Европа и во светот. Среде недостигот на работна сила и борбата за подобра планета, авиоиндустријата е на пресвртница. Сепак, некои компании се обидуваат да ја „свртат ситуацијата во своја полза“. Конкретно, гореспоменатата групација Ер Франс – КЛМ објави дека поставува нула емисии на CO2 како своја главна цел до 2050 година. За да се постигне зацртаната цел за декарбонизација, Групацијата воведе низа мерки кои влијаат на намалување на (не)директните емисии на CO2, но и на зголемување на апсорпцијата на CO2: пред се, се мисли на модернизирање на возниот парк. , употребата на одржливо воздухопловно гориво и техники на екопилотирање. Едно е сигурно: промените што се случуваат претставуваат голем предизвик за авиопревозниците, но и за целиот континент; останува да видиме дали тестот ќе биде успешно положен.
Кулеба: Или ОБСЕ ќе биде без Русија или ќе пропадне
Сител - пред 14 часа
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е во фаза на самоуништување и ќе пропадне, доколку Русија продолжи да биде дел од неа, смета министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. – На нашиот континент има уште една голема и убава организација – ОБСЕ, што се наоѓа во фаза на самоуништување. Затоа што Русија е таму и уништува сè. Ако организацијата наоѓа логика во тоа, порано или подоцна ќе пропадне, изјави Кулеба во интервју за весникот „Лев брег“. Тој потсетува дека Киев веќе предложил Русија да биде исклучена од ОБСЕ, но „некои потчукнаа со прст по челото“. – Одберете, или ќе има ОБСЕ без Русија, или нема да има ОБСЕ, ќе пропадне, подвлече украинскиот министер.
Данската полиција соопшти дека нападот во Копенхаген во кој загинаа три лица не е терористички акт
Сител - пред 14 часа
Loading Video...
Се откачи глечер во Италија, загинаа шест планинари
Макфакс - пред 1 ден
Шестмина загинати планинари е епилогот откако големо парче глечер се откачи од врвот Мармоладо во источните Доломити, објавија локални медиуми, пренесува „Ројтерс“. Алпскиот национален спасувачки корпус на Твитер објави дека најмалку пет хеликоптери и кучиња спасувачи се вклучени во потрагата по повредените планинари, пренесува агенцијата АП. Italy: Several dead in Alps glacier collapsehttps://t.co/tWPCMSLaVg pic.twitter.com/MEIMcrMOOM — qwerty (@qwerty14117587) July 3, 2022 Диспечерите за итни случаи во североисточна Италија објавија дека околу 15 планинари се во погодената област. This is horrible! At least 4 victims confirmed for the collaps of part of the Marmolada glacier in the Eastern Alps, Italy. https://t.co/XVbkTojcuq — Paolo Gabrielli (@pa0l0_gabrielli) July 3, 2022 Мармолада е на 3.300 метри надморска височина – највисокиот врв во источните Доломити. Одвојувањето на глечерот се случило на патеката што ја користеле планинарите за да се искачат до врвот на планината, објави АП. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Уште еден смртоносен напад на ајкула во Хургада, втората жртва е Романка Би можело да ве интересира и... Протестот против францускиот предлог и денеска пред Владата Дејан Георгиевски поради стомачен вирус остана со бронзен медал на Медитеранските игри Ковачевски: Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту некогаш ќе се случи да го асимилира Бернардо Силва сака да го напушти Сити и да се пресели во Барселона Безбедно лето: 66 санкции за мотоциклисти Димитров: Со францускиот предлог Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана
Кремљ: Путин нема да му го честита на Бајден Денот на американската независност
Мкд.мк - пред 19 часа
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нема да му го честита Денот на американската независност на американскиот претседател Џо Бајден поради „непријателските“ потези на САД кон Москва, соопшти денеска Кремљ.„Честитките за овој ден не би биле соодветни. Причината е непријателската политика на Соединетите Држави“, изјави денеска за новинарите портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.Џо Бајден уште од почетокот на руската инвазија на Украина остро ги осуди постапките на Русија и нејзиниот претседател Путин, кого го нарече воен злосторник и рече дека „не може да остане на власт“.
Русија ОТКРИ НАФТА на Арктикот
Весник - пред 16 часа
Руската енергетска компанија „Роснефт“ објави дека открила огромно наоѓалиште на нафта во Печорското Море, кое содржи околу 82 милиони тони нафта. Полето е откриено благодарение на кампањата за дупчење во Мединско-варандејскиот регион, пренесува RT. „За време на тестирањето е добиен слободен проток на нафта со максимален проток од 220 кубни метри дневно“, се наведува во соопштението на компанијата во средата, во кое се истакнува дека „маслото е лесно, со мала содржина на сулфур и низок вискозитет“. Роснефт истакна дека истражувачките работи во водите на Печорското Море го докажале „значајниот нафтен потенцијал на провинцијата Тиман-Печорск и станале основа за континуирано проучување и развој на регионот“. Компанијата наводно контролира вкупно 28 офшор дозволи на Арктикот, од кои осум се во Печорското Море.
Франција НАЈГОЛЕМ КУПУВАЧ НА РУСКИ природен течен гас
Весник - пред 16 часа
Франција стана најголемиот купувач на руски течен природен гас, покажуваат податоците на финскиот центар за анализа „CREA“. Германскиот магазин „Ди Велт“ пишува дека причина за тоа се проблемите кои Франција ги има во енергетскиот сектор, пренесува Капитал. Од технички причини, работата во голем број нуклеарни централи беше прекината, што доведе до намалување на производството на електрична енергија. Весникот потсетува дека Франција не добива руски гас преку гасоводот од средината на јуни. Франција, за разлика од Германија, има четири терминали кои веднаш можат да примаат руски течен природен гас.
И Швајцарија може да почувствува недостиг од гас
Нетпрес - пред 15 часа
Швајцарската влада не може да гарантира дека плинот ќе го има доволно за сите, изјави министерката за енергетика Симонета Сомаруга, додавајќи дека доколку се јави недостиг, снабдувањето прво ќе им биде намалено на компаниите. Швајцарија нема излез на море и гасот го набавува на берзите во соседните земји на Европската унија, па и самата е изложена на нарушувањата во снабдувањето кај соседите. Побарувачката на гасот е релативно ниска во Швајцарија и овој енергенс сочинува околу 15 отсто од вкупната потрошувачка на енергија во земјата. Околу 42 отсто од гасот се користи за затоплување на домаќинствата, а остатокот во индустријата, како и во услужниот и транспортниот сектор, според владините податоци. Сепак, и покрај тоа, земјата зависи од увозот на нафта и гас. „Затоа никој не може да гарантира дека секогаш ќе има доволно гас за сите“, вели Сомаруга во разговорот за весникот SonntagsZeitung, објавен во неделата. Нејзината изјава се надоврзува на планот за снабдување во случај на недостиг од гас за претстојната зима, кој владата го објави минатата седмица, предупредувајќи дека би можела да ја рационализира потрошувачката доколку другите мерки се покажат недоволни. Доколку се јави недостиг и на гас и на струја, прво ќе биде ограничено снабдувањето на претпријатијата. На самиот почеток би се ограничила потрошувачката, на пример, за подвижните скалила или неонските реклами, вели Сомаруа, додавајќи дека владата сака „најдолго да ги поштеди домаќинствата“. Министерката воедно ги повика кантоналните власти повеќе да вложуваат во соларната енергија, биогасот, ветерот и хидроенергијата. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Инфо - ново
Опсервер - ново
Кумановски муабети - ново
Независен - ново
Кумановски муабети - ново
Кумановски муабети - ново
Слободен Печат - ново
Радио Слободна Европа - ново
Слободен Печат - ново
Република - ново
Канал 5 - ново