СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на вчерашните протести
Макфакс - ново
Најмалку четворица полицајци биле повредени по синоќешните протести против францускиот предлог, тврди владејачкиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. „На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси. СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби“, се додава во соопштението на СДСМ. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси Би можело да ве интересира и... Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска Српски документарец за Првата светска војна меѓу најгледаните на „Нетфликс“ во Европа Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР Три фестивали и неколку актуелни европски продукции во јули во Кинотека...
Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси
Макфакс - ново
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси. „Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи. Османи додаде дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР Би можело да ве интересира и... Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска Српски документарец за Првата светска војна меѓу најгледаните на „Нетфликс“ во Европа Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР Три фестивали и неколку актуелни европски продукции во јули во Кинотека Шарл Мишел во посета на Скопје...
Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска
Макфакс - ново
Членките на НАТО денеска ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за покана на Шведска и Финска во воената алијанса на церемонија во седиштето на НАТО во Брисел. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хаависто ќе учествуваат на церемонијата заедно со претставници на 30 членки на западната воена алијанса. Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да издаде официјална покана до Шведска и Финска да се приклучат кон Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае. Потенцијалните членки мора да ги поминат протоколите, процес кој обично ги вклучува националните парламенти. Се проценува дека ќе бидат потребни уште шест до осум месеци пред Шведска и Финска да влезат во НАТО. Протоколите за пристап можеа да бидат потпишани порано, но Турција се согласи во последен момент пред почетокот на самитот на НАТО во Мадрид минатата недела да се откаже од своето противење за прием на нордиските земји. Анкара ги обвини Стокхолм и Хелсинки за поддршка на Курдистанската работничка партија (ПКК) и милицијата ЈПГ со седиште во Сирија, кои Турција ги смета за терористички групи. Двете земји ги отфрлија обвинувањата. Потресени од руската инвазија на Украина, Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО на 18 мај. Но, Турција ја блокираше нивната кандидатура со недели поради стравувањата поврзани со тероризмот. Имено, за секое ново влегување во НАТО потребно е едногласност на сите членки. Блокадата заврши откако тројцата водачи се согласија да соработуваат на низа напори за борба против тероризмот, вклучително и договори за екстрадиција и откако ветија дека ќе го укинат ембаргото за оружје. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго Би можело да ве интересира и......
Српски документарец за Првата светска војна меѓу најгледаните на „Нетфликс“ во Европа
Макфакс - ново
Документарецот на Милош Шкундриќ, The Long Way to War („Долгиот пат во војна“), е на листата 10 најгледани филмови на „Нетфликс“ во 14 европски земји во првата недела од прикажувањето. Продуцентската куќа „Парадокс филм“ истакнува дека има особено добра гледаност во нордиските земји. Документарниот филм е деветти на листата во Холандија и шести во Шведска. „Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија”, се наведува во соопштението на продуцентската куќа. Филмот прикажува интервјуа со историчари кои откриваат како настанала Првата светска војна. Во филмот глумат Џон Рол, Хју Страхан, Доминк Ливен, Аника Момбауер, Олег Ајрапетов, Жорж-Анри Суту, Лотар Хобелт, Стиг Форстер, Жан Пол Блед, Алан Аскед и Душан Батаковиќ. На „Нетфликс“ пристигна на 28 јуни, точно на годишнината од атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип. Документарецот се прикажува во 30 европски земји, каде што стриминг-платформата има публика од околу 70 милиони претплатници. Ќе биде достапен за гледање во следните пет години. Направен е со поддршка на Министерството за култура на Србија и Филмскиот центар на Србија во 2018 година. Низ годините, филмот е наградуван на бројни меѓународни филмски фестивали. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Том Круз доби роденденски честитки од режисерот на „Невозможна мисија“ и колегите од „Топ ган“ Би можело да ве интересира и......
Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго
Макфакс - пред 19 минути
Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд Парк, предградие на Чикаго. „Роберт Е Кримо III (22) е приведен по кратка потера“, соопшти полицијата. Напаѓачот се качил на покривот и по случаен избор пукал во гледачите користејќи пушка со голема моќност, јавува Би-Би-Си. Ова е последното масовно пукање што ги погоди САД. Од почетокот на 2022 година, секоја недела има по едно масовно пукање. Претседателот Џо Бајден рече дека е шокиран од насилството. Неколку часа подоцна, двајца полицајци беа ранети во пукање во Филаделфија за време на огномет на 4 Јули. Вооружениот напаѓач отвори оган на парадата, во близина на градот Чикаго, околу 10:15 часот по локално време, само неколку минути по нејзиното започнување. Гувернерот на Илиноис Џеј Роберт Прицкер предупреди дека масовните престрелки стануваат американска традиција. „Ќе има луѓе кои ќе кажат дека денес не е тој ден, дека сега не е време да се зборува за оружје. Ви велам дека нема подобар ден и подобро време од овде и сега“, рече демократскиот гувернер. Претседателот Бајден вети дека ќе продолжи да се бори против „епидемијата на оружено насилство“ во земјата. – Нема да се откажам – рече тој говорејќи пред Белата куќа во Вашингтон. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Шарл Мишел во посета на Скопје Би можело да ве интересира и......
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Макфакс - пред 27 минути
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување на консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што рече, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори. „Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење.“, нагласи Османи. Од МНР коментираат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Шарл Мишел во посета на Скопје Би можело да ве интересира и... Три фестивали и неколку актуелни европски продукции во јули во Кинотека Шарл Мишел во посета на Скопје Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи Надал „влета“ во четврт-финалето на Вимблдон СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки...
Три фестивали и неколку актуелни европски продукции во јули во Кинотека
Макфакс - пред 31 минути
По годинешното летно издане на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, јулската програма на Кинотеката продолжува со проекции на филмовите од програмата на фестивалот на нов европски филм – СИНЕДЕЈС. На репертоарот на СИНЕДЕЈС ќе можете да видите неколку нови остварувања од европските кинематографии, како и четири наслови на еден од најзначајните автори на германската и европската кинематографија во овој век, Фатих Акин. НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven), ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts), РЕЗ (The Cut) и ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen) се насловите на овој мајстор на човековата драма кои скопската публика ќе може да ги види под отворено небо во летното кино. Средната на јули е резервирана за новото издание на Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми – ДЕСОНАНЗ. Јулската програма на Кинотеката го содржи и уникатниот француски документарен филм КАДИФЕНА КРАЛИЦА ( La panthère des neiges / Velvet Queen), снимен на Тибет, чии автори трагаат по реткото животно и смислата на денешниот живот, а на програмата е и кинеската акциона драма ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain). Францускиот филм ТИТАН (Titane) во режија на Жулија Дукурно (Julia Ducournau) е од оние наслови што не треба да се пропуштат. Победата на минатогодишниот кански фестивал, но многу повеќе контроверзите што ги предизвикува, го прават ТИТАН филм што ги бранува духот и вкусовите на филмофилите. СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) на Франсоа Озон (François Ozon) е уште еден нов бисер на актуелната француска кинематографија: семејната драма со ѕвездената актерска екипа предводена од Софи Марсо (Sophie Marceau) го третира контровезното прашање за евтаназијата како спас. Австриско-германската копродукција ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom) на режисерот Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) го осветлува криминализирањето на машката хомосексуалност во Германија долго век и половина, кое опстојувало во неколку дијаметрално различни општествено-идеолошки уредувања, од феудализмот преку нацизмот, до современата демократија. Уште еден наградуван германски филм е на јулската програма. Станува збор за ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) во режија на Доминик Граф (Dominik Graf), чија сторија го осветлува Берлин во почетокот на 30-тите години од минатиот век. Францускиот филм ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на режисерот Жак Одијар (Jacques Audiard) е необично црно-бело остварување за сексуалноста како бегство од сè она што го гуши модерното општество. На таа критичка линија се наоѓа и СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) на Раду Јуде (Radu Jude), па го повторуваме овој романски филм на репертоарот на Кинотеката. На јулската програма е и МЕМОРИЈА (Memoria), филм во режија на уникатниот тајландски автор Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul), кој раскажува мистериозна сторија за Шкотланѓанка во Колумбија. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Омаж на филмовите на Јане Алтипармаков на „Скопје синема сити“ Би можело да ве интересира и......
Шарл Мишел во посета на Скопје
Макфакс - пред 1 час
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи Би можело да ве интересира и......
Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи
Макфакс - пред 1 час
Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени, информираат од УХМР. Денес, ќе се задржи многу топло време, во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот. Од денес до крајот на периодот ќе има појава на локално невреме со интензивен пороен дожд, град и силен ветер. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата Би можело да ве интересира и......
Надал „влета“ во четврт-финалето на Вимблдон
Макфакс - пред 8 часа
Рафаел Надал останува во „лов“ на својата 23. гренд слем титула, откако за нешто повеќе од два часа со 6:4/6:2/7:6(6) го „збриша“ светскиот број 25., Холанѓанецот Ботик ван де Цандшлуп за пласман во четврт-финалето на Вимблдон. По титулите на Австралија опен и Ролан Гарос, малкумина очекуваа дека шпанскиот ветеран ќе биде во состојба за добар настап на Вимблдон, најмногу поради повредата на стапалото, но Надал уште еднаш покажа зошто е најуспешниот на сите времиња, со втора лесна победа во низа, за да обезбеди дуел со 11. носител, Американецот Тејлор Фриц, кој претходно во три сета го елиминираше Џејсон Кублер. Доколку го мине четврт-финалето, во полуфиналето може да има супер-интересен дуел со „лошото момче“ на австралискиот тенис, Ник Кирјос. Еден брејк на крајот на првиот сет беше доволен да се направи предност, по што лесно го освои вториот сет, и беше на добар пат експресно да ја комплетира победата, кога сервираше за победа при 5:3 во последниот сет, пред Ван де Цандшлуп да направи брејк и да примора тај-брејк. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки Би можело да ве интересира и... Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки Русија го прати хокеарот што избегнуваше војска на Арктикот, Федерацијата бара објаснување Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023 Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран...
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата
Макфакс - пред 11 часа
„Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“. Соопштение на СДСМ Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно (Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки Би можело да ве интересира и......
Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023
Макфакс - пред 11 часа
Македонската кошаркарска репрезентација со домашен пораз Украина од 68:73 (21:35, 16:12, 16:10, 15:16) ги заврши квалификациите за Светското првенство во 2023 година, што претставуваше шести пораз во шесте меча од групата Г, каде што Грузија е прва пред Шпанија и Украина. Македонските кошаркари лошо влегоа во мечот и дозволија Украина да постигне дури 35 поени во првата четвртина и направи предност од 14 поени, кои подоцна се покажаа како недостижни и покрај подобриот квалитет во втората и особено во третата четвртина. Македонија успеа да дојде на достижни четири поени пред последната четвртина, но потоа повторно дојде лоша серија и Украинците се одвоија на 57:69. Момците не се откажаа и на три минути до крајот имавме четири негатива (65:69), но Украинците успеаја да изддржат и да си заминат со победа од Скопје. Андреј Јакимовски беше најефикасен за Македонија со 17 поени и 9 скока, а немавме одговор за Свјатослав Михајлук, кој имаше 23 поени за Украина. Фото: Игор Паневски/Тоспорт.мк Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон Претходно Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Би можело да ве интересира и... Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки Русија го прати хокеарот кој избегнуваше војска на Арктикот, федерацијата бара објаснување Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале...
Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки
Макфакс - пред 11 часа
Бесните навивачи на Олимпија Љубљана не дозволија нивниот нов тренер, поранешниот шпански фудбалер Алберт Риера, да ја одржи првата прес-конференција лути на одлуката на клубот да го избрка Роберт Просинечки. Популарните Greenn Dragons претходно присуствуваа на прес-конференцијата на поранешниот хрватски репрезентативец, кој ја обвини управата на клубот за скандалозно однесување. „Можеа да кажат дека не знам да работам, но не и дека не сум чесен. Со поголеми лажговци и преваранти никогаш не сум работел, а сум работел со многумина. Апсурден е начинот на кој се води клубот, тоа не би го режирал ниту Алфред Хичкок“, изјави Просинечки по добирањето отказ по само три месеци, а од клубот објавија дека речиси секој ден останувал до 4 часот наутро пиејќи алкохол и играјќи карти. 😡 ¡¡¡LAMENTABLE!!! 😱 Los ultras del Olimpija Ljubiljana expulsan a Albert Riera en su presentación como nuevo entrenador del club 📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/hbpNG2cO5Q — El Partidazo de COPE (@partidazocope) July 4, 2022 Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Русија го прати хокеарот кој избегнуваше војска на Арктикот, федерацијата бара објаснување Би можело да ве интересира и... Русија го прати хокеарот кој избегнуваше војска на Арктикот, федерацијата бара објаснување Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023 Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале...
Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон
Макфакс - пред 11 часа
Шампионката од Вимблдон од 2019 година, Симона Халеп, се пласира во четврт-финалето на гренд слемот доминирајќи против Шпанката Паула Бадоса со 6:1/6:2 за точно еден час покажувајќи дека е една од најсериозните кандидатки за титулата во Лондон. Романката, која е 16. носителка на турнирот, се појави на централниот терен на Вимблдон првпат по освојувањето на титулата во 2019 година за да доминира против светската тенисерка број 4 од почетокот до крајот. Халеп направи пет брејка во текот на мечот погодувајќи 17 директни победнички топки и правејќи само 9 неизнудени грешки. „Денеска не бев толку нервозна и беше прекрасно да се вратам на овој терен. Ми недостигаше Вимблдон. Три години се многу. Секогаш е задоволство да се игра тука“, изјави Халеп. За место во полуфиналето, Халеп ќе се бори со 20. носителка, Американката Аманда Анисимова, која исто така лесно со 6:2/6:3 ја стопира низата од соништата на Французинката Хармони Тан. Најнеизвесно беше во дуелот помеѓу Австралијката Ајла Томљановиќ и Французинката Ализе Корне, каде што Томљановиќ стигна до 4:6/6:4/6:3 победа за да обезбеди дуел со Казахстанката Елена Рибакова. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Русија го прати хокеарот кој избегнуваше војска на Арктикот, федерацијата бара објаснување Претходно Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023 Би можело да ве интересира и... Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки Русија го прати хокеарот кој избегнуваше војска на Арктикот, федерацијата бара објаснување Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023 Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале...
Русија го прати хокеарот што избегнуваше војска на Арктикот, Федерацијата бара објаснување
Макфакс - пред 11 часа
Руската хокеарска федерација официјално побара објаснување од властите во врска со ситуацијата во која се најде голманот Иван Федотов, кој беше приведен во петокот во Санкт Петербург со обвинение дека се обидува да избегне воена служба по објавувањето на руските медиуми дека тој е пратен на Арктикот. „Руската хокеарска федерација ја следи ситуацијата со голманот на руската репрезентација Иван Федотов и неговиот воен рок. Федерацијата побара од владините служби да ги разјаснат околностите поврзани со случајот“, вели претседателот на Федерацијата, поранешниот трикратен олимписки шампион Владислав Третјак. Според новинската агенција ТАСС, хокеарот се наоѓа во Северморск, во областа Мурманск, во арктичкиот регион, и дека може да биде пратен уште на север, на островот Нова Земја. Другите руски медиуми тврдат дека тој ќе остане во пристаништето Северморск до септември по што ќе биде одлучено каде ќе биде пратен. Ситуацијата може да го чини Федотов НХЛ-кариера откако во мај тој потпиша договор со Филаделфија флаерс по крајот на договорот со ЦСКА Москва, со која ја освои титулата од Гагарин-купот во КХЛ-лигата и беше прогласен за најдобар голман. Федотов беше на голот на руската репрезентација, која освои сребро на Олимпијадата во Пекинг во февруари. Други руски медиуми шпекулираат дека проблемот е направен поради неговиот конфликт со ЦСКА Москва, спортскиот клуб што традиционално е поврзан со руската војска. Во Русија воената служба е задолжителна за сите од 18 до 27 години. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки Претходно Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон Би можело да ве интересира и... Навивачите на Олимпија влетаа на презентацијата на новиот тренер Риера, го сакаат Просинечки Доминантната Халеп во четврт-финалето на Вимблдон Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023 Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале...
(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки
Макфакс - пред 11 часа
Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, кадешто ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На третиот ден од протестите против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, околу Собранието се распоредени бројни полициски сили, а дел од демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, пееја патриотски песни и бараа оставки од власта. Претходно, групата демонстранти се проби во дворот на Владата. Скандираа „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“. Некои од нив се судрија со полицијата, која постави коридон пред зградата на Владата, кога ја пробија заштитната ограда. Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“. Алабаковски, кој беше обвинет за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, симболично запали хартија на која пишуваше „Преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам“. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно (Видео) „Оставка, оставка“ се скандира на протестот пред Владата, демонстрантите ја пробија оградата Би можело да ве интересира и......
(Видео) „Оставка, оставка“ се скандира на протестот пред Владата, демонстрантите ја пробија оградата
Макфакс - пред 12 часа
Група граѓани влегоа во дворот на зградата на Владата, каде трет ден по ред се протестира против францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“. Дел од нив се судрија со полицијата која постави коридон пред зградата на Владата, откако ја пробија заштитната ограда. Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна, порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски Би можело да ве интересира и......
(Видео) Масовно пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот и натаму е во бегство
Макфакс - пред 13 часа
Празничката парада во САД на четврти јули се претвори во хаос, врескање и паника кога се случи пукање за време на настанот во Хајленд Парк во Илиноис. На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели, проследени со паника. 🚨|BREAKING NEWS: Multiple people shot at July 4th parade in Highland Park, Illinois pic.twitter.com/QImMHHU2Lc — News For All (@NewsForAlI) July 4, 2022 Неофицијално најмалку 9 лица загинале, а десетици се ранети, пренесува NBC Chicago. Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земја. My video.. I was at #Highland Park parade.. Terrified people fleeing July 4th parade when shooting started. pic.twitter.com/DSe0NJOuem — Lynn Sweet (@lynnsweet) July 4, 2022 Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-Ен-Ен дека слушнал 20-25 истрели. Наскоро повеќе информации. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно (Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници Би можело да ве интересира и... Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! (Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Том Круз доби роденденски честитки од режисерот на „Невозможна мисија“ и колегите од „Топ ган“...
Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа
Макфакс - пред 13 часа
Албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја организира свадба веќе три години и дека чека „невестата да пристигне од Брисел, но ја нема“. „Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде следната година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама. Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија. „Ние сме Балканот кој доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран Би можело да ве интересира и... Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! (Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Том Круз доби роденденски честитки од режисерот на „Невозможна мисија“ и колегите од „Топ ган“ Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале...
ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки
Макфакс - пред 13 часа
Организаторите на Вимблдон добија казна од 1 милион долари од Женската тениска асоцијација (ВТА) поради суспензиите кои ги дадоа на руските и белоруските тенисери на гренд слемот, откако претходно им ги одземаа и рејтинг-поените за настап на турнирот. Британската тениска асоцијација (ЛТА) доби 750.000 долари казна, додека Ол Ингланд клубот, организаторот на турнирот, е дополнително казнет со 250.000 долари. Двете организации се жалеа на одлуката, но казната мора да се плати пред да се разгледа жалбата. „Ние остануваме на одлуката која ја направивме и разочарани сме од реакцијата на АТП и ВТА турнејата, но не можам да кажам повеќе, бидејќи сме дел од легален процес“, изјави генералната директорка на Ол Ингланд клубот, Сели Болтон. Додека другите гренд слем турнири решија да им дозволат на Русите и Белорусите да играат под неутрално знаме (вклучувајќи го и американскиот САД опен), Вимблдон реши дека присуството на руски и белоруски тенисери и тенисерки ќе пратело погрешна порака за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале Претходно Тифозите со спектакуларен пречек за фудбалерите на Милан Би можело да ве интересира и... Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале Тифозите со спектакуларен пречек за фудбалерите на Милан Хамилтон ги поддржува активистите кои истрчаа на патеката во Силверстоун По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен...
Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран
Макфакс - пред 13 часа
Шефот на Ферари, Матија Биното, тврди дека неговиот тим ги направил вистинските одлуки на британското ГП и покрај тоа што Шарл Леклер призна дека е разочаран по загубената шанса за подиум и можна победа бидејќи не го повикаа во бокс при излегувањето на безбедносното возило во финишот на трката. Возачот од Монако беше лидер кога на патеката излезе безбедносното возило по сопирањето на боидот на Алпине на Естебан Окон и при излегувањето на безбедносното возило, Карлос Саинс влезе во боксот, како и другите болиди во топ-4. Леклер, пак, не беше повикан во боксот и потоа при рестартот беше претекнат од Серхио Перез и Луис Хамилтон и заврши на четвртото место. Биното тврди дека во Ферари биле загрижени дека ќе загубат премногу време со ве влегувања во боксот и дека решиле да одат со Саинс. „Двата болида, според нас, беа преблиску да влезат во боксот одеднаш, така што моравме да направиме одлука. Ние бевме единствени со два болида во добра позиција, а другите тимови имаа по еден и за нив одлуката беше полесна. Немаше доволно разлика да ги внесеме двајцата бидејќи вториот ќе загубеше премногу време. Бидејќи гумите на Шарл беа понови од тие на Карлос за шест или седум круга, решивме да сопреме со Карлос, кој исто така ќе можеше да нѐ штити во првите неколку кривини“, вели Биното. По трката, камерите ги фатија Биното и Леклер во разговор и Италијанецот вели дека го сфаќа разочарувањето на својот возач. „Знаев дека Шарл е разочаран и исфрустриран, што е разбирливо бидејќи водеше во трката. За него, тоа беше голема шанса, особено бидејќи Макс имаше проблеми со болидот. Но, му кажав дека имаше одлична трка и дека треба да остане смирен бидејќи вози фантастично. Едноставно, немаше среќа“, додава Биното. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Претходно Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале Би можело да ве интересира и... Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување! Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки Тифозите со спектакуларен пречек за фудбалерите на Милан Хамилтон ги поддржува активистите што истрчаа на патеката во Силверстоун По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен...
Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување!
Макфакс - пред 13 часа
Интеернационално познат фудбалер од Премиер лигата е уапсен во северен Лондон за силување, тврди британскиот весник „Телеграф“. Според нивните извори, фудбалерот, за кого се објавува дека е во своите доцни 20-ти години, е испрашуван за напад што се случил минатиот месец. „На 4 јули обвинение за силување од една жена беше известено до полицијата. Обвинетиот е во притвор, а истрагата продолжува“, потврдија од Скотланд Јард за „Телеграф“. „Телеграф“ побарал коментар од клубот на фудбалерот, но од таму засега нема коментар. Според нивните извори, фудбалерот требало да ја претставува својата земја на Светското првенство во Катар. Exclusive by @Tom_Morgs, @evansma, @mcgrathmike: Premier League star arrested on suspicion of rape https://t.co/yamsVxD7w3 — Telegraph Football (@TeleFootball) July 4, 2022 Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Би можело да ве интересира и... Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки Тифозите со спектакуларен пречек за фудбалерите на Милан Хамилтон ги поддржува активистите кои истрчаа на патеката во Силверстоун По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен...
Кирјос во пет сета го победи Накашима, Гарин во драма спречи австралиско четврт-финале
Макфакс - пред 13 часа
Контроверзниот Австралиец, Ник Кирјос се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон, по тешката 4:6/6:4/7:6(2)/3:6/6:2 победа над Американецот Брендон Накашима. Ова е прво четврт-финале на гренд слем турнир за Кирјос од 2015 година. Еден ден откако беше казнет, заедно со грчкиот тенисер Стефанос Циципас по нивниот бурен меч во третото коло, Кирјос имаше лош почеток на мечот со Накашима, губејќи го првиот сет со 6:4. Но, потоа, неговата игра се стабилизираше и тој беше супериорен со својот сервис за да поведе со 21 во сетови, пред Накашима да обезбеди одлучувачки сет, во кој два брејка беа доволни за голема победа. Кирјос го заврши мечот со 78 директни победнички топки и дури 34 аса за свое второ четврт-финале на Ол Ингланд клубот по тоа од 2014 година. Чилеанецот Кристијан Гарин ги уништи надежите за австралиско четврт-финале, и ќе се судри со Кирјос по драматичната победа над Алекс де Минаур, кој успеа да пропушти предност од два сета и не искористи две меч-топки во одлучувачкиот сет при 2:6/5:7/7:6(3)/6:4/7:6(10:6) поразот. 19. носител, Де Минаур имаше 3:1 предност во тај-брејкотво третиот сет и 5:3 во супер-тајбрејкот во петтиот сет, пред да загуби по маратонски 4 часа и 36 минути. Во четврт-финалето е и Американецот Тејлор Фриц, кој со 6:3/6:1/6:4 „збриша“ уште еден Австралиец, Џејсон Каблер, за да обезбеди потенцијална пресметка со Рафаел Надал, кој подоцна го игра своето осминафинале против Холанѓанецот Ботик ван дер Цандшлуп. Свое прво четврт-финале на Вимблдон ќе игра казахстанката Елена Рибакина, откако со 7:5/6:1 ја совлада Хрватката Петра Мартиќ по час и 20 минути игра. 23-годишната Рибакина, која е родена во Москва, но настапува за Казахстан, претходно имаше само една победа на трева оваа сезона, губејќи во второто коло во Берлин. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран Претходно ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки Би можело да ве интересира и... „Интернационално познат“ фудбалер од Премиерлигата уапсен за силување! Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран ВТА го казни Вимблдон со милион долари за исфрлањето на руските и белоруските тенисерки Тифозите со спектакуларен пречек за фудбалерите на Милан Хамилтон ги поддржува активистите кои истрчаа на патеката во Силверстоун По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен...
Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски
Макфакс - пред 14 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. „Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот“, се наведува во кусото соопштение на кабинетот на Пендаровски по средбата. Претходно, пратеничката од ДОМ Маја Морачанин за РСЕ изјави дека синоќа дел од коалиционите партнери имале средба со премиерот Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. На средбата, вели Морачанин се согласиле „ревидираниот француски предлог“ да се разгледува на пленарна седница, на која ќе се гласа и за заклучоци. Морачанин, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и претседателот на ЛСП, Милевски, претходно се изјаснија против првичниот предлог кој беше објавен, коментирајќи дека билатералните прашања не треба бидат дел од преговарачката рамка. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно (Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години Би можело да ве интересира и......
(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години
Макфакс - пред 14 часа
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Берн рече дека сега имаме шанса за судбоносно „да“ за европска иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години – чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, што за нас беше најважно во зачувување на нашите национални интереси. „Тоа е она за што се боревме, што го посакувавме, тоа се нашите црвени линии кои успеавме да ги зачуваме. И тоа треба да го вреднуваме и да го цениме. Покажавме дека имаме одговорност и стратегија во целиот процес“, кажа на прес-конференцијата Маричиќ. Министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, рече дека гледа позитивни чекори и дека ги поддржуваат сите напори да се најдат заемно прифатливи решенија, бидејќи почетокот на преговорите е од суштинска важност не само за Северна Македонија, туку за целиот регион и ЕУ. – Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира ова е и прашање на мир и стабилност на Западен Балкан и според тоа претставува европско прашање за нас. Северна Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница, истакна Тупураинен, изразувајќи благодарност за нашата добра соработка и нејзиното присуство во Северна Македонија во овој историски момент. Вицепремиерот ја поздрави одлуката на Финска за зачленување во НАТО и ја потврди политиката на Северна Македонија на отворени врати за членство во НАТО, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи што е можно поскоро. Ирскиот министер за Европа пак рече дека во моментот се соочуваме со важна одлука за зајакнување на нашиот идентитет. – Јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на ЕУ и од тоа што имав можност да го слушам македонскиот јазик во европското семејство затоа што јас доаѓам од земја во којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски долги години и со членството во ЕУ сега нашиот јазик има еден навистина извонреден статус и сигурен сум тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик, истакна Томас Бирн. Бирн потенцираше дека и Ирска морала да направи навистина тежок компромисно, но сепак го направиле тоа и дека во ирскиот случај сите лоши работи престана со нивното членство во ЕУ пред речи си 50 години. – Ние кога се приклучивме кон економската заедница пред 50 години имаше еден милион вработени во ирска. Минатата година нашата статистичка служба извести дека тоа бројка денеска 2,5 милиони тоа е една изворна разлика, јас немам никаков сомнеж дека и вашата земја ќе просперира и ќе успее и економски и општествено штом ќе седнеме на европската маса. Ние ќе бидеме со вас сакаме да бидеме со вас секој чекор во процесот, посочи министерот Бирн. Маричиќ изрази и благодарност за принципиелната поддршка на нашиот реформскиот и евроинтеграцискиот процес и што го препознаваат напредокот на општеството во сите аспекти како резултат на европеизацијата, особено оние во областа на политичките критериуми и владеењето на правото, одржливиот економски развој и зелената агенда. – И со двете земји Северна Македонија има добар потенцијал за соработка во рамките на ИПА инструментите, TWINNING и TAIEX, во чии рамки досега успешно реализиравме проекти во областа на зајакнување на менаџерските капацитети на државната администрација. Дополнително, искуствата на Финска и Ирска и те како ќе бидат од наша корист со отпочнувањето на процесот на преговори кога ќе треба да направиме голем и значителен исчекор во реформските процеси, потенцираше Маричиќ. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно (Видео) Пендаровски и министрите за европски прашања на Ирска и Финска разговарале за францускиот предлог Би можело да ве интересира и......
Том Круз доби роденденски честитки од режисерот на „Невозможна мисија“ и колегите од „Топ ган“
Макфакс - пред 14 часа
Том Круз, кој во неделата наполни 60 години, доби честитки за својот роденден од голем број истакнати личности од висок профил. Меѓу оние кои му честитаа беше и режисерот Кристофер Меквари, кој работеше заедно со Круз во филмот „Џек Ричер“ од 2012 година, како и во повеќе филмови од серијалот „Невозможна мисија“, вклучително и претстојниот „Невозможна мисија – Пресметка на мртвите, прв и втор дел“. „Среќен 60. роденден Том“, напиша Меквари покрај фотографија од Круз како се држи за крило на старински авион во воздух. Круз, кој се врати во улогата на капетанот Пит ‘Маверик’ Мичел во новиот блокбастер „Топ Ган: Маверик“, доби убави зборови и од двајца негови колеги во филмот, Вал Килмер и Глен Пауел. Килмер напиша: „Среќен роденден „Мав Том Круз од Ајс!“ алудирајќи на неговото повторување на улогата Адм. Том ‘Ајсмен’ Казански во продолжението. Пауел, кој во филмот го портретира поручникот Џејк ‘Хенгмен’ Сересин, ја објави истата фотографија што ја сподели Меквари, а на која Круз ѝ пркоси на смртта. Тој напиша: „Ова е 60-ка.Том Круз, едноставно нема никој како тебе. Држи се таму. Среќен роденден!“ Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Сталоне го прослави својот 75. роденден со сопругата и ќерките Би можело да ве интересира и......
(Видео) Пендаровски и министрите за европски прашања на Ирска и Финска разговарале за францускиот предлог
Макфакс - пред 14 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија. На средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка. „Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“, информираа од кабинетот на Пендаровски. Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата. Соговорниците размениле мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, била констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, поздравена била одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Хакерски напад на фејсбук-страницата на УКИМ Би можело да ве интересира и......
Изгоре возило натоварено со слама
Макфакс - пред 15 часа
Товарно возило натоварено со бали слама изгорело вчера помеѓу селата Средно и Долно Коњари. „На 3 јули во 14.42 часот во СВР Скопје, Р.С.(33) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, настанал пожар, при што изгореле сламата и возилото“, информираат од МВР. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Скопјанка нападната поради сообраќајно недоразбирање Би можело да ве интересира и......
Омаж на филмови на Јане Алтипармаков на „Скопје синема сити“
Макфакс - пред 15 часа
Со ретроспективата на музички документарни филмови на македонскиот режисер Јане Алтипармаков на 4 јули и со филмовите „Сестри со транзистори“ и „Моби:Мобидок“ на 5 јули ќе се затвори осмото издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“. Фестивалот, кој започна со изложба на фотографии од Ник Кејв на Немања Ѓорѓевиќ и филмот „Ник Кејв: 20.000 денови на земјата“ му оддаде почит на Кејв кој е артист во фокус на фестивалот. На 4 јули, во рамките на програмата на македонски автори и филмови, фестивалот ќе прикаже ретроспектива на филмови на Алтипармаков „Гето 103,“ „Фолтин се јави,“ „Бадмингтонс“ и „The Hip Overdrive.“ Повеќето од овие филмови се исчезнати од архивата на МРТВ и ова е последна можност да се видат од личната архива на Алтипармаков. Фестивалот се затвора со двата филма за електронска музика на 5 јули. Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера. Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Северна Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на србите во Македонија. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Групната изложба „Проект 4“ во Културно-информативниот центар Би можело да ве интересира и......
Хакерски напад на фејсбук-страницата на УКИМ
Макфакс - пред 15 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик Би можело да ве интересира и......
Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо
Макфакс - пред 15 часа
Новото засилување за Рома, српскиот ветеран Немања Матиќ признава дека се решил за трансфер во италијанскиот клуб поради тренерот Жозе Мурињо, со кого ќе работи и во трет клуб, по Челси и Манчестер јунајтед. 33-годишниот Матиќ потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона со „волчицата“ со годишна плата од 4.3 милиони евра, и вели дека е подгтовен да ја преземе одговорноста. „Со Мурињо се познаваме многу добро и среќен сум што е тука. Тука сум за него, но среќен сум исто така што сум дел од овој голем клуб, кој секогаш бил атрактивен за фудбалерите. Ќе се обидам да го поминам Лампард како играч со најмногу настапи под Мурињо. Тимот има многу квалитетни фудбалери со многу млади фудбалери кои се тука за иднината. По осум и пол години сакав ново искуство. Рома и Серија А е голем предизвик за мене. Можев да останам во Премиерлигата, но се решив за Серија А, лига со многу големи клубови и мислам дека не згрешив. На Јунајтед им посакувам да се подобрат и повторно да освојуваат титули. Не знам кога ќе се случи тоа, но бев среќен таму“, вели Матиќ. LIVE | La conferenza stampa di presentazione di Nemanja Matic 🎙️ https://t.co/WLEe2lSQzF — AS Roma (@OfficialASRoma) July 4, 2022 Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Тод Бели го сака Роналдо во Челси! Претходно Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година Би можело да ве интересира и... По Кеси, Барса го потврдија и Кристенсен Тод Бели го сака Роналдо во Челси! Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година „Фараоните“ ја оправдаа фаворитската улога – Македонија ќе се бори за бронза на МИ „Сити фудбал груп“ стана мнозински сопственик на Палермо Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра...
Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година
Макфакс - пред 15 часа
Трофејниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо, на крајот од претходната сезона доживеа срцев удар, но за среќа неговата состојба брзо се стабилизира и по еден ден беше пуштен од болница. Неговата рехабилитација се одвива според планот, но 54-годишниот Баскиец се уште нема да се врати во „натпреварувачкиот ритам“. Реал во во плеј-офот во АЦБ лигата го предводеше првиот помошник на Ласо, Хесус „Чус“ Матео. На крајот Реал ја освои титулата во Шпанија. „Кралскиот клуб“, во финалето на плеј-офот го совлада најголемиот ривал Барселона со 3-1 во победи. Како што пренесува шпанска „Марка“, Реал е подготвен да му ја плати на Ласо последната година од договорот, иако тој нема да го води клубот и дека тимот има намера да ја продолжи соработката со тренерот, иако неговото здравје е приоритет. Поради ова, имаше информации дека Ласо може да ја пропушти наредната сезона за да ги слуша советите на лекарот и да се одмори. Реал не сака ништо да ризикува, а многумина се сеќаваат на ситуацијата од 1991 година кога поради срцев удар што го доживеа за време на финалето на „Купот на Радивој Кораќ“, почина тренерот на оваа екипа Игнасио Пинедо. Ласо е на кормилото на Реал Мадрид од 2011 година, а претходно беше тренер на Кастељо, Памеса, Кантаприја и Гипускоа. Со Реал е двократен освојувач на Евролигата. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо Претходно „Фараоните“ ја оправдаа фаворитската улога – Македонија ќе се бори за бронза на МИ Би можело да ве интересира и... По Кеси, Барса го потврдија и Кристенсен Тод Бели го сака Роналдо во Челси! Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо „Фараоните“ ја оправдаа фаворитската улога – Македонија ќе се бори за бронза на МИ „Сити фудбал груп“ стана мнозински сопственик на Палермо Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра...
„Фараоните“ ја оправдаа фаворитската улога – Македонија ќе се бори за бронза на МИ
Макфакс - пред 15 часа
Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во финалето на Медитеранските игри. Египет, во полуфиналето, ја оправда фаворитската улога и ја совлада Македонија со 34:20 (16:10). Подмладената македонска репрезентација немаше шанси против Египет, кој ги искористи Медитеранските игри како подготвка за Африканскиот куп. За бронзениот медал Македонија ќе игра со поразениот од второто полуфинале, во кое ќе играат Шпанија и Србија. Фото/ facebook.com/rfmofficial Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година Претходно „Сити фудбал груп“ стана мнозински сопственик на Палермо Би можело да ве интересира и... По Кеси, Барса го потврдија и Кристенсен Тод Бели го сака Роналдо во Челси! Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година „Сити фудбал груп“ стана мнозински сопственик на Палермо Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра...
По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен
Макфакс - пред 15 часа
Андреас Кристенсен е вториот слободен фудбалер што Барселона го добива во летниот преоден рок по потписот на Френк Кеси откако данскиот дефанзивец потпиша четиригодишен договор со тимот на Чави Ернандез. 26-годишниот Кристенсен ги одбиваше сите понуди за нов договор од Челси, каде што помина 10 години и имаше 161 настап за првиот тим. Кристенсен ќе биде засилување на позицијата централен бек иако во тимот веќе е Роналд Араухо, како и Ерик Гарсија и Жерард Пике. Клемен Ленгле, Самуел Умтити и Оскар Мингуеза остануваат на „Камп ноу“, но се верува дека веќе им е соопштено оти нема да сметаат на нив. По настапите во академијата на Челси, Кристенсен дебитира за клубот во 2014 пред да помине две сезони на заем во Борусија Менхенгладбах во 2015 и 2017. Welcome to Barcelona, Andreas Christensen! pic.twitter.com/mHy0sO9FvK — FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022 Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Тод Бели го сака Роналдо во Челси! Би можело да ве интересира и... Тод Бели го сака Роналдо во Челси! Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година „Фараоните“ ја оправдаа фаворитската улога – Македонија ќе се бори за бронза на МИ „Сити фудбал груп“ стана мнозински сопственик на Палермо Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра...
Тод Бели го сака Роналдо во Челси!
Макфакс - пред 15 часа
Новиот газда на Челси, Американецот Тод Бели, е заинтригиран од идејата да го донесе Кристијано Роналдо на „Стемфорд Бриџ“ и веќе преговарал со неговиот агент Жорге Мендеш, тврди англискиот „Атлетик“ откога Португалецот им соопшти на шефовите на Манчестер јунајтед дека сака брз трансфер од клубот. 37-годишниот Роналдо бара прифатлива понуда за Јунајтед поради загриженоста од слабата активност на „ѓаволите“ на преоднниот рок, а иако се веруваше дека Баерн Минхен и Рома се први фаворити за неговиот потпис, сега доаѓа можноста да остане во Премиер лигата. Јунајтед инсистира дека тој не е на продажба. Останува да се види како Роналдо би се вклопил во Челси бидејќи менаџерот Томас Тухел преферира помлади и поподвижни напаѓачи, кои може да играат пресинг. Сепак, вербата е дека американските газди сакаат да направат„блокбастер-трансфер ова лето, особено по неславното заминување на Ромелу Лукаку во Интер. Роналдо не се појави на почетокот на тренинзите на Јунајтед денеска откога клубот му дозволи да отсуствува поради семејни причини, но англиските медиуми додаваат дека Португалецот набргу ќе се сретне со новиот менаџер Ерик Тен Хаг за да се разговара за иднината. Chelsea are considering a move for Cristiano Ronaldo amid the forward informing #MUFC he wants to leave the club this summer if a suitable offer arrives, The Athletic understands. More from @David_Ornstein pic.twitter.com/zxo91vcS2A — The Athletic UK (@TheAthleticUK) July 4, 2022 Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен Претходно Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо Би можело да ве интересира и... По Кеси, Барса го потврди и Кристенсен Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо Пабло Ласо поради инфарктот ќе паузира една година „Фараоните“ ја оправдаа фаворитската улога – Македонија ќе се бори за бронза на МИ „Сити фудбал груп“ стана мнозински сопственик на Палермо Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра...
Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик
Макфакс - пред 16 часа
Владата на својата официјална веб страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Францускиот предлог и можете да го преземе на следните линкови: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог-заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата Би можело да ве интересира и......
Скопјанка нападната поради сообраќајно недоразбирање
Макфакс - пред 16 часа
Скопјанка пријавила дека била нападната од страна на нејзин сосед поради недоразбирање во сообраќајот. „На 3 јули во 17.42 часот во полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје“, велат од МВР. Се работи на расчистување на случајот. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно 30 санкции за непрописно вградени фолии Би можело да ве интересира и......
(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници
Макфакс - пред 16 часа
Во неделата борбени авиони ФА-18 на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион EasyJet кој летал кон шпанскиот град Махон. Патничкиот авион полетал од Англија. На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „Ербас“. An easyJet flight En-route to Mahon today was intercepted by fighter jets, thankfully it was a false alarm 🙌 pic.twitter.com/UT1JkkzLhH — Flight Emergency (@FlightEmergency) July 3, 2022 Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач. Авионот, како што се наведува, по слетувањето веднаш бил отстранет од главниот терминал. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Европската Унија покренува платформа за обнова на Украина Би можело да ве интересира и......
Европската Унија инцира платформа за обнова на Украина
Макфакс - пред 16 часа
Европската Унија ќе воспостави платформа за координирање на обновата на Украина по војната со Русија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Платформата ќе се користи за идентификување на потребите за инвестирање, координирање на акции и директни ресурси, рече Фон дер Лејен на конференцијата за закрепнување на Украина во Лугано, Швајцарија. „Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. Ќе дојде уште повеќе. Ние значително ќе се вклучиме во среднорочна и долгорочна обнова“, рече шефицата на Европската Комисија. Платформата ќе ги обедини земјите, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество. Во неа ќе бидат вклучени и меѓународни организации како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). „Европа има посебна одговорност“ ЕИБ предлага финансиска структура што беше искористена за време на пандемијата Ковид-19 за да помогне во обновата на Украина со инвестиции до 100 милијарди евра. Фон дер Лајен рече дека Европа има посебна одговорност и стратешки интерес да биде на страната на Украина. Исто така, тврди дека Комисијата има експертиза за водење на програми кои комбинираат реформи и инвестиции. Откако Украина и официјално стана кандидат за членство во ЕУ, соработката со Киев само ќе се интензивира, изјави Фон дер Лајен. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за трифазен план за обновување по руската инвазија, изјави нејзиниот премиер на конференција. Денис Шмигал исто така рече дека руската инвазија на инфраструктурата на Украина предизвикала директна штета од над 100 милијарди долари. „Денес директните загуби на Украина во инфраструктурата изнесуваат над 100 милијарди долари“, рече тој. Во видео обраќањето на конференцијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обновата на Украина ќе биде „заедничка задача на целиот демократски свет“. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран Би можело да ве интересира и......
СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „не“ на Апасиев наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата
Макфакс - пред 16 часа
Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна, модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка, се посочува во соопштението од СДСМ. Понудата на Мицкоски, додаваат од таму е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија. „Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, потенцираат од СДСМ. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Тупанчевски: Вмрежување на специјализираните обвинители во борбата против корупцијата Би можело да ве интересира и......
Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран
Макфакс - пред 16 часа
Голем шумски пожар беснее северно од Атина, поради што властите наредија евакуација на блискиот крајбрежен град како мерка на претпазливост. Силниот ветер го разгорува пожарот во областа Шхиматари, на околу 50 километри од главниот град, пренесуваат грчките медиуми. Локалните власти ги повикаа жителите да го евакуираат градот Дилеси и го запреа локалниот железнички сообраќај, бидејќи повеќе од сто пожарникари, поддржани од четири авиони и два хеликоптери, се борат со пожарот. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот и на јужниот полуостров Пелопонез, каде се евакуирани четири села. Минатата година, шумските пожари опустошија околу 300.000 хектари шума и грмушки додека Грција го претрпе најлошиот топлотен бран во последните триесет години. По острите критики, владата вети дека ќе ги зајакне капацитетите за гаснење пожари. Неколку десетици романски и бугарски пожарникари ги презедоа должностите во Грција во саботата, како први членови на европските сили кои беа распоредени за да обезбедат поддршка во случај на големи пожари во текот на летото. Во најлошиот шумски пожар во Грција починаа 102 луѓе кога го зафати крајбрежниот град Мати и областите во близина на Атина во летото 2018 година. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша Би можело да ве интересира и......
30 санкции за непрописно вградени фолии
Макфакс - пред 17 часа
Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, соопштија надлежните. При контролата санкционирани биле 30 учесници во сообраќајот. На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно (Видео)Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје Би можело да ве интересира и......
Тупанчевски: Вмрежување на специјализираните обвинители во борбата против корупцијата
Макфакс - пред 17 часа
Министерот за правда Никола Тупанчески учествуваше на Конференцијата ,,Отворено за корупцијата во спортот во фокус мерката ваучери” која се одржа во Струмица. Во своето обраќање тој се осврна на антикорупциската правна рамка која ги инкриминира делата на корупцијата и утврдува инструменти за превенција на корупција, применливи во сите области, вклучително и во областа спорт. „Значаен аспект во борбата против корупцијата е подготовката на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови, на која учествуваше и Министерството за правда на Република Северна Македонија, усвоен од високи владини претставници од јурисдикциите на Западен Балкан, на 25 јуни 2021 година во Охрид. Овој патоказ ги одразува заложбите за продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на колективниот одговор за превенција и борба против корупцијата согласно највисоките меѓународни стандарди. Една од целите за зајакнување на одговорот на правосудството наспроти корупцијата и економскиот криминал, претставува вмрежувањето на специјализирани обвинители, органи за спроведување на законите и единици за финансиско разузнавање кои се вклучени во истрагата и прогонот на кривичните дела”, рече Тупанчески. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Герасимовски подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик Би можело да ве интересира и......
Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша
Макфакс - пред 17 часа
Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на големата суша што зафати делови од земјата, соопшти кабинетот на премиерот Марио Драги. Владата ќе се состане за да ги објави мерките што ги засегаат најтешко погодените региони. Северот на земјата е особено тешко погоден, посебно големите езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое содржи многу помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Пад, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж своето течение е на најниско ниво во последните 70 години, пишуваат тамошните медиуми. Градовите Пиза и Верона воведоа ограничувања за вода, а Венеција и Милано исклучија некои од нивните фонтани. Зачестеноста на сувите периоди во медитеранскиот регион во голема мера се припишуваат на климатските промени, јавуваат локалните медиуми. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон Би можело да ве интересира и......
Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед
Макфакс - пред 17 часа
Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен е на прагот да потпише за Манчестер јунајтед, пренесува „Атлетик“. Двете страни договориле тригодишна соработка. Поранешниот играч на Ајакс, Тотенхем и Интер имаше понуда од Брентфорд да остане во тој тим, каде се пресели во јануари и играше пола сезона, но реши да биде дел од еден од најголемите европски клубови. Како слободен играч, Ериксен ќе ја задолжи опремата на Манчестер јунајтед. Со него Јунајтед ќе добие повеќе креација во нападот. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра Претходно Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери Би можело да ве интересира и... Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери Несторовски го продолжи договорот со Удинезе Јунајтед го обнови интересот за Дибала Кога Вимблдон зависи од деца Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона...
Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра
Макфакс - пред 17 часа
Барселона го потпиша договор со првото засилување во летниот преоден рок, со фудбалерот потпиша договор до летото 2026 година и го заштити со клаузула за обесштетување во висина од 500 милиони евра. Франк Кеси од Милан, во среда ќе биде официјално претставен од клубот.Играчот од средниот ред ќе го носи дресот со број 19. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска стекна целосна афирмација во дресот на Милан, за кој настапуваше пет години, откако во 2017 година пристигна од Аталанта за сума од 32 милиони евра. Тој привлече големо внимание од помоќните европски клубови, а според некои информации годишната плата на Кеси во Барселона ќе изнесува 6.500.000 евра. Во Милан имал „само“ 2.200.000 евра… Навивачите со нетрпение чекаат уште засилувања, многумина веруваат дека следен ќе биде Андреас Кристенсен од Челси, кој исто така е слободен играч. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед Би можело да ве интересира и... Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери Несторовски го продолжи договорот со Удинезе Јунајтед го обнови интересот за Дибала Кога Вимблдон зависи од деца Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона...
Тренчевска: Ги унапредуваме законските решенија за жените земјоделки
Макфакс - пред 17 часа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. „На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини,“ рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. „Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра,“ рече Бачовски. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за земјоделците со житни култури Би можело да ве интересира и......
Герасимовски подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик
Макфакс - пред 17 часа
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Лиридон Бафтији и претставници од невладината „Банка за храна Македонија“ во дворот на Општина Центар поделија социјални пакети. Пакетите со основни прехранбени и хигиенски производи ги добиваат 150 жители од семејства со висок социјален ризик, врз основа на претходно доставен список од Министерството за труд и социјална политика. „Хуманоста и добрите дела не признаваат вери, етнички припадности и граници. Секој месец заедно со нашите партнери од Банка за храна Македонија, во континуитет го спроведуваме проектот ‘Нула Глад’. Се грижиме за сите и секој еден жител во општината ни е подеднакво важен. Затоа, со овие пакети на нашите сограѓани им помагаме полесно да го поминат месецот“, изјави градоначалникот Герасимовски. Во текот на викендот, градоначалникот Герасимовски и директорот Бафтији им поделија социјални пакети и на седумте згрижувачки семејства во општината кои згрижуваат 25 деца. Денешната акција се спроведува во рамките на проектот „Нула Глад“ кој општината го реализира во соработка со невладината организација „Банка за Храна“. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства, а преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно (Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот Би можело да ве интересира и......
(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот
Макфакс - пред 17 часа
Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за францускиот предлог. „Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе видиме што понатаму“, посочи Мицкоски. „Тоа беше првата понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука“, вели ледрот на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија“, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На новинарско прашање дали предлогот треба да помине во Собрание, Мицкоски одговара: „Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине“. За средбата на Ковачевски со Села, Мицкоски одговара: „Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера“. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Следно Герасимовски подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик Претходно 290 новозаразени со коронавирус во последните три дена, нема починати лица Би можело да ве интересира и......
Сталоне го прослави својот 75. роденден со сопругата и ќерките
Макфакс - пред 18 часа
Силвестер Сталоне малку рано го прослави својот 75. роденден со гламурозната сопруга Џенифер Флавин и нивните три ќерки. Холивудската легенда беше забележана во саботата како пристигнува во „Виа Алоро“ во Беверли Хилс, облечен во бела кошула и фармерки. Неговата сопруга Џенифер (53) зрачи со стил во елегантен црн фустан, додека нивните ќерки Систин (24), Софија (25) и Скарлет (20) привлекуваат внимание во ултрамодерна облека. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Алесандра Амброзио ја покажа својата фигура на супермодел на брегот Амалфи Би можело да ве интересира и......
Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за земјоделците со житни култури
Макфакс - пред 18 часа
Националниот план за производство на храна содржи мерки за директна поддршка на земјоделците, со акцент на житните култури. Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети, соопшти Министерството за земјоделство. „Од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па ограничувањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка, од април ова година важи без ограничување од еден хектар, па нагоре за сите производители на житни култури. Оваа дополнителна финасиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од скоро 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година“, стои во нивното соопштение. Донесениот Национален план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци. Министерството за производителите на житни култури распиша и посебен јавен оглас за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, распоредено во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари. Овој оглас предизвика голем интерес кај земјоделците и веќе со министерството се склучени рекордни 258 договори за закуп, информираат од оваа институција. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Поевтинуваат цените на горивата Би можело да ве интересира и......
Несторовски го продолжи договорот со Удинезе
Макфакс - пред 18 часа
Илија Несторовски (32) и следната сезона ќе го носи дресот на Удинезе. Поранешниот македонски репрезентативец попладнево го продолжил договорот со клубот од Удине. Клубот потврди дека Несторовски го продолжил договорот до 30.јуни 2023 година. Напаѓачот е играч на Удинезе од 2019 година. Популарниот Несто-гол досега има одиграно 57 средби за Удинезе има постигнато шест погодоци. Во кариерата Несторовски има играно за Победа, Словачко, Викторија Жижков, Металург, Интер Запрешиќ и Палермо. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери Претходно Јунајтед го обнови интересот за Дибала Би можело да ве интересира и... Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери Јунајтед го обнови интересот за Дибала Кога Вимблдон зависи од деца Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона „Раѓа како вистински лидер треба да не води против Гибралтар и Сан Марино“ Филипс го потпиша договорот со Манчестер сити...
Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери
Макфакс - пред 18 часа
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не смета на шест играчи во следната сезона. Тоа се Рики Пуиг, Нето, Оскар Мингеса, Клеман Ленгле, Самуел Умтити и Муса Ваге, пренесуваат шпанските медиуми. Барселона ги започна подготовките за новата сезона, а Чави им соопштил на клупските челници дека се откажува од шест играчи, додека планира да доведе најмалку пет нови играчи. Оние фудбалери кои играа за своите репрезентации во јуни добија продолжен одмор од една недела. Шпанскиот спортски весник „Ас“ тврди дека Чави им рекол на шестмината играчи дека можат да бараат нови клубови. Умтити би можел да оди на позајмица, Ленгле е на прагот на Тотенхем, додека останатите четворица „пречкртани“ играчи на Барселона ја чекаат вистинската понуда. Барселона минатата сезона ја заврши без трофеј, а во Ла Лига беше втора со 13 бода помалку од Реал. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед Претходно Несторовски го продолжи договорот со Удинезе Би можело да ве интересира и... Договор до 2026 година и откупна клаузула од 500.000.000 евра Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед Несторовски го продолжи договорот со Удинезе Јунајтед го обнови интересот за Дибала Кога Вимблдон зависи од деца Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона...
290 новозаразени со коронавирус во последните три дена, нема починати лица
Макфакс - пред 18 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) биле направени 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 148549, Активни 536 Куманово 16770, Активни 42 Битола 15835, Активни 59 Прилеп 14277, Активни 33 Тетово 13533, Активни 20 Кавадарци 10760, Активни 34 Велес 9848, Активни 30 Гостивар 9634, Активни 15 Охрид 9030, Активни 58 Штип 8119, Активни 18 Струмица 8110, Активни 15 Кичево 5673, Активни 11 Кочани 5125, Активни 17 Струга 4744, Активни 9 Гевгелија 4431, Активни 4 Неготино 3714, Активни 5 Ресен 2760, Активни 1 Свети Николе 2641, Активни 1 Радовиш 2537, Активни 5 Крива Паланка 2421, Активни 2 Делчево 1991, Активни 5 Берово 1693, Активни 1 Дебар 1684, Активни 3 Валандово 1488, Активни 0 Виница 1398, Активни 2 Пробиштип 1271, Активни 3 Богданци 1025, Активни 2 Кратово 969, Активни 0 Крушево 933, Активни 2 Демир Хисар 837, Активни 1 Македонски Брод 744, Активни 1 Демир Капија 594, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 352, Активни 0 Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Град Скопје: В среда ќе се прска против комарци Би можело да ве интересира и... Поевтинуваат цените на горивата Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прв ќе го гаѓаме Лондон Град Скопје: В среда ќе се прска против комарци Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност Алесандра Амброзио ја покажа својата фигура на супермодел на брегот Амалфи Доделени грантови до 10.000 евра за самовработување во Тетово...
Поевтинуваат цените на горивата
Макфакс - пред 18 часа
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 1.07.2022 година Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг. Од 5.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95 108,50 (денари/литар) Моторен бензин Еуросупер БС – 98 110,50 (денари/литар) Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм) Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860%, кај дизелот за 1,390%, кај екстра лесното масло за 1,407% и кај мазутот има зголемување е за 0,959%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,201%. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Доделени грантови до 10.000 евра за самовработување во Тетово Би можело да ве интересира и... Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прв ќе го гаѓаме Лондон Град Скопје: В среда ќе се прска против комарци Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност Алесандра Амброзио ја покажа својата фигура на супермодел на брегот Амалфи Доделени грантови до 10.000 евра за самовработување во Тетово (Видео)Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје...
Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон
Макфакс - пред 18 часа
Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета светска војна. Дизајнирана е и алатка која ги прикажува последиците од експлозија на нуклеарна бомба во одредена област, објасни Андреј Гуруљов, за руската државна телевизија. „Лондон ќе биде првата стратешка НАТО цел, што ќе биде погодена од руски ракети доколку избие трета светска војна“, изјави блискиот сојузник на претседателот Владимир Путин. „ Ќе уништиме цела група непријателски вселенски сателити при првата воздушна операција. Не ни е гајле дали се американски или британски, сите би ги гледале како НАТО“, рекол Гуруљов. Алекс Валерстајн, нуклеарен историчар од Технолошкиот институт на Универзитетот Стивенс, создаде една од алатките, симулаторот Nukmap, кој покажува што би се случило ако во некоја област експлодира нуклеарна бомба. Симулаторот е дизајниран да ги пресметува последиците од бомбашките напади. „Живееме во свет во кој прашањата за нуклеарното оружје редовно се на насловните страници, но повеќето луѓе сè уште имаат многу лош впечаток за тоа што всушност може да направи експлозивното нуклеарно оружје“, рече Валерстајн. Тој нагласи дека тоа е само проценка, а не прецизна пресметка. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност Би можело да ве интересира и......
Град Скопје: В среда ќе се прска против комарци
Макфакс - пред 18 часа
Градот Скопје информира дека во среда ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот, против ларви од комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред: 1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови. 2. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот. „Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин“, појаснуваат од Град Скопје. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност Би можело да ве интересира и......
Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност
Макфакс - пред 19 часа
Институтот за демократија и Институтот за европска политика, подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и на дебатата која ја отвори Владата по добивањето на модификациите од Брисел. Тие сметаат дека преку отфрлањето на предлогот мора да се изгради нов став со широк општествен консензус заснован на темелни дискусии. „Во тековниот предлог, преговорите вистински би започнале по внесувањето на етничките Бугари во преамбулата на Уставот – ветување за коешто Владата нема мандат и ќе нè остави уште долго во чекалната, но сега, со целиот притисок врз нас. Протоколот кој сè уште не е достапен за јавноста, останува дел од преговарачката рамка. Историските теми остануваат на маса, а мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања добива многу поголем притисок за резултати. Но овој пат, притисокот ќе биде европски, а не бугарски. Решението за македонскиот јазик не е чисто. Со изоставувањето на поглавјето 34 од преговарачката рамка и со внесувањето на унилатералните ноти за македонскиот јазик, Бугарија си остава простор во подоцнежната фаза на преговорите да го блокира затворањето на ова поглавје (кое сe носи со едногласност), доколку нејзините барања не се исполнети, а се дел од нотата за македонскиот јазик. Потпишувањето на договорот за Фронтекс не е правна гаранција за непризнавање на јазикот во ова поглавје. Аргументите „сега или никогаш“, „земи или остави“ не се оправдани во ситуација кога идниот изглед на ЕУ не е познат и кога војната во Украина налага потреба од итен успех во проширувањето што треба да се направи по секоја цена. Сега тоа е на штета на Северна Македонија, но и на самата ЕУ. Штетата од овој присилен „успех“ ќе ја направи земјата уште поранлива на подривачки влијанија од трети страни и е далеку поголема по безбедноста и стабилноста на регионот. Процесот на градење општествен консензус за една од најважните одлуки кои Македонија треба да ги донесе, треба да биде инклузивен и да не се вградува во нереална временска рамка. Владата еднострано информира отколку што дебатира и се труди да изгради заеднички став. Оваа стратегија не само што создава дополнителна несигурност и фрустрација кај граѓаните, туку ја зголемува и поларизацијата во општеството и нетрпеливоста кон неистомислениците. Можеби, за политичкиот естаблишмент прифаќањето нема да биде „ни триумф, ни дебакл“, но за нашето општество се создава ризик дека пристапниот процес ќе биде јамка околу вратот што ќе се затега во следните децении. Со наведувањето можни етнички тензии како последица од неприфаќањето на предлогот (кој има јасен бугарски печат: „Раздели, па владеј“), се внесува дополнителна несигурност. Дали во Македонија ќе има етнички тензии зависи најмногу од македонските политички субјекти. Одговорноста е на Владата да обезбеди меѓуетничка трпеливост и толеранција во најосетливи моменти. Инсистираме сите понатамошни чекори и документи, вклучително и Протоколот, коишто би ги презела македонската влада за решавање на македонско-бугарскиот спор, да бидат презентирани во јавноста за да се обезбеди широка општествена поддршка. Собранието не смее да биде заобиколено. Оттука, во интерес на вистински и целосни информации и во интерес на иднината, Владата мора да одговори на следните прашања/барања: Владата веднаш да го објави Протоколот кој треба да се потпише меѓу ресорните министерства. Како во модифицираниот предлог е заштитен македонскиот идентитет? Зошто пред една седмица за решението за јазикот со унилатерлани декларации сметавте дека е неприфатливо, а сега е прифатливо? Какви гаранции Владата обезбедила за да го заштити македонскиот јазик, особено во однос на идна злоупотреба на унилатералната изјава на Бугарија во поглавјето 34? Кога и со кои политички субјекти Владата постигнала согласност за промена на Уставот? Каков реципроцитет е обезбеден во обврските за спроведување на Протоколот (изјава на министерот Османи за ТВ емисијата „Топ тема“)? Зошто Владата смета дека ова е „последна шанса“ за евроинтегративниот пат? Владата да го објави претходниот предлог – “работна верзија“. Последно, нагласуваме да се преиспита пристапот на забрзани консултации и да се остави време за суштествена дискусија, анализи и проценки“, стои во документот кој го поддржаа и Македонски Центар за меѓународна соработка, Институт за комуникациски студии, Центарот за управување со знаење, Центар за истражување и креирање политики, Центар за правни истражувања и анализи, Зелен институт ЕКОВИТА и Рурална коалиција РАДАР. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно И Села го поддржа францускиот предлог Би можело да ве интересира и......
Алесандра Амброзио ја покажа својата фигура на супермодел на брегот Амалфи
Макфакс - пред 19 часа
Алесандра Амброzио се огласи на својот Инстаграм во неделата за да сподели неколку впечатливи фотографии од нејзиниот одмор на брегот на полуостровот Амалфи, популарна и романтична дестинација во Италија. 41-годишната манекенка изгледа сензационално во светложолт фустан со странични исечени делови и шлиц до бутовите. Поранешниот ангел на Викторија’с сикрет го дополни својот стилски изглед за одмор со златни обувки Џузепе Заноти, за што му се заблагодари на познатиот италијански моден дизајнер во својата инстаграм-приказна. Феноменот на модните писти, исто така, објави фотографија од неа и момчето Ричард Ли. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Адел: Реакцијата на одложувањето на настапите во Лас Вегас беше брутална Би можело да ве интересира и......
(Видео)Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје
Макфакс - пред 19 часа
Вчера полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје. Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин. Вчера по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени биле обезбедени материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги, соопштија надлежните. Сппоред полицијата, во текот на денешниот ден од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по Кривичниот законик. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Гостивар Би можело да ве интересира и......
Доделени грантови до 10.000 евра за самовработување во Тетово
Макфакс - пред 19 часа
Младите кои имаат различни идеи и креативност треба да ги искористат мерките за самовработување и во рамките на бизнис плановите што ќе ги состават да започнат сопствен бизнис, добивајќи субвенција од 5.000 евра до 10.000 евра, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференцијата заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати, по повод доделувањето на договорите на дел од одобрените апликанти во регионот на Тетово, кои ќе добијат грантови во рамките на Оперативниот план за вработување во рамки на мерките „Субвенционирање на плати“ и „Вработување и раст на правни субјекти“. „ Секогаш го поддржуваме отворањето нови работни места, особено за работни места кои се подобро платени, а секако ги поддржуваме и оние кои се во моментот невработени да имаат дополнителни можности преку користење на мерење на истите да имаат и работа” изјави Бектеши. Тој истакна и дека интеграцијата на земјата во Европската унија е многу важна. Додавајќи дека со почетокот на преговорите со ЕУ, 60% од финансирањето ќе се додадат на поглавјето за претприемништво, вработување и зголемување на конкуренцијата. „ Оперативниот план вклучува околу 37 милиони евра, секако овие иницијативи се важни за интеграцијата на земјата во Европската унија. Што се однесува до поглавјето за претприемништво, вработување и зголемување на конкурентноста, со отворањето на преговорите за членство во Европската унија, 60% од финансирањето ќе се додадат на Оперативниот план. Минатата година корист од овие мерки имаа 12.000 граѓани, додека годинава се предвидува бенефит да имаат 15.000 граѓани, а во иднина оваа бројка уште повеќе ќе се зголеми со користење на средствата на Европската Унија” кажа министерот Бектеши. Директорот на Агенцијата за вработување, Мурати посочи дека интересот за овие мерки е се поголем и дека Агенцијата ќе се потруди согласно Оперативниот план да обезбеди повеќе средства за невработени лица. „ Нашата интенција е 15 илјади невработени да бидат вклучени во сите овие активни мерки кои ги нуди Агенцијата за вработување. Ние не застануваме тука, нашата интенција е наредната 2023 година со тој Оперативен план да бидат вклучени повеќе од 20 илјади“ кажа Мурати. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Хрватска ги замрзна цените на горивата на уште 14 дена, Дистрибутерите: Ги затвораме бензинските Би можело да ве интересира и......
Хрватска ги замрзна цените на горивата на уште 14 дена, дистрибутерите: Ги затвораме бензинските
Макфакс - пред 19 часа
Здружението на мали дистрибутери на горива во Хрватска најави затворање на бензинските пумпи откако Владата на Хрватска денеска донесе нова одлука и ги замрзна цените на горивата за уште 14 дена. Со новата одлука се фиксираат и големопродажните цени со што, според Владата, се штитат малите дистрибутери, пишуваат хрватските медиуми. „Со денешната одлука на Владата на Хрватска, според која режимот за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати останува ист како во претходните 14 дена, а цените на големо се фиксираат на тој начин што, со сите јавни придобивки, тие не можат да изнесуваат повеќе од крајната малопродажна цена пропишана со Правилникот за малопродажни места надвор од автопатиштата, велиме дека е неприфатливо и неодржливо за малите дистрибутери на горива“, велат дистрибутерите. „Оваа Регулатива подразбира дека малите дистрибутери ќе купуваат и продаваат гориво по иста цена, што значи дополнителни загуби за нас бидејќи не се пресметани нашите трошоци, пред се трошоците за транспорт на гориво. Уште еднаш повторуваме дека натамошниот бизнис на малите дистрибутери е неодржлив под овие услови“, нагласуваат тие. „Покрај сето наведено, сакаме да предупредиме и на фактот дека овие владини мерки ќе предизвикаат и недостиг на гориво, што во никој случај не е добро во туристичката сезона. Уште еднаш апелираме до Владата на Република Хрватска да дозволи цената на горивата да се регулира во согласност со трендовите на пазарот“, се вели во соопштението. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Во Турција забележена највисоката инфлација во последните 24 години Би можело да ве интересира и......
„Раѓа како вистински лидер треба да не води против Гибралтар и Сан Марино“
Макфакс - пред 19 часа
Хрватска е се уште во шок по елиминацијата на кошаркарската репрезентација од квалификациите за пласман на Светското првенство. Финска ја победи Хрватска во Риека со 81:79 и заедно со Шведска и Словенија ќе ги продолжи квалификациите. Натпреварите во оваа група Хрватска ги заврши со само една победа. Јавноста и навивачите по дебаклот бараат оставки од челните луѓе на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска. Поранешниот хрватски кошаркар и селектор Александар Петровиќ, со доза на иронија го критикуваше претседателот на стурчниот совет на Сојузот Дино Раѓа. „Гледам дека е постигнат консензус околу заминувањето на Раџа. Мислам дека тој треба да остане како вистински претседател на Стручниот совет за да биде лидер на патот во претквалификациите во Гибралтар, Сан Марино, Луксембург или каде и да не однесе ждрепката“, напиша Петровиќ на својот Твитер профил. Хрватска на почетокот на септември годинава ја очекува настап на Евробаскетот каде во Милано ќе игра во групата Ц. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона Претходно Филипс го потпиша договорот со Манчестер сити Би можело да ве интересира и... Кога Вимблдон зависи од деца Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона Филипс го потпиша договорот со Манчестер сити Фирмино е подготвен да го напушти „Енфилд“ Јунајтед без Роналдо ќе ги започнат подготовките Везенков пред трансфер во Сакраменто...
Кога Вимблдон зависи од деца
Макфакс - пред 19 часа
Од Лондон, Ненад Живановски Тие се во „сенка“, иако постојано се на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ-екранот како претрчуваат. Тие се анонимни, иако и Ѓоковиќ и Медведев и Надал со задоволство прифаќаат да се фотографираат со нив. Тие се собирачи на топки или популарно се нарекувани на Вимблдон ball boys и ball girls (ББГ). Момчиња и девојчина на кои секој победник на турнир ќе им се заблагодари и ќе рече дека без нив турнирот не би бил можен. Секој Вимблдон првиот ден многу време посветувам гледајќи во нив и секогаш одново сум импресиониран колку воиграно и координирано си ја вршат својата работа, која едноставно може да се нарече собирање топчиња. Меѓутоа, таа е многу повеќе од тоа – од моментот кога топчето ќе падне на земја, па до моментот кога ќе се појави на тенискиот рекет на тенисерот, тоа е цел еден процес, кој автоматизирано, со воиграни eye contact и body language го извршуваат овие деца. Така увежбани, на некои им наликуваат како да се припадници на специјалните единици; низ Вимблдон се движат формациски еден зад друг и по десетина на број, на терените се без каква било емоција на лицето и сите стојат во ист став – на сонце или на ветер, извршувајќи ги задачите како роботи, со идентични движења на сите нив. Престижно е да се биде ББГ на еден од четирите гренд-слемови, иако овие од Вимблдон важат за најелитни од четирите големи турнири. Чарли Бренон е еден од нив – елитните. Ball boy на Вимблдон е веќе неколку година по ред, со намера да учествува и наредната. Сосема случајно го сретнав кога дојде на автобуската станица, облечен во карактеристична работна маица. Не сакав да ја пропуштам шансата да поразговарам со него. Без проблем ја прифати молбата за разговор, кој го водевме на најнеобичното место на кое сум правел интервју кога било – на горниот кат од даблдекерот, додека се возевме во ист правец од Вимблдон кон Морден. На моето прашање како се станува ББГ, русокосиот Чарли ми одговори: „Во основа, ако вашето училиште е во близина на Вимблдон, организаторот ги скаутира потенцијалните момчиња и девојчиња кои ќе бидат ангажирани на турнирот. Јас бев еден од нив. Најпрвин претстои пробно тестирање, за да се види дали ги исполнувате основните критериуми. Кога еднаш ќе го поминете пробниот период, ако сте доволно добар, тогаш влегувате на Вимблдон и повеќе контактите не се преку училиштето туку директно меѓу вас и организаторот. Тогаш започнува процесот на обука и тренирање, кој трае околу девет месеци за потоа да можете да учествувате на турнирот како ББГ“. За критериумите што се потребни да бидат исполнети за да можеш да бидеш селектиран, Чарли ми појасни: „Ако си повисок, тогаш можеш да стоиш зад задната линија – тоа се позициите каде што стојат четворица и ги додаваат топчињата на тенисерите да сервираат. Ако си понизок, како јас, тогаш најчесто си поставен на центарот, зад мрежата. Исто така, потребно е да си во добра физичка кондиција, секој тренинг ние правиме десет минути загревање, што се состои и од 3-4 трчања околу теренот. По секој тренинг, поединечно сме оценувани и доколку не си доволно добар, може да бидеш елиминиран. Старосната граница е во просек 13-14 години, но и нешто погоре, но на 18 години веќе се смета дека си стар за да бидеш ББГ. Следно што ме занимаше беше дали еднаш кога ќе бидеш ангажиран као ББГ имаш сигурност дека и наредната година ќе бидеш повикан, или секоја година се прави нова селекција? „Секоја година се регрутираат нови ББГ, но, исто така, се повикуваат и старите од последните 2-3 години. Ако претходно си учествувал и ако си доволно добар веднаш го почнуваш пробниот период, без претходна селекција. Јас сум неколку година последователно ball boy и се надевам дека и следната година ќе бидам ангажиран“. На прашањето дали овој ангажман е волонтерски, или се платени за него, Чарли ми одговори: „Платени сме околу 200 фунти за двете седмици колку трае турнирот. Но, тоа зависи и од деновите. Обично после петокот помалку сме платени бидејќи има и помалку мечеви на турнирот и немаат потреба од толку ББГ. Ако останеш до последниот ден т.е. до финалето, тогаш си платен околу 240 фунти“. Бидејќи на Јутјуб има снимки како некои собирачи на топки колабираат на терен од топло време, ме интересираше колку им е напорно кога се високи температурите, а тие мораат да стојат на сонце. „Пред натпреварот се мачкаме со креми за да се заштитиме од сонцето. Исто така, имаме со нас и термоси со ладна вода и можеме да се освежиме при секоја пауза. Ако се случи некој да колабира, тука се интервентните екипи да го повратат, но и секогаш има резервни момчиња и девојки кои се подготвени да влезат и заменат некого. Никој од нас не стои на еден меч повеќе од еден час бидејќи организаторот знае дека топлото време нè исцрпува и секогаш по еден час се прави замена со нови ББГ. Во текот на денот еден ББГ може да биде ангажиран најмногу четири часа, но никогаш тие не се во континуитет“. На крајот од разговорот, логично се наметна прашањето дали Чарли тренира тенис и кој му е омилен тенисер. „Не тренирам, но дефинитивно Вимблдон ме инспирира овие неколку години колку сум ball boy да решам наскоро да почнам да тренирам. Од тенисерите го обожавам Ник Кириос поради неговиот темперамент бидејќи е забавен и смешен. Мислам дека тој и нема тренер, туку самиот се тренира, што ме воодушевува. Исто така, го сакам и Новак Ѓоковиќ. Тој е број еден и за мене“. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Претходно Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона Би можело да ве интересира и... Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона „Раѓа како вистински лидер треба да не води против Гибралтар и Сан Марино“ Филипс го потпиша договорот со Манчестер сити Фирмино е подготвен да го напушти „Енфилд“ Јунајтед без Роналдо ќе ги започнат подготовките Везенков пред трансфер во Сакраменто...
Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона
Макфакс - пред 19 часа
Хоакин Санчез ќе ја почне својата 23. сезона како професионален фудбалер, а вкупно 14. како играч на Бетис, откако пред неколку дена се договори со клуб да игра уште една сезона. Деновиве се очекува договорот да биде официјализиран. Првата сезона на Хоакин во Бетис беше во 2000/01 во Сегунда. Хоакин досега одигра 13 сезони во Бетис – шест во првиот мандат и седум во вториот и го носеше дресот со број 17 во текот на неговата кариера во клубот од Севиља. Освен за Бетис, пет години играше и за Валенсија, а по две во Малага и Фиорентина. Капитенот на Бетис, кој на 21 јули ќе наполни 41 година, е на пат да ги собори сите рекорди за долговечност и одиграни натпревари во историјата на шпанскиот фудбал. До денес, Хоакин во кариерата, во клубовите и репрезентацијата, одиграл 939 натпревари. Дресот на националниот тим го носел на 51 натпревар. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:sport Следно Кога Вимблдон зависи од деца Претходно „Раѓа како вистински лидер треба да не води против Гибралтар и Сан Марино“ Би можело да ве интересира и... Кога Вимблдон зависи од деца „Раѓа како вистински лидер треба да не води против Гибралтар и Сан Марино“ Филипс го потпиша договорот со Манчестер сити Фирмино е подготвен да го напушти „Енфилд“ Јунајтед без Роналдо ќе ги започнат подготовките Везенков пред трансфер во Сакраменто...
Кремљ: Путин нема да му го честита на Бајден Денот на независноста
Макфакс - пред 19 часа
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нема да му честита на американскиот претседател Џо Бајден за независноста на САД поради „непријателските“ потези на САД насочени кон Москва, соопшти денеска Кремљ, пренесуваат агенциите. „Честитките за денешниот ден не би биле соодветни. Причината е непријателската политика на Соединетите Американски Држави“, изјави за новинарите денеска гласноговорникот на Владимир Путин, Дмитриј Песков. Џо Бајден, уште од почетокот на руската инвазија на Украина остро ги осуди постапките на Русија и нејзиниот претседател Путин, кого го нарече воен злосторник и рече дека „не може да остане во својата земја“, анализираат медиумите. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли:топ-тема Претходно Папата негира дека планира да поднесе оставка Би можело да ве интересира и... И Села го поддржа францускиот предлог Папата негира дека планира да поднесе оставка (Видео) Каевски: Антиеу коалиција, тоа што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Гостивар Адел: Реакцијата на одложувањето на настапите во Лас Вегас беше брутална Во Турција забележена највисоката инфлација во последните 24 години...
И Села го поддржа францускиот предлог
Макфакс - пред 19 часа
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „ Не се работи само за прифаќање или неприфаќање на францускиот предлог, туку за продолжување или непродолжување на патот кон ЕУ. Мислам дека Северна Македонија треба да продолжи кон евроинтеграциите, друг опција за нас не треба да постои. Нашиот став е дека не треба да се создаваат алтернативи, туку само ЕУ. Македонија треба да биде членка на ЕУ, а тоа нормално оди преку преговори. Нема двоумење, јасни сме, би го прифатиле овој предлог“ рече Села. Претходно, францускиот предлог го прифати и БЕСА, со барање за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно (Видео) Каевски: Антиеу коалиција, тоа што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев Би можело да ве интересира и......
Папата негира дека планира да поднесе оставка
Макфакс - пред 19 часа
Папата Франциско ги отфрли информациите дека планира да поднесе оставка во блиска иднина, велејќи дека овој месец ќе ја посети Канада и дека после тоа се надева дека ќе може да отпатува во Москва и Киев што е можно поскоро. Во ексклузивното интервју во неговата резиденција во Ватикан, папата ги негираше и гласините дека има рак, шегувајќи се дека неговите лекари „не кажале ништо за тоа“ и за прв пат открија детали за состојбата на неговото колено. Во 90-минутното интервју, спроведено на италијански јазик без присуство на консултант, 85-годишниот Папа исто така ја повторил осудата на одлуката за абортус по одлуката на Врховниот суд на САД минатата година. Во медиумите кружеа гласини за серија настани на крајот на август, вклучително и средби со светски кардинали за да се разговара за новиот устав на Ватикан, дека би можеле да останат во сенка на оставката на Папата. Папата Франциско кој беше внимателен и опуштен за време на интервјуто додека зборуваше за голем број меѓународни теми и црковни прашања, се насмевна на сугестијата дека може да поднесе оставка, јавуваат агенциите. „Не во моментов, не во моментот“. Навистина!“, изјави Папата. На прашањето што мисли кога сака да го направи тоа, тој рече: „Не знам, Бог ќе ви каже“, пренесува Ројтерс. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Хакирани официјалните профили на британската армија на Твитер и Јутјуб Би можело да ве интересира и......
(Видео) Каевски: Антиеу коалиција, тоа што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев
Макфакс - пред 20 часа
Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се истурените ликови на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата. Она што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев, она што Мицкоски го нарачува Апасиев го одработува, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ. „ Мицкоски и проруската инсталација Апасиев заедно шират хистерија преку лажни вести и навреди. Во предлогот на француското претседателство јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. Но, не е ова прв пат ВМРО ДПМНЕ и Левица заедно да се обидуваат и да создаваат тензии. Се уште се сеќава јавноста на лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица за кантонизација, федерализација, мигрантски кампови, дека со Преспанскиот договор се продавал идентитетот, за бугаризација. Лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица немаат карај, тоа се десруктивни партии кои не сакаат државата да оди напред, бидејќи така им одговара“ рече Каевски. Тој го обвини Мицкоски дека јавно признал дека не сака во ЕУ, а дека Апасиев сонувал за Русија. „ Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мисли добро на државата, напротив тие сакаат државата да биде изолирана, внатрешно поделена и наместо европска, да има несигурна и неизвесна иднина. Граѓаните одамна знаат какви деструктивци се Мицкоски и Апасиев, и затоа и овие обиди нема да им успеат“ порача Каевски. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик Би можело да ве интересира и......
Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Гостивар
Макфакс - пред 20 часа
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Според информациите, несреќата се случила меѓу „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(47) од с.Желино, тетовско, товарно возило „пежо“, управувано од А.У.(46) од с.Здуње, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, управувано од В.С.(34) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата, возачот А.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Tweet ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. Поврзани Артикли: Претходно Казнети 109 возачи во Скопје: 58 за брзо возење Би можело да ве интересира и......