Зголемена раздвиженост и мал процент вакцинирани, причина за пораст на ковид случаите
Курир - ново
Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика. -Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ. Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186. Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице. Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз....
За францускиот предлог дебата и во Собранието
Курир - пред 22 минути
Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија. Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. -Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци. Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната, изјави вчера за МИА Маја Морачанин од ДОМ, пренесувајќи дека на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата. Трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., рече Морачанин за МИА. Од Демократскиот сојуз, во соопштение по седница на партиското претседателство, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. -Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл, стои во заклучоците од ДС, од каде нагласуваат дека не смеат да се прифатат разговори за македонските ревулуционери. Бараат и да се се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонските национални празници. Од ДС порачуваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Според ДС, во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. За предложената Преговарачка рамка, велат од ДС, да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Лидерите на ДОМ, Маја Морачанин, на Демократски сојуз, Павле Трајанов и на Либерално-демократската партија Горан Милевски, вчера имаа средба и со претседателот Пендаровски пред кого ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, кој по седницата на Советот за безбедност објави дека предлогот е прифатлив. Во рамки на широките консултации за предлогот Ковачевски вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои. Најави дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став како партија. -Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии. Јасни сме биле и кога сме давале поддршка и за членување на државата во НАТО. Мислам дека АА е главниот чинител кој ги почна овие промени за да денеска ние бидеме дел од НАТО-Алијансата и граѓаните да се чувствуваат посигурни побезбедни во време на оваа воена криза која се случува помеѓу Русија и Украина, изјави Села. Тој информираше дека дел од дебатата со премиерот била и во врска со македонскиот јазик. Посочи дека имаат разбирање за емоционалното чувство на секој граѓанин, но и дека, како што рече, дефиницијата за јазикот којшто го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик, е омаловажувачка за Албанците и дека во ситуација кога ќе се отворат уставните измени, треба да се има предвид тоа и во Уставот да стои албански јазик. – Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова како политичка партија. И сакам да ја искористам можноста да и пратам апел на ДУИ и тие да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција, рече Села. И од движењето БЕСА, од каде веќе се изјаснија дека за нив е прифатлив францускиот предлог, исто така бараат за време на уставните измени да се отстрани делот 20 проценти и да пишува албански јазик. -Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“, наведоа од БЕСА од каде го повторија барањето за предвремени парламентарни избори бидејќи сметаат дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вчера побара Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот. Предлогот, како што рече, „не треба да помине во Собранието, а и да помине тоа ќе биде на сила“. Извршниот одбор на владејачката СДСМ, пак, вчера оцени дека предлогот е добра основа и, како што информираа од партијата, целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. -Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена, наведоа од СДСМ. Во меѓувреме, пораки и поддршка за прифаќање на предлогот упатија министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен во рамки на нивната заедничка посета на државата. -Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави Бирн на заедничка прес-конференција со Маричиќ и Тупураинен. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. И според финската министерка за европски прашања со преговарачката рамка целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, рече Тупураинен. Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак оцени дека би била вистинска штета и за државата и за идните генерации да го пропуштиме овој момент сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. -Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече Маричиќ пораќувајќи дека не момент за непотребно одлагање, туку за разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. -Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, во одговор на прашање од МИА Од генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, пак, одговорија, дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. Во Скопје во изминатите три дена се одржаа протести за отфрлање на францускиот предлог, а учесниците кои официјално немаат организатор но се поддржани од политички партии и граѓански организации, сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
„Проект 4“ – групна изложба на ликовни уметници од Србија
Курир - пред 26 минути
Во организација на Културно-информативен центар – Скопје вечер ќе биде отворена групната изложба „Проект 4“ на ликовните уметници од Србија – Татјана Армуш, Данијела Тасиќ Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ. Изложбата ќе биде отворена до 23-ти месецов. – Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од сето тоа, ништо не постои. Оваа четворка може и во повеќедимензионалниот систем, не ограничена повеќе со времето и просторот, да превземе некои нови облици, преку реализацијата на почетокот на едно ново заедништво, обидувајќи се да го пренебрегне сето она време што постои како вакуум зад сите нас. Минувајќи низ магловити предели, над плавите хоризонти, водена со колоритни патишта во црно бели констатации, оваа поставка претставува постоење на различни патишта до исти сознанија: дека само движењето е живот, движењето не како инерција туку како свесно вложен напор према сознавањето на светот околу себе и во себе, се вели во најавата за групната изложба. од КИЦ посочуваат дка со оваа поставка во новиот простор, со димензија на времето кое во себе ги содржи сите потенциални енергии за реализација на скоковите, преку и покрај наметнатите пониски енергетски битствувања, Проектот 4 не постои како фиксна, непроменлива детерминанта, туку го започнува својот пат на излез од зададените ни форми. Татјана Армуш е родена 1986 година во Сомбор (Србија) каде завршува основно училиште и средна школа. Дипломирала 2009. година на Факултетот на уметности во Приштина (со седиште во Звечани) на смерот Ликовна графика во класата на професорот Зоран Јовановиќ – Добротина. Реализирала три самостојни изложби и изложувала на повеќе колективни во Сомбор, Нови Сад, Белград, Косовска Митровица и Грачаница. Данијела Тасиќ Цветковиќ е родена 1974 година во Оџаци. Завршила Гимназија „Вељко Петровиќ“ во Сомбор. После завршувањето на ВШЛИПУ во Белград, запишува Факултет за ликовна уметност, одсек сликарство. Дипломирала 2003 година, а магистрирала 2007 на истиот факултет во класата на професорот Јован Сивачки. Член е на УЛУС од 2003 Добитничка е на неколку награди за сликарство во текот на студиите и награда на Сомборскиот Ликовен салон 2017 година. Често учествувала на групни изложби, а излага и самостојно. Мила Алексиќ живее и работи во Сомбор, учествувала на повеќе заеднички изложби и реализирала една самостојна. Се бави со самоистражување низ концептот на монохромни инсталации и записи. Татјана Димитријевиќ е родена 1965 година во Сомбор, Србија. Дипломирала 1988 на Академијата на ликовна уметност во Нови Сад, на отескот за сликарство, во класата на професорот Душан Тодоровиќ. Изложувала самостојно и на бројни колективни изложби во земјата и странство (Италија, Норвешка, Француска, Швајцарија), учествувала и на повеќе собири на ликовни колонии. Од 2009 до 2018 година ја реализирала Street art акцијата на плоштадот Св.Тројство во Сомбор....
Се празнува Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски
Курир - пред 30 минути
Свети Евсевиј живееше во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси. Свети Евсевиј во тоа време беше епископ во градот Самосат, во Антиохиската област. Во текот на долги години додека на царскиот престол се менуваа цареви аријанци, Евсевиј истрајуваше во правото исповедање на верата. Од таа причина беше испратен и во прогонство. По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, умре од раната што му ја нанесе една жена аријанка....
Многу топло со температури до 39 степени, попладне можно краткотрајно невреме
Курир - пред 34 минути
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот....
Гужва на границите: 45 минути се чека на Табановце, половина час на Богородица
Курир - пред 42 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На ГП Табановце за влез во државата се чека околу 45 минути. На останатите од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Николоски: Договорот поставува преседан за Македонија, доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со ЕУ, туку Ковачевски и Османи одат во Брисел на сликање
Курир - пред 7 часа
Мислам дека народот веќе доволно добро знае за предлогот, веќе некаде 2 недели до 20 дена предлогот во една или во друга форма го има. Пред се сакам да ви се заблагодарам на вас медиумите, а и на вас Алфа телевизија што детално го објаснува предлогот со цел луѓето да знаат што е штетноста во истиот. Народот треба да знае што е суштината во овој договор и каде би можело ВМРО-ДПМНЕ да реагира, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија. Николоски посочи дека Договорот поставува преседан за Македонија, затоа што јавноста треба да знае дека доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со Европската Унија туку само ќе ги викнат во Брисел на сликање. „Значи доколку Владата го прифати договорот Македонија не почнува преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на едно сликање каде ќе ручаат еден ручек и ќе се вратат назад. Откако ќе се вратат назад за Македонија да почне преговори, треба да се промени Уставот, а за да се промени Уставот потребно е 2/3 мнозинство каде е клучно ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви гарантирам и давам збор вечерва дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот. Доколку не се случи промената на Уставот, тогаш сите тие други работи кои се напишани во тој договор не важат затоа што тоа е услов за влез во договорот“, рече Николоски. Николоски потенцираше дека клучниот фокус е кон спречување на промената на Уставот. Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека нема да се случат Уставни измени. Што значи дека без Уставни измени договорот не важи. „Нам уште по лесно ќе ни е ако имаме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 пратеници односно апсолутно мнозинство, тогаш ни постапка за промена на Устав нема да почне. Ако нема предвремени избори и ако пробаат во овој пратенички состав тоа да го тераат тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и пак нема да се случат Уставните измени“, кажа Николоски. „Апсолутно Македонија треба да стане членка на Европската Унија, но треба да сме свесни дека никој не врши притисок врз Бугарија. Најдобар доказ дека никој не врши притисок врз Бугарија е што сите бугарски позиции се во Предлогот и при тоа ниедна македонска. Зошто е тоа така ? Затоа што Владата на Заев и Ковачевски и на СДСМ и ДУИ е корумпирана, а во Европска Унија на иста маса со корумпиран политичар не седнуваат. Дури и сега нема да седнат на иста маса и лажат дека ќе почнат преговори. Зошто? Затоа што има висок степен на корупција“, изјави Николоски. Николоски заклучи дека за да се спасат од одговорност прават пропаганда, дека готово утре почнуваме преговори. Не почнуваат проговори и нема да има никакви мултиетнички тензии, а единствените тензии кои ќе ги има се кај него затоа ќе ја изгуби министерската позиција. Во кариерата ќе има тензии, ама во државата нема да има....
Николоски: Владата требаше да си даде оставка, три дена по ред доаѓа народ и бара оставка
Курир - пред 7 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа, ги коментираше протестите кои одржуваат против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и рече дека е многу среќен што десетици илјади граѓани ги поддржуваат истите тие протести и убеден дека доколку економските услови во Македонија, да можеа луѓето да си дозволат да ставаат бензин во своите автомобили, ќе имаше и стотици илјади затоа што врие кај Македонецот, но врие и во другите градови во Македонија. Николоски ги коментираше и денешните инциденти пред владата. – Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство – рече Николоски. Николоски во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан. – За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот – заклучи Николоски....
Заклучоци на Извршниот одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции и почеток на преговори за полноправно членство
Курир - пред 8 часа
Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред беше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ. Во продолжение интегрален текст од соопштението на СДСМ: Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донесе повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство. 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки, се вели во соопштението на СДСМ....
Милевски за францускиот предлог: Доколку утре се бара одлука, ние ќе бидеме против
Курир - пред 9 часа
Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски денеска соопшти дека доколку утре се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука. -Ние уште немаме одлука на партиски органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава, рече Милевски за ТВ 24 после средбата со претседателот Стево Пендаровски....
Судански генерал: Армијата ќе ги напушти политичките преговори
Курир - пред 9 часа
Водечкиот судански генерал денеска изјави дека армијата на земјата ќе се повлече од преговорите за решавање на тековната политичка криза по минатогодишниот државен удар и ќе им дозволи на претставниците на граѓанското општество да го заземат нејзиното место. Генералот Абдел Фатах Бурхан, исто така, вети дека ќе го распушти суверениот совет што го води кога ќе се формира новата преодна влада. Советот управува со земјата откако војската ја презеде власта со државен удар минатата година. По тој удар, политичката мисија на ОН во Судан, Африканската унија и Меѓувладината управа за развој, составена од осум источноафрикански земји, се обидуваат да најдат начин земјата да излезе од политичката блокада. Но, преговорите досега не дадоа резултати. Продемократските групи постојано наведоа дека нема да преговараат со војската и ја повикаа војската веднаш да ја предаде власта на цивилна влада. Бурхан не ги прецизираше датумите ниту кој ќе ја замени армијата на преговарачката маса....
Баерн и Де Лихт се договорија?
Курир - пред 9 часа
Баерн Минхен неочекувано стана фаворит за потписот на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесува „Билд“. Веста ја потврди и „Скај Спорт“ кој тврди дека Баварците веќе започнале преговори со Јувентус, бидејќи Де Лихт е прецизно барање на тренерот Нагелсман. Самиот Де Лихт, за кого интерес покажува и Челзи, истанал импресиониран од разговорот со Нагелсман и поради тоа избрал да се пресели во Баерн Минхен. Баерн Минхен во моментов е подготвен да понуди 60 милиони евра, а Јувентус не сака да го пушти за помалку од 80 милиони....
ВИДЕО: Се заигра оро на протестот пред Влада
Курир - пред 9 часа
Дел од демонстрантите заиграа оро на протестот „Ултиматум – НЕ Благодарам!“ пред Владата....
ФОТО: Мицкоски и денеска учествуваше на сенародниот протест против францускиот предлог
Курир - пред 9 часа
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со партиското раководство и денеска учествуваа на денешниот сенароден протест. Протестите се одржуваат тред ден по ред, а ќе продолжат и во следните денови, а причината за истите е токму францускиот предлог кој што не е прифатлив за македонскиот народ бидејќи со истиот претставува ништење на македонците и претсатвува самоукинување на нацијата....
Сара Ристовска и следната година ќе биде дел од ЦСКА Москва
Курир - пред 9 часа
Ракометната репрезентативка на Македонија, Сара Ристовска, која настапува за ЦСКА Москва, и во следната сезона ќе биде дел од московската екипа. Ристовска и покрај тешката ситуација во рускиот ракомет, ќе го одработи актуелниот договор со клубот од Москва. Ракометарката пред извесен период го продолжи договорот со ЦСКА Москва, но нејзиното останување беше неизвесно бидејќи најголемиот број на интернационалки кои настапуваа во руските клубови заминаа, откако ЕХФ воведе санкции за клубовите од Русија и Белорусија. Ристовска најверојатно во следната сезона ќе биде единствената интернационалка во редовите на ЦСКА Москва. Клубот на почетокот на месец март го напуштија Ана Грос и Катрин Хеиндал, додека по завршувањето на минатата сезона си замина и екс ракометарката на Вардар, Драгана Цвијиќ....
Јошко Миленкоски е нов тренер на ПАОК
Курир - пред 9 часа
Поранешниот македонски селектор на одбојкарската репрезентација, Јошко Миленкоски ќе седне на кормилото на грчката екипа ПАОК. Миленковски на почетокот на годината седна на кормилото на Црна Гора, а претходно како селектор има работено со составите на Македонија и Турција. Стратегот во богатата кариера предводеше и голем број тимови, меѓу кои се Работнички, Нико Доага, Борец, Финикас Сирос, како и уште неколку екипи. Миленкоски во Македонија освои 28 трофеи од кои 15 беа во првенството со Работнички, додека останатите 13 му се во Купот, каде што беше најдобар 12 пати со Работнички и еднаш со Борец....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР (ФОТО)
Курир - пред 9 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека францускиот предлог е претставен пред Стратешкиот совет. – Денес францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија. Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, вели Османи....
Мисајловски до Адеми за фуснотата за македонскиот јазик: Зошто Албанија нема таков услов за старт на преговорите?
Курир - пред 9 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното свое гостување побара одговори од сите гости во емисијата кои што се за францускиот предлог што точно ќе содржи бугарската изјава во врска со македонскиот јазик. Мисајловски исто така го запраша пратеникот од редовите на ДУИ Арбр Адеми, зошто и Албанија нема ваков услов. -Претходни рековте дека постои услов, а истото ми го спомнавте и на паузата, што значи таа фуснота и што ќе содржи изјавата на Бугарија за македонскиот јазик? Еве зошто Албанија нема таков услов за почеток на преговорите? го запраша Мисајловски својот колега од ДУИ....
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Курир - пред 9 часа
Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер....
Реал Мадрид му врачи отказ на тренерот кој беше дел од клубот од 2011 година
Курир - пред 10 часа
Пабло Ласо преживеа срцев удар минатиот месец и успеа да се врати за финалната серија против Барселона, која на крајот се претвора како последна за него како тренер на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ ова попладне донел неочекувана одлука и му врачил отказ на искусниот стратег, вест која ја потврдија двата најугледните весници од шпанската престолнина. „Марка“ и „АС“ информираат дека раководството на клубот претседавано од Флорентино Перез решило да го прекине договорот на Ласо една година пред истекот, одлука која никако не ја одобрувал тренерот, но која морал да ја прифати....
ФОТО: Познатата композиторка и пијанистка го бакна полицискиот штит и им испрати порака на полицајците
Курир - пред 10 часа
Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа вечерва демонстрантите на полициските службеници кои ја опколија зградата на Владата. Дарија Андоновска остави белег на еден од полициските штитови. Претходно граѓаните им дадоа цвеќе....
ФОТО: Невремето во Скопје откорна дрво кое оштети паркирани возила
Курир - пред 10 часа
Краткотрајниот пороен дожд што го зафати попледнево Скопје направи низа проблеми во градот. Големо, старо дрво попладнево падна врз паркирани автомобили во Тафталиџе. Спорд информациите, оштетени се две коли, а во инцидентот нема повредени....
Мисајловски: Ниту една Влада во историјата на Македонија не го прифати барањето на Бугарија за заедничка историја – СДСМ тоа го напраи брзоплето
Курир - пред 10 часа
Јас лично бев дел од преговарачкиот тим кога се овој договор. Јас тогаш бев држен секретар во Министерството за надворешни работи па потоа бев колега заедно со Арбер во Владата и сме имале добра соработка и сме работеле. Што беше спорно тогаш, што е спорно денес? Три работи беа спорни: Прво – заедничката историја и ниедна Влада претходно и тогашната Влада не го прифати тоа барање на Бугарија да имаме заедничка историја. Многу брзоплето потоа се прифати од страна на СДСМ и таа Влада. Зборам за еден потег, заедничка историја што сега ги прави сите проблеми, истакна Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. Тој потенцираше на втора работа која е многу важна, а тоа е реципроцитетот, како што се однесува за нив така да се однесува и за нас. – Не може само Македонија да има обврски, и тогаш и тоа не се договори, но Владата на СДСМ веднаш го прифати. Зборам ниту една влада во историјата, ниту нивните Влади претходно не го прифаќале тоа барање. Исто така многу важно што го бараа македонскиот јазик како што сега го бараат и како што сега стои во овие документи, истото го бараа во договорот за добрососедство. И тоа беше од важните работи кои ние како ВМРО-ДПМНЕ заедно тогаш во Владата не го прифативме тој документ. Сега тој стои тука, и тоа е обврска. Тоа што сега е укочено, ќе стои во самиот процес. И да, добро кажа Арбер ова не е отварање на преговорите како Албанија што веднаш ќе ги почне после состанокот, туку Македонија има обврска да го смени уставот. Тоа е обврска задолжителна за потоа да започне преговори. Тоа е многу клучна разлика, појасни Мисајловски....
Мисајловски до својот колега од СДСМ: Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, се бара и промена на Уставот
Курир - пред 10 часа
Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, се бара и промена на Уставот истакна вечерва во своето гостување на Телевизија 24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. -Аргументирано да гледаме и да се договориме, не само вака со општи тези дека ова е добар предлог и слично. Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик. Конкретно, ако е транспарентна постапката ве прашувак каква е таа изјава, што ќе стои во таа изјава од Бугарија и што ќе стои тоа во македонската страна и зошто не биде објавено, што ќе има во Протоколот, тоа е важно. Доколку вие ова го поминете на Влада и го испратите во Брисел, Албанија ќе ги почне преговорите, зошто ние не ги почнуваве?! Во овие документи стои, дека мора да се промени Уставот, му реплицираше Мисајловски на својот колега Перо Костадинов од СДСМ. Претходно Мисајловски истакна дека протестите се граѓански на на нив не учествуваат само членови на политички партии. -На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што прв пат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански. Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно, истакна Мисајловски....
Мисајловски: Овој протест е граѓански, народот е изневерен – Македонија не може да го прифати ова!
Курир - пред 10 часа
На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што прв пат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански. Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. Тој истакна дека поминуваат многу денови, а не можеме да видиме протокол, што ќе има внатре. – Граѓаните не знаат, не веруваат во институциите и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен од самите институции. Не може тоа така брзо да се прави, овие консултации требаше да бидат подолго време, да ги слушнат граѓаните, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите партии или сите експерти. Ова се многу сериозни прашања, затоа и вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме да разговараме за неколку работи. Не може Македонија да го прифати ова, не може бидејќи влегуваме во слепа улица и тоа треба да го знаат сите до еден, појасни Мисајловски....
Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слуша што вели македонскиот народ
Курир - пред 10 часа
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести. Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност. Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска....
Ване нов ракометар на Барселона
Курир - пред 10 часа
Шведскиот репрезентативец Хампус Ване е првото засилување на актуелниот и двократен последователен шампион на Европа, ракметниот клуб Барселона, за новата сезона. Ване потпиша договор со Каталонците до летото 2025 година, а во Шпанија пристигнува од Фленсбург каде настапуваше претходните девет сезони и каде стана еден од најдобрите крилни играчи на денешницата....
Само гардероберот вреди како стан во Дорчол: Карлеуша ја покажа внатрешноста на новата куќа и едно е сигурно – вреди милиони!
Курир - пред 10 часа
Јелена Карлеуша на своето Инста стори објави видео како ја уредува новата куќа. Таа тргна од соблекувалната во која има и сауна, а потоа ги покажа дворот, базенот и другите скапи делови. Како изгледа нејзината луксузна куќа погледнете во видеото подолу!...
Бајиќ: Ниту еднаш немав комплетен ростер, ама горд сум на моите играчи
Курир - пред 10 часа
По мечот со Украина селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија Драган Бајиќ зборуваше опширно за натпреварот, но се осврна и на други теми. „Честитки до селекцијата на Украина за победата. Сакам да и се заблагодарам на публиката, се надевам дека беа задоволни од односот на теренот. Првата четвртина пресуди, примивме премногу поени, а и тие беа многу шутерски расположени. Премеко влеговме, не бевме доволно агресивни. Бевме хендикепирани на високите позиции, па некои ситуации моравме да ги играме поинаку. Украинците имаа искусни играчи, а ние не одигравме дел од тактиката која ја договоривме. Потоа заигравме подобро, се вративме во натпреварот до полувремето. Им сугерирав на гирачите да веруваат во себе, да изгинат на паркетот, бидејќи мечот не е готов. Во два наврати покажавме карактер, а во одредедни моменти имавме пад на концентрацијата и промашени зицери беа можеби пресудни да не славиме. Бевме на четири поени дефицит, направивме план како да се обидеме да се вратиме. Му дадов шанса на Јакимовски во важен момент да земе шут, иако во тимот има играчи како Војдан. Сепак, задоволен сум од одиграното. Имавме тежок меч со Шпанците, па и долг пат. Кратко се подготвувавме за оваа средба и дадовме максимум. Со ваков пристап и однос, ако сме комплетни, ќе бидеме многу поопасни. Јас ниту еднаш немав среќа да бидеме комплетни и да уживам во целосниот квалитет на репрезентацијата. Сепак, горд сум на оваа група момци“, започна селекторот. Бајиќ ги посочи проблемите со подмладувањето на тимот кое според него доста доцни. Тој зборуваше за младите имиња, а најави и американски плејмејкер за во иднина. Меѓу другото, зборуваше и за својот договор и неговото останување на клупата. „Откако ја презедов репрезентацијата, не бев целосно свесен за ситуацијата. Не сум задоволен од состојбата, дел од играчите имаат поголема минутажа тука, отколку во тимовите. Претходно требало да се реагира и да се дава шанса на младите играчи порано. Минатото лето одигравме одлично, вложивме огромен труд за да се најдеме во оваа група. За нас ова е добар резултат. Низ целиот циклус, минаа многу играчи, се обидов со многу имиња. Сега имам појасна слика за составот и можностите на тимот. Ни недостига одличен плејмејкер, можеби Американец за да ја раздвижи екипата. Во континуитет мора да повикуваме помлади играчи, за да се подмлади екипата. Секој млад кошаркар мора да има однесување, упорност и поради тоа да добива шанси. Се надевам процесот ќе заврши побрзо, јас им давам шанси на младите. Ќе ја анализираме ситуацијата со федерацијата. Немам ниту една замерка за организацијата и за соработниците. Пријатно се чувствувам тука. Можеби го ризикувам моето здравје за да бидам тука. Ќе видиме што носи иднината, ќе договориме со управата на КФСМ дали ќе останам тука. Сепак, ако некој смета дека јас сум најголемиот проблем во оваа ситуација за македонската кошарка, лесно може да се реши проблемот“, заврши Бајиќ. Следен предизвик на Македонија ќе бидат претквалификациите за Европското првенство кои стартуваат во август....
Драгиќ потпиша за Чикаго
Курир - пред 10 часа
Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Горан Драгиќ потпиша едногодишен договор со Чикаго. Тој ќе има годишна плата од 2,9 милиони долари, а како што пишуваат американските медиуми, клучна улога за негов трансфер одиграл црногорскиот центар Никола Вучевиќ. Драгиќ (36) вториот дел од минатата сезона го мина во Бруклин, а претходно играше за Торонто, Мајами, Феникс, Басконија, Хјустон, Феникс, Олимпија, Мурсија и Слован. Со репрезентацијата на Словенија го освои златниот медал на ЕП 2017 во Турција....
Кошаркарите поразени и од Украина
Курир - пред 11 часа
Македонската кошаркарска репрезентација ги заврши квалификациите за Светското првенство со пораз од Украина во Скопје со 68-73. Овој негативен резултат е само потврда за тоа дека сме далеку од европскиот кошаркарски врв, како во минатото, бидејќи во групата Г останавме со шест порази од исто толку натпревари. Андреј Јакимовски со 17 поени и девет скока беше најдобар во нашиот тим, а двоцифрене ефект имаа и капитенот Војдан Стојановски со 15 и Бојан Крстевски со 13 поени. На вториот натпревар во нашата група Грузија ѝ го нанесе првиот пораз на Шпанија во квалификациите со 82-76 по продолженијата....
Кирјос се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон
Курир - пред 11 часа
Ник Кирјос по вторпат во својата кариера се пласираше во едно четвртфинале на Вимблдон, откако денеска ги надмина проблемите со мала повреда и го урна отпорот на Накашима. Австралиецот беше поуспешен по голема борба која траеше повеќе од три часа, а која беше решена во одлучувачки петти сет кој му припадна на Кирјос со 6:2. Кирјос се најде во едно четвртфинале на грен слем турнир првпат по 2015-та година, а противник ќе му биде Гарин кој исто така одигра пет сета и беше подобар од Де Минаур....
ФОТО: Демонстрантите ја пробија оградата пред Собранието
Курир - пред 11 часа
Демонстрантите од пред Владата се стационираа пред Собранието. Демонстрантите јапробија огрдата пред Собранието и сега протестираат во дворот на истото. Револтот кај македонските граѓани изби откако македонските власти најавија дека францускиот предлог со кој што се ништат Македонците како нација за нив бил прифатлив. Протестите тераат веќе трет ден, а се кампува и пред Владата....
Трајанов за францускиот предлог: Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не
Курир - пред 11 часа
– Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог, рече Трајанов во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа. -Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност, посочи Трајанов. Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. – Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка, рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем....
Демонстрантите од пред Владата се движат кон Собранието
Курир - пред 11 часа
Македонците кои и вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог од пред Владата се движат низ централното подрачје, а крајната дестинација најверојатно ќе биде Собранието на Република Македонија. Претходно револтираните граѓани ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата. Францускиот предлог е неприфатлив за Македонците и оттука доаѓа големото незадоволство и револтираноста награѓаните, бидејќи со истиот, практично и се самоукинуваме ко нација....
ВИДЕО: Граѓани ја пробија заштитната ограда и влегоа во дворот на зградата на Владата
Курир - пред 11 часа
Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата. Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата....
Ериксен се договори со Манчестер јунајтед
Курир - пред 11 часа
Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен (30) постигна договор со Манчестер јунајтед, јавија попладнево британските медиуми. Според истите извори, Ериксен откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи треба да потпише тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Ериксен доаѓа во Јунајтед без обесштетување, откако му истече договорот со премиерлигашот Брентфорд. На негов трансфер во Манчестер јунајтед инсистираше новиот тренер Ерик тен Хаг. Ериксен минатата година за време на ЕУРО2020 доживеа срцев удар на теренот и само брзата лекарска интервенција со спаси од смрт. Подоцна му беше вграден срцев дефибрилатор....
Ериксен се договори со Манчестер јунајтед
Курир - пред 11 часа
Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен (30) постигна договор со Манчестер јунајтед, јавија попладнево британските медиуми. Според истите извори, Ериксен откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи треба да потпише тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Ериксен доаѓа во Јунајтед без обесштетување, откако му истече договорот со премиерлигашот Брентфорд. На негов трансфер во Манчестер јунајтед инсистираше новиот тренер Ерик тен Хаг. Ериксен минатата година за време на ЕУРО2020 доживеа срцев удар на теренот и само брзата лекарска интервенција со спаси од смрт. Подоцна му беше вграден срцев дефибрилатор....
Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
Курир - пред 11 часа
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. ФОТО: Ламбе Алабаковски настапи на вечерашниот протест пред Владата и порача не за францускиот предлог!...
Властите во САД соопштија за пукање на парадата на 4 јули во предградие на Чикаго
Курир - пред 11 часа
– Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми. Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника. Според Чикаго Сан Тајмс, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети. Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала. На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила. (МИА)...
ФОТО: Ламбе Алабаковски настапи на вечерашниот протест пред Владата и порача не за францускиот предлог!
Курир - пред 11 часа
Познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски кој неодамна беше лишен од слобода, па ослободен за подметнување на пожар во таканаречениот културен центар Ванчо Михаилов во Битола, вечерва настапи на протестот пред Владата на Република Македонија, на кој што исто така имаше и говор пред насобраните Македонци кои што веќе трет ден по ред протестираат против францускиот предлог. Инаку, на Алабаковски првично му беше определен ефективен притвор, но под притисок на јавноста судот ја менуваше одлуката на два пати, односно беше пуштен во домашен притвор, па пуштен да се брани од слобода односно му беа определени мерки за претпазливост....
Калеска-Ванчева: Веќе го имаме клучното со францускиот предлог
Курир - пред 12 часа
Она што сме се залагале и за што генерации го потврдиле е дека нашето место е во ЕУ и НАТО. Ние веќе го отфрливме првиот предлог затоа што беше неприфатлив и не беше потребно да се стави на широки консултации, вели пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева. Според неа, има промена во францускиот предлог. -Го почитувам секое мислење од луѓе докажани во својата експертиза. Го поздравувам тоа што конечно е објавен на македонски јазик. Овој предлог заслужува вистинско внимание и не треба да го отфрламе и да даваме несодржани квалификации. Прв предлог кој што има сушствена разлика, најмногу во македонскиот јазик, кој што е без фусноти и задршки. Ние веќе го имаме клучното со овој предлог. Тоа е многу јака основа како ќе постапиме. Треба да се продолжи процесот и тоа да се прави транспарентно. Се соочуваме со реакции поттикнати од опозицијата, додаде Калеска-Ванчева....
ВО ЖИВО: И денеска илјадници Македонци на сенароден протест со јасна порака – „НЕ за францускиот предлог“
Курир - пред 12 часа
Следете го во живо денешниот сенароден протест против францускиот предлог:...
ТАЖНА ВЕСТ: Почина д-р Кирил Доревски
Курир - пред 12 часа
Почина д-р Кирил Доревски, редовен професор на Факултетот за фармација при УКИМ. – Со длабока тага ја споделуваме веста дека на 03.7.2022 година почина нашиот драг и почитуван професор Кирил Доревски. Проф. д-р Кирил Доревски е роден 1934 година во Ресен. Дипломирал на Фармацевтскиот факултет во Белград во 1959 година. Специјализација од областа на медицинската биохемија завршил во Белград во 1967 година. Како дипломиран фармацевт работел како управник на аптеката ,,5 Ноември,, во Ресен и како специјалист-биохемичар во болницата ,,Д-р Трифун Пановски,, во Битола. Во 1977 година на Фармацевтскиот факултет во Белград ја одбранил докторската дисертација. Во 1970 година се вработил во фабриката .,,Алкалоид,, во Скопје и во овој период завршил специјализација од областа фармацевтска технологија. До крајот на 1977 година е на функцијата помошник генерален директор за комерција, финансии и развој, по што бил избран за директор на работна единица ,,Алкалоид,, во Варшава, Полска. Во периодот од 1986-1992 година работел како сојузен секретар за хемија, гума и неметали при Стопанската комора на СФРЈ во Белград. Бил член на Сојузната и на Републичката комисија за регистрација на лекови. Од август 1992 година работи на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Како редовен професор покрај стручната работа, научната активност учествува и во едукација на постдипломци, специјализанти и докторанди на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Бил претседател на Фармацевтското друштво на СФРЈ, Фармацевтското друштво на Македонија, главен и одговорен уредник на Билтенот на фармацевти и фармацевтски техничари, а подолг период и претседател на Acta Pharmaceutica Yugoslavica. Покрај многу награди и плакети има добиено и Златен орден на трудот за посебен придонес во фармацијата на југословенско ниво. Во периодот од 1992-1993 година бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1994 до 1998 година бил декан на Фармацевтскиот факултет. Во текот на двата мандата овозможува подобри материјално-технички услови за работа, пред се изградба на зграда на Факултетот во соработка со Реплек-Македонија. Директно се заложил во учебната 1992/93 година да се воведе нова петтогодишна студиска програма за студенти по фармација. Бил иницијатор за раздружување од Медицинскиот факултет и за осамостојување на Факултетот во 1994 година. Во историјата ќе боде запамтен како прв декан на Факултетот по одвојувањето од Медицинскиот факултет во 1994 година, кој со својата долгогодишна наставно-образовна, стручно-апликативна и научна работа, оставил силен печат за развој на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и целокупната фармацевтска дејност во нашата држава. СЛАВА МУ! – стои во објавата на Фејсбук страницата на Факултетот за фармација при УКИМ....
Македонските тенисерки стартуваат во Били Џин Кинг купот
Курир - пред 12 часа
Со жрепка попладнево во Скопје беа одредени полуфиналните двојки во рамки на третата група од Евроафрикандската зона на тенискиот Били Џин Кинг купот. Македонската женска тениска репрезентација е дел од Ц конкуренцијата и е во група со репрезентациите на Јужна Африка, Боцвана и Уганда. Утре во првото коло македонската селекција ќе игра против Уганда во второто коло в среда против Боцвана, а во последното коло в четврток противник ќе им биде Јужна Африка. Промоција во повисокиот ранг ќе обезбеди само репрезентацијата која ќе биде севкупен победник на турнирот....
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со претседателот Пендаровски за францускиот предлог
Курир - пред 12 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот. (МИА)...
Ковачевски излезе на „задна врата“ и избегна новинарски прашања
Курир - пред 13 часа
Премиерот Ковачевски излезе на „задната врата“ во Клубот на пратениците и ги избегна новинарите. По средбата со Села, Ковачевски не даде изјава за медиумите. Иако бројни новинарски екипи го чекаа во Клубот на пратениците, тој веројатно го искористил некој друг излез и си замина во моментот додека Села ја даваше изјавата за медиумите. Наместо изјава за новинарите и можност да му бидат поставени прашања, Ковачевски се огласи преку соопштение на неговиот кабинет. Во рамки на широката консултација која интензивно се одвива, веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денес одржа средба со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. На средбата, премиерот Ковачевски ги изнесе позициите на Владата во однос на европскиот предлог. Премиерот Ковачевски нагласи дека оваа Владата работи со што поголем консензус и секогаш во интерес на граѓаните и уште еднаш ги потврди ставовите дека потребни се мудри одлуки и заедничка одговорност која ќе ни обезбеди европска иднина. Во разговорите премиерот Ковачевски истакна дека во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик, што беше најважното прашање за нас – Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија без никакви фусноти, дообјаснувања и ѕвездички. Дополнително премиерот Ковачевски на лидерот на Алијанса за Албанците му порача дека неопходно е државничко однесување и вистинска одлука за мир, стабилност во државата и просперитет на сите народи кои живеат во Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020, со што преговорите со Европската Унија ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот. По добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Македонија. – Оваа средба е дел од низата консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, се вели во соопштението на Владата....
Тепачка во Кисела Вода
Курир - пред 13 часа
На 04.07.2022 во 01.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, А.А.(22) од Скопје бил физички нападнат од Ж.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот....
ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: На Табановце се чека еден час, еве каква е ситуацијата на останатите гранични премини
Курир - пред 13 часа
Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопштија од АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на Граничниот премин Табановце за влез во Македонија е околу еден час. На Граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, од АМСМ додаваат дека нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (МИА)...
Во Србија 1.260 нови случаи на коронавирусот, едно лице почина
Курир - пред 13 часа
Според официјалните податоци, во последните 24 часа од коронавирусот во Србија починало уште едно лице, со што вкупниот број на жртви е 16.132, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs. Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 8.328 лица се тестирани за коронавирус, од кои 1.260 се позитивни. На респиратор се приклучени се девет пациенти. Вкупно 121 лице се хоспитализирани....
Зеленски со повик до државите за обнова на Украина
Курир - пред 13 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер. „Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки“, рече Зеленски. Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната. „Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа“, рече украинскиот претседател. Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија. Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси....
Во Грција се згрижени 2.010 деца бегалци без придружба
Курир - пред 14 часа
Процените на Министерството за миграција и азил на Грција се дека во земјата живеат 2.010 деца бегалци без придружба од кои мнозинството се момчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци, 1.737 се сместени во простори за долгорочен престој, а за останатите 273 е обезбедено привремено сместување. Речиси девет од десет деца бегалци без придружба, односно 88 отсто се момчиња, 12 проценти се девојчиња, а шест отсто од вкупниот број се помали од 14 години. Во вкупниот број се вклучени 32 деца кои имаат придружба од возрасно лице, но не е нивниот законски старател, како и 13 деца од Украина кои се во придружба на три лица. (МИА)...
Полицијата „удри“ по возачите на мотоцикли: Казнети дури 751, одземени 28 мотоцикли
Курир - пред 14 часа
Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 751 возач. Од нив, 488 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. – Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР....
Роналдо не се појави на првиот тренинг на Манчестер јунајтед
Курир - пред 14 часа
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, не се појави на првиот тренинг на Манчестер Јунјатед, засилувајќи ги со тоа шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд“. Португалскиот 37-годишен напаѓач требаше заедно со своите соиграчи, кои имаат репрезентативни обврски во јуни, да ги стартуваат денеска подготовките за новата сезона. Сепак, Роналдо испрати „извинување“ до клубот, наведувајќи дека поради семејни причини е принуден да го пропушти првиот тренинг. Речиси сите британски медиуми пренесуваат денеска дека Роналдо нема намера да ја продолжи кариерата во Јунјатед, додавајќи оти петкратниот освојувач на Златната топка веќе му порачал на клупското раководство дека заминува. Роналдо го врзува уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, но лошата резултатска сезона 2021/22 во која клубот остана без пласман во Лигата на шампиони, како и несогласувањата во соблекувалната, но и доаѓањето на новиот тренер, наводно се причините поради кои Португалецот по втор пат во кариерата ќе ги напушти „црвените ѓаволи“....
КАРАМБОЛ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Неколку млади лица се степале пред угостителски објект, двајца се приведени
Курир - пред 14 часа
На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот....
КАРАМБОЛ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Неколку млади лица се степале пред угостителски објект, 2 лица се приведени
Курир - пред 14 часа
На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот....
Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата
Курир - пред 14 часа
Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. „Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. „Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ....
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Курир - пред 14 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада....
Најголем трансфер во историјата на Брегалница, Манев потпиша за Адана
Курир - пред 14 часа
Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница од Штип соопшти денеска дека го реализирала најголемиот трансфер во клупската историја, откако македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите играчи на штипскиот клуб Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во турскиот прволигаш Адана. – По неколкудневните интензивни преговори меѓу двата клуба и официјално договорена е преселбата на 21-годишниот Манев во Адана, трансфер на кој Брегалница е исклучително горда како начин и за промоција на сопствениот начин на работа со силна поддршка за младите и талентирани македонски фудбалери, соопшти попладнево штипскиот прволигаш. Новиот клуб на Манев е предводен од клупата од легендарниот поранешен италијански репрезентативец Винченцо Монтела, а редовите на Адана настапува поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул Марио Балотели. – Овој трансфер е силна потврда на сите наши заложби за максимална поддршка на младите и талентирани фудбалери, кои, како што истакнавме и со преземањето на клубот, ќе бидат секогаш максимално промовирани во интерес и на нашите и на нивните кариери, на клубот и на македонскиот фудбал, изјави за клупскиот сајт спортскиот директор н Брегалница, Никола Тонев....
Физички нападната малолетничка од Битола
Курир - пред 14 часа
На 03.07.2022 во 10.20 часот во СВР Битола, В.М.(37) од Битола пријавила дека на 02.07.2022 околу 21.30 часот на ул.„Минела Бабуковски“, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од К.П.(24) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот....
Францускиот предлог објавен и на македонски јазик
Курир - пред 14 часа
Владата соопшти дека со цел транспарентно информирање на јавноста, денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог. • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите....
НАЈДОБРИТЕ ТАТКОВЦИ НА ЗОДИЈАКОТ: Припадниците на овие 3 хороскопски знаци се идеални луѓе за ОСНОВАЊЕ СЕМЕЈСТВО
Курир - пред 14 часа
Многу луѓе се плашат од доаѓањето на дете затоа што се плашат од родителските обврски, но доколку сте во врска или во брак со некој роден под овие три хороскопски знаци, нема потреба од паника. Тие се најдобрите татковци на зодијакот и нивните деца секогаш се на прво место. Рак За Раковите семејството секогаш е на прво место. Додека нивната партнерка е бремена, тие се постојано со неа, и даваат совети, ја галат и се грижат за неа… Кога ќе дојде детето, тоа е најубавиот период од нивниот живот. Тој секогаш ќе биде со својата избраничка и со детето. Вага Мажите родени во знакот Вага се кул татковци. Со нив никогаш не е досадно. Тие се подготвени за мајтап и сакаат да им го објаснуваат светот на децата на забавен начин. Без оглед на тоа што тие се најзабавните татковци, тие исто така можат да бидат многу сериозни и да ги воспитуваат своите деца да бидат емоционално интелигентни и внимателни луѓе. Лав Неговите деца се негова гордост и тој ќе направи се за да ги заштити. Лавовите сакаат да ги разгалуваат своите деца и се многу строги кон себе затоа што сакаат да бидат совршени татковци....
Скопјанка физички нападната поради недоразбирање во сообраќајот
Курир - пред 15 часа
На 03.07.2022 во 17.42 часот во Полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот....
Познатата светска старлета Деми Роуз бујна и расцветана: „Пиштол гола“ во различни пози на постела од рози (ФОТО)
Курир - пред 15 часа
Популарната светска старлета Деми Роуз повторно предизвика воздишки кај обожавателите со најновата доза летна голотија. Оваа атрактивна дама овој пат го привлече вниманието на своите обожаватели откако своите бујни облини ги сплоти со своето презиме… Поточно, прекривајќи го голото тело со ливчиња од цвеќето чие презиме го носи. View this post on Instagram A post shared by Demi 🌹 (@demirose) Славната Деми „пиштол гола“ менуваше пози, легната на постела во вид на срце, од црвено-бели рози! View this post on Instagram A post shared by Demi 🌹 (@demirose)...
Стопер од Премиер лигата: Барселона ја заокружи втората летна зделка (ВИДЕО)
Курир - пред 15 часа
Шпанскиот прволигаш Барселона конечно се активираше на трансфер пазарот и за кратко време официјално потврди две имиња за новата сезона. Прво клубот од „Камп Ноу“ го објави доаѓањето на играчот за врска Франк Кеси, додека пак сега ја информираше јавноста дека постигнала договор со довчерашниот стопер на Челси, Андреас Кристенсен. Кристенсен исто како Кеси доаѓа во Барселона како слободен фудбалер, а со клубот потпиша четиригодишен договор во кој ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра. Данецот има 26 години и треба да биде квалитетно засилување за дефанзивната линија. Освен за „сините“ играше во Бундеслигата каде две години беше дел од Борусија Менхенгладбах. Официјалната промоција ќе ја има на 7 јули. Signed! ✅ pic.twitter.com/AoP9JTjwC5 — FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022...
Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници (ВИДЕО)
Курир - пред 15 часа
Во неделата борбени авиони ФА-18 на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион EasyJet кој летал кон шпанскиот град Махон. Патничкиот авион полетал од Англија. На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „Ербас“. An easyJet flight En-route to Mahon today was intercepted by fighter jets, thankfully it was a false alarm 🙌 pic.twitter.com/UT1JkkzLhH — Flight Emergency (@FlightEmergency) July 3, 2022 Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач. Авионот, како што се наведува, по слетувањето веднаш бил отстранет од главниот терминал....
Со овој чај ќе им кажете “збогум“ на менструалните болки
Курир - пред 15 часа
Решението за овој проблем можете да го најдете во овие природни состојки и да заборавите на болките. Најголемата женска болка е менструацијата. Но, и покрај таблетите кои повеќето жени ги пијат за ублажување на менструалните болки, постои и природен начин на кој можете да се ослободите од маката која ја доживувате секој месец. Сè што ви е потребно е овој чај: Состојки: 100 грама надземен дел од ајдучка трева 100 грама исушени цветови од невен 50 грама исушени листови од коприви Подготовка: Измешајте ги сите состојки. Потоа, две супени лажици од мешавината прелијте ги со половина литар зовриена вода и оставете во покриен сад да отстои пет минути. Примена: Чајот се пие полека, во мали голтки. Најдобро е да испиете барем еден литар дневно. Не се препорачува за време на менструација, туку неколку дена претходно. Треба да го пиете два месеци, па да направите пауза од две недели....
Направете природен лек против анемија – Одличен за трудници и деца и ја подобрува крвната слика за рекордно време
Курир - пред 15 часа
За време на бременоста, на жените им треба двојно повеќе железо од небремените жени. Поголемите потреби се должат на тоа што бебето треба да се снабдува со кислород и преку организмот на мајката. Потешка форма на анемија за време на бременоста може да го зголеми ризикот од предвремено породување, раѓање на бебе со мала телесна тежина, но и да го зголеми ризикот од постпородилна депресија. Доколку се чувствувате слабо и исцрпено за време на бременоста, задолжително спомнете го тоа кај докторот, кој ќе ви ја провери крвната слика и ќе вклучи терапија доколку е потребно. Организмот секако треба да го зајакнете со природни препарати, а има и природен лек кој е одличен за подобрување на крвната слика. Потребни состојки: – 200 мл мед – 200 гр ореви – 200 гр суво грозје – 200 мл сок од морков – 200 мл сок од цвекло – 2 лимони Подготовка: Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако лимонот е испрскан – излупете го) и ставете го во голема тегла. Во мелениот лимон додадете мед, сок од цедено цвекло и сок од морков и измешајте. Во смесата додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје и повторно измешајте сè. Ќе добиете околу 1 кг вкусна и многу здрава лековита супстанција. Земете по една лажица три пати на ден, пред јадење. Чувајте ја теглата во фрижидер....
ТРИ хороскопски знаци се сметаат за најкреативни: Во сè гледаат уметност
Курир - пред 15 часа
Одредени хороскопски знаци се покреативни од другите. Некои хороскопски знаци се сметаат за родени уметници, исклучително креативни и имагинативни. За нив уредувањето просторот, стилизирањето на другите и себе им оди од рака. Лав Лавовите се сметаат за исклучително креативни. Тие секогаш носат иновативни и совршени идеи, а со тоа ги инспирираат другите. Нивната креативност не е ограничена на какви било ресурси, што и да им е достапно, тие го користат на најдобар можен начин. Водолија Водолиите веруваат во изнесување на своите мислења врз основа на талентот. Од избирање зборови до извршување на какви било задачи. Нивната визија и имагинација прават светот да изгледа како подобро место. Стрелец За Стрелците уметноста не е ограничена и веруваат дека е насекаде. Очите им остануваат ширум отворени и во сè гледаат убавина. Од музика до визуелна уметност....
ЗА МАЗНИ НОЗЕ НАЈВАЖНА Е ИСХРАНАТА: Нутриционистка вели дека ОВИЕ намирници ја олеснуваат борбата против ЦЕЛУЛИТОТ!
Курир - пред 15 часа
Нутриционистката Наташа Ѓукиќ открива кои намирници треба да ги вклучите во исхраната за трајно да се ослободите од целулитот. Летото е во полн ек, па многу дами веќе ги извадија фустаните, здолништата и шорцевите, а можеби дури и ги покажаа нозете кои беа скриени цела зима, но она што го видоа не израдува многумина… Повеќето дами, поради многу причини, имаат целулит, кој може да им го расипе целокупниот впечаток. Покрај зголемената физичка активност и зголемениот внес на течности, еден од важните совети е регулирањето на исхраната. – Докажано е дека неактивноста, токсините, вештачката храна, преработената храна и засладените пијалоци ја влошуваат состојбата на целулитот, но за среќа има намирници за намалување на целулитот што навистина можат многу да помогнат – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ и открива за која храна станува збор: – цитруси, црвена пиперка, лосос и туна, авокадо, лен, мача чај, лута пиперка, брокула, лиснат зеленчук Веднаш штом ќе ги внесете овие намирници во вашата секојдневна исхрана, нутриционистите велат дека ќе забележите промени....