НОВ ВООРУЖЕН НАПАД ВО САД: Загинаа најмалку 6 лица, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и полицајци, во пукотница во Чикаго
Денешен - ново
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго. Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк. Тој од покривот на зграда отворил оган врз луѓето што ја следеа парадата по повод Денот на независноста на САД. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк....
ПОПЛАВИ ВО АВСТРАЛИЈА: Прогласена вонредна состојба и наредена евакуација на 50.000 жители во државата Нов Јужен Велс
Денешен - ново
Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс. Одлуката донесена синоќа треба да го олесни начинот како во најбрз можен рок да се активираат фондовите за помош при елементарни непогоди и помошта да стигне до настраданите подрачја. Инаку, обилните врнежи уште од петокот зафатија поголем дел од најбројниот град на континентот. Во одредени делови на Сиднеј како и на други места за четири дена наврнал дожд колку што е просекот на Лондон за цела година. Од рано изутринава се спроведува евакуација на околу 50 илјади жители, додека стотици луѓе побарале медицинска помош во текот на ноќта. Телефонските линии на Службите за итна помош се усвитиле од бројните повици за помош од стихијата што остави 20 илјади станбени објекти без напојување со електрична енергија, додека цели станбени области се неколку метри под вода. Некои од областите зафатени со невремето се уште не ги имаат санирано штетите настанати од поплавите од февруари и март годинава. Советот за климатски промени смета дека токму промените во климата се фактор што придонесува за интензивните врнежи и екстремно високите температури во Австралија забележани последните години. Во средината на јануари големи делови на Австралија беа зафатени од топлотен бран со температури од над 50 степени Целзиусови измерени во западните делови на земјата....
ОСМАНИ: Францускиот предлог и протоколот, кој се однесува на билатерални прашања меѓу нашата земја и Бугарија, се неповрзани процеси
Денешен - пред 30 минути
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија (Македонска телевизија, на која придавката некому му прели з.н.), истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.-Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани, истакна Османи.Османи посочи дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ....
НИЕ И ЕУ: Предлогот од Макрон во Собрание, народот на улица, денеска доаѓа и Французинот Шарл Мишел да ни каже колку ЕУ не сака
Денешен - пред 42 минути
Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Македонија. Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија. -Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци. Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната, изјави вчера за МИА Маја Морачанин од ДОМ, пренесувајќи дека на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата. Трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., рече Морачанин за МИА. Од Демократскиот сојуз, во соопштение по седница на партиското претседателство, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. -Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл, стои во заклучоците од ДС, од каде нагласуваат дека не смеат да се прифатат разговори за македонските ревулуционери. Бараат и да се се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонските национални празници. Од ДС порачуваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Според ДС, во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. За предложената Преговарачка рамка, велат од ДС, да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Лидерите на ДОМ, Маја Морачанин, на Демократски сојуз, Павле Трајанов и на Либерално-демократската партија Горан Милевски, вчера имаа средба и со претседателот Пендаровски пред кого ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, кој по седницата на Советот за безбедност објави дека предлогот е прифатлив. Во рамки на широките консултации за предлогот Ковачевски вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои. Најави дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став како партија. -Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии. Јасни сме биле и кога сме давале поддршка и за членување на државата во НАТО. Мислам дека АА е главниот чинител кој ги почна овие промени за да денеска ние бидеме дел од НАТО-Алијансата и граѓаните да се чувствуваат посигурни побезбедни во време на оваа воена криза која се случува помеѓу Русија и Украина, изјави Села. Тој информираше дека дел од дебатата со премиерот била и во врска со македонскиот јазик. Посочи дека имаат разбирање за емоционалното чувство на секој граѓанин, но и дека, како што рече, дефиницијата за јазикот којшто го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик, е омаловажувачка за Албанците и дека во ситуација кога ќе се отворат уставните измени, треба да се има предвид тоа и во Уставот да стои албански јазик. – Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова како политичка партија. И сакам да ја искористам можноста да и пратам апел на ДУИ и тие да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција, рече Села. И од движењето БЕСА, од каде веќе се изјаснија дека за нив е прифатлив францускиот предлог, исто така бараат за време на уставните измени да се отстрани делот 20 проценти и да пишува албански јазик. -Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“, наведоа од БЕСА од каде го повторија барањето за предвремени парламентарни избори бидејќи сметаат дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вчера побара Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот. Предлогот, како што рече, „не треба да помине во Собранието, а и да помине тоа ќе биде на сила“. Извршниот одбор на владејачката СДСМ, пак, вчера оцени дека предлогот е добра основа и, како што информираа од партијата, целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. -Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена, наведоа од СДСМ. Во меѓувреме, пораки и поддршка за прифаќање на предлогот упатија министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен во рамки на нивната заедничка посета на државата. -Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави Бирн на заедничка прес-конференција со Маричиќ и Тупураинен. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. И според финската министерка за европски прашања со преговарачката рамка целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, рече Тупураинен. Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак оцени дека би била вистинска штета и за државата и за идните генерации да го пропуштиме овој момент сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. -Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече Маричиќ пораќувајќи дека не момент за непотребно одлагање, туку за разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. -Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, во одговор на прашање од МИА Од генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, пак, одговорија, дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. Во Скопје во изминатите три дена се одржаа протести за отфрлање на францускиот предлог, а учесниците кои официјално немаат организатор но се поддржани од политички партии и граѓански организации, сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: Претпладне сончево и топло до 39 степени, попладне и во вечерните часови краткотрајно невреме со дожд и грмежи
Денешен - пред 50 минути
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот....
Жена плаче пред полицајците од мака, додека владините мегафони спинуваат за „инциденти“
Денешен - пред 9 часа
Ова жена, нејзината фотографија го одбележа денешниот ден од протестите...
Астрономски календар: 181-иот ден во годината, до крајот остануваат уште 184 дена
Денешен - пред 9 часа
Денеска е вторник, 5 јули 2022 година, 181-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 184 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот и 56 минути, а ќе зајде во 23 часот и 56 минути....
СВ. СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ЕВСЕВИЈ: Големиот свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство
Денешен - пред 9 часа
Денеска е 22 јуни (по стар стил) и се слави Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски. Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување, за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од свети Јован Златоуст. Но, сепак, аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од Антиохија. Кога умре злиот син на цар Константин, Констанциј, се зацари еден уште полош од него, Јулијан Отстапник. Во времето на Јулијановото гонење на христијаните свети Евсевиј го слече свештеничкото расо и се облече во војничко руво, па така ги обиколуваше гонетите цркви по Сицилија, Финикија и Палестина, секаде утврдувајќи ја православната вера и поставувајќи свештеници, ѓакони и сиот потребен клир, а некаде дури и епископите ги поставуваше тој. По гласовитата погибел на Јулијан, свети Евсевиј го посоветува Мелетиј да го повика Соборот во Антиохија, во 361 година. Присуствуваа дваесет и седум архиереи, уште еднаш беше осудена аријанската ерес, а се прогласи православната вера онака како што беше изразена на Првиот Вселенски Собор. Покрај Мелетиј и Евсевиј, на овој Собор особено се забележуваше свети Пелагиј Лаодикиски, прочуен девственик и подвижник. Овој Собор беше во времето на благочестивиот цар Јовинијан. Но, тој цар набрзо умре, а се зацари свирепиот Валент, со којшто повторно кон Православието се наврте прогонство. Свети Мелетиј беше прогонет во Ерменија, Евсевиј во Тракија, а Пелагиј во Арабија. По Валент се зацари Грацијан, кој ѝ даде слобода на Црквата и ги врати од прогонство архиереите на нивните места. Така се вратија: Мелетиј во Антиохија, Евсевиј во Самосат, а Пелагиј во Лаодикија. Во тоа време голем број епархии и парохии беа како вдовици, па Евсевиј ревнуваше да му најде на народот благочестиви пастири. Но кога дојде во градот Долихин со избраниот епископ Марин, за да го востоличи новиот архиереј, а да ја изобличи ариевската ерес којашто во овој град имаше голем замав, еден еретик-фанатик фрли од покрив ќерамида врз чесната глава на свети Евсевиј и опасно го рани. Од оваа рана големиот свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство. Пострада во 379 година....
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски
Денешен - пред 9 часа
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски. Свети Евсевиј живееше во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси. Свети Евсевиј во тоа време беше епископ во градот Самосат, во Антиохиската област. Во текот на долги години додека на царскиот престол се менуваа цареви аријанци, Евсевиј истрајуваше во правото исповедање на верата. Од таа причина беше испратен и во прогонство. По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, умре од раната што му ја нанесе една жена аријанка. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Кирил и Методиј. Живееле во деветтиот век. Биле родени во Солун. На повик на кнезот Ростислав ја ширеле верата во Моравија. Искоренувајќи ги поганските заблуди, тие го натерале народот да се откаже од паганските обичаи. Литургиските книги напишани според глаголското писмо, тие ги превеле на старословенски јазик. Свети Кирил умрел во Рим во 869 година, а Методиј станал бискуп. Отишол во Панонија и започнал да го проповедува Евангелието. Свети Методиј умрел во 885 година во Велеград....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Софија починал Еден Македонец, псевдоним кој го користеше македонскиот револуционер Евтим Спространов
Денешен - пред 9 часа
Користел повеќе псевдоними, како Еден Македонец, Охридчанин, Македонец, А.Б.В., Карабурун и други, а вистинското име му е Евтим Ангелов Спространов, роден на 15 јануари 1868 година во Охрид, а починал на денешен ден, 5 јули 1931 година во Софија. (фото: Евтим Спространов) Спространов е македонски револуционер, деец на Македонскиот комитет, тој е еден од поистакнатите претставници на македонската емиграција во Бугарија каде активно се занимавал со општествена работа и учествувал во политичкиот живот на оваа земја. Пишувал и на бугарски и на македонски јазик и е автор на значаен Дневник, останат во ракопис, кој се чува во трезорите во Научниот архив на Бугарската академија во Софија, од чија целина е објавен само еден дел. Неговиот литературен и научен опус е богат и опфаќа повеќе области: поезија, проза, есеј, лингвистика, етнографија, историја, фолклористика, преводи и друго. Таткото на Евтим, Ангел Спространов е еден од членовите на Охридскиот заговорнички кружок од 1880 – 1881 година и учесник во Демирхисарскиот заговор. Се школувал во Охрид, а потоа во Солунската машка гимназија. Во 1888/89 година бил учител во трикласното училиште во Крушево, а потоа студирал во Духовната семинарија во Киев и на Правниот факултет на Московскиот универзитет. (фото: Евтим, Атанас, Димче и Тома Спространови) Поради здравствени причини се вратил од Русија и се населил во Софија во 1891 година, каде бил учител и службеник во Министерството за народното просветителство. Како секретар на професор Иван Шишманов, Спространов помагал во уредувањето на збирка за народни умотворби, наука и книжевност. Во 1892 година Евтим Спространов учествувал во основањето на Младата македонска книжевна дружина и бил соработник на нејзиниот печатен орган – списанието Лоза. Заедно со своите истомисленици Петар Поп Арсов, Тома Карајовов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Андреј Љапчев, Наум Туфекчиев, Георги Баласчев, Коста Шахов, познати и како лозари. Претседавал со Софиското македонско друштво, а во 1895 година на Првиот македонски конгрес во Софија, Евтим Спространов бил избран за член на раководството на Македонскиот комитет, подоцна наречен Врховен македонско – одрински комитет (ВМОК). Поради разногласието на двете најголеми организации, Комитетот и Македонската револуционерна организација, привремено се повлекол од активна револуционерна дејност. Во 1897 година го добил синот – идниот писател Димитар Спространов. Во 1903 година Евтим Спространов е меѓу основачите на Врховната емиграциска комисија во Софија, која во соработка со Задграничното претставништво на Организацијата, собирала помош и средства за настраданото население во Македонија и Одринско. Во 1904 година Спространов се враќа во Македонија како директор на бугарското егзархиско женското училиште во Битола, но бил протеран од турските власти. Откако успеал да се сретне со главниот отомански инспектор на вилаетот во Македонија и Одринско, Хилми паша, Спространов добил дозвола да остане во Македонија како инспектор на егзархиските училишта во Солунскиот санџак. Во 1905 година помагал во печатењето на белградскиот весник Автономна Македонија. Летото 1906 година Спространов бил принуден да го напушти Солун и се вратил во Софија каде работел во Министерството за народното просветителство. Во тоа време тој одржувал контакти со голем број дејци на Внатрешната организација – Христо Матов, Тодор Александров, Петар Чаулев, Аргир Манасиев и други, автор е на многу статии за револуционерното и просветно дело во Македонија и Одринско. По Младотурската револуција од 1908 година, Спространов повторно бил учител во Македонија – во женското училиште во Солун, а подоцна истата година и инспектор на училиштата во Битолско. Во 1909 година Евтим Спространов станал уредник на весникот Татковина. Во 1910 година станал секретар на митрополијата во Едрене и еден од активистите на Бугарската матица. Во 1912 година бил уредник на егзархиски весник Вести во Цариград. По Втората балканска војна, Спространов објавил серија статии во весникот Вечерна пошта. Во 1912/13 година бил на административни функции во Штип и Кукуш, а за време на Првата светска војна бил окружен управник на родниот град Охрид. По завршувањето на војната помагал на бегалците од Македонија, западните покраини и Одринска Тракија. Постојано бил избран за претседател на Охридското културно друштво „Св. Климент“, секретар на Илинденската организација и потпретседател на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства. Во 1923 година бил во основачите на Македонскиот научен институт. По убиството на Тодор Александров во 1924 година и зголемените несогласувања во ВМРО, Евтим Спространов и Охридското братство се блиски со Александар Протогеров и неговите приврзаници. Евтим Спространов е автор на голем број публикации за животот и дејноста на истакнати дејци кои учествувале во македонското револуционерно движење, како и за минатото на Охрид. Првите научни статии се објавени на страниците на „Зборника за народни умотворби, наука и книжевност“, каде што неговото внимание е посветено претежно на неговиот роден град и на некои јазични проблеми. Пишувал за животот и делото на познати бугарски и македонски преродбеници – Петко Славејков, Браќа Миладинови, Димитар Матов, Нешо Бончев, Цани Гинчев и други. Спространов пишувал и песни, од кои останува незадоволен и се откажува, за да продолжи со раскази за деца и возрасни. Некои од поетските дела му се пишувани во духот на народната песна – поемите „Македонија тажи“ (1891), „Оплакувањето на Мара“ (1894) и други. Најзначаен дел во креативноста на Евтим Спространов зазема публицистиката, посветена на македонското прашање. Тој објавувал текстови во повеќе списанија и весници, како и во периодиката. Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија во декември 2017 година ја усвои Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година и формираше Работна група за посета на институциите од областа на културата. Комисијата го прифати предлогот во Програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година да биде додаден и јубилејот 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Ефтим Спространов. (Подготвил: Д.Г.)...
НИКОЛОСКИ ОТКРИВА: Уставни измени нема да дозволиме, целата игра е Албанија да почне со преговори, а Македонија – НЕ!
Денешен - пред 9 часа
Што се однесува до отворањето на Уставот и внесување на Бугарите во него, нешто што е еден од условите за да се комплетира отворањето преговори на Македонија со ЕУ, Николоски вечерва на ТВ АЛФА рече дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени и уставните измени нема да се случат. Целата игра е Албанија да ги почне преговорите затоа што за Албанија услови нема, за Македонија има улови и овде единствен ќар е Албанија, вели Николоски. Николоски потсети дека тој уште во 2018 изјавувал дека Бујар Османи од позиција на вицепремиер за европски прашања и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати направи договор Македонија да ги забави реформите се со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, бидејќи претходно Албанија била во група со Босна и Херцеговина и Косово односно недефинирани држави. -Јас да ве потсетам дека во 2018та година излегов во јавноста и реков дека тогаш Бујар Осамни како потпретседател на влада задолжен за европски прашања и Дитмир Бушати тогашен министер за надворешни работи на Албанија направиле договор Македонија да забави со реформите со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, рече тој. -До тогаш таа група не постоеше затоа што Македонија беше во група со Хрватска, а кога Хрватска влезе во ЕУ остана сама затоа што Грција правеше проблем со името, а групата беше Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, таа група нормално не одговараше за Албанија затоа што овие две се недефинирани држави, и Албанија за да излезе од таа група многу мудро ја искористи оваа екипа која што е сега во ДУИ, и се залепи за Македонија. И од оваа перспектива е многу јасно зошто го направија тоа. И тоа е за честитање на нивната дипломатија, но на штета на Македонија. Прво излегоа од една лоша група, влегоа во група со Македонија, Македонија ја влече и сега кога Македонија е нагрбната со проблеми од Бугарија, овие се издвојуваат и продолжуваат преговори, објасни Николоски. Николоски порача дека суштината на францускиот предлог е Албанија да започне преговори, а не Македонија.Суштината на сето ова е Еди Рама и Албанија да почнат преговори и тоа мора да го знае јавноста. Во однос на изјавите на Еди Рама каде што повикува да се прифати францускиот предлог, Николоски рече дека Рама треба да одговори дали тој би се согласил на истите работи како што бара од Македонија, односно како што рече тој дали би се согласил некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците. -Треба Еди Рама да го прашаме дали би се согласил на истите работи, на пример некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците, истакна тој....
НИКОЛОСКИ: Има уфрлени провокатори, вечерва немаше никаков инцидент, протестите продолжуваат
Денешен - пред 9 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека веќе три дена на протестите против францускиот предлог има инфилтрирано провокатори кои треба да прават инциденти. -Точно е дека има провокатори, и вечерва ги видовме. Но, 90 отсто од нив не ја вршат работата за која се пратени, туку се солидаризираат со демонстрантите, рече Николоски. Тој истакна и дека тоа што се случи на вечерашниот протест, не би го нарекол инцидент и оти немало никаков физички напад или слично. -Јас бев пред Владата и немаше никаков физички напад, јас не би сакал да се стекне впечаток во јавноста за оние коишто не беа, дека имало било каков физички контакт или напад од страна на било кој од учесниците на протестите врз македонската полиција, тоа е наша полиција, тоа се наши луѓе и секако дека сите ги почитуваме, имаше само на дел од луѓето спонтано изразување на револт, коишто тргнаа кон Владата, вели Николоски. Што се однесува до отворањето на Уставот и внесување на Бугарите во него, нешто што е еден од условите за да се комплетира отворањето преговори на Македонија со ЕУ, Николоски рече дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени и уставните измени нема да се случат....
МИЛЕВСКИ: Ако утре се бара одлука од нас, ќе бидеме против
Денешен - пред 9 часа
Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски денеска соопшти дека доколку утре се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука. -Ние уште немаме одлука на партиски органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава, рече Милевски за ТВ 24 после средбата со претседателот Стево Пендаровски....
Нафтата може да достигне и цена од 360 долари барел
Денешен - пред 10 часа
Додека растот на цените на нафтата како последица од руската инвазија на Украина веќе се заканува на економската, политичка и социјална стабилност ширум светот, со предупредувања за рецесија, аналитичарите предвидуваат дека нафтата би можела и дополнително да поскапи, повеќе од три пати во однос на сегашната цена, го пренесува “Радио Слободна Европа” пишувањето на светските медиуми. Аналитичарите од банката “J-P Morgan Chase” предупредиле дека глобалната цена на нафтата би можела да достигне стратосферски 380 долари по барел ако Русија на американските и европските санкции одговори со намалено производство на нафта, истакнува “Bloombeg”. Членките на Групата седум најбогати западни демократии (Г7) разгледуваат механизам за ограничување на цената на рускаа нафта во обид да ја ослабат воената машина на претседателот на Русија, Владимир Путин во Украина, укажува “Bloomberg”. Од друга страна, аналитичарите на “J-P Morgan Chase” оценуваат дека Русија, со оглед на силната фискална позиција на Москва, може да си дозволи намалување на дневното производство на сирова нафта за пет милиони барели без претерана штета по економијата....
(ВИДЕО) Утре протестите се во 12 часот кога Владата ќе одлучува за бугаризацијата, а не во 19 часот
Денешен - пред 10 часа
На крајот од својот говор вечерва пред Владата на РМ, Искра Коровешовска од ТВ АЛФА соопшти дека утрешниот протест е во 12 часот, кога Владата ќе започне со седницата на која ќе го прифати предлогот за бугаризација на Македонија, а не во 19 часот како што тоа беше вообичаено изминаите денови. Целиот говор на Коровешовска погледајте го на ова видео:...
Протестите продолжија пред Собранието, неколку демонстранти влегоа и во дворот
Денешен - пред 11 часа
Вечерашниот протест од Владата продолжи кон македонското Собрание, каде илјадници граѓани продолжија со скандирање и свирење. Се пеат патриотски песни, се бара оставка и целосно отфрлање на предлозите за спорот со Бугарија, а некои демонстранти влегоа и во дворот од Собранието. Дел од граѓаните останаа и пред Владата, каде се продолжи со говорите зошто морада биде отфрлен францускиот предлог....
Протетсите продолжија пред Собранието, неколку демонстранти влегоа и во дворот
Денешен - пред 11 часа
Вечерашниот протест од Владата продолжи кон македонското Собрание, каде илјадници граѓани продолжија со скандирање и свирење. Се пеат патриотски песни, се бара оставка и целосно отфрлање на предлозите за спорот со Бугарија, а некои демонстранти влегоа и во дворот од Собранието. Дел од граѓаните останаа и пред Владата, каде се продолжи со говорите зошто морада биде отфрлен францускиот предлог....
МИСАЈЛОВСКИ: Ниту една влада претходно, освен оваа на СДСМ, не прифати дека имаме заедничка историја, а тоа е старо барање на Софија
Денешен - пред 11 часа
Јас лично бев дел од преговарачкиот тим за овој договор. Јас тогаш бев државен секретар во Министерството за надворешни работи па потоа бев колега заедно со Арбер во Владата и сме имале добра соработка и сме работеле. Што беше спорно тогаш, што е спорно денес? Три работи беа спорни: Прво – заедничката историја и ниедна Влада претходно и тогашната Влада не го прифати тоа барање на Бугарија да имаме заедничка историја. Многу брзоплето потоа се прифати од страна на СДСМ и таа Влада. Зборам за еден потег, заедничка историја што сега ги прави сите проблеми, истакна Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. Тој потенцираше на втора работа која е многу важна, а тоа е реципроцитетот, како што се однесува за нив така да се однесува и за нас. – Не може само Македонија да има обврски, и тогаш и тоа не се договори, но Владата на СДСМ веднаш го прифати. Зборам ниту една влада во историјата, ниту нивните влади претходно не го прифаќале тоа барање. Исто така многу важно што го бараа македонскиот јазик како што сега го бараат и како што сега стои во овие документи, истото го бараа во договорот за добрососедство. И тоа беше од важните работи кои ние како ВМРО-ДПМНЕ заедно тогаш во Владата не го прифативме тој документ. Сега тој стои тука, и тоа е обврска. Тоа што сега е укочено, ќе стои во самиот процес. И да, добро кажа Арбер ова не е отварање на преговорите како Албанија што веднаш ќе ги почне после состанокот, туку Македонија има обврска да го смени уставот. Тоа е обврска задолжителна за потоа да започне преговори. Тоа е многу клучна разлика, појасни Мисајловски....
Дел од граѓаните влегоа во дворот од Владата, полицијата сега воспостави заштитен кордон
Денешен - пред 13 часа
Дел од граѓаните на вечерашниот протест пред Владата на РМ го пробија полицискиот кордон и дојдоа на платото пред Владата. На униформираните полицајци граѓаните навалија со цвеќе, со повик да им се придружат за Македонија. Според Телма, наспроти рѓаните со цвеќиња, некои фрлале кон полицијаците со јајца, но сега ситуацијата е под контрола и граѓаните се повлекоа а полицијата повторно застана како заштитен ѕид. Забележливо е дека има иа агресивни, кои можеби се обидуваат да направат поголем инцидент, но мнозинството од народот е мирно настроен. Интересно е што ова се случува пред утрешното одобрување на предлогот од страна на Франција, кога с еочекуваше најголем број присутни на утрешниот протест. ....
ПОВТОРНО ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ: Започна протестот пред Владата, химната ја отпеа Ламбе Алабкоски
Денешен - пред 13 часа
Започна вечершаниот портест пред Владата на РМ пред утрешното предавство што треба да го изврши Владата на Ковачевски. Протестот го отвпри Ламба Алабакоски кој ја изведе химната на Македонија. Пред Владата и вечерва има десетици илјадници луѓе кои доаѓаат во се поголем број....
За прв пат по 20 години Германија забележа трговски дефицит во еден месец
Денешен - пред 14 часа
Германија изминатиот месец за првпат по 20 години забележа дефицит во тргувањето со светот, последица на високите трошоци за увоз на енергија и благиот пад на извозот. Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика посочуваат дека извозот во мај е намален за 0,5 отсто во однос на април кога пораснал за 4,4 отсто. Увозот, пак, бележи пораст од 2,7 отсто, забавувајќи се во однос на април кога бележеше пораст од 3,5 отсто. Дефицитот во трговскиот биланс регистриран првпат од почетокот на 2000 година, според достапните податоци на „Дестатис“ изнесува милијарда евра. Во април суфицитот изнесуваше 3,1 милијарда евра. Извозот во Русија минатиот месец се зголеми за 29,4 отсто споредбено со април, на една милијарда евра, стабилизирајќи се по остриот пад предизвикан од западните санкции против Москва. Истовремено увозот од Русија е намален за 9,8 отсто, на 3,3 милијарди евра. Во февруари извозот во Русија надминуваше десет милијарди евра. Најмногу пратки германска стока се испратени во САД, во вредност од 13,4 милијарди евра, 5,7 отсто повеќе отколку во април. Увозот од САД е зголемен за 9,7 отсто, на 7,4 милијарди евра. Најмногу стоки Германија во мај увезла од Кина, во вредност од 18 милијарди евра, но за 1,6 отсто помалку отколку во април. Извозот во Кина благо се зголемил за 0,5 отсто, на 8,7 милијарди евра. На годишно ниво, германскиот извоз бележи пораст од 19 отсто во мај, а увозот за 33,6 отсто, откривајќи скок на цените на енергенсите, поттикнат од бранот зголемена побарувачка како последица на економско закрепнување од корона-кризата и санкциите воведени кон Русија. (МИА)...
Морачанин, Трајанов и Милевски кај Пендаровски
Денешен - пред 14 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
Прванов најави ново издание на книга: Документарна вистина за Илинденско-Преображенското востание
Денешен - пред 14 часа
Поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати“, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции....
Бананата помага за понизок крвен притисок
Денешен - пред 14 часа
Она што ce јаде и пие игра важна улога во намалувањето на високиот крвен притисок. А, еден вид храна особено може да помогне да се реши овој здравствен проблем… – Бананата е на прво место кога станува збор за овошја што имаат способност да го намалат крвниот притисок, изјави нутриционистката Британи Дан за списанието „Ит дис, нот дет“. Бананите се богати со калиум, што ги намалува негативните влијанија на натриумот врз телото. Калиумот, исто така, помага да се намали опасноста од мозочен удар и срцеви заболувања. Една банана содржи приближно 420 милиграми калиум, а има и голема количина разни други електролити, кои ја одржуваат работата на нервниот систем и го регулираат нивото на телесни течности. Инаку, електролити се – калиумот, магнезиум, натриум, калциум и хлоридите. Сепак, треба да се има на ум дека е важно да се најде средината. Премалку калиум и премногу натриум, на пр. всушност го зголемуваат крвниот притисок. Возрасните треба да внесуваат 3.500 – 4.700 мг. калиум и 2.300 мг. натриум дневно....
Зеленски со повик до државите за обнова на Украина
Денешен - пред 14 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер. „Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки“, рече Зеленски. Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната. „Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа“, рече украинскиот претседател. Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија. Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси....
Путин нареди продолжување на руската офанзива по заземањето на регионот Луганск
Денешен - пред 14 часа
Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на своите сили да ја продолжат офанзивата во источна Украина по заземањето на целиот регион Луганск. Руските сили „треба да ја извршат својата мисија до крај според веќе одобрените планови“, рече Путин во телевизиски разговор со неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. „Се надевам дека сè ќе се случи во нивните сектори како што се случи во Луганск“, додаде Путин. Тие изјави тој ги даде еден ден по најавата за повлекување на украинските сили од стратешкиот град Лисичанск, со чие заземање руските и проруските сепаратистички сили ја презедоа контролата врз целата територија на Луганск. Регионот Луганск и соседниот Доњецк го формираат Донбас, индустриски басен во источна Украина, што руските сили имаат намера да го освојат во целост. Министерот за одбрана Шојгу денеска изјави дека руските сили го деминираат градот Лисичанск....
ЛАВРОВ: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално
Денешен - пред 14 часа
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија. – Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги, изјави Лавров на прес-конференција во Москва. На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија....
Во Вашингтон нa Денот на независноста ќе прозвучи „1812 година“ од рускиот композитор Чајковски
Денешен - пред 15 часа
Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил денеска на најважниот празник во САД, Четврти јули, се домаќини во Белата куќа каде што спремаат скара за воените семејства. На Капитол хил на концертот вечерва, не е откажана изведбата на „1812 година“ од Чајковски и покрај руската агресија на Украина Четврти јули се смета за најпатриотскиот ден во САД кога Американците се собираат кај роднини и пријатели да прослават со скара или одат на пикник. Во заедниците, градовите и окрузите денот започнува со паради а завршува со огномети. Во Вашингтон синоќа се одржа пробата за главниот настан денеска за одбележување на Денот на независноста на САД, отворена за јавноста првпат по две години пауза поради пандемијата. На прославата, која ќе биде емитивана во живо од Пи-би-ес, ќе настапат низа познати американски актерски, кантри и блуз изведувачи. Се предидува да дојдат стотици илјади од цела Америка – сите го исчекуваат спектакуланиот огнометот над Националната алеја кој според властите на градот ќе трае речиси цел час. Обезбедувањето е на највисоко ниво, полицијата е распоредена низ централните улици од споменикот на Вашингтон до Капитол хил. Дописникот на МИА од Вашингтон синоќа имаше можност да ја проследи пробата за вечерашниот концерт и да го слушне звукот на хаубиците на Националната гарда што пред зајдисонце се очекува да дадат сигнал за огнометот. Топовите всушност се дел од изведбата на Симфонискиот оркестар на Вашингтон на „1812 година“ – свечена увертира, концерт од Чајковски посветен на победата на Русија во војната против Наполеон во 19 век, важен настан за Европа и Америка. Овој концерт традиционално се изведува на Денот на независноста, како во Вашингтон така и во многу други главни градови на сојузните држави. Поради инвазијата на Русија на Украина многу од државите протестираа и го откажаа концертот со назнака дека е дел од руската култура, но властите во Вашингтон сепак одлучија да не ја менуваат традицијата, па топовите ќе одекнат. На подиумот поставен на западниот тревник на Капитол хил, ќе настапат кантри ѕвездите и изведувачи Дарен Крис, Јоланда Адамс, Глорија Гејнор, Кеб мо, Емили Беар и Енди Грамер. Многумина со нетрпение ја очекуваат и кратката бродвејска изведба на „Вест сајд стори“, класична љубовна приказна со ликови од њујоршката работничка класа, a по повод 65 годишнина од првото бродвејско шоу, најавена синоќа на пробата од оригиналната актерка на оваа претстава, Чита Ривера. Денот на независноста ја слави одлуката на 13. првични колонии да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите Американски Држави. Ропството врз Афроамериканците тогаш било широко практикувано во колониите додека основачите работеле на стекнување на сопствена независност од Британија. Она што колонистите го сакале само за себе и очигледно не верувале дека и нивните робови имаат право, иако Декларацијата го вклучува овој пасус: -Ние сметаме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви, дека нивниот Создател им дал одредени неотуѓиви права, дека меѓу нив се животот, слободата и потрагата по среќа, се вели во Декларацијата....
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Денешен - пред 15 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада....
Протоколот се уште тајна, Османи и Генчовска на он лајн консултации
Денешен - пред 16 часа
Содржината на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија се уште се држи во тајност, вели ТВ Сител во својот прилог. Документот, во кој всушност се наоѓаат најголемиот дел од бугарските барања вклучувајќи ги и оние најчуствителните, се уште е непознаница за македонската јавност. Неговата содржина не се објавува и покрај најавите на министерот Османи дека тоа ќе се случи во најбрз рок. Што е договорено за историските прашања, говорот на омраза и рехабилитацијата на жртвите од комунизмот засега не се знае. Протоколот, кој е дел од францускиот предлог за почеток на преговори официјално не е потпишан, а денеска според најавите, бил тема на разговор на онлајн средбата Османи – Генчовска. Од македонското МНР ниту потврдуваат, ниту демантираат ваков состанок на шефовите на дипломатиите, ниту пак има информација за денешната агенда на министерот. Според најавите, Османи и Генчовска не разговарале за преговарачката рамка, туку за содржината на протоколот, кој, како што најави претходно и македонскиот министер, ќе биде потпишан веднаш штом Владата ќе го одобри целиот пакет....
Утре Владата ќе го прифати предлогот, но Албанија ќе почне со преговори, не и Македонија
Денешен - пред 16 часа
Македонија со потпис на овој штетен договор нема да почне преговори со ЕУ, тоа граѓаните на Македонија мора да го знаат!, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски. Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот. – Според нашите информации, утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата – рече Мицкоски....
КОВИД 19: Алармантни 16 отсто позитивни за викендот или 290 позитивни од 1 695 тестови! Нема починати
Денешен - пред 16 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022): Направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 148549, Активни 536 Куманово 16770, Активни 42 Битола 15835, Активни 59 Прилеп 14277, Активни 33 Тетово 13533, Активни 20 Кавадарци 10760, Активни 34 Велес 9848, Активни 30 Гостивар 9634, Активни 15 Охрид 9030, Активни58 Штип 8119, Активни 18 Струмица 8110, Активни 15 Кичево 5673, Активни 11 Кочани 5125, Активни 17 Струга 4744, Активни 9 Гевгелија 4431, Активни 4 Неготино 3714, Активни 5 Ресен 2760, Активни 1 Свети Николе 2641, Активни 1 Радовиш 2537, Активни 5 Крива Паланка 2421, Активни 2 Делчево 1991, Активни 5 Берово 1693, Активни 1 Дебар 1684, Активни 3 Валандово 1488, Активни 0 Виница 1398, Активни 2 Пробиштип 1271, Активни 3 Богданци 1025, Активни 2 Кратово 969, Активни 0 Крушево 933, Активни 2 Демир Хисар 837, Активни 1 Македонски Брод 744, Активни 1 Демир Капија 594, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 352, Активни 0...
ОСМАНИ: Очекувам Бугарите во Уставот да влезат со 118 гласови од пратениците, никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт
Денешен - пред 17 часа
Имаме историски момент да се реши прашањето со македонскиот јазик, тешко дека ќе имаме подобра шанса или предлог којшто ќе го засега јазикот, затоа велам дека сега е историски момент. За прв пат во нашата историја, 27-те земји членки го потврдуваат македонскиот јазик без фусноти, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. На гостувањето на ТВ 24, Османи рече дека предлогот е добар и во наш интерес и не смееме да го пропуштиме бидејќи во него се содржат сите пет барања на македонската страна, а македонскиот јазик без фусноти, ќе стане дел од официјалните документи на Европската Унија. – Што побрзо да се даде шанса на овој проект. Имаше толку лажни вести и пропаганди, дел намерни, дел од непознавањето на проблематиката. Јас не сум видел такво нешто во мојата политичка кариера, без никаков обид да се прочита документот, луѓето кои не го прочитале текстот даваат мислења. Време е да се рационализира и да се каже конкретно што е проблемот. Истите кои го критикуваат, сега аплаудираат и го прифаќаат. Ваква дебата сега очекувам на консултациите. Рационална дебата, не дебата на емоции и личните позиции. Треба да се затвори ова прашање, за да се започна првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите, додаде Османи. Министерот порача дека во јавноста се направил „спин“ од неговата изјава на брифингот во саботата кога говорел за можните последици кои би се случиле доколку предлогот не биде прифатен. -Конструкција е тоа дека ќе има меѓуетнички конфликт. Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт, тоа е спин. Јас не правам разлика меѓу албански и македонски прашања. Има семејства на кои им е недостоинствено да земат бугарски пасош, но мора да земат за да ги школуваат децата. Ако ние им ја земеме надежта дека нашиот пасош нема да биде европски, младите ќе почнат да бегаат, ќе почне да се губи хармонија меѓу населението, потенцираше Османи. Во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот, Османи смета дека за ова прашање ќе го има потребното 2/3 мнозинство и очекува предлогот да помине со 118 гласови во Собранието....
(видео) МИЦКОСКИ: Повикувам на помасовен протест, ако има малку разум кај Ковачевски и останатите, да го слушнат гласот на народот
Денешен - пред 18 часа
Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни. Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Тоа беше едната понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука. Но, треба народот во Македонија да знае дека ние со ова не почнуваме преговори, Еди Рама и Албанија почнуваат, не ние. Тоа треба на сите да им е јасно, на цела Македонија да и е јасно, истакна тој. Одговарајќи на новинарско прашање „Повторно излегувате на протест, дали очекувате дека владата ќе ги слушне вашите барања?“, тој одговори: -Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија. Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие коишто можеби за прв пат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. Иако морам да признаат дека информациите се спротивни и дека она кое што јас го имам како информација е дека најверојатно во текот на утрешниот ден на владина седница ќе помине позитивното да на Бујар Османи со што формално ќе се потпише протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа формално практично владата се согласува на записникот од првата меѓувладина но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Така што, очекувам барем малку разум до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно не, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет. Мицкоски одговори дали предлогот треба да помине во Собрание. „Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине. Инаку да, за формално да ги почнеме преговорите потребно е да се случи измена на Уставот. Тоа значи да оние граѓани за себе сметаат дека се дел од бугарскиот народ, тоа значи отприлика 700 семејства да бидат вклучени во Преамбулата, но и во останатиот нормативен дел на Уставот, барем така викаше Стево Пендаровски, иако вчера гледам дека се премислил, но тоа е негова работа. Ова сега што ќе се случува е датум за почеток на преговори на граѓаните на Албанија и на Еди Рама. Ова не е почеток на преговори на граѓаните на Македонија и Ковачевски. Затоа што после оваа меѓувладина седница само Албанија, односно граѓаните на Албанија и Еди Рама ќе ги почнат преговорите. Да се разбереме, јас немам ништо против тоа, ако мисли Европа дека граѓаните на Македонија 22 години треба да седат заглавени во чекалната без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци само затоа што најпрвин некој го успоруваше правото да се нарекуваат онака како што сакаат да си ја нарекуваат својата држава, а сега да си го говорат својот мајчин македонски јазик, да бидат Македонци и да се гордеат со својата историја, култура, со јунаци кој што го дале својот живот за оваа Македонија и да продолжат да бидат во ходникот, а Еди Рама дека споделува европски вредности тогаш тоа е одлука на Европа и јас во такви европски вредности извинете не верувам. Јас верувам во овие европски вредности кој што 22 години овој народ во Македонија, повторно ќе кажам без разлика на нашите етнички, верски, политички разлики заслужува да биде дел од тој преговарачки процес или да бидам уште подиректен заслужува да биде дел од самата Европа уште пред некоја од земјите членки да бидат таму. Но, повторно нас ни се успорува правото да бидеме Македонци, повторно некој го отвара проблемот со историјата. Иако вчера гледав еден статус од самиот Бујар Османи во кој што тој вели за иднината, но сето она кое што за жал тој ќе го парафира и е дел од тој протокол на таа втора меѓувладина конференција со Бугарија, е се само не иднина, туку е минато образование, историја и така натаму. Така што да сумирам ова што треба да се случи, ова што ќе направи владата е дата за почеток на преговори на Еди Рама, а не на граѓаните на Македонија. Граѓаните на Македонија повторно нема да почнат преговори и тоа треба на сите да им е јасно. Тоа треба на секој еден да му е јасно без разлика дали е Македонец, дали е Албанец, дали е Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак, граѓанин на Македонија, треба да знае дека ние не почнуваме преговори, почнува Еди Рама и ние повторно ќе продолжиме да чекаме уште години и години додека не се промени Уставот, па после некој друг услов, па трет услов и така натаму. Ова директно удар врз македонскиот идентитет. Тоа треба сите да го знаеме„ – рече тој. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори и на новинарско прашање: Денеска гледаме дека премиерот Ковачевски се сретнува и со Села и со другите политички партии најверојатно. Дали вие како опозиција сте имале некој контакт со албанската опозиција и дали имаат некој став конкретен бидејќи јавно уште го немаат кажано? „Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера, 3-4 клучни збора кои што ги има да ги каже, иако не сака да ги слуша аргументите од другара страна, едноставно сака да си го истера, така му е кажано процесот неколку дена и да заврши тука работата и потоа да каже дека процесот бил транспарентен. Затоа јас вчера му понудив , му реков, само ти кажи не, еве ние нема да бараме предвремени избори ќе ти помогнеме да помине зимата со луѓе, со ресурси, се ќе ставиме на располагање само кажи на овој предлог не. Ќе дојде пролет, март, април повторно ќе седнеме на маса, ќе ја реаволуираме состојбата дали треба таа есен да имаме избори дали заедно со претседателските само кажи не, тоа е најбитно сега. Да го сочуваме идентитетот, односно да го сочуваме достоинството на граѓаните, тоа беше мојата понуда, и втора понуда исто така му дадов, му реков, ако верува дека се ова вистински европски преговори, вистинска европска преговарачка рамка, во која што не е начнат македонскиот идентитет тогаш ајде точка 11 и точка 14 од записникот на првата меѓувладина да ги тргнеме, за да знаат граѓаните за што зборувам точка 11 е онаму каде што се става измената на Уставот како услов за отпочнување на преговори, а точка 14 реферира на протоколот што треба Османи да го потпише заедно со Генчовска од втората меѓувладина во која што се содржани историја и образование и историски личности и тн., а пак овие две точки потоа се поврзани со преговарачката рамка заедно со Копенхагеншките критериуми и договорот за стабилизација и асоцијација еве и тоа му го понудив. Ајде овие четири работи да ги тргнеме и јас заедно ќе излезам со тебе и ќе ја поддржам преговарачката рамка и ќе побарам сите ние заедно да го поддржиме, еве ова е порака и до Европа, ова е порака и до сите оние бирократи во Брисел кои што следат и кои што вршат притисок овде ова да помине во влада. Еве нека ги тргнат тие две точки од записникот на првата меѓувладина и овие две точки од преговарачката рамка јас лично и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме. Но за жал очигледно дека одговорот е негативен“ – порача тој....
БЕСА: Уште еднаш потврдуваме дека ќе го прифатиме секој предлог што отвора пат кон ЕУ ако не им наштетува на Албанците во земјава
Денешен - пред 19 часа
Движењето БЕСА будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог, соопшти партијата, чие соопштение го објавуваме во целост: Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето БЕСА дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на С. Македонија. Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“. Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата. Движење БЕСА...
МАРИЧИЌ: Незаменлива ни е поддршката што САД продолжуваат да ја даваат за напредокот на РСМ, како и за мирот и стабилноста на Балканот
Денешен - пред 20 часа
Со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, од секогаш сме биле на иста страна, на страната на слободата, демократијата и напредокот. Денот на независноста на САД, 4 Јули, е денот на раѓањето на државниот модел заснован на универзалните вредности на слобода, демократија и просперитет, напиша вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во честитката по повод Денот на независноста на САД. Притоа, тој на американскиот народ му изразувам благодарност за, како што вели, незаменливата поддршка што САД продолжуваат да ја даваат за напредокот на Македонија, но и што остануваат фокусирани на состојбите на Балканот, преку поддршка на мирот и стабилноста во регионот, Како вистински пријатели со САД, додава вицепремиерот во објавата на својата фејсбук-страница, во историски моменти на нашата држава работевме и сѐ уште работиме на изградба на сигурна, стабилна и просперитетна иднина на македонските граѓани. Го потврдуваме, нагласува Маричиќ, нашето сојузништво во најмоќниот воен и политички сојуз – НАТО и застануваме еден до друг во време на предизвици. -Денес кога сме исправени пред нови одлуки за нашата сегашност и иднина, САД се силна поддршка и доверлив партнер на С. Македонија. Соединетите Американски Држави се клучен партнер на нашата држава од самата независност, тие помагаа во различни области со речиси 1 милијарда американски долари. Вложени се големи напори и ресурси во клучните области на реформите, како што се образованието, правдата, јавната администрација и економијата. Овие реформи се од витално значење за постигнување на стратешките приоритети на С. Македонија – членство во НАТО, што е веќе постигнато и ЕУ за што надминуваме клучни предизвици, пишува вицепремиерот на ФБ. Тој очекува оваа континуирана поддршка и помош од САД во следниот период да се унапредува преку новиот Стратешки дијалог. Новата Стратегија за развојна соработка на земјата 2020-2025 е фокусирана на обезбедување поддршка на промовирање просперитетна, добро управувана и безбедна Северна Македонија, посветена на евроатлантската интеграција преку партнерствата на УСАИД....
СЕЛА ПО СРЕДБАТА СО КОВАЧЕВСКИ: Сметам дека земјава треба да продолжи по патот кон ЕУ, друга опција не треба да постои
Денешен - пред 20 часа
Сметам дека Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и друга опција за нас како држава не треба да постои. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став. Села, нагласи дека Алијанса за Албанците и пред овој предлог да биде конечен, имале став во врска за спорот со Бугарија. – Јасен е нашиот став дека тој спор треба да се реши почнувајќи од најосновното, ако веќе има проблем меѓу соседи, соседите треба да почнат да се признаваат меѓу себе. Од друга страна, јас пред Самитот на ЕУ, се изјаснив како претседател на партијата дека не се работи само за прифаќање или не на францускиот предлог, туку се работи за продолжување или не по патот на евроинтеграциите и мислам дека тоа треба да биде пристапот на политичките чинители, изјави Села. Во врска со ова, нагласи Села е и ставот на АА за „Отворен Балкан“ односно дека не треба да создаваме алтернативи за ЕУ и единствен пат на Македонија треба да биде членство во ЕУ. – Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави Села. Зачленувањето на Македонија во ЕУ, според Села, има геополитичко значење и политичарите треба повеќе да размислуваат за стабилноста на регионот, а помалку за добивање на политички поени. – Немаме никакво двоумење, ние би прифатиле таков предлог како политичка партија и тоа е ставот на Алијанса за Албанците, изјави Села....
САД нудат пари, возила, храна и други вредни награди за дојави за шверц на дрога, оружје и други нелегални стоки на Блискиот Исток
Денешен - пред 20 часа
Американската воена морнарица на Блиски Исток, Петтата флота нуди награди за информации со кои би се пресретнало оружје, дрога и други нелегални стоки во регионот, по тензиите поради иранската нуклеарна програма и вооружувањето на јеменското движење Хути. Петтата флота објави дека таа и нејзините сојузници заплениле дрога во вредност од 500 милиони долари во 2021 година, што е повеќе отколку во претходните четири години заедно. Во 2021 година, Петтата флота пресретнала бродови и заплени 9.000 парчиња оружје, трипати повеќе отколку во 2020 година. Програмата на Петтата флота ќе биде покрената утре преку програмата за награди на Министерството за одбрана на САД, бидејќи војската веќе понуди пари и стоки за дојави за непријателот во Авганистан, Ирак и секаде каде што е присутна Ал Каеда, по нападите на 11 септември 2001 година, Исплатата може да достигне до 100.000 долари, а можно е наместо пари, да бидат возила, бродови или храна, за секоја дојава што вклучува и информации за планирани напади врз Американци....
ОМЕКНУВААТ „ТВРДИТЕ“ ОД ДОМ: Побаравме и Ковачевски се согласи францускиот предлог да оди на седница во македонското Собрание
Денешен - пред 20 часа
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во разговорите со помалите коалициски партии – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП дал согласност модифицираниот француски предлог да биде ставен на пленарна седница, за него да расправаат пратениците и да бидат изгласани заклучоци. Како што изјави Маја Морачанин од ДОМ за МИА на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата, на што Ковачевски се согласил, но кога би се одржала таа седница засега не е прецизирано, со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната. На средбата трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност. Трите коалициски партнери на Ковачевски му порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образовнието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., нагласи Морачанин за МИА....
УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ: ОБСЕ се самоуништува, или организацијата ќе биде без Русија или нема да постои
Денешен - пред 20 часа
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е во фаза на самоуништување и ќе пропадне, доколку Русија продолжи да биде дел од неа, смета министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. – На нашиот континент има уште една голема и убава организација – ОБСЕ, што се наоѓа во фаза на самоуништување. Затоа што Русија е таму и уништува сè. Ако организацијата наоѓа логика во тоа, порано или подоцна ќе пропадне, изјави Кулеба во интервју за весникот „Лев брег“. Тој потсетува дека Киев веќе предложил Русија да биде исклучена од ОБСЕ, но, како што вели тој, некои потчукнаа со прст по челото. – Одберете, или ќе има ОБСЕ без Русија, или нема да има ОБСЕ, ќе пропадне, подвлече украинскиот министер....
Илјадници евакуирани во Сиднеј, се очекуваат интензивни врнежи во Австралија
Денешен - пред 20 часа
Десетици илјади жители на Сиднеј беа принудени на евакуација поради обилните врнежи дожд што предизвикаа поплави во најголемиот австралиски град, со прогнози на метеоролозите дека врнежите ќе потраат. Екстремно нискиот воздушен притисок на истичниот брег на Австралија резултираше со обилни врнежи во сојузната држава Нов Јужен Велс, каде во деновите на викендот наврна дожд колку што е месечниот просек. Невремето принуди евакуација на околу 30 илјади жители во австралиската сојузна држава, а врнежите резултираа со поплавени станбени објекти, фарми, подвозници, мостови, некои објекти и по трет пат оваа година. – Не можеме да веруваме. Тоа е поразително. Повеќето од поплавените само што ги санираа штетите од последните поплави, сега за жал се се повторува, изјави градоначалничката на Камден, Тереза Федели. Локалните медиуми јавуваат дека во тек е операција за спасување 21 член на екипажот од товарен брод што останал без напојување на отворено море јужно од Сиднеј. – Со месеци се справувавме со поплавите, па тоа ги прави сегашните напори уште поголем предизвик, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет. Нема информации за жртви во поплавите, а властите ги повикаа жителите да се евакуираат од домовите кога ќе им биде наложено, како и да избегнуваат возење по поплавените патишта. На одредени места во Нов Јужен Велс наврнаа и 350 милиметри дожд, а прогнозите на метеоролозите се дека врнежите попладнево повторно ќе се интензивираат. Советот за климатски промени смета дека климатските промени се фактор што придонесува за интензивните врнежи, како и дека Австралија е недоволно подготвена за справување со стихијата. Речните сливови во земјата се блиску до максималниот капацитет, последица на интензивни врнежи предизивкани од феноменот „Ла Ниња“ што веќе две години е присатен на источниот австралиски брег. Поради невремето откажано е и предвиденото лансирање ракета на НАСА од вселенскиот центар Арнем во северна Австралија. Федералниот министер за управување со кризи, Мареј Ват, соопшти дека Владата го активирала сателитскиот систем за управување со вонредни состојби, како мерка за да се помогне во справувањето со поплавите....
Песочната бура во Иран ги затвори училиштата и владините институции
Денешен - пред 20 часа
Училиштата и владините објекти денеска беа затворени во Техеран и во неколку други градови во Иран поради песочната бура. Државната телевизија објави предупредување за лошиот квалитет на воздухот и ги советува постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост. Ова е четврта силна песочна бура од средината на април и вторпат поради неа училишта и институции се затвораат – претходниот пат тие беа затворени во мај. Техеран е меѓу најзагадените градови во светот. Експертите вината за зачестеноста и интензитетот на најновите песочни бури ја посочуваат кон лошата владина политика и климатските промени....
ГУВЕРНЕРОТ НА ЛУГАНСК: Падот на Лисичанск многу боли, но војната сè уште не е загубена
Денешен - пред 20 часа
Украинскиот гувернер на источниот регион Луганск, Сергеј Хајдај денеска изјави дека руските сили откако го освоија Лисичанск, ќе го пренасочат фокусот на обид за окупација на регионот Доњецк. Сега Хајдај очекува на удар на Русите да бидат градовите Словјанск и Бакмут. – Во воена смисла, лошо е да се напуштат позициите, но, нема ништо критично во падот на Лисичанск. Мораме да победиме во војната, а не во борбата за Лисичанск. Ова многу боли, но, не ја изгубивме војната, смета Хајдај. Според него, повлекувањето на украинските борци од Лисичанск беше изведено „согласно со планот“, бидејќи имало опасност бранителите да бидат опколени. – За Русите, Доњецк сега е примарна цел. Словјанск и Бакмут ќе бидат нападнати. Всушност, Русите веќе почнаа жестоко да го гранатираат Бакмут, појасни Хајдај....
ПЕСКОВ: Путин нема да го честита денот на независноста на САД бидејќи го достигнаа зенитот на непријателската политика кон Русија
Денешен - пред 20 часа
Руискиот претседател Владимир Путин годинава нема му го честита Денот на независниста на американскиот претседател Џо Бајден и на Американците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Причината за тоа, кажа Песков, е тоа што годинава се дојде до врвот на непријателската политика на САД кон Русија, пренесоа руските медиуми. Според Песков, во вакви услови испраќањето честитка тешко дека може да се нарече соодветно....
Папата демантира дека се повлекува од престолот во Ватикан, месецов патува за Канада а потоа се надева да отиде во Москва и Киев
Денешен - пред 20 часа
Осумдесет и петгодишниот папа Франциск денеска ги отфрли тврдењата дека планира да ја напушти позицијата поглавар на Римокатоличката црква. Овој месец заминува за Канада, а потоа се надева дека ќе може да отиде и во Москва и во Киев, јавија британски медиуми. Зборувајќи за ситуацијата во Украина, папата спомна дека имало контакт меѓу секретарот на Ватикан, кардиналот Пјетр Паролин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за можно патување во Москва. Но, првите знаци не биле добри. – Би сакал да отидам во Украина, а сакав прво да одам во Москва. Разменивме пораки за тоа, бидејќи мислев дека, доколку рускиот претседател ми даде улога да послужам за мир… а сега е можно, кога ќе се вратам од Канада, да одам во Украина. Би сакал да одам во двата главни града, изјави папата. За британски медиуми, папата меѓу другото, негираше и дека боледува од канцер. Тој се пошегува како „докторите не му кажале ништо за тоа“. Папата за првпат откри детали за состојбата на коленото, поради што беше спречен да врши одредени должности....
БЕКТЕШИ: Не ни треба помош од опозицијата, нашите институции се подготвени да се соочат со секаква криза за храна, струја или за греење
Денешен - пред 20 часа
Во моментот кога ќе се усвои ребалансот на Буџетот, кога ќе имаме можност да креираме мерки и да ги редизјанираме постоечките, ќе ги викнеме сите стопански комори, сите засегнати страни и синдикатите и ќе излеземе со дополнителни мерки, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши информира дека секојдневно добива писма од различни здруженија и од стопанските комори, напоменувајќи дека Министерството е подготвено за состаноци и за разговор во детали. -Во однос на антикризните мерки, чекаме да биде усвоен ребалансот на Буџетот. Институциите се подготвени да се соочат со кризата. Секој ден добивам писма од стопанските комори и од различни здруженија. Сите што се заинтересирани да дадат придонес, тоа може да го направат јавно, а секако дека ние сме секогаш подготвени за состаноци и за разговари во детали, изјави министерот, одговорајќи на новинарски прашања по врачувањето на договорите за „Субвенционирање плати“ во Тетово. Вчера, дополни, имаше и изјава од страна на претседател на опозициска партија. -Тој кажа дека сакале да се вклучат и да придонесат во делот на справување со кризата со што индиректно признава дека намерно претходните мерки биле блокирани. Тие имаа можност да бидат вклучени и тогаш, а сега за политички интерес даваат таков предлог. Не, институциите се подготвени да се соочуваат со секаква криза, за храна, за струја или за топлинска енергија, нагласи Бектеши....
Германија бележи минус во трговската размена со светот првпат во последните 20 години
Денешен - пред 21 часа
Германија изминатиот месец за првпат по 20 години забележа дефицит во тргувањето со светот, последица на високите трошоци за увоз на енергија и благиот пад на извозот. Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика посочуваат дека извозот во мај е намален за 0,5 отсто во однос на април кога пораснал за 4,4 отсто. Увозот, пак, бележи пораст од 2,7 отсто, забавувајќи се во однос на април кога бележеше пораст од 3,5 отсто. Дефицитот во трговскиот биланс регистриран првпат од почетокот на 2000 година, според достапните податоци на „Дестатис“ изнесува милијарда евра. Во април суфицитот изнесуваше 3,1 милијарда евра. Извозот во Русија минатиот месец се зголеми за 29,4 отсто споредбено со април, на една милијарда евра, стабилизирајќи се по остриот пад предизвикан од западните санкции против Москва. Истовремено увозот од Русија е намален за 9,8 отсто, на 3,3 милијарди евра. Во февруари извозот во Русија надминуваше десет милијарди евра. Најмногу пратки германска стока се испратени во САД, во вредност од 13,4 милијарди евра, 5,7 отсто повеќе отколку во април. Увозот од САД е зголемен за 9,7 отсто, на 7,4 милијарди евра. Најмногу стоки Германија во мај увезла од Кина, во вредност од 18 милијарди евра, но за 1,6 отсто помалку отколку во април. Извозот во Кина благо се зголемил за 0,5 отсто, на 8,7 милијарди евра. На годишно ниво, германскиот извоз бележи пораст од 19 отсто во мај, а увозот за 33,6 отсто, откривајќи скок на цените на енергенсите, поттикнат од бранот зголемена побарувачка како последица на економско закрепнување од корона-кризата и санкциите воведени кон Русија....
ЛУКАШЕНКО: Белоруската и руската армија се обединети, ќе останеме заедно со братска Русија
Денешен - пред 21 часа
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Минск целосно ја поддржува руската војна во Украина. Тој говорејќи на церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на Минск во Втората светска војна, истакна дека го поддржува нападот на Путин врз Украина од првиот ден. – Денес сме критикувани затоа што сме единствената земја во светот која ја поддржува Русија во нејзината борба против нацизмот. Ние ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Русија, наведе Лукашенко. Според него руската и белоруската армија практично се обединети. – Но, вие го знаете тоа. Ќе останеме заедно со братска Русија, истакна Лукашенко....
МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМАТСКИ СИНДИКАТ: Најитна оставка од министерот Бујар Османи, кој свесно ја уништува македонската дипломатија
Денешен - пред 21 часа
Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) бара оставка од министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што објави ТВ 21, синдикатот смета дека министерот Османи свесно ја уништува македонската дипломатија. „Поради свесно уништување на македонската дипломатија, бараме ваша најитна оставка, министре Османи! Македонските дипломати не го имаат ниту видено ниту анализирано францускиот предлог, како што вие тврдевте. Тоа го имаат направено само еден-двајца ваши најблиски соработници, кои патем како награда си добија мандати во странство. Не дозволуваме македонските дипломати да се злоупотребуваат и израмнуваат со неколкумина поединци на кои личната добивка им е пред државата. Молиме да си побарате друг начин да го оправдате наметнувањето на предлогот и рамката – ние не сме и нема да бидеме ничиј параван. Уште полошо, си дозволивте да се заканите со нарушување на меѓуетнички немири, доколку францускиот предлог бил одбиен, враќајќи не во едно темно минато кое мислевме дека остана далеку зад нас. Ваквите закани во најмала мерка ве прават недостоен за прв човек на дипломатијата. Долга е листата на вашите гревови, господине Османи. Следната година Република Македонија ќе претседава со ОБСЕ, што се смета за круна на мултилатералните активности. Сите држави во ваква ситуација ги ангажираат своите најдобри ресурси, само вие не, иако тоа го ветувавте минатата година. Во дипломатскиот тим кој ќе биде ангажиран, помеѓу повеќе од дваесетина дипломати, само еден (1) има претходно искуство во работењето со ОБСЕ во Виена, а останатите се аматери кога е во прашање најголемата регионална безбедносна организација во светот. Истовремено, голем број високи дипломати вклучително и релевантни амбасадори се или упатени на други должности во странство или воопшто не се ангажирани. Во чиј интерес е компромитирањето на нашето претседавање, господине Османи? Исто така, прашуваме по кој основ го испративте колегата Миле Миленковски во Виена, на место заменик шеф на мисијата, едно од клучните места во претстојното претседавање, за да само после една недела од упатувањето заврши во притвор во Врање? Господинот Миленковски воопште не се ни пријавил на интерниот конкурс за Виена, туку вон процедурите и без негово барање беше избран со ваша одлука. Еден од приоритетите на секоја дипломатија е поставување свои луѓе на високи и највисоки позиции во меѓународните организации. Тоа се смета за успех и дава можност за поголемо влијание на државата во меѓународните односи. Која е причината зошто блокирате кандидатури на наши амбасадори, оневозможувајќи им да дојдат на високи меѓународни позиции? Дали сте свесен дека со тоа правите штета по угледот на Република Македонија? Со дуплирање на организациони единици во МНР и претворање на вашиот кабинет во феудална тврдина, систематски го разградувате МНР само со една цел – да имате апсолутна контрола врз се што се случува во Министерството. Господине Османи, пред две години, кога дојдовте во МНР ве предупредивме дека една од главните задачи што стои пред вас е да го вратите сјајот и дигнитетот на министерството, девастирано од самоволието и арогантноста на Никола Димитров. За жал, вие не го сватифте предупредувањето сериозно и не мрднавте со малиот прст да ги поправите состојбите. Поради сето ова, а и многу други причини за кои ќе информираме дополнително, ние дипломатите од МДС не стоиме зад вас и очекуваме да имате минимум доблест што поскоро да си поднесете неотповиклива оставка, за добро на она малку што остана од дипломатијата“, велат од МДС. Извор: ТВ 21...
Хакирани Твитер и Јутјуб профилите на британската армија, војската го потврди упадот
Денешен - пред 21 часа
Британската армија соопшти дека води истрага откако биле хакирани нејзините профили на Твитер и ЈуТјуб. Видео снимки од криптовалути со фотографија од милијардерот Илон Маск се појавија на канал на ЈуТјуб, додека на Твитер се ретвитнати неколку коментари поврзани со НФТ токените, јави Би-Би-Си. Војската го потврди упадот, соопштувајќи дека ја сфатила безбедносната ситуација многу сериозно и дека сега ги решава проблемите, а двата налога биле вратени. – Бидејќи го решивме прашањето и истрагата е во тек, во моментов не би било соодветно да коментираме повеќе, рече портпаролот на армијата. Не е познато кој го извршил хакерскиот напад, во кој беа сменети имињата на налозите на британската армија. Во еден момент името на профилот на Твитер беше сменето во Бапесклан, а до неделата вечерта се се врати во нормала. – Се извинуваме за привременото суспендирање на нашиот налог. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме од овој инцидент. Ви благодариме што не следите и нормалното функционирање сега ќе продолжи, соопшти војската....
ДАНСКА ПОЛИЦИЈА: Нападот во Копенхаген не е тероризам, напаѓачот има психички проблеми
Денешен - пред 21 часа
Шефот на полицијата Сорен Томасен изјави дека нема индикации оти вчерашниот напад во трговскиот центар во Копенхаген е терористички акт. Како што додаде, 22-годишниот осомничен Данец има историја на психички проблеми. Младиот Данец уби три, а повреди повеќе лица. Жртвите се две 17-годишни лица од Данска и 47-годишен руски државјанин. По двајца Данци и Швеѓани се во критична состојба во болница. Напаѓачот ѝ се предаде на полицијата без да пружа отпор. Тој беше уапсен само неколку минути по пукањето, јави Би-би-си....
БИСЛИМОВСКИ: Од ноќеска ќе поевтинат горивата, дизелот за половина денар, а бензините за цел денар
Денешен - пред 21 часа
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. – Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24. Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари....
Полицијата тврди дека нападот во Копенхаген не е тероризам, 22 годишниот напаѓач имал психички проблеми
Денешен - пред 21 часа
Шефот на полицијата Сорен Томасен изјави дека нема индикации оти вчерашниот напад во трговскиот центар во Копенхаген е терористички акт. Како што додаде, 22-годишниот осомничен Данец има историја на психички проблеми. Младиот Данец уби три, а повреди повеќе лица. Жртвите се две 17-годишни лица од Данска и 47-годишен руски државјанин. По двајца Данци и Швеѓани се во критична состојба во болница. Напаѓачот ѝ се предаде на полицијата без да пружа отпор. Тој беше уапсен само неколку минути по пукањето, јави Би-би-си....
Британија прогнозира дека извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини
Денешен - пред 21 часа
Во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека руската инвазија продолжува да има разорно влијание врз украинскиот земјоделски сектор и оти извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини. Според извештајот војната влијаела и на синџирите за снабдување со семиња и ѓубриво. – Руската блокада на Одеса го спречува извозот на храна и малку е веројатно дека украинскиот извоз на жито во 2022 година ќе биде поголем од 35 отсто во споредба со мината година, се посочува во извештајот на британското Министерство за одбрана. Исто така се наведува дека по освојувањето на Лисичанск, најверојатно фокусот на Русија ќе се биде насочен кон Доњецк. – Борбата за Донбас е жестока и исцрпувачка и малку е веројатно дека тоа ќе се промени во следните недели, соопшти британското Министерство за одбрана....
Шведска и Финска утре потпишуваат протоколи за влез во НАТО
Денешен - пред 21 часа
НАТО најави дека утре ќе потпише протоколи со Финска и Шведска за пристапување на двете земји во Алијансата. – Разговорите меѓу претставниците на пактот и двете земји продолжуваат денеска, се наведува во соопштението. На претстојното потпишување утре се очекува да бидат вклучени министрите за надворешни работи на двете земји кои аплицираа за пристапување во Алијансата на почетокот од оваа година. Нивното барање беше потврдено на самитот на НАТО на крајот на минатиот месец во Мадрид. По потпишувањето на протоколите се предвидува процес на ратификација од сите 30 земји на НАТО. Се наведува дека Босна и Херцеговина, Грузија и Украина исто така изразија желба да се приклучат....
ШАРЕНИТЕ ПРОТИВ ПЕНДАРОВСКИ: Ти не заслужуваш да бидеш курир, а не пак шеф на држава, му порача професорката Котеска
Денешен - пред 21 часа
Универзитетската професорка Јасна Котеска, која беше приврзаник на доаѓањето на власта која пет години ја распродава Македонија, сега со најпогрдни зборови удри по претседателот Стево Пендаровски. Револтирана од неговото прифаќање на францускиот предлог Котеска го нарече Пендаровски, кловн и смрдло. – Сите го чекавме 30 јуни, не само кловнот Пендаровски. За да дочекаме на 3 јули, сред одмори, Пендаровски да ни соопшти дека договорот за него бил прифатлив?! Смрдло, јас се приклучувам кон Апасиев! Итен импичмент за Тебе. Ти не заслужуваш да бидеш курир, а не пак претседател!- му порача Котеска на Пендаровски преку Твитер. Против прифаќањето на ултиматумот за Македонија има се повеќе бивши и сегашни членови и функционери на владејачкиот СДСМ....
(видео): КРАВИ ПРЕД ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Земјоделци протестираат низ државата и блокираат три аеродроми
Денешен - пред 22 часа
За да се намалат катастрофалните емисии на азот, властите во Холандија пропишуваат радикално намалување на сточниот фонд, што ги наведе земјоделците на неколкунеделни протести, додека за денеска е најавена масовна блокада на пристапот до амстердамскиот аеродром Шипхол и аеродромите во Ајндховен и Мастрихт, јави Бета. Полицијата најави дека со сите средства ќе ги разбие блокадите, а војската е на готовност. Министерката за одбрана Касја Олонгрен изјави дека нема да толерира трактори околу Шипхол, пренесе Дојче веле. За време на претходните протести, земјоделци блокираа автопати и улици. Пред владини згради во Хаг имаше и трактори и крави, беа палени бали сено, а пред домови на политичари се прскаше ѓубриво. First time I’ve seen cows as a tool of protest 🐮 Two now positioned outside Dutch parliament building. Wonder what they make of this #boerenprotest pic.twitter.com/CdxBnLU28U — anna holligan 🎙 (@annaholligan) June 28, 2022 Во вторникот лути демонстранти стигнаа пред станот на Kристијане ван дер Вал, министерка надлежна само за темата „природата и нитратите“. Функцијата е воведена минатата година со цел да се реши прашањето за премногу азотни соединенија што ја трујат природата. Од нив, 70 отсто потекнуваат токму од сточарството, а Владата единственото решение го виде во радикално намалување на сточниот фонд. – Знам какви огромни последици има за фармерите. Тоа е ужасно. Но, немаме избор. Природата не може да чека, изјави Ван дер Вал, претставувајќи го планот во Парламентот во средината на јуни. Земјата спаѓа во земјоделски колоси, каде во јужните делови бројот на свињи по квадратен километар е најголем во светот. Само САД извезуваат повеќе земјоделски производи од Холандија, гледано по вредност....
(видео): КРАВИ ПРЕД ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Земјоделците протестираат низ Холандија, блокирани се 3 аеродроми
Денешен - пред 22 часа
За да се намалат катастрофалните емисии на азот, властите во Холандија пропишуваат радикално намалување на сточниот фонд, што ги наведе земјоделците на неколкунеделни протести, додека за денеска е најавена масовна блокада на пристапот до амстердамскиот аеродром Шипхол и аеродромите во Ајндховен и Мастрихт, јави Бета. Полицијата најави дека со сите средства ќе ги разбие блокадите, а војската е на готовност. Министерката за одбрана Касја Олонгрен изјави дека нема да толерира трактори околу Шипхол, пренесе Дојче веле. За време на претходните протести, земјоделци блокираа автопати и улици. Пред владини згради во Хаг имаше и трактори и крави, беа палени бали сено, а пред домови на политичари се прскаше ѓубриво. First time I’ve seen cows as a tool of protest 🐮 Two now positioned outside Dutch parliament building. Wonder what they make of this #boerenprotest pic.twitter.com/CdxBnLU28U — anna holligan 🎙 (@annaholligan) June 28, 2022 Во вторникот лути демонстранти стигнаа пред станот на Kристијане ван дер Вал, министерка надлежна само за темата „природата и нитратите“. Функцијата е воведена минатата година со цел да се реши прашањето за премногу азотни соединенија што ја трујат природата. Од нив, 70 отсто потекнуваат токму од сточарството, а Владата единственото решение го виде во радикално намалување на сточниот фонд. – Знам какви огромни последици има за фармерите. Тоа е ужасно. Но, немаме избор. Природата не може да чека, изјави Ван дер Вал, претставувајќи го планот во Парламентот во средината на јуни. Земјата спаѓа во земјоделски колоси, каде во јужните делови бројот на свињи по квадратен километар е најголем во светот. Само САД извезуваат повеќе земјоделски производи од Холандија, гледано по вредност....
Три лица загинаа а три се во критична состојба по пукањето во трговски центар во Копенхаген
Денешен - пред 22 часа
Загинаа три лица при вчерашното пукање во трговскиот центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Убиени се двајца млади, чија возраст не е прецизно наведена, како и машко лице во своите четириесетти години. Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба. Осомничениот, 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружеше отпор, на полицијата ѝ е познат, но, „само површно“, појасни главниот инспектор на полицијата во Копенхаген, Сорен Томасен. Неговите мотиви за нападот сè уште не се целосно јасни. Сведоци тврдат дека осомничениот се обидел да ги намами жртвите да му се приближат, велејќи им оти неговото оружје не е вистинско. – Беше доволно психопат за да лови луѓе, но, не трчаше, сведочеше очевидец за телевизијата ДР. Во трговскиот центар имаше голем број луѓе, бидејќи во близина требаше да се одржи концерт на британската ѕвезда Хари Стајлс, што подоцна беше откажан. – Јас и мојот персонал се молиме за сите настрадани во трговскиот центар во Копенхаген. Згрозен сум, напиша Стајлс на Снепчет. Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди суровиот напад во трговскиот центар, каде имало возрасни луѓе, млади и деца....
ХАЈРЕДИНИ ИРОНИЧНО: Придавката македонски ќе може да се употребува слободно само пред зборовите криминал и корупција
Денешен - пред 22 часа
Придавката македонски ќе може да се употребува слободно само пред зборовите криминал и корупција, гласи ироничниот коментар на поранешниот македонски министер и аналитичар Џевдет Хајредини. Тој вака на Фејсбук ја коментира состојбата околу понудените решенија на македонско-бугарскиот спор за патот и ветото од Бугарија за Македонија во ЕУ. И вчера Хајредини реагираше на истава тема при што изјави: – Прашање е дали мораше и дали беше неопходно и најсоодветно, токму во време кога се решава еден од Бугарија наметнат чисто национален спор, министер за надворешни работи да биде еден Албанец и тоа по професија лекар, напиша Хајредини....
За 24 часа во Грција регистрирани 53 шумски пожари, евакуирани се четири села
Денешен - пред 22 часа
Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни од општините. По препорака на противпожарните служби, вчера, преку бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на четири села, превентивно да се евакуираат. Исто како и вчера, така и денеска, висока е опасноста од пожари во повеќе делови на Грција. За 24 часа, заклучно со синоќа, во земјата биле регистрирани 53 шумски пожари. Во текот на викендот во Грција пристигнаа пожарникари од Романија и Бугарија, дел од европската пилот програмата во која учествуваат над 200 пожарникари од шест европски земји, кои летово ќе им помагаат на нивните грчки колеги во гаснењето на пожарите. Пожарникарите од Романија пристигнаа во Атина, а Бугарите се распределени во градот Лариса. Во периодот јули-август пожарникари од Бугарија, Романија, Германија, Франција, Финска и Норвешка ќе бидат лоцирани и распоредени во Грција за да помогнат во противпожарната заштита и во размената на знаење и искуство со нивните грчки колеги....
Министрите за европски прашања на Финска и Ирска денеска во посета на Косово
Денешен - пред 22 часа
Косовскиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Бесник Бислими ќе се сретне денеска со две делегации од Финска и Ирска, соопшти службата за информирање на Владата на Косово. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, делегациите ги предводат финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен и ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Бирн. Во краткото соопштение од Владата во Приштина за претпладне е најавена е и прес-конференција на Бислими со министрите од Финска и Ирска....
НА УДАР И МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Софија ја уценува Тирана за влез во ЕУ со барање македонското малцинство таму да учи бугарски
Денешен - пред 22 часа
Бугарија ќе даде согласност за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Албанија само ако добие гаранции за правата на бугарското национално малцинство, стои во Рамковната позиција за проширување на ЕУ со Македонија и Албанија од октомври 2019 година, на која постојано се повикуваат бугарските власти за да го симнат ветото за Македонија. Бугарија во Рамковната позиција конкретно бара бугарското малцинство во Албанија во Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес и Елбасан да го учи, како што Бугарија вели, „бугарскиот јазик како мајчин јазик“. Станува збор за македонското малцинство во Албанија, кое Бугарија си го присвојува и тврди дека било подложено на жестока пропаганда од Титова Југославија, а по 1991 година и од Македонија. – Очекуваме правата на бугарското национално малцинство да бидат максимално гарантирани, вклучувајќи го изучувањето, без поставување административни пречки, на литературен бугарски јазик како мајчин во регионите традиционално населувани од нив, како Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес, Елбасан, но и насекаде на други места на територијата на Албанија каде што живеат во моментот. Очекуваме и пребројувањето на населението да биде спроведено согласно највисоките европски стандарди и да ја одразува реалната етничка припадност, се вели во Рамковната позиција на Бугарија. Бугарија го одобри францускиот предлог за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, а предлогот е на разгледување во Македонија, која со Албанија одат во пакет за почеток на пристапните преговори. Бугарија не признава постоење на македонскиот јазик и вели дека е дијалект на бугарскиот јазик....
НАРОДЕН БУНТ: Власта го лаже својот народ, македонскиот јазик не е гарантиран, Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците
Денешен - пред 23 часа
Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците. Ова се истакнува во денешната реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија. – Власта се фали дека е гарантиран јазикот, а тој е оспоруван, додека учебниците ќе ни ги пишува Бугарија. Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван. Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран. Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на се, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно и се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија. Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Владата која ја предводи Димитар Ковачевски, нејзините министри и претседателот Стево Пендаровски упорно го убедуваат македонскиот народ, исто како и пред потпишувањето на договорот со Грција, дека „јазикот, идентитетот и сл.“ се бетонирани. Но, народот веќе не им верува. Народот од вчера деноноќно е пред Владата, а власта повеќе сака да ги слуша амбасадорите отколку народот од чие име владеат....
РАМА ЗА ЕРГЕНЛАКОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Албанците и Македонците со години ја чекаме „невестата“ од Брисел, но таа никогаш не дојде
Денешен - пред 1 ден
Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар Де Бали (De Balie) зборувал и за „преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Македонија“. И овој пат, тој со неговиот познат вокабулар, на прашањето „што се случува меѓу Албанија и ЕУ“, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла. – Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две , не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува, рекол Рама според Ора њуз. Тој уште со став дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”. -Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние, посочил тој. Според Рама, ЕУ има Европска комисија која „се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено. – Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка, изјавил Рама....
ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ: Пендаровски, Ковачевски и Османи, упорно го повторуваат својот став, а не го гледаат ставот на народот пред Владата
Денешен - пред 1 ден
По Владата и претседателот на државата Стево Пендаровски вчера излезе со позитивен став во врска со европскиот предлог за симнување на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со ЕУ. Во врска со предлогот по состанокот на Советот за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој искажа дека тој за нив е неприфатлив. Консултациите на владините претставници во Скопје продолжуваат и денеска. Премиерот Ковачевски вчера најави средба со лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села. -Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави вчера Ковачевски по средбата со Мицкоски. Во однос на консултациите со Собранието, премиерот рече дека дискусијата во Собранието ќе се одвива во согласност со собраниските процедури, бидејќи како што рече, „Владата не може да наложува на кој начин ќе се води расправата“. Исто така се очекува, според најавaта на министерот за надвореши работи Бујар Османи од брифингот со новинарите во саботата тој денеска да има онлајн средба со неговата бугарска колешка Генчовска. По состанокот на Советот за безбедност изјава имаше претседателот на државата Стево Пендаровски. -Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност. Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог, нагласи, нема да биде ниту историски триумф на едната страна, ниту историски неуспех или дебакл за другата страна. -Со прифаќање на предлогот ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Овозможува скрининг процес, што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите – поглавја и што е најважно со ништо не го поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота, смета Пендаровски. Очекувам, предлага тој, откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, да се донесат владини заклучоци, кои во случај да се прифати овој предлог, би морале да имаат реченица плус, а таа реченица да се повтори во извештајот на Владата до Парламентот, а тоа е дека од денот кога ќе ги отвориме преговорите до денот кога ќе ги завршиме, не е битно колку години, ако има евентуално дополнителни обиди од бугарска или чија било страна во рамки на тие преговори со Европа повторно да се спомнуваат прашањата македонски идентитет, македонска историја, македонски јазик, во истиот момент, да не чекаме ни час некој друг да не блокира, туку самите да се повлечеме од тие преговори. Премиерот Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Клубот на пратеници рече дека имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно израени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. -Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси, изјави тој. Ковачевски истакна дека предлогот ги става билатералните и историските прашања надвор од преговарачката рамка. – Отворените прашања треба да бидат затворени, но за тоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и за двете страни. Европската унија посочува дека тоа треба да се реши на билатералната основа и затоа ова не е никако дел од рамката за преговори. Добрососедските односи како такви се фундамент на ЕУ. Ние сме се согласиле дека ќе го прифатиме тоа како факт уште во 2001 година кога е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во тој дух, по тој принцип и по таа воспоставена пракса наша обврска како членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи и тоа ќе го правиме преку исполнување на Договорот за добрососедство исто како што го правиме и со исполнување на Договорот од Преспа, рече премиерот. Посочи дека протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија не е нотиран и не е дел во преговарачката рамка. Тоа е билатерален документ, кој не е дел од европскиот пакет. – Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните приговори на Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Преговорите со ЕУ ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот. Сите сме свесни за чувствителноста по однос на ова прашање. Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да изберме нова неизвесност. Но, во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава, потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија грижејќи се за иднината за нашите деца. Од ова прашаење не смееме да правиме дневна политика. Ова е историски важно и стратешко прашање на кое секој политичар, граѓанин треба да му пристапи многу сериозно, кажа Ковачевски. Тој апелира сите да се држат до фактите, до официјалните документи и нивната правилна интерпретација. Ги повика сите политички чинители да ја земат предвид големината на задачата и да постапуваат конструктивно, одговорно и државнички. За Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи се неприфатливи. -Ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, овие два документи вакви какви што се се прифатливи. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. И трета работа, му понудив, ако толку верува дека е обезбеден идентитет, тогаш најпрвин во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14, рече тој по средбата. Само треба да го одбијат предлогот, да речат не бидејќи, според него, ова не се преговори, и ова не е преговарачка рамка со којашто ние обезбедуваме европска иднина туку ова е преговарачка рамка со којашто или се асимилираме и бугаризираме па така да бидеме дел од ЕУ или нема да бидеме дел од ЕУ. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за МИА истакна дека со изменетиот, прецизиран, дополнет француски предлог го добивме она за што со години се бориме, а тоа е чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, што за нас беше најважно во зачувување на нашите национални интереси. Според него, друга важна разлика од овој и претходниот предлог е тоа што преговарачкиот процес односно Меѓувладината конференција и скринингот ќе можат да се реализираме без одлагања, без дополнителни услови, без пред тоа да треба да се менува Уставот со цел внесување на трите етнички заедници. Во интервјуто тој говори и за унилатералната изјава во однос на јазикот и нејзините натамошни импликации во преговарачкиот процес. Маричиќ вели дека Бугарија има право да поднесе унилатерална нота, мислење, како што и секоја друга земја го има тоа право. -Тоа ќе го направи на првиот состанок на меѓувладината конференција, со давање изјава која ќе биде ставена во записникот на состанокот. И ова ќе се случи само еднаш, со што прашањето за македонскиот јазик ќе се затвори и веќе нема да се отвора. Во записникот на отворањето на преговорите двете ноти, и нашата и бугарската, ќе бидат забележени. Но, најважно е дека ние процесот на преговори ќе го водиме внатре во ЕУ институциите на македонски јазик, преговарачката рамка, сите документи ќе се преведуваат на македонски јазик, без додавки, без фусноти, без ѕвездички – чист, признаен и од цела Европа потврден македонски јазик, нагласува Маричиќ. Доказ за признавањето и користењето на македонскиот јазик во ЕУ, ќе биде Договорот за ФРОНТЕКС, кој повеќе од три години не е потпишан, со стандардна клаузула на македонски јазик. -Ако се согласиме со овој предлог добиваме чиста формулација за македонскиот јазик во ЕУ, историските прашања и Протоколот излегуваат од преговарачката рамка и имаме механизми за решавање на прашањата со Бугарија од кои нема отстапување и можност за дополнителни забелешки или барања, вели Маричиќ. Пред Владата во Скопје синоќа продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Во врска со случувањата поврзани со европскиот предлог вчера се огласи американската амбасадорка во земјата, но и албанскиот премиер Еди Рама. САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори, порача синоќа американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз. -САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред, порача Брнз во објавата, која беше објавена на Фејсбук страницата на американската Амбасада. Пораката на албанскиот премиер Еди Рама е дека Скопје треба да го прифати предлогот за деблокада на евроинтеграциите, да ја искористи шансата и оти не смее да дозволи да остане прд вратата на ЕУ уште 17 години. – Ви велам, прифатете го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега, порача Рама во интервју за Канал 5....
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОЈ НЕ ГО ПРАШУВА: Државниот врв продолжува консултации сам со себе, денеска средба на Ковачевски со Села
Денешен - пред 1 ден
Продолжуваат консултациите за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската унија. За денеска во 11 часот во Клубот на пратениците е закажана средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Премиерот Ковачевски вчера во изјава за медиумите потврди дека имал телефонски разговор со Села и најави дека најверојатно денеска ќе му го презентира францускиот предлог. Широките консултации за францускиот предлог почнаа во петокот најпрво со коалиционите партнери во Владата, од кои дел веќе се изјаснија позитивно за предлогот, а дел се очекува тоа да го сторат во следниот период. Вчера, премиерот Ковачевски имаше средба и со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. За ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е неприфатлив. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена. Францускиот предлог вчера беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свика претседателот на државата Стево Пендаровски. Шефот на државата по седницата на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е прифатлив. Со прифаќањето на предлогот, како што наведе, ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Се овозможува скрининг процес, што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите – поглавја и она што е најважно, како што рече, е тоа што со ништо не се поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота. Францускиот предлог во земјава пристигна во четвртокот по што премиерот Ковачевски најави широк консултативен процес со владината коалиција, претседателот на државата, Парламентот, опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата....
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево и топло до 38 степени, попладне локален пороен дожд, бран освежување стигнува кон крајот од неделава
Денешен - пред 1 ден
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени. До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. В петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури....
Астрономски календар: Денов трае 15 часа и 10 минути, а ноќта е зголемена за 5 минути
Денешен - пред 1 ден
Денеска е понеделник, 4 јули 2022 година, 180-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 185 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и 52 минути, а ќе зајде во 23 часот и 35 минути....
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченик Јулијан Тарсиски
Денешен - пред 1 ден
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јуни. Денеска е Св. маченик Јулијан Тарсиски. Свети Јулијан беше Киликиец од градот Тарс, родното место на апостолот Павле, а живееше во втората половина на третиот век. Мајка му го воспитуваше (хранеше) со Небесниот леб, па така овој израсна во мерката на совршен маж. Кога настана гонењето при Диоклецијан (284-305), Јулијан беше затворен како христијанин. Го водеа од град во град по Киликија скоро цела година, честопати ставајќи го на маки, но Јулијан сé издржуваше со силата што му ја даваше Христос. Во една прилика неговата мајка го посети во затворот и го утврдуваше да истрае во своето сведоштво за Христа, а кога управникот дозна за тоа ја фрли и неа в затвор. Најпосле, свети Јулијан беше удавен во морето, а наскоро маченичка смрт претрпе и неговата мајка. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Елизабета Португалска. Била родена во 1271 година во Арагонија. Се омажила за кралот Дионизиј. Кога умрел нејзиниот маж, своето богатство им го поделила на сиромашните луѓе. Стапила во редот на сестрите на свети Фрањо од Асизи. Умрела во 1336 година....