Шарл Мишел во еднодневна посета на Скопје
Опсервер - ново
Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел денеска е во еднодневна посета на Република Македонија. Како што соопшти владината прес служба, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција. Целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Македонија....
Украинските сили на нови позиции во Доњецк, се чека помош во оружје за контраофанзива на југот од земјата
Опсервер - ново
По падот на регионот Луганск украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата. Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск, градот со чие заземање Русија ја презеде контролата врз Луганск, изјави дека битката им овозможила на украинските сили да воспостават позиции во Доњецк со цел „да ја отежнат ситуацијата за Русите таму“. Хајдај уште еднаш побара од сојузниците на Украина на Запад да испратат повеќе оружје, тврдејќи дека украинската армија ќе започне контраофанзива штом ќе има доволно оружје со долг дострел. „Руската тактика ќе биде иста. Прво со артилерија ќе пукаат на се, но тешко ќе освојуваат територија, изјави Хајдај. Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина се надева дека ќе покрене контраофанзива на југот на земјата. Според него, заземањето на Лисичанск е последна победа на Русите на украинска територија. „Тоа беа градови со средна големина (Северодоњек и Лисичанск), а за нив им требаше време од 4 април до 4 јули, тоа се 90 дена. Толку многу загуби…”, рече Арестович. „Заземањето на градовите на исток значи дека 60 отсто од руските сили сега се концентрирани таму и ќе им биде тешко да ги пренасочат кон југ, а нема повеќе сили што можат да ги донесат од Русија. Тие платија висока цена за Северодонецк и Лисичанск“, рече советникот на Зеленски. Самиот претседател Зеленски синоќа изјави дека украинските сили продолжуваат да се борат и покрај повлекувањето од Лисичанск. „Нашите оружени сили одговараат, возвраќаат и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Мораме да ги скршиме. Тоа ќе биде тешка задача која бара време и натчовечки напори, но немаме алтернативи“, рече Зеленски....
Во вооружениот инцидент во Чикаго загинаа шест, а повредени се 36 луѓе
Опсервер - ново
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 36 се повредени, меѓу кои и двајца полицајци од Филаделфија, во вчерашниот вооружен инцидент во предградие на Чикаго. Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк. Тој од покривот на зграда отворил оган врз луѓето што ја следеа парадата по повод Денот на независноста на САД. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк....
Ајфеловата кула може да се урне, без итни поправки
Опсервер - ново
Од 2010 година, Ајфеловата кула во Париз прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа може да се урне, повикувајќи се на доверливи документи, пишува списанието „Маријан“. Се истакнува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба – „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен споменикот доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата отпаѓа од застареноста. Во 2018 година, почна 20-то реновирање на кулата – за Олимпијадата во 2024., што вклучуваше чистење на една третина од структурата и нанесување на два слоја нова боја, за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата на коронавирус, работата мораше да се одложи… Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само пет отсто од Ајфеловата кула. – Веројатно нема да падне утре изутрина, но навистина не е во многу добра состојба, изјави официјален претставник за весникот, кој претпочита да остане анонимен. Фирмата „Сете“, која раководи со атракцијата, не сака да ја затвора подолг временски период поради поправки, бидејќи тоа би довело до губење на приходите. Ајфеловата кула е четвртото најпосетувано место во Париз, по „Дизниленд“, „Лувр“ и Версај....
Прогласена вонредна ситуација во Австралија, наредена евакуација на 50 илјади жители од поплавните подрачја
Опсервер - пред 17 минути
Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс. Одлуката донесена синоќа треба да го олесни начинот како во најбрз можен рок да се активираат фондовите за помош при елементарни непогоди и помошта да стигне до настраданите подрачја. Инаку, обилните врнежи уште од петокот зафатија поголем дел од најбројниот град на континентот. Во одредени делови на Сиднеј како и на други места за четири дена наврнал дожд колку што е просекот на Лондон за цела година. Од рано изутринава се спроведува евакуација на околу 50 илјади жители, додека стотици луѓе побарале медицинска помош во текот на ноќта. Телефонските линии на Службите за итна помош се усвитиле од бројните повици за помош од стихијата што остави 20 илјади станбени објекти без напојување со електрична енергија, додека цели станбени области се неколку метри под вода. Некои од областите зафатени со невремето се уште не ги имаат санирано штетите настанати од поплавите од февруари и март годинава. Советот за климатски промени смета дека токму промените во климата се фактор што придонесува за интензивните врнежи и екстремно високите температури во Австралија забележани последните години. Во средината на јануари големи делови на Австралија беа зафатени од топлотен бран со температури од над 50 степени Целзиусови измерени во западните делови на земјата....
Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска
Опсервер - пред 41 минути
Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО. Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци. Потпишувањето на протоколите за покана беа пролонгирани поради спротивставувањето на Турција и обвинувањето на Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи. Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје....
Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго
Опсервер - пред 41 минути
Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничениот за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд Парк при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк....
Шведската премиерка Андерсон вети поддршка за Киев и нови санкции кон Русија
Опсервер - пред 49 минути
Шведската премиерка Магдалена Андерсон вчера беше во посета на Киев и едно од неговите разурнати предградија од каде повика на засилување на европската поддршка за Украина и воведување нови санкции кон Русија, чија војска напредува на истокот од Украина. -Не треба да дозволиме Русија да оствари напредок благодарение на кршењето на меѓународото право и другите основни принципи, рече Андерсон на заедничката прес конференција со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Таа додаде дека најдобар начин да се добие војната е засилување на поддршката за Украина и зголемување на притисокот врз Русија преку нови саниции. „Нашите напори треба да продолжат колку што ќе биде потребно“, рече таа, оценувајќи дека Украина ги брани заедничките европски вредности. По посетата на разурнари места во предградие на Киев таа кажа дека ја осудува „безумната и свирепа руска агресија, убивањето цивили, меѓу кои има и многу деца. Шведската премиерка кажа дека нејзината земја исто така ќе учесртвува во идната реконструкација на Украина....
Захарова: Москва би можела да и врати на цела ЕУ поради протерувањето на дипломатите од Бугарија
Опсервер - пред 53 минути
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва би можела да и врати на цела Европска Унија поради протерувањето на 70 руски дипломати. Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор, посочи Захарова. Таа ги повика Софија и ЕУ „да размислат за принципот на реципроцитет што е основа на дипломатските односи“. – Европската дипломатија треба да разбере дека непромислената поддршка на антируските акции од различни земји-членки ја принудува ЕУ да преземе одговорност за последиците, вклучително и кога станува збор за одмазднички мерки од наша страна, наведе Захарова. Седумдесет вработени во руските дипломатските претставништва пред два дена ја напуштија Бугарија поради обвинувања за шпионажа. Со нив заминаа и нивните семејства, а вкупниот број луѓе кои ја напуштија земјата изнесува околу 200. Тоа е досега најголем број протерани дипломати од Бугарија, членка на ЕУ и на НАТО, но традиционално блиска до Русија. ЕУ го изрази своето жалење за „неоправданата закана на Русија да ги прекине дипломатските врски со Бугарија“. Голем број европски земји протераа руски дипломати по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, а Москва возврати со слични мерки....
Чавушоглу: Ереван да биде домаќин на првата рунда од преговорите за нормализација на односите меѓу Труција и Ерменија
Опсервер - пред 1 час
Турција синоќа и понуди на Ерменија првата рунда преговори за нормализација на односите меѓу двете земји да се одржи во Ереван, јавува турската агенција Анадолу. -Ние и понудивме на Ерменија првиот состанок да може да се одржи во Ереван, но Ерменија сè уште не е подготвена за тоа поради внатрешни притисоци, рече шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на заедничката конференција на министрите за внатрешни работи и надворешни работи на Турција и Австрија во Анкара. Чавушоглу изјави дека ерменската дијаспора е поделена во однос на процесот на нормализација на турско-ерменските односи. Тој додаде дека во Ерменија имало демонстрации на одредени екстремистички групи во врска со процесот. Чавушоглу изјави дека Турција се консултира со Азербејџан за секоја фаза од процесот на нормализација и дека сака „процесот да продолжи постепено“. Тој рече дека Турција ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Ерменија и Азербејџан. Турското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека ерменскиот и турскиот претставник за нормализација на билатералните односи се договориле на состанокот во Виена „што е можно поскоро“ да се отвори копнената граница меѓу двете земји за граѓаните на трети земји....
Заврши меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“
Опсервер - пред 1 час
Со врачување на наградите од традиционалниот конкурс на „Битолски книжевен круг“ и со промоција на наградени книги, заврши 11. Меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ организирана од Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, финансиски поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес, како и со поддршка од Општина Битола. На манифестацијата учествуваа истакнати писатели од Друштвото на писателите на Македонија, како и од Саудиска Арабија, Италија, Шпанија, Франција, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Холандија, Бугарија, Западен Бенгал (Индија), Романија, Германија, Словачка и Кина. Годинашен добитник на наградата „Книжевен круг за проза“ е Јована Матевска-Атанасова, книгата „Премолчено пладне“ од Никола Илијовски е наградена со „Книжевен круг за поезија“, а книгата „Книжевно-критички читања“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Книжевен круг за критика“. Со одлука на организаторот, книгата „Денот кога го изедовме Бога“ од Гордана Јовиќ-Стојковска е добитник на наградата за книга на македонски јазик од странски автор. Организаторите информираа дека традиционалните награди „Мозаик“ за достигнувања на странски автори годинава им беа доделени на писателите Виктор Радун Теон од Србија, Катја Ерменкова од Бугарија и Звонко Танески од Словачка. Во рамки на манифестацијата беше претставена изложба на Симонида Филипова Китановска – професионален уметник и член на ДЛУМ, а за учесниците и гостите на манифестацијата следеа музички колажи на познати композиции во изведба на м-р Марија Шамоска Буџаковски-пијано и професорката Светлана Богданоска Ристоски, флејта. Организацискиот одбор на манифестацијата, писателките професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, Елизабета Јончиќ и Весна Мундишевска-Велјановска на учесниците им приредија посета и проштека низ Националниот парк „Пелистер“ и познатата Историска патека од Првата Светска Војна 1914-1918, што се наоѓа на планината Баба....
За францускиот предлог дебата и во Собранието, продолжуваат реакциите за и против
Опсервер - пред 1 час
Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија. Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. -Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци. Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната, изјави вчера за МИА Маја Морачанин од ДОМ, пренесувајќи дека на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата. Трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., рече Морачанин за МИА. Од Демократскиот сојуз, во соопштение по седница на партиското претседателство, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. -Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл, стои во заклучоците од ДС, од каде нагласуваат дека не смеат да се прифатат разговори за македонските ревулуционери. Бараат и да се се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонските национални празници. Од ДС порачуваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Според ДС, во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. За предложената Преговарачка рамка, велат од ДС, да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Лидерите на ДОМ, Маја Морачанин, на Демократски сојуз, Павле Трајанов и на Либерално-демократската партија Горан Милевски, вчера имаа средба и со претседателот Пендаровски пред кого ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, кој по седницата на Советот за безбедност објави дека предлогот е прифатлив. Во рамки на широките консултации за предлогот Ковачевски вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои. Најави дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став како партија. -Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии. Јасни сме биле и кога сме давале поддршка и за членување на државата во НАТО. Мислам дека АА е главниот чинител кој ги почна овие промени за да денеска ние бидеме дел од НАТО-Алијансата и граѓаните да се чувствуваат посигурни побезбедни во време на оваа воена криза која се случува помеѓу Русија и Украина, изјави Села. Тој информираше дека дел од дебатата со премиерот била и во врска со македонскиот јазик. Посочи дека имаат разбирање за емоционалното чувство на секој граѓанин, но и дека, како што рече, дефиницијата за јазикот којшто го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик, е омаловажувачка за Албанците и дека во ситуација кога ќе се отворат уставните измени, треба да се има предвид тоа и во Уставот да стои албански јазик. – Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова како политичка партија. И сакам да ја искористам можноста да и пратам апел на ДУИ и тие да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција, рече Села. И од движењето БЕСА, од каде веќе се изјаснија дека за нив е прифатлив францускиот предлог, исто така бараат за време на уставните измени да се отстрани делот 20 проценти и да пишува албански јазик. -Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“, наведоа од БЕСА од каде го повторија барањето за предвремени парламентарни избори бидејќи сметаат дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вчера побара Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот. Предлогот, како што рече, „не треба да помине во Собранието, а и да помине тоа ќе биде на сила“. Извршниот одбор на владејачката СДСМ, пак, вчера оцени дека предлогот е добра основа и, како што информираа од партијата, целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. -Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена, наведоа од СДСМ. Во меѓувреме, пораки и поддршка за прифаќање на предлогот упатија министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен во рамки на нивната заедничка посета на државата. -Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави Бирн на заедничка прес-конференција со Маричиќ и Тупураинен. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. И според финската министерка за европски прашања со преговарачката рамка целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, рече Тупураинен. Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак оцени дека би била вистинска штета и за државата и за идните генерации да го пропуштиме овој момент сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. -Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече Маричиќ пораќувајќи дека не момент за непотребно одлагање, туку за разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. -Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, во одговор на прашање од МИА Од генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, пак, одговорија, дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. Во Скопје во изминатите три дена се одржаа протести за отфрлање на францускиот предлог, а учесниците кои официјално немаат организатор но се поддржани од политички партии и граѓански организации, сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
„Проект 4“ – групна изложба на ликовни уметници од Србија
Опсервер - пред 1 час
Во организација на Културно-информативен центар – Скопје вечер ќе биде отворена групната изложба „Проект 4“ на ликовните уметници од Србија – Татјана Армуш, Данијела Тасиќ Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ. Изложбата ќе биде отворена до 23-ти месецов. – Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од сето тоа, ништо не постои. Оваа четворка може и во повеќедимензионалниот систем, не ограничена повеќе со времето и просторот, да превземе некои нови облици, преку реализацијата на почетокот на едно ново заедништво, обидувајќи се да го пренебрегне сето она време што постои како вакуум зад сите нас. Минувајќи низ магловити предели, над плавите хоризонти, водена со колоритни патишта во црно бели констатации, оваа поставка претставува постоење на различни патишта до исти сознанија: дека само движењето е живот, движењето не како инерција туку како свесно вложен напор према сознавањето на светот околу себе и во себе, се вели во најавата за групната изложба. од КИЦ посочуваат дка со оваа поставка во новиот простор, со димензија на времето кое во себе ги содржи сите потенциални енергии за реализација на скоковите, преку и покрај наметнатите пониски енергетски битствувања, Проектот 4 не постои како фиксна, непроменлива детерминанта, туку го започнува својот пат на излез од зададените ни форми. Татјана Армуш е родена 1986 година во Сомбор (Србија) каде завршува основно училиште и средна школа. Дипломирала 2009. година на Факултетот на уметности во Приштина (со седиште во Звечани) на смерот Ликовна графика во класата на професорот Зоран Јовановиќ – Добротина. Реализирала три самостојни изложби и изложувала на повеќе колективни во Сомбор, Нови Сад, Белград, Косовска Митровица и Грачаница. Данијела Тасиќ Цветковиќ е родена 1974 година во Оџаци. Завршила Гимназија „Вељко Петровиќ“ во Сомбор. После завршувањето на ВШЛИПУ во Белград, запишува Факултет за ликовна уметност, одсек сликарство. Дипломирала 2003 година, а магистрирала 2007 на истиот факултет во класата на професорот Јован Сивачки. Член е на УЛУС од 2003 Добитничка е на неколку награди за сликарство во текот на студиите и награда на Сомборскиот Ликовен салон 2017 година. Често учествувала на групни изложби, а излага и самостојно. Мила Алексиќ живее и работи во Сомбор, учествувала на повеќе заеднички изложби и реализирала една самостојна. Се бави со самоистражување низ концептот на монохромни инсталации и записи. Татјана Димитријевиќ е родена 1965 година во Сомбор, Србија. Дипломирала 1988 на Академијата на ликовна уметност во Нови Сад, на отескот за сликарство, во класата на професорот Душан Тодоровиќ. Изложувала самостојно и на бројни колективни изложби во земјата и странство (Италија, Норвешка, Француска, Швајцарија), учествувала и на повеќе собири на ликовни колонии. Од 2009 до 2018 година ја реализирала Street art акцијата на плоштадот Св.Тројство во Сомбор....
Карванот за вториот повик за социјални услуги на локално ниво во Гевгелија и Прилеп
Опсервер - пред 1 час
Карванот за презентација на вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво денеска ќе биде во Гевгелија за Југоисточниот и во Прилеп за Пелагонискиот плански регион. Како што информираат од МТСП, општините треба да изразат интерес за учество на јавниот повик, почнувајќи од 1 јули 2022 година. По завршувањето на овој процес ќе биде отворен јавниот повик за доделување грантови на општините. Заинтересираните општини за учество ќе добијат и бесплатна експертска помош за подготовка на проектните предлози. Вториот повик за развој на социјални услуги на локално ниво е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Преку овој проект со доделување на грантови ќе се придонесе за проширување на понудата на социјалните услуги. Идејата е преку овој проект во рамки на севкупната социјална реформа да се креираат нови социјални услуги, да се подобри нивниот квалитет и да се зголеми опфатот на корисници. Во Велес и во Штип за Вардарскиот и за Источниот плански регион презентациите ќе се одржат на 6 јули, а на 7 јули во Гостивар за Полошкиот и во Охрид за Југоисточниот плански регион. Презентацијата за Скопскиот регион ќе се одржи во главниот град на 8 јули 2022 година. Минатата недела, вториот јавен повик за финансирање на развој на социјални услуги на локално ниво беше презентиран пред претставници на Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Од МТСП информираат дека досега, преку првиот јавен повик за доделување грантови се реализираа 22 проекти во 27 општини. Од нив, 16 се за помош на нега во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект е наменет за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 546 корисници, а дополнителен бенефит е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки. Социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика се темели на четири постулати – плурализација, преку која покрај државата, се овозможува вклучување и на други субјекти во давањето на услугата со што се збогатува понудата; инклузија – преку што се менува традиционалниот пасивен, во активен пристап; деинституционализација, која е еден од главните столбови на Законот за социјална заштита; и децентрализација, со што во процесот на социјални услуги се вклучуваат и општините...
Стевановиќ: Пораст на КОВИД случаите поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани
Опсервер - пред 1 час
Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика. -Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ. Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186. Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице. Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз....
Дискусија за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност
Опсервер - пред 1 час
Во рамки на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ денеска во Јавна соба ќе се одржи јавен настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни. -Во рамки на настанот ќе дебатираат младински, како и претставници на бизнис секторот, а настанот има за цел да даде придонес и поддршка преку јавна дискусија и заклучоци на темите какви младински профили му се потребни на пазарот на труд, но и како компаниите се очекува да инвестираат во прилагодување на новите работни места, односно во развој на соодветните вештини и знаења кои првенствено се однесуваат на младите луѓе и професиите на иднината, информираат организаторите на настанот. Главен предизвик на настанот е идентификување на потребите и ставовите на младите луѓе, односно нивните очекувања од работодавачите, а со цел поголем интерес за нивно аплицирање и вклучување на македонскиот, наместо само на пазарите на труд на земјите од светот. -Во оваа смисла, сметаме дека е особено важно кај директните корисници, но и помеѓу општата јавност да се разговара за барањата и потребите на младите да ги креираат условите и начините на работа и работните место со крајна цел поврзување и задоволство кај двете страни на пазарот на трудот, се вели во соопштението. Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини денес“ се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Овој проект е финансиран од Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и три други партнерски организации од регионот....
Претпладне сончево, попладне можна појава на краткотрајно невреме
Опсервер - пред 1 час
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот....
Амбасадата на Шведска организира настан „Шведска во Градскиот парк“
Опсервер - пред 1 час
Амбасадата на Шведска во Северна Македонија денеска организира настан под отворено небо „Шведска во Градскиот парк“. Настанот ќе се одржи на „Школка“. -Програмата вклучува разновидни активности, и за возрасните и за децата, поделени во пет тематски катчиња: демократија, родова еднаквост, животна средина, култура и безбедност во сообраќајот, кои соодветствуваат на приоритетните тематски области на кои работи Шведска, информираат од Амбасадата. Предвидени се и работилници за реупотреба и рециклирање на отпад, ќе се игра подната игра „Елекшнвил“, предвидени се и кратки дискусии насловени „Ајде да зборуваме за…“ отпадот, родовата еднаквост и улогата на татковците, за младинското учество, кои се отворени за сите посетители, а во катчето за култура ќе се играат шведски друштвени игри, шведска музика, и танци кои се типични за шведскиот празник со кој се слави летото – „Мидсомар“. Посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата „Ре:Отпад“, како и изложбата „Македонски татковци“ која е сочинета од фотографии кои татковци од повеќе места во земјата ги испратија на наградниот фото конкурс на Амбасадата, а посетителите ќе можат да гласаат за најдобрата фотографија, при што врз основа на гласањето, три фотографии ќе бидат наградени. На крајот на програмата, вечерва ќе биде прикажан филмот „Велосипеди Vs Автомобили“....
На денешен ден
Опсервер - пред 1 час
1783.- Во Роан е роден Шарл Луј Авас, француски писател, новинар, основач на новинската агенција „Авас“. Авас го осмислила новиот концепт на специфичното агенциско новинарство. Агенцијата Авас е најстара во светот, која тој ја основал во 1835 година. Како новинска агенција Авас постоела до 1945 година, кога била национализирана по падот на вишискиот режим во Франција. Од неа израснала денешната француска новинска агенција „Франс прес“. 1811.- Венецуела станала првата јужноамериканска држава која прогласила независност од шпанските колонијални власти. Била шпанска колонија од 1498 година. Таа била најбогата земја во Латинска Америка, со најголем национален доход по жител. – Национален празник на Венецуела. 1830.- Француските колонијални трупи го зазеле градот Алжир во Алжир, тогаш под Османлиско царство. Алжир останал под француска управа до 1962 година, кога по ослободителната војна се изборил за независност. 1833.- Умрел францускиот хемичар Жозеф Нисефор Ниепс, пионер на фотографијата. Усовршувајќи ја литографијата од 1813 до 1820 година, прв во светот успел да фиксира слика добиена во темна комора со помош на посребрени бакарни плочки прекриени со чувствителен слој на асфалтен лак. 1879.- Роден е американскиот тенисер и политичар Двајт Дејвис, кој во 1900 година го основал тенискиот натпревар на нациите „Дејвис куп“. Бил министер за војна од 1925 до 1929 година. 1880.- Роден е чешкиот виолинист и композитор Јан Кубелик, кој почнал да настапува на осумгодишна возраст, стекнувајќи се со углед на еден од најголемите виолински виртуози на своето време. Дела: „Американска симфонија во a-mol“, шест концерти за виолина и оркестар, симфониски варијации за виолина и камерен оркестар, кратки композиции за виолина и клавир. 1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој поминал низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет и мело-драма, до комедии и класични трагедии. Од 1955 година бил член на Француската акдемија на науките. Умрел на 11 октомври 1963 година. 1891.- Роден е Аугустин – Тин Уевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Творештвото му се одликува со оригинален поетски израз, префинет сензибилитет, длабоко проникнување во душата, со богатство на јазикот и на поетските слики. Познати се неговите стихозбирки „Лелек на ратајот“, „Медал“, „Песни“ и „Жеден камен на кладенец“. Умрел во Загреб, на 2 ноември 1955 година. 1911.- Роден е францускиот државник Жорж Помпиду, претседател на Франција од 1969 до 1974 година. Шеф на државата станал по оставката на Шарл де Гол. Од 1962 до 1968 година бил претседател на владата. 1943.- Почнала Курската битка во која учествувале околу 6.000 тенкови од германска и советска страна. Иако Германија ангажирала 50 девизии во кои имало 14 оклопни и две моторизирани, таа сепак претрпела пораз, губејќи половина милион војници и 2.900 тенкови. 1954.- Во Мемфис, САД, Елвис Присли ја снимил песната „Се е в ред мамо“. Овој датум се смета за почеток на рокен-рол музиката. 1980.- Шведскиот тенисер Бјорн Борг по петти пат непрекинато победил на турнирот во Вимблдон, што на никому дотогаш не му успеало. 1988.- Во Скопје умрела Драга Чаловска – Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена била во Битола, на 13 октомври 1923 година. 1990.- Во Битола умрела Мара Георгиева, македонска артистка, доајен на Народниот театар во Битола, прва „госпоѓа министерка“ на македонски јазик. 1998.- Во Прилеп умрел Борка Талески, член на првата група професори што почнала со работа во гимназијата во Прилеп, во 1945 година. Предавал латински јазик, руски јазик, филозофија. Ценет бил меѓу колегите, меѓу учениците и често ја употребувал сентенцијата „Славата на ученикот е слава на учителот“. Прилепчани го нарекувале граѓанин на Прилеп. Роден бил во селото Вранче, Прилепско, на 15 март 1915 година. 2000.- Во Скопје, во издание на ДНИД „Огледало“ Д.О.О., излегол првиот број на дневниот весник „Вест“. Како печатена верзија згаснал во април 2017 година. 2006.- Умрел основачот на американската корпорација „Енорн“ Кенет Леј, кој еден месец претходно бил обвинет за банкротот на овој енергетски гигант. „Енрон“, некогаш седма најголема компанија во САД, банкротирала за нешто помалку од три мсеци по терористичките напади на 11 септември во 2001 година во Њујорк. 2014.- Во Киев на 79-годишна возраст почина митрополитот на Киев и на цела Украина Володимир. Станал митрополит на Киев и на цела Украина на 27 мај 1992 година. Тој ја предводел црквата во Украина во еден подолг и многу сложен период – прво по распадот на СССР, потоа за време на црковниот раскол во земјата, а во последните месеци и при распламтувањето на украинската криза. Митрополитот Володимир, чие световно име е Виктор Макрианович Сабодан, бил роден на 23 ноември 1935 година во украинското село Марковци....
Астрономски календар
Опсервер - пред 1 час
Денеска е вторник, 5 јули 2022 година, 181-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 184 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот и 56 минути, а ќе зајде во 23 часот и 56 минути....
Од верските календари
Опсервер - пред 1 час
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски. Свети Евсевиј живееше во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси. Свети Евсевиј во тоа време беше епископ во градот Самосат, во Антиохиската област. Во текот на долги години додека на царскиот престол се менуваа цареви аријанци, Евсевиј истрајуваше во правото исповедање на верата. Од таа причина беше испратен и во прогонство. По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, умре од раната што му ја нанесе една жена аријанка. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Кирил и Методиј. Живееле во деветтиот век. Биле родени во Солун. На повик на кнезот Ратислав ја ширеле верата во Моравија. Искоренувајќи ги поганските заблуди, тие го натерале народот да се откаже од паганските обичаи. Литургиските книги напишани според глаголското писмо, тие ги превеле на старословенски јазик. Свети Кирил умрел во Рим во 869 година, а Методиј станал бискуп. Отишол во Панонија и започнал да го проповедува Евангелието. Свети Методиј умрел во 885 година во Велеград....
Николоски: Договорот поставува преседан за Македонија, доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со ЕУ, туку Ковачевски и Османи одат во Брисел на сликање
Опсервер - пред 8 часа
Мислам дека народот веќе доволно добро знае за предлогот, веќе некаде 2 недели до 20 дена предлогот во една или во друга форма го има. Пред се сакам да ви се заблагодарам на вас медиумите, а и на вас Алфа телевизија што детално го објаснува предлогот со цел луѓето да знаат што е штетноста во истиот. Народот треба да знае што е суштината во овој договор и каде би можело ВМРО-ДПМНЕ да реагира, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија. Николоски посочи дека Договорот поставува преседан за Македонија, затоа што јавноста треба да знае дека доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со Европската Унија туку само ќе ги викнат во Брисел на сликање. „Значи доколку Владата го прифати договорот Македонија не почнува преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на едно сликање каде ќе ручаат еден ручек и ќе се вратат назад. Откако ќе се вратат назад за Македонија да почне преговори, треба да се промени Уставот, а за да се промени Уставот потребно е 2/3 мнозинство каде е клучно ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви гарантирам и давам збор вечерва дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот. Доколку не се случи промената на Уставот, тогаш сите тие други работи кои се напишани во тој договор не важат затоа што тоа е услов за влез во договорот“, рече Николоски. Николоски потенцираше дека клучниот фокус е кон спречување на промената на Уставот. Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека нема да се случат Уставни измени. Што значи дека без Уставни измени договорот не важи. „Нам уште по лесно ќе ни е ако имаме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 пратеници односно апсолутно мнозинство, тогаш ни постапка за промена на Устав нема да почне. Ако нема предвремени избори и ако пробаат во овој пратенички состав тоа да го тераат тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и пак нема да се случат Уставните измени“, кажа Николоски. „Апсолутно Македонија треба да стане членка на Европската Унија, но треба да сме свесни дека никој не врши притисок врз Бугарија. Најдобар доказ дека никој не врши притисок врз Бугарија е што сите бугарски позиции се во Предлогот и при тоа ниедна македонска. Зошто е тоа така ? Затоа што Владата на Заев и Ковачевски и на СДСМ и ДУИ е корумпирана, а во Европска Унија на иста маса со корумпиран политичар не седнуваат. Дури и сега нема да седнат на иста маса и лажат дека ќе почнат преговори. Зошто? Затоа што има висок степен на корупција“, изјави Николоски. Николоски заклучи дека за да се спасат од одговорност прават пропаганда, дека готово утре почнуваме преговори. Не почнуваат проговори и нема да има никакви мултиетнички тензии, а единствените тензии кои ќе ги има се кај него затоа ќе ја изгуби министерската позиција. Во кариерата ќе има тензии, ама во државата нема да има....
Николоски: Владата требаше да си даде оставка, три дена по ред доаѓа народ и бара оставка
Опсервер - пред 9 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа, ги коментираше протестите кои одржуваат против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и рече дека е многу среќен што десетици илјади граѓани ги поддржуваат истите тие протести и убеден дека доколку економските услови во Македонија, да можеа луѓето да си дозволат да ставаат бензин во своите автомобили, ќе имаше и стотици илјади затоа што врие кај Македонецот, но врие и во другите градови во Македонија. Николоски ги коментираше и денешните инциденти пред владата. – Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство – рече Николоски. Николоски во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан. – За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот – заклучи Николоски....
Извршен одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции и почеток на преговори за полноправно членство
Опсервер - пред 9 часа
– Извршниот одбор на СДСМ попладнево на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци: 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки СДСМ Центар за комуникации со јавноста...
ДУИ го осудува антиевропското насилство на проруските елементи
Опсервер - пред 10 часа
Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието. Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните. Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас....
Протести во Скопје за отфрлање на францускиот предлог
Опсервер - пред 10 часа
– Пред Владата и Собранието вечерва се одржаа протести преку кои беше побарано отфрлање на францускиот предлог за деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, кој според учесниците, е штетен за државава. Во тек на протестите дел од учесниците ги пробија заштитните огради од пред зградите на Владата и на Собранието, кон кои беа фрлани јајца, шишиња, петарди и се бараа оставки. Протестот стартуваше пред зградата на Владата, од каде дел од учесниците потоа се упатија пред Собранието. Владејачката СДСМ соопшти дека го осудува насилството и инцидентите што, како што наведе, вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. -Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, наведоа од СДСМ. Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Опсервер - пред 10 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што соопшти МНР, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори. -Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење, нагласи Османи, информира во соопштение МНР. Од МНР истакнуваат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
Маричиќ: Кога имаме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, вреди да се разгледа сериозно
Опсервер - пред 10 часа
– Разговорите и консултациите за францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ ќе продолжат на повеќе нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на брифинг со уредници. Тој ја најави и утрешната официјална посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. – Сè уште трае фазата на консултации. Работиме интензивно на разгледување и на консултации на овој предлог за донесување на соодветна одлука во наредните денови. На седница на Влада ќе видиме и ќе разгледуваме во која форма и како ќе се дејствува понатаму. Ние не се обврзавме со конкретни временски рокови, но секој ден некој, ми замерија и јавно дека премногу сум форсирал да побрзаме, но ние чекаме веќе 17 години. И во ситуација кога имаме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, мислам дека е пакет кој вреди да се разгледа сериозно, рече Маричиќ. На прашањето кога и како ќе започне процесот тој одговори дека секои преговори почнуваат со прва меѓувладина конференција на којашто се усвојува преговарачката рамка, се чита „опенинг стејтмент“ или онаа формална изјава за отворање на преговорите од двете страни и се носи одлука за почеток на скринингот. – Скринингот е почетна фаза на преговорите, тоа не е надвор од преговорите, во таа почетна фаза на преговорите имаме задача ние со Европската Комисија и државите членки на ЕУ да го прегледаме нашето законодавство колку е усогласено, но и практиките колку се усогласени со европските. Врз основа на тој скрининг се прават извештаи коишто го даваат патот за како се отвораат и како се движат и затвораат Поглавјата и Кластерите, објасни Маричиќ, додавајќи дека со овој предлог го добиваме она што сметавме дека ни припаѓа, а тоа е почеток на преговорите на оваа првична фаза, на скринингот....
Општина Гостивар официјално ја отвори летната школа „ГОСТИВАР 2022“
Опсервер - пред 10 часа
Со пригодна свеченост, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, свечено ја отвори Летната школа „Гостивар 2022“, организација која за прв пат доаѓа во општина Гостивар. На Летната школа ќе учествуваат повеќе од 720 ученици и повеќе од 40 инструктори од различни професии, кои денеска меѓусебно се запознаа. Настанот има за цел да ги вклучи децата на возраст од 7-14 години во различни активности во текот на летото. Целта на Летната школа е и откривање на новите таленти на градот во различни области. Летната школа ќе трае шест недели. Менторите се оставени слободно да изберат простори каде што ќе ги спроведуваат курсевите со студентите, а се преферира избраната средина да биде под отворено небо....
Филипс потпиша за Манчестер сити
Опсервер - пред 10 часа
– Англискиот фудбалски репрезентативец Калвин Филипс (26) ги напушти редовите на Лидс и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити, објави денеска англискиот шампион. Филипс со Сити потпиша договор на шест години, а британските медиуми наведуваат дека Лидс ќе добие 50 милиони евра обесштетување. – Сити повторно докажа дека е најдобра екипа во земјата со неверојатен тим и менаџер. Пресреќен сум што ќе имам можност да играм и учам под водство на Пеп Гвардиола и неговиот стручен штаб, и воедно да бидам дел од една фантастична екипа, изјави Филипс, кој за Лидс одигра 234 натпревари и постигна 4 голови. Филипс е трето засилување во редовите на англискиот шампион ова лето по напаѓачот Ерлинг Халанд и голманот Стефан Ортега....
Протест и пред Собранието против францускиот предлог
Опсервер - пред 11 часа
– Пред зградата на републичкото Собрание вечерва се одржува протест, кој уследи по протестните активности што се во тек и пред Владата, а преку кои се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија. Урната е заштитната ограда, а главниот влез на Собранието е обезбеден од кордон полицајци. Кон собраниската зграда демонстрантите фрлаат јајца и шишиња. Учесниците на протестот се упатија кон Собранието од пред владината зграда, каде исто така беше урната заштитната ограда а дел се стационираа во владиниот двор. На почетокот на протестот кон зградата на Владата исто така беа фрлани јајца, шишиња, петарди. Се скандираше „Оставка“, „Никогаш Северна само Македонија“. Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
Судански генерал: Армијата ќе ги напушти политичките преговори
Опсервер - пред 11 часа
– Водечкиот судански генерал денеска изјави дека армијата на земјата ќе се повлече од преговорите за решавање на тековната политичка криза по минатогодишниот државен удар и ќе им дозволи на претставниците на граѓанското општество да го заземат нејзиното место. Генералот Абдел Фатах Бурхан, исто така, вети дека ќе го распушти суверениот совет што го води кога ќе се формира новата преодна влада. Советот управува со земјата откако војската ја презеде власта со државен удар минатата година. По тој удар, политичката мисија на ОН во Судан, Африканската унија и Меѓувладината управа за развој, составена од осум источноафрикански земји, се обидуваат да најдат начин земјата да излезе од политичката блокада. Но, преговорите досега не дадоа резултати. Продемократските групи постојано наведоа дека нема да преговараат со војската и ја повикаа војската веднаш да ја предаде власта на цивилна влада. Бурхан не ги прецизираше датумите ниту кој ќе ја замени армијата на преговарачката маса....
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Опсервер - пред 11 часа
4 јули 2022 Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени. СДСМ Центар за комуникации со јавноста...
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Опсервер - пред 11 часа
– Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер....
Македонските кошаркари со пораз ги завршија мундијалските квалификации
Опсервер - пред 11 часа
– Македонската машка кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 73-68 и со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Украина допатува во Скопје во улога на фаворитот и така и го започна натпреварот остварувајќи предност по првата четвртина од 35-21, а предноста во вториот период се искачи на 47-30. Уследи период на подобра игра на „црвено – жолтите“ и серија од 14-0 за намалување на негативата на 54-57 пред стартот на последната четвртина. На 100 секунди пред крајот на натпреварот, Македонија преку Јакимовски не успеа да реализира за три поени со што пропадна и последната шанса за резултатски пресврт. Избраниците на селекторот Драган Бајиќ претрпеа шест порази во дуелите со Шпанија, Грузија и Украина и ги завршија мундијалските квалификации на последното место во групата Г....
Фестивалот на европски филм „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“
Опсервер - пред 11 часа
– Под мотото „Од високо подобро се гледа“ на 7 јули ќе започне 21. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. По тој повод денеска во Музејот на современа уметност се одржа прес-конференција на којашто организаторите информирааа дека овогодишното издание ќе содржи повеќе од 50 филмови, а „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“. Филмот којшто е селектиран во SEE програмата на „Синедејс“ раскажува за Мими која ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ. Автор на сценариото е Даријан Пејовски, кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора. Овогодишниот филмски фестивал „Синедејс“ ќе се одржи на покривот на ГТЦ. Нуди домашна кинематографија во различни селекции, како што се SEE програмата, Гала програмата, МК Кратки. Организаторите најавија и богата ОФФ програма поврзана со македонската филмска индустрија. За време на прес-конференцијата организаторите истакнаа дека и со драстично намалените средства очекуваат дека ќе направат добар фестивал и ќе ги задоволат вкусовите на љубителите на филмот. Драастично намалени средства, се надевам со максимален труд ќе успееме да направиме добар фестивал и ќе ги задоволиме вкусовите на љубителите на филмот. На 14 јули, на последниот ден од „Синедејс“ ќе се одржи премиерата на „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски. Целосната програма и билетите се достапни на веб-страната на „Синедејс“....
Протест против францускиот предлог пред Владата
Опсервер - пред 12 часа
– Пред Владата и вечерва се одржува протест под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, преку кој се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија. Дел од учесниците на протестот кон владината зграда фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,… а откако ја поминаа заштитната ограда се стационираа пред кордонот полицајци. Скандираат „Оставка“ и пеат патриотски песни. Околу владината зграда е видливо засилено полициско обезбедување. Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија....
Ериксен се договори со Манчестер јунајтед
Опсервер - пред 12 часа
– Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен (30) постигна договор со Манчестер јунајтед, јавија попладнево британските медиуми. Според истите извори, Ериксен откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи треба да потпише тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Ериксен доаѓа во Јунајтед без обесштетување, откако му истече договорот со премиерлигашот Брентфорд. На негов трансфер во Манчестер јунајтед инсистираше новиот тренер Ерик тен Хаг. Ериксен минатата година за време на ЕУРО2020 доживеа срцев удар на теренот и само брзата лекарска интервенција со спаси од смрт. Подоцна му беше вграден срцев дефибрилатор....
Трајанов: Да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна
Опсервер - пред 12 часа
– Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог, рече Трајанов во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа. -Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност, посочи Трајанов. Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. – Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка, рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем....
Властите во САД соопштија за пукање на парадата на 4 јули во предградие на Чикаго
Опсервер - пред 12 часа
– Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми. Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника. Според Чикаго Сан Тајмс, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети. Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала. На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила....
Македонските тенисерки стартуваат во Били Џин Кинг купот
Опсервер - пред 12 часа
– Со жрепка попладнево во Скопје беа одредени полуфиналните двојки во рамки на третата група од Евроафрикандската зона на тенискиот Били Џин Кинг купот. Македонската женска тениска репрезентација е дел од Ц конкуренцијата и е во група со репрезентациите на Јужна Африка, Боцвана и Уганда. Утре во првото коло македонската селекција ќе игра против Уганда во второто коло в среда против Боцвана, а во последното коло в четврток противник ќе им биде Јужна Африка. Промоција во повисокиот ранг ќе обезбеди само репрезентацијата која ќе биде севкупен победник на турнирот....
МЖСПП: Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од државава
Опсервер - пред 13 часа
– Започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант ОХИС, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција. Вкупно 477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и натоварени во 7 контејнери и 126,37 тони HCH загадена почва ископана и соодветно спакувана, со товарни возила ќе бидат транспортирани до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH отпадот ќе биде транспортиран за Франција, а контамираната почва за АТМ Холандија, соопштија од МЖСПП. Со тоа, посочуват од Министертсвото, комплетно завршуваат договорните активности со УНИДО, а по извршеното примопредавање на 03 јуни 2022 година за продолжување на ископот одговорноста ја презема UNOPS со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. – Во меѓувреме, се продолжи со ископ на останатиот материјал од малата депонија која е поделена во уште четири лота. Во тек е ископот на вториот лот за чиј надзор е одговорна компанијата HPC во соработка со локалниот партнер Екомозаик, се наведува во соопштението на МЖСПП....
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со претседателот Пендаровски за францускиот предлог
Опсервер - пред 13 часа
– Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
На Табановце за влез во земјава се чека околу час, а на Богородица за излез околу 30 минути
Опсервер - пред 13 часа
– Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопштија од АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на Граничниот премин Табановце за влез во Северна Македонија е околу еден час. На Граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, од АМСМ додаваат дека нема подолги задржувања за влез и излез од државата....
Прванов: Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан
Опсервер - пред 14 часа
– Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата. -Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што не прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски, коментира Прванов. Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции. Тој го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати“, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции....
Санкционирани 751 мотоциклист, одземени 28 мотоцикли
Опсервер - пред 14 часа
– Вкупно 751 возач на мотоцикл се санкционирани во засилената акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи во периодот од 27 јуни до 3 јули годинава на територијата на целата држава. Од нив, како што информира МВР, 488 не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, а 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. Санкционирани се и други прекршоци. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта....
Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени, порача Маричиќ
Опсервер - пред 14 часа
– Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ. Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки. Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој. Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ. – Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови, посочи вицепремиерот. Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања. – Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме, истака вицепремиерот Маричиќ....
Роналдо не се појави на првиот тренинг на Манчестер јунајтед
Опсервер - пред 14 часа
– Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, не се појави на првиот тренинг на Манчестер Јунјатед, засилувајќи ги со тоа шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд“. Португалскиот 37-годишен напаѓач требаше заедно со своите соиграчи, кои имаат репрезентативни обврски во јуни, да ги стартуваат денеска подготовките за новата сезона. Сепак, Роналдо испрати „извинување“ до клубот, наведувајќи дека поради семејни причини е принуден да го пропушти првиот тренинг. Речиси сите британски медиуми пренесуваат денеска дека Роналдо нема намера да ја продолжи кариерата во Јунјатед, додавајќи оти петкратниот освојувач на Златната топка веќе му порачал на клупското раководство дека заминува. Роналдо го врзува уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, но лошата резултатска сезона 2021/22 во која клубот остана без пласман во Лигата на шампиони, како и несогласувањата во соблекувалната, но и доаѓањето на новиот тренер, наводно се причините поради кои Португалецот по втор пат во кариерата ќе ги напушти „црвените ѓаволи“....
Во Грција се згрижени 2.010 деца бегалци без придружба
Опсервер - пред 14 часа
– Процените на Министерството за миграција и азил на Грција се дека во земјата живеат 2.010 деца бегалци без придружба од кои мнозинството се момчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци, 1.737 се сместени во простори за долгорочен престој, а за останатите 273 е обезбедено привремено сместување. Речиси девет од десет деца бегалци без придружба, односно 88 отсто се момчиња, 12 проценти се девојчиња, а шест отсто од вкупниот број се помали од 14 години. Во вкупниот број се вклучени 32 деца кои имаат придружба од возрасно лице, но не е нивниот законски старател, како и 13 деца од Украина кои се во придружба на три лица....
Шарл Мишел утре во посета Скопје
Опсервер - пред 14 часа
– Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Македонија....
Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата
Опсервер - пред 14 часа
– Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот може да се преземе на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста. – Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите, информираат од владината прес-служба. Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата....
Бирн: Ова е ваше време и нема подобар предлог што е на располагање
Опсервер - пред 14 часа
– Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен. -Јас доаѓам од земја од којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски јазик долги години и со членството во ЕУ, нашиот јазик доби навистина еден извонреден статус. Сигурен сум дека тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик. Тоа што сакам да кажам е дека нашиот идентитет како нација беше зајакнат со членството и ни даде храброст и сите тие знамиња што се во ЕУ претставуваат земји што се еднакви и тоа е она што ние го вреднуваме во Унијата, истакна Бирн. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. -Знаеме дека историските и билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка но и од наша ирска перспектива нашите билатерални прашања подобро се решаваат како дел од ЕУ. Постојат и уставни промени што нема да ги спречат почетокот на преговорите, меѓутоа ние како дел од нашиот договор кога станувавме членка моравме да направиме еден навистина тежок компромис, РЕЧЕ ирскиот министер за европски прашања. Во однос на општествениот и економскиот напредок, тој посочи дека кога Ирска станала дел од европската заедница имале милион вработени, додека според податоците од минатата година, таа бројка денес е 2,5 милиони вработени. Бирн истакна дека претставува извонредна разлика и оти не постои сомнеж дека и Северна Македонија ќе просперира и ќе успее како економски, така и општествено. На прашањето како би ја оцениле преговарачката рамка, финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен порача дека целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, вели Тупураинен. Советот, како што посочи, едногласно донесе одлука дека ќе ги почне преговарачките процеси кога ќе се усвои преговарачката рамка, а според финската министерка тоа ќе се случи многу брзо, бидејќи, како што истакна, Македонците го заслужуваат тоа и заслужуваат ЕУ да го испорача тоа што го има ветено. Министерот за европски прашања на Ирска порача дека со овој предлог се заштитени македонскиот јазик и идентитет и со ова се оставаат сите билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. -Тоа што ние сакаме да порачаме, ова е вашето време нема подобар предлог што е на располагање и доколку се случи тоа ќе биде причина за прослава бидејќи ќе доведе до напредок на целата земја и граѓаните. Ако не се случи јас нависитина не знам што да кажам, ако се потпише се разбира дека ќе има и компромиси, меѓутоа и со тие компромиси предлогот содржи големи победи и за земјата и за македонскиот народ. Се разбира крајната цел е полноправно членство, порача Бирн....
Маричиќ: Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг
Опсервер - пред 14 часа
– Би била вистинска штета и за државата и за идните генерации овој момент да го пропуштиме сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со неговите колеги од Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Бирн. -Не е момент за непотребно одлагање, момент е за трезвена дискусија, разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, толку ќе биде потежок за решавање. Без разлика на одлуката која ќе ја донесе Владата во врска со францускиот предлог, полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел и остануваме целосно посветени на реформскиот процес, посочи Маричиќ. Порача дека во следните денови преку инклузивен општествен проце имаме задача заеднички да одлучиме дали ќе ставиме крај на лавиринтот во кој сме заглавени скоро две децении и ќе покажеме мудрост со разгледување и соодветно поставување кон овој предлог, предлог кој, нагласи, е чувар на националните интереси и на нашите црвени линии, или, пак, ќе влеземе во долгогодишен застој којшто секогаш по правило ни носел нови предизвици и нови проблеми. -Од моите колеги очекувам да продолжат да ни помагаат и да се залагаат за политиката на проширување на ЕУ на начин што ќе овозможи таа да биде покредибилна, попредвидлива и подинамичка како што впрочем и најавува новата методологија усвоена 2020 година. Северна Македонија со Финска и Ирска после оваа посета продолжуваат да го зацврстуваат пријателството и да бараат можности за зголемување на билатералната соработка за што веќе постои интерес од деловната заедница. Имаме заедничка евроатлантска иднина за која меѓусебно и понатаму силно ќе се залагаме, рече Маричиќ. Нагласи дека верува оти, како што рече, разумните и одговорните државнички политики ќе надвладеат над деструкциите, дезинформациите, надворешните влијанија. -Верувам дека набрзо ќе ја запечатиме европската судбина на државата со одлука која ќе значи просперитет, развој, напредок, трансформација, реформа и европеизација на државата во која живеат Македонци кои говорат македонски јазик. Нашата иднина е сега само во наши раце, рече Маричиќ. Денеска, додаде, после 18-годишен маратон за почеток на преговорите со ЕУ, земјава има историска можност за почнување на преговорите без дополнителни одлагања со заштитен македонски јазик и македонски идентитет. -Имаме предлог на маса со кој конечно имаме вистинска можност да станеме полноправна членка на европското семејство како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Аргументираната реакција на премиерот Ковачевски на самитот во Брисел сега дава шанса за судбоносно да за европската иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое што се залагавме подолго време, а тоа чиста формулација на македонскиот јазик без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања што за нас беше најважно за зачувување на нашите национални интереси. Тоа е она за што се боревме, тоа е она што го посакувавме, тоа се нашите национални позиции и црвени линии кои успеавме да ги зачуваме и тоа треба навистина да го вреднуваме и да го цениме, потенцира Маричиќ. Во овие турбулентни времиња на нови геополитички настани, како што кажа, од исклучителна важност е и зачувување на безбедноста и стабилноста во Европа. -Токму затоа Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Искрено се надевам дека членството на Република Финска и на Кралството Шведска ќе се реализира за што од наша страна имате целосна поддршка. За почит и поздравување е ваквата одлука за членство во НАТО која значи зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа особено во овие моменти на воена инвазија врз Украина што несомнено ја погоди европската безбедносна политика и слика, рече Маричиќ....
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Опсервер - пред 14 часа
– Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада....
Холандските власти уапсија осомничен за убиството на новинарот Де Врис
Опсервер - пред 14 часа
– Холандските власти денеска уапсија 27-годишен полски државјанин, осомничен дека го организирал убиството на познатиот новинар Питер де Врис, речиси точно една година по вооружениот напад врз него. Уапсеното лице, чиј идентитет не е соопштен, е осомничено дека „ги наредил оние што го убиле Де Врис“, соопшти холандското обвинителство. Тие не соопштуваат други детали, но нагласија дека ја продолжуваат истрагата за да откријат кој го нарачал убиството и мотивот. За убиството на Де Врис им се суди на 21-годишниот Холанѓанец Делан Г. и на полскиот државјанин Камил Е., а нивните пресуди судот треба да ги изрече на 14 јули. Обвинителите побараа доживотна казна затвор за двајцата. На 6 јули 2021 година, Де Врис беше застрелан од непосредна близина во центарот на Амстердам, им подлегна на повредите девет дена подоцна, на 64-годишна возраст....
Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата
Опсервер - пред 14 часа
– Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. „Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. „Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ....
Најголем трансфер во историјата на Брегалница, Манев потпиша за Адана
Опсервер - пред 14 часа
– Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница од Штип соопшти денеска дека го реализирала најголемиот трансфер во клупската историја, откако македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите играчи на штипскиот клуб Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во турскиот прволигаш Адана. – По неколкудневните интензивни преговори меѓу двата клуба и официјално договорена е преселбата на 21-годишниот Манев во Адана, трансфер на кој Брегалница е исклучително горда како начин и за промоција на сопствениот начин на работа со силна поддршка за младите и талентирани македонски фудбалери, соопшти попладнево штипскиот прволигаш. Новиот клуб на Манев е предводен од клупата од легендарниот поранешен италијански репрезентативец Винченцо Монтела, а редовите на Адана настапува поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул Марио Балотели. – Овој трансфер е силна потврда на сите наши заложби за максимална поддршка на младите и талентирани фудбалери, кои, како што истакнавме и со преземањето на клубот, ќе бидат секогаш максимално промовирани во интерес и на нашите и на нивните кариери, на клубот и на македонскиот фудбал, изјави за клупскиот сајт спортскиот директор н Брегалница, Никола Тонев....
Зеленски со повик до државите за обнова на Украина
Опсервер - пред 14 часа
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер. „Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки“, рече Зеленски. Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната. „Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа“, рече украинскиот претседател. Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија. Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси....
За непрописно вградени фолии изречени 30 санкции
Опсервер - пред 14 часа
– Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 при спроведена полициска акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, казнети се 30 учесници во сообраќајот. Како што соопштија денеска од МВР, на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови....
Ковачевски: Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години се наш стратешки партнер
Опсервер - пред 14 часа
– САД веќе 30 години се наш долгогодишен стратешки партнер со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. -Честит 4 Јули, Ден на независноста на Соединетите Американски Држави! Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години во текот на нашата независност се наш долгогодишен стратешки партнер и со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја. Партнерството со САД беше силна поддршка во остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО. Остануваме на позициите и јасните определби, за јакнење на заедничките вредности, на демократијата и на слободата, кои се единствен темел за создавање вистински вредности и прогресивно општество, за просперитет на нашите народи, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук....
Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ
Опсервер - пред 14 часа
– Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот....
Истече рокот за поднесување кандидатури за изборите во Босна и Херцеговина
Опсервер - пред 15 часа
– Денеска истече рокот за поднесување листи на кандидати кои ќе учествуваат на општите избори во Босна и Херцеговина на 2 октомври, потврди Централната изборна комисија, со најава дека по пропишаните проверки, листите на сите партиски кандидати ќе бидат објавени до 18 август. На листите има илјадници имиња, бидејќи за учество на изборите се пријавиле дури 90 партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати. За изборите одржани пред четири години се кандидираа повеќе од 7.500 луѓе. Општи избори во БиХ ќе се одржат за членови на Претседателството на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, претседател и потпретседатели на РС, членови на Националното собрание на РС, како и за членовите на кантоналните собранија во ФБиХ....
Тупанчевски: Имаме план како да ги пополниме места на судиите и обвинителите кои заминуваат во пензија
Опсервер - пред 15 часа
– Eдинственото решение кое што ни останува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, затоа што во нашата држава има судови и јавни обвинителства коишто се преоптоварени и има судови и јавни обвинителства коишто практично имаат судии и обвинители коишто работат и под норма. Во таа насока, значи, тоа е единственото решение во моментот кое што би можело да има практичен контекст затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени правни импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна организација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број би можеле ако не друго барем приближно да го надоместиме она што ќе ни недостасува, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски денеска во Струмица одоговарајќи на новинарско прашања. Истакна дека секогаш постои план Б откако не беше продолжен работниот стаж на судиите и на јавните обвинители. -Да не заборавиме дека до крајот на годината ќе имаме 59 нови академци коишто ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители и на секој начин тоа ќе значи некој тип на инфузија на судството и јавното обвинителство. Да не заборавиме дека има уште 96-97 нови кандидати коишто за година и половина, односно за две години повторно ќе бидат интегрален дел од македонското судство и обвинителство, така што ако ги земеме тие 97 и овие 50, значи околу 150 луѓе ќе претставува надополнување или ајде да речам освежување на судско обвинителскиот систем во нашата држава, додаде Тупанчевски. Подвлече дека проблемот не е нерешлив, иако создава одредени потешкотии, меѓутоа тој е оптимист дека ќе се најде решение или како план Б којшто би можел да помогне во разрешување на актуелната состојба....
Македонските ракометари останаа без финале на Медитеранските игри
Опсервер - пред 15 часа
– Македонската машка ракометна репрезентација загуби попладнево од Египет со високи 34-20 (16-10) во рамки на првото полуфинале на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа немоќни против египетскиот противник и во текот на целиот натпревар беа во резултатски подредена положба. Египет, кој до полуфиналето имаше стопроцентен ефект од четири победи, замина на полувреме со предност од шест голови разлика, која во продолжението само ја зголеми и обезбеди пласман во финалето. Македонските ракометари во натпреварот за бронзениот медал ќе играат против поразениот од вториот полуфинален натпревар во кој вечерва се среќаваат Шпанија и Србија....
Путин нареди продолжување на руската офанзива по заземањето на регионот Луганск
Опсервер - пред 15 часа
– Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на своите сили да ја продолжат офанзивата во источна Украина по заземањето на целиот регион Луганск. Руските сили „треба да ја извршат својата мисија до крај според веќе одобрените планови“, рече Путин во телевизиски разговор со неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. „Се надевам дека сè ќе се случи во нивните сектори како што се случи во Луганск“, додаде Путин. Тие изјави тој ги даде еден ден по најавата за повлекување на украинските сили од стратешкиот град Лисичанск, со чие заземање руските и проруските сепаратистички сили ја презедоа контролата врз целата територија на Луганск. Регионот Луганск и соседниот Доњецк го формираат Донбас, индустриски басен во источна Украина, што руските сили имаат намера да го освојат во целост. Министерот за одбрана Шојгу денеска изјави дека руските сили го деминираат градот Лисичанск....
Тренчевска: Унапредување на положбата на жената земјоделка преку остварување право на надоместок за мајчинство и боледување
Опсервер - пред 15 часа
– Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Министерката Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. -На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини, рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. -Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра, рече Бачовски. Извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ, изрази огромно задоволство од одзивот и учеството на институциите за решавање на толку важно прашање, како правото на надомест за мајчинство на жените земјоделки и изрази уверување за изнаоѓање на најсоодветно решение. Тој се заблагодари и на поддршката на шведската организација за развој, We Effect, за реализација на процесот. Во овој период Министерството за труд и социјална политика, подготвува и нов Закон за родова еднаквост со цел усогласување на македонското законодавство односно Закон за еднакви можности на жените и мажите (2012) со меѓународните стандарди. Овој закон ќе овозможи зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и поефикасно и ефективно меинстримирање на родовата еднаквост. Исто така се подготвува и нов закон за работни односи, кој предвидува промени во родителското отсуство со што се унапредува родовата еднаквост....
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС Австрија поддржувач на македонскиот фудбал
Опсервер - пред 15 часа
Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, секогаш ги препознава можностите и иницијативите за негување на спортскиот дух. Во таа насока е и најновата спортска соработка со македонскиот фудбалски шампион Шкупи. Видеолотарија во своите заложби за поддршка на спортска култура, продолжува со својата агенда за активна вклученост во развојот на бројни активности и настани, кои ќе го слават спортскиот напредок и успех. Нашата компанија е нов пријател- поддржувач на македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкупи, во нивните настапи во квалификациите за ЛШ и следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тимот на Шкупи кој утре има ново спортско патешествие со Линколн Ред Импс во рамки на квалификациите од Лигата на шампиони, изрази благодарност до Видеолотарија за препознавањето и поддршката во нивните спортски амбиции. Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија веќе сигурно станува силен поддржувач на македонскиот фудбал. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно...
(ФОТО) Иднината на роботиката денес беше претставена во Скопје
Опсервер - пред 15 часа
– Денес претставниците на медиумите имаа можност одблизу да го запознаат CyberDog, четвороножниот робот кој е воедно и пионер на роботиката на компанијата Xiaomi. На присутните им беа презентирани бројните команди и напредни функции кои овој робот ги поседува, а се реткост за јавноста на нашите простори. Дел од функциите што ги фасцинираа присутните беа гласовните команди кои на сопственикот на CyberDog му овозможуваат да постави зборови за будење или едноставно да ја користи неговата апликација за далечински управувач и паметен телефон. Токму заради овие функции Xiaomi CyberDog е еден вид домашен миленик од нова генерација. Сопственикот може да го повика за различни задачи, но и да ги користи многубројните можности за комуникација. Екстерниот интерфејс на CyberDog е исто така богато развиен. Поседува 3 приклучни порта тип C и еден HDMI порт, што на корисниците им овозможува слобода да истражуваат и интегрираат широк спектар на иновативни и креативни хардверски додатоци или софтверски системи, како светло за пребарување, панорамска камера, камера за движење, LiDAR и многу други. Овој храбар чекор на Xiaomi кон истражување на технологијата на иднината е инспириран од живите суштества, а е резултат на посветената работа и експертизата на инженерите на компанијата. CyberDog е калибриран со интерно развиени серво мотори кои на роботот му даваат голема брзина и широк спектар на движења. Со максимален излезен вртежен момент и брзина на ротација до 32 N•m/220 вртежи во минута, CyberDog може да изведува серија движења со голема брзина до 3,2 m/s и комплицирани дејства, како што се превртувањa наназад. Мозокот на роботот го води суперкомпјутер со вештачка интелигенција на NVIDIA Jetson Xavier NX платформа. За своите сопственици, CyberDog беспрекорно ги обработува масивните податоци што ги складира во својот сензорски систем. За да може целосно да ги имитира живите организми, CyberDog е опремен со 11 сензори со висока прецизност кои обезбедуваат моментална повратна информација што му помага да се движи. Ова вклучува сензори за допир, камери, ултразвучни сензори, GPS модули и многу други, кои му даваат на CyberDog зголемена способност да ја почувствува, анализира и да комуницира со околината....
ЕК најбрзо што може ќе изнесе детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс
Опсервер - пред 17 часа
Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор. -Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант. МИА испрати писмено барање до генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија со ова прашање. Оттаму добивме одговор дека службите на Европската Комисија работат на прашањето и дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. МИА ќе информира штом добие одговор....
Грковска: Потребна е ревизија на системот за спортски ваучери за да се обезбеди транспарентност како предуслов за користење на јавните пари
Опсервер - пред 17 часа
Финансиската помош што државата ја дава за развој и поддршка на спортот преку моделот на спортски ваучери е исклучително важна, но потребна е ревизија на системот за да се обезбеди транспарентност и отчетност, како предуслов за користење на јавните пари. Ова се дел од заклучоците од денешната конференција „Отворено за корупцијата во спортот – со фокус на мерката ваучери“ што денеска се одржа во Струмица, во организација на заменик претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. На конференцијата исто така беше посочено дека е потребно да се обезбеди поголем надзор на работата на спортските клубови и федерации, ваучерите да се врзат со резултатите и извештаите, средствата директно да се исплаќаат на клубовите, како и да се обезбеди механизам за родова избалансираност на системот на ваучери. Исто така, потребно е да се направи компаративна анализа со поразвиените земји со цел да се види какви се искуствата со децентрализација на моделот на ваучери.Грковска ја нагласи потребата за транспарентност и отчетност, како предуслов за користење на јавните пари во сите сектори.-Спортските субјекти, пред се спортските национални федерации, треба да бидат свесни дека сите што користат средства од буџетот имаат обврска да даваат отчет за начинот на трошење. Ако сакаме да го вратиме спортот на вистинските патеки, мораме отворено да зборуваме за аномалиите и предизвиците. Ако отворено и гласно зборуваме може да направиме промена и позитивно поместување во системот, зашто промените зависат од сите нас, потенцираше вицепремиерката. Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов нагласи дека при законските измени треба да се разгледа можноста за децентрализација на моделот на ваучери, зашто општините имаат увид во активностите на клубовите и нивните резултати.Дел од учесниците на конференцијата ја нагласија и потребата од координација на Законот за ваучери и на Законот за донации и за спонзорства.Воведни обраќања имаа министерот за правда Никола Тупанчески, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, директор на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски како и шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) Бил Вуд. На сесијата учествуваа и истакнати спортски работници од струмичкиот регион. Конференција беше организирана во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрогата и криминалот (UNODC)....