Мицкоски предлага формирање работни групи за францускиот предлог во Собранието
Макпрес - пред 4 часа
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест пред Владата упати нов предлог. Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ. Да формираме работни групи, бидејќи денеска гледаме дека утре ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија, рече Мицкоски. Тој потенцира дека „само оние кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“. Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка во насока на громогласно „не“ против овој последен предлог, додаде Мицкоски....
Да се воздржиме од насилство, апелира Арбр Адеми кој маваше со чаши и флаши по пратеници
Макпрес - пред 4 часа
Претседателот на собраниската комисија за европски прашања и поранешен министер за образование Арбр Адеми во емисијата „24 анализа“ велерва рече дека е изненаден од протестите против францускиот предлог. Протестите се загарантирани со Устав и се организираат во рамките на законите и секогаш е дозволено да се изрази револт. Во вакви околности, не очекував протести, дека четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ. Во протоколот е во насока на имплементација на еден дел од договорот зсо Бугарија, кој не е дел од Преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство, протестот треба да биде исконтролиран. Се работи за наш имот и нне треба да оставиме лоша слика. Имаме лажни пропафанти и партиски пропаганди. Не е време да се делиме на патриоти и предавници, рече Адеми, кој неодамна отиде против својот совет и баш неконтролирано и насилно изрази „протест“....
Николоски: Се потврдува мојата теза дека целата игра е Албанија да ги почне преговорите, немам ништо против но што прават за Македонија?
Макпрес - пред 4 часа
Целата игра е Албанија да ги почне преговорите затоа што за Албанија услови нема, за Македонија има улови и овде единствен ќар е Албанија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа. Николоски потсети дека тој уште во 2018 изјавувал дека Бујар Османи од позиција на вицепремиер за европски прашања и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати направи договор Македонија да ги забави реформите се со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, бидејќи претходно Албанија била во група со Босна и Херцеговина и Косово односно недефинирани држави. Јас да ве потсетам дека во 2018 година излегов во јавноста и реков дека тогаш Бујар Осамни како потпретседател на влада задолжен за европски прашања и Дитмир Бушати тогашен министер за надворешни работи на Албанија направиле договор Македонија да забави со реформите со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, рече тој. -До тогаш таа група не постоеше затоа што Македонија беше во група со Хрватска, а кога Хрватска влезе во ЕУ остана сама затоа што Грција правеше проблем со името, а групата беше Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, таа група нормално не одговараше за Албанија затоа што овие две се недефинирани држави, и Албанија за да излезе од таа група многу мудро ја искористи оваа екипа која што е сега во ДУИ, и се залепи за Македонија. И од оваа перспектива е многу јасно зошто го направија тоа. И тоа е за честитање на нивната дипломатија, но на штета на Македонија. Прво излегоа од една лоша група, влегоа во група со Македонија, Македонија ја влече и сега кога Македонија е нагрбната со проблеми од Бугарија, овие се издвојуваат и продолжуваат преговори, објасни Николоски. Николоски порача дека суштината на францускиот предлог е Албанија да започне преговори, а не Македонија.Суштината на сето ова е Еди Рама и Албанија да почнат преговори и тоа мора да го знае јавноста. Во однос на изјавите на Еди Рама каде што повикува да се прифати францускиот предлог, Николоски рече дека Рама треба да одговори дали тој би се согласил на истите работи како што бара од Македонија, односно како што рече тој дали би се согласил некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците. -Треба Еди Рама да го прашаме дали би се согласил на истите работи, на пример некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците, истакна тој....
ИО на СДСМ го прифати францускиот предлог, велат дека Ковачевски одговорно постапувал
Макпрес - пред 4 часа
Извршниот одбор на СДСМ попладнево на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци: 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки СДСМ Центар за комуникации со јавноста...
„Про-Нато“ партијата ДУИ го осуди инцидентот на протестот, молчат за униформите на УЧК и знамето на Голема Албанија
Макпрес - пред 4 часа
Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието. Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните. Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас. Демократска унија за интеграција...
Судански генерал: Армијата ќе ги напушти политичките преговори
Макпрес - пред 4 часа
Водечкиот судански генерал денеска изјави дека армијата на земјата ќе се повлече од преговорите за решавање на тековната политичка криза по минатогодишниот државен удар и ќе им дозволи на претставниците на граѓанското општество да го заземат нејзиното место. Генералот Абдел Фатах Бурхан, исто така, вети дека ќе го распушти суверениот совет што го води кога ќе се формира новата преодна влада. Советот управува со земјата откако војската ја презеде власта со државен удар минатата година. По тој удар, политичката мисија на ОН во Судан, Африканската унија и Меѓувладината управа за развој, составена од осум источноафрикански земји, се обидуваат да најдат начин земјата да излезе од политичката блокада. Но, преговорите досега не дадоа резултати. Продемократските групи постојано наведоа дека нема да преговараат со војската и ја повикаа војската веднаш да ја предаде власта на цивилна влада. Бурхан не ги прецизираше датумите ниту кој ќе ја замени армијата на преговарачката маса...
СДСМ го осуди инцидентот од протестот, „исто како“ и инцидентот на Талат Џафери и Арбр Адеми во Собранието
Макпрес - пред 4 часа
Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, велат од центарот за комуникации со јавноста. Инаку, пр тимот на владеачката партија не испрати вакви соопштенија кога Претседателот на Собранието Талат Џафери пцуеше вработени ниту пак ја поддржа интерпелацијата против него, а изостана и остра реакција како оваа во однос на однесувањето на Арбр Адеми кога со чаша за кафе маваше пратеници,...
Мисајловски: Францускиот предлог за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив и за тоа изнесовме конкретни факти
Макпрес - пред 4 часа
Таму нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ, таму има членови од сите партии и луѓе кои што се аполитични, а можеме да видиме и луѓе од бившото раководство од СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24. Повикуваме на разум, побаравме лидерска средба односно средба за да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, многу брзо и нетранспарентно. Поминуваат толку денови а не можеме да го видиме протоколот, што ќе има внатре. Граѓаните не знаат и не веруваат во институциите, и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен и ова не може туку така брзо да се прави. Овие консултации требаше да бидат подолго време и да слушнат сите граѓани, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите политички партии или експерти. Ова се многу сериозни прашања и затоа вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме и да разговараме за неколку работи бидејќи не може Македонија да го прифати ова, бидејќи влегуваме во слепа улица, истакна Мисајловски. Потпретседателот Мисајловски изјави дека кога бил државен секретар во Министерството за надворешни работи бил дел од преговарачки процес, но како што нагласи тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ не прифатила ниту едно од барањата од страна на Бугарија, за заедничка историја, македонскиот јазик, како и дека барала реципроцитет, она што важи за Македонија, да важи и за Бугарија, додавајќи дека не може само Македонија да има обврски, потенцирајќи дека владата на СДСМ веднаш ги прифатила овие барања од страна на Бугарија. Јас лично бев дел од преговарачкиот тим кога се преговараше овој договор, тогаш бев државен секретар во Министерство за надворешни работи. Но што беше спорно тогаш, а што е спорно денес. Три работи беа спорни. Прво, заедничката историја, значи ниту тогашната ниту претходната влада не го прифати тоа барање на Бугарија да имаме заедничка историја. Многу брзоплето потоа се прифати од страна на Владата на СДСМ, потенцираше Мисајловски. Втора работа, што е многу важна. Баравме реципроцитет. Како што се однесува за нив, така да се однесува за нас. Не може само Македонија да има обврски. И тогаш и тоа не се договори. А потоа владата на СДСМ веднаш го прифати, изјави тој и додаде Исто така многу важно што го бараа е македонскиот јазик како што сега го бараат и како што стои во овие документи, истото го бараа и во договорот за добрососедство и претходно. И тоа беше една од главните работи и причини што ние како ВМРО-ДПМНЕ не го прифативме тој документи. Според Мисајловски, францускиот предлог не значи почеток на преговори за разлика од Албанија која после меѓувладината конференција ќе ги започне преговорите, бидејќи не е условена како што е условена Македонија да исполни задолжителни обврски како што е отворање на македонскиот устав. Ова не отворање на преговорите како за Албанија која што веднаш ќе ги почне веднаш по состанокот, туку Македонија има обврска да го смени Уставот. И тоа е задолжителна обврска, и тоа е клучна разлика, нагласи тој....
По тензичната атмосфера, мирно заврши протестот пред Влада и Собрание (Фото)
Макпрес - пред 4 часа
Пред Владата и Собранието вечерва се одржаа протести преку кои беше побарано отфрлање на францускиот предлог за деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, кој според учесниците, е штетен за државава. Во тек на протестите дел од учесниците ги пробија заштитните огради од пред зградите на Владата и на Собранието, кон кои беа фрлани јајца, шишиња, петарди и се бараа оставки. Протестот стартуваше пред зградата на Владата, од каде дел од учесниците потоа се упатија пред Собранието. Владејачката СДСМ соопшти дека го осудува насилството и инцидентите што, како што наведе, вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. -Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, наведоа од СДСМ. Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
Филипс потпиша за Манчестер сити
Макпрес - пред 4 часа
Англискиот фудбалски репрезентативец Калвин Филипс (26) ги напушти редовите на Лидс и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити, објави денеска англискиот шампион. Филипс со Сити потпиша договор на шест години, а британските медиуми наведуваат дека Лидс ќе добие 50 милиони евра обесштетување. – Сити повторно докажа дека е најдобра екипа во земјата со неверојатен тим и менаџер. Пресреќен сум што ќе имам можност да играм и учам под водство на Пеп Гвардиола и неговиот стручен штаб, и воедно да бидам дел од една фантастична екипа, изјави Филипс, кој за Лидс одигра 234 натпревари и постигна 4 голови. Филипс е трето засилување во редовите на англискиот шампион ова лето по напаѓачот Ерлинг Халанд и голманот Стефан Ортега....
Османи им го претстави францускиот предлог на членовите на Стратешкиот совет на МНР
Макпрес - пред 4 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што соопшти МНР, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори. -Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење, нагласи Османи, информира во соопштение МНР. Од МНР истакнуваат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата...
Македонските тенисерки стартуваат во Били Џин Кинг купот
Макпрес - пред 5 часа
Со жрепка попладнево во Скопје беа одредени полуфиналните двојки во рамки на третата група од Евроафрикандската зона на тенискиот Били Џин Кинг купот. Македонската женска тениска репрезентација е дел од Ц конкуренцијата и е во група со репрезентациите на Јужна Африка, Боцвана и Уганда. Утре во првото коло македонската селекција ќе игра против Уганда во второто коло в среда против Боцвана, а во последното коло в четврток противник ќе им биде Јужна Африка. Промоција во повисокиот ранг ќе обезбеди само репрезентацијата која ќе биде севкупен победник на турнирот....
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Макпрес - пред 5 часа
Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер...
Македонските кошаркари со пораз ги завршија мундијалските квалификации
Макпрес - пред 5 часа
Македонската машка кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 73-68 и со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Украина допатува во Скопје во улога на фаворитот и така и го започна натпреварот остварувајќи предност по првата четвртина од 35-21, а предноста во вториот период се искачи на 47-30. Уследи период на подобра игра на „црвено – жолтите“ и серија од 14-0 за намалување на негативата на 54-57 пред стартот на последната четвртина. На 100 секунди пред крајот на натпреварот, Македонија преку Јакимовски не успеа да реализира за три поени со што пропадна и последната шанса за резултатски пресврт. Избраниците на селекторот Драган Бајиќ претрпеа шест порази во дуелите со Шпанија, Грузија и Украина и ги завршија мундијалските квалификации на последното место во групата Г....
Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слуша што вели македонскиот народ
Макпрес - пред 5 часа
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести. Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност. Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска....
Фестивалот на европски филм „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“
Макпрес - пред 5 часа
Под мотото „Од високо подобро се гледа“ на 7 јули ќе започне 21. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. По тој повод денеска во Музејот на современа уметност се одржа прес-конференција на којашто организаторите информирааа дека овогодишното издание ќе содржи повеќе од 50 филмови, а „Синедејс“ ќе биде отворен со македонскиот филм „Мими“. Филмот којшто е селектиран во SEE програмата на „Синедејс“ раскажува за Мими која ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ. Автор на сценариото е Даријан Пејовски, кинематограф е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, костимограф е Емилија И. Атанасовска, Ива Куробаса работи на шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maxima film од Хрватска и Giggling goat production од Црна Гора, и е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора. Овогодишниот филмски фестивал „Синедејс“ ќе се одржи на покривот на ГТЦ. Нуди домашна кинематографија во различни селекции, како што се SEE програмата, Гала програмата, МК Кратки. Организаторите најавија и богата ОФФ програма поврзана со македонската филмска индустрија. За време на прес-конференцијата организаторите истакнаа дека и со драстично намалените средства очекуваат дека ќе направат добар фестивал и ќе ги задоволат вкусовите на љубителите на филмот. Драастично намалени средства, се надевам со максимален труд ќе успееме да направиме добар фестивал и ќе ги задоволиме вкусовите на љубителите на филмот. На 14 јули, на последниот ден од „Синедејс“ ќе се одржи премиерата на „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски. Целосната програма и билетите се достапни на веб-страната на „Синедејс“....
Ериксен се договори со Манчестер јунајтед
Макпрес - пред 5 часа
Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен (30) постигна договор со Манчестер јунајтед, јавија попладнево британските медиуми. Според истите извори, Ериксен откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи треба да потпише тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Ериксен доаѓа во Јунајтед без обесштетување, откако му истече договорот со премиерлигашот Брентфорд. На негов трансфер во Манчестер јунајтед инсистираше новиот тренер Ерик тен Хаг. Ериксен минатата година за време на ЕУРО2020 доживеа срцев удар на теренот и само брзата лекарска интервенција со спаси од смрт. Подоцна му беше вгра ден срцев дефибрилатор....
Сотировски: Дрвото кај спомен плочата на Мајка Тереза падна од невремето, ќе засадиме исто такво
Макпрес - пред 5 часа
Директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски на денешната прес конференција истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад Македонија ќе засадиме исто дрво од таков вид. „Од силното невреме кое го зафати Скопје изминативе денови екипите на ЈП Паркови и зеленило интервенираа на повеќе локации меѓу кои и на локацијата плоштад Македонија кај спомен плочата на Мајка Тереза каде падна едно дрво-сребрена смрча кое беше во поодмината физиолошка старост. Дрвото е откорнато со видливи оштетувања на главниот коренов систем, како и оштетувања на крошната. Покрај сите оштетувања беше невозможно дрвото да се врати во првобитната состојба и да се сочува. Поради тоа, дрвото е отстрането од локацијата. Жалиме за ова што се случи и штом временските услови овозможат на местото на паднатото дрво ќе засадиме исто такво во спомен и почит на животот и делото на Мајка Тереза, истакна Сотировски. Сотировски истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад Македонија екипите на ЈП Паркови и зеленило ќе засадат ново такво дрво од ист вид....
Техно журка во црква во Дојран, општината и епархијата непријатно изненадени
Макпрес - пред 5 часа
Локалната самоуправа во Дојран не е консултирана ниту пак надлежна за одржаната техно журка во просториите на црквата „Свети Илија“ каде од страна на полицијата при претрес е пронајдена дрога кај присутни гости, изјави денеска за МИА дојранскиот градоначалник Анго Ангов. Во тие простории на црквата „Свети Илија“, која е во состав на струмичката епархија, а под надлежност и заштита на музејот во Дојран, досега, во рамки на „Д Фест“ се одржувале настапи на познати музички имиња и групи како Влатко Стефановски и Љубојна и се одржувале свечени општински настани, но таква злоупотреба на просторот досега се нема случено поради што настанот се смета за непријатно изненадување од страна на локалната самоуправа и надлежната епархија. – Реконструираната црква „Свети Илија“ во Дојран се уште не е ниту осветена и затоа за немилиот настан и класичната злоупотреба на просторот при одржаната техно журка, и ние како и останатите засегнати страни, очекуваме изјаснување од страна на фестивалскиот организатор Пасворд Продукција, рече Ангов....
37-то издание на Штипското културно лето почнува на 6 јули
Макпрес - пред 5 часа
Со концерт на хорот „Света Злата Мегленска“ свечено ќе биде отворена најстарата културна манифестација Штипско културно лето. Свеченото отварање е на 6 јули (среда) во дворот на црквата „Успение на пресвета Богородица“ во најстарата штипска населба Ново Село. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес конференција најави дека еден час по концертот на „Света Злата Мегленска“ ќе биде реализиран и концерт на „ФИЦ Студени нозе“ во летната бавча на Општинската установа за култура „Дом на млади“. -Штипското културно лето отсекогаш имало интернационален карактер. Оваа година ни гостуваат уметници од САД. И годинава го поддржуваме музичкиот хепенинг на туристичкиот локалитет Вртешка, во организација на Планинарското друштво „Лисец“ преку концертот на „Некст тајм, а манифестацијата ќе трае два дена, вклучувајќи повеќе настани, вели Јорданов. Посочи дека за љубителите на операта и сериозната музика е летниот концерт на триото Давид Миладинов, Илија Белистојаноски и Марина Јаневска, кој ќе се одржи во Домот на млади по кој следува уште едно музичко задоволство со концертот на гитара на Александар Бошков. -Ликовната уметност е застапена со изложбата „Бессони ноќи“ на Сара Петров во ОМЦ „Киро Глигоров“. На 20 јули ќе биде промовирана и монографијата посветена на култната музичка група Мизар „Мизар-Откровенија 1981-2021“, а летото ќе се затвори со презентација на краткометражни етнолошки филмови во организација на Завод и Музеј Штип, вели Јорданов. Општината од својот буџет за реализација на целокупната манифестација предвиде 500.000 денари. Штипско културно лето традиционално се реализира во летниот период и тоа јуни и јули. Досега на оваа најстара манифестација од културата учество зеле над 1.500 уметници. Низ годините на Штипско културно лето поминаа многу познати музички имиња, Културно уметнички друштва, виртуози на инструменти, хорови и групи од Балканот, реализирани се над 70 ликовни изложби, над 200 промоции на книги, проекции на филмови, како и повеќе други мултимедијални програми. Општина Штип 16 години е целосен покровител и организатор на оваа најстара манифестација од културата...
Пет загинати и 16 ранети во инцидент на прославата на 4 Јули во Чикаго
Макпрес - пред 5 часа
Пет лица се убиени, а 16 други ранети кога вооружен маж почна да пука 10 минути по почетокот на парадата по повоид Четврти јули во преградието на Чикаго, Хајленд Парк , соопштија властите. Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека и понатаму е „активен инцидент” и ги повика луѓето да се држат настрана....
Бугарскиот народен правобранител побара државата да ги компензира сметките за гас и парно на домаќинствата
Макпрес - пред 5 часа
Народниот правобранител на Бугарија Дијана Ковачева упати препорака до премиерот во оставка Кирил Петков, во која бара државата да се заложи за изработка на програма за компензација на дел од зголемените трошоци за енергија на бугарските домаќинства во следните 12 месеци. Ова го соопшти прес-центарот на Народниот правобранител. Причина се бројните поплаки и аларми до институцијата јавен бранител, во кои граѓаните се загрижени дека нема да можат да ги покријат основните енергетски потреби поради премногу високите трошоци, вклучително и наглото поскапување на огревното дрво, пелети и течни горива на слободниот пазар . „Мое категорично мислење е дека сите бугарски граѓани треба да добијат поддршка од државата за да ги задоволат основните потреби за енергија и гориво, имајќи предвид дека зголемувањето на приходите на населението во Бугарија заостанува зад ескалацијата на повеќекратните кризи“, напиша Ковачева во својата препорака. Таа нагласува дека е неопходно искуството од мораториумот на регулираните цени на струјата, топлинската енергија и водата за пиење, што го воведе 47. Народно собрание, да се оцени и да се искористи на најдобар начин. Наспроти ова, Комисијата за регулирање на енергетиката и води (КЕВР) ја објави својата одлука за зголемување на регулираните цени на електричната енергија и топлинската енергија за домаќинствата за периодот од 1 јули 2022 година до 30 јуни 2023 година. „Без оглед на образложените негативни мислења доставени во рамките на јавната дискусија, вклучително и од институцијата Народен правобранител, КЕВР потврди нагло зголемување на цената на топла вода и пареа за корисниците на топлификатори во просек за 30% ( без ДДВ), како на пример за „Топлификација Софија“ ЕАД зголемувањето е 39,99%“, нагласува јавниот бранител. Дијана Ковачева го аргументира својот став со тоа што од денеска нема јасност колкави ќе бидат цените на природниот гас за корисниците од домаќинствата во јули годинава. „Рекордно високите цени на горивата на европските берзи не даваат причини за оптимизам во наредните месеци“, посочува народниот правобранител и додава дека на крајот на мај 2022 година владината програма за обештетување на домаќинствата во врска со високиот цените на природниот гас заврши гасот. Ковачева е категорична дека новото поскапување на топлинската енергија што го воведе КЕВР и неизвесноста околу цените на природниот гас се случуваат во услови на стрмно растечка општа инфлација – покажуваат податоците на Националниот статистички институт во мај годинава. Годишната инфлација во Бугарија достигнува 15,6%. Според информациите на Евростат за животниот стандард на европските граѓани во последниот квартал од минатата година, 37 отсто од Бугарите тешко врзуваат крај со крај, се наведува и во соопштението....
Лавров: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално
Макпрес - пред 5 часа
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија. – Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги, изјави Лавров на прес-конференција во Москва. На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија....
Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша
Макпрес - пред 5 часа
Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на големата суша што зафати делови од земјата, соопшти кабинетот на премиерот Марио Драги. Владата ќе се состане денеска за да ги објави мерките што ги засегаат најтешко погодените региони. Северот на земјата е особено тешко погоден, со големи езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое содржи многу помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Пo, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж своето течение е на најниско ниво во последните 70 години. Градовите Пиза и Верона воведоа ограничувања за вода, а Венеција и Милано исклучија некои од нивните фонтани. Зачестеноста на сувите периоди во медитеранскиот регион во голема мера се припишуваат на климатските промени. Во делови од Португалија и Шпанија има суша најинтезивна во изминатите илјада години поради атмосферскиот висок притисок поттикнат од климатските промени, според истражувањето објавено денеска, во кое се предупредува на сериозни последици за производството на вино и маслинки. Во новата студија за моделирање објавена во списанието Nature Geoscience, истражувачите од САД открија дека овој систем под висок притисок „драматично се променил во изминатиот век и дека овие промени во северноатлантската клима се без преседан во изминатиот милениум“. Користејќи симулации на климатски модели во последните 1.200 години, студијата покажа дека овој систем под висок притисок почнал да расте и да покрива поголема површина пред околу 200 години, бидејќи загадувањето со стакленички гасови почнало да се зголемува....
Косово воведе нови санкции кон Русија
Макпрес - пред 5 часа
Косовската влада денеска одучи да воведе нови санкции кон Русија, поради агресијата на таа држава врз Украина, јави дописникот на МИА од Приштина. Образложувајќи го предлогот за новите мерки на владината седница што се одржа попладнево, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово, Доника Грвала рече дека на овој начин Косово ќе придонесе „за продолжување на тесната соработка со Соединетите Америккански Држави и Европската унија“. Новите санкции, информира шефицата на косовската дипломатија, опфаќаат „ограничување на извозот со стоки и технологија со двојна примена, како и на стоки и технологија кои можат да послужат за технолошко подобрување на одбранбениот и безбедносниот систем на Русија“. – Со санкциите се забрануваат новите инвестиции во рускиот енергетски сектор… ограничени се сите трансакции со одредени државни руски компании, кои се сега објект на ограничувањата на рефинансирањето, а се усвојуваат и мерки со кои се забранува нудењето на услуги за вреднување на кредитите, информира Грвала....
Кавга меѓу браќа кој да стопанисува со плажа причина за пукотниците кај Валона
Макпрес - пред 5 часа
Кавга меѓу двајца браќа кој да стопанисува со плажа земена на користење е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона во 12:30 часот. Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот уапсен е Едисон Конди (34) жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45). Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија, и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но според последната информација што ја пренесуваат медиумите не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа. Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу нив и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно. – Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника, велат тие. Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, возила за итна помош а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување. Сеуште во тек е увидот, по што ќе има официјално соопштение....
Роналдо не се појави на првиот тренинг на Манчестер јунајтед
Макпрес - пред 5 часа
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, не се појави на првиот тренинг на Манчестер Јунјатед, засилувајќи ги со тоа шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд“, јавува МИА. Португалскиот 37-годишен напаѓач требаше заедно со своите соиграчи, кои имаат репрезентативни обврски во јуни, да ги стартуваат денеска подготовките за новата сезона. Сепак, Роналдо испрати „извинување“ до клубот, наведувајќи дека поради семејни причини е принуден да го пропушти првиот тренинг. Речиси сите британски медиуми пренесуваат денеска дека Роналдо нема намера да ја продолжи кариерата во Јунјатед, додавајќи оти петкратниот освојувач на Златната топка веќе му порачал на клупското раководство дека заминува. Роналдо го врзува уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, но лошата резултатска сезона 2021/22 во која клубот остана без пласман во Лигата на шампиони, како и несогласувањата во соблекувалната, но и доаѓањето на новиот тренер, наводно се причините поради кои Португалецот по втор пат во кариерата ќе ги напушти „црвените ѓаволи“....
Курти: Косово може да придонесе за подобра ЕУ
Макпрес - пред 5 часа
Косовскиот премиер Албин Курти на денешната средба со министерката за европски прашања на Финска, Тити Тупураинен и нејзиниот ирски колега, Томас Бирн, кои ги предводат нивните државни делегации кои се во посета на Приштина, изјави дека Косово и Европската унија „имаат што да си пружат еден на друг“, јави дописникот на МИА од Приштина. На средбата во Владата на Косово, Курти изрази задоволство поради посетата на гостите од двете држави членки на ЕУ, во, како што рече, „овие тешки времиња”. Косовскиот премиер порача дека Косово има потреба од размена на искуства и сестрана соработка, но и дека може да придонесе „за една подобра ЕУ, од аспект на прогресот и одбраната”. „Среќни сме што ве имаме во Косово во овие тешки времиња, времиња кои нé прават посилни. Имаме многу нешта што можеме да си пружиме еден на друг, искуства, економска, трговска, културна соработка и така натаму. Ние можеме да придонесеме за една подобра ЕУ, од аспект на прогресот и одбраната“, изјави Курти. Претпладне делегациите на Финска и Ирска имаа средба со косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими, по што на заедничка прес-конференција министрите Тупураинен и Бирн изјавија дека нивните земји целосно го поддржуваат Косово за визната либерализација, како и за зачленување во Советот на Европа и во други меѓународни организации....
САД: Убиството на новинарот Ширен Абу Аклех е ненамерно и резултат на трагични околности
Макпрес - пред 5 часа
Од Стејт департментот денеска изјавија дека не можат да го утврдиат потеклотото на куршумот што го уби американско-палестинскиот новинар Ширен Абу Аклех, во Западниот Брег во мај, но заклучува дека смртта најверојатно потекнува од оган од израелски воени позиции. Експертите утврдија дека куршумот е оштетен што е пречка за да се донесе јасен заклучок, се вели во соопштението од портпаролот Нед Прајс. -Во заклучок од истрагите на одбранбените сили на Израел и на палестинската власт, безбедносниот координатор на САД (УССЦ) заклучи дека оганот од изреалски одбранбени позиции е најверојатно одговорен за смртта на Ширен Абу Аклех, се вели во соопштението. УССЦ не најде причина да верува дека ова е намерно, најверојатно е резултат на трагични околности во текот на воена акција на израелските одбранбени сили против фракции на палестинскиот исламски Џихад на 11 мај 2022 година во Џенин, а по серија терористички напади во Израел, се вели во соопштението....
Во Германија регистриран прв извозен дефицит по повеќе од 30 години
Макпрес - пред 5 часа
Германија забележа трговски дефицит на месечна основа за првпат од 1991 година, поради повисоките увозни цени. Германскиот сојузен завод за статистика денеска објави дека во мај вредноста на извозот изнесува 125,8 милијарди евра, додека вредноста на увозот 126,7 милијарди евра. Тоа значи дека евидентираниот трговски дефицит на Германија изнесува една милијарда евра. Аналитичарите порастот на увозот го припишуваат на инфлацијата. Во текот на мај извозот од Германија во Русија е зголемен за 30 отсто во однос на април, кога поради нападот на Русија врз Украина и западните санкции падна за 60 отсто. Сепак, обемот на германскиот извоз во Русија во мај остана на помалку од 50 отсто во споредба со истиот месец минатата година....
Луѓе во униформи на УЧК се шетаа низ Тетово и Гостивар
Макпрес - пред 5 часа
Луѓе во униформи на УЧК и знамиња на Голема Албанија парадираат низ Тетово и Гостивар, а граѓаните вознемирени и загрижени од тоа споделуваат фотографиии и видеа на социјалните мрежи. На неколкуте фотографии се гледаат знамиња на Голема Албанија каде е вклучен и дел од Македонија како и луѓе со црни војнички униформи и црвени ознаки на УЧК како се движат низ Тетово и Гостивар. Од друга страна, според телевизиски прилог на локалната тетовска телевизија на албански јазик во саботата имало погреб на поранешен припадник на УЧК од Тетово кој учествувал во војната на Косово во 1998 година и најверојатно тогаш се направени и фотографии од загрижените граѓани Според пренесената информацијата поранешниот припадник на УЧК, Нихил Рамадани живеел во Германија, ама се приклучил во војната на Косово, по што се вратил да живее во германскиот град Хамбург. Откако починал поради болест, за погреб бил донесен во Тетово каде има гробница на повеќе луѓе кои ја носеле униформата на УЧК. Настанот коинцидира со изјавата од саботата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог носи ризици од меѓуетнички тензии....
Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од државава
Макпрес - пред 5 часа
Започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант ОХИС, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција. Вкупно 477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и натоварени во 7 контејнери и 126,37 тони HCH загадена почва ископана и соодветно спакувана, со товарни возила ќе бидат транспортирани до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH отпадот ќе биде транспортиран за Франција, а контамираната почва за АТМ Холандија, соопштија од МЖСПП. Со тоа, посочуват од Министертсвото, комплетно завршуваат договорните активности со УНИДО, а по извршеното примопредавање на 03 јуни 2022 година за продолжување на ископот одговорноста ја презема UNOPS со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. – Во меѓувреме, се продолжи со ископ на останатиот материјал од малата депонија која е поделена во уште четири лота. Во тек е ископот на вториот лот за чиј надзор е одговорна компанијата HPC во соработка со локалниот партнер Екомозаик, се наведува во соопштението на МЖСПП....
28 мотоциклисти во рок од една недела останаа без нивните превозни средства
Макпрес - пред 5 часа
Вкупно 751 возач на мотоцикл се санкционирани во засилената акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи во периодот од 27 јуни до 3 јули годинава на територијата на целата држава. Од нив, како што информира МВР, 488 не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, а 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. Санкционирани се и други прекршоци. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта...
Османи и Ковачевски во Брисел може да одат само на сликање и ручек, преговорите нема да почнат, ја лажат јавноста, вели Николоски
Макпрес - пред 7 часа
Мислам дека народот веќе доволно добро знае за предлогот, веќе некаде 2 недели до 20 дена предлогот во една или во друга форма го има. Пред се сакам да ви се заблагодарам на вас медиумите, а и на вас Алфа телевизија што детално го објаснува предлогот со цел луѓето да знаат што е штетноста во истиот. Народот треба да знае што е суштината во овој договор и каде би можело ВМРО-ДПМНЕ да реагира, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија. Николоски посочи дека Договорот поставува преседан за Македонија, затоа што јавноста треба да знае дека доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со Европската Унија туку само ќе ги викнат во Брисел на сликање. „Значи доколку Владата го прифати договорот Македонија не почнува преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на едно сликање каде ќе ручаат еден ручек и ќе се вратат назад. Откако ќе се вратат назад за Македонија да почне преговори, треба да се промени Уставот, а за да се промени Уставот потребно е 2/3 мнозинство каде е клучно ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви гарантирам и давам збор вечерва дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот. Доколку не се случи промената на Уставот, тогаш сите тие други работи кои се напишани во тој договор не важат затоа што тоа е услов за влез во договорот“, рече Николоски. Николоски потенцираше дека клучниот фокус е кон спречување на промената на Уставот. Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека нема да се случат Уставни измени. Што значи дека без Уставни измени договорот не важи. „Нам уште по лесно ќе ни е ако имаме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 пратеници односно апсолутно мнозинство, тогаш ни постапка за промена на Устав нема да почне. Ако нема предвремени избори и ако пробаат во овој пратенички состав тоа да го тераат тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и пак нема да се случат Уставните измени“, кажа Николоски. „Апсолутно Македонија треба да стане членка на Европската Унија, но треба да сме свесни дека никој не врши притисок врз Бугарија. Најдобар доказ дека никој не врши притисок врз Бугарија е што сите бугарски позиции се во Предлогот и при тоа ниедна македонска. Зошто е тоа така ? Затоа што Владата на Заев и Ковачевски и на СДСМ и ДУИ е корумпирана, а во Европска Унија на иста маса со корумпиран политичар не седнуваат. Дури и сега нема да седнат на иста маса и лажат дека ќе почнат преговори. Зошто? Затоа што има висок степен на корупција“, изјави Николоски. Николоски заклучи дека за да се спасат од одговорност прават пропаганда, дека готово утре почнуваме преговори. Не почнуваат проговори и нема да има никакви мултиетнички тензии, а единствените тензии кои ќе ги има се кај него затоа ќе ја изгуби министерската позиција. Во кариерата ќе има тензии, ама во државата нема да има....
Тоа што се случи на протестот вечерва беше спонтан израз на незадоволство а не инцидент иако има уфрлени провокатори, вели Николоски
Макпрес - пред 7 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа, ги коментираше протестите кои одржуваат против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и рече дека е многу среќен што десетици илјади граѓани ги поддржуваат истите тие протести и убеден дека доколку економските услови во Македонија, да можеа луѓето да си дозволат да ставаат бензин во своите автомобили, ќе имаше и стотици илјади затоа што врие кај Македонецот, но врие и во другите градови во Македонија. Николоски ги коментираше и денешните инциденти пред владата. - Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство – рече Николоски. Николоски во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан. - За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот – заклучи Николоски....
Милевски за ТВ24: Ако утре се гласа францускиот предлог, Владата нека си тера без ЛДП, ние ќе бидеме против
Макпрес - пред 9 часа
По средбата на лидерите на помалите партии од владината коалиција ЛДП, ДС и ДОМ со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Либералната партија и министер Горан Милевски, рече дека доколку утре се гласа за франуцскиот предлог, неговата партија ќе биде против. Во изјава по средбата за 24 вести, Милевски вели дека отворено кажале дека најголемиот проблем за нив е образованието и историјата и дека не сакаат да влеземе во ЕУ како втора бугарска држава. Извор: ТВ24...
Трајанов: На суптилен начин се вградени сите бугарски барања во предлогот кој е ревидиран
Макпрес - пред 9 часа
Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог, рече Трајанов во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа. -Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност, посочи Трајанов. Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. – Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка, рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем....
Откако се смирија страстите пред Влада се играше и оро
Макпрес - пред 9 часа
Групата граѓани кои вечерва останаа да протестираат пред зградата на Владата, по говорите, развија и оро. На чело е и професорката Гордана Силјановска Давкова. Дел од демонстрантите заминаа пред Собранието...
Коровешовска: На народот му е јасно дека Бугарија ќе ни ја крои иднината, затоа порачуваме „Ултиматум НЕ, благодарам“
Макпрес - пред 9 часа
Ова е македонски народ, европски народ. Да не дозволиме оние кои сакаат да ја изгубиме државата, они ново окупатори и оние кои од внатре работат за тоа сценарио да го остварат, изјави новинарката Искра Коровешовска на денешниот протест насловен „Ултиматум НЕ, благодарам“. „Признајте владо и владејачка коалицијо зошто преговарате со Бугарија и признајте ја вината конечно. Признајте дека Бугарија ќе ни ја крои историјата и не негирајте веќе. Овој народ чита, гледа, слуша и не може веќе да го излажете“, рече Коровешовска. Коровешовска потенцираше дека време е да признаете дека други ни ја кројат судбината и време е да не бидете соученици по тоа. Време е да се соочите со себе самите за да не бидете запишани во историјата како предавници бидејќи оваа младина овде ќе ви суди. Таа потенцираше дека ние не сме не европски народ бидејќи нема ништо европско во тоа да го принудите да народ да го смени своето име и да се откаже од својот идентитет, јазик и Устав. Ние сме европски граѓани затоа што имаме европски вредности затоа што живееме европски мирно и пријателски со етничките заедници внатре. „Не за ултиматум, не за бугарски предлог потпишан со француски потпис. Да за европска Македонија, вистинска Македонија со Македонски јазик чија историја никој нема да може да ја прекројува и да ја брише. Само тој пат е вистински и Европски пат, а поинаков пат друг од овој не ни треба“, заклучи Коровешовска....
Демонстранти од пред Владата се упатија кон Собранието и таму бутната заштитната ограда
Макпрес - пред 10 часа
Пред зградата на републичкото Собрание вечерва се одржува протест, кој уследи по протестните активности што се во тек и пред Владата, а преку кои се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија. Урната е заштитната ограда, а главниот влез на Собранието е обезбеден од кордон полицајци. Кон собраниската зграда демонстрантите фрлаат јајца и шишиња. Учесниците на протестот се упатија кон Собранието од пред владината зграда, каде исто така беше урната заштитната ограда а дел се стационираа во владиниот двор. На почетокот на протестот кон зградата на Владата исто така беа фрлани јајца, шишиња, петарди. Се скандираше „Оставка“, „Никогаш Северна само Македонија“. Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси...
„Заедно со вас да ја спасиме државата“, порача Дарија Андовска бакнувајќи полициски штит
Макпрес - пред 10 часа
Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа вечерва демонстрантите на полициските службеници кои ја опколија зградата на Владата. Дарија Андоновска остави белег на еден од полициските штитови....
(Видео) Ако јас сум пироман, вие сте предавници, кажа Ламбе Алабаковски пред Влада и го запали Францускиот предлог
Макпрес - пред 10 часа
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија....
Пендаровски на средба со министрите за европски прашања на Ирска и Финска
Макпрес - пред 10 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија, информира прес-службата на претседателот. Како што се наведува во соопштението, за време на средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка. -Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ, велат од прес-службата на претседателот Пендаровски. Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата. -Соговорниците разменија мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, беше констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, беше поздравена одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид, се додава во соопштението....
Во Грција се згрижени 2.010 деца бегалци без придружба
Макпрес - пред 10 часа
Процените на Министерството за миграција и азил на Грција се дека во земјата живеат 2.010 деца бегалци без придружба од кои мнозинството се момчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци, 1.737 се сместени во простори за долгорочен престој, а за останатите 273 е обезбедено привремено сместување. Речиси девет од десет деца бегалци без придружба, односно 88 отсто се момчиња, 12 проценти се девојчиња, а шест отсто од вкупниот број се помали од 14 години. Во вкупниот број се вклучени 32 деца кои имаат придружба од возрасно лице, но не е нивниот законски старател, како и 13 деца од Украина кои се во придружба на три лица....
Владата утре на седница ќе одлучува за францускиот предлог, паралелно Шарл Мишел доаѓа во Скопје
Макпрес - пред 10 часа
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија....
Поранешниот претседател на Бугарија, Прванов најави книга на тема Илинденско - Преображенско востание
Макпрес - пред 10 часа
Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата. -Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што не прогласија двајцата премиери на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски, коментира Прванов. Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции. Тој го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати“, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции....
Ја спасува ли Пендаровски владата: Трајанов, Морачанин и Милевски на средба со Претседателот, без конкретни информации што се разговарало
Макпрес - пред 10 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот....
Трет ден протести, тензична атмосфера, мали инциденти и фрлање со јајца и шишиња кон Владата
Макпрес - пред 10 часа
Пред Владата и вечерва се одржува протест под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, преку кој се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија. Дел од учесниците на протестот кон владината зграда фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,… а откако ја поминаа заштитната ограда се стационираа пред кордонот полицајци. Скандираат „Оставка“ и пеат патриотски песни. Околу владината зграда е видливо засилено полициско обезбедување. Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија....
Холандските власти уапсија осомничен за убиството на новинарот Де Врис
Макпрес - пред 10 часа
Холандските власти денеска уапсија 27-годишен полски државјанин, осомничен дека го организирал убиството на познатиот новинар Питер де Врис, речиси точно една година по вооружениот напад врз него. Уапсеното лице, чиј идентитет не е соопштен, е осомничено дека „ги наредил оние што го убиле Де Врис“, соопшти холандското обвинителство. Тие не соопштуваат други детали, но нагласија дека ја продолжуваат истрагата за да откријат кој го нарачал убиството и мотивот. За убиството на Де Врис им се суди на 21-годишниот Холанѓанец Делан Г. и на полскиот државјанин Камил Е., а нивните пресуди судот треба да ги изрече на 14 јули. Обвинителите побараа доживотна казна затвор за двајцата. На 6 јули 2021 година, Де Врис беше застрелан од непосредна близина во центарот на Амстердам, им подлегна на повредите девет дена подоцна, на 64-годишна возраст....
Најголем трансфер во историјата на Брегалница, Манев потпиша за Адана
Макпрес - пред 10 часа
Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница од Штип соопшти денеска дека го реализирала најголемиот трансфер во клупската историја, откако македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите играчи на штипскиот клуб Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во турскиот прволигаш Адана. – По неколкудневните интензивни преговори меѓу двата клуба и официјално договорена е преселбата на 21-годишниот Манев во Адана, трансфер на кој Брегалница е исклучително горда како начин и за промоција на сопствениот начин на работа со силна поддршка за младите и талентирани македонски фудбалери, соопшти попладнево штипскиот прволигаш. Новиот клуб на Манев е предводен од клупата од легендарниот поранешен италијански репрезентативец Винченцо Монтела, а редовите на Адана настапува поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул Марио Балотели. – Овој трансфер е силна потврда на сите наши заложби за максимална поддршка на младите и талентирани фудбалери, кои, како што истакнавме и со преземањето на клубот, ќе бидат секогаш максимално промовирани во интерес и на нашите и на нивните кариери, на клубот и на македонскиот фудбал, изјави за клупскиот сајт спортскиот директор н Брегалница, Никола Тонев....
Зеленски со повик до државите за обнова на Украина
Макпрес - пред 10 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер. „Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки“, рече Зеленски. Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната. „Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа“, рече украинскиот претседател. Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија. Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси....
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Макпрес - пред 10 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада....
Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата
Макпрес - пред 10 часа
Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. „Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. „Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ....
Маричиќ: Протоколот со Софија се уште не е финализиран
Макпрес - пред 10 часа
Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ. Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки. Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој. Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ. – Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови, посочи вицепремиерот. Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања. – Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме, истака вицепремиерот Маричиќ...
Бирн: Ова е ваше време и нема подобар предлог што е на располагање
Макпрес - пред 10 часа
Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен. -Јас доаѓам од земја од којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски јазик долги години и со членството во ЕУ, нашиот јазик доби навистина еден извонреден статус. Сигурен сум дека тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик. Тоа што сакам да кажам е дека нашиот идентитет како нација беше зајакнат со членството и ни даде храброст и сите тие знамиња што се во ЕУ претставуваат земји што се еднакви и тоа е она што ние го вреднуваме во Унијата, истакна Бирн. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. -Знаеме дека историските и билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка но и од наша ирска перспектива нашите билатерални прашања подобро се решаваат како дел од ЕУ. Постојат и уставни промени што нема да ги спречат почетокот на преговорите, меѓутоа ние како дел од нашиот договор кога станувавме членка моравме да направиме еден навистина тежок компромис, РЕЧЕ ирскиот министер за европски прашања. Во однос на општествениот и економскиот напредок, тој посочи дека кога Ирска станала дел од европската заедница имале милион вработени, додека според податоците од минатата година, таа бројка денес е 2,5 милиони вработени. Бирн истакна дека претставува извонредна разлика и оти не постои сомнеж дека и Северна Македонија ќе просперира и ќе успее како економски, така и општествено. На прашањето како би ја оцениле преговарачката рамка, финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен порача дека целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, вели Тупураинен. Советот, како што посочи, едногласно донесе одлука дека ќе ги почне преговарачките процеси кога ќе се усвои преговарачката рамка, а според финската министерка тоа ќе се случи многу брзо, бидејќи, како што истакна, Македонците го заслужуваат тоа и заслужуваат ЕУ да го испорача тоа што го има ветено. Министерот за европски прашања на Ирска порача дека со овој предлог се заштитени македонскиот јазик и идентитет и со ова се оставаат сите билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. -Тоа што ние сакаме да порачаме, ова е вашето време нема подобар предлог што е на располагање и доколку се случи тоа ќе биде причина за прослава бидејќи ќе доведе до напредок на целата земја и граѓаните. Ако не се случи јас нависитина не знам што да кажам, ако се потпише се разбира дека ќе има и компромиси, меѓутоа и со тие компромиси предлогот содржи големи победи и за земјата и за македонскиот народ. Се разбира крајната цел е полноправно членство, порача Бирн....
Владата ги објави документите на македонски јазик, не и протоколот меѓу Скопје и Софија
Макпрес - пред 15 часа
Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија - Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата....
И БЕСА го прифати францускиот предлог, велат дека во нивен интерес е секој договор кој нема да штети на Албанците во Македонија
Макпрес - пред 15 часа
Движењето БЕСА будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог. Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето БЕСА дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Македонија. Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“. Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата. Движење БЕСА...
Демократски сојуз бара од Владата реципроцитет со Бугарија за одредени прашања и да се остранат наметнатите позиции од Софија
Макпрес - пред 15 часа
Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледа модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, при што ги донесе следните заклучоци: Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Трето, уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев ,Јане Сандански ,Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници,Илинден итн. Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. Петто, за предложената Преговарачка рамка да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. Доколку Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог – стои во соопштението на Демократскиот сојуз....
Кинески видеа ја преплавија страницата на УКИМ, од таму велат дека се работи за хакерски напад
Макпрес - пред 15 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот...
Османи се уште го крие во фиока протоколот меѓу Скопје и Софија
Макпрес - пред 15 часа
Зошто власта го крие билатералниот протокол ако тој не ги руши сите македонски позиции…Ветувањата на министерот Бујар Османи паднаа во вода, помина и викендот ама текстот на протоколот се уште не се објавува. Иако власта тврди дека тој не е дел од францускиот предлог, протоколот е заменет со зборот годишен извештај и е всушност записникот од втората меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија. Во протокол се наоѓаат обврските што сме ги презеле за имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство во делот на историската комисија – говорот на омраза, учебниците, спомениците, отворањето на досиејата на УДБА итн. односно познатите услови 4+1“ барање. Премиерот веќе потврди дека протоколот е завршена работа која е усогласена од двете страни, пренесува Телевизија Алфа. Во новата верзија Протоколите не се споменуваат, но дека станува збор за истиот документ потврдува фактот дека носечки момент е членот 12 од Договорот за добрососедство што практично значи дека еднаш годишно на меѓувладин состанок Софија ќе проверува што сме сработиле, па ако биде задоволна од спроведувањето на Договорот за добрососесдство ќе дозволи да продолжи пристапниот процес. Во протоколот се и записниците од мешовитата историска комисија, што значи дека и доколку власта се согласи историските прашање стануваат дел од преговарачката рамка, наспроти нивните уверувања дека за историјата не се преговара. Османи молчи и го крие протоколот, а бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска уште минатиот месец текстот на протоколот го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија. Додека ние чекаме на македонските власти, бугарските медиуми наголемо пишуваат дека закажана е онлајн средба на Османи и Генчовска токму за протоколот. Досега владата ги објави Преговарачката рамка, Изјавата на ЕУ при отворањето на преговорите и Заклучоците на Советот на ЕУ, но недостига еден клучен документ – протоколот....
Преку реорганизација ќе се обидеме да го решиме проблемот кој се појави откако судии и обвинители заминаа во пензија, изјави Тупанчевски
Макпрес - пред 15 часа
Eдинственото решение кое што ни останува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, затоа што во нашата држава има судови и јавни обвинителства коишто се преоптоварени и има судови и јавни обвинителства коишто практично имаат судии и обвинители коишто работат и под норма. Во таа насока, значи, тоа е единственото решение во моментот кое што би можело да има практичен контекст затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени правни импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна организација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број би можеле ако не друго барем приближно да го надоместиме она што ќе ни недостасува, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски денеска во Струмица одоговарајќи на новинарско прашања. Истакна дека секогаш постои план Б откако не беше продолжен работниот стаж на судиите и на јавните обвинители. -Да не заборавиме дека до крајот на годината ќе имаме 59 нови академци коишто ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители и на секој начин тоа ќе значи некој тип на инфузија на судството и јавното обвинителство. Да не заборавиме дека има уште 96-97 нови кандидати коишто за година и половина, односно за две години повторно ќе бидат интегрален дел од македонското судство и обвинителство, така што ако ги земеме тие 97 и овие 50, значи околу 150 луѓе ќе претставува надополнување или ајде да речам освежување на судско обвинителскиот систем во нашата држава, додаде Тупанчевски. Подвлече дека проблемот не е нерешлив, иако создава одредени потешкотии, меѓутоа тој е оптимист дека ќе се најде решение или како план Б којшто би можел да помогне во разрешување на актуелната состојба...
Костовски: Градежно лето во општина Бутел
Макпрес - пред 15 часа
Почитувани граѓани на општина Бутел, започнуваме со градежна летна офанзива како никогаш до сега. Нова ДЕТСКА ГРАДИНКА во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски” Започнуваме во соработка со Град Скопје со асфалтирање и реконструкција на улица Бутелска во должина од 1000 м2 и улица Скоевска во должина од 1800 м2. Асфалтирање на 20 улици во сите населени места како дел од првата и втората фаза. Нови паркови во населба Радишани и до ООУ “Св. Климент Охридски”. Четири нови спортско рекреативни центри со спортски и детски игралишта и холтикултурно уредување. - Во населба Бутел на местото познато како “ливада”. - Во населба Радишани спроти “Олимпија” - Во населба Скопје Север. - На Улица 8 во местото викано Жегровец помеѓу Радишани и Љуботенски пат. Нови детски игралишта во Љубанци, населба Радишани, Скопје Север, Бутел. Нова пешачка патека во должина од 800м на улица 30 населено место Љуботенски пат. Ново кошаркарско игралиште во Бутел 2 ООУ “Панајот Гиновски” Ново мултифункционално игралиште во Визбегово. Реконструкција на фудбалското игралиште во ООУ “Живко Брајковски”. Нова ограда во ООУ “Св. Климент Охридски”. Нови библиотеки во ООУ “Гоце Делчев” и “Петар Здравковски - Пенко”. Целосна реконструкција и поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште во Љубанци. Реконструкција на пристапните пешачки патеки во Скопје Север. Опремување и оспособување на нови кабинети по хемија и физика во неколку ООУ. Поставување нова урбана на сите места каде што е потребно. Ново зеленило и нови зелени скверови. Довршување на проектот за изградба на кеј на реката Серава во Радишани. Поставување на “легнати полицајци” онаму каде што е потребно согласно потребите на граѓаните. Општина Бутел видливо се менува. Динамичното темпо кое го наметнавме ги крена очекувањата кај граѓаните на Општина Бутел и ние сме спремни да одговориме на потребите на граѓаните. Се што е ветено ќе биде реализирано, потребно е само малку трпение. Чесно, посветено и со многу труд ќе работиме за поквалитетен живот на нашите граѓани. Работа, работа и само работа!...
Одбранети над 80 дипломски и магистерски трудови од областа на Македонскиот јазик на факултетот во Љубљана
Макпрес - пред 16 часа
Во речиси секоја генерација на Универзитетот во Љубљана има студенти кои покажуваат голем интерес за македонистиката. Само во последните две децении на љубљанскиот Филозофски факултет се одбранети над 80 дипломски и магистерски трудови од областа на македонскиот јазик и книжевност, а три од нив се наградени со Прешерновата награда за најдобри дипломски и магистерски трудови на Факултетот. Овие трудови се и потврда за македонскиот јазик како образовна цел во земја од Европската Унија. Во завршна фаза е и нова докторска теза. Овие информации и податоци доаѓаат од Универзитетот во Љубљана, по повод 60 години од поставувањето на темелите на изучувањето на македонистиката на љубљанскиот Филозофски факултет. Тие се уште еден показател за значајните резултати во афирмацијата на македонистиката на странските образовни и научни центри коишто се постигнуваат во содејство на странските универзитети, професорите и истражувачите – македонисти од странство и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). „Добро е да се негува македонистиката во Љубљана и на другите странски универзитети. Со негувањето на македонистиката и надвор од матичните македонски институции се отвораат поинакви перспективи, погледи кон македонскиот јазик, литература и култура, пред сѐ, во вид на споредбени анализи кои придонесуваат кон меѓусебно (за)познавање, но и кон подобро познавање на себеси.“ – истакна проф. д-р Намита Субиото, која изминативе дваесет години ја води љубљанската Катедра за македонски јазик и книжевност, во своето најново излагање по повод големиот јубилеј. Таа напомена дека покрај тоа што сериозно студираат, студентите-македонисти учествуваат и во преведувачки проекти, на научни конференции, настапуваат на културни манифестации и известуваат за македонистички теми во медиумите. За остварувањето на ваквите активности и за посветеноста на македонистиката воопшто, исклучително важна е и соработката со МСМЈЛК при УКИМ, особено преку учеството на словенечки студенти и истражувачи на летните и зимските школи, како и континуираното учество на словенечки истражувачи на Меѓународната научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто за странските македонисти е поттик и за продлабочени проучувања во сферата на македонистиката. Само годинава, на претстојната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ се очекува учество на шест семинаристи од Словенија. Покрај тоа, придонес се остварува и со сите материјали коишто ги обезбедува и испорачува МСМЈЛК при УКИМ, а коишто се користат и во наставата на љубљанскиот Филозофски факултет и се влог во унапредувањето на изчучувањето на македонскиот јазик, литература и култура. „Студентите ги интересираат различни сегменти од македонската граматика, пред сѐ, балканските (несловенски) карактеристики, ги интересираат знаците на традиција и историја инкорпорирани во современата литература и култура, ги интригираат преведувачки постапки на релација македонски-словенечки и обратно.“ – нагласи Субиото, осврнувајќи се и на темите на дипломските и магистерските работи од сферата на македонистиката одбранети на љубљанскиот Филозофски факултет. Во однос на новата докторска теза којашто е во завршна фаза, Субиото напомена дека е посветена на заемната рецепција на македонската и словенечката книжевност за деца и млади. Во изминатите години, интересот за македонската книжевност за деца е зголемен и со студентите на љубљанската Катедра за македонски јазик и книжевност веќе се подготвува двојазичен избор на македонска поезија за деца. Овој избор ќе биде шеста книга објавена последниве години како резултат на посветеноста на книжевниот превод од македонски на словенечки јазик на Филозофскиот факултет во Љубљана, при што како што истакна Субиото, интересот е насочен пред сè кон современата македонска книжевност. За големиот интерес за книжевен превод од македонски на словенечки јазик придонесоа и курсевите коишто МСМЈЛК при УКИМ ги организираше во рамките на своите школи изминатите години, особено курсот по превод и курсот по литература. Последните неколку години, во рамките на курсот по литература беше опфатена и македонската книжевност за деца, што меѓу другото резултираше и со зголемен интерес за неа на странските образовни и научни центри, за што сведочат и информациите коишто доаѓаат од Љубљана. Во завршницата на своето излагање по повод големиот јубилеј, Субиото напомена дека на љубљанскиот Филозофски факултет веќе си поставува повеќе нови задачи и планови, поврзани со истражување, подготовка на учебните материјали и ажурирање на наставните планови. „Се радувам кога знаењето на студентите-македонисти и нивната посветеност кон македонистиката се забележани и во Македонија.“ – истакна таа. Претходно, чествувањата по повод јубилејот 60 години македонистика во Љубљана започнаа со свечен настан на којшто словенечките слависти порачаа дека продолжуваат поддршката и вложувањата за изучувањето и афирмацијата на македонистиката во Словенија. Во тој контекст, и натаму, особено важна ќе биде соработката меѓу љубљанската Катедра за македонски јазик и книжевност и МСМЈЛК при УКИМ, којшто покрај заложбите за лекторатите по македонски јазик остварува влог и во развивањето на македонистиката на универзитетските центри на коишто веќе постојат и одделни катедри за македонистика, како што е примерот со Љубљана...
Охридската и струшката пожарна добија опрема за спасување од урнатини, сообраќајки и поплави
Макпрес - пред 16 часа
Опрема за спасување од урнатини и тешки сообраќајни незгоди, како и пумпи и агрегати за спасување од поплави добија денеска противпожарните единици во Охрид и Струга, донација од Дирекцијата за заштита и спасување. Новата опрема, како што истакна на примопредавањето директорот на ДЗС, Беким Максути ќе им овозможи на двете територијални против пожарни единици полесно да се справат со сите елементарни непогоди и други несреќни случаи. – При крај сме со набавка на теренски противпожарни возила заедно со пумпи, за 14-те републички сили за справување со пожари. Целта е да сме што поподготвени да се справуваме со пожарите кои секоја година се во поголем број, рече Максути. ДЗС, нагласи, ќе продолжи да помага и инвестира во различни области, кои ги засегаат општините, но многу битен е и човечкиот фактор во однос на справувањето со природните непогоди, за што постојано вршта обуки на кадри. – Многу битен е човечкиот фактор. Ние може да ја имаме и најдобрата опрема, но ако немаме луѓе кои се обучени, имаат желба да соработуваат и искажат помош кон нешто што е заедничко за сите граѓани. Мораме одгловорно да се однесуваме уште од првиот чекор од нашиот дом и се што е заедничко мора да сме поодговорни и да не чекаме некој друг да ја заврши нашата работа, додаде Максути. Охрискиот градоначалник Кирил Пецаков смета дека донацијата е начајна за двата крајезерски града, кои во поголеми настани си помагаат. – Верувам и убеден сум дека ова ќе ја зголеми ефикасноста на двете противпожарни единици. Сметам дека во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално спремни противпожарни единици, кои ќе можат да реагираат во истиот момент кога ќе е потребно, рече Пецаков. Командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски забележа дека донацијата ќе ја подобри технички институцијата, каде недостасувале седум пожарникари, како и дополнителна опрема, со која според него, ќе заличи на европска пожарна. – Летен период имаме зголемена фрекфенција на туристи, возила, чести соораќајни незгоди. Овој тип опрема дополнително ќе допринесе Охрид да биде побезбедно место за живеење како за граѓаните, така и за туристите. Се надеваме во иднина на помош од Општината и од Дирекцијата за заштита и спасување со цел да заличиме на европска пожарна, изјави Јанкулоски. Директорот на ДЗС најави до крајот на септември дека охридската пожарна ќе добие специјално возило кое ќе може да делува во стариот дел на градот, но и за во други тешко пристапни области....
Нов хит на Суперхикс насловен „Крута“
Макпрес - пред 16 часа
Суперхикс Банда Инструментале - бенд кој скоро 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута“. Синглот е снимен во текот на месец јуни оваа година во студиото ТРА ЛА ЛА на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на Суперхикс кои публиката со нетрпение ги чека. Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија....
ЕК без коментар дали договорот со Фронтекс кој е блокиран од Софија поради македонскиот јазик ќе биде потпишан ако се прифати францскиот предлог
Макпрес - пред 16 часа
Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор. -Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант. МИА испрати писмено барање до генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија со ова прашање. Оттаму добивме одговор дека службите на Европската Комисија работат на прашањето и дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. МИА ќе информира штом добие одговор....
Отворено писмо на МДС: Господине Османи, оставка што поитно!
Макпрес - пред 16 часа
Поради свесно уништување на македонската дипломатија, бараме ваша најитна оставка, министре Османи! Македонските дипломати не го имаат ниту видено ниту анализирано францускиот предлог, како што вие тврдевте. Тоа го имаат направено само еден-двајца ваши најблиски соработници, кои патем како награда си добија мандати во странство. Не дозволуваме македонските дипломати да се злоупотребуваат и израмнуваат со неколкумина поединци на кои личната добивка им е пред државата. Молиме да си побарате друг начин да го оправдате наметнувањето на предлогот и рамката - ние не сме и нема да бидеме ничиј параван. Уште полошо, си дозволивте да се заканите со нарушување на меѓуетнички немири, доколку францускиот предлог бил одбиен, враќајќи не во едно темно минато кое мислевме дека остана далеку зад нас. Ваквите закани во најмала мерка ве прават недостоен за прв човек на дипломатијата. Долга е листата на вашите гревови, господине Османи. Следната година Република Македонија ќе претседава со ОБСЕ, што се смета за круна на мултилатералните активности. Сите држави во ваква ситуација ги ангажираат своите најдобри ресурси, само вие не, иако тоа го ветувавте минатата година. Во дипломатскиот тим кој ќе биде ангажиран, помеѓу повеќе од дваесетина дипломати, само еден (1) има претходно искуство во работењето со ОБСЕ во Виена, а останатите се аматери кога е во прашање најголемата регионална безбедносна организација во светот. Истовремено, голем број високи дипломати вклучително и релевантни амбасадори се или упатени на други должности во странство или воопшто не се ангажирани. Во чиј интерес е компромитирањето на нашето претседавање, господине Османи? Исто така, прашуваме по кој основ го испративте колегата Миле Миленковски во Виена, на место заменик шеф на мисијата, едно од клучните места во претстојното претседавање, за да само после една недела од упатувањето заврши во притвор во Врање? Господинот Миленковски воопште не се ни пријавил на интерниот конкурс за Виена, туку вон процедурите и без негово барање беше избран со ваша одлука. Еден од приоритетите на секоја дипломатија е поставување свои луѓе на високи и највисоки позиции во меѓународните организации. Тоа се смета за успех и дава можност за поголемо влијание на државата во меѓународните односи. Која е причината зошто блокирате кандидатури на наши амбасадори, оневозможувајќи им да дојдат на високи меѓународни позиции? Дали сте свесен дека со тоа правите штета по угледот на Република Македонија? Со дуплирање на организациони единици во МНР и претворање на вашиот кабинет во феудална тврдина, систематски го разградувате МНР само со една цел – да имате апсолутна контрола врз се што се случува во Министерството. Господине Османи, пред две години, кога дојдовте во МНР ве предупредивме дека една од главните задачи што стои пред вас е да го вратите сјајот и дигнитетот на министерството, девастирано од самоволието и арогантноста на Никола Димитров. За жал, вие не го сватифте предупредувањето сериозно и не мрднавте со малиот прст да ги поправите состојбите. Поради сето ова, а и многу други причини за кои ќе информираме дополнително, ние дипломатите од МДС не стоиме зад вас и очекуваме да имате минимум доблест што поскоро да си поднесете неотповиклива оставка, за добро на она малку што остана од дипломатијата....
ДЗС вели дека се подготвени за сезоната на пожари, иако два од три Ер трактори се сеуште на сервис
Макпрес - пред 16 часа
Дирекцијата за заштита и спасување е подготвена за справување со евентуални пожарни претстојната летна сезона, потврди денеска директорот Беким Максути. По предавањето донација од опрема за спасување од урнатини и тешки сообраќајни незгоди и поплави на противпожарните единици во Охрид и Струга, одговарајќи на новинарско прашање за подготвеноста на специјалните авиони за гаснење пожари ер трактор, тој информира дека едниот е веќе вратен од сервис, додека другите два треба да стигнат набрзо. – Пред две недели се вршеа тренинзи на Охридското Езеро со авионот што е вратен од сервис. Другиот треба да се врати во текот на оваа или почетокот на идната недела и третиот се надеваме дека ќе го имаме до почетокот на сезоната на пожари, рече Максути. Според него, биле извршени пробни летови и со пилотите, а продолжени им се и лиценците. – Можам да ве уверам дека оваа година ќе ги имаме на располагање. Но, не само авионите, ќе имаме и друга опрема, како и доброволни друштва кои искажале заинтересираност да бидат дел од тимовите на ДЗС за справување со пожари, изјави директорот на ДЗС. И покрај подготвеноста на Дирекцијата, според него, први на пожарите треба да одговарат службите на општините, односно територијалните против пожарни единици....
Томовски: Решението нема придобивки ниту за Македонија, ниту за јазикот, освен за оние кои сакаат да ја зачуваат фотелјата и привилегиите
Макпрес - пред 16 часа
Македонија не смее повеќе да губи. Владата вели дека го заштитила македонскиот јазик. Вистината е дека тој никогаш и не бил доведен во прашање, до сега, но и нема гаранции дека нема да биде оспоруван. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван. Владата дека ќе сме влезеле во ЕУ. Вистината е дека ова е преговарачка рамка каде бугарските барања стануваат барања на Европската Унија. А до тогаш Бугарија ќе може да не блокира во секој момент. Тогаш се сфаќа дека овој договор всушност и нема придобивки за Македонија, освен на оние кои сакаат да ја зачуваат фотелјата. Кога ултуматум е во прашање, одговорот на ВМРО-ДПМНЕ сега и секогаш ќе биде НЕ БЛАГОДАРАМ! Се гледаме вечер пред влада во 19 часот!...
30 санкции за непрописно вградени фолии
Макпрес - пред 16 часа
Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 30 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта....