Oбид за кражба на бебе, за среќа полицијата брзо реагирала
Бриф - пред 4 часа
Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје. Како што сооопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител. Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија. МИА...
Арафат Муареми се повлече од функцијата директорот на Управата за финансиска полиција
Бриф - пред 7 часа
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување.– Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција.Од Управата, исто така, нагласуваат дека денешната одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви.Како што информираа денеска од Јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, денеска поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство. Врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јовески, исто така, донел Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава. МИА...
МЗШВ: Од први септември започнува ловот на дивите свињи како една од мерките во борбата против болеста Африканска свинска чума
Бриф - пред 7 часа
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу МЗШВ и АХВ. Ловната сезона започнува на 1. септември на сите ловиштата на територија на државата освен во ловиштата во општините Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево. Одобрувањето на почеток на лов на диви свињи е една од мерките за спречување на ширењето на болеста Африканска свинска чума, која сериозно го загрозува свињарскиот сектор. Ваквата одлука беше донесена врз основа на координативните состаноци помеѓу министерството, АХВ и сите релевантни страни засегнати од опасноста од ширење на оваа болест. Согласно Законот за ловство, дивечот е во државна сопственост и како добро од општ интерес на државата ужива посебна заштита и подлежи на законски мерки во случај на појава и ширење на заразни болести. Концесионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП„Национални шуми“ – Скопје како привремени управувачи на ловиштата без концесионер, потребно е да го прилагодат своето работење согласно одредбата од донесеното Решение за одобрување на лов. Концесионерите на дивеч во ловиштата се должни ловот да го организираат во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина, а застеланиот дивеч по завршувањето на ловот да се складира на одредено место обележано од страна на Концесионерите на дивечот во ловиштата. Исто така, се задолжуваат Концесионерите и управувачите со државни ловишта во рок од 5 дена да определат ловни денови за засилен отстрел на диви свињи и да ги превземат сите мерки пред почетокот на ловот кој согласно денешното Решение ќе започне на 01. септември. МЗШВ континуирано ја следи состојбата со болеста Африканска свинска чума и во координација со АХВ и другите институции превзема навремени мерки. На иницијатива на министерот Николовски беше предложено итно формирање на Координативно тело како една од мерките за мониторинг и спречување на болеста Африканска свинска чума. Ова Координативно тело активно ќе ја следи состојбата и ќе дава идни препораки за потреба од превземање на дополнителни мерки. МЗШВ...
Дали општина Чешиново – Облешево го организирала денешниот протест на оризопроизводителите?
Бриф - пред 7 часа
Дали токму општината Чешиново – Облешево стои позади денешниот протест на дел од оризопроизводителите кои го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани е прашањето кое се поставува во јавноста откако на социјалните мрежи се појави документот за пријава на протестот кој е испратен токму од општината. Градоначалник на општината Чешиново-Облешево е Далибор Ангелов кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со што се поставува прашањето дали опозицијата со искористување на маките на оризопроизводителите се обидува да предизвика притисок на власта. Во време на кризи кои го погодија целиот свет, кога во развиените држави власта и опозицијата заедно работат на мерки за полесно надминување на кризите за граѓаните, македонската опозиција злоупотребувајќи ја локалната самоуправа организира протести. На овој начин, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги искористува земјоделците обидувајќи се да извршат притисок и да ја оцрнат власта. Опозицијата наместо да се бори за гола власт и своите организациски способности да ги троши за манипулирање на оризопроизводителите треба одлучно да застане зад државните интереси, наместо партиските. Извор: Локално...
МНР изразува целосната поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија
Бриф - пред 8 часа
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година. Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект. – Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата. Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји. Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји, наведува Министерството. Во соопштението се посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа. – Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза, се додава во соопштението на МНР. MИА...
Русковска: Пред малку добив решение дека сум суспендирана
Бриф - пред 8 часа
Шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Русковска потврди за Либертас дека пред малку добила решение за суспензија од работното место потписано од Републичкиот јавен обвинител. Русковска не сакаше повеќе да коментира освен дека ќе го чека крајниот исход. Очигледна беше нејзината резигнираност од овој потег на нејзиниот шеф, Републичкиот јавен обвинител Јовевски, но сепак, не сакаше дополнително да коментира . Суспензијата следи по дисциплинската постапка која ја побарал Јовевски кој доставил предлог и доази до комисијата за несоодветна постапка во случајот со претресот во управата за финансова полиција. . Обвинителот Јовевски бара одговорност од трите обвинителки Русковска, Јосифовска и Трајчева кои го извршиле претресот во финансовата полиција и за кој директорот Арафат Муареми поднесе кривична пријава за трите обвинителки кои незаконски, тенденциозно, го направиле претресот и го нарушиле угледот на институцијата. Извор: Либертас.мк...
Мицкоски позитивен на Ковид-19, откажана посетата на општина Маврово-Ростуше
Бриф - пред 8 часа
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја откажа посретата на општина Маврово-Ростише, поради појава на симптоми на КОВИД-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест. -Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за Ковид-19. МИА...
Иницирана постапка за дисциплинска одговорност на тројца јавни обвинители
Бриф - пред 8 часа
Републичкиот јавен обвинител денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство. Во исто време, додаваат од Обвинителството, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. МИА...
Санкции за раководителите на институциите што нема да заштедат 15 отсто струја
Бриф - пред 8 часа
На 15 секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани. Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштеда до 15 отсто. Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија. -Јавноста ќе има увид која институција колку струја потрошила. Секој месец ќе се објавуваат извештаите за потрошувачката на државните институции, и за сегашната и за претходната година, за да се согледа споредбата. Раководителите ќе бидат одговорни за мерките, но и јавноста ќе има пристап, односно увид во потрошувачката. Така ќе видиме како постапиле раководителите. Ако не водат сметка и не ги реализираат препораките за заштеда до 15 отсто, ќе сносат последици, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции. На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,… За бизнис заедницата укажувањата се: да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина, рационално греење и ладење со клима уредите, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, инсталирање интелигентни системи за управување во електромоторните погони, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, примена на нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки,… Препораките и задолженијата ќе бидат во сила од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. МИА...
Ќе се формира Координативно тело за меѓуинституционална соработка во справувањето со африканската чума
Бриф - пред 8 часа
На денешната седница на Владата донесена е одлука за Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање мерки за справување со африканската чума кај свињите. -Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за состојбата за појавата и ширењето на африканската чума кај свињите и усвои Одлука и решение за формирање на Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, се вели во соопштението од Владата. Надлежните институции, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии, беа задолжени, а на Заедницата на единиците за локална самоуправа им беше препорачано да ги спроведуваат сите мерки за справување со африканската чума кај свињите. MИА...
Ковачевски: Од ноември РЕК Битола ќе функционира со трите блока
Бриф - пред 8 часа
Во планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе направиме обид да не правиме класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку да ги вршиме во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација, посочи денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Нагласи дека сите вработени се во функција и оти ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но, како што кажа, се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен. -Блок 3 во РЕК Битола е во застој заради изгорен трансформатор од надворешно влијание во текот на декември минатата година и јануари годинава. Во моментов постојниот трансформатор се наоѓа на сервисирање во Белград, а истовремено извршена е и јавна набавка за купување на нов трансформатор што не е направено 40 години од пуштањето во работа на РЕК Битола. Очекуваме на крајот на септември или на почетокот на октомври еден од трансформаторите да пристигне и на крајот на октомври да бидеме во полна капацитетност со РЕК Битола за да може еден од блоковите да влезе во краток ремонт, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерот за економија Крешник Бектеши. Потоа, од почетокот на ноември до 30 април додека трае грејната сезона, како што рече, ќе може РЕК Битола да работи со три блока, односно со максимален капацитет. -И РЕК Осломеј во моментов се наоѓа во застој заради годишни ремонтни активности кои ќе значат стабилност и континуирано работење на термоелектраната во периодот од 1 октомври до крајот на април идната година. Токму затоа се вршат и дополнителни набавки на јаглен и за РЕК Осломеј за да може и овој важен капацитет за сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем да работи во полна кондиција и со полно производство во текот на грејната сезона, рече Ковачевски. Посочи дека АД ЕСМ има намалени ставки во јавните набавки за непродуктивни трошоци или ставки кои не се потребни за овој период и може да се одложат за наредните години во вредност од околу 50 милиони евра. -По тој основ годинава нема да се потрошат околу 50 милиони евра кои индиректно ќе бидат заштеда на компанијата и на државата, бидејќи приоритет во овој период ќе биде директното производство на електрична енергија за да не се доведеме во ситуација да имаме застои, односно набавки и купување на електрична енергија по значително повисоки цени од сегашните, прецизира Ковачевски. MИА...
Мерки за заштеда на струјата до 15 отсто во домаќинствата, стопанството и институциите
Бриф - пред 9 часа
Препораки на Владата за заштеда на електрична енергија до 15 отсто. Мерките се однесуваат на домаќинставата, компаниите и државните институции, а ќе се применуваат од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. Препораки за домаќинставата -Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.-Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури.-Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом.-Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.– Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.-Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата.-Користете ја машината за миење садови секогаш полна на на ниска тарифа на електрична енергија..-Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија.-Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив.-Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него.-Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони).-Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата– Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуoресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност.-Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом.-Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици.-Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила.-Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови.-Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост).-Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн).-При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност.– Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти.– Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина.-Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.– Доколку е возможно инсталирајте на колекторски системи за загревање на вода.– Користете на скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија,– Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво.– Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите .-Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи.– Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (ефтина струја).2. Препораки за бизнис заедницата – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти– Да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина.– Греење и ладење: во производните објекти, хали и канцеларии во сезона на ладење температурата на климатизерите да се подесува не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени– Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата со него.– Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.– Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.– При градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари да се инсталира топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење па дури и за подготовка на топла вода.– Доколку компанијата има потреба од санитарна топла вода, да се инсталираат сончеви колектори за подготовка на санитарна топла вода.– Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.– Да се инсталираат интелигентни системи за управување во електромоторните погони.– Да се применуваат нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки.– Да се инсталира систем за управување со енергија во деловниот објект, како и во самиот технолошки процес. Задолженија за јавните институции (Министерства, Агенции, органи на државна управа) и државни претпријатија 3.1 Задолженија за раководните лица во јавните институции и државните претпријатија Заради настанатите состојби поврзани со енормниот пораст на цената на електричната енергија на регионалните пазари и недостатокот на сопствено производство на електрична енергија потребно е во периодот од 1 септември 2022 година до 31 март 2023 година, сите раководни лица на јавните институции на централно ниво а превземат соодветни мерки за да се намали потрошувачката на електрична и топлниска енергија за 15% споредено о истиот период од 2021/2022 година. За да може да се спроведе штедењето потребно е сите раководни лица во јавните институции да ги превземат сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во соодветни услови со примена на задолжителните мерки и тоа: – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици– Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина– Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени– Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо.– Јавните институции да целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време.– Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.– Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.– Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.– Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија.– доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи.– Се задолжуваат сите институции на централно ниво од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година.– Се задолжуваат јавните институции, Министерствата, Агенциите,државните претпријатија и сите други органи на државна управа на централно ниво, кои повеќе од 90 дена се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот со електрична енергија во краен случај, во најкус можен рок да извршат избор на снабдувач со електрична енергија на отворениот пазар.3.2 Однесување на вработените во јавните институции и државните претпријатија – Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија,– Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж.– Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина.– Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно.– Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4. Препораки за општините и градот Скопје 4.1 Препораки за раководните лица во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво – Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици– Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина– Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени– Општините и градот Скопје, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо.– Општините и градот Скопје целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време.– Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици.– Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.– Да се заменат старите прозорци во работните простории со нови ПВЦ прозорци за да се намали провевот.– Да се инсталираат интелигентни системи за управување со потрошувачката на енерегија.– Доколку има финансиски средства на располагање да се размисли да се инвестираат во подобрување на енергетската ефикасност во смисла промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирање во фотоволтаични системи.– Од редот на своите вработени да опоределат лица кои ќе се грижат за намалување на потрошувачката на енергија, согласно наведените препораки, применувајќи чести контроли во текот на работното време, а особено после завршување на работното време, со цел намалување на потрошувачката за 15 % споредено со истиот месец од минатата година.4.2 Препораки за однесување на вработените во општините и градот Скопје и јавните претпријатија на општинско ниво– Користење на скали наместо лифт, доколку е соодветно, за да се намали потрошувачката на енергија,– Кратко и интензивно проветрување на просториите – во зима проветрување пред да се напушти канцеларијата, а во лето рано наутро кога воздухот надвор е свеж.– Исклучување на светилките кога се напушта просторијата или може да се користи дневна светлина.– Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што е неопходно.– Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работата. 4.3 Препораки за јавното осветлување во општините и градот Скопје Општините и градот Скопје да направат распоред, така што на половина од улиците и булеварите го исклучуваат јавното осветлување, наизменично, преку еден ден; или 5. Препорака за ЈП Патишта Се препорачува на ЈП Патишта веднаш да отпочне со намалување на осветлувањето поставено на државните патишта до минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава која ги опфаќа државните патишта. МИА...
На наредната владина седница одлука за кризна состојба во енергетиката
Бриф - пред 9 часа
Владата на наредната седница ќе донесе одлуки за прогласување кризна состојба за електрична енергија и за топлинска енергија што ќе важи од 1 септември годинава, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Кризната состојба ќе важи со започнување на мерките од 1 септември, па до крајот на септември. Во меѓувреме ќе пратиме во Собрание барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона, бидејќи таква е регулативата во нашата држава, односно по 30 дена кризна состојба Собранието треба да донесе одлука за нејзино продолжување, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција во Владата заедно со генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.. Во делот на топлинската енергија, како што кажа, веќе се формирани компаниите од страна на ЕСМ. -Денеска на седницата на Владата е донесена одлуката за започнување на постапка. На наредната седница на Владата ќе биде објавен јавниот повик на кој најверојатно ќе конкурира ЕСМ иако тоа можеше да го направи и Град Скопје, но најверојатно тие сега веќе немаат ни компанија за таа намена, прецизира Бектеши. МИА...
ОЈО Охрид оформи предмет за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“
Бриф - пред 9 часа
Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, исто така, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“. Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда. MИА...
Зголемени вкупните приходи во државниот буџет на Грција
Бриф - пред 9 часа
Во првите седум месеци од годинава, вкупните приходи во грчкиот државен буџет изнесуваат 36.846 милиони евра, зголемени за 5.556 милиони евра, односно за 17,8 отсто повеќе од поставената цел, според привремените податоци за извршување на државниот буџет, кои денеска ги соопшти Министерството за финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. За периодот јануари – јули 2022 година даночните приходи изнесуваат 31.094 милиони евра, што е зголемување за 5.167 милиони евра или 19,9 проценти во однос на целта вклучена во извештајот за Буџетот за 2022 година, додека пак дефицитот изнесува 4.591 милиони евра наспроти целта за дефицит од 9.180 милиони евра. Алтернативниот министер за финансии на Грција Теодорос Скилакакис рече дека добриот тек на јавните приходи продолжува и во месец јули. MИА...
„Тик-ток“ трендот со лепење на устата, опасен по здравјето
Бриф - пред 9 часа
Нов тренд на „Тик-ток“ што вклучува лепење на устата ноќе за да се поттикне дишење со носот при спиењето, е оценет како опасен по здравјето. Хаштагот „#mouthtaping“ („лепење на устата“ на англиски) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето. – Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста… Тоа овозможува подобра орална хигиена, помалку сува уста и помалку ‘рчење, објаснува еден корисник. Сепак, има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и стручњаците брзо ги отфрлија овие лаички тврдењата на „Тик-ток“. Британската фондација за сон откри дека несаканите последици од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос. И д-р Џејмс Вилсон рече дека придобивките од дишењето со носот не се вредни за опасноста од затнувањето на устата. – За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици… Во тој случај, лепењето уста ќе го влоши Вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеја при спиење, изјави тој за „Њусвик“. Опасностите може да бидат особено високи за оние со апнеја при спиење, што е состојба кога дишење престанува и почнува за време на спиењето. МИА...
Бектеши: Нема да има рестрикции ако сé оди според планот на ЕСМ
Бриф - пред 9 часа
Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во рационалното трошење струја треба сите да придонесат. -Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, истакна Бектеши. Претходно на прес-конференцијата во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и оти потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство. – ЕСМ не набавува електрична енергија, само јаглен и мазут за поголемо производство на струја, подвлече Ковачевски. MИА...
За парламентарните избори во Бугарија денеска се пријавија голем број партии
Бриф - пред 9 часа
На претпоследниот ден од рокот за пријавување на престојните избори се пријавија „Демократска Бугарија“, „Продолжуваме со промената“, Движењето за права и слободи и националистичкото „Преродба“ и ВМРО, јави дописникот на МИА од Софија. Според Никола Минчев од „Продолжуваме со промената“, неговата партија секако ќе работи заедно со „Демократска Бугарија“. Тој не кажа дали ова ќе биде во форма на предизборна или постизборна коалиција, бидејќи се работи за политичка тактика која опција ќе им донесе најмногу мандати во 48. Народно собрание. Откако ќе ги добијат резултатите од длабоката социолошка студија нарачана од нивна страна, ќе оценат која опција им е подобра за да соберат повеќе гласачи, коментира и Минчев. Тој при излегувањето од Централната изборна комисија рече дека заедно со „Демократска Бугарија“ и со БСП многу добро работеле во 47. Народно собрание. Минчев рече дека целат во овој формат да имаат мнозинство во идниот парламент на Бугарија. „Демократска Бугарија“ поднесе документи за учество на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври. Надежда Јорданова рече дека ќе чекаат „Продолжуваме со промената“ дали ќе учествуваат заедно на изборите бидејќи според неа на Бугарија и треба големо обединување за да се елиминира моделот на Бојко Борисов. Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по регистрацијата на партијата истакна дека се бореле против корупцијата и го запреле рекетирањето на фирмите додека биле во владејачката коалиција. Таа презентираше четири одлуки со кои БСП гарантира дека ќе ја води Бугарија во наредните месеци доколку влезе во следниот парламент. Пред сè, бугарските социјалисти ќе инсистираат на воведување мораториум на цената на гасот, водата и парното за домашните потрошувачи; воспостави програма за компензација на бизнисите за разликата во цената; продолжување на социјалната програма и приоритети; а на четврто место пласираше „непосредни“ преговори со руската компанија „Газпром“. „Преродба“ најавија дека влегуваат во изборна кампања со барање да бидат прва политичка сила, коментира Петар Петров. Од партијата побараа да ги подобрат односите на Бугарија со Русија. Не гледаат со кого би можеле да коалицираат во новиот бугарски парламент. Откако ВМРО-БНД не успеа да направи коалиција со партиите на Слави Трифонов и поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев, тие најавија дека се пријавуваат за самостојно учество на изборите. Ангел Џамбазки коментира дека на избори одат со платформата на ВМРО-БНД, која се заснова на заштита на бугарскиот интерес, која ја продаде коалицијата „Анти-Македонија“. Први на изборите се пријавија ГЕРБ, која ја продолжува коалицијата со СДС, како што беше случајот во претходното Народно собрание. MИА...
Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите препораки, за институциите конкретни задолженија
Бриф - пред 10 часа
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година. -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции. Детали за мерките на прес-конференцијата во Владата се очекува да соопшти и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. MИА...
Регистрирани 590 нови случаи и двајца починати
Бриф - пред 10 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19. Новите случаи регистрирани се во: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен , Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции. Регистрирани сe 583 оздравени пациенти од: Скопје – 241, Битола – 44, Кавадарци – 43, Куманово – 40, Штип – 26, Велес – 24, Прилеп – 23, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 18, Радовиш – 16, Струмица и Неготино – по 15, Делчево – 10, Кичево – 5, Валандово – 4, Ресен, Свети Николе, Кратово и Демир Капија – по 3, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Кочани, Пробиштип и Богданци – по 1. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (72г) и Охрид(82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.593 теста преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-42, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–132, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-49, Биотек-52, Систина-50, лабораторија Лаор-10, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-6, Генеа-13, Никоб Лаб-52, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 728. МИА...
Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието
Бриф - пред 10 часа
Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава. Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2 в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ. – Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околност, судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки – Условна осуда во траење од 2 години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 4 годни не сторат ново кривично дело, а двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – Условна осуда од 1 година затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 3 години не сторат ново кривично, а воедно им определи и мерка – Засилен надзор, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Против овие пресуди, во делот на казната, осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопјe. MИА...
Контролирани 38 возила за јавен превоз на подрачјето на СВР Тетово, санкционирани пет недостатоци
Бриф - пред 10 часа
Контролирани 38 возила за јавен превоз на подрачјето на СВР Тетово, санкционирани пет недостатоци Тетовската полиција информира дека утринава од од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси, комбиња и такси комбиња. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани се пет прекршоци на гостиварското подрачје за технички и други недостатоци. -Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а три возила веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани биле и три други видови сообраќајни прекршоци, од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Портпаролот најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето. MИА...
Mинистерката Петровска додели златни значки за 30 години активна служба во Армијата
Бриф - пред 10 часа
Вкупно 281 офицери, подофицери и цивилни лица денеска добија златна значка за триесет години активна служба на Армијата, по повод 18 август – Денот на Армијата и одбележување 30 години од нејзиното формирање. Благодарност на 145 офицери, 69 подофицери и 67 цивилни лица за нивната посветеност на одбраната и на Армијата денеска изрази министерката за одбрана Славјанка Петровска на доделувањето на значките, како и началникот на ГШ Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој е и еден од добитниците на златна значка за активна служба во Армијата од формирање . -Кога велиме дека Армијата започнавме да ја градиме од самиот темел, мислиме на вас. Вие ја градевте, вие ја изградивте, вие бевте професионалците кои заедно со вашите колеги создадовте историја која ќе ја паметиме и иднина која ја посакуваме. Вашиот вложен труд и енергија вродија со големи резултати, вклучувајќи го и нашето историското членство во Алијансата. Сите вие, кои учествувавте во овие процеси со гордост може да кажете дека сте биле дел од овој успех. Вие знаете најдобро што значи да се биде дел на еден тим, на едно семејство кое си ја сака татковината и работи за неа – бескомпромисно и без задршка, истакна Петровска, нагласувајќи дека е чест и задоволство што лично им ја доделува значката за 30-годишна служба во Армијата Министерката им порача да го споделуваат нивното знаење со помлади колеги затоа што, како што рече, ним им останува обврската да продолжат да го градат овој наш заеднички дом. Нагласи дека како држава покажавме дека имаме сила, посочи, да изненадиме, како што е најбрзата воена интеграција во Алијансата, со НАТО успешното оценување на Лесниот пешадиски баталјон, но и со грижата и посветеноста која ја имаме кон Армијата. -Донесовме измени во Законот за служба во Армијата кои сериозно го подобруваат стандардот на секој од вас. Ја опремуваме армијата и ги подобруваме условите за работа на секој нејзин припадник, истакна Петровска. MИА...
Париз: Луксузна продавница уништена од автомобил при грабеж
Бриф - пред 10 часа
Луксузната продавница „Валентино“ во Париз, е уништена со автомобил којшто се забил во неа во обид за грабеж. Притоа, 24-годишниот осомничениот е уапсен откако се обидел да побегне скокајќи во реката Сена, јави дописникот на МИА. Откако биле искршени влезните врати, крадецот украл луксузни чанти и побегнал скокајќи во Сена, по што бил изваден од речната бригада и приведен. Штетата е прилично голема. Упадот во продавницата „Валентино“ – италијанска модна куќа која се наоѓа на „Сен Оноре“ – една од најзнаменитите улици во француската престолнина, се случил вчера, малку пред два часот по полноќ. Повеќе луксузни продавници се наоѓаат на улицата „Сен Оноре“. Како што потврдува и чуварот на оштетената продавница, „ова не е првпат“ ова да се случува со тоа луксузно место. Пред три месеци, на оддаленост од неколку стотини метри, и златарница на „Шанел“ била цел на вооружен грабеж. Штетата изнесувала нешто повеќе од два милиони евра. МИА...
РФМ ќе ги награди кадетите со 700.000 илјади денари
Бриф - пред 10 часа
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денес се сретна со кадетската репрезентација која во неделата го освои ЕХФ шампионатот што се играше во Летонија. Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година. Мукаетов им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб, и на сите што дадоа придонес за овој резултат. Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор. Мукаетов уште еднаш покажа дека знае да ги цени успесите на македонските ракометари и дека не се случајни резултатите на репрезентациите во сите категории на кои РФМ им овозможува идеални услови за тренинзи и подготовки. МИА...
СДСМ: За рангирањето на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај татиниот асистент Мицкоски
Бриф - пред 11 часа
Реакција на СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за образование, откако 11 години истото систематски го уништуваше.За рангирањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и други универзитети на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај нивниот претседател Христијан Мицкоски.Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко.Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам.Ете така Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги замислуваат реформите во високото образование, градење кариера преку непотизам, роднински и пријателски врски.Христијан Мицкоски е симбол на непотизам, а неговата ВМРО-ДПМНЕ симбол на деструктивност и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата....
Почина авторот на сликата „Бакнеж“ на Берлинскиот ѕид
Бриф - пред 11 часа
Рускиот уметник Дмитриј Врубел, авторот на познатиот мурал на Берлинскиот ѕид, популарно наречен „Бакнеж“, почина на 63-годишна возраст како последица на зараза со коронавирусот. Веста ја објавија руските медиуми. Врубел е роден во Москва, а од 2010 година живееше во Берлин, Германија. Неговото најпознато дело е графитот на остатоците од Берлинскиот ѕид, официјално насловен „О Боже, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“, каде што советскиот лидер Леонид Брежњев и поранешниот источногермански лидер Ерих Хонекер се бакнуваат во уста. Муралот е инспириран од средбата на двајца политичари. Насликан е 1990 година, само неколку месеци по падот на Берлинскиот ѕид и пред обединувањето на Германија, коешто се случи на крајот на таа година. – Во раните 2000-ти, луѓето почнаа да носат сувенири од Берлин – магнети, филџани и слично – со „бакнежот“ на нив, кои се продаваа не само во Источната галерија, туку и насекаде низ градот… Со години го живеев мојот приватен живот, додека сликата го живееше своето, изјави Врубел во една прилика. Оригиналната слика била уништена во 2009 година кога градските власти во Берлин ги реновираа остатоците од ѕидот. Врубел потоа нацртал и нова верзија на „Бакнеж“. Сопругата на Врубел, Викторија Тимофеева минатиот месец преку социјалните мрежи објави дека нејзиниот сопруг е згрижен поради компликации по зараза со Ковид-19 и дека неговата здравствена состојба брзо се влошува, потсетува „Раша тудеј“. MИА...
Рекорден пад на реалните плати во Велика Британија
Бриф - пред 11 часа
Реалните плати на работниците во Велика Британија забележаа пад во тримесечниот период, заклучно со јуни, најсилно откако одделението за статистика почна со објавување податоци. Во периодот од април до јуни платите пораснале за 4,7 отсто, објави Канцеларијата за национална статистика во текот на вчерашниот ден. Инфлацијата во јуни достигна 9,4 отсто, највисоко ниво во 40 години, а својот врв би требало да го достигне кон крајот на годинава. Тогаш, се очекува да изнесува 11 проценти. Тоа значи дека реалните плати паднале за 4,1 отсто, што е најсилно откако Канцеларијата за национална статистика почна да евидентира податоци во 2001 година. MИА...
Заврши протестот на оризопроизводителите, нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани
Бриф - пред 11 часа
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип кај село Облешево откако во 11:45 часот заврши собирот на оризопроизводителите, информира АМСМ. Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, а сообраќајот се одвиваше наизменично....
Топол бран во четврток и петок, температури и над 40 степени
Бриф - пред 12 часа
Топол бран во четврток и петок, температури и над 40 степени Целата територија на државава во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На целата територија на државата во четврток и петок ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. -Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи, посочуваат од УХМР. MИА...
Приведени две лица во Битола поради предизвикување општа опасност
Бриф - пред 12 часа
МВР информира дека вчера од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Битола лишени од слобода се М.М.(36) и Р.К.(26), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од Кривичниот законик. -Во 09.30 часот во битолското СВР, битолчанецот И.В. пријавил дека во временскиот период од 22.00 часот на 14.08.2022 до 07.15 часот на 15.08.2022 на улица „Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“, сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно оштетување. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се предмети поврзани со извршеното кривично дело, известуваат од МВР. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. MИА...
Мијалков стана дедо
Бриф - пред 12 часа
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна стана дедо. Вчера сопругата на неговиот постар син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе, објави Фокус....
Спасовски: Транспарентноста на МВР за 2022 година изнесува 91,7 проценти
Бриф - пред 12 часа
Спасовски: Транспарентноста на МВР за 2022 година изнесува 91,7 проценти Активната транспарентност на Министерството за внатрешни работи од просечни 59,5 проценти во 2016 година, денес во 2022 година изнесува високи 91,7 отсто, што е скок за 32,2 проценти, што заедно со мојот тим успеавме да го издејствуваме откако го преземав раководењето со МВР, напиша во објава на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Од почетокот на рангирањето во 2016 година до денес, тој вели дека институцијата поминала три нивоа, односно од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност. – Продолжуваме со создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите – вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата, порача Спасовски. МИА...
Момчето на Ријана обвинет за напад со огнено оружје
Бриф - пред 12 часа
Партнерот на познатата пејачка Ријана, американскиот рапер АСАП Роки е обвинет за учество во вооружен напад што се случил во ноември во Холивуд, соопштија властите на американската сојузна држава Калифорнија. Музичарот, чие вистинско име е Раким Мајерс (33), се соочува со обвинение за напад со полуавтоматско оружје. Според документите, раперот е обвинет дека вперил пиштол кон свој поранешен пријател, при расправија, лани во ноември, а потоа испукал двапати, нанесувајќи ѝ на жртвата „лесно ранување“, соопшти Окружното обвинителство на Лос Анџелес. АСАП Роки, кој наскоро треба да се појави на суд, беше уапсен во април на аеродромот во Лос Анџелес при симнување од приватен авион по лет од Барбадос, од каде што е неговата девојка Ријана. Со неа во мај добија и дете. Во август 2019 година, раперот беше осуден на условна затворска казна за насилство во тепачка во Стокхолм, Шведска. MИА...
Тешко повредена 23 годишна девојка-пешак во која удрило возило „БМВ“
Бриф - пред 13 часа
Тетовската полиција информира дека ноќеска тешко е повредна 23 годишно женско лице откако во неа удрило патничко моторно возило. Настанот се случил околу 21 часот и 50 минути на булеварот „Видое Смилевски-Бато“. -Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино.Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. MИА...
Отплови првиот брод со хуманитарна прехранбена помош за Африка од Украина
Бриф - пред 13 часа
Бродот „Brave Commander“ го напушти украинското пристаниште Пивдени, со првиот товар со хуманитарна прехранбена помош за Африка од Украина од руската инвазија. Украинскиот извоз на жито е во пад од почетокот на војната поради затворање на црноморските пристаништа, клучен канал за испорака, што ги зголеми глобалните цени на храната и предизвика страв од недостиг во Африка и на Блискиот Исток. Минатиот месец три црноморски пристаништа беа одблокирани, по договорот на Москва и Киев, постигнат со посредување на Обединетите Нации и Турција. Тоа овозможи да се испратат стотици илјади тони украинско жито на купувачите. Според украинското Министерство за инфраструктура, „Brave Commander“ носи 23.000 тони пченица. Бродот се упати кон африканското пристаниште Џибути со резерви наменети за потрошувачите во Етиопија. „Министерството и Обединетите Нации работат на начини за зголемување на снабдувањето со храна за социјално загрозени делови од африканско население“, се наведува во соопштението. Оттаму додаваат дека 17 бродови веќе ги напуштиле украинските пристаништа со над 475.000 тони земјоделски производи. MИА...
Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево
Бриф - пред 13 часа
Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители, информира АМСМ. Сообраќајот се одвива наизменично....
Хит видео: Во текот на говорот на политичар му влезе пчела во уста, ja проголта
Бриф - пред 13 часа
На Интернет се појави видео на кое се гледа како премиерот на Онтарио, Даг Форд, случајно проголта пчела. Политичарот држеше говор на прес-конференција, со тема приватната медицинска помош, а дошол непоканет гостин – пчела! На видеото може да се види како пчелата му лета околу главата на политичарот, а во еден момент му влетува во уста. Шокираниот Форд се оддалечува од микрофонот, па дури и ја става раката во устата во обид да ја извлече пчелата, но безуспешно. „Само што голтнав пчела“, потоа вели тој и се напива вода....
Проекција укажува на екстремно покачување на температурите во САД
Бриф - пред 13 часа
Во рок од 30 години во САД ќе се развие појас на екстремни горештини, што ќе се протега од Луизијана преку Средниот Запад се до езерото Мичиген во северните делови на државата, предупредуваат експертите. Таа област во која живеат повеќе од сто милиони Американци што зафаќа четвртина од САД, во 2053 ќе се соочува со најмалку еден екстремно топол ден кога температурата ќе достигне 51 степен Целзиусов, се посочува во извештајот изготвен за непрофитната организација „Фрст Стрит Фаундејшан“ со седиште во Њујорк. Моментално областа зафаќа површина од 50-тина окрузи, со популација од осум милиони луѓе. За 30 години таа површина ќе зафаќа над илјада окрузи од сојузните држави Тексас, Луизијана, Арканзас, Мисури, Илиноис, Ајова, Индијана и јужните делови на Висконсин, се наведува во проекцијата базирана врз умерените сценарија на научниците за клима во Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени. Покрај можноста од екстремни температури, се предвидува и локално покачување на просечната температура во делови на САД. Областите каде сега има по седум дена во годината со натпросечно високи температури за 30 години ќе се соочат со по 18 такви дена годишно. Најголемо зголемување на таквите опасни денови карактеризирани со температури до 38 степени Целзиусови степени ќе има во јужните делови на САД. Многу од областите во близина на Мексиканскиот Залив веќе бележат сто такви денови годишно. Проекциите говорат дека во 2053 година во тие области ќе има повеќе од 120 такви дена во годината. За 30 години големи делови на Тексас и на Флорида ќе бидат зафатени со топлотни бранови од по 70 и повеќе последователни дена со температури над 38 степени Целзиусови. МИА...
Американското Министерство за правда се спротивстави на објавување документ со причините за претресот на имот на Трамп
Бриф - пред 14 часа
Американското Министерство за правда се спротивстави на објавувањето на судски документ со кој на јавноста би и биле презентирани причините за претресот на имотот на Доналд Трамп на Флорида. Операцијата на федералната полиција во Мар а Лаго создаде политичка бура во САД. Тоа е првпат да се случи вакво нешто со резиденцијата на поранешен шеф на државата. Поддржувачите на Трамп рекоа дека тоа е „лов на вештерки“. Неколку организации, вклучително и медиумите, побараа од судијата да го објави документот во кој истражителите објаснуваат зошто е неопходна претресот. Но, Министерството за правда рече дека таквото објавување ќе и наштети на тековната истрага Во петокот, на барање на обвинителите, судијата јавно го објави налогот за претрес на имотот на Трамп и списокот на документи запленети во операцијата. Документот на чие објавување се инсистира, содржи доверливи информации за сведоци и техники што ги користи полицијата, како и исклучително важни факти за истрагата, посочуваат од Министерството за правда. Нејзиното објавување може да им наштети на следните фази од истрагата со откривање на стратегијата на истражителите. Во меѓувреме, долгогодишниот директор за финансии на Организацијата Трамп, Алан Вајзелберг, се очекува денеска да се изјасни за виновен по обвиненијата за даночна измама, а неговото судење се очекува да започне во октомври, јавија американски медиуми. МИА...
Пожар и детонации во воен магацин на Крим
Бриф - пред 14 часа
Две лица се полесно повредени во серија експлозии предизвикани од пожар што зафатил складиште за муниција во близина на населеното место Мајско во областа Џанкој на полуостровот Крим. Руското Министерство за одбрана потврди дека пожар избувнал во магацин за муниција, по што дошло до детонации. „Според информациите од лице место, засега нема сериозно повредени“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, посочувајќи дека се преземаат мерки за гасење на пламенот и откривање на причините за избувнувањето на пожарот. Регионалниот шеф на Крим, Сергеј Аксјонов, соопшти дека две цивилни лица се полесно повредени во инцидентот, како и дека се евекуирани околу две илјади жители на Мајско. МИА...
Истражување: Вегетаријанките имаат поголеми шанси да скршат колк
Бриф - пред 14 часа
Жените кои претпочитаат вегетаријанска исхрана имаат поголеми шанси и опасност да го скршат колкот во подоцнежна возраст во животот, покажува ново истражување. Според научниците, вегетаријанската исхрана е „често поврзувана со помал внес на хранливи материи погодни за здравјето на коските и мускулите“, откако нивните испитувања покажаа дека вегетаријанките имаат 33 отсто поголем ризик од фрактура на колкот во споредба, со жените кои редовно јадат месо. Се истакнува дека се потребни дополнителни истражувања за да се процени дали слични резултати може да се потврдат и кај мажите. Трудот којшто опфатил повеќе од 26.000 жени на возраст од 35 до 69 години од цела Велика Британија, ја проценува опасноста од фрактура на колкот кај вегетаријанките оние кои јадат риба, но не и месо и оние кои повремено јадат месо во споредба со редовните потрошувачи. По 20 години, истражувачите забележале 822 фрактури на колкот кај жените – околу 3 отсто од оние вклучени во истражувањето, кое инаку, е објавено во списанието „БМЦ Медисин“. Истражувачите од Универзитетот на Лидс откриле дека зголемената опасност од фрактура на колкот е откриена само кај вегетаријанките, во споредба со жените кои редовно внесуваат месо. МИА...
Состојбата на српските деца на лекување во Бугарија и понатаму е тешка
Бриф - пред 14 часа
Децата примени во најголемата бугарска болница „Пирогов“ по несреќата со српскиот автобус се уште се во тешка состојба, соопшти денеска на брифинг со новинарите директорот Валентин Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повредените се сместени на интензивна нега, меѓу кои и од Стара Загора. Нема директна опасност по нивните животи, додаде д-р Димитров. Едно дете по долга операција вчера ноќта ја помина релативно мирно. Утрово екипите се собираат и има уште две операции кои се потребни за подобрување на неговата состојба. Сите медицински и хируршки екипи на „Пирогов“ се во готовност. Тој додаде дека неговите колеги имаат целосна поддршка од Министерството за здравство на Бугарија. Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ, им се заблагодарува на бугарските власти за помошта во спасувањето на децата по несреќата со неговите сонародници на автопатот Тракија во неделата вечерта.Во две одделни интервјуа за БНТ и бТВ. Јовиќ ги дефинираше активностите на бугарските спасувачки и медицински тимови како многу професионални. Тој објави дека речиси сите српски деца се веќе во Србија. Двете деца кои се оперирани останаа во Софија, а во Стара Загора има семејство од мајка и татко со нивните три ќерки. „Благодарам сограѓани Бугари, благодарам до сите институции, до градоначалникот на Стара Загора, до обичните луѓе. Во првиот момент ја видовме реакцијата на обичните луѓе кои се вратија од морето, кои веднаш реагираа, тие не размислуваа за себе. Многу благодарам на сите што учествувавте“, изјави српскиот амбасадор во Софија, Жељко Јовиќ. Тој коментира дека и Србија ќе спроведе своја истрага по завршување на истрагата на бугарските власти. МИА...
Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА
Бриф - пред 14 часа
Американските адвокати на основачот на Викиликс Џулијан Асанж објавија дека поднеле тужба против ЦИА и нејзиниот поранешен директор Мајк Помпео, обвинувајќи ги дека ги снимале нивните разговори и копирале содржина од нивните телефони и компјутери. Адвокатите и двајцата новинари кои се приклучија на тужбата се Американци и тврдат дека ЦИА им го прекршила уставното право на заштита на приватни разговори, во случајов со Асанж, кој е Австралиец. Тие тврдат дека ЦИА соработувала со безбедносната компанија Undercover Global, која била ангажирана од амбасадата на Еквадор во Лондон каде се криел Асанж, за да го шпионира него, како и неговите адвокати, новинари и други луѓе со кои се сретнал. Според адвокатот Ричард Рот, кој ги застапува тужителите, тоа значи дека правото на Асанж на правично судење е „повредено, ако не и ништовно“, бидејќи „владата ја знае содржината на тие разговори“. Асанж ја обжали одлуката на британскиот суд да го екстрадира во САД, каде што се соочува со затворска казна до 175 години. MИА...
Мората нема намера да го менува Атлетико со Манчестер
Бриф - пред 14 часа
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората по натпреварот од 1. коло на шампионатот на Шпанија против Хетафе (3:0) изјави дека сака да остане во клубот. Претходно беше објавено дека шпанскиот напаѓач би можел да се пресели во Манчестер јунајтед. – Навистина сакам да останам во Мадрид и да играм за Атлетико во многу натпреварувања. Мило ми е што сум тука, како и секогаш. Можам да продолжам да работам и да се трудам да носам резултати за тимот на секој натпревар. Атлетико е еден од најдобрите клубови во светот. Да, има понуди за трансфер, не можам да сторам ништо околу тоа, само продолжувам да работам. Среќен сум овде и сакам да продолжам да настапувам, изјави Мората за „Marca“. На мечот со Хетафе, 29-годишниот напаѓач постигна два гола. Последните две сезони Мората ги мина во Јувентус на позајмица. На 67 натпревари во Серија А, постигна 20 гола и оствари 16 асистенции. Неговиот договор со Атлетико е со важност до 30 јуни 2023 година. МИА...
Усогласени препораки за заедничко чествување на пет историски личности, по пет препораки во учебниците по историја во Северна Македонија и Бугарија
Бриф - пред 14 часа
Заедничката мултидисциплинарна македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања усогласи препораки што се однесуваат на заедничко чествување на пет историски личности – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Комисијата усогласи и по пет препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, што се однесуваат на периодот на антиката. Копретседателот на Комисијата Драги Ѓоргиев по вчерашниот брифинг со новинарите во врска со усвоените решенија на Комисијата, појасни дека препораките за заедничкото чествување на овие историски личности се всушност идентични текстови за заедничко чествување со кои им препорачуваат на двете влади на одредени годишници или јубилеи да се чествуваат заедно. Препораките се објавени на веб-страницата на македонското МНР. Усогласувањето на препораките доаѓа еден месец по потпишувањето на Протоколот од страна на шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска на 17 јули 2022 година, во кој е предвидено во рок од еден месец од потпишувањето на документот, двете држави да ги објават на интернет-страниците на двете влади веќе усвоените препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања. Ѓоргиев, во однос на учебниците, рече дека препораките се однесуваат на некои структурални недоследности во лекциите, потоа на фактографски грешки, историската географија, односно како се претставени одредени географски реони, бидејќи, како што рече, во тие сегменти забележавме најмногу пропусти и во двата образовни система. – Препораките не допираат во идентитетските прашања, и истите се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период на двете страни и да се избегне денешната национална перспектива. Од тој аспект сметаме ќе се подобрат учебниците по историја во двете земји, изјави Ѓоргиев. Појасни дека препораките се однесуваат на оние места во учебниците во историја каде нашата страна сметала дека треба да има подобрување во бугарските учебници во одредени теми и обратно. Овие препораки одат до Владата, која треба да ги усвои и понатаму да продолжи процесот при пишувањето на идните учебници по историја и да се земат предвид препораките. Препораките, додаде Ѓоргиев, не се со задолжително усвојување и немаат императивен тон за авторите, бидејќи тоа е препорака на Комисијата, а како ќе се одвива понатаму е во рацете на институциите. – За заедничкото чествување на историските ликови, главни критериуми за Комисијата беа презентација на универзалните вредности на тие личности за придонесот на тие личности во развивањето на христијанската култура, традиција на овие простори и секако придонесот на тие личности за развојот на словенската, сесловенската писменост. Се трудевме во тој контекст текстовите да имаат поширок регионален апсект, заклучи Ѓоргиев. На брифингот со новинарите беше посочено дека со препораките за заедничко чествување, Историската комисија имала цел да се истакне важноста на делата на Свети Кирил и Методиј за ширењето на христијанството во регионот и во Европа и со тоа да се даде поширок контекст на нивното дело. Ѓоргиев нагласи и дека автономијата на нивната работа е целосно запазена, немаат политички притисоци, како и дека целта на работата на историската комисија не е менување на историските факти, тие и не може да бидат променети, туку промоција на образование кое нема да биде основа за манипулации на младите генерации и надминување на недоразбирањата. Тој оцени и дека периодот на 19-от и 20-от век ќе биде еден од најтешките за коишто ќе расправа Комисијата, истакнувајќи дека доколку нема договор, Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања. – Никогаш не сме рекле дека мора да дојдеме до заеднички став и до унисоно мислење. Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања. Тој период несомнено ќе биде тежок, мачен период за којшто ќе дискутираме, дискусиите ќе траат и во крајна линија ако ние се договориме, успееме да најдеме некакво решение ќе го презентираме. Ако не успееме да најдеме, тогаш нема решение. Не мора да значи дека оваа Комисија по секоја цена мора да донесе решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија, рече Ѓоргиев на новинарско прашање. Тој додаде дека Комисијата не расправа за тоа како историографиите гледаат на одредени личности и настани, туку за тоа како се тие презентирани во учебниците по историја во двете земји и дали е потребно нивно поинакво презентирање во бугарските учебници и во македонските учебници. – Ние не расправаме за тоа како историографиите гледаат на одредени личности и настани. Историографијата ќе си ја продолжи својата работа со истражување, историчарите ќе ги презентираат своите видувања за настани и за личности онака како што тие мислат. Комисијата на никој начин нема да влијае врз историографијата, врз пишувањето на историските книги, врз истражувањата итн. Комисијата ќе се фокусира на учебниците по историја со цел да придонесе да се надминат одредени недоразбирања кои постојат во учебниците за да се релаксираат односите меѓу двата народи, меѓу двете држави, рече Ѓоргиев. Во однос на учебниците, тој појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. – Во таа смисла Комисијата работи на надминување на тие места во учебниците, што верувам е една задача која ја има и секоја комисија која работи на вакви историски прашања во однос на учебниците по историја, рече копретседателот на македонскиот тим во Заедничката комисија за историски и образовани прашања Драги Ѓоргиев. На брифингот беше посочено и дека во моментот во заедничката Комисија се разговара за периодот на Средниот век, при што досега се донесени седум препораки за шести клас во Бугарија и четири за седмо одделение кај нас, а треба да се донесат уште три нови. Историчарите брифираа дека бројот на препораки мора секогаш да биде ист и не може една држава да добие повеќе препораки од другата. Тие изразија очекување дека до крајот на годината ќе се дојде до решение за периодот од средновековието, по што ќе се оди на погорните одделенија и со тоа во поновите периоди од историјата. Вчера и Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение ја охрабри мешовитата Комисија за историски и образовни прашања да продолжи поинтензивно со своите напори со цел завршување на нејзините работи за сите периоди од заедничката историја согласно со член 8 став 2 од Договорот за пријателство и добрососедство и соработка. Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања, која е формирана во 2018 година согласно Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Северна Македонија и Бугарија, досега одржа 19 средби, плус четири состаноци за технички работи. Наредната средба на заедничката комисија ќе се одржи кон средината на септември. За СДСМ во препораките нема бришење на историјата, за ВМРО-ДПМНЕ менувањето на учебниците е по бугарски диктат По објавувањето на препораките се огласи владејачката СДСМ, од каде наведуваат дека „ова се препораки усвоени од стручна и независна комисија без какви било политички влијанија и оти со нив паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“. – Денеска стана јасно дека во тие препораки нема ништо спорно, нема ништо затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата, нема историја по бугарски терк како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и истите ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада, велат од СДСМ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, оцени дека и понатаму државата ќе биде заложник на историјата поради францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија. – Наместо да зборуваме за 21-ви, 22-ви век, за иднината, ние зборуваме за Средниот век како што впрочем видовте и денеска се зборува за цар Самоил, се зборува за Климент, се зборува за Наум, за Кирил и Методиј и се зборуваат неточни работи. Практично, ние сега треба да ги менуваме, односно цензурираме учебниците на децата кои ќе учат во училиштата под диктат, под притисок од Бугарија, истакна Мицкоски. Тој оцени дека „ова е дебакл на политиките на власта во однос на политичарите од ЕУ“. Во Протоколот стои дека Скопје и Софија не подоцна од учебната 2024/25 треба да ги усогласат учебниците по историја Инаку, во Протоколот потпишан во Софија на 17 јули, пишува дека „Согласно чл. 8 ал. 3 од Договорот, двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности“. Натаму стои дека „заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе разработи и реализира план за работа, кој предвидува одржување на 8 до 10 состаноци на годишно ниво“. – Двете држави ја охрабруваат Комисијата да го заврши прегледот на периодот на Средниот век во рок од една година од потпишувањето на овој Протокол, стои во документот. Се наведува и двете држави, не покасно од учебната 2024/25 г., да ги усогласат, каде што е неопходно, сите учебници по историја во учебната програма, така што тие ќе ги одразуваат, до тој момент, постигнатите резултати од работата на Комисијата, согласно чл. 8 ал. 2 од Договорот. Двете држави ја поддржуваат и охрабруваат Комисијата да ја заврши работата за сите периоди од заедничката историја, кои ги поврзува двете држави и нивните народи, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, со цел целосно имплементирање на тие нејзини препораки во образовните програми до членството на Северна Македонија во ЕУ, стои во Протоколот. Ѓоргиев, пак, вчера во врска со тоа како ќе ги исполнат роковите за постигнување резултати од работата на Комисијата, содржани во Протоколот, дециден дека тој документ содржи само охрабрување од политичарите, но динамиката на работата и постигнувањето резултати ќе зависи од членовите на Комисијата. – Рокови во однос на постигнување резултати на Комисијата имаше и порано, и тоа е начин на кој размислуваат политичарите. Тие сакаат да постигнат резултати. Меѓутоа таму не стои во Протоколот императивно кога ние мора да ги завршиме тие прашања од средниот век. Таму стои охрабрување да се заврши за одреден период. Комисијата има своја динамика на работа, свој начин на работа, и се додека двете страни не утврдат дека е постигнат резултат согласно академските принципи, согласно последните историски истражувања, резултати од последните историски истражувања, ние нема да излеземе со готов производ, препорака во однос на учебниците. Така да, ние ги земаме во предвид охрабрувањата од политичарите, но динамиката на работата и постигнувањето резултати ќе ја диктираме ние, подвлекува Ѓоргиев. MИА...
Непозната дестинацијата на првиот брод со пченка што исплови од Украина
Бриф - пред 14 часа
Украинската амбасада во Либан соопшти дека не знае каде е првиот брод со прехранбена стока што согласно договорот за деблокада на украинските пристаништа исплови од Одеса. Бродот „Разони“ натоварен со 26 илјади метрични тони пченка на 1 август под знаме на Сиера Леоне исплови од украинското пристаниште со крајна дестинација Либан. Потоа бродот беше подложен на проверка во Турција, за потоа купувачот да ја повлече нарачката поради доцнењето во испораката. Бродот последен пат бил забележан пред три дена крај источниот брег на Кипар, кога бил исклучен тракерот за следење на местоположбата на пловилото. Амбасадата на Украина во Бејрут соопшти дека откако либанскиот купувач одбил да ја прими задоцнетата нарачка, товарот од „Разони” бил препродаден неколку пати. Во моментов нема информации каде се наоѓа бродот ниту каде завршила натоварената пченка. Од почетокот на месецов 16 бродови со вкупно над 450 илјади тони земјоделски производи на бродот испловија од деблокираните украински пристаништа. Се проценува дека Украина има околу 20 милиони тони жито подготвено за извоз. МИА...
Истражување: Вегетаријанките имаат поголеми шанси да скршат колк
Бриф - пред 15 часа
Жените кои претпочитаат вегетаријанска исхрана имаат поголеми шанси и опасност да го скршат колкот во подоцнежна возраст во животот, покажува ново истражување. Според научниците, вегетаријанската исхрана е „често поврзувана со помал внес на хранливи материи погодни за здравјето на коските и мускулите“, откако нивните испитувања покажаа дека вегетаријанките имаат 33 отсто поголем ризик од фрактура на колкот во споредба, со жените кои редовно јадат месо. Се истакнува дека се потребни дополнителни истражувања за да се процени дали слични резултати може да се потврдат и кај мажите. Трудот којшто опфатил повеќе од 26.000 жени на возраст од 35 до 69 години од цела Велика Британија, ја проценува опасноста од фрактура на колкот кај вегетаријанките оние кои јадат риба, но не и месо и оние кои повремено јадат месо во споредба со редовните потрошувачи. По 20 години, истражувачите забележале 822 фрактури на колкот кај жените – околу 3 отсто од оние вклучени во истражувањето, кое инаку, е објавено во списанието „БМЦ Медисин“. Истражувачите од Универзитетот на Лидс откриле дека зголемената опасност од фрактура на колкот е откриена само кај вегетаријанките, во споредба со жените кои редовно внесуваат месо. MИА...
Во завршна фаза новиот закон за помилување, Претседателот ќе може да помилува само за казна
Бриф - пред 15 часа
Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Од Министерството за правда за МИА велат дека причините за донесување на нов закон за помилување произлегуваат, пред се, од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување (“Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот и од посоодветно легислативно уредување на материјата. Освен тоа, велат од Министерството, заради неопходноста од итност на постапката со законот се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување, а извршено е и терминолошко усогласување на одделни називи и поими. -Со предлог законот се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Една од најзначајните измени е дека Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Втората позначајна новина предвидена во Предлогот на законот е формирањето Комисија во рамките на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата кое Министерството за правда заедно со извештајот за молбата ги доставува до Претседателот. Со ова решение се очекува да се надминат досегашните можни ризици поврзани со дискрециските права на министерот за правда, посочуваат од Министерството за правда. Мошне значајни се, како што посочуваат, и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. -Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, клучни се и одредбите за прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, информираат од Министерството за правда. Помилувањето како институт е еден од основните уставни надлежности на Претседателот на Република Северна Македонија утврдени со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија. Помилувањето е содржано и во членот 114 од Кривичниот законик со кој се уредуваат материјално-правните прашања на помилувањето. Правната рамка која детално ја уредува оваа материја е прв пат воспоставена во 1993 година и досега е изменета и дополнета двапати и тоа во 2009 и 2016 година. MИА...
Почнува 50. Меѓународен ракометен турнир во Струга
Бриф - пред 15 часа
На игралиштето кај женска плажа кое го носи името „Горан Попоски Бабец“, од денес до 20 август во Струга ќе се одржи 50. јубилеен Меѓународен ракометен турнир. На турнирот ќе учествуваат осум екипи, три од странство. Екипите ќе бидат поделени во две групи:Групата А ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК и словачки Татран Прешов. Покрај Вардар, во групата Б се македонските прволигаши Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје. Бранител на трофејот од ланскиот турнир е Вардар. Првиот ден од турнирот ќе се играат натпреварите:Струга – Еурофарм Пелистер (17 часот)Вардар – Алкалоид (19 часот)Бутел – Целје (21:30 часот) Свеченото отворање е закажано за 20:40 часот. МИА...
На ГП Богородица и на Табановце се чека до 40 минути
Бриф - пред 16 часа
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути. На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. МИА...
Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19
Бриф - пред 16 часа
Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населението од 10 до 19 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.750 лица во хоспитални условиили на домашно лекување, 16,9 отсто помалку во споредба со претходните седум дена. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување од 10,8 проценти. Пријавени се 16 смртни случаи, идентично како и минатата седмица. Сите се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети. Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 лица, а моментално во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во спроедба со претходната недела. Од нив 55 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација Заклучно со 14 август, во земјава се пријавени вкупно 335.451 случаи на Ковид-19. COVID-19. Оздравеле 322.468, а починале 9.424 лица. Активни во моментов се 3.559. Досега се направени вкупно 2.136.393 ковид тестови. МИА...
Сончево, попладне можност за пороен дожд
Бриф - пред 16 часа
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени. Од утре следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени Целзиусови и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок. MИА...
Ковачевски: Маврово и Ростуше ќе го продолжи патот на напредокот со Куртовски
Бриф - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се сретна со жителите од мавровскиот крај, каде, како што вели, поддршката за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски е голема.-Важно е Маврово и Ростуше да продолжи да се развива како модерна, еколошка и европска општина која ги користи сите свои потенцијали кои ги има во изобилие. Во изминатиот период, во Маврово и Ростуше се инвестирани блиску 32 милиони евра за инфраструктура и проекти кои се веќе реализирано, а дел се во тек. Маврово го има сиот потенцијал да се развие во светски позната туристичка дестинација, рече Ковачевски на средбата во рамки на кампањата за изборите за градоначалник во општината што треба да се одржат в сабота (20 авсгуст). Во наредниот период, додаде тој, Куртовски ќе реализира низа проекти во Маврово, меѓу кои санација на резервоар за вода во месноста Крстови, санација на локалниот пат, зафаќање на нови резервоари за вода и изградба на велосипедска патека околу езерото. -Упорноста на Медат Куртовски, посветената работа, Маврово и Ростуше го ставија високо на листата на приоритети на Владата и во тесна соработка со општината ги решаваме клучните проблеми и на општината и на граѓаните, истакна Ковачевски.Според него, Куртовски во досегашниот мандат, докажал дека работи еднакво за сите населени места, и за Леуново, Никифорово, Ново Село, Маврово и Врбен.Во наредниот период, нагласи Ковачевски, предвидено е уредување на селските улички на овие места, чистење на дивите депонии, нови резервоари за вода, санација на локалниот пат.– На денот на изборите, на 20 август е убава можност да покажеме дека сме сплотени дека сите заедно и Македонци, Албанци, Турци, Македонци муслимани, сите сложно да избереме сигурна и европска иднина за наше и ваше Маврово и Ростуше, рече Ковачевски. МИА...
Ѓоргиев: Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат
Бриф - пред 1 ден
Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само двата народа, порача вечерва Драги Ѓоргиев, копретседателот од македонска страна на заедничката Мешовита историска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија. -Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања, рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител и додаде дека е нелогично да се поврзува денешен идентитет со идентитетот во антиката на народите кои живееле тука. Во текстовите за заедничко чествување, додаде, нема никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници со што го постигнавме она за што се залагавме – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата. -Двете држави се обврзуваат за многу работи во протоколот, па и во однос на промените во учебниците. Мора да има реципрочност во обврските. Она што го има преземено како обврска Македонија е 99 отсто поклопено со она што мора да го направи Бугарија во однос на учебници и во однос на заеднички чествувања, посочи Ѓоргиев. MИА...
Костадиновска-Стојчевска: Со вметувањето на Бугарите во Уставот се прави дистинкција меѓу нашите култура, јазик и идентитет
Бриф - пред 1 ден
„Нема ниту еден слободоумен граѓанин кој е против внесувањето на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите помали групи во Уставот бидејќи со тоа се прави дистинкција помеѓу македонската култура, јазик и идентитет и културата, јазикот и идентитетот на другите групи на граѓани кои живеат во земјава“ изјави министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Запрашана за уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Уставот, министерката рече дека се уште е рано да се коментира за тоа дали ќе има мнозинство во Собранието, но додаде дека дококу се случи тоа ќе паднат во вода обвинувањата за бугаризација. „Со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе паднат во вода политичките тези на опозицијата дека одиме кон бугаризација. Тука е и нивниот проблем, бидејќи тоа ќе значи дека имаме македонски народ и посебно Бугари кои ќе бидат дел од Уставот“ рече Костадиновска-Стојчевска. Министерката додаде дека Бугарија нема никакви нови барања кон земјава на патот кон ЕУ и потенцираше дека ние сме земја која ги почнува преговорите со признаен јазик, македонска култура и македонски идентитет, нешто што не е оспорено од ниту една друга земја членка....
Костадиновска-Стојчевска: Клубовите со имиња на нацистички соработници се провокација, но токму ВМРО-ДПМНЕ го величаше Ванчо Михајлов
Бриф - пред 1 ден
„Го осудувам трендот на регистрација на клубови со имиња на историски фигури кои биле дел од оската на Хитлер, како тоа на Ванчо Михајлов. Сметам дека тоа е провокација“ изјави министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Таа, сепак, потенцираше дека токму ВМРО-ДПМНЕ е таа која што го промовираше Ванчо Михалов во земјава и го овековечи, правејќи му восочна фигура. „За прашањето дали некој ја направил Македонија рај за фашисти, добро е да се знае дека на својот прв конгрес по осамостојувањето на земјава, самите ВМРО-ДПМНЕ донесоа декларација дека ќе се придржуваат на начелата на она ВМРО, чив последен претседател беше токму Иван Михајлов“ рече Костадиновска-Стојчевска. Министерката за култура во емисијата кажа дека провокации во ова деликатно време не се потребни, ниту добредојдени ни за Бугарија ни за Северна Македонија....
Костадиновска-Стојчевска: Не ги цензурирам авторите, реакциите стигнаа по слободните толкувања на опозицијата
Бриф - пред 1 ден
„Јас како министерка и како дел од партијата СДСМ, најодговорно тврдам дека се залагаме за слобода на секое поле, не само во уметноста. Слободата на говор и слобдата на творење не може да се ограничат и врз нив оваа држава, која ги започна преговорите со ЕУ, треба да се темели“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Таа додаде дека реакциите во јавноста стигнале откако ВМРО-ДПМНЕ и Левица со нивните соопштенија, слободно и меѓуредови, како што и самите признаа, ги толкувале нејзините изјави. „Кога ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалиционен партнер Левица, толкуваат меѓу редови, како што и самите признаа, дека министерката ќе правела цензура, се случуваат вакви појави на кои бевме сведоци. Со самата изјава, јас точно кажав дека треба сите уметници слободно да творат“ рече Костадиновска-Стојчевска. Минстерката кажа дека нејзиниот човечки апел за погледнување на позитивните епизоди од нашето минато, бил преувеличен од политички неинформирани кругови и пропагадни канали....
Костадиновска-Стојчевска: Државата се грижи за културното наследство и спомениците, не е време и место за провокации
Бриф - пред 1 ден
„Не е точно дека државата не се грижи за спомениците и културното наследство. Не би сакала да ги коментирам побудите зошто е поставено бугарското знаме на споменикот на Гоце Делечв, бидејќи станува збор за провокација“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Таа додаде дека провкации во вакви деликатни времиња не се потребни ни на Бугарија, ни на Северна Македонија. Министерката Костадиновска-Стојчевска се надоврза и на исвиркувањето за време на прославата за годишниниата од рамковниот договор. „Провокации секогаш има и ќе има, но тоа не значи дека треба да се остане нем. Сепак, верувам дека тие провокации не се од чинители на власт и веројатно се работи за исвиркување на некој сосема друг сегмент“ рече Костадиновска-Стојчевска....
ЗНМ: Осуда за заканите и навредите кон новинарката Илинка Иљоска од Мета
Бриф - пред 1 ден
Здружението на новинарите на Македонија ги осудува заканите и навредите од страна на вработени во Комунална хигиена Скопје кон новинарката Илинка Иљоска од Мета новинската агенција. ЗНМ бара од Комунална хигиена Скопје да покренат дисциплинска постапка против одговорните лица за вербалниот напад врз новинарката Илинка Иљоска. Исто така, бараме од оваа институција да направи план за активности за едукација на вработените на теми од јавен интерес и однос кон граѓаните бидејќи не е прв пат од Комунална хигиена Скопје да реагираат на вакови или сличен начин кон граѓаните. Според информациите кои колешката Иљоска ги сподели со нас, утрово додека одела на работа, го фотографирала расфрланото ѓубре и метлите што биле потпрени на кантата за отпад во паркот пред нејзината зграда. Во тоа време, вработените во Комунална хигиена Скопје кои што биле во паркот, на одредена оддалеченост ја забележале како фотографира и тргнале во нејзина насока. „Само што стасав на станицата улицата ја помина еден човек во цивилна облека и еден од чистачите. Тој во цивилна облека ми се претстави дека е раководител на што јас му се претставив со име и презиме, му кажав дека работам во Новинска Агенција Мета и му реков Повелете кажете што треба “ – вели Иљоска. Лицето кое се претставило дека работи во КХС, побарало од новинарката да ги избрише фотографиите и на висок тон да се расправа со неа, велејќи и дека не смее да фотографира веќе никогаш. Иљоска му рекла дека фотографирала на јавна површина и дека нема ознака дека е забрането фотографирање. „Ми кажа дека знае која сум и дека и од друга екипа, од службата што е задолжена преку општината за косење на зелените површини знаат за мене и ме фотографираат кога се жалам дека не си ја вршат работата. Ми рекоа дека ќе видам што ќе ми се случи следниот пат кога ќе го шетам кучето. Се расправаа со мене сè додека не дојде автобусот за да ме испратат со зборовите: Ај влези си во автобус и друг пат да не правиш така “ – стои во изјавата на колешката. Новинарката Илинка Иљоска заради загриженост за сопствената безбедност и безбедноста на семејството, со веќе реализирана правна помош и советување од страна на ЗНМ, ќе го пријави случајот во полициска станица. „Не само што јас лично не се чувствувам безбедно, туку заканата ја сфатив дека може да ми го отрујат или повредат миленикот. А стравувам дека и моите деца се во опасност затоа што и тие често го шетаат кучето. Ова не им се случува прв пат. И друг пат ми довикуваат и се жалат на нивните претпоставени кога фотографирам како не си ја вршат должноста. Но, ова денес беше прв пат да се осмелат да ми пристапат и грубо да бараат да бришам фотографии и да ми се закануваат дека нешто може да ми се случи ако продолжам да си ја вршам работата. Тие не само што знаат која сум, туку знаат и точно каде живеам“ – вели колешката. Здружението на новинарите на Македонија...
Мицкоски бара собраниска седница за уставни измени веднаш по одморите
Бриф - пред 1 ден
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара власта веднаш по одморите да закаже седницата на Собранието за уставни измени. Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот со цел да се впишат и Бугарите, тој рече дека наредниот ден ќе се повлече засекогаш од политиката. Но, во спротивно побара предвремени парламентани избори. -Кажав вчера дека верувам во секој пратеник од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на Уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката. Затоа што имам полна доверба во сите. Еве денеска ќе одиме чекор понапред овде во Тетово, порака до Владата предводена од ДУИ и СДСМ и Димитар Ковачевски, веднаш откако парламентарците ќе се вратат од годишниот одмор првата точка на првата седница во Парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија и доколку тој собере 80 пратеника јас веднаш истиот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника тогаш да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски при посетата на Тетово. Тој денеска и утре има средби и со коалициските партнери за прецизирање околу прашањето за референдумот и можната седница за уставни измени. – Имав состаноци со четири од коалициските партнери. Продолжувам утре во текот на денот исто така со консултации додека не се исконсултираме со сите коалициски партнери, потоа во рамките на партијата, Извршниот комитет итн., откако Собранието ќе биде функционално ќе излеземе со конечен став околу референдумот, но мислам дека ставот е јасен и неколку пати повторен, истакна Мицкоски. Во Тетово Мицкоски се приклучи на кампањата за вонредни избори за Совет на Тетово и одржа средби со граѓани. MИА...
Во Велика Британија е одобрена првата бивалентна вакцина против коронавирус
Бриф - пред 1 ден
Првата бивалентна засилувачка вакцина на Модерна против коронавирусот е одобрена за употреба во Велика Британија, соопшти денеска Британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA). Таа прилагодена вакцина, „таргетира“ две различни варијанти на коронавирусот – оригиналниот вирус од 2020 година и варијантата омикрон. Бивалентната вакцина на Модерна е одобрена за бустер дози за возрасни, откако беше откриено дека ги исполнува стандардите на британскиот регулатор за безбедност, квалитет и ефикасност, се нагласува во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада. Одлуката за одобрување на „бустер“ вакцината во Велика Британија ја поддржа владиното независно стручно научно советодавно тело – Комисијата за хумани лекови, по внимателна ревизија на доказите. „Во секоја доза на Spikevax двовалентна Оригинална/Омикрон-засилувачка вакцина, половина од вакцината (25 микрограми) го таргетира оригиналниот вирус од 2020 година, а другата половина (25 микрограми) го таргетира омикронот“, се вели во соопштението на МХРА. МИА...
Поплави во Анкара
Бриф - пред 1 ден
Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара. Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја. Поради надојдената вода сообраќајот во Анкара е блокиран. Поплавена е една од големите автобуски станици во градот. Според метеоролозите обилните дождови во Анкара ќе продолжат и во наредните часови. МИА...
И македонските и бугарските учебници ќе се подобруваат по препораки на историската комисија
Бриф - пред 1 ден
Билатералната комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија објави заеднички препораки со кои ќе се подобруваат содржините во учебниците по историја и во Бугарија и во земјава. Комисијата предлага по пет измени на учебникот по историја за 5-ти клас во Бугарија и во учебникот по историја за 6-то одделение во Северна Македонија. Со измените, како што велат тие, се констатираат извесни недостаоци и се користат можностите за подобрување. „Тоа се препораки кои се иоднесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите“ рече Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата. Со ова уште еднаш паѓаат во вода обвинувањата од опозицијата дека нема реципроцитет во работата на комисијата и нивните односи. Комисијата стручно и независно од политиката ги носи одлуките со консензус, што значи дека договореното е поткрепено со факти и аргументи од двете страни. Освен за учебниците, комисијата договори и дека Цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум ќе се чествуваат заеднички со делегации од двете земји, потенцирајќи дека овие личности се важни и имаат оставено белег во културата и историјата на двете земји....
Украинскиот Парламент одобри продолжување на воената состојба и на општата мобилизација
Бриф - пред 1 ден
Врховната рада на Украина ја продолжи воената состојба и општата мобилизација за уште 90 дена до 21 ноември 2022 година, објави Укринформ, повикувајќи се на изјава на пратеник. „Парламентот го одобри продолжувањето на воената состојба за 90 дена до 21 ноември 2022 година. Радата го одобри и утврдувањето на Уредбата за „Продолжување на времетраењето на општа мобилизација“, објави на Телеграм Јарослав Железњак од партијата „Глас“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 12 август поднесе два предлог-закони до парламентот – за 90-дневно продолжување на воената состојба и општа мобилизација, почнувајќи од 23 август. MИА...
ЕП во атлетика: Рингер златен во машкиот маратон, Ивановски не ја заврши трката
Бриф - пред 1 ден
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски не ја заврши маратонската трка, која попладнево донесе неизвесна завршница и триумф на домашниот натпреварувач Рихард Рингер на отворањето на Европското атлетско првенство во Минхен. Ивановски настапи во конкуренција на 79 маратонци, а учеството го обезбеди со успехот во мај годинава кога на својот трет маратон во кариерата, одржан во Копенхаген, постави нов македонски рекорд со време 2:18,12. На денешниот прв натпреварувачки ден на Европското првенство во Минхен, германскиот маратонец Рингер на само неколку метри пред целната линија успеа да го престигне Израелецот Мару Тефери и да го освои златниот медал со време 2:10,21. Тефери го освои среброто со секунда послабо време, додека бронзениот медал му припадна на неговиот сонародник Гашау Ајале со девет секунди заостанување зад победникот. Во женската маратонска трка, златото го освои Александра Лисовска, пред Матеа Парлов Коштро од Хрватска и Холнаѓанката Ниенке Бринкман. MИА...
Директорот на Фајзер, Бурла позитивен на Ковид-19
Бриф - пред 1 ден
Директорот на Фајзер, Бурла позитивен на Ковид-19 Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми. Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација. Бурла е уверен дека ќе закрепне за брзо време. Тој примил четири дози вакцина развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек. Изминатите месеци неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот, вклучувајќи го претседателот на САД, Џо Бајден, како и неговиот главен медицински советник, доктор Ентони Фаучи. MИА...
Крадец од струшко Долно Белица се обидел да врши обљуба
Бриф - пред 1 ден
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 55-годишниот С.С. од село Долно Белица добил кривична пријава поради сомнение за сторена разбојничка кражба и обид за обљуба врз 45-годишна жена од село Ложани. – ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.С.(55) од струшкото село Долно Белица, поради постоење основи на сомнение за сторена „разбојничка кражба“ и обид за обљуба. Тој на 10.08.2022 година околу 09.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Биџево и Ложани, физички нападнал 45-годишна жена со привремен престој во селото Ложани, се обидел да изврши обљуба и ѝ одзел личен предмет, се вели во соопштението на МВР. МИА...
Путин најави: Подготвени сме нашите сојузници да ги опремиме со најнапредно оружје
Бриф - пред 1 ден
Претседателот на Русија, Владимир Путин одржа говор на изложбата на оружје во близина на Москва и се пофали со напредното руско оружје. Тој во говорот потенцира дека Русија ги цени своите врски со земјите од Јужна Америка, Азија и Африка и оти е подготвена да им понуди модерно оружје на своите сојузници. – Подготвени сме на нашите сојузници да им понудиме најсовремени видови оружје, од мало оружје до оклопни возила и артилерија до борбена авијација и беспилотни летала. Речиси сите од нив се многупати користени во вистински воени операции, посочи Путин/ МИА...
Германија воведува данок на гас за потрошувачите
Бриф - пред 1 ден
Германија воведува данок на гас за потрошувачите Германија најави воведување данок од 2,4 центи по киловат час гас од октомври, со цел да им помогне на увозниците што се погодени со дополнителни трошоци, поради сè помалите резерви руски гас. Високите цени на енергијата станаа доминантна политичка тема во најголемата европска економија, затоа што трошоците за живот вртоглаво растат, а една од причините е и војната во Украина. Данокот го одреди „Трејдинг Хаб Јуроп“ (Trading Hub Europe), тело основано од разни дистрибутери на гас во земјата. Надоместокот е наменет за да им се помогне на увозниците на гас, што мора да купуваат поскап од добавувачи надвор од Русија и трпат огромни загуби. Официјално во сила ќе биде од 1 октомври, но, не се очекува да влијае на сметките за гас до ноември или декември поради регулативи што ги штитат потрошувачите од промени на цени. MИА...