Приведено осомничено лице за вчерашниот напад во Чикаго во кој беа убиени шест лица, а ранети над 36
НоваТВ - ново
Американската полиција соопшти дека го уапсила Роберт Е. Крајмо, осомничен за вчерашната пукотница во Хајланд Парк, предградие на Чикаго, при што беа убиени шест, а ранети повеќе од 36 лица. Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. „Полициски службеници го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение“, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот имаат прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците сè уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк. FacebookEmail...
„Се отвори нов пазар“ – војната во Украина го намали бројот на странски платеници во Либија, велат експерти на ОН
НоваТВ - ново
Бројот на странски платеници во Либија е делумно намален поради војната во Украина, наведува Чалока Бејани, експерт на ОН, цитиран од агенцијата ДПА. Бејани го опиша тоа со „отворање на нов пазар на друго место“. Британскиот правен експерт, кој е со потекло од Замбија, собира докази за кршење на човековите права во Либија и дел е од комисијата на експерти назначена од Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН). Според Бејани, во Либија е видливо намален и бројот на платеници од руската група Вагнер. Приватната воена компанија се смета за армија во сенка на рускиот претседател Владимир Путин, кој негира каква било вмешаност во неа. Според британските разузнавачи, Москва најверојатно била принудена да и даде приоритет на инвазијата на Украина со персоналот на Вагнер на сметка на операциите во Африка и Сирија. „Меѓутоа, не сите странски борци се повлечени од Либија. Платениците го продолжуваат конфликтот во земјата и можеби ги игнорираа меѓународните правила за заштита на цивилите“, се наведува во извештајот кој беше презентиран од Бејани и неговиот тим. Либија од 2011 година е зафатена со граѓанска војна, откако со револуција беше соборен долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи. Бројни милиции сè уште се борат за влијание во регионите од земјата, а во конфликтот се вклучени и други земји, вклучувајќи ги Русија и Турција. Проценките на ОН се дека во Либија до крајот на 2020 година се бореле околу 20.000 странски платеници. FacebookEmail...
Два големи шумски пожари во Грција, евакуирани се неколку села и луксузен хотел
НоваТВ - пред 27 минути
Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по вчерашните пожари кои сè уште активни, поради што превентивно се евакуирани неколку села и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина. Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите се гасат и од воздух со авиони и хеликоптери. Едниот пожар е во централна Грција, во близина на градот Итеа, а преку бројот за итни случаи 112 е побарано од жителите што се наоѓаат во северниот дел на градот да се евакуираат. Во вториот пожар, во близина на Краниди на Пелопонез, утрово е подобрена ситуацијата, иако пожарот сè уште не е локализиран, а синоќа беа евакуирани туристите сместени во голем и луксузен хотел. FacebookEmail...
Францускиот предлог и Протоколот се два неповрзани процеса, уверува Османи
НоваТВ - пред 35 минути
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во гостување на МТВ, истакна дека францускиот предлог и Протоколот се два неповрзани процеса.„Францускиот предлог ја утврдува рамката на преговорите за членство, додека Протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Бугарија, за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор. Меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани“, истакна Османи.Османи посочи дека Протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на Протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие кон нас во ЕУ. FacebookEmail...
Украинските сили чекаат оружје за контраофанзива на југот од земјата
НоваТВ - пред 39 минути
По падот на регионот Луганск, украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата. Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск кој на крајот падна под руска контрола, изјави дека битката им овозможила на украинските сили да воспостават позиции во Доњецк со цел „да ја отежнат ситуацијата за Русите таму“. Хајдај уште еднаш побара од западните сојузници на Украина да испратат повеќе оружје, тврдејќи дека украинската армија ќе започне контраофанзива штом ќе има доволно оружје со долг дострел. „Руската тактика ќе биде иста. Прво со артилерија ќе пукаат на се, но тешко ќе освојуваат територија“, изјави Хајдај. Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина се надева дека ќе покрене контраофанзива на југот на земјата. Заземањето на Лисичанск, според него, е последна победа на Русите на украинска територија. „Тоа беа градови со средна големина (Северодоњецк и Лисичанск), а за нив им требаше време од 4 април до 4 јули, тоа се 90 дена. Толку многу загуби“, рече Арестович. „Заземањето на градовите на исток значи дека 60 отсто од руските сили сега се концентрирани таму и ќе им биде тешко да ги пренасочат кон југ, а нема повеќе сили што можат да ги донесат од Русија. Тие платија висока цена за Северодонецк и Лисичанск“, рече советникот на Зеленски. Самиот претседател Зеленски изјави дека украинските сили продолжуваат да се борат и покрај повлекувањето од Лисичанск. „Нашите оружени сили одговараат, возвраќаат и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Мораме да ги скршиме. Тоа ќе биде тешка задача која бара време и натчовечки напори, но немаме алтернативи“, рече Зеленски. FacebookEmail...
Дебата за францускиот предлог и во Собранието, продолжуваат реакциите „за“ и „против“
НоваТВ - пред 51 минути
Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во Европската Унија (ЕУ), интегрално преведен на македонски јазик, е објавен на официјалната веб страница на Владата, со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија. Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. „Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата“, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци. Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот. Притоа порачале оти за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања поврзани со историјата и со образованието да бидат дел од преговарачкиот процес. Од Демократскиот сојуз, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. „Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и слично“, стои во заклучоците од ДС, од каде нагласуваат дека не смеат да се прифатат разговори за македонските ревулуционери. Бараат и да се се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонските национални празници. Од ДС порачуваат и историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа и да не и се овозможи на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија преку Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите. Во рамки на широките консултации за предлогот, Ковачевски вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој изјави дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои. Најави дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став како партија. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и повторно побара од Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот. Предлогот, како што рече, „не треба да мине во Собранието, а и да мине тоа ќе биде на сила“. Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. Од генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, пак, одговорија дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. Во Скопје во изминатите три дена се одржаа протести за отфрлање на францускиот предлог, а учесниците кои официјално немаат организатор, но се поддржани од политички партии и граѓански организации, сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. FacebookEmail...
Шарл Мишел денеска во Скопје
НоваТВ - пред 1 час
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел денеска ќе пристигне во посета на Скопје. Се очекува Мишел, во рамки на посетата, да изрази поддршка на Европската Унија (ЕУ) за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции. FacebookEmail...
Метео: Претпладне сончево, попладне можност за краткотрајно невреме, температурите до 39 степени
НоваТВ - пред 1 час
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност во претпладневните часови, а попладне и во вечерва ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 31 до 39 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне, во делови од котлината, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе се искачи до 20 степени, а дневната до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата за 3 до 5 степени, особено во северните делови. Нов влажен бран со пад на температурите насекаде ќе има од петок и за време на викендот. FacebookEmail...
Да формираме работни групи, искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ, смета Мицкоски
НоваТВ - пред 10 часа
„Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест пред Владата. „Да формираме работни групи, бидејќи денеска гледаме дека утре предлогот ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија“, рече Мицкоски. Тој потенцира дека „само оние на кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“. „Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка во насока на громогласно „не“ против овој последен предлог“, додаде Мицкоски. FacebookEmail...
Османи: Очекувам 118 пратеници да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот
НоваТВ - пред 10 часа
Отворањето на Уставот за внесување на бугарското малцинство ќе помине со потребното мнозинство во Собрание, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Земајќи ги изјавите на политичките партии, дури и на опозициската, по однос на отворање на Уставот и внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите, очекувам не само две-третинско мнозинство, туку 118 пратеници ќе гласаат „за“, кажа Османи. Според него, прво тоа е наш интерес за да го утврдиме правецот на нашите односи со Бугарија, а второ затоа што е универзално право и немаме критериуми по кои што ги делиме граѓаните, освен 20% кој што е критериум по кој се утврдуваат некои колективни права, истакна Османи во дебата со уредници на телевизии. FacebookEmail...
Таравари: Генерално партиите го прифатија предлогот, а поентата е кој ќе поентира политички
НоваТВ - пред 11 часа
Потпретседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во емисијата 24 анализа рече дека со Грција сме имале подобри предлози од пред 25 години, а сега имаме три затворени патишта и еден кон ЕУ. – Сите партии се за тој пат, но овој процес на преговарање беше многу нетранспарантен. Сите бараа од министерот на МНР да ги брифира. Можеше да биде помек ставот на партиите, иако генерално го прифатија, а поентата е кој ќе поентира политички. Реакциите се насочени кон тоа, не треба толку емоционално да се реагира, трезвено треба да се размислува. Се работи за иднината на нашите деца, рече Таравари. FacebookEmail...
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи
НоваТВ - пред 11 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека францускиот предлог е претставен пред Стратешкиот совет. „Денес францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата“, вели Османи FacebookEmail...
Адеми: Не очекував протести, не е време да се делиме на патриоти и предавници
НоваТВ - пред 11 часа
Претседателот на собраниската комисија за европски прашања Арбр Адеми во емисијата 24 анализа рече дека протестите се загарантирани со устав и се организираат во рамките на законите и секогаш е дозволено да се изрази револт. Во вакви околности, не очекував протести, дека четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ. Протоколот е во насока на имплементација на еден дел од договорот зсо Бугарија, кој не е дел од Преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство, протестот треба да биде исконтролиран. Се работи за наш имот и не треба да оставиме лоша слика. Не е време да се делиме на патриоти и предавници – рече Адеми. FacebookEmail...
СДСМ со осуда за инцидентите на протестот: Вечерва има обид за повторување на упадот од 27 април 2017
НоваТВ - пред 12 часа
Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, велат од СДСМ. „Вечерва има обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“, се вели во соопштението. FacebookEmail...
(Фото) Тензии и турната заштитната ограда: Демонстрантите сакаат да влезат во Владата
НоваТВ - пред 12 часа
Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата. Тие ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре. Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки. “Ние сме исто, немаме ништо против вас, ова е и ваша и наша борба” се слуша како еден од демонстрантите зборува со полицијата. Иако два дена се протестираше мирно и достоинствено денеска огромен број тешко вооружени полициски специјалци се наоѓаат околу владата што беше повод кон зградата на владата да почнат да летаат јајца, шишиња и хартиени ролни. Дел од демонстрантите почнаа да се приближуваат кон полициските сили кои што ја чуваат владата. Полицајците сега се наоѓаат пред зградата на владата а демонстрантите се на десетина метри од нив. FacebookEmail...
Трајанов: Предлагам референдум доколку остане ваква преговарачката рамка
НоваТВ - пред 12 часа
Лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов вечерва во вестите на ТВ Сител изјави дека дефинитивната одлука за францускиот предлог треба да ја верифицира Парламентот. -Владата може да донесе одлука да ја прифати преговарачаката рамка, но тоа е огромен ризик. Клучно е целиот процес сега да биде презентиран пред граѓаните и да се види гласот на народот. Голем број експерти имаат сериозни забелешки за францускиот предлог и тоа мора да се респектира. Јас предлагам доколку остане вака рамката, да се изјаснат граѓаните за тоа преку референдум. Ако тие поддржат, определбата на граѓаните е да се оди напред. Треба да градиме пријатели и да ја објаснуваме нашата позиција, појасни Трајанов. Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог – рече Трајанов во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа. -Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност – посочи Трајанов. Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. – Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка – рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем. FacebookEmail...
Алабакоски го запали францускиот предлог: Мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
НоваТВ - пред 13 часа
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. По кусиот настап, порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани имињата на овие договори. Против пејачот во тек е постапка во која тој е осомничен за палење на влезната врата на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. FacebookEmail...
Тензии и турната заштитната ограда: Демонстрантите сакаат да влезат во Владата
НоваТВ - пред 13 часа
Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата. Тие ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре. Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки. “Ние сме исто, немаме ништо против вас, ова е и ваша и наша борба” се слуша како еден од демонстрантите зборува со полицијата. Иако два дена се протестираше мирно и достоинствено денеска огромен број тешко вооружени полициски специјалци се наоѓаат околу владата што беше повод кон зградата на владата да почнат да летаат јајца, шишиња и хартиени ролни. Дел од демонстрантите почнаа да се приближуваат кон полициските сили кои што ја чуваат владата. Полицајците сега се наоѓаат пред зградата на владата а демонстрантите се на десетина метри од нив. FacebookEmail...
На девојчето од Флорида што преживеа напад од ајкула ќе и ја ампутираат ногата
НоваТВ - пред 13 часа
Адисон Бетеа (17) собирала школки во морето во близина на плажата Китон во американската сојузна држава Флорида кога била нападната од ајкула, јавува Си-Ен-Ен. “Не знаев што да правам, но знаев дека треба да ја удриш ајкулата во носот за да ја тргнеш од тебе”, вели Адисон. Таа почнала да вика помош, а нејзините крици ги слушнал нејзиниот брат Рет Вилингем, кој случајно е пожарникар и техничар за итна медицинска помош. “Слушнав како вреска. Не ја видов, а потоа таа почна да излегува од водата и видов ајкула и многу крв, а потоа стигнав до неа и ја тргнав ајкулата од неа”, вели Рет. Откако ја совладал ајкулата, го запрел нејзиното крварење и ја однел на копно. Трауматскиот тим на локалната болница ја стабилизирал, а хирург извршил итна операција за да и го врати протокот на крв во ногата. И покрај максималните напори на лекарите, утре ќе мора да и биде ампутирана ногата над коленото. “Ќе биде многу полесно на крајот. Возбудена сум поради тоа, да бидам искрена. Уморен сум од седење во кревет”, вели Адисон опкружена со плишани ајкули. „Сите што ме познаваат знаат дека наоѓам хумор во сè, обожавам плишани ајкули. Само ја осветлувам ситуацијата“, изјави таа за Си-Ен-Ен. FacebookEmail...
Путин порача да се одморат единиците кои го заземаа Луганск, но да продолжи воената операција во Украина
НоваТВ - пред 14 часа
Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу му порача дека единиците кои учествувале во „ослободувањето“ на сепаратистичката доминантно руска и рускојазична југоисточна украинска покраина Луганск, треба да се одморат, но истовремено оцени дека руските сили треба да ја продолжат заедничката офанзива со проруските сепаратисти до целосно заземање на историската област Донбас. „Единиците кои учествуваат во активни воени дејствија и го постигнаа успесите, победите во правецот на Луганск, секако, треба да се одморат, за да ги зголемат своите борбени способности“, рече Путин на состанокот со Шојгу пренесуван на јавната телевизија. Руските сили „мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови“, рече Путин во текот на разговорот и додаде дека се надева оти „во нивните сектори сѐ ќе одвива како што тоа беше во Луганск“. Шојгу, кој во неделата го извести Путин за падот на Лисичанск, и „ослободувањето на целиот“ регион Луганск, го информираше претседателот дек во моментов во тек е процесот на деминирање на градот. Изјавите на рускиот претседател доаѓаат два дена откако руските војски во Украина објавија дека го заземале Лисичанск, а ден откако Киев потврди дека го загубил, односно неговите единици се повлекле, од стратешки важниот град Лисичанск, последниот кој го контролираа во административната територија на регионот Луганск пред превратот во 2014 година, кога беше самопрогласена ткн Народна Република Луганск и започна украинската граѓанска војна. Лиганск и соседниот Доњецк ја сочинуваат историската и со ресурси богата област Донбас, во којашто е доминантно руското и рускојазичното население. Контролата на Лисичанск, кој заедно со соседниот Северодоњецк сочинува стратешки важна оска на границите на Донбас, сега на проруските сепаратисти и руските единици им порача полесно настапување кон запад, кон градовите Славјанск и Каматорск, двете места во областа кои сѐ уште се под контрола на украинските сили. Прорускиот сепаратистички функционер Виталиј Киселов во понеделникот изјави дека руските сили од две насоки напредуваат кон Северск, кој е на патот кон Славјанск и Краматорск. FacebookEmail...
Сотировски: На местото на паднатото дрво на плоштад Македонија ќе засадиме исто такво дрво
НоваТВ - пред 14 часа
Директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски на денешната прес конференција истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад Македонија ќе се засади исто дрво од таков вид. „Од силното невреме кое го зафати Скопје изминативе денови екипите на ЈП Паркови и зеленило интервенираа на повеќе локации меѓу кои и на локацијата плоштад Македонија кај спомен плочата на Мајка Тереза каде падна едно дрво-сребрена смрча кое беше во поодмината физиолошка старост. Дрвото е откорнато со видливи оштетувања на главниот коренов систем, како и оштетувања на крошната. Покрај сите оштетувања беше невозможно дрвото да се врати во првобитната состојба и да се сочува. Поради тоа, дрвото е отстрането од локацијата. Жалиме за ова што се случи и штом временските услови овозможат на местото на паднатото дрво ќе засадиме исто такво во спомен и почит на животот и делото на Мајка Тереза, истакна Сотировски. Сотировски истакна дека на местото на паднатото дрво на плоштад Македонија екипите на ЈП Паркови и зеленило ќе засадат ново такво дрво од ист вид. FacebookEmail...
Зеленски бара 100 милијарди евра за обнова на Украина
НоваТВ - пред 14 часа
„Закрепнувањето на Украина е најголемиот придонес за поддршка на светскиот мир“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео пораката на меѓународната конференција во Лугано, Швајцарија, посветена на закрепнувањето на неговата земја. Тој посочи дека неговата земја има потреба од колосална инвестиција за обнова по војната. На дводневната конференција се разговара за тоа како да се соберат 100 милијарди евра за да започне Украина да се врати во нормален живот по завршувањето на руската агресија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека земјата можела да излезе „посилна отколку пред руската инвазија“. Таа истакна дека ЕУ „има посебна одговорност и стратешки интерес да застане на страна на Украина“ и дека ќе и помогне при нејзиното закрепнување. Иако предизвиците се огромни, тие не се несовладливи, рече првиот човек на ЕК. Таа вети дека заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц и во тесна соработка со меѓународните партнери „ќе организираат меѓународна конференција на високо ниво по летото“ за да се осигураат дека парите на инвеститорите ќе се „трошат ефикасно и ефективно“. „Од почетокот на војната, Европската унија мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка и ќе собере повеќе средства. Ќе бидеме значително вклучени на среден и долг рок“, истакна и Фон дер Лајен. Европската инвестициска банка (ЕИБ) предлага создавање на труст Порталниот фонд ЕУ-Украина (E-U GTF), кој првично ќе добие 20 милијарди евра грантови, заеми и гаранции од земјите на Европската унија и од буџетот на ЕУ. Со помош на приватните инвеститори, тие мора да се мобилизираат до 100 милијарди евра, што ќе задоволат околу половина од непосредните потреби на Украина. Средствата ќе се користат првенствено за обнова на инфраструктурата, како што се мостови, вода и снабдување со електрична енергија, како и телекомуникациски мрежи. На конференцијата се поканети 42 земји, меѓу кои и Бугарија. Нејзиниот претставник не се појавува во програмата на говори. Некои од учесниците инсистираат на тоа дека треба да се соберат средства и од конфискацијата на замрзнатите руски средства. Имаат резерва од околу 300 милијарди долари, но и овие нема да бидат доволни, бидејќи штетата од руската војна во Украина веќе надминува 700 милијарди долари. FacebookEmail...
Со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата, вели Георги Прванов
НоваТВ - пред 15 часа
Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој рече дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата. „Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нѐ прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски“, коментира Прванов. Тој е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции. Прванов го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати”, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, според поранешниот бугарски претседател, „ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години“. Книгата ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции. FacebookEmail...
Девојче повредено во сообраќајка во Битола им подлегна на повредите по дваесетдневна борба
НоваТВ - пред 15 часа
На клиничката болница во Битола денеска почина малолетното девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, на улица Ружа Делчева во Битола, пишува Нова Македонија. По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола, за спас на девојчето, кое имаше само 15 години, тоа денеска им подлегна на повредите. До сообраќајната несреќа дојде кога малолетен моторциклист со мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка која не носела кацига, додека пешакот поминал со полесни телесни повреди. FacebookEmail...
Францускиот предлог е компромис, ЕУ е вашата иднина, вели Ванхауте
НоваТВ - пред 15 часа
„Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ“, вели белгискиот експерт и поранешен олеснувач за преговорите од Пржино, Питер Ванхауте. „Ја почитувам храброста на вашата Влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно“, вели Ванхауте во своето обраќање до граѓаните на Македонија. Тој нагласува дека „ЕУ е вашата иднина и ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца“. -Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување. Го разбирам националистичкото негодување од некои политички партии. Како опозиција, нивната улога е да се спротивстават – и да бидеме јасни: секогаш е полесно да се спротивставиме на одлука на владата отколку да се согласиме со неа и да ја поддржиме. Играњето на емоции во таков случај е уште полесно. Но, не правете го тоа овој пат: ајде сега да се фокусираме на интеграцијата на вашата земја во ЕУ и како сите ќе имаме корист од ова. Да ги избереме вистинските приоритети за нашата иднина. И до националистичката опозиција: денес Северна Македонија е вистинска национална држава, со специфична култура, своја историја и признати официјални јазици и заедници. Не се затворајте во минатото, туку вклучете се во заедничка иднина. Заслужувате еден ден да станете членка на ЕУ, вратата е отворена, затоа ве молам, придвижете се напред, дециден е Ванхауте. Според него, „за преостанатите прашања меѓу Македонија и Бугарија, ако има проблем, има и решение. -Продолжете да разговарате едни со други за да се договорите за решенијата и за патот напред. Вашата влада има многу компетентни министри кои ќе продолжат да им служат на вашите интереси. Уверен сум дека тие ќе испорачаат и активно ќе се вклучат во интеграцијата во ЕУ, заедно со Комисијата на ЕУ и претставниците на земјите-членки на ЕУ, стои во писмото на белгискиот експерт. FacebookEmail...
Кавга меѓу браќа е причина за пукањето на плажа кај Валона
НоваТВ - пред 16 часа
Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот е уапсен Едисон Конди (34), жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45). Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но, според последната информација што ја пренесуваат медиумите, не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа. Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу кои и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно. „Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника“, велат тие. Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, но и возила за итна помош, а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување. Увидот е сѐ уште во тек, по што ќе има официјално соопштение. FacebookEmail...
Тепачка во угостителски објект во Аеродром, уапсени неколку лица
НоваТВ - пред 16 часа
На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот. FacebookEmail...
Владата го објави Францускиот предлог на македонски јазик, не и протоколот меѓу Скопје и Софија
НоваТВ - пред 16 часа
Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог. • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. FacebookEmail...
Владата ги објави документите на македонски јазик, не и протоколот меѓу Скопје и Софија
НоваТВ - пред 16 часа
Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог и можете да го преземете на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. FacebookEmail...
Од почетокот на годината издадени 2.267 дозволи за работа на странци, најголем дел од Турција
НоваТВ - пред 17 часа
Најголем дел на работнитиците кои доаѓаат да работат во земјава се општи работници со средно и со основно образование. Во 2021 година издадени се вкупно 4.548 дозволи за работа на странци. Од почетокот на 2022 година издадени се 2.267 дозволи за работа на странци во Северна Македонија. Речиси 50% се од Турција. FacebookEmail...
Поради Бугарија и Фронтекс чека на преговарачката рамка со ЕУ , за да потпише договор со нас
НоваТВ - пред 17 часа
Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор. „Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, пренесува МИА. FacebookEmail...
Францускиот предлог е компромис, ЕУ е вашата иднина, вели Ван Хојте
НоваТВ - пред 17 часа
„Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ“, вели белгискиот експерт и поранешен олеснувач за преговорите од Пржино, Питер Ван Хојте. „Ја почитувам храброста на вашата Влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно“, вели Ван Хојте во своето обраќање до граѓаните на Македонија. Тој нагласува дека „ЕУ е вашата иднина и ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца“. -Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување. Го разбирам националистичкото негодување од некои политички партии. Како опозиција, нивната улога е да се спротивстават – и да бидеме јасни: секогаш е полесно да се спротивставиме на одлука на владата отколку да се согласиме со неа и да ја поддржиме. Играњето на емоции во таков случај е уште полесно. Но, не правете го тоа овој пат: ајде сега да се фокусираме на интеграцијата на вашата земја во ЕУ и како сите ќе имаме корист од ова. Да ги избереме вистинските приоритети за нашата иднина. И до националистичката опозиција: денес Северна Македонија е вистинска национална држава, со специфична култура, своја историја и признати официјални јазици и заедници. Не се затворајте во минатото, туку вклучете се во заедничка иднина. Заслужувате еден ден да станете членка на ЕУ, вратата е отворена, затоа ве молам, придвижете се напред!, дециден е Ван Хојте. Според него, „за преостанатите прашања меѓу Македонија и Бугарија, ако има проблем, има и решение. -Продолжете да разговарате едни со други за да се договорите за решенијата и за патот напред. Вашата влада има многу компетентни министри кои ќе продолжат да им служат на вашите интереси. Уверен сум дека тие ќе испорачаат и активно ќе се вклучат во интеграцијата во ЕУ, заедно со Комисијата на ЕУ и претставниците на земјите-членки на ЕУ, стои во писмото на белгискиот експерт. FacebookEmail...
Хакирана ФБ страницата на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“
НоваТВ - пред 17 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја информира јавноста дека е изведен хакерски напад на Facebook-страницата на Универзитетот и таа во моментов е контролирана од непознат субјект. Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ. Истовремено, ве информираме дека се преземени сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Facebook. FacebookEmail...
Жените земјоделки ќе земаат надоместок за мајчинство и боледување
НоваТВ - пред 17 часа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Министерката Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. „На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини,“ рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. „Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра,“ рече Бачовски. Извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ, изрази огромно задоволство од одзивот и учеството на институциите за решавање на толку важно прашање, како правото на надомест за мајчинство на жените земјоделки и изрази уверување за изнаоѓање на најсоодветно решение. Тој се заблагодари и на поддршката на шведската организација за развој, We Effect, за реализација на процесот. Во овој период Министерството за труд и социјална политика, подготвува и нов Закон за родова еднаквост со цел усогласување на македонското законодавство односно Закон за еднакви можности на жените и мажите (2012) со меѓународните стандарди. Овој закон ќе овозможи зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и поефикасно и ефективно меинстримирање на родовата еднаквост. Исто така се подготвува и нов Закон за работни односи, кој предвидува промени во родителското отсуство со што се унапредува родовата еднаквост. FacebookEmail...
ДОМ е против билатералните прашања со Бугарија да се дел од преговарачкиот процес
НоваТВ - пред 17 часа
„ ДОМ е против, билатералните прашања со Бугарија да се дел од преговарачкиот процес. Она што ние сакаме да постигнеме во преговорите со ЕУ се стандарди според Копенхашките критериуми, како што се владеење на правото, човековите права, борбата со корупцијата, заштитата на животната средина .. ако во преговарачката рамка има прашања од областа на образованието и историјата, процесот би се нашол во слепа улица и ќе биде невозможно да се дојде до решение кое би одело во правец на тоа се да заврши во период кој би бил предвидлив и претставува преседан, билатерални прашања да се внесуваат во преговарачки процес, изјави за НоваТВ претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин, прашана да ја коментира позицијата на ДОМ изнесена на синоќешната средба за преговарачката рамка на коалиционите партии од власта. Според Морачанин европски терк и пракса е ваквите прашања да се предмет на комисии, точно како што е Комисијата за образовни програми и историја со Бугарија, во кои луѓе од науката дискутираат со години на одредени теми, без политички притисок и временска одредница. „ Овие теми треба да се надвор од политиката и ова е суштинско за ДОМ и тоа е наш конзистентен став, вели Морачанин која додава дека сите овие документи тргнувајќи од преговарачка рамка до Протокол кој не го виделе и кој не бил објавен ниту на Англиски јазик, треба да бидат преведени на Македонски јазик и поделени на сите, нешто што како предлог на ДОМ, било прифатено, изјави за НоваТВ Морачанин. ДОМ бара овие прашања да не ги решава само Владата туку да бидат поставени на пленарна седница на Парламентот во чии рамки би имале можност да дебатираат сите пратеници од сите парламентарни политички провиниенции. На средбата за Македонскиот јазик им било посочено дека ќе биде чист без фусноти и дообјаснувања, нo дека бугарската страна само еднаш ќе имала некаква изјава во врска со нашиот официјален јазик. „Еве и во услови кога го прифаќаме ова, тешко е разбирлива таа бугарска позиција за Македонскиот јазик, вели Морачанин, зашто не е на една земја членка на ЕУ да оспорува јазик на друга земја. Тоа ја зголемува недовербата и наметнува сомнеж за искрените намери за градење добрососедски односи, изјави Морачанин за НоваТВ. Мирјана Трпческа FacebookEmail...
Нови 290 случаи на Ковид-19, од кои 49 се реинфекции
НоваТВ - пред 18 часа
Регистрирани се 290 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид-19, нема починати – гласи денешниот биланс објавен од Министерството за здравство. Со тоа вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. И натаму на прво место според заболени е главниот град Скопје, потоа се Куманово и Битола но со неколкукратно помалку заболени во однос на Скопје. FacebookEmail...
Вечерва од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот од 0,50 до 1,00 денар за литар
НоваТВ - пред 19 часа
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 за литар додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг. Од 5.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 110,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм) FacebookEmail...
Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција
НоваТВ - пред 19 часа
Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис Параскевис денеска одржаа вонредна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција и истакнаа дека најголемо зголемување на случаи на Ковид-19 има на туристичките дестинации, како што се областа Атика, поширокиот регион на Атина, на островите во Јонското море и јужниот дел на Егејското море, како и на Крит. За бројот на активни случаи во Грција, потпретседателот и професор по епидемиологија Параскевис рече дека немаат конкретна бројка, но процените се дека се околу 150.000 до 200.000. Објасни дека во изминатите три седмици има континуирано зголемување на заразени на возраст од 18 до 24 години, но и зголемен бројот на реинфекции, нагорен тренд има и во однос на лицата кои се лекуваат на Ковид клиниките, нешто што сепак не се пренесува на зголемување на хоспитализациите на одделите за интензивна нега во грчките болници. FacebookEmail...
Ќучук на Твитер: Францускиот предлог е најдоброто што може да го постигнат Северна Македонија и Бугарија
НоваТВ - пред 19 часа
„ До сите мои пријатели во Северна Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Северна Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви, напиша на Твитер известувачот за Северна Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС. FacebookEmail...
Во среда прскање против комарци
НоваТВ - пред 19 часа
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 06.07.2022 година (среда) ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред: 1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови. 2. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. FacebookEmail...
(Видео)Полицијата фати уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје
НоваТВ - пред 19 часа
Вчера полицијата го приведе А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје против кого се обезбедени докази дека е вмешан во продажба на дроги. Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин. Вчера е извршен и претрес на неговиот при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Денес ќе му биде поднесена кривична пријава. FacebookEmail...
Американската амбасадорка Брнз ги поздравува дискусиите за преговарачката рамка со ЕУ
НоваТВ - пред 19 часа
Со објава на Фејсбук, американската амбасадорка во земјава Кејт Мeри Брнз ги поздравува дискусиите за ревидираниот предлог на преговарачката рамка со ЕУ за старт на пристапните преговори, препознавајќи ја важноста за идентитетот и за македонскиот јазик. „Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат да ја придвижиме напред, наведува Брнз во објавата на нејзината официјална страница како и на официјалната страница на Американската амбасада на ФБ. FacebookEmail...
Тупанчески за недостигот на судии и обвинители: Решението е во реорганизација и нов кадар од Академијата
НоваТВ - пред 20 часа
„Единственото решение кое што ни преостанува е да се направи внатрешна реорганизација во судството и јавното обвинителство, затоа што во нашата држава има судови и јавни обвинителства кои што се преоптоварени, а има и судови и јавни обвинителства каде се работи практично под норма. Тоа е единственото решение во моментов кое што би можело да има практичен контекст, затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна реорганизација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број, би можеле ако не друго барем прилично да го надоместиме она што ни недостасува“, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчески во врска со минатонеделниот неуспешен обид да се одложи пензионирањето на 42 судии и 11 обвинители кои мораа да заминат во пензија. „До крајот на годината ќе има 50-60 нови академци кои што ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители и на некој начин тоа ќе значи нов вид на инфузија на судството и јавното обвинителство. Да не заборавиме дека има уште 97 нови кандидати кои за година и пол-две ќе бидат интегрален дел од македонското судство или обвинителство, така што ако ги земеме тие 97-100 и овие 50 значи околу 150 луѓе ќе бидат надополнување или освежување на судско-обвинителскиот систем. Значи проблемот на е нерешлив, создава одредени тешкотии но сум оптимист дека ќе најдеме решение“, изјави Тупанчески во Струмица. (С.К.) FacebookEmail...
И Зијадин Села даде поддршка за францускиот предлог
НоваТВ - пред 21 часа
Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, денес по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој и неговата партија го поддржуваат францускиот предлог. „Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење, Алијанса е важна на овие линии, ние сме главни чинители кои ги почнавме овие промени за да бидеме денес членка на НАТО Алијансата, за да бидеме побезбедни во оваа криза во Украина, затоа и зачленувањето на Македонија во ЕУ има геополитичко значење. Затоа политичарите треба помалку да размислуваат за политички поени, туку да размислуваат за регионот да биде постабилен“, рече Села. Тој рече дека сега ги разбираат и нив Албанците како им било со албанскиот јазик. „Кога ќе се отвори Уставот, треба да се корегира и да стои албански јазик а не дефиниција ‘јазик што го зборуваат повеќе 20 отсто од населението’. Добро би било да се третира и ова. Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова. Апелирам и ДУИ да се позанимаваат за промена на оваа дефиниција, бидејќи колку што ги сфаќам Македонците сега се работи за нивното достоинство, па треба да имаат и тие разбирање за достоинството на Албанците“, рече Села по средбата со Ковачевски. За евентуален влез во Владата, Села рече дека немало разговор, но дека Алијанса за Албанците е партија во опозиција и во влада ќе влезе само преку победа на изборите. (С.К.) FacebookEmail...
(Живо) Изјава по средбата Ковачевски – Села по консултациите за францускиот предлог
НоваТВ - пред 21 часа
Изјава по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села по консултацијата за францускиот предлог. FacebookEmail...
Цената на горивата ќе се намали, најави претседателот на Регулаторната комисија Бислимовски
НоваТВ - пред 21 часа
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. „Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24. Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари. FacebookEmail...
Движењето БЕСА го прифаќа францускиот предлог ама поставува и услов
НоваТВ - пред 21 часа
Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и што нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата, соопштија од Беса. Со оглед на тоа што францускиот предлог опфаќа отворање на Уставот и внесување на измени, од БЕСА нагласуваат дека тој момент може да се искористи и за уште една корекција на највисокиот акт во државата. „Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на Уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“, смета Беса. Оттаму нагласуваат дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата и побараа организирање на предвремени парламентарни избори. FacebookEmail...
Бугарското обвинителството почна предистражна постапка за шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова
НоваТВ - пред 21 часа
Софиското градско обвинителство поведе предистражна постапка против шефицата на кабинетот на премиерот во заминување, Лена Бориславова, објави интернет -страницата novini.bg. Истрагата е за склучена сомнителна зделка и е започната пред еден месец. Материјалите ги доби окружното обвинителство, кое првично го провери договорот за правни услуги на Бугарската банка за развој (ББР) поврзан со Лена Бориславова. Градското обвинителство на Софија засега не ја потврдува веста, јави 24 Часа. Самата Лена Бориславова минатата недела во својата објава на Фејсбук напиша дека е сосема можно обвинителството да и го проверува договорот за правни услуги во ББР. FacebookEmail...
Скопската општина Кисела Вода четири дена славеше роденден
НоваТВ - пред 21 часа
Саботната летна бура во Скопје, не ги обесхрабри посетителите да бидат дел од четвртиот ден од неколкудневната роденденска прослава на најстарата општина во Скопје, општината Кисела Вода, соопштија од канцеларијата на општината. На прославата пеел Жељко Самарџиќ, а роденденската кампања се одвиваше под мотото „67 години Моја Кисела Вода“. Местото на роденденското одбележување беше Расадник каде се собраа над 10.000 посетители, коиво саботата до полноќ уживаа во забавната атмосфера на безвременските хитови на Самарџиќ, како и на омилениот Боби Павловски. За време на „Културно лето 2022“ над 20.000 посетители беа дел од овие настани, кои уживаа во културно-забавна програма, која се реализираше за првпат по 30 години. По повод 67 годишното постоење, Општина Кисела Вода, покрај организација на Културното лето во изминатата седмица, секојдневно официјализираше и промовираше седум капитални инфраструктурни проекти за доброто на сите жители на оваа општина. FacebookEmail...
Павле Трајанов бара измена на преговарачката рамка и исфрлање на билатералните прашања
НоваТВ - пред 22 часа
Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледа модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, при што ги донесе следните заклучоци, информираат од оваа партија која е дел од владејачката коалиција. Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Трето, уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев ,Јане Сандански ,Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници,Илинден итн. Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. Петто, за предложената Преговарачка рамка да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. Доколку Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог. FacebookEmail...
Полицијата вели дека убиецот во Копенхаген пукал во луѓе според случаен избор
НоваТВ - пред 22 часа
Началникот на полицијата во Копенхаген, Сорен Томасен рече дека сторителот ги таргетирал жртвите по случаен избор. Томасен рече дека полицијата не верува дека нападот бил чин на терор и дека осомничениот има историја на проблеми со менталното здравје. „За мене е важно да нагласам дека во работата што ја работевме во текот на ноќта нема ништо што укажува дека осомничениот што го уапсивме бил заедно со други или му помагале други. „Нашата проценка е дека жртвите се случајни жртви. Дека тоа не е мотивирано од пол или нешто друго“, рече тој. Вчера убиец пукаше во шопинг мол во Копенхаген. Загинаа тројца, четворица се потешко повредени од кои еден се бори за живот. (Би-Би-Си) FacebookEmail...
Формирање граѓанско движење и учество на парламентарните избори – најави кумановскиот градоначалник Димитриевски
НоваТВ - пред 22 часа
Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски најави формирање на граѓанско движење кое задолжително ќе учествувало на следните парламентарни избори. „Не најавив формирање на политичка партија, најавив формирање на граѓанско движење кое што задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или вонредни. Очекувам и повеќе од убеден сум дека ќе ја добиеме граѓанската поддршка, бидејќи не сме оптеретени со политика и немаме обврска кон никој. Нашата обврска се само граѓаните на оваа наша скромна и мала, но горда Македонија“, истакна Димитриевски, одговарајќи на наводите дека ќе формирал политичка партија FacebookEmail...
Завршена форензичката анализа на куршумот што ја усмрти новинарката на „Ал Џезира“, САД им го вратија на Палестинците
НоваТВ - пред 22 часа
Анализата на куршумот што ја уби новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, во американската амбасада во Ерусалим е завршена, а материјалот е доставен до палестинските власти, објавија денеска арапските медиуми. Палестинскиот министер за правда Мухамед ал Шалалдех синоќа изјави дека резултатите се очекува да бидат објавени во текот на денов. Палестинката Абу Аклех (51), долгогодишна новинарка на „Ал Џезира“ под неразјаснети околности беше застрелана во Џенин додека известуваше за напад на израелската војска на окупираниот Западен Брег. Бидејќи таа имаше и американско државјанство, САД побараа да извршат сеопфатна и независна истрага по случајот и да направат балистичко вештачење на куршумот, што беше поздравено од палестинските власти. Палестинската управа претходно одби да му го предаде куршумот на Израел и да спроведе заедничка истрага со Израелците, за во саботата вечерта да го достави на Американската амбасада. Израелските медиуми јавуваат дека се уште не познато дали анализата и вештачењето на материјалот ги извршиле Американците или Израелците. Израелската страна во неделата објави дека нејзини експерти ќе го испитаат куршумот, што е спротивно на палестинските тврдења дека анализата ќе ја извршат американски форензичари. Портпаролот на израелската армија Ран Кохав вчера изјави дека куршумот ќе биде анализиран во присуство на Американците. „Доколку куршумот се совпаѓа со оружјето на израелските војници, ќе ја информираме јавноста“, изјави Кохав за Израелското воено радио. „Ал Џезира“, повикувајќи се на палестински извори, објави дека анализата била направена во присуство на израелски експерт, додека Палестинската управа одбила да испрати свој форензичар. За време на рација извршена од израелската армија во мај дојде до оружен конфликт меѓу израелските трупи и палестински напаѓачи, при што Абу Аклех беше погодена во главата. Истрагата на палестинските власти покажа дека таа била застрелана и убиена од израелски војници. Израелската армија првично ги обвини вооружените Палестинци за пукотницата, но подоцна соопшти дека е можно новинарката да е убиена од израелски оган. Израелските власти го идентификуваа оружето од кое е можно да бил истрелан смртоносниот куршум, но сепак соопштија дека за конечен заклучок е неопходна соодветна форензичка анализа. (МИА) FacebookEmail...
Хакирани Твитер и ЈуТјуб налогот на британската Влада
НоваТВ - пред 23 часа
Британската армија соопшти дека води истрага откако биле хакирани нејзините профили на Твитер и ЈуТјуб. Видео снимки од криптовалути со фотографија од милијардерот Илон Маск се појавија на канал на ЈуТјуб, додека на Твитер се ретвитнати неколку коментари поврзани со НФТ токените, јави Би-Би-Си. Војската го потврди „упадот“, соопштувајќи дека ја сфатила безбедносната ситуација многу сериозно и дека сега ги решава проблемите, а двата налога биле вратени. -Бидејќи го решивме прашањето и истрагата е во тек, во моментов не би било соодветно да коментираме повеќе, рече портпаролот на армијата. Не е познато кој го извршил хакерскиот напад, во кој беа сменети имињата на налозите на британската армија. Во еден момент името на профилот на Твитер беше сменето во Бапесклан, а до неделата вечерта се се врати во нормала. „Се извинуваме за привременото суспендирање на нашиот налог. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме од овој инцидент. Ви благодариме што не следите и нормалното функционирање сега ќе продолжи“, соопшти војската. (МИА) FacebookEmail...
Пендаровски изгуби од Апасиев
НоваТВ - пред 23 часа
Впечаток од вчерашната претседателска тирада е дека шефот на државата Стево Пендаровски го изедначи резултатот со брзиот на тастатура Димитар Апасиев. Но после оваа рафална средба останавме со горчливо сознание дека претседателот на државата всушност изгуби од Апасиев. А изгуби затоа што се спушти на негово ниво, дозволувајќи за момент и самиот тој да стане Апасиев, користејќи вулгарни зборови, и манифестирајќи една вербална непристојност која најмалку прилега на претседател на држава. Шокот од настапот на претседателот е толку голем што јавноста реши да го игнорира. Не затоа што му прости на Пендаровски или ја прифати неговата вербална агресија туку затоа што остана без зборови од неговиот настап. Еден претседател на држава навистина треба да внимава што говори, не само кога се наоѓа на прес-конференција како вчера, туку и во неговата канцеларија, на улица па дури и дома. Сите се сеќаваме колку запрепастувачки звучеа репликите од „бомбите“ што ги пушташе Заев и колку бевме непријатно изненадени од нивото на комуникација меѓу поранешната власт. Сега такво отсуство на стил и естетика во говорот ни се случи на прес-конференција од страна на носителот на највисоката функција во државата. На највисоката. Не се памети друг политичар така да изгубил контрола во јавен настап. Па дури и пратениците во жарот на најголема вербална војна во парламентот, не отидоа толку далеку, да се навредуваат со таков непристоен речник. Воздржаноста треба да биде една од главните одлики на носителите на јавни функции бидејќи тие поради честите настапи во јавност создаваат и одржуваат и стандарди во комуникацијата и во односот кон други луѓе макар биле и непријатели. Особено кон непријатели, затоа што токму таму работат емоциите и токму таму треба да се покаже трпеливост, мудрост и пристојност. Пендаровски тоа треба да го знае. И треба да биде подготвен да издржи секаков вид притисок, макар и пцуење. Во најмала рака и тој можел лично да го побара Апасиев и да му каже што мисли за него, наместо за тоа да го користи микрофонот на јавноста. Не заради јавноста, која веќе оглуве на вербална агресија за што доказ е игнорирањето на скандалозниот настап на претседателот, туку заради себе и заради државната позиција која ја претставува. Соња Крамарска FacebookEmail...
Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето на Вимблдон: Ми требаше време да се навикнам на темпото на Ван Рајтховен
НоваТВ - пред 23 часа
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде свој осврт за победата синоќа во осминафиналето на Вимблдон над Холанѓанецот Тим ван Рајтховен (6:2, 4:6, 6:1, 6:2). „Никогаш не сум го сретнал и тој е некако ново лице на турнирите. Знаев дека нема да биде лесно со тој сервис, голем талент, одличен шут, моќен форхенд, тој може да донесе многу проблеми. Ми требаше малку време да се навикнам на неговото темпо, изјави Ѓоковиќ“, за Ројтерс. Во четвртфиналето Србинот ќе се соочи со Италијанецот Јаник Синер. Ѓоковиќ по 13-ти пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Третиот светски рекет ја забележа 25-та победа по ред на Грен слемот во Лондон. Ова им успеа само уште на Бјорн Борг, Пит Сампрас и Роџер Федерер. Ѓоковиќ е шесткратен победник на Вимблдон (2011, 2014, 2015, 2018, 2019, 2021 година). FacebookEmail...
Најмалку 16 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во Индија
НоваТВ - пред 23 часа
Патнички автобус излета од пат и падна во длабока клисура во северна Индија, при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои и деца. Според локалните власти со автобусот се превезувале околу 20 патници. Спасувачките екипи ги извлекле повредените и ги транспортирале до болница. Се уште не е позната причината за несреќата. Во Индија се чести смртоносните сообраќајни несреќи поради несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила. Повеќе од 110.000 луѓе годишно гинат во Индија во сообраќајни несреќи. (МИА) FacebookEmail...
Данска во шок, билансот од вчерашното пукање е тројца убиени и четворица повредени
НоваТВ - пред 1 ден
Полицијата соопшти дека жртвите на вчерашното пукање во шопинг молот во Копенхаген се двајца дански 17-годишници и 47-годишен руски државјанин. Двајца Данци и двајца Швеѓани, пак, се во критична состојба во болница. 22-годишен маж, опишан како „етнички Данец“, беше уапсен неколку минути по пукањето во трговскиот центар Филд. Тој имал проблеми со менталното здравје и нема индикации за терористички мотив, рече началникот на полицијата Сорен Томасен. Премиерката Мете Фредериксен рече дека Данска претрпе суров напад. Таа рече дека сака да ги охрабри Данците да застанат заедно и да се поддржуваат еден со друг во ова тешко време. „Нашиот убав и обично толку безбеден главен град беше сменет за дел од секундата“, рече таа. Смртоносниот напад во трговскиот центар се случи додека Данска славеше како домаќин на првите три етапи на Тур де Франс за прв пат. Осомничениот имал пушка и муниција кога бил уапсен, соопшти полицијата. Тие немаат индикации дека биле вмешани други напаѓачи и ги повикаа сопствениците на продавниците да ги зачуваат сите снимки од видео надзор што би можеле да ги имаат. Трговскиот центар Филдс има повеќе од 140 продавници и ресторани. Тој се наоѓа на периферијата на Копенхаген, веднаш спроти линијата на метрото што се поврзува со центарот на градот. Очевидци зборуваат за паника меѓу купувачите додека одекнувале истрелите. Набргу по пукањето, данското кралско семејство објави дека е откажан приемот што требаше да го приреди престолонаследникот Фредерик по повод првите три етапи на Тур де Франс. Данска последен пат забележа голем терористички напад во 2015 година, кога две лица беа убиени, а шест полицајци беа повредени при напад на културен центар и синагога во Копенхаген. Вооружениот напаѓач подоцна беше убиен во престрелка со полицијата. Земјата има некои од најстрогите закони за оружје во Европа, со лиценци за поседување огнено оружје обично достапни само за лов или спортско пукање по проверка на дозволата – и со речиси целосна забрана за автоматско оружје. Носењето огнено оружје на јавно место е строго забрането.(Би-Би-Си) FacebookEmail...
Денес времето ќе биде многу топло, за попладне се најавуваат поројни дождови
НоваТВ - пред 1 ден
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Метеоролозите од УХМР најавуваат нестабилност за попладне која ќе биде проследена со поројни дождови, грмежи, и силен ветер. Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8. И во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени. Топлото време на територија на државата ќе се задржи до четврток, а попладневните и вечерни часови ќе бидат нестабилни со локални невремиња и град. За време на викендот се очекуваат и пад на температурите. FacebookEmail...
Маврово, Ростуше и Центар Жупа чекаат да се вратат печалбарите во август за да (им) изберат градоначалник
НоваТВ - пред 1 ден
На 20 август по трет пат ќе се гласа за избор на градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Повторениот изборен процес е поради тоа што на октомвриските локални избори минатата година, не беше обезбеден цензус, бидејќи гласаа само 25 отсто од избирачите. Потоа во април повторно беа распишани избори, но во Маврово и Ростуше не се одржаа, откако од изборната трка се откажа единствениот кандидат Медат Куртовски, а во Центар Жупа не беа успешни, оти повторно немаше цензус. Немањето цензус, според Куртовски се должи на иселеноста на жителите на општината во западно – европските земји. „Инаку над 90 проценти од присутното население во општината излезе на гласање. Во ваков случај се повторува целата изборна постапка а владата назначува повереник. Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 09 ноември 2021 донесе одлука за именување повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалник на општината. Оттогаш нема избран градоначалник туку повереник“, вели Куртовски. Откако не успеаја изборите на 17 октомври 2021 година беа распишани нови избори. Но и вторите избори не беа успешни. За третите избори Куртовски вели дека повторно ќе поднесе кандидатура и се надева дека овој пат ќе биде постигнат цензус и ќе се избере градоначалник. На јавна седница, ДИК едногласно и без расправа одлучи дека нема потреба од трошоци за организирање избори во ситуација кога до истекот на рокот, во Општинската изборна комисија не пристигнала ниту една кандидатура. На изборите на 17 април 2022 била поднесена кандидатура само од Куртовски како кандидат на СДСМ и коалиционите партнери, но истата потоа беше повлечена. „Политичката партија ВМРО ДПМНЕ не поднесе кандидатура и заради тоа но и заради нивните најави за бојкотирање на изборите ние решивме да ја повлечеме и нашата кандидатура за да не се прават трошоци“. Бидејќи немаше друга кандидатура ние решивме да ја повлечеме нашата затоа што изборите немаше да бидат успешни поради бојкот од другата страна. Со оглед дека и ние ја повлековме кандидатурата и немаше кандидати ДИК мораше да донесе одлука да не се организираат избори“, додава Куртовски. Од ВМРО-ДПМНЕ на Општина Маврово и Ростуше пак, велат дека Владата на Македонија, спротивно на моралните принципи во смисла на фер и демократија, го поставила кандидатот Куртовски, за владин повереник за да може да ја поправи лошата слика за функционирањето на Општината и за неуспешно реализираните проекти. „Видлив е начинот на нивното функционирање, со злоупотребите кои ги прават преку Советот на Општината, каде што носат одлуки под маска на некаква си помош за социјални случаи, а во суштина се врши злоупотреба на средствата на граѓаните, за поткуп на гласачи“, велат оттаму. Според нив, повторените локални избори се неуспешни затоа што, претседателот на Собранието, ги распишал за 18 април 2022 година, без никаква консултација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, односно истите избори повторно не успеаја поради тоа што биле распишани во период кога на територијата на Општината, дома присутни имало помалку од 3000 гласачи. „Во проценти по претпоставка сите да би гласале ќе биде процент помал од 30 отсто од вкупниот број на избирачи запишани во Избирачкиот список, каде се вкупно запишани нешто повеќе од 10000 гласачи, а за изборите да бидат успешни согласно изборниот законик, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од вкупно запишаните лица во избирачкиот список, па со оглед дека ние како политичка партија имавме направено анализа, одлучивме да не пријавиме кандидат за градоначалник за повторените локални избори“, додаваат тие. Но, и Куртовски и од ВМРО-ДПМНЕ на Општина Маврово и Ростуше се оптимисти дека на изборите закажани на 20 август ќе биде постигнат цензусот и ќе се избере градоначалник бидејќи во овој период од годината печалбарите се враќаат во својата татковина а сочинуваат над 60 проценти од населението кое живее и работи во западно европските земји. Во меѓувреме започна рокот за пријавување кандидати за советници во Општина Тетово. Од Државната Изборна Комисија потсетија дека уште трае јавниот увид. -Увидот е започнат е на 25 јуни и ќе трае до 14 јули, значи 20 дена. Собирањето на потписи пак, за предлагање на листи на кандидати е започнато на 20 јуни, и ќе трае до наредната недела, до 4 јули, исто во подрачните одделенија на ДИК во Гостивар, за Маврово и за Центар Жупа, соопштија оттаму. Маја Терзиова FacebookEmail...
Рама за преговорите со ЕУ: Со години ја чекаме „невестата” од Брисел, но таа никогаш не дојде
НоваТВ - пред 1 ден
Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie) зборувал и за ” преговорите со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Северна Македонија”. И овој пат, тој со неговиот познат вокабулар, на прашањето ” што се случува меѓу Албанија и ЕУ”, вели дека Албанците чекале да дојде невестата од Брисел, не една, туку повеќе години, но оти таа никогаш не дошла „Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две, не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува“, рекол Рама според Ора њуз. Тој вели дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава „нема да добиеме несоница поради тоа”. „Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние“, посочил Рама. Според Рама, ЕУ има Европска комисија која „се плаќа од фондовите на ЕУ, најголемата бирократска машинерија во целиот свет” која ја надгледува 24 часа секоја земја, а потоа изготвува извештаи за земјите кандидати за да ги презентира на земјите членки и подоцна да каже што треба да биде направено. „Не е Бугарија во прашање, туку ЕУ начинот како функционира, кој е застарен и кој треба да се смени. Една земја која држи во заложништво две други земји е грешка“, изјавил Рама. (МИА) FacebookEmail...
Заев: Ако сме искрено за ЕУ, мегданот е сега
НоваТВ - пред 1 ден
Поранешниот премиер Зоран Заев вечерва порача дека најважното прашање, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се осигурани и гарантирани во преговарачката рамка и со тоа признаени и прифатени од ЕУ, и дека ако сме искрено за членство во ЕУ, сега е мегданот. „Тоа е прво и апсолутно најважно“, вели тој во врска со францускиот предлог кој ја подели јавноста. „Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за надминување на отворените прашања кои се решливи. Градењето добри и пријателски односи со соседите е суштински важно за мирот, стабилноста и просперитетот на еден регион како што е Западен Балкан. Затоа, и ние од македонската страна и колегите од бугарската страна, заедно мораме да работиме да ги затвориме отворените прашања“, вели поранешниот премиер. При тоа многу е важно, нагласи тој, целосно да се сочува националното достоинство на двете страни во разговорите. Пријателството се создава и гради кога две страни водат меѓусебно грижа еден за друг при решавање на отворените прашања, вели Заев. „Македонската страна има политичари за кои сум сигурен дека ќе преземат гаранции и обврски низ тие разговори во иднина целосно достоинствено и конструктивно да ги застапуваат нашите национални интереси. Добрите односи со сите наши соседи го јакнат Западен Балкан, а соработката нѐ прави сериозен фактор како регион пред цела Европа и пред Светот. Видовме дека низ пријателство и добрососедство се решаваат и прашања кои со децении, но и векови биле отворени и нерешени како што е напредокот што го постигнавме со Договорот од Преспа, членството во НАТО, но и остварувањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија. И во трите случаи имаме директна потврда на автохтониот наш македонски идентитет. Со почнувањето преговори со верификуван и неоспорен македонски јазик во рамки на Европската Унија ќе добиеме уште една идентитетска победа на Македонизмот“, посочи Зоран Заев. Тој вели и дека кога се во прашање темите поврзани со недискриминација и отстранување говор на омраза, важно е да знаеме дека тие се однесуваат на сите заедници во нашето мултикултурно општество и во тоа воопшто не гледа проблем, напротив смета дека можеме уште многу да подобруваме и без ЕУ тоа да го бара од нас, за да тежнееме кон поуспешно едно и еднакво општество за сите. „На тоа поле и до сега многу постигнавме и без ЕУ тоа да го бара од нас. За мултикултурниот соживот и за градењето едно и еднакво општество за сите ние сме веќе пример и во регионот и во Европа и треба да продолжиме да ги развиваме таквите политики, да останеме лидери во тоа поле, бидејќи тоа носи само добро за нашиот народ и за сите народи на Балканот“, вели екс-премиерот во својата порака до разбрануваната јавност. „Кога се во прашање исполнувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција, уверен сум дека за нас е многу подобро да седиме на маса во европските институции и ние да бидеме тие кои на својот македонски јазик ќе бараме целосно исполнување на двата договори во кои никако не се спори туку се потврдува и македонскиот јазик и македонскиот народ. Сведоци сме дека Европа покажува разбирање за Македонизмот и за историското наше право на самоопределување“, истакна тој. „Имајќи предвид дека ова не е последниот предизвик пред нашето зачленување во ЕУ и дека не чекаат затворања на многу преговарачки поглавја, сметам дека за нас е многу важно во овој момент што Бугарија потврдува дека нови билатерални проблеми нема да отвора во иднина и што прифаќа да биде посветена заедно да градиме пријателство и добрососедство. Преку пријателство и добрососедство и најсложените проблеми полесно се решаваа. Спротивно, кога има непријателска атмосфера бројот на проблемите само се зголемува“, посочи Заев. Поранешниот шеф на Владата истакна и дека друг суштински дел од францускиот предлог е внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. Тоа е чекор, вели тој, кој треба да го направиме и со кој никако нема да се наштети ниту на државата, ниту на општеството ниту на било која од заедниците во нашата земја. „Ние во нашиот Устав веќе имаме седум етнички заедници. Со уставни измени ќе бидат 10 етнички заедници. Само од инает, заради лоша намера или заради личен политички профит некој може да биде против внесувањето три нови етнички заедници во Уставот. Противењето на мултикултурализмот е противење на европската интеграција на нашата татковина“, смета тој. Припадниците на трите етнички заедници, како што потенцира Заев, иако се значително помалубројни, сепак се еднакви граѓани на Северна Македонија кои се родени и живеат тука заедно со сите нас и имаат право на самоопределување, нешто на што се гордееме како држава која го почитува тоа право. Тој предизвик, подвлекува тој, треба да се прифати и да го продолжиме патот кон полноправно членство во ЕУ. „Очекувам конструктивни консултации и поддршка на овој предлог од секој еден одговорен политичар и граѓанин во земјава. Овој предлог веќе е поддржан од цела Европа, а искуството не учи дека секој нов предлог веројатно ќе биде потежок за прифаќање. Ако сме искрено за членство во ЕУ, тогаш мегданот е сега, сега тоа треба да го покажеме на дело и час поскоро да го завршиме овој процес. А, знаат ама баш сите, нашиот македонски народ никогаш не добил ништо со лесно, за својата државна и духовна независност се борел и се изборил со паметни и мудри одлуки. Да бидеме паметни и мудри и да продолжиме да чекориме напред како Македонци со признаен македонски јазик и идентитет, со своја македонска држава интегрирана во евроатлантските сојузи како стратешка определба на целиот наш народ, на сите етнички заедници“, порача Заев. (С.К.) FacebookEmail...
Втора вечер протест пред Владата против францускиот предлог – најава и за кампување на „Илинденска“ ноќеска
НоваТВ - пред 1 ден
Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќање на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според најавите, ноќеска ќе се кампува пред Владата. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Протестот што почна вчеравечер официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија. И вечерва учесниците упатуваат пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува. Се интонира националната химна, а преку разглас се пуштаат патриотски песни. FacebookEmail...
Ивановски со нов македонски рекорд на 5.000 метри на Медитеранските игри во Оран
НоваТВ - пред 1 ден
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 5.000 метри на денешната трка на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој ја истрча патеката со време од 13:54:58 минути и го освои 8 место во конкуренција на 12 натпреварувачи. „Честитки Дарио, нов рекорд, нов доказ за извонредната форма, квалитетен тренинг, добар тренажен процес и веруваме дека Олимпискиот стипендист на МОК ќе биде уште подобар во периодот кој доаѓа и во кој ќе избори резултат за учество на Олимпијадата во Париз 2024 година“, стои во честитката од МОК. На Игрите во Алжир, денес таеквондистот Дејан Георгиевски освои бронзен медал и го донесе третото одличје на македонската репрезентација. Претходно, борачите Нуров и Егоров освоија, златен, односно бронзен медал. FacebookEmail...
Руските дипломати и нивните семејства ја напуштија Бугарија
НоваТВ - пред 1 ден
Седумдесет вработени во дипломатските претставништва на Русија ја напуштија Бугарија, откако беа прогласени за персона нон грата поради обвинувања за шпионажа. Со нив заминаа и нивните семејства, а вкупниот број луѓе кои ја напуштија земјата изнесува околу 180, објави бгнес.бг. Два руски државни авиона слетаа на софискиот аеродром. Луѓето пристигнаа на аеродромот со автобус во четири групи. Другите беа донесени со комбиња и автомобили. Една од младите девојки ја носеше нејзината перница, а друг маж носеше маица со ликот на рускиот претседател Владимир Путин со пропаганден натпис. Повеќето одбија да зборуваат за медиумите. Меѓу оние кои заминаа за Москва беше и Филип Воскресенски, втор човек во Амбасадата на Руската Федерација во Софија, кој рече дека заминува со благодарност до Бугарија и Бугарите кои ги поддржувале додека работеле. FacebookEmail...
(Видео) Пукање во трговски центар во Копенхаген – неколку лица се повредени
НоваТВ - пред 1 ден
Данската полиција соопшти дека неколку луѓе се застрелани попладнево во трговски центар во Копенхаген. Полициски извори наведоа дека едно лице е уапсено во врска во пукањето во трговскиот центар „Филдс“, кој се наоѓа во близина на градскиот аеродромот. Полицијата на Твитер објави дека „неколку луѓе се повредени“, без да наведе други детали, јавува АП. На снимките од местото на настанот може да се видат луѓе кко истрчуваат од трговскиот центар, а данската телевизија ТВ2 објави фотографија со човек кого го ставаат на носилка. Очевидци изјавија дека исплашени луѓе плачеле и барале засолниште во продавниците. FacebookEmail...
Рама со порака до македонските власти – прифатете го предлогот, друг ќе нема
НоваТВ - пред 1 ден
Скопје треба да го прифати предлогот за деблокада на евроинтеграциите, да ја искористи шансата и не смее да дозволи да остане пред вратата на Европската Униј (ЕУ) уште 17 години, смета албанскиот премиер Еди Рама. „Ви велам, прифатете го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега“, порача Рама во интервју за Канал 5. Според него, сега е време да се направи избор, а неговото претчувство, како што наведе, говори дека ќе биде голема грешка ако не се прифати предлогот, бидејќи земјата ќе биде оставена и никој нема да има волја да се наврати на неа, и затоа предлогот не треба да се одбива. „Видете, јас ја следев целосно тешката работа која беше направена, особено во Мадрид за да се задоволат грижите на македонската страна и можам да ви кажам дека претседателот Макрон ја стави цела своја тежина во 48 часа, дење – ноќе и благодарение на мојата добра врска со него, но и благодарение на Бујар Османи, кој беше неверојатен во неговото трпение, издржливост, и тврдоглавост. Новиот предлог е финален, морате да разберете дека е финален, и јас силно верувам дека е вистинскиот момент и апсолутно e во ред да се прифати и да се отвори оваа врата“, рече Рама. Прашан дали кога тој би бил на местото на македонските власти и македонскиот народ кој сè уште ја памети негативната улога на бугарската војска во Втората светска војна и сите негирања на македонскиот идентитет, би го прифатил францускиот предлог, Рама кажа дека бил многу гласен против бугарското однесување и го оценува како срамно. „Но, во исто врме факт е дека Бугарија е членка на ЕУ, а Унијата има начин на справување со работите кој е траснформиран во смисла на киднапирање на државите во интерес на една или друга земја членка, а на некој начи исто така е расипан и духот на проширувањето. Но, тоа е реалноста“, изјави албанскиот премиер. Рама вели дека останува 100 проценти на искажаните критики кон ЕУ, но укажува дека во овој случај лидерите на Унијата не можеле да направат многи зашто таков е сегашниот механизам на одлучување. „Тие беа заробени, заложници на Бугарија, исто како нас, но за нас тоа е поболно. Билатералните прашања не треба да стојат на европскиот пат. Ми се лоши кога билатерални прашања како историјата ќе станат политички прашања, а политиката не е таа што треба да ги решева. Колку повеќе тие прашања се водат преку политика, се повеќе се комплицираат. Но, тоа сепак е прашање што треба да го решите вие и не е на мене да кажувам што е, а што не е во ред“, рече Рама. Тој потврди дека Албанија ќе бара одвојување од Северна Македонија на патот кон ЕУ ако Скопје го одбие францускиот предлог. FacebookEmail...
Украинската армија потврди – се повлековме од Лисичанск
НоваТВ - пред 1 ден
Украинската армија денеска соопшти дека се повлекла од Лисичанск, стратешки град во источниот дел на земјата, кој со недели е под жестоки напади на руските вооружени сили и сепаратистите. „Со цел да се зачуваат животите на украинските бранители на Лисичанск беше донесена одлука за повлекување од градот“, се вели во соопштението на Генералштабот на украинските вооружени сили. Во соопштението се додава дека „во услови на повеќекратна супериорност на руските војници во артилерија, авијација, ракетни фрлачи, муниција и персонал, продолжувањето на одбраната на градот би имало фатални последици“. Русија утринава објави дека воспоставила контрола над Лисичанск. Заземањето на градот значи дека руската армија и сепаратистите сега имаат целосна контрола над регионот Луганск. FacebookEmail...
Ракетен напад на Славјанск – шест лица загинаа, 15 се ранети
НоваТВ - пред 1 ден
Шест лица загинаа, а 15 се ранети во напад со ракетни фрлачи на Славјанск, град во истокот на Украина, изјави градоначалникот Вадим Лиах. „Ова беа најжестоките удари со повеќеракетни фрлачи по подолго време. Имаше 15 пожари, имаме повеќе мртви и ранети“, рече Лиах во видео објавено на Фејсбук. Тетиана Игначенко, портпаролка на регионот Доњецк на кој припаѓа Славјанск, за украинските медиуми изјави дека „шест лица загинале, а 15 се ранети“ во гранатирањето на Славјанск. Според украинските медиуми, еден од пожарите избувнал на градскиот пазар. Градот Краматорск, административен центар на Донбас, кој е под контрола на украинските сили, втор ден во низа е цел на напади. Според градоначалникот Олександр Гончаренко, градот бил погоден од ракети „Смерч“. Според него, погодена е станбена зона и празен хотел, но жртви нема. Како што е наведено, Славјанск и Краматорск се под директна закана од руските сили, особено ако Киев го потврди падот на Лисичанск. FacebookEmail...
Поддршка и од Филипче – предлогот нe е идеален, но е најдобриот што сме го добиле досега
НоваТВ - пред 1 ден
Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата. Ако нешто знам, тоа е дека во овие моменти најважно е да се задржи разумот за да може темелно и објективно да се анализираат опциите, наведува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче во постот на неговиот Фејсбук профил. Емоциите, вели тој, не се добар сојузник, а оние кои ги искривуваат фактите со цел подгревање на емоциите, прават голема штета. Она што треба да го направиме, додава Филипче, е да ги „извагаме“ можностите кои сега се на маса и да ги предвидиме следните чекори при секое од можните сценарија. Затоа, нагласува, е нужно за да се донесе државничка и одговорна одлука. „Прашањата кои треба да ги одговориме се: 1) Дали во брзо време и догледна иднина можеме да добиеме подобар предлог од овој? – На ова прашање немаме одговор, но факт е дека далеку поголеми се шансите да немаме ниту брзо нова можност ниту подобар предлог. 2) Дали со фактот (а тоа е факт) дека како Македонци кои говорат македонски јазик не го исполнуваме клучното ветување кое го дадовме пред себе, да го заштитиме јазикот и идентитетот? – Мислам дека одговорот е да. Точно е дека остануваат отворени прашања во делот на историјата, но во истиот дух и со исти сили ќе ги решаваме во билатералните преговори со Бугарија. Тие нема да бидат услов за нашите преговори. 3) Каква е разликата ако Бугарија реши да не блокира додека преговараме и ако воопшто не почнеме да преговараме и останеме блокирани? – Навистина не ја гледам разликата како ќе имаме подобри позиции без почнати преговори, без решен јазик (а тоа е факт, јазикот го решаваме). Кој гарантира, во ваква несигурна состојба во Европа и светот, дека утре ќе имаме подобри услови? – Кој знае дали во Бугарија ќе има „поразбрана“ власт која ќе ги прифати сите наши барања? Слушнавме многу квалификации, пораки, но и небулози од опозицијата. Многу начини како да се блокира решението, но не и што после блокадата? Кои се алтернативите, колку време и најважно – како планираат тие ова подобро да го решат? – Или планот е да останеме на статус кво уште неколку децении? – Предлогот не е идеален, но идеално нема да добиеме. Овој предлог кој е прифатен од сите европски земји е најдобриот кој сме го добиле досега. Имало и други предлог решенија, но тие не биле прифатени од сите, со тоа и не може да се каже дека се решенија. Затоа, да бидеме мудри и одговорни“, се прашањата кои јавно ги поставува екс министерот за здравство и на кои дава свое лично видување. FacebookEmail...