Адеми за протестот: Треба да се воздржиме од насилство
Лидер - пред 7 часа
Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми кој пред неколку денови со филџани маваше по колеги пратеници вели дека не очекувал протести пред Влада во вакви околности. -Дозволено е да се изрази и мислење во законските норми. Четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ. Сме потпишале Договор за добрососедство, а протоколот кој се споменува е во насока на имплементација на само еден дел од Договорот со Бугарија, кој никако не е дел од преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство. Целиот протест и револт да биде исконтролиран, тоа се наши институции и наш имот. Не треба да оставаме лоша слика пред целата јавност. Дебата има, дискусии има и добро е што е дискутира. Само на ваков начин ќе ги расчистиме недоразбирањата, да ги дообјасниме околу францускиот предлог, рече Адеми во емисијата „24 анализа“....
Николоски: Доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со ЕУ, туку Ковачевски и Османи одат во Брисел на сликање
Лидер - пред 8 часа
Мислам дека народот веќе доволно добро знае за предлогот, веќе некаде 2 недели до 20 дена предлогот во една или во друга форма го има. Пред се сакам да ви се заблагодарам на вас медиумите, а и на вас Алфа телевизија што детално го објаснува предлогот со цел луѓето да знаат што е штетноста во истиот. Народот треба да знае што е суштината во овој договор и каде би можело ВМРО-ДПМНЕ да реагира, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија. Николоски посочи дека Договорот поставува преседан за Македонија, затоа што јавноста треба да знае дека доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со Европската Унија туку само ќе ги викнат во Брисел на сликање. -Значи доколку Владата го прифати договорот Македонија не почнува преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на едно сликање каде ќе ручаат еден ручек и ќе се вратат назад. Откако ќе се вратат назад за Македонија да почне преговори, треба да се промени Уставот, а за да се промени Уставот потребно е 2/3 мнозинство каде е клучно ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви гарантирам и давам збор вечерва дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот. Доколку не се случи промената на Уставот, тогаш сите тие други работи кои се напишани во тој договор не важат затоа што тоа е услов за влез во договорот, рече Николоски. Николоски потенцираше дека клучниот фокус е кон спречување на промената на Уставот. Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека нема да се случат Уставни измени. Што значи дека без Уставни измени договорот не важи. -Нам уште по лесно ќе ни е ако имаме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 пратеници односно апсолутно мнозинство, тогаш ни постапка за промена на Устав нема да почне. Ако нема предвремени избори и ако пробаат во овој пратенички состав тоа да го тераат тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и пак нема да се случат Уставните измени, кажа Николоски. -Апсолутно Македонија треба да стане членка на Европската Унија, но треба да сме свесни дека никој не врши притисок врз Бугарија. Најдобар доказ дека никој не врши притисок врз Бугарија е што сите бугарски позиции се во Предлогот и при тоа ниедна македонска. Зошто е тоа така ? Затоа што Владата на Заев и Ковачевски и на СДСМ и ДУИ е корумпирана, а во Европска Унија на иста маса со корумпиран политичар не седнуваат. Дури и сега нема да седнат на иста маса и лажат дека ќе почнат преговори. Зошто? Затоа што има висок степен на корупција, изјави Николоски. Николоски заклучи дека за да се спасат од одговорност прават пропаганда, дека готово утре почнуваме преговори. Не почнуваат проговори и нема да има никакви мултиетнички тензии, а единствените тензии кои ќе ги има се кај него затоа ќе ја изгуби министерската позиција. Во кариерата ќе има тензии, ама во државата нема да има....
(ФОТО) ЕМОТИВНА ФОТОГРАФИЈА од денешниот протест – солзи и болка за Македонија
Лидер - пред 8 часа
Илјадници граѓани, меѓу кои и јавни личности, новинари, професори и претставници на здруженија вечерва ја повикаа Владата да не го потпишува францускиот предлог со порака „Од Македонија нема да откажеме никогаш и под никакви услови“. Денеска протестот го одбележа емотивна фотографија на жена која плаче пред кордонот на полицијата. Претходно и Дарија Андоновска, познатата композиторка и пијанистка, го бакна полицискиот штит и им испрати порака на полицајците. (ФОТО) ДЕВОЈКА БАКНА ПОЛИЦИСКИ ШТИТ: Заедно да ја спасиме државата, не се плашете...
Николоски: Уште во 2018та година информирав дека Османи има договор со министерот за надворешни работи на Албанија Бушати, Македонија да забави со реформи за Албанија да ги започне преговорите
Лидер - пред 8 часа
Целата игра е Албанија да ги почне преговорите затоа што за Албанија услови нема, за Македонија има улови и овде единствен ќар е Албанија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа. Николоски потсети дека тој уште во 2018 изјавувал дека Бујар Османи од позиција на вицепремиер за европски прашања и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати направи договор Македонија да ги забави реформите се со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, бидејќи претходно Албанија била во група со Босна и Херцеговина и Косово односно недефинирани држави. -Јас да ве потсетам дека во 2018та година излегов во јавноста и реков дека тогаш Бујар Осамни како потпретседател на влада задолжен за европски прашања и Дитмир Бушати тогашен министер за надворешни работи на Албанија направиле договор Македонија да забави со реформите со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, рече тој. -До тогаш таа група не постоеше затоа што Македонија беше во група со Хрватска, а кога Хрватска влезе во ЕУ остана сама затоа што Грција правеше проблем со името, а групата беше Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, таа група нормално не одговараше за Албанија затоа што овие две се недефинирани држави, и Албанија за да излезе од таа група многу мудро ја искористи оваа екипа која што е сега во ДУИ, и се залепи за Македонија. И од оваа перспектива е многу јасно зошто го направија тоа. И тоа е за честитање на нивната дипломатија, но на штета на Македонија. Прво излегоа од една лоша група, влегоа во група со Македонија, Македонија ја влече и сега кога Македонија е нагрбната со проблеми од Бугарија, овие се издвојуваат и продолжуваат преговори, објасни Николоски. Николоски порача дека суштината на францускиот предлог е Албанија да започне преговори, а не Македонија.Суштината на сето ова е Еди Рама и Албанија да почнат преговори и тоа мора да го знае јавноста. Во однос на изјавите на Еди Рама каде што повикува да се прифати францускиот предлог, Николоски рече дека Рама треба да одговори дали тој би се согласил на истите работи како што бара од Македонија, односно како што рече тој дали би се согласил некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците. -Треба Еди Рама да го прашаме дали би се согласил на истите работи, на пример некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците, истакна тој....
Николоски: Владата требаше да си даде оставка, три дена по ред доаѓа народ и бара оставка
Лидер - пред 8 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа, ги коментираше протестите кои одржуваат против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и рече дека е многу среќен што десетици илјади граѓани ги поддржуваат истите тие протести и убеден дека доколку економските услови во Македонија, да можеа луѓето да си дозволат да ставаат бензин во своите автомобили, ќе имаше и стотици илјади затоа што врие кај Македонецот, но врие и во другите градови во Македонија. Николоски ги коментираше и денешните инциденти пред владата. – Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. -Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство – рече Николоски. Николоски во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан. – За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот – заклучи Николоски....
Николоски: Уставни измени нема да дозволиме!
Лидер - пред 8 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека веќе три дена на протестите против францускиот предлог има инфилтрирано провокатори кои треба да прават инциденти. -Точно е дека има провокатори, и вечерва ги видовме. Но, 90 отсто од нив не ја вршат работата за која се пратени, туку се солидаризираат со демонстрантите, рече Николоски. Тој истакна и дека тоа што се случи на вечерашниот протест, не би го нарекол инцидент и оти немало никаков физички напад или слично. -Јас бев пред Владата и немаше никаков физички напад, јас не би сакал да се стекне впечаток во јавноста за оние коишто не беа, дека имало било каков физички контакт или напад од страна на било кој од учесниците на протестите врз македонската полиција, тоа е наша полиција, тоа се наши луѓе и секако дека сите ги почитуваме, имаше само на дел од луѓето спонтано изразување на револт, коишто тргнаа кон Владата, вели Николоски. Што се однесува до отворањето на Уставот и внесување на Бугарите во него, нешто што е еден од условите за да се комплетира отворањето преговори на Македонија со ЕУ, Николоски рече дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени и уставните измени нема да се случат....
Нема начин да се наметне решение по кое било прашање од историјата, убедува Маричиќ
Лидер - пред 9 часа
Од 2017 година па досега нашата борба беше да ја оставиме историјата на теренот на историчарите и токму тоа е целта и на билатералниот Протокол, меѓутоа и на целиот процес, историјата да се остави на историчарите каде што на паритетна основа со разумни аргументи, со научни аргументи и нормално во една разумна динамика ќе постигнат или нема да постигнат некаков договор во однос на одредени прашања, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вечерашниот брифинг со уредниците. Доколку историските прашања би биле репер или беа репер, Маричиќ појасни дека тогаш тие би биле дел од процесот на „бенч маркинг“ или креирање на конкретни задачи и додаде дека нема основа, нема ниту правна, ниту политичка основа такво нешто да влијае формално како критериум за напредок во разговорите. – Не постои основа во оваа преговарачка рамка изнаоѓање на решение за кој било историски лик да биде критериум за тоа дали можеме да одиме напред или не. Затоа постои преговарачката рамка која е основа на која се цени нашиот напредок. На ниту еден начин не може да ни се наметне решение, по кое било прашање од историјата, посочи вицепремиерот Маричиќ. Во оваа насока, Маричиќ рече дека Бугарија имала поразлична позиција во првичната рамковна позиција од оваа денес, а дека ние имавме проблем повеќе години како да се дојде до оваа точка на рационализација. -Ние кога го почнавме овој процес рековме сакаме достоинствено решение, сакаме решение кое ќе се базира на балансиран компромис и решение кое ќе се втемели и заснова на Европските вредности. Сè она што го имаме во овој пакет ги исполнува овие услови, заклучи Маричиќ....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Лидер - пред 9 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што соопшти МНР, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори. -Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење, нагласи Османи, информира во соопштение МНР. Од МНР истакнуваат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
(ВО ЖИВО) Николоски гостин во „ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ“ на Алфа ТВ
Лидер - пред 9 часа
Следете го во живо гостувањето на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на Алфа ТВ, во емисијата „Заспиј ако можеш“:...
Извршен одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции и почеток на преговори за полноправно членство
Лидер - пред 9 часа
Извршниот одбор на СДСМ попладнево на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци: 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки СДСМ Центар за комуникации со јавноста...
Милевски за францускиот предлог: Доколку утре се бара одлука, ние ќе бидеме против
Лидер - пред 9 часа
Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски денеска соопшти дека доколку утре се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука. -Ние уште немаме одлука на партиски органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава, рече Милевски за ТВ 24 после средбата со претседателот Стево Пендаровски....
СДСМ го осуди вечерашниот протест
Лидер - пред 9 часа
Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, велат од СДСМ. -Вечерва јавноста виде очаен обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, велат од СДСМ....
Николоски заедно со македонскиот народ пред Влада: Доста е, оставка!
Лидер - пред 10 часа
Александар Николоски, потпретседател на опозициската ВМРО ДПМНЕ, и вечерва заедно со македонскиот народ, како и членови на партијата, протестираше против францускиот предлог. -Пред Влада со МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДОСТА Е! ОСТАВКА!, пишува Николоски....
Мисајловски: Овој протест е граѓански, народот е изневерен – Македонија не може да го прифати ова!
Лидер - пред 10 часа
На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што прв пат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански. Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. Тој истакна дека поминуваат многу денови, а не можеме да видиме протокол, што ќе има внатре. – Граѓаните не знаат, не веруваат во институциите и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен од самите институции. Не може тоа така брзо да се прави, овие консултации требаше да бидат подолго време, да ги слушнат граѓаните, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите партии или сите експерти. Ова се многу сериозни прашања, затоа и вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме да разговараме за неколку работи. Не може Македонија да го прифати ова, не може бидејќи влегуваме во слепа улица и тоа треба да го знаат сите до еден, појасни Мисајловски....
Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слуша што вели македонскиот народ
Лидер - пред 10 часа
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести. -Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност. Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска....
(ВО ЖИВО) ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ!
Лидер - пред 11 часа
Вечерашниот протест од Владата продолжи кон македонското Собрание, каде десетици илјадници граѓани продолжија со скандирање и свирење. Се пеат патриотски песни, се бара оставка и целосно отфрлање на понижувачкиот предлог за Македонија. Дел од граѓаните останаа и пред Владата, каде се продолжи со говорите зошто мора да биде отфрлен францускиот предлог. Инаку ова е трет ден откако народот го продолжи сенародниот протест пред Владата, под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“....
Вонредна состојба поради демонстрации против полицијата во Охајо
Лидер - пред 11 часа
Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер....
(ВО ЖИВО) Граѓаните протестираат и пред Собранието
Лидер - пред 11 часа
Македонците кои и вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог од пред Владата продолжија кон Собранието на Република Македонија. Претходно револтираните граѓани ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата. Францускиот предлог е неприфатлив за Македонците и оттука доаѓа големото незадоволство и револтираноста награѓаните, бидејќи со истиот, практично и се самоукинуваме ко нација....
(ФОТО) ДЕВОЈКА БАКНА ПОЛИЦИСКИ ШТИТ: Заедно да ја спасиме државата, не се плашете
Лидер - пред 11 часа
Демонстрантите пред Владата откако ја прескокнаа оградата дојдоа очи во очи со полицијата. Замотана во македонско знаме девојка се доближи и го бакна полицискиот штит. Пораката што ја испратија до припадниците на МВР кои го обезбедуваат објектот на Владата е да ги спуштат штитовите, бидејќи како што порачаа демонстрантите тие не треба да се плашат и треба да се заедно со граѓаните кои се присутни на протестот против прифаќањето на францускиот предлог. -Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа демонстрантите на полицајците. Пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на француски предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ....
(ВО ЖИВО) Дел од граѓаните влегоа во дворот на Владата
Лидер - пред 11 часа
Граѓаните бараат оставка од Владата. Некои од нив се судрија со припадниците на полицијата. Дел од демонстрантите влегоа во дворот на зградата на Владата на Македонија....
(ВО ЖИВО) ДЕМОНСТРАНТИТЕ БАРААТ ДА ВЛЕЗАТ ВО ВЛАДАТА!
Лидер - пред 11 часа
Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата. Демонстрантите ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре. Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки....
(ФОТО) По клубот на Бугарите, Ламбе го запали и францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка!
Лидер - пред 12 часа
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија....
(ФОТО) И ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ: Гордо ја испеа химната на Македонија!
Лидер - пред 12 часа
Познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски, кој неодамна беше повторно актуелен во јавноста, откако беше обвинет за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, вечерва и тој, помеѓу илјадници граѓани, присуствуваше на сенародниот протест пред Владата, каде гордо ја испеа химната на Македонија....
(ВИДЕО) Техно-журка во црква во Дојран
Лидер - пред 12 часа
Журката била организирана во саботата во црквата Свети Илија во Стар Дојран. Видеата од забавата се појавија на социјалните мрежи, и веднаш ја брануваа јавноста. За едни настанот е скандалозен, за други авангарден, по примерот на забавите во западните земји. Според информациите што ги објавија локалните медиуми, црквата имала дадено согласност само за одржување на поетски настани и концерти на камерни состави што изведуваат класична музика. Инаку верскиот објект датира од 19 век, но бил разурнат во Првата светска војна, а реновиран неодамна од струмичкиот завод и музеј....
(ВО ЖИВО) ТРЕТ ДЕН НАРОДОТ НА НОЗЕ ПРОТИВ ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА!
Лидер - пред 12 часа
И денеска илјадници граѓани го продолжија сенародниот протест пред Владата против понижувачкиот предлог за земјава, под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, а голем дел од граѓаните останаа и цела вечер. Погледнете го протестот во живо:...
Ковачевски „бега“ од новинарски прашања, полесно е преку соопштение
Лидер - пред 13 часа
Премиерот Ковачевски излезе на „задната врата“ во Клубот на пратениците и ги избегна новинарите. По средбата со Села, Ковачевски не даде изјава за медиумите. Иако бројни новинарски екипи го чекаа во Клубот на пратениците, тој веројатно го искористил некој друг излез и си замина во моментот додека Села ја даваше изјавата за медиумите. Наместо изјава за новинарите и можност да му бидат поставени прашања, Ковачевски се огласи преку соопштение на неговиот кабинет, најверојатно така му било полесно на премиерот. Во рамки на широката консултација која интензивно се одвива, веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денес одржа средба со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. На средбата, премиерот Ковачевски ги изнесе позициите на Владата во однос на европскиот предлог. Премиерот Ковачевски нагласи дека оваа Владата работи со што поголем консензус и секогаш во интерес на граѓаните и уште еднаш ги потврди ставовите дека потребни се мудри одлуки и заедничка одговорност која ќе ни обезбеди европска иднина. Во разговорите премиерот Ковачевски истакна дека во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик, што беше најважното прашање за нас – Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија без никакви фусноти, дообјаснувања и ѕвездички. Дополнително премиерот Ковачевски на лидерот на Алијанса за Албанците му порача дека неопходно е државничко однесување и вистинска одлука за мир, стабилност во државата и просперитет на сите народи кои живеат во Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020, со што преговорите со Европската Унија ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот. По добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Македонија. – Оваа средба е дел од низата консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, се вели во соопштението на Владата....
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со Пендаровски за францускиот предлог
Лидер - пред 13 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со претседателот Пендаровски за францускиот предлог
Лидер - пред 13 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
Роналдо не се појави на првиот тренинг на Манчестер јунајтед
Лидер - пред 13 часа
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, не се појави на првиот тренинг на Манчестер Јунјатед, засилувајќи ги со тоа шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд“. Португалскиот 37-годишен напаѓач требаше заедно со своите соиграчи, кои имаат репрезентативни обврски во јуни, да ги стартуваат денеска подготовките за новата сезона. Сепак, Роналдо испрати „извинување“ до клубот, наведувајќи дека поради семејни причини е принуден да го пропушти првиот тренинг. Речиси сите британски медиуми пренесуваат денеска дека Роналдо нема намера да ја продолжи кариерата во Јунјатед, додавајќи оти петкратниот освојувач на Златната топка веќе му порачал на клупското раководство дека заминува. Роналдо го врзува уште една година од договорот со Манчестер јунајтед, но лошата резултатска сезона 2021/22 во која клубот остана без пласман во Лигата на шампиони, како и несогласувањата во соблекувалната, но и доаѓањето на новиот тренер, наводно се причините поради кои Португалецот по втор пат во кариерата ќе ги напушти „црвените ѓаволи“....
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и Богородица, еве колку време се чека
Лидер - пред 13 часа
Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопштија од АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на Граничниот премин Табановце за влез во Северна Македонија е околу еден час. На Граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, од АМСМ додаваат дека нема подолги задржувања за влез и излез од државата....
Шарл Мишел утре во посета на Скопје за францускиот предлог
Лидер - пред 14 часа
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре пристигнува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија....
Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата
Лидер - пред 14 часа
Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. -Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. -Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ....
Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени, порача Маричиќ
Лидер - пред 14 часа
Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ. Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки. Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој. Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ. – Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови, посочи вицепремиерот. Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања. – Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме, истака вицепремиерот Маричиќ....
Кина воведе локдаун поради 300 нови случаи на коронавирус
Лидер - пред 14 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада....
За Маричиќ неодговорно е да се одбие предлогот и да се надеваме на друг
Лидер - пред 15 часа
Би била вистинска штета и за државата и за идните генерации овој момент да го пропуштиме сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со неговите колеги од Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Бирн. -Не е момент за непотребно одлагање, момент е за трезвена дискусија, разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, толку ќе биде потежок за решавање. Без разлика на одлуката која ќе ја донесе Владата во врска со францускиот предлог, полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел и остануваме целосно посветени на реформскиот процес, посочи Маричиќ. Порача дека во следните денови преку инклузивен општествен проце имаме задача заеднички да одлучиме дали ќе ставиме крај на лавиринтот во кој сме заглавени скоро две децении и ќе покажеме мудрост со разгледување и соодветно поставување кон овој предлог, предлог кој, нагласи, е чувар на националните интереси и на нашите црвени линии, или, пак, ќе влеземе во долгогодишен застој којшто секогаш по правило ни носел нови предизвици и нови проблеми. -Од моите колеги очекувам да продолжат да ни помагаат и да се залагаат за политиката на проширување на ЕУ на начин што ќе овозможи таа да биде покредибилна, попредвидлива и подинамичка како што впрочем и најавува новата методологија усвоена 2020 година. Северна Македонија со Финска и Ирска после оваа посета продолжуваат да го зацврстуваат пријателството и да бараат можности за зголемување на билатералната соработка за што веќе постои интерес од деловната заедница. Имаме заедничка евроатлантска иднина за која меѓусебно и понатаму силно ќе се залагаме, рече Маричиќ. Нагласи дека верува оти, како што рече, разумните и одговорните државнички политики ќе надвладеат над деструкциите, дезинформациите, надворешните влијанија. -Верувам дека набрзо ќе ја запечатиме европската судбина на државата со одлука која ќе значи просперитет, развој, напредок, трансформација, реформа и европеизација на државата во која живеат Македонци кои говорат македонски јазик. Нашата иднина е сега само во наши раце, рече Маричиќ. Денеска, додаде, после 18-годишен маратон за почеток на преговорите со ЕУ, земјава има историска можност за почнување на преговорите без дополнителни одлагања со заштитен македонски јазик и македонски идентитет. -Имаме предлог на маса со кој конечно имаме вистинска можност да станеме полноправна членка на европското семејство како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Аргументираната реакција на премиерот Ковачевски на самитот во Брисел сега дава шанса за судбоносно да за европската иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое што се залагавме подолго време, а тоа чиста формулација на македонскиот јазик без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања што за нас беше најважно за зачувување на нашите национални интереси. Тоа е она за што се боревме, тоа е она што го посакувавме, тоа се нашите национални позиции и црвени линии кои успеавме да ги зачуваме и тоа треба навистина да го вреднуваме и да го цениме, потенцира Маричиќ. Во овие турбулентни времиња на нови геополитички настани, како што кажа, од исклучителна важност е и зачувување на безбедноста и стабилноста во Европа. -Токму затоа Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Искрено се надевам дека членството на Република Финска и на Кралството Шведска ќе се реализира за што од наша страна имате целосна поддршка. За почит и поздравување е ваквата одлука за членство во НАТО која значи зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа особено во овие моменти на воена инвазија врз Украина што несомнено ја погоди европската безбедносна политика и слика, рече Маричиќ....
Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата
Лидер - пред 15 часа
Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот може да се преземе на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста. – Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите, информираат од владината прес-служба. Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата....
Зеленски со повик до државите за обнова на Украина
Лидер - пред 15 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер. -Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки, рече Зеленски. Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната. -Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа, рече украинскиот претседател. Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија. Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси....
Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ
Лидер - пред 15 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот....
Данска е во шок по вчерашниот вооружен инцидент во трговски центар
Лидер - пред 15 часа
Данска е во шок. Три лица се застрелани, а тројца се тешко ранети во вчерашниот напад, кога вооружен маж со автоматска пушка отворил оган во трговски центар во Копенхаген. Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа како толпа преплашени луѓе бегаат од трговскиот центар додека истрели одекнаат во ходниците на прометниот објект. Драмата завршила откако дејствувала полицијата и 22-годишен Данец е уапсен и осомничен за убиство. Сведоците на ужасниот настан првично мислеле дека станува збор за крадец, се додека не се соочиле директно со напаѓачот, кој почнал неселективно да пука. Началникот на полиција во Копенхаген изјави дека истрагата е во тек и за сега не може да се утврдат мотивните на осомничениот, кој пукал во невини луѓе. „Има тројца мртви и неколку повредени. -Знаете ли зошто осомничениот го стори делото? Не можам да коментирам за осомничениот, тој е уапсен, итрагата е во тек и рано е да коментираме за причините.“-Сорен Томассен, Началник на полиција во Копенхаген. Полицијата започна масовна операција за пребарување низ локалниот регион Зеланд во потрага по сите можни соучесници. Здравствените власти соопшти дека се примени неколку пациенти. „Нашиот убав и обично толку безбеден главен град беше сменет за дел од секундата. Ги охрабрувам Данците да застанат заедно и да се поддржуваат еден со друг во ова тешко време“, изјави премиерката на Данска Мете Фредериксен. Терористичката закана против Данска е оценета за високо сериозна. Во најновиот извештај на данската служба за безбедност и разузнавање се посочува дека најголемата закана доаѓа од милитантниот исламизам....
Заленски: Ќе си ја вратиме изгубената територија
Лидер - пред 16 часа
Украинските сили се повлекоа од Лисичанск, поради што Русија објави дека има контрола врз целиот регион Луганск. Но, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ветува дека државата ќе си ја поврати изгубената територија. Гувернерот на Луганск изјави дека одлуката за повлекување на украинските трупи била донесена за да се спречи да се случи втор Мариупол. „Воените сили што беа таму можеа да продолжат да ги држат териториите уште една, две или три недели. Но, проблемот беше цената. Нашите војници ќе ги губеа животите за ништо. Ќе се повтореше Мариупол. Ова е причината зошто конечно беше решено да се повлечеме од Лисичанск“, рече Серхи Хаидаи, гувернер на Луганск. Откако не успеа да ја преземе контролата врз Киев, Русија ја концентрираше својата војска во источна Украина со цел да ја преземе контролата врз целиот регион Донбас, кој се состои од Луганск и Доњецк. Падот на Лисичанск ја става Москва поблиску до постигнување на оваа цел....
ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ
Лидер - пред 16 часа
Европската Комисија го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. -Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел. ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар. -Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува, изјави портпаролката Ана Писонеро. Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“. -Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро....
Морачанин: Ако во преговорите има прашања од историјата и образованието, францускиот предлог е неприфатлив
Лидер - пред 16 часа
Доколку билатералните прашања кои реферираат на историјата и образованието се дел од преговарачкиот процес, како што личи од дефинитивниот протокол кој не сме го виделе, тогаш францускиот предлог за ДОМ е неприфатлив, изјави за МКД.мк претседателката на ДОМ, Маја Морачанин која заедно со лидерите на Демократски сојуз и Либерално – демократската партија имала консултации со премиерот Димитар Ковачевски. Според Морачанин, договорот мора да оди во Собрание. Наш предлог е Владата самата да не ја носи одлуката, туку тоа да му го препушти на Собранието на Македонија и пратениците да можат да дискутираат и да предложат заклучоци, вели Морачанин. На средбата било истакнато дека македонскиот јазик има чиста формулација, односно во ЕУ ќе биде „македонски јазик без никакви дообјаснувања, а Бугарија ќе даде свое мислење, кое само еднаш ќе биде нотирано и нема да има влијание во ЕУ и во преговорите“. Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ ветиле дека предлогот ќе биде доставен до Собранието на Македонија. „Незамисливо е членка на ЕУ да негира јазик, бидејќи во основите на Унијата се вредностите на почитување на јазиците, националностите и сите вредности поврзани со човекот кои се нејзиното богатство“, вели Морачанин и нагласува дека за ДОМ е неприфатливо внесувањето на билатерални прашања во преговарачкиот процес. ДОМ инсистира документите поврзани со отворањето на преговорите да се објават преведени на македонски јазик со цел секој граѓанин да може да ги прочита и анализира, бидејќи не е лесно конкретни и многу специфични правни формулации да може секој да ги разбере на англиски јазик....
ЦБИ: Францускиот предлог не го заштитува македонскиот идентитет и ги доведува во прашање јазикот, историјата и културата
Лидер - пред 16 часа
Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), како организација која се занимава со истражување на безбедносни појави, но и со истражување и анализа и на други општествени случувања кои може да имаат безбедносни импликации или да имаат негативен ефект врз суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија, ја изразува својата длабока загриженост и несогласување со максималистичките барања кои Бугарија ги постави за симнување на ветото и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, велат од ЦБИ. Став на ЦБИ е дека целиот овој процес ќе заврши (доколку се прифати предлогот) со предизвикување директна штета врз националните и стратешките интереси на Република Македонија. Дополнително, со ставањето потпис на овој предлог, во кој нема ниту еден елемент на заштита на македонскиот идентитет, се доведува во прашање и јазикот, историјата и културата, а со преговарите за промена на значењето на историските личности од странски држави се нарушува и македонскиот национален суверенитет, сметаат од организацијата. Повикуваме на максимална будност и внимателност од страна на македонските државни органи, за да не се оствари штета кон виталните интереси на нашата татковина, Република Македонија!, се вели во повикот на Центарот за безбедносни истражувања....
Путин: Сите заслужни во операциите во Украина треба да бидат одликувани
Лидер - пред 16 часа
Рускиот претседател Владимир Путин, на средба со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, предложи да им се оддаде почит на „сите заслужни учесници во специјалната операција во Украина“. Путин им честитал на руските војници кои ја „ослободија“ самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР), за што Шојгу лично го информирал на средбата....
МЗШВ: Дополнителна субвенција од 5.760 денари за сите земјоделци со еден или повеќе хектари житни култури
Лидер - пред 16 часа
Националниот план за производство на храна содржи мерки за директна поддршка на земјоделците, со акцент на житните култури. Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па огранигучањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка од април ова година важи без ограничување од еден хектар па нагоре за сите производители на житни култури. -Оваа дополнителна финасиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од скоро 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година, наведува МЗШВ. МЗШВ потсетува и дека Националниот план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци. -Земјоделците добиваат 4.000 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за засеани површини со пченица и пченка и високи 2.500 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за површини засеани со јачмен и сончоглед. Нова интервентна субвенција од 400 денари по хектар е овозможена и за набавка на течни фолијарни ѓубрива, за минимум употребени 6 литри течно ѓубриво по хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед, информира Министерството. За производителите на житни култури, дополнува, распишан е и посебен јавен оглас за доделување под закуп државно земјоделско земјиште над три хектари, распоредено во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари. -Овој оглас предизвика голем интерес кај земјоделците и веќе со министерството се склучени рекордни 258 договори за закуп. Како Министерство заедно со Владата остануваме посветени во работата и креирањето на мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Наша цел е стабилно домашно производство, но и зголемување на домашното производство и помала увозна зависност на државата од житни култури. Само заедно обединети и сложни можеме полесно да ја надминеме оваа криза. Токму затоа како министерство бараме и инсистираме од земјоделците, целото домашно производство, пред се, да го дадат во домашни предаботувачки и откупни капацитети, наведува МЗШВ....
Мицкоски ги повика граѓаните на протест денеска и утре уште помасовно: Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот
Лидер - пред 17 часа
Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни. Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Тоа беше едната понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука. Но, треба народот во Македонија да знае дека ние со ова не почнуваме преговори, Еди Рама и Албанија почнуваат, не ние. Тоа треба на сите да им е јасно, на цела Македонија да и е јасно, истакна тој. Одговарајќи на новинарско прашање „Повторно излегувате на протест, дали очекувате дека владата ќе ги слушне вашите барања?“, тој одговори: -Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија. Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие коишто можеби за прв пат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. Иако морам да признаат дека информациите се спротивни и дека она кое што јас го имам како информација е дека најверојатно во текот на утрешниот ден на владина седница ќе помине позитивното да на Бујар Османи со што формално ќе се потпише протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа формално практично владата се согласува на записникот од првата меѓувладина но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Така што, очекувам барем малку разум до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно не, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет. Мицкоски одговори дали предлогот треба да помине во Собрание. „Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине. Инаку да, за формално да ги почнеме преговорите потребно е да се случи измена на Уставот. Тоа значи да оние граѓани за себе сметаат дека се дел од бугарскиот народ, тоа значи отприлика 700 семејства да бидат вклучени во Преамбулата, но и во останатиот нормативен дел на Уставот, барем така викаше Стево Пендаровски, иако вчера гледам дека се премислил, но тоа е негова работа. Ова сега што ќе се случува е датум за почеток на преговори на граѓаните на Албанија и на Еди Рама. Ова не е почеток на преговори на граѓаните на Македонија и Ковачевски. Затоа што после оваа меѓувладина седница само Албанија, односно граѓаните на Албанија и Еди Рама ќе ги почнат преговорите. Да се разбереме, јас немам ништо против тоа, ако мисли Европа дека граѓаните на Македонија 22 години треба да седат заглавени во чекалната без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци само затоа што најпрвин некој го успоруваше правото да се нарекуваат онака како што сакаат да си ја нарекуваат својата држава, а сега да си го говорат својот мајчин македонски јазик, да бидат Македонци и да се гордеат со својата историја, култура, со јунаци кој што го дале својот живот за оваа Македонија и да продолжат да бидат во ходникот, а Еди Рама дека споделува европски вредности тогаш тоа е одлука на Европа и јас во такви европски вредности извинете не верувам. Јас верувам во овие европски вредности кој што 22 години овој народ во Македонија, повторно ќе кажам без разлика на нашите етнички, верски, политички разлики заслужува да биде дел од тој преговарачки процес или да бидам уште подиректен заслужува да биде дел од самата Европа уште пред некоја од земјите членки да бидат таму. Но, повторно нас ни се успорува правото да бидеме Македонци, повторно некој го отвара проблемот со историјата. Иако вчера гледав еден статус од самиот Бујар Османи во кој што тој вели за иднината, но сето она кое што за жал тој ќе го парафира и е дел од тој протокол на таа втора меѓувладина конференција со Бугарија, е се само не иднина, туку е минато образование, историја и така натаму. Така што да сумирам ова што треба да се случи, ова што ќе направи владата е дата за почеток на преговори на Еди Рама, а не на граѓаните на Македонија. Граѓаните на Македонија повторно нема да почнат преговори и тоа треба на сите да им е јасно. Тоа треба на секој еден да му е јасно без разлика дали е Македонец, дали е Албанец, дали е Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак, граѓанин на Македонија, треба да знае дека ние не почнуваме преговори, почнува Еди Рама и ние повторно ќе продолжиме да чекаме уште години и години додека не се промени Уставот, па после некој друг услов, па трет услов и така натаму. Ова директно удар врз македонскиот идентитет. Тоа треба сите да го знаеме„ – рече тој. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори и на новинарско прашање: Денеска гледаме дека премиерот Ковачевски се сретнува и со Села и со другите политички партии најверојатно. Дали вие како опозиција сте имале некој контакт со албанската опозиција и дали имаат некој став конкретен бидејќи јавно уште го немаат кажано? -Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера, 3-4 клучни збора кои што ги има да ги каже, иако не сака да ги слуша аргументите од другара страна, едноставно сака да си го истера, така му е кажано процесот неколку дена и да заврши тука работата и потоа да каже дека процесот бил транспарентен. Затоа јас вчера му понудив , му реков, само ти кажи не, еве ние нема да бараме предвремени избори ќе ти помогнеме да помине зимата со луѓе, со ресурси, се ќе ставиме на располагање само кажи на овој предлог не. Ќе дојде пролет, март, април повторно ќе седнеме на маса, ќе ја реаволуираме состојбата дали треба таа есен да имаме избори дали заедно со претседателските само кажи не, тоа е најбитно сега. -Да го сочуваме идентитетот, односно да го сочуваме достоинството на граѓаните, тоа беше мојата понуда, и втора понуда исто така му дадов, му реков, ако верува дека се ова вистински европски преговори, вистинска европска преговарачка рамка, во која што не е начнат македонскиот идентитет тогаш ајде точка 11 и точка 14 од записникот на првата меѓувладина да ги тргнеме, за да знаат граѓаните за што зборувам точка 11 е онаму каде што се става измената на Уставот како услов за отпочнување на преговори, а точка 14 реферира на протоколот што треба Османи да го потпише заедно со Генчовска од втората меѓувладина во која што се содржани историја и образование и историски личности и тн., а пак овие две точки потоа се поврзани со преговарачката рамка заедно со Копенхагеншките критериуми и договорот за стабилизација и асоцијација еве и тоа му го понудив. Ајде овие четири работи да ги тргнеме и јас заедно ќе излезам со тебе и ќе ја поддржам преговарачката рамка и ќе побарам сите ние заедно да го поддржиме, еве ова е порака и до Европа, ова е порака и до сите оние бирократи во Брисел кои што следат и кои што вршат притисок овде ова да помине во влада. Еве нека ги тргнат тие две точки од записникот на првата меѓувладина и овие две точки од преговарачката рамка јас лично и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме. Но за жал очигледно дека одговорот е негативен, порача тој....
Турската царина запре рускиот брод
Лидер - пред 17 часа
Турската царина во Црно Море запре товарен брод, што пловел под руско знаме и ги истражува украинските тврдења дека бродот превезува украдено жито, изјави денеска висок турски претставник. Украина на 30 јуни побара од Турција да го задржи товарниот брод „Жибек Жоли“, кој под руско знаме превезува украинско жито украдено од окупираното пристаниште Берѓанск и да го уапси екипажот. Според Украинската поморска управа, бродот „Жибек Жоли“ превезува околу 4.500 тони украинско жито, а крајната дестинација на бродот е турскиот град Карас. „Жибек Жоли“ е во сопственост на казахстанската транспортна компанија „КТЗ Експрес“, но оти бродот е најмен од фирмата „Грин лајн“, која не е на листата со санкции. Уште од почетокот на инвазијата, Украина ја обвинува Русија дека го краде нејзиното жито....
Регистрирани 290 нови случаи на КОВИД-19
Лидер - пред 17 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022): Направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 148549, Активни 536 Куманово 16770, Активни 42 Битола 15835, Активни 59 Прилеп 14277, Активни 33 Тетово 13533, Активни 20 Кавадарци 10760, Активни 34 Велес 9848, Активни 30 Гостивар 9634, Активни 15 Охрид 9030, Активни58 Штип 8119, Активни 18 Струмица 8110, Активни 15 Кичево 5673, Активни 11 Кочани 5125, Активни 17 Струга 4744, Активни 9 Гевгелија 4431, Активни 4 Неготино 3714, Активни 5 Ресен 2760, Активни 1 Свети Николе 2641, Активни 1 Радовиш 2537, Активни 5 Крива Паланка 2421, Активни 2 Делчево 1991, Активни 5 Берово 1693, Активни 1 Дебар 1684, Активни 3 Валандово 1488, Активни 0 Виница 1398, Активни 2 Пробиштип 1271, Активни 3 Богданци 1025, Активни 2 Кратово 969, Активни 0 Крушево 933, Активни 2 Демир Хисар 837, Активни 1 Македонски Брод 744, Активни 1 Демир Капија 594, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 352, Активни 0...
Илхан Ќучук на Твитер: Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат
Лидер - пред 17 часа
До сите мои пријатели во Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви – вели на Твитер известувачот за Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС....
Пронајдена дрога, приведени девет лица при контрола за време на фестивал во Дојран
Лидер - пред 18 часа
Полицијата за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран синоќа, од 20:30 часот до изутринава 2:30 часот, извршила контрола и лишиле од слобода девет лица бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога. Како што информира МВР, лишени од слобода се К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, Струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога. – Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР. Во акцијата биле вклучени полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје....
Тасевски до Пендаровски: Стана измеќар на бугарскиот шовинизам, стана џелат на македонскиот народ
Лидер - пред 18 часа
„Стево да ти кажам сега нешто без пцовка: Ти може си им претседател на Бугарите, Албанците, Ромите, марсовците, ама не си им претседател на Македонците. Ти вчера се самоизбриша со гумичка“. Ова го истакнува актерот Сашо Тасевски. Еве што друго напиша тој: „Стана измеќар на бугарскиот шовинизам. Стана џелат на македонскиот народ. Не се ова празни фрази Стево. Како можеш да изјавиш дека затоа што сме биле малку и сме имале плати од 500 евра мора да ја проголтаме секоја бугарска помија. Се преслуша ли што кажа? Кој ти го напиша говорот Стево? Предавнички Стево, предавнички. Срами се од себе, од семејството, од галичките прадедовци. Срами се од функцијата. Убав човек, а расипана душа. Може подобро за тебе ќе беше само да те опцујам. Ми се гади од тебе, од Ковачевски од Маричиќ, од матицата Заев. Како мајка да не ве родила. Како да ве пркнале во бугарски инкубатор на некоја фарма за предавници“....
(ВИДЕО) Мицкоски на Фејсбук порача: Ултиматум НЕ благодарам
Лидер - пред 18 часа
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави видео во кое испраќа порака до власта да го одбие францускиот предлог. Имено Мицкоски и Ковачевски вчера имаа средба од која Мицкоски излезе и предложи три работи. -Дадов свое гледиште на текстот и би извлекол дека ниту за мене лично, ниту за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи вакви какви што се прифатливи. Немаме намера истите документи да ги прифатиме. Тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски, туку и на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова кое е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски. -Мислам на безбедносните, енергетски, финансиски, предизвици со храна. На пролет кога ќе ја поминеме, според мене и многумина најтешката зима, да направиме реевалуација на состојбата. Ова не е преговарачка рамка со која ние обезбедување европска иднина. Ова е преговарачка рамка со која или асимилираме и бугаризираме, па така да бидеме дел од ЕУ, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски истакна и дека побарал да бидат извршани членовите 11 и 14. -Членот 11 од записникот детерминира дека нема да бидат започнати преговори се додека не го промени Уставот, а членот 14 се повикува на протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија, во кој се наоѓаат историските прашања, образованите и културни прашања, промената на учебниците. Еве, да ги избришат тие два члена, а потоа во преговарачката рамка да ги избришат деловите каде се наоѓаат годишните прегледи, делот каде се дефинирани Копенхагеншките критериуми. И да го избришат делот каде се повикуваат на протоколот од втората меѓувладина конференција, потенцираше Мицкоски. Во одговор на новинарските прашања, Мицкоски рече дека за неговите предлози не добил одговор од Ковачевски....
Општина Бутел добива нов модерен спортско-рекреативен центар
Лидер - пред 18 часа
Наскоро во населбата Бутел на местото познато како „Ливада” поточно крајот на улица Марко Крале ќе никне нов спортско рекреативен центар. Ова го соопшти градиначалникот на Бутел Дарко Костовски кој сподели фотографии како ќе изгледа локацијата во оваа скопска општина. -На ова место се предвидува да има: Ново фудбалско игралиште со вештачка трева Ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога. Ново детско игралиште со модерни содржини, покрај спортските игралишта предвидено е да има ново урбано уредување со клупи и летниковец. Ново лед осветлување. Ќе биде поставено и ново зеленило и целиот простор ќе биде холтикултурно уреден. Исто така ќе започне и со пробивање и изградба на новата улица од улица “Марко Крале” кон улица “Зуфер Мусиќ” Проектот е во завршна фаза, а за неколку недели ќе се започне со изведба. До крајот на мојот мандат секое населено кесто ќе добие свое катче за рекреација и спортување. Општина Бутел се менува, вели Костовски....
Села: Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите, друга опција не треба да постои
Лидер - пред 19 часа
Сметам дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и друга опција за нас како држава не треба да постои. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став. Села, нагласи дека Алијанса за Албанците и пред овој предлог да биде конечен, имале став во врска за спорот со Бугарија. – Јасен е нашиот став дека тој спор треба да се реши почнувајќи од најосновното, ако веќе има проблем меѓу соседи, соседите треба да почнат да се признаваат меѓу себе. Од друга страна, јас пред Самитот на ЕУ, се изјаснив како претседател на партијата дека не се работи само за прифаќање или не на францускиот предлог, туку се работи за продолжување или не по патот на евроинтеграциите и мислам дека тоа треба да биде пристапот на политичките чинители, изјави Села. Во врска со ова, нагласи Села е и ставот на АА за „Отворен Балкан“ односно дека не треба да создаваме алтернативи за ЕУ и единствен пат на Северна Македонија треба да биде членство во ЕУ. – Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави Села. Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, според Села, има геополитичко значење и политичарите треба повеќе да размислуваат за стабилноста на регионот, а помалку за добивање на политички поени. – Немаме никакво двоумење, ние би прифатиле таков предлог како политичка партија и тоа е ставот на Алијанса за Албанците, изјави Села....
Бислимоски: Ќе поевтинат бензините
Лидер - пред 19 часа
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. – Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24. Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари....
Нивото на поголем дел од реките под јулскиот просек
Лидер - пред 19 часа
Нивото на поголем дел од реките во земјава се под просекот за месец јули, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Така нивото на Вардар кај Јегуновце изнесува 32 сантиметри, а таму јулскиот просек е 40 сантиметри, а кај Демир Капија 88 сантиметри. На ова мерно место просекот за месец јули е 93 сантиметри. Под јулскиот просек е и нивото на реката Пчиња, Крива Река, а на одредени мерни места и Струмица и Црна Река. Над јулскиот просек, кој изнесува 125 сантиметри, има реката Црн Дрим кај мерно место Ложани, каде вчера нивото на водата изнесувало 158 сантиметри. Нивото на Дојранското Езеро е во рамки на јулскиот просек, а Преспанското за три сантиметри над просекот за јули. За Охридското Езеро нема податоци за вчерашни мерења на нивоата на водата....
Полноќна средба на Ковачевски со малите партии-нема поддршка за францускиот предлог
Лидер - пред 19 часа
Премиерот Ковачевски до доцна во ноќта имал консултации и со малите политички партии но од нив не успеал да обезбеди поддршка за францускиот предлог. Како што дознава Прес24 од извори кои вчера присуствувале на разговорите кои Ковачевски ги имал со раководствата на ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз, Премиерот барал неговите мали коалициони партнери да дадат поддршка за предлогот, но тие констатирале дека во овој момент немаат доволно информации околу тоа што предвидува француското решение. Од Ковачевски побарале официјален превод на предлогот на македонски јазик пред да донесат конечна одлука. Истовремено, од премиерот побарале да го видат и билатералниот протокол пред да излезат со конечен став. Состанокот завршил по полноќ без никаков договор, односно со договор, дополнително да се договорат откако ќе ја видат целата документација. Извори од малите политички партии велат дека не се подготвени да дадат бланко поддршка, особено ако се има предвид дека големо мнозинство од граѓаните но и од партиското членство на самите партии е против овој предлог, а тоа, како што вели нашиот извор катастрофално ќе се одрази на рејтинзите и резултатите на наредните избори. Велат, во овој момент не треба да се реагира брзоплето и веднаш да се прифати предлогот, бидејќи времето не треба да биде фактор во оваа ситуација. Малите политички партии веќе ја одбија првата верзија од францускиот предлог заканувајќи се дека ако власта ја прифати тие, ќе ја напуштат коалицијата...
Отворено писмо од Македонски дипломатски синдикат: Бараме ваша најитна оставка, министре Османи!
Лидер - пред 19 часа
Поради свесно уништување на македонската дипломатија, бараме ваша најитна оставка, министре Османи! Се вели во соопштението испратено до медиумите од Македонскиот дипломатски синдикат. -Македонските дипломати не го имаат ниту видено ниту анализирано францускиот предлог, како што вие тврдевте. Тоа го имаат направено само еден-двајца ваши најблиски соработници, кои патем како награда си добија мандати во странство. Не дозволуваме македонските дипломати да се злоупотребуваат и израмнуваат со неколкумина поединци на кои личната добивка им е пред државата. Молиме да си побарате друг начин да го оправдате наметнувањето на предлогот и рамката – ние не сме и нема да бидеме ничиј параван. Уште полошо, си дозволивте да се заканите со нарушување на меѓуетнички немири, доколку францускиот предлог бил одбиен, враќајќи не во едно темно минато кое мислевме дека остана далеку зад нас. Ваквите закани во најмала мерка ве прават недостоен за прв човек на дипломатијата. Долга е листата на вашите гревови, господине Османи. Следната година Република Македонија ќе претседава со ОБСЕ, што се смета за круна на мултилатералните активности. Сите држави во ваква ситуација ги ангажираат своите најдобри ресурси, само вие не, иако тоа го ветувавте минатата година. Во дипломатскиот тим кој ќе биде ангажиран, помеѓу повеќе од дваесетина дипломати, само еден (1) има претходно искуство во работењето со ОБСЕ во Виена, а останатите се аматери кога е во прашање најголемата регионална безбедносна организација во светот. Истовремено, голем број високи дипломати вклучително и релевантни амбасадори се или упатени на други должности во странство или воопшто не се ангажирани. Во чиј интерес е компромитирањето на нашето претседавање, господине Османи? Исто така, прашуваме по кој основ го испративте колегата Миле Миленковски во Виена, на место заменик шеф на мисијата, едно од клучните места во претстојното претседавање, за да само после една недела од упатувањето заврши во притвор во Врање? Господинот Миленковски воопште не се ни пријавил на интерниот конкурс за Виена, туку вон процедурите и без негово барање беше избран со ваша одлука, истакнуваат од синдикатот. Како што велат тие, еден од приоритетите на секоја дипломатија е поставување свои луѓе на високи и највисоки позиции во меѓународните организации. Тоа се смета за успех и дава можност за поголемо влијание на државата во меѓународните односи. Која е причината зошто блокирате кандидатури на наши амбасадори, оневозможувајќи им да дојдат на високи меѓународни позиции? Дали сте свесен дека со тоа правите штета по угледот на Република Македонија? -Со дуплирање на организациони единици во МНР и претворање на вашиот кабинет во феудална тврдина, систематски го разградувате МНР само со една цел – да имате апсолутна контрола врз се што се случува во Министерството. Господине Османи, пред две години, кога дојдовте во МНР ве предупредивме дека една од главните задачи што стои пред вас е да го вратите сјајот и дигнитетот на министерството, девастирано од самоволието и арогантноста на Никола Димитров. За жал, вие не го сватифте предупредувањето сериозно и не мрднавте со малиот прст да ги поправите состојбите, потенцираат од МДС. Поради сето ова, а и многу други причини за кои ќе информираме дополнително, ние дипломатите од МДС не стоиме зад вас и очекуваме да имате минимум доблест што поскоро да си поднесете неотповиклива оставка, за добро на она малку што остана од дипломатијата, додаваат од таму....
Започна средбата меѓу Ковачевски и Села, се дебатира за францускиот предлог
Лидер - пред 20 часа
Во Клубот на пратеници претпладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. Широките консултации за францускиот предлог почнаа во петокот најпрво со коалициските партнери во Владата, од кои дел веќе се изјаснија позитивно за предлогот, а дел се очекува тоа да го сторат во следниот период. Премиерот одржа и консултативни средби со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Вчера, премиерот Ковачевски имаше средба и со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. За ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е неприфатлив. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена. Францускиот предлог вчера беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свика претседателот на државата Стево Пендаровски. Шефот на државата по седницата на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е прифатлив. Со прифаќањето на предлогот, како што наведе, ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Се овозможува скрининг процес, што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите – поглавја и она што е најважно, како што рече, е тоа што со ништо не се поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота. Францускиот предлог во земјава пристигна во четвртокот по што премиерот Ковачевски најави широк консултативен процес со владината коалиција, претседателот на државата, Парламентот, опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата...
Утре без струја делови од неколку скопски општини
Лидер - пред 20 часа
Поради закажани технички зафати во ситемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром. Од РЦУК Скопје информираат дека утре од 08.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат дел од село Крушопек – дел околу стопанските субјекти во Општина Сарај, од 12.00 до 15.00 часот ул. „2“ во с. Студеничани во Општина Студеничани, од 11.00 до 13.00 часот ул. „Томе Арсовски“ бр. 30 во Општина Кисела Вода, од 09.00 до 12.00 часот ул. „Антон Чехов“ во Општина Ѓорче Петров, од 07.30 до 15.30 часот корисниците од улиците „Македонски Кралеви“, „363“, „Клинска Река“, „Славеј Планина“, „391“, „Стојко Јовановски“, „Св. Прохор Пчински“, „7-ми Јули“, „Максут Садиќ“, „Пере Тошев“, „Кримска“, „Исмаил Кадаре“, ул. „380“ и бул. „Македонско Косовска Бригада“ во Општина Чаир и од 09.00 до 13.00 часот ул. „Боковиќ“ од бр. 8 – 10 и ул. „Митре Влаот“ бр. 20 во Општина Аеродром....
Димитриевски: Ќе формираме граѓанско движење и ќе учествуваме на следните избори
Лидер - пред 20 часа
Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во вчерашното гостување во централното издание на дневникот на телевизија Сител, на последното прашање упатено до него, за најавите дека ќе формира политичка партија и дали доколку има предвремени парламентарни избори, ќе настапи со сопствена политичка партија, тој потенцираше дека не најавил формирање на партија, туку најавил формирање на граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори. Не најавив формирање на политичка партија, најавив формирање на граѓанско движење кое што задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или вонредни. Очекувам и повеќе од убеден сум дека ќе ја добиеме граѓанската поддршка, бидејќи не сме оптеретени со политика и немаме обврска кон никој. Нашата обврска се само граѓаните на оваа наша скромна и мала, но горда Македонија, истакна Димитриевски. Според него, неизвесно е дали воопшто ќе има предвремени парламентарни избори, но сепак факт е дека граѓаните се незадоволни....
Чепреганов за Лидер: Францускиот предлог е бугарски, омотан со француски целофан кој го ништи македонскиот идентитет, јазик и култура!
Лидер - пред 20 часа
Неприфаќање! Отфрлање на било каков предлог кој и најмалку, и во најситен дел задира во македонскиот идентитет, јазик и култура. Историчарот, професор д-р Тодор Чепреганов вели дека со ваквиот француски предлог Македонија полека, полека ќе се бугаризира. “Демократска Европа“ ги погазува сите принципи на демократија, само заради интересите на една држава. Бугарија преку ЕУ го добива тоа што четири години се бореше-денационализиран, асимилиран македонски народ кој што ќе остане без сопствена историја, а за жал има такви политичари кои сето тоа го прифаќаат, додава Чепреганов. Смета дека Владата ќе го прифати предлогот, бидејќи како што вели тие немаат друг излез, затоа што не го слушаат народот. Ова е една политократија која е самобендисана и полтронска, под контрола на Европа и за да ги задоволи европските интереси го прифаќаат сето тоа што ќе им биде понудено, без да размислуваат за последиците во наредните години кој што ќе ги има целокупниот македонски народ! Лидер: Со прифаќање на “новиот“ француски предлог, ќе има ли некој што се борел за македонската кауза, или ќе испадне дека Бугарија ја создала македонската држава? -Мислам дека овој француски предлог е во основа бугарски предлог со француски целофан омоткан, во суштина го ништи сетоа она што до сега го постигнала Македонија на поле на идентитет, јазик и култура. Со тоа што во текот на тие пристапни преговори ќе се разговара, 10, 15, 20 години може никогаш да не дозволат Македонија да влезе како суверена држава во Европската Унија. Туку полека, полека, ако трае тоа 20 години некоја нова генерација, со сите овие работи кои ги предвидуваат да ги направат со Договорот, Македонија ќе се бугаризира! Полека полека, една генерација, друга генерација, и на крајот ќе го постигнат тоа што не успеаја да го постигнат за 4 години ќе успеат да го постигнат со “ демократска Европа“! Лидер: Доколку се прифати предлогот, новите генарации ќе треба да учат нова историја. Вреди ли смената на историјата за почеток на преговори кои се поизвесно е дека нема да завршат? -Апсурдно е! Нецивилизациски е ова што го прави, ајде Бугарија да ја оставиме настрана, тие не биле цивилизирани никогаш, меѓутоа нецивилизациски од страна на Европа! Затоа што Европа си ги покажува сите свои принципи. Слобода на мислење, демократија…, сетоа тоа го погазува! Само заради интересите на една држава а во суштина асимилација и денационализација на еден народ. Кој што за жал има такви политичари кои сето тоа го прифаќаат! Лидер: Една порака од Вас, што треба македонскиот народ да направи со оглед на тоа дека власта е во “јуриш“ да го прифати францускиот предлог? -Сосема нормално, под такви услови едноставно е, неприфаќање на предлогот. Отфрлање на било каков предлог којшто задира и најмалку, и во најситен дел во македонскиот идентитет, јазик и култура. Неприфаќање! Лидер: Сепак власта вели дека ја исполнува агендата за широка консултација пред прифаќање на предлогот. Остварени се среди со колиционите партнери, експертската јавност, опозицијата… -Мене ми е јасно дека политички тие ќе го прифатат предлогот. Тие немаат друг излез, затоа што не го слушаат народот.Ова е една политократија која е самобендисана и полтронска, под контрола на Европа и за да ги задоволи европските интереси го прифаќаат сето тоа што ќе им биде понудено, без да размислуваат за последиците во наредните години кој што ќе ги има целокупниот македонски народ. Затоа што полека, полека на тој начин тие ќе успеат да го постигнат тоа што за жал наши политичари го потпишаа, Договорот со Бугарија каде што се зборува за заедничка историја, за ист народ, за воспоставувањена заеднички херои… сето тоа го направивме ние самите. И за тоа треба да си одговараат сите македонски политичари кои учествуваа во тоа. А единственото решение се знае, прекинување на Договорот и здравје кога ќе бидат подобри условите ќе можеме да продолжиме да работиме. А вака!- Едноставно реков, во 4 години не успеаа да го добијат она што го добиваат денеска во “демократска Европа“-денационализиран, асимилиран македонски народ кој што ќе остане без сопствена историја....
ДС на Павле Трајанов бара да се промени преговарачката рамка
Лидер - пред 20 часа
Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледа модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, при што ги донесе следните заклучоци, се вели во соопштението испратено до медиумите од Демократски сојуз на Павле Трајанов. -Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Трето, уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев ,Јане Сандански ,Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници,Илинден итн. Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа, истакнуваат од ДС. Како што велат од таму, во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. Петто, за предложената Преговарачка рамка да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. Доколку Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог, додаваат од таму....
Јанчев: Продолжуваме со поставување на фотонапонски панели на јавните општински објекти во Кавадарци
Лидер - пред 21 часа
Продолжува поставувањето на фотонапонски панели на Јавните Општински објекти во Кавадарци! Напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев. -Кавадарци е меѓу првите општини која започна со реализација на проектот ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни Општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час’’. Покрај Општинската зграда, О.О.У ,,Димката Ангелов Габерот’’,С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ ,С.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, С.О.У. ,,Димката Ангелов Габерот’’ Ваташа, С.О.У ,,Страшо Пинџур’’ деновиве се поставија и во С.О.У ,,Гоце Делчев” Кавадарци па следуваат и останатите три објекти кои се планирани. Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој ќе се придонесе за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија, истакна Јанчев....
Хакирани Твитер и Јутјуб на британската армија
Лидер - пред 21 часа
Британската армија соопшти дека води истрага откако биле хакирани нејзините профили на Твитер и ЈуТјуб. Видео снимки од криптовалути со фотографија од милијардерот Илон Маск се појавија на канал на ЈуТјуб, додека на Твитер се ретвитнати неколку коментари поврзани со НФТ токените, јави Би-Би-Си. Војската го потврди „упадот“, соопштувајќи дека ја сфатила безбедносната ситуација многу сериозно и дека сега ги решава проблемите, а двата налога биле вратени. -Бидејќи го решивме прашањето и истрагата е во тек, во моментов не би било соодветно да коментираме повеќе, рече портпаролот на армијата. Не е познато кој го извршил хакерскиот напад, во кој беа сменети имињата на налозите на британската армија. Во еден момент името на профилот на Твитер беше сменето во Бапесклан, а до неделата вечерта се се врати во нормала. „Се извинуваме за привременото суспендирање на нашиот налог. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме од овој инцидент. Ви благодариме што не следите и нормалното функционирање сега ќе продолжи“, соопшти војската....
На Холандија ѝ се закануваат конфликти, денеска блокада на аеродроми
Лидер - пред 21 часа
За да се намалат катастрофалните емисии на азот, властите во Холандија пропишуваат радикално намалување на сточниот фонд, што ги наведе земјоделците на неколкунеделни протести, додека за денеска е најавена масовна блокада на пристапот до амстердамскиот аеродром Шипхол и аеродромите во Ајндховен и Мастрихт, јави Бета. -Полицијата најави дека со сите средства ќе ги разбие блокадите, а војската е на готовност. Министерката за одбрана Касја Олонгрен изјави дека „нема да толерира трактори околу Шипхол, пренесе Дојче веле. За време на претходните протести, земјоделци блокираа автопати и улици. Пред владини згради во Хаг имаше и трактори и крави, беа палени бали сено, а пред домови на политичари се прскаше ѓубриво. Во вторникот лути демонстранти стигнаа пред станот на Kристијане ван дер Вал, министерка надлежна само за темата „природата и нитратите“. Функцијата е воведена минатата година со цел да се реши прашањето за премногу азотни соединенија што ја трујат природата. Од нив, 70 отсто потекнуваат токму од сточарството, а Владата единственото решение го виде во радикално намалување на сточниот фонд. – Знам какви огромни последици има за фармерите. Тоа е ужасно. Но, немаме избор. Природата не може да чека, изјави Ван дер Вал, претставувајќи го планот во Парламентот во средината на јуни. Земјата спаѓа во земјоделски колоси, каде во јужните делови бројот на свињи по квадратен километар е најголем во светот. Само САД извезуваат повеќе земјоделски производи од Холандија, гледано по вредност....
Велика Британија проценува дека извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини
Лидер - пред 21 часа
Во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека руската инвазија продолжува да има разорно влијание врз украинскиот земјоделски сектор и оти извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини. Според извештајот војната влијаела и на синџирите за снабдување со семиња и ѓубриво. Руската блокада на Одеса го спречува извозот на храна и малку е веројатно дека украинскиот извоз на жито во 2022 година ќе биде поголем од 35 отсто во споредба со мината година, се посочува во извештајот на британското Министерство за одбрана. Исто така се наведува дека по освојувањето на Лисичанск, најверојатно фокусот на Русија ќе се биде насочен кон Доњецк. Борбата за Донбас е жестока и исцрпувачка и малку е веројатно дека тоа ќе се промени во следните недели, соопшти британското Министерство за одбрана....
Најмалку 16 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа на автобус во Индија
Лидер - пред 21 часа
Патнички автобус излета од пат и падна во длабока клисура во северна Индија, при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои и деца. Според локалните власти со автобусот се превезувале околу 20 патници. Спасувачките екипи ги извлекле повредените и ги транспортирале до болница. Се уште не е позната причината за несреќата. Во Индија чести се смртоносните сообраќајни несреќи поради несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила. Повеќе од 110.000 луѓе годишно гинат во Индија во сообраќајни несреќи....
Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита
Лидер - пред 21 часа
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2022 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јули 2022 година. -Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа: 04 јули: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и 05 јули:М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, информира Министерството....
Илјадници луѓе евакуирани од Сиднеј, се очекуваат уште интензивни врнежи
Лидер - пред 21 часа
Десетици илјади жители на Сиднеј беа принудени на евакуација поради обилните врнежи дожд што предизвикаа поплави во најголемиот австралиски град, со прогнози на метеоролозите дека врнежите ќе потраат. Екстремно нискиот воздушен притисок на истичниот брег на Австралија резултираше со обилни врнежи во сојузната држава Нов Јужен Велс, каде во деновите на викендот наврна дожд колку што е месечниот просек. Невремето принуди евакуација на околу 30 илјади жители во австралиската сојузна држава, а врнежите резултираа со поплавени станбени објекти, фарми, подвозници, мостови, некои објекти и по трет пат оваа година. -Не можеме да веруваме. Тоа е поразително. Повеќето од поплавените само што ги санираа штетите од последните поплави, сега за жал се се повторува, изјави градоначалничката на Камден, Тереза Федели. Локалните медиуми јавуваат дека во тек е операција за спасување 21 член на екипажот од товарен брод што останал без напојување на отворено море јужно од Сиднеј. -Со месеци се справувавме со поплавите, па тоа ги прави сегашните напори уште поголем предизвик, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет. Нема информации за жртви во поплавите, а властите ги повикаа жителите да се евакуираат од домовите кога ќе им биде наложено, како и да избегнуваат возење по поплавените патишта. На одредени места во Нов Јужен Велс наврнаа и 350 милиметри дожд, а прогнозите на метеоролозите се дека врнежите попладнево повторно ќе се интензивираат. Советот за климатски промени смета дека климатските промени се фактор што придонесува за интензивните врнежи, како и дека Австралија е недоволно подготвена за справување со стихијата. Речните сливови во земјата се блиску до максималниот капацитет, последица на интензивни врнежи предизивкани од феноменот „Ла Ниња“ што веќе две години е присатен на источниот австралиски брег. Поради невремето откажано е и предвиденото лансирање ракета на НАСА од вселенскиот центар Арнем во северна Австралија. Федералниот министер за управување со кризи, Мареј Ват, соопшти дека Владата го активирала сателитскиот систем за управување со вонредни состојби, како мерка за да се помогне во справувањето со поплавите....