Ковачевски: Браво момци – Ви благодариме што не направивте горди
Либертас - пред 139 дена
Браво момци покажавте како се брани националниот дрес, напиша на својот ФБ профил македонскиот преиер Димитар Ковачевски, по натпреварот во кој Македонија го загуби од Португалија со 2-0 и не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар....
Видео: Голем скандал го тресе фудбалскиот свет вечерва: Сенегалците со ласери го ослепеа Салах, се чека реакција на ФИФА
Либертас - пред 139 дена
Египет загуби од Сенегал во фудбалска драма од три часа и по полошо изведување на пенали, но најави и жалба и има надеж дека мечот може да биде преигран. Од трибините на стадионот во Дијамнијадио навивачите на Сенегал постојано ги попречуваа Салах и соиграчите со ласерски зраци, а тоа беше многу очигледно при изведувањето на пеналите. Салах, Зизо и Мохамед промашија, а само Ел Солија погоди, па Египет беше елиминиран и нема да игра на Мудијалот, освен ако не реагира ФИФА. How is laser pointing at this level allowed? #SenegalVsEgypt #WorldCup pic.twitter.com/CiGQQxpfGV — General Frank Lampard III CFC (@vaphreak) March 29, 2022 this egypt vs senegal game is the biggest disgrace in soccer i’ve ever seen. egypt players being blinded by lasers from the senegalese fans. absolutely unacceptable, game needs to be replayed. pic.twitter.com/XQylZriqPo — Garrett Schreiber (@garriberry) March 29, 2022...
(Видео) Руски медиуми: Гранатаран руски воен камп во близина на границата со Украина
Либертас - пред 139 дена
Граната погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, јави руската агенција ТАСС, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна. ТАСС јави за инцидентот веднаш откако висок локален функционер соопшти за серија експлозии во близина на рускиот град Белгород во близина на границата со Украина. Портпаролот на Брзата помош за РИА Новости изјавил дека во експлозијата се повредени четворица полицајци. Претходно беше јавено дека вечерва се слушнале неколку експлозии во селото во близина на рускиот град Белгород. Белгород се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина. Според првите информации експлодирал магацин за оружје, но тие не беа потврдени #ukrainebreakingnews A major #Saudi oil storage facility was destroyed by the #Iranian backed Houthi militias in #Jeddah, #SaudiArabia. #Kiev #Kyiv #Russia #Ukraine #UkraineRussiaWar #RussianUkrainianWar Our Telegram: https://t.co/WXsUcPwVXK pic.twitter.com/TAlvzbzXVB — Ukraine Breaking News (@Ukrbreakingnews) March 25, 2022...
Мицкоски до фудбалерите: Вашето време допрва доаѓа, Македонија вечна
Либертас - пред 139 дена
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски вечерва испрати поддршка до македонските фудбалери. Тој порача дека нивното време допрва доаѓа. -Нашите фудбалски херои покажаа игра за почит, борба и храброст пред која се поклонуваме. Вашето време допрва доаѓа. Македонија ќе ечи уште низ многу други фудбалски храмови. #МакедонијаВечна, напиша Мицкоски на Фејсбук. Македонските фудбалери загубија од Португалија со 2-0 и за жал не успеаја да се пласираат на Светското првенство во Катар....
Милевски: Треба да сме сите горди на овие наши момци
Либертас - пред 139 дена
„Треба да сме сите горди на овие наши момци кои сиот овој период ни покажаа дека имаат сериозен потенцијал да се доближиме до самиот европски и светски врв“ – порача селекторот Благоја Милевски. -Може да бидам горд и на денешното одиграно на нашите момци кои со кренати глави може да го завршат овој циклус за пласман на СП 2022, изјави Милевски. -По одиграното против Италија бевме исцрпени, знаев дека физички не можеме да се носиме, физички исто така и свесно сакавме да ги оддалечиме од нашиот гол. Жалам што примивме голови кога бевме доминантни во играта. Пепе и тоа како е важен дел од играта на португалската репрезентација, еден вид икона. Грешките се составен дел од играта, но и по таа грешка не отстапивме од организираноста на тимот. Мислам дека бевме достоен ривал и вакви натпревари како во Порто и Палермо можат да ни помогнат да се доближиме до врвот, посочи Милевски....
Денеска ќе бидат објавени податоците од Пописот 2021
Либертас - пред 139 дена
Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021 година, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година. На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц. Настанот ќе биде поделен во два дела: во првиот дел ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонесоа за успешното спроведување на Попис 2021, а во вториот дел ќе бидат објавени податоците од Пописот. Пописот 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од се, наспроти сите предизвици успешно завршен....
Гафовите на Бајден и судбината на Путин
Либертас - пред 139 дена
Во што е можеби суштинската разлика помеѓу демократијата и автократијата? Војната во Украина тоа одлично ни го демонстрира. Имено, кога американскиот претседател „ќе откине зелена“ (а тоа го прави неколку пати со личните дисквалификации за Путин и за иднината на неговото владеење во Русија што, без разлика на точноста, не доликува да го изрече претседател на САД, на страна што оди во домашна политичка корист на опонентот), се активираат надлежните американски демократски институции (Стејт Департментот, претседателските советници, медиумите) и го „демантираат“ самиот претседател, со појаснувања, ревидирања и отворени критики за изреченото. Кога, пак, рускиот претседател Путин „ќе откине зелена“ (а „позеленето“ му е целото завојувачко портфолио против Украина, што произведе голема меѓународна трагедија и речиси комплетен пораз на неговите политики, со катастрофални последици и по самата Русија), таму нема ниту кој да му се спротивстави, а не пак јавно да го „поправи“ кремаљскиот автократ. Во демократијата, врвните политичари, па макар и со задоцнување, поднесуваат сметка пред институциите, дури и во оние што директно „ги владеат“. Во автократијата нема институции. Има само неприкосновен лидер кому сите му се плашат и постојат само за да му ги „аминуваат“ и да ги операционализираат неговите одлуки, колку непромислени и да се тие. Бајден лично го презира Путин. Тоа не може да го сокрие, бидејќи јазикот му е побрз од мислата, наспроти големото меѓународно политичко искуство со кое располага. За таа лична пизма има многу причини и не само заради улогата на Путиновиот режим во американската демократска катастрофа со трауматичното искуството со Трамп, што ги доведе САД на работ од внатрешно-политички хаос со чии последици сѐ уште се справуваат. Сегашниот американски претседател е и со лична амбиција и мисија за консолидација на демократијата во светот, за што токму Путин му „овозможи“ извонредна меѓународна платформа и поттик, благодарејќи на неконтролираната агресија врз својот западен сосед, Украина. Демократската мобилизација што Бајден силно ја поттикна, само тој може силно и да ја загрози, ако во меѓународната заедница неговата суета се надвиси врз обединувачките демократски принципи. Путин, пак, е опсесивно решен да ја расклати и да ја уништи западната демократија. За него тоа, веќе, не е само прашање за опстанокот на Русија, туку и прашање за негов личен опстанок, бидејќи ваквата Русија е Путин, во потполното средновековно разбирање на Луј XIV. Додека тоа беше некаков „рационален“ идеолошки концепт, натпреварот се одвиваше низ вообичаените меѓународни канали за конфронтација: енергетски уценувања, разузнавачки подметнувања, пропагандни натпревари, воено-индустриски надмудрувања, прокси-конфликти и пазарења „од дистанца“. Но, по очигледниот воен дебакл во Украина, потврден и со неочекуваните руски најави (додуша, сѐ уште се само најави) во преговорите во Истанбул за дефанзивно редефинирање на пропаднатите руските агресивни планови на украинските боишта, за Путин резултатите од неговиот неуспех му „чукаат“ на самата врата од неговиот претседателски кабинет. И нему, а и на престрашените лакеи околу него, му е јасно дека годинешнава московска воена парада за 9-ти Мај може да му биде последна на која ќе ѝ мавта од претседателската ложа. … Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука...
Фернандеш: Обично Роналдо дава гол, а јас асистирам, овој пат е обратно
Либертас - пред 139 дена
Португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш постигна два гола во финалето на плејофот за Светското првенство 2022 година. Португалија синоќа во Порто ја совлада македонската фудбалска репрезентација со 2:0 и обезбеди пласман на Мундијалот во Катар. – Овој натпревар треба да се памети затоа што влеговме на Светското првенство. Беше многу важен натпревар, навивачите беа беспрекорни, атмосферата вечерва беше неверојатна. Луѓето разбираат што ни треба. За мене главната работа е да му помогнам на тимот. Ако е можно и да реализирам. Секако, сите сакаме да постигнуваме гол на секој натпревар, без разлика дали тоа е најважниот или најмалку важен. Не ги губам од вид идеите на нашиот тренер. Секогаш се трудам да го правам она што го бара тренерот. Главната работа е што Португалија победи. Секој има амбиција. Роналдо и јас не сме исклучок. Обично тој постигнува гол, а јас асистирам. Но, овој пат беше обратно, изјави Фернандеш. Репрезентацијата на Португалија шести пат по ред ќе учествува на Мундијалот. Последен пат тимот го пропушти овој турнир во 1998 година. На Светското првенство 2006 година стигна до полуфиналето, во 2010 и 2018 година стигна до 1/8 финалето, во 2002 и 2014 година не ја помина групата...
Од денеска без сертификат во угостителски објекти на отворено, а основците без маски во училиште
Либертас - пред 139 дена
Дел од новите мерките се однесуваат и на студенти за кои е одлучено да се вратат на настава со физичко присуство, но со почитување на рестрикциите како што се носење маска, одржување растојание, дезинфекција на рацете… Од денеска се олабавуваат дел од рестриктивните мерки за заштита од ковид-19 во земјава, откако вчера Владата ги усвои препораките на Главниот координативен штаб, кои претходно ги даде и Комисијата за заштита од заразни болести. Олабавувањето на рестрикции опфаќа укинување на мерката за задолжително поседување ковид-сертификат за посета на угостителските објекти на отворено. За затворените делови, пак, останува обврската за потврда за вакцинација или прележан ковид. Олабавување ќе има и за учениците од основно образование за кои се укинува обврската наставата да ја следат со маски, освен ако самите по своја желба не го бараат тоа. Наставниците и останатите вработени во училиштата, пак, ќе продолжат да носат маски. Дел од новите мерките се однесуваат и на студенти за кои е одлучено да се вратат на настава со физичко присуство. „Да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус ковид-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата – соопштија вчера од Владата. Друго олабавување на рестрикциите се однесува на тоа што се зголемува максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашните најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 отсто, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани. Станува збор за настани во театрите, кината, филхармонијата, како и настани од типот на семинари, обуки, состаноци, конференции и слично. Исто така, се укинува и обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори...
Ристовски: Португалија доминираше, но ние си заминуваме со кренати глави
Либертас - пред 139 дена
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски ги искажа своите впечатоци по синоќешниот дуел со Португалија во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022. – Сакам да и честитам на Португалија. Одигравме отворен натпревар, Португалија доминираше, но ние си заминуваме со кренати глави. Отидовме на патување на кое никој не би поверувал и можеме да бидеме горди на тоа. Го шокиравме фудбалскиот свет, но треба да продолжиме понатаму и да веруваме дека можеме почесто да учествуваме на вакви големи натпревари. Кога играш против толку големи тимови, против играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо, немаш простор за грешка. Но, тоа се случи, а Португалија го искористи тоа. Дадовме сé од себе, се обидовме да го израмниме резултатот, но вториот примен гол стави крај на нашите надежи, изјави Ристовски. Средбата во португалски Порто заврши со победа на домаќините со резултат 2:0. Двоен стрелец беше Бруно Фернандеш....
Видео: Голем пожар во зграда во Њујорк , Загинаа 19 лица, 9 од нив се деца
Либертас - пред 218 дена
Најмалку 54 лица се повредени денеска во голем пожар во Њујорк, од кои 31 се здобиле со повреди опасни по живот, јавија американски медиуми. Повеќе од 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот што избувна во дуплекс на третиот кат од зграда лоцирана во Бронкс, соопштија официјални лица. Многу од повредените биле на горните катови во моментот на пожарот. На местото на несреќата лекарска помош добиле 19 лица, додека останатите повредени се префрлени во локалните болници. Пожарот што избувна во 11 часот по локално време, е локализиран, соопшти полицијата. Западните агенциија јавуваат најмалку 19 луѓе, вклучувајќи девет деца, загинаа во пожар во станбена зграда во Њујорк, јавуваат агенциите. Повеќе од 60 луѓе се повредени во пожарот, соопшти пожарникарската служба на Њујорк. – Ова е ужасен, болен момент за градот Њујорк – рече градоначалникот Ерик Адамс. #NewYork#FDNY firefighters are currently battling a 5 alarm fire in the Bronx, reports say that 15 civilians are injured –⛑️⛑️ CPR in progress on numerus people including children. pic.twitter.com/87jQmm5NtW — RawNews1st🎥📰 (@Raw_News1st) January 9, 2022...
Вечерва силен земјотрес ја стресе Македонија
Либертас - пред 218 дена
Земјотрес со јачина од 5.5 степени според Рихтеровата скала ја затресе Македонија. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 5.5 степени според Рихтеровата скала а неговиот епицентар бил на 137 километри јужно од главниот град Скопје. , Felt #earthquake (#земјотрес) M5.5 strikes 137 km S of #Skopje (North Macedonia) 4 min ago. Please report to: https://t.co/aQJpJMSJY5 pic.twitter.com/TPbiq2F2JT — EMSC (@LastQuake) January 9, 2022...
Видео; Д-р Даниловски: Маските во затворен простор треба да се симнат, исто така и од учениците
Либертас - пред 219 дена
Омикрон е почеток на крајот на пандемијата – вели за Канал 5 епидемиологот Драган Даниловски. -Изолацијата повеќе не е потребна за никој освен за здравствените работници до 5 дена.Слободно сите да работат оние кои се без симптоми или со лесна слика, додека пак оние кои имаат поизразени симптоми да си одат на домашно лекување. Зарем можеме да прифатиме пола држава да ни оди во изолација?Сметам дека и маските во затворен простор треба да се симнат исто така и од учениците. Воедно сертификатите е нешто што е без смисла во овој амбиент во кој вирусот не почитува вакцини и го заобиколува имунитетот. Тогаш кого штитиме со сертификатите? Само на овој начин би дошле до колективен имунитет, но оваа стратегија баш не е безопасна во вој период би требало повозрасните да се притајат,а помладите да се изложат, смета Даниловски....
ДУИ e скандализирана од пост на Таравари Го цитира Хитлер, да се извини и веднаш да ја избрише објавата
Либертас - пред 219 дена
Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница, реагираше ДУИ. Од партијата велат дека Таравари бесрамно го цитира Хитлер: „затоа што народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!“ Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија треба веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари“, велат од партијата на Али Ахмети. ДУИ бара од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите, од невладините организации да го кренат својот глас против ваквиот став на Арбен Таравари, за коj, велат од партијата, нема место во нашето општество. Што напиша Таравари? Градоначалникот на Гостивар и висок функционер на Алијансата, попладнево на својот личен профил на Фејсбук напиша: „Втората светска војна можеше да заврши порано и можеше да се спасат многу животи кои беа збришани како резултат на нејзиното лудило. Во време кога Хитлер почнал да се намалува донекаде во воената моќ и мапата на неговите освојувања почнала да се распаѓа, еден од неговите команданти го информирал за овие работи и го замолил да се повлече од војната затоа што биле убиени многу невини луѓе, меѓу кои и многу деца. Хитлер категорично му се спротивставил со: ‘Затоа што народот гласаше за нас, сега нека трпи смрт!’“,се вели во објавата. Извор: Плус инфо...
Видео:Сведоштво на пожарникарите кои први интервенираа на запалениот автобус на „Беса транс
Либертас - пред 219 дена
Бугарската ТВ Нова објави ексклузивна сторија во која со огромна доза на емоција за прв пат пред камерите говорат пожарникарите кои први пристигнале на местото каде гореше автобусот на македонската компанија „Беса Транс“. Тие велат дека се соочиле со нешто што не може да им излезе од сеќавањата и се надеваат дека никому повеќе нема да му се случи таква трагедија. „За мене 23 ноември е многу тежок ден. Не би сакал такво нешто да се повтори. Навистина е многу тешко за блиските на загинатите, но беше тешко и за нас“, вели пожарникарот Николај Иванов. Првата екипа која пристигнала на местото на несреќата била од гратчето Перник. Пожарникарот Пламен Николов укажува дека се работи за искусен тим, но дека тие воопшто не биле подготвени дека ќе се соочат со таква катастрофа. „Никој од нас не очекуваше дека во автобусот ќе има толку многу луѓе“, вели тој. Ним им било кажано дека во автобусот што имал незгода има и луѓе кои се притиснати меѓу седиштата. „Постапивме така како што дејствуваме вообичаено. Најбргу што можевме дојдовме до местото, но трагедијата беше голема и немавме никаква шанса да им помогнеме на луѓето“,укажуваат пожарникарите....
ВИДЕО : „Слобода за Ѓоковиќ“ ечи во Париз
Либертас - пред 219 дена
Низ Франција денеска повеќе од 100.000 луѓе протестираат против воведувањето пропусници за вакцинација и неодамешната изјава на претседателот Емануел Макрон дека ќе ги нервира невакцинираните граѓани. На протестот во Париз поддршка доби и светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ кој е во имиграциски притвор во Австралија. Демонстрантите почнаа да извикуваат „Слобода, Ѓоковиќ“ на српски јазик. Голем пожар во зграда во Њујорк, најмалку 54 повредени...
Голем пожар во зграда во Њујорк, најмалку 54 повредени
Либертас - пред 219 дена
Најмалку 54 лица се повредени денеска во голем пожар во Њујорк, од кои 31 се здобиле со повреди опасни по живот, јавија американски медиуми. Повеќе од 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот што избувна во дуплекс на третиот кат од зграда лоцирана во Бронкс, соопштија официјални лица. Многу од повредените биле на горните катови во моментот на пожарот, додаваат официјални лица. На местото на несреќата лекарска помош добиле 19 лица, додека останатите повредени се префрлени во локалните болници.Пожарот што избувна во 11 часот по локално време, е локализиран, соопшти полицијата....
Д-р Мехмедовиќ: Омикрон се шири бргу, последиците допрва ќе се анализираат
Либертас - пред 219 дена
По регистрацијата на првиот случај на омикрон во државата, прашање на време е кога таа варијанта ќе биде силно раширена и кога таа ќе биде доминантна, вели д-р Злате Мехмедовиќ во разговор за телевизија 24. – Веројатно, тоа нема да застане тука. Иако вирусите не се живи суштества, тие имаат тенденција да еволуираат и таа еволуција ја покажуваат преку мутации, односно преку унапредување на своите својства и можноста да го одбегнуваат човековиот имунитет и на тој начин да си ја остварат својата единствена причина поради којашто постојат, а тоа е да се реплицираат и да преживеат, објаснува докторот. Како што вели д-р Мехмедовиќ, вакцините многу помогнаа во процесот на спречување на тешката симтоматологија и на смртните исходи кај варијантите на ковид-19 коишто се појавија. – Тоа го гледаме и со последната варијанта омикрон. Иако станува збор за податоци кои сѐ уште е рано да се толкуваат, може да се каже дека во основа клеточниот имунитет којшто е создаден како резултат на прележување на болеста и на вакцинирањето, нуди сосема добра и квалитетна заштита во однос на тешките клинички форми на болеста и смртен исход од неа, вели тој....
Родители бараат второ полугодие со онлајн настава
Либертас - пред 219 дена
Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од ФБ група со над 15 000 членови, за утре најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава. -Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства. Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето....
Додик: Република Српска ќе биде независна и во федерација со Србија
Либертас - пред 219 дена
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик верува дека еден ден Република Српска ќе биде независна држава и ќе има федерален или конфедеративен статус со Србија. Во интервју за „Вечерњи новости“, Додик изјави дека конфедерацијата или федерацијата на Србија и Српска ќе биде придонес за стабилизација и мир во оваа област. Зошто ние Србите да немаме право на тоа? Сите се дрзнаа да се одвојат од Србите и да ја растурат Југославија, а Србите немаат право да се одвојат од муслиманите во БиХ и треба да трпат да ги угнетуваат и да им се уништи нивниот идентитет и Српска. Ова е како насилен брак, рече Додик. Наведувајќи дека постојано се повикува на некакво помирување, Додик прашува како е можно да се помират народите кои никогаш не биле на иста страна од историјата....
Утре ќе се знае дали на „казино-лабораторијата“ ќе и биде одземена лиценцата за работа
Либертас - пред 219 дена
Лабораторијата „Ели Медика Плус“ се соочува со можност да и биде одземена лиценцата за работа, откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и издаде забрана за вршење на здравствена дејност. Тие работеле спротивно на прописите за здравствена заштита односно вршеле тестирање надвор од сопствените лиценцирани простории, објави ТВ 24. Актуелниот министерот за здравство Венко Филипче најавува дека документација од инспекторатот ќе биде разгледана утре и дека „доколку има било каква отстапка, лиценцата ќе биде одземена“. Од инспекторатот за ТВ24 изјавиле дека лабораторијата работи вон добиената дозвола, посочувајќи дека не само шт работи диво, туку врши тестирања надвор од нивните простории, во казино во Дојран. Велат дека не е првпат оваа лабораторија да работи надвор од законските прописи и да добие забрана за работа. Од инспекторатот пред 3 дена направиле вонреден надзор и затекнале импровизиран пункт за ковид тестови. „По завршување на надзорите ДЗСИ донесе решение за забрана на ДОО Кинг Еуропе за изнајмување на простор за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите на Законот за здравствена заштита и употреба на објект без претходна согласност или одобрение од министерството за здравство. За Ели Медика Плус е донесено решение за забрана за вршење на здравствена дејност спротивна на прописите за здравствена заштита и за употреба на објект без претходна согласност од ресорното министерство“, велат од ДЗСИ за телевизијата. Од ТВ 24 побарале став од лабораторијата, но оттаму во кус телефонски разговор им кажале за сите информации да им се обратат од утре. Инаку, МВР веќе извршиле претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран, а целокупната одземена документација е испратена до Основното јавно обвинителство во Гевгелија....
Регистрирани 1.396 новозаболени од ковид, починаа 9 лица, 6 во изминатото деноноќие
Либертас - пред 219 дена
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: • Направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9, Пробиштип – 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1. • Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 – 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови. • Направени се 11.479 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-123, ЦЈЗ Прилеп-77, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-253, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –7,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3,Жан Митрев (Филип Втори)-198, Авицена-313, Биотек-501, Систина-179, лабораторија Лаор-932,Синлаб-158, Ремедика-30, Плодност-222, Генеа-13, Никоб Лаб-1.048, ВФВ Медикал-159, Ели Медика-599, Ројал Медика–120, Спектра-ММ-63, Рапид Лаб–71, ЖанМитрев Струмица–71, Нова Лаб Дијагностика–60, Рамус-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 5.845. Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно) Скопје 104109 6152 Куманово 13350 239 Тетово 11533 121 Прилеп 11277 625 Битола 10068 885 Гостивар 8180 102 Кавадарци 7704 314 Велес 7644 177 Охрид 7107 409 Штип 6917 184 Струмица 6446 213 Кичево 4415 119 Кочани 4183 85 Струга 3995 65 Гевгелија 3096 181 Неготино 2708 80 Свети Николе 2179 35 Крива Паланка 2001 56 Ресен 1967 109 Радовиш 1860 65 Делчево 1505 50 Берово 1492 13 Дебар 1464 6 Виница 1193 15 Пробиштип 1170 28 Валандово 1085 69 Кратово 797 8 Богданци 713 37 Демир Хисар 663 26 Крушево 654 53 Македонски Брод 564 29 Демир Капија 440 7 Македонска Каменица 433 7 Пехчево 366 7 Дојран 186 7 Вкупно 233464 10578 Kовид состојба 09.01.2022 (податоците се заклучно со 08.01.2022) Новозаразени: 1.396 Тестирани: 11.479 Оздравени: 348 Починати: 9...
Блинкен: Не очекуваме голем напредок во преговорите со Русија оваа недела
Либертас - пред 219 дена
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека не очекува голем напредок во американско-руските безбедносни разговори оваа недела, но дека се надева дека се уште има области за кои двете страни би можеле да се договорат. „Не верувам дека ќе видиме некои големи промени во неделата што следи“, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен. Блинкен ја предупреди Русија на опасност од „конфликт“ пред почетокот на исклучително тензичните преговори за ситуацијата во Украина, што ќе се одржат во Женева. „Од една страна, постои дијалог и дипломатија што може да се обиде да реши некои од разликите и да избегне конфликт“, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен. „А другиот начин е конфликтот и големите последици за Русија, ако таа земја прибегне кон агресија против Украина. Дадена можност да видиме кој шпат е подготвен да го избере претседателот Путин“....
ЈСП: Превозот не поскапува, туку се воведува нова услуга
Либертас - пред 219 дена
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ, велат дека јавниот превоз на поскапува туку дека се воведува нова услуга. „Во интерес на јавноста е да се објасни дека превозот не се поскапува, туку се воведува нова услуга. Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење. Новото раководство на ЈСП Скопје ќе продолжи да применува проекти во интерес на корисниците на јавниот превоз, користејќи ги сите расположливи ресури и капацитети на претпријатието“, велат од ЈСП. Мартин Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје, реагираше на најавата дека ЈСП воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз кој ќе чини 120 денари. „СДСМ има најмалку право да зборува за проектите на ЈСП, претпријатие коешто стана еден од најголемите загубари изминативе четири години. Претпријатието е водено несовесно од претходното раководство и поради тоа се наоѓа во толку лоша состојба“, велат од ЈСП....
Тафталиџе без вода, пукнала цевка спроти Млечен
Либертас - пред 219 дена
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од утринските часови се на терен и работат на отстранување на дефектот на цевка со дијаметар 400мм на ул. Теодосиј Гологанов, односно на раскрсницата со ул. Анкарска. Имајќи ја предвид големината на дефектот, со прекинато водоснабдување се корисниците од следните улици: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис, Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле. „Нашите екипи со потребната механизација работат на што побрзо oтстранување на дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување. Се работи за деликатен дефект, на поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато“,информираат од скопски Водовод....
Инспекторите и денеска на терен за „недела неработен ден“
Либертас - пред 219 дена
Ова е втор викенд откако недела е неработен ден со измените на Законот за работни односи кој стапи на сила од 1 јануари. Во главниот град освен големите трговски центри, аптеките и кафулињата, но и некои од пекарите, ретко каде можеше да се најде отворена прехранбена продавница. -Вообичаено голем дел од продавниците работеа и во недела, но со измената на законската регулатива недела е неработен ден. Дали се почитува законот, инспекторите проверуваат. Сопствениците на објектите кои ќе работат во недела, најдоцна до сабота треба да поднесат листа за вработените кои ќе работат. Канал 5 беше на терен заедно со инспекторите од трудовиот инспекторат. Контролата се прави по случаен избор. Сепак за граѓаните проблем е што имаат итна потреба за одредени производи од прехранбени продавници, но се затворени. Се жалат дека работат само моловите, а нема каде да проверат кои од помалите продавници работат. -Немаше ништо отворено. Баш прошетав утринава, имав потреба нешто да купам, работеа само трговските центри, вели жител на скопската населба Карпош. Побаравме одговор од Државниот инспекторат за труд од каде велат дека во фаза на изработка се тие податоци и граѓаните до крајот на месецот ќе имаат можност преку веб страницата на Инспекторатот да проверат кои објекти ќе работат во недела. -Државниот инспекторат за труд направи свој систем за пријава за работа во недела. Сите тие пријави кои што доставуваат работодавачите се обработуваат, и во табела ќе бидат достапни за граѓаните и тие ќе можат да видат кои од работодавачите можат да работат во недела. Тоа ќе биде јавно достапен податок на веб страницата на ДИТ, вели Весна Томовска – Главен инспектор за цела земја. Денеска инспекторатот извршил 23 контроли утврдил три неправилности. Работодавачите претходно не го известиле ДИТ дека ќе работат во недела. Изречени им се опомени....
Ципрас позитивен на корона: Имам благи симптоми
Либертас - пред 219 дена
Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас, преку социјалните мрежи, соопшти дека е позитивен на Ковид-19, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му посака брзо закрепнување. Ципрас, кој кон средината на ноември ја прими и бустер дозата, преку „Твитер“ денеска соопшти дека при превентивно молекуларно тестирање синоќа добил позитивен резултат, а неговата партнерка Бети и двете деца се негативни. – Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав, напиша Ципрас на „Твитер“. Грчкиот премиер, исто така преку „Твитер“, му посака на Ципрас брзо закрепнување. – Со оглед на тоа дека ја има примено и бустер дозата на вакцината, сигурен сум дека сè ќе биде добро, напиша Мицотакис....
Народната банка на Казахстан нареди прекин на работата на менувачниците во државата
Либертас - пред 219 дена
Во Казахстан е суспендирана работата на менувачниците поради безбедносни причини, соопшти Народната банка на Казахстан. „Работата на менувачниците ќе биде привремено прекината поради безбедноста на канцелариите, како и поради безбедноста на нивниот персонал и клиенти“, се вели во соопштението на Народната банка објавено на веб-страницата. Заменик министерот за одбрана на Казахстан, генерал Султан Гамаљединов, претходно денеска изјави дека ситуацијата во таа земја се стабилизира и дека е под контрола на властите.Тој на заедничкиот брифинг со командантот на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) Андреј Сердјуков рече дека антитерористичката операција ќе продолжи до, како што наведе, „целосно уништување на терористите и воспоставување ред во земјата“. Протестите почнаа во Казахстан на 2 јануари по поскапувањето на горивата, кои подоцна прераснаа во немири и судири со безбедносните сили. Според последните податоци, загинаа 164 лица, а лекарска помош побарале 2.200...
Пендаровски и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан
Либертас - пред 219 дена
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. На божиќната трпеза присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА...
Одгледувачите на свињи ќе бараат порадикални мерки за висоризичните фарми
Либертас - пред 219 дена
Македонските одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума. Бојан Ѓорѓиевски од Здружението на одледувачи на свињи „Македонско прасе“ вели дека порадикалните мерки ќе се однесуваат за високоризичните одгледувалишта, а ќе се однесуваат на нивна поголема контрола од институциите. Според него, афиканската свинска чума е заразно заблоување, кое не е опасно за луѓето, но доколку се појави и еден случај во една голема фарма се ништат сите свињи. Одгледувачите на свињи во моментов и официјално ги чекаат резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои треба да кажат дали заразата во делчевско Драмче е од дива свиња. -Ова е како корона вирус кај свињите. Во рок од три до пет дена може да угине цело стадо. Не постои вакцина против неа и единствено може да помогнат биосигурносните мерки. Не се пренесува на луѓето, а месото може да се користи со термичка обработка. Ќе чекаме од АХВ да видиме дали и официјално заразата е дојдена од дива свиња, по што ќе ги кажеме и нашите предлози за справување со болеста, вели Ѓорѓиевски. Тој најави дека во вторник ќе имаат прес-конференција во Скопје, кога ќе ги презентираат нивните барања. Во земјава од свињарството директно или индиректно живеат околу 10.000 семејства, дури 60 отсто од свињите се одгледуваат во индивидуални стопанства. Станува збор за бизнис од 100 милиони евра, пари кои остануваат во македонската економија....
30 посетители се изгубиле на Попова Шапка, тројца повредени – времено се затвора жичницата и ски-лифтот
Либертас - пред 219 дена
Ски центарот на Попова Шапка информира дека дека поради појава на густа магла, заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге”. „Воедно, Ве информираме дека во текот на денот, поради појавата на магла и намалената видливост, беа изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамки на Ски-центарот “Попова Шапка” беа пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои беа повредени, беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување“, додаваат од таму....
Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во нигериската држава Замфара
Либертас - пред 219 дена
Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара. Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот. Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите. Нигериската влада долго време е во конфликт со голем број локални криминални групи кои ги нарече „банди“. Таа објави дека се работи за криминална мрежа која дејствува на голема површина, краде животни, киднапира заради откуп и ги убива оние кои им се спротивставуваат, пишува Би-Би-Си. Во меѓувреме, локалните медиуми објавија дека вооружените групи ги напуштаат засолништата во шумските области поради нападите на власта...
Австралиската влада тврди дека на Ѓоковиќ не му бил гарантиран влез во државата
Либертас - пред 219 дена
Австралиската влада не му гарантиташе на тенисерот Новак Ѓоковиќ дека ќе биде прифатено неговото медицинско ослободување за влез во Австралија, соопштија владините адвокати во судски поднесок денеска. Предлогот пред судското рочиште в понеделник ја брани владината одлука да му забрани влез во Австралија на првиот тенисер во светот поради статусот на вакцинација. Ѓоковиќ се надева дека ќе го освои својот 21 грен слем на Австралија опен, кој започнува во Мелбурн на 17 јануари. Но, наместо на тренинзи, Ѓоковиќ е во хотел за баратели на азил. Тенисерот се обидува да ја оспори одлуката за одбивање на визата откако му беше забранет влез во земјата по пристигнувањето на аеродромот во Мелбурн во четвртокот рано наутро. Ѓоковиќ, гласен противник на задолжителната вакцинација, одби да го открие својот статус на вакцинација и причината поради која побарал медицинско изземање од австралиските правила за вакцинација. Но, неговите адвокати во саботата поднесоа тужба до судот, тврдејќи дека српскиот тенисер добил изземање затоа што во декември се заразил со коронавирус. Се додава дека МВР оценило дека неговите одговори во австралиската патничка изјава укажуваат дека ги исполнува условите да влезе во земјата без да оди во карантин. Сепак, во поднесокот на Владата се наведува дека е-поштата на министерството не е гаранција „дека ќе биде прифатено неговото таканаречено „здравствено ослободување“ и дека неговите одговори ќе бидат прегледани и проверени по неговото пристигнување. Владин поднесок го оспорува барањето на Ѓоковиќ за медицинско ослободување со образложение дека тој се заразил со коронавирус во средината на декември. „Нема индикации дека подносителот имал „тешка акутна болест“ во декември 2021 година. Се што рекол е дека бил позитивен на тестот за Ковид-19“, се вели во владиниот поднесок....
Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во нигериската држава Замфара Гусау, 9 јануари 2022 (МИА) – Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара. Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот. Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите. Нигериската влада долго време е во конфликт со голем број локални криминални групи кои ги нарече „банди“. Таа објави дека се работи за криминална мрежа која дејствува на голема површина, краде животни, киднапира заради откуп и ги убива оние кои им се спротивставуваат, пишува Би-Би-Си. Во меѓувреме, локалните медиуми објавија дека вооружените групи ги напуштаат засолништата во шумските области поради нападите на власта
Либертас - пред 219 дена
Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара. Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот. Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите. Нигериската влада долго време е во конфликт со голем број локални криминални групи кои ги нарече „банди“. Таа објави дека се работи за криминална мрежа која дејствува на голема површина, краде животни, киднапира заради откуп и ги убива оние кои им се спротивставуваат, пишува Би-Би-Си. Во меѓувреме, локалните медиуми објавија дека вооружените групи ги напуштаат засолништата во шумските области поради нападите на власта...
Анализа: Колку јавните функционери и институции користеле социјални мрежи во 2021 година
Либертас - пред 219 дена
115 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2021 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а мислењата од граѓаните речиси се неважни, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени и Јана Мировска, Магдалена Ристовска, Дарко Беровски, Елена Димчевска, Виолета Огњановска и Теа Димковска – студенти од втора година на отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. „Повторно наидовме на веб страни на јавни институции кои не се фокусирани примарно на потребите и услугите за граѓаните, туку главно кон промоција на функционерите, односно објава на класична промотивна содржина. Она што годинава се забележува е дефинитивната потреба од изработка на усогласени правни процедури за примопредавање на корисничките сметки на јавните институции на социјалните медиуми. Ова е особено важно бидејќи политичарите често ќе се менуваат од раководните функции, но институциите мора да имаат континуитет. Ова е нормална демократска пракса во развиените земји и мислам дека е крајно време да ја спроведеме и кај нас, без притоа да зависи од човечката волја“, вели Бојан Кордалов, комуниколог и автор на оваа Анализа изработена за потребите на ИДУЕП. Претседател Кај Претседателот на Републиката, Анализата покажува позитивно непроменет резултат. И во 2021 година, како и претходните две, претседателот бил истовремено присутен со своја официјална веб страна, како и онлајн активности на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Собрание Пад за 4 споредено со 2020 година или 115 од вкупно 120 пратеници во Собранието биле активни на Фејсбук минатата година. Анализата покажува и пад за 2 на бројот на активни пратеници на Твитер, односно вкупно 24 биле активни на оваа социјална мрежа. Состојбата на Инстаграм останува непроменета каде свои онлајн активности во 2021, како и во 2020 година имале 35 народни избраника. Анализата покажува дека вкупно 11 од 120 пратеници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека 5 народни избраници немале свој профил/страна или канал на било кој од социјалните медиуми во 2021 година. Споредено со 2020 година, се бележи пад и во овој сегмент (15 биле активни на сите наведени платформи, а само 1 граѓаните не можеле да го контактираат преку Фејсбук, Твитер или Инстаграм). Влада и министерства Раст на онлајн комуникацијата со граѓаните преку социјалните медиуми е забележан кај Владата. Секој член на владиниот кабинет или 20 од вкупно 20 министри биле активни на Фејсбук и во 2021 година. Твитер бил изборот на 16, додека Инстаграм на 15 министри, што е раст за 1 споредено со 2020 година. 13 министри биле истовремено активни на сите наведени платформи, што е подобрување за 3 споредено со 2020 година кога вкупниот број на активни министри на наведените платформи изнесувал 10. Трета година по ред, оваа Анализа ги опфаќа го онлајн присуството на министерствата и веб платформата на Владата. Свои официјални веб страни во 2020 година имале сите 17 институции, а сите 17 биле активни на Фејсбук, 8 на Твитер, а 5 присутни на Инстаграм. Новина е следењето за прв пат на активноста на владиниот кабинет на ЈуТјуб, каде во 2021 година биле присутни вкупно 5 од 17 министерства. Само Владата, Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем се истовремено активно присутни со веб платформа, како и со свои акаунти на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и ЈуТјуб. За прв пат нема случај кога некое министерство не нуди можност да биде контактирано од граѓаните преку социјалните медиуми, што претставува напредок споредено со 2020 година кога таква можност не нудеше 1 министерство, а особено со 2019 кога оваа опција не ја обезбедувале дури 5 министерства. „Како земја се соочуваме со зголемена политичка апатија кај граѓаните, а особено тоа е евидентно помеѓу младите луѓе. Токму правилната активност на социјалните медиуми може да биде начин како да се привлечат младите да ги следат, но и да се вклучат во општествените активности. Социјалните медиуми се простор за интеракција, но мора да се сфати дека тие прераснуваат и во место каде се пријавуваат проблеми, даваат идеи и иницијативи – со еден збор тоа се места каде се обезбедува понепосредна демократија и можност за граѓаните, организациите и компаниите да се вклучат во процесите на одлучување. Зарем уште треба да се потсетуваме дека во ера на дигитализација, недозволиво е граѓаните кои сакаат онлајн да ги контактираат јавните институции, тоа да не им биде овозможено“, истакна Бојан Кордалов, автор на Анализата спроведена за потребите на ИДУЕП. Напомена: По изборот на нова Влада, ИДУЕП во текот на 2022 година ќе изработи дополнителна анализа за степенот на користење на социјални медиуми од страна на новиот владин кабинет. Градоначалници и општини Мал напредок се забележува и во делот на активното користење на социјалните медиуми кај единиците на локалната самоуправа. 80 од вкупно 81 градоначалник биле активни на Фејсбук во 2021 година, бројка која е за 3 градоначалници зголемена споредено со 2020 година. На Твитер во 2021 година биле активни само 6 градоначалници, додека на Инстаграм тој број изнесувал 37. Споредба со 2020 година: 7 градоначалници на Твитер, а 32 на Инстаграм; во 2019 година: 5 градоначалници на Твитер, а 25 на Инстаграм. Статистиката покажува дека вкупно 5 градоначалници минатата 2021 година истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, што е пад за 1 споредено со 2020 година. Во 2021 година само 1 градоначалник немал свое присуство на ниту еден од социјалните медиуми, што е подобрување споредено со 2020 година кога бројката била 3, а особено со 2019 година вкупно 7 градоначалници не биле активни на ниту една социјална платформа. Кај општинското онлајн присуство се забележани следните статистики за 2020 година: Активни веб страни имаат сите 81 општина, 60 се присутни на Фејсбук, 4 на Твитер, а 11 општини нудат можност да бидат контактирани преку социјалната мрежа Инстаграм. За прв пат се анализира и активноста на ЕЛС на мрежата за видео објави, при што е забележано дека 25 од вкупно 81 општина биле активни со свој ЈуТјуб канал. Свое истовремено веб, како и присуство на социјалните медиуми (Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб) и оваа година имаат Градот Скопје и општина Карпош, додека, пак, во 21та година од 21 век, дури на 19 општини не можело да им се пристапи преку било која од овие социјални мрежи. Споредба со 2020 година: Активна веб страна имале 79 општини, 60 биле присутни на Фејсбук, 4 на Твитер, а 17 на Инстаграм. „Секоја година станува поочигледно дека е неопходно поставување на стандарди за транспарентност и двонасочна комуникација на јавните институции и нивните функционери со граѓаните и медиумите. Недозволиво е тие да бидат неактивни на социјалните медиуми во земја во која над една третина од граѓаните се присутни таму, а бројот на активни интернет корисници е речиси идентичен со статистиката во скандинавските земји. Отвореноста на јавните институции мора да се мери и со овој параметар, бидејќи од степенот на активноста на социјалните мрежи зависи и демократскиот капацитет на една земја. Активноста на социјалните мрежи и респонсивноста преку официјалните веб страни не е замена за комуникацијата и отвореноста на функционерите и институциите со медиумите. Напротив, колку политичарите се поактивни и поизложени преку дигиталните платформи, толку повеќе информации и материјал се создава и става на располагање на медиумите“, посочи Бојан Кордалов, автор на Анализата и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП....
Д-р Лазаров: Физиолошки раствор е солена вода, а не магичен лек за ковид
Либертас - пред 219 дена
Докторот Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил препорача заразените со Ковид 19 да не се потпираат само на лекување со инфузија во домашни услови. „Исклучително ретко требаат инфузии кај ковид пациенти во домашни услови, особено во овој бран кога нема толку стомачни проблеми. Разберете дека се што е преку уста внесено е најсоодветно за организмот, физиолошки раствор е солена вода не магичен лек и не треба да се злоупотребува во комерцијални цели. Кај оние пациенти кај кои треба секојдневна парентерална терапија треба да бидат во болница, со чесни исклучоци нормално. Нашата улога во домашна посета кај ковид пациенти е со друга клучна функција, а тоа е тријажирање кој е за дома а кој за во болница, да се третираат соодветно тие што се за дома, да аплицираме ординирана терапија од други колеги кои го водат пациентот и сл“, напиша Лазаров....
Наместо бесплатен, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го поскапеа превозот со ЈСП, реагираат од СДСМ
Либертас - пред 219 дена
СДСМ реагираат на најавата дека Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз кој ќе чини 120 денари. Оттаму велат, наместо бесплатен јавен превоз, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, со ваков потег ја поскапуваат услугата. „Само две недели им беа потребни на партиските кадри поставени од Данела Арсовска да ја закочат и уназадат работата на Јавното сообраќајно претпријатие. Уште во првите недели по поставувањето раководството на ЈСП бара помош од Влада, очигледно неспособно да се справи со предизвиците. ЈСП е под надлежност на Град Скопје и помош прво треба да побара од Градот и градоначалничката Арсовска“, кажа на денешната прес-конференција Мартин Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје. Од владејачката партија велат дека Владата му помогнала на ЈСП со тоа што даде гаранција за заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за имплементриање на Бас рапид транзит системот. „Арсовска заради лични каприци реши да го прекине овој проект кој треба сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во главниот град. Наместо да го продолжи проектот за кој се обезбедени средства, проект кој е целосно еколошки и ефикасен, Арсовска ги лаже скопјани дека ќе воведе бесплатен превоз дури за две години отсега. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни ниту да управуваат успешно со ЈСП а не пак да донесат 250 нови автобуси и да воведат бесплатен јавен превоз“ вели Попов. Од владејачкиот СДСМ обвинуваат дека со прекинување проекти, со кратење средства за животна средина, понитување огласи и партизација на администрацијата, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ уште во првите месеци покажале дека немаат намера да се грижат за граѓаните, туку единствено за своите лични и партиски интереси. „Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, оваа партија заедно со Арсовска сака да го запусти градот и да го спречи неговиот развој“,велат оттаму....
Посебен сообраќаен режим во Скопје во наредните три дена
Либертас - пред 219 дена
Министерството за внатрешни работи известува за посебен сообраќаен режим во Скопје во наредните три дена, 10, 11 и 12 јануари 2022 (понеделник, вторник и среда) поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета на Северна Македонија. МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници....
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да отвори истраги против Заеви, ако сака да биде сериозно сфатен
Либертас - пред 219 дена
ВМРО-ДПМНЕ реагира на интервјуто на мандатарот за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски, објавено денеска во МИА. Опозицијата го обвинува Ковачевски дека ги повторува истите ветувања кои лажно ги давал и Зоран Заев. „Единствена улога на Ковачевски е да го штити криминалот на Заеви. Доколку Ковачевски сака некој воопшто да му верува ќе отвори истрага против Зоран и Вице Заев за обвинувањата дека кај нив завршиле парите од рекет. Ќе покрене иницијатива кој и зошто го избришал името на Вице од пријава за рекет во РЕК Битола. Доколку Ковачевски навистина сака да му верува некој ќе го повика Трајче Заев на распит за шверцот со дрога во кој беше фатен неговиот шофер. Доколку Ковачевски сака да биде сериозно сфатен, уште во првите 100 дена треба да има истраги за Зоран, Вице и Трајче Заеви. Доколку тоа не го направи тој ќе се покаже јавно дека е нивен заштитник. Во однос на енергетската и еконкмската криза, Ковачевски е еден од причинителите на истата. Тој како заменик министер за финансии учествуваше во лошите економски политики кои доведоа до инфлација“,се влеи во соопштениетo...
Ковачевски Со Петков очекувам да ги поставиме основите за натамошната соработка, која ќе ги надмине строгите историски рамки и термини
Либертас - пред 219 дена
Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски во интервју за МИА изрази очекување дека со новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, кој на 18 јануари најави посета на земјава, ќе изгради конкретен и пријателски однос, со реторика меѓу двете држави која ќе биде на високо ниво. При првата посета на Петков на Скопје, Ковачевски очекува да ги утврдат основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на дејствување надвор од строго историски рамки и термини. -Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји. Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес. Само со ваков пристап ќе бидиме запаметени како лидери кои балканските конфликти ги надминале со европски пристап. Преку политика на взаемно почитување, градење иднина, соработка и компромиси, истакна Ковачевски во интервјуто за МИА. Тој нагласи дека двете земји имаат огромен потенцијал за развивање на конкретна соработка во повеќе области: економија, инфраструктура, туризам, образование и култура, помош во европските интеграции и зближување на нашите народи и граѓани. Ковачевски вели дека во целиот тој процес не би отстапил од правото на самоопределување и посебниот идентитет и јазик, што е неотуѓиво право на секој народ. -Затоа во преговорите не можеме да правиме отстапки околу тоа дека сме Македонци од Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик и имаат посебен идентитет. Тоа е отсликано и во Декларацијата, која ја усвои нашето Собрание со поддршка од сите партии, вели Ковачевски. На самиот крај е составувањето на новата влада, која ќе ја предводи тој, вели во интервјуто за МИА и без да каже конкретни имиња за првите луѓе во министерствата, Ковачевски напомена дека секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата. -Тоа е основен принцип на ефикасно управување и новата влада ќе се води по него. Што се однесува до новиот владин состав и ресорите со кои ќе раководи СДСМ, станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација и резултати во своите ресори. Од сите нив очекувам максимално посветена работа, остварување на ветеното и фокус на приоритетите од програмата, истакна Ковачевски. Примарен фокус на неговата влада во следните три месеци, како што посочи ќе биде ставен на нашиот одговор на енергетската криза, а веќе е подготвен и план. Тој лично во кризата гледа шанса конечно како држава да направиме енергетска транзиција и да фатиме нов правец за енергетска самостојност и самоодржливост. Ковачевски најави и подготовка на сетови на антикризни мерки кои ќе дадат силен стимул за компаниите и ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните. Тој додава дека во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра и во наредниот период следуваат антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството. Во интервјуто за МИА истакнува дека очекува континуиран раст на вкупната економија со стапки од најмалку 4,6 отсто до 5,9 отсто годишно. Во продолжение следува целото интервју со Ковачевски: Новиот владин состав сигурно веќе е во завршна фаза, за каков профил на луѓе имаше место во владата на Димитар Ковачевски? Да, новата Влада интензивно ја подготвувавме изминатите недели и веќе сме на самиот крај. Ги реализиравме сите средби со коалициските партнери за усогласување на програмите и кадровските решенија и задоволен сум како течеше целиот процес. Нашата цел да составиме стабилна Влада со јасни принципи на делување е исполнета. Ваквата Влада ќе значи ефикасност во работењето и стабилност во решавањето на сериозните предизвици кои ни претстојат. Во однос на кадровските решенија, би рекол дека тоа се луѓе кои ги отсликува ефикасноста во работењето, имаат сериозен професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓаните и општеството. Социјалдемократските вредности и пристап во политиката се исто така одлика на новиот тим. Тоа се луѓе кои веруваат во еднаквоста и солидарноста, кои се борат за правата на ранливите, а правичноста е нивна карактерна особина. Кои од министрите се незаменливи и ќе останат во првиот ешалон и во вашата влада? Секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата. Тоа е основен принцип на ефикасно управување и новата влада ќе се води по него. Што се однесува до новиот владин состав и ресорите со кои ќе раководи СДСМ, станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација и резултати во своите ресори. Од сите нив очекувам максимално посветена работа, остварување на ветеното и фокус на приоритетите од програмата. Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. За ова да го постигнеме секој член, секој дел од овој мотор мора да функционира беспрекорно. Седнувате на чело на влада во време на сериозни предизвици со здравствената и енергетската криза, но и сериозни ценовни покачувања од 1 јануари. Има ли владата јасна стратегија како ќе го заштити стандардот на граѓаните? Примарен фокус во следните три месеци ќе биде ставен на нашиот одговор на енергетската криза која е резултат на глобалните движења. За тоа веќе имаме подготвен план. Јас во кризата гледам шанса, да конечно како држава направиме енергетска транзиција и да фатиме нов правец за енергетска самостојност и самоодржливост. Ваквата транзиција ќе биде базирана на обновливи извори на енергија и темелот на идниот развој. Ова ќе биде една од главните преокупации на владата а првите одлуки ќе се донесат веднаш по нејзиниот избор. Што се однесува до директната поддршка за граѓаните и стопанството, подготвуваме сетови на антикризни мерки кои ќе дадат силен стимул за компаниите и ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните. Свесен сум колку се сите економски исцрпени од кризата предизвикана од Ковид пандемијата која сега се надоградува и со енергетската криза. Но, за тоа како Влада имаме одговор. Ние веќе имаме искуство со слични мерки во пандемијата кои според ММФ беа одлично димензионирани и со кои заштитивме повеќе од 60.000 работни места. Како тогаш така и сега, веќе работиме на тоа да дефинираме мерки преку кои најефикасно ќе се алоцираат средствата за санација и поддршка онаму каде е најпотребно. Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра и во наредниот период следуваат антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството. Ве сметаат за технократ, а самите веќе во неколку наврати зборувате дека оваа влада ќе биде фокусирана на економијата. Може ли поконретно да ни кажете што тоа значи? Што може да очекуваат граѓаните како бенефит од новата влада во делот економскиот стандард? Ова Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани. Во фокус ќе биде спроведувањето на успешни економски политики и поставување на ефикасен економски модел за новото време. Владата веќе има поставено одлични економски политики, но за кои е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот. За таа цел, ќе се фокусираме на систем на работа и исполнување на обврски и превземање на одговорности. Нам ни треба ефикасност, ефективност, позитивни исходи и видливи резултати. Со ваква работа очекувам континуиран раст на вкупната економија со стапки од најмалку 4,6 отсто до 5,9 отсто годишно. Најавувам драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании. Ставаме фокус и на намалување на невработеноста која веруваме дека до крајот на мандатот конечно за првпат во историјата да биде едноцифрена. Така ќе ја зголемиле значајно и личната потрошувачка. Новата влада и понатаму останува посветена на зголемување на платите и пензиите. Ги правиме последните анализи за времето и висината на зголемувањето на минималната плата, а најавувам и дека наскоро просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте. Што се однесува до даночната политика, таа ќе остане иста со задржување на сегашните стапки на даночни стапки и социјални придонеси. И граѓаните и бизнисот мора да имаат транспарентен, предвидлив и ефикасен даночен систем. Но, ќе има и промени преку кои мора конечно да се зголемат приходите преку директно намалување на сивата економија и евазијата. Сите мора да плаќаат даноци и не смее да има исклучоци. Кончено, најавувам градежна експанзија во делот на значајната инфраструктура. Во овие 2,5 години мора да се финишираат најкрупните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10, но и продолжување на реконструкција на магистралните и регионалните патишта. За 2,5 години очекувам и целосно завршување на примарната и секундарна гасоводна мрежа во целата држава и поставување на условите за почетокот на користење за домаќинствата. За крај, да постигнеме економска ефикасност, како влада започнуваме бескромпромисна војна против криминалот и корпуцијата. Важно е функционерите да бидат пред се способни и одговорни во извршувањето на нивната функција. Но, реално секој од нив во политиката е подложен на искушенија и под притисок да направави нешто недозволено и незаконски. Оттука, многу поважно од изборот на способни и чесни кадри е постоење на систем за контрола врз нивната работа. Мора да спречиме да има недопирливи за законот и секој кој се огрешил да одговара. Само вака ќе ја вратиме довербата кај граѓаните во државата и институциите. Си поставивме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме. Започнува нов бран со Ковид 19, бројките последните денови растат, дали се на повидок нови рестрикции како земјите од регионот и Европа? Кога ќе го свикате ГККШ за да чуете кои се предлозите на Комисијата за заразни болести? Внимателно ја следам состојбата, координација со Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб ќе биде меѓу првите активности на новата влада. Сметам дека имаме стручни и компетентни здравствени работници кои ќе ме информираат за секој аспект на кризата и заеднички ќе ги утврдиме чекорите и евентуалните дополнителни мерки. Вакцинацијата и натаму останува приоритет и истата треба дополнително да ја интензивираме. Спроведувањето на посточеките мерки исто така ќе се зајакне и битката против оние кои се обидуваат да го изиграат законот и здравствените препораки. Меѓу првите работи кои мора да ги добиеме се анализите како новата варијанта Омикрон влијае кај пациентите, што значи истата во делот на хоспитализацијата, смртноста и сите останати индикатори. Пандемијата засега се покажа како многу непредвидлива, но сите овие индикатори ни се потребни да донесеме што поинформирани одлуки со цел заштита на здравјето на граѓаните, но и одржување на нормалните работни и животни процеси. Бугарскиот премиер Кирил Петков се најави дека ќе ви дојде на гости на 18 јануари, подготвени ли сте како што вели Петков двајцата да создадете – нова рамка на преговорите? Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед. Веќе имаме поставени основи за разговорите кои ни даваат слика каде се застанати преговорите и како треба да продолжиме. Верувам дека имаме научени лекции од досегашните разговори, а минатото искуство ќе ни помогне да бидеме поподготвени и подобри во преговорите. Со новиот премиер Петков очекувам дека ќе изградиме коректен и пријателски однос, а реториката меѓу двете држави ќе биде на високо ниво. Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји. Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес. Само со ваков пристап ќе бидиме запаметени како лидери кои балканските конфликти ги надминале со европски пристап. Преку политика на взаемно почитување, градење иднина, соработка и компромиси. При првата посета на премиерот Петков на Скопје очекувам да ги утврдиме основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на делување надвор од строго историски рамки и термини. Ние живееме во 21 век во Европа и тоа не обврзува како соседни држави на меѓусебно почитување, партнерски однос и градење пријателство. Имаме огромен потенцијал за развивање на конкретна соработка во повеќе области: економија, инфраструктура, туризам, образование и култура, помош во европските интеграции и зближување на нашите народи и граѓани. Овој потенцијал треба да го пресликаме во работни задачи и предизвици за двете влади, компаниите од двете држави, двете општества и сите битни чинители во нив. Имаме намера суштински да навлеземе во овој процес за да има резултат и доведе до логично приближување на позициите па дури и да дојдеме во точка во која Бугарија ќе биде најголем поддржувач на нашата европска интеграција. Тоа го успеавме со Грција, и сигурен сум дека со добра волја и многу работа ќе го успееме и со Бугарија. Од што нема да остапите во преговорите со Бугарија? Бугарија е држава членка на ЕУ, а ние сме држава кандидатка за членство во ЕУ. Тоа не обврзува да преговараме врз база на европските вредности и принципи според кои секоја држава пристапила кон ЕУ откако постојат критериумите за членство во ЕУ. Правото на самоопределување и посебен идентитет и јазик е неотуѓиво право на секој народ. Затоа во преговорите не можеме да правиме отстапки околу тоа дека сме Македонци од Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик и имаат посебен идентитет. Тоа е отсликано и во Декларацијата, која ја усвои нашето Собрание со поддршка од сите партии. ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски ве обвинуваат дека вие немате легитимитет како за преговорите со Бугарија така и за водење на владата, бидејќи не сте го победиле на избори. Како ги коментирате овие обивнувања? Исто, дали конечно ќе видиме соработка меѓу власта и опозицијата на клучните стратешки прашања во интерес на граѓаните? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски очигледно не се добро запознаени со Уставот и законите во земјата. Новата влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието. Оттаму, Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и ја спроведува владината програма. Ваквите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостиг на други аргументи против мене, исто како и сите пропратни невистини во нивните секојдневни соопштенија. Мене тоа воопшто не ме загрижува, сега сум целосно фокусиран да прикажеме резултат, а уште повеќе добро да ги изменаџираме сите кризи кои ни претстојат со цел економска стабилизација и развој. Тоа е одговорно владеење и однос кон граѓаните. Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ е бескрајна злоупотреба на медиумскиот простор за сеење лаги, дестабилизација и влевање несигурност кај граѓаните. Во однос на соработката јас секогаш имам подадена рака, иако сме политички опоненти не смее и не треба да бидеме непријатели. На крајот на денот, имаме иста и заедничка одговорност како политички чинители пред граѓаните. Но, според досегашните потези на ВМРО-ДПМНЕ, не гледам промена кај нив по однос на ова прашање и воопшто во однос на политиките. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ веќе не е опозиција како што беше пред локалните избори. Тие моментално управуваат со половина од општините во државата. Одминуваат 100 дена од нивното владеење и може лесно да се види дека се што ветија во кампањата, излажаа. Ветија дека нема да има одмазда, а почнаа со отпуштања и деградирања уште од првиот ден. Се спроведува масовна партизација на секое ниво како единствен проект на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Ветуваа низа проекти уште во првите денови а од тоа нема буквално ништо. Градот Скопје е разочарување какво што не се памети во политичката историја на земјата. Блокирано и стопирано е се што е во интерес на граѓаните и започнато од претходната власт. Очигледно е дека кај ВМРО-ДПМНЕ не само што нема никакви промени, туку би рекол дека има сериозно назадувања по одредени прашања и политики. СДСМ ја следи нивната работа, реагираме и во јавноста и преку нашите советници за да се корегираат овие штетни одлуки, ќе направиме сe во интерес на граѓаните и општините....
Франција ќе ни го реши спорот со Бугарија?
Либертас - пред 219 дена
Познатиот став на Французите кон проширувањето, како и претседателските избори кои се на прагот, беа аргументот кој најчесто се истакнуваше во поткрепа на песимистичката прогноза дека Франција нема интерес за Македонија и за почеток на пристапните преговори. Конечно, француската политика отсекогаш била во прилог на продлабочување на односите меѓу земјите членки, во насока на некој вид европска федерација, а не толку во проширување со нови членки. Но, се додека Велика Британија беше таа која инсистираше на проширување, Франција можеше цврсто да се држи до својата позиција за продлабочување. По излегувањето на Велика Британија од ЕУ, во отсуство на овој „балансер“, Франција е приморана самата да ги балансира предностите од „продлабочувањето“ со оние од „проширувањето“. Имено, водечката земја на Сојузот мора да размислува за безбедносните импликации кои произлегуваат од недовршениот европски проект и сериозно да се позанимава со „мекиот стомак“ на Европа, Балканот. Оти, сеуште се слуша ехото на пророштвото на Бизмарк кажано во 1888 година: „Еден ден Големата европска војна ќе се случи заради некоја проклета глупава работа на Балканот“. И повторно, безбедноста тој централен принцип во меѓународната политика е во прашање. Како и во случајот со македонско-грчкиот спор, кога членството на Македонија во НАТО беше прогласено за безбедносно прашање за Америка, сега и Франција порачува, според зборовите на француската амбасадорка во Софија, дека „ Западен Балкан е дел од Европа и е прашање на безбедност регионот да биде вклучен во политиките на ЕУ“. Искуството со Преспанскиот договор вели дека секогаш кога една голема сила ќе го спомне зборот „безбедност“, врзувајќи ја сопствената безбедност со онаа на Балканот, работите се сериозни. Франција, се разбира, само ќе им понуди на Македонија и на Бугарија посредништво во спорот, не и решение, но ова е понуда која ниту една страна нема да може да ја одбие. Каков ќе биде резултатот од таквото посредување е друга приказна. Целото искуство на балканските народи во конфликт укажува на тежок и неизвесен пат до согласност. Франција сака да го поттикне економскиот развој на Македонија и Албанија и да ја афирмира правната држава и европските вредности во двете кревки демократии. На тоа поле, нема сомневање ,ќе ја има поддршката како на двете држави така и на членката на Сојузот, Бугарија. Но, како гледаат француските политичари на историите на Македонија и на Бугарија, каменот на сопнување меѓу двете балкански држави? Тоа најдобро го знаат македонските историчари кои ги читале нивните книги или студирале на нивните универзитети. Сепак, Франција не може да ни го реши проблемот. Посредникот работи на доближување на позициите на две страни кои имаат политичка воља да најдат решение. Проблемот го решаваат домашните политичари или, како што покажа грчко-македонскиот спор цели триесет години, не го решаваат туку го користат за да останат или да дојдат на власт. Изборот е истиот и во македонско=бугарскиот спор. На прагот сме на уште еден момент од современата македонска историја кога, со име и презиме, јасно ќе се види разликата помеѓу обичниот политичар и државникот. Денко Малески...
Надал ја освои 89. титула во кариерата
Либертас - пред 219 дена
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфираше на АТП турнирот од серијата 250 во Мелбурн, откако денеска го совлада во финалето Американецот Максим Крејси со 7:6 (8-6), 6:3. Надал го реши во своја корист финалниот дуел за еден час и 44 минути игра. За моментно шесторангираниот тенисер на АТП листата ова е 89. титула во кариерата, а прва по пауза од повеќе месеци поради повреда на стапалото....
ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија
Либертас - пред 219 дена
АД ЕСМ, подружица „Енергетика” врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила. -Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во „Енергетика” и е навремено обезбеден, информира АД Електрани на Северна Македонија. Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу 3500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Дежурни екипи се на располагање 24 часа за време на грејната сезона, како и служба за корисници и пријава дефекти со контакт 02/3104 816 и 071/313-405....
Напролет треба да продолжи изградбата на пругата кон Бугарија
Либертас - пред 219 дена
Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, најавуваат од Министерството за транспорт и врски. За двете делници во игра се осум компании. Се очекува на почетокот на годината да се склучат договорите со избраните компаниите. Изградбата на источниот крак на железничкиот Коридор 8 е поделена во три фази, Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија. На првата делница во должина од 31 километар се завршени 54 проценти од градежните работи, кои беа прекинати откако германски „Вибе” еднострано го раскина Договорот за изведба. Втората делница е долга 34 километри. И за двете делници е заокружена финансиската конструкција, а за третата, од Крива Паланка до границата со Бугарија, која е во должина од 24 километри, досега се обезбедени 60 милиони евра и се работи на обезбедување на останатите потребни финансии. Се планира првата и втората фаза заедно да се реализираат во рок од 36 месеци. Заложби за изградба на железничкиот дел од Коридорот 8 изнесоа и министрите за транспорт на Северна Македонија, Благој Бочварски, на Бугарија, Христо Алексиев и на Албанија, Белинда Балуку, кои во Софија потпишаа трилатерален Меморандум за соработка. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8, а очекувањата се тој да биде готов до 2030 година. На западниот дел од Коридорот 8 кај нас е подготвен проект за железничкиот дел од Кичево до границата со Албанија во должина од 70 километри и се разгледуваат можности да се најдат средства....
Стопанска комора: Штетни се изјавите на некои пратеници за дозволениот увоз на тутун
Либертас - пред 219 дена
Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Северна Македонија ги смета за штетни изјавите во јавноста според кои увозот на тутун го загрозува откупот на домашното производство. Комората потсетува дека откупните компании во земјава пред почетокот на секоја сезона склучуваат договори со производителите на тутун и согласно Закон се обврзани да го откупат договореното количество суров тутун во лист. -Досега, не само што немало случај договорените количества да останат неоткупени, туку напротив, откупните компании ги откупувале и вишоците тутун за кои немало договори, а кои производителите не ги пријавиле и не склучиле договор со откупувачите. Според тоа, невозможно е да остане домашниот тутун неоткупен за сметка на увезениот кој не е од истите сорти и типови што се произведуваат во земјата. Увезениот тутун, кој служи за доработка на домашниот, се преработува во домашните откупни компании за потоа целосно да се извезе на странски компании – производители на цигари и други тутунски производи. Компаниите вршат увоз за доработка и повторен извоз, при што се остварува девизен прилив во Република Северна Македонија, објаснува Комората. Според Стопанската комора, откупните претпријатијашто вршат откуп на тутун во земјава имаат законско право да увезат необработен тутун за да ги дополнат своите капацитети за доработка. -Согласно новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи точно е дефинирано кој има право да врши увоз. Тоа можат да го прават единствено лиценцирани компании. Притоа, мора да се потенцира дека овој тип на увезен тутун не се произведува кај нас и не влијае воопшто врз откупот на тутун во нашата држава. Домашните производители на цигари имаат потреба од типови тутун кои не се произведуваат кај нас, а се потребни за производство на цигарите. Денес, современата бленд цигара содржи најмалку осум типови тутун во мешавината. Не постои ниту една земја во светот или компанија која се стреми да ги произведе сите видови тутун потребни за производството на цигарите. Во земјите кои истовремено се производители на тутун и цигари, производството на тутун е ориентирано кон оние типови на тутун кои најуспешно и најпрофитабилно можат да бидат произведени во дадените околности, наведува Комората. Воедно нагласува и дека годинашниот откуп на суров тутун во лист од реколтата 2020 засега се одвива без никакви проблеми. Откупени се, како што информира Комората, скоро половина од договорените количини по просечна цена од речиси 200 денари за килограм....
Канаваро главен кандидат за полски селектор
Либертас - пред 219 дена
Италијанскиот тренер и поранешен репрезентативец Фабио Канаваро е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска. „Скај Италија“ објави дека Канаваро веќе имал средба со раководството на Полската фудбалска федерација во Краков и преговорите добро напредуваат. Полска е без селектор по заминувањето од должноста на Пауло Соуса, кој ја предводеше репрезентација на 15 натпревари и оствари ефект од шест победи, пет нерешени и четири порази. Според италијанските медиуми, меѓу кандидатите за полски селектор е и поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло....
Тешко повреден охриѓанец откако со возило удрил во метална заштитна ограда
Либертас - пред 219 дена
Љ.Ј. (44) од Охрид здобил тешки телесни повреди откако на регионалниот пат Охрид – Св.Наум со патничко моторно возило „рено“ удрил во метална заштитна ограда. Како што соопшти МВР, повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде му се констатирани повредите. На местото на настанот е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид....
Кумановец усмртил жена на магистралниот пат за Крива Паланка
Либертас - пред 219 дена
Патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (33) од Куманово, вчера попладне на магистралниот пат за Крива Паланка удрило во Р.П. (64) од село Луке, Крива Паланка. По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 часот од страна на лекар била констатирана смрт. Несреќата се случила во близина на населбата Карпош, а била пријавена во 18:30 часот. МВР соопшти дека е извршен увид од Јавен обвинител и од увидна екипа на СВР Куманово...
УХМР најавува студен бран, со пообилни врнежи, засилен ветер и снег
Либертас - пред 219 дена
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР. Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија). Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската Котлина. Ќе почне да дува умерен северен ветер кој во вторник и во среда ќе биде засилен. Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, на места и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни....
Затекнати лица без сертификати и малолетник во угостителски објекти
Либертас - пред 219 дена
При контрола во две казина на тетовското подрачје ноќеска биле затекнати пет лица без сертификати за примена вакцина против КОВИД, еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож. Како што соопшти МВР, контролата била спроведена ноќеска помеѓу 22:00 и 03:00 часот од полициски службеници на СВР Тетово и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, а опфатени биле четири угостителски објекти на тетовското и 24 угостителски објекти на гостиварското подрачје. На овие лица и на објектите во кои се затекнати ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Соодветен поднесок ќе му биде изготвен и на угостителски објект во село Врапчиште каде било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа...
Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици
Либертас - пред 219 дена
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за актуелните безбедносни прашања. „Секретарот Блинкен ја потврди својата посветеност за зајакнување на соработката меѓу САД и ЕУ и укажа на заедничките предизвици, се вели во соопштението на Стејт департментот. Блинкен ја нагласил важноста од координирана акција со цел „да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и повтори дека „секоја натамошна руска агресија против Украина ќе резултира со остра реакција“. Двајцата функционери разговарале и за, како што се наведува, „загрижувачкиот политички притисок и економската принуда што НР Кина ги врши врз Литванија“...
Нов Јужен Велс со највисок дневен број смртни случаи од Ковид-19
Либертас - пред 219 дена
Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс забележа највисок дневен број на смртни случаи од Ковид-19 во саботата, откако варијантата Омикрон ја зафати земјата. Државата, во која живеат 25 милиони Австралијци, пријави 16 смртни случаи од коронавирус еден ден претходно и 30.062 новозаразени. Втората по големина држава Викторија, која овој месец е домаќин на тенискиот турнир „Австралија опен“, пријави 44.155 нови случаи на Ковид-19 и четири смртни случаи. Земјата пријави нешто помалку од 100.000 случаи вкупно, што е намалување од рекордните 116.025 претходниот ден, но сепак ги надминува повеќето претходни врвови на инфекција. Со зголемените инфекции и притисокот врз клиниките за тестирање, што го финансира државата, властите ги променија своите препораки и ги повикаа луѓето наместо тоа да прават брзи тестови дома, а потоа да ги пријават позитивните резултати кај нивниот лекар, кој ги внесува во базата на податоци. Властите исто така повикуваат на смиреност поради извештаите за празни полици во супермаркетите, бидејќи луѓето остануваат дома за да избегнат инфекција, а продавачите се изолираат поради изложеност на вирусот. Австралија, пак, од понеделник планира да започне со вакцинирање на децата на возраст од 5 до 11 години. Повеќето држави се изјаснија дека ќе ја започнат новата учебна година како што е планирано кон крајот на јануари, но Квинсленд, третата најнаселена држава, објави дека ќе го одложи враќањето на училиште за две недели за да им даде време на децата да се вакцинираат. И покрај епидемијата, политичките лидери наведоа високи стапки на вакцинација во Австралија – повеќе од 90 проценти од луѓето на возраст над 16 години се целосно вакцинирани – за да го оправдаат планот за повторно отворање...
Федералниот суд го одби барањето на австралиската влада за одложување на сослушувањето на Новак: Судењето за Ѓоковиќ ќе се пренесува во живо
Либертас - пред 219 дена
Федералниот суд го одби барањето на австралиската влада сослушувањето на Новак Ѓоковиќ да се одложи за два дена, оставајќи им можност на организаторите на Отвореното првенство на Австралија да го вклучат во ждрепката за турнирот. Сепак, правните експерти предупредуваат дека нема гаранции дека по утрешното сослушување судот ќе му ја обнови визата на Ѓоковиќ на време за да може да игра на турнирот. Таа повторно може да биде одбиена по нови основи. Министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус побарала судската постапка да се одложи барем до среда, но место тоа, судот ѝ излезе во пресрет на Тениската федерација на Австралија, која до вторник мора да знае дали Ѓоковиќ ќе може да игра. Министерот за здравство Грег Хант изјави дека граничните власти ја завршиле истрагата за визите за Австралија опен, но додаде дека нема да го коментира случајот на Ѓоковиќ. Најдобриот светски тенисер доби медицинско изземање од вакцинирањето против ковид-19 за да може да игра на турнирот. Сепак, по доаѓањето во Мелбурн во средата, визата му беше одбиена поради процедурална грешка и тој оттогаш престојува во имиграциски притвор во хотел и утре се соочува со депортација. Адвокатите на Ѓоковиќ вчера открија дека тој добил изземање врз основа на позитивниот тест за коронавирус од 16 декември. Следниот ден, тој на свеченост во Белград им ги врачил пехарите на најдобрите млади српски тенисери. Австралиските власти во ноември ја известиле Тениската федерација дека скорешна зараза со коронавирусот не е нужна основа за изземање. Адвокатите на Ѓоковиќ ќе добијат два часа да го претстават случајот на утрешното сослушување, кое почнува во четири часот по македонско време. Судењето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ. Австралиските власти објавија и линк на кој ќе може да се следи преносот.Во меѓувреме, американската новинска агенција Associated Press (АП), пренесе став од австралиските гранични служби според кој доколку Ѓоковиќ биде депортиран, се соочува со повеќегодишна забрана за влез во Австралија....
Деспотовски: Останувам на истото место, влегов во трка со срце не за пазар
Либертас - пред 219 дена
Влегов во кандидатурата за претседател на СДСМ со срце, не за пазар. Останувам на истото место, со срце да придонесам за државата и СДСМ, особено почитувајќи ги принципите наведени во „Концепт 28“ – програма која беше широко прифатена и наиде на многу позитивни мислења од сопартијците, но првенствено и кај многу луѓе надвор од политиката, истакна директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, при гостувањето на радио мрежата Канал 77, откако во јавноста се појавија информации дека тој ќе биде идниот министер за одбарна. „Би сакал да потенцирам дека една година откако сум прв човек во ТИРЗ, компаниите во ТИР зоните достигнаа извоз од 3 милијарди евра во 2021 што е рекордно ниво од постоењето до денес. Мојот приоритет во ТИРЗ останува нашите сограѓани вработени во компаниите од Зоните да бидат добро платени за да имаат достоен живот. Анализите и бројките покажуваат дека успеваме во тоа“, изјави тој. Заедно о поранешната пратеничка Фросина Ременски, Деспотовски му беше противкандидат на Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ. Откако Ковачевски извојува победа, Деспотовски рече дека останува член но не се гледа како министер во идната влада....
Приведен дилер во Скопје
Либертас - пред 219 дена
На подрачјето на Аеродром утрово во 1.10 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Х.С.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ц...
Рама за насилните протести: Животот е тежок, но будалетинките го отежнуваат уште повеќе
Либертас - пред 219 дена
Албанскиот премиер Еди Рама, по насилните протести организирани од Сали Бериша, кусо реагираше на Инстаграм со изрека на светски познатиот актер Џон Вејн. – Животот е тежок, но будалетинките го отежнуваат уште повеќе, е изреката што ја избра Рама за да ја коментира ситуацијата. Вчерашниот ден, според оценката на политичките аналитичари, е најцрниот ден за Демократската партија, бидејќи поддржувачите на Бериша кршеа прозорци и врати со цел да ја запоседнат зградата на партијата, а имаше и физички пресметки меѓу демократите од двете крила. Протестот беше придружен со тензични ситуации поради што полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата. Поради видно тензичната состојба раководството на партијата и актуелниот лидер Љуљзим Баша побараа асистенција од полицијата, која веднаш интервенираше. Толпата се повлече од пред седиштето на партијата и се упати кон зградата на Владата, која беше под силно полициско обезбедување, по што повторно се обиде да се врати пред партиското седиште, но полицијата им го попречи патот. Кусо потоа Бериша соопшти дека протестот е завршен, најавувајќи дека ова е само почеток. Полицијата привела 33 лица, меѓу нив и малолетници, а лекарска помош добиле десеттина лица, меѓу нив еден новинар и еден полицаец....
Најмалку три лица загинаа при превртување цистерна со гориво во Иран
Либертас - пред 219 дена
Најмалку три лица загинаа, а неколку куќи беа запалени кога цистерна со гориво се преврте во западен Иран, јави иранската новинска агенција Фарс. „Возачот на камионот и двајцата патници во другото возило загинаа, пожарот е изгаснат, но неколку куќи се оштетени“, изјави за Фарс шефот на противпожарната и итната служба во градот Санандај. Властите претходно изјавија за иранската државна телевизија дека во западен Иран се превртела цистерна со гориво, при што загинал возач и биле запалени неколку куќи во близина. „Содржината на цистерната се излеа кон куќите и се запали“, изјави ирански претставник за вонредни состојби за државната телевизија. Тој рече дека се испратени пет возила на брза помош и дека на терен се три возила за спасување, како и пожарникари....
Најмалку седум лица загинаа при уривање карпа во моторен чамец во Бразил
Либертас - пред 219 дена
Најмалку седум лица загинаа, три се водат за исчезнати, а девет се тешко повредени кога во саботата карпа удрила во моторен чамец под водопад во југоисточниот дел на Бразил, соопшти локалната противпожарна служба. „Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот Капитолио, во државата Минас Жераис“, соопштија локалните власти. Властите соопштија дека пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите. Потврдено е дека во несреќата се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица со полесни повреди се пренесени во Санта Каса де Капитолио и веќе се пуштени од болница. Езерото Фурнас, познато и како „Минасово море“, е популарна туристичка дестинација во област околу 420 километри северно од Сао Паоло....
Барти триумфално ја почна тениската година
Либертас - пред 219 дена
Најдобрата светска тенисерка, Австралијката Ешли Барти триумфално ја почна новата сезона со својот 14. трофеј во кариерата, откако ја совлада во финалето на ВТА турнирот во Аделаида, Јелена Рибакина од Казахстан со 6-3, 6-2. За триумфот над 14. рангираната тенисерка на ВТА листата на Барти и беа потребни 64 минути. Австралиската тенисерка го одигра своето 20 финале во кариерата, а второ во Аделаида каде триумфираше и во 2020 година. Рибакина по осми пат настапи во финале на ВТА турнир во поединечна конкуренција, а 22 – годишната казахстанска тенисерка остана на титулите освоени во Букурешт во 2019, и во Хобарт, во 2020 година....
НБА: Лидерот Феникс поразен на гостувањето во Мајами
Либертас - пред 219 дена
Кошаркарите на Феникс загубија на гостински терен од Мајами со 123:100 во еден од шесте натпревари одиграни синоќа во НБА лигата. И покрај поразот, Феникс со ефект од 30-9 остана на врвот на табелата, пред Голден Стејт (29-9) и Јута (28-12). Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела: Индијана – Јута 125:113 ЛА Клиперс – Мемфис 108:123 Бостон – Њујорк 99:75 Феникс – Мајами 100:123 Шарлот – Милвоки 114:106 Детроит – Орландо 97:92....
На градот со Арсовска нема да му пречи ако Чифлиганец заработи и доплнително како нов газда на Топлификација
Либертас - пред 219 дена
Кога пред 4 години го формиравме Градски Енергетски Системи, тогашната опозиција и тогашната зелена советничка не обвинуваа дека вдомуваме партиски кадри. Ние зборевме за вмрежување на топловодната мрежа во Чаир со остатокот на градот за заштеда на енергија и намалени сметки, зборевме за гасификација на деловите на градот кои немаат парно, за субвенции за вклучување на мрежата, за задолжителен приклучок на парно за секоја нова зграда, а тие за управни и надзорни одбори колку пари ќе земале. Во меѓувреме, амбасадорите на стопанската комора во владата направија све што можеа да ја оневозможат намерата на градот да си ја врати топлификацијата под своја капа. Прво бараа легализација на подземната инфраструктура (испадна дека било дивоградба), па одвојување на дистрибуцијата од производството (мрежата му припадна на АД ГЕС, а производството остана во приватни раце). Како и да е, Град Скопје сега е во можност да инвестира во поврзување на топловодните мрежи за да се намалат трошоците за производство на електраните, а и да се намалат сметките на корисниците (особено тие во Општина Чаир и Бутел), затоа што има свое јавно претпријатие со инвестициски план и приходи за такво нешто. Сега, кога ја имаат претседателката на стопанската комора за градоначалничка, можат да спијат мирно дека градот не само што нема да си ја бара топлификација назад, туку и нема да му пречи ако Чифлиганец заработи и дополнително на оваа криза, како нов сопственик на Топлификација. Во буџетот на Град Скопје за 2022 има 2 милиони евра помалку за животна средина и 8 пати помалку пари за инвертери. Зошто парите што не се даваат оваа година за инвертери (заради поскапена струја), не се дадат ко субвенции за становите што се греат на парно? На седницата на буџетот зелените хумани функционери не земаа ни збор, а не пак да бараат мерки од Арсовска за надминување на најавената енергетска криза. Што се однесува до градските сервиси, тие никогаш нема да бидат подобро оперирани од приватници, а доказ за тоа е кризата со парното греење што ја чувствуваме деновиве...
Кишида: Јапонија и САД постигнаа договор за задржувасње на американскиот воен персонал во базите поради коронавирусот
Либертас - пред 219 дена
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека Јапонија и САД постигнале „основен договор“. Според договорот, на членовите на американскиот воен контингент не им е дозволено да ги напуштат своите бази во Јапонија, поради загриженоста за наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус. Кишида рече дека американските војници нема да ги напуштат своите бази „освен кога е апсолутно неопходно“, што значи во итни случаи или поради некоја друга безбедносна причина „Се уште се разработуваат деталите од договорот“, изјави Кишида во интервју за ТВ Фуџи и потврди дека сојузништвото меѓу САД и Јапонија останува непроменето. Бројот на нови случаи во Јапонија вчера скокна на повеќе од 8.000, што е рекорд за четири месеци, а медицинските експерти проценуваат дека се случил „шестиот бран на епидемијата“. За зголемувањето на бројот на новозаразени се обвинува американската војска, бидејќи најголем број нови случаи се регистрирани во близина на воените бази, поради што јапонската Влада минатата недела побара од САД да соработуваат и да го задржат американскиот воен персонал во базите. Окинава, југозападната група острови на која се наоѓаат мнозинството од 55.000 американски војници во Јапонија, е една од трите префектури во кои од денеска се во сила нови ограничувања за да се потисне ширењето на вирусот...
Саудиската принцеза ослободена по три години во притвор без обвинение
Либертас - пред 219 дена
Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти Организацијата за заштита на човековите права во Саудиска Арабија. Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, беше во притвор од март 2019 година, а во април 2020 година бараше од кралот Салман и престолонаследникот Мухамед бин Салман да ја ослободат од здравствени причини. „Принцезата и нејзината ќерка Сухуд … се ослободени“, објави Организацијата на Твитер. Во објавата се наведува дека „нејзе ѝ е одбиена медицинската нега што ѝ е неопходно потребна“ и „дека во ниту еден момент од нејзиниот притвор не беше покренато обвинение против неа“. Принцезата Басма е уапсена непосредно пред планираното патување во Швајцарија на лекување, според извор близок до семејството. Природата на нејзината болест не е откриена. Принцот Мухамед ги надгледува реформите откако неговиот татко Салман го назначи на функцијата во јуни 2017 година на местото на соборениот Мухамед бин Наџеф. Реформите вклучуваат укинување на повеќедецениската забрана за возење на жените и олеснување на таканаречените правила за „старателство“ кои на мажите им даваат произволни овластувања над женските членови на семејството. Но, саудиските власти се справија и со дисиденти, па дури и со потенцијални противници, од проповедници до активисти за правата на жените, дури и со членови на кралското семејство. Принцезата Басма беше во затворот Ал-Хаир, каде што се наоѓаат и многу други политички затвореници....
За брзо возење вчера во Скопје казнети 47 возачи
Либертас - пред 219 дена
На територијата на Скопје вчера од полицијата биле изречени 141 казна, меѓу кои 47 за возење со брзина поголема од дозволената. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 17 санкции биле за возење без возачка дозвола, девет за возење под дејство на алкохол, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци за возачи на мотоцикл, четири санкции за минување на црвено светло. МВР информира дека ќе ги продолжи засилените контроли и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста на патиштата...
Во полициски контроли во текот на ноќта казнети 106 пијани возачи
Либертас - пред 219 дена
Од 22 часот синоќа до 3 часот по полноќ полицијата спровела зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава. Во контролите изминатата ноќ, како што информира Министерството за внатрешни работи, санкционирани се 106 возачи. Од нив, 20 на територијата на СВР Битола, 19 на територијата на СВР Охрид, 15 на територија на СВР Штип…-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР....
„Цветиновата награда за мир“ за проф. д-р Ратомир Грозданоски
Либертас - пред 219 дена
Пред Архиепископскиот соборен храм, денеска напладне ќе му биде доделена „Цветиновата награда за мир“, на универзитетскиот проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон – теолог, библист и филолог, редовен професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, поранешен декан и секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква. Ратомир Грозданоски е автор на повеќе од 20 книги и над 300 текстови, од кои 200 се стручни, а 100 научни трудови. Неговите книжевни, стручни и научни дела значат многу за новата литература во Македонија и претставуваат голем придонес во развојот на библиската мисла кај нас, искажана на убав македонски јазик, во духот на свети Климент Охридски и Охридската книжевна школа. Наградата ќе му ја врачи сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин....
Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО
Либертас - пред 219 дена
Годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, наесен оваа година ќе се одржи во Северна Македонија. Како што информира Министерството за одбрана, на конференцијата во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји. Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за актуелните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации. -Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации. За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО-системот за обука во доменот на стратешките комуникации, соопшти Министерството за одрбрана. Како што наведува Министерството во соопштение, довербата од сојузниците да ја организира оваа конференција во Скопје, ја доби во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од КОВИД-пандемијата. Во 2020 и во 2021 година конференцијата се одржа со видеоконференциска врска....
Мексико со рекорден број заразени од коронавирус, над 30.000 случаи за еден ден
Либертас - пред 219 дена
Мексико во саботата постави рекорд по бројот на потврдени дневни случаи на инфекција со коронавирус, бидејќи, според официјалните податоци, се регистрирани повеќе од 30.000 нови случаи. Министерството за здравство во саботата соопшти дека 30.671 нови случаи биле заразени со коронавирус, откако во претходните три дена биле пријавени повеќе од 20.000 нови случаи. Сепак, бројот на починати од коронавирус не покажа слично зголемување во последните неколку дена. Во саботата 202 лица починаа од коронавирусот. Во Мексико, 4.113.789 луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а 300.303 починале. Тоа е петти најголем број на починати во светот. Мексиканските здравствени власти соопштија дека и потврдените случаи на инфекција и вкупниот број смртни случаи се веројатно значително помали поради недостиг на распространето тестирање...
Бретон: ЕУ треба да инвестира 500 милијарди евра до 2050 година во нови нуклеарни централи
Либертас - пред 219 дена
Европската унија до 2050 година треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од новата генерација, изјави комесарот за внатрешен пазар на Унијата, Тиери Бретон, во интервју објавено викендов. „Само на постојните нуклеарни централи ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции од сега до 2030 година. А на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди“, изјави Бретон за Журнал ду Диманш. Бретон, исто така, вели дека планот на ЕУ да ги означи енергијата од нуклеарните електрани и природниот гас како „зелен“ извор е важен чекор кон привлекување капитал. ЕУ се консултира со своите земји-членки за овој предлог околу тоа дали овие извори на енергија навистина можат да се квалификуваат како одржливи опции. Како што пренесуваат странските агенции, Франција ја предводи одбраната на нуклеарната енергија, нејзиниот главен извор на енергија, и покрај силното противење од Австрија и скептицизмот од Германија, која е во процес на затворање на сите свои нуклеарни централи. Во предлогот се наведува дека Европската комисија „смета дека природниот гас и нуклеарната енергија можат да играат улога во олеснувањето на патот кон иднината, која во голема мера се заснова на обновливи извори на енергија“. Во моментов, Унијата добива 26 отсто од својата енергија од нуклеарните централи, но Бретон проценува дека до 2050 година таа ќе се намали на околу 15 отсто. Во предлогот се наведува и дека за нуклеарната енергија треба да се воведат соодветни мерки за управување и отстранување на радиоактивниот отпад. Се бара изградбата на нови нуклеарни централи да биде условена со дозволи издадени до 2045 година, додека работата за проширување на постоечките електрани треба да биде одобрена до 2040 година....
Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози
Либертас - пред 219 дена
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 км пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри поради свлечиште и голем одрон. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....