Томовски: Треба да се купи нов владин авион
Прес 24 - ново
Директорот на СОЗР при Владата, Ивица Томовски, во емисијата на „360 степени“, емитувана на МРТ, изјави дека потребен е нов владин авион. - Владиниот авион е во функција, ќе оди во Виена на вонреден сервис. Неколку пати сум кажал во јавноста дека имам чувство како да се распаѓа. Не дека не се одржувал во минатото, но најверојатно е старост на авионот и не може да ги издржи годините, изјави Томовски за „360 степени“. Според него е потребен нов авион бидејќи владиниот авион е дваесетина години стар. -Многу често ни се случуваат дефекти. Сега е на сервис бидејќи протекува гориво од резервоарите. Тоа е сериозен проблем. Претседателот на Собранието беше приморан да се враќа во Македонија со редовни летови и други проблеми кои произлегуваат од одржувањето. Немаше полетување со него…, додаде Томовскиво емисијата. Според Томовски, во ред е и половен авион но не постар од 2-3 години. Нов авион би чинел од 30 до 40 милиони евра па нагоре, додека половен околу 15 милиони евра....
Центарци веќе не мрзнат - ЕСМ го реши проблемот
Прес 24 - ново
ЕСМ Дистрибуција соопшти дека нивните екипи во раните утрински часови успешно ги завршија сите предвидени и, како што наведуваат, исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен. - По завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар. За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100, стои во соопштението од ЕСМ Дистрибуција....
Картите 100 евра: Цените на билетите за македонските навивачи во Вараждин 'до плафон'
Прес 24 - пред 16 минути
Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство. Најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија, зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра. Во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората фаза, билетите се пуштени во продажба по 40, 60 и 80 евра, а најевтини билети има за Претседателскиот куп во Пореч, каде цените се движат од 5 до 25 евра. Инаку, Македонија денес од 15:30 часот ќе игра со Австрија....
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е безгласна буква, слуга на Артан Груби
Прес 24 - пред 32 минути
Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение до јавноста во кое вели дека СДС е безгласна буква. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение: СДС на чело со Венко Филипче дословно и без да гукне ги извршува политиките на неговите претходници, Зоран Заев и Димитар Ковачевски слугувајќи на ДУИ и Артан Груби. Филипче никако не може да излезе од нивната сенка и нема храброст да се извини за криминалните коалиции, за кои сеуште се држи, и за криминалот на Груби кој месец дена ја тресе македонската јавност. Венко Филипче не смогна сили да се извини ни зошто МВР, на чело со Оливер Спасовски во владата на СДС, со години не преземала ништо за да ги спречи неговите криминални дела. Не само што не го спречиле криминалот на Груби, МВР на чело со Спасовски не покрена ниту постапка за негово кривично гонење и соочување со лицето на правдата. Венко Филипче и ова раководство на СДС, составено од третиот и четвртиот ешалон од времето на владеењето на Заев, уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со неговите претходници. Во СДС ништо се нема сменето. Таму се е исто, дури и Зоран Заев го има, и ова СДС е континуитет на правените седум годишни криминали и препознатлива по измеќарството кон ДУИ. Седумгодишните криминали, предавството на националните интереси и слугувањето на претходните раководства кон ДУИ и Артан Груби, се едни од главните причините кои СДС го доведоа до историски најголемиот изборен пораз....
Македонија и Косово разменија знаења за енергетска ефикасност
Прес 24 - пред 41 минути
Работна средба за енергетска ефикасност меѓу Македонија и Косово се одржа во Приштина, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. На средбата Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го преставуваа Елена Ивановска и Димитар Парнарџиев, а присутни на состанокот беа и генералниот директор и оперативните директори на Фондот за енергетска ефикасност, како и претставници на Канцеларијата на Светска банка во Македонија и Косово. Целта на средбата беше размена на искуства и најдобри практики во функционирањето на фондовите за енергетска ефикасност, со посебен акцент на искуствата на фондот во Косово - КФЕЕ, кои би можеле да помогнат во имплементацијата на работните процеси на Фондот за енергетска ефикасност кој се формира во Македонија. Претставниците на КФЕЕ ги презентираа нивните методологии за работа, статусот и начинот на формирање на програми со проекти и нивното следење, начините на финансирање, техничкиот кадар и сите аспекти поврзани со операционализацијата и функционалноста на фондот за енергетска ефикасност. Особено беше истакнато дека косовскиот фонд - КФЕЕ, основан во јануари 2019 година, успешно спроведува мерки за енергетска ефикасност во јавни и станбени згради, со поддршка од Европската унија и Светската банка. Овој фонд во Македонија ќе има клучна улога во финансирањето и спроведувањето на проекти за енергетска ефикасност во земјата, придонесувајќи кон намалување на потрошувачката на енергија и заштита на животната средина. Претставниците на Светската банка ја истакнаа важноста на регионалната соработка и размената на искуства во областа на енергетската ефикасност, нагласувајќи дека ваквите иницијативи се од суштинско значење за одржливиот развој и економскиот напредок на земјите од регионот, се наведува во соопштението од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.са/ Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини....
Маедонија мрзне - Ова се температурите утринава
Прес 24 - пред 53 минути
Македонија и ова утро е окована во студ. Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Битола, додека пак највисока температура од два степени е измерена во Охрид. УХМР информира дека -5 степени се измерени во Прилеп, -3 во Тетово, Штип, Виница и Куманово, -2 во Дебар, Кавадарци и Попова Шапка, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Крушево и еден степен во Претор и Гевгелија. Висината на снежната покривка изнесува 46 сантиметри на Попова Шапка, 42 во Маврови Анови, 22 во Крушево, 17 во Битола, 10 во Дебар, 9 во Тетово, 7 во Демир Капија, 6 во Штип и Берово и 5 степени во Лазарополе. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени. Во Скопје облачно со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 3 степени....
Мицунски: Бевме дел од приватната ложа на Мајкл Ватли
Прес 24 - пред 1 час
Тимчо Мицунски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше дел од инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук: - На мое големо задоволство, заедно со претседателот на Владата присуствувавме на официјалните инаугуративни активности на претседателот Доналд Трамп, како дел од приватната ложа на Мајкл Ватли - претседател на Републиканската партија на САД, напиша тој. Мицунски во постот му честиташе на Доналд Трамп. - Честитки за изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави. Пред нас е период на цврсто партнерство, зајакнати политички и економски односи, како и заеднички напори за градење мир и просперитет во светот, заврши Мицунски....
Лиценците на негователките денеска повторно на седница
Прес 24 - пред 1 час
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот. Пратениците го изгласаа овој Закон на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише Указот. Во образложението на претседателката се наведува дека изгласаните измени на Законот содржат повеќе спорни одредби. Во образложението таа наведува дека спровела темелна анализа и експертски консултации по што бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од Предлог-законот. - Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите од членот 9 и членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што го донесе на 24 декември 2024 година и ќе креира јасни, прецизни и недвосмислени решенија во согласност со Уставот, пишува во документот. Во образложението, претседателката вели дека посочените членови од законот треба да се преиспитаат низ призма на амандманот 5 од Уставот и постоечкиот закон за употреба на јазиците. Претседателката укажува и на одредбата од членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде е регулиран начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, формата и содржината на образецот за лиценца кои ги пропишува министерот. Сиљановска-Давкова во изјава дадена на Божиќ рече дека ниту имала намера, ниту ќе употреби вето за да навреди некој јазик. - Објаснив дека не сум законодавец, нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 и уште еднаш да се размисли дали ваквиот начин на полагање и добивање на лиценца нема да внесе или да отвори простор за дискреционо овластување. Не сум јас пристрасната, туку партиите кои посегаат по квалификации. Јас само тргнав од еден ноторен уставен и правен факт дека најпрво во самиот закон има одредба во која се вели дека меѓу остантото начинот на полагањето и начинот на издавањето на лиценците се уредува со акти на министерот. Во членовите 9 и 10 има одредби што мислам дека треба парламентарниот состав да ги преобмисли, изјави тогаш Сиљановска-Давкова. И од Владата најавија дека законот ќе биде доработен и повторно ќе биде испратен во Собранието во законските рокови....
Крваво убиство на Свети Јован во Србија: Му дошол на слава па го усмртил
Прес 24 - пред 1 час
Страшно убиство ја потресе Србија кога на Свети Јован, маж го избоде до смрт својот поранешен зет, на кој му дошол на слава. Крвавиот настан се случил во Батајница во Србија каде 70-годишниот М.Б. го избодел со нож поранешниот зет, 41-годишниот Д.Н. вчера околу 23 часот. Полицијата веднаш го уапсила пензионерот под сомнение за убиство. Тој дошол на слава кај поранешниот зет, а според српските медиуми, во еден момент почнале расправија од засега непознати причини. При расправијата, М.Б. земал нож и го усмртил Д.Н. Несреќниот маж им подлегнал на повредите на самото место на настанот. Се очекуваат повеќе детали....
Андоновски ќе информира за Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028
Прес 24 - пред 1 час
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе информира за донесувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028. Министерот Андоновски на јавната расправа за донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028 одржана на 1 ноември 2024 година, истакна дека стратегијата е стратешки документ и „сеопфатна рамка за акција која ќе обезбеди координиран национален одговор на современите сајбер-закани и ќе придонесе за побезбедна дигитална иднина на нашата држава“. Изработена е, како што рече тогаш, со највисоко ниво на транспарентност и инклузивност зашто ги вклучила сите засегнати страни. Појасни дека стратегијата има пет столба – првиот е градење силни национални капацитети за сјабер-безбедност со воспоставување квалитетна структура која ќе овозможи да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети во сајбер-просторот. Како што рече, во сржта на оваа структура ќе биде новиот сектор за сајбер-безбедност во рамки на Министерството за дигитална трансформација. Вториот столб се однесува на отпорност и безбедност на нашите суштински важни субјекти т.е. заштита на критичната инфраструктура, како што рече - од енергетскиот сектор до финансиските институции, од здравствен систем до транспортната мрежа. Третиот столб е посветен на градење општество отпорно на сајбер-закани со два клучни фокуса – едукација на возрасните и заштита на најмладите, како и задолжителни обуки на вработените во јавниот сектор и едукативни програми за оние во приватниот сектор. Четвртиот столб се однесува на минимизирање на влијанието на инцидентите, со оглед на тоа што, рече Андоновски, на секои 11 секунди некоја организација во светот е подложна на сајбер-напад и нивниот број секоја година расте од 10 до 15 проценти. Нагласи и дека особено внимание се посветува на борбата со сајбер-криминалот. Петтиот и последен столб од стратегијата е посветен на унапредување на меѓународната соработка во сајбер-безбедноста и сајбер-дипломатијата. Андоновски тогаш соопшти дека Министерството за дигитална трансформација ќе биде носител на најголемиот дел од активностите со 76 конкретни задачи. МВР ќе биде одговорно за 17 задачи, националниот ЦИРТ за 15, Министерството за одбрана и Армијата за четири и за пет задачи ќе биде одговорно Министерството за надворешни работи, а ќе бидат вклучени и други партнерски институции. Како контролен механизам за спроведувањето, воспоставена е и рамка за следење и оценување зашто стратегијата, рече Андоновски, „не смее да остане само текст на хартија кој нема да се имплементира“. Министерството за дигитална трансформација ќе поднесува детални полугодишни и годишни извештаи до Владата и до Националниот совет за дигитална трансформација, а ќе се спроведува и годишна темелна ревизија преку специјализирана работна група....
ВИДЕО: Мицкоски во САД на средба со Македонија 2025 - Се бориме за подобра иднина
Прес 24 - пред 1 час
Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук. - Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, напиша Мицкоски во објавата. Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Инаугуративните активности, како што објави на Фејсбук, ги следеше заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон. Мицкоски во Вашингтон оствари средби и со други истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот, меѓу кои Ричард Гренел, Девин Нунес, Џон Битов, Марко Галина бизнисмен Крис Павловски....
Маглата прави проблеми: Внимавајте кога седнувате во автомобил
Прес 24 - пред 1 час
Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово. Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата....
Три комисии ќе заседаваат во Собранието
Прес 24 - пред 1 час
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно правната комисија. Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Финансискот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година. Предлог законот за ратификација на Спогодбата за Инструмент меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата во согласност со Инструментот за реформи и раст е на дневен ред на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно правната комисија....
Неколку скопски населби денеска ќе останат без струја
Прес 24 - пред 2 часа
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден, соопшти РЦУК - Скопје. Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул.„18“ броеви од 30 до 40 и ул.„Радишанска“ броеви од 40 до 70 во општина Бутел, додека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците во селото Мирковци во општина Чучер Сандево. Во период од 09:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Мршевци“ кон Бујковци во општина Илинден....
Полнете шишиња: Скопска населба останува без вода
Прес 24 - пред 2 часа
Без вода денеска од 09 часот ќе бидат корисниците од Булеварот „Партизански одреди“ крак 7 во населбата Нерези. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100мм на Булеварот „Партизански одреди“ крак 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности....
Магла и студ во Македонија: Очекувајте дожд и снег
Прес 24 - пред 2 часа
Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде со магла и ниска облачност по одделни котлини, а преку ден ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1 степени. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени Целзиусови....
Меџити се огласи од Вашингтон: Со администрацијата на Трамп тесно ќе соработуваме
Прес 24 - пред 10 часа
Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити од Вашингтон најави тесна соработка со администрацијата на 47. американски претседател, Доналд Трамп. -Поздрав од Вашингтон, каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши и делегацијата на Владата учествуваме на инаугурацијата на 47-от претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Со администрацијата на Трамп тесно ќе работиме за евроатлантска Северна Македонија, без корупција и економски развиена. САД се партнерски сојузник на Северна Македонија и ќе продолжиме да ја продлабочуваме соработката и негувањето на билатералните односи како неопходен и суштински процес, вели Меџити....
Мицкоски со претседателот на републикаците Ватли на инаугирацијата во Вашингтон
Прес 24 - пред 11 часа
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли. „Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук....
МПЦ: Утре се празнуваат овие светители
Прес 24 - пред 12 часа
Свети Григориј, епископ Охридски Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот. Светите маченици Јулијан и Василиса Обајцата од благородни и богати родители. Венчани во брак, се заветуваа да живеат девствено како брат и сестра. Им го раздадоа сиот свој имот на сиромашните, а самите стапија во монаштво. Јулијан основа машки, а Василиса женски манастир. Јулијан имаше десет илјади монаси, а Василиса илјада монахињи. Кога настана лутото мачење на христијаните под Диоклецијан, Василиса Го молеше Бога нидена од нејзините монахињи да не се исплаши од маките и да не отстапи од православната вера. Господ ја услиши молитвата на Својата достојна слугинка и за шест месеци ги зеде кај Себе сите монахињи редум, па најпосле и нивната игуманија Василиса. Пред смртта Василиса имаше видение за своите сестри на оној свет: сите ѝ се јавија светли и радосни како ангели Божји и ја повикуваа својата духовна мајка да им дојде што побргу. Манастирот на Јулијан беше изгорен од мачителите, а самиот Јулијан го мачеа нечовечно и го убија во најтешки маки. Во маките го крепеше и бодреше Самиот Господ, па с ѐ издржа јуначки, ја одржа верата и го прослави името Господово. Заедно со Јулијан беа убиени: синот и жената на мачителот Маркијан; Келасиј и Марионил, кои кога го видоа трпењето на маченикот и самите се обратија во Христовата вера; дваесет римски војници; седуммина браќа од она место; презвитерот Антониј и некој Анастасиј, кого Јулијан за време на мачеништвото со молитва го воскресна од мртвите. Сите чесно пострадаа за Христа и станаа граѓани на небесното Царство околу 313 година. Преподобен Георгиј Хозевит Се подвизувал во 7 век во Хозевитската обител на патот од Ерусалим во Ерихон, каде што се подвизувал и Св. Јован Хозевит. ТропарГолем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието, учителу на монасите во трпението, Георгие оче наш преподобен, застапи се пред Бога за верните кои ревност покажуваат на патот на спасението и на твоите свети молитви се надеваат. Света Домника Во времето на царот Теодосиј дојде како некрстена од Картагена во Цариград со уште четири девојки незнабожки. Патријархот Макариј ги крсти и им благослови да живеат како монахињи. Света Домника се предаде на подвиг со голема ревност и во таа ревност остана до смртта. Се упокои во Господ во длабока старост, околу 474 година. Имаше дар на проѕирање на идните настани преку Светиот Дух и чудотоворна молитва. ТропарЧистејќи го срцето твое, Спасителот те направи подобен сад за Неговата благодат, о Домнико мајко наша преподобна, од него излевајќи се, подвиг на подвиг додаваше, благодат врз благодат добиваше, и за секого мелем за спасение имаше. Сега со светиите радувајќи се, моли се пред Седржителот, да се спасат нашите души....
Турци приведени на скопски аеродром и протерани од Македонија
Прес 24 - пред 12 часа
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.К.(26) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 12.01.2025 во 10:00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавените приложиле фалсификувани патни исправи. Од Основен суд Скопје на пријавените им биле изречени мерки протерување на странец со забрана за влез во Македонија од три, односно пет години....
Мицкоски се сретнал со Гренел: Побарав поголемо ангажирање од нашите партнери во остварување на стратешките интереси за членството во ЕУ
Прес 24 - пред 13 часа
Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, денеска се сретнал со Ричард Гренел, претседателски пратеник за специјални мисии и политика. Како што информира Мицкоски на Фејсбук, двајцата разговарале за предизвиците со кои се соочува Македонија поврзани со членството во Европската Унија. „Имав средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика. Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија“, објави Мицкоски на својата официјална страница на Фејсбук. Тој додава дека побарал поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. „Се бориме за секој интерес на Македонија!“ додава премиерот во објавата. Мицкоски вчера во Вашингтон се сретна со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина – бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на групацијата „Рамбл“....
Државјанин на Косово се обидел да прошверцува 48.000 пара чорапи преку Блаце
Прес 24 - пред 13 часа
Скопското обвинителство поднесе обвинение против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за криумчарење. На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација, соопштија од Обвинителството. Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари....
Вучиќ: Целта е да почнеме да користиме летечки автомобили во Србија во 2027 година
Прес 24 - пред 14 часа
Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави вечерва во Давос претседателот Александар Вучиќ, наведувајќи дека за тоа разговарал со претставници на компанијата „Арчер“ на маргините на Светскиот економски форум. Вучиќ за српските медиуми изјави дека компанијата „Арчер“ е „една од најпознатите компании кои се занимаваат со летечки автомобили, беспилотни авиони и летачки возови“. „Почнавме да преговараме за купување на најмалку три авиони, а разговараме и со нашите кинески пријатели, кои веќе имаат развиено многу и имаат летечки автомобили во неколку градови. Ќе побрзаме да се обидеме да завршиме се што е поврзано со подготовките и регулативите до средината на 2026 година, за да можеме да возиме летечки автомобили во 2027 година“, рече Вучиќ. Тој изјави дека на меѓународната специјализирана изложба Експо 2027, на која е домаќин, Србија сака да покаже „дека е најбрзо модернизирана и најбрзо растечка земја во Европа“. „Веќе потпишавме некаков меморандум со компанијата Арчер и договоривме за Expo 2027. Ме интересираше дали машината може да биде загрозена ако дојде јато птици. „Навистина не може и е многу побезбедно од хеликоптер“, додаде Вучиќ....
Трагедија во Штип: 36-годишен маж изгоре до смрт во својот дом, познат неговиот идентитет
Прес 24 - пред 16 часа
Денеска (20.01.2025) во 05:22 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Чифлик, делчевско, настанал пожар во куќа, сопственост на Д.Д.(36) – лице со здравствени проблеми. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а во куќата било пронајдено телото на сопственикот.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција....
Влада: Мицкоски на важни средби во Вашингтон, лобираме за македонските интереси
Прес 24 - пред 17 часа
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот. Претседателот на Владата Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата. На средбата се разговараше за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави. „Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓудругото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас.“, истакна премиерот Мицкоски. Меѓудругото Претседателот на Владата Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп. Таму претседателот на Владата Мицкоски оствари разговори со повеќе високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како што е новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки. За средбата со еден од највлијателните американски новинари Такер Карлсон, Мицкоски истакна дека тоа можност за размена на мислења и ставови за државата и регионот. Воедно за средбата за спортскиот гигант Патрик Бет Дејвид премиерот Мицкоски истакна, спортот знае да обединува. Добра прилика за размена на ставови за спортот и она што преставува пасија за многу луѓе. Денес Претседателот на Владата Мицкоски оствари средба и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика. За средбата Мицкоски истакна: „Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски....
Вработена во казино ги полнела машините за да „лупа“ на апарати
Прес 24 - пред 17 часа
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување. „На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР....
Началник во МВР нападнал лице и со службен пиштол го удирал по глава
Прес 24 - пред 17 часа
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „затајување“. „На 12 јануари во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13 јануари, противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка....
Нови два случаи на Ковид-19 во Македонија
Прес 24 - пред 18 часа
Од 13 до 19 јануари, тестирани се вкупно 282 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на Сарс-ков-2, за 8.9 проценти повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe два нови позитивни случаи, за четири помалку во однос на минатата недела, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје. Во тековната недела, регистрирани се две заболени лица, по едно во Кратово и Скопје. Во текот на минатата недела, регистрирани се петмина оздравени и нема починати лица асоцирани со вирусот. Во текот на 2025 година, заклучно со вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 13 заболени лица. – Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица, појаснуваат од Институтот....
Деца со мотор излетале од патот, едното тешко повредено
Прес 24 - пред 19 часа
Двајца малолетници се повредени во сообраќајна незгода со мотор што се случила вчера напладне. Според информациите од МВР, во селото Криволак, Неготинско, мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од малолетник од селото излетал од патот. Тешко повреден е неговиот сопатник од истото село, додека момчето кое управувало со моторот поминало само со полесни повреди. Извршен е увид....
Обвинетите за убиството на Вања „вежбале“ киднапирање 3 дена пред да ја убијат
Прес 24 - пред 19 часа
Денеска во Кривичниот суд се разгледуваа снимки од движењето на обвинитетите во врска со убиството на Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска. Како што презентираше денес Обвинителството планот на киднаперите бил да ја грабнат Вања на 24 ноември или три дена порано, но се откажале од оваа замисла зошто тој ден било многу раздвижено. Од она што беше презентирано можеше да се забележи дека во деновите пред убиството на Вања односно на 24 ноември се гледа како автомобилот ,,цитроен”, во периодот од 6.30 до 7 часот утрото поминува низ неколку улици во Скопје, а минува и пред зградата во кое живеело девојчето. Обвинителката објасни дека пребарувањето во Сејф сити се врши преку регистарски таблички, така што дури и ако на снимките регистарската табличка не е видлива, не постои сомнеж дека станува збор за друго возило. На сника од раскрсницата кај Кривичниот суд и Мавровка, се гледа возилото Цитроен. „На оваа снимка може да се забележи дека има лице на возачко, совозачко седиште и уште едно лице позади, се гледаат три лица во возилото, објасни обвинителката. Возилото се движи кон мостот оце Делчев, продолжува кон Владата каде вози во првата лева лента и се престројува да сврти лево. Последната снимка од ова ЦД покажува како возилото како доаѓа од улица Михаил Цоков, поминува покрај Хотел Парк, се упатува кон улица Наум Наумовски Борче, односно зградата каде живеела оштетаната Вања Ѓорчевска“, објасни обвинителката. Како што објасни обвинителката, автомобилот Цитроен се движел по истата рута како на критичниот ден, односно се доближува до зградата каде живеело оштетеното девојче, што значи дека обвинетите неколку денови пред киднапирањето веќе ја знаеле рутата по која ќе поминат. На понатамошните снимки се гледа како возилото неколку денови пред критичниот ден, го преместуваат возилото Цитроен од Триангла на локација која подоцна ќе се утврди дека е Бутел....
Мицкоски оствари средби со познатата американска ТВ водителка Мегин Кели
Прес 24 - пред 19 часа
Разговор со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Мегин Кели (Megyn Kelly), објави Мицкоски на својот фејсбук профил....
Голема трагедија во Македонија: Се запали куќа, изгоре маж
Прес 24 - пред 19 часа
Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот. Според информациите од Центарот за управување со кризи, противпожарните екипи интервенирале од 5 до 9 часот, а куќата целосно изгорела. „Најдено е целосно изгорено машко тело родено 1988 година кое живеело само и имало здраствени проблеми“, информираа од ЦУК. Телото е однесено на обдукција. Причина за пожарот е непозната....
Пожарот во старскиот дом е локализиран, корисниците евакуирани
Прес 24 - пред 20 часа
Пожарот е локализиран, корисниците евакуирани, информираат од домот за стари лица ,,Доктор Јанески", откако утринава пожар изби во објектот во кавадаречкото село Чемерско. -Пожарот што го зафати дел од кровот на домот е локализиран. Сите корисници безбедно се евакуирани и однесени во Општа болница, каде ќе останат неколку дена, соопштија од Домот. Оттаму упатија голема благодарност до градоначалникот Митко Јанчев, противпожарната служба, итната медицинска помош, директорката на болницата и сите што помогнале за сите корисници на услугите во домот, за кои сега бил обезбеден престој со истата услуга, во хотел во Кавадарци....
ВМРО-ДПМНЕ распали по СДСМ: Вие и спортот - зима и пустина
Прес 24 - пред 20 часа
„СДС и грижа за спортот? Тоа е како да зборуваме за зимата и пустината – едно со друго е во тотална спротивност. Дека СДС биле на страната на спортот, знаеме само од бајките што самите си ги раскажуваат. Реалноста е сосема поинаква – спортот беше оставен во руини токму од СДС, а сега сакаат да глумат спасители“, велат од владејачката партија во писмено соопштение испратено до медиумите. Прво, ги прашуваме: Каде беше вашата грижа за спортот кога се фрлаа пари на фиктивни проекти додека клубовите тонеа? Дали заборавивте дека под ваша власт спортот стана приватна партиска прчварница, каде вашите „миленичиња“ добиваа милиони, а клубовите со вистински успех едвај преживуваа? Вашиот систем на ваучери беше скандалозен – едни добиваа се’, други – ништо. Токму затоа се воведува нов, поправеден систем, каде што се вреднуваат вистинските заслуги и потенцијал, а не партиската книшка. Не заборавајте го случајот со Каевски и Наумче Мојсовски, кога парите за ваучерите завршуваа во приватни џебови, наместо во развој на спортот. Ете таква беше вашата „грижа“ за спортот. СДС повторно користи спортот за евтин политички театар. Но, бројките се јасни: - Под ВМРО-ДПМНЕ, спортот се враќа на вистинските патеки. - Исплатите се транспарентни и базирани на заслуги, а не на „Партиско тефтерче на Заев.“ И за крај, министерот Ристовски нема да поднесе оставка. Но, ако некому му е потребна оставка, тоа е на СДС – за целата штета што му ја нанесовте на спортот и на Македонија. Спортот нема да биде ваш политички заложник. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради силен спортски систем – без корупција, без манипулации, без СДС!, стои во реакцијаата на владејачката партија....
Спремајте повеќе пари: Поскапуваат горивата
Прес 24 - пред 20 часа
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 % во однос на одлуката од 17.01.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,747%, кај дизелот за 1,791%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,516% и кај мазутот зголемувањето е за 0,921%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0771%. Од 21.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,673 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,337 ден/кг и сега ќе изнесува 46,673 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени....
Обвинителите водат две постапки против Дрин - внук на Али Ахмети
Прес 24 - пред 20 часа
Јавните обвинители водат две постапки за внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во изјава за медиумите рече станува збор за два случаи кои ги водат две различни Обвинителства. -За Дрин Ахмети се водат две постапки. Едната постапка се води во Основното јавно обвинителство за организиран криминал, а другата постапка се води во Основното јавно обвинителство Скопје. Едната постапка е по правна помош за Соравија, а другата постапка е за ископи на природни минерали, рече Коцевски. Во интервју за КОД објавена вчера, Дрин Ахмети тврди дека од поканата од обвинителството да дојде на разговор за кривичната пријава дека неговата фирма „Еверест ЏД“ не плаќала концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини од рудник во Кичево дознал од медиумите. Тој на 18 ноември, минатата година бил на информативен разговор во обвинителството. -Јас дојдов од САД специјално со цел да одговорам на официјална институција која многу ја почитувам и да одговорам на било кои сомневања кои ги имаат за тоа што сум направил. Ова се однесува на случајот за концесијата. Јас им објаснив на нив. Им ги обезбедив уплатите, им ги обезбедив платните камати за доцнење и им кажав зошто имаше доцнење. Технички причини зошто имаше доцење, рече Ахмети во интервју за КОД....
Освен инвестиции, премиерот во САД лови и новинари: Се сликаше со Такер Карлсон
Прес 24 - пред 20 часа
Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја, напиша премиерот на социјалната мрежа ФБ....
Обвинителството истражува дали трето лице им помагало на Груби и Беџети да го стават во фиока предметот на Мијалков
Прес 24 - пред 21 часа
Обвинителството почнало предистрага за поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети за случајот за кој двајцата се најдоа на црната листа на Соединетите Американски Држави. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во предистражната постапка се истражува и дали во случајот со ставање во фиока на предметите на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков учествувало и трето лице. -Сѐ уште се работи за предистрага, се прибираат докази. Така што и во тој предмет ќе биде јавноста известена. Во моментов оние дејствија коишто се преземени од наша страна, јавноста е известена. Заедно со тој предмет што се однесува и на судијата, и за Артан Груби и евентуално за потенцијален друг сторител се води предистражан постапка, рече Коцевски....
Обвинителството истражува дали трето лице им помагал на Груби и Беџети да го стават во фиока предметот на Мијалков
Прес 24 - пред 21 часа
Обвинителството почнало предистрага за поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети за случајот за кој двајцата се најдоа на црната листа на Соединетите Американски Држави. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во предистражната постапка се истражува и дали во случајот со ставање во фиока на предметите на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков учествувало и трето лице. -Сѐ уште се работи за предистрага, се прибираат докази. Така што и во тој предмет ќе биде јавноста известена. Во моментов оние дејствија коишто се преземени од наша страна, јавноста е известена. Заедно со тој предмет што се однесува и на судијата, и за Артан Груби и евентуално за потенцијален друг сторител се води предистражан постапка, рече Коцевски....
Издаден е налог: Инспектори ќе ја тресат прилепската болница
Прес 24 - пред 21 часа
Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов потврди дека издал налог за вонреден инспекциски надзор во прилепската болница за случајот со двете новороденчиња близначиња кои починаа пред четири дена. -Издадов налог и денеска ќе се изврши вонреден инспекциски надзор во болницата. Ќе се проверува сета документација врзана со новороденчињата. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе имаме извештај за надзорот на инспекторатот – рече Лазов. Јавниот обвинител при прилепското основно јавно обвинителство Стевчо Биноски ја побарал документацијата од болницата и од службата на Итната помош која интервенирала во семејниот дом во прилепското село Славеј од каде било пријавено дека бебињата се во тешка здравствена состојба и била побарана лекарска помош. -Се чека наодот од обдукцијата на бебињата. Ја очекувам и медицинската документација од болницата и од службата за итна помош за потоа да побарам искази – рече Биноски. Од Центарот засоцијални работи информираа дека нивна екипа и денеска го посетила семејниот дом на младите родители во Славеј за да видат во какви услови е домаќинството каде сега се другите три деца на младата брачна двојка. Бебињта, машко и женско се родиле на 30 декември во прилепската болница како недоносени, во 34 гестациска недела и со тежина помала од два килограми. Како што информираа од Болницата, на 10 јануари мајката, на своја одговорност, заминала со бебињата од болницата кои биле во добра општа состојба. Во четвртокот родителите повикале Итна помош зашто бебињата биле во тешка здравствена состојба. Едното бебе, машко, починало во домот, а другото во прилепската болница. Лекарите се обидувале да го реанимираат и да го затоплат, но безуспешно. -На 16 јануари во 10,45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина. По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче – известија во петокот од Болницата за трагичниот случај. Извештајот од вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го очекува и основното јавно обвинителство....
Падна одлука: Граѓаните ќе може да симнат градоначалник од функција
Прес 24 - пред 21 часа
Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес, пред почетокот на вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, рече дека, според распоредот по кој се раководат, измените на законот треба да бидат изгласани пред изборите. Нашиот опсег на активности предвидува целиот овој консултативен процес со адаптацијата на предлог-измените на Законот за локалната самоуправа да заврши до крајот на март и потоа да влеземе во консултации со сите парламентарни политички партии. Да отвориме и таму една дискусија за да ги презентираме работите што сакаме да ги имплеметираме во новото законско решение. Очекувањата се дека од следните локални избори изменетиот Закон за локалната самоуправа ќе биде применлив“, рече министерот Перински. На првата консултативна средба за измените на Законот за локалната самоуправа, која се одржа во Битола, Перински потсети дека разговарале технички за степенот или можноста за отповикување градоначалник и за процентуалниот удел на граѓанските иницијативи за да се влезе во фаза на референдумско изјаснување. И на денешната средба, која се одржува во Штип, ќе се разговара за трите постулати за измена на законот, кои, според Перински, се референдумска можност за отповикување градоначалници како единствени функционери кои сега не може да бидат отповикани, воведувањето комунална полиција и поголемо учество на граѓаните во работата на општината....
Финансиската полиција ги истражува шесте тендери во ЕСМ
Прес 24 - пред 21 часа
И Финансиската полиција се вклучи во истрагата на шесте тендери за јавни набавки спроведени од Електрани на Северна Македонија за кои државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски веќе објави дека е почната предистражна постапка. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека се надева оти ОЈО Битола за брзо време ќе ги прибере потребните докази. -Основното јавно обвинителство Битола води постапки за шест јавни тендери со тоа што можам да истакнам сега дека интензивно работи и е плус вклучена Финансиската полиција. Се надеваме на брзо доаѓање до евентуални докази, рече Коцевски. Ова доаѓа по предметот „Адитив“ кој ја вклучува обвинителната постапка против поранешните директори Васко Стефанов и Васко Ковачевски....
Мециновиќ: Пратениците како да возат на керозин
Прес 24 - пред 21 часа
Левица предлага конечно ограничување на патните трошоци на пратениците - ова го истакна на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ. - Како анти-естаблишмент партија, бараме кратење на овие функционерски привилегии, почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците. Ние не земаме, ниту ќе земаме патни трошоци и сметаме дека е неопходно мнозинството да усвои рационален закон за нивно ограничување. Имено, познато е дека патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите, што создава неверојатна фрустрација кај народот. Нашиот предлог е патните трошоци да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои 100 километри изминати. Сметаме дека ова е далеку пореално и рационално решение, кое ќе биде прифатливо за целиот парламент, а ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет - појасни Мециновиќ на прес-конференцијата. Тој додаде дека за Левица одговара и нивното целосно укинување, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предлагаат во оваа форма. Во услови кога животот на граѓаните е сè полош, а Македонија една од најсиромашните држави во Европа, неодговорното однесување на функционерите и нивното привилегирање во недоглед е недозволиво. - Само Левица се бори за интересите на народот и против самоволието и привилегирањето на функционерите. Ние ќе продолжиме да бидеме гласот на оние кои се вон институциите, а да го прекинеме самоволието на функционерите - потенцираше тој. Мециновиќ истакна дека Левица продолжува да се бори за праведност, еднаквост и прераспределба и дека ова е само една од многуте чекори во нашата борба за правичен систем кој ќе работи за доброто на сите граѓани, а не само за малкумина. - Пратениците од другите партии сега земаат пари за амортизација, за патарини, земаат пари како да возат на керозин, а не на бензин. Ние не земаме патни трошоци, не затоа што сме будали, туку затоа што сметаме дека платите на функционерите се доволно големи за да ги покријат овие трошоци, а знаеме дека мнозинството нема да го прифати, доколку ја предложиме измената којашто ја предложивме во минатиот мандат, кога баравме надоместокот да го изедначиме со една автобуска карта. Но бидејќи знаеме дека мнозинството повторно нема да го прифати тој предлог, ние нудиме рационално и прифатливо решение - рече Мециновиќ. - Во овој момент многу пратеници креативно и вешто постапуваат, па пола година земаат патни трошоци, а пола година земаат кирија. Зошто? За, всушност, кога ќе дојдат пресметките за патни трошоци да не се најдат во оние топ пет - топ десет функционери со наплатени патни трошоци, така што овој закон не се однесува на кириите, туку на патните трошоци - образложи портпаролот Мециновиќ, одговарајќи на новинарско прашање. - Од пратеничката група на Левица никој не користи надоместоци за патни трошоци, ниту пак за кирии, иако имаме пратеници и од Гевгелија и од Струга, коишто се на екстремите на Македонија, од каде, всушност, пратениците земаат и по 800.000 денари за патни трошоци. Нашите пратеници си плаќаат сами кирија во Скопје, од својата пратеничка плата - дополни Мециновиќ. - Нашите колеги пратеници повеќе се вреѓаат кога ги напаѓаме за патни трошоци, отколку кога ќе им кажеме дека се слуги на олигархијата. Со нив не комуницираме директно, комуницираме преку јавноста, бидејќи на овие функционери им треба јавен притисок, а не некое рационално молење со нив. Само преку јавен притисок и артикулирање на оваа тема, може да се постигне некој ефект - поентираше Мециновиќ од Левица....
Премиерот на маса со влијателни американски бизнисмени: Сакаат да инвестираат во Македонија
Прес 24 - пред 21 часа
Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Рамбл групацијата, напиша на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас, стои во објавата на премиерот....
Потег за поздрав: Кузмановски купил билети за оние кои немале за вчерашниот натпревар
Прес 24 - пред 21 часа
Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во следната фаза на тековниот Мундијал што се одржува во Вараждин, Хрватска. Во клучниот дуел вечерва, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја совладаа селекцијата на Гвинеја и со освоен бод од оваа фаза се пласираа понатаму. Поддршката за нашите ракометари на овој турнир е на највисоко ниво. Популарната Фаланга е неизоставен дел од атмосферата и синоќа беше на висина на задачата, пренесувајќи го духот на Македонија во арената. Но, вечерта ја одбележа и еден потег кој предизвика восхит. Нашиот капитен, Филип Кузмановски, пред мечот против Гвинеја, обезбеди четириесет билети од сопствени средства за навивачи кои немале можност да ги набават за вчерашниот натпревар. Оваа несебична акција е вистински пример за лидерство и љубов кон татковината. Кузмановски, кој со години е симбол на борбеноста и посветеноста во националниот дрес, уште еднаш покажа дека е капитен во вистинската смисла на зборот. Македонските ракометари продолжуваат понатаму, а со ваква поддршка од навивачите и ваков дух на тимот, сигурни сме дека успехот нема да изостане....
Перински во Штип: Во соработка со експертите до поефикасна и отчетна локална самоуправа
Прес 24 - пред 21 часа
Во Штип денеска се одржа вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа. Настанот е дел од серијата активности насочени кон активно вклучување на локалната самоуправа, експертите и граѓанскиот сектор во процесот на подобрување на законската рамка, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека законската рамка, стара повеќе од 20 години, бара модернизација и усогласување со актуелните потреби на граѓаните и можностите на општините. „Нашата мисија е јасна – подобрување на услугите што ги испорачуваат општините за поквалитетно секојдневие на граѓаните. Верувам дека денешната размена на идеи, иницијативи и коментари ќе помогне во усовршувањето на реформите што ги подготвуваме. Сите овие напори имаат за цел ефикасна и отчетна локална власт, а најголемата придобивка ќе ја почувствуваат токму граѓаните“, изјави Перински. Министерот посочи дека предложените измени ќе донесат подобрување на транспарентноста, отчетноста, и учеството на граѓаните, воведување на комунални редарски служби, како и поттик за развој на помалку развиените подрачја. Проф. д-р Гордан Георгиев, кој е дел од експертската група, истакна дека промените се насочени кон три клучни области. „Првиот аспект се однесува на зацврстување на односот на општината и граѓаните кон јавното добро и хигиената. Вториот фокус е отчетноста на градоначалниците кон граѓаните, со можност за воведување механизам за отповикување како демократска контрола. Третиот аспект има за цел да ги отвори општините за поголемо вклучување на граѓаните во нивното работење“, изјави Георгиев, кој го оцени процесот како конструктивен и со широка партиципација. Домаќинот на настанот, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ја поздрави иницијативата за отворање на Законот и накратко истакна дека тоа е чекор во вистинска насока за доброто на граѓаните. Консултативната средба беше организирана од Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од УНДП....
Драма во болница: Пациент претепал лекар
Прес 24 - пред 21 часа
Вчера во 17.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б.(28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во Клиничка болница Тетово физички го нападнал лекарот Н.А.(47) од с.Џепчиште, тетовско. Како што соопшти СВР Тетово, Б.Б. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок....
Ѓоргиевски: Анкетите покажаа - граѓаните сакаат да бидам татко на Скопје
Прес 24 - пред 21 часа
Во интервју дадено за порталот МКД.мк, Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека Скопје е пред големи предизвици, но дека верува дека со рационално, транспарентно и енергично раководење може да стане град каков што граѓаните заслужуваат. Истакна дека му претставува исклучителна чест што истражувањата покажуваат дека ја има довербата на граѓаните за да ја преземе и оваа мошне значајна улога. Скопје е град со огромен потенцијал, но и со големи предизвици, вели актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Влегувате во последната година од вашиот мандат како градоначалник на Кисела Вода. Низ ваша призма, како изгледа трансформацијата на оваа скопска општина? – Последната година од мојот мандат е финалето на сето она што заедно со мојот тим и со граѓаните го постигнавме. Ако во првата година, веднаш по преземањето на градоначалничкиот мандат влеговме со наследен долг од 3 милиони евра, во последната, четврта година влеговме со историски најголемиот буџет досега, што ни овозможи да планираме и реализираме повеќе капитални проекти од кога било претходно. Денес, со гордост можам да кажам дека 95% од предвидените проекти од мојата програма се веќе завршени. Тие опфаќаат инфраструктурни решенија кои беа долгоочекувани од жителите, како и проекти кои значително го подобрија секојдневниот живот – од изградба на улици и канализации до модернизација на јавниот простор и поддршка за предучилишното и училишното образование, спортот и културата. И во оваа, последна година од мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, приоритет ќе бидат проектите кои директно ги адресираат потребите на граѓаните, затоа што сметам дека секој денар од буџетот треба да заврши токму таму каде што е најпотребно. Наскоро очекуваме нов повик од Владата за распределба на средства за општините, и јас веќе работам со мојот тим на подготовка на квалитетни проекти кои ќе обезбедат дополнителни инвестиции за Кисела Вода. Она што е најважно е дека граѓаните се нашите партнери. Тие активно учествуваат во планирањето и со нивната поддршка, успеваме да реализираме иницијативи кои се од вистинско значење за општината. Каква е соработката со Владата, особено како претседател на ЗЕЛС? – Кога ја презедов функцијата претседател на ЗЕЛС, си поставив амбициозни, но остварливи цели: да постигнеме соработка со Владата, бидејќи со нејзиното претходно раководство воопшто ја немавме и да обезбедиме поголема поддршка за општините. Со задоволство можам да кажам дека во овој период постигнавме значителен напредок. Еден од клучните моменти беше потпишувањето на меморандумот за соработка со Владата, кој со новиот премиер Христијан Мицкоски го остваривме веднаш откако се конституираше новата влада. Овој документ кој се чекаше повеќе од две децении и ја покажува нашата заложба за поефикасна локална самоуправа. Сметам дека улогата на ЗЕЛС е да биде мост меѓу општините и централната власт, и во таа насока, веќе реализиравме бројни иницијативи кои значат директна поддршка за граѓаните. Владата и локалната самоуправа денес делат исти вредности и идеи, и тоа е основата за долгорочен успех. Рамномерниот развој и децентрализацијата често ги спомнувате како приоритети. Зошто се важни? -Рамномерниот развој и децентрализацијата се клучни за напредокот на нашата држава. Како претседател на ЗЕЛС, јас цврсто верувам дека секој граѓанин заслужува исти услови за живот, без разлика дали живее во голем град или во помало населено место. Моите заложби како претседател на ЗЕЛС се насочени кон тоа општините да добијат поголеми овластувања и ресурси за да можат што посамостојно да ги решаваат локалните предизвици. Во текот на изминатиот период, во соработка со Владата, започнавме бројни иницијативи кои имаат за цел да обезбедат рамномерен регионален развој. Ова е неопходно за да спречиме миграции од помалите општини и да создадеме услови за подобар живот низ целата држава. Со децентрализацијата, општините добиваат шанса директно да ги адресираат потребите на своите жители. Верувам дека ова е вистинскиот пат за Македонија – земја каде секој граѓанин ќе може да го оствари својот потенцијал без разлика каде живее. Соработката со Владата во оваа насока е извонредна. Споделуваме исти вредности и заедничка визија за развој на нашата држава. Ова партнерство ни овозможува да градиме систем кој е праведен, инклузивен и кој обезбедува поддршка за сите општини, без исклучок. Граѓаните често ве споменуваат како можен следен градоначалник на Скопје. Како гледате на оваа можност? – Довербата што граѓаните ми ја укажуваат е мојата најголема мотивација. Анализите кои покажуваат дека ја имам поддршката за еден таков предизвик се потврда за сето она што досега сум го направил. Јас ја оправдав довербата која ми ја дадоа граѓаните на Кисела Вода. Остваривме проекти кои ја трансформираа општината и ги решивме долгогодишните инфраструктурни проблеми. Скопје е пред големи предизвици, но верувам дека со рационално, транспарентно и енергично раководење може да стане град каков што граѓаните заслужуваат. Ми претставува исклучителна чест што истражувањата покажуваат дека ја имам довербата на граѓаните за да ја преземам и оваа значајна улога. Скопје е град со огромен потенцијал, но и со големи предизвици. Град кој заслужува раководство кое ќе биде блиску до своите жители, кое ќе ги слуша нивните проблеми и кое ќе работи на тоа да создаде средина каде граѓаните ќе можат да живеат достоинствено, каде секој денар ќе се троши рационално и каде јавната администрација ќе биде во целосна служба на луѓето. Силно верувам дека најдоброто допрва доаѓа и дека со заеднички сили можеме да направиме значајни чекори напред. Скопје заслужува раководство со визија, ентузијазам и решителност, кое ќе го врати неговиот сјај и ќе го направи модерен европски град. Со посветена работа и тим кој верува во заедничката цел, можеме да ги надминеме сите предизвици и да создадеме град во кој сите ќе бидеме горди да живееме. Скопје може и мора да биде град на иднината, но за тоа е потребно силно лидерство и заедничка посветеност. Верувам дека заедно можеме да направиме значајни промени....
Голем дефект: Половина Скопје без парно
Прес 24 - пред 21 часа
Во повеќе делови од Скопје утрово жителите се без парно греење. Од ЕСМ Снабдување со топлина информираат дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија. Парно греење нема во делови од скопските населби Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и во други населени места. Од ЕСМ Снабдување со топлина соопштуваат дека екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Очекувањата се дека за бргу ќе биде нормализирано снабдувањето....
Драма за Водици: Се испотепале на кеј
Прес 24 - пред 21 часа
На 19.01.2025, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода М.А.(27) и Д.А.(27), двајцата од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 18.30 часот во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, физички го нападнале Н.Н.(23) од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава....
Денеска не е обичен понеделник: Денес е најдепресивниот ден во годината
Прес 24 - пред 21 часа
Денес не е само уште еден понеделник во месецот. Третиот понеделник во јануари со години се нарекува најдепресивен ден во годината. „Синиот понеделник“ е поврзан со чувство на тага, слаба мотивација и недостаток на енергија. Потеклото на терминот „Син понеделник“ датира од 2004 година, а првпат го измислил Клиф Арнал, велшки психолог кој предавал во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Тој бил ангажиран од британската туристичка компанија „Скај Травел“ како маркетиншки трик за да ги поттикне луѓето да резервираат одмор за да го подигнат својот дух (и нивниот профит). Тие првпат го претставиле концептот во соопштение за печатот во 2005 година, користејќи го како стратегија за да им помогнат на луѓето да ја победат зимската депресија преку планирање и организирање патувања. „Кога почнав да размислувам за мотивацијата да резервирам одмор, потсетувајќи се на она што ми го кажаа илјадници луѓе за време на работа или работилници, овие фактори сугерираа дека третиот понеделник во јануари беше особено депресивен“, објасни тој. „Синиот понеделник“ е избран за најдепресивен ден во годината затоа што често се совпаѓа со финансиски тешкотии, полоши временски услови, крај на божиќната возбуда и враќање на рутините и неисполнување на новогодишните одлуки, што доведува до генерално лошо расположение. Истражувањата не докажаа дека постои некој ден подепресивен од сите други, тоа е маркетиншки трик кој се вкоренува во модерната култура. Сепак, терминот набрзо стана глобално популарен – до тој степен што некои психолози предупредуваат за неговото негативно влијание врз луѓето кои навистина се борат со депресија. Иако на почетокот изгледа комплицирано и сериозно, формулата на Арнал за „Синиот понеделник“ нема научна основа. Поблискиот поглед на формулата [W + (Dd)] xTQ / MxNA покажува дека вклучените варијабли се субјективни и јасно ненаучни, пишува „CNN“. W, на пример, значи време. D е долг, а d е месечна плата, додека T значи време од Божиќ, а Q време од кога сте се откажале од вашите новогодишни резолуции....
Комунална хигиена: Многу ѓубре собравме викендов - 70 кубни метри отпад
Прес 24 - пред 21 часа
Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар. Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште. Во оваа скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата Џон Кенеди, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и градежен отпад. Во текот на викендот, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и приближно 25 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на тревна површина долж улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно....
Стигнаа анализите: Скопјани можат да пијат вода од чешма
Прес 24 - пред 21 часа
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.01.2025 до 17.01.2025 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)....
Милевски распали по Ристовски: Борко, фудбалот ни е на колена - а ти леташ во облаци
Прес 24 - пред 21 часа
Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците. Имено, министерот за Спорт, Борко Ристовски од Владата на СДСМ, наследи буџет од 9 милиони евра, кој што требаше да се распредели како “спортски ваучери“, изјави на денешната прес-конференција Панче Милевски од Комисијата за спорт на СДСМ. Владата на СДСМ, тој буџет континуирано го зголемуваше со години. И во него имаше пари за сите: и за големите спортски клубови и за малите, и за тие од градските средини и за тие од селата. СДСМ го смени системот на исплата од „спортски ваучер“ во субвенции, но и тоа не го спречи министерот да ја дигне корупцијата во спортот да ја дигне до облаците. Затоа јавно го прашуваме министерот; - по кој систем реномирани Фудбалски клубови, од прва и втора лига, добија по НУЛА денари, или нешто ситно, а третолигашки клубови добија милиони и останати суми поголеми од тие на прволигашите и второлигашите? - По којсистем на сите третолигаши од Источниот и Југоисточниот регион им исплативте по 0 денари, иако таму има клубови со повеќе децениска историја? - Зошто од останатите региони, сте исплатиле само на неколку третолигаши, а над 98 % од клубовите сте им дале по 0 денари? - Имате вршено исплати кон фудбалски школи формирани пред неколку години, а клубови што се постари од Вас, не сте им исплатиле ни денар? Што им ветивте на Фудбалските клубови од прва и втора лига во Ноември? Им ветивте дека сите ќе добијат дополнителни исплати во Декември, и ги излажавте. На едни дополнително во декември им имате исплаќано средства уште по еднаш или два пати (со значително поголеми суми), а други ги оставивте само на минималната исплата во Ноември. Затоа фудбалот го клекнавте на колена, а корупцијата во спортот ја дигнавте во облаците. Затоа,од Вас бараме јавно да ги објавите (како што тоа го правеше СДСМ) сите исплати кон спортските клубови од сите сметки на министерството, што сте ги направиле додека сте вие на Власт. Па давиди македонската спортска јавност, кои се тие спортски клубови на кои за само 4 месеци им имате исплатено над десетици милиони денари, а кои се тие што не добиле ништо За СДСМ, вашиот систем на распределба на парите за спортот е јасен: тој се вика “Партиското тефтерче на Мицко“. Кој го има во тефтерчето, тој добива пари. Кој спортски клуб е близок до ВМРО ДПМНЕ, тој добива пари. Затоа, министре, треба да си дадете оставка. СДСМ располага со податоци за сите ваши исплати, и истите ќе го достави до Основното јавно обвинителство и ГОК. За достоинството во Спортот, СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите, и затоа јавно го повикуваме сите спортски клубови, сите информации за корупција во министерството за спорт, да ги достават до СДСМ или до надлежните институции за борба со корупција. Само така спортот ќе го кренеме на прави нозе. Само така ќе не биде. СДСМ е на страна а спортот, ијзави Милевски од Комисијата за спорт на СДСМ....
Петрушевски до Филипле: Смогни сили - извини се за Груби
Прес 24 - пред 21 часа
Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски. Венко Филипче не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, уште дословно се држи до нивните политики и крими коалиции, изјави пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС која управувала со МВР не преземала ништо со години да го спречи неговиот криминал. Венко Филипче и денешното СДС уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски. СДС е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа. Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДС на дното, изјави Петрушевски на денешната прес-конференција....
Од сите балкански лидери: Само нашиот премиер е во САД
Прес 24 - пред 22 часа
Меѓу поранешните американски претседатели, лидерите на технолошки гиганти и дел од светските лидери, македонскиот премиер Христијан Мицкоски е единствен лидер од Балканот кој ќе присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува во анализата РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА. Македонската влада очекува од новата американска администрација да отворат прашања “од сериозен економски, политички и безбедносен карактер.“ „Вашингтон со поинаква оптика да гледа кон Балканот“, е идејата со која македонскиот премиер Христијан Мицкоски замина во Соединетите држави каде што присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Мицкоски ова го кажа во во последното интервју за новинската агенција Миа. Тој посочи дека има организирани неколку средби со водечки луѓе во новата администрацијаа во Вашингтон, но не соопшти детали. Претходно министерот за транспорт Александар Николовски соопшти дека македонскиот премиер е единствениот од регионот кој добил покана да присуствува на инаугурацијата. Ни владината служба не одговори на прашањата на РСЕ за повеќе детали за агендата на премиерот во Вашингтон. „Очекувањата се дека за време на престојот Мицкоски ќе одржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател“, се вели во кусото владино соопштение. Мицкоски е предвидено да се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и иден министер за трговија, потоа со Девин Нунес кој е номиниран за претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на „Trump Media & Technology Group”, и Каш Пател предложен за директор на ФБИ, како и со сенатори и конгресмени, пишува Дојче Веле повикувајќи се на владини извори. Лутник и Нунес минатата година во јули беа во посета на Скопје. Според владиното соопштение на средбата се разговарало за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе земјава....
Толку беше: Од утре влажен бран ја напаѓа Македонија
Прес 24 - пред 22 часа
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини во поголем дел од денот со магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура во котлините со магла ќе биде во интервал од -3 до 2, а во останатиот дел од земјата од 6 до 10 степени, информираат од УХМР. Во Скопје, во поголем дел од денот ќе има магла и ниска облачност. Попладне ќе има делумно намалување на облачноста. Температурата ќе биде до 2 степени. Синоптичарите за утре најавуваат повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. - Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, известуваат од УХМР....
Кешишев полнел бензин во шише утрото кога била грабната Вања
Прес 24 - пред 22 часа
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во судницата се прикажуваат снимки на кои треба да се утврди движењето на возилата со кои била грабната Вања и возилото во кое се возел обвинетиот Палчо. На првите неколку видеа, презентирани од Обвинителството, се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев наплаќа и полни балон со бензин на бензинска станица Макпетрол кај Транспорниот центар Скопје во близина на партијата Десна околу 5 часот наутро на 27 ноември 2023 година. Во судницата беа презентирани и неколку видеа од безбедносни камери од возилото Рено Кангу, како се движи во Центар, од седиштето на партијата Десна, кон Аеродром и во правец кон Гази Баба, околу 5 часот и 33 минути на 27 ноември 2023 година. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. На минатото рочиште, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред Судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења. Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата. Според ДНК анализата од самолепливата лента која била на устата на Вања, пронајдени се мешани траги од девојчето, како и, најверојатно траги од обвинетиот Велибор Манев. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. Според обвинението, тие заедно ги испланирале грабнувањето на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп и грабнувањето на Жежовски со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје....
Нови детали за пожарот во Домот за стари лица во Кавадаречко
Прес 24 - пред 22 часа
Нови детали за пожарот кој го зафати Домот за стари лица во кавадаречкото село Чемерско. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за МИА информира дека во пожарот кој го зафатил објектот каде се сместени 30 лица, нема жртви. Тој додаде дека на терен се тимови на пожарникари, медицински лица и полицајци. -Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општа болница Кавадарци, од каде што семејствата ќе можат да си ги земат, истакна градоначалникот....
Хрватите до Македонците: Дојдете порано во сала - ќе ве тресеме детално
Прес 24 - пред 22 часа
Хрватската ракометна федерација преку соопштение ги информираше македонските навивачи, да пристигнат порано во салата во Вараждин, каде ќе се игра натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја, денес од 18 часот, бидејќи ќе има детални проверки, пишува М-Нет. Зголемени безбедности проверки за навивачите доаѓаат откако Светската ракометна федерација го побара истото по настаните кои се случија пред два дена на дуелот со Холандија. „Бараме ваша соработка, почитување на сите правила на однесување, за создавање позитивна навивачка атмосфера по која сме познати во целиот свет, со цел да се обезбеди непречено спроведување на натпреварот и безбедност на сите учесници“, се вели во сооштението од Хрватската ракометна федерација. Како што велат хрватите, ќе има детални проверки на ранци, чанти и слично на сите посетители и навивачи. Македонија е голем фаворит вечерва, а со победа одиме во следната фаза....
Гори дом за стари лица во Кавадаречко - Се евакуираат жителите
Прес 24 - пред 22 часа
Пожар избувна во старечки дом во селото Чемерско во Кавадаречко, каде пожарникарите работат со цела сила на спасување на луѓето. - РЦУК Велес, известува дека во селото Чемерско во Општина Кавадарци има пожар во старечкиот дом каде на терен се 10 пожарникари со 3 противпожарни возила и интервенираат, пренесува РЦУК Велес. Додаваат дека на терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски коли со 8 полицајци. Се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со 2 минибуси. Засега нема детали за причината за настанување на пожарот и матерјалната штета....
Полните школи ќе направат 'бум' на заболени од грип - кога се очекува пикот?
Прес 24 - пред 22 часа
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што допринесуваат бројот на заболени да расте во овој период. - Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари. Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, појасни за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Мехмедовиќ препорачува децата кои веќе имаат развиено симптоми налик на грип, да бидат изолирани и да не одат во училиште. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 6 до 12 јануари пријавени биле 1.053 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања, или 3,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. - Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи согласно препораките на СЗО: лица над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници, подвлекуваат од Институтот. Заклучно со втора недела од 2025 година, во државава вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип....
Бројот на загинати се зголеми: 8 пензионери го изгубија животот во Србија
Прес 24 - пред 22 часа
Осум лица го загубија животот во пожар што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ. Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета. „Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите лица им беше овозможено алтернативно сместување“, посочи Чаушиќ. Тој нагласи и дека натамошна истрага за причините за пожарот ќе спроведе Вишото јавно обвинителство....
Родителите до наставниците во Нови Сад: Штајкувајте, ние ве поддржуваме
Прес 24 - пред 23 часа
Родителите на ученици во новосадските основни и средни училишта од утрово се собираат пред училиштата и им даваат поддршка на наставниците кои решија да штрајкуваат и со тоа да ги поддржат своите ученици и нивните барања, јави Бета. На родителите им се придружија универзитетските професори од мрежата „Слободен универзитет“, како и претставници на Студентите во блокади. Пред училишта низ Нови Сад се истакнати транспаренти меѓу кои – „Моето дете не е државна сопственост“, „Не се плашиме, се солидаризираме“, „Нашите деца утре се студенти“. Владимир Бугарски, родител на двајца ученици во тоа училиште и професор на Универзитетот во Нови Сад, вели дека родителите се организирале и дошле во училиштето да ги поддржат барањата на учениците и наставниците во прекинот на работата. „Моите ќерки едвај чекаат да се вратат на училиште и да се видат со своите другарки, но мислам дека денес не е време тие да се вратат на училиште. Денеска е време да ги поддржиме наставниците во нивната борба за достоинство и за сè што сакаат. Ќе има време децата да се вратат среќни од распустот“, рече Бугарски во изјава за Бета. Родителите и наставниците пред основното училиште „Прва војводинска бригада“ пеат: „Никогаш не плаши се, некој е со тебе…“ Родителите влегле во канцеларијата на директорот на ОУ „Тоза Марковиќ“ бидејќи тој и покрај нивните повици не сакал да излезе надвор да разговара со нив. „Луѓето излегоа надвор и вам ви е во ред да седите овде. Само си врзан за столот, нели? Слушнавме како не нарече. Дали мислиш дека таков речник е соодветен за директор? Мојата ќерка ќе мора да оди во Германија поради таквите луѓе“, велат родители. Директорот на училиштето повикал полиција, јави Бета....
ВЛЕН: Помина времето кога криминалци го имаа главниот збор во градовите
Прес 24 - пред 23 часа
ВЛЕН испратија соопштение за јавноста во кое тврдат дека времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маали и улици, како и убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, денес се минато. Во продолжение соопштението во целост: Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат. Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата ВЛЕН и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата. И од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше ДУИ нон грата, поточно Бирото за метрологија. Заложбата на Владата им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега. Ги информираме граѓаните дека ова е процес кој бара време и континуирана посветеност. Продолжуваме да останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции. ВЛЕН е гаранција за стабилност и безбедност. ВЛЕН е иднината на Албанците....
Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп ќе го зајакне партнерството со САД
Прес 24 - пред 23 часа
Потпретседателот на македонското Собрание и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по повод присуството на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на инаугурацијата на Доналд Трамп. - Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена. Ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија, пишува Милошоски. Тој додава дека склученото стратешко партнерство од 2008ма година, во комбинација со личните познанства меѓу премиерот Мицкоски и неколку членови на владата со дел од блиските соработници на претседателот Трамп, претставува солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи, особено во областа на економијата, безбедноста, енергетиката и подобро усогласување на дипломатските активности во области од заеднички интерес. - Во овој динамичен свет кој многу брзо се менува, добро е што преку премиерот, Македонија е присутна во Вашингтон и го зајакнува партнерство и довербата со САД, земјата која има најголем потенцијал во обликувањето на меѓународната политика, напиша Милошоски на Фејсбук....
Судот го одби барањето на Палчо - Трајковски се уште недостапен
Прес 24 - пред 23 часа
Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неосновано барањето за изземање на судијата Ивица Стефановски, поднесено од првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Палевски, на претходното рочиште побара изземање на судијата Стефановски, бидејќи, како што рече, се работи за спрега меѓу судот, полицијата и обвинителството. Според Палевски, недозволиво е судијата да не е заинтересиран за пронаоѓање на оружјето со кое се извршени двете убиства, а пронајдената чаура во близина на Велес да не е доставена како доказ. Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување на материјални докази од Обвинителството. Судијата на почетокот на рочиштето информираше дека добил известување од МВР дека сведокот Гоце Трајковски не е достапен на органите на прогонот. Обвинителката Жаклина Трајковска, рече дека Обвинителството не го повлекува предлогот за негово испитување, бидејќи, како што рече, постои можност да крајот на постапката да стане достапен и биде испитан за околности кои се значајни за постапката. Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, на почетокот до Судот поднесе пријава за лажно вештачење против сведокот на Обвинителството Ерол Османи, за што рече дека ќе достави и докази. На минатото рочиште, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред Судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења. Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата. Според ДНК анализата од самолепливата лента која била на устата на Вања, пронајдени се мешани траги од девојчето, како и, најверојатно траги од обвинетиот Велибор Манев. На судењето беше презентирано и психијатриското вештачење на обвинетите кое покажало дека сите биле пресметливи, односно знаеле што прават во моментот на извршување на делото. За нивните жртви, повикувајќи се на психијатриските наоди, обвинителката Трајковска, рече дека претрпеле тешко психичко страдање со силен интензитет. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп, додека, грабнувањето на Жежовски било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година....
Загреб: Мајката зад решетки - ќерка и ја бараат низ цела Сава
Прес 24 - пред 23 часа
Поминаа пет дена во потрагата по тригодишното девојче, чија мајка во средата го внела во реката кај загрепскиот мост Јанкомир. На теренот имаше повеќе од сто луѓе со 45 возила, 15 чамци, 13 дронови и три кучиња трагачи. Се пребарува површина од 110 километри. Антонио Станиќ, раководител на жупанискиот центар 112 во Загреб, рече дека реката Сава е малку пониска од последните денови, што ја олеснува нивната потрага. „Не можам да проценам колку ќе трае потрагата. Областа што ја опфативме е околу 110 километри од мостот Јанкомир до вливот на реката Сава“, изјави синоќа Станиќ за ХРТ. 34-годишната мајка се бранела со молчење и и е изречена мерка притвор од еден месец. Постои основано сомнение дека 34-годишната обвинета на 15.01.2025 година во попладневните часови во Загреб извршила кривично дело тешко убиство над своето малолетно дете....
Не знам дали мајка ми е жива: Семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
Прес 24 - пред 23 часа
Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар во кој досега загинаа осум лица, а седум беа повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на жителите на домот. Мажот, чија мајка била корисничка на домот за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива, и дека се надева на најдобро. Таа била на приземје во делот кој изгорел. „Немам информации дали е жива и каде е. Последен пат бев тука на 9 јануари кога на мајка ми и донесов работи и се што и требаше. Таа потоа прими терапија“, раскажува тој за „Блиц“. На местото на настанот пристигнала и брачна двојка, а таткото на мажот бил жител на овој дом.„Свекор ми беше внатре, во самиот дел кој целосно изгоре. Токму под оџакот“, вели видно потресена жена. Таа додава дека немаат информации за неговата состојба, но дека знаат дека се пронајдени четири машки тела во целосно јагленисана состојба.Медиумите потсетуваат дека најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Србија. Како што соопштија од српската полиција, постојат основи на сомнение дека пожарот е подметнат, а полицијата во соработка со надлежното обвинителство продолжува интензивно да работи на утврдување на сите околности и факти за овој настан. Во моментот на пожарот во домот имало 30 лица, од кои осум починале, седум лица се повредени, од кои на тројца им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, а четворица на ВМА. Останатите корисници се сместени во друг дом за стари лица, пренесува медиумот....
Охрид преполн за Водици - Денеска традиционално капење на рибарите
Прес 24 - пред 23 часа
Богојавленските чествувања во Охрид продолжуваат и денеска на празникот Собор на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Охридското Езеро. Славењето на Свети Јован Крстител или Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Тој чин со кој рибарите го прославувале почетокот на излов на риба од езерото, со оглед на забраната за риболов последно време се одбележува со капење на православните верници од градот, и тоа без исклучок предводени од тајфата на оној што ќе го фати Чесниот крст. Оваа, како и пред три години, тоа е дружината на Мартин Гоџоски. Манифестацијата и оваа година се одржува на месноста Сараиште, со културно-забавна програма, староградска музика, греано вино, топла ракија, пача, плашици... Организацијата на манифестацијата и за Денот на рибарите веќе неколку години е на Локалната самоуправа заедно со Дебарско-кичевската епархија, а во насока на нејзино збогатување што ги придонеле за што поголема масовност и посетеност на гости во градот за празникот Богојавленски водосвет. Инаку, празнувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во овој дел од православието, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и по бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст....