Народот страда, има болка во душата: Нов протест пред Владата од 19 часот
Нетпрес - ново
Протестот против францускиот предлог „Ултиматум, не благодарам“ продолжува и денеска пред Владата во 19 часот. Како што е најавено, граѓаните нема да протестираат само пред Владата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Голем број граѓани и вчера присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Покрај масовните протести пред Владата изминативе денови, социјалните мрежи се преполни со коментари со кои се бара отфрлување на францускиот предлог. Во коментарите се вели политичарите да се освестат бидејќи народот страда и има болка во душата. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Претседателот на Европскиот совет денеска во Скопје
Нетпрес - ново
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции. Како што најавија од Владата, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Топло со температури до 39 степени, можно е краткотрајно невреме попладне
Нетпрес - ново
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Температурите до 39 степени, попладне можно краткотрајно невреме
Нетпрес - ново
Времето во вторникот во Македонија претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура е во интервалот од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во Скопје
Нетпрес - ново
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции. Како што најавија од Владата, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Вимблдон: Надал осми пат во четвртфиналето
Нетпрес - пред 32 минути
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без многу проблеми во понеделникот вечерта по осми пат се пласираше во четвртфиналето на Грен слем турнирот во Вимблдон совладувајќи го во осминафиналето Холанѓанецот Ботик дан дер Зандшулп, 25-от на АТП листата со 6-4, 6-2, 7-6 (8/6),, а за минување во полуфиналето ќе се бори со Американецот Тејлор Фриц кој е 14-ти на АТП листата. „Продолжувам по вистинскиот пат. Ова беше многу позитивна игра против многу добриот противник кој многу напредувал. Да се биде во четвртфиналето, по три години без минување, многу е убаво, особено имајќи предвид на сѐ што се случи во последно време“, изјави по мечот 36-годишниот Надал. Оцени дека мечот против Фриц ќе биде „тежок, но ние сме во четвртфиналето на Вимблдон, па што друго можеме да очекуваме“. Победникот на Вимблдон во 2008 и 2010 година, Надал оди по 23-та Грен слем титула, откако годинава веќе ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос. Во четвртфиналето во понеделникот, освен Надал и Фриц, се пласираа и Австралиецот Ник Киргиос и Чилеанецот Кристијан Гарин. Вимблдон, тенисери, четвртфинале Кристијан Гарин (Чиле) – Алекс Де Минаур (Австралија/19) 2-6, 5-7, 7-6 (3), 6-4, 7-6 (6) Ник Киргиос (Австралија) – Брендон Накашима (САД) 4-6, 6-4, 7-6 (2), 3-6, 6-2 Тејлор Фриц (САД/11) – Џејсон Кублер (АвстралијаС) 6-3, 6-1, 6-4 Рафаел Надал (Шпанија/2) – Ботиќ ван дер Зандшулп (Холандија/21) 6-4,6-2,7-6(6) Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ВИДЕО| Папагал ослободи кенгур од кафез
Нетпрес - пред 52 минути
Темпераментен американски папагал, кој научил со клунот да отвора врати, пружил еден ден слобода на кенгур кој талкал по патиштата на американската сојузна држава Луизијана пред да биде фатен и вратен во живеалиштето. Скитањето на кенгурот Бакстер го снимиле надзорни камери во градот Закари минатата среда и локалната полиција објави дека е фатен со помош на путер од кикиритки и вратен во живеалиштето во четвртокот утрото, пренесува локалниот телевизиски канал WBRZ-TV. Сопствениците на Бакстер, кои порано имале зоолошка градина, сега водат непрофитно здружение, коешто ги лекува и враќа егзотичните птици во дивината. Рекле дека Бакстер живее со повеќе од десетина папагали од кои едниот, наречен Тор неодамна научил како се отвора вратата на неговото живеалиште . Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Италија прогласи вонредна состојба во северните региони погодени со сушата
Нетпрес - пред 1 час
Италија во понеделникот вечерта прогласи вонредна состојба за областите околу најдолгата река По, којашто ја осигурува услови за околу третина од земјоделското производство во земјата и сега бележи најнизок водостој во последните 70 години. Владината уредба ќе им овозможи на властите да ја намалат бирократијата и веднаш да преземат мерки доколку сметаат дека тоа е потребно, како што е наметнување на рационализација на одата за домаќинствата и компаниите. По е најдолгата река во Италија со делта кај Венеција која тече повеќе од 650 километри низ богатиот северот на земјата. Меѓутоа, многу делови од водениот пат се пресушени и земјоделците велат дека текот е толку слаб што солената морска вода со километри продира во внатрешноста, уништувајќи ги посевите. Владата поради сушата воведе вонредна состојба во петте северни региони: Емилија-Ромања, Фулранија-Јулијска краина, Ломбардија, Пиемон и Венето, пренаменувајќи првично 36,5 милиони евра за помош во решавањето на недостиг на вода. „Вонредната состојба има цел да се управува со моменталната ситуација со вонредни средства и овластувања, со помош за загрозеното население“, соопшти владата во Рим. Италијанските медиуми известија дека премиерот Марио Драги, исто така, разгледува можност да именува повереник на владата за координација на одговорот на сушата, на сличен начин на кој владата именуваше повереник за надзор на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Дневен хороскоп за вторник, 5-ти јули 2022-ра
Нетпрес - пред 1 час
ОВЕН Во текот на оваа седмица наизменично ќе се менуваат различни емоции – нежност и лутина, грижа и страст. Ќе има сè, вклучително и остри кривини, но можете да се справите со се што се случува. Марс ќе ве поддржи, ќе ви даде енергија да ги реализирате вашите планови. Ако веќе подолго време планирате да почнете да се занимавате со некоја физичка активност, сега е време да започнете – карате или бокс ќе одговараат на вашиот темперамент. БИК Активниот Марс го напушти вашиот знак. Одлично е ако успеавте да се опуштите во јуни, но сега е време да се зафатите. Важно е да донесувате одлуки со ладна глава и да не подлегнувате на возбудата. Оставете ги работите да тргнат по својот тек, без брзање и притисок. Одвојте повеќе време за вашите најблиски – им треба вашето внимание и грижа. БЛИЗНИЦИ Оваа седмица најмногу размислувате за промени! Претставниците на знакот кои не се среќни во љубовта, кои посакуваат личност која ќе им биде поддршка, треба да знаат дека сега е вистинскиот момент да раскинеме со се што е старо, кое не ограничува и попречува. Слободно пресечете ги синџирите и бидете активни во потрагата по некој кој ќе ве направи среќни. Романтичната Венера го следи вашиот знак и ви носи среќа во љубовта. РАК Бидете поодлучни во семејните работи, јасно кажете што ви пречи и што би сакале да видите поинаку. Кажете „не“ без да се грижите за совети, а во тоа ќе ви помогне активниот и бестрашен Марс. Искористете ја неговата моќ, следниот пат ќе биде во вашиот знак само за две години. Не ги одложувајте плановите за утре. Судбината ви подготви неочекувани работи! ЛАВ Седмицава е крајно незгоден момент доколку сакате да ги прекинете семејните или љубовните врски – судбината нема да ви оди во прилог. Од друга страна, овој период е добар за креативност – искористете го за да креирате, да смислите нови идеи, можеби хоби кое би можело да ви донесе профит. ДЕВИЦА Клучниот збор за вас оваа недела е мудрост и одржливост. Ако не сте сигурни во своите способности, не ризикувајте бидејќи можете да пропуштите многу. Ако планирате да започнете сопствен бизнис, побарајте партнери. Во овој момент тешко дека ќе можете сами да го направите тоа. ВАГА Не правете детални и долгорочни планови оваа недела. Ѕвездите ќе доведат до промени, кои може да ви го расипат тоа што сте го планирале. Но, тоа не мора да значи дека ќе биде лошо – всушност, ќе биде многу поинтересно отколку што сте можеле да замислите. Во средината на неделата ќе ве изненадат луѓе кои не сте ги виделе долги години. ШКОРПИЈА Деновиве ве очекуваат многу комуникации и договори. Обидете се да бидете флексибилни бидејќи деловните партнери и блиските луѓе ќе направат многу промени во вашиот распоред. Нема да може да биде точно како што сте планирале. Не дозволувајте тоа да ве фрустрира. Слободното време искористете го да бидете покрај вода – тоа е природната средина на вашиот знак. СТРЕЛЕЦ Седмицава ви носи креативен ентузијазам, ќе бидете инспирирани да создавате, да менувате, да го разубавите вашиот дом. Збогатете го со уметнички дела, внесете позитивна енергија. Ќе сакате да го промените и вашиот изглед. Само биди умерени. ЈАРЕЦ Деновиве ќе имате повеќе слободно време и можности за избор. Грижете се за она што ве прави среќни, што ве радува. Планирајте одмор, потребен ви е мал одмор од стресот и обврските. Не треба да се грижите за финансиите – се ќе биде во ред. ВОДОЛИЈА Во текот на оваа седмица, комуникацијата со другите ќе ви биде спонтана и лесна, а ќе уживате во дружењето со луѓето. Има добри шанси со некои од нив да имате добар однос. Можеби една од нив е вашата сродна душа. РИБИ Треба да размислите за промена на вашиот животен стил на подобро. Ослободете се од токсичните луѓе во вашата околина, променете ги штетните навики. Размислете да започнете да вежбате, да јадете здрава храна. Обидете се да размислувате позитивно, така ќе ви се случат само добри работи. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Американската полиција го идентификуваше стрелецот во Чикаго
Нетпрес - пред 7 часа
Американската полиција го идентификувала вооружениот маж кој уби најмалку шест лица и ранил повеќе десетици во понеделникот во поворката од парадата по повод Денот на независноста 4-ти јули во Хајленд Пар, предградие на Чикаго, и трага по 22-годишниот Роберт Е. Кримо, кого го смета вооружен и опасен. Претходно беше објавено дека полицијата објави дека трага по млад маж на возраст меѓу 18 и 20 години, кој е осомничен за пукањето. Осомничениот е опишан како бел маж, на возраст од околу 18/20 години, со долга црна кога, со слаба градба во бела или сина маица. Полицијата, исто така, соопшти дека го пронашла оружјето – пушка, што го користел напаѓачот, но и натаму смета дека осомничениот е „вооружен и многу опасен“. Вооружениот напаѓач пукал од покрив на една зграда во близина на контролен пункт по маршрутата на поворката, претворајќи го традиционалното граѓански изразува на патриотизам во хаос и паника. Најмалку 25 лица на возраст од 8 до 85 години се погодени во пукањето, според болнички извори. Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил „се шокирани од бесчувствителното оружено насилство коешто повторно донесе тага во американската заедница на Денот на заедницата“, објави Белата куќа. „Понудив целосна поддршка од сојузната влада и ја повикав сојузната полицијата да помогне во итната потрага по убиецот“, изјави Бајден. В својата изјава се осврна на реформата на законодавството поврзана со оружјето која неодамна ја потпиша, велејќи дека има уште многу нешта треба да се сторат и додадат дека нема да се откаже од борбата против епидемијата на вооруженото насилство. Пукањето се случи во периодот кога многу Американци сѐ уште се силно вознемирени од порастот на вооруженото насилство, особено по масакрот од 24-ти мај во кој беа убиени 19 деца од рана училишна возраст и две наставнички во основно училиште во Увалде во Тексас и нападот од 14-ти мај во кој во супермаркет во Бафало во државата Њујорк беа убиени 10 луѓе. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Мисијата на ОН за човекова права открила „веројатни“ масовни гробници во Либија
Нетпрес - пред 8 часа
Мисијата на Обединетите нации во Либија објави во понеделникот дека постојат „веројатни масовни гробници“ коишто допрва треба да се истражуваат, веројатно дури 100, во град во кок се пронајдени стотици тела, и ги повика властите во Триполи да продолжи потрагата за гробници. Извештајот кој подоцна оваа седмица ќе биде поднесен во Советот за човекови права при ОН детално опишува како паравоена единица која ја воделе седум браќа погубила и затворила стотици луѓе меѓу 2016 и 2019 година, понекогаш држејќи ги во минимални структури слични на фурни наречени „кутии“ кои биле запалени во текот на испитувањето. Доказите за грабнувањата, егзекуциите и тортурите во Тархуна, кои ги открила независна мисија за утврдување на фактите, претставуваа еден од нејеклатантните примери на кршење на човековите права во турбулентниот период од соборувањето со интервенцијата на НАТО власта на деценискиот либиски водач Моамер ел-Гадафи во 2011 година. Меѓу жртвите биле инвалиди, како и жени и деца, стои во извештајот составен на 51 страница, во кој увид имал Reuters. Врз основа на сведочењето на жителите и двете посети на локациите, мисијата пронашла „разумни причини“ дека милицијата Канијат починала сториле злосторства против човештвото. Идентификувале четворица команданти кои во нив лично учествувале. Либиските власти веќе откриле 247 тела во масовни и поединечни гробници во областа на Тархуна во западна Либија. Многу од телата сѐ уште биле со лисици на рацете и превези на очите. Мисијата користела сателитски снимки кои покажуваат знаци на раскопување на почвата меѓу другите докази за да се идентификуваат три нови веројатни локации на масовни гробници. Но би можело да ги има повеќе, се наведува во извештајот, повикувајќи се на постојна гробница позната како „депонија“ каде што е истражен само мал дел од локацијата. „Според инсајдерски сознавање, сѐ уште би можело да има до 100 уште неоткриени масовни гробници“, се истакнува во извештајот. Засега не е јасно како овие откритија ќе се одразат на либиската власт. Либиската дипломатска мисија во Женева не одговорила на барање за коментар. Во една фаза групацијата Канијата делувала во соработка со владата на Националниот договор со седиште во Триполи, којашто е призната и поддржувана од ОН, а подоцна наводно со источната Либиска национална армија (LNA) која ја предводи фелдмаршалот Калифа Хафтар со седиште во Тобрук, кој имаше неуспешна офанзива за соборување на владата во Триполи. Милицијата Канија веќе нема власт во Тархуна. Нејзините преживеани водачи, како што се верува, пребегнале во источна Либија, под контрола на LNA. Во заклучоците Мисијата за утврдување на фактите (FFM) ги повикаа либиските власти да ја продолжат потрагата по гробниците. Исто така, ги повика на воспоставување посебен суд за процесуирање на злосторствата. Трејси Робинсон, една од трите водителки на тимот од 18 луѓе, изјави дека нема ресурси ниту овластувања самата да ги истражи гробници во Тархуна. „Должност на државата е да дејствува“, рече Робинсон за новинарите во Женева. Извештајот ги опишува и тешкотиите со либиските власти во минатото. Дипломати и извори од ОН, исто така, рекле дека Reuters дека Либија претходно изразила резерви во врска со продолжувањето на мисијата, која завршува до крајот на јуло. Според нацрт резолуцијата која во моментов е пред советот со седиште во Женева, истрагите би требало да продолжат уште девет месеци, што помалку отколку што се очекуваше. Одлуката се очекува до крајот на седмицата и, доколку резолуцијата биде усвоена, членовите FFM рекле дека следната година на советот имаат намера да му поднесат дополнителни докази, конечниот извештај и доверливиот список на осомничените. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Николоски: На протестите има провокатори, а уставни измени нема да дозволиме
Нетпрес - пред 9 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека веќе три дена на протестите против францускиот предлог има инфилтрирано провокатори кои треба да прават инциденти. „Точно е дека има провокатори, и вечерва ги видовме. Но, 90 отсто од нив не ја вршат работата за која се пратени, туку се солидаризираат со демонстрантите“, рече Николоски. Што се однесува до отворањето на Уставот и внесување на Бугарите во него, нешто што е еден од условите за да се комплетира отворањето преговори на Македонија со ЕУ, Николоски рече дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени и уставните измени нема да се случат. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Николоски: Договорот поставува преседан, доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со ЕУ, туку Ковачевски и Османи одат во Брисел на сликање
Нетпрес - пред 9 часа
Мислам дека народот веќе доволно добро знае за предлогот, веќе некаде 2 недели до 20 дена предлогот во една или во друга форма го има. Пред се сакам да ви се заблагодарам на вас медиумите, а и на вас Алфа телевизија што детално го објаснува предлогот со цел луѓето да знаат што е штетноста во истиот. Народот треба да знае што е суштината во овој договор и каде би можело ВМРО-ДПМНЕ да реагира, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија. Николоски посочи дека Договорот поставува преседан за Македонија, затоа што јавноста треба да знае дека доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со Европската Унија туку само ќе ги викнат во Брисел на сликање. „Значи доколку Владата го прифати договорот Македонија не почнува преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на едно сликање каде ќе ручаат еден ручек и ќе се вратат назад. Откако ќе се вратат назад за Македонија да почне преговори, треба да се промени Уставот, а за да се промени Уставот потребно е 2/3 мнозинство каде е клучно ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви гарантирам и давам збор вечерва дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот. Доколку не се случи промената на Уставот, тогаш сите тие други работи кои се напишани во тој договор не важат затоа што тоа е услов за влез во договорот“, рече Николоски. Николоски потенцираше дека клучниот фокус е кон спречување на промената на Уставот. Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека нема да се случат Уставни измени. Што значи дека без Уставни измени договорот не важи. „Нам уште по лесно ќе ни е ако имаме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 пратеници односно апсолутно мнозинство, тогаш ни постапка за промена на Устав нема да почне. Ако нема предвремени избори и ако пробаат во овој пратенички состав тоа да го тераат тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и пак нема да се случат Уставните измени“, кажа Николоски. „Апсолутно Македонија треба да стане членка на Европската Унија, но треба да сме свесни дека никој не врши притисок врз Бугарија. Најдобар доказ дека никој не врши притисок врз Бугарија е што сите бугарски позиции се во Предлогот и при тоа ниедна македонска. Зошто е тоа така ? Затоа што Владата на Заев и Ковачевски и на СДСМ и ДУИ е корумпирана, а во Европска Унија на иста маса со корумпиран политичар не седнуваат. Дури и сега нема да седнат на иста маса и лажат дека ќе почнат преговори. Зошто? Затоа што има висок степен на корупција“, изјави Николоски. Николоски заклучи дека за да се спасат од одговорност прават пропаганда, дека готово утре почнуваме преговори. Не почнуваат проговори и нема да има никакви мултиетнички тензии, а единствените тензии кои ќе ги има се кај него затоа ќе ја изгуби министерската позиција. Во кариерата ќе има тензии, ама во државата нема да има. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Николоски: Владата требаше да си даде оставка, три дена по ред доаѓа народ и бара оставка
Нетпрес - пред 9 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа, ги коментираше протестите кои одржуваат против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и рече дека е многу среќен што десетици илјади граѓани ги поддржуваат истите тие протести и убеден дека доколку економските услови во Македонија, да можеа луѓето да си дозволат да ставаат бензин во своите автомобили, ќе имаше и стотици илјади затоа што врие кај Македонецот, но врие и во другите градови во Македонија. Николоски ги коментираше и денешните инциденти пред Владата. @Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство“, рече Николоски. Во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан. „За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот“, заклучи Николоски. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Заклучоци на Извршниот одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции и почеток на преговори за полноправно членство
Нетпрес - пред 9 часа
Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред беше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ. Во продолжение интегрален текст од соопштението на СДСМ: Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донесе повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство. 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки, се вели во соопштението на СДСМ. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Милевски за францускиот предлог: Доколку утре се бара одлука, ние ќе бидеме против
Нетпрес - пред 10 часа
Претседателот на Либерално-демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, порача во понеделникот дека доколку утре се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука. „Ние уште немаме одлука на партиски органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо“, рече Милевски. „Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава“, додаде Милевски за ТВ 24 по средбата со претседателот Стево Пендаровски. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Американската полиција трага по млад маж осомничен за смртоносното пукање во Чикаго
Нетпрес - пред 10 часа
Американската полиција објави дека трага по млад маж на возраст меѓу 18 и 20 години, кој е осомничен за пукањето во понеделникот утрото по локално време врз учесниците на парадата по повод Денот на независноста 4-ти јули во предградие на Чикаго. Според последните информации, во пукањето убиени се шест лица, а повеќе од 30 луѓе се повредени, некои ранети а некои повредени при бегството. „Осомничениот е опишан како бел маж, на возраст од околу 18/20 години, со долга црна кога, со слаба градба во бела или сина маица“, изјави на прес-конференција портпаролот на полицијата во предградието Хајленд Парк. Полицијата, исто така, соопшти дека го пронашла оружјето кој го користел напаѓачот, но и натаму смета дека осомничениот е „вооружен и многу опасен“. Локалните медиуми пренесоа дека огнот врз учесниците во традиционалната празнична парада бил отворен од покривот на зграда во близина на еден од контролните пунктови, а полицијата ги советува жителите да останат во безбедни простори. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Сара Ристовска и следната година ќе биде дел од ЦСКА Москва
Нетпрес - пред 10 часа
Ракометната репрезентативка на Македонија, Сара Ристовска, која настапува за ЦСКА Москва, и во следната сезона ќе биде дел од московската екипа. Ристовска и покрај тешката ситуација во рускиот ракомет, ќе го одработи актуелниот договор со клубот од Москва. Ракометарката пред извесен период го продолжи договорот со ЦСКА Москва, но нејзиното останување беше неизвесно бидејќи најголемиот број на интернационалки кои настапуваа во руските клубови заминаа, откако ЕХФ воведе санкции за клубовите од Русија и Белорусија. Ристовска најверојатно во следната сезона ќе биде единствената интернационалка во редовите на ЦСКА Москва. Клубот на почетокот на месец март го напуштија Ана Грос и Катрин Хеиндал, додека по завршувањето на минатата сезона си замина и екс ракометарката на Вардар, Драгана Цвијиќ. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Јошко Миленкоски е нов тренер на ПАОК
Нетпрес - пред 10 часа
Поранешниот македонски селектор на одбојкарската репрезентација, Јошко Миленкоски ќе седне на кормилото на грчката екипа ПАОК. Миленковски на почетокот на годината седна на кормилото на Црна Гора, а претходно како селектор има работено со составите на Македонија и Турција. Стратегот во богатата кариера предводеше и голем број тимови, меѓу кои се Работнички, Нико Доага, Борец, Финикас Сирос, како и уште неколку екипи. Миленкоски во Македонија освои 28 трофеи од кои 15 беа во првенството со Работнички, додека останатите 13 му се во Купот, каде што беше најдобар 12 пати со Работнички и еднаш со Борец. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Цените на гасот во Европа се приближија до 1.800 долари
Нетпрес - пред 10 часа
(AP Photo/Sergei Chuzavkov) Цените на природниот гас во Европа во текот на тргувањето во понеделникот се приближија до границата од 1.800 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Августовските фјучерси, според индексот на една од најголемите платформи за тргување холандски TTF го отворија трговскиот ден со цена од речиси 1.630 долари. Потоа во текот на тргувањето паднаа до 1.575,4 долари, но потоа започнаа да покажуваат постојан раст. Така, до затворањето на тргувањето во понеделникот, цената запре на 1.799,1 долари за илјада кубни метри гас. На почетокот на март цените на гасот во Европа достигнаа рекордно високо ниво од 3.892 долари, поттикнати од стравувањата за испораките од Русија поради западните санкции поради санкциите на Европската унија воведен поради војната во Украина. Потоа цените на „синото гориво“ почнаа постепен да паѓаат, па на 8-ми јуни беше забележана најниската цена од крајот на февруари од 878,5 долари за илјада кубни метри. Цените на гасот на континентот повторно влегоа во спиралата на остриот раст кон средината на јуни и последните две седмици, во заднината на намалените испораки од Русија, како поради ремонтирањето на делови од главниот гасовод Северен тек 1 кое е попречено токму поради санкциите, како и прекинот на испораките за некои европски земји кои одбија да плаќаат за енергенсот според моделот кој го воведе Москва. Во моментов, според процените на аналитичари на енергетскиот пазар во Европа, не постојат предуслови за силен пад на цените на гасот, Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Мисајловски до Адеми за фуснотата за македонскиот јазик: Зошто Албанија нема таков услов за старт на преговорите?
Нетпрес - пред 10 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното свое гостување побара одговори од сите гости во емисијата кои што се за францускиот предлог што точно ќе содржи бугарската изјава во врска со македонскиот јазик. Мисајловски исто така го запраша пратеникот од редовите на ДУИ Арбр Адеми, зошто и Албанија нема ваков услов. „Претходни рековте дека постои услов, а истото ми го спомнавте и на паузата, што значи таа фуснота и што ќе содржи изјавата на Бугарија за македонскиот јазик? Еве зошто Албанија нема таков услов за почеток на преговорите?“, го запраша Мисајловски својот колега од ДУИ. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Нетпрес - пред 10 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека францускиот предлог е претставен пред Стратешкиот совет. „Денеска францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија. Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата“, пишува вели Османи. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Познатата композиторка и пијанистка Андоновска го бакна полицискиот штит и им испрати порака на полицајците
Нетпрес - пред 11 часа
Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа вечерва демонстрантите на полициските службеници кои ја опколија зградата на Владата. Професорката Дарија Андоновска остави белег на еден од полициските штитови. Претходно граѓаните им дадоа цвеќе. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ФОТО| Уште еден ден масовни протести „Ултиматум – не благодарам“
Нетпрес - пред 11 часа
Во понеделникот, трет ден со ред, десетици илјадници граѓани се собраа на протест пред Владата, на кој македонскиот народ масовно излегува и со македонски знамиња и пароли јасно порача: „НЕ за бугаризација“. Голем број граѓани и вчера присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Во неделата вечерта, иако официјално вчерашниот протест против францускиот предлог заврши, голем број граѓани останаа пред Владата поставија и шатори во континуиран протест. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Мисајловски: Ниедна македонска влада досега не го прифати барањето на Бугарија за заедничка историја, СДСМ избрзано го сторија тоа
Нетпрес - пред 11 часа
Јас лично бев дел од преговарачкиот тим кога се овој договор. Јас тогаш бев држен секретар во Министерството за надворешни работи па потоа бев колега заедно со Арбер во Владата и сме имале добра соработка и сме работеле. Што беше спорно тогаш, што е спорно денес? Три работи беа спорни: Прво – заедничката историја и ниедна Влада претходно и тогашната Влада не го прифати тоа барање на Бугарија да имаме заедничка историја. Многу брзоплето потоа се прифати од страна на СДСМ и таа Влада. Зборам за еден потег, заедничка историја што сега ги прави сите проблеми, истакна Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. Потенцираше на втора работа која е многу важна, а тоа е реципроцитетот, како што се однесува за нив така да се однесува и за нас. „Не може само Македонија да има обврски, и тогаш и тоа не се договори, но Владата на СДСМ веднаш го прифати. Зборам ниту една влада во историјата, ниту нивните Влади претходно не го прифаќале тоа барање. Исто така многу важно што го бараа македонскиот јазик како што сега го бараат и како што сега стои во овие документи, истото го бараа во договорот за добрососедство. И тоа беше од важните работи кои ние како ВМРО-ДПМНЕ заедно тогаш во Владата не го прифативме тој документ. Сега тој стои тука, и тоа е обврска. Тоа што сега е укочено, ќе стои во самиот процес. И да, добро кажа Арбер ова не е отварање на преговорите како Албанија што веднаш ќе ги почне после состанокот, туку Македонија има обврска да го смени уставот. Тоа е обврска задолжителна за потоа да започне преговори. Тоа е многу клучна разлика“, појасни Мисајловски. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Невремето во Скопје откорна дрво кое оштети паркирани возила
Нетпрес - пред 11 часа
Краткотрајниот пороен дожд што го зафати попледнево Скопје направи низа проблеми во градот. Големо, старо дрво попладнево падна врз паркирани автомобили во Тафталиџе. Спорд информациите, оштетени се две коли, а во инцидентот нема повредени. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Мисајловски: Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, се бара и промена на Уставот
Нетпрес - пред 11 часа
Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик, се бара и промена на Уставот истакна вечерва во своето гостување на Телевизија 24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. „Аргументирано да гледаме и да се договориме, не само вака со општи тези дека ова е добар предлог и слично. Во предлогот пишува еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик. Конкретно, ако е транспарентна постапката ве прашувак каква е таа изјава, што ќе стои во таа изјава од Бугарија и што ќе стои тоа во македонската страна и зошто не биде објавено, што ќе има во Протоколот, тоа е важно. Доколку вие ова го поминете на Влада и го испратите во Брисел, Албанија ќе ги почне преговорите, зошто ние не ги почнуваве?! Во овие документи стои, дека мора да се промени Уставот“, му реплицираше Мисајловски на својот колега Перо Костадинов од СДСМ. Претходно Мисајловски истакна дека протестите се граѓански на на нив не учествуваат само членови на политички партии. „На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што прв пат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански. Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно„, истакна Мисајловски. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Протестот е граѓански зашто народот е изневерен, а Македонија не може да го прифати тоа, порача Мисајловски
Нетпрес - пред 11 часа
На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што првпат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. „Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно“, рече Мисајловски. Истакна дека поминуваат многу денови, а не можеме да видиме протокол, што ќе има внатре. „Граѓаните не знаат, не веруваат во институциите и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен од самите институции. Не може тоа така брзо да се прави, овие консултации требаше да бидат подолго време, да ги слушнат граѓаните, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите партии или сите експерти. Ова се многу сериозни прашања, затоа и вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме да разговараме за неколку работи. Не може Македонија да го прифати ова, не може бидејќи влегуваме во слепа улица и тоа треба да го знаат сите до еден“ појасни Мисајловски. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ ѝ кажуваат оти предлогот е добар, но не сака да го слушне македонскиот народ
Нетпрес - пред 11 часа
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести. „Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност. Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската“, додаде Стојаноска. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Кошаркарите поразени и од Украина, тренерот Бајиќ сепак севкупно задоволен од играчите
Нетпрес - пред 11 часа
Македонската кошаркарска репрезентација ги заврши квалификациите за Светското првенство со пораз од Украина во Скопје со 68:73, што потврдува дека во моментов Македонија е далеку од европскиот кошаркарски крем како иво минатото, бидејќи во групата Г остана со шест порази од исто толку натпревари. Андреј Јакимовски со 17 поени и девет скокови беше најдобар во македнсктата селекција, а двоцифрене учинок имаа и капитенот Војдан Стојановски со 15 и Бојан Крстевски со 13 поени. На вториот натпревар во оваа група Грузија ѝ го нанесе првиот пораз на Шпанија во квалификациите со 82:76 по продолженијата. По мечот со Украина селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, зборуваше опширно за натпреварот, но се осврна и на други теми. „Честитки до селекцијата на Украина за победата. Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката, се надевам дека беа задоволни од односот на теренот. Првата четвртина пресуди, примивме премногу поени, а и тие беа многу шутерски расположени. Премеко влеговме, не бевме доволно агресивни. Бевме хендикепирани на високите позиции, па некои ситуации моравме да ги играме поинаку. Украинците имаа искусни играчи, а ние не одигравме дел од тактиката која ја договоривме. Потоа заигравме подобро, се вративме во натпреварот до полувремето. Им сугерирав на гирачите да веруваат во себе, да изгинат на паркетот, бидејќи мечот не е готов. Во два наврата покажавме карактер, а во одредедни моменти имавме пад на концентрацијата и промашени зицери беа можеби пресудни да не славиме. Бевме на четири поени дефицит, направивме план како да се обидеме да се вратиме. Му дадов шанса на Јакимовски во важен момент да земе шут, иако во тимот има играчи како Војдан. Сепак, задоволен сум од одиграното. Имавме тежок меч со Шпанците, па и долг пат. Кратко се подготвувавме за оваа средба и дадовме максимум. Со ваков пристап и однос, ако сме комплетни, ќе бидеме многу поопасни. Јас ниту еднаш немав среќа да бидеме комплетни и да уживам во целосниот квалитет на репрезентацијата. Сепак, горд сум на оваа група момци“, започна селекторот. Бајиќ ги посочи проблемите со подмладувањето на тимот кое според него многу доцни. Зборуваше за младите имиња, а најави и американски плејмејкер во иднина. Меѓу другото, зборуваше и за својот договор и неговото останување на клупата. „Откако ја презедов репрезентацијата, не бев целосно свесен за ситуацијата. Не сум задоволен од состојбата, дел од играчите имаат поголема минутажа тука отколку во тимовите. Претходно требало да се реагира и да се дава шанса на младите играчи порано. Минатото лето одигравме одлично, вложивме огромен труд за да се најдеме во оваа група. За нас ова е добар резултат. Низ целиот циклус, минаа многу играчи, се обидов со многу имиња. Сега имам појасна слика за составот и можностите на тимот. Ни недостига одличен плејмејкер, можеби Американец за да ја раздвижи екипата. Во континуитет мора да повикуваме помлади играчи, за да се подмлади екипата. Секој млад кошаркар мора да има однесување, упорност и поради тоа да добива шанси. Се надевам процесот ќе заврши побрзо, јас им давам шанси на младите. Ќе ја анализираме ситуацијата со федерацијата. Немам ниту една замерка за организацијата и за соработниците. Пријатно се чувствувам тука. Можеби го ризикувам моето здравје за да бидам тука. Ќе видиме што носи иднината, ќе договориме со управата на КФСМ дали ќе останам тука. Сепак, ако некој смета дека јас сум најголемиот проблем во оваа ситуација за македонската кошарка, лесно може да се реши проблемот“, заврши Бајиќ. Следен предизвик на Македонија ќе бидат претквалификациите за Европското првенство кои стартуваат во август. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ФОТО и ВИДЕО| Шест мртви и дваесеттина ранети во пукање на рутата на поворката по повод Денот на независноста во Чикаго
Нетпрес - пред 12 часа
Шест лица беа убиени, а можеби и повеќе од дваесет други се ранети кога вооружен маж почнал да пука од покривот на една зграда, десет минути по почетокот на парадата на четврти јули во чикашкото предградие Хајленд Парк во понеделникот наутро, соопштија властите, пренесува Chicago Sun-Times Набргу до пладнето, полицијата на Хајленд Парк соопшти дека и натаму е „активен инцидент“ и ги повика луѓето да се држат настрана од месотот на настанот. Властите ја продолжија потрагата по напаѓачот, а Федералното биро за истраги (FBI) побара секој што има снимка од пукањето или можни информации за напаѓачот, да се јави на нивната бесплатна телефонска линија. Репортерот на порталот извести дека видел видел ќебиња со три крвави тела и уште пет други ранети и крвави лица во близина на контролен пункт на парадата. Болницата при Универзитетот НортШор соопштил дека 26 лица биле однесени во болницата Хајленд Парк и пет во болницата Еванстон, „огромното мнозинство“ се хоспитализирани со прострелни рани, иако некои „се здобиле со повреди како резултат на хаосот што следеше на парадата“. Неколкумина очевидци изјавиле дека слушнале повеќекратни истрели, а еден од нив рекол дека изброил повеќе од 20 истрели. Претходно беше објавено дека престрелка е пријавена на маршрутата на поворката по повод американскиот Ден на независноста 4-ти јули во чикашкото предградие Хајленд Парк, објави на Twitter во понеделникот канцеларијата на шерифот на округот Лејк Каунти. Локалниот телевизиски канал WGN извести, повикувајќи се на неименувани полициски извори, дека стравува оти најмалку едно лице е мртво а дека повеќемина се ранети. Засега, сепак, нема официјални извештаи за жртви. „Избегнувајте го тоа подрачје, овозможете ѝ на полицијата и на итните служби да ја работат својата работа“, објави канцеларијата на шерифот додавајќи дека замениците на шерифот ѝ помагаат на полицијата во Хајленд Парк. Поворката ненадејно е прекината кога се слушнале истрели десетина минути по нејзиниот почеток, поради што стотици луѓе се разбегале поради сопствената безбедност, објави порталот Chicago Sun-Times. Луѓето почнале да бегаат откако слушнале неколку силни тресоци, објави телевизијата CBS 2, цитирајќи ја својата продуцентка која се наоѓала на местото на поворката. „Сите бегаа, се криеја, врескаа“, изјавила продуцентката Елиса Кафман, според интернет страницата на телевизијата. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ВИДЕО| Граѓани ја минаа оградата и влегоа во дворот на зградата на Владата
Нетпрес - пред 12 часа
Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата. Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Владата. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Ненамерен израелски оган веројатна причина за смртта на новинарката Абу Аклех, според извештајот на САД
Нетпрес - пред 12 часа
Новинарката на панарапската катарска сателитска телевизија Al Jazeera, Ширин Абу Аклех најверојатно загинала во ненамерно стрелање од израелски позиции, но независните иследници не можеле да донесат конечен заклучок за куршумот кој ја погодил, соопшти во понеделникот американскиот Стејт департмент. Американско-палестинската новинарка беше убиена на 11-ти мај додека известуваше во текот на рацијата на Израелските одбранбени сили (IDF), во близина на бегалскиот логор Јанин, на палестинската енклава Западниот брег (од реката Јордан), која меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна од 1967 година. Споменатиот камп САД го сметаат за упориште на вооружените палестински фракции, меѓу кои и на Исламскиот џихад. Американскиот координатор за безбедност (USSC), заклучил дека истрелите од израелските позиции најверојатно се причина за нејзината смрт. „Американскиот безбедносен координатор не најде причина да верува дека тоа било намерно, туку попрво е резултат на сплетот на трагични околности во текот на воена операција на IDF против палестинските фракции на Исламски џихад“, се истакнува во соопштението на Стејт департментот. Палестинската самоуправа, која ја има власта на Западниот брег, пред два дена на Американците на вештачење им го предаде куршумот со кој била убиена новинарка, а кој ќе им биде вратен на Палестинците. Палестинската новинска агенција Wafa објави во саботата вечерта дека била одобрено предавањето на куршумот на САД, но не и на Израел. Сепак, во неделата израелските власти соопштија ќе го тестира куршумот кој бил смртоносен за палестинско-американската новинарка Ширин Аби Аклах, за да се утврди дали ја убил израелски војник, и истакнаа дека во текот на постапката ќе биде присутен американски набљудувач. Меѓутоа, со форензичката анализа којашто ја спровела трета страна, балистичките стручњаци утврдиле дека куршумот е тешко оштетен оти не е возможно да се донесе јасен заклучок за него, додаваат од американскиот Стејт департмент. Палестинците тврдат дека Израелците намерно ја убиле новинарката, додека израелската страна го негира тоа и појаснува дека е можно дека ја погодил заталкан куршум или била погодена со куршум од оружјето на еден од палестинските напаѓачи. This is how Israeli terrorism killed the Palestinian journalist #شيرين_ابو_عاقلة Even though she’s wearing a press uniform. #Shereen_Abu_Aqleh#Palestine pic.twitter.com/GwikEn2pSH — 🇵🇸🇯🇴manal abunassar (@manal_abunassar) May 11, 2022 Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
Нетпрес - пред 12 часа
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ФОТО| Ламбе Алабаковски настапи на вечерашниот протест пред Владата и порача не за францускиот предлог
Нетпрес - пред 12 часа
Познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски кој неодамна беше лишен од слобода, па ослободен за подметнување на пожар во таканаречениот културен центар Ванчо Михаилов во Битола, вечерва настапи на протестот пред Владата на Република Македонија, на кој што исто така имаше и говор пред насобраните Македонци кои што веќе трет ден по ред протестираат против францускиот предлог. Инаку, на Алабаковски првично му беше определен ефективен притвор, но под притисок на јавноста судот ја менуваше одлуката на два пати, односно беше пуштен во домашен притвор, па пуштен да се брани од слобода односно му беа определени мерки за претпазливост. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Македонските тенисерки стартуваат во Били Џин Кинг купот
Нетпрес - пред 13 часа
Со жрепката во понеделникот попладнето во Скопје беа одредени полуфиналните двојки во рамки на третата група од Евроафрикандската зона на тенискиот Били Џин Кинг купот. Македонската женска тениска репрезентација е дел од Ц конкуренцијата и е во група со репрезентациите на Јужна Африка, Боцвана и Уганда. Утре во првото коло македонската селекција ќе игра против Уганда во второто коло в среда против Боцвана, а во последното коло в четврток противник ќе им биде Јужна Африка. Промоција во повисокиот ранг ќе обезбеди само репрезентацијата која ќе биде севкупен победник на турнирот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Калеска-Ванчева: Веќе го имаме клучното со францускиот предлог
Нетпрес - пред 13 часа
Она за што сме се залагале и за што генерации го потврдиле е дека нашето место е во Евопската унија и НАТО. Ние веќе го отфрливме првиот предлог затоа што беше неприфатлив и не беше потребно да се стави на широки консултации, рече во понеделникот пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева. Според неа, направени е промена во модифицираниот ткн „француски предлог“, односно Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија ткн францускиот предлог. „Го почитувам секое мислење од луѓе докажани во својата експертиза. Го поздравувам тоа што конечно е објавен на македонски јазик. Овој предлог заслужува вистинско внимание и не треба да го отфрламе и да даваме несодржани квалификации. Прв предлог кој што има сушствена разлика, најмногу во македонскиот јазик, кој што е без фусноти и задршки. Ние веќе го имаме клучното со овој предлог. Тоа е многу јака основа како ќе постапиме. Треба да се продолжи процесот и тоа да се прави транспарентно. Се соочуваме со реакции поттикнати од опозицијата“, додаде Калеска-Ванчева. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ВО ЖИВО| Повторно илјадници Македонци на сенародниот протест против „францускиот предлог“
Нетпрес - пред 13 часа
Во понеделникот, трет ден со ред, илјадници граѓани се собраа на протест пред Владата на Република Македонија. Македонскиот народ масовно излегува и со македонски знамиња и пароли јасно порача: „НЕ за бугаризација“. Голем број граѓани и вчера присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Во неделата вечерта, иако официјално вчерашниот протест против францускиот предлог заврши, голем број граѓани останаа пред Владата поставија и шатори во континуиран протест. Протестот во продолжение може да го следите во живо: Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Почина д-р Кирил Доревски, редовен професор на Факултетот за фармација при УКИМ.
Нетпрес - пред 13 часа
Проф. д-р Кирил Доревски е роден 1934 година во Ресен. Дипломирал на Фармацевтскиот факултет во Белград во 1959 година. Специјализација од областа на медицинската биохемија завршил во Белград во 1967 година. Како дипломиран фармацевт работел како управник на аптеката „5-ти Ноември“ во Ресен и како специјалист-биохемичар во болницата „Д-р Трифун Пановски“, во Битола. Во 1977 година на Фармацевтскиот факултет во Белград ја одбранил докторската дисертација. Во 1970 година се вработил во фабриката „Алкалоид“ во Скопје и во овој период завршил специјализација од областа фармацевтска технологија. До крајот на 1977 година е на функцијата помошник генерален директор за комерција, финансии и развој, по што бил избран за директор на работна единица „Алкалоид“ во Варшава, Полска. Во периодот од 1986-1992 година работел како сојузен секретар за хемија, гума и неметали при Стопанската комора на СФРЈ во Белград. Бил член на Сојузната и на Републичката комисија за регистрација на лекови. Од август 1992 година работи на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Како редовен професор покрај стручната работа, научната активност учествува и во едукација на постдипломци, специјализанти и докторанди на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Бил претседател на Фармацевтското друштво на СФРЈ, Фармацевтското друштво на Македонија, главен и одговорен уредник на Билтенот на фармацевти и фармацевтски техничари, а подолг период и претседател на Acta Pharmaceutica Yugoslavica. Покрај многу награди и плакети има добиено и Златен орден на трудот за посебен придонес во фармацијата на југословенско ниво. Во периодот од 1992-1993 година бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1994 до 1998 година бил декан на Фармацевтскиот факултет. Во текот на двата мандата овозможува подобри материјално-технички услови за работа, пред се изградба на зграда на Факултетот во соработка со Реплек-Македонија. Директно се заложил во учебната 1992/93 година да се воведе нова петтогодишна студиска програма за студенти по фармација. Бил иницијатор за раздружување од Медицинскиот факултет и за осамостојување на Факултетот во 1994 година. Во историјата ќе боде запамтен како прв декан на Факултетот по одвојувањето од Медицинскиот факултет во 1994 година, кој со својата долгогодишна наставно-образовна, стручно-апликативна и научна работа, оставил силен печат за развој на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и целокупната фармацевтска дејност во нашата држава. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од сушата
Нетпрес - пред 13 часа
Италијанската влада планира ќе прогласи вонредна состојба, како одговор на сериозната суша која погоди делови од земјата, објави во понеделникот кабинетот на премиерот Марио Драги. Владата во Рим ќе се сретне подоцна во понеделникот за да ги објави мерките коишто влијаат на најтешко погодените региони. Северот на земјата е особено тешко погоден, со голем езера, вклучително и езерото Гарда, кои сега имаат многу помалку вода отколку што е вообичаено за овој период од годината. По, најдолга река во Италија, со делта близу Венеција, на некои точки по должината на својот тек на најниското нови во последните 70 години, па солената вода продрела со километри возводно. Градовите Пиза и Верона воведоа рестрикција на користењето вода, а Венеција и Милано ги исклучија некои од нивните светски познати фонтани. Сѐ поголемата тежина и зачестеност на сушните периоди во медитеранскиот регион, според модерните тенденции се припишуваат на климатските промени, како единствен виновник за нив. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Путин порача да се одморат единиците кои го заземаа Луганск, но да продолжи воената операција во Украина
Нетпрес - пред 13 часа
Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу му порача дека единиците кои учествувале во „ослободувањето“ на сепаратистичката доминантно руска и рускојазична југоисточна украинска покраина Луганск, треба да се одморат, но истовремено оцени дека руските сили треба да ја продолжат заедничката офанзива со проруските сепаратисти до целосно заземање на историската област Донбас. „Единиците кои учествуваат во активни воени дејствија и го постигнаа успесите, победите во правецот на Луганск, секако, треба да се одморат, за да ги зголемат своите борбени способности“, рече Путин на состанокот со Шојгу пренесуван на јавната телевизија. Руските сили „мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови“, рече Путин во текот на разговорот и додаде дека се надева оти „во нивните сектори сѐ ќе одвива како што тоа беше во Луганск“. Шојгу, кој во неделата го извести Путин за падот на Лисичанск, и „ослободувањето на целиот“ регион Луганск, го информираше претседателот дек во моментов во тек е процесот на деминирање на градот. Изјавите на рускиот претседател доаѓаат два дена откако руските војски во Украина објавија дека го заземале Лисичанск, а ден откако Киев потврди дека го загубил, односно неговите единици се повлекле, од стратешки важниот град Лисичанск, последниот кој го контролираа во административната територија на регионот Луганск пред превратот во 2014 година, кога беше самопрогласена ткн Народна Република Луганск и започна украинската граѓанска војна. Лиганск и соседниот Доњецк ја сочинуваат историската и со ресурси богата област Донбас, во којашто е доминантно руското и рускојазичното население. Контролата на Лисичанск, кој заедно со соседниот Северодоњецк сочинува стратешки важна оска на границите на Донбас, сега на проруските сепаратисти и руските единици им порача полесно настапување кон запад, кон градовите Славјанск и Каматорск, двете места во областа кои сѐ уште се под контрола на украинските сили. Прорускиот сепаратистички функционер Виталиј Киселов во понеделникот изјави дека руските сили од две насоки напредуваат кон Северск, кој е на патот кон Славјанск и Краматорск. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Пендаровски за „францускиот предлог“ се сретна со лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП
Нетпрес - пред 14 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската унија. Лидерите на трите партии ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на ипредлогот, соопштуваат од кабниетот на Пендаровски, без поединости за содржината на разговорите со тројцата партиски лидери. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Ковачевски побегна од новинарите по средбата со Села
Нетпрес - пред 14 часа
Премиерот Димитар Ковачевски излезе на „задната врата“ во Клубот на пратениците и ги избегна новинарите, по средбатата во понеделникот со челникот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, избегнувајќи да даде изјава за медиумите. Иако бројни новинарски екипи го чекаа премиерот во Клубот на пратениците, тој веројатно го искористил некој друг излез и си замина во моментот додека Села ја даваше изјавата за медиумите. Наместо изјава за новинарите и можност да му бидат поставени прашања, Ковачевски се огласи преку соопштение на неговиот кабинет. „ Во рамки на широката консултација која интензивно се одвива, веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денес одржа средба со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. На средбата, премиерот Ковачевски ги изнесе позициите на Владата во однос на европскиот предлог. Премиерот Ковачевски нагласи дека оваа Владата работи со што поголем консензус и секогаш во интерес на граѓаните и уште еднаш ги потврди ставовите дека потребни се мудри одлуки и заедничка одговорност која ќе ни обезбеди европска иднина. Во разговорите премиерот Ковачевски истакна дека во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик, што беше најважното прашање за нас – Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, дообјаснувања и ѕвездички. Дополнително премиерот Ковачевски на лидерот на Алијанса за Албанците му порача дека неопходно е државничко однесување и вистинска одлука за мир, стабилност во државата и просперитет на сите народи кои живеат во Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020, со што преговорите со Европската Унија ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот. По добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија. Оваа средба е дел од низата консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.“ – се вели во соопштението на Владата. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Во Србија 1.260 нови случаи на коронавирусот, едeн смртен исход
Нетпрес - пред 14 часа
Според официјалните податоци, во последните 24 часа од коронавирусот во Србија починало уште едно лице, со што вкупниот број на жртви е 16.132, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs. Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 8.328 лица се тестирани за коронавирус, од кои 1.260 се позитивни. На респиратор се приклучени се девет пациенти. Вкупно 121 лице се хоспитализирани. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ЕУ воспоставува платформа за обнова на Украина
Нетпрес - пред 14 часа
Европската унија ќе воспостави платформа за координирање за обновата на Украина која некогаш ќе заврши војната со Русија, изјави во понеделникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Платформата ќе се користи за утврдување на инвестициските потреби, координирање на активностите и насочување на ресурси, рече фон дер Лејен на Конференцијата за закрепнување на Украина во швајцарски Лугано. „Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. И уште повеќе ќе дојдат. Значително ќе се ангажираме на среднорочната и долгорочната обнова“, изјави шефицата на Европската комисија. Платформата ќе ги собира земјите, институции, приватниот сектор и цивилното општество. Исто така, ќе вклучува и меѓународни организации, како Европската банка за обнова и развој (EIB) и Европската инвестициска банка (EIB), која предлага финансиска структура којашто се користеше во текот на пандемијата Covid-19, за со инвестиции до 100 милијарди евра би ѝ се помогнало на Украина. Фон дер Лејен изјави дека ЕУ има посебна одговорност и стратешки интерес да биде на страната на Украина. Исто така, тврди дека ЕК има експертиза во водењето на програмите кои ги обединуваат реформите и вложувањата. Откако Украина и официјално стана кандидат за членство во ЕУ, соработката со Киев само уште дополнително ќе биде засилена, порача фон дер Лејен. На Украина ќе ѝ бидат потребни 750 милијарди американски долари за планот за закрепнување во три фази по завршувањето на војната, изјави премиерот Денис Шмигал на конференцијата. Рече и дека „руската инвазија врз инфраструктурата предизвикала директна загуба од над 100 милијарди долари“. Украинскиот претседател Владимир Зеленски во видео-обраќање на конференцијата порача дека повторната изградба на неговата земја ќе биде „заедничка задача за целиот демократски свет“. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Кина „затвори“ 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Нетпрес - пред 14 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со Covid-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести PCR тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Казнети дури 751 мотоциклисти, одземени 28 мотоцикли
Нетпрес - пред 15 часа
Во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 751 возач. Од нив, 488 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Двајца повредени во масовна тепачка во скопски Аеродром
Нетпрес - пред 15 часа
На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Физички напади врз жени во Скопје и Битола
Нетпрес - пред 15 часа
На 03.07.2022 во 10.20 часот во СВР Битола, В.М.(37) од Битола пријавила дека на 02.07.2022 околу 21.30 часот на ул.„Минела Бабуковски“, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од К.П.(24) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 03.07.2022 во 17.42 часот во Полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
И Швајцарија може да почувствува недостиг од гас
Нетпрес - пред 16 часа
Швајцарската влада не може да гарантира дека плинот ќе го има доволно за сите, изјави министерката за енергетика Симонета Сомаруга, додавајќи дека доколку се јави недостиг, снабдувањето прво ќе им биде намалено на компаниите. Швајцарија нема излез на море и гасот го набавува на берзите во соседните земји на Европската унија, па и самата е изложена на нарушувањата во снабдувањето кај соседите. Побарувачката на гасот е релативно ниска во Швајцарија и овој енергенс сочинува околу 15 отсто од вкупната потрошувачка на енергија во земјата. Околу 42 отсто од гасот се користи за затоплување на домаќинствата, а остатокот во индустријата, како и во услужниот и транспортниот сектор, според владините податоци. Сепак, и покрај тоа, земјата зависи од увозот на нафта и гас. „Затоа никој не може да гарантира дека секогаш ќе има доволно гас за сите“, вели Сомаруга во разговорот за весникот SonntagsZeitung, објавен во неделата. Нејзината изјава се надоврзува на планот за снабдување во случај на недостиг од гас за претстојната зима, кој владата го објави минатата седмица, предупредувајќи дека би можела да ја рационализира потрошувачката доколку другите мерки се покажат недоволни. Доколку се јави недостиг и на гас и на струја, прво ќе биде ограничено снабдувањето на претпријатијата. На самиот почеток би се ограничила потрошувачката, на пример, за подвижните скалила или неонските реклами, вели Сомаруа, додавајќи дека владата сака „најдолго да ги поштеди домаќинствата“. Министерката воедно ги повика кантоналните власти повеќе да вложуваат во соларната енергија, биогасот, ветерот и хидроенергијата. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Поединостите од „европскиот предлог“ достапни на македонски јазик
Нетпрес - пред 16 часа
Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на својата официјалната веб-страница интегрално преведен на македонски јазик, го објави европскиот предлог. Истиот можете да го преземете на следниот линк: Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ Предлог заклучоци на ЕУ Заеднички став на ЕУ Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ
Нетпрес - пред 16 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
„Градежни лето во Бутел“ со низа проекти, најави градоначалникот Костовски
Нетпрес - пред 16 часа
Почитувани граѓани на општина Бутел, започнуваме со градежна летна офанзива како никогаш до сега. Нова ДЕТСКА ГРАДИНКА во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”. Започнуваме во соработка со Град Скопје со асфалтирање и реконструкција на улица Бутелска во должина од 1000 м2 и улица Скоевска во должина од 1800 м2. Асфалтирање на 20 улици во сите населени места како дел од првата и втората фаза. Нови паркови во населба Радишани и до ООУ “Св. Климент Охридски”. Ова го истакна градоначалникот на општина Бител, Дарко Костовски. Еве кои други проекти ги најави градоначалникот: Четири нови спортско рекреативни центри со спортски и детски игралишта и холтикултурно уредување. – Во населба Бутел на местото познато како “ливада”. – Во населба Радишани спроти “Олимпија” – Во населба Скопје Север. – На Улица 8 во местото викано Жегровец помеѓу Радишани и Љуботенски пат. Нови детски игралишта во Љубанци, населба Радишани, Скопје Север, Бутел. Нова пешачка патека во должина од 800м на улица 30 населено место Љуботенски пат. Ново кошаркарско игралиште во Бутел 2 ООУ “Панајот Гиновски” Ново мултифункционално игралиште во Визбегово. Реконструкција на фудбалското игралиште во ООУ “Живко Брајковски”. Нова ограда во ООУ “Св. Климент Охридски”. Нови библиотеки во ООУ “Гоце Делчев” и “Петар Здравковски – Пенко”. Целосна реконструкција и поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште во Љубанци. Реконструкција на пристапните пешачки патеки во Скопје Север. Опремување и оспособување на нови кабинети по хемија и физика во неколку ООУ. Поставување нова урбана на сите места каде што е потребно. Ново зеленило и нови зелени скверови. Довршување на проектот за изградба на кеј на реката Серава во Радишани. Поставување на “легнати полицајци” онаму каде што е потребно согласно потребите на граѓаните. Општина Бутел видливо се менува. Динамичното темпо кое го наметнавме ги крена очекувањата кај граѓаните на Општина Бутел и ние сме спремни да одговориме на потребите на граѓаните. Се што е ветено ќе биде реализирано, потребно е само малку трпение. Чесно, посветено и со многу труд ќе работиме за поквалитетен живот на нашите граѓани. Работа, работа и само работа! – порача Костовски. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Томовски: Решението нема придобивки ниту за Македонија, ниту за јазикот, освен за оние кои сакаат да ја зачуваат фотелјата и привилегиите
Нетпрес - пред 16 часа
Македонија не смее повеќе да губи. Владата вели дека го заштитила македонскиот јазик. Вистината е дека тој никогаш и не бил доведен во прашање, до сега, но и нема гаранции дека нема да биде оспоруван. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван. Владата дека ќе сме влезеле во ЕУ. Вистината е дека ова е преговарачка рамка каде бугарските барања стануваат барања на Европската Унија. А до тогаш Бугарија ќе може да не блокира во секој момент. Тогаш се сфаќа дека овој договор всушност и нема придобивки за Македонија, освен на оние кои сакаат да ја зачуваат фотелјата. Кога ултуматум е во прашање, одговорот на ВМРО-ДПМНЕ сега и секогаш ќе биде НЕ БЛАГОДАРАМ! Се гледаме вечер пред влада во 19 часот!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Македонските ракометари без финале на Медитеранските игри
Нетпрес - пред 16 часа
Македонската машка ракометна репрезентација загуби попладнево од Египет со високи 34:20 (16:10) во рамки на првото полуфинале на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа немоќни против египетскиот противник и во текот на целиот натпревар беа во резултатски подредена положба. Египет, кој до полуфиналето имаше стопроцентен ефект од четири победи, замина на полувреме со предност од шест голови, која во продолжението само ја зголеми и обезбеди пласман во финалето. Македонските ракометари во натпреварот за бронзениот медал ќе играат против поразениот од вториот полуфинален натпревар во кој вечерва се среќаваат Шпанија и Србија. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Реонот околу британската амбасада во Москва добива име по Луганск
Нетпрес - пред 16 часа
Градските власти на руската престолнина објавија во понеделникот дека досега неименуваната област во близина на амбасадата на Обединетото Кралство ќе биде именувана во чест на сепаратистите кои во самопрогласената доминатно руска и рускојазична Народна Република Луганск во југоисточна Украина се борат против силите под контрола на Киев. Москва со тоа продолжи да одговара на долгогодишната провокаторска практика на САД и нивните сојузници, откако на 22-ри јуни дотога безимената раскрсница пред американската амбасада ја именуваше во „Народна Република Доњецк“, според втората сепаратистичка проруска самопрогласена област во источна Украина, чијашто независност Русија ја призна на 22-ри февраури, непосредно пред својата воена интерввенција во источната област во соседната земја со образложение дека спречува планиран погром на тамошните етнички Руси и рускојазичните Украинци. Новата службена адреса на американската амбасада, исто така, беше избрана преку онлајн гласање кое го организираа московските власти и во кој учествувале речиси 280.000 луѓе. Сепак, московските власти не ги променија називите на улиците околу дипломатското претставништво. Во случајот на британската амбасада, градскиот совет не прецизираше дали ќе ја промени нејзината службена адреса. Ваквата дипломатска провокација не е нова тактика. Во 2018 година плоштадот пред руската амбасада во Вашингтон беше преименуван во Плоштад на Борис Немцов, руски опозициски политичар убиен во 2014 година, на што Москва остро реагираше. Овој пример го следеше чешката престолнина Прага така што плоштадот пред руската амбасада исто така го именуваше по Немцов, чиишто убијци во Русија беа откриени и осудени. Руската амбасада тогаш за своја службена адреса ја користеше адресата на зградата на конзулатот. Откако во февруари започна војната во Украина, градските власти на Прага го променија името на улицата во којашто се наоѓа и рускиот конзулат нарекувајќи ја „Улица на украинските херои“. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Владата утре ќе носи одлука – Мицкоски ги повика граѓаните на уште помасовен протест
Нетпрес - пред 16 часа
Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни. Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Тоа беше едната понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука. Но, треба народот во Македонија да знае дека ние со ова не почнуваме преговори, Еди Рама и Албанија почнуваат, не ние. Тоа треба на сите да им е јасно, на цела Македонија да и е јасно, истакна тој. Одговарајќи на новинарско прашање „Повторно излегувате на протест, дали очекувате дека владата ќе ги слушне вашите барања?“, тој одговори: -Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија. Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие коишто можеби за прв пат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. Иако морам да признаат дека информациите се спротивни и дека она кое што јас го имам како информација е дека најверојатно во текот на утрешниот ден на владина седница ќе помине позитивното да на Бујар Османи со што формално ќе се потпише протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа формално практично владата се согласува на записникот од првата меѓувладина но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Така што, очекувам барем малку разум до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно не, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет. Мицкоски одговори дали предлогот треба да помине во Собрание. „Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине. Инаку да, за формално да ги почнеме преговорите потребно е да се случи измена на Уставот. Тоа значи да оние граѓани за себе сметаат дека се дел од бугарскиот народ, тоа значи отприлика 700 семејства да бидат вклучени во Преамбулата, но и во останатиот нормативен дел на Уставот, барем така викаше Стево Пендаровски, иако вчера гледам дека се премислил, но тоа е негова работа. Ова сега што ќе се случува е датум за почеток на преговори на граѓаните на Албанија и на Еди Рама. Ова не е почеток на преговори на граѓаните на Македонија и Ковачевски. Затоа што после оваа меѓувладина седница само Албанија, односно граѓаните на Албанија и Еди Рама ќе ги почнат преговорите. Да се разбереме, јас немам ништо против тоа, ако мисли Европа дека граѓаните на Македонија 22 години треба да седат заглавени во чекалната без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци само затоа што најпрвин некој го успоруваше правото да се нарекуваат онака како што сакаат да си ја нарекуваат својата држава, а сега да си го говорат својот мајчин македонски јазик, да бидат Македонци и да се гордеат со својата историја, култура, со јунаци кој што го дале својот живот за оваа Македонија и да продолжат да бидат во ходникот, а Еди Рама дека споделува европски вредности тогаш тоа е одлука на Европа и јас во такви европски вредности извинете не верувам. Јас верувам во овие европски вредности кој што 22 години овој народ во Македонија, повторно ќе кажам без разлика на нашите етнички, верски, политички разлики заслужува да биде дел од тој преговарачки процес или да бидам уште подиректен заслужува да биде дел од самата Европа уште пред некоја од земјите членки да бидат таму. Но, повторно нас ни се успорува правото да бидеме Македонци, повторно некој го отвара проблемот со историјата. Иако вчера гледав еден статус од самиот Бујар Османи во кој што тој вели за иднината, но сето она кое што за жал тој ќе го парафира и е дел од тој протокол на таа втора меѓувладина конференција со Бугарија, е се само не иднина, туку е минато образование, историја и така натаму. Така што да сумирам ова што треба да се случи, ова што ќе направи владата е дата за почеток на преговори на Еди Рама, а не на граѓаните на Македонија. Граѓаните на Македонија повторно нема да почнат преговори и тоа треба на сите да им е јасно. Тоа треба на секој еден да му е јасно без разлика дали е Македонец, дали е Албанец, дали е Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак, граѓанин на Македонија, треба да знае дека ние не почнуваме преговори, почнува Еди Рама и ние повторно ќе продолжиме да чекаме уште години и години додека не се промени Уставот, па после некој друг услов, па трет услов и така натаму. Ова директно удар врз македонскиот идентитет. Тоа треба сите да го знаеме„ – рече тој. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори и на новинарско прашање: Денеска гледаме дека премиерот Ковачевски се сретнува и со Села и со другите политички партии најверојатно. Дали вие како опозиција сте имале некој контакт со албанската опозиција и дали имаат некој став конкретен бидејќи јавно уште го немаат кажано? „Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера, 3-4 клучни збора кои што ги има да ги каже, иако не сака да ги слуша аргументите од другара страна, едноставно сака да си го истера, така му е кажано процесот неколку дена и да заврши тука работата и потоа да каже дека процесот бил транспарентен. Затоа јас вчера му понудив , му реков, само ти кажи не, еве ние нема да бараме предвремени избори ќе ти помогнеме да помине зимата со луѓе, со ресурси, се ќе ставиме на располагање само кажи на овој предлог не. Ќе дојде пролет, март, април повторно ќе седнеме на маса, ќе ја реаволуираме состојбата дали треба таа есен да имаме избори дали заедно со претседателските само кажи не, тоа е најбитно сега. Да го сочуваме идентитетот, односно да го сочуваме достоинството на граѓаните, тоа беше мојата понуда, и втора понуда исто така му дадов, му реков, ако верува дека се ова вистински европски преговори, вистинска европска преговарачка рамка, во која што не е начнат македонскиот идентитет тогаш ајде точка 11 и точка 14 од записникот на првата меѓувладина да ги тргнеме, за да знаат граѓаните за што зборувам точка 11 е онаму каде што се става измената на Уставот како услов за отпочнување на преговори, а точка 14 реферира на протоколот што треба Османи да го потпише заедно со Генчовска од втората меѓувладина во која што се содржани историја и образование и историски личности и тн., а пак овие две точки потоа се поврзани со преговарачката рамка заедно со Копенхагеншките критериуми и договорот за стабилизација и асоцијација еве и тоа му го понудив. Ајде овие четири работи да ги тргнеме и јас заедно ќе излезам со тебе и ќе ја поддржам преговарачката рамка и ќе побарам сите ние заедно да го поддржиме, еве ова е порака и до Европа, ова е порака и до сите оние бирократи во Брисел кои што следат и кои што вршат притисок овде ова да помине во влада. Еве нека ги тргнат тие две точки од записникот на првата меѓувладина и овие две точки од преговарачката рамка јас лично и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме. Но за жал очигледно дека одговорот е негативен“ – порача тој. ВМРО-ДП Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ЦБИ: Францускиот предлог нема ниту еден елемент на заштита на македонскиот идентитет
Нетпрес - пред 17 часа
Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), како организација која се занимава со истражување на безбедносни појави, но и со истражување и анализа и на други општествени случувања кои може да имаат безбедносни импликации или да имаат негативен ефект врз суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија, ја изразува својата длабока загриженост и несогласување со максималистичките барања кои Бугарија ги постави за симнување на ветото и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, велат од ЦБИ. Став на ЦБИ е дека целиот овој процес ќе заврши (доколку се прифати предлогот) со предизвикување директна штета врз националните и стратешките интереси на Република Македонија. Дополнително, со ставањето потпис на овој предлог, во кој нема ниту еден елемент на заштита на македонскиот идентитет, се доведува во прашање и јазикот, историјата и културата, а со преговарите за промена на значењето на историските личности од странски држави се нарушува и македонскиот национален суверенитет, сметаат од организацијата. Повикуваме на максимална будност и внимателност од страна на македонските државни органи, за да не се оствари штета кон виталните интереси на нашата татковина, Република Македонија!, се вели во повикот на Центарот за безбедносни истражувања. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Унапредување на положбата на жената-земјоделка преку правото на надомест за мајчинство и боледување
Нетпрес - пред 17 часа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Министерката Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. „На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини,“ рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. „Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра,“ рече Бачовски. Извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ, изрази огромно задоволство од одзивот и учеството на институциите за решавање на толку важно прашање, како правото на надомест за мајчинство на жените земјоделки и изрази уверување за изнаоѓање на најсоодветно решение. Тој се заблагодари и на поддршката на шведската организација за развој, We Effect, за реализација на процесот. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Стигна наградата за Реџепи кој ја спаси Владата од паѓање – Синот му се вработи во М-НАВ
Нетпрес - пред 17 часа
Синот на пратеникот (сега веќе поранешен) од Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, кој мистериозно „исчезна“ кога требаше да се гласа недоверба на Владата, е награден со вработување во македонската воздухопловна навигација М-НАВ, дознава Нетпрес. Тоа што е најпознато за оваа државна компанија е дека работните места навистина доаѓаат како добро заслужена награда, бидејќи просечните месечни бруто плати по вработен изнесуваат над 3.000 евра. За потсетување, Кастриот Реџепи, иако прво се потпиша дека ќе гласа за недоверба на Владата, на денот на гласањето не се појави во Собранието. Очигледно, поради добра зделка со челниците на Владата, тогаш Зоран Заев и Али Ахмети. Во тоа време тие го бранеа велејќи дека „Срцето на Кастриот Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел“. М-Нав е македонската државна компанија што го контролира македонското небо и има овластување да го одржува редот на македонското небо и да ги организира и диспечира прелетите. Токму за тоа и наплаќа такси од сите авиокомпании чии воздухоплови прелетуваат низ нашата воздушна територија. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Видео| Зеленски ги сакал Русите, пред да го сретне НАТО
Нетпрес - пред 17 часа
Додека војната во Источна Европа меѓу Русија и Украина не стивнува, на Твитер беше објавено видео од говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, од пред неколку години. Она што е особено изненадувачки, имајќи ја предвид целата актуелна ситуација, е фактот што Зеленски тогаш раскажувал една сосема друга приказна. Тој тогаш рекл дека на луѓето во Крим треба да им се дозволи да зборуваат руски јазик, дека јазикот никогаш не треба да ја дели нивната земја и дека тоа е ист народ и иста крв. – На исток, на Крим, луѓето сакаат да зборуваат руски. Оставете ги на мира, само оставете ги на мира. Законски да им дозволи да зборуваат руски јазик. Јазикот никогаш не треба да ни ја дели државата. Јас сум со еврејско потекло, зборувам руски и сум жител на Украина. Ја сакам оваа земја и не сакам да бидам дел од друга. Русите и Украинците се братски луѓе, познавам илјадници, милиони луѓе кои живеат во Русија и кои се прекрасни луѓе. Ние сме иста боја на кожа, иста крв, се разбираме, без разлика на јазикот, изјавил Зеленски. blockquote class=”twitter-tweet”> Before he met NATO pic.twitter.com/HQTyNOSjKT — John Lennon! give Peace ✌️ a chance 🙂 (@FortunaMinecra1) July 3, 2022 На ова следеше одговорот на еден корисник, кој изјави дека „го знаел НАТО од самиот почеток, но глумел за да добие гласови“. Набрзо следеа коментари на корисниците на оваа социјална мрежа, кои истурија оган врз украинскиот претседател за неговото, како што велат, „лицемерие“. „А сега се прави дека не знае руски“, „Леле, што стана со Зеленски? Сигурно е распродаден“, „Од Бајден е избран“, следуваше одговорот на претходниот коментар. „Колку парите ги расипуваат луѓето“, вели еден корисник. „На националната телевизија тоа е признание дека оние кои се гледаат себеси како Руси се прогонувани во Украина. Пред да се преправа дека тоа никогаш не било случај, дека така кажаа и САД и Европа“, напиша една личност под објавата. Пред да го грабнат „Сорос и Хантер“, гласи еден од многуте коментари. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ГРЕКО: Скромен напредок во справување со корупцијата
Нетпрес - пред 18 часа
Само скромен напредок во справувањето со корупцијата во Македонија – ова стои во најновиот извештај на ГРЕКО, односно Групата држави против корупција на Советот на Европа. Од 19 препораки во Извештајот од Четвртиот круг на евалуација, 9 биле имплементирани во задоволителна мера, 9 делумно. Една препорака – за спречување на корупција кај судиите останува неимплементирана – се нотира во извештајот. ГРЕКО препорача дека за да зајакне независноста на судството од несоодветно политичко влијание, треба да се укине членството на Министерот за правда по службена должност во Судскиот совет. „ГРЕКО изразува жалење за постојаниот недостаток на напредок во рамките на оваа препорака и потсетува дека можното политичко влијание од страна на Министерот за правда, дури и без право на глас или формално присуство на состаноците беше темелно документирано во Извештајот за евалуација“ ГРЕКО нотира дека меѓу препораките кои се делумно имплементирани се оние кои се однесуваат на спречување корупција кај пратениците. Имало голем број на ветувачки иницијативи, како изработката на новиот Кодекс, како и упатство за етичко однесување на пратениците, особено во делот на судир на интереси, односи со лобисти, прифаќање подароци. ГРЕКО заклучува дека Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието одговорна за спроведување на тековно важечкиот кодекс, не извршила ниту една од своите функции. „Според Кодексот, Собранието е одговорно да го следи и оцени напредокот во неговата примена. Не се дефинирани санкции за прекршување, освен што се наведува дека тие не се задолжителни. Иако е предвидено доверливо советување и менторство, не е прецизирано на кои собраниски тела им се доделени овие функции“ Во извештајот е наведено дека се проширува опсегот на санкции што се применуваат на судиите согласно Законот за судовите. Што се однесува до обвинителите, ГРЕКО го поздравува новиот Етички кодекс. Сега се покренувале дисциплински постапки против засегнатите обвинители. Притоа треба да се ревидираат внатрешните правилници за подароци за да се обезбедат идентични прагови за прифатливи протоколарни подароци. ГРЕКО пишува дека актуелниот Закон за јавното обвинителство предвидува намалување, наместо зголемување на санкциите за дисциплински прекршувања од страна на обвинителите. ГРЕКО пишува дека се зголемил бројот на проверки на Антикорупциската комисија на функционери за ненавремена достава на анкетни листови, но без подлабинска анализа на имотната состојба на сите пратеници, судии и обвинители. ГРЕКО даде рок до крајот на март 2023 година да се извести за реализацијата на преостанатите препораки. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Ќучук : Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат
Нетпрес - пред 18 часа
Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат. – До сите мои пријатели во Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви – вели на Твитер известувачот за Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Инфлацијата во Турција соборува рекорди
Нетпрес - пред 18 часа
Трошоците за живот во Турција во месец јуни пораснале за 78,62 отсто во однос на истиот месец претходната година, турската лира бележи континуиран пад, а потрошувачката и цените за производство бележат постојан пораст, се вели во најновите анализи на националниот завод за статистика на Анкара. Опозицијата ја обвинува владата дека ги крие вистинските бројки и тврди дека инфлацијата е значително повисока. ЕНАГ, група која се занимава со истражување на инфлацијата во земјата, која е со седиште во Истамбул, проценува дека во месец јуни таа изнесувала 175,55 отсто на годишно ниво. Стапката на инфлација во Турција ја подгреваат неколку фактори. Слабата национална валута, растот на цената на суровините, а дел од економските експерти во земјата сметаат дека турската централна банка не презема соодветни и добри мерки за борба против ваквите инфлаторни движења. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од друга страна, тврди дека високите камати се главниот извор на инфлација во земјата. Централната банка се раководи од неговите насоки и засега се воздржува од покачување на каматите. Со последната нивна одлука каматата се задржа на стапка од 14 отсто од почетокот на годинава. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
За три дена нови 290 заболени од Ковид-19, 49 се реинфекции
Нетпрес - пред 18 часа
Una enfermera sostiene un bastoncillo mientras realiza una prueba PCR. EFE/Marcial GuillÈn/Archivo Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022), направени се 1.695 тестови, а се регистрирани 290 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (290) има 49 реинфекции. Евидентирани се 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 935. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ
Нетпрес - пред 18 часа
– Европската Комисија го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. -Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел. ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар. -Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува, изјави портпаролката Ана Писонеро. Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“. -Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Пендаровски, зошто ја пцуеш мајка Македонија?
Нетпрес - пред 18 часа
Иако деновиве сум подалеку од јавноста, ама не можам, а да не го искажам своето негодување, како и сите кои си ја сакаат Македонија. Го слушам Пендаровски, со неговиот гнасен говор и со поддршката за францускиот предлог. Со ваквата гнасотија и твоите искази Ти ја пцуеш МАЈКА МАКЕДОНИЈА. Тоа нема никој да ти го заборави. Македонија се срами од тебе, од твоите недоквакани изјави. Што мене ништо не ме изненадува од тебе. Од далеку се слушаат гласовите на мојот братучет Кирил Манчевски, на Сариевски, Мајовците, Сирма Војвода… да се сочува македонското. Тоа го бара Пендаровски и твојата мајка. Но ти, ја пцуеш МАЈКА МАКЕДОНИЈА, ја понижуваш, пцуеш по војводите, партизаните… Срам си за Македонија!. До тебе не допира гласот на народот кој кажува НЕ за францускиот договор. А ти кажуваш што недоликува на претседател. Кој ти не го заслужуваш. Пендаровски, твоите „експерти“ те водат во ќор сокак. Каде се европските вредности? Ги нема во тој француски договор. Се исполнети сите бугарски барања. Пендаровски, дали имаш слух и чувство што говорат македонските експерти кои ги третираат европските интеграции или што говори МАНУ и други институции? Што говори поранешниот евроамбасадор Фуере и други? Немаш слух и чувство. Тоа е веќе проблем на кој што треба да проговорат психијатриските експерти. А, она што не плашат дека ако не помине овој катастрофален француски договор, ќе сме немале јадење, ќе имало меѓуетнички конфликт и слично. Плашење за мали деца. Овие од Власта и Пендаровски одете си! Час поскоро. Македонија, издржала и ќе издржи. Сите заедно без разлика на партиска и верска припадност да се обединиме. Само за мајка Македонија!!! Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за Нетпрес Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Времето не е сега и никаде не гори за да се потпише ваков лош договор!
Нетпрес - пред 18 часа
Релативизмот, дефетизмот и политичката заслепеност се опасна болест, пишува Ивор Мицковски на социјалните мрежи. „Постојаното повторување на “моментот е сега” стана императив со оваа Влада, гарнитура и коалиција. Демек сѐ е ургентно, сѐ мора брзо, возот не нѐ чека. Па режим само буткавме преку 10 години, ама никогаш не побрзавме околу реалните реформи и напуштањето на политичкото насилство и самоволие. Нема каде да се брза кон ЕУ, затоа што самиот суштински процес не е брз. Ќе трае најмалку 15-20 години. Притоа ЕУ ја очекуваат системски реформи, како отстранување на едногласноста и силата на ветото. За неколку години Бугарија ќе нема со што да нѐ уценува. Да, ЕУ ја очекуваат и концентрични кругови на интеграција, ама тоа ќе се случи и да си во преговори и да не си. Така да, времето не е сега и никаде не гори за да се потпише ваков лош договор без јасен исход и без можности ние нашиот дел да го оствариме. Второ, ако ова го прифатиме правиме вистински цивилизациски и културен масакар од европските вредности и од нашите национални интереси, јазик, култура, историја и образование. Конечно има нешто што се вика историска вистина, морална исправност, национална гордост, што ако еднаш во животот не ги демонстрираш и не се заложиш за нив, нема никогаш да бидеш почитуван од поголемите и посилните. Затоа не ни правите и не и правите на Европа лоша услуга. Се ќе дадете – за ништо“. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Во среда ќе се прска против комарци во Скопје
Нетпрес - пред 18 часа
Во среда ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, најави Град Скопје. Од авион ќе се прска во раните утрински часови, а теренското прскање ќе се одвива во текот на денот. „Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, информираат од Град Скопје. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....
Ковачевски се согласил модифицираниот француски предлог да оди на собраниска седница
Нетпрес - пред 18 часа
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во разговорите со помалите коалициски партии – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП дал согласност модифицираниот француски предлог да биде ставен на пленарна седница, за него да расправаат пратениците и да бидат изгласани заклучоци. Како што изјави Маја Морачанин од ДОМ за МИА, на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата, на што Ковачевски се согласил, но кога би се одржала таа седница засега не е прецизирано, со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната. На средбата трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност. Трите коалициски партнери на Ковачевски му порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образовнието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина, нагласи Морачанин за МИА. Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење....