Сирија опфатена од масовни одмазднички убиства и хуманитарна криза
Глас на Америка - пред 9 дена
Басам Махна бил дома со неговите два сина во петокот наутро кога вооружени мажи упаднале во неговата куќа. „Одбивме да се евакуираме. Моето семејство, братучед ми и јас. Тие влегоа во куќата и го убија мојот братучед и уште две семејства. Ни упаднаа во куќата... и се заканија дека ќе не обезглават. Ограбија сè, пари и автомобили“, раскажа Махна. Стотици луѓе беа убиени овде во крајбрежната област на Сирија минатата недела и во текот на викендот. Некои велат дека имало над 1.400 жртви. Аналитичарите велат дека многу од убиствата биле акти на одмазда за злоупотребите на режимот на диктаторот Башар ал-Асад, кој пропадна на почетокот на декември.Многу од жртвите беа Алавити, религиозната секта на поранешните лидери на режимот, но не и самите насилници. Аналитичарите велат дека борбите првично биле испровоцирани од напаѓачи-поддржувачи на Асад, кои извршиле и масовни убиства. „Мислам дека беше изненадувачко што капакот на вода што врие беше ставен на 8-ми декември и ако ништо друго, неверојатно е што беше потребно толку време за нешто да се активира, нешто да ги поттикне сите најлоши чувства и инстинкти“, посочува Чарсл Листер, од Институтот на Блискиот исток. Тој вели дека лидерите на малцинствата, вклучително и Алавитите, ја повикале привремената влада да испорача правда. По нападите, илјадници луѓе се кријат во оваа база на Русија, која сè уште се смета за заштитничка од страна на многу Алавити бидејќи Москва беше сојузник со поранешниот режим. Но, регионалните водачи велат дека областа се опоравува. „Безбедносната ситуација е многу подобра по доаѓањето на безбедносните сили и заминувањето на вооружените групи“, вели Амџад Ал-Султан, администратор на областа Џабле.Но, според Листер, хуманитарната криза во Сирија продолжува да се продлабочува, а широко распространетата сиромаштија ја поттикнува несигурноста.„Мислам дека луѓето забораваат дека хуманитарната криза додека Асад беше на власт во декември минатата година беше најлоша во Сирија за последниве 14 години. Но продолжи да се влошува откако Асад си замина“, додава Листер. Тој вели дека меѓународните економски санкции треба дополнително да се укинат за да и се овозможи на владата да плаќа плати и да обезбеди хуманитарна помош што ќе ја стабилизира земјата.Махна се согласува, велејќи дека со траен мир ќе дојде економскиот раст.„Мирното решение е најдобро за иднината на Сирија, но мора да дојде со економско решение за луѓето“, вели Махна.Сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара изјави дека неговата влада ќе ги казни сите сторители на неодамнешното насилство, дури и ако некои од нив се меѓу неговите поддржувачи....
Паднати делови од покривот, пеплосана внатрешност, мала врата: На местото на пожарот во Кочани
Глас на Америка - пред 10 дена
Пеплосана внатрешност, паднати делови од покривот, пеплосана и искривена покривна конструкција, една мала врата низ која се гледаат остатоци од траорен пожар. Тоа може да се види на местото на дискотеката „Пулс“ во Кочани каде рано утринава во пожар загинаа намјалку 59 лица и повеќе од 150 лица беа повредени.Според официјалните информации, што ги сподели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пожарот настанал како последица од употреба на огнометни прскалки, од кои се запалила дел од покривната конструкција и просторот се исполнил со густ чад. Веднаш после пожарот настанало стампедо кон единствениот излез од објектот.Според болнички извори од Кочани, најголем дел од загинатите починале во стампедото, како и од вдишување токсичен чад.Според сознанијата од МВР, меѓу загинатите има и припадник на полицијата.Владата прогласи седумдневна жалост....
Најмалку 51 жртва во пожарот во Кочани: Приведени лица поврзани со организација на настанот во опожарената дискотека
Глас на Америка - пред 10 дена
Најмалку 51 лице го загубило животот и повеќе од 100 лица се повредени во пожарот во дискотека што се случи рано утринава во Кочани. Бројката на загинати ја потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Според првичните сознанија, што ги сподели министерот, пожарот настанал поради употреба на пиротехнички материјали, односно огномет за време на концерт на музичка група во дискотеката. Од искрењето се запалила таванската конструкција на објектот по што пожарот бргу се проширил и предизвикал густ чад..„На 16.3.2025 околу 2:35 од страна на полициски службеник од ОВР Кочани кој во моментот постапувал по план за контрола на угостителски објекти во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Полициска станица Кочани е добиено информација дека во дискотеката избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата ДНК“, изјави Тошковски.Во изјава за медиумите, министерот рече дека имало приведувања на лица кои се поврзани со сопствеништвото на објектот каде што се случи пожарот, а приведени се и лица поврзани со организацијата на настанот. Дел и од тие од лица сè уште се на болничко лекување, поради здобиени изгореници во пожарот.Повредени, но и телата на загинати лица се пренесени низ повеќе болници во државата, односно во Кочани, Штип, како и во Скопје.Помош први почнале да пружаат припадниците на Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош, како и цивили кои биле во близина на настанот.Додаде дека МВР со целиот капацитет ги презема сите неопходни мерки за расветлување на околностите и утврдување на одговорност за оваа трагедија.– Остануваме на терен за пружање на помош и поддршка на сите засегнати. Во оваа прилика сакам да изразам најискрено сочувство за најблиските на загинатите во оваа трагедија, нашите мисли и молитви се со нивните семејства, рече Тошковски.Објектот во кој се случи трагедијата бил од постара градба, а веќе неколку години работел како дискотека....
Украински инженер загинал на фронтот, но од негови скици се роди ново детско игралиште
Глас на Америка - пред 10 дена
Ова видео е направено на 1 јули 2023 година во регионот на Луганск - тоа беше последниот ден од животот на украинскиот војник Андриј Черницки. На првите линии, Черницки беше командант на дивизија што го бранеше градот Суми и делови од регионот Харков. „Имав чест да го познавам Андриј повеќе од една деценија - тој беше неверојатна личност, секогаш позитивен, вреден, интелигентен, посветен на каузата. Беше бескрајно посветен на Украина. Жално е што војната ги зема најдобрите“, вели Васил Новачок, заменик – градоначалник на Кмелински.Черницки загина за време на напад со проектил од руските сили. Имаше 39 години. „Нема да ги види своите деца како растат... Нашата ќерка многу личи на нејзиниот татко - ќе биде висока, повисока, и од мене! Толку е тажно“, раскажува Ивана Черницка, сопруга на загинатиот Черницки.Пред војната, Черницки беше инженер. Работел во станбени и комунални установи. Помеѓу 2017 и 2020 година тој беше член на градскиот совет на Хмелницки. Во 2018 година, тој излезе со проект за изградба на детско игралиште во градот. „Во неговите скици, лизгалките беа многу високи - превисоки за деца.. Ги имавме тие скици и нацрти насекаде по дома - тој ги прашуваше нашите деца што мислат и дали им се допаѓаат“, раскажува сопругата.Черницки немаше шанса да го изгради игралиштето што со љубов го нарече Спајди [[затоа што има облик на пајак]]. Но, тоа беше завршено и отворено за децата да го користат во мај 2024-та. „Оваа скица ја најдов во фиока. Сè уште верував дека ќе можеме да го изградиме - најдовме градежни работници кои рекоа дека ќе го направат тоа како што го замисли Андриј3, вели Новачок.Откако игралиштето беше завршено, Ивана Черницка ги донесе децата да го видат остварување на сонот на нивниот татко. Кога ги донесов моите деца овде, рече: „Да, се сеќавам дека тато црташе на ѕидовите!, и заплака...Ова беше сонот на Андриј....
Писатели и уметници создаваат свои модели за креирање со ВИ
Глас на Америка - пред 11 дена
Кога старите мајстори ги создавале своите уметнички дела, правата на интелектуална сопственост веројатно не биле приоритет.Но, овие денови, појавата на генеративната вештачка интелигенција ги загрижи некои уметници дека моделите со вештачка интелигенција ги користат нивните дела без нивно знаење или согласност.„Начинот на кој што денес е дизајнирана вештачката интелигенција е да консумира сè што секој го создава, за да ги обучи своите модели и потоа да генерира резултати без да дава какви било награди и каква било можност за добивка за овие креатори“, вели Мича Кауфман, извршен директор на Фивер. Embed share Уметноста добива нова форма со вештачката интелигенција Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:52 0:00 Direct link 240p | 9,2MB 360p | 13,3MB 480p | 21,0MB 720p | 49,8MB 1080p | 62,1MB Фивер, онлајн пазар за фриленсери, неодамна организираше настан во Њујорк за да ги претстави алатките кои им дозволуваат на работниците да создаваат и обучуваат свои модели на вештачка интелигенција.Писатели, уметници и други креативци добиваат персонализиран модел на вештачка интелигенција обучен според нивниот специфичен стил и естетика. Тие потоа можат да го понудат на своите клиенти. Наместо клиентот да дојде кај одреден креатор и да не биде сигурен дали тој е погоден за неговото дело, сега може да си поигра со неговиот модел и да добие пртстава за тоа што ќе добие Мича Кауфман, Фивер „Наместо клиентот да дојде кај одреден креатор и да не биде сигурен дали тој е погоден за неговото дело, сега може да си поигра со неговиот модел и да добие пртстава за тоа што ќе добие”, вели Кауфман.Некои фриленсери се оптимисти.„Чувствувам дека ова ви дава подобра алатка, подобра количина на контрола врз она што го правите, што сакате и како да го пласирате на пазарот.”, додава Захари Витмор, фриленс изведувач на гласови.Ди Смит е исто така гласовен изведувач на Фивер.Тој вели дека гласовите генерирани од вештачка интелигенција би можеле да му помогнат да опслужува повеќе клиенти како што се мали бизниси кои можеби не можат да си дозволат негови услуги.„Постојат одредени клиенти кои не треба да имаат совршен, убаво изработен глас. Ним им треба нешто поедноставно“, вели Смит.„Она што го правиме е дека воведуваме нов револуционерен начин на пристап до дизајнот на вештачката интелигенција – начин кој го става креаторот во центарот”, додава Кауфман.Фивер не е единствената компанија која се справува со проблемите со авторските права за креативните професионалци и вештачката интелигенција.„Во моментов постои конфликт помеѓу креаторите и компаниите за вештачка интелигенција. И тоа е само затоа што всушност не постои едноставен начин за лиценцирање и поврзување на овие два света”, истакнува Трип Адлер, извршен директор на Created by Humans.Тоа е стартап кој функционира како еден вид на брокер за вештачка интелигенција за објавени автори.„Ние создаваме пазар за права на вештачка интелигенција кој им овозможува на луѓето-креатори да ги лиценцираат своите содржини и права на вештачка интелигенција на компании за вештачка интелигенција. Се пријавувате, го потврдувате својот идентитет, ги пријавувате вашите книги, ги избирате опциите за лиценцирање и за само неколку минути и можете да започнете со лиценцирање на вашите книги за вештачка интелигенција“, вели Адлер.Системите за вештачка интелигенција ќе треба да добијат дозвола од авторот пред да ги користат нивните книги за обука.Овие компании тврдат дека моделите со вештачка интелигенција ќе треба да се обучуваат за поквалитетни податоци за да ги подобрат своите резултати.„Ако ние сме друг извор на висококвалитетни книги, сметаме дека тоа е место од каде што тие ќе сакаат да добијат лиценца“, вели Адлер.Во оваа ера на вештачка интелигенција, Адлер вели дека се работи за градење мостови меѓу човечките креатори и компаниите за вештачка интелигенција....
Кремљ: Причини да се биде оптимист за договорот за прекин на огнот
Глас на Америка - пред 12 дена
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во петокот изјави дека има причини за „внимателен оптимизам“ во врска со предложениот договор за прекин на огнот меѓу Украина и Русија, по разговорите меѓу американскиот претставник и рускиот претседател Владимир Путин во Москва.Зборувајќи со новинарите на телефонски брифинг, Песков се повика на коментарите на Путин во четвртокот во кои тој изрази начелна поддршка за предлогот на САД за прекин на огнот за прекин на војната на Русија со Украина на 30 дена, но рече дека треба да се одговори на некои прашања.Песков рече дека „иако има уште многу да се направи, Путин „изрази солидарност со [Позицијата на претседателот на САД Доналд] Трамп“. Тој рече дека Путин во четвртокот доцна навечер разговарал со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, за време на кој Путин „пренел информации и дополнителни сигнали до претседателот Трамп“.Портпаролот на Кремљ рече дека двете страни се согласиле дека Путин и Трамп треба да зборуваат, додавајќи дека времето на разговорот ќе биде договорено откако Виткоф ќе му ги пренесе новите информации на Трамп.Во своето ноќно обраќање до својата нација во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј рече дека коментарите на Путин се „многу манипулативни“ и дека смета дека таквата поддршка на Путин за американскиот план е обид да се постави основа за негово отфрлање.„Тој всушност подготвува отфрлање во моментов, бидејќи Путин, се разбира, се плаши да му каже на претседателот Трамп дека сака да ја продолжи оваа војна, дека сака да убива Украинци“, рече Зеленски.Тој истакна дека Украина го прифатила предлогот на САД и дека е подготвена да организира мониторинг и верификација.„Ние не поставуваме услови кои го комплицираат процесот; Русија го прави тоа“, рече Зеленски.Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, во петокот рече дека не се закажани разговори меѓу Трамп и Путин, но таа рече дека тоа секогаш може да се промени.Повикувајќи се на коментарите на претседателот на Трут Соушл“, Левит рече дека Трамп врши притисок врз Русите „да ја направат вистинската работа“. Таа ги нарече разговорите во четвртокот во Москва „продуктивен ден за САД и за светот во однос на мирот“.Во четвртокот во Белата куќа, пред разговорите со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, Трамп рече дека би било „многу разочарувачки“ доколку Русија на крајот ги отфрли напорите на САД за прекин на борбите.Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана во петокот рече дека приоритетот на Русија за финансирање на војната со Украина најверојатно резултирал со недоволно финансирање за здравствената заштита на просечните Руси, што доведува до недостиг на медицински персонал и опрема.Во својот извештај за одбранбено разузнавање, Министерството рече дека Русија наводно затворила најмалку 160 болници во 2024 година, вклучувајќи 18 породилишта и најмалку 10 детски клиники. Во извештајот се вели дека малите градови и села во Русија се особено погодени.Министерството за одбрана соопшти дека 500.000 жртви што Русија ги претрпела во војната во Украина, секако продолжуваат да ги оптоваруваат сите нивоа на грижа во рускиот воено медицински систем....
Г7 ја повикува Русија да прифати прекин на огнот или ќе се соочи со дополнителни санкции
Глас на Америка - пред 12 дена
Врвни дипломати од групата седум водечки демократски држави Г7 ја повикаа Русија во петокот да се согласи на примирјето предложено од САД во руско-украинската војна.„Ја повикавме Русија да возврати со тоа што ќе се согласи на прекин на огнот под еднакви услови и ќе го спроведе целосно“, рекоа дипломатите во заедничката изјава од разговорите во Канада.„Разговаравме за наметнување дополнителни трошоци за Русија во случај да не биде договорен таков прекин на огнот, вклучително и преку дополнителни санкции, ограничувања на цените на нафтата, како и дополнителна поддршка за Украина и други средства“.Белата куќа соопшти дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот.„Сите министри за надворешни работи на Г7 се согласуваат со предлогот на САД за прекин на огнот што го поддржуваат Украинците“, а фокусот сега е на одговорот на Русија, изјави во петокот канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.Таа додаде: „Топката сега е на теренот на Русија кога е Украина во прашање“.Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами го повтори ова мислење, изјавувајќи: „Постои единство дека сега е време за прекин на огнот без услови. Украина јасно ја кажа својата позиција. Сега е на Русија да го прифати тоа“.Лами, исто така, истакна дека се формира коалиција за да ѝ се обезбеди на Украина потребната „безбедносна архитектура“ и механизми за следење за поддршка на прекинот на огнот.Заедничката изјава на Г7 доаѓа откако Кремљ соопшти дека останува уште многу да се направи за договорот за прекин на огнот во Украина, што ја сигнализира нејзината неподготвеност целосно да го поддржи предлогот на САД.Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рече дека Путин сè уште чека одговори откако постави неколку прашања за спроведувањето на прекинот на огнот.Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли одговорот на Путин како „намерно“ поставување услови што го комплицираат и „одолговлекуваат процесот“.„Безусловниот 30-дневен привремен прекин на огнот е првиот клучен чекор што може значително да нè доближи до праведен и траен мир“, напиша Зеленски во средата во објава на платформата за социјалните медиуми Икс.Разговорите на Г7 во Квебек ги собраа министрите од Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД....
ЕУ ги продолжи санкциите против Русија, САД го зголемија притисокот врз руската нафта
Глас на Америка - пред 12 дена
Европската Унија (ЕУ) ги продолжи санкциите против 2.400 поединци и организации воведени поради тековната руска агресија врз Украина. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен.„Нашата посветеност да ја поддржиме Украина е силна“, рече таа, додавајќи дека овој потег го зголемува притисокот на ЕУ врз Русија.Европските санкции мора да се обновуваат на секои шест месеци, а за нивно обновување потребни се гласовите на сите земји од ЕУ. Оваа одлука е донесена два дена пред истекот на рокот.Унгарија се спротивстави на обновувањето на санкциите, барајќи изземање на голем број луѓе од списокот со санкции, објавија медиумите, повикувајќи се на европски дипломати.На барање на Будимпешта, сестрата на олигархот Усманов, олигархот Моше Кантор и рускиот министер за спорт биле отстранети од списокот со санкции, објавија медиумите.Одлуката на ЕУ дојде откако САД ги зајакнаа ограничувањата за трговијата со руска нафта, гас, како и банкарските плаќања за руските енергетски ресурси.На 12 март, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не го обнови ослободувањето за одредени видови плаќања за енергетски ресурси кои одат во санкционирани руски банки.Исклучувањето последен пат беше продолжено на 10 јануари 2025 година. Тоа беше усвоено од администрацијата на тогашниот американски претседател Џо Бајден на 60 дена за да се дозволи трансакции во енергетскиот сектор, и покрај фактот што финансиските трансакции со руските банки беа под санкции.Извор: Украинска редакција на Глас на Америка...
Трамп ги смета разговорите на неговите претставници во Москва за „продуктивни дискусии“
Глас на Америка - пред 12 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече „продуктивни дискусии“ разговорите за постигнување мир во војната меѓу Русија и Украина, што се одржаа претходната вечер во Москва.„Вчера имавме многу добри и продуктивни дискусии со рускиот претседател Владимир Путин и има многу добри шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши“, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.Тој додаде дека побарал од претседателот Путин да ги спаси животите на украинската војска, која, според него, е опколена и е „во многу лоша и ранлива состојба“.Претседателот Трамп не именуваше каде се опколени украинските војници, но претходно беше објавено дека руските сили ја продолжуваат офанзивата во областа Курск во областа на градот Суџа и неговата околина.Иако, според Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, напредувањето на руските трупи до украинската граница во регионот Курск на 13 март забавило во споредба со последните денови.Претходно денеска во порака на социјалната мрежа Трамп напиша дека во оваа војна „непотребно загинале милиони луѓе“.„И ќе има уште многу ако не го комплетираме и потпишеме договорот за прекин на огнот и конечниот договор со Русија“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.Еден ден претходно, на прес-конференција во Белата куќа, претседателот Трамп рече дека се надева оти Русија ќе донесе правилна одлука на патот кон завршување на војната со Украина.Рускиот претседател Владимир Путин денес му испрати на Трамп порака за неговиот предлог за прекин на огнот преку специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, со кого Путин разговараше во Москва доцна во четвртокот.Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, денес изјави за новинарите дека Путин верува дека има причина за „внимателен оптимизам“ во врска со можниот договор и дека Путин ја искористил средбата за да му пренесе „сигнали“ на Трамп.„Дополнителни информации ѝ беа доставени на руската страна, а исто така, всушност, Путин му пренел информации и дополнителни сигнали на претседателот Трамп преку Виткоф“, рече Песков.Но, тој додаде дека Кремљ е загрижен оти украинските сили би можеле да го искористат прекинот на огнот за да се прегрупираат. Одговарајќи на новинарски прашања, Песков рече дека „секако постои причина за внимателен оптимизам“.„Вчера слушнавте многу важна изјава на претседателот Путин... Тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Трамп за решението, но изрази некои прашања на кои треба да се одговори заедно“, рече Песков.Путин рече дека сака Украина да се откаже од плановите за приклучување кон НАТО, да ѝ ги предаде на Русија сите четири региони на Украина за кои Русија тврди, но не ги контролира целосно, и да се намали украинската армија.Путин очекува и ублажување на западните санкции и одржување претседателски избори во Украина, кои според украинскиот закон се невозможни, се` додека Украина остане во воена состојба.Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха реагираше на извештаите од Москва, нарекувајќи ги барањата на Кремљ „трик“ кој треба да ги покрие вистинските намери на руското раководство за продолжување на војната.„Украина рече да на предлогот на САД за прекин на огнот. Затоа што Украина сака мир. Путин, наместо да каже да, поставува различни услови“, напиша Сибиха денес на мрежата Икс (поранешен Твитер). Украина се обидува да стави крај на војната. Путин се обидува да ја продолжи војната. Останатите негови зборови се само трик“.Аналитичарите на Институтот за проучување на војната веруваат дека Путин всушност го отфрлил предлогот за прекин на огнот што САД и Украина неодамна го договорија во Џеда и понудил свој алтернативен предлог, што ја поткопува наведената цел на американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди траен мир во Украина.Извор: Украинска редакција на Глас на Америка...
Трамп за тоа дали Русија ќе нападне земја на НАТО: Да се погрижиме тоа да не се случи
Глас на Америка - пред 12 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Русија да ги нападне сојузниците во НАТО. За време на прес-конференцијата со генералниот секретар на алијансата Марк Руте, новинарите го прашаа американскиот претседател дали ги смета за оправдани грижите на некои сојузнички земји, кои не исклучуваат руски напад на нивна територија.„Не, не мислам така. Мислам дека кога ќе се направи ова [кога ќе се склучи мировниот договор меѓу Украина и Русија], сите ќе сакаат да си одат дома и да се одморат. Не гледам дека тоа ќе се случи, а ние ќе се погрижиме да не се случи. Ова нема да се случи, но ќе се погрижиме тоа да не се случи“, рече американскиот претседател.Трамп, исто така, истакна дека токму неговите постапки ја направиле НАТО алијансата посилна. За време на состанокот со генералниот секретар на НАТО во Белата куќа на 13 март, тој рече:„Кога првпат присуствував на состанокот на НАТО, забележав дека малку луѓе плаќаа, а ако го платија, не ги плаќаа своите чесни придонеси. Имаше само седум земји кои го плаќаа она што требаше да го платат, но само неколку земји го платија“, рече Доналд Трамп за сопствените трошоци за одбрана на членките на НАТО, кои, според правилата на Алијансата, треба да бидат најмалку 2 отсто од БДП на земјата.Според американскиот претседател, дури и земјите што платиле, нивните трошоци биле само 2%. Трамп претходно постојано ја нагласуваше потребата земјите од Алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана на 5%.„На вториот состанок успеав да соберам стотици милијарди долари. Реков дека нема да бидеме вклучени ако не платите. И почнаа да доделуваат пари. НАТО стана многу посилен поради моите постапки и работа со многу луѓе, вклучувајќи го и [генералниот секретар на НАТО] Марк [Руте] “, рече Трамп.Американскиот претседател потсети на неговите изјави кога, обраќајќи им се на другите земји членки на НАТО, истакна дека нема да ги брани земјите кои не придонесуваат за организацијата.„Стотици милијарди долари се влеаја во НАТО, а НАТО стана силен“, рече Трамп, мислејќи на зголемувањето на бројот на земји во Алијансата кои ги зголемија трошоците за одбрана.Трамп го спомна и поранешниот генерален секретар на НАТО Столтенберг: „Претходниот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека со доаѓањето на Трамп, парите течеле повеќе од кога било. Стотици милијарди, веројатно околу 600 милијарди долари“.Американскиот претседател ја истакна потребата да се одржи силна Северноатлантската алијанса:„Треба да го одржиме НАТО силен. Неопходно е да се задржи неговата важност. Но, најголемата работа за која треба да се грижиме е она што се случува во моментов“, рече Трамп.Како што напиша претходно Гласот на Америка, американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, на прес-конференција во Белата куќа на 13 март, рече дека се надева дека Русија ќе ја донесе вистинската одлука на патот кон ставање крај на војната со Украина.Според Трамп, во моментов се водат „многу сериозни разговори со Путин и другите“.Извор: Украинска редакција на Глас на Америка...
Групите за човекови права и националната безбедност на САД ќе се соочат на суд за Гвантанамо
Глас на Америка - пред 12 дена
Адвокати од групите за човекови права и претставници од Одделот за национална безбедност на САД ќе имаат судско соочување поврзано со неодамнешното трансферирање имигранти во базата Гвантанамо во Куба, пред нивна депортација.Соочувањето ќе биде денеска, во окружниот суд во Вашингтон.Тужбата од групите за човекови права посочува дека американската безбедносна служба ги пречекорила овластувањата со трансферот на нелегалните имигранти во Гвантанамо и попречувањето на каква било правна помош за затворените. Воедно се наведува дека со затворањето, без соодветна легална одлука, се прекршуваат и уставните права. Официјални претставници од Одделот за национална безбедност не одговорија веднаш на барањето за коментар во однос на тужбите, но во неколку наврати ги отфрлија обвинувањата од групите за човекови права.„Се чини дека Американскиот синдикат за граѓански слободи многу повеќе се интересира за промовирање отворени граници и нарушување на јавната безбедност отколку за заштита на граѓанските слободи на Американците“, рече неодамна претставник од Одделот за национална безбедност во изјава за Гласот на Америка, а кој одби да биде именуван.Претседателот Доналд Трамп прв ја покрена идејата за користење на американската поморска база во Куба како дел од плановите на неговата администрација за масовни депортации. Од Националната безбедност рекоа дека базата ќе се користи за сместување на „најлошите од најлошите“.Трамп и други американски официјални лица, исто така, сугерираа дека базата може да се користи за сместување до 30.000 мигранти додека тие чекаат депортација. Тие планови, сепак, не се реализираа целосно.Трансферот на првите мигранти во Гвантанамо стартуваше на почетокот од февруари. Многумина од нив потоа биле депортирани во Хондурас, Венецуела или во други земји.Како што веќе објави Гласот на Америка, Одделот за национална безбедност одлучи да ги отстрани преостанатите мигранти од Гвантанамо и да ги пренесе во сојузната држава Луизијана....
Сè помалку време за американските законодавци да спречат затворање на владата на САД
Глас на Америка - пред 12 дена
На американските законодавци им истекува времето да донесат резолуција со која ќе се овозможи продолжување на краткорочното финансирање на владата после крајниот рок, 14 март, односно денеска.„Демократите треба да одлучат дали ќе ја поддржат легислативата за финансирање што дојде од Претставничкиот дом или ќе ја затворат владата. Досега изгледа како да планираат да ја затворат“, рече вчера водачот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун. Демократите треба да одлучат дали ќе ја поддржат легислативата за финансирање што дојде од Претставничкиот дом или ќе ја затворат владата Џон Тун, водач на мнозинството во Сенатот За да помине и да биде усвоена резолуцијата во Сенатот е потребен праг од 60 гласа. Тоа значи дека републиканците треба да обезбедат најмалку осум гласови од демократите.Водачот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, повика Сенатот да усвои претходна верзија на резолуцијата, а во чие подготвување биле вклучени и демократите.„Финансирањето на владата треба да биде двопартиски договор. Но, републиканците избраа еднопартиски начин, подготвувајќи резолуција без никаков придонес придонес од конгресните демократи“, рече Шумер доцна вечерта во средата.Демократските сенатори сметаат дека се олеснува на патот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со големите промени во федералната влада и во програмите за социјална заштита.„Не сакам затворање на владата“, истакна сенаторот од редовите на демократите, Крис Ван Холен.Додава дека поддржува владата да продолжи со работа. Нема да го поддржам овој предлог-закон на републиканскиот Претставнички дом, кој едноставно на Елон Маск му дава повеќе сила да растури големи делови од федералната влада Крис Ван Холен, демократски сенатор „Би сакал да гласам за нацрт-законот за да ја задржиме владата отворена 30 дена додека имаме двопартиски преговори. Но, нема да го поддржам овој предлог-закон на републиканскиот Претставнички дом, кој едноставно на Елон Маск му дава повеќе сила и алатки за да растури големи делови од федералната влада и да ја форматира за луѓе како него и за многу богатите“, истакна сенаторот Холен.Од друга страна, пак, администрацијата од Белата куќа го поддржува републиканскиот предлог.„Гласањето против резолуцијата ќе му наштети на американскиот народ и ќе го убие неверојатниот моментум што претседателот [Доналд] Трамп го создаде во изминатиот 51 ден“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит во изјава за новинарите на почетокот од оваа недела.Независни набљудувачи и аналитичари велат дека DOGE преку изнасилени тврдења за измама се обидува да добие поддршка за големите кратења на федералните програми и институции.Континуираната резолуција им купува време на законодавците да постигнат компромис за верзиите на Сенатот и на Претставничкиот дом за владините трошоци, клучна алатка за спроведување на домашната политика на Трамп.Прашање е како и кога да стапи во сила предлогот за продолжување на даночните олеснувања од 2017 година и како да се плати дефицитот на САД без да се намали од други клучни сектори.Раководството на Сенатот предложи усвојување на даночните олеснувања во посебен нацрт-закон подоцна оваа година....
Рапидно се намалува бројот на птиците во САД
Глас на Америка - пред 12 дена
Бројката на птиците во САД рапидно се намалува, покажува извештајот од Алијансата на научно-истражувачки групи. Исчезнувањето на нивните природни живеалишта, како и климатските промени се меѓу клучните фактори што придонесуваат за намалување на популацијата на птиците, стои во извештајот за Состојбата на птиците во САД за 2025 година.Кај повеќе од 100 видови кои биле дел од истражувањето се заклучило дека бројот на единките достигнал до „пресвртна точка“, односно повеќе од половина од популацијата исчезнала во последните 50 години.Извештајот открива дека бројот на птици во сите нивни природни живеалишта се намалува, вклучувајќи ги и патките, чија популација претходно се сметашр за безбедна.„Единствената светла точка се водните птици, како што се чапјите и егрите, кои покажуваат одредено зголемување“, изјави за „Ројтерс“, Мајкл Пар, претседател на Американската организација за заштита на птици.Падот на популацијата на патките падна за приближно 30% од 2017 година, но нивната вкупна бројка на живи единки сепак останува поголем од нивниот број во 1970 година, според соопштението од „Асошиејтед прес“.„За околу еден од три видови птици (од вкупно 229 видови) во САД се неопходни итни мерки за нивно зачувување. Овие видови се дел од главните примероци во природните живеалишта во САД. Вклучуваат и видови кои долго време се сметаа за вообичаени “, изјави Аманда Родевалд, директорка на Лабораторијата при Ornithology Center for Population Studies.Некои од птиците што се во опасност од исчезнување веќе се заштитени според Законот за загрозени видови на САД....
Хидроцентрали постари и од 50 години: Експерти апелираат за нови македонски енергетски капацитети
Глас на Америка - пред 12 дена
Македонските термоелектрани се стари речиси и по половина век. Тец Осломеј, втората термоелектрична централа според инсталирана моќност е од 1980 година. Производството и во најголемиот енергетски комбинат РЕК Битола почнува во 1980 година, додека изградбата на последниот од трите термо блока завршува во 1988 година. И двете работат на јаглен. Но најстара од 1978 година е ТЕЦ Неготино, и работи на мазут. Експертите сметаат дека е неопходно итно вложување во обнова на домашните енергетски капацитети или во изградба на нови. Embed share Хидроцентрали постари од половина век: Во каква состојба е македонскиот енергетски систем? Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:04:30 0:00 Direct link 240p | 12,5MB 360p | 19,8MB 480p | 33,2MB 720p | 68,7MB 1080p | 103,3MB „Хидроцентралите треба да се рехабилитираат, затоа што на одреден период над 20 години, потребна е рехабилитација на опремата, турбините, генераторите, хидројазлите. Освен тоа со термоцентралите, имаме многу мали резерви на јаглен, и многу кратко време ќе можеме да ги користиме тие капацитети кои ги имаме во РЕК Битола, иако таа енергија во моментот ни е многу важна како базна енергија“, вели Вангел Фуштиќ, Професор на ФЕИТ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.Во моментот има голема експанзија на изградба на фотоцентрали, кои се повеќе од добродојдени, во време на актуелната енергетската состојба, додава Фуштиќ.„Акумулационите хидроцентрали ќе бидат од голема вредност, и реверзибилните централи и можностите за складирање во батериски системи, на она производство кое го имаме во моментот од фотоцентралите“, вели Фуштиќ. Крајно време е да почнеме да ги градиме тие акумулациски хидроцентрали Константин Димитров, експерт по енергетика Хидроцентралите се уште постари. ХЕЦ Вруток е од 1957 година, ХЕЦ Глобочица од 1965 година, додека Шпиље од 1969 година. Со понов датум се ХЕЦ Козјак од 2004 и ХЕЦ Света Петка од 2012 година.„Крајно време е да почнеме да ги градиме тие акумулациски хидроцентрали. Дали ќе бидат тие по Црна Река, т.н. проект „Чебрен“ со четири или пет каскадни централи. Но исто и „Вардарска долина“, каде со изградба на брани, водата која тече и ќе се користи и ќе се произведува електрична енергија. За сето тоа треба некој да сака и требаат пари“, вели Константин Димитров, експерт по енергетика.Северна Македонија, нема голем избор, затоа што според обврските кои ги има, до 2026 година, мора да го затвори првиот блок на РЕК Битола, а до 2030 година сите термо централи на јаглен.„Што и да гради, во што и да инвестира Македонија, нема да згреши. Но битно е самата да инвестира и да не им го препушта тој многу профитабилен и монополски бизнис на домашни и странски приватни компании“, истакнува Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола. Енергетски комплекс, РЕК Битола Вели дека како прва задача, треба да биде изградба на една реверзибилна хидроцентрала.„Постоечките термоцентрали не можат да се модернизираат. Тие мора да се исклучат и да бидат заменети со обновливи извори“, додава Трајковски.Од Електрани на Северна Македонија велат дека во моментот на именување на новото раководство, капацитетите биле затекнати во лоша состојба, особено термоелектраните Битола и Осломеј. На дел од нив во пресрет на актуелната грејна сезона воопшто не биле изведени редовните ремонтни активности. Двете термоелектрани биле оставени и без резерви на јаглен. Алармантни состојби биле затекнати и во постојните рудници за јаглен во РЕК Битола поради вршени ископи надвор од рударскиот проект.„АД ЕСМ во наредниот период континуирано ќе работи на ревитализација на постојните капацитети и ќе инсистира на квалитетно изведени ремонти во пресрет на наредната грејна сезона 2025/2026 година, особено во ТЕ Осломеј и ТЕ Битола. Во однос на новите инвестиции фокус се става на нови извори на обновлива енергија“, соопштија од АД ЕСМ.Според податоците од Македонскиот електро преносен оператор, во просек во последните неколку месеци, само 40 отсто од бруто конзумот се покрива од домашно производство од ЕСМ. Остатокот е или од приватните производители на струја или од увоз. Професорот Трајковски вели дека тоа мора да се промени што побргу....
Калифорнија го повлече законот за отчетност кај социјалните медиуми
Глас на Америка - пред 13 дена
Сојузната држава Калифорнија неодамна се согласи да го поништи законот кој им наложува на компаниите за социјални медиуми да објават како да го ублажуваат говорот на омраза, дезинформации и други потенцијално штетни содржини на нивните платформи. За законското решение од 2022 година се залагаше членот на собранието во Калифорнија, демокраот Џеси Габриел. „...Се обидува да одговори на загриженоста дека платформите на социјалните медиуми овозможуваат ширење на омраза, расизам, екстремистичко насилство и теории на заговор“, вели Габриел.Но, тужбата од 2023 година од страна на социјалниот медиум Икс на Илон Маск, го оспори законот кој бараше платформите да поднесуваат јавни извештаи за нивните практики за модерирање на содржината двапати годишно. Апелациониот суд на федерално ниво застана на страната на Икс минатата година, одлучувајќи дека законот го прекршува уставното право на слобода на говор на компаниите за социјални медиуми. „Икс“ не одговори на барањето за коментар за овој извештај. „Икс го застапува ставот дека ако се тврди дека барањето за известување за одлуки за различни типови содржини, и како да се одговори на тоа, е прекршување на нивните права согласно Првиот амандман, бидејќи ваквите извештаи би можеле да бидат говор, а тоа би било мешање во нивна уредувачка дискреција“, вели Мајкл Караниколас од Универзитетот Далхаузи.Сојузните држави се обидуваат, но не успеваат, да ги регулираат политиките за содржината на социјалните медиуми. Флорида и Тексас, две сојузни држави со мнозински републикански електорат, и двете донесоа закони со кои се ограничува способноста на компаниите за социјални медиуми да го контролираат политичкиот говор на нивните страници. Но, тие закони беа ставени во мирување минатата година, кога Врховниот суд на САД пресуди дека медиумските компании имаат право да донесуваат уредувачки одлуки без мешање на владата. „Истите прашања, поврзани со првиот амандман, се појавуваат во многу од овие закони, без разлика дали станува збор за антиконзервативна пристрасност, говор на омраза, или погрешно информирање и дезинформација. Се надеваме дека првиот амандман ќе остане силен, за и понатаму да ги имаме придобивките од слободата на говорот на интернет“, вели Џенифер Хадлстон од Институтот „Като“.Сепак, обидите за регулирање на социјалните медиуми на државно ниво продолжуваат. Во декември, Њујорк донесе закон направен по моделот на законот во Калифорнија....
Турција и Израел во спрега за иднината на Сирија
Глас на Америка - пред 13 дена
Турските и израелските лидери се борат за иднината на Сирија. Аналитичарите велат дека Израел е се позагрижен поради новиот режим во Сирија и зголеменото влијание на Турција врз нивното раководство. „Израелскиот став не е многу оптимистички за иднината на Сирија во смисла дека таа ќе стане потенцијална закана за Израел и дека во оваа потенцијална закана, фактот дека Турција ќе биде доминантна е исто така опасен за Израел“, вели Галиа Линденстраус од Националниот институт за безбедносни студии.Силната поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за терористичка група Хамас, како што е именувана од САД, ги затегна односите со Израел. Сега Сирија се заканува да стане нов извор на тензии. Во говорот овој месец, Ердоган даде широко толкувано, тенко прикриено предупредување до Израел да престане да го поткопува новото раководство на Дамаск. „Оние кои се надеваат дека ќе имаат корист од нестабилноста на Сирија со провоцирање на етнички и верски врски во земјата, треба да знаат дека нема да ги постигнат своите цели“, истакна Ердоган. Говорот на Ердоган уследи по понудата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги поддржи сириските друзи и курдските малцинства. Аналитичарите велат дека Анкара и Ерусалим имаат спротивставени визии за иднината на Сирија.„Турција сака да види сигурна и стабилизирана унитарна држава под преодната влада на Ал Шара. Израел, од друга страна, сака да види слаба и фрагментирана Сирија. Главна грижа на Израел отсекогаш била обезбедувањето на нејзината северна граница“, смета Селин Наси од Лондонската школа за економија.Израелските сили ја окупираат сириската територија долж нејзината северна граница, која е дом на многу од сириското малцинство Друзи. Но, во понеделникот, силите на СДФ предводени од Курдите потпишаа договор за интегрирање на нивната администрација и војска со сириската преодна влада. СДФ контролира голем дел од Сирија. Со засилување на контролата ос страна на Дамаск, аналитичарите велат дека Израел ќе биде загрижен поради проширувањето на постојното воено присуство на Турција во Сирија.„Особено ако Турција сака да има воени пунктови на југот на земјата, претпоставувам со дозвола на владата во Дамаск, тогаш двете страни би биле многу блиску со воените сили и тоа, мислам, е прилично опасна и создава нестабилна, запалива ситуација“, посочува Соли Озел од Институтот за хуманитарни студии.Аналитичарите предупредуваат дека таквото воено присуство, доколку се прошири на воздушните бази, може да го загрози сегашниот неприкосновен пристап на Израел до сирискиот воздушен простор.Со оглед на тоа што Ердоган и Нетанјаху не го кријат нетрпението и недовербата меѓу нив, ривалството според аналитичарите се заканува да се прошири и во Сирија, што дополнително ќе ја комплицира транзицијата на земјата од режимот на Асад....
Путин изрази поддршка за прекин на огнот, но вели дека мора да се разработат деталите
Глас на Америка - пред 13 дена
Рускиот претседател Владимир Путин изрази поддршка за предлогот на САД за прекин на огнот за запирање на руската војна со Украина, но нагласи дека деталите ќе треба да се разработат.„Се согласуваме со предлозите за запирање на борбите, но тргнуваме од претпоставката дека прекинот на огнот треба да доведе до траен мир и да ги отстрани основните причини за кризата“, им рече Путин на новинарите денес во Москва.„Можеби треба да му се јавам на претседателот Трамп и да разговарам со него“, рече тој.Претходно, главниот помошник на Путин за надворешна политика го отфрли предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот, велејќи дека тоа само ќе ѝ обезбеди на војската на Украина привремен одмор од борбите.Неговите коментари дојдоа откако специјалниот пратеник на САД Стив Виткоф пристигна во Москва за да се сретне со руските официјални лица за предлогот за прекин на огнот.Во своите коментари, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков потврди дека бил во редовен контакт со американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и рече дека се согласиле дека овие контакти ќе останат доверливи.Американските власти претходно оваа недела се состанаа со украинските власти во Саудиска Арабија за да го претстават планот за прекин на огнот.Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави напорите на САД, велејќи во средата дека Украина е „подготвена за прекин на огнот за 30 дена како што е предложено од американската страна“.Зеленски рече дека прекинот на борбите може да се искористи за да се создаде поширок мировен договор за конфликтот, кој започна со целосната инвазија на Русија на Украина во февруари 2022 година.Разговорите во Москва доаѓаат откако руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека неговите сили ја вратиле контролата врз Суџа, главен град во западниот руски регион Курск, од украинските војници.Украинските сили го зазедоа градот за време на ненадеен напад на регионот Курск што граничи со Украина минатиот август и оттогаш се борат да го задржат.Некои информации во текстот се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс...
Трамп се закани со високи царини за европските пијалаци
Глас на Америка - пред 13 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се закани на Европската Унија (ЕУ) со 200% царини за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци произведени во блокот од 27 нации, откако ЕУ најави царини од 50% за американско дестилирано виски.Трамп во објава на својата платформа „Трут Соушл“ изјави дека ЕУ е „една од најнепријателските и најнавредливите даночни и царински власти во светот“.Тој рече дека е формирана во 1993 година „со единствена цел да ги искористи економските предности на САД“.Во последниот месец, Трамп води царинска борба со своите најголеми трговски партнери - Мексико, Канада, Кина и ЕУ - во обид да го запре протокот на дрога, особено фентанил, во САД од Мексико и Канада а, исто така, да ги убеди производителите да ги затворат своите операции во странство и да ги префрлат во САД.Вчера Трамп најави царини од 25 отсто за извозот на челик и алуминиум во САД од 35 земји, вклучувајќи го и блокот на ЕУ.Европа брзо возврати со сопствени царини на американскиот извоз во вредност од 28 милијарди долари во земјите кои долго време беа геополитички сојузници на САД, додека Канада воведе нови царини на американскиот извоз во вредност од 20,7 милијарди долари кон северниот сосед.Новите мерки на ЕУ ќе важат не само за производите од челик и алуминиум, туку и за текстилот, апаратите за домаќинство и земјоделските производи.Мотоциклите, бурбонот, путерот од кикирики и фармерките, исто така, ќе бидат погодени, како што беа за време на првиот мандат на Трамп, кој траеше од 2017 до 2021 година.Официјалните претставници на ЕУ рекоа дека нејзините царини, кои ги плаќаат компаниите увозници и чии трошоци потоа главно се пренесуваат на потрошувачите, се насочени кон производи од држави во кои доминираат републиканците како Трамп, како што се говедско месо и живина од Канзас и Небраска, производи од дрво од Алабама и Џорџија и алкохол од Кентаки и Тенеси.Секретарот за финансии на САД Скот Бесент за Си-Ен-Би-Си отфрли загриженост за заканите од поголеми царини за европските жестоки пијалаци....
Заедничко писмо од членови на Конгресот до Рубио: Спречете го Додик да се заканува на стабилноста на БиХ
Глас на Америка - пред 13 дена
Некои од највисоко рангираните републикански и демократски лидери во Конгресот испратија заедничко писмо до американскиот државен секретар Марко Рубио во кое изразија загриженост за, како што наведоа, „неодамнешните дејства на лидерот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, кој со години е ангажиран во сецесионистички активности, предизвикувајќи ги државните институции во Босна и Херцеговина, поткопувајќи го Дејтонскиот договор и загрозувајќи ги територијалниот интегритет и етно-социјалната кохезија на земјата“.Тие наведоа дека како одговор на оваа акција, САД, вклучително и за време на првата администрација на Трамп, вовеле санкции за Милорад Додик, како и за поединци и субјекти кои му помагале во неговите сецесионистички акти.Тие додаваат дека Уставниот суд на БиХ го осудил Додик на една година затвор и му забранил да учествува во политиката шест години, како резултат на неговата одлука да спроведе неуставни закони, со кои се отфрла јурисдикцијата на Уставниот суд.Тие во писмото посочуваат дека Додик потоа ветил дека ќе ја игнорира пресудата и ќе продолжи со својот сепаратистички план, што го навело да преземе чекори кон потенцијалното отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина.Тие му објаснуваат на секретарот Рубио дека Додик и неговите сојузници неодамна ескалирале сецесионистичка криза што тие самите ја создале.„Националното собрание на Република Српска усвои, а Додик ги спроведе, два нови неуставни закони кои имаат за цел да го забранат функционирањето на безбедносните и судските институции на државно ниво во Република Српска. На ентитетските институции на Република Српска им беше наредено насилно да ги запрат и спречат законските активности и работа на државните институции на Босна и Херцеговина во границите на Република Српска. На вработените во државните институции кои живеат и работат во Република Српска, освен закани со сила, им се закануваат и апсење, санкции и кривична постапка доколку продолжат да ги исполнуваат своите обврски. Ова е директен напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор. Ја повикуваме администрацијата да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање, вклучително и дипломатија и санкции, за да спречи влошување на ситуацијата во Босна и Херцеговина“, се вели во двопартиското писмо до американскиот државен секретар Марко Рубио.Во писмото тие ја повикаа администрацијата на Трамп да го направи следното: „Проширете ги целните санкции против Додик и неговите поддржувачи, вклучително и дополнителни финансиски ограничувања и забрани за патување за оние кои го поткопуваат суверенитетот и демократските процеси на Босна и Херцеговина. Зголемување на дипломатскиот ангажман со Босна и Херцеговина, вклучително и назначување на специјален пратеник за Западен Балкан за координирање на политиката. Тесна координација со европските сојузници и партнери за да претстави единствена меѓународна позиција против сецесионистичките закани, што вклучува преглед на подготвеноста на мисијата на ЕУФОР Операција Алтеа да одговори на сите потенцијални безбедносни закани. Продолжете со силните изјави на официјалните претставници на САД во Босна и Херцеговина, потврдувајќи јавно и недвосмислено на највисоките нивоа дека САД се посветени на суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина“.„Безбедноста, стабилноста и економскиот просперитет на Босна и Херцеговина остануваат од витално значење за интересите на САД на Западен Балкан. Силното раководство на САД, кое работи заедно со нашите сојузници и партнери, е од суштинско значење за спротивставување на дестабилизирачката агенда на г-дин Додик“.„Ние сме подготвени да ги поддржиме напорите на администрацијата во овој поглед и со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка во промовирањето на мирот, стабилноста и демократскиот развој во Босна и Херцеговина“, се заклучува во двопартиското писмо, потпишано од некои од најмоќните членови на американскиот Конгрес, како што е највисокиот член на владејачката Републиканска партија во Сенатот Риш, како и сенаторите Џин Шахин, Ричард Џеј Дурбин, Том Тилис, Крис Ван Холен, Питер Велч и законодавците Мајк Квигли и Ен Вагнер....
На состанокот на Г7 ќе се разговара за конфликтот во Украина во услови на притисок за прекин на огнот
Глас на Америка - пред 13 дена
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе разговараат за украинскиот конфликт во услови на притисок за прекин на огнот Руско-украинската војна е на дневен ред денес додека министрите за надворешни работи од групата Г7 на водечките индустриски земји се состанаа во Канада во услови на притисок да се обезбеди прекин на огнот во конфликтот. Разговорите во Квебек следат по американско-украинските разговори кои вклучија предлог на САД за „непосреден, привремен 30-дневен прекин на огнот“, кој украинските лидери рекоа дека се подготвени да го прифатат. „Мораме да се движиме кон мир. Мораме да се движиме кон безбедносни гаранции“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото ноќно обраќање вчера. „Клучниот фактор е способноста на нашите партнери да обезбедат подготвеност на Русија да не измами, туку вистински да ја заврши војната“.Кремљ соопшти дека чека да слушне за предлогот за прекин на огнот од американски официјални претставници.Белата куќа вчера соопшти дека советникот за национална безбедност Стив Виткоф ќе се упати во Москва на разговори во наредните денови.Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска на пат за Канада за новинарите изјави дека САД ќе имаат „повеќе точки на контакт“ со Русија за да ја проценат нејзината подготвеност за мировен договор.„Сега, сите со нетрпение го чекаме рускиот одговор и силно ги повикуваме да размислат за завршување на сите непријателства за да може да започне процесот за наоѓање постојан мир“, изјави Рубио за Гласот на Америка.Рубио додаде дека има потреба од набљудувачи ако Русија се согласи на прекин на огнот.„Ако тие (Русите) кажат да, една од работите што ќе треба да ја одредиме е кому двете страни веруваат дека да биде на терен за да надгледува истрели од мало оружје што би можело да се случи“, им рече Рубио на новинарите....
Американски и руски претставници ќе разговараат за предлогот за прекин на огнот во Украина
Глас на Америка - пред 13 дена
Се очекува американски и руски претставници да се сретнат во Москва за да разговараат за предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот во руската војна во Украина.Кремљ во четвртокот соопшти дека американските преговарачи се на пат кон Русија. Тоа уследи по коментарите во средата од Белата куќа дека специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе замине за Москва.„Луѓето одат во Русија токму сега додека зборуваме“, им рече на новинарите американскиот претседател Доналд Трамп во средата. „И се надеваме дека можеме да добиеме прекин на огнот од Русија“.Прес секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, изјави за Фокс њуз дека советникот за национална безбедност Мајк Волц разговарал со неговиот руски колега во средата.Американските власти претходно оваа недела се состанаа со украинските власти во Саудиска Арабија за да го претстават планот за прекин на огнот.Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави напорите на САД, велејќи дека Украина е „подготвена за прекин на огнот во траење од 30 дена како што е предложено од американската страна“.Зеленски рече дека прекинот на борбите може да се искористи за да се создаде поширок мировен договор за конфликтот, кој започна со целосната инвазија на Русија на Украина во февруари 2022 година.Делови од овој извештај се преземени од Associated press, Reuters и AFP....
Неизвесна иднина за Газа со спротивставените планови за мир
Глас на Америка - пред 13 дена
Со оглед на тоа што иднината на примирјето меѓу Израел и Хамас е неизвесна, арапските лидери се состанаа во Каиро за да разговараат за долгорочната иднина на Газа. Планот предложен од Египет, кој беше одобрен од останатите арапски лидери на Самитот, бара палестинската самоуправа да преземе водечка улога во обновата на Газа заедно со Комитетот на независни палестински технократи. Планот предвидува распоредување мировни сили на ОН во Газа на шест месеци. Тоа не вклучува никакво спомнување за разоружување на Хамас, основно барање и на Израел и на американската администрација. „Раководството на Хамас надвор од Газа веќе со месеци јасно стави до знаење дека се подготвени да се откажат од управувањето во Газа во корист на непартиска, цивилна, професионална технократска влада. Но, прашањето со кое раководството на Хамас не се занимаваше адекватно е за нивното оружје и нивните вооружени сили“, вели Гершон Баскин, поранешем израелски преговарач.Водачот на Хамас, Сами Абу Зухри, вели дека организацијата нема да го положи оружјето, отфрлувајќи ја самата идеја. Баскин вели дека во отсуство на алтернатива, Хамас ќе се врати на теренот во Газа. „Стравувам дека со оглед на тоа што во Газа во основа не остана ниту еден од политичкото раководство на Хамас и повеќето од старите воени лидери беа убиени од Израел во војната, луѓето кои сега покажуваат дека се на власт се млади офицери од втор, трет, четврти ешалон, кои имаат финансиски способности да регрутираат нови млади луѓе, да им дадат 200 долари, за повторно да облечат униформа“, вели Баскин. Арапските лидери на Самитот во Каиро изјавија дека планот на претседателот Трамп, наречен „Ривиера на Газа“ со кој САД би ја презеле Газа, а нејзините два милиони палестински жители да заминат во други арапски земји - е неприфатлив. Тие велат дека жителите на Газа мора да останат во Газа и покрај масивното уништување од 16-те месеци војна. Спротивно на тоа, израелската влада го прифати планот на Трамп и не предложи алтернатива. Некои израелски аналитичари велат дека постојат опции за независно палестинско владеење. „На местото на Хамас треба да дојде некорумпирана, умерена личност од Палестинците, кој ќе управува под капата на Палестинската самоуправа. Но, не некој, директно од Палестинската управа кој ќе раководи со Западниот Брег, кој е многу корумпиран, слаб во управувањето и сè уште доста екстремен. Има еден таков политичар, а неговото име е Салам Фајад“, вели Џонатан Рајнхолд, експерт од Универзитетот „Бар Илан“.Салам Фајад е економист и поранешен палестински премиер кој беше избран како независен и држеше дистанца од наводната корупција на палестинската самоуправа. Тој, исто така, има блиски врски со Обединетите Арапски Емирати, кои најверојатно ќе финансираат барем дел од реконструкцијата на Газа, која според процените на ОН ќе чини повеќе од 50 милијарди долари. Арапскиот Самит ја повика меѓународната заедница да ја преземе севкупната одговорност за обнова на Газа....
Кина ги обвинува САД за нарушување на светската стабилност, но истовремено му се заканува на Тајван
Глас на Америка - пред 13 дена
Најголемиот годишен политички состанок во Кина е подготовка и шанса да се проектира довербата во нејзината економија. Меѓутоа, во петокот, министерот за надворешни работи Ванг Ји го насочи својот фокус кон САД, обвинувајќи го Вашингтон за кревање на тензиите и нарушување на глобалната трговија. „Како што вели една кинеска поговорка, ако нечија акција не успее, побарајте ја причината во себе. САД треба да го надминат она што всушност се случило. Што постигнавте со царините и трговските војни овие години?“, посочи Ванг и ги нарече царините на САД „произволни“ и неодговорни. Откако се врати на функцијата, Трамп ги зголеми царините за Кина, обвинувајќи го Пекинг за нефер трговски практики и закана за индустриите во САД.Тој, исто така, се повлече од глобалните институции. Кина ја искористи можноста – прикажувајќи се како бранител на меѓународната соработка. „Замислете секоја земја да го нагласи својот приоритет и да верува во силата и статусот, светот повторно ќе падне во ситуација кога насилните се најуспешни“, посочи Ванг.Дури и кога Ванг повика на стабилност, тој ги повтори заканите на Кина против многу помалиот Тајван. Во последниве месеци, Кина ги засили воените вежби во близина на самоуправниот остров. И покрај тешките пораки оваа недела, аналитичарите велат дека Пекинг е внимателен. „Тие мора да се појават силни пред домашната публика и оттаму се појавува таа реторика. Но, искусни набљудувачи бараат вистински акции што се спроведуваат наместо реторика“, смета Лим Таи Веи од Универзитетот Сока во Токио.Иако Кина одговори на Трамп со свои царини, се чини дека е внимателна да не ги ескалира тензиите со американскиот лидер што тие го сметаат за непредвидлив. „Ова е нешто со што кинеските власти дури и досега имаа потешкотии во управувањето. Бидејќи тие се многу повеќе навикнати на стабилни, добро познати субјекти и оперативни процедури за да можат однапред да планираат“, додава Таи Веи.Таа непредвидливост го остава Пекинг со малку сигурност за тоа што следува. Со зголемувањето на тензиите, Кина мора да одлучи дали ќе се воздржи - или ќе возврати посилно....
Американски судија ја продолжи забраната за депортација на про-палестински странски студент од САД
Глас на Америка - пред 13 дена
Американски судија во средата ја продолжи наредбата со која им се забранува на федералните власти да депортираат студент од Универзитетот „Колумбија“, кој бил притворен како учесник на про-палестински протест во рамките на универзитетскиот кампус.Окружниот судија Џеси Фурман привремено ја блокира депортацијата на Махмуд Калил и ја продолжи забраната со објаснување дека е потребно повеќе време да се донесе заклучок дали приведувањето на странскиот студент било неуставно.Адвокатите на Калил велат дека неговото апсење во саботата од агенти на Одделот за внатрешна безбедност на САД пред неговата универзитетска резиденција на Менхетен било како одмазда за неговото отворено застапување против израелскиот воен напад врз Газа по нападот врз Израел во октомври 2023 година од страна на Хамас, терористичка група означена од САД, и на тој начин го прекршил правото на Калил за слобода на говор.Калил е роден и израснат во палестински бегалски камп во Сирија и дошол во САД со студентска виза во 2022 година, добивајќи дозвола за постојан престој минатата година. Тој бил истакнат член во движењето што организира протести на универзитетот „Колумбија“ против израелскиот воен одговор во Газа.Администрацијата на Трамп вели дека пропалестинските протести во студентските кампуси, вклучително и „Колумбија“, вклучиле поддршка за Хамас и антисемитско вознемирување на еврејските студенти. Организаторите на студентските протести, пак, велат дека критиките кон Израел погрешно се мешаат со антисемитизам.Делови од овој извештај се преземени од Ројтерс....
Предизвици за пазарот во САД во услови на трговска војна
Глас на Америка - пред 13 дена
Министерството за труд на САД во средата наутро објави пониска од очекуваната годишна стапка на инфлација од 2,8% за февруари. Тоа беше добра вест за американската економија.Воедно, тоа беше и светла точка во период кога беа забележани превирања на берзите како последица од трговската војна и неизвесноста со тековните напори на администрацијата да ја намали федералната работна сила.Економистите предупредуваат дека позитивните вести за инфлацијата сепак може да бидат само привремен одмор. Влез во зградата на Њујоршката берза (NYSE), 11 март, 2025 Од почетокот на март, претседателот Доналд Трамп воведе дополнителни царини од 10 отсто за кинеските стоки, царини до 25 отсто за многу стоки увезени од Мексико и Канада, како и 25 отсто царински давачки за челик и алуминиум. Влијанието на тие потези не се одрази во бројките објавени во средата.Исто така, не се одрази ниту ветувањето од Европската унија и од другите земји дека ќе воведат одмазднички тарифи за американските стоки, што би им отежнало на американските производители да ги продаваат своите производи надвор од домашниот пазар. Моравме да го направиме ова, другите земји ни го одзедоа бизнисот, ни ги одзедоа работните места Доналд Трамп, претседател на САД Трамп посочи дека може да дојде до краткорочни економски нарушувања, но инсистира на тоа дека сегашните потези ќе доведат до поголем просперитет од којшто корист ќе имаат сите Американци.На појавувањето пред Бизнис тркалезната маса во Вашингтон во вторникот, тој инсистираше на тоа дека производствените фирми веќе бараат нови локации во САД за да можат да ги преместат операциите и да ги избегнат царините.„Тие бараат места насекаде да се позиционираат... Не сакаат да платат 25 отсто“, рече претседателот.На посебен настан во Белата куќа во вторникот, Трамп повторно даде оправдување за постапките со царините.„Нашата земја мораше да го направи ова. Моравме да одиме и да го направиме ова. Другите земји ни го одзедоа бизнисот, ни ги одзедоа работните места“, истакна Трамп. Берзански состојби, Њујоршка берза, 11 март, 2025 Мери Лавли, виш соработник во Институтот за меѓународна економија „Петерсон“, рече дека се следат насоките кон кои ќе се движи економијата во наредните месеци.Администрацијата на Трамп покажа намери за намалување на регулативите во некои индустрии, што би можело да поттикне напредок во одредени економски сектори, како и намалувањето на цените.„Ова е нешто за коешто многу компании велат дека ќе им ги надомести трошоците, но очигледно ќе биде селективно“, вели Лавли и додава дека сè уште не е јасно како тоа ќе влијае на пошироката економија. За бизнисите е многу тешко да планираат, немаат поим што се случува и не можат да донесат разумна инвестициска одлука Дезмонд Лахман, American Enterprise Institute Втор фактор ќе биде дали Конгресот ќе ги продолжи даночните намалувања донесени за време на првиот мандат на Трамп или ќе додаде дополнителни намалувања.„Многу луѓе зборуваат за ‘даночните намалувања’, но всушност, повеќето од нив се продолженија“, вели Лавли и додава „тоа не е нов сок за економијата“.„За корпорациите кои се обидуваат да донесат бизнис одлуки, околината не е сигурна“, изјави за Гласот на Америка Дезмонд Лахман, висок соработник на конзервативниот тинк-тенк American Enterprise Institute.„Многу е загрижувачки ова што се случува, бидејќи тоа што го направи Трамп само внесе огромна количина на несигурност во креирањето на економската политика“, рече тој.„Тоа најјасно го видовте со увозните царини “, рече Лахман. „Прво ја постави царината, па ја симна, па веќе во следната минута прави ослободување. Следниот ден објавува друга тарифа. Значи, за бизнисите е многу тешко да планираат. Тие едноставно немаат поим што се случува... и не можат да донесат разумна инвестициска одлука“, категоричен е Лахман. Дневни активности на берзата во Њујорк, 7 март, 2025 Аналитичарот посочува дека дополнителна неизвесност создаваат и напорите на таканаречениот Оддел за владина ефикасност, предводен од најбогатиот човек на светот, Илон Маск, да се намали бројот на вработени во државната администрација.Во средата, Европската унија и Канада објавија повеќе одмазднички царини кон американските производи. Давачките, кои ќе ги погодат мотоциклите „Харли-Дејвидсон“, бурбонот од Кентаки и разни земјоделски производи, беа одговор на глобалната царина од 25 отсто на Трамп за челик и алуминиум.Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир во средата издаде бурна изјава во која ја обвини Европската унија за игнорирање на легитимните интереси на САД да има силни домашни сектори за производство на челик и алуминиум.„Казнената акција на ЕУ целосно ги занемарува императивите за национална безбедност на Соединетите Држави - и навистина меѓународната безбедност - и е уште еден показател дека трговската и економската политика на ЕУ не е во чекор со реалноста“, истакна Грир....
Според аналитичари, царините од САД силно ќе ја погодат економијата на Мексико
Глас на Америка - пред 13 дена
Мексико е главен трговски партнер на САД. Во 2024 година, извезе производи и во вредност од речиси 506 милијарди долари, а првите три сектори се автомобилската индустрија, електроника и земјоделство. „Царини од 25% за Канада и 25% за Мексико…“, рече Трамп.Неколку часа по воведување на царините, мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум рече дека ќе ги брани интересите на својата земја. „Одлучивме да одговориме со царински и нецарински мерки, кои ќе ги објавам јавно следната недела“, рече Шеинбаум. Царините од 25% може да резултираат со извозни загуби за Мексико од 26 до 42 милијарди долари, според непартиската тинк-тенк Вилсон Центар. „Мексиканската економија ќе пропадне. Тоа би било катастрофално, и не само за економијата апстрактно, туку и за економијата на мексиканските семејства“, смета Рикардо Анаја, сенатор.Белата куќа објави дека ќе ги ослободи автомобилите од царините.По телефонскиот повик со Шеинбаум, Трамп ги паузираше царините за други производи што се во согласност со Договорот САД-Мексико-Канада, за кој се преговараше за време на неговиот прв мандат. Додека Трамп ја сподели својата одлука на социјалните мрежи, Шеинбаум опиша дека нејзиниот разговор со Трамп се одвивал со почит и заеднички интерес. „Зошто? Сега кога ги наметнавте царините, како ќе продолжиме да соработуваме со нешто што му штети на народот на Мексико? И го постигнавме овој договор што навистина им користи на двете нации“, истакна претседателката на Мексико. И покрај привременото одложување, мексиканските бизнис лидери и понатаму се загрижени за можноста од царинска војна. Неизвесноста им го отежнува планирањето на бизнисите, вели Карлос Јарамило, претседател на Координативниот совет за бизнис во Тихуана. „Реалноста е дека не мора да зборуваме за Кина, но треба да размислиме за други пазари. Не можеме да останеме толку многу зависни од САД“, истакнува Јарамило.Загриженоста е особено голема во пограничните градови на Мексико. Макиладора - фабриките кои увезуваат материјали за монтажа и извезуваат готови производи во САД - се главен двигател на локалните економии. Царините не само што сериозно ќе го нарушат синџирот на снабдување, туку и егзистенцијата на работната сила, предупредува експертот за производство Рикардо Мелгоза. „Ова ќе ја зголеми невработеноста овде во Мексико, во Сијудад Хуарез. Инфлацијата очигледно ќе не` погоди затоа што жителите на Хуарез купуваат и многу американски производи“, посочува Мелгоза.Тоа би влијаело на куповната моќ на семејствата кои живеат покрај границата....
САД ги расчистуваат мигрантите од Гвантанамо
Глас на Америка - пред 14 дена
САД ги отстрани последните мигранти кои беа задржани во поморската база во заливот Гвантанамо, Куба, враќајќи ги во копното на САД додека чекаат депортација.Двајца американски одбранбени функционери за Гласот на Америка денеска изјавија дека 40 задржани, вклучително и 23 „нелегални имигранти со висока закана“, во притворниот центар на базата, вчера биле пренесени во сојузната држава Луизијана.Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни за да разговараат за оваа операција, рекоа дека уапсените биле пренесени во авион во насока дадена од службениците за имиграција и царината.Ниту од Службата за имиграција и царина, ниту матична агенција, Одделот за домашна безбедност, не одговорија на барањата за коментар.Минатата недела, како одговор на барањето за ажурирања за задржаните кои се чуваат во Гвантанамо, портпаролот на Службата за имиграција и царина одби да коментира, бидјеќи, како што рече, се чека одговор на судски спор.И Службата за имиграција и царина и Одделот за домашна безбедност, кои се главни за напорите за депортација во САД под претседателот Доанлд Трамп, постојано одбиваа да одговорат на прашањата за идентитетот на уапсените, нивните земји на потекло или злосторствата за кои се обвинети.Секретарката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, на социјалните мрежи рече дека многу од „нелегалните имигранти со висока закана“ испратени во Гвантанамо се членови на венецуелската улична банда Трен де Арагуа, и признале дека биле обвинети за убиство, обид за убиство, напад, трговија со оружје и криминал со дрога.Администрацијата на Трамп ги објави плановите за користење на американската поморска база во заливот Гвантанамо за задржување на мигрантите кои се планирани за депортација кон крајот на јануари.Во тоа време, Ноем им рече на новинарите дека објектите ќе се користат за сместување на „најлошото од лошото“.Секретарот за одбрана Пит Хегсет, исто така, говорејќи кон крајот на јануари, го нарече притворниот центар во заливот Гвантанамо „префектното место“ за сместување на криминалците кои се планираат да се отстранат, но исто така рече дека оперативниот центар за мигранти на базата, првпат изграден во 1990-тите, ќе биде отворен и за ненасилните мигранти кои чекаат депортација.Првите задржени почнаа да пристигнуваат во заливот Гвантанамо во февруари со товарни авиони на американската војска, некои останаа со денови или недели пред да бидат депортирани.На моменти, базата држеше речиси 200 лица меѓу затворските и мигрантските објекти.Минатиот месец, Службата за имиграција и царина во еден момент депортираше 177 затвореници од заливот Гвантанамо во Хондурас, од каде што требаше да бидат однесени во Венецуела на репатријација, пред да донесе повеќе лица таму.Групите за имиграциски права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа повеќе тужби против американската влада поради користењето на Гвантанамо.Една тужба, поднесена претходно овој месец, се обидува да ги спречи американските официјални лица да префрлаат мигранти во базата, тврдејќи дека потезите го прекршуваат американскиот закон.Претходна тужба поднесена во февруари наведува дека американската влада ги спречила членовите на семејството и адвокатите да контактираат со уапсените.Одделот за домашна безбеднст ги отфрли наводите во тужбите.„Американската унија за граѓански слободи изгледа многу позаинтересирана за промовирање на отворени граници и нарушување на мисиите за јавна безбедност отколку за заштита на граѓанските слободи на Американците - тие треба да размислат за промена на нивното име“, рече портпаролот на Одделот за домашна безбедност на САД претходно овој месец во изјава за Гласот на Америка. „Во меѓувреме, ќе продолжиме да работиме со Одделот за правда за да ги одбраниме овие неосновани правни предизвици“....
Американските пратеници го поздравија 30-дневниот прекин на огнот во Украина
Глас на Америка - пред 14 дена
Американските пратеници ја поздравија објавата од вторникот дека Украина се согласи на 30-дневен прекин на огнот како чекор кон мирот во Европа.„Многу сум охрабрен што се постигна договор. Претседателот сега одлучи да го укине замрзнувањето на разузнавањето и оружјето што е многу значајно“, изјави за Гласот на Америка републиканскиот претставник Мајкл Мекол, поранешен претседател на Комитетот за надворешни работи во Претставничкиот дом на САД.САД минатата недела објавија дека ќе прекинат со воената помош и размената на разузнавачки информации со Украина, по средбата во Овалната соба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на 28 февруари која помина во напната атмосфера. По објавувањето на договорот за прекин на огнот, САД вчера соопштија дека ќе ја обноват соработката со Украина.„Тоа всушност никогаш не требаше да се случи. Не требаше да има пауза каде што има реални животни последици за Украинците кои се борат за својата слобода, демократија и за националната безбедност. Значи, позитивно е што администрацијата тоа го укина“, изјави за Гласот на Америка демократскиот претставник Џејсон Кроу.САД и Украина требаше да потпишат договор за минерали, но тоа беше откажано откако двајцата лидери јавно не се согласија за американската помош за Украина.„Следен чекор би бил претседателот Зеленски, да се надеваме, повторно да ја посети Овалната соба за да го потпише договорот за економска соработка“, рече Мекол. „Тогаш сè ќе се сврти кон г-дин Путин“.Русија не се согласи на прекин на огнот, но Трамп вчера рече дека има претставници на пат кон Москва да разговараат за тоа.„Се надевам дека администрацијата на Трамп ќе почне да посегнува до Путин и Русија, ќе ги доведе на маса и ќе се погрижи да направат некои отстапки кои се разумни и корисни за украинскиот народ“, изјави за Гласот на Америка демократскиот претставник Глен Ајви.Но, поранешниот дипломат Стив Пајфер, а сега виш соработник во Институтот Брукингс за Гласот на Америка изјави дека сè уште постои голема доза на неизвесност.„Русија, за жал, нема добра позидана за исполнување на примирјето“, рече Пајфер. „Видовме што се случи меѓу 2014 и 2021 година во Донбас, но сега ова ќе биде предизвик, и ако Русите не можат да го почитуваат прекинот на огнот, мислам дека тоа ќе биде сигнал до Вашингтон дека Русите не се сериозни во изнаоѓањето решение за оваа војна“.Трамп и Зеленски, исто така, јавно не се согласија за тоа кој е одговорен за започнување на тригодишниот конфликт меѓу Русија и Украина.„Мораме да разбереме дека Владимир Путин е агресорот. Тој е оној кој ја започна оваа војна. Тој е оној кој може да стави крај со повлекување на своите трупи. Значи, ќе видиме дали оваа администрација може да го принуди на маса под услови кои се поволни за САД и Украина“, изјави Кроу за Гласот на Америка.Државниот секретар Марко Рубио водеше повеќе од осум часа мировни разговори со украинските претставници во Џеда, Саудиска Арабија, за да се постигне договорот. Републиканските пратеници го пофалија Трамп и неговиот кабинет за нивниот силен преговарачки став.„Веќе три години има премногу убиства и премногу уништувања во Украина и во Русија. Значи, ова е многу позитивна работа, и јас сум многу горд на секретарот Рубио, исто така, Мајк Волц, советник за национална безбедност“, изјави за Гласот на Америка републиканскиот претставник Дерик Ван Орден.Пратениците, исто така, изразија надеж дека економската соработка меѓу САД и Украина може да продолжи.„Претседателот Трамп е во право, а предлогот на претседателот Трамп за зајакнување и продлабочување на инвестициите на САД во Украина и критичните минерали, нафтата и природниот гас ќе ја зајакне одвраќањето против руската агресија“, изјави републиканскиот претставник Енди Бар за Гласот на Америка.Пајфер истакна дека договорот за прекин на огнот „исто така има јазик каде што зборува за продолжување на работата меѓу Вашингтон и Киев за долгорочната безбедност на Украина. Мислам дека тоа е важно, затоа што мислам дека едно од клучните барања, како што разбрав од Украина, е дека мора да има одредена гаранција за безбедноста на Украина за да не продолжи оваа војна во одреден момент во иднината“....
САД воведуваат царини за целокупниот увоз на челик и алуминиум
Глас на Америка - пред 14 дена
Соединетите Американски Држави денес воведоа нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум, ставајќи крај на претходните ослободувања што беа во сила за голем број сојузници на САД.Овој потег ќе има влијание на увозот од Аргентина, Австралија, Бразил, Велика Британија, Канада, Јапонија, Мексико, Јужна Кореја и Европската унија.„Според мене, овие модификации се неопходни за да се одговори на значително зголемениот увоз на челични артикли и деривативни челични артикли од овие извори, кои се закануваат да ја нарушат националната безбедност на САД“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во објавата.Европската унија одговори во средата со објавување на плановите за воведување царини за 28 милијарди долари за американски стоки, почнувајќи од април.„Ние секогаш ќе останеме отворени за преговори. Цврсто веруваме дека во свет полн со геополитички и економски несигурности, не е во наш заеднички интерес да ги оптоваруваме нашите економии со царини“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во изјавата.Австралискиот премиер Ентони Албанес ја нарече акцијата на САД „целосно неоправдана“, но ја отфрли можноста за воведување одмазднички тарифи.„Тарифите и ескалацијата на трговските тензии се форма на економско самоповредување и рецепт за побавен раст и повисока инфлација. Тие ги плаќаат потрошувачите. Ова е причината зошто Австралија нема да наметнува реципрочни тарифи на САД“, рече Албанезе во средата.Канада беше поштедена од уште повисоки тарифи откако Трамп се повлече од заканата дека ќе ги зголеми давачките за канадскиот челик и алуминиум на 50%. Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс...
Босанското обвинителство нареди апсење на лидерот на босанските Срби Мирослав Додик
Глас на Америка - пред 14 дена
САРАЈЕВО, Босна и Херцеговина – Босанското државно обвинителство денеска издаде наредба за апсење на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, поддржан од Русија, и неговите соработници поради игнорирање на судската покана, со што се зголемуваат влогот во ќор-сокакот што ја загрозува стабилноста на балканската земја. Одлуката беше донесена две недели по одделен случај во кој Додик беше осуден на една година затвор поради пркосење на одлуките на меѓународниот мировен пратеник, рече портпаролот на агенцијата за државна безбедност. Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, зборува за време на интервју за Асошиетед прес, во босанскиот град Бања Лука, на 240 километри северозападно од Сараево, петок, 29 декември 2023 година. Обвинителите побараа помош од босанската Државна агенција за истраги и заштита во апсењето, откако Додик и неговите помошници ја игнорираа судската покана. Не е јасно дали ќе се приведе Додик или само ќе се придружува за да одговори на поканата. „Добивме барање од судската полиција на Босна и Херцеговина да им помогне“, рече портпаролката на босансаката Државна агенција за истраги и заштита, Јелена Миовчиќ. Телевизијата на Република Српска, повикувајќи се на регионалната влада, објави дека државното обвинителство нареди апсење на премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и претседателот на регионалниот парламент Ненад Стевандиќ поради игнорирање на поканите во случајот со нападот на уставниот поредок. Република Српска е еден од двата региони создадени за да се стави крај на војната од 1992 до 1995 година со жртви во мултиетничка Босна и Херцеговина. Тие се поврзани со слаба централна влада во држава надгледувана од меѓународна власт за да го спречи повторното влегување во конфликт....
Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за краткорочно финансирање
Глас на Америка - пред 14 дена
Претставничкиот дом на САД со мнозинство републиканци во вторникот презеде клучен чекор за финансирање на федералната влада до крајниот рок кој истекува на 14 март.Мерката за краткорочно трошење е усвоена со 217-213 гласови, при што еден републиканец гласаше „против“, а еден демократ гласаше „за“. Мерката сè уште треба да помине гласање во Сенатот со републиканско мнозинство за да биде потпишана во закон.„Гласањето против краткорочното трошење ќе му наштети на американскиот народ и ќе го уништи неверојатниот моментум што претседателот Доналд Трамп кој го има во изминатите 51 ден“, изјави вчера попладне портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит.Потребни се 60 гласови во за да се усвои буџетот во Сенатот, што значи дека републиканците ќе треба да обезбедат гласови од демократи. Претставничкиот дом ја заврши седницата пред крајот на неделата, вршејќи притисок врз сенаторите да го усвојат краткорочното трошење.„Подготвени сме да презмеме овде во Сенатот и да се погрижиме во петок владата да остане отворена. Но, од демократите ќе зависи дали тоа ќе се случи“, изјави вчера лидерот на мнозинството во Сенатот Џон Тун. Лидерот на мнозинството во Сенатот Џон Тун дава изјава за новинарите додека републиканците работат на усвојување на привремен нацрт-закон за трошење со кој ќе се избегне делумно затворање на владата, во Капитол, Вашингтон, САД, 11 март 2025 година. Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон го задуши несогласувањето од неговата партија за да се усвои мерката за трошење. Тој вчера пред новинарите изјави дека седуммесечното краткорочно трошење е важен чекор кон спроведувањето на агендата на Трамп за спречување на владиниото трошење пари кое не е разумно за даночните обврзници, и злоупотреби преку Одделот за владина ефикасност.„Тоа ни овозможува да продолжиме со промена на големината и опсегот на федералната влада. Во Вашингтон во моментов се случува сеизмичка промена. Ова е поинаков момент отколку што сме биле. Работата на Одделот за владина ефикасност е пронаоѓање огромни количини на измама, неразумно трошење и злоупотреба“, рече Џонсон.„Имаме Бела куќа која всушност е посветена да не врати на фискално одговорна патека“.Сепак, независните чувари и аналитичари велат дека Одделот за владина ефикасност користи премногу широки тврдења за измама за да генерира поддршка за големи кратења на федералните програми и канцеларии.Претходно во вторникот, потпретседателот Џеј Ди Венс разговараше со пратениците во Капитол за да даде поддршка за мерката. Претставникот Томас Маси беше единствениот републикански кој не гласаше, и покрај објавата на Трамп во понеделникот вечерта на „Truth Social“ во која се повикува Маси повеќе да не е дел од Капитол ако гласа против мерката за трошење.Мерката за краткорочно трошење им купува време на законодавците да постигнат компромис за верзиите на Сенатот и Претставничкиот дом за владините трошоци, клучна алатка за спроведување на домашната политика на Трамп.Прашање е како и кога ќе се донесе предложено продолжување на даночните намалувања од 2017 година, и како да се плати дефицитот на САД, без да се намалат клучните програми за безбедност што им помагаат на американските гласачи.„Доналд Трамп, Илон Маск и републиканците во Сенатот знаат дека нивната математика за даночните намалувања на милијардерите нема да функционира без да се намалат овие витални придобивки“, рече пред новинарите во вторникот лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер.Раководството на Сенатот предложи усвојување на даночни намалувања во посебен нацрт-закон подоцна оваа година.За овој извештај придонесе Анита Пауел од Гласот на Америка....
Четири лица загинаа во руски ракетен напад во Одеса
Глас на Америка - пред 14 дена
Украинските власти денеска соопштија дека руски ракетен напад го погодил јужниот пристанишен град Одеса во текот на ноќта, при што загинале четворица Сиријци, а биле повредени уште неколку луѓе.Вицепремиерот за реконструкција Олексиј Кулеба на Телеграм наведе дека проектилот погодил товарен брод што се натоварувал со пченица што требало да се извезе во Алжир.Русија ја напаѓа инфраструктурата на Украина, вклучително и пристаништата кои се вклучени во обезбедувањето на безбедноста на храната во светот“, рече тој.Друг ракетен напад го погоди Кривји Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски во регионот на Днепропетровск, при што загина најмалку едно лице, а девет други беа повредени, според регионалниот гувернер.Гувернерот Серхи Лисак рече дека регионот бил нападнат и од руски беспилотни летала и дека нападите оштетиле високи и административни згради, како и училиште.Официјални лица во регионот Запорожје соопштија дека руски дрон удрил во медицинско комбе. АРХИВА - Пожарникарите го изгаснаа пожарот по рускиот напад со дрон кој погоди магацини во Одеса, Украина, 11 март 2025 година. Украинската војска денеска соопшти дека соборила 98 од 133 беспилотни летала што руските сили ги лансирале во текот на ноќта.Пресретнувањата се извршени над регионите Черкаси, Чернихив, Днепропетровск, Харков, Керсон, Хмелницки, Киев, Одеса, Полтава, Ривне, Суми, Тернопил, Виниција, Запорожје и Житомир, соопшти војската.Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништило 21 украинско беспилотно летало, а противвоздушната одбрана соборила дронови над регионите Брјанск, Курск и Калуга, како и врз Црното Море и Крим окупиран од Русија.Официјалните лица во тие области не известија дека има жртви или штети од украинските напади.Дел од информациите за овој извештај се од од Агенцијата Франс – прес и Ројтерс....
Состанок на министрите за надворешни работи на Г7 во Канада – Украина главна тема
Глас на Америка - пред 14 дена
Министрите за надворешни работи од земјите во групата Г7 денеска ќе се соберат на разговори во Квебек, Канада, до петок, вклучувајќи состаноци фокусирани за завршување на руско-украинската војна и за поддршка на Украина во нејзината тригодишна борба против инвазијата.Разговорите следат по одлуката на САД да продолжат со размената на разузнавачки информации и безбедносната помош за Украина, откако високи претставници од двете земји се сретнаа во Џеда, Саудиска Арабија.По речиси осум часа разговори, Украина вчера објави дека е подготвена да го прифати предлогот на САД за „непосреден, привремен 30-дневен прекин на огнот“ во војната со Русија, се очекува тоа да го одобри и Кремљ.Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска на пат за Канада за новинарите изјави дека САД ќе имаат „повеќе точки на контакт“ со Русија за да ја проценат нејзината подготвеност за мировен договор.„Сега, сите со нетрпение го чекаме рускиот одговор и силно ги повикуваме да размислат за завршување на сите непријателства за да може да започне процесот за наоѓање постојан мир“, изјави Рубио за Гласот на Америка.Рубио додаде дека има потреба од набљудувачи ако Русија се согласи на прекин на огнот.„Ако тие (Русите) кажат да, една од работите што ќе треба да ја одредиме е кому двете страни веруваат дека да биде на терен за да надгледува истрели од мало оружје што би можело да се случи“, им рече Рубио на новинарите.Денеска во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп рече дека „сега зависи од Русија“.„Се надеваме дека можеме да добиеме прекин на огнот од Русија“, рече тој. „А ако го направиме тоа, мислам дека тоа ќе биде 80 отсто од патот до завршување на ова ужасно крвопролевање“.Во Квив, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека прекинот на огнот ќе им овозможи на страните „целосно да подготват, чекор-по-чекор, план за ставање крај на војната, вклучително и безбедносни гаранции за Украина“.Германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави предлогот за 30-дневен прекин на огнот, велејќи во средата на социјалната мрежа „X“ дека тоа е „важен и правилен чекор кон праведен мир за Украина“. „Ние сме со Украина и САД, и ги поздравуваме предлозите од Џеда. Сега зависи од Путин“, напиша Шолц.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија чека брифинг за предлогот од САД.Топката е префрлена на РусијаАмериканскиот државен секретар Марко Рубио вчеравечер изјави дека Украина презела конкретен чекор кон ставање крај на војната.„Сега се надеваме дека оваа понуда ќе биде прифатена и од Русите. И се надеваме дека тие ќе кажат ‘да’. Дека ќе кажат ‘да’ за мирот. Сега тие се на ред“, рече тој.Генералниот секретар на НАТО Марк Руте утре ќе биде во официјална посета на Белата куќа. Сите овие дискусии се дел од напорите за унапредување на мировниот процес.Украинскиот претседател Володимир Зеленски не учествуваше на разговорите меѓу САД и Украина, но за време на неговото обраќање вчеравечер рече дека планот за прекин на огнот е „позитивен предлог“.„Сега останува на САД да ја убедат Русија да го стори истото“, рече Зеленски. „Ако Русија се согласи, прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш“.Договор за минерали?Трамп изрази интерес продолжувањето на воената помош да биде условено со пристапот до суровините на Украина.Повеќе од четириесетина минерали, вклучително и неколку видови ретки земји, плус никел и литиум, се сметаат за клучни за американската економија и националната одбрана. Украина има големи наоѓалишта на ураниум, литиум и титаниум.По вчерашните разговори, во заедничката изјава се вели дека двете страни се согласиле да „склучат што е можно поскоро сеопфатен договор за развој на критичните минерални ресурси на Украина за да се прошири украинската економија и да се гарантира долгорочниот просперитет и безбедност на Украина“.Договор за ова прашање се очекуваше да биде потпишан минатиот месец од страна на Трамп и Зеленски, но тоа беше откажано по нивната средба која помина во напната атмосфера во Овалната соба на Белата куќа на 28 февруари.Дел од информациите за овој извештај се од Асошиетед прес, Агенција Франс – прес и Ројтерс....
Ќе придонесат ли американските разговори со Хамас до ослободување на сите израелски заложници?
Глас на Америка - пред 14 дена
Илјадници демонстранти во Израел овој викенд се собраа пред Министерството за одбрана во Тел Авив. Тие побараа од израелската влада посредник да склучи договор за ослободување на заложниците со Хамас. Во Вашингтон минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека неговата администрација за прв пат одржала директни разговори со Хамас, што е отстапување од долгогодишната политика на САД да не преговара со терористи. „Водиме разговори со Хамас. Ние му помагаме на Израел во тие дискусии, бидејќи зборуваме за израелски заложници. Ние не правиме ништо во однос на Хамас. Не даваме пари… Всушност, извлеков 59 заложници, а не дадовме ништо. За 59 не дадовме ништо“, рече Трамп. Во неделата наутро, поддржувачите и роднините на заложниците поставија шатори пред Министерството за одбрана на Израел. Нивната порака беше јасна: нема нови конфликти со Хамас; само обезбедете договор за ослободување на заложниците. „Десетици луѓе кои се тука со нас, имаат порака до владата: немојте повторно да влегувате во Газа... Прекинете ја оваа војна и вратете ги сите заложници дома“, истакна Ајала Метцгер, роднина на загинат заложник.Претходните денови, преговарач од администрацијата на Трамп се сретна со Хамас за да разговара за договорот за ослободување заложници, нарекувајќи ја средбата „многу корисна“.„Мислам дека нешто може да се направи за неколку недели. Ќе кажам само дека верувам и дека има простор да се направи договор помеѓу она што Хамас го сака и она што тие го прифатија, и она што Израел го сака, и тоа е прифатливо. Мислам дека постои договор каде што тие можат да ги извлечат сите затвореници, не само Американците“, рече американскиот преговарач Адам Болер.Во меѓувреме, за Палестинците во Кан Јунис во Газа, недостигот на основни потреби продолжува. Израел воведе целосна блокада на сите стоки што влегуваат во енклавата - вклучително храна, гориво и лекови - додека Хамас не ги ослободи преостанатите 59 заложници што сè уште се држат во Газа. Луѓето овде велат дека чекаат со часови за да добијат леб, бидејќи веќе нема струја ниту огревно дрво за готвење. Израел вели дека планира да испрати делегација во Катар за да ги унапреди преговорите со египетските и катарските посредници....
Што ќе донесе одредбата на Трамп за внесувањето на биткоинот во националните резерви на САД?
Глас на Америка - пред 14 дена
Претседателот Доналд Трамп ги пречека лидерите на криптовалути во Белата куќа за да разговараат за иднината на дигиталните средства.„Знам дека работевте, некои од вас, многу долго, многу пред луѓето навистина да разберат што се случува. Затоа ви честитам. Ова е голем ден”, рече Трамп.На настанот беше означен драматичен пресврт во политиката на САД кон индустријата за криптовалути, чии главни играчи се пожалија на напорите за регулирање и спроведување на администрацијата на Бајден. Трамп даде неколку ветувања поврзани со криптовалутите во текот на изборната кампања минатата година, а индустријата за криптовалути потроши милиони долари за неговиот реизбор и инаугурација. Неговата Комисија за хартии од вредност ги отфрли судските спорови против некои компании за криптовалути. „Мојата администрација исто така работи на тоа да ja заврши војната на федералната бирократија против криптовалутите, која навистина беше доста дива за време на Бајден”, рече Трамп.Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешки резерви на биткоин. Владата на САД го конфискува биткоинот, најтргуваната криптовалута во светот, за време на кривична или граѓанска постапка за одземање имот. Сега владата ќе го задржи тој одземен биткоин – а не да го продава – како што беше правено досега, рече Трамп. Нема да се користат пари од даночните обврзници, рече тој. Повеќето Американци се загрижени за сигурноста и безбедноста на криптовалутите, според истражувањето на Истражувачкиот центар Пју во октомври. Критичарите велат дека криптовалутите се ризични и за потрошувачите и за финансиските системи. Создавањето резерви на биткоин од страна на администрацијата на Трамп може да им помогне на некои инвеститори да стекнат поголема доверба во дигиталните средства. „Тоа е чекор кон легитимирање на криптовалутите. Ако владата ги држи и ги задржи, мислам дека тоа е знак дека тие се легитимни за купување”, вели Пол Купиец од Американскиот Ентерпрајз институт.САД треба да бидат лидери на пазарите на криптовалути, велат некои набљудувачи. „Ние фактички создадовме паралелен, втор финансиски систем. Во интерес на Amerikanskite граѓани е САД да uchstvuvaat на тоа поле, освен ако не сакаат да ја загубат финансиската моќ“, посочува Олаф Грот од Школата за бизнис „Хаас“.Првиот чекор за резервите на биткоини ќе биде да се прегледа колку биткоини всушност поседува американската влада. Претставници на Белата куќа проценуваат дека владата има околу 200.000 биткоини, приближно вредни 17 милијарди долари....
Менди Ќира: Стопанската комора на Северозападна Македонија е за повисока минимална плата, но со услов
Глас на Америка - пред 14 дена
Ако ние ја зголемиме платата на 1000 евра, тогаш ќе платиме 57,9 отсто за придонеси, што значи дека е дестимулативна мерка за кревање на платата. Така, во разговор за Гласот на Америка, објаснува Менди Ќира, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија.Во продолжение го пренесуваме разговорот: Embed share Менди Ќира: Минималната плата да се покачи до 500 евра, но придонесите да се намалат Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:05:40 0:00 Direct link 240p | 14,7MB 360p | 22,9MB 480p | 36,0MB 720p | 94,7MB 810p | 86,9MB Глас на Америка: Дали како Стопанска комора на Северозападна Македонија сте за зголемување на минималната?Менди Ќира: Минималната плата мора да се подигне на 500 евра, но под услов придонесите да се намалат на 32 отсто или пак до минималната плата од 500 евра да не се плаќаат придонеси. За тој предлог ние сме секогаш. Знаеме дека минималната плата е многу ниска, и тоа води кон иселување на работната сила што е дефицитарна во Македонија. Сакаме да ја подигнеме минималната плата, меѓутоа бараме од Владата во придонесите да помагаат, бидејки се највисоки во регионот. Кај нас се 47,5 отсто за мининмалната плата, плус имаме прогресивни придонеси. Ако ние ја зголемиме платата на 1000 евра, тогаш ќе платиме 57,9 отсто за придонеси, што значи дека е дестимулативна мерка за кревање на платата. Ние не бараме субвенционирање во овој случај. Ние бараме да даваме плата, а за тие повеќе пари да не се плаќаат придонеси. Менди Ќира Глас на Америка: Премиерот Христијан Мицкоски, пред неколку дена изјави дека Владата во буџетот нема пари за субвенционирање на минималната плата...Менди Ќира: Ние не бараме субвенционирање во овој случај. Ние бараме да даваме плата, а за тие повеќе пари да не се плаќаат придонеси. Ако во Фондот за ПИОМ, сега влегуваат 10 милиони евра, ние не велиме да ги намалиме, туку велиме да останат тие 10 милиони, меѓутоа платите да ги подигаме за работниците, но од друга страна за тие 6.000 денари да не се плаќаат придонеси.Глас на Америка: Сметате ли дека ќе се најде компромисно решение?Менди Ќира: Ние сме во контакт со премиерот и Владата и веруваме дека ќе најдеме заеднички јазик. Мислиме (прашањето) да го решиме засекогаш, како што е во регионот, како што е во некои држави, кои најдоа начин како да го направат тоа, како на пример Црна Гора. Значи мора да ги намалиме придонесите. Ние сакаме парите кои се даваат надвор од овој систем да се вратат во системот. Тие можат да се вратат, ако се намалат придонесите. За микро и малите претпријатија, кои имаат по двајца или тројца вработени, а пријавуваат еден, заради придонесите кои се големи, да се преземе мерка, сите да се пријават и со тоа и тие да плаќаат придонеси и така ќе се зголеми буџетот на Фондот за здравство, и пензиско и инвалидско осигурување. Работници во градежништво. Фото: Градилиште во Скопје Глас на Америка: Доаѓате од градежниот сектор. Дали треба да се зголеми квотата увоз на работници од други држави, со оглед на големиот проблем со кој државата се соочува?Менди Ќира: Ние имаме, како комора, побарано да се зголеми квотата. Тогаш беше 5.000, а сега е зголемена на 10.000 работници, не само за градежниот сектор, туку и во туризмот и земјоделието има голема потреба од работници. Многу споро се добива работна виза поради административни проблеми и тука сакаме да се редуцираат процедурите. Иако сега е 10.000 квотата, ние не можеме до крај на годината и тие 10.000 да се вработат од странство иако е потребно околу 20.000 според нашите сознанија. Мораме да најдеме начин тие работи да ги решиме, (можеби) слично како во Албанија, на електронски начин. Треба да се најде начин за да добиеме работна сила, инаку ќе бидеме во тешка ситуација....
Киев го поддржува предложениот 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија
Глас на Америка - пред 15 дена
Американските и украинските власти се состанаа во вторникот во Џеда, Саудиска Арабија, на разговори за напорите да се стави крај на руската војна со Украина, при што двете страни рекоа дека Киев поддржува 30-дневен прекин на огнот предложен од САД.Во заедничката изјава објавена по разговорите се вели: „Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за донесување итен, привремен 30-дневен прекин на огнот, кој може да се продолжи со заеднички договор на страните, а кој е предмет на прифаќање и истовремено спроведување од страна на Руската Федерација. САД ќе ѝ соопштат на Русија дека рускиот реципроцитет е клучот за постигнување мир“.Се додава дека САД веднаш ќе ја укинат паузата за споделување разузнавачки информации и ќе продолжат со безбедносната помош за Украина.Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц ја предводеа делегацијата на САД во Џеда во време на напорите на претседателот Доналд Трамп да посредува за брз крај на војната што започна на почетокот на 2022 година со целосната инвазија на Русија од страна на Украина.Украинскиот претседател Володимир Зеленски не учествуваше на состаноците во вторникот, со Украина претставена од началникот на неговиот Генералштаб Андриј Јермак, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, министерот за одбрана Рустем Умеров и воениот командант Павло Палиса.Јермак им рече на новинарите непосредно пред почетокот на состанокот во вторник дека Украина е подготвена „да направи се` за да постигне мир“.На прашањето дали Украина бара безбедносни гаранции, Јермак рече „да“ и дека Украина сака да се погрижи Русија никогаш да не ја повтори својата агресија....
Амбасадата на Северна Македонија во Вашингтон не може да се најде онлајн, го нема ниту амбасадорот
Глас на Америка - пред 15 дена
Македонските иселеници во Америка нема каде да се информираат за дипломатските активности на државата во САД оти амбасадата во Вашингтон нема ажурирани веб-страница и социјални медиуми.Тоа ги остава македонските граѓани без директен извор на услуги, настани, па дури и основни детали за амбасадорот.Ако на интернет ја пребарате амбасадата на Северна Македонија излегува линк кој води до Министерството за надворешни работи (МНР), но таму нема релевантни достапни информации за амбасадата и за амбасадорот.Има само улица на која се наоѓа амбасадата, телефон, факс и имејл адреса, како и објаснување за билатералните односи меѓу двете држави и информации за конзуларни услуги, но генерално, не само за Америка.Вести за работата на амбасадата во САД нема.Може да се прочитаат само стари информации за попис и избори во државата, како и соопштенија за средби од 2022 и 2023 година меѓу поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот специјален претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар.И официјалниот Фејсбук профил на амбасадата е застарен.Таму уште стои божиќна честитка од 2018 година, средби на поранешниот амбасадор во Вашингтон Васко Наумовски и апели за помош за поплавени во 2016 година. Фејсбук профил на амбасадата на Северна Македонија во Вашингтон Онлајн не може да се најде ниту актуелниот амбасадор Зоран Попов.Иако тој активно организира настани во амбасадата и одговара на директни барања, нема профил на социјалните мрежи каде пошироката македонска заедница може да ја следи неговата работа.„Сигурен сум дека македонската амбасада, амбасадорот и персоналот се активни во Вашингтон – но за обичен македонски граѓанин во САД или за пошироката надворешнополитичка заедница во градот, тоа не е јасно оти нема ништо на социјалните мрежи. Амбасадите на неколку други земји од регионот – дали е тоа Албанија или Словенија – се неверојатно активни. Нашата амбасада мора да го прави истото. Ова е сепак една од најмоќните престолнини во светот“, вели Македонец кој живее во Александрија, во близината на Вашингтон, но побара да не го објавуваме неговото име.Освен Северна Македонија, од другите балкански држави само уште Црна Гора нема онлајн присуство во САД.За споредба, амбасадите на сите соседи се активни на нивните веб-страници и на социјалните мрежи. Фејсбук профил на амбасадата на Грција во САД Грчката и бугарската амбасада, на пример, речиси дневно објавуваат настани на кои присуствувале амбасадорите, приеми кои ги организирале, средби со функцинери од Стејт департмент, конгресмени, сенатори, бизнисмени и други.Често може да се видат и изложби и други иницијативи кои амбасадите ги организираат за нивните граѓани, но и за Американците, со цел да ги промовираат празниците, културата и историјата на нивните држави.Кога Гласот на Америка на македонски јазик ја праша амбасадата во Вашингтон зошто нема веб-страница и социјални медиуми каде граѓаните може да се информираат, добивме автоматски одговор дека имејлот е преполн и оти не може да прима нови пораки.Истото прашање го пративме до прес-службата на МНР, но до објавување на текстот не добивме одговор.Владата најави дигитализација на институциите кога беше избрана минатата година, формирајќи дури и ново Министерство за дигитална трансформација.Но, досега ниту Министерството нема веб-страница.Министерот Стефан Андоновски, за Гласот на Америка на македонски јазик, на 7 декември 2024 година, рече дека е во тек тендерска постапка и оти очекува решение во 2025 година.На прашањето дали процесот на дигитална трансформација ќе ги опфати и амбасадите и дипломатските претставништва на државата, Андоновски рече дека амбасадите имаат свој електронски систем, но оти е постар.„Во прва фаза ние немаме план“, изјави Андоновски за Глас на Америка на македонски.Други амбасади на државата во главни градови во Европа имаат социјални платформи каде објавуваат информации за тамошните амбасадори и активности.Амбасадите во Обединетото Кралство, Шведска и Германија, на пример, редовнo ги ажурираат нивните платформи....
Шефот на ОН алармираше за порастот на насилството на сирискиот брег
Глас на Америка - пред 15 дена
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш алармираше за ескалацијата на насилството во сирискиот крајбрежен регион, каде безбедносните сили се во судир од четвртокот со борците лојални на поранешниот претседател Башар ал Асад, при што загинаа стотици цивили.„Крвопролевањето во Сирија мора веднаш да престане, рече тој, а сторителите на прекршувањата мора да одговараат“, изјави портпаролот на Гутереш Стефан Дујарик за новинарите.Тој рече дека шефот на ОН е вознемирен од обемот на насилството што вклучува „широко распространети убиства, вклучително и на цели семејства, и загуба на еден од нашите колеги од УНРВА“.Голем број борци од двете страни, наводно, биле убиени во некои од најлошите борби откако привремените власти ја презедоа власта во средината на декември.Шефот на преодната влада Ахмед ал Шара, поранешен член на Ал Каеда, во неделата објави дека ќе има независна истрага за сите злосторства извршени врз цивилите и безбедносните сили.Претходно вчера, Советот за безбедност на ОН се состана на двочасовна затворена седница која заеднички ја побараа САД и Русија.Дипломатите рекоа дека претставникот на ОН за Сирија им рекол на видеобрифинг дека тензиите се создаваат веќе неколку недели меѓу лојалистите на Асад и актуелните власти, што избувнувале во судири.Но, неодамнешното насилство се чинело однапред планирано и координирано, при што борците, наводно, целеле воени инсталации и јавни објекти, како што се болниците.Хуманитарните претставници на ОН соопштија дека илјадници Сиријци наводно се раселени во крајбрежните области, а илјадници преминале во соседен Либан.Шест болници и неколку амбулантни возила се погодени во борбите, а многу болници во крајбрежната област имаат итна потреба од медицински материјали.Сирија е заглавена во граѓанска војна во последните 14 години, откако режимот на Асад брутално ги прекина мирните протести за време на Арапската пролет.Минатиот месец, Програмата за развој на ОН рече дека закрепнувањето може да потрае најмалку една деценија и процени дека војната ја чинела сириската економија 800 милијарди долари загуби од 2011 година....
Украина ќе го претстави мировниот план на разговорите со САД
Глас на Америка - пред 15 дена
Американските и украинските власти денес во Саудиска Арабија започнаа разговори, на кои украинската страна се очекува да претстави делумен план за прекин на огнот со Русија.Украинскиот план вклучува запирање на нападите со ракети со долг дострел и примирје што го покрива Црното Море.Украинскиот претседател Володимир Зеленски не учествуваше на состаноците во вторникот, а Украина беше претставена од началникот на неговиот Генералштаб Андриј Јермак, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, министерот за одбрана Рустем Умеров и воениот командант Павло Палиса.Јермак им рече на новинарите непосредно пред почетокот на состанокот денес дека Украина е подготвена „да направи се` за да постигне мир“.На прашањето дали Украина бара безбедносни гаранции, Јермак рече „да“ и дека Украина сака да се погрижи Русија никогаш да не ја повтори својата агресија.Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц ја предводеа делегацијата на САД, во време на напори на претседателот Доналд Трамп да посредува за брз крај на војната што започна на почетокот на 2022 година со целосната инвазија на Русија на Украина.Рубио вчера рече дека САД се надеваат оти ќе ја решат паузата во помошта за Украина.Тој рече дека САД сакаат да слушнат и имаат за цел да разберат какви отстапки би можела да направи Украина. „Украинците веќе ги добиваат сите одбранбени разузнавачки информации додека зборуваме. Мислам дека целата идеја за пауза во помошта е нешто што се надевам дека ќе го решиме. Очигледно, мислам дека она што ќе се случи утре ќе биде клучно за тоа“, им рече Рубио на новинарите пред да слета во Џеда.„Нема да седиме во соба и да цртаме граници на мапата, туку само да сфатиме кои се отстапките во доменот на можното за нив [Украинците]“, рече Рубио, додавајќи дека нема воено решение за војната и дека и Русија и Украина треба „да направат тешки работи“.Подоцна вчера, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман се состана со Рубио во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море.Салман претходно истиот ден имаше одделен состанок со Зеленски во Ријад.Трамп изрази интерес продолжувањето на воената помош да биде условено со пристапот до суровините на Украина.Повеќе од четириесетина минерали, вклучително и неколку видови ретки минерали, никел и литиум, се сметаат за клучни за американската економија и националната одбрана.Украина има големи наоѓалишта на ураниум, литиум и титаниум.Но, Рубио појасни дека обезбедувањето договор за минералните ресурси на Украина не бил примарен фокус на разговорите денес.„Има уште повеќе детали да се разрешат, и во овој момент, веројатно - наместо меморандум за разбирање - само сакаме да потпишеме конкретен договор. И за тоа ќе биде потребно малку повеќе време“, им рече тој на новинарите.„Не би прејудицирам утре со тоа дали имаме или не договор за минерали. ... Тоа е важна тема, но не е главната тема на агендата“, додаде Рубио.Рубио, исто така, ги пофали Британија и Франција за конструктивната улога во разговорите со Украина.Тој изјави за Гласот на Америка дека нема дискусии за тоа дека Кина игра улога во повоениот мир и реконструкција во Украина.Ова е втора посета на Рубио на Саудиска Арабија од преземањето на функцијата.Тој и други високи американски претставници одржаа разговори со руски официјални претставници во Ријад на 18 февруари.Тој треба да отпатува во Канада в среда на состаноци со министрите за надворешни работи на Г7.Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс...
Ќе издржи ли примирјето во Газа, различни гледишта за крајниот исход
Глас на Америка - пред 15 дена
Додека Палестинците се борат да ги обноват своите животи во услови на кревкиот прекин на огнот во Газа, претседателот Доналд Трамп му даде ултиматум на Хамас, терористичка групата назначена од САД: веднаш ослободете ги сите израелски заложници или ќе има, цитираме, „пекол за вас“. Го прашаа што сака да каже со тоа. „Ќе дознаете. Имав чест вчера да поминам многу време со неколку луѓе што ги извлековме, и не ми се верува колку лошо се однесувале со нив“, рече Трамп. Трамп го издаде предупредувањето по средбата со заложниците ослободени од Хамас. Неговата администрација испрати оружје во вредност од 4 милијарди долари на Израел, втор пат за еден месец, при што го искористи своето право за итни случаи за да го заобиколи одобрението на Конгресот за продажба на оружје. Портпаролот на Хамас рече дека најдобриот пат за ослободување на заложниците е преку преговори за прекин на огнот. Вашингтон има долгогодишна политика да не преговара со терористи. Но, Трамп потврди дека неговата администрација започнала директни разговори со терористичката група назначена од САД за ослободување на заложниците. „Му помагаме на Израел во тие дискусии, бидејќи зборуваме за израелски заложници. Не правиме ништо со Хамас. Не им даваме пари“, рече Трамп. Разговорите изгледаат одвоени од преговорите меѓу Хамас и Израел за обезбедување на втората фаза од прекинот на огнот во Газа. Првата фаза заврши минатиот викенд. „Повеќето луѓе очекуваат дека прекинот на огнот ќе пропадне затоа што очекуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху повторно ќе почне да ја гаѓа Газа. И штом тоа се случи, нема да има повеќе ослободувања на заложници“, вели Мирет Маброук од Институтот за блискиот исток. Во меѓувреме, арапските нации го поддржаа контра-предлогот на повикот на Трамп за преселување на Палестинците и претворање на Газа во дестинација за плажа и летно одморалиште. Според арапскиот план, Палестинците ќе останат таму, а Хамас ќе биде исклучен од управувањето. Израел го отфрли планот. Планот на арапските нации е, цитараме, „прв чекор со добра волја“, изјави специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток Стив Виткоф за Гласот на Америка. Планот не би се обврзал да ги остави Палестинците во Газа. „Ние сме во фаза на преразгледување. Малку е рано да се коментира“, рече Виткоф. Израел, исто така, ја блокираше сета помош за Газа, повторувајќи ги долгогодишните обвиненија дека таа се пренасочува кон Хамас, што меѓународните агенции го негираат. Сега има недостиг на бензин на територијата, што дополнително ги загрозува основните комунални услуги како што е отстранувањето на ѓубрето....
Колку долго може да издржи Украина без воена помош од САД?
Глас на Америка - пред 15 дена
Како што се појавија вести за одлуката на САД да ја прекинат воената помош за Киев, руските беспилотни летала продолжија да летаат врз украинските градови. Украинските пратеници велат дека последиците од одлуката на Вашингтон ќе бидат тешки. „Ова значи дека илјадници луѓе ќе умрат“, вели Олексиј Гончаренко, украински парламентарец. Западно од Доњецк, Украина, во близина на градот Покровск, војната продолжува. „Пукаме со италијанска хаубица. Но, добиваме многу муниција, вклучително и стандардно НАТО оружје од САД, кое се користи и во Европа и во САД. Но, дали Европа ќе може да нè снабдува? Се надевам дека ќе може“, вели командат од 14тата украинска бригада. Прашањето е дали може Европа да го надомести недостигот од воена помош од САД? „Постојат одредени системи, од ракети „Патриот“ до резервни делови за тенковите „Абрамс“ и транспортерите „Бредли“, што ги користат Украинците. Единствениот начин на кој Европејците можат да ги добијат е да ги купат на отворен пазар. И за тоа ќе биде потребно време“, вели Марк Галеоти од „Mayak Intelligence“. Но, Украина се` повеќе произведува сопствено оружје. „Веројатно околу половина од оружјето што сега го користи Украина е обезбедено од нејзината одбранбена индустрија. А од остатокот е од САД и другите, вклучувајќи ги и Европејците“, вели Малколм Калмерс, експерт од Обединетиот кралски институт. САД обезбедуваат друга клучна помош - вклучително и превозот на западно оружје во Украина. „И конечно, САД играат многу важна улога во обезбедувањето информации и разузнавање на украинските сили“, вели Калмерс. Администрацијата на Трамп вели дека прекинот на воената помош е, цитирам „да се осигура дека таа придонесува за решение“. „Ниту Европа, ниту САД, ниту Украинците, можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време. Значи, важно е сите да дојдат на маса“, истакна Џеј Ди Венс, потпретседател на САД. Британскиот премиер изјави дека сегашната колација ќе продолжи да ја поддржува Украина. „Тврдењето на [американскиот] потпретседател Венс дека многу европски лидери, кои на социјалните мрежи и во јавноста целосно го поддржуваат Киев, но приватно тие се всушност многу поскептични - не е целосно неточно. Дали во суштина продолжувате да ги трошите сопствените вооружени сили и да го отуѓувате вашиот најмоќен безбедносен сојузник и гарант, во име на одбраната на Украина?“, посочува Галеоти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до администрацијата на Трамп, пишувајќи на Икс дека Украина е посветена на мир. За Украинците кои страдаат од руското бомбардирање, намалувањето на помошта од САД е горчлив исход. „Се надевам дека тој [Трамп] ќе го промени своето мислење. Жртвата на агресија не може да биде виновна за се` и да биде казнета дополнително“, вели Викториа, жителка на Киев. Во меѓувреме, Русија ја поздрави одлуката на Вашингтон да ја запре воената помош за Украина, велејќи дека тоа може да помогне, цитирам „да се реши ситуацијата на мирен начин “....
За состојбите во Русија, за војната: Разговаравме со група руски туристи на Малдивите
Глас на Америка - пред 15 дена
Гласот на Америка првпат се сретна со рускиот инструктор за нуркање Тамара Таторина пред две години, една недела по руската инвазија на Украина. Потоа, Таторина беше на Малдивите, водејќи група руски туристи и се справуваше со откажаните летови и санкциите што го отсекоа финансискиот систем на Русија од меѓународните плаќања. Денес, повторно е на Малдивите, и се надева дека војната и санкциите наскоро ќе завршат. „За мојот бизнис, сакаме на прво место да се укинат санкциите за банките и платежната мрежа SWIFT за моите туристи да можат да ги користат нивните банкарски картички во странство, а ние да можеме да плаќаме од руските банки во меѓународните институции“, вели Таторина. Во изминатите три години, Русија работеше на производство на повеќе сопствените производи, за да ги замени продуктите од западните компании. Руската туристка Дарија Чумаченко вели дека тоа значело недостиг на производи и пад на квалитетот. „Не можеме да им дадеме на нашите домашни миленици добри вакцини од западниот свет. Иако примаат руски алтернативни вакцини, кучињата многу се разболуваат“, вели Чумаченко. Александар Парфенов е увозник од Москва кој вели дека неговиот бизнис значително пораснал од почетокот на војната во Украина, особено кога се префрлил на крипто-валути за меѓународни трансакции избегнувајќи финансиски санкции. „И покрај тоа што мојот бизнис се шири поради санкциите, не сакам луѓето да продолжат да умираат. Покрај тоа, потрошувачките цени во Русија сè уште растат. Сега луѓето можат да си дозволат помалку за истите пари отколку во 2021 година. Тие се посиромашни. На прво место, сакам мир! Ќе се справиме со санкции, но сакаме војната да заврши“, вели Парфенов. Неговата сопруга Елвира Парфенова ги поздравува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за мир во Украина. „Мислам дека многу Руси се надеваа дека Трамп ќе ја запре војната. Изјавуваше дека ќе го направи тоа. Во исто време, како што спомна мојот сопруг, не можеме да бидеме сигурни бидејќи Трамп, како секој претседател, ќе лобира за интересите на својата земја“, додава Парфенова Федор Скуратов е споственик на руски ИТ бизнис. Тој не гледа траен мир меѓу Русија и Украина сè додека Украина продолжи, како што вели, со нејзината длабоко анти-руска политика. „Оваа територија на Украина не може да постои како анти-руска енклава. Русија нема да може да прифати дека оваа територија и начинот на кој таа изгледа и се управува во моментов, да биде независна и да има анти-руски пристап“, вели Скуратов. Додека овие руски туристи мислат дека можеби ќе треба уште малку време Русија и Украина да се договорат за мировните услови, сите тие велат дека сакаат војната да заврши - наскоро....
Рубио: Чистката на програмите на УСАИД е завршена со отстранување на 83 отсто од нив
Глас на Америка - пред 16 дена
ВАШИНГТОН - Државниот секретар Марко Рубио денес рече дека администрацијата на Трамп го завршила шестнеделното чистење на програмите на шестдецениската американска агенција за меѓународен развој УСАИД и рече дека ќе ги премести оние 18 отсто од програмите за помош и развој што сепак ќе се исплатат под Стејт департментот. Рубио ја објави ваквата вест во објава на X. Таа е една од неговите релативно малку јавни коментари за американската странска помош и развој, која се најде директно на удар од политичките назначени лица на Трамп во тимовите на Стејт департментот и во Одделот за владина ефикасност на Илон Маск. Илон Маск и Доналд Трамп во Белата куќа Рубио во објавата им се заблагодари на Одделот за владина ефикасност и на „вредниот персонал кој работел многу долги часови за да ја постигне оваа задоцнета и историска реформа“. Претседателот Доналд Трамп на 20 јануари издаде извршна наредба со која се наложи замрзнување на финансирањето на странската помош и преглед на сите десетици милијарди долари американска помош и развојна работа во странство. Трамп обвини дека голем дел од странската помош е расипничка. УСАИД Во објавата на Рубио на социјалните мрежи во понеделникот се вели дека прегледот сега „официјално завршува“, со елиминирани околу 5.200 од 6.200 програми на УСАИД. Со тие програми беа „потрошени десетици милијарди долари на начини кои не им служеа, а во некои случаи дури и им наштетија на основните национални интереси на САД“, напиша Рубио....
Се отсранува уличниот мурал „Црните животи значат“ во близина на Белата куќа
Глас на Америка - пред 16 дена
ВАШИНГТОН (АП) - Градежните екипи почнаа да го отстрануваат уличниот мурал со зборовите „Црните животи значат“ на улица на еден блок од Белата куќа, додека градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боузер се бори да ги одврати заканите од претседателот Доналд Трамп и од Конгресот контролиран од републиканците. Баузер укажа на промената на социјалната платформа Х минатата недела, пишувајќи: „Муралот инспирираше милиони луѓе и му помогна на нашиот град низ болен период, но сега не можеме да си дозволиме да бидеме одвлечени од бесмисленото мешање на Конгресот. Разорните влијанија од федералните кратења на работни места мора да бидат наша грижа број еден“, рече таа. Градоначалничка на округот Колумбија (Вашингтон), Муриел Боузер Баузер, демократка, ја преименуваше раскрсницата „Црните животи значат“ како јавен чин на пркос во јуни 2020 година. Сето тоа се слчучи по неколкудневни хаотични протести на таа локација поради полициската бруталност по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис. Нејзиниот пристап кон протестите ја доведе во директен конфликт со Трамп. Претседателот во тоа време ја обвини Баузер дека ја изгубила контролата врз нејзиниот град и се закани дека ќе се повика на неговата моќ да го преземе полицискиот оддел. За вториот мандат на Трамп во Белата куќа, Баузер работеше на избегнување конфликти и минимизирање на сите точки кои беа спорни. Таа претходно отпатува во имотот на Трамп во Мар-а-Лаго за да се сретне со претседателот по неговиот избор и јавно ги нагласи точките на договор, како што е заедничката желба да се вратат федералните работници во нивните канцеларии со полно работно време....
ССМ најави протести како одговор на притисокот од ВМРО – ДПМНЕ за минималната плата
Глас на Америка - пред 16 дена
СКОПЈЕ – Можни протести или седници на претседателството на отворено пред државни институции во текот на наредниот месец најави Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) како одговор на притисокот од владејачката ВМРО – ДПМНЕ и како што велат ниските удари од Владата. Од Синдикатот тврдат дека на терен директори во државни институции се користат со притисоци за да го прелеат членството во КСС но и дека Владата тактизира и ја одолговлекува постапката за утврдување на репрезентативноста на ССМ. „Претседателството донесе одлука врз основа на која во наредниот период седници на Претседателството и на највисоките раководства ќе се одржат на отворено пред работодавачите и пред Владата како што го правевме и претходно на претходната Влада. Како што направивме и минатата година на 2 и 7 април и на 1 мај доколку нема слух од спротивната страна да излезе на протести како што беше случај минатата година и да покажеме дека ние работниците ја враќаме работничката класа на голема врата “, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. На тврдењата на претставниците на ВМРО – ДПМНЕ дека е во дослух со опозицијата, Трендафилов одговори дека често има средби и со пратениците од владејачката коалиција на кои се дискутира за положбата на работниците. Од ССМ се децидни дека директорите именувани од ВМРО – ДПМНЕ вршат притисоци врз членството на ССМ со цел да прејде во Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Слободан Трендафилов претседател на ССМ „Со политички наредби на локални ниво во општините, во јавните претпријатија, како и во министерствата, од политичката партија ВМРО – ДПМНЕ со наредби на нивните директори, полтрони на нивните раководители и шефови да прават упадни во синдикалните организации на ССМ се со една цел да го зајакнат КСС на сметка на работниците“, тврди Трендафилов. Слободан Трендафилов претседател на ССМ Трендафилов ја обвини власта дека се обидува да го инсталира Живко Митревски, кого го окарактеризира како партиски послушник, на челото на ССМ. „ Ако сакаат такви лидери да вратат за да молат и за да коленичат пред политичките фигури и пред функционерите во државата се со една цел Владата да ги постави да бидат лидери на ССМ, ќе потсетам, во работничкиот дом ССМ забрането е пушењето“, кажа Трендафилов. „Јас не сум нивен, на ВМРО – ДПМНЕ, меѓутоа не сум ни на другите на СДСМ, Левица или ДУИ како што сакаат да кажат. Јас сум на работниците и на ССМ“ - Слободан Трендафилов Од ССМ порачаа дека очекуваат на утрешната седница на Влада да се именуваат новите членови на Комисијата која треба да ја потврди репрезентативноста на Синдикатот. Владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес во соопштение до јавноста го окарактеризираа Трендафилов како претседател на општински штаб на опозициска партија. Судирот меѓу Владата и синдикатите настана откако барањето за 450 евра минимална плата не беше прифатено како и можноста минималецот да биде 500 евра а Владата да ја субвенционира разликата од минималецот, кој законски ќе се покачи за само 1.800 евра и ќе изнесува 24.400 денари....
Ексклузивно: Висок американски маринец вели дека недостигаат бродови кои се движат и по земја и во вода
Глас на Америка - пред 16 дена
Недостигот на амфибиски борбени бродови ширум светот достигнал највисока точка, предупредуваат претставници на одбраната за Гласот на Америка. „Ги имам маринците, ги имам ескадрилите, ги имам и баталјоните и батериите... едноставно немам амфибии“, изјави генерал Ерик Смит во ексклузивно интервју за Гласот на Америка. Додека амфибиските борбени бродови сочинуваат само 10% од флотата, тие се алтернатива на носачите на авиони кога на командантите им треба нешто попрецизно или поцелосно. „Амфибиите се од витално значење за нас. Тие се егзистенцијален дел од тоа кои сме ние како маринци“, рече Смит. Откако ќе бидат распоредени, овие единици од околу 2.000 маринци и морнари обезбедуваат сè, од ударна моќ со борбени авиони Ф-35, до поддршка во неборбените операции за евакуација и помош при катастрофи. Потребни се три амфибии – една со голема палуба и две помали. Смит вели дека на војската ѝ се потребни три од овие бродски единици распоредени во странство во секое време - една од источниот брег, една од западниот брег и една од Јапонија. Сепак, Смит изјави за Гласот на Америка дека не може да го постигне ова барање со бројот на амфибии што се подготвени денес. Во 2022 година, Конгресот ја задолжи морнарицата да задржи минимум 31 амфибии во својата флота, откако службата се обиде да отстапи шест од овие лошо одржувани бродови во нивниот буџетски план за фискалната 2023 година. Маринскиот корпус рече дека минимум 31 вакво возило е потребно за да ги завршат нивните мисии. „Стапката на подготвеност е намалена во опсегот од 50% и треба да биде 80%, тогаш би рекол дека тоа е криза“, рече Смит за Гласот на Америка. Адмирал Џим Килби, вршител на должноста началник за поморски операции, во ексклузивно интервју за Гласот на Америка минатиот месец, рече дека проблемот е поголем од само амфибиските бродови. „Кога почнав во морнарицата, имавме речиси 600 бродови. Сега, имаме половина од тоа, но сè уште ја работиме истата мисија“, рече Килби....
„Партиски обвинувања, но и јасна поддршка за Русија“, слушна во Собранието земјата претседавач со ЕУ
Глас на Америка - пред 16 дена
„Политиката на проширување на ЕУ може значително да придонесе за постигнување на нашите безбедносни цели и затоа проширувањето останува во центарот на нашето внимание.“ Ова денеска во Собранието, на заедничка седница на Советот за евроинтеграции и комисијата за надворешни работи, го кажа Мариуш Бримора, амбсадор на Полска, земјата која го презеде претседавањето со Европската Унија во една од најголемите кризи во трансатлантските односи и заладувањето на врските меѓу Америка и Европа. На повиците за значењето на членството во ЕУ, Бримора како одговор ги слушна партиските кавги меѓу власта и опозицијата. Embed share Земјата претседавач со ЕУ: Проширувањето останува во центарот на нашето внимание Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:53 0:00 Direct link 240p | 8,0MB 360p | 11,7MB 480p | 17,8MB 720p | 58,8MB 1080p | 58,8MB „Реформската агенда е закопана, треба да се донесат 20 закони до јуни, а ниту еден во собраниска процедура... Партнерството со ЕУ и со САД треба да се покаже на дела, гласањето воздржано во ОН за резолуциите за Украине е грешка. 51.47 Стравот од натамошни блокади да го трансформираме во храброст за да напредува и да кажеме дека ЕУ ни е национален консензус“, рече Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. „Ако си помогнеме сите едни на други и не се кочиме во работата, тогаш процесот ќе оди добро“, рече Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања. Бримора уверуваше дека неговата земја како претседавач со Унијата, меѓу другото ќе работи и на одржување и подобрување на начнатото трансатлантско партнерство, кое во изминатите денови сериозно искричеше и на релација Вашингтон-Варшава. „Како што еден колега-пратеник од соседството даде еден совет - во денешно време ако се постави прашањето за кого си, најдобро е да се кажеш дека сум за Доналд – Трамп е претседател на САД, а Доналд Туск е премиер на Полска“, рече Антонијо Молошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Но, она што можеби амбасадорот на земјата претседавач со ЕУ не очекуваше да го случне во парламентот на земја-кандидатка е отворената поддршка на една политичка партија за Русија. „Вашата русофобска реторика можете со вашите колеги да ја користите, овде се користи неутрална реторика. Не се согласуваме со тоа дека Русија извршила агресија, зашто тоа е специјална воена операција за да се пречи наездата на неофашимзот“, рече Реџеп Исмаил од Левица. „Дали пратеникот навистина верува дека Русија не е агресорот. Жал ми е, но ние со тоа не се согласуваме. Ние и ЕУ се согласува дека Русија е агресорот“, рече Бримора. Полска уверува дека проширувањето кон Западен Балкан останува во нејзиниот фокус, но прашање е што во овие услови на геополитички тензии меѓу Вашингтон и Брисел, војна во Украина, и потенцијална опасност од дестабилзација на регионот, навистина може да се испорача до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ на 30 јуни годинава....
Трамп ќе ги задржи царините за да врши притисок врз Мексико, Канада и Кина
Глас на Америка - пред 16 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп ги задржува новите царини за Мексико, Канада и Кина за да ги притисне да го блокираат протокот на смртоносниот опијат фентанил во САД, изјавија во неделата високи економски претставници на Белата куќа. „Ако прекине фентанилот, мислам дека овие [царини] ќе паднат“, изјави секретарот за трговија Хауард Латник за Ен-Би-Си. „Ова е црно-бело. Мора да спасите американски животи“. Трамп минатата недела издаде низа царински одлуки ги потона трите главни американски берзански индекси и ги наруши односите со Канада и Мексико, кои се долгогодишни сојузници на САД и нивните најблиски соседи, како и нивните два најголеми трговски партнера. Трамп најпрво воведе царини од 25% за канадскиот и мексиканскиот извоз во САД, а потоа ги ослободи давачките за возила од мексиканско и канадско производство што се транспортираат во САД, а подоцна до крајот на неделата ги одложи царините за речиси сите артикли за четири недели до 2 април. Но, Латник рече дека царините од 25 отсто од САД за увоз на челик и алуминиум ќе стапат на сила в среда, како што е предвидено. Канада и Мексико се и најголеми извозници на метали на американските пазари, а најмногу увоз на алуминиум има Канада. Шефот за трговија, исто така, ги отфрли стравувањата дека глобалните царини на Трамп ќе предизвикаат рецесија во САД. „Апсолутно не“, рече тој. „Нема да има рецесија во Америка“. Но, Латник призна дека царините ќе доведат до повисоки цени за американските потрошувачи на стоки произведени од странство. „Некои производи што се направени во странство може да бидат поскапи, но американските производи ќе станат поевтини, и тоа е поентата“, рече Латник. Не беше јасно како стоките произведени во САД ќе станат поевтини. Трамп, во снименото интервју за „Фокс њуз“ го избегна прашањето за можна рецесија поради неговите царини, но рече: „Постои период на транзиција бидејќи она што го правиме е многу големо“. „Може да има мало нарушување“, рече тој за загубите на берзата минатата недела. „Видете, она што треба да направам е да изградам силна земја“. Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум и претходниот канадски премиер Џастин Трудо му кажаа на Трамп во телефонски разговори минатата недела дека направиле чекори во спречувањето на протокот на фентанил во САД. Но, не е јасно дали Трамп ќе биде задоволен од мексиканските и канадските напори за да се откаже од зголемувањето на царините следниот месец....
Претставникот на Трамп ја опиша средбата со Хамас како многу корисна
Глас на Америка - пред 16 дена
Претставникот на претседателот Доналд Трамп за заложници Адам Болер, изјави дека неговите минатонеделни состаноци со Хамас, означен од САД како терористичка група, за заложниците што ги држи во Газа биле „многу корисни“ и може да доведат до нивно ослободување „во рок од неколку недели“. „Мислам дека има договор со кој ќе се ослободат сите заложници“, рече Болер за Си-Ен-Ен. „Мислам дека има надеж“, рече тој. „Можете да видите нешто како долгорочно примирје“. Се верува дека Хамас сè уште има 24 живи заложници киднапирани во нападот на 7 октомври 2023 година што ја предизвика неговата војна со Израел. Групата, исто така, држи тела на 34 други кои биле убиени, како и останките на војник убиен во 2014 година. Болер не исклучи дополнителни средби со палестинската терористичка група. Состаноците на пратеникот со лидерите на Хамас, чија цел е уништување на Израел, дојдоа со противење на еврејската држава. Болер рече дека ја разбира загриженоста изразена од израелскиот функционер Рон Дермер за директниот контакт на Болер со Хамас. Болер нагласи дека има јасна цел во неговите разговори да најде начин да го продолжи истеченото примирје во борбите и да стави крај на војната, во која беа убиени 1.200 луѓе во првиот напад на Хамас и повеќе од 48.000 Палестинци за време на последователната контраофанзива на Израел. „Мислам дека беше многу корисен состанок“, рече Болер. „Ние сме САД. Ние не сме агент на Израел“, рече Болер. „Она што сакав да го направам е да започнам некои преговори кои беа на многу кревко место“. „Без разлика дали се добри или лоши луѓе, тоа е дел од мојата работа“, одговори тој. Дискусиите меѓу Болер и Хамас ја прекинаа децениската политика на Вашингтон против преговарањето со групите што САД ги означува како терористички организации. Исто така, Болер рече дека не знае дали американскиот новинар Остин Тајс е жив во Сирија. „Ќе одам во Сирија и ќе дадам се` што можам за да дознаам“, рече Болер. „Ако е таму, ќе го донесам дома“. Претставниците на САД на Блиски Исток оваа недела треба да ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Газа. Во меѓувреме, Израел во неделата соопшти дека го прекинува снабдувањето со електрична енергија за Газа, една недела откако го прекина снабдувањето со помош на територијата долж Средоземното Море. Израел го притиска Хамас да прифати продолжување на првата фаза од нивниот прекин на огнот, кој заврши пред една недела....
Рубио во Саудиска Арабија на разговори меѓу САД и Украина, а потоа во Канада за Г7
Глас на Америка - пред 16 дена
Американскиот државен секретар Марко Рубио денес е во Џеда, Саудиска Арабија на разговори меѓу САД и Украина, додека претседателот Доналд Трамп се залага за брз крај на руско-украинската војна, и покрај најновите масовни руски воздушни напади врз енергетската инфраструктура на Украина. Додека е во Џеда, Рубио ќе се сретне и со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за да разговара за начините за унапредување на заедничките интереси во регионот и зајакнување на односите меѓу САД и Саудиска Арабија, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус. Според Стејт департментот, Рубио „ја подвлече решеноста на претседателот Трамп да стави крај на војната што е можно поскоро и нагласи дека сите страни мора да преземат чекори за да обезбедат одржлив мир“ во петокот во разговор со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Украинскиот претседател Володимир Зеленски можеби нема да присуствува на разговорите во вторник со американските претставници. Во вторник, украинската дипломатска и воена делегација предводена од началникот на Генералштабот на Зеленски Андриј Јермак, ќе остане во Саудиска Арабија на разговори со американски претставници. Во украинскиот тим ќе бидат и Сибиха, министерот за одбрана Рустем Умеров и воениот командант Павло Палиса. Рубио ќе му се придружи на американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц на разговорите во Џеда со украинските официјални лица. Висок функционер на Стејт департментот изјави за медиумите „фактот што тие (украинските функционери) доаѓаат овде (Саудиска Арабија) на високи нивоа е добар показател за нас дека сакаат да седнат на маса и дека се подготвени да продолжат напред“. Американските власти рекоа дека целта на разговорите утре е да се направи рамка за мировен договор и првичниот прекин на огнот. Преговорите меѓу САД и Украина ќе се одржат три недели откако високи американски претставници одржаа разговори со руски претставници во Ријад. Украина соопшти дека е „целосно посветена“ на конструктивен дијалог со САД и се надева дека „ќе разговара и договори за неопходните одлуки и чекори“. „Украина бара мир од првата секунда од оваа војна. На маса се реални предлози. Клучот е да се движите брзо и ефикасно“, напиша Зеленски во објавата на Икс во саботата. По посетата на Саудиска Арабија, Рубио ќе отпатува во Канада на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 од 12 до 14 март....
Пад на цените на недвижностите во Кина во ек на економски тензии со САД
Глас на Америка - пред 16 дена
На најголемиот годишен политички собир во Кина, слика на доверба и покрај растечките економски предизвици.вПремиерот Ли Чијанг постави цел за овогодинешниот раст на околу 5% - една од најбрзите во светот. „(Оваа цел) е поддржана од потенцијалот за економски раст и поволни услови“. Но, зад оптимизмот, Кина се соочува со големи предизвици. Долготрајната криза со недвижностите остави пад на цените на куќите и празни згради. И сега, новите американски царини го погодуваат извозот на Кина, додавајќи поголем притисок. Американскиот претседател Доналд Трамп ги удвои царините за Кина во споредба со неговиот прв мандат. На обраќањето во Конгресот тој не покажа знаци на повлекување. „Другите земји користеа царини против нас со децении, а сега е наш ред да почнеме да ги користиме против другите земји“, рече Трамп. Оваа недела, Кина воведе царини за американските земјоделски производи, но аналитичарите го оценија одговорот како воздржан. „Иако царините на Трамп беа сеопфатни, на НР Кина беа многу поселективни и насочени кон одредени индустрии и активности, специфични производи“, вели Дејвид Гудман од Универзитетот на Сиднеј. За да ги издржи царините, Кина се обиде да ѝ даде приоритет на бавната домашна потрошувачка - но нејзината економија сè уште е ранлива. „Во Кина сè уште има хиперпродукција, така што извозот сè уште им е потребен на многу компании. Царините наметнати од администрацијата на Трамп ќе имаат влијание“, посочува Жан-Пјер Кабестан, аналитичар. Колку добро Пекинг ќе се справи со овие предизвици ќе покаже дали неговата доверба се совпаѓа со реалноста....
Избркани од домовите, асимилација, уцени: Како изгледа животот на Украинците под руска окупација
Глас на Америка - пред 17 дена
Ова е Мариупол. Пред три години, градот со половина милион жители беше опустошен од руските сили и сè уште е под руска окупација. Јевген Тузов живеел во Мариупол пред војната, каде што бил спортист и позната јавна личност во приморскиот град. „Мариупол порано беше прекрасен град, сега останаа само урнатини од него“, вели Тузов. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека неговата влада не се откажала од Мариупол. Во своето новогодишно обраќање до нацијата, тој рече цитирам: „Не се откажуваме од тоа што е наше. И не ги забораваме нашите луѓе. Оние кои се во заробеништво. И ние ќе се бориме за секој човек кој, за жал, се` уште е таму“. Тузов повеќе не е во Мариупол. Тој сега живее на околу 300 километри северозападно, во Днепар, но одржува контакт со Украинците кои живеат под окупација. Тој вели дека Русите веќе почнале да го обновуваат Мариупол, а делови од градот се големи градилишта. Домовите на локалните жители се заменети со комплекси со скапи станови за продажба. Неколку жители се чувствуваат истиснати, како што се гледа на видеата објавени на социјалните мрежи. „Домовите ни се урнати, а на нивно место се градат станови за продажба. Веќе три години изнајмуваме места и живееме во студентски домови и засолништа. Има десетици и десетици илјади од нас“, вели жителка на Мариупол. „Куќите на левиот брег се близу до морето. Ова е прекрасна област што одредени луѓе јасно сакаат да ја имаат за себе, да изградат станови таму и да ги продаваат. Ќе завршиме на улица“, додава друга жителка. Тузов вели дека многу новодојдени Руси купуваат евтини недвижнини покрај море. „Бидејќи за Русите кои доаѓаат да речеме од Москва или Санкт Петербург, цените се неверојатно евтини... Но ве молиме запомнете дека е многу веројатно поранешниот сопственик на вашиот стан да е закопан во дворот на вашиот нов дом“, додава Тузов. Руските сили го окупираа и градот Мелитопол во регионот Запорожје, набргу по инвазијата на Украина. Оттогаш мештаните живеат во постојан страв, вели поранешната жителка Олга Леонтиева. „Оние кои останаа под окупација веруваа дека брзо ќе бидат ослободени. Сега, кога разговарам со некои од нив, сè уште има надеж, но тие се плашат да зборуваат за тоа - знаат дека многу телефони се прислушувани. Многу се плашат“, вели Леонтиева. Украинците во окупираните градови се принудени да земаат руски пасоши. Без нив, не можат да добијат медицинска помош или да купуваат лекови во аптеките. „Знам една жена, таа е многу болна, имаше рак... Ми се јави и плачеше, рече дека мора да земе руски пасош бидејќи лекарите одбиле да ѝ помогнат“, додава Леонтиева. Локалните училишта се вклучени во руска асимилација на учениците за да им го одземат украинскиот идентитет на децата, вели Светлана ван Бентем, истражувач и адвокатка која специјализирала право во вооружени конфликти на Универзитетот на Оксфорд. „Гледаме дека образовниот систем се користи како оружје против украинскиот идентитет на окупираните територии. Украинските книги се уништуваат и се заменуваат со руски; наставниците се заплашуваат“, посочува Ван Бентем. И покрај сето ова, има многу Украинци во заземените градови, надевајќи се на прекин на борбите и руската окупација....
Владо Мисајловски: Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка
Глас на Америка - пред 17 дена
Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Со САД склучивме шест нови договори на повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на Соединетите држави, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски во разговор за Гласот на Америка. Со Мисајловски разговаравме и за евентуалното македонско воено учество во можна мировна мисија во Украина, за македонската позиција во спрегата ЕУ – САД, за застојот во набавката на новите армиски хеликоптери, како и за новиот оглас за прием на 300 професионални војници во македонската армија. Во продолжение го пренесуваме разговорот: Embed share Владо Мисајловски, министер за одбрана: Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети за Украина Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:15:59 0:00 Direct link 240p | 41,0MB 360p | 55,3MB 480p | 80,7MB 720p | 237,3MB 1080p | 266,5MB Министре Мисајловски, сведочиме за поделеност меѓу САД и ЕУ во барањето решение за војната меѓу Русија и Украина. Која е македонската позиција во оваа спрега? Токму така, сега имаме една нова реалност што доаѓа од новата администрација на претседателот Трамп, каде што навистина се сменија многу позиции. Но, ме радува фактот што мирното решавање на сето ова што се случува на нашиот континент е во фокус и навистина треба да се поздрави. Ние како земја сме помагале и помагаме постојано, но она што сега е клучно е што е сменет наративот. Имав можност неколку пати да го споменам ова: Ако на изминатите состаноци каде што јас бев дел, и во НАТО и на одредени други состаноци во Брисел, се разбира, фокусот беше колку дополнителна опрема да се дава, која земја повеќе да даде од својата опрема кон Украина. Со самата опрема што се дава од различни земји за Украина, самата Русија сè повеќе и повеќе произведува ново оружје Владо Мисајловски Сега се разговара сосема различно, односно се разговара колку таа опрема била ефикасна. Што се постигнало во овие три години со таа опрема. Бидејќи, со самата опрема што се дава од различни земји, самата Русија сè повеќе и повеќе произведува ново оружје. Или, она што го спомнаа во НАТО, за три месеци се произведува повеќе воена опрема во Русија од сите земји во Европа што се членки на НАТО. Го поздравувам сето она што се случува во овој момент да се најде решение. Добро и ЕУ земјите, особено најголемите сили да бидат исто така предводници на овој процес. Има различни наративи во јавноста, но ова станува фокус на геополитиката во светот. Добро е што најголемата сила сака и бара начин да се најде решение. Ние сме на страната на НАТО, нашите позиции се јасни. Се разбира, сè она што ќе биде разговарано на масата на НАТО, ќе го пренесеме на јавноста и ќе ги заземеме своите позиции. Но, еве јас директно кажувам дека ние сме за мир, сакаме мирно решавање. Сакаме граѓаните да бидат и во Македонија безбедни, но се разбира и на целиот континент. Не може постојано сè да се дава, бидејќи треба да го гледаме нашиот македонски интерес, вели Владо Мисајловски за можните нови пакети воена помош за Украина Ќе има ли нова транша воена помош кон Украина од македонска страна? Јас мислам дека најдобро сега е да се разговара за целосно да се постигне мир, а не да се разговара за нови пакети со коишто би ѝ се помогнало на Украина. Зошто го кажувам ова? Бидејќи еве во изминатиот период нашата земја, односно во Македонија, се направиле повеќе одлуки на влада каде што се помогне со преку 15 пакети помош директно за Украина. Исто така и ние како влада направивме еден пакет за да ѝ помогнеме на Украина. Претходно бил даден дел од различна опрема тука од Македонија, при што и сега дополнително се додаде некоја опрема. Но најважно во овој момент е да видиме што ќе се случува по мирното решавање и како секоја земја ќе треба да помогне и дали и на кој начин. Мисајловски: Ние сме тука да помогнеме на начин со којшто, максимално што е можно, да си го зачуваме нашиот интерес Украина ни извлече 2 милиона евра поради застарен долг Сакам да знаете дека минатата година, на крајот од декември имавме извршно решение од украинска страна со коешто од министерството, од нашиот буџет, ни беа земени скоро два милиони евра за некој долг од претходно. Имавме извршно решение од украинска страна со коешто од нашиот буџет ни беа земени скоро два милиони евра за претходен долг Владо Мисајловски Со извршно решение, по кое ако не се постапеше требаше да бидат и три милиони, па со преговарање стигнавме да се пробиеме. Но, ете, и два милиона евра директно отидоа во компанија што била одговорна за еден друг процес што го има тука во министерството. Бевме тужени и тие средства се извршени и легнати на украинската страна. Интересно е што таа компанија, пак, е во состав на министерството за одбрана и на владата (на Украина н.з.). Но, ние сме тука да помогнеме на начин со којшто, максимално што е можно, да си го зачуваме нашиот интерес. Нам главен фокус ни е нашата Македонска нација, нашите граѓани и се разбира, нашата борбена подготвеност постојано да биде на високо ниво. И затоа постојано велам дека ние мора да се модернизираме, да набавуваме нова опрема, да го зачуваме сето тоа што нам ни треба, бидејќи гледате какви се сите овие турбулентни времиња, особено на европскиот континент, но и надвор од европскиот континент. Мислам дека најважно е да имаме спремна војска, да имаме добра опрема и тоа да ни биде фокус. Мисајловски: Aко имаме начин да помогнеме, ќе помагаме, но сега во овој момент мислам дека најважно од сè е да има мирно решавање Значи ли тоа дека помошта од македонска страна за Украина ќе паузира? Ние сме веќе четврта земја по давање на помош кон Украина. Многу големи земји, би рекол, недоволно помогнале во тој процес или не. Но, јас ценам и мислам дека треба максимум да се посветиме кон нас како нација. Не може постојано сè да се дава, бидејќи треба да го гледаме нашиот македонски интерес. Aко имаме начин да помогнеме, ќе помагаме, но сега во овој момент мислам дека најважно од сè е да има мирно решавање. На тој начин ќе следат други циклуси, односно она што се зборува, обнова на Украина. На кој начин и дали ќе се дава дополнителна помош преку различни алатки би рекол, бидејќи таму знаете дека градови се урнати. Можеби ќе треба и финансии од секоја земја, но сега засега тоа не се разговара. Но, е тема што би се отворила по мирното решавање на овој процес. Мисајловски: Засега нема такво барање до нас (за испраќање војници во евентуална мировна мисија, н.з.) Во случај на евентуална мисија за одржување на мирот во Украина, дали биле испратени и македонски војници и во колкав број? Во овој момент, кон нас, како земја, нема на масата барано, ниту, пак, има некако ставка на НАТО дека треба да се праќаат мировници во овој момент. Но, дека се размислува во таа насока, се размислува. Македонски војници во овој момент на украинско тло нема да има, но да видиме што ќе се случува по мирното решавање Владо Мисајловски Македонски војници во овој момент на украинско тло нема да има, но да видиме што ќе се случува по мирното решавање. Гледате дека овие денови има доста средби помеѓу европските лидери каде што разговараат за различни планови, како да се помогне низ неколку чекори, па заедно со стратешките партнери, со најголемите сили да се најде решение. Но, да се најде решение. Ние сме земја за мир, сакаме да има мирно решавање и потоа да видиме максимум она што ние како држава може да помогнеме. Тогаш се разбира, би го кажале нашиот став. Да видиме како ќе се одвиваат овие работи. Засега нема такво барање, не е ставено на масата, но има различни размислувања помеѓу различни земји. Очекувам дека во наредните недели дека тоа ќе биде едно од прашањата за коешто би можеле да се размислува вака подлабоко. Но, пред сè треба да се седне и да се најде мирно решение. Мисајловски: Ќе ги почитуваме ставовите на НАТО, ќе го кажуваме нашето мислење таму Сè погласни се ставовите и за формирање здружени европски безбедносни сили. Би се приклучиле ли како држава кон една таква иницијатива? Ние, како земја, имаме две основни стратешки цели. Тоа се ЕУ и НАТО. Ние сме Земја членка на НАТО, но аспирацијата да влеземе во Европската унија, се разбира, е најголема. Но, европските лидери, ова што го заговараат дека треба да има, не знам, европска војска. Но, се разговара и за многу други детали, како од нивните фондови да се определат дополнителни средства и за помош кон Украина и за други сегменти. Но, таму мислењата се поделени. Ќе ги почитуваме ставовите на НАТО Она што јас го имам како информација, бидејќи различни фондови би се крателе од различни земји, за сè ова да се случи. За жал, ние сме надвор од ова семејство и немаме информација што точно ќе се договори. Да видиме какви ќе бидат случувањата, па потоа би можеле да вадиме заклучоци од сето она што ќе биде договорено. Но, ние гледаме кон себе. Ние ќе ги почитуваме ставовите на НАТО, ќе го кажуваме нашето мислење таму. Се разбира, сме на масата, можеме да ги кажеме нашите ставови и приоритет во овој момент е како да се модернизираме, како нашиот буџет да биде над два проценти, бидејќи моментално е, и она што го издвојуваме за нова опрема е навистина сериозна сума. Да се посветиме максимално кон нас. Поголем дел од лесните оклопни возила JLTV од САД веќе се во составот на македонската армија. Отворен ден со граѓаните во Скопје по повод 30 години Македонска армија Голем дел од оклопните возила JLTV што државата ги набавува од САД се пристигнати, а ќе дојдат и оклопните возила „страјкер“. Дали и нешто друго ќе се набавува од САД, каква ќе биде соработката? Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Јас сум презадоволен од соработката и она што се случува постојано се нови обуки, нови вежби, заеднички конференции. Би рекол дека нашата соработка е на пиедесталот и заслужува пофалби. Тука, морам да ги пофалам и сите во Генералштабот, сите во армијата што имаат секојдневна комуникација, се разбира и јас. Шест договори се веќе потпишани и сите овие средства се директно од фондовите на САД Владо Мисајловски Ќе гледаме максимално да се модернизираме и да бидеме посветени на ова стратешко пријателство. Да, JLTV возилата треба да стигнат до крајот на годината, комплет сите 96 возила. Исто така и возилата „страјкер“ за кои имавме најава дека ќе стигнат и побрзо од договореното. Очекуваме наредниве месеци да пристигнат и новите возила „страјкер“. За нашата армија тоа е навистина одлично нешто и ќе имаме можеби најдобри оклопни возила. Нова опрема од САД за 20 милиони евра преку американски фондови Во декември потпишавме и нови договори кои што се директно од програмата на САД и каде што сите средства се директно од нивните даночни корисници. Зборуваме за сериозни суми. Околу шест договори направивме, повеќе од 20 милиони евра, за различна опрема. Дел се за дронови. Зборуваме за високо квалитетни софистицирани дронови кои што се од најдобро производство. Исто така делови и проекти во сајбер-безбедноста. Она оружје што е веќе постаро, да го смениме со ново, и така натаму. Одлични шест договори веќе се потпишани и ќе потенцирам сите овие средства се добиваат директно од фондовите на САД. Дополнителни обуки за армиските специјалци договорени со Унгарија. Фото: Показна вежба на македонската армија и свеченост во касарната Илинден во Скопје по повод три години членство во НАТО. Неодамна имавте средба и со вашиот унгарски колега. Што договоривте, дали ќе има нешто за македонската армија? После повеќе години потпишавме и билатерален договор помеѓу Македонија и Унгарија, каде што ќе има различни обуки, како и помош при различни обуки. Исто така се договоривме да потпишеме меморандум за соработка во различни сфери. Оваа година ќе бидеме сведоци на една заедничка вежба во Охрид. Исто така поддршка во организација на специјалните сили дополнително да се обучуваат, да имаат заеднички активности. Исто така, во делот на нуркање, во делот на оптимизам и различни сфери дополнителни обуки итн. Но, исто така разговаравме како да ја подобриме соработката помеѓу државите, бидејќи имаат навистина солидна и одлична воена индустрија. Каде можеме тука заеднички да се најдеме? Продолжуваме и во следниот период да разговараме на овие теми. Брифинг за набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери од Италија за македонската армија, (14, март, 2024) Рековте дека имало пропусти во договорот за набавката на армиските хеликоптери од Италија и дека ќе се прави ревизија. Дали направивте ревизија, до каде е целиот процес, плативте ли нова рата? Да, имаме направено ревизија, веќе доставивме информација до Влада, каде што се разгледуваа сите проблеми настанати од претходното раководство и за кои ќе треба да се дадат одговори, се разбира. Но, она што е најважно, и на мене што ми е најважно, е да се заштити националниот интерес. Треба да се уплати втората рата, околу 35 милиони евра, но во договорот пропуштиле да стават член за исплаќање на втората рата Владо Мисајловски Согласно договорот треба да се уплати втората рата, околу 35 милиони евра, но во договорот пропуштиле да стават член за исплаќање на втората рата. Во овој момент бараме и правно мислење, бидејќи, согласно договорот, треба да се користи швајцарското право. Сега бараме меѓународни консултанти коишто ќе ни дадат и правна експертиза во овој дел. Но, и од италијанската страна добивме потврда дека има грешка во тој дел, односно дека е пропуштен тој член. Така што, треба да видиме како правно издржано да продолжиме со целиов процес. Пропусти во договорот за хеликоптерите, процесот на пауза Сакам да знае целата македонска јавност дека многу внимателно и детално ќе одиме во овој договор. Мора да се заштити националниот интерес, да се заштити државата и на крај да се добијат хеликоптери. Многу пропусти се направени, многу пропусти, и треба сите институции да ги погледнат сите овие работи, за пред сè, да се заштити државата. Така и ќе постапиме во наредниот период. Со италијанската страна се очекуваат средби уште овој месец и се разбира ќе бидете известени како медиуми, но и сите институции како да се постапи согласно овој договор. Мене што ми е најважно, односно на министерството, е да имаме договор кој е правно издржан, македонската страна да биде заштитена и на крајот од денот да имаме квалитетен договор, со којшто ќе имаме хеликоптери. Брифинг за набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери од Италија за македонската армија, (14, март, 2024) Значи ли ова дека новата рата што требаше да се реализира не е уплатена и дека процесот е паузиран? Во овој момент, да, не е исплатена, бидејќи е сменета банката од италијанската страна, бидејќи нема основ за втората рата, согласно договорот. Но, правно се бара решението, сите институции се инволвирани и затоа побаравме средби на оваа тема. Но, рокот за доспевање на таа фактура сè уште трае, има период за плаќање и плус има дополнителен период во којшто треба да се исплати. Но, мора да има основа за исплатата. Мора да има основа, инаку јас нема да дозволам ниту еден во министерството да потпише и да се платат средства ако нема правен основ и ако не биде заштитена државата, и само така ќе работам. Три години членство во НАТО, показна вежба на македонската армија и свеченост во касарната Илинден во Скопје Има ли доволно војска во македонската армија? Секој млад квалитетен човек што ја сака армијата да се пријави на конкурсот за професионални војници Владо Мисајловски Има, апсолутно. Но ни треба и подмладување, ни требаат и нови луѓе во армијата. Еве би сакал, ако ми дозволите, да најавам ексклузивно: Еве го огласот за нови 300 професионални војници. Сакам да најавам дека на почетокот од следната недела ќе го распишеме конкурсот за нови 300 професионални војници. Оглас за 300 нови професионални војници Го повикуваме секој млад човек што си ја сака татковината, што ја сака армијата, што сака да биде дел од колективната безбедност и од безбедносните структури, да го поканам да се пријави. Се разбира, има повеќе услови што треба да се оправдаат, за секој оној што сака да се вклучи, да ги исполни и да биде дел од македонската војска, како што спомнавте. Исто така ќе имаме огласи и за лица од цивилни факултети, каде што секој ќе може исто така да аплицира. Ќе имаме и за подофицери за питомци. Набрзо, од следната недела ќе ги слушнат сите убави вести, сите граѓани. Ги повикувам сите оние што се квалитетни, најквалитетни, нека се пријават. Македонските војници и армијата се најквалитетни, најдисциплинирани и во секој момент ќе го дадат животот за татковината. Тие луѓе треба да бидат херои и да ги почитуваме. Затоа, ги повикувам сите што ја сакаат армијата, војската, но и државата, нека се пријават и најквалитетните ќе бидат избрани....
Родов јаз: Бројот на работоспособните жени е поголем, но вработување почесто добиваат мажите
Глас на Америка - пред 18 дена
Социјална, економска, политичка правда, родова еднаквост, поголема безбедност, здравство беа побарани на протестeн марш во Скопје, што се одржа по повод Меѓународниот ден на жената, 8ми Март, 2025 година во Скопје Бројот на работоспособни жени во македонското општество е поголем од мажите, но кога станува збор за работни активности, наоѓање работа, активен ангажман, предноста ја добиваат мажите. Тоа го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, за четвртото тримесечје од 2024 година. Бараме вредносен систем што ги почитува жените, што им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството Андреа Угриноска, Организација „Тииит! Инк“ Така, според тие бројки во македонското општество има 1.515.039 работоспособни лица кои се на возраст над 15 години. Од нив 744,639 се мажи и 770,399 се жени. Но, во делот за вработени јазот е речиси 100.000 лица. Така стои дека бројот на вработени мажи е 401,266, додека бројот на вработени жени е 299,260. Токму родовата нееднаквост во можностите за наоѓање работа беше една од причините за денешниот протестен Осмомартовски марш што се одржа во Скопје. Од протестот, кој се одржа под мотото „Нека јадат ружи“ беа упатени пораки за социјална, економска, но и за политичка правда. „Бараме вредносен систем што ги почитува жените, што им овозможува да живеат без страв и им гарантира активна улога во општеството“, рече Андреа Угриноска, извршна директорка на неформалната организација за заштита на правата на маргинализираните, „Тииит! Инк“. Протестeн марш во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената, 8ми Март, 2025 година Беа упатени и пораки дека македонското општество и натаму не е целосно безбедно за жените, особено поради загрижувачкиот поден на семејното насилство. „Жените сè уште не се слободни од силеџиството во домовите, на работните места, на улиците, во училиштата, на интернет, во институциите. Силеџиството не е само тупаници. Тоа е закон што не нè штити, работно место што нè експлоатира, болница каде што нашата болка не е приоритет“, истакна Ема Мицеска од организацијата „Хера“. Семејното насилство и натаму е една од темните страни во македонското општество. Протест во Скопје по повод 8ми Март, 2025 година. Меѓународниот Ден на жената е во календарот и на Обединетите нации. „Во светот, жените сè уште имаат само две третини од законските права на мажите. Остриот јаз во сиромаштијата опстојува, а со сегашното темпо ќе бидат потребни дополнителни 137 години за да се стави крај на екстремната сиромаштија кај жените. Ова не само што е неправедно - тоа е корозивна сила што го попречува човечкиот развој и го задушува глобалниот напредок“, се вели во пораката упатена од Обединетите нации упатена по повод 8-ми Март. Photo Gallery: Нека јадат ружи: Протестен марш во Скопје по повод 8ми Март Тоше Огњанов Што ќе ни се ружи, кога немаме ни за леб, беше една од пораките што беа упатени од денешниот осмомартовски протестен марш во Скопје, а по повод 8ми Март, Меѓународниот ден на жената. Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер Испратете до пријател Според статистиките од македонскиот Државен завод за статистика, во четвртото тримесечје од минатата година, како неактивни жени на возраст над 15 години се евидентирани 435.122 жени. Бројот на неактивно машко население, пак, на возраст над 15 години изнесува 284,596 лица....
Градоначалниците на Чикаго, Денвер, Њујорк, Бостон на испрашување пред Конгресот поради имигрантите
Глас на Америка - пред 18 дена
Градоначалниците на Чикаго, Денвер, Њујорк и на Бостон одговараа на прашања за нивната политика како „градови засолништа“ за имигрантите на конгресно сослушување во Вашингтон неодамна, предводено од конгресменот од Кентаки Џејмс Комер. „Според федерален закон нелегални криминалци треба да се предадат на службите за имиграција и царина на САД. Слушаме извештаи, а многумина од вас јавно кажаа дека ќе го попречувате тоа. Тоа е спротивно на законот и ќе слушнеме повеќе за тоа денес“, вели Џејмс Комер, републикански конгресмен од Кентаки. Во своите воведни изјави пред Комитетот за надзор и владини реформи на Претставничкиот дом на САД, демократскиот градоначалник на Чикаго Брендон Џонсон, ги бранеше политиките на неговиот град. „Уредбата за прифаќање на овие лица на градот Чикаго и нашите други закони и политики не водат кон поголем криминал, тие не ја спречуваат соработката со федералните органи за спроведување на законот за кривични прашања и ние не засолнуваме криминалци, ги апсиме“, рече Џонсон. Градскиот совет на Чикаго, за време на демократскиот градоначалник Рам Емануел, ја донесе актуелната уредба на градот. Законот ја ограничува способноста на федералните имиграциски и царински службеници да ги испрашуваат приведените или да користат градски објекти за истраги, меѓу другите мерки. Сојузната држава донесе сличен закон во Илиноис во 2017 година со двопартиска поддршка. „Градовите засолништа се засолништа за криминалците“, изјави Том Хоман, која е поставен од Белата куќа за одговорен за контрола на границите и кој ги надгледува имиграциските напорите на федералната влада. „Сакам локалната полиција да направи се` што може за да помогне во апсењето и отстранувањето на заканите за јавната безбедност во нивните заедници“, вели Хоман. Во февруари, американскиот Оддел за правда го тужеше градот Чикаго и сојузната држава Илиноис, предводена од демократскиот гувернер Прицкер, поради политиките за заштита. Хоман вели дека ги поздравува напорите да се блокираат законите и прописите што им отежнуваат на федералните власти да приведат имигранти без документи, вклучително и оние кои извршиле насилство. „Ќе бараме одговорност од градовите засолништа; ќе ги прифатиме и ќе ги однесеме на суд“, додава Хоман. „Фразата ‘град засолниште’ сигнализира дека објектите нема да прават дополнителни напори да им помогнат на царинските и гранични служби, но не наведува дека ќе ги попречат нивните напори“, вели Џеклин Стивенс, директорка на клиниката за истражување на депортација на Северозападен Универзитет. „Нема ништо во федералниот закон што афирмативно ја обврзува полицијата или сојузната држава или окрузите да ги спроведуваат федералните политики за депортација. Администрацијата на Прицкер и другите службеници за спроведување на законот рекоа дека ќе се усогласат со законите“, вели Стивенс. Стивенс вели дека претходните напори за правно оспорување на политиките на градовите засолништа не успеале. „Одделот за правда во 2019 година загуби во Калифорнија во Апелациониот суд во 9-от округ, а Врховниот суд одби да го разгледа, така што наредбите од тој случај сè уште се чини дека се преседан“, додава Стивенс. Некои членови на градскиот совет на Чикаго се обидоа да го променат законот за засолниште во 2023 година, откако напливот на мигранти ги преплави јавните служби на Чикаго. Но, Советот гласаше против промената во јануари....
Живот без страв и со можност за избор: Што значи за една жена животот во слободно општество
Глас на Америка - пред 18 дена
Живеење без страв и работа на она што го сакате - е како што Мирна Ајшоа, ирачка научничка и музичарка во слободно време, го опишува својот живот во Америка. „Ситуацијата за жените во Ирак е значително поинаква отколку во Соединетите држави“, вели Ајшоа. Embed share Осми Март: Ден за општеството да ги разбере достигнувањата на жените Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:04:04 0:00 Direct link 240p | 11,4MB 360p | 19,1MB 480p | 32,8MB 720p | 58,7MB 1080p | 98,3MB Ајшоа дошла во САД во 2015 година на 22-годишна возраст, по дипломирањето во Ирак. На Државниот универзитет во Колорадо во 2017 година завршила магистерски студии по клеточна и молекуларна биологија. Таа на крајот нашла практикантска работа како специјалист за лабораториска инструментација, правејќи тестови за утврдување на перформансите и квалитетот на медицинските помагала и другите алатки. По стажирањето почнала да работи како специјалист во оваа област. Навистина ми се допадна технологијата и не видов многу жени да прават такво нешто Мирна Ајшоа, научничка и музичарка од Ирак во САД „Навистина ми се допадна технологијата и не видов многу жени да прават такво нешто“, додава Ајшоа. Во САД таа исто така се пронашла себе си и во професионално свирење на тапани, настапувајќи на концерти и фестивали, нешто што според неа не би било возможно за неа дома. „Замислете тапанарка како мене во Ирак. Веднаш би ме поврзале со одредени верувања“, посочува Ајшоа. Осми Март е Меѓународен ден на жената, ден за одбележување на социјалните, економските, културните и политичките достигнувања на жените. Портпаролката на ООН за жени, Палома Ескудеро, вели дека одбележувањето на денот не значи дека не треба повеќе да се направи за да се подобри животот на жените. „Жените остануваат далеку од еднаквост во речиси секоја сфера, и можеме да видиме дека во многуте војни и кризи со кои се соочува светот, вклучително и СОВИД-19, жените се секогаш тие што се погодени први и најтешко“, вели Ескудеро. Ајшоа волонтира со непрофитни организации кои им помагаат на жените и децата бегалци да се населат во Америка. На еден од настаните, таа се запознала со Татјана Стратилат, готвачка која побегнала од родната Украина по руската инвазија. Ајшоа ѝ дала неколку совети за имиграцијата, а Стратилат ја споделила нејзината украинска кујна. Животите на жените во Украина и Ирак се различни, но борбата на жените да успеат во нетрадиционални кариери е универзална, вели Стратилат. „Во Украина, како и кај нас, нема многу женски готвачи; повеќето се мажи. Не беше лесно да се докаже спротивното“, посочува Стратилат. Стратилат вели дека е охрабрена што жените од различни земји се поддржуваат и учат една од друга. „По моето имиграциско патување во САД, конечно почнав да работам како готвачка. Водам часови по готвење за студенти од Државниот универзитет на Колорадо и локални ресторани, предавам украинска кујна во различни заедници и исто така работам како приватна готвачка и инструкторка. Ми причинува радост да ја споделувам мојата страст за готвењето со жени од различни земји, додава Стратилат. Благодарение на развојот на иновативните технологии, избраното поле на Ајшоа расте и тоа ја прави среќна. „Бев многу заинтересирана за воздухопловната технологија, и за среќа успеав да комуницирам со многу вселенски агенции како SpaceX и NASA за да им помогнам да ја изберат вистинската лабораториска инструментација за анализа на одредени хемикалии. Мојата сегашна работа е да ја анализирам радијацијата за сè што тие испраќаат во вселената или од вселената“, вели Ајшоа. Извештајот на Светскиот економски форум од 2024 година вели дека ќе бидат потребни 134 години - приближно пет генерации - за да се постигне целосна родова еднаквост во четири клучни димензии: економско учество и можности, образовни достигнувања, здравје и опстанок и политичко зајакнување....
Претседателот Трамп испрати писмо до иранскиот лидер за да преговара за нуклеарниот договор
Глас на Америка - пред 19 дена
ВАШИНГТОН, 7 март (Ројтерс) - Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека сака да преговара за нуклеарен договор со Иран и испрати писмо до неговото раководство во кое се надева дека Исламската Република, главниот непријател на долгогодишниот сојузник на САД, Израел, ќе се согласи да разговара. „Реков дека се надевам дека ќе преговарате, бидејќи ќе биде многу подобро за Иран“, рече Трамп во интервјуто за Fox Business Network емитувано во петокот. „Мислам дека сакаат да го добијат тоа писмо. Другата алтернатива е дека мораме да направиме нешто, бидејќи не можете да дозволите друго нуклеарно оружје“, изјави претседателот. Немаше итен одговор од Министерството за надворешни работи во Иран, каде во моментов е викенд, на барањето за коментар за забелешките на Трамп. Изгледа дека писмото е упатено до иранскиот врховен водач, Ајатолахот Али Хамнеи. Белата куќа не одговори веднаш на барањето за тоа. „Постојат два начини на кои може да се постапи со Иран: воено, или да склучите договор“, рече Трамп. „Повеќе би сакал да склучам договор, бидејќи не барам да му наштетам на Иран“, изјави првиот човек на САД. Трамп ја промени надворешната политика на САД по преземањето на функцијата во јануари, усвојувајќи попомирлив став кон Русија што ги остави западните сојузници претпазливи додека се обидува да посредува за ставање крај на тригодишната војна на Москва во Украина. Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор, мултинационален договор за спречување на Иран да изгради нуклеарно оружје, во 2018 година, една година од неговиот прв мандат во Белата куќа. Тој во февруари рече дека би сакал да склучи договор со Иран што ќе ја спречи таа земја да развие нуклеарно оружје....
Американските работодавци отворија нови 151.000 работни места минатиот месец; невработеноста до 4,1 отсто
Глас на Америка - пред 19 дена
ВАШИНГТОН (АП) - Американските работодавци додадоа солидни 151.000 работни места минатиот месец, и покрај наводите на претседателот Трамп за најави од трговски војни, намалување федералната работна сила и ветувањата за депортирање милиони имигранти. Одделот за труд во петокот објави дека вработувањата се зголемиле од ревидираните 125.000 во јануари. Економистите очекуваа 160.000 нови работни места минатиот месец. Стапката на невработеност малку се зголеми на 4,1% бидејќи бројот на невработени Американци се зголеми за 203.000. Вработеноста порасна во здравството, финансиите и транспортот и складирањето. Федералната влада отпушти 10.000 работни места, најмногу од јуни 2022 година, иако економистите не очекуваат дека федералните отпуштања ќе имаат големо влијание врз извештајот за работните места во март. Рестораните и баровите укинаа речиси 28.000 работни места минатиот месец, покрај загубата од речиси 30.000 во јануари. „Пазарот на трудот продолжува да се одржува, но ние сè уште сме далеку од местото каде што бевме пред една или две години“, рече Сара Хаус, виш економист во Велс Фарго. Хаус очекува вработувањето да се забави, а невработеноста да расте, бидејќи Трамп продолжува да ги намалува трошоците за програми и да ја намалува федералната работна сила, истовремено воведувајќи тарифи за американските трговски партнери. Кратењата на трошоците „веројатно ќе се прелеат во приватниот сектор, погодувајќи ги изведувачите и непрофитните организации, а ние сè уште имаме трговска војна што расте“, рече Хаус. „Постојат повеќе битки за пазарот на трудот да се спротивстави, повеќе шокови кои треба да ги помине во месеците што следат. Неочекуваното силно закрепнување на економијата од пандемиската рецесија во 2020 година го намали инфлацискиот бран што го достигна врвот во јуни 2022 година, кога цените дојдоа за 9,1% повисоки отколку што беа една година порано....
Кина ги критикува царините на Трамп, се заканува со можна одмазда
Глас на Америка - пред 19 дена
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денес ги критикуваше САД за воведувањето царини за кинески увоз и вети дека „одлучно ќе возвратат“ доколку Вашингтон продолжи да го зголемува притисокот врз Пекинг. Говорејќи за локални и странски медиуми за време на годишниот состанок на кинескиот Парламент во петокот, Ванг ја доведе во прашање ефикасноста на царините на американската влада против Кина и го повика Вашингтон да избегне конфликти и конфронтации. „САД треба да размислат што извлекоа од сите трговски војни и царински војни што ги иницираа сите овие години“, рече Ванг, додавајќи дека економските и трговските односи меѓу двете земји треба да бидат „заемни и реципрочни“. „Ниту една земја не може да фантазира за развивање добри односи со Кина додека ја потиснува“, рече тој, велејќи дека тоа ќе биде штетно за стабилноста на билатералните односи и обидите да се изгради доверба. Забелешките на Ванг доаѓаат три дена откако САД воведоа дополнителни 10% царини за сите кинески производи, со што вкупниот износ на царини за кинеските производи се искачи на 20% и го поттикна Пекинг да воведе царини од 10% до 15% за широк спектар на американски земјоделски производи. „Секретарот за финансии на САД [Скот] Бесент изрази сериозна загриженост за напорите на НР Кина за борба против наркотици, економска нерамнотежа и нефер политики, и ја истакна посветеноста на администрацијата да продолжи трговска и економска политика што ја штити американската економија, американскиот работник и нашата национална безбедност“, се вели во соопштението на Одделот за финансии. И покрај неговите критики за американските царини против Кина, Ванг рече дека Пекинг останува посветен на одржување на „стабилен, здрав и одржлив развој на односите меѓу Кина и САД“ заснован на „взаемно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“. „Се надевам дека САД ќе ги слушаат гласовите на двата народа, ќе го препознаат општиот тренд на историскиот развој, ќе гледаат на развојот на Кина објективно и рационално, активно и прагматично ќе вршат размена со Кина“, рече тој пред соба преполна со новинари. Покрај билатералните односи со САД, Ванг, исто така, ја критикуваше Индо-пацифичката стратегија на Вашингтон, велејќи дека планот, кој вклучува распоредување ракети со среден дострел во земји како Филипини, само „покрена проблеми и создаде разлики“ во регионот. „Наместо да биде бојно поле на конкуренцијата на големите сили, Азија треба да биде место за прикажување на меѓународна соработка“, рече тој, додавајќи дека Кина се залага за споделување на можностите за развој во Азија, засновани на взаемно почитување и корист. Аналитичарите ги коментираат забелешките на Ванг. „Кина ѝ кажува на администрацијата на Трамп дека тоа што го прават е погрешно, но се чини дека тие не ставаат предлози на маса, што можеби е нивен обид да избегнат ескалација во билатералните односи“, рече Иан Чонг, политиколог од Националниот универзитет на Сингапур....
За маржи до 70 отсто, Пазарната инспекција изрече казни од 42 илјади евра
Глас на Америка - пред 19 дена
Три маркети, аптека и продажните места на тројцата најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени и нема да работат во наредните 15 дена бидејќи во своите продавници продавале продукти со маржи повисоки од дозволените со владините мерки. Тоа денеска на пресконференција во Скопје го соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојковски. Во Пазарната инспекција, како што истакна Стојкоски, се работат уште 30 предмети за да се утврди прецизно дали и какви неправилности има а со овие предмети се опфатени сите ланци на големи трговци. Пазарните инспектори денеска го потврдија тоа што се шпекулираше во јавноста - за голем број продукти разликата во цената од граница до рафт во продавница односно бруто профитната маржа била и над 70 проценти. Обврската за објавување на цени на интернет стапува на сила следниот месец а цените мора да бидат исти и на рафтовите ниту повисоки ниту пониски бидејќи во спротивно следуваат казани до 10 илјади евра....
Клуч на врата за маркети, аптеки и увозници – продавале со маржи поголеми од дозволените
Глас на Америка - пред 19 дена
СКОПЈЕ – Три маркети, аптека и продажните места на тројцата најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени и нема да работат во наредните 15 дена бидејќи во своите продавници продавале продукти со маржи повисоки од дозволените со владините мерки. Кај некои производи бруто профитната маржа одела и до 70 проценти. Директорот на пазарната инспекција Влатко Стојкоски денес ги презентираше резултатите од двонеделните проверки на терен во кои беа опфатени над 420 мало и големопродажни објекти. Контроли се вршени и во мали и средни маркети но и во сите големи ланци на маркети како и кај увозници и дистрибутери. Цени во маркети по одлуката на Владата за ограничување на маржите Пазарните инспектори откриле 36 прекршоци за кои се изрекле казни во висина од 42 илјади евра покрај осумте фирми кои мораа да ги затворат продажните места. Кај најголемите увозници на зеленчук и овошје увидовме фрапантни маржи Ватко Стојкоски, директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) „Имаме констатирано кај осум правни субјекти констатирано целосно непочитување на одлуката на Владата. Три маркети, аптека и три големи увозници, односно најголемите увозници на зеленчук и овошје каде заедно со инспекторите увидовме фрапантни маржи“, изјави Ватко Стојкоски, директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Во Пазарната инспекција се работат уште 30 предмети за да се утврди прецизно дали и какви неправилности има а со овие предмети се опфатени сите ланци на големи трговци. Влатко Стојкоски, директор на Државна пазарна инспекција (ДПИ) „Имаме обемна документација за анализа, верувам во свесноста на инспекторите и верувам во нивната работа. Ќе ни оставите дополнителен простор бидејќи се носат сериозни одлуки. Во овие предмети се појавуваат сите до еден големи ланци на маркети“, појасни Стојкоски Производи со маржи од 70 проценти се продавале на граѓаните Тој потврди тоа што се шпекулираше во јавноста дека за голем број продукти разликата во цената од граница до рафт во продавница односно бруто профитната маржа била и над 70 проценти. „Тоа што го видов од анализата што ја направивме пред месец и половина, буквално од влегување на одреден производ на граница, па до рафт просекот е 70 проценти на бруто профитна маржа. Свесен сум дека сме мал пазар меѓутоа 70 проценти е многу“, кажа Стојкоски. Цените на веб страна мора да се исти со оние на рафтот Околу обврската на трговците да ги објават своите цени на веб страна и редовно да ги ажурираат, која ќе почне да се применува кон средината на идниот месец, Стојкоски кажа дека очекува граѓаните да пријават доколку забележат нерегуларности односно дека некој производ се продава поскапо но и поевтино од цената наведена на веб страната Embed share За маржи до 70 отсто, Пазарната инспекција изрече казни од 42 илјади евра Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:01:13 0:00 Direct link 240p | 2,5MB 360p | 3,4MB 480p | 4,9MB 720p | 17,4MB 1080p | 15,4MB Владините мерки за скалесто ограничување на маржата за 102 категории со над илјада продукти стапија на сила на 20 февруари а надлежните беа под силен притисок на јавноста поради недостатокот на регулатива и контроли што им овозможуваше на трговците по сопствена волја и желба за профит да ги формираат цените на продуктите. Граѓаните во два наврати ги бојкотираа маркетите а УЈП пресмета дека за време на бојкотите прометот бил намален за над 200 милиони денари што значи дека покрај трговците и државата загуби над 30 милиони денари кои требаше да се слеат во Буџет по основ на ДДВ....
Трамп ја притиска Украина, се подготвува за средба со Путин
Глас на Америка - пред 19 дена
Претседателот Доналд Трамп продолжи да го притиска Киев да потпише договор за минерали во четвртокот и изрази уверување дека Москва, исто така, е подготвена да направи договор за ставање крај на војната што започна кога Русија ја нападна Украина во 2022 година. Трамп испрати порака до членките на НАТО: „Ако не платат, нема да ги бранам“. Тој ја изложи својата визија за тоа како ќе го посредува мирот меѓу соседните земји. „Мислам дека она што ќе се случи е дека Украина сака да направи договор, бидејќи мислам дека тие немаат избор“, рече тој. „Исто така, мислам дека Русија сака да направи договор, бидејќи на одреден, поинаков начин, на поинаков начин што само јас го знам, само јас го знам, ниту тие немаат избор“. И тој рече дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија „веројатно во текот на следниот месец и половина“. Претходно истиот ден, специјалниот пратеник на Трамп за Блиски Исток рече дека ќе отпатува во Саудиска Арабија за да се сретне со украинските претставници за разговори за прекин на огнот за да се запре руската инвазија. „Сега сме во дискусии за координирање на состанок со Украинците во Ријад, па дури и потенцијално Џеда“, рече Стив Виткоф. Виткоф рече дека Трамп чувствува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски се поправил по конфронтацијата меѓу двајцата лидери во Белата куќа минатиот петок. „Тој сметаше дека писмото на Зеленски [во кое се нарекува конфронтацијата „за покајување“] беше многу позитивен прв чекор. Имаше извинување. Имаше признание дека САД направија толку многу за државата Украина и чувство на благодарност“, рече Виткоф. Зеленски, во меѓувреме, беше во Брисел со европските лидери на итни разговори. „Ќе се вооружиме побрзо, попаметно и поефикасно од Русија“, изјави полскиот премиер Доналд Туск, кој претседава со ЕУ. Претседателката на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен, го објави планот за олабавување на буџетските правила за да можат земјите што сакаат да трошат многу повеќе за одбраната, заедно со обврските да ги охрабрат сите 27 земји-членки да инвестираат околу 863 милијарди долари во одбраната во следните четири години. „Многу сме благодарни што не сме сами и тоа не се само зборови“, рече Зеленски. „Го чувствуваме тоа. Многу е важно“. Францускиот претседател Емануел Макрон пред разговорите рече дека членките на ЕУ „ќе преземат решителни чекори напред“, истовремено изразувајќи загриженост за промените во поддршката на САД за Украина под новата администрација на Трамп. „Иднината на Европа не мора да се решава во Вашингтон или Москва“, рече Макрон. Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, во средата изјави дека САД во моментов го стопирале споделувањето на своите разузнавачки информации со Киев, иако тоа би можело да биде краткотрајно, откако Зеленски изјави дека Украина е подготвена за мировни преговори со Русија. Трамп претходно оваа недела им нареди на САД да ја прекинат воената помош за борците на Киев, по неговиот минатонеделен состанок со Зеленски. Од почетокот на војната во 2022 година, САД ѝ дадоа на Украина значајни разузнавачки информации, вклучително и критични информации што ѝ се потребни на нејзината војска за таргетирање на руските сили. Постигнувањето мировен договор може да се покаже тешко. Украина долго време бараше обновување на нејзините меѓународно признати граници од 2014 година пред Москва еднострано да го заземе украинскиот полуостров Крим. Севкупно, Русија сега држи околу една петтина од украинската територија, вклучително и голем дел од источна Украина, и вети дека нема да врати ништо од неа на владата во Киев. Некои информации во текстот се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс...
Трамп потврди директни разговори со Хамас
Глас на Америка - пред 19 дена
Претседателот Доналд Трамп во четвртокот потврди дека неговата администрација преговара со Хамас, означена од САД како терористичка група, за ослободување на преостанатите заложници. Тој го повтори неговиот претходен ултиматум дека ќе биде хаос во Газа доколку не бидат веднаш ослободени. „Ќе дознаете“, рече Трамп во Овалната канцеларија на новинарско прашање. Трамп го истакна неговиот состанок во средата со ослободените израелски заложници. „Имав чест да поминам многу време вчера со неколку луѓе што ги ослободивме и не ми се верува колку лошо се однесуваа со нив“, рече тој. Претходно во четвртокот, Стив Виткоф, специјалниот претставник на претседателот за Блиски Исток, им рече на новинарите во Белата куќа дека може да се преземе некоја акција од администрацијата што може да се направи „заеднички со Израелците“. „Хамас има можност да дејствува разумно, да го направи она што е правилно, а потоа да се повлече“, рече Виткоф, мислејќи на барањата на САД и Израел Хамас да нема никаква воена или политичка улога во повоена Газа. Ниту Трамп, ниту Белата куќа одговорија на прашањата дали опциите што се разгледуваат ќе вклучуваат воена акција. Во минатото, официјални лица изјавија дека нема да испратат американски војници во Газа. Одлуката на Трамп да започне директни разговори со Хамас за ослободување на заложниците, предводени од специјалниот пратеник за заложници Адам Болер, означува отстапување од долгогодишната политика на Вашингтон да не преговара со терористи. „Ние му помагаме на Израел во тие дискусии, бидејќи зборуваме за израелски заложници. И ние не правиме ништо во однос на Хамас. Не даваме кеш“, рече Трамп. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел им го кажал на „САД својот став во врска со директните разговори со Хамас“. Хамас рече дека најдобриот пат за ослободување на заложниците е преку преговори за прекин на огнот. Се додава дека заканите од Трамп го охрабруваат Израел да се повлече од повеќефазниот договор за прекин на огнот во Газа постигнат на 19 јануари, еден ден пред Трамп да стапи на функција. „Јазикот на заканите не не` заплашува; тоа само дополнително ги комплицира работите“, рече функционерот на Хамас, Сами Абу Зухри во изјавата објавена на каналот Телеграм, поврзан со групата. Трамп објави: „Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна, и веднаш вратете ги сите мртви тела на луѓето што ги убивте, или за вас е ГОТОВО. Јас му испраќам на Израел сè што му е потребно за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден ако не постапите како што велам“. Неговата администрација испрати оружје во вредност од четири милијарди долари за Израел оваа недела, вторпат за еден месец да го заобиколи одобрението на Конгресот за испраќање оружје во земјата. Разговорите меѓу САД и Хамас се чини дека се нова дипломатска патека, одвоена од тековните преговори меѓу Хамас и Израел, со посредство на Катар и САД, за да се обезбеди втората фаза од прекинот на огнот во Газа. Хамас ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да се повлечат од преговорите како што првата фаза заврши минатиот викенд. „Повеќето луѓе очекуваат дека примирјето ќе пропадне затоа што очекуваат дека премиерот Нетанјаху повторно ќе почне да ја напаѓа Газа“, рече Мирет Мабрук, висок соработник на Институтот за Блиски Исток. „И штом тоа се случи, нема да има повеќе ослободувања на заложници“, изјави таа за Гласот на Америка. Арапските нации во вторникот поддржаа контрапредлог на повикот на Трамп за протерување на Палестинците и претворање на Газа во ривиера. Според арапскиот план, Палестинците ќе останат таму, а Хамас ќе биде исклучен од управувањето. Израел го отфрли планот, но Вашингтон го гледа како „прв чекор со добра волја“, рече Виткоф како одговор на прашањето на Гласот на Америка пред новинарите во Белата куќа во четвртокот. „Ние проценуваме сè таму. Значи, малку е рано да се коментира“, рече тој....
Трамп ги одложи царините за производи од Мексико и Канада
Глас на Америка - пред 19 дена
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ги одложи за четири недели неговите нови царини од 25% за најголемиот дел од мексиканскиот и канадскиот извоз во САД, неговиот најнов потег во трговската војна која се одрази врз берзите и ги наруши односите на САД со нивните долгогодишни сојузници и двата најголеми трговски партнера. Трамп најпрво ги одложи царините за мексиканскиот увоз во САД до втори април, откако директно слушна од мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум за тоа како нејзината влада помогнала да се спречи приливот на мигранти и фентанил во САД - две барања што Трамп ги постави до јужниот сосед на земјата. Неколку часа подоцна, тој ги паузираше и новите давачки за Канада, иако не се знае што ќе се случи со царините за еден месец за која било земја. Најновите постапки на Трамп дојдоа еден ден откако тој ги паузираше царините за увоз на возила од двете земји, откако трите најголеми американски производители на автомобили рекоа дека давачките ќе имаат сериозно финансиско влијание врз нив. Трите главни американски берзи повторно забележаа пад во Трамп, во извршната наредба, рече дека царините нема да бидат наметнати на мексикански или канадски производи увезени од американски компании кои спаѓаат во трговскиот договор што тој го постигна со двете земји во 2018 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа. Во објава на неговата социјална мрежа Трамп рече дека ги олеснил царините за мексиканските производи од почит кон претседателката Шеинбаум. „Нашите односи се многу добри и работиме напорно, заедно, на границата, и во смисла на спречување на илегалните имигранти да влезат во САД и, исто така, на запирање на фентанилот“. Во изјавата во четвртокот, Шеинбаум рече: „Се согласивме дека нашите работа и соработка дадоа резултати без преседан, во рамките на почитувањето на нашиот суверенитет“. Подоцна, на прес-конференција, таа рече дека за време на телефонскиот разговор во четвртокот, Трамп најпрво сакал неговите царини да останат на сила. Но, Шеинбаум рече дека му дала примери за резултатите што ги постигнала изминатиот месец, вклучително и како Мексико го ограничи протокот на фентанил во САД и како мексиканските власти испратија 29 врвни оперативци на картел, барани од американски официјални претставници во САД. Таа, исто така, испрати 10.000 војници на северната граница на Мексико за да се обиде да го запре протокот на мигранти и дрога во САД. „Мексико беше третиран со многу почит и го постигнавме овој договор што е од корист на двете нации“, рече таа, иако остана нејасно што може да се случи следниот месец кога ќе заврши паузата на царините. Шеинбаум се закани со одмазднички царини против американскиот извоз во Мексико, но за разлика од канадскиот премиер Џастин Трудо, се воздржа да ги објави додека притискаше за дипломатско решение. Трамп тврдеше дека Трудо имал политички мотиви да го нападне неговото наметнување на новата давачка за Канада. „Верувале или не, и покрај ужасната работа што ја заврши за Канада, мислам дека Џастин Трудо го користи проблемот со царините, што во голема мера го предизвика, за да се кандидира повторно за премиер“, рече Трамп на „Трут Соушл“. „Многу забавно да се гледа!“...
Северна Македонија нема да праќа мировници во Украина, натамошната воена помош за Киев е неизвесна
Глас на Америка - пред 19 дена
Северна Македонија не размислува за можноста за испраќање војници во потенцијална европска мисија во Украина која би била дел од напорите за одржлив мир. Embed share Македонски војници нема да бидат дел од евентуална мировна мисија во Украина Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:56 0:00 Direct link 240p | 11,2MB 360p | 19,1MB 480p | 33,3MB 720p | 61,0MB 1080p | 99,8MB Формулацијата која ја користат високи извори во Министерството за надворешни работи е дека „земјава не е подготвена за опција за нејзино воено присуство во Украина“. Ваквото позиционирање на официјално Скопје доаѓа во период на силна дипломатска мобилизација кај клучните европски сојузници за поголем ангажман во Украина и сериозното разгледување на опцијата за испраќање трупи, по можното мировно решение, како своевидна гаранција дека Русија нема повторно да нападне. Намерата на владата, според истите дипломатски извори, е земјава, во овој турбуленетен период на искричења меѓу Вашингтон и европските престолнини и „непознатиот терен по кој оди трансатлансткото партенрство“, да се фокусира на регионалната стабилност и, како членка на НАТО, да се насочи на безбедносно зајакнување на источното и јужното крило на Алијансата. Истовремено, Северна Македонија, која досега, по глава на жител, беше еден од најголемите донатори на воена опрема на Украина, како да ја паузира натамошната помош. „Дали ќе има нови пакети на асистенција допрва ќе се решава во координација меѓу шефицата на државата, владата и надлежните министерства“, велат изворите на Гласот на Америка од МНР. Нивните анализи се дека ваквото позиционирање, кое несомнено е дополнително приближување кон новата американска администрација, не е на штета на односите со ЕУ чие членство е стратешка цел на земјата. Ставот е дека и при неодамнешното гласање во ОН – воздржано за европската резолуција за Украина, се опстоило на принципиелна надворешна политика која се темели и на членството во НАТО, усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но и на стратешкото партнерство со САД. „Убедени сме дека ја донесовме вистинската одлука, но и дека сме целосно усогласени со европската надворешна и безбедносна политика“, велат од МНР, тврдејќи дека курсот на владата не е спротивен на европските политики. Тоа, нешто подоцна, го кажа и премиерот, но и потенцираше дека Македонија се позиционира со САД. Убеден сум дека ние треба да се позиционираме со нашиот стратешки партнер, убедени сме дека тоа е правецот во кој треба да се движиме. Во име на тоа беше нашата поддршка за резолуцијата на САД во ОН. Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија „Наша стратешка цел е членство во ЕУ, но наш стратешки партнер се САД и тука никој да нема дилема. Она што очекувам во иднина е се повеќе европски политичари да бараат средба со претседателот Трамп и ќе бараат начин како да се стави крај на овој конфликт предизвикан од руската агресија. Убеден сум дека ние треба да се позиционираме со нашиот стратешки партнер, убедени сме дека тоа е правецот во кој треба да се движиме. Во име на тоа беше нашата поддршка за резолуцијата на САД во ОН.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Проценките на официјално Скопје се дека честите посети на Вашингтон и блиските релации со администрацијата на Доналд Трамп не само што ќе значат продолжување на поддршката на САД за евроинтеграциите, туку и дека ќе донесат поконкретна асистенција во ЕУ-процесот кој е блокиран зашто уставните измени за внесување на Бугарите, услов усогласен во 2022, не се завршени. Изворите на Гласот на Америка не сакаат да коментираат дали нешто конкретно било договорено за време на посетите на Вашингтон. Во однос на Бугарија, останува ставот дека македонската влада сака дијалог и е отворена за разговор, но и да има, како што се брифира, поголема предвидливост и гаранција дека и по евентуални уставни измени ќе нема нови билатерални прашања. Затоа, според дипломатите, решението на ќор-сокакот се бара низ „уставни измени со одложено дејство“....
НАТО вежба во Романија, без САД
Глас на Америка - пред 19 дена
Во Смардан, Романија, на околу 50 километри од молдавската и украинската граница, европските сили на НАТО ја спроведуваат најголемата воена вежба: „Непоколеблива стрела“, 2025. Десет илјади војници од девет земји на НАТО учествуваат во овие вежби. Војници на НАТО од „Сојузничките сили за реакција“ ја тестираат својата сила и брзина додека тренираат за зајакнување на источното крило на НАТО без армијата на САД. Операцијата ја води 1-та дивизија на Британија, продолжувајќи го долгогодишното лидерство на Алијансата. Романија, заедно со Бугарија и Грција се домаќини на вежбите. „Многу е важно затоа што е прва обука на кој вежбаме распоредување на сојузничките брзи сили. Горд сум што овој настан е во Романија. Исто така, важно е да фокусираме на интероперабилноста меѓу нашите војници, меѓу нашите единици“, вели генералот Георгита Влад, шеф на одбранбените сили на Романија. За војниците на теренот, вежбата е тест за единството, издржливоста и способноста на НАТО во близина на границата на активната војна во Украина. Во овој регион паднаа и руски дронови и ракетни остатоци насочени кон Украина. Илјадници војници се обучуваат при сложени борбени сценарија и координираат маневри низ источното крило на НАТО. Како дел од вежбата, повеќе од 700 воени возила беа транспортирани по копно, воздух и море за да се тестира способноста на НАТО - брзо да распореди сили во реални услови. Вежбата се совпаѓа со третата годишнина од руската инвазија на Украина, каде што борбите предизвикаа брзо развивање на воените тактики и способности. „Војните секогаш се прилагодуваат и се менуваат, и како што забележавте, војната со беспилотни летала е значаен нов додаток. НАТО студира и тренира за тоа и се прилагодува со нови способности“, рече Адмирал Стујард Мунш, командант на поморските сили на САД за Европа и Африка. Командантот вели дека сојузничките нации носат и своја експертиза. „Тоа го правиме во НАТО, а исто така и дел од новата опрема што ја донесовме. Сите нации, поединечно - за своите национални цели - се многу активни во развивањето на овие нови капацитети“, доава Мунш. Европските сојузници велат дека вежбите им помагаат на војниците да научат да работат без учество на американските колеги, иако САД велат дека остануваат посветени на НАТО Алијансата. „САД беа основачка членка на НАТО, долго време беа лидери во НАТО. Секретарот Хегсет рече дека иако можеби се потребни некои промени, ние сè уште сме целосно посветени кон НАТО“, додава Мунш. Во меѓувреме, вежбите покажуваат дека НАТО ја зајакнува својата источна одбрана, ѝ е подготвен за секаков предизвик....
Додека мажите се во војска: Сè повеќе жени работат во рудниците во Украина
Глас на Америка - пред 19 дена
На 235 метри во ова рударско окно, многу работнички жени во Украина работат на нови пробивања. Олена е заедно со рударите. Таа со лифт ги спушта и крева нив но, и товарот. „Прочитав оглас во кој пишуваше дека се потребни работници и веднаш се пријавив“, вели Олена, која работи тука една и пол година. „За да се расположам себеси и другите рудари, ги нацртав овие смешни цртежи. Кога уморните рудари се враќаат дома од смена, ги гледаат и сите почнуваат да се смеат“, додава Олена. Настија се спушта длабоко во тунелот за да стигне до нејзиниот работен простор. Таа управува со жичарница што ги превезува рударите подолу низ рудникот. „Роднините беа шокирани бидејќи порано само мажите работеа како рудари. Но, со ситуацијата во Украина, помагаме колку што можеме“, вели Настиа. Целосната руска инвазија предизвика недостаток на работна сила во украинските рудници, бидејќи многу мажи беа мобилизирани. Приватната енергетска компанија ДИТЕК, која поседува рудници во регионот на Дњепропетровск, бележи драматичен недостиг на кадар. „Пред 2022 година во рудниците ДИТЕК работеа околу 20 илјади луѓе. Во вооружените сили на Украина во моментов има 3.500 лица. Ова е бројот на вработени што е еквивалентен на еден цел рудник“, вели Јевен, главен инженер. Компанијата започна да вработува жени летото 2022 година - откако украинскиот парламент ја паузираше забраната за жените да работат на тешки и опасни подземни работни места. „Ги анализиравме работните места кои можат да ги привлечат жените, како да ги обучиме. Беа потребни околу три месеци за обука. Исто така, поставивме и цел да не ги вклучуваме жените во особено физички тешки работи“, додава Јевен. Жените управуваат со патиштата, доставуваат рудари на нивните работни места, го контролираат квалитетот на воздухот и вршат поправки, како Олена. „Денес ги заменивме ролерите на транспортерот. Го отстранивме овој ролер... гледате во каква состојба е - и инсталиравме нов“, посочува Олена. Како што жените ги исполнуваат ваквите работни места, мажите се префрлаат во други делови од рудникот каде што работата е поопасна и физички потешка. „Јас управувам со оваа машина што ја транспортира карпестата маса што се извлекува од тунелите. Воопшто не е тешко, тоа само возење на машината“, вели Ирина. Ирина вели дека оваа работа е стабилна и добро платена, и додава дека, тоа и дава можност да придонесе за енергетската стабилност на Украина. „Да бидам искрена, да нема војна, јас не би ја избрала оваа работа. Но, во моментов, секој од нас Украинците се обидува да ја поддржи нашата победа“, посочува Ирена. Многу од машките рудари, како Ихор, ја поздравуваат помошта. „На почетокот на целосната инвазија, моравме да работиме две смени по ред. Сега работниот тек е подобар. Имав стереотипи, но сега гледам дека жените одлично се снаоѓаат во рудникот“, вели Ихор. Според ДИТЕК, 550 жени работат во рудниците на компанијата....
Иле Михајловски, наставник во листа на најдобрите во светот: Ме држи тоа што го чувам детето во себе
Глас на Америка - пред 19 дена
„Неколку работи кои мене ме движат. Да си ја сакаш работата која си ја работиш. Да веруваш во себе и она што мене најмногу ме држи на мои 52 години е да си го чувам детето во себе. Ако тие работи, јас ја велам златна тројка се присутни во секој ден, нема момент да не бидеш успешен“, тоа се трите работи потребни за да се биде добар педагог и едукатор, вели Иле Михајловски од Свети Николе, кој неодамна се најде во групата на 50 најдобри наставници во светот, како дел од светскиот избор (Global Teacher Prize) кој се организира деветта година по ред. Само тројца од нив биле од Балканот. Вели дека до оваа престижна листа се доаѓа не така лесно. Бил номиниран од блиска личност, но поминал низ сложен процес на аплицирање и интервјуа. Embed share Одделенскиот наставник Иле Михајловски од Свети Николе е меѓу најдобрите во светот Embed share The code has been copied to your clipboard. width px height px Споделете на Фејсбук Споделете на Твитер The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:04:37 0:00 Direct link 240p | 13,3MB 360p | 22,5MB 480p | 43,4MB 720p | 71,1MB 810p | 108,3MB „Самата апликација која е во електронска форма содржи 10 прашања на англиски јазик со лимитиран фонд на зборови,10 опции за прикачување на докази и тука е можеби проблемот и тежината што да издвоиш, што да вклучиш, а што да исклучиш“, посочува Михајловски. Да веруваш во себе и она што мене најмногу ме држи на мои 52 години е да си го чувам детето во себе Иле Михајловски, одделенски наставник Оваа година имало повеќе од 5000 пријавени кандидати од 89 држави. Најдобрите 50,меѓу кои и Иле на почетокот на февруари во Дубаи присуствуваа на финалето, на глобалната награда за наставници (Global Teacher Prize), која ја доделува Фондацијата Варки од Англија, поддржани од образовната мрежа Gems education и УНЕСКО, каде победникот доби награда од 1 милион долари. „Она што мене ме радува е што сите ние 50 финалисти веќе сме амбасадори на Варки фондацијата и нештата допрва започнуваат за нас. Патување по светот, вклучување во ред образовни промени како такви и ова големо семејство на амбасадори, ја имаат клучната улога во создавање на позитивни промени во образованието насекаде во светот“, вели Михајловски. Го прашавме каде е македонското образование на светската мапа. Вели потребни се измени на образованиот систем со вклучување на социјалниот и економскиот аспект, како и инкорпорирање на светската технологија. „Не сме на дното, но дека котираме високо не. Материјално од она што го видов, нашиот образовен систем стои прилично ниско. Она што значи условите кои се нудат во образованието, колку наставниците се поткпрепени со сите наставни средства кои им се потребни. Ние по многу предмети се уште немаме учебници. Сериозно треба да се работи“, посочува Михајловски. Веќе има понуди за учество во проекти на светско ниво, од каде сака искуствата кои ќе ги стекне, да ги пренесе и инкорпорира во македонскиот образовен систем. „Дали ќе бидам повикан од нашето министерство за образование, дали ќе бара сугестии, му стојам на располагање. Но ќе кажам дека Македонија изобилува со квалитетни наставници, кои можат да бидат двигатели на образовниот процес и на измените во иднина“, истакнува наставникот. Она што најмногу му смета е партизацијата на општеството, која е присутна и во образованието. „Во секое едно општество, во секоја една држава, политиката треба да се тргне од образованието, ако сакаме да имаме квалитетно и стабилно образование“, додава Михајловски. Михајловски, кој 30 години работи како одделенски наставник во ОУ„Кирил и Методиј“во Свети Николе, жали за деновите кога училниците беа полни со ученици. „Мојата прва генерација беше 33 ученици. Се зголеми до 35 истата. Во моментов имам 20, а сега се 17 ученици. Што значи дека три се отселија. И она што за секој Македонец, кој остана да живее тука, најболната точка е дека младите не се мотивирани да останат овде, ја напуштаат државата, се отселуваат голем број на семејства. Нашиот град е еден од многуте кој останува празен“, истакнува Михајловски. Михајловски во 2019-та година се стекна и со признанието за најдобар наставник во поранешна Југославија, кое го доделува истоименото здружение. Познат е како хуманист, добротворец, организатор на бројни хумани мисии. Сака да биде пример за останатите колеги, сите заедно да бидат двигатели за подобро утре на македонското образование....
Републикански законодавци во Конгресот по обраќањето на претседателот Трамп: Враќање на американскиот сон
Глас на Америка - пред 20 дена
Во обраќањето во Конгресот, претседателот Трамп ја изложи својата визија за клучните прашања со кои се соочува земјата. Дописничката на Гласот на Америка од Конгресот, Кетрин Гипсон, разговараше со законодавците за плановите на Трамп за економијата, имиграцијата и надворешната политика на САД. Во своето прво обраќање до Конгресот во неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп им даде на американските законодавци план за годините што следат. Ќе ја направи Америка повторно просперитетна, повторно безбедна и ќе ни го врати американскиот сон што го загубивме под администрацијата на Бајден. Моника Де Ла Круз, републиканска конгресменка Републиканските пратеници ја пофалија таа визија. „Тој ќе продолжи да ја обезбедува границата. Ќе ја направи Америка повторно просперитетна, повторно безбедна и ќе ни го врати американскиот сон што го загубивме под администрацијата на Бајден“, изјави републиканската конгресменка Моника Де Ла Круз. „Ракавиците се симнати, но навистина се работи за тоа да се симнат ракавиците за Америка, бидејќи оптимизмот што тој го носи и политиката што ја поставува, тие, едноставно имаат смисла“, изјави републиканскиот конгресмен Даг Ла Малфа. „Едно нешто што Доналд Трамп не го спомна беше вистински, сериозен план за намалување на трошоците, нешто број еден што Американците најмногу сакаа да го слушнат. Наместо тоа, Доналд Трамп ги удвои своите планови да ги испрати трошоците вртоглаво растат со започнување на трговска војна со Канада и Мексико, изјави Чак Шумер, лидер на малцинството во Конгресот. Еден републиканец во Претставничкиот дом изјави за Гласот на Америка дека царините ќе ја вратат економската сила на Америка. „Ќе ги вратат компании кај нас, и ќе ги поевтинат производите, затоа што ќе бидат токму тука, во Соединетите држави“, оцени републиканецот Мајк Колинс. Републиканците, исто така, изјавија за Гласот на Америка дека нивните гласачи сакаат Конгресот да ги обнови даночните намалувања во 2017 година. Хаким Џефрис, највишиот по ранг, демократ во Претставничкиот дом, ги критикуваше буџетските намалувања на републиканците коишто можеби ќе треба да ги усвојат тие даночни кратења. „Републиканците не се обидуваат да ја обединат земјата. Не растргнуваат. Републиканците не се обидуваат да ја придвижат Америка, напред. Сакаат да го вратат часовникот назад“, изјави Џефрис. Американските законодавци, исто така, внимателно го следат статусот на односите меѓу САД и Украина. Републиканците рекоа дека писмото од украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кое се нуди повторно отворање на преговорите со САД, е резултат на цврстиот став на Трамп. „Очигледно писмото го премислил и рекол: „Знаеш што? Можеби претседателот Трамп е најважниот и најмоќниот човек на светот, а јас не сум, и можеби не можеме да победиме во војна без Соединетите држави“, изјави републиканецот Рајан Зинке. Но, еден демократ од Претставничкиот дом изјави за Гласот на Америка дека е загрижен за состојбата на теренот. „Мислам дека треба да ја поддржиме Украина; тие се клучен сојузник. Презедовме обврски кон Украина што треба да ги исполниме и верувам дека ќе го испочитуваме зборот на Америка“, изјави конгресменот Адам Греј. Вниманието на американските законодавци сега е свртено кон финансирањето на американската влада по крајниот рок на 14 март....