Виц на денот: Икање
Слободен Печат - пред 44 минути
Влегува маж во аптека: – Здраво, дали имате нешто против икање? Аптекарот му удира една шлаканица. – Зошто ме удривте? – Тоа беше бесплатен лек, икате сега? – Не икав ни пред тоа, за жена ми прашував. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber...
Денес се празнува: Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски
Слободен Печат - пред 1 час
Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување, за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од свети Јован Златоуст. Но, сепак, аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од Антиохија. Кога умре злиот син на цар Константин, Констанциј, се зацари еден уште полош од него, Јулијан Отстапник. Во времето на Јулијановото гонење на христијаните свети Евсевиј го слече свештеничкото расо и се облече во војничко руво, па така ги обиколуваше гонетите цркви по Сицилија, Финикија и Палестина, секаде утврдувајќи ја православната вера и поставувајќи свештеници, ѓакони и сиот потребен клир, а некаде дури и епископите ги поставуваше тој. По гласовитата погибел на Јулијан, свети Евсевиј го посоветува Мелетиј да го повика Соборот во Антиохија, во 361 година. Присуствуваа дваесет и седум архиереи, уште еднаш беше осудена аријанската ерес, а се прогласи православната вера онака како што беше изразена на Првиот Вселенски Собор. Покрај Мелетиј и Евсевиј, на овој Собор особено се забележуваше свети Пелагиј Лаодикиски, прочуен девственик и подвижник. Овој Собор беше во времето на благочестивиот цар Јовинијан. Но, тој цар набрзо умре, а се зацари свирепиот Валент, со којшто повторно кон Православието се наврте прогонство. Свети Мелетиј беше прогонет во Ерменија, Евсевиј во Тракија, а Пелагиј во Арабија. По Валент се зацари Грацијан, кој ѝ даде слобода на Црквата и ги врати од прогонство архиереите на нивните места. Така се вратија: Мелетиј во Антиохија, Евсевиј во Самосат, а Пелагиј во Лаодикија. Во тоа време голем број епархии и парохии беа како вдовици, па Евсевиј ревнуваше да му најде на народот благочестиви пастири. Но кога дојде во градот Долихин со избраниот епископ Марин, за да го востоличи новиот архиереј, а да ја изобличи ариевската ерес којашто во овој град имаше голем замав, еден еретик-фанатик фрли од покрив ќерамида врз чесната глава на свети Евсевиј и опасно го рани. Од оваа рана големиот свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство. Пострада во 379 година. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber...
Ракометарите против Србија ќе играат за бронзата на Медитеранските игри
Слободен Печат - пред 7 часа
Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Србија во натпреварот за третото место на Медитеранските игри што се играат во Оран, Алжир. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Селекцијата на Србија вечерва во второто полуфинале на Медитеранските игри загуби од Шпанија со 42:38. Првото полувреме заврши со предност од еден гол за Шпанија (22:21), а во второто полувреме „фуријата“ одлучувачката предност ја направи во последните 15-тина минути. Натпреварот за третото место меѓу Македонија и Србија ќе се игра в среда со почеток од 12.часот, додека во финалето ќе се сретнат селекциите на Шпанија и Египет....
Чави прецрта шест фудбалери на Барселона за следната сезона
Слободен Печат - пред 8 часа
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез пред стартот на подготовките за новата сезона, одлучи да отпише шест фудбалери на кои нема да смета во иднина. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Според шпанските медуими, тоа се Рики Пуиг, Нето, Оскар Мингеза, Клемен Ленгле, Самуел Умтити и Муса Важ. Фудбалерите добиле рок од седум дена пред стартот на подготовките, да си побараат нови клубови. Ленгле вво Барселона пристигна во 2018 година од Севиља, Умтити е член на каталонскиот тим од 2016 година кога дојде од Лион, додека Важ пристигна во 2018 година од белгиски Еупен, Нето е во Барселона од 2019 година. Последните двајца фудбалери на кои Чави нема да смета во иднина, Мингеза и Пуиг се продукт на „Ла Масија“, академијата на Барселона....
Милевски: Ако утре се одлучува на Влада за францускиот предлог, ќе гласам против
Слободен Печат - пред 8 часа
Претседателот на ЛДП Горан Милевски вечерва изјави дека доколку утре се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Ние уште немаме одлука на партиските органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава“, изјави Милевски за ТВ24 после средбата со претседателот Стево Пендаровски....
ВИДЕО | Деца го украсиле своето куче со налепници: Не е воодушевен
Слободен Печат - пред 8 часа
Децата секогаш наоѓаат начин да се забавуваат со домашните миленици. Нивната игра може да тргне во погрешна насока ако кучето бескрајно сака деца и ги остава да прават што сакаат со него – како во овој случај. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Често, децата знаат да ги шараат кучињата со најразлични бои до тој степен што нивното крзно е целосно шарено или слично. Неодамна на „ТикТок“ беше објавено видео на кое се гледа како децата го украсуваат своето куче со налепници. Сопственикот го снимил кучето кое седи пред огледало, а неговиот поглед кажува сè – не е воодушевен од детската декорација. Видеото е прегледано повеќе од милион пати. „Кучето се гледа во огледало и си вели: „нема да плачам, нема да плачам“, „Ова куче ќе раскрсти со децата“, „Но, изгледа одлично“, „Моите деца го офарбаа нашиот мачор! Се свртуваше за да продолжат на другата страна… Му се допадна“, „Се надевам лесно ќе се отстранат“, „Погледот вели: Видете што ми направија вашите деца“, се само дел од коментарите. @cactusshark888 Someones pouty 🐶 #dogsoftiktok ♬ Funny Song – Cavendish Music...
ВИДЕО: Хулиганите на Олимпија влетаа на прес-конференција и го избркаа новиот тренер
Слободен Печат - пред 8 часа
Неколку хулигани „Грин драгонс“, навивачка група која навива за Олимпија Љубљана, упаднаа на прес-конференцијата на новиот тренер Алберт Риера, кој е поранешен играч на Ливерпул и кој го замени Роберт Просинечки на клупата и му порачаа дека не е добредојден. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Green Dragons so vdrli na tiskovni konferenco Olimpije in izgnali novega trenerja ter sporočili: Tukaj niste dobrodošli https://t.co/LxVP4VTsuj #Olimpija #AdamDelius #AlbertRiera #GreenDragons pic.twitter.com/4Ux85hvOQz — Nogomania.com (@Nogomania) July 4, 2022 Шпанецот беше збунет и изненаден од нивниот упад во официјалната презентација, хулиганите му порачаа дека не е добредојден тука,по што Риера стана и ја напушти просторијата. Na novinarski konferenci NK Olimpije je pestro. pic.twitter.com/MuL9yxj8oG — Sportklub Slovenija (@Sport_Klub_Slo) July 4, 2022 Шпанецот денеска и официјално го замени Роберт Просинечки на клупата кој по само три месеци си замина од словенечкиот клуб поради несогласувања со управата. Навивачите застанаа на негова страна и веќе протестираа против актуелната управа....
Османи го претставил францускиот предлог пред Стратешкиот совет на МНР
Слободен Печат - пред 8 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030, се вели во соопштение од министерството. „Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што соопшти МНР, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори, велат од МНР. „Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење“, нагласи Османи, информира во соопштение МНР. Од МНР истакнуваат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
Маричиќ: Нема начин да ни се наметнат решенија за историските прашања
Слободен Печат - пред 8 часа
„Од 2017 година па досега, нашата борба беше да ја оставиме историјата на теренот на историчарите и токму тоа е целта и на билатералниот Протокол, меѓутоа и на целиот процес, историјата да се остави на историчарите каде што на паритетна основа со разумни аргументи, со научни аргументи и нормално во една разумна динамика ќе постигнат или нема да постигнат некаков договор во однос на одредени прашања“, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на МРТВ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Доколку историските прашања би биле репер или беа репер, Маричиќ појасни дека тогаш тие би биле дел од процесот на „бенчмаркинг” или креирање на конкретни задачи и додаде дека нема основа, нема ниту правна, ниту политичка основа такво нешто да влијае формално како критериум за напредок во разговорите. „Не постои основа во оваа преговарачка рамка изнаоѓање на решение за кој било историски лик да биде критериум за тоа дали можеме да одиме напред или не. Затоа постои преговарачката рамка која е основа на која се цени нашиот напредок. На ниту еден начин не може да ни се наметне решение, по кое било прашање од историјата“, посочи вицепремиерот. Во оваа насока, Маричиќ рече дека Бугарија имала различна позиција во првичната рамковна позиција од оваа денес, а дека ние имавме проблем повеќе години како да се дојде до оваа точка на рационализација. „Ние, кога го почнавме овој процес, рековме сакаме достоинствено решение, сакаме решение кое ќе се базира на балансиран компромис и решение кое ќе се темели и заснова на Европските вредности. Сето она што го имаме во овој пакет ги исполнува овие услови“, заклучи Маричиќ....
ДУИ го осуди насилството: Проруските партии ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација
Слободен Печат - пред 9 часа
„Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието“, соопшти вечерва ДУИ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција“, се вели во соопштението. „Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните. Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас“, додаваат од ДУИ....
18-та гренд слем победа по ред за Надал за четвртфинале на Вимблдон
Слободен Печат - пред 9 часа
Рафаел Надал е последниот учесник во четвртфиналето на 135-то издание на Вимблдон откако во три сета со 6:4,6:2,7:6 го победи Ботик ван де Зандшулп. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Ова воедно беше 18-та победа по ред за Надал на гренд слем турнирите, Шпанецот претходно триумфира на Австралија Опен и Ролан Гарос. Противник во четвртфиналето на Надал ќе му биде Тејлор Фриц кој исто така во три сета и многу лесно, го надигра Џејсон Кублер од Австралија со 6:3, 6:1,6:4. Мечот започна со атрактивен поен, но Ван де Зандшулп држеше чекор со агресивниот Шпанец, и така беше се до 10. гем во првиот сет Надал прави брејк за водство од 1:0 во сетови. Надал во вториот сет го искористи падот во играта на противникот и славеше со убедливи 6:2. Во третиот сет, Ван де Зандшулп започна добро и направи брејк во првиот гем, но Надал веднаш направи ри-брејк. Шпанецот потоа направи уште еден брејк и дојде до можност да сервира за триумф при 5:3 во гемови. Но, Ван де Зандшулп успеа да преживее, да направи брејк и потоа со сигурен сервис да го однесе сетот во тајбрејкот. Во него, Надал имаше три меч топки при 6:3, но Холанѓанецот не се предаде и успеа да се врати на 6:6. Сепак, во тие моментии квалитетот дојде до израз и Шпанецот го заврши мечот со освоени два поени по ред. Во женска конкуренција, Французинката Ализ Корне која во претходното коло ја исфрли првата носителка Ига Швјонтек, сега загуби од Ајла Томљановиќ во три сета со 6:4,4:6,6:3. Затоа сигурен настап имаа Симона Халеп која на Паула Бадоса и дозволи да освои само три гема, као Аманда Анисимова со 6:2,6:3 беше подобра од Тан....
Сопругот на Гоца Тржан сака да снима порно филм со пријателка: Дали пејачката го поддржува?
Слободен Печат - пред 9 часа
Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ веќе извесно време снимаат сопствено реално шоу под наслов „Мојот совршен брак“. Нивниот приватен живот е пред очите на јавност може да види како функционираат како пар, притоа откривајќи непознати детали за себе. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber View this post on Instagram A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) Сопругот на пејачката, Раша ги изненади гледачите со своето признание кое никој не го очекуваше. „Имав идеја да снимам филмови за возрасни со моја пријателка. Гордана не ме поддржува, иако не би имал ништо со тие жени“, рече Раша. View this post on Instagram A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) „Мислам дека човек не е лош ако ја има таа желба. Кај нас тоа е секако криминал, но јас би сакал само да го произведам сето тоа“, додаде Раша....
ГАЛЕРИЈА: Фотографии од вечерашниот протест пред Собранието и Владата
Слободен Печат - пред 9 часа
Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир против францускиот предлог, кој е дел од протестите организирани од опозицијата, кои се одржаа трет ден по ред. Протестот помина во тензична атмосфера, а беше и на раб да ескалира во поголемо насилство кога дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда пред Владата и го потиснаа полицискиот кордон, притоа гаѓајќи ги полицајците и зградата на владата со шишиња, јајца и камења. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Дел од насобраните потоа се преселија пред Собранието, каде исто така ја турнаа заштитната ограда и гаѓаа со јајца, но и пееја патриотски песни, извикуваа „Оставка“ и навредливи слогани за претседателот и премиерот. Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Фото: ВМРО-ДПМНЕ Фото: ВМРО-ДПМНЕ Фото: ВМРО-ДПМНЕ Фото: ВМРО-ДПМНЕ Фото: Алсат М Дел од медиумите објавија и слики од луѓе со фантомки на протестот. Фото: Локално.мк Фото: Локално.мк Фото: Твитер...
Српските кошаркари загубија добиен натпревар и си го закомпликуваа пласманот на СП
Слободен Печат - пред 9 часа
Кошаркарската репрезентација на Србија се наоѓа на добар пат за прв пат по последните 30-тина години да го пропушти настапот на Светско првенство откако вечерва загуби добиен натпревар. Србија загуби со 73:74 од Белгија во Ниш, на натпревар кој започна вчера, а се доигра вечерва. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Србија првата фаза ја заврши со три порази и трето место во Групата А поради што во следната фаза од квалификациите, во новофорираната група ќе пренесе најмал број на поени. Имено, Летонија и Грција во новоформираната група 1 ќе пренесат по седум бода, Белгија и Турција ќе имаат по шест, а Србија и Велика Британија по пет. Дополнителен проблем за Србија е тоа што и Летонија и Белгија имаат подобар скор во меѓусебните натпревари и во случај на идентичен број освоени бодови, предност на табелата ќе имаат токму овие две селекции, а пласман на СП обезбедуваат првопласираните три репрезентации во групата. Спрските кошаркари вечерва загубија добиен натпревар бидејќи на неполни седум минути до крајот имаа предност од 11 поени(68:57). Но, потоа следуваше голем пад во играта и до крајот Србија даде само пет поени, сите преку Огњен Јарамаз, а прими дури 17. Белгијците на 38 секунди до крајот преку поените на Емануел Лекомт поведоа со 73:74, по што Вања Маринковиќ промаши шут за победа на 10 секунди до крајот....
Војдан Стојановски: Горд сум на прикажаната игра на помладите кошаркари
Слободен Печат - пред 9 часа
Војдан Стојановски се врати во македонската репрезентација но не можеше да го избегне поразот од Украина во квалифкациите за СП 2023. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Стојановски натпреварот го заврши како втор стрелец во македонската репрезентација со 15 постигнати поени, а по натпреварот изјави дека е задоволен од прикажаната игра на помладите репрезентативци. – Лошо почнавме, примивме 35 поени во првата четвртина. Потоа се вративме и покажавме карактер дури и кога губевме со двоцифрена разлика. Бевме блиску до победата, но не успеавме – таков е спорт. Секоја чест на момците, горд сум на тоа што го прикажаа, за начинот на кој се бореа. Таквото гинење е единствениот начин на кој се игра кога се носи репрезентативниот дрес – рече Војдан Стојановски....
Четири „опасни“ датуми во јули за сите хороскопски знаци: Не започнувајте ништо ново на овој ден
Слободен Печат - пред 10 часа
Астролозите велат дека во јули нè очекуваат четири предизвикувачки денови. Подгответе се за многу турбулентен период во кој ќе има многу промени. Еве кои се најпредизвикувачките денови според хороскопот во јули! Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber 5.7. – Негативни транзити на Марс и Меркур Ова е најопасниот ден во месецот. Во исто време ќе се случат два важни астролошки настани – Марс преминува во знакот Бик, а Меркур во знакот Рак. И двата настани ќе ги „свртат“ планетите против нас. Марс ќе остане во Бик до 19 август, а за тоа време многумина ќе станат сомнителни, недоверливи и малку исплашени. Во повеќето случаи, сите овие стравови ќе бидат неосновани. Меркур во Рак е опасен, бидејќи ќе станеме летаргични, донекаде незаинтересирани и безволни. Поради сето ова, 5 јули ќе биде најлошиот ден за работа и за какви било почетоци. Побарајте го вашето безбедно засолниште, каде што се чувствувате опуштено и безгрижно, за да ви помогне да го пребродите овој период. 13.7. – Супер Месечина Супер Месечината е најопасниот тип на полна месечина. Ќе биде толку блиску до Земјата што исто така ќе биде многу впечатлива и поголема од вообичаено. Исто така, ќе има посилно влијание врз нашите животи, среќа и расположение. Месечината на 13 јули ќе биде во Јарец, а како резултат на тоа ќе бидеме малку поповлечени и свртени кон себе. Повеќе ќе ни одговара времето да го поминуваме сами отколку во друштво. 16.7. – Конјукција на Сонцето и Меркур Конјукцијата е негативен аспект кој најчесто се јавува помеѓу Сонцето и Меркур, бидејќи тие се секогаш на иста страна на Земјата. Астролозите советуваат да не ја напуштате својат зона на удобност на овој ден, да не одите далеку и да не трошите многу пари. Луѓето на кои суетата им е силна страна би можеле да изгубат сè што стекнале во последно време. 28.7. – Почнува ретроградното движење на Јупитер Последниот опасен ден од јули е денот на почетокот на ретроградната фаза на Јупитер. Планетата ќе остане на оваа позиција до 24 ноември. Во текот на овие месеци може да се случат многу непријатни работи. Можеме да ја изгубиме моќта на интуицијата, да станеме алчни и бескомпромисни. Најверојатно на 28.7. ќе го почувствувате првиот бран на негативна енергија, изразен во форма на чувства на вознемиреност и недостаток на мотивација....
Не е време да се делиме на патриоти и предавници, вели Арбр Адеми
Слободен Печат - пред 10 часа
Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Арбр Адеми, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека протестите се загарантирани со Устав и доколку се организираат во рамките на законите, секогаш е дозволено да се изрази револт. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Во вакви околности, не очекував протести, дека четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ. Во протоколот е во насока на имплементација на еден дел од договорот зсо Бугарија, кој не е дел од Преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство, протестот треба да биде исконтролиран. Се работи за наш имот и нне треба да оставиме лоша слика. Имаме лажни пропафанти и партиски пропаганди Не е време да се делиме на патриоти и предавници“, рече Адеми....
СДСМ: Ова е обид за повторување на насилството од 27 април
Слободен Печат - пред 10 часа
„Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието“, соопшти вечерва владејачкиот Социјалдемократски сојуз. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не ѝ мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“, се вели во соопштението....
Бајиќ: Македонија со нов натурализиран Американец ќе биде 30 отсто посилна, ако јас сум главниот проблем тогаш тоа веднаш ќе го решиме
Слободен Печат - пред 10 часа
Кошаркарската репрезентација на Македонија со шест порази во шест натпревари ги заврши настапите во квалификациите за пласман на СП 2023 што ќе се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Последниот пораз е доживеан во СЦ „Борис Трајковски“ од Украина (68:73), а селекторот Драган Бајиќ смета дека репрезентацијата би била посилна за 30 отсто со натурализиран американски плејмејкер. – Горд сум на овие момци што ги тренирав, а очигледен проблем е што овие кошаркари имаат поголема минутажа во репрезентацијата отколку во своите клубови. Тоа не е добро за репрезентацијата. Кога дојдов не бев запознаен со ситуацијата во македонската репрезентација, како што реков сериозен проблем е кога играчите повеќе ви играат во репрезентацијата отколку во нивните екипи. Можеби и порано требало да се тргне во некој процес на подмладување. Ние и минатото лето направивме огромна работа кога без осум-девет играчи покажавме карактер и квалитет и се пласиравме во овие главни квалификации. Ни недостига американски плејмејкер, со кој би биле 30 отсто посилни. Ова е долгорочен процес, кој ќе биде болен, бидејќи и самата криза е долгорочна. Предолго просекот на репрезентацијата беше над 30 години, според мене некогаш мора да дојде до подмладување дури и ако тоа значи жртвување на резултатот. Ситуацијата е таква, при секој нов собир треба да вадиме по некој друг млад играч – рече селекторот Бајиќ. Со завршувањето на квалификациите во кои беа забележани шест порази од Шпанија, Грузија и Украина, Бајиќ најави дека ќе седне на разговори со челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) по што ќе биде познато дали ќе остане на селекторското столче. – Договорот што го имам како селектор беше врзан со резултатите на овие квалификации. Треба да седнам на маса со челниците на Федерацијата, за кои можам да кажам само најдобри работи. Толку пријатно се чувствувам овде кога и да дојдам, имав и сериозни здравствени проблеми и операција на грбот. Јас го ризикувам здравјето, сакам да останам селектор бидејќи не можам да им кажам дека повеќе нема да бидам селектор. Последниот збор сепак ќе го имаат челниците на федерацијата. Ако некој мисли дека јас сум главниот проблем, дека кошарката ќе процвета, тоа веднаш ќе го решиме – вели Бајиќ. Кошаркарите најблиску до победа во квалификациите беа токму денеска. – Честитки на Украинците за победата. Не победивме, но се надевам дека луѓето кои дојдоа се задоволни од покажаниот карактер. Што се однесува до самиот меч, јасно е дека се реши во првата четвртина во која Украина одигра беспрекорно на шутерски план. Ние не бевме доволно фокусирани во одбраната за да ги запреме. Бевме хендикепирани на центарските позиции, поради што требаше да импровизираме во борбата под обрачите. На полувремето им сугерирав на играчите дека мора да изгинеме на терен, да покажеме карактер, бидејќи мечот не е завршен. Видовте, успеавме да се вратиме, но во одредени моменти можеви имавме пад на концентрација и тоа придонесе вечерва да не триумфираме. Останува тагата што на ниту еден меч од овие квалификации не бевме комплетни, па не можевме да ја почувствуваме вистинската сила на оваа репрезентација – додаде Бајиќ....
Строги правила: Тенисерките мора да носат бело, дури и кога менструрираат за време на Вимблдон
Слободен Печат - пред 10 часа
Со почетокот на Вимблдон, спортистите и спортистките јасно ставија до знаење дека денес повеќе од кога било се подготвени да ги променат прастарите традиции на турнирот, особено оние кои директно негативно влијаат на спортистките, вклучувајќи го кодексот на облекување. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Строгото правило на Вимблдон за целосно бел кодекс на облекување постои уште од викторијанската ера, но сега е доведена во прашање неговата одржливост. Правилото првично било спроведено затоа што секоја трага од пот се сметала за непристојна или несоодветна. Елис Мертенс / Фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN Замислете само колку е тешко да се почитува оваа традиција кога сте жена и имате менструација за време на турнирот? Стравот на тенисерките дека на белата облека за време на мечот може да се види менструална крв отсекогаш владеела, но никој не зборувал за тоа. „Не можам да замислам на најголемиот ден во мојот живот, за време на менструација, да морам да носам бело“, изјави спортската репортерка Кетрин Витак во интервју за британски „Телеграф“. Поранешната тенисерка и олимписка шампионка Моника Пуиг како одговор на дискурсот, на твитер го коментираше стресот што го доживуваат тенисерките додека се облечени во бело за време на турнир. Моника Пуиг, 2019 година / Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA Сегашниот кодекс на облекување целосно го игнорира влијанието што менструацијата може да го има врз спортистките. Само минатиот месец, тенисерката Женг Кинвен откри како менструалните грчеви влијаеле на нејзината изведба. По катастрофалниот пораз на Зенг од Ига Свиатек на Ролан Гарос, таа им рекла на новинарите: „Не можам да играм, премногу ме боли стомакот“, според Си-Ен-Ен. „Би сакала да бидам маж на теренот, за да не морам да страдам од стомачни болки. Мислам дека би можела повеќе да уживам, подобро да трчам и посилно да удирам“, продолжи таа во изјавата. Ига Свиатек / Фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN Тениската униформа не е единственото нешто што несразмерно ги погодува спортистките. Играчите можат двапати да го напуштат теренот за да одат во тоалет за време на натпреварот (додека тимовите во двојки мора да го поделат доделениот број на паузи). Ограничените паузи за тоалет за време на натпреварот укажуваат и на тоа дека не се земени предвид потребите на жените. Тоа директно укажува дека спортистките мора да носат дополнителна заштита – повеќе влошки или тампони со поголеми димензии, што секако не е решение особено доколку жената е во првите денови од менструацијата. Британската тенисерка Хедер Вотсон за Би-би-си Спорт изјави дека иако ужива во традиционалниот елемент на носење бело, самата помисла да има менструација за време на турнирот е стресна за неа. „Веројатно ќе пијам таблети само за да ја одложам менструацијата за да немам добиено за време на Вимблдон“, изјави таа. Хедер Вотсон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN Секако, секогаш како аргумент може да се користат познатите одговори од типот: „Ако можеа да издржат до сега, зошто сега сето ова. Разгалени“. Одговорот лежи токму во ова – никој не мора да трпи нешто што директно влијае на перформансите и што влијае на психичката и физичката состојба на тенисерите во текот на играта. Тоа што до сега не се зборуваше јавно е само доказ дека живееме во општество кое е неуко и кое сè уште го гледа менструалното и репродуктивното здравје на жената како нешто што мора да се сокрие и за кое таа самата треба да се грижи – во тајност. Според „British Journal of Sports Medicine“, 93% од спортистките пријавуваат симптоми за време на менструацијата, а 67% веруваат дека овие симптоми ги намалуваат нивните перформанси. И не влијае само менструацијата на жените, влошките можат да предизвикаат иритација, а тампоните може да предизвикаат непријатност особено за зголемена физичка активност. Татјана Мариа / Фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN Лековите против болки не се секогаш опција – некои се забранети во спортот затоа што содржат супстанции за подобрување на перформансите, а оние кои земаат одобрени лекови против болки може да доживеат несакани ефекти. Заклучокот е дека сето тоа почива на вековниот кодекс на облекување дизајниран од мажите и правилата што тие ги поставуваат. Можеби жените тогаш не се чувствувале доволно силни да зборуваат во тоа време, но сите актуелни настани покажуваат колку е моќен гласот на жените денес и колку се подготвени да спречат какво било негативно влијание врз нивното здравје и безбедност, секако неизбежно е дека и одговорните мора да одговараат во конкретниот случај.се справи со кога спортистките се бунтуваат на доволен и организиран начин....
ФОТО+ВИДЕО | Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Слободен Печат - пред 10 часа
Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер. Фото: Matthew Hatcher / AFP / Profimedia Фото: Matthew Hatcher / AFP / Profimedia Фото: Matthew Hatcher / AFP / Profimedia Фото: Matthew Hatcher / AFP / Profimedia Извор: МИА ВИДЕО: Осум полицајци во САД застрелаа невооружен Афроамериканец, кој имал 60 прострелни рани...
ВИДЕО: Демонстрантите се пред Собранието, тензиите не стивнуваат
Слободен Печат - пред 10 часа
Поголем дел од демонстрантите кои вечерва се собраа на протест против „францускиот предлог“ пред Владата, каде ја пробија заштитната ограда и фрлаа со шишиња, јајца и камења кон полицијата, околу 20 часот и 30 минути се упатија кон Собранието. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Фото: Фејсбук/принтскрин Пред законодавниот дом исто така е урната заштитната ограда, а насобраните пеат патриотски песни, бараат оставки од властите и целосно отфрлање на европските и бугарските барања. Фото: Фејсбук/принтскрин Денешниот масовен протест, трет по ред, започна во тензична атмосфера, откако денеска опозицискиот лидер Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на најмасовно учество, поради тоа што имал информации дека властите утре ќе го прифатат францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ....
Седлоски: Линколн е незгоден тим, но Шкупи оди на победа
Слободен Печат - пред 10 часа
Тренерот на македонскиот шампион Шкупи, Гоце Седловски, вели дека неговите фудбалери се подготвени за стартот на европската авантура. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Шкупи утре од 20.45 часот во рамки на првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите ќе игра против Линколн од Гибралтар. – Ја подготвувам добро екипата, да го дадеме максимумот да ги одиграме овие 90 минути ова е прво полувреме. Со победа би биле задоволни, имаме незгоден тим, доста агресивен, доста трча и знае да се брани. Ќе излеземе од прва минута како во првенството.Имаме нови 11 играчи, но костурот е задржан. Земавме играчи таму каде што ни требаа и мислам дека Шкупи ќе биде повторно силен. Треба време да се вклопат во екипата, но работевме на тоа на подготовките и се надевам дека ќе бидат подготвени за овој предизвик – рече Седлоски. Капитенот Кристијан Наумовски смета дека Линколн е противник по мерка, но предупредува да не се потцени шампионот на Гибралтар. – Ќе биде привилегија да играме со Динамо, но одиме прво на Линколн и мислиме само на овој двомеч па после ќе мислиме на другите предизвици. Сакаме да го решиме мечот тука и ако имаме шанса ќе ја искористиме. Ќе дадеме се од себе на двата меча – смета Наумовски....
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Слободен Печат - пред 10 часа
Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер. Извор: МИА...
На стадионите во Англија ќе биде дозволено стоење на навивачите од следната сезона
Слободен Печат - пред 11 часа
Клубовите од Премиер лигата и Чемпионшип ќе им биде дозволено да воведат безбедни места за стоење од почетокот на следната сезона откако експериметот што беше спроведен од почетокот на годинава беше успешен, пишуваат англиските медиуми. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Би-би-си пишува дека тима Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Кардиф Сити беа дел од пилот студијата која ја нарача владата на Обединетото Кралство и се очекува тој пример во новата сезона да го следат и други клубови. Брентфорд, Квинс Парк Ренџерс и Вулверхемптон веќе објавија дека на нивните трибини ќе има сектори каде и домашните и гостинскте навивачи ќе можат да стојат. BREAKING: Premier League and Championship clubs will be allowed to introduce licensed safe standing areas from the start of the season. pic.twitter.com/AZDLmM5ig1 — Sky Sports News (@SkySportsNews) July 4, 2022 Сектор без столчиња ќе има дури и на најголемиот стадион во Англија, „Вембли“ на кој ќе се играат финалињата во ФА Купот и Лига Купот. Стадионите на кое се експериментираше беа избрани по процес на аплицирање и мораше да бдат исполнет неколку риготрозни услови како употреба на камери, подобра обука на редарските служби и строго ограничување за навивачите по принципот „едно лице, еден простор“. Англиската влада на почетокот од 1990-тите години забрани места за стоење на стадионите по катастрофата на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд во 1989 година во која загинаа 97 навивачи на Ливерпул. – Навивачите долго време водеа кампања за враќање на секторите за стоење и ние внимателно работевме со навивачките групи, дури и со семејствата кои беа погодени од трагичната катастрофа во Хилсборо – изјави министерот за спорт Најџел Хадлстон....
Врховистите ја барале „главата на Сандански“! (1)
Слободен Печат - пред 11 часа
Јане Иванов Сандански-Старикот е роден во селото Влахи, Мелничко, Пирински дел на Македонија, на 18/31 мај 1872. Завршил втор клас прогимназија во Дупница, Бугарија, а потоа се самообразовал. Како младинец бил политички активен меѓу македонската емиграција во градот Дупница. Бил припадник на оружени чети на Врховниот македонски комитет (ВМК), и со нив во 1895 и 1897 г. влегол во Македонија. Во време на второто влегување, во борба со турската војска, во близина на селото Лопово, Мелничко, во 1897 г. бил ранет во левата рака. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Во 1899 г., преку Никола Малешевски, Јане Сандански се запознал со Гоце Делчев и со Ѓорче Петров и станал приврзаник на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО). Од тој период започнал да соработува и со Димо Хаџи Димов, кој бил еден од идеолозите на социјалистичката мисла во Македонското револуционерно движење (МРО). Оттогаш, постепено се претворил во еден од главните предводници на онаа струја што колоквијално се нарекува „левица во македонското револуционерно движење“. Јане Сандански Пушките да останат во Дупница Уште додека живеел и работел во Дупница, Јане Сандански дошол во судир со претставниците на ВМК од Софија. Имено, заедно со Малешевски, се спротивставиле на намерата на генералот Иван Цончев, одредено количество пушки наменети за МРО, а складирани во Дупница, да се вратат во Софија кај ВМК. Во 1901 г., од Делчев бил испратен за војвода во пограничните региони на Серскиот округ, со задача да агитира во полза на организацијата сред населението и за заштита на организационата територија од навлегување на врховистите. Неговата чeтa преминaлa вo Мaкeдoниja вo апpил 1901 г. и cе зaдpжaлa вo peoнитe истoчнo oд Cтpyмa: гоpнoџyмajcки, рaзлoшки и мeлнички, а како cвoja пoceбнa зaдaчa требало дa гo opгaнизиpa oтпopoт пpoтив вpxoвиcтитe нa caмиoт тepeн. Oттoгaш, пa cè до cмpттa вo 1915 гoдинa, Jaнe Caндaнcки дејствувал како еден од раководителите на МРО во Серско, односно на голем дел од Пиринскиот и источниот Егејски дел на Македонија и caмo повpeмeнo ja нaпyштaл Мaкeдoниja. Јане Сандански и Александар Бујнов Уште во времето на своето почетно дејствување како војвода, Сандански непрестано ja иcтaкнyвaл пoтpeбaтa oд caмocтojнocт вo бopбaтa, а упорно ги paзбивaл илyзиитe штo пocтоeлe, зa кaквa и дa e помoш нa мaкeдoнcкoтo ocлoбoдитeлнo дeлo oд Бyгapиja. Аферата „Мис Стон“ Јане Сандански бил главен организатор на запленувањето на американската мисионерка Елен Стон. Тоа е една од најзначајните и медиумски најекспонираните епизоди, не само од дејноста на Јане Сандански, туку од сета македонска ослободителна борба во илинденскиот период. Сандански при реализацијата на оваа акција пројавил не само одлични организаторски способности, туку и голема упорност и посветеност за реализација на акцијата. За да се попречи Јане Сандански во намерата да добие откуп за американската мисионерка, ВМК со голема чета во Мелничко го испратила војводата Дончо Златков, кој требало да ги одземе грабнатите жени од Сандански. Меѓутоа, историчарот Манол Пандевски тврди дека, покрај таквата задача, Дончо Златков со врховистичката чета имал и друга задача, односно од него „врховистичкиот центар“ од Софија ја барал „во прв ред, главата на Сандански, и дури потоа мис Стон, но жива и здрава“. Објава за Мис Стон во весникот Акрон дејли демократ/Фото: October 17, 1901. Akron Daily Democrat (Akron, OH), Image 1. Chronicling America: Historic American Newspapers. Како своја крајна цел на борбата, левата фракција во МРО, во која Јане Сандански бил меѓу најистакнатите фигури, го поставила барањето за „полна политичка независност на Македонија и Одринско“, без да се предвидува присоединување кон Бугарија, туку создавање некоја форма на балканска или источна федерација во која Македонија ќе биде одделна политичка единица. Концепцијата на Сандански за источна федерација, фактички, претставувала општествено-политичка и економска основа за решавање на македонското прашање, во насока на отворање можности за самоопределување на македонското население и конституирање на Македонија како федерална држава. Истовремено, така конципираната федерација ги неутрализирала надворешните влијанија и го спречувала остварувањето на дележот на територијата на Македонија од страна на Србија, Грција и Бугарија. Во суштина, тоа е основата на македонскиот политички сепаратизам. Конфликтот помеѓу левицата и десницата За разлика од неа, десницата во МРО ја задржала целта – „автономија“ на Македонија како етапа кон присоединувањето со Бугарија. Ваквите цели на борбата од левицата и десницата во поилинденскиот период, односно полна „политичка независност на Македонија“ или „автономија“ како етапа за соединување со Бугарија, постепено не само што ќе доведат до целосна поделба на македонското револуционерно движење, туку левицата идејно ќе еволуира од таканаречениот политички сепаратизам до македонска национална самоидентификација. Врховниот комитет предводен од Борис Сарафов Бугарскиот врховизам беше исто толку опасен колку и антимакедонските политики што доаѓаа од Србија и од Грција, меѓутоа, за разлика од Јане Сандански, кој таквата опасност јасно ја согледуваше и се бореше против неа, мнозинството од раководителите на МРО тие закани не ги препознавале. Впрочем, тоа е разбирливо ако се земе предвид дека тие биле „службеници на Егзархијата“ и го имале поминато нејзиниот образовен и пропаганден бугарски националистички „третман“. Од 1902 г. Јане Сандански со својата чета почнал и вооружено да им се спротивставува на четите на ВМК кои навлегувале во Македонија. По горноџумајската востаничка провокација од 23 септември 1902 г., неговиот углед како револуционер, кој се спротивставува на врховизмот, многу пораснал. Поради својата отворена и непоколеблива антиврховистичка позиција, во текот на својот живот и револуционерна дејност бил мета дури на шест врховистички атентати, од кои последниот бил смртоносен. (продолжува)...
Најмалку шест лица загинаа во пукањето на парадата за 4 Јули во Чикаго
Слободен Печат - пред 11 часа
Најмалку шест лица загинаа во вооружен напад денеска на парада во предградие на Чикаго. Според властите, напаѓачот е сѐ уште во бегство. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Полицијата изјави дека најмалку 25 лица се повредени и однесени во болница. Осомничениот пукал во посетитете на парада од покривот на околните згради. Истражителите го пронашле оружјето со кое бил изведен нападот. Сцените од немилиот настан покажуаат крв на тротороат и полицајци кои говорат со минувачи. Од видео од посетители се гледа како луѓето бегаат во паника. Според полицијата, властите во околните места треба да оценат дали да ги откажат прославите планирани за денешниот ден. Во САД денеска низ земјата се оддржуваат бројни паради по повод Денот на независноста. Настаните лани и во 2020 година беа откажани поради пандемијата на ковид-19. Извор: МИА ВИДЕО | Пукање на парада за Денот на независноста на САД...
Трајанов: Ако остане ваква преговарачката рамка, граѓаните да се изјаснат за неа на референдум
Слободен Печат - пред 11 часа
Лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов, вечерва изјави дека дефинитивната одлука за францускиот предлог треба да ја верификува Собранието. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber -Владата може да донесе одлука да ја прифати преговарачаката рамка, но тоа е огромен ризик. Клучно е целиот процес сега да биде презентиран пред граѓаните и да се види гласот на народот. Голем број експерти имаат сериозни забелешки за францускиот предлог и тоа мора да се респектира. Јас предлагам доколку остане вака рамката, да се изјаснат граѓаните за тоа преку референдум. Ако тие поддржат, определбата на граѓаните е да се оди напред. Треба да градиме пријатели и да ја објаснуваме нашата позиција, појасни Трајанов. Според него, Министерството за надворешни работи потфрлило бидејќи сме се соочиле со ваков предлог. -Во него се вградени сите барања на Бугарија. Тоа е неуспех на дипломатијата. Како може бугарските барања сега да станат европски барања?, прашува Трајанов во гостувањето на ТВ Сител....
Зошто Том Круз се откажа од старателството над својата најмлада ќерка?
Слободен Печат - пред 11 часа
Иако со години низ медиумите кружеа различни теории зошто Том толку брзо се откажа од старателството над девојчето, според „Ентертејмент тајмс“ вистинската причина за одлуката на актерот е поврзана со неговата религија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Фото: Profimedia Имено, кога поранешната двојка објави развод, на изненадување на многумина, беше постигнат договор за старателство над Сури за помалку од една недела, па тогаш, без драмски и медиумски препукувања, тие се согласија да имаат заедничко старателство. Сепак, набргу после тоа, Кејти се пресели во Њујорк со својата ќерка, и од тогаш, малото девојче и нејзиниот татко изгубиле контакт. Фото: Profimedia Според споменатиот портал, причината за незаинтересираноста на Том и „кревањето раце“ од неговата ќерка лежи во фактот дека тој е член на Скиентолошката црква, која ги забранува неговите контакти со девојчето сите овие години, бидејќи и таа не е член на истата црква. Кејти Холмс и ќерката Сури / Фото: Профимедиа Иако самата црква негираше, во едно од интервјуата, актерот призна дека неговата поранешна сопруга поднела барање за развод затоа што се плашела токму од тоа – дека тој, со Скиентолошката црква, ќе има премногу влијание врз нивната ќерка, бидејќи неговите две постари деца, ќерката Изабела и синот Конор, кои беа посвоени додека беше во брак со Никол Кидман, се исто така членови на споменатата црква....
Кошаркарите без победа ги завршија квалификациите за пласман на СП 2023
Слободен Печат - пред 11 часа
Кошаркарската репрезентација на Македонија го доживеа и шестиот пораз во последниот шести натпревар од првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Кошаркарите денеска во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од селекцијата на Украина со 68:73 и го освоија последното место во групата „Г“ со кош разликата од минус 122 (373:495). Токму денеска, кошаркарите го доживеаја најтесниот пораз од само минус пет, додека најубедливиот пораз беше пред четири дена кога Шпанија славеше со 36 поени (80:44). Украинците одиграа одлична прва четвртина која ја решија во своја корист со 21:35 притоа постигнувајќи седум тројка. Натпреварот го отворија со двете тројки на Михалик по што четвртина помина во обидите на избранците на селекторот Драган Бајиќ да фатат резултатски приклучок. Но, расположените Украинци имаа одговор, тоа беше шутот од далечина, постигнаа дури седум тројки и по десет минути игра имаа убедливи 21:35. И втората четвртина започна со добра игра на Украинците кои дојдоа и до плус 17 (30:47) по што следеше будење на „црвено-жолтите“ и серија од 14:0 со која се врати надежда за триумф. При резултат 46-50 не беа реализирани зицери за целосен камбек, но агресивната одбрана ја одржи Македонија во игра, па по поените на Робев за 51-54 украинскиот селектор беше принуден да побара тајмаут. Тоа вроди со плод и Украинците погодија тројка, но Николов со положување постигна поени за 53:57 со кои се влезе во последната четвртина. Во одлучувачката четвртина, македонските кошаркари имаа достижна негатива се до средина на четвртината по што Украина направи серија од 0:8 за 57:69.Македонија не се откажа и по поените на Јакимовски намали на 65:69 и нов тајмаут на Украинците. При овој резултат имавме три напади за камбек, но положувањето на Јакимовски заврши на обрачот,веднаш потоа непрецизни за тројка беа Војдан Стојановски и Јакимовски, по што Украинците ја заверија победата и ја оставија Македонија без ниту еден триумф во квалификациите за СП 2023. Андреј Јакимовски со 17 поени и 9 скока беше најдобар во „црвено-жолтиот“ табор, а добра партија прикаа Војдан Стојановски со 15 и Бојан Крстевски со 13 поени. Свјатослав Михалик со 24 поени беше најдобар кај Украина....
ВИДЕО: Тензично е на протестот, летаа шишиња и камења, демонстрантите сакаат да влезат во Владата
Слободен Печат - пред 11 часа
Пред Владата вечерва се одржува нов масовен протест организиран од опозицијата, на кој граѓани изразуваат назадоволство од таканаречениот „француски предлог“ за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ и бараат оставка од владата на Димитар Ковачевски. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Протестот започна тензично, со фрлање јајца, тоалетна хартија и шишиња кон зградата на Владата, по што беше урната заштитната ограда, а имаше и туркање со полицијата. Се слушаат извици „Оставка“ и „Станете Македонци“. Дел од демонстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зВладата, откако ја пробија заштитната ограда и започнаа да фрлат по полицијата со камења. Дел од медиумите јавија дека во толпата се забележани и неколку луѓе со фантомки. На почетокот на протестот, македонската химна ја изведе Ламбе Алабаковски, пејачот осомничен за потпалување на бугарскиот културен клуб во Битола. „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, им порача денеска на властите Алабаковски, кој потоа симболично запали лист на кој беа испишани Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ги повика граѓаните на голема масовност затоа што, според информациите на опозицијата, владата утре има намера да го прифати предлогот на француското претседателство....
ВИДЕО | Драгана Мирковиќ го отстрани обезбедувањето за да ѝ пријдат обожавателите: Публиката пред сè!
Слободен Печат - пред 11 часа
Пејачката уште еднаш покажа зошто важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот. Драгана Мирковиќ од почетокот на својата кариера има одличен однос со фановите, а тоа уште еднаш го покажа на еден од нејзините настапи. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Имено, на една страница на социјалната мрежа Инстаграм е објавено видео од еден нејзин неодамнешен настап, а спонтаноста на Драгана ги воодушеви сите. View this post on Instagram A post shared by ⬆⬆🔝Zapratite🔝⬆⬆ (@srbija_showbizz) Иако за време на нејзиниот настап ја следат група мажи задолжени за обезбедувањето на пејачката во еден момент Драгана им покажува да се оддалечат од неа за нејзините фановите слободно да и пријдат и да се фотографираат со неа. Ова видео воодушеви многумина и уште еднаш покажа дека Драгана и покрај успехот во кој ужива со децении, остана приземјена....
ВИДЕО: Ламбе Алабаковски ја испеа македонската химна и го запали францускиот предлог на протестот пред Владата
Слободен Печат - пред 11 часа
„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“, им порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Алабаковски го отвори протестот пеејќи ја македонската химна, а по кусиот настап, порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани имињата на овие договори. Против пејачот во тек е постапка во која тој е осомничен за палење на влезната врата на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола....
Дрво падна врз паркирани коли во Тафталиџе
Слободен Печат - пред 12 часа
Големо, старо дрво попладнево падна врз паркирани автомобили во скопската населба Тафталиџе, во близина на маркетот „Веро“, објави порталот „Скопје инфо“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Дрвото не го издржало невремето кое попладнево зафати делови од главниот град. Спорд информациите, оштетени се две коли, а во инцидентот нема повредени....
ВИДЕО | Пукање на парада за Денот на независноста на САД
Слободен Печат - пред 12 часа
Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Парадата била прекината по десет минути, кога се слушнале истрели и настанала паника. Според „Чикаго Сан Тајмс“, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети. Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала. Властите соопштија дека пет лица се убиени, а 16 други се ранети. Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека и понатаму е „активен инцидент” и ги повика луѓето да се држат настрана. There are reportedly multiple fatalities following a shooting at an Independence Day parade in Highland Park, Illinois. Warning: Gunshots heard in below video.pic.twitter.com/F0BrsEXIS8 — Alex Salvi (@alexsalvinews) July 4, 2022 Извор: МИА...
Реал го отпушти тренерот Пабло Ласо, но може да го врати веќе идната година
Слободен Печат - пред 12 часа
Управата на Реал Мадрид одлучи да го отпушти тренерот на кошаркарскиот тим Пабло Ласо победи неговите здравствени проблеми. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Во следната сезона тимот ќе го води неговиот помошник Хесус Матео, а челниците на Реал Мадрид најавија дека внимателно ќе го следат напредокот на рехабилитацијата на Ласо и доколку се биде во ред, ќе го вратат на клупата по едногодишна пауза. Реал Мадрид одлучи да се раздели со трофејниот тренер поради неговите здравствени проблеми. Имено, Ласо минатиот месец доживеа срцев удар и поради тоа не можеше да го води тимот во финалето на плеј-офот во шпанското првенство во кое „кралевите“ ја совладаа Барселона. Ласо минатата сезона го предводеше Реал до финалето на Евролигата каде загуби од Анадолу Ефес. Шпанскиот стручњак со Реал Мадрид освои две титули во Евролигата, во 2015 и 2018 година, додека во шпанското првенство исво шест титули, а има и шест трофеи во Кралскиот куп....
Еклектично шоу во Скопје: „Тивери корпорејшн“ ја однесе публиката во апсолутна еуфорија
Слободен Печат - пред 12 часа
„Тивери корпорејшн“ по пет години се врати во Македонија. Публиката покажа дека е гладна за добра музика, а американскиот бенд во неделата пред илјадници обожаватели одржа концерт за паметење на стадионот на АРМ во Скопје. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески Маестралните „Тивери корпорејшн“ се вратија во Македонија во комплетен состав. Со самиот старт на концертот беше јасно дека публиката треба да очекува високоенергетска свирачка машина. Публиката беше воодушевена од вистински звучниот и танцов спектакл на моќната повеќечлена постава на бендот. Нивната енергија на звукот носи во апсолутна еуфорија. Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески „Тивери корпорејшн“ на концертот на кој го промовираа последниот албум, ги изведоа и сите нивни стари, добро познати хитови. Зад „Тивери корпорејшн“ стои продуцентското и авторско дуо Роб Гарза и Ерик Хилтон, одговорни за создавање цел поджанр на електронска музика облагородена со употреба на реге, хип-хоп, даунтемпо, индиски трип-хоп и боса нова, што се слуша во песните „The Richest Man In Babylon“, „Sweet Tides“, „Lebanese Blonde“, „Until the Morning“, „Letter To the Editor“… Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески Роб Гарза и Ерик Хилтон ја почнаа музичката соработка во 1995 година и досега објавиле десет албуми. Иако примарниот звук на „Тивери корпорејшн“ е електроника, нивниот музички стил вклучува и елементи на даб, реге, хип-хоп, боса нова, есид џез…, а текстовите се на разни јазици. Thievery Corporation/Фото: Драган Митрески...
ВИДЕО: Нов протест пред Владата, илјадници луѓе се собраа против францускиот предлог
Слободен Печат - пред 12 часа
Пред Владата вечерва, трет ден по ред, се одржува масовен протест на противниците на таканаречениот „француски предлог“ за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Под мотото „Ултиматум – Не Благодарам!“ и денеска се собраа неколку илјади демонстранти....
Трајанов, Морачанин и Милевски му кажаа на Пендаровски зошто не го прифаќаат францускиот предлог
Слободен Печат - пред 12 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
ВИДЕО | Најмалку 9 мртви: Пукање на парада за Денот на независноста на САД
Слободен Печат - пред 12 часа
За време на парадата во сојузната американска држава Илиноис, по повод Денот на независноста на САД, загинаа најмалку 9 лица, а повеќе од 50 се ранети, соопшти полицијата, а пренесе „Нова“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Пукањето се случило десет минути по почетокот на церемонијата, а некои сведоци на оваа трагедија наведуваат дека слушнале повеќе од 20 истрели. „Слушнав од 20 до 25 истрели, брзо и последователно“, раскажал Мајлс Заремски, жител на Хајленд Парк, за „Сан Тајмс“. Медиумите наведуваат дека вооружена полиција патролира во потрага по напаѓачот. Очевидци додаваат дека во целиот град владее голема паника. There are reportedly multiple fatalities following a shooting at an Independence Day parade in Highland Park, Illinois. Warning: Gunshots heard in below video.pic.twitter.com/F0BrsEXIS8 — Alex Salvi (@alexsalvinews) July 4, 2022...
Кирјос посилен од повредата и Накашима, се пласира во четвртфиналето на Вимблдон
Слободен Печат - пред 12 часа
Австралискиот тенисер Ник Кирјос обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон со победата над Американецот Брендон Накашима по три часа и 10 минути игра со 3:2 во сетови и тоа со 4:6,6:4,7:6,3:6,6:2. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Кирјос повторно одигра меч во негов стил, брзо и атрактивно, но повредата на рамото го натера да побара лекарски тајм-аут во еден момент од вториот сет. Говорот на телото и лицето укажуваа дека повредата не е обична, но сепак Кирјос успеа да го добие третиот сет во неизвесен тај-брејк. Во четвртиот сет, Кирјос „се откажа“ од борба откако го загуби седмиот гем на свој сервис, а потоа дозволи уште еден брејк за 3:6 и израмнување на 2:2 во сетови. Сепак, во одлучувачкиот петти сет, Австралијанецот успеа да ги надмине проблемите со повредата, направи два брејка и славеше со убедливи 6:2 за пласман во четвртфиналето каде ќе игра со Кристијан Гарин. Чилеанецот Гарин исто така во пет сета го елиминира Алекс Де Минор со резултат 3:2 (2:6,5:7,7:6,6:47:6). Де Минор имаше водство 0:2 во сетови, но Гарин успеа да направи пресврт и го доби „супер тај-брејкот“ од петтиот сет со резултат 10:6 што значеше пласман во четвртфинале. Тејлор Фриц од САД беше најубедлив, за два часа и една минута со 6:3,6:1,6:4 го елиминира Џејсон Кублер. Во женска конкуренција, прва четвртфиналистка е Елена Рибакина од Казахстан која со 7:5,6:3 ја победи Хрватката Петра Мартиќ....
Почина професорот на Фармацевтскиот факултет Кирил Доревски
Слободен Печат - пред 12 часа
Почина д-р Кирил Доревски, редовен професор на Факултетот за фармација при УКИМ, соопшти факултетот. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Со длабока тага ја споделуваме веста дека на 03.7.2022 година почина нашиот драг и почитуван професор Кирил Доревски“, пишува на страницата на факултетот на Фејсбук. Проф. д-р Кирил Доревски е роден 1934 година во Ресен. Дипломирал на Фармацевтскиот факултет во Белград во 1959 година. Специјализација од областа на медицинската биохемија завршил во Белград во 1967 година. Како дипломиран фармацевт работел како управник на аптеката ,,5 Ноември,, во Ресен и како специјалист-биохемичар во болницата ,,Д-р Трифун Пановски,, во Битола. Во 1977 година на Фармацевтскиот факултет во Белград ја одбранил докторската дисертација. Во 1970 година се вработил во фабриката .,,Алкалоид,, во Скопје и во овој период завршил специјализација од областа фармацевтска технологија. До крајот на 1977 година е на функцијата помошник генерален директор за комерција, финансии и развој, по што бил избран за директор на работна единица ,,Алкалоид,, во Варшава, Полска. Во периодот од 1986-1992 година работел како сојузен секретар за хемија, гума и неметали при Стопанската комора на СФРЈ во Белград. Бил член на Сојузната и на Републичката комисија за регистрација на лекови. Од август 1992 година работи на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Како редовен професор покрај стручната работа, научната активност учествува и во едукација на постдипломци, специјализанти и докторанди на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Бил претседател на Фармацевтското друштво на СФРЈ, Фармацевтското друштво на Македонија, главен и одговорен уредник на Билтенот на фармацевти и фармацевтски техничари, а подолг период и претседател на Acta Pharmaceutica Yugoslavica. Покрај многу награди и плакети, има добиено и Златен орден на трудот за посебен придонес во фармацијата на југословенско ниво. Во периодот од 1992-1993 година бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1994 до 1998 година бил декан на Фармацевтскиот факултет. Во текот на двата мандата овозможува подобри материјално-технички услови за работа, пред се изградба на зграда на Факултетот во соработка со Реплек-Македонија. Директно се заложил во учебната 1992/93 година да се воведе нова петтогодишна студиска програма за студенти по фармација. Бил иницијатор за раздружување од Медицинскиот факултет и за осамостојување на Факултетот во 1994 година. Во историјата ќе биде запамтен како прв декан на Факултетот по одвојувањето од Медицинскиот факултет во 1994 година, кој со својата долгогодишна наставно-образовна, стручно-апликативна и научна работа, оставил силен печат за развој на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и целокупната фармацевтска дејност во нашата држава. СЛАВА МУ! – стои во објавата на Фејсбук страницата на Факултетот за фармација при УКИМ....
ФОТО | „Зошто мора устата да ти е „отамбурена“: Антониа Гиговска за „хејт“ коментарите и наводната разделба со Иван
Слободен Печат - пред 12 часа
Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) Своите почетоци, младата Антониа ги врзува со шоуто „Пинкови ѕвездички“ кога буквално ги освои срцата на целиот Балкан. Денес, е една од најеминентните артисти смело вивнувајќи се кон секој врв што ќе го замисли. View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) Гиговска во интервјуто за „Бекстејџ“ зборуваше и за приватниот живот, а се осврна и на шпекулациите за нејзината наводна разделба со нејзиниот партнер Иван. View this post on Instagram A post shared by Ivan Jovanov (@jovanov_ivan) Пејачката ги негираше шпекулациите дека се разделиле со пејачот, наведувајќи дека премногу детали од приватниот живот споделувала со јавноста, вклучително и сите досегашни партнери. Како што изјави младата пејачка за „Бекстејџ“ ова година решила приватниот живот помалку да го изнесува пред будното око на медиумите. View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) Секогаш совршено стилизирана, младата пејачка е инспирација за своите бројни фанови. На социјалната мрежа „Инстаграм“ активно ја следат повеќе 100.000 следбеници, од нашата земја како и голем дел од балканските земји, особено соседна Србија. View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) По секоја објавена фотографија на Антониа следи лавина од комплименти и поддршка за младата пејачка, но има и исклучоци, а на таа тема проговори и пејачката. Гиговска истакна дека мислењата за неа како артист и како личност се поделени, што е нормално. View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) На една од последните фотографии на Гиговска осамна еден коментар кој го привлече нашето внимание. Зошто мора устата да ти е „отамбурена“… секогаш. Многу ли се бендиса во таа поза? – е коментарот на една корисничка на социјалната мрежа „Инстаграм“ и следбеничка на пејачката, чиј профил е затворен. Сепак, позитивните коментари за изгледот на младата пејачката секогаш се во поголем број....
Косово воведе нови санкции кон Русија
Слободен Печат - пред 12 часа
Косовската влада денеска одучи да воведе нови санкции кон Русија, поради агресијата на таа држава врз Украина, јави дописникот на МИА од Приштина. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Образложувајќи го предлогот за новите мерки на владината седница што се одржа попладнево, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово, Доника Грвала рече дека на овој начин Косово ќе придонесе „за продолжување на тесната соработка со Соединетите Америккански Држави и Европската унија“. Новите санкции, информира шефицата на косовската дипломатија, опфаќаат „ограничување на извозот со стоки и технологија со двојна примена, како и на стоки и технологија кои можат да послужат за технолошко подобрување на одбранбениот и безбедносниот систем на Русија“. „Со санкциите се забрануваат новите инвестиции во рускиот енергетски сектор… ограничени се сите трансакции со одредени државни руски компании, кои се сега објект на ограничувањата на рефинансирањето, а се усвојуваат и мерки со кои се забранува нудењето на услуги за вреднување на кредитите“, информира Грвала. Извор: МИА...
Во Германија регистриран прв извозен дефицит по повеќе од 30 години
Слободен Печат - пред 13 часа
Германија забележа трговски дефицит на месечна основа за првпат од 1991 година, поради повисоките увозни цени. Германскиот сојузен завод за статистика денеска објави дека во мај вредноста на извозот изнесува 125,8 милијарди евра, додека вредноста на увозот 126,7 милијарди евра. Тоа значи дека евидентираниот трговски дефицит на Германија изнесува една милијарда евра. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Аналитичарите порастот на увозот го припишуваат на инфлацијата. Во текот на мај извозот од Германија во Русија е зголемен за 30 отсто во однос на април, кога поради нападот на Русија врз Украина и западните санкции падна за 60 отсто. Сепак, обемот на германскиот извоз во Русија во мај остана на помалку од 50 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Извор: МИА...
Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша
Слободен Печат - пред 13 часа
Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на големата суша што зафати делови од земјата, соопшти кабинетот на премиерот Марио Драги. Владата ќе се состане денеска за да ги објави мерките што ги засегаат најтешко погодените региони. Северот на земјата е особено тешко погоден, со големи езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое содржи многу помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Пo, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж своето течение е на најниско ниво во последните 70 години. Градовите Пиза и Верона воведоа ограничувања за вода, а Венеција и Милано исклучија некои од нивните фонтани. Зачестеноста на сувите периоди во медитеранскиот регион во голема мера се припишуваат на климатските промени. Во делови од Португалија и Шпанија има суша најинтезивна во изминатите илјада години поради атмосферскиот висок притисок поттикнат од климатските промени, според истражувањето објавено денеска, во кое се предупредува на сериозни последици за производството на вино и маслинки. Во новата студија за моделирање објавена во списанието Nature Geoscience, истражувачите од САД открија дека овој систем под висок притисок „драматично се променил во изминатиот век и дека овие промени во северноатлантската клима се без преседан во изминатиот милениум”. Користејќи симулации на климатски модели во последните 1.200 години, студијата покажа дека овој систем под висок притисок почнал да расте и да покрива поголема површина пред околу 200 години, бидејќи загадувањето со стакленички гасови почнало да се зголемува. Извор: МИА...
Ликовна изложба што носи културен континуум на историските текови
Слободен Печат - пред 13 часа
Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп од 4 јули ќе биде отворена изложба на дела од прилепската уметница Павлина Илијеска. Авторката е родена во Прилеп, 1949 година. Образованието го завршила во родниот град. Интензивно почнува да слика на свои 57 години, во 2006 година. Нејзиниот опус до 2015 година брои над 146 сликарски платна со претстави на градски ведути и пејзажи, изработени во акрилна техника. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Со компонирањето на колоритни пејзажи и импресивни градски ведути, самоуката уметница/аматер Павлина Илијеска создава обемен сликарски опус со мотиви инспирирани од родниот град Прилеп. Сликајќи ги грандиозните споменици со кои се одликува градот под Марковите Кули, таа креира културен континуум на историските текови кои оставиле карактеристични белези во минатото и кои на неповторлив и единствен начин ја обликуваат сегашноста. Сигурна во својата интуиција, таа храбро и достоинствено чекори во светот на ликовната уметност. За првпат во новиот циклус на уметнички дела користи монументални платна. Со минуциозното и пиктурално сликање на најситните детали во пејзажите и градската архитектура, уметницата настојува целосно да ја исполни белата површина. Издвојувајќи сè со – калиграфски сликарски ракопис, лирски сензибилитет и вибрантни боени ноти, автентичното уметничко творештво на Илијеска прераснува во културен ансамбл кој сведочи за историската и духовната вредност на градот – напиша историчарката на уметноста Викторија Димеска. – Не само поради создадените дела, туку и поради бројните интензивни разговори за уметноста и за секојдневието кое нѐ опкружува, љубам да кажам дека Павлина Илијеска е, пред сѐ, човек којшто има неверојатна интуиција, што води кон мојот следен заклучок дека е авторка која ја изложува душата и нејзините пориви. И тие радосните, и тие страшните, или пак, тие тажните. Интуицијата која умешно ја пренесува и на платната со кои денес сме опкружени, без разлика на чувството кое во моментов како гледачи нѐ обзема, е следена од една заедничка карактеристика кој во уметноста често не ја забележуваме, бидејќи премногу сме фокусирани на доживувањето на насликанато, посебено ако ни изгледа познато, а помалку на неговата позадинска интерперетација. Таа заедничка карактеристика во делата на Илијеска е слободата, односно нејзиното интуитивно пројавување, без разлика дали сликарката ни претставува така наречени патриотски мотиви, или го допира егзистенцијалниот бит на единката. Занимавајќи се со единката, Илијеска вешто продира и се судира со стравот, неспокојот и потрагата по начините за повторно народување. И тука, и во случај на патриотско-локалните теми, вториот план, односно споменатата позадинска интерпретација е творивото кое смирува, оплеменува, радува или ја додава дополнителната сила за истрајност кон слободата, како што се, на пример, сликани мотивите поврзани со „Тешкото“, прилепска Могила или Чаршијата со градската Саат-кула. Илијеска слика слобода која не останува само во рамките на имагинарното, или, пак, слобода која ќе не одведе на барикадите на градскиот плоштад, туку таква која несвесно нѐ разнежнува, иако можеби очекувањата биле поинакви – забележа културологот Звонко Димоски....
Кафе 15 евра, шпагети 600 евра! Шокантен ценовик од грчкиот Миконос кружи на Фејсбук
Слободен Печат - пред 13 часа
Со почетокот на летната сезона почнаа и приказните за цените на летувањата на различни туристички дестинации. Една од омилените дестинации за одмор ширум светот е Грција, а туристите кои одат таму ги споделуваат своите искуства на социјалните мрежи Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber На фејсбук-страницата „Greek Gateway“ се појави ценовник на храна и пијалаци од прочуениот грчки остров Миконос, кој имајќи ги предвид бројките, привлече огромен интерес. На тој ценовник пишува дека кафе еспресо чини 15 евра, пиво 50 евра, грчкиот специјалитет „сувлаки“ 25 евра, порција лигњи 150 евра, а шпагети со јастог 600 евра. Фото: Greek Gateway/Принтскрин/Фејсбук „Вистинска приказна. Цените на Миконос се луди. Зошто да платите толку кога има уште 227 грчки острови“, пишува во описот на објавата каде што е објавен ценовникот. По оваа објава се покрена лавина коментари. Повеќе од 3.000 луѓе ја коментирале оваа објава и повеќето биле шокирани поради овие цени на Миконос. „Неодамна бевме на еден грчки остров, мислам дека не потрошивме повеќе од 100 евра, вклучувајќи вино и вода“, „Затоа јас, во 44 години обиколка на грчките острови го заобиколувам Миконос“, „Дали сè се сервира на чинии и чаши од 18 каратно злато? „Очигледно тоа е само за богатите луѓе. Тоа е класна дискриминација. Заборавете на Миконос, постојат многу други прекрасни грчки острови“. Ги има и оние кои коментираат дека не наишле на такви цени на Миконос, но дека секако, овој грчки остров е само за оние со подлабок џеб. Изгор скапо: Платил вистинско богатство за кафе, кроасан и лимонада во Опатија Популарното грчко летувалиште Пефкохори против арогантните туристи: За ова ќе плаќате казна...
Вечер на музички документарци за македонски бендови на „Скопје синема сити“
Слободен Печат - пред 13 часа
Со ретроспективата на музички документарни филмови на македонскиот режисер Јане Алтипармаков на 4 јули и со филмовите „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок“ на 5 јули ќе се затвори осмото издание на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Фестивалот, кој беше отворен со изложба на фотографии од Ник Кејв на рок-фотографот Немања Ѓорѓевиќ (Србија) и филмот „Ник Кејв: 20.000 денови на земјата“ му оддаде почит на Кејв, кој е артист во фокус на фестивалот. На 4 јули, во рамките на програмата на македонски автори и филмови, фестивалот ќе прикаже ретроспектива на филмови на Јане Алтипармаков: „Гето 103“, „Фолтин се јави“, „Бадмингтонс“ и „The Hip Overdrive“. Филмовите ќе бидат прикажани од личната архива на Алтипармаков. Фестивалот се затвора со двата филма за електронска музика на 5 јули. „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика, но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби, каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера. Моби Фестивалот „Скопје синема сити“ е во организација на здружението „Номад-Арт“ – Скопје. Автор на дизајнот на промотивните материјали е Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот е поддржана од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Северна Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), ПР агенција „Навигаторс“ и „Спона“ – центар за култура на Србите во Македонија....
Маричиќ: Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени
Слободен Печат - пред 13 часа
Во разговорите во Софија денеска, колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ. Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки. Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој. Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ. – Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови, посочи вицепремиерот. Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања. – Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме, истака вицепремиерот Маричиќ....
Неверојатна приказна: Замина во Италија на фудбалски натпревар, се изгуби и десет години живеел како бездомник
Слободен Печат - пред 13 часа
Замислете да одите во друга земја на натпревар со вашите пријатели за да го бодрите вашиот омилен тим, да се изгубите додека одите кон тоалетите на стадионот и потоа цела деценија да живеете на улица во странска земја. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Иако ова звучи неверојатно, токму такво нешто му се случи на Швајцарецот Ролф Бантле кој се загуби во Милано, Италија. Во 2004 година, Бантле отпатува со своите пријатели на натпревар од Лигата на шампионите меѓу Интер и Базел кој заврши со триумф на „нераѕурите“ со 4:1, а во еден Ролф момент се одвоил од нив бидејќи морал да оди во тоалет. FC Basel fan Rolf Bantle went to the toilet at San Siro vs Inter Milan in 2004, got lost, and returned home 11 years later. Rolf got separated from the away fans, missed his bus home, and slept rough on the streets of Milan for a decade. pic.twitter.com/rMTw1Se8fX — Football Talk (@Football_TaIk) July 2, 2022 Откако излегол од тоалетот, тој се изгубил и не можел да ги пронајде пријателите и по напуштањето на стадионот „Џузепе Меаца“ бидејќи немал никакви обврски решил да остане на улиците на Милано. – Одеднаш почнав да уживам во слободата. Се започна кога се најдов во друг сектор на стадионот. Имав околу 20 евра во џебот и немав телефон, па решив да талкам низ Милано. Луѓето почнаа да ми даваат храна и цигари, а еден студент ми даде вреќа за спиење – раскажува Бантле за швајцарските медиуми. Пријателите пријавиле дека Бантле исчезнал, но потрагата по него брзо престанала бидејќи тој немал семејство и живеел во центар за рехабилитација каде се лекувал поради прекумерно консумирање алкохол. Ролф Бантле поминал речиси 11 години на улиците на Милано, често ја посетувал библиотеката и еднаш неделно се туширал во јавна бања. Во Милано останал додека не паднал и ја повредил бутната коска. Лекарите во Милано тогаш увиделе дека тој нема здравствено осигурување во Италија, по што стапиле во контакт со швајцарските власти. Бантле потоа се вратил дома и од 2015 година живее во пензионерски дом....
„Слободен печат“: Францускиот предлог во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли, малите партии го условуваат
Слободен Печат - пред 13 часа
Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува: Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Хроника Премиерот бара поддршка за модифицираната верзија: Францускиот предлог во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли, малите партии го условуваат Очекувањата се дека Владата на денешната седница ќе донесе одлука информацијата за модифицираниот француски предлог да ја достави до Собранието, по што до крајот на неделава ќе биде закажана пленарна седница, на која пратениците ќе треба да расправаат по информацијата и да донесат заклучоци. Експертската јавност скептична кон понудениот преговарачки пакет: Со одбивање на францускиот, да се избориме за подобар предлог – Протоколот, кој сè уште не е достапен за јавноста, останува дел од преговарачката рамка. Историските теми остануваат на маса, а мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања добива многу поголем притисок за резултати – аргументираат експертите. Реакции за францускиот предлог: Брисел го поздравува предлогот, САД дијалогот, Бугарија ликува -Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ – смета Европската комисија. Благодарение на работата на француското претседателство, кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави портпаролка на ЕК. Економија Крешник Бектеши, министер за економија: Блок-тарифите се солидаризирање со најранливите домаќинства – Не може да бидат субвенционирани домаќинства со приходи од 2.000 до 10.000 евра месечно, а некои со приходи не поголеми од 600 евра да не бидат субвенционирани, вели Бектеши Свет Првични детали од истрагата од Данска: Масакрот во трговскиот центар во Копенхаген не е терористички акт – Млад Данец вооружен со пушка смртно ранил момче и девојка на возраст од по 17 години, како и 47-годишна државјанка на Русија, која живеела во Данска Спорт Медитерански игри: Бронза за Георгиевски, рекорди за Ивановски и Стојановски – Теквондистот Дејан Георгиевски стигна до бронзата во Оран, Алжир, а во полуфиналето не настапи поради стомачен вирус. Атлетичарот Дарио Ивановски го собори македонскиот рекорд на 5.000 метри, а пливачот Андреј Стојановски постави национален рекорд во дисциплината 50 метри, грбно Здравје Мелено месо, грав, сладолед… внимавајте ова лето од труење со храна – Најчести труења со храна се поради контаминација со норовирус, потоа со бактериите, меѓу кои се истакнува салмонелата како најчеста бактериска причина за труење со храна Moзаик Еклектично шоу на американскиот бенд во Скопје: „Тивери корпорејшн“ ја однесе публиката во апсолутна еуфорија – Илјадници обожаватели беа воодушевени од вистински звучниот и танцов спектакл на моќната повеќечлена постава на бендот. Средба со Катерина Василеска, готвачка на „храна со име и презиме“: Не се прави туризам со сезонци, без кустоси и без автентична локална храна – Во екот на корона-кризата, Кате останала без работа и за да „закрпи“ месец за месец, ги засукала ракавите и почнала да готви домашни македонски производи, од ајвар до различни слатка и зимници. Ама не какви било. Тоа се автентични производи од нејзиното поднебје од кои, вели, се вади аргатска дневница од илјада денари. Но, ако се изгориш, пресечеш, отиде трудот…...
Девојче од Битола почина откако 20 дена се бореше за живот по тешка сообраќајка со мотор
Слободен Печат - пред 13 часа
На клиничката болница во Битола денеска починало 15-годишно девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, пишува „Нова Македонија“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола за спас на девојчето, тоа денеска им подлегна на повредите. До сообраќајната несреќа дошло кога малолетен моторциклист со мопед „Априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка која не носела кацига, додека пешакот поминал со полесни телесни повреди....
Со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата, вели Георги Прванов
Слободен Печат - пред 13 часа
Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој рече дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата. „Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нѐ прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски“, коментира Прванов. Тој е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции. Прванов го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати”, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, според поранешниот бугарски претседател, „ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години“. Книгата ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции....
Шарл Мишел утре доаѓа во Скопје, негова втора посета на земјава во 20 дена
Слободен Печат - пред 13 часа
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, утре доаѓа во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ. Целта на посетата на Мишел, според изворите, е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија....
Британка е алергична на „силни емоции“: Премногу смеење, плачење или стрес можат да бидат фатални
Слободен Печат - пред 14 часа
Често слушаме дека треба да бидеме благодарни за „обичните“ работи, но истите често ги потценуваме. Една Британка е алергична на „силни емоции“ и објасни дека работи како смеење, плачење или прекумерен стрес за неа би можеле да бидат фатални. Ова е нејзината исповед, пренесува „Mirror“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Наташа Коутс (27) има синдром на активирање на мастоцитите (MCAS). Мастоцитите се всушност белите крвни зрнца најпознати по нивната улога во алергиите, а гореспоменатиот процес се случува кога тие ослободуваат премногу супстанции во телото во погрешно време. Кај Наташа сосема нормални појави во телото како смеење, плачење, но и прекумерен стрес – потење, може да предизвикаат сериозна алергиска реакција која може да биде опасна по нејзиниот живот. Таа откри како и се одвива животот. View this post on Instagram A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb) Кога била помала, Наташа, која е гимнастичарка и освоила 22 елитни титули во гимнастика во Британија, често била болна и имала чудни реакции на различна храна. Иако претпоставувала дека е само „чувствителна“, на 18 години го доживеала првиот анафилактичен шок. „Бев на голем јавен настан кога наеднаш почувствував треперење, вртоглавица и ми беше тешко да дишам“, рече таа. „Ме однесоа во болница со полициска придружба и брзо изгубив свест. Лекарите ме уверија дека тоа е нешто што се случува, па мислев дека е во ред“, се присетува таа. Сепак, во текот на следните две недели, таа имала уште осум реакции кои ја вратиле во собата за итни случаи. Наташа изјавила дека долго време барала „специфичен тригер“, а во еден период јадела само одредени намирници поради што се „изобличила“: „Никогаш не знаев што ќе предизвика реакција. Дури и лекарите беа збунети“, таа рече. View this post on Instagram A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb) Конечно, по две години, на Наташа добила дијагноза. Сепак, ова не ја поедноставило нејзината ситуација. Објаснувајќи го синдромот на активирање на мастоцитите, Наташа рече: „Кога убодот од коприва ви создава меурчиња кои ве чешаат, тоа е предизвикано од хистамин, хемикалија која доаѓа од мастоцитите. Во моето тело, овие мастоцити се преосетливи. Тие ослободуваат премногу хемикалии“, раскажа таа. Дури и обичното ноќно излегување може да заврши катастрофално: „Еднаш премногу се смеев со друштвото, кога одеднаш почувствував дека ми отекува јазикот и грлото. Еден пријател повика брза помош, додека друг ми помогна да не се задушам. Пред да стигнам до болница, се онесвестив. Совршен крај на ноќно излегување“, се сеќава таа. View this post on Instagram A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb) Иако денес користи одредени лекови и терапии, таа истакна дека нападите се случуваат речиси секој ден, а до денес била хоспитализирана повеќе од 500 пати. „Кога ќе почувствувам дека почнува, се вознемирувам и се обидувам да го потиснам, инаку реакцијата е уште полоша – и така во круг“, објасни таа. Оваа 27-годишна жена неодамна почнала да живее сама, а во секојдневните обврски ѝ помага лична асистентка. „Имам и помошна технологија. Ако притиснам копче на часовникот, светлата на предната страна од мојата куќа стануваат црвени и се повикува брза помош“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Natasha Coates (@natashacoatesgb) Освен на „емоции“, Наташа е алергична на спрејови за тело, средства за чистење, миризливи свеќи, но и многу други намирници. Како што откри, нејзините пријатели се исто така обучени за моментот кога ќе добие напад, но таа признава дека нејзиното семејство е исплашено бидејќи не знаат „која реакција ќе биде последна“. Наташа и покрај стравувањето за својот живот, сепак, храбро се бори, а, како што вели, успеала и да се помири со својата состојба. Спасот го пронашла и во гимнастиката каде има освоено дури 44 медали од бројни натпревари....
Во Грција се згрижени 2010 деца бегалци без придружба
Слободен Печат - пред 14 часа
Проценките на Министерството за миграција и азил на Грција се дека во земјата живеат 2010 деца бегалци без придружба од кои мнозинството се момчиња, јави дописничката на МИА од Атина. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Според официјалните податоци, 1737 се сместени во простори за долгорочен престој, а за останатите 273 е обезбедено привремено сместување. Речиси девет од десет деца бегалци без придружба, односно 88 отсто се момчиња, 12 проценти се девојчиња, а шест отсто од вкупниот број се помали од 14 години. Во вкупниот број се вклучени 32 деца кои имаат придружба од возрасно лице, но не е нивниот законски старател, како и 13 деца од Украина кои се во придружба на три лица. Извор: МИА...
Владата го објави текстот на францускиот предлог и на македонски јазик
Слободен Печат - пред 14 часа
Владата на Република Северна Македонија на официјалната веб-страница го објави текстот на францускиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата“, соопштија од „Илинденска“. Од Владата велат дека предлогот во кој се вградени владините забелешки од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Верзијата на англиски јазик на европскиот предлог беше објавена на 1 јули, по што започнаа консултациите на премиерот Димитар Ковачевски со претставниците на владината коалиција и опозицијата....
САД: Убиството на новинарката Ширен Абу Аклех е ненамерно и резултат на трагични околности
Слободен Печат - пред 14 часа
Од Стејт департментот денеска изјавија дека не можат да го утврдат потеклотото на куршумот што ја уби американско-палестинската новинарка Ширен Абу Аклех, во Западниот Брег во мај, но заклучува дека смртта најверојатно потекнува од оган од израелски воени позиции. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Експертите утврдија дека куршумот е оштетен што е пречка за да се донесе јасен заклучок, се вели во соопштението од портпаролот Нед Прајс. „Во заклучок од истрагите на одбранбените сили на Израел и на палестинската власт, безбедносниот координатор на САД (УССЦ) заклучи дека оганот од изреалски одбранбени позиции е најверојатно одговорен за смртта на Ширен Абу Аклех“, се вели во соопштението. УССЦ не најде причина да верува дека ова е намерно, најверојатно е резултат на трагични околности во текот на воена акција на израелските одбранбени сили против фракции на палестинскиот исламски Џихад на 11 мај 2022 година во Џенин, а по серија терористички напади во Израел, се вели во соопштението. Извор: МИА...
Вториот тим на Е. Пелистер ќе има нови голмани за следната сезона
Слободен Печат - пред 14 часа
РК Еурофарм Пелистер 2 ја освежи голманската позиција со нови двајца чувари на мрежата за следната сезона, тоа се Мартин Јовановски и Василије Печурица. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber 28-годишниот Јовановски е производ на познатата битолска школа на голмани кој се враќа во матичниот клуб од германскиот Дансенберг, а претходно настапуваше за Струга, Охрид и алжирски Петролиер. Maртин Јовановски се обврза на договор на две години. Василије Печурица е 18-годишен младински репрезентативец на Црна Гора во Битола доаѓа од Струга, а претходно настапуваше и за Будуќност. Печурица стави потпис на четиригодишен договор со битолскиот суперлигаш. Двајцата ракометари ќе пристигнат на подготовките за новата сезона на 20 јули, а потоа и официјално ќе бидат претставени пред медиуми. Покрај овие две нови имиња, од следната сезона Еурофарм Пелистер 2 ќе биде посилен и за средниот бек Мартин Ивановски, кој доаѓа од Охрид....
Лидерите на ДС, ДОМ и ЛДП на средба со Пендаровски
Слободен Печат - пред 14 часа
Лидерите на Демократски сојуз, ЛДП и ДОМ, Павле Трајанов, Горан Милевски и Маја Морачанин, попладнево или вечерва ќе се сретнат со претседателот на државата Стево Пендаровски, на негова иницијатива, потврдија од трите партии, кои се дел од владејачката коалиција. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Тема на разговор ќе биде францускиот предлог за почнување преговори со ЕУ, кој според информации на „Слободен печат“, до крајот на неделава треба да влезе во Собранието. Помалите партии од коалицијата на Димитар Ковачевски не дадоа поддршка за францускиот предлог и го оценија како штетен за државата. Нивното евентуално излегување од владината коалиција би предизвикало политичка криза, со оглед на тесното мнозинство што го има власта во Собранието....
Семејна драма: Кавга меѓу браќа е причина за пукањето на плажа кај Валона
Слободен Печат - пред 14 часа
Кавга меѓу двајца браќа, за тоа кој да стопанисува со плажа земена на користење, е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона денеска околу пладне. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот е уапсен Едисон Конди (34), жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45). Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но, според последната информација што ја пренесуваат медиумите, не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа. Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу кои и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно. „Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника“, велат тие. Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, но и возила за итна помош, а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување. Увидот е сѐ уште во тек, по што ќе има официјално соопштение. Извор: МИА...
Лавров: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално
Слободен Печат - пред 14 часа
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално, и дека Москва ќе одговори на протерувањето на 70 руски дипломати од Софија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Според нашата проценка, според оценката на МНР, амбасадата во Бугарија во моментов не може да работи нормално. Се разбира, ќе им возвратиме на нашите бугарски колеги“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва. На 28 јуни Бугарија објави протерување на 70 вработени во руската дипломатска мисија, кои беа прогласени за персона нон грата во Софија. Извор: МИА...
Семејна драма: Кавга меѓу браќа е причина за пукотниците кај Валона
Слободен Печат - пред 14 часа
Кавга меѓу двајца браќа, за тоа кој да стопанисува со плажа земена на користење, е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона во 12.30 часот. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот е уапсен Едисон Конди (34), жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45). Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но, според последната информација што ја пренесуваат медиумите, не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа. Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу кои и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно. „Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника“, велат тие. Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, но и возила за итна помош, а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување. Увидот е сѐ уште во тек, по што ќе има официјално соопштение. Извор: МИА...
Амбер Херд се обидува да ја поништи пресудата: Дали адвокатскиот тим на актерката најде пропуст во поротата?
Слободен Печат - пред 14 часа
Адвокатскиот тим на Амбер Херд поднесе документи оваа недела барајќи од судот да ја поништи одлуката дека актерката мора да му плати на Џони Деп 15 милиони долари отштета за клевета. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Фото: Профимедиа Нивните аргументи за укинување на пресудата се трикратни: Тие веруваат дека тимот на Џони Деп не обезбедил доволно докази за да се потврди дека нејзината статија во Вашингтон пост го чинела неговите филмски улоги. Тие исто така нагласија дека таа никогаш не го именувала Деп во текстот, а најмногу ги загрижува што еден од поротниците не бил таков каков што мислеле дека ќе биде. DEPP JURY THREAD: As requested, here are some general observations of the #DeppvsHeard jury during the trial.. Overall, the jury has been impressively stoic, maintaining poker faces most of the time. Many jot notes, some more than others Here is how they sit in the jury box⬇️ pic.twitter.com/AXrVAXCdU5 — Chanley Shá Painter (@ChanleyCourtTV) May 26, 2022 Според TMZ, правниот тим тврди дека поротникот #15 кој бил повикан на суд и поротникот #15 кој се појавил не се исто лице. На хартија, овој поротник е роден во 1945 година, но правниот тим на Херд вели дека лицето кое се појавило на суд е многу помладо. EXCLUSIVE: A juror in the Johnny Depp and Amber Heard defamation trial said what the jury concluded was “they were both abusive to each other” but Heard’s team failed to prove Depp’s abuse was physical. https://t.co/Ax4SMZUq2J pic.twitter.com/EMiMeqh5pn — Good Morning America (@GMA) June 16, 2022 Доколку се утврди дека судот не покажал „должна грижа“ при проверката на поротата, тоа би можело да биде валидна причина за отфрлање на пресудата донесена од таа порота, пишуваат странските медиуми....
Кавга меѓу браќа кој да стопанисува со плажа причина за пукотниците кај Валона
Слободен Печат - пред 14 часа
Кавга меѓу двајца браќа кој да стопанисува со плажа земена на користење е причина за инцидентот што се случи кај албанскиот приморски град Валона во 12:30 часот. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот уапсен е Едисон Конди (34) жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45). Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија, и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но според последната информација што ја пренесуваат медиумите не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа. Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу нив и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно. – Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника, велат тие. Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, возила за итна помош а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување. Сеуште во тек е увидот, по што ќе има официјално соопштение....
Во Вашингтон нa Денот на независноста ќе прозвучи „1812 година” од Чајковски и покрај руската агресија на Украина
Слободен Печат - пред 14 часа
Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил денеска на најважниот празник во САД, Четврти јули, се домаќини во Белата куќа каде што спремаат скара за воените семејства. На Капитол хил на концертот вечерва, не е откажана изведбата на „1812 година” од Чајковски и покрај руската агресија на Украина Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Четврти јули се смета за најпатриотскиот ден во САД кога Американците се собираат кај роднини и пријатели да прослават со скара или одат на пикник. Во заедниците, градовите и окрузите денот започнува со паради а завршува со огномети. Во Вашингтон синоќа се одржа пробата за главниот настан денеска за одбележување на Денот на независноста на САД, отворена за јавноста првпат по две години пауза поради пандемијата. На прославата, која ќе биде емитивана во живо од Пи-би-ес, ќе настапат низа познати американски актерски, кантри и блуз изведувачи. Се предидува да дојдат стотици илјади од цела Америка – сите го исчекуваат спектакуланиот огнометот над Националната алеја кој според властите на градот ќе трае речиси цел час. Обезбедувањето е на највисоко ниво, полицијата е распоредена низ централните улици од споменикот на Вашингтон до Капитол хил. Дописникот на МИА од Вашингтон синоќа имаше можност да ја проследи пробата за вечерашниот концерт и да го слушне звукот на хаубиците на Националната гарда што пред зајдисонце се очекува да дадат сигнал за огнометот. Топовите всушност се дел од изведбата на Симфонискиот оркестар на Вашингтон на „1812 година” – свечена увертира, концерт од Чајковски посветен на победата на Русија во војната против Наполеон во 19 век, важен настан за Европа и Америка. Овој концерт традиционално се изведува на Денот на независноста, како во Вашингтон така и во многу други главни градови на сојузните држави. Поради инвазијата на Русија на Украина многу од државите протестираа и го откажаа концертот со назнака дека е дел од руската култура, но властите во Вашингтон сепак одлучија да не ја менуваат традицијата, па топовите ќе одекнат. На подиумот поставен на западниот тревник на Капитол хил, ќе настапат кантри ѕвездите и изведувачи Дарен Крис, Јоланда Адамс, Глорија Гејнор, Кеб мо, Емили Беар и Енди Грамер. Многумина со нетрпение ја очекуваат и кратката бродвејска изведба на „Вест сајд стори“, класична љубовна приказна со ликови од њујоршката работничка класа, a по повод 65 годишнина од првото бродвејско шоу, најавена синоќа на пробата од оригиналната актерка на оваа претстава, Чита Ривера. Денот на независноста ја слави одлуката на 13. првични колонии да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите Американски Држави. Ропството врз Афроамериканците тогаш било широко практикувано во колониите додека основачите работеле на стекнување на сопствена независност од Британија. Она што колонистите го сакале само за себе и очигледно не верувале дека и нивните робови имаат право, иако Декларацијата го вклучува овој пасус: „Ние сметаме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви, дека нивниот Создател им дал одредени неотуѓиви права, дека меѓу нив се животот, слободата и потрагата по среќа“, се вели во Декларацијата. Извор: МИА...
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Слободен Печат - пред 15 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада. Извор: МИА...
Курти: Косово може да придонесе за подобра ЕУ
Слободен Печат - пред 15 часа
Косовскиот премиер Албин Курти на денешната средба со министерката за европски прашања на Финска, Тити Тупураинен и нејзиниот ирски колега, Томас Бирн, кои ги предводат нивните државни делегации кои се во посета на Приштина, изјави дека Косово и Европската унија „имаат што да си пружат еден на друг“, јави дописникот на МИА од Приштина. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber На средбата во Владата на Косово, Курти изрази задоволство поради посетата на гостите од двете држави членки на ЕУ, во, како што рече, „овие тешки времиња”. Косовскиот премиер порача дека Косово има потреба од размена на искуства и сестрана соработка, но и дека може да придонесе „за една подобра ЕУ, од аспект на прогресот и одбраната”. „Среќни сме што ве имаме во Косово во овие тешки времиња, времиња кои нé прават посилни. Имаме многу нешта што можеме да си пружиме еден на друг, искуства, економска, трговска, културна соработка и така натаму. Ние можеме да придонесеме за една подобра ЕУ, од аспект на прогресот и одбраната“, изјави Курти. Претпладне делегациите на Финска и Ирска имаа средба со косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими, по што на заедничка прес-конференција министрите Тупураинен и Бирн изјавија дека нивните земји целосно го поддржуваат Косово за визната либерализација, како и за зачленување во Советот на Европа и во други меѓународни организации. Извор: МИА...
Барселона доби финансиска инјекција од продажбата на ТВ правата, па конечно ги потврди потписите со првите две засилувања
Слободен Печат - пред 15 часа
Барселона иако уште пред неколку месеци ги договори сите детали, дури денеска ги претстави Френк Кеси и Андреас Кристенсен како нови фудбалери на каталонскиот тим. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Барселона и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска уште во март се договорија, но каталонскиот тим не можеше да го регистрира Кеси поради финансиските проблеми во кои се наоѓа. Но, со продавањето на ТВ правата за Ла Лига за 207 милиони долари, Барселона доби финансиска инјекција со која конечно може да го претстави Кеси како засилување за следната сезона. 𝐈𝐓’𝐒 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋! 😏 Welcome, Kessie! 💙❤️ pic.twitter.com/wG051AUnpT — FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022 Кеси на „Камп Ноу“ доаѓа од Милан каде беше еден од најдобрите играчи на „росонерите“ во освојувањето на титулата во Серија А. Во Барса ќе има три пати поголема плата од таа што ја имаше во Милан, а во клаузулата изнесува дури 500 милиони евра. Welcome to Barcelona, Andreas Christensen! pic.twitter.com/mHy0sO9FvK — FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022 Освен Кеси, Барселона го потврди потписот и со уште еден фудбалер со кого се договори пред неколку месеци, тоа е Андреас Кристенсен кој доаѓа од Челси. Кристенсен потпиша четиригодишен договор со Барселона, а откупната клаузула како и таа на Кеси изнесува дури 500 милиони евра. Официјалната промоција на првите две засилувања за Барселона за следната сезона ќе биде в четврток....