ИO на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за старт на преговорите со ЕУ
Нова Македонија - пред 9 часа
Фото: Архива Извршниот одбор на СДСМ попладнево на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци: 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки – соопштија од СДСМ....
ДУИ ги осуди протестите пред Владата и Собранието
Нова Македонија - пред 9 часа
Фото: Архива Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија вечерва на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието. -Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните. Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас – пишува во соопштението од ДУИ....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Нова Македонија - пред 9 часа
Фото: МНР Францускиот предлог денеска беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил. Како што напиша Османи, консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
Нова Македонија - пред 10 часа
Фото: Принтскрин Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија. Погледнете го видеото од говорот на Алабаковски:...
Македонските кошаркари со пораз ги завршија мундијалските квалификации
Нова Македонија - пред 10 часа
Фото: КФМ Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Украина во Скопје со 68-73 и со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Украина допатува во Скопје во улога на фаворит и така и го започна натпреварот, остварувајќи предност од 35-21 по првата четвртина, а предноста во вториот период се зголеми на 47-30. Уследи период на подобра игра на „црвено-жолтите“ и серија од 14 коша за намалување на негативата на 54-57 пред стартот на последната четвртина. На 100 секунди пред крајот на натпреварот, Македонија преку Андреј Јакимовски не успеа да реализира за три поени, со што пропадна и последната шанса за резултатски пресврт. Избраниците на селекторот Драган Бајиќ претрпеа шест порази во дуелите со Шпанија, Грузија и Украина и ги завршија мундијалските квалификации на последното место во групата Г....
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Нова Македонија - пред 10 часа
Фото: Архива Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, соопштија вечерва од СДСМ. – Вечерва јавноста виде обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени – соопштија од СДСМ....
Демонстрантите пред Собранието, ја пробија заштитната ограда
Нова Македонија - пред 11 часа
Фото: Принтскрин Поголем дел од демонстрантите кои вечерва се собраа на протест против „Францускиот предлог“ пред Владата, каде ја пробија заштитната ограда и фрлаа со шишиња, јајца и камења кон полицијата, околу 20 часот и 30 минути се упатија кон Собранието. Фото: Принтскрин Пред законодавниот дом исто така е урната заштитната ограда, а насобраните пеат патриотски песни, бараат оставки од властите и целосно отфрлање на европските и бугарските барања. Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Фото: Принтскрин...
Доделени сертификати за лични асистенти на лица со попреченост
Нова Македонија - пред 11 часа
Фото: М.М. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска им додели сертификати на 24 лица кои во претходниот период ги посетуваа обуките за лични асистенти на лица со попреченост. Сертифицираните лични асистенти, со завршувањето на обуките, се стекнаа со потребните знаења и квалификации за грижа за слепи лица и лица со тешка и најтешка телесна попреченост. Лицата, пак, кои имаат потреба од лична асистенција, потребно е да контактираат со општинската организација на Црвениот крст, со цел да им се обезбеди потребната помош. Од 24-те сертифицирани лични асистенти, 10 веќе имаат склучено договори за работа и имаат корисници на услугата лична асистенција, што значи намалување на потешкотиите во секојдневието на лицата со попреченост од наведените категории. Обуките за лична асистенција на лицата со попреченост, се реализираат како дел од Програмата за социјална заштита на општина Битола во соработка со општинската организација на Црвениот крст, а Битола е еден од шесте градови во државата, кои на овој начин овозможуваат лична асистенција за лицата со попреченост, се вели во информацијата од општина Битола. М.М....
Трајанов: Да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка сè што е наметнато од бугарска страна
Нова Македонија - пред 11 часа
Фото: Принтскрин Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог – рече Трајанов во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа. -Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност – посочи Трајанов. Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. – Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка – рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем....
И денеска продолжуваат протестите пред Владата против францускиот предлог
Нова Македонија - пред 12 часа
Фото: Принтскрин Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на „француски предлог“ за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Синоќа дел од демонстрантите ноќта ја поминаа пред Влада, барајќи таа да каже НЕ на францускиот предлог, но и државата да оди на предвремени парламентарни избори. За вечерва опозициската ВМРО-ДПМНЕ повика на најголема масовност, бидејќи како што велат во соопштението утре ќе биде изгласан на Владата т.н. француски предлог. Според очевидци, дел од граѓаните кои излегле да го изразат својот револт ја пробиле заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Владата. Дел од учесниците на протестот кон владината зграда фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,… а откако ја поминаа заштитната ограда се стационираа пред кордонот полицајци. Скандираат „Оставка“ и пеат патриотски песни. Околу владината зграда е видливо засилено полициско обезбедување. Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија. Фото: Принтскрин Фото: Принтскрин...
Морачанин, Трајанов и Милевски на средба со претседателот Пендаровски за францускиот предлог
Нова Македонија - пред 13 часа
Фото: Кабинет на Претседател Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот – информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
Само Јотовски и Србљак на главниот турнир во Софија
Нова Македонија - пред 13 часа
Фото: Приватна архива Томислав Јотовски и Горазд Србљак се единствените двајца македонски тенисери кои се пласираа на главниот турнир во Софија, што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Јотовски мина три кола од квалификациите и единствен од петмината македонски тенисери на тој начин избори учество на турнирот, а Србљак се пласираше дирелтно на турнирот, благодарение на ренкингот. Во првото коло Јотовски ќе игра со домашниот тенисер Виктор Марков, кој игра со посебна покана на организаторот, а Србљак ќе се сретне со Турчинот Тунџај Дуран, кој се пласираше како квалификант....
Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени, порача Маричиќ
Нова Македонија - пред 14 часа
Фото: Влада Во разговорите во Софија денеска колку што знам нема никакви состаноци, но контактите продолжуваат постојано. Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација – рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка – наведе Маричиќ. Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки. Граѓаните, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик – рече тој. Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ. – Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови – посочи вицепремиерот. Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања. – Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме – истака вицепремиерот Маричиќ....
Прванов: Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан
Нова Македонија - пред 14 часа
Фото: Принтскрин Википедија Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата. -Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што не прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски – коментира Прванов. Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции. Тој го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати“, чиј коавтор е самиот тој. Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции....
Поради 300 нови случаи на ковид, Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители
Нова Македонија - пред 14 часа
Кина воведе мерки за заклучување за 1,7 милиони жители на источната провинција Анхуи, каде денеска беа пријавени околу 300 нови случаи на инфекција со ковид-19, во време кога епидемијата повторно се шири во некои области. Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада....
Бирн: Ова е ваше време и нема подобар предлог што е на располагање
Нова Македонија - пред 14 часа
Фото: Принтскрин Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на Европската Унија изјави министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен. -Јас доаѓам од земја од којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски јазик долги години и со членството во ЕУ, нашиот јазик доби навистина еден извонреден статус. Сигурен сум дека тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик. Тоа што сакам да кажам е дека нашиот идентитет како нација беше зајакнат со членството и ни даде храброст и сите тие знамиња што се во ЕУ претставуваат земји што се еднакви и тоа е она што ние го вреднуваме во Унијата – истакна Бирн. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. -Знаеме дека историските и билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка но и од наша ирска перспектива нашите билатерални прашања подобро се решаваат како дел од ЕУ. Постојат и уставни промени што нема да ги спречат почетокот на преговорите, меѓутоа ние како дел од нашиот договор кога станувавме членка моравме да направиме еден навистина тежок компромис – рече ирскиот министер за европски прашања. Во однос на општествениот и економскиот напредок, тој посочи дека кога Ирска станала дел од европската заедница имале милион вработени, додека според податоците од минатата година, таа бројка денес е 2,5 милиони вработени. Бирн истакна дека претставува извонредна разлика и оти не постои сомнеж дека и Северна Македонија ќе просперира и ќе успее како економски, така и општествено. На прашањето како би ја оцениле преговарачката рамка, финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен порача дека целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори – вели Тупураинен. Советот, како што посочи, едногласно донесе одлука дека ќе ги почне преговарачките процеси кога ќе се усвои преговарачката рамка, а според финската министерка тоа ќе се случи многу брзо, бидејќи, како што истакна, Македонците го заслужуваат тоа и заслужуваат ЕУ да го испорача тоа што го има ветено. Министерот за европски прашања на Ирска порача дека со овој предлог се заштитени македонскиот јазик и идентитет и со ова се оставаат сите билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. -Тоа што ние сакаме да порачаме, ова е вашето време нема подобар предлог што е на располагање и доколку се случи тоа ќе биде причина за прослава бидејќи ќе доведе до напредок на целата земја и граѓаните. Ако не се случи јас нависитина не знам што да кажам, ако се потпише се разбира дека ќе има и компромиси, меѓутоа и со тие компромиси предлогот содржи големи победи и за земјата и за македонскиот народ. Се разбира крајната цел е полноправно членство – порача Бирн....
Маричиќ: Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг
Нова Македонија - пред 15 часа
Фото: Влада Би била вистинска штета и за државата и за идните генерации овој момент да го пропуштиме сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со неговите колеги од Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Бирн. -Не е момент за непотребно одлагање, момент е за трезвена дискусија, разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, толку ќе биде потежок за решавање. Без разлика на одлуката која ќе ја донесе Владата во врска со францускиот предлог, полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел и остануваме целосно посветени на реформскиот процес – посочи Маричиќ. Порача дека во следните денови преку инклузивен општествен проце имаме задача заеднички да одлучиме дали ќе ставиме крај на лавиринтот во кој сме заглавени скоро две децении и ќе покажеме мудрост со разгледување и соодветно поставување кон овој предлог, предлог кој, нагласи, е чувар на националните интереси и на нашите црвени линии, или, пак, ќе влеземе во долгогодишен застој којшто секогаш по правило ни носел нови предизвици и нови проблеми. -Од моите колеги очекувам да продолжат да ни помагаат и да се залагаат за политиката на проширување на ЕУ на начин што ќе овозможи таа да биде покредибилна, попредвидлива и подинамичка како што впрочем и најавува новата методологија усвоена 2020 година. Северна Македонија со Финска и Ирска после оваа посета продолжуваат да го зацврстуваат пријателството и да бараат можности за зголемување на билатералната соработка за што веќе постои интерес од деловната заедница. Имаме заедничка евроатлантска иднина за која меѓусебно и понатаму силно ќе се залагаме – рече Маричиќ. Нагласи дека верува оти, како што рече, разумните и одговорните државнички политики ќе надвладеат над деструкциите, дезинформациите, надворешните влијанија. -Верувам дека набрзо ќе ја запечатиме европската судбина на државата со одлука која ќе значи просперитет, развој, напредок, трансформација, реформа и европеизација на државата во која живеат Македонци кои говорат македонски јазик. Нашата иднина е сега само во наши раце – рече Маричиќ. Денеска, додаде, после 18-годишен маратон за почеток на преговорите со ЕУ, земјава има историска можност за почнување на преговорите без дополнителни одлагања со заштитен македонски јазик и македонски идентитет. -Имаме предлог на маса со кој конечно имаме вистинска можност да станеме полноправна членка на европското семејство како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Аргументираната реакција на премиерот Ковачевски на самитот во Брисел сега дава шанса за судбоносно да за европската иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое што се залагавме подолго време, а тоа чиста формулација на македонскиот јазик без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања што за нас беше најважно за зачувување на нашите национални интереси. Тоа е она за што се боревме, тоа е она што го посакувавме, тоа се нашите национални позиции и црвени линии кои успеавме да ги зачуваме и тоа треба навистина да го вреднуваме и да го цениме – потенцира Маричиќ. Во овие турбулентни времиња на нови геополитички настани, како што кажа, од исклучителна важност е и зачувување на безбедноста и стабилноста во Европа. -Токму затоа Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Искрено се надевам дека членството на Република Финска и на Кралството Шведска ќе се реализира за што од наша страна имате целосна поддршка. За почит и поздравување е ваквата одлука за членство во НАТО која значи зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа особено во овие моменти на воена инвазија врз Украина што несомнено ја погоди европската безбедносна политика и слика – рече Маричиќ....
Францускиот предлог е достапен на македонски јазик на веб-страницата на Владата
Нова Македонија - пред 15 часа
Фото: Игор Бансколиев Владата денеска на официјалната веб страна го објави францускиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот може да се преземе на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста. – Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите – информираат од владината прес-служба. Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата....
Ковачевски: Високо ја цениме поддршката од САД, веќе 30 години се наш стратешки партнер
Нова Македонија - пред 15 часа
Фото: Влада САД веќе 30 години се наш долгогодишен стратешки партнер со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод Денот на независноста на Соединетите Американски држави. -Честит 4 Јули, Ден на независноста на Соединетите Американски Држави! Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години во текот на нашата независност се наш долгогодишен стратешки партнер и со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја. Партнерството со САД беше силна поддршка во остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО. Остануваме на позициите и јасните определби, за јакнење на заедничките вредности, на демократијата и на слободата, кои се единствен темел за создавање вистински вредности и прогресивно општество, за просперитет на нашите народи – напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук....
Хакерски напад на Фејсбук страницата на УКИМ
Нова Македонија - пред 15 часа
Фото: Архива Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ – се наведува во соопштението на Универзитетот....
Девојче повредено во сообраќајка во Битола им подлегна на повредите по повеќедневна борба
Нова Македонија - пред 16 часа
На клиничката болница во Битола денеска почина малолетното девојче повредено во сообраќајка која се случи вечерта на 14 јуни, на улица Ружа Делчева во Битола. По дваесетина дена борба на лекарите во Клиничката болница во Битола, за спас на девојчето, кое имаше само 15 години, тоа денеска им подлегна на повредите. До сообраќајната несреќа дојде на 14 јуни, околу 22 часот, на мошне прометната улица „Ружа Делчева “, кога малолетен моторциклист со мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетната сопатничка на мопедот, која не носела кацига, додека пешакот поминал со полесни телесни повреди. Веста за смртта на девојчето ја потресе Битола која 20 дена очекуваше малолетното девојче да се опорави. Но се покажа дека падот од мопедот бил смртоносен, во најголема мера поради тоа што девојчето не носела заштитна кацига М.М....
Македонските ракометари останаа без финале на Медитеранските игри
Нова Македонија - пред 16 часа
Фото: Принт-скрин Македонската машка ракометна репрезентација загуби попладнево од Египет со високи 20-34 (10-16) во рамки на првото полуфинале на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа немоќни против египетскиот противник и во текот на целиот натпревар беа во резултатски подредена положба. Египет, кој до полуфиналето имаше стопроцентен ефект од четири победи, замина на полувреме со предност од шест голови разлика, која во продолжението само ја зголеми и обезбеди пласман во финалето. Македонските ракометари во натпреварот за бронзениот медал ќе играат против поразениот од вториот полуфинален натпревар во кој вечерва се среќаваат Шпанија и Србија....
Путин нареди продолжување на руската офанзива по заземањето на Луганск
Нова Македонија - пред 17 часа
Фото: Принт-скрин Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на своите сили да ја продолжат офанзивата во источна Украина по заземањето на целиот регион Луганск. – Руските сили „треба да ја извршат својата мисија до крај, според веќе одобрените планови. Се надевам дека сè ќе се случи во нивните сектори како што се случи во Луганск – рече Путин во телевизиски разговор со неговиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Рускиот претседател ова го изјави еден ден по најавата за повлекување на украинските сили од стратешкиот град Лисичанск, со чие заземање руските и проруските сепаратистички сили ја презедоа контролата врз целата територија на Луганск. Регионот Луганск и соседниот Донецк го формираат Донбас, индустриски басен во источна Украина, што руските сили имаат намера да го освојат во целост. Министерот за одбрана Шојгу денеска изјави дека руските сили го деминираат градот Лисичанск....
Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, а не Македонија, вели Мицкоски за францускиот предлог
Нова Македонија - пред 17 часа
Владината седница, според нашите информации, ќе биде утре и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се јасни, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за францускиот предлог. – Јас уште вчера кажав, се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од сѐ, ќе помогнеме, нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет, март-април, пак ќе седнеме, ќе видиме што понатаму – посочи Мицкоски. – Тоа беше првата понуда. За втората предложив, ако се толку сигурни дека го заштитиле идентитетот, да ги тргнеме точките каде што се повикува на годишните извештаи, каде што се повикува на протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина којашто ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите почнуваат веднаш по измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој упати апел до премиерот Ковачевски да го слушне народот. – Ако има малку разум кај Ковачевски и другите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија – додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На новинарско прашање дали предлогот треба да помине во Собрание, Мицкоски одговара: не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине. За средбата на Ковачевски со Села, Мицкоски вели: јас верувам во демократските процеси, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера....
Европската комисија во најбрз рок ќе изнесе детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс
Нова Македонија - пред 17 часа
Фото: Твитер Европската Комисија во наредните часови или денови ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор. – Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него – рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант. МИА испрати писмено барање до генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија со ова прашање. Оттаму добивме одговор дека службите на Европската Комисија работат на прашањето и дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. МИА ќе информира штом добие одговор....
Бездомните кучиња го „чуваат“ новиот градски пазар во Битола
Нова Македонија - пред 17 часа
Проблемот со кучињата скитници во Битола и натаму ги револтира битолчани. Овој проблем е особено изразен во новиот градски пазар, каде купувачите едноставно се плашат да пазарат поради бројните кучиња скитници. Утринава две големи кучиња буквално го „зазедоа“ главниот влез во пазарот, па така голем број купувачи плашејќи се од нив не можеа да влезат и мораа да ги заобиколуваат кучињата. – Ова навистина нема смисла со кучињата скитници. Јас не знам како надлежните не го гледаат овој проблем. Пред некој ден кучињата кои во пазарот ги има во голем број се искасаа меѓусебе, па така од нивните бркотници толку многу ми се исплаши внучето кое цел ден никако не можев да го смирам – ни вели еден од купувачите кои денеска најмногу се исплаши од бездомните кучиња кои го „чуваа“ пазарот во Нова Битола. М.М....
Старо дрво оштети две возила во Битола
Нова Македонија - пред 17 часа
Невремето кое ја зафати Битола им донесе многу проблеми на битолчани, но и предизвика голема материјална штета. Од невремето најмногу настрадаа две паркирани возила на улица Булевар 1 мај, до пералната, откако старото дрво на булеварот кое се откорна и ги потисна истите. Едното од возилата беше подготвувано за свадбена веселба. Денеска екипи на ЈКП „Водовод“ Битола и ЈП „Комуналец“ го расчистуваа местото каде се падна дрвото и ги отстранија возилата. М.М....
Детски филмови, претстава и музика во рамки на „Битфест“
Нова Македонија - пред 17 часа
Продолжува програмата на Битолското културно лето „Битфест“. Оваа недела програмските содржини ќе понудат културни настани за сите генерации. Од денес, на програмата на БИТ ФЕСТ започнува „Неделата на детски филмови“ со проекција на детскиот анимиран филм „Џиновската круша“ според книгата на Јакоб Мартин Стрид. Проекцијата со македонска синхронизација почнува во 11 часот, додека проекцијата на овој филм со синхронизација на албански јазик е на 7 јули во 13 часот. Влезот за филмските проекции кои ќе се одржат во Кино „Манаки“ е бесплатен. „Неделата на детски филмови“, во организација на Друштвото за филмска продукција „Узенгија“ која општина Битола ја реализира во соработка со Културно-информативниот центар, ќе трае до 8 јули, а покрај проекциите на „Џиновската круша“, детската публика, ќе може да ги проследи и проекциите на светски познатите детски филмови како: „Кариран ниџа“, „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“. Во вторник, на битолското културно лето, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20 часот. В среда, на БИТ ФЕСТ, започнува големиот „Балкан гала фестивал“, во организација на Камерниот оркестар на Битола, кој ќе понуди две незаборавни вечери, од кои едната со рок, а другата вечер со поп-симфонија. В четврток, петок и сабота, љубителите на џез музиката, ќе можат да ја почувствуваат џез магијата низ програмата на „Џез фабрика фестивалот“ на „Битфест“. М.М....
Грција, Италија и Швајцарија даваат пари да се преселите таму
Нова Македонија - пред 17 часа
Лиценцираниот финансиски советник Фреди Фајненс објави видео на социјалната мрежа Тик ток и објасни кои три земји ви нудат пари за да се преселите и да живеете таму. Инаку, Фреди предава финансиска писменост и им помага на луѓето да дојдат до приходи. На Тик ток, тој објасни на кој начин Грција, Италија и Швајцарија нудат пари. Значи прва со оваа практика почнала швајцарската општина Албинен, која нуди 25.000 долари само да се преселите таму и 10.000 долари за секое дете. Единствен услов е да имате под 45 години и гаранција дека ќе се задржите таму најмалку 10 години. Втора е Сицилија во Италија, најголемиот остров во Средоземно Море. Можноста да живеете таму можете да ја остварите со купување недвижности, а локацијата се нуди за еден долар. Меѓутоа, ќе морате да го реновирате тој простор во висина од 17.800 долари, а пред тоа да вложите 5.900 долари како депозит. И на грчкиот остров Антикитера ќе ви подарат парче земја и ќе примате по 560 долари месечно во наредните три години. Во коментарите на социјалните мрежи најмногу ги одвраќале луѓето од Сицилија, со образложение дека населението со причина се отселило од таму, бидејќи мафијата го контролира целиот остров....
Венеција стави крај за еднодневните туристи
Нова Македонија - пред 17 часа
Властите во Венеција најавија дека градот ќе наплаќа влезница почнувајќи од 2023 година, со што ќе стане првиот град во светот што на туристите ќе им наплатува ваков вид такса, пишува магазинот „Политико“. Со цел да се реши проблемот со пренатрупаноста и да се обесхрабри пристигнувањето на еднодневните туристи, надлежните најавија дека од јануари 2023 година влезот во градот ќе им се наплаќа на туристите по 10 евра. Според официјалните лица, туристите ќе треба однапред да направат резервации за влез во градот и ќе плаќаат од три до десет евра, во зависност од годишното време кога ќе дојдат. Во меѓувреме, инспекторите ќе патролираат низ градот и ќе имаат дозвола да запрат туристи и да бараат доказ за уплатата. Доколку се покаже дека туристите немаат дозвола за влез, ќе платат казна и до 300 евра. – Парите собрани од билетите ќе се искористат за намалување на сметките за собирање отпад на жителите на Венеција. Жителите на градот, луѓето што доаѓаат да ги посетат и туристите што резервираат ноќевања во хотел ќе бидат ослободени од плаќање влезница во градот – се наведува во соопштението. Градскиот функционер задолжен за туризам, Симоне Вентурини, рече дека мерката воведена од Венеција е револуционерна, но предупреди дека ќе биде неопходно одредено приспособување за системот да функционира како што е замислено. – Знаеме дека, како прв град во светот што ќе го направи ова, би биле арогантни ако мислиме дека сè ќе функционира совршено. Ние постојано ќе го подобруваме системот – рече Вентурини....
Изложба „Белег на времето“ од Павлина Илијеска во Прилеп
Нова Македонија - пред 17 часа
„Белег на времето“ е тематската изложба на слики од прилепската уметница Павлина Илијеска, што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Илијеска ќе се претстави со десетина платна во голем формат, на кои се пренесени нејзините видувања на значајни прилепски локалитети, испреплетени со традицијата, културата. – Заедничка карактеристика во делата на Илијеска е слободата, односно нејзиното интуитивно пројавување, без разлика дали сликарката ни претставува таканаречени патриотски мотиви, или го допира егзистенцијалниот бит на единката. Занимавајќи се со единката, Илијеска вешто продира и се судира со стравот, неспокојот и потрагата по начините за повторно народување. И тука, и во случај на патриотско-локалните теми, вториот план, односно споменатата позадинска интерпретација е творивото кое смирува, оплеменува, радува или ја додава дополнителната сила за истрајност кон слободата, како што се на пример сликани мотивите поврзани со Тешкото, прилепска Могила или Чаршијата со градската Саат-кула. Илијеска слика слобода која не останува само во рамките на имагинарното, или пак слобода која вечерва ќе нѐ одведе на барикадите на градскиот плоштад, туку таква која несвесно нѐ разнежнува, иако можеби очекувањата биле поинакви – вели Звонко Димоски. Според Викторија Димеска, историчар на уметност, Павлина Илијеска создава обемен сликарски опус со мотиви инспирирани од родниот град Прилеп. – Сликајќи ги грандиозните споменици со кои се одликува градот под Марковите Кули, таа креира културен континиум на историските текови кои оставиле карактеристични белези во минатото и кои на неповторлив и единствен начин ја обликуваат сегашноста. Сигурна во својата интуиција, таа храбро и достоинствено чекори во светот на ликовната уметност. За прв пат во новиот циклус на уметнички дела користи монументални платна. Со минуциозното и пиктурално сликање на најситните детали во пејзажите и градската архитектура, уметницата настојува целосно да ја исполни белата површина. Издвојувајќи сè со – калиграфски сликарски ракопис, лирски сензибилитет и вибрантни боени ноти, автентичното уметничко творештво на Илијеска прераснува во културен ансамбл кој сведочи за историската и духовната вредност на градот – вели Димеска. Павлина Илијеска интензивно почнува да слика на свои 57 години, односно во 2006 година. Нејзиниот опус до 2015 година брои над 146 сликарски платна со претстави на градски ведути и пејзажи, изработени во акрилна техника. Била дел од бројни колонии, релизирала самостојни изложби во Лерин, Грција, во Прилеп, а учествува и на групни на ДЛУП, и во Грција. Ка.М....
Најгрдото куче на светот
Нова Македонија - пред 17 часа
Животни Се одржа натпревар за избор на најгрдо куче на светот, а победата ја освои куче од мешана раса со чивава, по име Мистер Хепи Фејс. Натпреварот се одржа во Петалума, Калифорнија, а сопственичката Џенеда Бенали и нејзиното милениче ја освоија главната награда од 1.500 долари и патување во Њујорк. Џенеда, која живее во Аризона, го посвоила ова куче пред 10 месеци. Таа барала куче што има најмалку шанси за вдомување. Мистер Хепи Фејс живеел во лоши услови додека не пристигнал во прифатилиштето. Бил запоставен и денес, на 17 години, има тумори и невролошки проблеми, носи пелени и се бори да стои или да оди исправено. Ја држи главата навалена, а кога е среќен испушта звук што потсетува на звук од мотор на камион. Овој натпревар го промовира вдомувањето кучиња, дури и оние со одредени пречки во развојот....
Откажан концертот на „Вајтснејк“ во Скопје
Нова Македонија - пред 17 часа
Членовите на светски познатата група „Вајтснејк“ од здравствени причини ги откажаа сите преостанати концерти во Европа, во рамките на нивната проштална турнеја. – Како што сте веќе информирани преку социјалните медиуми на „Вајтснејк“ и Дејвид Ковердејл, поради неговото влошено здравје, по претходно откажаните четири концерта, бендот го откажа и остатокот од европската турнеја, во кој од седум концерта, три требаше да бидат во организација на продукцијата „Авалон“. Станува збор за настапите во Скопје, Белград и во Сараево. Засега немаме информација дали концертите ќе имаaт нов термин и поради тоа ќе вршиме целосна рефундација на средствата на сите што купиле влезници, почнувајќи од 12 јули – велат од продукцијата „Авалон“. „Ви се извинуваме и благодариме на поддршката во овие тешки моменти, во кои сме апсолутно беспомошни и сме едноставно жртви на виша сила, во овој случај здравјето на Дејвид Ковердејл“, пишува на официјалната интернет-страница на групата....
Коментарите на Апасиев и Пендаровски се неприфатливи, но затворениот процес за предлогот ќе продолжи да создава раздор
Нова Македонија - пред 17 часа
Фото: Кабинет на претседателот По повод јавната расправија помеѓу пратеникот и претседателот Што можеме да очекуваме од секојдневните расправии на пазар, на клупа во Градскиот парк или во кафеана, кога највисоките политички чинители директно вклучени во процесот на одлучување за францускиот предлог, што може да ги одблокира македонските евроинтеграции, а истовремено е од исклучителна важност за идентитетските прашања, јавно расфрлаат пцости и навреди во кои спомнуваат родители, вошки, гниди, психопати… Ова претставува дел од репертоарот разменет помеѓу пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук упати навреда кон Стево Пендаровски откако беше објавен францускиот предлог за кревање на бугарското вето, по што шефот на државата остро му возврати при одговор на новинарско прашање, за Апасиев повторно да се огласи преку Фејсбук, реагирајќи во иста мерка на последните коментари на Пендаровски. Експертите за политичката комуникација се согласуваат дека ваквиот говор е неприфатлив. – Сметам дека коментарите на Апасиев се апсолутно неприфатливи и со нив се оттргнува фокусот од суштинските прашања и се создава раздор. Од друга страна и институциите на претседателот не треба да одговараат на таков начин на ваквите коментари – категоричен е директорот на институтот за демократија „Сосиетас цивилис“ од Скопје, Марко Трошановски. Комуникологот и специјалист за односи со јавноста и нови медиуми, Бојан Кордалов, посочува дека не се знае каков резултат може да донесе скршнувањето од страндардната политичка комуникација, па токму затоа е потребно таа да биде сведена на дебата на различни одмерени размислувања. – Излегувањето надвор од стандардната политичка реторика и комуникација често изгледа примамливо и ефикасно, но се „уличка“ која никогаш не знаете каков резултат на крајот ќе ви донесе. Искрено, не знам како секој човек би можел да изреагира на одреден тип на пцовки, квалификации и други изрази, но мора да успееме политичката комуникација да ја сведеме на предвидливост, инклузивност, односно дебата на различни размислувања, меѓутоа првенствено дебата на артикулирани, одмерени и реално прифатлив начин на комуникација – истакнува Кордалов. Тој посочува дека зборовите што ги користат политичарите се пренесуваат директно и врз секојдневната комуникација на граѓаните. – Би сакал да потсетам дека начинот на кој политичарите комуницираат, зборовите кои ги користат, директно се пренесува на секој од нас како граѓанин и ни дава ветер во грб да користиме, односно не користиме одреден тип на комуникација. За таа цел, потенцирам дека правилната, одмерената, стандардната политичка комуникација може да изгледа долга, неинтересна или досадна, но уверувам дека само инклузивната и аргументирана комуникација може да доведе до ефикасни резултати, внимание од граѓаните и да придонесе за позитивна промена на општеството – објаснува Кордалов. Несоодветните изрази присутни во јавната расправија помеѓу Апасиев и Пендаровски минатата недела, на извесен начин, веројатно претставуваат зовривање на тензичната состојба во јавноста по објавувањето на францускиот предлог, што се согледува и според поделбите и говорот на омраза присутни и на социјалните мрежи деновиве. – Кога станува збор за процес од највисок државен карактер што не вклучува консултации од пошироката јавност, резултатот е фрустрација, особено што еден дел од јавноста е гневен бидејќи одлуката е донесена прекуноќ. Ова е затворен, избрзан и нетранспарентен процес, што сметам дека и понатаму ќе продолжи да создава поголем раздор во јавноста – заклучува Трошановски. Останува да се види каков ќе биде понатамошниот ефект од комуникацијата помеѓу Апасиев и Пендаровски, но засега нема назнака за смирување на ситуацијата, особено додека македонското општество е преокупирано со францускиот предлог....
Речиси 25 проценти од морското дно на Земјата се мапирани
Нова Македонија - пред 17 часа
Како дел од иницијативата „Морско дно 2030“, досега се мапирани речиси 25 проценти од морското дно на Земјата. Поточно, проектот за мапирање во моментов е на 23,4 отсто, но целта на иницијативата е работата на мапирањето на морското дно да се заврши до 2030 година, односно за помалку од осум години. Проектот е дел од поголемата иницијатива „Декадата на океанот“, предводена од ОН, и главно се потпира на доброволни придонеси, во форма на податоци за топографијата на океаните. Рокот за мапирање на целото морско дно на планетата до 2030 година е остварлив благодарение на напредокот во технологијата и веќе достапните податоци. Само минатата година, 9,841 милиони квадратни километри од морското дно беа мапирани првенствено преку отворање архиви, наспроти активните напори за мапирање. Научниците се надеваат дека собирањето батиметриски податоци ќе помогне за подобро разбирање на климатските промени и во напорите за зачувување на океаните. Мапирањето на дното на океанот помага и за откривање цунами и други природни катастрофи. Многу од користените податоци веќе постоеја. Проектот се потпира на придонесите на владите и компаниите, но некои од нив сè уште не сакаат да ги отворат своите архиви, од страв да не откријат национални или деловни тајни. Сите податоци ќе ѝ бидат достапни на јавноста преку Интернет и глобалната мрежа ГЕБЦО. Пред проектот „Морско дно 2030“, многу малку податоци за директно мапирање беа јавно достапни. Повеќето батиметриски мерења се проценуваат со помош на сателитски отчитувања на височина, а овие отчитувања даваат многу груба претстава за морското дно. Некои научници веруваат дека напорите за пронаоѓање на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ би биле поуспешни благодарение на поновите и попрецизните методи за мапирање на дното на океанот....
Нови 290 ковид-случаи
Нова Македонија - пред 17 часа
Фото: Пиксабеј Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 1 до 3 јули) направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи со ковид-19 и 250 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Од 290 новозаболени од Скопје се 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од 250 оздравени пациенти од Скопје се 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 935....
Францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Македонија може да го постигнат, смета Ќучук
Нова Македонија - пред 17 часа
Фото: Твитер Известувачот за Македонија Илхан Ќучук смета дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија и Северна Македонија може да го постигнат. Во 21. век, нагласува тој, идентитетот не може никому да му биде одземен, а најдобар начин да се заштити и зачува е да се биде внатре во Европската Унија, каде сите се еднакви. -До сите мои пријатели во Северна Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Северна Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви – напиша на Твитер Ќучук, кој е и лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС....
Копија на „Мислителот“ на Роден продадена за 10,7 милиони евра
Нова Македонија - пред 17 часа
Копија на скулптурата „Мислителот“ на Огист Роден, едно од најпознатите уметнички дела на светот, е продадена за 10,7 милиони евра, на аукција во Париз. Аукциската куќа „Кристи“ овој примерок, со големина на оригиналниот модел, кој е еден од исклучителните примероци на „Мислителот“ меѓу 40 автентични, го процени меѓу 9 и 14 милиони евра, пренесе „Ројтерс“. Инаку, рекорд за копија на ова дело на Роден, од 15,3 милиони долари, е поставен на аукцијата во Њујорк во 2013 година. Роден го осмислил „Мислителот“ во 1880 година, во оригинална големина од околу 70 сантиметри, и го нарекол „Поет“. Тој бил направен како крунски елемент на „Вратата на пеколот“, уште едно големо дело на францускиот вајар. Според некои наводи, скулптурата на почетокот го претставувала Данте Алигиери, средновековен италијански поет и автор на делото „Божествена комедија“, кој се наведнува напред за да ги набљудува круговите на пеколот, додека медитира за своето дело. Во времето кога бил дел од величествената „Врата на пеколот“, „Мислителот“ бил и поединечно изложен во 1988 година и така станал самостојно дело. Статуата првпат е зголемена во 1904 година, а монументалната верзија во човечка големина изложена во Музејот на Роден во Париз стана најпопуларна во светот....
Преку песните од албумот „Последно танго“ повторно нѐ погали гласот на Влатко Илиевски
Нова Македонија - пред 18 часа
На денот кога Влатко Илиевски ќе наполнеше 37 години, 2 јули, на јавноста ѝ беше претставен албумот „Последно танго“, со песни што беа подготвувани за негов нов носач на звук, пред четири години, но, за жал, не се случи тоа. Сепак Драган Илиевски-Вршац, заедно со група ентузијасти, соработници и пријатели на Влатче, успеа да ги собере на едно место овие рефрени, со што на сите што го сакаа и почитуваа легендарниот пејач, а нивниот број е навистина голем, им овозможи уште една средба со него. На прес-конференцијата организирана по тој повод во саботата напладне, во ресторанот на ФК Работнички во Градскиот парк во Скопје, чиј домаќин беше познатиот музички новинар Иван Беќковиќ, свои спомени од соработката со „златното момче на македонскиот рокенрол“ кажаа и: Кристијан Габровски, Владимир Дојчиновски-Дојчин и Ристо Самарџиев, кои учествуваа и во создавањето на албумот „Последно танго“. – Треба да бидеме среќни зашто го познававме Влатко и со овие песни ќе го продолжиме споменот на него. Албумот се создаваше неколку години и тој постојано беше во студио и кога ќе завршеше нов материјал, кај Дојчин, кај Кристијан или беше плод на соработка со Ристо Самарџиев, секогаш имаше понекоја нова песна на ум. А, на носачот на звук се ставени 14 песни, некои ги претстави, а некои не успеа да ги објави. Има и соработка со Зеле Липовача од босанската група „Дивље јагоде“, поточно Влатко ја испеа „Не желиш крај“ и Зеле даде зелено светло да биде објавена. Упатувам благодарност до Драган, таткото на Влатко, кој најде сили да ги собере и објави сите овие песни. Тука се „Сети се“ и „Божиќна песна“, кои ги отпеа со хорот „Златно славејче“, прекрасниот дует „Љубов“, кој го сними со Јулија Димчевска, а за другите ќе слушнете од нивните автори – рече Иван Беќковиќ. Кристијан Габровски откри дека со Илиевски почнал да соработува во 2003 година. – Кога Влатко почна да соработува со Весна Малинова и со Дарко Тасев, и јас се вклучив во создавањето нови песни за него. Дружбата ни беше извонредна, многу песни се снимија кај мене, повеќето сѐ уште се слушаат. Работејќи на овој албум, прво со Ристо Самарџиев направивме избор од 14 песни. „Со тебе најдов среќа“, „Сѐ ќе покрие прашина“, „Кој ли е ден“, „Комшике убава“ се мои, а ги најдов песните во мојот компјутер, а Дарко Тасев ми помогна во свирењето гитари. Насловната „Последно танго“ беше претставена на „Макфест“. Според мене, сите песни се одлични – рече на прес-конференцијата Кристијан Габровски. Владимир Дојчиновски-Дојчин откри дека со Влатче биле одлични другари и соработници. – Заедно бевме на „Евровизија“, на „Сунчане скале“ и на други фестивали надвор од Македонија, а го следев на некои настапи во земјава, како и на концертот во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој е првиот наш пејач што ја наполни оваа сала, а концертот имаше многу гости и траеше три и пол часа. „Вило вилена“, испеана на „Макфест“, и „Љубов“, која премиерата ја имаше на „Скопскиот фестивал“ се мои, како и „Македонка“, која е од субвенционираните дела. Ова е убав шаренолик албум, кој ги следи искреноста и креативноста – вели Владимир Дојчиновски-Дојчин. Албумот го отвора извонредната „Дајте му ја“, исполнета на „Охрид-фест“ во 2017 година, по која следуваат „Не постојам без тебе“, „Кој ли е ден“, „Со тебе најдов среќа“, „Сѐ ќе покрие прашина“, „Вило вилена“, „Македонка“ (од фестивалот „Златен костен“ во Петрич, Бугарија, 2016-та), „Комшивке убава“, „Љубов“ (дует со Јулија Димчевска), „Последно танго“ („Макфест“, најслушана песна меѓу два фестивала), веќе споменатата „Не желиш крај“, како и „Сети се“ и „Божиќна песна“, снимени со хорот „Златно славејче“. Како посебен куриозитет, на албумот ќе се најде и првата песна на Влатко Илиевски (која ја снимил во студиото на Ангел Ќосев, неговиот професор по музичко, уште како осмоодделенец) – „Together Again“, негово авторско дело, за која самиот го сними и гитарското соло. Освен него, во снимањето учествуваа и Урош Вељковиќ (тапани) и Марјан Петровски-Маци (бас) од групата „Стил темпл“. Ристо Самарџиев исто така бил голем пријател и соработник на Влатко, а прв го открил како талент кога тој бил седмо одделение. Сите занеме каков беше Влатко, а позната е и нашата дружба. Остваривме две фестивалски соработки, за песните „Север и југ“ и „За љубов се пее докрај“. Сите мигови со него беа посебни. Се прашувам дали сме посиромашни ние што го знаевме и многу ни недостига или тоа се малиот број луѓе што не го запознале лично. Тој се дружеше со сите, беше посебен лик за нашето секојдневие, за македонската музика. Кога бев уредник на детска емисија во Сител, каде што работам и денес, едно од девојчињата од хорот „Златно славејче“ ми препорача да го слушнам Влатче на гитара. И дојде, се сеќавам, пееше песна на „Битлси“. Драго ми е што е издаден овој албум, што Енко помогна да се отпечати, со кој ќе се збогати музичката ризница кај нас – рече Ристо Самарџиев. Се надоврза Иван Беќковиќ, кој дополни дека Влатко го запознал во 2001 година. – Славчо од „Морал“ ми се јави и ми рече дека групата негова има нов пејач. И навистина, Влатко стана препознатлив како пејач на овој рок-бенд. Нашите муабети секогаш беа врзани за музиката, беше фасциниран од животот и кариерите на големите светски и бившојугословенски музичари – рече Беќковиќ. И Урош Вељковиќ од групата „Стил темпл“ се потсети на времето кога почнал да свири со Влатче, а според Славчо Стојановски, Влатко станал познат со доаѓањето во „Морал“. – Првпат го слушнавме на „Рок-фест“, каде што ние бевме специјални гости. Ме вчудовиде таа негова енергија и ме потсети на младиот Мик Џегер. Токму тогаш си замина нашиот пејач Орша и го повикавме Влатко да дојде во групата. Мислев дека има 19, а тој ми рече оти има 16 години. Сепак, решивме да отпее една наша песна, тоа беше „Мора да е кошмар“, снимивме и спот и тоа беше хит. Имавме голем успех, а каде и да се појавевме низ Македонија, Влатко беше популарен како Елвис Присли. До 2005 година имавме голем успех и бевме предгрупа на „Дип парпл“ на концертот во Скопје, но не најдовме спонзор да нѐ поддржи и Влатко тогаш почна соло-кариера, која беше одлична, со многу добри албуми. На неговиот концерт во „Борис Трајковски“ настапивме заедно и го подготвивме албумот „Кофеин блуз“, кој од пејачки аспект беше негово најдобро дело. На сите ни недостига Влатко и драго ми е што на ваков начин можеме да се потсетиме на него – рече Славчо Стојанов. Прес-конференцијата ја заврши Иван Беќковиќ. – Денеска Влатко ќе наполнеше 37 години. Неговата музичка приказна беше една од најубавите на македонската музичка сцена. Би било убаво да има уште албуми со негови песни, да се организира голем концерт со неговите пријатели, да се сними документарец за неговата кариера, а секако и да се издаде една убава книга. Се надевам дека песните ќе живеат во радискиот етер – рече тој. На крајот на оваа емотивна средба, Владимир Дојчиновски-Дојчин и Ристо Самарџиев во живо изведоа неколку познати песни на Влатко – „Најбогат на свет“, „Со други зборови“ и „За љубов се пее докрај“....
ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ
Нова Македонија - пред 18 часа
Фото: Игор Бансколиев Европската Комисија го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. -Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање – изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел. ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар. -Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува – изјави портпаролката Ана Писонеро. Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“. -Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите – рече Писонеро....
Премиерно прикажан филмот „Уметнички портрет на Илија Плевнеш“
Нова Македонија - пред 18 часа
Филмот „Уметнички портрет на Илија Плевнеш“ ексклузивно беше премиерно прикажан на Наша ТВ викендов. Станува збор за документарец за младиот македонски музички и сценски уметник Илија Плевнеш (1984 – 2021), кој ненадејно почина во Париз, а својата академска и уметничка кариера ја оствари во Париз и во Њујорк. Тој е главниот херој на овој документарен филм, во режија на Константин Плевнеш. Уметничкиот портрет започнува со документарниот филм „Токио ја сака Македонија“, кој му е посветен на интернационалниот сон на Илија Плевнеш за присуството на македонскиот јазик на сите меридијани, достигнувајќи до Јапонија, земјата на изгревот на сонцето. Во филмот се појавуваат јапонската македонистка Јуми Накајума, која е авторка на повеќе научни истражувања посветени на оваа тема, а инспирирани од нејзините професори, и академиците Блаже Конески и Божидар Видоевски. Тука е и Хисаио Такахаши, јапонски историчар на уметноста и конзерватор, кој во Токио во 1986 година ја објавува капиталната монографија „Македонските фрески“, која станува светска референца за фрескописот во Македонија. Во филмот е присутен и јапонскиот сликар Киба Таканобе, учесник на Интернационалната ликовна колонија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Специјална музичка композиција, под наслов „Илија – сонце во душата“, за оваа пригода создаде познатиот македонски композитор Горан Трајковски. Во продолжение на уметничкиот портрет се појавуваат и двата авторски проекти на Илија Плевнеш: едниот сниман во Македонија, под насловот „Далеку од проблемите“, а вториот „Илија и Шакал во Париз“, кои се дел од неговиот авторски рап-албум, кој се очекува да се појави до крајот на годината. Професорот Братислав Зафировски во филмот говори за неодамна објавената книга „Соноризацијата и ширењето на звукот“ од францускиот автор Лионел Едан, за која Илија Плевнеш напиша предговор, а Атанас Чупоски се осврнува на истражувањата на Илија Плевнеш за германскиот продуцент Артур Браунер (1919-2019), кој учествувал како копродуцент на култниот филм „Солунските атентатори“. Извадок од филмот „Тајната книга“, македонско-француска копродукција во режија на Владо Цветановски, е дел на овој уметнички портрет, каде што во финалето на филмот Илија Плевнеш дава сопствен уметнички придонес со својата актерска креација што завршува токму во Париз, на платото на Француската национална библиотека, каде што и денес се чува единствениот препис на Тајната книга, за која во современата наука се тврди дека потекнува од Македонија. Во самиот портрет се претставени и поголем број поетски творби од Славе Ѓорѓо Димовски, Зоран Пејковски, Џејми Лоренс од САД, Паскал Галоа од Франција, Василка Аврамовска од Лондон, како и учество на повеќе членови на неговото семејство. Стиховите ги интерпретираат Роберт Вељановски, Сања Балсиќевска и Цветанка Вељковска....
Годинава ќе се реставрира ентериерот на Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола
Нова Македонија - пред 18 часа
Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува, осовременува и се работи на нејзина комплетна реконструкција, информираат од Министерството за култура. Конзерваторско-реставраторските зафати започнаа во 2016 година, кога беше изработена проектна документација за осовременување на куќата. Во 2018 година од Министерството за култура беа доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, со што беше комплетно заменета електричната инсталација и беа преземени некои помали зафати во ентериерот, што повторно беше во согласност со висината на доделените средства. Подоцна во 2019 година, од Министерството повторно беа обезбедени 350.000 денари, во 2020 година 400.000 денари, во 2021 година 310.000 денари, а за 2022 година се предвидени 400.000 денари. – Навистина ми е драго што секоја година се издвојуваат средства за Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола, а со тоа се врши континуирана реставрација и очекувам куќата повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ треба да биде врежана во сите нас, затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Со овие средства досега се заменети и покривната конструкција и дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот. Во оваа куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крајот завршил како вреден експонат во Спомен-куќата. Куќата содржеше две изложбени простории, со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде што Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монистри, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор....
Пукотници на плажа кај Валона, има повредени
Нова Македонија - пред 18 часа
Фото: Пиксабеј Инцидент со пукотници од огнено оружје се случил на плажата Радиме, кај албанскиот приморски град Валона. Како што пренесуваат албанските медиуми има повредени, а туристите во паника го напуштиле местото. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување. Пристигнуваат и возила за брза помош. Се врши увид, засега не е познат мотивот....
Во Скопје гостува познатиот уметник Пол Ванг
Нова Македонија - пред 18 часа
Изложба на 40 принтови во рамките на мултимедијалниот проект насловен „Природа на математиката“ на Пол Ванг, истакнат и наградуван визуелен уметник од САД, е отворена до 10 јули во галеријата „Ко-ра“, во големиот салон во домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Куратор на изложбата е Игор Поп Трајков. По тој повод, уметникот Пол Ванг утре и лично ќе гостува на изложбата, кога ќе биде емитувана и дигиталната видеопроекција на неколку негови остварувања на зелениот покрив на Домот на културата. Пол Ванг е роден во 1964 година. Дипломирал на универзитетот „Беркли“ во Калифорнија, САД. Магистрирал на институтот „Прат“. Познат е по големите холивудски продукции – филмски хитови на кои имаше повеќе ангажмани, како одговорен за визуелни ефекти. Добитник е на највисоката награда за визуелна надградба на сликата на фестивалот „Имагина“. Негова специјалност се анимациите, дигитално синтетизираните слики и уметноста за деца. Во Македонија беше за време на снимањето на филмот „Миротворец“, чиј продуцент беше прочуениот Бранко Лустиг, со Џорџ Клуни и Никол Кидман. По тој повод се запозна и со кураторот на овој проект Игор Поп Трајков, кој е и иницијатор на ова значајно гостување....
Поевтинуваат горивата
Нова Македонија - пред 18 часа
Фото: Пиксабеј Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар Еуросупер БС-95 и Еуродизелот. Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 108,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 110,5 денари за литар, а дизелот по цена од 103,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 102 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг....
Ракописот „Улицата Изгрејсонце“ победник на Конкурсот на ДКЦ „Карпош“
Нова Македонија - пред 18 часа
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје годинава по вторпат го распишаа Конкурсот за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст во жанрот на роман, новела или збирка раскази, а некои од условите беа пријавените ракописи да имаат наративна форма, најмалку 50 страници, да бидат наменети за тинејџерска возраст, да се напишани на македонски јазик и досега да не биле објавувани. По сериозно препрочитување и разгледување на пријавените дела и по неколку одржани средби, тричлената стручна комисија, на чело со Александар Прокопиев како претседател, го избра ракописот „Улицата Изгрејсонце“, симпатичен роман за детското другарство и радост во истражувањето на природата и секојдневниот живот на малиот град, но истовремено и роман за првата детска искрена љубов што не се заборава. Виктор, кој со семејството живее на УИ 42, и Ирина, девојчето што за време на летото и зимата го посетува, се главните ликови преку чие дружење авторот ни ја доловува атмосферата на малото место, со богати описи на околната природа и односите меѓу децата и возрасните, со идилична слика на едно спокојно и топло живеење. Романот „Улицата Изгрејсонце“, во кој и боровите добиваат имиња (Јунак и Братко), во кој домашните кучиња слободно со децата шетаат низ природата, а Нова година и Божиќ се прославуваат во една подзаборавена блискост на големото семејство, е четиво што ќе го заинтригира љубопитството на детските читатели за важните квалитети на меѓучовечкото разбирање. Авторот на крајот од романот (поделен во два дела) посочува дека ова е приказна од „застарен модел“ на тема другарство, во која намерно не се споменуваат компјутери и мобилни телефони. Но токму тоа ѝ дава сила на пораката што ја носи романот „Улицата Изгрејсонце“, како што порачува и самиот автор, „да не дозволиме нашите деца да живеат во осамениот, изолиран свет на технологијата, туку да се обидеме да го направиме светот на нашите деца бајка, а детството приказна што подоцна ќе им ја раскажуваат на своите деца“. Ракописот „Улицата Изгрејсонце“ целосно ги исполнува основните критериуми на конкурсот, делото да биде забавно, досетливо, поучно, да поттикнува креативност и критичко размислување. Комисијата смета дека целта на овој проект – креирање можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив – со годинешниот конкурс, како и со неговите идни изданија, ќе биде целосно исполнета. Со оваа одлука, комисијата го препорачува ракописот „Улицата Изгрејсонце“ за објавување и го охрабрува детскиот културен центар „Карпош“, културно-образовна институција со долгогодишна традиција што го организира и осмислува слободното време на децата во воспитно-образовната и творечка работа, да го продолжи постоењето на овој конкурс во рамките на манифестацијата „Читачки маратон“....
Неразбирливо е, срцепарателно, нашиот безбеден град беше променет во дел од секундата, рече Фредериксен за нападот во Копенхаген
Нова Македонија - пред 18 часа
Фото: ЕК Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди пукањето во трговскиот центар во Копенхаген, нарекувајќи го „ужасен напад“, јави ДПА. Таа ја повика јавноста да застане заедно и луѓето да си понудат поддршка едни на други. – Сите ние бевме брутално растргнати од светлото лето што штотуку започна. Неразбирливо е. Срцепарателно. Бесмислено. Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата – изјави премиерката. Фредериксен им се заблагодари на полицијата, спасувачите и на сите други кои помогнаа за нивните напори. Три лица беа убиени а три други се во критична состојба по вчерашниот напад. Уапсен беше 22-годишен Данец....
„Пресек: Дама со девет камења“ во „Чифте-амам“
Нова Македонија - пред 18 часа
Национална галерија на Македонија, во објектот „Чифте-амам“, на 8 јули (петок), ќе ја отвори изложбата на Иванчо Талевски, со наслов „Пресек: Дама со девет камења“. Станува збор за мултимедијален изложбен проект на ликовниот уметник Иванчо Талевски, кој преку цртеж, графички техники, проекции и звук го елаборира и комплицира поимањето на минатото како материјал за да евоцира прашања од индивидуалната и колективната меморија, историја и припаѓање, нивното бележење, опстојување и бришење. Во центарот на овој проект се две збирки цртежи и нивното просторно осмислување. Почнувајќи од 2015 година, при неговите чести патувања помеѓу Битола и Филаделфија, САД, авторот Иванчо Талевски со своите цртежи изработени со јаглен ги бележи времето и просторот преку претставување реакции од различни искуства, општествени процеси, феномени, случки и локации. Изработката на овие цртежи почнала како пристап на осознавање и истражување на овие две локации, овозможувајќи откривање на неочекувани вкрстувања, создавање простор што фигурира помеѓу нештата, каде што коегзистираат различности и различни елементи, идеи, идентитети и случувања. На некој начин, цртежите претставуваат почувствувани ривербрации од околината. Самата процедура потсетува на хаику-поезија, во која нема рима, а елементите постојат како фрагменти што ги нагласуваат времето и просторот. Овој процес на цртање резултира со колекција фрагменти што се мобилизирани и активирани преку рефлективни и рефлексивни процеси, соработки, дијалози и генеративни хипотези. Цртежот како медиум овозможува непосредно и моментално бележење на соодносот на телото со тлото, помеѓу различни локации и јазици. – Паралелно со овој циклус негови цртежи, Талевски во форма на дијалог презентира едно свое долгогодишно истражување на изгубените 235 цртежи на собирачот на фолклорно творештво Марко Цепенков. Освен што бил кројач, Цепенков патувал низ многу села и градови низ Македонија и не само што запишувал усни преданија од различен карактер туку и изработувал цртежи, кои претставуваат редок пример на профан ликовен израз од ваков карактер од тој период во регионот. Цртежите од Цепенков изобилуваат со прикази на разни видови музички инструменти, дијаграми за детски игри, алати, алишта и обредни орудија. Интерпретацијата и третирањето на архивските материјали од Цепенков се претставени преку една долгогодишна соработка, односно еден дијалог на Талевски со музичарот и композитор Васко Дуковски, кој живее и работи во Шангај. Преку свои исцртани музички нотации базирани врз избрани цртежи од Цепенков, Дуковски презентира звучен материјал, кој во соработка со Талевски е дел од аудиоинсталација што ќе биде претставена како дел од овој проект. Фокусирајќи се на изгубените цртежи на Цепенков, нивното значење, историја и потенцијална интерпретација, Талевски и Дуковски се стремат кон проучување на звукот и цртежот, третирани како медиуми за еден генеративен и имагинативен процес на интерпретација на минатото, која се манифестира во аудиовизуелна интервенција – велат од НГМ. „Пресек: Дама со девет камења“ го третира цртежот како тенок опис при бележењето и интерпретацијата на историските и општествените процеси. Овој проект во просторот „Чифте-амам“ на Националната галерија претставува една поширока адаптација и нова обработка на ова дело, кое првпат беше претставено во Центарот за графика во Филаделфија, во септември 2021 година....
Зголемен бројот на ковид-случаи во туристичките делови на Грција
Нова Македонија - пред 18 часа
Фото: Пиксабеј Зголемување на бројот на случаи на ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис Параскевис денеска одржаа вонредна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција и истакнаа дека најголемо зголемување на случаи на Ковид-19 има на туристичките дестинации, како што се областа Атика, поширокиот регион на Атина, на островите во Јонското море и јужниот дел на Егејското море, како и на Крит. За бројот на активни случаи во Грција, потпретседателот и професор по епидемиологија Параскевис рече дека немаат конкретна бројка, но процените се дека се околу 150.000 до 200.000. Објасни дека во изминатите три седмици има континуирано зголемување на заразени на возраст од 18 до 24 години, но и зголемен бројот на реинфекции, нагорен тренд има и во однос на лицата кои се лекуваат на Ковид клиниките, нешто што сепак не се пренесува на зголемување на хоспитализациите на одделите за интензивна нега во грчките болници....
Децата од Здружението „Надеж“ од Кичево во посета на грнчар во село Вранештица
Нова Македонија - пред 19 часа
Фото: З.А. Во организација на Здружението за деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево, 15 деца од ова здружение денеска беа во село Вранештица и ги посетија грнчарската работилница на грнчарот Марко во селото и црквата „Свети Илија“. Фото: З.А. -За да им го разубавиме животот на децата со пречки во развојот, денес организиравме посета на село Вранештица и мајсторската работилница на грнчарот Марко и локалната црква. Општината обезбеди превоз. Грнчарот на гостите им го претстави процесот на изработка на производи од глина, а за сите дечиња обезбеди и по еден земјен сад. Покрај грнчарската работилница на мајстор Марко, беше посетена и црквата „Свети Илија“, а гостите добија исцрпна информација за историјатот на овој верски храм. На крајот љубезните домаќини од црковниот одбор во дворот на црквата организираа закуска – истакна Горан Нестороски, волонтер во ова здружение. З.А....
Села: Треба да продолжи по патот на евроинтеграциите, друга опција не треба да постои
Нова Македонија - пред 19 часа
Фото: Влада Сметам дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и друга опција за нас како држава не треба да постои. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став. Села, нагласи дека Алијанса за Албанците и пред овој предлог да биде конечен, имале став во врска за спорот со Бугарија. – Јасен е нашиот став дека тој спор треба да се реши почнувајќи од најосновното, ако веќе има проблем меѓу соседи, соседите треба да почнат да се признаваат меѓу себе. Од друга страна, јас пред Самитот на ЕУ, се изјаснив како претседател на партијата дека не се работи само за прифаќање или не на францускиот предлог, туку се работи за продолжување или не по патот на евроинтеграциите и мислам дека тоа треба да биде пристапот на политичките чинители – изјави Села. Во врска со ова, нагласи Села е и ставот на АА за „Отворен Балкан“ односно дека не треба да создаваме алтернативи за ЕУ и единствен пат треба да ни биде членство во ЕУ. – Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии – изјави Села. Зачленувањето во ЕУ, според Села, има геополитичко значење и политичарите треба повеќе да размислуваат за стабилноста на регионот, а помалку за добивање на политички поени. – Немаме никакво двоумење, ние би прифатиле таков предлог како политичка партија и тоа е ставот на Алијанса за Албанците – изјави Села....
Ако нема пченица, добар е и оризот
Нова Македонија - пред 19 часа
Фото: Игор Бансколиев Експертите укажуваат дека не е првпат во оваа двегодишна криза да се бараат заменски производи поради недостиг и поскапувања. Медиумите потсетуваат на периодот кога поради блокадата на украинскиот извоз на жито, стана јасно дека на Европа ѝ се заканува недостиг од сончогледово масло. Во таква ситуација, на потрошувачите јавно им беше предложено да се префрлат на замени – масло од соја, палмино или од семе од репка… Нормално, во таквиот своевиден систем на сврзани садови, сите видови масла станаа уште повеќе побарувани и поскапеа, токму поради недостигот од сончогледово масло Нови нарушувања на светскиот пазар на храна Конфликтот во Украина се заканува да предизвика многу посериозни последици, и тоа не само во регионите зафатени со воени дејства туку буквално на целата планета. Тука експертите го вперуваат прстот во прекинувањето на синџирите за снабдување со основните прехранбени производи. Досега во повеќе наврати е пишувано и анализирано за значењето на Украина во светски рамки како еден од најголемите производители и извозници на пченка, пченица, сончогледово масло… Но овој пат светските експерти за храна укажуваат на еден нов аспект на проблемот со снабдување со храна. Имено, поради недостиг од дел од основните земјоделски култури, вообичаено трговците се свртуваат кон алтернативи. Според таквата логика, во изминатиов период се зголемува побарувачката на ориз на светскиот пазар. Цената на оризот се вивна до максимум Како што алармираат специјализираните медиуми што ја следат состојбата со земјоделството и храната, цените на храната на светско ниво постојано се во пораст, а кога станува збор за оризот, неговата цена го следи тој тренд петти месец по ред. Тоа го потврдува и индексот за цената на храната на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Според овој показател, цената на оризот го достигна својот максимум во последниве 12 месеци. Но проблемите ретко кога одат сами, туку најчесто еден проблем создава друг, уште поголем. Па, така, како резултат на порастот на цената на пченицата, се зголеми употребата на оризот, што доведе до поголема побарувачка, намалени резерви и на крајот повисоки цени, објави Си-ен-ен. Сепак, експертите укажуваат дека не е првпат во оваа двегодишна криза да се бараат заменски производи поради недостиг и поскапувања. Медиумите потсетуваат на периодот кога поради блокадата на украинскиот извоз на жито стана јасно дека на Европа ѝ се заканува недостиг од сончогледово масло. Во таква ситуација, на потрошувачите јавно им беше предложено да се префрлат на замени – масло од соја, палмино или од семе од репка… Нормално, во таквиот своевиден систем на сврзани садови, сите видови масло станаа уште повеќе побарувани и поскапени, токму поради недостигот од сончогледово масло. Како и во другите сегменти на пазарот, цената на оризот порасна од повеќе причини. Последен е конфликтот во Украина, а пред тоа поскапување на вештачките ѓубрива, транспортот и енергетските производи, како и ограничувањата на извозот, кои државите сѐ почесто ги применуваат. Ситуацијата на пазарот дополнително се влошува со најавата дека Индија може да воведе забрана за извоз на ориз во наредните недели – вели Дејвид Лаборд од Меѓународниот институт за истражување на политиката за храна. Во прилог на неговата изјава може да послужи неодамнешната слична одлука за блокирање на пласманот на жито, што предизвика големи нарушувања и прекуноќ ги зголеми цените на светските берзи. Оваа одлука беше донесена за да се обезбеди сигурност на снабдувањето на индискиот пазар. Само неколку дена подоцна беше воведено ограничувањето и за шеќер. – Во моментов сум загрижен за Индија, која во наредните недели ќе воведе забрана за извоз на ориз, како што беше случајот со пченицата и шеќерот – изјави Дејвид Лаборд, виш истражувач во Меѓународниот институт за истражување на политиката за храна. Експертите повикуваат на внимателност, иако засега цените на оризот се под контрола Иако аналитичарите проценуваат дека производството на ориз е сè уште високо, тие повикуваат на внимателност. Повод за таквото размислување е фактот дека оризот станува замена за пченицата, поради што се појавува нерамнотежа на пазарот, што, пак, од друга страна, ги диктира цените. Сепак, ризикот од пораст на цените на оризот засега се смета за низок, поради обилните резерви и очекуваната добра жетва во Индија. Како што посочуваат медиумите, најголем светски производител на ориз е Кина, со удел од 28 отсто, а по неа е Индија со 23,5 отсто. Овие две земји покриваат половина од светското производство. Третото место го заземаат Индонезија и Бангладеш, со учество од по 7,2 отсто. Лаборд вели дека зголемувањето на цената би било подобро од каква било забрана за извоз. Тој наведе дека треба да се направи разлика меѓу поскапувањата што ги компензираат повисоките трошоци и ќе им бидат од корист на земјоделците, од забраната за извоз што ги зголемува цените на светските берзи, но ги намалува на домашните пазари. – Голем дел од трошоците за производство на ориз се состои од трошоците за енергија, кои растат на светско ниво – изјави Нафес Мих, регионален претставник за Јужна Азија во Меѓународниот институт за истражување на оризот. Мих прашува зошто земјоделците не би имале полза од овој тренд. Индексот на цените на храната покажа дека тие сега се 75 отсто над нивото пред пандемијата. Недостигот од работна сила, поврзан со пандемијата и конфликтот во Украина, ја влоши ситуацијата. Меѓународните цени на пченицата, кои во просек се само 11 отсто под рекордното високо ниво забележано во март 2008 година, се зголемија во мај поради забраната за извоз што ја објави Индија и загриженоста за состојбата на насадите во неколку водечки земји извозници, како и намаленото производство во Украина поради војната. Глобалните цени на оризот исто така пораснаа на пазарот, додека цените на другите житарки се намалија во просек за 2,1 отсто, при што пченката дополнително падна поради малку подобрата состојба на родот во САД, сезонските испораки во Аргентина и претстојниот почеток на главната жетва на пченка во Бразил. Цените на растителните масла на светските берзи минатиот месец потонаа за 3,5 отсто во однос на април, но и понатаму се значително над нивото од минатата година. Како што е наведено во извештајот на ФАО, цените на маслата од палма, сончоглед, соја и од канола паднаа, делумно поради укинувањето на краткорочната забрана за извоз на палмино масло од Индонезија и намалената глобална увозна побарувачка за масло од соја и канола. Н.М....
Предлогот е добар, не правам разлика меѓу албански и македонски прашања, тврди Османи
Нова Македонија - пред 19 часа
Имаме историски момент да се реши прашањето со македонскиот јазик. Tешко е да имаме подобра шанса или предлог којшто ќе го засега јазикот, затоа велам дека сега е историски момент. За првпат во нашата историја, 27-те земји членки го потврдуваат македонскиот јазик без фусноти, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. На гостувањето на телевизијата 24, Османи рече дека предлогот е добар и во наш интерес и не смееме да го пропуштиме бидејќи во него се содржат сите пет барања на македонската страна, а македонскиот јазик без фусноти, ќе стане дел од официјалните документи на Европската Унија. – Што побрзо да се даде шанса на овој проект. Имаше толку лажни вести и пропаганди, дел намерни, дел од непознавањето на проблематиката. Јас не сум видел такво нешто во мојата политичка кариера, без никаков обид да се прочита документот, луѓето кои не го прочитале текстот даваат мислења. Време е да се рационализира и да се каже конкретно што е проблемот. Истите кои го критикуваат, сега аплаудираат и го прифаќаат. Ваква дебата сега очекувам на консултациите. Рационална дебата, не дебата на емоции и личните позиции. Треба да се затвори ова прашање, за да се започна првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите – додаде Османи. Министерот порача дека во јавноста се направил „спин“ од неговата изјава на брифингот во саботата кога говорел за можните последици кои би се случиле доколку предлогот не биде прифатен. – Конструкција е тоа дека ќе има меѓуетнички конфликт. Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт, тоа е спин. Јас не правам разлика меѓу албански и македонски прашања. Има семејства на кои им е недостоинствено да земат бугарски пасош, но мора да земат за да ги школуваат децата. Ако ние им ја земеме надежта дека нашиот пасош нема да биде европски, младите ќе почнат да бегаат, ќе почне да се губи хармонија меѓу населението – потенцираше Османи. Во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот, Османи смета дека за ова прашање ќе го има потребното 2/3 мнозинство и очекува предлогот да помине со 118 гласови во Собранието....
Ковачевски се согласил модифицираниот предлог да оди на собраниска седница, според Морачанин
Нова Македонија - пред 19 часа
Фото: Влада Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во разговорите со помалите коалициски партии – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП дал согласност модифицираниот француски предлог да биде ставен на пленарна седница, за него да расправаат пратениците и да бидат изгласани заклучоци. Како што изјави Маја Морачанин од ДОМ за МИА на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата, на што Ковачевски се согласил, но кога би се одржала таа седница засега не е прецизирано, со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната. На средбата трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност. Трите коалициски партнери на Ковачевски му порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образовнието бидат дел од преговарачкиот процес. – Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина – нагласи Морачанин за МИА....
Твитер и Јутуб профилите на британската армија хакирани за да промовираат криптоизмами
Нова Македонија - пред 19 часа
Фото: Принт-скрин Официјалните профили на Твитер и Јутуб на британската армија беа цел на хакерски напад. Од британската армија ја потврдија оваа информација и додадоа дека случајот го сфатиле крајно сериозно и истражуваат. Хакери го преименувале твитер-профилот на британската армија во „пссссд“, за да наликува на незаменливиот токен (НФТ) наречен „позесд“. Фото: Принт-скрин Беше објавено дека каналот на британската армија на Јутуб е заменет со профил наречен „Арк инвест“. Сметката промовираше наводно интервју со милијардерот Илон Маск за криптовалутите. „Арк Инвест“ е глобална инвестициска компанија....
Бајден нема да добие честитка од Путин поради „непријателската политика“ кон Русија
Нова Македонија - пред 20 часа
Фото: Фликр/Бела куќа Рускиот претседател Владимир Путин годинава нема да им го честита Денот на независноста на американскиот претседател Џо Бајден и на Американците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Причината за тоа, кажа Песков, е тоа што годинава се дојде до врвот на непријателската политика на САД кон Русија, пренесоа руските медиуми. Според Песков, во вакви услови испраќањето честитка тешко дека може да се нарече соодветно....
Пендаровски: Францускиот предлог е прифатлив, ниту е триумф, ниту дебакл
Нова Македонија - пред 20 часа
Македонскиот претседател Стево Пендаровски, по вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност, на кој единствена точка на дневен ред беше модифицираниот француски предлог, изјави дека новата понуда од Париз за него е прифатлива. – Во моментов имаме високи политички тензии во земјава и не верувам во перцепцијата што се создава во јавноста дека ова е судбинска дилема да се биде или не и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука што ќе ја дефинира иднината на нашите генерации. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту триумф, ниту дебакл. За мене тој е прифатлив. Да појаснам, станува збор за транзициски компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог, ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите. Баш со ништо францускиот предлог не го поткопува македонскиот идентитет, во предлогот има чиста формулација на македонскиот јазик без фуснота – рече Пендаровски. Според него, транзицискиот компромис ја решава актуелната блокада, но има предвидено нова блокада, која ќе биде наша домашна. – Парадокс е дека во земјава никој нема против влезот на Бугарите во Уставот, но внатрешната поларизација го оневозможува консензусот. Во овој дел не сме можеле повеќе да постигнеме. Не тврдам дека во преговорите не можело да се добие нешто поквалитетно, но тоа би биле детали, не суштина – истакна Пендаровски. Василев: Ние ја завршивме работата со македонското прашање Новиот бугарски мандатар Асен Василев изјави дека со прифаќањето на францускиот предлог Бугарија си ја завршила работата со македонското прашање. Според него, успех е што некои од политичарите во земјава го сметаат предлогот за пробугарски и што истиот тој создава проблеми во Македонија, а не во Бугарија. – Ние си ја завршивме работата и мислам дека колегите од Македонија поради една или друга причина сметаат дека овој предлог е пробугарски. Да бидеме задоволни со тоа што овој пробугарски предлог им создава проблем на соседите, а не нам – истакна Василев. Од своја страна, лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој е дел од владината коалиција, оцени дека во францускиот предлог нема никакви промени од неговата првична верзија, притоа додавајќи дека македонските власти велат дека предлогот е модифициран и подобар за да го убедат општеството во Македонија да го прифати. – Во моментов политичката елита во Скопје се обидува да ја промени реториката во однос на решението користејќи, според мене, некакви несуштествени промени, како аргумент за да го убеди македонското општество дека треба да го прифати тоа, и тоа е добро. Од тука, па понатаму претстојат десет долги години, може и да се повеќе, во кои Македонија ќе преговара со Европската Унија. Ние во целиот тој процес ќе ја зачуваме нашата можност да користиме различен степен на притисок, вклучувајќи ја и поддршката на Европската комисија на Советот на ЕУ, за нашите интереси – порача Иванов....
Македонија загуби од Израел и од Србија
Нова Македонија - пред 20 часа
ШАХ – ЕКИПНО СП ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА Македонската репрезентација забележа два пораза во низа на 9. Светско првенство (СП) во шах за слепи и за слабовидни лица во Охрид, во четвртото коло од Израел и во петтото од Србија, со идентичен резултат, 0,5-3.5. Против Србија, на првата табла само Жарко Селковски (рејтинг 1.967) сo бели фигури ремизира со силниот ФИДЕ-мајстор Павле Димиќ (2.356), а Миле Чапанов, Зоран Костадиновски и Трајче Димов загубија. На дуелот со Израел, само Чапанов (1.945) со црни фигури на втората табла го подели поенот со Јан Радовилски (2.094), а Селковски, Костадиновски и Блаже Атанасовски загубија. По овие два пораза, Македонија падна од третото на седмото, претпоследно место во својата група. На табелата во оваа група води Шпанија, со осум бода (12 поени по табли), а следуваат Србија со седум (14), Германија со седум (11,5), Италија со пет (10,5), Индија со пет (10), Македонија со четири (7,5) и Хрватска без екипни бодови (4,5). Во претпоследното коло од дуелите по групи, Македонија вчера играше со Германија. Резултати од втората група, петто коло: Украина – Косово 3,5-0,5, Унгарија – Романија 2,5-1,5, Бугарија – Полска 1,5-2,5, Словенија – Франција 0,5-3,5. Taбела: Полска и Украина по девет бода и 16 поени по табли, Унгарија осум (11,5), Франција четири (7), Бугарија три (10), Романија три (8,5), Словенија два (6,5), Косово два (4,5). По седум кола најдобрите две репрезентации од двете групи одат во полуфиналето. Г.И....
Не може да биде ист товарот и за домаќинства со минимални примања и за оние со милионски приход, смета Бектеши
Нова Македонија - пред 20 часа
Фото: Влада Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, коментирајќи го воведувањето на блок-тарифите за електрична енергија, уште еднаш повтори дека солидарност мора да постои, како и дека во време на криза, како оваа, треба да им се помогне, посебно на најранливите домаќинства. – Не може да биде ист товарот на некое домаќинство кое зема минимална плата и на некои што имаат милионски суми. Домаќинствата кои имаат доволно приходи и можност да ги плаќаат сметките, не треба да бидат субвенционирани. Не може да бидат субвенционирани домаќинства со приходи од 10.000 евра, 5.000 евра, 3.000 евра па и 2.000 евра месечно, а некои со приходи не повеќе од 600 евра да не бидат субвенционирани. Ова е ставот на Владата и на Министерството за економија. Ни претстои тешка зима, но на дневна база ние секогаш ќе излеземе во пресрет – подвлече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по врачувањето на договорите за „Субвенционирање плати“ во Тетово. Тој повторно укажа и на злоупотребите направени, како што рече, од страна на некои бизнисмени и фирми. – Јавно кажав и дадов примери на бизнисмени и компании кои го злоупотребиле Законот за енергетика зашто е наведено дека тие компании, микро и мали, со под 50 вработени и приходи под два милиона евра може да бидат на регулиран пазар. Што направиле некои компании во првите шест месеци? Отвориле други фирми кои немале никакви приходи, немале вработени, вработиле еден или двајца за да преминат од слободен на регулиран пазар и обврската за плаќање струја да и ја префрлат на новата фирма како подружница што ја формирале, а тоа прави штета на цената и на грбот на граѓаните кои се на регулираниот пазар. Тоа за нас е недозволиво, треба да бидеме солидарни и во вакви времиња да ги штитиме домаќинствата, посебно тие со ниски приходи. Обврска на секоја држава е да премине кон либерализација на пазарот на електрична енергија, но мора да бидеме солидарни, да ги заштитиме најранливите категории граѓани во вакви кризи. Целта на Владата, посебно во овие кризни времиња, е да им излезе во пресрет на најранливите категории домаќинства и наместо директно да бидат субвенционирани и преку блок тарифите може да им се излезе во пресрет – рече Бектеши. Тој посочи и ситуации во некои општини во однос на јавното осветлување. – Направете истражување како се плаќа јавното осветлување каде што градоначалници се од опозицијата? Дали некој граѓанин во државата не плаќа 184 денари за јавно осветлување? Не верувам дека има такви домаќинства, а јавното осветлување се префрла на други јавни претпријатија формирани од страна на општината за да преминат на регулиран пазар и да им останат средства од тоа што го плаќаат граѓаните за други проекти – рече Бектеши. На прашањето за поддршка на бизнис секторот, министерот е дециден дека државна помош во континуитет има и за компаниите. -Сите мерки кои и претходно беа реализирани, се донесени по нивна препорака и во целосна соработка со компаниите, а и ниедна мерка не е стопирана, сите продолжуваат – нагласи Бектеши....
Од каде таа длабока разочараност од ЕУ?
Нова Македонија - пред 20 часа
Фото: Игор Бансколиев Се покажа дека ЕУ не може да воспостави заеднички одржливи санкции против Русија со согласност на сите членки на Европската Унија, бидејќи едноставно не може без руските енергетски испораки. Ниту, пак, ќе може во блиска иднина. Вистинската тежина на Европската Унија се препознава кога ќе се анализира работата на Европскиот парламент, додека Европската комисија е целосно неспособна за спроведување на сопствената политика. Падот на Русија, без оглед на тоа какви воени ефекти ќе постигне во продолжувањето на војната, истовремено може да биде тежок пад и на Европската Унија! Анализа Со Европската Унија, како и со водечките земји-членки, владее генерација на неспособни политичари, на кои не им недостига само способност да пливаат во дивите геополитички води на современиот свет туку и елементарно образование, морал, емпатија кон граѓаните и разбирање на средината во која работат. Станува збор за најниско ниво на политички организми, кои практично преживуваат паразитирајќи на американскиот (и британскиот) воен чадор. Војната во Украина, заедно со многу други работи, го извади овој факт на површина. Затоа, можно е падот на Русија, без оглед на тоа какви воени ефекти ќе постигне во продолжувањето на војната (сигурно нема да бидат спектакуларни), истовремено да биде тежок пад на Европската Унија! Очигледно е дека таа и сега е во агонија, но, се разбира, како структура нема да исчезне, бидејќи тоа не им одговара на вистинските мајстори на Европа – Вашингтон и Лондон. Ќе живее како политичка рамка на НАТО во Европа, на европскиот дел од големата трансатлантска заедница и ништо повеќе. Што, всушност, демаскира судирот во Украина Војната во Украина откри неверојатни работи, пред сè слабоста на руската армија и трагикомичната немоќ на Европската Унија. Но, исто така, откри неверојатен капацитет и надмоќ на американската и британската надворешна политика над ЕУ. Само за неколку недели Вашингтон и Лондон ја совладаа европската политика и почнаа да ја претвораат Европската Унија во политичко продолжување на НАТО, со кое доминираат. Фалењето на лидерите на Европската Унија дека е постигнато ново трансатлантско единство и дека ЕУ е повторно обединета не само што не кореспондира со вистинските настани туку и го избегнува суштинскиот факт дека сè што се случува во Европа во моментов е што се одвива под ексклузивно американско и британско раководство. Ако Европската Унија се смета себеси за постабилна сега отколку порано, тогаш е ужасно погрешно. Вашингтон и Лондон, кои станаа вистински центри на политичко одлучување на европско тло, создадоа само постабилна политичка рамка за НАТО и неговите активности. Ирационалната политичка одлука за започнување интензивна зелена трансформација Војната во Украина покажа дека Европа не се оддалечила подалеку од нејзините фабрички поставки поставени пред сто години во Версај и подоцна за време и по Втората светска војна на американско-британските конференции, каде што беше воспоставен нов повоен поредок. Тоа е продолжение на преговорите на победничките сили по Првата светска војна и ги влече своите корени до денес од несреќниот Версај. Овој поредок ја одредува не само сегашноста туку и иднината на Европа. Без разлика што прави Русија и како ќе помине во нејзината војна, Европа ќе има малку причини да триумфира. Фактите што ги посочи војната укажуваат дека во случајот со Европската Унија таа е чиста геополитичка конструкција, која е потребна како политичко покритие за НАТО во Европа. Европската Унија нема никакви услови за самостоен развој и самостојно дејствување надвор од волјата и каприците на САД, Велика Британија и Русија од друга страна. Европската Унија е субјект без енергија, без минимален енергетски потенцијал. Голата и сурова вистина е дека Европската Унија нема ниту гас ниту нафта, што е предуслов за одржување на водечките европски економии. Бесмислената политичка одлука да се започне интензивна зелена трансформација на револуционерен начин во време кога зелената технологија сè уште го нема достигнато потребното ниво на развој и кога политиката на водечките европски сили и Брисел не е еден, туку пет чекори пред технолошкиот развој, дополнително ќе ги уништи Европската Унија и квалитетот на животот на нејзините граѓани. Обидот за прескокнување на јазот помеѓу волјата за раст, заедно со волјата за моќ и реалниот недостиг од енергетски потенцијали што се неопходни за ова, отвора можност Европската Унија наместо да го прескокне јазот, да падне во него. Нема да има ништо од зелената енергија што треба да ја компензира Европската Унија за недостигот од други извори на енергија во потребните количества во наредните децении. Па, самото сознание дека соларните панели на денешната технологија се темелно уништени од обичен град, како што се случи при неодамнешното невреме во Хрватско Загорје, за што, се разбира, недоволно се информира, е доказ дека новата зелена технологија сè уште е во зародок. Од друга страна, ниту една бура не може да оштети гасовод или нафтовод. Макрон создава ЕУ 1 и ЕУ 2, а втората треба да nсе пополни за првата да биде што покомотна Во принцип, за водечките западни членки на Европската Унија би било идеално доколку можат вистински да ја поделат Унијата, како што најави Макрон, на два дела. ЕУ со различни брзини ! На крајот, тоа би значело насоки на развој или да ја вратат ЕУ во статусот на Европската економска заедница (ЕЕЗ), со стари членки, но тоа сега стана невозможно поради проширувањето на исток. Колку и да изгледа несериозно и неправедно на прв поглед, можеби во неможноста за спроведување на првите две варијанти, единствениот ефективен излез останува за членките на ЕУ од Западна Европа – нивниот сопствен брегзит. Со други зборови, договореното заедничко излегување на најмоќните западноевропски земји и дел од Централна Европа од Европската Унија додека остануваат и играат поактивна улога во НАТО, еден вид вестегзит од сопствената геополитичка конструкција што се заканува да пропадне врз нивните глави. Дотолку повеќе што ќе стане јасно дека овој вид на Европска Унија нема да може да ја плати економската, политичката или моралната цена на империјата што ја создаде, која веќе функционира како Римската Империја пред поделбата на Западна и Источна. На крајот на краиштата, тоа нема да биде првиот геополитички пресврт на чие спомнување сите се смееја, а подоцна всушност се оствари. САД и Велика Британија, од сопствени интереси, ќе продолжат да ја одржуваат во живот пропаднатата империја на ЕУ до бесконечност, играјќи си со јазот Исток-Запад, кој во иднина само ќе се продлабочува во рамките на ЕУ. Веќе го нема тој политички цијанофикс што може да ги залепи Истокот и Западот на Европската Унија. Засега некако сè уште се залепени со пари како докажано сврзувачко средство. Но, кога ќе дојде недостиг, дури ни тоа повеќе нема да биде од помош. Полска е следниот „голем господар“ на Европа? Европската Унија со својата политика полна со заблуди ги загрозува не само економските основи на европските земји туку и нивните демократски капацитети, кои во најмоќните земји-членки во повоениот период достигнаа завидно ниво, поради недостигот од енергија, кој, според сите сметки, наскоро ќе се претвори во кошмар, а недостигот од сите добра за населението што последователно ќе ги исполни, тие никогаш не ја фаворизирале демократијата, па нема да го направат тоа ниту овој пат. Економската депресија го фаворизира растот на авторитарните режими. Тие веќе се појавуваат низ Европската Унија. Но новиот тоталитаризам што се раѓа на тлото на Европа нема да биде ист како во минатото, туку ќе дејствува на сосема различни начини, што ќе се одрази и на масовната, автономна технолошка контрола на населението. Кога системот ќе биде поставен до својот крај, нема да биде можно дискреционо оценување на владата, нема индивидуална процена на поединци или емпатија. Системот ќе работи кафкијански лудо и неуморно, освен според програмираните исклучоци на новото самопрогласено благородништво. Индикациите за таков развој се веќе пред нас денес. И почна невино со потврдите за вакцинација и сега полека се шири. Населението едноставно мора да биде принудено да се приспособи на недостигот и пропаѓањето, а во исто време невидена концентрација на моќ и богатство ќе остане и натаму во рацете на мала олигархиска група. Со таквата состојба на работите и придружните процеси што се случуваат претежно во Западна Европа, како и вистинскиот пад на моќта на традиционалните европски сили Германија и Франција и новосоздадената надмоќ на влијанието на Велика Британија и САД врз европската политичка сцена, се појавуваат нови моќни европски играчи, кои се потпираат токму на Вашингтон и Лондон. Како најблизок сојузник на Америка и растечка економија, Полска е следниот голем господар на Европа. Моќта на Полска во Европската Унија како дел од опишаните процеси ќе порасне на ниво на Германија и Франција доколку, што е лесно можно, не ги надмине. Кон неа се приклучува Украина, која, без разлика на војната и без разлика дали е формална членка на Европската Унија или не, веќе денес има поголема моќ во структурата на Европската Унија од многу други членки. Нејзиниот претседател Зеленски, облечен како Фидел Кастро, ги обиколува европските метрополи, критикува, регрутира и издава наредби. Во исто време, сосема е јасно дека Вашингтон и Лондон стојат зад него и дека му даваат толку голема моќ. Украина ќе продолжи да се издигнува во рамките на Европската Унија, без разлика дали е прифатена како членка или не, дури и без разлика како ќе помине во војната, бидејќи веќе е сигурно дека ќе опстане како земја. Германија, всушност, стои зад играта на Унгарија со санкциите против Русија? Во исто време, не треба да се залажуваме дека Унгарија само спроведува сопствена егоистична политика, која, ете, практично договорените санкции против рускиот енергетски сектор ги прави невозможни. Многу поверојатно и пологично е дека зад Унгарија, всушност, стои Германија, која тоа што го може Будимпешта, самата не може и не смее да го направи. Унгарската политика кон санкциите против Русија, всушност, многу веројатно служи како смоквин лист зад кој се кријат Берлин и Брисел. Доблесните европски дипломати сигурно знаеле дека не можат да преживеат без руска нафта и гас пред да почнат да ѝ се закануваат на Москва дека ќе го блокираат нејзиниот извоз на нафта и гас. Особено што Европската Унија се најде во таква зависност благодарение на нив. Вака само излегоа немоќни и понижени. Речиси како наркоман што му се заканува на дилер, а потоа понизно оди кај него по нов доп. Автор: Марио Стефанов...
Бислимоски најави поевтинување на бензините
Нова Македонија - пред 20 часа
Фото: Влада Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. – Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки – изјави Бислимоски за телевизија 24. Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари....
Демократскиот сојуз бара да се промени преговарачката рамка, БЕСА сака да го внесе терминот албански јазик со уставните измени
Нова Македонија - пред 20 часа
Фото: Маја Јаневска-Илиева Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледало модифицираниот француски предлог (преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со Европската унија на Македонија, и како што велат од партијата на Павле Трајанов биле донесени нови заклучоци: Прво, во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење е за Македонија да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. Второ, Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Трето, уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев, Јане Сандански, Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници, Илинден итн. Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Во преговарачката рамка, годишните прегледи, акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. Петто, за предложената Преговарачка рамка да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. Доколку Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог“, е потенцирано во дописот од Демократскиот сојуз. Движењето БЕСА, пак, соопшти дека будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог. Уште еднаш го потврдуваме ставот, велат од Движењето, дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината Македонија. – Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“ – потенцираат во соопштението од Движењето БЕСА. „Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, се додава во информацијата од оваа партија....
Девет препораки на ГРЕКО имплементирани во задоволителна мера, девет делумно и една не е имплементирана
Нова Македонија - пред 20 часа
Фото: Игор Бансколиев Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО), денеска во Стразбур го објави додатокот на вториот извештај за усогласеноста, во која ги оценува мерките преземени од властите на Македонија за спроведување на препораките дадени во Извештајот за евалуација на четвртиот круг за земјава – „Спречување на корупција кај пратениците, судиите и обвинителите“. Според општите заклучоци, нивото на спроведување на преостанатите препораки е „скромен“ јави дописникот на МИА. ГРЕКО оценува дека земјава постигнала одреден напредок во спроведувањето на препораките содржани во Извештајот од Четвртиот круг на евалуација, односно од дадените вкупно деветнаесет препораки, девет се имплементирани во задоволителна мера, девет се делумно имплементирани, а само една препорака е неимплементирана. Поконкретно, препораките vi, viii, ix, x, xi, xiii, xvii и xix се имплементирани или третирани на задоволителен начин, препораки i, iii, ii, iv, xii, xiv, xv, xvi и xviii се делумно имплементирани и препораката v не е имплементирана. Споед заклучоците на извештајот, Македонија постигна одреден напредок во спроведувањето на препораките содржани во извештајот за евалуација на четвртиот круг. ГРЕКО забележува дека се во тек понатамошни реформи со цел да се имплементира препораката. Ја охрабрува земјата да продолжи со напорите во оваа насока. Во согласност со став 9 од ревидираното Правило 31 од својот Деловник, ГРЕКО бара од Шефот на Делегацијата на Македонија да му достави извештај за преземените мерки за спроведување на преостанатите препораки (т.е. препораки i , ii, iii, iv , v, xii, xiv, xv, xvi и xviii) пред 31 март 2023 година. Овој извештај на ГРЕКО, усвоен на 90-тата пленарна седница одржана во периодот 21 – 25 март годинава, е додаток на Привремениот извештај за усогласеност на земјава и го оценува последователното спроведување на 10-те преостанати препораки од усвојувањето на Привремениот извештај за усогласеност и обезбедува севкупна оценка за нивото на усогласеност на Македонија. Во него, што се однесува до судството, ГРЕКО го забележува проширувањето на опсегот на санкции што се применуваат на судиите според член 78 (2) од Законот за судови. Исто така, ГРЕКО ги повторува стравувањата дека претходните намери на властите официјално да го сменат министерот за правда од составот на Судскиот совет сè уште не се остварени. Во однос на обвинителите, ГРЕКО го поздравува усвојувањето на новиот етички кодекс кој обезбедува сеопфатен сет на правила за интегритет. Новоименуваните „одговорни за интегритет“ во рамките на обвинителството мора да даваат советодавни мислења за етичките дилеми кои не се опфатени со Кодексот и да водат регистри за подароци. Одлуките на Советот за етика – тело за следење предвидено со Кодексот – во врска со прекршување на етичките правила сега покренуваат „дисциплински“ постапки против засегнатите обвинители. Иако ова е позитивен развој, гостопримството сè уште не е покриено и внатрешните правила за подароци треба да се ревидираат за да се обезбедат идентични прагови за протоколарни подароци. Во однос на парламентарците, бројни ветувачки иницијативи, како што е развојот на новиот Кодекс на однесување на пратениците и поврзаните нови насоки, моментално се во полн ек на спроведување. Земени заедно, овие документи обезбедуваат соодветна рамка за промовирање на интегритетот и водење на етичкото однесување на пратениците во однос на прашања како што се конфликт на интереси, односи со лобисти, подароци итн. Сепак, и двата документа треба да бидат рафинирани и рационализирани за да бидат поразбирливи, да се елиминираат непотребните содржини, да се обезбеди поголема јасност и конзистентност и појасно да се одделат важечките правила од објаснувањата и примерите. Дополнително, сè уште не се назначени механизми за следење на усогласеноста и давање совети. Исто така, се чини дека Комисијата за деловнички, мандатни и имунитети на Националното собрание, одговорна за спроведување на важечкиот Кодекс, сè уште не ги извршува своите функции во оваа област. На крај, презентираните статистики се чини дека демонстрираат поефикасна имплементација на системот за декларација на имот од страна на трите професионални групи. Државната комисија за антикорупција врши поголем број административни проверки, што овозможи да се идентификуваат „процедуралните“ прекршувања во форма на неуспех да се поднесе изјава за имотна состојба навреме. Сепак, не е пријавено длабинско разгледување на имотните листови на сите пратеници, судии и обвинители и информациите за спроведувањето на системот за декларација на интереси се достапни на ГРЕКО само за некои членки. На крајот, ГРЕКО ги повикува властите на Македонија да одобрат, што е можно поскоро, објавување на извештајот, да го преведат на националниот јазик и да го објават преводот. Претходно ГРЕКО, во својот втор извештај за усогласеност усвоен на 80-тиоѕ пленарен состанок (22 јуни 2018) и објавен на 9 август 2018 година по овластување од Македонија, заклучи дека земајта имплементирала или задоволително одговорила на шест од 19-те препораки содржани во Извештајот за евалуација на четвртиот круг. Со оглед на овој резултат, ГРЕКО смета дека ова многу ниско ниво на имплементација на препораките е „глобално незадоволително“, во смисла на Правилото 31, став 8.3, од неговиот Деловник. Затоа, одлучи да го примени член 32, став 2.1, од овие Правила, кој се однесува на членовите кои не ги почитуваат препораките содржани во Извештајот за меѓусебна евалуација. Во својот Привремен извештај за усогласеност (GrecoRC4(2020)4) усвоен на својот 85-ти пленарен состанок (25 септември 2020 година) и објавен на 2 октомври истата година по овластувањето од Македонија, ГРЕКО заклучи дека земјата имплементирала или постапила задоволително за девет од 19-те препораки содржани во Извештајот за евалуација на четвртиот круг. Од преостанатите препораки, осум беа делумно имплементирани, а две не беа спроведени. Со оглед на постигнатиот напредок, ГРЕКО заклучи дека нивото на усогласеност престана да биде „глобално незадоволително“. Затоа, одлучи повеќе да не го применува правилото 32 од својот Деловник и побара од Шефот на Делегацијата на Македонија да подготви извештај за напредокот постигнат во имплементацијата на преостанатите препораки (т.е. препораките од i до v, xii , xiv до xvi и xviii) најдоцна до 30 септември 2021 година. Овој извештај, поднесен навреме, послужи како основа за подготовка на овој втор Привремен извештај за усогласеност ГРЕКО ги избра Ерменија и Данска да назначат известувачи за процедурата за усогласување. Така беа назначени Мариам Галстијан во име на Ерменија и Андерс Дирвиг Рехендорф во однос на Данска. Известувачите ја имаа помошта на Секретаријатот на ГРЕКО за изготвување на овој додаток на вториот извештај за усогласеност....
Ердоган го држи клучот за ширење на Алијансата
Нова Македонија - пред 20 часа
Тенденцијата на НАТО ги надминува својот географски облик, ја надминува и европската и евроатлантската димензија, а овој пат се појавува и пацифичка димензија. На самитот во Мадрид, за првпат во официјалните документи се спомнува и Кина. Тешко е да се очекува дека НАТО директно ќе се насочи кон Кина, но затоа Русија е прогласена за директна закана, велат експертите за меѓународна политика Самитот на НАТО ги редeфинира односите во светот На последниот самит на НАТО во Мадрид, кој се одржа минатата недела, беа донесени неколку клучни одлуки за идното дејствување на Алијансата. Покрај поканата за членство за неутралните Шведска и Финска, беа донесени и други одлуки што ќе ги определат геополитичките односи во светот. НАТО најави јакнење на силите на истокот на Европа и зголемување на финансиските издатоци за НАТО-сојузот, а беше спомената и натамошната поддршка за Украина, во спротивставување на руските сили. Самитот на НАТО во Мадрид може да се нарече историски, затоа што се надминува европската и евроатлантската димензија, а за првпат се присутни и пацифичките држави како Австралија, Нов Зеланд и Јапонија. Според некои од аналитичарите во европските медиуми, самитот се одржа во време кога нема никаква назнака за дипломатско решение за војната во Украина. – Лидерите на западните земји се согласуваат дека е одржан историски самит, а на него е заклучено дека Русија е директна безбедносна опасност за Алијансата. Првпат се споменува и Кина како опасност. Турција даде зелено светло за приемот на Шведска и Финска, додека американскиот претседател најави поголемо присуство на Америка во Европа. Со ова се затвора период од 30 години по Студената војна, со намера да се изгради еден кооперативен светски поредок. Можеби тој во суштина и не беше таков, но декларативно секако е претставен така – вели Драган Бисениќ, надворешнополитички новинар од Србија. Според него, НАТО сега се појавува како моќна и силна асоцијација, која покрај воените капацитети, несомнено има и економски капацитети и улога во светот. – Можеме да ја видиме тенденцијата на НАТО, која го надминува својот географски облик, ја надминува и европската и евроатлантската димензија, а се појавува и пацифичка димензија. На самитот во Мадрид првпат се споменува и Кина. Не очекувам дека НАТО директно ќе се насочи кон Кина, но затоа Русија е прогласена за директна закана, што е највисок степен на негативна квалификација. Во овој момент нема ни сигнали за дипломатско решение на војната во Украина. Предлогот за мировниот план што го дадоа Шолц, Макрон и Драги, а кој беше експлицитно отфрлен од украинска страна, а потоа и од САД, едноставно исчезна. Тоа се случи пред два месеца и нема ни дипломатски обиди овој проблем да се реши – вели Бисениќ. Стратегискиот концепт е најважен документ на НАТО по Северноатлантскиот договор од 1949 година, кој ја содржи и клучната одредба, членот 5, кој значи дека нападот на една членка се смета за напад на сите земји од НАТО. – Треба да се каже дека постои и реченицата што вели дека дијалогот со Русија не е затворен и дека НАТО е подготвен да го продолжи дијалогот за сите прашања и за прашањата од меѓународна безбедност. Каналите за комуникација не се затворени. Односот со Русија сега е дефиниран спротивно на Стратегискиот концепт на НАТО од 2010 година. Кога станува збор за Кина, Пекинг е означен како „предизвик за интересите, сигурноста и вредностите на НАТО“ – вели Бранка Латиновиќ од Форумот за меѓународни односи. Меѓународните експерти сметаат дека патот на Шведска и на Финска во НАТО е неизвесен, и покрај почетното зелено светло од Турција. Турција, Шведска и Финска на минатонеделниот самит на НАТО во Мадрид потпишаа меморандум за процесот на придружување на двете скандинавски земји во НАТО, кои досега беа воено неутрални. Потенцијалните кандидати се обврзаа дека ќе ги исполнат барањата за испорачување на осомничените лица за тероризам. Анкара отворено порача дека го чека одговорот од Стокхолм и од Хелсинки за барањето за испорачување на 33 лица. Токму во процесот на ратификација на барањата за прием на нови членки во НАТО стои и пречката за Шведска и за Финска. – Се плашам за можноста од нови барања од Турција што би предизвикале проблеми, бидејќи Финска не може да ѝ ги испорача на Турција лицата што имаат финско државјанство или постојан престој во Финска, како и лицата што не сториле злосторства според финските закони – изјави финскиот новинар Лаури Нурми во изјава за „Еуроњус“. Дневниот весник „СвД“ објави дека Шведска повторно може да има проблеми со Турција. Ако Турција не е задоволна од тоа како Шведска го исполнува својот дел од договорот, турскиот парламент повторно може да ја блокира Шведска. Аминех Какавабех, независна шведска пратеничка и поранешен курдски борец, од која повеќепати зависеше опстанокот на социјалдемократската влада во парламентот, оцени дека ова е „црн ден за шведската надворешна политика“. – Ова врши голем притисок на луѓето што бараат азил и засолниште во оваа земја, но повеќе не се чувствуваат безбедно, бидејќи Шведска тргува со нивните основни права – изјави таа. Загриженоста пред сè се однесува на курдските дисиденти што живеат во Шведска и во Финска и на тоа дека договорот ќе му олесни на Ердоган да врши нови упади на северот на Сирија за освојување на градовите под контрола на Сириските демократски сили предводени од Курдите. САД ќе формираат постојан штаб за својот Петти армиски корпус во Полска, ќе испратат 5.000 дополнителни војници во Романија и ќе го зголемат ротациското распоредување во балтичките земји, рече претседателот Џо Бајден, на самитот на НАТО, каде што лидерите договорија ревизија на стратегијата на Алијансата за одбрана на Источна Европа од Москва. Бајден додаде дека две ескадрили на американски борбени авиони „ф-35“ ќе бидат испратени во Велика Британија, покрај стационирањето системи за противвоздушна одбрана во Италија и во Германија и зголемувањето на бројот на американските поморски разурнувачи во Шпанија на шест од четири. Распоредувањето ќе биде дополнение на повеќе од 100.000 американски војници што моментално се стационирани во Европа, кои веќе се зголемија за околу 20.000 откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата специјална воена операција на Украина пред четири месеци. Подготвил: Митко Јовановски...
Спортски вести
Нова Македонија - пред 20 часа
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС Јакобсен првпат победи по тешката повреда пред две години По извозените три етапи во Данска, од денеска велосипедскиот карван на 109-то издание на најпознатата светска трка, Тур де Франс, се сели во Франција, каде што денеска е првата пауза, по што ќе следува четвртата етапа на домашен терен, во северна Франција, од Данкерк до Кале, долга 171,5 км. Белгиецот Ив Лампер и Холанѓанецот Фабио Јакобсен, двајцата членови на тимот Квик степ-Алфа винил, победија на првата и на втората етапа, први етапни победи за нив во кариерата. За Јакобсен ова е прв настап на Тур по подолгата пауза поради тешката, речиси фатална повреда на Трката околу Полска пред речиси две години. Јакобсен, кој тогаш ги загуби сите заби и имаше петчасовна операција откако удри во метален столб, доби шанса во тимот пред Британецот Марк Кевендиш, специјалистот за спринт, кој ќе остане на 34-те етапни победи на Тур, колку и петкратниот победник Еди Меркс. – Кевендиш е легенда, посакувам двајцата да бевме тука. Тој ми помогна да потпишам договор и сигурен сум дека уживаше во мојата победа. Долг беше патот дотука по повредата. Оние што ме познаваат ги разбираат жртвите што морав да ги направам. Затоа сум многу среќен, несреќата ме направи поскромен, засекогаш ќе го паметам овој ден – рече Јакобсен. И победникот на Тур де Франс во минатите две години, Словенецот Тадеј Погачар, уште во почетокот, со третото место во првата етапа на хронометар, покажа дека е во врвна форма и оти не случајно го сметаат за прв фаворит за нов триумф. Л.Д. ПЛИВАЊЕ Лохти ги продава сребрените и бронзените олимписки медали Сите сребрени и бронзени олимписки медали, вкупно шест, на американскиот пливач Рајан Лохти ќе се продаваат на аукција, до 21 јули. Станува збор за сребрениот медал од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Атина во 2004 година, за двата бронзени медала од Пекинг во 2008-та, како и за двете сребра и една бронза од Лондон во 2012 година. На интернет-страницата што ја води аукцијата се наведува дека медалите „се придружени со потпишани писма од Лохти“. Лохти (37) освои и шест златни медали на ЛОИ, кои нема да се продаваат на аукцијата. Со 12-те олимписки медали, тој го дели второто место меѓу пливачите, со сонародничките Натали Кофлин, Џени Томпсон и Дара Торес. Рекордер според бројот на освоени олимписки медали е Мајкл Фелпс, 28. Четири од шесте сребрени или бронзени медали на Лохти се освоени на трките на кои победи Фелпс, меѓу кои е првиот индивидуален медал, среброто од 2004 година, на 200 метри мешано. Л.Д. И УЕФА ќе работи против злоупотребата на интернет Европската фудбалска унија (УЕФА) вети дека ќе се ангажира во кампањата за запирање на злоупотребите на социјалните мрежи на интернет како дел од кампањата „Респект“, која ќе почне со задутрешниот почеток на женското Европско првенство (ЕП) во Англија, пишува „Би-би-си“. УЕФА соопшти дека „активно ќе ги следи, ќе известува и ќе ги отстранува случаите на злоупотреба на интернет“. Од УЕФА велат и дека програмата „Респект“ ќе вклучува кампања за „вистински лузни“, која „ќе ги нагласи катастрофалните ефекти од злоупотребата на интернет насочени кон фудбалерите, тренерите и официјалните лица преку платформите на социјалните медиуми и ќе ги едуцира како најдобро да се одбранат од таква злоупотреба“. Програмата „Респект“ има за цел конкретни активности за спречување на навредливото онлајн однесување и дискриминација за време на сите нејзини завршни турнири, во младинска, женска и машка конкуренција во следните три години. За да се осигури дека е отстранета штетната содржина, УЕФА директно ќе соработува со главните платформи за социјални медиуми, како што се Твитер, Мета (Инстаграм и Фејсбук) и Тикток. – Кога нешто кажувате на социјалните мрежи, не сфаќате колку е тоа болно или какви последици може да има. Може да остави трага, бидејќи сите сме луѓе, сите имаме емоции – изјави одбранбениот играч на Франција и на Лион, Венди Ренар. Л.Д. ТЕНИС – ВИМБЛДОН Швјонтек загуби по серијата од 37 победи Светскиот тениски рекет број еден, Ига Швјонтек (21) од Полска ја заврши победничката серија од 37 натпревари, откако загуби од Французинката Ализ Корне (32) во третата рунда на гранслем-турнирот Вимблдон, со 4 6, 2-6. Швјонтек доминираше годинава победувајќи на шест турнири по ред, неодамна и на Ролан Гарос. Претходниот пораз таа го претрпе во февруари во Дубаи, кога загуби од Летонката Јелена Остапенко. Таквата серија ѝ овозможи да го преземе приматот од Австралијката Ешли Барти, која се повлече, како светски рекет број еден. Швјонтек ја освои титулата на Вимблдон во 2018 година, во младинската конкуренција. – Не играв добро, бев доста збунета во врска со мојата тактика. Како солидна тенисерка, Корне добро го искористи тоа – изјави Швјонтек, двократната шампионка на Ролан Гарос, која пред Вимблдон не играше на трева, за што причина беше повредата на рамото. Американката Коко Гоф, исто така, беше елиминирана, од сонародничката Аманда Анисимова (7-6, 2-6, 1-6), 20-та носителка, која во следната рунда ќе игра против Французинката Хармони Тан, која, пак, ја елиминира Британката Кејти Балтер, претходно и седумкратната шампионка на Вимблдон, Серена Вилијамс, во првото коло. Л.Д....
Руски дипломати ја напуштија Бугарија по обвинувањата за „платен список“ во новата шпионска афера
Нова Македонија - пред 21 часа
Фото: Принт-скрин „Русија е држава која не се плаши од ништо“, пишуваше на маицата на еден од протераните руски претставници, меѓу кои имаше дипломати, членови на нивните семејства и персонал, што денеска ја напуштија Бугарија со два руски владини авиони од софискиот аеродром. Вкупниот број на патници што ја напуштија државата е над 180, според бугарските медиуми. Бугарија минатиот четврток прогласи 70 руски дипломати за непожелни (меѓу нив има и технички персонал), во најголемото протерување од овој вид, откако Обединетото Кралство протера 105 совјетски дипломати за време на Студената војна во 1971 година. Ваквата одлука ја соопшти премиерот во заминување Кирил Петков. – Секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во државата од која што доаѓа – порача Петков, честитајќи им на бугарските тајни служби за добро завршената работа. Бугарската тајна служба наводно има податоци оти Русија им плаќа околу две илјади евра месечно на јавни личности, новинари и политичари за ширење на нејзината пропаганда во Бугарија, како што изјави шефицата на кабинетот на Петков, Лена Бориславова за радио „Дарик“. Бугарското обвинителство во март минатата година спроведе акција против наводна шпионска мрежа за која се тврди дека одавала тајни на руската Амбасада во Софија. Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев тогаш соопшти дека биле откриени важни тајни кои имаат влијание врз безбедноста на Бугарија, НАТО и на ЕУ. Бугарските власти спомнаа протекување на информации во врска со модификациите на американските воени авиони „Ф-16“, кои Бугарија ги купи од САД минатата година. Еден водечките претставници на руската амбасада во Софија што ја напушти државата, Филип Воскресенски, истакна дека ниту еден од Русите кои биле протерани „нелегално и арогантно“ не работел против Бугарија. Тој нагласи и дека никој не може да ги расипа руско-бугарските односи, во изјава дадена на софискиот аеродром. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа дека Бугарија ја свела на „минимум, дури и на нула“ можноста за функционирање на руската Амбасада во Софија“. Претходно рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко предупреди оти Москва треба да одлучи дали да го задржи или затвори дипломатското присуство во Бугарија. Постојат поделби и на бугарската политичка сцена во однос на одлуката за протерување на руските дипломати. Поранешниот бугарски министер за одбрана Тодор Тагарев смета дека одлуката „со децении ќе биде тежок удар за Бугарија“....
Непомнијашчи е на половина поен до нов дуел за светската титула
Нова Македонија - пред 21 часа
Ако Карлсен одбие да ја брани титулата, како што имаше претходно најави од него, тогаш за светската круна ќе играат првопласираниот и второпласираниот од овој турнир ШАХ – ТУРНИР НА КАНДИДАТИТЕ На Русинот Јан Непомнијашчи (рејтинг 2.766) му треба само уште едно реми во последните две кола за да триумфира на Турнирот на кандидатите, кој се игра во Мадрид (Шпанија), и со тоа вторпат во низа да го предизвика за светската титула актуелниот шампион, Норвежанецот Магнус Карлсен, во 2023 година. Тој во 12-то коло ремизира по само 14 потези игра со Американецот Хикару Накамура (рејтинг 2.760), откако трипати беше видена истата позиција на таблата. Единствената партија што не заврши со реми во тоа коло беше победата со црни фигури на Азербејџанецот Тимур Раџабов (2.753), на мечот со Кинезот Динг Лирен (2.806). Лирен со победа ќе му се доближеше на Непомнијашчи само на еден поен разлика. Со поразот тој сега падна на третото место иако има ист број бодови со Најамура, со кого ќе се сретне во последното коло. Ако Карлсен одбие да ја брани титулата, како што имаше претходно најави од него, тогаш за светската круна ќе играат првопласираниот и второпласираниот од овој турнир. Полјакот Јан-Кшиштоф Дуда (рејтинг 2.750) и Французинот Алиреза Фирузја (2.793) во долга и остра партија ремизираа. Иако Унгарецот Рихард Рапорт (2.764) имаше пешак повеќе против Американецот Фабиано Каруана (2.783), сепак, на крајот од партијата на таблата беше видено лесно одржливо реми. Табела: Непомнијашчи 8,5, Накамура 6,5, Лирен 6,5, Раџабов 6, Каруана 6, Дуда 5, Рапорт 5, Фирузја 4,5 поени. Двојки 13-то коло: Непомнијашчи – Рапорт, Накамура – Дуда, Фирузја – Лирен, Раџабов – Каруана. Г.И....
Софија подготвува „бугарска историја“ и за Србија
Нова Македонија - пред 21 часа
Фото: Игор Бансколиев Бугарска невладина организација од Ќустендил објави повик и плакат за туристички поход по долината на „Бугарска Морава“, под слоганот „Чистење на Јастребац од разбојниците“ Бугарските аспирации не запираат само во Македонија Бугарија, охрабрена од поддршката што ја добива од Брисел за вметнување на историските прашања во пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, почна истиот метод да го користи и за соседна Србија, па прашање на време е кога Софија своите „историски забелешки“ ќе му ги испорача и на официјален Белград, доколку не сака и тој да се соочи со бугарско вето при отворањето на преговарачките поглавја. Тест-балон неодамна пушти една бугарска невладина организација именувана „Воено-историски комитет“ со својот клуб „Полковник Христо Стојанов“, при библиотеката „Зора“ од Ќустендил, која неодамна ги повика своите членови и бугарските граѓани на екскурзија насловена „По патеките на 41. пешадиски полк – март 1917 година – чистење на Јастребац од разбојниците“. Во објавениот повик и на печатен плакат, оваа невладина организација ја навела трасата по која учесниците во походот ќе се движат од Ќустендил, преку Власина, Сурдулица, Лесковац, Ниш, Прокупље, до планината Јастребац, а сето тоа, како што е истакнато, по долината на „Бугарска Морава“. Србите од југот на Србија овој поход на бугарската невладина организација, која дел од српските медиуми ја оквалификува како неонацистичка, ја доживуваат како скандал и провокација, како отворен екстремистички истап и промоција на масовни злосторства врз српското население за време на бугарската окупација и Топличкото востание во 1917 година за време на Првата светска војна. Српските граѓани очекуваат Србија итно да реагира, притоа потсетувајќи дека бугарската окупаторска војска за време на војната извршила масовни злосторства над цивилното население во Пуста Река, Сурдулица, Прокупље и околината на Ниш и Крушевац. Токму едно од најголемите злосторства направиле припадниците на споменатиот 41. пешадиски полк на бугарската војска во март 1917 година на планината Јастребац. Покрај српските граѓани, реагираат и тамошните историчари, кои сметаат дека Бугарија е во кампања да ја глорифицира својата војска, која во историјата извршила голем број злосторства во овој дел на Балканот. Тоа мислење го дели доцентот Дејан Антиќ од Департманот за историја на Филозофскиот факултет во Ниш, кој е убеден дека целта на оваа кампања е промоција и глорификација на бугарската војска, која во Првата светска војна, од 1915 до 1918 година, извршила страшни и масовни злосторства врз српското цивилно население. Небојша Озмиќ, историчар и виш кустос во Народниот музеј во Ниш, истакнува дека во моментално зовриената политичка ситуација во Европа не се потребни акции од ваков вид, кои се провокативни и кои во суштина имаат цел да го одвлечат вниманието од главните проблеми. – По сите правни регулативи, она што војската на Бугарија го правела во Големата војна на територијата на окупирана Србија, особено во 1916 и 1917 година, ги има сите елементи на геноцид. Потсетувам дека негирањето на геноцидот е казниво не само во сите земји-членки на ЕУ, од која дел е и Бугарија, туку и во другите европски и светски држави – појасни историчарот Озмиќ. Очигледно официјална Софија се обидува црните страници од сопствената историја да ги избрише така што злосторничките походи ги претставува како ослободителни, наметнувајќи една поинаква бугарска историја, непоткрепена со никакви историски факти. Македонија го чувствува тоа на својот грб повеќе од еден век, а особено во последните неколку години, кога официјална Софија стави вето за македонските евроинтеграции, условувајќи ја земјава да прифати една поинаква историја, во која бугарската војска не била дел од фашистичката коалиција и не извршила никакви злосторства врз македонското население, туку само „администрирала“ со државава за време на Втората светска војна. Истиот модел Бугарија сега почнува да го користи и во Србија, а колку ќе успее, ќе покаже времето....
Еден век на Централниот терен на Вимблдон
Нова Македонија - пред 21 часа
Теренот, кој е мешавина од традиционалното и најсовременото и на кој се играат машките и женските финалиња, не беше добро прифатен кога беше отворен во 1922 година и беше опишан како „бел слон“ ТЕНИС Вимблдон вчера ја одбележи 100-годишнината на иконскиот Централен тениски терен, кој своевремено, кога беше отворен, беше опишан и како промашување или „бел слон“. На пригодната свеченост имаше осврт на епските натпревари и на класичните моменти, а беа вклучени и некои претходни шампиони на гранслем-турнирот Вимблдон. Теренот, кој го нарекуваат и „катедрала на тенисот“ и на кој секоја година се играат машките и женските финалиња, не беше добро прифатен кога беше отворен во 1922 година. – Беше опишан како бел слон. Како некогаш би се наполнил? Зар тенисот ќе стане толку популарен за да дојдат толку многу луѓе? И еве сме, 100 години подоцна, на овој прекрасен стадион, кој стана едно од најпознатите обележја во овој спорт – изјави Александра Вилис, директорката за комуникации и маркетинг на Вимблдон. Централниот терен официјално го отвори кралот Џорџ Петти на новите терени на „Чрч роуд“. Четиринаесет години подоцна, во 1936 година, Британецот Фред Пери на тој терен ја освои третата титула по ред на Вимблдон. Пери беше последниот Британец победник на Вимблдон до 2013 година и триумфот на Енди Мареј. Една од традициите на Централниот терен е бранителот на титулата во машка конкуренција следната година првиот меч да го игра таму. Стадионот, кој е со капацитет од речиси 15.000 седишта, е мешавина од традиционалното и најсовременото, вклучувајќи го и подвижниот покрив, кој беше додаден пред 13 години, со што се овозможи да се играат мечеви и кога врне дожд. На интернет-страницата на Вимблдон се наведува дека во текот на следните години ќе следува проширување на тенискиот центар, по купувањето на соседниот голф-клуб Вимблдон парк. Турнирот беше прекинат за време на Втората светска војна, а Централниот терен бил погоден со бомба во октомври 1940 година и оштетен дел од трибината. Натпреварите продолжиле во 1946 година, а поправките биле завршени следната година. Вилис рече дека фокусот на вчерашната прослава бил погледот назад и гледањето напред, при што од училишните деца било побарано да замислат како ќе изгледа Централниот терен за 100 години. – Идејата е да се биде сведок на историјата. Размислете колку промени се случија за еден век – вели Вилис. Л.Д....
Ружа Игнатова – криптокралица од врвот на ФБИ-потерница
Нова Македонија - пред 21 часа
Деновиве во јавноста се актуализира името Ружа Игнатова, за многумина анонимна и непозната личност, меѓутоа во светот на криптобизнисите една од најголемите криминалци. Која е Ружа Игнатова, чие потекло е од Бугарија? Зошто ФБИ ја додаде на листата на десетте најбарани беглаци? ЗА НАЈНОВАТА ПИРАМИДАЛНА КРИПТОИЗМАМА НА „ОНКОИН“, ВРЕДНА ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Финансиската бенефиција од препродавањето криптовалути во изминатиот период на големо се актуализира. Многумина или, пак, оние што имаат повеќе финансиски средства вложија во виртуелни пари, со надеж дека сето тоа ќе им се исплати, па со нивно препродавање прекуноќ ќе станат милионери. Сепак, и во тој свет не е сѐ толку едноставно. И тука постојат големи измами за кои обичниот човечки ум воопшто не може да биде свесен и токму затоа многумина паѓаат во замки. Деновиве во јавноста се актуализира името Ружа Игнатова, за многумина анонимна и непозната личност, меѓутоа во светот на криптобизнисите една од најголемите криминалци. Која е Игнатова, чие потекло е од Бугарија? Зошто дури ФБИ ја додаде на листата на десетте најбарани беглаци? „Нова Македонија“, истражувајќи низ достапните информации, направи пресек за неа и за нејзините криминални активности. СТАВЕНА НА СИТЕ ЛИСТИ ЗА НАЈБАРАНИ БЕГАЛЦИ Американското федерално истражно биро (ФБИ) ја додаде Бугарката Ружа Игнатова, позната како криптокралица, на листата на десетте најбарани бегалци, пренесуваат светските медиуми. Таа е барана поради поврзаност со наводна пирамидална криптоизмама вредна четири милијарди долари. ФБИ понуди награда од 100 илјади долари за информации што ќе резултираат со апсење на Игнатова. Таа е основач на компанијата „Онкоин“, зад која се крие наводната измама. Игнатова патуваше низ светот на конференции на кои ја промовираше „Онкоин“ како „убиец на биткоинот“, но инвеститорите открија дека компанијата всушност не поседувала никаква блокчејн-технологија. САД издадоа федерален налог за нејзино апсење во 2017 година, кога на Игнатова ѝ се губи трагата. Според соопштението на ФБИ, познато е оти таа патувала од Софија до Атина во октомври 2017 година. А како нејзини можни дестинации се посочуваат Обединетите Арапски Емирати, Бугарија, Германија, Русија, Грција и други во Источна Европа. ФБИ образложи дека Игнатова стигнала на листата бидејќи се верува оти патува со вооружено обезбедување. Американските власти дури посочуваат дека е можно таа да направила хируршки зафати за да го измени изгледот. Во мај 2019 година беше уапсен братот на Игнатова, Константин, кој го презеде управувањето со „Онкоин“ во нејзино отсуство. Тој се изјасни како виновен за обвиненијата што вклучуваа перење пари и измама во ноември истата година. Игнатова претходно беше додадена и на листата на Европол на најбарани бегалци во Европа, во мај годинава. КАКО УСПЕА ИГНАТОВА ДА СТАНЕ КРИПТОКРАЛИЦА На почетокот на јуни 2016 година, 26-годишна бизнис-жена, наречена д-р Ружа Игнатова, излезе пред илјадници обожаватели на арената „Вембли“. Облечена во скап фустан, со долги дијамантски обетки, светлоцрвен кармин и полна со самодоверба, пред присутните нагласи дека „Онкоин“ е на патот да стане најголемата криптовалута во светот, со која сите ќе можат да плаќаат насекаде. Како што е познато, биткоинот и тогаш а и сега е најголемата и најпозната криптовалута, а во тоа време, тие почнаа да го привлекуваат интересот на луѓето, па многумина бараа начини да добијат шанса за да станат сопственици на криптовалути. Пред многубројната публика, Игнатова, со силна верба истакна дека „Онкоин“ е убиец на биткоинот и оти за две години оттогаш, никој повеќе нема да зборува за биткоините. Сето тоа ги „запали“ луѓето, па многумина низ светот почнаа да ги инвестираат своите заштеди во оваа нова криптовалута, со надеж дека ќе бидат дел од новата револуција. Според актуелните податоци, луѓето инвестирале неверојатни 30 милиони во „Онкоин“ во првите шест месеци од 2016 година и дури два милиони евра во само една недела. Помеѓу август 2014 и март 2017 година, повеќе од четири милијарди евра биле инвестирани во нејзината измислена криптовалута, од луѓе од десетици држави низ светот, почнувајќи од Пакистан до Бразил, Хонгконг, Норвешка, Канада, Јемен, па дури и од Палестина. Колку за појаснување, вредноста на нештото, независно дали е криптовалута, монета, злато или нешто друго, директно зависи од нас луѓето. Сите тие вредат онолку колку што луѓето ќе им дадат вредност и колку што е голема вербата во нив. Долго време луѓето се обидуваат да создадат вид дигитални пари независни и целосно одвоени од банкарските системи на државите. Но таквите обиди секогаш пропаѓаат затоа што никој не верува во нив. Сепак, биткоините функционираат на единствен и поинаков начин. Причината што многумина се толку возбудени за оваа криптовалута е тоа што тука нема недоверба, оваа валута има специјална датабаза, наречена блокчејн, која на некој начин е голема книга што сопствениците на биткоини ја имаат самостојно, но, сепак, независно едни од други. Секојпат кога биткоин се испраќа од еден на друг, доказ за таа трансакција се испраќа во книгата на секој сопственик. Ниту банките ниту владите ниту пак личноста што инвестира може да го смени тоа. Сето тоа значи дека биткоините не можат да бидат лажни, ниту пак препродавани од едно на друго лице во исто време. Како функционирала измамата? Лица биле повикувани на вебинар, каде што биле убедувани да инвестираат финансиски средства. Колку повеќе инвестираш, толку повеќе добиваш. Некои од нив дури ги повикале и пријателите да инвестираат. Своите инвестиции ги следеле онлајн, каде што десеткратно им се дуплирале онлајн заработките. Кога бројката нагло почнала да расте, некои од нив добиле предупредување од човек што дознал дека оваа криптовалута нема блокчејн, тоа што е клучно за нејзино постоење. Станува збор за човек што бил повикан да работи за неа, меѓутоа сомнежот бил посилен од понудата за работа, па ја одбил понудата. На прашањата до вработените во „Онкоин“ дали навистина оваа криптовалута нема блокчејн, што е всушност единствената сигурност за нејзиното постоење и стабилност, им било одговарано дека тоа се информации што тие не мора да ги знаат. А по подолго истражување со луѓе што веќе биле запознаени со оваа наводна криптовалута, на инвеститорите им станувало јасно дека парите што ги гледале онлајн биле само обични бројки без никаква вредност. И покрај тоа што поединци навреме се спасиле од оваа измама, иако инвестирале високи суми, криптокралицата продолжила да патува низ светот заработувајќи лесни пари. Купувала луксузни имоти, правела елитни забави на луксузни јахти… Во 2017 година, во Португалија била закажана средба помеѓу инвеститорите и Игнатова, средба на која луѓето требало да си го добијат заработеното, но Ружа никогаш не се појавила. Никој не знаел каде е, криптокралицата едноставно исчезнала. Заминала од другата страна на законот, во подземјето. ФБИ има докази дека две недели по нејзината закажана средба со инвеститорите, Игнатова се качила на авион од Софија кон Атина, откога ѝ се загубила секаква трага. „Онкоин“ претставуваше вистинска виртуелна експлозија, нова и успешна класична пирамидална шема. Таа ги претставува сите можности што се отвораат со помош на технологијата и колку познавачите на технологијата можат да ја злоупотребат, на сметка на оние на кои таа не им е силна страна. Сето тоа е темната страна на технолошкиот бум. Игнатова успешно идентификува неколку слаби точки на општеството и ги искористи за сопствена бенефиција. Знаеше дека има доволно очајни, лакоми и збунети луѓе, кои своите надежи ќе ги насочат кон оваа криптовалута. Додека тие да сфатат дека станува збор за измама, криптокралицата исчезна од лицето на Земјата, заедно со нивните пари. ГОЛЕМ БРОЈ КРИВИЧНИ ДЕЛА Криптокралицата, иако родена во Бугарија, на десетгодишна возраст заминала со своето семејство да живее во Германија. По образованието, во 2011 година, таа инвестирала во салон за убавина, а веќе во 2012 година, заедно со нејзиниот татко Пламен, добила 14-месечна затворска казна, поради сомнително банкротирање на фирмата. Една година подоцна била инволвирана во маркетиншка измама наречена „Биг коин“, а веќе во 2014 година ја основала Понзиевата шема во светот позната како „Онкоин“. Пред да инвестира во салон за убавина, таа работела како дел од адвокатска канцеларија, за што во 2022 година германската полиција почнува истрага за перење пари и трансфер на 7,69 милиони евра на приватна сметка во 2016 година. [email protected]...