Јаховиќ има нов клуб во Турција, ќе игра за второлигашот Бодрумспор (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 14 дена
UncategorizedФудбалИнтернационалциТОП Јаховиќ има нов клуб во Турција, ќе игра за второлигашот Бодрумспор (ВИДЕО) 26.07.2022 10:16 По Коњаспор, Јени Малатија и Анталијаспор, Адис Јаховиќ има нов клуб во шампионатот на Турција. Се работи за второлигашот Бодрумспор кој според медиумите во Турција, инсистирал за ангажман на нашиот интернационалец. Јаховиќ во оваа земја ужива голем респект, затоа што остави одличен впечеток каде и да настапуаше. Постигнуваше голови во серија, и затоа без проблем кога ќе заврши една соработка, наоѓа друга. Јаховиќ долго време е во турскиот шампионат, а летово, и покрај најавите дека ќе остане во суперлигашката конкуренција сепак тој се одлучи за Бодруспор. Клубовите во оваа конкуренција се исклучително моќни финансиски, навивачи во Турција никаде не недостасуваат, па секако дека за очекување е Јаховиќ да ја продолжи својата серија на добри настапи и во новиот клуб. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноПелистер со прво засилување, ТФТ ќе има „џин“ во рекетот! Ognen Dojcinovski...
Пелистер со прво засилување, ТФТ ќе има „џин“ во рекетот!
Спортмедиа - пред 14 дена
КошаркаДомашно првенство Пелистер со прво засилување, ТФТ ќе има „џин“ во рекетот! 26.07.2022 10:00 Македонските клубови кои во новата сезона ќе имаа плус обврски од домашниот шампионат на големо работат на создавање на „костурот“ на тимот. ТФТ се чини е најактивен на пазарот, кој ќе игра квалификации во ФИБА Лигата на шампиони и во АБА2-лига. Тимот од Тафталиџе и актуелен освојувач на Купот на Македонија го официјализира и четвртото странско засилување. Станува збор за Крис Тавиа. 28-годишникот е висок 208 сантиметри, доаѓа од Лондон Лајонс со кој настапуваше и во ФИБА Еврокупот, претходно има настапувано за романскиот Феникс Галаци, Рупла од Естониј, има искуство во Белгија во Спиру, австрискиот Оберварт и чешкиот Храдец. Во Пелистер, вториот тим кој и во новата сезона ќе биде дел од второлигашкото јадранско натпреварување, дојде Оливер Двојаковски. Овој кошаркар доаѓа од тимот на Академија ФМП, а го носеше дресот на Куманово и АВ Охрид. Двојаковски има искуство во Шпанија со Сера Џелада и Санто Доминго Бентазос. Facebook Twitter WhatsApp Email Print Претходно„Плинарите“ се пофалија, Дибиров слета во ЗагребСледноЈаховиќ има нов клуб во Турција, ќе игра за второлигашот Бодрумспор (ВИДЕО) Марија Ковачева...
„Плинарите“ се пофалија, Дибиров слета во Загреб
Спортмедиа - пред 14 дена
РакометЛига на шампиони „Плинарите“ се пофалија, Дибиров слета во Загреб 26.07.2022 9:30 ППД Загреб во новата сезона ќе има интересен состав, со тројца екс-ракометари од таборот на РК Вардар. По Иван Чупиќ и Вуко Борозан, хрватскиот тим го договори и Тимур Дибиров. После девет години минати во „црвено-црниот“ дрес, рускиот интернационалец одлучи дека е вистинско време да го напушти Скопје. Неговата желба беше да остане во редовите на македонскиот првак, но како што изјави самиот преку некои работи не може да премине. Дибиров веќе е во Загреб, а „плинарите“ се пофалија на својот Инстаграм профил. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЛоши вести за Јувентус од Америка!СледноПелистер со прво засилување, ТФТ ќе има „џин“ во рекетот! Марија Ковачева...
Најплатените фудбалери во Ла Лига: Азар неприкосновено на врвот!
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалШпанија Најплатените фудбалери во Ла Лига: Азар неприкосновено на врвот! 25.07.2022 22:30 Ла Лига важи за една од најсилните, најбогатите лиги во светот. Па како поинаку да биде кога таму се Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, едни од најмоќните клубови во светот. Затоа интересно е да се види кои од играчите се најплатени, кои се тоа десетмината кои најмногу заработуваат. На прво место, по малку чудно, е Еден Азар од Реал Мадрид, кој годишно во Реал Мадрид заработува неверојатни 31.250.000 евра. На второ место е Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид со 25.000.000 евра, додека трет е Карим Бензема од Реал Мадрид со 24.000.000 евра. Во продолжение можете да ја видете листата со десетте најплатени играчи во Ла Лига. ТАБЕЛА – ГОДИШНА ПЛАТА 1.ЕДЕН АЗАР (РЕАЛ М) 31.250.000 евра 2.ЈАН ОБЛАК (АТЛЕТИКО М) 25.000.000 3.КАРИМ БЕНЗЕМА (РЕАЛ М) 24.000.000 4.ДАВИД АЛАБА (РЕАЛ М) 22.500.000 5.СЕРХИО БУСКЕТС (БАРСЕЛОНА) 22.000.000 6.ТОНИ КРОС (РЕАЛ М) 21.940.000 7.АНТОАН ГРИЗМАН (АТЛЕТИКО М) 20.830.000 8.ВИНИЦИУС ЖУНИОР (РЕАЛ М) 20.830.000 9.ЖОРДИ АЛБА (БАРСЕЛОНА) 20.830.000 10.ЛУКА МОДРИЌ (РЕАЛ М) 19.690.000 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСамо Пелистер може да ја замени Ренова во ПМФЛ!СледноСавевски го објави списокот на ракометарки за СП! Zoran Gjorshoski...
Динамо го чека пекол: Се очекува 20.000 фанови да навиваат за Шкупи, се спрема – СПЕКТАКЛ!
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Динамо го чека пекол: Се очекува 20.000 фанови да навиваат за Шкупи, се спрема – СПЕКТАКЛ! 26.07.2022 8:00 Вечерва Шкупи, нашиот шампион ќе ја пишува историјата. Вечерва од 21 часот чаирскиот клуб го игра еден од најважните свои натпревари во историјата, ако не и најважен. Четата на стратегот Гоце Седлоски го дочекува Динамо во возвратниот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. По оној блескав резултат од Загреб, од првиот меч на “Максимир“ кога беше 2:2, сега апетитите пораснаа, сега фановите се “запалија“, сега сите ние очекуваме чудо. А тоа чудо е да малиот Шкупи од Чаир го елиминира балканскиот гигант Динамо Загреб. Секако дека и по тие 2:2 од Загреб, Адеми, Ристовски и останатите “модри“ се големи фаворити, но исто така факт е дека вечерва на Арената “Тодор Проески“ големиот Динамо го чека пекол. Од Шкупи, од сите играчи на Шкупи се очекува да “изгинат“ на теренот, да го дадат својот максимум, па и повеќе од тоа, а во тоа ќе добијат секако и поддршка од трибините. Најверните фанови на Шкупи, навивачка група „Шверцери“ подготвува спектакл, а се очекува вечерва на трибините да има, барем такви се најавите, 20.000 фанови кои ќе сакаат Шкупи да победи. Па, нека биде спектакл, нека биде меч во кои Шкупи ќе покаже и докаже зошто е македонски шампион. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСедло и Шкупи знаат како треба против Динамо! (ФОТОГАЛЕРИЈА)СледноНавивачите на Атлетико не го сакаат Роналдо: Ние не сме азил и не собираме ѓубре! Zoran Gjorshoski...
Савевски го објави списокот на ракометарки за СП!
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометРепрезентација Савевски го објави списокот на ракометарки за СП! 25.07.2022 22:38 Селекторот Љубомир Савевски го објави списокот на 18 ракометарки, конечен список, за претстојното У-18 СП. Познато е дека Мундијалот ќе се одржи од 30 јули до 10 август и тоа во Скопје. Натпреварите ќе се играат во три сали во нашиот главен град а учество ќе земат 32 селекции. Македонија ќе игра во групата Б и тоа против У-18 селекциите на Сенегал, Узбекистан и Иран. Инаку ова е списокот со ракометарки за кои се одлучи селекторот Савевски… Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНајплатените фудбалери во Ла Лига: Азар неприкосновено на врвот!СледноСедло и Шкупи знаат како треба против Динамо! (ФОТОГАЛЕРИЈА) Zoran Gjorshoski...
Седло и Шкупи знаат како треба против Динамо! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Седло и Шкупи знаат како треба против Динамо! (ФОТОГАЛЕРИЈА) 25.07.2022 23:05 Мирно, со насмевки, со верба во себе, на тој начин фудбалерите на Шкупи вечерва на Арената го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел со Динамо Загреб. Меч кој може многу да им донесе на чаирчани, и не се само тука парите, туку славата пред се. Секако дека Гоце Седлоски, некогашниот капитен на Динамо, а сега стратег на нашиот шампион, сака најмногу победа над Динамо, сака најмногиб да го „тресне“ Динамо. Ние не се сомневаме дека и Седло и неговиот тим знаат како треба. Тоа го покажаа на “Максимир“, па очекуваме тоа исто да го покажат утре од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСавевски го објави списокот на ракометарки за СП!СледноДинамо го чека пекол: Се очекува 20.000 фанови да навиваат за Шкупи, се спрема – СПЕКТАКЛ! Zoran Gjorshoski...
Лоши вести за Јувентус од Америка!
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалИталија Лоши вести за Јувентус од Америка! 26.07.2022 9:00 Проблеми за Јувентус, изгледа повредата на Пол Погба е посериозна отколку што се мислеше. Не отпатува ни во Далас на мечот со Барселона, се чекаат резултати од специјалистички преглед. Французинот почувствува болка во коленото, се сомнева во менискусот, поточно надворешните лигаменти на коленото, што сигурно би го одложило дебито на официјалните натпревари. Сигурно има само два начина, одмор, што практично го исклучува за првиот натпревар сезонава против Сасуоло во средината на август, па дури и операција. Во тој случај, закрепнувањето на Погба ќе трае два месеци и тој би можел да биде подготвен дури по репрезентативната пауза во втората половина на септември. Погба е клучот и лидерот на новиот Јувентус, иако клубот се обидува да го засили средниот ред, Рабио и Артур треба да направат простор за доаѓањето на Паредес од ПСЖ. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНавивачите на Атлетико не го сакаат Роналдо: Ние не сме азил и не собираме ѓубре!Следно„Плинарите“ се пофалија, Дибиров слета во Загреб Марија Ковачева...
Навивачите на Атлетико не го сакаат Роналдо: Ние не сме азил и не собираме ѓубре!
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалШпанија Навивачите на Атлетико не го сакаат Роналдо: Ние не сме азил и не собираме ѓубре! 26.07.2022 8:30 Каков ќе биде текот на кариерата на Кристијано Роналдо ќе биде познато по состанокот на португалскиот фудбалер со раководството на Манчестер Јунајтед. Тој не отпатува со тимот на подготовки, а светските медиуми на големо пишуваат дека неговата желба е да си замине од „Олд Трафорд“, а како следна дестинација се споменува Атлетико Мадрид. Но, навивачите на овој тим веќе дигнаа бунт. Роналдо не е омилена личност меѓу нив, поради тоа што во минатото го носеше дресот на Реал Мадрид, како и неговото однесување кога во дресот на Јувентус постигна хет-трик против Атлетико во сезоната 2018/19 за крајни 3-2 за торинскиот тим. Cristiano Ronaldo mocking the Simeone’s first leg gesture “We have balls”. Although this looks more like a “suck this.!” to be philological… pic.twitter.com/h312zCzyR2 — Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) March 13, 2019 Поради лошото минато и потегот на Роналдо во видеото погоре, навивачите на Атлетико испратија порака до раководството, ако го потпишат Роналдо ќе ги откажат годишните билети: „Никогаш во мојот тим, нашите вредности се над целите“, пишуваат луѓето во коментарите, меѓу кои „Ние не сме азил и не собираме ѓубре“. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноДинамо го чека пекол: Се очекува 20.000 фанови да навиваат за Шкупи, се спрема – СПЕКТАКЛ!СледноЛоши вести за Јувентус од Америка! Марија Ковачева...
Само Пелистер може да ја замени Ренова во ПМФЛ!
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалПрва лигаТОП Само Пелистер може да ја замени Ренова во ПМФЛ! 25.07.2022 22:00 Со оглед на тоа дека Ренова нема да игра во ПМФЛ за следната сезона, барем такви се информациите од клубот од Џепчиште, тогаш се поставуваа прашањето дали нашата елита во сезоната 2022/23 ќе брои 11 клубови или некој во последен момент, од клубовите кои се заинтересирани за настап во ПМФЛ, сепак ќе ја замени Ренова. Со оглед на тоа дека ждрепката е направена, а малку незгодно е во секое коло да има по еден слободен тим, тогаш најдобро би било да му се дозволи на некој клуб да игра во ПМФЛ. Во нашата јавност познато е дека има повеќе заинтересирани клубови да играат во ПМФЛ, но според нашите сознанија, од сите тие што сакаат, само Пелистер ги исполнува сите услови да игра. Односно само битолскиот клуб има право да ја замени Ренова, ниту еден друг. Клуб кој минатата сезона играше во елитата и испадна од неа. Вардар, Воска, Гостивар, Беласица и останатите едноставно не можат. Или се во долгови, како Вардар на пример и тоа во милионски, или пак нивните клубови не се пререгистрини во АД, или пак… Значи ако веќе некој во последен момент би се уфрлил да биде дванаесетиот клуб во ПМФЛ за наредната сезона, тоа би можел да биде само Пелистер и никој друг. Тука мислиме на клубовите кои се второлигаши. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноАдеми и Ристовски знаат како е да се игра на Арената! (ФОТОГАЛЕРИЈА)СледноНајплатените фудбалери во Ла Лига: Азар неприкосновено на врвот! Zoran Gjorshoski...
Адеми и Ристовски знаат како е да се игра на Арената! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски купови Адеми и Ристовски знаат како е да се игра на Арената! (ФОТОГАЛЕРИЈА) 25.07.2022 21:28 Динамо Загреб вечерва во пресрет на утрешниот дуел со Шкупи, го одработи тренингот на теренот на Националната Арена “Тодор Проески“. Двајца од гостинските фудбалери, а тоа секако дека се Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и тоа како знаат како е да се игра на Арената. Па тие ќе се чувствуваат како дома,ако се знае колку натпревари во дресот на Македонија имаат одиграно на овој тревник, на oваа Арена. Нашите фанови за нив ќе имаат помешани емоции, тие се наши херои, но утревечер нашите фанови ќе посакуваат Аријан и Стефан да не се радуваат, нашите фанови ќе сакаат Шкупи да победи. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноРоналдо се враќа во Манчестер, се решава неговата иднина!СледноСамо Пелистер може да ја замени Ренова во ПМФЛ! Zoran Gjorshoski...
Роналдо се враќа во Манчестер, се решава неговата иднина!
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалАнглија Роналдо се враќа во Манчестер, се решава неговата иднина! 25.07.2022 21:15 Дали на повидок е пресврт? Дали Кристијано Роналдо сепак ќе остане во Манчестер Јунајтед? Попладнево стигна вест од Островот дека Португалецот се враќа во Манчестер, треба да има состанок со раководството на Јунајтед по што ќе се знае неговата иднина. Исто така има вести дека Роналдо веќе се договорил со Атлетико Мадрид, но сепак треба да се види како ќе течат разговорите прво со тимот од Манчестер. Па така допрва ќе се знае дали тој ќе остане на “Олд Трафорд“ или пак ќе потпише за некој друг клуб, но прашањето е кој? Посебно ако се знае дека досега ниту клуб, а го поврзуваа со неколку гиганти, не беше подготвен да стави потпис со Португалецот. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНедановски: Амбициите на Вардар секогаш се исти!СледноАдеми и Ристовски знаат како е да се игра на Арената! (ФОТОГАЛЕРИЈА) Zoran Gjorshoski...
Недановски: Амбициите на Вардар секогаш се исти!
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометДомашно првенство Недановски: Амбициите на Вардар секогаш се исти! 25.07.2022 20:49 Од денеска нашиот ракометен шампион, некогашен двоен, европски првак, тимот на РК Вардар ги стартуваше подготовките, и тоа во учичишна сала, а не во својата Арена како што е вообичаено. Свој коментар за очекувањата во новата сезонам во која Вардар нема да игра во Европа од познати причини, за тоа што може овој променет состав, стратегот Владо Недановски… „И покрај се, нашите амбиции се познати, тие секогаш се исти, а тоа е освојување на титули. Проблемите ги оставаме зад нас, ќе се однесуваме како ќе играме во Лигата на Шампионите. Максимално сериозно го сфаќаме домашниот шампионат. Имае тим које спој на младост и искуство, голем дел од оние кои играа лани и останаа во тимот“ рече покрај другото Недановски. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноАнте Чачиќ: Целосен респект за Шкупи, но ние планираме да победиме!СледноРоналдо се враќа во Манчестер, се решава неговата иднина! Zoran Gjorshoski...
Анте Чачиќ: Целосен респект за Шкупи, но ние планираме да победиме!
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Анте Чачиќ: Целосен респект за Шкупи, но ние планираме да победиме! 25.07.2022 20:37 Шкупи – Динамо утревечер е реванш дуелот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Првиот меч во Загреб заврши со резултат 2:2, па така сега остануваат уште 90 минути да се види кој шампион, на Македонија или на Хрватска, ќе оди натаму, во следната фаза. Во пресрет на утрешниот меч, вечерва на прес – конференција во Скопје, стратегот на “модрите“ Анте Чачиќ со свое видување… „Ова ќе биде елиминациски натшревар. Утре ќе се даде одговорот кој ќе оди натаму во квалификациите во ЛШ. Со должно почитување кон Шкупи, но секако дека Динамо е фаворит и јас не бегам од тоа. Домаќинот ќе стори се да дојде до изненадување, но ние сме тука во тоа да го спречиме“ рече Чачиќ. Во продолжение тој напомена… “Доста голови дадовме на последните мечеви, тоа ме радува. По сите параметри на првиот меч создадивме многу шанси, но резултатот е тој, 2:2. Шкупи ги искористи своите шанси и дојде до поволен резултат. Динамо реално има многу поголемо искуиство во Европа и планираме тоа да го искористиме“. Стратегот на “модрите“ рече дека планира во 90.минути неговиот тим да победи.. “Да, планирам во тие 90.минути да победиме. Шутало и Теофил и дефинитивно не играат. За тоа дали ќе играме со еден или двајца напаѓачи, е тоа ќе го решам пред напреварот. Да кажам дека во Шкупи се се врти околу тројката напред, но и во средниот ред, иако целокупно функционираат и како тим. Затоа и дојдоа до тука“. Чачиќ истакна нешто и за медиумите во Хрватска… “Медиумите во Хрватска погрешија што го прогласија Шкупи за тотален аутсајдер. Ова се тешки мечеви, почеток на сезона. Да се потсетиме дека пред неколку години во оваа фаза Динамо го победи Арсенал. Критиките делуваат позитивно, иако сметам дека во Загреб не одигравме така лошо“ заврши Анте Чачиќ. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЛиверпул ќе го продава името на новата трибина! (ВИДЕО)СледноНедановски: Амбициите на Вардар секогаш се исти! Zoran Gjorshoski...
Ливерпул ќе го продава името на новата трибина! (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалАнглија Ливерпул ќе го продава името на новата трибина! (ВИДЕО) 25.07.2022 20:30 И на најголемите клубови им се потребни пари,многу пари, за да можат да ги имаат најдобрите фудбалери кои од сезона во сезона бараат се поскапи договори. Па така според извршниот директор на Ливерпу, Бил Хоган, “редси“ веројатно ќе го продадат името на новата трибина,која треба да биде готова следната лето.Барем така се надеваат. Во моментов се реконструира една од трибините на култниот стадион „Енфилд“ со надоградување на трибината со нови 7.000 места. За ова ќе бидат потршени 80 милиони фунти, а кога ќе биде готова тогаш клубот ќе разговара со евентуаните спонзори за продавање на името на новата трибина на стадионот кој тогаш ќе може да прими 61.000 лица. A significant milestone has been reached on the Anfield Road expansion project, as the 300-tonne roof truss has been carefully lifted into place 🏟 Check out the progress ⤵️ pic.twitter.com/iwe0mqXjhf — Liverpool FC (@LFC) July 21, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноИнтер и Лацио се фаворити за потписот на МертенсСледноАнте Чачиќ: Целосен респект за Шкупи, но ние планираме да победиме! Zoran Gjorshoski...
Интер и Лацио се фаворити за потписот на Мертенс
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалИталија Интер и Лацио се фаворити за потписот на Мертенс 25.07.2022 20:00 Дрис Мертенс повеќе не е дел од тимот на Наполи. Ветеренот, кој во моментов има 35 години долго време беше дел од овој клуб но на се доаѓа крај па и на престојот на белгиецот во клубот каде што има статус на легенда. Според неговите зборови, тој планира да одигра уште една или максимум две сезони на високо ниво, а според последните информации нема да го промени шампионатот, туку само клубот. За Мертенс постојат две опции, а тоа се екипите на Интер односно Лацио. Во првиот случај дефинитивно би бил резерва, затоа што Интер реално има екстра состав, но ќе биде заедно со неговиот репрезентативен колега Ромелу Лукаку. Кога станува збор за Лацио пак, би се соединил повторно со Мауруцио Сари, стратегот на „сините“ со кого соработуваше своевремено токму во Наполи. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНедановски прозиваше: РК Вардар ги стартуваше подготовките! (ФОТОГАЛЕРИЈА)СледноЛиверпул ќе го продава името на новата трибина! (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Недановски прозиваше: РК Вардар ги стартуваше подготовките! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометДомашно првенство Недановски прозиваше: РК Вардар ги стартуваше подготовките! (ФОТОГАЛЕРИЈА) 25.07.2022 19:39 Македонскиот шампион Вардар ги почна подготовките за новата сезона. Тренерот Владо Недановски на првата прозивка ги имаше сите ракометари на кои смета сезонава, иако не е исклучено на тимот да му се приклучат и нови ракометари кои ќе го засилат Вардар. Поради зафатеност на салата „Јане Сандански“ првиот тренинг вардарци го имаа во училишната сала во ОУ „Круме Кепески“. Покрај во сала, ракометарите ќе се имаат и тренинзи во теретаната во СЦ „Јане Сандански“ и на фудбалскиот стадион до салата каде и досега традиционално ги извршуваа задачите. По завршувањето на женското кадетско СП што се одржува во Скопје, екипата се враќа во Сц „Јане Сандански“ и ќе тренира до заминување за Струга каде ќе играат на традиционалниот турнир. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноВрбица Стефанов: На кого му смета Рубин, чии инструкции спроведува Симиќ?СледноИнтер и Лацио се фаворити за потписот на Мертенс Zoran Gjorshoski...
Врбица Стефанов: На кого му смета Рубин, чии инструкции спроведува Симиќ?
Спортмедиа - пред 15 дена
КошаркаРепрезентацијаТОП Врбица Стефанов: На кого му смета Рубин, чии инструкции спроведува Симиќ? 25.07.2022 19:30 Додека кошаркарска Македонија се обидува да мрдне од мртва точка, во младите национални тимови се случуваат чудни работи. Денеска Тони Симиќ, предводникот на репрезентацијата до 18 години го нарече еден од најголемите таленти Рубин Стефанов за непрофесионалец. Оваа изјава ќе биде на место доколку тој имаше спроведено исти правила за неговиот син Тео, кој игра во истата репрезентација. По скандалозната изјава на Тони Симиќ се огласи, Врбица Сефанов, легендата на мак-кошарка и татко на Рубин. Врба својата кариера ја мина без скандали, ниту по завршување на истата никогаш не се обидувал, ниту се обидувал да ургира за својот син, неговата визија била со пот и талент да се бори на теренот. Но, како што велиот тој не очекувал дека може да се направи едно вакво сценарио, особено кога се работи за националниот дрес. „Крајно сум разочаран од сето она што Симиќ го има изјавено за официјалниот сајт на федерацијата. Добро се познаваме, лично ме боли што не ми јави да ми го каже сето ова лично мене, туку сакаше да го обели образот преку медиумите, како едвај да чекаше Рубин да се откаже, за да нема грижа на совест тој или пак некој друг. Колку и да не сакам да мислам, сега веќе сум убеден дека целата приказна има своја позадина. Некој не сака Рубин да биде дел од оваа репрезентација. Тој е бојкотиран уште првиот ден од подготовките, ставено му е до знаење дека не е посакуван во таа средина. Тука се вмешани сите помали тренери, заедно со Симиќ, кој спроведува нечии инструкции или пак сака да остави простор за да неговиот син да си направи шутерско шоу на натпреварите. Никогаш до сега се немам вмешано во ништо, ниту сум побарал нешто од некого, ниту за мојот син, ниту пак за мене лично. Сметам дека местото во репрезентација се добива со напорна работа и со квалитет“, ни изјави Врбица Стефанов. Врба потенцира дека неговиот син не е случајно заминат во странство, дека и порано имал притисок. Вели дека ако еден тренер бара професионализам, тогаш истиот мора прво да го покаже неговото дете (мисли на Тео). „Рубин не е случајно заминат во странство. Притисокот го имаше уште како мал, тренерчиња му ставаа етикети, кои навистина не можам да ги сфатам зошто се така. Ниту на сон не помислував дека кога ќе дојде време за репрезентација ќе биде истото, не очекував дека луѓето можат да бидат толку злобни, дека националниот дрес е нечии интерес, а не интерес на државата. Симиќ зборува за непрофесионализам. Му се чудам, искрено. И самиот добро знае што е непрофесионализам, најдобар пример е неговиот син. За жал, дојде време да ги напаѓаме децата. Па, неговиот син речиси секој тренинг рогаше баскети, зошто тогаш не покажа професионалност, зошто сака да го казни Рубин. Претходно му се јавив, го прашав дали има нешто да пријави за Рубин, за да можам јас како родител да реагирам, да го поправиме однесувањето. Тој ме убедуваше во спортивното, дека Рубин е супер дете и дека се е во најдобар ред. Криво ми е што го спроведоа она што го замислиле, да го прикажат Рубин како непрофесионалец“. Рубин на 14 години беше дел од Андолу Ефес, тогаш му понудија турски пасош, но Врбица ги одби. За него важна беше Македонија. „Од денешна гледана точка исто ми е криво што јас на 14 години го учев дека за Македонија секогаш треба да биде тука, да го сака националниот дрес, таа љубов му ја пренесував цело време. Се чини дека згрешив. Ние свесно ги одбивме Турците, зошто за мене има само еден дрес, а тоа е македонскиот тим. На ваков начин го воспитував и Рубин“. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноТен Хаг ќе добие неверојатен бонус доколу Јунајтед се пласира во Лигата на шампиони!СледноНедановски прозиваше: РК Вардар ги стартуваше подготовките! (ФОТОГАЛЕРИЈА) Марија Ковачева...
Тен Хаг ќе добие неверојатен бонус доколу Јунајтед се пласира во Лигата на шампиони!
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалАнглија Тен Хаг ќе добие неверојатен бонус доколу Јунајтед се пласира во Лигата на шампиони! 25.07.2022 19:15 Тен Хаг на крајот од минатата сезона реши да го напушти Ајакс и да ја прифати поканата на Манчестер Јунајтед каде пристигна наместо Ралф Рангник кој не се снајде баш најдобро на клупата на англискиот клуб. Јасно е дека Тен Хаг е пред голем предизвик бидејќи навивачите на Манчестер Јунајтед очекуваат овој клуб по речиси десет години чекање конечно да се врати на самиот врв на европскиот и англискиот фудбал. Сепак, Јунајтед веднаш не постави толку високи цели за Тен Хаг. Главна цел во новата сезона ќе биде Јунајтед да се пласира во Лигата на шампионите, што не беше случај во сезоната зад нас. Англиските медиуми објавија дека Тен Хаг ќе добие само огромен бонус доколку Јунајтед се пласира во Лигата на шампионите, како што е договорено во нивниот договор. Во случај Манчестер Јунајтед да успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, холандскиот стручњак ќе инкасира речиси пет милиони евра, што е навистина фантастичен бонус. „Црвените ѓаволи“ загубија голема сума на пари откако не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, а како казна им ги намалија платите на сите играчи за цели 25%. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНеверојатно: ТВ-пренос од мечот Шкупи – Динамо ќе има за Хрватска, но не и за Македонија!!!СледноВрбица Стефанов: На кого му смета Рубин, чии инструкции спроведува Симиќ? Марија Ковачева...
Неверојатно: ТВ-пренос од мечот Шкупи – Динамо ќе има за Хрватска, но не и за Македонија!!!
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Неверојатно: ТВ-пренос од мечот Шкупи – Динамо ќе има за Хрватска, но не и за Македонија!!! 25.07.2022 19:00 Како што јавуваат медиумите во Хрватска, нивната национална ТВ сепак успеала да договори ТВ-пренос од утрешниот меч во квалификациите во ЛШ меѓу Шкупи и Динамо Загреб. Имено луѓето од ХРТВ вложиле натчовечки напори и успеале да обезбедат пренос, во спротивно се наведува дека тоа за нив би било голем срам. Тоа значи дека љубителите на фудбалот во Хрватска сепак ќе може да го следат мечот меѓу Шкупи и Динамо, но тоа не важи за нашите љубители на фудбалот. Во Македонија ќе има тотален мрак за вој натпревари, ниту една ТВ куќа не пројавила интерес да го проследи низ ТВ пренос мечот на македонскиот шампион против балканскиот гигант. Да кажеме дека ТВ правата за преносите за Шкупи ги има ТВ Суперспорт, тоа е албански ТВ канал и кој може да го “фати“ сигналот на оваа ТВ тој и ќе можќе да го гледа мечот меѓу шампионите на Македонија и Хрватска. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноФилип Лазаров и официјално промовиран како нов тренер на ИнтерактивСледноТен Хаг ќе добие неверојатен бонус доколу Јунајтед се пласира во Лигата на шампиони! Zoran Gjorshoski...
Филип Лазаров и официјално промовиран како нов тренер на Интерактив
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометЕвропски купови Филип Лазаров и официјално промовиран како нов тренер на Интерактив 25.07.2022 18:21 Филип Лазаров и официјално е промовиран како прв тренер на Интерактив, што пак е ново искуство за него. Поранешниот македонски репрезентативец на оваа функција доаѓа на местото на Ацо Јоновски. Лазаров веќе добро го познава тимот бидејќи работеше како помошник во стручниот штаб. „Многу сме среќни и апсолутно убедени во ова внатрешно решение, кое го најдовме по многу дискусии“, велат од клубот. Facebook Twitter WhatsApp Email Print Претходно„Спортмедиа“ дознава: Осијек нуди 900.000 евра за Сандеј, во редот и Ријека!СледноНеверојатно: ТВ-пренос од мечот Шкупи – Динамо ќе има за Хрватска, но не и за Македонија!!! Марија Ковачева...
„Спортмедиа“ дознава: Осијек нуди 900.000 евра за Сандеј, во редот и Ријека!
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП „Спортмедиа“ дознава: Осијек нуди 900.000 евра за Сандеј, во редот и Ријека! 25.07.2022 18:00 Многу веројатно е дека по завршувањето на летниот настап во Европа на екипата на Шкупи, а ние се надеваме дека ќе потрае и цела есен, Сандеј Адетунџи ќе направи голем трансфер. За Нигериецот, кој е прва „ѕвезда“ на Шкупи и најдобар стрелец и играч во ПМФЛ за минатата сезона, како што дознава “Спортмедиа“ еден од најголемите хрватски клубови, НК Осијек доставил понуда до чаирчани од цели 900.000 евра. Секако дека за наши услови ова ќе биде супер трансфер, еден од најголемите во историјата на некој наш клуб. Сепак, има тука едно но. Раководството на Шкупи нема намера да го продаде својот “бомбардер“ за помалку од 1.000.000 евра, не сака ниту да чуе дури ни за едно евро помалку. Исто така во редот за ангажман на Сандеј Адетунџи се наоѓа и Ријека, уште еден голем клуб од Хрватска. Значи останува овие два клуба да достават понуда вредна 1.000.000 евра, па дури тогаш може да го носат Сандеј во Хрватска. Како што дознаваме пред некој ден Шкупи одбил 600.000 евра за Сандеј од еден клуб од Египет.Исто така покрај Осијек и Ријека, голем интерес за Нигериецот пројавуваат Брага (Португалија), Гент (Белгија), Гиресунспор (Турција). Со ова Шкупи уште еднаш покажа како се работи во фудбалот, само да се потсетиме дека пред извесно време чаирчани го продадоа Дембо Дарбо за 800.000 евра во Шахтјор Солигорск (Белорусија). Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноОдбиен предлогот: Град Скопје нема да му помогне на РК ВардарСледноФилип Лазаров и официјално промовиран како нов тренер на Интерактив Zoran Gjorshoski...
Одбиен предлогот: Град Скопје нема да му помогне на РК Вардар
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометДомашно првенство Одбиен предлогот: Град Скопје нема да му помогне на РК Вардар 25.07.2022 17:46 РК Вардар, двократниот освојувач на Лигата на шампионите нема да ја добие помош од Град Скопје. Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од редовите на СДСМ, соопшти дека на денешната 15-та седница на Советот на Град Скопје поднесол предлог за дополнување на дневниот ред со нова точка: „Предлог-одлука за давање на финансиска помош на Ракометен клуб Вардар 1961-Скопје“ во знак на солидарност со „гордоста на градот и Македонија“, со цел полесно да ги надмине финансиските проблеми со кои се соочува по превземањето на старо-новите сопственици и не можноста за сервисирање на наследените долгови. Со 15 гласа ЗА, 3 против и 13 воздржани, предлогот бил одбиен, вели Шутаров. „Од мое лично име, целосно свесен за осетливоста на темата и грижата или негрижата на институциите, приватниот сектор и сите најавени спонзорства, одлучив да ја поднесам оваа иницијатива и побарав поддршка од сите членови на Советот на Град Скопје без разлика на политичката партија која ја претставуваат. 10.000.000 денари , РК Вардар нема да го спасат, но ќе биде добар мотив и за останатите институции и приватниот сектор сериозно да го поддржат РК Вардар. Тимот ќе живее и понатаму во нашите срца, и понатаму ќе опстои и ќе дојдат нови шампионски денови за Скопје и Македонија“, сподели тој. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСимиќ го посочи Стефанов како непрофесионалец, заборави дека син му „рогаше“ топки, а Антиќ го пеглаше во соблекувална!Следно„Спортмедиа“ дознава: Осијек нуди 900.000 евра за Сандеј, во редот и Ријека! Марија Ковачева...
Симиќ го посочи Стефанов како непрофесионалец, заборави дека син му „рогаше“ топки, а Антиќ го пеглаше во соблекувална!
Спортмедиа - пред 15 дена
КошаркаРепрезентацијаТОП Симиќ го посочи Стефанов како непрофесионалец, заборави дека син му „рогаше“ топки, а Антиќ го пеглаше во соблекувална! 25.07.2022 17:06 Марија Ковачева Татко и син во една иста репрезентација, катастрофална одлука на секоја федерација. Во овој случајов кошаркарската федерација на Македонија. КФСМ одлучи да му ја довери селекторската функција на Тони Симиќ во репрезентацијата до 18 години. Одлука која никој не претпоставуваше дека ќе донесе извртени правила на однесување во „црвено-жолтите“ редови. Симиќ денеска за официјалниот сајт на КФСМ го објави списокот за ЕП „Б“ Дивизија за кошаркари родени под 18 години. Во текстот на нашата куќа на кошарката стои објаснување зошто Рубин Стефанов не е во списокот, играч кој важи за голем талент, а беше дел од најдобриот национален тим, на барање на Драган Бајиќ. Објаснувањето е дека големата кошаркарска надеж се нема појавено на тренинг после пријателските мечеви со Хрватска. И за некое непрофесионално однесување. „На вториот, излезе од игра по пет минути, седна на клупата и се понесе крано непрофесионално – ги одврза патиките и посочи дека не сака да игра. Поминав и преку тоа, му реков дека мора да се однесува како професионалец, треба да ги заврзе патиките и да се подготвува да игра, дека не сме дојдени на екскурзија. Ме послуша, седна на клупата, но побара да не игра до крајот. По враќањето од Хрватска, јас немав никаква информација дека играчот нема да продолжи. Во четвртокот попладне ми се јави спортскиот директор дека родителот му кажал дека не гледа причина и потреба Рубин да продолжи да игра за репрезентацијата. Едноставно, го напушти тимот иако јас сметав на него и требаше да има значајна улога во оваа селекција. Очекував Рубин да дојде и да ми го каже тоа мене в лице, како што јас со него разговарав во Гевгелија“, изјави Симиќ. Прво Симиќ како селектор требало да се загрижи зошто го нема Стефанов на тренинг, не дај боже да не е болен, да не се случило нешто…Но, се чини било полесно да не се јавува, Рубин сам да се тргне, да не излезе после дека тој е виновен или КФСМ. Второ, ако Симиќ сака да спроведува некои принципи во репрезентацијата треба да тргне од својот син Теодор. За жал нему му е дозволено се, изгледа Тони заборави дека неговиот син рогал топки за време на тренинзите, а место да го избрка, тој ги казнил сите останати играчи заедно со него да трчаат. Зар за рогање на топки на тренинг се трча по вина на некој друг, или во едни други времиња кога Тони Симиќ играше кошарка истите се бркаа од репрезентација!!! Се чини дека сите гримаси на неодобрување на Тео се заборавени. Зар е заборавено дека Тео Симиќ за време на мечот против Украина беше пеглан на полувреме од претседателот Перо Аниќ и сега веќе екс-селекторот, Драган Бајиќ. Да, Тео беше седнат на клупа бијдеќи по замерките на Бајиќ, се осмели да му врати и тоа на своите 18 години. И тука не заврши вечерта. Симиќ како родител беше погоден зошто неговиот син не добил веќе шанса на дуелот со Украина, па се осмели и да му прати порака на Бајиќ. Секако на истата не доби одговор, зошто одговорот требаше сам да го знае. Е сега неколку дена подоцна, Тони Симиќ, предводникот на репрезентацијата до 18 години се осмели да кажува за некои принципи и правила на однесување. Истите во кошаркарска Македонија одамна се изгубени, зошто КФСМ им дозволи на многумина играчи да се однесуваат како што сакаат со националниот дрес. А приказната за Рубин Стефанов е сосема поинаква. Притисоците кои Симиќ ги има во овој момент токму за него се големи. Ако игра Рубин, другите нема да играат, веќе долго време се прави притисок за синот на Врбица Стефанов, засега од непознати причини. Не сакаме да претпоставуваме и да мислиме дека некој треба да се афирмира и да се продаде ова лето, зошто од голем талент во голем клуб, на крајот остана без нов договор и со празни раце. А кога сме кај жртвите кои овој млад кошаркар ги даде за Македонија, говори фактот дека не зема туриски пасош кога оваа земја го сакаше за себе на свои 14 години. Но, тогаш неговиот татко Врбица, големо кошаркарско име во Македонија одлучи синот да го насочи кон „црвено-жолтиот“ дрес, но се чини дека погреши. Ваква Македонија, со вакви игри не заслужува да ги има најдобрите!!!! Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноДрагана Ристова нов тренер на ЖРК КумановоСледноОдбиен предлогот: Град Скопје нема да му помогне на РК Вардар Марија Ковачева...
Драгана Ристова нов тренер на ЖРК Куманово
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометДомашно првенство Драгана Ристова нов тренер на ЖРК Куманово 25.07.2022 16:35 Женската екипа на РК Куманово денеска и официјално има нов тренер. Станува збор за поранешната ракометарка, Драгана Ристова која доаѓа од редовите на ЖРК Вардар. Таа ќе има нов предизвик во новата сезона, Куманово е претставник во ЕХФ Купот, каде ќе игра против Макаби Рамат Ган. Натпреварите ќе се одиграат на 8/9 октомври, а реваншот е на 15/16 октомври 2022 година. Во стручниот штаб поранешната македонска репрезентативка ќе соработува со Сашо Божиновски и Славиша Димитријески. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноРафиња после „Ел Класико“ ја направи најголемата грешка!СледноСимиќ го посочи Стефанов како непрофесионалец, заборави дека син му „рогаше“ топки, а Антиќ го пеглаше во соблекувална! Марија Ковачева...
Рафиња после „Ел Класико“ ја направи најголемата грешка!
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалШпанија Рафиња после „Ел Класико“ ја направи најголемата грешка! 25.07.2022 16:15 Барселона овој викенд во „Ел Класико“ го победи Реал Мадрид со минимални 1:0. Стрелец на голот во редовите на каталонскиот гигант беше Рафиња кој покажа дека ќе биде големо засилување, тој неодамна дојде во клубот од Лидс Јунајтед за 60 милиони евра. Рафиња по мечот беше во центарот на вниманието бидејќи си размени дресови со сонародникот Винициус Јуниор, имаа и краток разговор, а камерите сето тоа го снимија. Чекаа прво да го напуштат теренот бидејќи не се случува често играчите на двата најголеми клуба така да си разменуваат дресови, а тоа кога го прават е надвор од очите на јавноста, но овој пат камерата успеа да ги сними. Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид обично ги менуваат дресовите кога одат во соблекувалната и тоа не го прават директно како Рафиња и Винициус бидејќи навивачите тоа навистина не го сакаат тоа. Но, Рафиња допрва треба да го научи тоа бидејќи само што дојде во Барселона и за негова среќа затоа што ова беше само загревање. View this post on Instagram A post shared by Soccer Champions Tour 2022 (@soccerchampionstour) Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСезоната набргу почнува а клубовите во Англија немаат дресови за продавање!СледноДрагана Ристова нов тренер на ЖРК Куманово Марија Ковачева...
Сезоната набргу почнува а клубовите во Англија немаат дресови за продавање!
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалАнглија Сезоната набргу почнува а клубовите во Англија немаат дресови за продавање! 25.07.2022 15:45 Голем број на клубови во Англија се соочуваат со проблем.Имено тие немаат дресови за продавање, а нивните фанови сакаат да купат. Едноствно фан-шоповите се празни, а дрес нема ниту за лек.Ова доаѓа поради фактот дека во земјите во Азија, каде што и се произведуваат дресовите на англиските клубови производството е запрено поради новиот бран на коронавирусот. Па така иако сезоната набргу почнува, дресови нема за продавање. Од 92 клуба од четирите најсилни дивизии, дури 19 се соочуваат со овој проблем, а од оние од Премиерлигата најпогодени се Лидс и Кристал Палас.Тие пак немаат ниту еден дрес за продажба. Се разбира дека ова ќе биде голем удар за клубовите ако се знае дека добар дел од приходите доаѓа од продажба на дресови и сувенири. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНашите капитени се дома, Динамо пристигна во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)СледноРафиња после „Ел Класико“ ја направи најголемата грешка! Zoran Gjorshoski...
Нашите капитени се дома, Динамо пристигна во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Нашите капитени се дома, Динамо пристигна во Скопје (ФОТО+ВИДЕО) 25.07.2022 15:14 Македонските фудбалски репрезентативци и воедно капитени на нашиот национален тим, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се вратија дома, но сега во една поинаква улога. Двајцата заедно со нивниот Динамо Загреб слетаа во Скопје за реваншот против Шкупи во рамките на Лигата на шампиони, дуел кој се игра утре во 21 часот. И двајцата играчи имаат капитенски улоги во македонската репрезентација, Стефан е главен, додека Адеми е заменик, со тоа што Аријан е капитен и на хрватскиот тим. 1 од 2 Facebook Twitter WhatsApp Email Print Претходно„Шестка“ за ПСЖ: Нејмар, Меси и Мбапе ја тресеа мрежата на Гамба Осака (ВИДЕО)СледноСезоната набргу почнува а клубовите во Англија немаат дресови за продавање! Марија Ковачева...
„Шестка“ за ПСЖ: Нејмар, Меси и Мбапе ја тресеа мрежата на Гамба Осака (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалОстанато „Шестка“ за ПСЖ: Нејмар, Меси и Мбапе ја тресеа мрежата на Гамба Осака (ВИДЕО) 25.07.2022 14:54 ПСЖ запиша убедлива победа на пријателскиот меч против Гамба Осака од 5:2 во Јапонија. Лионел Меси и Нејмар се најдоа во центарот на вниманието. Бразилецот постигна два гола и асистенција, додека Меси еден, двајцата потсетија на деновите во Барселона. Во листата на стрелци во редовите на францускиот првак се запишаа Сарабија, Мендеш и Килијан Мбапе, додека за Гамба Осака беа Курокава и Јамами. Neymar and Messi Duo is on another level 💯🔥😍 Beautifully assisted by Neymar and that Goal by Messi 🤩🔥👌 Pure class….#PSGJAPANTOUR2022 pic.twitter.com/5gsVuSOU4e — EhsaN (@EhsaN_PSG) July 25, 2022 Messi’s assist to Neymar 🤤🤤 pic.twitter.com/9kMVq6SBJs — Ziad is NOT in pain (@Ziad_EJ) July 25, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСкопје и РФМ одбројуваат до стартот на Светското првенство У18СледноНашите капитени се дома, Динамо пристигна во Скопје (ФОТО+ВИДЕО) Марија Ковачева...
Е.Пелистер се сели во Маврово!
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометДомашно првенство Е.Пелистер се сели во Маврово! 25.07.2022 14:30 Ракометарите на Е. Пелистер ги продолжија подготовките за сезоната 2022/23. Ларс Валтер и стручниот штаб утрово одработија тренинг сесија во Битола и потоа експедицијата замина на еднонеделни базични подготовки во Маврово. Таму пелистерци ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНови ниски удари од Хрватска: Фудбалерите на Шкупи од исто место пијат вода и ги мијат копачките!СледноСкопје и РФМ одбројуваат до стартот на Светското првенство У18 Марија Ковачева...
Скопје и РФМ одбројуваат до стартот на Светското првенство У18
Спортмедиа - пред 15 дена
РакометРепрезентација Скопје и РФМ одбројуваат до стартот на Светското првенство У18 25.07.2022 14:30 Македонија и РФМ се домаќини на Светско првенство за ракометарки до 18 години кое стартува на 30 јули, а ќе трае до 10 август. Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје и во СЦ „Борис Трајковски” и двете сали во СЦ „Јане Сандански”, а влезот е слободен. На турнирот ќе учестуваат 32 репрезентации, а Македонија ќе игра во групата Б, противници ќе ни бидат Иран, Сенегал и Узбекистан. Распоред и термини на натпревари: 30.07 – Македонија – Сенегал – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски” 31.07 – Македонија – Узбекистан – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски” 02.08 – Македонија – Иран – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски” Официјална веб страна https://wchwu182022.com/ Официјален ФБ профил https://www.facebook.com/ihfwchu18 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЕ.Пелистер се сели во Маврово!Следно„Шестка“ за ПСЖ: Нејмар, Меси и Мбапе ја тресеа мрежата на Гамба Осака (ВИДЕО) Марија Ковачева...
Нови ниски удари од Хрватска: Фудбалерите на Шкупи од исто место пијат вода и ги мијат копачките!
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Нови ниски удари од Хрватска: Фудбалерите на Шкупи од исто место пијат вода и ги мијат копачките! 25.07.2022 13:59 Хрватските медиуми продолжуваат да пласираат со провокативни информации поврзани со Шкупи. По објавата дека играчите спиеле во „Мек Доналдс“ на враќањето од Гибралтар, сега излезе цела репортажа за стадионот во Чаир. Ударни се условите кои ги има стадионот. На Хрватите им е чудно дека пред соблекувалните има корита каде што фудбалерите ги мијат копачките. Главна замерка е што може секој да влезе и дека нема официјални протоколи кои ги наложува УЕФА. Покрај се наведува дека тревата е порасната на ниво на второлигаш, а теренот не е одбележан. „Тоа е тренинг, претпоследниот тренинг пред доаѓањето во Динамо. Вратата е отворена, секој може да влезе. Нема официјален протокол на УЕФА, нема чувари и (не)пишани правила. Лево има три чешми од кои играчите пијат вода и ги чистат копачките после тренинг. До нив се наоѓа внатрешниот ѕид на споменатата автоперална, веднаш до него, клубската соба и соблекувалната. Тревникот, без нацртани линии, тревата е дури и висока, би рекле, сценографијата на просечен хрватски второлигаш. Извинете, сега прва лига. На трибините 20-тина навивачи, како што веќе знаеме, се нарекуваат „Шверцери“, кои го следат тренингот на своите миленици. ФОТО: https://www.germanijak.hr/ Хрватските медиуми и пред првата средба пишуваа најразлични текстови, но истите им се удрија од глава. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноГуцев нов член на стручниот штаб во БеласицаСледноЕ.Пелистер се сели во Маврово! Марија Ковачева...
Гуцев нов член на стручниот штаб во Беласица
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалВтора лига Гуцев нов член на стручниот штаб во Беласица 25.07.2022 13:41 Поранешниот играч на ФК Беласица, Гуцев Благој ја доби довербата на управата и во претстојната сезона ќе се приклучи во стручниот штаб како помошен тренер на Шефки Арифовски. За Гуцев ова е ново, прво искуство како тренер, а досега како играч, покрај ФК Беласица, ги бранеше боите и на ФК Велазерими, ФК Силекс, ФК Пехчево, ФК Брегалница, а има настапувано и во косовска ФК Трепча. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноМеси и Рамос се скачкаа на тренинг!(ВИДЕО)СледноНови ниски удари од Хрватска: Фудбалерите на Шкупи од исто место пијат вода и ги мијат копачките! Марија Ковачева...
Меси и Рамос се скачкаа на тренинг!(ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалФранција Меси и Рамос се скачкаа на тренинг!(ВИДЕО) 25.07.2022 13:15 Лео Леси и Серхио Рамос повеќе од 15 години беа лути ривали како играчи Барса и Реал, нивните дуели беа жестоки, без пардон, па изгледа дека стоперот заборава дека сега се ист тим, во ПСЖ. Имено на еден од тренинзите во Јапонија,каде се “светците“ на турнеја, Рамос добро го поткачи Меси.Малку недостасуваше Аргентинецо да се здобие со повереда, па затоа имаше што да му каже на Шпанецот. Од видеото се гледа дека двајцата малку се скачкаа, но сепак се добро се заврши. Messi angry and arguing with Ramos after he tackled Messi hard in training 😬 pic.twitter.com/dMRXDqzHEU — Xabhi ✪ (@FCB_Lad) July 24, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноАдеми,Ристовски и останатите “модри“ летнаа за Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА)СледноГуцев нов член на стручниот штаб во Беласица Zoran Gjorshoski...
Адеми,Ристовски и останатите “модри“ летнаа за Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Адеми,Ристовски и останатите “модри“ летнаа за Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА) 25.07.2022 12:40 25.07.2022., MZLZ Franjo Tudjman, Zagreb - Druga utakmica 2. pretkola UEFA Lige prvaka GNK Dinamo - FC Shkupi 1927. Odlazak nogometasa GNK Dinamo u Skopje. Како што и се најавуваше, експедицијата на Динамо Загреб, во која се и нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски,со чартер летна од Загреб за Скопје. Познато е дека утревечер Шкупи ќе дочека “модрите“ во возвратниот дуел од 2.квалификациско коло во ЛШ. На “Максимир“ беше 2:2, па нема да имаме ништо против ако на Арената во Скопје биде 1:0 или 2:1 за Шкупи. Инаку експедицијата на Динамо ќе биде сместена во хотелот “Хилтон“ во Скопје, а вечерва околу 21 часот ќе го имаат и единствениот тренинг на Арената. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноШеји: Мотивирани сме до максимум, ова е историска шанса за ШкупиСледноМеси и Рамос се скачкаа на тренинг!(ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
Шеји: Мотивирани сме до максимум, ова е историска шанса за Шкупи
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Шеји: Мотивирани сме до максимум, ова е историска шанса за Шкупи 25.07.2022 12:24 Играчкиот кадар на Шкупи не може ниту да замисли поголем мотив и сатисфакција од квалификациско коло во Лигата на Шампионите, и поволен резултат во реваншот. Полни трибини среде лето во Скопје, и шанса да се елиминира еден великан како Динамо Загреб. Утре на Арената Тодор Проески во Скопје, од 21:00 часот Чаирчани имаат таква можност, да испишат нова светла страница од својата историја. „Секако дека сме максимално мотивирани, не може да биде поинаку. Знаеме што имаме пред нас, и токму затоа знаеме дека и шансата е голема. Не се игра секој ден квалификации за Лигата на Шампионите, и не се има секој ден шанса да се елиминира Динамо Загреб. Ветуваме максимална борба, битка до последниот здив и на крајот секако да се радуваме заедно со нашата публика“ – изјави Блертон Шеји на официјалната прес конференција пред дуелот со Динамо Загреб. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Магдевски се врати во МЗТ СкопјеСледноАдеми,Ристовски и останатите “модри“ летнаа за Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА) Ognen Dojcinovski...
ОФИЦИЈАЛНО: Магдевски се врати во МЗТ Скопје
Спортмедиа - пред 15 дена
КошаркаДомашно првенство ОФИЦИЈАЛНО: Магдевски се врати во МЗТ Скопје 25.07.2022 12:20 Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски (26 год, 192 см) повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша нов договор со важност за следните две години. Информација која СПОРТМЕДИА ја најави пред еден месец. Ова значи негово враќање во Аеродром по едногодишниот настап во Романија. Магдевски претходно три сезони повеќе од успешно ја организираше играта на сино-белата чета, со која дојде до две шампионски титули (2019 и 2021), а беше избран и за МВП на финалната серија во сезоната 2020/21. Претходно, тој мина низ младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, а настапуваше и за Партизан. Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСедлоски: Имаме поволен резултат, да го потврдиме и утре пред нашата публикаСледноШеји: Мотивирани сме до максимум, ова е историска шанса за Шкупи Марија Ковачева...
Седлоски: Имаме поволен резултат, да го потврдиме и утре пред нашата публика
Спортмедиа - пред 15 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Седлоски: Имаме поволен резултат, да го потврдиме и утре пред нашата публика 25.07.2022 12:18 Македонскиот шампион, тимот на Шкупи, утревечер на Арената Тодор Проески во Скопје, со почеток од 21:00 часот го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, против тимот на Динамо Загреб. Првиот дуел како што сите знаеме заврши 2:2, и може слободно да се каже дека ова е историска шанса за Чаирчани да обезбедат голем, огромен триумф над сериозен ривал. Сепак, пласманот во следната фаза е далеку. Пред Шкупи се вторите деведесет минути во кои ама апсолутно се може да се случи. „Веднаш да кажам дека по оној меч во Загреб, за нас е тоа поволен резултат. Утре не чека многу тежок меч, и тие 2:2 во Загреб не сметат да не залажат. Тоа им го кажав на играчите. Се знае кој е Динамо и што се правел низ Европа, и кого се елиминирал. Она што го работиме на тренинзите деновиве ми дава надеж дека ќе бидеме на највисоко можно ниво, па нека победи подобриот. “ – рече Гоце Седлоски Данфа нема да може да помогне „Од она што можам да го потврдам околу составот е дека по вчерашниот тренинг, Данфа се пожали на повреда и нема да може да ни помогне. Тоа е хендикеп, но секако кого нема без него и се може и ќе најдеме замена во нашиот состав“ – рече Седлоски. „Никогаш не сме се бранеле нема да биде ни сега така. Ќе нападнеме, публиката нека биде со нас, и ќе дадеме се од себе. Сите велат сега дека нас не потценил. Нема екипа која што во ваков меч, квалификации од Лига Шампиони би легол со потценување. Мора и ние да се поправиме во оние сегменти кои секако ги погрешивме, при примањето на головите. Ние максимално се подготвуваме и веруваме во себе. Повторувам, противникот има многу голем фонд на играчи, еве видовме и на вчерашниот дуел против Славен Белупо, кој секако го следевме. Динамо тактизираше, одмораше неколку играчи, и тоа е нормално. Наше е да дадеме максимум, Динамо е тој кој има притисок врз себе, и верувам во нашите сили“ – поентира искусниот статег. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноМбабу е нов играч на ФуламСледноОФИЦИЈАЛНО: Магдевски се врати во МЗТ Скопје Ognen Dojcinovski...
Мбабу е нов играч на Фулам
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалАнглијаТОП Мбабу е нов играч на Фулам 25.07.2022 12:00 Досегашниот играч на тимот на Волфсбург и актуелен репрезенативец на Швајцарија, Кевин Мбабу е нов член на тимот на Фулам. Трансферот е комплетиран и 27. годишниот дефанзивец по втор пат во кариерата ќе заигра во Премиер лигата. Претходно како млад му пристапи на тимот на Њукасл но без многу успех. Неговата кариера тргна во нагорна линија откако заигра за тимот на Јанг Бојс, а потоа и за Волфсбург, каде што и го заработи статусот на репрезентативец. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноФабрегас ќе игра во ИталијаСледноСедлоски: Имаме поволен резултат, да го потврдиме и утре пред нашата публика Ognen Dojcinovski...
Фабрегас ќе игра во Италија
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалИталијаТОП Фабрегас ќе игра во Италија 25.07.2022 11:30 Ветеранот Цеск Фабрегас нема да намера да престане со активно играње фудбал туку напротив, ќе направи револуционерен потег, барем што се однесува до неговата кариера и ќе заигра во Италија. И тоа во Серија Б, за тимот на Комо. Офанзивецот ќе потпише двегодишен договор, и се сели во Комо од Монако, каде што ги мина последни три сезони. Тој во моментов има 35. години и зад него има исклучително успешна и трофејна карира, која ја мина во Арсенал, Барселона, Челзи и Монако, а за Шпанија одигра преку 100 мечеви. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноМатис Тел е во Минхен, денеска потпишува за Баерн (ВИДЕО)СледноМбабу е нов играч на Фулам Ognen Dojcinovski...
Матис Тел е во Минхен, денеска потпишува за Баерн (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалГерманијаТОП Матис Тел е во Минхен, денеска потпишува за Баерн (ВИДЕО) 25.07.2022 11:02 Младинскиот репрезентативец на Франција и досегашен член на тимот на Рен, Матис Тел пристигна во Михен. Откако ќе ги обави деталните лекарски прегледи ќе потпише петгодишен договор со тимот на Баерн. Во Франција е попознат како „новиот Мбапе“, а Баерн за него плаќа 20 милиони евра на Рен, плус осум и пол милиони низ разни бонуси. За младинските репрезентации на Франција има забележано 15 настапи и постигна десет гола. Get this boy to the Allianz Arena Mathys Tel is the next Mbappe pic.twitter.com/21DM1wrRt0 — L.Prince 👑 (@LeroyPrince77) July 23, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСтружанецот Орхан Куртиши е најновиот милионер на видеолотарија, освои 1.380.512,00 денариСледноФабрегас ќе игра во Италија Ognen Dojcinovski...
Стружанецот Орхан Куртиши е најновиот милионер на видеолотарија, освои 1.380.512,00 денари
Спортмедиа - пред 15 дена
МагазинТОП Стружанецот Орхан Куртиши е најновиот милионер на видеолотарија, освои 1.380.512,00 денари 25.07.2022 11:00 Семејството милионери на Видеолотарија Касинос Австрија се збогати со уште еден член. Орхан Куртиши на видеолотариските терминали освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.380.512,00 денари. Во просториите на Видеолотарија, пристигна Орхан Куртиши од Струга, за да ја сподели својата среќна приказна и да го подигне својот добитен МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чек. Ни раскажа дека често се забавува на видеолотариските терминали. Орхан нема омилена игра, но затоа пак среќата го прати. И досега освојувал добивки, но помали. МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од 1.380.512,00 е најголемата добивка која ја освоил. Со парите посакува да си купи нов стан, во Струга или во Дебар, одлуката ќе ја донесе брзо. Забавата со видеолотариските игри на среќа на Видеолотарија Касинос Австрија продолжува и ова лето. Ние ќе продолжиме да ги раскажуваме среќните приказни на нашите добитници Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноКога прием на топка е најдобар потег на натпреварот (ВИДЕО)СледноМатис Тел е во Минхен, денеска потпишува за Баерн (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Кога прием на топка е најдобар потег на натпреварот (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалОстанатоТОП Кога прием на топка е најдобар потег на натпреварот (ВИДЕО) 25.07.2022 10:30 Дека во САД се игра добар фудбал тоа веќе не е тајна. Тамошната МЛС професионална лига прераснува во екстра натпреварување во кое се дел се повеќе екстра квалитетни фудбалери. ОД европските звезди како Герет Бејл, па се до бразилските таленти од типот на Талес Магно кој настапува за тимот на Њујорк Сити и кој го изведе потегот на колото во МЛС лигата. Не се работи за гол, ниту за асистенција, ниту за одбрана, туку за обичен прием на топка. Но дали е само обичен проценете сами. 🪄 Talles Magno 🇧🇷 / 20 ans / #NYCFC / 21 matchs / 5 buts / 8 passes décisives / magicien ! pic.twitter.com/fih6Go1Jpd — La MLS en Français 🇺🇸🇨🇦🇫🇷 (@MLS_FRA) July 24, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноИталија размислува да го одложи стартот на сезоната во Серија АСледноСтружанецот Орхан Куртиши е најновиот милионер на видеолотарија, освои 1.380.512,00 денари Ognen Dojcinovski...
Италија размислува да го одложи стартот на сезоната во Серија А
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалИталијаТОП Италија размислува да го одложи стартот на сезоната во Серија А 25.07.2022 9:56 Почетокот на новата сезона во италијанската Серија А може да биде одложен поради топлотниот бран во земјата, најави претседателот на лигата, Лоренцо Казини . „Ќе биде многу тешко за играчите ако сезоната започне на 13 август. Првиот проблем е поврзан со климата, бидејќи ако продолжат сегашните температури ќе биде многу тешко да се започне сезоната на тој датум. Втората точка е дека оваа сезона и онака ќе биде невообичаена само по себе поради паузата поврзана со Светското првенство во Катар “, изјави Казини за италијанските медиуми. Температурата на воздухот во некои области на Италија надминува 40 степени и тоа во моментов е загрижувачки за раководните структури на лигата. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЈуве добива уште еден екстра напаѓач, во Торино пристигнува Фирмино!?СледноКога прием на топка е најдобар потег на натпреварот (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Јуве добива уште еден екстра напаѓач, во Торино пристигнува Фирмино!?
Спортмедиа - пред 15 дена
Меѓународен фудбалАнглијаИталијаТОП Јуве добива уште еден екстра напаѓач, во Торино пристигнува Фирмино!? 25.07.2022 9:30 Роберто Фирмино е можеби следниот кој ќе го напушти супер тимот на Ливерпул и ќе се пресели на друго место. Бразилецот не е повеќе прва опција во нападот на Јирген Клоп, што нормално дека го прави нервозен и сака таа ситуација да се промени. Кога првично беше разгледувана опцијата Фирмино да се пресели во нов клуб, прв кој се јави беше турскиот гигант Фенербахче. Сепак, сеуште Фирмињо сака да игра на највисоко можно ниво, па таа опција е исклучена веднаш. Следен во редот е Јувентус, а тоа е веќе клуб, кој може да ги исполни очекувањата и апетитите за титули и победи на така успешен играч. Јуве бара партнер за Душан Влаховиќ во нападот, и тоа по можност искусен, а го има сето тоа токму во Фирмино. Јуве може да плати максимум до 30 милиони за него, нешто на што Ливерпул би се согласил. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноАјомибе Тоби Амусан со нов светски рекорд на 100 метри со пречкиСледноИталија размислува да го одложи стартот на сезоната во Серија А Ognen Dojcinovski...
Ајомибе Тоби Амусан со нов светски рекорд на 100 метри со пречки
Спортмедиа - пред 16 дена
Други спортовиОстанатоТОП Ајомибе Тоби Амусан со нов светски рекорд на 100 метри со пречки 25.07.2022 9:08 Олуватобилоба Ајомибе Амусан Тоби направи нешто неверојатно на Светското атлетско првенство во Јуџин, САД. Репрезентативката на Нигерија постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки во полуфиналето од натпреварувањето со резултат 12.12, и на тој начин го подобри времето на Кендра Херисон од 2016 (12.20). Следуваше финалето во оваа дисциплина во кое што Олуватобилоба Ајомибе Амусан Тоби поторно издоминира, со нов најдобар резултат и нов рекорд,12.06, но резултатот не е признат поради пресилен ветар во грб. Ова е прв златен медал за репрезентативката на Нигерија на Мундијалите. Среброто и припадна на Британи Андерсон од Јамајка, додека последна на пиедесталот се искачи Џасмин Камачо Квин од Порторико. foto EPA Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноМихамбо го одбрани златото во скок во далечина, Србија „врие“ Шпановиќ е ограбена!? (ФОТО)СледноЈуве добива уште еден екстра напаѓач, во Торино пристигнува Фирмино!? Ognen Dojcinovski...
Михамбо го одбрани златото во скок во далечина, Србија „врие“ Шпановиќ е ограбена!? (ФОТО)
Спортмедиа - пред 16 дена
Други спортовиОстанатоТОП Михамбо го одбрани златото во скок во далечина, Србија „врие“ Шпановиќ е ограбена!? (ФОТО) 25.07.2022 8:30 На Светското првенсто во атлетика, кое се одржува во Јуџин, САД, дојде и до првиот контроверзен момент. Во дисциплината скок во далечина, женска конкуренција, суверено и неприкосновено, старо нов првак е германката Малаика Михамбо со скокнати 7.12, додека втора заврши Есе Бруме од Нигерија. За третата позиција се водеше битка и токму тоа место е центарот на контроверзниот момент. Бронзата и припадна на Летисија Оро Мело од Бразил со 6.89, а претставничлата на Србија, Ивана Шпановиќ имаше скок подобар од овој на Мело, но истиот беше поништен поради престап. Светската јавност е поделена околу ова затоа што на снимката тешко може да се процени дека Шпановиќ навистина одработува скок кој е неправилен. Проценете сами…. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСветот има нов рекорд во скок со стап (ВИДЕО)СледноАјомибе Тоби Амусан со нов светски рекорд на 100 метри со пречки Ognen Dojcinovski...
Светот има нов рекорд во скок со стап (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 16 дена
Други спортовиОстанатоТОП Светот има нов рекорд во скок со стап (ВИДЕО) 25.07.2022 7:56 Фантастичниот Арманд Дуплантис не престанува да го воодушевува спортскиот свет со своите можности и капацитети. На атлетскиот мундијал во Јуџин, САД, тој го сруши својот актуелниот светски рекорд во скок со стап и постави нов 6 метри и 21 сантиметар. За 22. годишниот швеѓанин ова е прво светско злато, а истото го обезбеди веќе на височина од 6.00 метри. За новиот светски рекорд ќе добие награда од 100.000 долари. Второто место го освои американецот Крис Нилсен, со прескокнати 5.94., додека филипинецот Ернест Џон Обиена освои бронзен медал со истата височина но обезбедена од втор обид. 6⃣.2⃣1⃣ @mondohoss600 🇸🇪 breaks his own WORLD RECORD and claims his first world pole vault title!#WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/9nRZLWLzTM — World Athletics (@WorldAthletics) July 25, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноШкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја!СледноМихамбо го одбрани златото во скок во далечина, Србија „врие“ Шпановиќ е ограбена!? (ФОТО) Ognen Dojcinovski...
Шкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја!
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Шкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја! 24.07.2022 23:15 Во вторник на Арената во Скопје со почеток од 21 часот, нашиот шампион против Динамо Загреб ќе го одигра возвратниот дуел од 2.квалификациско коло во ЛШ. Првиот меч во Загреб беше 2:2, па ете шанса Шкупи да оди натаму. Јасно е дека ќе биде тешко против силниот Динамо, па затоа чаирчани упатија порака преку своите социјални мрежи до граѓаните на Скопје. Во неа се вели… “Драги граѓани на Скопје како и подржувачи на Шкупи, во вторник сме на чекор до испишување на историја и пласман во третата квалификациска рунда во ЛШ. За да се случи ова на нашиот тим му е потребна поддршка. Дојдете на Арената, ни треба вашата поддршка“. Инаку билетите и натаму се продаваат, а чина од 150 до 1.000 денари. Facebook Twitter WhatsApp Email Print Претходно“Бомба“ од Каталонија: Чави побарал да му се донесе Меси!СледноСветот има нов рекорд во скок со стап (ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
“Бомба“ од Каталонија: Чави побарал да му се донесе Меси!
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалТОПШпанија “Бомба“ од Каталонија: Чави побарал да му се донесе Меси! 24.07.2022 23:00 Пуста желба или реалност. Како што јавуваат попладнево и вечерва медиумите во Шпанија, а пред се оние во Каталонија, стратегот на Барса, Чави Ернандез побарал од Хоан Лапорта да му се донесе Лео Меси. Желбата на Чави била иконата на Барса, да се врати на “Камп Ноу“ следната сезона кога на Аргентинецот му истекува договорот со ПСЖ. Се разбира дека за ова се прашува и самиот Меси, кој според информациите од Каталонија, секако дека не би имал ништо против да ја заврши својата блескава кариера таму каде што и ја започна, на “Камп Ноу“ и тоа во дресот на Барселона. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноБарса го договорила Кунде за 60 милиони евра!СледноШкупи со порака: Скопјани, дојдете во вторник на Арената да направиме историја! Zoran Gjorshoski...
Барса го договорила Кунде за 60 милиони евра!
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалШпанија Барса го договорила Кунде за 60 милиони евра! 24.07.2022 22:49 Според каталонските медиуми, дефанзивецит на Севилја, Жил Кунде е нов играч на Барселона. Имено и двата клуба се договориле за овој трансфер, а каталонскиот гигант треба на Севилја да и плати 50 милиони евра плус 10 милиони низ разни бонуси. Договорот ќе важи за следните четири години. Ова е пресврт, ако се знае дека по интересот на Барса за Кунде, Челзи влезе во игра, но самиот играч ја одбил понудата на тимот од Лондон, па затоа сега тој доаѓа на “Камп Ноу“. Со овој трансфер, кој се очекува да биде официјализиран во следните денови, Барса и тоа како ќе има силен тим. Досега во тимот на Чави дојдоа Левандовски, Рафиња, Кристенсен, Парти… Тоа ќе биде тим кој слободно може да јуриша на титулите во Ла Лига и ЛШ. Facebook Twitter WhatsApp Email Print Претходно“Лавовите“ в среда, со автобус, ќе патуваат за Софија!Следно“Бомба“ од Каталонија: Чави побарал да му се донесе Меси! Zoran Gjorshoski...
“Лавовите“ в среда, со автобус, ќе патуваат за Софија!
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП “Лавовите“ в среда, со автобус, ќе патуваат за Софија! 24.07.2022 22:31 Во Скопје на македонско – бугарската пресметка меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија беше 0:0. Во четврток во Софија следува реваншот кој започнува од 19 часот по македонско време, а тоа е вториот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. По тие 90 минути ќе се знае која од овие две екипи ќе игра во третата квалификациска рунда со победникот од двомечот меѓу Сент Патри и Мура, да се надеваме дека тоа ќе биде нашиот тим. “Лавовите“ под водство на стратегот Муарем Бајрами наголемо се подготвуваат, тие и денеска имаа засилен тренинг. „Да, се подготвуваме. Во среда наутро со автобус ќе одиме за Софија, блиску, нема потреба со авион да се лета. Јас сум оптимист, верувам во оваа екипа на Македонија ЃП. Видете, и покрај тие 0:0 јас мислам дека и натаму ЦСКА Софија е фаворит, сега ќе играат и пред своите фанови. Ќе биде тешко, но ние сме подготвени да го дадеме својот максимум. Ако играме во четврток како што игравме во првите 45 минути во Скопје моите очекувања се уште поголеми. Сепак, реков, ЦСКА е фаворит“ посочи за “Спортмедиа“ стратегот на тимот од Ѓорче, Муарем Бајрами. ФОТО: FK Makedonija GP facebook Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноОсимен се правеше фраер на тренинг, па Спалети го прати на „туширање“! (ВИДЕО)СледноБарса го договорила Кунде за 60 милиони евра! Zoran Gjorshoski...
Осимен се правеше фраер на тренинг, па Спалети го прати на „туширање“! (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалИталија Осимен се правеше фраер на тренинг, па Спалети го прати на „туширање“! (ВИДЕО) 24.07.2022 22:10 Се чини дека има проблеми во тимот на Наполи, во тимот на нашиот Елиф Елмас. Тоа се виде на денешниот тренинг во склоп на подготовките за новата сезона. Виктор Осимен, ѕвездата на Наполи незадоволен од еден старт на еден свој соиграч почна да негодува. На тоа се надоврза тренерот Лучано Спалети, а Нигериецот почна и кон него да се развикува и да мафта со рацете. За да на крај сакајќи да покаже кој е газда во тимот, лутиот Спалети го избрка Осимен од тренинг и го прати на туширање. Spalletti to Osimhen "You're talking too much" Osimhen was ejected from Napoli's training session after an argument with Anguissa.pic.twitter.com/RAql3nUfSQ — Gilles 🇳🇬🏴 (@_Grimanditweets) July 24, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноДаци е стрелец на првиот гол за Вестерло сезонава во елитната лига на Белгија!Следно“Лавовите“ в среда, со автобус, ќе патуваат за Софија! Zoran Gjorshoski...
Даци е стрелец на првиот гол за Вестерло сезонава во елитната лига на Белгија!
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалИнтернационалциТОП Даци е стрелец на првиот гол за Вестерло сезонава во елитната лига на Белгија! 24.07.2022 21:52 Ердон Даци уште на стартот во новата сезона во Првата лига на Белгија, покажа дека ќе биде еден од клучните играчи на Вестерло. Имено вечерва во 40.минута тој ја погоди мрежата на Серкл Бриж во првиот меч од новата сезона во првенството на Белгија и му донесе водство на својот тим од 1:0. Да не говориме дека нашиот репрезентативец беше стартер на овој меч. Да потсетиме дека Вестерло и Даци лани играа во Втората лига, но сега се во елитата. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЏим Гудвин – тренер на Абердин: Миовски само со два тренинга покажа дека е одличен напаѓач!СледноОсимен се правеше фраер на тренинг, па Спалети го прати на „туширање“! (ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
Џим Гудвин – тренер на Абердин: Миовски само со два тренинга покажа дека е одличен напаѓач!
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалИнтернационалциТОП Џим Гудвин – тренер на Абердин: Миовски само со два тренинга покажа дека е одличен напаѓач! 24.07.2022 21:27 Уште на своето деби, уште во 6.минута, Бојан Миовски го постигна првиот гол за Абердин, тим кој што ова лето успеа да го донесе во своите редови нашиот репрезентативен напаѓач. По мечот и победата во Лига Купот од 3:0 против Рајт Роверс, свој коментар, и за Миовски, имаше тренерот на Абердин, Џим Гудвин. “Добро е што Бојан постигна гол, тоа е работа на напаѓачите. Тој иако одработи само два тренинга покажа дека одличен напаѓач. На полувремето забележавме дека е изморен, но му дадовме шанса да одигра барем уште 15 минути, така и беше. Јас очекувам во иднина да биде уште подобар и подобар“ посочи Гудвин. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноТриумф за Данецот: Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс! (ВИДЕО)СледноДаци е стрелец на првиот гол за Вестерло сезонава во елитната лига на Белгија! Zoran Gjorshoski...
Триумф за Данецот: Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс! (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 16 дена
Други спортовиОстанатоТОП Триумф за Данецот: Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс! (ВИДЕО) 24.07.2022 20:56 Иако се знаеше и пред денешната завршна етапа, која се возеше низ улиците на Париз, сега е и официјално. Јонас Вингегард од Данска е победникот на Тур де Франс за 2022 година. Тој не му дозволи на Словенецот Тадеј Погачар да направи хет – трик, па така Словенецот ќе мора да се задоволи само со второто место на најпрестижната велосипедска трка во светот. Значи Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс и тоа сосема заслужено. Како трет во генералниот пласман заврши Британецот Герејнт Томас. Вингегор забележа севкупно време од 79.33`20“ часови. Погачар заостана 2`43“ минути, додека Томас заостана зад победникот 7`22“ минути. Да кажеме дека последната етапа, онаа најатрактивната, што се возеше денеска по улиците на Париз, му припадна на Белгиецот Јаспер Филипсен. 🤩After 3 weeks of highs and lows, Jonas Vingegaard wins the #TDF2022! 🤩 Après 3 semaines de lutte et de souffrance, Jonas Vingegaard remporte le #TDF2022 ! pic.twitter.com/VkXpc861iJ — Tour de France™ (@LeTour) July 24, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноПерез, Лапорта и Ањели на пријателска вечера во Лас Вегас!СледноЏим Гудвин – тренер на Абердин: Миовски само со два тренинга покажа дека е одличен напаѓач! Zoran Gjorshoski...
Перез, Лапорта и Ањели на пријателска вечера во Лас Вегас!
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалОстанатоТОП Перез, Лапорта и Ањели на пријателска вечера во Лас Вегас! 24.07.2022 20:30 Синоќа во Лас Вегас пред мечот меѓу Барса и Реал Мадрид, првите луѓе на шпанските гиганти Хоан Лапорта и Флорентино Перез, заедно со газдата на Јуве, Андреа Ањели биле на заедничка вечера во еден од рестораните во градот на коцката и гревот како што го нарекуваат Лас Вегас. Се разбира дека можеме само да погодуваме за што се говорело меѓу “големата тројка“ на оваа вечера, дали одново за Суперлигата или за некој специјален трансфер. Во секој случај Лапорта, Перез и Ањели и тоа како како има за што да разговараат, поточно што да си кажат. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноРазгаленото синче се враќа во ПСЖ!СледноТриумф за Данецот: Вингегард е “КРАЛОТ“ на Тур де Франс! (ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
Разгаленото синче се враќа во ПСЖ!
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалФранција Разгаленото синче се враќа во ПСЖ! 24.07.2022 20:00 Според италијанските медиуми, играчот за врска на Јувентус, Адриен Рабио би сакал да се врати во ПСЖ. И за тоа ја ангажирал својата менаџерка, а таа е неговата мајка. Познато е дека нејзе никој не ја поднесува од претседателите на клубовите, а поради нејзе и самиот фудбалер си има проблеми. Познато е дека кога Рабио играше во ПСЖ таа постојано се мешаше во работата на стручниот штаб, потоа му правеше притисок и на селекторот Дидие Дешамп на која позиција нејзиниот син требало да игра. Врв на се беше кога таа побара од челниците на ПСЖ нејзиниот син да има иста плата како и Килијан Мбапе, па откако тоа не го доби, разгаленото синче, како го нарекуваат Рабио во Франција, направи трансфер во Јувентус. Рабио не е со останатите играчи на Јуве на турнејата во САД, тоа го оправдал со фактот дека имал лични проблеми, но сепак, според медиумите во Италија, тој се спремал за враќање во Париз. Неговата мајка ја почнала опрецијата – “Рабио повторно во ПСЖ“. Дали ќе успее, тоа останува да се види. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноСпоред турските медиуми: Менаџерите го нудат Алиоски на Бешикташ!СледноПерез, Лапорта и Ањели на пријателска вечера во Лас Вегас! Zoran Gjorshoski...
Според турските медиуми: Менаџерите го нудат Алиоски на Бешикташ!
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалИнтернационалциТОП Според турските медиуми: Менаџерите го нудат Алиоски на Бешикташ! 24.07.2022 19:30 Откако се чини дека и дефинитивно пропадна трансферот во Трабзонспор, желбата на Езџјан Алиоски и натаму е Турција. Сега на ред е Бешикташ, еден од најголемите клубови во Турција, гигант од Босфорот. Како што пишуваат медиумите во Турција, менаџерите на нашиот репрезентација го понудиле токму на Бешикташ. Сепак не се наведува каков е одговорот на челниците на „црни – белите“, иако јасно е дека потребен им е лев офанзибев бек. Цената на Алиоски за тригодишен договор е 7,5 милиони евра, односно по 2,5 милиони по сезона. Е сега дали ова ќе може и ќе сака да го профати Бешикташ, останува да се види. Интересно е тоа што деновиве во врска со Алиоски се јави со изјава и Фатих Терим, довчерашнит стратег на Галатасарај, кој не криеше дека пред две години тој бил силно заинтересиран за Алиоски, но пречка било тоа што Џани барам преголема плата, па така до трансфер не дошло. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноДинамо во строг карантин пред утрешното доаѓање во Скопје!СледноРазгаленото синче се враќа во ПСЖ! Zoran Gjorshoski...
Динамо во строг карантин пред утрешното доаѓање во Скопје!
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалЕвропски куповиТОП Динамо во строг карантин пред утрешното доаѓање во Скопје! 24.07.2022 19:05 Во вторник во 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра реваншот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Шкупи и Динамо. Првиот меч заврши 2:2, па така “модрите“ од Загреб секако дека ги преземаат сите предуслови да не им се случи тотален дебакл. Имено по наредба на тренерот Анте Чачиќ, тие се во строг карантин. По вчерашниот дуел со Славен Белупо, на кој триумфираа со 5:1 сите играчи заминаа во клупскиот хотел на “Максимир“ а не дома. И таму синоќа спиеја, денеска треба да одржат тренинг, а утре со чартер лет во 12.30 часот закажано е патувањето за Скопје. Според зборовите на Чачиќ, тој има проблеми со составот, посебно со одбраната, но добро било тоа што клучниот играч, а тоа е капитенот Аријан Адеми одморил со оглед на тоа дека не настапи на вчерашниот меч со Славен Белупо. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноНова трагедија во Ферари: Леклер вриштеше од гнев – СЛУШНЕТЕ! (ВИДЕО)СледноСпоред турските медиуми: Менаџерите го нудат Алиоски на Бешикташ! Zoran Gjorshoski...
Нова трагедија во Ферари: Леклер вриштеше од гнев – СЛУШНЕТЕ! (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 16 дена
Други спортовиТОПФормула 1 Нова трагедија во Ферари: Леклер вриштеше од гнев – СЛУШНЕТЕ! (ВИДЕО) 24.07.2022 18:53 Некогаш моќниот Ферари навистина нема среќа оваа сезона. Повторно Шарл Леклер имаше супер квалификации, повторно беше прв на стартот, денеска на трката на „Пол Рикар“ за ГН на Франција, но повторно зариба моторот и тој се удри во заштитната ограда, и тоа во 18 круг кога беше водечки. Дека беше фруструран и гневен се гледа, поточно се слуша од кусото видео како тоа Леклер им се развика на своите во тимот на Ферари. “NOOOOOOOOOOOOOO!!!!!!!!!!!!!” – Charles Leclerc, 2022#FrenchGP pic.twitter.com/WUnv35zWhS — Mr Matthew CFB (@MrMatthewCFB) July 24, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноТрагедија во рингот… почина по тежок нокаут со лакт (ВИДЕО)СледноДинамо во строг карантин пред утрешното доаѓање во Скопје! Zoran Gjorshoski...
Трагедија во рингот… почина по тежок нокаут со лакт (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 16 дена
Други спортовиОстанатоТОП Трагедија во рингот… почина по тежок нокаут со лакт (ВИДЕО) 24.07.2022 18:30 Светот просведочи уште една трагедија во ринговите ширум светот каде што се одржуваат борби од најразличен карактер и вештина. И оваа како и многу претходно окончана е со смрт на несречниот мау таи борец од Тајланд, Фафет Фандучаи кој во борбата со борецот со прекар Ентони ТФЦ доживеа брутален нокаут, а потоа падна во кома. Не се разбуди цели шест дена, а потоа почина како последица од повредите на главата. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноМиовски погоди во официјалното деби за Абердин (ВИДЕО)СледноНова трагедија во Ферари: Леклер вриштеше од гнев – СЛУШНЕТЕ! (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Миовски погоди во официјалното деби за Абердин (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалИнтернационалциТОП Миовски погоди во официјалното деби за Абердин (ВИДЕО) 24.07.2022 17:51 Македонскиот репрезенаттивец и интернационалец Бојан Миовски на најдобар можен начин ја стартуваше својата авантура во овој клуб. Откако со недели траеше процедурата за подготвување на потребната документација со која што ќе има право на настап за клубот, Миовски денеска официјално дебитираше за Абердин. И тоа како. Со гол од пенал, кој што самиот го изнуди и имаше огромен удел во триумфот од 3:0 над екипата на Рајт. Миовски погоди за водство уште во 13. минута самоуверено ја презема одговорноста и нормално не погреши. Ја напушти играта по околу еден час што беше и повеќе од доволно за деби настап. Инаку ова беше дуел кој е дел од Лига купот на Шкотска. Miovski pen [email protected] #standfree pic.twitter.com/Gf6OJtfy0V — Mikey Rennie 🏴⭐⭐🇪🇺 (@watterloony) July 24, 2022 Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЈугослав Тренчовски е нов тренер на Ал АрабиСледноТрагедија во рингот… почина по тежок нокаут со лакт (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Југослав Тренчовски е нов тренер на Ал Араби
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалИнтернационалциТОП Југослав Тренчовски е нов тренер на Ал Араби 24.07.2022 17:25 Некогашниот тренер на екипите на Академија Пандев, Беласица, Кожуф, Хоризонт Турново, и селектор на Македонија до 19. години Југослав Тренчовски е нов тренер на екипата на АЛ Араби од Кувајт. Тренчовски и досега беше дел од овој клуб, но извршуваше другу функции, а сега му е доделена најголемата одговорност,а тоа е тренер на првата екипа. Се работи за седумкратниот првак на Кувајт, кој минатата година заврши како трет, играше во меѓународните азиски купови. „Благодарам за честитките. Да точно е дека од вчера сум назначен за прв тренер на Ал Араби. ГОлема одговорност која се надевам ќе ја оправдам и во иднина клубот кој е исклучително ценет и трофеен во овој дел од светот, да постигне уште поголеми резултати“ – ни изјави Југослав Тренчовски. Заедно со Тренчовски во стручниот штаб на Ал Араби ќе биде и некогашниот младински репрезентативец на Македонија и член на повеќе наши клубови како активен фудбалер, а последно како дел од тренерскиот кадар на Академија Пандев, Томи Пандев, кој ќе биде задолжен секако за голманите во тимот. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноРеал Мадрид ги „завери“ трите звезди со нови договориСледноМиовски погоди во официјалното деби за Абердин (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Реал Мадрид ги „завери“ трите звезди со нови договори
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалТОПШпанија Реал Мадрид ги „завери“ трите звезди со нови договори 24.07.2022 16:58 Едер Милитао, Винициус Жуниор и Родриго потпишаа нови долгорочни договори со тимот на Реал Мадрид. Тоа значи дека клубот и тоа како верува во нив, и е убеден дека токму овие тројца се иднината на клубот кој планира да доминира во декадата што следува. Милитао според информациите стави параф на договор до 2028 година со откупна клаузула од 500 милиони евра. Винициус пак на година дена пократок рок, но и клаузула дека клубот кој што сака да го откупи од Реал Мадрид ќе мора да плати неверојатни една милијарда, а истата сума важи и за Родриго, кој идентично како и Милитао е обврзан со договор до 2028 година. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноФерстапен најдобар во ФранцијаСледноЈугослав Тренчовски е нов тренер на Ал Араби Ognen Dojcinovski...
Ферстапен најдобар во Франција
Спортмедиа - пред 16 дена
Други спортовиТОПФормула 1 Ферстапен најдобар во Франција 24.07.2022 16:39 Макс Ферстапен е победник на најновата трка од Формула 1 шампионатот возена денеска во Франција. Возачот на Ред Бул успеа да биде најдобар пред Луис Хамилтон кој заврши како втор на поедесталот, додека пак трет изненадувачки беше Џорџ Расел, кој во последните два круга го престигна Перез и стигна до престижното трето место на оваа трка. За Ферстапен ова беше 27. победа во кариерата, добиена благодарение на големата грешка на Макс Леклер, кој имаше одлична позиција за триумф но потоа излета и остана без пласман по сопствена грешка. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноДани Алвеш и официјално во мексикански ПумасСледноРеал Мадрид ги „завери“ трите звезди со нови договори Ognen Dojcinovski...
Дани Алвеш и официјално во мексикански Пумас
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалОстанато Дани Алвеш и официјално во мексикански Пумас 24.07.2022 16:00 Најтрофејниот играч во историјата на фудбалот, Дани Алвеш има нов клуб. Откако ја напушти Барселона летово, се пресели од денеска и официјално во мексиканскиот тим Пумас. Потпиша едногодишен договор, и секако, иако има 36. години е големо засилување за овој клуб. „За многумина овој мој потег е лудост, но верувајте дека за мене фудбалот е многу повеќе од силно трчање и шутираше топка“ – изјави Алвеш, алудирајќи веројатно на историјата на овој клуб, како и атмосферата на целиот јужноамерикански фудбал. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноВалмиера се разигра пред реваншот со ШкендијаСледноФерстапен најдобар во Франција Ognen Dojcinovski...
Валмиера се разигра пред реваншот со Шкендија
Спортмедиа - пред 16 дена
ФудбалЕвропски купови Валмиера се разигра пред реваншот со Шкендија 24.07.2022 15:30 Тимот на Валмиера, противникот на нашиот претставник во Европските купови летово, тимот на Шкендија, викендов на добар начин се рехабилитираше од поразот од тетовци на домашен терен од 1:2. Обебзеди домашен триумф од високи 6:1 против тимот на Мета, и со многу мотиви и позитивна енергија ќе пристигна на реваншот во Скопје. Шкендија има предност од првиот дуел, но далеку дека се е готово напротив. Ваквите реванш мечеви во кои противникот нема што да загуби се најлошите затоа што се може да се случи. Реванш мечот од квалификациите за Лигата на Европа помеѓу Шкендија и Валмиера се игра в четврток на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:00 часот. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЦрвена Звезда денеска со ретро дресови „ала Бошко Ѓуровски“СледноДани Алвеш и официјално во мексикански Пумас Ognen Dojcinovski...
Црвена Звезда денеска со ретро дресови „ала Бошко Ѓуровски“
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалОстанато Црвена Звезда денеска со ретро дресови „ала Бошко Ѓуровски“ 24.07.2022 15:00 Шампионатот на Србија веќе е во полн ек, а денеска бранителот на титулата тимот на Црвена Звезда гостува во Лучани кај Младост. Информација која што нас и премногу не би ни била потребна, освен ако менаџментот на клубот не реши, денешната гостинска гарнитура на дресови, да биде со предзнак ретро. И тоа не било каква туку, онаа од крајот на деведесеттите години од минатиот век, кога во тимот „главна фаца“, и капитен беше нашиот Бошко Ѓуровски. Некогаш и капитенот на репрезентацијата на Македонија, а потоа и селектор во еден мандат, во Црвена Звезда е сметан за вистинска легенда, беше и тренер на тимот пред десетина години, и секогаш е добредојден на популарната „Маракана“, а од неодамна стадион „Рајко Митиќ“. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноЧави: Пике ќе се бори за место како и останатитеСледноВалмиера се разигра пред реваншот со Шкендија Ognen Dojcinovski...
Чави: Пике ќе се бори за место како и останатите
Спортмедиа - пред 16 дена
Меѓународен фудбалШпанија Чави: Пике ќе се бори за место како и останатите 24.07.2022 14:30 Тимот на Барселона изгледа сосема поинаку отколку пред само неколку месеци. Нов тренер, во името на Чави, сериозни засилувања и добри подготовки во кои во „пријателското Ел Класико“ синоќа е победен Реал Мадрид со 1:0. Стрелец новитетот Рафиња, а по мечот тренерот Чави ги прокоментира и позитивните и негативните нешта од самиот меч. „Одигравме добро прво полувреме, а потоа се мачевме. Задоволен сум затоа што ние овде дојдовме да победуваме. За нас нема пријателски мечеви“ – изјави Чави, па додаде. „Пике кој се враќа од повреда, почнува како и сите останати. Тоа што е легенда во клубот не му гарантира стартно место. Ќе се бори со останатите за минутажа„ – рече Чави. Барселона на стоперската позиција се засили со Андреас Кристенсен, доаѓа многу веројатно и Кунде од Севиља, а тука се и Араухо односно Ерик Гарсиа. Пике ќе има сериозна конкуренција. Facebook Twitter WhatsApp Email Print ПретходноПораз од Бугарија за крај, младинците осми во Тбилиси!СледноЦрвена Звезда денеска со ретро дресови „ала Бошко Ѓуровски“ Ognen Dojcinovski...